126
Катерина Пренкова ЛОВСТВО ЗА ТРЕТА ГОДИНА НА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ Скопје, 2013

lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

1

Катерина Пренкова

ЛОВСТВО

ЗА ТРЕТА ГОДИНА

НА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Скопје, 2013

Page 2: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

Izdava~: MINISTERSTVO ZA OBRAZOVANIE I

NAUKA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA ul. Mito Haxivasilev Jasmin, bb Skopje

Recenzenti:

. - ,

. ,

. ,

:

: –

:

. 22-4402/1 29.07.2010

. CIP -

" . “ ,

639(075.3)

, :

- /

. - : , 2010. - 125 . : . ;

30

ISBN 978-608-226-139-3

COBISS.MK-ID 84282634

Печати: Графички центар дооел, Скопје

Тираж: 8

Page 3: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

3

ПРЕДГОВОР

Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците од трета година на средно

стручно образование, од образовниот профил -Техничар за шумарство и

пејзажна архитектура.

Содржината на учебникот, според наставниот план и програма е

поделена на девет теми:

- Основи на зооекологија

- Систематика на дивечот

- Класа Цицачи

- Класа Птици

- Одгледување и заштита на дивечот

- Искористување на дивечот

- Планирање и организција на ловно стопанисување

- Патологија на дивечот со зоохигиена

- Ловна кинологија

Целта на проучувањето на наставниот предмет ловство е учениците да

стекнат основни познавања за дивечот кој е составен дел од шумите во РМ.

Се надевам дека содржините во учебникот се објаснети на јасен,

разбирлив и прифатлив начин, што ќе помогне за нивно успешно совладување

и стекнување на потребните знаења за продолжување на студиите или пак за

понатамошна примена на стекнатите знаења во пракса.

Посебна благодарност сакам да изразам до рецензентите, за

позитивните ставови кон обработката на темите и за забелешките и сугестиите,

кои се внесени од авторот пред предавањето на ракописот за печатење.

За помошта при обработката на темата „Основи на зооекологија“ и

благодарам на мојата колешка, професор по биологија Сузана Тунтева.

Голема благодарност за поддршката во текот на подготовката на

ракописот и должам на мојата фамилија.

Авторот,

Page 4: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

4

Page 5: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

5

ТЕМА БР. 1 ОСНОВИ НА ЗООЕКОЛОГИЈА

Во темата ,,Основи на зооекологија,, се опфатени содржини со кои

учениците ќе стекнат знаења за :

Основните поими во екологијата

Нивоата на еколошка интеграција

Еколошките фактори

Абиотичките фактори

Биотичките фактори

Нивоата на исхрана во екосистемот

Односите на исхраната

Екологијата на цицачите

Екологијата на птиците

Page 6: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

6

Page 7: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

7

ТЕМА БР. 1 ОСНОВИ НА ЗООЕКОЛОГИЈА

Ловството подразбира одгледување, заштита, ловење и користење на

дивечот и неговите делови.

Под поимот дивеч, во ловството се подразбира оној дел од дивите

животни, кои човекот свесно ги одгледува и заштитува, со цел да ја одржи

нивната бројност со што ќе обезбеди трајно, максимално искористување и

законски лов.

Зооекологијата (екологијата на дивечот) е наука која ги проучува

односите меѓу дивечот, како и односите и влијанијата на животната

средина врз животот на дивечот.

Основни поими во екологијата

Дали знаеш?

Што е екологија?

Како климата и почвата влијаат врз живите организми?

Кои се основните услови за опстанок на животните, што ги обезбедуваат

растенијата?

Со кои активности човекот влијае во природата?

Каква ќе биде иднината, ако не се променат негативните влијанија на

човекот во природата?

Поимот екологија ("oekologie") е составен во 1866 година, од страна на

германскиот биолог, Ернест Хекел. Името доаѓа од грчкиот збор oikos што значи

„домаќинство“ („дом“) и logos што значи „наука“, односно наука за домот.

Екологијата е наука која ги проучува односите помеѓу живите организми и

неорганската природа.

Потребата да се изучуваат односите меѓу живите организми и природата се

појавила пред околу сто години, во периодот на засилениот развој на

индустријата. Во тоа време човекот за прв пат се соочил со крупни измени во

природата кои ги предизвикал со својата дејност (исцрпување на природните

богатства; натрупување на отпад; загадување на водата, почвата и воздухот и

сл.).

Page 8: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

8

Заради тоа, екологијата спаѓа во релативно младите биолошки науки и

сеуште се развива, барајќи ги патиштата за подобрување на нарушените

односи помеѓу човекот и природата.

Еколошките проучувања потврдуваат дека живиот и неживиот свет се

цврсто и нераскинливо поврзани. За потемелно проучување на единството на

живата и неживата природа, поставени се еколошките единици, кои се

систематизирани почнувајќи од клетката, како најмала еколошка единица, се до

биосферата, како највисок еколошки систем.

Нивоа на еколошка интеграција

Неживата природа на Земјата е организирана во вид на две животни

средини :

а) водна

б) копнена (воздушна)

- Животна средина - претставува местото каде што живеат организмите

со сите фактори кои влијаат врз организмите.

- Животни (надворешни - еколошки) фактори се сите влијанија кои

произлегуваат од надворешната средина.

Page 9: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

9

Живата природа е хиерархиски организирана во еколошки единици или

нивоа на еколошка интеграција:

1. Клетка - основна градбена единица на живата материја.

2. Единка (индивидуа) е основна единка на еколошката интеграција. Таа е

жив систем составен од една или повеќе клетки.

3. Популација е група единки, кои во исто време населуваат определен

простор.

4. Местоживеење (биотоп) претставува просторно ограничена целина со

специфични еколошки фактори, во кои главно владеат изедначени

услови за живот (на пример: песочен, морски брег, планински карпи,

езерска шир, еден дел од морето). Биотопот ги опфаќа неживите

фактори на средината.

Секој тип на биотоп е населен со специфична животна населба

(заедница).

5. Животна заедница (биоценоза) претставува биотоп населен со животни и

растенија кои водат заеднички живот. Биоценоза е група на популации на

различни видови што живеат заеднички во одреден биотоп. Заедничкиот

живот на популациите во биоценозата се одржува благодарение на

нивната меѓусебна зависност и на тој начин животната заедница

функционира како еден биотички систем. Всушност, растенијата и

животните се тесно поврзани едни со други. Растенијата синтезираат

храна со која се храни животинскиот свет, а ослободуваат кислород кој е

потребен за дишење на животните. Биоценозите од различните биотопи

се разликуваат меѓу себе, во прв ред со присутноста на растителните и

животинските видови. Во составот на една езерска биоценоза живеат

едни органски видови, а во морската - сосема други. Живиот свет во

заедницата на една пустина не само што е различен туку е и бројно

помалку застапен од живиот свет во една шумска заедница. Биоценозата

е живата компонента на екосистемот.

6. Екосистем (биогеоценоза) претставува целина од биотопот (неживиот

дел) и биоценозата (живиот дел) на животната средина, во кој тие се

нераскинливо поврзани. Екосистемот е еден бескрајно сложен,

динамичен систем на заемно поврзани делови кои дејствуваат еден врз

друг, директно или индиректно.

7. Големи заедници (биоми) претставуваат уште поголеми заедници од

биогеоценозата. На поголемите пространства со изедначени климатски

услови се развиваат комплекси на екосистеми, од кои еден доминира, а

се означуваат како биоми. Поединечните биоми (тундрата, тајгата,

степата, пустината, листопадната шума) зафаќаат големи површини на

Земјата, а границите им се совпаѓаат со границите на крупните климатски

региони.

8. Биосфера претставува највисокиот и најсложениот степен на еколошката

интеграција. Таа ја сочинува живата обвивка на Земјата, а навлегува во

сите Земјини сфери, (атмосфета, хидросфера и литосфера). Живите

Page 10: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

10

организми, со своите влијанија ги менуваат особините на Земјините

сфери, а во исто време се приспособуваат на влијанијата на неживата

средина. Оттаму биосферата може да се сфати како врвно ниво на

еколошка интеграција (највисоко единство на живата и неживата

природа) т.е. како врвен Земјин екосистем.

Дискутирај и објасни ги основните поими во екологијата!

екологија;

клетка; единка ; популација;

биотоп; биоценоза;

биогеоценоза; биом; биосфера

Еколошки фактори

Еколошки (надворешни - животни) фактори се сите влијанија кои

произлегуваат од надворешната средина. Сите тие дејствуваат врз

организмите позитивно или негативно, а како последица на тоа се намалува

или се зголемува бројноста на единките.

Најповолното влијание на животниот фактор (екофакторот) врз организмот

се нарекува оптимум, а најнеповолното се нарекува песимум. Животниот

фактор во чии граници може да опстане и да се развива еден организам се вика

еколошка валенција. Еколошката валенција за сите екофактори е различна. Таа

е различна и за еден екофактор, во однос на фазите на развиток кај еден ист

организам. На пример: Возрасен зајак може да поднесе температура и од -20

Целзиусови степени, а младенчињата на зајакот пцовисуваат ако

температурата на воздухот се спушти под нулата.

Еколошките фактори кои дејствуваат врз организмите не само што се

многубројни и разновидни, во исто време се и променливи, а со тоа е

променлив и интензитетот на нивното влијание врз организмите. Сите

надворешните влијанија врз кои се изложени и на кои реагираат определени

организми имаат различно потекло. Еколошките фактори според потеклото

можат да бидат:

1. Абиотички

2. Биотички

1. Абиотички фактори

Абиотичките фактори потекнуваат од неживата природа. Во оваа група

фактори спаѓаат: сончевата светлина, температурата, особините на почвата,

особините на воздухот, водата и др.

Сончевото зрачење е главен извор на топлина за биосферата. Во

екологијата, температурата претставува мерка за интензитетот на топлина. Во

однос на температурата, со текот на еволуцијата се развиле два типа на

организми:

Page 11: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

11

- Поикилотермни организми

- Хомеотермни организми

Поикилотермните организми (сите растенија и поголем број животни)

немаат механизам за терморегулација. Кај нив температурните промени имаат

директно влијание.

Хомеотермните организми (цицачите и птиците) имаат сложен механизам за

терморегулација. Тие имаат способност да одржуваат константна телесна

температура, без оглед на средината.

Светлината ја контролира активноста на многу копнени животни. Некои од

нив се активни дење, некои во самрак, а некои само ноќе.

Загубата на водата од телото, животните (особено поикилотермните) тешко

ја поднесуваат. Со цел да се оневозможи оддавање на водата настанале

адаптации како дебели оклопи кај инсектите, лушпи кај влечугите и др.

2. Биотички фактори

Биотичките фактори произлегуваат од органската (жива) природа. Овие

фактори ги вклучуваат: растенијата, животните и сите други живи организми. Се

разликуваат повеќе форми на интеракција на биотичките фактори:

Конкуренција

- Интраспециска конкуренција

(се јавува меѓу членовите од ист вид. Нив им е потребна иста

храна, простор и партнери).

- Интерспециска конкуренција

(се јавува меѓу членовите на различни видови. Тие се

натпреваруваат за иста храна, простор или партнери).

Предаторство

Предаторството е биотички однос, кога еден организам се

исхранува со друг ( на пр. волците ги јадат овците).

Симбиоза

- Паразитизам е форма на симбиоза во која еден организам ја

добива храната од друг (како паразитските црви кои опстануваат

во дигестивниот тракт на еленот).

- Коменсализам е форма на симбиоза во која еден организам има

корист, а другиот нема ниту корист, ниту штета (како орхидеите кои

растат на дрвјата во тропските шуми).

- Мутуализам е форма на симбиоза во која двата организми имаат

корист од заедничкото живеење (бактериите кои живеат во

Page 12: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

12

дигестивниот тракт на добитокот го помагаат разложувањето на

тревата).

Дискутирај и објасни ги следните поими за еколошки фактори!

eкофактори;

песимум; оптимум; еколошка валенција;

абиотички фактори

поикилотермни и хомеотермни организми

биотички фактори;

конкуренција; предаторство; симбиоза

Нивоа на исхрана во екосистемот

Во однос на исхраната се разликуваат три вида на организми:

1. Продуценти (произведувачи)

Се автотрофни организми (растенија, алги и бактерии) кои вршат

фотосинтеза и ја произведуваат сопствената храна, користејќи ја

сончевата енергија.

2. Консументи (потрошувачи)

Се хетеротрофни организми (животни, праживотни и габи), кои се

класифицираат на:

- Тревојади (хербивори) - Ги јадат произведувачите (како

антилопата која се храни со трева).

- Месојади (карнивори) - Јадат други консументи (како лавовите,

орлите).

- Чистачи - Се хранат со неодамна изумрени организми (како

мршојадците)

- Сештојади (омнивори) - Се хранат со произведувачи и

потрошувачи (како мечките).

3. Редуценти (разградувачи)

Се организми кои ги разложуваат мртвите ткива и отпадоците (како

бактериите и габите).

Page 13: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

13

Односи на исхраната

Најзабележливи заемни односи на членовите на биоценозата се односите

во исхраната, бидејќи исхраната е еден од најпотребните услови за нормално

одвивање на животот на организмите. Односите во исхраната задолжително и

цврсто ги поврзуваат сите членови во биоценозата и фигуративно можат да се

означат како синџири на исхрана.

Првата и основна функција на еден екосистем е движењето на енергија и

материја низ него. Придвижувањето на материјата и енергијата низ одделните

живи делови на екосистемот (трофички нивоа или алки) се остварува преку

односот предатор - плен, кој ги гради ланците и мрежите на исхрана. Ланецот

на исхрана е последователност од трофички нивоа (биотоп-продуценти-

консументи-редуценти-биотоп), низ кој последователно поминува материјата.

Основен составен дел се продуцентите (организми кои самостојно, со помош на

неоргански соединенија и енергија, создаваат органски соединенија), по кои

следуваат консументите (организми кои не можат самостојно да создаваат

органски соединенија од неоргански, туку само ги употребуваат и ги претвораат

за сопствените потреби). Во еден ланец на исхрана може да присуствуваат и

организми кои се хранат со мртва органска материја, т.н. детритофаги или

сапрофаги, кои понекогаш се редуценти (трета функционална група на

организми во структурата на екосистемот кои ја преработуваат

синтетизираната органска материја во неорганска). Според ова, постојат два

вида на ланци на исхрана: ланци кои започнуваат со пасишта и ланци кои

започнуваат од мртва органска материја.

Односите на исхраната поедноставно се прикажуваат како трофичка

пирамида, во која произведувачите се организмите во основата на пирамидата,

а потрошувачите се во повисоките нивоа на пирамидата. Во однос на

бројноста, најбројни се организмите во основата на пирамидата

(произведувачите). Но во некои случаи пирамидите изгледаат како да се

превртени наопаку (кога дабовото дрво содржи илјадници гасеници и стотици

други потрошувачи, како пајаци и птици).

Дискутирај и објасни ги следните поими за нивоа на исхрана и

односи на исхраната!

продуценти;

консументи (тревојади, месојади, чистачи, сештојади);

редуценти;

трофички нивоа; ланец на исхрана;

трофичка пирамида

Page 14: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

14

Зооекологија

Екологија на цицачите

Цицачите поседуваат низа белези кои им овозможуваат да се приспособат

кон најразлични услови на живеење. Тие населуваат различни биотопи (шуми,

отворени терени, почва, вода и воздух) и се приспособени на условите на

живеење во биотопот. Верверичките, на пример се приспособени за живеење

на дрвја. Тие на прстите имаат силни канџи кои им помагаат да се придржуваат

по стеблата и гранките. Копитните цицачи се приспособени за живот на

отворени терени. Тие имаат силни издолжени нозе, приспособени за брзо

трчање. Некои цицачи (како лисицата и волкот) немаат јасно изразена

приспособеност за живеење во определен биотоп. Тие живеат во шуми, степи,

пустини, планини.

Покрај големата можност за приспособување, распространувањето на

одделни видови на цицачи е ограничено од некои специфични климатските и

други услови (на пример, кртовите брзо умираат ако бидат изложени на летните

сончеви зраци)

Најважен фактор, кој го определува распространувањето на цицачите е

храната. Ако таа отсуствува, видот може да исчезне од даденото место иако

сите останати услови за негов опстанок се поволни. Најголем број од цицачите

се хранат со растителна храна (со вегетативните делови од растенијата, со

семиња, плодови или со подземните делови од растенијата). Некои видови

цицачи (мечки, свињи, јазовци, глувци) се сејадци и се хранат со растителна и

животинска храна, а најголем број од ѕверовите се месојадни и се хранат со

животинска храна (црви, инсекти, риби, водоземци, влечуги и цицачи).

Размножувањето кај цицачите започнува откако тие ќе станат полово зрели.

Половата зрелост настапува во различно време, во зависност од големината и

плодноста на видот (полските глувци созреваат на возраст од 1,5 до 2 месеци,

кучињата по една година, мечките на 3 до 4 години и.т.н.). Кај цицачите се

разликуваат моногамни и полигамни видови, во зависност од тоа дали

мажјаците одбираат една или повеќе партнерки.

Траењето на бременоста е различно во зависност од големината и

екологијата на видот. Таа е поголема кај покрупните видови ( на пример, кај

домашното глувче трае 18 денови, а кај еленот 10 месеци). Бројот на младите

што се раѓаат е различен. Крупните цицачи раѓаат 1-2 млади, а ситните

поголем број (зајаците и верверичките раѓаат 2-3 пати во годината по 3-8

млади).

Со наближување на есента, цицачите започнуваат да се подготвуваат за

зимување. Летната прекривка од влакна ја менуваат со зимска, наталожуваат

во својот организам масни резерви, а некои видови (како верверичката)

складираат резервна храна. Голем број од цицачите во тој период ја менуваат

структурата на популацијата, односно се обединуваат во поголеми групи.

Page 15: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

15

За да ги избегнат неповолните климатски промени и недостигот на храна

некои видови преземаат патувања на помали (т.н. скитања) или на поголеми

растојанија (т.н. миграции).

Овие патувања можат да бидат периодични и непериодични. Периодичните

патувања можат да се обавуваат во хоризонтална или вертикална насока. На

пример лилјаците кои живеат во северните краишта обавуваат периодични

миграции во хоризонтална насока (слично како птиците). Тие на есен се селат

на југ и таму го поминуваат зимскиот сон, а напролет се враќаат. Сезонски

скитања во вертикална насока обавуваат цицачите кои ги населуваат

планинските делови. Кога високите планински делови ќе се покријат со снег

некои цицачи (елени, срни, мечки волци и др.) се спуштаат во пониските делови

каде што полесно можат да дојдат до храна. Непериодичните патувања се

случуваат поретко. Тие се предизвикани од трајни промени на условите на

живеење (пожар, недостаток на храна и др.). Карактеристика за овие патувања

е тоа што животните никогаш повеќе не се враќаат во местата кои ги

напуштиле.

Ниските температури и недостигот на храна кај некои цицачи предиз-

викуваат т.н. зимски сон, а високите температури и непотполната храна во која

отсуствува вода се проследени со т.н. летен сон. Зимскиот сон кај цицачите

(мечки, јазовци) е лесен и во тој период температурата на телото е малку

снижена и се намалени бројот на респираторни движења и контракции на

срцето. Овој сон при промена на условите или при вознемирување лесно се

прекинува. За време на длабокиот зимски сон (кај лилјаци, ежот) животните не

прават никакви движења и не се будат лесно. Овој сон се одликува со загуба на

способноста за терморегулација и големо намалување на бројот на

респираторни движења и контракции на срцето. Летниот сон настапува кај

цицачите кои ги населуваат пустинските предели (жолтата стоболка), заради

сушење на растителноста, која е единствен извор на вода.

Дискутирај и објасни ги следните поими за екологија на цицачите!

приспособување на цицачите;

значење на храната;

размножување на цицачите;

периодични и непериодични патувања;

скитања и миграции;

зимски и летен сон

Екологија на птиците

Својот еволутивен развиток, птиците го започнале во шумите. Благодарение

на способноста за летање тие ги населиле сите делови од копното и водата.

Секој вид на птици е приспособен да живее во еден или во неколку биотопи.

Page 16: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

16

Приспособувањето кон различните услови на живеење, довело до измени кои

што птиците ги оддалечиле од шумите. Тие измени се изразени пред сé во

градбата на нозете, кои се приспособиле за движење на копно или во вода.

Најдобрите летачи тешко да се движат на копно, а приспособувањето кон воден

начин на живот кај типичните водни птици довело до загуба на способноста за

летање. Кај водните птици (галеби, патки, лебеди) прстите од нозете се

поврзани со кожичка за пливање. Тие храната ја ловат со нуркање и пливање

или пак ја бараат на копно. Птиците кои живеат во шуми и грмушки (

клукајдрвци, орли, гулаби и др.) храната ја бараат по гранките и стеблата, ја

ловат во воздух или ја бараат на земја, а своите гнезда ги сместуваат на гранки

или во дупки од дрвјата. Птиците кои живеат на отворени терени се

приспособени за живеење во полиња, ливади, степи и пустини. Тие брзо одат

или добро трчаат, а послабо летаат. Се хранат и гнездат на земја. Птиците кои

ги населуваат мочурливите места имаат различно изградени клун и нозе.

Храната ја бараат во земјата или во водата.

Најголемиот број птици храната ја клукаат непосредно од земјата, дрвјата

или ја земаат од водата, при што главна улога игра клунот. Поради тоа

формата и должината на клунот е најразлична. Повеќето птици се хранат со

животинска храна (зоофаги), а помал број птици се хранат со растителна храна

(фитофаги). Постојат и сејадни видови. Потребата за вода кај птиците е

релативно мала. Месојадните и плодојадните птици, воопшто не пијат вода,

бидејќи ја добиваат со храната, а зрнојадните птици често пијат вода.

Кај птиците се забележува силно изразен полов диморфизам. Кај некои

птици (малите врапчеви птици, повеќето грабливи птици) машките и женските

единки се разликуваат само по димензиите. Најчесто машките единки се

поголеми од женките, но кај некои птици, женките се поголеми. Разликите во

обојувањето се особено забележливи кај оние видови кај кои мажјакот не води

никаква грижа за потомството (патки, кокошковидни птици). Кај нив женките

имаат јасно изразено заштитно обојување.

Половата зрелост кај птиците настапува во различно време, а зависи од

големината на дадениот вид. Помалите птици порано стануваат полово зрели

(кокошките стануваат полово зрели после 6-7 месеци, а крупните орли на

возраст од 3-4 години).

Размножувањето на птиците е поврзано со определена сезона во годината.

Во умерените и северните географски широчини размножувањето почнува кон

крајот на пролетта и во почетокот на летото. Подготовката за размножување се

забележува со образување на парови, што е својствено за поголем број птици.

На образувањето на парови му претходат т.н. љубовни игри, кои се

карактеризираат со изведување на најразлични движења, посебен начин на

летање и пеење и сл. Птиците кои образуваат парови се т.н. моногамни, а

птиците кај кои спарувањето се врши само за време на краткотрајна средба на

мажјакот и женката се т.н. полигамни. Бројот на јајца кај различни видови птици

варира од 1-16. Најголем број птици што лежат врз јајцата имаат т.н. дамки за

лежење, со кои налегнуваат на јајцата и ги затоплуваат. Кај полигамните

видови врз јацата лежат само женките, а кај моногамните може да лежат

двајцата родители кои наизменично се менуваат или пак, само еден од

родителите (мажјакот или женката). Бројот и распоредот на дамките за лежење

е карактеристичен за секој вид.

Page 17: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

17

Некои водни птици немаат дамки за лежење и затоа откинуваат перја со кои

ги обвиткуваат и затоплуваат јајцата. Повеќето птици несат јајца и лежат врз

нив само еднаш во годината, но некои видови се гнездат и 4 пати во годината.

Периодот на лежење е различен и зависи од големината на јајцата, големината

на птицата, интензивноста на лежењето и од типот на гнездото (малите

врапчеви птици лежат 11-14 дена, а лебедите 45-50 дена).

Откако ќе заврши периодот на размножување, птиците започнуваат да

скитаат во потрага по храна. Поголем број од птиците се здружуват во јата кои

можат да бидат составени од единки од ист вид или пак од различни видови.

Како приспособување на птиците за преживување на неповолните услови им

служи нивното движење во потрага по храна. Притоа се забележуваат прости

скитања (во близина на реонот на гнездење) и сложени преселувања (кога

птиците во потрага по поволни услови непрекинато летаат 60-70 часови и

совладуваат 3-4000 km).

Есенското преселување за најголем број од нашите птици започнува во

октомври и ноември. Пролетното преселување односно враќање во своите

места на гнездење започнува кон крајот на февруари. Во почетокот на март

започнува преселувањето на водните видови кои презимуваат кај нас, а кон

крајот на март се јавуваат нашите први преселни видови (ластовичките).

Во однос на територијата што ја зафаќаат во текот на годината, птиците

можат да се поделат во неколку групи:

1. Станарки - Овие птици се гнездат и остануваат на иста територија во

текот на целата година (врапчиња, страчки, гаврани и др.)

2. Скитнички - После завршувањето на гнездењето скитаат на растојание

од неколку стотици километри (клукајдрвци, дроздови и др.)

3. Преселни - Преселните видови се гнездат на определена територија, а

зимуваат во други предели, кои се оддалечени илјадници километри

(славејчиња, ластовички и др.)

4. Прелетни - Овие птици гнездат на север и во текот на своето

преселување кон југ и своето враќање назад се задржуваат определено

време на одредена територија (гуски, лебеди и др.)

5. Зимски гости (презимувачи) - Зимските гости за зимување користат

предели со погодни услови (галеби, патки, шљуки и др.)

6. Залутани - Овие птици се случајни гости на некоја територија, каде што

се јавуваат само во определени години.

Дискутирај и објасни ги следните поими за екологија на птиците!

приспособување на птиците;

исхрана на птиците;

полов диморфизам;

размножување на птиците;

прости скитања и сложени преселувања;

есенско и пролетно преселување;

станарки, скитнички, преселни, прелетни, зимски гости, залутани птици

Page 18: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

18

Page 19: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

19

ТЕМА БР. 2 СИСТЕМАТИКА НА ДИВЕЧОТ

Во темата ,,Систематика на дивечот,, се опфатени содржини со кои

учениците ќе стекнат знаења за :

Законската класификација на дивечот

Стручната класификација на дивечот

Научната класификација на дивечот

Page 20: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

20

Page 21: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

21

ТЕМА БР. 2 СИСТЕМАТИКА НА ДИВЕЧОТ

Зборот систематика означува распоредување, групирање, класифи-

цирање.

Класификацијата на дивечот се врши од три гледишта:

- Законско,

- Стручно и

- Научно.

Законска класификација на дивечот

Според Законот за ловство, дивеч се одредени видови на животни и птици

кои живеат слободно во природата или во оградени површини во кои

интензивно се одгледуваат, размножуваат, заштитуваат и ловат. Дивечот во РМ

е во државна сопственост и ужива посебна заштита на начин и под услови

утврдени со Законот за ловство и Законот за заштита на природата.

Според Законот за ловство, дивечот е категоризиран како:

- Заштитен дивеч и

- Дивеч без законска заштита

За дивечот под заштита се утврдува:

- Ловостој

- Привремена забрана за лов и

- Трајна забрана за лов

Ловостој е временски период во кој е забрането ловење на одредени

видови дивеч во ловиштето.

Ловишта претставуваат природни целини (земјишни површини и води)

во кои постојат услови за траен опстанок, одгледување, заштита, ловење и

користење на дивечот. Ловиштата можат да бидат: отворени и оградени.

Во отворените ловишта дивечот непречено се движи од едно ловиште

во друго. Оградените ловишта се оградени со природни препреки (езера,

водотеци, планински сртови), или со вештачки препреки (огради). Огра-

дените ловишта ја спречуваат или намалуваат можноста дивечот да ја

напушти таа површина.

Трајна забрана за лов се однесува на видови кои трајно се забранети за лов

заради опасност од исчезнување. За време на ловостој, привремена и трајна

забрана за ловење, дивечот под заштита не смее да се лови, прогонува или

вознемирува, доколку со Законот за ловство, поинаку не е определено.

Page 22: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

22

Ловна година претставува временски период од 1 април во тековната

година до 31 март во наредната година во кој се вршат сите активности за

ловење и користење на дивечот.

Ловење дивеч е барање, причекување, набљудување, следење, застрел и

фаќање на жив дивеч, како и собирање на јајца од пердувест дивеч, пцовисан

дивеч и негови делови, опаднато роговје, кожи и крзна.

Главни ловностопански видови во РМ се: срна, обичен елен, дива свиња,

зајак, полска еребица, еребица камењарка и фазан.

Во однос на видот на дивечот што живее или што може да се одгледува, а

во зависност од главните ловностопански видови, ловиштата можат да бидат

наменети за одгледување крупен и/или ситен дивеч:

- Ловишта за крупен дивеч (на пр. “Козјак”-Куманово, „Бродец”-Скопје,

“Ратевска река”-Берово , “Карабалија”-Гевгелија и др.)

- Ловишта за ситен дивеч (на пр. „Бунарџик“-Скопје, “Рамниште”-

Скопје, “Миладиновци”-Скопје и др.)

Ловно законодавство

Потребата од донесување на Закон, со кој ќе се спречи неразумното

уништување на дивечот, се јавила во капитализмот. Според тогашниот т.н.

Закупен (наемен) систем, поединецот можел да лови само ако поседува имот на кој

може и да се одгледува дивеч. Помалите имоти (ловишта), со лицитација се

издавале под наем на оној кој ќе понуди најмногу. Овој Закон се однесувал и на

Балканот, но само на териториите кои биле под Австро - унгарска власт. На

териториите кои биле под турска власт, Законот не важел, бидејќи турската

власт сметала дека дивечот е неисцрпно природно богатство, а ловењето е

забава.

По Втората светска војна е донесен Општ закон за ловство. Со него биле

пропишани мерки за одржување и зголемување на бројот на заштитен дивеч до

оптимални размери.

Денес, нашето ловно законодавство, го третира ловството како спортско -

стопанска дејност при што се формираат ловишта на кои дивечот ќе се одгледува

и ќе се лови.

Видовите на животни кои се ловат како дивеч се разликуваат во различните

делови на светот. Секоја земја има локално прифатен став за тоа што може, а

што не може законски да се лови.

Page 23: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

23

Стручна класификација на дивечот

Од стручно гледиште дивечот е поделен на :

- крупен и

- ситен

Во крупен дивеч спаѓаат животни како: обичен елен, елен лопатар, срна,

дивокоза, муфлон, мечка, дива свиња, рис и др.

Во ситен дивеч спаѓаат мали животни и птици, како што се: зајакот,

верверицата, ласицата, јазовецот, фазанот, гулабот и др.

Од друга страна, од стручно гледиште дивечот може да се подели на:

- влакнест (ситен и крупен) и

- пердувест (ситен и крупен)

Научна класификација на дивечот

Од научно гледиште за полесно снаоѓање во големата разновидност на

животинскиот свет, дивечот е поделен на систематски категории.

Систематиката е наука за разновидноста на организмите.

Таксономијата е гранка на биологијата, која се занимава со класифицирање

на организмите.

Таксон претставува група реални организми дефинирани според

класификационата шема.

Во научната и стручната литература, дивечот се именува со латинска

номенклатура, која е прифатена како меѓународна.

Основна систематска единица е видот (species), кој претставува збир од единки

со сродно потекло кои заемно се оплодуваат и даваат плодно потомство.

Видовите на дивеч се означуваат со бинарна номенклатура, при што се користи

името на видот и името на родот во кој припаѓа тој вид. Секогаш прво стои

името на родот и се пишува со голема почетна буква, а потоа името на видот

кое се пишува со мала почетна буква.

Според заедничките карактеристики на одделни видови на дивеч, тие се

групирани соодветно во повисоки систематски категории.

Поголем број на сродни видови формираат род (gennus).

Родовите се соединуваат во семејство, односно фамилија ( familia), па во ред

(ordo), класа ( classis) и.т.н.

Page 24: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

24

ЦАРСТВО KINGDOM

ТИП PHYLUM

КЛАСА CLASSIS

РЕД ORDO

ФАМИЛИЈА FAMILIA

РОД GENUS

ВИД SPECIES

На пример : Научна класификација на дивата мачка

ЦАРСТВО Animalia

ТИП Chordata

КЛАСА Mammalia

РЕД Carnivora

ФАМИЛИЈА Felidae

РОД Felis

ВИД Felis silvestris (Дива мачка)

Дискутирај и објасни ги следните поими за систематика на дивечот !

ловно законодавство;

заштитен дивеч; дивеч без законска заштита;

ловостој; привремена и трајна забрана за лов;

ловишта; главни ловностопански видови;

крупен и ситен дивеч; влакнест и пердувест дивеч;

основна систематска категорија;

повисоки систематски категории

Page 25: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

25

ТЕМА БР. 3 КЛАСА - ЦИЦАЧИ

Во темата „Класа – Цицачи“ се опфатени содржини со кои учениците ќе

стекнат знаења за :

Карактеристиките на цицачите

Ред Artiodactyla - Парнокопитни цицачи (Папкари)

Подред - Ruminantia - Преживари

Подред - Nonruminantia - Непреживари

Ред Rodentia - Глодачи (Гризачи)

Ред Lagomorpha - Зајакообразни цицачи

Ред Carnivora ���Ѕверови�

Поважните видови на дивеч во РМ од класата цицачи

Page 26: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

26

Page 27: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

27

ТЕМА БР. 3 КЛАСА - ЦИЦАЧИ

Класа Цицачи - Mammalia

Карактеристики на цицачите

Цицачите претставуваат највисоко организирана класа од `рбетниците и се

наоѓаат на врвот од системот на животинскиот свет. Телото на цицачите е

прекриено со влакна, по што лесно се разликуваат од другите `рбетници.

Кожата е богата со жлезди (лојни, потни, мирисни и млечни), кои имаат

различно функционално значење. Посебно се карактеристични млечните

жлезди, чиј секрет служи за исхрана на младенчињата. Прекривката од влакна

и потните жлезди овозможуваат подобра терморегулација, а тоа придонесува

за распространување на цицачите во различни животни услови. Во споредба

со другите ‘рбетници, цицачите имаат високоразвиен нервен систем и

покажуваат интелигенција. Имаат добро развиени сетилни органи за мирис,

вид, слух и рамнотежа. Повеќето цицачи имаат специјализирани заби кои им

помагаат при сечењето или џвакањето на храната. Цицачите раѓаат живи

младенчиња. Некои од нив по раѓањето се целосно беспомошни, а некои се

релативно добро развиени. И покрај тие разлики, сите млади цицачи зависат од

нивните мајки за храна и остануваат со нив додека не се оспособат за

самоодбрана. Како резултат на тоа кај цицачите се јавуваат силни фамилијарни

врски, при што младите цицачи учат копирајќи го однесувањето на нивните

родители.

Во цицачи спаѓаат некои од најпознатите членови на животинското царство,

како мачки, кучиња, слонови и китови, а исто така и луѓето, кои се

најинтелигентните цицачи на планетата Земја. Најголем број цицачи, живеат

на копно и се движат на сите четири нозе. Но, во цицачи се вбројуваат и

животни кои скокаат на две нозе, кои живеат во вода, или кои можат да

летаат. Токму во овие пливачки и летачки видови се вклучени најголемиот и

најмалиот цицач во светот - Синиот кит и Китиевиот лилјак.

Животниот век на цицачите варира исто како и нивната големина. Повеќето

мали цицачи живеат помалку од една година, а слоновите можат да доживеат и

старост од 60 години.

Според научната класификација дивечот од класата цицачи е поделен на:

Ред Artiodactyla - Парнокопитни цицачи (Папкари)

Ред Lagomorpha - Зајакообразни цицачи

Ред Rodentia - Глодачи (Гризачи)

Ред Carnivora ���Ѕверови

Ред Insektivora - Инсектојади ��

клучни поими:

цицачи; `рбетници;

прекривка од влакна; млечни жлезди; специјализирани заби;

фамилијарни врски; копнени, пливачки и летачки видови;

папкари, зајакообразни цицачи, гризачи, ѕверови

Page 28: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

28

Ред Artiodactyla - Парнокопитни цицачи (Папкари)

Називот Artiodactyla, доаѓа од грчките зборови artios, што значи целосно или

парно и dactylos, што значи прст. Тоа се однесува на парниот број прсти и на

специфичната градба на прстите, кои се обложени со тврда рожеста обвивка.

Редот на парнокопитни цицачи опфаќа крупни цицачи кои се

распространети на сите континенти, со исклучок на Антарктикот, а во

Австралија се донесени од страна на човекот.

Парнокопитните цицачи имаат две или повеќе млечни жлезди сместени во

слабинскиот регион. Рогови или роговје носат женките и мажјаците или само

мажјаците. Роговите, всушност претставуваат творби од епителното ткиво, кои

постојано растат и не се разгрануваат, а роговјето имаат структура како коските

на скелетот, опаѓаат секоја година и се разгрануваат.

Парнокопитните цицачи се поделени во два подреда;

Подред Ruminantia - Преживари

Под ред Nonruminantia - Непреживари

Подред Ruminantia – Преживари

Преживарите се стројни, долгоноги животни, кои се распространети скоро

по целата земја. На нозете имаат по 2 или 4 прста (во тој случај страничните

прсти се мали и не ја допираат подлогата).

Преживарите се хранат со растителна храна. Нивниот желудник е сложено

изграден и е составен од четири дела, односно содржи и дел за повраќање на

храната (заради преџвакување). Најчесто живеат во многуженство (полигамија).

Од подредот на преживари позначајни фамилии за ловството се:

Фам: Cervidae - Елени

Фам: Bovidae - Шупливороги

Фам: Cervidae - Елени

Највпечатлива карактеристика кај претставниците на оваа фамилија (елени

и срни) е роговјето, кое го имаат само мажјаците и кое кај различни видови има

различни облици. Кај некои видови роговјето е разгрането, кај некои личи на

лопати, а кај некои тоа е едноставно со помали или поголеми израстоци. Освен

како средство за докажување на својата супериорност, роговјето на елените им

служи и за обележување на животниот простор со помош на мирисните жлезди

на челната коска. Таква жлезда имаат и на скочниот зглоб на задните нозе.

Елените имаат витки и сразмерно долги нозе и куса опашка. Крзното има

кафеава или сива боја. Младенчињата кај некои видови, на крзното имаат пеги.

Овие пеги само кај мал број од нив се задржуваат и кога ќе пораснат.

Кај повеќето видови на елени постои полов диморфизам, односно мажјаците

се поголеми и потешки од женките.

Во однос на начинот на живот, повеќето претставници на оваа фамилија

живеат во групи, кои најчесто се состојат од еден мажјак, повеќе женки и

Page 29: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

29

заедничко потомство. За време на парењето, еден мажјак се пари со повеќе

женки. При тоа често настануваат борби за женките.

Познато е дека од најстари времиња луѓето ги ловеле елените. Причините

за лов од една страна биле користа од месото (кое се јаде), кожата и крзното

(кои се преработуваат), а од друга страна ловот на елени имал спортски

карактер, при што најчесто се ловеле мажјаци заради трофејната вредност на

нивното роговје.

Голем број видови елени се внесени како животни за лов или за паркови во

различни подрачја од земјата, надвор од нивниот природен ареал. Но, денес

постојат и видови на кои за жал им претстои опасност од изумирање. Причина

за тоа е уништувањето на нивните места на живеење и ловот.

Од фамилијата на елени за нас се значајни елените и срните.

Вид Cervus elaphus L. - Обичен (домашен) елен

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Подтип: Vertebrata

Класа: Mammalia

Ред: Artiodactyla

Фамилија: Cervidae

Род: Cervus

Вид: Cervus elaphus Linnaeus, 1758

Обичниот елен е распространет низ голем дел од Европа, Азија, Америка и

Северна Африка. Постојат докази дека во РМ, еленот се одржал како автохтон

вид на планината Кожуф. После ослободувањето повторно е населен на

планините Пелистер, Караџица и на Јакупица.

Обичен (домашен) елен

Мажјакот се нарекува елен, женката кошута, а младото еленче.

Page 30: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

30

Роговје имаат само мажјаците. Тоа почнува да расте 8-10 месеци по

раѓањето и прво се развива основата т.н. рожиште. Првото роговје има облик

на шило. Елените роговјето го менуваат секоја година, во периодот од месец

февруари до април, а до јули им се развива ново уште посилно роговје. Според

бројот на израстоци (т.н.парози), елените се именуваат како шестерци,

осмерци, десетерци итн. Убавината и големината на роговјето кај еленот

зависат како од неговата возраст и потекло, така и од квалитетот на исхраната.

Сосема оформеното роговје може да тежи и 15 kg.

Еленот како преживар се храни со растителна храна. Најчесто пасе на

шумски ливади и ги брсти лисјата на дрвјата и на грмушките, при што

понекогаш може да причини штети врз младите стебла и насади. Извесни

штети може да причини и за време на чистењето на роговјето, кое го трие по

гранките и по младите разгранети стебла.

Еленот е полигамен вид. Женките живеат со своите млади, кои ги предводи

постара искусна кошута. Во месец септември и октомври елените со своето

рикање го навестуваат периодот на парење. Во периодот на парење (во текот

на месец септември и октомври), мажјаците жестоко се борат меѓусебе, а

победникот му се придружува на крдото кошути. После свадбениот период

мажјакот го напушта крдото на женките. Оплодената женка го носи младенчето

околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на месец март и април,

односно мај.

Еленот ги населува пространите шуми во планините, но се среќава и во

низините. Често се одгледува и во шумските резервати, каде што на мала

површина живеат поголем број на единки. Еленот главно е ноќно животно, кое

преку ден се одмара во некое засолниште.

Возраста на еленот се утврдува според општиот изглед и истрошеноста на

забите, а не според роговјето кои паѓаат секоја година. Животниот век на

еленот е околу 20 години. Еленот има големо ловностопанско значење.

клучни поими:

систематска припадност;

распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Page 31: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

31

Вид Dama dama L. - Елен лопатар (Шарен елен)

Потеклото на еленот лопатар е од Медитеранот и југозападна Азија. Името

шарен елен го добил заради бојата, односно белузлавите дамки со кои е

прошарано телото, а лопатар заради роговјето, кои имаат облик на проширена

лопата. Роговјето на мажјаците се менува во месец мај. Еленот лопатар се

храни со трева, желади и со кора од дрвјата. Сезоната за парење им трае од

месец октомври до ноември. Во тој период мажјаците се борат меѓусебе, но тие

судири не се многу сериозни. После 230 дена бременост, женката раѓа 1-2

младенчиња, обично во месец јуни. Еленот лопатар живее во мали стада.

�� �� ��� �

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на еленот лопатар!

Вид Capreolus capreolus L. – Срна

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Подтип: Vertebrata

Класа: Mammalia

Ред: Artiodactyla

Фамилија: Cervidae

Род: Capreolus

Вид: Capreolus capreolus Linnaeus, 1758

Срна

Page 32: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

32

Срната е шумско животно кое географски е распространето на подрачјето

на Европа и Азија.

Женката се вика срна, мажјакот срндак, а малото срнче.

Срните имаат складно, витко, лесно и многу подвижно тело. Имаат кратка и

одвај забележлива опашка. Срните се митарат два пати во годината, во пролет

и во есен. Влакната на срната во лето имаат црвеникава боја, а во зима

костенливо - сива, како бојата на шумскиот лисник. Задниот дел од телото на

срната има бели влакна и е т.н. „огледало“. Малото срнче има темно кафени

влакна прошарани со бело. Срната има одлично развиени сетила за слух,

мирис и вкус, а видот и е слабо развиен бидејќи нејзиното око е астигматично,

па затоа гледа само поголеми предмети и тоа нејасно, а најдобро забележува

движење.

Срндакот на главата има коскени израстоци - роговје. Првото роговје на

младите мажјаци паѓа од месец октомври - ноември, а новото роговје им расне

во месец јануари. Нормално развиеното роговје кај срндакот има три израстоци

(парози). Срндаците, роговјето го употребуваат умерено над своите соперници,

внимавајќи да не им нанесат сериозни повреди. Според фосилните остатоци од

минатото срните немале роговје, туку само меки израстоци, кои им служеле за

меѓусебно распознавање.

Мажјаците живеат сами, освен во периодот за парење (во месец јули и

август). Бременоста на женката трае 40-41 седмица и во месец мај или јуни, таа

раѓа 1-2(3) млади. Две недели по раѓањето малите срнчиња се во состојба да

ги следат срните.

Според начинот на живот и однесување, срната е претежно дневно животно

со најголем интензитет на движење во претпладневните и вечерните часови.

Таа ги населува шумите и пасиштата во близина на изворите со вода. Срната е

одличен пливач, но никогаш не се валка во кал како еленот и дивата свиња.

Просечниот животниот век на европската срна е 15 години.

Најголеми непријатели на срната се: волците, рисот, дивата мачка, куните, а

лисиците можат да ги убијат само малите срнчиња. Особено големи штети врз

срните нанесуваат волците за време на висок снег, кога поради градбата на

нозете, срните пропаѓаат во снегот и не можат да бегаат.

Во РМ срната е најмногуброен вид од крупниот дивеч и главен ловно-

стопански вид.

клучни поими:

систематска припадност;

распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Page 33: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

33

Фам: Bovidae – Шупливороги (Празнороги)

Шупливорогите цицачи се распространети во Африка, Евроазија и Северна

Америка, но најголемиот број од нив живеат во Африка. Оваа фамилија ја

сочинуваат животни (како на пример: бизони, антилопи, овци, кози, биволи) кои

живеат во различни подрачја на светот: пустини, тундри, густи шуми и високи

планини.

Најјасен и постојан белег им е градбата на роговите (кои кај повеќето

видови се присутни кај двата пола), а чија големина и облик се различни, но

нивната основна структура претставува секогаш едноставна комбинација, без

гранки. Често роговите имаат извртени или нажлебени форми.

Роговите на женките обично се помали од оние на мажјаците.

За ловството се значајни видовите: дивокоза и муфлон.

Вид Rupicapra rupicapra L. - Дивокоза

Дивокозата ги населува планинските региони на Централна и Јужна Европа,

Мала Азија и Кавказ. Таа живее претежно на карпи и пасишта, но и во

планинските шуми. На планините во западниот дел на РМ (Кораб, Шар

Планина, Баба Планина, Јакупица, Дешат, Галичица, Бистра, Јабланица) живее

балканската дивокозата (Rupicapra rupicapra balcanica ).

Мажјакот се нарекува дивојарец, женката дивокоза, а малите јариња.

Дивокозата има силно тело, со особено развиени нозе, прилагодени за одење

по карпи и стрмнини. Копитата имаат цврст надворешен раб и мека

внатрешност. Тоа и овозможува на дивокозата одлично прилепување кон

карпите, камењата и замрзнатите површини. Благодарение на таквата градба

на нозете и табаните дивокозата може да искачи разлика од 1000 метри

надморска височина само за неколку минути. По должина на главата, од

муцката кон ушите, има темна (речиси црна) лента. По грбот има долги влакна

(околу 20 cm) кои ловците ги нарекуваат „дивокозина брада“. Летните влакна се

светло - костенливи, а зимските темно-костенливи.

Рогови имаат и мажјакот и женката. Возраста на дивокозата, прецизно може

да се утврди според прстените на роговите кои се формираат бидејќи роговите

не растат преку зимата. Ако роговите не ја надминуваат должината на ушите се

работи за помлад примерок, а полот се разликува по тоа што старите

примероци имаат рогови кои се свиткани како кука.

Дивокозата е активна само дење. Ноќе се движи само кога е во опасност.

Таа е ценет ловечки трофеј, кој претставува посебна атракција и предизвик за

ловците. Се лови претежно заради роговите. Колку дивокозата е постара толку

поголеми се роговите, бидејќи растат во текот на целиот живот и не се

менуваат.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на дивокозата !

Page 34: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

34

Вид Ovis musimon Schreb. - Муфлон

Муфлонот живее на Сардинија и Корзика

Во РМ се прават обиди за аклиматизација на овој вид, а добиените

резултати се охрабрувачки.

Го нарекуваат и „дива овца“.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на муфлонот!

Подред Nonruminantia - Непреживари

Непреживарите се распространети во Евроазија, Централна и Јужна

Америка и во Африка. Тие имаат масивно тело и куси нозе. На нозете имаат по

четири прсти, а од нив вториот и петтиот се подолги и при газењето допираат

до подлогата. Желудникот на непреживарите е прост и се состои од 1-3 дела.

Повеќето видови се хранат со растителна и животинска храна.

Фам : Suidae - Свињи

Оваа фамилија ги опфаќа најшироко распространетите непреживари. Тие

имаат средна големина, а под нивната дебела кожа се наоѓа слој од сало.

Во оваа фамилија се вклучени и домашните свињи. Кај нас е распространет

само еден претставник, од значење за ловството. Тоа е дивата свиња.

Вид Sus scrofa L. - Дива свиња

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Подтип: Vertebrata

Класа: Mammalia

Ред: Artiodactyla

Фамилија: Suidae

Род: Sus

Вид: Sus scrofa Linnaeus, 1758

Дивата свиња е распространета низ Европа, Азија и Северна Африка, а е

аклиматизирана во Северна и Централна Америка.

Page 35: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

35

Таа ги населува поголемите шуми. Живее главно околу влажните шуми. Во

изминатите векови ареалот на дивата свиња поради непланскиот лов,

драматично се менувал и таа била истребена од некои свои природни ареали.

Во последно време благодарение на големите напори на земјите во кои таа

исчезнала, како и на зголемувањето на свеста и ловечката култура кај ловците,

таа повторно ги достигнува природни граници од својот ареал. На подрачјето на

РМ (заради богатството со дабови и букови шуми) има поволни услови за

успешен опстанок и одгледување на овој вид дивеч.

Дива свиња

Телото на дивата свиња е прекриено со остри, тврди влакна, а во зимскиот

период под нив се наоѓа уште еден слој густи влакна. Главата и е издолжена и

завршува со карактеристична муцка т.н. рило, кое на крајот е раширено во

форма на плочка на која се наоѓаат ноздрите. Предниот дел на телото и е

повисок од задниот, така што може да се провлекува и низ најгустите честаци.

Има малечки очи, покриени со густи трепки, кои ја штитат при провлекувањето

низ честаците.

Во однос на исхраната дивата свиња е сејадец. Се храни со корења,

семиња, плодови и животински организми (црви, инсекти) кои ги наоѓа рилајќи

низ земјата. Храната ја бара ноќе, а дење мирува, скриена во грмушките. Во

потрага по храна, често поминува големи растојанија.

Дивата свиња живее во крда составени од женки (маторици) и младенчиња

(прасиња). Вака здружени дивите свињи солидарно и жестоко се бранат,

поради што волците сосема ретко можат да им нанесат штета. Мажјаците

живеат сами, освен во периодот за парење (од месец ноември до почетокот на

февруари). Бременоста трае 108-120 дена и женката раѓа 3-12 млади, за кои

претходно има подготвено легло кое е покриено со мов и трева. Младите

прасиња имаат жолтеникава боја на телото со две темни надолжни пруги.

Малечките остануваат во дувлото околу 8 дена.

Дивата свиња трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач. Сака

да се валка во кал и на тој начин се ослободува од кожните паразити.

Животниот век на дивата свиња е 17-20 години. Кај нас волците се најголеми

природни непријатели на дивите свињи. Волците главно ги напаѓаат малите

прасиња.

Во РМ дивата свиња е мошне ловен и ценет дивеч, не само заради

нејзиното месо, туку и заради трофејната вредност на забите (кои кај мажјаците

се силно развиени).

клучни поими:

систематска припадност;

распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Page 36: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

36

Ред Lagomorpha – Зајакообразни цицачи

Зајакообразните цицачи се распространети по целата земја, со исклучок на

Мадагаскар и Јужна Америка. Во Австралија и на островите се донесени од

страна на човекот и аклиматизирани. Зајакообразните цицачи имаат големина

која варира од 12-60 cm. Повеќето видови имаат долги ушни школки и долги

задни нозе. На предните нозе имаат по 5, а на задните по 4 прста. Опашката им

е куса. Повеќето видови трчаат брзо, со скокови и на тој начин се заштитуваат

од непријателите. Се хранат речиси исклучиво со растенија. Се размножуваат

брзо, по неколку пати во текот на годината. Долго време биле вклучени во

редот на гризачи. Денес тие се издвоени во посебен ред, заради забите секачи.

Зајакообразните цицачи во горната вилица имаат четири заби секачи, односно

два пара едни зад други, а останатите гризачи имаат само два заби секачи,

односно еден пар.

Фам : Leporidae - зајаци

Фамилијата на зајаци опфаќа видови кои се распространети на сите

континенти, а во Австралија се аклиматизирани. Телото им е адаптирано за

брзо движење. Се одликуваат со долги уши, подолги задни нозе и куса опашка.

Освен острите заби и силни нокти, немаат друго средство за одбрана и ако

не се одликуваат со голема плодност, брзина и одлично развиен слух одамна

би изумреле.

Вид Lepus europaeus P. - Обичен зајак (полски зајак)

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Класа: Mammalia

Ред: Lagomorpha

Фамилија: Leporidae

Род: Lepus

Вид: Lepus europaeus Pallas, 1778

Зајакот е распространет кај нас и во степските предели на Европа, Мала

Азија и во Северна Африка. Човекот го раселил и низ Азија и Северна Америка.

Во Европа обичниот зајак ги населува полињата, особено оние што се

засадени со репки или со житни култури. Кај нас покрај во низинските подрачја

и ридско-планинските предели, се сретнува и на планините со поголема

Page 37: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

37

надморска височина. На зајакот му одговараат суви и топли подрачја без

поголеми врнежи.

Обичен зајак (полски зајак)

Телото на зајакот е прекриено со густи и меки влакна, чија боја е многу

променлива и прилагодена на местото на живеење, поради што е тешко

забележителен. Задните нозе му се значително подолги од предните, а шепите

(стапалата) одоздола се прекриени со густи влакна, кои му служат како заштита

од студот и за полесно движење по замрзнатиот снег. На предните нозе зајакот

има пет, а на задните четири прста. Долгите уши му овозможуваат да го слушне

секој шум, а покрај тоа, ушите му служат и за ладење на организмот.

Се храни со разни треви, детелина, зелјести растенија, зелка, репка, младо

жито, грав, грашак и сл. Во текот на зимата, заради недостиг на храна, зајакот ја

грицка кората од младите стебла од дрвјата и грмушките и може да направи

големи штети во расадниците. Храната ја бара во предвечерјето или во текот

на ноќта.

Парењето на обичниот зајак започнува од месец февруари и трае до месец

септември. Во тој период женката се коти и до пет пати и раѓа 1-7 малечки.

Бременоста трае од 42-44 дена. Малечките се раѓаат со отворени очи и се

прекриени со крзно. Зајачицата годишно раѓа околу 10-12 зајачиња, но од нив

одгледува само 1-2 (ги дои околу еден месец, а потоа ги напушта). Според овој

податок постојат големи можности за зголемување на годишниот отстрел на

овој вид дивеч.

Зајакот не е дружељубиво животно и живее сам за себе. Тој е добар пливач

и одличен тркач. Во случај на опасност, тој секогаш бега и при тоа може да

достигне брзина од 70 km на час. Обичниот зајак има голем број на природни

непријатели (лисиците, куните, волкот, мачките, кучињата скитници, јастребите,

орлите и бувовите). Тој претставува атрактивен ловен дивеч, особено заради

неговото квалитетно и вкусно месо.

Животниот век на зајакот е 10-12 години.

клучни поими:

систематска припадност;

распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Page 38: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

38

Ред Rodentia Гризачи

Гризачите опфаќаат околу 1/3 од вкупниот број на цицачи. Распространети

се на сите континенти, освен на Антарктикот и по океанските острови.

Карактеристичен белег по кој се разликуваат од останатите цицачи е тоа

што на горната и долната вилица имаат по еден пар заби секачи, кои се големи

и свиткани како длето. Тие постојано растат и секогаш се остри. Имаат и силно

развиени мускули за џвакање.

Гризачите имаат мал раст, голема плодност (се размножуваат неколку пати

во годината ) и раѓаат поголем број на млади.

Кај нас се распространети верверици, стоболки, глувци и др.

Фам : Sciuridae - Верверички

Фамилијата на верверички опфаќа видови кои се распространети на сите

континенти, освен во Австралија и Антарктикот. Таа се дели на две еколошки

групи: форми што живеат на земја (стоболки) и форми што живеат на дрвјата

(верверички).

Видовите од фамилијата на верверички се хранат претежно со семиња и

лешници, но некои видови јадат и инсекти.

Вид Sciurus vulgaris L. - Верверичка

Верверичката е вистински шумски жител, кој живее низ Евроазија.

Таа има тенко тело со огромна опашка и големи очи. Должината на

верверичката заедно со нејзината опашка, изнесува околу 45 cm. Половина од

должината отпаѓа на опашката. Се смета дека долгата опашка и помага да ја

одржува рамнотежата и правецот при скокањето и качувањето по дрвјата. Има

црвеникава боја, а во зима на врвот од ушите има долги влакна.

Верверичката нема зимски сон. Нејзиното преживување е поврзано со

достапноста на храна во зима. Околу 75-85% од младите умираат во текот на

својата прва зима, а подоцна смртноста се намалува.

Животниот век на верверичката во просек изнесува околу три години.

Според Законот за ловство верверичката е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на верверичката !

Page 39: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

39

Вид Citellus citellus L. – Стоболка

Стоболката е распространета во Подунавје и на Исток. Во РМ ја има во

низините во јужниот дел, но и по високопланинските пасиште на Караџица, на

надморска височина од 2200 метри.

Таа живее во подземен стан, најчесто во поголеми заедници.

Според Законот за ловство е заштитен вид.

�� �� �� �

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на стоболката !

Фам : Muridae - глувци

Глувците се голема фамилија во која се опфатени околу 1500 видови, кои

се распространети низ целиот свет. Живеат насекаде.

По форма, големина и начин на живеење многу се различни. Некои видови

се познати како домашни глувци, а некои живеат далеку од луѓето, повлечени

во шума. Како повеќето гризачи и глувците се ноќни животни.

На луѓето им се познати од дамнешни времиња. Веројатно најпознат од

сите видови на глувци е домашниот глушец Mus musculus. Овој вид се користи

во лабораториите како експериментално животно, но популарен е и како

домашно милениче.

Во полињата живее глушецот хумкаш Mus musculus hortulans, кој е познат

како вид кој причинува големи штети во нивите и расадниците.

Вид Fiber zibethicus L. - Бизамски глушец

Бизамскиот глушец во минатото бил распространет во Северна Америка, а

денес е широко распространет низ Европа. Живее покрај вода и одлично

плива и нурка. Има скапоцено крзно, познато под името бизам, поради што

многу го ловат.

��� �� �

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на бизамскиот

глушец !

Page 40: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

40

Ред Carnivora Ѕверови

Видовите од овој ред живеат на копно. Распространети се насекаде по

земјата, освен на Антарктикот и на некои далечни океански острови. Нивната

големина варира од 14cm - 3m, а тежината од 100gr - 1t.

Повеќето ѕверови се брзи, подвижни и силни животни. Влакнестата

прекривка кај различни видови варира по својата густина, должина и обојување.

Нозете им се особено добро развиени. На предните нозе обично имаат по 5, а

на задните по 4 прста. На краевите од прстите имаат силно развиени нокти -

канџи. Видовите од фамилијата на мачки имаат најзаострени канџи кои можат

да ги вовлекуваат со помош на посебни тетиви. Сетилата им се добро

развиени, особено сетилото за вид, слух и мирис. Во вилиците ги имаат сите

видови заби (очници, секачи и катници). Млечните жлезди чиј број варира од 4-

7 парови се сместени на стомакот. Голем број видови имаат добро развиена

анална жлезда, која излачува миризлив секрет, кој главно служи за маркирање

(обележување) на територијата, а кај некои и за одбрана од непријателите.

Повеќето ѕверови се хранат со месо од животни кои самите ги ловат, но

некои се хранат со мрша, со растителна храна или се сејадци. Некои од нив се

крволочни.

Младенчињата кај ѕверовите се многу нежни и недоразвиени, затоа грижата

на родителите кон нив е многу голема.

Голем дел од ѕверовите, особено северните и планинските видови, се

одликуваат со скапоцено крзно.

Редот на ѕверови го сочинуваат повеќе фамилии:

Фам: Felidae - мачки

Фам: Canidae - кучиња

Фам: Ursidae - мечки

Фам: Mustelidae - куни

Фам: Felidae - мачки

Ѕверовите од фамилијата на мачки се распространети на сите континенти,

освен Австралија, на Мадагаскар и на некои океански острови.

Најпознат претставник на оваа фамилија е домашната мачка, но таа ги

вклучува и сите други диви мачки, вклучувајќи ги и големите мачки (тигар, лав,

јагуар, леопард и др.)

За нас најзначајни се: дивата мачка и рисот.

Вид Felis silvestris Schreb. - Дива мачка

Дивата мачка живее во шумите на Европа, Мала Азија и дел од Азија.

Таа е покрупна и посилна од питомата мачка. Телото и е прекриено со густи

и долги влакна.

Page 41: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

41

На гушата има жолтеникава дамка, а на челото има четири паралелни

линии кои минуваат меѓу ушите, а двете внатрешни линии продолжуваат и по

грбот. Околу градите има црни дамки. Опашката и е рунтеста со црни прстени

и црн врв.

Дивата мачка живее осамено. Многу е крволочна. Таа ги лови и убива сите

топлокрвни животни кои може да ги совлада (зајаци, еребици, фазани), но

главна храна и се ситните гризачи.

Само ако е ранета или во самоодбрана може да го нападне и човекот.

Според Законот за ловство дивата мачка е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на дивата мачка!

Вид Lynx lynx L. - Рис

Во минатото рисот бил широко распространет во европските шуми и во

шумите на голем дел од Азија, а денес е истребен во најголемиот дел од

Европа. Во РМ се среќава во Националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“.

Бојата на неговото крзно е променлива, но во основа е жолтеникава со

темни дамки и со надолжна темна пруга по грбот. Градите, стомакот и

внатрешноста на ушите се бели. Опашката е куса, на врвот малку потемна.

Нозете му завршуваат со топчести шепи. Рисот е ноќно животно, кое дење

мирува во засолнети места, а околу пладне излегува да бара храна. Се храни

со се што може да улови (зајаци, глодари, лисици, срни). Вообичаено лови

колку што му е нужно за да се нахрани. Тој не е крволочен. Главно лови со

прикрадување и скокање врз пленот.

Рисот се движи многу претпазливо и бесшумно и затоа тешко се

забележува. Живее осамено, а за животен простор му треба голема површина.

Сака диви шумски предели со многу скривалишта и можност за прикрадување.

Според Законот за ловство на РМ е категоризиран како трајно заштитен дивеч.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на рисот !

Page 42: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

42

Фам: Canidae - кучиња

Ѕверовите од фамилијата на кучиња се распространети на сите континенти,

вклучувајќи ја и Австралија. Тие живеат на различни живеалишта, вклучувајќи

пустини, планини, шуми и пасишта. Се огласуваат со сигнали, гестови, лаење,

крикови и сл. Некои видови живеат во мали семејни групи, но има и видови кои

живеат сами.

Во фамилијата на кучиња се вклучени: домашните кучиња, волците,

лисиците, шакалите и др.

Вид Canis lupus L. - Волк

Волкот е распространет по целото Палеарктичко и Неарктичко подрачје. Во

минатото нанесувал значителни штети на сточарството, но сега е значително

проретчен.

Тој е најголем претставник во фамилијата на кучиња кој живее во дивина.

Прилега на крупен германски, овчарски пес. Телото, нозете и вратот се силни,

а ушите секогаш исправени во вид на рамностран триаголник. Бојата на крзното

е жолтеникава со црни влакна.

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни.

При тоа тие го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето во кое што живеат.

Ловат организирано во глутници, така што жртвата тешко се спасува. Редовно

ловат и помали гризачи, како што се зајаците и глувците, а напаѓаат и домашен

добиток. Многу се крволочни и грабливи.

Нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата

кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци.

Волците во глутницата газат точно по трагата на претходникот, така што е

тешко точно да се одреди нивниот број. Тие се итри и претпазливи животни кои

вешто избегнуваат стапици и тешко се ловат со пушка.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на волкот!

Page 43: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

43

Вид Vulpes vulpes L. - Лисица

Лисицата е распространета во сите подрачја на Европа, северна Африка,

голем дел од Азија и Северна Америка.

Бојата на нејзиното крзно во основа е црвено - пепелава, а на стомакот и

под брадата е бела. Долните делови од нозете и се црни. Очите на лисицата

имаат жолтеникава боја и карактеристични вертикално, издолжени зеници.

Муцката е долгнавеста, а ушите големи и исправени.

Се храни претежно со гризачи (глувци, зајаци), инсекти, но и со сите видови

на други мали животни. Вообичаено лови ноќе, сама. Покрај тоа лисицата често

се храни и со јајца од птици, кои се гнездат на земја (како кокошки, еребици,

фазани). Во зависност од годишното време таа се храни и со растителна храна

(шумски плодови, грозје и сл).

Лисицата е самотник и живее на своја територија. Таа живее во дупки, кои

ги копа сама (или во дувлата на јазовецот) и од нив се шири непријатна

миризба, заради вишокот на храна кој го закопува за да го изеде подоцна.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на лисицата!

Вид Canis aureus L. - Чакал ( Шакал)

Чакалот е распространет од централна Африка до Средниот Исток и од

Југоисточна Европа до Југоисточна Азија. На територијата на РМ се среќава

околу Дојранското Езеро.

По градбата на телото личи на волк, но е помал, а по муцката, ушите и

опашката личи на лисицата. Тој има силно развиени сетила за слух и мирис,

кои му помагаат во борбата за опстанок. Живее во мали семејни единици кои се

состојат од мајка, татко и извесен број на млади

Се храни со гризачи, живина, мрши, но и со растителна храна. Дење

мирува, а ноќе лови и се огласува со виење, баукање и растегнатао лаење.

Најчесто лови во парови.

Според Законот за ловство на РМ е категоризиран како трајно заштитен

вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на чакалот!

Page 44: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

44

Фам: Ursidae - мечки

Ѕверовите од фамилијата на мечки се распространети низ Евроазија,

Северна Америка и Северна Африка. Сите мечки со исклучок на поларната, се

претежно шумски видови. �

Тие имаат крупно тело, релативно куси нозе, заоблени уши. На прстите

имаат долги, дебели нокти кои не ги вовлекуваат и ги користат за напад или за

качување по дрвјата. Можат да застанат на задните нозе и да седат на сличен

начин како луѓето.

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот на ѕверови, забите

на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително

потекло.

Тие биле ловени од праисториско време заради нивното месо и кожа. Во

текот на минатиот век, популациите од мечката се намалени, поради

интензивниот лов и нарушувањето на нивната животна средина.

Вид Ursus arctos L. - Мечка кафеава

Кафеавата мечка ги населува шумите на Европа, Северна Азија, Северна

Америка и Северна Африка. Во минатото била значително побројна, а денес на

многу места е ретка и е ставена под заштита на законот.

Мечката е најкрупен вид на дивеч во РМ. Има дебело, темно кафеаво

крзно, со груби влакна. Младите мечки на вратот имаат бела дамка во облик на

полумесечина, која подоцна исчезнува, но кај некои видови останува. Таа се

храни главно со растителна храна (овошје, пченка, костени, мед).

Ретко напаѓа говеда, коњи и домашни животни кои ги закопува со тенок слој

земја и ги јаде кога ќе засмрдат и црвјосаат. Јаде и мрши.

Мечката е внимателна мајка која беспоштедно го брани својот пород и

тогаш е најопасна за луѓето. Живее осамено. На подрачја со умерена клима

каде има доволно храна, мечката нема зимски сон.

Мечката нема природни непријатели, освен глутница волци кои можат да ја

нападнат.

Според Законот за ловство кафеавата мечка е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на мечката !

Page 45: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

45

Фам: Mustelidae – куни

Куните се распространети на сите континенти, освен Австралија.

Тие се мали или средно големи ѕверови кои живеат на дрвја, на земја или

во вода. Во близина на аналниот отвор имаат жлезда која лачи материја со која

куните ја обележуваат својата територија.

Заради ненаситноста и крволочноста прават големи штети, но се и доста

корисни при уништувањето на ситните гризачи, со кои се хранат.

Некои видови одамна се ловат заради исклучителната вредност на нивното

крзно. Денес, опстанокот на некои видови е загрозен заради загадувањето на

водите со нафта и други штетни материи.

Во оваа фамилија припаѓаат повеќе видови: куна златка, куна белка,

ласица, твор, видра, јазовец и др.

Вид Martes martes L. - Куна златка

Куната златка ги населува шумите на Европа и голем дел од Азија.

Народното име го добила заради тркалезната дамка на градите која има

жолтеникава боја.

Живее осамено, во високопланинските шуми.

Нејзиното крзно е кафено и е составено од два слоја. Влакната од првиот

слој се многу меки и покуси, а од вториот слој се подолги со сјај што се

прелева. Куната златка се храни со глувци, зајаци, еребици и сл.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на куна златка!

Вид Martes foina Erh. - Куна белка

Куната белка е распространета слично како златката. Живее во шуми, по

карпести терени, а често може да се сретне и по таваните и подрумите на

напуштените куќи.

Личи на златката, но нејзината дамка на градите е бела и се дели на два

крака кои се губат во насока на предните нозе. Крзното и е темно кафено и

многу е ценето. Се храни со истата храна како куната златка.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на куна белка!

Page 46: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

46

Вид Mustela nivalis L. - Мала ласица (Невестулка)

Малата ласица е распространета низ Евроазија, Северна Америка и

Северна Африка.

Таа е многу мала, односно тешка е само 100 gr, а долга е околу 15 cm.

Како дивеч не е ценета и нема квалитетно крзно.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на малата ласица !

Вид Mustela putorius L. - Твор

Творот е распространет низ Евроазија. Тој се среќава во планинските и

рамнинските подрачја, односно секаде каде што наоѓа доволно храна. Во

зимскиот период може да се сретне и во близина на човечки населби.

Познат е по смрдеата со која се брани од непријателот, а која ја шири од

двете жлезди кои се наоѓаат покрај чмарот

Дење мирува, а ноќе лови. Творот е многу крволочен.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на творот!

Вид Meles meles L. - Јазовец

Јазовецот е распространет низ најголем дел од Европа и Азија.

Тој има трапаво тело, куси нозе и куса опашка. Муцката му е шилеста.

Крзното има жолтеникава боја, а главата е бела, со црна пруга накај очите и

ушите. Благодарение на силните предни нозе и канџи, (кои се три пати подолги

од канџите на задните нозе) ја копа земјата, а тунелите кои ќе ги ископа барајќи

храна, ги користи и за спиење. Кога се движи гази со целото стапало и затоа не

може брзо да бега.

Page 47: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

47

Јазовецот е сејадец. Се храни со инсекти, црви, глувци, змии, печурки, но и

со шумски и земјоделски плодови.

Дење живее во дувлата, а лови во предвечерје, ноќе и рано наутро.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на јазовецот!

Вид Lutra lutra L. - Видра

Видрата е распространета во Европа, Азија и Северна Африка. Живее

покрај реки и високопланински езера.

Телото на видрата е прилагодено за живот во вода. Таа меѓу прстите има

пливачка опна, а опашката и е заострена и кога плива и служи како кормило.

Крзното се состои од два вида на влакна (куси и долги). Покусите се густи и

прилепени до телото, а подолгите формираат воздушна обвивка околу телото.

Тоа и овозможува на видрата да ги издржи и најголемите студови, бидејќи

нејзиното тело кога плива не се наводенува.

Живеалиштата на видрата се состојат од два влеза. Едниот води кон

копното, а другиот кон водата. Таа дење мирува во живеалиштето, а ноќе бара

храна. Се храни со: риби, ракови, водни глувци, птици, жаби и сл.

Денес, заради се поголемата загаденост на водите, нејзината бројност се

повеќе се намалува. Според Законот за ловство е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на видрата !

Изработи презентација за изучените видови на дивеч од класата цицачи !

Page 48: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

48

Page 49: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

49

ТЕМА БР. 4 КЛАСА - ПТИЦИ

Во темата „Класа - Птици“ се опфатени содржини со кои учениците ќе

стекнат знаења за:

Карактеристиките на птиците

Ред Gruiformes - Жеравовидни птици

Ред Galliformes - Кокошковидни птици

Ред Columbiformes - Гулабовидни птици

Ред Charadriiformes - Крајбрежни птици

Ред Anseriformes - Гусковидни птици

Ред Ciconiiformes - Штрковидни птици

Ред Pelecaniformes - Веслоножни птици (Пеликани)

Ред Acipitriformes (Falconiformes) - Грабливи (соколовидни ) птици

Ред Strigiformes - Утковидни птици

Ред Passeriformes - Врапчевидни птици

Поважните видови дивеч во РМ од класата на птици

Page 50: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

50

Page 51: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

51

ТЕМА БР. 4 КЛАСА - ПТИЦИ

Класа Птици - Aves

Карактеристики на птиците

Птиците се најраспространетата класа на копнени ‘рбетници. Ги населуваат

сите континенти (вклучувајќи ги пространите пустини и високите планини),

најдалечните океански острови и централните региони на океаните, кои со

илјадници километри се оддалечени од најблиското копно.

Тие се двоножни, топлокрвни животни, чии главни карактеристики се тоа

што телото им е прекриено со пердуви, предните екстремитети се

модифицирани во крилја, а задните служат за движење на копно или во вода.

Коските им се пневматизирани, со што е зголемена нивната цврстина, а е

намалена специфичната тежина на телото. Имаат рожести лушпи на нозете и

рожеста навлака на клунот. Несат цврсти, варовнички јајца. Птиците се хранат

со растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се

активни во текот на денот. Но некои од нив (како бувот), се активни во текот на

ноќните часови. Во однос на големината на птиците се среќаваат различни

видови: од најситни видови (колибри) до огромни птици (емуа и ноеви). Птиците

се една од најпроучуваните животински групи. Илјадници научници во светот се

посветени на истражувањето на птиците.

Од интерес за ловството се поголем број на птици, кои според научната

класификација се поделени во следните редови:

Ред Gruiformes - Жеравовидни птици

Ред Galliformes - Кокошковидни птици

Ред Columbiformes - Гулабовидни птици

Ред Charadriiformes – Крајбрежни птици

Ред Anseriformes - Гусковидни птици

Ред Ciconiiformes - Штрковидни птици

Ред Pelecaniformes - Веслоножни птици (Пеликани)

Ред Acipitriformes (Falconiformes) - Грабливи (соколовидни ) птици

Ред Strigiformes - Утковидни птици

Ред Passeriformes - Врапчевидни птици

клучни поими:

птици; `рбетници; карактеристики на птиците;

класификација на птиците

Page 52: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

52

Ред Gruiformes - Жеравовидни птици

Жеравовидните птици се широко распространети по земјата. Тие се главно

копнени птици, но дел од нив ги населуваат блатата или преминале кон воден

начин на живеење. Тие се многу разнообразни птици, како во однос на нивниот

надворешен изглед и големина, така и според еколошките својства.

Од овој ред за ловството се значајни птиците дропли.

Птиците од фамилијата на дропли претставуваат мала група од крупни и

средно големи птици. Најголем дел од нив е распространет во Африка.

Имаат снажно тело, дебел врат и релативно голема глава. Нозете им се

снажни, средно долги и завршуваат со по три релативно куси прсти. Бојата во

основа им е сивкасто пепелава. Се одликуваат со тоа што брзо трчаат.

Приспособени се да живеат во отворени предели: степи, полупустини и

пустини.

Од фамилијата на дропли најзначајни се големата и малата дропла.

Овие птици, според Законот за ловство се категоризирани како заштитен дивеч.

Вид Otis tarda L. - Голема дропла

Овој вид веќе одамна го нема во РМ.

Вид Tetrax tetrax L. - Мала дропла

Последен пат во РМ е забележана во Овче Поле во 1972 година.

Во однос на димензиите е многу помала од големата дропла.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на дроплите !

Page 53: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

53

Ред Galliformes - Кокошковидни птици

Овој ред го сочинуваат птици кои се широко распространети во светот, но

најголем број од нив живеат во Азија.

Се одликуваат со цврсто тело, средно долг врат и мала глава. Клунот им е

кус и силен. Имаат силни нозе и прсти кои завршуваат со слабо извиени канџи.

Крилјата им се куси и широки. Прилагодени се за добро да трчаат. Можат и да

летаат, но тоа го прават на куси растојанија. Кај голем број од кокошковидните

птици постои јасно изразен полов диморфизам, во однос на бојата на

пердувите и во големината (мажјаците се поголеми од женките).

Повеќето кокошковидни птици се гнездат на земја. Голем број од нив живеат

во шума, иако тоа не е единственото нивно место на живеење.

Имаат големо стопанско значење како објекти за лов, а и за исхрана на

луѓето заради вкусното месо.

Во зависност од местото на живеење овие птици се поделени две групи:

- шумски кокошки и

- полски кокошки

За ловството се значајни птиците од :

Фам: Phasianidae - вистински кокошки

Оваа фамилија содржи видови кои се распространети широко по светот, со

исклучок на северните и јужните делови од двете полутопки на земјата.

Во неа се вклучени: кокошки, еребици, фазани, пауни и слични птици, кои се

прилагодени за живот на земја.

Од групата на пердувест ловен дивеч, кај нас најраспространети видови се:

полската еребица, еребицата камењарка и фазанот.

Вид Perdix perdix B. - Полска еребица

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Подтип: Vertebrata

Класа: Aves

Ред: Galliformes

Фамилија: Phasianidae

Род: Perdix

Вид: Perdix perdix Brisson, 1760

Полската еребица е распространета во Европа и Азија. На подрачјето на

Република Македонија живее средноевропската полска еребица Perdix perdix L.

Таа ги населува подрачјата со умерена клима, но може да се најде и на

планинските рамнини со поголема надморска височина.

Page 54: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

54

Полска еребица

Основната боја е пепелава, со потемни и посветли дамки и пруги. За неа е

карактеристична една поголема темно-кафеава дамка која е во вид на

потковица, а се наоѓа на стомакот. Оваа дамка ја имаат и мажјакот и женката,

но кај мажјакот е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат

помеѓу себе. Женките за разлика од мажјаците, на крилјата имаат и странично

бели попречни линии.

Во текот на месец февруари и март, единките формираат парови. Набрзо

потоа се парат и женката положува околу 18 сиво-зелени јајца. Таа лежи на

јајцата 24 денови, а за тоа време мажјакот чува стража. Малите пилиња во

гнездото остануваат најмногу еден ден. Тие се тешки околу 9 грама, но за две

недели достигнуваат тежина од околу 50 грама. Тие најчесто страдаат од

долготрајни студени дождови, но и од недостиг на вода и зелена сочна храна.

Заедно со родителите остануваат до наредната пролет.

Полската еребица спаѓа во групата на птици кои доста време поминуваат на

земја, а летаат само на мали растојанија. Полската еребица е мошне полезна

птица, бидејќи се храни со семиња од разни плевели, но и со некои видови на

инсекти (компирова златица, гасеници, скакулци и сл.). Живее околу три години.

Покрај грабливците, голема опасност за неа, претставува употребата на

хемиски средства за сузбивање на плевели. Полската еребица има големо

ловностопанско значење.

клучни поими:

систематска припадност;

распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Вид Alectoris graeca M. - Еребица камењарка

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Подтип: Vertebrata

Класа: Aves

Ред: Galliformes

Фамилија: Phasianidae

Род: Alectoris

Вид: Alectoris graeca Meisner, 1804

Page 55: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

55

Еребицата камењарка е жител на Евроазија. Таа ги населува претежно

подрачјата што се под влијание на медитеранската клима. Во Европа се

среќаваат два вида камењарки и тоа: обичната еребица камењарка (Alectoris

graeca (Meisner, 1804) и црвената еребица камењарка Alectoris rufa (Linnaeus,

1758). Во нашата држава е распространета обичната камењарка. Овој вид на

птици живее во мали јата и не припаѓа на групата на преселни птици. Главно е

присутна во карпестите предели со малку вегетација.

Еребица камењарка

Еребицата камењарка во споредба со сите други диви кокошки што живеат

во нашата земја е најубава. Горниот дел на телото, заедно со главата по боја

се пепелави. Под клунот и на предниот дел од вратот пердувите и се бели и

обрабени со црна пруга, која се протега преку очите се до коренот на клунот.

Стомакот и е жолтеникав, a од страните има темно-кафеави попречни дамки.

Клунот, нозете и венецот околу очите се црвено-корално обоени. По

надворешните белези, мажјакот се разликува од женката само по мамузата што

ја има на задната страна од писката.

Кон крајот на февруари и во почетокот на март се двои во парови. Женката

прави едноставни гнезда на земјата, во кои снесува од 8-14 бели јајца ишарани

со црвенкасти пеги. Периодот на лежење на јајцата трае 24-26 денови. За цело

време, додека женката лежи на јајцата, мажјакот се наоѓа во непосредна

близина и во случај на опасност го одвлекува вниманието на непријателот. За

младите еребичиња се грижат двајцата родители. Тие живеат во јато се до

идната пролет кога се издвојуваат во парови.

Еребицата камењарка е голем избирач на храна. Се храни со надземните

сочни делови на тревите, пупки, семиња, капини, разни видови на инсекти,

полжави и сл..За опстанок на младите еребичиња неопходно е да има и

доволно количество на инсекти, бидејќи во првите денови од животот, тие

речиси исклучително се хранат со храна од животинско потекло.

Еребицата камењарка може да живее и до 8 години, но има голем број на

природни непријатели: лисици, куни, творови, мачки, разни птици грабливци и

др. Нејзините јајца страдаат и од овчарите кои при напасувањето на стадата ги

пронаоѓаат гнездата. За време на долги и снежни зими, голем број од

еребиците умираат поради недостиг на храна. Еребицата камењарка има

големо ловностопанско значење.

клучни поими:

систематска припадност; распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Page 56: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

56

Вид Phasianus sp. - Фазан

Царство: Animalia

Тип: Chordata

Класа: Aves

Ред: Galliformes

Фамилија: Phasianidae

Род: Phasianus

Вид: Phasianus sp.

Фазанот не е дел од автохтоната европска фауна. Името го добил по реката

Phasis во Азија, која што е негова прататковина. Денеска фазанот живее во

цела Европа, со исклучок на Исланд. Тој спаѓа во групата на полски кокошки. Во

ловиштата се сретнуваат повеќе видови на фазани, кои се вкрстуваат помеѓу

себе, така што е тешко да се утврди чиста раса. Затоа во ловната практика за

овој вид на дивеч се користи терминот “ловни фазани“.

Фазан

Женките кај фазаните имаат кафеава боја со темни пеги, прилагодена на

земјата по која се движат и гнездат. За разлика од неугледните женки,

мажјаците се прекриени со шарени, сјајни пердуви.

Периодот на парење е кон крајот на март. Фазанот може да оплоди 4-10

женки. Фазанката снесува од 8-12 жолтеникаво-сиви јајца, во еднодневни

интервали. (При одгледување во волиери каде снесените јајца редовно се

собираат, фазанката снесува многу повеќе јајца). Кога ќе го снесе и последното

јајце, фазанката на нив лежи околу 24 денови. Кога младите ќе се испилат,

мајката ги храни со инсекти, црви и јајца од мравки, а после 10-ина денови

фазанчињата се хранат со растителна храна. Младите фазанчиња покрај

мајката остануваат околу осум недели. Фазанката е грижлива мајка, која за да

ги заштити младите без двоумење се изложува на опасност, за разлика од

фазанот, кој на пилињата никогаш не им посветува внимание.

Како и другите видови на кокошки и фазанот е сејадец. Тој се храни два

пати на ден, рано наутро и доцна попладне. Водата му е неопходна за

преживување. Доколку на едно подрачје нема доволно вода, фазанот го

напушта и мигрира во поадекватно подрачје. Тој избегнува затворени и високи

шуми, а преферира паркови или густи грмушки.

Фазанот добро трча, но слабо лета. Не е друштвен и е нетолерантен. Ако се

сретнат два фазани доаѓа до жестоки борби, кои траат се додека едниот од нив

не го сврти грбот и се повлече со бегање. Најлош непријател на фазанот е

лисицата, а куните и мачките ги напаѓаат младите фазанчиња.

Page 57: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

57

Фазаните можат да доживеат старост од 7 години, но таквите случаи се ретки.

Фазанот е мошне ценет дивеч, не само поради убавината, туку и поради

уживањето што го дава спортскиот лов. Се лови со кучиња птичари.

клучни поими:

систематска припадност; распространетост;

морфолошки карактеристики;

исхрана и размножување

Вид Coturnix coturnix L. – Потполошка

Потполошката е најмал претставник од редот на кокошковидни птици.

Распространета е низ Евроазија, Северна и Јужна Африка и на Мадагаскар.

Таа е преселна птица, која се сели во септември, а се враќа во април.

Помалите примероци остануваат и при поволни услови ја преживуваат зимата.

Кај нас се задржува по нивите и ораниците.

Фам: Tetraonidae - Тетреби

Птиците од фамилијата на тетреби се распространети во северните делови

од Евроазија и Северна Америка. Поважен претставник од фамилијата на

тетреби е лештарката.

Вид Bonasa bonasia L. - Лештарка

Лештарката е распространета низ Евроазија. Народното име го добила,

бидејќи ги јаде ресите од леските. Доста е честа по нашите шуми. Иако е

шумска птица, најчесто се задржува на земја.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на кокошковидните

птици !

Page 58: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

58

Ред Columbiformes – Гулабовидни птици

Гулабовидните птици се распространети во сите делови од светот, каде што

има семиња и растенија.

Телото им е со силна структура. Имаат краток врат и мала глава. Крилјата

им се долги и остри, а нозете се куси или средно долги. Тие се одлични летачи

и се способни да маневрираат, а на земја добро одат и трчаат. Поделени се на

пустински птици и гулаби.

Најголем број од гулабите се жители на шумите, но некои од нив живеат по

карпите и во човечките населби. Сите четири прсти од нозете на гулабите се

долги и завршуваат со јаки канџи. Гулабите се моногамни видови кои живеат во

парови. Родителите имаат жлезди во гушата од кои лачат т.н. „ гулабово

млеко“. Со него ги хранат малите гулапчиња директно во клунот.

Во РМ има три вида на гулаби: гулаб гривнеж, гулаб дупкар и гулаб

пештерник.

Вид Columba palumbus L. - Гулаб гривнеж

Гулабот гривнеж е распространет во Европа, голем дел од Азија и во

Северозападна Африка.

Тој е најголем претставник од гулабите кај нас. На вратот има бели пердуви

како ѓердан (затоа го добил името гривнеж).

Вид Columba oenas L. - Гулаб дупкар (Горски гулаб)

Распространет е во Европа, голем дел од Азија и во Северозападна

Африка.

Тој живее во шумски предели, а гнездата ги прави во дупките на дрвјата.

Помал е од гривнежот.

Page 59: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

59

Вид Columba livia Gm. Гулаб пештерник (Див гулаб)

Гулабот пештерник е широко распространет во јужните делови на Европа,

во Северна Африка и во Азија. Народното име го добил, бидејќи ноќева во

пештери.

Голем број раси на домашниот гулаб потекнуваат од гулабот пештерник. Тој

е друштвена птица, која по правило се гнезди во колонии. Голем е колку

гулабот дупкар.

Вид Streptopelia turtur L. - Грлица

Грлицата е распространета во Средна и Јужна Европа, Северна Африка и

Средна и Јужна Азија. Кај нас е доста честа. Таа претставува корисен ловен

дивеч.

Вид Sreptopelia decaocto Friv. - Гугутка

Гугутката е птица со потекло од Јужна Азија, која се раселила низ голем дел

од Европа и Азија. Кај нас е доста честа.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на гулабите !

Page 60: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

60

Ред Charadriiformes – Крајбрежни птици

Птиците од овој ред живеат во сите делови на светот. Тие се крајбрежни

или водни птици, кои имаат различна големина и форма.

За ловството се значајни птиците од:

Подред Charadrii – Бекасови птици

Бекасовите птици се распространети космополитски, а ги населуваат

отворените предели. Тие имаат мала или средна големина, а тежината се

движи од 20-1100 грама. Имаат издолжен нежен клун. Трите предни прсти се

поврзани со слабо развиена кожичка за пливање, која е затегната во основата

на прстите. Задниот прст е кус и не допира до подлогата. Се хранат со

без`рбетници.

Бекасовите птици се групирани во повеќе фамилии. Централно место има

фамилијата на харадрииди.

Харадриидите се птици кои се распространети космополитски. Тие имаат

мала и средна големина, релативно куси нозе и долги и остри крилја.

Најпознати птици од фамилијата на харадрииди се шумската и барската

шљука.

Вид Scolopax rusticola L. - Шумска шљука

Шумската шљука е распространета во шумите на Европа и Азија.

Народното име го добила заради бојата на пердувите, кои прилегаат на

шумскиот листинец.

Има долг клун (кој може да го свиткува), со кој успева да ги улови најситните

инсекти и црвје.

Ловот на шљуките е најинтересен, особено напролет кога мажјакот

изведува ѓаволшини во воздухот, додворувајќи и се на женката.

Ловците ја нарекле „кралица“ на ситниот дивеч.

Page 61: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

61

Вид Gallinago gallinago L. - Барска шљука (Бекас)

Барската шљука (бекасот) е птица која е широко распространета низ Европа

и во северните делови од Азија.

Мошне е слична на шумската шљука, само е нешто помала и има подолг

клун.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на шљуките !

Ред Anseriformes – Гусковидни птици

Гусковидните птици се распространети на сите континенти, со исклучок на

Антарктикот. Сите видови се адаптирана за живот во вода. Некои од нив

пливаат, а некои нуркаат. Најчесто живеат во близина на водата, во

мочуриштата, односно на бреговите на реките или на морињата. Некои видови

поголемиот дел од својот живот го поминуваат на отворено море, а на земја

доаѓаат само во време на парење и заради подигање на младите.

Имаат цврсто тело со релативно мала глава, која често е лоцирана на долг

врат. Кај некои видови вратот е тенок и многу долг, а кај некои е средно долг и

дебел. Нозете им се куси со пливачка опна меѓу прстите. Клунот обично е

сплескан и широк. Повеќето гусковидни птици се хранат со инсекти и водни

животни. Во периодот на промена на пердувите, некои видови ги губат сите

пердуви истовремено. Улогата на топлински изолатор тогаш ја има слојот на

масти, кој се наоѓа под кожата.

Повеќето гусковидни птици се одлични летачи. Некои од нив летаат дури и

повисоко од сите останати птици. Многу видови при нивната селидба

поминуваат растојанија од неколку илјади километри.

Во овој ред се вклучени птиците кои се познати како: гуски, патки и лебеди.

Овие птици се широко распространети по целиот свет.

Гуските и лебедите се големи или средно големи птици, кои имаат

релативно куси нозе и долг врат. Тие се гнездат главно во северните широчини.

Патките се одликуваат со кус врат и куси нозе. Кај повеќето видови на патки

постои полов диморфизам, при што женките и мажјаците се различно обоени.

Патките имаат големо стопанско значење, како домашна живина и како ловни

објекти.

Page 62: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

62

Вид Anser anser L. - Дива гуска

Дивата гуска е распространета низ Европа и Азија.

Се гнезди на Дојранско Езеро, а во август се сели во Африка.

Повеќето раси од домашната гуска потекнуваат од дивата гуска.

Вид Cygnus cygnus L. - Лебед пејач

Лебедот пејач е голема, грациозна птица, која во зима долетува кај нас, за

да зимува. Живее во парови. Се храни со растителна храна. Има силен,

продорен глас, како звук од ловечки рог.

Лебедот пејач според Законот за ловство е заштитен вид.

Вид Anas platyrhynchos L. - Дива пајка

Дивата пајка е птица преселница, која кај нас е особено честа во текот на

зимата. При преселувањето дивите пајки се редат една зад друга во вид на

клин.

Многубројните раси на домашни пајки потекнуваат од дивата пајка.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на гусковидните

птици !

Page 63: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

63

Ред Ciconiiformes - Штрковидни птици

Штрковидните птици се распространети многу широко, но најголемиот број

на видови се среќаваат во тропските предели. Тие ги населуваат крајбрежните

делови на водите, блатата и мочуриштата.

Редот на штрковидни птици опфаќа претежно големи птици, кои имаат долги

нозе, долг врат и долг клун. Нозете завршуваат со четири долги прсти.

Се хранат со разнообразна храна, која ја наоѓаат во водата, но главно со

инсекти и риба. Јадат и жаби, гуштери, ситни цицачи и малечки птици. Некои

видови се хранат со мрша. Гнездата ги прават високо на дрвјата, а за гнездото

се грижат двајцата партнери.

Од штрковидните птици во РМ се среќаваат фамилиите на штркови и чапји.

Штрковите се распространети на сите континенти. Тие се големи птици со

долг, прав клун, кој на врвот е малку заострен. Тие немаат гласовен апарат,

така што звук произведуваат со клопотење на клунот. Предните три прсти во

основата се поврзани со кожичка за пливање, а задниот прст е послабо

развиен.

Чапјите се распространети во тропските и умерените предели на земјата. Тие

се доста друштвени птици кои се гнездат во големи колонии.

Вид Ciconia ciconia L. - Бел штрк

Белиот штрк е птица која е добро позната кај нас. Ги населува низините кои

се богати со вода, а се задржува и околу човечките населби, во кои гнездата ги

прави на оџаците од куќите. Лета бавно, а на земја се движи полека. Се храни

со скакулци, црви, жаби, гуштери, глувци.

Кај нас долетува во март, а на југ се сели во август. Кај народот ужива

почитување.

Според Законот за ловство белиот штрк е категоризиран како заштитен вид.

Page 64: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

64

Вид Ardea cinerea L. - Пепелава (сива) чапја

Сивата чапја е птица која е добро позната кај нас. Ги населува големите

реки, мочуриштата и езерата покрај кои со својот долг клун лови риби, инсекти

или жаби.

Според Законот за ловство е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на штрковидните

птици !

Ред Pelecaniformes - Веслоножни птици (Пеликани)

Веслоножните птици се водни птици кои се распространети космополитски по

океаните, морињата, езерата и поголемите реки.

Карактеристика на овие птици е тоа што имаат четири прста, кои се свртени

напред и сите се поврзани со пловна кожичка. Имаат водонепропустливи

пердуви и дишат преку клунот, бидејќи носните канали им се затворени (тоа го

спречува продирањето на водата во дишните органи). Сите видови од овој ред

ја ловат својата храна под вода. Добро пливаат и летаат, а на земја се движат

полека и несмасно. Се гнездат во големи колонии кои ги формираат на осамени

гребени и острови. Кај повеќето видови во градење на гнездото учествуваат

двајцата родители.

Од редот на веслоножните птици во РМ се среќаваат фамилиите на пеликани

и корморани.

Пеликаните се најкрупни веслоножни птици кои се распространети на сите

континенти. Имаат масивно тело, огромни крилја, куси нозе, долг врат и долг

клун. Клунот е сплескан, широк, а под него виси долга кожеста вреќа, која може

да се растегнува.

Кормораните се птици кои се помали од пеликаните и се распространети

космополитски. Ги населуваат слатките води и морските крајбрежја. Имаат долг

врат, мала глава и куси нозе. Пердувите се темно обоени и имаат метален

одблесок. Се хранат со риба, која ја ловат нуркајќи на длабочина и до 10 m

(најчесто во заедница со пеликаните).

Page 65: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

65

Вид Pelecanus onocrotalus L. - Розов пеликан

Розовиот пеликан е распространет во Евроазија и во Североисточна

Африка. Во лето и есен го има на Преспанско и Дојранско Езеро.

Плива одлично, но не нурка. Се храни со риба. Возрасните примероци имаат

розови пердуви, а младите бели.

Според Законот за ловство, розовиот пеликан е заштитен вид.

Вид Pelecanus crispus Bruck. - Кадрав пеликан

Кадравиот пеликан е распространет пошироко и е помногуброен од розовиот

пеликан. Во РМ се среќава на Преспанското Езеро. Тој е поголем од розовиот

пеликан.

Според Законот за ловство е заштитен вид.

Вид Phalacrocorax carbo L. - Голем корморан

Големиот корморан е распространет во Евроазија и Северна Америка.

Клунот му е назабен и свиткан како кука. Тој е лакома птица, која може да

изеде 2 - 4 kg. риба.

Page 66: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

66

Вид Phalacrocorax pygmeus Pall. - Мал корморан (Ачко)

Малиот корморан се среќава на Дојранско Езеро.

Тој е значително помал од големиот корморан.

Според Законот за ловство малиот корморан е заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на веслоножните

птици !

Ред Acipitriformes (Falconiformes) - Грабливи (Соколовидни)

птици

Грабливите или соколовидните птици се распространети по целата земја, со

исклучок на Антарктикот и некои океански острови.

Овие птици имаат различна големина и тежина од 60 gr-12 kg. Имаат силно,

цврсто тело, со широк граден кош. Мускулите на нозете и градите се многу

силни и развиени. Овие птици имаат големи очи и краток клун кој е свиткан

надолу, како кука. На нивните куси нозе, имаат помалку или повеќе искривени,

остри канџи кои ги користат за да го фатат и убијат пленот.

Се хранат со животинска храна, а пленот го ловат жив (освен мршојадците).

Имаат способност за брзо летање, а најразвиено им е сетилото за вид, бидејќи

најголем број од нив својот плен го бараат летајќи.

Заради грабливиот начин на живеење живеат одделно, односно секој пар

има свое ловиште кое го заштитува. За разлика од останатите птици, кај

грабливите, женките се поголеми од мажјаците.

Позначајни дневни грабливи птици се:

- соколи,

- јастреби,

- орли и

- мршојадци.

Page 67: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

67

Вид Falco peregrinus Tunst - Сив сокол

Сивиот сокол (како и останатите видови од фамилијата на соколи) е

распространет насекаде по земјата. Тој е одличен летач, кој го лови својот плен

летајќи. На работ од горниот клун има остар забец.

Денес неговата бројност е намалена. Според Законот за ловство е заштитен

вид.

Вид Accipiter gentilis L. - Јастреб кокошкар

Јастребот кокошкар е птица која е широко распространета низ Европа, Азија,

Северна Америка и Северна Африка. Тој е доста силна птица која напаѓа птици

со различна големина. Јастребите на работ од горниот клун немаат забец.

Јастребот може да се лови цела година.

Вид Aquila chrysaetos L. - Сур орел

Оваа птица е распространета во Европа, Азија, Северна Америка и

Северозападна Азија. Суриот орел е планинска птица која живее во парови, на

тешко пристапни карпи. Нозете му се обраснати со пердуви се до прстите.

Во минатото бил многуброен, но денес постои опасност да исчезне од

некои подрачја. Според Законот за ловство е заштитен вид.

Page 68: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

68

Вид Gyps fulvus Habi. - Белоглав мршојадец

Мршојадците се распространети во Јужна Европа, Азија и Африка.

Белоглавиот мршојадец се вбројува меѓу најголемите птици. Се храни со

мрши на кои прво им ја вади утробата.

Денес неговата бројност е многу намалена.

Според Законот за ловство е категоризиран како заштитен вид.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на грабливите

птици !

Ред Strigiformes - Утковидни птици

Утковидните птици се распространети скоро по целиот свет, освен на

Антарктикот и некои океански острови.

Телото им е мало, цврсто и збиено, а заради долгите и густи пердуви изгледа

дебело. Меките и растресити пердуви им овозможуваат да летаат бесшумно.

Главата е округла и голема. Клунот е со остри рабови, силно свиткан надолу,

како кука. Очите се крупни и неподвижни, а видното поле е мало. Шијата им е

многу подвижна и затоа можат да ја вртат главата за 270 степени, а тоа им

овозможува значително зголемување на видното поле. Слушните отвори се

издолжени и големи. Честопати на главата стрчат две снопчиња од пердуви кои

образуваат т.н. „уши“. Нозете им се обраснати со пердуви, се до врвот на

прстите, кои завршуваат со остри и свиени канџи.

Утковидните птици се грабливи ноќни птици, кои се хранат со животинска

храна (ситни цицачи, инсекти, птици).

Кај нас поважни видови на утковидни птици се : голем ушест був, шумски був

и др.

Според Законот за ловство, заради нивната мала бројност се трајно

заштитени.

Вид Bubo bubo L. - Голем ушест був

Page 69: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

69

Големиот ушест був е широко распространет и е најкрупен претставник на

утките. Над очите има снопче од пердуви во форма на уши. Женките се

значително поголеми од мажјаците.

Распространет е во шумски и рамнински подрачја

Вид Strix aluco L. - Шумски був

Шумскиот був е распространет во планински подрачја.

Тој на главата нема исправено снопче од пердуви (во форма на уши).

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на утковидните

птици !

Ред Passeriformes - Врапчевидни птици

Врапчевидните птици се широко распространети по земјата, но најмногу ги

има во тропските предели. Во однос на бројноста редот на птиците врапчарки е

најголем, во целата класа на птици.

Овие птици имаат различна големина на телото, различен надворешен

изглед и еколошки својства. Тие се моногамни птици чија исхрана е многу

разнообразна - некои видови се хранат со без`рбетници, некои со семиња, а

врапчевидните птици од тропските дождовни шуми се хранат само со овошје.

Најголемо значење за ловството имаат птиците од фамилијата на врани.

Враните се птици кои живеат низ целиот свет, освен на Антарктикот, Нов

Зеланд и некои острови. Се одликуваат со сложена градба на гласовниот

апарат и со присуство на голем број (5-7 пара) гласовни мускули. Во

фамилијата на врани спаѓаат најголемите врапчарки. Од нив во родот на

гаврани (Corvus) се вклучени повеќе од 1/3 од враните.

Враните се птици кои имаат силна градба на телото и силни нозе. Повеќето

врани од умерените предели се црни, сини, но некои се црно - бели или имаат

сино - виолетов отсјај. Се хранат со без`рбетници, семе, плодови, а некои

видови се одлично прилагодени на градскиот живот, така што во нивната

исхрана се вклучени лебот и тестенините.

Page 70: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

70

Нешто интересно...

Партнерските врски кај враните се многу силни, дури кај некои видови се и

доживотни. Враните се најинтелигентни видови на птици. Младите врани знаат

да играат, да се лизгаат надолу по мазни површини и да учествуваат во сложени

социјални игри. Постојат многу примери кои ја докажуваат интелигенцијата на

враните: тие ја кријат својата храна на безбедни места; се сеќаваат каде ја скриле

и подоцна доаѓаат по неа; прават алатки од гранчиња и листови, кои ги користат

за да ги извлечат инсектите и ларвите од дупките на дрвото; живеат во големи

социјални групи во кои ги препознаваат членовите и сл. Некои видови на врани

можат да бидат и агресивни. Тие се добро познати по нападот на сите оние кои го

загрозуваат нивното гнездо (кучиња, мачки, гаврани и птици грабливки).

Поважни видови птици од фамилијата на врани се: гавран, чавка и страчка.

Вид Corvus corax L. - Гавран

Гавранот е распространет на северната полутопка од земјата. Тој е

најголем и најсилен претставник од фамилијата на врани.

Според Законот за ловство е заштитен вид.

Вид Coleus monedula L. - Чавка

Чавката е распространета во Европа, Азија и Северозападна Африка. Во РМ

е најмногубројна од враните.

Гнездата ги прави во напуштени куќи. Се храни со јајца од еребици, фазани

и од други птици.

Page 71: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

71

Вид Pica pica L. - Страчка

Страчката е распространета во Европа, Азија, во Северозападна Африка и

во западните делови на Северна Америка.

Се одликува со долга скалеста опашка. Има крескав глас и црно бели

пердуви.

Таа е голем разбојник на диви, домашни животни и растителна храна.

Воочи ги и дискутирај за морфолошките карактеристики на врапчевидните

птици !

Изработи презентација за изучените видови на дивеч од класата птици !

Page 72: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

72

Page 73: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

73

ТЕМА БР. 5 ОДГЛЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДИВЕЧОТ

Во темата „Одгледување и заштита на дивечот“ се опфатени содржини со

кои учениците ќе стекнат знаења за :

Основните начини на одгледување на дивечот

Најважните мерки и активности кои се преземаат при одгледување на дивеч

Природно одгледување на дивечот

Вештачко одгледување на дивеч

Изборен отстрел на крупниот дивеч

Аклиматизација и реаклиматизација на дивечот

Page 74: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

74

Page 75: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

75

ТЕМА БР. 5 ОДГЛЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДИВЕЧОТ

Одгледување и заштита на дивечот

Најважна компонента во ловството е одгледувањето и заштитата на

дивечот. Одгледувањето на дивечот подразбира преземање на активности со

цел да се подобрат условите за опстанок и размножување на дивечот.

Опстанокот и развитокот на дивечот зависат од :

- можностите за природно размножување на дивечот

- можностите за преживување на подмладокот

- можностите на местоживеењето за формирање на стабилна попула-

ција

Во природата е речиси невозможно да се пронајдат местоживеења во

кои дивечот би можел максимално да ги задоволи своите потреби. Познава-

њето на биоекологијата на секој конкретен вид на дивеч му овозможува на

човекот да преземе низа на активности, со цел неповолните влијанија на

одделни животни фактори да се сведат на минимум.

За секој вид на дивеч потребно е да се преземат основни мерки и активности

кои ќе го подобрат опстанокот и развојот на дивечот.

Одгледувањето и заштитата на дивечот опфаќа повеќе мерки и активности

кои ги презема човекот, со цел да ги подобри условите за развој на дивечот.

Тие се:

- обезбедување на доволно храна и вода за дивечот во текот на целата

година;

- формирање на неопходен број на засолништа за дивечот;

- обезбедување на минимален мир во ловиштето;

- oдржување на нормална бројна состојба на дивечот според капацитетот

на ловиштето;

- реинтродукција на основните ловностопански видови во ловиштето

заради побрзо постигнување на капацитетот на ловиштето;

- преземање на превентивни и други мерки за заштита на дивечот од

болести;

- одржување на бројот на дивечот без заштита во обем кој не претставува

опасност за дивечот под заштита;

- воведување на планско искористување на дивечот;

- одредување и спроведување на ловостој, привремена и трајна забрана

за ловење на одредени видови дивеч;

- подигање и одржување на ловно-технички објекти во ловиштето;

- вршење на лов со расни кучиња (педигрирани);

- користење на соодветни средства за ловење и

- чување на дивечот во ловиштето.

- аклиматизација на нови видови на дивеч (кои ќе ја збогатат ловната

фауна)

- реаклиматизација на загрозени видови на дивеч.

Page 76: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

76

Ловното законодавство пропишува задолжителни мерки и активности

кои овозможуваат подобрување на условите во местоживеењето и побрзо

зголемување на бројноста на дивечот.

клучни поими:

одгледување и заштита на дивеч

опстанок и развиток на дивечот

мерки и активности кои ги презема човекот

Основни начини на одгледување на дивечот

Во ловството се применуваат три основни начини на одгледување на дивечот:

1. Природен начин на одгледување на дивеч

2. Вештачки начин на одгледување на дивеч

3. Комбиниран начин на одгледување на дивеч

1. Природен начин на одгледување на дивеч

Природното одгледување на дивеч се нарекува уште и слободно

одгледување на дивечот. Кај овој начин на одгледување, дивечот живее

слободно, а неговиот опстанок е помогнат со одгледувачки мерки од страна на

човекот. Овој начин на одгледување на дивеч е најевтин и во праксата најмогу

се применува.

2. Вештачки начин на одгледување на дивеч

Вештачкото одгледување на дивеч се нарекува уште и одгледување во

затворен, односно заграден простор. Овој начин на одгледување е најпогоден

за одгледување на ситен дивеч (фазани, еребици, зајаци и сл.)

И крупниот дивеч (елен, дива свиња и сл.) може да се одгледува

вештачки, односно во заградени површини. Овој начин на одгледување на

крупен дивеч е поскап, бидејќи е потребна голема површина и големи

финансиски средства за одгледување на крупниот дивеч.

3. Комбиниран начин на одгледување на дивеч

Комбинираното одгледување на дивечот се состои во тоа што во

определени временски периоди во ловиштата, покрај слободниот дивеч се

внесува дивеч кој е вештачки произведен.

Page 77: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

77

Комбинираното одгледување на дивеч се применува кога прирастот во

ловиштето е намален. За да се зголеми прирастот, во ловиштето се внесува

вештачки произведен дивеч.

Комбиниран начин на одгледување на дивеч се користи и во зимските

периоди, особено кога климатските услови се неповолни. Тогаш дивечот се

собира и се чува во т.н. зимувалници, а после завршувањето на зимскиот

период, односно штом условите ќе станат поволни, дивечот повторно се пушта

во природа.

клучни поими :

природно одгледување

слободно одгледување

вештачко одгледување

одгледување во затворен простор

комбинирано одгледување

зимувалници

Природно одгледување на дивечот

Најважни мерки кои се преземаат при природното одгледување на дивеч се :

- Зголемување на природниот прехранбен потенцијал на ловиштата

- Формирање на засолништа (скривалишта) за дивечот

- Формирање на поилишта и калишта за дивечот

- Прихранување на дивечот

Зголемување на природниот прехрамбен потенцијал на ловиштата

Оваа одгледувачка мерка ги опфаќа сите активности кои се преземаат

од страна на човекот за да се зголеми природниот прехранбен потенцијал на

ловиштата за крупен и на ловиштата за ситен дивеч.

Ловишта за крупен дивеч

На ловиштата за крупен дивеч потребно е да има доволно храна, за да

не излегува дивечот надвор и да не ги оштетува земјоделските култури. Затоа

во ловиштата за крупен дивеч, кои се богати со иглолисни шуми треба да се

заштитат и лисјарските видови на дрвја, бидејќи тие имаат изданкова сила, а

младите ластари се одлична храна за преживарите. По рабовите на шумата и

на места изложени на сонце, треба да се внесат грмушки (боровинки, дренки,

смреки, капини), кои истовремено ќе бидат и храна и засолниште за дивечот.

Плодовите на старите дабови и букови стебла во ловиштата се одлична храна

за дивечот. На ловиштата кои се сиромашни со шума прехранбениот

потенцијал ќе се зголеми, ако се формираат ниви и ливади за производство на

Page 78: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

78

храна за крупниот дивеч, т.н. крмни ниви. Во нивите треба да се одгледуваат

култури кои дивечот најмногу сака да ги јаде ( на пример: пченка, овес, јачмен,

добиточна зелка, крмни моркови, крмно цвекло, компир и др.). При изборот на

култура, која ќе се одгледува во овие ниви, пожелно е да се побара мислење од

соодветно стручно лице. Во однос на формата, добро е нивите да имаат

квадратен облик, а во однос на димензиите подобро е да бидат помали, но во

поголем број, отколку една поголема, бидејќи на тој начин дивечот нема да се

концентрира само на едно место.

Ловишта за ситен дивеч

За разлика од крупниот дивеч, ситниот дивеч живее во рамнинските

терени. На овие терени условите за опстанок и развој се поповолни во однос на

условите во коишто живее крупниот дивеч. Прехранбениот потенцијал на

ловиштата за ситен дивеч се зголемува со подигање ниви.

Нивите за производство на храна за ситен дивеч не треба да бидат

блиску до населени места и сообраќајници, а нивната површина не треба да

биде голема. На овие ниви најчесто се сеат: пченка, пченица, просо, сончоглед

и слични култури. Нивите треба да бидат заградени, а дивечот да се пушти

внатре кога културата ќе има најголема хранлива вредност. При изборот на

културата која ќе се одгледува во нивите, најдобро е да се побара мислење на

соодветно стручно лице.

клучни поими :

природен прехранбен потенцијал

храна за крупен дивеч

храна за ситен дивеч

садење грмушки

крмни ниви

ниви за производство на храна

избор на прехранбена култура

Формирање на засолништа (скривалишта) за дивечот

Засолништа, односно скривалишта за дивечот се формираат за да се

заштити дивечот од невреме и од природните непријатели. Дивечот ќе биде

побезбеден ако бројот на скривалиштата е поголем, а во однос на големината

се препорачуваат помали засолништа. Засолништата за ситен дивеч се

формираат со садење грмушки, полугрмушки, земјоделски култури и дрвја.

Садењето на овие видови треба да биде погусто и да не се дозволи височината

на дрвјата да биде поголема од 1 -1,5 m. Од тие причини потребно е да се врши

редовно поткастрување на потребната височина, најмалку еднаш годишно.

Овие засолништа можат да имаат:

- привремен или

- траен карактер

Page 79: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

79

За формирање засолништа за ситен дивеч, кои имаат привремен

карактер, најчесто се користи садење на следните култури: пченка, сончоглед,

зелје и слично. А, за формирање на засолништа за ситен дивеч кои имаат

траен карактер, најчесто се користи садење на : капини, малини, дренки, диви

јаболка, диви круши и сл. Во засолништата кои имаат поголема површина

добро е во средината да се остават голи ненасадени простори. На овие

простори се носи песок или ситен чакал за да може дивечот да се прпелка. При

формирање на засолништа за крупен дивеч во широколисните шуми најдобро е

на слободните површини да се засадат иглолисни видови како бор, ела,

смрча, дуглазија и др.

клучни поими :

засолништа (скривалишта) за дивечот

засолништа за крупен и ситен дивеч

засолништа со привремен и траен карактер

Формирање на поилишта и калишта за дивечот

Освен храна, за опстанок и развој на дивечот му е неопходна и вода.

Најдобро е ако ловиштето е богато со рамномерно распоредени природни

извори, реки, езера и бари. Некои видови на дивеч, дури потешко го

поднесуваат недостигот на вода, отколку недостигот на храна. Ако на

подрачјата што се сиромашни со вода, не се преземат мерки за обезбедување

на потребната вода за дивечот, честопати тој ги напушта овие терени. За да се

обезбеди потребната вода за дивечот најчесто се градат вештачки поила. При

формирање на вештачките поила треба да се внимава собраната вода да не се

загадува. Човекот ги гради вештачки поила најчесто со копање дупки во кои се

собира атмосферската вода или со изградба на помали земјени брани. При

формирање на поилиштата треба да се внимава едната страна да има благ

наклон за да може дивечот полесно да пријде до водата. Дупките наменети за

поилишта најчесто се обложуваат со фолија. За ситниот дивеч можат да се

изградат и помали бетонски поилки кои се полнат со атмосферската вода или

да се употребат исечени автомобилски гуми. Освен вода за пиење на еленот и

на дивата свиња им е потребен и простор каде што ќе се валкаат во кал. За таа

цел се формираат вештачки калишта. Калиштата за елените и за дивите свињи

се прават така што се копа дупка со соодветни димензии, која се полни со

атмосферска вода. Покусите страни треба да имаат благ наклон кон средината

на дупката за да се олесни пристапот на дивечот .

клучни поими :

поилишта за крупен дивеч

поилишта за ситен дивеч

калишта за елени и диви свињи

Page 80: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

80

Прихранување на дивечот

Во ловиштата во одреден период од годината (во зима) се јавува

недостиг на храна и затоа дивечот треба да се прихранува. Целта на

прихранувањето на дивечот е тој да преживее, односно да не пцовиса од глад

во зима. Се смета дека една од причините за исчезнувањето на некои видови

на дивеч е отсуството на зимското прихранување. Токму зимското

прихранувањето може да помогне, односно да ги ублажи промените во

природата кои дивечот ги чувствува во тој период од годината. Хранилиштата

за дивечот треба да бидат изградени до почетокот на зимата. Со прихранување

се почнува кога температурата ќе падне под 0 °C или кога ќе падне првиот снег.

Хранилиштата за дивечот треба да се формираат на места заштитени од

ветрови. Како прихрана за крупниот дивеч се користат прехранбени култури

како на пр: сено, овес, пченка, желади, див костен и сл. За таа цел најчесто се

градат т.н. јасли. Јаслите треба да бидат со решетки, а од горната страна треба

да бидат покриени за да се оневозможи расипување и навлажнување на

храната. За зрнестата храна се користат јасли во форма на сандак или корито

или автоматски јасли на електричен погон кои може да се програмираат.

Крупниот дивеч се прихранува секогаш во исто време, најчесто еден час пред

стемнување. Како прихрана за ситниот дивеч се користат прехранбени култури

како на пример: пченка, пченица, јачмен, просо и сл. Во однос на времето за

прихрана и ситниот дивеч се храни секогаш во исто време. Ситниот дивеч се

прихранува претпладне или попладне. Доколку не постојат соодветни природни

места, за прихранување на ситниот дивеч се градат посебни хранилишта. Ако

за прихранување се користи скапа храна, се започнува со давање на помали

количини од храната, а откако ќе се констатира дека дивечот ја јаде,

количеството се зголемува.

Храната со која го прихрануваме дивечот треба да биде здрава (не смее

да биде мувлосана, гнила, трула), бидејќи неквалитетната храна може да

предизвика проблеми со варењето, па дури и угинување на дивечот.

За формирање на скелетот, роговите и роговјето на дивечот му се

потребни и минерални материи, особено напролет и наесен. За обезбедување

на неопходните минерални материи најчесто со храната на дивечот се меша и

сол. Парчиња на сол може да се постават и во вдлабнатинките на дрвјата или

во карпите. Овие места се нарекуваат „солишта“.

Дискутирај и објасни ги следните поими за природно одгледување на

дивечот!

природен прехранбен потенцијал за дивечот

засолништа за дивечот

поилишта за дивечот

калишта за дивеч

прихранување на дивечот

прихранување со минерални материи

Page 81: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

81

Вештачко одгледување на дивеч

Вештачкиот начин на одгледување на дивеч е особено погоден за

одгледување на ситен дивеч.

При вештачко одгледување на пердувест дивеч се разликуваат два

начини на вештачко производство и тоа :

- Класичен начин на вештачко одгледување на пердувест дивеч

- Инкубаторски начин на вештачко одгледување на пердувест дивеч

Класичниот начин на вештачко одгледување на пердувест дивеч се врши

така што за инкубација на јајцата се користат најчесто домашни квачки. При

инкубаторско производство на пердувест дивеч се користат посебни уреди

наречени инкубатори. Во РМ вештачки се одгледува фазански дивеч. Денес,

класичниот начин на вештачко производство на фазански дивеч (со домашни

квачки) постепено се напушта и се заменува со примена на инкубаторско

производство на млади фазанчиња.

клучни поими :

класичен начин на вештачко одгледување на дивеч

инкубаторски начин на вештачко одгледување на дивеч

Техника на вештачко одгледување на фазански дивеч

Вештачкото одгледување на фазански дивеч се одвива во неколку фази.

Првата фаза е обезбедување на фазански јајца. Оваа фаза е еднаква и кај

класичното и кај инкубаторското производство на фазански дивеч.

Фазанските јајца може да се обезбедат на повеќе начини :

- со купување на фазански јајца од други фазанерии

- со ловење на живи фазани или

- со набавка, односно купување на фазани

После набавувањето на фазаните, сеедно дали се уловени, купени или

произведени од фазански јајца се формирааа т.н. расплодни или матични јата.

Од расплодните јата во почетокот на пролетниот период се формираат т.н.

матични групи несилки, односно фамилии. Формирањето на фамилиите се

врши со определен сооднос меѓу половите. Најчесто во една матична група

несилки, односно фамилија, тој сооднос е 1:6, 1:7 или 1:10. Тоа значи дека

фамилијата се состои од 6, 7 или 10 женки и еден мажјак. Откако ќе се фор-

мираат фамилиите, тие се сместуваат во посебно преградени места т.н. во-

лиери. Почетокот на парење на фазаните во волиерите, најчесто започнува во

првата половина на март. Снесените јајца, додека да се насадат се чуваат во

затворени простории со одредени услови при што температурата на воздухот

изнесува од 15°C-19°C, а влажноста на воздухот не смее да биде помала од

70%. Во вакви услови јајцата може да се чуваат најмногу 10 дена.

Втората фаза од вештачкото производство на фазански дивеч е

различна кај класичниот и инкубаторски начин на производство.

Page 82: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

82

Кај класичното вештачко производство, снесените јајца се насадуваат

под мисирки или домашни квачки. Под секоја квачка се ставаат 20 - 25 јајца, а

под мисирките се ставаат околу 40 јајца. После 23 - 24 дена се испилуваат

младите фазанчиња. Испилените фазанчиња се носат во куќички за одгледу-

вање.

Кај инкубаторското вештачко производство, фазанските јајца се редат

во посебни уреди наречени инкубатори. Постојат повеке видови на инкубатори.

Според видот на енергија која ја користат за работа инкубаторите може да

бидат:

- електрични

- плински и

- универзални

Според бројот на слоеви во кои се редат јајцата, инкубаторите може да

бидат :

- еднослојни или

- повеќеслојни

За време на инкубацијата температурата во инкубаторите е 38°C-39°C, а

влагата изнесува 70 %.

Откако ќе се испилат, младите фазанчиња се доодгледуваат во посебни

услови. Најчесто испилените фазанчиња една недела се поставуваат врз

жичани прегради или на подот од халата каде што температурата на воздухот е

30°C, а втората недела температурата треба да биде нешто пониска, околу

25°C. По оваа фаза фазанчињата се сместуваат во заградени простории т.н.

куќучки. После одреден период, односно кога фазанчињата ќе бидат на возраст

од 35°C-40°C дена се пренесуваат на отворен простор, кој е ограден со жица.

Дискутирај и објасни ги следните поими за вештачко одгледување на

дивечот!

класично и инкубаторско вештачко одгледување

набавка на фазански јајца

формирање на матични групи несилки - фамилии

сместување во волиери

насадување на фазанските јајца

температура и влажност во инкубаторите

доодгледување на младите фазанчиња

пренесување на фазанчињата на отворен простор

Изборен отстрел на крупниот дивеч

Многу важна мерка при одгледувањето и заштитата на дивечот е

примената на изборен отстрел на крупниот дивеч.

Целта на изборниот отстрел е :

- да се нормализира густината на популацијата,

- да се отстранат видовите на дивеч кои имаат лоши наследни особини,

- да се воспостави правилен полов сооднос и соодветна возрасна

структура во популацијата.

Page 83: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

83

Изборниот отстрел може да биде:

- редовен и

- одгледувачки

Редовниот отстрел ги опфаќа оние грла на дивеч, кои ја достигнале

трофејната зрелост. Одгледувачкиот отстрел се состои во правовремено

отстранување на несоодветните грла дивеч. Овој отстрел се спроведува врз

основа на надворешниот изглед на дивечот. За изведување на одгледувачкиот

отстрел потребно е големо искуство, за да се изврши проценка на видовите на

дивеч, кои се одликуваат со добри особини. Со одгледувачкиот отстрел се

опфаќа и дивечот кај кој е утврдено дека постои некоја опасна заразна болест.

Овој т.н. санитарен одгледувачки отстрел се применува со цел да се спречи

заразата во ловиштето или надвор од него.

клучни поими :

изборен отстрел на крупен дивеч

редовен отстрел

одгледувачки отстрел

санитарен одгледувачки отстрел

Аклиматизација и реаклиматизација на дивечот

При природно одгледување на дивечот, честопати е потребно да се

преземат мерки за негова аклиматизација или реаклиматизација.

Аклиматизацијата и реаклиматизацијата на дивечот се применуваат кога

е потребно населување на дивеч во ловишта, во кои бројноста на дивечот е

намалена или се наоѓа на границата на неговиот опстанок.

Аклиматизација всушност претставува приспособување, односно

адаптација на организмите во ново опкружување, а се однесува на внесување

на нови видови на дивеч (автохтони или алохтони) во ловиштето. Алохтоните

видови дивеч се нови видови дивеч кои не постојат во екосистемот на

Република Македонија.

Реаклиматизацијата претставува ревитализација на ловиштето, на кое

бројноста на дивечот е намалена, а се изведува со населување на определен

број на примероци од постоечкиот дивеч, бидејќи за природната

ревитализација на овие ловишта е потребно подолго време.

Ловењето жив дивеч за реаклиматизација или аклиматизација се

изведува со ловки за ловење.

Елени и диви свињи се ловат со ловки, кои се составени од ходник со

вратичка и кружен дел во кој има хранилиште и поилиште.

Живи зајаци најчесто се ловат со тројна мрежа, која се закачува лабаво

на колци и во неа зајаците се заплеткуваат и притоа луѓето кои се застанати

покрај мрежата ги ловат.

Page 84: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

84

Ситен пердувест дивеч, најчесто еребеци и фазани, се ловат со мрежи

во кои се заплеткуваат или со ловки кои имаат вратички што се спуштаат откако

дивечот ќе влезе во нив. Откако живиот дивеч ќе се улови, особено внимание

треба да се обрне на неговиот транспорт до ловиштата, каде што ќе треба да

се аклиматизира или реаклиматизира.

Транспортот на дивечот треба да се врши во тишина, без тропање,

трескање и викање, а пуштањето на дивечот во природа, треба да се врши

мирно и без потплашување. Во новата средина неколку дена дивечот треба да

се набљудува, бидејќи од транспортот добива стресови, кои го зашеметуваат и

може лесно да настрада.

Дискутирај и објасни ги основните поими за одгледување и заштита на

дивечот :

подобрување на условите во местоживеењето на дивечот

природно одгледување на дивеч

вештачко одгледување на дивеч

комбинирано одгледување на дивеч

изборен отстрел на крупен дивеч

редовен отстрел

одгледувачки отстрел

санитарен одгледувачки отстрел

аклиматизација на дивеч

реаклиматизација на дивеч

ловење на жив дивеч за населување

транспорт на дивечот

Page 85: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

85

ТЕМА БР. 6 ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ

Во темата „Искористување на дивечот “ се опфатени содржини со кои

учениците ќе стекнат знаења за :

Значењето на трагите од дивечот

Траги од влакнест дивеч

Траги од пердувест дивеч

Ловечко оружје

Делови на ловечкото оружје

Ловечки трофеи

Видови на ловечки трофеи

Обработка на ловечките трофеи

Оценување на ловечките трофеи

Page 86: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

86

Page 87: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

87

ТЕМА БР. 6 ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ

Траги од дивеч

Присуството на дивечот на одредено подрачје, може да се утврди според

трагите и другите знаци кои дивечот ги остава во природата. Според

оставените траги може точно да се одреди видот на дивечот, неговата бројност,

возраст, пол, правец на движење и др. Дивечот ги остава своите траги на

различни подлоги (кал, песок, снег). Тој при своето движење во природата

трагите ги остава со шепите или со копитата. Според овие отпечатоци од

стапките на дивечот во природата, може точно да се утврди и да се докаже

присуството и на оние видови на дивеч чија бројност е мала, а нивното

живеење се одвива на тешко пристапни предели. Освен при движењето,

дивечот остава траги и во текот на исхраната. Овие траги ги остава со

нагризување на гранки, млади ластари или пак со нагризување на кората од

дрвјата. Останатите траги кои дивечот ги остава во природата се: пердуви,

влакна, измет, блуеница (гвала) и сл. Читањето, односно детерминирањето на

трагите од дивеч бара не само големи познавања на анатомската градба на

животните, туку и големо искуство.

клучни поими :

траги од дивеч

отпечатоци од стапки

траги при исхрана

значење на трагите од дивечот

Траги од влакнест дивеч

За да се утврди присуството на папкарите на определено подрачје,

најмногу се користи трагата од копитото. При детерминирање на трагите од

влакнестиот дивеч, треба да се води сметка, не само за големината, туку и за

формата на копитото, како и за растојанието мегу отпечатоците на копитцата.

Освен преку трагите од копитата присуството на еленот во летниот период

може да се утврди и преку изгризените гранчиња, излупената кора од дрвјата,

како и преку отфрленото роговје.

траги од елен траги од срна

Page 88: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

88

Присуството на дивата свиња освен преку отпечатоците од копитцата,

може да се утврди и по калиштата во кои таа се валка. Возрасните мажјаци

оставаат траги при острење на забите по кората од дрвјата. Според овие траги

може да се утврди не само нивното присуство, туку и нивната големина.

траги од дива свиња

Отпечатокот од стапалото на мечката во основа личи на трага од

човечка нога при што јасно се забележуваат и отпечатоците од ноктите.

траги од мечка

Волкот остава трага која личи на трагата од куче, само што формата е

поелипсеста.

траги од волк

Зајакот остава отпечаток, кој е многу карактеристичен. Предните две

поголеми траги се паралелни, односно една до друга, а задните две се помали

и се поставени една зад друга .

траги од зајак

Page 89: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

89

Траги од пердувест дивеч

Пердувестиот дивеч остава траги од пердувите, клунот и нозете.

При читање на отпечатоците од нозете на пердувестиот дивеч, потребно

е да се воочи должината на прстите, како и нивниот распоред, односно агол под

кој се поставени страничните прсти во однос на средниот (преден) прст.

Тетребот остава трага кај која страничните прсти се поставени речиси

под прав агол, а трагата од задниот прст е јасно видлива.

Еребицата пак, остава трага кај која надворешните два прста во однос на

средниот прст се поставени под остар агол.

трага од мала дропла трага од фазан

Дискутирај и објасни ги следните поими за траги од дивеч !

значење на трагите од дивечот

отпечатоци од стапките на влакнестиот дивеч

отпечатоци од стапките на пердувестиот дивеч

Лов и ловечко оружје

Појава и развој на ловот

Археолошките наоди во Пекинг, покажуваат дека уште питекантропусот-

човеколикиот мајмун, изработувал и користел орудија пред 400.000 години. Тој

бил месојадец и канибал, а ловењето животни му била основна активност.

Неандрталецот - прачовекот, се занимавал со лов и риболов, не само за

да се прехрани, туку и да се одбрани од големиот број ѕверови кои постојано го

напаѓале. Користел примитивно камено оружје, кое не му обезбедувало

секогаш добар плен, а смртноста од глад била честа.

Современиот човек „homo sapiens “ бил типичен номад со развиена

ловечка култура. Подоцна со припитомување на животните, скитничкиот,

номадски живот, човекот го заменил со постојано живеалиште на едно место.

Со тоа тој си го подобрил животот, но не го напуштил ловот.

Page 90: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

90

Во робовладетелското општество, ловот се сметал за чесна професија и

вообичаено било знаењата и умешноста во ловот да се пренесуваат на

помладите. Кралевите, тогаш ловот го сметале како училиште за обучување на

младите во ракување со оружје, при што тие се здобивале со храброст и

издржливост. Материјалната, стопанска корист од ловот, во тоа време била од

второстепено значење.

Во феудализмот, ловот претставувал чиста спортска активност. Ловењето

било привилегија на владеачката класа. Во ловот што го приредувале

феудалците учествувале неколку илјади ловци и ловогонители, а ловот имал

спортски и забавен карактер. Ловот во ова време нема никакво стопанско

значење.

Во капитализмот, сопствениците на земјиштето, биле сопственици и на

дивечот. Во ова време започнало неразумно уништување на дивечот, преку

натпревар на сопствениците - кој ќе улови повеќе.

За колепка на ловот, кој е најблизок до денешните сфаќања се сметаат

Стара Грција и Блискиот Исток.

Старите Грци сметале дека ловечката умешност и успехот се подарок од

божицата на ловот Артемида, а Римјаните од божицата Дијана.

Пред и по завршувањето на ловот, вообичаени биле традициите,

ловците да & се обраќаат со ритуали на божицата на ловот & да и принесуват

жртви од дивеч или добиток.

Значи, ловот на дивеч е остаток од нашите предци, кои живееле од лов,

хранејќи се со месото од уловениот дивеч и облекувајќи се со неговото крзно.

Дивечот не е само предмет на спорт и забава на ловците, туку тој

претставува и големо материјално богатство, не само поради месото и крзното,

туку и поради ловниот туризам.

Во потесна смисла на зборот ловот претставува спорт, рекреација, хоби и

разонода на современиот човек. Ловот му овозможува на човекот барем

накратко да се оттргне од секојдневните обврски, грижи, работа, сообраќај, смог

итн.

За време на ловот, ловецот се одмора, уживајќи во природата и дивечот.

Дружејќи се во природата и со природата, забележувајќи ја притоа целата

убавина на растителниот и животинскиот свет, човекот се оплеменува и ги збо-

гатува своите чувства и однос кон природата, кон себеси и кон другите.

Тоа што ловецот за време на ловната сезона лови дивеч, кој инаку го

одгледува и чува, не ја намалува вредноста на неговата интервенција во

природните односи на дивечот и неговата животна средина. Планското и

рационално искористување на дивечот преку ловот е составен дел од

современото ловно стопанисување.

клучни поими:

појава и развој на ловот

значење на ловот, ловен туризам

Page 91: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

91

Ловечко оружје

Масовната примена на ловечкото оружје, започнала дури во 1364 година,

а поврзана е со откривањето на бесчадниот барут. Ловечкото оружје претста-

вува направа за отстрел, односно за ловење дивеч. Според својата намена и

според начинот на дупчење на цевките, ловечкото оружје се дели на:

- Ловечко оружје со мазни цевки и

- Ловечко оружје со избраздени цевки

Ловечко оружје со мазни цевки се користи за отстрел на ситен дивеч, а

познато е и под името пушки - сачмарки.

Пушките сачмарки според бројот на цевките можат да бидат :

-едноцевкови и

-двоцевкови

Кај двоцековните сачмарки, цевките можат да бидат споени:

- хоризонтално, односно една до друга и

- вертикално, односно една над друга

Во зависност од механизмот за затворање, сачмарките можат да бидат:

- пркршувачки и

- непрекршувачки

Според начинот на полнење, сачмарките се делат на :

- репетирки и

- полуавтоматски

Ловечко оружје со избраздени цевки се користи за отстрел на крупен

дивеч, а познато е и под името пушки куглари, односно ловечки карабини.

Според бројот на цевките, пушките куглари можат да бидат:

- едноцевкови и

- двоцевкови

Кај двоцевковите куглари цевките можат да бидат споени : хоризонтално

или вертикално. Според замената на испуканите чаури, кугларите можат да

бидат:

- репетирки и

- полуавтоматски

Page 92: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

92

Кај репетирките замената на чаурата се врши рачно, а кај полуавтомат-

ските замената на чаурата се врши автоматски.

клучни поими :

ловечко оружје со мазни и избраздени цевки

пушки сачмарки и пушки куглари

ловечко оружје за отстрел на крупен и ситен дивеч

поделба на ловечкото оружје според бројот на цевки

поделба на двоцевковно ловечко оружје според начинот на спојување на

цевките

поделба на ловечкото оружје според начинот на полнење

Делови на ловечкото оружје

Без оглед на типот и на конструкцијата, ловечкото оружје, односно

пушките сачмарки и пушките куглари се состојат од следните делови :

- цевка

- глава

- кундак

- поткундак

Цевката служи за согорување на гасовите и за давање на насока на

сачмите. Главата на пушката се нарекува уште и баскула. Овој дел го содржи

механизмот за затворање, механизмот за повлекување или чкрапнување и

механизмот за затегнување на иглите. Кундакот е изработен од дрво, најчесто

од орев, јасен или бука. Тој треба да одговара на должината на раката и на

вратот на стрелецот. Поткундакот се состои од метал и дрво. Тој има забец од

кој при прекршување излегуваат патроните.

Покрај двата основни типа на ловечко оружје, (пушки сачмарки и пушки

куглари), постои и оружје со кое може да се лови и ситен и крупен дивеч. Ова

оружје се нарекува комбинирано. Комбинираното оружје е составено од

најмалку две цевки, една за сачми и една за кугли.

Во ловството за ловење на сосема мали птици за препарирање или за

ловење на поситни видови на дивеч, се користат лесни оружја со едноставна

конструкција и мазни цевки. Овој вид на оружје се нарекува Флоберт пушки.

Ловечкото малокалибарско оружје се користи за обучување на стрелци и за

спортски натпревари. Секое ловечко оружје користи соодветна муниција.

Ловечката муниција е поделена на :

- ловечка муниција за сачмарки

- ловечка муниција за кугларки

- малокалибарска муниција и

- флоберт муниција

Науката која го изучува движењето на зрната од огненото оружје во

цевката и низ воздухот се нарекува балистика.

Балистиката се дели на :

- надворешна и

- внатрешна

Page 93: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

93

Надворешната балистика го проучува движењето на зрното од излегу-

вањето на зрното од цевката, па сè до целта, а внатрешната балистика го

проучува движењето на зрното низ цевката.

Успешниот отстрел на дивечот најмногу зависи од положбата на ловецот

при стрелањето. Освен тоа зависи и од брзината и вештината на ловецот при

ракување со ловечкото оружје, од расположливото време за нишанење и др.

Дискутирај и објасни ги следните поими за ловечко оружје !

поделба на ловечкото оружје

намена на пушките сачмарки и пушките куглари

делови на ловечкото оружје

малокалибарско оружје

флоберт пушки

поделба на ловечката муниција

надворешна и внатрешна балистика

Ловечки трофеи

Ловецот отсекогаш сакал, на некој начин да го зачува споменот за

поминатиот лов и дивечот којшто го уловил. Тоа го правел така што еден дел

од дивечот го чувал за себе, како спомен. Најчесто тоа бил заб од дивечот, кој

ловецот го носел врзан околу вратот или крзното од дивечот, кое често го

користел како облека или пак роговите, односно роговјето од уловениот дивеч,

кои ги чувал како траен спомен. Овој стар обичај се задржал и ден-денес, така

што повеќето ловци поседуваат вистински колекции со делови од дивечот што

го уловиле, односно поседуваат колекции од ловечки трофеи.

Ловечките трофеи претставуваат делови од дивечот или цели животни

подготвени или препарирани за да се зачуваат подолго време. Тие немаат

пазарна вредност. Не можат да се продаваат и не можат да се купат. Трофеите

му припаѓаат на ловецот кој го уловил дивечот.

Значи култот кон ловечките трофеи потекнува уште од времето кога

ловците и нивните блиски ја украсувале облеката со заби, канџи или пердуви, а

некои како доказ за храброста носеле и цели кожи. Денес трофеите, освен како

спомен и доказ за храброста, служат и за проценување на биолошките

квалитети на дивечот на одредено подрачје.

клучни поими :

ловечки трофеи

пазарна вредност на ловечките трофеи

значење на ловечките трофеи

Page 94: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

94

Видови на ловечки трофеи

Разликуваме главни и споредни ловечки трофеи. Разликата меѓу овие

два вида на трофеи е тоа што главните трофеи се оценуваат, а споредните,

односно второстепените не се оценуваат. Главните и споредните трофеи се

различни кај различни видови на дивеч. Роговјето се главни трофеи кај еленот,

а препарирана цела глава или други делови од телото на еленот се споредни

трофеи.

роговје на елен роговје на срна

Роговите претставуват главен трофеј кај дивокозата и кај муфлонот.

рогови на дивокоза

рогови на муфлон

Дивата свиња се одликува со забите, т.н. кљови, како главен трофеј и со

опашката, главата или влакната од грбот како споредни трофеи. Черепот и

кожата со канџите кај мечката се главен трофеј. Пердувестиот дивеч има само

споредни трофеи. На пример: препарирана глава, опашка, перца од крилја,

влакна од мустаците кај зајакот и сл.

Поситните видови на дивеч се препарираат цели.

клучни поими :

видови на ловечки трофеи

главни трофеи кај дивечот

споредни трофеи кај дивечот

Page 95: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

95

Обработка на ловечките трофеи

Обработката на ловечките трофеи почнува веднаш после отстрелот на

дивечот. Се почнува се дерење на кожата и обезмастување на главата со

вриење. Потоа се врши белење со водороден пероксид ( H2O

2 ) и на крајот се

врши полирање. Подготвените трофеи се поставуваат и зацврстуваат на

дрвена подлога, која не смее да биде премногу впечатлива.

Правила за оценување на ловечките трофеи

Ловечките трофеи се оценуваат согласно со меѓународните стандарди

усвоени со договор кој го ратификувала Република Македонија и за нив се

издава трофеен лист.

При оценување на ловечките трофеи се оценуваат само главните

трофеи од дивечот. Споредните ловечки трофеи не подлежат на оценување.

Правилата за оценување на трофеите се донесени на генералното собрание на

меѓународниот совет за лов и заштита на дивечот. Должината и ширината на

трофеите се мери со метро и се искажува во сантиметри, а се заокружува на

милиметри. Тежината на ловечките трофеи се мери во килограми, а се

заокружува на грамови. При оценувањето, ловечките трофеи добиваат и

посебни поени за убавина. На пример: роговите кај козорогот, ако се црни

добиваат еден поен, кафеавите рогови добиваат два поена, а сивите добиваат

најмногу, односно три поени.

Дискутирај и објасни ги следните поими за искористување на дивечот !

значење на трагите од дивечот

отпечатоци од стапките на влакнестиот дивеч

отпечатоци од стапките на пердувестиот дивеч

поделба на ловечкото оружје

намена на пушките сачмарки и пушките куглари

делови на ловечкото оружје

значење и вредност на ловечките трофеи

видови на ловечки трофеи

техника на обработка на ловечките трофеи

оценување на ловечките трофеи

Page 96: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

96

Page 97: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

97

ТЕМА БР. 7 ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА

ЛОВНОТО СТОПАНИСУВАЊЕ

Во темата „Планирање и организација на ловното стопанисување“ се

опфатени содржини со кои учениците ќе стекнат знаења за :

Целите и задачите на ловното стопанисување

Реонирање и бонитирање на ловнопродуктивните површини

Утврдување на нормална бројна состојба на дивечот

Техничко уредување на ловиштето

Page 98: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

98

Page 99: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

99

ТЕМА БР. 7 ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА

ЛОВНОТО СТОПАНИСУВАЊЕ

Цели и задачи на ловното стопанисување

Сите активности кои се вршат во ловиштето, за да се обезбеди опти-

мален опстанок, размножување и искористување на дивечот се вршат плански.

За таа цел се изработуваат планови, кои се наречени ловностопански основи.

Овие ловностопански основи содржат:

- основни податоци за ловиштето

- приказ на состојбата на ловиштето

- цели на стопанисувањето со ловиштето

- мерки за остварување на целите и др.

За целата територија на Република Македонија се донесува општа

ловностопанска основа, а за секое ловиште посебно се донесува посебна

ловностопанска основа.

При формирање на големината на ловиштето треба да се има предвид

екологијата, за да може со помали трошоци да се постигне оптимална густина

на популацијата и трајно, максимално, искористување на дивечот. Површината

на ловиштето најпрво се разграничува на :

- ловна површина и

- неловна површина

Ловната површина е површина, односно дел од ловиштето во кој може да

се стопанисува со дивечот ( на пр. шуми, ливади, пасишта и сл.). За разлика од

неа, неловната површина претставува површина, односно дел од ловиштето,

во кој нема услови или не смееат да се преземаат ловностопански дејства. (на

пр: Национален парк, населено место и сл.)

Ловната површина може да се подели на:

- ловнопродуктивна површина ЛПП

- ловнонепродуктивна површина ЛНП

Ловнопродуктивната површина ги претставува оние делови од

ловиштето, каде што дивечот може трајно да опстане, да се размножува и

искористува, односно да се лови.

Ловнонепродуктивната површина ги претставува деловите од ловиштето,

во кои дивечот може да се лови, но не може да се размножува. На пример:

површините кои во пролет се под вода, дивечот е принуден да ги напушти, а

кога водата ќе се повлече, дивечот се враќа и може да се лови. Сите податоци

за ловиштето се внесуваат во формулари, кои се викаат катастар на ловиште.

клучни поими :

ловностопански основи

ловна и неловна површина

ловнопродуктивна површина

ловнонепродуктивна површина

катастар на ловиште

Page 100: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

100

Реонирање и бонитирање на ловнопродуктивна површина

При реонирање на ловиштата, секогаш треба да се земе предвид целта

на стопанисување со дивечот и еколошките фактори. При стопанисувањето со

крупен дивеч, целта е да се добијат квалитетни трофејни грла.

Ситниот дивеч е застапен во низинските предели. Кај нас на иста

површина, најчесто се среќаваат и полски еребици и зајаци. Тоа значи дека

ловнопродуктивните површини на овие два вида на пердувест дивеч се

совпаѓаат. Истото важи и за срнечкиот дивеч и дивата свиња. И нивните

ловнопродуктивни површини се совпаѓаат. Затоа при ловното стопанисување

потребно е да се утврди дали е поцелисходно, односно поисплатливо, да се

одгледува ситен или крупен дивеч, односно кој вид на дивеч е поисплатливо да

се одгледува.

При реонирањето, најмалата површина која може да се издвои како реон

за различни видови на дивеч е различна. На пример: за зајакот изнесува околу

800 - 1000 ha, а за срнечкиот дивеч над 2000 ha. Реонизацијата на површините

се врши на карта во размер 1 : 25 000 или 1 : 50 000. Приоритетен вид треба да

биде оној кој ќе гарантира најрационално користење на површините на

ловиштето. Откако ќе се изврши реонизација, се врши проценка на еколошките

фактори од кои зависи опстанокот на дивечот. Овие фактори се викаат

бонитетни или еколошки фактори, а самата проценка на бонитетните фактори

се вика бонитирање. Бонитетните фактори кај различни видови на дивеч се

различни. Основни бонитетни фактори во ловиштата се :

- храна и вода

- растителен покривач (засолништа)

- земјиште

- клима ( врнежи и температура)

- мир во ловиштето

- надморска височина (конфигурација на теренот) и сл.

Секој бонитетен фактор се оценува со оценка од 2 - 5, каде што 2 значи

задоволува, а 5 е одличен. Оценката се множи со константа и се добива бројот

на поени. Вкупниот број на поени го утврдува бонитетниот ред. Ловиштата за

ситен дивеч се поделени во четири бонитетни реда, а за крупен дивеч во три,

односно четири бонитетни реда, во зависност од видот на дивечот. Првиот

бонитетен ред е најповолен и тој на бонитетната скала има најголем број на

поени. На пр.: за ситен дивеч првиот бонитетен ред има 86-100 поени, а

четвртиот 40-55 поени.

За зајачки дивеч константата за храна и вода е 5, растителниот покривач-

засолништата имаат константа 4, потоа мирот во ловиштето 3 и надморската

висина има константа 2. Ако во ловиштето има за зајакот храна и вода во

изобилство во текот на целата година, факторот храна добива оценка 5. Ако

оценката се помножи со константата за храна и вода која изнесува исто така 5,

ќе се добијат 25 поени. Ако во ловиштето минуваат поголем број на патишта со

локален и регионален карактер, тогаш мирот во ловиштето се оценува со

оценка 2. Кога оваа оценка ќе се помножи со константата за мир во ловиштето

3, ќе се добијат 6 поени итн. Со собирање на сите поени се утврдува

бонитетниот ред на одделните видови на дивеч.

клучни поими:

реонизација на површините

бонитетни фактори, бонитетен ред

Page 101: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

101

Утврдување на нормална бројна состојба на дивечот

Откако ќе се изврши бонитирање на ловиштето, се утврдува максимал-

ната бројна состојба на дивечот, без оглед на неговата моментална состојба.

При утврдување на нормалната бројна состојба на дивечот, потребно е да се

утврдат повеќе елементи и тоа:

1. Матичен фонд

2. Нормален годишен прираст

3. Утврдување на нормална есенска состојба

4. Нормален годишен отстрел

5. Утврдување на фактичката состојба на дивечот

1. Матичен фонд

Терминот матичен фонд се нарекува уште и пролетна бројна состојба на

дивечот. Матичниот фонд го претставува бројот на единки на дивеч пред

периодот на нивно размножување. Се разликува:

- нормален матичен фонд и

- фактички матичен фонд

Нормалниот матичен фонд се пресметува врз основа на извршеното

бонитирање и со податоци од посебни табеларни прегледи. Фактичкиот

матичен фонд се утврдува со пребројување или со проценување на дивечот.

2. Нормален годишен прираст

Поимот нормален годишен прираст го претставува прирастот на

дивечот, кој се пресметува кога матичниот фонд ќе се помножи со коефи-

циентот на прираст. Коефициентот на прираст кај крупниот дивеч се искажува

во проценти, во однос на вкупниот број на женските еднинки во матичниот

фонд.

3. Утврдување на нормална есенска состојба

Терминот, утврдување на нормална есенска состојба, се нарекува уште

и капацитет на ловиштето. Капацитетот се утврдува со собирање на матичниот

фонд и нормалниот годишен прираст. Се разликуваат два вида на капацитет на

ловиштето :

- стопански капацитет и

- биолошки капацитет

Стопанскиот капацитет претставува максимален број на единки, кои

опстануваат без да нанесат штети на земјоделството или шумарството, а

биолошкиот капацитет претставува максимален број на единки, кој опстанува

без да се загрози или наруши неговата здравствена состојба или неговиот

квалитет.

Page 102: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

102

4. Нормален годишен отстрел

Поимот нормален годишен отстрел претставува број на дивеч, кој може

да се лови во текот на една година. Тој по правило треба да биде еднаков со

прирастот.

5. Утврдување на фактичката состојба на дивечот

Утврдување на фактичката состојба на дивечот, односно бројноста на

дивечот е невозможно точно да се утврди. Затоа се утврдува приближна

бројност на дивечот. Утврдување на фактичката состојба на дивечот, најчесто

се врши на пролет, во март, со броење. Во ловната практика се користат два

метода за утврдување на бројноста на дивечот и тоа:

- метод со целосно пребројување

- метод со визуелно маршрутно броење

Целосното пребројување на дивеч се користи поретко, бидејќи бара

добра организација и многу учесници. Најчесто се применува целосно

пребројување само на крупен дивеч и тоа во зима, еден ден после паѓање на

снегот, врз основа на трагите кои дивечот ги остава. Визуелното маршрутно

броење се врши на пробни површини. Пред да се започне со броењето, се

утврдуваат репрезентативни површини во вид на издолжени лентовидни

површини, кои не смеат да бидат помали од 10% од вкупната ловнопродуктивна

површина.Ширината на лентите најчесто изнесува 100-150 м.

Во броењето на дивечот учествуваат 7-15 лица, кои се распоредени на

растојание од 10-15 м. Тие се движат паралелно еден со друг и при тоа креваат

врева, со викање или удирање во канти, за да го потплашат дивечот.

Овој вид на броење може да се врши и со добро обучени и

дисциплинирани ловечки кучиња. Секој учесник според претходен договор, го

брои дивечот што е од неговата десна или лева страна. Вкупниот број на дивеч

се внесува во формулари и потоа се пресметува во согласност со вкупната

површина на ловиштето.

клучни поими :

матичен фонд

нормален годишен прираст

утврдување на нормална есенска состојба

нормален годишен отстрел

утврдување на фактичката состојба на дивечот

Page 103: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

103

Техничко уредување на ловиштето

Ловнотехнички објекти се направи, односно објекти, кои се градат во

ловиштето, а служат за одгледување, заштита и користење на дивечот.

Во ловнотехнички објекти спаѓаат:

1. Објекти за сместување на вработените во ловиштето

2. Набљудувачници, заседи и високи чекала

3. Ловни просеки

4. Ловечки врвици

5. Огради

6. Граници на ловиштето

1. Објекти за сместување на вработените во ловиштето

Објекти за сместување на вработените во ловиштетео се

сместувалиштата кои се градат на тешко достапни предели. Во зависност од

големината и од материјалот од кои се изградени можат да бидат :

- ловечки куќи и

- ловечки колиби

Ловечките куќи се наменети за персоналот на ловиштето (чуварите и

ловците). Тие треба да нудат поволни услови за живот. Ловечките колиби и

засолништа се наменети за ловџиите, а се изградени од материјал кој го има на

ловиштето (камен, дрво, папрат и сл.).

2. Набљудувачници, заседи и високи чекала

Набљудувачници, заседи и високи чекала служат за набљудување и

понекогаш за отстрел на болни и ранети видови на дивеч. Тие може да бидат

покриени и непокриени.

3. Ловни просеки

Ловни просеки се површини во ловиштето, кои се добиени со сечење на

шумата. Ловните просеки се широки околу 10 - 15м, а служат за полесен

отстрел на крупниот дивеч, кој се лови со подгонување. Овие површини на

пролет се сеат со житни растенија и служат за прихранување на дивечот.

4. Ловечки врвици

Ловечки врвици претставуваат врвици, односно патеки кои се широки

околу 1-1, 5 м. Ловечките врвици служат за поврзување со внатрешноста на

ловиштето.

Page 104: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

104

5. Огради

Оградите служат за да го спречат излегувањето или влегувањето на

штетен дивеч во ловиштето.

Во зависност од видот на дивечот, оградите можат да бидат со различна

височина :

- за дивите свињи треба да бидат високи околу 1, 5 м.

- за обичниот елен околу 3 м итн.

Во зависност од материјалот од кој се изградени оградите можат да

бидат:

- ѕидани

- дрвени

- жичени

- електрични

Ѕиданите огради се најскапи и нивната примена е ограничена. Дрвените

огради се применуваат во ловиштата, но недостаток на овие огради е тоа што

имаат ограничено времетраење. Жичените огради имаат најголема примена, но

жицата не смее да биде бодликава. Електричните огради се сметаат за

најмодерни, но не се погодни за сите видови на дивеч.

6. Граници на ловиштето

Секое ловиште потребно е да има обележани граници. Границите на

ловиштето се обележуваат со табли или со две црвени, паралелни линии од

кои едната е испрекината. Како места за обележување се користат карпи, дрвја

или столбови, кои треба да бидат добро видливи.

Забранетите терени, односно специјализираните ловишта и

одгледувалишта се обележуваат со табли на кои се пишува соодветен текст и

предупредување.

Дискутирај и објасни ги следните поими за планирање и организација на

ловното стопанисување :

ловностопански основи

ловна и неловна површина

ловнопродуктивна и ловнонепродуктивна површина

катастар на ловиште

реонизација на површините

бонитетни фактори и бонитетен ред

матичен фонд

нормален годишен прираст

утврдување на нормална есенска состојба

нормален годишен отстрел

утврдување на фактичката состојба на дивечот

објекти за сместување на вработените во ловиштето

набљудувачници, заседи и високи чекала

ловни просеки и ловечки врвици

огради и граници на ловиштето

Page 105: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

105

ТЕМА БР. 8 ПАТОЛОГИЈА НА ДИВЕЧОТ СО

ЗООХИГИЕНА

Во темата „Патологија на дивечот со зоохигиена“ се опфатени содржини со

кои учениците ќе стекнат знаења за :

Причини за заболувања кај дивечот

Поважни болести кај пердувестиот дивеч

Поважни болести кај срни и елени

Антропозоонози

Мерки за спречување на ширењето на болестите

Page 106: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

106

Page 107: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

107

ТЕМА БР. 8 ПАТОЛОГИЈА НА ДИВЕЧОТ СО

ЗООХИГИЕНА

Патологијата е наука што ги проучува болестите, односно болните

процеси во организмот. Името доаѓа од зборовите „pathos“, што значи

болест и „logos“ што значи наука.

Зоохигиена е наука што се занимава со одгледувањето на животните,

односно со условите за нивниот живот, нивната исхрана, здравствена

заштита, со цел успешно да се одгледуваат и да се размножуваат.

Причини за заболувања кај дивечот

Причините за заболувањата кај дивечот според потеклото можат да

бидат:

− надворешни и

− внатрешни

Внатрешните причини за болести се случуваат најчесто поради вродени

недостатоци на дивечот (на пр.: деформации на клунот, свиткани шепи и сл.).

Надворешните причини на болести се поделени во четири групи:

1. Механички

2. Хемиски

3. Климатски

4. Биолошки

1. Механички причинители на болести

Механичките причинители на болести имаат физичко потекло, а најчесто

се случуват поради повреди, удари, дуели меѓу дивечот, стапици и сл.

2. Хемиски причинители на болести

Хемиските причинители на болести се јавуваат поради гладување на ди-

вечот, труење со храна, недостаток на витамини, лош квалитет на храната и др.

3. Климатски причинители на болести

Климатските причинители на болести (најчесто студени, долготрајни

зими или силни поројни дождови), ја оневозможуваат исхраната на дивечот и

предизвикуваат давење на дивечот.

4. Биолошки причинители на болести

Биолошки причинители на болести можат да бидат предизвикани од :

- габи,

- бактерии,

- вируси и

- паразити.

Page 108: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

108

Ако паразитите се јавуваат по површината на телото на дивечот, се

нарекуваат ектопаразити, а ако ги паразитираат внатрешните органи се работи

за ендопаразити. Периодот од моментот на инфекција на организмот, па сè до

појавата на првите симптоми на болеста се нарекува инкубација. Инфекција,

односно зараза, претставува процес на навлегување на бактерии или вируси во

организмот на дивечот.

Епизотии претставуваат масовни заболувања кај дивечот, а се случуваат

во многу густи популации.

клучни поими:

причинители на болести

механички причинители

хемиски причинители

климатски причинители

биолошки причинители

ектопаразити

ендопаразити

инкубација

инфекција

епизотии

Поважни болести кај пердувестиот дивеч

Ситниот, односно пердувестиот дивеч најчесто страда од следните

причинители на заболувања:

- ектопаразити

- ендопаразити

- бактерии

- вируси

Ектопаразити

Фазаните и еребиците најчесто страдаат од крлежи, шугарци („кречни

нозе“). Крлежите цицаат крв, а нападнатото животно слабее. Борбата со

крлежите се спроведува со примена на различни препарати (Baygon). Кога

дивечот е нападнат од шугарци, на нозете се појавува дел без пердуви, бидечи

на нападнатите места, епидермисот се намножува интензивно. Тогаш на делот

од ногата кој е без пердуви се создаваат лушпи. За лекување на ова

заболување, потребно е болните нозе да се потопат во раствор од вода и сапун

за да се отстранат полесно лушпите, а потоа се премачкуваат со фенол или

сулфурен крем.

Ендопаразити

Најчести ендопаразитски заболувања кај пердувестиот дивеч се:

кокцидиозите и тенијазите. Младите фазанчиња најчесто заболуваат од

кокцидиози преку загадена храна и вода, при што кај нив се појавува

исцрпеност, зголемена жед, пролив.

Page 109: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

109

За лекување на оваа болест потребна е интервенција од ветеринарен

лекар. Тенијазите ги предизвикуваат тении, кои го паразитираат тенкото црево.

Бактерии

Најчести бактериски заболувања кај дивечот се колера и туберкулоза.

Најчесто се јавуваат од загадена храна или вода. Доколку навреме не се

преземат соодветни мерки, смртноста кај дивечот може да достигне 100 %.

Вируси

Од вирусните заболувања кај пердувестиот дивеч, најчести се: чума и

дифтерија. Во фазанериите денеска се врши вакцинација како превентива на

вирусните заболувања.

клучни поими:

крлежи (шугарци)

кокцидиозите и тенијазите

колера и туберкулоза

чума и дифтерија

Поважни болести кај срни и елени

Крупниот дивеч, односно срните и елените, најчесто страдаат од

следните причинители на заболувања:

- ектопаразити

- ендопаразити

- бактерии

- вируси

Најчести ектопаразити, од кои страда овој вид на дивеч се:

- вошките и

- крлежите

Од ендопаразитите, кај елените и срните најчести се белодробните црви.

Преживарите пасејќи ја тревата се заразуваат со овој вид на ендопаразит, кој ги

напаѓа бронхиите и предизвикува воспаление на белите дробови.

Најчести бактериски заболувања од кои страда овој вид на дивеч се :

- туберколоза и

- антракс (црн пришт).

Бактериите навлегуваат во организмот на дивечот преку загадена храна.

Спречувањето на овие заболувања е мошне тешко. Најдобро е заболените

примероци да се отстрелаат. Антраксот се пренесува и на луѓе.

Од вирусните заболувања, кај дивечот најчесто се јавува:

- беснило

- лигавка и шап.

Page 110: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

110

Лигавката и шапот всушност се една иста болест, која се појавува во две

форми. На муцката, јазикот и меѓу папците на нозете кај дивечот, се јавуваат

меури, кои откако ќе прснат преминуваат во отворени, црвени, болни рани. Кај

дивечот смртноста од оваа болест е ретка.

клучни поими:

вошки и крлежи

белодробни црви

туберкулоза и антракс

лигавка и шап

Антропозоонози

Антропозоонозите се болести од кои заболуваат и животните и луѓето.

Тие многу лесно се пренесуваат од луѓе, на животни и обратно. Познати се над

100, а од нив 30 се заеднички за човекот и кучето, на пр.: беснило, тении,

туберколози, габи, црвје, салмонелози и др.

Мерки за спречување на ширењето на болестите

Најчести мерки за спречување на ширењето на болестите, кои се

преземаат на ловиштата се:

- уништување на пцовисани животни, бидејќи развлекувањето на мршата

предизвикува ширење на заразата;

- одржување на соодветна густина на популацијата;

- задолжителна примена на санитарен отстрел, при појава на инфективни

болести (телата,односно лешевите треба да се запалат и да се закопаат

во дупки кои се полеваат со бензин, нафта, газија) и др.

Дискутирај и објасни ги следните поими за патологија на дивечот со

зоохигиена :

причинители на болести

механички причинители

хемиски причинители

климатски причинители

биолошки причинители

ектопаразити

ендопаразити

инкубација

инфекција

епизотии

антропозоонози

мерки за спречување на ширење на болестите

Page 111: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

111

ТЕМА БР. 9 ЛОВНА КИНОЛОГИЈА

Во темата „Ловна кинологија “ се опфатени содржини со кои учениците ќе

стекнат знаења за :

Ловечките кучиња

Поважните видови ловечки кучиња

Page 112: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

112

Page 113: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

113

ТЕМА БР. 9 ЛОВНА КИНОЛОГИЈА

Ловечки кучиња

Ловечки кучиња се кучиња кои им помагаат на луѓето во ловот. Постојат

неколку типови на ловечки кучиња, кои се групирани во зависност од афини-

тетите кои ги покажуваат при различни ловечки задачи. Науката за кучињата и

кучешките раси се вика кинологија. Ловечките кучиња според кинолошкиот сојуз

се поделени на седум групи и тоа:

1. Гонители (гоничи)

2. Кусоноги гонители (бракјазовичари)

3. Крвоследници

4. Јамари (дупкари)

5. Душкала (цуњавци – од српски јазик)

6. Ретривери (апортери)

7. Птичари

Ловечките кучиња - гонители (гоничи), дивечот го гонат со лаеж.

Кусоногите гонители (бракјазовичари) , дивечот го гонат со лаеж. Овие

кучиња се борат со јазовци и со лисици.

Крвоследниците се оспособени да го бараат и пронаоѓаат ранетиот

крупен дивеч.

Ловечките кучиња - јамари (дупкари) имаат мал раст, но се доста

борбени. Тоа им овозможува да влегуваат во јамите на лисиците и јазовците.

Душкалата (цуњавци) се оспособени за лов на ситен дивеч, кого го гонат

со лаеж. Овие ловечки кучиња се доста послушни и интелигентни.

Ловечките кучиња - ретривери (апортери) се оспособени за донесување

на отстреланиот дивеч.

Ловечките кучиња - птичари се оспособени за наоѓање на фазани,

еребици и сл. Штом ќе го пронајдат овој вид на дивеч, кучињата застануваат

(маркираат), а после отстрелот го донесуваат.

Page 114: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

114

Поважни видови ловечки кучиња

Гонители (гоничи)

Истарски островлакнест гонич

Матична земја на истарскиот островлакнест гонич е Хрватска

(Истра). Основната боја му е бела со портокалови шари, а може да биде и

целосно бел без шари. Тробојноста кај овие кучиња е дисквалификациона

маана. Влакната се остри и без сјај. Тие не смеат да бидат меки и виткани. Тој е

мирно куче кое лесно се дресира и кое е приврзано за ловецот. Одличен гонич

посебно за зајаци, но се користи и за лов на лисици.

Истарски кусовлакнест гонич

Матична земја на истарскиот кратковлакнест гонич е Хрватска. Влакното

му е фино, густо и сјајно. Бојата на влакното е снежнобела со портокалово-

жолти белези по телото. Тие белези треба да бидат остро ограничени како

плочи, точки или ленти. Не е дозволена трета боја, но е можна варијанта на

потполно бело куче без белези. Специјализиран е за лов на зајаци и лисици.

Работи во парови или сам, особено на каменливи терени кои се прекриени со

густи грмушки.

Page 115: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

115

Српски тробоен гонич

Матична земја на српскиот тробоен гонич е Србија. Тој е секогаш

тробоен, со црна, црвена (или црвенкасто-жолта) и бела боја. Црната боја е

доминантна, а на главата, вратот, градите и нозете, задолжителна е белата

боја. Тој е храбар, мирен, добар и приврзан. Неговиот одличен нос и познатата

упорност го направиле одличен гонич по најтешки терени и во остра клима. Се

користи за лов на лисици и зајаци.

Босански островлакнест гонич - Барак

Земја на потекло на босанскиот островлакнест гонич е Босна и

Херцеговина. Влакната му се долги и разбушавени, а телото силно и

мускулесто. Има сериозен и строг изглед. Се смета дека името “Барак“

потекнува од турскиот збор “барак“, што во превод значи островлакнесто куче.

Неговато отпорно и остро влакно му овозможува изолација и заштита против

суровата клима. Босанскиот островлакнест гонич е жилаво, храбро, живо и

упорно куче. Има типични карактеристики на еден гонич, а со својот длабок

глас, тој е и добар чувар.

Page 116: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

116

Посавски гонич

Матична земја на посавскиот гонич е Хрватска. Тој спаѓа во групата на

кратковлакнести гоничи. Основната боја е црвеникава или пченично жолта.

Обично има бел околувратник, бели гради, бел стомак, бели долни делови на

нозете и бел врв на опашката. Ценет е поради брзината и подвижноста, а

особено поради послушноста и приврзаноста кон господарот. Има смирен

темперамент, одлично развиено сетило за мирис и е доста отпорен на напор.

Упорен е во гонењето и во потрагата. Најпогоден е за лов на диви зајаци и

лисици.

Српски (Балкански) гонич

Земја на потекло на српскиот (балканскиот) гонич е Србија. Има средна

големина и мускулеста конструкција. Основната боја е кафеаво-црвена или

жолто-црвена, а задниот дел и горната страна од телото се црни. Влакната му

се кратки, густи, јаки и прилично дебели. Тие се нешто подолго на задната

страна на бутовите и под опашката. Тој е верен и многу издржлив гонич,

темпераментен и енергичен.

Page 117: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

117

Јазовичар

Земја на потекло на јазовичарот е Германија. И покрај кусите нозе,

јазовичарите се кучиња на кои им треба многу движење. Затоа им се потребни

редовни прошетки и истрчувања. Склони се на дебелеење, па имаат потреба

од правилна исхрана. Тие се одлични чувари и се исклучително храбри. Многу

се приврзани, но и тврдоглави и итри. Поради сестраната употребливост при

лов, популарноста на овие кучиња во западните земји е голема. Се користат за

лов под земја, донесување на влакнест и пердувест дивеч, за гонење на

дивечот, како и за пронаоѓање ранет дивеч по крвава трага. Во последно време

овие кучиња се повеќе се користат во лов на диви свињи.

Крвоследници

Баварски брдски крвоследник

Матична земја на баварскиот брдски крвоследник е Германија. Градбата

на телото одговара на потребите за лов во високите ридови, но одлично се

снаоѓа и во шумите и во рамнините. Влакното му е мазно, густо и помалку

сјајно. Тоа е со темнокафеава или окер боја. Устата и ушите често се црни.

Вонредно е подвижен и секогаш спремен за поголеми скокови. Ова куче е многу

разумно, лесно учи и има скромни потреби. Жив е, храбар, сигурен и многу

приврзан за својот господар. Германците пред се го користат за лов на зајаци и

на пердувест дивеч.

Page 118: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

118

Хановерски крвоследник

Матична земја на хановерскиот крвоследник е Германија. Влакната се

со светло до темно црвена боја, како кај еленот. Градбата на телото одговара

на потребите за лов во рамничарски терени. Хановерецот покажува мала

склоност за скокање и качување, затоа на високите ридови послабо се снаоѓа.

Многу е осетлив. Тој бара разбирање и многу љубов, но кога помеѓу водачот и

кучето ќе се створи полна хармонија, тоа е способно за решавање на

најтешките задачи.

Јамари – Териери

Германски ловен териер

Потеклото на териерот е од Германија. Тоа е храбро, грижливо, витално,

полно со темперамент, доверливо и дружељубиво ловечко куче. Влакното е

рамно, густо, остро со црна или темно кафеава боја со црвеножолти белези

над очите, на муцката, на градите, на нозете и на задницата. Негова главна

работа е јамарењето, т.е. ловот на лисици и јазовци. Ловците го користат и за

запирање на чопори од дивеч, како крвоследник, дури и како куче за лов на

крупен дивеч (мечки). Додека следи тој е посебно внимателен. Тоа е куче кое

може да има само еден господар.

Page 119: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

119

Ретривери

Англиски шпринглер шпаниел

Земја на потекло на англискиот шпринглер шпаниел е Велика Британија.

Тој е интелигентно куче, кое многу брзо и лесно ги учи основните наредби на

ловецот. Со него е задоволство да се работи, а многу ловци забележуваат дека

во споредба со другите кучиња за шпринлер шпаниелот е потребно помалку

време за обука, а апортирањето на овие кучиња им е вродено. Шпринлер

шпаниелот може да се користи за лов на сите видови ситен дивеч. Во денешно

време поради својата убавина, интелигенција и прекрасен карактер,

шпринглерите се повеќе се појавуваат и како домашни миленици.

Птичари

Поентер

Матична земја на поентерот е Англија. Меѓу кинолозите владее мислење дека за

лов на птици во поле, најдобри се англиските птичари, а меѓу нив најдобар е

англискиот поентер. Влакното му е кратко, мазно и во различни бои, а може да биде

и еднобоен. Без разлика дали стои или се движи тој секогаш е елегантен и убав. Има

аристократско држење на главата, високо нагоре. Поентерот станал ненадминлив во

ловот на пердувест дивеч, но длабоко во него е скриена страста за гонење зајаци, па

поради тоа се избегнува неговото носење на лов на зајaци. Тој се користи за лов на

еребици, шљуки и фазани. Неговите основни квалитети се добриот нос, истрајноста

во работата и брзината.

Page 120: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

120

Птичари

Германски долговлакнест птичар

Матична земја на долговлакнестиот птичар е Германија. Тој е послушно

куче, кое е лесно за одгледување и на кое му е потребна многу љубов од

сопственикот. Влакното му е средно долго, рамно или лесно брановидно и

прилепено до телото. Бојата варира од еднобојно кафеава до кафеаво-бела.

Дозволени се пеги во нијанси на кафеава боја. Ценето е поради интересот за

секој вид дивеч, поради одличниот нос, неуморната потрага и смиреност при

ловот.

Вајмарски птичар

Матична земја на вајмарскиот птичар е Германија. Тој е убаво обликувано,

сестрано ловечко куче, кое неуморно го пребарува теренот и со стоење

(маркирање) го означува дивечот. Има средна големина и аристократски,

атрактивен изглед. При работата главата ја носи значително пониско од

другите птичари. Многу е отпорен на временските услови. Често овие кучиња се

користат и како чувари, службени кучиња, па и како натпреварувачки кучиња за

влечење на санки.

Page 121: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

121

Епањел

Потеклото на епањелот е од Франција, поточно од областа Бретања. Во

денешно време тоа е најмногубројната раса на птичари во Франција. Влакното

му е портокалово-бело, црно-бело, кафеаво-бело, со шари. Малата шара на

челото е прифатлива кај сите бои, а еднобојното влакно не е прифатливо.

Епањелот е складно граден, со цврст скелет. Гледано во целина кучето е силно

и доволно елегантно, со интелигентен поглед.

Германски кратковлакнест птичар

Матична земја на германскиот кратковлакнест птичар е Германија Основната

боја му е кафеава со ситни бели флеки (или точкести ознаки) на градите и

нозете. Тоа е куче со извонредни ловечки способности кое знае да работи

подеднакво добро во ридови, шуми и бари. Добро се прилагодува на секоја

ситуација. Многу е добар и како трагач на крвна трага (крвоследник). Тој е

повеќестрано корисно ловечко куче.

Дискутирај и објасни ги следните поими за ловна кинологија:

кинологија

гонители (гоничи)

кусоноги гонители (бракјазовичари)

крвоследници

јамари (дупкари)

душкала (цуњавци)

ретривери (апортери)

птичари

Page 122: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

122

Page 123: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

123

Содржина

Тема 1 : Основи на зооекологија

Основни поими во екологијата ................................................................................ 7

Еколошки фактори.................................................................................................. 10

Екологија на цицачи ............................................................................................... 14

Екологија на птици ................................................................................................. 15

Тема 2 : Систематика на дивечот

Законска класификација на дивечот..................................................................... 21

Стручна класификација на дивечот ...................................................................... 23

Научна класификација на дивечот........................................................................ 23

Тема 3 : Класа Цицачи

Карактеристики на цицачите ................................................................................. 27

Ред Artiodactyla Папкари........................................................................................ 28

Подред Ruminantia Преживари ......................................................................... 28

Подред Nonruminantia Непреживари ................................................................ 34

Ред Lagomorpha Зајакообразни цицачи ............................................................... 36

РедRodentia Гризачи.............................................................................................. 38

Ред Carnivora Ѕверови........................................................................................... 40

Тема 4 : Класа Птици

Карактеристики на птиците.................................................................................... 51

Ред Gruiformes жеравовидни птици ...................................................................... 52

Ред Galliformes кокошковидни птици .................................................................... 53

Ред Columbiformes гулабовидни птици................................................................. 58

Ред Charadriiformes крајбрежни птици.................................................................. 60

Ред Anseriformes птици гусковидни птици............................................................ 61

Ред Ciconiiformes долгоноги штрковидни птици .................................................. 63

Ред Pelecaniformes веслоножни птици ................................................................. 64

Ред Accipitriformes грабливи птици ....................................................................... 66

Ред Strigiformes утковидни птици.......................................................................... 68

Ред Passeriformes врапчевидни птици ................................................................. 69

Тема 5 : Одгледување и заштита на дивечот

Одгледување и заштита на дивечот..................................................................... 75

Основни начини на одгледување на дивечот ...................................................... 76

Природно одгледување на дивечот...................................................................... 77

Вештачко одгледување на дивечот ...................................................................... 81

Изборен отстрел на крупниот дивеч ..................................................................... 82

Аклиматизација и реаклиматизација на дивечот................................................. 83

Тема 6 : Искористување на дивечот

Траги од дивеч........................................................................................................ 87

Лов и ловечко оружје.............................................................................................. 89

Ловечки трофеи...................................................................................................... 93

Тема 7 : Планирање и организација на ловното стопанисување

Цели и задачи на ловното стопанисување .......................................................... 99

Реонирање и бонитирање на ловно продуктивна површина............................ 100

Page 124: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

124

Утврдување на нормална бројна состојба на дивечот...................................... 101

Техничко уредување на ловиштето .................................................................... 103

Тема 8 : Патологија на дивечот со зоохигиена

Причини за заболувања кај дивечот................................................................... 107

Поважни болести кај пердувестиот дивеч.......................................................... 108

Поважни болести кај срни и елени ..................................................................... 109

Мерки за спречување на ширење на болестите................................................ 110

Тема 9 : Ловна кинологија

Ловечки кучиња .................................................................................................... 113

Поважни видови ловечки кучиња........................................................................ 114

Page 125: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

125

Библиографија

1. Димовски, Александар. Зоологија на ‘рбетните животни, НИО „Студентски

збор“, Скопје, 1991

2. Саракинова, Олгица; Драгица Трајановска; Софија Ачковска. Биологија за

четврта година на реформираното гимназиско образование, Просветно

дело АД Скопје, 2005

3. Трпков, Борис. Ловство (привремен учебник), Универзитетска печатница,

Скопје, 1985

4. Internet Google Images Mammalia

5. Internet Google Images Aves

Page 126: lovstvo jove 2 fin odobrena - e-ucebnicie-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/72_Lovstvo_III_MAK_PRINT.pdf · Учебникот „Ловство“ е наменет за учениците

126