17
Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола Правен факултет – Кичево Дисперзирани студии – Битола СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ КРИМИНОЛОГИЈА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА Предметен професор: Проф. Д-р Виолета Чачева Асс. М-р Орданчо Пецов Изработил: Гаврил Секулоски Бр. на индекс: 131/Б

maloletnicka delikvencija

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: maloletnicka delikvencija

Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола

Правен факултет – Кичево

Дисперзирани студии – Битола

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ КРИМИНОЛОГИЈА

МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

Прилеп 2011 година

Предметен професор:

Проф. Д-р Виолета Чачева

Асс. М-р Орданчо Пецов

Изработил: Гаврил Секулоски

Бр. на индекс: 131/Б

Page 2: maloletnicka delikvencija

Содржина:

1. Вовед

2. Главен дел

3. Заклучок

4. Користена литература

Page 3: maloletnicka delikvencija

Вовед

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Според Мертоновата класификација на девијантни однесувања за младите по се изгледа е нај карактеристична иновација (кражбата) како начин на прилагодување на аномијата во општеството зошто на некој начин младите ги прифаќаат културните цели и вредностите во опшеството но истовремено ги отфрлаат легалните и се служат со недозволени (не легални) средства за да ги остварат своите цели. Малолетничката деликвенција, како дел од општитот криминал, најчесто се дефинира како негативно и неприфатливо однесување на малолетните лица кое се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија на тие лица со кои ги пречекоруваат општествените стандарди, вредности и норми на однесување. Спрема видот на нормите што се кршат и спрема степенот на општествената оипасност сите форми на престапништво Јашовиќ ги дели на три групи и тоа:

1. Престапи со кои се кршат кривичноправните норми

2. Престапи со кои се кршат прекршочните норми

3. Престапи со кои се кршат моралните норми.

Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспшитната запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина претставува само лишување на младите од воспитно делување и грижење за нив, односно отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот развој и формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се употербува за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност. Субјект на таквото однесување се малолетните лица. Одредувањето на старосните граници на полнолетноста треба да го одразува пораното или подоцнежното созревање на младите што живеат во различни социокултурни, климатски и други едукативни услови. На овие услови делуваат и фактори од криминално политички и фактори од традиционално историски карактер. Малолетникот е личност што е во фаза на формирање и созревање. Кривичната постапка кај нас се покренува против оние лица што се сметаат за кривично одговорни а тоа се лица над 14 години, а оние што се под 14 години се “деца” и не се кривично одговорни. Оние лица што се од 14-16 години, се сметаат за помлади малолетници, оние од 16-18 години постари

Page 4: maloletnicka delikvencija

малолетници, а оние од 18-21 година старост се нарекуваат помлади полнолетници.

Главен дел

Причини за појава на малолетничка деликвенција

1. Општествено –економската криза во Државата

Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите .

2. Семејството

Преставува микро група преку кое во системот на општествената  структура се остварува  социјализација и формирање на личноста. Во современото општество семејство е соочено со поинтензивно слабеење на својата основна функција, а нејзиното делување  може да  влијае негативно на развојот на личноста  доколку се:

-     пореметени семејните односи,

презафатеност на родителите со бизнис или престој во странство

-    има конфликти, агресија,

-    дојде до развод на брак,

-    се случи смрт на родител или член на семејство,

-    присатен е алкохолизам,

-    наркоманија,

-    секаков вид на насилство

-    запоставување или занемарување на децата ( глад, нехигијена,) и сл.

-    неповолните материјални услови во семејството,  неможноста да се задоволат секојдневните, како и зголемените потреби на

Page 5: maloletnicka delikvencija

-    младите, влијаат тие лесно и брзо да се вклучат во криминалните активности.

Семејството како природна средина за развој на децата треба да им овозможи заштита помош и атмосвера на среќа љубов и благосостојба.

3. Карактеристики на личноста:

-   тешкотии во емоционално и социјално созревање, преживеани стресови, недостаток на самопочитта, негативна идентификација ( искривен модел ), негативно влијание на врсници и сл., депресија, намалена комуникативност, недоверба кон непознати, желба за доминација, пасивност, ограничени интереси, несигурност, некритичност, недоверливост, садистичко-перверзни стремежи, намалена контрола на полов нагон, отсуство на вина и срам, непочитување на авторитети.

4. Средина фактор

Средина-фактор која опфаќа влијанија на средината на малолетникот, лошото друштво, улицата, како и неорганизирано користење на слободното време,т.е. нивно подого и почесто престојување  во просториите за забава и угостителските објекти каде се изложени на голем број негативни влијанија кои допринесуваат за девијантно однесување, на што сме свидетели особено во задно време. Во услови на недоволно воспитување, насочување и укажување на вистинските вредности на човекот, а во отсуство на адекватното ангажирање на младите во слободното време, постојат реални предуслови тие полесно да станат престапници. Влијанието на масс– медиите, е секако за одбележување, истите за комерцијални цели емитуваат ТВ и радио емисии од етички аспект со штетни содржини за младите.Исто така недоволната ангажираност на училиштата и другите воспитно образовни институции, т.е. запоставената воспитна компонента е битен фактор кој секако има свој допринос во зголемувањето на асоцијалното однесување на младите.

Карактеристики на малолетничката деликвенција

Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како модел и стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во минатиот период зголемен е бројот  на малолетниците кои се јавуваат  како сторители на кривични дела со елементи на насилство-»разбојништва »

Page 6: maloletnicka delikvencija

Карактеристика на малолетничката деликвенција е НАМАЛУВАЊЕ НА ВОЗРАСТА кон помладите години што е евидентно во изминатиот период, бидејќи има зголемен број на учество на деца како сторители на кривични дела. Ангажираност и присуството на децата и малолетниците ВО ВООРУЖЕНИ СУДИРИ е карактеристика на младите во настаните во последните години за што сме свидетели.

Главна карактеристика на малолетничкиот криминалитет е ПОВТОРНИШТВОТО. Еден дел од малолетните деликвенти кои еднаш се јавиле како извршители, повторно вршат кривични дела и во наредните години или пак може да се констатира дека криминогеното однесување го прифаќаат како животна определба. Посебно загрижува податокот што повторништвото е најзастапено кај малолетните деликвенти, односно малолетниците. Процентуално  малолетниците учествуваат од 85 до 94% во вкупниот број сторители – повторници . За 2002 г процентот е ( 87,7 % ), овој факт треба да не загрижи и наметне потреба за негово неопходно и хитно решавање. Малолетниците повторници најчесто произлегуваат од несредени семејства, во кои често  еден од родителите е деликвент, нарушител на јавниот ред и мир, алкохоличар,  живее во лоши материјални услови или во дисфункционални  семејства.

За малолетничкиот криминалитет карактеристично е инивна организираност т.е. ГРУПНО ВРШЕЊЕ НА ДЕЛИКТИ. Групите најчесто се состојат од малолетници на приближно иста возраст, често се формираат случајно и по извршувањето на делата се растураат. Меѓутоа, има и групи кои дејствуваат подолго време, извршувајки серија кривични дела, така што по нивното откривање, односно при работа со малолетниците истовремено се расчистуваат и значителен број кривични дела извршени во подолг временски период. Децата, како почетници при првичното извршување на деликтите тргнуваат од полесен вид на кривични дела и  учествуваат во групи со постарите врсници а потоа се осамостојуваат и вклучуваат во извршување на кривични дела во група со врсници и извршуваат се потешки видови на кривични дела. ПОВРЗАНОСТ ПОМЕГУ МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА И СОЦИО ПАТОЛОШКИТЕ ПОЈАВИ е видно зголемена, особено наркоманијата, алкохолизмот, скитништвото, проституцијата и сл. Од вкупниот број на кривични дела што ги извршиле малолетници, 98% припаѓаат на кривични дела од областа на класичниот криминалитет  или 93 % се од областа на имотните деликти т.е. 65 % се во делот за тешки кражби, што упатува на факт дека нивната цел е здобивање на извесна материјална корист. Учеството на малолетниците во  другите области  на криминалитетот е незначително.

Мерки за заштита превземени од страна на МВР

Page 7: maloletnicka delikvencija

Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци :

РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН, истите ќе функционираат одделно но ќе се надополнуваат и ќе бидат во тесна меѓусобна корелација.

ОТСЕКОТ ЗА РЕПРЕСИЈА

Би ги третирал малолетниците во судир со законот. Тој би ја остварувал репресивната функција на МВР и би бил носител на сите активности во Службата во однос на малолетничката деликвенција и социопатолошките појави. Од него би произлегле бројни иницијативи, идеи и методологии за намалување на малолетничката деликвенција, како и нови можности за разрешување на случаи, водење на разговори со кривично одговорни малолетници. Би биле презентирани начини на следење на активните малолтеници, сторители на кривични дела, состојбите на учеството во нарушувањата на малолетниците на ЈРМ, како и мерки и активности за намалување на истите, како и следењето на социо-патолошките појави што би бил основен делокруг на дејствување на овој отсек.

ОТСЕКОТ ПРЕВЕНЦИЈА

Или превентивно делување т.е. навремено давање на заштита и помош со вршење надзор, развивање на лична одговорност кај децата и малолетниците, организирано делување на воспитно-запуштената категорија деца и ученици и преземање на други мерки со мобилно присуство на најзагрозените места по претходно изготвени планови и конкретна проценка на облици и степен на склоност за деликвентно однесување имајќи ги во предвид личните својства на малолетниците.Отсекот превенција би се бавел со примарна превенција-влијание за ангажирање на заедницата преку програми за намалување на појава на деликвенција, преку МАС-медии, предавање во училишта се со цел да се издигне јавната свест за оваа проблематика.Секундарната превенција-или стратеија со која ќе се намалуваат можностите за појава или рана идентификација на ризички фактори или деца под ризик, како и терцијална превенција-која би опфаќала третман и рехабилитација на регистрирани случаи на деца сторители на кривични дела.Во отсекот превенција би биле третирани малолетници и деца жртви на сексуална злоупотреба и секаков вид на насилство и експлоатација, деца во ризик, како и деца без родители и родителска грижа и деца на кои им претстои опасност од физичко и психичко насилство и сл.Превенцијата во малолетничката деликвенција е една од најбитните активности која не смее да биде запоставена давајќи и предност на репресијата во тековното работење. Превенцијата мора да го завземе вистинското место во нашето секојдневно работење, а таму каде што нема ефекти од превенција ќе настапи репресивното работење во рамките на

Page 8: maloletnicka delikvencija

овластувањата.За превенција на малолетничката деликвенција се застапуваат и правила на ОН за спречување на малолетничка деликвенција (Ријадски правила).Спречувањето на малолетничката деликвенција е суштински дел од спречувањето на криминалот во општеството. Успешното спречување на малолетничката деликвенција бара ангажман на целото општество да обезбеди хармоничен развој на децата и адолесцентите, и пред се почит кон нивната личност.

Малолетниците треба да имаат активна улога и партнерство во рамките на општеството. Да се стави акцент на превенцијата која овозможува успешна социјализација и интеграција на сите деца и млади преку семејства, заедницата, врсниците, училиштето и сл. Со должна почит кон правилниот личен развој на децата кои треба да се прифаќаат како еднакви партнери во процесот на социјализација и интеграција, треба да се остварува превенција на малолетничката  деликвенција.

ОТСЕКОТ ЕДУКАЦИЈА

Би ги следел сите трендови на оваа проблематика и по пат на едукација би ги надополнувал знаењата и умеењата за успешна работа на кадрите вклучувајќи ги новите методи и техники во работењето.

Би развивал специјални програми за зголемување на чувствителност на општеството и на средината кон малолетничката деликвенција, насилството меѓу младите, како и семејно насилство. Би развивал програми кои ќе им овозможат на семејствата да научат повеќе за родителската улога и обврска во однос на развојот и грижата за деца, како и сугерирање на начини како да се влијае на позитивното развивање на односот родител-дете и сл.

Со цел што поуспешно да ги исполнуваат своите работни задачи инспекторите за малолетничка деликвенција треба да бидат специјално квалификувани и обучени и обуката да ја добиваат во континуитет со цел совладување на соодветни умеења, вештини и искуства за подобрување на превенцијата и контролата на малолетничката деликвенција и подобрување на постапките со деликвенти. Едукациите се потребни со цел да се воспостави потребно професионално ниво на компетентност за што особено ќе се ангажира Одделението.

Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични дела

Дисциплински мерки :

-  укор или упатување во дисциплински центар за малолетници.

Page 9: maloletnicka delikvencija

- мерки за засилен надзор од страна на родител, посвоител или    старател, во друго семејство или од страна на социјален орган

- заводски мерки :упатување во воспитна установа или ВПДом

Малолетничката деликвенција во Македонија во подем

Македонските тинејџери склони кон употреба на дрога, со висок процент за конзумирање алкохол, пушење цигари, сексуални односи, дури размислуваат и на самоубиства, покажуваат резултатите од извршеното Глобално истражување за здравјето на адолесцентите во државава во 2007/2008 година. Истражувањето е спроведено од Републичкиот завод за здравствена заштита со финансиска поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и Шведската асоцијација за меѓународен развој, а студијата се реализира во функција на стратегијата за адолесцентно здравје.Истражувањето покажува дека речиси девет отсто од учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци, 1,8 отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале алкохолен пијалок во текот на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1 отсто пушеле цигари во текот на еден или повеќе денови, а 11,9 отсто имале сексуални односи. Во истражувањето е употребен двостадиумен дизајн на примерокот со цел да се добие репрезентативен примерок од ученици во седмо и осмо одделение од основното образование и прва и втора година од гимназиското образование. Истражувањето е спроведено во 30 училишта каде што беа пополнети 2.114 прашалници кои содржеа 74 прашања.Раководителот на Секторот за социјална медицина при РЗЗЗ, Фимка Тозија потенцира дека 37,3 отсто од учениците, според резултатите од истражувањето, се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко ги проверувале во текот на изминатите 30 дена дали ги завршиле домашните задачи, а 19,8 отсто се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко знаеле што прават нивните деца во слободното време.- Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не употребиле или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот месец, 14 отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто од учениците биле физички активни во текот на сите седум дена во изминатите седум дена во времетраење од барем 60 минути дневно, посочува Тозија.Таа смета дека резултатите укажуваат оти многу работи треба да се реализираат за подобрување на информираноста и подобрување на здравите животни навики врз основа на промените во однесувањето. Најпрво, треба да се развијат и промовираат цели за адолесцентно здравје со заеднички активности од здравствените установи, семејствата, училиштата и институциите во заедницата.

Page 10: maloletnicka delikvencija

Постојаниот претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија, Шелдон Јет истакнува дека употребата на алкохолот во државата е повисока во однос на другите земји. Според него, спречувањето на купувањето алкохол не е доволна мерка и важна е едукацијата од страна на родителите кои во најголем број не знаат што прават нивните деца.- Ако родителите не се вклучени во овие активности тогаш многу малку можеме да сториме за децата, додаде Јет.

Постојано се нагласува дека развојот, усвојувањето и имплементацијата на Националната стратегија за адолесцентно здравје 2008-2015 е исто така важно. Стратегијата која наскоро треба да биде усвоена има за цел да го подобри и промовира здравјето и развојот на адолесцентното здравје преку акцентирање на зајакнувањето на системот за собирање податоци за адолесцентното здравје, намалувањето на смртноста, морбидитетот и онеспособеноста преку посочување на причините, промоцијата на здрави животни навики кај адолесцентите, подобрувањето на капацитетите на Министерството за здравство, РЗЗЗ и други релевантни институции во Македонија за координација и менаџмент на здравствени програми за адолесценти.Постои потреба да се прошират училишните едукативни програми за здравје за да се прошири знаењето на учениците за храната, исхраната, хигиената, насилството и ненамерните повреди, менталното здравје, пушењето, употребата на алкохол и други дроги, сексуалното однесување кое придонесува за инфекција со ХИВ и други сексуално преносливи болести, како и несакана бременост, физичката активност и заштитните фактори за промена на ризичното однесување.Следствено на тоа, како еден пример може да се посочи предупредувањето од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Прилеп дека малолетничката деликвенција е во пораст.Директорката на Центарот Снежана Јованоска информира дека минатата година во Прилеп имало 77 барања од Јавното обвинителство за подготвителна постапка за случаи на криминал кај малолетниците. За 17 малолетници се одредени мерки на засилен надзор од родителите, а за 16 – од старателите, а 10 малолетници се сместени во институции.Социјалните работници предупредуваат дека децата се повеќе се оставени на себе. Ова тие го посочуваат како една од главните причини за се поголемиот број случаи кога младите ја избираат темната страна на животот.- Малолетничката деликвенција, за жал, е во подем. Се помалку време сите имаат да го следат развојот на младите. Кога е јасно дека потклекнале на искушенијата, тешко се ресоцијализираат и делата често се повторуваат, истакна Јованоска.Според социјалните работници, мора да зајакне координацијата со училиштата, младите будно да се следат. Тие сметаат дека улогата на родителите е една од пресудните и тие мора да најдат повеќе време за своите деца.Сепак, Лина Ќостарова – Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција тврди дека децата од Македонија се на долниот крај на табелата по

Page 11: maloletnicka delikvencija

речиси сите ризични однесувања, во споредба со децата во ЕУ. Децата во Европа, според неа, повеќе пијат, пушат и сексуално се поактивни од децата во Македонија. Таа нагласува дека податоците презентирани од РЗЗЗ се искривени, односно дека состојбата со адолесцентите во Македонија и нивното здравје е сосема поинаква од онаа што се пласира.- Децата од македонската етничка заедница на 15 години пијат алкохол и се опиваат, момчињата повеќе од девојчињата. Тоа не е случај и со децата од албанската етничка заедница во Македонија. Обратно е со носењето оружје и со сексуалната активност, особено меѓу момчињата од албанска националност, појаснува Унковска. Најсилен заштитен фактор на адолесцентите во Македонија е социјалната мрежа – родителите, училиштето и врсниците. Децата во Македонија се највисоко рангирани меѓу европските земји и по тоа колку го сакаат училиштето и колку време поминуваат со другарите по часовите.Статистичките податоци покажуваат дека први на листата на деца кои барем еднаш неделно пијат алкохол на возраст од 13 години, се Украинците. По нив се Малта и Бугарија, а Хрватите се на деветто место. Децата од Македонија на оваа листа се на 26 – то претпоследно место, по нив се само Норвежаните.Петнаесетгодишните деца од Канда се на прво место по користење марихуана. По нив, според статистиката се децата од Швајцарија и од Велс. Македонија се наоѓа повторно на претпоследното место, пред Романците. Најмногу секс на 15 години имаат децата во Гренланд. Според истражувањата, на второ место се Бугарите, а на трето се децата од Данска. Македонија се наоѓа на 30 – то место односно 35 проценти од машките на 15 годишна возраст рекле дека имаат сексуално искуство, а истото го рекле само пет проценти од девојчињата.

Безбедносната култура и малолетничката деликвенција

Во современиот свет во кој живееме, напредокот на науката и техниката, политичките и општествените промени, на сосема нов начин ја одредуваат положбата на младата генерација, која во периодот на младост минува низ тешки и длабоки промени, особено во еден вештачки продолжен период на транзиција. Со оглед на карактеристиките на младата личност во однос на нивната возраст и психофизички развој, силни се негативните влијанија на новонастанатите состојби во опшеството, што се карактеризираат со преструктуирања во стопанството, премин во пазарно стопанисување, воведување на повеќепартиски политички систем, доминирањето на приватната сопственост, и сл.

Сите овие промени, доведоа до низа негативни влијанија на осиромашување на најголемиот дел од населението, поради губење на работните места, а со тоа и доведување во прашање на основните егзистенцијални потреби. Како резултат на

Page 12: maloletnicka delikvencija

ова, доаѓа до уривање на постоечките и создавање на нови норми на однесување, а значајни се и промените во воспитно-образовниот систем, кој одамна го изгуби монополот над воспитувањето, и исклучиво се занимава со образование.

Голем е интересот на општата јавност за општествено-негативните и асоцојални однесувања на младата популација, условени од новонастанатите општествени услови на живеење. Младата популација, иднината на секое општество, реагира на овие промени на бурен и агресивен начин, што е помалку својствено за останатиот дел од популацијата. Сторителите на кривични дела од редот на малолетната популација на население, научно се проучува, покрај останатото, и од криминолошката и криминалистичката наука.

Најопасни облици на малолетничко делинквентно однесување со кршење на кривично-правните норми на кривичното законодавство во секоја држава го сочинува малолетничкиот криминалитет како дел од вкупниот криминалитет. Овој криминалитет се зема како индикатор кој е особено значаен за состојбите во опшествено-економската и социјалната сфера на живеење.

Заклучок

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите. Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како модел и стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК

Page 13: maloletnicka delikvencija

формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци : РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН.

Page 14: maloletnicka delikvencija

Користена литература

“КРИМИНОЛОГИЈА” – Проф. Д-р Стеван Алексоски

Интернет (google.maloletnicka delikvencija)

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=556&mid=734&tabid=65&parent=22&tabindex=2