33
Zastava film prikazuva PROPAGANDA

Zastava film prikazuva

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Презентација користена за обука на летна школа на МОФ.

Citation preview

Page 1: Zastava film prikazuva

Zastava film prikazuva

PROPAGANDA

Page 2: Zastava film prikazuva

Ти си... Германија!

Page 3: Zastava film prikazuva

Ти си... Германија

Page 4: Zastava film prikazuva

Вујко Сем те бара... А и Черчил!

Page 5: Zastava film prikazuva

Ти си Македонија!Треба да помислиме кои се постапките со кои ќе и’ возвратиме на Македонија. Што е она што ќе оставиме за нас и за нашите поколенија. На ова парче земја ќе живеаат нашите синови и ќерки тие треба да бидат горди со своите предци. Затоа што нивните предци работеле и создавале – за татковината. Тоа е нашата обврска и одговорност, денес – да создаваме за сега, но и за иднината (за нашите поколенија).

Page 6: Zastava film prikazuva

Што е пропаганда ?Пропагандата е манипулативна комуникациска техника на убедување која користи медиумски и немедиумски средства за постигнување на посакувано однесување или пак всадување на посакувани ставови кај населението. Пропагандата се обраќа на емотивно, а не на рационално ниво и користи медиумски, ПР и рекламни техники.Целта на пропагандата е придобивање на своја страна и како начин на комуникација е едноснасочна и пристрасна за разлика од известувањето или пак дебатите!Терминот потекнува од Congregatio de propaganda fide тело на римокатоличката црква задолжено за ширење на верата.

Page 7: Zastava film prikazuva

Пропаганда, Пр, Реклама

• Сите три дисциплини во суштина делат многу слични техники, разликата се состои во тоа што кај ПР се работи за систематско обликување на перцепција за некој бренд или организација, кај рекламата за промоција на производ додека терминот пропаганда останува во употреба кога се работи за политичка комуникација за убедување особено за националистичката.

Page 8: Zastava film prikazuva

Модел на убедување

• Моделот се базира на• - Реципроцитет – луѓето имаат

потреба да возвратат на добро со добро и на лошо со лошо.

• - Обврска и конзистентност – луѓето претежно се склони кон придржување до превземените обврски дури и кога почетниот мотив за таа обврска веќе не постои.

Page 9: Zastava film prikazuva

Модел на убедување

• - Конформизам и социјален доказ – луѓето имаат тенденција да се приклучат кон одредено дејствие на група и да го повторуваат. Пример – гледање во небо!

• - Авторитети – луѓето имаат тенденција да веруваат на авторитети и да покажуваат послушност. Експеримент со повредување со струја! Научни титули и сл.

Page 10: Zastava film prikazuva

Модел на убедување

• Допадливост, физичка привлечност – поголема доверба предизвикуваат физички привлечните луѓе од непривлечните.

• Недостиг/страв – стравот од недостиг или другите стравови поврзани со нашата егзистенција овозможуваат манипулација со нашето размислување.

Page 11: Zastava film prikazuva

Пропагнадна техника

• Етикетирање/ad hominem – Техника во која недостигот на аргументи се заменува со лепење на етикети / именување со цел да се дисквалификува противникот од дискусија или пак да се спречи да дискутира (комуњар, вмровца, соросоид, предавник). Обратното е јавно ласкање – кога на личноста и се придаваат или сама си додава етикети – патриота, пастир, водач, интелектуалец или сл.

Page 12: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Ad nauseam / повторување до бесвест – постојано повторување на една иста идеја и тоа во форма на слоган од повеќе места (државотворна партија, реформите ќе победат, Тито партија – младина армија)

Page 13: Zastava film prikazuva

Пропагандна Техника

• Приклучи се! – Оваа техника се базира на инстинктот на човекот да му се приклучи на мнозинството, без оглед на тоа дали тоа е стварно мнозинство или не! Социјален притисок!

Page 14: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Повикување на авторитет – Кога се користат научни или други авторитети или пак научни техники и статистики за презентирање на невистини или полувистини. Типичен пример се анкетите пред избори, кои се спојуваат со претходната техника или пак употребата на Паско Кузман во изградбата на “античкиот“ мит во Македонија или резултатите на Игенеа.

Page 15: Zastava film prikazuva

Пропагандна Техника

• Црно – Бело – Техниката поставува лажна дилема со цел да изврши поларизација и да притисне врз неопределените да се определат или пак да претстави дека има два излеза – оној кој што е “добар“ и оној кој што е „лош“.

Page 16: Zastava film prikazuva

Пропагандна Техника

• Апел кон страв – ги користи стравовите на луѓето за да поттикне сакано однесување

Page 17: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Апел кон љубов и грижа! Се користат позитивни емоции кон одредени објекти или субјекти за да се предизвика сакано однесување.

Page 18: Zastava film prikazuva

Пропагнадна техника

• Дезинформирање – дезинформирањето претставува ширење на информација базирана на лажни или фалсификувани извори кои се користат како потврда за пораката тоа вклучува монтажи, фалсификати на документи, лажни сведоци, режирање на сцени и сл.

Page 19: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Упростување/лажни аналогии – се користи човековата способност да се компарира со нудење симплифицирани модели за одредена тема – Југославија беше споредувана со фамилија што се разведува. Менувањето на името на Македонија со менување на лично име.

• Упростување/сведување на комплициран проблем на парола. “Во јато во НАТО“

Page 20: Zastava film prikazuva

Пропагнадна Техника

• Логичка мелница – погрешна премиса врз која се применува совршена логика. Заклучоците се погрешни но логичкиот процес ги обескуражува луѓето да видат дали премисите се точни. Диктатот на логиката е едно од најубиствените пропагандни техники на тоталитарните режими во 20 век. Се користи за оправдување на безгрешноста на идеологиите.

Page 21: Zastava film prikazuva

Пропагнадна техника

• Дефокусирање – се користи за промена на јавен дискурс во периоди неповолни за власта или во дискусија за избегнување на незгодни прашања.

• Погрешно заклучување/магиски принцип – човекот има тенденција ако две работи се случуваат една по друга да воспоставува причинско последична врска меѓу нив. Теориите на заговор се дел од оваа техника.

Page 22: Zastava film prikazuva

Пропагандан техника

• Селективна вистина – оној дел што ни одговора го објавуваме другото го премолчуваме.

• Жртвен јарец/непријател – маркирање на одреден човек или на група луѓе како непријатели или пак виновници за одреден настан, појава или состојба.

• Разводнување – презентирање на купишта нерелевантни факти или прашања за да се замори рецепиентот и да се замолчи и притоа тврдење дека се во врска со главната тема

Page 23: Zastava film prikazuva

Пропагнадна Техника

• Вадење од контекст• Лажење• Зголемување на влог – кога

тврдите дека нешто е поголемо од вистината за да го натерате противникот да се ценка пример – Српско- Хрватскот спорење околу бројот на жртвите во Јасеновац

Page 24: Zastava film prikazuva

Пропагнадна техника

• Мафтање зо знаменца – кога се лепат националните симболи на настани на кои присуствува одредена личност/органзиација или однапред се пледира на нејзиниот патриотизам.

• Контрола на медиуми – мека и тврда варијанта. Тврда кога државата или одредена политичка структура директно ги поседува и ги раководи медиумите и мека кога посредно ги контролира и ги насочува

Page 25: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Еуфорија – организирање на настани што пресизвикуваат еуфорија – паради, митинзи и сл.

• Градење симболички градби – Collona triana, триумфална капија, споменици на битки...

• Култ на личност• Обичен човек/повикување на народ –

анкети, joe the plummer – постигнување на идентификација.

Page 26: Zastava film prikazuva

Пропагнадна техника

• Подметнување на мислење како факт – обично се користат листи на факти во кои се уфрлаат тврдења и мислења во мешаница со факти за да им се даде веродостојност.

• Демонизација и дехуманизација – систематско отсликување на одредена група на луѓе или на поединци како пониски суштества, како некомплетни луѓе.

Page 27: Zastava film prikazuva

Пропагнадни техники

• Идеализација на минатото/митска историја. Митовите се презентираат како научни факти за историјата.

• Историцизам/историски аналогии/картографска пропаганда – се користат настани и луѓе од историјата за да се прават споредби со сегашноста. Картографската пропаганда е помошно средство во овој тип на пропаганда.

Page 28: Zastava film prikazuva

Пропагнадни техники

Page 29: Zastava film prikazuva

Пропагандна техника

• Класично условување/павлов рефлекс – когнитивна операција (war on teror)

• Убави луѓе/весели луѓе – помалку обрнуваме внимание на содржината на пораката кога е презентирана од физички привлечни луѓе (Италијаните во Мусолини слушаа прекрасен тенор, не слушаа што зборува – кога почнаа да слушаат веќе слушаа топови – анонимен италијанец)

Page 30: Zastava film prikazuva

Пропагнадни техники

• Има уште триесетина.

Page 31: Zastava film prikazuva

Пропагандна машина – теми на српската пропаганда

• Виктимизација - „НИе сме жртвата, историски секогаш сме биле жртва“

• Дехуманизација на другите – Хрватите се секогаш Усташи, Босанците –“Турци во историска смисла“ и сл.

• Конспирација – Заговор на Хрвати, Словенци, Германци, Ватикан против србите.

• Повиканост и мисија – тие се повикани да ги обединат сите срби во една држава

• Надмоќ – тие се на некој начин надлуѓе и супериорни на сите наречени непријатели!

Page 32: Zastava film prikazuva

Како да и се спротивставите на пропагандата

• Препознавање• Критичко размислување• Разобличување

• Или со пропагнадистички јазик кажано низ устата на организацијата што го сруши Милошевиќ:

Page 33: Zastava film prikazuva

•ОТПОР, СТОКО, ОТПОР!