4
Вовед Развојната технологија и хакерската умешност не дозволуваат 100% заштита и комплетна сигурност и безбедност на компјутерите. Светот денеска се напѓа во доба во која развојот на економијата на било која држава се базира на развојот на нејзините компании, чиј пак развој зависи од поседувањето на вистинските информации во вистинското време, а сето тоа се должи на поседувањето на компјутерската технологија и интернет поврзаноста. Денес силата на една држава не се мери по наоружувањето кое таа го поседува туку по нејзината економска моќ. Затоа, модерната војна прераснува во поим во кој жртвите не се бројат по одземени човечки животи, туку во одземени информации како резултат на пробивања на шифри, крадење на важни информации, пуштање на вируси кои уништуваат цели датотеки и сл. Токму за ваквите секојдневни и неминовни проблеми за безбедност и сигурност на компјутерите ќе стане збор во овој семинарски труд. 1

Kompjuterski Virusi

Embed Size (px)

DESCRIPTION

вовед

Citation preview

Page 1: Kompjuterski Virusi

Вовед

Развојната технологија и хакерската умешност не дозволуваат 100%

заштита и комплетна сигурност и безбедност на компјутерите.

Светот денеска се напѓа во доба во која развојот на економијата на било

која држава се базира на развојот на нејзините компании, чиј пак развој зависи од

поседувањето на вистинските информации во вистинското време, а сето тоа се

должи на поседувањето на компјутерската технологија и интернет поврзаноста.

Денес силата на една држава не се мери по наоружувањето кое таа го

поседува туку по нејзината економска моќ. Затоа, модерната војна прераснува во

поим во кој жртвите не се бројат по одземени човечки животи, туку во одземени

информации како резултат на пробивања на шифри, крадење на важни

информации, пуштање на вируси кои уништуваат цели датотеки и сл. Токму за

ваквите секојдневни и неминовни проблеми за безбедност и сигурност на

компјутерите ќе стане збор во овој семинарски труд.

1

Page 2: Kompjuterski Virusi

Компјутерски вируси

1. Поим за вируси и нивно активирање и ширење

Вирус е компјутерска програма направена со намена да по влезот во

компјутерот „чачка“ по него и неприметно да расипува фајлови.

Кога програмот кој што има вирус се отвори тогаш тој се

активира.Активираниот вирус може не само да ги инфицира останатите програми

и документи на вашиот компјутер, туку може и да го умножи и пренесе на

останатите компјутери поврзани со вашиот, на ист начин како што биолошкиот

вирус се пренесува од човек на човек.

Вирусите се појавиле во касните осумдесети години на минатиот

век,одприлика во време кога и персоналните компјутери станаа секодневие.Тогаш

сите програми и податоци се пренесувале преку флопи диск, и самиот вирус бил

програмиран да се пренесува преку самото флопи.

Вирусот се активира секогаш кога компјутерот ќе изведе инфектирана

програма односно програма што содржи вирус. Додека е во меморијата тој може

да предизвика голема штета како што е реплицирање преку компјутерот, а ако

компјутерот е приклучен на компјутерска мрежа тогаш може да ги инфицира сите

мрежни компјутери. Токму поради овие причини потребна е зголемена заштита од

вируси.

Вируси може да се појават на небезбедни Интернет сервери. Затоа се

препорачува да се презема софтвер само од познати Интернет сервери кои

стекнале репутација и имиџ на проверени компании. Ако се пристапи кон Интернет

сервери чии сајтови се лошо организирани, содржат прекинати линкови, содржат

застарен материјал или генерално изгледаат лошо тогаш постои голема

веројатност дека 231 администраторот на овој сајт не презема доволно грижа за

2

Page 3: Kompjuterski Virusi

организацијата на сајтот, а воедно и за заштита на датотеките од потенцијален

вирус.

Добра можност за проверка на безбедноста на Интернет серверите и

нивната содржина односно дали датотеките што ги поседуваат имаат вируси или

не, се новинските групи. Корисниците на новинските групи секогаш дискутираат

дали примиле софтвер или преземале датотеки од Интернет сервери коишто

содржат вирус.

Има повеќе начини за раширување на вируси. Најчесто вирусите се шират

преку копирање на датотеки од дискети или ЦД ромови, преземање датотеки од

непроверени Интернет сервери, како и преку електронска пошта.

3