20
Универзитет “Св. Климент Охридски” Правен факултет – Кичево Дисперзирани студии – Битола СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЈАВНИ ФИНАНСИИ ТЕМА: НАДВОРЕШНАТА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И УПРАВУВАЊЕТО СО НЕА 1 Предметен професор: Проф. Д-р Благој Ѓорѓиевски Асс. Д-р Елизабета Тошева Изработил: Гаврил Секулоски Бр. на индекс: 131/Б

Семинарска работа по Јавни финансии

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Семинарска работа по Јавни финансии

Универзитет “Св. Климент Охридски”

Правен факултет – Кичево

Дисперзирани студии – Битола

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЈАВНИ ФИНАНСИИ

ТЕМА: НАДВОРЕШНАТА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И УПРАВУВАЊЕТО СО

НЕА

Битола 2011 година

1

Предметен професор:

Проф. Д-р Благој Ѓорѓиевски

Асс. Д-р Елизабета Тошева

Изработил: Гаврил Секулоски

Бр. на индекс: 131/Б

Page 2: Семинарска работа по Јавни финансии

Содржина :

1. Вовед.................................................................................................................3

2. Главен дел

2.1 Историски преглед на надворешната задолженост на Република

Македониј

а………………………………………………………………………………4

2.2 Структура на надворешниот долг на Република Македонија 2006-

2008…………………………………………………………………………………..6

2.3 Издавање гаранции на јавните претријатија и

друштва……………………………………………………………………………11

2.4 Цел на управувањето со јавниот долг и ризиците кои

произлегуваат од

него…………………………………………………………....................................12

3. Заклучок.............................................................................................................14

4. Користена литература......................................................................................15

2

Page 3: Семинарска работа по Јавни финансии

1. Вовед:

Еден од повеќето важни извори на приходи на државната управа претставува

позајмувањето. Притоа мора да се направи разлика помеѓу концептите на долг

и дефицит. Долгот претставува кумулативен вишок од минатото трошење и

минатите приходи, пришто во жаргонот на економистите претставува “акциска

варијабила”. Според аспектот на Лернер (1984 година), во постоењето на

внатрешен и надворешен долг на државата внатрешниот долг не создава

никакви оптеретувања на идните генерации. Според тоа, членовите на идната

генерација едноставно ќе си должат еден на друг. Кај надворешниот долг

ситуацијата е поинаква. Идната генерација со сигурност ќе го сноси

оптоварувањето, бидејќи нејзиното ниво на потрошувачка е редуцирано со

износ еднаков на заемот плус натрупаната камата која мора да се прати на

странските позајмувачи. Ако заемот се користи за финансирање на

акумулацијата на капитал тогаш исходот ќе зависи од продуктивноста на

проектот. Во оваа семинарска работа ќе бида разработена тематиката врзана

за надворешната задолженост на Република Македонија и управувањето со

неа давајќи осврт ако таа се движела низ овие 20 години самостојност како и

задолжувањата на Република Македонија кон странство.

3

Page 4: Семинарска работа по Јавни финансии

2. Главен дел:

2.1 Историски преглед на надворешната задолженост на Република

Македонија

Неповолните состојби и движења во македонската економија претставуваат тренд

кој долго се манифестира, бидејќи најголемиот дел од показателите преку кои се

изразуваат резултатите од фукционирањето на економскиот систем се

исклучително неповолни. Ова пред се се однесува на агрегатната големина на

бруто домашниот производ, на вработеноста, на инвестициите, на надворешните

и внтрешни дефицити.

Во доменот на инвестициите Македонија се соочува со остри ограничувања на

финансиските ресурси. Оттука призлегува и нискот ниво на бруто инвестициите,

пришто во ооделни госдини се навлегува во фазата на дезинвестирање. Така во

2000година бруто инвестициите во Р. Македонија изнесувале 21, 4 % а во 2003

година тие намалиле и изнесувале 19,9 % со што се забележува намалување на

овие инвестиции.

Република Македонија , како недоволно развиена економија, и во поранешниот

период (како дел на СФР Југославија), користела странска акумулација на

финансиски средства како функција за обезбедување на подинамичен економски

пораст и развој. Така во текот на 70-тите години на минатиот век бил искористен

висок обем на странски кредити, што придонело за големо интензивирање на

инвестиционата активност во тој период. Тогаш екстерните извори на

финансирање на инвестиции учествувале со околу 22% во нивниот вкупен обем.

Но ,најголемиот дел од тие странски кредити биле изкористени за изгрдба на

капитално-интензивни капацитети и инфраструктурни објекти, како и за

финансирање на тековната потрошувачка. Оваа дополнителна акумулација од

странство не резултирала со јакнење на конкурентската способност на извозно-

оринетираните деловни субјекти и зголемување на извозот на Македонија. Во 80-

тите години на минатиот век, поради големиот обем на обврски кон стрнаските

доверители и недоволниот девизен прилив од извоз, степенот на задолженот се

4

Page 5: Семинарска работа по Јавни финансии

одржувал на релативно високо ниво, па дури и бил зголемен. Така, во 1982 година

вкупниот долг кон странство достигнал ниво од 1,1 милијарди долари, а степенот

на задолженост, мерен низ односот на отплатите и девизниот прилив, изнесувал

над 32% од БДП.

Од осамостојувањето па се до 1994 година, Република Македонија практично

немала пристап на меѓународниот пазар на капитал, пред се поради

нерегулираните односи со странските кредитори по распадот на поранешната

СФРЈ, а во таа смисла пред се со ММФ и Светската банка, но и поради третманот

на регионот како високо ризично подрачје за пласмен на капитал, високата

макроекономска нестабилност и незаокружената нормативно-институционална

рамка на економскиот систем на Република Македонија. Подоцна со

нормализирање на односите со ММФ и Светската банка, формално бил

обезбеден пристап на Република Македонија со меѓународниот капитла. Со

реализацијата на Стабилизационата програма и на структурните реформи, кои

биле усогласени со горенаведениве финансиски институции, таа можност билас

пркатично ефектуирана, со повлекување на нови кредитни линии, најнапред од

ММФ и Светската банка а пота и од други мултилатерални кредитори како

Европската инвестициона банка, ЕБРД, ЕУРОФИМА, ИФАД, ЦЕДБ, ИДА. Тој нов

прилив на капитал од приоритетните мултилатерални кредитори бил во функција

на плаќање на обврски по поранешните долгови, односно обезбедување на

екстерна ликвидност на државата, како и за обезбедување на социјална

издржливост во спроведувањето на структурните реформи. Република

Македонија презела 5,4% од долгот на поранешната СФРЈ кон странство.

5

Page 6: Семинарска работа по Јавни финансии

2.2 Структура на надворешниот долг на Република Македонија 2006-2008

Во 2006 година вкупниот надворешен долг на Република Македонија изнесувал

2.315 милиони долари како последица на новоповлечените кредити и заеми од

надворешните кредитори, но и кaко последица на намалување на вредноста на

доларор во однос на еврото и другите валути. Во следната табела ќе биде

покажана учеството на Владата, јавните претпријатија, државните фондови и

Народната Банка на Република Македонија во портфолиото на надворешниот

долг во 2006 година.

Учество во портфолиото на

надворешниот долг изразено во

проценти (%)

Централна Влада 80,3

Јавни Претпријатија 12,7

Државни фондови 3,5

Народна банка на Р.Македонија 3,5

Од друга страна структурата на надворешниот долг според намените е следнава:

- 30,04% за поддршка на платниот биланс и на структурните реформи;

- 33,37% за развојни цели(подобрување на сообраќајната и енергетската

инфракструктура, за поддршка на мали средни претпријатија);

- 36,14% за отплаќање на репрограмираните стари заеми и кредити.

Регулативата во однос на надворешното задолжување на Македонија која е

донесена е од Собранието на Р.Македонија содржи закони за задолжување

кај следниве финансиски субјекти:

- Закони за задолжување кај Банката за развој при Советот на Европа(ЦЕБ);

- Закони за задолжување кај Европската банка за обнова и развој(ЕБОР);

- Закони за задолжување кај Европската инвестициона банка(ЕИБ);

- Закони за задолжување кај Владата на Република Италија;

6

Page 7: Семинарска работа по Јавни финансии

- Закони за задолжување кај Јапонската агенција за меѓународна

соработка(ЈИЦА);

- Закони за задолжување кај Кредитната банка за обнова(КФБ);

- Закони за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој-

Светска банка;

- Закони за задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд(ММФ);

- Закони за задолжување кај Владата на Кралството Шпанија;

- Закони за задолжување кај други финансиски институции.

Проекти кои произлегуваат од овие закони се:

-Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи;

-Проектот за домување на социјално ранливи групи;

- Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи

-Проектот за финансирање на мали и средни претпријатија, заради

поттикнување на вработеноста;

- Проектот за изгрдба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски

приходи;

- Проектот за изградба на фискултурни сали;

- Проектот за подобрување на железничката пруга на коридорот 10;

- Проектот за унапредување на цивилната воздухопловна пловидба;

- Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во

Куманово, Охрид, Струга, Велес, Струмица и многу други проекти.

Надворешниот јавен долг на Република Македонија се состои од обврски на

општата државна власт (централна државна власт, фондовите и општините),

јавните претпријатија и централната банка кон мултилатерални, билатерални и

приватни кредитори од странство. Мултилатералните обврски вклучуваат кредити

од IBRD, IDA, EIB, CEB, IFAD, EU, EUROFIMA и EBRD. Парискиот клуб на

кредитори го сочинува најголемиот дел од билатералниот долг. Долгот кон

приватните кредитори го опфаќа долгот кон Лондонскиот клуб на кредитори и тоа

во форма на т.н. Обврзница Ц (Brady Bond).

Состојба на надворешниот јавен долг (во милиони евра)

7

Page 8: Семинарска работа по Јавни финансии

2000 2001 2002 2003 2004 2005*

Надворешниот

јавен долг

1,427.7

4

1,393.9

8

1,267.5

6

1,178.9

1

1,178.1

0

1,228.0

2

Општа државна

власт

1153.87 1191.9 1088.95 1005.54 992.69 1043.72

Мултилатералн

и кредитори

543.32 585.84 596.92 617.93 659.55 731.31

IBRD 128.69 134.28 125 122.7 137.8 173.88

CEDB 7.49 6.42 13.91 13.91 16.91 19.98

EIB 70.09 82.23 95.71 91.22 103.84 112.12

IFAD 3.3 4.6 4.99 5.41 7.9 10.86

IDA 268.6 289.64 283.83 286.41 285.26 290.63

EBRD 11.08 8.94 6.38 8.28 17.84 33.84

EUROFIMA 14.07 9.73 5.1 0 0 0

EU 40 50 62 90 90 90

Билатерални

кредитори

338.98 308.68 248.2 192.71 161.89 148.95

Париски клуб

репрограм 95

255.31 217.79 175.12 135.03 111.77 94.58

Неалоциран долг 11.42 10.08 8.74 7.59 6.63 6.63

Париски клуб

репрограм 2000

20.7 35.84 27.5 14.41 7 0

Новосклучени

договори

51.55 44.97 36.84 35.68 36.49 47.74

Приватни

кредитори

271.57 297.38 243.83 194.9 171.25 163.46

Лондонски клуб 271.57 296.85 243.49 194.71 171.16 163.46

Други приватни

кредитори

0 0.53 0.34 0.19 0.09 0

Долг на НБРМ 87.66 80.33 64.66 54.7 45.97 36.86

ММФ 87.66 80.33 64.66 54.7 45.97 36.86

8

Page 9: Семинарска работа по Јавни финансии

Долг на јавни

претпријатија

186.21 121.75 113.95 118.67 139.44 147.44

Мултилатералн

и кредитори

108.7 44.96 32.77 37.81 44.91 55.05

IBRD 3.33 6.69 14.56 22.05 26.57 26.37

EUROFIMA 3.85 6.18 6.37 6.12 6.13 6.13

EIB 4.09 3.12 2.28 1.45 4.97 10.53

EBRD 49.07 28.97 9.56 8.19 7.24 12.02

IFC 48.36 0 0 0 0 0

Билатерални

кредитори

8.6 5.82 14.77 14.03 18.81 16.72

Други приватни

кредитори

68.91 70.97 66.41 66.83 75.72 75.67

Гарантиран долг

од страна на

владата

128.75 119.12 124.54 126.18 134.64 166

Извор : НБРМ *проекција од 31.12.2005година

Во функција на поефикасно управување со надворешното задолжување,

Министерството за финансии ја издало првата еврообврзница на меѓународниот

пазар на капитал во износ од 150 милиони евра и со рок на достасување од 10

години. Идејата за ваквата емисија, произлегла како резултат на потребата за

замена на постоечкиот ризичен долг со варијабилна каматна стапка кон

Лондонскиот клуб на кредитори со долг со фиксна каматна стапка( во моментот

кога каматните стапки на меѓународниот пазар на капитал биле на рекордно

најниско ниво).

Огромната заинтересираност за Република Македонија и за нејзиниот финансиски

инструмент овозможило креирање на широка база на инвеститори – сопственици

на еврообврзницата од Европа, Азија и Америка. Четиркратно поголемата

побарувачка за еврообврзницата во износ од 593 милиони евра, придонесло за

постигнување на релативно поволна купонска каматна стапка од 4.625%.

9

Page 10: Семинарска работа по Јавни финансии

Структурата на надворешниот јавен долг по кредитори заклучно со 30.09.2005

година е прикажана на следната табела.

Видови на кредитори Структура на надворешниот јавен долг

изразен во проценти

Приватни кредитори 19%

Билатерални кредитори 13%

Мултилатерални кредитори 68%

Во следната табела процентуално ќе биде прикажан надворешниот јавен

долг по мултилатерални кредитори.

Мултилатерални кредитори Структура на надворешниот јавен долг

изразен во проценти*

IDA 36%

IBRD 24%

EIB 15%

EU 11%

EBRD 6%

IMF 4%

CEDB 2%

IFAD 1%

EUROFIMA 1%

Надворешниот јавен долг по должници е претставен процентуално во следната

табела.

Должници Структура на надворешниот јавен

10

Page 11: Семинарска работа по Јавни финансии

долг по должници изразен во

проценти

Јавни претпријатија 12%

НБРМ 3%

Централната влада 85%

Оваа проекција е направена од Министерството за финансии и НБРМ за

31.12.2005 година.

2.3 Издавање гаранции на јавните претријатија и друштва

Постапката за издавање гаранции на јавни претпријатија и друштва со

доминантна државна сопственост е регулирана со новиот Закон за јавен долг

(Службен весник на Р.М бр.62/2005) кој бил донесен во јули 2005 година. Овој

закон подетално ја регулира постапката за издавање, сервисирање и престанок на

гаранциите, како и критериумите што треба да ги исполнат проектите за чие

финансирање е потребно издавање на државна гаранција. издадените гаранции

изнесуваат 7,9 % од вкупниот јавен долг. Своевиден ризик претставуваат

потенцијалните гаранции кои би се издале за новоформирани јавни претпријатија

со недоволен извор на приходи и слаб капацитет за успешно финансиско

работење што директно би влијаело на зголемување на јавниот долг по основ на

повикување на ваквите гаранции. Износот на гарантираниот надворешен долг во

периодот од 1999година до 30.09.2005 година континуирано се зголемувал.

Заклучно со 30.09.2005 година, состојбата на издадени надворешни гаранции

изнесува 149,7 милиони евра. Во вкупниот износ на надворешниот јавен долг

гарантиран од Владата, во текот на овој период доминирале гаранциите издадени

за странски заеми, што ќе биде прикажано во следната табела.

Износ на гаранции издадени по надворешниот јавен долг-табела(во милиони

евра)

1999 2000 2001 2002 2003 2004 30/09/2005

Јавни 98.38 104.2 94.27 104.5 110.33 120.94 125.94

11

Page 12: Семинарска работа по Јавни финансии

претпријатиј

а

Фондови за

патишта

23.18 24.55 24.85 20.04 15.85 13.7 23.71

Владата има издадено гаранции за правни лица што користеле кредити од

домашни комерцијални банки. Потенцијалниот долг на државата врз основа на

домашни гаранции до 30.09.2005 година изнесувал 70 милиони денари (1,14

милиони евра). Според тоа, во структурата на издадените државни гаранции

доминирале 99% странските гаранции, а додека домашните гаранции изнесувале

само 1%, заклучно со 30.09.2005 година.

2.4 Цел на управувањето со јавниот долг и ризиците кои произлегуваат

од него

Инаку главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и

финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски

трошоци на среден и долг рок со прифатливо ниво на ризик. Република

Македонија би била потенцијално изложена на повеќе ризици поради нивото на

јавниот долг особено на надворешниот. Овие ризици вклучуваат:

- Закана дека идните потреби за задолжувања од страна на државата ќе го

надминат капацитетот на побарувачката на финансискиот пазар, што ќе ја

наруши состојбата на државата да ги финансира своите потреби од

разумни трошоци или да ја контролира структурата на емисијата и

профилот на ризиците;

- Можноста Република Македонија да го надмине критериумот на ЕУ за

конвергенција (т.н. Мастрихшкиот критериум) со импликации врз

планираното членство на Република Македонија во ЕУ и ЕМУ;

- Истиснување на приватниот сектор (crowding out effect) во однос на

пристапот до домашните заштеди;

12

Page 13: Семинарска работа по Јавни финансии

- Повисоки каматни стапки на штета на развојот на домашните финансиски

пазари и на ефикасното работење на монетарната и фискалната политика.

Политиката на идни задолжувања ќе биде ориентирана кон пазарите на

капитал и приватните кредитори, т.е кон поголем дел од јавниот долг

издаден во вид на хартии од вредност.

13

Page 14: Семинарска работа по Јавни финансии

3. Заклучок

По подолго време Република Македонија се отвора кон светот, која како една од

земјите во развој и се потребни неопходни средства поради недостатокот на

финансии потребни за пред се за бруто инвестиции, вложувања во

инфраструктурата со цел да привлече странски инвеститори.

Една од причините поради која Република Македонија, според мене подоцна се

задолжува кон странските кредитори е нестабилната политичка ситуација

проследена со распадот на СФРЈ. Како странски кредитори се појавуваат

реномираните светски финасиски институции ММФ и Светска банка, како повеќето

банки кои функционираат во рамките на Европската Унија, но и владите на некои

држави кои се во ЕУ или вон ЕУ. Задолжувањата кон странство се корисни за

земјите во развој, но тоа не мора да значи и преголема задолженост со што тие би

се довеле во алармантна состојба како на пример Грција која е презадолжена и

уште бара средства да се спаси она што може да се спаси од нејзината

национална економија.

14

Page 15: Семинарска работа по Јавни финансии

4. Користена литература:

“Применета економика” - Софија Тодорова, Ванчо Узунов, Правен факултет

”Јустинијан Први” – Скопје, 2008 година

“Јавни финансии” – Харви С. Розен, Тед Геер, превод: Мира Вељковиќ,

Глобал Комуникации, Скопје, 2008 година

Стратегија за управување со јавниот долг од 2006 до 2008 година

Закони за задолжување кај Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ)

Закони за задолжување кај Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)

Закони за задолжување кај Европската инвестициона банка (ЕИБ)

Закони за задолжување кај Владата на Република Италија

Закони за задолжување кај Јапонската агенција за меѓународна соработка

(ЈИЦА)

Закони за задолжување кај Кредитната банка за обнова  (КфВ)

Закони за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска

банка

Закони за задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)

Закони за задолжување кај Владата на Кралството Шпанија

Закони за задолжување кај други финансиски институции

www.finance.gov.mk

 

 

 

15

Page 16: Семинарска работа по Јавни финансии

16