16
www.perlenoire.mk АМЕТИСТ Аметист е виолетов вариетет на кварцот, полудраг камен кој се користи за изработка на накит. Грците и Римјаните чашите за пиење ги правеле од аметист, бидејќи верувале дека нема да се опијат доколку го козумираат алкохолот од тие чаши. Комплексниот однос на железото и алуминиумот е одговорен за бојата. Го користеле и старите Египќани. Како минерал е широко распространет, но најубавите примероци погодни за накит се наоѓаат на релативно малку места. Се наоѓа претежно во внатрешноста на вулканските карпи. Аметистот припаѓал во групата на најскапите драги камења, но цената му паднала откога во Бразил се пронајдени големи резерви. Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Аметистот е познат и како камен на среќата. Предизвикува смиреност, спокојство и помага при расеаност и главоболка. Аметистот штити од стрес, несоница и ментална напнатост. Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така аметистот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, скорпија, стрелец, водолија и риби.

Katalog kamenja

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

АМЕТИСТ Аметист е виолетов вариетет на кварцот, полудраг камен кој се користи за изработка на накит. Грците и Римјаните чашите за пиење ги правеле од аметист, бидејќи верувале дека нема да се опијат доколку го козумираат алкохолот од тие чаши. Комплексниот однос на железото и алуминиумот е одговорен за бојата. Го користеле и старите Египќани. Како минерал е широко распространет, но најубавите примероци погодни за накит се наоѓаат на релативно малку места.

Се наоѓа претежно во внатрешноста на вулканските карпи. Аметистот припаѓал во групата на најскапите драги камења, но цената му паднала откога во Бразил се пронајдени големи резерви.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Аметистот е познат и како ‘камен на среќата’. Предизвикува смиреност, спокојство и помага при расеаност и главоболка. Аметистот штити од стрес, несоница и ментална напнатост.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така аметистот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, скорпија, стрелец, водолија и риби.

Page 2: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ЖАД Жад е термин кој се употребува за два различни полудраги камења, нефрит и жадеит. Бојата му е најчесто зелена, но може да биде и со плавозелени нијанси и бела боја. Најценет е жадот со темнозелена нијанса, но во Кина е традиционално многу ценет и белиот жадеит. За Kинезите жадот е симбол за пет основни и најважни човечки особини: скромност, морална чистота, праведност, пристојност и храброст.

Во минатото жадот бил и симбол на моќта, така што предмети од жад во тоа време можеле да имаат само припадниците на владеачката класа. Исто така се употребувал и за изработка на орудија и оружје.

Постои вариетет кој се нарекува серпентински жад или нов жад. Новиот жад се пронаоѓа во серпентинските карпи во вариетети од бои, од бела до црна со изразени зелени нијанси измеѓу.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Жадот се смета како амблем на совршеност и е симбол на кралската власт. Некогаш го нарекувале и “камен на боговите”. Кога се носи како огрлица ги лечи пореметувањата со стомакот и бубрезите, а се држи и на самото оболено место како камен за лечење.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така жадот се препорачува за следниве хороскопски знаци: девица, вага и водолија.

Page 3: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ГРАНАТ Гранатите се група на минерали кои луѓето ги употребуваат уште од Бронзено доба, како драги камења и како абразив. Гранатите најчесто се појавуваат со црвена боја, но постојат варијации со бои од целиот спектар. Името им потекнува од латинскиот збор grаnatus (зрно), веројатно како алузија на malum granatum, растение со црвено семе кое е со сличен облик, големина и боја како и некои кристали на гранатот.

Постојат шест најчесто појавувани вариетети на гранатот кои се разликуваат по својот хемиски состав: пироп, алмандин, спесартин, гросулар (хесонит и тсаворит), уваровит и андрадит.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Гранатот придонесува за добро расположение кај оној што го носи, а исто така ги ублажува и воспалените грла. Кога се носи околу врат темно црвениот гранат ги лечи болестите на грлото и нарушувањето на варењето на храната.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така гранатот се препорачува за следниве хороскопски знаци: скорпија и водолија.

Page 4: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

КАРНЕОЛ Карнеол или карнелијан е црвен или црвено-кафеав вариетет на калцедонот (кварц). Пронајден е и употребуван за накит уште во Бронзеното доба. Името му доаѓа од латинскиот збор caro, carnis што значи месо или тело.

Карнеолот многу го употребувале Римјаните за изработка на печат со употреба на восок, бидејќи топлиот восок не се лепи на карнеолот.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Карнеолот ги смирува емоциите и ја истакнува храброста. Познат е по тоа што има позитивно влијание на оној што го носи, односно го штити од психички напади. Помага за одбивање на негативната енергија и за враќање на рамнотежата во телото на носителот на овој камен.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така карнеолот се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, бик, рак и девица.

Page 5: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

КВАРЦ Кварцот (SiO2) е најраспространетиот минерал на земјината континентална кора. Вообичаено е со облик на шестстрана призма при што врвовите му се во облик на шестстрана пирамида. Може да биде во повеќе бои: бел (млечен), безбоен (горски кристал), виолетов (аметист), розев (розев кварц), жолт (цитрин) и уште во неколку други вариетети и бои.

Горскиот кристал познат и по името кварцен кристал е еден од најраспространетите и најупотребувани вариетети на кварцот со безбоен стаклест сјај.

Розевиот кварц е вариетет на кварцот со розева боја. Бојата е најчесто резултат на постоењето на титаниум, железо и манган во неговиот состав.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Горскиот кристал ја појачува аурата. Неговата фреквенција поволно делува на човечкиот организам. Помага кај сите болести. Се тврди дека ако кварцот се носи со себе во ташна или во џеб ја зголемува силата на концентрацијата. Розевиот кварц поволно делува на нервниот систем, смирува и го отстранува стравот. Во комбинација со хематитот помага кај болестите со коски. Освен што поседува лековити својства, штити и од подземни зрачења.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така горскиот кристал се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, рак, лав, вага и јарец, а розевиот кварц за бик.

Page 6: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

МЕСЕЧЕВ КАМЕН Месечевиот камен (moonstone) најчесто се состои од кристалот Adularia. Благото преливање на светлината кое се нарекува adularescenca потсетувана на месечевата светлина, па оттука е и називот месечев камен. Овој камен и во минатото бил многу популарен, посебно во добата на Art Nouveau.

Што се однесува до бојата, најчесто е прозирен со син прелив, иако може да се пронајде и во други бои и најанси.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. За месечевиот камен сe верува дека позитивно влијае на сонот, а исто така ја засилува емоцијата и ја штити љубовта. Поради тоа е идеален избор за вљубените. Го смирува мозокот и има влијание на нервите на тој начин што го намалува стравот. Се верува дека ако човек страда од емоционални стресови и доживува немир треба да носи месечев камен со сребро.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така месечевиот камен се препорачува за хороскопскиот знак рак.

Page 7: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ОНИКС Ониксот е вариетет на калцедонот (кварцот) со слоевита градба во која на црна основа се нанесени бели линии. Ваква структура има т.н. арапски оникс, а постои и неслоевит црн кремен без бели линии кој се нарекува црн оникс и кој денес најмногу се употребува за изработка на накит.

Зборот “оникс” има латински корени, а е еквивалентен на грчкиот збор “onukha” веројатно како асоцијација на неговата слаба проѕирност. Освен за накит се употребува и за изработка на украсни предмети, садови и вазни.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Ониксот симболизира искреност, остроумност и духовна сила. Се смета дека е многу моќен камен. Според арапската традиција ги ослободува породилните болки доколку се стави во косата на родилката.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така ониксот се препорачува за следниве хороскопски знаци: лав, јарец и водолија.

Page 8: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ТИРКИЗ Тиркиз е полудраг камен со специфична сјајна, зелено-сина боја т.н тиркизна, омилена во сите епохи, па и денес. Старите Египќани го користеле уште пред 5.000 години, го користеле и Астеките и многу индијански племиња кои го нарекувале “Небески камен”. Името “тиркиз” го добил по францускиот збор за “турско”, бидејќи преку Турција, овој камен стигнал во Европа, во периодот на крстоносните војни во 12-ти и 13-ти век.

Бојата на тиркизот зависи од количината на други минерали во неговиот состав, па кога содржи повеќе бакар, сината боја му е поизразена, а зелената e резултат на присуство на железо и двовалентен хром.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Тиркизот го нарекуваат и "камен на среќата". Симбол е на љубовта и богатството и затоа многу често се подарува при веридби и венчавки. Му се придавале мистични карактеристики, а постои верување дека помага во оздравувањето на заболените од психичка депресија и меланхолија. На сопственикот му носи храброст и благодарение на тиркизот секој вложен напор му носи успех. Ја спречува кавгата, а го зацврстува пријателсвото. Поседува лековити својства и го предупредува сопственикот за болести кои му се закануваат со менување на бојата, доколку постојано го носи.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така тиркизот се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, девица, стрелец, јарец и водолија.

Page 9: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ТИГРОВО ОКО Тигрово око е фиброзен кварц со златно-жолта, кафеава и црна боја кои прават ефект на мачкино или тигрово око. Бојата му потекнува од металните оксиди, но всушност влакнестата структура и правилната обработка му го даваат сјајот.

Тигровото око е многу чувствително на било каква киселина, па треба да внимателно да се чува.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Тигровото око е камен што ја зајакнува личноста и привлекува пари и богатство.Со себе носи мудрост и внатрешен мир. Ја зголемува храброста и ги олеснува ноќните кошмари, особено кај децата.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така тигровото око се препорачува за следниве хороскопски знаци: близнаци, рак и стрелец.

Page 10: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ТОПАЗ Топаз е силикатен минерал на алуминиумот и флуорот кој се наоѓа во силикатните магматски карпи од гранит и риолит. Името топаз доаѓа од грчкиот збор topazos, што значи “да се бара”, а тоa се однесувало на островот Забаргад во Црвено море, кој многу тешко се пронаоѓал, а на неговите тајни локалитети се копал жолт камен во античкиот период.

Чистиот топаз е проѕирен, но обично има нечистотии. Најчесто има боја на бело вино или жолта боја. Најголемиот топаз е пронајден во Бразил во 1984 год. и е наречен "Ел-Дорадо". Тежината му била 6,2 kg и се наоѓа во британската кралска колекција.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Топазот е познат и како ‘камен на пријателството. Ја развеселува душата и го прави човекот да се чувствува слободен и задоволен. Ги смирува нервите, дава убавина и долг живот. Кај жените се става на долниот дел од стомакот и ги олеснува болките, а се користи и за спречување на ненадејна смрт. Топазот ставен кај слепоочниците го смирува телото и го освежува сонот. Ако се носи на левата рака ја подобрува интелегенцијата и храброста, а воедно штити од меланхолично расположение.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така топазот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, вага, скорпија и стрелец.

Page 11: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

АКВАМАРИН Аквамаринот (лат. aqua marinā, морска вода) e транспарентен полудраг камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има плава или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така да жолтиот берил се нарекува хелидор, розевиот морганит, а белиот гошенит.

Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 год. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил. Тежел 110 kg, долг 48,5 cm и со пречник од 42 cm.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Сината боја на аквамаринот го поттикнува чувството на верност и постојаност и е поттик за длабоки размислувања. Симболизира надеж, здравје, младешка виталност и вредност. Римските морепловци верувале дека аквамаринот носи среќа на море и ја спречува морската болест.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.

Page 12: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

ХЕМАТИТ Хематитот е оксиден минерал на железото кој своето име го добил од грчкиот збор “haima” што значи крв. Некаде го нарекуваат и крвав камен бидејќи пилата со која каменот се реже постанува црвена како крв.

Бојата може да му варира помеѓу црвена, сива и црна. Кога ќе се изреже во тенки плочки хематитот е црвен и прозирен, а кога ќе се исполира станува метално сјаен.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Доста е раширено верувањето дека хематитот има заштитничка и исцелителска моќ. Ја истакнува храброста па затоа и често бил амајлија на војниците. Тибетанците го користеле против крварење од нос на тој начин што го носеле околу врат како огрлица.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така хематитот се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, скорпија и јарец.

Page 13: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

KAMEJA Камеја (cameo) e накит кој се употребувал многу векови наназад и кој задолжително се наоѓал во колекцијата на аристократската класа, најчесто во форма на ликови врежани на контрасна подлога на брошеви и медаљони. Камејата во минатото се изработувала од полудрагите камења ахат, оникс или сардоникс, но денес најексклузивните примероци се изработуваат од школки.

Најпопуларната камеја се изработува од школката cassis rufa, присутна на источниот брег на Африка, која се карактеризира со бело-портокалова боја, но најценети се бело-кафеавите примероци од школката cassis madagascariensis кои многу наликуваат на ахат. Камејата и денес, како и во минатото, претставува форма на уметност која ги привлекува љубителите на накит од полудраги камења во целиот свет.

Page 14: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

КОРАЛ Коралите се морски животни кои можат да се најдат во сите светски океани, иако тие се најпознати и најраспространети во тропските региони. Постојат многу типови на корали, но сите тие имаат едноставен телесен план: цевкасто тело на чиј врв се наоѓа прстен од боцкасти пипала кои ја опкружуваат устата. Овој телесен план е наречен полип.

Како материјал за полудраги камења се користи само коренот на коралот кој е богат со калциум. Бидејќи содржат органски супстанци, многу се чувствителни на висока температура и киселини.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Коралот е симбол на силната волја и сила. Борбеност, набој, потик и динамичност се моќта на овој камен. Се смета дека менува боја кога има болест во близина.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така коралот се препорачува за следниве хороскопски знаци: вага и скорпија.

Page 15: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

БИСЕР Бисерот има кристална структура и како и надворешниот дел од школката се состои од 80-92% од калциум карбонат. Почетната фаза во формирањето на бисерот е навлегувањето на зрно песок во внатрешноста на школката. Со цел да се заштитат од ‘туѓото’ тело, школката го обложува тоа зрно песок со мазна и тврда материја која се нарекува седеф и на тој начин спречува зрното песок да го изгребе нивното меко тело.

Постојат и т.н. култивирани бисери кои настануваат во подморски фарми со интервенција на човекот кој самиот го внесува зрното песок и на тој начин ‘помага’ во создавањето на бисерот. Најголемиот бисер на светот е тежок 6,37 kg и е проценет на повеќе од 30 милиони американски долари. Најден е на Филипините во 1934 година и е наречен „Лао-Цеа“. Школката која го направила припаѓа на врстата Tridacna gigas.

Бисерот поттикнува храброст и виталност, а калциум карбонатот во неговиот состав овозможува смирувачко дејство.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така бисерот се препорачува за хороскопските знаци рак и риби.

Page 16: Katalog kamenja

www.perlenoire.mk

СРЕБРО Среброто се вбројува во редот на благородни метали, во природата се јавува во елементарна состојба како и во своите соединенија. Латинскиот назив “argentum” има потекло од санскритски збор што значи “светол”. Среброто е меко, растегливо и лесно се обработува, што овозможува негово обликување и извлекување во фолија или жица. Денес најчесто се користи во изработка на накит.

Со оглед на неговите специфични хемиски и физички својства и неговите легури, тоа наоѓа бројна примена во индустријата и електротехниката. Среброто оксидира на воздух и потемнува.

Драгите камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. За среброто се верува дека заштитува од болести и грижи, а старите народи верувале и дека растворено во вода ги убива бактериите. Му се припишуваат терапевтски особини и лековити својства.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои драг камен кој му одговара. Така среброто се препорачува за следниве хороскопски знаци: близнаци, рак, девица и риби.