51
1 Градење на капацитетите за имплементација на Стратегијата на АКН 2009 - 2012 СИДА реф: 53030011 ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ Skopj e Kumanov o K.Palank a Veles Valandov o Negotin o Prile p Bitol a Kičevo Tetov o Debar Ohri d Vinic a Berovo

ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ · 2017. 12. 5. · 1 Градење на капацитетите за имплементација на Стратегијата на АКН 2009

  • Upload
    others

  • View
    36

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • 1

    Градење на капацитетите за имплементација на Стратегијата на АКН 2009 - 2012 СИДА реф: 53030011

    ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ

    Skopj

    e

    Kumanov

    o

    K.Palank

    a

    Veles

    Valandov

    o

    Negotin

    o Prile

    p

    Bitol

    a

    Kičevo

    Tetov

    o

    Debar

    Ohri

    d

    Vinic

    a

    Berovo

  • 2

    СОДРЖИНА

    1 ИЗВРШНО РЕЗИМЕ ..................................................................................... 5

    2 ВОВЕД ........................................................................................................... 7

    3 МЕТОД ........................................................................................................... 9

    4 ГЕНЕРАЛЕН ПРЕГЛЕД НА СЕКТОРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗЕМЈИШТЕ ........................................................................................................ 12

    5 ПОСТИГНУВАЊА И ВЛИЈАНИЈА НА ПРОЕКТОТ ................................. 16

    5.1 ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ ВО ПЕРИОДОТ 2009-2012 .......................... 146 5.2 ПОСТИГНУВАЊА ................................................................................ 19 5.3 Е-КАТАСТАР ...................................................................................... 19 5.4 ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИ КАТАСТАРСКИ ПЛАНОВИ ................. 25 5.5 ГЕОДЕЗИЈА ....................................................................................... 27 5.6 ЕФИКАСНИ БИЗНИС ПРОЦЕСИ ............................................................ 28 5.7 РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И УПРАВУВАЊЕ ................................... 33

    6 ПРЕПОРАКИ ............................................................................................... 34

    ПРИЛОГ 1 – ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВО ПРОЕКТОТ ....................... 37

    ПРИЛОГ 2 – ЛИСТА НА МЕЃУНАРОДНИ КОНСУЛТАНТИ ............................ 37

    ПРИЛОГ 3 – ЛИСТА НА ЛОКАЛНИ КОНСУЛТАНТИ ...................................... 40

    ПРИЛОГ 4 - ИЗВЕШТАИ ................................................................................... 41

    ПРИЛОГ 5 - ОБУКИ ........................................................................................... 44

    ПРИЛОГ 6 – СТУДИСКИ ПАТУВАЊА ............................................................. 47

    ПРИЛОГ 7 – ФИНАНСИСКИ ПРЕГЛЕД ........................................................... 50

    Кратенки и Акроними

    АКН Агенција за Катастар на Недвижности СИДА Шведска Агенција за Меѓународен Развој

    (Владина агенција во рамки на Министерството за Надворешни Работи)

  • ГИС Географско Информациони Системи ГНСС Global Network Satellite System ГПС Глобален Систем за Позиционирање Сед. Седиште на АКН РЧР Развој на Човечки Ресурси ИТ Информатичка Технологија ЛРП Логички Рамковен Пристап ЕУП Единица за Управување со Проектот (за КНР) КН Катастар на Недвижности ПКНР Проект за Катастар на Недвижности и Регистрација ДЗГР Државен Завод за Геодетски работи ОРЗ Опис на Работни Задачи

    СБ Светска Банка

    Историјат на Документот:

    Верзија Датум Опис Одговорно Лице 1 2012-11-09 Прва нацрт верзија A Östman 2 2012-11-14 Втора нацрт верзија A Östman 3 2012-11-16 Трета нацрт верзија K Nilsson 4 2012-11-18 Четврта нацрт верзија A Östman 5 2012-11-21 Петта нацрт верзија A Östman, K Nilsson 6 2012-11-22 Шеста нацрт верзија A Östman, K Nilsson 7 2013-01-30 Финална нацрт верзија A Östman 8 2013-01-31 Финален извештај A Östman

    ПРЕДГОВОР Овој финален извештај опфаќа активности кои се реализираа во процесот

    на имплементација на проектот "Градење на капацитетите за

    имплементација на Стратешкиот план за АКН 2009-2012". Проектот започна

    во Септември 2009 година, а заврши во Ноември 2012 година. Извештајот е

    изработен заеднички од страна на државната Агенција за Катастар на

    Недвижности (АКН) на Република Македонија и Swedesurvey AB.

    Примателите на финалниот извештај се SIDA (Шведската Агенција за

  • Меѓународен Развој), АКН, Swedesurvey и канцеларијата на Светска Банка

    во Република Македонија.

    Сите други субјекти и лица заинтересирани за овој извештај може да го

    побараат истиот од Агенцијата за Катастар на Недвижности на Република

    Македонија.

    --------------------------------------------- Славче Трпески Директор на АКН --------------------------------------------- Anders Östman Проектен менаџер на Swedesurvey

    1. ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

    Проектот "Градење на капацитетите за имплементација на Стратешкиот план на АКН 2009-2012" е финансиран од Шведската Агенција за Меѓународен Развој (СИДА). Овој проект е наследник на претходниот проект, исто така финансиран од СИДА. Покрај тоа, проектот има делумно преклопувачки цели и блиска соработка со тековен проект финансиран од Светска Банка. Главното внимание на проект за градење на капацитетите е насочено кон развојот на технички и човечки ресурси што треба да резултира во ефикасна испорака на услуги кон граѓаните. Целта на проектот е да и се овозможи на АКН да го имплементира својот стратешки план. Крајната цел е АКН да стане ефикасна и ефективна организација за достава на услуги која ги исполнува своите визии и стратегии. На почетокот на 2012 година, финансирањето за проектот на Светска Банка беше успорено, поради одлуката на Владата за водење на рестриктивна фискална политика. Од причина што Проектот за градење на капацитетите и проектот на Светската бБанка се тесно поврзани и имаат делумно преклопувачки цели и задачи, таквото недоволно и успорено финансирање, исто така, имаше негативно влијание врз Проектот финансиран од СИДА за градење на капацитетите.

  • Проектот за градење на капацитетите траеше од октомври 2009 до ноември 2012 година со вкупен буџет од 24.432.163 Шведски Круни. Финансискиот краен резултат беа непотрошени средства во износ од 139.930 Шведски Круни, што одговара на околу 0,6% од вкупниот буџет. Непотрошените средства на крајот од проектот беа речиси рамномерно распоредени за надоместоци и повратни трошоци. Проектот беше структуриран во пет оперативни компоненти (е-катастар, катастарски планови, геодезија, ефикасни бизнис процеси и развој на човечки ресурси и управување). Во јули 2012 година, проектот доби проширување на буџетот, каде што беа утврдени дополнителни задачи, во согласност со општите цели на проектот. Овие активности беа организирани во посебен работен пакет. Со цел да се оценат резултатите и работењето, беше ангажиран и Мониторинг експерт, кој обезбедуваше вредни коментари и препораки за проектниот тим, како и за СИДА. Секторот за земјишна администрација во Република Македонија постигна значителен напредок во неколку области. Во геодезијата, лиценцирани се повеќе од 150 компании и 175 геодети во приватниот сектор. Секторот за вреднување или проценка на недвижностите од друга страна во главно е во рацете на банките, на пример при проценка на недвижности и други вредности заради запишување хипотеки. Покохерентен пристап кон проценка на недвижностите се бара од страна на многу лица и субјекти. Групацијата на Светска банка секоја година објавува извештај за регулаторните реформи во бизнис секторот во 185 земји (извештајот Doing Business). Еден од критериумите кои се оценува е ефикасноста во запишувањето на недвижностите. Групацијата на СБ го потврди јасното и видливо подобрување на времето кое е потребно за запишување на недвижности и Република Македонија сега е рангирана на 50 место во светот во однос на запишување на недвижности, во споредба со 88 место во 2009 година.

  • 2. ВОВЕД

    Проектот "Градење на капацитетите за имплементација на Стратешкиот план на АКН 2009-2012" е финансиран од Шведската Агенција за Меѓународен Развој (СИДА). Овој проект е наследник на претходниот проект (Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи во Македонија), исто така финансиран од СИДА. Покрај тоа, овој проект има делумно преклопувачки цели и блиска соработка со друг тековен проект (Катастар на недвижности и регистрација) кој е финансиран од Светска банка. Заради едноставност, во овој извештај, проектот "Градење на капацитетите за имплементација на Стратешкиот план на АКН 2009-2012" е ословен како " Проект за градење на капацитетите" или едноставно само како "Проектот". Претходниот СИДА проект (Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи во Македонија) се ословува како "Стариот СИДА проект", додека проектот финансиран од Светската Банка (Катастар на недвижности и регистрација) се ословува како "Проектот на Светска Банка". Стариот СИДА проект започна во август 2005 година, а заврши во септември 2009 година. Неговата цел беше да се помогне во институционалната трансформација на АКН и во развојот на посебни стратегии кои обезбедуваат долгорочни и одржливи политики во развојот на АКН во една модерна институција која е одговорна за катастарот и администрацијата на земјиштето, која ќе биде способна да ги следи и спроведува европските трендови. За времетраењето на стариот Сида проект, обуките беа насочени кон техничко градење на капацитетите за подготовка на АКН за имплементација на проектот на Светска Банка. Во рамки на стариот Сида проект, обуки посетуваа околу 2000 административни и оперативни лица од АКН (трајно и привремено вработени во АКН) и околу 40 менаџери и вработени во приватни геодетски фирми. Проект на Светска Банка започна во март 2005 година и се планира да заврши во 2013 година. Проектот има вкупен буџет од 16 милиони американски долари и неговата главна цел е да се изгради ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и запишување, придонесувајќи за развојот на ефикасни пазари на земјиште и недвижности. Вниманието на проектот на Светска Банка е насочено кон

    I. забрзување на воспоставувањето на катастарот на недвижности (КН) и запишување на правата

    II. подобрување на процесите и процедурите преку реконструирање на канцелариските функции и воведување на автоматизација и ИТ-технологија за да се обезбедат ефикасни услуги за запишување преку воспоставување, имплементација и мониторинг на минимални стандарди за услуги при трансакции и запишување на недвижности.

  • III. подобрување на институционалниот капацитет и човечките ресурси на ДЗГР / АКН преку изготвување и имплементација на стратешки план за управување и развој на човечките ресурси

    IV. развивање на капацитетот на владата за формулирање на политики со цел да се создадат ефикасни пазари на недвижности.

    Главното внимание на проектот за градење на капацитетите е насочено кон развојот на техничките и човечки ресурси што резултира во ефикасна испорака на услуги за граѓаните. Овој проект има делумно преклопувачки цели во споредба со проектот на Светска Банка. Визија на АКН е таа да биде прифатена како "многу ефикасна агенција која управува со податоци за земјиштето на безбеден начин". Со други зборови, АКН има за цел да биде "ефективна, брза, современа, безбедна и доверлива организација за обезбедување на услуги за своите корисници и организација која е лидер за сите геодетски и катастарски работи и чувар на правната сигурност на геопросторните податоци и правата на недвижностите во Република Македонија "

    Дополнително, стратешките цели се дефинирани како:

    Стратешка цел 1: Обезбедување на ефикасен, сигурен и безбеден систем на Загарантирани Права на Сопственост на Недвижностите во Македонија.

    Стратешка цел 2: Создавање на пред-услови за ефикасен пазар на недвижности во Република Македонија.

    Стратешка цел 3: Овозможување на пред-услови за создавање на адекватни и високо квалитетни Земјишни Политики во Република Македонија.

    Стратешка цел 4: Ефикасно сервисирање на потребите и барањата на сите категории на корисници на јавни услуги на Агенцијата.

    Целта на проектот за градење на капацитети е да и се овозможи на АКН да го имплементира својот стратешкиот план. Целта е АКН да стане ефикасна и ефективна организација за достава на услуги која ги исполнува својата визија и стратегии. Улогата на проектот, во врска со проектот на Светска Банка, е да обезбеди мерки и активности за градење на капацитетите. Индикаторите кои треба да се користат при евалуација на проектот се:

    i. Ефикасноста на организацијата да биде подобрена или да стигне до 4-то ниво (од 5) кое се утврдува преку анкети за задоволството на клиентите после три години

    ii. Поплаките и жалбите да бидат намалени за 30 % после три години. Индикаторите ќе се мерат со помош на анкети за задоволството на клиентите и статистички податоци за жалби и поплаки. Првиот индикатор исто така се користи за евалуација на проектот на Светска Банка. Според статусот на имплементација и извештајот за резултатите на проектот на Светската банка, од март 2012 година, "проектот е во опасност

  • од неисполнувањето на целите на Дополнителното финансирање, како што се: 1) дигитализацијата на сите катастарски планови; 2) создавање на WebGIS и достапност на катастарски податоци во дигитална форма и преку интернет; и 3) подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите од страна на Агенцијата за имотно-правни работи (УИПР). Проектот бележи незадоволително финансирање во последните шест месеци поради Владината рестриктивна фискална политика согласно која се воведени ограничувања во трошењата на средства од заемот во 2012 година ". Како последица на тоа, во јуни, 2012 година беше иницирано реструктуирање на проектот. Покрај тоа, поради блиските врски и делумно преклопувачките цели меѓу проектот на Светската банка и проектот за градење на капацитетите, ова намалување во финансирањето ја попречи имплементацијата на двата проекти. Проектот за градење на капацитетите функционира од октомври 2009 до ноември 2012 година со вкупен буџет од 24.432.163 Шведски Круни. Проектот доби временско продолжување во декември 2011 година, со што се продолжи времетраењето на проектот за периодот од август 2012 година до ноември 2012 година. Подоцна, во јули 2012 година, проектот исто така доби проширување на буџетот во износ од 1.362.000 Шведски Круни.

  • 3. МЕТОД

    Како што е претходно наведено, целта на проектот за градење на капацитети е да и овозможи на АКН да го имплементира својот стратешкиот план. Целта е АКН да стане ефикасна и ефективна организација за достава на услуги која ги исполнува својата визија и стратегии. Улогата на проектот, во врска со проектот на Светска Банка, е да обезбеди мерки и активности за градење на капацитети.

    За правилно управување со проектот, проектот на почетокот беше структуриран во пет оперативни работни пакети, и секој од нив имаше добро дефинирани цели и задачи во согласност со севкупните цели на проектот. Категоризацијата на целокупните цели беше олеснета со употреба на Логички Рамковен Пристап (ЛРП). Овој пристап обезбедува конзистентност помеѓу целите и задачите на различни нивоа. Покрај тоа, ризиците како и специфицирањето и оценувањето на индикаторите се исто така вклучени во анализата.

    Матриксот на логичката рамка, кој е резултат на категоризирањето на активностите, е презентиран и разгледан на одреден број на состаноци на управен одбор. Покрај тоа, од Сида беше назначен и Мониторинг експерт. Овој експерт ја следеше имплементацијата на проектот и изработуваше заклучоци и предлози за подобрувања, кога од такви имаше потреба.

    Секојдневното управување со проектот се вршеше од страна на тимот составен од меѓународен лидер на тимот и еден локален лидер на тимот. Глигор Ралев беше назначен за локален лидер на тимот во текот на целиот проект. Томи Österberg, Kent Nilsson и Anders Östman беа во ордедени периоди назначени како меѓународни лидери на тимот за време на проектот.

    Работен пакет 1 се однесуваше на развојот на електронскиот катастар (е-катастар). Целта на овој дел од проектот беше да се обезбедат ресурси кои ќе бидат достапни за да се управува со постојаниот развој, имплементацијата и одржувањето на системот. На крајот на проектот, ИТ Секторот треба да биде целосно екипиран и способен да управува со развојот и одржувањето на е-катастар. Ова ќе се утврди со помош на извештајот за евалуација на функциите на ИТ Секторот. Важните резултати од овој работен пакет се

    Катастарска база на податоци

    Систем за миграција на податоци

    План за имплементација на системот за е-катастар

    Процедури за интеграција на атрибутните и графичките податоци

    Систем за дистрибуција и распространување на информации, и до приватните геодетски компании и нотари

    Работен пакет 2 се однесуваше на воспоставувањето на дигитален катастарски план. Овој катастарски план треба да ги поддржува стандарди за ГИ, согласно на директивата INSPIRE. Покрај тоа, целта е, исто така, дека планот треба да биде поврзан со е-катастарот и да се воспостават

  • процедури за векторизација на плановите и одржување. Прибирањето на податоците за дигиталниот катастарски план беше активност на почетокот на проектот на Светска Банка. Важните резултати од овој работен пакет се

    Дефинирања на просторни единици и регистри на просторни единици (РПЕ)

    База на податоци која ќе биде во согласност до Директивата на INSPIRE

    Систем за оддржување на дигитaлен катастарски план

    Инфраструктура за распространување на податоци од РПЕ Работен пакет 3 се однесуваше на геодезијата. Целта на овој работен пакет е да му се овозможи на персоналот на АКН да биде целосно компетентен за управување со развојот и одржувањето на сите геодетски референтни мрежи. На крајот од проектот, треба во целост да биде воспоставена активна ГНСС мрежа (МАКПОС) и која ќе биде во ефективна употреба. Покрај тоа, апсолутната гравиметриска мрежа, исто така, треба да се воспостави, измери и пресмета и треба да бидат изготвени прописите и прирачниците за основните геодетски работи. Важните резултати од овој работен пакет се

    Воспоставување и адаптирање на МАКПОС со ETRS89

    Развој на Бизнис модел за МАКПОС

    Воспоставување, премерување и пресметување на Апсолутна гравиметриска мрежа

    Изготвување на Правилници и Прирачници за основни геодетски работи

    Персонал кој е компетентен за управување со геодетските референтни системи

    Работен пакет 4 се однесуваше на ефикасните бизнис процеси. Целта на овој работен пакет беше создавање на услови за персоналот на АКН да генерира добро знаење и искуство за подобрување на ефикасноста на процесот на запишување на недвижности вклучувајќи и за технологија за скенирање, како и генерирање на добро знаење и искуство за работа со современи алатки за анализа и описи на бизнис процеси и да имаат капацитет за да се справат со бизнис планирањето. На крајот на проектот, времето потребно за решавање на предметите за запишување на недвижности, треба да се намали за 50% во целата организација по 3 години. Ова ќе се мери со помош на статистички податоци за решавање на предметите и анкети за задоволството на клиентите. Важните резултати од овој работен пакет се

    Воведување на ефикасни работни процедури

    Стандардизација на работните процедури

    Нови бизнис области

    Политика за податоци

  • Работен пакет 5 се однесуваше на развојот на човечките ресурси и управувањето. Целта на овој работен пакет беше персоналот на АКН да генерира капацитет за создавање и управување со функцијата за развој на човечки ресурси. На крајот на проектот, треба да се изработи и имплементира програма за обука на корисници. Покрај тоа, планот за развој на човечките ресурси треба да се дефинира врз основа на проценката за потребите од обуки. Мотивацијата на менаџментот и вработените треба да се зголеми и процентот на ситуации (за време на секојдневната работа) во кои тие се почуствувале дека не се доволно компетентни треба да се намали. Важните резултати од овој работен пакет се

    Еднакви можности

    Поголема информираност помеѓу персоналот за бизнис концептот на АКН

    Повеќе мотивиран персонал

    Подобро обучен персонал за извршување на своите задачи

    Студиски патувања Како што споменавме, проектот доби проширување на буџетот во јули 2012 година. Активностите од ова проширување беа организирани во работниот пакет 8. Работните пакети 6 и 7 се од административен карактер. Главниот дел од операциите во работниот пакет 8 се однесуваа на создавање на катастарот на инфраструктурни објекти. Терминот катастар на инфраструктуни објекти тука е дефиниран како катастарски систем каде мрежи на инфраструктури како што се гас, вода, канализација, електрична енергија, оптички кабли, телекомуникации, итн може да формираат катастарски објекти. Целта на овој работен пакет беше да се развие акционен план и да се предложат нови законски инструменти за катастарот на инфраструктурни објекти. Поради комплексноста на проектот и големото значење на поддржаните реформи за целокупната ситуација во земјата, г-динот. H. Westerbeek од Холандскиот Катастар беше ангажиран како мониторинг консултант. Целите на оваа задача беа да се следат и надоградат проектните цели, да се утврдат и имплементираат проектните активности и да се обезбедат потребните информации до Сида како советодавен партнер во врска со проектот. Целта исто така беше следење на имплементацијата и подобрувањата во проектот во согласност со договорените управни документи за проектот, вклучувајќи и Опис за Работни Задачи за консултантот (Swedesurvey). Посебно внимание беше посветено на потребите и подобрувањата на соработката и координацијата на активностите меѓу проекти финансирани од СИДА и други проекти финансирани од донатори (Холандија, ЈАМС и можната норвешка поддршка) и проектот финансиран од Светска Банка.

  • 4. Генерален Преглед на Секторот за Управување со Земјиште

    Земјишна администрација може да се дефинира како начин на кој се применуваат и функционираат правилата за сопственоста на земјиштето (сопственост, закуп, службености и сл). Премерот и картирањето, запишувањето на земјиштето и проценката на земјиштето се главни функции кои се вклучени во концептот на земјишната администрација. Во 2005 година, измените и дополнувањата на Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите го наведуваа основањето на приватен геодетски сектор за извршување на оперативните (теренски) геодетски работи. Откако се воведе амандманот во законот, се лиценцираа повеќе од 150 геодетски фирми и 280 самостојни геодети. Втората група вклучува повеќе од 175 самостојни геодети кои работат во приватниот сектор. Бројките се уште се зголемуваат, но со побавно темпо во споредба со порано. Ова покажува дека пазарот се ближи кон фазата на заситување и дека бројот може да се намали во блиска иднина доколку не се отворат нови пазари. Реформата во секторот за земјишна администрација започна со измените и дополнувањата на Законот за сопственост и други стварни права, како и со донесувањето на другите закони, кои создадоја услови за нов правен систем, заснован на приватна сопственост. Новите регулативи се соочија со недостаток на хармонизирани податоци за недвижности и катастар и со делумно ажурирана евиденција за сопствениците на недвижностите. Овие недоследности и недостатокот на ажурирани информации беа идентификувани како главни пречки за социјалниот и економскиот развој на земјата и за привлекување на странски инвестиции. Како дел од процесот на реформи, беа усвоени нови закони за земјишна администрација, кои ја регулираат оваа област. Законот за катастар на недвижности беше донесен во април 2008 година, и воведе новини во процесот на создавање на поефикасни и поефективни постапки за катастар и запишување на земјиштето и подобрувања на институционалната рамка на институцијата. Катастарот на Недвижности е повеќе или помалку комплетиран (повеќе од 99%) и активностите на КН сега главно се насочени кон одржување (ажурирање). Усогласувањето на Катастарот на Недвижности и катастарските планови сеуште не е завршено. Оваа задача беше планирана да се реализира од страна на проектот на светска банка, но поради проблемите во тој проект оваа задача се уште не е завршена. Проценката и вреднувањето на недвижностите и проценката на земјиштето е процес на утврдување на вредноста на недвижниот имот. Овие проценки се користат како основа за хипотекарни заеми, за решавање на имотни спорови и разводи, за даночните прашања и така натаму. Вредноста може да се утврди со проценување на секој поединечен имот или со употреба на методи за масовна проценка врз основа на статистички модели. Засега, проценката на недвижностите се врши главно од страна на банките, во врска со проценка на заложни средства за заеми. Не постои унифициран пристап за проценка на недвижностите врз основа на статистички податоци за продажните цени и информации за карактеристиките на секој конкретен

  • имот. Потребата за создавање на таков систем е нагласена од страна на неколку актери на пазарот. Главните функции на земјишна администрација (премер и картирање, запишување на земјиштето и проценка на земјиштето) мора да бидат поддржани од страна на ефикасно и ефективно управување со информации, решавајќи ги со тоа внатрешните и надворешните потреби. Сега, интернет услугите им се достапни на граѓаните. Еден таков пример е Веб-ГИС порталот кој овозможува ортофото планови, како и информации за сопственоста на поединечните недвижности. Интернет услуги се исто така предвидени за професионалните клиенти (геодети, нотари и слично), како што се услуги за позиционирање -МАКПОС.

    Посебно поглавје во законот го уредува воведувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци (НИПП), каде АКН е водечка организација за координација на размената на геопросторните податоци. Овој развој е, исто така, е во согласност со се поголемиот број на барањата за формирање на структури за ефикасна и ефективна е-влада.

    Правниот развој е исто така еден континуиран процес. Постојното законодавство дозволува компонентите на инфраструктурните мрежи (гас, вода, канализација, телекомуникации и др) да може да се запишуваат како катастарски објекти. Ова е новиот текст на законот и доколку се применува од страна на инфраструктурните компании, ќе се наметнат дополнителни обврски во оперативниот капацитет на АКН.

    Организационата структура на АКН се состои во моментов од седиштето во Скопје, 30 подрачни одделенија за КН вклучувајќи го Центарот за КН Скопје. АКН е веќе трансформирана институција, и сега се повеќе зависи од надоместоците за услугите кон корисниците наместо од директното буџетско финансирање од Владата. Целокупниот сектор за земјишна администрација во Република Македонија покажува значителен напредок, поддршка и соработка со заинтересираните страни, е-сервисна ориентација и надградба на системот за земјишна администрација.

  • 5. Постигнувања и Влијанија на Проектот

    5.1 Проектни Активности во периодот 2009-2012

    Во Прилог 5 е содржан прегледот на проектните активности. Детални информации за секоја активност исто така може да се најдат во архивата на проектот во АКН.

    Во Прилог 6 е содржан извештај за трошоците. Овој извештај ги вклучува дополнителните средства кои беа обезбедени со Амандманот на Посебниот Договор потпишан на 5 јули 2012.

    5.2 Постигнувања

    Стратешките цели на проектот се дефинирани како:

    Стратешка цел 1: Обезбедување на ефикасен, сигурен и безбеден систем на Загарантирани Права на Сопственост на Недвижностите во Македонија.

    Стратешка цел 2: Создавање на пред-услови за ефикасен пазар на недвижности во Република Македонија.

    Стратешка цел 3: Овозможување на пред-услови за создавање на адекватни и високо квалитетни Земјишни Политики во Република Македонија.

    Стратешка цел 4: Ефикасно сервисирање на потребите и барањата на сите категории на корисници на јавни услуги на Агенцијата.

    Индикаторите кои треба да се користат при евалуација на проектот се:

    i. Ефикасноста на организацијата да биде подобрена или да стигне до 4-то ниво (од 5) кое се утврдува преку анкети за задоволството на клиентите после три години

    ii. Поплаките и жалбите да бидат намалени за 30 % после три години. Индикаторите погоре се мерат со употреба на статистички податоци за нерешените предмети и новите предмети по кои се постапува од страна на АКН. Статистичките податоци јасно покажуваат дека соодносот на заостанатите/новите предмети е подобрен, иако се користи истиот број на вработени - индикација за подобрени бизнис процеси и зголемување на продуктивноста на вработените.

  • Слика 1: Број на заостанати предмети

    Слика 2: Број на новодоставени предмети, до Септември 2012

    Овој напредок беше, исто така, нагласен во "Годишниот извештај на Doing Business" на Светска банка. Извештајот наведува дека "серија на промени во катастарот на недвижности во Скопје го направија запишувањето на недвижности да биде побрзо и полесно. "Просечното време за обработка на предметите се намали од 60 денови во 2004 на 5 денови во 2011 година." Сите надоместоци беа намалени за 10-72% во јануари 2010 година ". Задоволство на клиентите: Во врска со задоволството на клиентите, извештајот "Таен Клиент" (ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ЗАДОВОЛСТВО НА КЛИЕНТИТЕ # 4 - (МК-RECRP-7928MK-В2-2) обезбедува информации во оваа област. Прелиминарното истражување беше спроведено преку темелни интевјуа со граѓани – корисници на катастарските услуги. На пример, резултатите покажуваат дека "веб-страницата на катастарот често се користи за добивање на информации од страна на помладите клиенти, на возраст до 30 години. Било која од опциите кои испитаниците ја користеле за да се информираат за листата на потребни документи, повеќето од нив изразија повисок степен на задоволство од квалитетот на информациите кои ги добиле.. Другите резултати од извештајот покажуваат дека времето потрошено, за обработка на одреден предмет за на пример издавање копија од катастарскиот план или запишување во катастарот на недвижности, е скратено. Понатаму, извештајот јасно го покажува многу високото ниво на задоволство, со индекс на задоволство на клиентите од 127,08 на скала од 0-140.

  • Пример од прашањата кои се користеа е: ―П2.1 Што работи Катастарот?”

    Слика 3: Графикон 1.Мислењето на испитаниците за обемот на

    работата на Катастарот, од Извештајот Таен Клиент

    5.3 Е-Катастар

    Целта на работниот пакет 1 - развој на eKat беше " ИТ Секторот да биде целосно екипиран и способен да управува со развојот и одржувањето на е-катастар". Оваа цел е исполнета и Секторот за ИТ сега е ефективна организација која е способна да го управува одржувањето, поддршката и надградбите на постојните ИТ системи, а исто така има и капацитет за специфицирање и набавки со можност да ги специфицира своите барања, да управува со под-изведувачите и да врши потврда/ прифаќање на ИТ-достави (хардвер, како и софтвер) пред истите да се стават во фаза на производство. Евалуацијата на ИТ Секторот е направена со користење на теренските набљудувања и интервјуа, во главно со Раководителот на Секторот за ИТ, г-дин Гоце Груевски.

  • Слика 4: Информации за недвижности од веб-порталот, поддржан од страна на проектот.

    ИТ Секторот на АКН порасна од 10 на 18 вработени, од кои шест беа префрлени од проектот во текот на неговото времетраење. ИТ Секторот сега е способна и зрела организација, способна да врши анализа, да специфицира системски критериуми и да управува со надворешни изведувачи како што се консултанти, хардвер добавувачи и компании за развој на софтвер, како и вршење на одржување и поддршка.

    Главниот дел од развојот на комплексниот систем на АКН се врши од страна на подизведувачи, а така ќе биде и во иднина. Персоналот во текот на проектот не само што изработуваше спецификации за развој на системот, туку исто така ги управуваше и договорите со подизведувачите, вршеше тестирања за прифаќање и потврда, како и ставање на изработениот софтвер во производство - воспоставување и обезбедување нови услуги. Во текот на оваа работа, ИТ Секторот на АКН:

    воспостави оддржливи врски со соодветни локални, регионални и меѓународни партнери,

  • го зголеми техничкиот капацитет на знаења во клучните области,

    дизајнира оддржлив сет на процеси, работни постапки и алатки;

    врши напредни аналитички истражувања за бизнис системите

    Со ова се потврдува дека ―најдобрите практики на АКН‖ се во функција, и овозможуваат континуирана успешна работа во оваа област .

    Дополнително, персоналот, поддржан од страна на проектот, воспостави средина за тестирање (вклучувајќи хардвер и софтвер како Oracle, е-Кат, МАКЕДИТ и др) кои се користат за:

    тестирање, прифаќање и потврда

    континуирана обука и обука за време на работата

    истражување и предлагање на нови можни услуги, функционалности и особини во ИТ системите

    идентификација и предвидување на проблеми во постојните системи.

    Сите очекувани резултати од овој работен пакет се постигнати, вклучувајќи:

    Катастарска база на податоци – дел од е-Кат системот

    Систем за миграција на податоци – се применуваше за време на проектот за пренос на сите податоци во новиот е-Кат систем

    Планот за имплементација на е-Кат системот –беше изработен и целосно имплементиран за време на проектот

    Процедурите за интеграција на атрибутните и графички податоци – се воспоставени и се користат во надградениот МакЕдит систем како алатка за дигитализација на архивски оригинали на планови

    Системот за дистрибуција и распространување на информации, до приватни геодетски компании и нотари – е воспоставен и неколку апликации/услуги се изработени за време на проектот и тоа е-Кат лајт, е-Шалтер, веб-портал и веб-гис портал преку кои се доставуваат податоци не само до професионалните корисници туку и до обичните клиенти.

  • Слика 5: Преглед на процесот за дистрибуција и распространување на податоци од АКН

    Главните апликации кои се изработија и/или надградија за време на проектот се:

    е-Кат – Ова е главниот бизнис систем за оддржување на катастарот на недвижности. Системот беше изработен и првично имплементиран во најголемото одделение за катастар – Центарот за КН – Скопје во Мај 2010 година. После тоа, се спроведоа неколку серии на обуки во сите одделенија за КН во Македонија од страна на персоналот од ИТ секторот. На почетокот на имплементацијата во одделенијата низ Македонија, обуките беа спроведувани од страна на ИТ персоналот кој беше ангажиран од проектот. За време на имплементацијата, во Март 2011 година, ИТ персоналот од проектот беше превземен во ИТ Секторот на АКН и истите луѓе продолжија со имплементацијата. Денеска, сите 30 одделенија за КН во Македонија активно го користат новиот е-Кат систем кој е модерен ИТ систем базиран на интернет, и коритсти Oracle RDBMS и Java апликации. Податоците за недвижностите се складираат централно со што се овозможуваат многу можности за дистрибуција и распространување на податоците и создавање на интернет услуги за граѓаните. Менаџментот на АКН, со примена на е-Кат системот добива одличен преглед врз предметите во КН, приходот и процесот на решавање на предмети. Дополнително, е-Кат системот овозможува неколку услуги за граѓаните, како што е проверка на статусот на предметот – каде секој клиент кој има поднесено барање во е-Кат системот може да го следи процесот на решавање на неговиот предмет преку веб-порталот на АКН www.katastar.gov.mk. Исто така, со е-Кат системот, клиентите може да извадат Имотен Лист за било која недвижност која е запишана на територијата на Македонија, без разлика дали недвижноста е во истиот град или во друг град. Финалната цел на АКН е да се имплементираат графичките информации за парцелите и зградите во е-Кат системот и овој тековен процес е во финална фаза на имплементација. На крај, е-Кат системот ќе содржи комплетни алфанумерички и графички информации во една иста база на податоци.

  • Слика 6: Кадар на екран од е-Кат, графички и алфа нумерички дел

    E-Шалтерот е безбедна апликација на АКН за професионалните корисници преку која се издаваат електронски документи за недвижности. Оваа апликација беше изработена заради пренос на електонски документи помеѓу АКН и професионалните корисници. До сега, повеќе од 60 професионални корисници активно ја користат апликацијата за достава на барања и за издавање на електронски Имотни Листови. Оваа апликација беше една од услугите кои беа овозможени после имплементацијата на е-Кат системот.

    Слика 7: Кадар на екран од e-Шалтерот

    МакЕдит – е основната алатка за ажурирање на дигиталните катастарски планови како и за изработка на дигитални геодетски елаборати кои се изработуваат од страна на приватните геодети. Ова е специфична алатка која комбинира ГИС и CAD алатки и се користи во процесот на создавање и ажурирање на катастарски планови, дигитализирани од архивските оригинали.

  • Слика 8: Кадар на екран од МакЕдит

    е-Кат лајт се користи за издавање на документи за недвижности кои се во хартиена форма во канцелариите на професионалните корисници како што се нотарите, приватните геодетски компании и општините. До сега се потпишани 60 договори и во тек е фазата на обука и имплементација. е-Кат лајт овозможува, согласно потребите на професионалните корисници, функционалности за :

    o Добивање на валидни Имотни Листови, во хартиена форма, во реално време, од нивните канцеларии

    o Електронски плаќања за услугите o Пребарување на податоци од Имотен Лист o Електронска достава на Имотен Лист, со што се овозможува

    печатење и заверка на Имотниот Лист од страна на професионалниот клиент

    o Зголемување на ефикасноста и избегнување на непотребно чекање во редици на шалтерите во АКН

    Слика 9: Кадар на екран од е-Кат лајт

  • Слика 10: Примерок од Имотен Лист од е-Кат лајт

    Веб-порталот се користи од страна на јавноста за проверка на статусот на нивните апликации или барања. До клиентот се доставува код од десет цифри со кој им се овозможува, на безбеден начин, да добие информации за статусот на поднесената апликација или барање преку веб-страната.

    Веб-ГИС порталот се користи од страна на јавноста за да пребаруваат недвижности и да добијат основни графички и текстуални информации за недвижностите. Порталот има повеќе од 2400 регистрирани клиенти и не помалку од 60 професионални клиенти. Порталот овозможува фунцкионалности за:

    o Прегледување на авионски слики o Прегледување на дигитални и аналогни топографски планови o Прегледување на координати o Предгледување на Урбанистички Планови o 3D Визуелизација на теренот и прегледување на изохипси o 3D Визуелизација на објекти/градби o Мерења на должини и површини o Опции за пребарување на податоци од ИЛ за парцелата која е

    прикажана преку порталот o Можност за клиентот да создаде сопствен лејер

  • Слика 11: Примерок од информациите кои се достапни преку ГИС порталот. Исто така е достапен и 3D апроксимативен модел на теренот и згради

    Слика 12: Примерок на информации кои се достапни преку ГИС порталот.

    За да се добие независно мислење за напредокот на АКН во текот на проектот, беше интервјуиран Нотарот г-дин Златко Николовски, кој со задоволство рече дека "зборува во име на сите нотари" и изрази целосна доверба во АКН, и смета дека АКН е ефективна, сигурна и модерна организација која е лидер во развојот во овој регион. Сите агенции во Македонија, со исклучок на Централниот Регистар на Република Македонија, може да се каже дека се на исто ниво во смисла на односите со клиентите, ефикасноста и техничкиот развој. Г-дин Николовски е нотар веќе 15 години и постојано го следи напредокот на АКН од 1996 година. Во тоа време, за решавање на еден катастарски предмет биле потребни околу три месеци а

  • денес решавањето на предметите нормално трае до еден работен ден. Во текот на овој проект, постигнато е големо подобрување кое пак има огромно влијание врз начините на работа на сите нотари. Капацитетите се зајакнати не само во АКН туку исто така и кај нотарите, овозможувајќи им на нотарите можност за подобра услуга кон сите граѓани. Споредено со другите земји од регионот, од гледна точка на нотар, Македонија е лидер во регионот, што се должи на поддршката од овој проект. Законската рамка, комуникација помеѓу АКН и нотарите, како и техничките алатки се подобрени во текот на овој период. Г-дин Николовски е всушност првиот нотар (од 170 нотари во Македонија) кој почна да го користи е-Шалтерот и смета дека е многу ефикасна алатка кое има големо позитивно влијание. Системот беше развиен во тесна соработка со надворешни учесници како што се нотарите. Треба да се направат неколку мали надградби но добрата соработка и многу добрата комуникација ќе го овозможи тоа. Комуникацијата со АКН во главно се одвива преку двете годишни конференции на нотарската комора и секојдневните дискусии. Оваа плодна комуникација, заедно со капацитетите на АКН го прави г-динот Николовски да биде целосно убеден дека предложените промени и идниот развој ќе бидат успешно реализирани. Е-Шалтерот сега се користи од страна на нотарите на незадолжителна основа, но кога измените на законот ќе стапат на сила, ќе биде задолжително неговото користење и ќе доведе до уште поголема ефикасност на нотарските канцеларии и подобрени услуги за граѓаните. На крајот од интервјуто, г-дин Николовски го истакна своето задоволство од проектот и од неверојатните резултати, како и неговата желба да се продолжи со плодната соработка со проектот и Swedesurvey. Како претставник од приватниот геодетски сектор беше интервјуиран овластениот геодет, г-динот Александар Пецалевски, од приватната геодетска компанија Геомап. Тој учествувал во развојот на МакЕдит и навистина ја цени оваа соработка. Системот МакЕдит е многу корисен за приватните геодети, кој создаде услови за процесот на работа да биде поефикасен а исто така им овозможи на приватните геодети да заштедат на трошоци за лиценца за софтверот кој им беше потребен пред воведувањето на МакЕдит. Е-Шалтерот сега се користи од страна на овластените геодети за да се добијат податоци за недвижности во дигитална форма од нивните канцеларии. За да се добијат катастарските планови, геодетите сеуште мора да посетат некое од подрачните одделенија за КН. Ако планот е достапен во дигитална форма, истиот може да биде доставен на ЦД, во спротивно ќе биде доставена во хартиена форма. Во моментов се користи привремено техничко решение, и тоа со приложување на катастарските планови преку e-Шалтерот. Кога третата фаза од МакЕдит ќе биде ставена во продукција, катастарскиот план ќе се доставува преку системот е-Кат. Според г-дин Пецалевски, напредокот и резултатите од овој проект се многу импресивни и им обезбедуваат на геодетите нови можности и подобрувања на податоците. На пример, "Имотниот Лист" сега содржи многу повеќе детали и вклучува сопственик, права итн. Во споредба со соодветните организации во регионот, АКН се смета за лидер во развојните проекти и ги

  • зголеми техничките вештини во голема мера за време на проектот. Понатаму, односите со клиентите и работните процеси имаат остварено огромен напредок во текот на проектот. Во областа на законската рамка г-динот Пецалевски сеуште гледа простор за подобрување. Подобрената правна рамка ќе овозможи повеќе технички решенија со што размената на податоците и работните процеси на приватните геодети ќе бидат уште поефикасни.

    5.4 Воспоставување на дигитален катастарски план

    Работниот пакет 2 се однесуваше на воспоставувањето на дигитален катастарски план. Катастарскиот план треба да ги поддржува ГИ стандардите, како INSPIRE директивата и да биде поврзан со е-Катастарот. Треба да се воспостават понатамошни процедури за векторизација и одржување на плановите. Некои од поважните резултати од овој работен пакет се:

    Дефиниции на просторните единици и регистри на просторни единици (РПЕ) – беа одредени и исто така беа обезбедени податоците побарани од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, кои се користеа за пописот во 2011 година во Република Македонија.

    База на податоци во согласност со Директивата INSPIRE - беше целосно функционална и усогласена од посети на експерти и обуки, како и активен дизајн и создавање на база на податоци во текот на проектот.

    Систем за одржување на дигиталните катастарски планови – како третата фаза од МакЕдит, кој сега ги минува последните тестирања со цел да е функционален до ноември 2012, во 25 катастарски општини и бројот се зголемува на 425 (од вкупно 1912) за време на 2012.

    Воспоставена е инфраструктура за дистрибуција на податоци од RSU и околу 50% од сите податоци во врска со просторните единици се достапни на WebGIS-порталот. Останатите податоци не се одговорност на АКН (25% од нив, како што се адресни модели, кои припаѓаат на централниот регистар) или не се достапни поради законски ограничувања (25% од нив, како на пример статистички пописни единици). Ова значи дека 100% од податоците кои може да се дистрибуираат од АКН, се достапни на WebGIS порталот.

  • Слика 13: Кадар на екранот од МакЕдит системот

    Од интервјуто со г-дин Дарко Златков и г-дин Горан Киранџиски од Државниот завод за статистика на Република Македонија (ДЗС), јасно е дека тие се многу задоволни со напредокот на АКН за време на проектниот период. Тоа е така и од аспект на организацискиот и техничкиот развој, обезбедувајќи вредни информации преку новите услуги. Г-дин Златков и г-дин Киранџиски се двете одговорни лица за овие типови на податоци и размената на податоци во ДЗС. Во канцеларијата повеќе вработени ги користат податоците во нивната секојдневна работа, но интервјуираните господа се одговорни за комуникација со АКН во оваа област. Според г-дин Златков и г-дин Киранџиски, АКН е способна, водечка и ефикасна агенција која презема значајни иницијативи и со тоа го води развојот во областите како ИПП, размена на податоци и РПЕ. Откако АКН ја презеде одговорноста за РПЕ, направени се големи подобрувања , правејќи ја работата за ДЗС полесна и врз основа на веродостојни податоци со висок квалитет. АКН се смета за агенција која јасно ја разбира важноста на овие податоци и обезбедува соодветни услуги кои обезбедуваат пристап до податоците, и претставува партнер со позитивен пристап, кој овозможува напредок и за ДЗС. Ова на ДЗС му дава големи надежи за иднината во оваа област. За пописот во 2011 година АКН обезбедени податоци за просторните единици на професионален и ефикасен начин. Овие податоци со висок квалитет вклучуваат граници на недвижнините и административни граници на општините и населените места. Просторните информации се доставени дигитално и на хартија од страна на АКН, до ДЗС врз основа на нивните писмени барања. Во некои случаи е потребно да се имаат податоци за просторните единици (текстуално и графички) на хартија поради законски ограничувања. Во моментов Регистарот на просторни единици е достапен преку веб-порталот и секој може да ја користи оваа услуга. Следниот чекор на соработка се дискутира и планот вклучува дефинирање на електронски интерфејс за размена на податоци. Намерите ќе бидат формализирани и документирани во Меморандумот за соработка, кој ги обезбедува потребите

  • и барањата на ДЗС и се обрнува потребното внимание; тука се вклучени дискусиите и договори кои се однесуваат на техничките решенија.

    5.5 Геодезија

    Работниот пакет 3 се однесуваше на геодезија. Целта на овој работен пакет беше целосно да се оспособи персоналот на АКН за управување со развојот и одржувањето на сите геодетски референтни мрежи. На крајот на проектот, активната GNSS мрежа (МАКПОС) треба да е целосно воспоставена и ефективно употребувана. Покрај тоа, треба да се воспостави, измери и пресмета и гравиметриска мрежа, и треба да се изготват упатства и прирачници за основни геодетски работи. Некои од поважните резултати од овој работен пакет се:

    Воспоставен МАКПОС и адаптиран на ETRS89

    Развиен бизнис модел за МАКПОС

    Воспоставена, измерена и пресметана апсолутна гравиметриска мрежа

    Изготвени упатства и прирачници за основни геодетски работи d

    Персонал способен да управува со геодетските референтни системи EUREF МАКПОС кампањата беше спроведена во август и септември, 2010 година. Резултатот беше нова реализација на ETRS89 во Република Македонија. Резултатите исто така беа прифатени од EUREF Техничката работна група во 2011 год. и истите сега се интернационално прифатени реализации на ETRS89. Исто така воспоставена е врска со соодветната српска реализација. Апсолутната гравиметриска мрежа беше проверена во јуни, 2010 година и апсолутната гравиметриска кампања беше спроведена во октомври, 2010 година. Резултатот вклучуваше точно одредени гравитации на три станици. Во јануари 2012 година, беше изготвен под-законот за основни геодетски работи. Законот се уште не е усвоен, бидејќи бара МАКПОС/ETRS89 да е формално усвоен како национален референтен систем. Бизнис модел за системот МАКПОС беше развиен во април 2012 година. На АКН тука и беше препорачано да одреди тим за работа и управен директор за МАКПОС, со цел да се задоволат очекувањата на поголем број корисници и да се обезбеди долгорочно покривање на трошоците за МАКПОС. Исто така треба да размисли да го замени сегашниот модел на кориснички надоместоци, врз основа на времетраењето на поврзаноста со услугите на МАКПОС, со модел со надоместоци кои не се поврзани со временско ограничување на врската. Таквата промена ќе ја намали административната работа на АКН и ќе се осигури дека корисниците ги користат податоците од МАКПОС со цел да добијат сигурни позиции. Некои од овие препораки моментов се спроведуваат.

    Во јули - октомври 2012 година, беше развиена услуга за геодетска трансформација. Оваа услуга е веб апликација која овозможува трансформација на координатите од постарите геодетски референтни системи во македонската реализација на ETRS89. Софтверот исто така

  • применува локални корекции на преостанатите координати. Услугата е во моментов се потврдува од страна на АКН и се планира пуштање во јавна употреба за време на 2013 година.

    Една од целите беше дека персоналот на АКН треба да се способен да управува со геодетските референтни системи. Со цел да се оствари овој критериум, беа спроведени две обуки. За време на евалуацијата на овој критериум, беше заклучено дека оваа цел нема целосно да биде остварена и дека се потребни понатамошни обуки.

    Слика 14: Број на овластени геодети и геодетски компании

    5.6 Ефикасни бизнис процеси

    Работниот пакет 4 се однесува на ефикасни бизнис процеси и сите остварени цели на проекти и постигнати очекувани резултати. Целта на овој работен пак