63
1(63) Компаративна студија за управување со цврст отпад (ЦО) Македонија и Шведска

Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

  • Upload
    1970aco

  • View
    58

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdfNAM

Citation preview

Page 1: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

1(63)

Компаративна студија за управување со цврст отпад (ЦО)

Македонија и Шведска

Page 2: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

2(63)

Компаративна студија за управување со цврст отпад (ЦО)

Македонија и Шведска

Изведувач: Шведска агенција за животна средина

SE – 106 48 STOCKHOLM

Претставник на изведувачот: Катарина Остлунд

Консултант Norconsult AB

Box 8774

402 76 Гетеборг

Ана Свенсон

Јенс Ерлинг Јенсен

Проект бр.: 101 13 19

Име на документот: N:\101\13\1011319\0-Mapp\Beskrivningar\Utredningar - PM\Eng\Draft Report 090928.doc

Page 3: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

3(63)

СОДРЖИНА

ИСТОРИЈА НА ПРОЕКТОТ 5

РЕЗИМЕ 6

ИСТОРИЈА НА ПРОЕКТОТ 6 1.1 Население и демографска структура 10 1.2 Физички услови 10 1.3 Инфраструктура 10 1.4 Економски услови 11 1.5 Проекции 11

2 ФАКТИ ЗА ОТПАДОТ 12 2.1 Количества отпад 12

2.1.1 Во Македонија 12 2.1.2 Во Шведска и во Регионот на ЕУ 12

2.2 Видови ЦО 13 2.3 Карактеристики на отпадот 15

2.3.1 Македонија 15 2.3.2 Шведска 17

2.4 Проекции 19 2.5 Тековно управување со КЦО - општо 20

2.5.1 Македонија 20 2.5.2 Шведска 22

2.6 Управување со опасен отпад 24 2.6.1 Македонија 24 2.6.2 Шведска 24

2.7 Статус и барања за формално планирање 25 2.7.1 Македонија 25 2.7.2 Шведска 26

3 ПОСТОЕЧКА СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА УПРАВУВАЊЕТО 28 3.1 Македонија 28 3.2 Шведска 28 3.3 Организација и одговорности за јавно/политичко управување со општини30

3.3.1 Гостивар 30 3.3.2 Борланг 31

4 ТРОШОЦИ, НАДОМЕСТОЦИ И ТАКСИ 32 4.1 Гостивар 32 4.2 Борланг 33

5 СЕГАШНА СОСТОЈБА НА СОБИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ТРЕТИРАЊЕ И

ОДЛОЖУВАЊЕ НА КЦО 34 5.1 Гостивар 34

5.1.1 Собирање 34 5.1.2 Опасен отпад 36

Page 4: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

4(63)

5.1.3 Рециклирање 36 5.1.4 Одложување 36

5.2 Борланг 37

6 НАБАВКИ И ТЕНДЕРИ - УСЛОВИ 38 6.1 Сегашни услови во Македонија 38 6.2 Сегашни услови во Шведска 38 6.3 Иден систем 39

7 ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО ЦВРСТИОТ ОТПАД 39 7.1 Македонија 39

7.1.1 Општо 39 7.1.2 Надоместоци и финансирање 40 7.1.3 Законски и институциски услови, вклучувајќи и спроведување 40 7.1.4 Рециклирање 40 7.1.5 Собирање и транспорт 41 7.1.6 Третирање и одложување 41 7.1.7 Опасен отпад 41 7.1.8 Во Гостивар 41

7.2 Шведска 42 7.2.1 Општо 42 7.2.2 Во Борланг 42

8 ВАЖНИ КОМПОНЕНТИ НА УЦО НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ 43 8.1 Планирање на активности и инвестиции за УЦО 43

8.1.1 Општо 43 8.1.2 Во Гостивар 43

8.2 Мониторинг, евалуација и преглед 43

9 РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА 44

10 АНАЛИЗА И ЗАКЛУЧОЦИ 44 10.1 Вовед 44 10.2 Севкупното управување со цврстиот отпад 45 10.3 Одговорности на општината при управување со цврстиот отпад 46 10.4 Рециклирање 48 10.5 Собирање и транспорт на цврст отпад 49 10.6 Третирање на цврст отпад 51 10.7 Депонирање - крајно одложување 53 10.8 Надоместоци и финансирање во управувањето со цврстиот отпад 54 10.9 Мониторинг и спроведување 56 10.10 Опасен отпад (ОО) управување 57

11 РЕЗИМЕ - ПРЕПОРАКИ 60 11.1 На национално ниво 60

11.1.1 Краткорочни активности - 0 - 3 години 60 11.1.2 Среднорочни активности - 4-9 години 61 11.1.3 Долгорочни активности - 10-20 години 62

11.2 На ниво на Гостивар 62

Page 5: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

5(63)

11.2.1 Краткорочни активности - 0 - 3 години 62 11.2.2 Среднорочни активности - 4-9 години 63 11.2.3 Долгорочни активности - 10-20 години 63

Page 6: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

6(63)

ИСТОРИЈА НА ПРОЕКТОТ

Заштитата на животната средина традиционално не се сметала како приоритетна област на политики во Република Македонија. Потребни се дополнителни напори за усогласување со ЕУ acquis communitaire, на пример на полето на управување со отпад. Состојбата со животната средина заостанува во споредба стандардите на ЕУ.

Шведската агенција за заштита на животната средина (шведската АЗЖС) изготви студија на изводливост за развој на билатерална соработка во делот на животната средина помеѓу шведската АЗЖС и Република Македонија (март 2007 г.). Врз основа на информациите и оценката од студијата на изводливост беше препорачано шведскат АЗЖС да започне соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Република на Македонија (МЖСПП).

Беше договорен проект за соработка “Подобрен систем за собирање на комуналниот отпад во Македонија”. Рамката на проектот беше дефинирана во текот на развојната фаза на проектот (MA 711 MK). Дизајнот на проектот е заснован врз резултатите од мисиите и постоечките материјали.

Целта на проектот е да се подобрат условите за развивање на еден функционален систем за собирање на комунален отпад во Македонија. Проектот главно се фокусираше на административните прашања во врска со собирањето на комуналниот отпад како што се надоместоци, организација, локална регулатива, планирање, склучување договори, информации итн. Клучните резултати што требаше да се постигнат се МЖСПП и општините да имаат појасно/подобро разбирање и алатки како да ги извршуваат нивните задолженија и како да започнат имплементација на реформите за достигнување на стандардите на ЕУ.

Оваа студија е дел од тој проект, и има за цел да направи анализа и препораки за тоа како општините можат да го подобрат нивното собирање на комуналниот отпад.

Page 7: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

7(63)

РЕЗИМЕ

Сегашни услови

Управувањето со цврстиот отпад во Гостивар го спроведува компанијата за комунален отпад во Гостивар, ЈП Комуналец. Главната активност на Комуналец е да го собира и транспортира отпадот од домаќинствата и јавните површини во општината и да го одложува на локација во општината. Во Гостивар нема приватни претпријатија кои се инволвирани во управувањето со отпад.

Kомпанијата има вкупно околу 18000 корисници, поделени на приближно 16000 куќи и станови (30% куќи и 70% станови) и 200 комерцијални објекти и институции. Вкупното количество на отпад од домаќинствата собран во Гостивар во текот на 2007 беше проценето на 47450 m3.

УЦО треба во принцип да биде самофинансирано, без општински субвенции. Општината одлучува за надоместокот, а не компанијата. Десет инкасатори ги собираат надоместоците секој месец директно од секое домаќинство (кои исто така ги собираат и надоместоците за вода). Само околу 50 % од корисниците ги плаќаат надоместоците за отпад. Буџетот во 2007 година беше 1,2 милиони евра и за вода и за управување со цврстиот отпад, приближно 50% во секој сектор. Во текот на 2007 година трошокот за управување со цврстиот отпад беше 900000 евра, но само 750000 евра беа од надоместоци.

Цврстиот отпад се собира од градот, градските населби, приградските населби и дел од соседните села. 7-8 села не добиваат услуги заради недостаток на возила за собирање и ограничена можност да се плаќаат надоместоците во овие села. Приближно 70% од вкупното население од 81000 во општината добива услуги. Цврстиот отпад од училиштата се собира 2 пати неделно, а медицинскиот отпад од болницата се собира секој ден.

Медицинскиот отпад и заразниот отпад не се селектираат, сè оди на депонија. Компанијата обезбедува пластични кеси во различни бои за болницата, но таа не ги користи, и не постои селектирано собирање. Тоа може да е институциско, финансиско или образовно прашање.

Комуналец има десет камиони за собирање цврст отпад. Пет од нив се исправни, а останатите се расипани и во премногу лоша состојба за да бидат поправени. Два од исправните камиони се од 2006 година, а другите три се 20 – 30 години стари и со голема потреба за поправка и одржување. Вообичаено работат само три камиони дневно. Вкупно 6-7 лица работат на одржување на камионите и возилата. Работилницата не изгледа адекватна ниту според опремата ниту според работата.

Не постои селектирање или собирање на опасен отпад. Денес сите видови на отпад се мешаат во истата канта или контејнер. Веројатно постои извесно неформално селектирање. Понатаму, не постојат објекти за третирање опасен отпад ниту во регионот, ниту во земјата. Медицинскиот отпад се меша со друг отпад од болницата и се носи посебно до дивата депонија и се закопува.

Page 8: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

8(63)

ПЕТ амбалажата ја собира една приватна компанија и во еден дел општината и тие се транспортираат на дивата депонија каде што има машина за балирање. Во моментов, се собираат 800 – 1000 кг пластични шишиња дневно.

Освен за ПЕТ пластичните шишиња, не постои организирано собирање на сортиран отпад или фракции на материјали. Постои, сепак, прилично раширен неформален сектор којшто работи на полето на рециклирање. Уличните собирачи собираат хартија, картон, метал, електричен отпад итн. по улиците и им ги продаваат на отпадите за старо железо или на приватни компании.

Цел отпад што го собира Комуналец, освен сортираните пластични шишиња, се транспортира на дива депонија што е околу 3 km оддалечена од градот. На депонијата има булдожер за разнесување на отпадот, преса и машина за балирање за пластични шишиња. Не постои никакво друго третирање во моментов. Една понова локација, Русино, се наоѓа околу 5 km подалеку, на место каде што порано се вадела глина. Денес, само отпадот од соседната општина, Тетово, се транспортира на локацијата Русино. Како што се чини, не се плаќа надомест на депонијата од страна на другата општина. Русино е предложена за една од регионалните депонии во националниот план за УЦО.

Како дел на подобрувањето на локалното УЦО, многу е важно што побрзо да се направи план за управување со комуналниот отпад (задолжение од Националниот план за ЦО) според побарувањата што произлегуваат од Законот за управување со отпад.

Процесот на национално планирање на ЦО би требало да вклучува развој на локацијата Русино, а Комуналец треба да обезбеди планирањето на оваа локација да се прилагоди на локалните потреби. Ако се одолговлечи националното планирање за избор на локации за регионални депонии, важно е да има иницијатива од општината за планирање поврзано со локација за регионална депонија.

Главни препораки

Да се подобрат законодавството и регулативите за животна средина преку продолжување на тековните напори. На почетокот, треба да се земат предвид барањата што се соодветни за македонските услови, во смисла на ограничените тековни финансиски, технички и институциски капацитети.

Да се имплементира Националниот план за УО и да се спроведат сите локални планови за УО.

Да се започне и поттикнува меѓуопштинска/регионална соработка во рамките на УО.

Да се истражи дали може да се воведе организирано селектирање и собирање на финансиски најисплатливите фракции. Да се испитаат, развијат и охрабрат домашните капацитети за преработка. Треба да се воведе финансиска поддршка за рециклирање преку субвенции или еколошки такси за алтернативно депонирање.

Page 9: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

9(63)

Треба да се испитаат и поттикнат иницијативи за третирање на опасен отпад.

Да се одредат и развијат локации за регионални депонија до соодветно и еколошки прифатливо ниво колку што е можно поскоро. Во Гостивар најважно е да се подобри локацијата Русино. Подготовката на локацијата, поправањето на патот и осовременувањето се од суштинско значење за функционирањето на депонијата. Освен ова, постоечката дива депонија треба да се покрие и затвори.

Треба да се напушти рачниот од врата на врата систем за собирање надоместоци. Мора да се развие построго спроведување на мерки.

Одржувањето и услугите на возилата мора да се организирани и да се дел од инвестицискиот план за УЦО во Гостивар.

Page 10: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

10(63)

ИСТОРИЈАТ

1.1 Население и демографска структура

Во моментов, бројот на жители во Македонија изнесува приближно 2,1 милиони, со приближно 564000 домаќинства, а просечното домаќинство има 3,7 члена.

Приближно 58% од населението живее во градски области во 37 градови.

Постојат вкупно 84 општини, од кои 22 се градски, со повеќе од 10000 жители.

Гостивар е општина лоцирана 50 km југозападно од Скопје, со 81000 жители, поделени приближно во 30% станови и 70% приватни куќи.

За споредба, Шведска има население од приближно. 9,1 милиони во приближно 4,4 милиони домаќинства, со просечно 2,1 члена по домаќинство. Постојат вкупно 290 општини.

Борланг има 47000 жители, поделени на приближно 10000 домаќинства од едно семејство, 14000 домаќинства во станови и 1000 викендички.

1.2 Физички услови

Македонија има површина од приближно 25700 km2. Годишните врнежи се помеѓу 500 и 750 mm, а просечната температура е помеѓу 10 и 15 ˚C.

За споредба, Шведска има површина од приближно 450000 km2, и постудена и повлажна клима, а просечните врнежи се околу 500 - 800 mm годишно, и помеѓу 1000 – 1200 mm годишно во северозападните планини и југозападните делови од земјата.

1.3 Инфраструктура

Следнава слика ја прикажува главната инфраструктура во Македонија.

Page 11: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

11(63)

Слика 1 Главната инфраструктура во Македонија

1.4 Економски услови

Според официјалните статистики на ОН од 2007 година, бројката за специфичниот БНП (Бруто Национален Производ) беше приближно 3700 долари/жител, споредено со приближно 49900 долари/жител за Шведска. Сепак, при користење на листите за 2007 година на Светската Банка, соодветните бројки се 8500 долари/жител за Македонија споредено со 36400 долари/жител за Шведска. Причината за оваа суштинска разлика не е испитана.

Бројката за невработеност е приближно 35%, и е релативно голема. Во Шведска таа е приближно 6%.

Економскиот пораст во Македонија се движи во рамките на 4% годишно во последниве години, а во Шведска помеѓу 2 и 4 % годишно.

1.5 Проекции

Бројот на жители е скромно пораснат за приближно 0,4% годишно во последниве години. Се претпоставува дека овој тренд така ќе продолжи.

Page 12: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

12(63)

Проценувањето на идниот економски пораст е тешко во тековната состојба; но пораст од 2-3% би било реалистична слика за првите години.

Во Шведска порастот на број на жители е помал од 0,1% годишно, а во текот на последниве 5 години порастот на економијата е приближно 2-4% годишно.

Овие бројки беа проценети пред финансиската криза, и тековната криза најверојатно ќе има влијание врз нив за периодот што следи.

2 ФАКТИ ЗА ОТПАДОТ

2.1 Количества отпад

2.1.1 Во Македонија

Според македонски извори, во 2007 година приближно 713564298 тони/годишно на комунален цврст отпад (КЦО) е генериран во Македонија. Ова го опфаќа целиот цврст отпад што се генерира во една општина и којшто е природен за еден општински ентитет да го собира, третира и одлага. Во просек, се генерираат 349 кг/жител годишно. Еден дел од овој отпад се генерира во рурални области со неадекватно или никакво собирање.

Проценето е дека помеѓу 300 и 400000 тони/годишно се генерираат во повеќе урбани области, каде што е потребен систем за собирање, третирање и крајно одложување во почетната фаза. Како резултат, во просек се генерираат приближно 300 кг/жител КЦО годишно во урбаните области.

2.1.2 Во Шведска и во Регионот на ЕУ

Според меѓународни статистики, генерирањето на КЦО по жител во 2005 година беше 574 кг/жител и година во просек за 15 стари членки на ЕУи EFTA и 334 кг/жител и година во просек за 12 нови членки на ЕУ во источна Европа.

Следнава слика го прикажува генерирањето на комунален цврст отпад и медотите за третирање измерени во кг/жител и година за повеќето земји во ЕУ.

Page 13: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

13(63)

Слика 2 Генерирање на комунален цврст отпад и методи за третирање измерени во кг/жител и година за повеќето земји во ЕУ

Проценетото генерирање на КЦО во Македонија прикажано погоре е во согласност со образецот што го следат овие бројки.

Во Шведска, вкупно околу 4,7 милиони тони отпад од домаќинствата е генериран во 2007 година, коешто дава 514 кг/жител. Ова опфаќа отпад сличен на отпадот од домаќинствата што го генерират институции, продавници, итн.

2.2 Видови ЦО

Комуналниот цврст отпад (КЦО) е сложен, и во смисла на извори и во смисла на квалитет/состав. Сликата подолу покажува разложување, според извор и вид, на главните текови на отпад вклучени во КЦО. Освен укажаните видови отпад, повеќето извори на отпад генерираат извесен опасен отпад, исто така.

Page 14: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

14(63)

Комунален цврст отпад

Отпад од домаќинства (ОД) o Големи предмети/кабаст отпад o Отпад од дворови o Дневно собран отпад

Комерцијален отпад o Лесен отпад (сличен на ОД) o Отпад од храна (од продавници, etc) o Отпад од пакување

Индустриски отпад o Лесен отпад (сличен на ОД) o Тежок/кабаст отпад o Индустриски отпад

Институциски отпад o Лесен отпад (сличен на ОД) o Медицински отпад o Заразен отпад

Отпад од хотели и ресторани o Лесен отпад (сличен на ОД) o Отпад од храна

Градежен отпад и шут o Лесен отпад (сличен на ОД) o Отпад од дрво o Инертни материјали

Отпад од бродови, пристаништа и аеродроми o Лесен отпад (сличен на ОД) o Специјален отпад (од царина итн) o Исцедок при транспорт

Земјоделски отпад o Лесен отпад (сличен на ОД) o Органски отпад

Уличен отпад од чистење на општината o Метење на улици o Отпад од паркови o Чистење олуци o Мил од шахти и маслени наслаги

Слика 3: Разложување на главните видови отпад во КЦО

(Видовите отпад во рамките со испрекинати линии само делумно припаѓаат на комуналниот тек на отпад.)

Page 15: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

15(63)

2.3 Карактеристики на отпадот

2.3.1 Македонија

Општо

Составот на комунален цврст отпад општо во Македонија е приближно како што следи, и како што е прикажано на слика 2. Отпадот од домаќинствата може исто така да се подели на фракции, како што е прикажано на слика 3. Бројките варираат во зависоност од изворот.

Цврстиот отпад вообичаено опфаќа отпад од домаќинствата, институциски отпад, отпад од ресторани/хотели, канцелариски/комерцијален отпад и некои полесни фракции на отпад од индустријата и претпријатијата. Приближно 50-70 % од количествата отпад потекнуваат од домаќинствата, а останатото од комерцијален и друг отпад.

Слика 4

Composition of solid waste in Macedonia

Македонија

26%

17%

5%

52%

Биоразградлив отпад

Отпад од амбалажа

Кабаст отпад

Друго

Page 16: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

16(63)

Слика 5

Во Гостивар

Според информациите од Комуналец (компанија за комуналниот отпад во Гостивар), вкупното количество на отпад од домаќинствата што е собрано во Гостивар во текот на минатата година беше проценето на 47450 m3. Бројките се проценка заснована врз тоа приближно колку камиони се во употреба. Видот и количеството на отпад собран во Гостивар се прикажани подолу. Не постои селектирано собирање на сите видови на отпадот прикажан подолу, па следствено, ова е проценка заснована врз искуството на Комуналец.

Метал 470 m3

Отпад од амбалажа 450 m3

Стакло 940 m3

Пластика 4 770 m3

Хартија 2 375 m3

Амбалажа хартија 2 375 m3

Картриџ 230 m3

Земјоделски отпад 1) 24 000 m3

Состав на отпадот општо во Македонија

15%

4%

10%

4%

33%

34% Хартија Стакло Пластика Метали Разградлив Други

Состав на отпадот од домаќинствата општо во Македонија

Page 17: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

17(63)

Градежен отпад 1 720 m3

Електричен отпад 480 m3

Хемикалии, масла, бои 470 m3

Медицински отпад 940 m3

Животински отпад 90 m3

Градинарски отпад (паркови)

230 m3

Отпад од шуми (дрво) 230 m3

Индустриски отпад од рудници

3 650 m3

Мил, пепел 4 030 m3

Вкупно - Комунален отпад 47 450 m3

1) Бројката за земјоделски отпад е во реалност иста со биоразградливиот отпад од домаќинствата.

2.3.2 Шведска

Отпадот од редовното собирање (наречен “отпад во кеси” во Шведска) опфаќа околу половина од количеството на отпад од домаќинствата. Составот на овој отпад значително е променет од појавата на сортирање на самиот извор и на рециклирањето. Анализите по случаен избор сугерираат дека околу 70% од овој мешан останат отпад е биоразградлив.

Отпадот од домаќинствата опфаќа хартија, картон, кујнски отпад, амбалажа, стакло, текстил, метал, дрвени и пластични предмети, електронски отпад, градинарски отпад, кабаст отпад, опасен отпад, мил од септички јами. Сепак, отпадот од септичките јами и талогот од канализацијата не се вклучени во статистиките, зашто тие вообичаено се испраќаат во постројки за третирање.

Следнава слика го прикажува составот на отпад од домаќинствата општо во Шведска.

Page 18: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

18(63)

Слика 6

Со системот за собирање, транспортирање и рециклирање на фракции на материјали на хартија, картон, стакло, метал, пластика и дрво работат посебни организации. Системот се финансира преку авансно плаќање на надоместоци за нови производи. Овие организации се исто така одговорни за увозот и производството општо на истите фракции. Овој систем ги опфаќа само фракциите на материјали што се отпад од пакување.

Борланг

Отпадот со кој управува Борланг Енерџи, 2003 – 2007 година, е прикажан на слика 5.

Состав на отпад од домаќинствата општо во Шведска

43%

22%

8%

7% 4%

2% 5% 9%

Биоразградлив

Амбалажа

Хартија

Градинарски отпад

Отпад за горење

Текстил

Дијапури

Друго

Управување со отпад на Борланг Енерџи

Page 19: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

19(63)

Слика 7

2.4 Проекции

Количествата КЦО со кој се управува вообичаено ќе порасне заради следново:

Пораст на населението

Зголемување на областите што добиваат услуги од организирано општинско собирање и третирање

Зголемување на генерирањето на специфичен КЦО заради промена на навиките на потрошувачите и/или пораст на економскиот статус (БНП/жител)

Промените во потрошувачката ќе влијаат општо врз генерирањето на специфични текови на отпад/КЦО, и анкетите и статистиките укажуваат на јасна поврзаност/корелација помеѓу БНП/жител и генерирање на КЦО по жител. Ова посебно се однесува на земјите со ниско-средни и средни приходи. Врската е прилично линеарна; типично, пораст од 500% за низок БНП/жител може да даде само резултат од околу 70 % пораст на генерирањето на КЦО по жител.

Следнава слика ја покажува врската од пред неколку години:

Состав на отпад од домаќинствата во Борланг

за горење (отпад од канти)

кабаст отпад опасен отпад хартија

стаклени шишиња/амбалажа

амбалажа електричен и електронски отпад

Page 20: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

20(63)

Слика 8 Поврзаност/корелација помеѓу БНП и генерирање на КЦО (по жител)

Проекциите беа проценети за 2015 г. (краткорочно) и 2030 г. (долгорочно). Беше проценето следново:

2007 г. 2015 г. 2030 г.

Население 2,1 милиони 2,2 милиони 2,3 милиони

Население што добива комунални услуги (во урбани области)

1,2 милиони (77%) 1,43 милиони (65%)

1,50 (75%)

БНП/жител во долари 3100 4400 7900

Генерирање на КЦО во кг/жител и година - национален просек

349 310 390

Генерирање на КЦО во кг/жител и година - во урбани области

300 360 480

БНП/жител е добиено од статистики на ОН.

Табела 1 Проекции за КЦО за 2015 г. (краткорочно) и 2030 г. (долгорочно)

2.5 Тековно управување со КЦО - општо

2.5.1 Македонија

Собирање

Во употреба се повеќе различни системи, од софистицирани компактори комбинирани со механички утовар на специјално дизајнирани модерни канти за ЦО до поедноставни системи што користат отворени камиони каде што утоварот се врши рачно од отворени канти или кеси/вреќи поставени покрај тротоарите на улиците.

Очигледно, најсофистицираните системи со нова опрема се финансираат преку пакети на лесни заеми или грантови од странство.

y = 0.027x + 0.5695

R 2 = 0.9826

0.5

0.6

0.7

0.8

0.9

1.0

1.1

1.2

1.3

0 5 10 15 20 25

БНП/жител, 1,000 САД$

kg/жител/ден

Page 21: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

21(63)

Рециклирање

Во Македонија рециклирањето на материјали е сеуште во почетна фаза. Најголем дел од рециклирањето се управува преку локални отпади, од кои 135 се регистрирани во земјата. Постојат приближно 100 нерегистрирани отпади.

Сите овие рециклираат квалитетна хартија, картон, метал и пластика. Тие исто така добиваат електричен и електронски отпад за поправка (и препродажба) или метал за рециклирање. Опасниот отпад не се третира соодветно.

Воспоставен е систем за автомобилски акумулатори, фабрика во источниот дел на земјата која ракува со 3200 тони/годишно.

Употребеното масло се преработува и повторно се користи во фабрика во Штип.

Постои еден голем објект за преработка и рециклирање на хартија и картон во Скопје, којшто веројатно може да ракува барем со дел од потенцијалните количества ако се воведат подобрени шеми за работа.

На неколку места се собираат и рециклираат ПЕТ-шишињата, преку програма што е воведена и делумно финансирана од странство. Ова во моментов служи само во одредени области во земјата. Собраните ПЕТ-шишиња се извезуваат за понатамошна преработка, топење и повторна употреба.

Постои еден објект за преработка и рециклирање на ПЕ-пластика во Скопје, но општо, се применуваат ограничени шеми за јавно собирање на пластика. Одредени количества пластика се собираат на отпадите.

Постои систем за многу видови на стаклени шишиња за миење и повторна употреба. Во моментов, не постои фабрика за преработка, топење и рециклирање на стакло.

Во Скопје постои еден мал објект за компостирање градинарски отпад од општината.

Третирање и одложување

Освен за споменатите иницијативи за рециклирање, не постојат инсталации за инцинерација или биолошки третман (компостирање итн.) во земјата.

Главното третирање или, подобро кажано, одложување е депонирањето на диви депонии (некотролирана местоположба, подготовка и работа) или неконтролирани или делумно контролирани депонии. Постојат 58 локации за одложување на комунален отпад; 4 со екстремно висок ризик, 16 со висок ризик, 16 со среден ризик и 19 со низок ризик. Само една, Дрисла, е блиску до стандардите за контролирана санитарна депонија. Сè до сега, беше вршено ограничено планирање на локациите. Освен тоа, постојат 28 локации за одложување на индустриски отпад во составот на индустриските објекти.

Еден инцинератор е лоциран на Депонијата Дрисла. Тој е главно за инцинерација на медицински отпад и не е погоден за иницнерација на друг отпад. Има проблеми со работењето и кога истиот не е во исправна состојба,

Page 22: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

22(63)

медицинскиот отпад се одложува на депонијата и се покрива. Во план е да се изгради нов инцинератор, но процесот на јавни набавки во моментот е одложен. Во земјата постојат повеќе автоклави во медицинските установи. Не е јасно дали тие се во употреба и колку отпад се третира во нив..

Во моментов постојат ограничени системи за дистрибуција на централно греење во Македонија, освен централното греење во Скопје. Следствено, инцинерацијата на цврст отпад мора да вклучува трошоци за дополнителен систем за дистрибуција на енергија. Во Скопје постои некаков систем со цевки и поврзувања, но не се поврзани со никаква постројка за инцинерација.

Главни проблеми со сегашните објекти за одложување:

Депониите/дивите депонии не ги исполнуваат стандардите на ЕУ, дури и за Дрисла

Инцинераторите имаат потреба од прочистување на издувните гасови и надградување

Технологиите за компостирање што се применуваат се погодни само за за градинарски отпад и имаат неадекватен капацитет на третирање

2.5.2 Шведска

Собирање

Отпадот од домаќинствата што не е вклучен во фракциите материјал подложни на одговорноста на производителот ги собираат самите општини или компаниите со кои имаат скличено договор за собирање. Кабастиот отпад од домаќинствата, електричниот и електронскиот отпад, и опасниот отпад често се носи во општинските станици за рециклирање. Другите видови отпад, како што се амбалажа, весници, стакло, метал, пластика и батери, се собираат од станиците за рециклирање или од помали собирни пунктови во станбените области. Ова собирање го организираат производителите. Општините сè повеќе организираат селектирано собирање на отпадоци од храна од домаќинствата.

Методите за собирање опасен отпад варираат од општина до општина. Највообичаено е собирањето преку таканаречените еколошки станици, сместени, на пример, на бензински пумпи. Опасниот отпад исто така се собира во центрите за рециклирање и од кутии што се оставаат пред портите на домаќинствата. Производителите и општините преземаат заедничка одговорност за крајот на животниот век на електричните и електронските производи (ОЕЕО), којшто мора да се однесе до општинските центри за рециклирање или во некои случаи, продавниците што продаваат електрична опрема собираат таков отпад на доброволна основа.

Опасниот отпад од домаќинствата мора да се однесе до специјалните станици за собирање, а истрошените батерии можат да се остават во многубројните кутии за собирање или во продавници.

Page 23: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

23(63)

Третирање и одложување на отпад од домаќинствата

Околу 50% од отпадот од домаќинствата се рециклира (повраток на материјал и биолошки третман), а приближно 45% оди на инцинерација со повраток на енергија. Следствено, околу 95% од отпадот од домаќинствата се рециклира на некаков начин, а помалку од 5 % од отпадот оди во депонија (Ова е веројатно реалистичен минимум, со оглед на тековниот состав и технологии за третман). Помалку од 1% е опасен отпад којшто бара специјален третман.

Количеството на повраток од отпад значително порасна во текот на последниве 10–15 години. Посебно инцинерацијата и рециклирањето на материјали, како и биолошкиот третман пораснаа нагло во последниве години (види Слика 7). Биолошкиот третман се уште е мал дел, но се очекува да порасне. Отпадот на депонии се спушти на помалку од половина помеѓу 1994 и 2004 година. Индустрискиот отпад сега е доминантен вид на отпад во депониите.

Слика 9 Третирање на отпад од домаќинствата во Шведска 2002-2007

Третман на отпад тони годишно

0

500 000

1 000 000

1 500 000

2 000 000

2 500 000

3 000 000

3 500 000

4 000 000

4 500 000

5 000 000

2002 2003 2004 2005 2006 2007

Опасен отпад

Повраток на материјал

Биолошки третман

Инцинерација соповраток на енергијаДепонирање

Вкупно

Page 24: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

24(63)

2.6 Управување со опасен отпад

Некои од карактеристиките што го одликуваат опасниот отпад се дека тој може да е токсичен, канцероген, корозивен, штетен за фетусот, екотоксичен, заразен или запаллив. Опасните супстанции може да ги има во многу мали количества во различни производи, но заедно тие можат да предизвикаат огромна штета ако се одложат на погрешен начин. Затоа важно е опасниот отпад да се селектира и да се предаде на правилен начин.

2.6.1 Македонија

Освен за автомобилските акумулатори, во моментов не постои организирано безбедно селектирање или собирање на хемиски опасен отпад во општините. Воопшто, целиот опасен отпад од домаќинства оди на депонии, и можеби постои некакво неформално селектирање.

Денес околу 1000 тони медицински отпад се генерираат на годишно ниво.

Медицинскиот отпад треба да оди на инцинерација во Дрисла, но процесот често не функционира, така што медицинскиот отпад се одлага (закопува во депонијата). Инцинераторот се користи за согорување на околу 350–400 тони годишно, а околу 600 тони годишно се одложуваат на општинските депонии.

Во иднина, една можност би била да се користи фабриката за цемент за инцинерација на погодни видови на опасен и медицински отпад. Вообичаено, ова главно бара посебен систем за влез во клинкерот.

Објавен е тендер за национален инцинератор за заразен отпад (и за стари лекови) лоциран на Дрисла. Неговиот капацитет ќе биде 500 кг/час, а планираната температура на горење е 1500 oC. Јавната набавка во моментов е одложена.

На некои места електричниот и електронскиот отпад го собираат компании, кои ја селектираат пластиката и ја продаваат. Во новата регулатива ќе има некаков вид на надоместок за нови електрични и електронски уреди.

2.6.2 Шведска

Во 2007 година, 40000 тони опасен отпад беше собран од домаќинствата, или во просек 4,5 кг по лице. Ова количество вклучува акумулатори, мали батерии и импрегнирано дрво, фракција на опасен отпад што видно порасна во последниве години.

Домаќинствата се обврзани да го селектираат нивниот опасен отпад од другиот отпад од домаќинствата. Општините се одговорни за собирање, транспорт и третирање на опасен отпад од домаќинства. Оваа одговорност е регулирана со Шведскиот еколошки кодекс, (СФС 1998:808), правилникот за отпад (SFS), директивата за отпад и директивите за собирање комунални отпадоци.

Page 25: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

25(63)

Опасниот отпад што е одложен во складиште или во објекти за третман мора често да добие пред-третман за да се поедностви понатамошниот третман. Бидејќи опасниот отпад може да содржи супстанции што треба да се исфрлат во етапи, неговиот третман често вклучува уништување на овие супстанции. Супстанциите што не можат да се направат безопасни или повторно да се користат се депонираат на одредени депонии. Важно е отпадот да е хемиски и физички стабилен за опасните супстанции да не истекуваат во околната област.

Се очекува новата технологија и законодавство уште повеќе да го редуцираат количеството на опасен отпад и да го зголемат делот што се користи за рециклирање на материјал. Инцинерацијата и безбедното депонирање продолжуваат да бидат највообичаени методи за третирање на опасен отпад.

2.7 Статус и барања за формално планирање

2.7.1 Македонија

Севкупна состојба

МЖСПП ја има главната одговорност за подготовка и усвојување на сите правни инструменти за да се изврши целосна транспозиција и имплементација на директивите за управување со отпад. Транспозицијата на Рамковната директива за отпад е во тек и се уште не е целосно постигната.

За првпат, општата политика за управување со отпад во Република Македонија беше дефинирана со усвојувањето на Национален Еколошки Акционен План (НЕАП) во 1996 г., којшто опфаќаше детална анализа на статусот на управување со отпад. Оттогаш, со цел имплементирање на општата политика за управување со отпад, беа подготвени неколку документи за планирање, а други се во подготовка.

Стратегијата за управување со отпад беше усвоена во 2008 г., а Националниот План за Управување со Отпад (НПУО) беше подготвен во 2008 г. И усвоен од страна на Владата во 2009 год. НПУО го подготви Hydro Engineering од Словенија и опфаќа планови за нови регионални депонии и планови за затворање/рехабилитација сегашните диви депонии.

Од сите општини се бара да подготват локални планови за управување со отпад за приближно. 1 година од 2009 г., но не им е понудена стандардизирана структура или содржина за истиот. Во моментов, МЖСПП подготвува водич за општините за изготвување на план за управување со отпад, потпомогнато од шведската АЗЖС.

Сите општини треба да го следат националниот закон, подзаконски акти и регулативи, а локални регулативи за УЦО во моментов не постојат.

Национален план за управување со цврстиот отпад (НПУЦО)

Page 26: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

26(63)

Во националната стратегија се планира мрежа од 5-7 регионални депонии. Планирано е ова да се имплементира во 2009-2010. до сега ниедна локација не е официјално избрана, па најверојатно имплементацијата ќе биде одложена.

Од предложените/одредените локации, 2 беа во стари рудници за глина, 2 беа проширувања на сегашни локации, а 2 беа потенцијални проблематични локации заради неповолната местоположба.

1 од одредените локации во рудник за глина е во Гостивар.

НПУЦО опфаќа проценки за трошоци за основање на нови локации на депонии и затворање и рехабилитација на претходните диви депонии. Инвестициите за регионалните депонии треба да ги покрие владата.

Одговорности во рамките на НПУЦО

Стратегијата за управување со отпад ја одразува националната политика за управување со отпад и претставува основа за подготовка и имплементација на интегриран систем за управување со отпад којшто е ефикасен во однос на трошоците. НПУЦО ги дефинира фундаменталните насоки за управување со отпадот за следниот дванаесет-годишен период (2008-2020 г.).

Според овој план:

“Сите членови на едно општество преземаат соодветна одговорност за отпадот бидејќи тие се иматели и производители на отпад во три контрадикторни улоги:

Грижа за квалитетот на животната средина, здравјето и квалитетот на животот, посебно за следните генерации и на глобално и на локално ниво,

генерирање отпад и загадување на животната средина во дневните активности и

консумирањето на стоки и услуги.”

2.7.2 Шведска

Одлуките на ЕУ ја поставуваат рамката за шведското управување со отпад. Еколошките цели на Парламентот ги обезбедуваат севкупните, цели за владеење на еколошките аспекти на управување со отпадот.

Национални еколошки цели

Управувањето со отпадот има влијание врз многу еколошки цели, иако Добро изградена животна средина, Намалено влијание врз климатските промени и Не-токсична животна средина се од најголема важност. Постојат повеќе подточки под целта за Добро изградена животна средина. Тие главно се

Page 27: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

27(63)

однесуваат на отпадот како извор на проблеми, и бараат ресурсите да им се вратат на природните циклуси.

Национален план за управување со цврстиот отпад (НПУЦО)

Целите на шведското управување со отпад се дека:

”Вкупното количество на отпад не треба да се зголемува, а максималнта можна реупотреба на отпадот, додека, во исто време се минимизира влијанието и ризикот врз здравјето и животната средина.”

Иако има напредок во последниве десет години, се уште постои големо поле за подобрување. Според НПУЦО, мора да им се даде приоритет на следниве области за да се постигнат севкупните цели за управување со отпадот.

Да се имплементираат регулативите и да се користат определените инструменти, и да се надгледува напредокот за да се обезбеди дека тие го постигнуваат посакуваниот ефект

Да се стави поголем нагласок на намалувањето на количеството на отпад и на опасноста што ја претставува

Да се подобри знаењето во врска со загадувачите

Мора да е лесно за домаќинствата да го селектираат нивниот отпад

Да се развие шведската партиципација во работата на ЕУ на полето на управување со отпад.

Планови на општините за управување со цврстиот отпад

Од 1991 г. сите општини мора да имаат план за управување со отпад што ги опфаќа сите видови на отпад, и ги одредува потребните мерки за да се справат со истиот на одржлив и ефикасен начин. Плановите за отпад често вклучуваат таргети и стратегии за различни текови на отпад, иако тие обично се фокусираат на отпадот од домаќинствата, бидејќи тој е вид на отпад за којшто тие се формално одговорни.

Планирањето на отпадот значи дека општините имаат преземено широко поле на одговорности за подобрување на управувањето со отпадот од домаќинствата и опасниот отпад. На пример, многу општини имаат развиено сеопфатни системи за селекција на изворот на отпадот и рециклирање на различни видови на отпад. Континуираното планирање на комуналниот отпад е важно за поддршка на локалното управување со отпад, за напорите да се постигнат националните еколошки цели и за надополнување на националнот и регионалното планирање на отпадот. Општините се вообичаено одговорни за ажурирање на плановите на одредени интервали, со поддршката на шведската АЗЖС преку водичот.

Page 28: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

28(63)

3 ПОСТОЕЧКА СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА УПРАВУВАЊЕТО

3.1 Македонија

Во принцип, општината има монопол на собирање и третирање на отпадот од домаќинствата, додека претпријатијата и институциите се слободни да го изберат нивниот собирач на ЦО. Се поттикнува јавната-приватна соработка во рамките на УЦО.

Слика 10 Организациска шема на управувањето со отпад во Управата за животна средина

Секоја општина треба во принцип да има минимум три места во рамките на управувањето со животната средина (вклучувајќи управување со отпадот) според националните барања.

Постои голем неформален сектор во рамките на УЦО преку отпадите, уличните собирачи, собирачите на депониите итн.

3.2 Шведска

Одговорноста за шведското управување со отпад може да се подели на следниве категории на актери.

NameTitle

NameTitle

Одделение за природно наследство

Одделение за заштитени предели

NameTitle

NameTitle

Сектор за управување со води

Одделение за ОВЖС

Одделение за отпад и почва

Централна лабораторија за животна средина

Одделение за документација

Одделение за ИКСЗ

Одделение за хемикалии и несреќи

Одделение за атмосфера и

ризици

Одделение за биодиверзитет

Одделение за управување и

планирање со води

Одделение за меѓусекторска соработка

Одделение за заштита на Охридското Езеро

Сектор за животна средина

Сектор за ИКСЗ и несреќи

Сектор за природа

УПРАВА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Одделение за мониторинг

Page 29: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

29(63)

Сопственици на отпад

Секој што генерира отпад е одоговорен да обезбеди дека тоа се прави во согласност со тековните регулативи. Ова се однесува и на приватните лица и на комерцијалните оператори.

Сите што генерираат отпад од домаќинствата или отпад со слични карактеристики имаат обврска да го селектираат нивниот отпад според инструкциите на општината и да го испорачаат секој вид на отпад и фракција до одредените собирни пунктови.

Генераторите на комерцијален и индустриски отпад се слободни да изберат изведувач за собирање и третман на нивниот отпад, но мора да обезбедат управување со отпадот според националните барања и регулативи за отпад.

Производители

Шведска има одговорност на производителот за крај на животниот век на амбалажата, автомобилите, гумите, рециклираната хартија и електричните и електронските производи (ОЕЕО) и батериите. Секој што произведува или увезува такви производи е одговорен тие да се соберат, преработат и рециклираат. Целта е да им се даде на производителите поттик да ги намалат количествата отпад и да обезбедат дека “нивниот” отпад е помалку опасен и полесен за рециклирање.

Доброволни напори се прават во секторите за канцелариска хартија, градежен отпад и земјоделска пластика.

Општини

290 општини во Шведска се одговорни за собирање и одложување на отпадот од домаќинствата, освен за категориите на производи (фракции на материјали) што се опфатени со одговорноста на производителот. Шведските општини имаат дополнителна одговорност да подготват јавни комунални процедури за чистење и план за отпад. Комуналното управување со отпад се финансира преку надоместоци што ги плаќаат индивидуални сопственици на имот, а не преку комунални такси. Општините исто така вршат регулаторна контрола во повеќето случаи, освен за извесни големи објекти, коишто се регулирани од страна на обласните административни бордови.

Општините можат самите да одлучат како сакаат да се организираат во нивното управување со отпад. Правото на општинска автономија постои во шведскиот закон за локална самоуправа.

Обласни административни бордови

21 обласни административни бордови се авторитетите кои ги издаваат дозволите за поголемиот дел од операциите. Ограничен број на големи објекти добиваат дозволи од еколошките судови. Покрај извесен број на регулаторни активности, бордовите исто така им даваат упатства на општините за регулаторни прашања. Понатаму, обласните административни бордови се одговорни за регионалното планирање на отпадот, коешто опфаќа мониторинг на капацитетите на располагање.

Page 30: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

30(63)

Шведската АЗЖС

Шведската агенција за заштита на животната средина е централната еколошка власт, којашто делува како двигателна сила и координатор во политиките и заштитата на животната средина. Агенцијата изготвува регулативи, општи упатства и други упатства, како и регулаторни упатства. Понатаму, агенцијата и дава поддршка на Владата при изготвувањето на ЕУ политиките за заштитата на животната средина.

Еколошките судови и Еколошкиот апелационен суд

Еколошките судови им издаваат дозволи на многу големи индустриски објекти и одржуваат рочишта за одлуките што ги донеле другите власти. Постојат пет еколошки судови на различни локации во Шведска.

3.3 Организација и одговорности за јавно/политичко управување со општини

3.3.1 Гостивар

Управувањето со цврстиот отпад во Гостивар го води ЈП Комуналец, а е организирано од Советот на општината, од директорот на Комуналец и од управниот одбор на Комуналец.

Вкупниот број на вработени во компанијата е 78 лица. Од нив, околу 59 лица се вклучени во собирање на отпадот, четири во работилницата, едно на депонијата, четири до пет во администрацијата и околу десет лица за собирање на комунални надоместоци.

Главната активност на Комуналец е да го собира и транспортира отпадот од куќите и јавните површини во општината и да го одложува на депонијата во општината.

Ниедно приватно претпријатие за отпад не е вклучено во управувањето со отпад во Гостивар.

Слика 11 Организациска шема за управувањето со отпад во Гостивар, каде Комуналец е компанија за отпад.

ОПШТИНА ГОСТИВАР

ЈП Комуналец

ЈП Гостивар Стопанисување со градежно земјиште

ЈП Риниа Стопанисување со спортски објекти

Page 31: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

31(63)

3.3.2 Борланг

Во принцип, организацијата на УЦО во Борланг е слична на организацијата во Гостивар. Во Борланг, Борланг Енерги го организира УЦО, компанија во сопственост на општината. Бордот на компанијата се состои од политичари од од општината. Имаат директор на компанијата и менаџер на делот за УЦО. Денес има вкупно 220 вработени. Освен за управување со отпад, Борланг Енергија е исто така одговорна за канализацијата, производството на енергија, парковите, греењето, итн. Околу 25 лица работат со управувањето со цврстиот отпад

Борланг Енерги обезбедува собирање и транспорт на отпадот од домаќинствата. Тие исто така обезбедуваат управување и оперирање со депониите и со регионалниот инцинератор.

Компанијата Dala specialavfall е во сопственост и на приватна компанија за отпад и на 13 општини во Даларна. Компанијата работи со опасен отпад, на тој начин што обезбедува собирни станици и услуга и исто така третман и транспорт до други објекти за опасен отпад.

Постои една организација за сите општини во регионот Даларна, Dala Avfall, чијашто цел е да обезбеди соработка помеѓу општините во рамките на некои сектори за УЦО и да изготви основни насоки за плановите за УЦО што можат да се користат во секоја општина.

Слика 12 Организациска шема од Борланг

Стимулативни мерки на општината

Општината може да користи различни стимулативни мерки за правилно да го насочи управувањето со отпад:

Борд на советот

Човечки ресурси

Економија

Техничко планирање

Проекти Меѓународен

развој

Извршен директор

Пазар Услуги

Page 32: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

32(63)

План за управување со цврстиот отпад (НПУЦО) со информации во врска со целиот отпад во општината (од домаќинствата и останатиот отпад). НПУЦО треба да ги претстави целите и мерките за собирање и третирање и информации во поглед на тоа колку може да се намали опасниот отпад, и во смисла на количество и во смисла на токсичност.

Локална регулатива, тука токму општината е таа што може да укаже на посебна регулатива за произведувачите на отпад, правила за компостирање во домаќинствата, вид на канти што мора да се користат, итн.

Надомест за отпад. Општината може да го користи истиот како економска стимулативна мерка за да ги постигне целите на НПУЦО.

Информациите играат важна улога во работата на општината при постигнување на свесност кај жителите. Добрите информации, мотивацијата и промоцијата се клучни при добро сортирање на отпадот, коешто е неопходно за системи со различни видови на третирање и рециклирање.

4 ТРОШОЦИ, НАДОМЕСТОЦИ И ТАКСИ

4.1 Гостивар

За висината и структурата одлучуваат општините. УЦО треба во принцип да се самофинансира, без комунални субвенции. Општината одлучува за надоместокот, а на компанијата.

Висината на надоместокот за домаќинствата и претпријатијата зависи од големината на куќата и дворот, а не од бројот на членови во домаќинството или од бројот на вработени. Во моментов, надоместоците изгледаат вака:

4 евра месечно за мали станови

До 10 евра месечно за големи индивидуални куќи.

Различна висина на надоместоци за трговски претпријатија

Надоместоците за трговски претпријатија се засноваат на површината на просторот што се опслужува.

Компанијата има вкупно околу 18000 потрошувачи, поделени во приближно 16000 куќи и станови (30 % куќи и 70 % станови) и 200 стопански објекти и институции.

Надоместоците ги собираат месечно десет инкасатори директно од секое домаќинство (како и собирањето на надоместоците за вода).

Не постои диференцијација на надоместоците според нивото на услугата, туку само во поглед на големината на куќата. Домаќинствата со индивидуално

Page 33: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

33(63)

собирање од канти плаќаат исто како и домаќинствата што ги користат комуналните контејнери.

Постојат посебни сметки за вода и отпад. Само околу 50 % од корисниците ги плаќаат надместоците за отпад, а истото се случува и со сметките за вода. Слабата волја за плаќање на граѓаните и неадекватните акции за спроведување се главните причини. Ова му отежнува на Комуналец да ги покрие трошоците за собирање и третирање на отпад, а да не ги споменуваме трошоците за информации и планирање на управувањето со отпадот. Компанијата работи со потсетници и предупредувања, може да го поврзе плаќањето на сметките за цврст отпад со добивање комунални дозволи, на пример за градба, и конечно, компанијата може да тужи.

Буџетот за водовод и за управување со цврстиот отпад во 2007 г. бил 1,2 милиони евра, со приближно 50% за секој сектор. Од ова, 100000 евра биле субвенции од општината. Во текот на 2007 г., трошокот за управувањето со цврстиот отпад бил 900000 евра, но само 750000 евра дошле од надоместоци. Останатите 150000 евра биле субвенционирани од секторот за вода. Покрај ова, компанијата исто така плаќа големи суми за стари заеми, коешто ја прави финансиската состојба многу тешка.

4.2 Борланг

Во Шведска комуналното управување со отпад се финансира преку надоместоци кои ги плаќаат индивидуалните сопственици на имоти, а не преку такси. Општинскиот совет е тој што одлучува за надоместокот за отпад. Надоместокот мора да ги вклучува трошоците за администрација, планирање на управување со отпадот, царински услуги, идни фондови, информации, услуги на станиците за рециклирање, итн. Ова обично се покрива со таканаречениот основен надоместок, којшто сите го плаќаат подеднакво. Дел од надоместокот зависи од тоа колку отпад е генериран, а тој дел треба да ги покрие трошоците за собирање и третирање на отпадот. Системот мора да има финансиска рамнотежа без профити или годишни загуби.

Трошокот за одговорност на производителот го плаќаат купувачите на производите. Производителите го одредуваат надоместокот, а потоа тој се вклучува во вкупната цена на производот.

Генреално, едно домаќинство во Шведска плаќа 1940 шведски круни (179 евра) годишно како просечен надомест за отпад (2007 г.).

Различното третирање повлекува различни трошоци, како што е прикажано подолу. (1 евро = 10,82 шведски круни)

Евра/тони 2003 2004 2005 2006 2007

Депонија 65-111 65-111 65-111 65-111 65-111

Инцинерација 38-46 38-55 38-55 46-92 46-92

Page 34: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

34(63)

Биолошки третман 37-92 37-92 37-55 37-65 37-74

Табела 2 Трошоци за третман и одложување во Шведска

Во Борланг просечниот надоместок за домаќинство со едно семејство е за обичните услуги 1750 шведски круни (162 евра) годишно. Општината ќе им обезбеди две канти, една канта од 190 литри за согорлив отпад и една канта од 130 литри за биолошки отпад. Вообичаено отпадот од кантите се собира секоја втора недела.

Ако домаќинството одлучи да има свој компост за биолошкиот отпад, општината само ја собира кантата за согорлив отпад и надоместокот се намалува на 1342 шведски круни (124 евра) годишно.

Дури и ако домаќинството не генерира никаков отпад, постои основен надоместок, од 625 шведски круни (58 евра) годишно.

5 СЕГАШНА СОСТОЈБА НА СОБИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ТРЕТИРАЊЕ И ОДЛОЖУВАЊЕ НА КЦО

5.1 Гостивар

5.1.1 Собирање

Цврстиот отпад се собира од градската област, градските населби, приградските населби и дел од соседните села. 7-8 села не добиваат услуги заради недостаток на возила за собирање и ограничената можност за плаќање на надоместоците во овие села. Приближно 70 % од вкупното население на 81000 во општината добива услуги.

Одговорноста е поделена во три зони.

Прва зона: централната област, отпадот се собира седум пати неделно. За собирање се користат контејнери од 5 m3 и 1,1 m3.

Втора зона: пошироката градска област, отпадот се собира четири пати неделно. За собирање се користат контејнери од 5 m3 и 1,1 m3.

Трета зона: приградски области, отпадот се собира два пати неделно. Општината не обезбедува посебни канти.

Комуналец ги обезбедува кантите за собирање отпад од домаќинствата на јавни места, обично контејнери од 1,1 m3 и 5 m3, и пластични и метални во прилично добра состојба. Постојат извесни проблеми со палење оган во пластичните контејнери, па заради тоа компанијата во моментов претпочита метални контејнери. Освен тоа, во употреба се голем број на помали канти (25-120 литри), првенствено за трговски претпријатија, но исто така и за единечни куќи. Помалите контејнери за единечни куќи се поскапи за собирање од поголемите јавни контејнери.

Page 35: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

35(63)

Тие исто така ги обезбедуваат контејнерите за пластични шишиња. Има контејнери за собирање пластични шишиња на вкупно 7 локации.

Канти и контејнери што се користат за цврст отпад во Гостивар:

Контејнери 5 m3 10 парчиња

Контејнери 1,1 m3 170 парчиња

Eкo-контејнери 15 парчиња

Канти 25 литри 1 200 парчиња

Канти 50 литри 1 100 парчиња

Канти 60 литри 4 500 парчиња

Канти 80 литри 8 240 парчиња

Канти 120 литри 1 800 парчиња

Пластични кеси 10 000 парчиња

Друга опрема 1 500 парчиња

Индивидуалните куќи може да имаат собирање од тротоарот пред куќата, но мора да си обезбедат сопствени канти или да го остават нивниот отпад надвор во кеси во време назначено за собирање, итн.

Цврстиот отпад од училиштата се собира 2 пати неделно, а медицинскиот отпад од болницата секој ден.

Медицинскиот и заразниот отпад не се сепарираат, целиот оди на депонија. Компанијата � обезбедува на болницата пластични кеси во различни бои, но таа не ги користи и нема селектирано собирање. Ова може да е институциски, финансиски или образовен проблем.

Комуналец има десет камиони за собирање цврст отпад. Пет од нив работат, а останатите се расипани или во премногу лоша состојба за поправка. Два камиони се од 2006 г., а другите три се 20 – 30 години стари и со голема потреба за поправка и одржување. Вообичаено само три камиони работат на ден. Сите камиони се компактори со опрема за утовар на контејнери. Со секој камион 3 – 4 лица одат за собирање кантите.

Обемната работа на исправните камиони им остава малку време за нивно одржување. Комуналец има две едноставни работилници, кои исто така ги опслужуваат другите комунални возила како што се противпожарните камиони, возилата за вода, итн. Вкупно 6-7 лица работат на одржување на камионите и возилата. Објектот на работилницата се чини неадекватен и во поглед на опремата и во поглед на функционирањето.

Page 36: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

36(63)

5.1.2 Опасен отпад

Не постои селектирање или собирање на опасен отпад. Денес сите видови на отпад се мешаат во истата канта или контејнер. Веројатно постои извесно неформално селектирање. Понатаму, не постојат објекти за третирање на опасен отпад во регионот или во земјата.

Одложувањето на опасен отпад од активноста на отпадите не е сигурно.

Во Гостивар не постојат големи индустрии што генерираат опасен отпад.

Според Комуналец, медицинскиот отпад се меша со другиот отпад од болницата и посебно се носи на дивата депонија и се закопува.

5.1.3 Рециклирање

Специјалните ПЕТ контејнери ги собира приватна компанија и делумно општината, а тие потоа се транспортираат до дивата депонија каде постои машина за балирање. Пластичниот материјал потоа им се продава на приватни компании за рециклирање. Во моментов, собирањето на пластични шишиња изнесува 800 – 1000 кг на ден.

Освен за ПЕТ пластичните шишиња не постои организирано собирање на селектиран отпад или фракции на материјал. Сепак, постои прилично раширен неформален сектор што работи во рамките на рециклирањето. Уличните собирачи собираат хартија, картон, метал, електричен отпад, итн. од контејнерите на улиците и ги продаваат на отпади или на приватни компании. Неколку отпади примаат многу различни фракции на цврст отпад за рециклирање. Ако е возможно, предметите како што се електронските производи, се поправаат, а ако не можат да се поправат, се селектираат материјалите и компонентите што можат да се искористат. Автомобилите исто така вообичаено се рециклираат на отпадите. Се селектираат и рециклираат мотори, масло, гуми, метал, итн.

5.1.4 Одложување

Целиот отпад што го собира Комуналец, освен селектираните пластични шишиња, се транспортира до една дива депонија што е оддалечена околу 3 km од градот.

На дивата депонија има булдожер за разнесување на отпадот, и преса и машина за балирање на пластични шишиња. Во моментов не постои друго третирање.

Капацитетот на дивата депонија е околу 750000 m3. На депонијата живее заедница на улични собирачи.

Локацијата е во варовничка долина околу 50 - 100 m над градот. Не постои геолошка бариера или систем за дренажа и истекување на вода и нема инфраструктура ниту организирана операција на компактирање/покривање на депонијата. Следствено, површинската и подземната вода се загадени, а бидејќи

Page 37: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

37(63)

депонијата е близу до градот, на периоди се јавуваат проблеми заради мирисот. На депонијата постојано се пали оган.

Старата депонија, во близина на таа што се користи денес, е лошо покриена со толку стрмни падини што лесниот материјал често се слева или го носи ветрот. Падините исто така го отежнуваат соодветното покривање.

Една понова локација, Русино, се наоѓа приближно 5 km подалеку, на локација каде што порано се вадела глина. Оваа локација е попогодна за депонија заради долниот глинен слој, адекватната топографија и изолираната местоположба. Во моментов, локацијата има голем потенцијал за примање на големи количества. Еден проблем е патот, којшто е делумно во лоша состојба, со неколку стрмни делови. Сепак, овие делови не се долги. Главната причина што Комуналец не ја користи поновата локација се однесува на времето и амортизирањето на малкуте расположиви камиони кога се качуваат таму.

Денес, само отпадот од соседната општина, Тетово, се транспортира до локацијата Русино. Како што се чини, не постои надоместок на оваа депонија за другите општини.

Локацијата Русино е предложена за една од регионалните депонии во националниот план за УЦО.

5.2 Борланг

Сите домаќинства во Борланг имаат две различни канти; една канта од 190 литри за согорлив отпад и една од 130 литри за биолошки/органски отпад. Генерално, кантите се собираат на секои две недели. Ако домаќинството побара, собирањето може да е почесто или поретко, но во вториот случај е потребно домаќинството да врши сопствено компостирање. Во принцип, Борланг Енерги собира 5000 канти дневно, и се грижи за согорливиот и за органскиот отпад од домаќинствата. На ист начин, отпадот исто така се собира од сите објекти во општината, како што се училишта, итн.

Опасниот отпад, заедно со кабастиот отпад, електричниот и електронскиот отпад, го селектираат домаќинствата, а потоа го носат во центри за рециклирање. Вообичаено, постои еден центар за рециклирање во секоја општина. Опасниот отпад може да го собира Борланг Eнерги од капија ако домаќинството го побара тоа.

Отпадот од амбалажа, хартија, стакло го селектираат домаќинствата и го носат во околу 30 мали станици за рециклирање / пунктови распределени низ општините. Производителите се одговорни за собирање и третирање на овие фракции.

Page 38: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

38(63)

6 НАБАВКИ И ТЕНДЕРИ - УСЛОВИ

6.1 Сегашни услови во Македонија

Имплементиран е многу детален и опширен закон за јавни набавки. Законот е подготвен со главен фокус врз хармонизацијата со релевантните закони на Европската Унија. Се уште не е јасно дали овој закон е во сите детали адаптиран според законодавството на ЕУ.

За мали договори пониски од 20000 евра, се применуваат поедноставни конкурентни процедури. Договорите за јавни услуги над 20000 евра се подложни на најстроги барања, но можат да се изведат на домашен терен. Националните регулативи бараат меѓународно објавување на тендери кога вредностите на договорите се проценети над 0,5 милиони евра за набавки и услуги и 2,0 милиони евра за работа.

Оттука, во принцип треба да се спроведуваат тендери за собирање и третирање, но нема национална регулатива ниту предложени насоки или поттик за времетраењето на договорите или за величината на областа на тендерот.

Договорите каде се обезбедуваат фондови од меѓународни организации или трети земји се исклучени од овие барања. Истото се однесува и на договорите што се дел од меѓународни согласности со заедничка имплементација.

6.2 Сегашни услови во Шведска

Шведскиот систем е потполно во согласност со барањата на ЕУ. Правилата на ЕУ за конкуренција се применуваат во шведскиот закон паралелно со шведската легислатива за конкуренција. Во случај кога рестрикцијата на конкуренцијата има влијание врз трговијата во Шведска, применлив е Шведскиот закон за конкуренција.

Регулативите на ЕУ бараат меѓународно објавување на тендери кога вредностите на договорите се проценети над 0,2 милиони евра за услуги и 5,0 милиони евра за работи.

За помали договори, под 0,2 милиони евра, може да се примени неформална процедура којашто може да биде директна награда без претходна најава за договор.

Вообичаен вид на договор што го користат општините е рамковна согласност, којашто може да се користи за помали договори.

Договорите помеѓу претприемаштвата што оперираат само на шведскиот пазар може исто така да се испитаат според правилата за конкуренција на ЕУ ако тие, на пример, го спречуваат увозот.

Со случаите на ЕУ ракува и за нив одлучува Европската Комисија. Жалби за одлуките можат да се поднесат до Судот од Прв Степен. Европскиот Суд за Правда е крајниот апелационен суд.

Page 39: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

39(63)

6.3 Иден систем

Се препорачува за почеток да се следи сегашниот систем, а потоа постепено да се адаптира според барањата на ЕУ кога за тоа ќе постојат поволни услови.

7 ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО ЦВРСТИОТ ОТПАД

7.1 Македонија

7.1.1 Општо

Во тековната состојба, Македонија има проблеми со цврстиот отпад кои се многу вообичаени за земјите во период на транзиција од едно ниво кон повисоки нивоа на развој. Главните проблеми се делат на неколку клучни сектори:

Недостаток на адекватно финансирање на подобрено УЦО, главно заради ограничена можност за плаќање на надоместоците во општеството, како во домаќинствата така и на националните и на локалните власти и ентитети. Сепак, можеби не се искористуваат во потполност потенцијалите за постигнување на максимум плаќање преку оптимална структура на надоместоци.

Недостаток на адекватни законски инструменти на локално, регионално и национално ниво.

Недостаток на институциски можности и капацитети на локално, регионално и национално ниво за да се развие и да се поддржи модерно УЦО што ќе биде ефективно во однос на трошоците.

Недостаток на свест во општеството и во системот на потенцијални проблеми со неадекватно УЦО.

Неефективен систем за собирање, делумно заради неадекватно финансирање, но исто така и заради недостаток на организирано планирање.

Недостаток на доволни можности за спроведување, ресурси и инструменти.

Недостаток на адекватен систем за третман и одложување за еколошки безбедно ракување со комуналниот и опасниот отпад.

Во следниве поглавја се наведени некои специфични предизвици поврзани со различни области од УЦО.

Page 40: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

40(63)

7.1.2 Надоместоци и финансирање

Финансиски потешкотии за многу чинители да ја исполнат задачата поставена со закон.

Неадекватно финансирање на модерен систем за УЦО, посебно за поголеми инвестиции (како депонија и камиони).

Нема или се многу ниски надоместоците за третман/одложување.

Нема еколошки такси за финансирање на активности во рамките на УЦО.

7.1.3 Законски и институциски услови, вклучувајќи и спроведување

Во моментов, националната стратегија за ЦО не е имплементирана.

Националните власти и агенции немаат доволни институциски капацитети.

Многу општини немаат институциски капацитети и можности соодветно да го планираат и организираат УЦО.

Се чини дека не постојат или се ограничени одговорностите и иницијативите за ЦО на регионално/меѓуопштинско ниво.

Постои ограничено спроведување на сегашното законодавство за животна средина.

Недостаток на комуникација помеѓу централната власт и општините и другите инволвирани субјекти, како и помеѓу општините.

Нема насоки за општините во НПУЦО.

7.1.4 Рециклирање

Проблем е што Македонија како релативно мала и не многу индустријализирана земја има голем недостаток на инсталации за преработка на рециклирани материјали.

Да се извезат многу материјали е предизвик, зашто меѓународниот пазар флуктуира во побарувачка и цени. (Во моментов, вообичаено се плаќа за да се испорача материјалот.)

За домаќинствата се применуваат многу ограничени системи за селектирање и рециклирање.

Не постои централизиран објект за селектирање на соодветни фракции.

Page 41: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

41(63)

7.1.5 Собирање и транспорт

На системите за собирање им недостасува модерна опрема и адекватни шеми за работа и одржување (не е широко распространето превентивното одржување)

Недостаток на планирање на рутите и честотата на собирање.

7.1.6 Третирање и одложување

Во моментов на постојат санитарни депонии што работат во полна согласност со барањата на ЕУ.

Не постојат речиси никакви објекти за третман како што се инцинератори или постројки за компостирање.

Нема или постои ограничена регионална соработка, што би овозможила поголеми и поекономични објекти.

7.1.7 Опасен отпад

Освен за употребено масло, не постои објект за третман на хемиски опасен отпад.

Додека да започне да работи новиот инцинератор, во употреба се малку на број и мали адекватни објекти за третман на медицински отпад.

Нема систем за собирање и транспорт.

7.1.8 Во Гостивар

Собирањето е тешко и неадекватно зашто има само малку исправни камиони за собирање.

Недостатокот на објекти, шеми и рутини за одржување предизвикува неколкуте исправни возила да имаат пренапорно работно време. Неадекватен објект, опрема и функционирање на работилницата. Не се изведува закажано, превентивно одржување.

Малкуте возила нудат малку можности за планирање на адекватни шеми и рути за собирање.

Локацијата и работата на локалната депонија се недоволни и еколошки неприфатливи.

Не постои адвекватно финансирање на УЦО заради ограничената можност и желба за плаќање на надоместоците од страна на населението, комбинирано со ограничено спроведување на плаќањето.

Page 42: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

42(63)

7.2 Шведска

7.2.1 Општо

Во националниот НПУЦО на Шведска се нагласуваат пет поголеми области за акција. На овие цели треба да им се даде приоритет за да се постигнат севкупните цели за управување со отпад.

1. Да се имплементираат регулативите и да се користат одредените инструменти

2. Да се стави поголем нагласок врз намалување на количествата отпад и опасноста што истиот ја наметнува.

3. Да се подобри познавањето на загадувачите

4. Селектирањето на отпадот мора да им биде лесно на домаќинствата

5. Да се развие шведско учество во работата на ЕУ на полето на управувањето со отпад

Многу од овие цели ќе бидат исто така релевантни за Македонија, било краткорочно (цел 1, 2, 3 и 4) било долгорочно (цел 5).

7.2.2 Во Борланг

Во текот на работата со тековниот план за управување со цврстиот отпад во Борланг, компанијата заедно со Dala avfall наведоа повеќе идни предизвици, како на пример следниве:

Да се зголеми интересот и свеста за животната средина и за цврстиот отпад помеѓу жителите.

Поврзаност помеѓу националните – регионалните – општинските еколошки цели

Поврзаност помеѓу еколошките цели и жителите

Ставот на потрошувачите

Одговорности: општина – производители – жители

Опасен отпад

Транспорт

Инцинерација на иден отпад

Квалитет на биолошкиот третман

Рехабилитација на затворените депонии.

Page 43: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

43(63)

8 ВАЖНИ КОМПОНЕНТИ НА УЦО НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ

8.1 Планирање на активности и инвестиции за УЦО

8.1.1 Општо

Важно е активностите за УЦО што треба да се имплементираат да се засноваат на почетно сеопфатно планирање, при што ќе се обрати внимание на потребата за хармонизација помеѓу сектори, региони и општини.

Националниот план за УЦО мора што поскоро формално да се прифати, а новите активности да се постават во севкупната рамка. Мрежата на депонии мора да е соодветна за ефикасно да ја опфаќа целата земја. Во врска со планот, мора да се определи и разјасни финансирањето на почетните акции и инвестиции.

Овие аспекти се разработени во препораките на крајот на извештајов.

8.1.2 Во Гостивар

Како дел од подобрувањето на локалното УЦО, од суштинско значење е што побрзо да се изготви план за управување со отпад согласно со законот.

Процесот на национално планирање на ЦО треба да вклучи развој на локацијата Русино, а Комуналец треба да обезбеди дека планирањето на оваа локација ги зема предвид локалните потреби. Ако националното планирање на локации се оддолжи, тогаш релевантна е локална инцијатива за планирање поврзано со локацијата.

Новата локација мора веднаш да е подготвена за современо работење, и мора да се подготват планови за затворање и покривање на сегашната депонија.

Овие аспекти се исто така разработени во препораките на карајот на извештајов.

8.2 Мониторинг, евалуација и преглед

Во модерното управување со цврстиот отпад, системите за чест мониторинг на услугите и оперативните резултати како и усогласувањето со животната средина се природна работа. Резултатите вообичаено се доставуваат до националните или регионалните власти или агенции за статистика и понатамошна обработка и анализа.

Резултатите од мониторингот може да се користат за честа евалуација на статусот и да се поврзуваат со понатамошниот развој и подобрувањето. Резултатите исто така може да се употребат за подобрување на перформансите и за спроведување на мерки против еколошки прекршоци.

Page 44: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

44(63)

Врз основа на собраните и доставени податоци, се прават редовни ажурирања и прегледи на плановите за УЦО и да се извршуваат на редовни интервали (пр. секоја четврта година).

9 РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Во модерното управување со цврстиот отпад регионалната соработка е благотворна и во голема мера задолжителна, посебно кога општините се ограничени по величина и институциски капацитети. Многу објекти за цврст отпад имаат јасна економија на големина, која како резултат дава значително помали трошоци по тон за поголема величина на постројка. Регионалната соработка исто така овозможува хармонизација и координација на решенија и шеми во поголема област. Регионалната соработка е исто така важна за ефективна заедничка употреба на обучен и компетентен персонал и на професионални информациски системи, итн. Во Македонија, некои области се посебно погодни за ваква соработка:

соработка помеѓу локалните општини за развој и работа на регионална депонија и поправка и модернизирање на пристапниот пат

заеднички, регионални работилници

хармонизација на иницијативи за рециклирање

центар за знаења и информации

регионален, поразвиен објект за третман (постројка за сортирање, постројка за компостирање, инцинератор).

10 АНАЛИЗА И ЗАКЛУЧОЦИ

10.1 Вовед

Следнава табела има за цел да ги организира по точки информациите за тековните услови, статус и ограничувања во шведското и македонското УЦО. За секоја точка, беше дадена оценка и каде што беше применливо анализа накусо прикажана во следната колона, како и заклучоците и препораките за промени/акции кои се прикажани во последната колона.

Page 45: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

45(63)

10.2 Севкупното управување со цврстиот отпад

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Сегашни закони и стратегии

УЦО стратегија воспоставена -Национален план подготвен, но не имплементиран

Сите закони и стратегии во согласност со барањата на ЕУ

Во моментов, потполна согласност со барањата на ЕУ не се бара краткорочно, зашто Македонија не е земја членка. Пред да стане членка, Македонија мора да има законодавство што е целосно во согласност со законодавството на ЕУ, одобрено и воведено (не исполнето).

Мора да се имплементирааат, среднорочно или долгорочно, во зависност од времето за апликација за членство во ЕУ.

Сегашни подзаконски акти и регулативи

Подзаконски акти во согласност со барањата на ЕУ во подготовка

Сите подзаконски акти и регулативи во согласност со барањата на ЕУ

Во моменталната состојба, не се бара целосна согласност со ЕУ, но тие треба да се подготват врз основа на адекватни и соодветни барања. Пред да стане членка, Македонија мора да е во потполна согласност со регулативите на ЕУ, одобрени и воведени (не исполнети).

За почеток, мора да се финализира тековната работа на подзаконските акти и регулативи, минимум прилагодени на соодветните стандарди на ЕУ. Потполната согласност мора да се имплементира среднорочно или долгорочно, во зависност од времето за аплицирање за членство во ЕУ

Рециклирање на материјали и амбалажа

Приватни иницијативи

Нема стимулативни мерки

Нема субвенции

Секоја гранка е одговорна за систем на нивни материјали

Систем финансиран преку надоместоци за производ што се плаќаат при купувањето

Гранката/одговорноста на производителот во моментов веројатно не е соодветна за Македонија. Сепак, таа треба да се охрабри на среден рок. Речиси сите шеми за рециклирање во западниот свет се поддржани, субвенционирани или финансирани преку национални такси, надоместоци, програми за поддршка, регулативи итн. Чисто комерцијалните шеми е тешко да се воспостават и одржуваат. Следствено, мора да се воведат и охрабрат иницијативи и стимулативни мерки во Македонија.

На почетокот, мора да се охрабруваат и поддржуваат национални, локални и регионални иницијативи во рамките на рециклирањето од страна на одговорните на централно ниво за животна средина и општинските ентитети.

Треба да се воведе и среднорочно да се поддржи одговорноста на гранката/ производителот.

Рециклирање на ОЕЕО

Само приватни иницијативи

Нема стимулативни мерки

Нема субвенции

Одговорност на производителот за извесни производи

Систем финансиран преку надоместоци за производ што се

Одговорност на производителот во моментов веројатно не е соодветен пристап за рециклирање на ОЕЕО во Македонија, и тешко е да се воведат и одржат чисто комерцијални шеми без субвенции или стимулативни мерки. Следствено, во Македонија мора да се воведат и охрабруваат домашни иницијативи и стимулативни мерки.

Краткорочно: да се воведат стимулативни мерки и субвенции за рециклирање на ОЕЕО.

Долгорочно: да се воведе одговорност по гранки и системи финансирани преку надоместоци за производи

Page 46: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

46(63)

плаќаат при купување

Продавниците што продаваат ЕЕО често примаат ОЕЕО

Регионална соработка

Многу ограничена соработка Многу широка соработка.

Поголемиот дел од УКЦО е организирано преку регионални меѓуопштински компании

Регионалните решенија се од суштинско значење за многу компоненти во рамките на модерното УЦО (види глава 10). Следствено, важно е да се воведе и поддржи регионална соработка. Со прилично малата просечна големина на општини во Македонија, ова е од посебна важност.

Да се воведе и поддржи регионална соработка во рамките на третманот, одложувањето, пренесувањето на знаења, итн.

Евидентирање, известување и статистики

Нема мерење

Нема организирано и стандардизирано известување

Цел ЦО се мери и за него се известува на годишно ниво

Годишни статистики

Соодветното и организирано мерење и известување се важни за мониторинг, статистики, сметководство и фер надоместоци во еден модерен систем заУЦО.

Да се воведе мерење во системот за УЦО

Да се воведат известување и статистики засновани на тони

10.3 Одговорности на општината при управување со цврстиот отпад

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Локална одговорност за УЦО

Отпад од домаќинствата: општината е одговорна, но монополот не е извесен.

Друг отпад: производителот на отпад е слободен да го избере операторот за УЦО.

Отпад од домаќинствата и цел сличен отпад: општината има монопол

Остатнат отпад: производителот на отпад е слободен да

Сегашната поставеност е раширена и добро функционира во ЕУ, па веројатно треба да се задржи.

Сепак, мора да се воспостави и верификува монополот за одговорноста на општината (не за извршувањето)

Монополот на одговорноста на општината за собирање и третирање отпад од домаќинствата мора да се верификува и потполно да се имплементира (било во рамките на сопствената организација било преку договорени извршители).

Page 47: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

47(63)

избере

Поврзаност помеѓу агенцијата за УЦО и политичкиот систем

Највисокото управување на оптшинските претпријатија е поврзано со политичкиот систем и може да се замени по избори.

Генерално: нема поврзаност, во дневната работа општинските претпријатија се надвор од политичкиот систем, иако буџетите и поголемите инвестиции и системски промени мора да бидат одобрени од страна на локалните политичари

Блиската врска помеѓу организацијата на давателите на комунални услуги и политичкиот систем има многу недостатоци, на пример, политички мотивирани (непопуларни) одлуки на општинската агенција може да водат до непотребна замена во управувањето. Замената што дозволува политички лојални службеници исто така е ризична. Оваа врска мора да се раздели, и да им се дозволи на јавните претпријатија да работат независно од политичкиот систем, иако општинскиот борд може да дава насоки за УЦО преку локалната регулатива и одобрувањеа на буџети.

Да им се дозволи на јавните претпријатија да работат независно од политичкиот систем. Политичарите може да даваат насоки за УЦО преку општинскиот борд, давајќи локална регулатива и одобрувања за буџети на одредени интервали.

Финансирање Најмногу преку надоместоци, но исто така и од субвенции од општина. На располагање ограничени фондови за инвестиции.

100 % финансирано преку надоместоци, според барањата на ЕУ. Инвестициите се финасираат преку општински кредити.

Во моментов, општините може да немаат финансиски ресурси за крупни инвестиции . Интервенциите на национално ниво можат да помогнат само привремено. Постепено, мора да се воспостави систем на самофинансирање, којшто ќе ги покрива и инвестициите

Вообичаени активности на јавните претпријатија за УЦО

Собирање и транспорт

Одложување

Собирање

Трансфер и транспорт

Третирање и одложување

Опасен отпад од домаќинства

Кога ќе се воведат регионални системи и објекти, трансферот и влечата ќе бидат општинска одговорност (по договор).

Опасниот отпад од домаќинствата и малите претпријатија треба конечно да биде општинска одговорност, зашто јавното претпријатие ќе ги има објектите и системите за ракување со овој отпад..

Проширување на одговорноста за третман на ЦО и регионални активности за УЦО, како што се трансфер и транспорт таму каде што е применливо.

Одговорност за собирање и декларирање на опасен отпад од домаќинствата и малите претпријатија

Рециклирање Ограничено собирање и рециклирање (ПЕТ пластика)

Локални станици за рециклирање

Општински центри за

Општините мора да бидат вклучени во рециклирањето отпад од домаќинства. Фокусот мора да биде врз најизводливите фракции. Поевтино е да се изведуваат шеми на рециклирање според кои јавноста ќе ги носи фракциите

За почеток, може да се основаат мали станици за рециклирање и кога ќе има можност постепено да се воведат поголеми општински центри (за кабаст

Page 48: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

48(63)

рециклирање во собирни пунктови. Кога ќе се унапреди состојбата со УЦО, треба да се воведат понапредни системи како што е собирање на фракции на материјал од врата на врата.

отпад итн.).

Ако условите станат поволни, општините треба да имплементираат и изведуваат рециклирање на изводливи материјали од домаќинствата врз основа на собирање од врата на врата

Население што се услужува

Општо, само урбаните области добиваат услуги. Руралните области не се вклучени во првичните планови за УЦО.

Практично, сите домаќинства па дури и викендичките добиваат услуги на собирање. Руралните области често имаат поголеми општински контејнери на извесна оддалеченост од куќата.

Општо, само урбаните области добиваат услуги, заради недостаток на финансиски и технички капацитети. Тековното планирање не ги опфаќа руралните населби. Во многу земји широко се применуваат економични системи за руралното население, на пример големи контејнери (3-10 m3) во селата. Во принцип, целата земја треба да има услуги за УЦО на дадено ниво.

Да се обезбедат услуги за собирање на ЦО на минимално ниво за сите домаќинства во урбаните области.

Да се воведе и развие соодветно економично собирање (поголеми општински канти или контејнери) во селата за руралното население.

10.4 Рециклирање

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Пазари за рециклирани материјали и производи

Проблематични, заради ограничената домашна преработка и употреба и големите флуктуирања во побарувачката и цените на меѓународниот пазар за вообичаените фракции.

За повеќето фракции: зрели пазари, и Шведска има широка индустриска основа.

Во тековната состојба неопходно е да се развијат пазари што се на располагање во земјата (или во регионот во соседството) за поголемиот дел од главните фракции на материјали. Tековните меѓународни пазари не обезбедуваат финансиска поддршка за домашно рециклирање.

Сепак, извоз на селектирани фракции со висок квалитет е сеуште во одредена мера можност за профит, и треба да се испитаат и воведат национални иницијативи.

Да се развијат домашни пазари (или во регионот во соседството) за поголемиот дел од главните фракции на материјал.

Да се испита извозот на селектирани фракции со висок квалитете.

Одблизу да се следат флуктуирањата на пазарот, со што ќе се овозможи зголемен извоз кога тоа е применливо.

Page 49: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

49(63)

Домашна преработка

Преработка само на картон/хартија и делумно ПЕТ и ПЕ пластика, но со ограничен капацитет

Неколку објекти за преработка, но и извоз во Кина, Полска, Германија, итн.

Бидејќи меѓународниот пазар е проблематичен, важно е да се поттикнува и поддржува зголемена локална преработка. Од тековното искуство може да е тешко да се продаваат производи од рециклирани материјали на меѓународниот пазар. За понатамошна поддршка на локалното рециклирање, властите треба да го поттикнат купувањето на локално рециклираните материјали и производи.

Да се поттикне и поддржува зголемена локална индустрија за преработка

Да се поттикне купувањето на локално рециклирани материјали и производи во рамките на јавниот сектор

Селектирање на фракции

Само селектирање на на изворот на отпадот од домаќинствата.

Не постои селектирање по собирањето

Неформално селектирање на улици и отпади

Диви копачи на локациите за одложување

Селектирање на изворот на генерирање отпад во домаќинства итн.

Многу приватни централни објекти за селектирање (механички и мануелни во комбинација), првенствено за селектирање по собирањето и за не-отпадот од домаќинствата

Иако е вообичаено во многу слични земји, многу од неформалните акктивности на собирање се неприфатливи од здравствени и социјални причини. Дивите копачи на депониите даваат прилично низок резулат за рециклирање (количество и квалитет) и предизвикува сериозни здравствени проблеми. Неконтролираното селектирање на отпади итн. исто така предизвикува здравствени и еколошки опасности. Затоа е важно да се регулира неформалното селектирање и да се забрани уличното собирање.

Да се регулира неформалното селектирање на отпади итн.

Да се забранат диви копачи на улиците и на депониите.

10.5 Собирање и транспорт на цврст отпад

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Page 50: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

50(63)

Канти и контејнери

Во употреба се неколку видови, од кои повеќето се погодни за механички/автоматски утовар

Вообичаено само јавни/општински контејнери

Во употреба се слични видови, но генерално во добра состојба

Единечните куќи имаат пластични канти или користат големи пластични или хартиени кеси.

Најдобрите од постоечките системи се адекватни. Стандардите мора да се поконзистентно на адекватно ниво. Мора да се охрабри надградување и проширување до максимум број на домаќинства. Општинските контејнери се економични и треба да бидат главен систем за стандардни домаќинства. Честотата на собирање е многу важна за користењето на камионите и трошокот за собирање на ЦО. Мора да се обесхрабрува дневното собирање и да се замени со собирање еднаш или два пати неделно. Може да се развие систем/услуга за семејства со средни/високи примања, дозволувајќи им на единечни домаќинства да купуваат приватни канти и да имаат собирање од капија за висок надоместок споредено со општинските контејнери.

Општински контејнери на тркала погодни за механички/автоматски утовар треба да бидат главниот систем за стандардни домаќинства.

Можат да се охрабруваат подобрени услуги од врата на врата за семејства со средни/високи примања, но за релативно висок надоместок.

Камиони Во употреба се многу видови, но многу од нив се во лоша состојба

Еден камион за компактирање не се употребуваат повторно

Повеќето возила се во добра состојба.

Камионот за компактирање може да се користи со 2 шасии.

Очигледно, возилата за собирање во многу општини се неадекватни и во лоша состојба, делумногпоради неадекватно финансирање. Камионите во добра состојба со механички/автоматски утовар имаат многу повисоки перформанси во споредба со старите камиони во лоша состојба. За да се искористат камионите до максимум, исто така е вообичаено во многу земји да се изведува планирање на оптимизирани рути за собирање на ЦО.

Системите за одржување и замена, кои овозможуваат употреба на компактори да издржуваат 2 шасии е вообичаено во многу западни земји. Компакторите се поскапиа, но исто така потрајни од шасијата.

Мора да се охрабрува подобрен возен парк со механички/автоматски утовар.

Треба да се охрабруваат системи што овозможуваат употреба на компактори што издржуваат 2 шасии.

Да се изготви планирање на оптимизирани рути за собирање на ЦО.

Трансфер Не е воспоставен, зашто не постојат регионални локации

Многу трансфер страници од различни видови, комбинирани со транспорт на камиони и камиони со приколки или полу-приколки.

Потребата за поекономични објекти за долг транспорт и трансфер за поддршка на ефикасна влеча вообичаено се воведува кога расте растојанието до објектите за третман. Типично, еден трансфер и влеча може да се профитабилни за 30-50 km во еден правец. Ова исто така им остава на камионите за собирање да го вршат она за што се наменети; собирање и краток транспорт. Каде што е применливо, мора да се воведе поефективен и поевтин долг транспорт. Националните и регионалните власти и ентитети мора, каде што е можно, да воведат и развијат трансфер станици, за поддршка на ефикасна влеча до

Да се изврши анализа на транспортот поврзана со мрежата на предложената депонија.

Таму каде ште ќе се увиди дека е погодно/профитабилно: да се воведат и развијат трансфер станици и возила за влеча до регионални објекти.

Page 51: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

51(63)

регионалните објекти.

Транспорт Најмногу со камиони за собирање и помали камиони

Пократки растојанија – камиони за собирање

Средни/долги растојанија – големи камиони за влеча (полуприколки и камиони со приколки)

Кога растојанието до објектите за третман се зголемува, треба да се користат поголеми камиони за влеча (полуприколки и камиони со приколки), со компактори или со отворени (затворени) контејнери. Често се користи можноста за транспортирање на други стоки во повратната насока. Ова може да се заснова на објавување тендери, и со употреба на локално расположиви камиони за влеча.

Врз основа на анализа на транспорт: да се воведат поголеми камиони за влеча каде што тоа е применливо/профитабилно.

Каде што е релевантно: да се воведат тендери за влеча и ако е применливо за трансфер.

Работење & Одржување

Неадекватни објекти на работилници и шеми на Р&О

Добри шеми на Р&O

Превентивно одржување

Се користат и приватни и јавни работилници

Работилниците и шемите на Р&O се важни елементи во модерното УЦО. Општините мора да ги подобрат шемите на Р&O и кога е потребно да соработуваат со приватни работилници. Вообичаено не е неопходно да има работилница со полн капацитет и можности во рамките на јавното претпријатие.

Да се воведат подобрени шеми на Р&O за камиони и опрема.

Да се подобрат објектите на работилниците.

Да се користат приватни работилници, посебно за потешкото одржување.

10.6 Третирање на цврст отпад

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Општо третирање

Локални/општински диви депонии или депонии без почетен процес на лоцирање и основна инфраструктура и еколошки мерки

Широк избор на методи за третман, во зависност од видот на отпад

Вообичаено регионални објекти

Постои широк избор на методи за третман на располагање со специфична погодност за дадени видови отпад. Инцинерацијата е погодна за многу видови отпад, но не и за влажен органски отпад и за неоргански отпад вклучувајќи метал. Биолошкиот третман (аеробичен или анаеробичен) е погоден за влажен или сув органски отпад. Можно е, исто така, да се изврши централно селектирање

Постепено да се воведе мешан третман, со фокус на соодветни и евтини

Регионална соработка за да се најдат ресурси за повисок стандард и поекономични објекти за третман

Page 52: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

52(63)

на мешан отпад (МБТ –механичко биолошки третман). Во повеќето западни земји постои мешавина на објекти за третман кои се достапни во даден регион, и кои се надополнуваат едни со други. Сепак, многу методи за третман се скапи, како што е инцинерацијата и анаеробниот биолошки третман. Од витално значење е да се направи оценка на тековите на отпад, на рамковните услови, пазари и трошоци за третман за да се изнајде соодветен избор на методи. Во Македонија, во моментов се смета дека само поевтините методи се соодветни и финансиски достапни. Постои јасна економија на големина кај повеќето методи, кои се применуваат во поголемите објекти.

Биолошки третман

Речиси не постои Многу постројки за компостирање и неколку постројки за биогас

Јасно е дека едноставен аеробичен третман (на отворено) е најевтината опција. Процесот на компостирање е најлесен за ракување и предизвикува помалку процеси и проблеми со соседите кога се користи за градинарски отпад. Компостирањето на органски отпад од домаќинствата вообичаено бара почетно селектирање на изворот на оваа фракција отпад. Анаеробичниот биолошки третман е многу скап, но произведува биогас кој може да се употребува. Компостот е одличен збогатувач на почвата.

Исто така, многу е важно да се развијат пазари/потрошувачи на компост, вообичаено со фокус на јавноста и земјоделскиот сектор.

Почетни иницијативи за компостирање со градинарски отпад, а потоа постепено да се користи органски отпад од домаќинствата селектиран на изворот.

Фокус на компостирање со едноставна технологија.

Истовремено да се развијат пазари за продажба на компост во јавноста и земјоделскиот сектор.

Инцинерација Не постои и речиси нема инфраструктура за дистрибуција на топлина/енергија

Многу раширена и главен метод за третман

Многу широка употреба на топлина/енергија (задолжително)

Инцинерацијата на комуналниот ЦО може да се врши врз основа на неколку техники. Таа може да биде робусна технологија што обезбедува топлинска енергија за користење. Во големите објекти оваа топлинска енергија може да се користи за производство на електрична енергија. Најсоодветното решение за Македонија е евтина инцинерација на отпад од дрво и пред-третирано рафинирано отпадно гориво.

Инцинерацијата на мешан КЦО е многу скапа и вообичаено бара поврзан сисем за дистрибуција на топлина во голема област, или алтернативно, индустриски потрошувач со значителни потреби за топлинска енергија.

На почетокот, треба да се испита и воведе инцинерација на отпад од дрво, по можност поврзана со постоечките можности за испорачување на топлина.

Во долгорочна перспектива, би можело да се воведе инцинерација на мешан КЦО, поврзана со можност за испорачување на топлина.

Page 53: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

53(63)

Селектирање и комбиниран третман

(МБТ)

Не постои Невообичаен Ова е метод што се користи во неколку северно-европски земји (МБТ – механичко биолошки третман). Со него се сепарира органскиот отпад и некои фракции на материјал од мешан отпад, при што се избегнува детално селектирање на изворот на отпад. Сепак, овој третман е скап и бара прилично напредна технологија и е оценет како несоодветен за Македонија на краток или среден рок.

Да се испита МБТ кога состојбата со ЦО ќе се подобри.

10.7 Депонирање - крајно одложување

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Локација Постоечките локации се на погодни и соодветни локации веднаш до урбани центри.

Засновани врз процес на идентифукување на повеќекратни критериуми

Идните депонии мора да се лоцираат само на адекватни локации. Идентификувањето на местоположбата и процесот на имплементација може да траат до 10-15 години. Следствено, можеби е разумно да се започне процесот на лоцирање со постоечките локации, и да се испита колку се тие соодветни. Некои од локациите веројатно не се соодветни, па тогаш ќе треба да се идентификуваат алтернативни локации.

Да се верификува дека избраните регионални локации се според современите и распространетите услови за локација, и дека предизвикуваат најмалку можни еколошки, здравствени и социјални негативни влијанија.

Итно: да се започне со подготовка/надградување на соодветните избрани локации.

Ако е применливо: да се решат проблемите со избраните локации, или ако е можно, да се заменат.

Page 54: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

54(63)

Еколошки мерки

Нема или ограничени Широко распространети и во согласност со барањата на ЕУ

Типично, една модерна депонија ќе бара мембрана за да спречи истекување, систем за собирање и третман на исцедокот, систем за ектсракција на депониски гас, дренажни системи, итн. ЕУ во моментов има многу строги барања за депониски инсталации, но многу депонии во земјите во јужна и источна Европа не се во согласност со овие барања. Препорачаната инфраструктура и мерки можат постепено да се развијат, започнувајќи на соодветно ниво и постепено подобрувајќи го стандардот.

За почеток, сите дисквалификувани помали депонии мора да се затворат на соодветен начин. Останатите депонии треба да се подобрат до соодветно ниво, близу до барањата на ЕУ (пр. 1 мембрана наместо 2).

Постепено депониите треба да се подобрат до стандардите на ЕУ.

Услови за работа

Неадекватна опрема и рутини

Адекватни рутини и опрема во согласност со барањата на ЕУ

Типично, една модерна депонија ќе бара богати оперативни рутини и опрема. Мора да се користат тешки, специјализирани компактори. Депониите мора да се градат во исечоци или ќелии. Површината мора редовно и соодветно да се покрива. Мора да се преземат мерки за да се избегне мирис, глодари, чад, ѓубре, прашина, итн.

За почеток, работењето на сите останати депонии мора да се подобри до соодветно ниво со добри оперативни рутини и користење на компактор.

Постепено, работењето на депониите треба да се подобри до стандардите на ЕУ.

Величина и број

Во моментов, премногу на број и премали

Планирани се 5-7 за Македонија

Приближно. 100 депонии, повеќето од нив регионални.

Многу е важно мрежата на останатите депонии да е добро распределена во поглед на тоа каде се генерира најмногу ЦО. Ова бара адекватна и планирана структура на локациите, којашто ги одразува главните точки на растојанијата за транспорт на ЦО.

Со оглед на големиот број на општини во Македонија, ова ќе бара регионална соработка, но исто така и координирано национално планирање.

Да се потврди дека избраните величини на локација и нивниот број се во согласност со соодветниот избор и услови за локација.

Да се започне регионална соработка за подготовка работење на локација.

10.8 Надоместоци и финансирање во управувањето со цврстиот отпад

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Висина на надомест и структура

Гостивар 4 -10 евра месечно за различни куќи во зависност од величината на имотот

Во просек 180 евра по домаќинство и година.

Нормално е да постои јасна врска помеѓу висината на надоместоците и услугите на собирање и количествата ЦО што се генерираат (одразени преку големината на кантата). Нормално е исто така, а и задолжително во Европа

Да се преиспита тековната структура на надоместоци.

Да се преиспита тековното ниво на

Page 55: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

55(63)

(станови/индивидуално) (до 120 евра/годишно)

висината на надоместокот да е таква што ќе овозможи 100% финансирање од корисниците во општините. Во повеќето земји редуцирањето на отпадот се поттикнува преку надоместоците. За да се постигнат финансиски прифатливи надоместоци, важно е општините да имаат УЦО што е ефективно по однос на трошоците.

Разликата помеѓу најскапиот надоместок во Македонија и Шведска не е значителна, а ова укажува дека постојат некакви потенцијали за рационализација.

трошоци.

Да се подобри структурата на надоместоци.

Надоместоци за третман и одложување

Нема или се многу ниски Депонија 65-110 евра/тон (вклучени еколошки такси)

Инцинерација 50-90 евра/тон

Биолошки третаман 40-75 евра/тон

Во повеќето европски земји, надоместоците за третман се имплементираат на капијата на објектот. Овие надоместоци вообичаено ги одразуваат трошоците за третман. Во Македонија, со ограничена можност за плаќање во домаќинствата, посебно е важно да се собираат надоместоци од претпријатијата што носат отпад до општинскиот објект за ЦО.

Да се воведат и имплементираат надоместоци за третман што ги одразуваат трошоците.

Да се зголемат надоместоците кога трошоците за третман ќе пораснат

Согласност за плаќање и собирање

50% плаќаат

Неефикасно/скапо собирање на надоместоци (месечно од врата на врата)

Приближно 100 %.

Силно спроведување и генерална согласност за плаќање

Постоечкиот систем за собирање на надоместоци не е ефикасен, но е трудово-интензивен во област со голема невработеност.

Во моментов, се имплементираат многу ограничени иницијативи во поглед на стимулативни мерки, мотивација, информации и спроведување.

Една голема пречка е ограничената можност за плаќање дури и ниски надоместоци во многу домаќинства. Сепак, ако се соодветно информирани, меѓународното искуство покажува дека дури и во сиромашни земји, може да се постигне високо ниво на согласност за плаќање со соодветна структура и висина на надоместоци, како и со добро информирање и мотивација.

Иницијативи за стимулативни мерки, мотивација, информирање и спроведување.

Да се координира со подобрена структура на надоместоци.

Извори на финансирање

Повеќето од корисниците и производителите на отпад.

Извесни општински

100 % финансирање од корисниците, преку надоместоци од потрошувачите,

Во ЕУ е задолжително 100 % од трошоците за УЦО треба да се финансирани од корисниците (принцип загадувачот плаќа). Многу сиромашни земји се уште имаат владини или општински субвенции за УЦО. Постепено, Македонија

Постепено целото финансирање да им се префрли на корисниците преку надоместоци.

Page 56: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

56(63)

субвенции корисниците или преку надоместоците за третман/одложување

ќе мора да се прилагоди до барањата на ЕУ.

Стимулативни мерки и субвенции

Во моментов нема Еколошките такси за депонирање го промовираат и поддржуваат алтернативното третирање и рециклирање.

Пониските надоместоци за домаќинствата промовираат и наградуваат со намалување на отпадот.

Во повеќето западни земји стимулативните мерки и субвенциите се важни инструменти за воведување, работење и проширување на активностите и шемите за рециклирање и редуцирање на отпадот. Ова исто така ќе се однесува на Македонија кога ќе си ги постави истите цели. Тоа може да се постигне преку негативни стимулативни мерки како што се еколошки такси при депонирање, поддржување на алтернативно третирање/рециклирање или позитивни стимулативни мерки како што се пониски надоместоци за избор на помали канти.

Да се воведат стимулативни мерки.

Да се испитаат еколошките такси наспроти субвенциите.

10.9 Мониторинг и спроведување

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Спроведување на мерки за еколошки прекршоци

Во принцип спроведувањето е реално минимизирано

Силно спроведување и реакции кога е соодветно

Од искуство, спроведувањето е витален елемент во секој модерен систем за УЦО, и е често главната разлика помеѓу функционален систем во развиена земја и само делумно функционални системи во посиромашни земји. Спроведувањето ги надополнува стимулативните мерки и е задолжително.

Подобрено спроведување на национално и локално ниво.

Институциско зајакнување за да се овозможи спроведување.

Page 57: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

57(63)

Спроведување на плаќања

Во моментов ограничени можности за спроведување, заради тешка финансиска состојба на многу домаќинства

Силно спроведување преку стандардизирани рутини слични на други надоместоци и такси

Таму каде што е соодветно, структурата и нивото на надоместоци се јавно прифатени и усвоени, меѓународното искуство покажува дека спроведувањето мора да е проследено со информации и мотивација. Врската со другите комунални сметки (вода или електрична енергија) е еден начин. Употреба на други правни инструменти е уште еден начин. Би можело да се изведе студија за најсоодветно спроведување.

Да се проучи најсоодветното спроведување.

Да се воведе подобрено спроведување

Еколошки мониторинг и известување

Во принцип извесен мониторинг е задолжителен со закон, но во реалноста е ограничена активноста во општините

Обемен мониторинг и известување преку стандардизирани рутини

За целото планирање на УЦО, од суштинско значење се подобрувањето и спроведувањето, добри статистики и информации. Мониторинг шемите за оперативните услови и перформанса, влијанијата врз животната средина итн. вообичаено се поставуваат на локално (општинско), регионално и национално ниво. За евиденцијата и резултатите од овој мониторинг мора адекватно да се известат релевантните локални и национални авторитети како основа за статистики, спроведување на прекршоци, итн. Ова е вообичаено важна компонента во програмите за институциско зајакнување.

Институциско зајакнување во рамките на националните и локалните агенции и авторитети

Да се оцени ентитетот за регионален мониторинг

Да се воспостави систем за оперативен и еколошки мониторинг и известување во рамките на ЦО и управувањето со опасен отпад.

10.10 Опасен отпад (ОО) управување

Точка/проблем Услови/состојба во Македонија

Услови/состојба во Шведска

Оценка/Анализа Заклучоци – промени и акции што се потребни во Македонија

Заразен медицински отпад и лекови

4 мали автоклави

1 стар инцинератор на Дрисла

Ограничени шеми за селектирање во болниците

Последователно селектирање во болници и клиники

Целиот заразен отпад се третира во инцинератори или автоклави

Аптеките мора да ги собираат лековите

Дел од отпадот што доаѓа од болниците е заразен и мора посебно да се собира, транспортира и третира. Вообичаено, се обезбедуваат посебни кеси и кутии во боја. Овој отпад мора да се согори, да оди во стерилизирачки автоклави или како минимум мерка да се закопа контролирано на депонии.

Да се имплементираат шеми за селектирање во болници и клиники

Да се изгради 1 нов инцинератор

Да се оцени потребата за други капацитети за третман

Каде што е применливо, да се воспостават безбедни рутини на депониите

Page 58: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

58(63)

Органски хемиски отпад

Речиси нема собирање ниту третирање. Извесно собирање, преработка и повторна употреба на користени масла.

Посебно собирање, транспорт и третман (домашен и извоз)

Органскиот хемиски отпад може вообичаено да се согорува, но тој може да предизвика опасни емисии во воздухот. Затоа, оваа инцинерација мора да се изведува во посебно дизајнирани и управувани инцинератори за ОО, со употреба на многу скапа технологија.

Една многу релевантна опција е употребата на клинкери во цементарници. Тие се робусни, имаат многу долга зона и време на согорување на многу високи температури. Вообичаено, ова ќе ги неутрализира и распадне и најопасните компоненти. Ова се практикува во многу европски земји. Македонија има соодвтен клинкер за цемент, кој најверојатно може да се прилагоди за примање и третман на ОО, со мали инвестиции за примање, складирање, влез и системи за мониторинг. За да се избере третманот, мора да се направи почетна анализа на видовите и количествата на таков ОО.

Мора да се воведе посебен систем за собирање и транспорт, за да се однесе ОО до определените објекти.

Преработката на користено масло за повторна употреба е широко распространет и прифатен метод во многу делови на Европа.

Почетна анализа на видови и количества

Да се воведе посебен систем за собирање и транспорт

Да се користи клинкерот од цементарницата

Мора да се охрабри и поддржи зголемена употреба на користено масло.

Друг опасен отпад

Речиси нема собирање ниту третирање

Посебно собирање, транспорт и третирање (домашен и извоз)

Мора да се изврши почетна анализа на видовите и количествата на таков ОО за да се избере третманот. Третирањето може да биде во безбедни депонии или во објекти со напредна технологија за преработка. Често, неколку земји соработуваат на заеднички објект, на пример голем дел од неоргански ОО од Шведска и Норвешка се третира во Данска.

Анализа на видови и количества

Мора да се воведе посебен систем за собирање и транспорт, за да се однесе ОО до определените објекти.

Да се основаат една или повеќе безбедни национални депонии за неоргански ОО.

Систем за опасен отпад

Не постои систем или организација за опасен отпад

Постои добро дизајниран и посебен систем за собирање, транспорт, складирање и третирање со којшто

Системот за опасен отпад вообичаено ќе биде различен од системот за цврст отпад. За овој вид на отпад, најсоодветен и најраширен е посебен национален систем, во соработка со општините и со приватни чинители. Системот вообичаено го води национална јавна агенција, било преку сопствена опрема и шеми или преку изведувачи што се

Да се основа јавна агенција за ОО, одговорна за управување со системот за собирање, транспорт, складирање и третирање на ОО.

Да се воспостави посебен национален

Page 59: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

59(63)

управува национална, јавна агенција за опасен отпад

избираат преку тендери. систем, во соработка со општините и со приватни чинители.

Page 60: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

60(63)

11 РЕЗИМЕ - ПРЕПОРАКИ

11.1 На национално ниво

11.1.1 Краткорочни активности - 0 - 3 години

Законодавство и севкупно УЦО

Законите и регулативите за животната средина мора да се подобрат преку продолжување на тековните напори. Најпрво, треба да се разгледаат соодветните барања во македонски услови, во смисла на ограничени финансиски, технички и институциски капацитети. Сепак, барањата мора постепено да се подобруваат, постигнувајќи ги барањата на ЕУ во рамките на среднорочна перспектива.

Тековното подобрување на планирањето на УЦО мора да продолжи, со фокус на имплементирање на националниот план за ЦО и извршување на сите локални планови за УЦО.

Општинско УЦО

Мора да се започне и поттикнува меѓуопштинска/регионална соработка во рамките на УЦО, посебно за работењето на депониите.

Мора да се раскине врската помеѓу јавните претпријатија и политичкиот систем, и да се дозволи јавните претпријатија да работат независно. Избраниот општински борд може да дава насоки за УЦО преку локалната регулатива.

Рециклирање

Треба да се испита дали може да се воведе организирано селектирање и собирање на финансиски најисплатливите фракции. Мора да се испитаат домашните капацитети за преработка и да се поттикне нивниот развој. Во сегашната состојба на пазарот, треба да се воведе финансиска поддршка за рециклирање преку субвенции или еколошки такси за алтернативно депонирање. Мора да се поттикнат и поддржат национални, локални и регионални иницијативи во рамките на рециклирањето од страна на одговорните за животна средина.

Третирање на ЦО

Треба да се испитаат и охрабрат иницијативи за третирање на опасен отпад. Употребата на клинкерот за инцинерација на високи температури е вообичаено и соодветно и погодно решение.

Депонија и одложување

Мора да се одредат локации за регионална депонија и да се развијат до соодветните и адекватните еколошки прифатливи нивоа колку што е можно поскоро. Во почетокот, тие може да се сеуште на нешто пониски нивоа од барањата на ЕУ.

Сите локални неадекватни депонии мораат на сличен начин да се затворат и за почеток целосно да се покријат.

Page 61: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

61(63)

Надоместоци

Треба да се испита системот за собирање надоместоци вклучувајќи обезбедување на согласност за плаќање и да се изнајдат и имплементираат подобрувања. Системот од-врата-на врата треба да се исфрли. Мора да се развие построго спроведување на наплатата.

11.1.2 Среднорочни активности - 4-9 години

Севкупно УЦО

Да се воспостави национален систем со одговорност за рециклирање на ОЕЕО и одредени фракции на материјал

Следење и ажурирање на националните и локалните планови за УЦО

Идентифукување на големите корисници на енергија (употреба на топлинска енергија)

Подобрено законодавство и регулативи до степен на барањата на ЕУ

Општинско УЦО

Понатамошно развивање на меѓуопштинска/регионална соработка во рамките на УЦО

Рециклирање

Понатамошно развивање на домашните капацитети за рециклирање

Да се продолжи со субвенции или еколошки такси за поддршка на рециклирањето

Собирање и транспорт

Да се имплементира редовно организирано селектирање и собирање на најисплатливите фракции материјал

Третирање на ЦО

Да се воведат инсталации за компостирање со едноставна технологија

Треба да се воведат дополнителни инсталации за третман како што се постројки за компостирање.

Ако можат да се идентификуваат доволно потрошувачи на топлинска енергија, би можеле да се воведат инцинератори во некои општини.

Депонија и одложување

Среднорочно, локациите на регионалните депонии мора понатаму да се развиваат до постигање на стандардите на ЕУ.

Подобрено покривање на сите стари диви депонии.

Page 62: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

62(63)

11.1.3 Долгорочни активности - 10-20 години

Имплементација на мрежа на инцинератори за дрво и за горива добиени од отпад поврзани со одредени корисници на топлинска енергија и дистрибутивна мрежа

Да се имплементира забрана за депонирање на органски отпад

Ако е применливо: да се воведат инцинератори за мешан ЦО поврзани со одредени корисници на топлинска енергија и дистрибутивна мрежа.

11.2 На ниво на Гостивар

11.2.1 Краткорочни активности - 0 - 3 години

Депонија и одложување

Најважно е да се прилагоди локацијата Русино и истата да се развие до минимално ниво колку што е можно побрзо, вклучително со патот за пристап. Подготовката на локацијата и поправката на патот се од суштинско значење за работата на депонијата. Покрај тоа, сегашната дива депонија треба да се покрие и затвори. За работењето на депонијата мора да се започне и охрабрува меѓуопштинска и регионална соработка. Понатаму, трошоците за работа и одржување на депонијата мора да се распределат еднакво по тон испорачан отпад од секоја општина што ја користи. Среднорочно, локацијата Русино мора понатаму да се развие за да ги задоволува стандардите на ЕУ.

Рециклирање

Селектирањето и рециклирањето на картон и хартија со висок квалитет постои, но само во неформалниот сектор. Општината треба да испита дали може да се воведе организирано селектирање и собирање на финансиски најисплатливите фракции.

Собирање и транспорт

Целиот систем за третман на отпад зависи од транспортот. Затоа, најважно е сите возила за третман на отпад да функционираат добро. Услугите и одржувањето мора да се организирани и да бидат дел од инвестицискиот план.

Опасен отпад

Треба да се охрабрат локалните иницијативи и можности за третирање на опасен отпад. Општината и компанијата за отпад, треба да работат заедно со приватни претпријатија за да воведат селектиран, изводлив и погоден систем за опасен отпад, посебно за масло.

Понатамошни иницијативи и активности

Подобрени шеми за одржување/Р&О (превентивни) и услуги од приватни работилници по потреба

Page 63: Podobren sistem za upravuvanje so komunalen otpad vo RM.pdf

63(63)

Да се испита можноста за повторна употреба на компактори

Надоместоци за одложување од соседните општини и приватни оператори

Подобрена структура за надоместоци и собирање вклучително со извршувањето на наплатата

Иницијатива за меѓуопштинска/регионална соработка

Да се подготви план за управување со цврстиот отпад за Гостивар

11.2.2 Среднорочни активности - 4-9 години

Депонија и одложување

Исто така, среднорочното надградување и развивање на депонијата ќе биде важен дел во управувањетото со цврстиот отпад во Гостивар. Да се продолжи со подобрувањето на локацијата до ЕУ-стандардите и да се испитаат можностите за собирање на гас од депонијата.

Понатамошни активности и иницијативи

Да се имплементира организирано селектирање и собирање на финансиски најисплатливите фракции материјал

Да се развие локален систем за собирање и локално одложување или испорака на опасен отпад

Да се воспостави локална регулатива во рамките на КЦО

Да се основа објект за компостирање со едноставна технологија

Да се направи мал, локален инцинератор за дрво, хартија или гориво добиено од отпад поврзан со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија.

11.2.3 Долгорочни активности - 10-20 години

Ако е применливо: може да се изгради инцинератор со средна големина за мешан КЦО, поврзан со одредени корисници на топлинска енергија или/и мрежа за дистрибуција на топлинска енергија.