Upload
anonymous-prsx2hcibd
View
98
Download
2
Embed Size (px)
Citation preview
ДА ПОВТОРИМЕ ЗА
ПРИДАВКИ И ЛИЧНИ ЗАМЕНКИ
1.Исфрли го натрапникот!
a) шарена
b) црвена
c) дрвена
2.Кој од наведените зборови не е описна придавка?
a) синоока
b) мрзлива
c) метална
3.Описна придавка нема во реченицата:
a) ОУ ,,Дане Крапчев”e основно училиште.
b) ОУ ,,Дане Крапчев”e големо училиште.
c) ОУ ,,Дане Крапчев”e градско училиште.
4. Описна придавка е:
a) платнена
b) долга
c) училишна
5.Со која лична заменка можеш да ја замениш именката во реченицата: ,,Децата цртаат”
a) ние
b) тие
c) вие
6.Описна придавка е:
a) убава
b) метален
c) мајкин
7.Во која реченица има односна придавка?
a) Училишната книга е тука.
b) Книгата на Јана е убава.
c) Павел има стара книга.
8.Која од заменките е во второ лице еднина:
а) ти
б) јас
с) таа
9.Која заменка ќе ја употребиш во реченицата: ,,Бојане, подај ми го сунѓерот!”
a) Ти
b) Вие
c) Тој
10.Која од заменките е во второ лице множина:
a) вие
b) ние
c) тие
11.Која лична заменка не заменува именка?
a) тој
b) ти
c) јас
12.Описни придавки се:
a) вреден и дарежлив
b) стаклен и проѕирен
c) тврда и бетонска
13.Именките во реченицата:,,Гоце и Даме се македонски револуционери” може да се заменат со заменката:
a) Ние
b) Тие
c) Вие
14.На именката табла ќе ја додадам описната придавка:
a) стара
b) дрвена
c) училишна
15.Заменка во трето лице множина е?
a) ниеb) виеc) тие
16.Исфрли го натрапникот:
a) ние
b) вие
c) оние
17.Лична заменка од женски род во трето лице еднина е:
a) тоа
b) таа
c) тој
18.Со која заменка ќе ја замениш именката во реченицата: ,,Продавачката има син мантил”
a) Тоа
b) Тој
c) Таа
19.Која заменка одговара на глаголот - пеат?
a) вие
b) тие
c) ние
20.Со која заменка може да се замени именката во реченицата: ,,Детето ќе си игра со мене.”
a) Тој
b) Тоа
c) Таа
21.Исфрли го натрапникот:
a) мала
b) хартиена
c) мека
22.Пред глаголот црта може да стои заменката:
a) јас
b) таа
c) ти
23.Именките во реченицата: ,,Зоран, Јане и Горан ќе се шетаат.” - може да се заменат со заменката:
a) тие
b) ние
c) вие
24.Која заменка може да стои пред именка од женски род:
a) тоа
b) таа
c) тој
25. Описна придавка е:
a) дедово
b) старо
c) камено
25.Во реченицата ,,____ ми подарија книга” може да стои заменката:
a) Ние
b) Тој
c) Тие
27. Во реченицата ,,____ сте победници!” може да стои заменката:
a) Тие
b) Вие
c) Ние
28.Зборот ,,цврста” е:
a) описна придавка
b) односна придавка
29.Пред глаголот ,,завршивме” може да стои заменката ______.
a) тие
b) ние
c) вие
30. Заменките во прво лице укажуваат на:
a) Лицето кое говори
b) Лицето на кое му се говори
c) Лицето за кое се говори,а не е присутно