38
СОДРЖИНА: Вовед_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 3 1. Формални и неформални извори на финансирање на бизнисите_ _ _ _ _ _4 2.Специфичности на финансирање на МСП _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 7 3.Доминантни форми на финансирање на МСП во различните развојни фази на бизнисот _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8 4.Значењето на 3F парите _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 11 4.1.Личен извор на претприемачот-лична заштеда _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 11 4.2.Средства од роднини и пријатели _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 12 4.3.Venture Capital - ризичен капитаал _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 13 5.Бизнис ангели _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 14 5.1. Профил на бизнис ангелите _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 16

Finansiranje Na MSP

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Finansiranje Na MSP

СОДРЖИНА:

Вовед_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 3

1. Формални и неформални извори на финансирање на бизнисите_ _ _ _ _ _4

2.Специфичности на финансирање на МСП _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 7

3.Доминантни форми на финансирање на МСП во различните развојни фази

на бизнисот _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8

4.Значењето на 3F парите _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 11

4.1.Личен извор на претприемачот-лична заштеда _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 11

4.2.Средства од роднини и пријатели _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 12

4.3.Venture Capital - ризичен капитаал _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 13

5.Бизнис ангели _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 14

5.1. Профил на бизнис ангелите _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 16

5.2. Економско значење на бизнис ангелите _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _16

5.3. Фази на инвестиционата одлука на бизнис ангелите _ _ _ _ _ _ _ _ _ 18

5.4. Мрежа на бизнис ангели _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 18

6. Формален ризичен капитал _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _20

6.1. Бизнис ангелите наспроти формалниот ризичен капитал _ _ _ _ _ _ _ 22

7. Кредити и заеми понудени од страна на одредени институции и банки во

Р.Македонија _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _23

Заклучок__ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 26

Summary_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 27

Користена литература_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _28

Page 2: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Вовед

Постоењето на мали и средни претпријатија и нивно развивавање е многу значаен дел за

целокупниот економскиот развој на земјите.Тие придонесуваат за збогатување на

понудата на најразновидни производи и услуги (во квалитет и квантитет), оддржуваат

задоволителен степен на конкуренција, вршат пазарна селекција и диференцијација меѓу

добрите и лошите фирми и претприемачи и ја зголемуваат ефикасноста во работењето и

ја оддржуваат економската структура флексибилна и витална.

За основањето и успешното функционирање на малите и средните претпријатија

потребни се соодветни извори на финансирање, од аспект на нивната природа и

големина.Набавката на тие средства потребни за почнување на бизнисот и за

остварување на плановите за раст на активноста на бизнисот, бара ангажирање на

финансиски средства кои можат да бидат од различни извори и дадени под различни

услови на финансирање.Успешниот финансиски менаџмент на малите и средни

претпријатија претпоставува балансирање помеѓу големината и структурата на

потребните деловни средства и големината и структурата на изворите за нивно

финансирање.

На сопствениците на МСП им стојат на располагање различни извори преку кои можат да

ги обезбедат потребните финансии за своите бизниси. Најтешко за нив претставува да се

одбере вистинскиот, да се одбере оној начин на финансирање кој најдобро ќе му

одговара на бизнисот, оној кој ќе понуди најдобри услови, кој ќе генерира најниски

трошоци. Кога се зборува за изворите на финансирање треба да се спомне идеалната

комбинација, т.е. краткорочните обврски да се финансираат од краткорочни кредити кои

се наменети за секојдневните активности на бизнисот, а долгорочните со долгорочни

кредити на средства што е многу тешко да се обезбедат и се наменети за набавка на

опрема и друг вид на долготраен имот и кредити за проширување на активностите на

бизнисот.

Целта на оваа семинарска работа е да се запознаеме со изворите на финансирање на

малите и средни претпријатија а посебно со Бизнис ангелите – неформален извор на

ризичен капитал. Исто така и со анализа на изворите на финансиски средства во

Република Македонија.

2

Page 3: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

1.Формални и неформални извори на финансирање на бизнисите

Пред започнување на било каков претприемнички потфат потребно е да се процени

што е можно пореално, износот на финансиските средства за нивниот бизнис и неговото

оддржување до ”стасување”. Овој капитал се нарекува иницијален капитал и претставува

иницијална инвестиција. Меѓутоа, претрприемачот често не е доволно стручен или нема

доволно искуства да може да ја согледа вкупната потребна инвестиција и поради тоа

може да ги запостави некои од трошоците што покасно може целиот проект да го доведат

во прашање. Често се мисли дека е доволно да се направи пресметка на потребните

средства за набавка на простор, опрема, обртен капитал и сл. а се занемаруваат бројни

други трошоци кои мораат да се подмируваат додека бизнисот не почне да носи

заработка. До тоа време, по правило, одливите се значајно поголеми од приливите, па

така ако на време не се согледа тој аспект на работење, може само да го успори процесот

на профитабилно работење.

Секој нов претприемнички потфат, и оној најмалиот, побарува финансиски средства.

Тогаш и обезбедените средства, по правило мора да се вратат во првите години на

работењето. Кај одлуките на обезбедување на финансиски средства секој претприемач

мора да се придржува на ”златните правила” за претприемничкото финансирање а кои

Тиммонс ги подредил вака:

-повеќе пари имаат предност во однос на помалку пари,

-парите рано имаат поголема предност во однос на парите покасно,

-помалку ризични пари имаат предност во однос на повеќе ризични пари.

На претприемачите им стојат на располагање бројни извори на финасирања кои се

разликуваат по своето значење а најчесто во зависност од видот на економските

активности кон кои се насочени.

Извори на финансирање можат да бидат:

-капитал на основачот партнер

-лична заштеда

-хипотекарни кредити

-изнајмување

-кредитни линии

-позајмици од државни агенции

3

Page 4: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

-корпоративно стратешко партнерство

-различни банкарски кредити за ново претпријатие

-приходот и доходот на фирмата

-фамилијата

-пријателите

-бизнис ангели,поединечно или групно

-Venture Capital

-корпоративен Venture Capital

-приватни пласмани

-инвестициски банки и др.

Финансирањето на малите и средните претпријатија во различни фази од нивниот развој

влегува во доменот на најзначајните прашања врзани за претприемништвото. Тоа е

разбирливо ако се има во предвид дека пристапот на бизнисите до извори на

финасирање на нивниот растеж и развој претставува еден од клучните сегменти на

бизнис климата на секоја економија. Токму овој фактор има силно влијание врз обемот и

динамиката на влез на нови бизниси во економската структура на земјите но и врз

нивното опстојување во конкурентската борба, а со тоа и врз нето влезот на нови бизниси

во секоја економија. Историски гледано, може слободно да се тврди дека развојот на

различните форми на организација на бизнисите, од фирма во индивидуална

сопственост, преку партнерство, па се до корпорација, во прв ред е детерминиран од

потребата и “вечната борба” на бизнисите да осигураат дополнителни извори на

финансирање на нивниот развој.

Во економската литература од оваа област вообичаено се говори за два вида на

финансирање на бизнисите:

- неформални извори

- формални извори.

Во неформални извори на финансирање на бизнисите влегуваат сопствените заштеди на

претприемачите и заемите од семејствата, од роднините и пријателите, односно од 3F

пари (т.е пари на основачите-founder, на фамилијата-family и на пријателите-friends) како

и парите што доаѓаат од неформалниот ризичен капитал т.е бизнис ангелите (Business

Angels).

4

Page 5: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Во формални извори на финансирање на бизнисите влегуваат парите од официјалните

финансиски институции како што се формалниот ризичен капитал (Venture capital), парите

од банките (комерцијални, развојни, меѓународни) и парите кои се мобилизираат од

берзата.

Иако најголемите финансиски трансакции се случуваат на неформалниот пазар на

капитал, улогата и значењето на неформалните извори на капитал воопшто не е за

потценување. Тие имаат особено значење во помалку развиените земји и особено во

фазата на основањето на бизнисите. Во САД, уште во осумдесеттите години на минатиот

век, беше увидено огромното значење на неформалните извори на капитал за

финасирање на малите и средните претпријатија. Дејвид Берч, во врска со тоа, ги

изведува следните пресметки:1 во САД, кон средината на осумдесеттите години на

минатиот век, просечно годишно се формираат по 800.000 нови бизниси. Ако на сите нив,

во просек, за почеток им се потребни по 25.000 САД долари, тоа значи дека само за таа

цел годишно се потребни 20млрд. САД$. Исто така, секоја година 300.000 нови бизниси

почнуваат брзо да се развиваат. Ако и за нивниот развој се потребни по 25.000 САД$, тоа

значи дека вкупно во САД се обезбедуваат близу 28млрд$ нов капитал годишно за

основање на или за експанзија на нови бизниси. Банките и другите финансиски

институции обезбедуваат 4млрд$ а формалниот ризичен капитал обезбедува 2 млрд$.

Тоа значи дека останатите 22 млрд$ се обезбедуваат од неформалниот пазар на капитал:

од личните заштеди, од пријатели, роднини и од бизнис ангелите. Во меѓувреме, дојде до

силен пораст на значењето на ризичниот капитал, посебно на неформалниот, значи на

бизнис ангелите, во финансирањето на малите и средните претпријатија не само во САД,

туку и во сите високоразвиени земји.

1 David Birch Job Creation in America – How our Smallest Companies Put the Most People to

Work, New York 1987, p.79

5

Page 6: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

2. Специфичности на финансирање на МСП

Постојат некои точки според кои малите и средните претпријатија се сметаа за

поризични од големите претпријатија2. Притоа, треба да се напомне дека ризикот е

особено присутен кај малите претпријатија. Она што ги прави малите фирми особено

ризични е следново:

- менаџментот: малите и средните претпријатија многу често немаат добро обучен и

искусен менаџмент;

- производствената програма: нивната производствена програма е недивер-

зифицирана, во многу случаи базирана само врз еден,често,нереномиран

производ;

- референца: тие ретко поседуваат референца на долгогодишен успешен бизнис,

најчесто се работи за сосема нови бизниси, за формирање на ново претпријатие;

- обезбедување на финансиерот: малите и средните претпријатија ретко имаат што

да понудат како покритие за средствата (кредитот),што би ги добиле за

претпријатието;

- подготвеност за соработка: сопствениците на малите и средните претпријатија

многу често не се расположени да добиваат финансиски средства врз основа на

одобрување акции или на учество на некои други луѓе, бидејќи не сакаат да ја

делат сопственоста и да ја намалат или загубат сопствената контрола врз

биснисот.

Сите овие елементи придонесуваат, при одобрувањето на финансиските средства на

малите и средните претпријатија, да не може да се тргува од истите принципи коишто

вообичаено се почитуваат при доделувањето средства (кредити или сопственички влог)

на големите и веќе познати претпријатија.

-------------------------------------------------------2 Richard Kitchen Venture Capital: Is it Apropriate for Developing Countries, DPPC, University of

Bradford, April 1989, p.1-2

6

Page 7: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

3.Доминантни форми на финансирање на МСП во различните развојни

фази на бизнисот

Патот што едно претпријатие треба да го изоди од раѓањето на претприемничката

идеја, преку неговото формирање и појавување на пазарот, па се до неговото

прераснување во добар бизнис, со познат производ и сигурен пазар, е долг и мачен

процес. Притоа, во неговите различни развојни фази, претприемачите можат да користат

и различни начини за финансирање на бизнисот.

Во современата економска литература најчесто се диференцираат следниве развојни

фази на претрпријатието:

-зачетна фаза (Seed stage

-почетна фаза (Start-up stage)

-рана фаза (Early stage)

-доцна фаза (Later stage)

Во зачетната фаза претприемачот располага со претприемничка идеја и концепт за

формирање потенцијален профитабилен бизнис. Меѓутоа, идејата и концептот допрва

треба да се развиваат и докажуваат. Доминантен извор на финансирање на активностите

во оваа фаза од развојот на бизнисот е делот на неформалниот капитал – сопствените

заштеди на претприемачот и позајмиците од семејството, роднините и пријателите,

односно т.н 3F парите.

Во почетната фаза од развојот на бизнисот,претприемничката идеја е добро

разработена и се подготвува прототип на призводот. Доминантен извор на финансирање

во оваа фаза е делот на неформалниот ризичен капитал што доаѓа од т.н биснис ангели

(Business Angels).

Во раната фаза производот или услугата почнуваат да се произведуваат и да се

дистрибуираат. Оваа фаза може да трае прилично долго(до 5години), а бизнисот се уште

да биде непрофитабилен. Доминантен извор на финансирање во оваа фаза е

официјалниот ризичен капитал, т.е т.н официјални ризични фондови.

Во доцната фаза претпријатието веќе е афирмирано, работи со профит и неговиот

развој и експанзија одат по нагорна линија. Во оваа фаза значаен извор на финансирање

на фирмата може да стане и т.н иницијална (прва) јавна понуда на хартии од вредност.

Тоа значи дека фирмата, којашто веќе е развиена и позната во јавноста, има добар

7

Page 8: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

производ и сигурен пазар, може да мобилизира дополнителен капитал за финансирање

на развојот преку емисија на акции.

Елаборираните развојни фази на фирмата, статусот на претприемничката идеја (концепт,

прототип, производ, експанзија) и најзначајните извори на финансирање на бизнисот во

различните фази, се прикажани на табелата 5.1

Табела 5.1 Развојни фази на фирмата и доминантните извори на финансирање

Развојна фаза Зачетна Почетна Рана Зрела

Статус на

претприемничка

идеја

Претприемничка

идеја,концептПрототип Производ Експанзија

Доминантен

извор на

финансирање

Сопствени

заштеди и

позајмици од

роднини и

пријатели

Бизнис ангелиРизични

фондови

Берза-

иницијална

понуда

Се разбира, во овој преглед се посочени најзначајните извори на финансирање на

бизнисите во различните фази развојни фази. Но, ова не значи дека во оддeлни фази не

се сретнуваат и други извори на финансирање, односно дека не доаѓа до

испреплетување на изворите на финасирање во различните фази на развојот на

бизнисот. Имено, неформалниот ризичен капитал (бизнис ангелите), покрај во почетната,

често финансираат и во зачетната и раната фаза на развој на бизнисите (ова е особено

случај со бизнис ангелите во САД и во Велика Британија), додека пак, официјалните

ризични фондови често се финансираат, покрај во раната, и во зрелата фаза на развојот

на фирмата. Во зрелата фаза на развојот на фирмата, како значаен извор на

финансирање на бизнисите се јавуваат и комерцијалните банки.

8

Page 9: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Во секој случај, кога станува збор за официјалниот ризичен капитал, треба да се има

предвид фактот дека тој, сепак, ги преферира подоцните фази на развојот на бизнисот.

Обратно е со бизнис ангелите кои ги преферираат почетните фази од развојот на

фирмата.

Како се менуваат изворите на финансирање на фирмата низ различните развојни фази

може одлично да се илустрира со примерот на познатата фирма Amazon.com, во

периодот од нејзиното основање во 1994година, до средината на 1998година.

Табела 5.2 Извори на финансирање на фирмата Amazon.com од основањето до

средината на 1998год.

Временски период Извори на средства

јули-ноември 1994 Основачот Безос ја формира фирмата со

10.000$ сопствени заштеди и 44.000$

позајмени средства

февруари-јули 1995 Родителите на основачот инвестираат

245.000$

август-декември 1995 Двајца бизнис ангели инвестираат 54.408$

декември-1995-мај 1996 20 бизнис ангели инвестираат 937.000$

мај 1996

Браќата и сестрите на основачот

инвестираат 20.000$

јуни 1996

Формалниот ризичен капитал инвестира 8

милиони $

мај 1997

Фирмата настапува на берзата со емисија

на 3 милиони акции,т.е 49,1 милион $

декември 1997

Од мобилизирани кредити и емитирани

обврзници фирмата добива 401 милион $

Извор: Munek,C. and Saublens,C., Introduction to Business Angels and Business Angel

Networks Activities in Europe, EBAN, p.66.

9

Page 10: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

4. Значењето на 3F парите

Сопствените средства на основачот (заштеди, кредитни картички исл.) се

вонредно значајни не само за зачетната фаза на бизнисот и за негово стартирање, туку и

за привлекување пари од други извори (бизнис ангели, вентуре капиталисти,

комерцијални банки и сл.) Вложувањето на сопствени, лични пари, за другите

инвеститори е доказ и сигнал дека претприемачот верува во потенцијалот на неговиот

бизнис, т.е дека претприемачот е готов да ги стави на располагање и да ги ризикува

сопствените фондови пред да побара од други инвеститори тоа да го направат за

неговиот бизнис. Практично, на овој начин претприемачот може слободно да им погледне

во очи на другите инвеститори од кои бара да го поддржат неговото претпријатие.3

4.1 Личен извор на претприемачот-лична заштеда

Прв и најсигурен извор на инвестициски капитал во претпријатието се личните

средства на претприемачот. Тој капитал го сочинуваат заштедите или вредностите во

недвижности како гаранција за позајмици од банки или други институции. Современите

инвеститори настојуваат што повеќе да ги усмерат претприемачите, во почетокот на

претприемничката активност, на овој извор на инвестиции. Бидејќи се свесни за ризикот

па очекуваат од претприемачот да , како идеен креатор на бизнисот, го превземе

најголемиот дел од ризикот вложувајќи го својот личен капитал. Ретки се случаите

банките да бидат спремни да кредитираат од самиот почеток толку вредни и сигурни

претприемнички идеи. Овој начин на кредитирање на претприемнички бизнис, има и за

претприемачот предност,доколку располага со такви средства. Поседување на лични

иницијални средства, веќе е значајна ”влезница” за доверба и кај банките и другите

инвеститори. Претпериемачот ретко може само со сопствени средства за започне

значаен бизнис па затоа се неоходни екстерни средства.

За да може претприемачот да смета и на овие средства повеќето од инвеститорите во

почетокот инсистира барем на 50% приватни средства од претприемачот.

_________________________________3Start-up Financing, EBSCO Publishing 2003, p.59.

10

Page 11: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Често инвеститорите, бараат од претприемачите да влезат со целиот свој имот како

гаранција дека одговорно ќе му пристапи на работниот потфат и дека така посигурно ќе го

отплаќа и задолжениот дел на финансиски средства.

4.2.Средства од роднини и пријатели

Многу често роднините и пријателите се значаен извор на на средства, било како

долг или инвестиција. Важно за оваа форма на финансирање е прецизно и јасно да се

утврдат сите обврски и да се елиминираат нејаснотиите и недореченостите како што се

прашањата на отплата на заемот во временско траење, начинот на отплата, камата и сл.

Ако роднините и пријателите се јават како инвеститори тогаш со нив треба да се

прецизираат и јасно да се дефинираат партнерските односи, како што е учеството во

работата,можноста за откуп на нивниот дел во капиталот и профитот итн. Овој облик на

обезбедување на финансиски средства е наједноставен но има и нагласени позитивни и

негативни страни. Ако прецизно и јасно не се дефинираат односите, пред се ,

сопственичките, можно е да се пореметат не само односите во работењето туку и

роднинските и пријателските и тоа да може да биде негативна страна на овој модел на

финансирање. Од друга страна, познато е дека роднините и пријателите се постпрливи

во исчекувањето на поволни резултати од работењето отколку што се другите

инвеститори. Но, претприемачот никогаш нема да го искористи или злоупотреби овој

факт. Сепак, упорно инсистираме на прецизно утврдување, во сличаи кога се работи за

должнички однос, прецизно да се одреди каматната стапка, условите и роковите на

враќање на средствата а ако се работи за сопственичко финансирање тогаш прецизно да

се утвдат сите права кои од тоа произлегуваат и тоа во пишана форма.на

пример,прецизно треба да се наведе износот на средства кои ќе се ангажираат, начинот

на ангажирање на средствата,права и обврски на инвеститорот и постапката во случај да

потфатот не успее. Оваков формален договор ги спречува проблемите кои би можеле да

се појават во текот на работењето или неуспехот во работењето. Претприемачот мора да

биде на чисто дека и роднините и пријателите влегуваат во работата затоа што веруваат

дека се работи за добар бизнис а не од чувство на роднински или пријателски обврски.

11

Page 12: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Откога претприемачот ќе го сфати и ова тогаш може да влезе во аранжман кој вклучува и

роднини и пријатели.

4.3.Venture Capital-ризичен капитал

Овој капитал претставува најмалку познат но не и најмалку важен инвестициски

капитал. Уште се нарекува и ризичен капитал. Релативно високото ниво на ризик кои го

сносат сопствениците на овој капитал се компензира со можноста на високо и брзо

враќање на вложениот капитал. Институциите на ризичен капитал може да бидат во

приватна и државна сопственост а осигуруваат капитал во нови претпријатија или веќе

постоечки, по нивна проценка високопрофитабилни и за возврат бараат уддел во

сопственоста на претпријатието во кое вложуваат капитал. Претприемачот треба да

разбере дека инвеститорите на ризичен капитал имаат основна цел учество во профитот

на претпријатието а крајна цел им е да работата стане толку профитабилна со што

вредноста на нивниот инвестициски уддел (низ акции) ќе стане повеќекратно поголема од

нивните иницијални инвестиции. Значи, претприемачот треба да биде спремен како

корисник на овој капитал, да има отстапи дел од сопственоста и да им даде дозвола на

инвеститорите на учествуваат во управувањето на претпријатието. Важно е да се знае

дека носителот на ризичен капитал нема да се согласат на инвестирање ако не осигураат

барем 30 до 49% сопственост од претпријатието. Тоа значи дека тие немаат мнозинско

учество во сопственоста на претпријатието, но можат преку останатите акционери да

бидат носители на деловната политика.

Разлика помеѓу овој вид инвестирање и банките е тоа што банката е заинтересирана за

враќање на долгот во точно определено време и со договорена каматна стапка а

ризичниот капитал-venture capital инсистира на брз и што поголем профит со самото

вложување во претпријатието.

Примери на фирми кои своите претприемнички потфати ги започнале со помош на

Venture capital се Microsoft, Intel и Cisco.

Кога се во прашање 3F парите, во современата литература од оваа област

редовно се потенцира потребата претприемачот да биде крајно отворен и чесен спрема

членовите на својата фамилија и спрема пријателите во поглед на објаснувањето на

проблемите со кои може да се соочи бизнисот, природата на ризикот и можностите за

12

Page 13: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

враќање и оплодување на парите. Притоа, важно е членовите на фамилијата и

пријателите да се убедат да инвестираат заради бизнис, заради тоа што сметаат дека тоа

е добра инвестиција, а не затоа што тие се чувствуваат обврзани да го направат тоа.

Инаку,кога фамилијата и пријателите вложуваат пари во фирмата во замена за акции,

тогаш тие,по логиката на нештата, се стекнуваат со сопственички и управувачки права, но

често, можат да се стекнат и со одредени привилегии кои ќе им пречат на вработените

или на другите инвеститори и ќе предизвикуваат проблеми во работењето на фирмата.

Ова е негативната страна на вложувањето на пари од страна на фамилијата и

пријателите. Но, овој вид вложување има и позитивни страни-претприемачите полесно

доаѓаат до овие средства, а членовите на фамилијата и пријателите, по правило, се

многу потрпеливи во однос на враќањето на средствата. 4

5. Бизнис ангели

Терминот бизнис ангели потекнува од Бродвеј каде што,во почетокот на XX

век,богатите луѓе обезбедувале финансиски фондови со кои ја поддржувале продукцијата

на театарски претстави, мјузикли и сл. Ваквиот тип на инвестирање главно бил мотивиран

од љубовта кон театарот,музиката и уметноста, од желбата богатите луѓе(инвеститорите)

да се запознаат и да воспостават пријателство со познати актери и режисери. Со други

зборови,преовладувале мотиви поврзани со алтруизам и филантропија,а не бизнис

мотиви, т.е мотиви поврзани со заработка на пари. Подоцна, кога ваквиот вид на

инвестирање почнал да се користи за поддршка на нови и млади фирми, терминот бизнис

ангели го добил денешното значење.

Иако финансирањето на новите фирми преку капиталот на бизнис ангелите има

релативно долга традиција, сепак, неговото значење се зголемува дури кон средината и

кон првата половина на минатиот век, кога претприемачите од Силиконската долина во

САД, почнале да користат почетен (start-up)капитал од бизнис ангелите. 5

________________________________4 Robert Hisrich and Michael Peters Entrepreneurship, Fourth Edition, Irwin Mc Graw-Hill,1998,p.364-365

13

Page 14: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

5Mark Abernethy and David Heidtman Business Angels, Allen & Unwin, Australia 1999,p 5-6; Colin M

Mason Informal Sources of Venture Finance Centre for Entrepreneurship, University of Strathclyde,

Glasgow 2005,p.1.

Мејсон ја дава следнава дефиниција за бизнис ангелите:

”Неформалниот ризичен капитал ги подразбира бизнис ангелите кои вообичаено се

дефинираат како богати поединци кои инвестираат сопствени пари, заедно со време и

експертиза,директно во компании кои не котираат на берза и со кои не се во фамилијарни

односи, а со надеж дека ќе остварат добивка”.6

Анализирајќи ги одделните елементи на дефиницијата,истиот автор укажува на следниве

карактеристики на бизнис ангелите: Прво, атрибутот богати поединци е релативен-се

смета дека еден од тројца бизнис ангели во САД располага со богатство поголемо од 1

милион $, односно дека во Велика Британија милионери се околу 19% од бизнис

ангелите. Второ, атрибутот директно упатува на фактот дека бизнис ангелите сосема

самостојно донесуваат одлука за проектите во кои ќе го инвестираат својот капитал.

Трето,поимите време и експертиза упатуваат на фактот дека бизнис ангелите имаат

значајни претприемнички и менаџерски искуства,знаење и вештини,што им овозможува

директна инволвираност во проектот во кој инвестираат, односно нивно ангажирање во

фирмата на разни начини:надгледување,совети или извршување на директни ангажмани.

Тоа понатаму,значи дека тие дел од своето време го поминуваат во фирмата во којашто

инвестирале.Четврто, терминот некотирана компанија значи дека акциите на фирмата не

се на списокот на организираната берза, што упатува на и на големата ризичност на

проектот. Петто, терминот финансиска добивка значи дека бизнис ангелите сакаат да

заработат пари и да го оплодат својот капитал, иако кај нив не отсуствуваат, или барем

не отсуствуваат докрај, и определени алтруистички мотиви - да се помогнат други

претприемачи и претприемачкиот процес во земјата.

________________________________________6Colin M Mason Informal Sources of Venture Finance Centre for Entrepreneurship, University of

Strathclyde, Glasgow 2005,p.4

14

Page 15: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

5.1.Профил на бизнис ангелите

Типичниот профил на бизнис ангелите претпоставува доминација на мажите, т.е

мала застапеност на жените. Некои проценки укажуваат дека во Велика Британија,

жените бизнис ангели претставуваат само 1% од вкупната заедница на бизнис ангели, во

Канада 2%, во САД 5%, а во Австралија 1до 3%.7 Понатаму, тие најчесто се на возраст

од 45-65години-време доволно да станат богати поединци, благодарение на фактот што

претходно биле успешни претприемачи или менаџери, односно претходно се сретнале со

значајно искуство и експертиза. По правило, тие се добро едуцирани - имаат универ-

зитетска диплома или пак значајни професионални квалификации. Ретко се и доктори на

науки.

5.2.Економско значење на бизнис ангелите

Економското значење на неформалниот ризичен пазар на капиталот т.е на бизнис

ангелите, Мејсон 8го специфицира на следниов начин:

- прво- бизнис ангелите инвестираат значајни суми на капитал во поддршка на малите

бизниси (посебно во раните развојни фази). Сепак, тешко е да се процени сумата што ја

инвестираат бизнис ангелите, бидејќи немаат обврска да ги регистрираат инвестициите, а

од друга страна тие претпочитаат да останат анонимни и дискретни за својата

инвестициона активност. Некои проценки за САД говорат дека бизнис ангелите, кога се во

прашање раните фази на бизнисите, de facto, инвестираат многу повеќе од официјалните

ризични фондови.

____________________________________

15

Page 16: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

7 Mark Abernethy and David Heidtman Business Angels, Allen & Unwin, Australia 1999,p.27-28.

8 Colin M Mason Informal Sources of Venture Finance Centre for Entrepreneurship, University of

Strathclyde,Glasgow 2005,p.11-15.

Просечно годишно во САД тие инвестираат вкупна сума од 30 млрд долари во околу

50.000 претпријатија, а во В.Британија 500 милиони до 1 млрд фунти годишно во 3000-

6000 фирми. Бизнис ангелите, фактички, го покриваат т.н прв equity јаз кој го опфаќа

периодот кога растежот на претприемничката фирма е главно фундиран врз

инвестициите реализирани од сопствените заштеди и до роднини и пријатели до

моментот неопходен фирмата да достигне развојни потенцијали интересни за

официјалните ризични фондови. Овој “јаз”во САД се проценува во маргините меѓу

100.000 и 2000.000$ и главно се протега на зачетната и на почетната фаза од развојот на

претприемничката фирма(Seed and Start-up stage), односно на развојните фази кои се

типична територија на бизнис ангелите. Испитувањата на САД потврдуваат дека речиси

80% од вкупните средства за финансирање на новите бизниси во областа на високата

технологија, во овие фази на развојот, доаѓаат од бизнис ангелите.9 Понатаму, бизнис

ангелите се значајни и поради фактот што тие го покриваат и т.н втор equity јаз, кој се

јавува во раната фаза на развојот на фирмите (Early stage) во маргини меѓу 2.000.000 и

5.000.000$, кои сега ги покриваат групи бизнис ангели (понекогаш се нарекуваат и

алијанси на бизнис ангели) заедно со други коинвеститори, како што се официјалните

ризични фондови и сл. 10

-второ- значењето на инвестициите на бизнис ангелите се потенцира со фактот

што тие покрај пари ”инвестираат” и време и експертиза, и тоа главно во сектори во кои

се фамилијарни (во кои работеле нивните фирми кога биле активни претприемачи или

манаџери). Токму ова карактеристика на неформалниот и формалниот ризичен капитал

(инвестирањето време и експертиза) придонесува ризикот од пропаѓање на фирмите во

кои влегува ризичниот капитал значајно да се разводни, т.е да се намали

-трето- нивното значење произлегува и од географските карактеристики. Имено,

иако бизнис ангелите главни инвестираат локално,нив ги има насекаде - во САД, на

пример се јавуваат 5 бизнис ангели на 1000 возрасни луѓе, од што, понатаму, произлегува

и нивната реална сила во поддршката на развојот на МСП и претприемништвото.

16

Page 17: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

_____________________________9 Jeffrey E.Sohl “The US Angel and Venture Capital Market: Recent trends and Developments”, Journal

of Private Equty,Vol.6,NO 2,2003,p.12.10 Jeffrey E.Sohl “The US Angel and Venture Capital Market: Recent trends and Developments”, Journal

of Private Equty,Vol.6,NO 2,2003,p.12-13.

5.3.Фази на инвестиционата одлука на бизнис ангелите

Постојат неколку различни фази врзани за инвестиционата одлука на бизнис

ангелите. 11

Прва фаза-разгледување на можноста за инвестирање т.е барање на атрактивни

претприемнички идеи што најчесто се реализира преку мрежите на бизнис ангелите или

пак со директни лични контакти на бизнис ангелите и претприемачите со интересни идеи.

Втора фаза-евалуација на идејата и на потенцијалната зделка- многу е важно како бизнис

ангелот ќе го процени впечатокот за личноста на претприемачот, за неговите познавања

на секторот (индустријата), на пазарот и сл. Подеталната евалуација претпоставува

разгледување и оценка на бизнис планот, на потенцијалот на индустријата и на самиот

бизнис и сл.

Трета фаза-преговарање и договор, т.е утврдување на условите за инвестирање.

Четврта фаза-пост-инвестиционо инволвирање на бизнис ангелот- каков ќе биде неговиот

ангажман: надгледување, совети, време на присуството во фирмата или евентуално

учество во бордот на фирмата.

Петта фаза- излез од бизнисот, излезна стратегија (таа е неоходна поради неуспех на

инвестицијата или поради продавање на учеството на бизнис ангелот на друг

инвеститор).

5.4.Мрежа на бизнис ангели

Бизнис ангелите преферираат да бидат анонимни, скриени зад ”завеса” поради

што за претприемачите често е проблем да ги пронајдат и да ги заинтересираат и

анимираат за да инвестираат во нивните проекти.

Во почетокот контактите меѓу претприемачите и бизнис ангелите најчесто се воспоста-

вуваа преку личните и професионалните мрежи. 12

17

Page 18: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

___________________________________11 Colin M Mason Informal Sources of Venture Finance, Hunter Centre for Entrepreneurship, University of

Strathclyde,Glasgow 2005,p.20.12 Lloyd Steier and Royston Greenwood”Newly created firms and informal angel visitors:a four stage

model of network development”,Venture Catital,1999,Vol.1,No 2,p.147-1

Лични мрежи се однесуваат на пријателите и колегите со кои контактираат и двете

страни, т.е претприемачите и бизнис ангелите. Во контактите и секојдневните

неформални разговори можат да се добијат значајни информации за претприемачи со

интересни и ветувачки идеи и за бизнис ангели кои располагаат со средства и кои сакаат

да ги вложат во потенцијално успешни бизниси.

Професионалните мрежи, пак, сe однесуваат на сметководителите, адвокатите и

брокерите со кои работат двете страни и кои можат да дадат многу интересни

информации врзани за нови ризични бизниси и за луѓе кои би сакале да вложат свој

капитал во такви бизниси. Ова и поради фактот што адвокатите и сметководителите

познаваат многу постојни претприемачи и богати луѓе.

Мрежите на бизнис ангелите најчесто се приватни или полујавни организации кои ги

обединуваат бизнис ангелите, а со крајна цел да го обозможат поврзувањето меѓу бизнис

ангелите и претприемачите. Тие најчесто се организираат како приватни фирми, како

непрофитни организации или како фондации. Иницијатори за нивно формирање, главно

се приватни лица, но можат да бидат и високошколски установи, локални или регионални

власти, научни паркови,невладини организации и сл. Мрежите на ангели редовно

добиваат значајни јавни субвенции - од централните или локалните влади. Најчести

услуги што ги нудат бизнис мрежите на ангели се: идентификација на бизнис

ангелите,нивната мотивација и приоритети и нивните инвестициони преференции,

идентификација на претприемачите и на нивните бизнис планови, големината на

инвестицијата, развојната фаза во којашто се наоѓа фирмата, регионот во кој таа е

лоцирана, лице за контакт и сл., информации за дополнителни извори на финансирање

на зделките. т.е можности за кофинансирање со други бизнис ангели,помош за

поврзување, организирање на личен контакт и запознавање на ангелите со

претприемачите итн. Бизнис мрежите организираат и семинари за различни видови обуки

и тренинзи, форуми (најчесто месечни) за презентација за проектите на претприемачите,

нудат правна помош, особено при договарањето на зделката итн. Мрежите на бизнис

ангели во Европската унија има просечен годишен буџет од околу 200.000 евра, притоа 18

Page 19: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

учеството на јавните субвенции во вкупните годишни трошоци на мрежите на бизнис

ангели надминува 80%, што е доказ за големата посветеност на владите (централни и

локални) за поддршка за овој вид неформален ризичен капитал. Најзначаниот дел од

трошoците за бизнис ангелите се однесува на човечките ресурси) иако бројот на редовно

вработените во мрежите во просек се движи од 3 до 4 лица) и за промоција и

комуникации.

Во поново време, во земјите членки на Европската унија рапидно расте бројот на мрежи

на бизнис ангели – BAN (Business Angel Networks). Станува збор за национални мрежи на

бизнис ангели. Притоа, пионер меѓу европските национални мрежи на бизнис ангели е

онаа на Велика Британија, формирана во 1998год. Таа одигра значајна улога за

разбирањето на користите од постоењето и функционирањето на ваков вид институции и

во мобилизирањето на јавното мислење и на владините политики во поддршката на овие

институции. Во 1999год., со поддршка на Европската комисија, беше воспоставена и

Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN). 13 Преку неа денес е можно да се лоцираат

мрежите на бизнис ангели кои постојат и работат во европските земји. Во 2002год., во

земјите членки на Европската унија, постоеја 157 мрежи на бизнис ангели. Најголемиот

број од нив, т.е дури 50 се лоцирани во Велика Британија,потоа следат Германија со 40

мрежи, Франција со 31 итн.

6.Формален ризичен капитал

Формалниот ризичен капитал го сочинуваат два ентитета:институционални

инвеститори, како што се пензиските фондови, осигурителните фондови,донациските

фондови (овие често ги формираат богати поединци или фамилии), оддели при

комерцијалните банки и сл. и компанија на ризичен капитал, којашто ги менаџира, ги

управува овие фондови, односно ги вложува во растечки бизниси, со крајна цел да го

поврати оплоден, зголемен. Притоа, институционалните инвеститори кои се фактички

сопственици и понудувачи на формалниот ризичен капитал, се јавуват во улога на

лимитирани, ограничени партнери, а компанијата на ризичен капитал дејствува како

генерален, општ партнер, којшто професионално ги менаџира, управува фондовите.

19

Page 20: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

______________________________13 The EBAN Yellow Knowledge [email protected];www.eban.

Формалниот ризичен капитал претпоставува вложување во акции, варанти (опции за

купување на специфициран број на акции на компанијата според однапред определена

цена), конвертибилни хартии од вредност (корпорациски обврзници или преференцијални

акции кои можат да бидат заменети за обични акции на истата корпорација) и коешто му

овозможува на формалниот ризичен капитал активно инволвирање на фирмата којашто

се финансира-мониторинг т.е надгледување на работата во фирмата, учество во бордот

на директорите, давање на менаџерска и претприемничка експертиза итн. Важно е да се

воспостави вистинско партнерство меѓу ризичните капиталисти и претприемачот или

менаџментот на фирмата којашто се финансира. Заемната доверба е посебно значајна и

препорачлива - потребно е заеднички да се делат доброто и лошото. Ризичните капита-

листи секогаш настојуваат да помогнат во изработката на стратешки план за

надминување на тешкотиите со кои фирмата евентуално би се соочила во својот развој.

Нивниот интерес е фирмата да биде успешна за да обезбдеат сигурно и високо враќање

на вложените средства. Фактот што ризичниот капитал секогаш претпоставува покрај

вложување во пари и вложување во време и експертиза, суштествено ја намалува

ризичноста на потфатот.

Формалниот ризичен капитал претставува долгорочно финансирање на фирмите

(најчесто е профилирано на 5 години) и се протега низ почетната,раната и зрелата фаза

на развој на бизнисот. Сепак, најзначајниот дел од формалниот ризичен капитал се

вложува во повисоките развојни фази на претпријатието.

За да влезе формалниот ризичен капитал во одредена фирма треба да се исполнат

некои важни претпоставки, односно критериуми:фирмата да има моќен менаџерски тим,

менаџерски тим кој добро го познава секторот (индустријата) т.е располага со

специфични експертски знаења и способности да ги следи промените, а претприемачот

(сопственикот на бизнисот) да биде цврста личност со голема поддршка од семејството

(посебно сопругот или сопругата), фирмата да располага со специфичен, диференциран

производ, производ за кој постои интерес на пазарот и кој ќе овозможи брз растеж на

20

Page 21: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

фирмата и бизнисот да дава гаранција за високи стапки на враќање на средствата-

типично 40% до 60% стапки на враќање на инвестициите.

6.1.Бизнис ангелите наспроти формалниот ризичен капитал

Иако и бизнис ангелите и формалните ризични фондови припаѓаат на иста

фамилија капитал т.е на ризичниот капитал (Venture capital) постојат значајни разлики

помеѓу едната и другата форма на инвестирање. Тие разлики се:

- бизнис ангелите инвестираат сопствен капитал, а формалните ризични фондови туѓ-

капитал на други луѓе, т.н OPM (Other People’s Money) т.е тие го инвестираат капиталот

на организираните институции како што се пензиските фондови, здравствените фондови,

различните фондации и сл.

-бизнис ангелите инвестираат во личноста на претприемачот што го избрале

(веруваат во неговата претприемничка идеја и во неговата способност да создаде,заедно

со нив успешен бизнис), додека формалните ризични фондови инвестираат низ

претходно испитување на зделката со примена на строги критериуми, без емоции што

може да биде и нивна предност. Поради ваквата разлика,бизнис ангелите немаат потреба

од ангажирање на правни и финансиски експерти и нивните трошоци врзани со

инвестирањето се пониски

- бизнис ангелите инвестираат само тогаш кога ќе најдат поволна и изгледна можност,

што им овозможува да работат ”спокојно”, додека ризичните фондови мора постојано да

инвестираат, бидејќи имаат ограничен живот (обично 10год) и за тоа време треба да го

инвестираат и оплодат капиталот на фондовите и да излезат од бизнисот.

- бизнис ангелите кои главно се фокусираат на раните фази на развојот на бизнисот,

инвестираат помал обем на средства, додека формалните ризични фондови кои се

фокусирани на повисоките (зреките) фази на развој на бизнисите и кои располагаат со

големи, милионски фондови, влегуваат со далеку поголем капитал и често нудат

поголеми фондови од реалните потреби на бизнисите, а доколку бизнисот успее

подготвени се да инвестираат и дополнителен капитал по поповолни услови,

21

Page 22: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

- целите на инвестирање се различни кај едната и кај другата форма на ризичен

капитал. Имено, формалниот ризичен капитал има основна цел што е можно повеќе да го

оплоди капиталот на институциите кои им го довериле за вложување, додека кај бизнис

ангелите мотивот за остварување профит често е комбиниран и со други принципи и

цели-да им се помогне на претприемачите да се даде придонес во растежот и развојот на

секторот и на претприемништвото во земјата и сл.

Кредити и заеми понудени од страна на одредени институции и банки во

Р.Македонија

На Македонскиот пазар работат повеќе банки со најразлични кредитни линии

наменети за потребите на клиентите.Поради различниот период на траење на овие

кредити, разликуваме:краткорочни и долгорочни кредити.

Кај нас, најповолни мали заеми може да се добијат во:

1.Штедилница “Можности” со своите филијали во Скопје, Битола, Тетово, Кочани,

Кавадарци.Таа им обезбедува мали заеми до 100.000 евра, по релативно поволни

услови, за основен и обртен капитал, за почетници но и за малостопанственици кои веќе

имаат развиен свој бизнис, а на кои им е потребен капитал за надминување на

ликвидноста, за задоволување на потребите од обртен капитал. www.moznosti.com.mk

2.Штедилница ”Фулм”со своите филијали во Скопје, Тетово, Струмица, на своите

штедачи им обезбедува мали заеми до 2.500 евра за разни потреби, вклучувајќи го и

водењето на претпријатие, за земјоделците и занаетчиите. www.fulm.com.mk

3.Програмата ”Хоризонти“со своите филијали во Скопје, Тетово, Велес, Прилеп,

обезбедува мали заеми за претприемачи, малостопанственици кои сакаат да работат и

кои имаат желба да имаат своја работа.Програмата дава средства во циклуси, на група

претприемачи(особено жени) кои меѓу себе си гарантираат.

4.Прокредит банка со своите филијали низ земјата обезбедува разни видови на

кредити, за веќе оперативни претпријатија(минимум 3 месеци да работат).

www.procreditbank.com.mk

5.СЕАФ/Македонија е инвестиционен фонд кој финансира односно купува акции

во стабилни и развиени претпријатија до 800.000 евра, со право и да излезе од

претпријатието. www.seaf.com.mk

22

Page 23: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

6.Кредитно-гарантен фонд “СИДА”

www.gfund.com.mk

7. Гарантниот фонд во Македонска банка за поддршка на развојот, обезбeдува

35% од вредноста на кредитот. www.mbdp.com.mk

Список на расположиви кредитни линии

Кредитна линија Износ на кредит Намена

KfW – обновлив фонд

еур 50.000-400.000(за

почетници до еур 250.000)

За модернизација и за нови

претпријатија

Италијански кредит до еур 2.000.000

Профитабилни

проекти,вклучувајќи и

трговија,домашни ракотворби

Италијански кредит-обновлив

фонд

еур 50.000-500.000

За нови п-ја-почетници,за

обртен капитал,основен за

трговија

Македонска банка за поддршка

на развојот(МСП)

еур 15.000-500.000 За нови и стабилни п-ја,за

основни и обртни с-ва

Македонска банка за поддршка

на развојот(извоз)

еур 30.000-2.000.000

Извозни п-ја со над

51%приватна сопственост за

подготовка на извозот

Македонска банка за поддршка

на развојот(обртен капитал)

еур 30.000-300.000

Нови и постоечки МСП кои се

со 51% сопствен капитал,за

обртни с-ва

ФАРЕ микро кредитна линија

за МСП

до еур 100.000

За основни и обртни с-ва,за

нови и постоечки МСП

(max 5год)

Микро кредитна програма на

KfW

Микро заеми до еур 15.000

Мали заеми еур 15.000-50.000

За основни и обртни с-ва на

микро и мали п-ја

(со min 3год.работење)

Европска инвестициона банка-

глобален заем

$ 20.000-12.5 мил.(до 50% од

инвестицијата)

За МСП,за опрема,градежни

работи и обртен капитал

Микро и мали п-ја,за

23

Page 24: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Холандски кредит до еур 75.000 основни,за основни и обртни с-

ва)

СОРОС-фондација за обртни

средства

до еур 8.000

МСП-за обртен капитал и

оддржување на тековна

ликвидност

СОРОС-фондација за

земјоделство

до еур 10.000 Земјоделци и земј.п-ја-за

основни и обртни с-ва

СОРОС-фондација за

земјоделство-микро кредитна

програма

до еур 3.000

Земјоделци и мали земј.п-ја-за

основни и обртни с-ва

Проект на Меѓународен фонд

за развој на земјоделството до еур 75.000

За примарно

земјоделство,агробизнис и

трговија на земј.п-ди,за

основни и обртни с-ва

Комерцијално-финансиски

фонд за МСП-УСАИД

до $ 100.000

Идустриски п-ја-финансирање

на производството за домашен

и странски пазари-извоз

Извор: Донаторски кредитни линии за МСП, издава Министерство за економија

24

Page 25: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Заклучок

Една од главните причини за неуспех на малите и средни претпријатија е недоволниот

стартен капитал. Според тоа круцијален елемент за успех на МСП е адекватниот избор за

финансирање.

Со користењето на туѓ капитал, се овозможува да се премости развојниот или тековниот

недостиг од финансиски средства, а фирмата корисник на кредит останува со зачувано

право и сопственост над фирмата, со тоа што плаќа определена камата на користените

кредити. Недостатоците при користење на туѓ капитал се состојат во тоа што треба да се

обезбеди стабилен приход заради отплаќањето на ануитети во точно определени рокови.

Тоа влијае врз ликвидноста на фирмата а дадените гаранции за кредити претставуваат

во исто време и дополнителни трошоци.

Затоа е многу битно запознавањето со различните начини за финансирање на МСП и

донесувањето на вистинската одлука од страна на сопствениците за начинот на

финансирање кој е најповолен и чии средства ќе бидат инвестиција не само за

стартувањето на бизнисот, туку и во неговото работење, растење и развивање.

25

Page 26: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Financing of SME

Summary

One of the main reasons for the failure of SME’s is a lack of start-up capital. According to this

crucial element for success of SME’s is proper choice for funding.

With the use of foreign capital, allowing to bridge the development or ongoing shortage of funds,

and consumer credit firm remains preserved by law and ownership of the company, with pay

determined interest loans used.

Deficiencies in the use of foreign capital comprise that should provide stable income for

payment of annuities in the specific terms. It affects the liquidity of the company and guarantees

given for loans are at the same time and additional costs.

It is therefore very important introduction to different ways of financing of SMEs and the real

decision making by the owners of the manner of funding that is best and whose assets would be

an investment not only for starting the business, but also in its operations, growth and

development .

26

Page 27: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

Користена литература

1. Претприемништво – Фити Д-р Таки, Хаџи-Василева Марковска М-р Верица,

Милфорд Бејтмен, Економски факултет Скопје, 2007 година

2. Подузетништво - Добре Д-р Ратко, Задар, 2006 година

3. Како до сопствен бизнис – група автори, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Центар

за развој на нови бизниси, Скопје, 2007 година

4. 10 основни чекори за успешен претприемачки почеток – Зарезанкова- Потевска

Д-р Марија, Агенција за поддршка на претприемништвото, Скопје, 2009 година

5. Научен собир,зборник на трудови – Претприемништво-проблеми, дилеми и

перспективи, Економски институт, Факултет за бизнис администрација Тетово,

Агенција за поддршка на претприемништво, Скопје, 2007 година

6. David Birch, Job Creation in America – How our Smallest Companies Put the Most

People to Work, New York 1987

7. Richard Kitchen Venture Capital: Is it Apropriate for Developing Countries, DPPC,

University of Bradford, April 1989

8. Robert Hisrich and Michael Peters Entrepreneurship, Fourth Edition, Irwin Mc Graw-

Hill,1998

9. Mark Abernethy and David Heidtman Business Angels, Allen & Unwin, Australia 1999

10. Colin M.Mason Informal Sources of Venture Finance Centre for Entrepreneurship,

University of Strathclyde, Glasgow, 2005

11. Jeffrey E.Sohl “The US Angel and Venture Capital Market: Recent trends and

Developments”, Journal of Private Equty,Vol.6,Nо 2, 2003

12. Интернет извори:

[email protected]; www.eban.org

www.moznosti.com.mk

www.apprm.gov.mk

27

Page 28: Finansiranje Na MSP

Финансирање на мали и средни претпријатија

28