33
План за час по англиски јазик Одделение седмо одделение Наставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот! Наставна единица 1. Презентација на текстот “Најлошиот ден во мојот живот!“ Датум 24.02.2012 Цели на часот Ученикот да може: да усвои нов вокабулар кој се среќава во текстот да го увежба читањето на текстот Фази на часот Активности Воведен дел (5 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата на страна 38 и од учениците бара да му објаснат што гледаат на сликата. Тој ги потсетува на претходниот текст и ги прашува што се случи тогаш. Наставникот ги прашува учениците дали можат да го преведат насловот на текстот и што мислат дека се случило. Главен дел (25 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го прочитаат текстот. Наставникот повторно го пушта текстот за учениците да го повторат слушнатото читајќи го текстот од учебникот. Наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите. Наставникот бара учениците да ја споредат сликата со онаа на страница бр.12 и да откријат што украле провалниците. Наставникот ги прашува учениците кои зборови им се непознати и дали можат да го откријат нивното значење од контекстот на речениците. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки. Завршен дел Во парови учениците го читаат првиот дел од Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

дневни подготовки -VII одд.-тема бр.4

Embed Size (px)

Citation preview

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 1. Презентација на текстот “Најлошиот ден во мојот живот!“Датум 24.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар кој се среќава во текстот да го увежба читањето на текстот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата на страна 38 и од

учениците бара да му објаснат што гледаат на сликата. Тој ги потсетува на претходниот текст и ги прашува што се случи тогаш. Наставникот ги прашува учениците дали можат да го преведат насловот на текстот и што мислат дека се случило.

Главен дел (25 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го прочитаат текстот. Наставникот повторно го пушта текстот за учениците да го повторат слушнатото читајќи го текстот од учебникот. Наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите. Наставникот бара учениците да ја споредат сликата со онаа на страница бр.12 и да откријат што украле провалниците.Наставникот ги прашува учениците кои зборови им се непознати и дали можат да го откријат нивното значење од контекстот на речениците. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Во парови учениците го читаат првиот дел од текстот поделен по улоги. Потоа самите си го оценуваат своето читање според дадени критериуми. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, природен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, читање на текст)

Додатна активност Учениците ги читаат и ги одговараат прашањата од вежба бр.1/стр.39.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, превод, усни одговори на прашања), усна повратна информација, самооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат и го преведуваат текстот.Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го читаа дадениот текст

и одговараа на прашањата поврзани со него. Тие имаа само неколку непознати зборови чие значење се обидоа да го откријат од самиот контекст на речениците во кои беа употребени. Не беа забележани некои посебни потешкотии во текот на часот. Најинтересна активност на учениците им беше самооценувањето на нивното читање кое според некои ученици не беше објективно од страна на оние самите кои си го оценуваа читањето. Кога би го повторила истиот час би можела да применам квиз поврзан со самиот текст.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 2. Комуникативен модел: прашања за количина и ценаДатум 27.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на текстот од претходниот час да го усвои и увежба комуникативниот модел: прашања за

количина и за цена

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да го отворат следниот линк http://www.makeaquiz.net/quiz.php?quiz=35113&k= 95262befc574bad9793376e2525c9ea3 и да го решат дадениот квиз поврзан со текстот од претходниот час (Најлошиот ден во мојот живот!). Потоа, учениците ги споредуваат нивните резултати од квизот.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да му набројат неколку бројни и неколку небројни именки. Наставникот ги поучува прашањата за количина со “How many/ How much..?”. Тој запишува неколку примери на таблата, а учениците ги запишуваат истите во нивните тетратки. Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба бр.3/стр.39 за учениците да го слушнат и да го повторат слушнатото. Потоа, во парови учениците прашуваат и искажуваат количина.Наставникот објаснува дека прашањата со How much..? се користат и за искажување на цена. Тој го насочува вниманието на примерот од вежба бр.4 и го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го повторат слушнатото. Во парови, учениците составуваат слични дијалози и за останатите слики од оваа вежба.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку именки на таблата и од учениците бара да ги запишат истите во табела со две колони –бројни и небројни именки. Неколку ученици излегуваат на таблата и ги запишуваат нивните одговори во табелата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на практична работа, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност http://ww2.collegeem.qc.ca/prof/epritchard/countnc.htm Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, усни одговори на прашања, учество во кратки дијалози), усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разликуваат бројни и небројни именки и правилно ги применуваат прашалните зборови “How many/ How much..?”.

Рефлексија на часот Учениците разликуваат бројни и небројни именки и соодветно ги применуваат прашањата со “How many/ How much..?”. Кај мал дел од учениците беа забележани потешкотии при решавање на вежбите и им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше квизот. Кога би го повторила истиот час не би менувала ништо бидејќи целите на часот беа постигнати, а часот им беше интересен на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 3. Изговор на гласовите /tʃ/, /ʤ/ и /ј/ во зборовитеДатум 29.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на комуникативниот модел: прашања за количина и за цена

да го увежба изговорот на гласовите /tʃ/, /ʤ/ и /ј/ во зборовите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да го отворат следниот линк http://ww2.collegeem.qc.ca/prof/epritchard/countnc.htm и да ги поделат именките на бројни и небројни именки.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги запишува трите симболи на таблата (/tʃ/, /ʤ/ и /ј/) и им објаснува на учениците дека на некои ученици овие гласови им се тешки за изговор. Тој го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги повторат слушнатите зборови. Наставникот повторно го пушта аудиозаписот и бара од учениците тивко со нивниот партнер да го увежбаат изговорот на слушнатите гласови.Наставникот им објаснува на учениците дека гласот /tʃ/ обично е претставен со буквите “ch” , гласот /ʤ/ е претставен со буквите “j” или “д” и гласот /ј/ со буквата “y”.Наставникот го пушта вториот дел од аудиозаписот за учениците да го обележат зборот кој го слушаат. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Наставникот ја пушта брзозборката за учениците да ја слушнат и да ја повторат се побрзо и побрзо.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче во кое учениците треба да ги дополнат речениците со зборовите “many” или “much” потсетувајќи се на комуникативниот модел од претходниот час.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на практична работа, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (изговор, граматички структури)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Неколку ученици го читаат и го преведуваат текстот Најлошиот ден во мојот живот!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, изговор), усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците разликуваат бројни и небројни именки, правилно ги применуваат прашалните зборови “How many/ How much..?” и соодветно ги изговараат гласовите /tʃ/, /ʤ/ и /ј/.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа изговорот на гласовите обележани со симболите /tʃ/, /ʤ/ и /ј/ и ги разликуваа бројните и небројните именки увежбувајќи ги преку интерактивна вежба која им беше најинтересна активност на овој час. Тие решаваа вежба со вметнување на зборовите “many” или “much” во речениците потсетувајќи се на комуникативниот модел од претходниот час. Сите ученици учествуваа во активностите и не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да побарам од учениците да се потсетат на зборови кои ги содржат овие гласови и да го поттикнам натпреварувачкиот дух меѓу учениците со тоа што би можеле да бидат поделени во групи, а победник да биде групата со најмногу напишани зборови кои ги содржат гласовите /tʃ/, /ʤ/ и /ј/.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 4. Граматика: Степенување на придавките- суперлативДатум 02.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на придавките во компаратив да ги усвои и увежба формите на придавките во суперлатив

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот црта три планини на таблата и ги обележува со буквите A, B и C. Потоа наставникот вели “Mountain A is hiдher than mountain B. Mountain C is the hiдhest”. Наставникот бара од учениците да ја пронајдат придавката во овие реченици и да ја подвлечат.

Главен дел (20 мин) Наставникот црта табела со три колони на таблата (основна форма, компаратив и суперлатив) и во овие колони ги запишува формите на придавката “hiдh” (hiдher-the hiдhest). Потоа, од учениците бара да ја пополнат третата колона со формите на придавките во суперлатив (вежба бр.1/стр.40). Неколку ученици ги запишуваат придавките на таблата.Вежба бр.2. Учениците ги запишуваат прашањата следејќи го дадениот пример, а потоа се обидуваат да ги одговорат. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Потоа, во парови прашуваат и одговараат на прашањата од оваа вежба.

Завршен дел (10мин) Учениците го читаат текстот од вежба бр.3 и го дополнуваат со формите на придавките во суперлатив. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите во одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на практична работа, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите,граматички структури)

Додатна активност Наставникот запишува неколку реченици на таблата и од учениците бара да ги дополнат истите со форми на придавките во компаратив или во суперлатив. (На пр. Ben is __________ (tall) than Mike, but Sam is ____________ (tall).)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во кратки дијалози, читање, превод), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување во парови и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги применуваат придавките во суперлатив.Рефлексија на часот Учениците се потсетија на формите на придавките во компаратив и

ги усвоија формите на придавките во суперлатив. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот и сите учествуваа во предвидените активности. Неколку ученици имаа потреба од мала помош при решавање на вежбите. Најинтересна активност им беше вежба бр.2 каде самите се обидоа да одговорат на прашањата и имаше доста интересни одговори. Кога повторно би го одржала истиот час би применила интерактивна вежба од интернет со форми на придавките во компаратив и суперлатив.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 5. Граматика: употреба на прилози за количина (a lot/a lot of, a few, a

little)Датум 05.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои прилозите за количина a lot/a lot of, a few, a little и нивната употреба

да искаже количина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува три реченици на таблата и бара од учениците да направат реченица во која ќе употребат придавки во компаратив и суперлатив. На пр. Sam is 176 cm tall. Bob is 187 tall. Tim is 180 cm tall.= Tim is taller than Sam, but Bob is the tallest.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.4/стр.41 и објаснува дека “coins” е бројна именка, а додека “money” е небројна. Потоа, ги прашува учениците дали се сеќаваат колку плочи биле украдени од домот на Џеф (a lot) и колку останале (a few). Наставникот бара од учениците да ги прочитаат речениците под сликите и да го дополнат правилото дадено под вежба бр.4. Еден ученик го чита правилото за останатите од одделението.Вежба бр.5. Наставникот го насочува вниманието на сликата од оваа вежба и ги прашува учениците каде ќе одат Naseem и Sally (на фудбалски натпревар). Потоа, учениците го читаат дијалогот и ги дополнуваат речениците со соодветните прилози за количина. Тие ги запишуваат речениците во нивните тетратки и ги проверуваат нивните одговори со партнер, а неколку ученици го читаат дијалогот.

Завршен дел (10мин) Учениците ги решаваат интерактивните вежби од интернет со цел да ги увежбаат бројните и небројните именки и употребата на прилозите за количина a few, a little. (http://www.learnenglish.org.uk/CET/flashactivities/little_few01.html , http://baladre.info/english/sedaviwebfront/fewlittle.htm ). Според добиените резултати учениците се самооценуваат себеси и своето познавање на прилозите за количина.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на практична работа, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр. 7. Потоа бара од учениците да пронајдат некој познат поим во речник и да откријат што значат дадените кратенки во речникот (adj, adv, v, n, conj, plur, pron, sinд)

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во кратки дијалози, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, самооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги применуваат прилозите за количина a lot/a lot of, a few, a little.

Рефлексија на часот Учениците разликуваат бројни и небројни именки и правилно ги применуваат прилозите за количина. Тие ги увежбаа истите преку интерактивни вежби на интернет и во текот на овој час не беа забележани некои потешкотии, освен кај двајца ученици кои имаат послаби оцени и на кои им беше потребна помош. Најинтересна активност им беа толкму интерактивните вежби. Кога повторно би го одржала истиот час би применила интерактивна вежба од интернет со употреба на прилозите “many/much” за да се потсетат учениците на нивната примена (http://www.1-language.com/englishcourse/unit14_grammar_exs2.htm )

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 6. Вежби- употреба на компаратив и на суперлатив кај придавкитеДатум 07.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ја увежба примената на компаратив и на суперлатив кај придавките

да ги увежба формите на придавките во компаратив и во суперлатив

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку придавки на таблата и од учениците бара истите да ги запишат во компаратив и во суперлатив. Неколку ученици излегуваат на таблата и ги запишуваат нивните одговори за останатите од одделението.

Главен дел (20 мин) Наставникот црта табела на таблата во која се дадени неколку податоци за три лица (на пр. висина, тежина, боја на коса и сл.). Потоа од учениците бара да напишат пет реченици во кои ќе имаат искажано споредба помеѓу овие лица со примена на придавки во компаратив и во суперлатив. Пет ученици излегуваат на таблата за да ги запишат нивните реченици.Учениците ја решаваат следнава вежба на нивните компјутери http://www.learn-english-today.com/lessons/lesson_contents/adjectives-ex.html

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со реченици во кои учениците треба да ги заокружат соодветните форми на придавките. Наставникот ги објаснува критериумите за оценување на оваа вежба.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на практична работа, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците запишуваат две вистинити реченици во кои имаат употребено придавки во компаратив и во суперлатив.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче, бодовна скала и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги применуваат придавките во компаратив и во суперлатив.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на формите на придавките во компаратив и во суперлатив преку вежби, а потоа го утврдија своето познавање на истите преку решавање на вежба (наставно ливче). Најинтересна активност на учениците им беше вежбата од Интернет, а кога би го повторила истиот час би можела да применам квиз или игра која ќе го поттикне натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 7. Усвојување на нов вокабулар- опис на луѓе (физички и

карактерни особини)Датум 09.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои новите зборови со кои се именуваат физички и карактерни особини кај луѓето

да состави едноставни искази применувајќи го новиот вокабулар

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Потоа, наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр1 на страница 42 и бара од учениците да ја опишат девојката која ја гледаат на сликата, односно нејзиниот надворешен изглед (боја на коса, очи, и сл.).

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат описот кој Сара го има дадено за самата себе. Потоа наставникот поставува неколку прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите. Ученици- доброволци го читаат текстот за останатите од одделението. Наставникот бара од учениците да го погледнат текстот и да ги откријат деловите од телото кои се опишани во истиот. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнер.Вежба бр.2. Наставникот ги чита дадените примери и ги запишува зборовите на таблата (polite, rude), а од учениците бара да воочат какви се овие зборови (антоними, искажуваат спротивности). Наставникот ги запишува и останатите зборови на таблата и бара од учениците да ги поврзат зборовите со останатите слики и реченици од вежбата. Учениците ги запишуваат зборовите во нивните тетратки и ги слушаат и повторуваат слушнатите искази од аудиозаписот. Наставникот ги прашува учениците кои карактеристики се најпозитивни, а кои се најнегативни и зошто. Учениците го гледаат краткиот видеозапис со придавките со кои се опишуваат карактерни особини (http://www.youtube.com/watch?v=AHrIwPniA6k&feature=related ) Наставникот ги поучува фразите interested in, crazy about, дood at, terrible со кои се искажуваат интереси и способности на лица.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува уште неколку зборови на таблата со кои се опишува карактерна особина и бара од учениците да ги пронајдат нивните значења во речник. Тие ги запишуваат нивните одговори во тетратките, а неколку ученици ги запишуваат и на таблата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да нацртаат табела со две колони. Во првата колона да ги запишат фразите од вежба бр.3, а потоа да пронајдат двајца ученици од одделението на кои се однесува или кои се опишани со секоја од овие фрази.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија зборовите со кои се опишуваат физички и карактерни особини кај луѓето.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија и ги увежбаа предвидените зборови и фрази со кои се опишуваат физички и карактерни особини кај луѓето. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше вежба бр.3. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам краток видеозапис со уште неколку придавки со кои се опишува личноста (http://www.youtube.com/watch?v=Re_V517kTG0 ) за учениците да го збогатат својот вокабулар.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 8. Култура: социологија-другарствоДатум 12.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го збогати својот речник со нови зборови да искаже свое размислување за дадена тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги прашува учениците дали имаат многу пријатели и што за нив значи поимот пријателство. Наставникот дистрибуира ливче на кое е дадено зборчето “пријателство“ (friendship), а учениците во групи треба да напишат неколку зборови кои ги асоцираат на овој збор.

Главен дел (20 мин) Наставникот им објаснува на учениците дека ке прочитаат текст за едно меѓународно истражување за размислувањата на тинејџерите поврзано со поимот “пријателство“ (friendship). Наставникот ги прашува учениците што мислат тие што е поважно да има еден пријател- добар изглед или добар карактер. Учениците ги искажуваат нивните размислувања.Учениците го читаат текстот (вежба бр.1/стр.43) и ги поврзуваат параграфите со дадените наслови. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците во нивните тетратки.Неколку ученици ги читаат петте делови од текстот, а потоа учениците одговараат на прашања од наставникот.

Завршен дел (10мин) Наставникот дава инструкции за решавање на вежба бр.2. Имено учениците треба да одберат од понудените квалитети и да запишат кои се најважни за едно пријателство според нив, а кои се неважни. При оваа активност учениците работат во групи. Тие потоа ги изнесуваат своите размислувања за останатите во одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, работно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, комуникативен метод, техника на учење- грозд, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците го преведуваат текстот од вежба бр.1/стр.43.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, преведување, вежби, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат и преведуваат текстот и искажуваат свои ставови и мислења поврзани со темата “пријателство“.

Рефлексија на часот Учениците во групи запишаа неколку зборови кои ги асоцираа на поимот “пријателство“ (friendship). Тие го читаа и преведуваа текстот и ги искажуваа нивните ставови и размислувања поврзани со пријателството помеѓу луѓето. На двајца ученици им беше потребна помош при читањето и разбирањето на дадениот текст, а други потешкотии не беа забележани во текот на часот. Најинтересна активност на учениците им беа активностите во групи, а кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам квиз поврзан со темата “пријателство“.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 9. Вештини: читање со разбирање на тема “Мојот најдобар

пријател”Датум 14.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба читањето на дадениот текст да одговори на прашања поврзани со текстот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот дистрибуира работно ливче (warm up activity) на кое се дадени неколку познати придавки, а учениците треба да запишат имиња на двајца нивни соученици кои се опишуваат со некоја од тие придавки, односно ги имаат тие карактерни особини.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги прашува учениците што мислат тие- дали сите тинејџери имаат некого кој го нарекуваат “најдобар” пријател и дали тие имаат најдобар пријател. Потоа, наставникот бара од учениците да ја погледнат дадената слика од вежба бр.1/стр.44 и да погодат колку години би можел да има овој лик и зошто му е лицето обоено.Учениците го читаат текстот за Дени и ги поврзуваат насловите со дадените параграфи. Наставникот ги проверува нивните одговори.Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Неколку ученици го читаат текстот за останатите во одделението.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.2. Наставникот го чита дадениот пример. Потоа, во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, работно ливче, компјутер, проектор, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот пушта песничка наречена “My best friend forever” (http://www.youtube.com/watch?v=g9fBQYE-S5o&feature=related ) за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат според дадениот текст.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, преведување, вежби, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат и преведуваат текстот и одговараат на прашања поврзани со истиот.

Рефлексија на часот Учениците го читаа дадениот текст и одговараа на прашања поврзани со истиот. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност на учениците им беше активноста за загревање (warm up activity), а кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам игра (на пр. погоди ја личноста или соученикот).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 10. Вештини: пишување на краток состав на тема “Мојот најдобар

пријател”Датум 16.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да напише краток состав за својот најдобар пријател да работи индивидуално

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот бара од учениците да го отворат следниот линк на нивните компјутери и да ја погледнат кратката брошура на тема “Мојот најдобар пријател” која наставникот ја има изработено во согласност со дадениот модел за пишување во учебникот (http://www.storyjumper.com/book/index/4730742/My-best-friend ).

Главен дел (30 мин) Наставникот го насочува вниманието на дадениот модел за пишување на краток состав на тема “Мојот најдобар пријател” и им објаснува на учениците што се може да содржи нивниот краток состав и според кои критериуми ќе биде оценуван.Учениците одбираат како ќе го пишуваат нивниот краток состав- на компјутерот или на лист хартија. Наставникот им дава доволно време за да го напишат нивниот краток состав во кој ги опишуваат нивните најдобри пријатели.

Завршен дел (5мин) Ученици- доброволци ги читаат нивните напишани состави за останатите од одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, хартија, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на пишување на краток состав, комуникативен метод, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците даваат примери за најлошиот избор за пријател на напуштен остров. Тоа може да се личности од нивната фамилија, опкружување или познати личности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (пишување на краток состав), холистичка листа за оценување на краток состав, писмена повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците пишуваат краток состав на дадена тема.Рефлексија на часот Учениците пишуваа состав на тема “Мојот најдобар пријател”

обидувајќи се да ги опфатат бараните информации за личноста која ја опишуваат. Во текот на часот не беа забележани некои посебни потешкотии. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да им презентирам на учениците како да изработат кратка брошура користејќи ја програмата www.storyjumper.com .

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 11. Песничка: “Едноставно најдобар!”Датум 19.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да може глобално да го разбере прочитаниот текст - песничка да може да одговори на прашања во врска со слушан текст -

песничка да може ги вметне дадените зборови на точното место по

смисла во песничката

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги запознава учениците со целите и со содржината на часот. Тој ги прашува учениците дали некогаш слушнале за Тина Тарнер и дали можат да му кажат некои информации за оваа пејачка.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги замолува учениците да ја разгледаат песничката и да побараат помош доколку има непознати зборови.Им кажува дека дадените зборови недостасуваат во песничката и дека тие при слушањето треба да ги вметнат на соодветното празно место во песничката. Следи прво слушање на песничката и вметнување на зборовите. Доколку не успеат од ова првично слушање да ги вметнат сите зборови, песничката се слуша уште еднаш. Потоа одговорите се проверуваат усно со наставникот.Наставникот поставува некои прашања поврзани со песничката (When does the singer call her lover? What language does he speak and what does this mean? What kind of a world does he create for her? Why is he simply the best to her? What would the singer rather do if her lover left her?) а учениците одговараат на истите. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците во нивните тетратки. Наставникот го пушта официјалниот видеозапис од песната http://www.youtube.com/watch?v=ra12L1Bl0Z4 за учениците да го погледнат, а потоа и да го дополнат текстот даден на лист.

Завршен дел (5мин) Учениците во парови ги проверуваат нивните одговори, а потоа наставникот го пушта видеозаписот од песната со даден текст за учениците да ги проверат нивните одговори. http://www.youtube.com/watch?v=qoQJXqAaCZQ&feature=related Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, работно ливче,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со музичко образование (песна)

Додатна активност Учениците одговараат на прашањето – која е главната тема на песната. Се развива дискусија за други песни од англиското говорно подрачје со слична тематика.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со разбирање на песна), усни одговори на прашања од наставникот, холистичка листа за оценување на слушање со разбирање, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го разбираат текстот на песната и соодветно ги дополнуваат зборовите од текстот на песната.

Рефлексија на часот Учениците ја слушаа песната на Тина Тарнер -“The best” и го разбраа текстот од песната. Тие ги дополнуваа зборовите од текстот и мислам дека доста добро се снајдоа при оваа активност иако на мал дел од нив им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час и мислам дека сите активности им беа интересни. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да побарам од учениците да ги пронајдат формите на придавките во компаратив и во суперлатив.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.4- Најлошиот ден во мојот живот!Наставна единица 12. Потсетување на содржините од темите бр.3 и 4Датум 23.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да може да се потсети на вокабуларот со кој се именува прибор за јадење

да може да се потсети на формите на придавките во компаратив и во суперлатив

да може да се потсети на употребата на прилозите за количина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот. Наставникот ги потсетува учениците на вокабуларот кој беше поучуван во склоп на последните две целини. Учениците ги именуваат познатите поими.

Главен дел (30 мин) Наставникот бара од учениците да ги решат вежбите кои ќе ги пронајдат на следниве линкови: http://www.ego4u.com/en/cram-up/grammar/simpas-paspro/exercises , http://www.ego4u.com/en/cram-up/grammar/simpas-paspro/exercises?ex03 , http://www.englishgrammarsecrets.com/pastsimple/exercise3.html , http://www.englishgrammarsecrets.com/pastsimple/exercise1.html .Наставникот бара од учениците да ја погледнат дадената табела во вежба бр.1/стр.46 и да ги кажат усно формите на дадените придавки во компаратив и во суперлатив. Потоа, според дадените информации во вежба бр.2, наставникот бара учениците да запишат три реченици во кои ќе употребат компаратив и суперлатив. Неколку ученици ги читаат нивните реченици или ги запишуваат на таблата. Вежба бр.3. Учениците ги дополнуваат речениците со глаголски именки (дerund) добиени од дадените глаголи.Тие ги запишуваат речениците во нивните тетратки.

Завршен дел (5мин) Учениците го дополнуваат текстот од вежба бр.4 со точните прилози за количина. Тие одбираат еден од понудените одговори и точниот одговор го запишуваат во нивните тетратки. Учениците ги проверуваат нивните одговори со партнер.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, работа во парови, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот пушта интерактивна вежба и сите ученици заедно ја решаваат истата кажувајќи ги нивните одговори. http://www.learnenglish.org.uk/CET/flashactivities/little_few01.html

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разбираат слушнати искази и ги решаваат дадените вежби.

Рефлексија на часот

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово