6
НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Da Vinci Learning 2013

Citation preview

Page 1: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Page 2: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Дали како сонце да Ве огреало? Дали се чувствувате мрачно? Прашањава можеби Ви звучат филозофски, но можеби имаат многу повеќе врска со средината одошто си мислите. Количеството природна светлина кое го добиваме влијае врз нашето емотивно и физичко здравје на зачудувачки начини. Пропатувајте до најекстремните точки на Земјата во овој возбудлив документарец и откријте како екстремната светлина и мрак влијаат врз нашиот живот.

Екстреми: светлина и мрак

НОВО во ноември на Да Винчи лернинг

Гледаме надалеку: повеќе од уличните светилки и крошните на дрвјата, до светкавите ѕвезди во вселената. Гледаме на широко: преку хоризонтите и до работ на морето. Но што се наоѓа надвор од нашиот вид? Што има околу нас што не го гледаме? Во овој фасцинантен нов документарец на Да Винчи лернинг откријте ја технологијата која ни покажува нови димензии на светлината и бојата, од УВ до инфрацрвена светлина, од рендгенски до микробранови зраци, откривајќи го невидливото за првпат за човечките очи.

Целна група: Возрасни Должина: 60 мин.

Целна група: Возрасни Должина: 60 мин.

Границите на светлината

Page 3: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Земјотреси, поплави, торнада, цунамија, урагани: мајката природа како да ни праќа се` понесуптилни знаци дека експанзијата на општествениот и комерцијалниот развој на територијата на природата е неодржлива.

Заглавени сме во постојана битка помеѓу развојот и ограничувањата кои ни ги поставува планетата преку бури и катастрофи од епски размери. Можеме ли да се

воздржиме според барањата на природата или сме во војна со природата за доминација над планетата

Човекот наспроти Земјата - Човекот наспроти авините

Невропсихолозите не се првите луѓе кои би очекувале да играат на примитивни племенски ритами. Сепак во недамнешно истражување се покажа колку е бесценета музиката за нашиот социјален и интелектуален развој. Како некој универзален јазик, музиката како да заискрува нешто во најосновните когнитивни структури, а и можностите за просветување и еволуција можат да се најдат во музичките композиции. Откријте како во овој сосема нов документарец на Да Винчи лернинг.

Музика на мозокот

НОВО во ноември на Да Винчи лернинг

Целна група: Возрасни Должина: 60 мин.

Целна група: Возрасни Должина: 60 мин.

Page 4: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

НОВО во ноемврина Да Винчи лернинг

Современиот свет бара нови решенија за енергетските потреби. Знаеме дека изворите од минатиот век нема да траат вечно и дека е време да се најдат нови начини како нивна замена. Но колку знаеме за обновливите извори на енергија кои треба да бидат нашат спас? Дали ветерниците се спремни да ги заменат рудниците за јаглен или се` е само ветер и магла? Во оваа инвентивна емисија на Да Винчи лернинг ги истражуваме реалностите за одржување на современиот свет кој оди напред под полна пареа кон почиста и одржлива иднина.

e²: Енергија

Целна група: Возрасни Број на епизоди: 6 Должина: 25 мин.

Page 5: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

НОВО во декемврина Да Винчи лернинг

Современиот свет постојано се движи од точка А кон точка Б и на точки за кои само сме сонувале. Ама како да стигнеме таму? Со се` што сме научиле во минатите децении за емисијата на гасови и фосилните горива, како да продолжиме напред без да го нарушуваме местото кон кое сме упатени, иднината? Во емисијава раскажана Бред Пит, Да Винчи лернинг Ве носи на места и во градови низ светот кои се трудат да најдат одговорни и

функционални начини за општествата да се стремат кон трансформацијата која ја направи Лондон: во превозно ефикасен главен град, Париз: велосипедската иницијатива Велиб и обидот на Сеул да го намали загадувањето.

e²: Транспорт

Целна група: Возрасни Број на епизоди: 6 Должина: 25 мин.

Ако можете да живеете вечно, би живееле ли? И ако може да живеете вечно без да стареете, дали би Ви било попривлечно? Науката не е многу далеку од реализирање на оваа претпоставка. Но кои се последиците од опсесијата со крајот на стареењето? Овој сеопфатен документарец следи истакнат професор во потрага по еликсирот на животот и бара да открие каква ќе ни биде иднината кога староста ќе стане само дел од минатото.

Крајот на стареењето

Целна група: Возрасни Број на епизоди: 2 Должина: 30 мин.

Page 6: НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Генерации читатели се инспирираат од авантурите на Тинтин: кој патува низ венците на највисоките планини на светот во потрага по непријатни снешковци, се шета по древните урнатини на Инките и ги демаскира египетските фараони. Сега имате шанса да патувате со нас додека го следиме Тинтин во посета на Перу, Египет, Индија, Шкотска, Мароко, Тибет... Овој патопис нуди доволно причини за да Ве счудоневиди, заинтригира и спремен е да Ве натера да се впуштите во свои лични патувања низ големиот свет.

По стапките на Тинтин

Целна група: СемејнаБрој на епизоди: 5

Должина: 60 мин.

Емисијава Ви покажува Вам и на семејството како од обични предмети кои се моткаат по дома да добиеме фантастичен свет на забава и возбуда. Кога станува збор за празничните денови, бидете сигурни дека оваа емисија нуди празнично за славење на инвентивни начини. Во овие посебни изданија на емисијава ќе добиете одлични совети за тоа како новогодишните празници да ги направите особено креативни од страна на енергичните водители Стивен и Ферн.Целна група: Деца

Број на епизоди: 5

Должина: 15 мин.

Ново во декемврина Да Винчи лернинг

Совети за рачни изработки - специјални изданиe