9
ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ И ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈАТА

Биологија

  • Upload
    bubpce

  • View
    49

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕПРАЖИВОТНИТЕ се едноклеточни еукариотски протисти, тие се најпрво настанатите еукариоти кои, најверојатно, се развиле од предци кои имале градба слична на денешните прокариоти. Нивна основна одлика, секако, е едноклеточната градба на телото, со присуство на едно или поретко повеќе јадра. Во внатрешноста на едноставното тело, т.е. во протоплазмата се вршат сите животни функции: варење, дишење, екскреција итн. За вршењето на овие функции служат разните органели, кои се развиле од протоплазмата и функционираат аналогно на органите на многуклеточните организми, а скоро сите праживотни живеат во вода. Во нив спаѓаат:- златножолти алги - 650 видови;- камшикари, амеби, опалиниди - 27.000 видови; - спорози - 5.000 видови;- трепчести праживотни - 8.000 видови.ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ - ИНВЕРТЕБРАТАБезрбетните животни се повеќеклеточни животни изградени од ткива и органи и истите немаат потпорен столб - 'рбет. Во безрбетници спаѓаат: сунѓери, мешести организми, црви, мекотели, членконоги и иглокожни животни.

Citation preview

Page 1: Биологија

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ И

ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈАТА

Page 2: Биологија
Page 3: Биологија
Page 4: Биологија
Page 5: Биологија

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ

ПРАЖИВОТНИТЕ се едноклеточни еукариотски протисти, тие се најпрво настанатите еукариоти кои, најверојатно, се развиле од предци кои имале градба слична на денешните прокариоти. Нивна основна одлика, секако, е едноклеточната градба на телото, со присуство на едно или поретко повеќе јадра. Во внатрешноста на едноставното тело, т.е. во протоплазмата се вршат сите животни функции: варење, дишење, екскреција итн. За вршењето на овие функции служат разните органели, кои се развиле од протоплазмата и функционираат аналогно на органите на многуклеточните организми, а скоро сите праживотни живеат во вода. Во нив спаѓаат:- златножолти алги - 650 видови;- камшикари, амеби, опалиниди - 27.000 видови;- спорози - 5.000 видови;- трепчести праживотни - 8.000 видови.

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ - ИНВЕРТЕБРАТАБезрбетните животни се повеќеклеточни животни изградени од ткива и органи и истите немаат потпорен столб - 'рбет. Во безрбетници спаѓаат: сунѓери, мешести организми, црви, мекотели, членконоги и иглокожни животни.

- Сунѓерите се исклучиво водни животни од кои најголемиот број живеат во морињата, а мал број во слатките води, водат прикрепен начин на живеење. По форма можат да бидат: топчести, лушпести и пехарести.

- Копривкарите (мешести организми) се изградени од ткива: епително, мускулно и сетилно, сите имаат пехареста форма на телото и пипалки кои се зрачно поставени околу устата. Телото им е изградено од надворешен слој епителни клетки - ектодерм во кој покрај епителните клетки има и сетилни (жарни) клетки.

- Црвите се животни со издолжено, тенко и меко тело, со должина од неколку милиметри до неколку метри. Телото им е покриено со еднослоен епител, заштитено со кутикула. Под епителот се наоѓа мускулно ткиво со помош на кое се движи црвот.

- Мекотелите имаат меко и нежно тело, телото им е поделено на три дела: глава - на која се наоѓаат устата и сетилните органи; труп - во кој се сместени внатрешните органи стопало - месест орган кој служи за движење мантија - голем кружен набор на кожата, меѓу стопалото и трупот. Однадвор телото е покриено со еднослоен епител во кој има жлездести клетки кои лачат лига и клетки кои ја лачат заштитната варовникова обвивка со различна форма и градба. Живеат во вода, а има и такви кои се приспособени за живот на копно. Во мекотели спаѓаат полжави, школки и главоноги.

- Иглокожите се морски животни, некои од нив живеат во плитките води, а некои и до четири илјади метри длабочина.Телото однадвор им е покриено со тенка кожичка под која се наоѓа варовнички скелет кој се состои од варовнички плочки наредени во низа, од кои преку кожичката на површината на телото излегуваат иглички, се движат со боцките и амбулакралните ноџиња - водни ноџиња, а се хранат со ситни мали растенија и животни.

- Членконогите имаат членковидна градба на телото и нозе составени од повеќе членчиња, зглобно поврзани што им дава можност да се свиткуваат во различни правци, соодветно на движењата што ги вршат. Телото на членконогите е заштитено со цврст слој на хитин кој го лачи надворешниот дел од кожата. Хитинот меѓу членчињата е мек и растеглив што го прави телото подвижно.

Page 6: Биологија

ЦАРСТВО НА 'РБЕТНИ ЖИВОТНИ - ВЕРТЕБРАТА'Рбетниците претставуваат најсложена и најразновидна група животни на Земјата, се викаат 'рбетници затоа што во телото имаат 'рбет, кој им дава потпора на телото и на него се прикрепени другите коски како коските на главата, ребрата и коските на нозете. Во нив спаѓаат: рибите, водоземците, влечугите, птиците и цицачите.

- Рибите имаат хидродинамично тело што им овозможува полесно пливање во вода, а е поделено на глава, труп и опашка. Живеат во слатки и солени води, можат да бидат големи од неколку сантиметри до десетици метри. Телото им е покриено со многуслојна кожа во која се наоѓаат многу жлезди што лачат лигава материја и ја прават кожата влажна и лигава. На кожата се наоѓаат стругунки кои имаат заштитна улога, имаат мускулестата опашка со опашната перка, а други перки се: грбната (непарна), аналната (непарна), градните и стомачните перки (парни) со кои се движи и ја одржува равнотежата на телото. Рибите дишат со жабри. Постојат две големи групи риби:

- 'рскавични риби - 800 видови; - коскени риби - 20.000 видови.

- Водоземците ( амфибија ) се први копнени четириножни 'рбетници, живеат во две животни средини. Додека се млади полноглавците живеат во вода и дишат со надворешни жабри, а возрасните живеат на копно и дишат со бели дробови, но повремено живеат во вода или на влажни места. Постојат 4.200 видови водоземци.

- Влечугите ( рептилија )се првите вистински копнени животни ('рбетници), тие се движат со два пара кратки нозе, но секогаш со долниот дел на телото се влечат по земјата поради што се наречени влечуги. Кожата им е сува, покриена со рожни плочки (стргунки), кај желките се сраснати во оклоп. Дишат со бели дробови. Формата, големината и бојата на кожата им е различна зависно од средината во која живеат. Постојат 6.000 видови влечуги.

- Птиците ( авес ) се најдобри летачи кои имаат аеродинамично тело со два пара крајници предни крила за летање и задни нозе за одење. Телото им е обраснато со рожни пердуви кои служат како топлински изолатор за заштита на телесната температура. Тие се топлокрвни животни со постојана температура - хомеотермни. Кожата им е сува без жлезди. Вилиците им се издолжени во клун, без заби. Постојат 9.000 видови птици, а познати се три групи на птици:

- птици - летачи; - птици - тркачи; - птици - пливачи.

- Цицачите ( маммалиа ) се животни со најсложена градба. Телото на цицачите е покриено со цврста и еластична кожа обрасната со влакна. Влакнестата покривка преставува топлински изолатор. Цицачите се топлокрвни животни - хомеотермни. Во кожата се наоѓаат потни, лојни и млечни жлезди. По раѓањето на младенчето, мајката го храни со млекото што го лачат млечните жлезди, по кое го добиле името цицачи. Постојат 4.600 видови цицачи, а поделени се на:

- плацентни цицачи - кај нив ембрионот се развива во матката на мајката се до раѓањето; - бесплацентни цицачи - нивните малечки се раѓаат недооформени, а развојот го продолжу - ваат во торбата ( кенгур ).

Page 7: Биологија

ЦАРСТВОТО НА РАСТЕНИЈАТА

Растенијата се многуклеточни автотрофи и мал број хетеротрофи - паразитски растенија што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae. Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на:- неваскуларни - оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - ксилем и флоем;

- васкуларни - оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем. Растенијата се делат и на:- растенија кои не цветаат: алги, морски треви, вистински мовови и џигерници, папрати;- цветни растенија: треви, грмушки, зелјести растенија, дрвја. Во зависност од животната средина, растенијата се делат на:- водни - акватични; - копнени - терестрични; - епифити - со своите корења се прикачени за други растенија, а не на почва. Според побарувачката за вода, растенијата се делат на: - ксерофити - живеат на суви места; - мезофити - имаат средна потреба за вода; - хидрофити - живеат во воденикави или влажни места, имаат голема потреба за вода. Според животниот век растенијата се делат на:- годишни (ануални) растенија - го завршуваат својот животен циклус за време од една растечка

(вегетативна) сезона;- двегодишни (биенални) растенија - најчесто тревести, имаат потреба од две вегетативни сезони, образуваат цветови и семе во втората сезона;

- повеќегодишни (перениални) растенија - растат многу години, најчесто се дрвенести или тревести (зелјести).

Растенијата за разлика од животните, можат сами да создаваат храна, поради што се наоѓаат на почетните места од повеќето синџири на исхрана. Речиси сите останати живи организми зависат од растенијата како извори на храна. Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника или фитологија. Ботаниката опфаќа повеќе дисциплини кои го проучуваат изгледот, градбата, растот, развитокот, репродукцијата, метаболизмот, физиологијата, заболувањата, екологијата, сродноста и еволуционата историја на растенијата.

Зелените алги се еукариотски протисти кои содржат хлоропласти, кои се распределени најчесто кон површината на цитоплазмата, содржат два вида на хлорофил, ксантофили, каротини, при што доминира хлорофилот. Според градбата на телото, зелените алги можат да бидат едноклеточни, колонијални, многуклеточни и неклеточни (сифонални). - колонијалните зелени алги се одликуваат со постојан број на клетки. - многуклеточните зелени алги кај кои се создаваат клетки во текот на целиот живот.- неклеточните зелени алги имаат форма на сифон, тело не им е поделено на клетки. Постојат 14.000 видови зелени алги.

Црвените алги се морски жители, постојат многуклеточни црвени алги со разни форми и големини, а се размножуваат бесполово со спори и полово со оогамија. Постојат 5.000 видови црвени алги.

Кафеавите алги се многуклеточни живеат во морињата. Имаат сложена градба, секоја клетка е еднојадрена, со целулозно-пектински клеточен ѕид. Во цитоплазмата се присутни хлоропласти кои содржат повеќе пигменти: хлорофил, фукоксантин и фикоеритрин. Телото на кафеавите алги е изградено од голем број клетки, издолжено во форма на лента или конец, или пак, разгрането. Постојат 1.500 видови кафеави алги.

Page 8: Биологија

Мововите се зелени растенија приспособени за живот на копно, иако за нивното размножување е потребно присуство на вода. Мововите се растенија кои се широко распространети во природата. Тие живеат на разновидни почви, меѓутоа најчесто на тресетна подлога, мочурливи ливади, шумски мочуришта, водопади, влажни камења итн. Постојат 14.000 видови мовови.

Папратите се васкуларни растенија имаат вистински листови , а се разликуваат од семените растенија (голосеменици и скриеносеменици) по начинот на размножување - тие немаат цветови и семиња, тие имаат животни циклуси кои вклучуваат смена на генерации, за разлика од голосемениците и скриеносемениците, гаметофитот на папратите е слободноживеачки организам. Постојат 12.000 видови папрати.

Ликоподиумовите растенија се еукариотски, тревести и зимзелени растенија. Пред 330 милиони години егзистирале и џиновски, дрвенести ликоподиуми. Постојат 1.000 видови.

Членестостеблените растенија се растенија кои имаат разгрането стебленце од чиишто јазли поаѓаат гранки кои исто така се членести и прстенесто поредени, живеат на влажни живеалишта, покрај реки, бари, ливади итн. Стеблото со основата поминува во ризом од чии јазли излегуваат корења. Кај повеќето видови стеблото е едногодишно, а ризомот повеќегодишен, така што секоја година се образува ново стебло. Постојат 40 видови.

Голосемените растенија се несистематска група на еднодомни растенија со еднополови цветови, кои се групирани во машки и женски соцветија - шишарки. Тоа се без исклучок дрвенести растенија, со секундарно растење во дебелина. Кај повеќето голосеменици, во секундарното дрво, секундарната кора, а и листовите, се присутни секреторни канали, односно смолни канали во кои се излачува смола. Листовите на голосемениците се иглести или лушпести, со мали исклучоци, тие се вечно зелени - зимзелени и егзистираат неколку години. Тие се одликуваат со присуство на семенов зачеток и семе. При тоа, семеновите зачетоци не се затворени во плодните листови, односно се развиваат на отворениот плоден лист. Подкласи на голосемените растенија се:- четинарите се семени растенија кои произведуваат задрвенети стебла, поседуваат многу фосилни остатоци кои датираат од горен Карбон. Целата група на четинари се состои од околу 550 видови подредени во седум фамилии. Сите седум фамилии најверојатно датираат уште од Мезозоикот.

- цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои имаат голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија, распространети се во суптропските и тропските делови на светот, за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Постојат околу 100 видови цикасови растенија.

- гнетопсиди - постојат 70 видови.

Скриеносемените растенија сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат цветните растенија, кои воедно се и доминантната форма на растенија на Земјата. Тука се вклучени најмногу грмушки и тревести растенија, повеќето познати дрвја освен боровите и другите четинари, како и некои специјализирани растенија од типот на сукуленти, паразити и водни растенија. Има околу 230 000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето копнени екосистеми. Тие се делат на:- монокотиледони - тие се одликуваат со: фиброзен коренов систем; стебла кои ретко се разгранети; листови кои најчесто го обвиткуваат стеблото; цветовите се изградени по троен тип: околуцветник, прашник и плодни листови;

- дикотиледони - имаат два зародишни листови котиледони во ембрионот, спроводните снопчиња се распоредени во прстен, меѓу дрвесината (ксилемот) и флоемот се наоѓа посебно творно ткиво — камбиум, листовите, се со мрежеста нерватура; бројот на цветните составни делови е 4 или 5-кратен, коренчето на ембрионот обично станува главен корен способен за долготраен опстанок; лиската е најчесто расчленета, а нејзините рабови испапчени или назабени.

Page 9: Биологија

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ И

ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈАТА