52
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - SKOPJE Катедра за кривично-правни и криминолошки науки Водич за предметната програма за ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ III семестар, 2012 наставник Доц. д-р Весна Стефановска

Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - SKOPJE

Катедра за кривично-правни и криминолошки науки

Водич за предметната програма за

ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

III семестар, 2012

наставник

Доц. д-р Весна Стефановска

Page 2: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

СОДРЖИНА

1. Криминалитет

1.1. Поим и основни карактеристики

1.2. Аспекти на проучување на криминалитетот

2. Превенција – воведни напомени

2.1. Развој на идејата за превенција на криминалитетот

2.2. Дефинирање на поимот превенција

2.3. Политика на превенција

2.3.1. Поим на политика на превенција

2.3.2. Превенција на криминалитетот како компонента на криминалната

политика

2.3.3. Односот на превенцијата и криминалната политика

3. Современи настојувања во превенција на криминалитетот

3.1. Потреба за развој на превентивна стратегија

3.2. Основи за изградба на превентивна стратегија

3.3. Планирање на превентивна стратегија

3.4. Негативни страни на политиката на превенција

4. Tипологија на превенција

4.1. Типологија на превенција на криминалитетот според Brantingham & Faust, 1976

4.2. Дводимензионална типологија на превенција на криминалитетот според Jan van

Dijk & Jeep de Waard, 1991

5. Мерки на превенција

5.1. Кривично-правни мерки на превенција

5.2. Мерки на социјална превенција

5.3. Полициски мерки на превенција

6. „Дали и што работи„ во превенцијата на криминалитетот

6.1. Развој на т.н. култура на евалуација во областа на превенција на

криминалитетот

6.2. Истржувањата на Barry Poуner (1987/88) и на Sherman Lawrence (1992)

7. Теории за превенција на криминалитет

7.1. Класична теорија

7.2. Неокласична теорија

7.3. Теорија на рутински активности

7.4.Теорија на рационален избор

Page 3: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

7.5. Теории на социјална контрола

7.5.1. Теорија на социјална дезорганизација

7.5.2. Теорија на субкултура

7.5.3. Карактерна теорија

7.5.4. Фактори на ризик и заштитни фактори

7.6. Теорија на дизајн на средината

7.6.1. Превенција на криминалитетот со помош на дизајнирање на

средината

7.7. Ситуационен пристап во превенција на криминалитетот

8. Улога на другите субјекти во превенција на криминалитетот

8.1. Улогата на јавното обвинителство во превенција на криминалитетот

8.2. Превентивна улога на семејството

8.3. Превентивна улога на училиштата во спречување на училишното насилство

8.4. Улогата на медиумите во превенција во превенција на криминалитетот

8.5. Превенција на криминалитетот во заедницата

8.6. Ресторативната правда во превенција на криминалитетот

VII недела КОЛОКВИУМ (5 – 9 ноември, 2012)

9. Полицијата во превенција на криминалитетот

9.1. Соработка на полицијата со другите субјекти во превенција на криминалот

9.2. Правна рамка на превентивното постапување на полицијата

9.2. Информационен систем на полицијата

9.3.Превентивна улога на полицијата

9.3.1. Полициски мерки на превенција

9.3.2. Меѓународни полициски искуства во превенција на криминалитетот

9.4. Превентивна улога на полицијата во Република Македонија

10. Превенција на малолетничкото престапништво

10.1. Национална стратегија за превенција на малолетничкото престапништво

10.2. Ресторативен пристап во превенција на малолетничкото престапништво

10.3. Полицијата во превенција на малолетничкото престапништво

11. Улога на меѓународната заедница во превенција на криминалитетот

11.1. Превентивна улога на Еворпската Унија

11.2. Мрежа на ООН за превенција на криминалитетот

Page 4: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

11.3. Меѓународен центар за превенција на криминалитетот, Монтреал, Канада

11.4. Европски институт за контрола и превенција на криминалитетот, Хелсинки,

Финска

11.5. Европска мрежа за превенција на криминалот

12. Безбедност во заедницата и политики на превенција на криминалитетот

12.1. Превентивна улога на полицијата во заедницата

XV недела КOЛОКВИУМ (24-28 декември, 2012)

Page 5: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

1. КРИМИНАЛИТЕТ – ОПШТИ НАПОМЕНИ

1.1. ПОИМ И ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Под криминалитет се подразбираат сите облици на однесување кои се инкриминирани во

кривичното законодавство, затоа што со таквото однесување се нанесува одредена штета на

поединците, институциите или на општеството во целина.

Елементи на кривичното дело се:

повреда на законската одредба,

извршител на криминална активност и

жртва, т.е. поединец, група или институција врз која е нанесена штета со

извршување на криминалната активност.

1.2. АСПЕКТИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

Криминалитетот како општествено негативна појава може да се набљудува и проучува од

повеќе аспекти: социолошки, психолошки, социо-психолошки, правен, културолошки, политички

и економски аспект.

Како социолошки феномен, криминалитетот треба да се согледува од аспект на целокупното

општество кој е резултат на севкупните општествени односи и процеси. Во тој контекст,

социолошкиот пристап може да ни помогне при откривање на клучните општествени механизми

кои се одговорни за појава и репродукција на криминалитетот. Социолошкиот аспект може да ни

помогне и од гледиште на микросоциолошката перспектива т.е. за разбирање на посебните

општествени групи и институции, прашањата за нивната организација (нефункционирање). Од

овој аспект, криминалитетот се набљудува како конкретна појава што се случува во конкретни

услови.

Проучувањето на криминалитетот од психолошки аспект, подразбира употреба на

психолошки инструменти за разбирање на однесувањето, како на сторителите на криминалната

активност, така и на жртвите, а не ретко и однесувањето на оние кои се сведоци на кривичното

дело. Психологијата може да ни даде одговор на следниве прашања: кои мотиви ги поттикнуваат

сторителите да се одлучат за извршување кривично дело и кои услови негативно влијаеле врз

општоприфатените вредности на сторителот.

Page 6: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Социо-психолошкиот аспект на поимот криминалитет се занимава со интеракцијата помеѓу

општествените групи и поединецот, со што се објаснува како и зошто кај поединците се развиваат

определени идеи и вредности кои се последица на конкретната општествена средина.

При проучувањето на криминалитетот од правен аспект, како правна категорија, основно е да

се одговори на прашањето кои законски мерки треба да се преземат за санкционирање на

извршените кривични дела. Притоа, значајно е да се одреди пропорционалниот однос помеѓу

кривичното дело и казната која следува поради неговото извршување.

Проучувањето од културолошкиот аспект значи дека криминалната активност не

претставува само напад врз позитивното право т.е. на правниот поредок, туку и напад на

моралните норми кои претставуваат манифестација на системот на културни вредности кои се

градат во општеството.

Политичкиот аспект на криминалот претставува организиран напор на целото општество за

надминување на негативните општествени појави, за што е потребно изградба на систем на

координација и соработка меѓу институциите и другите јавни и приватни служби коишто се

насочени кон сузбивање на криминалитетот.

Економскиот аспект на криминалитетот подразбира дека најголемиот број од извршените

кривични дела предизвикуваат материјална штета и загуба на жртвата, без разлика дали се работи

за поединци, групи или институции, како и тоа дека борбата против криминалитетот бара

вонредни финансиски вложувања за организација на службите и за нивно остручување.

Page 7: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

2. ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТ - ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

2.1. РАЗВОЈ НА ИДЕЈАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

Првите идеи за превенција на криминалитетот се јавуваат во 19 век во Франција, во времето на

големите општествени движења од страна на француските енциклопедисти пред револуцијата. Се

јавува како резултат на воспоставување на буржуаската држава и слабеење на црковната власт.

Како фактори за појава се истакнуваат општиот развој на општеството, материјалното

богатство, личната слобода и личната самоиницијатива на поединците во општеството, и сè

поголемото влијание на науката не само во природно научните области, туку и по прашањата на

широко општествено значење, а со тоа и врз криминалитетот. Меѓутоа, во тој период терминот

превенција се употребувал да ги означи чисто репресивните мерки (како специјална и генерална

превенција).

Вистински интерес за превенцијата на криминал се јавува по втората светска војна, односно

во седумдесетите години на минатиот век, кога таа добива институционални рамки во многу земји

(во Англија, во 1968 година е основан Комитет за превенција на криминал). Таа е опишана како

„растечка индустрија„ бидејќи стана доминантен централен владин пристап кон криминалот

заедно со експанзијата во приватната осигурителна индустрија, која, во тој период е најмногу

загрижена за „криминалот на улица„.

Движењето од „казнување кон превенција„, претставува движење од реактивна кон

превентивна контрола на криминал. За превенцијата да добие поголема тежина влијаеле неколку

фактори како што се: зголемувањето на криминалот во светот, што предизвика изградба на нови

затвори, а со тоа и зголемени трошоци, намалување на стапката на откривање на кривичните дела,

и генерално, намалената ефикасност на казнувањето.

2.2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ ПРЕВЕНЦИЈА

Поимот превенција на криминалитет е еден од најзлоупотребуваниот термин во стручната

литература за проучување на криминалитетот. Токму поради широката употреба, постојат

различни перцепции и сфаќања за поимот, не само меѓу теоретичарите и практичарите, туку и

меѓу различни држави.

Превенцијата на криминалитетот е цел на казните, на секоја казнена политика во сузбивање на

криминалитетот. Истовремено, превенцијата на криминалот е континуиран процес на решавање на

Page 8: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

проблемите поврзани со криминалот кој опфаќа низа мерки и активности. Поради тоа, секоја

држава треба да изгради своја превентивна долгорочна стратегија за превенција на криминалот.

Оттука, превенцијата можеме да ја разгледуваме како концепт, вредност, цел, односно

резултат на одредени активности преземени од страна на казненоправниот систем, но и од

пошироката заедница, воопшто, од една страна, но и како политика на сузбивање на

криминалитетот, од друга страна.

Со прашањето за разграничувањето на тие сфаќања и разлики се занимавале одредени автори

во криминолошката теорија и практика.

Во текстот ќе наведеме неколку дефиниции, иако ќе се согласиме дека нема подобра или

полоша дефиниција, туку потесна или поширока.

Едногласен е ставот дека постојат практични и теоретски причини превенцијата и репресијата

појмовно и терминолошки да се раздвојат и да се спротивстават, односно терминот превенција да

се врзе исклучиво за акција која е насочена кон отстранување на причините на криминалното

однесување, а терминот репресија за акција која се занимава со последиците на криминалитетот

со примена на средства на принуда и контрола. Но, не е секое занимавање со последиците

репресивно. Станува збор за превентивното дејство на кривичните санкции (генерална и

специјална превенција), иако одредени автори ја исклучуваат превентивната улога на

казненоправниот систем.

Така Van Dijk (1990) превенцијата на криминалитет ја дефинира како збир на политики, мерки

и техники, надвор од границите на казненоправниот систем која има за цел да ги редуцира

различните видови на штета причинета од дејствија (акти) дефинирани како криминални од

државата.

Од друга страна, Graham смета дека казненоправниот систем има улога во превенција на

криминалот, особено во превенција на повторното криминално однесување на сторителот кој веќе

се огрешил од законот (терцијарната превенција).

Freeman (1992) терминот превенција го дели на два конститутивни дела (компоненти):

прогноза и интервенција.

I. Доколку сакаме да спречиме појава на криминал во одредена ситуација или во одреден

момент мораме да направиме прогноза (претпоставка во позитивно-научна смисла)

која ќе го предвиди неговото појавување. Значи, во реализацијата на превентивните

мерки мораме со научен метод да предвидиме каде, кога и како се појавува

криминалот.

II. Доколку имаме сознанија за тоа, следниот чекор е успешна интервенција, за таа појава да

биде спречена. Она што е можно и што досегашната криминологија го докажала е да се

Page 9: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

откријат извесни правилности во случувањето на криминалните работи. Врз основа

на спознавањето на тие правилности се дефинира и самата интервенција која има за

цел спречување на појавата на криминалитетот.

Според Националниот институт за превенција на криминалот на САД (National Institute for

Crime Prevention) превенцијата е секој обид насочен кон контролирање на криминалното

однесување.

Дефиницијата на Ekblom гласи: “превенцијата на криминал е интервенција во

механизмите/факторите кои предизвикуваат кривични дела”. Тој фокусот го става на

карактеристиките на кривичното дело и на неговите причини, односно превенцијата да се насочи

кон најблиските, непосредни околности (непосредната криминална ситуација и потенцијалната

диспозиција на сторителот) како фундаментални компоненнти на непосредната каузалност.

Според Ekblom насочувањето кон т.н. далечни (посредни) фактори не дава ефикасен резултат (не

работи/не вреди акција од далечина). Основно во превентивните методи е да се „чува

сторителот надвор од криминалните/криминогени ситуации„.

Пошироко објаснување за превенција на криминалитетот е наведена во Упатствата на ОН за

Превенција на криминал (2002). Во нив, превенцијата е дефинирана како вкупност на стратегии

и мерки за намалување на:

ризикот од случување дела,

на потенцијалните штетни ефекти за поединците и општеството во целина, како и

на стравот од криминал

преку интервенирање во причините.

Наведениот преглед на дефиниции кажува за различните пристапи во дефинирањето на

поимот превенција на криминалитет. Дали е подобро таа да го опфати и стравот од криминал, дали

е подобро таа да предвиди мерки насочени кон поддршка на жртвите или не? Која класификација

на превентивни мерки треба да се прифати.

Битно е во дефиницијата да влезат одговори на прашањата:

I. што сакаме да спречиме,

II. на кој начин, со кои средства и

III. кој е одговорен за превенција на криминалот.

Во одговорот на првото прашање ќе се согласиме дека е подобро да се наведе она што

може да се измери, оцени (квантитативно и квалитативно), а тоа е бројот на кривични дела,

вредноста на штетата, бројот на жртви, намален страв, намалени ризици и причини.

Page 10: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Во одговорот на второто прашање ќе се послужиме со пристапите наведени во ОН

упатството според кое превенцијата на криминал вклучува широк спектар на пристапи, кои се

однесуваат на:

а) промовирање на благосостојата на луѓето и охрабрување на просоцијалното однесување

преку социјални, економски, здравствени и образовни мерки со посебно акцентирање на децата и

младите и фокуси на ризичните и заштитните фактори поврзани со криминалот и со

виктимизацијата (превенција преку социјален развој или социјална превенција на

криминалот),

б) промена на условите во соседството кои влијаат врз појавата на криминални

однесувања, виктимизација и несигурноста со помош на изградба на иницијативи, експертиза и

прифаќање на одговорност од страна на членовите на заедницата (превенција на

криминалитетот базирана на заедницата),

в) превенција на појавата на криминалот преку редуцирање на можностите, зголемување

на ризикот сторителот да биде фатен и минимизирање на добивките со помош на дизајнирање на

средината и преку помош и информирање на потенцијалните и актуелните жртви (ситуациона

превенција на криминал) и

г) превенција на рецидивизмот преку помош во социјалната реинтеграција на сторителите

и други превентивни механизми (реинтегративни програми).

Во однос на тоа КОИ СЕ НОСИТЕЛИ НА ПРЕВЕНТИВНАТА АКТИВНОСТ, едногласно

ќе се согласиме дека појавата и суштината на превенцијата на криминалитетот се поврзува со

активности кои се преземаат од страна на граѓаните, училиштата, бизнис секторот, невладините

организации во партнерство со локалните власти и со казненоправниот систем. Оттука, носител е

т.н. нова инфраструктура воспоставена на локално ниво чија цел е да го адресира криминалот на

поинаков (превентивен) начин. Партнерството и соработката во решавање на одредени прашања

од заеднички интерес е значаен дел од превенцијата на криминал. Тенденцијата за мултисекторски

пристап и партнерство во превенција на криминалот започнува во 90-тите години на минатиот век,

со што постепено се зголемува трендот за колективен и проактивен пристап. Мотивите, односно

идејата за колективен пристап се гледаат во неуспехот на казненоправните одговори на

криминалот, воопшто во редукција на криминалот.

Генерално, не може да се зборува за превенција ако нема одредени теории и објаснувања за

причините на криминалитетот, врз основа на кои може да се изгради превентивна криминална

политика. Оттука, успешната превенција не оди со познатите форми на институционализација и

професионализација на борбата против криминалитетот иако бара поголема организираност и

стручност од репресивниот пристап против криминалитетот.

Page 11: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Во основа, под превенција се подразбираат две работи:

прво, превенција значи интервенција, да делуваш превентивно значи, да интервенираш на

одреден начин и со одредени средства. Меѓутоа, клучниот момент на определување на терминот

превенција е содржан во префиксот ПРЕ, што значи пред манифестирање на одредени непожелни

појави.

Превенцијата на криминал опфаќа не само практики на казнено-правниот систем, туку и

практики на многу други општествени и социјални политики, како и на граѓанското општество.

За сеопфатно сфаќање на поимот ќе ја цитираме дефиницијата наведена во Одлуката на

Европската Унија за воспоставување Европска мрежа за превенција на криминалитет (Council

decision of 28 May 2001 setting up a European crime prevention network):

„превенцијата на криминал ги покрива сите мерки кои имаат намера да придонесат да го

намалат криминалот и чувството на граѓаните на несигурност, квантитативно и

квалитативно, преку директни активности на одвраќање од криминал или преку политики и

интервенции кои се дизајнирани да го редуцираат потенцијалот и причините за криминал. Тоа

вклучува активности на владата, компетентните служби, казненоправниот систем, локалните

власти и специјализираните организации, приватниот и волонтерскиот сектор, истражувачите

и јавноста, поддржани од медиумите„.

Значи, под поимот превенција се подразбира употреба на сите мерки и средства за

мобилизација на поединците, општествените групи, организации и институции насочени кон

спречување на оние појави кои не се во согласност со кривичното законодавство, а кои, по својата

суштина, нанесуваат штета на поединците, општествените групи или на општеството во целина.

2.4. ПОЛИТИКА НА ПРЕВЕНЦИЈА

2.4.1. ПОИМ НА ПОЛИТИКА НА ПРЕВЕНЦИЈА

Политиката на превенција претставува определеност и насоченост на општествените и

државните субјекти за нерепресивно дејствување кое се гледа во планирање и организирано

преземање превентивни активности на општ план поради спречување на криминалитетот и на

другите негативни појави кои се штетни за интересот на државата и на нејзините граѓани.

Во поширока смисла, политиката на превенцијата има за цел спречување на појавата на

криминалните и на другите негативни последици со решавање на поедини општествени прашања

кои се однесуваат на:

Page 12: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

подобрување на материјалните услови за живот,

подигнување на животниот стандард,

задоволување на културните и другите човекови потреби,

подигнување на нивото на образование, на културата, на здравственото осигурување,

намалување на социјалните разлики меѓу граѓаните,

решавање на проблемот на невработеноста,

унапредување на социјалните мерки,

намалување на просторот за конфликти и противречни ситуации,

решавање на прашањата за слободното време,

поединечни услови на престапничкото однесување на деца и малолетници.

2.4.2. ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ КАКО КОМПОНЕНТА НА

КРИМИНАЛНАТА ПОЛИТИКА

Криминалната политика денес се одредува двојно:

1. како практична дејност за спречување и сузбивање на криминалитетот, со репресивни, но и

се повеќе со превентивни мерки. Таа дејност ја спроведуваат органите на криминалната политика,

меѓу кои и органите за внатрешни работи и органите на кривичното правосудство кои го заземаат

централното место.

2. Другата одредба за криминалната политика е дека таа е научна област (дисциплина) што

се занимава со постоечкото законодавство и неговото влијание врз криминалитетот, со

стратегијата и тактиката на севкупното настојување во сузбивањето на негативните општествени

појави, со проценување и изнаоѓање соодветни методи во третирањето на криминалните појави и

сторителите на криминалните активности.

Неопходно е криминалната политика да постои во двата свои вида и е веројатно дека како

посебна област ќе мора да постои се додека постои криминалитетот како феномен кој го прати

општествениот живот.

Криминалната политика ги одредува карактерот и начинот на спречување и сузбивање на

криминалитетот, бидејќи се заснова на широки претпоставки и извира од целите на општествениот

развој. Таа треба да биде насочена кон заштита на општеството од криминалитет, при што

граѓаните се активни субјекти на таа заштита. Активното учество на граѓаните влијае

криминалната политика да не се претвори во инструмент за контрола и репресија надвор од

границите на криминалитетот.

Page 13: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Уште во 60-тите години на 20 век во Европа, особено во земјите со англосанксонско право се

појавува движење кое превенцијата на криминалитетот ја става во прв план на криминалната

политика пратена со систематска институционална и социјална поддршка. Настојувањето

примарната (социјална) превенција да се стави во прв план поради сознанието дека

криминалитетот е составен дел од сите аспекти од функционирањето на државите. Исто така, на

местото на државата со своите репресивни средства, поедини демократски механизми и граѓаните

здружени во демократски организации треба да бидат што повеќе носители на спротивставување

на општествено негативните однесувања.

ВАЖНО: Во современите земји превенцијата се развива како посебна компонента на

криминалната политика, односно како нејзина стратешка ориентација, што значи дека во однос на

репресивната ориентација е од примарно значење во сузбивањето на криминалитетот.

Таквиот пристап се темели врз следниве појдовни точки:

Казнивите однесувања се индивидуална и општествена појава со значајни индивидуални и

општествени причини, па сузбивањето на криминалитетот е можно првенствено со

отстранување на тие причини,

Борбата против криминалитетот бара широк општествен пристап, не само од

казненоправниот систем, туку и од други општествени здруженија, стопански субјекти и

различни приватни агенции,

Превенцијата на криминалитетот е најзначајна содржина на системот на социјална

контрола бидејќи вклучува надзор и сузбивање и на низа патолошки појави, како што се

зависности, скитање, питање и др.

Според тоа, политиката на превенција, како компонента на криминалната политика, има

за цел да воспостави свесни, плански и организирани активности на посебни државни и

општествени субјекти во спречување на појавата и развојот на криминалитетот и другите

негативни појави. Во таа смисла, политиката на превенција се заснова на теоретски претпоставки

за влијанието на социјално-економските, воспитно-образовните и сличните фактори кои се

причинители за појавата на криминалитетот и другите девијантни појави.

Неизбежен дел на секоја криминална политика е превенцијата на криминалитетот. Во

суштина, таа е посакувана цел на секој казнен систем и услов за добросостојбата и безбедноста на

граѓаните, без разлика дали се постигнува со традиционалните мерки на казненоправниот систем

или со пошироки превентивни мерки преземени од другите институции надвор од казнениот

систем (семејство, училиште, социјални служби, бизнис компании итн.). Развојот на

Page 14: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

превентивната политика, во голема мера, зависи од политичкото уредување на секоја држава, од

алоцираните буџетски средства, од подготвеноста на владата да обезбеди институционална и

материјална поддршка за развој и имплементација на превентивни стратегии. Тие можат да имаат

позитивно влијание, доколку планирањето и програмирањето на превенцијата на криминалитетот

е во согласност со економските, политичките и културните прилики со кои е во тесна врска. За

секоја конструктивна превенција, и на внатрешен и на меѓународен план, неопходно е да се

отстранат, односно да се санираат конфликтните и неповолните политички односи кои се сами по

себе криминогени.

На тој план, меѓународната заедница и развиените европски земји имаат воспоставено

добри меѓународни стандарди и практики за дизајн, имплементација и евалуација на превентивни

програми и стратегии.

Политиката на превенција може да се реализира во рамките на социјалната и индивидуалната

превенција, но може да се реализира посредно со репресивни методи (на пример, со пропишување

на построги кривични санкции и поострена политика на казнување).

2.4.3. ОДНОСОТ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА И КРИМИНАЛНАТА ПОЛИТИКА

Односот на криминалната политика и превенцијата може да се одреди на два начина:

Прво, криминалната политика е област на проучување, планирање и насочување за

спротивставување на криминалитетот од страна на општеството. Како таква, таа е дел од

општествено-политичка сцена и нејзиниот карактер зависи од општите општествени вредности и

карактеристики на развојот на општеството, пред се во однос на превенцијата и репресијата.

Второ, односот меѓу криминалната политика и превенција на криминалитетот е корелативен,

бидејќи, врз основа на одредени знаења, до кои се доаѓа со научни и стручни разгледувања на

криминалните појави од етиолошки и феноменолошки аспект, може да се влијае врз одредена

концепција на криминалната политика и да се укаже на нејзините недостатоци и пропусти. Исто

така, може да се влијае врз истражување на конкретен криминалитет, на неговите појавни облици

и фактори. Зо успешното спротивставување на криминалитетот не придонесува само

криминалната политика, туку и другите дејности и процеси од значење за спречување на

криминалитетот коишто се во рамките на социјалната политика, економската политика,

културните и образовни процеси.

Односот меѓу криминалната политика и превенцијата на криминалитетот може да се

набљудува како однос на општо кон посебно. Превенцијата на криминалитетот овозможува да се

Page 15: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

реализираат основните идеи на криминалната политика за чие остварување се вклучуваат

многубројните субјекти на општеството.

Page 16: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

3. СОВРЕМЕНИ НАСТОЈУВАЊА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

3.1. ПОТРЕБА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕВЕНТИВНА СТРАТЕГИЈА

Државите веќе не треба да го поставуваат прашањето дали има потреба од развој на

превентивна стратегија, туку треба веднаш да започнат да ја развиваат (доколку немаат), односно

да ја имплементираат (доколку имаат).

Основни причини во корист на развојот на национална стратегија за превенција на

криминалот се:

тоа е соодветен одговор на владата за заштита и сигурност на своите граѓани,

секоја стратегија може да послужи за информирање на пошироката јавност за

криминалот и за негова превенција,

помага во сузбивањете на идните трендови на криминалот.

ВАЖНО:

Упатствата на ОН за превенција на криминалот (2002) во членот 1 истакнуваат дека „добро

планирани стратегии влијаат не само во превенција на криминалот и на виктимизацијата, туку ја

промовираат и безбедноста во заедницата и придонесуваат за одржлив развој на земјите.

Ефикасна и одговорна превенција на криминалот го засилува квалитетот на животот на

граѓаните. Превенција на криминал нуди можности за човечки и поефикасен пристап кон

проблемот на криминал.„

Во тој дел, владата има клучна улога.

Анализата на истражувањето спроведено во 2010 година од страна на Меѓународиот

центар за превенција на криминалот (International Crime Prevention Centre) покажува дека

57 земји во светот имаат донесено стратегии за превенција на криминал, иако во одредени држави

превенцијата се разработува како дел од пошироки стратегии за јавна безбедност (Аргентина,

Чиле, Перу и во други држави во Латинска Америка), стратегии за контрола на криминалот или за

безбедност во заедницата.

Кратката анализа за превентивните политики на европските држави покажува дека

поголемиот број држави (16) имаат формирано/воспоставено Централно тело за превенција на

криминалот надлежно за донесување и имплементиирање превентивни политики и програми.

Од европските држави кои се вклучени во истражувањето (22 држави), 12 држави имаат донесено

сеопфатни национални стратегии за превенцијана криминалитетот.

Page 17: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

1. АВСТРИЈА

2. БЕЛГИЈА (Plan national de securite (2008-2011)

3. БОСНА

4. ХРВАТСКА

5. ЧЕШКА, Crime Prevention strategy (2008-2011)

6. ДАНСКА,

7. ЕСТОНИЈА, National strategy & Action plan for reduction of juvenile delinquency

8. ФИНСКА, International Security Programme

9. ФРАНЦИЈА, National strategy

10. ГЕРМАНИЈА, German Forum for Crime Prevention,

11. УНГАРИЈА, National strategy for social prevention of crime

12. МАКЕДОНИЈА

13. ХОЛАНДИЈА, Safety begins with prevention, 2008

14. НОРВЕШКА, National strategy

15. ПОЛСКА, National strategy

16. ПОРТУГАЛИЈА

17. ШКОТСКА

18. СРБИЈА

19. СЛОВЕНИЈА, National strategy

20. ШПАНИЈА, violence in school

21. ШВЕДСКА, National strategy

22. ШВАЈЦАРИЈА, - Swiss Crime Prevention,

23. АНГЛИЈА – National community safety plan (2008-2011)

Од државите во регионот, само Република Словенија има донесено сеопфатна Стратегија, додека

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска имаат донесено национални стратегии кои

се однесуваат на превенција на малолетничкото престапништво.

СРБИЈА

Национална стратегија за превенција и заштита на децата од насилство

Појдовна рамка за Национална стратегија за превенција на криминалот

Појдовната рамка е донесена од страна на Министерството за внатрешни работи на

Република Србија во 2009 година, кое со цел да се донесе Национална стратегија за превенција на

Page 18: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

криминалитетот, упатува иницијатива до Владата за основање Национален совет за превенција кој

ќе биде надлежен за имплементација на стратегијата

БОСНА

Државна стратегија за борба против насилството врз децата (2007-2010)

Стратегија против малолетничкото престапништво (2006-2010)

ХРВАТСКА

Национална стратегија за превенција на пореметувањата во однесувањето на децата и

младите (2009-2012)

МАКЕДОНИЈА

Национална стратегија за превенција на малолетничкото престапништво (2010-2020)

3.2. ОСНОВИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕВЕНТИВНА СТРАТЕГИЈА

Превенцијата мора да произлезе од резултатите на научните истражувања што бара

институционализација на превенцијата како и партнерство со соодветни институции. За примена

на превентивните програми треба да се ангажираат стручни кадри, професионални институции и

експерти. Превентивниот модел мора да се заснива на етиолошката страна на криминалитетот.

Исто така, криминалитетот треба да се гледа не само како правен поим, туку и како општествен

проблем со цел да се вклучат експерти од други области (психолози, социолози, педагози, лекари).

Значи, превенцијата на криминалитетот се базира на неколку ОСНОВНИ НАУЧНИ

ПРЕТПОСТАВКИ:

1. Повеќедимензионално изучување на појавните облици на криминалитетот, вклучувајќи

ги и оние облици чии феноменолошки карактеристики не се манифестираат или се

манифестираат со подолги временски оддалечувања, односно кои се прикриени со други

облици (темна бројка),

2. Научно-истражувачки пристап за утврдување на причините на криминалитетот,

3. Согледување и утврдување на психо-социјалните карактеристики на секој сторител на

кривични дела.

Покрај тоа, УСЛОВИ за добра превентивна политика се:

организирано и систематско дејствување,

институционализација и

стручност.

Page 19: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

ВАЖНО: За изградба на добра превентивна политика нужно е да се познава феноменологијата

и етиологијата на криминалитетот. Превентивните програми треба да ги опфатат областите и

спрема поединецот и спрема криминалната и социјалната средина.

Социјалната превенција за да биде успешна мора да се заснова на општествената стратегија за

спротивставување на криминалитетот која вклучува институционална и кадровска база, но и

економски, правни и други претпоставки кои мора да се имаат предвид при остварување на

целите. Исто така, треба да се имаат предвид и општите услови кои влијаат врз криминалитетот

(политичките, економските прилики, религијата, традицијата, моралот во едно општество).

3.3. ПЛАНИРАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА СТРАТЕГИЈА

На VI конгрес на ОН за превенција на криминалитетот е укажано дека не постои единствен

пристап во превентивно планирање на криминалитетот. Планирањето на превенцијата треба да се

насочи кон оние активности кои се казниви со позитивните законски прописи (кривични дела и

прекршоци), но и кон однесувањата кои не се казниви, но претставуваат причина за појава на

криминалитетот (криминогени фактори).

Планирањето треба да биде на ниво на работни организации, на ниво на локална заедница,

градски региони, градови и да ги опфати разните области на социјалниот живот.

Тоа може да биде централизирано и регионално планирање и треба да биде одраз на реалната

состојба во општеството. Негова основна цел е да се зачува интегритетот на што поголем број

субјекти во нивно единствено и систематско дејствување.

Значи, планирањето треба да се заснова на:

научна основа/научна анализа на етиолошките и феноменолошките карактеристики на

криминалитетот. Тоа е почетна основа.

сестрано познавање на поедините научни дисциплини кои се занимаваат со етиологијата и

феноменологијата на криминалитетот (социологија, психологија, криминологија,

криминалистика, криминална политика, кривично право, социјална патологија)

Можни области на планирањето се секторско и меѓусекторско планирање

Секторското планирање се однесува на подготвување и донесување програма за

превентивно постапување во поедини области од општествениот живот. На пример, во областа на

образованието, здравството, сообраќајот, судството.

Меѓусекторското планирање се однесува на меѓусебно поврзани и усогласени превентивни

програми на повеќе сектори во една општа програма. Таа има за цел во сите сектори да се

Page 20: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

преземаат одредени превентивни активности на локално ниво кои би се поврзале во единствен

систем на поголемо општествено ниво.

Секторското и меѓусекторското планирање треба да ги содржат следниве

компоненти:

јасно одредување на целите,

податоци за криминалитетот и другите девијантни појави,

видови на превентивни мерки

оценување на вредноста на преземените мерки во превенција на криминалитетот

Според просторот, планирањето може да се однесува на помало или поголемо подрачје,

централизирани било на локално или на регионално ниво.

Според временското траење, планирањето може да биде краткорочно (1-2 години),

среднорочно (3-5 години) и долгорочно (5-10 години).

3.4. НЕГАТИВНИ СТРАНИ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРЕВЕНЦИЈА

Употребата на постделиктните репресивни мерки се јавуваат како законска обврска и

доминантен концепт на криминалната политика. Иако превенцијата, паралелно со репресијата, е

позначајна од неа како поцелисходна и похумана, не наоѓа адекватна потврда во практичната

реализација. Превенцијата егзистирала и понатаму егзистира како криминално-политички идеал.

Исто така, резултатите од превентивното дејствување не се видливи, атрактивни, па и

афирмативни како кај репресивните средства и затоа тешко се вреднуваат. Обично за единствено

мерило за работата на криминалистичките органи се гледаат резултатите од репресивното

дејствување. Како негативна страна на политиката на превенција се гледа и недостатокот на

научни истражувања врз основа на чии резултати таа се гради. Не постои ни ефикасна превенција

на повратништвото за што сведочат голем број повторници.

Оспособувањето на експертите во областа на превенцијата е сложено и бара повеќе напори и

средства од стручното оспособување за преземање репресивни средства и акции.

Page 21: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

4. TИПОЛОГИЈА НA ПРЕВЕНЦИЈА

Превентивните програми и стратегии можат да се класифицираат на различни начини што,

првенствено, зависи од критериумот врз основа на кој се класифицираат. Тие поделби сакаат да ги

прикажат разликите меѓу различните пристапи кон превенцијата на криминал, која ги рефлектира

разликите меѓу формите на интервенција, техниките, развојните фази (проактивна или реактивна)

или страните (жртвата или сторителот).

Според целта кон која е насочена, превенцијата може да биде насочена кон измена на

кривичното законодавство, кон ситуацијата, кон извршителите, кон жртвите и кон сведокот.

Според тоа кои субјекти може да бидат носители на превентивните мерки, превенцијата може

да биде преземена од страна на законодавците, надлежните држави органи, посебно формирани

органи за превенција, пошироката јавност, семејството, локалната заедница.

Според природата на криминалитетот, превенцијата може да биде насочена против кражби,

против насилство, силување, нелегална трговија, организиран криминал итн.

Исто така, превентивните мерки можат да бидат насочени кон:

страните на делото (сторителот, жртвата)

ситуационите фактори (контрола на ситуацијата)

техничките средства (аларми, огради)

надгледување на ризичните области

промена на социјалното опкружување кое причинува криминал

промена на субјективните криминогени карактеристики на потенцијалните сторители

Националниот институт за превенција на криминалитетот во САД прави разлика меѓу

директна контрола за превенција на криминалитетот која ги адресира можностите за криминал и

индиректна контрола која треба да го покрие останатото.

Во спротивно, Jonson прави разлика меѓу корективна превенција која ги адресира причините

на криминалот и пунитивна превенција која сака да одврати преку силата на казнено-правниот

систем.

Една од општите поделби е на ситуациона превенција на криминал и социјална

(општествена) превенција на криминал.

Според South (1987) ситуационата превенција на криминал се фокусира на управување,

дизајн и манипулација на изградената физичка средина со цел да се редуцира можноста да се

изврши кривичното дело и да се зголеми ризикот на откривање на сторителите. Таа бара да ја

промени структурата на криминалните можности кои се лоцирани во физичката средина, најчесто

Page 22: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

со безбедносни мерки кои се потпираат во голем степен на технологијата или преку мерки кои ги

зголемуваат трошоците на криминал и ги намалуваат придобивките.

Спротивно, социјалната превенција на криминалот бара да се променат криминалните

мотивации кои лежат во луѓето (наместо во физичката средина). Значи, социјалната превенција се

однесува на сите програми кои влијаат врз промена на однесувањето, вредностите и

самодисциплината преку социјални мерки (здравствен третман, едукација, семејна политика,

вработување). Нејзина цел е да утврди кои социјални механизми влијаат врз појава на

криминалното однесување, бидејќи не секогаш ситуациониот пристап успешно влијае врз

намалување на криминалитетот во една заедница. На пример, доколку со мерки на ситуациона

превенција се намали стапката на криминалитет во едно градско подрачје, тој може да се

„премести на друг простор„.

Различни автори, различно ја дефинираат социјалната превенција.

Tonry&Farrington преферираат да ја поделат социјалната превенција во развојна превенција

на криминалот која сака да го превенира развојот на криминалниот потенцијал во рамките на

индивидуите и во превенција на криминалот во заедницата која бара да ги промени социјалните

(општествените) услови во локалните заедници.

Од друга страна, Harris (1992) под тој термин подразбира колективни средства на превенција

на криминал за да ги разграничи од индивидуалните и како такви социјалните пристапи можат да

се фокусираат како на мотивациите, така и на можностите.

Според Van Dijk, терминот социјална превенција се однесува на пристапите кои зависат не од

активностите на казненоправниот систем, туку од активностите на генералната јавност или на

другите јавни установи.

На меѓународен план, особен придонес за операционализација на идеите на социјалната

превенција имаат конгресите на ОН за третман на престапниците и превенција на криминалитетот

(особено VI конгрес кој се одржал во Каракас со предлози и заклучоци за преземање разни

социјални мерки за намалување на причините на криминалот и другите негативни појави).

ВАЖНО: Социјалната превенција има за цел создавање соодветни услови за живот кои ќе

можат значајно да допринесат во намалување и елиминирање на поединечните криминогени

фактори. Нејзините мерки се составен дел од општествениот процес и како такви се вткаени во

развојната структура на општеството на социјален, економски и културен план.

Од социјалната превенција не може да се очекува веднаш да даде позитивни резултати во

спречување на криминалитетот. Подобрувањето на општествените процеси и условите за живот,

по правило течат бавно врз кои влијаат нови причини на криминалитетот кои, од друга страна, ги

отежнуваат позитивните промени. Значи, социјалната превенција произлегува (е меѓуусловена) од

Page 23: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

општествените процеси, но и повратно влијае врз нив, бидејќи нејзината основна програмска

ориентација се заснива на отстранување на причините на криминалитетот кои се присутни речиси

во сите области на општеството.

Таа може да биде општа, посебна и индивидуална.

Општата социјална превенција претставува систем на превентивни програми, методи, мерки

и активности на општествените и државните субјекти во спречување на криминалитетот односно

во отстранување на социолошките, социо-културните, социјално-еономските, социјално-

психолошките фактори кои посредно или непосредно влијаат врз неговата појава.

Посебната социјална превенција се состои во спречување на криминалитетот со

отстранување на поединечните криминогени фактори кои влијаат во потесната општествена

(социјална) средина или се однесуваат на одредена група поединци кои се склони кон вршење

кривични дела. Секоја локална заедница има свои традиционални, историски, културни,

економски, особености, од кои произлегуваат поединечни помалку или повеќе изразени причини

на криминалитетот. На пример, не е сеедно дали поедини локални подрачја биле зафатени со

воени операции, дали станува збор за туристички локалитети, или области каде што се сместуваат

бегалци во кои миграциониот фактор може да има криминогено значење. Мерките на посебната

социјална превенција треба да се насочат кон специфичностите кои создаваат можни жаришта на

криминалитет. Поедини општествени заедници (потесни или пошироки) се во тесна врска со

поединечните облици на криминалитет, но од друга страна и карактеристиките на криминалитетот

се тесно поврзани со специфичностите на поедини средини. На пример, има разлики во појавните

облици и во причините на криминалитетот меѓу селски и градски подрачја.

Индивидуалната социјална превенција се однесува на мерки насочени кон конкретни

криминогени влијанија спрема конкретни, поединечно определени лица. На овој план, значајна

улога има полицијата во откривање на лицата кои се наоѓаат во состојба на ризик, како и органите

за социјална работа, здравствените служби, образовните и воспитни установи и други

хуманитарни организации кои се занимаваат со пружање и обезбедување помош на жени и деца.

4.1. ТИПОЛОГИЈА НА ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ СПОРЕД

BRANTINGHAM & FAUST, 1976

Според областа на дејствување, превенцијата може да се подели на: примарна, секундарна и

терцијарна (според Brantingham & Faust) (1976).

Page 24: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Примарна превенција е насочена кон генералната јавност односно средина, секундарната кон

оние кои се „во ризик„ да сторат кривично дело или да станат жртва и терцијарната превенција

кон оние кои веќе сториле кривично дело или се жртви на кривични дела. Примарната превенција

сака да ги елиминира криминогените услови во општеството, затоа е вистински проактивна,

секундарната е насочена кон идентификација и третман на оние поединци или групи коишто се

наоѓаат во состојба на ризик, додека терцијарната превенција претставува корективна

интервенција во животите на сторителот од страна на казненоправнот систем, којашто мора да се

потрпе на личноста на делинквентот, бидејќи во спротивно нема резултати.

Терцијарната превенција, според превентивното влијание на казната, од друга страна се дели на

специјална и генерална превенција. Нивна цел, покрај остварување на правдата, е да го спречат

сторителот да врши кривични дела (и негово превоспитување) и воспитно да влијаат врз другите

да не вршат кривични дела (член 32 од Кривичниот Закон на Република Македонија, Службен

Весник на Република Македонија бр. 19/2004). Тоа, во странската литература е препознатливо

како застрашувачки ефект (deterrence) на казнувањето (индивидуално и генерално) и

рехабилитација (ресоцијализација).

Состојбата на ризик е таква состојба која може да ескалира во состојба на судир со законот.

ВАЖНО: Одредбите на ЗМП таксативно ги дефинираат состојбите на ризик кои малолетникот

можат да го доведат во судир со законот:

Извршување на кривични дела и прекршоци од страна на малолетник кој наполнил 7, а

не наполнил 14 години

Извршување на кривично дело или прекршок од страна на помлад или постар

малолетник, а за кое е предвидена парична казна или казна затвор до 3 години

Уживање на алкохол, дроги и психотропни супстанции

Постоење на пречки во развојот на малолетникот

Постоење на насилство

Воспитна и социјална запуштеност

Исклученост од воспитно-образовниот процес

Недоволно воспитно функционирање на семејството

Питачење, скитање, проституција

Page 25: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

4.2. ДВОДИМЕНЗИОНАЛНА ТИПОЛОГИЈА НА ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

СПОРЕД JAN VAN DIJK & JEEP DE WAARD, 1991

Jan van Dijk & Jeep de Waard, 1991, преземајќи ја типологијата на Brantingham & Faust (1976),

предлагаат дводимензионална типологија на превенција на криминалитетот, насочена кон

сторителот, жртвата и кон заедницата.

табела

Примарна секундарна терцијарна

Насочена кон

сторителот

Насочена кон

жртвата

Насочена кон

ситуацијата

Превенција насочена кон сторителот

Примарна превенција насочена кон сторителот

Превентивните програми се насочени кон сите граѓани како потенцијални сторители. Примери:

мерки за засилување на социјализацијата во семејството и во образовниот процес, кампањи за

превенција на семејно насилство, злоупотреба на дрога и слично.

Секундарна превенција насочена кон сторителот

Превентивните програми се насочени кон рана идентификација и превенција на развојот на

криминалното однесување кај поединците и групите кои се во ризик преку едукација,

вработување, мерки на помош и заштита.

Терцијарна превенција насочена кон сторителот

Превентивните програми се насочени кон превенција на рецидивизмот кај лицата кои се веќе

сторители на кривични дела. Програмите можат да се применуваат за време на издржување на

казните (на пример, посебни третмани во казнените установи за остварување на специјална

превенција, засилен надзор од центрите за социјална работа), како и по издржувањето на казните

(постпенален третман)

Превенција насочена кон жртвата

Page 26: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Примарна превенција насочена кон жртвата

Превентивните програми се насочени кон генералната јавност за нејзино запознавање и едукација

за ризиците од виктимизација и начините за нивно избегнување.

Секундарна превенција насочена кон жртвата

Превентивните програми се насочени кон ранливи категории, кај кои постои поголема веројатност

да станат жртви (деца, постари лица, таксисти, високи функционери). Мерките се насочени кон

нивна заштита/самозаштита и едукација (на пример, обуки за самозаштита, приватно

обезбедување).

Терцијарна превенција насочена кон жртвата

Програми насочени кон лица кои се веќе жртви на кривични дела и се однесуваат на надомест на

претрпената штета (компензација), како и помош и заштита за надминување на стресот и

претрпениот страв (центри за помош на жртви од семејно или сексуално насилство).

Превенција насочена кон ситуацијата (ситуациона превенција)

Примарна ситуациона превенција

Превентивните програми се насочени кон отежнување за извршувањето на делото и кон

зголемување на чувството на безбедност кај граѓаните (на пример, мерки на дизајн на средината,

употреба на сигурносни камери, аларми, осветлување, контрола на пристап (заклучување, карти за

идентификација)).

Секундарна ситуациона превенција

Превентивните програми се насочени кон намалување на одредени проблеми во подрачја за кои

се смета дека постои поголем ризик од случување кривични дела (high crime areas, на пример,

училишта, трговски центри). Мерките можат да бидат насочени кон ограничување на пристапот за

влез, приватно обезедување, програми за надгледување (neighborhood watch).

Терцијарна ситуациона превенција

Превентивните мерки се насочени кон т.н. жешки места на криминалот (hot-spot places) кај кои

стапката на случување кривични дела е голема (на пример, казина, јавни куќи, обложувалници,

места каде се тргува со дрога, оружје). Тие места можат да се идентификуваат со помош на

детална анализа на компјутеризирани системи на податоци на полицијата (crime mapping). Оттука,

мерките се преземаат најчесто од страна на полицијата.

Page 27: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

5. МЕРКИ НА ПРЕВЕНЦИЈА

Во поширока смисла, во мерки на превенција спаѓаат постапки и активности на државните и

општествените органи насочени кон спречување на негативните општествени појави и на нивните

штетни последици. Мерките на превенција можат да бидат: економски, воспитно-образовни,

социјално-заштитни, социјално-воспитни, здравствени, правни, управно-административни,

дисциплински, криминално-политички и др.

Мерките на превенција во правна смисла имаат за цел да го спречат нарушувањето на

правните норми, зацврстување на законитоста, законската и морална одговорност на поединците

со што помалку употреба на принуда и казни.

5.1. КРИВИЧНО-ПРАВНИ МЕРКИ НА ПРЕВЕНЦИЈА

Кривичноправни мерки на превенција се однесуваат на кривичните санкции, преку нивното

изрекување и извршување. Превентивните ефекти се гледаат во специјалната (индивидуалната) и

генералната превенција.

Кога е во прашање сторителот, сосема е извесно дека превентивните ефекти на казната мораат

да се базираат на индивидуализација и на преземање одредени мерки за негова поуспешна

ресоцијализација и рехабилитација. Станува збор за примена на разни медицински, психолошки и

педагошки мерки и постапки чија цел е да се намали веројатноста тоа лице повторно да изврши

кривично дело. Принципот на индивидуална превенција значи примена на индивидуален третман

спрема осуденото лице во согласност со неговите лични карактеристики. Целта не е негова

изолација од општеството, туку создавање услови за успешна реинтеграција во заедницата во која

живее по извршување на казната.

Но, критиките за нивната неефикасност во однос на нивното превентивно влијание врз

стапката на рецидивизмот повторно предизвика размислувања за тоа кој одговор на

делинквентното однесување може да го намали идното повторништво, особено кога станува збор

за полесните кривични дела. Токму, за ефектот на самата казна врз рецидивизмот се направени

истражувања, чии резултати покажуваат дека казната има ограничено одвраќачко влијание врз

сторителот. односно заеднички заклучок е дека „застрашувањето не работи„. Оттука, ако се

согласиме дека индивидуалното застрашување (како превентивна мерка) е проблематична идеја,

тогаш се чини дека уште попроблематично и неостварливо е генерално-превентивното дејство на

казната. Затоа, кога говориме за превентивното дејство на казната, се мисли на специјалната

превенција како ресоцијализација којашто може да се оствари, не преку застрашување (deterrence)

Page 28: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

туку преку рехабилитација (третмани коишто се применуваат во текот на извршувањето на

казните).

Меѓутоа, и тука го поставуваме прашањето, дали казните во нашиот казнен систем (конкретно,

казната затвор) можат да го ресоцијализираат осуденото лице, односно да делуваат превентивно?

Истражувањата за ефикасноста на казната затвор и го негира нејзиното декларативно превентивно

дејство. Најсилен аргумент е самата противречност помеѓу суштината и целта на казната. Не може

да се превоспита човек, изолиран од надворешниот свет во друштво со лица кои еднаш или повеќе

пати се судриле со законот. Осуденото лице, под институционален третман учи како правилно да

живее во општеството, слушајќи предавања за основните морални вредности, за животот на

слобода, како да ги почитува другите луѓе. Тоа искуство не може да се научи во затвор, бидејќи

институционалниот третман од осудениците примарно бара да се прилагодат на животот внатре во

казнениот завод. Примерот на некои земји во кои се вршени разни криминолошки истражувања во

казнените заводи покажува дека дури и примената на т.н. рехабилитационен третман спрема

осудените лица не дава подобри резултати од оние што ги давале класичните казнено-поправни

установи односно дека во затворите не може да се оствари успешна ресоцијализација и специјална

превенција на осудените лица.

Во прилог на претходното е неефикасноста на постпеналниот третман. Поранешните осудени

лица многу тешко се прилагодуваат на животот на слобода, бидејќи социјалната средина обично

има дискриминаторски однос не само спрема осуденото лице, туку и спрема неговата блиска

околина. Извршувањето на казната оставата печат на срам што, во голема мера, ја отежнува

рехабилитационата програма и нејзината цел и осудените лица имаат помали шанси за

вработување.

Релевантен доказ за неуспешноста на ресоцијализацијата е токму повратот, дефиниран во

пенолошка смисла како повторно извршување кривично дело, по издржување на казната за

претходното, што укажува на фактот дека казната затвор не ги одвраќа луѓето од криминал.

Од друга страна, во последните декади на минатиот век, паралелно со зголемената примена на

казната затвор се појави аболиционистичкото движење кое се залага за намалување на примената

на затворските казни и нивна замена со незатворски казни познати под името „алтернативни мерки

(пробација, општокорисна работа, куќен затвор, електронско набљудување). Нивна цел е

избегнување на негативните ефекти на казната затвор и воспоставување рамнотежа меѓу

заштитата на општеството, репарација на предизвиканата штета и потребата на сторителот од

социјална реадаптација. Меѓутоа, истражувањата за превентивното дејство на алтернативните

мерки кои се извршуваат во заедницата покажува дека и тие имаат мало влијание врз

рецидивизмот, а со тоа не влијаат врз намалувањето на криминалитетот, не ја намалуваат

Page 29: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

затворската популација, па дури имаат и стигматизирачки ефект и можат да предизвикаат

поголема опасност за заедницата.

Врз основа на претходното можеме да забележиме дека, кривичните санкции (казните и

алтернативните мерки), коишто се изрекуваат во формална судска постапка (со сите нејзини

негативни влијанија) имаат помало превентивно влијание кога станува збор за првопрестапници,

сторители на полесни кривични дела (и особено за малолетни престапници). Само кога

алтернативните мерки значат рана интервенција, одбегнување на системот и активно вклучување

на заедницата може да се очекува зголемена и подобрена специјална превенција.

Тоа предизвика нови реформи во системот на кривична правда, со воведување на

ресторативните мерки. Нивни значајни карактеристики, битно различни од алтернативните

мерки кои се остваруваат во заедницата, се: заедничкото решавање на спорот надвор од

казненоправниот систем со непосредно вклучување на сторителот, жртвата и заедницата. Токму

„свртувањето„ на постапката (одбегнување на формалните судски постапки) е дел и една од

значајните реформи на кривичната правда, а значајна реформа и највисок дострел се

ресторативните мерки кои се применуваат спрема полесни кривични дела. Тие се дел од

превентивните мерки во рамките на терцијарната превенција кои поефикасно ја остваруваат

специјалната превенција во споредба со традиционалните казни, што значи дека нивното

воведување претставува добра превентивна политика.

5.2. МЕРКИ НА СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА

Мерките на социјална превенција произлегуваат од теоријата на социјална контрола. Целта на

овие превентивни мерки е да влијаат врз социјалните фактори кои предизвикуваат појава на

криминалитет, како поединечна и како масовна појава.

Социјални мерки на превенција се однесуваат на подобрување на материјалните и

културните услови за живот, развивање на социјалното законодавство, основање социјални

служби за превенција, подобрување на семејниот живот, оспособување на училиштата за стручна

работа на поедини кадри (психолози, педагози, социјални работници кои би се вклучиле во

наставно-образовниот процес), основање специјализирани установи за помош на стари лица, на

бегалци и на други ранливи категории лица кои се наоѓаат во состојба на ризик.

Непосредни превентивни програми имаат за цел да предизвикаат позитивни психосоцијални

промени кај поединците кои се склони кон криминално однесување, како и позитивно влијание

врз надворешните криминогени услови кои ги поттикнуваат.

Page 30: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Законот за социјална заштита на Република Македонија предвидува преземање на

мерки и активности на социјална превенција со кои се спречува настанување на социјални ризици,

се врши рано откривање и ран третман на граѓанинот изложен на социјален ризик, со цел

надминување или ублажување на штетните последици од изложеноста на социјален ризик.

Под социјален ризик се подразбира: ризици по здравјето (болест, повреда и

инвалидност), ризици на стареење (старост и преживување), ризици на мајчинство и семејство,

ризици од невработеност и професионална неадаптираност и ризици од неадаптираност кон

социјалната средина.

Превентивната работа опфаќа едукативно-советувалишна работа, развивање на формите на

самопомош, волонтерска работа со лично ангажирање и примена на други методи кои

соодветствуваат на потребите на корисниците на социјалната заштита. Исто така, Законот за

социјална заштита предвидува дека превентивната работа се остварува во Центрите за социјална

работа во соработка со општините, предучилишните, училишните, здравствените установи и

другите државни тела, правни и физички лица и здруженија на граѓани.

Меѓутоа, покрај мерките за социјалната заштита на граѓаните, грижата на државата за

спречување на настанување на социјален ризик се остварува и преку преземање на мерки во

даночната политика, вработувањето, политиката за стипендирањето, домувањето, заштита на

семејството, здравството, воспитанието и образованието и во други подрачја за подобрување на

животните услови на граѓаните.

5.3. ПОЛИЦИСКИ МЕРКИ НА ПРЕВЕНЦИЈА

Превентивните активности на полицијата треба и мора да бидат насочени кон:

идентификување и отстранување на причините и факторите кои генерираат асоцијално или

делинквентно однесување;

отстранување на поволните услови кои придонесуваат да се случуваат кривични дела;

зајакнување на откривачката дејност на полицијата и соодветниот третман на сторителите

на кривични дела, со активно вклучување на сите надлежни субјекти во фазата на

полициска постапка;

планирање на активности што ќе бидат во функција на спречување на сторителите да

сторуваат казниви дела (на пример, навремената рана интервенција);

Page 31: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

следење на состојбата со присуство на полициски службеници на терен, и тоа според

утврдено место и време определени како критични и поволни за сторување на казниви

дела;

подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, едукација на потенцијалните жртви

како да се заштитат себе си и сопствениот имот,

поттикнување на соработка со другите надлежни служби и институции, организирање

состаноци со релевантни институции, организации и НВО-и,

упатување на лицата во ризик до соодветните служби за помош,

Развивање на концептот на community policing - спроведување на законот преку

интегрирано постапување со локалната заедница, со цел да се намали криминалот и да се

изградат односи со заедницата.

Превентивното работење на полицијата бара, пред сè, стручност, целосна посветеност и добра

подготовка преку планирање на активностите. Генерално, позитивниот однос ќе се изгради ако

полицијата постапува на почетокот на појавата на проблемот, а не откако истиот ќе предизвика

последици. При планирањето на превентивните мерки и активности, истите не треба да бидат

насочени кон краткорочни акции, туку да бидат ориентирани кон преземање на мерки и

активности со кои ќе се постигнат долгорочни ефекти и кои ќе бидат насочени, пред сè, кон

утврдување на причините кои ја предизвикуваат појавата. На пример, ако се зачестени тепачките и

физичките напади во раните утрински часови меѓу малолетници под дејство на алкохол, не е

доволно само ако се преземаат мерки насочени кон малолетниците и ако се доставуваат извештаи

до Центарот за социјални работи. Напротив, вистинската превенција значи утврдување на

причините зошто во раните утрински часови малолетниците се надвор од своите домови, зошто и

дали кафулињата и локалите работат подолго од дозволеното работно време и дали во

угостителските објекти се точи алкохол на малолетници.

Според Законот за полиција (Службен Весник на РМ бр. 114/2006), полициски мерки на

превенција се дел од полициските работи (член 5) што се однесуваат на:

спречување на вршење кривични дела и прекршоци,

откривање и фаќање на нивните сторители,

одржување на јавниот ред и мир,

регулирање и контрола на сообраќајот на патиштата,

контрола на движење и престој на странци,

обезбедување на државната граница и контрола на преминување,

укажување помош и заштита на граѓаните во случај на неопходна потреба и

обезбедување на определени личности и објекти,

Page 32: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

како и дел од полициските овластувања (член 28):

проверка и утврдување на идентитетот на лица и предмети,

собирање на информации,

потрага по лица и предмети,

пренасочување, насочување или ограничување на движењето на лица и превозни

средства на определен простор за нужно потребно време,

предупредување и наредување,

привремено одземање на предмети,

преглед или претрес на определени објекти и простории на државни органи,

институции што вршат јавни овластувања и други правни лица и увид во определена

нивна документација,

сопирање, преглед или претрес на лица, багаж и превозни средства,

обезбедување и преглед на местото на настанот,

примање на пријави,

снимање на јавни места,

собирање, обработка, анализирање, користење, оценување, пренесување, чување и

бришење на податоци,

и обработка на лични податоци под услови и на начин утврдени со закон.

Page 33: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

6. „ДАЛИ И ШТО РАБОТИ„ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

6.1. РАЗВОЈ НА Т.Н. КУЛТУРА НА ЕВАЛУАЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ПРЕВЕНЦИЈА НА

КРИМИНАЛИТЕТОТ

За развој и промовирање на стандардизирани методологии и добри практики во превенција на

криминалитетот во државите значаен е Бекарија проектот „Квалитетен менаџмент во превенција

на криминалитетот„ поддржан од програмата АГИС на Европската Унија и имплементиран во

2004 и 2005 година од страна на 5 држави (Данска, Белгија, Франција, Чешка и Естонија).

Негови цели се побрување на практичната работа во превенција на криминалот и развој на

механизми за управување и евалуација на проекти. Станува збор за промовирање на превенција

базирана на знаење и на докази (evidence-based & knowledge based prevention), што значи

превентивните стратегии и интервенции да се базираат на добиени податоци од спроведени

истражувања и евалуации. Тоа е потребно поради одговор на следниве прашања:

Дали одредена превентивна програма има ефект?

Какви промени предизвикува еден превентивен ефект?

Како може да се мери квалитетот на превентивниот ефект?

И покрај тоа што постојат и се промовираат повеќе методолошки постапки и техники за дизајн

и имплементирање на превентивни стратегии и проекти, Бекарија проектот успеа да ги собере,

односно да ги обедини експертите кои работат на полето на превенцијата и, истовремено да

понуди можни решенија и можна рамка за воспоставување добри превентивни практики. Дел од

нив се предлозите на Ekblom (рамка на 5-и), на Ronald Clark (7-те принципи за квалитетна

превенција), како и донесеното Упатство за преземање 7 чекори за успешен проект за превенција

на криминалитетот.

А) Beccaria стандарди за квалитетна превенција на криминалитетот

За квалитет во превенција на криминалитетот, во рамките на проектот е донесено Упатство за

преземање 7 чекори за успешен проект за превенција на криминалитетот:

определување и опис на темата,

идентификување на причини,

специфицирање на цели,

развој на можни решенија,

конструирање и имплементирање план,

разгледување на резултатите и документирање и

заклучоци.

Page 34: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

б) 5 „I„ рамка за квалитетна превенција според Poul Ekblom

Poul Ekblom, при дизајнот на соодветна превентивна програма односно проект предлага одговор

на пет основни прашања, коишто се исто така поврзани со преземање на следниве чекори:

1. Интелигенција: собирање и анализирање на податоци и информации за проблемите на

криминалот, неговите причини и последици

2. Интервенција: насочена кон прекинување или ослабување/намалување на причините и

ризичните фактори

3. Имплементација: примена на конретни, практични методи

4. Инволвирање: мобилизирање и вклучување други агенции/компании во заедницата

5. Импакт: евалуација на импактот/ефектот/резултатот од преземената активност

Наведената рамка вклучува одговор на следниве прашања:

1. Да знаеш за проблемот што е предмет на истражување,

2. Да знаеш што работи (што е ефикасно) во превенција на криминалот,

3. Да знаеш како да ги примениш превентивните мерки и програми,

4. Да знаеш кого да инволвираш во примена на превентивните мерки и програми,

5. Да знаеш каков е ефектот од преземените превентивни мерки.

6.2. ИСТРЖУВАЊАТА НА BARRY POУNER (1987/88) И НА SHERMAN LAWRENCE (1992)

Barry Poyner во 1987/88 година спровел истражување, во рамките на кое идентитфикувал 122

евалуациони студии, и превентивниот ефект/успех на вкупно 249 превентивните програми (кои ги

поделил во 7 категории) го рангирал во 4 скали:

добри докази за редукција на криминалот (над 2),

има некои докази за редукција на криминалот (1-2),

нема превентивен ефект (0-1) и

има докази за зголемување на криминалот (под 0).

Табела:

1) Кампањи и јавност (74)

Врата на врата кампањи на полицијата 1,78

Кампањи за користење сигурносни направи 0,71

2) Полициско работење и друго надгледување (68)

Page 35: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Обезбедување стамбени блокови 2,00

Зголемени полициски патроли 1,00

Граѓански патроли 1,00

3) Дизајнирање на околината (45)

Физичко подобрување на домот 0,75

Означени паркинг места 2,00

Осветлување 1,45

4) Социјални служби/услуги (27)

Советување 0,00

Рекреативни активности за младите 0,20

Формирање куќни совети 0,50

5) Безбедносни направи (26)

Аларми за провални кражби 0,50

Подобрено заклучување на врати и на прозори 1,25

Направа за заклучување на воланот 2,00

Заклучување на „изложени„ добра 2,00

6) Отстранување на целта или модификација (5)

Намалување на „готовина„ во каси 1,50

7) Друго (4)

Награда на деца за „некрадење„ во продавници 2,00

Јавно идентификување на најкрадени производи 2,00

Генерално, евалуацијата на Barry Poyner покажува дека најдобри ефекти имаат следниве

програми: обезбедување стамбени блокови, означени паркинг места, користење направа за

заклучување на воланот, наградување на децата за нивното позитивно поведение. Интересен

заклучок е што мерките во рамките на општествените и социјалните служби (советување и

социјална работа, едукативни проекти, организирање рекреативни активности за младите) не

покажуваат ефект во превенција на криминалот.

Истржувањето на Sherman Lawrence (1992)

Sherman своите резултати ги класифицирал во следниве категории: What works, what doesn’t work,

what promising, what unknown (што работи, што не работи, што ветува, непознато). Наведениот

Page 36: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

пристап и систем на класификација се користи за проверка на ефикасноста на превентивните

програми/иницијативи и е базирана на евиденце/истражување.

Во своето истражување, Sherman jа проучува врската/поврзаноста меѓу ефектите на

превентивните програми коишто се преземаат во 7-те области: заедница, семејство, пазар на

труд, места, полиција и казненоправен систем.

Неговата генерална анализа покажува дека ефикасноста на превенцијата на криминалот во секој од

7-те институционални области зависи од локалните услови во другите институции. Услов за

успешни превентивни практики во една област е соодветна поддршка за превентивните практики

во другите области. На пример, училиштата не можат да успеат без поддршка од семејствата,

семејствата не можат да успеат без поддршка од пазарот на труд, полицијата не може да успее без

учество на заедницата итн.

Page 37: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

7. ТЕОРИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТ

7.1. КЛАСИЧНА ТЕОРИЈА

Класичната теорија претставува темелна точка во третманот на криминалитетот и неговата

превенција. Нејзината појава може да се врзе за конкретна година (1764) и за името Чезаре

Бекарија.

Превентивниот пристап се состои во превентивното дејство на казните (генерална превенција),

односно промените во казненото законодавство кои треба да дејствуваат како мерки на

застрашување спрема потенцијалните сторители. Меѓутоа, промените не треба да се однесуваат на

непропорционално построги казни, бидејќи таквата концепција доведувала до ситуации

престапниците секогаш да се определуваат за потешки кривични дела без обзир на тежината на

казната. Во таква ситуација, престапниците секогаш биле во предност, бидејќи во тоа време не

постоеле посебени служби кои ефикасно би се бореле против нивните криминални активности.

Класичниот пристап, превенцијата како застрашување ја заснова на две претпоставки: прво,

на скалата на пропорционалност, според која за специфични кривични дела се пропишани

одредени казни и второ, на одредени методи кои би гарантирале дека застрашувањето ќе биде

успешно.

Иако овој концепт не бил успешен во практиката, сепак претставувал револуција во времето во

кое се појавил. Основната слабост која се препишува на оваа теорија е сфаќањето за лицето-

престапник. Тој, во класичната теорија се гледа како homo penalis, рационален поединец кој се

однесува во согласност со основните претпоставки на утилитаризмот. Тој е човек кој на

рационален начин ги поставува своите цели и бира рационални средства за остварување на тие

цели. Јасно го проценува односот меѓу добивката и ризикот кои постојат со евентуалното

извршување на кривичното дело. Меѓутоа, во стварноста сторителот најчесто е лице кое има

трајни дефицити во социјализацијата, пореметување на системот на вредности и недостаток на

изградба на морални норми. Според истражувањата, сторителите не само што не се рационални,

туку имаат низок IQ, и другите когнитивни (мисловни) процеси им се под просек. Затоа,

застрашувањето, како мерка на превенција, губи значење бидејќи сторителот не е во состојба да го

процени односот меѓу добивката и казната која следува доколку биде фатен, поради што стравот

изостанува како мерка на застрашување.

Друг сериозен проблем е и самиот поим на пропорционалност помеѓу извршеното дело и

казната која би се применила, бидејќи е тешко да се одреди. Во стварноста е тешко да се одреди и

Page 38: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

измери вкупната штета (и материјална и нематеријална) сторена со делото нити „болката„ што

треба да го погоди сторителот за извршеното дело.

Најголем проблем на оваа теорија е што криминалот на никој начин не се објаснува како

општествена појава. Нема одговор на прашањата како и зошто криминалот се појавува во

општеството и кои се неговите причини. Затоа, превентивната стратегија не се однесува на

отстранување на причините, туку на казнувањето, по сторување на делото.

7.2. НЕОКЛАСИЧНА ТЕОРИЈА

Поради слабостите и пропустите на класичната теорија се јавува нејзина ревизија од страна на

Џереми Бентам кој е познат по неговите идеи за либерализам и политички утилитаризам.

Бентам предлага конкретни мерки на превентивната политика. Според него, кај одредени

поединци хедонистичкиот нагон е многу поизразен од рацоналното во нив. Тој, исто така, верува

дека човекот е рационално битие, но доколку тоа недостасува тогаш треба да се преобрази. Значи

оваа теорија го истакнува принципот на ресоцијализација на сторителите, како дел од

превентивните активности во секое општество. Во денешната терминологија тој тип на

превентивно дејствување се квалификува како борба против рецидивизмот и спаѓа во мерките на

терцијарна превенција.

Идејата на Бентамовиот пристап е примена на многубројни мерки спрема сторителот со цел тој

да се преобрати од хедонистичко во рационално битие. Методите со кои тоа лице би се

преобратило се: религиозно учење и тешка физичка работа. Бентам е под влијание на

реформацијата како општествено и религиозно движење во тоа време според, кое тешката работа и

религиската етика, преставуваат срж врз основа на кои се дефинира однесувањето на поединците.

Акцентот се става на послушност, покорување и строга дисциплина во општеството во согласност

со општествените вредности.

Во суштина оваа теорија е револуционерна, бидејќи за прв пат, се јавува организиран напор

криминалитетот да се совлада како посебна и ретроградна општествена појава. Посебно се

истакнува појавата на затворите како институции во модерна смисла.

7.3. ТЕОРИЈА НА РУТИНСКИ АКТИВНОСТИ

Претставник на оваа теорија е Маркус Фелсон.

Под поимот рутински активности се подразбира специфичен начин на живот во модерните

градови кој е производ на севкупните општествени услови. Начинот на живот на поединците во

Page 39: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

модерното општество се гледа од аспект на општата либерализација која доведе до прерана

слобода на поединците. Тие кои се одликуваат со „повеќе слобода„ во движењето, однесувањето,

целите и слично стануваат актери на криминалните активности. Недостатокот на општествената

контрола на нивното однесување (поради дискунтинуитетот со традиционалните форми на живот),

како и рутинскиот живот на граѓаните во модерниот град доведе до појава на самиот

криминалитет.

Според оваа теорија, потребни се три елементи за да се оствари криминалната активност:

мотивиран престапник, погодна мета (жртва) и отсуство на способен чувар. Врз основа на

тие критериуми, престапникот е во состојба да ја зголеми својата мотивација доколку жртвата е

попогодна, а отсуството на чуварот очигледно. Не е нужно порастот на криминалитетот да биде

резултат на промена во мотивацијата на сторителот. Може да биде предизвикан само поради

манифестација на погодната мета и отсуството на способен чувар.

Теоријата на рутински активности ги зема во обзир ситуационите, психолошките и

социолошките варијабли.

Оттука, мерките кои ги нуди можат да се сведат на три основни димензии:

1. намалување на мотивацијата кај престапниците,

2. спроведување активности со кои целта станува помалку привлечна и

3. зголемување на способностите на чуварите да ја надгледуваат потенцијалната мета.

Овие три потенцијални моменти се наоѓаат во конвергентен однос т.е. дејствувањето на еден

во исто време добро влијае на останатите два и обратно. Најголем допринос кој го остварила

теоријата на рутински активности е фактот што криминалитетот мора да се набљудува на две

нивоа: прво, како директен производ на збирот на општествени услови и второ, како целосен

феномен (вклучувајќи ја жртвата и „чуварот„) што не е случај кај другите криминолошки теории.

7.4.ТЕОРИЈА НА РАЦИОНАЛЕН ИЗБОР

Преставници се Clarke & Cornish.

Централен поим на теоријата на рационален избор е рационалниот избор (се мисли на

когнитивни процеси со кои се одликува потенцијалниот престапник да донесе одлука за тоа дали

ќе манифестира или нема да манифестира криминално однесување). Централен поим во оваа

теорија од кој зависи самиот избор е поимот можност. Тоа значи дека престапникот во однос на

дадените можности, во тој момент, го дефинира својот избор за или против извршување на

делото.

Page 40: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Поимот можност опфаќа две страни: субјективна (се однесува на неговата личност и

мотивација) и објективна (се однесува на можностите за криминална активност кои постојат во

самата стварност). Според тоа, оваа теорија подразбира интеграција на психолошки и ситуационен

пристап, да воспостави врска помеѓу криминалитетот и криминалецот односно помеѓу ситуацијата

и диспозицијата (под „ситуација„ се подразбира објективни околности, а под „диспозиција„

карактеристики на личноста).

Врз основа на тие претпоставки, претставниците на таа теорија сметаат дека криминалната

активност треба да се набљудува од аспект на „примамливи можности„. Ако е можноста

примамлива доаѓа и до реализација. Според тоа, криминалецот е рационално битие и секој

поединец во општеството е потенцијален престапник. Можностите одредуваат дали таквиот

поединец ќе стане престапник или не.

Clarke & Cornish потврдуваат дека генерално, криминалитетот преставува намерен, а не

случаен облик на однесување кој има за цел да задоволи некоја потреба на престапникот (потреба

за пари, статус, возбуда, секс). Задоволувањето на тие потреби е врзано за одлука, а таа е предмет

на рационален избор.

Превентивните мерки кои ги нуди оваа теорија се оние мерки кои влијаат врз редукција на

можностите од кои зависи изборот на престапниците.

Се насочува на три аспекти кои ги редуцираат можностите:

1. зголемување на напорот да не се изврши кривичното дело,

2. зголемување на ризикот да биде фатен и

3. намалување на добивката поврзана со преземањето на кривичното дело.

Значи, успешноста на превентивните акции се врзуваат за можностите кои афирмативно

дејствуваат на престапникот да донесе одлука за ивршување кривично дело.

Критичарите на оваа теорија сметаат дека има две битни слабости:

првата, не може да го објасни проблемот на поместување на криминалитетот. Доколку

можностите се причина за криминално однесување, тоа значи дека намалувањето на можностите

на едно подрачје не би требало да предизвика, односно произведе пренесување на криминалитетот

на друго подрачје. Кога станува збор за криминалитетот се мисли на појава која е траен начин на

однесување на поединците кои криминално се однесуваат без разлика дали можностите ќе се

намалат или не.

Втората слабост е во тешкотијата емпириски да се докаже оваа теорија. Не постои соодветен

метод кој би овозможил клучните теоретски тези да се измерат и проверат. Невозможноста од

емпириска верификација претставува закана да се доведе во прашање нејзината прагматична

Page 41: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

вредност. Сепак, нејзиното значење е во укажувањето на рационалната природа на

криминалитетот

7.5. ТЕОРИИ НА СОЦИЈАЛНА КОНТРОЛА

Основата на овие теории е дека криминалитетот е производ на специфични социјални,

економски и културни услови кои влијаат врз неговата појава, развој и репродукција. Иако има

повеќе правци, нивна заедничка теориска поставка е дека криминалитетот како општествена

појава е условен од многубројни социјални услови кои влијаат врз развојот на поединецот така да

тој стане потенцијален престапник. Според тоа, овие теории се насочени кон престапникот и

неговото социјално опкружување, а не кон жртвата, ситуацијата и законодавството. На тој начин,

теориите на социјална контрола можат да одговорат на прашањата зошто поединецот почнува да

се однесува криминално, т.е. како во одредено општество одредени поединци стануваат

криминалци, а други не. Одговорот лежи во психо-социјалните фактори кои го насочуваат

поединецот кон криминално оденесување, а не зависи од ситуацијата. Сторителот свесно или

несвесно одлучува дали ќе стори или нема да стори одредено дело и со тоа тој сам ја конструира

криминалната ситуација.

Најчести фактори се факторите на ризик како: семејни проблеми, злоупотреба на деца,

сиромаштија, невработеност, недостаток на образование, отсуство на социјална поддршка,

отсуство на социјализација и слично. Оттука, за успешна превенција, потребно е да се дејствува

кон општествени промени во структурална смисла.

7.5.1.ТЕОРИЈА НА СОЦИЈАЛНА ДЕЗОРГАНИЗАЦИЈА

Корените на оваа теорија лежат во Чикашката школа која, врз основа на истражувањето за

стапката на криминалитетот во Чикаго, дошла до заклучок дека криминалитетот се развива во

одредени градски подрачја, но причина за негова појава не е средината сама по себе, туку

социјалните услови како производ на таа средина. Општествениот живот на тие подрачја се

одликува првенствено со невработеност и сиромаштија. Тие фактори влијаат врз распаѓање на

семејствата и на локалната заедница како дел од облиците на неформална контрола. Тоа

претставува социјална дезорганизација што влијае врз појавата и репродукцијата на криминалот.

Социјалната дезорганизација треба да се толкува како дезорганизација на поедини друштвени

механизми како што се семејна и локална заедница. Врз основа на тоа, таа е производ на

економските структури на општеството и неговата културна ориентација. Превентивната

Page 42: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

стратегија е едноставна и во исто време општа и неостварлива. Имено, доколку општеството е

дезорганизирано, потребно е да се организира. Бидејќи правентивната стратегија никогаш не

претставува средство за структурални општествени промени, јасно е дека превенцијата на

криминалитетот треба да се насочи кон спречување на негативните ефекти кои се резултат на

општествената дезорганизација.

7.5.2.ТЕОРИЈА НА СУБКУЛТУРА

Оваа теорија, првенствено се однесува на објаснување на однесувањето на посебните

општествени групи кои изразувале тенденција за создавање посебни културни и морални норми

кои се во директна спротивност (или сосема различни) со официјалните културни норми на

општеството. Под субкултура се подразбира стварна или фиктивна општествена група, која во

однос на доминантните културни вредности развива посебен културен систем со соодветни норми

и вредности. Општествените причини за појава на субкултурата се многубројни, но најчесто се

смета дека субкултурата е реакција на митологизација на општествениот живот и протест против

сите механзми со чие посредство општеството го одредува животот и однесувањето на

поединците. Од тој аспект, клучно прашање кое се поставува е прашањето на слободата.

Поединците кои се консолидираат со одредена субкултура сметаат дека имаат право сами да се

определуваат за одредени егзистенцијални вредности, да го организираат својот живот на начин

кој им одговара, а не пасивно и некритички да ги прифаќаат културните норми и однесувања кои

бескомпромисно им се наметнуваат на општеството.

Според теоријата на субкултура, поединците кои манифестираат криминално однесување,

создаваат посебни кругови во чии рамки единствена културна норма е непочитување на

општоприфатените општествени норми. Тие имаат изградено свои правила на однесување и

статусен систем меѓу поединците во групата, како и јасни критериуми за вертикална подвижност

(напредување во статусот). Исто така, делинквентната субкултура има изградено механизми за

контрола на однесувањето на своите членови и механизми за регрутација на нови членови. Тоа

значи дека доколку поединецот еднаш „падне„ во субкултурниот круг, многу е тешко да излезе од

него.

Една од задачите на терцијарната превенција е да го одвојат поединецот од делинквентската

субкултура на која припаѓа. Но, суштински проблем на борбата против рецидивизмот е тоа што

кога веќе некој ќе стане член на одредена група, нема простор да стане припадник на некоја друга

општествена група.

Page 43: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Основна идеа на која би требало да се темели превентивната политика која произлегува од овој

модел е влијание врз социјалните механизми кои продуцираат деликвентна субкултура.

Проблемот останува на фактот дека тоа се механизми од структурална природа па на нив може да

се делува единствено со промена во општествената структура. Во суштина, превентивните мерки

се сведуваат на поединечни влијанија врз поедниците и врз нивното социјално опкружување за да

се намали процентот на „влез„ во деленквентските субкултури.

7.5.3. КАРАКТЕРНА ТЕОРИЈА

Карактерната теорија ги анализира социјалните пореметувања, врз основа на кои се развива

криминален карактер на личноста. Акцентот е на развојот на оние особини кои поединецот го

карактеризираат како криминалец. Недостатокот на социјална контрола, отсуството на механизми

за развој на моделот на општоприфатени вредности, отсуството на механизимите на

организираното општество претставуваат основни причини за развој на криминално однесување.

Во рамките на оваа теорија се истакнуваат четири социјални кругови кои во основа

претставуваат механизми за ефикасна интеракција меѓу поединецот и неговото социјално

опкружување: приврзаност, предаденост, учество и верување. Доколку овие четири варијабли

се послабо изразени, се зголемува можноста кај поединец да се развие криминално однесување.

Доколку поединецот е поприврзан и попредаден на семејството и другите облици на сакани

социјални заедници, доколку повеќе учествува во општествениот живот во заедницата, односно

повеќе верува во вредностите кои таа заедница ги промовира, до толку се смалува и веројатноста

за развој на криминално однесување.

Во таа смисла, превентивната стратегија која произлегува од карактерниот пристап е сосема

јасна и насочена кон „реинсталација“ на врските и односите меѓу поединецот и општествената

заедница на која припаѓа со методи заеднички со останатите теории на социјална контрола.

7.5.4. ФАКТОРИ НА РИЗИК И ЗАШТИТНИ ФАКТОРИ

Еден пристап за превенцијата на криминалитетот почива на претпоставката дека треба да се

откријат факторите на ризик, т.е. да се идентификуваат социјални и психо-социјални механизми

кои позитивно ќе влијаат врз делинквентното однесување, и врз основа на тие сознанија да се

активираат заштитни фактори. Претпоставка е дека поединците кои повеќе се изложени на

факторите на ризик имаат поголема склоност кон делинквентно однесување и обратно.

Поединците кои во раното детство се заштитени од нив имаат помала веројатност да

Page 44: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

манифестираат криминално однесување подоцна. Оттука, превенцијата подразбира смалување на

влијанието на факторите на ризик и зголемено делување на заштитните фактори.

Нивното откривање е сложена задача, но одредени истражувања покажуваат дека можат да се

поделат во три групи: индивидуални карактеристики на личноста (хиперактивност, агресија,

импулсивност, спротивставување, низок IQ, недостаток на внимание, лоши резултати во

училиште), семејни карактеристики (семејна девијација, невработеност на еден или двата

родители, нецелосно семејство, отфрлање од страна на родителите, недостаток на внимание,

семејно несогласување, насилство, неефикасна дисциплина) и социјални карактеристики на

средината (сиромаштија, дезорганизација на локалната заедница – соседство, лош образовен

систем, голем обем на криминални и социјално-патолошки појави (наркоманија, крвни и

сексуални деликти, вандализам, проституција, скитање).

Спротивно на тоа, заштитни фактори се неагресивност, висок IQ, мирна семејна средина,

сигурна и добро организирана локална заедница итн.

7.7. ТЕОРИЈА НА ДИЗАЈН НА СРЕДИНАТА

Теоријата на дизајн на средината припаѓа во рамките на т.н. криминологија на средината и е

инспирирана од учењето на Чикашката школа (1920), според која постои одредена врска меѓу

поедини урбани зони и стапката на криминалитетот. Конкретно, според застапниците на теоријата

на дизајн на средината, постои одредена врска меѓу одреден физички дизајн на средината и

криминалитетот. Оттука, физичките карактеристики на одредени делови на урбаниот простор се

основни причини за појавата на криминалитетот на тоа подрачје. Во таа смисла, превентивните

активности треба да се насочат кон менување на тие физички карактеристики.

ВАЖНО: Карактеристика на оваа теорија е што таа не се интересира за сторителот, неговото

однесување и за жртвата. Обратно. Нивниот статус односно положба е условена од физичкиот

пристор. Друга револуционерна новина која ја поставила оваа теорија е ставот дека јавноста со

посредство на физичката средина може да ги контролира и надгледува криминалните активности.

Благодарение на тоа, јавноста за прв пат се промовира како субјект, односно носител на одредени

превентивни активности.

Page 45: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Основите на превентивното дејствување на оваа теорија се состојат во следново:

1. физичката средина може превентивно да делува врз престапниците, така што ќе ја намали

можноста за извршување на кривични дела поставувајќи одредени бариери со кои ќе го

отежне остварувањето на нивните цели,

2. физичката средина може да ги спречи престапниците така што ќе им ја одземе можноста за

безбедно бегство,

3. физичката средина може да ја зголеми веројатноста престапникот да биде виден за време

на извршувањето на кривичното дело (in flagranti)

4. физичката средина може да го подобри социјалниот карактер на средината така што

стимулативно ќе дејствува врз социјалната интеракција и здружувањето на граѓаните во

одредено подрачје со цел поефикасна контрола на криминалот.

Меѓу првите застапници на оваа теорија е Jane Jacobs (1961). Нејзината теза е дека луѓето, а

не полицијата се чувари на просторот, односно дека „очите на улица (eyes on the street)„ ја

одржуваат социјалната контрола. Според неа, улиците во градовите се небезбедни бидејќи се

напуштени. Нивната безбедност бара изградба на дизајн што ќе овозможи „очите на улица„ да ги

мониторираат активностите и случувањата на улица.

Друг значаен претставник на оваа теорија е Оскар Њуман (1972), кој, исто така, развил

посебен пристап кој се нарекува бранлив простор. Концепцијата на бранливиот простор, е

основана врз критиката на модерниот урбан дизајн, кој според Њуман е главен виновник за

високата стапка на криминалитетот во поедини урбани подрачја. Најголем проблем кој се

потенцира во Њумановата визија, а кој е поврзан за проблемите на модерниот градски дизајн, е

дека дизајнот оневозможува било каква можност за надгледување и контрола над криминалните

активности. Населбите кои се збиено градени, со високи стамбени згради кои имаат повеќе

влезови, претставуваат идеално место за извршување на кривични дела, без никакви можности

сторителите да бидат видени и фатени.

Затоа, Њуман ја развил концепцијата на бранлив простор, која претставува алтернативно

решение за архитектонскиот дизајн. Бранливиот простор застапува став дека просторниот дизајн

треба да има таков изглед кој ќе овозможи полесно надгледување на криминалните

активности и на тој начин ќе влијае врз намалување на криминалитетот. Тој е простор кој

„самиот се брани„ и кој, според својот изглед, дејствува дестимулативно врз престапникот и

неговите намери.

Бранливиот простор треба да поседува четири основни карактеристики:

Page 46: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

територијално дефинирање на просторот

остварување што е можно поголем природен надзор

дизајн на стамбена населба која не треба да е збиена и

сместување на стамбени населби во рамките на безбедни градски подрачја

Во врска со наведените карактеристики, најголем проблем претставува недоволниот степен на

теоретска елаборација. Не се прецизно дефинирани поимите територијалност, збиеност и

безбедност. Целата концепција содржи во себе значајни епистемолошки слабости, и според тоа

нема значајна инструментална вредност. Исто така, слабоста на оваа теорија е повторното враќање

на поимот рационален криминалец. Според неа, генералната превенција се состои во тоа што

бранливиот простор ќе ги застраши потенцијалните сторители и тие рационално ќе заклучат дека

им се мали шансите за успешно извршување на кривичното дело.

Друга слабост е едностраното гледање дека физичката средина е единствена причина за појава

на криминалитетот и негирањето на социолошките карактеристики на средината. Од друга страна,

статистичките податоци покажуваат дека постојат голем број населби кои немаат карактер на

бранлив простор, а сепак, стапката на криминал е многу помала во однос на некои градски

подрачја кои имаат изразени карактеристики на бранлив простор.

7.7.1. ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ СО ПОМОШ НА

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА СРЕДИНАТА (CRIME PREVENTION THROUGH

ENVIRONMENTAL DESIGN-CPTED)

Превенција на криминалитетот со помош на дизајнирање на средината e наследник на

теоријата на дизајн на средина и на Њумановиот концепт за бранлив простор (како прва генерација

на дизајн на средината).

CPTED вклучува дизајнирање на физичкиот простор во контекст на нормално и очекувано

користење на тој простор од страна на корисниците. Тој пристап ја истакнува поврзаноста меѓу

функционалноста на просторот и управувањето со однесувањето. Конкретно, овој пристап се

фокусира на објектите и нивното лоцирање во средината.

Нејзини преставници се Фишер, Насер.

Фишер и Насер идентификувале три клучни карактеристики во уредување на дизајнот на

средината кој треба превентивно да дејствува врз криминалитетот. Тоа се:

1. одбивање – физичката средина треба да го оневозможи престапникот да побегне од

местото на криминалниот настан

Page 47: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

2. изглед – просторот со своите карактеристики треба да им овозможи на легитимните

корисници слободно користење на просторот;

3. бегство – просторот мора да им овозможи на легитимните корисници можност да побегнат

во ситуации кога се потенцијални жртви.

Фишер и Насер тежнеат кон реконструкција на просторот кој би оневозможил појава на

криминалитет, воопшто, односно би овозможил фаќање на сторителот или би овозможил бегство

на потенцијалната жртва.

Најголем теоретски допринос на оваа теорија е поставувањето на четирите превентивни

принципи од страна на група криминолози, социолози и урбани планери кон крајот на

осумдесетите години на минатиот век.

Тие се:

1. (Natural access control) Контрола на влез. Овој принцип има за цел да спречи

непожелни лица да влезат на одредено место. Средства за реализација се: брави,

катанци, аларми, огради. Овој принцип е тешко остварлив на улица или во места кои се

отворени за поширока употреба. Во тие ситуации може да помогне поставување знаци,

налепници кои го означуваат одреденото место.

2. (Natural surveillance) Надгледување – основна претпоставка е дека сторителите не

сакаат да бидат надгледувани. Овој принцип треба да им овозможи на легитимните

корисници на одреден простор ефикасно да ја надгледуваат околината за да можат

застрашувачки да делуваат спрема потенцијалните сторители. Основна цел на

надгледувањето е да не ги држат „натрапниците„ надвор, туку под контрола.

3. (Territorial reinforcement) Територијално засилување. Под овој принцип се

подразбира заштита на сопственоста преку јасно одвојување на приватниот од јавниот

простор со помош на физички бариери, како огради, знаци и слично. На тој начин е

лесно да се идентификуваат натрапниците, додека од друга страна јасното означување

на сопственоста ги обесхрабрува потенцијалните сторители од извршување кривично

дело.

4. (Maintenance and management) Одржување и управување. Под овој принцип се

подразбира одржување и средување на средината, односно грижа за безбедноста,

јавното здравје и благосостoјбата во сите стамбени згради, други приватни и јавни

простори.

Наведените принципи се применуваат преку т.н. 3-D пристап, односно означување,

дефинирање и дизајнирање (designation, definition, design) на средината.

Тој концепт е базиран на трите функции или димензии на просторот.

Page 48: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

секој простор има означена цел

секој простор има општествена културна, правна или физичка дефиниција/определување

што го предвидува посакуваното и прифатливо однесување

секој простор е означен да го поддржи и контролира посакуваното однесување.

Основната цел на теоријата за превенција на криминалот преку дизајнирање на средината е да

ги доведе елементарните функции на криминалитетот (мета, ризик, напор и исплатливост)

во негативен однос или, со други зборови, на потенцијалниот престапник да му се отежне

пристапот до целта, да се зголеми ризикот да биде фатен, да се зголеми напорот да изврши

кривично дело и да се намали добивката која ја очекува по извршување на кривичното дело.

Врз основа на сознанијата и предлозите кои ги има понудено оваа теорија, основните мерки

кои најдоа примена можат да се групираат во четири категории:

1. да се отежне пристапот до целта/метата

2. контрола на влезот

3. зголемено надгледување

4. мерки за изградба на заедницата

1. Превентивните мерки со кои се отежнува пристапот до целта/метата се:

употреба на аларм - негова употреба е да го детектира сторителот за време на извршување на

кривичното дело. Тие сигнализираат дека сторителот започнал со извршување на своето дело, со

што се овозможува тоа да биде спречено и ефикасно да се интервенира. Основен проблем со

алармите е што тие само го детектираат сторителот, па може да се спречи обидот тој да преземе

одредена криминална активност, додека од друга страна, постоењето на алармни уреди дава до

знаење дека тоа што со нив се заштитува има голема вредност поради која вреди да се ризикува.

Друга слабост на алармните уреди е што се механички слаби и лесно се пробиваат. Тие

најефикасна заштита даваат од оние сторители кои не се многу технички обучени, ниту доволно

образовани за да можат да го спречат дејството на алармните системи.

сигурносни камери – оваа мерка подразбира поставување камери на прегледно место за да

можат од далечина да се пратат случувањата на подрачјето кое е во делокруг на камерата. Основна

слабост на овој систем на камери е нивната парична вредност. Имено, за изградба на безбедносен

систем на сигурносни камери неопходно е издвојување на голема сума пари, а од друга страна, тие

се многу осетливи на физички контакт, што значи дека лесно можат да се оштетат. Меѓутоа

резултатите покажале дека се доста ефикасно средство за спречување на вандализам во автобуси,

на спортски терени, како и за идентификација на лица лишени од слобода. Поради тоа, тие се

значајно средство за контрола и превенција на криминалното однесување.

Page 49: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

означување на сопственоста - ова е едноставна и економична мерка со која сопствениците

својот имот јавно го означуваат со цел да дејствуваат превентивно, односно застрашувачки кон

потенцијалните престапници. Таа има значајна психолошка функција, со која на престапниците им

дава до знаење дека нивната цел е нечија сопственост, и секое дејствие со кое се нарушува

сопственоста ќе биде пријавено како кривично дело. Наведената мерка во практиката се покажала

ефикасна, особено за ситните крадци бидејќи ги одвраќа од провални кражби.

2. Превентивните мерки со кои се контролира влезот на потенцијалните сторители, а се

овозможува само на легитимните корисници се:

изградба на огради – оградите имаат за цел да го одвојат јавниот од приватниот простор. Во

таа смисла, преку застрашување психолошки се влијае, бидејќи на потенцијалните сторители им се

дава до знаење дека оградениот простор е нечија сопственост и дека нивното присуство на тој

простор е непожелно. Оградата го отежнува пристапот до целта, како и можноста за бегство по

извршување на делото. Истражувањата покажале дека, иако едноставни, тие се ефикасно средство

за спречување на криминалот, особено од вандализам и провални кражби.

преуредување на улици – оваа мерка се јавила прво во САД по спроведувањето на одредени

истражувања кои покажале дека одреден распоред на улиците претставува фактор за криминалот.

Тие се улици кои имаат голема фреквенција на сообраќај, и кога станува збор за моторни возила, и

кога станува збор за луѓе. Во такви ситуации, потенцијалните сторители ја користат гужвата за да

го извршат делото над слободните минувачи или возачите. Поради тоа, треба да се применат

мерки за обезбедување на тие улици и да се ограничи фреквенцијата на сообраќајот, со што би се

отежнал пристапот до целта.

мерки на ограничување на пристапот- со наведените мерки, на поедини подрачја се

оневозможува пристапот на непожелни лица, а се дозволува пристап само на легитимни

корисници. Една од најкарактеристичните мерки е системот за идентификација на одредени згради

каде што секој корисник на таа зграда мора да внесе точно утврдена шифра за да му се овозможи

влез. Наведената мерка е скапа поради што не се користи често.

формирање пешачки зони – зголемувањето на бројот на пешаци во поедини зони се

покажало дека може превентивно да влијае врз намалување на стапката на криминалитетот. Тоа е

најчесто случај во осамените паркови и зони околу училиштата кои не се простор за слободно

движење на луѓето, но затоа се идеално место за извршување кривични дела врз пешаците. Во

такви ситуации, се зголемува фреквенцијата на движење на граѓаните на тие места со поставување

одредени правци на движење. На тој начин се постигнува поголем степен на меѓусебна контрола

Page 50: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

од страна на потенцијалните жртви и се зголемува веројатноста престапникот да биде виден и

фатен.

3. Превентивните мерки кои се однесуваат на зголемено надгледување се:

подобрување на уличното осветлување – уличното светло е многу важно за надгледување на

криминалот од страна на претставниците на законот, како и од страна на граѓаните, бидејќи

одредени кривични дека се вршат ноќе кога е отежната можноста за надгледување.

градење стамбени единици/комплекси – стамбените единици да бидат изградени на тој

начин што од прозор да може да се набљудува што се случува на улица така што потенцијалниот

сторител да се одврати од извршување на кривичното дело имајќи предвид дека можеби го

набљудуваат преку прозор.

3. Мерки за изградба на заедницата

Под мерки за изградба на заедницата се подразбираат мерки кои ќе помогнат да се зголеми

интегритетот на заедницата со изградба на такви стамбени блокови кои афирмативно ќе

дејствуваат на интеграција на жителите во една заедница, бидејќи податоците од одредени

истражувања покажале дека животот во концентрирани и безлични згради со голем број станари

влијае врз отуѓување на луѓето.

7.8. СИТУАЦИОНЕН ПРИСТАП ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ

Теоријата на дизајн на средината и криминологијата на средината се посебни концепти за

превенција на криминалитетот. Нивната заедничка претпоставка е дека со контрола на средината и

условите во кои се случува кривичното дело може да се дејствува превентивно. Од друга страна,

нивната разлика се состои во тоа што криминологија на средината местото го сфаќа на конкретен

начин, како збир на конкретни услови во кои криминалната активност се случува, додека теоријата

на дизајн на средината како архитектонски дизајн.

Криминологија на средината се фокусира на целта и местото на кривичното дело. Затоа, таа

преку мерки во заедницата настојува да влијае врз однесувањето на поединците. Тие мерки се

однесуваат на преуредување на средината, а образложението е дека местото каде што се случува

кривичното дело ги објаснува начините и патиштата кои жртвата и престапникот ги доведува во

ситуација која може да се квалификува како криминална.

Ситуациониот пристап е типичен за криминологијата на средината. Превентивната

активност на оваа теорија се дефинира како непрекинато делување во правец на уредување и

Page 51: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

манипулирање со одредени ситуации, со што се намалуваат можностите за извршување на

кривични дела, односно се зголемува можноста сторителот биде фатен за време на извршување на

кривичното дело. Ситуациониот пристап се базира на претпоставката дека ситуациите се

попредвидливи од однесувањето на луѓето, па разбирливо е што според оваа теорија,

превентивната стратегија се однесува на ситуацијата, а не на актерите. Тој експлицитно бара

планирање и анализа на специфичните криминални ситуации и развива превентивни стратегии кои

се однесуваат на тие ситуации. Ситуационата превенција значи дека решението мора да се бара во

конкретна ситуација која ја олеснува криминалната активност.

Основен предмет на проучување е анализа на дејствувањето на ситуационите фактори кои

стимулативно дејствуваат врз појавата на криминалните однесувања. Според тоа, ситуациониот

пристап укажува дека различни облици на криминал зависат од различни ситуациони прилики,

односно фактори.

Врз основа на претходното, Кларк (1992) дефинирал 12 превентивни стратегии кои

можат да се групираат во три категории.

I. Зголемување на напорот за извршување на кривично дело

Зголемувањето на напорот зависи од тоа колку е отежнат пристапот до метата/целта кон која

тежнее престапникот.

Конкретни мерки кои ги презема престапникот се:

1. криење на метата (жртвата)- под оваа мерка се подразбира употреба на средства со чија

помош се отежнува пристапот до метата. Типични мерки кои се преземаат се: градење физичка

бариера, користење специјални брави, специјална заштита на прозорците.

2. мерки за контрола на влез – отежнување на пристапот на одредено место. Типични техники

се: мерки во сообраќајот, користење дигитална контрола на одреден влез, рецепција со чувари.

3. одвраќање на престапниците – нивната цел е да го одвратат престапникот од неговите намери

со јавни натписи, пароли, паноа и сл.

4. контрола на средствата – постапка на дејствување врз одредени средства со кои се извршуваат

кривичните дела или се оневозможува или намалува ризикот од нивно извршување. Типични

мерки се: примена на рестриктивни закони претив поседување и носење оружје, отстранување на

телефонски говорници каде што често се случуваат кривичните дела и сл.

II. Зголемување на ризикот сторителот да биде фатен

Page 52: Prevencija Na Kriminalitet, Materijali Za Prv Kolokvium 2011

Тоа се мерки кои значајно го зголемуваат ризикот на кој престапникот мора да смета за време

на извршување на кривичното дело.

5. снимање на влез/излез: користење на специјални средства со кои се идентификуваат лицата и

материјални добра. На пример, детекција на метални предмети, имплементација на алармни

чипови на роба која има поголема вредност.

6. формално надгледување – под формално надгледуање се подразбира употреба на сигурносни

камери и електронска опрема за следење која ја користат надлежни униформирани лица со цел

потенцијалните сторители да се одвратат од своите намери. Недостаток е високата цена на тие

средства.

7. надгледување од страна на вработени лица – пример за такво надгледување се домари,

чувари портири, продавачи на влезници.

8. природно надгледување – овој вид надгледување се однесува на можноста обичните граѓани да

бидат набљудувачи кои со своето присуство би ги уплашиле потенцијалните сторители или би

биле сведоци на извршување на кривично дело.

III. Намалување на добивката на сторителот која би можел да ја оствари со извршување

на кривичното дело

Со мерките за намалување на добивката на сторителот се постигнуваат две цели. Прво,

намалената добивка ги одвраќа престапниците и второ, при извршување на кривичното дело

предизвиканата штета е прилично мала.

9. отстранување на метата – со отстранување на метата се оневозможува извршување на делото.

Методи кои се користат се: отворање на каси само во одредени периоди, контрола на роба при

транспорт и сл.

10. идентификација на имот – оваа мерка дејствува инхибиторно врз потенцијалниот сторител, а

од друга страна овозможува престапникот лесно да се фати по извршување на кривичното дело.

11. отстранување на мотивите – се оневозможува престапниците да уживаат во своите дела. На

пример, бришење на графитите со што се оневозможува престапникот јавно да го покаже своето

дело имајќи предвид дека за цртање графити е потребно време и напор.

12. поставување правила – стриктно и јасно поставување правила на однесување во одредени

служби и институции.

ВАЖНО: Предноста на ситуациониот пристап во превенција на криминалот е што тој не е во

спротивност со социјалниот пристап, туку може комплементарно да се примени. Исто така,

превентивните мерки што можат да се применат во различни услови.