14
СОБОРНИОТ ХРАМ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СКОПЈЕ "И им одговори Исус и рече: - Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам..." (Јован-2,19) МАКЕТА НА НАЈРАНАТА ВЕРЗИЈА НА СОБОРНИОТ ХРАМ Времето што остаиа зад нас, со обележје на социјалистичката епоха, кога станува збор за историјата на Македонската православна црква е исполне- то со парадокси; на 4 март 1945 год., на првиот црковно- народен собор одржан во Скопје е донесена одлука за обнова на Охридската архиепископија; на Вториот, одржан во Охрид на 4 октомври 1958 г. е обновена Охридската Архиепископија, a на Третиот, на 17 јули 1967 г. возобновена е нејзината автокефалност во лицето на Македонската Православна Црква. Сето тоа во владеење на идеологијата која во својата суштина е атеистичка, a "расчистувањето со религијата го смета за една од своите главни цели. Непобитни факти се: до почетокот на 60-тите години бројни Православни Цркви и Манастири беа препуштени на времето (да го споменеме Свети Ѓорѓија во Курбиново од XII век, чиј величествен живопис е неповратно оштетен); во Скопје без околните села и населби после 1963 година преостанаа само шест Православни Цркви од десетте од пред војната, кога градот го населуваше шест пати помалубројно население; срушена е и единствената Католичка Црква; добар дел од обновените Манастири се престорени во угостителски објекти ("Чардак" "Матка", Св. Пантелејмон во Нерези...). Неспорни се напорите кои ги правеа вред- ните реставратори на Градскиот и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Но, заради постојаниот недостиг на средства, a можеби и заради нешто друго, сенката на заштитата и реконструкцијата на овие ин- ституции покри само дел од сакралните објекти, најчесто со постар датум на градба и со "особено споменично значење". За разлика од Православната Црква, која, при- тисната помеѓу негирањето од државната иде-

Соборниот Храм Свети Климент Охридски во Скопје

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Соборниот Храм Свети Климент Охридски во Скопје

Citation preview

Page 1: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

СОБОРНИОТ ХРАМ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СКОПЈЕ

"И им одговори Исус и рече: - Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам..." (Јован-2,19)

МАКЕТА НА НАЈРАНАТА ВЕРЗИЈА НА СОБОРНИОТ ХРАМ

Времето што остаиа зад нас, со обележје на социјалистичката епоха, кога станува збор за историјата на Македонската православна црква е исполне-то со парадокси; на 4 март 1945 год., на првиот црковно- народен собор одржан во Скопје е донесена одлука за обнова на Охридската архиепископија;

на Вториот, одржан во Охрид на 4 октомври 1958 г. е обновена Охридската Архиепископија, a на Третиот, на 17 јули 1967 г. возобновена е нејзината автокефалност во лицето на Македонската Православна Црква. Сето тоа во владеење на идеологијата која во својата суштина е атеистичка, a "расчистувањето со религијата го смета за една од своите главни цели. Непобитни факти се: до почетокот на 60-тите години бројни Православни Цркви и Манастири беа препуштени на времето (да го споменеме Свети Ѓорѓија во Курбиново од XII век, чиј величествен живопис е неповратно оштетен); во Скопје без околните села и населби после 1963 година преостанаа само шест Православни Цркви од десетте од пред војната, кога градот го

населуваше шест пати помалубројно население; срушена е и единствената Католичка Црква; добар дел од обновените Манастири се престорени во угостителски објекти ("Чардак" "Матка", Св. Пантелејмон во Нерези...).

Неспорни се напорите кои ги правеа вред-ните реставратори на Градскиот и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Но, заради постојаниот недостиг на средства, a можеби и заради нешто друго, сенката на заштитата и реконструкцијата на овие ин-ституции покри само дел од сакралните објекти, најчесто со постар датум на градба и со "особено споменично значење".

За разлика од Православната Црква, која, при-тисната помеѓу негирањето од државната иде-

Page 2: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

ологија и недостигот на средства од една страна и еуфоријата на националното преображение од друга, успеваше да се одржи во живот ( благо-дарение и на помошта од приврзаниците во ди-јаспората), Исламот доживеа своевидна ренесан-са. Исламската верска заедница ги обнови своите верски школи и отвори нови. Покрај старите, средновековните, изграден е огромен број нови Џамии. Речиси нема село во Македонија насе-лено со муслиманско население, a да нема Џами-ја. Католичката Црква, и покрај носталгијата кон локацијата во најтесниот центар на градот, за кратко време го изгради својот храм во Скопје.

Во таков историски и цивилизациски контекст, некаде кон крајот на 60-тите години отпочнува историјата на Соборниот Православен Храм посветен на Св. Климент Охридски во Скопје.

После бројни недоразбирања, откажувања, оддолжувања, измени, дополни, препораки, конечно надминувајки го четирипати времето во

На Црквата и се нудат или поточно и се даруваат комплетни изведбени проекти од помалку или повеќе афирмирани архитекти. Може да звучи како бласфемија, но авторот на овој напис не може да се ослободи од искушението што го наметнува прашањето- што е еден хонорар за.кој било проект во споредба со трајноста која си ја обезбедува авторот во случај на негова реализац-ија. Според виденото (во проект, a не како реал-изација) се наметнува заклучокот дека добар дел од понудените проекти форсираат некоја "нова" Византија, додека другите се буквална копија. И тоа во времето кога се откриени сјајните отстапу-вања од средновековните канони, јасно изразени во делата на големиот мајстор Андреа Дамјанов и неговата тајфа изградени ширум Баканот во XIX век. Немам ништо против постмодерниот пристап, доколку навистина е постмодерен, односно ако е * вистинска афирмација на суштинското, трајното и навистина вредното во интерпретираниот архимодел, наспроти

МАКЕТА НА ВТОРАТА ВЕРЗИЈА НА СОБОРНИОТ ХРАМ

кое е изградена светата над светите Аја Софија во Цариград, ( но сепак за пет пати пократко време од архиготската катедрала Нотр Дам во Париз), Соборниот Храм е завршен со минимумот на нео-

пходниот живопис во 1990 год. Триумфалниот чин на осветувањето е извршен на 12 август 1990 год. Овој датум веќе има симболично значење; го означува времето на крајот на една држава и една идеологија и раѓањето нова; ја означува реста-врацијата на Македонската Православна Црква, со враќање на сите принадлежности кои и' припаѓаат, меѓу другото и владеењето со Храмов-ите и манастирите; масовното враќање на вер-ниците и на лаиците во Црквата. Она што е ин-тересно за нас, секако е своевидната градителска еуфорија која ја обзема Црквата во намерата да се надополни празнината долга 50 години.

површното и минливото, често пати пресликано со отсуство на елементарна архитектонска кул-тура и знаење. Голем благослов е некој да биде со Исидора и Антемије.

Да се вратиме на основната тема на ова пис-ание - Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Местото "И Он рече: -He приоѓај ваму. Собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја" (II книга Мојсеева - 3.5)

Во првата глава на првиот дел на својата "Ис-торија на Византија", на 65-та страна Георгие Ос-трогорски за Цариград вели: "Положбата му е из-брана со генијална остроумност". Луј Бреје го

Page 3: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

OCHOBA HA СОБОРНИОТ ХРАМ

споменува сведочењето на Вилардуен за возбуда-та на сировите западни рицари кога го догледале офомниот град опашан со високи ѕидини. Се разбира, како царска круна на возвишеното место е Аја Софија, којашто ја користам како мерка за мерење на Соборниот Храм и на сите Храмови во веки веков.

Наведените кажувања ги користам за да го потенцирам значењето на м е с т о т с .

Оној што има прилика да посети повеќе сакрални места, со сигурност може да ви потврди дека од нив зрачи некоја космичка енергија. Познато е исто така дека доминантните религии ги граделе своите Храмови на урнатините ка претходните или пак истите ги приспособувале со едноставка замена на симболите, Постојат без-број примери - Мерешковски раскажува како Кас-

тор и Полукс станаа светите исцелители Кузман и Дамјан; познат е случајот на атинскиот Пар-тенон кој своевремено беше Црква посветена на Богородица, или Св. Софија (и Цариградската и Никејската и Охридската) кои со премачкување на мозаиците и фреските и со додавање на мин-барот долги години служеа како Џамии. Класичен пример е и Климентовата Црква Св. Пантелејмон на Имарет во Охрид. Веројатно причините за вакво напластување Храмови се доста сложени. Верувам дека како можни можат да се наредат следниве:

Првата, рационалната, причина, може да биде обидот верниците преку преведувањето на Храмот од старата религија во нова (притоа

сметајќи ка нивните навики за обожување на местото) полесно да се преведат во новата вера .

Page 4: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

ОСНОВА HA КРИПТИТЕ HA СОБОРНИОТ ХРАМ

Втората - Храмовите да се подигнуваат на местата на подвизите на светите маченици (Св.Симеон Столник во Сирија, Св.Петар во Рим, на местото на стариот стадион во кој римските цареви ги жртвуваат христијаните, односно на местото на кое според преданијата е распнат Симон Петар).

Третата - ирационалната, спомната на почетокот на размислувањата за местото, дека одредени места зрачат со космичка енергија.

Нескромно мерено со вакви критериуми, се чини дека со локацијата на Соборниот Храм "Св.Климент Охридски" во Скопје (засега најго-лемиот и по многу нешта единствениот Храм на Македонската Православна Црква) нешто не е во ред. He смее да се заборави дека градбата е почната под патронатот и двосмислениот бла-

гослов на државата со атеистичка идеологија, која не смееше да си дозволи Храмот на религи-јата, чија негација е базична догма на таа иде-ологија, да биде изграден на особено место. Тоа е факт. Локацијата за изградба на Соборниот Храм е избрана и дефинирана на некоја маса во некое биро во Скопје. Големо е фарисејството на некои што беа директни учесници во таа работа.

Раскрсницата на булеварот "Партизански одреди" и булеварот "ЈНА" е една од најпромет-ните во Скопје. Пристапот до плоштадот на црк-вата е проблематичен, како што е проблематична и можноста да се паркира автомобил во негова близина.

Co преусмерување на сообраќајните токови во време на големите собори само се компликува

Page 5: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

ОСНОВА НА ГАЛЕРИЈАТА НА СОБОРНИОТ ХРАМ

и онака сложената состојба со сообраќајот во цен-тарот на градот. За вревата и оловните гасови да не зборуваме.

Од друга страна, Храмот, и покра ј својата големина речиси вулгарно е загушен од околните

(побрзо изградени) станбени објекти со голема височина.

Сме навикнале најзначајните градски Цркви да ги гледаме на отворени простори. Црквитеја пренесуваат енергијата на местото и често пати се наметнуваат при неговото формирање како важни фактори - Св.Петар во Рим, Св.Марко во Венеција, Миланската катедрала...Црква на плоштад. Во Скопје шансата е пропуштена; на местото на несреќнмот хотел "Шератон", на местото на несуденото Градско собрание, на местото на Офицерскиот дом, на местото на Бур-

мали Џамија, не веројатно ами сигурно на место-то на некој постар Храм... требаше да се изгради Црква! Зашто, ако олтарот е фокусот на доживужвањето на просторот, времето и односот кон религијата во внатрешноста на Црквата, тогаш Црквата е олтарот на отворениот градски простор.

Сепак во топлите летни вечери, кога сообраќајот е стивнат, бројни мажи, жени, момчиња и девојчиња, бараат освежување под стреата на Црквата. Овој простор можеби има шанса да стане Место!

Надвор - внатре Или принцнпот за искрена архитектура, или за сличноста со џами јата Надвор профаниот, овоземниот - внатре единствениот,

Page 6: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

светиот, трансцедентниот божествениот простор He треба да се биде длабоко религиозен па најнапред тоа да се почувствува. Црквата е дом како што е живеалиштето светилиште и Божји дом -Domus ecclesiae, и таа крие во себе тајни како што ги крие и домот. Затоа поимот "искрена архитектура" на релацијата надвор-вна-тре, и во однос на единственоста на надво-решниот и внатрешниот простор (да не дојде до недоразбирање-се работи само за еден аспект), јас го ставам во наводници и покрај тоа што долги години бев убеден во неговата вистинитост и точност, се до моето откровение на Јустинијано-вата Црква,

Соборниот Храм во Скопје има претензии да биде искрена архитектура со Божји мир и тишина!

та и конструкцијата е нејзина интерпретација. Неговата сакрална архитектура, која се разви до величенствените облици и форми на Сулејмани-ја и Селимија, стана архетип за сите подоцнежни исламски верски објекти. Тука завршуваат сличностите.

Меѓу просторот надвор и просторот внатре нема тајни, нема меѓупростори. Како за пример: влегувањето во Аја Софија е подготовка-доживувањето на внатрешноста е вознес. Токму таков треба да е Православниот Храм!. Готската катедрала со својот скелет и декорацијата се напрега да ја разбие материјалната обвивка и да го ослободи просторот. Сонот на модерната архитектура! A професорот Славко Брезовски е модерен архитект!. Тенденцијата за ширење на

ВНАТРЕШНОСТА НА СОБОРНИОТ ХРАМ ВО TEKOT НЕГОВАТА НА ИЗГРАДБА

На прв поглед просторот внатре е јасен и "читлив" однадвор. Тоа би можело да биде един-ствениот предмет на споредба со Исламските верски објекти-Џамии. Оттука, компарациите (често пати со цел да ја девалвираат и дури да ја компромитираат вредноста на архитектурата на

Црквата, но и на Џамијата, a со тоа и на авторот) помеѓу моделот на Џамијата и Храмот често се произволни, површни и злобни. Соборната Црк-ва не личи и не би можела да личи на Џамија од проста причина што како архетип е постара! До-бро е позната приказната за великиот Коџа Си-нан (бил христијанин и свесно го примил ис-ламот), којшто ја учел градителската опитност при реконструкцијата на Аја Софија, па една од неговите први Џамии во Цариград според форма-

просторот е евидентна во неговата Црква. Тука може да се бараат суштинските разлики во фило-зофијата на источната и западната христијанска

Црква. A куполата (онаа што според Прокопие "како

Господ со златен синџир да ја држи на небото") како појава е постара од Аја Софија. Тоа е факт ко што е факт дека познатиот готски лак е арапски лак. Внатре Немам намера да го опишувам внатрешниот простор затоа што тој треба да се доживее (Б.Зеви-"Како да се гледа архитектурата"). Значи, ќе ги опишам своите доживувања во овој и некои други простори.

Овој простор е централен и единствен: може

Page 7: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

да се опфати со еден поглед... Важна релација во компонирањето на

внатрешниот простор е односот помеѓу должината и широчината, потоа нивниот однос со висината; односот на олтарот како визуелен и контемплативен фокус спрема влезот во Црквата, кој се наметнува како линија на движење, за миг забавена и преусмерена низ вертикалата кон куполата и Пантократорот. Во Грачаница близу Приштина оваа вертикала е поткрепена со уште четири вити столба. Кај базиликалните катедра-ли оваа пауза ја "регулира" трансептот. Времето минато низ просторот е неопходно заради мета-морфозата што треба да ја доживее верникот до целосната катарза пред олтарот, на крајот од па-тот. Сцените од Стариот и Новиот Завет треба да го потпомогнат ова преображение. Верувам дека ваквите простори, со својата провокација на потребата од движење и на потребата за нивно освојување од оној што низ нив се движи, се почовечни од оние простори во коишто свесно или несвесно овие провокации се суспендирани.

За вториве велиме дека се статични; човек може веднаш да го согледа целокупниот прос-тор, без притоа да почувствува потреба да се движи. Опасноста да делуваат статично (доколку во меѓупросторот не се инсценира некаква загат-ка) е најголема токму кај во основа кружните простори ( математички експлицирано со дефиницијата на кружница како збир од бесконечен број точки еднакво оддалечени од центарот). Просторот од влезот кон олтарот ја наметнува потребата тој брзо да се мине, што ја исклучува можноста за каква било контемплаци-ја. Уште повеќе и заради можната неуроза предизвикана кај некого кој е во центарот, и буквално и преносно, што го гони да го напушти. Се разбира дека состојбата е сосема поинаква кога просторот е исполнет од огромна-та маса верници како во случајот со Соборниот

Храм Св.Климент Охридски во Скопје, за време на големите православни христијански празни-ци.

Надвор

"И рече Бог: -Нека биде светлина! И би светлина." I книга Мојсеева -1,3 Основната форма е добиена со разбивање на совршената, елементарната сфера, прво на две еднакви половини, a потоа втората на уште четири дела. Најсоодветен материјал - бетонот! Четирите делови од полутопката се носечкиот дел (само визуелно) на првата полутопка која е носена (штета што наместо пандантифи, носечки се осумте столба, a куполата ја носат ре-брата). Авторот на овој напис за чест објект на за-доволување на своите некогашни фотографски амбиции со голема воодушевеност ја одбра токму Соборната Црква, во нејзината виргинална фаза-

во елементарната сива бетонска обвивка. Посеб-но возбудуваше внатрешниот простор со чудесните светлосни зраци, концентрирани во фокусот на централната купола. Веселата игра на светлината што се пробива низ темнината, тишината, на момент благо нарушена со шепотот на свиената хоризонтала на галери-јата, тајната на недореченото и духот на загадочното - како порта меѓу два универзума. Звучи неверојатно и дрско, но за мене овде завршува изградбата на Храмот. Сличното чувство го доживеав во просторот на завојните скали во една од кулите на Нотр Дам во Париз на патот кон светлината на крајната платформа, што тогаш ми се присторуваше, нема никогаш да ја досегнам. Кога сепак се најдов на покривот на Париз, обиколен од демоните скаменети во миг-от пред нивниот скок во амбисот, како да бев изложен на третото искушение (Лука-4,9:10). Но, тоа е тема за друга приказна

Кога ги гледам првите скици, идеи и модели на архитектот Брезовски, не можам да се ослобо-дам од впечатокот, дека долгото време на градба-та на Храмот беше на негова штета. По одцалечувањето на авторот од проектот и објек-тот, ( заради финансиските проблеми), намер-ниците архитекти, ентериеристи и екстериерис-ти, уметниците, верниците и неверниците... на она што се чини беше совршено, готово-додаваа, пластеа, менуваа и пак пластеа... на бетонот плос-ната цигла, па тесан камен, на совршено поед-ноставените цилиндри - капи, на лушпите прво бели плочки, a потоа црвен бакарен лим (???). Совршено јасната хоризонтала на галеријата е замачкана со облога од дрво...

Каква е улогата на проф. Славко Брезовски во ваквото довршување и дотерување на неговата идеја најдобро знае само тој. (Qui tacet, consentire

videtur). He ми e познато и тоа, зошто камбанари-јата се трансформира во бетонска слика на Ајфеловата кула во Париз.

Архитектурата којашто имаше шанса да стане поливалентна, стана едновалентна (Чарлс Џенкс -"Модерни движења во архитектурата").

Но, сакралните објекти имаат неверојатна трајност. Се надевам дека времето ќе го исчисти одвишното, напластено од луѓето и на формата ќе и' го врати елементарниот изглед.

Фреските и иконите "И никој не налева ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите и тоа ќе истече, a мевовите ќе се упропастат;

Но, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се запази и едното и другото" Лука-5,37 и 38

Јас не би навлегол во критика на иконите и фреските во новиот Соборен Храм Св.Климент Охридски, од проста причина што за сликарство сум лаик. Знам дека за разлика од Црквата тие се направени (не можам да најдам попригоден

Page 8: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје

збор) на брзина. Зарем брзината во творењето е достојна за пофалба? Знам и тоа дека со време беше распишан повикан конкурс за одбир на фрескосликар и иконописец, како што знам дека творбите на одбраните се постилизирани; во исто време чувствувам дека светителите на старите мајстори се полни со живот, како на пример (во Св. Пантелеј мон во Нерези, или во Св.Софија Охридска, или во Св. Георгија во Курбиново...

Мајсторот Архитектот Славко Брезовски е тивок и

скромен човек, но е еден од најзначајните мајс-тори на модерната архитектура кај нас.

Тој и припаѓа со целото свое битие. Стремежот да се досегне чистата, совршена фор-ма јасно се чита на неговите најзначајни дела -Стопанската банка, Работничкиот дом..., Амбаса-дата во Бразилија. Карактерот на неговите реал-изации - како неговиот карактер. Култура и умее-

ње да се проникне во суштинското, без да се падне во замката на површното, што за жал, кога станува збор за модерната архитектура кај нас е редок пример.

Јас сакам да верувам и морам да верувам дека тој ја сфати задачата да го изгради Храмот на Св. Климент Охридски во Скопје како животно дело, и заради верата, и заради принципиелноста, за да се остане доследен на професионалната одредба и приврзаност кон филозофијата на модерниот правец. Сонот на чистата форма е почетокот -крајот е нешто друго. Неговата скромност и помирливост ги размножи оние што "подобро од него знаат да прават Цркви", на штета на неговата.

Овој есеј го напишав онака како што чувству-вам. Оние што ненамерно ги навредив - молам великодушно да ми простат.

За останатите Quod scripsi, scripsi...

Димитрие Голубовски

СЛАВКО БРЕЗОВСКИ: СКИЦА ЗА ПРОМЕНА НА НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД НА СОБОРНИОТ ХРАМ

објавено во "A" списание за култура на просторот, бр.3, 1992

Page 9: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје
Page 10: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје
Page 11: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје
Page 12: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје
Page 13: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје
Page 14: Соборниот Храм Свети Климент Охридски  во Скопје