8
На 06.07.2015г. / понеделник /, со почеток во 20 часот во во Битолската магаза - НУ Завод и Музеј - Битола ќе биде отворена изложбата на најновите графички остварувања на академскиот уметник Момчило Аврамовски. Се работи за 25 графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како “Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“- Куманово.

Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“20:00ч.- Магаза

Citation preview

Page 1: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

На 06.07.2015г. / понеделник /, со почеток во 20 часот во во Битолската магаза - НУ Завод и Музеј - Битола ќе биде отворена изложбата на најновите

графички остварувања на академскиот уметник Момчило Аврамовски. Се работи за 25 графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како

“Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“- Куманово.

Page 2: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

. Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет. Тој е роден 1935 г. во Куманово. Првите сознанија за ликовната уметност ги добива од академскиот сликар Кирил Караџа кој со својата педагошка дејност позитивно влијае на многу негови ученици (меѓукои и на Аврамовски), а кои подоцна станаа значајни имиња во македонската современа уметност од Куманово . Во непосредното опкружување, во времето на формирањена авторскиот идентитет на Аврамовски, се наоѓаат и братот Драгутин Аврамовски Гуте, значајно име во македонската современа ликовна историја (втемелувач на современата македонска графичка уметност), сега светски познатиот сликар Трајче Јанчевски и др. Основите на ликовното образование ги стекнувапреку завршување на Училиштето за применета уметност во Скопје (вајарство кај професорите Димче Тодоровски и Јордан Грабул; сликарство кај проф.Душко Стојановски ), Вишата педагошка школа (сликарство кај проф.Ванчо Георгиев и вајарство кај проф.Љупчо Стефановски) и ФЛУ - Скопје (сликарство кај професорот Ристо Калчев).Неговата ликовна едукација продолжуваи со неколку студиски престои во Дизелдорф-Германија (1975-78 г.) ; Ротердам-Холандија како и учество на неколку конгреси за ликовна култура во Париз (ИНСЕА), Будимпешта, Загреб ...Самостојно ја проучува работата на повеќе светски ликовни имиња меѓу кои Рембрант, Модиљани, Тулуз-Лотрек, Пикасо, Дали и др. од чии искуства подоцна ќе вгради елементи и концепти во своите дела.

Page 3: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

Своето прво претставување пред пошироката јавност го има на групната изложба на ДЛУК во 1958 г. (во Друштвото на ликовните уметници на Куманово активно членуваод неговото формирање 1958 г. до неговото престанување со работа...). Оттогаш до ден денеска е активен на македонската ликовна сцена презентирајќи ги своитедела во рамките на групна или самостојна изложба, како учесник на ликовна колонијаили некој заеднички уметнички проект. Својата прва самостојна изложба ја реализира во далечната 1962 г. во клуботна ФЗЦ "11 Октомври" - Куманово за да ја продолжи оваа практика на самостојно претставување во периодот на секои две до три години. Солидната ликовна едукација и огромното искуство,познавањето на сликарските технологии како и хетерогениот интерес за сите гранки на ликовното делување го промовираат Аврамовски во автор со дела работени во повеќе медиуми: слики, цртежи, скулптури и графики. Со триесеттина самостојни изложби и учество на преку сто групни изложби, проекти и колонии Аврамовски секојдневно добива понуди за учества во Шпанија, Полска, Обединетите Арапски Емирати, Италија.... Члене на ДЛУМ од 1968 г. кадешто е активен во своите настојувања преку оваа асоцијација на ликовни творци да обезбеди подобри услови за работа на ликовните уметнициво Македонија, за нивната промоција воземјата и странство како и за соодветно решавање на нивниот општествен статус.Активно учествува на сите изложби коишто ги организира ова друштво, а во еден период беше и дел од потесното раководство.Добитник е на повеќе награди и признанија. Покрај партиципацијата во активностите на ликовната сцена како автор, како активен член на ликовни друштва (ДЛУК и ДЛУМ) и организатор на ликовниот живот, Аврамовски даде огромен придонес и во областа на ликовната педагогија и култура преку повеќедецениското работење како професор по ликовна уметност. Пренесувајќи ја својата страст и енергија кон ликовната уметност на помладите генерации и едуцирајЌи ги за разновидни сликарски постапки Аврамовски со својата работаи зврши големо влијание во менувањето на перцепцијата за ликовното творештво. Како резултат на тоа неговите ученици го продолжуваа школувањето на ликовните академии во земјата и странство, а дел од нив денеска се влијателни личности во областа на ликовната уметност и култура работејќи како универзитетски професори, уметници или ликовни педагози. За својата работа како ликовен уметники ликовен педагог има добиено многу награди и признанија од локален и меѓународен ранг при што посебно му е драго признанието "Особено истакнат педагошки работник" доделено од Републичкиот Завод за просвета на Република Македонија. Во период од неколку години наназад актуелни беа повеќе настани врзани со активностите на овој автор : Изложбата на минијатури (2012 г.) којашто беше промовирана во повеќе градови (Куманово,Скопје, Велес, Гевгелија, Валандово),учеството на повеќе групни изложби, Ноемвриската награда на Град Кумановоза животно дело од областа на уметноста(2012 г.) и др.

Page 4: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

За графиките на Момчило Аврамовски Кога животот станува перманентно врзан за уметноста во сите негови сегменти и кога играјќи ги улогите на автор и едукатор покажувате спремност да се предадете во целост нудејќи го најдоброто од своите можности, тогаш и самиот творечки пат ви станува само една однапред позната агенда на постојано споделување на делата коишто ги креирате и делите со пошироката публика. Но,сепак, во тие многубројни споделувања секогаш постои нешто ново, недоживеано, првпат видено од некој поинаков, дотогаш непознат агол... И таа мисла е енергетскио бран кој ве носи во потрага по новиот ракурс, композиција, концепт, притоа поништувајќи ви го чувството за време,простор, замор... Малкумина уметници можат да се најдат во горе кажаните зборови, но меѓу нив, секако, можеме да го вброиме академскиот сликар Момчило Аврамовски, автор чиешто творештво е носител на спецификите поврзани со кумановската и македонската ликовна сцена. Огромното животно и творечко искуство трансферирано во уметничкото дело е вреден запис за идните генерации којшто Аврамовски несебично го споделувасо јавноста отварајќи нови дискурси нарелација - уметноста и животот. Со презентирањето во јавноста на неговата графичка колекција “Чудесен свет“,истата станува дел од настојувањето нашето разбирање за делувањето на уметникот да го сведеме на анализа на неговите дела, притоа свесни дека во нив е вграден еден живот испреплетен со радост и тага, и бројни предизвици коишто ги носи времето. Концептот којштого преферира Аврамовски во создавањето на графичките листови е комплексна визуелна цртачка филозофија градена на искуство и емпирија како и на желбата да се открие нешто ново во техничка смисла, да се направи фузија меѓу цртежоти графиката. Оттука и специфичниот ликовен израз и композициона поставеностсо повеќе точки на енергетско зрачењево рамките на една иста графичка реализација. Таа мултиенергетска центрираност на моменти кај гледачот предизвикува разни асоцијации коишто се јавуваат при поврзување на апстрактно-асоцијативните елементи коишто инстантно еволуираат во ликовии предмети од појавниот свет. Насловите на делата дополнително ни ја олеснуваат задачата, но конечното читање зависи од нашата способност за генерирање на апстрактното во разбирливо и читливо.На моменти се добива чувство дека во дел од понудениот материјал се ставени сублиминални пораки во вид на архетипски знаци коишто треба да го супституираат лесниот пристап до читливоста на делото оставајќи секогаш простор за откривање на некои нови аспекти. Генералната порака која можеме интуитивно да ја разбереме е дека Аврамовски светот го толкува како квантно енергетско поле во коешто движењето и промената се вечни како и трансформацијата на материјата во енергијата и обратно. Она што се случува помеѓу овие процеси се нашите животи а уметниците имаат привилегија своите животи да ги раскажат на еден специфичен начин којшто останува и после нивното егзистирање.

Page 5: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“

Раскажувајќи со страст и посветеност, во таа смисла, Аврамовски во еден момент го предава наративот на самите дела и тие стануваа текспоненти на еден живот и едно време.Затоа апстрактно-асоцијативната експресија со сложени цртачки структури несвојствени за графичко изразување треба да ја разбереме како споделувањена енергија помеѓу авторот - делото -гледачот. И, секако, да го констатираме цртачкото мајсторство коешто можеби ќе инспирира некои нови ликовни уметници– продолжувачи на веќе започнатиот пат.

Изложбата беше отворена во Куманово, Кратово, Кочани и Кавадарци. Роберт Цветковски, историчар на уметноста

Page 6: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“
Page 7: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“
Page 8: Изложба „Графики на Момчило Аврамовски“