12
На 9 ноември, Европската комисија го усвои пакетот за проширување за 2010 година. Тој се состои од стратешки документ, мислења за апликациите за членство на Црна Гора и Албанија, и седум извештаи за напредокот, вклучително и за поранешна Југословенска Република Македонија. Стратешкиот документ го истакнува напредокот на Западен Балкан, Исланд и Турција кон европските интеграции во текот на изминатата година, и ги образложува главните предизвици со кои земјите ќе се соочат во претстојните месеци и години. Во Извештајот за напредокот на земјата, Комисијата ја потврди својата препорака од 2009 година дека треба да се отворат пристапните преговори со поранешна Југословенска Република Македонија. o 2/2010 ПРЕТСТАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ ЗА 2010 ГОДИНА Граѓаните на ЕУ претпочитаат построго економско управување Последното истражување по- кажува силна поддршка од јавноста за синхронизирани активности на сите земји- членки во справувањето со економските проблеми... Градење на патот кон правда за децата Со поддршка на Европска- та Унија и УНИЦЕФ, проектот Правда за децата, ќе помогне на владата во нејзините за- ложби да се воспостави пра- восуден систем по мерка на детето. продолжува на стр.5 продолжува на стр.3 продолжува на стр.10 септември-ноември ‘10 гласник на европската унија Делегација на Европската Унија, Скопје

гласник на ЕУ гласник на европската унијаeeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic_of... · гласник на ЕУ септември

  • Upload
    others

  • View
    30

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

септември - ноември 2010гласник на ЕУ

На 9 ноември, Европската комисија го усвои пакетот за проширување за 2010 година. Тој се состои од стратешки документ, мислења за апликациите за членство на Црна Гора и Албанија, и седум извештаи за напредокот, вклучително и за поранешна Југословенска Република Македонија. Стратешкиот документ го истакнува напредокот на Западен Балкан, Исланд и Турција кон европските интеграции во текот на изминатата година, и ги образложува главните предизвици со кои земјите ќе се соочат во претстојните месеци и години. Во Извештајот за напредокот на земјата, Комисијата ја потврди својата препорака од 2009 година дека треба да се отворат пристапните преговори со поранешна Југословенска Република Македонија.

o 2/2010

ПРЕТСТАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ ЗА 2010 ГОДИНА

Граѓаните на ЕУ претпочитаат построго економско управување

Последното истражување по-кажува силна поддршка од јавноста за синхронизирани активности на сите земји-членки во справувањето со економските проблеми...

Градење на патот кон правда за децата

Со поддршка на Европска-та Унија и УНИЦЕФ, проектот Правда за децата, ќе помогне на владата во нејзините за-ложби да се воспостави пра-восуден систем по мерка на детето.

продолжува на стр.5

продолжува на стр.3

продолжува на стр.10

септември-ноември ‘10

гласник наевропската унијаДелегација на Европската Унија, Скопје

гласник на ЕУсодржина

соджина

Страна 3•Претставен извештајот за напредокот за 2010 година

Страна 4•Конференција за одбележување на почетокот на пописот на

еуростат•7-ма средба на поткомитетот за правда, слобода и безбедност•Белгиско претседателство

ЕУ ПОДДРШКА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . страна 5 дo 8

•Градење на патот кон правда за децата•Поддршка за реновирање на десет полициски станици•Отворена новата TAM програма•Земјоделскиот сектор се подготвува за пристапувањето•Даноци во корист на граѓаните•Зајакнување на капацитетите за управување со отпад

ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . страна 9

•Кампањата на ЕУ за здрава исхрана стигна и до децата•ЕУ ја прогласи првата недела на -вештини

ЕУ СТРАТЕГИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . страна 10 дo 11

• Граѓаните на ЕУ претпочитаат посилно економско управување

ЕУ Инфо центар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . задна страна

септември - ноември 2010гласник на ЕУ

3

продолжува од првата страна

„Денеска, пакетот за проширување го дава прегледот на напредокот кој е постигнат од девет земји. Тоа се деветте земји кои не само што ги споделуваат нашите вредности, туку земји кои сакаат активно да ги промовираат придружувајќи се на Европската Унија. Треба да се гордееме со тој факт“ изјави Шетфан Филе, европски комесар за проширување и соседска по-литика во Брисел. „Во наш инте-рес е да им обезбедиме рамка на поддршка во нивните заложби за трансформација за да ги по-стигнат нашите политички и еко-номски стандарди. Всушност, проширувањето е најдобрата по-литика да ги проектираме наши-те вредности во регионот“ додаде Филе. Делегацијата на Европската Унија во Скопје им го претстави паке-тот за проширување на различ-ни чинители во земјата. Шефот на делегацијата и СПЕУ, амба-садорот Ерван Фуере му го пре-даде извештајот за напредокот и

стратегијата за проширување на премиерот Никола Груевски на 9 ноември. Истиот ден, амбасадо-рот му го претстави извештајот на претседателот на земјата, Ѓорѓе Иванов. На 10 ноември, Делегацијата на Ев-ропската Унија организираше прес конференција на која амбасадорот Фуере зборуваше за извештајот за напредокот и за главните преди-звици со кои се соочува земјата. Овој извештај претставува објект-ивна проценка на развојот во те-кот на дванаесет месечениот пери-од, од добивањето на последниот извештај. Напредокот се процену-ва во однос на донесените одлуки, усвоените закони, и спроведени-те мерки, рече Фуере. Тој го ци-тираше стратешкиот документ за проширувањето, и истакна дека во него акцентот е ставен на при-стапот и политиката на Комисијата за процесот на проширување во текот на претстојниот период. „Во документот се истакнува дека со стапувањето во сила на Лисабон-

скиот договор се потврдува дека ЕУ може да продолжи со агендата за проширување, и притоа се од-ржува динамиката на европските интеграции“ тој истакна. Извештајот за напредокот беше исто така претставен пред прате-ниците на заедничката седница на комисиите за европски прашања и надворешни работи, заедничката парламентарна комисија и Наци-оналниот совет за европски инте-грации, и за прв пат оваа година на претседателот на врховниот суд, судијата Јово Вангеловски. Претставниците од економската и социјалната заедница присуству-ваа на специјалното претставување на Извештајот за напредокот на 12 ноември во ЕУ Инфо центарот. По оваа сесија, амбасадорот Фуере ги образложи поглавјата кои се од посебен интерес за претставници-те на граѓанското општество. Две-те групи ја искористија можноста да ги искажат своите ставови и прашања во врска со наодите во Извештајот за напредокот.

гласник на ЕУ

4

На 8 јули, во ЕУ Инфо центарот, специјалниот претставник на ЕУ и шефот на делегацијата на ЕУ, Ерван Фуере и амбасадорот на Белгија во Софија, кој е исто така акредитиран во Скопје, Марк Ми-киелсен ги претставија приорите-тите на ЕУ за следните шест месеци и особено приоритетите за белги-ското претседателство, согласно на новите аранжмани според Лиса-бонскиот Договор. Шпанскиот амбасадор Хосе Ману-ел Паз Агуерас и унгарскиот амба-садор Ференц Кекес, чии земји се исто така дел од претседателското трио на ЕУ со Белгија, исто така присуствуваа на настанот.

Поткомитетот за правда, слобода и безбедност помеѓу ЕУ и земјата одржа средба по седми пат на 27 септември во Брисел. Тоа беше форум за размена на последни-те случувања и предизвици во тековните реформи во неколку

важни сектори како што се суд-ството, полицијата, борбата про-тив корпуцијата, основните права, визната политика, азилот и мигра-циите, соработката во кривичните прашања и борбата против органи-зираниот криминал и тероризмот,

и превенцијата од дрога. Со оваа средба се одбележа почетокот на новиот циклус средби на сите тела кои се воспоставени согласно на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Пописот на населението и домаќин-ствата се планира за април 2011 година. Европската Унија, преку ЕУРОСТАТ, ќе обезбеди проценка од страна на независен експерт-ски тим на високо ниво во текот на подготовките и спроведувањето на пописот. Заменик претседателот на владата Адеми, министерката за внатрешни работи Јанкуловска, директорот на ЕУРОСТАТ Евераерс, и директорот на Државниот завод за статистика го претставија кон-цептот за пописот кој треба да ги следи меѓународните стандарди.

БЕЛГИСКО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

7-ма СРЕДБА НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ПРАВДА, СЛОБОДА И БЕЗБЕДНОСТ

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ПОПИСОТ НА ЕУРОСТАТ

гласник на ЕУ

Со поддршка на Европската Унија и Фондот за деца на Обедине-тите Нации (УНИЦЕФ), проектот Правда за децата ќе помогне на владата во нејзините заложби за воспоставување на правосуден си-стем по мерка на децата – систем со кој се истакнува превенцијата и рехабилитацијата пред казну-вањето, во кој најдобрите интереси на детето имаат приоритет, се раз-гледуваат индивидуалните окол-ности на престапникот за да се обезбеди дека реакциите се пропор-ционални, се воведуваат специјални процедури со кои се штитат правата на детето, а притворот се применува како последно средство. Покрај постоењето на солидно за-конодавство, и судски систем кој ја истакнува ресторативната правда пред казнувањето, сепак спроведувањето на правосудниот систем за деца сè уште наидува на пречки. Предизвиците кои преоста-нуваат го вклучуваат фактот дека на професионалците честопати им недостасуват средства и ресурси за

целосно спроведување на законот за малолетничка правда, како и не-достиг на национална превентивна програма. Проектот е составен од три стол-ба: 1) подобрување на водечкиот стандард или правила во соглас-ност со меѓународните стандарди, 2) градење на капацитетите, и 3) превенција. Во текот на 24-месеч-ното траење, се очекува дека ќе се постигнат следниве резултати:• Зајакнат водечки стандард или правила усогласени со релевант-ните меѓународни и европски стан-дарди, и воспоставен систем за мониторинг за следење на нивната имплементација.• Воспоставен и функционален меха-низам за координација и упатување.• Професионалците (судии, обвини-тели, правници, социјални работ-ници, медијатори и вработените во поправните институции) располага-ат со знаење, вештини и компетент-ност за ефективно спроведување на законот за малолетничка правда. • Воспоставени модели за активно-

сти и услуги за превенција на мало-летничка деликвенција• Воспоставен и функционален си-стем за собирање на податоци и мо-ниторинг на спроведувањето на за-конот за малолетничка правдаГлавни партнери за имплементација на проектот се: Министерството за правда, Министерството за внатреш-ни работи, Министерството за труд и социјална политика, како и тесна соработка со Националниот совет за превенција на малолетничката правда, Агенцијата за извршување на санкции, Центарот за социјални работи Скопје, Академијата за обу-ка на судии и обвинители, Центарот за обука на полицијата, Заводот за социјална дејност, Здружението на адвокати, Комората за медијатори, национални експерти, 10 општини. Придонесувајќи кон пошироката реформа на казнениот правосуден систем, проектот за малолетничка правда е финансиран од страна на Европската Унија со 700,000 евра и кофинансиран со 100,000 евра и спроведуван од страна на УНИЦЕФ.

септември - ноември 2010

5

ЕУ Поддршка

ЕУ Поддрш

каГРАДЕЊЕ НА ПАТОТ КОН ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА

МИНИМАЛНИ ГАРАНЦИИ ЗА ДЕТЕ ВО КОНФЛИКТ СО ЗАКОНОТ

• Презумпција на невиност до законско докажување на вината• Навремено и директно информирање за обвиненијата против него/неа, и доколку е соодветно преку негови-те родители или законски старатели, и обезбедување на правна или друга соодветна помош во подготовката и претставувањето на одбраната• Прашањето да биде утврдено без одложување од страна на компетентен, независен и непристрасен орган или судско тело на правично сослушување согласно на законот, во присуство на правна или друга соодветна помош, и неговите родители или законски старатели, освен доколку се смета дека тоа не е во најдобар интерес на детето, и притоа особено да се земе во предвид неговата/нејзината ситуација• Да не се принудува да сведочи или да признае вина, да се испрашаат или да биле испрашани противничките сведоци и да се обезбеди учество и испрашување на сведоци во негово/нејзино име во услови на правичност• Да се обезбеди бесплатна помош од преведувач доколку детето не го разбира или зборува јазикот кој се упо-требува• Целосно да се почитува приватноста во сите фази од постапката(Конвенција на ОН за правата на детето, Член 40б – Избрани гараннции)

гласник на ЕУ

гласник на ЕУeu newsletter

6

ЕУ Поддрш

ка

ЕУ Поддршка

„Заедно со нашите партнери од Делегацијата на ЕУ ги одредивме полициските станици на кои им е потребна итна реконструкција, и започнавме со работа кон крајот на минатата година. Се надева-ме дека нашиот придонес кон подобрувањето на работните усло-ви, исто така ќе доведе до подо-брена ефикасност на полицијата, подобрување на услугите за граѓаните, и на практичната при-мена на регулативата од Рамков-ниот договор“ рече г-ѓа Гордана Јанкуловска, министер за внатреш-ни работи на отворањето на рено-вираната полициска станица во Те-тово на 22 јуни 2009

Со повеќе од 1,300,000 евра, Ев-ропската Унија го поддржува реновирањето на десет полици-ски станици во земјата. Целта е да се постигне степен на усогласе-ност со европските стандарди на

полето на работата на полицијата, како во однос на постапувањето со повиканите, уапсените и притворе-ни лица, така и за воспоставување на соодветни услови за врабо-тените во полициските стани-ци. Вработените во полициската станица Кисела Вода, кои добија модерна зграда, веќе работат во нормални работни услови. ЕУ рас-предели околу 500,000 евра од 2006 КАРДС програмата за цело-сна реконструкција на станицата. Од јуни 2010, работните услови се подобрени и за вработените во полициската станица Тетово, каде реконструкцијата чинеше околу 400,000 евра, од 2007 ИПА про-грамата. Модернизираните про-стории ќе помогнат да се подобри ефикасноста на полицијата од ста-ницата која опслужува 190 илјади граѓани од регионот на Тетово, каде речиси повеќе од 30 години немало практично никакви инве-

стиции во канализацијата, ниту пак подобрување на работните ус-лови. Но, проектот нема да завр-ши тука. Во тек е реновирањето на други осум полициски станици, во Скопје тоа се полициските станици Центар, Гази Баба, Карпош и Бит-пазар, како и станиците во При-леп, Гостивар, Гевгелија и Штип. Повеќе од 400,000 евра се обезбе-дени за реновирањето во рамките на 2007 ИПА програмата.

Очекуваните резултати се подо-бро, поефикасно и поефективно функционирање на полициски-те служби, помалку поплаки од граѓаните, невладините организа-ции и меѓународната заедница за објектите на полициските станици, повисоко ниво на меѓународните стандарди за капацитетите на полицијата од сите аспекти, зголе-мена мотивираност кај вработени-те во полицијата.

ПОДДРШКА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ДЕСЕТ ПОЛИЦИСКИ СТАНИЦИ

ОТВОРЕНА НОВАТА ТАМ ПРОГРАМАНа 27 октомври, во Стопан-ската комора беше одбележа-но започнувањето на импле-ментацијата на новата ТАМ програма. Главната цел на но-вата ТАМ програма, финансира-на од ЕУ е присонесот кон одр-жливиот развој и конкурентност во земјата преку поддршка на избрани претпријатија, од ди-

намичните сектори кои имаат потенцијал за развој, во заложби-те за реструктуирање, освежување и зајакнување на развојот. Новата ТАМ програма, која е финансира-на од Европската Унија и ја им-плементира Европската банка за реконструкција и развој, се состои од ТАМ проекти со 20 компании во период од 27 месеци.

гласник на ЕУ

гласник на ЕУ септември - ноември 2010

Како земја кандидат од 2005, по-ранешна Југословенска Република Македонија стекна право на прет-пристапна поддршка од ЕУ пре-ку Инструментот за претпристап-на помош (ИПА) во јули 2006. За земјоделскиот сектор, тоа создава можност за пристап до фондовите преку Инструментот за претпри-стапна помош за руралниот развој (ИПАРД), компонента 5 од ИПА. За да се пристапи до овие фондови, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како одговорна институција, мора да воспостави институционална и опе-ративна рамка и капацитети со-гласно на барањата на ЕУ. Покрај тоа, слични капацитети мора да се развијат за ефективно управување со опсежната финансиска помош, и поддшката која ќе биде достап-на за овој сектор преку заеднич-

ката земјоделска политика по пристапувањето.

На 12 октомври, СПЕУ и шеф на Делегацијата на ЕУ, Ерван Фуере и министерот за земјоделство, шумар-ство и водостопанство, г-дин Љупчо Димовски го објавија официјалното отпочнување на два проекти во земјоделството со кои се поддржу-ва усогласувањето на национална-та регулатива за земјоделскиот па-зар и аранжманите за поддршка со оние на Европската Унија.

Проектот „Усвојување и импле-ментација на европското за-конодавство наспрема заед-ничката земјоделска политика, конкретно организациската по-ставеност на заедничкиот па-зар“ има за цел да се усогласат националните аранжмани за под-

дршка на исплатите и стабилизација на пазарот согласно на начините кои се применуваат во Европската Унија. Овој проект започна во јуни 2010 и ќе се спроведува во текот на 15 месеци (јули 2010-септември 2011).Вкупниот буџет кој е рас-пределен од страна на Европската Унија изнесува 638,000 евра.

Целта на проектот „Дизајнирање на функционален интегриран административен и контролен систем (IACS) и институциона-лен капацитет“ е да се воспо-стават национални системи кои се усогласени со системите на ЕУ за регистрирање на фармите и про-верка на апликациите за финанси-ска поддршка. Проектот започна во септември 2010 и ќе трае 15 месеци (септември 2010-ноември 2011), со вкупен буџет од 538,000 евра.

7

ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО

ЕУ Поддрш

ка

ЕУ Поддршкагласник на ЕУ

гласник на ЕУ

На 20 октомври, ЕУ Инфо цента-рот беше домаќин на официјалното отворање на проектот финансиран од ЕУ: Поддршка за даночните реформи. Реформата на Управа-та за јавни приходи, како дел од структурните реформи, претста-вува клучен процес и предуслов за целосниот економски развој на земјата. Целта е да им се овозмо-жи на граѓаните да ги решаваат даночните проблеми поефикасно, да се подигне нивото на учество на граѓаните и другите чинители во управувањето со фискалните прашања, и да се зголеми транспа-рентноста и отчетноста. Покрај неодамнешните постигнува-

ња и особениот напредок, по-требно е понатамошно значително зајакнување на капацитетите на даночната администрација, како во однос на административните струк-тури, така и во однос на техничките ресурси. Подобрувањето на адми-нистративниот капацитет за да се зголеми наплатата на даноците и да се подобрат услугите за даночните обврзници претставува приоритет за Министерството за финансии. Главната цел на овој проект, фи-нансиран од ЕУ во вредност од 1.3 милиони евра, е да се подо-брат остварувањата на Управата за јавни приходи и на Министерството за финансии во областа на напла-тата на даноци, услугите за даноч-ните обврзници, зајакнување на институционалните капацитети за наплата на даноците и борба про-тив корупцијата преку натамошно усогласување на законската рамка со стандардите на ЕУ, релевантната регулатива, мерки и директиви. Проектот, во времетраење од 18 ме-сеци, се состои од две компоненти:

Компонента 1: Понатамошно усогласување на законодав-ството

Целта на оваа компонента е поната-мошно усогласување на даночното законодавство со посебен фокус на директното оданочување (Закон за персонален данок на доход и Закон за добивка). Новите нацрт закони за оданочување ќе бидат усогласе-ни со европското законодавство.

Компонента 2: Зајакнување на капацитетите на Управата за јавни приходи за администри-рање на даноците

Главната цел на оваа компонента е да се зајакне и подобри работењето на Управата за јавни приходи. Про-ектот се фокусира на следниве об-ласти: понатамошно зајакнување на спроведувањето на функцијата на внатрешната ревизија, развој на професионални стандарди за вработените, зајакнување на капа-цитетот за ефикасна борба против даночните измами, подобрување на методологијата за наплата и при-силна наплата на даночните долго-ви, зголемување на ефикасноста на внатрешната и надворешната комуникација, обезбедување на поддршка за регионалните канце-ларии на УЈП во Тетово и Штип.

8

ЕУ Поддрш

ка

ЕУ Поддршка

ДАНОЦИ ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИТЕ

Повеќе информации за проекти финансирани од ЕУ во земјата може да најдете на веб страната на Делегацијата на Европската Унија: www.delmkd.ec.europa.eu

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

На 6 октомври, проектот финанси-ран од ЕУ:„Зајакнување на ад-министративните капацитети на централно и локално ниво за спроведување на законот за управување со отпад“ беше официјално отворен од страна на СПЕУ и шеф на Делегацијата на ЕУ, Ерван Фуере, министерот за живот-на средина и просторно планирање, г-дин Неџати Јакупи, и тим лидерот на проектот, г-дин Френк Швајцер. Проектот има за цел да придо-несе кон одржливиот развој на земјата преку зајакнување на ад-министративниот капацитет на на-ционално, регионално и локално

ниво за спроведување на законот за животна средина од областа на управувањето со отпад. Главни корисници на проектот со буџет во вредност од околу 1.3 ми-лиони евра и времетраење од 20 ме-сеци се: Министерството за животна средина и просторно планирање, 17 општини во северо-источниот и ис-точниот регион, вклучително и нив-ните регионални тела кои работат на управување со отпад. Со пректот е предвидено да се спроведат следните главни актив-ности:I. Развој на спроведливо законодав-ство во областа на управувањето со

отпад усогласено со европското за-конодавство за животна средина;II. Зајакнување на административ-ните капацитети на корисниците за спроведување на законодавството за управување со отпад;III. Зајакнување на административ-ниот капацитет на корисниците за имплементација на законодавство-то за управување со отпад;V. Подобрување на координацијата помеѓу одговорните институции во секторот за управување со отпад;V. Вклученост на чинителите во спроведувањето на проектот и информирање на јавноста за резул-татите од проектот.

гласник на ЕУ

септември - ноември 2010гласник на ЕУ

9

КАМПАЊАТА НА ЕУ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА СТИГНА И ДО ДЕЦАТА

ЕУ ЈА ПРОГЛАСИ ПРВАТА НЕДЕЛА НА Е-ВЕШТИНИ

Со трите турнеи за презентации кои беа посветени на придобивките од здравата исхрана, и кои оваа есен беа направени во седум земји на ЕУ, а со кои се истакнуваа добрите карактеристики на овошјето, зелен-чукот и млечните производи, беа опфатени вкупно 17 000 луѓе. Она што е позначајно е дека просечната возраст на поголемиот дел од слуша-телите беше помеѓу 8 и 12 години. Проблемот со децата кои имаат пре-кумерна тежина е сè поизразен во

Европа.Се проценува дека во ЕУ има 22 милиони деца кои имаат преку-мерна тежина. Од овој број на деца, 5 милиони се згоени, а нивниот број секоја година се зголемува за 400 000. „Кога ќе погледнеме наоколу и гле-даме голем број на деца со преку-мерна тежина, јасно е дека мораме да дејствуваме“ рече комесарот за земјоделство, Мариан Фишер Боел на почетокот на турнејата презентации. Во текот на осум седмици, турнејата

„Вкусен грозд“ беше спроведена во Белгија, Франција, Обединетото Кралство, Ирска, Естонија, Литванија и Полска, а посетени беа вкупно 173 училишта. Преку игри и квизови, презентациите претставуваа дел од кампањата на ЕУ за промовирање на навики за здрава исхрана кај млади-те луѓе. Оваа кампања претставува дополнение на проектот на ЕУ кој се спроведува во училиштата за исхра-на со овоштија и млеко, кој исто така е наменет за децата. Тука спаѓа и веб страната за здрава исхрана, на кој децата се натпреваруваат во лов по богатство за кое добиваат награди. На оваа веб страна, исто така се ну-дат и наставни материјал и совети за родителите, како на пример што да се прави со децата кои не сакаат да вкусат нови прехрамбени производи. Совет: обидете се да ги вклучите де-цата во планирањето и подготовката на оброците.

Дигиталната технологија е од суш-тинско значење за Европа да остане конкурентна. А за вас, добрите веш-тини во оваа област може да обезбе-дат постимулирачко работно место, во средина која брзо се менува. Интернетот и сродните технологии направија револуција во начинот на кој живееме. Но, неодамнешни-те истражувања покажуваат дека во 2005 година повеќе од од една тре-тина од Европјаните не биле обучени за работа со компјутер. Иако значителен дел од нив биле по-стари луѓе, повеќе од 10% од лица-та на возраст од 16-24 се изјасниле дека се потполно неписмени во оваа област. Да не се напоменува и тоа

дека се’ помалку млади луѓе се од-лучуваат да студираат во областа на ИТ, што води кон недостиг на квали-фикуван кадар во овој сектор. Информатичката технологија сега претставува дел од секоја економ-ска дејност. Со неа се зголемува-ат остварувањата на компанијата, и претставува извор на добивка од иновативноста и продуктивноста. На ЕУ и’ се потребни квалификувани лица во оваа област, доколку сака да се задржи на светските пазари и да привлече внатрешни инвестиции. Од таа причина, во 2007, Европ-ската комисија усвои една долго-рочна програма за поттикнување на компјутерските вештини. Тука беше

вклучена кампањата за подигнување на свеста кај студентите, млади-те професионалци, и малите фир-ми за многуте можности кои ги нуди технологијата. Кампањата ќе кул-минира со европската недела на е-вештини (1-5 март). Во текот на оваа седмица, специјалните наста-ни ширум Европа се очекува дека ќе привлечат околу 300 000 луѓе. Комисијата, исто така ќе ја искористи оваа прилика да ги прикаже резулта-тите од програмата за е-вештини. Но-вите технологии ќе бидат во сржта на новата економска стратегија на ЕУ за Европа – „Европа 2020“ – со која ќе се поттикне одржлив развој врз осно-ва на знаења и иновативност.

Вести од Брисел

Вести од Брисел

http://ec.europa.eu/news/science/100226_en.htm

(http://ec.europa.eu/news/agriculture/091208_en.htm

гласник на ЕУ

Главните области на загриже-ност за Европјаните во врска со кризата остануваат да бидат не-вработеноста (48%), моментал-ната економска состојба (40%) и зголемувањето на цените (20%). Кризата, исто така влијаеше на перцепцијата на граѓаните за ЕУ: бројот на Европјани кои Унијата ја поврзуваат со еврото се зголе-ми од 37% есента 2009 на 40%, за сметка на оние кои ја поврзуваат Унијата со слободата на патување, студирање и работа насекаде во Европа (се намали од 46% на 45%), и на граѓаните кои ја повр-зуваат со мирот (од 28% на 24%).

Со резултатите се истакнуваат зго-лемените очекувања на граѓаните од ЕУ: се’ поголем број (26% од 22%) веруваат дека ниту САД ниту Г20, туку ЕУ е најдобро позицио-нирана да преземе ефективни ак-тивности против кризата.

На прашањето за придобивки-те од членството во ЕУ, 49% од Европјаните во месец мај ка-жаа дека членството на нивна-та земја во ЕУ е „добра работа“

(есента 2009, процентот беше 53%). Се чини дека перцепцијата на граѓаните е под влијание на околностите во периодот кога се спроведуваше истражувањето: пакетот мерки за стабилизација се’ уште не беше целосно опе-ративен (тоа се случи во јуни), а Грција беше засегната од сериоз-ни буџетски проблеми во текот на првите месеци од годината, и по-стоеше ризик тоа да се прошири и во другите земји членки. Покрај тоа, поддршката на јавноста за ЕУ е сепак повисока отколку во 2001, кога поддршката ја даваа 48%.

Исто така, истражувањето пока-жа дека во мај 2010 довербата во ЕУ институциите остана на ви-соко ниво во споредба со довер-бата во националните влади или националните парламенти (42% наспроти 29% и 31%, соодветно), иако довербата во ЕУ опадна кога кулминираше кризата (на 42% од 48% во есента 2009). Довер-бата најмногу беше искажана во Естонија (68%), Словачка (65%), Бугарија и Данска (61%), додека

пак најмала беше довербата во Обединетото Кралство (20%).

10

ЕУ Стратегија

ЕУ Стратегија ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ ПРЕТПОЧИТААТ ПОСИЛНО ЕКОНОМСКО УПРАВУВАЊЕ

Во согласност со трен-дот во земјите членки на ЕУ, Еуробарометарот Пролет 2010 покажа на-малување на јавната поддршка во поранешна Југословенска Републи-ка Македонија во однос на членството во ЕУ (од 66% во есен 2009 на 60% во мај 2010). Околу 11% веруваа дека член-ството би било “лоша ра-бота”, додека 27% мис-леа дека би било “ниту добра ниту лоша”. Дури 73% од граѓаните сме-таат дека земјата ќе има полза од членството во ЕУ (3% помалку во спо-редба со претходниот Еуробарометар)

На 9 мај, министрите за финансии и економија во ЕУ усвоија пакет мерки за задржување на финансиската стабилност во Европа, во износ од 500 милијарди евра. Во мерките беше вклу-чен и пакетот за поддршка на Грција. Околу 110 милијарди евра беа ставени на располагање за да се помогне на Грција да ги задоволи своите финансиски потреби, и притоа две земји членки од евро зоната беа подготвени да придонесат со 80 милијарди, од кои 30 милијарди евра во текот на првата година. Идејата е да се обезбеди целосно финансирање на финан-сиските потреби за 2010 и 2011, и да се овозможи прогресивно враќање на пазарот од 2012 година натаму. Министрите силно ја поддржаа обврзаноста на Португалија и Шпанија да пре-земат значителни дополнителни мерки за консолидирање во 2010 и 2011. Оли Рен, комесарот за економски и монетарни прашања, рече дека пакетот на мерки „не се однесува само на Грција, туку на финансиската стабилност на ЕУ во целина и на евро зоната во целина“.

Последното истражување покажа дека јавноста дава силна поддршка за синхро-низирано постапување на сите земји-членки во справувањето со економските проблеми, но исто така и понегативна перцепција за придобивките од членството како резултат на кризата

Еуробарометар Пролет 2010

Некои анализи покажуваат дека влијанието на економската криза врз пазарот на работна сила веќе го има достигнато врвот, а нештата ќе закрепнуваат чекор по чекор. Останатите пак велат дека најлошото претстои. Кој од овие два искази е поблиску до вашето мислење?

EУ27 надворешна пита МК внатрешна пита

Влијанието на кризата веќе го достигна врвот Најлошото претстои

Не знам

EУ27 МК

Развој пролетта 2010/есен 2009

Главни загрижености со кои се соочуваат земјитеКои сметате дека се двете најважни прашања со кои се соочува (НАШАТА ЗЕМЈА) во моментов?

Главни лични загриженостиЛично за вас, кои се двете најзначајни работи со кои се соочувате во моментов?

Невработеност

Економска состојба

Зголемување на цените/инфлација

Криминал

Здравствена заштита

Пензии

Оданочување

Имиграции

Образовен систем

Домување

Тероризам

Животна средина

Енергетика

Одбрана/надворешни работи

Зголемување на цените/инфлација

Економска состојба

Невработеност

Здравствена заштита

Пензии

Оданочување

Образовен систем

Криминал

Домување

Енергетика

Животна средина

Имиграции

Одбрана/надворешни работи

ТероризамEУ27МК

EУ27МК

Сите табели може да се најат на: http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/eb/eb73/eb73_fact_mk_en.pdf

пролет 2010 споредено со есен 2009 пролет 2010 споредено со

есен 2009

гласник на ЕУ

ЕУ Инф

о центар

ЕУ Инфо центар

По повод Денот без автомобили (22 септември), околу 400 велосипедисти од Скопје учествуваа во

велосипедската парада, активност која беше ор-ганизирана како дел од Европската недела на мо-билноста. Амбасадорот Ерван Фуере, министерот за животна средина и физичко планирање Јакупи, и секретарот на градот Скопје Гордана Ивановиќ ги поздравија учесниците на целта пред ЕУ Инфо центарот. Пет учесници беа среќни добитници на велосипеди, кои се донација на Министерството за животна средина и физичко планирање.

Ова беше прекрасен ден за Скопје и граѓаните бидејќи градот им се придружи на околу 2000 граѓани ширум светот во одбележувањето на овој ден, истакна амбасадорот Ерван Фуере. Тој се за-благодари на министерството за животна средина и физичко планирање и на градот Скопје, кои ја организираа оваа велосипедска парада во пар-тнерство со ЕУ Инфо центарот.

Европска недела на мобилност – патувајте помудро, живејте подобро

Тијана Додев од Скопје ја освои наградата за најдобар цртеж на тема родова еднаквост организирана од Европската комисија

„Не можев да поверувам кога мајка ми ми кажа дека ја освоив првата награда. Бев мно-гу среќна”, видно возбудена рече Тијана Додева на отворањето на церемонијата на изложбата на најдобрите 14 цртежи на Меѓународниот конкурс на тема родова еднаквост во ЕУ Инфо

центарот. 10 годишната ученичка од ОУ „Јан Амос

Коменски” од Скопје ја освои наградата за најдобар цртеж во категоријата на со-седни земји на ЕУ.

Конкурсот беше објавен од страна на Комисијата на Меѓународниот ден на жената, 8 март 2010.Специјалниот претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на ЕУ, Амбасадор Ерван Фуере и че-ститаше на Тијана за нејзиниот успех при што ѝ го врачи сертификатот велејќи колку таа ги на-правила горди нејзините родители, наставници, соучениците и целата земја.

14 наградени цртежи ќе бидат изложени во ЕУ Инфо центар три седмици. Од 9 ноември, награ-дените цртежи ќе бидат изложени во Musee des Enfants во Брисел.

гласник на ЕУ

За информации за претстојните настани во ЕУ Инфо центарот Посетете ја нашата веб страница www.euic.mk

Информативен центар на Европската УнијаМ.Х.Јасмин 52в 1000 СкопјеТел/Факс ++389 (0)2 329 63 63Работно време: понеделник-петок 09-18ч; сабота 10-13ч

го посетија

Во текот на

посетители2200летото и есента ‘10

ЕУ Инфо центарот

повеќе од