19
Ендокрин систем Хормонска регулација Маја Д. Саридис IX

Endokrin sistem

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Endokrin sistem

Ендокрин системХормонска регулација

Маја Д. Саридис

IX

Page 2: Endokrin sistem

Што е тоа ?

• Ендокрин систем претставува систем на жлезди со внатрешно лачење.Така се наречени бидејќи немаат свои одводни канали па своите продукти ги лачат директно во крвта, а може и во лимфата или цереброспиналната течност.

• На тој начин доспеваат до целните органи на кои делуваат.

Page 3: Endokrin sistem

Која е нивната функција ?

• Ендокриниот систем заедно со нервниот систем ги управуваат, контролираат и координираат сите функции на човечкиот организам. Нивната работа е усогласена , тие го регулираат метаболизмот, растењето,размножувањето, сексуалните активности,количината на вода и минерали во организмот итн.

Page 4: Endokrin sistem

Како?

• Ендокрините жлезди по влијание на информациите од надворешната средина или информациите одвнатре од организмот создаваат продукти наречени хормони.

• Хормоните се всушност одговор на тие информации.• Тие се биолошки материи кои по природа може да бидат белковини

или стероиди(масти) . • Некој делуваат на многу ткива, а некои само на едно

одредено ткиво.• Ткивото на кое делуваат е мета или целно ткиво• Клетките на тие ткива имаат рецепторикои го поврзуваат хормонот. • Некој имаат подолготрајна активност (дури до две недели), а некои

делуваат многу кратко(10 мин).• Некој пак хормони ја регулираат продукцијата и ослободувањето на

други хормони.

Page 5: Endokrin sistem

Ендокрин систем:1. Епифиза2.Хипофиза3. Штитнажлезда4. Граднажлезда5. Надбубрежнажлезда6.Панкреас7. Јајници8. Тестиси (семеници)

Page 6: Endokrin sistem

ХипофизаХипофизата е главна жлезда зошто излачува хормони кои ја забзуваат или ја успоруваат работата на другите ендокрини жлезди. Поврзана е со хипоталамусот кој лачи рилизинг хормони кој се упатуваат до хипофизата и ја поттикнуваат нејзината активност

Page 7: Endokrin sistem

Поделена е на преден(аденохипофиза) и заден резен(неурохипофиза).Од предниот резен се излачуваат

хормони кои се одговорни заработата на другите ендокринижлезди, ја контролираат, убрзуваатили успоруваат нивната работа. Најважен хормон кој се излачува од

предниот резен на хипофизата е соматотропниотхормон(СТХ).Овој хормонпредизвикува создавање на белковини што се неопходни за растење.Неговото правилно излачување е

најважно во периодот на растењекај децата.

Page 8: Endokrin sistem

Хипер или хипо функција

Ако не се излачува во доволни количини за време на растот на детето тогашдетето нема да порасне доволно и ќе остане како џуџе. Ако за време на растот на детето СТХ се лачи во поголеми количини однормалното тогаш детето ќе порасне многу џин.Кај возрасните луѓе кај кој престанало растењето, може да се случипрекумерно излачување на СТХ ,па кај нив може да дојде до прекумерновидливо зголемување на делови од телото нос,уши,прсти на раце и нозе,долна вилица и др.Оваа појава се вика - акромегалија

Page 9: Endokrin sistem

Хормони на Хипофиза

• Други хормони на предниот резенсе:• -тиреостимулирачки хормон(ТСХ) кој го стимулира лачењето

на штитната жлезда,• -фоликулостимулирачки хормон(ФСХ), кој го стимулира

развојот на фоликулите во јајниците и лачење на хормон естроген, како и ја условува сперматогенезата

• -аденокортикостимулирачки хормон (АКСХ), кој ја стимулира работата на кората на надбубрежната жлезда идр.

• Од задниот резен на хипофизата се лачат антидиуретичен хормон( АДХ) кој ја стимулира реапсорпцијата на водата од бубрежните канали како и хормонот окситоцин кој се лачи непосредно пред породувањето, кој ги стимулира контракциите на мускулите на матката и го стимулира течењето на млекото од градите.

Page 10: Endokrin sistem

Епифиза

• Епифиза или пинеална жлезда која сенаоѓа меѓу двете хемисферисо големинана зрно од пченка. Го лачи хормоот меланин со кој се регулира сонот и будноста

Page 11: Endokrin sistem

Штитна жлездаШтитна жлезда или тироидна е најмалата ендокрина жлезда. Најважен хормон што се лачи од оваа жлезда е тироксин .За синтеза на тироксин потребен е јод ( го внесуваме со јодирана сол), кој е состевен дел на овој хормон. Функцијата на тироксинот е поттикнување на метаболитичките процеси

Page 12: Endokrin sistem

Хипер или хипо функција• При недостиг на хормонот тироксин кај децата доаѓа до неправилен

физички развој и појава на умствено заболување наречено кретенизам.

• Ако овој хормон недостига кај возрасниот човек се забавувава работата на срцето, се намалува телесната температура,доаѓа до појава на груба и отечена кожа,забавени реакции,

• незаинтересираност како и намалување на физичките и психичките способности.

• При зголемена функција на штитната жлезда доаѓа до појава на тн. Базедова болест која се манифестира со гушавост,испапчени очи,чуден изглед на лицето,нервоза,губење на тежината,забрзана работа на срцето,потење,зголемена телесна температура,тресење и забрзан метаболизам.

Page 13: Endokrin sistem

Надбубрежни жлезди

Срцевината лачи хормони како одговор на дразбите од симпатичниот нервен систем. Тоа се хормоните адреналин и норадреналин.-Дејствуваат стимулативно на работата на срцето односно негова забрзана работа , предизвикуваат стеснување на крвните садови па со тоа и покачување на крвниот притисок, претворање на резервниот шеќер од црниот дроб во глукоза,зголемување на метаболичките процеси, ширење на бронхиолите.• Овие хормони делуваат спротивно од инсулинот и нивното дејство доаѓа до уште поголем израз со намалување на нивото на инсулин.•Адреналинот ја зголемува работната способност на изморените мускули. Неговото лачење се зголемува и при некои емоционални состојби:болка,лутина ,страв, недостаток на кислород, крварење итн.

Кората на надбубрежните жлезди лачи хормони кои се одговорни за метаболизмот на шеќерите и минералните материи. Од минералните материи се регулира концентрацијата на натриум во организмот.

Сместени над бубрезите. Жлездите се издградени од два дела различни по форма и потекло. Тоа се срцевина и кора.

Page 14: Endokrin sistem

Хипер или хипо функција

При намалена функција на кората на надбубрежните жлезди доаѓа до појава на Адисонова болест која се манифестира со општа мускулна слабост, атрофија на мускулите, намален крвен притисок, намалена коцентрација на гликоза во крвта, намалена телесна температура и карактеристична обоеност на видливите делови на кожата. Кожата има боја на бронза па отаму ова заболување се вика и Бронзово заболување.

При зголемена функција на кората на надбубрежните жлезди доаѓа до појава на тн Кушингова болест која се манифестира мускулна слабост,зголемено ниво на гликоза во крвта, тенка кожа со модринки, дебелеење со заоблување налицето,намалување на коските итн.Кај женските лица доаѓа до појава на машки белези, а кај машките појава на женски белези .

Page 15: Endokrin sistem

Ендокрин панкреасПанкреасот или поджелудочна жлездапреставува и егзокрина и ендокрина жлезда. Како егзокрина жлезда лачи ензими во дванаесетпалачното црево и така го подобрува варењето на мастите,протеините и шеќерите.Како ендокрина жлезда панкреасот има мн мали тн. Лангерхансови островчиња во кои се создаваат повеќе хормони како што се :инсулин и глукагон

Инсулинот- ја пренесува гликозата низ клеточните мембрани за да може да се искористи од ткивата. Ако поради некои причини во панкреасот не се создава доволно инсулин тогаш шеќерот нема да може да се искористи во ткивата што доведува до зголемена количина на шеќер во крвта(хипергликемија) и појава на тн шеќерна болест или дијабетес.

Page 16: Endokrin sistem

• Глукагонот е хормон кој се лачи во панкреасот и има спротивно дејство на инсулинот.При недостиг на шеќер во крвта влијае врз ослободувањето на складираниот шеќер од црниот дроб и со тоа го зголемува нивото на шеќер во крвта.

• Разни воспалителни и малигни процеси може да доведат до пореметување на работата на панкреасот. Голема штета може да предизвика и алкохолот, мрсната храна, недвижењето како и други лоши животни навики.

Page 17: Endokrin sistem

Јајници

Тие имаат улога да создаваат женски полови клетки , но имаат и ендокрина функција како што е создавање на женски хормони.Тие хормони се естроген и прогестерон.Овие хормони учествуваат во

создавање на секундарни полови карактеристики.Под нивно дејство се развива скелетот и мускулатурата, почнуваат да растат гради,гласот станува понежен,се јавуваат влакна под пазувите и околу половите органи.Естрогенот континуирано се создава во текот на целиот живот на жената , а

прогестеронот во текот на втората фаза на менструалниот циклус и во текот на бременоста.Како старее организмот на жената , во менопаузата, јајниците

закржлавуваат,стануваат како семка од слива и со тоа се намалува и лачењето на половите хормони во нив.

Јајниците се парни полови органи кои се среќаваат само кај жените. Сместени се во вдлабнатината на страничните ѕидови на карлицата и имаат форма на бадем

Page 18: Endokrin sistem

ТестисиТестиси се парни полови органи кои се среќаваат само кај мажите. Тие се машки полови органи со јајцевиден облик. Имаат улога во создавање на машките полови клетки, но имаат и ендокрина функција како што е создавање на машки полов хормон тестостерон .Тестостеронот учествува во создавање на секундарни полови карактеристики како што се продолжување на развој на половите органи и жлезди, карактеристично обликување на скелетот и мускулатурата, гласот станува подлабок,рскавицата на гркланот се испапчува,расте брада и мустаќи, се јавува поголема влакнавост по целото тело.

Page 19: Endokrin sistem

Други жлезди

• Паратироидни –метаболизам на калциум( го ослободува Калциумот од коските во крвта)

• Градна жлезда -важна улога во созревањето на Т-лимфоцитите, односно за развиток на имунитетот.

• Плацента-за време на бременост промени во матката и лачи хормони кој ја поттикнуваат лактацијата

• Жолтото тело е мала, привремена ендокрина структура, која се создава во јајникот осмиот ден од созревањето на јајце клетката. Има функција за воспоставување и одржување на бременоста на жената. Во јајникот жолтото тело лачи естроген и прогестерон хормони. Доколку не дојде до оплодување на јајце клетката ,жолтото тело престанува да лачи прогестерон и дегенерира .Ако дојде до оплодување ,жолтото тело продолжува да лачи прогестерон, а потоа плацентата лачи прогестерон и жолтото тело дегенерира .