36
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Придобивките на Здружението на банкарството од зачленувањето во Европската банкарска федерација Бизнис-заедницата инсистира на претпазливост и поголемо заедништво КОНТИНУИРАН 24-ЧАСОВЕН ЈАВНО-ПРАВЕН ДИЈАЛОГ ЗА БРЗ ОДГОВОР НА КРИЗАТА МОЖНОСТИ ПОРАКИ Нова организациона поставеност на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија СОРАБОТКА И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА СО БАНКАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ШИРУМ ЕВРОПА Број 66 од 22.09.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk ВНЕСЕТЕ ЈА АРБИТРАЖНАТА КЛАУЗУЛА, ШТЕДИ И ВРЕМЕ И ПАРИ!

Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен електронски бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Придобивките на Здружението на банкарството од зачленувањето во Европската банкарска федерација

Бизнис-заедницата инсистира на претпазливост и поголемо заедништво

КОНТИНУИРАН 24-ЧАСОВЕН

ЈАВНО-ПРАВЕН ДИЈАЛОГ ЗА БРЗ

ОДГОВОР НА КРИЗАТА

МОЖНОСТИ ПОРАКИ

Нова организациона поставеност на Постојаниот избран суд – Арбитража

при Стопанската комора на Македонија

СОРАБОТКА И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВАСО БАНКАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ШИРУМ ЕВРОПА

Број 66 од 22.09.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

ВНЕСЕТЕ ЈА АРБИТРАЖНАТА КЛАУЗУЛА,

ШТЕДИ И ВРЕМЕ И ПАРИ!

Page 2: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

НОВ БАЛАНС НА РЕЛАЦИЈАТА

ВЛАДА – ПРИВАТЕН СЕКТОР

Постојат два основни пристапа за зголемување на инвестициите: прво, квалитативно подобрување на клучните сегменти на инвестициската клима, и второ, мобилизирање на странска акумулација, а пред се на странски директни инвестиции. Во однос на инвестициската клима, Македонија постигна значајни резултати во неколку сегменти. Но, тие ќе останат делимични и недоречени доколку не се случи “фронтален напад“ на сите сегменти на инвестициската клима. Македонија се уште има

сериозни проблеми во заштитата на сопственичките права, ефикасноста на судскиот систем и на јавната администрација, затворањето фирми и водењето стечајни постапки, ефикасноста и независноста на регулаторните институции, крупната инфраструктура, корупцијата. Подобрувањето на сите овие сегменти може да ги охрабри домашните и странските инвеститори“. Неопходно е во иднина да зајакнат институциите за поддршка на малите бизниси и претприемништвото. По кризата треба да се воспостави нов баланс на релација влада-приватен сектор. Владата треба да креира поволна рамка за водење бизнис (капитални инвестиции во крупна инфраструктура, радикална

реформа на јавната администрација и зајакнување на регулаторните институции), а инвестициите и вработувањето да му ги препушти на приватниот сектор. Дефинитивно, земјата може цврсто да застане на патот на динамичен економски развој доколку брзо стане членка на НАТО и добие датум за преговори со ЕУ. Тоа ќе придонесе за зголемување на странските директни инвестиции, поголемо користење на европските развојни фондови, поквалитетно и побрзо спроведување на реформите, проширување на пазарите.

(Д-р Таки Фити, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“)

ДА НЕ СЕ ИЗБРЗУВА СО МЕРКИ СО КОИ ЈАКНЕ

РЕГУЛАЦИЈАТА ВРЗ БИЗНИСОТ

Практиката од последниве 5-7 години покажа дека растот во нашата економија е тесно поврзан со состојбите во европските и во светската економија. Оттаму,

високи стапки на раст од околу 7%, со кои БДП се удвојува за 10 години и на тој начин се намалува јазот во споредба со развиениот свет, изгледа дека се недостижни и неодржливи за нашата економија во сегашнава констелација. Можеби евентуалното членство во НАТО и во

ЕУ би помогнало за остварување на таа цел. Треба да продолжиме со реформите во рамките на т.н. европска агенда, при што треба да се внимава во оваа фаза да не се избрзува со мерки со кои јакне регулацијата врз бизнисот, а со тоа се зголемуваат и трошоците за работа на претпријатијата. Преостанатите реформи треба похрабро да се спроведат, со свесно прифаќање на ризикот дека не може да се задоволат сите интереси. Државата, т.е. кај нас владата, треба малку да се подистави од патот на бизнисот и слободната иницијатива. Смалувањето на нејзината доминација би претставувало силен поттик за претприемништвото.

(Трајко Славески, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“))

„КНАУФ“ Е ГОРД ШТО ВО АЛБАНИЈА

ИМА УСПЕШНА ПРИКАЗНА

Албанија е земја која се менува на подобро. Промените ги гледам при секоја моја посета на земјава, а овде доаѓам многу често. При секое влегување во Тирана забележувам нови градби и тоа навистина ме

радува. Кнауф е особено горд што во Албанија има успешна приказна веќе 15 години, а имаме и идни стратешки планови за овој пазар. Многу сме задоволни од тоа како се прифаќа

нашиот бренд во Албанија.

(Тодор Деловски, генерален директор на „Кнауф“ за Македонија, Албанија и Косово)

„ЛУКОИЛ“ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ИЗГРАДИ УШТЕ 20

БЕНЗИСКИ До крајот на годинава имаме намера да ја прошириме мрежата на 20 бензински, но и натаму планираме проширување на мрежата до планираните 40 бензински. Тоа значи и зголемување на бројот на вработени од сегашните 240 на околу 600 луѓе, зголемување

на инвестициите од досега вложените 36 милиони долари на над 60 милиони долари. А тоа е добро и за Македонија, бидејќи само за 2010 година, на име на даноци и давачки, во Буџетот на Република Македонија уплативме околу 49 милиони долари. Наша задача е да достигнеме 20 проценти од малопродажниот пазар. Ние сме против монопол, бидејќи само лојалната конкуренција е основа за достигнување висок квалитет на горивата и услугите, т.е. на пазарни цени. Нашата цел е да создадеме услови за да може колку повеќе жители на Македонија да имаат достап кон висококвалитетни горива. Бензинските ќе ги градиме во сите поголеми градови и на главните и магистрални патишта во земјава.

(Андреј М.Куку, генералниот директор на „Лукоил – Македонија“)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, кое од 1 јули 2011 година стана асоцијативен член на Европската банкарска федерација (ЕБФ), организираше конференција за потенцијалните предности и идната соработка со оваа европска асоцијација (19.9.2011 година).

Придобивките од членството, како што беше истакнато, се големи со оглед на тоа што улогата на ЕБФ е да ги претставува, брани и промовира интересите на нејзините членки, да го промовира развојот на банкарската индустрија, да нуди ефикасни услуги за нејзините членки и да помага во процедурите за нивно приклучување кон Европската унија и монетарната унија.

Според претседателот на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, зачленувањето во оваа европска асоцијација е можност за вклучување на македонскиот банкарски систем во активностите на ЕБФ. - Со зачленувањето во оваа

европска банкарска федерација се проширува опсегот на работата на Здружението на европски план. Здружението на банкарството со зачленувањето ги почнува активностите во насока на меѓународно поврзување и размена на искуства со банкарските здруженија ширум Европа, - рече Јанчевски. Тој истакна дека Македонија има солиден и здрав финансиски сектор поставен на цврста основа, без системски кризи од монетарното осамостојување до денес што придонело инфлацијата да се држи на ниско ниво, а курсот на денарот да остане стабилен и покрај турбуленциите на меѓународните пазари и економската криза во светот. Гувернерот на Народната банка на РМ, м-р Димитар Богов, оцени дека придобивките од зачленувањето се значајни затоа што ЕБФ претставува форум каде што се предлагаат и

дебатираат иницијативи на нејзините членки и се разгледуваат прашања од заеднички интерес за целокупниот европски банкарски сектор. - Таа е вистински репрезент и глас на сите европски банки, - рече Богов. Виолета Стојановска - Петровска од Министерството за финансии нагласи дека зачленувањето во ЕБФ претставува можност банкарите во Македонија да разменуваат искуства со европските колеги и да станат активни учесници во креирањето на политиките на ЕУ во сферата на банкарството. Во Македонија работат 17 банки и осум штедилници. Од нив 13 банки се со доминантен странски капитал кој учествува со 73 проценти во вкупниот капитал на банките. На конференцијата која беше модерирана и отворена од страна на потпретседателот на Здружението, Јитка Пантучкова, присутен беше генералниот секретар на Европската банкарска федерација, Гидо Равоет, кој со претставник од ЕБФ ја претставија улогата, структурата и задачите на Федерацијата и ги потенцираа придобивките од членството во истата. Од страна на претставници на земји-членки на ЕБФ, од Чешка (Јири Бушек), Луксембур (Том Теобалд)

и Хрватска (Зоран Бохачек) беа направени презентации за нивните здруженија на банкарството. Исто така, и од страна на извршниот директор на Комората и секретар на Здружението на банкарството, м-р Јелисавета Георгиева, беше направена презентација за македонското здружение и сите групации и комисии кои се во негов склоп и кои работат и делуваат самостојно.

Презентациите можете да ги превземете од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија стана асоцијативна членка на ЕБФ на 1 јули годинава. Одлуката беше донесе од страна на Одборот на Европската банкарска федерација врз основа на апликацијата за членство.

*) Членки на ЕБФ: Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Кипар, Република Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Република Словачка, Словенија, Холандија, Шпанија, Шведска, Швајцарија. Придружни членки на ЕБФ: Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Молдавија, Монако, Црна Гора, Русија, Србија, Турција, Украина.

МОЖНОСТИ

Конференција за придобивките на Здружението на банкарството од зачленувањето во Европската банкарска федерација

СОРАБОТКА И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВАСО БАНКАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ШИРУМ ЕВРОПА

Page 4: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Нова организациона поставеност на Постојаниот избран суд – Арбитража

при Стопанската комора на Македонија

ВНЕСЕТЕ ЈА АРБИТРАЖНАТА

КЛАУЗУЛА, ШТЕДИ И ВРЕМЕ И ПАРИ

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Ова беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија, на која беше претставена новата оргазнизациона поставененост на Постојаниот избран суд – Арбитража и избраното Претседателство. (16.9.2011 година). Претседател на Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанската комора на Македонија е проф. д-р Арсен Јаневски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” - Скопје. Како институција надлежна за арбитражно решавање на домашни спорови и на спорови со меѓународен елемент, Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, функционира од 1993 година. Во изминатиов период, работењето на Арбитражата при Стопанската комора на Македонија се одвиваше согласно со автономните арбитражни правила на институцијата. На 20 април 2011 година е донесен нов Правилник за работата на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со цел осовременување на арбитражното решавање на споровите и имплементирање на актуелните трендови во оваа сфера.

Договарањето на надлежноста на арбитражата се врши со писмен договор, кој може да биде во вид на арбитражна клаузула предвидена во основниот договор или во вид на посебен договор со кој на недвосмислен начин се утврдува дека надлежност за решавање на одреден спор ќе има Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со утврдените правила на постапката. За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните

партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула: “Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговара полноважност, ќе се решаваат пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража”. Покрај тоа, договорните страни во арбитражната клаузула можат да го договорат составот на арбитражниот суд (арбитер поединец или арбитражен совет од тројца арбитри), јазикот или местото на арбитражата. Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија своите надлежности ги врши преку претседателот на Арбитражата, потпретседателите и другите членови на претседателството, преку секретарот на Арбитражата и арбитрите кои како арбитри-поединци или во арбитражни совети постапуваат во споровите пред Арбитражата или во врска со нив. Од 1993 година, па до денес,

пред Арбитражата се поднесени околу 40 барања за поведување постапка, од кои мал број предмети се меѓу домашни правни лица, а останатите се спорови со меѓународен елемент. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија има склучено спогодби за соработка со арбитражите при коморите на Словенија, Хрватска, Бугарија, Украина, Руската Федерација, Србија, Црна Гора и Косово. Многубројни се причините поради кои треба да се договара надлежноста на Арбитражата. Некои од нив, како што ги истакна д-р Арсен

Јаневски, се следни: - непристрасност во одлучувањето - со изборот на арбитер странките можат да го сведат ризикот на пристрасност во одлучувањето на најмала можна мера; - стручност - арбитрите кои учествуваат во решавањето на споровите се познати и признати експерти во својата област и за својата независност и непристрасност во постапката се должни да дадат писмена изјава; - степени на

одлучување - во арбитражната постапка за предметот на спорот се одлучува во еден степен; - брзина на постапката - вообичаено траење на арбитражната постапка е 3-6 месеци; - кратки рокови - роковите што ги одредува Арбитражниот суд за поднесување на поднесоците не би требало да се подолги од 30 дена; - доверливост - арбитражните рочишта се затворени за јавноста. Целата документација во врска со арбитражната постапка се смета за доверлива, а донесената пресуда може да се објави само во согласност со странките; - правосилност и извршност на арбитражната одлука - арбитражната пресуда е конечна и ги обврзува странките. Арбитражната пресуда е правосилна и извршна.

Странките се обврзуваат пресудата да ја извршат без одлагање, но доколку не се исполни доброволно, истата може да се изврши по пат на присилно извршување.

Елена Милевска

ПОРАКИ

Page 5: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ И ФОНДОВИ И МОЖНОСТИТЕ

ЗА НИВНО КОРИСТЕЊЕ

Со цел поголема искористеност на Европските фондови достапни преку Програмите на Европската Унија наменети за управувањето со отпад и зачувување на животната средина, Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори во соработка со Центарот за имплементација на развојни идеи во рамките на Стопанската комора на Македонија, на 16 септември 2011година одржаа презентација на тема „ Запознавање со европските фондови во рамките на европските програми за управување со отпад и заштита на животната средина„. Членките на Асоцијацијата и другите заинтересирани учесници, беа запознаени со достапноста на европските

фондови за македонските компании, кој е подобен да учествува, приоритетни теми и проектни идеи за апликација, начин на подготовка на апликациите,цели и рокови како и тоа колкави финансиски средства се во игра . Преку двочасовна презентација беа претставени можностите што ги нудат Европските програми ЦИП Екоиновации, ИПА Погранична соработка Компонента 2, ИПА регионален развој –компонента 3 и Лајф+ програмата. Посебен акцент беше ставен на програмите за Екоиновации, кои поддржуваат програми на мали и средни претпријатија кои пак имаа развиено еко производ, односно иновации кои водат кон значително подобрување на заштитата на човековата околина и ефикасно користење на ресурсите. Една од приоритетните области на оваа програма е рециклирањето на материјали- дејност со која се занимаваат дел од членките на Асоцијацијата. При тоа, беше дадени конкретни примери на проекти од оваа европска програма како што се: воспоставување на производство на модуларни композитни зидни панели направени од отпад и рециклирани материјали, или изградба на комерцијален реактор за производство на здрав

производ- омега 3 масни киселини без присуство на жива и со гарантирано безбедни услови за работа. Интересен пример е и проектот кој нуди техничка и пазарна одржливост на профили за железници направени од рециклирана гума добиена од стари автомобилски гуми, потоа постројка за селекција на алуминиум и негови легури и др. Присутните беа информирани и за последниот повик за програмата Екоиновации, како и за следните активности и обуки кои ќе се реализираат во рамките на Стопанската комора на Македонија, се цел поголемо приближување на можностите што ги нудат европските фондови до компаниите и други заинтересирани субјекти.

Зорица Мешкова

Пред стопанствениците од Битола и Прилеп беше презентирано како да се

привлече капитал за развој преку Берзата ИЗВОР ЗА ФЛЕКСИБИЛНО И ПОЕВТИНО

ФИНАНСИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ

Во организација на Стопанската комора на Македонија – Регионална комора со седиште во Битола и Македонската берза АД – Скопје, на 15 септември 2011 година, во хотелот „Милениум“ во Битола, се одржа презентација на тема: “Финансирање на реалната економија - како да се привлече капитал за развој преку Берзата?“. Состанокот беше како дел од низата планирани обуки низ регионитe во Македонија на истата тема. Пред значителен број стопанственици од регионот на Битола и Прилеп, значењето на функционирањето на берзите и пазарите на хартии од вредност го образложи извршниот директор на Македонска безра АД - Скопје, Елена Јакимовска Петровска. Берзите се место каде што се вкрстуваат интересите на издавачите на хартии од вредност, финансиските посредници и инвеститорската јавност. Во природата на нашето работење, пред се’, се осврнуваме на задолжувањето како начин за пристап до капитал. Но треба да се сфати дека берзите претставуваат место за пристап до нови извори за флексибилно и поевтино финансирање на компаниите и тие не се конкуренција на деловните банки, туку напротив како дополнување на нивната дејност, – истакна Елена Јакимовска Петровска. Примарен интерес компаниите изразија за цената на чинење на овој вид на финансирање, каква е постапката за издавање хартии од вредност и дали средна или мала компанија може да смета на пазарот на хартии од вредност

како алтернатива за финансирање на бизнис-проекти?! Се разви дискусија и по прашањето на одредување на номиналната вредност и пазарната вредност на објавените акции од страна на компаниите. Евита Иванова, советник на Управата во Македонска берза АД - Скопје го објасни начинот на котација на Берзата, што тоа значи и што треба да се очекува од котацијата. Објаснет беше принципот на јавна понуда на хартии од вредност во споредба со приватното тргување на истите, но беше нагласено дека според законската регулатива на Република Македонија секое тргување со хартии од вредност мора да се одвива на Македонската берза. На крајот, беше заклучено дека овој вид на презентации и непосредно пренесување на информации за видовите на финансирање на компаниите е од исклучително значење за нашето стопанство во овој период на светски финансиски турбуленции.

Никола Димкоски

Средба на д-р Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Република

Македонија, со Бранко АзескиПОГОЛЕМА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

ОДГОВОР НА КРИЗАТА

- Kомпаниите од Словачка оценуваат дека Македонија е идеален простор од кој тие можат да настапуваат во Црна Гора, Албанија и Косово. Словачката страна треба повеќе да се ангажира меѓу странските и интернационалните инвеститори во Словачка за да можат тие да го унапредат бизнисот со инвестициите во Регионот, особено во Република Македонија. Ова го нагласи д-р Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија, за време на средбата со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија (21.9.2011 година). На средбата учествуваше Јан Штарк, економски и трговски советник на Амбасадат на Словачка со седиште во Србија, задолжен и за Република Македонија.

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

- Меѓу словачките компании треба повеќе да се промовира перцепцијата за регионалните перспективи на соработка и поврзување на веќе постојните словачки инвестиции во одделни држави на регионот со другите држави – пазари. Општата криза може да се ублажи или да се надмине со поширока соработка,

– истакна амбасадорот Роберт Кирнаг. Бранко Азески се сложи со констатацијата на амбасадорот и истакна дека е очигледно дека прекинот од 20 годнини на билатералната соработка, а и суштинските промени во двете земји што се случија во меѓувреме, бараат повеќе заеднички ангажман за да се препознаат интересите. Стопанската комора е подготвена да се стави во таа функција, што го потврдува и билатералниот проект со Регионалната комора на Братислава за формирање пет Инфо-бизнис-центри за мали и средни претпријатија (Скопје, Битола, Кочани, Неготино, Охрид). Простор има и за соработка во туризмот и во ИТ-технологијата. Амбасадорот Роберт Кирнаг истакна дека словачките инвеститори се заинтересирани за приватизација на „ЕМО“, „ОХИС“ и „Колска“, но исто така, словачката инвестиција во компанијата „Гоша“ од Смедеревска Паланка, во Република Србија, има интерес за регионално поврзување. Во таа смисла, словачката страна верува дека формирањето на билатерална државна комисија и планираната посета на претседателот на Словачка на Македнија, при што ќе се одржи и бизнис-форум (април 2012 година), директно ќе придонесат за оптимално искористување на билатералните потенцијали.

Љубица Нури

Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, храна и пијалаци

“АГРОКОС„ од Приштина, Република Косово

СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ ЗА УЧЕСТВОНА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

Заради поблиско запознавање со годинешната саемска манифестација ,„АГРОКОС“, од страна на претставници

на водечката саемска куќа ЦЕО од Косово, во Стопанската комора на Македонија, пред 20-тина заинтересирани македонски компании се одржа промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, храна и пијалоци “АГРОКОС„. Саемската манифестација ќе се одржи од 26 до 29.10.2011 година во Приштина, Република Косово. - Ова е едно од најважните економски случувања од областа на агробизнисот во регионот, истаканаа претставниците на ЦЕО, а воедно и добра можност за зголемено присуството на македонските производи на косовскиот пазар. На површина од 20.000 метри квадратни ќе учествуваат компании од над 20 земји, кои ќе се претстават како светски најпознати компании од областа на агробизнисот, – истакна Идеал Реџа, извршен директор на ЦЕО – Приштина, на презентацијата што се одржа на 15.9.2011 година во Стопанската комора на Македонија. За компаниите од Македонија кои ќе допатуваат во Приштина организирано преку најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава организаторите обезбедуваат 15 отсто попуст на саемскиот аранжман. Идеал Реџа спомена дека за компаниите ќе биде обезбедена и банкарска гаранција за привремен извоз во Косово, за да се отстранат проблемите при премин на границата за време на траење на Саемот. „АГРОКОС“ ќе ги собере на

едно место водечките локални и светски производители на свежо овошје и зеленчук, месо и сувомесни производи, зачини, морски производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе и чај, апарати за производство на пијалаци и амбалажа. Воедно, во рамките на Саемот, ќе се одржи и фестивал на пивото. За времетраењето на Саемот ќе се организираат паралелни манифестации: бизнис-средби, агробизнис инвестициона конференција, тркалезни маси, интерактивни панел-дебати кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти и поголема трговска размена меѓу двете земји.

Венера АндриевскаЗаедничка акција на Регионалната

комора со седиште во Прилеп и невладината организација „Преда плус“

ДЕСЕТ КОМПАНИИ ГО ПОСЕТИЈА ПРИЗРЕН И ТРАСИРАА СОРАБОТКА

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и невладината организација „Преда Плус“ од Прилеп, а по покана на Регионалната развојна агенција РДА од Призрен, делегација од 10-тина прилепски компании приуствуваа на Бизнис-форумот што се одржа во Призрен,

во Република Косово (19.9.2011 година). За време на посетата делегацијата, предводена од Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, беше примена од страна на директорот на Регионалната развојна агенција РДА, Валентин Хоџа и неговите соработници. Притоа, беше претставена организационата поставеност и функционирањето на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Прилеп. Со цел да се воспостави добра меѓусебна соработка меѓу компаниите од двата региона, се одржаа и билатерални средби со 30-тина компании од регионот на Призрен. Од билатералните разговори произлегоа и конкретни договори меѓу фирмата „Мацишус“ и фирмата „Солид“ од Сува Река за заедничко производство на машки и женски обувки. Македонските фирми изразија големо задоволство од меѓусебните средби, со надеж дека ќе се воспостави добра соработка, имаќи ја предвид големата развојна експанзија на косовските компании и новосоздадените услови за приоритетна соработка на компаниите од Македонија и Косово. Посебно се нагласи задоволството од производите на АД „Витаминка“, како од асортиманот, така и од квалитетот .

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 7: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Јубилеј на Клириншката куќа КИБС АД - Скопје

ДЕЦЕНИЈА УСПЕШНА РАБОТА

Клириншката куќа КИБС АД - Скопје на 15.9.2011 година прослави 10 години од своето успешно постоење. Овој оператор беше основан 2001 година, со цел да врши клиринг и порамнување на мали меѓубанкарски плаќања. Согласно Законот за платен промет, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), врши размена на информации за блокади на сметки, како и размена на други информации кои се од интерес за нејзините членки. - Во изминатите 10 години КИБС изгради платен систем по светски стандарди, почитувајќи ги Базелските п р и н ц и п и . Г л о б а л н и т е т р е н д о в и на развој на информатички т е х н о л о г и и бараат и унапредување на постојните сервиси. Ние ќе понудиме нови решенија кои ќе бидат уште поефикасни и побезбедни. За таа цел, веќе се во подготовка нови сервиси кои во наредниот период ќе бидат понудени на банките и на другите учесници во платните системи. Тоа се системот за воведување на Директни задолжувања по СЕПА-стандарди и процесорот за интернет-плаќања директно од трансакциски сметки во е-трговијата КИБС-Паѕ. Исто така, посебна цел ни е безбедноста на трансакциите, заради што ќе п р од о л ж и м е и во делот на развојот и з б о г а т у в а њ е на понудата на е л е к т р о н с к и сертификати, - изјави Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС. КИБС во јуни 2006 година од Министерството за финансии е регистриран како прв издавач на електронски сертификати. Издавањето на електронски сертификати во изминативе години значајно влијаеше на зголемувањето на обемот и безбедноста во користењето на интернет-банкарството кај банките, како и е-сервисите и е-трговијата што ги нудат банките и другите субјекти.

Цементарница „Усје“ ДОБИЕНА ИНТЕГРИРАНА „А“ ЕКОЛОШКА

ДОЗВОЛА Со Отворениот ден за граѓаните под мотото „Одговорност – партнерство - развој“, Цементарницата „Усје“ АД го означи добивањето на Интегрираната „А“

еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Интегрираната „А“ еколошка дозвола е потврда за безбеден производствен процес во согласност со животната средина. Со неа преку интегрален пристап се опфаќаат и се регулираат влијанијата на животната средина кои се резултат на индустриската активност, а јавноста има увид во целокупниот процес на издавање и следење на дозволата. - Добивањето Интегрираната еколошка дозвола е долг процес и значи исполнување на сите услови за безбедност на работа и безбедност на животната средина. Цементарницата почна со апликација во 2009 година, а дозволата ја доби во 2011 година. Тоа значи дека беа потребни две години работа и дијалог со Министерството, со заедницата и со локалната смоуправа и исполнување на работите предвидени со процедурите, - истакнал министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, кој присуствуваше на Отворениот ден, а го цитира МИА. -Соработката со Цементарницата „Усје“ e пример што треба да го следат и останатите големи компании во Македонија за добивање „А“ Интегрирана дозвола.

Извршниот директор на Цементарница „Усје“, Борис Хрисафов нагласил дека веќе ги имаат реализирано 80 отсто од обврските кои согласно законот треба да бидат реализирани до 2014 година, а до јули идната година ќе бидат исполнети сите обврски од „А“ Интегрираната дозвола. - Добивањето „А“ Интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативниот план е резултат на континуираното залагање за усовршување и модернизација на производството, како и имплементирање на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со оние на Европската унија. Од 1998 година по влезот на „Титан“ - групацијата во Цементарницата „Усје“, инвестирани се 62 милиони евра, од кои 42 милиона директно во унапредувањето на производството и заштитата на животната средина, рекол Хрисафов и додал дека со добивањето на дозволата нивните производи добиваат дополнителна вредност.

ЕБОР одобри државен заем за модернизација на македонската патна

инфраструктураЗА НОВА АВТОПАТНА ДЕЛНИЦА ДОЛЖ

КОРИДОРОТ ДЕСЕТ 107 МИЛИОНИ ЕВРА

ЕБОР одобри државен заем од 107 милиони евра за финансирање на изградбата на нова делница од Коридорот 10 север-југ. Коридорот 10 е една од двете главни транспортни рути во Македонија, покрај Коридорот 8. Тој ја поврзува земјата со Србија и со остатокот од Европа на север, и со Грција на југ. Заемот од ЕБОР ќе се користи за кофинансирање на изградбата на нова делница од 28 километри на автопатот меѓу Демир Капија и Смоквица во југоисточниот дел од Македонија. Со проектот ќе се овозможи Коридорот 10 да го постигне стандардот за автопат по целата своја должина во Македонија. Покрај тоа, со средствата од ЕБОР ќе се финансира изградбата и реновирањето на наплатните рампи и инсталирањето на неопходната опрема за воведување на електронска наплата на патарина (ЕНП) во Македонија. Со проектот ќе се поддржат натамошните реформи на патниот сектор во Македонија преку воведување на договори за ЕНП базирани на учинок и воспоставување на посебна eдиница за јавно-приватно партнерство, како и преку утврдување на клучните чекори за подготовка на концесијата за Коридорот 8. -Изградбата на новиот автопат е од клучно значење како за македонската економија, така и за регионалната интеграција во целина. Коридорот 10 е клучна регионална транспортна врска, а ЕБОР ја поддржува неговата модернизација со инвестиции во железничкиот и во патниот сегмент во Унгарија, Хрватска, Србија и Македонија во вкупна вредност од 854 милиони евра ,- истакна Сју Барет, директор на ЕБОР за проекти во транспортниот сектор.

-Ова е потврда, уште еднаш, дека Банката се фокусира на проекти за кои Владата има изразено интерес да ги финансира, во претстојниот период во повеќе приоритетни сектори и области. Би сакал да потенцирам дека Владата на Република Македонија, во иднина ќе продрлжи со реализација на капитални инфраструктурни проекети, кои ќе придонесат за зголемување на

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 8: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

конкурентноста на националната економија, повисок економски раст и порамномерен, економски развој, - изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии. Заемот од ЕБОР е поддржан со 650.000 евра грант финансирање од Специјалниот фонд на акционерите на Банката за техничка помош. Изградбата на новата автопатна делница е кофинансирана од претпристапниот инструмент на ЕУ и Европската инвестициона банка. До денес, ЕБОР има инвестирано над 715 милиони евра во македонската економија преку проекти во корпоративниот, финансискиот, инфраструктурниот и енергетскиот сектор. Средствата на ЕБОР привлекоа дополнителни инвестиции во вредност од 700 милиони евра од други извори.

Избрани најдобрите работодавачи во 2011 година

СО НАЈГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО СЕ РАБОТИ ВО „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“, „ВИП

ОПЕРАТОР“ И „ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА“

Избрани се најдобрите работодавачи во Македонија за 2011 година. Изборот го организираше Triple S Recruitment, учествуваа 29 компании, а за најдобри во трите категории се прогласени „Македонски телеком“, „Вип оператор“ и „Порше Македонија“. Во категоријата со над 500

вработени, на второ место е „Т-Мобиле“, а на трето „Тинекс“. Во категоријата меѓу 100 и 150 вработени, на второ место е „Автомотосојуз на Македонија“, а на трето место „Нелт СТ“ и во категоријата со помалку од 100 вработени на второ место е „Ре-Актив“ и на трето место „Капитал Медиа Груп“. Triple S Recruitment го спроведе истражувањето во мај и јуни 2011 година. Вработените анонимно пополнуваа прашалник, при што одговараа на 102 прашања кои опфаќаа 17 компоненти на задоволството од работата. Целта на истражувањето беше да се измери задоволството на вработените и да се добие објективна слика за секојдневните работни задачи, перцепцијата на вработените, работното опкружување и меѓучовечките односи во рамките на организацијата. Од 29-те компании кои учествуаа во истражувањето, во првата категорија имаше 13, во втората 10 и во третата категорија шест компании.

„Макпромет“ - Штип „ЧУНГА ЛУНГА“ ГО ОСВОЈУВА

ПАЗАРОТ НА САД

„Макпромет“ од Штип го зголеми извозот на своите гуми за џвакање во Соединетите Американски Држави од досегашните 50 тони годишно на 50 тони месечно. Македонската компанија позната по производство на брендот „Чунга Лунга“ ја почна својата стратегија за освојување на другите континенти.

Драстичното зголемување на извозот во САД за нас претставува голем искечор напред. Сепак, станува збор за пазар од над 300 милиони потрошувачи. Тоа значи дека можностите се повеќе од големи. Ваквиот извоз резултираше откако измината година вложивме големи средства во нова опрема, модернизација на производството, користење висококвалитетни суровини. Овој нов квалитет на старо познатиот вкус на гумите за џвакање „Чунга Лунга“ беше главен фактор за почнување на извозот со обезбедување пласман во најголемите трговските синџири. Зголемувањето на извозот покажува дека реакциите од потрошувачите се повеќе од позитивни, а за нас е вистински знак дека сме на вистинскиот пат“, изјави Данче Ѓурова, менаџер за кондиториски производи од „Макпромет“ - Штип, а го цитира МИА. Досега акцентот во извозот беше ставен на европскиот пазар, земјите од поранешна Југославија, како и во Израел. Со зголемувањето на извозот во САД, се овозможува зајакнување и подобро позиционирање на фабриката и на нејзините гуми за џвакање „Чунга Лунга“. Данче Ѓурова додава дека успехот се должи и на редовното учество на саеми за кондиторски производи, како што е најреномираниот во Келн, Германија. - Со учество, пак, на саемот во Дубаи идниот месец планираме да почнеме да ги освојуваме азиските земји со македонската гума за џквакање, - додаде Ѓурова. „Макпромет“ - Штип произведува различни кондиторски производи - бонбони, карамели, лижавки, гуми за џвакање.

“Туркиш Ерлајнс” секој месец од Скопје по промотивни цени на 5 локации

ВО СЕПТЕМВРИ ЗА ВИЕНА, КОПЕНХАГЕН, ФРАНКФУРТ, ЛОНДОН И ЗА КУВАЈТ

Турскиот национален авиопревозник “Туркиш Ерлајнс” започна со нов вид на промоција на своите летови од Скопје. Секој месец ќе бидат избирани пет дестинации на кои компанијата ќе лета по промотивни цени. Во септември овие дестинации се: Виена, Копенхаген, Франкфурт, Лондон и Кувајт. Авиокомпанијата беше прогласена за “најдобра авиокомпанија во Европа” и “најдобра авиокомпанија во Јужна Европа”, а ја доби и наградата за “најдобри премиум седишта во економската класа” од “Скајтракс”, компанија за рангирање на авиооператорите и аеродромите низ целиот свет. “Туркиш Ерлајнс” подготвува и редица други иновации, меѓу кои и нова апликација за нивниот инфлајт магазин “Скајлајф”, преку која тој ќе се добива на Ај-пад.

Турскиот национален авиопревозник има редовна линија меѓу Скопје и Истанбул.

Тетовската млекарница со помош на француски експерти ќе ги обучува фармерите - млекопроизводителиЗАЕДНИЧКИ ДО ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Млекарницата „Тетово“ ќе ги едуцира и обучува фармерите како да произведуваат квалитетно и здраво млеко, со зголемен степен на хигиена, но со помали инвестирања во добиточната храна, која е најголем трошок во млекопроизводството. Обуката ќе ја спроведе во соработка со Организацијата за меѓународен развој на земјоделството од Франција. - Квалитетот е на прво место. Тоа е императив за Млекарницата „Тетово“. Ние знаеме каде се проблемите во македонското млекопроизводтсво и знаеме како да ги елиминираме. Со поддршка од нашите колеги од Франција нашите фармери кооперанти ќе се запознаат одблиску со новините за производство на млеко – како да се постигне поголема хигиена, како да се добие поквалитетен производ. Производ

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 9: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА со европски квалитет е бенифит за сите - од фармерите, преку млекарниците, до крајниот потрошувач. Соработката со фармерите е важна за нас, бидејќи тие се наши партнери. Заеднички одиме напред во подобар производ и тоа веќе има ефекти и на македонскиот пазар, изјави Горан Николовски, директор на тетовската млекарницата.

Изминатите два дена во координација за почеток на циклусот на едукација во „Млекара Тетово“ беа француските претставници. Делегацијата на француските фармери дојдена во посета на млекарницата гледа предизвик во обуката на овдешните производители на млеко. Тие посочија дека француските фармери имаат долга традиција на производство на квалитетно млеко и оти се почестени што ќе им помогнат на македонските фармери. Во изминатиот период во тетовската млекарница се инвестирани над 500 илјади евра во модерна опрема, зголемена е понудата на производи, а модернизиран е дизајнот на пакувањата. Приоритет на оваа млекарница се млечните производи, сирењето и кашкавалот препознатлив за овој регион, свежото млеко и типичниот македонски јогурт. Благодарение на инвестицијата од половина милион евра, млекарницата доби нов лик и македонски производи со европски квалитет.

АЕК во Битола со „Контакт-центар 190 и Инспекциска служба“

РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕВО ТЕЛЕФОНИЈАТА, ИНТЕРНЕТОТ И

ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Агенцијата за електронски комуникации-АЕК во Битола (21.9.2011 година) ги промовираше своите активности во фунцкија на заштита на крајните корисници кои ќе се реализираат со нов „Контакт центар 190 и инспекциска служба“. Контакт центарот во Битола досега беше оперативен но од неодамна ставени се во функција и контакт центрите во Скопје и Штип. Станува збор за тријазичен контакт центар, во кој крајниот корисник може да се обрати за повеќе проблеми за мобилна и фиксна телефонија, интернет и телевизија, посочи Роберт Орданоски, директор на АЕК, а пренесува МИА.

- Овој проект е наменет за крајните корисници кои ќе имаат ефикасен сервис и ќе имаат место каде да се пожалат доколку имаат проблеми со она што е во доменот на електронски комуникации. Граѓаните е доволно да се јават во контакт центарот на АЕК и да се информираат за натамошните чекори, а потоа инспекциските служби ќе дејствуваат и ќе ја испитаат целата ситуација. Доколку се констатирани извесни неправилности ќе преземеме соодветни корективни акции за соодветниот оператор, рече Орданоски. Според него АЕК е подготвена, да ги решава и најпроблематичните приговори од крајниот корисник. Тој уверува дека сите капацитети се насочени во правец на заштита на крајниот корисник. - Процедурата за одговор и решавање на приговор од краен корисник, од досегашните 53 денови, е скратена на 23, а крајна цел на АЕК е истата процедура да се сведе на 11 денови, истакна Орданоски. Според анализите на АЕК, најголем број граѓански акции се однесуваат на приговори од крајните корисници поврзани со висока сметка, проблеми при пренесувањето на претплатничкиот број од еден во друг оператор, еднострано продолжување на претплатничките договори од страна на операторите без претходно известување на претплатникот дека договорот е продолжен и под кои услови е продолжен, пречки во квалитетот на сигналот на телевизиските канали, исклучување на претплатникот од мрежата и онеспособување за користење на електронските комуникациски услуги под неразјаснети околности.

Дополнителни субвенции за производителите на домати и пиперки ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УБЛАЖУВАЊЕ

НА ЗАГУБИТЕ

Владата донесе одлука за издвојување дополнителни два милиони евра за субвенционирање на домати и пиперки на отворено и во пластеници, информира на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, a prene-suva MIA. - Со оваа мерка Владата финансиски ќе ги поддржи производителите кои направија загуби во производството поради намалената продажба предизвикана од стравувањето од појавата на бактеријата ешерихија коли, рече Димовски. Ваквата состојба, додаде тој, доведе до ценовни пореметувања на домашниот пазар кои се одразија на ликвидноста на производителите, но и до губење на традиционалните пазари за домати и пиперки. - Новата мерка е во насока на ублажување на загубите што ги претрпеа

производителите на овие градинарски култури. Таа предвидува зголемување на висината на субвенциите за доматите и пиперките одгледани на отворено и во пластеници, во зависност од големината на производствената површина, појасни ресорниот министер. Во креирањето на мерката, Владата, според Димовски, се водела од начелото за зголемување на бројот на регистрирани професионални земјоделци, со што поголем износ на средства се издвојуваат за оваа категорија земјоделци. За доматите предвиден износ на дополнителни субвенции за регистрираните земјоделски стопанства предвидени се 16.000 денари, а за евидентираните земјоделски стопанства 12.000 денари за површина од 0,2 до 0,8 хектари. За површина од 0,8 до 1,5 хектар за регистрираните земјоделци 12.000 денари, додека за евидентираните 7.500 денари, а над 1,5 хектар регистрираните земјоделци ќе добијат дополнителни 7.500 денари, а евидентираните 5.000 денари. Дополнителни средтсва за пиперките се предвидени по 7.500 денари за регистрираните земјоделски стопанства и 5.000 денари за евидентираните земјоделски стопанства. - Со основната субвенција за градинарско производство од 20 илјади денари за хектар и со мерката која ја донесе Владата заради неповолните услови и штетата која се нанесе на земјоделците, за оваа година допонително да им се помогне со издвојување на вонредни средства. Вкупниот износ за домати кој регистрираните земјоделци ќе го дибијат за површина од 0,2 до 0,8 хектари ќе биде 36.000 денари, а евидентираните 32.000 денари. За површина од 0,8 до 1,5 хектари регистрираните земјоделци ќе добијат вкупно 32.000 денари, додека евидентираните по 27.500 денари, а над 1,5 хектари регистрираните ќе добијат 27.500 денари и евидентираните земјоделци 25.000 денари. За пиперките регистрираните земјоделци ќе добијат вкупно 27.500 денари, а евидентираните 25.000 денари, нагласи Димовски. Тој информира дека станува збор за површина од 13.500 хектари на која се одгледуваат градинарски култури пред се домати и пиперки Ова е втора финансиска интервенција на Владата за поддршка на градинарското производство во интерес на земјоделците. Во почетокот на август беше донесена одлука за исплата на дополнителни два денари субвенции за килограм за земјоделците кои доматите и краставиците ги продадоа во текот на јуни кога постоеше опасност од појава на бактеријата ешерихија коли.

Page 10: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

ФИНАНСИИ Советот на Народната банка на

Република МакедонијаУТВРДЕНА ПОЛИТИКА ЗА ЧУВАЊЕ

И УПРАВУВАЊЕСО ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ

Општото ниво на цените во економијата во август годинава четврти месец по ред забележа намалување на месечна основа. Годишната стапка на инфлација продолжи да забавува и изнесуваше 3,6 отсто во август, одржувајќи се и натаму под проектираниот годишен раст за третиот квартал од годината. Просечната годишна стапка на инфлација во периодот јануари - август 2011 година е 4,2 процента, а базичната стапка на инфлација и натаму се одржува на нивото од 1,1 отсто. Ова е заклучокот од деветта седница на Советот на Народната банка на Република Македонија на која беа презентирани најновите макроекономски движења (15.9.2011 година).

Зголеменото производство на метали, нафтени деривати и пијалаци во најголем дел придонесоа за месечниот раст на производството во јули (8,6 отсто). На годишна основа, обемот на индустриското производство е повисок за 5,5 проценти, наспроти падот од 1,8 отсто во јуни, како резултат на растот на производството на електрична опрема и тутун во услови на закрепнување на производството на енергија кое во јули има значително помал негативен придонес во однос на јунските остварувања. – соопштуваат од Банката. Во првите седум месеци на 2011 година, индустриското производство и натаму бележи висок годишен раст, кој во просек изнесува 8,6 отсто. Согласно најновите податоци за билансот на плаќања, во второто тримесечје на 2011 година беше остварен дефицит во тековната

сметка на билансот на плаќања од 49,2 милиона евра или 0,6 отсто од БДП што е мало стеснување од 0,1 процент од БДП на годишна основа. Ваквото движење во тековната сметка се должи на подобрите остварувања речиси кај сите компоненти на тековната сметка (подобрено салдо кај размената на стоки и услуги и помал дефицит кај доходот), со исклучок на тековните трансфери, кои забележаа годишен пад. Во однос на јулската проекција, дефицитот на тековната сметка во вториот квартал е понизок за 0,3 отсто од БДП од проектираниот што се должи главно на повисокиот остварен суфицит кај услугите од очекуваниот. Во рамки на капиталната и финансиската сметка регистрирани се минимални нето-приливи во износ од 3,4 милиони евра или 0,04 проценти од БДП, додека во надворешно трговската размена во јули 2011 година трговскиот дефицит забележа продлабочување за 27,8 отсто на годишна основа. Според НБРМ, ваквата годишна промена во најголем дел се должи на забавениот, но континуиран раст на увозот на стоки (за 7,7 отсто), во услови кога извозот на стоки забележа пад (за 3,2 процента). Кумулативно, во првите седум месеци од 2011 година, трговскиот дефицит се продлабочи за 24,2 отсто во однос на истиот период лани. На 31 август 2011 бруто девизните резерви изнесуваа 1.843, 5 милиони евра и се повисоки за 129 милиони евра во однос на крајот на претходната година. Во јули 2011 година годишниот раст на вкупниот депозитен потенцијал забрза, 13,9 отсто, што овозможи натамошно задржување солидни стапки на кредитен раст од 8,7 проценти. Се очекува динамиката на раст на вкупните депозити и вкупните кредити на банките да продолжи и во следните два месеца од третиот квартал. На седница Советот усвои и повеќе подзаконски прописи заради нивното усогласување со новиот Закон за Народната банка на Република Македонија. Усогласувањето со новиот Закон за Народната банка ја наметна потребата од донесување на Политиката за чување и управување со девизните резерви на Република Македонија, Одлуката за утврдување

на инструментите за обезбедување при спроведување монетарни операции, Одлуката за кредитот за ликвидност во крајна инстанца, Одлуката за задолжителната резерва, Одлуката за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар, Одлуката за управување со ликвидносниот ризик на банките, Одлуката за општите услови за отворање сметки во Народна банка на Република Македонија, Одлуката за доставување податоци за каматните стапки на банките на примените депозити и на дадените кредити, Одлуката за доставување податоци за состојбата и прометот на сметките од сметковниот план на банките и на финансиските извештаи, како и повеќе одлуки поврзани со внатрешното работење и организација на Банката. Политиката за чување и управување со девизните резерви на Република Македонија, донесена врз основа на новиот Закон за Народната банка, покрај тоа што ги дефинира основните инвестициски принципи (сигурност, ликвидност и профитабилност), прецизно ги определува и средствата во коишто се инвестираат девизните резерви, како и трансакциите коишто се остваруваат при чувањето и управувањето со девизните резерви. Исто така, со Политиката се утврдени основните елементи на рамката за управување со ризиците, како и нивоата на донесување одлуки при процесот на управувањето со девизните резерви. Одлуката за утврдување на инструментите за обезбедување при спроведување монетарни операции пропишува прифаќање на висококвалитетни должнички хартии од вредност од страна на Народната банка при спроведувањето на монетарните операции, заради заштита од кредитниот ризик. Исто така, заради заштита од пазарните и ликвидносните ризици, утврдени се коефициенти на покритие коишто предвидуваат пренесување повисок износ на хартии од вредност во корист на Народната банка, како обезбедување за одобрените парични средства. За времетраењето на монетарните операции, вредноста на инструментите за обезбедување ќе се следи на дневна основа. Исто така, заради зголемување на флексибилноста на централната банка и банките при управувањето со ликвидноста, Листата на хартии од вредност за спроведување на

Page 11: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

монетарни операции е проширена со континуираните државни обврзници и државните обврзници издадени за структурни потреби, за кои се утврдени соодветни коефициенти на покритие. Заради одржување на стабилноста на финансискиот систем во услови на постоење ликвидносни проблеми кај банки, коишто не би можеле да се задоволат од други извори, Советот на Народната банка ја донесе и

Одлуката за кредитот за ликвидност во крајна инстанца. Кредитот во крајна инстанца се одобрува за период до 90 календарски денови, врз основа на програма на мерки подготвени од банката, и може да се продолжи за уште најмногу 90 календарски дена, а каматната стапка е повисока за три процентни поени од основната каматна стапка од операциите на отворениот пазар на Народната банка. Новина кај оваа одлука е и систематската разработка на техниките на користење на средствата за обезбедување, односно примената на репо-трансакциите и залогот кај должничките хартии од вредност и своп-трансакциите, кога обезбедувањето на кредитот е во форма на девизи. Главна новина кај Одлуката за задолжителната резерва претставува примената на стапка на задолжителна резерва во висина од 0 отсто за обврските на банките кон физичките лица за орочени депозити со договорна рочност над две години, како и на обврските врз основа на репо-трансакции во денари. Главната цел на оваа измена е поттикнување на долгорочното штедење на физичките лица и

поттикнување на развојот на репо-пазарот, како сегмент на пазарите на пари. Воедно, со воведување на стапката на задолжителната резерва во висина од 0 проценти на наведените обврски се очекува да се ослободи одреден дел од средствата на банките, коишто се пласирани во задолжителна резерва, што ќе значи дополнителен потенцијал на банките за зголемување на кредитната активност. Дополнителна измена во Одлуката за задолжителната резерва е објавата на индикативен календар на периоди на исполнување на задолжителната резерва за тековната година од страна на Народната банка. Притоа, периодот на исполнување на задолжителната резерва би останал ист, во времетраење од околу еден месец, а почетокот на периодот на исполнување би соодветствувал со денот на одржување (порамнување) на редовните монетарни операции на Народната банка. Измена во Одлуката за задолжителната резерва е и известувањето на штедилниците, коишто за основата за задолжителната резерва ќе известуваат квартално, според обврските од последниот месец од кварталот. Воедно, во услови на значително намалување на основната каматна стапка на Народната банка и каматните стапки на пазарите на пари во изминатиот период, како и намалување на активните и пасивните каматни стапки на банките, со Одлуката на задолжителна резерва се намали надоместот на задолжителната резерва во денари од 2% на 1%. Овие мерки се усогласени со поставеноста на системот на задолжителната резерва во евро-зоната и во голем број транзициски економии, чиишто системи на задолжителна резерва се стремат кон поставеноста во евро-зоната. Новата Одлука за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар содржи мали измени и дополнувања на досегашната Одлука, за надминување одредени практични проблеми што се јавија при примената на Одлуката, како и заради натамошно усогласување со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Одлуката за управување со ликвидносниот ризик на банките, со која, исто така, се изврши замена на досегашната, содржи одредени

измени во начинот на утврдување на стапките на ликвидноста на банките. Со Одлуката се предвидува интегрирано следење на ликвидноста на банките, независно од валутата, преку одржување единствена стапка на ликвидност (за разлика од досегашното следење на стапките на ликвидност одделно за позициите во денари и во девизи). При пресметката на стапките на ликвидност, орочените депозити ќе се вклучуваат како одлив со 80 отсто имајќи го предвид стабилното ниво на орочените депозити, кое во досегашниот период не се земаше предвид при утврдувањето на стапките на ликвидност. Притоа останува обврската за почитување на стапките на ликвидност до 30, односно до 180 дена, како однос меѓу средствата и обврските коишто достасуваат во следните 30 дена, односно 180 дена. Овие измени, како што соопшти НБРМ, се темелат на зајакнатата ликвидност на банкарскиот систем по воведувањето на стапките на ликвидност и се во согласност со натамошното стабилно и профитабилно работење на банките, со отворање можност за понатамошна поддршка на нефинансискиот сектор од страна на банките. По воведувањето на стапките на ликвидност во периодот март 2009 - јуни 2011 година, ликвидната актива на банкарскиот систем се зголеми за безмалку 90%, а нејзиното учество во вкупната актива се зголеми од 20,2 отсто на 29,7 проценти. Значително се зголеми и покриеноста на краткорочните обврски и депозитите на населението со ликвидната актива, и тоа за 17 и 14,6 процентни поени (покриеноста на крајот на јуни 2011 година изнесува 46,1 отсто и 58,8 проценти). Одлуката за општите услови за отворање сметки во Народната банка на Република Македонија е нова одлука со којашто се пропишува начинот и постапката за отворање и затворање на сметки во НБРМ, додека со Одлуката за доставување податоци за каматните стапки на банките на примените депозити и на дадените кредити и Одлуката за доставување податоци за состојбата и прометот на сметките од сметковниот план на банките и на финансиските извештаи, и двете од областа на статистиката, се врши исклучиво формално-правно прилагодување со новиот Закон.

ФИНАНСИИ

Page 12: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Отворен новиот Факултет за информатички науки и компјутерско

инженерство при УКИМФИНКИ ГОДИНАВА Е ХИТ,

ЗАПИШАНИ ПРЕКУ 650 СТУДЕНТИ

Премиерот Никола Груевски го отвори Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, нова високообразовна и научна институција во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Образованието беше и натаму останува приоритет на оваа Влада, рече Груевски, напоменувајќи дека пред три години ФИНКИ беше само идеја, а сега е реалност. - Почетокот на студиите е голем предизвик на кој, убеден сум, ќе му пријдете без двоумење и ќе покажете решителност за успешно заокружување на оваа фаза од вашиот живот. Процесот на стекнување знаења не е ниту едноставен, ниту лесен. Од вас се бара исклучителен напор, трпеливост, упорност, посветеност и пожртвуваност. Но, успешно завршената задача ќе ви понуди огромно задоволство кое произлегува од сознанието дека сте стекнале одредени вештини и знаења, - истакна Груевски во обраќањето на првиот свечен час, а пренесува МИА.

Според премиерот, ФИНКИ, целосно подготвен и кадровски екипиран, со најсовремена наставна програма, годинава е хит меѓу матурантите. На него се запишаа повеќе од 650 млади луѓе. - Огромно е задоволството да се биде меѓу млади кои годинава веројатно го направиле најсериозниот избор во својот живот, изборот што го трасира патот на нивната идна професија, - нагласи Груевски. ФИНКИ е иницијатива на Владата и УКИМ, а произлезе од обединувањето на двата института, за информатика при Природно-математичкиот факултет и за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии. - Тимот на ФИНКИ има визија за еден поинаков факултет, факултет што ќе гарантира квалитетно високо образование и ќе продуцира кадри кои без проблем ќе најдат работа или ќе бидат храбри да почнат бизнис, креативни студенти што ќе бидат истрајни и подготвени напорно да

работат. Една од нашите главни задачи е успешно да одговориме на предизвикот на информатичката технологија која постојано се развива и моментно е една од најперспективните професии, да бидеме предводници на индустрискиот развој во Република Македонија, потенцира деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство Димитар Трајанов. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски им порача на студентите дека само знаењето може да им гарантира сигурност во работењето. - Количината на нови технологии во техничкиот развој се удвојува секои две години. Тоа значи дека половина од она што ќе го изучувате во прва година ќе биде веќе застарено при крајот на третата академска година, - рече Ивановски. На отворањето на ФИНКИ и на првиот свечен час присуствуваа и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, професори, домашни и од странство, како и претставници на еминентни ИТ-компании во Македонија.

Македонија и Косово во 2012 година уште со еден граничен премин

БЕЛАНОВЦЕ – ТАНЧИЌ СО СРЕДСТВА ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕУ

- Република Македонија и Република Косово ја покренаа иницијативата за изградба на заеднички објект на граничниот премин Белановце-Танчиќ. За изградбата на заедничкиот објект двете држави потребно е да издвојат по 600.000 евра, средства кои ќе се обезбедат од фондовите на ЕУ, во вкупна сума од еден милион и 200 илјади евра. Заедничката градба на објектот е во интерес на двете држави и верувам дека во 2012 година овој проект ќе биде реализиран, – ова го нагласил Невзат Бејта, министер за локална самоуправа во Бладата на Република Македонија, на средбата (15.9.2011 година) со Скендер Дурмиши, амбасадор на Република Косово во земјава.

Во соопштението од Министерствфото се наведува дека Владата на Република Македонија презеде обврска. За тоа има и одлука на Владата, усвоена во јули 2011 година, за изградбата на патот кој води до овој

граничен премин во должина од 17 километри. -Верувам дека Владата на Република Македонија ќе ги предвиди овие финансиски средства во буџетот за 2012 година, - истакнал министерот Бејта.

Република Македонија и Република Косово ги поедноставуваат граничните процедури во железничкиот сообраќај

ЦАРИНЕЊЕ И ИНСПEКЦИСКИ ПОСТАПКИ САМО ЕДНАШ НА КОСОВСКА СТРАНА

Граничното регулирање во железничкиот сообраќај меѓу Република Македонија и Република Косово се поедноставува. Наместо на двата премина кај Волково и Ханиелези, процедурите ќе се одвиваат на едно место на косовска страна, со цел да се намали задржувањето на премините и да се олесни транспортот на патници и стока. Тоа е предвидено со Спогодбата за гранично регулирање на железничкиот сообраќај, што ја потпишаа на 15.9.2011 година во Скопје министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и неговиот косовски колега Фехми Мујата.

На заеднички состанок надлежните институции од двете држави се усогласиле царинењето и инспекциските постапки да се одвиваат на косовска страна, бидејќи, како што појаснил Јанакиески, а пренесува МИА, таму имало подобри услови од технички аспект. Според него, значајно е што при транспортот ќе се запира само еднаш на границите и драстично ќе се намали времетраењето за потребните постапки. - Со Спогодбата двете страни се обврзуваат за недискриминаторска и нелојална конкуренција во однос на слободниот пристап, прифаќањето документи кои произлегуваат од меѓународните конвенции со кои се обврзани двете држави. Текстот на спогодбата е изготвен во согласност со сите европски директиви и по теркот на договорите што Македонија ги потпишува со земјите-членки на ЕУ. Искористеноста на железничката

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 13: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА линија меѓу Македонија и Косово во превозот на стока на годишно ниво изнесува милион и 200 илјади тони, а се очекува тоа да се подобри со развојот на економиите на двете држави. Железничкиот превоз на патници, што се одвива двапати неделно е со голем капацитет на искористеност од над 80 проценти. - Потпишувањето на спогодбата е значајна за двете држави и го покажува патот кој го следат нашите земји кон евроинтеграциите, - рекол Фехми Мујата, косовскиот министер за инфраструктура. - Ова е значаен чекор што ќе овозможи наскоро да биде потпишана спогодба и во патниот товарен превоз, на што веќе работат стручни тимови. Останува да се усогласат уште за бројот на дозволите за косовските и македонските превозници. Заеднички интерес на двете земји, истакна Мујата, е изградбата на автопатот Приштина - Ханиелези – Скопје. - Тој ќе ги поврзе значајните коридори 8 и 10 и ќе овозможи силен развој на двете земји и од економски аспект. Овој проект Владата на Косово планира да го реализира до 2014 година.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонското кредитно биро и

Кластерот за дрвна индустријаПОТКРЕПА НА СИГУРНОСТА НА

БИЗНИСОТ

Потпишан е Меморандум за соработка меѓу Македонско кредитно биро и Кластерот за дрвна индустрија, со кој се утврдуваат принципите и областите на меѓусебна соработка во насока на обезбедување заедничка поддршка при процесот на реализација на активностите насочени кон претставување и промовирање производите и услугите на кредитното биро и воспоставување соработка со компаниите-членки на Кластерот.

Со Меморандумот, како што стои во соопштеието, конкретно се уредува соработката помеѓу двете институции која ќе се остварува преку заедничка едукација, организирање презентации и семинари за компаниите членки на

Кластерот, како и други активности за што евентуално би пројавиле интерес. Меморандумот го потпишаа главниот извршен директор на Македонското кредитно биро Славица Богоева и претседателот на УО на Кластерот за дрвна индустрија Нацко Симакоски. Со потпишувањето на Меморандумот, според Симакоски, ќе се реши барем еден дел од предвидениот план за работа за оваа година, а тоа е сигурност во бизнисот, сигурност во вложувањата и решавање на најгорчливиот проблем, барем дел од сивата економија, со цел дел од „дивите“ производители да се регистрираат во Македонското кредитно биро и да се зголеми производната продуктивност на целокупната дрвна (мебелна) економија во Македонија. - Секоја членка од Кластерот што ќе стане членка на Македонското кредитно биро ќе може да ги пријави своите побарувања од своите должници, рече Симакоски и додаде дека затоа во интерес на членките на Кластерот е да станат членки на Македонско кредитно биро, со што ќе добијат можност да ги користат услугите на кредитното биро и ќе обезбедат услови за водење и планирање посигурен и побезбеден бизнис. Директорката на Македонското кредитно биро изрази задоволство за потпишаниот Меморандум и воспоставената соработка која има за цел да го помогне поуспешното работење на компаниите, на тој начин што тие ќе имаат можност однапред да ги проверуваат правните лица со кои планираат да остваруваат деловна соработка и да донесат посигурна одлука за тоа. - Со регистрирањето на нивните должници во Македонско кредитно биро ќе се креира нивно негативно деловно досие, со што должниците ќе се изолираат како ризични клиенти за работење. Членките на Кластерот, по зачленувањето во Македонско кредитно биро, ќе имаат пристап до податоците од базата на податоци на Македонско кредитно биро која веќе располага со многу вредни податоци за обврските на правните и физичките лица доставени од членките на Македонско кредитно биро од сите економски сектори, вклучително и финансиските институции, истакна Богоева. Таа додаде дека Македонско кредитно биро почнува голема промотивна кампања за запознавање на правните лица за можностите што им ги нуди членството. Во рамки на Програмата за комуникација и едукација што ја започнува Македонско кредитно биро под назив „Работи и живеј подобро“, ќе се реализираат бројни настани и

активности за советување на правните и физичките лица. Иницијативата на Македонско кредитно биро да се потпишат вакви меморандуми е прифатена од најголемите бизнис асоцијации во Република Македонија со кои ќе следи потпишување меморандуми за соработка. Македонско кредитно биро нуди отворена соработката и со други облици на организирано здружување што ќе пројават интерес за тоа.

По четврти пат на 16.9.2011 година електронски распределени

меѓуопштински и меѓународни автобуски линии

ОСУМ ДЕНА ЗА ЖАЛБА, ПА КОНЕЧНА РАНГ-ЛИСТА

Министерството за транспорт и врски по електронски пат на 16.9.2011 година изврши прелиминарна распределба на 207 меѓуопштински и меѓународни автобуски линии во присуство на 68 транспортни компании кои доставија апликации на јавниот оглас од 1 – 3 овој месец. За меѓуопштински превоз пристигнале 116 апликации за нови линии и 21 за промени на постојните, а за меѓународниот превоз 54 за нови и 16 за промени. По увидoт во прелиминарната ранг-листа превозниците од Министерството за транспорт и врски ќе добијат решенија, по што во рок од осум дена може да се доставуваат жалби, а потоа ќе биде објавена и конечната ранг-листа.

Возните редови за автобуски линии Министерството за транспорт и врски ги распределува електронски по четврти пат. - Практичната примена на електронскиот систем за распределба ги потврди нашите заложби за целосна елиминација на можностите за корупција во секторот транспорт, а истовремено овозможи зајакнување на транспарентноста во давањето јавни услуги за граѓаните, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во обраќањето пред превозниците, го цитира МИА.

Page 14: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Според него, со современиот електронски систем, кој е надграден и усовршен, превозниците ќе се ослободат од административните процедури за прибирање на потребната документација за аплицирање и се избегнуваат проблемите при доставување некомплетна документација. Превозниците, истакна Јанакиески, имаа можност во тек на огласот во секој момент да аплицираат повеќепати и да ги дополнуваат недополнетите апликации и да вршат нивна промена. Во изминатиот период се донесени решенија за одземање 25 автобуски линии, поради неодржување. На барање на Здружението на превозници во патниот превоз, како што соопшти министерот, во владина процедура веќе се доставени измени во Законот за превоз во патниот сообраќај. Се предлага јавниот оглас за распределба на автобуски линии да се распишува еднаш годишно, најдоцна до 1 декември во тековната година. Дел од предлозите е во јуни следната година да престане важноста на тековните спогодби за меѓуопштински превоз кои ги има склучено една или повеќе општини со седиште во село со општина со седиште во град кон која гравитираат бидејќи се склучени без согласност од Министерството за транспорт. По тој датум ќе важат само спогодбите што ќе ги одобри Министерството. Измените на Законот ќе наложат и изградба и категоризација на автобуски станици само на места каде тоа го утврдила општината со урбанистички план или проект. Најголема реформа во патниот сообраќај, според Јанакиески, е направена со воведувањето лиценци за вршење превоз на стоки и патници од 2009 година. Досега се издадени 3.351 лиценца, од кои 478 за јавен превоз на патници, 90 за превоз за сопствени потреби на патници, 2.095 за јавен превоз на стока и 688 за превоз за сопствени потреби за стока. Направена е категоризација на 25 автобуски станици, седум од прва категорија, осум од втора и по пет автобуски од трета и четврта категорија.

Економска соработка меѓу Република Македонија и Руската ФедерацијаХРАНАТА И ВИНОТО НАША ШАНСА

НА ГОЛЕМИОТ ПАЗАР

Продлабочување на економската соработка и поврзување на стопанствениците од Република Македонија и Руската Федерација договорија со руските и македонските стопанственици, вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески и министерот за земјоделство,

шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. Тие во Москва учествуваат на Македонско-рускиот деловен форум што го организира Македонско-руската стопанска комора во рамки на саемската манифестација „Светот на храната“. На форумот пред руските бизнисмени беа презентирани македонските потенцијали во земјоделско-прехранбениот сектор и можностите за интензивирање на воспоставената соработка. Притоа, 30-тина македонски стопанственици остварија директни контакти со руски компании за воспоставување и интензивирање на соработката, како и за зголемување на извозот на земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар. Вкупните односи меѓу Македонија и Русија се на високо ниво, но економската соработка меѓу двете земји треба да се унапредува. Можностите се големи особено во агро-прехранбениот сектор. Постои потенцијал за зголемување на пласманот на македонски производи на рускиот пазар, а тоа го потврдува и примерот со овошјето, чиј извоз е зголемен 20 пати. Извозот на јаболка е зголемен за 90 пати од незначителни 20 илјади евра во периодот јануари-јуни 2010 на 1,65 милиони евра во јануари-јуни 2011 година. За истиот период извозот на зеленчук е зголемен за речиси осум пати, од половина милион евра на над четири милиони евра.

Според Димовски и Ставрески, радува фактот што изминативе шест месеци евидентно е и зголемувањето на извозот на македонско вино на рускиот пазар. Тоа влева надеж дека за брзо време ќе ја надминеме бројката од 250 илјади евра колку што сега изнесува вредноста на извозот на македонското вино на овој пазар. Само за периодот 2009 - 2010 година, извозот во Руската Федерација е зголемен за осумдесет проценти. Од пласманот на свежо овошје и зеленчук, вино и на други земјоделско-прехранбени производи во Русија во 2010 година државава инкасира 4,3 милиони евра девизен прилив наспроти 2,4 во 2009 година. И оваа година продолжува

позитивниот тренд во извозот. Само за првите 6 месеци на рускиот пазар се реализирани 6,6 милиони евра, што е околу 6 пати повеќе во споредба со истиот период лани кога сме извезле земјоделско-прехранбени производи во вредност од еден милион евра. Ваквиот тренд е резултат не само на зголемување на количините на производите кои традиционално ги извезуваме на овој пазар, туку и на проширувањето на палетата на земјоделско-прехранбени производи кои станаа атрактивни за купувачите од рускиот пазар. За македонските компании останува предизвикот за интензивирање на извозот на производи со поголем степен на преработка, кои се и повеќе доходовни, во прв ред конзервираниот зеленчук и овошјето, но и македонското вино. Поради ова, од исклучителна важност е зголемувањето на размената на информации меѓу нашите држави и компаниите во делот на земјоделско-прехранбените потенцијали, на понудата и побарувачката на пазарот со цел интензивирање и зголемување на трговската размена, – беше нагласено на форумот. Упатена е и отворена покана до руските компании да инвестираат во Република Македонија.

Во Вашингтон работна средба на Ваљон Сараќини со делегација на

Светската банкаПОСЕБЕН ФОКУС НА ПРОЕКТОТ ЗА

ОДРЖЛИВА ЕНРГИЈА ГЕФ

Министерот за економија во Владата на Република Македонија Ваљон Сараќини одржа работна средба со делегација на Светската банка, предводена од Џејн Армитиџ, регионален директор и координатор за земјите од југоисточна Европа (15.9.2011 година). Главна цел на состанокот беше взаемно инфомирање за заедничките активности на Министерството за економија и Светската банка, во областа на енергетиката, туризмот и развојот на мали и средни претпријатија преку поддршка на нивната конкурентност.

Министерот Ваљон Сараќини истакнал дека за време на неговиот мандат приоритетот на Министерството за економија ќе биде фокусиран на

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 15: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

развој на енергетиката, туризмот, како и на воспоставување партнерство меѓу образовните институции и бизнис-заедницата. Меѓу другото, ќе се работи на стратегијата на развивање на мрежа за бизнис-ангели и фондации за заеднички капитал. Претставниците на Светската банка го изразија своето задоволство од досегашната соработка со Министерството за економија и посебно ја истакнаа успешната соработка во областа на енергетиката, во делот на изготвување на стратешките документи, законодавството и имплементацијата на проекти. Посебен фокус на состанокот беше посветен на спроведувањето на Проектот за одржлива енергија ГЕФ, кој има за цел развивање на одржлив пазар за услуги од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, поддржувајќи го развојот на соодветно опкружување, институционален капацитет и неопходни механизми за финансирање. Беа дискутирани и усогласени роковите и динамиката за целосно спроведување на сите активности на Проектот за одржлива енергија ГЕФ до неговото завршување во септември 2012 година. Како што се наведува во соопштението од Министерството за економија, делегацијата на Светската банка даде преглед на подготовката на Модулар за оценка на конкрентноста, во кој се идентификувани четири клучни сектори за нивната поддршка при градење на соодветна конкурентска позиција, како на домашниот, така и на странските пазари.

Градот Скопје со потсетување за даночните обврзници

ПРАВНИТЕ ЛИЦА И ТРГОВЦИТЕ ПОЕДИНЦИ

ДА ГО ПЛАТАТ ЗАОСТАНАТИОТ ДОЛГ

Даночните обврзници, правните и физичките лица, кои не ги имаат подмирено обврските за данокот на имот за 2009 и за 2010 година, а се доспеани за наплата, веднаш да извршат уплата. Градот Скопје со соопштение ги известува обврзниците, правни лица

и трговци поединци, кои не ги имаат подмирено обврските за комунална такса - фирмарина за 2009 и за 2010 година, а се доспеани за наплата, веднаш да извршат уплата, во спротивно ќе се применат законските одредби за наплата на долгот. - Доколку правните или физичките лица од кои било причини немаат добиено Решение за данокот на имот или за комунална такса-фирмарина, за 2009 и за 2010 година, да се обратат во Град Скопје, во Секторот за финансии - Одделение за утврдување и наплата на данокот на имот и во Одделението за утврдување и наплата на комунални такси, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Се издава под закуп државно земјоделско земјиште во гевгелиско-

дојранскиот регионПАРЦЕЛИ ВО СЕЛАТА ЃОПЧЕЛИ,

ФУРКА И БОГОРОДИЦА

Согласно триесетдневниот оглас на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој се реализира во периодот од 13 септември до 12 октомври годинава, во подрачната единица на МЗШВ во Гевгелија во тек е прибирањето понуди за издавање на земјоделско земјиште под долгорочен закуп со вкупна површина од 171 хектар, 94 ари и 43 метри квадратни. Парцелите се распоредени во атарот на селата Ѓопчели, Фурка (Дојранско, вкупно 100ха, 42 ари 93 м2 ) и Богородица (Гевгелиско, 69ха, 35 ари, 80 м2). Големината на секоја од огласените парцели е согласно катастарската евиденција и увид во тие податоци секој заинтересиран замјоделец или земјоделска фирма може да направи во просториите на подрачната единица на МЗШВ, каде е огласена листата на земјишни парцели со катастарските ознаки. Времетраењето на закупот за кое се издава државното земјоделско земјиште изнесува од 15 години за ливади и одгледување земјоделски култури, до 20 години за рибници, до 30 години за подигање долгогодишни насади од лозја, овоштарници, хмељ, или оранжериско производство. Тридецениски закуп ќе биде одобрен и за апликаните кои соодветно на условите на огласот ќе достават проектна документација за изградба на спортско-рекреативни објекти или за објекти од руралниот туризам. Максимален период од пет децении добиваат закупувачите кои ќе достават проектен план за подигање насади со маслинки. Право на учество на огласот имаат домашни физички и правни лица, како и странски фирми кои имаат

регистрирано свои подружници во Македонија. Сите интересенти треба да достават бизнис-план и согласно предвидените активности и бројот на планираните вработувања, ќе биде утврдена големината на парцелата што ќе биде доделена на еден понудувач. Почетната огласна цена за закуп на земјиштето изнесува од пет до 25 евра

во зависност од катастарската класа и местоположбата на парцелата (дали е низинска или планинска). Деновиве во подрачната единица на МЗШВ во Гевгелија привршува постапката за доделување во владение на земјиштето што според оглас на Министерството од минатата година се отстапува на долгорочен закуп на 31 физички и правни лица, земјоделски производители од регионот. Досега според доставените елаборати со плански податоци за работа, владение добиле 14 земјоделски производители, а за останатите постапката продолжува по доставувањето на изготвените елаборати за стопанисување со земјоделското земјиште.

На продажба државно земјиште во Македонска Каменица за изградба на

трговски и угостителски објекти

ПРИЈАВУВАЊЕТО ДО 19 ОКТОМВРИ, ЛИЦИТАЦИЈАТА НА 29 ОКТОМВРИ

Државата по пат на електронско јавно наддавање нуди на продажба градежно неизградено земјиште во Македонска Каменица, наменето за изградба на големи трговски единици и за угостителски објекти. Градежните парцели, што ги огласи Министерството за транспорт и врски, се продаваат по почетна цена од евро за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 19 октомври во Министерството за транспорт и врски, каде ќе се одржи лицитацијата на 29 октомври.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 16: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Индекси на прометот во индустријатаНА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ ПОРАСТ

ОД 27,6 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 123.0. Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар, во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст од 17.7%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 27.6%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст од 15.4%, а во секторот

Преработувачка индустрија бележи пораст од 23.5%. Според главните индустриски групи, прометот во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 25.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 17.0%, Капитални производи за 140.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 68.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%. Индексот на прометот во индустријата во јули 2011 година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 107.8, додека во периодот јануари-јули 2011, во однос на периодот јануари-јули 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 127.2.

Цени на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо

и на добиточните пазариНАЈГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ

КАЈ ДОМАТИТЕ, ЛУБЕНИЦИТЕ И ЛИМОНИТЕ

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените

пазари во август 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот, кикиритките во зрно и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лубениците и лимоните.

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Економскиот раст на Турција отвора работни места

НЕВРАБОТЕНОСТА НАМАЛЕНА ДО 9,2 ОТСТО

Турскиот Институт за статистика соопшти дека во второто тримесечие од годината, невработеноста во Турција е намалена до 9,2 отсто од 10,5 отсто во истиот период мминатата година. Во тој период бројот на млади лица без работа е намален од 19,1 отсто лани на 18 отсто оваа година.

Според експерти тие резултати не ја даваат реалната ситуација во државата имајќи ја широко распространетата практика на работа „на црно“. Турската економија бележи исклучителен раст по глобалната криза која во 2010 година достигна 8,9 отсто.

Невработеноста во Грција достигна 16,3 отсто во второто тромесечие

НАЈПОГОДЕНИ МЛАДИТЕ

Нивото на невработеност во Грција достигна 16,3 проценти во второто тромесечие од годинава, наспроти 11,8 отсто една година

претходно и 15,9 проценти во првото тримесечие од годинава, покажуваат податоците на грчката статистичка служба. Најпогодени од невработеноста се лицата на возраст меѓу 15 и 29 години. Зголемувањето на невработеноста започна на почетокот на 2010 година, кога финансискиот крах економските мерки ја продлабочија рецесијата, која почна во 2009 година. Жените и понатаму се повеќе загрозени од невработеноста отколку мажите. Невработеноста кај жените е 20 проценти, а кај мажите 13,7 отсто.

Бројот на лицата кои барале работа во второто тримесечие од годинава се зголемил за 36,5 проценти за период од една година и за 2,3 отсто во споредба со претходното тримесечие.

Трговскиот суфицит на еврозоната ВО ЈУЛИ ПЛУС ОД

4,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Во текот на јули оваа година земјите од еврозоната забележаа надворешнo-трговски суфицит од 4,3 милијарди евра, соопшти европската агенција за статистика Евростат. Во соопштението се наведува дека јулскиот трговски суфицит е значително повисок од оној забележан претходниот месец од 0,1 милијарди евра, но е помал од суфицитот во јули 2010 година кога изнесуваше 4,7 милијарди евра.

СТАТИСТИКА

Page 17: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Вкупниот извоз во еврозоната во јуни пораснал за два проценти, а увозот за 1,9 отсто во однос на претходниот месец. Што се однесува на ниво на целата ЕУ, при надворешно-трговската размена е забележан дефицит од осум милијарди евра, што е значително помалку во однос на претходниот месец кога тој изнесуваше 12,8 милиони евра, но е поголем од дефицитот во јули минатата година од 7,5 милијарди евра. Вкупниот извоз во ЕУ во јули на месечно ниво пораснал за 3,2 отсто, а увозот за 1,4 отсто.

Августовската инфлација во Албанија 3,1 отсто

НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРЕХРАНАТА И ГОРИВАТА

Во текот на месец август албанските граѓани потрошиле повеќе за да преживеат, потврдил државниот Институт за статистика, јавува дописникот на МИА од Тирана. Нивото на инфлација во август изнесувало 3,1 отсто забележувајќи раст од 0,3 отсто во однос на јули.

Споредено со истиот месец минатата година овој показател е за 0,4 отсто понизок. Инфлацијата останува во границата на предвиденото ниво од страна на Централна банка, која за годинава предвидува истата да се движи од 2 до 4 отсто. Институтот потврдува дека во август е забележан раст на цените на прехранбените производи и горивата, додека кај облеката и обувките цената бележи намалување.

Јавниот долг на Шпанија на највисоко ниво во последниве 14 години

НАД ДОЗВОЛЕНИОТ ЛИМИТ НА ЕУ, АМА ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ НА

УНИЈАТА

Јавниот долг на Шпанија во вториот квартал од оваа година порасна на највисоко ниво во последниве 14 години, соопшти централната Банка

на Шпанија. Во соопштението се наведува дека растот на јавниот долг е забележан и покрај владините мерки за намалување на буџетските трошоци во текот на 2011 година.

Според Банката на Шпанија, во периодот април-јуни 2011 година шпанскиот јавниот долг пораснал на ниво од 65,2 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Во истиот квартал лани долгот на Шпанија изнесуваше 57,2 отсто од БДП. Високата задолженост на Шпанија предизвикува вознемиреност на финасиските берзи, кои изазуваат сомнеж во способноста на земјата да го сервисира долгот кој е на највисоко ниво од 1997 година. Вкупниот јавен долг на Шпанија е над дозволениот лимит на ЕУ од 60 проценти од БДП, но сепак е далеку под просекот на Унијата од 2010 година, кој изнесуваше 85,1 отсто од БДП.

Белгија планира изградба на шест до осум нови еколошки

електроцентрали до 2018 година ПЕТТИНА ОД ЕНЕРГИЈАТА ОД

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Белгиската компанија „Електрабел“ планира изградба на шест до осум нови електроцентрали до 2018 година, - пишува весникот „Соар“. Се очекува изградбата на новите капацитети, кои ќе работат

со биомаса и дрвени палети, да чини вкупно три милијарди евра. Според весникот, на тој начин Белгија ќе одговори на барањата 20 отсто од електричната енергија до 2020 година да биде произведувана од обновливи извори. Горивото за електроцентралите ќе биде увезувано од Канада. Меѓу главните предности на оваа форма на добивање на енергија е намалувањето на зависноста од скапи фосилни горива, како што е јагленот. Друга предност е тоа што при користење на биомаса се намалува количеството на испуштени штетни гасови во атмосферата, а ова гориво овозможува и добивање на поголемо количество енергија во однос на ветерот и сонцето, - наведува „Соар“.

Кина станува главен трговски партнер на Косово

ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ ВО ДАЛЕКИОТ ИСТОК ОТКОЛКУ

ВО ЦРНА ГОРА И ШВАЈЦАРИЈА

Кина полека станува главен трговски партнер на Косово, бидејќи месечниот извоз на стока достигнува милионска вредност. Според косовските медиуми, Косово во Кина многу повеќе извезува стока отколку во Црна Гора и Швајцарија, - јавува дописникот на МИА.

Косовскиот Инситут за статистика потврди дека во јули од Косово за Кина е извезена стока вредна над 2,3 милиони евра, од вкупно 29,3 милиони колку што изнесувал вкупниот извоз на земјата во истиот месец. Од вкупниот извоз, 20 отсто отпаѓа на извоз за Италија, 12,2 процента за Албанија, 9,7 отсто за Македонија, 7,9 проценти за Кина, 5,5 отсто за Швајцарија и 5,1 процент за Црна Гора.

СТАТИСТИКА

Page 18: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за економските движења КРИЗАТА ВО ЕВРОЗОНАТА ЗАКАНА

ЗА ЕКОНОМСКАТА ИДНИНА НА СВЕТОТ!

Глобалното економско заздравување успорува и во текот на оваа и следната година вкупниот раст на светската економија ќе изнесува четири проценти, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) насловен „Светска економска прогноза“. Во извештајот се посочува дека по ланскиот глобален економски раст од пет проценти, остварувањето на најновите прогнози за зголемување на обемот на светската економија ќе зависи од многу претпоставки. Успорувањето на економското заздравување се образложува со намалувањето на пакет-мерките за фискална стимулација воведени во текот на глобалната економска криза, но и со појавата на одредени економски шокови во текот на 2011 година, кои во комбинација со другите фактори доведоа до резултат кој е полош од претходно очекуваниот. Глобалната економија запаѓа во нова опасна фаза. Глобалната активност

слабее и стана невоедначена, довербата неодамна драстично падна, а ризиците се во постојан пораст, се наведува во извештајот на ММФ. Експертите на Фондонт предвидуваат дека во текот на оваа година растот на бруто домашниот производ во земјите во развој и во државите со забрзан економски раст ќе изнесува до 6,4 проценти, додека во развиените економии тој ќе изнесува само 1,6 отсто. Остварувањето на ваквите прогнози зависи од најмалку три претпоставки. Прво, дали европските политичари ќе успеат да ја ограничат должничката криза во еврозоната; второ, дали Американците ќе воспостават рамнотежа меѓу економската поддршка и среднорочната фискална консолидација; и трето, дали нема да дојде до влошување на нестабилноста на глобалниот финансиски пазар. Ако

барем една од овие претпоставки не биде остварена, глобалниот раст ќе биде многу помал, оценува ММФ. Фондот смета дека зголемените долгови во еврозоната претставуваат закана за глобалната финансиска

стабилност, со што се расте притисокот врз европските банки за зголемување на резервите на својот капитал за да ја преживеат кризата. Во извештајот се предвидува дека економскиот раст во еврозоната оваа година ќе изнесува 1,6 проценти, а во 2012 1,1 отсто. Ова претставува намалување во однос на претходните прогнози на Фондот, дека оваа и идната година растот на БДП во еврозоната да изнесува по 1,7 отсто. Доколку должничката криза во периферните членки на еврозоната продолжи да се шири кон најголемите економии во овој блок, веројатно ќе дојде и до значително нарушување на глобалната финансиска стабилност, се потенцира во извештајот. Според ММФ, европските банки се директно изложени на долговите на земјите чии трошоци на задолжување растат, па затоа овие финансиски институции би требало да ги зголемат своите резерви на капитал, имајќи предвид дека неодамнешниот стрес-тест на банкарскиот сектор во ЕУ покажа недостиг на капитал. Експертите на Фондот предупредуваат дека проблемите во неколкуте земји од еврозоната би можеле многу брзо да се прошират и на остатокот од Европа, а потоа и во САД, имајќи предвид дека американските инвеститори поседуваат значителен дел од економските обврзници, по што ваквите потешкотии ќе го зафатат и целиот свет. Еврозоната речиси две години се бори со должничката криза која се заканува да се прошири на се поголем број земји во рамките на Европската монетарна унија, при што како најризична се смета Италија што резултираше и со намалување на нејзиниот кредитен

рејтинг од страна на агенцијата „Стандард и Пурс“. Што се однесува до САД, според Фондот, главен приоритет треба да биде изработка на план за среднорочна финансиска консолидација, со што би се обезбедила оддржливост на јавниот долг. Новиот план на Админстрацијата во Вашингтон за намалување на невработеноста нуди неопходна краткорочна поддршка на американската економија, но тој мора да биде следен и од среднорочен финансиски план базиран на перспективи за раст на буџетската потрошувачка, се оценува во Извештајот. ММФ смета дека Јапонија би морала да спроведе амбициозни мерки за намалување на високиот јавен долг, што би претставувало одреден проблем имајќи ја предвид потребата од инвестиции и обнова во регионите што во март годинава беа погодени од катастрофалниот земјотрес и цунамито. За разлика од ваквите прогнози за развиените земји, за државите во развој и за земјите со забрзан економски раст, Фондот предвидува посветли перспективи, нагласувајќи дека по силниот раст во изминатите години, повеќето од нив се во состојба да инвестираат во развој и вработување и да се подготват за евентуални идни кризи. Големиот прилив на капитал во некои од економиите со забрзан раст се сигнал дека тие земји мораат и натаму да ги зајакнуваат рамките на макроекономската и финансиска политика и да ги реформираат своите стопанства, проценува ММФ во својот извештај. Главниот економист на ММФ Оливие Бланшар оценува дека е потребна силна политика за да се подобрат перспективите за во иднина и да се намалат ризиците по глобалната економија. - Само ако владите бидат порешителни во својата фискална политика и ги подобрат финансиите и ребалансот, ќе можеме да се надеваме на посилно заздравување, смета Бланшар.

ММФ со нови прогнози за економскиот раст во

балканскиот регионМАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА СО РАСТ

ОД 3 ОТСТО, ДОГОДИНА СО 3,7 ОТСТО

Македонија во текот на оваа година би требала да оствари економски раст од три отсто, а во текот на идната година тој би требало да достигне 3,7

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

проценти, се наведува во најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според Фондот, стапката на инфлација во Македонија во текот на годинава би требало да изнесува 4,4 проценти, а догодина да се намали на два отсто. За Србија ММФ предвидува економски раст од два отсто за оваа и три проценти за следната година, при стапка на инфлација од 11,3 проценти во 2011 и четири отсто во 2012 година. Според Фондот, Хрватска оваа година би требала да забележи раст на бруто домашниот производ (БДП) од 0,8 проценти, а следната година тој би пораснал на 1,8 проценти, при стапка на инфлација од 3,2 за оваа и 2,4 отсто за следната година. Кога станува збор за Црна Гора, Фондот очекува оваа година таа да забележи економски раст од два процентa, а догодина од 3,5 отсто, во услови на инфлација од 3,1 проценти во 2011 и два отсто во 2012 година. За Босна и Херцеговина ММФ предвидува раст на БДП од 2,2 проценти во 2011 и три отсто во 2012 година, при што за годинава се предвидува инфлација од четири, а за догодина од 2,5 проценти.

ММФ смета дека многу економии во централна и источна Европа ќе забележат силно заздравување и излез од длабоката рецесија во која се наоѓаа, со забелешка дека продлабочувањето на должничката криза во еврозоната би можела да ги загрози ваквите прогнози. Иако директната трговска и финансиска изложеност на овие економии на долговите на презадолжените членки на еврозоната е ограничена, ескалацијата на должничката криза и проблемите во финансиските сектори во клучните членки на европската монетарна унија би можеле да го загрози економскиот раст на овие земји, имајќи ги предвид нивните меѓусебни цврсти финансиски и економски врски, проценува Фондот.

Паскал Лами: Растот на глобалната трговија успорува побрзо од

очекуванотоДАНОК НА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА

Растот на глобалната

трговија годинава успорува побрзо од очекуваното, пред се како последица на должничката криза и послабото темпо на глобалниот економски раст, изјави генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Паскал Лами. Тој најави и ревидирање на прогнозите за раст на глобалната трговија за оваа година во негативна насока, но не изнесе конкретни бројки. СТО во својата последна прогноза за глобалниот трговски раст за годинава предвидуваше тој да изнесува 6,5 проценти, по зголемувањето од 14,5 отсто во 2010 година и од 12 проценти во 2009-та, кога светската економска криза го достигна својот врв. Лами најави и дека Русија најверојатно ќе стане членка на СТО на министерскиот состанок на Организацијата што ќе се одржи во декември, откако САД и ЕУ дадоа согласност за нејзин прием.

Предупредување на Оли Рен, еврокомесар за економска и

монетарна политикаЗАБАВУВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ВО ЕУ

Економскиот раст во Европа забавува, изјави деновиве во Брисел еврокомесарот за економска и монетарна политика Оли Рен, презентирајќи го извештајот за економската состојба во ЕУ.

Според Рен, сепак не се очекува натамошно

намалување на бруто домашниот производ (БДП) во рамките на ЕУ. Прогнозите на економските експерти се дека БДП во ЕУ ќе стагнира до крајот на годинава, - нагласи Рен. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Рен рече дека оваа ситуација е полоша од предвидената, нагласувајќи дека годишниот раст во

еврозоната во моментов изнесува 1,6 отсто, додека на ниво на ЕУ тој е 1,7 отсто. Констатирајќи дека економската состојба во Европа е влошена, Рен додаде дека заздравувањето од финасиската криза се одвива поспоро од очекуваното. - Европската економија е под влијание на надворешни фактори, а во исто време се случуваат превирања на домашните финансиски пазари и се продлабочува должничката криза во членките на ЕУ. За да може повторно да се обезбеди заздравување на економијата, неопходна е финансиска стабилност, фискална консолидација на земјите-членки на Унијата, како и имплементација на одлуките за поддршка на финансиска стабилност, - нагласи Рен. Според еврокомесарот за економска и монетарна политика од круцијална важност е спроведувањето на структурни реформи кои ќе овозможат пораст на економскиот потенцијал.

Хоакин Алмунија, еврокомесар за конкурентност

РЕКАПИТАЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ

На се` поголем број европски банки би можело да им затреба рекапитализација, бидејќи должничката

криза во еврозоната се продлабочува, и з ј а в и е в р о к о м е с а р о т за конкурентност Хоакин Алмунија. - За жал, како што се влошува

должничката криза, расте бројот на банки на кои ќе им треба рекапитализација, најмногу на девет, кои се наведени во стрес-тестот спроведен на тие институции во јули, - рече Алмунија. Тој најави дека кон крајот на годината ќе предложи, доколку биде потребно, да се продолжи примената на прописи воведени за време на финансиската криза во 2008 година кои овозможуваат на владите на домашните банки да им обезбедат државна помош. - Банките прво би требало да се обидат сами да се финансираат на пазарот и да ги преземат сите можни мерки, како што е продажба на филијали и ограничување на исплатата на дивидендата, пред да побараат помош од даночните обврзници, што би требало да се користи како последна можност, - истакна еврокомесарот.

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

Page 20: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Потпишан Договор меѓу акционерите на гасоводот „Јужен Поток“

„ГАЗПРОМ“ СО 50 ПРОЦЕНТИ СОПСТВЕНОСТ

Рускиот енергетски гигант „Газпром“, италијанскиот „Ени“, француската ЕДФ и германскиот „Винтершал“, во Сочи потпишаа акционерски Договор за формирање на компанијата „Јужен Поток Транспорт’, која ќе ја реализира изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ од Русија до Европа преку дното на Црното Море. Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер соопшти дека со договорот рускиот енергетски гигант ќе биде сопственик на 50 проценти од новата компанија, „Ени“ ќе поседува 20 отсто, а ЕДФ и „Винтершал“ по 15 проценти. - Освен што ќе претставува нова маршрута на доверливи и постојани испораки на руски гас за Европа, „Јужен Поток“ ќе даде силен импулс на економскиот развој на земјите од Централна и Југоисточна Европа, изјави Милер по церемонијата на потпишувањето на Договорот.

Претседателот на Надзорниот совет на „Винтершел“, Харалд Швагер нагласи дека Проектот „Јужен Поток“ ќе овозможи сигурно снабдување со гас на земјите од ЕУ, додека генералниот директор на ЕДФ, Анри Прољо нагласи дека со ова се обезбедува блиска соработка меѓу „четирите најголеми светски играчи во енергетскиот сектор“. Изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ се проценува дека ќе чини 15,5 милијарди евра, од кои 10 милијарди за подводната делница, а 5,5 за копнените траси. Гасоводот би требало да има вкупно четири гранки со вкупен капацитет од 15,57 милијарди кубни метри гас годишно. Почетокот на изградбата на гасоводот е предвиден за 2013 година. Тој би требало да биде пуштен во употреба во декември 2015 година, а да достигне полн капацитет во 2018 година. За реализација на копнените делници од гасоводот Русија веќе потпиша меѓувладини договори со

Австрија, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Унгарија и Хрватска.

„Фолксваген“ вложува 62 милијарди евра во производството до 2016 година

ЦЕЛТА – БРОЈ 1 ВО СВЕТОТ

Германски Фолксваген го подигнува нивото на вложувања на 62,4 милијарди евра за периодот од 2012 до 2016 година во рамки на план за зголемување на капацитети и за нови модели за да ги надмине „Тојота“ и „Џенерал Моторс“ и стане најголем производител на автомобили во светот. Групацијата сега има 62 фабрики

за монтажа на автомобили во светот. Заедно со две кинески заеднички фирми ќе бидат инвестирани дополнителни 14 милијарди евра, а Фолксваген да ги зајакне домашните операции и изгради нови фабрики на пазарите во економиите со забрзан развој. Инвестициите само во погони, опрема и недвижности ќе бидат 49,8 милијарди евра. - Фолксваген ќе вложи рекордна сума во нови проекти за да се исполни целта - компанијата да стане најголем производител на автомобили во светот, по економичност и еколошки карактеристики, изјави извршниот директор Мартин Винтеркорн на саемот на автомобили во Франкфурт, по седницата на Одборот на директори. Фолксваген планира да инвестира во обновливи извори на енергија и хидро-електрични системи за снабдување на сопствените фабрики. Повеќе од половината од 49,8 милијарди евра ќе бидат вложени во фабрики, опрема и недвижности во Германија.

„Циско системс“ЏОН ЧЕЈМБЕРС УШТЕ ТРИ ГОДИНИ

НА ЧЕЛО

Претседателот и извршен директор на комапнијата „Циско системс“, Џон Чејмберс ќе остане најмалку уште три години шеф на фирмата. Управниот одбор минатата недела побара од него да се изјасни

дали е подготвен да остане на чело на компанијата во следните три години, на што тој одговори п о з и т и в н о . – објавуваат од компанијата. В о изминатите месеци се појавија гласини дека Чејмберс ќе поднесе оставка поради лошите резултати во претходните три месеци и несогласувањата со УО. Несоодветните резултати придонесоа цената на акциите на „Циско системс“ да се намали поради што беа преземени и реорганизациски мерки меѓу кои и отпуштање вработени. Чејмберс објави кусо соопштение до медиумите во кој потврдува дека ќе остане на раководната функција во „Циско системс“.

„Прада“ го зголеми профитот за 74 отсто

ВО АЗИЈА ПРОМЕТОТ ЗГОЛЕМЕНЗА ПОВЕЌЕ ОД ТРЕТИНА

Италијанската луксузна модна куќа „Прада“ го зголеми профитот во првите шест месеци од деловната година за 74 отсто на годишно ниво, најмногу благодарение на големата потрошувачка на луксузна стока во Азија. Компанијата соопшти дека чистиот профит за шест месеци, до крајот на јули достигнал 179,5 милиони евра, додека во истиот период минатата година тој бил 103 милиони евра.

Резултатот во исто време е подобар отколку што проценила самата фирма, која очекувала дека за првите шест месеци од деловната година профитот ќе достигне 150,7 милиони евра. Во големиот профит најмногу учествувал азиско-пацифичкиот регион (без Јапонија), каде прометот, благодарение на поголемата побарувачка на луксузна стока, се зголемил 35 отсто, на 368 милиони евра. Вкупниот промет е зголемен 21 отсто, на 1,1 милијарди евра.

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС

Page 21: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

*Како сево ова што се случува во светот ќе се рефлектира на македонската економија и кога очекувате да се почувствува најголемиот ефект?

Можам да го кажам моето лично мислење. Постои општ страв дека нешто може да се случи, но никој не може да дефинира што точно е тоа и кои се мерките кои треба да се преземат. Веројатно се работи за две глобални нешта. Тоа е валутната војна, која дефинитивно е почната во светот меѓу крупните валути - еврото, доларот, јуанот, веројатно и швајцарскиот франк, и го нарушува финансискиот пазар во светот. Втората работа е силната загриженост од состојбите во земјите на периферијата од Европската унија, кои веројатно многу лесно влегоа во монетарната унија и направија сериозни проблеми. Зборувам за Грција, Шпанија, Португалија. Во овој момент, може да се констатира дека постои сериозна загриженост и дека нешто се очекува, но од друга страна, моменталните индикатори покажуваат некаков раст на економијата и на индустријата во Европа. Ставени сме во ситуација на стенд бај, очекуваме нешто лошо, а не знаеме што. Тоа е она што јас можам да го сублимирам. Како тоа ќе се рефлектира на македонската економија? Мислам дека од искуството што го имаме, од тоа што се случи во 2008 година, првите знаци во реалниот сектор ги добиваме преку паѓање на нарачките, особено од водечките економии во ЕУ со кои имаме развиени економски релации. Засега такви сигнали нема, но ова е период од годината во кој почнуваат да се склучуваат договорите за наредната година и ако се појават такви

сигнали, тоа ќе биде во октомври. За Македонија дефинитивно најлошо ќе биде тоа да бидат земјите со кои имаме најголем извоз, а тоа се германската и економиите на Балканот, Австрија, Италија итн.

*Неодамна се вративте од Турција од состанок со претседателите на 18 стопански комори од земји кои не се членки на ЕУ. Во оваа група спаѓаат силни и големи економии, како што се турската, швајцарската, украинската. Каков период ги очекува големите мултинационални компании од овие земји и какво влијание од тој аспект може да се очекува врз македонската економија?

Има неколку различни мислења од тој состанок. Прво,

таму се потврдија тезите за кои претходно зборував. Меѓутоа, секое правило има исклучок. Исклучокот од оваа средба се огромниот раст на турската економија од 11% во првите квартали оваа година и стабилниот раст на економиите во другите земји, кои не се членки на ЕУ, но се значајни. Во моментов не може да се детектира надолен тренд во нивниот економски развој, но не може да се детектира ниту раст колку што има Турција. Во другите земји има раст меѓу 1% и 4%, што одговара на нашата ситуација и што гарантира стабилност, но без знаци на сериозно подобрување на ситуацијата. Но, нема ниту влошување. Доколку се добијат сигнали за сериозна криза за реалниот сектор кај нас, следствено на тоа што би се случило во другите земји во октомври, сигурно е дека најтешките појавни облици во Макeдонија ќе бидат на почетокот

на наредната година.

*Какви мерки треба да преземе Владата за да го превенира ударот кој ќе го почувствува македонската економија од „двојното дно“?

Не претендирам да го кажам одговорот. Одговорот е силна фискална и финансиска дисциплина и огромна претпазливост, а тоа се постигнува на еден начин - со континуиран 24-часовен јавно-приватен дијалог за да се разменат информациите навреме, да се концепираат заеднички мерки кои ќе се преземат и во моментот кога ќе се преземат, изгласани на демократски начин, да се спроведат диктаторски. Тоа е решението, во криза мора да биде заедничко програмирањето на активностите, но одлуките мора да се спроведат без

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за „Капитал“

КОЛКАВО ЌЕ БИДЕ ВЛИЈАНИЕТО ОД КРИЗАТА ЌЕ ЗНАЕМЕ ВО ОКТОМВРИ!Откако пред еден месец Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на САД, a глобалните аналитичари најавија дека светот го очекува нова епизода од рецесијата, постојано читаме лоши прогнози за забавен економски раст на најразвиените светски економии и гледаме паника поради европската должничка криза. „Капитал“ за кризата и мерките кои Стопанската комора и` ги предлага на Владата разговараше со нејзиниот претседател, Бранко Азески.

Page 22: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

приговор затоа што кризата не трпи расправа. Тоа што е претходно расправано, усогласено, мора да се спроведе од сите. Не знам дали само јас го имам тоа чувство, не знам дали го делите мислењето со мене, меѓутоа од почетокот на овој месец како да имаме засилен дијалог на сите нивоа во Македонија. Имавме повик за заедништво од плоштадот упатен по повод празникот. Сето тоа говори дека се збиваат редовите за полесно да се совладаат евентуалните економски проблеми. За мене тоа е позитивно. Во девет дена во Комората ги имавме и

претставниците на извршната и на монетарната власт на разговори со реалниот сектор, со Комората како најголема и најзначајна бизнис-заедница. Тоа е позитивен сигнал дека најсилниот аргумент што можеме да го употребиме како мерка во моментов почнува да функционира.

*Што можат да направат к о м п а н и и т е – и з в о з н и ц и ? Какви мерки може и треба да преземат одделните извозни сектори кои би почувствувале најголем ефект од кризата? Кои од мерките во „новиот економски модел“ на Комората сега треба да бидат приоритет за Владата?

Кога си изложен на меѓународен пазар, постои една мерка: да си конкурентен. Тука има две работи: да си конкурентен со мерки кои самиот ги преземаш и со мерки со кои те поддржува државата. Мерките, за кои во Комората сме мислеле дека треба да се преземат, сме ги сублимирале за да се зголеми конкурентноста на македонската економија, која посебно доаѓа до израз во услови на криза. Кога ќе се намали пазарот, се одбира најдоброто и најевтиното, а за тоа треба да си конкурентен. Ако компаниите ги презеле сите мерки, а ние сме ги сублимирале и сме ги пренеле до Владата, и сега со разговори со фискалната и со монетарната власт покажуваме дека одиме на изнаоѓање решенија кои ќе им помогнат на компаниите во зголемувањето на нивната конкурентност. Сметаме дека токму прашањата за создавање услови за забрзан економски раст треба да добијат приоритетно место. Тука ги сместуваме на прво место инфраструктурата, инвестициите и извозот. Тоа ќе биде секојдневна битка на различни мислења, во која ние ќе ги искористиме сите модуси да ја убедиме Владата на аргументиран начин. Упорно и трпеливо работиме на тоа. Дека во одреден степен ја убедивме Владата е факт, бидејќи тие мерки влегоа во владината програма за 2011-2015 година. Сега работиме и со монетарната власт, да видиме дали таму постојат можности што би помогнале за создавање услови за забрзан економски раст. Нашите

проекции, под услов да се прифатат сугестиите, се дека во период од 3-4 години би имале раст од 5%, кој би рефлектирал сигнали и кај компаниите и кај граѓаните дека нешто се случува на подобро и ќе ги мотивира да продолжат во таа насока затоа што тоа е процес што бара многу сериозни одрекувања.

*Во услови на засилена конкурентска борба на извозните пазари во регионот, во ЕУ и во светот, но и тренд на спојувања и преземања, колкава е потребата за регионализација на македонските производители?

Клучното прашање тука е едукацијата. Дефинитивно мора да се сфати дека во компаниите треба да се воведе систем на перманентна едукација. Второ, треба да се искористат можностите на ЦЕФТА-договорот за излегување на пазарите на шесте држави-потписнички на ЦЕФТА, кои треба да бидат тест за македонските компании за да видат дали можат да се носат со конкуренцијата на поширокиот европски и светски пазар. Во таква ситуација ќе дојдеме до прашањето кое го поставувате. Тука ќе се судриме со конкурентските компании и така ќе почнат процесите на здружување и на преземање за зголемување на конкурентноста. Македонската економија со учеството во ЦЕФТА се наоѓа во предворјето на ЕУ и сите работи кои се случуваат на пазарот на ЦЕФТА, каде што нема царини, нема даноци, сите проблеми кои произлегуваат ги подготвуваат и зајакнуваат македонските економии. Затоа, треба многу сериозно да се сфати и пораката на ЕУ и да се води голема сметка за регионализацијата. Регионализацијата кај нас е ЦЕФТА: тоа се пазарите на Србија, Косово, Молдавија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Тоа е пазарот на кој македонските компании треба да се испробаат. Ако не не` бива таму, не ќе можеме да излеземе на европскиот пазар. Факт е дека Македонија извезува 60% во земјите на ЕУ, а тоа зборува дека имаме конкурентни компании кои имаат што да покажат.

ПРЕНЕСЕНО

*Ригидната монетарна политика долго време бизнисмените ја посочуваат како пречка за поголем извоз, а банкарите како пречка за поголемо кредитирање. Кој е Вашиот став, во која насока треба да се менува монетарната политика за да се обезбеди полесно и поголемо финансирање на реалниот сектор, наместо парите да се концентрираат во “рацете“ на неколку банки?

Не се работи за наша оценка дека Македонија има ригидна монетарна политика, затоа што и за нас, како и за политиките кои ги води монетарната власт, најважна е ценовната стабилност. За да може еден стопански субјект да оди напред, мора да има поволно бизнис-опкружување, а тоа го обезбедува ценовната стабилност, што е основна цел на монетарната политика. Ставот на Стопанската комора со ставот на Народната банка не се разликува. Меѓутоа, ние сега сакаме да водиме расправа и минатата недела тоа го направивме: дали постои, во рамките на таквата стабилност која треба да ја спроведе и ја спроведува Народната банка, некоја алатка или механизам што може да ја подобри состојбата, а да не предизвика нарушување на ценовната стабилност? Ако постои, би сакале тоа да се искористи. Ова е прашање за анализа од стручни институции. Комората нема капацитет сама да го докаже. Таква анализа може да направи само Народната банка и да рече дека постои механизам што не би ја загрозил стабилноста, а поволно би влијаел на економскиот

Page 23: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

*„Алкалоид“ годинава слави 75 години постоење. Од мала фабрика со петнаесетина вработени, денес Вие сте на чело на компанија која има повеќе од 1.000 вработени, работи во повеќе земји во светот и за разлика од многу други македонски компании од тоа време, успеа да се развие во успешна компанија. Според Вас, кој е најголемиот успех на „Алкалоид“ за овие 75 години и што беше клучно за тоа што „Алкалоид“ денес е една од ретките успешни приказни во Македонија?

Приказната за „Алкалоид“ е неделлив дел од мозаикот на севкупниот економски имиџ на државата. „Алкалоид“ е успешна македонска приказна, која во текот на своите 75 години раст и развој зад себе оставила сведоштва кои говорат сами за себе. „Алкалоид“ е компанија која успешно го има пребродено транзицискиот период, а вон тоа го има задржано континуираниот тренд на раст и развој и покрај сите турбуленции со кои се има соочено. Работењето на компанијата е доказ дека и во Македонија има компании и потенцијал со чии резултати можат да се гордеат нашите граѓани. Почетоците на компанијата датираат од 15 август 1936 година. Основната дејност на тогашната југословенска фабрика за алкалоиди била екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање во кодеин со само 15 вработени. Со пуштањето во работа на галенскиот погон во 1957 година, каде што на база на алкалоидните суровини почнува производството на готови лекови во вид на таблети и течности, а подоцна и масти и ампули, меѓу кои “кодеин“, “кафетин“, “кодафен“ и “носкапин“, „Алкалоид“ почнува да се развива во вистинска фармацевтска индустрија. Тогаш почнува и соработката со светски познатите имиња во тоа време, како „Терапликс“ од Париз, Франција, а потоа и со реномираните „Фајзер“ од Њујорк,

„Шеринг АГ“ од Берлин, „Специа“ од Париз, Лабораторијата „Делагранж“ од Париз, „Хеми“ од Линц, „Солко АГ“ и „Хофман ла Рош“ од Базел, „МеркШарпДом“ од САД и други. На почетокот на осумдесеттите години производите од портфолиото на „Алкалоид“ биле добро познати на тогашниот југословенски пазар, а извозните пласмани биле навистина големи. На почетокот на деведесеттите години од минатиот век почнат е најкрупниот инвестициски циклус во историјата на „Алкалоид“: изградбата на новите фабрики за цврсти дозни форми и полусинтетски цефалоспорини. Верувам еден од најхрабрите потфати, кој ќе претставува влезница на „Алкалоид“ во светот на големите фармацевтски имиња.

*”Здравјето пред се`” е слоганот кој денес е препознатлив за „Алкалоид“, исто како што се препознатливи и брендовите кои компанијата ги изгради во изминатите години на успешно работење...Која е суштината и пораката која како компанија ја испраќате со овој слоган?

Брендот „Алкалоид“ е препознатлив и потврден како што е препознатливо и неговото мото – “Здравјето пред сè“... Слоган кој е наш мотив при остварувањето на нашата мисија за поздрав

свет и супериорен квалитет на производите и услугите. Наша цврста определба е грижа за здравјето на секој поединец, квалитетот на животот на секој човек, здравствениот систем и животната средина. Успехот во работењето на „Алкалоид“ пред се` се должи на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот „Алкалоид“ и поединечните брендови кои ги имаме, кои ги граделе генерациите пред нас години наназад.

*Во овие 75 години „Алкалоид“ успеа да изгради навистина силни брендови, како Кафетин, Бекутан, Good Nature, кои се препознатливи и надвор од границите на Македонија. Што стои зад

успехот на овие брендови и како планирате да ги развивате во иднина?

Долгорочно гледано, потрошувачите не комуницираат со анонимни производи, туку градат однос со брендот, идентификувајќи ги во него своите сопствени вредности. За да може еден бренд да опстои на пазарот, тој мора континуирано да ги исполнува своите ветувања за да ја освои довербата кај купувачите, која пак, може да се задржи единствено ако производот гарантира константно висок квалитет. Брендот Кафетин, кој во 2007 година одбележа 50 години од своето постоење, според многу

критериуми е еден од водечките извозни македонски брендови. Со повеќе од 10 милијарди продадени таблети, Кафетин прерасна во синоним за борба против болката. Свеста на потрошувачите за овој бренд е причината поради која Алкалоид реши да развие негови екстензии во правец на нови индикации. Прв во редот беше “Кафетин колд“, следуваше “Кафетин менструал“, па “Кафетин колд“ со природен витамин Ц и последната нетаблетарна екстензија наменета за индикациите на настинка и грип, на чиј развој се работеше три години во соработка со странски партнер, “Кафетин

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Живко Мукаетов, претседател на Бордот на директори и генерален директор на „Алкалоид“ АД - Скопје за „Капитал“

УСПЕХОТ НА „АЛКАЛОИД“ Е УСПЕХ И НА МАКЕДОНИЈАГодината кога Македонија слави 20 години независност македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“ слави 75 години од основањето. За првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, долгогодишното успешно работење и развој на компанијата се доказ дека и во Македонија има компании и потенцијал со чии резултати можат сите да се гордеат. “Успехот во работењето на „Алкалоид“ пред се` се должи на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот „Алкалоид“ и поединечните брендови кои ги имаме, а ги граделе генерациите пред нас години наназад”, вели Мукаетов во интервјуто за „Капитал“, во кое тој зборува за успехот на компанијата, за визијата и за улогата на „Алкалоид“ во општеството. Живко Мукаетов, воедно е и потретседател на Стопанската комора на Македонија.

Page 24: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

колд макс“ вреќичките прашок. Довербата во брендот Бекутан 33 години се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. На почетокот со само пет производи за хигиена на детска кожа, денес портфолиото на Бекутан содржи 20 основни типови производи со вкупно 35 форми, сите клинички и дерматолошки тестирани. На прагот на 75-годишнината, традицијата и квалитетот добија ново пакување. Како изграден бренд во меѓународни рамки, со повеќе од 100 милиони продадени парчиња производи, Бекутан е синоним за традиција, постојан квалитет, доверба, лојалност... всушност, сe` за што „Алкалоид“ постојано води грижа. Спакувани согласно најстрогите светски регулативи за овој тип производи, Good Nature производите, кои постојат веќе 45 години, се добитници на бројни признанија. Брендот Good Nature е лидер на македонскиот пазар, што пред сe` се должи на квалитетот на производите, на препознатливоста и традицијата. Доказ за успешноста на оваа програма е соработката со р е н о м и р а н а т а „Аведа“, членка на американската групација „Есте Лаудер“, трасирана во 2004 година. Од јуни 2011 година почна и соработката и со компанијата „Арбон“ од САД, за која „Алкалоид“ го произведува чајот за детоксикација наменет за нивните пазари во Америка, Канада, Обединетото Кралство и Австралија. Чаевите на „Алкалоид“ под брендот Good Na-ture се присутни и на пазарот во Соединетите Американски Држави, а достапни се и на www.amazon.com . Потврда за традицијата, квалитетот и довербата што овие брендови ја имаат кај купувачите се и наградите од престижната меѓународна организација „Супербрендс“. Кафетин ја доби наградата за златен супербренд најпрвин во Србија, потоа и во Македонија. Бекутан ова признание го доби за пазарот во Македонија, потоа во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

*Последнава деценија „Алкалоид“ бележи силно пробивање на странските пазари, но и бројни партнерства со многу успешни и светски познати фармацевтски компании. Каква е корпоративната стратегија на менаџерскиот тим на „Алкалоид“ во однос на натамошното пробивање на странските пазари?

„Алкалоид“ има четиринаесет канцеларии надвор од Македонија, а нашите производи се присутни на пазарите во триесетина земји во светот. Ние сфативме дека фокусираноста на извозот е патот кон нашиот раст и развој. За остварување на оваа цел „Алкалоид“ континуирано инвестира во зајакнување на продажните тимови и капацитети на пазарите каде што сме присутни. Така, само во последните пет години отворивме три нови претставништва и еден производен погон надвор од Македонија. Со цел да се зајакнат нашите позиции на традиционалните извозни пазари во регионот, во 2007 година „Алкалоид“ ја отвори својата подружница во Подгорица, Црна Гора. Кон крајот на 2010 година, по интензивни 10 месеци работа на проектот и вложени 750.000 евра, „Алкалоид“ го отвори својот прв капацитет надвор од

Македонија, во Белград, Р. Србија, каде што се произведуваат 34 фармацевтски форми согласно строгите стандарди за добра производна практика (ГМП). За интензивирање на извозните операции на компанијата кон земјите-членки на Европската унија кон крајот на 2010 година отворивме уште едно претставништво во Република Словенија, „Алкалоид фарм“, со седиште во Љубљана. Со оваа инвестиција „Алкалоид“ обезбеди поефикасни локални операции на словенечкиот пазар и соодветна дистрибуција на алкалоидовите производи на ЕУ-пазарите. Трет, исто така важен сегмент кон кој се насочени нашите напори се земјите на поранешниот Советски Сојуз. Во 2009 година почна да функционира и нашата канцеларија во Киев, Украина. Што се однесува до партнерствата, во моментов „Алкалоид“ застапува импозантна листа со светски познати имиња кои нe` одбраа за проверен и сигурен партнер. Би ги споменал само PFIZ-

ER H.C.P. CORPORATION од САД, F.HOFFMANN LA-ROCHE од Швајцарија, францускиот SA-NOS-AVENTIS, NOVARTIS PHARMA SERVICES INC. од Швајцарија, GlaxoSmithKline Export Ltd. од Обединетото Кралство, исландскиот ACTAVIS и многу други. Освен во делот на лиценцно производство на фармацевтски производи, „Алкалоид“ развива партнерства и во другите производни сегменти, од кои би ги истакнал договорот со „НИПРО“ од Јапонија за растворите за хемодијализа, договорот за рентген-филмови, кој компанијата од 1981 година го има со јапонскиот „Фуџи“, договорот со „Мерк“ од Германија за сребрените соли. Од речиси 1.330 вработени во Компанијата, околу 290 работат во функција на нашите 14 подружници низ светот и странски застапништва, сегменти во кои „Алкалоид“ алоцира значајни инвестициски фондови. Само во последниве осум

месеци компанијата реализираше 74 нови вработувања во Македонија. Нашата цврста определба за врвен квалитет и совршенство во секој сегмент е тоа што ни дава правец и цел во работата во ова време на предизвици, голема динамика и брзи промени. Континуираниот деловен успех и одржлив развој на компанијата е директен резултат на придонесот на целиот тим вработени, кои тежнеат кон постојано подобрување и неуморно ги промовираат вредностите на нашата компанија, интегритет, професионален пристап и грижа за здравјето и квалитетот на животот на секој човек.

*„Алкалоид“ во изминатите неколку години посебно се истакнува во поддршката на многу спортски и културно-општествени настани, како и во помошта која ја дава за подобрување на македонското здравство. Колку општествената одговорност на компанијата е важна за успехот на „Алкалоид“? (подетално за поддршката и реализацијата на некои важни проекти)

Општествената одговорност е дел од традицијата на „Алкалоид“. Ние веруваме дека преку нашата општествена одговорност можеме да придонесеме во подобрувањето, унапредувањето и развојот на заедницата во која делуваме. За таа цел, во 2010 година ги промовиравме двата за нас стратешки битни документи: “Политика на општествена одговорност на Алкалоид АД” и нашиот “Код на етичко и бизнис-однесување”.

ПРЕНЕСЕНО

Page 25: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ активно партиципира и помага во реализацијата на домашни и меѓународни стручни манифестации, учествува со донации во опрема и инфраструкуни проекти за амбулантите и болниците низ Македонија. Логото на „Алкалоид“ и неговото мото “Здравјето пред се`” често се присутни и на дресовите на македонските спортски репрезентации. Шаховскиот клуб „Алкалоид“ со години е на врвот во Македонија, а во 2009 година се најде меѓу најдобрите 10 во Европа. Едноставно, стоиме и ќе застанеме зад најдоброто од Македонија, било да се проекти од областа на спортот, науката, културата или уметноста. За вработените на „Алкалоид“ е прилично важна посветеноста на општествената одговорност. Хуманоста е одлика на секој вработен во „Алкалоид“. Во таа насока беше и хуманитарниот хепенинг кој го организиравме на 3. септември, со кој практично почна одбележувањето на годината на дијамантскиот јубилеј. Пикникот беше организиран за вработените на „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивни пријатели за кои задолжителен дрес-код беше маичка специјално дизајнирана по повод јубилејот од страна на познатиот македонски креатор Александар Ношпал. Средствата во износ од 200 денари по маичка вработените ги донираа во Фондацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е „Алкалоид“ АД, а истите ќе бидат наменети за опремување на Одделот за детска онкологија при Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар во Скопје. За само ден и половина беа поделени околу 2.300 маички. Чувството да се биде на чело на едно такво големо хумано семејство беше навистина извонредно. Иако можеби се работи за симболична сума, самата помисла дека ќе помогнеме на најболната група на пациенти во фигуративна смисла на зборот исто така влева поттик за понатамошни ангажмани од овој тип. Во насока на помагање на оваа специфична група пациенти ќе биде и врзувањето на новото пакување на стариот и добар Бекутан со хуманитарна акција. Имено, во подготовка е проектот насловен како “Биди ми пријател”, кој се планира да стартува во текот на октомври, преку кој со секој купен производ на Бекутан, „Алкалоид“ ќе донира одредена сума за опремување на Одделот за детска онкологија.

„АЛКАЛОИД“ СТАНУВА СЕ` ПОАТРАКТИВЕН НА ГЛОБАЛЕН ПЛАН *Која е Вашата визија за „Алкалоид“? Како компанијата ќе продолжи да работи и да се развива во следните години?

Во пресрет на 75-годишниот јубилеј „Алкалоид“ е шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. Оваа 2011 година очекуваме да ја завршиме со вкупен консолидиран обрт од над 105 милиони

евра, што претставува двојно зголемување на продажбите во споредба со нивото кое го имавме пред точно пет години. На глобален план „Алкалоид“ како фармацевтска компанија станува се` поатрактивна. Компанијата има неколку предности, како што е присутност и етаблираност на повеќе пазари во регионот, се` помоќно и модерно продукт-портфолио, професионален и обучен кадар и стандарди на работење кои се компатибилни со најстрогите светски регулативи. Ние сме брза и флексибилна компанија чија проактивност е конкурентска предност. Намерата на менаџерскиот тим на „Алкалоид“ е да се задржи таа позиција на независност барем во наредните три до пет години. Преку јакнење на нашите позиции во регионот, подобро позиционирање на пазарите на земјите-членки на Европската унија, ЗНД и САД ние сме постојано отворени за градење нови синергии и партнерства, специјализирање во одредени групи производи и генерално, јакнење на брендот „Алкалоид“ надвор од границите на Македонија. Глобализацијата е неминовен процес. „Алкалоид“ и Македонија се дел од тој глобален систем на функционирање. На долгорочен план менаџментот на компанијата го гледа „Алкалоид“ како дел од некој голем фармацевтски систем, преку кој со нашето име ќе освојуваме нови пазари. Одбележувањето на дијамантскиот јубилеј, 75 години од основањето на „Алкалоид“, ни дава исклучителен поттик за надградување на постигнатите резултати. Исправени пред ваквите тешки предизвици, ние мора да ги вложиме сите напори за да го задржиме континуираниот тренд на раст на компанијата. Вложивме многу знаење и искуство. Имаме амбиција и желба за соочување со секој предизвик и можеме да бидеме сигурни дека нашите чекори се вистинските, оптималните.

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ИМА 144 СТИПЕНДИСТИ ПО ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНА *„Алкалоид“ долги години ја раководеше Трајче Мукаетов, а од 2007 години во негова чест е основана и Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Кои се вредностите кои ги поддржува и ги поттикнува оваа фондација, кои потсетуваат на ликот и делото на Мукаетов? Нешто повеќе за досегашните резултати на Фондацијата...

-Во чест на големиот стратег и визионер, Трајче Мукаетов, долгогодишен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД - Скопје, чиј мандат е одбележан со интензивирање на растот и развојот на компанијата во водечка фармацевтска компанија во регионот, во мај 2007 година компанијата ја формираше Фондацијата „Трајче Мукаетов“, која стипендира млади, талентирани и

амбициозни студенти кои својата кариера ја посветиле на македонското здравство и фармација. Во контекст на посветеноста на перманентниот развој, овој голем стратег и визионер сметаше дека важен параметар е зголеменото ниво на инвестирање во научни, истражувачки и развојни активности, вложувања кои се неопходни за посакуваниот просперитет. За вработените на „Алкалоид“ тој беше пример на пожртвуваност, делотворност, совесност и чесност, ќе остане во сеќавањата како личност со висок професионализам и подготвеност за несебична поддршка за своите колеги и за сите вработени во „Алкалоид“. Почнувајќи од учебната 2007/08 година до денес Фондацијата „Трајче Мукаетов“ имаше вкупно 144 стипендисти по фармација и медицина од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Стипендиите изнесуваат по 6.500 денари (105,7 евра) месечно во текот на целата календарска година и се остваруваат по строго утврдена постапка во сите фази на селекција. 30 од стипендираните студенти, сите од Факултетот за фармација при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ се веќе дипломирани, а 11 од нив ја почнаа својата кариера во одделите за истражување и развој и контрола на квалитет на лекови во сегментот фармација, политика на компанијата која ќе продолжи и во иднина. Почнувајќи од 2010 година, Фондацијата воведе доделување еднократна парична награда во висина од 1.000 евра за првенците на генерацијата на Факултетот за медицина и Факултетот за фармација при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

КАКО „АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ЈУБИЛЕЈОТ 75 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ?

Годините минат труд и постоење не се само заслуга на менаџментот, на вработените, на нашите партнери, туку на сите stakeholders и заедницата во која живееме и делуваме. Годината на јубилејот ќе ја одбележат низа настани, секој насочен кон специфична група. Првиот во редот беше денот на вработените, наскоро ќе се случи промоцијата на документарниот филм за „Алкалоид“, насловен “75 години успешна македонска приказна“, во кој е спакувана целата историја на „Алкалоид“ од самите почетоци до денес. Во знак на јубилејот и нашите заложби за грижа за здравјето на целата заедница ќе биде и промовирањето на новото пакување на Бекутан и стартот на кампањата “Биди ми пријател”. На еден, за мене лично симболичен, ден, 20 септември 2011 година, ќе се случи централната прослава на јубилејот планирана за блиските ценети соработници и пријатели на „Алкалоид“.

ПРЕНЕСЕНО

Page 26: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Стравот од дестабилизирачки колапс во Грција не престанува

АЛАРМОТ ЗВОНИ НА ПОВТОРНО „ТАНЦУВАЊЕ“

Неодамна инвеститорите нагрнаа кон безбедните раце на германските обврзници, и европскте банки возвратија со позајмици за нивните ризични партнери, како јасен знак дека стравот од дестабилизирачки колапс во Грција продолжува и покрај најновите напори да испливаат проблематичните финансии на државата. Алармот зазвони во потресените европски периферии. Италија плати горчлив данок и издаде краткорочни онврзници, позајмувајќи за три месеци со иста стапка како и американските за десет години. Обврзниците во Шпанија и Португалија исто така пораснаа. Грчките обврзници беа на панично ниво: повеќе од 20 проценти за позајмици на 10 години и 75 проценти за две години, иако само неколкумина купувачи беа вољни да купат од последниве.

Германските обврзници во меѓувреме паднаа рекордно ниско - 1,72 проценти за 10-годишни - што инвеститорите го гледаат како безбедност за најсилната економија на континентот. Ова беше гласен одговор на фуриозното наддавње на Грција да собере свежи пари. Неодамна, државниот министер за финансии изнесе план за покривање дупка од 2 милјарди евра со воведување специјален данок на имоти - кој од сопствениците на имотите ќе биде собиран преку сметките за струја, што е најсигурен начин дека овој данок ќе биде платен. Маневарот со данокот на имоти е дел од она што полека станува ритуал помеѓу Грција и меѓународните позајмувачи кои предупредуваат:

земјата е на работ на банкрот - Грција има доволно пари само до средината на октомври - и потоа пак ќе ветува воведување нови мерки за да добие уште помош. Двајца високи службеници на Меѓународниот монетарен фонд рекоа дека новите мерки на Грција ќе бидат доволни за земјата да се квалификува за добивање на нови 8 милијарди евра од колачот за помош. ИМФ и другите земји во еврозоната и позајмуваат на Грција под програмата за помош вредна 110 милијарди евра, распоредени во квартални дози.

„Притисокот во Грција расте од сите страни, затоа што државата постојано не успева да го обезбеди она што го ветила“, рече еден од службениците. „Грците внесуваат нови мерки за да пополнат дупки и затоа очекуваме да се постигне договор“ за нова транша за помош. Но повторното „танцување“ ги разлути спасителите на Грција - посебно оние од Германија, Холандија и Финска. Во Германија, министерот за финансии Волфганг Шојбле потенцираше дека сегашниот сојуз на Еврпската унија не гледа можност за излез на Грција од еврозоната. А постојаните навестувања за банкрот сепак и се закануваат на Грција. Предизвикот со кој се соочува грчката влада беше илустриран со бројките на новиот министер за финансии кој прикажа дека државата продолжува да има проблеми со намалувањетона нејзиниот дефицит. Во првите осум месеци од годината, дефицитот во државниот буџет беше 22 проценти поголем отколку пред една година. Во меѓувреме илјадници вработени во даночната управа и цариници излегоа од работните места на првиот ден од дводневниот штрајк заради планот за намалување на платите на администрацијата. Ним им се придружија таксистите и ѓубреџиите во Атина. „Учеството во штракот е 90 процентно“, вели Јанис Ривас, претседател на унијата на таксисти. „Работниците шрајкуваат од протест

затоа што им се краде од проходите“. Во пошироката јавност позагрижена е опозицијата која гледа како даноците вртоглаво растат на се, од бензините до цигарите и личните приходи. Високи грчки административци велат дека стравуваат оти многу даочни обврзници едноставно ќе одбијат да плаќаат даноци. „Најголемата загриженост е дека може да се соочиме со неконтролиран даночен револт“, вели тој. Објавувањето на грчката несолвенност може да биде лоша, а постојат многу начини тоа да се случи. Како прво, оригиналната помош од 110 милијарди евра не е доволно голема. Тоа може да боде покриено со друг пакет за помош со слична големина. Но деталите од тој договор договорени во јули, предизвикуваат незадоволство помеѓу земјите во еврозоната. Како второ, предуслов за вториот заем е сеуште некомплетираниот план за реконструкција на долгот, од кој бидат засегнати кредиторите од грчкиот приватен сектор за да ги продолжат своите заеми, да загубат на своите влогови или пак двете. Тоа е заради намалувањето на долгот, и покрај тоа што е котролиран и со познати исход. Многу инвеститори стравуваат дека неконтролираното намалување на долгот може да донесе хаос. Знак заради кој тие сметаат дека тоа може брзо да се случи е: грчките обврзниците кои доспеваа во март во понеделникот се тргуваа за 55 центи за евро, со што паднаа за повеќе од 200 проценти. Слабоста на европските јавни финансии е неодвоиво поврзана со континенталните банки, кај кои се наоѓа огромен дел од владиниот долг, така што грчката несолвентност ќе се прошири и низ банкарскиот систем. Но можеби најважно е што ова ќе ја сруши кредибилноста на европските лидери и ќе отвори широки прашања како тие ќе одговорат на загриженоста на пазарот за Италија, која секоја година мора да позајмува стотици милијарди евра за да ги изврши своите обврски. „Постои силна клима на страв и сите очи се свртени кои развојот на настаните во Грција“, вели Марк Освалд, истажувач и стратег за фиксни приходи во Моњумент секјуритис. „Постои можност од гаден шок пред нештата да се подобрат“.

(Вол стрит џурнал)

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 27: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Изгледа дека средната класа во Грција почна да се буди

СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ – ПОСЛЕДНА НАДЕЖ

Грчката здрава средна класа е жртва на својата декаденција и молчењето. Таа нема портпарол во стилот на Никос Фотопулос (поранешниот претседател на синдикатот кој ги претставува вработените во Јавната електрична корпорација ГЕНОП) кој има моќ да се заканува, уценува и да наметнува услови по своја желба. Луѓето од средната класа плаќаат даноци и се покоруваат на законот, и на крајот тие се - како и секогаш - оние кои треба да ја платат сметката. Се чувствуваат немоќни да делуваат против нивните соседи кои избегнуваат да плаќаат данок или колеги кој не отстапуваат да го прекршат законот бидејќи се грижат само за своите интереси. Тоа чувство е како кога чекате на семафор да свртите лево. Стоите и стрпливо чекате да се запали зелено - и доаѓа вашиот близок сограѓанин - се разбира најпаметинот од сите нас - ги одминува сите коли кои чекаат и се сместува прв во редот сметајчи дека е привилегиран да тргне пред сите други. За првпат тие флертуваат со идејата да покажат со прст кон познати избегнувачи на данок или да престанат да плаќаат претплата за ЕРТ - безвредната државна телевизиска компанија која помага да се одржи екстравагантниот систем патрон-клиент. Тие имаат симпатии за движењето „Не плаќам“, но истовремено тие добро знаат дека ова е само чекор поблиску до крајот на нашата демократија. Грците од средната класа чувствуваат дека се предадени веќе толку пати. Тоа беше динамична средна класа, која му овозможи на реформистот Костас Симитис да дојде до власт, само за да видат дека стариот ПАСОК го уништува по што следуваше закочување на темите за реформи на социјалната безбедност. Има уште. Сите овие години, средната класа стоеше настрана додека народот се сврте кон популзимот и на чудниот вид левичарски дискурс. Заради страв од самоуништување, децата на грчката средна класа никогаш немале храборст да станата младински лидери на било кој универзитет во државата. Изгледа дека средната класа почна да се буди. Таа нема друг избор.

Не можат да си дозвола да плаќаат екстра даноци затоа што политичкиот систем не се осмелува да се справи со своите кронисти. Тие се лути заради некомпетентноста, корупцијата и кодот на честа помеѓу корумпираните водачи и државни функциониери. За првпат, средната класа покажува зголемен интерес за политика - дури и кај оние кои се излезени од старовремските политичари. Погледнете на универзитетите. Студентите се обединуваат, тие реагираат на диктатура на медиокритетството, на апсурдноста на бесконечно заспаниот демос. Овие луѓе можеби припаѓаат на друга младинска партиска организација, или пак не припаѓаат никаде, но сите тие се борат унерзитетите да останат отворени. Низ овој процес и кризата оттаму ќе изникне нова генерација која нема да има никаква врска со стереотипите на партиите. Нашата надеж - нашата единствена надеж - е дека денешните 30-годишници ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја отстранат културата која беше изградена на правењето брзи пари, делуваше бесрамно и наметнуваше псеудо-левичарство. Тешко е да се предвиди што ќе се случува, бидејќи ѕверот на популизмот збеснува. Но грците, автодеструктивни како што понекогаш знаат да бидат, имаат харизма да преживеат и да ги поправат своите грешки.

(Катимерини – Атина)

Оваа година бербата на грозјето во Хрватска почна порано, а можеше да биде многу добра ако немаше голема

сушаВИНОТО ЌЕ ПОЕФТИНИ КОГА

ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ!

Цената на виното веќе долго време е иста, а таква ќе остане се до влезот на Хрватска во ЕУ, без оглед на сите поскапувања кои секојдневно не следат. Посебно тоа се однесува на цените на буренца вино, кои од флашираното вино треба да бидат поскапи само за трошоците за амбалажата и полнењето. Оваа година бербата на грозјето почна порано, а можеше да биде многу добра ако немаше голема суша, која повеќе ги погоди лозјата во Далмација и Истра отколку во Славонија.

Далматинските лозја, посебно на островите, имено имаат помалку земја па виновите лози не можат подолго да издржат без влага и дожд, кој оваа година не падна доволно. Во Хрватска се одгледува 31 вид на винско грозје, а најзастапени се грашевина, малвазија истарска и мал плавец. Се смета дека за една година треба да се произведат 1000 вагони грашевина и 500 вагони малвазија и мал плавец. Тие три сорти чинат околу 50 отсто од домашното производство на грозје, т.е. на вино, додека останатите 28 сорти се застапени со по 3 отсто. Меѓутоа, откупната цена на грозјето од само 2,5 куни по килограм е тоа што повеќе ги мачи лозарите. Бараат заштитна цена од 4 куни по килограм, за да можат да ги покријат трошоците, кои не се мали. Се работи за 30.000 до 40.000 куни по хектар лозје. Да потсетиме, пред три години откупната цена на грозјето беше 5 куни по килограм. Сега толкава цена можат да добијат само тие лозари кои имаат договори со винариите, но и прва класа грозје. Во цената на грозјето голем удел има амортизацијата и репроматеријалите, кои многу го поскапуваат. Притоа не го следи откупната цена на пазарот на вина, бидејќи има вишок, а и голем е увозот на ефтини вина од светот. Меѓутоа, цената на виното произведено во Хрватска веќе долго време е иста, а таква ќе остане се до влезот на земјата во Европската унија. Посебно тоа се однесува на цената на бутилките, кои од виното треба да бидат поскапи само за трошоците за амбалажа и полнењето. Оваа година први на ред за берење беа раните сорти на грозје во баранските лозја. Лозјата и визбите живнаа, а винарите очекуваат квалитетна берба која гарантира врвни бели и црни вина. Повеќето лозари уште во текот на кроењето се одлучија свесно да ги намалат приносите, за да бидат вината уште поквалитетни и побрзо да се продадат. Бербата на грозје во Барања сигурно ќе биде одбележана со отворањето на новата белиска винарија вредна 15 милиони евра, со капацитет од 8 милиони литри сместена во срцето на виногорјето. Отворањето се планира за понеделник, со што ќе се одбележи и почетокот на белиската берба на

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 28: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

грозје. Но, по завршената берба на шардоне и раниот црн пинот, почна бербата на савињон, од која може да се очекува пријатно изненадување за сите љубители на вино. Сега шеќерите се послаби, а киселината понагласена, додека истата сорта кон средина на септември ќе има обратна вредност. Двете берби треба потоа да се спојат и да се добие вино со елегантна арома со префинет

цветен мирис. Се работи за вид на грозје чија нега знае да биде подолга. Во Барања може да се најде и прилично ретката сорта зелен свиланец, потоа стандардните сорти како што се франковка, каберне и мерлот, и секако грашевината, чија берба е во тек. Важна тема на разговор на барањските винари е цената на вината, која се движи од 10 до 15 куни за литар, но во рестораните е многу скапа. Повеќето барањски винари истакнуваат дека сушната година за лозјата не била кобна како за некои други култури, а многу им значел дождливиот период во текот на јули и август. Тврдат дека нема болести, што секако се однесува на тие кои на време и правилно ги заштитиле лозјата. Според природните услови за одгледување на винови лози, застапени се два региона – континентална и приморска Хрватска со 13 подрегиони. Производството на вино во текот на годините беше приближно исто или поголемо од домашните потреби, кои пак во последните 20 – 30 години речиси се преполовени. Сега просечната годишна потрошувачка на вино во Хрватска изнесува 16 литри по глава на жител, а на пиво околу 80 литри. Во дрнишкиот крај во подготовка е берба на грозје на плантажата на Далмацијавино во Петрово поле. Таа плантажа е една од најголемите во Далмација и се простира на 215 хектари. Бербата прво ќе почне на околу 40 хектари засадени со сорта мерлот, а потоа ќе се берат сортите кои узреваат подоцна. Со оглед на овогодишните климатски услови, приносите се задоволителни. И степенот на заблаженост и киселината на грозјето упатуваат на добар квалитет, па треба да се добие и квалитетно вино. Технолошки, зрното е подготвено за берба, а единицата за слад на мерлот се движи од 19,5 до 20 степени. Високиот слад на грозјето го зголемува и квалитетот на виното. Дрнишкиот погон на Далмацијавино и оваа година ќе откупува вишок грозје исклучиво од дрнишко-проминското виногорје и од производители запишани во Регистер на земјоделски производители. Грозјето ќе се откупува по единица слад и тоа по три цени, кои ќе се утврдат подоцна. Под винова лоза во Истра се наоѓаат 10.000 хектари земја. Најзначајна сорта грозје е истарската малвазија, а треба да се спомне и многу успешната сорта шардоне како и бел мушкат, кој во Истра ја нарекуваат момјански мушкат. Над 60 отсто вино произведено во Истра завршува во туристичка

потрошувачка, што е доказ дека квалитетните вина, по потврдата на бројните меѓународни изложби, полесно го наоѓаат патот до пазарот. Илочките визби со сопствените 300 и 500 хектари лозје во кооперација оваа година ќе соберат 7-8 милиони килограми грозје, а ќе произведат до 5 милиони литри вино. Производството на вино со години беше приближно исто или поголемо од домашните потреби, кои пак во последните 20 години речиси се преполовени. Во бербата оваа година ќе бидат ангажирани двојно повеќе сезонски работници од лани, околу 110, како и 160 работници на Далмацијавино. За разлика од претходните години, кога на сезонските работници се плаќаше по килограм собрано грозје, оваа година тие се вработуваат на определено време, а дневницата им е од 140 до 150 куни. Истра денес со 5000 хектари винова лоза и со исто толку маслинови насади е пример за успех, но и за регион кој најдобро ги споиле зелената и сината нива, т.е. земјоделието и туризмот. Заслугата за тоа припаѓа на Винистра, една од водечките изложби на вино и винарска опрема во Хрватска но и во регионот, која секоја година се организира во Пореч, а оваа година пречека 130 излагачи од земјата и светот. Таа манифестација која донесува нови вински трендови, направи многу за зголемувањето на квалитетот на истарските вина. Во текот на 20 години од локална израсна во светска приредба, а рецептот за успехот е заедништвото. Ниту еден винар нема да успее сам ако зад него не стои слика на успешен регион која создава подобра слика меѓу потрошувачите. Меѓу излагачите на овогодишната 18-та Винистра, освен винари имаше призводители на зејтин, ракија и пршути, како и производители на опрема за лозја и винарски визби, кои најдобро се уредени токму во внатрешноста на Истра. Секако, тоа помалку или повеќе е на сметка на скапите кредити, но истарските винари веруваат дека работата кога-тогаш ќе се исплати. Тоа го потврди и неодамнешната промоција на нова линија на истарски вина Менегети малвазија 2010 и Менегети мерлот 2010 година. Покрај нив, претставени се и нови берби на врвните вина Менегети бело 2009 и Менегети црвено 2008, како и унапредениот визуелен идентитет на компанијата. И цените на бутилките од 70 до 80 куни е одличен показател за вложеното и добиеното на 10 хектари

ЕУ поттикнува расчистување на старите лозја, а Хрватска се уште ги сади

Во рамки на затварањето на поглавјето 11 за Земјоделство и рурален развој, Хрватска пријави дека има регистрирано 34.000 хектари лозја, што е важно бидејќи кога ќе се влезе во ЕУ, нема садење на нови лозја, а дури се поттикнува и расчистување на старите насади. Се работи за статистички податок на ДЗС. Новиот пак состав АРКОД евидентираше нешто помалку – околу 27.000 хектари лозја. Сепак, целта на проектот е да се воспостави Лозарски регистер во Хрватска, кој е новина и во земјите на ЕУ, а тоа значи создавање на единствена база на податоци на лозарството, со која ќе се овозможи следење и проверка на потенцијалот на производството на вина за пазарот. Регистрирани лозја има околу 150.000, а повеќето се со површина од половина хектар, што укажува на тоа дека има многу луѓе кои традиционално се бават со винарство, или од хоби, при што значителен дел од произведеното вино останува на семејниот бизнис. Според Записникот на производители на грозје, внесени се околу 18.000 производители на вино и овошни вина, кои поседуваат околу 20.000 хектари лозја. Но, се работи само за лозја и винарии кои своето вино го нудат на пазарот. Целиот надзор кој е врзан за големината на лозјата, мора да се темели пред се на Лозарски регистар. Имено, со одлука на Европската комисија пропишано е државите членки на ЕУ да водат регистар со ажурирани податоци за големината на површината под лозја, кои мора да се внесени во база на податоци. Лозарите се надеваат дека Лозарскиот регистар ќе ја намали папирологијата, но и ќе воведе поголем ред на домашниот пазар на вино. Имено, последните години значително е зголемен уделот на трговската размена на вино во однос на домашното производство. Размената е зголемена за 14 отсто, при што увозот, количински гледано е повеќе пати поголем од извозот.

Page 29: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

лозје. Менегети вината веќе се достапни на пазарите во Австрија, Црна Гора, Србија и Словенија, а голем исчекор очекуваат и од овогодишното излагање на пазарот на Хонг Конг, што тие вина ги прави пионери меѓу хрватските вина. Од друга страна, откако собра многу златни медали на најважни натпревари во регионот, ексклузивното семејство Мираз виногорје Феричанци се закити и со престижно светско признание за квалитет со бронзен медал на 2011 Decanter World Wine Awardsy. Тоа е лицето на хрватското лозарство, а опачината е дека кооперантите на задругата Дингач на Пелешац не добија пари за предаденото грозје уште од пред три години. Се работи за 40 милиони куни долг. Покрај тоа, работниците на винаријата Дингач 13 месеци чекаа плата, која сега стигнува на капка. Лошо појде кога пукна врската меѓу винаријата Дингач и Бадел 1861.

(Вјесник – Загреб)

Во Лондон отворен џиновски трговски центар во близина на Олимпискиот

град, засега најголем во ЕвропаРАЗУБАВУВАЊЕ ИЛИ ВИЗИЈА ЗА

ПЕКОЛОТ

*Блескав рај за шопинг и порта за олимписките игри следната година:

Џонатан Гленси и се придружи на толпата во Вестфилд Стратфорд сити

Големата маса нестрплива за потрошувачки добра беше на штрек. „Таму има славни лица и се друго“, вели една возбудена тинејџерка која наместо таму требаше да биде на училиште. Имињата на славните ми беа малку непознати и предизвикуваа кај мене „Кои се Битлсите?“ момент, но научив дека Никол Шерзингер била главен вокал во Пусикетс долс, и дека Ник Гримшоу не бил очилестиот претседател на кралската академија кој случјано има исто име, туку радиски диск џокеј. Сега вратите се отворија и масата втрчува внатре - со олимписки дух. Како што се отвараше секоја продавница, се слушаа овации и аплаузи. „Јоа“ и „дај-ми-петки“. Ако можете да го разберете, ова е источен Лондон, кој е сепак далеку од Док Грин, од пристаништата и од ритмичниот сленг, како Теско метро да е млечниот ресторан Експрес од аголот на улицата. Сепак, Вестфилд Стратфорд сити е повеќе од џиновски трговски центар.

Тоа е и порта за Олимписките игри во Лондон во 2012. Седумдесет проценти од 10-те милиони посетители кои ќе тргнат кон атлетските стадиони од другата страна на молот кој е во сопственост на австралијци, ќе минуваат низ овој шопинг портал и ќе танцуваат и ќе се радуваат од промискуитетниот избор на понудените глобално брендирани добра изложени зад со километри исполираните стакла и сместени помеѓу храбрите нови ограноци на Џон Луис и Маркс енд Спенсер. На површина од 1,9 милиони квадратни стапки - пет пати повеќе од површината на галеријата Тејт и 20 пати повеќе од катедралата Св. Пол - во Вестфилд Стратфорд сити има разни ланци на продавници: Епл, Бос, Лего, Примарк, Томи Хилфигер, Зара. Има и „возбудлива“ опција на храна: КФЦ, Криспи крим, Мекдоналдс, Мр. Прецелс, Старбакс и Сабвеј. Има и најмодерен кино мултиплекс со 17 кино сали, каде можете да си резервирате луксузни вип седишта. Ако ви треба повеќе од еден ден да избирате помеѓу планина од „мејд ин чајна“ производи кои се продаваат овде, во комплексот има изградено и хотели. „Прво шопинг, потоа спиење“ предлагаат од хотелот Премиер Ин кој има 267 легла. За оние поактивните има и луксузна куглана, додека казиното кое е несомнено луксузно и кое одговара на вип-овците, ќе биде отворено во ноември. Во казиното има панорамско стакло кое гледа кон олимписките мегдани, па коцкарите кои ја бараат шансата во жетоните можат да ги гледааат атлетичарите како ги претвораат спринтовите во сребро, а игрите во злато. Без разлика дали на ова гледате како на разубавување или како визија за пеколот, можеби сепак ќе биде она како вие очекувате да изгледаат модерните градски улици. Пред една деценија се зборуваше дека Стратфорд сити ќе се претвори во сплет на улици кои повеќе ќе наликуваат на урбаниот изглед на Барцелона, отколку на штаб на трговците во Хокни. Но она што наместо тоа произлезе е овој џиновски трговски цетар; просто го проголта целото местото и сега припаѓа тука исто како да е во Лос Анџелес, Лагос или Лапута. Како херметичка цитадела за комерцијално заведување, Вестфилд Стратфорд сити ќе ги израдува оние за кои шопингот по луксузни вип добра е начин на живеење, и ќе ги растажи оние за кои толкав блескаво спакуван глобален дизајн не е начин на планирање на иднината на градот, а ниту пак е поздрав за посетителите на Олимписките игри. Огромната полумесечина со продавници која е сместена помеѓу

канцелариите и хотелите помеѓу станицата Стратфорд и олимпиското село, е застаклена шопинг арена или градба на 21 век која прави дури и најамбициозните аеродроми да изгледаат како џуџиња. Ова е Аркејд, „напрчената улица која живее 24 часа“ и раскрсница за Вестфилд Стратфорд сити. Архитекти од компанијата го создадоа овој простор без столбови, па погледот кон излозите е непопречен. Подот блешти, таванот свети и без сомнение тука ќе има и уметнички дела избрани од културниот тим на Вестфилд, од Мери Портас и Трејси Емин, за да ја истакнат душата на испотрошените муштерии.

Зад ѕидовите на Вестфилд и околината, односно Олимписките игри 2012, лежи сосема поинаков Лондон. Стари улици, стари балкони, стари бизниси. Луѓе кои немаат никаква сличност со 300-те и повеќе вип продавници во молот. Ова некогаш беше свртилиште не на интензивен луксузен шопинг, туку на мануфактури. Овој огромен простор долго време беше дом на Стратфорд релвеј воркс, кои беа конечо затворени во 1991. Лондонските работници тука направија 1,682 локомотиви, 5,500 вагони и 33,000 товарни вагони. Во 1891 тие направија товарна локомотива за само 9 часа и 47 минути, а една од нејзините наследнички се уште работи на станицата Норт Нортфолк. Покрај брегот на реката Леа, која тече безгрижно покрај олимпиското село, постоеа некои од најиновативните британски компании и помеѓу други специјални нешта тука се правеа авиони и лондонските двокатни автобуси. Додека некои од нас сонуваа за подмладување на Страфорд и оживување на долината на Леа со модерни фабрики и со висококвалификувана работна сила, Вестилд на крајот победи. Без сомнение, ова ќе биде нејзин голем олимписки успех.

(Гардијан – Лондон)

Page 30: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Назив на Проектот

Модернизација на здравствениот систем / набавка на медицинска опрема за кардиолошкиот оддел во Тухч, дополнување

Референца WB3497-805/11-d

Финансиска референца

Project Id: P082814

Вид на набавка Испорака

Финансиер Светска банка

Земја Албанија

Објавено на 13.9.2011 година

Краен рок за апликација

5.10. 2011 година

Сектори Здравство

Опис на Проектот

LOT 1. Angiography LOT 2. Whole body computed tomography system- CTScanner LOT 3. Medical Equipment for Cardiology Department LOT 4. ECG Device, Cardiology defibrillator, Arterial Pressure Holter LOT5. Mobile X-ray Unit, Central and Individual monitor system LOT 6. Digital Echocardi-ogrphy System

Контакти Mr. Saimir Kadiu Ministry of HealthBlvd. “Bajram CURRI”, Floor third, room # 9Tirana Albania Telephone: +355 67 20 42Email: [email protected]

Назив на Проектот

Проект за паневропски коридор

Референца EBRDZ69041

Финансиска референца

Procurement ref: 6481-IFT-40185

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Украина

Објавено на 13.9.2011 година

Краен рок за апликација

20 .10. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот Надзор над работите на договорот за изградба на пат (M06 highway Kyiv to Chop km 434+230 – km 831+704

Контакт Mr. R. I. Galashchuk, Head of PIUProjects Implementa�on Unit51 Antonovicha (Gor`kogo) Str., office 708Kiev 03150UkraineTel: + 38 044 5019482 + 38 044 5019482Tel/fax: +38 044 2877060 +38 044 2877060E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

MK - Скопје: радио, телевизија, комуникации, телекомуникации и соодветна опрема

Референца ECZ69102-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 175-287790

Вид на набавка Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 13.9.2011 година

Краен рок за апликација

1.11. 2011 година

Сектори Телекомуникации

Опис на Проектот

Студиска опрема

КонтактЈП Македонска радиотелевизија Бул.Гоце Делчев бб Контакт Лазе Новески 1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: [email protected] +389 23221104Internet address(es) www.mrt.com.mk

Назив на Проектот

MK - Скопје: радио, телевизија, комуникации, телекомуникации и соодветна опрема

Референца ECZ69101-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 175-287791

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 13.9.2011 година

Краен рок за апликација

2.11. 2011 година

Сектори телекомуникации

Опис на Проектот

Студиски камери

КонтактЈП Македонска радиотелевизија Бул.Гоце Делчев бб Контакт Лазе Новески 1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: [email protected] +389 23221104Internet address(es) www.mrt.com.mk

Назив на Проектот

AL-Тирана: ИПА - изведбени работи за изградба на регионални канцеларии и лаборатории на Националната дирекција за храна дополнување

Референца EuropeAid/131838/C/WKS/AL

Финансиска референца.

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија

Објавено на 13.9.2011 година

Краен рок за апликација

19.12. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг Енергија

Опис на Проектот

LOT 1. Регионални канцеларии и лаборатории во Durres, Elbasan, Fier, Gjirokaster, Korce, Kukes, Shkoder, Tirana and Vlora. LOT 2. Регионална канцеларија и лабораторија во Dibra

КонтактDelega�on of the European Union to Albania, Contracts Financeand Audit Sec�on, ABA Business Centre, Rruga Gjon Pali II,Ka� 17, Tirana, ALBANIA. Fax +355 4274412. E-mail: [email protected] and cc [email protected]

Назив на Проектот

MK - Скопје: градежни работи дополнување

Референца ECZ68543-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 176-287935 (2011/S 163-269794

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 14.9.2011 година

Краен рок за апликација

12.10. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг Општествени служби

Опис на Проектот

Се пролонгира важноста на тендерот

КонтактНИ Турски театар - Скопје Ул. Никола Мартиновски бр.41, 1000 Скопје За Анита Латифи Република Македонија Tel. +389 70206902 +389 70206902 . E-mail: anitala�[email protected] +389 23296581 +389 23296581

Назив на Проектот

BA - Мостар: Хидроцентрала

Референца EIBZ69117

Финансиска референца

2011/S 176-287795

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 14.9.2011 година

Краен рок за апликација

8.11. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг Енергија

Опис на Проектот

Реконструкција на сливното подрачје на браната Рама

КонтактJP ELEKTROPRIVREDA HRVATSKE ZAJEDNICE HERCEG BOSNE d.d. Mostar, Mr. Ivan Jelcic, Director of PIU Mile Budaka 106a, 88 000Mostar. Tel. +387 36335724 +387 36335724 . Fax. +387 36335767. Electronic mail address: [email protected]. BOSNIA AND HERZEGOVINA

Назив на Проектот

Проект за подобрување на општинските услуги

Референца WB3950-808/11

Финансиска референца

Loan No. 7699-MK, Project Id: P096481

Вид на набавка Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 17.9.2011 година

Краен рок за апликација

28.10. 2011 година

Сектори Животна средина Транспорт

Опис на Проектот

Набавка на возила за транспорт на ѓубре

КонтактОпштина Кичево Ул. Борис Кидрич 1 Република Македонија Tel: (389-23) 120-352. Fax: (389-23) 106-382. E-mail: [email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

е-маил[email protected]

Page 31: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 23 септември 2011 година, во Стопанската комора Македонија

БИЗНИС-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ

(сала 1 и сала 4 на 5-ти кат, од 10:00 до 15:00 часот)

Стопанската комора на Македонија и Комората на Халкидики од Република Грција, организираат Бизнис-средби на македонски и грчки компании. Триесет и три грчки компании ќе ја посетат Република Македонија со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании. Стопанствениците од Република Грција, заинтересирани за деловни средби со македонски компании се од повеќе сектори: градежништво, прехранбена индустрија, земјоделие, текстил, агенции за недвижности, туристички агенции итн.

Деловните средби ќе се одржат на 23 септември 2011 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 и сала 4 на 5-ти кат. Ве молиме, да го најавите Вашиот интерес за деловни средби со партнери од грчката страна. Учеството на македонските компании е бесплатно.

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 27 септември 2011 година eднодневен семинар во Стопанската

комора на Македонија “ЦЕЛИ И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА

УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАД ОД

БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ИМПЛИКАЦИИ НА РАБОТЕЊЕТО НА

КОМПАНИИТЕ”(10:00-15:00 часот)

Со цел запознавање на компаниите со Законот за управување со батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори, кој стапи на сила 01.01. 2011 година, на 27 септември 2011 година, со почеток во 10:00 часот, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: “Цели и примена на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори и импликации на работењето на компаниите”.

ПРОГРАМА1. Презентација на Законот Предавач: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад, Министерство за животна средина и просторно планирање2. Надзор на спроведување на Законот и казнени одредби Предавач: претставник од Државниот инспектор за животна средина, Канцеларија во Скопје.

Семинарот е наменет за сите производители на отпад од батерии и акумулатори (производители, увозници, трговски компании и сл.). Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 септември 2011 година.

Цената за 1 учесник изнесува 3.540 денари (3.000+ДДВ) за компании-членки и 5.900 денари за 1 учесник (5.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 29 до 30 септември 2011 година бизнис-средби за туризам

во Република Италија “EXPERIENTIAL TOURISM” ВО СЛЕЗИА

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на Меѓународниот брокерски настан за “Experien�al Tourism”, што ќе се одрживо Спезиа, Република Италија, од 29-30 септември 2011 година. На настанот ќе се организираат состаноци меѓу италијански туристички оператори и меѓународни купувачи .

Travelling Likes Experience е италијанска изложба посветена на “Experien�al Tourism” кој ги поврзувамеѓународната побарувачка за вистински искуства во патувањето со италијанските понуди на туристички услуги, собирајќи ги заедно меѓународните купувачи со туроператори и добавувачи во врска со производите и услугите од сите краеви на Италија. Во 2011 година изданието ќе се фокусира на патувања: пешачење, со велосипед, по вода и со...вкус!

Главни теми: Билатералните состаноци ќе бидат посветени на меѓународните купувачи и италијанските туристички оператори и понудувачи на услуги поврзани со следните области: малопродажба (туроператори, туристички агенции), сместување, култура, забава, храна и вино, бизнис, трговија, здруженија, деловни патувања, спорт- wellness-слободно време, транспортни услуги, закуп, медиуми. Причини за учество:- запознајте ги потенцијалните партнери;- иницирајте прекугранични контакти;- зголемете го работењето во

Page 32: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

странство;- откријте ги најновите трендови на туризмот во Италија.

Контакт:Здружение на угостителство и туризамЛазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 29.9. до 01.10.2011 година, советување

во Банско, Република Бугарија„АРБИТРАЖА И АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД

ОБЛАСТА НА ГРАЃАНСКОТО ПРОЦЕСНО ПРАВО“

*Хотел „Bellevue –residence and SPA“ 4* Банско, Република Бугарија

Имајќи ги предвид предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови и потребата од детално запознавање на сите заинтересирани субјекти со постапката и со можностите за решавање на споровите пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, што ќе резултира со поголема примена на арбитражната клаузула во договорите меѓу деловните субјекти, Стопанската комора на Македонија, во периодот од 29 септември до 1 октомври 2011 година, во хотелот „Bellevue –resi-dence and SPA“ 4* - Банско, Република Бугарија, организира советување на тема: „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите и актуелни теми од областа на граѓанското процесно право. Учесниците на советувањето ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите и со актуелните теми од областа на граѓанското процесно право.

Агенда:

I. Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање

на споровите Предности на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови, со посебен осврт врз правилата на арбитражната постпака пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија; Арбитражна спогодба (видови, форма, содржина, полноважност); Признавање и извршување на арбитражни одлуки; Поништување на арбитражна одлука. II. Актуелни теми од областа на граѓанското процесно право Новини во режимот на поднесоците и доставување во парничната постапка; Новини во режимот на правните лекови во парничната постапка; Новини во постапката по платните налози (Нотарски платен налог). Предавачи: проф. д-р Арсен Јаневски, проф. д-р Тони Дескоски и доц. д-р Татјана Зороска Камиловска, професори на Правниот факулетет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” - Скопје. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Интересна група за ова советување се директорите/раководителите на правните сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за правни работи, адвокати и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22 септември 2011 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 до 9 oктомври 2011 година, во Зеница, Босна и Херцеговина

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА МЕТАЛИ „ZEPS INTERMETAL“

На саемската манифестација

ќе учествуваат производители на руда и суровини за производство на метали, опрема за рударство, металуршки машини и опрема, полупроизводи од метали, машини, опрема и алати за обработка на метали, опрема за контрола на квалитетот на материјали, заштита на животната средина и др. Во рамките на Меѓународниот саем ќе се одржат традиционалниот Форум на металците на БиХ на тема: „Актуелната проблематика во работењето, со порака за подобрување на амбиентот во работењето“. Подетални информации за профилот на излагачите и за условите за учество на оваа саемска манифестација можат да се добијат кај организаторот: DD POSLOVNI SISTEM RMK, тел. +38732247774; Факс +38732247773; е-адреса: [email protected];

[email protected] .

Контакт: Војкан Николовски Тел: 3244068; Факс: 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 6 до 9.10.2011 година бизнис-средби на компании од

информатичко-комуникациските технологии во Република Турција

“CeBIT BILISIM EUROASIA” ВО ИСТАНБУЛ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија организира учество на софистицирани средби за време на „CeBIT Bilisim Euroasia”, во Истанбул - портата на евроазискиот ИКТ-свет.

Page 33: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„CeBIT Bilisim Euroasia” претставува најважниот саем на ИКТ-секторот во цела Евроазија и меѓународен центар за поголем број ИКТ-пазари на Турција, Југоисточна Европа, Средниот Исток и регионот на Црно Море. Минатата година на „Ce-BIT Bilisim Euroasia” изложуваа 1066 компании, а настанот го посетија над 130.000 посетители од целиот свет. Вкупно 10 изложбени сали со вкупна површина од 26.000 метри квадратни на саемот Tüyap веќе се распродадени, со што е создаден најголем пазар на тесно поврзаните сектори - ИКТ, радиодифузија и сателитска комуникација. На „CeBIT Bilisim Euroasia” учествуваат излагачи и посетители, кои се активни во следниве области: - телекомуникаци, комуникациски и интернет-услуги, автоматизација на канцеларија, картичка технологија, системски софтвер услуги; - потрошувачка електроника (комуникациска технологија, РФИД-технологија, мобилни картички системи, GPS и навигација, управување со сообраќајоот); - Webcity / Е-здравје; дигитален живот (мобилни комуникациски и HD-светот); - телевизија, радиодифузија и сателитски комуникациски услуги и опрема (видео, аудио и осветлување, кабли, радиокомуникациски системи, комуникациски услуги). Бизнис-средбите се бесплатни. Регистрација и профили за соработка: h�p://www.een-b2b.org/cebit2011 Подетални информации за саемот можат да се најдат на: h�p://www.cebitbilisim.com/index.html Настанот е наменет за компании од областа на: информатичка технологија, електроника, микроелектроника, обработка на информации, информациони системи, телекомуникации.

Контакт: Здружение на информатичко-комуникациски технологииЛазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 6 до 8.10.2011 годна, во БукурештРОМАНСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-

ФОРУМ

Официјална посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, со бизнис-делегација Од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информирани сме дека во рамките на претстојната официјална посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Романија, планирано е истата да биде реализирана со придружба на стопанска делегација.

Во рамките на посетата планирано е одржување на Романско-македонски бизнис-форум во Букурешт. Во зависност од интересот на македонските фирми за соработка со Романија, соодветно би се организирале билатерални средби во рамки на бизнис-форум, што ќе се одржи на 6 октомври 2011 година. Целокупната логистика ќе биде дополнително дефинирана, во зависност од интересот на македонските компании. Ве молиме, за Вашиот интерес за учество на најавениот бизнис-форум, да не` известите најдоцна до 23.9.2011 година (петок), преку пополнување на анкетниот лист даден во прилог, со цел навремено да го информираме организаторот на оваа средба.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 15 до 19.10.2011 година, саем во Република Турција

„WOOD PROCESSING MACHINERY 2011“ И „INTERMOB 2011“

*Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување!

Во периодот од 15 до 19 октомври 2011 година, во Истанбул , Република Турција, ќе се одржи 24. Меѓународен саем за преработка на дрво, алати за сечење и рачни алати „WOOD PROCESSING MACHINERY 2011“ и 14. Меѓународен саем за мебел, шумарство и технологија за дрво „IN-TERMOB 2011“. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат: -машини и техничка опрема во шумарството; -машини и техничка опрема за полуготови производи; -машини и техничка опрема за пакување; -машини и постројки за посебни процеси; -преносливи машини за обработка на дрво и пластика, производство за опрема на машини, употреба на остатокот дрво (прашина, огревно дрво, кора од дрво) за производство на енергија и греење и др. На саемот ќе учествуваат ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, каде што ќе се претстават со своите најдобри производи.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-19 октомври 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Page 34: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30.9.2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 26 до 29 октомври 2011 година во Приштина, Косово

САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „АГРОКОС 2011“

Учествувајте на најзначајниот настан од областа на агробизнисот во Република Косово!

Од 26 до 29 октомври 2011 година, во Младинскиот центар во Приштина ќе се одржи најголемиот Саем за земјоделие, храна и пијалаци „АГРОКОС“. Тоа е едно од најважните економски случувања од областа на агробизнисот во регионот. На површина од 20.000 метри квадратни, ќе учествуваат компании од преку 20 земји, кои ќе се претстават со светски

најпознати компании од областа на агробизнисот. „АГРОКОС“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на свежо овошје и зеленчук, месо и сувомесни производи, зачини, морски производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе и чај, апарати за производство на пијалаци и амбалажа. Воедно, во рамките на Саемот, ќе се одржи и фестивал на пивото. За времетраењето на Саемот ќе се организираат бизнис-средби, агробизнис инвестициона конференција, тркалезни маси, интерактивни панел-дебати кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересирани за учество како излагачи. Комората обезбедува 15% попуст на саемскиот аранжман и бесплатен каталог, како и бесплатни влезници. Компаниите својот интерес за посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 23.9.2011 година.

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 26 – 30 октомври 2011 година, во Загреб, Република Хрватска

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА РУРАЛНИ ПОДРАЧЈА

„ЕКО ЕТНО ХРВАТСКА“

Стопанската комора на Македонија во соработка со Хрватски „Фармер“ од Загреб за македонските компании, кои сакаат да земат учество на Меѓународниот саем за производи и услуги на руралните подрачја „ЕКО ЕТНО ХРВАТСКА“ обезбеди 100 метри квадратни заеднички штанд, со 50% попуст за квадратен метар. Меѓународниот саем „Еко Етно Хрватска“ (www.ekoetno-sajam.com) ќе се одржи од 26 до 30 октомври 2011 година во Загреб, на атрактивниот простор во новиот

деловно-трговски центар „ГРЕЕН ГОЛД“. Во центарот на сите деловни случувања, Меѓународниот саем „ЕКО ЕТНО“ настојува да се прилагоди на модерните струења и трендови на урбаниот живот и претставува значаен мултимедиски проект, како значајна врска меѓу урбаното и руралното.

Саемот се состои од три саемски проекти: - 9. Саем за производи и услуги на руралните подрачја во Хрватска „Еко Етно Хрватска“; - 3. Саем на производи и услуги на руралните подрачја и традиции на европските држави „Еко Етно Европа“ и - 3. Саем на руралниот туризам и традиции „Еко Етно Туризам“. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании, да го пријават своето учество на Саемот, најдоцна до 5.10.2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 27 - 30.10.2011 година, саем во Истанбул, Република Турција

„PLAST EURASIA ISTANBUL 2011“ И „CHEMISTRY EURASIA 2011“

Во периодот од 27-30.10.2011 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Саем за пластика

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 35: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

и хемикалии. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. На овој саем посетителите ќе имаат можност да видат: машини за производство на пластична фолија, пластични цевки, пластична амбалажа, флексо-машини за печатење, миксир- машини, машини за вајарство на пластика и друго во делот на пластиката. Од областа на хемикалиите може да се видат: инженеринг, пластика, ПВЦ-додатоци, гумени хемикалии, ПВЦ-соединенија, термопластични еластомери, масла, мастила за печатење, полиетилен, пигменти и др. На Саемот можат да се видат и помошни машини за индустријата и тоа: четка машини, разладни кули, хопер фенови, цевки за климатизери, сензори, индикатори, полимер-пластично мерна опрема, прецизна вага, статична опрема, резистори, хидраулични системи, компресори за воздух, силос системи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 27-30 октомври 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува заинтересираните компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30.9.2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004

Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија

САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ„COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН

*Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап

Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BRO-YARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: - бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; - во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци; - за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; - за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно).

„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации

во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа:

- месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови, сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство.

Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMP-TOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 23 септември 2011 година.

Контакт:Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Page 36: Бизнис ИНФО број 66 од 22.09.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 22 септември 2011, Бр. 66

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брановидни

цевки и компензатори.Валидност до: 05.12.2011 година

Компанија од Република Македонија издава или продава кафетерија ЕГО во строгиот центар на град Скопје. Подетални информации можете да добиете

доколку се обратите на е-адреса [email protected]Валидност до: 05.12.2011 година

Компанија од Црна Гора бара да откупува хидрирана вар од Република Македонија.

Валидност до: 05.12.2011 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни

машини и опрема, а посебно на машини за мелење и дисперзија.

Валидност до: 06.12.2011 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на инструменти за анализа на квалитет на воздухот и водата, како и

издувните гасови.Валидност до: 06.12.2011 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални

машини за изработка на контејнери и силоси од лим.Валидност до: 12.12.2011 година

Компанија од Република Македонија ги нуди следните услуги:

писмен и усмен (консекутивен и симултан) превод од англиски, германски, француски, албански,

италијански, унгарски, грчки, словенечки, руски, српски и други светски јазици на македонски јазик

и обратно, лектура и обработка на текстови на англиски и македонски јазик, заверка на документи со печат од овластен судски преведувач, курсеви за странски јазици (англиски, германски, француски,

албански, италијански, унгарски и др.) и македонски јазик за странци. За членките на Стопанската комора

нуди плаќање во рок од 60 дена.

Валидност до: 12.09.2012 година

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хирушки,

забни и инструменти за ветеринарство.Валидност до: 12.12.2011 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на трајножаречки

печки.Валидност до: 12.12.2011 година

Компанија од Германија нуди решенија за оптимално искористување на енергијата.

Валидност до: 14.12.2011 година

Компанија од Шпанија бара да откупува половни шини за возови од типот Р65 пресечени во должина од 1,5 метри. Намерите на шпанската компанија е да склучи купопродажен договор во траење од 1

година, со можност за негово продолжување.Валидност до: 14.12.2011 година

Компанија од Германија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на технологија

за греење.Валидност до: 14.12.2011 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бебешка опрема.

Валидност до: 15.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да гради фабрика за производство на протеински пијалаци

(слични на Ред Булл) вообласта на Прилеп и Крушево, со можност за врабоотување на 350

лица,извозот е загарантиран.Валидност до: 04.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да купи хотел во непосредна близина на Охридското Езеро.

Валидност до: 04.12.2011 година

Швајцарска компанија бара да инвестира 40 милиони долари во областа на Охридското Езеро (Охрид, Струга), во изградба на најсовремен хотел

со казино.Валидност до: 04.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб Вардар и во близина на стадионот

„Филип Втори“ да игради рекреативен и трговски центар.

Валидност до: 04.12.2011 година

Компанија од Црна Гора бара да откупува ореви, лупени струмички кикирики, тетовски грав и кромид

од Република Македонија.Валидност до: 07.12.2011 година

Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболка од Република Македонија од сортите ајдаред, златен

и црвен делишес, гремит смит, муцо, глостер прва класа, калибража од 75 до 85 мм франко Подгорица.

Валидност до: 07.12.2011 година

Македонска компанија нуди електрични апарати за домаќинствата и радио и телевизиски уреди.

Валидност до: 07.12.2011 година

Македонска компанија нуди услуги за бојадисување на медијапан и метал.

Валидност до: 07.12.2011 година

Македонска компанија продава и монтира собни врати од „Леснина“ - Словенија, хрватски паркет и

оков за врати.Валидност до: 07.12.2011 година

Македонска компанија изработува чуварници и настрешници.

Валидност до: 07.12.2011 година

Македонска компанија бара партнери за соработка во Европската унија за извоз на работна облека.

Валидност до: 18.12.2011 година

Македонска компанија нуди еколошки тврди грејни горива (брикет, пелет и сл.) и мебели орнаменти

(летниковци, дрвени куќички и сл.) за македонскиот пазар.

Валидност до: 25.12.2011 година

Македонска компанија нуди комплетни логистички решенија за индустријата и широка потрошувачка, меѓународен и локален транспорт за секаков вид

на пратки.Валидност до: 25.12.2011 година

Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година 5.000.000 литри

бело и црвено виносо следните карактеристики: бело вино околу

2.000.000 литри ферментирано но под контролирана температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис

минимум 11,5% алкохол; црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 поени минимум 11,5%

алкохол. Бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги

посетат сите винарници за идна соработка.Валидност до: 2.12.2011 година

Компанија од Тунис бара да откупи јаболки од Република Македонија за пласман во Тунис.

Валидност до: 11.12.2011 година

Македонска компанија бара партнери во Европската унија за пласман на чоколади, бонбони и

кондиторски производи.Валидност до: 14.12.2011 година

Компанија од Полска бара соработка со македонски компании од пластичната индустрија за да

инвестира во машини и технологија.Валидност до: 14.12.2011 година

Компанија од Полска бара заедничка соработка со фирми во Република Македонија кои произведуваат

ткаенини за медицинска облека комбинација од волна и полиестер.

Валидност до: 16.12.2011 година

Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна облека кои

би произведувале по нарачка или пак имаат свој производ, кој би ги задоволил нивните критериуми и би откупувале од нив за пласман на својот пазар.

Валидност до: 16.12.2011 година

Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на некои делови за железница/

шински, со можност за заедичко вложување.Валидност до: 17.12.2011 година

Компанија од Босна и Херцеговина е заинтересирана за набавка на 5000 тони битумен

и 50000 тони цемент годишно од Република Македонија.

Валидност до: 21.12.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски