32
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 10 февруари 2011 Број 40 од 10.02.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Владата на Република Македонија со нов реформски пакет во градежништвото Групацијата за електроиндустрија со став ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ НЕПРОТОЧНИ ЗА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НЕЛОГИЧНОСТИ Малку проекти коишто со заштеди обезбедуваат конкурентен производ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЕФИКАСНИ, АМА ВО ТРОШЕЊЕ ЕНЕРГИЈА! СОСТОЈБИ СО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО ДОЗВОЛА ЗА НОВ ПОГОН

Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 10 февруари 2011

Број 40 од 10.02.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Владата на Република Македонија со нов реформски пакет во градежништвото

Групацијата за електроиндустрија со став

ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ

НЕПРОТОЧНИЗА МАЛИ

ХИДРОЦЕНТРАЛИ

НЕЛОГИЧНОСТИ Малку проекти коишто со заштеди обезбедуваат конкурентен производ

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ

ЕФИКАСНИ,АМА ВО ТРОШЕЊЕ

ЕНЕРГИЈА!

СОСТОЈБИ

СО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО ДОЗВОЛА ЗА НОВ ПОГОН

Page 2: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 10 февруари 2011

МЕТАЛСКИОТ КОМПЛЕКС - ЛОКОМОТИВА

Целиот металски комплекс, значи црната и обоената металургија и металопреработувачите, во вкупниот извоз на земјава учествуаат со 48,5 отсто, додека во вредноста на БДП со 44 отсто. Затоа, сосема се реални проценките дека растот на БДП годинава ќе биде барем 3 отсто. Ц е н и т е на металите од октомври лани почнаа да растат и се очекува таквото високо ниво на цените да се одржи во текот на целата оваа година. Тоа се однесува на цинкот пред се`, но и на бакарот, на никелот, ф е р о л е г у р и т е , што ни овозможи нам во ИГМ, но и на „Макстил“ и на „Арцелор Митал“ добри перспективи. Покрај „Бучим“, и „Саса“ е во одлична кондиција, „Силмак“ се ревитализира, а тука е и капацитетот во Николиќ, така што проценките за годинашниот пораст според мене се сосема реални.

(Илија Гечев, сопстевник на ИГМ „Трејд“ од Кавадарци)

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ЌЕВЛИЈАЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Не верувам дека проблемите ќе ги засегнат инвеститорите, бидејќи последниве години воопшто нема инвестиции. Но, не доаѓа во предвид да има инвестиции се додека не се гледа каква разрешница ќе има оваа криза во која влеговме во овие последни денови. Со продлабочување на кризата, сигурно дека во прашање ќе бидат и други економски параметри. Во прашање ќе биде проектираниот раст на БДП од владата, горе-долу и ММФ, значи сите овие работи ќе бидат под знак прашалник, секако и буџетот и размената на стоките со странските земји

(Џевдет Хајредини, економист, поранешен министер за економија)

Собранието на Република Македонија го донесе Законот за стопанските комори

ЗАКОНСКА РАМКА ЗА СОВРЕМЕНО РАБОТЕЊЕ И ЗАЕДНИЧКО

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА Подобра организираност, координираност и заштита на интересите на деловните субјекти-членки на стопанските комори, како и нивно заедничко претставување, настапување и соработка со други бизнис заедници, организации и институции надвор од Република Македонија се целите на усвоениот Закон за стопански комори на 135.седница на Собранието на Република Македонија (3.2.2011година). Досегашниот начин на уреденост на основањето, организацијата и работењето на стопанските комори во Република Македонија и не постоењето на заедничко тело кое сите нив еднакво ќе ги застапува и презентира во земјава и странство, не ги

даваше посакуваните ефекти во нивното работење, што беше причина за изготвување на овој закон од страна на Министерството за економија. Со цел да се надмине постојната состојба во Република Македонија, се донесе овој закон кој ќе се однесува на работењето на стопанските комори кај нас и ќе го уреди начинот на нивното меѓусебно

здружување и поврзување, со цел нивно заедничко и координирано настапување на домашен и меѓународен план. Законот за стопански комори содржи одредби со кои се уредува предметот, целите, статусот и начинот на регистрација на коморите, членството во коморите кое е доброволно, основање на коморите, актите и органи на комората, нивниот состав и начин на работење, како и формите на нивно организирање и работење (здруженија според дејности, регионални комори и други форми на организирање и работење). Исто така, законот го регулира и работењето на комората, со што е дадена можноста комората да врши јавни овластувања кои се утврдени со закон, како начините на финансирање, решавање на настанатите недоразбирања од работењето преку Судот на честа, како независен орган и постојаниот избран суд - Арбитража при комората, кој ќе носи одлуки што се конечни и имаат сила на правосилна пресуда. Новина во законот се одредбите кои се однесуваат на Договор за соработка, а се’ со цел заедничко настапување на коморите пред надлежните домашни и меѓународни институции и органи. – соопштуваат од Министерство за економија.

Покровители

КОМОРСКИ СИСТЕМ ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 10 февруари 2011

* Намалување на постапката, времетраењето и трошоците за одобренија за градење* Се пропишува и многу едноставна постапка за изградба н а оранжерии, помошни објекти и фарми на земјоделско земјиште, што со постојните законски решенија практично беше невозможно, а со тоа ќе се овозможи легализација на досега нелегалните објекти на земјоделско земјиште, како и можност за аплицирање за ИПАРД-средствата

Поголема градежна експанзија и изградба, односно создавање услови за зголемување на инвестициите во градежништвото, треба да овозможи новиот пакет реформски закони што ги усвои Владата на Република Македонија. Со законските измени чија цел е да се подобрат условите за работа во градежништвото, се предвидува укинување на одобрението за локациски услови, укинување на двојниот надзор, се укинува плаќањето на надомест при трансформација на земјоделско земјиште во градежно, се допрецизира постапката за пренамена на з е м ј о д е л с к о земјиште во градежно, при што се овозможува поголема либерализација, драстично се зголемува одговорноста на службените лица, а се продолжува и важноста на одобрението за градење на две години. За 95 отсто ќе се намалат и трошоците за надомест за уредување на градежното земјиште за стопански објекти. Станува збор за предлог-законски решенија со кои се изменуваат законите за градење, за просторно и урбанистичко планирање, за земјоделско земјиште, за санитарна и здравствена инспекција, за заштита и спасување и за заштита на културното наследство. Со законските измени, како што посочил премиерот м-р Никола Груевски на прес-конференција во Владата, а пренесува МИА, директно се подобрува бизнис-климата и се дава силна поддршка за забрзан локален развој на општините. - Со промените во овие закони драстично се намалуваат постапката, времетраењето и трошоците за издавање одобренија за градење. Со тоа им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, се овозможува поголема градежна експанзија и изградба, односно се создаваат услови за зголемување на инвестициите во градежништвото, - истакнал м-р Никола Груевски. Премиерот посочил дека овие мерки директно ќе влијаат врз подобрувањето на бизнис-климата и забрзувањето на локалниот развој на општините, појаснувајќи оти од додегашните 21 чекор, постапката за изградба на станбени куќи ќе се намали на три, а за стопански објекти на четири чекори, со што земјата ќе биде прва во Европа во оваа сфера. Времетраењето на чекање

од сегашните 146 дена ќе се намали на 30 дена во просек, а ќе се намали и надоместокот за комуналии за изградба на стопански објекти на пет отсто од сегашната цена. - Со предложените измени правиме крупен исчекор напред споредено со останатите земји од Европа во поедноставувањето и олеснувањето на постапката за добивање градежни дозволи и инвестирање во изградбата на нови објекти, - подвлекол претседателот на Владата. М-р Никола Груевски информирал дека при подготовката на оваа реформа се воделе од примерот на Данска, каде што постапката за издавање одобренија има шест чекори, а во последниот извештај „Доинг Бизнис“ на Светската банка е најдобро рангирана европска земја во делот на издавање градежни одобренија.

Со реформите се предвидува нова к а т е г о р и з а ц и ј а на градбите, согласно нивната функционалност и сложеност. - Со измените детално е наведено за која категорија за градба кои д о к у м е н т и се потребни. Службеникот ќе нема право да бара дополнителни д о к у м е н т и . Документацијата

ќе се доставува на едно место и при тоа странките нема да обезбедуваат какви било дополнителни согласности. Надлежните органи кои ги издаваат одобренијата за градење, а тоа во зависност од категоријата на градбата се општините или Министерството за транспорт и врски, по службена должност ќе ги бараат согласностите од соодветните институции, што значи дека барателите на одобренија за градење нема да мора самите да ги бараат, - подвлекол Груевски. Како што појаснил премиерот, соодветните мислења, надлежните институции ќе мора да ги достават во рок од пет дена, а доколку не ги достават ќе важи правилото молчењето е одобрување. По тој рок, мислењето ќе се смета за позитивно, а органите што не одговориле ќе одговараат за евентуална штета. Преку либерализацијата на постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно, се предвидува пренамена и на трета и четврта класа на земјоделско земјиште, со што, според премиерот, се овозможува поголема флексибилност и се зголемуваат можните места за градење на објекти за неземјоделски цели. - Ова практично значи дека покрај патиштата, каде во најголем дел е земјоделско земјиште од трета и четврта категорија, заинтересираните инвеститори ќе можат без бирократски процедури да вршат пренамена на земјоделското земјиште во градежно и таму да инвестираат во градба на објекти, појаснил претседателот на Владата. Се пропишува и многу едноставна постапка за изградба на оранжерии, помошни објекти и фарми на земјоделско земјиште, што со постојните законски

ЗАФАТИ Владата на Република Македонија со нов реформски пакет во градежништвото

СО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО ДОЗВОЛА ЗА НОВ ПОГОН

Page 4: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 10 февруари 2011

ЗАФАТИ

решенија практично беше невозможно, а со тоа ќе се овозможи легализација на досега нелегалните објекти на земјоделско земјиште, како и можност за аплицирање за ИПАРД-средствата. - Се предлага воопшто да не се бара елаборат за влијание на животната средина за објекти кои се со намена домување или комерцијална намена. Предвидено е елаборат за влијание на животната средина да се бара само за објекти кои имаат влијание врз животната средина откако определен објект ќе биде ставен во употреба. Во законските прописи од областа на животната средина е утврдено за кои објекти е потребен ваков елаборат. Тоа практично ќе се однесува само на стопанските објекти, - додал Груевски. Општината по службена должност ќе бара согласности за соодветната инфраструктура и по службена должност ќе треба да го изврши поврзувањето со инфраструктурата. Граѓанинот нема да има обврска да бара од надлежните институции да вршат увид и да даваат согласност, како што тоа беше случај со согласностите од комуналните претпријатија и нема да го има товарот ниту за поврзување на новата градба со соодветна инфраструктура, затоа што сега ќе бидат обврски кои општината ќе ги извршува по службена должност. Доколку не постапи во предвидениот рок, вработениот во администрацијата е предвидено да биде санкциониран, а предвидена е и кривична одговорност бидејќи секое непостапување согласно роковите се смета за злоупотреба на службената должност. Според ова, рече премиерот, значајно ќе се поедностави целокупната постапка. - На пример, за изградба на нова куќа најпрво ќе треба да се обезбеди извод од план заедно со податоци за инфраструктурата кој општината ќе биде задолжена да го достави во рок од пет дена. Потоа, од приватните геодети ќе треба да се обезбедат податоци за сопственоста на земјиштето - имотен лист и геодетски елаборат за парцелата на која се планира градба. Следен чекор е доставување на ревидиран основен проект со потребните елаборати заедно со податоците за земјиштето до општината, по што самата општина во рок од еден ден треба да побара од надлежните институции како што се Дирекцијата за заштита и спасување, ЕВН и комуналните претпријатија, да се изјаснат за доставениот проект во рок од пет дена, а доколку тоа не го направат, се смета дека немаат забелешки и ако поради нивното неизјаснување евентуално произлезат штети истите ќе бидат на товар на субјектот кој не постапил, - појаснил Груевски. Доколку документацијата е комплетна, општината пресметува надомест за уредување на градежно земјиште и откако тој ќе се плати го издава одобрението за градење во рок од пет дена. Доколку некој дел од документацијата недостасува, во тој случај барателот има рок од 15 дена да ги отстрани констатираните недостатоци и доколку го направи тоа општината не смее да му бара дополнителни забелешки.

За изградба на нови стопански објекти, со измените, ќе се плаќа само пет отсто од вкупната сума, што ќе биде дополнителен стимул за влез на нови инвестиции, односно изградба на нови индустриски капацитети во Република Македонија. - Со воведувањето на овие значајни реформи очекуваме Република Македонија да биде повисоко рангирана во извештајот „Доинг Бизнис“, што ќе значи и дополнителен повик до странските инвеститори и порака дека во земјата се

овозможуваат услови за поголем економски раст и развој, - истакнал премиерот м-р Никола Груевски.

Број на издадени одобренија за градење во декември 2010 година ПРЕДВИДЕНА ИЗГРАДБА НА 858 СТАНОВИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2010 година се издадени 288 одобренија за градба, што е за 5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 532 322 илјади денари, што е за 21,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 232 (80,5%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (10,1%) за објекти од нискоградба и 27 (9,4%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 288 објекти, на 210 (72,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 објекти (27,1%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 858 станови со вкупна корисна површина од 68 339 м2.

Page 5: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 10 февруари 2011

Малку проекти коишто со заштеди обезбедуваат конкурентен производ

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЕФИКАСНИ, АМА ВО ТРОШЕЊЕ ЕНЕРГИЈА!

Енергетската ефикаснот добива се` поголемо значење за економскиот и севкупниот живот во државата, поради нагласената потреба од рационално користење на енергијата и зачувување на животната средина. Ова посебно доаѓа до израз во услови на зголемување на цените на енергесните. За ублажување на овој трошковен удар врз инсутријата, како најпогодно можно решение е зголемување на енергетската ефикасност, oбновување на технологијата која ќе ги намали трошоците за енергија во производните процеси во индустријата, а со тоа ќе придонесе во зголемена профитабилност и конкурентност – ова беше истакнато на редовната средба со новинарите во Стопанската комора на Македонија (7.2.2011 година). Стопанската комора на Македонија, преку Групацијата за климатизација, греење, ладење и провертување е посветена на оваа потреба на индустријата, а една од последните активности е семинарот кој имаше за цела да ја прикаже важноста на енергетската ефикасност за зголемување на профитабилноста, како и да ги презентира можностите за финансирање на проекти од енергетска ефикасност во индустријата во Македонија. За состојбите на овој план во македонската индустрија информираше претседателот на Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување, Илија Тикваровски, кој истакна дека е реалтивно мал бројот на капацитети коишто имплементираат проекти од енергетската ефикасност и затоа е потребно што поголем број индустриски капацитети да ги започнат анализите за рационално користење на енергијата во нивните производни процеси. - Целта е да се направи производ кој најмалку ќе потроши енергија и да се искористи целокупната неискористена енергија од технолошкиот процес за други цели, - истакна претседателот на Групацијата КГЛП. Ова е

добар пат до создавање конкурентен производ и придонес во заштитата на животната средина, намалување на штетните емисии во воздух, – нагласи Илија Тикваровски. Една од основните пречки во поголема импементација на проектите од областа на енергетската ефикасност е недостигот на средства за оваа намена. Но, во последната година зголемен е бројот на кредитни линии за оваа намена. - Можностите за поголем пристап до финансиските средства се дел од Програмата што се реализира во РМ од страна на Центарот за климатски промени, а финансиран од Владата на Кралството Норвешка, - истакна Бојана Станоевска од Центарот за климатски промени. - Програмата ќе даде техничка помош за идентификување на мерки за заштеда на енергија преку вклучување на локални и норвешки експерти и на заинтересираните комапнии во изработката на физибилити студии. По изработка на студиите, односно на целата проектна документација, во рамките на Програмата ќе се овозможи комуникација со финансиските институции за обезбедување средства за нивна реализација. Програмата ќе биде отворена за аплицирање за сите индустриски капацитети кои ќе пројават интерес за соработка. Јавниот конкурес ќе биде објавен во втората половина на овој месец, меѓу другите и на веб-страницата на Стопанската комора на Македонија.

З. Мешкова

ЕНЕРГЕТИКА

ПРОПИСИ

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за енергетика

СИГУРНО, БЕЗБЕДНО И КВАЛИТЕНО СНАБДУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА

ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и енергенти; создавање на ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор; поттикнување на конкуренцијата на енергетските пазари почитувајќи ги начелата на недискриминација, објективност и транспарентност; интегрирање на енергетските пазари на државата во регионалните и меѓународните енергетски пазари во согласност со обврските преземени со ратификуваните меѓународни договори; зголемување на енергетската ефикасност и поттикнување на искористувањето на обновливите извори на енергија и заштита на животната средина од негативните влијанија при вршењето на одделни дејности од областа на енергетиката се целите кои ќе се постигнат со новиот Закон за енергетика, беше усвоен на 135. седница на Собранието на Република Македонија (3.02.2011 година).

Со донесувањето на овој закон, Република Македонија вброи уште една реализирана активност утврдена во Националната програма за усвојување на законодавството на Европската унија и Партнерството за пристапување, каде што во економските критериуми во делот 3.15. Енергија се утврдени следните обврски, и тоа: продолжување со усогласувањето на законодавството за

Page 6: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 10 февруари 2011

внатрешните пазари за електрична енергија и природен гас, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со законодавството на ЕУ со цел постепено отворање на пазарот за енергија и воведување на конкуренција; продолжување со зајакнување на независноста на Регулаторната комисија за енергетика; исполнување на обврските произлезени од Договорот за основање на енергетската заедница во однос на целосно спроведување на законодавството на ЕУ за внатрешниот пазар на природен гас и електрична енергија и за прекуграничната размена на електрична енергија. – се вели во соопштението на Министерството за економија. Во Законот за енергетика се врши транспонирање на 12 директиви и 2 регулативи од законодавството на Европската унија, а меѓу позначајните измени во законот се: надградба на моделот на пазарот на електрична енергија и природен гас со цел воведување на нови форми на тргување со енергија и реална платформа за конкуренција на пазарот на електрична енергија, зголемување на транспарентноста, и слободно движење на енергијата во согласност со законодавството на ЕУ и Договорот за основање на енергетската заедница, еднаква позиција и фер третман на сите учесници на пазарот за електрична енергија и природен гас, во согласност со законодавството на ЕУ и Договорот за основање на енергетската заедница, дополнување и прецизирање на одредбите што се однесуваат на непречен пристап на трети страни до енергетските мрежи, вклучително и аспектите кои се однесуваат на прекугранична размена на енергија и доделување и користење на прекуграничните преносни капацитети, допрецизирање и дополнувања на надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), особено во делот за мониторинг на пазарот, условите за прекугранична размена на енергија, пристапот до мрежите, сигурноста во снабдувањето со енергија, контролата во работата на регулираните компании, правното раздвојување на операторите на преносните и операторите на дистрибутивните системи од конкурентните дејности, создавање услови за целосно отворање на пазарот на електрична енергија и природен гас во согласност со обврските што произлегуваат од Директивата 2003/54 за внатрешен пазар на електрична енергија и Директивата 2003/55 за внатрешен пазар на природен гас, како и согласно Анексот и Договорот за основање на енергетската заедница. – соопштуваат од Министерство за економија.

Македонската енергетска асоцијација - МЕА по трет пат организираше расправа за граничните вредности на емисиите

КВАЛИТЕТНО ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

Во организација на Македонската енергетска асоцијација, претставници на енергетските компании и на индустриските капацитети, на 3 февруари 2011 година, во Стопанската комора на Македонија го разгледаа текстот на Правилникот за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарни извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот на емисии во амбиентниот воздух. На овој, трет по ред консултативен состанок меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и претставниците на енергетскиот и индустрскиот сектор

продолжија започнатите активности за донесување на регулативите за граничните вредности на емисиите, кои произлегуваат од Законот за квалитет на амбиентниот воздух. За европските регулативи и искуства во поглед на емисиите во воздух презнетираа фински експерти од Твининг проектот “Зајакнување на капацитите на центално и локално ниво во областа на управување со воздухот”. Во овој Правиник се врши усогласување со европските регулативи и директиви од оваа област, а планираните мерења и водењето дневник на емисиите во воздух се потребни не само за извештаите согласно конвенциите за прекуграничните емисии чијшто потписник е и Република Македонија, туку, како што истакнаа претставниците на Министерството за животна средина, најголем бенефит ќе имаат компаниите преку споредувањето на своите мерења во изготвувањето на извештаите кои произлегуваат од обврските за интегрирано спречување и контрола на загадувањето. Понудениот Правилник стопанствнеиците го оценија како добар, а во дискусијата се поставија одредени прашања како што е надлежноста за вршење на предвидените мерења. Со оглед дека Законот предвидува

мерењата да ги вршат акредитирани лаборатории, се планираат измени на законската регулатива со кои би се предвидел преоден период од 2 до 3 години за да се даде можност за акредитација на лаборатории, кои можат да бидат и во состав на компаниите. Се постави прашање и за сезонските загадувачи кои мерењата би ги вршеле во периодот кога работат, а извештаите ќе ги поднесуваат согласно одредбите од Правилникот - годишно, потоа за начинот на водење и доставување на дневникот, при што во интерес на избегнување на преголемото администрирање, беше побарано да се доставува само во електронска форма. Во однос на роковите за доставување на извештајот од извршените мерења, стопанствениците предложија кај месечните да биде секој 15-ти во месецот за претходниот месец, а за извештаите на годишно ниво беше предложен 31 март. Соработката на претставниците на реалниот сектор со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи до заокружување на целокупната регулатива за граничните вредности на емсиите, која произлегува од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух.

З. Мешкова

ПРОПИСИ

Page 7: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 10 февруари 2011

Предлози на Стопанската комора на Македонија за измена и дополнување на предложената Нацрт-стратегија за промоција на извозот на Република Македонија

ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗАПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ

Стопанската комора на Македонија презеде низа активности во насока на надградба и дополнување на предложената Нацрт-стратегија за промоција на извозот на Република Македонија. Оваа стратегија на Министерството за економија на Р. Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот е фокусирана кон развивање на извозните перформанси на македонската економија и зголемување на конкурентската способност на извозно-ориентираните домашни компании. Стопанската комора на Македонија ги презентира предлог-мерките и заклучоците на јавната дебата, одржана на 8.2.2011 година, во Клубот на пратеници, прифатени од Работната група од 4.2.2011 година, на која земаа учество 20-тина извозно-ориентирани македонски компании.

На средбата беше заклучено: 1. се поддржува одлуката за донесување на стратегија за промоција на извозот и се верува дека истата би можела да го унапреди извозот на македонски производи; 2. се поздравува фактот што се извршени директни контакти со компниите, но се изразува разочареност што не беше консултирана Стопанската комора на Македонија при изготвувањето на Нацрт-стратегијата, заради поширока платформа на размена на информации кои би придонеле за посебна анализа при нејзината подготовка; 3. се поддржува намерата за концентрирање и интегрирање на човечките ресурси на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ) и Дирекцијата за технолошко-развојни индустриски зони со Агенцијата за странски инвестиции – МАКИНВЕСТ; 4. Управниот одбор на новото тело треба да претставува јавно- приватен менаџерски борд, што значи во него треба да членуваат и претставници на коморите; 5. се бара вклучување на Стопанската комора на Македонија во двонасочна размена на информации со Агенцијата за странски инвестиции –МАКИНВЕСТ; 6. не е дефинирана платформата преку која ќе се уреди соработката на МАКИНВЕСТ со коморите кои се на доброволно здружување, ниту е посочен начинот на користење на средствата од буџетот наменети за промоција

на извозот. Се предлага да се земе предвид примерот на Р. Словенија и Р. Турција како форма на јавно-приватно партнерство за промоција на извозот; 7. оценка е дека поддршката на извозот треба да биде исклучиво концентрирана кон оние компании кои веќе се докажале како успешни извозници, и со тоа да се зајакне нивниот извозен капацитет, со што ќе се подобрат и извозните перформанси на помалите компании како еден вид суб-контрактори. Истовремено се истакнува потребата да се изготви посебна програма за промоција на извозот наменета за малите претпријатија; 8. се бара изработка на секторска матрица за конкретни алатки за поддршка на промоцијата на извозот која би била креирана врз основа на информации доставени од голем број компании. Проценка е дека стратегијата не дава конкретни алатки за точно определени сектори за поддршка на извозот; 9. Се поддржуваат предлозите за изработка на интегрални портали во кои би се слевале информации како за потенцијалите на странските пазари, така и за извозните капацитети на земјава. Порталот треба да содржи сеопфатна база на податоци која ќе им помогне на компаниите за настап на странски пазари; 10. се цени дека извозот на вино не е адекватно обработен во нацрт-верзијата на стратегијата за промоција на извозот, пред се` имајќи предвид дека со Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, се наложува извозот на вино од РМ да се трансформира од наливно во извоз на вино во шишиња и брендирано вино. Извозот на вино воопшто не е третиран во стратегијата, иако е една од најголемите извозни гранки во структурата на извозот на РМ; 11. во однос на економските промотори, се предлага нивната работа во иднина да биде транспарентна во однос на компаниите (максимална достапност и неселективен пристап во комуникацијата. Се истакнува потребата промоторите делегирани на конкретни странски пазари да бидат соодветно секторки обучени, како би биле пружиле стручна помош и адекватна асистенција на македонските компании во насока на промоција на извозните потенцијали на РМ.

Групацијата за електроиндустрија со ставЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ НЕПРОТОЧНИ

ЗА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

На седницата на Групацијата за електроиндустрија, одржана на 3.02.2011 година во Стопанска комора на Македонија, се расправаше за повеќе добиени предлог-теми од членките на Групацијата, а пред се` за покренување иницијативи за измени кои ја регулираат изградбата на мали хидроцентрали, измена на мрежни правила, заштита на домашното производство, јавните тендери и сл. За изградбата на мали хидроцентрали се истакна дека оваа област е регулирана со повеќе закони, како што е Законот за концесии, Законот за градба, Законот за води и други закони. Но, одредени законски решенија во овие закони недоволно ја стимулираат изградбата на малите хидро центарали. Согласно законските решенија инвеститорот, односно сопственикот на изградената мала хидроцентрала, по добивањето на концесијата во рок од три години мора да ја изгради МХЦ и по користење од 20 години истата треба да ја врати на државата или повторно да побара концесија за користење на истата. На седницата беше зазеден став за овие проблеми да се информира Групацијата за мали хидроцентрали при Стопанска комора на Македонија за да се изгради заеднички став на инвеститорите на малите хидроцентрали за натамошните

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 8: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 10 февруари 2011

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

активности за покренување на измени и дополненија на законската регулатива која ја регулира оваа област. На седницата посебен акцент беше даден и на мрежните правила за уредување на услови за проектирање и изведба на приклучоци, за што се побара преиспитување на истите и прилагодување со Законот за енергетика. За надминување на неусоглаеноста и предлагање нови решенија за мрежните правила кои ќе бидат во функција на компаниите ќе биде информирано Здружението на металната и електроиндустријата и надлежните институции од оваа област. Во расправата на седницата членките на Групацијата ги посочија и проблемите кои се јавуват при учесто на јавни тендери (потребно е да се направи техничка евулација и истата да биде бодирана), потоа за проблемите околу наплатата на побарувањата за испорачани опреми, делови и извршени услуги од јавните претпријатија и поголемите компании и сл.

Војкан Николовски

Соработка со Францускиот културен центар во СкопјеОБУКА НА БИЗНИСМЕНИ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА

ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК

Стопанската комора на Македонија ја посети Жан Ив Лавоар, директор на Францускиот културен центар во Скопје со соработниците. Гостите разговараа со Љубица Нури и Ацо Спасовски (7.2.2011 година).

Целта на посетата беше да се воспостави соработка, посебно во делот на обуката на нашите бизнисмени со познавање на францускиот јазик за остварување на нивни контакти со француски компании и со компании од Франкофонските земји. Предлогот за соработка е прифатен од страна на Стопанската комора на Македонија, со тоа што во иднина заеднички треба да се операционализира низ конкретни курсеви. Соработката треба да се одвива континуирано во текот на годината во рамките на одбележување и промовирање на целите на функционирање на Франкофонијата.

Народната банка на Република Македонија воведува Запис за штестмесечен депозит кај НБРМ

НОВ ИНСТРУМЕНТ ЗА ЦЕНОВНА СТАБИЛНОСТ

Од средината на овој месец НБРМ воведува нов инструмент Запис за штестмесечен депозит кај НБРМ чија цел е постигнување и одржување на ценовната стабилност и да се придонесе кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. Ова го соопштил гувернеротна Народната банака на Република Македонија, м-р Петар Гошев, а го пренесува МИА. Банките со новиот инструмент ќе може да депонираат денарски средства на посебна сметка кај НБРМ со рок од шест месеци, на кои ќе добиваат камата еднаква на шестмесечен Еуролибор зголемена за 0,5 проценти. Доколку имаат потреба, појасни гувернерот, банките ќе можат да го разрочат и да го употребат за друга намена пред првично запишаниот рок, но во тој случај каматата што ќе им се исплати ќе биде пониска. Со инструментот банките нема да можат да тргуваат меѓу себе. Средствата вложени во овој краткорочен инструмент на банките ќе им се признаваат во износите за исполнување на коефициентите за денарска и девизна ликвидност, согласно Одлуката за управување со ликвидносен ризик, а благајничките записи и задолжителната резерва во денари банките ќе можат да ги пресметуваат само за исполнување на обврските за обезбедување на регулаторното ниво на денарска ликвидност, а не како досега за исполнување на регулаторните обврски за девизна ликвидност. Новиот инструмент, како што прецизирал м-р Петар Гошев, ќе има неутрален ефект врз вкупната ликвидност на банкарскиот систем. Доколку им биде доволно атрактивен во НБРМ очекуваат банките дел од благајничките записи да пренасочат во овој инструмент и на тој начин останатиот дел од благајничките записи ќе добие почиста функција на инструмент за стерилизација на вишокот ликвидност или при нивно распишување за вбризгување ликвидност во системот согласно потребите на монетарната политика. М-р Петар Гошев истакнал дека во наредните 40-тина дена ќе биде познато како ќе делува новиот инструмент. Ќе почне да се применува од средината на месецов и банките ќе може да запишуваат колку сакаат средства на секоја аукција што ја организира Централната банка. Раст на БДП во првиот квартал годинава од 4,5 отсто, а за цела 2011 година од три проценти, е најновата проекција на Народната банка на Република Македонија што ја соопшти гувернерот. - Главни фактори на кои се базираат ваквите оценки се натамошното подобрување на извозната побарувачка, натамошен раст на инвестициите и оцените за натамошен раст на вработеноста, истакнал Гошев. Тој додал дека се очекува поинтензивен раст на инфлацијата во однос на проектираниот што би се одразило на очекувањата и побарувачката за девизи. Сепак, додава, согласно релативно умерениот пренесен ефект од светските пазари врз домашните цени во досегашниот период, како и фактот што не се очекуваат притисоци од домашната побарувачка оценува дека инфлацијата ќе се задржи во контролирани рамки. - Дополнително, со оглед на реалтивно бавното темпо на закрепнување на глобалната економија, што е мошне значаен фактор за движењето на светските цени, засега сметаме дека нема опасност од повторување на епизодата на високиот раст на светските цени на храната и нафатата од преткризниот период, бидејќи светската економија тогаш беше во фаза на експанзија, истакнал Гошев, додавајќи дека НБРМ продолжува со континуирано следење на ризиците и по потреба ќе презема соодветни мерки со цел остварување на целите на монетарната политика. Дефицитот на тековната сметка за 2011 година согласно проекцијата изнесува 4,5 отсто од БДП, а растот на девизните резерви се очекува да продолжи и годинава. Нивното ниво сега е 1,730 милијарди евра, што според Гошев е солидно и доколку се реализираат проекциите, догодина може да достигне до 1,9 милијарди евра. М-р Петар Гошев истакнал, како што наведува МИА, дека 2010 година според најновата проекција треба да заврши со раст на БДП од околу еден отсто, а стапката на инфлација 1,6 отсто.

ФИНАНСИИ

Page 9: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 10 февруари 2011

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ Меморандум за соработка меѓу Царинската управа на Република Македонија и државните инспекторати

ЕФИКАСНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА НАДЗОР НА ПАЗАРОТ Поголема координација на досегашната соработка меѓу институциите со цел да се заштитат потрошувачите во Република Македонија е целтa потишаниот Меморандум за разбирање и соработка меѓу органите за надзор на пазарот и Царинската управа. Со документот, што во просториите на Министерството за економија го потпишаа директорите на Царинската управа и на државните инспекторати, се официјализира соработката во однос на имплементацијата на Законот за надзор на пазарот, кој е донесен минатата година. – објавува МИА. - Целта на документот е да се зајакне надзорот и да биде поефикасен, потранспарентен и поедноставен за институциите и за стопанските субјекти. Со него се координира надзорот на пазарот во однос на безбедноста на производите согласно ознаката „CE“, односно пуштање и внесување во промет безбени електрични постројки, машини и играчки за деца, рекол министерот за економија, д-р Фатмир Бесими. - Со меморандумот не се опфатени прехранбените производи, бидејќи тие се регулирани со други закони и оти и за нив има соодветен надзор. Веќе е форморано Координативно тело за ефикасна имплементација на Законот за надзор на пазарот, чиј координатор е директорот на Државниот пазарен инспекторат Елизабета Чингароска. Тоа е составено од 12 члена, претставници на институциите што вршат надзор на пазарот. Царината, нагласил д-р Фатмир Бесими, е вратата од каде влегуваат производите што се увезуваат во Македонија и комуникацијата меѓу инспекторатите и Царинската управа е клучна за подобар надзор на пазарите. - Со меморандумот се очекува да се постигне висок степен на координација на соработката меѓу државните инспекторати и

Царинската управа за контрола на производите кои се пуштаат во промет, во насока дали ја имаат потребната техничка документација, дали се означени со „CE“ знакот со кој се потврдува дека производот ги исполнува барањата пропишани од ЕУ за безбедноста на луѓето, животните и човековата околина и дали производот веќе е идентификуван во RAPEX системот како сериозно ризичен, подвлекол д-р Фтамир Бесими. Министерот за економија смета дека до размена на информации и со подобра координација ќе се зголеми ефикасноста на надзорот, а институциите и правните субјекти на пазарот нема да се соочат со дупли контроли. Директорката на Државниот пазарен инспекторат Елизабета Чингароска, како што наведува МИА, нагласила дека и досега се вршени контроли од аспект на безбедноста на производите, но нив ги правеле инспекторатите поединечно. - Притоа можеше да се случи правниот субјект да биде изложен на контрола

повеќе пати, доколку за еден наздор се надлежни повеќе институции. Сега со формирањето на ова тело инспекторатите се координирани во своите контроли, така што еден субјект е предмет на контрола на повеќе инспекторати со заеднички настап. Со тоа ќе се рационализира користењето на човечките ресурси и ќе се заштеди на време, а правниот субјект нема да губи повеќе денови за контрола, изјавила Чингароска. Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, истакнал дека со меморандумот институциите се организираат ефикасно да го спроведуваат Законот за надзор на пазарот и се прецизираат надлежностите на Царината и на инспекторатите. - При влез на стока во државата веднаш може да видиме дали го има сертификатот „CE“ или не. Доколку го нема и има други документи веднаш може да ја известиме надлежната инспекција за навремено и брзо да интервенира. На овој начин ќе се спречи и неквалитетниот увоз на стоки кој создава конкуренција на тие кои увезуваат усоглсена стока со стандардите и на домашните производители, нагласил Ванчо Каргов и додал дека досега ваквата постапка била многу покомплицирана и побавна.

Ширење на мрежата на Управата за јавни приходи

ОТВОРЕН ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ВО ОПШТИНА ЧАИР Управата за јавни приходи отвори даночен шалтер во општина Чаир, каде ќе можат физичките и правни лица кои гравитираат во оваа општина да добиваат информации и да поднесуваат даночни пријави, – јавува МИА. Општина Чаир има над 100.000 граѓани, во неа гравитираат 15 отсто од скопските правни лица, а 20 отсто од граѓаните во Скопје што лани поднеле Годишна даночна пријава се во оваа општина, истакнаа на отворањето на шалтерот градоначалникот Изет Меџити, управителот на Регионалната дирекција на УЈП на Скопје Елена Јанева - Димова и раководителот на Секторот за услуги за даночни обврзници на УЈП, Мухедин Авдиќ. Мухедин Авдиќ истакнал дека минатата година се поднесени 150.000 годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 75.000 се од Скопје, а како што најавила Елена Јанева-Димова годинава се очекува за остварените приходи во минатата година да бидат поднесени 10 проценти повеќе. Досега се поднесени околу 1.000. УЈП апелира граѓаните тоа да го сторат навреме за да не се создава метеж во последните денови од рокот што почна на 1 јануари, а завршува на 15 март. Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните УЈП ги отвора овие шалтери, а има и подготвено и дополнителни материјали за да им се олесни начинот на пополнување на пријавата. Годишна даночна пријава се поднесува за приходи остварени во 2010 година по основ на кирија, авторски договори, дивиденда, од продажба на хартии вредност, од добивка на игри на среќа, лични примања од странство, средства од работен ангажман во амбасада, мисија на меѓународна организација во Република Македонија и други приходи. Годишна даночна пријава не се поднесува доколку се остварени само приход од плата, од пензија, од земјоделска дејност или од самостојна дејност. Даночниот шалтер во Чаир е трет во Скопје, по Гази Баба и Илинден. Во Македонија досега се отворени вкупно 17 даночни шалтери, а се планира покрај овој во Чаир да се отворат и во Липково, Чешиново, Облешево, Дојран, Демир Капија, Ранковце и Боговиње.

Page 10: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 10 февруари 2011

РЕЗУЛТАТИ

„Тиквеш„ од Кавадарци го резимираше едногодишниот ангажман на светски познатиот вински консултатнт Филип Камби

МАКЕДОНСКИ ВРВНИ ВИНА СО ФРАНЦУСКИ ФИНИШ* Најголемата македонска винарија „Тиквеш“ од Кавадарци го збогати своето портфолио на врвни вина наменети пред се` за интернационалните пазари. Тоа е меѓудругото и резултат на едногодишниот ангажман на францускиот енолог Филип Камби, кој годинава е добитик на престижното признание - најдобар вински консултат во светот!

Со ангажманот на светски познатиот вински консултатнт Филип Камби, винарската визба со најдолга традиција во земјава - „Тиквеш“ од Кавадарци, ја збогати својата понуда во три сегменти – во квалитетниот, висококвалитетниот и во сегментот на вина со строго дефинирано географско потекло, таканаречените „тероар“. - Винарската визба „Тиквеш“ вложи огромна енергија и средства во адаптација на своето портфолио на викоквалитетни вина според афинитетите на потрошувачите на клучните меѓународни пазари. Во изминатиот период создадовме навистина врвни, неповторливи македонски вина со уникатен вкус и карактеристики кои имаат доволно потенцијал за да се носат и со најпознатите светски вина. Верувам дека на „приказната“ што тие ја раскажуваат за „Тиквеш“ и за Македонија нема да можат да и` одолеат ниту најпребирливите консументи на вино, истакна Филип Камби, кој годинава го доби престижното признание – најдобар вински консултат во светот за 2010 година, според оценките на реномираниот “Адвокат на виното”, Роберт Паркер (Robert PARKER – Wine Advocate). Филип Камби потекнува од Јужна Франција, а неговата фамилија традиционално се занимава со винарство. Дипломирал прехранбен инженеринг и енологија. Од 1998 година работи во престижниот Институт за вино, кој соработува со 10 енолошки лаборатории во Франција и има 150 експерти кои работат на оваа

проблематика. Како енолог соработува со повеќе врвни светски винарии, признати на интернационалниот пазар. Неговиот пристап кон виното е карактеристичен по тоа што секогаш инсистира вината на кои работи да го содржат оригиналниот вкус и карактеристики на поднебјето од каде потекнуваат. - Горди сме на соработката со најдобриот светски енолог, затоа што зеедно создадовме врвни вина прифатливи не само за домашните консументи, туку и за најпребирливите љубители на вино на светските пазари. Со помош на Камби, „Тиквеш“ ја оствари својата цел – на врвните македонски вина им дадовме француски финиш, подвлече Ѓорги Петрушев, генерален директор на ВВ „Тиквеш„. Постојано усовршување на виното и создавање

на нови софистицирани вина и брендови како смеша на повеќе сорти грозје, прифатливи и за консументите на странските пазари, е една од клучните развојни цели на ВВ „Тиквеш“. Во исполнување на оваа стратешка цел, најголемата винарска визба во земјава го користи знаењето и искуството на некои од најреномираните светски познавачи на виното. ВВ „Тиквеш“ е најголема винарија на Балканот и прва во Македонија која во процесот на производство на вино воведе најсовремена технологија, што овозможува задржување на оригиналните состојки на грозјето во виното и го гарантира неговиот врвен квалитет. Вината на ВВ „Тиквеш“ се добитници на повеќе меѓународни награди за квалитет. Плод на ангажманот на светски познатиот вински консултатнт Филип Камби во „Тиквеш„ во Кавадарци се врвните вина “Барово“ од сортата „вранец“ и „бела вода“ од сортата „плавац“ од велешко-кавадаречкото поднебје, како и бела варијанта од сортата „белан“. Допрва следи освојувањето на странскиот пазар, но се работи за вина кои го пленат вкусот на винските потрошувачи. -Многу битно е да се обезбеди развој на туризмот во земјава, бидејќи и тоа во голема мера ќе го зголеми консумирањето на врвните вина од ова поднебје, – посебно подвлече Филип Камби.

С. Пејчиновски

Page 11: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 10 февруари 2011

ЗАФАТИ

Врачена првата дозвола за постапување со отпад од пакување на компанијата „Пакомак“

ЕМ ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕМ РАЗВОЈ НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и` ја врачи првата дозвола за постапување со отпад од пакување, согласно новиот Закон кој стапи на сила од 1 јануари годинава, на компанијата „Пакомак“. Законот, посочил Неџати Јакупи, а го цитира МИА, ги обврзува сите производители и увозници на производи кои се пласираат на македонскиот пазар, да организираат систем за собирање на отпадот од пакување што се создава од нивните производи, селектирање по типови и негово рециклирање. Сакам да го искажам моето задоволство што бизнис заедницата, односно поголемите компании од индустријата, веќе го прифатија Законот и преку „Пакомак“, како прв правен субјект формиран од компании од прехрамбената индустрија, Законот ќе биде успешно имплементиран и ќе бидат постигнати Националните цели за рециклирање кои се дефинирани во него, рекол Јакупи. Директорот на „Пакомак“ Филип Иванов информирал дека компанијата е основана од 11 големи индустриски капацитети во државата и оти со средствата што ќе ги добива од индустријата ќе инвестира и ќе ги надградува постојните капацитети. - Освен еколошкиот бенефит, преку рециклирањето на отпадот од пакување „Пакомак“ ќе овозможи заштеда на природните ресурси и продолжување на животниот век на депониите и ќе настојува таа да се развие и да стане силна индустриска гранка со вложување во нови технологии и креирање на што повеќе работни емста, а со тоа ќе јакне македонската економија, - истакнал Иванов. Министерството им даде рок на компаниите до 30 јуни да се организираат и да се регистрираат за имплементација на Законот, но тоа не ги ослободува од обврските кои настапија од 1 јануари годинава.

СТАТИСТИКА

Обем на стоковната размена на Република Македонија со странство во 2010 година ја достигна бројката од 8,7 милијарди долари

ДЕФИЦИТОТ КОЛКУ ЧЕТВРТИНА ОД ИСТРГУВАНОТО Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2010 година, изнесува 3 301 829 илјади САД долари, а на увозот 5 450 669 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 60.6%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-декември 2010 година изнесува 2 148 839 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-декември 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61.3%) и земјите од Западен Балкан (30.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (53.1%) и земјите во развој (27.7%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Русија (44.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

Page 12: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 10 февруари 2011

БИЗНИС ВО ОПШТИНИТЕ Во првата половина од годинава ќе биде објавен оглас за распределба на околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште

ПОД ЗАКУП ВО СИТЕ РЕГИОНИ НА ДРЖАВАВА Во првата половина од годинава ќе биде објавен оглас за распределба на околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште. Со него ќе бидат опфатени сите региони на територијата на Македонија. Како што информира Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ќе се огласат и 750 хектари државно земјоделско земјиште за плодоуживање за одредени категории социјално необезбедени лица во 25 региони на државата. Времетраењето на плодоуживањето е пет години, без обврска за плаќање закупнина. Министерството за земјоделство досега има склучено 4360 договори за закуп на вкупно 130.100 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост. Од 2007 до 2010 година се објавени 38 јавни огласи, а потпишани се 3507 договори за закуп на 28.850 хектари државно земјоделско земјиште и уште 442 договори за плодоуживање 3.100 хектари на одредени категории социјално необезбедени лица или вкупно, склучени се 3.949 договори за 31.950 хектари, соопштуваат од Министерството. Лани беа објавени 10 јавни огласи за доделување 24.330 хектари државно земјоделско земјиште во закуп. Поднесени се вкупно 1.492 барања од кои 1.040 апликанти ги исполнија условите за потпишување договор за закуп на 6.121 хектар. До 2006 година Министерството имаше потпишано 411 договори за закуп на 98.150 хектари земјоделско земјиште.

Се подготвува техничка документација за хидросистемот „Оризарска река“

КОН СРЕДИНАТА НА ГОДИНАВА МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР

Градежниот факултет од Скопје ја изработува техничката документација за хидросистемот „Оризарска река“ кај Кочани, проект кој го финансира Владата на Република Македонија. За изработката на техничката документација која се очекува да биде готова до март потребните финансиски

средства во износ од 18 милиони денари ги обезбеди Владата. - Се очекува да се почне со експропријација на земјиштето и трасирање нов пат од село Оризари директно до браната, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, а го цитира МИА. Според него, кон средината на годината ќе биде распишан меѓународен тендер за странски инвеститор, со што Владата ќе доведе инвеститор за овој капитален објект

во Источна Македонија. Хидросистемот „Оризарска река“ е од капитално значење за над 80 илјади жители од регионот на Кочани и Виница, бидејќи ќе обезбедува квалитетна планинска вода за пиење, наводнување и производство на електрична енергија, преку две мини хирдоцентрали.

Општина Струмица обезбеди 9,8 милиони евраПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ФЕКАЛНИ ВОДИСО СРЕДСТВА ОД ИПАРД-ПРОГРАМАТА Во близина на населеното место Сачево кај Струмица оваа година треба да продолжи изградбата на прочистителната станица за фекални води, чијшто камен-темелник беше поставен пред повеќе од една и пол деценија. Овој крупен комунален зафат требаше да се реализира со гранд од Република Грција, но поради спорот со името нашиот јужен сосед не одобри ниту денар од предвидените средства. - По долгите натегања и договарања со грчките парнери, се одлучивме на друга варијанта и аплициравме за средства преку ИПАРД-програмата, односно преку компонентата за заштита на животната средина. Успеавме од Европската унија да обезбедиме 9,8 милиони евра и изградбата на прочистителната станица очекуваме да почне наесен и да заврши до 2013 година, - изјави градоначалникот на Струмица Зоран Заев, а го цитира МИА. Оваа фабрика за прочистување на фекалните води ќе има капацитет за опслужување на 60 илјади жители на Струмица и населените места во наредните 30 до 40 години. Нејзиното ставање во функција ќе значи огромна еколошка придобивка за целиот Струмички регион, но и за делови од Бугарија и Грција, бидејќи фекалните води преку реките Струмица и Струма загадува региони и во овие две соседни земји, како и дел од Егејското крајбрежје.

Реконструкција на водоснабдителниот систем во Виница РЕДОВНО И КВАЛИТЕТНО СНАБДУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ЗАГУБИ НА ВОДА Со кредит од Владата на Република Македонија во износ од 700 илјади евра Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница ќе ја реконструира водоводната мрежа во централното градско подрачје. – објавува МИА. Со овој зафат, според зборовите на Игор Спасовски директор на КЈП„Соолидарност“, ќе се намалат загубите на вода, а граѓаните ќе можат да се снабдуваат со потребните количини вода. Ќе се направи и доградба на постојната фабрика за вода со вградување на уште еден филтер и таложник за вода. За потребите на градскиот парк и стадионот ќе се направи нова бушотина во градскиот парк во Виница за добивање техничка вода за полевање на зелените површини во текот на летните месеци. Вода за пиење за жителите од село Бели и населбите Калчиманова глава и Белско маало, пак ќе биде обезбедена со изградба на препумпна станица за вода. Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани ја започна изградбата на препумпната станица со сопствени средства од 2 милиони денари.Според Александар Ефтимов, технички директор на „Водовод“ со оваа препумпна станица ќе се подобри водоснабдувањето на населбите Калиманова глава, Белско маало и во селото Бели. Препумпната станица се гради во населбата Варница, од каде што и почнува проблемот со водоснабдувањето во овој дел од градот и селото Бели. Станицата се очекува да биде готова за месец дена.

Page 13: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 10 февруари 2011

Српските државници одамна објавија крај на кризата иако економските бројки се загрижувачки

ДРЖАВНИОТ ОПТИМИЗАМ ПРЕДИЗВИК(УВ)А ШТРАЈКОВИ

* Долгот на државата се зголемува секоја секунда за 2.517 динари* Блокирани се вкупно 14.552 фирми во кои работат 104.205 работници* Од почетокот на кризата откази добија околу 260.000 луѓе

Судејќи според црните бројки кои ги изнесоа експертите од порталот Економија.орг – интернет страница која слободно ја уредуваат, можат да ја преименуваат во „Економија.банкрот“, бидејќи податоците на Милан Кнежевиќ од Асоцијација на мали и средни претпријатија покажуваат дека во Србија се блокирани вкупно 14.552 фирми, во кои работат 104.205 работници. - Никого во оваа земја не го вознемири податокот дека од системот на плаќање на данок на додадена вредност во почетокот на оваа година испаднаа 26.000 фирми. Што значи дека нивниот промет за една година паднал под 2 милиона динари. На стопанството, кое е должно и на господ и на народот, интравенозно се впумпуваат субвенционални кредити и се зголемува нивната задолженост. А тоа е најкус пат во колапс, верува Кнежевиќ. Зошто мисли дека системот на субвенционирање на работните места е дестимулативен, а не стимулативен, ни објасни со следново – како што вели, него како сопственик на „Модус“ повеќе му се исплатува да ги отпушти сите 160 работници. - Просечно на секого морам да дадам отпремнина од по 2.500 евра. А потоа во некое неразвиено место можам да вработам нови 160 работници и од државата да добијам по 9.000 по отворено ново работно место, се обиде Кнежевиќ да објасни како отварањето на едно работно место со субвенции затвара неколку работни места. Како даночен обврзник на Србија се прашува на пример зошто воопшто би субвенционирал отварање на „Калцедонија“, која му е директен конкурент.

Со кредити нема шанси за опстанок

Драгован Миличевиќ е убеден дека српското стопанство мора да најде поефтин модел за развој од банкарските кредити, бидејќи во спротивно нема шанси за опстанок. - Ако кредитите се земаат со камата од 22 отсто нема таков профит кој може да финансира толку скапи кредити, вели Миличевиќ. Економистот Мирослав Здравковиќ пресмета дека долгот на државата се зголемува за 2.517 динари секоја секунда и дека од почетокот на кризата откази добиле околу 260.000 луѓе. Само во преработувачката индустрија без работна книшка останале 60.000 работници, додека во време на кризата во секторот за образование работа нашле 1.500 до 2.000 луѓе. Поради тоа барањата на просветните работници за зголемување на платите од 24 отсто му се чинат неоправдани. Здравковиќ потсети дека минусот во државната каса е 120 милијарди динари и дека ќе финансираат со дополнителни задолжувања. И просторот од 4 милијарди динари кој евентуално може да се најде во касата, ќе се најде по истиот рецепт, оценува Здравковиќ. Поопасно од тој трошок е лавината од притисок за зголемување на јавната потрошувачка која може да се поттикне доколку државата излезе во пресрет на барањето на просветните работници.

- Најопасен, со ништо не предизвикан е државниот оптимизам кој беше сигнал за штрајковите, смета Здравковиќ. Бидејќи додека директорите на меѓународните финансиски институции се резервирани оптимисти и не порекнуваат дека и понатаму постојат ризици, српските државници одамна објавија крај на кризата. Милан Кнежевиќ го сугерира и прашањето зошто државата нема пари. Дали можеби затоа што губи милијарди евра на јавни набавки, што најмалку 3 милијарди евра ги голта сивата економија, а по основ на ефтино издавање на деловен простор државната каса е ускратена за 200 милиони евра. Ако се собере 30 отсто од тој износ српските јавни финансии би изледале многу подобро, верува Кнежевиќ.

И ниската инфлација чини пари

Ако инфлаторните притисоци се големи, како што се растат и притисоците за зголемување на јавната потрошувачка, додека на светско ниво се очекува раст на цените на храната и нафтата, кој тогаш да верува во Народна банка на Србија дека инфлацијата до крајот на годината ќе биде помала од 6 отсто, прашаа новинарите. - Не се работи за верување. Прашањето е колку тоа ќе чини. Колку пари од државните резерви ќе се потрошат за да се одржи таа цел, рече економистот Александар Милојевиќ. Според оценката на Мирослав Здравковиќ, тоа е како кога некој ќе се обиде да спушти поклопец кој под притисок се подигнува од тенџерето.

(Политика – Белград)

Албанија лани имаше економски раст од 4,9 отстотГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВААТ 5,5 ОТСТО

Албанија минатата година забележала економски раст од 4,9 отсто, потврди гувернерот на Централната банка Ардиан Фулани, нагласувајќи дека оваа висока стабилност треба да се зачува и во текот на годинава. Според Фулани, банкарскиот систем лани бил поддржувач на економските текови во земјата, но нагласи дека банкарската активност има и свои ризици, - пренесува дописникот на МИА од Тирана. -И покрај проблемите со кои се соочуваше, банкарскиот сектор забележа финансиски резултат неколкупати повисок според со 2009 година, - изјави Фулани. Годинава, според министерот за финансии Ридван Боде, земјата очекува раст од 5,5 отсто. - Постојат сите извори д о м а ш н а т а економија да има позитивни движења. Годинава нема да се купуваат еврообврзници, а инвестициите ќе бидат покриени со долгорочни кредити, - изјави Боде. Според него, лани се реализирани девет отсто повеќе приходи од претходната година, што говори за позитивен тренд, инфлацијата на годишно ниво достигна 3,6 отсто, а депозитите на граѓаните пораснаа за 17,4 отсто.

РЕГИОН

Page 14: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 10 февруари 2011

Штедење на германски начин ПОВЕЌЕ СТРОГОСТ, ПОМАЛКУ ПОЛИТИКА

„Европските земји мора да го намалат дефицитот со поттикнување на растот, а Германија покажува како е изводливо тоа .. “ Волфганг Шаубл, германски министер за финансии

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека со кризата предизвиканата нето-загуба на поддршката на финансискиот сектор од страна на земјите од Г-20, во 2009 година изнесуваше 1,7 отсто од БДП (905 милијарди САД долари), додека дискрециониот финансиски стимул и во 2009 година и во 2010 година изнесуваше 2 отсто од БДП. Сите земји од еврозоната, освен Луксембург и Финска, пријавија фискален дефицит над 3 отсто од БДП во 2009 година, додека Грција, Шпанија и Ирска завршија со дефицит поголем од 10 отсто. Во една година владите на земјите од еврозоната доживеаја пораст на вкупниот долг од речиси 10 отсто (78,7 отсто од БДП во 2009 годна, во споредба со 69,3 отсто во 2008 година). За тоа време, германскиот сојузен буџет за 2010 година забележа дефицит од над 50 милијарди евра. Јавниот долг ќе надмине 1,7 билиони евра, речиси 80 отсто од БДП. Отплатата на камата, на којашто одат повеќе од 10 отсто од буџетот на Германија, ќе расне во чекор со се` поголемиот долг, а и побрзо доколку се зголемат каматните стапки. Меѓутоа, финансиската криза и рецесијата не даваат никакво натамошно објаснување за така високото ниво на задолженост. Правата вистина е дека многу европски земји и земјите од Г-20 живееја далеку над своите можности, вклучувајќи ја и Германија, и покрај угледот на таа земја како пример за фискална коректност.

Ограничување на задолжувањата И во добрите времиња владите трошеле многу повеќе отколку што остварувале добивка. Можеби и полошо, некои трошеле и повеќе отколку што можеле лесно да отплатат, поради намалувањето на долгорочниот раст на нивните економии поради стареењето на населението. Тоа доведе до нивото на задолжување, коешто ќе стане неодржливо, доколку не се преземат мерки. Поради оваа причина, Германија во 2009 година одлучи во својот устав да вгради строги фискални правила. “Ограничувањето на задолжувањето”, бара од сојузните власти структуралниот дефицит да го стопираат на 0,35 отсто од БДП до 2016 година, додека на германските покраини структуралниот дефицит ќе им биде целосно забранет. Сегашнава сојузна влада сигурно ќе се придржува кон овие правила, што подразбира намалување на

структуралниот дефицит на околу 10 милијарди евра до 2016 година, односно околу 7 милијарда евра годишно. На социјална помош оваа година оди повеќе од половината од германската сојузна потрошувачка. Значи, нема друг начин, освен да се намалат трошоците за социјална помош, барем умерено. Меѓутоа, ваквиот вид на фискална консолидација е можна само ако повеќето ја доживеат како социјално праведна. Корисниците на социјална помош, како и јавните службеници, ќе мора заеднички да ја поднесат жртвата. Затоа, германските корпорации ќе мора да придонесат за фискална консолидација со намалување на субвенциите и на дополнителните даноци кон големите енергетски и авио-компании, како и кон финансиските институции. Исто така, државните службеници ќе мора да се откажат од ветените зголемувања на платите, а владата годишно, на сојузните вооружени сили ќе заштеди речиси 3 милијарди евра од структурните реформи. Обврзувачките германски фискални правила се позитивен пример за останатите земји во еврозоната. Меѓутоа, сите влади од еврозоната мора да покажат посветеност на фискалната консолидација со цел да ја вратат довербата на пазарот – и на сопствените граѓани. Поновите студии покажуваат дека кога еднаш државниот долг ќе го достигне нивото што се смета за неодржливо, натамошното задолжување самото ќе запре, а не да го стимулира економскиот раст. Должничката криза на Грција е јасно предупредување за европските креатори на политиката дека не треба да дозволат бескрајно акумулирање на јавниот долг. ЕУ имаше право енергично да реагира за да се зачува стабилноста на еврото, така што на Грција и` даде краткорочна поддршка и воспостави механизам за европска финансиска стабилизација (EMFS). Сепак, иако EMFS e неопходен чекор кон повторно враќање на довербата, грчката криза ги откри структурните слабости во рамките на фискалната политика на Европската монетарна унија, коишто не можат и не треба да се поправат со рутинско парично крпење на дупките на други земји.

Поефикасна превенција на кризата Навистина верувам дека EMFS е мерка за гасење се` додека не се поправат основните слабости на Пактот за стабилност и раст, на чиишто фискални правила им недостасува и содржинска и формална основа. Токму поради тоа неопходна е поефикасна превенција на кризата и рамка за решавање на кризата во еврозоната, со што ќе се зајакнат превентивните и корективни одредби на Пактот. Санкции за земјите од еврозоната, коишто сериозно ќе ги прекршат правилата на Европската монетарна унија (ЕМУ) треба да стапат на сила што побрзо и со помалку влијанија на политиката, а мора да бидат и построги. Германија и Франција предлагаат построги правила за задолжување и трошење, а ќе бидат поддржани од страна на ригорозните и полуавтоматски санкции за владите кои нема да се придржуваат кон нив. За земјите коишто постојано ќе ги игнорираат препораките за намалување на прекумерниот дефицит и за оние коишто ќе манипулираат со официјалните статистички податоци, треба да се замрзнат средствата од ЕУ да се суспендира правото на глас. Целта на монетарната унија не е ниту лек за сите проблеми на членките на еврозоната, ниту пеколен план за брзо богатење на финансиските шпекуланти. Не е замислена ниту како систем за редистрибуција на средствата од богатите земји кон сиромашните по пат на евтини заеми на владите преку заеднички еврообврзници или директно

ДОСИЕ

Page 15: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 10 февруари 2011

ДОСИЕ преку фискални трансфери. Успех нема да има доколку некои земји упорно создаваат дефицит и ја ослабуваат сопствената конкурентност на сметка на стабилноста на еврото. ЕМУ е замислена како поддршка на структурните реформи. Пактот за стабилност и раст и другите членки треба да ги присилат членките кои многу трошат, да живеат во рамките на своите можности, и така да ја зајакнат својата конкурентност. Наместо тоа, поранешната германска социјал-демократска влада го ослабе пактот кога таквата постапка беше политички погодна, додека помалку конкурентните членки на еврозоната дозволија пораст на платите во јавниот сектор, а потоа ја свртеа главата кога брзите заеми ги надуваа и долговите и имотот. Не можеме да поттикнуваме одржлив економски раст или наследна должничка криза во Европа (или каде и да било на друго место) со таложење на натамошниот долг. Европските земји мора да го намалат својот дефицит на начин којшто ќе го поттикнува растот, но сепак мора да го намалат. Тоа е возможно: Германија ги намалува своите долгови на одржливо ниво, додека во исто време ја зајакнува долгорочната перспектива. Нејзиниот курс за намалување на буџетскиот дефицит, а за зголемување на растот, како и предлозите за зајакнување на европската фискална рамка, можат да послужат како еден вид образец на европското економско управување.

„Фолксваген“ отвара нови 40.000 работни места до 2018 годинаЕКСПАНЗИЈА НА КИНЕСКИОТ ПАЗАР

Германската компанија „Фолксваген“ (VW), најголем европски производител на автомобили, планира да го зголеми бројот на вработените за 40.000, од сегашните 250.000 на 290.000 до 2018 година, а најмногу работни места ќе се отворат во Кина, пишува германскиот неделен весник „Вохе“, повикувајќи се на интерни доверливи документи на компанијата. Во Кина ќе бидат отворени нови 35.000 работни места, од вкупно 40.000 работници кои ќе најдат работа во „Фолксваген“ во следните осум години, пишува весникот наведувајќи дека 21.000 нови работници ќе бидат ангажирани во производниот сектор, меѓу кои ќе бидат 400 менаџери и околу 5.000 инжинери. Од вкупниот број, околу 4.700 нови работни места ќе се отворат во комерцијалниот сектор за продажба. Покрај новите вработени, до работа ќе дојдат и околу 60.000 работници кои ќе ги заменат тие кои ќе одат во пензија до 2018 година, пишува „Вохе“. Минатиот месец „Фолксваген“ соопшти дека разгледува лансирање на нов бренд на автомобил произведен специјално за кинескиот пазар кој се наоѓа во експанзија. Наскоро кинеската влада ќе промовира кинеска стокова марка, а во рамки на тој план ќе се основа заедничка компанија, како што е „ФАВ-Фолксваген“ или „САИЦ-Фолксваген“, за да се задоволи зголемената побарувачка на домашниот пазар, изјави неодамна за „Ханделсбат“ претставник од филијала на „Фолксваген“ во Кина. „Фолксваген“ е во преговори со кинеските партнери, во обид да се произведе модел кој ќе биде поефтин од 8.000 евра (11.000 долари), а одборот на директори на компанијата наскоро треба да го одобри тој проект. Продажбата на „Фолксваген“ во Кина лани се зголеми за 36 отсто во однос на истиот период претходната година.

Групата „Фолксваген“ очекува глобалната продажба во 2011 да порасне до 35 отсто, откако лани беа забележани рекордни испораки, пред се во Кина и на други пазари во развој. На Саемот за автомобили во Детроит во јануари, шефот на продажбата на „Фолксваген“ Кристијан Клинглер изјави дека лани компанијата продала 7,14 милиони патнички автомобили и спортско-теренски возила, 14 отсто повеќе од пред една година. Продажбата на групата „Фолксваген“ во декември 2010 порасна 23 отсто, на околу 545.000 возила. Клинглер наведе дека „фолскваген голф“

и спортското теренско возило „ауди Q5“ се вклучија во најпродаваните модели на „Фолксваген“ минатата година. Извршниот директор на „Фолксваген“ Мартин Винтеркорн изјави дека компанијата во обид да го надмине производството и профитот на јапонската „Тојота“, ќе се пласира на пазари со висок степен на раст, како што се Кина, Бразил, Русија, Индија, но и во САД, каде лани продажбата повторно заживеа. Продажбата на возила во Кина лани порасна 37 отсто, на рекордни 1,92 милиона. Винтеркорн очекува глобалната продажба на сите автомобилски куќи во светот да порасне на околу 63 милиони, од 59 милиони во 2010 година. „Фолксваген“ планира да отвори американска фабрика во Катануга во Тенеси, до април оваа година. Групата „Фолксваген“ значително ја зголеми профитабилноста во првите девет месеци во 2010 година и дополнително ја зацврсти позицијата на меѓународниот пазар. Бројот на испорачани возила порасна за 12,9 отсто, на 5,4 милиони до крајот на септември 2010 година, што е нов рекорд во бројот на испорачаните возила за групата „Фолксваген“. Глобалното пазарно учество на компанијата порасна на 11,6 отсто. Приходот од продажбата порасна 19,9 проценти во тој период, додека оперативниот профит го надмина профитот од истиот период лани за 3,3 милијарди. Речиси сите брендови на групата „Фолксваген“ продадоа повеќе возила за девет месеци во 2010 година во однос на истиот период лани. Со 2,8 милиони возила, „Фолксваген патничките возила“ ја зголемија продажбата за 11,8 отсто, најмногу поради испораката на моделот „поло“. „Ауди“ која работи во рамки на групата „Фолксваген“, подготвува најголема инвестиција во својата историја, во износ од 11,6 милијарди евра, а ќе вклучи лансирање на нови модели, модернизација на фабрики и инвестиции во најнова технологија, во период од 2011 до 2015 година. Управата на компанијата најави нови инвестиции и во работната сила и вработување на 1.200 работници во текот на оваа година, пренесе неодамна „Аутоњуз“.

Page 16: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 10 февруари 2011

Европска контролна табла

МНОГУ ОПЕРАТОРИ – СКРОМНИ РЕЗУЛТАТИ

Неодамнешната карикатура во „Економист“ ја прикажува Кетрин Ештон како седи зад биро со пет телефони. Проблемот е што многумина уште не знаат која е Ештон, што таа работи и како изгледа. Можеби најлошото е што на многумина не им е гајле. Карикатурата е алузија на познатата фраза на Хенри Кисинџер „Кого да повикам ако сакам да ја добијам Европа?“ која поранешниот државен секретар на САД ја кажа како забелешка дека таму дома, на стариот континент му недостасува еден глас. Малку е сменето од тогаш. Членството нарасна на 27 држави, а европскиот дом остана малку повеќе од амалгам за национални фиксации, онака како што државите останаа незаинтересирани да се откажат од сериозно парче суверенитет. Лисабонскиот договор, последното парче институционален инженеринг на Европската Унија, кое е ставено во функција доцна во 2009 година, по цела декада надмудрувања и фрустрирачки отстапки (вклучувајќи го и срамотното отфрлање од ирските гласачи на јавен референдум) требаше га го смени сето ова со назначување на претседател на Европскиот совет и одговорен за надворешната политика. Како и да е, следуваше одлука да се назначаи дуо на политичари од „лесна категорија“ - поранешниот белгиски премиер Херман Ван Ромпуј како претседател, и баронесата Ештон, британка од Лабуристичката партија како висок претставник за надворешна политика и безбедност - и ова набрзина ги спласна надежите на еврооптимистите. Тоа беше како желба работата да се заврши лошо, се зафркаваа критичарите тогаш.

Политички пигмеј

По кулоарите во Брисел се раскажува вицот кој го објави Економист, кога Ештон ја известила Хилари Клинтон дека сега има еда телефонска линија па Вашингтон може да ја добие Европа, но кога државната секретарка на САД конечно се обидела, слушнала порака: „За француска надворешна политика притиснете 1, за британска притиснете 2“. Малкумина европејци не би се согласиле со аналогијата за контролната табла (иако, да бидеме фер, бројот 1 треба да ве поврзе со Берлин). „Инсталиравме премногу телефонски линии“, рече Панајотис Јоакимидис, професор по меѓународни и европски студии на Универзитетот во Атина и член на локалната Елиамеп тинк-тенк група, за време на неодамнешната дискусија во Министерството за надворешни работи во Атина. „Имаме пет претседатели кои зборуваат за Европа и тоа создава конфузија“, рече. Нови работни места изникнуваат секојдневно, со што ЕУ личи на институционална хидра од Лерна. Покрај Ван Ромпуј и Ештон, тука се и Хозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија, Јержи Бусек, претседател на Европскиот парламент, и Жан Клод Јункер, претседател на Еврогрупата. Лисабонскиот договор - кој дојде по несреќните ЕУ устави и договорите од Мастрихт, Амстердам и Ница - беше креиран за да го направи блокот поефикасен, поочигледен и полегален. Но, успхеот досега е минимален на сите нивоа. Со инсталирањето на двоглаво претседателство, новата матрица го институционализираше европскиот раздвоен идентитет на највисоко ниво. Недефинираните и преклопувачките задолженија помеѓу првите луѓе резултираа во говорни војни, додека зголемениот број на претседатели и дадоа на ЕУ поголема видливост - но не начинот на кој се очекуваше. Договорот најпосле ја засили улогата на блоковскиот издржлив дом, Европскиот парламент, но не и дека го направи подемократски.. Парламентарците на ЕП можат да бидат избирани, но на нив тешко може да се смета. Тие се малку познати на обичните граѓани додека влијанието на нивните одлуки е ограничено. Исто така се посакува влијание на глобалната сцена иако дипломатската моќ на Унијата не соодветствува

на нејзината економска моќ - после сеж, ЕУ е наголемиот трговски блок на светот. Како уникатен шампион во слободи и човекови права, Брисел беше под оган заради бавниот одговор на продемократските востанија во Тунис, и неодамна во Египет. „Тунижаните нема да ја одложат нивната револуција за една година за да може ЕУ да издаде соопштение“, рече на министерската дискусија Пјотр Мациеј Качински, од Центарот за европски политички студии, Бриселска тинк-тенк организација.

Преголеми очекувања

Ниту пак новата гарнитура беше многу импресивна во справувањето со евро-кризата. Најлошо за федералистичките технократи во Брисел е што ситуациите како „скоро банкротот“ во Грција и создавањето на кредитен механизам за европските распинички држави, ја засилија моќта на владите во Берлин и Париз. „Очекувањата беа преголеми“, вели Јанис Емануилидис, постар политички аналитичар во Европскиот политички центар во Брисел. Тој рече дека некои еврократи се обиделе да продадат продукт над неговата реална вредност. „Очигледно е дека тоа не е совршен договор. Сепак, со него мораме да живееме извесен период и мораме да го извлечеме максимумот од него“, вели Емануилидис. Единствено Ван Ромпуј се труди. Фламанскиот политичар, предаден католик со нежна страст за пишување хаику, можеби е непознат на повеќемината надвор

од малечката нација на Бенелукс, но има извонредни постигнувања во помирување и преговори (белгијанците го нарекувааат „чудесен човек“ затоа што успеа да ја одржи земјата заедно). „Тони Блер ќе беше погрешен“, Емануилидис рече за поранешниот британски премиер кој беше кандидат за ова работно место. „И секој оној кој ќе се однесуваше како претседател на ЕУ“. Уште е рано да се суди за новиот правилник на ЕУ. На новиот еквилибриум ќе му требаат години да се консолидира. Не како со Ештон, која изгледа е сведена на стаус на оператор со контролна табла, Ван Ромпуј сеуште го тестира системот за да види до каде може да оди. Грчката должничка криза, каде тој итро го премости оригиналниот јаз помеу Франција и Германија, и белгиското претседателствување во втората половина од 2010, беа ветришта на политичка среќа во која тој се здоби со значителен кредит. Многу критичари го потценуваа белгијанецот, вели Емануилидис, но мораме да имаме на ум дека тој почна од ништо. важно е првите играчи да ја дефинираат позицијата за следните генерации претседатели на Советот. ЕУ никогаш не била голема во разбирањето на егзистенцијалното прашање за нејзиното место во светот - посебно кога нејзината релативна тежина опаѓа. Спротивностите во блокот предизвикаа неповратни тензии и стапици. Прогресот понекогаш може да биде фрустирачки спор. „Но, кога историчарите ќе погледнат наназад,ќе видат договор кој бил важен исто колку и мастришкиот договор“, вели Емануилидис. „Тој по никој основ не е совршен. Ниту ги дава вистинските одговори. Но, ниту пак е крајот на историјата“.

(„Катимерини“ – Атина)

ПОГЛЕД ОДВНАТРЕ

Page 17: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 10 февруари 2011

Голем раст на продуктивноста на работата во САД, а истовремено пад на трошоците за работаПЛАТИТЕ ЖРТВИ НА КРИЗАТА Продуктивноста на работата во САД минатата година е зголемена и го достигна најголемото ниво во изминатите осум години, покажуваат штотуку објавените податоци на федералното Министерство за труд. Трошоците за работа се намалени втора година по ред, што не се случило во изминатите пет децении.

Продуктивноста, односно количината производ по работен час, е зголемена минатата година за 3,6 отсто, по растот од 3,5 отсто во 2009 година. Показателите за изминатите две години се најдобри од 2002 година. Економистите меѓутоа укажуваат дека на тој двегодишен раст на продуктивноста му се ближи крајот, со оглед на тоа дека компаниите ја исцрпуваат можноста за натамошно зголемување на производството поради намалувањето на работната сила. Компаниите за 2011 година планираат отворање на нови работни места, што би придонело за зголемување на заработувачката на домаќинствата. Трошоците за работи лани се намалени за 1,5 отсто, по падот од 1,6 отсто во 2009 година. Едно по друго годишно намалување на трошоците за работа не се случило уште од 1962 и 1963 година. Меѓутоа, тоа говори за притисокот на кој беа изложени платите на работниците за време на длабоката рецесија, во која се загубени 8,4 милиони работни места.

Индија оптимистички очекува висок економски раст од 8,6 отсто во 2010 и 2011 годинаКЛУЧНИТЕ СЕКТОРИ СО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА

Индиската економија во тековната фискална година, до крајот на март, ќе зајакне за 8,6 отсто, соопшти индиската Владата. Прогнозата за фискалната 2010/11 година е засновата врз растот од повеќе од осум отсто во клучните сектори како што се индустријата, градежништвото, финансиите, недвижностите и деловните услуги, се наведува во соопштението на Централното статистичко биро. Очекуваниот економски раст исто така е одраз на прогнозата за големиот раст на земјоделското производство од 5,4 отсто во споредба со растот од само 0,4 отсто во фискалната 2009/10 година. Индија во периодот меѓу 2006 и 2008 година бележеше просечен годишен економски раст од 9,5 проценти, пред глобалната криза да го забави и нејзиниот раст на 6,7 отсто во 2008/09 година. Оваа прогноза е дадена откако премиерот на Индија Манмохан Синг предупреди дека високата инфлација претставува „сериозна закана“ за растот на домашната

економија. Во услови кога Владата во Њу Делхи е под притисок да ја сузбие инфлацијата, особено растот на цените на храната, Централната банка на таа земја во период помал од една година седум пати ги заголеми каматните стапка, со очекување тоа да го стори и наредниот месец.

Обединети нацииАЗИСКИОТ ИЗВОЗ НА ТЕХНОЛОГИИДАЛЕКУ НАД АМЕРИКАНСКИОТ

Новите податоци покажаа дека Азија учествува во вкупниот светски извоз на информатичка и комуникациска тенхологија (ИЦТ) со дури две третини, што е голема промена која ја донесе глобалната финансиска криза, соопштуваат деновиве во ОН. Во 2009 година Кина и Хонг Конг извезле четири пати повеќе производи од секторот на висока технологија, а азиските економии оствариле 66,3 отсто од светскиот извоз на ИЦТ технологија. Извозот на тој вид технологија во 2009 се зголемил во случајот на Индија и Малезија, додека Кина, Хонг Конг и уште неколку азиски земји забележале скромен пад. Во исто време драстично опаднал извозот на САД, Европа и Јапонија, покажуваат податоците на ОН. Информатичката и комуникациска тенхологија, која е клучна во придонесот на развојот на земјите, учествува во вкупната светска трговија со 12 отсто. САД, Кина и Хонг Конг, исто така, се најголеми увозници на таква стока.

Профитот на „Хитачи“ 2,67 милијарди долариУСПЕХ СО НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕИ РЕОРГАНИЗАЦИЈА

Компанијата „Хитачи“ во првите девет месеци на тековната фискална 2010 година (април-декември) забележала нето профит од 220,14 милијарди јени (2,676 милијарди долари), додека една година порано забележана загуба од 111,34 милијарди јени.

Тоа е делумно постигнато благодарение на големата побарувачка за градежни уреди, автомобилска опрема и останати производи пред се во Кина и во друи земји со економии во забрзан развој. Намалувањето на трошоците и оперативната реорганизација се меѓу останатите фактори кои придонеле кон тој раст. Оперативниот профит се зголемил на 41,60 милијарди јени, на 337,89 милијарди јени, додека прометот се зголемил за 7,7 отсто, на 6,76 милијарди јени.

СВЕТ

Page 18: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 10 февруари 2011

ФАО: Индексот на цените на храната во јануари достигна новo рекордно ниво

НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА ГЛАД

Цените на храната во светот во текот на минатиот месец достигнаа нови рекордни нивоа, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на ОН, предупредувајќи дека тие ќе продолжат да растат и во следниот период иако уште сега се повисоки во споредба со 2008 година, кога поскапувањето на основните прехранбени продукти резултираше со протести и немири во повеќе делови на светот. Индексот на цените на храната на ФАО во јануари 2011 година достигна рекордно ниво од 230,7 индексни поени, за разлика од декемвриските 223,1 поени, што претставува досега највисоко ниво од 1990 година кога Организацијата почна да води евиденција за цените на прехранбените продукти. Индексот на ФАО со кој се изразува месечната промена на цените на прехранбените производи од потрошувачката кошничка во кои влегуваат житни и маслодајни култури, млечни производи, месо и шеќер, континуирано расте веќе седум месеци по ред. Претходниот рекорд на индексот од 224,1 индексни поени беше регистриран во јуни 2008.

Зголемувањето на цените на прехранбените производи повторно дојде во центарот на вниманието по протестите во Тунис, кои биле иницирани од поскапувањето на храната и кои резултираа со соборување на шефот на државата. Поскапувањето на храната претставуваше и иницијална каписла за стартот на сегашните протести во Египет. Ваквите настани ги поттикнаа лидерите на земјите од Блискиот Исток да ги зголемат резервите на житни култури и на останатите прехранбени продукти, за да го спречат натамошното посакпување на храната и евентуалното избувнување на протести. Неповолните глобални временски прилики резултираа со значително зголемување на цените на основните земјоделски култури ширум светот. Така, цената на шеќерот се искачи на највисоко ниво во последните 30 години достигнувајќи 834,70 САД долари за тон, додека пченицата поскапе на 282,5 САД долари за метрички тон, пченката на речиси 262 САД долари за метрички тон, а сојата на 528 САД долари за тон. Берзанските аналитичари и земјоделските експерти стравуваат дека во следниот перод постои опасност од натамошен раст на цените на прехранбените продукти, со што би се зголемила опасноста од нови немири предизвикани од скапата храна. Претседателот на Светската банка ,Роберт Зелик, во порака до Групата 20 индиустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој (Г-20) посочи дека на

светот му се заканува тренд на поскапување на храната и на суровините, поради што поголем број земји би требало да преземат мерки за контрола на цените. Во новиот апел на Зелик до Г-20 се бара од земјите на оваа групација да ја „стават хранат во центарот на вниманието“ и да преземат мерки против драстичниот раст на цените на основните прехранбени продукти, за да се спречи „загрозувањето на сиромашните и растот на стапката на инфлација во земјите во развој“. - Тоа предизвикува зголемување на притисокот, но може да создаде и нови шанси, - наведува Зелик, објаснувајќи дека земјите во развој би можеле да обезбедат поголеми приходи со зголемување на производството, со што да се намодестиле потребите на зголемената глобална побарувачка на храна. Стравувајќи од избувнување на криза во прехранбениот сектор, Владата на Молдавија денеска соопшти дека воведува забрана за извоз на житни култури. Ваквата одлука уследи по објавувањето на податоците дека Молдавија лани извезла тројно повеќе житни култури во однос на 2009 година, со што целосно се исцрпени нејзините резерви. Во владиното соопштение се посочува дека Молдавија се соочува со „реална опасност“ од недостиг на житни култури, бидејќи во моменот располага со залиха од 135.000 тони, што е нешто помалку од количеството доволно до следната жетва претстојнава есен.

Цената на шеќерот на највисоко ниво во последните 30 години„ЈАСИ“ ЌЕ ЈА ЗАГОРЧИ БЕРБАТА

Цената на шеќерот на Њујоршката берза деновиве достигна највисоко ниво во последните 30 години, додека котациите на Берзата во Лондон се на петтонеделен максимум, поради стравувањата дека ураганот Јаси ќе го загрози родот на шеќерната трска во Австралија, која е трет по големина светски извозник на шеќер. Цената на шеќерот на берзите во Њујорк се зголеми за 0,83 центи (2,4 проценти) на 34,79 центи за фунта, што

е максимум уште од ноември 1980 година. Рафинираниот шеќер за мартовските испораки во Лондон поскапе за 1,9 отсто, на 834,70 долари за тон. Здружението на производителите на шеќерна трска „Кејнговерс“ процени дека овој сектор би можел да има загуби од 500 милиони САД долари поради ураганот Јаси. Во претходните 12 месеци шеќерот поскапе за 18 проценти во Њујорк поради слабиот род и во Бразил, Пакистан и повеќе европски земји.

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

Page 19: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 10 февруари 2011

Meѓународната агенција за енергетика очекува проблеми на пазарот на гасТЕНЗИИ ОКОЛУ ЦЕНАТА И ДОЛГОРОЧНИТЕ ИСПОРАКИ

Во текот на 2011 година глобалниот пазар на природен гас ќе се соочи со потешкотии при усогласувањето на условите во договорите за долгорочни испораки на енергенсот, - изјавил во Москва главниот економист на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол. - Годинава ќе се води голема борба за утврдување на условите на долгорочните договори меѓу дистрибутерите и потрошувачите на гас,- нагласил Бирол. Според него, не е исклучено дистрибутерите на гас да бидат изложени на засилен притисок за откажување од идејата за „врзување“ на цената на прирониот гас со цената на нафтата.

- Нема да се изненадам ако земјите-увознички на гас упорно тропаат на вашите врати и бараат нов пристап во формулирањето на цената на гасот. Не ја исклучувам ниту можноста во текот на 2011 година тие да ги засилат притисоците за „одврзување“ на цената на гасот од цената на нафтата, - потенцирал Бирол. Тој смета дека во случувањата на пазарот на гас во следните години битна улога ќе играат Кина, каде постои голема конкуренција меѓу гасот и јагленот, но и САД, кои во следните десет години од најголем увозник може да се претворат во најголем извозник на енергенсот. - Би бил изненаден доколу за 10 години САД се` уште увезуваат течен природен гас, но нема да се изненадам доколку за 10 години земјата стане извозник на гас, - изјавил Бирол, нагласувајќи дека во САД забрзано се работи на развој на најсовремени технологии за пронаоѓање и експлоатација на овој енергенс. Според Бирол, сегашната цена на нафтата, која се движи околу 100 САД долари за барел, ќе и` нанесе мала штета на глобалната економија, иако ќе го поттикне растот на инфлацијата, пред се` во Европа, што би можело да го успори економското заздравување. - Сметам дека до крајот на годината цената на нафтата ќе биде многу пониска од сегашните трицифрени бројки, - потенцирал Бирол.

Неочекуван пад на малопродажбата во еврозонатаКРИЗАТА И НАТАМУ ЗАГРИЖУВА

Малопродажбата во декември во 16-те земји од еврозоната неочекувано се намали, покажуваат штотуку објавените официјални податоци, што е уште еден показател дека потрошувачите и натаму не трошат, бидејќи се загрижени поради европската должничка криза и високата стапка на невработеност.

Евростат соопшти дека малопродажбата во еврозоната последниот месец од минатата година се намалила за 0,6 проценти во однос на ноември, додека очекувањата беа раст од 0,5 проценти. Малопродажбата во декември се намали втор месец по ред, по намалувањето во ноември од 0,3 отсто, покажуваат податоците. Сепак ноемврискиот пад не бил толку голем, како што претходно се очекуваше, кога Евростат процени дека малопродажбата ќе се намали за 0,8 отсто. Податоците на Евростат покажуваат дека на годишно ниво малопродажбата во еврозоната во декември се намалила за 0,9 отсто и покрај забрзаниот стопански раст, за кој сепак најзаслужно беше закрепнувањето на индустрискиот сектор, а не потрошувачката.

Производство на злато во 2010 годинаКИНА УРИВА РЕКОРДИ

Производството на злато во Кина минатата година достигна нов рекорд од повеќе од 340 тони, што претставува зголемување поголемо од осум отсто во однос на 2009 година, соопшти кинеското Здружение за злато. Кина е најголем светски производител на злато, откако во 2007 година ја претекна Јужноафриканската Република.

Кинеското здружение за злато соопшти дека минатогодишното производство на злато од 340,88 тони било за повеќе од 26 тони поголемо отколку претходната година, - јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Најголеми производители на злато во Кина минатата година биле провинциите Шандонг, Хенан, Џенгси, Јунан и Фуџен. Кина како и многу други земји го смета златото на извор за заштита од финансиски ризици.

СТАТИСТИКА

Page 20: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 10 февруари 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Назив на проектотПроект за развој на земјоделието и рурални средини

Референца WB673-793/11

Финансиска референца. Credit No. 4325-BOS; Project Id: P101213

Вид на набавка испораки

Финансиер Светска банка

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 02.02.2011

Краен рок за апликација 18.03. 2011

Секториинформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на проектот PROCUREMENT OF IMS SOFTWARE UPGRADES, INSTALLA-TION AND SYSTEM INTEGRATION

Контакт Federal Ministry of Agriculture, Water. Management and Forestry. Project Implementa�on Unit for Forestry and Agriculture.Trampina 4 (1st floor).71000 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina. Tel: +387 33 552 452. Fax: +387 33 552 450. E-mail: [email protected]

Назив на проектотHR-Осиек: IPA — прекугранична биотехничка соработка за одржлива регионална здравствена индустрија —испорака на медицинска опрема за Медицински факултет, Јосип Јурај Штросмаер, Универзитет Осиек

Референца EuropeAid/130941/C/SUP/HR

Финансиска референца.

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Хрватска

Објавено на 02.02..2011

Краен рок за апликација отворен

Сектори здравство:

Опис на проектот LOT 1. equipment for molecular biology research. LOT 2. ac-cessories for molecular biology research. LOT 3. equipment for DNA sequencing. LOT 4. equipment for autoregula�onstudies. LOT 5. equipment for vascular physiology studies. LOT 6. individually ven�lated caging systems for rats. LOT 7.stereotaxic instrument

КонтактInes Drenjancevic, MD, PhD, Josip Juraj Strossmayer Univer-sity of Osijek — Faculty of Medicine Osijek, Josipa Hu�lera4, 31000 Osijek, CROATIA. Tel. +385 31512882. Fax +385 31512813. E-mail: [email protected]

Назив на проектотMK-Скопје:телевизиски камери

Референца ECZ62688-земји кандидати

Финансиска референца. 2011/S 23-037688

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 31.1.2011

Краен рок за апликација 25.03. 2011

Сектори Телекомуникации:

Опис на проектот повеке информации во тендерската документација, ориентациона вредност без ДДВ 200 000,00 EUR, времетраење 30 дена од склучување на договорот

КонтактЈП Македонска радиотелевизијабул. Гоце Делчев ббза Лазе Новески1000 SkopjeРепублика МакедонијаTel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: [email protected] +389 23221104Internet address(es) www.mrt.com.mk

Назив на проектотCroa�a: OMBLA Проект за хидроцентрала - Техничкадлабинска анализа

Референца EBRDZ62694

Финансиска референца. 32516

Вид на набавка Испораки

Финансиер ЕБРД

Земја Хрватска

Објавено на

Краен рок за апликација 28.02 2011

Секториградежништво-инжинеринг:енергетика:заштита на околина:финансии-банкарствопрограма-менаџмент со ресурсиурбан развој

Опис на проектот ЕБРД бара консултант за длабинска анализа за следните прашања: - оценка на техничката документација и постојниот дизајн и студии на проектот, - оценка и мислење дали проектот е критична инвестиција за хрватското електростопанство и за електросистемот на Хрватска,- оценка и резиме на договорите и стратегијата за јавни набавки и препоракиза подобрување

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 21: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 10 февруари 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

КонтактEBRD Contact:William PowerCSU AdvisorEuropean Bank for Reconstruc�on and DevelopmentOne Exchange SquareLondon EC2A 2JN Tel: + 44 20 7338 6409 , Fax: +44 20 7338 7451email: [email protected]

Назив на проектотRFP за испорака на услуги за развој на информатички систем за пилот примарна здравствена заштита

Референца UNDPZ62706

Финансиска референца. RfP11/00298; 6552

Вид на набавка испораки

Финансиер УНДП

Земја Молдавија

Објавено на

Краен рок за апликација11.03. 2011 УНДП ке организира подготвителна конференција на 17.02. 2011 во 11:00. Пријавување на Lidia Marchitan ([email protected]) by COB on 16 February 2011.

Секториинформатичка технологија: - Management Informa�on Systems (MIS) - Internet / e-Commerce / e-Governance

Опис на проектот развој на информативниот систем на институција за примарна здравствена заштите во согласност со TOR ANNEX III. Понудите треба да бидат во 2 дела технички и финансиски.

КонтактOffers can be submi�ed either in hard copy or electronically.a) Documents/offers in hard copy need to be addressed to:UNDP Moldova,131, 31 August 1989 Street, MD-2012 Chisinau, Republic of MoldovaRegistry Office/Procurementb) Offers sent electronically need to be addressed to the fol-lowing e-mail address:[email protected] shall be clearly marked with “RFP: Primary health careins�tu�on informa�on system”Contact person for clarifica�ons: Mihail Beregoi, ProjectManager ([email protected]

Назив на проектот Запознавање на Европската Унија

Референца EuropeAid/130995/L/ACT/MK

Финансиска референца.

Вид на набавка услуги, грант

Финансиер европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 03.02.2011

Краен рок за апликација 15.03. 2011

Секторикомуникации, односи со јавност, информативни услугијавна администрација

Опис на проектот Целта е да се зголеми бројот и квалитетот на ТВ програми за ЕУ и за процесот на пристапување да се стимулира јавна дебата за придобивките и предизвиците од пристапувањето во ЕУ

КонтактPublica�on Call for Proposals IPA 130-995h�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/in-dex.cfm

Назив на проектот MK-Скопје: советодавни услуги

Референца ECZ62720-земји кандидати

Финансиска референца. 2011/S 24-039070

Вид на набавка услуги

Финансиер европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 2.2.2011

Краен рок за апликација 28.03. 2011

Секторикомуникации, односи со јавност, информативни услугителекомуникации

Опис на проектот Да се создаде визуелна препознатлива слика за Агенцијата за електронски комуникации, за нејзината улога и функции

КонтактАгенција за електронски комуникацииДимитрие Чуповски 13за Виолета поп Ацева1000 СкопјеРепублика МакедонијаTel. +389 23280212 +389 23280212 E-mail: [email protected] +389 23224611Internet address(es) www.aec.mk

Назив на проектотИнжинерски дизајн за складиште за муниција- Брезовиќ, Никшиќ Црна Гора

Референца UNDPZ62743

Финансиска референца. RfP 05-11

Вид на набавка услуги

Финансиер УНДП

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 22: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 10 февруари 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Земја Црна Гора

Објавено на

Краен рок за апликација 1.03. 2011

Секториградежништво-инжинерингјавна администрација

Опис на проектот Целта е да се избере кандидат за проектот за дизајн на складиште за муниција -Брезовиќ, Никшиќ, Црна Гора. Задолжителна посета ќе биде организирана на 14.02. во11 часот

КонтактUNDP Procurement Department at [email protected] or by telephone +382 20 225 533 +382 20 225 533 ext105.

Назив на проектот Европски инструмент за демократија и човекови права (EIDHR

Референца EuropeAid/131007/L/ACT/AL

Финансиска референца.

Вид на набавка услуги, грант

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија

Објавено на

Краен рок за апликација 21.03. 2011

Секториопштествени служби, општествени науки, население

Опис на проектот Целта е подршка на цивилното општество во промовирање на човековите права и демократизација во Албанија.

КонтактMs Eveline Hintendorfer at [email protected] to:Ms Alma Delia at [email protected] Stefano Calabre�a at stefano.calabre�[email protected]: +355 4 2230752

Назив на проектотB-Brussels: договор за рамковна услуга за иницијативи и продукти за комуникации и информации во однос на надворешните односи на ЕУ

Референца ECZ62755-Commission

Финансиска референца. 2011/S 25-039305

Вид на набавка услуги

Финансиер Европска комисија

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Aruba, Azerbaijan, Bahamas, Bangladesh, Barbados, Bela-rus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Costa Rica,Croa�a, Cuba, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea,Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, French Polynesia, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iraq, Israel, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South,Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Mali, Malta, Mau-ritania, Mauri�us, Mexico, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Netherlands An�lles, Nicaragua, Niger,Nigeria, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, SaintKi�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro,Seychelles, Sierra Leone, Singapore, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Tuvalu, Uganda, Ukraine, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 23: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 10 февруари 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Објавено на

Краен рок за апликација 21.03. 2011

Секторипрограма, менаџмент со ресурсикомуникации, односи со јавност, информативни услуги

Опис на проектот договор за рамковна услуга за иницијативи и продукти за комуникации и информации во однос на надворешните односи на ЕУ

КонтактEuropean Commission, Foreign Policy Instruments Servicerue de la Loi 170Contact: Laura Auger Perez, Public Diplomacy and Elec�on Observa�on, Charlemagne building, Office 13/09A�n: Mr Tung Lai Margue, Director, Charlemagne building, rue de la Loi 170, Office CHAR 15/1001040 BrusselsBELGIUMTel. +32 22959619E-mail: [email protected]

Назив на проектот MK-Скопје: Софтверски пакет и информатички систем-Надополнување

Референца EcZ62567-земји кандидати

Финансиска референца. 2011/S 20-032509; 2011/S 25-039094

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на

Краен рок за апликација 21.03. 2011

Секториинформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на проектот Дополнување на Службен весник на ЕУ, 29.1.2011, 2011/S 20-032509

КонтактНБРМ бул Кузман Јосифовски Питу бр,1 за Тодоровска Кристина Република Македонија 1000 Скопје . Tel. +389 23108457 +389 23108457 . E-mail: [email protected]. Fax +389 23108366 +389 23108366

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

е-маил[email protected]

Page 24: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 10 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Презентација

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ(авторски права и индустриска сопственост,

конкурентност на производ и на претпријатие)

15 февруари 2011 годинаод 11 до 14 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Што е интелектуална сопственост? На што се однесува таа?

Општо прифатено е мислењето е дека таа е чисто апстрактен концепт кој нема своја практична вредност и реализација. Но реалноста е сосема спротивна и интелектуалната сопственост може да се поседува, да се пренесува или да се модифицира. Зошто интелектуалната сопственост е важна за претпријатијата? Каде таа се користи или може да се искористи? Нејзиното разбирање и заштита е основна за секој кој има некаква идеја без оглед дали е таа пронајдок, трговска марка или песна. На оваа презентација ќе се даде одговор на овие и на многу други прашања кои би дале појасна слика за поими кои се присутни и познати во јавноста, кои се однесуваат на индустриската сопственост (патенти, трговски марки, ознаки на потекло на производите, дизајни, авторски и сродни права и сл.) но кои не секогаш се употребуваат во правилен контекст или на вистински начин. Еден општопознат тренд во последно време е употребата на зборот бренд и брендирање.ПРОГРАМА: Вовед Обраќање на претставник на Државниот завод за индустриска сопственост Презентација на законската рамка Презентација на практичните аспекти на индустриска сопственост Презентација на практичните аспекти на авторските и сродните права Дискусија заснована на прашања од слушателите Презентери: - М-р Маја Бариќ, адвокат и застапник за права од интелектуална сопственост, магистер по европско право од интелектуална сопственост;- гостин од Државниот завод за индустриска сопственост. Презентацијата e наменета за висок и среден менаџмент и тоа генерален, развоен, маркетинг и производен менаџмент од домашни претпријатија или претставништва на странски фирми кои се занимаваат со производство, трговија или се даватели на услуги. Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 11 февруари 2011 година.

Презентацијата е бесплатнаЛицe за контакт:Анита Митревскател:02 32 44 057факс.02 32 44 088 mail:[email protected]

Од 17 до 20 февруари 2011 година меѓународен саем за градежништво во Република Турција

„ADANA CONSTRUCTION 2011’’

*Организирана посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 17 до 20 февруари 2011 година, во Адана, Република Турција, ќе се одржи 5. Меѓународен саем за градежништво „ADANA CONSTRUCTION 2011“. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саеми за градежништво, на којшто свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот.

Стопанската комора на Македонија во соработка, со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација, од 16-18 февруари 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок и ручек, влезница за Саемот, трансфери од аеродром до хотел и од хотел до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци (35 евра по лице) за саемскиот организатор „Адонис“. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација, најдоцна до 11 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановскител.02 3244 004Факс:02 3244 088Е-mail:[email protected]

„ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ И ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОЕКТИ“

23 и 24 февруари 2011 година8:30-14:30 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија Ве поканува на дводневен семинар на тема: „Финансиските извештаи и вреднување на инвестиционите проекти„, што ќе се одржи на 23-24 февруари 2011 година, со почеток во 8:30 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија. Главната и единствена цел е сите учесници во текот на двете сесии да се стекнат со што е можно поголемо практично знаење, базирано врз современите теоретски сознанија за оваа проблематика. Фокусот на оваа обука е ставен на анализа на перформансите од работењето на компаниите, анализа на изворите и трошоците за финансирање, како и на анализа на инвестициони проекти. Анализата и решавањето на примери од

Page 25: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 10 февруари 2011

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ практични примери се составен дел од семинарот. Програма23 февруари 2011 година (среда) Временска димензија на парите Финансиските показатели и релативно вреднување на компаниите (показатели на ликвидност; задолженост; користење на средствата и на профитабилноста) Студија на случај - практичен пример24 февруари 2011 година (четврток) Вреднување на трошокот (цена) на капитал (општ трошок на капиталот; Трошок на долгот; Трошок на приоритетни акции; Трошок на сопствен капитал Инвестициони проекти и нивно вреднување (Нето сегашна вредност; Интерна стапка на рентабилност и Праг на рентабилноста) Студија на случај – практичен пример

Предавачи: Проф. д-р Панче Јовановски, Европски универзитет Република Македонија Асс. Славко Гавриловски, Европски универзитет Република Македонија Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 февруари 2011 година.

Контакт:Ленче Зикова Анита Митревска тел: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail:[email protected] [email protected]

На 24 и 25 февруари деловни средби со бугарски компании и посета на саемски манифестации

SAFETY & SECURITY ВО СОФИЈАИ „ВИНАРИА“ ВО ПЛОВДИВ

Во периодот од 24 до 25 февруари 2011 година во Софија, Р.Бугарија, во рамките на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балканските комори, планирано е организирање бизнис форум со бугарски компании од различни стопански дејности. Настанот, кој се организира во соработка со Трговско-индустриската комора на Бугарија, претставува добра можност македонските

компании да воспостават директни контакти и деловни средби со потенцијални деловни партнери од Р.Бугарија. Истовремено, се предвидува и посета на реномираните меѓународни саеми за безбедност и осигурување “Safety and Secu-rity” во Софија на саемот за вино “Винариа” во Пловдив. Врз основа на бројот на пријавени учесници, планиран е организиран автобуски превоз до Софија и блок резервација за хотелско сместување во Софија за едно ноќевање на 24.2.2011 година. Трошоците за превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Стопанската комора на Македонија, како ко-организаторот на билатералните средби ги поканува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество преку пополнување на пријавниот лист најдоцна до 15.2.2011 година, со цел навремено информирање на организаторот на оваа средба и обезбедување деловни партнери. Пошироки информации и пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Билјана Пеева ЃуриќТел: (02) 3244034Факс:++38923244088E-адреса: [email protected]

Од 24 до 27 февруари 2011 година Меѓународен саем за храна и прехранбена технологија во Република Турција

„BURSA FOOD / FOOD-TECH 2011„* Организирана посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 24 до 27 февруари 2011 година, во Бурса, Република Турција ќе се одржи 10. Меѓународен саем за храна и прехранбена технологија „BURSA FOOD / FOOD-TECH 2011“. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на индустријата за храна и пијалаци, пакување, опрема и современа технологија за производство на храна и опремување на продавници и маркети, хотели, ресторани, кафе-барови и друго, на којшто свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји.

Page 26: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 10 февруари 2011

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП„ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 24-26 февруари 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од хотел до Саемот и влезница за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци по лице за саемскиот организатор „Адонис„ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и трошоците за организација на Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевска Влатко СтојановскиТел: 3244037 Тел:3244004Факс:32 44088 Факс:32 [email protected] [email protected]

На 22.2.2011 година презентација во Стопанската комора на Македонија

ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ, КОМУНАЛНА И ПРОЦЕСНА ОПРЕМА ЗА ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА ОД СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, Биро за регионален развој, продолжувајќи ја својата соработка, а со цел оживување на деловните односи и изнаоѓање нови и квалитетни форми на економска соработка, организираат презентација на српските компании-производители на земјоделски машини, комунална опрема и процесна опрема за прехранбената индустрија, како и деловни средби меѓу македонските и српските компании. Презентацијата ќе се одржи на 22.2.2011 година, co почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5-ти кат. Покрај презентацијата, во продолжение ќе се одржат и делопвни средби меѓу македонските и српските компании, што ќе биде прилика за размена на информации за стопанските потенцијални иможности. Во таа насока заинтересираните македонски компании треба да го искажат својот интерес за воспоставување средби, согласно списокот на српските компании што Ви се доставува во прилог. Се покануваат сите заинтересирани македонски компании да го најават својот интерес за воспоставување соработка со компании од Србија, најдоцна до 15 февруари 2011 година, во Стопанската комора на Македонија. Лица за контакт: Венера Андриевска,тел: 3244037, Факс: 3244088, [email protected] и Мирјана Коцева, тел: 3244035, факс 3244088, [email protected]

Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА

ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“28 февруари 2011 година

08:30-15.30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и IFC (Меѓународна финансиска корпорација) -

ISTR (Програма за меѓународни стандарди и технички регулативи), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места, како и запознавање со меѓународниот систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001. Обучувачи на семинарот ќе бидат: еминентен предавач од Државниот инспекторат за труд, Благица Трајчевска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа како и дипломираниот инженер по ЗПР, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за безбедност при работа. Презентација за Системот за управување со безбедност и здравје при работа на OHSAS 18001 ќе ја реализира дипломираниот инженер по ЗПР, Милан Петковски, стручно лице за безбедност при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од:- Законот за БЗР;- Правилникот за инспекциски надзор;- Правилникот за проценка на ризик;- подзаконските акти кои ќе произлезат како прашања на самата обука.

Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука ќе и` се посвети посебно внимание на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа во македонските претпријатија, на присутните на оваа обука ќе им се претстави меѓународниот Систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001, во контекст на идентификување и управување со ризиците врзани за безбедонста и здравјето при работа, намалување на потенцијалните несреќи, и постојано подобрување на своето работење Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24 февруари 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество.

Контакт:Ленче Зикова Елизабета Андриевска-Ефтимовател: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 047 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] be�@mchamber.mk

Од 2 до 6 март 2011 година Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни во Република Турција

“UNICERA 2011” ВО ИСТАНБУЛ*Стопанската комора на Македонија и „Адонис груп“ организираат посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2011”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски

Page 27: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 10 февруари 2011

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

манифестации: 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни „UNICERA 2011“, 2. Меѓународен саем за цевки, вентили, пумпи и филтри „PIPEXPO“, Саем за осветлување, мебел и декорација „DEKOREKS„ и 8. меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати – „KITCHEN WORLD“. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“, организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на оваа саемска манифестација, од 2 до 4 март 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок и ручек, влезница за Саемот, трансфер од хотел до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци по лице за саемскиот организатор „АДОНИС“ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз и 35 евра административни трошоци), како и трошоците за организација на Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:

Влатко Стојановски Елизабета A. ЕфтимоваТел.02 3244 004 тел.02 3244 074Факс:02 3244 088 факс:02 3244 088Е-mail: [email protected] be�@mchamber.mk

Oд 2 до 6 март 2011 година во Република Хрватска

„ГАСТ 2011“ ВО СПЛИТ

Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество и посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна, пијалоци, кафе, хотелска и угостителска опрема, туризам и мебел „ГАСТ 2011“ во Сплит, Жњан, Република Хрватска. Стопанската комора на Македонија во соработка со Сплитскиот саем организира учество на македонските компании на заеднички национален штанд по привилегирани услови (20% попуст за уреден штанд и 25% за неуреден штанд, како и бесплатна страница во Каталогот на саемските излагачи). За сите посетители од земјава обезбедени се бесплатни влезници за Саемот. На 35.000 метри квадратни изложбена површина „ГАСТ 2011„ е една од најголемите специјализирани саемски манифестации и клучно место каде што се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната, пијалоците, хотелска и угостителска опрема. Исто така, ГАСТ е во бизнис-круговите познат и како место за договарање и логистика за туристичката сезона. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании своето учество за посета и излагање на Меѓународниот саем „ГАСТ 2011„ да го пријават најдоцна до 15.02.2011 година. Поoпширни податоци и пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел: 3244037; Факс:3244088Е-адреса: [email protected]

На 4 март 2011 година во Стопанската комора на МакедонијаСРЕДБА СО ИШТВАН ПАСТОР, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

НА ВЛАДАТА НА АП ВОЈВОДИНА Потпретседателот на Владата на АП Војводина во Република Србија, Иштван Пастор, изрази интерес за остварување средба со македонски компании заинтересирани за запознавање со потенцијалите на војводинската економија, инвестиционите и стопанските планови за развој, во насока на интензивирање на трговската размена и изнаоѓање деловни партнери од овој развиен српски регион . Со оглед на интерактивниот карактер на средбата, таа ќе биде искористена македонските компании директно да ги пренесат своите досегашни искуства, реалните потреби и идните планови за соработка со војводински партнери, како и да предложат иницијативи за унапредување на билатералната трговска соработка со оваа Автономна Покраина на Р. Србија. Средбата со потпретседателот на Владата на Војводина ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Исто така, господинот Пастор ќе присуствува на презентацијата на Новосадскиот Саем, што ќе се одржи истиот ден, во 11:00 часот, во Стопанската комора. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на средбата со потпретседателот на Владата на Војводина, со претходно пријавување најдоцна до 22.02.2011 година.

На 4.3.2011 година во Стопанската комора на Македонија ПРЕЗЕНТАЦИЈА

НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ

*Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”

Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа во Србија, на 4 март 2011 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните македонски компании. Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 78-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 14-21 мај 2011 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Европа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува оваа година ќе настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите сектори. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”. Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток

Page 28: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 10 февруари 2011

во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.Контакт: Венера Андриевска Влатко СтојановскиТел: 3244037 Тел:3244004Факс:32 [email protected] [email protected]

На 23 и 24 март 2011 март во Мериленд, САДБИЗНИС-САМИТ САД – ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БАЛТИМОР

Од страна на Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, преку нашето Министерство за надворешни работи, информирани сме за можноста од организирање на Бизнис Самит: САД – Западен Балкан. Планирано е тој да се одржи во Балтимор, Мериленд, на 23 и 24 март 2011 година. Како земји-учеснички од Западен Балкан би се јавиле: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија. Целите на Самитот, кој државата Мериленд за првпат го организира, а на кој ќе бидат поканети учесници (компании) и од неколкуте околни држави од САД, се:- зајакнување на економските и трговските врски со САД и помош во интеграцијата на земјите од Западен Балкан;- директни средби меѓу компаниите од САД (Мериленд и околните држави) со компании од овој регион;- средби на претставниците на владите од регионот со заинтересираните компании за инвестирање;- запознавање на учесниците со состојбите и потенцијалите на земјите од Западен Балкан и- зајакнување на контактите меѓу владините и приватните претставници, НВО-и со цел да се засили економската соработка меѓу Западниот Балкан и САД.

Планирано е да се организираат панел-дискусии и работилници на коишто би се разговарало за натамошно зголемување на трговијата и инвестициите во секторите: ИТ-технологија, туризам, енергетика, трговија (дистрибутивни канали), производство и воено-одбранбена индустрија. Целокупните логистички и административни формалности ќе бидат навремено дефинирани и истите ќе бидат проследени на сите заинтересирани македонски компании. Вашиот интерес за учество на Бизнис-самитот во САД, може да го најавите најдоцна до 21 февруари, 2011 година (понеделник). Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk или на e-mail адресата: [email protected], кај лицето Билјана Пеева-Ѓуриќ (тел: 3244-034, факс: 3244 088).

Од 29.3 до 1.4.2011 година посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” во Братислава

СРЕДБИ СО СЛОВАЧКИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ Во периодот од 29.03 до 1.04.2011 година во Братислава, Р. Словачка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Регионалната комора на Братислава, организира билатерални деловни средби меѓу македонски и словачки компании од градежниот сектор. Истовремено, планирана е посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” На овој најголем саем за градежништво во Словачка минатата година земаа учество над 600 компании од повеќе европски земји од следниве градежни сектори: високо и нискоградба; градежни материјали; технолошки иновации; греење и ладење; мерење; пумпи, компресори, и др. опрема; климатизација и вентилација; недвижности; суровини и материјали во градежништвото. На деловните средби што ќе се одржат на 30 март 2011 година во Братислава, Словачка, македонските компании од

градежниот сектор ќе имаат одлична можност за воспоставување директни контакти и средби со словачки компании, со цел проширување на своите деловни активности и пронаоѓање на потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, агенти, застапници итн. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот – Регионалната комора на Братислава, организира учество на македонските компании на деловните средби и посета на Саемот за градежништво од од 29.03-1.04.2011 година. Трошоците за авионски превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 23.2.2011 година.

Од 18 до 20 март 2011 година, во Коња, ТурцијаАГРОБИЗНИС ПАРТНЕРИЈАТ НА “KONYA AGRICULTURE FAIR 2011”

Во периодот од 16 до 20 март 2011 година во Коња, Турција, ќе се одржи реномираниот Меѓународен саем за агробизнис “Konya Agriculture Fair 2011”. На овој најголем саем за земјоделие во регионот ќе земат учество околу 600 најпознати и најголеми компании од Европа и Азија од земјоделскиот сектор и пропратните индустрии, на кој ќе бидат претставени нови технолошки иновации, земјоделска механизација, агрохемиски производи, агроопрема, сточарство прехрана итн. Во рамките на Саемот, на 19 март 2011 година, ќе се одржи Меѓународен деловен партенаријат – билатерални средби “B2KONYA-AGRI 2011”, на кој ќе земат учество голем број компании од агроиндустријата од повеќе земји.

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 29: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 10 февруари 2011

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Учеството за македонските компании е бесплатно.

Што претставува меѓународниот деловен партенаријат (МДП)?

Меѓународниот деловен партенаријат е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање соодветен и сигурен деловен партнер од странство, преку претходно автоматско поврзување (business match-making), од агробизнисот и пропратните стопански сектори. Настанот претставува одлична можност, особено за компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзо растечката економска сила на Турција и на пазарите во Југоситочна Европа, да остварат директни средби со потенцијалните партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на know-how технологии, истражување и развој итн.

Кои се предвидените стопански сектори?

- Земјоделска механизација и технологии; технологии за стаклени градини; води и системи за наводнување; земјоделска медицина; семиња, хортикултура, цвеќарство; еколошко земјоделство; земјоделски машини и земјоделство, опрема; услуги; агроинформатика; млеко и млечни производи; живина; суровини и материјали во агроиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен

координатор и партнер на организаторот - Стопанската комора на Коња, организира учество на деловните средби и посета на Саемот во Коња, од 18-20 март 2011 година. Трошоците за авионскиот превоз и за хотелското сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 15.2.2011 година. За повеќе информации посетете ја интернет страната: h�p://www.b2match.eu/b2konya-agri-2011/ За он-лајн ртегистрација: h�p://www.b2match.eu/b2konya-agri-2011/par�cipants/new

Контакт: Влатко Стојановски Васко Ристовски Тел: (02) 3244004 Тел: (02) 3244014Факс:(02) 3244088 Факс:(02) [email protected] [email protected]

Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република Хрватска

БРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони

со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Page 30: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 10 февруари 2011

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

На 16 и 17 февруари 2011 Саем и Настан за технолошка и бизнис-соработка, во Шпанија

EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 ВО ВАЛЕНСИЈА

Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ организира посета на Вториот саем за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари 2011 година, за време на заедничките меѓународни саеми: - EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за енергии; - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивни технологии и услуги и - EFIAQUA: Саем за ефикасно водостопанство.

Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативните технолошки предлози, да бараат решенија за технолошки предизвици и да започнат бизнис-соработка. Области на интерес: - Одржливо производство и дистрибуција; - Новите технолошки решенија (енергија

и животна средина); - Ефикасност во градежништвото; Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност; - Урбанистичко и индустриско управување со отпад; - Управување со системи за животната средина: - Оценување на индустриски отпад; - Потврдување, рециклирање; - Еко-производи; - Третманот на отпадните води; - Колекционирање и третман за прочистување на водата; - Набавка и дистрибуција на вода; - Контрола на поплави; - Крајбрежната заштита; - Проекти за финансирање. Рокови: - до 3 февруари 2011 година: регистрација и поднесување на профили; - до 9 февруари 2011 година: барања за билатерални средби.

Повеќе информации за саемите: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-ex-poenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua

Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка:

h�p://www.enterpr ise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460 Влезот и учеството на саемот се бесплатни.Контакт:Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 [email protected]

На 25 и 26 февруари Меѓународен брокерски настан во Република Србија

ТУРИЗАМ И ВИНО ВО БЕЛГРАД Стопанската комора на Македонија – Европскиот иновативен и информативен центар во Македонија организира посета и учество на Меѓународниот брокерски настан за ТУРИЗАМ И ВИНО, што ќе се одржи во Белград, од 25-26 февруари 2011 година.

1. Брокерски настан во секторот туризам На Меѓународниот саем за туризам (25 февруари 2011 година во Белград), Enterprise Eu-rope Network од Србија ќе организира меѓународен брокерски настан наменет за претприемачите кои бараат партнери во секторот Туризам. Меѓународниот саем за туризам во Белград е еден од најважните туристички саеми во регионот. Во текот на Саемот, има повеќе од 700 излагачи од 38 земји, на 30.000 м2 внатрешен простор, исполнат со околу 50.000 посетители. IFT е член на Европската асоцијација за туризам саеми од 2003 година.

2. Брокерски настан за производителите на вино Во рамките на Меѓународниот саем за вино (26 февруари 2011 година, во Белград), Србија Enterprise Europe Network ќе организира меѓународен брокерски настан кој се однесува на претприемачите кои бараат деловни партнери во секторот за производство на вино. Сите информации во врска со регистрацијата на учесниците, поединечниот распоред и роковите се достапни на веб-страната www.EENBrokerage.info,

Контакт:ЛАЗО АНГЕЛЕВСКИ,проектен консултант Тел 02 3244 090е-маил [email protected]

Page 31: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 10 февруари 2011

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ На 22 и 23 март 2011 година Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Франција

БИЗНИС�ФОРУМ ВО ДИЖОН

За време на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон, ќе се одржи бинзис-форум (брокерски настан) на којшто ќе можат да се разменат искуства со други учесници за време на конгресот. Овој настан ги таргетира индустриите за прехранбени производи, лабораториите, технички центри кои се занимаваат со храна и исхрана. Поентата на овој настан во споредба со други настани со слични теми е сензорскиот пристап (вкус, арома, структура/состав....). Секоја организација (индустрија, јавна или приватна истражувачка лабораторија, технички центар), која има технолошка или know-how понуда или барање или која бара партнери е добредојдена за да се приклучи во деловните средби со компании од цела Европа. Брокерскиот настан се организира во рамките на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон. Над 370 средби меѓу компаниите се организирани за време на последниот Конгрес во

2010 година. Сите информации и регистрација ( пред регистрација на брокерскиот настан) може да се најдат на www.taste-nutri�on-health.com или на линкот на горенаведениотконгрес.On-line Регистрацијаh�p://b2match.eu/taste-nutri�on-health2011/par�ci-pants/new ЕЕН Проект www.een.mk

Софче Јовановска [email protected], Тел: +389 (02) 3244060Лазo Ангелевски [email protected] Тел: +389 (02) 3244090

САЕМИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија, го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:

МАРТ 2011

01/03/2011 Interna�onal BrokerageEvent of Renewable Energy ENEX 2011

Kielce (Poland)

01/03/2011 Interna�onal brokerageevent Future Match at CeBIT 2011

Hannover (Ger-many)

02/03/2011 Ecobuild match-making event 2011

London (United Kingdom)

04/03/2011 expoEnergy 2011 in Wels Wels (Austria)

04/03/2011 Tourism@GAST 2011 Split (Croa�a)

10/03/2011 Successful R&D in Europe - 3rd European Networking Event

Duesseldorf (Ger-many)

18/03/2011 BUD-GRYF & ENERGIA Bro-kerage Event for Construc-�on and Energy Sector

Szczecin (Poland)

19/03/2011 B2KONYA-AGRI 2011 konya (Turkey)

22/03/2011 Technology B2B for Fi-nance

Warsaw (Poland)

22/03/2011 6th Taste Nutri�on HealthInterna�onal Congress

Dijon (France)

25/03/2011 WOOD Mee�ngs 2011 Namur (Belgium)

29/03/2011 IT/ICT POLISH-ISRAELI MATCH-MAKING EVENT

Warsaw (Poland)

29/03/2011 TELMI’2011: Linguis�cs,seman�cs & e-reputa�on

Lille (France)

30/03/2011 AMPER 2011 Brno (Czech_Re-public)

30/03/2011 AERODAYS 2011 Brokerage Event in Aeronau�cs

Madrid (Spain)

30/03/2011 Interna�onal B2B So�wareDays

Vienna (Austria)

Page 32: Бизнис ИНФО бр.40 од 10.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 10 февруари 2011

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

производи наменети заХигиена и дезинфекција во здравство

Хигиена и дезинфекција во индустријата, земјоделството, јавни простории и транспортДезинфекција на водата за пиење и вода во

базенитеЧистење на високо загадени површини

Валидност до:13.05.2011

Компанија од Турција бара сорасботка со текстилни фабрики во Република Македонија за пласман на ткаенини за производство на

облекаВалидност до:14.05.2011

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи

и уреди за заштита од громВалидност до:14.05.2011

Германска туристичка агенција бара соработка со туристички агенции во Република

Македонија за организирање на патувања во Росток и Варнемунде но и организирање на туристички групи од Росток во Македонија

Валидност до:17.07.2011

Компанија од Малезија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на зачини

и семињаВалидност до:18.05.2011

Македонска компанија бара партнери за соработка во Европска унија за извоз на

работна облекаВалидност до:18.12.2011

Компанија од Малезија нуди путер од какао,какао во маса и какао во прав

Валидност до:20.05.2011

Турска компанија бара соработка со македонски компании во керамичката и

индустрија за гума за пласман на цинк оксидВалидност до:20.06.2011

Македонска компанија нуди еколошки тврди грејни горива (брикет, пелет и сл.) и мебели

орнаменти (летниковци, дрвени куќички и сл.) за македонскиот пазар

Валидност до:25.12.2011

Македонска компанија нуди комплетни логистички решенија за индустријата и широка потрошувачка, меѓународен и

локален транспорт за секаков вид на праткиВалидност до:25.12.2011

Компанија од Босна и Херцеговина бара застапник на опрема за користење на

обновлива енергија,еколаин камини на биомаса, котли на биомаси -палети со снага

(20кЊ до 600кЊ) и соларни колекториВалидност до:26.06.2011

Германска компанија нуди соработка во Република Македонија на квалитетни решенија за третман на отпадни води

Валидност до:26.06.2011

Хрватска компанија бара пласман во Република Македонија на дрвени куќи

Валидност до:26.06.2011

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија

со жлебови за производство на картонВалидност до:27.06.2011

Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на леванда

и производи од левандаВалидност до:27.06.2011

Македонска компанија бара пласман на машки и женски обувки во европските земји, нудат рачно шиени обувки како и со штробел изработка со полууретански ѓонови , широки

и комотни калапи , со модерен дизајн и природни материјали

Валидност до:27.12.2011

Македонска компанија нуди услуги во поставување на инсталации за водовод

канализација и плин и инсталации за греење и клима-уреди

Валидност до:28.12.2011

Грчка компанија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на

заштеда на енергија преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење, греење и осветлување во домаќинстата, комерцијалните и индустриските објекти

Валидност до:28.06.2011

Компанија од Англија бара соработка со производители на керамиди од Република

МакедонијаВалидност до:28.06.2011

Чешка компанија нуди хемиски производи,калциум хлорид,калциум

карбонат,водено стакло,силикатни хемикалии и др

Валидност до:31.05.2011

Чешка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на храна за

добиток и домашни миленичињаВалидност до:31.05.2011

Македонска компанија нуди услуги во репарирање на трансформатори и

електромашиниВалидност до:31.12.2011

Македонска компанија нуди инструменти и апарати за мерење, контрола, испитување,

управување и други намени, освен опрема за индустриска процесна контрола

Валидност до:31.12.2011

Турска компанија бара дистрибутер на современа медицинска апаратура наменета

за уролошки клиникиВалидност до:1.07.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лабараторииинкубатори,стерилизатори,дистилатори,мик

сер,апарати за дестилирање на вода,опрема за

фототерапијаВалидност до:1.07.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100%

акрил предиво за плетење и ткаење- 100% ПП конец за ткаење теписи

- 50% памук + 50% акрил (ЦОТОНЕЛ)- 50% акрил + 50% вискоза

- предива и мешавина од акрилВалидност до:1.07.2011

Германски интердисциплинарен центар за специјалистички прегледи во неврохирургија,ортопедија,траумо-хирургија,неврологија

и физикална терапија за лекување на спинални и зглобни болести бара соработка

со здравствени клиники од Република Македонија

Валидност до:1.07.2011

Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година

5.000.000 литри бело и црвено виносо следните карактеристики:

бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано но под контролирана

температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол

Црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пуени минмум 11.5% алкохол,

бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги

посетат сите винарии за идна соработкаВалидност до:2.12.2011

Македонска компанија бара соработка со партнери од Европа за пласман на

производство на брановидна хартија и картон и амбалажа од хартија и картон

Валидност до:2.12.2011

Германска компанија бара соработка со македонски производители на овошно и

зеленчуково пире/кашаВалидност до:2.12.2011

Бугарска компанија нуди шпедитерски и логистички услуги во патниот, морскиот и воздушниот сообраќај на македонски

извозници и увознициВалидност до:3.07.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски