29
Универзитет Св. Климент Охридски – Битола Факултет за туризам и угостителство – Охрид Проектна работа по предметот ‘’Применето царинско работење’’ Тема: ‘’Царинска постапка – ИЗВОЗ’’ 1

Carinska postapka Izvoz

  • Upload
    -

  • View
    113

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Carinska postapka Izvoz

Универзитет Св. Климент Охридски – Битола

Факултет за туризам и угостителство – Охрид

Проектна работа по предметот ‘’Применето царинско работење’’

Тема: ‘’Царинска постапка – ИЗВОЗ’’

1

Page 2: Carinska postapka Izvoz

Ментор: Кандидат:

Проф. д-р Кекеноски Јове Бојана Ѓорѓеска

Бр.на индекс: 13612

Царина и Шпедиција

Охрид 2012 г.

Содржина

Вовед ................................................................................................... 3

Постапка за извоз ............................................................................... 4

Постапка за извозно царинење ......................................................... 4

Мерки на царински надзор ................................................................ 4

Начин на поднесување на извозна декларација ............................... 5

Царински орган за извоз .................................................................... 5

Документи приложени кон 2

Page 3: Carinska postapka Izvoz

царинската декларација ..................................................................... 6

Царински орган при излез ................................................................. 7

Потврдување на излегување на стоката ........................................... 8

Утврдување неусогласеност меѓу

стоката и ЕЦД-то ................................................................................ 8

Извозна стока која не го напуштила

царинското подрачје ........................................................................... 9

Специфичности при излез на акцизна стока .................................... 9

Пример ................................................................................................. 10

3

Page 4: Carinska postapka Izvoz

Вовед

Во секое време и под предвидените услови за стоката може да се одреди било кое царински дозволено постапување или употреба на стока без оглед на нејзиниот вид, количина, земја на потекло, испорака или крајно одредиште. Царински дозволено постапување или употреба на стока нема да се одреди доколку тоа е во спротивност со забраните и ограничувањата пропишани како посебни мерки на трговска политика, пропишани со закон.

Царински дозволено постапување или употреба на стока е:

1. Ставање на стока во царинска постапка

2. Внесување на стока во слободна зона или слободен склад

3. Повторен извоз на стока од царинското подрачје

4. Уништување на стока

5. Отстапување на стока во корист на државата

Царинење на стока претставува секое службено дејствие при ставање на стоката во царинска постапка или при извршување на формалности за повторен извоз на стока, во редовна или поедноставена постапка.

Царински постапки се:

6. Пуштање на стока во слободен промет

7. Транзит

4

Page 5: Carinska postapka Izvoz

8. Царинско складирање

9. Увоз за облагородување

10. Преработка под царинска контрола

11. Привремен увоз

12. Извоз за облагородување

13. Извоз

Во изборот на царинска постапка и при составување на царинската декларација, царинските службеници не смеат да влијаат врз учесникот. Тоа не исклучува давање на правна помош во рамките на сопствената област на работа.

Постапка за извоз

Со постапката на извоз, царинскиот орган одобрува домашна стока са се изнесе од царинското подрачје. Извозот, вклучува примена на формалностите за извоз и изнесување и примена на мерките на трговската политика. Домашната стока која е наменета за извоз (испратена во странство) се става во извозна постапка.

Постапка на извозно царинење

Извозната постапка овозможува домашната стока да го напушти царинското

подрачје на Република Македонија.

За стоката које се извезува се поднесува царинска декларација во рубриката 1

5

Page 6: Carinska postapka Izvoz

од ЕЦД-то се запишува ознаката ЕХ буква (А,B ili Z) и број1.

Домашната стока пријавена за извоз , се наоѓа под царински надзор од

моментот на приемот на царинската декларација па se до изнесувањето на

стоката од царинското подрачје на Република Македонија, тоа значи дека пуштањето на стоката за извоз се одобрува под услов предметната стока да се изнесе од царинското подрачје во иста состојба (вид и количина) во која се наоѓала во моментот на прифаќање на извозната царинска декларација.

.

Мерки на царински надзор

Стоката која се става во извозна постапка не се пушта доколку не е пломбирана.

Пломбирањето се врши на просторот во кој се наоѓа стоката, од транспортното

средство, како погодно за пломбирање или на секој поединечен колет во останатите случаи. Пломбите треба да ги имаат карактеристиките дадени во Прилог 35 од УСЦЗ.

Трансортните средства може да се прифатат како погодни за пломбирање под услов:

1. пломбите да можат да се наместат на нив на едноставен и ефикасен начин;

2. да се така конструирани за стоката да неможе да биде остранета или внесена без да се остават видливи траги или без да се оштетат пломбите;

3. да не содржи скришни простори каде што може да се скрие стоката,

4. просторот наменет за товарот да се лесно пристапни за проверка од страна на царинскиот орган.

5. Секое патно возило, приколка, полуприколка или контејнер, одобрен за превоз под царинска пломба согласно конвенцијата ТИР се смета за погодно за пломбирање.

6

Page 7: Carinska postapka Izvoz

Појдовната царинска испостава може да се откаже од пломбирање доколку со примена на други мерки стоката може веднаш и лесно да се идентификува според нејзиниот опис даден во извозната декларација или нејзините придружни документи. Описот на стоката може да допринесе за идентификација на стоката, кога тој е доволно прецизен за да може да се обезбеди лесна идентификација на количината и видот на стоката.

Начин на поднесување на извозната декларација

Извозната декларација се поднесува во писмена форма на образец ЕЦД. Извозник е лице со седиште во Република Македонија во чие име е поднесена царинска декларација и кој е сопственик на стоката или има слични права за располагање со неа во моментот на прифаќање на декларацијата. Кога сопственоста или слични права на располагање со стоката припаѓаат на лице со седиште надвор од Република Македонија согласно договорот на кој е заснован извозот , за извозник се смета договорната страна со седиште во Република Македонија.

При извоз во рубриката 37 од ЕЦД-то се запишува шифрата 10.

Царински орган за извоз

7

Page 8: Carinska postapka Izvoz

Извозната декларација се поднесува кај царинскata испостава која е надлежна за надзор на местото каде што извозникот е регистриран или местото каде што се врши пакување или натовар на стоката за извоз.

Исклучоци

Кога од административни причини (нема царинска испостава, ограничувања за

царинење во одредени испостави и др.) неможе да се поднесе извозна

царинска декларација кај царинската испостава која е надлежна за надзор на

местото каде што извозникот е регистриран или местото каде што се врши пакување

или натовар на стоката за извоз, извозна декларација може да се достави до било која

царинска испостава која е надлежна за предметна постапка на извоз (зависно од видот

на стоката, царинска постапка, одредени барања и контроли на стоката и др.

Кога има посебно оправдани и образложени причини (на основа на писмено и

образложено барање), извозната декларација може да се прифати, од царинска

испостава различна од наведената во член 174 став 4 од ЦЗ, или од царинска испостава

различна од онаа наведена во член 405 од УСЦЗ.

8

Page 9: Carinska postapka Izvoz

Документи приложени кон царинската декларациија

Кон извозната декларација мора да се приложат фактурата и превозните

документи.

Царинскиот орган каде извозната декларација била поднесена, во рубрика A го

запишува регистарскиот број од контролникот за извоз, како и потпис и

факсимил на царинскиот работник и ја пополнува рубриката Г со царински

идентификациски ознаки, нивниот број како и последниот рок на излез на

стоката од Република Македонија, потпис и факсимил на царинскиот работник и

печат. Рокот за излез на стоката се одредува во однос на местото на намена и

органот при излез.

Кога ќе се заврши проверката на декларацијата и пуштање на стоката во

постапка, царинскиот орган каде извозната декларација била поднесена го

задржува листот 1 додека листот 2 и3 од ЕЦД-то му го врачува на учесникот

во извозната постапка. Се преземаат мерки за обезбедување на идентитетот на

стоката ( опис на стоката во ЕЦД-то, поставување на царински ознаки на

колетите односно на товарниот простор). Листот 2 и 3 од ЕЦД-то ја

придружуваат стоката до излезниот царински орган.

Гаранција при поднесување на извозната декларација не е потребна , бидејќи

извозните давачки моментално не се пропишани. При извоз согласно член 24

9

Page 10: Carinska postapka Izvoz

од Законот за данок на додадена вредност не се пресметува ДДВ, бидејќи

извозот на стоката претставува даночно ослободување.

Товарен лист или манифест на стоката

Транспортниот документ може да биде пропратен со товарен лист или манифест на стоката , но овој документ не е задолжителен, тој се употребува во случај кога се извезуваат различни видови на стока, а во себе содржи детален опис за стоките и нивната амбалажа.

Уверение за потекло на стоката не е задолжителен документ при извоз на стоки. Истото е потребно доколку со договорите кои Република Македонија ги склучила со други земји е предвидено при увозот во тие земји да се одобри преференцијален тарифен третман на стока со потекло од Република Македонија. Надлежен орган за издавање на уверение за македеонско потекло на стоката е Стопанската комора на Република Македонија.

Уверение за санитарна и фитосанитарна контрола

Доколку се извезуваат животни, стоки од животинско потекло и нивни преработки задолжително е стоките да имаат уверение за санитарна контрола извршена од санитарни инспектори. Истото важи и кога се извезуваат семиња, растенија и поврзани производи тие мора да имаат уверение за фитосанитарна контрола изврсена од страна на стручно лице- фитосанитарен инспектор.

Дозволи и одобренија за извоз

За извоз на определени стоки, неопходно е да се обезбедат дозволи и одобренија за извоз од надлежен орган :

6. Министерство за здравство издава дозволи за извоз на храна, лекови, медицински помагала, опојни дроги, психотропни супстанции и прекурзори и за други хемикалии пропишани во одлуката;

7. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство издаваат дозволи за извоз на живи животни, ветеринарноимедицински препарати, рпоизводи од животинско потекло, продукти за исхрана на животни, производи за заштита на растенија, семе и

10

Page 11: Carinska postapka Izvoz

саден материјал, репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, трупци, огревно дрво и други производи од дрво и мрежи за стопански риболов;

8. Министерство за животна средина издава дозволи за извоз на производи на хемиска индустрија, отпадни материи, руди и минерали на молибден, загрозени и заштитени диви растенија, животни и габи;

9. Министерство за економија издава дозволи за извоз на злато, метални пари, банкноти и други стоки пропишани во одлуката;

10. Министерство за култура издава дозволи за извоз на стоки кои се вбројуваат во културно наследство и заштитени наследни добра;

11. Министерство за внатрешни работи издава дозволи за извоз на оружје, муниција и експлозивни материи и други стоки;

12. Народна банка на Република Македонија издава дозволи за извоз на монетарно злато;

За определен број на стоки потребно е да се добијат повеќе документи (дозвола, согласност и сл.) од различни институции со цел да може да се реализира извозот. Барање за добивање дозвола, одобрение, согласност, решение или потврда, поднесува извозникот до соодветната институција/институции. Барањата се поднесуваат преку Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз или транзит на стоки и тарифни квоти EXIM.

Царински орган при излез

Ако стоката се извезува преку железница, пошта, воздух или воден пат,

царинскиот орган при излез е оној орган во кој што се превзема стоката под еден транспортен договор, за транспорт во друга земја од страна на изведувач

на железничка компанија, поштенски служби ,авио или езерски компании. Тој

царински орган го заверува излегувањето на стоката на листот 3 од ЕЦД-то.

За стока извезена по цевоводи или за електрична енергија, царински орган при

излез е оној орган кој е одреден од страна на Царинската управа.

11

Page 12: Carinska postapka Izvoz

Ако стоката се извезува со други средства или околности кои не се погоре

наведени,(патен сообраќај) царински орган при излез e последниот орган пред

стоката да го напушти царинското подрачје на Република Македонија.

Потврдување на излегување на стоката

Царинскиот орган на излез проверува дали стоката ставена на увид одговара

на стоката декларирана за царинска постапка на извоз и врши надзор на

нејзиното физичко изнесување .Царинскиот орган на излез го потврдува

стварното изнесување од царинското подрачје така што на задната страна од

листот број 3 од ЕЦД-то го запишува евидентентниот број од контролникот за

излез, датум и печат на царинскиот орган на излез, истото го прави и на листот

бр.2 од ЕЦД-то.Царинскиот орган на излез го задржува листот бр.2 во својата

евиденција а го враќа заверениот примерок од листот број 3 на лицето кое го

поднело документот (превозникот), или на главниот обврзник наведен во

рубрика 50 ако има со цел истиот да се врати на декларантот. Кога декларантат

ја запишал забелешката “RET-EXP” во рубриката 44 (со прилог на адресирано

плико и марка) или на некој друг начин ја изразил својата желба да му се врати

листот со број 3 , царинскиот орган може да го врати документот на

декларантот по пошта или на некој друг соодветен начин, како на пр. или на

главниот обврзник наведен во рубрика 50 ако има седиште кај царинскиот

орган на излез. Наведениот начин на потврдување на излезот од царинското подрачје не сеприменува за стока извезена по цевоводи и со електрични водови.

Утврдување на неусогласеност меѓу стоката и ЕЦД-то

12

Page 13: Carinska postapka Izvoz

Утврдување неусогласеност меѓу стоката и ЕЦД-то

Кога царинскиот орган на излез утврдил дека дел од стоката или целата стока

недостасува, тоа го забележува на декларацијата и го известува извозниот

царински орган. Царинскиот орган на излез во овој случај превзема мерки за

пропишани за повреда на царинските прописи.

Кога царинскиот орган на излез утврдил дека има вишок на стока, не

дозволува изнесување на таа стока додека извозните формалности не се

завршат за целата стока. Царинскиот орган на излез во овој случај може да

превземе мерки пропишани за повреда на царинските прописи.

Кога царинскиот орган на излез утврдил разлика во поглед на видот на

декларираната стока,не дозволува изнесување на таа стока се додека извозните

формалности не се завршат за вистинскиот вид на стока, и исто така ќе го

извести извозниот царински орган. Царинскиот орган на излез во овој случај

превзема мерки за пропишани за повреда на царинските прописи.

Извозна стока која не го напуштила царинското подрачје

Кога стоката пуштена за извоз не го напушта царинското подрачје односно

останува во царинското подрачје, извозникот веднаш писмено ја информира

појдовната извозна испостава. Листовите 2 и 3 од ЕЦД од предметната

декларација се враќаат до тој царински орган без ставање на увид на

13

Page 14: Carinska postapka Izvoz

предметната стока. Понатаму царинскиот орган ја поништува предметната

извозна царинска декларација.

Специфичности при излез на акцизна стока

Акцизната стока на излез ја придружуваат листовите 4 и 5 од ЕЦД-то.

Царинскиот орган на излез (гранична царинска испостава) на листовите 4 и 5

од ЕЦД го потврдува излегувањето на стоката во рубриката З, каде што се

забележува датум на пристигнување на стоката, шифра на излезниот царински

орган со запишување на регистарскиот број од контролникот за излез, датум,

потпис и факсимил на царинскиот работник и печат, како и датум на

испраќање на потврдата на прием до извозниот царински орган. Листот број 4

го задржува царинскиот орган на излез а оверениот лист бр.5 од ЕЦД се враќа

на царинскиот орган на извоз, како потврда на прием.

Пример

Испраќачот Микро-Калиц с. Горна Бањица Гостивар Македонија, со даночен бр. 4007992106629 извезува дробен бел камен-калиц, 15 колети неспакувано или распакувано, со тарифна ознака 25171020, кој води потекло од Македонија. Земја на

14

Page 15: Carinska postapka Izvoz

поаѓање е Македонија, а земја на намена е Албанија. Примач на стоката е Даст Дурс Албанија, а декларант,односно застапник е Дени Шпед, Пначе Попоски, 4/3-7 Гостивар со даночен бр. 4007993107904 и Микро-Калиц ц.Горна Бањица (005-0090) со даночен број 4007992106629. Стоката се транспортира со едно транспортно средство со идентитет VE 772 BT/GV 235 BV. Појдовен/извозен царински орган е ЦИ Тетово, а излезен царински орган е ЦИ Ќафасан. Износот на бруто маса на стоката во килограми е 24100.00 , а нето маса е 24000.00 Валута и вкупен износ на фактура во евра изнесува 1020.00 а курсот на валутата е 61.502

За извоз на стоката потребни се документите: ЕЦД (бр 1,2 и 3), фактура и превозен документ во овој случај ЦМР.

15

Page 16: Carinska postapka Izvoz

16

Page 17: Carinska postapka Izvoz

17

Page 18: Carinska postapka Izvoz

18

Page 19: Carinska postapka Izvoz

19

Page 20: Carinska postapka Izvoz

20

Page 21: Carinska postapka Izvoz

21

Page 22: Carinska postapka Izvoz

22

Page 23: Carinska postapka Izvoz

23

Page 24: Carinska postapka Izvoz

24

Page 25: Carinska postapka Izvoz

Kористена литература

13. Применето царинско работење – Проф. Д-р Миладин Крстаноски, Асс М-р Данијела Смилевска – ФТУ Охрид

14. http://ceftatradeportal.com

15. http://www.customs.gov.mk/

16. http://www.slvesnik.com.mk

17. Материјали од шпедитерка фирма – Дени шпед - Гостивар

25