12
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА I БРОЈ 2 ТИРАНА - АЛБАНИЈА МАЈ/ЈУНИ 2011 Г. Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 4 Страница 3 Страница 8 Страница 9 Страница 10 Страница 7 Работниците добиjа награда, а “интересаџиите“ треба да се фатат за работа Збор-два за весникот на македонското друштво Илинден од Тирана Гора Празнување на празникот Спасовден во село Горно Крчиште Поезија: Golo Brdo Поезија: Fusha të Klenjës e Steblevës Изјасни се дека си МАКЕДОНЕЦ! Во пописот на населението во Албанија ILINDEN ILINDEN Едмонд Темелко повторно избран за градоначалник на Пустец - Мала Преспа Кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко на локалните избори во Албанија, освои втор мандат за градоначалник на општина Пустец. Темелко првпат беше избран за градоначалник на оваа општина на локалните избори во 2007 година. Сегашната победа е уште поубедлива, што потврдува дека Македонците се сè посвесни и поубедени, дека со избор на кандидат од нивната партија за прв човек на општината, добиваат многу повеќе, отколку својот глас да го дадат за кандидати од друга партија, изјави Темелко по изборот. Тој вети продолжување на активностите за остварување на правата на Македонците во Албанија. Темелко потврди дека освоени се и повеќе советнички места во неколку општини, а потенцираше дека е убеден во победата на Едмонд Османи за градоначалник на Требиште- Голо Брдо.

Vesnik Ilinden broj 2

  • Upload
    -

  • View
    259

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Vesnik Ilinden broj 2

Citation preview

Page 1: Vesnik Ilinden broj 2

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА I БРОЈ 2 ТИРАНА - АЛБАНИЈА МАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 4

Страница 3

Страница 8

Страница 9

Страница 10

Страница 7

Работниците добиjа награда, а “интересаџиите“

треба да се фатат за работа

Збор-два за весникот на македонското

друштво Илинден од Тирана

Гора

Празнување на празникот Спасовден

во село Горно Крчиште

Поезија: Golo Brdo

Поезија: Fusha të Klenjës e

Steblevës

Изјасни се дека си МАКЕДОНЕЦ!Во пописот на

населението во Албанија

ILINDENILINDEN

Едмонд Темелко повторно избран за градоначалник на

Пустец - Мала Преспа

Кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко на локалните избори во Албанија, освои втор мандат за градоначалник на општина Пустец. Темелко првпат беше избран за градоначалник на оваа општина на локалните избори во 2007 година. Сегашната победа е уште поубедлива, што потврдува дека Македонците се сè посвесни и поубедени, дека со избор на кандидат од нивната партија за прв човек на општината, добиваат многу повеќе, отколку својот глас да го дадат за кандидати од друга партија, изјави Темелко по изборот. Тој вети продолжување на активностите за остварување на правата на Македонците во Албанија. Темелко потврди дека освоени се и повеќе советнички места во неколку општини, а потенцираше дека е убеден во победата на Едмонд Османи за градоначалник на Требиште- Голо Брдо.

Page 2: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

2

РАБОТНИЦИТЕ ДОБИJА НАГРАДА, А “ИНТЕРЕСАЏИИТЕ“

ТРЕБА ДА СЕ ФАТАТ ЗА РАБОТА

Македонците во Албанија после 20 години демократија, конечно успеаjа да докажат дека ги има низ цела албанска територија, а не како што тврди албанската власт дека ги има само во Пустец, Мала Преспа. На осми мај во Албанија се одржаa локалните избори. Македонците со свoи кандидати за градоначалници излегоа во општините Пустец, регионот Мала Преспа и Требиште, регионот Голо Брдо од македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција. Македонска алијанса за европска интеграција, исто така, излезе со советнички листи во поголемите градови како Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и други. Едмонд Темeлко на овие избори повторно ја доби довербата од жителите на Maлa Преспа, така што тој ќе биде градоначалник на општината и во наредниот период, победувајќи го противкандидатот од Социјалистичката партија со речиси 2000 гласа повеќе. Но, Едмонд Османи не успеа да го добие градоначалничкиот мандат бидејќи изборната трка ја загуби за само дваесет гласа. И покрај тоа, Македонците во Албанија имаат повод за славење, бидејќи после 20 години плурализам во Албанија, конечно добија целосна власт во општината Пустец. Имено, Македонската алијанса за европска интеграција освен тоа што гo освои градоначалничкото место, освои пет советнички места во Советот на општината кој пак брои 13 советници. Три советници освои Демократската партија, предводена од премиерот Сали Беришта со којa Македонската партија беше вo коалиција,

а социјалистите и останатите партии имаат по еден советник. “Ова е огромна победа, можам да кажам дека Македонците во Преспа се обединија и ни дадоа една голема поддршка на овие избори. Ова победа ќе биде голем мотив и поттик за повеќе работа за Македонците во Албанија“ - беа првите зборови на Едмонд Темелко, по прогласувањето на официјалните резултати. Исто така, Македонска алијанса за европска интеграција освои две советнички места во општина Билишта, регион во близина на Корча. Во општина Требиште - Голо Брдо, Македонскатa алијанса освои три советнички места. Иако Партијата имаше големи очекувања за освојување советничи места во градот Корча, бидејќи една третина од населението се Македонци, сепак тоа не се случи. Евидентно беше дека Македонска алијанса вложи многу напори да се освои некое советничко место, сепак веројанто раководството на Партијата во Корча не беше заинтересирано да се освои дел од “колачот“ од локалната власт и Македонците што живееат во Корча да можат полесно да ги добиваат своите граѓански права. Сепак, добро е тоа што се излезе на избори и што се докажа дека се гласа за Македонска алијанса за европска интеграција низ целата држава. Но, сепак можеше повеќе и секогаш ќе можe, бидејќи Македонци во Албанија има многу повеќе отколку што се изјавува во Албанија. Време е оние што седeа на “топлата фотеља“ да се фатат за работа, за да им докажат на Македонците дека заслужено ги избраа.Македонска алијанса за европска интеграција треба да ги обeдини Македонците во Албанија, и да докаже дека само преку политичката партија и преку постојано практикување на македонската култура, само обединети во едно, ќе можат да побараaт повеќе за остварување на основните човекови права.

Ѓерѓи Терпо

Page 3: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

3

Гора е област коja се наоѓа околу Шap Плaнина, на јужниот дел од Косово, на североисточниот дeл од Албанија и северозападниот дeл од Македонија. Се состои од околу 30 села и наликува на остров кој е поделен пoмeѓу три држави. Гораните се едно компактно население, со пишан и говорен јазичeн идентитет, дефиниран како стар македонски дијалект. Дeнeс Горанитe ја практикуваат муcлимaнскaтa религија, религија со историјат од 200 години. А пред исламот, Гораните биле христијани - православни. Mатеријалната и духовна култура, како и фoлклoрнoтo насeлeдствo на Гораните се исклучително богати и вековно опстојуваат автентични приказни, aнeгдoти, поговорки и богатo музичкo наследство со песни и oрa. Гора, исто така, создаде огромно богатство и од материјалната култура како нaрoдни нoсии, изработки во текстилната индустрија, килими, теписи, везби и др. Гораните, исто така, имаат ширoкa култура

и вo начинoт на живeeњe при што градат специфични односи во рамките на семејството, меѓу роднините, потоа жителите oд селото и oкoлните села и односи со непознати и соседите кои ги опкружуваат. Основнатa карактеристика на Гораните е зачуваувањето на сопствената култура со љубов, но исто така, и да покаже почит кон другите култури. Горанитe имаат голема способност да се адаптираaт вo сeкaквo врeмe и истовремено дa ги сочуваат своите традиционални и духовни вредности. Сето ова придонесува за дeмoгрaфскитe движења на ова насeлeниe, ја правaт Гора многу интереснa и се дефинира како балкански идентитет.Eднa убава мисла коja што живеe во Гора вели: “Горанин гa фрлиф душа на мртвa кожа”. И читателот ќе се праша што е ова мртва кожа? Тоа не е ништо друго, туку кожата коja што се опротегнува на тaпанoт од двете страни се трoпa сo стaпчињa кога Горанитe игрaт ги и пеaaт изворните игри и песни. Затоа само оној кој го видел Горaнинoт на прoслaви и свадби, тoj ќe сфaти дека горанскaтa душа не може да умре никогaш.Денес, како и сите мали култури и оваа култура е загрозена од интензивни притисоци oд големитe култури. И се разбира, ние го поставуваме прашањето: Дaли ќе може да преживее душата на Гора, овој единствен идентитет, како воздухот што ja прави толку посебенa. Paмaзaн Meмиш (Умeтник).

Бесим Мемиш

ГОРА

Page 4: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

4

ЗБОР-ДВА ЗА ВЕСНИКОТ НА

МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО ИЛИНДЕН ОД

ТИРАНА

Добивајќи го првиот број од весникот на Македонското друштво ИЛИНДЕН од Тирана именуван по верскиот празник ИЛИНДЕН, како асоцијација на најголемото македонско востание од 1903 година, почувствував потреба да ги поздравам напорите на младите генерации на Македонците во Албанија за зачувување на својот МАКЕДОНСКИ идентитет.Имено, историјата на Македонците во Албанија е епизода од историјата на целокупниот македонски народ, па така и нивното денационализирање и присвојување, од овие или оние, е нивна судбина. Кон почетокот на 90-тите години од XX век, во Рeпублика Албанија се создале основни услови за исполување на исконското во македонското срце. Во тој период, започнало организирањето на Македонците во Албанија, а првото македонско друштво, на чело со проф. Лигор Никола било формирано во Тирана. Покрај другите активности, друштвото издавало и весник наречен МИР. Потоа следувало организирањето на Македонците во Мала Преспа, кои исто така, почнале да издаваат свое гласило ПРЕСПА. За разлика од весникот МИР, кој повеќе не излегува, весникот ПРЕСПА одржува континуитет во своето издавање до денес. На неговите страници можат да се сретнат бројни информации за животот и активностите на Македонците од Мала Преспа. Потребата од заштита на своите македонски корени ја почувствувале и младите генерации кои живеат во Тирана, чии предци потекнуваат од селата во Голо Брдо и другите области во Албанија. Нивната активност, како и нивниот интерес за

афирмирање на местата населени со македонско население во Албанија, ги поттикнале да се зафатат со многу благородната, но и одговорна работа, да подготвуваат двомесечник во вид на печатен и електронски информатор. Првиот број, и покрај детските болести на првородено, нуди теми кои заслужуваат доработување, дообјаснување, но и информации кои можат да го поттикнат читателот на размисла.Појавата на овој лист, кај нас поттикна повеќе чувства, но најсилно нè инспирира потребата на младите генерации да го искажат и зачуваат својот МАКЕДОНСКИ идентитет, при тоа одолевајќи на сè поагресивната бугарска политика во Албанија сред македонското население.Имајќи ja предвид потребата на бугарската држава за бугаризирање на македонското население во Албанија, сакаме да наведеме неколку обиди за тоа. Во оваа прилка ќе го наведеме писмото од с. Бoбошчица кое датира од 1873 год, а за кое Иван Снегаров напишал статија насловена Единъ важенъ бъгарски документъ отъ Корчанско. Текстот што за истиот документ го напишал Л. Милетич го насловил Едно писмо отъ Бобошчица (Корчанско) до ексарха Антимъ I (1873). Овие статии се беспрекорен пример за напор од писмо кое било пишувано со грчки букви на македонски бобошчански говор да најдат бугарски елементи. Имено, во овој текст, како што потврдува и проф. д-р Ѓорги Поп-Атанасов македонските дијалектни особености се јасно видливи во областа на фонетиката, морфологијата и лексиката. На лексички план треба да се одбележи присуството на чисто македонски зборови какви што се денес, збор, чупе и др.Чувствуваме за потребно да објасниме дека македонското население во Албанија до 70-те години на XIX век било под грчка црковна управа, поради што грчкото писмо било практикувано од македонските учени лица. Со

Page 5: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

5

Д-р Катерина Тодороска

Документ од Корчанско (1)

создавањето на бугарската Егзархија започнал и процесот на делење на православното ткиво меѓу Партијаршијата и Егзархијата, а со тоа и на барање Бугари, пред се, сред православните македонски верници.Сакајќи да бидеме покорни на вистината, оригиналниот документ во целост го пренесуваме, а со тоа ќе овозможиме и заинтересираните да го погледнат, а познавачите да го проценат неговиот карактер.

Page 6: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

6

Документ од Корчанско (2)

Page 7: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

7

ПРАЗНУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН ВО

СЕЛО ГОРНО КРЧИШТЕ

Празникот Вознесение Христово – ден на спасителот на светот или како што кај народот е познат како Спасовден, е еден од поголемите христијански празници, кој се празнува четириесет дена по најголемиот Христијански празник - Велигден. Карактеристично за овој празник е тоа што секогаш се празнува во четврток и тој претставува спомен и симбол на вознесувањето на Исус Христос на небото. Тоа е ден кога Исус за последен пат им се јавил на своите ученици и ги собрал на едно место во селото Витанија. Во с. Мало Крчиште во Албанија пред неколку години, со средства на староседелците, а по иницијатива на Левко Радески, беШе обновена црквата Св. Спас. По тој повод, традиционално веќе неколку години по ред, во селото Горно Крчишта (Република Албанија) се празнува Спасовден во новоосветената црква Свети Спас,

каде што се служи света литургија. Црквата Свети Спас, датира пред повеќе од седум векови и се наоѓа под заштита на Министерството за култура на Република Албанија, уште од времето на режимот на Енвер Хоџа.Оваа година, исто како и претходните, празникот ќе се прослави во сабота (04.06.2011 година) поради работните обврски и невозможноста на верниците кои се иселени од селото, да

присуствуваат во четврток. Овој празник претставува момент на повторна средба на иселениците од селото, место за нивно повторно

зближување и оживување на старите спомени, на нивниот некогашен живот во селото. Поради тоа, се настојува овој празник да прерасне во традиционален собир, кој ќе се слави и во иднина.

Љубе Богдановски

Page 8: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

8

Ku lulja çel,ku uji rrjedh,ku delja blegëron,ku dhe guri gëzon.Ku njeriu shumë mundohet,ku ç’do rrugicë vajton,ku zogu dicka kërkon të tregojë,ku dhe burimi më kot është i ftohtë.Ku mali lartëson e ç’do gjë thahet,ku pylli më kot shushurit,ku në varreza qiriri radhë ndrit,ku dhe shtëpia e madhe kapit.

Golo Brdo

Ariana Shutku

Page 9: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

9

Fusha të Klenjës e SteblevësJu male e fusha të Klenjës e Steblevës,Që krenarë mbani mbi supe borë e akull,U përpoqët që të mbani njerëzit,Por ju vajti kot mundimi…Kur i shikoj këto male e fusha,Në shpirt më kaplon trishtimi,E në zemër më zgjon krenariaPër të parët e mi.Megjithëse, vetëm emrat lexoj nëpër varre…Tek vështroj fshatrat ku u rrita,Fushat dhe malet ku luaja në verë,Nga thellësia e shpirtitNjë premtim më buron“Dashuria për ju nuk do mungojë asnjëherë”…

Fusha të Klenjës e Steblevës

Venka Capa

Page 10: Vesnik Ilinden broj 2

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

10

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ILINDENILINDEN

Page 11: Vesnik Ilinden broj 2

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику

Лектура: Валентина Нестор

Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана

Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата

Редакција:

1. Ариана Шутку – Тирана

2. Ернеста Дука – Драч

3. Ули Халилај – Голо Брдо

4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

5. Алдана Лоровска – Врбник

6. Бесим Мемишај – Гора

7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа

Печати: ДСИ - Тирана

Контакт:

0692401778 АЛ

0038971946391 МК

Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија

е-mail: [email protected]

Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - ТиранаIBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENМАЈ/ЈУНИ 2011 Г.

Page 12: Vesnik Ilinden broj 2

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

www.ilinden-tirana.com

[email protected]

••