151
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК деветгодишно основно образование КОСАРА ГОЧКОВА за петто одделение 5

Make Don Ski Jazik v Gockova

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Make Don Ski Jazik v Gockova

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

деветгодишно основно образование

КОСАРА ГОЧКОВА

за петто одделение

5

Page 2: Make Don Ski Jazik v Gockova

Македонски јазик за петто одделение

во деветгодишноосновно образование

Косара Гочкова

Page 3: Make Don Ski Jazik v Gockova

Лектор:Андријана Павлова

Компјутерска обработка и корица:Пепи Дамјановски

Page 4: Make Don Ski Jazik v Gockova

Програмско подрачје:

Јазик

Содржини

1. Јазикот како средство за општење2. Сигнали и симболи како средства за општење

ГраматикаЗвучни и безвучни согласкиИменки

- збирни именкиПридавки: присвојни, бројниЗаменки: показни заменкиГлаголи

- сегашно време- минато време- идно време

РеченицаПроста реченица со подмет и прирока) проста реченица со подмет, прирок и неопходни реченични членови (прилошки определби)

б) сложена реченицаЗборови

- хомоними- деминутиви- аугментативи

Директен говорИндиректен говорИнтерпункција

- две точки, тире и наводнициУпотреба на голема буква:

- народи, празнициСкратеници

- пишување на скратеници(РМ, ОУ, ТВ, МАНУ)

Page 5: Make Don Ski Jazik v Gockova

4

Јазик

Јазикот како средство за општење

Јазични знаци

Животот во заедница (на луѓето или на животните) е условен од меѓусебната комуникација на нејзините членови, затоа е создаден природен јазик за општење меѓу луѓето. Покрај јазикот, се користат и сигнали и симболи како средства за општење.

Општењето е способност на човекот да разменува пораки.

Членовите на човечката заедница комуницираат и преку други, нејазични, средства за општење (сигнали, симболи, гестови, мимики, цртежи, сообраќајни знаци итн.). Оттаму, заклучуваме дека општењето е меѓусебно дејствување со знаци. Знаците се најважни елементи на општењето. Луѓето се служат со различни знаци за општење:

а) Слушање сирена на болничко возило - значи некој има потреба од брза помош;б) Гледаме колона накитена автомобили - значи има свадба.Знакот е единство од две нешта. Со првото нешто се означува нешто друго (звукот

на ѕвончето означува почеток или крај на часот).

Запомни!Знакот е нешто што укажува на нешто друго. Знакот е единство од две нешта.

Човекот е единствено суштество кое во својот развој стекнало способност да комуницира преку јазикот.

Јазикот е клучна особеност на луѓето и претставува основно и најважно средство за општење. Сите други нејазични средства - визуелни, аудитивни и др., се само придружни средства во општењето меѓу луѓето.

Заклучи: Јазикот е најсовршено средство за општење.

Со јазикот можеме да упатиме или да примиме пораки преку кои се искажува:- намера: Денеска ќе одам кај баба ми на посета.- прашање: Се врати ли?- желба: Сакам да живеам во Охрид.- молба: Те молам, дојди со мене.- наредба: Слези од дрвото!- предлог: Ајде да се прошетаме.- верување: Верувај ми, ќе дојдам навреме.

M+

Page 6: Make Don Ski Jazik v Gockova

5

Јазик

Освен наведените, има уште безброј можности за разменување пораки преку јазикот.

Во своето општење човекот се служи со зборовна (вербална) и незборовна (невер-бална) комуникација.

Согледај, заклучи!Со помош на сигналите идеите се претвораат во соопштенија (пораки) што ги открива примачот и ги користи за да изрази некоја јазична ситуација.

Сигнали и симболи како средства за општење

Подготви се за нови знаења!

Постојат разни видови знаци.Ако испраќачот има намера да му соопшти нешто на примачот или да пренесе

информација тој се служи со:а) сигнали и б) симболи

Незборовната комуникација опфаќа сигнали, симболи,

гестови, мимики, интонација, пауза и друго.

а) Сигналите не се испраќаат со намера, но примачот ги открива преку своите сетила. За сигналот треба да постојат две страни:

- лице што го прима сигналот- значење на сигналот.Еве пример: трага од нога во снег за тој што ја гледа е сигнал дека на тоа место

поминал некој, иако не постои директен испраќач на сигналот.

Присети се: Човечкиот јазик е најсовршен систем од знаци. Покрај говорната комуникација со зборови со кои се именуваат: суштество, предмети, појави, карактеристики, дејства, односи и сл., постојат и сигнали и симболи како средство за општење.

Page 7: Make Don Ski Jazik v Gockova

6

Јазик

На пример: Изразот „Сега!“ е карактеристичен за почеток на трка. Изразот „Авиони!“ е знак за опасност.

б) Симболите се испраќаат со намера да пренесат порака (информација) од испраќачот до примачот. Симболот како средство за општење е многу застапен во секојдневниот живот, како на пример: зеленото светло на семафорот означува слободно минување на автомобили или на луѓе (пешаци), знамето е симбол на државата.

Еве и друг пример:Автомобилот „Фиќо“ во минатото беше најпосакуван во семејствата со пониски

примања. Долги години тоа го означуваше стандардот на средната класа (средноимотни семејства), т.е. стана симбол на средната класа, која немаше куповна моќ, на пример за „Пежо“. Тогаш во весникот „Нова Македонија“ можеше да се прочита ваков оглас:

„Фиќо - автомобил за секој џеб“

Осознај, заклучи!Симболот е знак кој претставува врска помеѓу предметот (ознаката) на пример: автомобил и означениот автомобил „Пежо“ кој за примачот претставува: богатство, висок чин, престиж.

Вежби:Објасни во кои средства за општење (сигнали и симболи) можеш да ги вброиш следниве знаци:1. Огласување на училишно ѕвонче2. Звук на пишталки во рацете на сообраќаец3. Отпечатоци на стапалки од лисица4. Појавување на црвено светло на семафорот5. Траги од тркала на кола при кочење.

Page 8: Make Don Ski Jazik v Gockova

7

Јазик

Заклучокот гласи:Гласните жици треперат во согласките што ги изговори Лиле затоа тие согласки ги викаме звучни согласки. При гласовите што ги изговори Маја, гласните жици не треперат. Затоа тие согласки се викаат безвучни согласки.

ГраматикаЗвучни и безвучни согласки

Внимавај!Веќе знаеш дека од сите гласови во македонскиот јазик најзвучни се самогласките: а, е, и, у, о.А колку согласки има во македонскиот литературен јазик?Одговорот е: 26 (дваесет и шест согласки)При изговорот на согласките се јавуваат пречки на патот на воздушната струја. Така, гласните жици некогаш треперат, а некогаш мируваат.

Размисли, запомни!Според звучноста, согласките се делат на: звучни и безвучни согласки.За полесно да ја забележиш разликата во звучноста, спореди ги сликите на кои Лиле и Маја се обидуваат да го покажат тоа.

Согласки според звучноста

Звучни Б В Г Д Ѓ Ж З Ѕ Џ

Безвучни П Ф К Т Ќ Ш С Ц Ч Х

Вежбај самостојно:За да ја откриеш звучноста на согласките, стави го прстот на гркланот. Според треперењето на гласните жици ќе заклучиш колкава е звучноста на одделни согласки. Така ќе запаметиш за долго време.

M+

Лиле Маја

б, в, г, д, ѓ

п, ф, к, т, ќ

Што забележуваш?

Page 9: Make Don Ski Jazik v Gockova

8

Јазик

Покрај едначењето по звучност постои уште една гласовна промена, т.н. обезвучување. Оваа гласовна промена се случува кај зборовите што завршуваат на звучна согласка, а при изговорот слушаме безвучна согласка. Такви се примерите: леб, стоев, заб и сл.

Изразување и творењеа) Јован и Наташа застануваат еден на спроти друг. Јован ги изговара звуч ните и безвучните согласки со брз изго вор на зборовите.Наташа со спор изговор ги изговара зборо вите со звучни и безвучни согласки. Тоа се: работник,

часовник, стреа, врв, пат, студ, радио, ливада,

столб, брат, другарки, стадион.

студ, радио, ливада,

адион.

б) Откриј на кое место има едначење по звучност, односно преминување на звучните согласки во безвучни согласки леб-лепче, грав-графче, врабец-врапци,

сладок-слат ка, тежок-тешка, ѕид-ѕитче

Задача:Гласовите од следнава песна, внеси ги во две колони.

Поздрав мајкоЦане Андреевски

Од сè срце, мила мајко,прими поздрав в овој час,знај, те љубам и те гушкам,благодарен сум ти јас.Ти ме чуваш, мајко моја,и ме водиш по прав пат,ти ме учиш јас да љубамтруд и книга, роден кат.

Постапи вака

Стих Звучни Безвучни

I стих

II стих

III стих

IV стих

V стих

VI стих

VII стих

VIII стих

IX стих

Page 10: Make Don Ski Jazik v Gockova

9

Јазик

Да поразговарамеЧовечкиот јазик по своето богатство може да се спореди со вселената: за сè што постои во неа, човекот создал име. Од најмалечката честичка до најголемата планета имаат свое име.Луѓето дале име на сè што постои, па дури и на зборовите. Некои зборови си ги создал народот, а некои се примени од други јазици, односно од други народи. Многу нови зборови се создадени од веќе познати зборови (Бог, Божин, Божана, божји, божиќен, божествен).

Именки: збирни именки

Именките се делат на општи и сопствени.Општите именки именуваат општи поими(маса, жена, човек, молив, пенкало,

село и сл.).Сопствените именки именуваат единечни предмети или суштества.Ана, Марко, Илија;Вардар, Охрид, Македонија, Оризари;Велигден, Св. Кирил и Методиј, 11 Октомври, Осми март;

„Развигор“, „Хајди“, „Покахонтас“Министерство за внатрешни работи, „Тинекс“Сопствените именки, по правило, ги сретнуваме само во еднина.

Да се потсетимеИменките се менливи зборови кои именуваат:

- суштества (луѓе, животни): човек, девојка, јагне, Јован, Милка, славејче;- географски поими: Вардар, Беласица, Охридско Езеро;- предмети: маса, стол, железо, антена, книга;- појави: светлина, залез, дожд;- апстрактни поими: вистина, правда, радост;- имиња на дејства: пад, скок.

Размисли и одговори!Ти наведуваме повеќе именки во еднина. Во тетратката напиши ги дадениве примери во множина: клупа, торба, езеро, даб, облак, мече, компјутер. Откриј ги сопствените именки и кажи што именуваат. Маре, елен, Митко, Тарзан, Баримечка, човек, Пелистер, мечка, јагода, Јагода, Велигден, Вардар, дете, Пелис-тер, Овче Поле, Брегалница.

Page 11: Make Don Ski Jazik v Gockova

10

Јазик

M+

Конкретни именки се делат на избројливи и неизбројливи, а неизбројливите на збирни (население, мебел) и материјални (сол, шеќер, песок и др.).

Внимавај, согледај!Општите именки се делат на конкретни и апстрактни.а) конкретни: цвет, дете, елен; б) апстрактни: радост, тага, сон.

Запомни: Именките се делат на општи и сопствени. Општите именки се делат на апстрактни и конкретни. Конкретните именки се делат на избројливи и неизбројливи, а неизбројливите се делат на збирни и материјални.

Приказ на поделбата на именкитеА, кај именките од среден род множината се образува со наставките:

Именките во македонскиот јазик се менуваат по: род, број и определеност (член).

Збирни

Page 12: Make Don Ski Jazik v Gockova

11

Јазик

Збирни именки

Некои именки означуваат множество (збир) од еднородни предмети. Во збирот не се изделува одделен предмет. Ваквите именки во граматиката се викаат збирни именки.

Размисли и заклучи! Збирните именки со својата еднинска форма означуваат множество.

Изразување и творење

1. На илустрацијата, „Есенски слики“ откриј не колку збирни именки, запиши ги и изговори ги пра вилно.2. Воочи ја разликата меѓу општите и збирните именки во следниве реченици. Препиши ги во две колони. На сивото небо се гледа јато птици. Населението во нашата земја припаѓа на повеќе народи и етнички заедници. Членството во литературната дружина е од разни одделенија. По падините пасат неколку стада овци. Во учили ш тето купивме нов мебел.

Есенски слики: дрвја, јато, птици, стадо овци (се гледаат на илустрацијата подолу).Меѓу збирните именки сретнуваме вакви: членство, население, мебел, народ, јато,

стадо, стока.

Page 13: Make Don Ski Jazik v Gockova

12

Јазик

За следниот час:Напиши пет реченици во кои ќе употребиш збирни именки.

Изразување и творење

На следнава илустрација ќе про нај деш повеќе видови именки. На прави разлика меѓу нив и во форма на расказ напиши што гледаш.

На пример: Се гледаат: лисје, луѓе, грозје...Напиши ги општите именки.

Задача:Во следниов текст ќе сретнеш збирни и друг вид именки. Препиши ги и зад секоја именка кажи на кој вид припаѓа.

Биди креативен:Погледни ја уметничката слика „Бачило“ и во врска со неа состави реченици во кои ќе внесеш

збирни именки.

Оро околу светот

Пол ФОРКога сите девојки на светот би си ги подале

рацете, би можеле да направат оро околу светот.

Кога сите момци на светот би биле морнари смели, со своите бродови големи би можеле да направат цврст и прекрасен мост преку брановите бели.

Да, би можело да се направи оро околу светот (под сонцето и под облаците), кога сите луѓе би сакале едни на други, братски да си ги подадат рацете, да живеат сложни како јато птици. Целото население да го грее љубов.

„Бачило“

Лазар

Личеноски

Page 14: Make Don Ski Jazik v Gockova

13

Јазик

Придавки

Потсети се на изученото!

Придавките именуваат некакви карактеристики на предметите, суштествата и појавите.Проследи ги примериве: На брегот видов малечка куќичка. За подарок добив жолто маче. Сите игравме покрај белиот јоргован. Најслатки се шумските јагоди. Баба ми ќе ми сплете црвен џемпер. Александар е најмлад планинар.

Научи повеќе!

Придавките го добиваат родот и бројот од именките што ги определуваат. Така на пример: Ако именката е од машки род и придавката што ја определува ќе биде од машки род. На ист начин се определува и бројот. Значи: Именките и придавките се согласуваат по род и број.Пр.: вреден ученик - вредни ученици убава книга - убави книги весело дете- весели децаАко сакаме со именката да означиме определен предмет, а пред имен-ка та употребиме придавка, тогаш се членува придавката.Пр.: Подај ми ја книгата. Подај ми ја зелената книга.

Page 15: Make Don Ski Jazik v Gockova

14

Јазик

Описни придавки се: расцветана, огромна, натрупана, висната, пријатен.Покрај описните ќе сретнеш присвојни придавки: селски (јоргован), државно

(дрвце) и материјални придавки дрвена (ограда).

Откриј, согледај!

Во следниов текст ќе сретнеш поголем број придавки. Некои ќе ги определиш како описни, а некои како односни (присвојни или материјални).

Сè е државно

Видое ПодгорецПред дрвената порта имаше селски јоргован.

Првпат ги подадов рацете за да скршам гранче. Ме виде татко ми.

- Не си в шума, Тони! - ми викна. - Не крши ги гранчињата!

Вториот ден отидовме на излет. На една ледина на ридот беше расцветана огромна цреша. Гранките £ беа натрупани со цветчиња, виснати до земјата. Низ воздухот струеше многу пријатен мирис.

Втор пат ги кренав рацете.- Не, Тони! - ме пресече гласот на татко ми. -

Не уништувај ги цветовите! Тие ќе родат цреши.- Их, за едно гранче! И покрај тоа црешата

не е наша. Нели сме в планина? Ова дрво е ничие, - реков. Од него во фабриката изработуваат дрвени клупи.

- Не е ничие - рече татко ми. - Тоа е државно. - Гледај, а јас не знаев. Значи, сè е државно!

Спореди и заклучи!

Присвојните придавки означуваат кому му припаѓа предметот или суштеството. Такви се: татков, мајкин, чичов, дедов, бабин Иванов.Еве и други примери:• Марковиот цртеж беше најдобар. • Надиното фустанче е шарено. • Училишната библиотека е многу богата.Правописно правило: Присвојните придавки од лични имиња ги пишувале со голема буква: Милан - Миланов, Јана - Јанин, Јове - Јовев.

Присвојни придавки

Подготви се за нови знаењаВо групата на односните придавки спаѓаат a) присвојни придавки и материјални

придавки.

Page 16: Make Don Ski Jazik v Gockova

15

Јазик

Направи разлика.

Пронајди ги присвојните придавки во следниов текст:Сите внимателно го слушаа Јовановиот состав. Потоа се подигнаа голем број

детски раце. Најтопли беа Милкините пофалби. Горановиот состав сите го пофалија. Најкус, но многу убав беше Надиниот состав.

Бројни придавки

Согледај!

Во текстот „Сè е државно“ има и бројни придавки во следниве реченици:

Вториот ден отидовме на излет.

Втор пат ги кренав рацете.

Еве и други примери:

Првото кокиче беше прекрасно.

Третиот хеликоптер се дигна највисоко.

Втората убавица беше Македонка.

Седмиот ден е за одмор.

Јас научив:

Бројните придавки го означуваат редот на суштествата и предметите. Такви

се: втор, двоен, петти, осми.

Правописно правило: Бројните придавки се образуваат од броеви.

Изразување и творење

Работи на час

Напиши кус состав за убавините на твоето родно место служејќи се со разни видови

придавки (описни, присвојни, материјални и бројни).

Спореди, заклучи!Разгледај ги предложените придавки и подреди ги во колони според видот(описни, присвојни, бројни):прв космонаут, црвено јаболко, двоен аршин, нов велосипед, бистар извор, петти каратист, храбар борец, училиштен двор, високи планини, осми тркач, општинска зграда, Јованова воденица, Дедо Марково торбуле, четврти по ред, училиштен двор.Постапи вака:

Описни придавкиОдносни прдавки

Бројни придавкиПрисвојни Материјални

црвено (јаболко) училиштен (двор) стаклена (чаша) прв (космонаут)

M+

Page 17: Make Don Ski Jazik v Gockova

16

Јазик

Заменки (показни заменки)

Поврзи со претходните знаења

Веќе ти е познато дека именките именуваат лица, други суштества и предмети, а пак, заменките ги означуваат или посочуваат лицата, суштествата и пред метите.

Размисли, заклучи!

Лични заменки

Зборовите што означуваат или посочуваат лица. други суштества или предмети се нарекуваат лични заменки. Такви се: јас, ти, тој, таа, тоа (еднина), и ние, вие,

тие (множина).

Показни заменки

Покрај личните постојат и показни заменки. Погледни во илустрацијата и размисли за она што го гледаш.

овој овааова

онаонааона

тој таатоа

Маја сади цвеќиња. (именка)

Таа е многу работлива(заменка)

Page 18: Make Don Ski Jazik v Gockova

17

Јазик

Заменките (оваа, оној, тој, тие) служат за посочување на суштества или предмети. Тие се показни заменки.

Еве ги сите форми на показните заменки:Показните заменки: овој, оваа, ова и овие служат за посочување суштества и

предмети што се блиску до лицето кое зборува.Показните заменки: оној, онаа, она и оние служат за посочување суштества и

предмети што се пооддалечени, но во видокругот на лицето што зборува.Показните заменки: тој, таа, тоа и тие служат за посочување суштества и предмети

блиски до соговорникот.

Донеси заклучокПоказните заменки служат за просторно и временско посочување на лица или на предмети во однос на лицето што зборува.

Во следните примери се употребени показни заменки. Посочи ги:Овој лебед го краси езерскиот брег.Ова девојче е член на литературната дружина.Таа книга ми остави силен впечаток.Тие што читаат книги го збогатуваат својот израз.Онаа ластовичка секоја година се враќа во старото гнездо.

Вежба за усвојување на поимот на показни заменки.

Препиши ги овие реченици во тетратката за домашна работа. На местото од празните линии внеси ги потребните форми од показните заменки.

Денеска го купив ____________________ .

_______________ ја добив како награда.

Со ____________________ работам на час по геометрија.

Кажи што означува ___________________ .

_____________________ се изведени во инкубатор

______________ ги носела баба ми.

________________________ се многу вкусни.

Со ______ се служам три години.

Со секоја од формите на показните заменки напиши по една реченица.

Page 19: Make Don Ski Jazik v Gockova

18

Јазик

Вежба за разликување на личните и показните заменки.

Јане се обраќа или ги посочува своите другари од одделението при што ги употребува личните заменки (ти, тој, таа, тоа, ние, вие, тие).

Маја се служи со показни заменки покажувајќи на своите другари(ки) - оваа, овој, оној, онаа, ова, тие, тоа.

M+ Запомни! Показните заменки зависат од именките на кои се однесуваат и го носат нивниот род и број (оваа ученичка, она девојче, овој штрк, тој роман, тие луѓе итн.).

Изразување и творење

Погледни ја илустрацијата.

Состави шест реченици во кои ќе употребиш показни заменки.Јане им зборува на другарите за двете групи деца. Можеш да дадеш имиња на секој учесник во натпреварот.

Page 20: Make Don Ski Jazik v Gockova

19

Јазик

Глаголи

Сегашно, минато и идно време (освежување на знаења)

Размисли за настанот. Што се случи во Скопје во 1963 година?I. На 26 јули 1963 година, силен земјотрес го зафати Скопје. Тогаш се разурна и

падна зградата на театарот во Скопје. Граѓани од сиот свет доаѓаа и помагаа.II. По многу години, Скопје пак станува големо градилиште. Луѓето забрзано

работат: копаат, бетонираат, ѕидаат. Сите заедно градат нов модерен театар покрај Вардар. Со надеж луѓето зборуваат: „Новиот театар ќе блесне со својата белина.“

III. Скопје ќе стане културен центар во кој ќе влегуваат многу луѓе. Во него ќе пеат, ќе глумат и ќе играат балет најголеми уметници.

Согледај и спореди!Во текстот ќе сретнеш реченици искажани во различни глаголски времиња. Спореди ги наставките во нив

Минато Сегашно Идно

зафати станува ќе блесне

разурна работат ќе стане

падна копаат ќе влегуваат

доаѓаа ѕидаат ќе пеат

помагаа градат ќе глумат

Глаголските дејства можат да бидат искажани во сегашност (сегашно време), минатост (минато време) и идност (идно време).

Размисли!

Определи го времето на вршењето на дејството во следниве реченици:

1. Силен земјотрес го разурна Скопје во 1963 година.

2. Луѓето забрзано работат на изградба на нов театар.

3. Новиот театар ќе блесне со својата белина.

Од кои зборови го заклучи тоа?

сега читам

вчера учевутре ќе раскажам

минато време сегашно време идно време

Page 21: Make Don Ski Jazik v Gockova

20

Јазик

Да се лета или да се плива

Цане Андреевски

Кога жолчката и белката од јајцето слетаа во врелото масло, почнаа пријатно да си чрчорат.

Лушпата, сега преполовена на две, како празна колепка и небесен свод, се сврте кон тавата и си помис ли:

- Колку се радуваат што пливаат! А јас ги чував да летаат... Можеби некогаш и тоа ќе се случи.

Вежба бр. 2.

Погледај ја оваа илустрација и напиши реченици во кои ќе употребиш глаголи

во: сегашно, минато, идно време.

Вежба бр. 1.Пронајди ги глаголите во текстот и определи во кое време се истите (сегашно, минато, идно).

Page 22: Make Don Ski Jazik v Gockova

21

Јазик

Сегашно време

Кој рано рани - две среќи граби!

Размисли и сети се:

Какви дејства се искажуваат со сегашно време?

Откриј, заклучи!

Прочитај ја песната „Светот и ние“ од Цане Андреевски и кажи кои глаголи од

сегашно време ги откри во неа.

Светот и ние

Цане АндреевскиГо гледам овој свет, со очите на нашата љубов,затоа толку е убав.Го ѕидаме овој светсо рацете на нашите желбизатоа толку е извишен.Го будиме овој светсо сонцето на нашата надежзатоа толку е светол.

Замисли го светот за кој пее поетот во сегашноста, како да го гледаш во овој момент.

Page 23: Make Don Ski Jazik v Gockova

22

Јазик

Знаеш ли дека формите за сегашно време се образуваат со додавање наставки за сегашно време на основната самогласка на глаголот.

Погледни ги наставките!

За еднина За множина1 л. -м (играм) 1 л. - ме (играме)2 л. -ш (играш) 2 л. - те (играте)3 л. -Ø (игра) 3 л. - ат (играат)

Еднинаа-група и-група е-група1 л. чека - м 1 л. носа - м 1 л. пеа - м2 л. чека - ш 2 л. носи - ш 2 л. пее - ш3 л. чека - / 3 л. носи - / 3 л. пее - /

Множина1 л. чека - ме 1 л. носи - ме 1 л. пее - ме2 л. чека - те 2 л. носи - те 2 л. пее - те3 л. чека - ат 3 л. нос - ат 3 л. пе - ат

Заклучи!Сегашно време е проста лична глаголска форма.Во зависност од формата во трето лице еднина, т.е. во зависност од вокалот на кој завршува глаголот во трето лице еднина, разликуваме три групи глаголи, и тоа: а-група(чита), и-група(стои), е-група(живее).

Глаголите: гледаме, ѕидаме, будиме се во сегашно време.

Присети се!

Со овие глаголи се означува дејство што се случува во времето кога зборуваме,

т.е. во сегашноста.

Сегашно време означува дејство што се совпаѓа со времето на

зборувањето. Лицето што зборува ги опишува настаните што се случуваат во моментот на зборувањето - сегашноста.

Пример: Сега гледам една птица.

Page 24: Make Don Ski Jazik v Gockova

23

Јазик

Научи повеќе!

а) Кај глаголите од а-група, трето лице множина завршува со две а

(чекаат, читаат, патуваат)

б) Сегашно време се прави од несвршени глаголи (чита, оди, носи),

т.е. од глаголи со кои се означува дејство кое се одвива подолг

временски период и кое не е завршено(учи, оди), или пак, дејство

кое се повторува(тропа). Постојат и свршени глаголи (прочита, отиде,

донесе), со кои се означува завршено дејство, но овие глаголи

се употребуваат во другите времиња(идно, минато определено

свршено време).

Задача:

Погледни ги глаголите од е и и-група. Што забележуваш во формите за 1лице

еднина и 3лице множина?

Вежби:

а) Глаголите: одам, раскажувам, сеам измени ги по лица во еднина и множина.

б) Со глаголите: чека, носи, пее - состави реченици во сегашно време.

Задача: Следниве реченици препиши ги така што ќе го промениш глаголското

време од сегашно во минато и во идно време.

1. Нада прави букет од полски цвеќиња.

2. Јован подготвува куќичка за птици.

3. Ние садиме зеленило во дворот.

4. Напролет врнат поројни дождови.

5. Ластовичките прават седелца под стреите.

Во текстот „Кој е најстар“ пронајди ги глаголите и со нив направи нови реченици.

Кој е најстар

Живееле во морето тројца пријатели: рибата, ракот и желката. Еден ден почнале да докажуваат кој е најстар. Тоа го слушало морето и само се насмеало, затоа што се родило пред многу години. Немало ни риби, ни ракови, ни желки. Постоела само Земјата. Значи, Земјата е најстара.

Page 25: Make Don Ski Jazik v Gockova

24

Јазик

Сегашно време (вежби и задачи)1. Прочитај го текстот „Лисја и жили“ (стр.48) и во него пронајди ги глаголите во сегашно време.а) Кажи го сегашното време (по лице и број) од глаголите носам и печам.б) Напиши ги сите форми во сегашно време (по лице и број) од глаголот патувам.

2. Прочитај ја песната „Рекичката“ и пронајди ги глаголите од сегашно време.

Рекичката

Лазо КаровскиСред нашето село мало,рекичката тивко тече,избистрена како солзасал пеничка бела влече.

И сè така, без да сопресо векови таа тече,и што шепне и кој брзадали некогаш ќе рече.

3. Изврши промена по лица кај глаголивеа-група кај глаголот читаи-група кај глаголот одие-група кај глаголот сее

Минато време - од несвршени глаголи

Спореди ги следниве реченици според глаголското време

Јас читав Јас читам Јас ќе читамминато време сегашно време идно време

... На едно полјанче растеа две брези. И дење и ноќе си шепотеа една на друга најубави приказни. Само зимно време молчеа безлисни и заспани...

И така растеа брезите, му се радуваа на сонцето, на птиците, на ветерот.Глигор Поповски

Разгледај ги глаголите што се истакнати во овој извадок. Тие искажуваат дејство што е во одвивање, во траење.

Page 26: Make Don Ski Jazik v Gockova

25

Јазик

Со глаголот растеа е засведочено вршењето на едно дејство, со глаголот шепотеа е засведочено вршењето на друго дејство. Така е и со глаголот молчеа и се радуваа.

а) Сите тие се глаголи во минато определено несвршено време.

Минато определено несвршено време се образува со наставките: за еднина за множина 1л. -в 1л. -вме 2л. -ше 2л.-вте 3л. -ше 3л.-а/-јаНаставките се додаваат на основниот вокал а (кај глаголите од а-групата) и на

основниот вокал е (од е-група и од и-група).

Примери на минато определено несвршено време: Еднина Множина а-група (гледа) 1 л. гледав 1 л. гледавме 2 л. гледаше 2 л. гледавте 3 л. гледаше 3 л. гледаа

Еднина Множина е-група (расте) 1 л. растев 1 л. растевме 2 л. растеше 2 л. растевте 3 л. растеше 3 л. растеа

Еднина Множина и-група (носи)1 л. носев 1 л. носевме2 л. носеше 2 л. носевте3 л. носеше 3 л. носеа

Погледни како гласи минато време за лицата во еднина и во множина.

Минато време - од несвршени глаголи, е глаголско време со кое се искажува дејство во траење. Ова значење се искажува со формите од несвршени глаголи.

Вежба:Подвлечи ги глаголите во минато време.

...Сонцето неосетно слегуваше се пониско кон запад. Сенките по долината растеа, се згуснуваа и се заплеткуваа. Реката бучеше, а ветрето како некој тих трепет на воздухот, топло мирисливо тивко вееше.

Page 27: Make Don Ski Jazik v Gockova

26

Јазик

Минато време - од свршени глаголи

Праведна пресуда

Народна приказна

Еден трговец си го изгуби ќесето со пари и разгласи за тоа. Откако гласникот помина по улиците, дојде еден селанец и го донесе ќесето.

– Еве трговецу, го најдов ова ќесе со твоите пари.Трговецот со голема радост го грабна ќесето, го отвори и ги изброја парите.

Во наведениов извадок се употребени поголем број глаголи. Повеќето од нив се однесуваат на дејства искажани во минатост. Пронајди ги глаголите што искажуваат минати завршени дејства, т.е. пронајди ги формите од минато определено свршено време.

Во однос на видот на глаголите веднаш ќе забележиш дека тие означуваат свршени дејства. За да се увериш во тоа, тргни од моментот на зборувањето.

Глаголите употребени во извадокот од приказната „Праведна пресуда“ се во минато определено свршено време.

M+Запомни:

а) Минато време се прави и од свршени глаголи. Тоа е проста глаголска форма.Глаголите: изгуби, разгласи, помина, дојде, донесе, помисли, најдов, грабна, отвори, изброја и др. означуваат дејства што се вршени и завршени во минатото.б) Минато време од свршени глаголи искажува дејство при чие извршување присуствувал или учествувал говорителот и кое се случило во минатото.

Формите во минато определено свршено време се градат со додавање на наставките:

еднина множина1 л. - в 1 л. - вме2 л. - Ø 2 л. - вте3 л. - Ø 3 л. -а/-ја

Како што можеш да забележиш во второ и во трето лице еднина нема наставки.Во ова време раскажувачот раскажува како да е и тој сведок на извршувањето на

дејството.Дејствата означени со глаголот се извршиле во мина тото.

Page 28: Make Don Ski Jazik v Gockova

27

Јазик

Промената на глаголите од свршен вид е како што следува:

поминаеднина множина 1 л. поминав поминавме2 л. помина поминавте3 л. помина поминаа

одржиеднина множина1 л. одржав одржавме2 л. одржа одржавте3 л. одржа одржаа

изгубиеднина множина 1 л.изгубив изгубивме2 л.изгуби изгубивме3 л. изгуби изгубија

отвориеднина множина 1 л. отворив отворивме2 л. отвори отворивте3 л. отвори отворија

донесееднина множина1 л. донесов донесовме2 л. донесе донесовте3 л. донесе донесоа

речееднина множина 1 л. реков рековме2 л. рече рековте3 л. рече рекоа

Задачи:

1. Напиши ги формите за време од глаголите: затвори, изгуби, заспа, стана, во

еднина и множина

2. Во приказнава „Праведна пресуда“ има повеќе глаголи во минато време.

Препознај ги и препиши ги во тетратката за домашна работа. Еве ја приказната:

...Мудриот кадија откако ја разбра работата, вака пресуди:

- Вие обајцата имате право: ти, трговецу, загуби осумстотини гроша, а ти, селанецу, најде само седумстотини гроша; значи парите не се на овој трговец, туку на некој друг човек. Затоа ти, селанецу, однеси ги парите дома, дури не дојде оној што изгубил само седумстотини гроша, а ти, трговецу, чекај додека не се јави оној што нашол осумстотини гроша.

Воочи и заклучи: Минато време се гради од свршени и од несвршени глаголи.

Page 29: Make Don Ski Jazik v Gockova

28

Јазик

Изразување и творење (минато време)1. Писмена вежба

Прикажи писмено некое доживување. Во својот состав пронајди ги глаголите што си ги употребил во минато време.

2. Говорна вежба

Измени ги по лице во минато време глаголите: пеам и помагам.

3. Пронајди ги глаголите од минато време во оваа народна приказна.ародна приказна.

Заспа некој човек и сони како некој му даде десет парички. На непознатиот во сонот му рече:

- А, да ми дадеш дваесет?Во тој миг човекот се разбуди. Погледна.

Нигде никого не виде. Веднаш повторно замижа, ја испружи раката и рече:

- Ѓавол да те земе, дај ми макар десет.

Подготви се за нови знаења!

Во следниов текст пронајди ги глаголите и определи во кое време и во кое лице се употребени. Не заборавај да го определиш бројот (еднина и множина).

Црешовите дрвја наскоро ќе процутат. По неколку дена на гранките ќе се појават бели цутови.

Во мај ќе има ситни зелени зрнца. Во јуни ќе висат ушници во црвена боја. Сите ќе береме и ќе јадеме сочни цреши.

Да те потсетимеИдно време е сложена глаголска форма. Таа може да се образува од свршени и од несвршени глаголи.

Идно време

Размисли и заклучиВо басната „Лавот и мечката“ лавот кој бил цар на животните, побара од мечката да направи смотра на војската.

- Сè што ќе забележиш честит цару, ќе ти кажам, и тоа многу ќе ти користи - рекла мечката.

Со идно време се искажува дејство кое ќе се врши или ќе се изврши во иднина.

Page 30: Make Don Ski Jazik v Gockova

29

Јазик

Согледај и заклучи:

Како се образува идно време

Од несвршени глаголи од свршени глаголи

користи искористи

еднина множина еднина множина

1 л. ќе користам ќе користиме 1 л. ќе искористам ќе искористиме

2 л. ќе користиш ќе користите 2 л. ќе искористиш ќе искористите

3 л. ќе користи ќе користат 3 л. ќе искористи ќе искористат

Научи повеќе!

Идно време се образува со честичката ќе и формите за сегашно време од глаголот што се менува. Поради тоа, ова време е сложена глаголска форма. Идното време има 3 лица во еднина и во множина.

Контролни вежби и задачи

1. Поделете се на две групи. Едната група нека раскаже случка во сегашно време. Втората група истата случка нека ја искаже во идно време.

2. Во стиховите од песната за Гоце „Црна се чума зададе“ провери ги формите во идно време и со нив напиши реченици.

Дружино верна зговорнакога, ќе дома појдете,мајка ми ќе ве пречека,за мене ќе ве запраша„Каде е Гоце војвода“.

а) Измени ги по лице во идно време глаголите: гледам, реков и пишував.

Page 31: Make Don Ski Jazik v Gockova

30

Јазик

б) Потоа истите напиши ги во минато време. Во текстот „ Ване и ластовичката “ од Киро Донев пронајди ги глаголите во идно време и измени ги по лица.

в) Глаголите од идно време претвори ги во сегашно време и со нив напиши реченици.

Ване и ластовичката

Киро ДоневСонцето блесна зад ридот на исток и низ отворениот прозорец истури грст златни

стрели врз постелата на Ване.- Здраво, ластовичке! Добро ни дојде! - ја поздрави Ване.- Дојдов да ти ја донесам пролетта... Чррр-чрр-чрр! - зачурулика леснокрилата

гостинка. - Секое утро ќе те будам со песна пред сонцето. Ќе снесам јајца и ќе чекам да се изведат моите малечки. Ќе ги научам добро да летаат и, заедно со нив, пак ќе се вратам во топлиот југ. А сега, до видување. Морам да си го поправам гнездото!

Ластовичката одлета кон првата бара да земе кал за своето гнездо.

Говорна вежба

1. На брегот на Охридското Езеро гледам мазно, блескаво и тркалезно камче. Дали отсекогаш било такво? Ќе ви го раскажам неговото минато.2. Писмена вежба: Во плодна и влажна земја посадив зрнце грав. Еве го расказот за неговата иднина.

Вежба

Следниве реченици подреди ги според употребеното време.1. Маја бараше синолички.2. Јован направи стапче од дрен.3. Ја читам книгата „Роза и Мимоза“.4. Утре ќе одиме на екскурзија.5. Тие одржаа говорна вежба.6. Во Скопје ќе се гради стаклен мост.7. Многу го сакам Охридското Езеро.8. Со името на Тоше Проески на небото свети една ѕвезда.9. Детскиот фестивал ќе започне идниот месец.

Реченициа) Во минато време

б) Во сегашно време

в) Во идно време

Page 32: Make Don Ski Jazik v Gockova

31

Јазик

Реченица

а) Проста реченица со подмет и прирокб) Проста реченица со подмет и прирок и неопходни реченични членови

(прилошки определби).

Пораките што ги упатуваме можат да бидат:а) усни поракиб) писмени пораки

Потсети се на наученото!

Реченицата е составена од зборови. Таа им овозможува на луѓето да разменуваат пораки. Зборовите се поврзуваат во поголеми јазични единици- реченици, кои може да бидат прости и сложени.

а) Проста реченица со подмет и прирокВо својот состав реченицата може да содржи еден или повеќе глаголи во лична

форма. Еве и примери:Јован размислува. Нада пишува. Ивана црта. Маја раскажува.

Размисли, заклучи

Реченицата е основна комуникациска единица

Истражувај!

За сè што постои во реалниот или во замислениот свет околу нас, можеме да соопштиме преку реченица. Реченицата опфаќа повеќе зборови (или еден збор) преку кои се искажува целосно соопштение. На пр.: Врне; Сека; Децата учат; Работникот работи; Птицата лета; Потокот ѕвони.

Вежба на час:

Со следниве глаголи состави прости реченици само со подмет и прирок: зборува, гледа, пее, раскажува, патува, фотографира, копа, свири.

Јас заклучив:

Проста реченица ја нарекуваме реченицата што содржи само еден глагол во лична форма (читам, пишувам, јадам).

Page 33: Make Don Ski Jazik v Gockova

32

Јазик

б) Проста реченица со подмет и прирок и неопходни реченични членови (прилошки определби)Простата реченица, покрај подметот и прирокот (Петре учи; Александар пее;

Марина свири), може да опфати и други неопходни реченични членови познати под името прилошки определби.

Соопштението (реченицата) секогаш треба да укаже на вршителот на дејството - прирокот (оди, пее, гледа). Освен подметот и прирокот, во простата реченица се сретнуваат и други реченични членови кои укажуваат на:

- времето во кое се врши дејството- местото на кое се врши дејството- причината поради која се врши дејството- начинот на кој се врши дејството.

Еве и пример:Марина свири.Марина свири убаво.Марина свири секој ден.Марина свири на клавир во својата соба секој ден.Марина свири на клавир уште од рани зори.

Јас знам: За да биде соопштението целосно реченицата треба да содржи глагол.

р ), д ф дки определби.

( )

Согледај, заклучи!

Простата реченица може да опфати поголем број неопходни членови - прилошки определби што лесно можеш да ги откриеш од посочените

примери.

Погледни ја илустрацијата и размисли

Кога? Каде?Како? Зошто?Јана и Маја денес, со брзање отидоа на училиште.Потоа играа во дворот, а вечерта, поради измореноста,

си легнаа рано.

Page 34: Make Don Ski Jazik v Gockova

33

Јазик

Разгледај, заклучи!

Кога отидоа на училиште Јана и Маја?Како отидоа?Каде играа потоа?Зошто си легнаа рано?Пронајди ги реченичните членови (прилошките определби) кои покажуваат кога,

како, каде и зошто се вршеле глаголските дејства.Со прилошките определби се појаснети: времето, местото, начинот и причината

поради која се врши дејството во реченицата.

Пример:

Јана и Маја денес со брзање отидоа на училиште.

Јана и Маја вечерва брзо си легнаа поради измореност.

кога?

кога?

како?

како?

каде?

зошто?

Говорна вежба

1. Разговарајте за своите обврски што ги имате кон семејството и кон училиштето. Притоа, употребете прилошки определби за: времето, местото и начинот на кој ќе ги остварите.

Изразување и творење

2. За дома: Напиши три реченици со прилошки определби за време, место и начин и постави стрелки како во посочените примери

3. Препознај ги простите реченици во следнава народна приказна, а потоа со боја подвлечи ги.

Едно време живеел некој мудрец. Тој си имал куќа. Куќата била убава. Била висока, со многу соби, со убава цветна градина. Ќерка му често си играла во градината. Трчала низ убавата куќа и шетала по сите соби. Само во една соба не влегувала. Таа соба секогаш била заклучена.

Еден ден ќерката замолила:- Пушти ме, тате, да влезам во заклучената соба.

Page 35: Make Don Ski Jazik v Gockova

34

Јазик

Главни членови на реченицатаа) прирокб) подмет

M+ Запомни!Прирокот и подметот се главни членови на реченицата. Прирокот претставува основен член на реченицата.

Секоја реченица треба да има прирок за да ја добие својата вистинска смисла. Но, има реченици што се составени само од прирок (Врне; Грми).

Сепак, во најголем број случаи прирокот не може сам да ја создава реченицата. Заедно со прирокот се јавува и подметот.

На пример: Потокот ромори.Ветерот свири.Децата садат дрвца.Стојче ја посети својата баба.Марина ги полеа цвеќињата.Како што може да се заклучи од горните реченици, прирокот отвора место за подметот.

Од подметот зависи во каква форма ќе се јави прирокот. Иако прирокот и подметот се главни реченични членови, сепак, прирокот е уште и основен член на реченицата.

Прирок

Потсети се на наученото!

За да го откриеш прирокот прашај се: Што прави (подметот)? Што работи

(подметот)?

Прирокот е основен член на реченицата. Присуството на прирокот е знак дека има реченица.

Осознај, заклучи!

Во следниве реченици ќе сретнеш прирок искажан со еден глагол (прост) или со два глагола (сложен прирок)

Јана чита книга.Јован пишува лектира.Миле раскажува за летувањето во Охрид.Јана ќе гледа филм.

Јана се дружи со сите во одделението.Јован е ученик во V одделение.Јован ќе патува.Миле раскажува за летните доживувања. Миле ќе биде одличен ученик.

Page 36: Make Don Ski Jazik v Gockova

35

Јазик

M+ Запомни!Прирокот којшто е изразен само со глагол се нарекува глаголски прирок.

Задача:Во следниов расказ пронајди ги и препиши ги глаголите со кои е изразен прирок.

е

Пеперуга

Блаже КонескиДевојченцето: Мајчице, си фатив пеперуга пред

врата. Види колку е убава и бела! Таа не стоеше на цвеќе, си лежеше наземи, вака, на едната страна. Јас си ги собув наланчињата да не тропаат, одев полека, да не ме чуе, и ја стиснав со двете прстиња. Ама таа не преташе со крилцата како што претаат пеперугите во паркот кога ќе ги фатат. Таа си беше мирничка. Мајчице, нели нема да ме караш дека ја отепав?

Мајката: Не, сине, ти си ја оживела.

Подмет

Потсети се!

Подметот е вториот главен член во реченицата.

Подметот ја определува формата на прирокот.

Размисли и заклучи!Подметот во реченицата може да биде изразен со именски збор (именка, заменка, придавка, број).

„Пејзаж

“ - А

лександар Станковски

Вежба за час

Погледни што има на сликата „Пејзаж“ и во врска со тоа напиши пет реченици. Подвлечи го прирокот.

Page 37: Make Don Ski Jazik v Gockova

36

Јазик

Подметот во реченицата најлесно ќе го откриеме со помош на прашањето: Кој или што прави нешто?

Примери: Лилјана учи. (Кој учи? Лилјана е подмет во реченицата.)Девојчето учи. (Кој учи? Девојчето е подмет во реченицата.)Вредната учи. (Кој учи? Вредната е подмет во реченицата.)Таа учи. (Кој учи? Таа е подмет во реченицата.)Третиот победува. (Кој победува? Третиот е подмет во реченицата.)За да го добиеме прирокот поставуваме прашање што прави, односно што

работи подметот.Што прави Лилјана? Учи. (прирок)Што прави девојчето? Учи. (прирок)

Работи на часВо следниов извадок од расказот „Од онаа страна на речниот брег“ од Ташко Георгиевски, пронајди ги и препиши ги прироците и подметите.

...Беа тројца. Седеа на песокта. Покрај нив имаше зелени грмушки. Под нив имаше песок. Тие седеа на нив. Сите молчеа. Зборуваше само реката. Си го гребеше самата своето лизгаво тело од крупните белутраци. Потоа, таговно шепотеше, како да плачеше. Тие молчеа. Можеби, молчеа затоа што немаше што да си кажат еден на друг...

Page 38: Make Don Ski Jazik v Gockova

37

Јазик

Пронајди ги и подвлечи ги зборовите што се подмет во расказот.

Полноќен разговор

Киро Донев

Мајката направи вечера и во кошницата од зеленчук останаа само една пиперка и еден црвен патлиџан.

Вечерта, кога сите во куќата заспаа, пиперката започна разговор:- Кажи ми, пријателе, зошто си толку црвен во лицето. Болен ли си, или пак

се срамиш од својот изглед?- Јас болен? Колку си чудна долгнавеста сестро, зар не знаеш дека сум црвен

затоа што сум зрел, стасан за јадење? Ако бев зелен, сè уште ќе бев во градината. Домаќинката ме скина и од мене ќе направи утре салата или пак ќе ме зготви...

- Чудно - рече пиперката. - А мене, пак ме скина уште зелена. Кога ќе поцрвенам, од мене прават туршија, а вака додека сум уште млада и зелена, ме готват во разни јадења или пак ме дробат во салата.

И, навистина, утредента и зелената пиперка и црвениот патлиџан се најдоа зготвени во вкусна манџа.

Page 39: Make Don Ski Jazik v Gockova

38

Јазик

Сложена реченицаПодготви се за нови знаењаСложената реченица е составена од најмалку две прости реченици. Таа треба да

содржи најмалку два глагола, т.е. два прирока.

Примери:

Мисли и работи.Јован цел ден мисли на обврските и ги исполнува.

Размисли, заклучи!Пример: Јован отиде во библиотека, ја најде книгата и ја прочита. Оваа сложена реченица може да се прикаже вака:

1. Јован отиде во библиотека (прирок: отиде).2. Ја најде книгата (прирок: најде).3. Ја прочита (прирок: прочита).

Вежба за час

а) Од глаголите: чита, твори, патува, свири и гледа, состави прости реченици во кои ќе употребиш прилошки определби.

б) Кон секој од глаголите: чита, твори, патува, свири и гледа, додај уште по еден глагол и претвори ги простите реченици во сложени. Постапи вака:

Марија чита книга.Марија чита книга и се восхитува од нејзината содржина.

За дома

Од следнава листа зборови состави прости и сложени реченици: плива, ора, лета, жнее, црцори, патува, создава.

На пример:Јане плива.Јане плива во реката и испливува кон другиот брег.

Page 40: Make Don Ski Jazik v Gockova

39

Јазик

Вежба на час

Во расказот „Најстарата буква“ од писателката Славка Манева препознај ги простите и сложените реченици и подвлечи ги со различни бои.

Најстарата буква

Славка Манева

Тоа утро кога се разбуди, Маре виде дека дома нема никој. Мама и тато отишле на работа. Баба и дедо, најверојатно, пошле на пазар или на лекар. Појадокот £ беше оставен на маса. Маре се изми и појадуваше. Потоа почна да ја пишува домашната работа. Бидејќи дома беше премногу тивко, таа го пушти телевизорот. И, додека пишуваше букви во тетратката, ја слушаше емисијата за настанокот на најстарата азбука. Попладнето, кога се врати од училиште, дома беа сите: и мама и тато - и баба и дедо. Мама ја праша:

- Беше ли умна денес, Маре, и си ја напиша ли домашната работа?- Да - одговори Маре.

Работи самостојноСостави сложени реченици во кои ќе ги употребиш глаголите: трепери, изгрева, танцува, црта, вози, плива.

Page 41: Make Don Ski Jazik v Gockova

40

Јазик

Зборови- хомоними- деминутиви- аугментативи

- директен говор- индиректен говор

- интерпункциски знаци: две точки, тире и наводници- употреба на голема буква (народи, припадници на народи, празници).

Page 42: Make Don Ski Jazik v Gockova

41

Јазик

Размисли, заклучи!

Некои зборови во македонскиот јазик имаат иста форма и се истозвучни, но значењата им се различни. Тие се хомоними. Со хомонимите се означуваат со исто име два различни предмета, две различни суштества или две појави.

M+ Запомни: Полнозначноста на зборовите претставува богатство на еден јазик.

Пример:а) Бебето го капат голо. (необлечено).б) Она брдо е голо (не е обрастено со вегетација).а) Чичо копа земја.б) Јас живеам на планетата Земја.а) Порано коселе со рачна коса.б) Маја има кадрава коса.

Зборот голо во двете реченици има различно значење, иако има иста форма и иста звучност. Во првиот случај посочуваме необлечено дете. Во вториот случај посочуваме брдо кое не е обрастено. Со зборот коса еднаш означуваме алат за косење, а во вториот случај станува збор за украсот врз главата на девојчето Маја, т.е. косата.

голо

Хомоними

Page 43: Make Don Ski Jazik v Gockova

42

Јазик

Вежба на час:

На часот откријте повеќе зборови кои имаат иста форма, но различно значење.

Биди креативена) Напиши состав во кој ќе ги употребиш хомонимите: глава, риба, планета.б) Во следниве реченици препознај ги хомонимите: На Пелистер има Планински очи.Петре има црни очи.Низ нашиот град тече река.Војните создаваат река од солзи.

Изразување и творење

1. Направи разлика меѓу хомонимите во реченициве:

Јазикот наш е македонски јазик.Јазикот е човечки орган.

2. Откако ги откривме хомонимите, обиди се сам да составиш реченици во кои ќе ги

употребиш следниве: клас, ѕвезда, река.

Размисли, заклучиКако им се обраќаме на малите деца, птица и животни? Секако, се обраќаме со нежни, топли зборови како во реченициве:

Колку е убаво бебенцево?Косичката на Ана е руса.Моето братче ме прегрна со две рачиња.

Деминутиви

Јас научив:

Со некои наставки на именките се искажува галовност. Таквите именки, обично, значат и нешто мало тие именки ги викаме деминутиви.Именките како што се: кесичка, бебенце, раченце, очиња, дечиња, ветерче, јагненце - се деминутиви.

Направи сам:Напиши состав во кој ќе ги употребиш следниве деминутиви: ветре, облаче, петле, пиленце, коковче, куќичка, дворче, коњче, теленце.

Page 44: Make Don Ski Jazik v Gockova

43

Јазик

Аугментативи

Во македонските народни приказни често се сретнуваат ликови кои се физички многу јаки, силни или груби. Тие имаат огромни раце - рачишта. огромни нозе - ножишта, огромни очи - очишта и сл.

Наставките што ни кажуваат за лице или предмет со големи размери се викаат аугментативи.

На пример:Во планината се појави опасно ѕвериште, со огромни шепишта, ушишта и очишта.

Во тоа големо куќиште живееше само еден старец.Човекот беше толку висок и дебел што сите го викаа човечиште.

Изразување и творење

Во следнава листа на зборови пронајди ги хомонимите, деминутивите, аугментативите:

маса, орлиште, гугувче, рачиште, врапченце, прасенце, топузина, коњиште, коса, езерце,

јазик, дрвце, клупиште, тенџерче, прстиња, планета.

Препиши ги во три колони

Хомоними Демунитиви Аугментативи

Демунитив

Аугментатив

Page 45: Make Don Ski Jazik v Gockova

44

Јазик

Директен (непосреден) говор

Подготви се за нови знаења!Точноискажаните зборови (сопствени или туѓи) можеме да ги предадеме такви

какви што биле, односно во директен говор, или, пак, да ги пренесеме со измени во поглед на формата, но не и на содржината т.е. во индиректен говор.

И при директниот и при индиректниот говор имаме една реченица со која се објаснува дека станува збор за пренесување исказ, прашање, наредба и др. Кај директниот говор оваа реченица може да се јави на почетокот, во средината или на крајот на цитираниот исказ, на пример:

Маја праша: „Ја прочита ли книгата?“„Не ја прочитав“, одговори Ана, „пред мене ја позајмил друг“.„Не ја прочитав книгата“, рече тажно Ана.

Како што се гледа од примерите директниот говор може да се искаже на три начини кои графички можеме да ги обележиме вака:

1._________________: „_____________________?“2. „____________________“, _____________ „____________________“.3. „____________________“, _______________.

Директниот говор не мора секогаш да се обележува со наводници. Тоа обично се прави со црта (тире):

- Беше ли на екскурзија? - праша Нада.- Не, имав многу работа во дворот - одговори Јован.

Но, ако се познати учесниците во говорната ситуација, секогаш не се јавуваат реченици со кои се појаснува исказот при директниот говор.

M+ Запомни!

Точното предавање на туѓите зборови се нарекува директен говор.

Размисли, постапи!

Следнава реченица преобликувај ја така што ќе одговара на моделите од

графичкиот приказ:

Јован ми рече: „Дојди денеска да правиме куќичка за птици“.

Page 46: Make Don Ski Jazik v Gockova

45

Јазик

Размисли и заклучи!

Индиректен говор има кога зборовите што ги изговара некое лице не се точно

предадени, туку со изменета форма, но не и со изменета содржина.

а) ____________________говор Ја прашав Ана каде се упатила.Ми рече дека оди во библиотека.(медиотека).

б) ____________________ говорЈа прашав Ана: „Каде си се упатила?“Таа ми одговори: „Одам во библиотека“.

Откриј ги и објасни ги разликите меѓу овие два текста. Потоа над текстовите дополни ги насловите (кој текст е во директен, а кој во индиректен говор).

Индиректен (посреден) говор

Спореди ги двата облика на следнава народна приказна:

а) Призната лага

Во дворецот на султанот имало гозба. Бил поканет и Насрадин-оџа. Тој разговарал со еден човек. Султанот, за да го посрамоти му рекол:

„Кој знае какви лажни фалби кажуваш“.„Што да правам, господару“ - мирно одговорил Насрадин-оџа, - без лага не се

може“.„Што лажеш сега?“ - прашал султанот.„Токму му раскажувам на мојот сосед за твојата справедливост“ - рекол Насрадин-

оџа.

б) Призната лага

Во дворецот на султанот имало гозба. Бил поканет и Насрадин-оџа. Тој разговарал со еден човек. Султанот, за да го посрамоти му рекол дека Насрадин-оџа кажува некакви лажни фалби.

На тоа Насрадин-оџа му одговорил дека без лаги не се може.Кога султанот го прашал какви лаги кажува, тој мудро му одговорил дека токму во

тој миг соседот му раскажува за справедливоста на султанот.Како што забележа, приказната „Призната лага“ во која постои директен говор

е прекажана во индиректен говор. Во индиректниот говор, во најголем број случаи, е неопходна една реченица со која слушателот ќе биде воведен во ситуација и информиран за авторот на исказот, за присутните, како и за односот на оној што прекажува.

Спореди ги примерите а и б.

Page 47: Make Don Ski Jazik v Gockova

46

Јазик

Интерпункциски знаци две точки, тире и наводници во директен говор

Подготви се за нови знаењаПотруди се следниве реченици да ги прочиташ така што ќе ги изговориш со различен

глас зборовите што ги кажуваат различните личности (детето, дедото, тренерот).

Излетниците се прашуваа: „Кога ќе стигнеме на Пелистер?“Тогаш дедото рече: „Ти внучко, си паметно дете!“„Ти, Јане, си најмладиот планинар во друштвото „Бистра“ - рече Живко.„Ти, - му рече тренерот на Марко - си најдобриот пливач“.

Со голема почетна буква се пишува првиот збор на реченицата што доаѓа по две точки, ако почнува директен говор.

Размисли и согледај!Како ги нарекуваме директно (точно) запишаните зборови од некое лице?Со какви интерпункциски знаци е обележан директниот говор во наведените реченици?Покажи каде се отворени, а каде затворени наводниците.Каде се употребуваат две точки (:) во директниот говор?

Да заклучиме

Наводници се пишуваат кога предаваме директен говор т.е. кога нечии зборови ги наведуваме онака како што се речени.Задача: Пополни ги местата со зборови во директен и индиректен говор.

1._________________: „_____________________.“2. „____________________“, ___________________________________.3. „____________________“, _______________, „___________________“.

Page 48: Make Don Ski Jazik v Gockova

47

Јазик

Задача за дома:

Разговор со ___________________________________ . (Дополни го насловот)Разговарај со некој (другар, роднина, сосед, познаник) за некое прашање што

посебно те интересира. Потруди се да ги запомниш најважните реченици што сте ги употребиле во разговорот.

За следниот час напиши го разговорот со употреба на знаците за обележување на директниот говор.

Изразување и творење

Диктат.

Слушни ја и напиши ја басната „Езоп и патникот“, а потоа провери дали правилно си ги обележал интерпункциските знаци во директниот говор.

Езоп и патникот

Еднаш Езоп сретнал еден патник. Патникот го запрашал:- За колку часа ќе стигнам во најблиското село?- Оди! - му одговорил Езоп.- Јас знам дека треба да одам, туку те прашувам за колку време ќе стигнам во

селото?- Оди! - му рекол пак Езоп.- Овој е некој улав човек! - си помислил и си го продолжил патот.Откако патникот изминал педесетина чекори, Езоп викнал по него:- Пријателе, слушај! Во селото ќе стигнеш по два часа одење.- Зошто не ми одговори веднаш кога те прашав?- Како можев да ти одговорам кога не знаев како одиш, брзо или бавно.

За на час:

Говорна и писмена вежба

Наставничката рече дека треба книгите да се чуваат за следната генерација.Сите ученици рекоа дека се сложуваат.Следниот ден наставничката го пофали целото одделение.Таа му кажа и на директорот дека сите ученици ја исполниле задачатаИндиректниот говор во горниот текст замени го со директен, прво усно, а потоа

писмено.

Page 49: Make Don Ski Jazik v Gockova

48

Јазик

2. Во басната „Лисја и жили“ замени го директниот говор со индиректен (прво усно, а потоа писмено).

Лисја и жили

Иван Крилов

Еден прекрасен летен ден, фрлајќи ја својата сенка по долината, лисјето се фалело како е густо и зелено, па за себе на ветерчето вака му говорело:

- Зарем не сме украс на оваа долина? Нели е дрвото со нас толку прекрасно и китнесто, разгрането и привлечно? Што би било тоа без нас? Навистина имаме полно право да се фалиме! Зарем не ги засолнуваме во својата сенка и овчарите и патниците кога ќе припече сонцето? Наутро и навечер пеат славејчиња над нас.

Тогаш од земјата се зачу некаков скромен глас:- Би можеле и нам малку да ни заблагодарите!- Кој се осмелува да зборува така дрско и надуено? Кои сте вие што сакате така дрско

да се објаснувате со нас? - зашумолија лисјата.- Ние сме оние што раснеме тука во темнината и вас ве храниме. Зарем не нè

познавате? Ние сме жилите на дрвото на кое вие живеете. Фалете се колку што сакате.

Потсети се

На кој начин се предадени зборовите на авторот и на ликовите во басните? Кои

се искажани во директен, а кои во индиректен говор.

Page 50: Make Don Ski Jazik v Gockova

49

Јазик

3. Работа на часГоран и Весна вежбаат директен и индиректен говор.Горан употребува исказ во директна форма.Весна бележи што говори Горан, а потоа ги прераскажува исказот во индиректен

говор.Другите ученици ја одредуваат формата на говорење откако ќе ги слушнат и двата

ученика.Тема: Излет на планината Водно.

4. Соработувај со наставникот (време 5-7 минути).Во текстот од десет реченици внеси ги потребните интерпункциски знаци за

директен говор. Ако наставникот не предложи текст, тоа направи го во следнава басна каде што не се внесени потребните знаци.

Тетреб и лисица

Лав Н. Толстој

Тетребот седел на дрво. Лисицата дошла до него и му рекла: Здраво, тетрепче, мое другарче, го чув твоето гласче, па дојдов да си позборувам малку со тебе. Ти благодарам за добриот збор рекол тетребот.

Лисицата се престорила дека не го слуша па рекла: Што велиш? Не слушам! Туку ти тетрепче, мое другарче, слези на тревчето да си поиграш со мене, од дрво јас не те слушам.

Тетребот рекол: Се плашам да слезам на трева. За нас птиците опасно е да одиме по земја.

Да не се плашиш од мене? рекла лисицата.Не од тебе, туку од другите ѕверови рекол тетребот. Има секакви ѕверови.

5. Направи автодиктат т.е. избери една басна од учебникот и индиректниот говор претвори го во директен.

Page 51: Make Don Ski Jazik v Gockova

50

Јазик

Употреба на голема букваА) Пишување на народи и припадници на народи

Да поразговарамеНа 26 јули 1963 година градот Скопје го погоди силен земјотрес. Тогаш од сите

страни на светот дојдоа хумани луѓе да им помогнат на Македонците. Меѓу дојденците можеа да се видат: Срби, Албанци, Бугари, Црногорци, Хрвати. Словенци, Руси, Французи, Турци и др.

Сепак, најголема помош во спасувањето животи дадоа Македонците од сите краишта на Македонија, а особено жителите на Скопје.

Скопје се обнови и израсна во модерен град.

Согледај!

Во претходниот текст се сретнуваат имиња на припадници на разни народи.

Пронајди ги имињата на народите со кои граничи нашата земја и кажи ги

тргнувајќи од север кон југ.

Размисли, заклучи!

Со каква почетна буква се напишани имињата на посебните народи? (Погледни

ја илустрацијата).

Што си ти?

Јас сум Македонец. Јас сум Русин Јас сум Албанец

Јас сум Турчин

Јас сум Србин

Јас сум Германец

Јас сум БугаринЈас сум Француз

Јас сум Ром

Јас сум Англичанец

Page 52: Make Don Ski Jazik v Gockova

51

Јазик

Веќе научив.

Имињата на припадниците на народи, племиња и етнички групи се пишуваат со голема почетна буква: Македонец, Германец, Русин, Руси, Србинка, Хрват, Словенец, Бугарин.Имињата на жителите, пак, се пишуваат со мала буква: скопјанец, тетовка, кочанчани, беровци, виничанка, охриѓанка

Задачи:1. Напиши имиња на неколку балкански народи.2. Наброј шест европски народи.

Изразување и творење

а) На следнава листа се наведени повеќе зборови што означуваат име на народ. Твоја задача е да напишеш голема буква таму каде што сметаш дека е потребно.

Задачата гласи:Во Европа живеат: холанѓани, швеѓани, руси, чеси, украинци, прилепчани,

италијани, полјаци, унгарци, битолчани, загребчани, словенци, парижани, белграѓани.

б) Писмена вежба:Напиши состав во кој ќе раскажеш како девојки од разни земји учествуваат

во натпревар за „Мис на светот“. Спомни дека секоја година учествува и натпреварувачка од нашата земја.

в) Говорна вежба:Коментирајте на час неколку спортски натпревари во кои учествуваат

спортисти од разни земји (Франција, Шпанија, Германија, Русија).

Page 53: Make Don Ski Jazik v Gockova

52

Јазик

Употреба на голема букваБ) Пишување на празници чие име е напишано со број

Согледај!

Јане и Маја разговараат за празниците.

Јане: Кажи ми Маја кои празници најсвечено ги обележуваш во вашиот дом

и на училиште?

Маја: Баба ми посебно ги слави празниците Божиќ и Велигден. Мајка ми

особено го цени 24 Мај - денот на браќата Св. Кирил и Св. Методиј Сите заедно

го славиме 8 Септември.

Маја: А во вашиот дом кои празници се слават?

Јане: Дедо ми ги слави празниците 11 Октомври и 23 Октомври како денови

значајни за нашата земја. Мајка ми го слави 8 Март - Денот на жената.

Размисли, запомни!а) Имињата на празниците се пишуваат со голема почетна буква: Божиќ, Велигден, Петровден, Митровден и др.б) Ако првиот дел од името на празникот е напишан со број, следниот збор започнува со голема буква: 1 Мај, 11 Октомври, 8 Март; но: Први мај, Единаесетти октомври, Осми мај (само за празници, не за обични денови)

Изразување и творење!а) Состави реченици во кои правилно ќе ги употребиш имињата на следниве празници: 11 октомври, 13 ноември, 8 мартб) Организирајте разговор за празниците. При тоа обрнете внимание како на табла ќе ги напишете празниците на кои првиот дел од името на празникот е број.

Page 54: Make Don Ski Jazik v Gockova

53

Јазик

Вежби за на час:

1. Напиши го целото име на дадените скратеници: ООН, ЕСМ, МВР, ХЕЦ, РМ, ОУ, ВМРО

2. Направи скратеници од следниве сложени имиња: Зимски олимписки игри; Армија на Република Македонија; Пошта, телефон, телеграф, Македонски народен театар, Градски трговски центар.

За следниот час

Во весникот „Нова Македонија“ ќе сретнеш скратеници во разни текстови. За наредниот час секој од вас нека ги именува скратениците што ги открил. Прочитајте ги гласно.

Скратеници

Именките во македонскиот јазик може да се сретнат и во форма на скратеници.

Откриј, заклучи!

Следниве полни форми на наслови и имиња препиши ги така што за истите ќе напишеш правописно прифатени скратеници:Европска Унија, Радио телевизија Скопје, Народна и универзитетска библиотека, Филозофски факултет, Македонска академија на науките и уметностите, Основно училиште „Блаже Конески“.

Јас заклучив: Во скратениците од овој тип се пишуваат само првите букви од подолгото име.

Покрај овој тип скратеници, постојат и други видови. Еве некои од поупотребуваните:

бр.- број;стр.- страна;г./ год.- година;т.н.- таканареченг.- господин

г-ѓа –госпоѓамат. – математикаитн. – и така натамусл. – сличнот.е.- то ест (односно)

ЗадачаКои букви од сложеното име ќе ги искористиш за создавање скратеници?Наведи некои скратеници и консултирај се со наставникот дали ги употребуваш правилно.

Page 55: Make Don Ski Jazik v Gockova
Page 56: Make Don Ski Jazik v Gockova

Програмско подрачје:

Читање, литература и лектира

Содржини

1. ЧитањеИзразно читање Драмско читање (читање по улоги)

2. Литература а) проза

- расказ (поим)- басна (поим)- детски роман (поим)- говор на писателот- говор на ликовите

б) поезија- епска песна- лирска песна - патриотска песна- хумористична песна

3. Лектира

Page 57: Make Don Ski Jazik v Gockova

56

Читање, литература и лектира

ЧитањеУсовршување на техниката на читање - изразно читањеИзразно читање по улоги - драмско читање

Изразното читање може да го постигнеш само ако внимаваш на следново:а) диши правилно, спокојно, без напрегањеб) секој збор изговарај го правилно (дикција)в) темпото на читањето контролирај го така што да биде изедначено и пријатно за

слушањег) ритамот прилагоди го според текстот (жив, динамичен, спокоен)д) интонацијата да одговара на содржините на уметничкиот текст

Златни деца мои Радослав Петковски

Се чу песна. По патот се покажаа првите војници, а по нив се нижеа долги редови. И колку се приближуваа поблиску, песната стануваше сè посилна.

Нешто радосно, долги години жедувано, а немано, трепереше над градот, во воздухот, во душите на илјадниот народ, галеше мило и од тоа идеа радосни солзи што светеа во очите на сите.

И како изблик на тоа чувство загрме од стотици и илјади грла песна, силна, радосна, се пречека со песната на војската што идеше, се слеа со неа и моќна, силна се понесе над градот. Ти се чинеше дека и илјадагодишниот чинар што ги чул и гордите стапки на Самоиловите војски, и тешките стапки на

Внимавај, заклучи!За да ја усовршиш техниката за изразно читање на уметнички текстови, внимателно прочитај го текстот со наслов: Златни деца мои.

Народна пословица:

Честа е поскапа од парата.

Самиловата тврдина

- Охрид

Page 58: Make Don Ski Jazik v Gockova

57

Читање, литература и лектира

Задача:

Вежбај изразно читање. Внимавај на дикцијата и интонацијата.

разни поробувачи, сега, гледајќи ја првпат родната војска, ја подзеде и ја зашуми нејзината песна! И старите куќи, и езерото и улиците ја подзедоа песната и таа бучеше, грмеше! Беше тоа најубава песна што некогаш ја слушнал градот, најубава песна што е испеана - песна на слободата, на нов радосен живот!

Тетка Марија беше како опијанета од сето она што стануваше околу неа. Таа сеќаваше дека настапува нешто убаво, и слатка возбуда ја исполнуваше целата. Но, уште поголема радост сеќаваше кога ќе помислеше оти и таа, колку што можела, придонесла да стане тоа, да дојде тоа на кое се радуваше целиот народ и тоа чувство чинеше сето тоа да £ стане поблиско, нејзино. Таа со радост ја гледаше војската што идеше и со трепет чекаше дали ќе види некое од нејзините деца. А кога се приближи војската, очите £ се раширија, £ светнаа: меѓу првите, на челото одеше Иљо! Тој беше радосен, повесел и помил од секогаш. Кога застана, тетка Марија се спушти кон Иља, кој весело £ се насмевнуваше тргнат кон неа. Таа го гушна силно, цврсто, мајчински мило и топло. Во тој момент, таа сеќаваше дека не го гушка само него, туку сите тие што стоеја пред неа во долги редови, и сите други илјадници и илјадници борци што не ги беше видела, а кои £ беа мили, блиски, како родени деца.

И, кога погледот £ се запре на војниците и на Иља, тој стана мајчински мил и таа со бескрајна љубов и благодарност повторуваше: „Златни деца мои!“

Размисли и постапи!

Расказот „Златни деца мои“ дава можност да ги примениш сите елементи на изразното читање.

Да поразговарамеПесната од војската заедно со песната на народот, била силна. Зошто? Кое е чувството што долги години било жедувано, а дури сега треперело во душите на илјадниот народ?Зошто тетка Марија била толку восхитена од тоа што се случувало?Кога го гушнала Иљо £ се чинело дека сите борци, кои стоеле пред неа и илјадници други борци што не беше ги видела никогаш, £ биле еднакво блиски и мили. На што се должи ова нејзино чувство?

Изразување и творењеОбјасни го значењето на мислата искажана преку реченицата: „За првпат во својот живот тетка Марија не се чувствуваше понижена, а рамна на сите.“Кога се случуваат дејствата за кои станува збор во овој текст?

Page 59: Make Don Ski Jazik v Gockova

58

Читање, литература и лектира

11 ОктомвриВанчо Николески

Разгрни денес пазуви своиПрилепе, граду славен мој,празнувај гордо јуначки празникроден во лут и крвав бој.

Бунтовен оган во тебе пламна,се вивна во оркан див,Единаесетти октомври, празнику славен,вечно ќе светиш во нас жив.

Статнеа стари огнени пушки,се крена во борба и стар и млад,вековно ропство од себе стресе,народот стана од село и град.

Славата тебе ќе ти се носии ќе ти слави мојот род,и како сонце во нас ќе грееш,над наше небо, наш небосвод.

Радоста наша е силно море,остварен ни е вековен сон,веј се алово, народно знамена секој светол празничен дом.

Маркови

кули

- Прилеп

Да поразговараме

Уште во почетокот на песната поетот ги спомнува Прилеп и 11 Октомври. Во што може да се согледа таа тесна поврзаност меѓу нив?11 Октомври е роден во лут и крвав бој. Како ја разбирате оваа мисла? Објасни ја со свои зборови.Зошто поетот вели дека тој празник вечно ќе живее во нас?Објасни го значењето на стиховите:

„Радоста наша е силно море,остварен ни е вековен сон.“

Page 60: Make Don Ski Jazik v Gockova

59

Читање, литература и лектира

Црното монистоСветлана Христова – Јоциќ

- Утрово, едно златно топуфче ти се закачило на ногата. Туку потскокнуваш.Крста го подигаше самото стапало...- Што не ги собереш топуфчињата од подот? Или ги остави да се боцне некој - божем

ја кара баба.Крста, смеејќи се, со скокање излезе на улица.Баба по неа, седна на каменот пред портата. Слуша:

„Елика, белика, клика беабе, шабе до менееца, меца до петица -гром!“- Пак „Криенка- миженка“ - си рече во себе баба. И пак, Крста останува да ги бара

децата. - Кога се распрсна кој ваму - кој таму? Како мониста да се. Деца!Сега ќе ги најде, чекаше баба, а сонцето и ронеше крстатен босилек во скутот.- Не може Крста да не ги најде - си мислеше баба £ од босилекот китка редеше.- За победникот - рече баба - китка!- Не победив - рече Крста, и ја навали главата.Баба стана и не го виде босилекот што £ падна до каменот.- Ќе ја згазиш китката - се насмеа Крста.- Ќе ја прекрене сонцето - рече баба.- Да не ја бараш - пак се насмеа Крста.- Ти ќе ми ја најдеш:„Елика, белика, клика беабе, шабе до мене.“- Така? „Криенка-миженка“ играш со

сонцето? - Сакаше баба да ја свесели Крста.- Веќе не играм „Криенка-миженка“, туку

„Црно монисто“. Едно дете се криеше, а јас го барав.

- Како Црна, а?- И не го најдов.- За да го најдеш, треба да најдеш магични

зборови, а ти со истите зборови од „Криенка-миженка“ го бараш и црното монисто. Ако веќе си смислила нова игра, смисли и зборови. И ќе го најдеш! Д

евојка

пред огледало

- Пабло

Пикасо

Page 61: Make Don Ski Jazik v Gockova

60

Читање, литература и лектира

Крста мислеше, мислеше и почна:„Баница, сеница, ица, сеаре, даре, до менеука, кука, паликуќа - гром!- Ајде сега оди да ги провериш бајачките зборовиЕчеше улицата од гласот на Крста.Баба пак чекаше. Но, овојпат знаеше:- Пак не го најдов - тажно изговори Крста.- Значи не си ги нашла вистинските зборови. Така

мислиш ти: замени ги едни зборови со други и готово! Ајде, ајде мисли на зборовите и тие - оп! Ќе ти се раскокаат од устата...

- И не ќе можеш да ги втасам - и се врати насмевката на Крста.

- Оди, играј! Нема само една игра.- Сега ќе играм, ќе играм... - се потсетуваше

Крста.- „Ѓуздија“ - рече баба.- Не!- „Ластик“ „Бинек“...- „Полжав“ - рече Крста.- Која беше таа игра?- Прво се зема креда или ќерамида и се црта како полжав. Ќе започнеш со цртање во

средината на улицата и како што почнува куќарката на полжавот така ќе вртиш, ќе вртиш и ќе ја направиш куќарката...

- Порано да те гледам, отколку да ми раскажуваш - рече баба.

Изразно читање на час (усовршување на техниката)Одберете тројца ученици: првиот нека ги чита зборовите на бабата, вториот нека ги чита зборовите на девојчето Крста. Третиот нека ги чита зборовите на авторот.Потоа формирајте нова група. Пак читајте на глас.Внимавај на: правилното дишење, на дикцијата, интонацијата, темпото и ритамот.

Согледај!Овој текст е уметнички. Автор на текстот е познатата македонска писателка Светлана Христова – Јоциќ.

Page 62: Make Don Ski Jazik v Gockova

61

Читање, литература и лектира

Другарство (драмска игра)

Ката Мисиркова - Руменова

Лица: Цвета, Оливера, Ратка(Во станот на Цвета, во детската соба. Цвета вежба карате, а на подот ја има отворено книгата „Карате“.)

Цвета: Ха!... Хо!... Хоп!...(Од надвор влегува Оливера)Оливера: Здраво!Цвета: Здраво!Оливера: Да ја почекаме Ратка и заедно да вежбаме.(Цвета вежба, со свиткано колено, вкочанети раце напред.)Оливера: Нели така се договоривме?Цвета: Јас сакам сега.Оливера: Но, книгата е на Ратка.Цвета: И јас си купив книга.Оливера: Тоа не е другарски...(Цвета прави некои смели вежби, се слизнува и паѓа на грб.)Оливера: Цеца! Цеца! Што ти стана?Цвета: Ми се врти таванот... Куќата... (Се обидува да стане, но не може). Држи ме,

ќе паднам...(Оливера се обидува да ја дигне).Оливера: Ох, тешка си. Не ќе можам. Каде те боли?Цвета: Овде, на темето.Оливера: Ќе одам да викнам

доктор.Цвета: Не оставај ме сама, страв

ми е.Оливера: Се сетив. Ќе ја викнам

Ратка по телефон. Таа има добро срце, веднаш ќе дотрча. Кој број имаше Ратка?

Цвета: Не знам.Оливера: Се сетив...(Ја дига слушалката, врти на бројченикот).Оливера: Ало! Ти си Ратка? Доаѓај веднаш.

Цеца падна...(Телефонот се исклучи и од слушалката се шири:

ту-ту-ту-ту!)Оливера: (Ја спушта слушалката, зачудена.): Што и

стана на Ратка? Ништо не ми рече, а ми го затвори телефонот...Цвета: Ти реков дека е таква.

Page 63: Make Don Ski Jazik v Gockova

62

Читање, литература и лектира

Оливера: Пак ќе £ се јавам. Тоа мора да е некоја грешка.(Додека Оливера ја дига слушалката, Ратка влегува, задишана).Ратка: Трчав колку што ме држеа нозете... Што £ се случи на нашата другарка?Оливера: Сакаше да ми ја покаже новата вежба на карате и падна...Ратка: Каде се удри, мила Цеце?Оливера: На темето се удри.Ратка: Тоа е опасно. Нека лежи така. Јас ќе отрчам до амбулантата. Таму работи

чичко ми. Ќе го доведам. А ти Оливера отвори го прозорецот да влезе чист воздух и покриј ја со ќебе да не настине...

(Ратка истрчува надвор.)Оливера: Тоа ти е другарство...(Цвета скокнува на нозе.)Цвета: Ништо не ми е... Ништо не ми... Ништо не ми е...(Почнува да вежба.)Цвета: Ха! Ху!...Оливера: Цеца! Тоа не е убаво од тебе. Ратка трча кон амбулантата, а ти...Цвета: Не ја молев. Почни и ти да вежбаш... Ху! Ха!Оливера: Ќе ја чекам Ратка и...(Оливера само што не заплака, влегува Ратка, диши длабоко.)Ратка: Чичко ми не беше во амбулантата. Му оставив писменце штом ќе се врати

да дојде...(Ја здогледа Цеца како вежба.)Ратка: Цеца, не смееш!...Оливера: Остави ја. Да си одиме...(Ја прегрнува Ратка и тргнуваат...)Цвета: Еј, зошто си одите...(Се слизнува и паѓа.)Цвета: Помош! Помош! Паднав!(Оливера и Ратка излегуваат, Цвета лежи на подот.)Цвета: И тие ми се некои другари...Крај

Изразно читање по улоги

Во драмската игра учествуваат тројца ученици во улога на драмски актери, глумци) секој со своја ролја. Усовршете ја техниката на изразно читање со тоа што ќе внимавате на: дикцијата, интонацијата и ритамотТреба да се посвети особено внимание на паузите при читањето на секоја ролја.

Вежба за организирање драмска игра во училница

Во договор со наставникот слушајте снимени записи на ТВ или радио спикери кои читаат правилно и неправилно одреден текст.

Page 64: Make Don Ski Jazik v Gockova

63

Читање, литература и лектира

Лисицата и мачката(Превод од англиски)

Лица: Лисицата, Мачката, Две кучиња(Мачката седи до дрво; лисицата гледа кон неа).

Мачката: Што правиш, Лисице? Како си?Лисицата: Благодарам, добро сум. Слушај, Мачко, велат дека си била многу умна.

Кажи ми, те молам, колку трикови знаеш да избегаш од Кучето, нашиот заеднички непријател?

Мачката: Па, знам само еден, а тоа е да се искачам на дрво што е можно побрзо.Лисицата: Само толку? Кутрата ти! Колку те жалам! А јас знам најмалку стотина.(Слушаат лаење на кучиња; Мачката се искачува на дрвото. Лисицата се обидува

да бега).Кучињата: (Лаат и ја фаќаат лисицата). Ав, ав, најпосле те фативме Лисице. Ова ќе

ти биде крајот!(Кучињата ја одвлекуваат лисицата).Мачката: До гледање, Лисице. Колку те

жалам и среќна сум што знам само еден начин на бегање, и тоа добар!

Основна задача

Секој од вас учениците, во текот на слушањето треба да ги определи слушнатите записи според квалитетот на читање.Доколку во определен момент немате таква можност, ви нудиме мал драмски текст под наслов: „Лисицата и мачката“.

Работи самостојноСекој нека ги изговара зборовите на ликот што го толкува.Внимавај на темпото на читање и на паузите.

Page 65: Make Don Ski Jazik v Gockova

64

Читање, литература и лектира

Шума на моето детствоВидое Подгорец

Одамна, во детството, со татко ми одевме по дрва во планината. Засакав една брезова шумичка. Бела, сета растреперена, таа ми ја исполни душата со својата чиста убавина. Додека се одморавме крај изворот на нејзиниот раб, недалеку од нас, на рамна сончева рудина, се појави срна. Изгледаше млада, уште неопитна. Очите £ беа крупни и светли како сончев ден. Сета во некој плашлив трепет, светло црвеникава, пламтеше на сонцето како чудесен привид, во најубавите детски соништа. Таа жива статуа на горска богинка стоеше само за миг, но миг потоа, се продолжи низ целиот мој живот, претворајќи се во неуништлив спомен.

Не знам дали поради срната или поради чистиот кладенец од кој ја пиев највкусната вода во животот, брезовата шумичка ја нареков Шума на моето детство.

Една година подоцна - дали од невниманието на некој ќумурџија, овчар, дрвар или од гром - во планината избувна пожар. Кога со татко ми отидовме кај брезовата шумичка, таа веќе не постоеше. Врз постела од студена пепел лежеше Шумата на моето детство. Таа црна слика што зад себе ја оставила насилната смрт, ми се пресели во градите. Во шумскиот пожар како да беше изгорела мојата душа. Во дното на срцето ми се црнееја

Литература

Проза- расказ- басна- детски роман - говор на писателот- говор на ликовите

Расказ

Page 66: Make Don Ski Jazik v Gockova

65

Читање, литература и лектира

изгорените и осакатени пенушки на некогаш весело растреперените и расшумолени зелени дрвја. Стотици птици останаа без својата татковина.

Дали срната успеала да се спаси од црвените јазици на огнената стихија или и таа настрадала? - Се прашав, но не најдов одговор.

На работ од исчезнатата Шума на моето детство сè уште се синееше и клокотеше бистриот кладенец, но тој не беше во состојба да ми ја изгасне жарта во душата...

Триесетина години подоцна пак се најдов во планината. Враќајќи се по патеките што ги оставиле спомените од детството, дојдов на работ од изгорената брезова горичка.

(Кој вели дека чудата исчезнале од овој свет?!)На местото на некогаш опустошената корија, прекриена со поцрнети и веќе гнили

пенушки, буеше млада брезова шума.Мојата ќерка со рака покажа кон неа и радосно кликна:- Погледни, тате, колку прекрасни брезички! Стеблата им се бели како млеко, а

лисјата - светли и растреперени.По малку додаде:- Види ја срничката онаму! Од очите како да £ извира сончева светлина!Силно ме возбуди тој искрен детски восхит.- Да, ќерко, тоа е Шумата на твоето детство. А незаборавната радост и среќа - тоа е

срната сред неа. Срната на животот.Голтајќи ги скришум горчливите солзи на својот одминат живот помислив: „А

Шумата на моето детство ја уништија годините. Но душата не ми е празна, ниту срцето ми е пусто. Животот не признава порази. Еве, тој со зелен мевлем ја излекувал раната на планината.“

Размисли, заклучи!

1. Во што ја гледаш разликата меѓу содржината на овој расказ и романот

„Сребрените снегови“ (стр, 77) од кој е внесен еден извадок во овој учебник.

2. Во кое лице е искажан говорот на писателот?

Прераскажување

Најнапред определи ги деловите на расказот, а потоа прераскажи го:

а) Вовед - средбата на детето со брезовата шума

б) Главен дел - исчезнувањето на шумата

в) Завршен дел - повторна средба со некогаш исчезнатата шума, а денес

млада брезова шума.

Page 67: Make Don Ski Jazik v Gockova

66

Читање, литература и лектира

Волшебниот бастун (расказ)Џани Радори

Беше утро. Малиот Клаудио си игра ше пред портата. По улицата, подгр бавен и потпрен на бастун, одеше старец со златни очила. Крај портата, тој одеднаш го испушти бастунот. Клаудио го подигна и му го подаде на старецот. Овој се насмевна и рече:

- Благодарам. Само, знаеш, тој повеќе не ми е потребен. Јас можам добро да се снајдам и без бастун. Задржи го за тебе, ако сакаш.

И отиде без да дочека одговор. А Клаудио остана да стои со бастунот во рацете, не знаејќи што да прави со него. Тоа беше дрвен бастун со свиткана рачка и со железен врв. На него немаше ништо необично.

Кога Клаудио, изненаден и помалку уплашен, слезе од ждребето, бастунот пак стана обичен. Тој немаше сега ни копита, црвено ждребе со бела ѕвезда на челото. Бас тунот пак стана обичен. Тој немаше сега ни копита, ја немаше ни раскошната грива - ги имаше само железниот врв и свитканата рачка.

„А што ќе биде ако пробам уште еднаш?“ - помисли Клаудио.

И повторно го јавна бастунот.- Ова е, сигурно, волшебен бастун - и тој по третпат

се качи на бастунот.Сега со црвен автомобил јуреше по тркачка

патека.Секогаш, кога Клаудио стапнуваше на земјата,

бастунот го добиваше обичниот изглед: ја имаше истата свит кана рачка и железниот врв.

Во играта брзо измина денот. Вече рта Клаудио повторно излезе на улица, и пак го виде старецот со златните очила.

- Ти се допадна ли бастунот? - го запраша старецот Клаудио.

Нов литературен поим:

Расказ

Под расказ се подразбира куса творба во проза во која се обработува еден настан или една случка од секојдневниот живот.Бројот на ликовите е мал (еден или неколку лика) со некоја црта од нивниот карактер.Јазикот во расказот е жив, живописен со зборови од разни средини.

Page 68: Make Don Ski Jazik v Gockova

67

Читање, литература и лектира

Клаудио помисли дека старецот сака да го земе бастунот, му го подаде вцрвенувајќи се:

- Благодарам!Но, старецот одмавна со главата.- Задржи го - рече. - Што ќе ми го мене сега тој бастун? Ти можеш да леташ со него,

а јас само се потпирам на него.И отиде, насмевнувајќи се, зашто на светот нема посреќен човек од оној кој ќе им

подари нешто на децата.

Размисли и заклучи!Во кое лице е говорот на писателот, а во кое лице е говорот на ликовите?

Направи разлика1. Која разлика ја откриваш во прочитаните текстови?2. На што се однесуваат разликите:а) на должината на текстотб) на различните ликовив) на темата за која се зборува

Писмена вежба: Опиши едно твое патување. Посебно задржи се на своите доживувања.

Исчезната ливада Тихо Најдовски

Две деца со својот татко се ближат кон селото. Над нив летаат ластовики. Полето блика од прекрасбни мајски цветови. На падината пасат овци. Се слуша пријатно блеење. Воздухот е кристално чист, исполнет со пријатен мајски мирис. Планинската река плиска сребрени зраци.

Селото се капе во зеленило. Беловаросаните куќи ѕиркаат низ зеленилото. - Да подеме кај ливадата! – рече едното дете.- Да појдеме, тате! – потврди другото.- Да појдеме – се согласи таткото. Се упатија над селото, кон ливадата. Патувањето е лесно и пријатно. Свеж

развигорец нежно ги милува нивните лица. Децата весело потскокнуваат по чарениот мајски килим. Ги мамо ливадата, ги мамат приказните што често им ги раскажуваше нивниот татако за изминатите детски игри на ливадата. Сакаат да ја видат ливадата, да поиграат на неа со убвавите мајски цветови.

- Каде е ливадата, тате? – праша поголемото дете .- Ене, зад овоштарникот – рече и покажа со рака.

Page 69: Make Don Ski Jazik v Gockova

68

Читање, литература и лектира

Овоштарникот мирисаше на расцутени јаболкници. Неосетно го минаа овоштарникот. Таткото малку застана.

На излегување од овоштарникот застанаа изненадени.

- Тате, ја нема ливадата! – рече поголемото дете.

- Навистина ја нема! – потврди помалото дете.

Таткото излезе од овоштарникот и застана.

- Да, мили мои, ја нема, - рече со тивок глас.

На местото на расцутената ливада се извиваше црна асфалтна лента.

Седнаа на брегот, под старата круша, до самиот асфалтен пат. Одвреме-навреме ќе пројуреше по некој автомобил, а тие милчејќи гледаа во него, како тој да беше виновен за исчезнатата ливада.

- Нели, тате, пак ќе ни раскажуваш за ливадата? – рече помалото дете.- Да, синко, ќе ви раскажувам сега за исчезнатата ливада.

Деца фалбаџииНеџати ЗЕКЕРИЈА

- Мојот татко е највисок татко, зашто тој може да ми скине слива од највисоката гранка, се фалеше Ерол.

- Мојот татко може да направи поубави слатки од слаткарот, се фалеше Севима.- Мојот татко може да плива во најдлабоко, дури и во океан,се фалеше Ердинч.- Мојот татко знае повеќе од нашиот учител, се фалеше Инџи.- Мојот татко е најдобар татко на светот, се фалеше Ерен.- Мојот татко е најличен татко на светот, се фалеше Ѓунер.Орхан не рече ни збор. Тој сакаше да зборува поинаку од другите, на пример, дека

мајка му е дарежлива како пролетта, а татко му е топол како пролетното сонце. Не сакаше да се фали, зашто претходниот ден, кога се пофали дека е подобар од сите други, татко му му рече:

- Орхане, не е убаво да се фалиш себеси.Тоа и беше причината што Орхан ништо не рече за својот татко.

За домаОпиши што се може да поврзуваат патиштата. А што ги поврзува луѓето од разните краишта на светот? Постојат ли и други патишта освен асфалтните? Кои се тие?

Page 70: Make Don Ski Jazik v Gockova

69

Читање, литература и лектира

БаснаКако лисицата го надмудрила тигарот (басна)Корејска басна

Ја фатил тигарот лисицата, ја притиснал со шепите и £ рекол:- Сега ќе те изедам! - Што тие е? Како е тоа можно? - извикала лисицата. – Ти, сигурно, не знаеш која

сум јас? Сите животни мораат да ме слушаат. Ако ме изедеш, ќе падне страшна несреќа на твојата глава. Сожали се на себе и на своите деца - не убивај ме!

- Умна си ти, лисице, умна си! - промрморел тигарот. - Е, па ако сакаш, ајде заедно - јас напред, а ти по мене - и ќе видиш како сите ѕверки од страв од мене ќе се разбегаат.

- Добро, се согласувам - рекол тигарот. - Нека биде како што велиш!И така тргнаа: напред - лисицата, а по нејзините петици - тигарот.Гледа тигарот - лисицата навистина не лажела, животните бегаат од неа штом ќе ја

здогледаат.- Се увери ли најпосле дека не те лажам? - прашала лисицата.- Да, можеби е подобро да не те гибам! - рекол тигарот. Потоа, ја пуштил лисицата и, многу задоволен што сè се свршило добро, отишол да

бара друг плен.А, можеби, лисицата, сепак го измамила тигарот?Можеби животните бегале од тигарот, кој одел зад лисицата, а не од лисицата која

одела пред тигарот.

Нов литературен поим: БаснаБасните се куси приказни во кои главни јунаци се животните или птиците. Но, преку нивните постапки се прикажуваат недостатоците на луѓето.

Размисли:

Кои се основни белези на басната? По што се разликува басната од детски роман?

Согледај, заклучи!

Основната мисла е искажана во насловот. Која е таа?Зошто животните бегале кога ќе ја виделе лисицата?Каква особина откриваш кај лисицата? А кај тигарот?Дали ќе сака лисицата повторно да се сретне со тигарот? Зошто?

Биди креативен:

Писмена вежба за усвојување на индиректен говорПрераскажи ја басната во индиректен говор, т.е. точно наведените зборови прераскажи ги со свои зборови.

Page 71: Make Don Ski Jazik v Gockova

70

Читање, литература и лектира

Арсланот и глушецотНародна басна

Едно време, едни ловџии фатиле в планина еден арслан, го врзале со јажиња и пратиле еден од нив в град да донесе синџири за да го врзат појако и да го носат без страв. Арсланот бил врзан за некој даб: рикал, копал и сè што му се препречило пред очи, искорнал.

До дабот имало една дупка и внатре еден глушец. Кога го чул рикањето, глушецот излегол да види што е тоа. Кога го видел арсланот, го прашал што му е. Арсланот ја кренал опашката и му рекол:

- Мавни ми се, гадинко ниедна! И ти ли сега ќе ми додеваш?Глушецот си се скрил во дупката. Вторпат излегол, но арсланот пак го избркал. По

малку време, пак излегол и му рекол:- Кажи ми, џанам, од што имаш мака? Белки ќе можам да ти помогнам.Арсланот му одговорил:- Дали не гледаш што мака имам!? Ме фатија ловџии, ме врзаа овде и испратија еден

од нив в град да земе синџири за да ме врзат уште поцврсто и да ме носат по градиштата за да се бијат шега со мене и да ме мачат! Што ќе можеш ти да ми помогнеш!?

Народна пословица:

Слободата е најголемо богатство

Народна пословица:

Умот царува, снагата трупци влече

Размисли, заклучи!Кои се главните ликови во басните?Каков бил односот на арсланот кон глушецот?Зошто го променил своето однесување?На крај арсланот сепак извлекол поука. Каква? Зошто оваа приказна ја вбројуваш во басни?

ќе можеш ти да ми помогнеш!?- Тоа ли ти било маката? - рекол глушецот. -

Што не ми кажа порано? Сега ќе видиш, како ќе те куртулам.

Му се фрлил на вратот и... крц, крц, крц! Дури да плукнеш, го прегризал јажето.

- Бегај сега! - му рекол.Арсланот се зачудил и си рекол: „Ете, како

по некојпат идело време да му бидам должен и на глушецот!“

Page 72: Make Don Ski Jazik v Gockova

71

Читање, литература и лектира

Лисицата и јарецотНародна басна

Лисицата паднала в бунар, па, не знаејќи како да излезе, била принудена да чека. Кога, некој јарец протеран од жедта, фатил да испитува дали водата е добра, криејќи ја својата неволја, таа почнала да ја фали водата, велејќи дека е прекрасна и така го намамувала да слезе. Тој слегол, зашто бил жеден, а кога се напил убаво, започнале заедно со лисицата да размислуваат како да излезат од бунарот. Лисицата рекла дека измислила нешто корисно за спасот на обајцата:

- Опри ги предните нозе на ѕидот и приближи ги роговите, па откако ќе се качам јас преку твојот грб горе, ќе те извлечам после и тебе. По долго наговорување јарецот се согласил, таа скокнала на неговите плеќи, стапнала врз роговите, излегла од бунарот и фатила да се оддалечува. Кога јарецот ја прекорил што го крши ветувањето, таа се свртела и му рекла:

- Убав мој, да имаше толку ум колку влакна на брадата, ти немаше ни да слезеш во бунарот пред да размислиш како ќе излезеш.

Народна пословица:

Она што не го сакаш за себе, не

прави го на друг

Писмена вежба за усвојување на директен и индиректен говор

Првиот дел од басната е предаден во индиректен говор, Препиши го така што ќе го

претвориш во директен говор помеѓу лисицата и јарецот. Внимавај на интерпункциските

знаци. (Голема буква на почеток, две точки и наводници).

Page 73: Make Don Ski Jazik v Gockova

72

Читање, литература и лектира

Лисицата и штркотИван Крилов

Се спријателиле лисицата и штркот, дури и кумови станале. Еднаш го поканила лисицата својот кум, штркот, на гости:

- Дојди ми на гости, куме! Дојди, гулапче, ќе те нагостам со најубава гозба.Дошол штркот на ручек, а лисицата сварила каша со млеко. Ја турила во плитка

чинија и ја ставила пред кумот.- Повели куме, гости се, не брзај! Сама ја сварив кашичката.А штркот цок - цок со клунот, но ништо не можел да зафати. Лисицата сама ја

излапала кашата. Потоа рекла:- Прости ми, куме немам ништо друго да те нагостам.- Ти благодарам и за ова - рекол гладниот штрк. - Повели, кумо, утре кај мене на

ручек!- Со задоволство, ја прифаќам поканата, - рекла лисицата.И, ете ти ја следниот ден лисицата на гости кај штркот. А тој зготвил: месо, цвекло,

компирчиња, грав. Сето тоа го издробил на ситни парченца и го ставил во едно грне со тенка устинка. Го принесол пред лисицата. Клунот на штркот можел да влезе во грнето, ама муцката од лисицата за таков отвор била преголема.

Така кума Лиса си се вратила дома со празен стомак, засрамена, со подвиткана опашка и наведнати уши.

Изразување и творење

Бидејќи штркот сметал дека лисицата е негова пријателка, ја прифатил поканата да појде кај неа на гости. Неговото исчекување било големо, затоа што лисицата рекла дека ќе му зготви најубави јадења. Зошто штркот се вратил дома незадоволен од гозбата?Со кои зборови штркот го прикрил своето незадоволство?Штркот сакал да £ возврати на лисицата. Неговата гозба била многу богата: со месо, цвекло, компирчиња и грав. Сепак, лисицата не успеала да се нагости. Зошто?Каква особина поседувала лисицата што понекогаш може да се сретне и кај луѓето?

Вежба за усвојување на поимот басна

а) Раскажи ја истата басна, но, наместо негативни, лисицата и штркот прикажи ги како позитивни ликови.б) Спореди ја басната со расказот „Волшебниот бастун“(стр.66) и кажи по што се

разликува басната од расказот.Што, всушност, постигнал авторот на басната, кога, зборувајќи за луѓето, за главни ликови ги зел животните?

Народна пословица:

Лошиот збор за срце каса

Page 74: Make Don Ski Jazik v Gockova

73

Читање, литература и лектира

Забрлавен волкИндиска басна

Еднаш лисицата паднала во еден бунар што го ископал некој длабоко во шумата.Лисицата се обидувала да излезе надвор викајќи на помош.Волкот ја чул и дотрчал до бунарот.- Благодарен волчко, - викнала таа, - ако не ме спасиш, јас ќе се удавам.- Леле, - извикал загрижен волкот, јас сум премногу збунет што те најдов во тешка

положба. Одамна ли си во бунаров? Студена ли е водата?- О, братко мој, - проговорила лисицата - ти само губи го скапоценото време! Ако

продолжиш така, јас ќе скинам конци. Извлечи ме, и јас со задоволство ќе одговорам на сите твои прашања.

Народна пословица:

Како ќе си постелеш, така ќе си легнеш.

Page 75: Make Don Ski Jazik v Gockova

74

Читање, литература и лектира

Лавот и лисицатаДоситеј Обрадовиќ

Лавот, живеејќи долго, многу опадна и остаре и не можеше ниту со брзината, ни со снагата своја, другите животни да ги надвладува и да ги раскинува. Демек, мислејќи, и размислувајќи во толку бедна положба што ќе биде најпосле со него, му дојде на ум дека овде на земјава што не може со сила и со снага, се прави со мајсторија и итрина. Се престори болен, влезе во својата пештера и се истргна и се испружи колку што е долг. Пукна глас и сегде се пренесе дека оној силен и страшен лав со душа се мачи и дека е при крај. Кој нешто сака, лесно верува во тоа. Многу животни, не чекајќи едно друго, под изговор на посета, навалија кое попрво очи да заслади од издивнувањето на лавот. А овој, грабнувајќи кога едно, кога друго, за себе како на болен понада си ги принесуваше. Најпосле, ете ти ја и лисицата, која ѕиркајќи низ врата праша:

- Како си чичко?- Прости, моја ќерко, ела поблиску да ме надгледуваш!- Лошо. чичко, немам кога, за одење сум! - одговори мудро лисицата - а и не сакам;

оти гледам многу траги кон тебе, а ниедна од тебе назад!

Размисли и заклучи

Што откри за лавот од разговорот. Каков бил односот на лисицата? Зошто? Каков карактер е претставен преку лавот?

Извлечи поукаОд оваа басна секој многу лесно ќе ја открие поуката. Пакосните и неправедните луѓе тоа што не можат да го постигнат си сила го постигнуваат со итрина, лукавство и со измама.

Изразување и творење

Објасни во која форма е дадена содржината од оваа басна:

а) во форма на опширно раскажување од писателот.

б) во форма на разговор меѓу ликовите т.е. дијалог.

в) во форма на опис на ликовите

Page 76: Make Don Ski Jazik v Gockova

75

Читање, литература и лектира

Роман

СпоменкаГорјан Петревски

II ГлаваПоминаа веќе неколку дена. Со Споменка не

зборувавме. В училиште везден погледите ни се сретнуваа, но веднаш главите ги вртевме настрана.

Тајната со Никола не ја дознав. Дали имаше вистина во зборовите на Вера Претералка? Како и да било, сомневањето остана.

Но, каков водич ќе бидам ако не им се вратам на „Соколите“? Затоа што ја сакам Споменка? Не, не... Водачите и во поразот треба да останат непобедени.

Наскоро требаше да се одигра и фудбалски натпревар меѓу „Соколите“ и „Црните стрели“.

Време за чекање немаше.Неколку дена само за тоа се зборуваше. И

едните и другите мислевме дека сме сигурни победници. Дури и девојчињата од двете притивнички дружини се пречкаа. Нема што, тоа ќе биде натпревар на годината. А потоа, по натпреварот, многу нешта ќе бидат појасни.

Подготовките беа напорни. Секоја вечер - трчање по ридот. А дисциплината - железна! Никој не смееше ни час да изостане од тренинзите. Секој требаше да биде подготвен. Нема шега. Натпреварот беше од историско значење за „Соколите“. Премногу важен и за мене. Тоа ќе биде - да се биде, или пак, не!

Нов литературен поим: Детски романРоманот е голема епска творба. Најчесто романите за деца и за возрасни се пишувани во проза. Детскиот роман најчесто раскажува за некој детски лик, а меѓу ликовите се сретнуваат и други деца и возрасни.Во романот се обработува една главна тема, но може да има повеќе споредни теми.Главниот лик во романот е опишан многу опширно. Меѓу најпознатите детски романи се „Хајди“ од Јохана Шпири, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, „Сребрените снегови“ од Живко Чинго, „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески, „Белото Цигнаце“ од Видое Подгорец и многу други.

Page 77: Make Don Ski Jazik v Gockova

76

Читање, литература и лектира

- Оди, Бојане, в продавница и купи шеќер... - ќе ми речеше мајка ми. - Веднаш, мамо...И... спринт во продавница! За неколку минути веќе се враќав назад.- Е, е... Таков те сакам! - се смешкаше мајка ми.- Треба ли уште нешто?- Сега засега, не...- Ако затреба, мамо, само викни ме... Веднаш ќе се затрчам...Секоја задача, надвор од дома, со трчање ја извршував. А вечерта редовно добивав

пофалби за... послушност! И татко ми задоволно се смешкаше.Тајна беше дека послушноста не е ништо друго, туку тренинг пред големата

фудбалска средба.Но, и противниците не спиеја. И тие наголемо се подготвуваа за натпреварот.

Ние, пак, одредивме кој да ги „шпионира“ и да нè известува за сè што се случува во противничките редови.

Редовниот тренинг изостана само во средата пред неделниот натпревар. А зошто? Телевизиските екрани пренесуваа фудбалска средба на познатиот „Сантос“ предводен од славниот Пеле. Всушност, и тоа беше во планот на подготовките. Таков натпревар не смееше да се испушти. А јас ги бележев поважните моменти од натпреварот и невидените мајстории на „кралот на фудбалот“ - Пеле, за да можат и тие да ни користат за победа над противникот.

Признавам, тие деведесет минути пред телевизискиот екран, јас бев најгордиот фудбалер меѓу моите соиграчи, затоа што и мене ме викаа - Пеле! И тоа... заслужено. Тоа, навистина, не беше малку.

Вечерта, кога се состана екипата, беше донесено и тактичкото решение: мораме да го прифатиме стилот на тимот на „Сантос“ и Пеле. Зашто, таков начин на игра гарантира и сигурна победа над противникот.

Неделниот натпревар беше важен и по нешто друго: можноста да ја повратам Споменка. Морам да докажам дека сум подобар фудбалер од Никола. Треба да победиме. И тоа убедливо. Нека се покае што ја напушташе дружината на „Соколите“. Пак ќе посака да ни се врати.

Говорна вежба за усвојување на поимите: роман, расказ, басна

Откако ќе ја прочиташ II-та глава од романот за деца „Споменка“ од Горјан Петрески, спореди го со расказот „Шума на моето детство“ од Видое Подгорец и со басната „Арсланот и глушецот“, одговори на следниве прашања:1. Која е првата разлика што ја согледуваш за прочитаните текстови;2. На што, според тебе, се однесуваат разликите во тие текстови?а) на должината на текстотб) на бројот на ликовитев) на темата за која се зборува

Page 78: Make Don Ski Jazik v Gockova

77

Читање, литература и лектира

Народна пословица:

Без време ништо не зрееСребрените снегови

(Извадок од детски роман)Живко Чинго

Кога прв пат појдов на училиште уште беше темно, ралниците беа на небото, токму време за орање. Тоа беше многу матна, а во исто време и светла ноќ. Со такво чувство и појдов на училиште тој прв, незаборавен ден. Во училишниот двор сретнав уште шестмина мои другари, а по половина час дојдоа сите деца. На сите торбињата им беа полни со леб и со секакво овошје, а јас не носев ништо...

Најпосле, дојде и чичко Мартин и со него како да дојде најубавиот миг, ненадејно, некако таинствено, од џебот извади едно малечко ѕвонче и заѕвони. И ние во тој миг како штрекнати, како војници скокнавме: трчај лево, трчај десно, едни наваму, други натаму...

Влеговме двајца по двајца, полека, полека како на трње да газиме. Кроце, како мравчиња, стрико Мартин нè нареди во долгите клупи. Ох, кога ќе седнеш малку како да ти дошла душата. Сите деца седнаа на своите места како заковани, мирни и кротки. Ја чекавме учителката, нашата Ген. Во тој миг човек да ставеше едно уво на ѕидот, од надворешниот дел, ќе чуеше нешто најубаво, ќе помисли безброј часовничиња што ситно и брзо чукаат, тик-так, тик-так!

Page 79: Make Don Ski Jazik v Gockova

78

Читање, литература и лектира

По малку, во училницата влезе нашата учителка Ген и сите од ред станавме. Сите бевме како стуткани топчиња од тазе кал, така еден до друг, како едно срце да имавме, со едни очи гледавме во Ген.

Учителката ни рече да седнеме. Потоа зеде едно тетратче, го отвори. Од тоа чудотворно тетратче почна да ги чита нашите имиња. Откако нè извика сите, ни ги прегледа рацете, ушите, главата...

Почна да прска ситен дожд, да удира по прозорчето. Погледнав кон дворот, пред моите очи се покажаа сувите и соголени гранки што силно се лулееја од ветрот, и додека дождовните капки ги росеа, тие како да ми велеа: - Седи, Клименте, воопшто не плаши се. Сè ќе мине како сон и сенка. И ти еден ден ќе бидеш она што е најдобро и паметно, учен човек...

После дури, со секојдневната упорна работа, низ напорниот благороден труд виѓаваш дека не било така страшно одењето во училиште, но дека имало во учењето чудотворство, но тогаш си бил како слеп... Дури кога навечер, крај огништето, ти треперат рацете, одвај го додржуваш тенкото книвче, гледаш едно светло, како видот да ти го зема, шепнуваш ма-ма-аааа. Ти се откинува како нешто замрзнато да потекло во тебе. Ти светнува пред очи, велам, си прогледнал. Не на соне, туку на јаве го гледаш тоа големо чудотворство, како што е чудно кога на јаснина паѓа снег. Постоело, значи, се криело во силната и чесна работа. Тој голем човечки труд бил извор на сите, најголеми чудотворства. Ја здогледуваш најтаинствената, најмилата слика - паѓа на тебе некој лесен, мек снег, те гали по лицето, можеби цут од црешна во мај! - тоа се сребрените снегови - како мајчиниот глас да оживеал и ти потекуваат радосни солзи, те опфаќа некоја голема радост што со ништо не може да се мери на земјава.

Размисли и заклучи!

За кого раскажува писателот во овој расказ?Со кое лице се служи?Како почнал првиот училиштен ден?Нешто му шепотеле дождовните капки на Климента. Објасни што?Која слика ја создал пред Климент првиот прочитан збор.Со кои зборови си ги заменил изразите: „ралниците беа на небото“, „ненадејно таинствено“, „како штрекнати“.

За дома

Определи ги деловите на расказот.а) Воведниот делб) Главниот делв) Завршниот делОдговори:Која порака ја искажал писателот?

Page 80: Make Don Ski Jazik v Gockova

79

Читање, литература и лектира

Нов литературен поим:

Говор на писателот

Говор на ликовите

Горјан ПЕТРЕВСКИ е роден 1951 година во Мренога, Демирхисарско. Објавил повеќе збирки раскази, Гороцвет, Земјата на сонот, Татковите солзи и др.

Автор е на романите: Споменка, Марта и др. кои со задоволствосе прифатени од младите читатели.

Научи повеќе: Говорот на писателот може да биде искажан во прво или во трето лице. Ако авторот раскажува што правело некое лице, тогаш тој раскажува во трето лице.Говор на ликовите

Ако при читањето на расказот (романот или басната) ни се чини дека лицето раскажува само за себе, таквото раскажување се вика раскажување во прво лице.

Народна пословица:

Мудрите малку зборуваат, а

многу творат

Цут во косатаГорјан Петревски

- Денот беше убав. Ветрето милуваше по лицата. Двете семејства, добри пријатели, отидоа на излет. Со нив беа и децата, девојче и момче. Ќерката на едното и синот на другото. Тие како да беа на иста возраст.

Мајките и татковците, имаа свој приод кон денот поминат во природа. Анастазија и Анастас - исто така.

Седнато во сенката на дивата јаболкница, момчето £ се загледа во косата. Над нив дрвото цутеше, а ветрето дувкаше и им ги бушавеше косите. На девојчето неколку црвенкасто-бели цутчиња од гранките на дрвото, беа му слетале на главата.

- Имаш цут во косата... - £ рече Анастас. - Наведни се...

Анастазија послуша, а тој внимателно почна да пребарува со прстите во разбрануваната коса за да £ ги отстрани одронетите цутчиња од дивата јаболкница.

- Имаш бујна коса! - и рече. - Побујна и понежна досега не сум видел.

- Не си видел или не си допрел?- И едното и другото... - се насмевна тој. - Ниту сум

видел ниту сум допрел.И девојчето се смееше...

Page 81: Make Don Ski Jazik v Gockova

80

Читање, литература и лектира

Епска песна

Силата на Марко КралеЕпска песна

Шедба шетат Марко Прилепчанец,шедба шетат земја покраина...Ми пријавнал коња шареного;шареного коња, дебелого,дебелого коња, кршигоро;ми наложил самура калпака, на калпака до три огледала,а над ними перја паунови;ми засукал мрка мустаќина,еден мустак до три руна црни;ми намуртил очи соколовии над ними вежди пијавици,како црни крилја ластовички;ми опасал сабја дипленица,што се диплит дванаесет патишто се носит коњу во кривата,и ми сечит дрвја и камења,а на седло, богме, ми приврзалшто приврзал тешка боздогана,што е тешка шестотини ока.В рака држит она војно копје,ко јасика тенко извишено;се наметнал с гуна кабаницами црнеет како темен облак.Кај да стапит Шарец добра коња,било спилје ил стеноит камен, ми потонват коња до колена.От што ми е сила у јунака,је притежа мајке црна земјаод тежина грда носеештем,та ми јачит кутра црна земјаем ми јачит ем ко лист се тресит.

Литература

б) поезија- епска песна - лирска песна- патриотска песна - хумористична песна

Page 82: Make Don Ski Jazik v Gockova

81

Читање, литература и лектира

Согледај, заклучи!Песнава е создадена од народниот творец. Во неа има зборови што се користеле во времето кога била создадена. На пример: коња шареного, кршигоро, мустаќина.

Да поразговарамеВо најголем број македонски епски песни главен јунак е Крали Марко (Крале Марко). Народот гледал во Марко заштитник и пеел песни за неговото јунаштво. За Марко постои цел циклус епски народни песни. Една од нив е и песната

„Крале Марко ја губи силата“, чиј дел е поместен во учебникот, а гласи:„Силата на Марко Крале“.Што посебно те восхити во оваа песна?Какви чувства побудува во тебе силата на Марко?Определи ги местата што во тебе предизвикаа: а) чудење, б) восхит, в) љубопитност, г) радост, д) олеснување. Кои се причините за ваквите чувства?

Изразување и творењеСледи го описот на Марко. По кој редослед го дава поетот?Покажи како народниот пејач го гради ликот на Марко. Колку пати е нагласена неговата сила?

Задача:Епскиот поет, се вели, реално ги сликал настаните и ликовите. Сепак, овде тој покажал голема наклоност кон Марко, прикажувајќи ја неговата надворешност. Поткрепи го ова тврдење и со цитирање стихови од песнава.

Сам истражувај!Јазикот во песнава има карактеристики на народен говор. Ова тврдење докажи го со стихови од песната. Препиши зборови и изрази што ти се необични.за следниот часПесната „Силата на Марко Крале“ е еден дел од песната „Марко ја губи силата“. Во неа ќе видиш дека Марко се одликувал со толкава сила што дури и земјата можел да ја подигне. Ќе бидеш восхитен, ако ја прочиташ целата песна. Затоа дома погрижи се да ја прочиташ.

Размисли и кажи!Во кои делови од песнава настаните и ликовите се прикажани зголемено. Размисли дали во стиховите:

„та ми јачит кутра црна земјаем ми јашит ем ко лист се тресит“е реално прикажана или зголемена силата на Марко?Во целава песна силата на Марко и на неговиот коњ се прикажани зголемено преувеличени. Така, за коњот се вели дека бил „кршигоро“, а мустаќите на Марко биле толку големи што еден мустаќ личел на „три руна црни“. Сабјата на Марко се диплела дванаесет пати и сечела дрвја и камења. Така, јунакот е прикажан толку голем што личел на темен облак.

Page 83: Make Don Ski Jazik v Gockova

82

Читање, литература и лектира

Вежба за анализа на епска песна по план на текстот:1. Изразно прочитај ги стиховите што го прикажуваат надворешниот изглед (физичкиот портрет), оружјето и коњот на јунакот. Што забележуваш во прикажувањето на силата на Марко Крале? Нели ти се чини дека таа е претставена преувеличено?2. Зошто народот воспевал јунаци како Марко Крале?3.Народниот пејач, за да ни го опише ликот на јунакот, се служи со поетски слики. Преку нив сакал да ни го претстави јунакот посликовито.

Изразување и творењеВо стиховите што се поместени овде откриваме јунак со огромни размери неговите мустаќи се многу големи, веѓите му се „како крилја ластовички“. На ваквиот јунак му одговара коњ кој е толку силен што од неговата разиграност „се затресла кутра црна земја“. Наведи и други примери.

Опишувањето е сликовито, со поврзаност на настаните.

Задача:Во песната народниот пејач употребил многу поетски слики. Оваа песна претставува вистинска ризница на убавина. Пронајди во песната поетски слики, и подвлечи ги или препиши ги за домашна работа.Епска песна е творба во која покрај епскиот јунак и основната тема, има и други

ликови и помали теми. Во народната епска песна за тема се зема случка или настан од историјата на народот. Во неа се пее за некој голем народен јунак преку поетско и сликовито раскажување за настанот и за подвизите на јунакот. Народниот раскажувач за јунакот раскажува преку поетски слики.За постигнување поголема сликовитост, во епската песна често се среќава повторување на некои изрази во повеќе стихови.Епската песна започнува со воведување кон главната тема. Потоа, разните случки од песната се преплетуваат. Тоа се усложнува и достигнува највисок врв на заплетеност. На крајот доаѓа до разјаснување на сè.

Page 84: Make Don Ski Jazik v Gockova

83

Читање, литература и лектира

Дете Татуличе и вујко му МаркоНародна песна (епска)

Се прочуло Дете Татуличе,се прочуло на Демир Капија,кај запрело друмои, клисури,та не дава пиле да прелета,ниту јунак некој да замине!Еве стана девет лета време,како јунак никој не заминал.Рамни друмој в пелин обраснале,по пелинот пилци се извеле.Што ми дочул Марко, Крали Марко,Марко му е на Дете роднина,тоа било од сестра му дете.Многу ми се Дете пофалило,оти било појунак од Марка.Па се чуди Марко и се ѕвери,сака д’иде внуче да си видишто му било појунак од негоСе преслече Марко, Крали Марко,па се стори гола Дервишина,си ујавна Шарца, добра коња,та без узда, а и без оглавник,с’боси нозе коња по пат тера,право иде на Демир Капија.Оддалеку Дете го видело,оддалеку дума продумало:- Леле, Боже леле, мили Боже,еве мина девет годин’ време,како седам на Демир Капијакако чувам друмои, патиштаи не дадов пиле да пролета,а камо ли јунак да помине!Каков ми се јунак сега нашолта ми иде право на Демира?Зеде Дете своето оружје,запаша си таа остра сабја,заметна си тешка боздогана,боздогана седумдесет окии си вјавна таа врана коњаза да запре гола Дервишина.

Крал Марко

- фр

еска

Page 85: Make Don Ski Jazik v Gockova

84

Читање, литература и лектира

Она не е гола Дервишина,но е јунак Марко, Крали Марко,ама си го Дете не познава.Оддалеку Дете продумало:- Назад, назад, гола Дервишино,оти лудо ти ќе си загинеш!Јас си седам девет годин’ времепа си чувам се Демир Капија,та не давам пиле да пролета,а камо ли јунак да помине!Каква беше таа Девишина:абер нема, та да се уплаши,право иде на Демир Капија.Се налути Дете Татуличе,фрлило ми с’тешка боздоганада ми кутне гола Дервишина.С’гради Дервиш боздоган дочекаи далеку топуз ми отфрлими отфрли во гора зелена.Па извади Дете Татуличе,си извади своја остра сабја,та ја врти по рамни друмои,да си запре гола Дервишина.Страшна беше таа Дервишина:пружи рака, та му зеде сабјаи ја фрли во гора зелена.Тогај се е Дете уплашилодека нема некакво оружје,нема веќе со што да се брани!Па си зело од коња зобницаврти, врти гола Дервишина:наклешти си тие остри забии му фати коњската зобница.И тогај се Дете уплашило,та побегна по рамни друмои,така бега до три дена време.А што беше гола Дервишина,сè го гони и по него идевеќе нема каде да си бега.Го дотера до Белото Море,та да рипа в море да се дави.Но е Марко вистински роднина,

Page 86: Make Don Ski Jazik v Gockova

85

Читање, литература и лектира

малу назад тој си се поврати, та испушти Дете да побегне.Тогај Марко пак си се преслече,преоблече свое прво рубо,заметна си јуначко оружје,па отиде во Фокшани градаи си најде Дете Татуличе.Проговори Дете на вујка си:- Леле вујко, Марко, Крали Марко,од кај дојде та тука те видов?Отидоа во ладна меана,се собраа до седум јунаци,наточија вино светогорско:тие пијат, а Дете им служи,само служи, а вино не пие.Говори му Марко, Крали Марко:- А бре Дете, Дете Татуличе,оти служиш, а вино не пиеш?Одговори Дете Татуличе:- Леле вујко, Марко, Крали Марко, јазе сум ти, вујко, уплашено,уплаши ме гола Дервишина!Тогај нему Марко му прозбори:- Пивни вино. Дете не бој ми се.Дервиш беше твојот вујко Марко!Да ми седиш на Демир Капија,да ми седиш, а да не се фалишдека ти си појунак од мене.Рипна Дете та си го прегрна, целива го меѓу двете очи:- Честита ти, вујко, јунаштина!

Биди креативен:Опиши го надворешниот лик (портрет) на Крали Марко според прикажувањето во двете епски песни.

Маркови

Кули

- Прилеп

Page 87: Make Don Ski Jazik v Gockova

86

Читање, литература и лектира

Лирска песнаЛирска песна (уметничка и народна)

ДетствоБоро Ситниковски

Играј, дете, колку можеш,в поле, в гора, сегде шетај,играј, зашто златно детствокако ветер мине, лета.

Смеј се гласно, смеј се силно,потреба е, а не мода,оти тоа драго детствотече брзо како вода.

Ех, да можам, да сум силен,во детството да се вратам,само еднаш во игратасо децата да се фатам...

Ама летна тоа време,летна силно како ветер -и што било јас да сторам,не бидувам повторно дете.

Лирска песнаОваа песна е лирска. Во неа поетот ги изразил своите мисли, чувства на еден нежен лирски начин. Лирските песни најчесто се куси, сликовити и исполнети со чувства. Лирската песна може да биде уметничка и народна.Песната „Детство“ е уметничка лирска песна, бидејќи е дело на познат автор.

Да поразговарамеЗошто поетот му порачува на детето (во првата строфа од песната) да игра секогаш кога има можност за тоа?Што се постигнува со играњето во природа?А, во која строфа поетот ги советува да се смеат?Зошто, според него, смеењето е потреба, а не мода?

Размисли и објасни!Каква желба искажува поетот преку третата строфа од песната?Какви чувства го обземаат поетот во завршната строфа од песната?

Page 88: Make Don Ski Jazik v Gockova

87

Читање, литература и лектира

Јана везе македонско знамеНародна песна

Леле, Јано, леле мила ќерко,Што ми везеш свилена шамија?Леле, мајко, леле, стара мајко,Не си везам свилена шамија,Тук си везам знаме македонско И на знаме по сто драма злато,Абер дојде од Пирин Планина, Ми загинал млад Делчев Војвода.Дај ми, Боже крилја од гулабиДа си летнам на Пирин Планина,Да покријам млад Делчев Војвода,Тој загинал за Македонија.

Патриотска песна

За љубовта кон татковината и за нејзините убавини и богатства пееле многу наши поети. За

нашата татковина прекрасни песни создале и голем број светски поети - гости на Струшките

вечери на поезијата.

Везилка

, околу

195

0, мозаик,

73х

53.5

За наредниот часБиди креативен - сликај!

Замисли предел во убавото село Баница и нацртај го ранетиот македонски војвода Гоце Делчев.

Да поразговарамеДевојката Јана везела македонско знаме со златен конец

- Зошто везела со злато?- Каков абер дошол од Пирин Планина?- Кој настан многу ја потресол Јана?- Јана го молела Господ да £ даде крилја од гулаби. Каде сакала да одлета? Зошто?

Изразување и творењеВо последниот стих Јана објаснува зошто сакала да летне на Пирин Планина. Докажи!

- Што те возбуди во оваа прекрасна народна песна?Во песната „Јана везе македонско знаме“ народниот пејач ја опишува љубовта

на девојката Јана кон татковината. Во неа се пее и за најголемиот македонски војвода Гоце Делчев. Тој загинал за својата татковина. Оваа песна е патриотска песна.

Page 89: Make Don Ski Jazik v Gockova

88

Читање, литература и лектира

Поетска слика

Родна земјаЛазо Каровски

Ој, разиграј, песно моја мила,ој, разиграј силно браној диви,та нека да пламне бујна сила -од секоја буква искри живи,та нека твојте снежни крилаго понесат мојто срце младонад планини и над мили градој,над родната земја, кај што итанеуморлив бран низ млади жита,кај одерки-лози мрежи плетат,кај афион бел и розов цветакај езерски брегој браној галати вечери лични месец палат...

Ој, убава земјо моја родна!

Та има ли срце в светот широкво себеси цела да те збери?Та има ли мерка в светот големубавина чудна да ти мери?Та малку ли убавини криеезерото Охрид штом се мрежии забрзан бран след бран в брег бие?

Ој, убава земјо моја родна,ој, има ли срце в светот коево себеси цела да те крие?Би сакал, о мајко, да е мое,в разгорени гради да ми бие!

Изразување и творење

Поетска слика

Кога ја читаме „Родна земја“ ни се чини дека

слушаме некоја пријатна музика и дека

гледаме убави слики од природата. Поетот

преку мајсторски одбрани зборови и изрази ни

предава конкретни слики т.е. поетска слика.

Стиховите богати со поетски слики влијаат на

нашите чувства.

Одбери две поетски слики и образложи зошто

ги одбра.

Page 90: Make Don Ski Jazik v Gockova

89

Читање, литература и лектира

Размисли, заклучи!Во што се поетот ја гледа татковината?Кои поетски слики ти оставија најсилен впечаток?Што значи за тебе (и за поетот) татковината?Кое основно чувство те возбуди по читањето на песната?Прочитај ги стиховите од кои блика љубовта на поетот кон татковината.Разгледајте ги првите два стиха. Што забележувате?

„Ој, разиграј, песно моја мила,ој, разиграј силно браној диви“

За наредниот час:Научи ја песната. На час труди се да ја изрецитираш така што ќе ги изразиш патриотските чувства за кои пее поетот.

Задача: а) Пронајди ги римите во

песната.б) Напиши состав на тема:

„Зимата во мојата улица“.

ИДЕ ЗИМА Михо Атанасовски

Оловното небо тежи,видот ни го зеде,и снег цел ден тешко снежи,бела преѓа преде.

Од преѓата една букаси навезла елек,а две ели сами тукаџемпери си сплеле.

На главите на три борашубари им стојат,а четири даба в горабели калци кројат.

Пет тополи веќе носатшалови на вратот ...Само една врба боса Се тресе кај патот.

Иде зима, лошо време,од студ се се ежи,погледот е облак темен,цел ден снежи, снежи.

Page 91: Make Don Ski Jazik v Gockova

90

Читање, литература и лектира

Скопското

Кале

Силата на зборовитеСтојан Тарапуза

Куќи и кули се зидаат со тули,се зидаат и огради на дворови,но тоа е нешто сосема друго,песни се зидаат со зборови.

Секој збор по нешто кажува,со збор и ѕвезда се подлажуваи сонцето в очи се населуваи гладен страден развеселува.

Кога збор со зборови ќе се здружи,војска е тоа што пука со ружи,од ружите в срце пламнуваат зории крвта зажарува, како вулкан гори...

Да поразговарамеПоетот тврди дека песни се „ѕидаат со зборови“. Што искажал преку тој стих? Прочитај ја втората строфа и кажи како се поврзани зборовите со сонцето и со ѕвездите? Откриј и посочи една поетска слика од песната.

Работа на часВо тертатката запишете зборови кои сметате дека се убави или значајни како на пример: татковина, радост, детство...

ССкопското

ККале

Page 92: Make Don Ski Jazik v Gockova

91

Читање, литература и лектира

ТатковинаВанчо Николески

Нигде на светов под вишно небо,под златен сончев сјај,толку убава земја нема -ко мојот роден крај!

Врвови вишни, гори зелении реки голем број,те личат сегде, о земјо мила,о роден крају мој!

За мене ти си живот и среќа,најголем, најмил дар,во моето срце, за тебе, земјо,гори љубов ко жар.

Вежба за анализа на патриотска

песна по план на текстот:

а) анализа на секоја строфа посебно

б) откривање на пораката во песната

в) откривање поетски слики

Да поразговарамеКое основно чувство е изразено во песната „Татковина“?Со кои зборови поетот ја истакнал убавината на нашата татковина? Зошто е убеден дека никаде во светот нема полична земја од неговата? Какви чувства изразил кон татковината?Со кои зборови посебно ја изразува љубовта кон татковината?Поетот се служи со убави поетски слики. Кои убавини посебно ги нагласува во втората строфа?Какви поетски слики дава поетот за минатото, а какви за сегашноста?Што претставува татковината за поетот? Што претставува за тебе?Зошто можеш да тврдиш дека песната буди во тебе патриотски чувства?

Page 93: Make Don Ski Jazik v Gockova

92

Читање, литература и лектира

Согледај: Повеќе стихови може да бидат поврзани со строфа. Една песна може да има различен број строфи. Песната „Татковина“ е составена од стихови во кои има рима.Обично, на крајот од стихот има збор кој е во созвучност со збор на крајот од друг стих. Таа созвучност се вика рима. Песната се состои од стихови.

Стиховите на Ванчо Николески се одликуваат со присуство на рима: сјај-крај, број-мој, дар-жар. Римата се сретнува во уметничките песни како што е оваа. Поради поетските слики и римите песнава е многу поетична, топла, лирска.

Задача:1. Подвлечи ги римите во песната!2. Спореди ја песната „Татковина“ со песната „Јана везе македонско знаме“ - едната е уметничка, а другата е народна. Објасни каква е разликата меѓу уметничката и народната песна во однос на римата.

Ванчо Николески е роден 1912 година во селото Црвена Вода, Охридско.

Бил учител. Спаѓа меѓу најплодните и најомилените детски писатели

во Македонија.

Пишувал поезија и проза, исклучиво за деца. Најпознати му се збирката

песни: „Македонче“, „Школско ѕвонче“, „Крај огниште“, „Прва радост“ и др.

Во прозните дела спаѓаат романите „Волшебното самарче“ и „Гоце

Делчев“. Умрел во 1980 година во Охрид.

Откривање рима

За дома:Најди и прочитај и други песни од В. Николески. Научи ја песнава напамет.Постапи вака: Потруди се да прочиташ песни посветени на татковината од други македонски поети.

Page 94: Make Don Ski Jazik v Gockova

93

Читање, литература и лектира

Сказна за срничето(епска песна по народен мотив)Бистрица Миркуловска

Кон бистро горско поточев утрини вјаса срниче,водичка да се напие.Роса врз секое цветенце -небаре бисер истуренниз сета горска ливада.Тивко е... нема повев мил,само од гранка брезоваптица - ранобудна црцори.

Се ведне над поточето -ех, колку е бистра водата -се пие голтка по голтка.

Одеднаш згрми силен глас:- „Зошто ја матиш водата?!“Со страшна муцка зината - еден волк угоре застанат.

Срнчето сето трепери:- „Прости, јас ништо не сторив!Водата тече кон мене.Не може јас да ти ја заматувам!“

- „Ти ли ќе продаваш умови!“изрика волкот - злосторникрипна, и го задави...

И повтор сè е стишено...Си тече бистрото поточе,само од гранка брезоваптица - ранобудна црцори,извива песна - тажалказа срничето.

Работен лист бр. 1

Page 95: Make Don Ski Jazik v Gockova

94

Читање, литература и лектира

Да поразговараме Која е основната идеја на песната „Сакање”. Во првата и втората строфа поетот истакнал една длабока мисла во врска со сакањето. За што станува збор?Преку стиховите авторот ги поттикнува луѓето да ја искоренат омразата од своите срца. Што зборува за децата? Тој ги сака деца, без разлика на бојата на нивната кожа. Потврди го ова со стихови.

Есад Бајрам е писател од турска националност. Роден е 1934 год. во Охрид.Негови позанати збирки по-е зија за деца се: „Плетен-ки”, (на турски јазик), „Дете во години” (на македонски јазик), „Ѕвездени бакнежи” и други.

СакањеЕсад БАЈРАМ

Кога се вистински човечни и распеани

Сите знамиња развеани се сакани.

Сите деца разиграни се сакани...

Како и секогаш и сонцето е сакано зашто е светло и насмеано.

Page 96: Make Don Ski Jazik v Gockova

95

Читање, литература и лектира

Детскиот светАдем ГАЈТАНИ

Тој е најчудесен свет на светот со милиони изненадувања, петпати повеќе желби, и цело море соништа. Насекаде барав клуч за да го отклучам тајум детскиот чудесен свет. Се претворив во ружа раснев во маѓесна градина; се претворив во птица летав по небото чисто, спуштајќи се на гранките да слушам волшебни песни што никогаш не сум ги чул; се претворив во пчела откривав чудесни цветовисо раскошни убави бои што никогаш не сум ги видел.

Разговор за песнатаШто е мотив на оваа убава песна?Светот на децата е таинствен, полн со волшебни катчиња.

Осознај, заклучиСпоред поетот, детските соништа со широко и длабоко море. Што е тоа во детската душа што треба да се открие?Детските песни се волшебни; тие се такви какви што поетот уште не чул. Што презел тој и во што се се претворил за да го почувствува детскиот свет?

Адем ГАЈТАНИ (1935-1982) е ис так нат поет од албанска нацио-нал ност. Неговата поезија е нежна и обилува со поетски слики. Автор е на поетските збирки: „Светлина во сонцето“, „Морска школка“, „Лебе дова песна” и др.

Page 97: Make Don Ski Jazik v Gockova

96

Читање, литература и лектира

Работен лист бр. 2

Мамо(лирска песна)Македонка Јанческа

Жити очите и виделинатане ме карај за кошулата скинатаи не ме прашувај зошто одбивам да јадамоти вечерва тагувам, вечерва страдам.

Многу сум несреќен и расположен лошо,оти Елена од училиште се враќаше со Тошои ми е жал што е таа зелена и лита,и не знае од очите да чита.

А само малку да е позрела и вештаќе прочита од нив најубави нештатаму е напишано со срце, а не со рака,колку јас неа искрено ја сакам.

Вежба за анализа на епска песна и лирска песна

Внимавај: Вежбата трае 20-25 минути1. При читањето на песните користи современа техника за читање и пишување.Подготви се за анализа

2. За секоја песна одделно, запиши ја првата мисла што ќе ти дојде на ум по читањето на песните.3. Одговори на прашањетоШто те натера да го запишеш тоа што го запиша?

Размисли и заклучи

4. Која од песните кај тебе поттикна некакво чувство, а која следи некакво раскажување?II дел5. Постапи на следниов начин:Размени ги записите со ученикот што седи до тебе и во пар споделете го размислувањето.

6. Согледај:

Првите 5 чекори работи ги индивидуално и во пар - внимавајте на времето

7. Да работиме заеднички - да ги запишеме главните белези на лирската и на епската песна

За дома:

Прочитај две лирски и две епски песни.Дај свој коментар зошто се лирски, а зошто избраните песни се епски.

„Мајка

со дете

“- Пабло

Пикасо

Page 98: Make Don Ski Jazik v Gockova

97

Читање, литература и лектира

Куси врабец и невеста

подмрежицаНародна песна

Посвршил се куси врабецза девојка подмрежица,си покани, си пособрасто сватови сколовранци,утицата старосватец,сто скакулци брзи коњи,орлиштата побратими.Отидоа по невеста,по невеста подмрежица.П’тем нашле нива просо,се вратија сколовранци,да си коња назобаат,невеста си остаиле,да ја вардат побратими,да ја вардат покрај трње.Долетало диво пиле,ја грабнало невестата,секое грмче и пердувче,секое гранче и трбувче!Кога дојде куси врабец,се зачуди црн сиромав,што да чини, как да чини.- Леле, леле, јас сиромав!Ал невеста да си жалја,али просо да жалјаме?Арно коњи назобавме,к’де ќе £ однесиме?

Нов литературен поим:

Хумористична песнаПесните во кои се исмејува некоја нега-тивна или смешна особина на некоја лич-ност (момче, девојче, невеста, дедо) или на цело општество се викаат хуморис-

тични песни.Хумористичните песни се многу присут-ни во македонската народна поезија. Тие реалистично го сликаат народниот живот. Критиката изнесена во песните била со цел луѓето да се насмеат, да се поправат, да се забавуваат.

Хумористична песна (народна)

„Птица

“ - С

ергеј А

ндреевски

Page 99: Make Don Ski Jazik v Gockova

98

Читање, литература и лектира

Да поразговарамеКако ја доживеа оваа песна?Што те разведри уште со читањето на првите стихови?За кого се посвршил (се свршил) кусиот врабец?Може ли тој настан да е вистинит?Песнава е проткаена со хумор, односно смешно прикажување на ликовите.

Анализирај, заклучи!Што е тоа што би го определил како смешно во песната? Цитирај некои стихови.На кој начин народниот пејач предизвикува смеење? Со кои изразни средства се служи?Што посебно те насмеа:а) хумористичниот тон во песната,б) хумористичниот опис на ликовите,в) хумористичниот опис на средината,г) хумористичното оплакување на невестата од младоженецот?

Можеш повеќе!Обиди се на смешен (духовит) начин да раскажеш некоја случка од секојдневниот живот.

Биди креативен - сликајВо облик на карикатура насликај ги младоженецот и некои од сватовите-сколовранци.

Изразување и творење1. Кое основно чувство го откри преку стиховите на оваа хумористична песна?2. Кои поетски слики најмногу те насмеаја?3. Во кои песни спаѓа оваа песна:а) во лирски песни,б) во епски песни?4. Што забележуваш за римата: ја има или ја нема во народните лирски песни? (Добро погледни ги стиховите и ќе откриеш)

Page 100: Make Don Ski Jazik v Gockova

99

Читање, литература и лектира

Невеста и момче - работниНародна песна

Момче невеста фалеше:„Имам невеста работна,на ден си нишка теглеше, в недела кадела вретенце,и во месецот пасменце,а на година платненце!“Там’дека мома предеше,тешка ја дремка нападна;бутна си урка в пепелот,та легна мома, та заспа.Пустата урка никнала,родила дренки зреани!Кога се мома разбуди,зрели се дренки назоба.Невеста момче фалеше:

„Имам си момче работно,на ден бразда ораше,во недела леичка,и во месецот погонче,а в годината нивичка!“Там’дека момче ораше,пуста го дремка нападна,закачи рало сред нива;пустото рало крушово,родило круши зреани!Кога се момче разбуди,зрели се круши најаде.

Вежба за анализа на песната

по план на текстотАнализирај ги:

а) првиот дел на песнатаб) вториот дел на песнатаЗа да ја пофали невестата кои зборови ги употребува момчето?Што се случувало додека невестата го исткала платното?Какво расположение предизвикуваат тие стихови?Стиховите се испеани на таков начин што предизвикуваат хумор (смеа), зошто?

Размисли, заклучи!

Објасни какви критики си упатуваат момчето и невестата?Која негативна особина ја исмејува народниот пејач?Задача: Издвој две поетски слики што ти оставија најсилен впечаток и објасни зошто.

Пролетно орањ

е Алексеј

Ванетсианов

, почеток

на

1820

Page 101: Make Don Ski Jazik v Gockova

100

Читање, литература и лектира

Модерна бабаНенад Џамбазов

Дојде чудно времетака вели тате,денеска и бабитеиграат карате.

Вчера еден немиркоседум метри летна,кога една бабичкакарате му светна.

Море, чујте дечињапеснава е шега,не може од староста нигде да се бега.

Да поразговараме Зошто сметаш дека песнава „Модерна баба“ спаѓа во хумористични песни?Кое основно чувство се сретнува во неа?Во втората строфа може да откриеш поетска слика. Што е смешно во постапката на бабата?

Биди креативен: Направи цртеж според втората строфа

Задача: Користи современи техники на читање дури ја читаш песната. Обрни посебно

внимание на: интонацијата, ритамот и паузите при читањето.

Донеси заклучок:

Хумористичните песни можат да бидат уметнички и народни.

Хумористична песна (уметничка)

Page 102: Make Don Ski Jazik v Gockova

101

Читање, литература и лектира

НесреќаКиро Донев

Полжавот бил на свадбапа враќајќи се како сват налетал на полн автобуссреде автопат...

Автобусот се превртелво ендекот крај патот,а возачот од кабината му свикал на „сватот“:

- Еј, бесрамнику!Зошто не пазишкаде и како лазиш?!Можеше - катастрофа да биде!...

- Не сум мал -полжавот му вратил -Зарем не ме виде?!?

Осознај, заклучи!1. Кое основно чувство е присутно во песната?2. Образложи ја втората строфа - која поетска слика ја откри?

Изразување и творењеПесната „Несреќа“ е уметничка творба, бидејќи е дело на еден автор. Сега спореди ја оваа хумористична песна со народната песна „Невеста и момче - работни“. Пронајди ги римите во песната од Киро Донев.

Во првата строфа тие се: сват - автопат.

Задача:

Пронајди ги римите во другите строфи од уметничката песна.

Кои стилски фигури ги сретна во оваа песна?

Page 103: Make Don Ski Jazik v Gockova

102

Читање, литература и лектира

Тест - потсети се, провери се

(што научи за поезијата)

Лирската песна може да биде уметничка или народна.Народната лирска песна се разликува од уметничката по тоа што го воспева и по начинот на кој го воспева.

Народната лирска песна најчесто е куса, без строфи и без рими.

Уметничката лирска песна може да биде со рими или како песна во проза (без рими).Авторот на лирската песна изразува лирски чувства.Преку лирската песна кај читателот се побудуваат чувства.Лирските песни се одликуваат со богат поетски јазик, со многу поетски слики.

Page 104: Make Don Ski Jazik v Gockova

103

Читање, литература и лектира

ЅвездиВидое Подгорец

Се сетив на една желба од детството. Луда и неостварлива, но многу силна и голема, та дури и до сега се задржала во некое катче на сеќавањето - чиста, светла, непоматена од маглата на годините. Тогаш се срамев да ја откријам, се плашев да не помислат, да не речат: тој е луд! Но сега...сега е далеку тоа време. Ќе ви раскажам за таа голема и чудесна убава желба.

Беше планинска ноќ, далечна планинска ноќ - свежа, миризлива. Лето. Небото ми личеше на бескрајно сито што сее ѕвезден прав.

Овците беа затворени во трло изградено од колци и гранки, и преживуваа: сити и спокојни. Пците полегнале покрај оградата, се преправаа дека спијат.

Ние - овчарите, дедо ми и јас - седевме пред прагот на колибата молчаливо загледани во ноќта, во ѕвезденото сито: Секој на свој начин и со свое уво ги доловуваше таинствените гласови што се пробиваа низ гората, шумолењата и необјаснивите звуци што извираа од длабочината на ноќта, гргорот на водите и летот на невидливите крилја од ноќни птици... Тоа се случуваше обично пред легнување, кога овчарите ќе ги завршеа приказните за дивокози и рисови - осаменици, за белоноги срни и жар-птици, повеќе наследени од приказните на нивните дедовци, отколку видени во реалниот живот...

ЛектираВежба насочена кон мотивација да читаш текстови кои не се предвидени со програмата. Текстот „Ѕвезди“ е земен од книгата „Раскази за деца“. Можеш да го пронајдеш во книгата (целиот расказ) или да му измислиш продолжение.

Лектира

Говорна вежбаРазговарајте за прочитаниот текст со аргументирано говорење за ликовите и настаните во текстот.

Page 105: Make Don Ski Jazik v Gockova

104

Читање, литература и лектира

ХајдиЈохана Шпири

На пасиштето

Рано изутрина Хајди ја разбуди силното свирење со уста. А кога ги отвори очите, таа забележа, како нив тркалезниот прозорец се разлева некаква златна светлина и ја плави нејзината постела и сеното што се наоѓаше крај неа. И сè друго наоколу светкаше како злато. Хајди зачудено гледаше околу себе и просто не знаеше каде се наоѓа. Но, штом го слушна дедовиот глас однадвор, веднаш се сети на сè. Се сети дека се наоѓа в планина, кај дедо £, а не кај старата Урсула, која скоро ништо не можеше да чуе и која постојано ја тресеше треска, и никако не можеше да се одвои од огништето. Поради тоа, и Хајди беше принудена постојано да биде покрај неа, или пак во нејзина близина за да може да ја гледа, штом не можеше да ја чуе. Затоа на Хајди £ беше здодевно внатре и честопати £ се сакаше да побегне надвор. И сега, кога се најде во новиот стан, и кога се сети на сето она што го виде вчера кога дојде, многу се израдува. Особено радост и создаваа козите Белка и Мркуша. Помислата на нив £ го разигра срцето и таа веднаш скокна од својата постела

и за неколку минути го облече сето она што го имаше вчера на себе. Потоа слезе по скалата и истрча пред колибата. Тука веќе стоеше Петре Козарот со својата чета, а дедо £ ги тераше од пондилата Белка и Мркуша, за да се придружат кон своето друштво. Хајди се стрчна за да им пожели добар ден и нему и на козите.

„Сакаш ли и ти да одиш со козите?“- ја праша дедо £.Хајди на тоа многу се зарадува и почна весело да потскокнува. Потоа нежно рече:„Сакам, дедо“.

Page 106: Make Don Ski Jazik v Gockova

105

Читање, литература и лектира

„Но прво треба убаво да се измиеш, зашто сонцето, кое е толку многу чисто и светко, му се смее секому кога ќе го види црн и извалкан. Ене, онаму ти е приготено сè што ти е потребно“.

Притоа дедо и покажа еден сад со вода, што се наоѓаше пред вратата од колибата. Хајди веднаш се стрча кон садот и почна да се плиска и да се трие сè додека не се изми убаво. Во меѓувреме, дедо £ влезе во колибата и му викна на Петрета.

„Ела ваму, козји генерале, донеси ја и својата торба!“Петре се збуни, но сепак го послуша и му ја подаде својата торба, во која го носеше

својот беден ручек.„Отвори ја“, му заповеда старецот.Петре ја отвори и старецот турна внатре големо парче леб и исто толку големо парче

сирење.Кога го виде тоа Петре, ги ококори своите тркалезни очи колку што можеше повеќе

зашто обете парчиња беа многу поголеми од оние што ги носеше тој за себе, за ручек.„Така, а сега уште чинијата да ја ставиме внатре“, продолжи старецот. „Малечката не

може да пие без чинија како ти. За ручек ќе £ намолзиш две чинии. Детево ќе оди со тебе и ќе остане сè додека не се вратиш со козите. Внимавај да не падне од некоја карпа“.

Во тој миг дотрча Хајди и со насмеано лице рече:„Сега сонцето не може да ми се смее, нели дедо?“Плашејќи се од сонцето, таа толку многу се триеше со крпата која дедо £ ја беше

оставил крај садот со вода, што лицето, вратот и рацете и беа црвени како рак. Дедо £ ја гледаше смеејќи се.

Размисли, заклучи: Која е темата на овој извадок?

Page 107: Make Don Ski Jazik v Gockova

106

Читање, литература и лектира

Пејо со туѓи чизми на оро

На еден Велигден, Пејо немал чизми за на оро, та позајмил едни чизми од комшијата - чорбаџија. Дошол Пејо сретсело и се фатил на оро. Се разиграл, Пејо, се разрипал, камења корни со чизмите.

Го видел чорбаџијата и му се сторило оти ќе му ги искине чизмите Пејо, па му рекол:

- Море Пејо, полека, ми ги искина чизмите! Што ќе обујам јас утре?Слушнал Пејо, ама слушнале и сите на орото оти Пејо игра со туѓи чизми. Се

навредил Пејо и веднаш ги собул и му ги фрлил на чорбаџијата.Тоа го здогледал друг чорбаџија, го повикал Пејо настрана и му шепнал да отиде кај

него дома и да £ рече на жена му да му ги даде неговите чизми.Отишол Пејо кај чорбаџијата и за еден час се вратил со нови чизми. Се вратил и пак

го повел танецот.Кога поминал пред чорбаџијата, тој уште посилно од првиот пат почнал да вика:- Рипај Пејо, нарипај се, искини ги, стопанка им, јас не ги жалам. Ми дал господ

нови ќе си купам!Кога Пејо го слушнал, веднаш застанал, ги собул и овие чизми и му ги фрлил на овој

чорбаџија како и на првиот, велејќи му:- На ти ги, чорбаџи, твоите чизми! Јас ќе си играм со моите! и го повел танецот.

Хумористична народна

приказнаНародна пословица:

Од трн трендафил, од

трендафил трн.

Да те потсетиме:За Итар Пејо и за Насрадин-оџа народот создал голем број приказни. Во нив се изнесени нивните итроштини и надитрувања. Се надеваме дека си чул од твоите постари за некои од тие итроштини.Приказните за Итар Пејо ги обликувал во литературни творби писателот Стале Попов.

Да поразговарамеЗошто сметаш дека оваа приказна е хумористична?Што заклучуваш за карактерот на првиот чорбаџија од неговите постапки?Како постапил вториот чорбаџија?Како Пејо го одбранил своето достоинство?Чии постапки ги осудуваш? Зошто?Прочитај и друга приказна за Итар Пејо.

Page 108: Make Don Ski Jazik v Gockova

107

Читање, литература и лектира

Белото циганчеВидое Подгорец

Августовскиот ден се растопуваше над рамницата во илјадници жолти лочки и големото сонце го завршуваше својот пат. Сончогледите ги веднеа своите глави кон земјата, готвејќи се за сон.

Опфатен од радоста за ждребето, не ни сетив колку брзо минуваше времето. Сега сакав што побргу да истече и ноќта и пак да се најдам покрај својот малечок пријател.

Не, мојата радост за ждребето сè уште не беше целосна. Па, јас толку многу се возбудив, што дури заборавив на Рапуш и Насиха. Каде се сега тие? Ќе се вратат ли вечерва во логорот или пак ќе треба да ги чекам два долги дена? О, знаат ли тие за новиот живот, за црвеното белоного ждребе, кое изутринава за првпат го виде сонцето над оваа голема рамница? Не. Таму, во селото, нема кој да им каже. Кога би узнале, сигурно би побрзале да се вратат овде, та заедно да ја прославиме таа малечка свеченост.

Page 109: Make Don Ski Jazik v Gockova

108

Читање, литература и лектира

Вежба: За да те насочиме да читаш текстови надвор од предвидените дела по лектира, ти понудивме извадоци од романи за деца „Белото циганче“ нека ти биде поттик за читање.

Задача: Направи локализација на настаните по простор и време.Издвој го главниот лик и опиши го.

Стоев на она место, каде што една тенка врвица се одделуваше кон селото зад оревовите стебла, чекајќи ги. Никогаш не сум ги очекувал со толкав трепет, со толкав немир. Низ сите мои жили, низ сета зашумена крв ми струеше радосна возбуда.

Од околните оризови ниви се јави крекањето на жабите. Низ ливадите штурците како да ги кршеа кревките коленца на сувите тревки - толку нежна и плашливо тиха беше нивната предвечерна музика. Со својата темна завеса ноќта ја покриваше рамницата. И јас, свесен за својата осаменост, и поради мислата дека не можев да ја споделам радоста со своите најблиски пријатели, почувствував како млака тага ми го налева срцето.

Ни радоста не му е потребна на осаменикот!Нерасположен се вратив под врбата. И додека со баба-Мулон молчеливо ги

проголтувавме последните залаци од сиромашната вечера, до нас допливаа оние познати звуци, за кои бев сигурен дека извираа и се излеваа од жиците на Рапушовата цигулка.

Скокнав.- Тие се вратиле!Стариот не ја разбра мојата возбуда.- Што е? Кои се вратиле?- Рапуш и Насиха.- Е?

Page 110: Make Don Ski Jazik v Gockova

Програмско подрачје:

Изразување и творење

Содржини

1. Усно изразување- Прераскажување на настан слушнат од друго лице

- Прераскажување на текст со уметничка и со научно-популарна содржина

- Прераскажување (опширно) на обработен текст- Раскажување на настан и сопствено доживување

- Раскажување по дадени тематски зборови

- Самостојно опишување на предмет, слика, лик.

2. Писмено изразување- Препишување на избран дел од обработен текст- Самостојно прераскажување на настан слушнат од друго лице

- Самостојно прераскажување на текст со уметничка и со научно-популарна содржина

- Прераскажување (опширно) на обработен текст- Раскажување на настан и сопствено доживување- Раскажување по дадени тематски зборови- Составување текст по аналогија- Самостојно опишување: предмет, слика, лик- Известување за настан- Писмо

Page 111: Make Don Ski Jazik v Gockova

110

Изразување и творење

Усно изразување

Прераскажување на настан слушнат од друго лице

Писателот Владо Димовски ни раскажа за еден тажен настан, а тоа е тешката болест на едно девојче кое, иако болно, се радува на дружбата и на замислениот разговор со едно врапче. Откако ќе го прочиташ овој кус, но многу убав расказ, самиот ти ќе го прераскажеш. Притоа, внимавај како се изразуваш (литературно) и пронајди свои зборови за да биде поинтересно твоето прераскажување. Еве го расказот:

Дрвјето, што ги гледаш на сликава се брези. Брезата е шумско дрво. Уште кои шумски дрвја ги знаеш што раснат по планините во нашата татковина?

Page 112: Make Don Ski Jazik v Gockova

111

Изразување и творење

Љубов за летањеВладо Димовски

Едно врапче со голема љубов за летање постојано гледа разни слики од животот на децата. Еден ден застанува на еден прозорец да се одмори. Во сабота лежи девојче со долга коса сплетена во плетенки и со тажни очи. Лицето му беше бледо, речиси проѕирно. Девојчето раскажува за својата болест.

- Не знам... тешко ми е... Мајка ми секој ден плаче, ама се крие од мене. Ја познавам по очите. Секогаш £ се влажни и црвени.

- Ако продолжиш да плачеш, ќе почнам и јас да плачам...

Надвор е пролет. Сакаш да ти фатам пеперутка?- Не, сакам да те помилувам малку, сакам да

дојдеш, тука, до мене. Повеќе од еден месец не сум видела деца, ги нема и моите другари...

- Ама, знаеш, јас... јас сум врапче...- Од мене ли се плашиш?... Знам, многу сум

болна и затоа не доаѓаш.- Болна?!...Се отвори вратата и во детската соба влезе

маж со бел мантил... Летнав. Во моето малечко срце се насобра една толку голема тага, тага измешана со лутина, та за малку ќе удрев во стеблото на канадската топола на која се гнездеа големите црни птици. Едвај некако се најдов и застанав на една од пониските гранки. Пред очи ми беше прекрасната коса, бледото лице и двете очи на девојчето полни со тага, како две изворчиња во некоја пустина... Кога нема надеж... Воздивнав. Посакав да се сетам на нешто убаво...

По одржаната говорна вежба - прераскажување дискутирајте за убавите искази (реченици) и за грешките.

Усно изразувањеПрераскажување на текст со уметничка и со научно-популарна содржина

Page 113: Make Don Ski Jazik v Gockova

112

Изразување и творење

Како расте татковинатаОливера Николова

Кога се раѓаме, нашата татковина е помалечка дури и од нас... Но, штом ќе ги отвориме очите и штом ќе разгледаме наоколу, татковината ни станува првата лулка, мекото перниче.

Па, нашата соба, целата соба.Големиот килим, пространиот таван.Широката бела врата која се отвора и која се затвора и зад која почнува да се

провлекува и да се издолжува нашата татковина. Што бара таа натаму? Зошто не останува со нас? Зошто нè мами така постојано?

Но, таа расте, станува сè поголема и поголема, тесно £ е, мора да излезе надвор.Како да ја стигнеме, о, кога бега?Мама ни ги подава рацете да не потфати: „Ајде..., ајде... заедно ќе ја стигнеме“.Поаѓаме да ја стигнеме. Ние пушти ги рацете, таа истргај се, нè мами сè понатаму.

Таа напред, ние по неа. Така проодуваме. Ние и нашата татковина.Но, таа и натаму не мирува. Веќе е излезена на улицата. Па, тогаш еве нè и нас! И

ние ќе излеземе!Леле, ама расте брзо нашата татковина! Па, таа ја опфаќа веќе целата улица! Колку

е долга и пространа! Наѕирка низ прозорците, се шири во слаткарницата, расте... расте... и вика:

- Дојдете, дојдете поваму! Да видите што има зад аголот!Зад аголот има и друга улица, зад неа друга, и друга, друга... Потоа завршува градот.

Зад градот е полето, житото, овошките, бавчите, старите лозја и таинствените сламени колипки и распарталените плашила. Во оваа широчина ни се чини дека ја губиме.

Ја викаме: Каде? Зошто растеш толку брзо?

Page 114: Make Don Ski Jazik v Gockova

113

Изразување и творење

- Затоа што и вие растете.Истрчавме по неа, па сега се наоѓаме во еден друг град. Тој град е, исто така, наша

татковина. По него откриваме и едно село, па друго село, па трето... Па, загледуваме ново поле, нови ниви, една нова, длабока река. И сè се тоа делови од телото на нашата татковина.

Но, како да ја стигнеме? Како да ја опфатиме од еден крај на друг кога таа секогаш ни се извлекува, како да ја опфатиме така недофатна?

Со итрина? Хм, во ред: ќе читаме книги за неа, ќе ја цртаме, ќе ја замислуваме, ќе ја проучуваме...

Па, ќе градиме патишта, ќе создадеме брзи возила и ќе патуваме по неа со автобус, со бродови, со авиони, со млазњаци.

Ќе правиме мостови, тунели, ќе копаме рудници за да навлеземе конечно до нејзиното срце, зашто дури тогаш ќе ја фатиме.

А колку повеќе ја гониме, таа ни изгледа се поголема.Ќе застанеме малку, можеби повеќе уморни, а можеби - за да смислиме и нова

итрина. А срцето ни чука, чука, чука, како да ни зборува. И одеднаш ќе сфатиме дека нашата татковина е тука, дека таа е и во нас, длабоко, и дека секогаш ќе биде со нас, во се што создаваме, и макар и да бидеме, и макар колкави и да бидеме.

Но, кога ќе го сфатиме тоа, ќе забележиме уште и дека и ние самите веќе прилично сме пораснале.

Навистина, беше другарски од татковината што ни беше другар и во растењето.

Да поразговарамеПисателката Оливера Николова раскажува како според неа, расте татко-вината.Која е основната порака на текстот?Погледни се себеси и кажи колку си пораснал во текот на минатото лето?Текстот прераскажи го така што ќе ги запазиш сите главни делови и сите подробности со кои се служи авторката. Да прераскажеш значи на свој

начин да ја пренесеш содржината усно пред некого.

Говорна вежбаПрераскажување на текст со уметничка и научно-популарна содржина

Вежбата треба да помогне секој од вас да ја согледа разликата меѓу:

раскажување и прераскажување.

Изберете двајца ученици од одделението кои ќе треба да го добијат истиов текст што веќе го обработивте.Едниот ученик нека го раскаже текстот „Како расте татковината“ како тој да го напишал.Вториот ученик нека го прераскаже текстот.Сите други ученици слушаат и одредуваат кој од учениците раскажува, а кој прераскажува.

Page 115: Make Don Ski Jazik v Gockova

114

Изразување и творење

Прераскажување (опширно) на обработен текст

Скапи шарени книгиАлександар Поповски

Одвај бев научил да читам, а веќе ги бев засакал тајните што се криеја зад црните букви по страниците на малечките книшки.

Се сеќавам дека најмногу сакав да читам дома, во мојата собичка. Во таа собичка имаше еден прозорец што гледаше во тесната слепа уличка и во дворовите на другите куќи. Ѕидот на нашата стара куќа беше дебел, а рамот на прозорецот се наоѓаше на надворешниот раб на зградата. Така мене ми остануваше доста простор за да можам да седнам на ѕитчето зад прозорецот, во таа малечка камарка, и да се задлабочам во приказните од тие книшки.

Најмногу читав во убавата сончева пролет и смирената зажолтена есен. Летно време поголем дел од деновите поминував на нивјето и во игра, а зиме - близу до загреаната печка им се посветував на уроците.

А штом ќе се затопеше снегот, ќе се разведреше наоблаченото небо и ќе се зарадуваше запролетениот град, јас со книгата в раце седнував на мојот прозорец, на моето омилено место за читање.

Нежните сончеви зраци се насмевнуваа на прозорецот и извонредна топлина ми ползеше по зарумените образи. Тогаш страниците осветлени од зраците ми беа уште поблиски. Читав долго време: колку што беше возможно во тие детски дни.

Кога се преморував, се загледував далеку над покривите, онаму каде што заоѓаше сонцето, каде што руменееше западот и се мачев да предосетам дека таму далеку живее тој убав приказен свет од моите книги.

Беше војна, по улиците шетаа непријатели, во градот постојано имаше блокади. А ние немавме толку пари за да купувам книги и да ја задоволам мојата голема желба за читање. Честопати моите дома или некои гости ми даваа пари да си купам леблебија... но јас одев право во продавницата и купував книга...

Да поразговарамеШто претставувал прозорецот за малиот читател?Каде и кога се одвивало дејството?Кога се родила големата желба за читање книги кај детето?За што ги трошел малкуте парички? Што ни кажува тоа, каква била неговата љубов кон книгите?

Говорна вежбаПрераскажување (опширно) на обработен текст

Пред одделението обиди се опширно да го прераскажеш текстот. Внимавај на: уводот, содржината, заклучокот.

Page 116: Make Don Ski Jazik v Gockova

115

Изразување и творење

Раскажување на настан и сопствено доживување

Новото игралиште за кошарка

Еден ден нашата населба осамна разбудена од звуците на огромни машини: булдожер, багер и камиони со огромни тркала. Се расчистуваше теренот: се корнеа старите багремови дрвја и дивите вишни од кои секоја година се насладувавме ние децата. Во прв момент, ни беше жал за таа дива ливада во која игравме до доцна во мракот.

Но, кога почна да се рамни теренот, да се насипува и да се бетонира, не облеа радост дека ќе имаме убаво модерно игралиште.

За овој настан и за моето сопствено доживување можам многу надолго и нашироко да раскажувам. Сепак, јас избрав да одам со другарите на новото игралиште, а вам, драги другарчиња ви оставам самите да размислите на кој настан ќе ја посветите вашата говорна вежба.

M+Запомни го ова: Раскажувањето секогаш се однесува на настани на кои сме биле присутни или директно сме учествувале. При раскажувањето главно е да се задржиме на темата.

За поуспешно да го завршите часот, на табла напишете ги главните моменти:- од уводот- од текот на часот и - од заклучокот

Page 117: Make Don Ski Jazik v Gockova

116

Изразување и творење

Раскажување по дадени тематски зборови

Ќе ти понудиме тематски зборови за неколку различни теми, а секој нека избере за што би сакал да зборува. Еве ги насловите на темите:

1. Желба за летање со авион (или сателит)- авион- пилот- контролор на летање- послужувачи (стјуардеси и стјуарди)- тргнување - прелетување над градови или држави- последно место на слетување- впечатоци

2. Летување во Охрид- ние во автобусот- средба со езерото- на Самоилови кули- пливачи - непливачи- воспитувачи- забавен живот- заминување со песна- впечатоци

3. Нов супермаркет на фирмата „Тинекс“- модерни простории- големо паркиралиште за коли- разни штандови, храна, предмети за домаќинство, училиштен

прибор, средства за одржување хигиена- начин на наплатување- што најмногу ми се допадна- што би сакал да има во супермар кетот- што сега не е присутно за учени ците.

Самилова тврдина

- Охрид

Page 118: Make Don Ski Jazik v Gockova

117

Изразување и творење

Самостојно опишување: предмет, слика, лик

а) Има безброј предмети што можете да ги опишете. На пример, да опишеме компјутер со сите негови делови:

- каква е тастатурата (буквите)- каква улога има глувчето (маусот)- што може да гледате на екранот- што можете да пишувате- која е улогата на печатарот- што е тоа икона (на екранот)- како ќе го вклучиш компјутерот

б) Ако си бил во галерија, во музеј или во некој семеен дом, посебно те привлекла некоја уметничка слика.

Опиши што ти се допадна во сликата (природата, боите, ликовите.) Дискутирајте заедно.

в) Во делот за писмено изразување, имаше задача да го опишеш ликот на Гоце Делчев.

- надворешен изглед (портрет, лик)- внатрешен портрет (карактер, постапки и др.)На часот можеш да го опишеш истиот лик, а можеш и да предложиш некој лик по

твој избор.

Спонеми

к на

Гоце Делчев-

Градски

парк,

Скопје

Page 119: Make Don Ski Jazik v Gockova

118

Изразување и творење

Да поразговараме

Зошто авторот му дал таков наслов на расказот?

Во кое лице раскажува раскажувачот?

За авторот од расказот не можеме да дознаеме речиси, ништо. Зошто?

Кои ликови ги среќаваме во расказот?

Што е темата на расказов? Каква опасност им се заканувала на птиците?

Кога заклучиле дека можат да победат само ако се здружат?

Задача:

Препиши го првиот дел од обработениот текст. Во „Дружбата е силата“ од

Горјан Петревски.

Писмено изразување

Препишување на избран дел од обработен текст

Во дружбата е силатаГорјан Петревски

Секој ден грабливиот орел слетуваше од планината и ги напаѓаше птиците. Гнездата по неговиот грабеж остануваа празни и пусти. На птиците не им остануваше ништо друго, туку да се селат што подалеку. Да ја побараат среќата таму каде што орелот не може да ги пронајде.

Настрадаа и страчкините гнезда. Бидејќи беа сместени на врвот на тополите, грабливиот орел лесно можеше да ги забележи. И така, на сите им ги украде малите пиленца. На птиците им се закануваше опасност нивниот род да биде уништен. Не им помагаше тоа што со тага кружеа над празните гнезда. Нивната среќа неповратно исчезнуваше во канџите на големиот орел од планината. Мораа на некој начин да се заштитат од него. Најпосле страчките свикаа советување на гранките на големиот орев. Сите се собраа, сите беа тажни, срцето им се кинеше од болка...

Како да ги спасат гнездата?

Page 120: Make Don Ski Jazik v Gockova

119

Изразување и творење

Самостојно прераскажување на настан слушнат од друго лице

За да те насочиме да се обидеш самостојно да прераскажеш настан слушнат од друго лице, за пример ќе ти ги спомнеме двајцата добри другари, Јане и Андреј, кои учат во разни училишта. Еве што раскажаа тие во своето писмено изразување.

Јане е планинар и последниот викенд отиде на планината Кораб заедно со планинарското друштво „Бистра“. Раскажуваше дека е вљубеник во планините и дека досега посетил голем број планини во нашата земја. Тој ги наведе овие: Шар Планина, Маврово, Пелистер, Кожув, Галичица, Малешевските Планини и др. За него, како за многу млад планинар, посебно се грижи водичот Живко. Јане на Андреј му раскажа што се доживеал кога планинарел.

Андреј беше пријатно изненаден од сето она што му го раскажа неговиот другар, и тој, уште следниот ден, писмено им го прераскажа на своите другари она што го чул. Тоа го направи со свои зборови.

Постапи и ти така:Прераскажи писмено за некој настан слушнат од друго лице.

Page 121: Make Don Ski Jazik v Gockova

120

Изразување и творење

Самостојно прераскажување на текст со уметничка и научно-популарна содржина.

Сказна за жалната врбаСлавка Манева

Некогаш, многу одамна, во една стара воденица крај село, си живеел воденичар со двете дечиња. Жена му била одамна почината, а тој по цел ден зафатен во воденицата. Така, децата, братче и сестричка, биле постојано сами и сите игри им биле крај реката. Седеле на брегот и си пуштале ливчиња во водата, да ги носи реката како кајчиња, или се капеле во плитакот крај брегот. Растеле тие без мајка, но биле умни и милозливи дечиња, и многу се сакале.

Децата, бидејќи немале другарчиња, сами си раскажувале сè и сешто или пееле песни научени од селаните што доаѓале во воденицата. Тивки биле и натажени само во деновите кога оделе на мајчиниот гроб, да однесат свежи цвеќиња. Токму во еден таков ден, додека седеле на брегот и со нозете шлапкале во водата, братчето, кое било возрасно, £ рекло на сестричката:

- Ајде да се заколнеме дека секогаш ќе се сакаме и ќе си помагаме.На девојчето му се насолзиле очите од возбуда и со русото косиче заприлегало

на мало самовилче заскитано крај река. Го фатило братчето за рака и го гледало милно со сините очи.

- Јас се колнам дека ќе ти помагам секогаш кога ќе бидеш во неволја. Ако не - камен да се сторам! - рекло братчето.

- И јас се колнам дека секогаш ќе те сакам и нема никогаш да те излажам. Ако не - дрво да се сторам! - рекла сестричката.

И токму така, живееле братот и сестрата како што се заколнале. Времето си минело и тие веќе стасале за мажачка и за женидба. Прво се омажила девојката во едно далечно село, а потоа се оженил и братот...

Поминале неколку години од нивната разделба и, еден ден, пред воденицата запрела кола. Воденичарот излегол да види кој дошол. Од колата се симнала слаба жена што прилегала на сенка, и со

Page 122: Make Don Ski Jazik v Gockova

121

Изразување и творење

Да поразговарамеШто е тема на овој текст?Како братчето и сестричката ја надоместувале загубата на својата мајка?Заклетвата меѓу братчето и сестричката била причина за голема несреќа. Зошто?Зошто сестрата го избрала молчењето?Со која реченица братот потврдил дека сестринската љубов била поголема од желбата за живот? Кажи ја таа реченица.Каква е пораката на оваа сказна?

За дома: Во тетратката за лектира самостојно прераскажи го овој текст кој има уметничка вредност.

За оние што сакаат да знаат„Сказната за жалната врба“ е земена од книгата „Ѕвездени перничиња“ од Славка Манева. Побарај ја во библиотека и прочитај ги и другите единаесет сказни. Бидејќи оваа книга се работи и за лектира, ќе биде добро да ја прочиташ.

бавен чекор тргнала кон него. Само по сините очи и русата коса братот познал дека е тоа сестра му. Се стрчал и ја гушнал силно, а потоа загрижено ја прашал:

- Се сеќаваш ли за клетвата што си ја дадовме? Кажи ми што те мачи? Дали некој те навредува и измачува? Ако не ти помогнам, камен да се сторам!

Таа се стаписала од зборовите што и ги спомнал и бргу-бргу, без размислување, му рекла:

- Не, брате, никој не ме навредува, ниту измачува, само сум малку болникава.Тој час, кога го изговорила тоа, се престорила во нежна врба со гранки виснати

долу кон реката, како што £ биле русите коси. Несреќниот брат залелекал наглас, но веќе помош немало. Клетвата се исполнила.

Годините си минувале, но братот никако да ја прежали сестра си. Секоја вечер, по тешката работа, седнувал под врбата и мислено разговарал со неа. И раскажувал за сè што му се случило дента, како да е таа до него. Напролет, кога на врбата ќе се јавеле првите нежни листенца и цветови како жолти пискулчиња, таа уште повеќе му прилегала на сестрините коси. Тој £ рекол:

- Мила моја сестро, за тебе сестринската љубов беше поголема од желбата за живот.

Си ги бришел солзите што му капеле без запир, а врбата шумолела и го галела со своите меки, виснати гранки. Тогаш и неговите дечиња, кои џагореле везден, знаеле дека татко им многу тагува и не го задевале.

Оттогаш крај секоја река, крај секоја воденица расте тоа чудесно, нежно дрво што луѓето го нарекле жална врба.

Page 123: Make Don Ski Jazik v Gockova

122

Изразување и творење

Прераскажување (опширно) на обработен текст

ПогледотЈусуф ИдризПревод: Видое Подгорец

Ми беше малку чудно, едно такво недораснато девојче како неа да ме замоли мене, непознат возрасен човек, да £ го исправам товарот што £ се издигаше на главата. Ме замоли просто и непосредно. Товарот беше голем: на главата £ стоеше тепсија со печени слатки компири, а озгора беше наместена тенекиена тава со банички. И таа тава секој миг можеше да падне. Слабичките рачиња на девојчето очајно се обидуваа да одржат рамнотежа, а високата камара врз главата се закануваше дека ќе се растури.

Page 124: Make Don Ski Jazik v Gockova

123

Изразување и творење

Јас не гледав долго во збунетото девојче и побрзав да му помогнам. Не беше многу лесно да се урамнотежи товарот: штом ќе ја исправев тепсијата, паѓаше тавата, на своето место, девојчето ќе си ја наведнеше главата, и се требаше да почне одново. Најпосле задачата беше успешно решена - камарата веќе не се нишаше.

Не знам што си помисли девојчето - товарот и го закриваше лицето, но таа се позабави малку, за да се увери дека нема да и се растури товарот, тргна, откога брзо изговори неколку збора, од кои го разбрав само зборот „сити“...

Видов како ја пресече широката улица, по која летаа автомобилите еден по друг, £ ја видов старата износена облека, која можеше да служи само како мивка, £ ги видов нозете што личеа на долги клинци, виснати под искинатото здолниште.

Таа подзапираше и одново тргнуваше, фрлајќи наоколу куси погледи. Правеше неколку чекори стабилно, потоа се колебаше и повторно тргнуваше.

Секое нејзино движење ме тераше да се обеспокојам: несреќа можеше да се случи секој миг.

Најпосле малата слугинка, сепак, ја помина реката од автомобили, спокојно, како опитна возрасна жена.

Таа одеше сега од спротивната страна на улицата. Јас се уште ја гледав. Но, ете, таа застана, плашејќи се да се помрдне.

Јас само што не паднав под еден автомобил, за да £ притрчам на помош. Но, кога се доближив до неа, видов дека мојата помош не £ е потребна. И тепсијата и тавата - немаше опасност да паднат. Девојчето стоеше и гледаше. Нејзините очи ја следеа гумената топка со која си играа таквите деца како неа, дури и поголеми од неа. Тие вревеа, викаа и се смееја.

Таа не ме забележа и тргна понатаму. Пред да скршне зад аголот запре, бавно се сврте со целото тело и фрли долг поглед кон децата што си играа со топката.

Да се подготвиме за работа

Текстот ни го раскажа писателот. Сега потруди се да го прераскажеш писмено.

Ако е задачата за дома, тогаш на следниот час дискутирајте за добрите и за

слабите страни на задачите. Пишувај опширно!

Прераскажување значи пренесување на содржина за која сме слушнале од друг или сме прочитале. При прераскажувањето е важно да не се оддалечиме од изворниот текст. Прераскажувањето секогаш се однесува на настан слушнат од друго лице.

Page 125: Make Don Ski Jazik v Gockova

124

Изразување и творење

Писмено изразувањеа) Раскажување за настан и сопствено доживување;

Раскажувањето (писмено или усно) секогаш се однесува на настан што сме го доживеале или сме биле присутни.

б) Раскажување по дадени тематски зборови. Може да раскажуваме по дадени тематски зборови.

Размисли и постапи

а) Ако си го минал летниот одмор на некое од нашите езера или планини, имаш безброј впечатоци и доживувања за кои можеш да пишуваш. Можеш на пример да пишуваш за:

- Средбите на децата-поети со детските писатели во Охрид;- Убавините на планината Пелистер и прочуеното детско летувалиште на нејзините

падини:- Ликовната колонија во Битола на која учествуваат деца - сликари од цел свет;- Тема што сам ќе ја избереш.

б) Раскажување по дадени тематски зборовиНа оваа тема можеш да пишуваш за гледан филм, но за тоа треба да направиш план

по кој ќе работиш како на пример:- наслов на филмот;- режисер на филмот;- настан што е обработен;- главен лик во филмот;- останати ликови;- глумата на артистите;- музиката на филмот;- костимите во филмот;- општи впечатоци за филмот.

Page 126: Make Don Ski Jazik v Gockova

125

Изразување и творење

Составување текст по аналогија

Најубавиот градБошко Смаќоски

Во Битола живее еден Мето. Со татко му прошета низ други места, но си мисли без престан:

- Битола е најубавиот град во светот! Во Битола мајките најубаво се смеат, во Битола сестричињата најубаво се смеат, во Битола утрата се златат, во Битола има железничка станица, има големи куќи, олимписки базен, има театар...

И во Охрид живее еден Мето. Со татко му и тој прошета многу места, но сè така мисли без престан:

- Охрид е најубавиот град во светот! Во Охрид сум се родил, во Охрид се наоѓа езеро со најсини води, во Охрид доаѓаат туристи од сите страни, во Охрид има цркви и манастири стари, лете сонцето по плажите жари, во Охрид сонцето грее од сите страни, во Охрид рибата пастрмка многу гости кани...

И еден Мето од Тетово низ Битола и Охрид помина летово. Му се допадна Битола со нејзината вечерна врева. Му се допадна Охрид со езерото бранови што крева. Но, без престан мисли и тој Мето:

- Навистина, Тетово е најубавиот град на светот!...

Кинеска народна поговорка

Зборовите се клучеви на срцето.

Да поразговарамеПисателот е восхитен од убавините на градовите: Охрид, Битола и Тетово. Секој од вас има места или градови за кои смета дека се најубави.Што го восхитило Мето од Битола?За кои знаменитости зборува Мето од Охрид?А, што зборува Мето од Тетово?Зошто секој од нив смета дека е најубав градот во кој се родил?

Пишувај по аналогија - биди креативен.Откако ќе го прочиташ текстот „Најубавиот град“ размисли и самиот состави нов текст. Користи аналогија (сличности) со овој текст.Писмено изразувањеСамостојно опишување: предмет, слика, лик

Саат

кула

- Битола

Page 127: Make Don Ski Jazik v Gockova

126

Изразување и творење

Гоце Делчев

Пејо Јаворов

Гоце Делчев е оној прославен војвода, кого го воспева целиот македонски народ. Тој им заповедаше на турските паши да мируваат - и пашите трепереа. Гоце секогаш зборуваше дека негова мајка е македонската земја, а пак роднина му е зговорната дружина.

Македонскиот народ го имаше за свој најблизок учител, пријател и син. Од блиску и од далеку групи доаѓаа при него. Сите го слушаа. Сите го разбираа.

На 4 мај 1903 година, Гоце, со својата дружина бил во селото Баница. Рано утрината, една баба се втурнала кај нив, како померена од умот, и им рекла:

- Станувајте момци! Аскер го опколи селото и претресува по куќите...За половина час Гоце и неговите другари биле готови за крвава борба...Со гордо крената глава и со жар во очите Гоце ја повел малата дружина против

непријателот. Но, по една минута Турците истуриле град од куршуми врз нив.- Легнете! - командуваше Гоце, и самиот легна крај една мала пресушена рекичка...

Но еден куршум го погоди во градите и бликна жешка крв. Неговата дружина петнаесет часа го бранеше мртвото тело. Гоце засекогаш беше наведнат над гробот на Македонија.

ЗадачаОпиши го усно споменикот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Самостојно опишување на предмет, слика, ликАко претставиш некој предмет со сите негови особини значи си го опишал.Можеш да опишеш некоја убава слика од природата или некоја уметничка слика (дело на сликар) и тогаш за сите нејзини убавини се служиш со опишување.

Споменикот на

Делчев во

црквата

„Св.

Спас“

во Скопје.

Page 128: Make Don Ski Jazik v Gockova

127

Изразување и творење

Размисли, заклучи!Разгледај ги извадоците со цел да го дополниш своето согледување за ликот на Гоце Делчев.Размисли и протолкувај ја реченицата: „Гоце секогаш зборуваше дека неговата мајка е македонската земја, а пак роднина му е зговорната дружина“.Какво чувство е изразено преку овие зборови на војводата?Која е темата во текстот?

Опишувањето на лик може да биде на два начина:а) Надворешен опис на ликот така што се задржуваме на неговиот изглед: висина, облека, убавина или некои други видливи белези на ликот.б) Внатрешен опис имаме кога се задржуваме на карактерот и другите душевни состојби на ликот (мудар, храбар, добар).

Писмена вежба: Самостојно опиши го ликот на големиот македонски војвода Гоце Делчев. Во текстот имаш многу значајни податоци што можеш да ги користиш.

Гардисти

пред споменикот

на Делчев во

црквата

„Св.

Спас“

во Скопје.

Page 129: Make Don Ski Jazik v Gockova

128

Изразување и творење

Известување за настан

Известувањето може да биде писмено или усно.Вежбата ќе ја работиме во текот на два часа.

1 часУчениците ќе ги поделиме на 3-4 групи и секоја група ќе добие различни задачи.Првата група треба да напише писмо до: роднина, другарче.Втората група треба да напише известување за посета на музеј.Третата група треба да напише текст во кој ќе опише доживување од некој настанЧетвртата група треба да напише текст во кој опширно ќе ја раскаже последната

лектира.

2 часОд секоја група по еден ученик ја чита напишаната задача. Наставникот дава насоки

на што треба да внимаваат додека го слушаат текстот. За посуштинско согледување може на табла да се нацртаат колони како овие:

Јазик Должина на текстот

Содржина (тема) Форма на обраќање

правиленлитературен и сл.

премногу долгнедоволно

обработен и сл.

добро сфатенаодговара на темата

и сл.

обраќање во 1 лицеобраќање во 3 лицедиректен говор и

сл.

Како пример може да го земеме кусото известување од ученичката Јована за посета на Етнолошкиот музеј.

Интересот за посета на Етнолошкиот музеј беше многу голем кај сите нас. Мене посебно ме интересираше како се облекувале нашите баби и прабаби.

Кога влегов во музејот најпрво ги здогледав македонските прекрасни килими, кои некогаш ги ткаеле рачно со природна волна и со многу убави македонски шари.

Од одделение во одделение одевме и сè повеќе се восхитувавме од богатите носии украсени со разни везови, со златен накит и многу други украси.

Целиот музеј грееше од македонските убавини.Со полни души впечатоци, се вративме дома. За утре ќе напишеме текст на тема:

Посета на музеј.

Известување е, всушност, бележење факти во врска со некој настан или за некои случувања.

Во електронските медиуми, Интернетот, во печатот и на радио секојдневно има известување за разни настани.

Известувањето треба да е јасно и по план (на пр. кој, кога, каде, зошто и како постапил).

Page 130: Make Don Ski Jazik v Gockova

129

Изразување и творење

Еве и две известувања земени од весникот „Нова Македонија“ од 20.10.2009 година.

1. Љубовта ќе грее на Евросонг 20092. Ла Бомб е нов лик во Симпсонови.

2. Ла Бомб е новиот лик во

„Симпсонови“

Веселото семејство во очекување на Ла Бомб

Рикард Бомб е новиот лик во попу-

ларната цртана серија „Симпсонови

“, кој

првпат ќе се појави во епизодата што е

планирано да се прикаже на 31 јануари

2010 година. Ла Бомб всушност ќе бид

е

новиот граѓанин на Спрингфилд.

Во моментов во серијата „Симпсо-

нови“, покрај Хомер, Марџ, Барт, Сара и

Меги, има уште 30 придружни лика.

1. Љубовта ќе грее на „Детскиот евросонг 2009“Б. Стефановски

Деца од тринаесет европски земји учествуваа на седмото издание на „Детски евросонг 2009“,што се одржа во Киев, Украина.Наш претставник беше четиринаесетгодишната Сара Марковска, којашто на домашниот избор со нејзината песна „За љубовта“ победи меѓу 12 песни во конкуренција.За жал, иако испеа многу убаво, нашата Сара не се пласира меѓу првите пет места.

Page 131: Make Don Ski Jazik v Gockova

130

Изразување и творење

Писмо

26.5.1991 година

Мила моја Сања,

Денот, кога се запознавме, ми се стори како да сонивме еден голем, заеднички сон.

Но, сонот, за мене, сè уште трае. Видов како сопира автобусот пред сиви скалила. Водеа право кон вашиот Дом. Ние, околу триесет жени, се симнавме со згрчени срца. Надвор е студено, иако е месец мај. Образите ни се вцрвуваат, најверојатно од свежината на планината. Во еден миг почувствував како некој ме фаќа за рака. Твоето

раче беше толку малечко, ми се стори пердувче стегнав. Не те познавав, не ме познаваше. А покрај тебе, незадржливо, рипкаше твојата другарка. Таа беше поинаква од тебе. Јас првпат видов девојче со дланки од рамениците. Изгубив

здив. На твојата другарка, лицето £ беше црвено. Телото здраво. Целата расцветена. Те прашав како се викаш. Ми рече Тања. Колку години имаш? Ти се правеше дека не ме слушна. Чекоревме по скалилата сите развревени. Вие, домците, и ние

жените гостинки. Стасавме до вратата. Тука нè чекаа децата што седеа во количките. Тие беа неподвижни. Срцето ми се згрчи. Ти ми ја стегаше раката и чекореше. Во еден миг, некој те оттргна од мене. Влеговме во салата. Седнав на столот пред масата. Потоа ве внесоа и вас, бевте многу. Меѓу тој букет цвеќиња, те видов како седиш врз една витрина.

Те сака и љуби твојата Ката(Ката Мисиркова-Руменова)

Да поразговараме

Кога последен пат си добил писмо? Од кого?

Каде се сретнале писателката и малечката Сања?

Што ја возбудило писателката при средбата со девојчињата?

Таа вели дека децата и личеле на букет цвеќиња. Што откриваш во чувствата на

писателката спрема децата?

За говорна вежба

1. Побарај ја книгата „Писмата до Сања“ и прочитај ги останатите писма што

писателката ги испраќа до малото девојче. На следниот час секој нека зборува

за едно од писмата.

2. Напиши писмо до личност (другарка) што многу ти значи.

Page 132: Make Don Ski Jazik v Gockova

Програмско подрачје:

Медиумска култура

Содржини

Настан; лик;декор; сценографија; костимографија; музичка илустрација во филмска и во театарска претстава.

Page 133: Make Don Ski Jazik v Gockova

Плакат за

Сенки

филма

на Милчо

Манчевски

Инсрети

од фи

лмот

Црно Семе фи

лм на Кирил

Цаневски

Сцена

од представата Руски

рулет

- Драмски

театар Скопје

Кирил

Андоновски и Васил

Шиш

ков

- сцена

од претставата Болва в уво

- МНТ

Јас сум од

Титов

Велес

- Теона Митевска

Споменик на

Милтон Манаки во

Битола

Page 134: Make Don Ski Jazik v Gockova

133

Меиумска култура

Разликување на настан, лик,декор, сценографија, костимографија, музичка илустрација во филмска и во театарска претстава

НастанЗа да се создаде театарско или филмско дело треба

да има настан кој ќе се обработи за изведба на сцена или преку филмски кадри.

Настанот е поттик за создавање драмско (односно филмско) дело.

Театарската претстава се остварува со посредство на драмскиот текст. За настанот говорат артистите преку дијалози и монолози и на тој начин го „оживуваат“ драмскиот текст. Артистите ги изговараат своите ролји и така ја реализираат драмата пред публиката.

ЛикВо драмската реализација има носители на драмското дејство - ликови. Главниот

лик е централен лик во претставата околу кој се одвива драмското дејство. Покрај главниот лик постојат повеќе споредни ликови.

За пример ќе земеме драмски текст од драмата „Македонска крвава свадба“ кој обработува настан од секојдневниот живот.

Во филмот, исто така, има главни и споредни ликови.

Македонска крвава свадба

X појава...Сите (се смеат гласно).Кумот: Ајде, моми, момци зафаќајте „Дафино - вино црвено“ и завртете орото. Де,

да ве видам кој сте готој за женење!...Сите (играат и пеат)...(Општа веселба. Неколку истрели загрмуваат. Сите се исплашуваат. Влегува Осман-

бег со Шефкија, Расим, Исмаил и други Турци).XI појаваОсман-бег: Држте тие ѓаури (Ги гонат свад барите).Гласови: Бегајте Турци!... (Сите пискаат и бегаат).Цвета: Мајчице, мајчице! (се сокрива во куќата).Спасе: Држте се браќа! Удрете!...Дуко: (го вади револверот): Назад! (Пука во првиот Турчин).

Page 135: Make Don Ski Jazik v Gockova

134

Меиумска култура

Осман-бег: Вурунсус! (Го убива Дука и со Расима влегува во куќата).

Дуко: Оф! (Паѓа).Спасе: Удрете! (Пука со револверот

кон Турците). Удрете! (стрела со револверот кон Турците) Удрете! (Кој со што може од селаните излегува да се бие. Младите ги вадат револверите и стрелаат во Турците).

Трајан: (над Дука) Синко, синкооо! (Кон селаните) Удрете! Браќа! (Селаните кој со што може фрлаат кон Турците, но пак се повлекуваат).

(Осман-бег и Расим ја извлекуваат Цвета од куќата).

Осман-бег: Стој, молчи, ѓаурко!Спасе (со револверот в раце): Пуштете

ја кучиња!Осман-бег: (стрела во Спасета, но не

го погодува) Давран, давран!...Цвета (ја извлекува камата на Осмен-

бег и му ја забива в гради): На ти тебе, куче!Осман-бег: Оф! (Паѓа).Трајан: Удрете, браќа, машки да умреме!Шефкија (стрела во Цвета): На, ѓаурко!Цвета: О-ох! (Паѓа).Спасе (го фаќа Шефкија за гуша и го убива со камата): Ах, куче!... (го соборува на

земја) Цвето!Трајан: (ја подига Цвета): Ќерко!...Благуна (се фатила за коси и паѓа на колена до Цвета: Оф, ја сирота!...Цвета: Умрев, ама Турчинка не станав! (Издивнува).Дедо Кузман: Господи, али гледаш од небеси маките наши!...(Завесата се спушта)

Размисли, согледај, заклучи!

Како меѓу себе се однесуваат ликовите во овој драмски извадок?Кој е главен настан во овој дел од драмата?Каква е разликата меѓу Осман-бег и Спасе?

Заклучи:

Кој дел го сметаш за најсилен во драмското дејство? Објасни зошто?

Задача:

Пронајди ја и прочитај ја драмата „Македонска крвава свадба“.

Сцени

од фи

лмот

Македонска крвава

свадба

Page 136: Make Don Ski Jazik v Gockova

135

Меиумска култура

Сценографија

За успешно остварување на една драмска претстава е важен и изгледот на сцената – сценографијата, како место на кое се одвива претставата, изгледот на актерите – костимографијата и друго.

Секоја театарска претстава се остварува на сцена. Сцената е срце, душа, утроба и мозок на театарот. Сцена е секој простор на кој се игра. Драмските дела се играат на сцена т.е. на просторот во кој се движат артистите. Сценографот се грижи за: декорот, кулисите, т.е. прави сценографија за театарската претстава. Постои и филмска сценографија што ја прави филмски сценограф.

Сценографија, декор, костимографија

ЗапомниПод сценографија се подразбира заедничко име за : изборот, распоредот, формата и композицијата на сите елементи на сцената.

M+

„Важ

но је

звати се

Ернест“

- МНТ

Page 137: Make Don Ski Jazik v Gockova

136

Меиумска култура

Декор

Декорот треба да одговара на содржината на драмското дело. На пример, во драмата „Македонска крвава свадба“, декорот претставува селски амбиент – поле со жетвари.

Сценографот учествува во подготвувањето на претставата со тоа што решава каков декор ќе се појави на сцената и каков ќе биде неговиот распоред за да биде во согласност со барањата на драмскиот текст, како и со желбите на режисерот за изгледот на просторот во кој ќе се движат ликовите.

Вежба: Откако ќе гледаш некој филм (во кино или на ТВ) раскажи што ти остави впечаток во сцената, односно декорот. Кој од костимите на артистите посебно ти се допадна. Зошто?

ЗапомниДекорот на сцената треба да биде усогласен со костимите на актерите т.е. да одговара на времето и просторот во кои се одвива драмското дејство.

M+

Сцена

од

„Диво месо

“ - Д

рамски

театар

- Скопје

Сцена

од

„Лебедова посна“

- Драмски

театар

- Скопје

Сцена

од

„Жената како

воено

поле“

- Драмски

театар

- Скопје

Page 138: Make Don Ski Jazik v Gockova

137

Меиумска култура

Костимографија

Костимографот ги прави костимите. Кога ја подготвува претставата, костимографот мисли на секој лик во неа. Кога подготвува костим за главниот лик во претставата тој мисли и на неговата улога, неговото значење во драмата и на значењето на ликот што го толкува. Исто постапува за секој учесник во претставата (за секој лик во филмот)

Костимот треба да одговара на облеките што се носеле на времето што е претставено во драмата. За секоја претстава (за секој филм) се изработува костимографија, за чиј квалитет се грижат модни креатори.

Размисли, заклучи!

Какви костими ќе предвиди костимографот за Пепелашка:а) кога е бедна слугинкаб) кога е принцеза

Вежба

Утврдување на знаењата за настаните на филм и во театарска претстава за: ликовите, декорот, сценографијата и костимографијата.

Кои стручњаци се вклучени во подготвувањето на една театарска претстава или во снимање на филм?

Кој лик го нарекуваме носител на драмското (или филмското) дејство?На кое време треба да одговара декорот во претставата (филмот) за да ја постигне

целта? Што е битно при изработката на костимите:а) да бидат богати,б) да бидат модерни, в) да одговараат на модата од времето за кое се зборува во претставата (филмот)?

Љупка

Џундева

и Драги

Алори

, сцена

од

„Венецијански близнаци

“ - 1

968

Драган Спасов и Јелена

Жугиќ

во

„Умр

и машки

“ - Д

рамски

театар,

Скопје

Page 139: Make Don Ski Jazik v Gockova

138

Меиумска култура

Говорна вежбаИзбери еден или повеќе одговори на следниве прашања и образложи зошто.1. Претставата (филмот) во мене разбуди чувства на: а) восхит, б) гнев, в) омраза, г) болка, д) љубов, ѓ) радост.2. Музиката, звуците и шумовите како особености на театарската (филмската) претстава придонесуваа да се чувствувам: исполнето, тажно, ведро, распеано, непријатно.3. Главниот лик со својот говор (бојата на гласот, јачината и висината на гласот) придонесе да се чувствувам: горд, расположен, восхитен, љубопитен, тажен.

Музичка илустрација во театарска престава и во филм

Еден од важните елементи за успех на филмот или на театарската претстава претставува музичката илустрација. Музиката, разните шумови и звуч ните ефекти придонесуваат да се доживее драмското дело. Музичката илустрација треба да се вкло-пува во дејството на претставата или во филмот. Таа позититвно влијае во доживувањето на прет-ста вата или филмот. Музиката може да биде спе-цијално компонирана за претстава на сцена или за филм. Познати светски композитори според чија музика се изведуваат театарски или филмски дела се: Ѓузепе Верди, Петар Илич Чајковски, Моцарт и други. Во филмот музиката е, исто така, многу важна. Таа претставува составен дел од кадарот или секвенцата. Филмската музика претставува посебен вид музика. Таа е неделив дел од филмското дејство. Музиката, шумовите и говорот во филмот создаваат посебни чувства межу публиката и заедно со подвижмите слики прават аудио-визуелна целина.

Горан Бреговиќ, автор на музиката во филмовите на Емир Кустурица

„Време на Циганите“, „Аризона дрим“, „Андерграунд“.

Кирил Џајковски, композитор на дел од нумерите во Сенки на Милчо Ман-чевски

Влатко Стфановски, компонира музика за филм во филмовите: „Шмекер“, „За среќа се потребни тројца“, „Заборављени“, „Клопка“, „Џипси маџик“, „3 летни дена“ ...

Page 140: Make Don Ski Jazik v Gockova

139

Меиумска култура

Изразување и творењеОрганизирајте разговор за музиката во некоја драма (по избор)Една од важните задачи на режисерот на театарска претстава или филм е да обезбеди соодветна музика со што гледачите подобро ќе ја доживеат претставата. По гледањето, разговарајте за следново:1. Дали музиката е соодветна на дејството (во драмата, во филмот)?2. Дали одговара на настанот што е обработен во претставата?3. На што те поттикна музичката илустрација?4. Како ја доживеа музиката, гласовите и шумовите?5. Како ќе го наречеш филмот во кој има многу музика и песни?Народна пословица: Книгата дно нема

Продавница за играчки Владо Димовски

(радиодрама)Нормалниот: Колку чини?Госпоѓата со куче: Една насмевка.Нормалниот: Што?Никој: Денес е Ден на насмевките. Како што е Први мај ден на трудот.Продавачот: Ајде, не туку тресете зелени, срамота е, возрасни сте...Госпоѓата со куче: Продавницата е отворена само за насмеани и ведри луѓе. Полицаецот: Да живее Денот на насмевките!!!Нормалниот: Што можам да добијам за две насмевки?Продавачот: За две кукла, за четири мече, за десет - автомобилче.Нормалниот: А каква треба да биде насмевката?Никој: Нормална.

Page 141: Make Don Ski Jazik v Gockova

140

Меиумска култура

Библиотека

Библиотеките се богати ризници на книги, весници и списанија. Во нашата татковина има библиотеки во секое поголемо населено место. Сепак најголема е Народната и универзитетска библиотека (НУБ) „Климент Охридски“ во Скопје.

Основна задача на библиотеките е да им овозможи на луѓето, посебно на децата и на учениците, лесно и брзо да дојдат до бараната книга.

Секоја доброуредена библиотека има картотека во која се заведени сите книги, весници и списанија.

Книгите за лектира честопати не мижеш да ги позајмиме од нашите другари. Затоа, пак, во библиотеките сме секогаш добродојдени и услужени од љубезните библиотекари. Секој од нас има посебни идоли меѓуг литературште творци. Така, на пример, некој сака да прочита роман од познат писателкако што се: Горјан Петровски, Спавко Јаневски, Ванчо Николески, Видое Подгорец, Живко Чинго или од некој друг писател. Некој, пак, би сакал да ужива во поезијата на Константин Миладинов, Кочо Рацин, Блаже Конески, но најголем број од учениците, сепак, сакаат да читаат дела од детските писатели.

Page 142: Make Don Ski Jazik v Gockova

141

Меиумска култура

Побарување книги, весници и списанија

Покрај позајмувањето книги со помош на усно обракање до биолиотекарите или преку самостојно барање книги по рафтовите со полици, постои и барање книга со помош на каталог - прегради или кутии во кои се наоѓаат каталошки ливчиња.

На тие ливчиња се наведени податоците за книгите, подредени по азбучен ред на авторите на книгите или по азбучен ред на насловите на книгите.

На каталошкото ливче се наоѓаат следниве податоци: 1. име и презиме на авторот; 2. наслов на книгата; 3. име на издавачот; 4. година и место на издавање и 5. број на страници книгата.

Откако ќе ги најдеш во каталогот податоците за книгата, ги пишуваш на посебно ливче и со тоа ливче одиш кај библиотекарот. По кусо време книгата е во твоите раце.

ЗапомниНајлесен начин за да се добие саканата книга е овој: ученикот или кој било читател може усно да се обрати до библиотекарот.

Што треба добро да запомниш?! Книгата што си ја зел не оштетувај ја. По прочитувањето веднаш врати ја во библиотека, бидејќи треба да ја прочитаат и други читатели.

Вежби:1. За секоја книга што треба да ја обработувате на часот по лектира обрати се кај библиотекарот и точно објасни што сакаш.2. Освен книгите што имаш обврска да ги читаш, ти препорачуваме да не ги заборавиш романите и расказите од: Ванчо Николески („Гоце Делчев“), од Видое Подгорец („Белото циганче“), како и од познати светски автори како што се: Жил Верн, Марк Твен, Јохана Шпири, Џонатан Свифт и др.

Детски списанија се печатени текстови (публикации) кои излегуваат: неделно, месечно, двомесечно, полугодишно или тригодишно т.е. поврзани со некој настан.

Според содржината, списанијата може да бидат: литературни, стручни, научни, забавни, детски итн.

Некогаш ученикот (барателот на книгата, весникот или списнието, може и сам да побара во одредени рафтови.

За таа постапка треба да добие посебни упатства од библиотекарот. Голема помош во барањето книги, весници и списанија се добива ако се користат каталошки ливчиња, т.е. се бара книга со помош на каталог.

Картотеката во библиотеката има евиденција за секоја книга и треба само да се појде во најблиската библиотека.

M+

M+

Page 143: Make Don Ski Jazik v Gockova

142

Помалку познати зборови

бастун - стап изработен за потпирањебоздоган - оружје во форма на топка со шилцивежди - веѓигнездо - седелцегуња - волнена горна облекакабаница - ветровка, пелерина, наметкаканџи - многу остри ноктикладенец - изворчемустаќишта - мустаќи (аугментатив)назобаат - нахранат со зобнебосвод - небеска ширина, небоока - стара мерка за тежинапазуви - гради, горен преден дел на женитеПирин Планина - планина (сега во Бугарија)плитак - плитка вода, барапочината - умренапривид - причинување, привидувањепросо - многу ситни зрнцарудина - полјанаруно - крзно од овцасамура калпака - капа од самуровинасе симнала - слегласе стаписала - се здрвила од стравсколовранец - шарена појна птицастихија (огнена) - пожартазе - свежотопуфче - игла со заоблен врвторбе - ткаено, селско торбетрбувче - шкембенце

Page 144: Make Don Ski Jazik v Gockova

143

Азбучен ред на авторите

Андреевски, Цане: „Светот и ние“ Андреевски, Цане: „Поздрав мајко“Гочкова, Косара: „Жолата есен“ Димовски, Владо: „Љубов за летање“Димовски, Владо: „Продавница за играчки“Донев, Киро: „Ване и ластовичката“Донев, Киро: „Несреќа“ (К2 Полноќен разговор)Индиска басна: „Заулавен овен“Јаворов, Пејо: „Гоце Делчев“Јанчевска, Македонка: „Мамо“Јоциќ Светлана: „Црното монисто“Јусиф, Идриз: „Погледот“Кароски, Лазо: „Родна земја“Кароски, Лазо: „Рекичката“Конески, Блаже: „Пеперуга“Крилов, Иван: „Лисицата и штркот“Крилов, Иван: „Лисја и жили“Манева, Славка: „Најстарата буква“Манева, Славка: „Сказна за жалната врба“Миркуловска, Бистрица: „Сказна за срничето“Мисиркова, Ката: „Другарство“Мисиркова, Ката: „Мила моја Сања“Најдовски Тихо: „Исчезната Ливада“Народна басна: „Лисицата и јарецот“Корејска басна: „Како лисицата го надмудрила тигарот“Народна песна:

„ Јана везе македонско знаме“„Куси врабец и невеста подмрежица“„Невеста и момче работни“„Силата на Марко Крале“Народна приказна:

„Пејо со туѓи чизми на оро“

Page 145: Make Don Ski Jazik v Gockova

144

Николески, Ванчо: „Татковина“Николески, Ванчо: „11 Октомври“Николева, Оливера: Како расте татковинатаОбрадовиќ, Доситеј: „Лавот и лисицата“Петревски, Радослав: „Златни деца мои“Петревски, Горјан: „Во дружбата е силата“Петревски, Горјан: СпоменкаПетревски, Горјан: „Цут во косата“Подгорец, Видое: „Белото циганче“Подгорец, Видое: „Ѕвезди“Подгорец, Видое: „Шума на моето детство“Поповски, Александар: „Скапи шарени книги“Родири, Џони: „Детство“Ситниковски, Боро: „Детство“Смаќоски, Бошко: „Најубавиот град“Тарапуза Стојан: „Силата на зборовите“ Толстој, Лав: „Тетреб и лисица“Чернодрински, Војдан: „Македонска крвава свадба“Чинго, Живко: „Сребрените снегови“Џамбазов, Ненад: „Модерна баба“Шпири, Јохана: „Хајди“

Page 146: Make Don Ski Jazik v Gockova

145

Програмски подрачја

Програмско подрачје: Јазик

Јазикот како средство за општењеСигнали и симболи како средства за општењеГраматикаЗвучни и безвучни согласкиИменки: збирни именкиПридавки: присвојни, бројниЗаменки: лични, показниГлаголиСегашно времеМинато време - време, лице, бројИдно времеРеченицаПроста реченица со подмет и прирокПроста реченица со подмет, прирок и прилошки определбиСложена реченицаЗборови

- хомоними (зборови со иста форма, а со различно значење)- деминутиви (зборови што означуваат нешто намалено)- аугментативи (зборови што означуваат нешто зголемено)

Директен (непосреден) говорИндиректен (посреден) говорИнтерпункциски знаци: две точки, тире и наводници во директен говорУпотреба на голема буква за:

- пишување на народи,- пишување на празници чие име е напишано со број

Скратеници- пишување на скратеници

Програмско подрачје: Читање, литература и лектира

1. ЧитањеУсовршување на техниката на изразно читањеИзразно читање по улоги (драмско читање)

2. Литература А) Проза

Расказ (поим)Басна (поим)Роман (поим)Говор на писателот

Page 147: Make Don Ski Jazik v Gockova

146

Говор на ликовитеБ) Поезија

Епска песнаЛирска песна

- патриотска песна- хумористична песна- лирска песна: основно чувства

3. Лектира:Наслови од македонска и светска литература

Програмско подрачје: Изразување и творење

1. Усно изразувањеПрераскажување (на настан слушнат од друго лицеПрераскажување на текст (со уметничка и научно-популарна содржина)Прераскажување (опширно) на обработен текстРаскажување на настан и сопствено доживувањеРаскажување по дадени тематски зборовиСамостојно опишување (предмет, слика, лик)

2. Писмено изразувањеПрепишување на избран дел од обработен текстСамостојно прераскажување настан слушнат од друго лицеСамостојно прераскажување текст со уметничка и научно-популарна

содржинаПрераскажување (опширно) на обработен текстРаскажување за настан и сопствено доживување: раскажување по дадени

тематски зборовиСоставување текст по аналогијаСамостојни опишувања: предмет, слика, ликИзвестување за настанПисмо

Програмско подрачје: Медиумска култура

Разликување на:Настан, лик, декор, сценографија, костимографија, музичка илустрација во:- филмот- театарската претставаБиблиотека:- Побарување книга, весници и списанија

Page 148: Make Don Ski Jazik v Gockova

147

СодржинаЈазикот како средство за општење .............................................................4

Јазични знаци .............................................................................................................. 4Сигнали и симболи како средства за општење ........................................5

Подготви се за нови знаења! .......................................................................................5Граматика ........................................................................................................ 7

Звучни и безвучни согласки ........................................................................................7Именки: збирни именки ...............................................................................9

Збирни именки ........................................................................................................... 11Придавки .......................................................................................................13

Присвојни придавки ..................................................................................................13Бројни придавки ........................................................................................................15

Заменки (показни заменки) ........................................................................16Показни заменки ........................................................................................................16

Глаголи ...........................................................................................................19Да се лета или да се плива ........................................................................ 20

Сегашно време ...........................................................................................................21Светот и ние Цане Андреевски ................................................................21

Минато време - од несвршени глаголи ................................................................... 24Рекичката - Лазо Каровски ....................................................................... 24

Минато време - од свршени глаголи ........................................................................26Праведна пресуда - Народна приказна ..................................................... 26

Идно време ................................................................................................................ 28Ване и ластовичката - Киро Донев .......................................................... 30

Реченица ......................................................................................................... 31а) Проста реченица со подмет и прирок ..................................................................31б) Проста реченица со подмет и прирок и неопходни реченични членови (прилошки определби) ..................................................................................................................32

Главни членови на реченицата .................................................................34Прирок ....................................................................................................................... 34Подмет ........................................................................................................................35

Пеперуга - Блаже Конески .........................................................................35Полноќен разговор - Киро Донев ................................................................37

Сложена реченица ........................................................................................38Подготви се за нови знаења ..................................................................................... 38

Page 149: Make Don Ski Jazik v Gockova

148

Најстарата буква - Славка Манева ......................................................... 39Зборови ...........................................................................................................40

Хомоними ...................................................................................................................41Деминутиви ................................................................................................................42Аугментативи .............................................................................................................43Директен (непосреден) говор .................................................................................. 44Индиректен (посреден) говор ...................................................................................45Интерпункциски знаци ............................................................................................46

Диктат. .......................................................................................................47Езоп и патникот .........................................................................................47Лисја и жили ............................................................................................... 48Иван Крилов ................................................................................................ 48Тетреб и лисица .......................................................................................... 49Лав Н. Толстој ............................................................................................ 49

Употреба на голема буква ......................................................................................... 50Скратеници .................................................................................................................53

Читање ............................................................................................................56Златни деца мои - Радослав Петковски ................................................. 5611 Октомври - Ванчо Николески ............................................................... 58Црното монисто - Светлана Христова – Јоциќ .................................... 59Другарство (драмска игра) - Ката Мисиркова - Руменова .........................61Лисицата и мачката - (Превод од англиски) .......................................... 63

Литература ...................................................................................................64Проза .......................................................................................................................... 64

Расказ ................................................................................................................ 64Шума на моето детство - Видое Подгорец ........................................... 64Волшебниот бастун (расказ) - Џани Радори .......................................... 66Исчезната ливада - Тихо Најдовски ..........................................................67Деца фалбаџии - Неџати ЗЕКЕРИЈА ....................................................... 68

БаснаКако лисицата го надмудрила тигарот - Корејска басна ..................... 69Арсланот и глушецот - Народна басна ................................................... 70Лисицата и јарецот - Народна басна.......................................................71Лисицата и штркот - Иван Крилов......................................................... 72Забрлавен волк - Индиска басна ................................................................ 73Лавот и лисицата - Доситеј Обрадовиќ ................................................. 74

Роман .................................................................................................................75

Page 150: Make Don Ski Jazik v Gockova

149

Споменка - Горјан Петревски ....................................................................75Сребрените снегови - Живко Чинго ...........................................................77Цут во косата - Горјан Петревски .......................................................... 79

Литература ...................................................................................................80Поезија ....................................................................................................................... 80

Епска песна ...................................................................................................... 80Силата на Марко Крале - Епска песна..................................................... 80Дете Татуличе и вујко му Марко - Народна песна (епска) .................... 83

Лирска песна .....................................................................................................86Детство - Боро Ситниковски ................................................................... 86Јана везе македонско знаме - Народна песна............................................87

Поетска слика ........................................................................................................... 88Родна земја - Лазо Каровски ..................................................................... 88Жолта есен - Косара Гочкова .................................................................... 89Силата на зборовите - Стојан Тарапуза ................................................ 90Татковина - Ванчо Николески ....................................................................91

Рима во лирска песна Сказна за срничето - Бистрица Миркуловска ......................................... 93Сакање - Есад Бајрам ................................................................................ 94Детскиот свет - Адем Гајтани ................................................................95Мамо - Македонка Јанческа ...................................................................... 96

Хумористична песна (народна) ................................................................................97Куси врабец и невеста подмрежица - Народна песна .............................97Невеста и момче - работни- Народна песна .......................................... 99

Хумористична песна (уметничка) ......................................................................... 100Модерна баба - Ненад Џамбазов ............................................................ 100Несреќа - Киро Донев ................................................................................101

Лектира ........................................................................................................103Ѕвезди - Видое Подгорец .......................................................................... 103Хајди „На пасиштето“ - Јохана Шпири ............................................... 104Пејо со туѓи чизми на оро - Хумористична народна приказна ........... 106Белото циганче - Видое Подгорец ...........................................................107

Усно изразување ..........................................................................................110Прераскажување на настан слушнат од друго лице .............................................110

Љубов за летање - Владо Димовски ........................................................ 111Како расте татковината - Оливера Николова .....................................112

Прераскажување (опширно) на обработен текст ..................................................114

Page 151: Make Don Ski Jazik v Gockova

150

Скапи шарени книги - Александар Поповски ..........................................114Раскажување на настан и сопствено доживување ...............................................115

Новото игралиште за кошарка ...............................................................115Раскажување по дадени тематски зборови ............................................................116Самостојно опишување: предмет, слика, лик .......................................................117

Писмено изразување ..................................................................................118Препишување на избран дел од обработен текст .................................................118

Во дружбата е силата - Горјан Петревски ..........................................118Самостојно прераскажување на настан слушнат од друго лице .........................119Самостојно прераскажување на текст со уметничка и научно-популарна содржина. ................................................................................................................. 120

Сказна за жалната врба - Славка Манева ............................................ 120Прераскажување (опширно) на обработен текст ..................................................122

Погледот - Јусуф Идриз (Превод: Видое Подгорец) ............................. 122Составување текст по аналогија .............................................................................125

Најубавиот град - Бошко Смаќоски ........................................................125Гоце Делчев - Пејо Јаворов ...................................................................... 126

Известување за настан ........................................................................................... 128Љубовта ќе грее на „Детскиот евросонг 2009“- Б. Стефановски .... 129Ла Бомб е новиот лик во „Симпсонови“ ................................................ 129

Писмо ....................................................................................................................... 130Разликување на настан, лик, декор, сценографија, костимографија, музичка илустрација во филмска и во театарска претстава ..........................................................................133

Настан .......................................................................................................................133Лик.............................................................................................................................133

Македонска крвава свадба ....................................................................... 133Сценографија, декор, костимографија ..................................................135

Сценографија ...........................................................................................................135Декор .........................................................................................................................136Костимографија ......................................................................................................137Музичка илустрација во театарска престава и во филм ..................................... 138

Продавница за играчки Владо Димовски ................................................ 139Библиотека ..................................................................................................140

Помалку познати зборови .......................................................................................142Азбучен ред на авторите .........................................................................................143