32
година II број 10 2012 година Општина Центар www.centar.gov.mk Детско едукативно списание Бесплатен примерок НАШ СОВЕТ- СТРАВ ОД ИСПРАШУВАЊЕ ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА- МАРКОВ МАНАСТИР СИЛАТА НА ЗБОРОТ ГЕОГРАФИЈА- КУБЕР ПЕДИ БИОЛОГИЈА- ДЕЛФИН УМЕТНОСТ- ТЕРЕМИН СПОРТ- АИКИДО [email protected]

Списание Центар 11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

osnovni ucilista, spisnaie centar 11

Citation preview

Page 1: Списание Центар 11

година II број 10 2012 година

Општина Центар

www.centar.gov.mk

Детско едукативно списание

Бесплатен примерок

НАШ СОВЕТ-СТРАВ ОДИСПРАШУВАЊЕ

ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА-МАРКОВ МАНАСТИР

СИЛАТА НА ЗБОРОТ

ГЕОГРАФИЈА-КУБЕР ПЕДИ БИОЛОГИЈА-ДЕЛФИН

УМЕТНОСТ-ТЕРЕМИН

СПОРТ-АИКИДО [email protected]

Page 2: Списание Центар 11

СОДРЖИНА

Издавач: ОУ „11 Октомври“ Скопјеул.„Мирче Ацев“ бр.102 Издавачки совет:Глaвен и одговорен уредник: Ристо БојчевТехнички уредник: Ирина ИвановаУредник: м-р Билјана Лалчевска СерафимовскаУредник: Звонимир АтанасовЛектор: Ристо БојчевСоработници од општина Центар: Мирјана Симјановска- Раководител на Одделение за образование, спорт и култура, Лидија Неделковска - раководител на Одделение за односи со јавност, Вера Новакова - Одделение за односи со јавност, Тинка Маневска-Одделение за информатичко технички работиСоработници: Катица Ставрова (ОУ „11 Октомври“), Виолета Крстевска Васиќ (ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“), Аида Петровска (ОУ „Димитар Миладинов“), Драган Станојковски (ОУ„Св. Кирил и Методиј), Филип Стојковиќ (ОУ„Коле Неделковски“), Соња Илиевска-Гоџирова (ОУ„Гоце Делчев“) e mail: [email protected]Ова списание е финансиски поддржано од општина Центар.Тираж: 2100 Министерството за образование и наука на Република Македонија со известување број 11-4508/4, дава одобрение за дистрибуција на списанието „Центар 11“ во основните училишта.

МАРКОВ МАНАСТИР4-5

СИЛАТА НА ЗБОРОТ

6-7

ТЕРЕМИН10-11

ДЕЛФИН9

КУБЕР ПЕДИ8

НАЈДОБРОТО ОД НАС

12-21

ЗАНИМЛИВОСТИ29

ФАКТИ ОД КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА

27

ОД ОПШТИНАТА

22-23

АИКИДО24-25

ДА СЕ НАСМЕЕМЕ28ЗАБАВА

30

ТОП

ЛИСТА & ХОРОСКОП

31

КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ОД

ИСПРАШУВАЊЕ3

THE HISTORY OF CHOCOLATE26

Page 3: Списание Центар 11

3

Наш совет

Концентрирај се!Насочи се на поставеното прашање. Доколку не ти е јасно, побарај од наставникот да го повтори прашањето. Не размислувај за идното сè уште не поставено прашање.

Добро испланирај!За време на учењето тргни се што ти одвлекува внимание. Планирај го и времето за одмор и физичка активност. Не седи до доцна во ноќта, во училиште дојди свеж и наспан.

Внимавај на час!

Внимавај додека наставникот ги

испрашува другите ученици. Можеш

и да ги запишуваш прашањата. Така,

ќе можеш да повторуваш користејќи

ги тие прашања и ќе се чувствуваш

поподготвено за усменото одговарање.

Мисли позитивно!Во текот на учењето не се оптоварувај

со негативни мисли. Охрабрувај се

себе си како што би го охрабрувал/а

најдобриот пријател.

Дали пред испрашување се чувствуваш збунето, напнато, срцето забрзано ти чука, рацете ти се тресат и низ глава ти поминува мислата дека ништо нема да знаеш, дека ќе добиеш единица?

НАШ СОВЕТ - КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ОД ИСПРАШУВАЊЕ

Подготви се!Некои ученици имаат трема од едноставна причина што не се доволно подготвени. Не учи во последен час. Учи на време и активно.

И испрашувањето може да е забавно!

Можеш да се договориш заедно со друг ученик меѓусебно да се испрашувате. Така и испрашувањето може да стане забавно.

Многу ученици чувствуваат страв од испрашување. Доколку стравот е голем, тој може да претставува голем проблем и да ги намали постигнувањата на учениците. Еве неколку совети како да се намине стравот од испрашување.

Page 4: Списание Центар 11

МАРКОВ

4

МАНАСТИР

Истражи ја Македонија

На околу дваесетина километри јужно од Скопје, во близина на селото Маркова Сушица, сместен во живописната долина на Маркова Река, со векови опстојува „Марковиот Манастир“. Изграден е во 14-тиот век во времето на владеењето на Kрале Марко. Во самиот манастир кој е активен и во денешно време се наоѓа и црквата посветена на свети маченик Димитриј Мироточив. Манастирскиот комплекс, покрај црквата обновена во XIV век и отворениот трем од XIX век, го чинат обновениот стар конак, новите конаци, параклис на свети апостол Марко, две манастирски трпезарии, камбанаријата, бунарот со студена вода, фурна, музеј, галерија за икони, како и старата воденица која денес служи како споменик на старите времиња. Благодарение на својот богат духовен живот, и денес функционира како духовен храм, во кој живее женско монашко сестринство.

Легенда за Марковиот манастир

Еден летен ден, Авзи-паша кој во тоа време управувал со Скопје, прошетал до Марковиот манастир. Кога видел дека тремот и целата црква е покриена со олово, наредил да се урне и да се извади оловото ( за да ги употреби за добрата на Отоманската империја) и тоа да се замени со ќерамиди. Не сакал ниту да слушне за молбите покривот и тремот да не се уриваат и црквата да остане таква каква што е. Но, враќајќи се кон градот, Авзи-паша прилегнал во убавата природа за да се одмори. Тогаш, сонил страшен сон во кој му се појавил еден воин. Возбуден, пашата се разбудил барајќи го воинот околу себе. Кога го видел воинот што го сонил над влезната врата на црквата - тоа бил свети Димитрија со копјето, пашата се одоброволил и наредил да не се урива ниту еден дел од црквата, туку да се поправи тремот и некои други делови, онака како што посакувал народот.

Page 5: Списание Центар 11

5

МАНАСТИРЦрквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а целосно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година).

За време на турското владеење манастирот и фрескоживописот претрпеле оштетувања. Турците ги запленувале и палеле записите што ги воделе монасите и затоа нема многу изворни податоци за манастирот. Игумените сепак се снаоѓале и оставале податоци со пишување на столбовите. На еден од нив е запишано дека тука од 1802 до 1818 година бил игуменот Кирил Пејчиновиќ - големиот македонскиот преродбеник и книжевник. Тој во почетокот на 19 век овде во Марковиот манастир основал училиште за млади, а ја напишал и својата позната книга „Огледало“.

Најзначајна фреска, по која е познат Марковиот манастир е „Плачот на Рахила“ - го симболизира плачот на витлеемските мајки за убиените машки деца до две годишна возраст од царот Ирод кој сакајќи да го погуби Христос убива 14000 дечиња.

Бронзен медалјон од лустерот дониран од страна на кралот Волкашин на црквата „Свети Димитрија“ во Марковиот Манастир со натпис „Во името на Христос Бог, благоверниот крал Волкашин“. Медалјонот се чува во Националниот историски музеј во Софија.

Крале Марко

Во добрите времиња манастирот бил економски многу богат со имот и стока. Тоа овозможило да се здобие со големо културно - историско богатство: стари икони, стари ракописи и книги, многу црковни предмети и реликвии. Марковиот манастир бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри во минатото. Овде се одвивал интензивен монашки живот, препишувачка и просветна дејност. За жал, бурните историски превирања и разни други околности од кои манастирот не бил поштеден ниту од уривање и пожари, придонеле голем дел од скапоценостите да бидат украдени или уништени. Од се што било однесено, денес само еден мал дел се наоѓа во музејот на манастирот, а останатите работи денес се наоѓаат во библиотеките и музеите во Белград, Софија, Виена и Москва.

Page 6: Списание Центар 11

Силата на зборот

6

Првите библиотеки се појавуваат во најстарите цивилизации на Блискиот Исток (Месопотамија, Египет, Мала Азија). При ископување на стариот град Ура, во Месопотамија, научниците откриле глинен печат со цилиндричен облик со натписи за кој се смета дека припаѓал на една од првите библиотеки. Меѓу најпознатите досега откриени библиотеки се споменува библиoтеката на aсирскиот владетел Асурбанипал (668-626), која е пронајдена во урнатините на асирската престолнина Нинива, седум метри под земја. Во ископините на оваа библиотека се пронајдени 22.000 глинени плочи со најразлична содржина. Денес се чува во Британскиот музеј. Меѓу првите јавни библиотеки најпозната е библиотеката во Александрија за која се претпоставува дека ја основал Птоломеј II во III век пред нашата ера. Се претпоставува дека Александриската библиотека имала од 500.000 до 700.000 свитоци и содржела дела од грчката книжевност и философија, преведени книги од египетската, персиската книжевност. Библиотеката доживеала трагична судбина. Неколку пати била уништувана, од страна на војската на Цезар во 47 година пред нашата ера, од христијаните на чело со александрискиот патријарх Теофил во 387 година и од муслиманите во 642 година. Кога станува збор за средновековните библиотеки, најпозната христијанска библиотека била во Цезареја, денешна Палестина. Нејзините ракописни збирки послужиле за изработка на црквената историја. Во XIII век, Роберт де Сорбон во Франција основа колеџ чија библиотека во 1338 година имала 1700 книги. Во Англија постепено се развиваат универзитетски библиотеки во Оксфорд и Кембриџ. Со основањето на Универзитетите во Прага (1348 година) и во Хајделберг, Германија (1386 година) се развиваат и библиотеки на наведените универзитети.

Поимот Библиотека доаѓа од грчкиот збор bibliotheke што значи збирка книги. И покрај тоа што денес може да се сретнат повеќе дефиниции за поимот библиотека, заедничко за сите нив е дека библиотеката е институција што собира, стручно обработува, чува и дава на користење библиотечен материјал.

Појавата и развојот на библиотекарската традиција на почвата на Македонија се тесно поврзани со делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Најистакнатиот продолжувач на нивното дело Свети Климент Охридски ја формирал првата манастирска библиотека во Охрид, во манастирот Свети Пантелејмон. со што станал основоположник на библиотекарското дело во Македонија.

БИБЛИОТЕКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

НАЈСТАРИТЕ БИБЛИОТЕКИ

БИБЛИОТЕКА

Page 7: Списание Центар 11

7

ИНТЕРВЈУ СО РУЖА СТОЈКОВИЌ

наставник по Етика на рЕлигии во оУ „11 октомври“- ЦЕнтар

Детска редакција: Матеа Матов, Матеа Велкоска, Дина Таировиќ, Стефанија Трпевска, Aна Aтанасова од 7 одделение

Центар11: По што е значаен во историјата?- Свети Климент ја создал кирилицата, која ја правел врз основа на грчката азбука, но со модифицирани букви за приспособување кон словенските гласовни карактеристики.

Центар11: Кое е најголемото дело по кое тој е познат? - Свети Климент е автор на многу поучни и пофални слова. Во неговото творештво преовладуваат поучителните творештва кои се однесуваат на христијанските Светители. Едно од позначајните дела на Свети Климент е „Пофалното слово на Свети Кирил“

Центар11: Зошто Свети Климент го изградил Плаошник во Охрид?- Во Охрид на Плаошник , Свети Климент подигнал манастир посветен на Свети Пантелејмон и таму го основал првиот Европски универзитет. Од овој универзитет излегле подготвени 3.500 ученици. Тие ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ.Се препишувале и преведувале богослужбени книги, но и се создавале оригинални дела кои претставуваат класични творби на старата црковнословенска литература. На Охридскиот Универзитет, освен книжевноста, се изучувале и други науки.

Центар11: 6. Каде во нашиот град има споменик на Свети Климент?- Во чест на Свети Климент Охридски, во Р. Македонија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име: Соборниот Aрхиепископски храм во Скопје, а во негова близина се наоѓа и споменикот на Св.Климент кој од неодамна е поставен, потоа црквата на Плаошник, Универзитетот во Битола, Народната и универзитетска библиотека, Православниот богословски факултет и др.

Центар11: Зошто го празнуваме 8 -ми декември ?- На овој ден го празнуваме споменот и делото на Свети Климент Охридски - родоначалник на македонската книжевност.

Центар11: Кој бил Свети Климент Охридски ?- Свети Климент е просветител, поет, писател, беседник, хуманист и прв словенски епископ, еден од најталентираните, како и најревносен ученик на Светите браќа Кирил и Методиј.

НАЈСТАРИТЕ БИБЛИОТЕКИ

Page 8: Списание Центар 11

8

Географија

КУБЕР ПЕДИ - ГРАДОТ ПОД ЗЕМЈА На југот на Австралија, скоро деветстотини километри оддалечен од Аделаида, се наоѓа градот Кубер Педи, град со околу 2000 жители. Овој град е познат како светска престолнина на опалот, бидејќи од тука потекнува скоро 70% од вкупната годишна количина на опал. Абориџините имаат многу легенди и митови поврзани со опалот и веруваат дека тој има духовна моќ. За нив, опалот претставува нешто што предците го оставиле како знак на своето присуство. Воедно овој град претставува и светска туристичка атракција, бидејќи скоро сите негови жители живеат под земја. Во подземниот сплет на пештери и премини изградени се станови, продавници, училиште, црква. Жителите на овој град се дојденци од целиот свет - има околу четириесет и пет различни националности. Иако местото се споменува дури од 1858 година, кога во овој дел од Австралија била на истражувачкиот поход Шкотот Џон Мекдуал Стујард, Кубер Педи е основан дури во 1915 година, за веднаш после тоа да почне и експлоатацијата на резервите опал. Во текот на целата година тука владеат неподносливо високи температури кои достигнуваат и над педесет целзиусови степени. Зимите се ладни и остри. Името, градот го добил според називот на домородците „kupa piti“ што значи „подземна дупка на белиот човек“. Кубер Педи е познат и во филмската индустрија. Користен е за снимање на сцени во филмските остварувања: третиот дел од „Побеснетиот Макс“ (1985), „До крајот на светот“(1991), „Присила, кралицата на пустината“ (1994) и многу други.

Page 9: Списание Центар 11

9

Тие меѓу себе комуницираат со движења или со бучава која личи на свирче и која претставува „потпис“ на секој делфин. Се претпоставува дека уште од раѓањето мајката делфин му помага на своето дете да создаде свој „ потпис“ кој таа многу подоцна може да го препознае и дека секој делфин има свој „потпис“.

Делфинoт најмногу се храни со риби и лигњи. Лови така што со опашката ќе ја удри рибата за да ја зашемети и потоа ја јаде. Тие ги придружуваат и големите рибарски бродови, па се хранат и со остатоците од риба и ракчиња. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Тие често скокаат над водата и изведуваат акробации кои се вистински спектакл за оние кои ги сакаат и почитуваат.

Главни закани за овие животни се: поголемото загадување, уништувањето на нивните природни живеалишта како и фаќањето за аквариуми. Во последно време делфините се ловат за нивното месо, кожа и масло, а најголем уништувач на делфините е Јапонија.

Детска редакција: Марија Деолска 7 одд.

Географија Биологија

Д Е Л Ф И Н

Делфинот е морски цицач кој живее во речиси сите светски мориња. Постојат околу 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони, а може да имаат до 250 заби кои им се така распоредени да функционираат како антена која го собира звукот.

Некои делфини имаат искривена уста која потсетува на насмевка, но тоа не е израз на среќа, бидејки истажувањата покажале дека изразот на лицето не им се менува дури ни кога чувствуваат болка.Чудно или неверојатно, но кога делфинот спие едната половина на мозокот му е активна што му овозможува да се одржува на површината на водата и да расте, а едното око му е отворено и така ги следи можните закани од други риби. Делфинот има мазно тело, тој управува со предните перки додека опашката му служи за да го забави движењето.

Бременоста на еден делфин трае 12 месеци, а бебето делфин останува со својата мајка 3-6 години. Како и секое бебе првата храна му е млекото. Така кога е гладно се приближува да мајката која ќе му даде млеко од својата уста директно во носот.

Делфините се многу друштвени животни кои живеат во стада и кои може да достигнат и до 100 примероци, и ако некој делфин е на умирање делфините од други јата ќе дојдат и со своето тело ќе го придржуваат над нивото на водата.

Page 10: Списание Центар 11

10

Уметност

Т Е Р Е М И НТеремин претставува еден од првите електронски музички инструменти. Има карактеристична боја на тонот, но единствен е по тоа што се свири без никаков физички контакт. Сигурно ќе се запрашате како тогаш може да се свири на овој инструмент? Со движење на рацете во воздух. Имено, тереминот претставува кутија во која се наоѓа електрично коло и

на која странично се наоѓаат две антени (едната поставена хоризонтално, а другата вертикално). Движејќи ги рацете во близина на двете антени, тереминот произведува звук, вертикалната антена ја одредува висината (фреквенцијата), а хоризонталната антена- јачината (амплитудата) на тонот.

Првиот модел на овој инструмент бил изграден во Русија во 1917 година. Конструкторот Лев Сергеевич Теремин, за првпат демонстрирал на овој инструмент пред студентите на Физичко - техничкиот факултет на 20 август 1920 година кој го нарекувале „етерофон“, но подоцна станал познат по презимето на неговиот конструктор „теремин“. Лев Сергеевич Таремин бил роден во Сент Петерсбург во 1896 година и се смета за еден од најзначајните пионери во развој на електронскта музика.Инструментот предизвикал голем интерес, а за него интерес покажал и познатиот Владимир Илич Ленин, кој посетувал часови за свирење на инструментот. По негово барање биле направени 600 инструменти и распоредени низ цела Русија.

Виолинистката Клара Рокмор била

првиот виртуоз на теремин. Таа од

Русија во САД се доселила во 1927

година.

Page 11: Списание Центар 11

Овој инструмент станал многу познат и во Америка, пред се за домашна употреба, но се користел и во снимање на музиката во холивудските филмски студија. Често е користен за разни ефекти во играните и цртани филмови. Соло изведено на теремин е дел од популарната песна од 1969 година „Whole Lotta Love” во изведба на групата Лед Цепелин. Тереминот е инструмент кој на своите концерти често го користи и францускиот композитор и музичар Жан Мишел Жар.

Од животот на Теремин

Нз 30 декември 1927 година, Теремин заминува за САД каде во 1928 година свири заедно со Њујоршката филхармонија. Истата година го патентира својот изум во САД. Во својата лабораторија во Њу Јорк, тој работи на подобрување на својот инструмент и експериментира и со други електронски музички инструменти. Во 1930 година, десет музичари свират на теремин на сцената на Корнеги Хол.

Во 1938 година, Теремин се враќа во Советскиот Сојуз. Причините за неговото враќање се неразјаснети. Некои луѓе веруваат дека Теремин едноставно бил носталгичен по својата татковина, додека други веруваат дека е киднапиран од апартманот во кој живеел со својата жена афро-американката Ивана Вилијамс од страна на КГБ. Под обвинение дека работи против својата татковина Теремин е затворен и му е одземено правото да истражува на полето на електронската музика. Сепак Л. С. Теремин продолжува со своите истражувања. Советскиот Сојуз го рехабилитита во 1956 година.

Пред смртта во 1993 година Л.С.Теремин ја посетил Америка и го демонстрирал својот „тереминвокс“, инструмент кој што и денес е во употреба. Направил и варијации на оригиналниот инструмент (Rhythmican, The Terpistone, The keyboard theremin, The Theremincello…). Умира во Русија на 97 годишна возраст.

11

Page 12: Списание Центар 11

Најдоброто од насОУ„11 Октомври“

12

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп – 3 декември, учениците од ОУ „11 Октомври” организираа хуманитарна акција. Во рамки на оваа акција беа изработени украсни пакетчиња, кои учениците несебично ги подарија на хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден”.

НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ

„Ноќта на вештерките“ е народен празник кој се слави секоја година на 31 октомври. Овој празник влече корени од Ирска, каде Келтите биле многу заинтересирани за духовниот свет и за тоа како да имаат поголем пристап до него. Така, често ги имитирале боговите во покажување мудрост и итрина, а исто така им помагале да ги победат непријателите во битките кои ги воделе.Зборот “Halloween” потекнува од зборовите All-Hallows-Even, на кои порано, при изговорот, им се додавала буквата „v“ – Hallowe’en. Денес, овој празник најмногу се слави и празнува во САД и Канада. Целиот ден е обоен во црна и портокалова боја.

Карактеристично за празнувањето е тоа што семејствата длабат тикви во врзани облици, ставаат фенер во вдлабнатината од тиквата и ја оставаат пред вратата за време на ноќта. Децата се облекуваат во страшни костими како вештерки, духови, волшебници, костури и со украсена торба во рака одат од куќа до куќа кажувајќи ја познатата реченица “Trick or treat” (Да ти направам трик или ќе ми дадеш чоколатце).Една од активностите е и бркање јаболка (Apple bobbing), кои се ставаат во големо буре со вода околу кое се собираат неколку деца или возрасни, кои со заби треба да ги извадат јаболката-кој ќе извади повеќе, тој е победник. Исто така, јаболко се закачува и на јаже. Некој стои пред јажето, тоа се турка и со заби треба да се фати јаболкото. Jack-o’-lantern е симболичното име на тиквата која се вдлабнува специјално за овој ден. Бидејќи празникот е во годишното време есен, кога се берат јаболка, за овој ден се прават зашеќерени јаболчиња кои им се даваат на најмалите во семејството. Исто така, се прават најразлични специјалитети од тиква, како што е најпознатата пита со тиква (Pumpkin Pie). Се верува дека ако на овој ден се погледнете во огледало, ќе го видите одразот на нашиот иден сопруг.

Од учениците на 5 и 7 одделениеОдговорни наставници: Весна Грошева и Славица Муржевска

ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ 2012Учениците од ОУ ,,11 Октомври’’ во координација со наставничката Христина Јованоска, покажаа големо гостопримство на 24 деца од Украина кои учествуваа на XXI – от меѓународен фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ 2012” под мото ,,Денешно познанство - утрешно пријателство” со што се воспоставија пријателски врски меѓу децата од двете земји.

Page 13: Списание Центар 11

13

ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

Учениците и вработените од нашето училиште, секоја година се приклучуваат на акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина. Така беше и оваа година. Наши ученици, со определени наставници, се приклучија во пошумувањето на Ајатовски рид. Останатите ученици имаа активности во училиштето: засадуваа дрвца и цвеќиња во училишниот двор, ги опкопуваа просторите околу старите дрвја, ги средуваа цвеќињата во училишните простории, твореа и правеа паноа за оваа акција, а други ги средуваа кабинетите.

ИЗВЕСТУВАМЕ ЗА НАШАТА АКЦИЈАДали некогаш, барем за момент, си помислил колку непријателски се однесуваме кон нашата планета Земја? Замисли дека кога фрлаш шише на улица, се валкаш себе си? Дека кога кинеш цвет од убавата ливада, откинуваш прамен од сопствената коса? Кога ќе скршиш гранка од некое дрво, замисли дека си ја скршил својата рака! Зошто не помислиш дека со ваквите непромислени постапки ја повредуваш природата? Ја повредуваме сите ние со нашето однесување, а таа толку многу ни дава! Ја повредуваме, а добро знаеме дека од неа ни зависи животот и иднината на целото човештво воопшто.Ние сме свесни дека можеме да сториме многу за да се оствари нашата желба за чиста и здрава животна средина.За да бидеме дел од оние кои се обидуваат да придонесат за тоа, ги повикавме учениците од нашето училиште да се приклучат во акцијата за собирање пластични шишиња. За таа цел, се организиравме, соработувавме и успешно ја реализиравме акцијата за рециклирање. Учениците од сите одделенија,наместо пластичниот отпад да го фрлаат во контејнерите, го складираа во канти за пластика кои се наоѓаа во училишниот двор.Зборот задоволство е мал за да ги опише нашите чувства од големиот одзив на акцијата меѓу сите нас и за големото количество собрана пластика. Нашиот следен чекор беше транспортирање на пластичните шишиња во рециклажниот двор кој ние подоцна ќе го посетиме. Се надеваме дека оваа наша акција ќе предизвика позитивни реакции зашто ние планираме и во иднина да организираме вакви проекти.Има надеж за спас на нашата планета. На крајот од црниот тунел има светлина кон која треба смело и заедички да чекориме. Затоа, ве повикуваме да ни се придружите и во идните наши акции за да дадеме придонес во подигнување на еколошката свест кај сите луѓе.

Учениците од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје

ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ИНКЛУЗИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ

ПОТРЕБИИнклузијата на учениците со посебни образовни потреби, во редовните основни училишта, претставува дел од големото светско движење, кое прокламира вклучување на сите лица со посебни потреби во сите сегменти на општественото живеење. Општина Центар континуирано се залага за лицата со посебни потреби и зазема афирмативен став за инклузивното образование, вработувајќи специјален едукатор и рехабилитатор, со што претставува промотор на оваа идеа во пракса. ОУ „Ј.Х.Песталоци“, во изминатите две години, бележи голем исчекор на полето на инклузијата. Преку секојдневната работа и искуство, се поставија темелите на инклузивната политика, култура и практика во Училиштето. Ние, сите заедно учиме, цртаме, боиме, пееме, правиме истражувања и проекти, учествуваме на училишните приредби, на конкурси, продаваме на новогодишниот базар, посетуваме музеи, одиме на претстави, фестивали, изложби, излети и ексурзии, другаруваме во училишниот двор... Веруваме дека преку инклузивно-образовниот процес ќе дадаме придонес во понатамошната и целокупна социјална инклузија, со поддршката на општеството и повисокиот степен на јавна свест за децата и лицата со посебни потреби, која дава директен инпут во подигнувањето на квалитетот на нивното живеење. Нашата ученичка Вера Апостоловска, со песната „Компјутерот –мојот прозорец кон светот“ учествуваше на конкурсот со ист наслов.- Јас сум девојче на возраст од десет години и ученичка во петто одделение. Имам моторични пречки кои што ми го отежнуваат пишувањето со рака. За среќа живееме во 21-от век, ерата на компјутери. Тие не само што претставуваат мој прозорец кон светот, туку и порта кон многу нешта. Со компјутерот почнав да се дружам уште од предучилишна возраст, во Здружението „Отворете ги прозорците “.Таму има асистивна технологија.Таа ми помага во еднаков пристап кон компјутерот, така што се чувсвувам рамноправна со моите другарчиња. За мене компјутерот претставува една волшебна кутија којашто ми исполнува многу желби: да играм игри, да научам да пишувам, да учам англиски, да пребарувам на интернет, да гледам слики и да слушам музика. Значи, да го правам сето она што го прават моите врсници. Сега сум среќна што домашните ги пишувам преку компјутер.

Page 14: Списание Центар 11

14

ОУ „Гоце Делчев“

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

По повод 16 Октомври - Светскиот ден на храната, во нашето училиште се одбележа со две активности на кои присуствуваше и Наташа Д. Кривошеева, претставник од Институтот за јавно здравје на Р.Македонија, која на учениците им подели брошури за здрава исхрана. Светскиот ден на храната се одбележа на часот по изборниот предмет Вештини за живеење. Наставникот Елизабета Глишиќ со учениците ги дегустираа кифличките, ролатите и слатките кои учениците сами ги подготвиле дома, ги презентираа рецептите, разговараа за состојките и процесот на приготвување, местење маса и бон-тон. Превкусен и весел час!Претставници од Slow food Vodno одржаа интерактивна работилница за вкусови и здрава храна. Присуствуваа ученици од седмите и

осмите одделенија и наставници. Училиштето присуствуваше на вториот фестивал на „Сочни фигури“ во училиштето Св. Наум Охридски на 16 октомври. Нашите ученици учествуваа на фестивалот со мошне креативни фигури на овошје и зеленчук, а на работилницата по фестивалот, ученичката Вера Палевска од 7б одделение ја освои третата награда.

ПОСЕТА НА МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Учениците од 6-то одделение заедно со наставникот по историја Калина Серафимовска го посетија Музејот на Град Скопје на 16.10.2012 година. Кустосот од музејот ги запозна учениците со многу интересни содржини. Учениците можеа да се запознаат со животот во Македонија во праисторијата и стариот век. Ја разгледуваа археолошката поставка со материјални историски извори од каменото и металното време и од стариот век. Ги набљудуваа сликите, фотографиите, скулптурите, фигурите, накитот, садовите и деловите од оружјето кои сведочат за животот на луѓето во Македонија во праисторијата и стариот век. Исто така стекнаа искуство како треба да се однесуваат во музеј.

СНИМАЊЕ НА НАРОДНА ПРИКАЗНА „БРАТ БРАТА НЕ РАНИ, ТЕШКО КОЈ ГО НЕМА“

Учениците од 3а одд. имаа можност да присуствуваат и да учествуваат на една несекојдневна активност што се реализираше во училиштето, во нивната училница. Нивната наставничка Соња Илиевска Гоџирова им договори средба – снимање на народна приказна. Подготовката се одвиваше во неколку фази. Најпрво се одбра приказна прилагодлива за возраста, се доделија улогите, имаше неколку проби, се закажа снимање со екипа од МРТ, следеше снимањето на емисијата, репродукција на снимената ТВ програма и добивме известување за денот и времето на прикажување. Во рамките на детско-едукативната емисија Ѕвон, беше емитувана ТВ емисија со наслов „Мојата учителка“. Учениците се поттикнаа

да учествуваат во изведба на народна приказна, се оспособија со запознавање на приказните како народни мудрости кои секогаш имаат порака. Раскажуваа за впечатоците од посетата на екипата, ја следеа емисијата и потоа разговараа за содржината.

Page 15: Списание Центар 11

15

138 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВВо историјата на македонскиот народ, во неговата вековна борба за слобода, за своја држава и за зачувување на својот национален и културен идентитет, имаме цела плејада на великани кои со своето дејствување, ги создале темелите на македонската државотворност, и кои засекогаш ќе останат во она што се именува како колективна, но и индивидуална свест за својот, македонски национален идентитет.Меѓу тие великани посебно место има Крсте Петков Мисирков кој е роден на 18 ноември 1874 година. Крсте Петков Мисирков целиот свој литературен и научен опус го посветува токму на остварувањето на вековните идеали на македонскиот народ, а тоа се самостојна и суверена држава и зачувување на македонскиот национален и

културен идентитет пред агресивните напади кои доаѓаат од соседството. По повод 138 години од неговото раѓање, учениците од „Димитар Миладинов” заедно со своите наставнички по македонски јазик, во соработка со Градската библиотека “Браќа Миладиновци” организираа пригодно чествување во негова чест, во библиотеката Стале Попов. Учениците истражуваа за ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, за неговиот живот, дејност, активности и дела. Исто така, тие истражуваа за неговото најпознато дело- книгата “За македонцките работи”. Борбата на Мисирков за зачувување и промовирање на македонскиот јазик е актуелно и во денешно време. Продолжувањето на неговото дело треба да го искажеме и потврдиме со континуирана и упорна борба за зачувување на нашето име, јазик и идентитет.

Детска редакција: Филип Поповски 8 одд.

58 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ И ПОСТОЕЊЕ

Вистинските вредности и вистинските дејства никогаш нема да бидат заборавени и запоставени. Иако, поминаа повеќе од 150 години од издавањето на Зборникот на народни песни и просветителската дејност на Димитар Миладинов, почитта и благодарноста не бледнеат и не запираат.На 8 ноември со свечена приредба го прославивме 58-годишното постоење и работење на нашето училиште. На овој ден ден пред присутните гости ја споделивме нашата програма збогатена со песна, игра, музика и забава изработена од учениците и наставниците. Имавме чест да ја отвориме “Празничната страница на нашиот патрон” - Димитар Миладинов и да презентираме фрагменти од Зборникот на браќата Миладиновци. Во рамки на програмата беа изведени рецитали, музички точки, народни песни, обичаи, пословици и гатанки. Со тоа, го негуваме и искажуваме огромна почит кон делото на Димитар Миладинов. За нас, неговото дело е вонвременска декларација за промовирање на творечките вредности на македонскиот народ, како народ со своја традиција, обичаи и историја , и тоа токму преку богатството на македонските народни песни и умотворби, преку кои биле искажани и копнежите и соништата за своја држава. Делото на Димитар Миладинов живее и денес, бидејќи тој со семето кое го посеаја ги оцртаа границите на нашата духовна и културна татковина. Татковина во која денес ние живееме, за што сме му бескрајно благодарни.Мисија на нашето училиште е да понуди воспитно - образовни услуги коишто овозможуваат индивидуален развој на учениците, користејќи современа образовна технологија, поттикнувајќи меѓусебна доверба и почитување и подготвувајќи ги за соочување со предизвиците на современото општество.

Нека ни е среќен и вековит денот на училиштето! Честит 8-ми ноември! Детска редакција: Филип Поповски 8 одд.

ОУ „Димитар Миладинов“

Page 16: Списание Центар 11

16

ОУ „Коле Неделковски“

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ДРВОТО

Во присуство на претставници од Општина Центар, Град Скопје, Здружението „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”, ЗЕЛС, Агенција за спорт и млади, ЈП „Македонски шуми”, како и претставници од институции, спортисти и ученици од училиштето, се најави есенската акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, која што оваа година се одржува под мотото: Спортски е да се сади!

За таа цел, во дворот на училиштето, се спроведе засадување на зимзелени декоративни садници, во кое што учествуваа учениците, спортистите и сите присутни гости, претставници на институции. Настанот на интересен начин го водеше глумецот Ранко Рангелов, а пред присутните свое обраќање имаа: градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, директорот на ЗЕЛС Душица Перишиќ, директорот на Агенција за спорт и млади Лазар Поповски, Советник на директорот на ЈП „Македонски шуми” Златомир Бибовски, Виолета Дракулевска, претставник од Град Скопје, како и спортистите од КК Работнички, ФК Вардар и боксерот Вели Мумин. Во училишниот двор, дел од учениците цртаа на тема природа и пошумување.

Целта на акцијата е да вклучат учениците во активностите за засадување нови садници, како и да развијат љубов кон природата и шумите, преку организирани акции за засадување и пошумување.

ОУ „Коле Неделковски”, со сите ученици, секоја година традиционално учествува во акциите за засадување садници во училишниот двор, како и пошумување на локациите.

Page 17: Списание Центар 11

17

Во првата недела од месецот ноември нашето училиште беше одбрано да биде домаќин на Директорот на светската служба за учење училишен менаџмент ЛТД, обезбедување на квалитет во образванието, г-н Graham Rivs од Лондон, Англија. Во неколкучасовната посета на училиштето по негова иницијатива беше вклучен во редовните активности на училиштето, интересирајќи се за нашиот образовен систем, за учениците, програмите, наставниот кадар, педагошката служба, споредувајќи го истиот со западноевропските земји. Тој истотака беше запознаен и многу пријатно изненаден за нашето списание „Центар 11“. Гостинот напуштајќи го училиштето со насмевка, и ведро расположение истакна дека поминал еден убав ден со наставниците и учениците, посебно истакнувајќи ја успешноста на неговата посета.

,, Не учиме за во училиште, туку за во животот”Тоа е нашето мото.

Група на ученици, предводени од наставничката по Германски јазик, Кети Христовска, минатата година воспоставија соработка со германското училиште Морено од Аргентина. Проектот има за цел да им овозможи на учениците комуникација и непосредно користење на германскиот јазик во секојдневни ситуации. За таа цел беше формирана со одобрение на родителите од двете страни фејсбук-група во која членуваат ученици од нашето училиште и од училиштето Морено, а чии администратори се двете наставнички (Katia Müh-len и Кети Христовска). Во текот на минатата година комуникацијата се одвиваше преку електронска пошта и на страната на групата.Оваа година соработката е проширена и секој месец се

остварува директна конференциска врска со училиштето од Морено, каде учениците разговараат на претходно определена тема. Исто така во план

ни е да се изработат разгледници со македонски знаменитости и мотиви и истите да им се испратат со краток текст на германски јазик на учениците од Морено.На овој начин учениците се помотивирани во изучувањето на германскиот јазик и самите увидуваат интеркултурни разлики меѓу Македонија и Аргентина.

ОУ „Св.Кирил и Методиј“

ПОСЕТА НА ДИРЕКТОРОТ НА СВЕТСКАТА СЛУЖБА ЗА УЧЕЊЕ УЧИЛИШЕН МЕНАЏМЕНТ

Page 18: Списание Центар 11

18

ОУ„Кочо Рацин“

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ НА МЛАДИТЕ АРХЕОЛОЗИ И ЕТНОЛОЗИ

СЕ СПРОВЕДЕ ПРОГРАМА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА

Младите археолози и етнолози од основното училиште „Кочо Рацин", од 6 до 28 ноември 2012 година го реализираа проектот „Јас знам што е тоа археологија и грнчарство". Во рамки на проектот учениците го посетија археолошкото наоѓалиште Скупи, проследија интересни приказни за Каменко и Грнчарот, учествуваа во интерактивни работилници, правеа садови од глина и сликаа народни мотиви. Како завршница на проектот се одржа нивна изложба во Музејот на Македонија, посветена на македонската традиција и богатство. На подготовката на изложбата и претходеа шест работилници, во кои учествуваа учениците од трето одделение од ова училиште. Проектот се реализираше во соработка со Музејот на Македонија, а неговата цел беше запознавање на учениците со македонската традиција и културното богатство на нашата земја.

Во основното училиште ,,Кочо Рацин" во периодот од 6 до 27 ноември 2012 година, беше спроведена обука на тема: ,,Програма за зајакнување на семејствата за родители и млади", со која беа опфатени 20 родители и 12 ученици, на возраст од 10 до 14 години. Овој проект се реализираше во организација на Министерството за образование и наука и UNODC (United Nations Office on drugs and crime). Програмата беше спроведена низ седум парцијално различни сесии. Според програмата паралелно се работеше со две групи (родители и ученици) еден час, а во наредниот час двете групи се спојуваа и се работеа сесии за семејството. Преку овие активности се постигнаа следните цели: на родителите/старателите им се помага да стекнат вештини на воспитување со кои ќе им пружат поддршка на своите деца; на младите им се овозможува да стекнат вештини за совладување на стресот, притисокот на врсниците и спротивставување на криминалот и дрогата, градење на здрава ориентација кон иднината и почитување на родителите, семејството и семејните вредности.Проектот беше координиран од страна на м-р Миле Гиновски, од Министерството за образование и наука, а во негова реализација од училиштето „Кочо Рацин", се вклучија и Јасмина Цицонкова Лазароска, Весна Мораитова и Дијана Маркоски – како реализатори и Ирена Попова – како координатор на тимот.Програмата за зајакнување на семејствата е изготвена во рамките на Државниот универзитет на Ајова, а досега е спроведена во 18 земји. Република Македонија е 19-та земја, во која имплементирана и е дефинирана како превентивна програма во областа на примарна превенција, преку зајакнување на капацитетите на семејствата и превенирање на проблемите поврзани со ХИВ/СИДА, криминал и дрога.

Page 19: Списание Центар 11

19

ЈУДГОЦ „13 Ноември“

ЗДРАВА ХРАНА - ЗА ЗДРАВИ ГЕНЕРАЦИИ

Во просториите на Детскиот културен центар Карпош, во соработка со родителите и децата од објектот Кукушка , се одбележа „Светскиот ден на здрава храна“, реализиран во рамките на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.Овој хепенинг беше збогатен со музичко-сценски настап од страна на децата преку игри, песни, рецитали на тема здрава храна. Активно учество земаа и родителите преку креативните работилници организирани во просториите на градинката на кои твореа заедно со своите деца од разновиден семенски материјал од кои произлегоа многубројни ликовни творби кои беа презентирани на мини изложбата во рамките на ДКЦ Карпош. Целта ни беше да ги

поттикнеме дечињата од најмала возраст да започнат со консумирање на здрава храна која е од особено значење за правилниот раст и развој на дечињата.

ПРОЕКТ „ДЕТСКА НЕДЕЛА“

Во рамките на Светскиот ден на детето, се одбележува Детската недела. Во овој период градинката „13 Ноември“ реализираше бројни активности. Имено се организираше хуманитарна донација која благодарение на огромната подршка и соработка од родителите беше успешно реализирана. Беа донирани бројни сликовници, детски играчки, училишен прибор и сл. кои првенствено беа наменети за дечињата сместени во институции под надлежност на МТСП. Дел од донацијата, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи беше подарена на дечињата сместени во Дом - Семејство, дел на дечињата сместени на Детската клиника - оддел онкологија кои воедно имаа и можност да се дружат со воспитниот кадар од нашата градинка, кој за таа пригода подготви куклена претстава со наслов „Шумска аудиција“.Децата на возраст од 5-6 години, родителите и вработените од градинката ги посетија дечињата сместени во домот за деца без родители „11 Октомври“ на манифестацијата под мото „Да се дружиме, да пееме, да се забавуваме, да споделуваме“. Целта на посетата беше донирање на подароците од хуманитарната акција. Преку музички настап децата заеднички се дружеа, заеднички твореа во рамките на ликовната колонија на различни теми поврзани со тековната недела и нивниот детски свет. На крајот дружењето се заокружи во дворот на Домот, каде децата преку заеднички игри се рекреираа и забавуваа. Со ваквите и слични манифестации не само во период на недела на детето, сакаме да го поттикнеме дружењето кај малите дечиња, да успееме да го наметнеме чувството на хуманист како една највозвишена човекова карактеристика и особина која треба да се негува и развива уште од најмала возраст. Стекнување на навики за пружање помош на оној на кого му е најпотребна, можноста да се подари нешто, можноста нешто да се сподели со некого, како и преку развивање на социјалните вештини за прифаќање на сите деца подеднакво без разлика на нивниот социјален статус. На тој начин се надеваме дека со овој наш скромен придонес ќе успееме кај младите категории да влијаеме во создавање на подобра, попријатна и потолерантна средина.

Page 20: Списание Центар 11

2020

ЈУДГОЦ „Кочо Рацин”

ПРОЕКТИ СО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Градинката „Кочо Рацин“ има долгогодишна соработка на едукативен план со музеите во нашиот град, а целта на овие соработки е потребата од изградување на музејска култура кај децата од најрана возраст. Во рамките на своите програмски активности, проектите „Од жито до леб“ и „Народно творештво-грнчарство“ беа реализирани од двете групи од 5-6 годишна возраст од објектот „Наум Наумовски Борче“. Децата се запознаа со народните обичаи, народна керамика, а имаа можност да ги погледнат и изложените народни носии, накит и народни музички инструменти. Се организираа работилници во соработка со едукаторите од музејот, но и со родителите во просториите на градинката, а потоа следеше презентација на проектите во просториите на Музејот на Македонија.

УШТЕ ЕДНА ДЕТСКА ХУМАНОСТ НА ДЕЛОВо рамки на одбележување на Неделата за грижа на стари лица, која традиционално се спроведува третата недела од ноември под мотото „НИЕ сакаме, ВИЕ знаете, ЗАЕДНО можеме” се вклучи и градинката „Кочо Рацин”. Имено, штитениците од приватната установа за социјална заштита на стари лица „Милица”, искрено се израдуваа на посетата на најмладите дечиња кои заедно со своите воспитувачки им подарија кошница со овошје, пити и освежителни пијалоци, како и цртежи изработени во различни техники. Со насмевка на лицето пееа и играа, а под влијание на силните емоции имаше и по некоја солза. Вработените и старите лица ги испратија дечињата задоволни и со искрена надеж дека повторно ќе ги посетат.

ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Дечињата од ЈУДГ „Кочо Рацин”, беа во работна посета на Општина Центар. Се запознаа со работата на вработените во општината, а за возврат им подарија нивни детски цртежи. Во салата на Советот, топло добредојде им посака градоначалникот Владимир Тодоровиќ со своите стручни служби. За време на средбата градоначалникот им одговори на дечињата на сите интересни прашања, како на пример: кој се грижи за хигиената во општината, дали ќе има нов Луна парк и кога ќе се постават нови клацкалки, лулашки и други детски реквизити во дворот на нивната градинка. Посетата имаше за цел Градоначалникот да им упати порака на најмладите: да се развиваат во

позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување. Во знак на сеќавање на оваа несекојдневна средба, дечињата му подарија слика изработена од мозаик од природен материјал – зрнеста храна и притоа му ја испеаа химната на градинката.

Page 21: Списание Центар 11

2121

Под мототo „За поубав детски свет“, по повод Денот на детето пред споменикот во паркот „Жена борец“ децата од градинките на територија на Опшина Центар: „Р. Ј.Корчагин“, „13 Ноември“ и „Кочо Рацин“, преку игра и песна, дадоа свој придонес во промовирање на Детските права и обврски.

Хуманоста продолживме да ја негуваме и со тоа што заедно со родителите, собравме хуманитарна помош која што ја дониравме во Хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“.

Во соработка со МТСП, и дружејќи се со мечето Лино, децата и родителите, повторно ја докажаа својата големата хуманост. Донираа голем број на играчки, облека, книги, храна и што ли уште не.... За кое што мислеа дека некому ќе му послужи. Мечето Лино пак, за тоа ги награди децата со вкусен појадок, боенка и благодарница.

По повод 7 Ноември-„Ден на акцијата на Еко градинки од целиот свет,“, Корчагин зема активно учество, преку интересна модна ревија низ која децата ни порачаа: Ако не знаете како да се облечете, убаво и модерно, практично и ефтино,без оглед дали сте високи или ниски, дебели или тенки...Погледнете ги моделите што ги носат, нашите убави, необични, лични и егзотични манекенчиња и манекенки.А, ако од се ова што го видовте,ништо не ви е по вкус.Виновни сте само Вие.

Демоде сте дибидус!

ЈУДГОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“

ПОСЕТА НА ДАРЕ ЏАМБАЗ

ДРУЖЕЊЕ СО „МЕЧЕТО- ЛИНО“

КОРЧАГИНСКА ЕКО ШАРАДА-МАСКАРИЈАДА

ЗА ПОУБАВ ДЕТСКИ СВЕТ

Page 22: Списание Центар 11

22

Од општината

За прв пат во Општина Центар, во ноември се одржа „Џуниор мобил филм фестивал“ на кој учениците имаа можност да презентираат 26 проекции на кратки филмови снимени со мобилен телефон. Фестивалот имаше за цел да ја поттикне креативноста кај учениците кои што имаат пристап до сите технологии и во своите училишта и дома. Истите ги искористија за креативни идеи и развивање на афинитети кон филмската уметност. Завршницата на фестивалот се одржа во кино Фросина „МКЦ“, каде што беа прикажани детските филмски остварувања, режирани од учениците од основните училишта во Општина Центар. Фестивалот го отворија градоначалникот Владимир Тодоровиќ и директорот на „Мобил филм фестивал“ Саша Станишиќ. -Нема поубаво нешто од развивањето на креативноста кај најмладите генерации, кога нашите најмили ги поттикнуваме уште од најмлади години да создаваат уметност. Општина Центар е општина што целосно ја разбира потребата за креативниот развој на младите, па од тие причини целокупната настава е насочена во тој дух. Сакаме од нашите училишта да излегуваат што поголем број на млади луѓе кои во иднина со нивната креативност ќе ја направат нашата земја поубаво место за живеење. Како што веќе споменав, за успех потребна ви е желба и волја, да одлучите како сакате професионално да се изградите во иднина, меѓутоа за да бидете уште по успешни, е за тоа ви е потребна креативноста. Нашата општина постојано ги поддржува ваквите проекти во училиштата. Ве поттикнувам да творите и да создавате колку што можете повеќе. Зад вас да оставите дела кои понатаму ќе ве носат до уште поголеми и поголеми успеси, а ние сме тука постојано да Ви даваме несебична поддршка. Можеби некој од учесниците на фестивалот ќе биде идниот Столе Попов или Милчо Манчевски,-истакна градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Од сите прикажани филмови, стручната жири комисија одлучи да бидат наградени следните филмови: прва награда за „Насмевки“ на Дафина Андонова (ОУ „Димитар Миладинов“), втора награда за „Дух“ на Надиа Беќирагиќ (ОУ „Гоце Делчев“) и трета награда за „Светлосни ефекти“ на Емил Ќука (ОУ „Коле Неделковски“). На овие ученици им беа доделени специјални награди од општината: мобилен телефон, ipod и фото апарат. Исто така, сите останати натпреварувачи за вложениот труд добија утешни награди, маички со логото на фестивалот. Трите прво наградени филмови, освен награди, добија и своја промоција, односно директно се пласираа на интернационалниот „Мобил Фестивал 2012“, што исто така се одржа на 5-ти ноември на главната фестивалска вечер.

ПРВ „ЏУНИОР МОБИЛ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“

Page 23: Списание Центар 11

23

Од општината „11 ОКТОМВРИ“ ПОБЕДНИК НА КОШАРКАРСКИОТ ТУРНИР

Во спортската сала на основното училиште „11 Октомври” се одржаа финалните натпревари во рамки на училишниот кошаркарски турнир. За освојување на титулата се натпреваруваа учениците од основните училишта „Кочо Рацин” и „11 Октомври”. Екипата од ОУ „11 Октомври” на домашен терен во финалето успеа да ја совлада екипата од ОУ „Кочо Рацин” со резултат 46:31. Третото место го освоија учениците од „Ј.Х. Песталоци”, кои ги победија во малото финале учениците од ОУ „Димитар Миладинов” со резултат 37:33. Со громогласно навивање публиката од трибините им даваше поддршка на своите соученици и беше како дополнителен играч на овие завршни натпревари кои поминаа во спортска и фер атмосфера. За најдобрите три екипи Општина Центар додели награди, пехари и медалји, а наградата за најдобриот играч ја понесе Петар Прентовиќ од ОУ „11 Октомври”. Eкипата од ОУ „11 Октомври” директно се пласира на претстојните кошаркарски натпревари на републичко ниво.

-Натпреварите во текот на целиот турнир поминаа во одлична атмосфера. Вкупно се одиграа седум кола, а секое училиште одигра по шест натпревари во различни сали во општината. Овој турнир Општина Центар го органзира четврта година по ред, а во второто полугодие од учебната година ќе се одржат турнири во ракомет, фудбал, пинг-понг и пролетен крос,-изјави Советникот од одделението за спорт во општина Центар, Милош Делевиќ. За време на одржувањето на сите натпревари во рамки на турнирот, периодов за учениците од седумте училишта во Општина Центар беше исполнет со многу спортски содржини, имајќи при тоа можност во лигата на квалификации да ги покажат своите квалитети и кошаркарски способности.

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е СТАРО НОВИОТ ШАМПИОН ВО ОДБОЈКА Во спортската сала на ОУ „11 Октомври”, се одиграа финалните натпревари на турнирот во одбојка, помеѓу ученичките од Општина Центар. За прво место се натпреваруваа екипите на ОУ „Гоце Делчев” и ОУ „Ј.Х. Песталоци”. По мошне неизвесна и фер игра, првото место го освоија ученичките од ОУ „Гоце Делчев” со резултат од 2:1 во сетови. Со оваа победа, оставајќи ги своите срца на теренот, тие уште еднаш докажаа дека се најдобрата екипа за оваа година, бидејќи го потврдија истиот успех од финалето на минатиот училишен турнир, одржано на 9 февруари. Нескриено задоволство можеше да се забележи и на лицата кај ученичките од ОУ „Ј.Х. Песталоци”, кои освојувајќи го второто место ја покажаа истата

борбеност и истрајност како и првонаградените. Трето пласирани беа ученичките од ОУ „Димитар Миладинов”, кои ја победија екипата од ОУ „11 Октомври” со резултат од 2:1 во сетови. На трите прво пласирани екипи, советникот за развој и унапредување на спортот во Општина Центар, Милош Делевиќ им додели медалји и дипломи за учество, а на капитените им беа врачени пехари. Победничката екипа од ОУ „Гоце Делчев” за освоеното прво место, доби маици со амблемот на Општина Центар. Беше доделен и пехар за најдобрата одбојкарка за време на одржувањето на сите натпревари на турнирот кој започна на 26 ноември, а таа чест и припадна на Теодора Перовиќ, ученичка од ОУ „Гоце Делчев”.

Page 24: Списание Центар 11

24

СпортАИКИДО - МОДЕРНА ЈАПОНСКА

БОРЕЧКА ВЕШТИНА

Во периодот од касните дваесетти до крајот на триесеттите години на 20 век, како резултат на стекнатото знаење од различни боречки вештини со и без оружје, Морихеи Уешиба го создава аикидото поради што бил наречен „О сенсеи“ (Големиот учител). Во буквален превод зборот аикидо значи „Начин на хармонизирање на енергијата“ (аи - складно здружување, хармонизација; ки - енергија; до - начин). Всушност станува збор за боречка вештина каде главна цел е да се пренасочат нападите од противникот и при тоа да не се судрува со нив. Филозофијата на аикидото е без отпор да не се користи физичка сила во текот на борбата.

ИНТЕРВЈУ СО...АЛЕКСАНДАР АЦЕВСКИ

трЕнЕр инстрУктор во двЕ борЕчки вЕштини, 2.дан во аикидо и

3. дан во џиУ-џиЦа

Центар11: Од кога се занимавате со аикидо?Конкретно со аикидо се занимавам од 18 години иако во моето детство сум вежбал и карате.Последниве пет години интензивно се посветив на џиу-џица.

Центар11: Зошто токму аикидо?Пред се поради тоа што боречките вештини се индивидуален спорт, може секој сам да тренира и да се надоградува. Исто така боречките вештини не познаваат старосна граница и колку една личност подолго тренира толку е поспремна и поискусна на тоа поле.

Центар11: Колку часови дневно посветувате на тренинг?Тренирам веќе 17 години, последниве 8 години тренирам шест дена во неделата по три часа.

Page 25: Списание Центар 11

Спорт

25

Центар11: Каков е вашиот режим на исхрана?Секој што тренинра било каков спорт мора да внимава на исхраната па така и јас во боречките вештини. Повеќе овошје, повеќе витамин, повеќе здрава и природна храна а помалку вештачки производи.. Најважно за мене сепак е паузата во исхраната од неколку часови пред самиот тренинг.

Центар11: Имате ли освоено некои награди и кои ви се позначајни?Најзначајни ми се наградите што ги освојуваат моите ученици. Ги има многу како во земјата така и надвор од неа. Најзначајни ми се неколкуте државни прваци кои излегоа токму од мојот клуб како и многуте златни медали на Меѓународни натпревари.

Центар11: Кој се вашите достигнувања во боречките вештини?Јас сум тренер инструктор во две боречки вештини, 2.ДАН во аикидо и 3. ДАН во џиу-џица. Во моментов сум Претседател на Македонската џиу-џица Федерација и селектор на Репрезентација. Џиу-џицата е Национален спорт во Р.Македонија признаен од Агенцијата за млади и спорт. Клубот кој го водам веќе 12 години во ОУ „11 Октомври” е еден од поголемите клубови за боречки вештини во градот и во него членуваат две групи - деца до 12 годишна возраст и возрасни.

Центар11: Од која возраст е најдобро да се почне да се тренира овој спорт?Сметам дека сепак најдобро време за започнување со тренинзи е возраста помеѓу 6 и 8 години. Децата уште од најмала возраст треба да го засакаат спортот, правилно да се развиваат, духовно и ментално да зајакнуваат, да ја подобруваат рамнотежата, да го челичат карактерот, да се учат за работа во групи, да развиваат другарско партнерски однос, да почитуваат постар, родител, наставник, тренер и најважно да се оттргнат од секојдневните проблеми, да се оттргнат од компјутерите и од сите пороци што ги носи улицата. Сметам дека само со посветена работа и тренинг уште од најмали нозе можеме да очекуваме вистински спортист и вистинска личност.

Центар11: Што би им препорачале на читателите на Центар 11?Вежбајте боречки вештини, никогаш не е доцна за тоа. Избегнувајте конфликти, научете ефикасно да се одбраните, одржувајте кондиција, бидете почитувани во вашето училиште, населба и воопшто во вашето опкружување, живејте здраво.

Page 26: Списание Центар 11

26

Заедно учиме англискиTHE HISTORY OF CHOCOLATE

Chocolate is the best-known food that nobody knows anything about. We think that this sweet candy was created during mod-ern times, but the earliest record of chocolate was over fifteen hundred years ago in the Central American rain forests, where the ideal climate is provided for the plant from which chocolate is made, the Cacao(kah KOW or Cocoa)Tree. The Latin name for the cacao tree, Theobroma cacao, means "food of the gods." Cacao tree produces large, football shaped pods that contain from 30-50 seeds, enough to make 7 bars of milk chocolate.

The word "chocolate" comes from the Aztec word "xocoatl," which referred to a bitter drink made from cacao beans. They used the cacao beans to make a bitter chocolate drink. Xoco-latl or Chocolat or Chocolate as it became known, was brought to Europe by the Spanish around 16 century, only to improve the taste of the bittered drink. The roasted beans were mixed with sugar and vanilla - a practice which still continues up today. Chocolate was so expensive at that time, that it was worth in weight as Silver (if not Gold), Chocolate was Treasure Indeed!

The first Chocolate House in England opened in London in 1657 followed quickly by many others. Chocolate as we know it today first appeared in 1875 when a Swiss manufacturer, Daniel Pe-ters, found a way to combine cocoa powder and cocoa butter with sugar and milk powder to produce the first milk chocolate, and the rest, is history, Chocolate History....

There is something magnificent in that delicious taste of choco-lates - today there are many different types (dark, milk, white chocolate - chocolate cakes, chocolate ice creams, cookies, candies, drinks…). People of all ages and nationalities just love it!

I love chocolate, oh yes I do. Eating chocolate is a must too. I love chocolate, how about you? They say dark chocolate is now good for you too. I like a good chocolate candy bar. I would even eat chocolate from a jar. I want to eat chocolate all day long so If you give me one I will write one more song.YES, I am a chocolate lover!!!

I Love Chocolate - I Love Chocolate - I Love Chocolate

Page 27: Списание Центар 11

Компјутерско катчеИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПОВРЗАНИ СО КОМПЈУТЕРСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

27

Детска редакција: Ема Димзова 8 одд.

1. Секоја година, во САД се фрлаат 220 милиони тони стари компјутери и останат хардвер.

2. На радиото му требале 38, на телевизијата 13, додека на интернетот само 4 години да „собере“ 50 милиони корисници.

3. Компјутерскoто глувче било измислено од страна на Даг Енгелбарт во 1963 година и било изработено од дрво (чудно, зар не?)

4. HP, Google, Microsoft и Apple имаат една заедничка работа (освен очигледниот факт дека се компјутерски компании) - сите четири биле основани во гаража.

5. Дванаесетте инжинери во IBM кои го развиле IBM PC имале кодирано име - „The Dirty Dozen“.

6. Околу 6 000 нови компјутерски вируси се „пуштаат во етерот“ секој месец.

7. E-mail-от е постар од самиот Интернет.

8. Кога би го отвориле куќиштето на првиот „Мекинтош“ (кога само би можеле!), би пронашле 47 потписи; потписите на сите основачи на Епл од 1982.

9. Нормално човечко суштество трепка околу 20 пати во минута, додека кога работи на компјутер, трепка само 7 пати во една минута!

10. Куќата на Бил Гејтс била проектирана на „Мекинтош“ компјутер.

14. Google има, во просек, 22,4 MB зачувани информации за секој активен Интернет корисник во светот.

Page 28: Списание Центар 11

28

Да се насмееме . . .

Трпе и вели на наставничката: Наставничке мислам дека не заслужувам кец по овој тест.

Наставничката: Се согласувам, ама тоа е најниската оценка

што можам да ти ја дадам.

Наставничката го прашува малиот

Трпе кој е најкорисен четвороножец?

- Креветот, наставничке!

Наставничката го прашува Трпе:

- Трпе, со кој метод ќе ја решиме оваа дропка?

- Со методот на безнадежен обид, наставничке.

Наставничката му вика на малиот Трпе:

- Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно.

А Трпе и вика:- Наставничке надвор ќе

биде ладно и ако го затворам прозорот.

Мајката го прашува синот:- Зошто денес се врати подоцна од училиште?

- По последниот час сите си отишле, а никој не ме

разбудил! Таткото го прашува синот:- Зошто лепиш слики од

мене во твојата училишна тетратка?

- Наставничката сака да види која будала ми ги пишува

домашните.

Наставничката го прашува Зоки: Зошто денес задоцни? Зоки:

Изгубив пет денари.Наставничката: А зошто пак ти

задоцни Трпе?Трпе: Јас стоев на нив.

Го прашува наставничката Зоки:

-Зоки,кој е најголемиот борец за кој си слушнал?

-Гоце Делчев наставничке.-Браво.Седи,петка.

Седнува Зоки,вади од под клупа слика и шепнува:

-Извини Чак Норис, ама кариера си е кариера.

Page 29: Списание Центар 11

Занимливости

29

Т Е Л Е В И З О Р

Во 1926 година во светот постоеле само 100 телевизори.

Во 1954 година основaна е Евровизија.

Во 1930 година покрај сликите додаден е и звук.

Телевизијата во Македонија за прв пат е претставена во 1964 година.

Првиот директен телевизиски пренос бил во 1936 година, пренесувајќи ја во живо олимпијадата во Берлин.

Американската компанија CBS во 1950 година воспоставува телевизија во боја.

Комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА, во 1962 година ги пренесува првите преку океански слики во живо.

Телевизорот е уред кој служи за приказ на подвижни слики и звук. Патентиран е од страна на Paul Gottlieb Nipkow уште далечната 1884 година. Првиот полумеханички телевизор е демонстриран во Лондон во 1924 година. Следуваат години кога повремено се емитува телевизиска програма. Во 1936 година BBC прв во светот започнал со емитување на редовна телевизиска програма, а три години подоцна и во САД започнува да се прикажува редовна програма. Постојат податоци според кои првиот телевизор во боја бил RCA произведен 1954 година. Првиот далечински управувач е направен во 1950 година и имал и соодветно име Lazy Bone („мрзливи коски“). Овој уред бил поврзан со телевизорот со помош на долга жица, а корисниците со него можеле да го вклучат/исклучат телевизорот или да менуваат канали. И покрај големиот комерцијален успех, овој производ брзо бил повлечен од продажба поради зачестените забелешки на корисниците кои честопати се сопнувале од каблите со кои далечинкиот управувач бил поврзан со телевизорот. Пед години подоцна е создаден безжичен далечински управувач. Интересен е фактот тие имале проблем кој често доведувал и до комични ситуации. Имено, не ретко се случувало каналите сами да се менуват поради чувствителноста на далечинскиот управувач на сончева светлина или на светлина од сијалица. Проблемот е решен со новата генерација на далечински управувачи кои користеле технологија на ултразвук и кои се користеле во домаќинствата во наредните 25 години. Во осумдесетите години од 20 век се појавува новата генерација далечински управувачи која користи инфрацрвена технологија.

Page 30: Списание Центар 11

Забава

Дадени се шест загатки. Со правилно решавање, во полињата што се обележани ќе добиете име на еден музички инструмент и име на една музичка форма, која секако се интерпретира со истиот овој инструмент.

НА ТА

ЛИ

НЕПРОФЕСИОНАЛЕЦ

4. К Р И П Т О Г Р А М

1 1 23 7 21 16

30

1

2

3

4

5

6

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

1. Р Е Б У С

П

ОТ=Ш

СТРАСТ (ЛАТ.). . . , , . . .

3. Р Е Б У С

6. Р Е Б У С 5. А Н А Г Р А М Е Н П О Л Ж А В

2. А Н А Г Р А М Е Н П О Л Ж А В

ВИД ЈАДЕЊЕ

ИЗРАСТОК НА ЗАДНИОТ ДЕЛ КАЈ ЖИВОТНИТЕАМЕРИКАНСКА АРТИСТКА ВУД

ПРИПАДНИК НА ИНДИЈАНСКО ПЛЕМЕ

. . . , , , . . .

. . . . . .

ИР О

КЕ

З

Page 31: Списание Центар 11

31

ТОП ЛИСТА

1.Gangnam Style -PSY2. I Knew You Were Trouble -Taylor Swift3. Skyfall -Adele4. One More Night -Maroon 55. Some Nights -fun.6. We Are Never Ever Getting... -Taylor Swift7. Live While We’re Young -One Direction 8. Die Young -Kesha9. Red -Taylor Swift10. Diamonds –Rihanna

На веб-сајтовите и социјалните мрежи се појави значителна промена на нашата топ листа. Се појавија шест нови песни. Четири песни си го задржаа своето место или го подобрија во пласманот, но водството на оваа топ листа е непроменето. Колку долго оваа песна ќе издржи на првото место?

Хороскоп

Музика

подготви се за

испрашување

дружи се содругарите

внимавај на здравјето

не ризикувај

не заборавај домашна

слушај музика

внимавај на однесувањето

среќа

слушај гиродителитенова љубов

спортувај

те озборуваат

телефонскиповикОВЕН

БИК

БЛИЗНАЦИ

РАК

ЛАВ

ДЕВИЦА

ВАГА

СКОРПИЈА

СТРЕЛЕЦ

ЈАРЕЦ

ВОДОЛИЈА

РИБИ

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

Page 32: Списание Центар 11

32ISSN 1857- 7849

ONE DIRECTION