31
КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час) Наставник: Биљана Темелкова Messages 1 I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ: 1. Наслов на наставната единица: Вежби за повторување и утврдување на тема 1: What do you remember? 2. Наслов на наставната целина: What do you remember? 3. Број/Тип на часот: 8/повторување II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на тема 1: What do you remember? III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работа IV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИ ВОВЕДЕН ДЕЛ: Наставникот го прашува секој ученик да си го спелува своето име. ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги прашува учениците што сѐ се работеше и на што се стави акцент во овој unit, им дава насоки и ги поттикнува учениците да дадат прецизни одговори. Наставникот им објаснува на учениците дека после секоја наставна единица во учебникот се предвидени вежби за утврдување кои ќе им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 12 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите. Потоа откако ќе се израдотат сите шест задачи се пристапува кон работа во парови такашто секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

дневни подготовки-Messages 1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Вежби за повторување и утврдување на тема 1: What do you remember?2. Наслов на наставната целина: What do you remember?3. Број/Тип на часот: 8/повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на тема 1: What do you remember?III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот го прашува секој ученик да си го спелува своето име.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги прашува учениците што сѐ се работеше и на што се

стави акцент во овој unit, им дава насоки и ги поттикнува учениците да дадат прецизни одговори. Наставникот им објаснува на учениците дека после секоја наставна единица во учебникот се предвидени вежби за утврдување кои ќе им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 12 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите. Потоа откако ќе се израдотат сите шест задачи се пристапува кон работа во парови такашто секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот дава зборови за спелување и ги охрабрува учениците

самостојно да спелуваат. Прво кратки зборови, а потоа и подолги.За домашна работа наставникот задава задача Extra reading- Alphabet

world- каде учениците треба да го обработат текстот, да изнајдат непознати зборови и да ги преведат во тетратка, да го научат за изразно читање како и да ги одговорат прашањата поврзани со текстот.

Page 2: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Читање и пишување а краток текст “My secret recipe” 2. Наслов на наставната целина: Descriptions3. Број/Тип на часот: 28/повторувањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да се прочита и разбере краток текст “My secret recipe” и да се напиже сличен на него

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги мотивира учениците да зборуваат за работите кои ги прават среќни со тоа што самиот зборува лично за работите што го прават среќен. Пр. Happy faces, a good joke, obeying children…

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги претставува зборовите happiness, recipe, ingredients,

instructions, mix. Наставникот им соопштува на учениците дека на денешниот час ќе слушнат необичен рецепт кој не се однесува на храна ниту пак на лекарство, наместо тоа Марк ќе зборува за неговиот оригинален рецепт за среќа.Учениците индивидуално го читаат текстот и ги бројат состојките, а наставникот им помага да го разберат значењето на непознатите зборови како на пр. Sunny, surfboard… Повторно го читаат рецептот и се поттикнува дискусија за тоа какво е нивното размислување за рецептот. Наставникот ги охрабрува учениците со помош на придавките кои ги знаат да се обидат да направат рецепт за среќа.Откако секој ученик го осмисли својот рецепт на таблата се лепи хамер хартија и секој од учениците излегува и го запишува својот рецепт. Потоа постерот се илустрира и се декорира со соодветни сликички.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: За крај постерот се изложува на видно место во училницата или во

ходникот на училиштето.

Page 3: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на придавки за опис на личност2. Наслов на наставната целина: Descriptions3. Број/Тип на часот: 29/презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да опише личност по физички и психички карактеристики

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги воведува учениците во авантурите на часот со тоа што започнува разговор или поточно им раскажува за писателот Роберт Луиз Стивенсон (Роден во Единбург 1850-1894, и за неговите попознати новели како и дека освен тоа пишувал приказни, есеи и прекрасни писма.) Интересен за учениците е изразот Jekyll and Hyde кој се употребува за да се опише некој кој во еден момент е лош, а во друг добар.

ГЛАВЕН ДЕЛ: По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се

обидат да кажат што мислат за двете илустрации од учебникот.Наставникот го чита воведниот дел а учениците внимаваат во учебниците. Се објаснуваат новите зборови potion, scientist, drink, change into, become.Наставникот со поставување на прашањата Who drinks the potion? Who is Mr. Hyde? Проверува дали учениците го разбралле текстот и дали разбрале дека и двете личности се всушност една иста.Учениците индивидуално ги читаат речениците со кои се опишани двете личности и ги запишуваат во тетратките во две колони. Се слуша ЦД за да се потврдат и проверат одговорите. Наставникот ги охрабрува учениците придавките кои се запишани во вежба 2, да направат табела со четири категории и да ги сместат во истата. Табелата се пренесува на таблата и се коментира.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале Jekyll and Hyde, а речениците се запишуваат на таблата.

Page 4: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Работа со портфолио-Coursework 2- Important things to me2. Наслов на наставната целина: What have you got?/Descriptions3. Број/Тип на часот: 37/Проектна активностII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Проверка на вештината пишување- проект

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: групна, во парови и индивидуална работа IV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: Учебник, хамер хартија, ножички, фотографии, лепило, фломастери....

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги прашува уениците дали имаат омилени предмети или предмети кои имаат особено значење за нив. Учениците даваат индивидуални одговори.ГЛАВЕН ДЕЛ:

Наставникот им кажува на учениците да отворат учебници на стр. 47 и да го прочитаат текстот за Џек и да забележат за кои негови важни работи пишува. Откако ќе се заврши со читање и откако ќе бидат објаснети сите непознати зборови , одредени ученици читаат дел по дел на глас. Наставникот им дава насоки за понатамошна работа на учениците. Ги насочува да размислуваат што тие имаат да споделат со другарите за нивните работи кои се важни за нив, при тоа да објаснат и зошто е тоа така.Учениците ги запишуваат своите размисли во тетратка, апо тоа идеата ја реализираат на хамер хартија или лист А4 хартија во боја поткрепено со слики.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Доколку има готов производ се презентира од страна на ученикот на своите соученици. Останатите го довршуваат за домашна работа.

Page 5: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Евалвација на целината- проверка на знаењето со тест2. Наслов на наставната целина: What have you got?/Descriptions3. Број/Тип на часот: 37/ЕвалвацијаII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Проверка на знаењето

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: Индивидуална-Оценување со тестIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: Претходно подготвено наставно ливче со содржини

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот им објаснува на учениците како ќе се одвива часот. Пред секој ученик да добие наставно ливче- тест, наставникот ги поставува правилата на работа и бара секој од учениците да се придржува до истите.ГЛАВЕН ДЕЛ:

Секој ученик добива тест, а наставникот ги образложува барањата на секоја од задачите поединечно поткрепена со примери. Учениците работат индивидуално, а наставникот врши постојан надзор. Наставникот ,по барање на ученик дава дополнителни образложенија и помага онаму каде што смета дека е потребно.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Пред завршетокот на часот наставникот ги опоменува учениците за времето и бара да привршуваат. Се собираат тестовите.

Page 6: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на лексички единици-Things you do2. Наслов на наставната целина: My world3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да каже какви активности врши во текот на денот

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги воведува учениците во авантурите на часот со тоа што започнува разговор со учениците за тоа што наставникот прави секој ден. Потоа ги прашува и учениците да кажат барем по една активност која ја прават.

ГЛАВЕН ДЕЛ: По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се

обидат да кажат што прават луѓето на илустрациите и да направат реченици во врска со активностите кои се илустрирани..Наставникот го чита воведниот дел а учениците внимаваат во учебниците. Се пушта ЦД и се слуша текстот I go to a judo club. Се објаснуваат новите зборови. Се слуша по втор пат. Потоа се работи вежба 2б и се одговара на прашањата поставени од страна на наставникот.Учениците индивидуално го читаат текстот и ги пополнуваат речениците од вежба 2ц.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале своите секојдневни активности или уште подобро како минува еден нивни ден. Истата задача се задава за домашна работа да се достави во писмена форма.

Page 7: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на граматички структури-Things you do2. Наслов на наставната целина: My world3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да каже какви активности врши во текот на денот и да се усвои потврдна и одречна форма во Present Simple Tense

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот им кажува на учениците приказна за тоа што прави семејството Смит секој ден и како поминува еден типичен ден на членовите од тоа семејство. Grandma Smith cooks lunch, and Grandpa Smith reads the newspaper or watches TV Потоа ги прашува и учениците да кажат барем по една активност која ја прават.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот на таблата ги изведува формите од глаголот Eat во сите лица и ги посочува спецификите на глаголот во трето лице еднина. Потоа заедно со учениците се прави одречната форма ,повторно со акцент на третото лице еднина.

По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се обидат да направат реченици во врска со активностите кои се прикажани во вежбата со помош на глаголот like.Потоа секој ученик треба да напише во тетратката најмалку три реченици за себеси, и да прочита по една на глас.Вежба 7-Наставникот го чита воведниот дел а учениците внимаваат во учебниците. Учениците индивидуално го читаат текстот и коментираат за типичните активности на тинејџерите во британија. ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале тинејџерите во нашата земја и истото да го пренесат за домашна работа во тетратка.

Page 8: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на лексички единици-Adverbs of frequency2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да се зборува за навики со помош на present simple – adverbs of frequency

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги воведува учениците во авантурите на часот со тоа што започнува разговор со учениците за тоа по што се карактеристични животните кои се прикажани на фотографиите на стр. 58. Се кажуваат имишата на секое животно и се воведуваат нови зборови со запишување на таблата.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот бара од учениците да се обидат да ги поврзат речениците со

илустрациите. Се слуша снимката за да се потврдат одговорите.Наставникот на таблата ја препишува табелата со прилози и го објаснува нивното значење за секој поединечно, а потоа усно се изработува вежба 1ц. Наставникот со помош на примери на таблата го објаснува начинот на употреба на прилозите за фреквентност и ја објаснува нивната местоположба во реченицата. Учениците индивидуално ја работат вежба 3а со цел да се види колку ја разбрале целта на часот. Се читаат речениците, а наставникот врши корекција таму каде што е потребно.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот на таблата пишува реченици со погрешен редослед на зборовите, а учениците се обидуваат да ги состават точно.

Page 9: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Слушање со разбирање и читање-A questionnaire2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да разбере текст преку слушање за навики со помош на present simple – adverbs of frequency

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот им кажува на учениците да го погледнат прашалникот на стр. 59 Наставникот поставува прашања на пр. Who is it for? How do you know? Се појаснува значењето на зборот habit. Исто така се појаснува секој нов термин на кој ќе се наиде во текот на слушањето.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им дава до знаење на учениците дека ќе го слушаат Бен како

чита за своите навики- ќе ги чита прашањата и одговорите. Се пушта снимката и за време на слушањето учениците ги бележат одговорите кои ќе ги слушнат. Потоа некои ученици ги кажуваат одговорите во трето лице еднина.Наставникот предходно ги потсетува учениците дека глаголот се мебува во трето лице еднина. Потоа секој ученик во тетратката запишува одговор лично за себе според прашалникот.Се работи вежба 5 на стр.59, наставникот им кажува на учениците да ги погледнат илустрациите и ги запишува придавките на таблата со објаснување на нивното значење. Потоа во парови се изведува разговор со прашања и одговори поврзани со илустрациите.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот бара од учениците да ги пронајдат сите придавки во вежбите

3-5 и да ги запишат во две колони позитивни и негативни.

Page 10: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на вокабулар-Food and drink2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да го разбере вокабуларот поврзан со храна и пијалоци и да го употреби соодветно во реченица

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот им кажува на учениците да ги погледнат илустрациите на страна 60 и да кажат кои од нив знаат како се викаат на англиски. Се слуша снимката и се повторува секој збор кој ќе го слушнат. Исто така се појаснува секој нов термин на кој ќе се наиде во текот на слушањето.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им задава на учениците задача секој од нив во тетратката да

запишат по неколку реченици за тоа која храна ја сакаат или не ја сакаат. Секој ученик чита што запишал. Се работи вежба 2 каде учениците го вежбаат правилниот изговор на речениците. Се слуша и се повторува. Потоа се делат на две групи каде едните ги кажуваат прашањата, а другите одговорите и обратно.Потоа се работи на изговор на согласки каде учениците ги бараат зборовите кои според нивниот изговор припаѓаат на групата. ЗАВРШЕН ДЕЛ: Секој ученик се обидува да направи што е можно повеќе зборови од буквите TBOMRUCHNEASIFDSLKG

.

Page 11: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Препознавање и употреба на лексичките единици-Food and drink- читање и слушање2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: /вежби-презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да го разбере и препознае вокабуларот поврзан со храна и пијалоци и да го употреби соодветно во реченица

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Секој ученик се обидува да направи што е можно повеќе зборови од буквите TBOMRUCHNEASIFDSLKG

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците да отворат на стр. 61 и да ја

анализираат фотографијата. Учениците одговараат на прашањата Who is he? Where is he? Откако ќе се утврди за кого станува збор наставникот им кажува на учениците да ги затворат учебниците затоа што ќе слушаат разговор во кафетеријата помеѓу Џо и Камико. Камико прави анкета во врска со Англиската храна и му поставува на Џо неколку прашања. Учениците после слушањето на снимката треба да одговорат на прашањето Which meals do they talk about? Потоа наставникот им кажува на учениците да се обидат да го пополнат дијалогот со зборовите кои недостасуваат, и повторно се слуша снимката за да се уверат во своите одговори.Наставникот им задава на учениците задача секој од нив да го прочита текстот од вежба 4, тоа е извештајот од анкетата на Тамико и со тоа да ги проверат своите одговори во вежба 3б. Се појаснуваат непознати зборови и доколку е возможно се чита на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Учениците работат во парови и меѓусебно си поставуваат прашања во врска со храна пр. What do you usually have for breakfast?За домашна работа секој ученик треба да напише извештај за нештата што ги јаде и да појасни некои традиционални јадења кои се застапени во македонската кујна.

Page 12: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Обработка на лексички единици The time, Daily routines2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: /вежби-презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да го разбере и препознае вокабуларот поврзан со искажување секојдневни рутински дејствија и да препознае час и ориентација за време

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Се читѕаат примери од домашната работа – Извештај за традиционална македонска храна.Наставникот прашува колку е часот и очекува од учениците одговор на истото. Потоа прашува What time do you get up? When do you go to school? И тн. И добива одговори од учениците.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците дека ќе работат време, час и

искажување на рутински дејствија и им кажува да отворат на стр. 62. Уќениците ја работат вежба 1 каде што треба да ги подредат дадените часовни времиња хронолошки почнувајќи од најмалото. Учениците ги читаат своите одговори, а потоа се слуша снимка за да се проверат истите. Наставникот на таблата црта три часовници кои означуваат различно време, поставува прашање What’s the time?- и извлекува одговор од одредени ученици.Се работи вежба 2, се подредуваат сликите со соодветните реченици за да се добие претстава за тоа како тече еден ден на Кити Џордан.Потоа наставникот им кажува на учениците да се обидат да погодуваат во колку часот ја прави секоја опишана активност.Се слуша вежба 3 каде Кити појаснува точно што и во колку часот прави во текот на денот.ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот им задава на учениците задача број 4, во парови да се поставуваат прашања наизменично за рутинските активности кои учениците секојдневно ги прават.

Page 13: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Обработка на лексички единици The silent powers2. Наслов на наставната целина: I’m usually late3. Број/Тип на часот: вежби-читањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да разбере текст преку слушање и читање

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот бара од учениците да ги именуваат трите карактери кои се среќаваат во претходните поглавја: Sophie Case, Seth Case and Mr. Neil –Наставникот ги запишува на таблата. Се обрнува внимание на насловот на поглавјето и се прашуваат учениците што се знаат за белата дама.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците го погледнат првиот дел на текстот.

Се пушта снимката до половина. Се појаснуваат нови зборови- ride, go riding. Наставникот поставува неколку прашања со цел да се утврди дали учениците го разбрале текстот.Is Sophie a bit scared of Mr. Neil? Do dogs usually understand everything people say?Who is Epona?Се слуша вториот дел од текстот, а потоа наставникот чита и преведува за подобро да се разбере содржината. Се продолжува со поставување на прашања за разбирање: Where does the strange light come from? Who is the woman near the window? When the Silent Powers need someone, what do they do? Can Sophie talk to Seth about the mission?Се слуша целиот тектс и наставникот прашува: The Silent powers have chosen Sophie for a mission, what mission, can you guess? What could be the Circle of Seven?ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот им задава на учениците задача да ја решат индивидуално загатката- да го откријат скриениот збор од буквите. Се врши проверка на задачата и корекција каде што е потребно.

Page 14: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Вежби за повторување и утврдување на тема 6: I’m usually late!2. Наслов на наставната целина: I’m usually late!3. Број/Тип на часот: повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на тема 6: I’m usually late!III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот го прашува секој ученик да си го спелува своето име.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги прашува учениците што сѐ се работеше и на што се

стави акцент во овој unit, им дава насоки и ги поттикнува учениците да дадат прецизни одговори. Наставникот им објаснува на учениците дека овие вежби за утврдување ќе им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 64 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите на компјутер во програма office writer и ги зачувуваат во папката по англиски јазик. Потоа откако ќе се изработат сите шест задачи се пристапува кон работа во парови такашто секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот дава зборови за спелување и ги охрабрува учениците

самостојно да спелуваат. Прво кратки зборови, а потоа и подолги.За домашна работа наставникот задава задача Extra reading- My name is

Dion- каде учениците треба да го обработат текстот, да изнајдат непознати зборови и да ги преведат во тетратка, да го научат за изразно читање како и да ги одговорат прашањата поврзани со текстот.

Page 15: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Module 3- утврдување

2. Наслов на наставната целина: : I’m usually late!3. Број/Тип на часот: повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на тема 6: I’m usually late!III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот го прашува секој ученик да си го спелува своето име.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги прашува учениците што сѐ се работеше и на што се

стави акцент во овој unit, им дава насоки и ги поттикнува учениците да дадат прецизни одговори. Наставникот им објаснува на учениците дека овие вежби за утврдување ќе им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 66-67 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите во тетратка. Една по една задача се работи во парови такашто секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот дава зборови за спелување и ги охрабрува учениците

самостојно да спелуваат. Прво кратки зборови, а потоа и подолги.

Page 16: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:

1. Наслов на наставната единица: Самооценување на учениците за Module 3

2. Наслов на наставната целина: : I’m usually late!3. Број/Тип на часот: повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на Module 3

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот го прашува секој ученик да каже на што најмногу се сеќава од изминатите две теми и што се се изучуваше во нив.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им објаснува на учениците дека овие вежби за утврдување

ќе им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 67 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите во тетратка. Една по една задача се работи во парови такашто секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот дава листови за самооценвање на учениците и секој ученик

индивидуално се оценува и го предава листот.

Page 17: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Работа со портфолио-Coursework 2- Important things to me2. Наслов на наставната целина: Мy world/ I’m usually late!3. Број/Тип на часот: Проектна активностII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Проверка на вештината пишување- проект

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: групна, во парови и индивидуална работа IV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: Учебник, хартија, ножички, фотографии, лепило, фломастери....

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги прашува уениците дали имаат омилени активности кои имаат особено значење за нив. Учениците даваат индивидуални одговори.ГЛАВЕН ДЕЛ:

Наставникот им кажува на учениците да отворат учебници на стр. 47 и да го прочитаат текстот за Џек и да забележат за кои негови дневни активности пишува. Откако ќе се заврши со читање и откако ќе бидат објаснети сите непознати зборови , одредени ученици читаат дел по дел на глас. Наставникот им дава насоки за понатамошна работа на учениците. Ги насочува да размислуваат што тие имаат да споделат со другарите за нивните секојдневни активности и за тоа како изгледа еден нивни типичен ден. Учениците ги запишуваат своите размисли во тетратка, а потоа идејата ја реализираат на хамер хартија или лист А4 хартија во боја поткрепено со слики.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Доколку има готов производ се презентира од страна на ученикот на своите соученици. Останатите го довршуваат за домашна работа.

Page 18: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:

1. Наслов на наставната единица: оценување на учениците за Module 3-тест

2. Наслов на наставната целина: : I’m usually late!3. Број/Тип на часот: повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: оценување на учениците на Module 3

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги дели листовите со претходхо подготвени задачи.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците да ги разгледуваат дадените задачи

и ги појаснува истите поединечно. Наставникот дава насоки за работа, а учениците индивидуално ги работат задачите. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг на работата, особено кај послабите ученици. ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот дава листови за самооценвање на учениците и секој ученик индивидуално се оценува и го предава листот.

Page 19: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО П,ЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на лексички единици-HOMES2. Наслов на наставната целина: AT HOME3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да опише различни домови и да разбере опис на домот од соништата

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги прашува учениците Where are we? За да го добие зборот room-classroom. Потоа ги прашува и учениците да кажат барем по една соба како се вика на англиски.

ГЛАВЕН ДЕЛ: По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се

фокусираат на куќата и да ги поврзат зборовите со соодветен дел од неа. Се слуша за проверка и се пишуваат зборовите на табла со превод.Наставникот им кажува на учениците да внимаваат во учебниците, да ги разгледаат сликите од вежба 2 и да се обидат да го пронајдат вистинскиот опис за секоја од нив. Се пушта ЦД и се слуша за да се проверат одговорите. Се објаснуваат новите зборови. Се слуша по втор пат. Учениците индивидуално го читаат текстот на глас.ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале своите кучи од соништата.

Page 20: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на лексички единици-HOMES2. Наслов на наставната целина: AT HOME3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да опише различни домови и да разбере опис на домот од соништата

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот ги прашува учениците what’s there in our classroom ? Учениците именуваат предмети.

ГЛАВЕН ДЕЛ: По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се

фокусираат на примерите и да ги пополнат зборовите што недостасуваат. Наставникот им ја објаснува употребата на формите на табла. Учениците пишуваат по неуфлку реченици за тоа што има а што нема во училницата.Наставникот им кажува на учениците да внимаваат во учебниците, да ги разгледаат сликите од вежба 5 и да се обидат да го пронајдат вистинскиот акцент на секоја од зборовите во поемата. Се пушта ЦД и се слуша за да се проверат одговорите. Се објаснуваат новите зборови. Се слуша по втор пат. Учениците индивидуално ја читаат поемата на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале

своите кучи од соништата.

Page 21: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Презентирање на лексички единици-HOMES2. Наслов на наставната целина: AT HOME3. Број/Тип на часот: /презентирањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да опише различни домови и да разбере опис на домот од соништата

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Секој ученик се обидува да направи што е можно повеќе зборови од буквите TBOMRUCHNEASIFDSLKG

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците да отворат на стр. 61 и да ја

анализираат фотографијата. Учениците одговараат на прашањата Who is he? Where is he? Откако ќе се утврди за кого станува збор наставникот им кажува на учениците да ги затворат учебниците затоа што ќе слушаат разговор во кафетеријата помеѓу Џо и Камико. Камико прави анкета во врска со Англиската храна и му поставува на Џо неколку прашања. Учениците после слушањето на снимката треба да одговорат на прашањето Which meals do they talk about? Потоа наставникот им кажува на учениците да се обидат да го пополнат дијалогот со зборовите кои недостасуваат, и повторно се слуша снимката за да се уверат во своите одговори.Наставникот им задава на учениците задача секој од нив да го прочита текстот од вежба 4, тоа е извештајот од анкетата на Тамико и со тоа да ги проверат своите одговори во вежба 3б. Се појаснуваат непознати зборови и доколку е возможно се чита на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Учениците работат во парови и меѓусебно си поставуваат прашања во врска со храна пр. What do you usually have for breakfast?За домашна работа секој ученик треба да напише извештај за нештата што ги јаде и да појасни некои традиционални јадења кои се застапени во македонската кујна.

Page 22: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Вежби за повторување и утврдување на тема 9: At the moment2. Наслов на наставната целина: At the moment3. Број/Тип на часот: повторување

II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: повторување и утврдување на тема 9: At the moment III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот го прашува секој ученик да каже каква облека носи другарчето до него.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот прво ги прашува учениците што сѐ се работеше и на што се

стави акцент во овој unit, им дава насоки и ги поттикнува учениците да дадат прецизни одговори. Наставникот им објаснува на учениците дека предвидените вежби се со цел да им помогнат на учениците да добијат појасна слика за тоа до кој степен го совладале материјалот. Им кажува на учениците да ги отворат учебниците на стр. 100 и заедно ги разгледуваат дадените задачи и ги појаснуваат. Наставникот дава насоки за работа, а учениците прво индивидуално ги работат задачите. Потоа откако ќе се изработат сите шест задачи се пристапува кон работа во парови така што секој ученик ја разменува својата тетратка со друг . Се оценуваат меѓусебно. Во текот на часот наставникот врши постојан мониторинг и помага во работата, особено кај послабите ученици. За крај се врши конечна проверка со запишување на таблата или читање на глас.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот дава зборови за спелување и ги охрабрува учениците

самостојно да спелуваат. Прво кратки зборови, а потоа и подолги.За домашна работа наставникот задава задача Extra reading- Sports fans-

каде учениците треба да го обработат текстот, да изнајдат непознати зборови и да ги преведат во тетратка, да го научат за изразно читање како и да ги одговорат прашањата поврзани со текстот.

Page 23: дневни подготовки-Messages 1

КРАТКОРЧНО ПЛАНИРАЊЕ (оперативен план за час)Наставник: Биљана Темелкова

Messages 1

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:1. Наслов на наставната единица: Обработка на лексички единици The silent powers-Pictures in the water2. Наслов на наставната целина: At the moment3. Број/Тип на часот: вежби-читањеII. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ: Да може да разбере текст преку слушање и читање

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: аудио-лингвален, аудио-визуелен, дијалошки, групна, во парови и индивидуална работаIV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: учебник, табла, маркер, тетратка, ЦД

V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставникот на таблата црта план на местата кои што до сега се споменати во приказната. Учениците имаат задача да ги идентификуваат местата. Се обрнува внимание на насловот на поглавјето и се прашуваат учениците што се знаат за приказната до сега.

ГЛАВЕН ДЕЛ: Наставникот им кажува на учениците го погледнат текстот.Прашува

Where is Sophie? Whose faces can Sophie see? What’s the name of the dog? Се пушта снимката. Се појаснуваат нови зборови прво работат во парови и секој збор кој не можат да го објаснат го запишуваат во тетратката. Наставникот оди по текстот и ги појаснува непознатите зборови и термини.Наставникот поставува неколку прашања со цел да се утврди дали учениците го разбрале текстот.Why does Sophie want to go home? What can she see in the water? Is the Red Queen destroying the Silent Powers? ……Се слуша целиот тектс по втор пат додека учениците внимаваат во учебникот и наставникот прашува: The Silent powers have chosen Sophie for a mission, what mission, can you guess? What could be the next place?ЗАВРШЕН ДЕЛ: Наставникот им задава на учениците задача да ја решат индивидуално загатката- да го откријат скриениот збор од буквите. Се врши проверка на задачата и корекција каде што е потребно.