374
КОН ВТОРОВО ИЗДАНИЕ Манастирот Свети Наум на јужниот брег од Охрид- ското Езеро е од исклучително значење за населението од двете страни на границата, за МПЦ и воопшто за христијанството. Неговиот основоположник, свети Наум, е најголемиот, најпознатиот чудотворец од X век до денес. Тој еднакво е почитуван од сите луѓе, без раз- лика на вера и народност зашто на сите им помага, ако искрено му се молат. Свети Наум со своите чуда бил познат уште за време на земниот живот, но тие се небројни по него- вото блаженоупокоение. Охридскиот архиепископ Јоасаф II (1719-1745) ве- ли дека чудата на свети Наум биле побројни од ѕвез- дите на небото. Меѓутоа, бидејќи не биле забележани, отишле во заборав. Во 2005 година се објави книгата Чудата на свети Наум со 154 записи за чуда на свети Наум. Таа се ис- црпи, па се појавува ова издание со доста дополну- вања. Чуда на свети Наум постојано се случуваат секаде каде што се чествува Чудотворецот, а најмногу во ма- настирот што тој го подигнал. Никогаш и никој не може да рече: „Овие се, други чуда нема на свети Наум“. Чуда на свети Наум ќе се случуваат постојано зашто тој е жив светец. Второво издание на Чудата на свети Наум донесува 107 нови записи што, главно, се забележани од инфор- матори кои лично ги доживеале. Вкупново книгава има 261 записи за чуда на свети Наум, од кои 211 ги имаме забележано од 1988 година досега. Доста чуда на свети Наум се сврзани со храмот што му е посветен во Битола. Во циклусот Битолски об- раќања, во кој се поместени 94 писмени обраќања кон свети Наум преку неговите храмови во Охрид и во Би- тола. За појавувањето на второво издание на книгата Чудата на свети Наум им изразуваме благодарност на сите информатори, на сите коишто ни ги посочија нив, на протојереј Митре Попоски за компјутерско-техничкото уредување, на ценетите рецензенти Неговото Висо- копреподобие Архимандрит Нектариј и д-р Марко Китес- ки, на Издавачот, а посебно на Неговото Високопрео- свештенство г.г. Тимотеј. А в т о р о т

Sv. naum ohridski

  • Upload
    skalica

  • View
    3.704

  • Download
    6

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Sv. naum ohridski

КОН ВТОРОВО ИЗДАНИЕМанастирот Свети Наум на јужниот брег од Охрид-

ското Езеро е од исклучително значење за населението од двете страни на границата, за МПЦ и воопшто за христијанството. Неговиот основоположник, свети Наум, е најголемиот, најпознатиот чудотворец од X век до денес. Тој еднакво е почитуван од сите луѓе, без раз-лика на вера и народност зашто на сите им помага, ако искрено му се молат.

Свети Наум со своите чуда бил познат уште за време на земниот живот, но тие се небројни по него-вото блаженоупокоение.

Охридскиот архиепископ Јоасаф II (1719-1745) ве-ли дека чудата на свети Наум биле побројни од ѕвез-дите на небото. Меѓутоа, бидејќи не биле забележани, отишле во заборав.

Во 2005 година се објави книгата Чудата на свети Наум со 154 записи за чуда на свети Наум. Таа се ис-црпи, па се појавува ова издание со доста дополну-вања.

Чуда на свети Наум постојано се случуваат секаде каде што се чествува Чудотворецот, а најмногу во ма-настирот што тој го подигнал. Никогаш и никој не може да рече: „Овие се, други чуда нема на свети Наум“. Чуда на свети Наум ќе се случуваат постојано зашто тој е жив светец.

Второво издание на Чудата на свети Наум донесува 107 нови записи што, главно, се забележани од инфор-матори кои лично ги доживеале. Вкупново книгава има 261 записи за чуда на свети Наум, од кои 211 ги имаме забележано од 1988 година досега.

Доста чуда на свети Наум се сврзани со храмот што му е посветен во Битола. Во циклусот Битолски об-раќања, во кој се поместени 94 писмени обраќања кон свети Наум преку неговите храмови во Охрид и во Би-тола.

За појавувањето на второво издание на книгата Чудата на свети Наум им изразуваме благодарност на сите информатори, на сите коишто ни ги посочија нив, на протојереј Митре Попоски за компјутерско-технич-кото уредување, на ценетите рецензенти Неговото Висо-копреподобие Архимандрит Нектариј и д-р Марко Китес-ки, на Издавачот, а посебно на Неговото Високопрео-свештенство г.г. Тимотеј.

А в т о р о т

Page 2: Sv. naum ohridski

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

И НЕГОВИОТ КУЛТ

ден од првите ученици на словенските првоучители светите Кирил и Методија, брат и сотрудник на свети Климент, бил свети Наум Охридски Чудотворец. Меѓутоа,

за него малку се знае во науката, а повеќе од легендите, преданијата и кажувањата како чудотворец. Скоро нема труд за свети Климент во кој да не се споменува свети Наум, но попатно или како дополнување на житието на свети Климент, т.е. во давањето на информација што станало со охридскиот литера-турен и правописен, просветно-културен центар по назначу-вањето на свети Климент за епископ. Секогаш се третирал вто-ростепено и останал во сенка на свети Климент. Целосно посветен труд на свети Наум е Sveti Naum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924, стр. 1–33), писателот и научникот д-р Лазо Каровски ја објави романизираната биографија Naum Ohridski (Скопје, 1977), а Историскиот архив од Охрид во 1985 година го објави зборникот Naum Ohridski.

Е

По повод 1100-годишнината од хиротонисувањето на св. Климент за епископ и доаѓањето на св. Наум во Охрид, во 1993 година, се одржа научен симпозиум во организација на МПЦ − Дебарско-кичевска и Брегалничка епархија. Зборникот од тие ма-теријали се објави во 1995 година. Во организација на МПЦ – Дебраско-кичевска епархија и на Филолошкиот факултет се одржа симпозиум по повод 1100-годишнината од подигнувањето на манастирот Sveti Naum во 2005 година. Материјалите од симпозиумот се објавија во 2006 година. На двата симпозиума се изнесоа нови сознанија и понови видувања и за дејноста на св. Наум. За манастирот Sv. Naum акад. Цветан Грозданов во 1995 година објави монографија (II изд. 2004), а во 1987 година д-р Антоние Николовски ја публикува малата туристичка монографија Manastirot Sveti Naum Ohridski.

Главните извори за животот и делото на свети Наум се три житија за него од негови, и Светиклиментови, анонимни ученици и Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski од Тео-филакт. Првото житие за свети Наум е од десеттиот век. Него прв го пронашол Јордан Иванов кон крајот на 1906 година во Зограф-

Page 3: Sv. naum ohridski

скиот манастир, во прологот бр. 47, во препис од XV век на попот Иван Милошев и неговиот брат Никола од с. Пископие, Дебар-ско. На овој ракопис Јордан Иванов им укажал на руските сла-висти П. А. Лавров и Г. А. Илински во летото на 1907 година при средбата во Зографскиот манастир. Ова житие во 1908 година го објавиле Јордан Иванов1 и П. А. Лавров2.

Второто житие за свети Наум е грчко. Првпат е печатено во Венеција во 1695 година, а потоа во 1741/2 година е печатено во Moskopolskata akolutija како синаксар со службата за свети Наум. И житието, и службата се од XIII век, а за нивни автор се посочува охридскиот архиепископ Константин Кавасилас3. Прв-пат ова житие, и службата, се објавени во Moskopolskata ako-lutija што е печатена на сметка од манастирот Sveti Naum во москополската грчка печатница, во која биле собрани житијата и каноните на светците кои најмногу биле славени во Македонија, а посебно околу Охридското Езеро (светиите: Климент, Наум, мач. Никодим, Седмочислениците, 15 маченици од Тиверија / Стру-мица/, Јован Владимир и Еразмо)4.

Третото житие за свети Наум е најдено во еден препис, во зборник од XVI век, откриен од велешкиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот, кој му го дал на П. Среќковиќ, а прв-пат го објавил Љуба Ковачевиќ во трудот Nekoliko priloga za crkvenu i politi~ku istoriju Ju`nih Slovena5. Ова житие, веројатно, е препис од грчки јазик или е компилација по грчки из-вори6.

1 П р о ф. ˛ о р д а н Å И в а н о в ъ, Български старини изъ Маке-дониÉ, СофиÉ 1908.

2 П. А. Л а в р о в, ЖитиÉ св. Наума Охридского и служба ему, ИзвÓ-стиÉ отд. рус. Éз. и слов. XII, кн. 4.

3 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски, зборник „Наум Охридски“, Историски архив – Охрид, Охрид, 1985, 17; Д-р Лазар Мирковиќ во студијата Sveti Naum Ohridski, Сремски Карловци, 1924, стр. 12, пишува: „Ово житије је писмени састав охридских архијепископа 13. столеØа, јер се налази у службу која је писана у 13. столећу“.

4 За москополската аколутија пишувале: Стојан Новаковиќ („Први основи словенске књижевности међу балканским Словенима“, стр. 239–244), Ф. Миклошич (Vita S. Klementis episkopi Bulgarorum, Vinol, 1847, p. VIII – IX), д-р Лазар Мирковиќ („Свети Наум Охридски“, Сремски Карловци, 1924, 12-17).

5 П р о ф. ˛ о р д а н ъ, И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ, Софија, 1931, 311.

6 На истото место, 312.

Page 4: Sv. naum ohridski

Од трите житија, од Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski и од другите досега познати извори и по-стојната достапна литература делумно се добива поопширна прет-става за свети Наум Охридски Чудотворец.

очно кога и каде е роден свети Наум Охридски, како и свети Климент, не се знае. Се претпоставува дека свети Наум (како и свети Климент) е роден околу 830 г. во

југозападна Македонија, во Солунската тема. Според Vtoroto slovensko `itie na сveti Naum, произлегувал од благородни и богати родители, но се откажал од благородството и од богат-ството и им се приклучил на рамноапостолите Константин Филозоф и на неговиот брат Методија7.

Т

Тоа укажува дека свети Наум бил ученик на првоучителите Кирил и Методија уште во Солун и дека заедно со нив бил во Моравската мисија. Во мисионерската дејност на свети Кирил и свети Методија во Моравија и Панонија е вткана, составен дел е и дејноста на свети Наум8. Особено ученоста и познавањето на многу јазици на свети Наум дошло до израз при престојот со сво-ите учители во Рим9.

По смртта на свети Методија (885), неговите ученици се нашле во голема немилост: повеќето биле продавани како робо-ви, највидните, меѓу кои и свети Наум, биле затворени, а потоа – протерани. Влечејќи ги родниот крај, Методиевите ученици Кли-мент, Наум и Ангелариј се упатиле на југ. Преживеале многу не-згоди и тешкотии додека кон крајот на 886 година не дошле во Белград, кој тогаш бил во составот на Бугарија. Управникот на Белград, тројцата ученици на светите првоучители ги упатил кај својот кнез во бугарската престолнина Преслав. Бугарскиот кнез Борис срдечно ги пречекал. Извесно време Климент и Наум биле гости кај сампсисот Есхач. По извесно време, во 886 година, Кли-

7 На свечениот собир на Скопскиот универзитет по повод 1050–годиш-нината од смртта на sвети Климент на 11. IX 1966 година во Охрид слове-нечкиот академик Братко Крефт, меѓу другото, истакна: „Несомнено е дека Климент заедно со Наум и со своите учители Кирил и Методиј, коишто од истата стара Македонија тргнаа на просветителскиот пат за словенските народи...“ (Spomenica Kliment Ohridski 916–1966, Охрид, 9–12 септември 1966, 52).

8 Свети Климент и свети Наум се „Охридски“ зашто Охрид го издигнале на пиедестал од светско значење, станале охридски култови, охридска препознатливост. Меѓутоа, свети Наум најмногу е познат како – Чудотворец.

9 Д-р Ј у с т и н С п. П о п о в и Ø, Житија светих, Београд, 1977, 692.

Page 5: Sv. naum ohridski

мент бил испратен во областа Кутмичевица во скороосвоената Македонија, а Наум бил задржан во Преслав.

За испраќањето на свети Климент во Кутмичевица има не-колку хипотези во науката. Интересно искажување на оваа тема сретнавме кај Ѓорѓи Киселинов во предговорот на еден ракописен труд10. Тој тоа го објаснува со моменталните бугарски интереси и со карактерот на свети Климент и на свети Наум и ја дава след-ната споредба:

„Свети Климент бил висок и полн, мошне претставителен, кој само со својата надворешност влевал почит и уважување кај неговите непријатели, како што вели житието на свети Климент. Свети Наум бил висок, слаб и сув, со мала четвртеста глава и долга заокруглена брада. Свети Климент бил начитан, надарен со дарот на зборот, зборлив; мислите слободно му течеле од устата и како мед паѓале во душите на слушателите. Притоа бил и многу трудољубив и енергичен. Свети Наум, спротивно, бил контемпла-тивен, длабокомислен. Малку зборувал, а многу размислувал. И затоа во неговите зборови имало многу мудрост.

Со други зборови, свети Наум бил затворен во себеси, по-веќето време го минувал во молитви, во размислување за духов-ниот живот, за Господа и за Господовите дела. Тој факт, таа стра-на на карактерот на двајцата словенски просветители може да ни каже зошто кнезот Борис, откако се уверил во личните особини на секого од нив, се решил Климента да го испрати во Западна Македонија и Јужна Албанија за со неговата културно-просветна и религиозна дејност да ги приклучи тие земји кон Бугарското царство, а свети Наум го задржал кај себе како советник и кул-турен деец во Преслав“.

Во Преслав свети Наум работел седум години (886–893). Таму го проповедал делото и духот на своите учители. Ја ширел писменоста, оспособувал свештеници, го објаснувал и го толку-вал Svetoto pismo и творбите на светите отци, а поинтелигент-ните, поспособните ученици и соработници ги поттикнувал да препишувуваат и да создаваат свои дела. Меѓу таквите бил пре-

10 Г. Я. К и с е л и н о в Å, ТÅржество на старобÅлгарскиÉ духÅ надÅ времето и надÅ грабителитÓ (Свети Наум Охридски), 17 − VI − 44 г., Скопие, ракопис во оставината на авторот на кој определбата „старобÅл-гарскиÉ“ е прецртана со молив и над неа е напишано „славÉнскиÉ“, а делот во заграда со стрелка е покажан дека треба да дојде најгоре под името на авторот.

Page 6: Sv. naum ohridski

звитер Константин Брегалнички, кој во предговорот на неговото Pou~itelno evangelie, по мислата на Григориј Богослов дека е добро секогаш од Бога создадените и до Бога да завршат и наве-дува други библиски сентенции, пишува: „Поради тоа и јас, скром-ниот Константан, убеден во тоа од твоите молби, брате Науме, и споменатите горе заповеди, се преклонив пред твоето смире-ние“11. Свети Наум во Преслав, како што вели Ѓорѓи Киселинов, „играл улога и на дворски советник, прво кај кнезот Борис, а по-доцна кај царот Симеон“12.

Кога во 893 година свети Климент бил назначен за епископ на Древница и Белица13, во областа Кутмичевица, во охридскиот литературен, просветно-културен центар го заменил свети Наум. За оваа замена, т. е. за дејноста на свети Наум до крајот на жи-вотот се зборува во Prvoto slovensko `itie na sveti Naum.

Од кусиот текст на Prvoto slovensko `itie na sveti Naum се гледа дека тоа било напишано од ученик на светите Климент и Наум, кој на тоа бил поттикнат од епископот на Деволската епархија Марко. Пред ова житие авторот напишал житие за свети Климент. Двете житија биле напишани набрзо по смртта на свети Наум и свети Климент, и тоа според она што го чул од светиите и што го видел тој лично како нивни ученик. Меѓутоа, поради нивната скромност, доста поединости од нив-ниот живот и од нивната дејност останале непознати.

Свети Наум во Кутмичевица целосно ја презел и ја продол-жил дејноста на свети Климент. Тој изградил манастир посветен на светите архангели Михаил и Гаврил. Изградбата иа манасти-рот во Vtoroto slovensko `itie na sveti Naum се сврзува со 905 година. Свеченото пуштање во служба/осветувањето на Све-тинаумовиот манастир го извршил епископот свети Климент, ко-га тој ја одржал својата беседа, напишана во врска со изградбата на Наумовиот манастир и неговата дедикција на светите архан-гели, под наслов Pofalnoto slovo na bestelesnite Mihail i Gavril14. По изградбата на манастирот, свети Наум, кој како свештеник дошол од Моравија, се замонашил и се повлекол во

11 Д и м и т а р Ш о п о в, Две поетски творби на Константин Брегалнички за епохалното дело на словенските првоучители, зборник „Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски“, кн. 1, Скопје, 1970, 282.

12 Ѓ о р ѓ и К и с е л и н о в, цитираниот ракопис.13 Д-р Стојан Ристески, Белички светости, „Ирис“, Струга, 2008, 34-35..

Page 7: Sv. naum ohridski

него сè до крајот на животот на 23 декември 910 тодина (стар стил), кога во вечниот дом во манастирот бил положен од свети Климент.

Првото Светинаумово житие, покрај значајните податоци за судбината и на другите ученици на првоучителите Кирил и Ме-тодија, уште во почетокот („Еве браќа, да не остане без спомен, брат му на блажениот Климента и негов содругар и сострадал-ник...“) дава податок од кој во науката се појави мислење дека свети Наум и свети Климент биле родени браќа. Меѓу првите на тоа укажале П. А. Лавров и Н. Л. Туницкиј, а потоа и многу дру-ги. Како родени браќа свети Климент и свети Наум се прикажани и во романизираната биографија Naum Ohridski од Лазо Каров-ски. Тој заклучок се изведува од фактот што, според каноните, различните по свештенички чин (епископ и презвитер) не можат да се наречат „браќа“, освен ако не се родени браќа.

Грчкото житие податоците за свети Наум повеќе ги прика-жува легендарно, а некои податоци се историски неточни, како: смртта на Кирила и Климента, првиот починал во длабока ста-рост, а вториот пред свети Наум. Дејноста на свети Наум спрема свети Климент ја споредува со Арон и Мојсеј, т. е. што му бил Арон на Мојсеј тоа му бил свети Наум на свети Климент.

Поблиску до првото (словенското) житие е третото (второто словенско) по ред. И во него се даваат податоци за следењето на првоучителите, протерувањето и дејноста во Кутмичевица исто-риски е поточно, а завршува со констатацијата дека свети Наум умрел во длабока старост и неговото тело го положил со свои раце архијерејот Христов Климент во гробот на десната страна во неговиот храм, а Господ го прославил свети Наума со големи чу-да и исцелителна моќ15.

вети Климент во охридскиот литературен и правописен, просветно-културен центар работел седум години (886 – 893). Исто толку, седум години (893 – 900), штом манасти-С

14 К л и м е н т О х р и д с к и, СÅбрани сÅчинениÉ, БАН, СофиÉ, 1970, 239, 240.

15 Коментари по житијата за свети Наум се даваат од сите нивни изда-нија, а најнов осврт направи д-р Радмила Угринова-Скаловска под наслов „Житијата на Наум Охридски“ во зборникот „Наум Охридски“ во издание на Историскиот архив од Охрид, Охрид, 1985, 13–16.

Второто словенско житие за свети Наум е застапено во последниот дел од оваа книга.

Page 8: Sv. naum ohridski

рот е изграден во 905 година, тогаш пет години подолго (893 – 905), во овој центар активно работел и свети Наум. Истата деј-ност и тој ја вршел, па во онаа бројка од 3500 ученици половина-та, ако не и повеќе, минале низ рацете на свети Наум. На тоа би требало да се внимава и тоа да се потенцира во науката. Со по-влекувањето во манастирот, свети Наум станал основоположник и на монаштвото во Македонија.

Можеби причината за недоволното потенцирање на Свети-наумовото учество и придонес во просветно-културната дејност во охридскиот средновековен центар е поради неговата незаста-пеност во литературата. До скоро единствено се знаеше дека по наговорување на свети Наум презвитер Константин Брегалнички го напишал Pou~itelno evangelie. За да се поттикне друг тре-ба самиот да си тоа. Тоа значи дека свети Наум пишувал, но до скоро под негово име не беше познато ниедно дело. Единствена беше присутна претпоставката дека делото/расправата O pisme-n'ÓhÅ е негово, т. е. дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие името на свети Наум Охридски. На тоа меѓу првите укажаа словачките научници Рајко Нахтигал и Франц Гривец, а потоа кон тој став се приклонија и повеќемина други научни работ-ници.

Расправата O pismen'ÓhÅ (Za bukvite) е прва и најдобра научна одбрана на словенската писменост, одлично познавање на писмото воопшто. Кога се појавува оваа научна расправа, во која се вели дека „сèуште се живи оние што ги виделе“ светите Кирил и Методија, единствено живи нивни најдобри ученици и следбе-ници во писмото биле Климент и Наум. „Сигурно е дека Наум, заедно со Климента и нивните ученици – со Охридската школа – стоел на чело на најголемата одбрана на целокупното дело на Кирила и Методија“16, па затоа Охридската литературна и право-писна школа уште се нарекува „глаголашка“. Затоа авторот на O pismen'ÓhÅ треба да се бара меѓу творците на Охридскиот центар. По својата ученост и знаење на повеќе јазици, и писма, најпознат бил свети Наум и затоа со право се смета за автор на научната распара O pismen'ÓhÅ, т. е. дека „Црноризец Храбар“

е негов псевдоним.Хипотезите дека свети Наум бил и литературен творец ско-

ро се обистинија. Имено, во Bratkoviot minej (XIII и XIV в.),

16 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски ..., 23.

Page 9: Sv. naum ohridski

кој се чува во Народната библиотека на Србија (сиг. Рс 647), се наоѓа Kanonot za apostol Andrej на свети Наум Охридски, чие име /авторство е дадено во акростихот17.

Стефан Кожухаров во еден минеј на Зографскиот манастир го откри Kanon na apostol Andrej (XIII в.). Овој какон е поме-стен во службата за 30 ноември и содржи 32 тропари поделени во осум песни, чиј акростих гласи „Првоаго христова сла хвали нишчии Наоум“18. Се претпоставува дека ова дело на свети Наум Охридски настанало во 868 година кога, по посветувањето на словенските богослужбени книги од страна на папата Адријан II во Рим, требало да се изведе литургија на словенски јазик во повеќе цркви, меѓу кои и во црквата на апостолот Андреј. „Најве-ројатно, таа била побудата Наум да го напише споменатиот Ка-нон“19.

Во 1985 година Стефан Кожухаров во рефератот „Пред-полагаеми произведениÓ на Наум Охридски“, поднесен на Четвр-тиот летен колоквиум по старобугаристика, зборува за две хим-нографски дела: Kanon za prenesuvaweto mo{tite na Jovan Zlatoust и Kanon za arhangel Mihail. И двете дела Стефан Кожухаров, врз основа на нивните правописни, јазични и други особености, смета дека се од свети Наум Охридски. Додека Kanonot za Jovan Zlatust е пронајден во минејот бр. 22 во збирка на Народната библиотека во Софија, Kanonot za arhan-gel Mihail се наоѓа во истиот минеј во којшто се наоѓа Kanonot za apostol Andrej на свети Наум. И двата ракописа се поврзани со големата писмена традиција20.

Да се надеваме дека славистиката наскоро ќе се обогати уште со некое друго дело на свети Наум Охридски.

ога и кој го канонизирал свети Наум за светец не се знае. Меѓутоа, Prvoto slovensko `itie од X век сведочи дека свети Наум наскоро по неговата смрт во охридскиот крај К

17 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, Фрагмент од поетската творба на Наум Охридски во Братковиот минеј, „Разгледи“, XXIX, 5–6, 1987, 576–577.

18 С т е ф а н К о ж у х а р о в, Песнeното творчество на старо-бÅлгарскиÉ книжовник Наум Охридски, Литературна историÉ, 1984, кн. 16, 6.

19 И л и ј а В е л е в, Поетот Наум Охридски, „Нова Македонија“, ХLI, 13854, 17. VIII 1985, 8.

20 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, цит., 578.

Page 10: Sv. naum ohridski

бил почитуван како светец, па било потребно да му се напише житие, кое не е обично биографско-историско житие, ами хагио-графско, пишувано за светител, зашто во него св. Наум се наре-кува блажен, бидејќи авторот на ова житие заедно со епископот деволски Марко очекува со молитва и со милост на Климент и Наум да добие благослов и опростување на гревовите од Госпо-да“21. Во прилог на тоа зборува и стилизацијата на крајот на ова житие, која е како и стилизацијата на крајот на молитвите и псал-мите што им се упатуваат на светци.

Свети Наум и свети Климент кон крајот на десеттиот век биле канонизирани за светии. Веќе во 919 година, во еден напис на Зографскиот манастир од XIV век, Климент бил вброен меѓу светците, а како таков се спомeнува и во Asemanovoto evan-gelie (XI в). Секако дека и свети Наум како таков бил славен, бидејќи nivniot kult odi paralelno i zaedno22. Со тоа уште во десеттиот век „било определено местото и значењето на овие народни великани. Верувајќи во моќта на овие свои светии, народот полесно ги поднесувал искушенијата што условите и времето му го наложиле. Според народното а не владателското потекло, како и по учителско-просветителската и мисионерска дејност, Климент и Наум се издвојуваат од мнoгуте други светии.

Тие не биле кнезови нити болјари, туку простосмртни луѓе излезени од народот и цел живот најтесно поврзани со него. Тие не живееле во моќ и луксуз туку во скромност и беда исто онака како што живееле и нивните сонародници. Климент и Наум се едни од најрано канонизираните светии (така, на пример, Кирил Солунски бил канонизиран дури во XIX век)“23.

анастирот Sveti Naum се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Него го изградил свети Наум, посве-тувајќи им го на архистратезите Михаил и Гаврил, но

набрзо по неговата смрт го добил неговото име. Црквата што ја изградил Наум била триконха, скоро идентична со црквата на свети Климент во Охрид, но подоцна била до темели урната. Де-нешната црква е изградена во турскиот период на темелите од

М21 Д-р Л а з а р М и р к о в и Ø, Свети Наум Охридски, Сремски

Карловци, 1924, 24.22 На истото место, 25.23 Д о н е И л и е в с к и, Автокефалноста на македонската православна

црква, Скопје, 1972, 20.

Page 11: Sv. naum ohridski

Светинаумовата црква24. Потоа се изградувани придружните објекти.

Економската положба на манастирот Sveti Naum во разни периоди била различна, но и страдал од разни пожари и во Првата светска војна. Недвижниот имот околу манастирот и во други подрачја постојано се зголемувал по пат на купување или подарување по разни поводи и од разни побуди25. И другата стока била бројна. Така, во петтата деценија на XIX век манастирот Sveti Naum имал околу 8 000 овци, а негови чифлизи биле и селата Љубаништа, Појани и Стење26, од 1881 година и селото Трпејца27, а големи приходи добивал од панаѓурот и од луѓе кои доаѓале преку годината на поклонение.

24 Д и м ч е К о ц о, Проучувања и археолошки испитувања на црквата на манастирот Sv. Naum, „Зборник (1957–1958)“, изд. Археолошки музеј – Скопје, кн. II, Скопје, 1958, 78–80.

25 За Светинаумовата црква, за манастирските конаци и за економската моќ на манастирот подетална слика се дава во еден летопис пишуван на грчки јазик од Димитрија Петру што се чува во Историскиот архив – Охрид, фонд Масин (каде што е заведен како „Кодика од манастирот Sv. Naum /Дневник/ од Димитрија од 1855 год.“), в., зборник „Наум Охридски“, Охрид, изд. Историски архив – Охрид, 1985, 25–54.

26 Рускиот научник Виктор Григорович овие податоци ги наведува за 1845 година, а Иван Снегаров за 1848 година.

27 Во 1881 година бил склучен договор со бегот што го држел селото Трпејца и манастирот Sv. Naum. Согласно овој договор, бегот на манасти-рот му го отстапил селото Трпејца за замена на манастирскиот имот во с. Поѓани, додавајќи манастирот 25 000 гроша, бидејќи имотот на бегот бил поголем (Ohrid i Ohridsko niz istorijata, II. Скопје, 1978, 176).

Според поседовниот лист бр. 47 на Катастарската општина Љубаништа, манастирот Sveti Naum во 1937 година имал имот во површина од 2882 ха 7 а 78 м2. По ослободувањето, со аграрната реформа, скоро сиот имот на манастирот му бил одземен, освен црковните објекти, нивните дворови и неколку ниви околу нив. Одземениот имот прво го користела селската ра-ботна задруга (колективот) на с. Љубаништа, а по нејзиното расформирање го користи Земјоделската задруга „Горица“ од Охрид. На име од манастирот Sveti Naum во поседовниот лист бр. 47 во Геодетската управа – Охрид се води површина од 4 ха 73 а 43 м2, во која спаѓаат манастирските објекти и други црквички со нивните дворови и неколку ниви. Меѓутоа, на дел од оваа површина се наоѓа и воениот автокамп.

Според катастарскиот документ бр. 3721 од 9. VII 1940 година, во КО Стипона, Ресенско, манастирот Sveti Naum имал имот во површина од 225 ха 57 а 47 м2. Повеќе од 15 ха земја манастирот имал и во с. Белчиш-та, Охридско, што ја обработувале исполџии од истото село.

Само околу 50 ха од имотот му се повратени на манастирот. За имотот во Белчишта ветено е обештетување, а со решение Бр. Дн. бр. 17-159/03 на 24. XI 2008 година од имотот во Стипона на манастирот Свети Наум му се вратени 194 ха 88 а и 2 м2, односно оклу 200 ха, главно планинска површина.

Page 12: Sv. naum ohridski

Манастирот Sveti Naum бил важно жариште на просве-тата и културата уште за време на неговиот патрон, но како таков останал до најново време.

Во манастирот Sveti Naum секогаш се водело сметка да се продолжува традицијата на својот патрон и на просветен план. Поради тоа во него редовно работело манастирско училиште, во кое во 1830 година учел и преродбеникот Димитар Миладинов. Училиштето го посетувале 20-30 ученици од поблиските, но и од подалечните места.

Манастирот Sveti Naum располагал и со богата библи-отека. Меѓутоа, од делувањето на разните пропаганди, односно припадноста на игумените кон нив, многу словенски ракописи, од кои некои создадени тука, се уништени. Особено во тоа пред-ничел грчкиот фанариот Дионисиј. Тој безмилосно ги горел сло-венските книги и словенските ракописи, за кое со горчина подоц-на ќе се сеќава и тогашниот ученик Димитар Миладинов. Поради негрижата доста пишувани споменици се уништени и од забот на времето или се земени од разни посетители.

При предавањето на старешинската должност на манастирот Sveti Naum на 7 март 1939 година протојерејот Стеван Ѓор-ѓевиќ на новиот старешина архимандритот Виктор Гиздавиќ му предал 238 наслови на книги и 15 канони и други правни акти од вкупен фонд 1073 примероци. Тоа не се некои битни изданија од духовно и културно-национално значење, набавени по Првата светска војна, но по 1944 година и нив ги нема. Сега архиман-дритот Нектариј прави напори за оформување на манастирска библиотека, во кој племенит зафат треба помош и од пошироката средина.

Значајно место и видна улога манастирот Sveti Naum имал во периодот на Преродбата и во подоцнежното национално-ослободително движење. Меѓу другото, во овој манастир со сво-јата чета престојувал видниот социјалист и револуционер Никола Петров Русински28.

Поради големото историско-културно значење на манасти-рот Sveti Naum, по раскинот на Македонија по Балканските војни, која трагедија е санкционирана и по Првата светска војна,

28 Н и к о л а П е т р о в Р у с и н с к и, Од моите спомени за Охридско-струшкиот револуционерен реон (1901–1902) во редакција на д–р Стојан Ристески, изд. „Студентски збор“, Скопје, 1988, 74–75.

Page 13: Sv. naum ohridski

почнала и дипломатска игра за неговата припадност: на Албанија или на Кралството СХС. Тоа траело од 1912 до 1925 година. Во докажувањето на словенскиот карактер (тогаш официјално: срп-скиот), на манастирот Sveti Naum се поосветлени и некои мо-менти од животот и делото на свети Наум. Тогаш се објавени бројни написи (меѓу кои од Славко Стојановиќ во „Нови живот“, кн. XXII, 1925, под наслов „Питање Св. Наума“; д-р Лазар Мир-ковиќ во „Гласник Српске Православне Патријаршије“, 1924) и книгите: Dokumenta o pitawu granice sa Albanijom kod manastira Sv. Nauma (во издание на Министерството за над-ворешни работи на Кралството на СХС, Белград, 1924), Sveti Naum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924) и Paternik manastira29 svetoga Nauma од епископот охридски Николај (Скопје, 1925).

По 1945 година, манастирот Sveti Naum веќе почна да не е тоа што бил. Во почетокот на 1946 година му се експроприрани 88 ха и ѝ се дадени на Selskata rabotna zadruga од с. Љу-баништа (формирана на 1. X 1945), 96,5 ха со аграрната реформа им се доделени на 42 љубаништани. Одземен му е имотот во с. Белчишта, а во Стипона не можел да го користи. Од СРЗ на Љубаништа имотот го презеде ЗЗ „Горица“ од Охрид, која и де-нес го користи. Месната аграрна комисија од с. Љубаништа на Ѓурѓовден 1947 година го конфискувала и целиот подвижен имот на манастирот (инвентар, жито и жива стока).

На 26 јули 1950 година Централниот завод за заштитување на културните споменици и природни реткости на Македонија со решение бр. 1028 одредува: „Се поставува под заштита на зако-нот културно-историскиот споменик црквата Sveti Naum со околните манастирски конаци“. Оттогаш манастирот не беше цр-ковен туку на државата.

Републичкиот завод за заштита на спомениците на култу-рата го имаше под своја управа манастирот Sveti Naum до кра-јот на 1962 година. На 29. XII 1962 година Републичкиот завод му го предаде на Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата. Во решението бр. 02-35/1 од 12 март 1968 година на Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата се вели дека манастирот е во сопственост на Собранието на општи-

29 Делото Paterik manastira svetoga Nauma е застапено и во десет-тата книга на собраните дела на епископот Велимировиќ (Химлестир, 1983, 749–765).

Page 14: Sv. naum ohridski

ната Охрид, а го користи Заводот за заштита на спомениците на културата – Охрид. Согласно ова решение, манастирот Sveti Naum има својство на споменик на културата со неговата не-посредна околина: „Дворното место на манастирот со конаците и трпезаријата до главната влезна врата“30.

Иако под заштита на законот, манастирот беше незашти-тен31. Многу негативно се изразуваат за состојбата на манастирот бројни посетители во книгата за впечатоци. Доста работи се не-повратно изгубени. Согласно решението бр. 25 – 212/1 од 24 јануари 1991 година Извршниот совет на СРМ на Црквата ѝ се вратија 19 сакарални објекти, меѓу кои и манастирот Sveti Naum. Неговото предавање се изврши на 3 април 1991 година.

По добивањето клучовите на манастирот од претставникот на Заводот за заштита на спомениците на културата, митро-политот г.г. Тимотеј нив му ги предаде на јеремонахот Нектариј, поставувајќи го за старешина на манастирот, кој дотогаш беше референт во охридската Митрополија.

На 19 мај 1991 година манастирот се преосвети. Јеремо-нахот Нектариј на празникот Свети Наум во 1992 година беше произведен во чин игумен. Со тоа стана прв игумен во Дебарско-кичевска епархија. Таа должност и сега ја врши, со тоа што на празникот во 1993 година беше произведен во звањето архиман-дрит.

По 1948 година, односно по Информбировската резолуција, манастирот Sveti Naum спаѓаше во пограничната зона, па во него не се одеше на празникот, туку во црквата „Мал свети Димит-рија“ во Охрид. За тие потреби во таа црква се донесе икона на свети Наум. И сега иконата се наоѓа таму. Оттогаш е традиција на

30 Двете решенија што се цитираат се користени од архивата на Завод и Музеј – Охрид.

31 На 25 февруари 1985 година од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Охрид до надлежните органи е пријавена кражба на 13 икони од иконостасот на манастирската црква Sveti Naum, од кои 11 икони од верските празници и две икони од крстот на иконоста-сот. Кражбата е извршена во ноќта на 24 спроти 25 февруари 1985 година (во вечерните часови на 24. или во раните часови на 25 фревруари, на Прочка). За оваа кражба е известен и Интерпол, но од потерата досега нема конкретни резултати. Според сочувани фотографии, украдените икони се возобновени во 1993 година од Драган Ристески. Нивната изработка ја плати Министерството за култура на РМ. Таа година е изработен и мозаикот над влезната главна порта. Тој е поставен над постојната оштетена фреска. Автор: Драган Ристески.

Page 15: Sv. naum ohridski

празникот Свети Наум кои не можат да одат во манастирот да одат во оваа црква на поклонение на Чудотворецот.

Подоцна скромно се почна со чествувањето на манастирот Sveti Naum. На Црквата ѝ беше дозволено да биде присутна, да врши богослужба, само на зимски Свети Наум (5. I) од 8 до 12 часот и на летен Свети Наум од 12 часот на 2 до 12 часот на 3 јули. По 1985/6 година имаше извесно попуштање, т.е. Црквата беше присутна во манастирот од утрото на 2 до пладне на 4 јули. И во дозволените термини, продавањето свеќи и др. беше од За-водот. Даренијата добиени на денот во почетокот се делеа наполу меѓу Црквата и Заводот. Потоа Црквата даренијата ги земаше добиени во термините кога ѝ беше дозволено да биде во манасти-рот, а од другиот дел на годината, официјално, ги земаше Заводот за заштита на спомениците на културата − Охрид.

Од 1991 година досега во манастирот Sveti Naum, под ра-ководство на архимандритот Нектариј и надлежниот архијереј г.г. Тимотеј, е доста направено. Старите дотраени конаци од јужната страна се наново подигнати. Дадени му се на „Виомарк“ на кори-стење до исплатување/повраќање на вложените инвестиции. Во 2003/4 година се изгради конакот број 1, југозападниот дел. Во долниот дел има монашки келии, подрум, трпезарија за 80 души, а во горниот дел два салона од највисоко ниво и други простории.

На источната страна од западниот конак, односно северно од манастирската црква е подигнат параклисот Свети Кирил и Методиј, над кој е камбанаријата, чии камбани се осветија на патрониот празник во 2005 година. При влезот во параклисот, на неговата јужна страна, има голема изложбено-продажна прос-торија на духовна литература и други манастриски реликвии. Ка-мен-темелникот на параклисот се освети и се постави на 9 сеп-тември 2004 година. Се работи на негово интериерно уредување за скорешно осветување.

Под беспрекорната грижа на Неговото Високопреподобие Архимандрит отец Нектариј постојано нешто се работи во манастирот, се средува дворот и сета околина. Со ова темпо на работа во скора иднина манастрирскиот комплекс ќе пленува со својата среденост и убавина.

Манастирот да заживее како што треба, архимандритот Нектариј ги истакнува следните неопходности: тргнување на рам-пата за слободно да можат да доаѓаат верниците до манастирот

Page 16: Sv. naum ohridski

преку целата година, враќање на манастирскиот имот што е во Република Македонија и во Република Албанија, возобновување на старите конаци, возобновување на традицијата давање храна за сите посетители, подигнување трпезарија за две-тристотини души, изградба на голем паркинг-плац и поврзување на приодот со патот кон нашата царинарница за да можат посетителите како што доаѓаат така да заминуваат без никакви пречки, т.е. кружно движење со коли. За доста од овие неопхдности треба да покаже разбирање државата.

hridskiot mitropоliski kodeks дава значајни сознанија за минатото на Охрид. Тој е дојден до наши дни во пре-пис на Александар К. Робе. Последниот дел е со наслов:

„Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“. Под влија-ние на некои поранешни пишувања, во Kodeksot погрешно се предава смртта на свети Климент пред свети Наум. Знаејќи за овој пропуст, другото пишување за свети Наум го дополнува неговиот животопис, па затоа го предаваме во целост.

O– А пак пречесниот и преподобниот Наум, по смртта на св.

Климент, повеќето време го мина во Девол, наспроти Охридското Езеро, недалеку од Љубаништа и таму кога го подигна од темел свето престојувалиште и црква во чест и во име на архангелите Михаил и Гаврил и на останатите бестелесни сили мина во аскет-ски и рамноангелски живот, раководејќи го народот со неговите премудри учења кон секое дело на добродетелство и богочес-тивост, избавувајќи од секаков стремеж кон лошотии и неправда, како и од искушение на искушителот ѓавол и поттикнувајќи и раководејќи ги сите кон правите и вистинските патишта на правдата, избавувајќи го народот од богомразната и богохулната ерес, јавувајќи се тогаш во онаа страна на Илирок, ересот на богомилите и масалјаните... го преживеа свето и богочестиво и по многу маки и борби што претера, замина кон небесниот награду-вач за борбата и плаќачот на надницата – Христос за да ги добие наградите за својот труд, оставајќи ни ги нам на духовните чеда своите свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на негови-от чудотворен гроб.

Навистина, многу тешко им паѓа на сите историољупци не-знаењето хронологијата на смртта на преподобниот Наум зашто по неговата смрт не се зачува историја, бидејќи последователните

Page 17: Sv. naum ohridski

потоа неглаткости и непрекидните немири, притоа и крајната неписменост во онаа позната темнина, само тоа се зачува каде што успението на нашиот преподобен и богољубив отец Наум Чудотворец стана на 23. ден од месец декември, како што се гледа во една книга напечатена на грчки во Венеција или аколу-тија (последование) со песни за св. Наум собрана заедно со оние од препознатливото на Имецет – Христовото рождество.

Во Ohridskiot mitropoliski kodeks се регистрирани и некои зафати и настани во манастирот Sveti Naum од XIX век. Така, игуменот Стефан бил наследен од јеромонахот Динисиј, родом од Теодосиопол во Азија, на 10 декември 1809 година. За негово време во манастирот Sveti Naum, меѓу другото, било направено:

– 1810 година се изградиле шталите и горните корчански одаи;

– 1811 година се изградиле горните катови;– 1812 година се изградиле метохот и дуќанот во Корча;– 1813 година се изградиле двокатните чардаци на охриѓани

и фурната; ресенските одаи, одаите на влашките челници, однос-но на чобанбашиите Лицадиоти и Самаринци;

– 1815 година се изградиле чардакот на Ланга и кералот;– 1818 година до црквата се ископал бунарот со добиена по-

мош од еден бег Албанец;– 1819 се изградиле чардаците и маѓерницата (кујната), како

и постојните блиски згради;– 1827 година се изградиле големата одаја на аџи Симо и

блиското кафе. Во ракописот се вели дека тоа се констатира од следниот натпис: „Оваа одаја се изгради со помош и трошоци на господин аџи Симо (Симеон), родом од село Моловишта, кој живее во Битола, за вечен спомен во времето на игуменот аџи господин Дионис“;

– 1828 година се возобновил мостот до Охридското Езеро од Димитрија Булумбаши, од село Куртеш – Епир.

Кога се направени овие зафати кнезувал (управувал) со Охрид Џеладин-бег, син на гази Ахмед-паша.

Својот плоден (градежен) игуменски живот Дионисиј го завр-шил во април 1835 година, но остана познат уништувач на сло-венските книги.

Page 18: Sv. naum ohridski

Од 1835 до 1843 година бил купен чифлигот во Љубаништа за 40 000 гроша од игуменот Серафим, родом од селото Велгош-ти, а починал во март 1847 година.

Потоа во Kodeksot се наведени несреќите што го зафатиле манастирот Sveti Naum:

– На 16 октомври 1871 година рано во понеделникот се случи првиот пожар, кој ги претвори во пепел одаите што се нао-ѓаа на исток, чардаците, убавата одаја што се наоѓаше над езе-рото, викана „Одајата на Џеладин-бег“, некогашен управител на Охрид од 1809 до 1830. Во тоа време, во 1871 година, надгледу-вател на светиот манастир бил Андроник Заро, син на Анастас Заро, родом од Охрид [веројатно овде е превид, би требало да биде Зарче]. Вториот пожар стана во февруари 1874 година на полноќ и ги претвори во пепел речиси сите згради, со исклучок, како по некое чудо, на охридските и москополките чардаци, коишто се гледаат до денес... 8 јули 1906 година.

вети Наум станал култ кај народот од Кутмичевица уште за време на животот со неговата неуморна работа, а особено со неговите чуда. Всушност, свети Наум и други-

те негови најблиски соработници (Климент и Ангелариј), како и неговите првоучители, со својата божествена моќ биле познати од порано.

ССпоред Op{irniot `ivotopis na sv. Kliment Ohridski од

Теофилакт, гробот на свети Кирил во Рим станал изгонител на сите зла од човекот: „Штом некој ќе се приближеше до гробот или ќе го повикаше името на овој богоносен отец – според својата вера, тој ќе добиеше исцеление од своите страдања ... Така крајот на Кирила му донесе почест и од божествениот папа и од Бога“32. Таму, во Рим, со својата ученост и знаеност на јазици дошол до израз и свети Наум33.

На необичен начин свети Наум и другите затворени ученици на св. Методија биле ослободени. По нивните молби, „Бог, откако наѕре кон Земјата, ја направи да се потресе и стана голем земјо-трес како кога Павел се молел во пранги, и од небото се задал

32 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, изд. Македонска православна црква, Скопје, 1966, 96.

33 Станислав Краков во книгата Kroz Ju`nu Srbiju (Белград, 1926, 59) пишува дека зборувал седум јазици.

Page 19: Sv. naum ohridski

голем шум и прангите паднале, а тие што дотогаш биле затво-рени, станале слободни ...“34

И кога протераните Климент, Наум и Ангелариј се упатиле по Дунав, според Теофилакт, отишле да се закрепат со храна и да се одморат во едно село. Токму тогаш на стопанот од куќата во која отседнале му починал единствениот син. Со нивната молба на „ожалостениот татко жив му го предале синот“35.

Чудотворноста на свети Наум позасилено почнува по него-вото повлекување во изградениот манастир, со неговото посету-вање и престојување во крајезерските пештери. Особено неговиот култ се зацврстува со чудата што се случувале на неговиот гроб и во неговиот манастир. Со нив станал популарен кај сето населе-ние, без разлика на вера и народност, бидејќи тој на сите им по-магал, само ако искрено му се молат.

За брзото култивирање ликот на свети Наум зборува кано-низирањето за светец набрзо по смртта и трите житија. Во XII век охридскиот архиепископ Константин Кавасила ја напишал на грчки јазик службата за свети Наум. Подоцна таа е преведена на црковнословенски јазик. Архимандритот Нектариј ја преведе и ја објави на современ македонски литературен јазик во алманахот „Светиклиментово слово“ за 1998 година. Во оваа служба свети Наум се нарекува „ѕвезда божествена“, „мизиски светилник“, кој не им дал дремка на неговите очи. „Божествениот Наум на јеро-монахот Климент му помагаше, кој кај народот мизиски дојде и сиот го освети со светите проповеди...“36 Посебно во службата е акцентирана чудотворната моќ на свети Наум и на неговиот гроб. Оваа служба и сега се служи на денот на свети Наум во два дела: вечерна и утрена.

Покрај преку годината, манастирот најмногу верници го по-сетуваат на патрониот празник. Порано панаѓурот се одржувал на денот на неговата смрт, на 23 декември, односно на 5 јануари. Во 1727 година црковнонародниот собор решил ова празнување да се префрли на 20 јуни/3 јули37. Причините за тоа се образложени во пастирската посланица на охридскиот патријарх господин

34 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, Скопје, 1966, 109.

35 На истото место, 114.36 Службата на свети Наум е објавена во алманахот Светиклиментово

слово, 2006, 18 – 33, во превод од црковнословенски јазик на архимандрит Нектариј.

Page 20: Sv. naum ohridski

Јоасаф II и Синодот од 14 архијереи од 21 мај 1728 година, чиј целосен текст гласи:

– Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустини-јана, Охридски, и на цела Бугарија.

На сите благочестиви и православни верници христијани од нашиот апостолски трон на нашата православна архиепископија Прва Јустинијана – Охридска, како духовните (кои се наоѓаат во светиот каталог) така и мирјаните (кои се наоѓаат под светската власт) чеда на Светиот Дух, највозљубени на нашата смиреност, да биде на сите нас благодат, мир и милост од единствениот Бог и цар и од нашата смиреност и од Светиот архијерејски синод, од преосвештенствата, митрополитите, Богу возљубените епископи, од Светиот Дух, возљубени наши браќа и сослужители, апостол-ска молитва, благослов и опростување.

Сите свети празници од соборната и апостолска црква на Богочовекот Емануилот и Спасителот наш Исус Христос, вистин-скиот Бог, се делат на два [вида] – Господски и Богородични, ка-ко и на празници на останатите светии, светители, маченици, пре-подобни и праведни, т.е. колку би се случиле, од коишто едни се викаат подвижни, други неподвижни, според мнението на право-славните и мудри наши учители; и неподвижни се викаат оние што не е можно да примат никаква промена и преместување на празнувањето на нивниот свет ден. Но според тоа како се викани од почетокот од пресветителната благодат на Светиот Дух, така има да останат непреместливи и непроменети исто и празниците на Рождество Христово, на свето Богојавление, на Сретение Го-сподово, на Светото Воскресение, Преполовение на Педесетни-цата, Светото Вознесение, Светата Педесетница и најпосле на Сите Свети. Другите празници се викаат подвижни, т.е. промен-ливи зашто се променуваат и се преместуваат од нивните празну-вања во друг ден без да има некаква пречка или грешка во нашата чиста и непорочна вера на христијаните, како што гледаме дека станале преместувања..., т.е. празникот на свети Јован Златоуст што паѓа да биде и да се празнува на 14 септрември (зашто во тој ден се успа во Господа светецот и за свеченото воздвижување на чесниот и животворниот крст се премести на 13 ноември и како последованието (аколутијата) на великиот Канон... неделата од

37 И в а н, С н е г а р о в, ИсториÉ на Охридската АрхиепископиÉ, СофиÉ, т. 2, 1995, 293), според германскиот византолог Гелцер, вели дека во 1727 г. Било донесено ова решение.

Page 21: Sv. naum ohridski

светата и велика Четириесетница; кога во текот на неа... [ќе] се случи некогаш празникот на Благовештение, речиси, и страшното преображение на нашиот Господ којшто станува...

И за сверствените и за исцелителните страдања Господови. (Има забелешка во текстот, во која се вели: „Треба да има некоја погрешка при препишувањето“.) И кога ќе се совпадне празникот Благовештение со Велики петок или со Велика сабота, се преместува, се сопраз-нува и службата му се истава во неделниот ден од светото Хри-стово Воскресение, ретко се поместува празникот на светиот и славниот велемаченик Георгија Победоносец, но ако се случи да падне на Велики петок или на Велика сабота, или на истиот ден од светата Пасха, се преместува и му се пее во понеделникот (по првиот ден од Воскр. Хр.) од светлата недела.

Заради тоа, нашата смиреност, врз основа на општото сино-дално мислење на преосвештенствата, митрополитите, на богу-возљубените епископи, свештеници и клирици, чесните архонти од потчинетите на нашот апостолски трон и сообразувајќи се со обичајот на Црквата и согледувајќи и запазувајќи ја таа стара традиција дека за најдобро и најредовно ќе биде да може црков-ната традиција некогаш да се премести без да стане од канонско име погрешка, најде благословено за веселиот и радосниот праз-ник и свеченоста на преподобниот и богоносниот наш отец Наум Чудотворец, наоѓајќи се близу до границите на нашата света Охридска архиепископија заради повеќе радост и слава на инте-лектуалната и светлосната ѕвезда на Црквата и заради други раз-ни околности, да се премести од 23 декември и празникот на истиот светец отсега во иднина да станува на 20 јуни; од една страна зашто тогаш времето е зимно и поради мачнотиите од времето и зимските неприлики не можат никогаш да се насладу-ваат од убавиот празник на светецот, а од друга страна и најваж-ното е дека празникот на преподобниот и богоносниот наш отец Наум Чудотворец, се случи, меѓу другото, да биде во предвечер-ните денови на Рождеството Христово.

Поради тие причини, секој од празникољупците христијани ќе се поттикнува да отиде на поклонение на светецот и главно поради тоа нешто се преместува празникот и панаѓурот на тој светец од 23 декември... наредивме преку благодатта на Пресве-тиот Дух да биде и временски да се празнува и да се прославува прочуениот по многу чуда чудесниот и преподобниот Наум на 20 јуни. По мнение и решение на светите околу нас архијереи и

Page 22: Sv. naum ohridski

клирици и на сите христијани љубители на празниците. Поради тоа и преку сегашната тукашна патријаршиска вула (I сигилиум) и синодалното писмо што се соопштува на сите и насекаде, преку панаѓурот на преподобниот и богоносниот наш Наум Чудотво-рец, кој се наоѓа во Љубанишки Девол, се преместува и се пре-мести од 23 декември за поголема слава и чест на светецот пора-ди околностите што ги споменавме горе, да се слави и да се праз-нува на 20 јуни.

Затоа, којшто има ревносно и подобно благочестие кон све-тијата нека тогаш се потруди секој од празникотљубивите хри-стијани да се претстави како друг пророчки елен кај изворите во чудата на светиот гроб каде што се наоѓаат неговите свети останки и во високопочитуваниот храм, тој интелектуален и полн со лекови извор за да земе благодат со душа и тело зашто чудата, милостите и исцелувањата на преподобниот и богоносен наш отец Наум Чудотворец толку бројно се многу што го надминуваат и бројот на ѕвездите... Бидејќи е заштитник и помошник преку сите денови на животот на секого и најголем покровител во придобивање на вечното блаженство и на царството на нашиот Господ Исус Христос..., чија благодат и бескрајна милост и со-јузништво и молитвите на нашиот отец Наум Чудотворец да биде со сите вас и нас. Амин.

Лето Господово, 21 мај 1728 год.

Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустинијана, Охридски

Костурски Hrisant, првопрестолен и сечесенПелагониски JosifТивериополски KalinikБелеградски (или Бератски) NikiforЕдески (Воденски) JosifДрачки NikitaДебарски и кичевски DanijlПреспански TeodosijСеласфорски (Ѕвездански) GrigorijВелешки DaniilГребенски Teofan Корчански Gearasim

Page 23: Sv. naum ohridski

Мегленски AntimГоренски и Мокренски (Гора и Мокра) Teodosij38.Забелешка. Д-р Лазар Мирковиќ (Sveti Naum Ohridski, Сремски

Карловци, 1924, 8), еден автор на стр. 555 од неговата книга, како и други префрлувањето празнувањето на свети Наум го сврзуваат со посланица од 21 мај 1720 (други: 1740) година. Меѓутоа, хаотичната положба создадена со свргнатиот архиеп. Филотеј не дозволувала веднаш по доаѓањето на архиеп. Јоасаф да се зафати и со прашања од прослави. Од тие причини за точни ги земаме 1727 година и посланицата од 21 мај 1728 година.

И од 1728 година наваму панаѓурот во Sveti Naum се одр-жува на 20 јуни / 3 јули. Тогаш од Охридско, Струшко, Ресенско и од подалечните места не се оди, туку луѓето се селат во Sveti Naum, користејќи ги сите превозни средства и пешки. До поста-вувањето на строгата граница меѓу Кралството на СХС и Алба-нија во 1925 година, и некоја година подоцна, во Sveti Naum масовно доаѓале луѓе од поблискиот и од подалечнот дел на Албанија. Доаѓале луѓе од Албанија и потоа, но помалу, бидејќи границата се минувала со пасош.

За време на окупацијата (1941 – 1944) можеле луѓето од Албанија да доаѓаат, но поради воените настани ретко се доаѓало. Масовно посетување на манастирот Sveti Naum и од населени-ето на Албанија имало и од 1945 до 1947 година. За тоа посебна заслуга му припаѓа на Охридскиот окружен народно-ослободите-лен одбор од Охрид. Тој на 5. VI 1945 година испратил писмо бр. 3724 до Министерството за внатрешни работи во Скопје со след-ната содржина:

„Како и секоја така и ова година ќе се прославит патрониот празник на манастир Св. Наум гр. Охрид на ден 3 јули о. г.

На тој ден идат богомолци од сите краишта на државата дури и од Албанија, зато Ви молиме за ходатејството пред Глав-ниот Штаб на Македонија да се разрешит на Албанците прелаз преку границата за тој ден“39.

38 Текстот на Посланицата го презедовме од Ohridski mitropoliski kodeks, кој со г. Гоце Ангеличин Жура го објавивме во издание на Завод и Музеј – Охрид, 2005. Трите точки се и во Кодексот. При преводот единствено збoрот „клерици“ е заменат со „клирици“, бидејќи станува збор за православно духовништво.

39 Историски архив – Охрид, фонд Околиски народен одбор – Секрета-ријат, 1945.

Page 24: Sv. naum ohridski

Министерството за внатрешни работи на Демократска Фе-дерална Македонија со писмо бр. 3292 од 14. VI 1945 година го дало следниот одговор:

„Во врска со писмото на Окол. Н. Одбор – Охрид, бр. 3724 от 5. VI. 1945 г. Министерството за внатрешни работи разрешава на богомолците – Албанските државлйани да на 3 йули т. г. т.е. на патрониот празник на манастирот Sv. Naum во Охрид, минават слободно границата – Sv. Naum – Подградец“40.

За решението на Министерството за внатрешни работи на ДФМ Окружниот НОО – Охрид ги известил: одговорното лице на ОЗНА и Царинарницата во Охрид (писмо бр. 4215/29. VI 1945), манастирот Sveti Naum (бр. 4090/19. VI 1945), Околиските НОО во Охрид, Струга и Дебар (бр. 504/19. VI 1945), а Околи-скиот НОО – Охрид своите општински одбори ги известил со содржината на добиеното писмо од Окружниот одбор со писмо бр. 4215 на 23. VI 1945 година, завршувајќи го со паролата: „Да живит победата над фашизмот“41 како јасно укажување дека оваа и следните славја и на свети Наум ќе бидат благодарение на уче-ството на народот од двете соседни држави во победоносната антифашистичка војна.

Учесниците на панаѓурот во 1945 година велат дека бил не-запомнат по масовната присутност на луѓе од Албанија. Така било и следните две години, а посебно 1946. Тие незаборавни и благородни средби на луѓето од двете земји од регионот на мана-стирот Sveti Naum се прекинаа во 1948 година поради Информ-бировската резолуција.

Култот на свети Наум е присутен во фреското сликарство, во иконописот и на печатите од манастирот.

Портретот на свети Наум во уметноста до крајот на XVII век поретко се среќава. Неговиот пробив во повеќе балкански средини е од XVII век. „Првите позначајни откритија на Наумо-вите портрети во монументалниот живопис, во иконописот и от-печатоците на печатите со неговиот лик, покажуваат дека Наумо-вото пошироко присуство во средновековната уметност може да се следи дури од XVI век“42. Ликот на свети Наум е застапен на

40 На истото место.41 На истото место.42 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Портрети на светителите од Македонија

од IX–XVIII век, Скопје, 1983, 106.

Page 25: Sv. naum ohridski

литиската икона, во Sv. Sofija, во пештерната црква Zaum (Bo-gorodica Zaumska), па на една икона во црквата Sv. Bogoro-dica Bolni~ka, во живописот на црквата Mal Sv. Kliment.

Svetite Sedmo~islenici, priprata, 1806.

„Најрепрезентатавно дело со ликот на Наум од овој период е, секако, иконата од црквата Sv. Bogorodica-Perivlepta, насликана како пандан на Климентовиот лик, врвно дело на охридските работилници на иконописот“43. Портретот на свети Наум е застапен во композицијата Sedmo~islenicite на Слив-ничкиот манастир. Култот и чудата на свети Наум најсестрано се застапени во втората зона на гробниот параклис во манастирската црква Sveti Naum,44 каде што е присутен и во иконостасот45.

Најстариот печат со ликот на свети Наум сега се наоѓа во Синодалниот музеј во Софија46, чиј отпечаток има и во Kodika na manastirot Sveti Naum (Дневник) од Димитрија Петру од 1855 година47. На печатот, покрај ликот на свети Наум, се изгра-вирани и елементи од неговите чуда48.

По 1690 година ликот на свети Наум е сè поприсутен. Меѓу првите силни потврди за култот на свети Наум е дедикацијата на неговиот манастир, а потоа на црквата во близината на ресен-ското село Асамати. Печалбари од околината на манастирот Sv. Naum во градот Мишколц, североисточна Унгарија, прво подиг-нале параклис, а во 1785 година и црква Sv. Naum Ohridski за задоволување на нивните духовни потреби. Денеска со името на свети Наум се сврзани и други храмови кај нас и во преку-

43 На истото место, 110.44 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Живописот на гробниот параклис на

Свети Наум Охридски, зборник „Наум охридски“, изд. ИА, Охрид, 1985, 85–97.

45 Д и м и т а р Ќ о р н а к о в, Иконостасот во црквата Sveti Naum, зборник „Наум Охридски“, ИА, Охрид, 1985, 111–115.

46 Овој печат, како и другите стари печати, прв го опиша прот. Ив. Гошев во трудот „СтаритÓ печати на манастира Св. НаумÅ вÅ МакедониÉ“, објавен во „СборникÅ вÅ паметÅ на проф. ПетÅрÅ НиколовÅ“, СофиÉ, 1940, 91-108, во издание на ИзвестиÉ на БÅлгарското историческо д-во, XVI–XVIII в.

47 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, цит., 93-10448 За старите печати на манастирот Sveti Naum после Ив. гошев имаат

пишувано повеќе автори.

Page 26: Sv. naum ohridski

океанските земји,49 како и: Основното училиште во с. Пештани, Охридско и Електро–машинскиот училишен центар во Охрид, а неговиот лик е многу чест во фреското сликарство и во иконо-писот.

Во уметничката литература свети Наум помалку е прису-тен. Покрај трите житија и Slu`bata, некои поетски состави за свети Наум составил охридскиот поглавар Димитрија Хомати-јан50. Бугарскиот научник И. Дујчев укажува на постоење на уште едно грчко житие со служба на свети Наум 51. Други поетски творби посветени на Чудотворецот нема сè до 1928 година. То-гаш Николај, српски епископ во Охрид, во делото Ohridski prolog (Ниш, 1928), застапил една песна што е посветена на свети Наум. Нејзиниот текст (во наш превод) е следен:

Наум преподобен, апостол на Словените,Со Христосова светлина осветлен целосно,Со дух непоколеблив како цврста карпа,На духот благодетен тој му го покори своето тело.

Со постење и молитва и со бдеења ноќниТој ја исчисти душата од лошата страст,Се изедначи себеси со ангелите моќни,И Господ му дарува од божествената власт.

Му ги потчини Господ сите сили на природатаИ демоните на злобата, и темните прелести,Тој за Христоса ги доби луѓето и народитеСо збор и со чудното лекување на болести.

Умрел и неумрел, граѓанин на небесата,Свети Наум и сега овој свет го гледа,И со телото и со духот тој прави чуда,

49 В., М и т р о п о л и т Т и м о т е ј, Култот на свети Климент и свети Наум изразен во градењето на цркви во нивна чест во Македонската православна црква, зборник „1100 години од хиротонисувањето на свети Климент во епископ и доаѓањето на свети Наум во Охрид“, Охрид, 1995, 229ö245.

50 И. С н е г а р о в Å, ИсториÉ на Охридската архиепископиÉ, I, Со-фиÉ, 1924, 279: И. Ду´чев, Пространно гÅрцко житие на Наум Охридски, Константин-Кирил Философ, СофиÉ, 1969, 278.

51 И. Д у ´ ч е в, Пространо гърцко житие на Наум Охридски, Кон-стантин-Кирил Филозоф, СофициÉ., 1969.

Page 27: Sv. naum ohridski

На народите и сега Христоса им го проповеда.О Науме свети, гордосту на Балканот,Угодник Господов, со ангелите дружи,Голема сила од Господа ти е дадена,О поможи му на секој, на Господа да му служи52.

Во оставината на истакнатиот поет и научник Воислав И. Илиќ (Дебар, 1. V 1916 – Белград, 21. IV 1988) се наоѓа една пес-на со наслов Kratko `itie, која посхумно е објавена во неговата стихозбирка Lirski buket (Охрид, 1997, 21). Во неа авторот пее за Охрид и за неговите природни историско-културни богатства, но и за празнината поради неговите починати пријатели – писателите Радослав Петковски и Иван Точко. И сето го почнува и го завршува со свети Наум на јазик и стил од современите модернистички поетски достигнувања. Целосниот текст на таа песна е следен:

КРАТКО ЖИТИЕ

Свети НаУм и НадУмме држат во лебдеењеѕвездено и незасамуиленои во крлетка на беспомош.Се охридува бело и синоцел свет поднебесени срце – житие пространо,а ни Радета ни Точкане ги сретнувам повеќево овој град БезСмрт.Во иконата на езеротои во дното на болотсум заклиментен.Се затихоокеанувам неверносамо в бекство вознесенскоод своја Света Софија.Без Радета и Точка

52 Н и к о л а ј, Е п и с к о п О х р и д с к и, Охридски пролог, Ниш, 1928, 1026.

Page 28: Sv. naum ohridski

Наум светв ПодУм го собирам.

Врз основа на (дотогаш) познатите сознанија за свети Наум, Лазо Каровски во 1971 година ја објави романизираната биогра-фија Naum Ohridski. Таа е најцелосно, најобемно уметничко дело за свети Наум.

Ако во уметничката литература свети Наум е во сенка на свети Климент, во усното народно творештво тој е на прво место. Ако свети Климент го освои умот, свети Наум го плени народниот дух како никој друг светител во Македонија.

Зашто свети Наум е толку присутен култ и денеска меѓу народот може да се сознае кога би се знаеле мотивите поради кои посетителите доаѓаат во неговиот манастир и зашто се толку из-дашни53. Практично такво целосно испитување, скоро, е неможно поради големата бројност, но барем кога би се знаеле покаракте-ристичните случаи.

Засега е публикувано зошто подариле жива стока во 1936 и во 1937 година 144 дарители. Така, во 1936 година 63 дарители (од кои 22 муслимани) донесле: 1 коњ, 2 крави, 1 јунче, 5 телиња, 1 овца, 6 овни, 26 јагниња, а во 1937 година 81 дарител (од нив 27 муслимани) подариле: 1 крава, 1 јуничка, 1 јунче, 1 теле, 14 овни, 61 јагне. Најмногу од дарителите во 1936 година биле за излеку-вање на болни (50, од нив 27 муслимани) од кои лекарите кренале раце (5, од нив 3 муслимани). „Некои во бракот немале чедо, па го молеле свети Наум да бара за нив од Господа пород и – доби-ле (2 православни и 2 муслимани). На некои им умирале децата, па му се молеле на свети Наум и – престанал поморот (1 право-

53 Отсекогаш манастирот Sveti Naum бил помаган од домашни и од странски дарители. Во XVIII и XIX век манастирот западнал во тешка ма-теријална состојба. Тогаш го пмогнале и осуммина романски владатели. Вла-дателот Александар Јоан Инсиланти, со грамота од 8 септември 1781 година, му доделил по 70 таланти годишно, а Георгија Караџа, со грамота од 1 февру-ари 1813 година, 80 таланти годишно.

Во грамотата на Александар Јоан Инсиланти, војвода и господар на влашката земја, по сознанието за исклучителната тешка тешка состојба на манастирот, во кој „се чуваат и се одмораат чудотворните мошти на негоата светост [свети Наум], користејќи ги сите оние кои и сега трчаат кон нив и се стремат со верба да добијат ослободување од секаква напаст“, се одредува „манастрирот да зема од нашето „богатство секоја година по 70 таланти“, а за „моето господарство и на родителите на моето господство за вечен спомен“ (в., Проф. ЙорданÅ ИвановÅ, БÅлгарски старини изÅ МакедониÉ, СофиÉ, 1931, 642–649).

Page 29: Sv. naum ohridski

славен, 1 муслиман). Еден Арнаутин од Белград бил многу дол-жен, па му се молел на свети Наум да му помогне да се оддолжи и светецот му помогнал. На еден православен му пцовисувале овците, па му се молел на свети Наум – поморот престанал. Еден

православен онемел, па му се молел на свети Наум и говорот му се повратил. Еден муслиман од Белград банкротирал со дуќанот и сакал да бега во странство. Жена му го посоветувала да му се по-моли на свети Наум за помош и тој ја послушал. Потоа работата во дуќанот му тргнала добро и пак добро заработувал. Во знак на благодарност го зел свети Наума за своја слава“.

Во 1937 година повеќето од подароците биле „во знак на благодарност за оздравување од болести. Меѓу излекуваните бил еден младич кој 5 години не можел да застане на нозе, девојка која боледувала од падавица, муслиман од кого лекарите кренале раце и др. Четири православни брачни парови немале деца, му се молеле на свети Наум и – добиле. На еден брачен пар децата му умирале веднаш по породувањето и тие му се молеле на свети Наум и умирањето престанало. Еден брачен пар немал машки де-ца. Му се молеле на свети Наум и – добиле. На двајца право-славни им пцовисувала стоката. Му се молеле на свети Наум и поморот престанал. Еден Арнаутин од Охрид подарил јагне. На прашањето од свештеникот Адамовиќ зошто го дава тој подарок, одговорил: „Го честам и го сакам – оној што ми помага, затоа му давам на свети Наум“. Еден Арнаутин од Ресен поклонил овен, бидејќи кога ќе бил во некаква немаштија и неволја му се молел на свети Наум и секогаш му помагал. Од исти мотиви подарил овен уште еден Арнаутин54 од Ресен“55.

Во 1988 година ја разгледавме документацијата на манасти-рот Sveti Naum за 1982, 1988 и 1989 година. Во првите години се регистрирани по 137 дарители на жива стока и повисоки парични прилози. Од нив 51 во 1982 година и 44 во 1988 година биле туѓо-верници, и тоа, главно, Еѓупци.

Дарителите во 1982 година биле од подрачјето на Охрид-ско 47, Битолско 35, Ресенско 19, Струшко 11, Белград 9, Тетово

54 Дарителите „Арнаути“ („Арнаутин“), според искажувањето на многу охриѓани, всушност се Еѓупци, бидејќи порано, а во некои периоди и по-доцна, тие по националност биле одредувани како Албанци поради нивниот јазик.

55 Овој и претходниот цитат се од книгата Najboqi vaspita~ на про-тојерејот Живан М. Маринковиќ (Белград, 1968, 107–108).

Page 30: Sv. naum ohridski

3, Кичево 2, Демир Хисар 1, Ниш 1, Смедерево 1, Австралија 3 и 4 од Америка, а во 1988 година дарителите биле од: Охридско 57, Битолско 31, Ресенско и Струшко по 7, Белград 5, Кичево и Кру-шево по 1, Австралија 8, Америка 3, Канада 1 и на двајца не им е регистрирано местото на живеење56.

На манастирот, односно на свети Наум дарителите во 1982 година му подариле: 1 теле, 3 овни, 37 јагниња, 2 петли, 8 кокош-ки, 82 дале пари наместо јагне, а другите дале пари, додека во 1988 година е подарено: 1 теле, 3 овни, 52 јагниња, 2 јариња, 64 души дале пари наместо јагне, т.е. од манастирските јагниња купиле и ги подариле. На таков начин е падарен и 1 овен57, еден дарител дал еден осмак пченка, еден дал лустер, а другите пари-чни прилози, меѓу кои еден дал 700 австралиски долари.

Во 1989 година се подарени: 1 теле, 35 јагниња, 1 коза, 2 ја-риња, 43 посетители купија од подарениге јагниња и ги подарија на вообичаен начин („ги вртеа“), подарена беше бројна живина и извесна количина жито. Дваесетина души подарија поголеми прилози во пари. Дарителите, како и порано, беа од поширокото македонско подрачје (имаше дури од Валандово) и од наши пе-чалбари, а од туѓоверците на прво место беа Еѓупците58.

Во книгата за даренија на жива стока и пари од 1991 до 2008 година на самиот празник се регистрирани 2489 дарители. Тие се од 18 града и 78 села во РМ, од 5 града од соседните држави (Србија, Албанија и Бугарија) и од 6 села (од Преспа под Ал-банија и едно од Србија) и од 9 други држави (Австралија, Аме-рика, Германија, Канада, Турција, Франција, Холандија, Швајца-рија и Шведска) (видете го прегледот на следната страница).

Поголеми даренија на манастирот Sveti Naum му се даваат и преку целата година. Така, во книгата за даренија, во

56 Дарителите што се надвор од РМ, всушност, се од Охрид или од другите македонски подрачја кои се иселиле или отишле на печалба во соодветните места.

57 Добиената жива стока, како и другите предмети и производи, мана-стирската управа ја продава на лицитација. Оној што ветил соодветно жи-вотно, а нема свое, лицитра, т.е. купува од веќе подарените и на соодветен начин го предава на манастирот.

58 Целокупната прослава на празникот Свети Наум (зимски и летен) во 1989 година ја следевме, за кое посебна благодарност им должиме на Него-вото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. г. Тимотеј и протојерејот-ставрофор Ѓорѓи Николовски. Прославите оттогаш скоро редовно ги следиме.

Page 31: Sv. naum ohridski

текот на годината, од 1999 до 2006 година самите дарители се запишале дека дале: 62 јагниња, 30 пари, 3 јариња, 2 телиња, 3 платиле за јагниња, 1 овца, 1 килим рачно изработен. Бројот на незапишаните дарители е знатно поголем.

Најмногу дарители се од Охрид и Охридско, па од Ресен и Ресенско, од Струга и Струшко и од Битола. Повеќе од 30% дари-

телите се од други конфесии, а во 2004 година биле дури 41%. колку и какви биле даренијата е прикажано во табеларниот преглед.

Свети Наум за време на земниот живот го оставил светот и сè во него, а на прославата на неговиот ден во неговиот манастир се гледа дека побогат од него нема. Еве, и по 11 века од неговото блаженоупокојување неговите почитувачи не го забораваат. Реки народ од сите страни, без разлика на вера и народност, пешки, со автобуси, коли, со брод, со кајчиња се слеваат кон храмот и гро-бот на свети Наум. И ниеден посетител не оди со празни раце, туку остава на гробот: пари, а повеќето и шише масло и некој текстилен предмет (кошула, риза, чорапи и сл.); некои оставаат дел од облеката на болниот, т.е. на оној за кого се молат, а доста подаруваат и жива стока. И, без исклучок, без разлика на народ-носта, сите палат по повеќе свеќи. Оттука, со право архимандри-тот Нектариј со патос зборува за ангелското учење: „Кој ќе оста-ви родители, браќа и сестри, роднини и пријатели, слава и богат-ство и ќе појде да му служи на Бога ќе има сè е најочевидно во случајот на свети Наум Охридски Чудотворец“.

Како што се носат масовно текстилни предмети и масло, та-ка голем е интересот да се купат тие предмети од посетителите. Секој дома понесува нешто купено од Sveti Naum.

Крај гробот на свети Наум минуваат и се задржуваат ду-шевно и телесно немоќни, несреќни родители и роднини, луѓе што бараат помош за она што дотогаш го немале, со надеж за по-добра среќа и поголема радост во нивниот дом, со желба да ги чува Чудотворецот од зло од дома отидените.

И во текот на целата година доаѓаат луѓе на поклонение да го даруваат светецот за стореното добро, да му се молат за некак-ва помош. Некои што не можат лично да дојдат подароци испра-ќаат преку роднини, пријатели или преку пошта. Така, на пример, на 5. X 1989 година во поштата 96322 Свети Наум дојде писмо од Вангел Јовески од Сиднеј – Австралија, адресирано: „Свети Наум Охрит Југославија“. Писмото му е предадено на Заводот за

Page 32: Sv. naum ohridski

заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Охрид, бидејќи манастирот Sveti Naum беше под негово владение. Во писмото (во кое се наоѓа и чек на сто австралиски долари), меѓу другото, пишува: „27. 9. 89 од Јовески Вангел од село долно Српци а сега се навогаме во аустралија во Сиднеј еве ви подаруваме 100 сто долари пари на свети Наум во Охрид. За здравје и добра сетнина за нас старите ... а за челатта наша за здравје и добар напредок за сите деца...“59

Цитираново писмо потврдува една голема вистина: ретко кој на денот на свети Наум не му оддава нужна чест на светецот чудотворец и во својот дом, секаде каде што ќе се затекне на тој ден, а и во други храмови во Татковината и во дијаспората чиј патрон е тој.

Според народното верување, клучовите од Охридското Езе-ро ги има свети Наум, па на неговиот празник не се капи во него. Во спротивно, си зема „данок“.

Тоа што ги привлекува и што ќе ги привлекува луѓето кон свети Наум е неговата привлечна и благодатна сила. Таков бил за време на животот, а особено по блаженоупокојувањето. Тој на си-те им помагал, само ако искрено му се молат.

о пастирската посланица од 21 мај 1728 година се вели де-ка чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото. Меѓутоа, поголем дел од нив отишле

во заборав, бидејќи не се забележани. Првите легенди и преданија за свети Наум се објавени во втората половина на XIX век. Пр-вата легенда (Ohridsko Ezero) е застапена во Zbornikot на Браќата Миладиновци, па Кузман Шапкарев (Sv. Naum i me~kata). Бранислав Нушиќ во 1892 година во Охрид забележал две преданија и ги објавил во делото Kraj obala Ohridskoga jezera (Белград, 1894). Ефтим Спространов во 1904 година во книшката Sv. Naumъ. @ivotъ i legenda, легендата за свети Наум и мечката ја има обработено како расказ. Првпат книшка со 30 чуда (преданија и кажувања) објави српскиот епископ во Охрид Николај во 1925 година (Скопје, во издание на Црквено-Православног „Братство“ Епархије Скопљан-ске, кн. 5, во библиотеката на списанието „Црква и живот“) под

В

59 Писмото и чекот од Вангел Јованоски до манастирот Sveti Naum ги зеде Заводот и Музејот − Охрид, а не Црквата.

Page 33: Sv. naum ohridski

наслов Paterik manastira svetago Nauma. Во неа има интересни и сега непознати записи, па од таму презедовме 27 текста. Две чуда за свети Наум се застапени во книгата Kroz Ju`nu Srbiju на Станислав Краков (Белград, 1926). И списанието Hri{}anska zajednica бр. 9 од 1932 година донесува два записа.

Интерес кон народното прозно творештво во врска со свети Наум Охридски во поново време покажаа неколкумина собирачи. Од објавените, но не и од Paterikot, забележани од д-р Танас Вражиновски и свои записи д-р Вера Сгојчевска-Антиќ во книга-та Kliment i Naum Ohridski vo narodnata tradicija (Скопје, 1982) го формирала циклусот i Sveti Naum Ohridski (стр. 47 – 63), а во циклусот Kon predanijata застапила и едно кажување за манастирот Sveti Naum. Неколку кажувања за све-ти Наум од баба му д-р Драги Стефанија застапил во втората книга Viktorija Pop Stefanija (Охрид – Струга, 1987, 287 – 290) и др.

Во 1990 година Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје ја објави нашата книга Legendi i predanija zaSveti Naum со 120 записи, од кои 70 од нас забележани. Тоа издание со 35 нови записи и други дополнувања Издавачката куќа „Канео“ при Дебарско-кичевска епархија – Охрид, во 2005 година ја преобјави во книгата ^udata na Sveti Naum. Оттогаш досега забележавме уште 107 нови записи за чуда на свети Наум, главно, од информатори кои лично ги доживеале60. Ова, второ дополнето, издание на книгата ^udata na Sveti Naum донесува 261 записи и повеќе „допишувања“ со Чудотворецот.

Записите на чудата на свети Наум ги групиравме во пет циклуси: Sveti Naum – rajsko mesto, Dobrina i prisutnost, Pokorni yverovi, Nagradi, kazni i prostuvawa i Bitolski zapisi. Строга граница меѓу циклусите нема. Така, на пример, во некои текстови од првиот циклус станува збор за добрина и присутност на свети Наум, но не се во вториот циклус, бидејќи во нив главен мотив е локацијата на манастирот и како неа ја добил Светецот.

Циклусот Bitolski zapisi ги опфаќа чудата на свети Наум што се сврзани со храмот Sveti Naum во Битола.

60 Новите записи се под редните броеви: 29, 30, 95 – 143, 206 – 229 и 230 – 261.

Page 34: Sv. naum ohridski

егендите и преданијата, народната приказна и воопшто усното творештво на народот не се плод на некоја проста игра и измислица на творечкиот немир

на човекот од ова наше поднебје. Напротив, историската и научна анализа сè поисцрпно уверува дека во нив се кријат настани што реално се случиле, кои имаат во себе некое зрнце на вистина, кријат во себе некоја тајна, која како порака се пренесува меѓу луѓето и генерациите и со таа и таква содржина значат мост, служат како сплав низ вековите“61. Едни од тие „сплавови“ низ вековите во Македонија околу Охридското Езеро и пошироко се легендите и преданијата за свети Наум Охридски. Чудата и добрините на свети Наум Охридски, како што вели пастирската посланица од 1728 година, некогаш биле побројни од ѕвездите, до наши дни се останати во сеќавање прилично, но не во таква бројност, и тоа, главно, во врска со настани од втората половина на XIX век наваму. И сега свети Наум е почитуван и „живее како опомена и совест во душата на луѓето“62.

„Л

Во чудата се зборува како свети Наум го добил „рајското место“ на кое го изградил својот манастир и го стекнал големиот имот за чудата што ги правел за време на животот и по преселу-вањето во вечноста, за заштитување и помагање на сите кои искрено ќе му се помолат без разлика на вера и народност и обратно, за казнување на сите кои го сквернават неговото име, неговиот манастир и кои се обидуваат да крадат од манастирски-от имот. И низ сите провејува чудотворната моќ на светителот.

Прво, според легендата, свети Наум ја изградил црквата Zaum (Sveta Bogorodica-Zaumska), па во „Манастиришта“

под с. Љубаништа и од таму отишол на местото од сегашниот ма-настир. Сите народни прозни состави зборуваат дека тоа место го добил како подарок, според едни, од некој цар, од некој богат човек, според повеќето, од некој бег (што историски не е точно – Турците тогаш не биле на Балканот) за излекување на ќелавата, односно болната ќерка. Во повеќето тоа го сторил како човек кој одел покрај брегот на Охридското Езеро од Sv. Zaum кон сегашниот манастир или како патник, па дошло до средба со

61 Д-р Н и к о л а Б о ш а л е, Климент Охридски и школата на ху-манизмот, Охрид, 1983, 71.

62 Е п и с к о п О х р и д с к и Н и к о л а ј, Патерик манастира Св. Наума, Сремски Карловци, 1924, 8; С т а н и с л а в К р а к о в, Кроз Јужну Србију, Белград, 1926, 60.

Page 35: Sv. naum ohridski

несреќната девојка или со нејзиниот татко, додека во некои легенди тоа добро на девојката ѝ го подарил како затвореник. Се среќава искажување дека кога свети Наум се нашол во разбранетото езеро ветил каде што ќе излезе среќно со чунот таму ќе изгради манастир (што е карактеристично за жената што се обидела да ја мери езерската длабочина). Во една легенда се вели дека манастирот на сveti Naum му го изградил охридскиот цар, а во друга (запишана од Бранислав Нушиќ) тоа биле царски дворци што ги добил во знак на благодарност за излекувањето на ќерката од царот.

Изградбата на манастирот Sveti Naum во легендите и пре-данијата се сврзува со изградбата на црквата Sveti Pantelej-mon во Охрид. Двајцата светци, родени браќа (во повеќе случаи постар бил свети Наум, а во еден случај постар се прикажува свети Климент) се договориле за почнување со градбата истовре-мено. Знак за почнување требало да даде постариот брат со зате-гнување на јажето и заѕвонување на ѕвончето на спротивната страна. Меѓутоа, затегнување на јажето и заѕвонување на спроти-вната страна станало од птици што застанале на него (галеби, чавки, орел) и дошло до недоразбирање, па порано почнал со градбата, според едни легенди, свети Наум, а според други свети Климент. И во двата случаја „казната“ ја плаќа свети Климент – неговиот манастир подоцна бил претворен во џамија.

Свети Наум, вели легендата, ги држел клучовите од Охрид-ското Езеро. По негова заповед и водата од изворите на Црн Дрим минува низ езерото и истекува кај Струга без да се меша со другата езерска вода.

Прикажани се бројни примери на чуда и добрини на свети Наум уште за време на неговиот живот, а особено по неговата смрт преку неговиот дух, гробот и изворот под карпата. Неми прозборуваат, тешко болни и луди се излекуваат. За помош доа-ѓаат луѓе од сите краишта и од сите вери и народности. Дури му-слиманите со својата почит и искрено верување и молење пред-ничат пред доста христијани. И денеска доста постари луѓе од Охридското подрачје изнесуваат бројни примери како се зачнал плод кај неродилки, како дете по две-три години заодело или прозборувало откако биле да му се помолат на свети Наум, а во 1928 година дури од Ровињ дошла некоја нема девојка и прозбо-рела. Повеќе се препорачувало барателот на помош да дојде во

Page 36: Sv. naum ohridski

манастирот пешки. Но свети Наум лекува, и од далеку, и на да-леку.

За виденото добро верниците во манастирот го носеле вете-ното (жито, масло, живина, животни, облека, обушја, украси, ин-вентар, пари и слично), предавале во владение недвижен имот или служеле во него. Но и свети Наум високо ја ценел добрината што му се правела. Така, на пример, затоа што еден орач од село-то Трпејца дал парче железо од плугот да се направи потковица за неговата маска, ги благословил плуговите од тоа село, па во иднина тие не се расипувале и не ’рѓосувале. Воловите на бли-ското село Тушемишта го одбраниле свети Наума од селските ку-чиња, па ги благословил и тие секогаш се здрави, иако во со-седните села воловите страдале од разни заразни болести.

„До 1941 година во манастирот Свети Наум се печеше по две фурни леб. Секогаш стоеше пред портата еден манастирски човек со вреќа леб. Тој на секого што ќе поминеше крај мана-стирот му даваше по еден леб.... Тие што патуваа подалеку (во Ал-банија или на други места) го земаа лебот како еден вид документ пред разбојниците. Кога ќе бил нападнат на патот од качаците, ако патникот им го покажел лебот од Sveti Naum, веднаш бил пуштан“, вели преданието.

Поради многуте добрини, по смртта, Господ одредил свети Наум да оди во рајот. „Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара на добрините што ги правел свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: Ona e tvojot raj. Ti tamu }e bide{ zasekoga{“, вели легендата, па затоа свети Наум се смета дека е жив светец, за светец сè што гледа и слуша. Но тој често патува во околината и подалеку, па може да се случи нешто непредвидено. За тоа збо-руваат многу популарните чуда во сето испитувано подрачје (с. Радожда, Струга, Охрид, Велгошти, Пештани, Трпејца, Љубани-шта и во други места) во врска со опкладувањето на игуменот и бегот. Според повеќе легенди опкладата била доказ дали свети Наум е жив или не, во некои да се избегне претворањето на мана-стирот во џамија, а во други за доказ која вера е подобра. И во сите случаи вистината игуменот ја докажува со садот за вино (во повеќето случаи тоа е чаша, а во памалу бокал или грне) пуштен од височина ако не се истури виното и не се скрши садот. Кај сите чуда со оваа тема виното не се истура и садот не се скршува

Page 37: Sv. naum ohridski

затоа што свети Наум го фаќа и покроце го остава на местото кајшто се очекувало да се скрши, бидејќи бил тука или долетал од подалеку, но вечерта му вели/заканува на игуменот повеќе ни-когаш да не се клади со манастирот зашто секогаш не е тука.

Често во народната проза свети Наум на луѓето им се јавува на сон да ги поучи, да ги опомени или да им се закани за нешто. Но најбројни се оние народни умотворби во кои свети Наум ги казнува крадците на нешто од неговиот манастир со тоа што до-дека не го вратат земеното не можат да заминат, бидејќи стоката со која што дошле (најчесто коњот) не тргнува, чунот не може да се помрдне за да се турне во езерото, ако се турне, во езерото ста-нуваат незгоди или едноставно на крадците им се затвора вратата на храмот и ги унакажува. Оние што успеале да заминат од ма-настирот патем доживуваат разни непријатности, а дома им тргнува сè назад, доживуваат големи несреќи додека не го вратат земеното. Така, тој што ја украл манастироката мачка, во куќата само таа останува жива, едниот поп од Пискупе не влегол дома, бидејќи бил убиен, а другиот поп останал само со еден филџан и него го испратил в манастир. Особено немилосрден е свети Наум кон оние што го сквернавеле неговото име и неговиот манастир. Тие најчесто завршуваат со смрт, било од пушка или со давење во езерото. „Најлесно“ поминала бремената жена на која ѝ се отту-рило маслото од шишето, исполџијата од Колибите и тие со гре-дите.

Свети Наум скротува или казнува и диви животни што му нанесле зло. Чудата зборуваат дека свети Наум скротил срна, мечка и волк.

Како и зошто свети Наум ја скротил срната не се кажува. Секако тоа го сторил од желба неговиот храм да биде збогатен со уште една природна убавина. И без некој да ја чува, срната сама одела на пасење и сама од планина се враќала во манастирот. Ед-наш четворицата арамии како врв на нивните злодела во мана-стирот на одење, здогледувајќи како мирно се враќа срната од шумата, ги кренале пушките и ја убиле. Поради тоа и четвори-цата ќе загинат од нивниот непријател по казна на свети Наум.

Најпопуларно е чудото со мечката. Затоа што мечката изела еден вол од Sveti Naum, кај некои чуда од некој сиромав човек, од исполџија, свети Наум ја спитомил и ја казнил да ора, да биде прегната в јарем со другиот вол до крајот на животот, а кај некои

Page 38: Sv. naum ohridski

легенди до порастувањето на телето да може да го замени изе-дениот вол.

Чудата за мечката од поблиското подрачје до манастирот се поконкретни. Така, во овој тип се зборува дека двата вола со кои орал свети Наум биле близнаци донесени подарок и дека заору-вањето, првото прегнување, било свеченост за манастирот, па се кажува од каде се почнало со заорување, каде врвела и каде завр-шила првата бразда. На опфатениот имот со првата бразда на овој ѕевгар никогаш не паѓа град.

Само еден примерок на чудо, забележано од осумдесет-годишна жена од селото Радожда – Струшко, се вели дека мана-стирскиот вол го изел/удавил волк и по казна свети Наум волкот го прегнал в јарем да ора со другиот вол.

Едно друго чудо зборува за казнување на волк поради тоа што ги задавил двете кучиња што го чувале манастирот. Истиот тој волк дошол мирен и кроток, легнал крај манастирската капија тој да го варди манастирот наместо изедените кучиња. Волкот бил мирен, не реагирал на тепањето од манастарските луѓе и така го завршил животот. Кога дошол отсутниот игумен, ги карал мо-моците зашто го отепале волкот, велејќи им дека ѕверот дошол по наредба на свети Наум, дошол да се покае, па „затоа требало да се чува и да се негува за да биде жив доказ за силата на свети Наум “63.

Најпопуларните мотиви од чудата за свети Наум се одразе-ни најмногу во фреското сликарство, а како најзначајни и најста-ри мотивите со мечката и со виното се застапени и на манастир-ските печати.

За чудата и за добродетелствата на свети Наум доста опширно и одистички се зборува во Akatistot и во двете служби за него (зимска и летна). Духовно задоволство е тие да се слушааат на богослужбите.

63 На 21 јуни се слави и преподобен Зосим Финикиски. Кога еднаш овој светител патувал со магаре, еден лав му го изел магарето. Тој му наредил на лавот наместо изеденото магаре тој да му служи и да го понесе товарот. Лавот станал кроток како јагне, го понесол товарот од магарето и го донесол до вратата на градот Кесарија, каде што преп. Зосим го ослободил и го отпуштил (в., Епископ Николај, Охридски пролог, Охрид,2001, 1, 490).

Скротувањето за ѕверови како јагниња, нивно претворување во свои помошници и слуги има од многу следбеници на Исус Христос и маченици за Него.

Page 39: Sv. naum ohridski

вети Наум и неговиот брат и сотрудник свети Климент во народното творештво „се прифатени како сили кои пома-гаат во разрешување на основите, егзистенцијалните

грижи и неволји во одредено време и дадена ситуација. Поаѓајќи од едно такво сфаќање, Климент и Наум биле прифатени како свои луѓе, како сограѓани и во согласност со свеста што ја имале творците, и воопшто, верниците за себе, односно со оглед на општата свест на одреденото време и услови“64.

С

Дека свети Наум е прифатен од народот како „свој“ човек и чудотворец јасно се гледа од обраќањата на поклониците кон не-го во неговиот храм, над неговиот гроб или каде и да се. Тие разговараат со него како да е пред нив, како со жив соговорник, а не се однесуваат како кон некоја невидлива, непозната сила.

Покрај бројни усни молби за помош во разни случаи или во разговорот со него за некој проблем во неговиот храм или каде и да се, доста посетители му пишуваат и писма, оставајќи му ги во касата покрај неговиот вечен дом. Ова „допишување“ е стара тра-диција, но од нив се сочувани неколку од поново време. Му се пишува за лично здравје, за некој член од фамилијата или на це-лата фамилија.

И во писмените обраќања кон свети Наум поклониците се однесуваат како со жив соговорник: го прекоруваат, се караат би-дејќи тоа и тоа се случило. Ете, на празникот во 1996 година една мајка му се извинува што му пишува така, но зашто ѝ ја зел неј-зината ќерка Јулија и бара барем на сон да ѝ се јави тој или Јулија за таа да добие одговор. Една Бугарка, пак, таа година му пишува (во наш превод):

− Те молам, св. Науме, од сè срце, помогни ѝ на Бугарија. Дарувај ја со мудри и добри државници за да се изгради еден добар и светол дом за човекот-Бугарин, којшто е добар човек. Да-рувај ни го нашиот цар со долг и среќен живот. Цар Симеон ни е последната надеж.65

Додека manastirot Sveti Naum беше „споменик“ имаше книга за впечатоци. Меѓутоа, од тие книги/дефтери дасега нај-

64 Д-р Н и к о л а Б о ш а л е, цитираната книга, 77.Во една легенда забележана во с. Тушемишта се вели дека св. Наум и св.

Марена биле брат и сестра.65 Во делот Писмени обраќања се поместени 94 такви записи. Тие што се

на други јазици се предадени во наш превод.

Page 40: Sv. naum ohridski

довме два, и тоа за периодите: од 24. VI 1961 до 23. VI 1963 годи-на (со тоа што еден лист недостасува) и од 29. VIII 1964 до 24. VIII 1965 година66. Иако нецелосно сочувана книгата за впеча-тоци, од записите на наведените интервали има доста интересни записи. Од нив предаваме дваесетина што се сврзани со обра-ботуванава тема, а неколку и што даваат поопшта претстава за манастирот во тој период. Два такви записа пренесуваме што се запишани во црквата Sv. Bogorodica-Perivlepta (Sv. Kli-ment).

Народните прозни творби за свети Наум се куси, со едно-ставна композиција, но со интересна фабула. Најпопуларните мо-тиви (скротување на ѕверови, случајот со виното, држењето на клучовите и слични) не се автохтони. Казнување на ѕверови е присутно од антиката наваму. Познато е прегнување на вол со мечка, со волк и со лав во усното народно творештво и во умет-ничката литература кај многу народи во светот67, затоа записот за волкот во селото Радожда не е случајно заменување на мечката со волк. Меѓутоа, иако се користи, така да се рече, интернационални мотиви, во чудата на свети Наум тие се толку вклопени и инди-видуализирани што изгледаат автохтони, вистинити и претста-вуваат драгоцено богатство за нашата културна ризница.

Naume, sakaj}i da ja vidi{ neiska`livata slava, si pretrpel `alosti, i temnici, i ma~ewa i sekakva svetska nepravda, podvizuvaj}i se vo dobroto zaradi verata.

Од летната 66 На подлистокот од книгата за впечатоци е запишано: „Поставена во св.

Наум 24-VI-1961 год. Охрид“. Овој податок индиректно укажува дека по 1948 година дури од скоро било одобрено да се посетува манастирот Sveti Naum, односно дека приближно дотогаш бил во „пограничната зона“.

67 За приказната за свети Наум и мечката, и воопшто за казнување на ѕве-рови од светци или од други моќници, опширно и аргументирано пишува Милко Матичетов во трудот „Приказната за Наумовата мечка (АТ 1910)“, објавен во списанието „Македонски фолклор“, Скопје, VIII, 15–16, стр, 129–145.

Page 41: Sv. naum ohridski

Slu`ba na sveti NaumГледајќи Те како Божествен извор на

многу чуда во нашата земја, преподобен оче Науме, бидејќи Ти уште за животот на земјата си имал власт да лекуваш болни, а особено по смртта, Господ Те прослави со многу чуда.

Akatist na sveti Naum, Ikos 5

ЧУДАТА НА

СВЕТИ НАУМ

СВЕТИ НАУМ – РАЈСКО МЕСТО

1

SVETI NAUM – РАЈСКО МЕСТО

Кога починал свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: „Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш“. Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро.

2

МАНАСТИРОТ СВЕТИ НАУМ ГО ИЗГРАДИЛ ОХРИДСКИОТ ЦАР

Page 42: Sv. naum ohridski

Кон крајот на деветтиот и во почетокот на десеттиот век во Охрид живеел некој цар. Царот имал само една ќерка, но била многу болна. Ветувал царот голема награда за оној што ќе ја из-лекува. Многу луѓе се обиделе, но никој не успеал да ја излекува. Најпосле се нафатил свети Наум. Од ден на ден царската ќерка била сè подобра и подобра и најпосле сосема оздравела. Тогаш царот го прашал свети Наума (а тој не знаел дека е светец) што сака. Свети Наум побарал да му се изгради манастир на јужниот брег од Охридското Езеро на височинката крај извороте на Црн Дрим. Царот се согласил и за кусо време бил изграден мана-стирот Sveti Naum.

3

НА МЕСТОТО ОД ДЕНЕШНИОТ МАНАСТИР НЕКОГАШ БИЛЕ ЦАРСКИ ДВОРЦИ

Кај што сега се наоѓа манастирот Sveti Naum, тука не-когаш биле царски дворци, а св. Наум почнал малку подолу, над селото Тушемишта, помалу од еден час далеку, да гради црква и изградил веќе четири ѕида, тие и сега таму се познаваат. Царот, кој живеел во тие дворци, имал болна ќерка, која кој не ја лекувал, па најпосле го повикал св. Наум и му ветил дека ќе му даде сè што ќе посака, само ако му ја излекува ќерката. Св. Наум ја излекувал со молитвата кон Бога, па не побарал ниту богатство нити друг имот туку она место каде што се царските дворци. Царот, како што рече, му го даде и тој тука го изградил својот манастир.

4

ЦРКВАТА СВЕТИ ЗАУМ

Свети Наум прво ја направил црквата во Sveti Zaum. Потоа го ставил прстот на ум и рекол:

− За ум ја подигнав!Тоа го рекол зашто до неа никој не можел да се добере.

Подоцна ја изградил црквата Sveti Naum.

5

ИЗЛЕКУВАЊЕТО НА ЦАРСКАТА ЌЕРКА

Page 43: Sv. naum ohridski

Прво свети Наум живеел во црквата Sveti Zaum, па во „Манастириште“ под Љубаништа, а од таму отишол кај што е сега манастирот. Местото го добил на следниот начин.

Некогаш во ова место живеел некој цар. Дворците му биле во гратчето што се наоѓало во денешната месност „Градиштана“, трпејчко, каде што и сега има остатоци од ѕидишта. За луѓето од гратчето црква им била Sv. Zaum. Еднаш кај црквата во Zaum била царската ќерка. Нејзе ѝ била испадната косата. Поминал свети Наум. Кога ја видел, свети Наум ја прашал:

− Што е со тебе? Од кога немаш коса? Зошто не се лекуваш? Момичката му рекла дека таква се родила. Насекаде ја бара-

ле родителите, но лек не се нашол. Свети Наум ја ставил раката на главата од момичката. Веднаш почнала да ѝ расте коса на мо-мичката, а свети Наум си заминал.

Со трчање момичката отишла во гратчето, кај родителите пресреќна. Се прерадувале и родителите, па почнало љубопитно-то испрашување.

− Како, ќерко, наеднаш ти израсте убава коса?− Долу, кај црквана, помина еден старец со брада. Ме праша

од кога сум без коса, зошто не сте ме барале. И кога му кажав за сè, ми ја стави неговата рака на мојава глава и косата ми израсте.

− Каде е човекот?− Не знам. Замина крај езеро.Царот веднаш пуштил потера да се најде тој старец и да му

се донесе. Потерата го нашла старецот кон љубанишконо. Му ка-жале дека царот бара да појде со нив кај него. Свети Наум не сакал да оди, ама потерата била упорна, па светецот отишол кај царот.

На царот старецот му се видел многу сиромав, како неза-штитен, па му рекол:

− А бре, стрико, што сакаш да ти дадам за ова добро што ми го стори? Еве овде, во моиве дворци живеј.

− Не. Не треба ништо да ми дадеш.− Само тоа не може! Ако не сакаш овде да останеш, кажувај

што да ти дадам.Свети Наум го забележал ритчето кај што сега е манастирот,

му се видело убаво за неговата работа, па му рекол на царот:

Page 44: Sv. naum ohridski

− Ако сакаш, дади ми место на она ритче колку што може да опфати врвка од биволска кожа за да направам престојувалиште.

− Барај друго, што е тоа? Малку е!− Ништо не ти сакам друго! − му рекол свети Наум.Царот заклал еден бивол. Од кожата исекле една голема врв-

ка. Ја оптегнале и го обиколиле местото што го барал свети Наум. Царот делот од неговата царштина што бил опфатен со кожената биволска врвка му го потпишал на свети Наум, кој тука го изгра-дил својот манастир.

6

ЌЕРКАТА НА БОГАТИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

Свети Наум шетал низ цела Макодонија. Го подучувал, го советувал народот како да ја обработува земјата, како да ја одгле-дува стоката, а со разни лекови ги лекувал луѓето од разни боле-сти. Така патувајќи, дошол до Охридското Езеро кај селото Љу-баништа. Таму наишол на еден земјоделец многу богат со земја и добиток.

− Како си, бре, газда? − го прашал свети Наум.− Имам сè, ама како да немам ништо. Имам голема мака! −

одговорил земјоделецот.− Што мака имаш? − се заинтересирал свети Наум.− Имам дваесетгодишна ќерка. На едната нога ѝ тече раната.

Не можам лек да ѝ најдам! − додал земјоделецот.− Јас ќе ја излекувам! − рекол свети Наум.− Ако тоа добро ми го сториш, ќе ти дадам сè што ќе по-

сакаш! − ветил загрижениот татко.Свети Наум ја излекувал девојката. За тоа побарал богатиот

земјоделец да заколи еден бивол, неговата кожа да ја исече во вид на врвка и колку што ќе може да се опфати со неа да му даде ме-сто за да подигне манастир. Земјоделецот му дал толку место, и тоа кај што сакал свети Наум.

7

КОГА СВЕТИ НАУМ ГО НАРЕКЛЕ СВЕТЕЦ

Page 45: Sv. naum ohridski

Свети Наум патувал, одел некаде далеку. Патувајќи, го стем-нило кај имотот на некој богат човек. Замолил свети Наум да пре-ноќува кај богатиот, кој љубезно го примил. На вечерата свети Наум му рекол на човекот дека неговиот имот е на многу убаво место.

− Убаво си е местото, ама за мене не е! − рекол човекот.− Зошто? − прашал свети Наум.− Имам само една ќерка и таа е ќелава, несреќна е таа, не-

среќен сум и јас. Нема лек.− Што ќе му дадеш на тој што ќе ја излекува?− Сиот имот што го имам покрај езерово.− Добро, рекол свети Наум. Еве јас ќе ти ја излекувам. Ќе

направам што ќе направам и утре кога ќе станеш ќерка ти ќе биде со коса.

Нестрпливо човекот го чекал утрото. Кога се разбудил, пои-тал да ја види ќерката. И каква радост: ќерка му имала коса до земја. Богатиот човек му го поклонил имотот и тука свети Наум си изградил манастир. По ова излекување, луѓето Наума го нарек-ле светец.

8

ИЗЛЕКУВАЊЕТО НА ЌЕЛАВАТА ДЕВОЈКА

Свети Наум прво живеел во црквата Zaum, меѓу селата Тр-пејца и Љубаништа. Еднаш од Zaum тргнал пешки свети Наум да оди крај езеро. Одејќи, наишол на една ќелава девојка. Неј-зиниот татко имал чифлик − целиот имот од мостот кон Погра-дец.

− Зошто е ваква ќерка ти? Зошто не ја лекуваш? − му рекол свети Наум на татко ѝ.

− Како не сум ја барал! Каде не сум бил, ама лек нема! − разочарано му одговорил несреќниот татко.

− На Свети Елен и Костадин ќе појдеш под карпана. Од кар-пата ќе стече вода и тогаш од таа вода да ја измиеш ќерка ти и ќе оздрави, ќе ѝ порасне коса − му рекол свети Наум и си заминал.

Како што рекол свети Наум така направила девојката. На-брзо ѝ израснала убава коса. Дома сите биле радосни, но го нема

Page 46: Sv. naum ohridski

добротворот, не го знаат кој е за да му благодарат и да го дару-ваат.

Еднаш пак свети Наум од Заум одел пешки покрај езеро. Го видел таткото на девојката.

− Каде си, бре синко! − чунки свети Наум бил многу помлад од него. − Еве, ја гледаш ќерка ми, се излекува. Што сакаш да ти дадам за тоа добро што ми го направи?

− Ништо! Ако сакаш, една кожа од вол исечи ја во вид на врв-ка и колку што ќе може со неа да се опфати да ми дадеш место од чифлигов онде на ритчено да направам куќа.

Човекот му дал место на свети Наум колку што барал, на кое го подигнал денешниот манастир. Свети Наум си имал манастир, Zaum, ама од таму не можел да се гледа со свети Климент во Охрид, а одовде, каде што е сега, се гледа Охрид и Климентовиот манастир. Наоѓајќи се наспроти еден кон друг, свети Наум и све-ти Климент се договарале, си давале знак со светлина. Од тогаш на Свети Елен и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со вода-та од изворчето под карпите на манастирот Sveti Naum. Таа вода е лековита и другпат, ама на празникот најмногу.

9

СВЕТИ НАУМ СО ЛЕКУВАЊЕ ЈА ДОБИЛ ЗЕМЈАТА

Кога дошол овде, свети Наум се сретнал со една феудална фамилија. На таа фамилија ѝ припаѓала околната земја. Првата средба на свети Наум била со ќерката на феудалецот. Таа била целата шугава. Тој ѝ рекол:

− Зошто ти така млада не се лекуваш? Во твоите млади го-дини треба поубаво да изгледаш!

Девојчето му одговорило:− Нема човек кој да ме лекува. Татко ми ме барал, ама нема

кој.Свети Наум ѝ одговорил:− Јас сум човек од светот. Можам да ти помогнам и да те

излекувам. Само барам еден услов. Што ќе ми даде татко ти.Пред нив било стадо биволи. Свети Наум се решил и ѝ пред-

ложил на девојката:

Page 47: Sv. naum ohridski

− Ете, татко ти нека заколи еден бивол, кожата да ми ја даде мене, колку што ќе држи ширината на кожата, таа земја да биде моја, да си направам колибица.

Девојката се расположила и му одговорила:− Два бивола ќе заколи татко, ако треба!Зачудена девојката дотрчала до татка си, му го објаснила це-

лиот случај за човекот со кого се сретнала. Се согласил таткото со зборовите и со барањето.

Свети Наум се фатил за работа. Во околината барал леко-вити билки. Оформил една мала фонтаница, како мало изворче, кое подоцна ќе ѝ биде посветено на света Петка. Тоа се наоѓа под манастирот. Во тоа изворче со лековити билки направил лек и почнал да ја лекува ќерката на феудалецот. За кратко време со ле-кот ја излекувал. Од шугава, станала убава и прекрасна девојка.

Таткото на девојката го заклал поголемиот бивол, го одрал и му ја дал кожата на свети Наума, како дар за излекуваната ќерка.

Меѓутоа, свети Наум бил многу паметен. Побарал уште нож. Заедно со девојката почнале да ја сечат кожата во танка врвка. Од кожата станало голема врвка. Свети Наум со неа завртел еден круг, опфатил голем простор, а тоа се денешните ѕидишта на ма-настирот. Кога сето тоа го сторил, рекол:

− Ова ми е дар од вас, господине, зашто ви ја излекував ќерката.

Феудалецот не можел да даде никаков одговор. Го зел сво-ето семејство и се иселил од подрачјето на денешен Sveti Naum. Таму се населил свети Наум.

Така, свети Наум се ширел полека со својата мудрост, со своите зафати како лекар и чудотворец, исцелител на сите боле-сти во народот.

10

ЌЕРКАТА НА БЕГОТ

Еден бег имал ќелава ќерка. Наум ја видел дека е ќелава и му рекол на татко ѝ:

− Што ќе ми дадеш да ти ја оздравам?− Што ќе бараш?!

Page 48: Sv. naum ohridski

Под манастирот имало вода и со неа Наум ја лекувал него-вата ќерка. Набрзо косата ѝ пораснала. Бегот му рекол на свети Наума:

− Ајде, сега, што да ти дадам?− Ќе ми дадеш овдека од ова место колку за една кожа од би-

вол!Наум направил врвка од кожата. Ја оптегнал наоколу и ре-

кол:− Ова го барам!− Дадено ти е!Така настанал манастирскиот имот.Прво под селово имало друг манастир.

11

ПОРАДИ ЧУДАТА СВЕТИ НАУМ БИЛ ЗАТВОРЕН

За чудата на свети Наум брзо се расчуло. Почнале луѓе да доаѓаат од секаде. Му паднало криво на бегот од местото и свети Наума го ставил в затвор.

Еден ден, низ затворското прозорче, во дворот свети Наум видел едно краставо и ќелаво девојче. Погрдо од него немало. Свети Наум го викнал.

− Чие си ти, девојче? − го прашал.− Од бегот! − одговорило девојчето.− Од кога си така болна? − пак прашал свети Наум.− Од малечка. Татко ми ме бараше насекаде, ама лек нема!Свети Наум на девојчето му рекол:− Јас ќе те излекувам, само ако ми дадеш збор оти на татко

ти нема да му кажеш. Зашто, ако му кажеш, ќе ме погуби. Поради добрини што сум правел сум в затвор.

− Не кажувам! − ветило девојчето.Свети Наум го допрел девојчето со рака и му рекол да си

оди дома му. Кога се вратило девојчето дома, почнало да здравее, почнало да му расте коса. Крастата ја снемало. Тогаш бегот бил на пат и кога дошол се изненадил, се израдувал со разубавената и оздравена ќерка. Ја прашувал ќерка му кој ја излекувал, но таа не му кажувала. Но кога татко ѝ ја присилил да каже, таа му рекла:

Page 49: Sv. naum ohridski

− Ќе ти кажам, ако дадеш збор дека нема да го погубиш чо-векот што ме излекува.

− Какво погубување, џанам! Сакам да знам за да го награ-дам за добрината, а не да го погубам! − ветил бегот.

Девојчето му раскажало на татко си сè како што било со старецот од затворот. Бегот го ослободил свети Наума од затвор и го прашал што сака да му даде како награда за добрината што му ја направил.

− Не сакам ништо, рекол свети Наум, само ако сакаш да ми дадеш место колку да си направам куќа.

− Каде што сакаш таму ќе ти дадам! − рекол бегот. Свети Наум го побарал местото каде што денеска е неговиот

манастир. Тоа место и му било дадено од бегот.

12

БРАЌАТА СВЕТИ НАУМ И СВЕТИ КЛИМЕНТ СЕ ДЕЛИЛЕ

Свети Климент и свети Наум биле ученици на солунските браќа свети Кирил и свети Методија. Во Охрид прво дошол свети Климент, а по некоја година и свети Наум. Тие работеле заедно: учеле деца, го просветувале народот, пишувале книги, подигале цркви... Меѓутоа, секаде каде што требало да се даде потпис се потпишувал само свети Климент. Иста работа работеле, а се пот-пишувал еден. Поради тоа, во иднина, по нивната смрт, ќе бил славен само потписникот, па еден ден свети Наум му рекол на свети Климент:

− Брате, двајцата вршиме иста работа, а се потпишуваш само ти. Тоа не чини за иднината. Ќе се славиш само ти, а за мене не ќе се знае. Дај отсега обајцата да се потпишуваме на сè што ќе го работиме, што ќе го издаваме.

− Тоа не може да биде! − му одговорил свети Климент.− Ако тоа не го дозволуваш, тогаш да се делиме, секој сам

да работиме! − рeкол свети Наум.По ова несогласување, светителите почнале самостојно да

работат. Свети Климент останал во Охрид, а свети Наум си изгра-дил манастир на јужниот брег од Охридското Езеро.

13

Page 50: Sv. naum ohridski

СВЕТИ НАУМ И СВЕТИ КЛИМЕНТ ИСТОВРЕМЕНО ПОЧНАЛЕ ДА ГИ ГРАДАТ СВОИТЕ ХРАМОВИ

Св. Наум и св. Климент, проповедувајќи ја, секој на едната страна од езерото, Христовата наука, решиле и заедно да подигнат богомолишта и така црквата Sv. Kliment во Охрид и манастирот Sv. Naum истовремено почнале да се градат. Ѕида-рите од едниот до другиот рид, на кои се подигаат овие цркви, затегнале едно јаже преку езерото и преку тоа јаже си ги додавале потребните алати. Па се договориле уште и тоа, за да се види која црква порано ќе се заврши вака да направат: кога ќе се затресе јажето, да се прекине работата на обете страни да се види колку која е готова. Црквата на св. Климент била уште за малу готова, уште кубето да се направи, но на јажето паднале црни чавки и јажето се затресло, а ѕидарите помислиле дека тоа е даден знак и престанале да работат (затоа на Турците им било лесно да ја потурчат оваа црква, додале само минаре, а кубе немало). А кај свети Наум уште работеле и кога довршиле чекале да им се даде знак, но знакот го немало. Утредента на јажето паднале бели гулаби и јажето се затресло, но св. Наум уште вчера бил готов.

14

УМОРЕНИОТ ОРЕЛ

Свети Климент и свети Наум биле браќа. По враќањето од Моравија, двајцата браќа се населиле на спротивните страни од Охридското Езеро, проповедувајќи го учењето на нивните учи-тели свети Кирил и свети Методија.

Двајцата браќа се договориле да си изградат манастири се-кој на своето место, но со градбата да почнат и да завршат исто-времено. Бидејќи немало како сега телефони за да се договараат, оптегнале едно долго јаже од едното до другото место. Од стра-ната на свети Наума на јажето имало врзано ѕвонче. Свети Климент, како постар, требало да даде знак за почнување со работата, со тоа што ќе го поттргне јажето и штом заѕвони свети Наум да отпочне со работа. Арно ама, еден орел прелетувал преку езеро. Бидејќи бил уморен, слетал на јажето да се одмори. Од неговата тежина јажето се затегнало и ѕвончето кај свети Наума заѕвонило. Свети Наум почнал со градбата, мислејќи дека знакот го дал брат

Page 51: Sv. naum ohridski

му свети Климент. Поради тоа свети Наум пред свети Климент го изградил својот манастир.

15

РАНЕТИОТ ОРЕЛ ГО ЗАТРЕСОЛ ЈАЖЕТО

Двајцата браќа свети Наум и свети Климент решиле да из-градат свои манастири. И тоа постариот брат, Наум, кај изворите на Црн Дрим, а помладиот, Климент, под Самоиловите тврдини на местото „Плаошник“. Се договориле со изградбата да отпоч-нат истовремено. Поради тоа оптегнале јаже од едниот до други-от крај на Охридското Езеро. На страната откај свети Климент имало ѕвонче, бидејќи за почетокот требало да даде знак поста-риот брат свети Наум со затегнување на јажето и тогаш ѕвончето да заѕвони.

На двете места се собрал народ од нивната поблиска и по-далечна околина да присуствува на свеченото почнување со град-бата на двата манастира. Во тоа време над езерото се сретнале две јата птици: орли и штркови. Меѓу нив настанала борба. Еден ра-нет орел, за да не падне в езеро, се задржал на јажето. Од силата на неговото паѓање се затресло јажето, заѕвонило ѕвончето кај свети Климент и тој почнал со градба. Поради тоа подоцна, од Османлиите, Светиклиментовиот манастир бил претворен во џа-мија.

16

КАКО Е НАБАВЕНА КАМБАНАТА

Двајца муслимани болувале од неизлечлива болест. По нечиј совет отишле во Sveti Naum. Таму легнале на гробот од свети Наум. По неколку дена и сосема оздравеле. Во знак на благодар-ност, двајцата муслимани на манастирот му подариле камбана.

17

КАМБАНАТА ЗА SVETI NAUM ОД МЕРИЈА ЗИЗО

Еѓупците Зизовци во Ресен биле богати луѓе. Тие имале хотел, бил на местото од сегашниот ресенски хотел „Китка“.

Page 52: Sv. naum ohridski

Таткото и двајцата постари браќа на Мерија Зизо биле во Америка. Добро живеел Мерија. Се оженал со Матја, ама го коп-ка да замине и тој во Америка. Во Ресен живее, а умот му е во Америка. Си мисли како да појде.

− Златен свети Наум, помогни ми да појдам во Америка и да ми тргне работата добро. Ако успеам да појдам и ако добро за-работам таму, ќе ти подарам една камбана! − се молел Мерија, кого во Ресен го викаа Умер.

По извесно време, стана што стана, направи што направи и успеа да замине за Америка. И навистина работата му тргнала убаво. Едно време на жена му ѝ пушта чек на поголема сума пари со порака да нарача убава и голема камбана кај ѕвончарите во Би-тола и на празникот да ја однесе во манастирот Sv. Naum. Матја, жената на Мерија, со вујко ѝ Џафер оди во Битола. Го претворила чекот во пари и купила камбана.

За подарокот на Мерија била известена управата на мана-стирот Sveti Naum во Охрид, која подготвила сè што треба за свечено поставување на камбаната во камбанаријата.

Пред празникот Свети Наум, како и секогаш, манастирски луѓе ги канеле и ресенчани со пастрмка, но овој пат специјално ја каниле фамилијата Зизовци. На денот Свети Наум Матја со мајка ѝ Челике, со ќерката Фатима и со други од фамилијата оди во Sv. Naum да ја предаде камбаната, а која во лимузина ја носи Џафер, вујкото на Мерија.

Во манастирот Sv. Naum сопругата на Мерија и другите негови роднини биле свечено пречекани од свештениците и лично од владиката.

Камбаната, проследена од огромна маса народ, меѓу кои и владиката, трипати била свртена околу црквата и потоа ѝ била предадена на управата на манастирот. Притоа во манастирот сопругата на Мерија, Матја, однесла и по три килограми риба пастрмка, вино и ракија.

Примајќи ја камбаната, владиката благословил:− Блазе си Ви Вам што ја подаривте оваа камбана. Вам Го-

спод многу ќе Ви помогне.Потоа камбаната била поставена во камбанаријата и веднаш

од неа се разлеал ѕвонливиот глас.

Page 53: Sv. naum ohridski

− Тоа беше кога имав два-тринаесет години, вели ќерката на Мерија, Фатима, која е родена во 1935 година.

− Тогаш седевме три вечери во манастирот Sv. Naum. Се направи голем џумбус што ќе го помнам додека сум жива! − вели сопругата на Мерија, Матја (родена на 13. II 1902 година).

Мерија Зизо останал во Америка. Таму се преженал, но во тој брак немал деца, па по ослободувањето се јавувал, ја помагал фамијата материјално. Во 1969 година го позел сина му, кој и го наследил неговиот имот. Таа година (во 1969) седум месеци во Америка била и ќерка му Фатима. Некаде во 1972 година Мерија Зизо трипати дошол во родниот град Ресен и тритепати бил во манастирот Sv. Naum, подарувајќи богати подароци, но бил разочаран што неговата камбана веќе не беше во манастирот од познатите причини. За тоа негово разочарување ни раскажуваше неговата сопруга Матја и ќерка му Фатима на 27. XII 1990 година во нивниот дом во Ресен.

18

КАМБАНА ЗА ОЗДРАВЕНИОТ БРАТ

Во камбанаријата на манастирот Sveti Naum порано има-ло повеќе камбани. Според сеќавањето на Живко Сотироски, биле 5 или 7. Некои камбани имало поставено и на други места, а една била оштетена и била сместена во подрумот. Три-четири камбани на манастирот му подариле членови од фамилијата Зизовци од Ресен.

Инженерот Усни Зено, Еѓуптин од Охрид, во 1989 година, ни рече дека камбаната во Sveti Naum во 1924 година ја подарил Умер Зизо од Ресен. Тој Умер Зизо отишол на печалба во Амери-ка и оттаму пуштил две камбани за Sveti Naum за некакво добро што видел од светецот. Камбаните од Америка до Белград биле пренесени со авион, од Белград до Битола со воз, а од Би-тола до Sveti Naum со запрежна кола.

Јустин Сп. Поповиќ во книгата „Житија светих“, Белград, 1975, 483, пишува дека Џемаил Зизо од Ресен во 1926 година на манастирот Sveti Naum му подарил камбана на свети Наум за-што го оздравел неговиот брат Сулејман Зизо.

Секако, Фатима има превид кога вели дека тогаш имала два-тринаесет години, бидејќи тоа можело да биде Свети Наум до 1940 година, а не за време на окупацијата.

Page 54: Sv. naum ohridski

Последната камбана е подарена пред II светска војна од Ме-рија Зизо (в., претходен запис). Секогаш последното остава дла-боки траги во народната меморија, па кога станува збор за пода-рена камбана од Зизовци се мисли исклучиво на камбаната од Ме-рија.

Во 1954 и 1955 година манастирската камбана е урната по наредба на сојузните фактори. Тогаш Тане Крстаноски со трактор камбаните ги однесол пред „Св. Софија“ во Охрид, а оттука што станало со нив со точност не се знае. Само три „преживеале“. Ед-на скршена камбана од шест-седумдесет килограми е останата во манастирот. Таа е интересна што на неа е излеан ликот на св. Наум како архијереј. Втора камбана од Sveti Naum е во црквата „Св. Богородица-Челница“ во Охрид. Камбаната од Џемаил Зизо се наоѓа во гробиштата на с. Љубаништа. На неа е испишан след-ниот текст:

Go Ovo zvonu poklonue @email Zizovi} iz Resen na

hrama Sv. Naum Ohridski.Текстот не е излиен туку рачно издлабен, па не е естетски и

правописно соодветен, но кажува дека камбаната е подарена во 1927, а не во 1926 година. Меѓутоа, добро е што Јустин Сп. Попо-виќ го забележал преданието дека таа е подарена за остварена молба − оздравување на брат.

19

ЦРКВАТА ВО СЕЛОТО ОРМАН

Селото Орман и неговиот синор, како и сета површина до сртот на планината кон селата Подмолје и Оровник, некогаш бил ваковски имот, на свети Наум. Кај старите гробишта имало црква. По доаѓањето на Османлиите, овој имот им бил даден на повеќе бегови. Сегашното село Орман е од понов период.

Порано, како и секаде, се орало со ѕевгари. Орачите стану-вале рано со појавувањето на ѕвездата Деница. Одејќи рано на ора-ње, орачите забележувале, штом ќе се појави Деницата, откај старите гробишта, просто од земја, се издигнувал голем оган како лабрда, како запален сноп слама. Огнот се издигнувал високо и патувал на југ. Кога ќе дојдел над охридското кале, се спуштал огнот кај сегашната црква на Plao{nik. По извесно престојување

Page 55: Sv. naum ohridski

таму, повторно огнот се издигнувал и го продолжувал патот преку езеро до манастирот Sveti Naum.

Овој феномен орманци го толкувале дека свети Наум ноќе доаѓа да си ги види имотот и стариот храм, во мугрите си оди во својот манастир, а на одење свраќа кај својот брат свети Климент. Селаните ова го сфатија како укажување на свети Наум да се во-зобнови некогашната негова црква.

До тоа дојде во 1970 година. Кај старите гробишта, на ме-стото од каде што се кревал огнот, на ридот над село, се изгради црквата Sveti Naum, кај која најсвечено се прославува нејзи-ниот патрон на неговиот празник.

До изградбата на црквата Sveti Naum, орманци на бого-служба одеа во црквата Sveta Bogorodica-Kamensko во Охрид, а крсти се носеа заедно со долнолакочеревци.

20

МАНАСТИРОТ SVETI NAUM ВО ЛЕСКОЕЦ

Над старото село Лескоец, Охридско, десно од планинскиот пат за Скребатно, имаше еден голем камен со дупка како фурна. На него имаше издлабено крст. Повеќемина лесковчани ноќно време виделе како на тој камен се спушта и од него се крева не-каква светлина, па се сметаше за свето место. Секој кој врвеше кај каменот оставаше дел од тоа што го носи (леб, овошје, дрва и сл.).

Бидејќи светото место е во висина на црквата Sveti Ilija на соседното село Велгошти, се мислеше дека тоа е свети Илија, дури се одеше таму на тој празник. Поради тоа, кај лесковчани се јави идеја тоа место да се нарече Sveti Ilija. Токму тогаш, пред дваесетина години, Младенка Волканоска-Пулеска видела сон. На сонот ѝ дошол белобрад старец и ѝ рекол:

– Погрешно вие лесковчани го славите свети Илија. Јас не сум свети Илија туку сум свети Наум. Еве, гледај, сум наспроти манастирот Sveti Naum.

По овие зборови, го снемало човекот, но се кренал во виси-на запален сноп слама чуканица и се упатил кон манастирот Sveti Naum.

Видениот сон Младенка им го кажала на луѓето од Црков-ниот одбор и на други лесковчани. Оттогаш ова култно место се нарече Sveti Naum. На местото од каменот Лазор Смически,

Page 56: Sv. naum ohridski

Живко Пулески и Спасе Великоски подигнаа мала црквичка, која подоцна се прошири, се изгради трпезарија, се спроведе струја и се оспособи патот за одење со возила. Денес е така убаво уредено местото што е уживање да се најде човек таму. Лесковчани го именуваат со манастир Sveti Naum, кој редовно го посетуваат, а најмасовно на празникот Свети Наум.

21

СВЕТИ НАУМ И СВЕТА МАРЕНА − БРАТ И СЕСТРА

Кај нас, во Тушемишта и пошироко, се вели дека света Ма-рена му била сестра на свети Наум. Таа е позната по своите чудо-творства.

Црквата Sveta Marena се каоѓа во Л’нга, на планината Мокра. Кај неа се наоѓа убава пештера, во која има прекрасни сталактити и сталагмити. Камењата откај Sveta Marena се мно-гу лековити. Нив луѓето ги чуваат во своите домови, ги носат со себе, а најмногу се познати за заштитување на малите деца од урок-ливи очи (од зарек). Се става каменот во вода и со таа вода се из-мива детето.

Братот свети Наум и сестрата света Марена* на спротивните планини изградиле свои храмови наспроти еден кон друг за по-стојано да се гледаат.

22

СВЕТИ НАУМ − ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА СВЕТИТЕЛИ

Тројцата светители: свети Наум, света Марена и свети Спи-ридон биле од местото Чоровода кај Берат. Оттука тие заминале во три правци.

Свети Спиридон останал во Берат. Затоа црквата во Берат го носи неговото име − Sveti Spiridon. Света Марена отишла во Л’нга и таму има нејзин храм. Свети Наум слегол подолу, во местото Plo~a кај селото Загоричани.

*Правилното име на великомаченицата Марена е Марина. Таа е од Ан-тиохија. По свирепо мачење, на 15 или на 16-годишна возраст била обезгла-вена за Христа околу 270 г. Се слави на 30/17 јули. Во народот е позната како „Огнена Марија“ зашто била господарка на огнот и заштитничка на посевите од пожари и од поројни дождови.

Page 57: Sv. naum ohridski

Во Загоричани свети Наум седнал на една плоча да се одмо-ри. Со босите нозе каде што газел местото останало бележито. Таму живеел еден Ѓуптин. Нему свети Наум му рекол:

− Ова место загради го и секоја вечер тука да палиш кан-дило.

Ѓуптинот навечер палел кандило на местото на коешто се-дел свети Наум, ама некогаш ќе заборавел. Тогаш ноќта на сон му се јавувал свети Наум и го опоменувал да не заборава. Тоа место до скоро се познаваше.

Бидејќи во Загоричани никој не му дал леб, гладен свети На-ум дошол до Тушемишта, но не влегол в село. Застанал кај крас-тата. Таму му се пуштило куче да го каса. Никој не стрчал да го одбрани. Гледајќи го во опасност, говедата се спуштиле по ку-чето и го одбраниле свети Наум. Тој тогаш благословил:

− Вие, говедата, да се множите, а селото толкаво да остане.Ете затоа нашето село Тушемишта не се зголемило како

другите околни села. „Тоа ни е проклетство од свети Наума“, ве-леа постарите.

Дошол свети Наум кај изворот Na Jazma. Бил гладен. Оти-шол понатаму. Побарал леб во некоја куќа. Домаќинот веднаш му дал леб, но, гледајќи го белобрадиот старец, му се исповедал:

− А бре стрико, да те прашам нешто. Те гледам искусен и од далеку. Белки ќе можеш да ми помогнеш. Имам доста имот, а од пород само една ќерка, но е несреќна. Ќелава е, а девојка. Заради тоа, и таа, и јас страдаме. Да не знаеш некое чаре, некој лек за тоа?

− Лесна работа за тоа! Ќе ја земам со себе и по некој ден ќе ти дојде со бујна коса.

Свети Наум ја зел девојката. Со ставање рака на нејзината глава и со миење од изворската вода ја излекувал. Кога му ја донесол на таткото, тој не ја познал.

− Не, не е оваа мојата ќерка! Ти ми ја имаш сменато! − велел таткото и од лутина само што не му се нафрлил.

− Јас сум, татко, јас сум! Ми порасте косата и затоа не ме познаваш! − му рекла пресреќна ќерка му.

На радоста од таткото ѝ немало крај.− Што сакаш да ти дадам за ова добро што ми го направи? −

го прашувал таткото свети Наума.

Page 58: Sv. naum ohridski

− Ништо не сакам! − му одговорил свети Наум.− Како ништо?! Ти ми ја врати волјата за живот, ми ја усре-

ќи ќерката. Ќе ти го дадам сиот имот од Черава до Езеро.Така свети Наум го стекнал големиот имот, ама за негова

обработка требаат луѓе, па зел работници. За нив подигнал коли-би близу до изворите. Така настанала населбата Колиби, која по 1948 година беше растурена.

Свети Наум е познат по неговите чуда. Тој помага, но и каз-нува. Познат е случајот со мечката што му го изела волот на ора-чот. Ја казнал три години да биде прегната со другиот вол колку ушто ќе живеел изедениот вол.

23

НА ЈАЗМА

Свети Наум прво дошол кај изворот Na Jazma, кај Туше-мишта. Ја благословил водата. Затоа порано, до Втората светска војна, игуменот од манастирот Sveta Naum пред празникот Свети Наум со котле земаше вода оттука за светење, во која таму се дотураше за потребите на посетителите со соодветен ритуал.

Изворот Na Jazma е култно место. До 1967 година кај него доаѓаа луѓето од поширокото подрачје (Тушемишта, Поградец, Старова и др.) за здравје, и тоа преку цела година, а особено на празникот. А и потоа доаѓаа ѓоа фаќаат риби или со друг изговор. И сега се оди кај овoj чудотворeн Светинаумов извор Na Jazma.

* Na Jazma се вика благословувањето од свештеникот со светена вода и босилек, т.е. sveta voda.

24

ВОЛО РЕКА

Еднаш свети Наум врвел крај селото Тушемишта. Го на-паднале кучиња. За чудо, ќе го изедат. Мафтај, фрлај, ама не мо-же да се одбрани. Во тоа време воловите што паселе во полето оделе да пијат вода на езеро. Но, кога го слушнале лаењето на кучињата и викањето на свети Наум, бранејќи се од нив, се вра-тиле и со сета сила им се пуштиле на кучињата и го одбраниле светецот.

Page 59: Sv. naum ohridski

За спасувањето од кучињата, свети Наум ги благословил тушемишките волови и му се молел на Господа тука, некаде во близината, да потече вода за воловите да не мора да одат дури на езеро. Набрзо се појавил извор близу до Загоричани. Потокот од изворот се протегал низ полето и близу до Тушемишта се влива во Охридското Езеро. Оттогаш воловите пиеле вода од тој поток.

Бидејќи водата потекла со молење на свети Наум за воло-вите, потокот го добил името Volo Reka, што значи: река за во-ловите/од воловите. Подоцна потокот е преименуван во Drilon, т.е. Drim, но старото име и до ден-денес не е заборавено, дури и една фирма во Поградец се вика Volo Reka.

25

ПОЧИНАЛИШТЕ

Свети Наум се враќал од една своја мисија откај Битола за неговиот манастир на брегот од Охридското Езеро. Тогаш патот не бил како денешниов. Врвел прекутрупа, преку планини. Само што заминал од Ресен, пред него се исправила планината Гали-чица. И неа треба да ја мине. Бидејќи бил многу уморен од долго-то патување, пред да го започне одењето по неа, под селото Болно, кај едно изворче, седнал да почине (да се одмори). Местото каде што седнал свети Наум да почине и неговата околина се вика Po~inali{te. Тоа е култно место на свети Наум, каде што сега има и соодветно обележје – манастир Sveti Naum.

26

МАНАСТИРОТ СВЕТИ НАУМ КАЈ БОЛНО, РЕСЕНСКО

На сон на Пемба, Еѓупка од Ресен, ѝ било речено да подигне црква на свети Наум кај изворчето на Po~inali{te; тоа е леко-вито за многу болести; кога на тоа место се одморал свети Наум, се напил вода од него. Пемба го средила изворчето и направила импровизирана мала црквичка.

Во Ресен и Ресенско брзо се расчуло за лековитата вода на Пемба. Доаѓале многу луѓе, оставајќи пари и подароци „за здрав-је“. Толку станала позната водата по лековитоста што кога ќе се

Page 60: Sv. naum ohridski

разболело некое дете на родителите им се велело: „Одете и измие-те го со водата на Пемба“.

Кај лековитата вода Пемба не можела да изгради црква, би-дејќи времето тоа не го дозволувало, но на ресенските верници таа обврска им ја оставила во аманет, кажувајќи им го видениот сон.

Некаде во 60-ите години на минатиот век кај импровизира-ната црквичка била поставена камена плоча. На неа Гога Шулин-че го издлабил ликот на свети Наум.

Со зеземање на: Јоне Заре Баша, Кочо Мирчески-Стомнарот, Иљо Ќулум-Мајсторот, Ахил Котлар и др. во 70-тите години на XX век е подигнат параклис со натстрешница. Прва богослужба изврши протојереј-ставрофор Методија Попоски.

Подигнатиот параклис не ги задоволуваше духовните потре-би на верниците. По нивна идеја и желба се формира иницијати-вен одбор за изградба на убава црква на свети Наум. Во поширо-киот состав на тој одбор беа: Живко Апостолоски – претседател, Благој Котлароски, Наум Петкоски, Климе Икономоски, Блага Бошнакоска, Вера Табакоска, Гена Котовческа, Милка Барандоска, Лена Кочоска, Родна Котлароска, Добрила Иваноска, Вангелица Ќулумова, Нада Донова, Воскре Танова, Вера Христова, Дана Кузманоска и др. Планирано се собираа средства и тие рационално се користеа за реализирање на идејата по стручен проект изработен од инж. арх. Славица Икономоска. Покрај споменатите имиња, помош во градбата на црквата даваа скоро сите граѓани во зависност од желбите и можностите. „Сепак, без помошта на а.д. Agroplod на чело со директорот Живко Апостолоски и на Шумско-индустриското претпријатие под раководство на директорот Симеон Таноски (средства, техника, градежни ма-теријали, механизација, храна за мајсторите и др.) не ќе можеше да се подигне денешниот манастир Sveti Naum (црквaтa, кам-банаријата, конаците, кујната, трпезаријата и др.)“, вели Коста-дина-Динче Барандоска.

Изворот на лековитата вода сега се наоѓа во средината на црквата. Нивото на водата е паднато, па е покриен со посебен ка-пак. Во црквата е и плочата со ликот на свети Наум.

Манастирот Sveti Naum е на синорот од селото Болно. Од асфалтираниот пат од Ресен за Болно се скршнува вдесно (кон

Page 61: Sv. naum ohridski

исток). Патот минува преку мост и низ нива купена со средства на манастирот.

Преку цела година манастирот Sveti Naum е посетуван од верници, а особено на празникот Свети Наум (5 јануари и 3 јули) кога им се дава јадење на сите посетители. Секој верник седнува на манастирската трпеза со посебна чест и гордост „за здравје“, а софрата ја благословува соодветниот свештеник. Храната се под-готвува од средствата на манастирот, а донесена и од веринците.

Секој верник по нешто носи во манастирот, но не се враќа ни со празни раце: купува од донесените подароци или нешто од панаѓурот, на кој има: музика, оро и песна. Најважно е што секој задоволен, со полна душа на среќа го напушта местото и во прва прилика пак го посетува.

27

МАНАСТИРКА

Над селото Стипона, Ресенско (кое денес не постои), ридот се вика Manastirka, бидејќи тука имало манастир во кој живеел и работел свети Наум. Житото од големиот имот се збирал во амбар, над кој имало две одаи. Од овој амбар и до денес се со-чувани остатоци. На Manastirka ѝ припаѓале 7 цркви, и тоа: Sv. Petka, Sv. Nedela, Sv. Atanas, Sv. \or|ija, Sv. Nikola, Sv. Bogorodica и Sv. Troica. Od niv denes ima samo nekoi ostatoci i po niv se imenuvaat okolnite mesta.

Од седумте цркви на имотот од свети Наум во Стипона досега е возобновена црквата Sv. Petka кај селото Лавци. До тоа дошло на следниот начин.

На Крсте Стојаноски, од село Дрмени, на сон му дошла же-на во црни алишта, со крст. В раце држела книга и му рекла:

— Јас сум света Петка, па го зела и го однесла на местото каде што некогаш била нејзината црква.

— Еве, овде имаше дрво. Тоа е искорнато. На неговото ме-сто се ставени овие камења (покажувајќи му ги со раката). Овде ќе направиш црква! — му рекла светицата.

— Како можам сам да направам црква?! — како со чудење да ја прашувал, а таа му повторила:

— Јас сум света Петка. Да не идам пак,

Page 62: Sv. naum ohridski

— Тоа беше околу еден часот по полноќ во март 1990 година. Станав и на домашните им го кажав сонот. Утрото одам на местото што ми го посочи светицата. Сè е исто како во сонот, но тоа место сега е во сопственост на Иљо Ѓорѓиески. Нема што. Одам кај него и му го кажувам сонот! — вели Крсте.

— Точно. Тука имаше слива, но беше стара. Ние ја искор-навме и ги донесовме камењата! — му рекол Иљо.

— Добро, што да правам јас сега? — го прашал.— Не ти велам: ни да правиш ни да не правиш. Умен си,

реши си сам. Ако решиш да правиш, не те попречувам! — му ре-кол Иљо.

И Крсте Стојаноски со свои средства и со помош од дона-тори подигнал мала црквичка, а со собраните даренија подоцна се изградени сегашните конаци, во коишто може да престојува се-кој, како и е уреден другиот простор. Малата црквичка не ги задоволува духовните потреби, па веќе наблизу е подигната нова, голема, вистинска црква Sv. Petka. Преку цела година е посетувана црквата / манастирот, а наjмасовно и со големи свечености на празникот (8 август). Во пресрет на празникот се дава вечера, а на празникот ручек на посетителите. Ако еден од двата дена се падне во посен ден, се дава риба, а другиот мрсно. За потребите на празникот, рибарите фрлаат трипати мрежи в езеро. Сите фaтени риби се пржат во хотелот во Отешево, прет-ходно очистени од повеќе фамилии. А и секоја домаќинка носи нешто готвено или благо за посетителите.

28

ПЛОЧА

Во Загоричани, кај Поградец, едно место се вика Plo~a поради следното.

Свети Наум се враќал од некаде во својот манастир. Бил уморен. Кога дошол кај Загоричани, седнал да се одмори. Со но-гата тупнал и тоа место од земја се претворило во камена плоча. По неа и местото го добило името.

Plo~a е култно, ваковско место посветено на свети Наум. Таму се оди во неделен ден, а главната прослава е на 10 јуни.

Page 63: Sv. naum ohridski

Често луѓето одат во Plo~a да се помолат за нешто. Така, една саката жена отишла да се моли за здравје во Sveta Marena, па на Plo~a и оттаму во Sveti Naum и оздравела.

29

ПАРАКЛИСОТ SVETI NAUM КАЈ ПОГРАДЕЦ

Татко ми Васил и Ристо Чобан, вели протојереј-ставрофор Тоди Јован, од Поградец, со коњска кола отишле на пазар во Корча. Одовде однесле стока за продавање, а оттаму да донесат тоа што немало во дуќаните. Тоа било за времето на владеењето на Ахмед Зогу.

Пазар како пазар. Додека не се продаде однесеното, не може да се купува потребното. Ги стемнило. Заедно со други поградечани ноќе се враќале. Некаде по полноќ, околу еден часот, на пат виделе едно јаре. Ристо слегол од колата. Го фатил јарето и со него пак се качил в кола.

Едно качување на Риста со јарето, коњите почнале да збиваат, да се потат, да не можат да ја тргаат колата. Сфатиле другите што биле качени во колата дека тоа што се случува со коњите е во врска со јарето, па на Риста му викале:

– Ристо, пушти го, остави го јарето што сака нека прави!Ристо не ги послушал. Тој го галел, го мазнел јарето со

рака по главата. Едно време го снемало јарето. Се претворило во чудна светлина и како таа да се упатува кон манастирот Sveti Naum.

Сите со колата останале вчудовидени. Настанот го раскажале меѓу познатите во Поградец. Набрзо, по нивна иницијатива, и со нивна донација, на местото на настанот, во местото Kostenot, близу до Поградец, се подигнала малата црквичка (параклисот) Sveti Naum.

30

БЛАГОДАРЕН ЕГИПЌАНИН

Еден Египќанин од Струга решил да оди на работа во Германија. Пред тргнување, се завртил кон манастирот Sveti Naum и му се молел на Чудотворецот:

Page 64: Sv. naum ohridski

– Златен свети Науме, биди со мене, варди ме, помогни ми да се снајдам во туѓата непозната земја, да ми тргне работата добро... тоа нема да ти го заборавам...

И навистина во Германија човекот добро се снашол, убаво заработил. При првото доаѓање кај фамилијата во Струга, во пазарниот ден сабота, влегува во такси и право на сточен пазар. Оди од продавач на продавач на телиња, прашувајќи ги за цената. Со истиот таксист оди во Sveti Naum и таму оставил пари колку што чинело најдоброто теле на струшкиот пазар во знак на благодарност за услишаната молба од свети Наум.

Ова ми го кажа лично таксистот од Струга, кој е мој познат, пред дваесетина години, ни рече отец Љупчо Симиџиоски на 3 февруари 2009 година.

Page 65: Sv. naum ohridski

Тропар на свети Наум

Mj/r6 o+sta/vil6 ĕsi?, prilepi/vs$ Hr#stĪ, plo/t6 rasp$/l6 ĕsi?, Dīhom6 po`i/v6, Naīme prebla`e/nne. Pot;a/ls$ ĕsi? a+po/stolwv6 podviza/tis$ te~e/n#3. Ou+lovi/l6 ĕsi? k6 vĨr4, MQįs#<ska$ neiz~e/tna$ mnw/`estva. TĨm`e moli/tvami tvoi/mi, q >sk&[e/n#i >zba/vi na/s6.

Соединувајќи се кон Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме, си се стремел како апо-столите да се подвизуваш и безбројното ми-зиско мнозинство во верата си го вовел. Така и нас со Твоите молитви избави нè од иску-шенија.

Page 66: Sv. naum ohridski

ДОБРИНА И ПРИСУТНОСТ

Page 67: Sv. naum ohridski
Page 68: Sv. naum ohridski

31

ПАТЕЊАТА НА СВЕТИ НАУМ

Додека змијата не помине низ тесно место не може да ја свлече од себе старата кошула ни да се обнови. И човекот мора да оди по тесен животен пат да би се ослободил од своето старо грешно битие и да се обнови со духот и вистината. Патењата го прават тој тесен пат, особено патењата за Христоса за и Неговото свето Евангелие. Дека вистинските христијани многу ќе патат на овој свет тоа самиот Господ Христос им го прорекол на Своите апостоли: Vo svetot }e imate nevolji, no ne pla{ete se, Jas go pobediv svetot, рекол Тој во една прилика (Јов. 16,33). А во друга прилика повторно: i pred blagorodnici i carovi }e ve vodat vas poradi Mene, no ne pla{ete se (Мат. 10, 18−19). Двете тие пророштва му се исполниле и на свети Наум. Тој имал големи неволји, а изведуван е и пред царови поради Evangelieto. Неволјата била прво во долготрајното патување, и пешки, и на коњ, низ Мизија и Панонија. Уште поголемата неволја доаѓала од гонењата од страна на дивите незнабожечки племиња во Панонија, од каде што најпосле свети Наум заедно со свети Климент бил протеран. А можеби уште поголемата неволја доаѓала од пакосните богомили, кои не му давале мир сè додека славата на светителот не се зацврстила насекаде во народот. И пред болјари и царови нашиот светител бил изведуван како обвинет и престапник. Некој мизиски цар долго го мачел и го држел в затвор, додека по Божјото провидение ќерката од царот не ја чула спасоносната наука од затвореникот Наум, се убедила во таа наука и се покрстила. Тогаш светителот бил ослободен од затвор и со почести отпуштен. Многупати дивите Словени го тепале со стапови и го бркале од своите села. Но свети Наум истрпил сè до крај, со благодарност и надеж во Господа, Кој не го оставил, туку го водел od sila kon sila и го прославувал со волшебни дарови.

32

КАНЕЊЕТО ОД СВЕТИ НАУМ

И преку годината, ама на панаѓурот на 3 јули во Sveti Naum доаѓа народ од секаде и сите носат по нешто. Но и Sveti Naum бил издашен.

Page 69: Sv. naum ohridski

Порано, пред празникот, манастирски луѓе оделе во побли-ските и во подалечните места да го канат населението да дојде на панаѓур. Се канело со риби. Во секоја куќа и на секого што ќе го сретнеле се давало по една риба, велејќи: „Повели да дојдеш на панаѓур“. За канењето манастирот трошел со стотици килограми риби. А на денот од панаѓурот на дојдените им се давало и јаде-ње. Секој земал од манастирското јадење за да добие благослов од свети Наум.

Марко Цепенков соопштува дека чојачко-абаџиските занаетчии од Прилеп, а според други сознанија и во Крушево, за свој патрон го имале свети Наум. Нив манастирот Sveti Naum „во старо време“, ги канел со риба за на поклонение на празникот. „Бидејќи во тоа време еснафот беше во расцвет, одеа на поклонение мајсторите со калфите дури и фамилијарно. Ако, пак, се случеше да не отидат, му се испраќаше парична помош на манастирот“, пишува Марко Цепенков (в., Marko Cepenkov, X книга, Скопје, 1972, 23-24). И денес прилепчани одат на празникот во манастирот Sveti Naum, а крушевчани и органи-зирано со автобуси.

33

ЛЕБОТ НА SVETI NAUM

До 1941 година во манастирот Sveti Naum се печеше по две фурни леб на ден. Секогаш стоеше пред портата еден мана-стирски човек со вреќа леб. Тој на секого што ќе поминеше крај манастирот му даваше по еден леб. Секој што минуваше тука, без разлика дали му требало или не, земаше за здравје. Од тој леб, оној што ќе земеше, кого ќе сретнеше патем и дома на сите луѓе им даваше по некој касај, онака како што се прави и денеска со „сваќата“ на свадбите. Тие што патуваа подалеку (во Албанија или на други места) го земаа лебот како еден вид документ пред разбојниците. Кога ќе бил нападнат на патот од качаци, ако пат-никот им го покажел лебот од Sveti Naum, веднаш бил пуштан. И кога манастирот ќе пушташе свои калуѓери да просат, им даваа повеќе лебови (мали пешници) за да им даваат на гладните што ќе ги сретнат, а и за да не бидат напаѓани од качаци.

34

Page 70: Sv. naum ohridski

СВЕТИ НАУМ ГИ БЛАГОСЛОВИЛ ПЛУГОВИТЕ НА С. ТРПЕЈЦА

Патувал свети Наум од својот манастир за Охрид, јавајќи на една маска. На маската ѝ паднала едната потковица, ногата ѝ се набила, па одвај стасала до селото Трпејца и тука застанала. Од љубов кон светецот селаните побрзале да му помогнат. Но како? Во селото немало ниту една потковица. Еден селанец, кој орал, понудил од неговиот плуг да се скрши едно парче железо и да се направи потковица. Така и направиле. Скршиле парче железо од плугот, го ставиле в оган, брзо искојуваат потковица и ја потко-вуваат маската. Благодарен за ваквата услуга, свети Наум ги бла-гословил плуговите на тоа село. И трпејчани и сега раскажуваат дека нивните плугови никогаш не се расипуваат и не ’рѓосуваат.

35

СВЕТИ НАУМ ГИ БЛАГОСЛОВИЛ ВОЛОВИТЕ ОД С. ТУШЕМИШТА

Во близина на манастирот се наоѓа селото Тушемишта. Кога еднаш свети Наум минувал низ тоа село, го нападнале кучиња од сите страни. Во одбрана на светецот притрчале воловите и ги рас-терале кучињата. Од благодарност светецот ги благословил воло-вите од тоа село. Селаните од селото Тушемишта и сега призна-ваат, дека по раскажување на нивните предци, а и по нивното зна-ење, никогаш немало болест кај нивните волови. Дури и кога за-разни болести ги уништувале воловите во блиските села, заразата не можела да влезе во нивното село.

36

СВЕТИ НАУМ ГИ БЛАГОСЛОВИЛ ГОВЕДАТА ОД ТУШЕМИШТА

Еден ден кога св. Наум минувал низ Тушемишта, го напад-нале овчарски кучиња и почнале да му ја кинат мантијата. Ја не-мал со себе ни палицата, па ги склопил рацете и почнал да со моли. Еден бик, кој пасел крај патот, се залетал кон кучињата, неколку наденал на роговите, а другите се разбегале на сите стра-ни.

Page 71: Sv. naum ohridski

Свети Наум од благодарност го благословил бикот и гове-дата и од тогаш во Тушемишта, кажуваат, нема ниедна говедска болест.

37

СВЕТИ НАУМ ГО ДОЧУВА ИГУМЕНОТ

Меѓу селото Тушемишта и сегашната наша граница има ед-на вода, извор*. Додека по Првата светска војна траеле расправи-ите за манастирот под кого ќе потпадне, игуменот на Sveti Naum кај војчето ставил натпис на наш јазик. Тоа било знак дека не само манастирот, туку дотаму треба да биде наше. Попот од Тушемишта го избришал натписот. За таа постапка тушемишкиот поп бил убиен од емигранти од Албанија.

За одмазда Албанците повеќепати правеле обиди да го уби-јат игуменот, поп Димитрија. Велеле: „Поп за поп“. Но во тоа не успеаја зашто го штител свети Наум. По негова волја од Sveti Naum за поп отишол во Дебрца.

38

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Вељат, че Охридското Езеро понапред не било и че дното му беше била широка долина, расеана од села. Стреде долината бил источник, кој се отворал и се затворал и од кој пиеле вода и си переле кошули. Една жена, како прала к’м квечерината, забо-рави да затворит источникот. Водата течела с’та ношч, и кога утрината станаха видоха долината покриена со вода. Не имаеш-чем надежда да затворат источникот, поспешиха да се спасат на ближните планини. Така се направи сегашното езеро.

Вељат че кључевите од езерото сет под планињето, над кое направен је обитељот ов св. Наум, кого верват чувач на кључо-вите, кои ако се отворат, потопват с’то Охридско и Струшко поле.

Оште вељат, че това езеро имат сообштење од Преспанско-то. кое верват, че под планината Галичица втеквит в Охридското, и че, кога се затнит това сообштење, Преспанското Езеро потоп-вит ближните места.

* Се вика На Јазма.

Page 72: Sv. naum ohridski

Најпосле вељат че това езеро је глобоко до неизмервање и че никој не можит да го измерит. Некога една жена, не слушаеш-чем такви зборови, нап’лнила чун со сиџим, врза на крајот железо и појде стред езеро, да го измерит. Но тога се кренаха високо бранови кои безмалу ќе ја потопеха. Таја со горешчо каење се по-моли на Св. Наум да ја простит и се обешча да направи манастир Св. Заум, т.е. за ум направен.

39

ЗОШТО СТРУЖАНИ ПИЕЈА ВОДА ОД ЦРН ДРИМ

На местото од денешните извори кај Sveti Naum имало чешма. На една девојка, полнејќи вода на чешмата, ѝ паднал герданот од бисер. За тоа се сетила дури кога си отишла дома. Со трчање девојката се вратила кај чешмата, но не го нашла герда-нот. Почнала да плаче. Од нејзините солзи потекле големите из-вори со студена и бистра вода.

Свети Наум направил бистрата вода од овие извори како што се влева во езерото така да излегува од него без да се меша со другата езерска вода. И навистина. Црн Дрим на истекот од езерото кај Струга е чист како неговите извори во Sveti Naum. Затоа панапред стружани пиеја вода од Дримот.

40

ЛЕКОВИТИОТ ИЗВОР

Кога свети Наум го изградил манастирот на сегашното ме-сто, кај него доаѓал многу народ за помош. Не можејќи да прев-таса, свети Наум му се молел на Господа да му даде лек за сите болести. Господ ја послушал неговата молба. Под манастирот, во подножјето на големата карпа, се отворил извор и потекла лековита вода. Од оваа вода се лекувале сите болести. Тој извор и до ден-денеска тече и кај него доаѓаат луѓе да бараат помош за своето здравје со пиење и миење од неговата вода*.

* Во извештајот за Битолскиот пашалак на францускиот вицеконзул во Битола Белег де Буга од 1856 година (објавен од Архивот на Македонија, 2005, 54 – 55) се вели дека на тоа подрачје имало околу 160 манастири. Од сите нив само манастирот Sveti Naum, вели тој, „успева да преживее подобро од другите и има голем углед во регионот, како поради својата восхитувачка местоположба на брегот од Охридското Езеро, така и поради гостопримството

Page 73: Sv. naum ohridski

на кое се наидува таму. Манастирот Sveti Naum, според добиените податоци, сè уште прима рента од 80 000 пјастри. Многу болни христијани, па дури и муслимани, доаѓаат тука за да се излекуваат во водата на изворот, кој се смета за благословен. Секое лето тука доаѓаат многубројни посетители за прошетки и тука се гледа вистинската полезност на овој манастир, како и другите“

За кој благословен извор станува збор не е јасно, дали за овој од записот бр. 28, дали за кај црквичката Sveta Petka или, пак, за Na Jazma. Најверојатно се работи за овој извор, од бр. 28.

Забелешка: Според тогашниот курс, пет пјастри вределе колку еден златен наполеон.

41

ВО ЉУБАНИШТА НЕ ПАЃА ГРАД

Воловите, од кои еден изела мечка, биле близнаци подарени на Sveti Naum. Со овие волови се изорала првата бразда околу селото Љубаништа и околу другиот манастирски имот. Свеченото заорување со воловите близнаци било благословено од свети Наум и затоа во атарот што бил опфатен со првата бразда никогаш не паѓа град.

42

СВЕТИ НАУМ СЕ ЈАВУВА НА СОН И СЕ ЗАКАНУВА

За време на игуменувањето на Серафим Криќанин се пре-зеле зафати за преправање на старата црква. Игуменот се погодил со мајсторите да урнат еден дел од црквата и да го преѕидаат. Мајсторите прво почнале да го делкаат и да го подготвуваат ка-менот. Кога приготвиле доволно делкан камен, решиле идниот ден да почнат да ги уриваат старите ѕидови на црквата за да мо-жат наново да ги соѕидаат. Но таа ноќ свети Наум му се јавува на сон на мајсторбашијата и му се заканил никако да не ја гиба него-вата црква и дека не смее да ја урива. Утрото мајсторбашијата им вели на мајсторите: „Нека остане работата за утре, денеска ништо не работиме“. А не сакал ништо да им каже за својот сон. Идната ноќ пак му се јавил свети Наум на сон и му ја повторил истата закана. Кога се разденило, мајсторбашијата пак нашол некаков изговор да не се почнува со работа и тој ден. Цел ден мајстор-башијата одел наваму-натаму загрижен и молчелив. Таа ноќ и по третпат му се јавил светецот и му рекол да не помислува да му ја гиба црквата. Кога се раздени, мајсторбашијата сè му раскажал на

Page 74: Sv. naum ohridski

игуменот, како и на мајсторите. И сите решиле да се откажат од работата. А делканиот камен, по наредба на епископот, се прене-сол во Охрид и од него се изградила црквата Sveti Vra~i.

43

ЈАГНЕТО ЗА СВЕТИ НАУМ

Некој човек имал само една нива, но не раѓала ништо. На сон му се кажала причината: нивата не раѓа ништо поради тоа што не верувал оти свети Наум обработувал земја. Друга вечер на сон му било речено, за да раѓа нивата, треба да му однесе дар на свети Наум да му ја прости грешката. За соновите човекот ѝ кажал на жена му. Таа почнала да го исмејува и му рекла дека сонот за свети Наум и за дарот е само негов − сон. Човекот ја по-слушал жената, не однесол подарок, но нивата и таа година ни-што не родила. Се замислил човекот и решил да оди во Sveti Naum. Купил и однесол јагне. Во Sveti Naum човекот имало што да чуе и што да дознае: колку ќе ѝ подариш на земјата толку ќе добиеш од неа, што ќе ѝ дадеш тоа ќе ти даде земјата. Затоа во манастирот има фреска на земјоделец со мотика.

44

УДАВЕНИОТ СИН И? СЕ ЈАВИЛ НА СОН НА МАЈКА МУ

Пред неколку години во Црн Дрим падна едно комбе. Меѓу удавените бил и еден младич од селото Вевчани, Струшко. На сон ѝ се јавил младичот на мајка му.

− Јас имам ветено два милиона на Sveti Naum, но не ги имам дадено. Да појдеш и да ги дадеш во мое име! − ѝ рекол си-нот.

Жената дојде и ми даде два милиона. Тогаш тоа беа вредни пари. Бидејќи на секој дарител му давам документ за добиениот подарок, ја прашувам жената за името и презимето, а таа ми вели: „Не, не на мое име, туку на име од синот“ и ми ги даде неговите генералии − вели Живко Сотироски.

45

ИСПОЛЏИЈАТА СО ЛОЗЈЕТО

Page 75: Sv. naum ohridski

Некој човек имал земено две нивје наполу од Sveti Naum. Секоја година половината од родот го носел в манастир. По одо-брение на игуменот, едната нива ја засадил со винова лоза. Кога дошло лозјето на род, грозјето си го берел, а на Sveti Naum му носел само жито. Една ноќ свети Наум му дошол на сон на испол-џијата.

− Кога од мојата нива даваше жито, од лебот ќе каснеа по-веќемина и ќе блосоеја. Сега нема кој да блосови зашто виното сам си го пиеш. Направи бочва и во неа да го редиш мојот дел од грозјето! − му рекол свети Наум.

Исполџијата направил бочва, ја однесол во Sveti Naum и во неа го турил половината грозје од лозјето. Подоцна, влегол не-кој, си зел вино, а чепот недобро го затворил и истекло сето вино. Пак свети Наум му се јавил на исполџијата.

− Бочвата е испуштена. Речи му на игуменот по службата да им рече на луѓето: „Кој ја испушти бочвата да го врати виното!“ − рекол и исчезнал светецот.

Не знаел исполџијата за случајот со бочвата, но веднаш оти-шол кај игуменот и му ја пренесол пораката. По првата богослуж-ба, набрзо крај бочвата нашле голема боца полна со вино.

46

ЕЃУПЦИТЕ НА ПОКЛОН ВО SVETI NAUM

Најбројни и најиздашни поклоници на Sveti Naum се Еѓуп-ците. Со најголеми почести се однесуваат кон светецот. Се молат за здравје на некој болен член во фамилијата, невестата да има деца, да не ги боли глава или друго, со здравје да се користи но-воизградената куќа или купениот стан и за сè друго во животот. Тие најчесто доаѓаат кај гробот на полноќ. Кога сказалките на часовникот ќе се поклопуваат на 12, секој Еѓуптин и Еѓупка мора да се допре до гробот на свети Наум. Тие палат најголеми свеќи, фрлаат најмногу пари, редовно ветуваат вртење на јагне или овен. И кога тие вртат нешто одат во групи. Еден Еѓуптин врти, а по него дваесетина души Еѓупци одат со свирки, песни и ора.

Пред две-три години една Еѓупка беше дојдена дури од Бел-град. Таа на Sveti Naum му подари една одежда за владика и три за попови, само да оздрави болниот ѝ син.

Page 76: Sv. naum ohridski

А само како се молат! Уште од врата се поклонуваат, при влезот кон гробот застануваат и упатуваат најдобри зборови кон светителот, како: „Свети Науме, докторе златен, спасителу наш“ и слично. И кога излегуваат, наназад излегуваат сè до излезот на црквата.

47

ОСЛОБОДЕН ЕЃУПТИН ОД ЗАТВОР

Ние Еѓупците секогаш одиме во Sveti Naum. Не од сега, туку од секогаш. Кај нас Еѓупците свети Наум е многу популарен и почитуван. Нашите луѓе во секаква мака му се молат на свети Наум за помош. И секогаш помага.

Така, на пример, мојот предедо Рустем Дули, од Охрид, во Балканските војни бил заробен од Турците во Егејска Македонија и бил затворен во некој затвор под некој голем мост.

− Свети Науме златен, ослободи ме заедно со другиве затво-реници! Јагне ќе ти вртам! − се молел Рустем.

По еден ден, настанале некакви промени на фронтот, навис-тина Рустем Дули бил ослободен со другите затвореници. Кога си дошол дома, на денот на свети Наум вртел јагне. Од тогаш тој и целата негова фамилија станале редовни посетители на Sveti Naum.

48

КАКО БЕКТАШИТЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ СВЕТИ НАУМ

Бекташите се една муслиманска секта, која што во многу се разликува од другите муслимани. Нив најмногу ги има по Алба-нија.

Кога бекташите ќе дојдат во манастирот Sveti Naum, сво-ите чевли ги остават пред манастирската капија, па сè со метанија доаѓаат до црквата. А кога се враќаат од црквата, одат наназад, секогаш свртени со лицето кон црквата. И пак прават метанија.

49

КАКО ТУРЦИТЕ ГО ПОЧИТУВААТ СВЕТИ НАУМ

Page 77: Sv. naum ohridski

Со својата почит кон свети Наум Турците често ги засра-муваат и православните христијани. Всушност, свети Наум им помага и на Турците како и на христијаните, само кога му се обра-ќаат за помош со искрена верба и молитва. И сега има меѓу Тур-ците живи сведоци коишто знаат за многу случаи на чудотвор-ната моќ на светецот меѓу нив.

Стојче Бачев, бочвар од Охрид, расправа како еднаш на манастирскиот панаѓур влегле и некои Турци по него во гробни-цата на свети Наум. Бидејќи го познавале, го замолиле да им ги објасни ликовите на светиите во гробницата. Стојче им кажувал: овој е свети Климент, овие се светите Кирил и Методија; овој е тој, овој е тој. Турците внимателно и со молчење слушале. А кога Стојче им го покажал со прст ликот на свети Наум и им рече; ,,Овој е свети Наум“, сите Турци ахнале и радосно извикале: „А, тој е нашиот татко!“

50

ДАР ОД СВЕТИ НАУМ И ДАР НА СВЕТИ НАУМ

Истиот Стојче Бачев го раскажуваше и следното.Еднаш се сретнав во манастирот со еден Турчин од Елбасан.

Во разговорот го прашав зошто дошол од таква далечина, бидејќи треба два дена човек со коњ да патува за да го прејде патот од Елбасан до манастирот. Ми рече дека дошол да донесе еден осмак пченица на манастирот Sveti Naum. Јас се зачудив и му реков: „Зошто да патуваш дури од Елбасан и да ја влечиш пче-ницата дотука кога си можел да испратиш пари? Или, пак, да си купел пченица тука во Поградец и да не се мачиш да ја носиш два дена пат“. Турчинот одговори: „Не, не, по никој начин! Сум се зарекол на сveti Naum дека секоја година од својата нива ќе му носам по еден осмак пченица. Не смеам да испратам по друг зашто се плашам да не ми го смени житото и полошо ќе му даде на светецот. А и да купам не можам зашто сум се зарекол дека ќе носам од мојата нива“.

Тогаш јас го прашувам по кој повод му го дал тоа ветување на светецот. А тој ми одговорм дека едно дете му било тешко болно кому никакви лекови не можеле да му помогнат. Кога животот на детето висел на конец, тој почнал да му се моли на свети Наум, ветувајќи, ако му оздрави детето, на манастирот ќе

Page 78: Sv. naum ohridski

му дава секоја година по осмак пченица од својата нива. Свети Наум ја почул неговата молба и детето оздравело. Светецот му ја исполнил неговата молитва, а сега тој го исполнува своето вету-вање.

51

СЛУЧАЈ СО ЕДНА ЖЕНА ОД ПРИЛЕП

Една жена од Прилеп долги години немала пород. Претр-пела многу навреди од злобни луѓе (дека не е способна, дека била ваква-таква и што ти не). Слушајќи од постари, дошла во Sveti Naum еден ден пред празникот, а си отишла еден ден по праз-никот. Цело време плачела и се молела за помош. На одење од манастирот рекла:

− Свети Науме, со празни раце си одам, но поможи ми со полни раце да ти дојдам в година. И од неколку дена да биде ќе дојдам.

Следната година, две недели пред Свети Наум, се породила. Детето го крстила Наум. Тоа било пред 23-24 години. Имала уште еден син. Од тогаш редовно доаѓа во Sveti Naum еден ден пред празникот и останува еден ден по празникот да се среди сè од прославата, вели Васа Сотироска.

52

ТУРЧИНОТ И СВЕТИ НАУМ

Ова било жива вистина. Бил некој Турчин во некое битолско село. Со жената имал едно дете. На соне му се јавувал постојано еден глас:

− Ова дете ти е од св. Наума!Мислел, мислел, зошто секоја вечер го сонува истиот сон.

Запрашал еден човек. Човекот му рекол:− Оди во манастирот Sv. Naum и поклони се пред гробот

на св. Наума.Турчинот ја зел жената и на денот на св. Наум се качиле на

колата и стигнале до манастирот.На патот сретнале еден поп кој одел пешки. Го качиле и по-

пот во колата. Тој насетил дека мажот и жената се караат и сакал да слезе. Мислел дека заради него се караат. Му објасниле дека

Page 79: Sv. naum ohridski

жената не сакала да го послуша мажот, којшто ѝ велел да се од-були за манастирот.

Влегле во манастирот тројцата. Се поклониле пред гробот на св. Наума. Оставиле голем поклон.

По враќањето во селото, Турчинот веќе не го сонувал исти-от сон.

53

СИНОТ МИ Е ОД СВЕТИ НАУМА

По првата ќерка, другите деца ми умираа. Останав пак бре-мена, ама се плашам за породот. Во осмиот месец, на сон ми дојде белобрад старец. На испружените раце држи машко дете и ми го подава, велејќи: „Ова дете ти е дар од свети Наум, само се-га да појдеш в манастир!“

Сонот ѝ го кажав на мајка ми. Двете пешки од Октиси трг-навме за Sveti Naum. Таму подаривме кошула, оставивме масло и пари и му се молевме на светецот. Три недели потоа имав машко дете. Го крстив Наум. Него ми го даде и ми го дочува све-ти Наум. Сега има 52 години. Од тогаш редовно одев додека мо-жев во Sveti Naum.

54

ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ

Ќерка ми се мажи, но три години немаше деца. На сон не-што ми рече: „Само свети Наум може да ти помогне!“ Веднаш се разбудив. На жена ми ѝ го кажувам аберот.

− Свети Науме, поможи ќерка ни да има пород! Од Валан-дово ќе дојдам да Те дарувам! − молеше жена ми.

− Свети Науме, од Валандово ќе Ти донесам јагне! − ветив јас.Сега ќерка ми е пред пороѓај. Го донесов ветеното јагне,

како и чаршав, масло и нешто пари зашто ја почу нашата молба и да ја доварди ќерка ни и нејзиниот пород.

55

ДАР ОД СВЕТИ НАУМ − ЌЕРКА

Page 80: Sv. naum ohridski

Една жена, која била од подалечни делови на Македонија,

немала долго време деца. И? се сонувало да појде во Sveti Naum. Дошла. Донесла подароци и долго се молела. Набрзо потоа забременила. Сега девојчето има два-тринаесет години.

− Овој дар ми го даде свети Наум на четириесет години − велеше жената.

Сега таа жена е во Австралија, но секоја година пушта чек на манастирот Sveti Naum, кој доаѓа точно на празникот.

56

ПРООДУВАЊЕ

Коста Фортомароски, од Охрид, ни го раскажа следното.Сум имал година и неколку месеци, а уште не сум бил зао-

ден. На празникот Свети Наум татко ми зел под кирија еден коњ. И родителите со нас двете деца, со постариот ми брат и со мене, тргнале на панаѓур во Sveti Naum. Патем родителите се мену-вале на коњот, а ние децата цело време качени сме биле држани од еден од нив.

Четворицата сме влегле во манастироката црква. Сме биле на гробот. Се разбира, родителите дале прилог во црквата, се мо-леле за сè и сешто, па и за мене да заодам. Кога сме излегле, сме седнале на ледините. Брат ми станал и почнал да трча. По него сум станал и јас и првпат сум почнал да одам по брата ми, и тоа со сигурни чекори. Татко ми и мајка ми се погледнале и си збору-ваат со очите. Гласно не рекле ништо за да не ме заречат. На вра-ќање размениле мисли.

− Чудо! − рекла мајка ми.− Чудо, жено, ама тоа чудо е од свети Наума! – одговорил

татко ми.Од тогаш моите родители редовно оделе со нас децата на

панаѓур во Sveti Naum. За ова и сега мајка ми раскажува, а и мене омилено место ми е Sveti Naum.

57

ВЕТЕНОТО НА СВЕТИ НАУМ НЕ ГИНЕ

Некои луѓе од Битолско за нешто ветиле јагне на сveti Naum. Бидејќи порано не беше развиен сообраќајот како сега,

Page 81: Sv. naum ohridski

ами се патуваше пешки и со добиток, тргнале еден ден пред празникот со коњ. Ги фатила ноќ на Галичица, кај ресенското село Лескоец. Решиле тука малу да се одморат и да преспијат. За-палиле оган. Го врзале коњот, а посебно го врзале јагнето крај нив. Кога се разбудиле, јагнето никаде го немало. Барај ваму-таму, како в земи да пропаднало.

− Што ќе правиме? Каде ќе одиме без јагне! − рекол некој.− Не чини да се враќаме кога веќе сме дошле близу Sveti

Naum. Да одиме. Наместо јагне, ќе подариме пари. Сигурно ќе ни прости свети Наум, бидејќи ова ни се случи! − рекле.

Го продолжиле патот луѓето со решеност да подарат пари. Кога стасале во Sveti Naum, гледаат пред манастирската порта − лежи нивното јагне. Свети Наум си го зел и си го чувал вете-ниот подарок.

58

ПОСРАМЕН СРЕБРОЉУБЕЦ

Еден трговец од Охрид, среброљубец и скржавец, дошол во манастирот Sveti Naum на панаѓур. Кога видел дека многу бого-молци посиромашни од него даваат свои прилози во манастирот, решил и тој да даде една златна лира. Ја извадил лирата од ќесето, ја ставил во посебен џеб и влегол во црквата. Но кога се нашол в црква, се поколебал во намерата. Му било жал да се раздели од па-рата. Ја фаќал неколку пати лирата во џебот, но пак ја оставал. Најпосле излегол од црквата без ништо да остави. Кога се враќал со чунот за Охрид, мешнал пак во џебот кајшто се наоѓала лирата, но во џебот ја немало. Побарал насекаде по џебовите, но лирата ја немало. Го извадил ќесето и ги избројал сите пари − една лира му недостасувала. Збунет и нажален стасал дома.

По неколку дена, тој добил писмо од игуменот во кое му благодари за подарената златна лира. На тоа тој многу се зачудил зашто бил сигурен дека не дал никаква пара. Во една прилика тој се сретнал со игуменот и го прашал за таа работа. Игуменот му одговорил дека некоја жена му ја донесла златната лира и му ја предала во негово име. „Таа жена ме замоли да ти одговорам оти ја добив лирата. Јас така постапив“. Трговецот бил зачуден и во тоа ја гледал таинствената сила на свети Наум, се засрамил од самиот себе и со срам на игуменот му раскажал како сè било.

Page 82: Sv. naum ohridski

Притоа тој го замолил игуменот да му се помоли на свети Наум да му прости. На свети Наума не му била потребна неговата лира, туку неговата душа. Правејќи го ова чудо, светецот го засрамил и го излекувал од среброљубието. Свети Наум е познат како лекар на луѓе од лудило. А среброљубието, како и секоја друга страст, е своевиден вид на лудило.

59

ЧОВЕКОТ ШТО СКОКНАЛ ОД КАРПАТА

Некој човек си имал големи душевни маки. Сè во главата му доаѓале црни мисли, а ноќе, во спиењето гледал страшни сониш-та: го напаѓале, го мачеле качаци, убијци, ѕверови, влекачи, паѓал во провалии, се борел со грамадни карпи, бранови ... И во спиењето, и најаве правел како да се бори со нешто, туку изненад-но ќе пуштел некој страшен глас.

По совет на роднини и пријатели, кога се граделе конаците во манастирот Sveti Naum, работел таму за здравје. Работел долго време.

Еднаш, кога сите што работеле на конаците, мајстори и кал-џии, ручале, овој човек изненадно скокнал, почнал силно да трча кон највисоката карпа над езерото и од неа скокнал. Сите при-сутни скочиле, се уплашиле дека ќе се убие. Некои застанале над карпата, а други истрчале долу на езеро ако можат да го спасат. А тој покроце се спуштил и в езоро паднал како од едно метро ви-сочина да скокнал, а не од карпа 50−60 метра висока и со плива-ње сам си излегол. На изненадените присутни им рекол:

− Леле, колку ми е убаво, колку ми е лесно на душава.Потоа овој човек им рекол дека со него бил свети Наум,

дека тој го спуштил во езерото, а при паѓањето низ уста му изва-дил некои црни чуда. Во знак на благодарност за излекувањето, во Sveti Naum човекот работел сè до завршувањето на кона-ците.

60

СЛУЧАЈ ОД 1935/1936 ГОДИНА

Живко Сотироски се сеќава за следниот случај од 1935/1936 година во манастирот Sveti Naum.

Page 83: Sv. naum ohridski

Во кујната на манастирот Sveti Naum работеше еден чо-век кој не беше ментално здрав, но не беше опасен за средината. Едно време почна да трча околу црква, обѕрнувајќи се кон при-сутните, а потоа јурна низ трпезарија, скокна низ прозорецот на карпата, од карпата се фрли в езеро и почна да плива кон Алба-нија. Имаше во манастирот двајца богослови. Истрчаа долу на езеро. Им се даде само блузите да ги отпетлаат и запливаа. Одвај го стасаа. Го изнесоа од езеро и го донесоа горе в манастир. Иако скокна од толкава опасна височина, немаше ни една гребнатина човекот. Луѓето почнаа да се распрашуваат зошто скокна. Тој са-мо плачеше. Откако се изнаплака, се освести. Остана уште една недела во манастирот. Потоа си отиде сосема здрав, но до крајот на животот доаѓаше на денот на свети Наум, носејќи редовно подароци: јагне, теле или нешто друго.

61

НЕМА АЛБАНКА ПРОЗБОРУВАЛА

Некој Албанец од Корчанско имал нема ќерка. Секаде ја ба-рал, ама лек немало. Еден негов пријател го наговорил да ја однесе во манастирот Sveti Naum.

− Бидејќи ти си муслиман, најди некој твој близок право-славен да ти ја однесе! − го советувал пријателот.

Човекот на денот на свети Наум ја испратил ќерка му по не-кој православен. Дошле во манастирот. Вечерта девојката легнала крај гробот на свети Наум. Со неа биле и луѓето што ја донесле. Едно време, кога се разбудиле луѓето што ја донесле девојката, виделе дека девојката не е крај гробот. Се вџашиле. Барај ваму-таму, трчај меѓу луѓето на панаѓурот, но никаде ја нема. И насе-каде непрестано ја барале со мислата: „Како ќе им излеземе пред очи на родителите!“

За тоа време, девојката станала и со трчање си отишла дома.− Нано, нано мори, отвори ми! − викала девојката.− Тато, тато, отворете ми! − продолжувала со викање.Родителите слушале викање, ама кој може да биде! Не мо-

желе да си ја препознаат ќерката по гласот, бидејќи дотогаш не зборувала. Сепак отвориле да видат кој вика толку упорно. И − ќерка им. Радост, радост бескрајна. Прегратки, солзи радосници...

− Како, ќерко, како прозборува! − се чуделе родителите.

Page 84: Sv. naum ohridski

− Заспав крај гробот на свети Наум. Во сонот ми дојде еден старец со долга брада. Застана пред мене. Одеднаш светна силна светлина. Се стресив од страв. Се разбудив и право дома...

Родителите со ќерката со брзање отишле во Sveti Naum за да ги смират луѓето на кои им ја повериле ќерката и да научат на кој светец да му благодарат за доброто, иако со голема сигурност претпоставувале кој е.

Кога дошле во Sveti Naum, се израдувале и нивните при-јатели, но прашувале како се случи тоа, кога излегла од црква? Девојката истото и ними им го кажала.

− Да видиме дали ќе го познаеш кој беше тој старец што ти се јави! − ѝ рекле родителите и пријателите.

Девојката гледала по фреските и кога дошла до ликот на свети Наум рекла: „Овој беше!“

Таткото од девојката, во знак на благодарност, во манасти-рот донесол еден мев масло (како што се носеше порано) и многу други подароци.

62

ДВЕ ГЛУВОНЕМИ ДЕВОЈКИ

Една мајка, некаде многу подалеку од Охрид, имала две ќер-ки. И двете биле глувонеми. Ги барала ваму, таму, ама ништо. Мајката една ноќ го сонувала свети Наум. Во сонот свети Наум ѝ рекол со ќерките да појде во неговиот манастир. Уште утрото мајката со ќерките тргнала на пат. Патувале четири дена. Трите влегле во црквата на свети Наум. Само што се наведнале над гро-бот од свети Наум, девојките почнале да слушаат и да зборуваат.

63

ИЗЛЕКУВАЊЕ ПРЕКУ БАБАТА СОФКА

Многу одамна, во старо време, една осумнаесетгодишна де-војка од селото Пискупе, сега во Албанија, дошла на панаѓур во манастирот Sveti Naum да се моли за нејзиното здравје. Девој-ката била многу лична и убаво променета.

На панаѓурот била и една стара жена од селото Пештани. Таа се викала Софка. Бабата Софка кога ја видела девојката, од милост, ја погалила со рака девојката, велејќи ѝ:

Page 85: Sv. naum ohridski

− Што убав фустан имаш. Кој ти го купи? − не знаејќи дека девојката е глувонема.

− Фустанов ми го купија тате и мама! − прозборела девој-ката.

За излекувањето на девојката нејзините родители му благо-дариле на свети Наум што тоа го сторил преку бабата Софка од селото Пештани. Во манастирот однесле многу подароци, но бо-гато ја наградиле и бабата.

64

ПОДАРОК − СРЕБРЕНА УСТА

Едно девојче сè нормално растело, сè знаела, ама не збору-вало. Родителите се загрижиле. По совет на некого, му се помоли-ле на свети Наум. Набрзо девојчето прозборувало. Покрај други подароци, родителите во Sveti Naum донесоа од сребро иско-вана уста како благодарност кон светецот.

65

ИЗЛЕКУВАНАТА ВНУКА

Внука ми имаше говорна мана. Тешко зборуваше. Пред де-сетина години, свети Наум ми се јави на сон. „Да дојдеш со вну-ката кога е понатемно, десет дена пред празникот“, ми рече.

Десет дена пред празникот се најдов во Sveti Naum. Се-која вечер внуката ја носев на гробот од свети Наум. Таму на-ведната со главата на гробот ја држев по половина саат и повеќе. Наполно се излекува и среќно се мажи. Од тогаш секоја година идам, освен пред две-три години што не дојдов. Не можев, нешто бев болна. И годинава не сакав да идам поради времево врнеж-ливо. Затоа другарите ми заминаа и сега одам сама. Арно ама, ноќеска на сон ми се јави свети Наум и ми рече: „Не е ред да не дојдеш. Јас сум ти помогнал“. Затоа пак дојдов во Sveti Naum.

66

СВЕТИ НАУМ ПРЕТСКАЖУВА НА СОН

За време на Првата светска војна манастирот Sveti Naum го држела француската војска. Старешина бил свештеникот од

Page 86: Sv. naum ohridski

селото Љубаништа, Димитрија Трајаноски. Неговото семејство живеело во такавиканите манастирски „Колиби“. Тој имал и ста-ра мајка. Французите целосно го зеле манастирот во свои раце и го испадиле попот Димитрија. Војската го пљачкала и го ограбу-вала безмилосно манастирот, а попот Димитрија морал сето тоа да го гледа и да молчи. Неговата положба била сосема очајна. Меѓутоа, сепак не помислувал да се оддалечува и да бега од дома. Едно утро мајка му му рекла: „Синко, вие сите ќе треба да одите одовде во скоро време, а јас ќе останам сама. Вам ќе ви биде тешко во туѓина, но мене ќе ми биде уште потешко. Ама, по извесно време, вие пак ќе се вратите и пак ќе се собереме сите заедно“. Кога попот почнал да ја теши мајка му, велејќи ѝ дека тоа нема да се случи, таа решително му рекла: „Да, да, сето тоа така ќе биде, зашто на сон тоа ми го кажа свети Наум“. Попот замолчил. И навистина, набрзо тој добил наредба од Французите веднаш да се пресели во Корча и дека само мајка му може да остане дома. Со своето семејство тој бил отеран во Корча, а мајка му останала. По војната, попа Димитрија се вратил дома и ја за-текнал жива мајка му. Тогаш мајка му му ги кажувала своите маки. Многу страдала и гладувала. Доаѓало до таму што морала да проси леб да се прехрани. И сè така се случило како што ѝ претскажал свети Наум.

67

ВЕВЧАНСКАТА ПЛОЧА

Еден ден во вевчанското поле се појавила една голема и многу убава плоча. Кога ја забележале Турците, биле восхитени од нејзината големина и убавина, па поитале да ја земат. Ја извр-зале со јажиња и синџири. Прегнале најјаки волови и коњи да ја одвлечат, а плочата ни да се мрдне. Бре ова, бре она, насобрале луѓе за помош, ама плочата си стоела како што била, па Турците се откажале од својата намера.

Ноќта свети Наум му се јавил на сон на еден вевчанец и му рекол: „Да дојдеш на тоа и тоа место со твоите две јунчиња, да ја кренеш плочата и да ја однесеш на фиљан и фиљан место“ (на де-нешното место од црквата Sveti Spas).

„Кога не можеа Турците да ја кренат плочата со многу јаки волови и коњи, како ќе ја извлечат моиве млади и слаби јунчи-ња!“ − размислувал човекот кога се разбудил. „Не, морам да одам,

Page 87: Sv. naum ohridski

тоа е наредба на свети Наум“, заклучил тој. Ги прегнал јунчињата и отишол в поле. Сосема лесно ја кренал и ја однесол плочата на одреденото место. Сите се зачудиле, а вевчанецот секаде кажувал за пораката на свети Наум*.

*Местото каде што била донесена плочата во с. Вевчани се вика Bela Plo~a. Кај плочата се одело на поклонение и се палеле свеќи, а посебно на празникот Спасовден. На тоа место во поново време е подигната црквата Sveti Spas (долни), во која била вградена и плочата.

68

МАНАСТИРОТ SVETI NAUM НИКОГАШ НЕ ТРПИ НЕМАШТИЈА

Огромен број луѓе го посетуваат манастирот Sveti Naum. Во поново време, освен поклониците и несреќните, го посетуваат и многу излетници. Во турско време манастирот служел и за од-мор и за преноќиште за сите патници што патувале за Албанија и од Албанија за Македонија. Но, и покрај сето тоа, манастирот ни-когаш не оскудевал. Имало случаи манастирот да падне во крајна беда, но тогаш изненадно доаѓала чудотворната помош на све-тецот.

Така, една година се појавила болест меѓу овците, та пцови-сале многу овци и сите овни. Се загрижил игуменот каде ќе најде овни за останатите овци. И токму кога тој бил најмногу загрижен, доаѓа еден човек од селото Лескоец во Преспа и дотерува четири овни подарок на манастирот. Кога му ги предал на игуменот ов-ните, му раскажал што го натерало на такво дело. Му се јавил на сон свети Наум и му рекол: „Не е право ти да имаш толку овни, а јас да немам. Твоето е само твое, а моето е народно. Затоа отерај неколку овни во мојот манастир“. Штом се разбудил, човекот направил онака како што му рекол светецот.

69

НА ДЕНОТ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА МАНАСТИРОТ SVETI NAUM

... Во околината на новоизградениот манастар − народ прст и плева... И колку што ги домамува желбата да го видат ново-изградениот манастир, толку, ако не и повеќе, на ова место ги до-

Page 88: Sv. naum ohridski

мами желбата да го видат Наум, за кого се плетеа легенди како чудотворец.

− Добро направивте што го донесовте детето! − им вели на двајца загрижени родители една стара жена. − Од каде сте?

− Од Преспа.− Од кога ви боледува детето?− Од летото. Којзнае што му се стори! Почна да се суши

како дрво без корен! − со болка одговараше младата мајка, со болка на лицето што ѝ огрубело и оставаше впечаток на многу постара отколку што е.

− Гледам, гледам! Болеста го стопила детето, ама и вас, родителите ве исушила! Ќе му помине. Кога отец Наум ќе го попрска со благословената водичка... ќе се соземе детето. Та и вие со него. Така и едно мое мое внуче... Од уплав ли, од урок ли, којзнае од што, ама некаков црвец почна да го јаде однатре. Со сила да му ставаш в уста. Кога видовме дека му нема спас, за-почнавме и за погреб да се подготвуваме. Ама кога има Господ, тоа тие е! Дојде една жена кај нас, па откога плесна со рацете, туку ни свика:

− Ама вие имате ли ум во главата или не? Што чекате со детето, што не го однесете кај отец Наум? − Благословена да ѝ биде устата, за прв пат Господ да ја донесе во нашиот дом. Го донесовме, ќерко! Само што го погледна, благословени да му се очите, само што го позатри малку по слепоочниците и вратот, − оживе детето! Ене го, ја − толкав маж се стори. Здравје да дава Господ, за месец-два и свадба ќе му правиме! − рече жената и по-брза некако да се пробие меѓу луѓето за да биде поблизу до мана-стирскиот двор. А луѓе − игла да фрлиш нема каде да падне...

70

ИЗЛЕКУВАНАТА ДЕВОЈКА

Имаше еднаш девојка осмокласничка, единица на родите-лите. Полуде, или од силно учење, или од страв. Никаде здравје не најде. Родителите со неа ги посетиле сите познати лекари, ништо. Сè испродале. Најпосле им дошол на сон совет:

− Никаде здравје нема да најдете, отидете само кај свети Наума во Охрид!

Page 89: Sv. naum ohridski

Ја донесле девојката во манастирот. Преспала на гробот и утредента станала свежа како ластовица, весела, почнала да пее, да игра и цела година му слугувала на свети Наума.

Ако го забележите пердето на свети Наума, ќе видите дека е везено со срма. Го навезла и своето име на кадифето за поклон на свети Наума.

71

ИЗЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНАТА ДЕВОЈКА

Кај св. Наум дошла една жена со насолзени очи и му реклa дека нејзината ќерка, една, била тешко болна од некакви рани, за кои не можела никаде да најде лек.

Св. Наум, откако ја послушал тагата на жената, ѝ рекол да не се плаши и дека ќе ѝ ги излекува раните на нејзината болна ќерка. Потоа ѝ дал една расцутена билка со жолто цвеќе и ѝ ка-жал на жената како со билката да ги лекува раните на нејзината ќерка.

Поминало некое време и навистина се излекувале раните на болната девојка.

Подоцна мајката и ќерката, радосни, заедно отишле во ма-настирот со полно поклони за св. Наум.

72

ПРОГЛЕДУВАЊЕ

Маж ми оќоре на двете очи и му се фатија двете нозе. Отиде на лекување во Скопје. Нема ништо подобро. Отидов кај една жена во селото Оздолени да ми гледа. Жената ми рече дека маж ми ќе се мачи, но нема да умре. Таа ми препорача да појдам во Sveti Naum, оттаму да земам вода и со неа да се измие.

− На одење ќе ви излезе некое животно долго околу два саж-ни, ама да не се плашите. Ќе застанете да помине и ќе му речете: „Врви си слободно! Не те гибаме и ти не гибај нè!“ − ми рече же-ната.

На празникот Свети Наум, пред седум-осум години, отидов со една жена в манастир. Пешки од Охрид до таму. Кога префр-ливме кон љубанишко, кај едно долче, од планината почна нешто

Page 90: Sv. naum ohridski

да фучи и пред нас, преку пат почна да се точка една голема зми-ја. Се тргнавме настрана и застанавме.

− Не те гибаме и не гибај нè! По здравје одиме, здравје дади ни! − реков. Кога зборував, престана фучењето. Веројатно заста-на да чуе што ќе речам.

Во манастирот Sveti Naum однесов кило масло, една ко-шула и пари. Ноќта на гробот оставив една маица од мажа ми и шише со вода. Идниот ден се вратив со маицата и водата и по некој ден заминав во Скопје.

Ноќта пред да го посетам, на мажа ми на сон му дошол свети Наум и му рекол: „Ќе дојде жена ти. Со водата што ќе ти ја донесе да се измиеш!“

Кога отидов во Скопје, во болничкиот двор го затекнав ма-жа ми врзан на двете очи. Му кажав на лекарот за намерата.

− По некој ден од миењето, маж ми прогледа со едното око и му престанаа болките во нозете, почна слободно да се движи. Арно ама тој си згреши. По совет на лекарите, во Битола се опе-рира и повторно го изгуби видот, но барем е подвижен.

73

КОШУЛАТА СО ФЛЕКИ

Верувале или не, ова што ќе ви го раскажам се случило некаде пред Втората светска војна.

На баба ми ѝ се разболело едно од шесте деца. Детето било толку болно што дури и малубројните лекари во Охрид кренале раце. Разочарана баба ми не знаела што да прави. Му се помолила на свети Наума да му даде здравје на детето, ветувајќи јагне. По кратко време, детето оздравело, но фатила војната, настанала го-лема сиромаштија и баба ми не можела да го однесе ветеното јагне во Sveti Naum.

Еден ден, на пладне, додека баба ми се одморала, низ оџак кај неа слегол старец со бела брада и со бастун во раката. Убаво ја поздравил и ѝ рекол:

− Знам дека е војна и голема сиромаштија и оти не можеш да ми го дадеш ветеното јагне. Затоа донеси ми ја твојата кошула со флека на левата страна.

И како што дошол така си отишол старецот. Баба ми станала и в ковчег ги разгледала своите кошули. Навистина една била со

Page 91: Sv. naum ohridski

флеки на левата страна. Се изненадила. Ја зела кошулата и им ја покажала на постарите сосетки, прашувајќи што е тоа. Тие ѝ рек-ле дека тука поминале бели-црвени (самовили) и некоја од нив тука се породила.

Баба ми ја белела кошулата на езеро, но никако не излегу-вале флеките. Како да ја носи таква! Свети Наум повторно дошол и на баба ми ѝ рекол дека тој ја сака кошулата каква што е. Ид-ниот ден баба ми ја спакувала кошулата и едно рало гаќи и му ги дала на мажа ѝ/дедо ми, кој бил рибар, да ги однесе пљачките во Sveti Naum.

Дедо ми со други рибари тргнал за Sveti Naum. На одење рибарите ги фрлиле мрежите, но немале никаков улов. Кога ста-сале во манастирот, дедо ми ги оставил спакуваните работи на гробот од свети Наум. Се одмориле малу рибарите и тргнале за назад, за Охрид. Решиле да ги фрлат мрежите уште еднаш. Какво пријатно изненадување! Мрежите биле полни со риба. Така свети Наум им помогнал на баба ми и на дедо ми.

74

ИЗЛЕКУВАН АЛБАНЕЦ

Од некое село на Албанија во манастирот Sveti Naum до-несоа еден душевно болен човек. Одеше скоро полугол. Еден ден, кога повеќемина бевме во дворот, застана пред црквата. Одеднаш почна да се загрнува со облеката на себе, почна да се срами што е во таква полугола состојба.

− Каде сум?! – рече човекот и зачудено ја разгледуваше околината.

− Во манастирот Sveti Naum си! − му рековме и почнавме да го распрашуваме како дојде присебе.

− Помина еден старец со брада. Двапати ми дувна в уста и ми се изгуби! − рече човекот, па го однесовме во конаците да се облече.

75

ЧУДНОТО ЛЕКУВАЊЕ ОДДАЛЕКУ

Во селото Магарево, Битолско, живеел еден луд човек. Пет-шест години живеел така. Некој ги убедил неговите роднини да

Page 92: Sv. naum ohridski

го однесат во Sveti Naum. Тие тоа го сториле, го повеле лудиот на манастирската слава. Кога од Ресенската Котлина се искачиле на Галичица, од кајшто се гледа манастирот, лудиот наеднаш за-станал и како нешто да се замислил. Покажувајќи со рака кон ма-настирот, тој рекол: „Вие ме носите во Sveti Naum? Нема по-треба, јас сум веќе сосема здрав“.

И навистина, роднините почнале да разговараат со него и се убедиле дека тој навистина е здрав. Сепак, сите го продолжиле патот за в манастир, каде што раскажале за случајот и му благо-дариле на светецот.

76

ЛЕКУВАЊЕ ДУРИ ВО АМЕРИКА

Во Америка, во 1986 година, некоја жена била тешко болна.

И? немало спас. Лекарите кренале раце. Жената била во кома. Четвртиот ден се освестила и на блиските им рекла да прашаат дали некаде во Југославија има црква Sveti Naum.

− Зошто? − љубопитно прашале тие.− На сон ми дојде еден светец и ми рече: „Ако сакаш да

оздравиш, на Sveti Naum во Југославија вети му нешто“, им рек-ла таа.

Фамилијата побарала информации од југословенската амба-сада. Таа ги информирала за манастирот Sveti Naum. Жената ветила дека ќе испрати пари. Ѝ дошло подобро. Испратила пари на име од манастирот и оздравела. За оваа случка Американката испратила писмо во кое сè подробно опишала. Писмото го про-читал владиката по службата. Сите што чуја плачеа и се крстеа.

77

ОЗДРАВУВАЊЕ НА БОЛНИОТ ТУРЧИН

За излекувањето на еден Турчин Васа Сотироска ни го рас-кажа следното.

Бидејќи свекор ми работеше во манастирот Sveti Naum, еден Турчин од Охрид му рекол:

− Ламбе, те молам, една добрина да ми направиш?− Што? − го прашал.

Page 93: Sv. naum ohridski

− Имам тешко болен човек. Ќе ти дадам една кошула негова да ја оставиш да стои цела ноќ на гробот од свети Наум.

Свекор ми му ветил и го исполнил ветувањето, но не се се-тил веднаш потоа кошулата да ја земе. Во меѓувреме тие што ги прибирале подароците ја смешале. Кога се сетил, било доцна. Меѓу многуте подароци не можел да ја пронајде. Вечерта легна и утрото му велам:

− Тате, се наспа? Се одмори?− Невесто, око на око не сум склопил! − ми вели.− Зошто? − го прашувам.− Кошулата од човекот ја загинав, ми се измеша со другите,

не можам да ја најдам. Како ќе му излезам пред очи?Тате, појди кај попа Смилјана и кажи му. Ако не можеш да

ја најдеш истата, нека ти даде некоја друга слична. Сите беа цела ноќ на гроб. Свети Наум ќе ти прости! − му велам.

Како што му реков така направи свекор ми. Само што ја облекол кошулата, болниот Турчин оздравел. Многу му благода-реа неговите на свекра ми, а тој им рече:

− За сè благодарете му и дарувајте го свети Наума.

78

ИЗЛЕКУВАЊЕ ОД МЛАДЕШКО ЛУДИЛО

Еднаш донесоа едно момче поболено од младешко лудило. Го донесоа со кола чичковците и татко му. Биле од мариовските села. Го ставија над гробот да легне врзан. Чичковците ме замо-лија да го заплашам момчето да не мрда. По извесно време, го од-врзаа јажето и младиот човек остана над гробот мирен и дури зас-па. Момчето си заминна здраво. Таткото донесе поклон во мана-стирот еден осмак пченица.

79

ИЗЛЕКУВАЊЕ НА ЕДЕН ЛУД

Поп Стефан Ѓорѓиев од Охрид го раскажува следниот на-стан чиј очевидец бил.

Во 1900 година, по богослужбата, неколкумина седевме под натстрешницата пред манастирската црква. Во манастирот во тоа време беше еден младич Ѓорѓи од Епир. Неколку недели пред тоа

Page 94: Sv. naum ohridski

го донесоа негови роднини и го оставија во манастирот. Беше со-сема луд и надвор од себе. По цели дни трчаше околу манастирот без почивка, бладаше, зборуваше без врска, не бараше, нити при-маше храна, а одеше речиси сосема гол. Додека ние седевме и разговаравме, Ѓорѓи неколку пати го обиколи манастирот трча-јќи. На нас не обрнуваше никакво внимание како воопшто да не постоевме. А и ние, навикнати на неговото поведение, не му обр-нувавме внимание. Но наеднаш застана пред нас и почна полека да ја врти главата кон вратата на црквата како да гледа во некого. Потоа ги истри очите со рацете и лицето, погледа кон нас и за-праша: „Каде сум јас?“

Ние му одговоривме: „Во манастирот Sveti Naum. Како ти е Ѓорѓи?“ Тогаш тој ни раскажа:

− Јас бев во еден голем пламен. Пламенот ми одеше од појас нагоре до над глава. Целата глава ми беше во пламен. Ништо не гледав, освен тој пламен. Но ете сега дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега веќе нема пламен. А старецот, ене, полека влезе в црква.

Потоа Ѓорѓи се погледна себеси и почна да си реди некаква крпа што му висеше по бутовите. Му донесоа облека. Тој се обле-че. По два-три дена дојдените го напуштија манастирот и тој Ѓорѓи сам си отиде дома му...

80

ИЗЛЕКУВАЊЕ НА ДВАЈЦА БЕСНИ

Манастирот Sveti Naum најмногу е прочуен по излекува-њето на многу болни и епилептичари. Не мора човек да се рас-прашува за стари случаи на такви излекувања, од кои нема веќе живи сведоци. Доволно се и многубројни такви случаи што мо-жат да ги потврдат живи сведоци.

Така, Јанко Димитров, чунар од Охрид, раскажува дека бил очевидец кога во манастирот донесле двајца луди браќа од Јабла-ница. Постариот Цветан имал окови на нозете и бил изврзан со јажиња. Прво него сам го затвориле во темната црковна ќелија и го заклучиле. До полноќ тој врескал и викал на цел глас, од пол-ноќ се поуспокоил. Утрото го извадиле од ќелијата сосема споко-ен, сосема свесен и здрав. Кога го прашале: зошто до полноќ се дерел и викал, а потоа се успокоил, тој одговорил: „Не знам ни

Page 95: Sv. naum ohridski

дека сум викал, ни зошто сум викал. Ништо за себе не знам до-дека не дојде кај мене еден човек на бел коњ, па се спушти да ме гази. А да ме згази, а да ме згази! Потоа заспав“. И тоа му било прво спиење по подолго време. По него го затвориле и брат му. И тој се излекувал. И по два-три дена обајцата здрави си отишле дома им.

81

ЖИВИ СВЕДОЦИ

Никола Момироски, фурнаџија од Охрид, раскажува дека како дете бил тешко болен, така што дошло да му се запали све-ќата. Тажната му мајка почнала да му се моли на свети Наум и на детето му дошло подобро. Тогаш таа го однесла в манастир и набрзо детето сосема оздравело.

Д. Х., пак од Охрид, сосема полудел. Го однесле во Sveti Naum и оздравел.

Исто така и Н. Г.

82

ЖИВ ОЧЕВИДЕЦ

Јас, вели Васа Сотироска, на зимен и летен Свети Наум сум кај гробот на свети Наум по задача на Епархискиот совет. Ги пречекувам поклонителите, ги преземам даровите и сум очевидец на безброј случаи. Доаѓаат луѓе од секаде и од сите вери. Се мо-лат за помош за сè и сешто. Тешко е да се издржи пред несреќата на болните, од солзите на молителите. Народ е прст и плева. Доа-ѓаат од Охридско, Струшко (најмногу од с. Јабланица), Ресенско, Битолско и од подалеку. Секој сака да го допре гробот барем со рака, со прст, со дел од облеката, ако не може на него да се навед-не, над него или крај него да легне. Така е скоро непрекинато од почетокот до крајот на прославата, а најтешките случаи доаѓаат на полноќ. И само слушаш: „Свети Науме, ако останам трудна, ќе вртам овен“; „Ако ми оздрави детево, ќе вртам теле“, па ќе дадам ова, она. И да видите, овие кои еднаш дошле во следното доаѓање веќе се посреќни и во знак на благодарност донесуваат подароци.

Безброј случаи што ги гледам и што ги слушам од луѓето зборуваат дека свети Наум е жив. А тоа и самата го имам почув-

Page 96: Sv. naum ohridski

ствувано поради мое младешко невнимание. Имено, кога бев на дваесетина години, свекра ми го ставив во грев, барајќи му пари за фустан. Тој, кутриот, немајќи каде од мене и од другите при-сутни, зеде на заем од манастирските пари со кои располагаше. Фустанот ми го соши сестра ми − најубав, ама мене и на другите ни изгледаше најлош. Го преправив кај друга шивачка. Ништо. Сите ми велат оти многу лошо ми стои. На крајот го подарив на една сиромашна девојка. Се сетив дека тоа ми е казна од свети Наум, па за опростување на грешката секогаш му се молам и пре-дано му служам.

83

ЦРКВАТА НЕГИБНАТА МЕЃУ УРНАТИНИТЕ

За време на Првата светска војна француската војска го др-жела манастирот Sveti Naum. На неа напаѓале Бугарите, од ед-на страна, а Австријците од друга страна. Безброј гранати, бомби и шрапнели се истурале над манастирот. Конаците биле сосема изрешетани, упропастени и урнати. Меѓутоа, црквата меѓу кона-ците останала цела и негибната. Којшто дошол во манастирот по војната и гледајќи меѓу какви урнатини останала црквата целосно и здрава, се чудел.

Свети Наум будно стражари над својот манастир и го за-штитува.

84

ДВЕ СЛУЧКИ ОД 1920 ГОДИНА

Во 1920 година со сестра ми и со други стружанки отидов во манастирот Sveti Naum. Се навалив над гробот од свети Наум. Како со рака чув трипати чукање. Ми се јави свети Наум. Ме прашува сестра ми и другите што чув. Им кажувам. Се нава-луваат и тие, ама ништо не слушаат. Им велам: „Вие сте грешни нешто и затоа не ви се јавува свети Наум“. Ми велат: „Ајде нава-ли се пак да видиме дали ќе чуеш нешто!“ „Не, велам, свети Наум еднаш се јавува“.

Тогаш (во 1920 година) беше дојден еден човек со 25-26 го-дишна ќерка дури од Корча. Девојката беше нетокму. Таткото по-дари едно јагне на свети Наум. Со запалени свеќи двајцата по-минаа трипати околу црквата. Потоа, пред црква, во табаката кај

Page 97: Sv. naum ohridski

иконата на свети Наум, таткото од едно кесе истресе 10-15 златни наполеони. Се прекрсти и ја баци иконата. Тоа го стори и девој-ката. Двајцата влегоа в црква. Запалија свеќи. Девојката веќе бе-ше сосема оздравена. Среќни таткото и ќерката си заминаа за Корча. Таа потресна и радосна слика како и сега да ја гледам пред очи.

85

БОКАЛОТ СО ВИНО

Порано манастирот Sveti Naum имал висока и убава кам-банарија. Најгоре, под кровот, имало голема одаја со прозорци на четирите страни. Кога ќе дојделе некои повидни гости, игуменот редовно ги носел во таа одаја зашто од таму најубаво се гледала целата околина. Таму гостите и се послужувале со некој мана-стирски специјалитет, а особено со манастирско вино и ракија.

Еднаш во манастирот дошол бегот од Стипона, Преспанско. Седеле во најгорната одаја од камбанаријата. Игуменот и бегот пиеле вино и разговарале за животот во манастирот и за свети Наум. Игуменот толку убаво зборувал за свети Наум што дури на бегот му рекол дека тој и сега е жив и ги гледа нив кајшто разго-вараат.

− Тоа не може да биде! − велел бегот.− Ама ти велам, бегу, свети Наум е жив! − упорно тврдел

игуменот.Едниот: „Свети Наум е жив“, другиот: „Не е жив“. За да се

реши спорот се кладеле.− Еве, одовде, од оваа височина, ќе го пуштам бокалов со

вино долу на карпана. Ако се скрши бокалот и ако се истури ви-ното, ти го давам манастиров и целиот негов имот, а ако не се скрши и не се истури виното, ти да ми го дадеш твојот чифлик во Стипона! − предложил игуменот, бидејќи бил сигурен оти свети Наум е жив.

− Добро! − рекол бегот и си подале раце.Игуменот и бегот застанале до прозорец. Го пуштил игу-

менот бокалот со вино кон карпата. И двајцата очекувале што ќе стане со бокалот.

Во ова време свети Наум бил во Корча. Кога го чул кладе-њето на игуменот со бегот, се задал со најголема брзина за да не

Page 98: Sv. naum ohridski

го изгуби манастирот. Стасал токму кога бокалот се приближувал до карпата. Го фатил бокалот и кроце го ставил на карпата. Опкладата ја добил игуменот и од тогаш манастирот Sveti Naum го има имотот во Стипона во Преспа.

Кога си отишол бегот, вечерта свети Наум му отишол на сон на игуменот. Го газел и го тепал со патерицата, велејќи му: „Како смееш да се кладиш на манастиров? Не знаеш оти секогаш не сум овде! За малу да не стасав ќе ме потурчеше! Уште еднаш да не се кладиш на мојов манастир!“

86

КАКО МАНАСТИРОТ SVETI NAUMНЕ БИЛ ПРЕТВОРЕН ВО ЏАМИЈА

Еден турски паша, пред многу година, отишол да го пља-чкат и да го прајт џамија манастирот и од таму да го избрка св. Наум. Ама тој бил светец. Господ му споможил да Го спасит ма-настирот. Св. Наум зел една чаша вино и му рекол на пашава:

− Чашава ќе е пушта, одгоре в езеро. Ако се истурит, али ако пропаднит во вода, манастирот да го земиш. Ако не, мана-стирот да не го ѓибаш.

Св. Наум е пуштил чашата кун водата на езерото, ама по Божја заповед, долетал еден ангел и ја задржал чашата да не се истурит над самата вода на езерото.

Пашата, кога видел што станало, се покаил пред св. Наум и целиот негов имот му го поклонил на манастирот.

87

СВЕТИ НАУМ Е ЖИВ

Се опкладиле игуменот на манастирот Sv. Naum и бегот од Поградец. Игуменот му рекол на бегот дека св. Наум е жив. А овој пак му рекол дека не е жив и ништо не можит да сторит. Игуменот рекол:

− Да е пуштиме чашава, полна со вино, долу в езеро, ако се истурит св. Наум не постоит. Ќе ти го дадам манастирот и поле-во. Ако не, ти ќе ми го дајш твојот имот.

Кога игуменот е пуштил чашата в езеро, таја застанала над водата и не се истурила. Тогаш бегот се уплашил и вистина по-

Page 99: Sv. naum ohridski

верувал дека св. Наум постоит. Целиот имот го поклонил на ма-настирот и цела година, на празникот одел да се поклонит на светецот.

После, на игуменот, му дошол на сон св. Наум, и му рекол:− Немој уште еднаш да се кладиш на манастиров, зашто се-

когаш не сум тука. Кога се кладеше и ако не бев тука, чашата ќе се истуреше и ти ќе ме потурчеше!

Од тогаш, се знајт и старите верват, дека св. Наум е жив и дека тој постојт.

88

КАКО СВЕТИ НАУМ НЕ БИЛ ПРЕТВОРЕН ВО ЏАМИЈА

Во времето на владеењето на Османлиското царство многу цркви и манастири биле претворени во џамии. Назиф-паша до-шол во манастирот Sveti Naum да го претвори и него во џамија.

− Од утре овде да ве нема! Досега манастир, ама јас ќе го претворам во џамија! − му рекол Назиф-паша на игуменот и на другите манастирски луѓе.

− Честити пашо, дај ни рок 24 часа да се консултираме со свети Наум! − молел игуменот.

− Каде е свети Наум, бре ѓаур! − љутито рекол Назиф-паша.− На секои 24 часа доаѓа овде, се јавува свети Наум и пак си

заминува! Кога ќе дојде, ќе му кажеме за Вашата намера. Што ќе рече тој така ќе се согласиме! − му одговорил игуменот.

− Ај, нека минат и тие 24 часа, ама ништо не ви помага! − љутито рекол Назиф-паша и си заминал.

По 24 часа, дошол Назиф-паша, велејќи:− Е, папаз, што ти рече твојот свети Наум!− Пашо, свети Наум ми рече: „Назиф-паша да земе празна

чаша. Во неа да тури вино и од манастирот, од карпава да ја фрли долу в езеро. Ако се истури чашата и ако се скрши, манастиров да го претвори во џамија, ако не да не го ѓиба!“

− Ај, анасана! И тоа ќе го сторам!Назив-паша наполнил чаша со вино, ја зафрлил од височи-

ната на карпата долу, а таа ни да се истури, ни да се скрши, туку

Page 100: Sv. naum ohridski

покроце застанала на површината од езерската вода мирно пли-вајќи.

− Ова е свето место! Си бил и ќе биде манастир! − рекол На-зив-паша, откажувајќи се од намерата.

Од овој настан повеќе никој не го напаѓал манастирот Sveti Naum, нити на неговите луѓе. Не биле напаѓани дури и оние што носеле светинаумски леб. Сите насилници и разбојници се плашеле од казната на свети Наум.

89

КОЈА ВЕРА Е ПОДОБРА

Бегот од Ресен често навраќал во манастирот Sveti Naum, а игуменот секогаш убаво го пречекувал и го гостел. Еднаш, се-дејќи на маса во одајата од високата камбанарија, подзагреани од виното, почнале дискусии, поправо расправии која вера е поуба-ва. Бегот велел муслиманската, игуменот христијанската, па ни едниот, ни другиот да попушти. Едно време бегот на игуменот му рекол:

− Со што ќе докажеш дека христијанската вера е подобра?− Еве, ќе ја пуштам чашава полна со вино од оваа височина.

Ако се истури виното и ако се скрши чашата, значи не сум во право и ќе ти го дадам манастиров!− му рекол игуменот.

− Добро! Ако стане како што велиш, ти признавам дека си во право и ти го давам чифликот во Ресен! − се сложил бегот.

Во ова време свети Наум бил тука, па кога игуменот ја пуш-тил полната чаша со вино, ја фатил и покроце ја оставил на ка-мен. Тогаш бегот признал дека христијанската вера е подобра и на манастирот Sveti Naum му го дал својот чифлик во Ресен-ско.

Вечерта, на сон, на игуменот му дошол свети Наум и му ре-кол:

− Добро се погодив тука и ја фатив чашата, ами да не бев, ќе ме потурчеше. Уште еднаш вакви опклади да не правиш.

90

ГРНЕТО СО ВИНО

Page 101: Sv. naum ohridski

Некој бег од Албанија дошол во манастирот Sveti Naum. Со калуѓерот отседнале во најубавата одаја од зградата на карпа-та над езерото. Јал и пил бегот и почнал да се препира со калу-ѓерот за тоа дали има или нема Господ, живи се − не се светците и слично.

− Со што ќе дожажеш оти има Господ и дека тие ваши свет-ци се живи и оти прават чуда? − му рекол бегот на калуѓерот.

− Грнево со вино што е пред нас ќе го пуштам одовде, од оваа височина в езеро. Ако се истури виното, манастиров е твој, ако не се истури, твојот чифлик да е манастирски! − му предло-жил калуѓерот.

− Важи! − се согласил бегот и му подал рака на калуѓерот. Калуѓерот го пуштил грнето со вино од прозорецот. Долу го пречекал свети Наум и го застанал на езерската вода право простум. Бегот достојал на зборот. Својот чифлик му го отстапил на манастирот Sveti Naum.

Вечерта на калуѓерот на сон му дошол свети Наум и му рекол:− Јас бев многу далеку кога се кладеше со бегот. Одвај го чув

разговорот и долетав. Ако не чуев, ќе ме дадеше на Турчин. Уште еднаш да не се кладиш!

91

ИМЕТО МИ ГО ДАЛ СВЕТИ НАУМ

Кога сум се родил, домашните размислувале кое име да ми го дадат. Едни едно, други друго име предлагале, но никако да се усогласат.

− Што има да се мислите! Крстете го Наум! − му се јавил на сон белобрад старец на татко ми.

Татко ми, уште недоразбуден, извикал: „Наум!“− Што е? Што викаш? − го прашала мајка ми.

Татко ми ѝ кажал за сонот и така сум крстен Наум, вели Наум Стамболџи од Тушемишта.

92

СВЕТИ НАУМ ГИ ВРАТИ ДВЕТЕ УКРАДЕНИ МЕШАЛКИ

Кога се градеше манастирот Sveti Naum на Po~inali{te, сите граѓани на Ресен и Ресенско помагаа колку што можеа и со

Page 102: Sv. naum ohridski

што можеа. Бизнисменот Миле Еленчески позајми мешалка за бетон. Арно ама, на неа ти фрлил око еден од селото Евла, па ја украл. Како да му се каже на сопственикот! Сепак, еден од Цр-ковниот одбор отиде кај него и му вели:

— Миле, ти ни ја даде мешалката, ама некој ни ја украде...— Што сте се загрижиле за мешалката? Свети Наум ќе ја

врати, туку, да не се прекине со работата, еве ви друга мешалка, само ноќе редете ја во помошните простории! — рекол сопстве-никот.

Втората мешалка, по свршената работа, се заклучуваше во помошните простории. Истиот крадец една доцна вечер успеал да ја отвори заклучената врата. Кога ја завршувал „работата“, еден случаен минувач наишол. Му станало сомнително нешто во манастирските помошни простории. Покроце се доближил и го видел крадецот без тој да го забележи. Уште веднаш отишол кај сопственикот на мешалката и му рекол:

— Миле, Н.Н. ја украде и втората мешалка. Веднаш оди пријави го кај власта, јас сум сведок.

— Аку, бре, и неа ќе ја врати свети Наум. Не мора сега да одам. Свети Наум ќе ја нареди работата! — рекол сопственикот.

Другиот ден полицијата оди кај крадецот. Ги наоѓа двете мешалки и му наредила:

— Од каде што си ги зел мешалкиве таму да ги вратиш!Двете мешалки беа вратени во манстирот Sveti Naum.

Миле Еленчески вели:— Кога ви велев дека свети Наум ќе ги врати мешалките,

вие не верувавте. Еве, гледате, свети Наум ги врати мешалките. Од него никој не може да украде. Тој е чудотворец.

93

НЕ СЕ СЕЧЕ ВО СВЕТИНАУМСКА ШУМА

Едни ресенци набрале дрва во манастирската шума на свети Наум. Ноќта на сон им дошол светецот и им рекол:

— Зошто сечевте во мојата шума? Дрвата да ги вратите!Луѓето не знаеле дека береле во ваковско место. Меѓутоа, не

обрнале внимание ни на сонот. Им се случила една, па набрзо и втора сообраќајка од која одвај останале живи. Дури тогаш се

Page 103: Sv. naum ohridski

сетиле на сонот. Иако исечени, дрвата со трактор ги однесле каде што ги набрале и молеле:

— Свети Науме, опрости ни, не знаевме дека сме сечеле во твоја шума! Многу згрешивме што веднаш не ти ги вративме др-вата. Опрости ни...Забелешка: Оваа случка некои информатори ја поврзуваат со света Бо-городица. Настани со сечење во ваковска шума или на култно дрво се среќаваат на повеќе места сврзани со одреден светија.

94

ЧУДО НИ СЕ СЛУЧИ НА ГАЛИЧИЦА

Пред дваесетина години, од Битола, со нова кола тргнавме да одиме во Sveti Naum: моите родители, баба ми, јас и браѓа ми. На тргнување, татко ми купи нешто да јадеме таму. Купеното го стави назад во колата. Стасавме на Галичица. На самиот пре-валец застанавме на рамно место да се одмориме. По одморот на лединката, се качивме во колата да го продолжиме патувањето. Пали татко ми, но никако да запали колата, само сецка напред назад. Баба ми, искусна, му вели на татко ми:

– Бошко, што зеде за јадење во Sveti Naum?– Бурек со месо! – вели тој.– Бошко бре, каков бурек, и тоа со месо!? Не знаеш дека

денеска е Свети Наум, дека одиме во Sveti Naum! – го прекору-ва баба ми.Баба ми стана. Го зеде бурекот и го исфрли. Само што го исфрли бурекот, колата запали и среќно стасавме во Sveti Naum. Оттогаш татко ми строго внимава на денот Свети Наум и на сите пости – вели јеромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот Si Sveti (Site Svetii) – Лешани.

95

СВЕТИ НАУМ МЕ КАЗНИ И МИ ОПРОСТИ

Татко ми беше воено лице, па во нашиот дом не се зборуваше за Бога, за верата. Како можеше во тоа време да си во воена, просвета и во некои други служби, а во домот да ти биде Бог!? Но баба ми, кога имав 7 години, во Скопје ме крсти скришно. Не знаев ништо за црковниот живот.

Page 104: Sv. naum ohridski

Кога имав 16 години, со родителите бев нагости во Охрид. Домаќините нè однесоа во манастиррот Sveti Naum, бидејќи беше неговиот патронен празник (3 јули). Тоа ми беше прво влегување во манастир. Гледам многу народ што чека стоејќи во ред.

– Што чекаат овие луѓе? – ги прашувам роднините, а тие ми објаснуваат дека чекаат за поклон на гробот од свети Наум и зошто, додавајќи: „Свети Наум е жив светец и му се молат“.

Дојдов и јас на ред. Се наведнав над гробот од светецот и слушам некаков шум, како отчукување на срце. Штом се исправив, гласно,пред сите, на придружниците им велам:

– Што сте чудни, жив човек не може да биде закопан! Ова е звукот од брановите на езерото, а не на срце!

Никој ништо не ми одговори. Се свртев, запалив свеќа и излегов. Попладнето отидовме на ручек кај пријателите. Само што седнавме, ме фати срцето. Немав здив. Како некој со рака да ме стегна за срцето. Помнам само дека ме ставија во кола и се изгубив.

Прво ме однесле во воената амбуланта, каде што ми дале прва помош. Оттаму ме однесле во охридската болница. Три дена таму бев во кома. Прво што побарав по разбудувањето беше вода. Не смеев да станувам. Со авион ме префрлија во воената болница во Белград. Таму останав две недели. Испитувањата не покажаа никакво заболување на срцето, туку лекарскиот конзилиум заклучил дека тоа бил само пубертетски проблем. Со подобрено здравје ме вратија во Битола.

Отприлика, по еден месец од празникот Свети Наум, денски бев легната да се одморам. И не знам дали на сон или најаве имав сон или видение. Во мојата соба влезе средно висок човек, со капа и носеше нешто как окрст.

– Знаеш кој сум јас? – ме прашува.Го погледнав и му велам:– Не знам.– Јас сум свети Наум. Дали помниш кога беше дојдена кај

мене на гробот и кога рече дека не ми чука срцето, дека звукот што се слуша не е од срце, туку се брановите на езерото! – ми вели.

– Помнам! – одговорив.

Page 105: Sv. naum ohridski

– Јас знам дека ти не знаеш ништо за Бога, за Црквата и за верата и дека не знаеш оти светителите се живи. Затоа решив да ти опростам. Јас сум тој што те фати за срцето! – ми рече свети Наум, додавајќи:

– Однеси нешто во црквата Sveta Bogorodica во Битола и нешто за „малото“!

Во тој момент во мојата соба влезе мајка ми. Целата сум била испотена.

– Што ти е? Како си? – ме прашува загрижено мајка ми.Јас почнав да ѝ го кажувам сонот/видението. На

прашањето каков беше човекот ѝ го опишав, а таа ми вели:– Кога влегов, јас видов сенка на ѕидот што излегуваше од

собата и пердето од прозорецот се нишаше.По овој случај, во согласност со татко ми, мајка ми ми

купи некој подарок и ме пушти да го однесам во црквата Sveta Bogorodica во Битола, и за Богородица, за „малото“ (т.е. за Исус Христос).

Свети Наум покажа милост и кон мојот син, кој во тешка сообраќајна несреќа дента пред неговиот празник во 2005 година остана неповреден. За тоа добро отидов на поклон и да го дарувам Чудотворецот во манастирчето Sveti Naum во Битола! – ни рече Гордана Димовска од Битола на 26 јули 2006 година.*

96

СВЕТИ НАУМ ГО СПАСИЛ СИРАКОТ ОД ДАВЕЊЕ

Девер ми Спиро Котевски, роден во село Лера, Македонија, целиот живот го помина во Алјаска, Америка. Тој ни ја кажуваше следнава случка.

Во Првата светска војна загинаа моите родители. Јас како мал растев каде што ќе најдев. Еден ден се најдов во Охрид. Никогаш не бев излезен подалеку од село. Му се чудев на Охридското Езеро. Голема вода немав видено. Гледав млади и стари како пливаат. И јас сакав да пливам. Се фрлив во водата, а не знаев да пливам. Почнав да се давам. Веднаш еден стар човек со чамец ме извади и ми рече:

– Ти не знеш да пливаш, синко! Оди си!

* На овој случај ни укажа господинот Драги Анастасовски.

Page 106: Sv. naum ohridski

По малку време од тој настан, на 16-годишна возраст, отидов во Америка. По долги, долги години се вратив во Македонија со моето семејство: жената, синот и ќерката. Отидовме во Охрид. Седнавме покрај езерото. Јас, на англиски јазик, им кажувам на моите што ми се случи овде, во езерото, кога имав 16 бгодини. Кога завршив со кажувањето, истиот човек што ме спаси од давење, ама истиот, ми вели:

– Так беше, синок, така беше!Тогаш сите пари што ги имав во џебовите му ги дадов на

стариот човек.Сите на коишто ни го кажа ова Спиро, наглас рековме:– Тоа беше златен свети Наум Охридски! – пишува

Татјана Котевска од Њукастл, Австралија, во писмото испратено до свети Наум Охридски.

97

РИБИТЕ САМИ МУ ДОАЃАЛЕ В РАКА НА МОНАХОТ

Богољуб Ќирковиќ пред Втората светска војна бил професор во Богословијата во Битола, а мене ми предаваше старословенски и црковнословенски јазик на Богословскиот факултет во Белград. Тој често на студентите ни го кажуваше следното Светинаумово чудо.

Околу 1935 година група професори од Богословијата во Битола му најавиле посета на братството во Sveti Naum. Групата многу задоцнила. Монасите чекале долго, па помислиле дека посетата е одложена и си легнале да спијат. Некаде по полноќ проф. Богољуб Ќирковиќ со групата дошол во Sveti Naum. Вратите затворени. Викале подолго. Се разбудиле монасите и им отвориле.

Ниедно доба во ноќта. Игуменот, сепак, знаејќи дека гостите се гладни, им предложил нешто да поткаснат. Тие се сложиле. Викнал игуменот еден монах, кој имал послушание на молчење (ништо да не прашува, да не кажува, само да слуша и да извршува тоа што ќе му се каже). Му рекол:

– Оди кај изворите и донеси за вечера!Проф. Богољуб Ќирковиќ барал одобрение од игуменот и

тој да оди со монахот. Овој му рекол оти нема потреба од

Page 107: Sv. naum ohridski

придружба, ако е ноќ, но по долго настојување, игуменот му одобрил

Кога дошле на островото, кај истекот на изворската вода за вливање во Охридското Езеро, монахот ја запрегнал едната рака до лакти и ја спуштил во водата. Веднаш фатил мала риба. Ја целивал монахот и ја пуштил во водата. Пак монахот ја спуштил раката во водата. Извадил поголема риба. И неа ја целивал, но ја ставил в кошница. Така правел повеќепати додека биле доволно фатените риби за гостите.

За ова Светинаумово чудо проф. Богољуб Ќирковиќ со своевиден пиетет раскажуваше бидејќи бил негов очевидец! – ни рече проф. д-р о. Стефан Санџакоски на 22 јануари 2006 година во манастирот Sveta Bogorodica во Калишта.

98

ВЕТЕНИОТ ЈУНЕЦ САМ ОТИШОЛ ВО СВЕТИ НАУМ

Во нашата фамилија, како што кажуваше баба ми, се случило следното чудо, ни рече отец Зоран Попоски од Вевчани на празникот Света Недела во 2005 година.

Кравата, со другите говеда, била пуштена на пасење в планина. Вечерта не дошла кравата. Барај ваму-таму, но ја нема никаде, загинала.

Не е мала работа на селанец да му загине говедо, а уште пак крава. Таа е жива бавча: дава млеко, подмладок, а и се прега за орање и тргање кола. Кравата била стелна. Тоа било пред празникот Свети Наум. Домаќинката, губејќи надеж дека ќе ја најде жива кравата, побарала помош од претстојниот славеник – свети Наум, велејќи:

– Личнику, свети Науме златен, доварди ми ја кравата, помогни ми да ја најдам! Ако ја најдам, телето што го чекаме ќе биде твое! Ќе го изгледам три години и ќе ти го донесам в манастир!

И – ја нашле кравата. Таа отелила машко теле. За три години телето израстило во прекрасен јунец. Го гледаат домашниве со восхит. Жената што му го ветила на свети Наум рекла:

– Кравава ќе отели други теле. Тоа ќе го однесиме во Sveti Naum, а јунецов да го продадеме, за него можеме да

Page 108: Sv. naum ohridski

добиеме добра цена и со парите да купиме што ни е потребно за куќава.

Го продале јунецот во некое од соседните села. Ноќта јунецот го скинал јажето со кое бил врзан и си отишол дома, во Вевчани. Дошле сопствениците и си го зеле. Повторно јунецот го скинал јажето и си дошол. Домашните не се сетиле што значи тоа и пак бил вратен јунецот кај купувачите. Меѓутоа, јунецот и по третпат го скинал јажето и избегал, но овој пат не дошол во Вевчани, туку сам отишол во манастирот Sveti Naum.

Ова вистинско чудо долго се прикажувало во Вевчани и пошироко.

99

ЈУНИЧКАТА САМ ОТИШЛА ВО СВЕТИ НАУМ

Еден стружанец имал ветено теле на свети Наум. Не теле, туку за празникот решил да однесе убава јуничка.

Пред Втората светска војна се одеше пешки во Sveti Naum. Немаше како сега превоз. Стужанецот бил имотен. Им платил на две момчиња да ја однесат јуничката до Sveti Naum (едното да води за огламник, другото да ја тера), а тој отишол со бротчето „Корзика“.

Момчињата оди, оди со јуничката, се умориле. Некаде после селото Трпејца, на угорницата, застанале да се одморат. Јуничката ја врзале за едно дрво. Умората ги совладала момчињата, па подзаспале. Кога се разбудиле, ја нема јуничката. Барај ваму, барај таму, ја нема. Што да прават сега!? Човекот им платил да ја однесат, а не да ја загинат. Да не одат до Sveti Naum, газдата ќе ги чека таму, ќе се нервира. Решиле да одат и да му ја кажат вистината.

Кога слегол стружанецот од бротчето, пред манастирските порти ја гледа неговата јуничка како стои сама. Се чуди што е ова! По некое време, ете се момчињата задишени, вознемирени, со плачење.

– Не нервирајте се! Овде е јуничката! – им рекол.Ветеното само оди кај свети Наум. На ова очевидец бил

свекор ми, вели Васа Сотироска.

100

Page 109: Sv. naum ohridski

КОЊОТ ЛЕГНАЛ

Понапред на празникот манастирот Sveti Naum даваше ручек. Фамилијарно или со блиски се седнуваше по лединките. Кај што се јадеше се оставаа садовите (чиниите, лажиците, дулињата, стомнињата за вода). Други ги собираа и ги миеја.

На еден од групата му се допаднале дулињата со нивните шари. Ги зел и ги ставил в дисаѓи. Групата тргнала да си оди. Кај селото Љубаништа коњот легнал. Море тргај го, море мавај го, ништо. Коњот не се помрднува.

– Слушајте, некој нешто да не има земено од манастирот? – се сетил еден.

– Ами, јас ги зедов дулињата! – признал сопственикот на коњот.

– Брзо назад! Да се остават дулињата од каде што ги зеде! – му велат другите.

Коњот станал и со галопирање одел кон манастирот. „Ова ми го кажуваше татко ми“, вели Живко Сотироски.

101

ЗА ВЕТЕНОТО ЗНАЕ СВЕТИ НАУМ

Вујко ми Киро Мандо, вели Јоне Кочо (8. X 2005), во 1941 година бил вежбар во морнарицата во Охрид. По капитулирањето на кралска Југославија, сите од охридската морнарица преку Галичица и Јанина дошле во Атина, со намера да се префрлат во Египет. Меѓутоа, во Атина биле заробени од Германците, кои ги натовариле во брод за Солун.

Бродот бил погоден од неисчистена мина и потонал. Настанала борба за живот. Вујко ми и Борис Попоски се дочепале до едно празно буре и долго време се бореле со смртта. Кога изгледало дека немаат спас, вујок ми се сетил на свети Наум:

– Свети Науме, помогни ми сега или никогаш! Ако се вратам жив дома, во Струга, ќе ти платам со масло! – ветил.

И, ете чудо! На видикот се појавиле рибари со чунови и ги прибрале. Од море излегле кај местото Михаљона. Оттаму си дошле дома.

Киро Мандо заборавил на ветеното. Еден ден на нивната врата затропала една просјачка/гледачка. Таа рекла:

Page 110: Sv. naum ohridski

– Дарувајте ме, ќе ви кажам нешто многу важно за вашава куќа!

Снаата од постариот син на Киро, Агатија, ѝ поверувала и ѝ дала нешто за јадење на просјачката.

– Од вашава куќа некој има ветено подарок на свети Наум, а не го има однесено. За доброто на куќава, уште веднаш да се однесе ветеното! – рекла просјачката.

За чуеното Агатија му кажала на свекорот, а тој (Ламбе Мандо), кога се собрале сите, прашал:

– Кој му има ветено нешто на свети Наум?Киро признал што и кога ветил. Татко му му наредил што

поитно да го однесе ветеното. Првиот иден неделен ден (недела) Киро Мандо со велосипед отишол во Sveti Naum да си го ис-полни ветувањето.

102

СВЕТИ НАУМ ЈА ПОТСЕТИЛ НА ВЕТЕНОТО

Мојата сваќа (свекрва на сестра ми) Анастасија, од Охрид, имаше пет сина и две ќерки. Еден од синовите, Миле, меѓу двете светски војни бил на работа во Белград. Работејќи со запрежна кола, имал несреќен случај. Останал жив, ама повеќе сакал да бил умрен отколку жив зашто имал неиздржливи болки. Не можел да заспие, само плачел.

Анастасија погледнала на страната од манастирот Sveti Naum и рекла:

– Златен свети Науме, поможи да му се смалат болките на син ми да може да заспие, ќе те дарувам (наведувајќи што).

На син ѝ Миле му се смириле болките, заспал. Болките ве-ќе исчезнале. Помилнало подолго време од ветувањето на Анас-тасија, ама никако таа да го исполни ветувањето, просто забо-равила. Една зимска ноќ, во сонот слуша како се отвора вратата, влегува свети Наум и ѝ вели:

– Таше, што ми бараше ти исполнив, а ти не си го исполни ветеното.

Просто од сонот Анастасија (Таше) скокнала, на сопругот му го кажала сонот. Одвај дочекале да се раздени и по невреме пешки отишле во Sveti Naum да го однесат ветеното, ни рече

Page 111: Sv. naum ohridski

Елена Неделковска на Руса Среда (Преполовение) во 2006 година во храмот Sveti Naum во Битола.

103

СВЕТИ НАУМ ГО ПОТСЕТИЛ ЗА ЧОРАПИТЕ

Ова што ќе ви го раскажам ми го кажа еден деведесет-годишник, а се случило пред шеесетина години, ни рече Досија Ринџова, од Битола, на 28 јуни 2006 година.

Порано луѓето во Sveti Naum – Охрид, главно, оделе пешки. На одење, фатило да врне. Со чадорот еден човек некако од коленици нагоре добро поминал, ама од дождот, од капајците од чадорот нозете му шлапале, му пливале во вода. Гледајќи го тоа, луѓето што ги прибирале даренијата од посетителите за свети Наум, му дале чорапи да се пресобуе.

– Ви благодарам, ама чорапиве ќе му ги вратам на свети Наум! – рекол човекот.

Си се вратил човекот дома. Заборавил на ветеното. По подолго време, на сон му се јавил свети Наум, велејќи му:

– Зошто не ми ги донесе чорапите?Одвај чекал човекот да се раздени. Купил нови чорапи и

ги однесол во манастирот Sveti Naum.

104

СВЕТИ НАУМ МИ ПОКАЖА ДВЕ ЈАГНИЊА

Пред два-три дена на сон бев овде, во манастирот Sveti Naum. Пред мене излегоа две јагниња со рокчиња.

Тука беа и двајца луѓе, монаси. Едниот продаваше риби. Му побарав да купам. Ништо не ми рече, но си замина. Вториот ми даде риба.

По сонот денеска, за здравје на фамилијата, вртам две јаг-ниња, и тоа со рокчиња! – ни рече Илмие Пендоска од Ресен, на 3 јули 2006 година во манастирот на Чудотворецот.

105

ЈАГНЕ ЗА ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ НА СНААТА

Page 112: Sv. naum ohridski

Неколку години синот немаше рожба. Во 2004 година дојдовме во манастирот Sveti Naum и му се молевме на свети Наум да го израдува со чедо.

Нашата молба свети Маум ја почу. Невестата е бремена и за недела две треба да се породи. Машко е и ќе се вика Ердован.

Му вртам јагне на свети Наум за забременувањето на не-вестата и за нејзин лесен пороѓај, рече Едает Мемиш, од Битола, на 3 јули 2006 година.

106

БЛАГОДАРНОСТ ЗА СИНОТ

Илијас Мемет од Битола на празникот Свети Наум (2006) во манастирот на Чудотворецот ни го изнесе следното.

Минатата година синот ми беше тешко болен. За помош, како мајка, му се обратив на свети Наум:

– Свети Науме, ако ми оздрави синот, в година ќе ти вртам јагне.

Синот ми оздраве и затоа го вртам јагнево, да си го испол-нам ветувањето и да го молам свети Наум за здравје на сите во фамилијата.

107

НЕ ТРЕБА ФАЛЕЊЕ СО ПОДАРЕНОТО

На празникот Свети Наум (2005) дојде еден средовечен човек кај гробот на свети Наум. По облеката се гледа дека не е некој богат човек и високообразован. Од пазувите ваѓа една туфа пари (шеесет илјади) и ги стави во дискот пред иконата на свети Наум.

– Златен свети Науме, ми направи големо добро. Што те молев ми исполни. Јас дојдов да си го исполнам ветеното. Не оти-дов кајшто се запишува кој што дава. И сега не кажувам кој сум и зошто сум дојден зашто ти ме знаеш, ти ме усреќи, ми направи многу добро! – рече човекот, ја целива иконата, се наведна на гробот и излезе.

Тој што треба да знае кој дава, што и зошто дава – знае. Не треба фалење: јас ова, јас она му подарив на свети Наум, на овој,

Page 113: Sv. naum ohridski

на оној светец или на оваа или онаа особа, вели очевидецот Васа Сотироска.

108

ОД АМЕРИКА ВО СВЕТИ НАУМ ПО ЧЕДО

На празникот Свети Наум (2005) од Америка во манасти-рот Sveti Naum беше дојдена една жена. Таа подолги години немала чедо. На сон ѝ било речено дека ќе има рожба, само да појде на гробот од свети Наум во неговиот манастир во Охрид. Таа го дарува светецот и ги направи сите карактеристични пос-тапки за ваков вид молба. Се очекува резултат. Меѓутоа, самото сонување за свети Наум во Америка и доаѓањето по сонот од Америка во манастирот Sveti Naum е чудо.

109

ДВЕ ЧУДА

Син ми Димче, како двегодишен, во 1947 година, тешко се разболе. Пред празникот Свети Наум на сон ми се јави белобрад строен монах. Ми вели детето да го однесам во неговиот манас-тир на празникот. Арно ама, маж ми работеше во државно. Не му даваа слободен ден, па ми вели сама да одам, но сама со болно дете не ми се одеше, па му велам:

– Кога ќе ти дадат одмор, тогаш ќе појдеме.Ноќта, спроти празникот, иде човек, чука на врат и ми ве-

ли:– Заборави да ми го донесеш детето!Станав. Беше полноќ. Му го кажувам сонот на маж ми. Тој

отиде кај тетка ми Тодора. Плати и утрото се најдов во ма-настирот Sveti Naum – Охрид. На горбот од свети Наум го ста-вив детето со молба за негово здравје.

По извесен престој во црквата и во дворот, слегов кај езе-рото, покрај Дрим. Имаше многу народ дојдено и од Албанија. Една жена од поградечките села вика по едно две-тригодишно прекрасно девојче:

– Наумка, не оди крај водата! Наумке, ќе паднеш!– Што убаво име си му дала на девојчето! – ѝ велам, а таа

ми го раскажува следниот нивни случај:

Page 114: Sv. naum ohridski

– Долги години со маж ми немавме деца. Постојано му се молевме на свети Наум да нè зарадува. На маж ми на сон свети Наум му рекол: „Ќе имаш рожба, ама да го крстиш на мене“. И навистина свети Наум нè израдува и го крстивме Наумка. Маж ми е уште горе, па ќе си одиме.

Син ми оздраве и создаде свое семјство, ни рече Досија Ринџова од Битола, на 28 јуни 2006 година.

110

СКУЛПТУРАТА СВЕТИ НАУМ

Во последните денови на декември 2005 година се случи голем настан: старото, сувото ореово стебло во манастриот Sveti Naum Борис Џепароски од Охрид, на работа во Германија, го претвори во скулптура на Чудотворецот. Таа е висока околу 3,5 метри. Авторот ја изработи за само 15 часа работа, и тоа исклучиво со моторна пила. Единствено за оформување на црнките во очите и вените на рацете употреби други алатчиња.

До изработување на скулптурата дошло на своевиден начин својствен за свети Наум. Требало коренот од оревот да го однесе во Германија, но во милсите му се јавил Чудотворецот, неговиот манастир и сувиот орев. И намсто да го носи во Гер-манија, решил на самото место да изработи скулптура на свете-цот.

Мислејќи на идејата, на свети Наум, при работата во Гер-манија, му се случило чудо: на гранитната плоча што ја обрабо-тувал му излегол ликот на Исус Христос. И при изработувањето на скулптурата му се јавиле разни необјаслини работи. Затоа Борис Џепароски вели: „Свети Наум сам си ја изработи скулпту-рата од старото исушено ореово стебло, а јас бев само негов из-вршител“.

Да се изработи скулптура на светец, и тоа на самото место, каде што со векови живеел исушениот орев, без да се пресече, на самиот негов корен, е единствен случај, вистинско Светинаумово чудо*.

111

* Овој настан е опширно опишан во книшката „Скулптурата Свети Наум, изд. „Ирис“, Струга, 2006 година.

Page 115: Sv. naum ohridski

ПОЧИНАТАТА СОПРУГА ЈА ВИДЕЛ ВО СВЕТИ НАУМ

Редовно го посетувам манастирот Sveti Naum во Битола, а користам прилика да појдам и во Sveti Naum во Охрид. Вечерта на летен Свети Наум во 2005 година бев во Sveti Naum во Охрид. Седев на столовите во црквата. До мене на столовите беше еден човек од блиските села. По облеката се гледа дека не е имотен човек. Ми дава 20 денари. Го одбивам, но тој е настојчив и ми кажува зошто.

– Мојата жена ми е почината пред неколку години. Лани (2004) бев овде. На столовите цело време ја гледав жива како седи жена ми. Знам дека тоа ми го овозможи свети Наум поради мојата верност и почитта кон него. Во знак на благодарност оставив прилично пари на неговиот гроб! – рече човекот.

По ова кажување, ги зедов 200 денари како негова почит, а моја послушност кон свети Наум, ни рече Љуба Климоска на 17 мај 2006 година.

112

ГО ВИДОВ БРАТОТ НА СОН

Имав двајца браќа. Брат ми Иван умре во 1945 година во Бугарија. Остави две сирачиња. За него многу жалев. Лошо беше времето. Не можев на живоќе да го посетам, ниту му го знам гро-бот, вели Досија Ранџова.

Легнував, станував со мислата за братот. Една ноќ, на сон, ми се јави свети Наум и ме праша:

– Сакаш да го видиш брат ти?– Како не сум сакала!– Јас ќе те однесам и ќе ти го покажам, ама нема да кажеш

кој те однесе.Свети Наум ме испрати до портата на манастирот. Влегов

во црквата Sv. Naum. Од спротивната страна го гледам братот Иван. Ме виде и тој и ете го кај мене. Се прегрнавме. Ми вели:

– Сестро моја! Кој човек беше што те донесе овде? Никој мене не ме знае. Немој да тагуваш за мене.

Сполај му на свети Наум што ми овозможи барем на сон да го видам братот Иван.

Page 116: Sv. naum ohridski

113

СВЕТИ НАУМ СИ ГО ЗЕДЕ МАСЛОТО

Сосетката Цана ми го раскажа следново чудо.За време на окупацијата (1941–1944) нашиве краишта беа

под бугарска окупација, а Поградец и тој крај под Италија. Би-дејќи беше оскудица, со брата ѝ отишле во Поградец да купат постелина (чаршави) и масло. Само што купиле, почнало времето да се меша.

– Купите што ќе купите и одете си зашто ќе ве фати нев-реме! – им рекол продавачот.

Се качиле во едно кајче за Охрид. Се надвиснале облаци, фатиле бранови. Во опасноста брат ѝ рекол:

– Свети Науме, куртули нè, маслово ќе ти го подарам.Кога дошле на охридското пристаниште, брат ѝ рекол:– На Свети Наум другпат ќе му подарам масло, сега да си

одиме.Само што стапнал брат ѝ на суво, се сопнал, стаклениот

сад од 5 литра се скршил, маслото се излеало ве езеро, т.е. си го зел свети Наум, ни рече Досија Ранџова на 2 јули 2006 година.

114

НÈ БЛАГОСЛОВИ СВЕТИ НАУМ

Наша домашна слава е Свети Наум (зимен). Брат ми Кли-мент со сопругата од Лабуништа отиде во Вевчани, каде што бе-ше вработен како возач. И таму го славеше Свети Наум.

Кога бев IV одделение, со мајка ми отидовме на слава, на ручек, за Свети Наум. Околу 16 часот од Вевчани си идеме за Ла-буништа. Некаде после црквата Sveta Varvara качен на слабу-њаво магаре, нè стаса еден испартален белобрад старец. Се чудам како може овој осумдесетинагодишен старец со вакво магаре да нè стаса. Тој слезе од магарето и иде пешки со нас. Мајка ми дава знак со ишарет да молчам, да не згрешам нешто зашто нејзе ѝ стана сомнително. Таа го праша каде вака ќе оди со магарето.

– Одам по селава да видам како живеат луѓето! – вели пар-таловиот белобрад старец.

Page 117: Sv. naum ohridski

Одиме така заедно до пред изворот Marul*. Тука ни вели:– Јас ве напуштам, одам наваму!– Дојди на спиење кај нас во Лабуништа. Аку сме кала-

балак, има место за добри луѓе! – му вели мајка ми.– Господ да ве благослови! Немај гајле за мажот! Брзо ќе

добиеш пари од него! – рече стариот и како во облак да се изгуби, го снема.

Мајка ми настанот им го кажа дома на моите сестри. На-вистина, по една седмица ете го поштарот ни носи пари од татко ми, кој беше на печалба во Белград.

– Ете, јас и мајка ми патувавме заедно со св. Наум и тој нè благослови! – вели Паско Настоски (15. X 2005).

115

СО ДУХОВНИ ОЧИ ДОЖИВЕАВ СВЕТИНАУМОВИ ЧУДА

Во 2000 година жена ми се прави операција во Битола. По една недела од доаѓањето дома, ми вели:

– Да одиме во Охрид. Имам ветено кошула на свети Наум.Отидовме во манастирот Sveti Naum. Кај гробот му се

молиме на свети Наум. Јас во својата молба реков:– Свети Науме, дади ѝ живот на жена ми. Ако живее уште

пет години, давам илјада марки.Жена ми ми почина по две години.Во 2004 за празникот дојдов во Sveti Naum одвечер.

Одам на гробот од светецот, кому му се обраѓам со зборовите:– Свети Науме, на помош да е денот. Јас дојдов сам. Жена

ми ми почина.Потоа одам во црквата. На иконите ставив по некоја пара

и седам отстрана на еден стол. Наспроти мене гледам како седи една калуѓерка, а таму нема калуѓерки. Ноќта око не склопив. Едно време, околу еден и пол часот, доаѓа едно дете кај мене и ми вели:

* Изворот Марул им е култно место на подгорчани. Кај него на Водици се ваѓаат крсти и се фрла крстот, а на Цветници, напролет, таму се собира цело село и од него се тргнува по границата на синорот на Подгорци спрема со-седните села, со посебен ритуал, со молба годната да биде плодородна.

Page 118: Sv. naum ohridski

– Ако сакаш, стани да седнам. Доаѓам оддалеку и ме болат нозете. Станав.

– Повели. Седни! – му велам.Само што станав, се свртев – детето го нема.Цела ноќ остана калуѓерката. Во осум часот доаѓа влади-

ката Тимотеј со г.г. Стефан во придружба на повеќе свештеници. Почна литургијата. Со певците и со хорот пејам и јас. Кога за-врши литургијата, еден свештеник почна да причестува. Јас ги постев сите пости за да се причестам, но не знам зошто не одам кај свештеникот. Калуѓерката што стоеше на средина ми вели:

– Оди да се причестиш!Јас и понатаму стојам, па калуѓерката пак ми вели:– Оди да се причестиш!Пак јас стојам и по некоја минута калуѓерката по третпат

ме опоменува:– Оди да се причестиш!Дури тогаш кинисав. Кога пристапив кон потирот, во себе

го молам свети Наума да ми ги прости моите гревови. Штом в уста го осетив телото Христово, причесната, почувствував чудна сила. Погледнав кон местото каде што стоеше калуѓерката што ме опоменуваше, но неа ја немаше.

И следната 2005 година одвечер бев во Sveti Naum. На гробот оставив ситно. На излегување го сретнав владиката Тимотеј. Му велам:

– Дедо владика, напомош да ни е свети Наум. Носам неш-то пари, но сакам да ги предадам во Ваше присуство.

– Не мора јас да сум присутен. Предадете им ги на дежур-ните лица! – ми вели.

Кај гробот на свети Наум беше еден свештеник. Нему му ги предадов парите што му ги ветив во 2000 година во денарска противредност – 30 000 денари, а кон Чудотворецот се обратив со зборовите:

– Свети Науме, ги давам парите што Ти ги ветив за мир и за здравје.

Цела ноќ седев в црква и го доживеав истото од претход-ната година. Утрото почна литургијата. Пееја осум калуѓерки. Со нив пеев и јас. Едно време до мене се најде еден млад, висот, симпатичен младич. Тој како да ме зеде и гледам еден белобрад

Page 119: Sv. naum ohridski

човек целиот во светло, а в раце држи три запалени свеѓи. До него беше ќерка ми. Гледам во старецот. Ангелот ми вели:

– Угасни му ги свеќите!– Не му ги гаснам. Тој знае дека тука не се палат свеќи.

Кога сите би запалиле, што би било овде! – му одговорив:По кусо време, пак ангелот ми вели да му ги изгаснам све-

ќите на стариот, а третиот пат ми наредува:– Удри го и изгасни му ги свеќите на стариот!– Јас не, Господ удира! – му одговорив.– Така е! – потврдува тој.Свеќите во рацете на стариот човек облеан од светлина

догоруваа. За да не му изгорат рацете, му давам едно ливче хар-тија за во него да ги стави догороците, но не го зеде. Не видов каде ги стави догороците и кога го снема.

Гледам девојката што беше до старецот плаче. Ангелот ѝ даде нешто. Извадив две стодинарки и ѝ велам:

– На овие пари за душа од ќерка ми!– Како се вика ќерка ти? – прашува девојката.– Мала беше, не дојде на свет жива! Зошто плачиш?– Ќе ти кажам друпат! – ми рече, но оттогаш повеќе не ја

видов.– Одам да се причестам. Гледам како напред оди свети

Наум, а по него девојката и ангелот.Сето ова што го изнесов не беше на сон, туку најаве, бу-

ден. Тоа што го гледав јас другите не го гледаа зашто во тие моменти јас сум имал духовни очи, а кога нив ќе ги изгубев, го немаше тоа што дотогаш го гледав.

Сите ликови што ги гледав со духовните очи имаат своја симболика: старецот облеан во светлина – свети Наум, трите не-гови свеќи – свети Наум, ќерка ми и син ми, коишто од мајчина утроба не излегоа живи, калуѓерката – света Богородица, момчето и девојката – моите несудени рожби. И на сон ја имам видено же-на ми, а по неа како одат двете деца! – ни рече Блаже Ангелески на 24 април 2007 година во неговиот дом во село Пуста Река, Крушевско.

116

Page 120: Sv. naum ohridski

КАКО ПРИВИДЕНИЕ МУ СЕ ЈАВИЛ СВЕТИ НАУМ

Дедо ѝ на мајка ми се викал Наум. Бил познат народен ле-кар од село Појани за скршено и шинато на луѓе и кај стоката. Често одел во манастирот Sveti Naum. Многу пиел вино, а малу спиел. Просто однога ако дремнел.

Не на сон, туку буден, како привидение, му се јавил свети Наум на тој мој прадедо и му рекол:

– Ти го носиш моето име. Долго ќе живееш, ако не легну-ваш за спиење. И твоите деца долго ќе живеат.

Со години тоа малу што ќе заспиел дедото Наум го мину-вал потпрен, со гуна до ѕид дома, ама до него вино. Живеел 101 година (починал во 1944 година), а неговите синови Ѓорѓи и Тодор умреле на 99-годишна возраст.

Ова го знае сета наша фамилија! – ни рече Фатос Шамли на 16 август 2006 година.

117

ДВАПАТИ МИ СЕ ЈАВИ СВЕТИ НАУМ

По обуката, воениот рок, во 2002 година, го служев во караулата кај Sveti Naum. Секој ден одев во манастирот. Ќе запалев свеќа во црквата, ќе се помолев, во бунарот ќе фрлев паричка за среќа и се враќав в караула. Ноќта на празникот Свети Наум, од 1 до 3 часот, бев на стража пред капијата. Само што дој-дов до стражарницата, ја потпрев пушката и ме надоли дремка. Колку можело да трае „заспивањето“ знаат тие што биле на стра-жа. Наеднаш, откај патчето на манастирот, се појави лик со раши-рени раце во бело со силна светлина. Се стресов во сонот.

Некое време по воениот рок, на сон се најдов на кров од еден храм. Стоев на гредите, ама тие не лежеа на ѕидовите, туку лебдеа над нив едно два-триесет самтиметра. Под мене, во хра-мот, слушам гласно карање во врска со мене. Неколкупати се обидувам да погледнам долу, ама од силна светлина не можам ништо да видам. Едно време, кај мене се качи истиот лик од вре-мето на војникувањето, и тоа исто како тогаш: во бело, со раши-рени раце, осветлен и на тие долу им вели:

– Еве, јас ќе му го покажам патот и излезот на младиов човек.

Page 121: Sv. naum ohridski

Потоа ме зеде за рака и одиме, ама не по гредите, туку лебдиме. Ме изведе до излезот од храмот и го снема.

Во двата случаја човекот во бело, со брада, со раширени раце и силна светлина беше свети Наум, ни рече Пере Ристески од Охрид на 24 јануари 2008 година.

118

ИМЕТО НА СИНОТ НАУМ

Прва рожба сум на моите родители. Роден сум (1956) со тешка срцева мана. Баба ми Веса – душата по мене. Каде не била, што сè не правела, каде ли не отишла само да останам во живот. Меѓутоа, во 1967 година, на 11 години, морало да се оперирам. Баба ми крајно разочарана. На сон дури и плачела за мене.

– Не плачи! Со детето сè ќе биде во ред. Јас сум себапот што ќе остане живо! – ѝ рекол во сонот еден монах.

– Кој си ти за да знам кому да му се оддолжам за животот на внукот? – во сонот прашала баба ми.

– Јас сум свети Наум! – ѝ рекол.И навистина останав жив. Баба ми на првиот празник од

свети Наум вртела овен за мене во манастирот. Кога баба ми сево ова го кажуваше, во себе се зареков:

– Ако Господ ми даде живот, ако се оженам и имам машко дете, ќе го крстам Наум.

Се оженив. Првото дете ми беше женско.– Ако второто дете ни биде машко, ќе го крстам Наум! – ѝ

велам на сопругата зашто пред тоа ѝ имав кажано за моето заре-кување.

Во 1983 година ми се роди машко дете. Домашните запна-ле ли запнале да го носи името на дедо му, на татко ми Вангел, а што сум се зарекол во себе не им имав кажано. Или името на дедо му или друго чаре нема велат домашните. Одлагав едно три не-дели. Толку ми додеваа домашните што еден ден решив да одам во матичната служба и да го заведам синот со името Вангел.

Прво одам на работа да ги свршам поитните работни об-врски. Излегувам со колата да одам во матичната служба. Кога, на мостот на Мал Дрим ми се испречува кола. Од неа излегува благајникот (муслиман) на едно училиште и ме моли да се вратам да му го дадам чекот за да земе плата за вработените. Му велам

Page 122: Sv. naum ohridski

дека брзам за да не ми затворат во матичната служба, ама тој е упорен. Се вратив. Му го дадов чекот, а тој ми дава еден привр-зок. Не земав ништо од странките, но тој ми вели:

– Ова специјално за тебе го имам купено во Sveti Naum. Симболична благодарност е за оваа услуга што ми ја направи.

Погледнувам во приврзокот – црквата на манастирот Sve-ti Naum.

– Ова ќе го земам и знам зошто! – му велам.Во тој момент, набрзина, преку мојата работна маса поми-

нува еден голем пајак.– Овие се два знака од свети наума. Ме опоменува на да-

дениот завет за името на синот! – си велам в осебе и во матичната служба синот го завењдов со име Наум, со решеност: ако сака татко ми нека ме истера и од дома.

Така, наместо синот да се вика Вангел, го крстив Наум, а приврзокот со црквата на свети Наум и денес го чувам, редовно го имав в кола и никогаш немав сообраќаен удес, ни рече еден стружанец на 5 февруари 2008 година.

119

ЈАГНЕТО САМО ОДЕШЕ

Во нашата куќа култ е свети Наум. За родениот син во 2006 година вртевме јагне во Sveti Naum. Јагнето го купивме во манастирот. Врзано со врвка околу гуша му го дадовме на де-тето да го води, а нема две години.

Пред нас одат да вртат јагне едни други луѓе. Меѓутоа, јагнето за жива глава не оди, се опира. Мажот го крена и одвај го додржуваше од големо претање.

– Како ќе го носи малечкиов јагнево? – се прашуваме со сопругата. Но, Светинаумово чудо. Детето ја држи лабава врв-ката, а јагнето само оди и поттрчува крај детето, ни да се оддале-чува од него, ни рече Љутви Асан од Охрид на 2 јуни 2008 го-дина.

120

СВЕТИ НАУМ ЈА ИЗЛЕКУВА СЕСТРА МИ

Page 123: Sv. naum ohridski

Нашата куќа, вели протојереј-ставрофор Тоди Јован од Поградец (4. X 2005), беше на самиот брег од Охридското Езеро, такаречи, наспроти манастирот Sveti Naum. А куќна слава ни е Свети Наум. За сè и сешто родителите се крстеа, му се молеа на св. Наум. Таа почит кон св. Наум во нашата фалимија трае до де-нес, па и натаму.

Сестра ми Жанета, со сопругот Етем од Корча, веќе 40 го-дини живее во Тирана. Тешко се разболе во ногата. Лекарите кре-наа раце, рекоа дека не може да се излекува. Ние дома, во секоја прилика, му се молевме на св. Наум да ѝ помогне, а неа ја викав-ме во Поградец за да дојде во манастирот Sveti Naum. Арно ама, зафатена од учителската работа, никако да дојде.

Оваа година (2005) дојде Жанета и отиде во манастирот Sveti Naum. На гробот од св. Наум се наведнала со главата и ја доближила болната нога. Набрзо ги снема болките. Сега сестра ми слободно се движи. Во знак на благодарност за тоа добро неј-зиниот син, внук ми, Емио Ктона донира за изработка на фрес-ката Sveti Naum во параклисот Voskresenie во Поградец.

121

МАНАСТИРСКОТО ЛЕПЧЕ МЕ ИЗЛЕКУВА

На времето болеста маларија беше масовна. Неа ја викав-ме „треска“. Мене ме мачи две-три години.

Од Љубаништа учителот нè носи на прошетка, на екскур-зија во Sveti Naum. Одиме пешки и некаде кај патчето што оди за метохот Sveti Atanasij скапнав и застанав. Учителот ми вика:

– Живко, ајде побрзај!– Не можам, учителе, ме треси! – му велам.– Добро, остани тука, ќе се вратам! – ми вели учителот.Тука, оддесно, кон езеро, имаше огромни врби. Дојдов до

една врба. Чекам, ама учителот го нема, заборавил на мене.Од манастирот Sveti Naum иде Танас Јованоски. Во една

плетена табла носи романчиња* (мали лепчиња колку за едно јадење на човек) пченкарни и сирење за манастирските аргати во полето. Кога ме виде, ме прашува:

* Романчиња, т.е. мали лепчиња биле и тие што ги давале манастирските луѓе на минувачите. Нивната форма и големина била карактеристична, препоз-натлива.

Page 124: Sv. naum ohridski

– Што е Живко, што си легнал?– Ме треси! – му одговорив.Танас ми фрли едно романче. Го зедов лепчето и цврсто го

држам. Ете го еден наш роднина, стрико Петре. И тој ме прашува што сум легнат. Кога му кажав што ми е, ме качи на магарето. Јас болен, ама се држам за облакот од самарот и на гради го стегам романчето.

Дома баба ми загрижено ме прашува:– Што си дојде, чедо? Зошто не си со учителот?Ѝ кажав. Таа ми посла да легнам и ми вели:– Што да ми ти дадам да јадеш? Да ти здробам попара со

млеко?– Не! – одбивам.– Да ти испечам јајце? – тогаш се печеше скршено јајце на

кација или на печка.Пак одбивам.– Мора нешто да каснеш! Ти си дете и болно! – ме убе-

дува, па ѝ реков:– Добро, здроби ми попара, ама со романчево.– Тоа беше крај на мојата треска (маларија). По издува-

њето на попарата со романчето, просто како со рака да ми беше извадена болеста од организмот. Ме оздраве свети Наум со ма-настирскиот леб! – вели Живко Сотироски.

122

ИЗЛЕКУВАНИ ОД ДЕПРЕСИЈА

Еден младич имал девојка. Многу ја сакал. Требало да ста-пат во брак. Арно ама девојката го изневерила. Тоа толку го потресло што паднал во тешка депресија, не знаел ништо. Решил да бега во странство, во Австрија. Отишол на автобуска станица во Охрид. Наместо да се качи на автобусот за Скопје, влегол во автобусот за Sveti Naum. Кога се видел каде дошол, си рекол:

– И така дојдов овде, ќе одам во манастир, в црква! – рекол Ристо.

И отишол во Светинаумовиот храм. Над гробот од свети Наум архимандритот Нектариј му прочитал молитва. Веднаш се освестил, се ослободил од лудилото.

Page 125: Sv. naum ohridski

– Мене ме спаси свети Наум! – тоа постојано го повторува овој човек и редовно доаѓа во манастирот Sveti Naum и на зи-мен и на летен Свети Наум.

На празникот Свети Наум (2005) во Светинаумовиот храм беше дојден еден триесет и пет-шестгодишен човек. И него го из-неверила девојката. Паднал во тешка душевна депресија што са-миот се исекол по рацете и дома направил пустош. Го донесле кај гробот на свети Наум и душевно се повратил.

– Златен свети Науме, ти ме спаси. Ти благодарам и ти се поклонувам! – велеше човекот, кажувајќи од каква положба Чу-дотворецот го повратил, го исцелил.

123

ИЗЛЕКУВАНИ БРАДАВИЦИ

По завршувањето на шесто одделение, во јуни 1958 годи-на, Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“ од Велес организира неколкудневна екскурзија низ Западна Македонија за најактив-ните негови членови. Бевме од разни одделенија. Патувавме со автобус.

Кога тргнавме од Охрид за Sveti Naum, мојата сооделен-ка Марија, со која седевме заедно на средните седишта, ми вели:

– Мајка ми ми рече дека под манастирот, најдолу на карпа-та, близу до езерото, имало извор чија вода лекува разни болести, а исполнува и желби, па да се измијам таму. Лиле, добро е и ти таму да си ги измиеш рацете и нозете и да посакаш да ти ги снема брадавиците („тртките“).

Јас имав брадавици на показалецот и на среднито прст од десната рака. Тие многу ми пречеа при пишувањето, а ми ја грдеа и раката. Брадавиците, пак, на левата нога ми ги кинеа чорапите и при допир ме болеа.

Само што слеговме од автобусот во Sveti Naum со Ма-рија отрчавме кај изворот.

– Ајде, ти прва изми се! – ми вели Марија.Ги измив рацете и левата нога, како и лицето, а во себе си

посакав:– Свети Науме, ослободи ме од брадавициве! Тие многу

ми пречат, а и девојче сум...

Page 126: Sv. naum ohridski

По миењето на изворот, со сите ученици отидовме во манастирската црква и кај гробот на свети Наум. И таму, во себе, ја повторив мојата желба.

По кусиот престој во манстирот и во неговата прекрасна околина, автобусот нè понесе кон Дебар. Тогаш се градеше ХЦ [pilje. Кога застана автобусот во центарот на Дебар, при слегу-вањето, случајно ја погледав десната рака. И какво изненадување, од брадавиците нема ни трага. Ја гледам левата нога. И таму ја нема брадавицата. Ѝ кажувам на Марија. Таа моја неопишлива радост ја сознаа и другите екскурзијанти.

– Тоа чудо го чувствувам како сега да ми се случи, не мо-жам никогаш да го заборавам! – му рекла Лилјана Драскачева од Велес во август 2005 година на Никифор Смилевски.

124

ИЗЛЕКУВАН ОД АСМА

Дедо ми бил болен од асма. Пешки од Смилево отишол во манастирот Sveti Naum во Охрид. Таму била дојдена и една же-на со болно дете. Отседнале во манастирските конаци. Вечерта крцнала и се отворила вратата. Влегол белобрад монах. Со крс-ниот знак го осенил детето, а на деда ми му рекол да наполни вода оттука и со неа да се мие и да пие дотурајќи друга вода во неа, но ни капка да не паѓа на земја.

Наполнил дедо ми вода и си дошол Смилево. Не само што оздравел дедо ми, туку во нашата фамилија тргнало сè на добро. Иако сме имале најдобра стока (коњи, волови и др.), при општата мобилизација за време на војната од кај нас не било ништо зе-мено, ни човек ни стока.

По неколку години, се разболела и некоја жена од селото. Побарала да ѝ го дадат шишето со вода. Дедо ми ѝ го дал, но во тој момент водата од шишето исчезнала, на Руса Среда (Препо-ловение) 2006 година ни рече Љуба Маглоска (мажено: Кли-моска).

125

СЕ СМИРИЛА ЖЕНАТА, А ОЗДРАВЕЛ И МАЖ Ѝ

Page 127: Sv. naum ohridski

Две недели пред Велигден во 2005 година по телефон ми се јави една жена од Прилеп. Ми вели:

– Сакам да дојдам да ми отчитате молитва кај гробот на свети Наум. Многу сум депримирана, не ми се живее просто, а имам две деца. Кај горбото на свети Наум да стојам цела ноќ. Ко-га да дојдам?

Ѝ велам дека може да дојде кога сака, но црквата навечер се затвора, во неа не може ноќе да се престојува/спие. Единствено цела ноќ црквата е отворена кога има целоноќна служба. Тоа е на престојниот празник, Велигден, или на празникот Свети Наум. Жената ми вели дека ќе дојде на Велигден, кога сака и да се при-чести.

На Велигден жената дојде. Околу една недела по Велигден пак ми се јави жената по телефон. Сега ми вели дека ја снашла и друга голема неволја – мажот ѝ се шлогирал, па ни може да мрд-не, ни да прозбори. Просто е како труп, па целата е ангажирана и за неговата нега. Ја тешам, велам треба да се јачи, сега да ги пре-земе и обврските на мажа ѝ... Таа ми вели дека сепак не се отка-жува од намерата да дојде на молитва во Sv. Naum, па закажавме термин.

Дојде прилепчанката. Ѝ прочитав молитва за неа. Таа до-несла и маица од мажа ѝ. Побара да отпеам молитва и за него. Го ставив епитрафилот на маичката и ѝ прочитав молитва за тешко болен.

По десетина дена, навечер, во 20 часот, по телефон, ми се јави среќна жената, велејќи ми:

– Отец, Ви се јавувам за да Ви искажам безмерна бла-годарност. Само што му ја облеков маицата, маж ми стана и прозборе. Ќе дојдам со него на празникот за да му благодарам на чудотворецот св. Наум.

На празникот (3 јули 2005) жената со мажа ѝ дојдоа во Sv. Naum. Беа среќни. Мажот сам си одеше, убаво зборуваше, со со-сема мал деформитет. Жената беше на 35, а мажот на 40-годишна возраст, ни рече Неговото Високопреподобие, г. Нектариј на 25 јуни 2006 година.

126

СВЕЌАТА ОД СВЕТИ НАУМ ЈА ИЗЛЕКУВА ЌЕРКА МИ

Page 128: Sv. naum ohridski

На празникот Свети Наум во 2003 година жена ми и де-цата запнале да одиме на панаѓур во Sveti Naum, а јас в џеб не-мам пара. „Добро“, им велам и слегувам кај родителите да им по-барам пари. „Немаме“, ми велат. Што да правам?! Одам да земам од тие што даваа со камата.

Додека јас трчав по пари, жена ми ѝ рекла на ќерката Наз-мие да донесе топла вода да ги домие садовите. Таа не топла, ту-ку врена. Носејќи ја, водата ѝ се истурила на едната нога.

– Ајде, спремајте се! Одиме Sveti Naum! – радосно изви-кувам уште од на врата.

– Не можиме да одиме. Назмие ја изгоре ногата. Јас сум виновна. Ја потерав да ми донесе топла вода. Водата ѝ се истури и ја попари ногата. Да ја однесеме во Струга, некоја стара жена правела мевлем за изгорено – ми вели жената.

Кога ја видов ногата од ќерка ми соголена до коска, ме фа-ти паника. Ја кренав на рамена да ја носам во Струга. Наместо на автобуската постојка за Струга, сум застанал на спротивната страна. Влегувам во првото такси. Вниманието ми е во ногата на детето, а не по патот. Кога, не во Струга, туку се најдов во Sveti Naum. Ништо. Одам да запалам свеќа. Како меѓу толку маса народ за мене се отвори патот до шанданот не знам. Палам свеќа јас, пали свеќа ќерка ми. Наеднаш на девојчето му падна свеќата право на изгорената нога. „Ах, уште тоа ни требеше!“ – си мис-лам. Свеќата гори и стопениот восок паѓа на раната од ногата. Се наведнувам да ја фатам свеќата.

– Тато, нека ја, убаво ми е од свеќава! – ми вели ќерката. Како што капи восокот од свеќата девојчето е сè подобро. Не поминаа десетина минути, Назмие може да стои на болната нога. Недогорената свеќа ќерка ми ја стави на шанданот, велејќи:

– Нека догори за здравје.Среќен се вратив дома. Среќни се и другите две мои деца

и сопругата зашто Назмие е скоро оздравена. Со купената свеќа во Sveti Naum ја доизлекував ногата на ќерка ми, всушност Назмие ја излекува свети Наум. Оттогаш свети Наум е мој култ, а на празникот каде и да сум обврзно сум во неговиот храм да запалам свеќа и да дадам тоа што можам, ни рече Неџат Селман, од Охрид, на 9 март 2006 година.

127

Page 129: Sv. naum ohridski

ДЕТЕТО ПРОЗБОРУВАЛО

По војната, власта ни имаше земено една одаја. Во неа на стан ни ставија еден вработен во внатрешни. Се викаше Разме. Мислам дека беше од Радожда, ама специфичен, тврдоглав, те-жок човек. Жена му со децата живееше в село. Еднаш дошла, претставувајќи ѝ се на мајка ми.

– Што не си со мажот? Што не идеш почесто? – ја праша-ла мајка ми.

Жената рекла дека дома има тежок проблем: има две голе-ми ќерки и три-годишен син, кој не слуша, ни глас пушта. Мајка ми предложила да го донесат во Sveti Naum, но таа ѝ рекла за такво нешто не сака да чуе маж ѝ.

– Кога си имала мајка, земи едно магаре, на него качи го детето и однеси го на празникот! – ја советувала мајка ми.

Жената го послушала советот. Го однесла детето во Sveti Naum денот пред празникот. Успеала некако да влезе в црква. Го оставила детето да постои на гробот од свети Наум. Штом станало, детето извикало: „Мамо!“

Оттогаш детето за сè и сешто велело само „мамо“: за леб – мамо, за вода – мамо... Ете ја жената кај мајка ми и ѝ го кажува новиот проблем.

– Немај гајле! Штом проговорило детето и штом слуша, ќе биде добро! Слободно ќе го пушташ да си игра со децата во село-то, а ними ќе им кажеш дека за сè (топка, вода, оди, дојди и сл.) аку тоа вели „мамо“, тие правилно да го именуваат барањето. Та-ка побргу ќе почне да зборува! – ја окуражила мајка ми.

Жената почнала да го применува кажаното. Постепено детето почнало убав ода зборува. При една средба, подоцна, мај-ка ми ја прашала жената за детето.

– Сега зборува чисто, уста не затвора. Сполај му на свети Наум! – молитвела среќната мајка.

Тоа дете јас го знам. Прилично беше поголемо од мене. Настанот се случи во 1948 година, ни рече Јоне Кленко на 27 јули 2006 година.

128

ВНУЧЕТО ПОЧНА ДА СЕ ДВИЖИ

Page 130: Sv. naum ohridski

Дочекавме прво внуче од помалиот син. Физички добро напредува, ама не може да се движи. Како што ќе го оставиме та-ка стои, ни мрда, ни прета, а време е да почне да оди.

На празникот Свети Наум сум одвечер крај гробот на Чу-дотворецот. Чорапчињата и маичето цела ноќ се на вечниот дом од светецот. Му се молам на свети Наум за внучето. Утрото не достојав докрај. Со аливчињата и со крстената вода идам дома.

Внучето беше в дубак крај ѕид. Како што го оставила мајка му така стои. Му ги обув чорапчињата, му го облеков маичето, го измив со крстената вода и оддалеку плескам со рацете и го викам:

– Поли! Поли! Ајде, дојди!Девојчето со трчање со дубакот дојде кај мене и почна да

шета низ кујната. Мајка му од радост плачеше.

129

ИМЕТО НА СИН МИ НАУМ

Имаме две девојчиња, а сопругата треба да ја носам на трет пороѓај. Загрижена е да не е пак женско. Тогаш не се знаеше за полот пред раѓањето.

– Зар за тоа се нервираш?! Важно е добро да се породиш, и тоа да е право и здраво! – ѝ ја кажувам вистинската моја желба, ја куражам.

Сопругата ја однесов во пордилен дом во пресрет на праз-никот Свети Наум. Одвај заспав. На сон гледам како пред мене ми се поставува икона на свети Наум и слушам двапати викање:

– Наум! Наум!– Еве, на празников добив син. Видов сон и чув глас. Сам

си го донесе името – Наум, си велам во себе, а по извесни кон-султации името стана и официјално, ни рече Ѓорѓи Сотироски на 16 јануари 2006 година.

130

СВЕТИ НАУМ МЕ ДОЧУВАЛ

Пред дваесетина години, мајка ми Фанија изрази желба да оди на празникот во манастирот Sveti Naum.

– Добро, мајко, оди кога сакаш! – ѝ велам.

Page 131: Sv. naum ohridski

– Ќе одам, ама дади ми пари за пат! – ми вели.Ѝ дадов пари за пат и други да ѝ се најдат, да купи нешто

пд панаѓурот. Кога дадов повеќе пари отколку што ми бараше, мајка ми вели:

– Ти за свети Наума и колку да дадеш се малку. Тебе свети Наум те дочува. Не сум ти кажала, ти си близнак. Брат ти близ-накот се викаше Панде. Тој беше поудатен од тебе, ама некаде по еден месец, по празникот Свети Наум (летен) почина. Му се мо-лев на св. Наум барем ти да останеш жив. Ветив дека ќе вртам јагне за тебе. Те завиткував во волна за да попркнеш. Следната година (1947) бев во Sveti Naum. Однесов јагне и преспав со тебе таму во конаците. Знај, постојано сум се молела и се молам на св. Наум за тебе.

Ете, после триесет и пет-шест години дознав дека сум бил близнак, а ме дочувал патронот на нашата домашна слава – свети Наум, вели Паско Настоски (15. X 2005).

131

ЕНЕ ГО ДЕДОТО ШТО МЕ ОЗДРАВЕ

Димо Азески, од село Пештани, на 22 октомври 2006 го-дина, ни го изнесе следното.

Едни родители имале глувонемо дете. Отишле во манас-тирот Sveti Naum да му се молат на Чудотворецот да го озд-раве. Откај гробот слегле во црквичката Sveta Petka што е крај изворите на Црн Дрим. Фрлиле пара во бунарчето, го измиле детето со водата од него. Кога, детето прозборело, велејќи:

– Е, мамо, ене го дедото што ме излекува! – покажувајќи со раката кон свети Наум, гледајќи го како привидение.

132

ЕДНА ГОДИНА ДА ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ

Свекрва ми Ленка беше родум од соседното село Елшани, од фамилијата Кочовци. На нејзиниот најмал брата Веле не му траеле децата. Жена му била пак бремена. На сон свети Наум ѝ рекол:

– Ќе го родиш детето што го носиш, но, кога ќе порасне, една година да дојде кај мене.

Page 132: Sv. naum ohridski

Кога дошло детето на снага, кога пораснало за работа, една година служело во манастирот Sveti Naum за здравје и живот. Оттогаш братот на свекрва ми имал уште две деца (едно машко и едно женско), ни рече Иванка Азеска од Пештани на 22 октомври 2006 година.

133

ОЗДРАВЕНА КРУШЕВЧАНКА

До крајот на животот мајка ми (Еленица Нане Талеска) го раскажуваше следното Светинаумово чудо.

На околу 27-годишна возраст, а со веќе две родени ќерки, ја заболеле нозете. Болките биле неиздржливи. Ако седнела не можела да стане.

Тајфа крушевчани: жени, мажи, стари и млади, со коњи, маски и магариња, се спремале да одат на празникот во манас-тирот Sveti Naum. И мајка ми имала голема желба да оди со нив по цена и да остане на пат. Не успеале да ја убедат согра-ѓаните дека со такво здравје не може да го издржи долгиот пат преку три планини. Навистина ќе биде качена на коњ, ама на дос-та места ќе треба и да се пешачи. Но таа не се откажувала од намерата.

Кога тајфата крушевчани стасала во манастирот Sveti Naum, мајка ми се упатила кај лековитата вода што извира под манастирот. Се измила лице на изворот, а со нозете зацапала во водата. Веднаш почувствувала некое струење во нозете, лесно-тија од необјасливата сила.

Бидејќи по молбите на гробот од свети Наум и од водата почувствувала знатно подобрување, во манастирот останала три-четири дена, молејќи му се на Чудотворецот и држејќи ги нозете во браздата низ која истекувала лековитата вода. Мајка ми здрава се вратила во Крушево и живееше деведесетина години без бол-ки, никогаш „оф“ не рече од нозете, вели Васе Андоноска од Ресен, а родум од Крушево.

134

УШТЕ НА ГРОБОТ ДЕТЕТО ПРОЗБОРУВАЛО

Page 133: Sv. naum ohridski

Синот Војо ми се роди во 1970 година. За фамилијата беше радост, но набрзо и загриженост. Веќе е во трета година, а не зборува.

Мајка ми и жена ми, на празникот Свети Наум, во 1973 година, кога јас бев на работа во Чехословачка, го однесле во манастирот Sveti Naum. Молејќи му се на Чудотворецот, го ос-тавиле на неговиот гроб. По мало престојување на гробот од свети Наум, детето рекло:

– Бабо, ми се јаде!Оттогаш, сполај му на свети Наум, син ми нема никакви

здравствени проблеми, ни рече Разме Цизалоски, од село Радож-да, на 2. XII 2006 година.

135

СЛУЧАЈ ОД СЕЛОТО ЛЕСКА

Сè до кај 1924 година, жителите на Долна Преспа, сега под Албанија, редовно оделе во манастирот Sveti Naum, Не само на неговата слава, туку секогаш, а посебно кога се имало потреба од здравствени причини. Се патувало пешки или на товарен добиток пеку планината Галичица.

Околу 1925 година, брат и сестра, Силјан и Митра, од се-лото Леска, тргнале за манастирот Sveti Naum, бидејќи сест-рата имала неподносливи болки. Сестрата качена на коњ, а го водел братот. На големите стрмнини не можел коњот да се иска-чува, па сестрата слегла и одела пешки. Бидејќи главоболките биле толку големи, Митра побарала да застанат, малку да се под-одморат. Со водата што ја носеле во буклија, таа се подоладила на лицето. Крај еден камен под буковата сенка се поднавалила и задремала.

На сон се јавил белобрад старец. Тој се наведнал над неа. Ја погалил со раката по главата, ја бакнал на винската шамија и рекол:

– Ќерко, врати се назад! Не е потребно да одите до манас-тир. Одете си дома! Ти веќе си здрава! – и белобрадиот старец тргнал нагоре, кон врвовите на Галичица, кои сè уште биле покриени со снег.

Митра се разбудила сосема здрава: насмеана, разведрена, гледајќи кон врвовите каде што заминал старецот. Му го кажала

Page 134: Sv. naum ohridski

сонот на братот, кој не можел да ја препознае болната сестра. Двајцата се крстеле, му благодареле на свети Наум, набрале пла-ниниски чај и се вратиле назад во Леска, ни рече Спасе Мазен-коски на 11. XI 2006 г.

136

НА СРЕДНА ДОБА – РОДИТЕЛИ

Кај нас, во Леска, вели Спасе Мазенкоски, се раскажува следниот случај од пред потпаѓањето на Долна Преспа под Ал-банија (1924).

Еден брачен пар немал пород, а завлегол во средна доба. На жената на сон ѝ било речено да појдат со мажа ѝ во ма-настирот Sveti Naum на денот на неговата слава. Без разлика какво невреме ќе ги фати по патот, да не се откажуваат. Кога ќе стасаат во манастирот, да се поклонат на гробот од свети Наум, таа да клекне и левата страна од лицето да ја прилепи на над-гробната плоча. Ако тогаш слушне однатре некакво чукање што доаѓа оддалеку и ако почувствува леснина во снагата, тоа е знак дека ќе стане мајка. Тогаш во себе да му вети на светецот дека новороденчето ќе го носи неговото име (Наум или Наумка). Станувајќи откај гробот, да му се насмее на сопругот, со молби да ги остават подароците што ги ветиле и со крстење да излезат.

Како што сонувала жената, така постапиле со мажа ѝ и станале родители, иако биле во средна доба.

137

ГО СЛАВИМЕ ЗИМЕН СВЕТИ НАУМ

Баба ми Медина, мајка на татко ми, паднала тешко болна. Не можела да стане од кревет. Никој не верувал дека ќе остане жива, па почнале домашните да се подготвуваат за последниот чин. Тоа било пред зимен Свети Наум. Некој на свекрва ѝ ѝ ре-кол да појде во Sveti Naum да се моли за невестата.

Свекрвата отишла на самиот ден зимен Свети Наум. Таму му се молела на свети Наум за здравје, за живот за снаата. Меѓу другото, во молењето ветила:

– Свети Науме, ако оздрави невестата, денешниот твој ден ќе го славиме во фамилијата со свечен ручек.

Page 135: Sv. naum ohridski

Во моментот кога свекрвата му се молела на свети Наум кај неговиот гроб, во неговиот храм, болната баба почнала да чув-ствува како нешто да ја поткрева од постела, дури се исправила, станала на нозе, а набрзо и сосема оздравела.

Оттогаш редовно на зимен, а и на летен, Свети Наум баба ми фамилијарно одеше во Sveti Naum, носејќи подароци за Чудотворецот според можностите, а дома зимен Свети Наум се славеше со свечен ручек.

Баба ми потоа долго живееше. Почина во 1976 година. Таа остави аманет зимен Свети Наум да го славиме. И до денеска ние го славиме тој свет ден, одиме во манастирот да запалиме свеќа, да се помолиме за здравје, да однесеме некој подарок, ни рече господин Љутви Асан, од Охрид, на 2 јуни 2008 година.

138

НА ДЕВОЈЧЕТО МУ ИЗРАСТЕЛА КОСА

На едно девојче од Струга не му растела коса, а веќе било големо. Со него родителите дошле во манастиров Sveti Naum. Тоа било во времето кога свети Наум бил игумен. Родителите се молеле за здравјето на девојчето. Една ноќ со него и преспале в манастир.

Свети Наум со своите раце со вода му ја измил главата на девојчето и по шест недели добило бујна коса, ни рече Иље Ка-рамачоски од Струга, на празникот во 2008 година.

139

ИЗЛЕКУВАН ОД БОЛКИ ВО ЖОЛЧКАТА

На празникот Свети Наум во 2008 година беше дојдена во манастирот на Чудотворецот Лара Јанкулоска од Охрид. Таа ни го раскажа следното.

– Неколку години ме измачуваше жолчката. Имав големи болки. Скоро секоја седмица морав да примам инјекција за сми-рување на болките. Пред две години дојдов да му се молам на свети Наум да ми помогне.

Уште од стапнувањето на имотот на Sveti Naum почнав да се молам. Прво застанав кај скулптурата на свети Наум., па

Page 136: Sv. naum ohridski

дојдов во манастиров. Се поклонив на гробот од свети Наум, па се молев во црквата пред секоја икона.

Сполај му на свети Наум, оттогаш немам никакви болки. Редовно доаѓам во манастиров да му благодарам и да го дарувам свети Наум.

140

БРЗОТО ЛЕКУВАЊЕ НА СВЕТИ НАУМ

Една старичка во друштво со жени ни го раскажа следното чудо на свети Наум.

Порано немало душевни болници. Немајќи излез, една несреќна мајка го однесла душевно болниот син во Sveti Naum. Таму се лекувале таквите болни. Манастирските луѓе го внесле и го затвориле болниот во одаја на која имало само едно мало про-зорче колку да влегува свеж воздух.

Оставајќи го синот за подолго, до излекување, во манас-тирот, мајката седнала малу да се одмори за потоа да го почне па-тот за враќање дома. По кусо време, мајката го гледа синот седнат пред одајата во којашто бил затворен и рекол:

– Мамо, ајде да си одиме. Јас сум здрав.– Како излезе, како се најде тука?! – запрепастено го пра-

шува мајката синот зашто вратата воопшто не се отворила, а тој е излезен.

– Еден човек со бела брада ме зеде под мишки, ме изведе низ прозорче, ме седна овде и ми рече заедно да си одиме дома.

Тоа чудо го направил свети Наум, ни рече Милка Баран-доска од Ресен на 30 ноември 2008 година во манастирот Sveti Naum кај Ресен.

141

СИНОТ МИ ГО ИЗЛЕКУВА СВЕТИ НАУМ

Син ми кога беше на тригодишна возраст падна тешко бо-лен. Престана да јаде и да пие. Просто дојде на конец од животот. Една ноќ, на сон, се најдов на брегот од Охридското Езеро кај манастирот Sveti Naum. Стојам простум со детето в раце. Кога, наеднаш, молњевито нешто ми го зеде детето од раце и го фрли в езеро. Плачам ли плачам.

Page 137: Sv. naum ohridski

Откај манастирот Sveti Naum доаѓа кон мене еден мла-дич убаво облечен и ме прашува:

– Што плачиш?Му кажувам што и како ми се случи со детето.– Знаеш кон каде е фрлено детето? – прашува.– Еве, во овој правец откајшто стојам! – му велам и му по-

кажувам со раката.– Не плачи, не плаши се! Сега ќе го извадам! – ме теши.– Како ќе го извадиш кога си убаво облечен! – му велам, а

тој се спушти в езеро со нуркање го крена детето на раце. Го истресе од водата и ми го даде в раце.

Утрото, кога станавме од спиење, детето првпат по толку време, како здраво, ми вели:

– Мамо, ми се јаде.Детето ми го спаси од „давење“, од сигурна смрт, ми го оз-

драве свети Наум. И дотогаш, ама потоа редовно го славам чудотворецот свети Наум, одев во неговиот манастир во Охрид, а откога се почна манастирот Sveti Naum, кај нас, постојано, колку што можам, помагам и служам во него, ни рече Гена Кото-вачева од Ресен на 30 ноември 2008 година, која е родена во 1933 година.

142

ВИДОВ СОН ПРЕД ДА СЕ ГРАДИ ЦРКВАТА СВЕТИ НАУМ НА ПОЧИНАЛИШТЕ

Редовно одам во манастирот Sveti Naum на Po~inali-{te, а посебно на летниот празник зашто на тој ден ќерка ми кога имаше седум-осум години се спаси од давење в езеро. Како вдовица со три деца, помагам со работа.

За градење на сегашната црква Sveti Naum се собираа потписи. Кај мене за потпис дојода во петокот вечерта, а во неделата требаше да се отпочне со градбата. Иницијативниот од-бор планирал да се гради под сегашната камбанарија.

Ноќта во саботата спроти неделата гледам сон. Фатила војна. Пукотници од и на сите страни. Фрчат куршуми од пушки и од други оружја над покривот од куќата кајшто живеам со трите деца. Децата ми се спасија. Одам в црква да запалам свеќа и

Page 138: Sv. naum ohridski

да Му заблагодарам на Господа што ми ги спаси децата, но на-место в црква во Ресен сум се нашла на Po~inali{te. Од пос-тојната мала црква излезе свети Наум и ми вели:

– Не плаши се! Јас тебе те чувам. Кој на тебе ќе крене ра-ка, јас ќе го обележам. Јас седам овде, ама местото ми е кај леко-витата вода. Колку ли не луѓе се излекувале од неа.

Во неделата утрото одам Po~inali{te, на свеченото почнување со градбата на новата црква. На Јонета Заре, кој беше во Управата на црквата во Ресен, му велам:

– Јоне, црквата да биде над водана, а не кајшто планирате! – и му го кажувам сонот, а тој им го пренесе и на другите од Од-борот.

Дали моето кажување на сонот беше решавачко или свети Наум делувал на свој начин и кај други не знам, но главно црк-вата се подигна кајшто ми рече тој! – ни рече Ружа Милошоска од Ресен на 20 и на 21 декември 2008 година.

143

РАЗБУДЕН ГО ВИДОВ СВЕТИ НАУМ

Во 1991 година бев во една воена единица во Билеќе. То-гаш беше вриеж во Југославија. Дојде во прашање животот. Ме фати страшна нервоза, од која не се ослободив долго и по доа-ѓањето дома. Не се смирив ни по женидбата зашто се јавија некои здравствени проблеми во фамилијата. Една ноќ, некаде во 1992/93 година, како што спиевме со сопругата, се разбудив длабоко во ноќта. Гледам кај вратата од спалната стои свето лице со долга брада. Ме благослови со десната рака и наеднаш го сне-ма. Тоа траеше дваесетина секунди.

Утрото ѝ го кажувам случајот на мајка ми. Ѝ го опишувам ликот. Не знае кој светител можел да биде. Ми вели дека за тоа може да ми помогне Киро Кавај. Отидов во црквата Sveti Vra~i. Таму беше и Киро Кавај. Му кажувам што ми се случи. Тој ги разгледува светците според мојот опис, покажувајќи со прст на еден светител, ме прашува:

– Да не беше овој светец?– Тој беше! – го препознавам.– Тој е свети Наум! – ми вели Киро Кавај.Кај Климета Ниче нарачав икона на свети Наум.

Page 139: Sv. naum ohridski

Од благословувањето на свети Наум и откако имам негова икона, сè ми оди на добро во фамилијата и во работата, дури сум преду-предуван и спасуван и од разни незгоди, ни рече Стојан Каневче на 15 февруари 2009 година во црквата Sveta Bogorodica – Ка-менско.

144

СВЕТИ НАУМ И МЕЧКАТА

Едно време, кога орачите от св. Наумовиот манастир си орале на нивите, им дошла една мечка, та им изела еден от орач-ките волови. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можеле веќе да орат.

Орачот со трчање дошол в’ манастирот и му казал егуме-нотому, оту мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол: „Сега немам, рекол орачот, со шчо да доорам нивата“.

− „Оди си ти на нива, му рекол егуменот; тамо ќе си го нај-диш волот на плугот, фпрегнат во јаремот“.

Орачот си о’шол на нива; шчо да видит? Чудо големо − меч-ката, шчо го изела волот, фпрегната била на плугот во јаремот за-едно со другијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, фпрегната во јаремот.

И ден денеска тоа чудо стојт написано на иконата св. Нау-мова и на камењата по ст’рните од мостот Дримски, близу до ма-настирот.

145

ЅВЕР ПОКОРЕН НА СВЕТЕЦОТ

Еден селанец орал во подножјето на планината. Слегла ме-чка од планината и му го удавила волот во јаремот. Сиромашниот селанец останал со еден вол и почнал да плаче. Наишол свети Наум и го прашал селанецот што му се случило што плаче. Села-нецот му раскажа. Тогаш светецот му се помоли на Господа во себе и му вели: „Немој да плачеш, туку благодари му на Господа за сè. А виновникот што ти го изеде волот сам ќе мора да дојде и ќе го замени во работата“. Само што го изговори тоа и малу се пооддалечи, слезе истата мечка од планината и сосема мирно и кротко пријде до ралото и го вовлече својот врат во јаремот. Се-

Page 140: Sv. naum ohridski

ланецот прво се уплаши, но набрзо се прибра, гледајќи го чудото Господово, па го зеде ралото и продолжи да ора. Таа мечка потоа до својата смрт послушно му служеше наместо удавениот вол.

Затоа од кога што се помни над капијата на манастирот стои слика на орач којшто ора со вол и мечка. А до (Првата) светска војна во ходникот на манастирските конаци се наоѓаше препарирана мечка.

146

ОБЕЛЕЖАНАТА МЕЧКА

Еден христијанин го работел имотот на св. Наум. Еднаш отишол во планината да набере дрва со колата и двата вола. Од-ненадеж му излегла мечката и му го изела едниот вол. Христија-нинот тогаш дотрчал до св. Наум и му кажал за случајот. Го пра-шал што да прави со колата и едниот вол. Св. Наум со убав збор му одговорил на христијанинот:

− Ти врати се кај колата, ќе ја најдеш мечката место волот прегната во колата.

Така св. Наум ја прегнал мечката во колата и ја осудил на три години, додека другиот вол не пораснал, да може да ја влече колата.

Не мисли лошо другому, лошото се враќа себеси.Така потем мечката ги вршела и другите работи на волот и

орала.Мечката отслужила и потоа Наум ја ослободил. При ослобо-

дувањето ѝ ставиле ѕвонче. А тоа не било убаво, се откривале трагите... Едно време во планината сретнала една жена со дете во рацете. Детето било вонбрачно. Жената се почудила на ѕвончето. Мечката ѝ објаснила зошто носи ѕвонче. Жената се замислила и рекла:

− Уште еднаш грешка не треба да се прави!

147

МЕЧКАТА ЈА ИЗДРЖАЛА КАЗНАТА

Некогаш имотот на манастирот Sveti Naum бил голем. Не-гови чифлизи биле и селата Трпејца, Љубаништа, Пискоти и дру-

Page 141: Sv. naum ohridski

ги. Бидејќи не можел манастирот сам да ја обработува сета земја, некои нивје ги давал наполу.

Еднаш некој исполџија орал кај реката во Љубанишко Поле. Како и секогаш, вечерта воловите ги отпрегнал и ги оставил во планинчето да пасат и си отишол дома му. Кога дошол утрото, гледа едниот вол му го изела мечката. Нажален отишол во мана-стирот.

− Свети игумене, голема несреќа ме најде! Мечката ми го изеде едниот вол. Не знам што да правам, не можам да ги изорам нивјето што ги зедов наполу! − скоро со плачење рекол испол-џијата.

− Оди си на нива. Таму ќе го најдеш волот прегнат! − му од-говорил игуменот.

Исполџијата се вратил назад. Кога − в јарем прегната мечка-та со волот. Со мечката и со волот исполџијата работел три годи-ни, а потоа ја пуштил в планина, бидејќи ја издржала казната од свети Наум.

148

МЕЧКАТА ШТО ГО ИЗЕЛА ВОЛОТ НА SVETI NAUM

Манастирот Sveti Naum во порани годиње бил многу бо-гат, многу јак со земја и со сточарство. Луѓе оделе за запослење ке манастирот, да могет да проживеет некако. Богат бил манасти-рот. Работел. Не само што му давал здравје и помош на луѓето, но и за пари работеле во манастирот.

Еден ден еден човек ’и пуштил волојте. Покрај планината ке Sveti Naum да пасат. Излегла мечката. Е гледала секој ден сто-ката да е напаѓат. Ама еден други ден ’и зеле волојте да орает во нивјето манастирски. Почнале да орает волојте, си работает љу-ѓето.

Е, ’и остајле да почиает волојте. Дошла мечката од шумата, излегла, му го изела волот в рало. Од Sveti Naum. И останае лу-ѓето да се чудет − остана волот сам. Другиот му го зеде мечката.

Стана свети Наум, сполај си му на светецот. Отишол во шу-мата. Ја видел мечката која е и ја познал. И ја фатил за врат. И ја носит како јаре, в раци, в една рака крената мечката ја носит. И је донесвет тука. И е фпрегвет каршија на волот да орат.

Page 142: Sv. naum ohridski

И мечката почнала да орат, таке е благословил тој. Је казнил за дур’ да порастит (телето) вол кољку него и да с’успособит за работа како него, мечката да орат на местото од волот.

И така, је припитомил мечката. Под голем страв је прити-снал. И е дал таква дарба да си сејт со волот други, да си работат три години дур’ се родило теле и пораснало и станало вол како него. И тога је ослободил пак да си ојт ф планина мечката. А за теа време да работат на местото од волот таја по казна, зашто му г’изела волот.

Тоа е жива истина, кажвет сите од Љубаништа, што се тука во најблиското село до манастирот. Стари љуѓе што можда и го виделе теа нешто како било ...

149

МЕЧКАТА САМА СЕ ПРЕГНАЛА В ЈАРЕМ

Кога се градела црквата Sveti Naum, свети Наум го испра-тил измеќарот со воловска кола да пресече и да донесе дрвена граѓа од блиската гора. Измеќарот кога стасал во гората, ги от-прегнал воловите и ги пуштил да пасат додека тој набере дрвја. Меѓутоа, кога бил готов со берењето на граѓата, гледа едниот вол му го нема. Се растрчал да го бара. Кога − гледа како една мечка го јаде. Што да прави сега!? Отишол кај свети Наум и му кажал што му се случило. Свети Наум не се загрижил, туку на измеќа-рот му рекол:

− Не биди загрижен за тоа. Оди сега со другиов вол кај ко-лата. Таму ќе дојде мечката и сама ќе се прегне в јарем и така ќе ја донесеш колата.

Измеќарот отишол со едниот вол кај колата. И таму станало онака како што му рекол свети Наум. Мечката дошла и сама се прегнала в јарем. И оттогаш мечката работела со манастирскиот вол до крајот на животот. За тоа зборува и фреската над влезната врата во манастирот.

150

МЕЧКАТА МИРНА КАКО ВОЛОТ ШТО ГО ИЗЕЛА

Во некое село од Струшко една крава се облизнила, отелила две машки телиња. Утрото, кога влегла в ќерал, стопанката се за-

Page 143: Sv. naum ohridski

чудила: гледа две телиња. Со трчање отишла дома и за тоа му ка-жала на мажа ѝ:

− Стопане, бре, кравата ноќеска отелила две машки телиња! Стани да видиш што ќе е ова?!

Отишле мажот и жената в ќерал. Навистина се две машки телиња.

− Ова, жено, е Божји знак. Знаеш што?! Ќе ги изгледаме те-лињава и ќе му ги подариме на манастирот Sveti Naum. Така, можеби, ќе му угодиме на Господа.

Кога порастеле телињата, кога станале за работа, мажот и жената ги однесле телињата во манастирот Sveti Naum. Таму ги третирале како еден чифт, ѕевгар. Не ги делеле воловите браќа близнаци. Првото прегање в јарем и заорувањето со воловите, според обичајот, било свечено. Со плугот почнале да ораат откај „Мостон“, па над с. Љубаништа, слегле „На Речица“, па „На Ќо-ше“ и покрај езеро отишле в манастир. Потоа со воловите орале, ги прегале в кола за каде што ќе требело.

Еднаш, со овие два вола, луѓето од манастирот орале во ме-стото „Од Скрушине“. Слегла една мечка од планината и го изела едниот вол. Кожата од волот орачот ја зел и му ја однесол на игу-менот, кажувајќи му што му се случило.

− Што да правам сега, игумене? − рекол орачот.− Оди сега да ја прегнеш мечката и со неа ќе ораш!− Ама, како јас со мечка...− Оди, го прекинал игуменот, мечката сега свети Наум ќе ја

скроти како волот што го изела.И навистина. Мечката стоела кај другиот вол. Само што се

доближил орачот, таа мирно тргнала и го ставила вратот в јарем. Потоа волот и мечката орале, биле прегнати во ист јарем.

151

ПРЕГНАТ ВОЛК

Едно утро свети Наум орал со два вола. Од планината сле-гол волк и ги нападнал воловите. Бре брани, бре викај, ништо, Волкот му го задавил едниот вол, му го расипал ѕевгарот. По каз-на, свети Наум го фатил волкот и го прегнал да го замени во ра-ботата изедениот вол.

Page 144: Sv. naum ohridski

152

ПОКАЕНИОТ ЅВЕР

Во 1898 година во манастирот имало две големи кучиња. Тие лежеле како стражари пред манастирската капија.

Една ноќ дошол волк и го удавил едното куче. Другата ноќ дошол истиот волк и го удавил и другото куче. А на третиот ден околу пладне дошол истиот волк мирен и кроток и легнува пред капијата. Бил милозлив и никого не напаѓал. Игуменот бил от-сутен. Манастирските момоци кога го виделе волкот прво се уп-лашиле и се возбудиле. Но гледајќи дека волкот никого не напаѓа, туку се мази како мачка, почнале да го каменуваат. Волкот не се раздразнувал. Молчешкум ги поднесувал ударите, ниту бегал, ниту завивал, ниту давал некаков знак на одбрана. На крајот бил дотолчен и пцовисал.

Кога се вратил игуменот, кога го видел мртвиот волк и кога разбрал што се случило, се лутел на момоците зашто го тепале и го убиле волкот: „Ѕверот не дошол по своја волја, туку по наред-ба на свети Наум. Дошол да се покае, затоа требаше да се варди и да се негува, за да биде жив сведок за силата на свети Наум“.

Crkvata Sveta Petka-Rimjanka e vo manastirskiot kompleks Sveti Naum. Se nao|a kaj izvorite na Crn Drim, levo od asfaltiraniot pat koga }e se zamine mostot. Podignata e so samofinansirawe, t.e. so sopstveni prihodi na mestoto od prethodniot paraklis so lekovita voda. Taa pomaga{e kade {to ne{to }e zatreba{e, blagodarenie na nea se podigna crkvata vo Qubani{ta, pa be{e red ne{to da stori i za sebe, pod sesrdnata gri`a na Negovoto Visokoprepodobie Arhimandrit g. Nektarij. Kamen-temelnikot na ovaa crkva e postaven i e osveten na 29 septemvri 2008 godina od nadle`niot arhijerej g. Timotej. Skoro }e bide nejzinoto osvetuvawe.

153

СВЕТИ НАУМ ЈА КАЗНАЛ МЕЧКАТА

Беше неделен ден. Сите се одмораа. Дедо Наум го забележа во дворот орачот Петар...

– Добар ден Петре, што правиш?

Page 145: Sv. naum ohridski

Петар ја извади капата, побара благослов и му ја целива светата десница на старецот.

– Добро, дедо, се трудам.– Што работиш, Петре, угариш ли?– Угарам, дедо, но се научила една мечка стрвница, па ми е

страв да не направи некој пакост...– Не плаши се, Петре, ако си дозволи да го стори тоа, ќе ја

казнам...Кога го праша уште некои работи, загрижениот старец се

прибра во својата келија.Утрината рано предвидливиот Петар ги потера кротките во-

лови кон гората да ја угари широката нива кај „Падината“. Тие го влечеа светлото рало и преживуваа. А Петар одеше по нив и погледнуваше кон езерото. Тоа беше тивко, спокојно, мислиш спие. Ништо не ја вознемируваше неговата спокојност. Лакомите и шумливи морски ластовици не се гледаа над водата. Тие се на-вратија на трската на oстровото и си ја гледаа својата работа. А Охрид, како угаснат светилник стоеше спокоен и уште дремеше.

Кога првите зраци на веселото сонце ја осветија земјата и се впија во тихите води на бистрото езеро, трудољубивиот Петар ве-ќе беше истерал неколку долги бразди. Тој ги запре мирните во-лови, го остави долгиот остен, се сврте кон пурпурниот исток и кога ја извади кожената капа, се прекрсти. – „Слава Ти Господи, што нè наградуваш да ја видиме и денес светлината“. Потоа по-гледна кон далечниот Охрид. Тој беше се запалил како светил-ник. Крстот над великолепниот Светиклиментов манастир сјаеше како брилјант и ги заслепуваше очите. Петар падна во набожна разнеженост, се прекрсти и во себе си рече: „Оче Клименте, моли го Бога за нас грешните...“ И пак ралото почна да ја ора ровката земја и да отвора широки бразди. А славеите наоколу меѓу себе се натпреваруваа и го славеа Господа.

Се приближуваше пладне. Острите сончеви зраци силно пе-чеа. Тие се впиваа во месото на невините добитоци и ги тераа да збиваат. Досадните муви ги обеспокојуваа и не им даваа мир.

И трудољубивиот Петар веќе чувствуваше замор; крупни капки пот му течеа од неговото опалено лице. − „Време е за од-мор“, си помисли. Ги отпрегна воловите, ги истера од нивата и ги пушти да пасат. Самиот тој ја зеде торбата со леб, седна под густата сенка на сребренестото дрво крај кристално и мразовно

Page 146: Sv. naum ohridski

изворче. А широкото езеро се простираше пред него и трепереше под влезените немилосни сончеви зраци во неговата ладна вода.

Скромниот ручек помина. Побожниот Петар ги собра трош-ките и извади мала книшка да чита. Таа содржеше, покрај разни молитви, разни четива и кратки житија на светци. Тој, изморен од долгата работа, се оптегна и почна да чита лежејќи. Арно ама, уморот беше голем, па го налегна тешка дремка: рано беше ста-нал − од темни зори. Тој со книгата ги покри влажните очи и зас-па. Колку време се продолжи сонот не знаеше, но очајничкото стенкање и силното трчање го разбуди. Стенкањето излезе од ед-ниот вол којшто западнал во острите канџи на мечката, а другиот, кога го забележа тоа, силно се даде во бегство и го разбуди зас-паниот орач. Рипна Петар, му се приближи на ѕверот, но тој пре-спокојно го држеше топлото месо на несреќното животно. Потоа фрли крвнички поглед кон човекот, ја отвори својата уста, ги по-кажа белите заби и страшно загрчи. Петар, разочаран, се одда-лечи. Тој одеше да го фати и да го смири побегнатиот вол и си мислеше: „Како ќе му кажам на старецот? Што ќе рече тој?“ И се сети на неговите зборови дека ќе ја казне мечката ако го стори тоа, но како, со што? „Гонење, рече, што треба да ја наместам за да ја убијам...“

Волот, премногу исплашен, застана дури во манастирот. Петар, колку што приближуваше, сè се чудеше како ќе му каже на старецот. Најпосле почна да плаче. Солзи му потекоа како на дете и со плачење влезе во манастироскиот двор.

Преподобниот отец Наум токму тогаш излегуваше од вечер-на. Тој го виде расплаканиот орач и тивко го праша:

− Што е, Петре, зошто плачеш?Петар одвај се созеде и низ солзи рече:− Дедо, прости: мечката го изеде едниот вол, со што ќе ора-

ме сега?...Праведниот старец кротко го погледна со неговите благи

очи и тивко му рече:− Петре, смири се; оди, фати ја мечката и прегни ја заедно

со другиот вол. Ете со што ќе ораш сега.Петар се зачуди. Без да прозбори, го погледна изумено и не-

доверливо добриот старец, а тој додаде:− Да, Петре, вистина ти велам; оди и фати ја. Ти ја давам таа

наредба од името на Бога Спасителот; ќе ја фатиш и ќе ја прег-

Page 147: Sv. naum ohridski

неш со другиот вол; ќе ораш со неа додека не го надоместиме загинатиот.

Се поклони Патар, доби благослов, му целива рака на старе-цот и тргна. Исплашениот вол се смири како ништо да не било. Тој тргна напред и одеше бодро. Ете ги крај нивата, ете ја и страш-ната стрвница каде што го дрпа месото веќе од остинатото живот-но. Петар се прекрсти и рече: „Боже, поможи!“ и се приближи до мечката. Таа ја крена својата глава, го погледна Петара како ѝ се приближува, но не покажа заб. Тој ја фати смело за уво и ѝ рече: „Ајде сега, проклетнице, да го замениш волот!...“ О чудо неви-дено! Косестиот ѕвер се покори и тргна мирно. Петар го прегна во тешкото рало, се прекрсти и почна да ора. Сонцето навалуваше веќе. Кога му изгаснаа последните зраци зад убавите мокренски планини, Петар го сврте ралото и тргна за в манастир. А езерото разбрането се лулееше успокоително и тивок вечерник го милуваше и го ладеше мирното лице на уморениот орач.

Нема да го опишувам восхитот на манастирските браќа кога го видоа Петара да тера еден вол и една мечка заедно прегнати. Сите се собраа на молитва и му благодарија на Бога за станатото. А преподобниот отец Наум, наведнат доземи, ронеше солзи и не се исправаше. Тој се плашеше да не сретне нечиј поглед што ќе го фали со молчење за стореното.

Петар доста долго ора со мечката. Кога купија друг вол, тој, по наредба на свети Наум, ја отера во гората и ја испади.

Ако отидете во прекрасниот Светинаумов манастир, ќе го видете во црквата зографисан орачот Петар како ора со еден вол и со една мечка*68

68 *Ефтим Спространов (Охрид, 1868 − Софија, 1931) во 1904 година ја објавил книшката (од 14 страници) „Св. Наумъ. Животъ и легенда“. Во неа има доста неточности, меѓу кои дека свети Наум се повлекол во својот манастир по блаженоупокојувањето на свети Климент во 916 година. Од оваа книшка за нас е интересно чудото со мечката обработено во расказ, кој го предаваме со наш наслов и превод од бугарски јазик.

Page 148: Sv. naum ohridski

154СЛУЧАЈОТ СО НАУМ ЈАЈЧАР

Наум Јајчар е на осумдесетина години. Тој е од Албанија. Откога се може слободно движење, редовно доаѓа во манастирот Sveti Naum. Причината сам му ја открил на Неговото Високо-преподобие архимандрит Нектариј.

Крстен бил Михаил, а сите го викале Милчо. Кога имал пет години, фамилијарно од Поградец со кајче тргнале да одат на па-наѓур во Sveti Naum. И пред тоа, веројатно, нешто не можел, но кога дошле на средина од езерото, паднал во бесознание. Речиси не давал знаци на живот.

− Да се вратиме назад! Детево е готово, да го погребиме! − рекла баба му.

− Жено, досега те знаев за умна, ама ти не си била умна кога така велиш! Знаеш каде одиме или не?! Одиме кај чудотворецот свети Наум. Тој ќе каже за детето, а не ти и јас õ ѝ рекол дедото.

И во бесознание го донесле детото во Sveti Naum. Родите-лите го оставиле на гробот од светецот и рекле:

ö Свети Науме, еве ти го детево. Прави со него што ќе правиш, тоа е во твоите раце!

По извесно стоење на гробот од свети Наум, мајка му го зела на раце. Детето се освестило и, наоѓајќи се во затворен простор, прашало:

ö Каде сум? ö и заплакало.ö Не плачи, чедо! Во манастирот Sveti Naum сме, над са-

миот гроб од свети Наум си! ö му рекла мајка му, а тој трипати извикал: „Наум, Наум, Наум!“ и додал: „Јас се викам Наум“.

Оттогаш тој човек го носи името Наум. И при играњето кога децата ќе викале по него: Михаил, Миле, Милчо не ги слушал. Само на името Наум се одѕвивал*

*Овие податоци г. Наум Јајчар (роден во 1924 година) на 20 март 2005 година во целост ни ги потврди во црквата во Поградец и му благодареше на архимандритот Нектариј за точните информации.

155

СТЈУАРДОТ ЗОРАН

При полетувањето на авионот „Фокер“, во 1993 година, падна. Патниците поминаа со повреди. Како што јавија медиумите,

Page 149: Sv. naum ohridski

единствено стјуардот Зоран преживеал без гребнатинка. Тоа лето доаѓаат двајца младичи. Едниот ми вели:

− Да Ви кажам. Дојдов да запалам свеќа во црквата на свети Наум. Јас сум стјуардот Зоран кому ништо не му се случи при па-ѓањето на авионот. Мене ме спаси свети Наум! − и почна наши-роко да раскажува како било.

Еден ден пред паѓањето на авионот, Зоран врвел покрај црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Навратил во црковната про-давница. Сакал да купи некое иконче. Продавачот му нудел икон-че од св. Димитрија. „Не, рекол тој, ќе го земам св. Наум“.

Зоран бил офицерско дете, па мајка му му рекла:− Зошто ти е, каде ќе ја ставиш?Зар немало место каде да се стави икончето во толку голема

куќа?! Зоран икончето го ставил во својата спална соба и ми пов-торува:

− Знам дека свети Наум ме спаси. Затоа дојдов и на него-виот гроб за тоа да му благодарам.

156

ИЗЛЕКУВАНА СТАРИЦА ОД НОВИ САД

Милко Ристески го раскажуваше следниот случај.Во манастиров дошла лекарка од Нови Сад. Ја донесла неј-

зината душевно болна мајка. Како лекарка сè презела, ама лек не-ма. Мајка ѝ била избегнувана од средината, а и самата не била за во средината. Некоја жена ѝ рекла: „Што не ја однесеш во мана-стирот Sveti Naum во Охрид!“ Уште ѝ рекла во манастирот да остане подолго, таму да ја остави слободно да шета, слободно да фаќа тревки, пеперутки и друго во кругот на манастирот.

Лекарката со мајка ѝ отседнале во хотелскиот дел. Мајка ѝ шетала во дворот, во околината. Клекнувала покрај гробот на све-ти Наум. Секој ден имало сè подобри знаци. Останале десетина дена. Мајка ѝ сосема дошла присебе, велејќи: „Каде сум? Зошто сум овде?

157

ИЗЛЕКУВАНО ДЕТЕ ОД ВЕЛЕШТА

Page 150: Sv. naum ohridski

Во еден студен зимски ден на 1995/96 година дојдоа ро-дители од струшкото село Велешта со своето дете. Во нивна при-дружба беа три-четворица луѓе. Ми велат дека детето боледува од епилепсија и бараат да му прочитам молитва. Кај туѓоверните молитвата не е придружена со соодветните постапки како кај пра-вославните. Според традицијата, им го прочитав педесеттиот псалм од Biblijata.

Ми велат луѓето дека доаѓаат по виден сон од тетката на де-тето (сестра на таткото). Во сонот белобрад старец ѝ рекол на крајот од езерскиот брег на Охридското Езеро има црква, да го однесат таму детето и ќе му мине болеста. Тргнале. Дошле до Пештани. Прашале каде е црквата, мислејќи дека тука е црквата за која им рекол човекот во сонот. Отишле на местото од сега-шната пештанска црквичка „Св. Троица“ и се вратиле. Детето не било ништо подобро.

Пак на сон ѝ се јавил стариот белобрад човек на тетката од детето, повторувајќи го истото: „Да појдете со детето во црквата на крајот од езерскиот брег. Таму да купите една риба. Дома да ја подготвите и неа да ја изеде само детето“.

Ми кажуваат родителите за минатогодишното доаѓање до Пештани, за повторното видување на сонот и бараат да купат ри-ба. Ете Светинаумово чудо. Напред имало риба во манастирот ко-га имало монашко братство и многу слуги, од кои некои биле за-должени за риболов, ама сега од каде риба. Претходниот ден еден човек донесе подарок една риба од околу 800 грама. Им ја дадов неа и крстена вода. Бевме известени дека детето оздравело, вели архимандритот Нектариј.

158

ПОРАЧУВАМ ПЛАШИЦИ, ПЛАШИЦИТЕ НА ПОРТА

Едно утро во 1992 година одам на утрена. Одам да ја отклу-чам вратата од црквата. Работникот Дончо вели дека ќе оди во Охрид. Добро, му велам, ми се пријаделе плашици. Купи кило-две.

Само што излегува од капијата, се враќа Дончо со 2 кг. чис-тени плашици што ги пуштил некој дарител по некој патник со автобусот, а јас уште не бев влезен в црква, раскажува архиман-дритот Нектариј.

Page 151: Sv. naum ohridski

159

ИЗЛЕКУВАН ГЕРМАНЕЦ

Во 1987/88 година во манастирот дошле маж и жена од Гер-манија. Мажот имал сообраќајка во која го повредил вратот. Ве-ројатно некој пршлен, па не можел да ја држи главата без корсет. Само што влегол во портата, чул глас: „Извади го тоа од околу вратот!“

− Ќе го извадам корсетов! − рекол мажот.− Аман, немој, ќе паднеш без него! Како ќе одиш без него! −

загрижено му рекла жена му.− Не, чув глас! Ми рече да го извадам! − ѝ рекол мажот и го

извадил.Слободно, исправено човекот се движел. Во знак на благо-

дарност, го извадил златниот прстен од на рака и го оставил на гробот од свети Наум. Се разбира и тој отишол во Заводот за за-штита на културно-историските споменици и Народен музеј − Охрид.

160

ЌЕРКА ОД СВЕТИ НАУМ

Еден брачен пар од Трпејца 13 години биле во брак и немале пород. На два-трипати дојдоа во манастиров да им направам молитва. Пред зимски Свети Наум, на 28. XII 2000 година, им се родила ќерка. Ете го таткото доаѓа и ми вели:

− Ваше Високопреподобие, добив ќерка. Таа ми е од свети Наум и затоа сакам токму на Свети Наум да ја крстам во неговата црква.

И го крстив новороденчето осмиот ден од неговото раѓање, на зимски Свети Наум (5. I) 2001 година по името на баба му − Верица.

161

ПО ДЕСЕТИНА ГОДИНИ − ЌЕРКА

Пред некоја година доаѓаат маж и жена од Скопје, лекари. Тие во 1991 година дошле во манастиров. Откако кренале раце од

Page 152: Sv. naum ohridski

медицината, иако лекари, бидејќи десетина години биле во брак, а немале деца, дошле во Sveti Naum. Сум им прочитал молитва.

− Ваше Високопреподобие, ние се извинуваме што не дојдовме поради немање време, презафатеност, но ние имаме веќе двегодишна ќерка. Таа ни е од свети Наум. Во знак на благодарност, еве скромен подарок за свети Наум! − ми велат предавајќи ми тепих.

162

НАЗМИЕ

По некоја година од преземањето на манастирот Sveti Naum од државата, на гробот од свети Наум на празникот најдовме плико со пари и писменце со куса содржина: „Фала ти свети Науме што го излекува брата ми. Назмие“. Оттогаш сама ќе дојде или по друг ќе пушти пари и на гробот од Чудотворецот ќе најдеме плико. Во него има шведски круни. Претпоставуваме дека таа Назмие е од богатата фамилија Зизовци од Ресен. Само што ќе видиме плико на гробот, веќе знаеме дека е од Назмие, вели игуменот архимандрит Нектариј.

163

ВИДЕНО ЧУДО

Живко Сотироски на 22 јануари 2005 година ни го раскажа следното Светинаумово чудо на коешто бил очевидец.

− Скоро редовно на летен Свети Наум во манастирот Sv. Naum ги регистрирам даренијата за чудотворецот св. Наум. Во 2003 година бев очевидец на следното Светинаумово чудо.

Доаѓа крупен маж, со засукани мустаќи, во селска носија. Како дојде до местото каде што ги регистрирав даренијата не знам, но кога се најде пред мене, посебно ми го привлече внима-нието. Ми пријавува подарок јагне за св. Наум. Додека другите кои подаруваа јагне го носеа на раце, го држеа за врат или врзано со јаже, трипати го вртеа околу црква и го предаваа на одреде-ното место, крај овој човек стои мало, убаво, бело јагне. По за-пишувањето на дарението, човекот трипати заврте околу црква без на некој начин да го држи/носи јагнето меѓу мноштвото народ. За

Page 153: Sv. naum ohridski

тоа време јагнето потскокнуваше и одеше по и пред човекот. Ко-га третиот пат дојде до бунарот, човекот на јагнето му вели:

−Досега беше мое. Отсега си од свети Наум. Ене, таму оди!− му покажува со раката кон вратата кај што ги затворавме подаре-ните јагниња.

Јагнето со трчање отиде право кај вратата на збирното ме-сто. Кога задолжениот за прием на јагнињата ја отвори вратата, само влезе. Овој настан ми е незаборавен, и сега ми лебди пред очи.

164

СЛУЧАЈОТ СО ДЕВОЈКАТА МАЈА

Пред четири години во гробниот параклис на св. Наум ја до-несоа девојката Маја од Скопје мајка ѝ, татко ѝ и тетка ѝ. Со неа беше и една друга девојка, која клекна до гробот на св. Наум. Таа ми рече да ѝ ги извадам од рацете на Маја прстењата и белегзи-ите. Потоа оваа девојка нешто во себе зборуваше и со десната рака трипати правеше допри го гробот и фати ја Маја, која беше прекрасна, но долните екстремитети (нозете) ѝ беа одземени. Јас со масло и со босилек ја измачкав по лицето. Едно време болната Маја се стресе. Рече дека почувствувала како од стапалата нагоре да ѝ поминала струја. Нејзините придружници беа пресреќни за-што првпат Маја ги почувствувала своите нозе.

165

ДУШЕВНО РАСТРОЕНО ДЕТЕ ОД СРБИЈА

По војната во Србија, во пресрет на празникот Свети Наум во 2000 година, во гробниот параклис на св. Наум дојде еден чо-век од Србија. Со себе го носеше својот душевно растроен син од доживеаното во војната. Детето беше VII одделение. Како на де-журна кај гробот на св. Наум, ми вели:

− Јас сум дојден по сон. Каде да застанам?− Сега со детето стој во ќошот, а половина час пред полноќ

детето да постои наведнато на гробот.Така направи човекот. На полноќ го измачкав детето на че-

лото со масло крстовидно и му дадов босилче. На човекот му ре-ков да појде кај мојот сопруг да му помогне некаде да се смести

Page 154: Sv. naum ohridski

со детето. Утрото доаѓа човекот пресреќен. Првпат неговото дете мирно заспало. Чувствува како секој момент на детето му се по-добрува состојбата. Заедно со него од Sv. Naum за Охрид иде-вме со автобус. Од среќа, покрај тоа што веќе оставил на гробот од св. Наум, човекот ми даде уште 50 герм. марки да ги однесам во Sv. Naum при првата посета − раскажува Васа Сотироска.

166

ПО 12 ГОДИНИ – ЌЕРКА

Пред три години, 2001 година, на гробот на свети Наум дојде млад брачен пар со бебе од две недели. Беа Ѓупци од Ресен. Му редат на бебето во двете рачиња банкноти од по 500 денари. Го навалуваат бебето за тоа со рачињата да ги остави банкнотите на гробот и ронат солзи.

− Зошто плачите, зошто солзи? − ги прашувам, вели Васа Сотироска.

− Нашиве солзи се од радост, од голема среќа! − ми вели же-ната и ми раскажува. Немавме деца 12 години. Лани дојдов овде. Му се молев на свети Наум и, еве, пред две недели добивме ќерка. Му ветив на свети Наум и да биде од недела, ќе дојдам со него на поклонение. И дојдов да му благодарам, да си го испол-нам ветувањето зашто ќерката ни е од него.

167

ПЕТТОЛЕБИЕ ВО СВЕТИ НАУМ

Катерина Снегарова била болна, и тоа тешко. Некоја жена ѝ рекла што не појде во Sveti Naum да направи петтолебие. И дојде. Јас редовно правам петтолебие. Ги поставив свеќите на лебот, ги запалив. Климентина ме гледа. Што правам јас прави и таа. Само што ги постави нејзините свеќи на нејзиниот леб, со искри од моите свеќи се запалија нејзините. Чудо гледаме двете. Оздраве Климентина и вети: „Додека сум жива ќе доаѓам во Sve-ti Naum “. И редовно доаѓа, вели Васа Сотироска.

168

„ВРТЕЊЕ“ ЖИВА СТОКА ВО СВЕТИ НАУМ

Page 155: Sv. naum ohridski

Кога му се обраќаат луѓето на свети Наум да им помогне за нешто, покрај друго, му ветуваат дека ќе му „вртат“: јагне, овен, јаре или друга жива стока. Тоа, „вртењето“, се смета за најважно дарение на свети Наум.

Однесената стока во Sv. Naum се „врти“ на посебен начин.Јагнето (јарето, живината) се носи в раце или на друг начин,

а покрупната стока се води со јаже од лицето за коешто се бара помош или што видело добро. Ако тоа не може од здравствени причини, дарението го носи негов најблизок, но треба да е во не-гова придружба. Кога оној за кого се носи дарението не е во мож-ност да биде на овој чин од било кои причини, „вртењето“ го вр-ши оној кому тоа ќе му биде доверено. Животното се врти три-пати околу црквата на свети Наум и потоа му се предава на лицето што е задолжено за прием.

„Вртењето“ жива стока околу црквата на свети Наум се пра-ви со најблиски од фамилијата, со роднини и други познати и, најчесто, проследено со свирки (посебно донесени за тоа или ан-гажирани што се таму). Импозантно е „вртењето“ кога е од Ѓупци (Еѓупци, односно Египќани). Тогаш редовно има музика, придружбата е масовна и доаѓа до израз посебната почит кон Чудотворецот.

169

ЃУПАНА

Местото од свиокот после мостот до црквата Sv. Petka, лево од патот, се вика \upana. Името го добило по Ѓупците (Еѓупците, т.е. Египќаните).

Порано кога секој имал свој дел, односно конак, Ѓупците биле на овој простор. Тука имале и нивни конак, поради што и денеска тоа место се вика \upana. Ѓупците од секогаш најма-совно го посетуваат манастирот Sveti Naum на празникот. На тој ден доаѓаат каде и да се. Без нив не личи панаѓурот. Со нив-ната музика, песна и оро ѝ даваат посебна убавина на прославата, а особено со нивниот пиетет кон свети Наум.

Традиција е кај Ѓупците да доаѓаат во \upana неколку дена, дури и повеќе, пред празникот, не за продавање или за купување, туку да се во манастирскиот комплекс, да му оддадат чест и по-чит на свети Наум, да се со него во негова близина. За тоа време

Page 156: Sv. naum ohridski

помагаат во подготовките за празникот, а доста остануват некој ден и по празникот да поможат за средување на манастирот за здравје и напредок, т.е. за она за што се дошло кај Чудотворецот*.

170

СВЕТИ НАУМ НЕ КАЗНУВА НЕВИНИ

Татко ми ја однесол баба ми (мајка му) во Sveti Naum на празникот да му оддаде почит на свети Наум за неа за здравје и за целата фамилија. За враќање пазарил кајче и отишол да ја поземи баба ми од манастирот. Кајачарот за тоа време накачил млад свет, за нив немало место.

− Зошто вака ми направи? Ако ти беше за повеќе пари, зо-што не кажа, ќе ти дадев! − реагирал татко ми, но кајачарот завес-лал.

По извесно време, фатило невреме, се разбранило езерото. Кон Трпејца кајчето се превртело и се удавиле младите луѓе, бидејќи во манастирот и во кајчето правеле недолични работи.

Едно време на работа во Завод и Музеј ми доаѓа Ѓорѓија Ри-стески од село Орман. Ми кажува дека трипати на сон му дошол свети Наум. Тропал со патериците и му рекол дека во Охрид, крај езеро, отприлика пред сегашниот Дом на култура, порано имало две цркви под ист покрив, едната посветена на св. Климент, а другата на св. Наум и до нив − училиште. Човекот настојуваше тоа да се испита и да се возобноват храмовите.

Како што сум разговорлив, вели Јордан Трца, нашироко го разврзавме разговорот, па тој Ѓорѓија ми кажа за истиот случај што толкупати го слушав од баба ми и од татко ми. Ми вели:

− Бев на еден празник во Sveti Naum. За враќање сакав да се качам на едно кајче. Одејќи кон кајчето, некој ме удира одназад по рамо. Се обѕрнав. Гледам белобрад висок човек и ми вели: „Не качувај се. Ти треба уште да живееш“. Се стресив. Пак се обѕрну-вам. Го нема човекот. Сфатив. Ме обли студена пот. Се вратив и

*За видено добро од некој светец, од Божјата Мајка, од Нејзиниот Син или од Создателот, порано, покрај даренија, луѓето ветуваа дека толку и толку време ќе служат во тој и тој манастир. За „поситни“ добрини се слу-жеше/работеше и во парохиските храмови.

Едно такво ветување има забележано и Марко Цепенков во приказната „Силјан Штркот“: „Ах село златно, ах, град Прилеп златен, дали ќе ме до-несит Господ уште еднаш тамо! Ако речи Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на манастир на Трескаец, на Богоројца“.

Page 157: Sv. naum ohridski

се потпрев на блиската карпа. Се качија момчиња и девојки. Ви-дов како заминува кајчето. По некое време, фати невреме, се раз-брани езерото. Наспроти Трпејца се превртело кајчето, младите се удавиле. Мене ме спаси св. Наум.

*

Од деветте души во кајчето се спасиле само двајца: Коле Шаптески од Велестово и Крсте Тодороски од Лескоец. Жив е Коле Шаптески. Тој на 8. II 2005 година за случајот ни го раскажа следното.

– На 2 јули 1947 година од Велестово за Sveti Naum тргнавме: јас со свршеницата Милка Климоска, Тодор Цоцески со свршеницата Воскра Ѓоршеска и Нове Џајкоски со свршени-цата Јорда Климоска. Отидовме пешки. Таму спавме. Утрото, на 3 јули, пак бевме в црква и кон 10 часот се качивме во едно кајче за Охрид. Во кајчето беа и двајца браќа од Лескоец: Насте и Крсте Тодороски. Со кајачарот Ристо Каневче бевме деветмина.

Кога приближивме наспроти Трпејца, откај Охрид се зададе еден облак. Се разбрани езерото. Брановите почнаа да го полнат кајчето и да си играат со него. Ја црпиме водата со грсти. Се преврте кајчето. Сите се најдовме в езеро, а не знаеме да пливаме. Само јас и Крсте се најдовме фатени за дрвеното кајче. Другите никаде ги нема, како на дното да пропаднаа.

Ветрот го носи кајчето кон Поградец. Врви бродот од Охрид за „Свети Наум“. Викаме: „Помооош!“, но не нè видоа, ни нè чу-ја. Едно време ветрот сврте. Кајчето нè носи на спротивната страна. Бродот се враќа за Охрид. Пак викаме за помош, ама ни-што. Нè донесе кајчето на брегот наспроти Елшани. Поминаа веслачи со сандолина. Им кажуваме кои сме. Ни велат дека ќе ја-веле, а не нè зедоа.

Враќајќи се од „Свети Наум“, намина со кајчето Ламбе Кор-доски од Охрид. Внатре се неговите и самарџијата Климе Мартин. Нè зедоа. Истоштени од десетчасовното борење за живот, сме се онесвестиле. Легнати нè носат. Кај „Горица“ ги пресретнала ми-лицијата со патролниот чамец кај што иде по нас. Ламбе им рекол дека на отворено не може да нè префрли во нивниот чамец, туку да дојдат на пристаниште. Оттаму нè презела милицијата и на носила нè однесле в болница, каде што лежевме десет дена до-дека се опоравивме.

Page 158: Sv. naum ohridski

Од седумтемина удавени само мојата свршеница ја исфрли водата кај Подмолје. Другите не се најдоа.

171

ЧЕТВОРИЦА АРАМИИ И ЕДНА СРНА

Во времето на Грчко-турската војна во манастирот имало една питома срна. Еден ден идат во манастирот четворица Турци: двајца биле од Братомир, а двајца од Хелеруп. Тие биле познати разбојници и арамии. Во манастирот цел ден јале, пиеле, пукале со пушките и направиле цела ѓурултија. Приквечерината станале да си одат. На патот ја забележуваат манастирската срна како се враќа од шумата дома. Тие веднаш ги впериле пушките и ја уби-ваат.

Кога стасале до селото Черава, здогледале еден свој крвен непријател којшто иде патем кон нив. Тие брзо зазеле заседа крај патот. Човекот не ги видел, па не претчувствувајќи ништо си одел слободно. Кога дошол до самата заседа, четворицата Турци изгрмеле од пушките, но ниеден не го погодил. Тој човек прво се исплашил, но брзо се прибрал, ја симнал пушката од рамо и поч-нал и тој на нив да пука. Се отворила една долга, долга и нерамна борба: четворица против еден, еден против четворица. Но тој едниот успеал да ги убие сите четворица Турци, сите еден по еден, а тој останал жив и неранет.

Потоа тој човек отишол доброволно и му се понудил на игу-менот да служи во манастирот до крајот на својот живот од бла-годарност кон свети Наум. Тој самиот честопати раскажувал, велејќи: тоа самиот св. Наум ги казнил арамиите зашто ја убиле питомата срна. Зашто тоа да не е од свети Наум, како ќе можев јас сам да убијам четворица наоружени луѓе во заседа и самиот да останам жив и неранет?

172

НЕ МОЖЕ ДА СЕ КРАДЕ ОД СВЕТИ НАУМ

Еднаш дошле некои калуѓери од некаде во од Грција за да ги украдат моштите на свети Наум. Игуменот убаво ги пречекал и ги нагостил зашто не ја знаел нивната намера. Уште, по нивна желба, им одобрил да преноќуваат кај гробот на светецот. Таа нивна желба не го зачудила игуменот, бидејќи многу болни и

Page 159: Sv. naum ohridski

поклоници тоа го прават. По вечерата, тие влегле во гробниот па-раклис со своите торби, во кои под книгите биле скриени копачи, лопати и други алати за копање. Се заклучиле однатре и кога сè заспало во манастирот, ја почнале својата работа. Но многу те-шко им одело.

Испотени од работа успеале само да го одвојат гробот од карпата. Но одеднаш им се фатиле рацете и телото така што не можеле да мрднат, туку секој останал во онаква положба во која што се затекнал.

Утрото рано клисарот сакал да влезе во црквата, но не мо-жел. Тропал, тропал, но напразно. Му кажал на игуменот. Се собрале сите и некако ја отвориле вратата. Глетката била неви-дена и страшна. Калуѓерите-крадци стојат, клечат или седат како камени статуи. Кој како замавнал со алатот да удира на плочата така се фатил и останал како скаменет. Почнале да им зборуваат, да ги караат, да ги тресат, но тие ни глас не можеле да испуштат. Само како луди вкочането гледале. Игуменот со другите калуѓери веднаш се дале на молитва. Молитвата траела многу долго додека најпосле крадците се олабавиле и почнале да се движат. Им се одврзал јазикот и тие со срам и покајание се исповедале пред сите за она што на сите им било јасно. Велеле дека на тоа некој ги наговорил. Потоа си отишле од манастирот, фалејќи и славејќи го Господа и свети Наума како чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светецот во манастирот. Повеќепати се правени обиди да се украдат, но секогаш без успех.

173

УВИДЕЛ ДЕКА КРАДЕ ОД ОНОЈ ОД КОГО НЕ МОЖЕ ДА СЕ УКРАДЕ

Појани се вика едно турско село во Корчанско Поле. Турци-те од тоа село секоја година собирале по малу жито и тоа жито го испраќале по еден од нив во манастирот Sveti Naum. Една го-дина собрале пет кила жито, што е 300 ока (во Македонија едно кило тежи околу 60 ока) и му го дале да го чува на еден домаќин од истото село, со тоа тој да го испрати в манастир кога за тоа ќе му се даде прилика. Влегол ѓаволот кај тој домаќин, па еднаш заедно со жена му влегол во одајата кај што било житото на куп, та земаат 60 ока и го тураат во својот амбар, зашто, си рекле, не-

Page 160: Sv. naum ohridski

ма да се познае. Но ѓаволот, кој ни ора ни копа, а само им мисли зло на луѓето, му шепнува дека малу зел, па треба уште малу да приземе и пак не ќе се познае. И влегува домаќинот пак во ода-јата, а таму ни зрно жито. Се уплашил, ја викнал жена му и ја прашал да не го пренесла таа сето жито. А жената и самата се зачудила и рекла дека не зела. Во стравот и во недоумицата што да прават, тие брзо одат во својот амбар, земаат 60 ока жито и го пре-несле во одајата на истото место кај што бил купот со жито и сега нема ни зрно. Само што го истуриле украденото жито на подот, пак купот нарастел колку што бил порано. Сето жито, значи, се собра на своето место. Тие разбрале дека тоа е чудо на светецот и ги фатило страв, па на купот му дотуриле и од своето жито и го однесле в манастир, а на своите пријатели им го раскажале чудото што им се случило. Набргу тоа се расчуло на сите страни, па и ден-денеска во тој крај се раскажува и се прераскажува.

174

КАЕЊЕТО НА ПОДНАРЕДНИКОТ

Во Вардарска Македонија за време на стара Југосланија имаше многу жандарми*. Поднаредникот од жандармериската станица во селото Љубаништа, кај Sveti Naum, еднаш влегол во манистирските лозја и собрал грозје. Кога легнал да спие, на сон му дошол свети Наум со кантар. Му го мерил грозјето: „Два ки-логрима, по два динари, се четири динари“, рекол свети Наум и му удрил две шлаканици.

Поднаредникот се уплашил од сонот. Утрото отишол во црквата на свети Наум. Дал четири динари. Клекнал пред иконата на свети Наум и гласно рекол: „Уште еднаш нема да земам ни зрно грозје од манастирските лозја, нито нешто друго и од никаде!“

* Во 1928 година од окупно 15 000 жандарми во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците 10 000 биле во Вардарска Македонија, а нешто подоцна веќе 12 000 од вкупно 17 000 жандарми. На секој шести километар во Вардарска Македонија имало жандармериска станица (в., Dokumenti za borbata na makedonskiot narod za samostojnost i za nacionalna dr`ava, том втори, Скопје, 1981, док., 6, стр. 26; Istorija na makedonskiot narod, кн, Ш, Скопје, 1969, 41).

175

НЕ ТРЕБА ИГРАЊЕ СО ИМЕТО НА СВЕТИ НАУМ

Page 161: Sv. naum ohridski

Многу што го злоупотребувале името на свети Наум виделе зло. Така, една бремена жена ветила дека ќе однесе литар масло за лесен пороѓај. И на празникот со други луѓе одела на манастир. Патем, поради невнимание, ѝ се подистурило од маслото. Некој нејзин сопатник ѝ рекол дека свети Наум ќе се лути што ќе му однесе подистуреното шише со масло. На тоа таа рекла: „Свети Наум не ќе го мери маслото, не ќе му останат децата недона-јадени“, наведувајќи и други подбишеги. Само што завршила со исмејувањето на свети Наум, од некаде се задал некој исплашен коњ. При пробивањето низ луѓето, коњот ја клоцнал бремената жена. Жената одвај останала во живот, а плодот го пометнала.

Во прилог на ова кажување, Васа Сотироска додава:– Перо Киселина правел куќа. На мајсторите им рекол на

празникот Свети Наум да не идат на работа. Арно ама, жена му, прилепчанка, почнала да вика каков свети Наум, како ова, како она. И работеле мајсторите. На ведрото небо се појавил облак. Близу нивното девојче паднал гром. Мајсторите веднаш го запретале во песокта. Одвај се спасило детето. Оттогаш жена му на Перо со месеци пред празникот прашува кога е Свети Наум.

176

ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛЕЗНАТА ВРАТА

Едни арамии влегле во црквата Sveti Naum. Околу појас имале силафи од кожа со повеќе прегради, за разни работи. Мас-лото што било во кандилниците сето го украле. Го туриле во бакарните садови што ги имале во силафите. Кога биле готови со пљачкосувањето, влезната врата од црквата им се затворила. Море еден, море сите тргај, ама вратата никако да се отвори.

− Море, ќе останеме овде, туку враќајте го маслото, истре-сете сè што зедовме! − предложил некој од нив.

Сè што зеле арамиите вратиле и кој по меџидија, кој черече (5 гроша) оставиле пред иконата на свети Наум. Тогаш вратата сама се отворила и арамиите излегле.

177

СВЕТИ НАУМ И КРАДЕЦОТ НА ИКОНЧЕТО

Page 162: Sv. naum ohridski

Е, бил некој си човек, како што одет полно љуѓе на мана-стир, на посета ... И ко влегол во црквата, го бендисало некое иконче. Го украл, ете, фрлил мерак тој во него. Го зел, го скрил некаде, г’однесол дома, да си г’имат дома икончето.

Ама за неколку дена почна да му се прајт штета во куќата. Еден ден му пукнал волот, те по извесно време пцојсале кокош-ките. Пак тој не се сеќават што е работава. Те некој ден му изго-рела плевната. Гледат разни соној, глеат све назад, а напред не. Куќата кај него до тога одела многу убаво. Поштени си биле луѓето. Си одело, сè напред одело. Сè што ќе напраеле и се виж-дало дека се прајт, се гради, се ојт, кинисвет напред. Од тога поч-нало сфе наназат, наназат, наназат, па, бога ми, многу се вратил назад.

И ен ден рекол: „Мајката што прајме с’ова, ја во скоро вре-ме многу изгубиф“. Е, му се сонило на сонот: „А бре − му рекол свети Наум − тоа што го зеде икончето да ’о вратиш ак’ сакаш да прекинет овје зло што се појаве ке тебе. Ако не, ќе дојш на ко-нец...“ И тој станал, се разбудил сабајлето, е викат на жена му:

− А мор’, жено − рекол − ќе ти кажам еден сон.− Што е, мажу?− Е − рекол − сон. . . Икончето што го зеофме на свети Наум

требит да ’о вратиме. Иначе мие ќе пострадаме. . . Да го вратиме икончето назад за да мојме да продолжиме пак како што си жи-веефме, да си ојме напред. Јас, жено, сакаф икончето да ’о про-дадам некаде странство за големи пари да фатиме, да купиме не-што, да створиме нешто, оти тие се стари икони и секој ними ’и барат да ’и купит. Али како што се дешавает овје несреќи, не-згоди, мораме да ’о вратиме назад мие. Мие многу изгубифме што го зеофме. Плевната ни изгоре, волот ни пукна, кокошките се фиросае, секој ден незгоди . . . И сонот, как’ што ми се јави сонот да ’о вратиме икончето назад. П’убо да ’о вратиме икончето на-зад, да си останиме на она што си бефме отколи да глеаме да продаваме икончето, па да створиме нешто. Мие ќ’изгинеме за ове иконче.

Така се сложиле со жената. Еден ден станал, го зел икончето под палто го скрил да ’о не гледат никој што носит и си отишол во манастирот, му се извинил дека грешка напрајл. Од тога на-таму да му ’и простит греојте свети Наум. Го вратил икончето, го наместил каде што си било и како што си било. И од тога преки-

Page 163: Sv. naum ohridski

нале сите тие незгоди и несреќи во куќата ... Тоа го слушаф ја таму од љуѓе дека вистина тоа се десило таке. Во Љубаништа ми кажвее таму во селото. И на децата му остајл проклетија:

− Деца, на манастир, на вакоф, било на кој вакоф или на Свети Наум, ако мојте да помогните − да помогните, ако не, да не чепкате ништо, оти вие ништо не гледате, ама све ќе ви биет ма-лер, несреќа ќе ви биет, ако нешто земите. Ништо да не земвите, ако нешто покушате да земите. Ништо да не земвите, ако мојте да дајте на манастирот, да дајте. Ако не мојте, да не фаштате ништо...

178

ДЕВЕТМИНА АРАМИИ

Некои деветмина арамии од Дебарско отишле во Охрид на-вечер, со цел да крадат маски. Секој од нив украл по две маски. Арамиите задоволни од пленот, тргнале да си одат за Дебар. Но тогаш во Охрид се погодил свети Наум. Мислеле арамиите дека патуваат кон Дебар, а тие вртеле на едно место. Кога се разде-нило, виделе дека арамиите оти се на истото место, во Охрид и тоа унаказани: некои искривени во вратот, други искршени во телото, па не личеле на нормални луѓе. Виделе арамиите дека така се поради казна, па ги пуштиле маските, се молеле, светеле масло и свети Наум пак ги наместил како што биле.

179

САМО МАЧКАТА ОСТАНАЛА ЖИВА

Еден Арнаутин украл манастирска мачка. Набргу сè му изум-рело во куќата, само таа мачка останала жива на огништето.

180

СВЕТИ НАУМ ГО КАЗНУВА ЗУЛУМЌАРОТ И МУ ПРОСТУВА

Еднаш во манастирот свратил некој турски коњаник. Тоа било кон крајот на зимата. Тој побарал од игуменот за себе ве-чера, а за коњот сено. Игуменот му дал вечера, а за сеното му ре-кол дека има многу малу во манастирот колку по малу да им се дава на болните овци. Коњаникот луто му викнал на игуменот дека колку што има да му се даде на неговиот коњ. Игуменот пак

Page 164: Sv. naum ohridski

учтиво го замолил да му го остави сеното, зашто инаку ќе му изумрат овците. Коњаникот уште повеќе се налутил и им наредил на слугите да го земат сето сено и да му го дадат на неговиот коњ.

Утрото коњаникот влегува во коњушницата и го гледа него-виот коњ пцовисан. Почнал да жали и да бара помош. Потрчал игуменот и самиот го гледа коњот пцовисан.

− Ама, ага, му вели игуменот, не требаше да му се дава сеното.− Му го дадов, одговорил коњаникот.− Ти реков да не му се дава. Ете, го налути светецот и те

најде несреќа.− Аман, папаз, рекол коњаникот, моли го светецот да ми

прости.Игуменот отишол в црква, ги запалил свеќите и почнал да се

моли. Коњот оживеал и станал. Коњаникот весел се качил на сво-јот коњ, му благодарил на игуменот и рекол: „Ишала, страшен е свети Наум!“

181

НЕ СЕ СЕЧЕ ВО ВАКОВСКО

Во селото Вевчани, Струшко, ќе граделе некој селски објект − училиште. Мајстори се самите, не биле проблем камењата, варта и друго, но се загрижиле каде ќе набават греди, чатми, појаси − дрвена граѓа.

− Дрвјата ќе ги пресечеме во ваковскине задли! − рекол прет-седателот на нивната општина.

− Претседателе, од ваковско никако! − реагирале селаните.− Јас наредувам! − бил категоричен претседателот.Кајшто има сила нема правина. Сакале-нејќеле вевчанци

отишле да сечат од ваковските дрвја, но никој не сакал прв да почне.− Дајте ми секира! − им рекол претседателот.Само што удрил со секирата во дрвото, претседателот се

изгубил, му се поматил умот. Луѓето се вратиле в село.Ноќта свети Наум им се јавил на сон на некои постари и

повидни луѓе, велејќи им:− Не знаете оти местото е ваковско!? Видовте како помина

претседателот!

Page 165: Sv. naum ohridski

Следниот ден го коментирале сонот вевчанци. По нивни со-вет претседателот го донесоа во Sveti Naum. Роднињето на прет-седателот се молеа, дадоа богати подароци. Претседателот дојде присебе. За опростување на гревот, претседателот на манастирот му го подари својот бел коњ. Тоа беше ретко убав коњ. Долго време со овој коњ ја возевме манастирската чеза во предвоена Југославија.

182

ПОРАДИ ГРЕВ ПОЛУДЕЛ И СЕ ИЗЛЕКУВАЛ

За време на Грчко-турската војна во 1897 година поминала многу турска војска од Дебар низ Sveti Naum за Корча. Во тоа време во селото Зверино учител бил Стефан Горѓиев, којшто рас-кажува: „Меѓу другите трупи помина и една трупа турски војни-ци; еден од нив на убав нов сиџадет на коњот. Кога, идното утро двајца од тие војници го водат коњот со оној ист сиџадет и на ко-њот врзан третиот војник. Луѓето од Зверино ги прашаа војни-ците каде се враќаат. Двајцата војници одговараат дека ноќта нивниот другар полудел, па го враќаат во манастирот за да му по-могне свети Наум.

Кога стасале во манастирот, му објасниле на игуменот дека нивниот другар украл седџаде од манастирот и дека ноќта полу-дел. Веднаш го вратиле седџадето од манастирот, а лудиот го затвораат во темната ќелија. По една прочитана молитва, лудиот оздравува. Кога дошол на себеси и разбрал што му се случило, тој се уплашил многу од светецот, та и коњот си го оставил на мана-стирот“.

183

КАЧАЦИТЕ И МАНАСТИРСКИТЕ МАСКИ

Во манастирот наидов на старец современик на едно од по-следните чуда на свети Наум, пишува Станислав Краков во кни-гата Kroz Ju`nu Srbiju (Белград, 1926, 60).

Една ноќ − пред 40 години − качаци од с. Старово дошле во Пискупе над Sv. Naum. Манастирските маски биле растурени на пасење и манастирскиот слуга доцна ги забрал за в манастир. Патем наишол на качаците. Го застанале.

Page 166: Sv. naum ohridski

− Стој, чии се маскиве?− Манастирски . . .Бидејќи качаците имале намера да одат до Корча и да го

опљачкат еден трговец, го набркале слугата, му ги зеле маските и им се качиле. Цела ноќ пееле и во зората гледаат езеро.

− Види, сме ја минале Корча.Ама тоа е Охридското Езеро, извикал еден качак. Дури то-

гаш тие забележиле дека уште се кај Пискупе. Цела ноќ маските вртеле како на гумно и не се мрднале од манастирот.

Качаците се уплашиле од гневот на светецот и ги вратиле маските в манастир.

− Слава Ти тебе, свети Науме, рекол тогаш слугата кога ги видел маските...

184

ЦЕЛОНОЌНО ПАТУВАЊЕ ВО ЕДЕН КРУГ

Ходо Бабиени е прочуен арнаутски арамбаша кого уште го помнат некои стари луѓе. Со петнаесет свои другари пљачкосувал на сите страни. Сите тие биле од Шена Прента (Света Параскева) зад Корча. Еднаш таа качачка банда извршила некое пљачкосу-вање во Преспа, се враќале преку Галичица и во мракот дошле над селото Пискупи. Тука седнале да се одморат и да вечераат. Тој ден манастирските маски залутале некаде во планината. Ма-настирскиот слуга ги нашол во самиот мрак в планина и ги забрал за в манастир. Но патот го донесол токму на оваа качачка банда. Качаците велат дека ними маските добро им дошле, бидејќи тре-бало долго да патуваат. Ги фатиле маските и ги врзале. Слугата се спротивставувал и молел, но ништо не му помогнало. Арна-утите го истепале и го набркале.

По вечерата, качаците се качиле на маските и патувале цела ноќ. Утрото, кога се разденило, гледаат пред себе едно езеро под ридот кај што јавале на маските. Прво помислиле дека тоа е Ко-стурското Езеро, кое што се наоѓа понатаму од Корча. Се прашу-вале како можеле да поминат крај Корча без да ја забележат и да отидат толку далеку од нивното место. Кога погледнале подобро и ја разгледале околината, виделе дека тоа не е Костурското, туку Охридското Езеро. Се гледаат наваму-натаму. Погледнуваат и го забележуваат манастирот Sveti Naum. Цела ноќ патувале околу

Page 167: Sv. naum ohridski

она место каде што вечерале. Цела ноќ патувале без да се мрднат од местото! Свети Наум ги врзал за тоа место и не им одобрил да се оддалечат. Тие и самите го забележале тоа и по еден селанец ги испратиле маските во манастирот.

По неколку години еден учесник од таа качачка дружина му раскажал на сегашниот игумен сè како било тоа. И игуменот научил дека за тоа се зборувало во цела Албанија. И тој другар на Ходо Бабиени сето тоа му го потврдил. Откако му раскажал сè подробно, длабоко издивнал и рекол: „Вие каурите и самите не знаете каков страшен светец имате!“

185

И ОВА БИЛО КАЗНА ОД СВЕТИ НАУМ

Како секогаш, секретарот на владиката од Охрид отишол во манастирот Sveti Naum. Игуменот му ги дал парите што треба-ло да му се однесат на владиката. На идење од Sveti Naum за Охрид, на секретарот од владиката, изненадно, му излегол некој качак.

– Пари или те убив! – му се заканил качакот со вперен ре-волвер.

Секретарот му рекол оти нема свои пари. Парите што ги но-си се од манастирот Sveti Naum и треба да ги однесе во Митро-полијата. Меѓутоа, качакот не сакал да чуе за свети Наум, ни за Митрополијата. Парите или животот. Видел-невидел свештени-кот му ги дал парите, молејќи го:

– За да ме веруваат дека јас не сум ги зел парите, те молам со револверот пукај во капава! – рекол свештеникот и му ја подал капата.

Качакoт ја продупчил капата. Потоа свештеникот побарал и од оваа и од онаа страна со куршуми да му ја пробие попската мантија. Качакот пукај ваму, пукај таму ги потрошил сите куршу-ми.

– Пукни уште во ракавиве! – му рекол свештеникот.– Нема повеќе куршуми! – одговорил качакот.– Тогаш имам јас!Го извадил свештеникот својот револвер, му го вперил на

качакот. Му ги зел парите назад, го забрал пред себе и го предал на власта.

Page 168: Sv. naum ohridski

186

И ПРАВОТ ОД НОЗЕТЕ ДА СЕ ИСТРЕСЕ ШТО Е ОД SVETI NAUM

Постарите љубанци велат: „Кога ќе влегуваш дома, прво да го истресиш и правот од нозете што е од манастирот Sveti Naum“. Може да се земе нешто светинаумско само да се касне, не да се стави в џеб.

Кој грабал од свети Наум лошо поминал, без разлика дали бил свештеник или некој друг. Тоа им се случило на многумина, кој ќе ги доброи. Ете, на пример, некој поп од селото Пискупи грабал многу од манастирот, ама подоцна толку му тргнало назад што во куќата му останал само еден филџан. Пред смртта овој поп испратил луѓе и тој филџан да се однесе во манастирот Sveti Naum.

Друг поп од Пискупи зел многу пари од Sveti Naum, но не успеал да ги однесе дома му. Пред куќи бил убиен.

За моќта на свети Наум се знае надалеку, па затоа манасти-рот и селото Љубаништа никогаш не биле нападнати од пљач-каши и разбојници, во нив не се правени ѕверства како во други места. Од свети Наум се плашеле сите разбојници.

187

БАКАРНОТО ТАБАЧЕ ОД SVETI NAUM

Отишол некој си на манастир во Sveti Naum, летно време. Нему му се допаднало едно бакарно табаче од манастирот на кое имало и натпис. Тој се полажил, го зел и си го однесол дома му. Од тој ден во неговата куќа се правеле големи штети, зијани. Тој подоцна се сетил зошто се случува тоа. Затоа тој почнал да бара некого за да го врати табачето во Sveti Naum. Тој не бил од околината на Охрид, туку од подалеку. А самиот да дојде во Sve-ti Naum му било шубе и страв.

По долго барање, нашол некој човек што доаѓал за Охрид на кого му го дал табачето за да го врати во манастирот. Нему сè му раскажал за случајот. Човекот на кого му го дал табачето отишол кај попа Стефана (кој беше поп во манастирот Sveti Naum) и

Page 169: Sv. naum ohridski

му го дал табачето. Веднаш попот, кога го видел, го препознал табачето затоа што било и со натпис, а го немало подолго време.

188

СЛУЧАЈОТ СО ИСПОЛЏИЈАТА

Манастирскиот имот го обработувале калуѓерите и други луѓе од манастирот, но дел од земјата се давала да ја обработу-ваат и луѓе од соседните села наполу. Под наем, односно наполу имал земено нива и еден човек од блиското селце Колиби, кое денеска не постои. Исполџијата бил чесен, ја знаел моќта на све-ти Наум. Затоа ќе се соберел родот од нивата, се делело наполу и прво му го однесувал делот на манастирот и дури потоа го кревал своето.

Една година нивата била засадена со пченка. Кога ја исекол пченката, ја делил на два дела. Делот од Sveti Naum го товарил на кола и пошол да го однесе. Над пченката на колата ги качил и двете помали свои деца. Арно ама, овој пат жена му згрешила. Не била таква, ама пусто око човечко лакомо. Без да знае мажот, од заедничкиот куп, пред делбата, накршила една вреќа кочани и ја скрила да не ја види маж ѝ. И пред да влезе во манастирот, на исполџијата му превратила колата. Децата се нашле под пченка-та. Се крстел и ги барал децата. Ги спасил децата. Пак ја товарил колата и ја растоварил пченката кајшто требало и со брзање се вратил на нива. Знаел дека ова што му се случи е некоја казна. Се разбарал ваму-таму и ја пронашол вреќата со пченка.

– Зошто си го сторила ова? Знаеш оти сева вреќа не е наша. Половината е од Sveti Naum! Поради тебе ќе загинеа децава! – викал исполџијата и ја удрил жена му за ум за другпат.

189

СВЕТИ НАУМ И НАСИЛНИЦИТЕ

Поп Стефан Ѓоршев како очевидец раскажува.Заки-бег, син на Карафил-бег, беше од Старово. Тој Заки-бег

беше си завел како обичај постојано да го посетува манастирот со кајмакамот од Поградец, да се гостат и да се пијанчат, правејќи голема врева и џумбус, пукајќи со пушки и тепајќи ги манастир-ските слуги. Покрај тоа, тие двајца често оделе на лов по мана-

Page 170: Sv. naum ohridski

стирските нивје, ги газеле посевите и на разни начини му правеле штети на манастирот.

Пак така дошле еден ден. Многу јале, пиле и се веселеле и потоа тргнале да си одат. Тргнале по скалите од источната страна на црквата. Прв слегувал кајмакамот, а по него Заки-бег. Кајма-камот се лизнал на камен и паднал. Крај него му паднала и пуш-ката, се закачила на камен и пука, па наместо го уби бегот, кој одел по него. Кога кајмакамот се вратил во Поградец без бегот и кога се чуло за погубата на Заки-бег, фамилијата на бегот скок-нала да се пресметува со кајмакамот. Го испретепале. Меѓутоа, кајмакамот постојано им зборувал и тогаш и подоцна дека бегот не загинал од него, ами од свети Наума. А тој, кајмакамот, наме-сто да загине, добил убав ќотек – од свети Наум.

190

КЛЕТВАТА НА ИГУМЕНОТ

Некогаш, во старо време, многу наоружени арамии, качаци, влегле во манастирот Sveti Naum да пљачкаат. Опљачкале сè што било вредно. Не се задоволиле само со тоа, туку го врзале игуменот и со коњите го влечкале додека маченички не умрел. Игуменот викал за помош, ама никој не дошол од страв, па игу-менот проколнал:

– Колку што сте толку да останите, ни село, ни род да ви се множи! А вие што ме мачите ни аир, ни бериќет, ни куќа да за-домите, како што мене ме влечкаат и тие цел живот да се влечка-ат зашто свети Наум беше добротвор за сите луѓе.

Патот по којшто го влечкале качаците игуменот и ден-денеска се познава. На него ни трева, ни дрво расте.

191

ЧОВЕКОТ САКА ДА СИ ОДИ, НО КОЊОТ НИ ДА МРДНЕ

Дошол еден турски жандарм-коњаник во Sveti Naum. Јал и пил, а на тргнување украл едно шише ракија, го јавнал коњот и наумил да си оди. Го шибнал коњот, но коњот не мрднувал. Почнал немилосрдно да го тепа коњот, а тој не мрднува. Удри,

Page 171: Sv. naum ohridski

удри – за бадиела. Тогаш тој признал дека украл шише со ракија. Ја вратил ракијата, се качил и коњот тргнал.

192

УКРАДЕНИОТ МАНАСТИРСКИ ПРИБОР

Напред манастирот Sveti Naum на сите посетители на лет-ниот празник им даваше јадење, главно: сушени риби, грав и леб и прибор: пајнци, лајци и стомне за една група. По ручекот, секо-ја група го оставаше приборот. Еднаш, од една ресенска група, некој си го зел приборот (пајнците, лајците и стомнето) и со ко-њот тргнал да си оди. Одел до кај Штабот (месност каде што за време на бивша Југославија се наоѓале канцелариите на гранич-ните единици) до месноста „Вирчињата“ и тука коњот легнал. Бре ова, бре она, море удри, но коњот не станува. Се насобрал на-род (тие што биле понапред и тие што доаѓале) и некој се сетил, па му рекол:

– А, бре пријателе, нешто да не имаш земено од мана-стирот?

– Ами ... заборавив да ги вратам..., почнал да се оправдува.– Брзо врати што си зел, инаку работата не ти чини! – додал

друг.Човекот решил да ги врати земените садови. Коњот станал и

со трчање се вратил. Ги оставил човекот садовите во манастирот и дури потоа се вратил.

193

УКРАДЕНАТА СРЕБРЕНА ВИЉУШКА

Во 1930 година, на панаѓурот, од Sveti Naum еден посети-тел украл една сребрена виљушка. На враќање се качил во чун. Кога се наполнил чунот со патници, чунарот молитвел:

– Патници, добро дојдовме! Свети Науме, збогум и вгодина, со благословот твој, да ти дојдеме повеќемина и посреќни!

Чунарот почнал да весла, но никако да мрдне. Се сетил и ре-кол:

– Кој има земено нешто од манастирот да го врати назад. Инаку не ќе се вратиме во Охрид.

Page 172: Sv. naum ohridski

Човекот со виљушката се јавил. Слегол. Ја вратил виљушка-та и потоа чунарот лесно го движел чунот по мазното езеро.

194

УКРАДЕНИТЕ ДВЕ ГУСКИ

Порано манастирот Sveti Naum бил многу богат. Имал многу обработлива земја, пасишта и шума. Бил богат и со жива стока. Што немало. Меѓу другото, манастирот имал и некои уба-ви, расни гуски.

Еднаш некои рибари од Охрид, ловејќи во близината на ма-настирот, слегле да се одморат. Всушност, слегле со намера да зе-мат од гуските. Успеале незабележани да украдат две од гуските. Ги скриле во сандаците на чунот (празен простор од двете страни на чунот за и при превртување чунот да не потонува).

Се обидел еден од рибарите да го поттурне чунот да заоди. Не може да го помрдне. Слегле сите рибари да го туркаат чунот. Исто, ни да го помрднат. Се сетил еден од луѓето на манастирот. Им вели:

– Да не зел некој од вас нешто од манастиров?Не им е пријатно да признаат. Човекот од манастирот погле-

дал во сандаците и: две манастирски гуски внатре. Ги зел гуките, карајќи ги рибарите. Само што биле извадени гуските, чунот поч-нал да плови со посрамените рибари.

195

УКРАДЕНАТА ПАТКА

На денот Свети Наум охридските чунари имале многу рабо-та, но и голема заработувачка. Со своите чунови пренесувале лу-ѓе до и од Sveti Naum. Многу бил посетуван манастирскиот панаѓур. Едни оделе да се молат за здравјето свое или на некој член од фамилијата, за здравјето на добитокот, за годината да би-де родна, други да бараат лек, трети да го однесат ветеното, па се одело кој како ќе стасал: пешки, со добиток или со чунови.

Двајца рибари со својот чун на враќање од Sveti Naum качиле тројца патници. Кога дошле на половина пат, мирното езеро се разбранило, брановите почнале да си играат со чунот ка-ко да е играчка. Рибарите се сетиле дека тоа е поради грев на

Page 173: Sv. naum ohridski

некој од патниците, па ги прашале дали некој нешто зел од Sveti Naum. Двајца рекле дека ништо не зеле, а третиот молчел и се гладал кон манастирот. Тогаш рибарите директно му се обратиле нему:

– Што имаш земено ти од манастир?– Ами . . . , една патка! – срамежливо одговорил.– Брзо пуштај ја патката! – му наредиле рибарите.Човекот ја извадил патката од торбата, ја пуштил во водата и

по малу време се смирило езерото и рибарите со патниците среќ-но стасале во Охрид.

196

ЛЕТНАЛЕ ПЕРДУВИТЕ ОД ПАТКАТА

Некои другари отишле во Sveti Naum со чун на прошетка. На манастирскиот имот било милина да се гледа живината: пат-ките, кокошките и гуските. Некои од другарите се полажил и зел една од патките манастирски, ја пикнал под корите на чунот. Не-му му се припило вода. Отишол на изворот за да се напие вода, но од изворот и околу него почнале да летаат пердуви од патки. Никако не бил во можност да се напие вода од загаденоста со пердувите. Кога требало да тргнат за дома, чунот стоел како при-кован и не се одлепувал од брегот и покрај настојувањата на патниците. На секое замавнување со веслата во водата наоколу полетувале мноштво пердуви од патки. Кога погледнале под ко-рите во чунот, ја нашле патката, ја пуштиле за да тргне чунот.

197

УКРАДЕНИОТ СААН

Некои рибари поминале во манастирот Sveti Naum. Еден од нив зел од манастирските саани што му го привлекол внима-нието. Кога требало да тргнат за Охрид, чуновите не тргнувале. Му текнало на некого од нив да праша: „Море некој де не има земено нешто од манастирот?“ Никој не сакал да се каже. Кога пребарале по луѓето и во чунот, го нашле саанот. Истиот го вра-тиле во манастирот. Тогаш без мака чуновите се одлепиле од брегот и запловиле по езерото.

Page 174: Sv. naum ohridski

198

СВЕТИ НАУМ СИ ГИ ЗЕЛ ГРЕДИТЕ

Пред 15 годлни двајца другари од Охрид граделе куќи. Едниот во „Варош“, а другиот во „Кошишта“. Греди за куќите пресекле во Sveti Naum. Гредите ги товариле на брод и ги вр-зале со јажиња. Со бродот тргнале за в град. Само што се одда-лечил бродот од пристаништето кај Sveti Naum, ведрото небо се стемнило, почнало да дува силен ветар и фатиле големи брано-ви. Гредите тогаш се одврзале, се истркалале од бродот в езеро и потонале. Бидејќи било големо невреме, двајцата другари про-должиле и кога дошле во Охрид времето се разубавило, а езерото се смирило. Утредента двајцата другари се упатиле на местото каде што потонале гредите. Ги барале неколку дена, но не ги нашле зашто свети Наум си ги зел назад.

199

УДАВЕНИТЕ ЛУЃЕ ВО ЕЗЕРОТО И ИЗЛЕКУВАЊЕТО НА ЕДНО ЛУДО ДЕТЕ

Едно време влегле во едно државно кајче група луѓе од Охрид. Меѓу нив имало една жена, мажот ѝ бил началник. Таа имала и брат. Стигнале во манастирот. Тие не верувале во свети Наума. Само братот влегол во манастирот и запалил свеќа. Сите му се биеле шега за тоа. Сакале да го стават на шега во „лудничето“.

Кога се враќале со кајчето, го натерале капетанот да го свр-ти кајчето. Овој го направил тоа по наредба и кајчето веднаш се превртило. Сите единаесет души наместо се удавиле, а се спасил само човекот што запалил свеќа.

Кога се случило давењето, во манастирот имало едно лудо дете. Во тој момент тоа седело на песокот. Видело како се дават луѓето и извикало:

– Се давет, се давет!Кога ги изрекло овие зборови, лудилото му излегло и тоа

оздравило.

200

НА СВЕТИ НАУМ И ЕЗЕРОТО МУ СЕ ПОКОРУВА

Page 175: Sv. naum ohridski

Во 1906 година се случил еден редок и чуден настан. Турци-те имаат обичај да го посетуваат манастирот на Ѓурѓовден. Едно беговско семејство од Старово дошло на Ѓурѓовден во манасти-рот. Тука останале и на ручек. Игуменот сакал да им укаже посе-бна чест, па им наместил трпеза во најубавата соба и им извадил најскапоцени садови. Меѓу садовите биле и некои посебно кова-ни и со срма везани ножови. На една анама ѝ се бендисуваат тие ножови и еден си скрила во својата облека.

По јадењето, се разделуваат со игуменот, седнуваат во чунот и се упатуваат кон Поградец. Езерото било толку мирно што нити еден бран не се забележувал. Чунот пловел мирно и природно како и обично додека не дошол под испосницата на Sveti Naum. Тука наеднаш чунот застанал како неподвижна карпа. Забадава весла-чите веслале и сè посилно запинале, се сменувале, но чунот ни да мрдне. Така се мачеле два часа. Најпосле Турците ги извикале на помош манастирските слуги. Кога дошле тие на брегот спроти чу-нот и самите се зачудиле. Она што го претпоставувале никој не смеел да им го каже в очи. Најпосле еден од нив се осмелил и пра-шува да не зеле нешто случајно од манастирот. Веднаш сите одговориле одречно, а анамата молчела. Кога почнале меѓусебно да се распрашуваат и да се испитуваат, анамата била приморана да признае дека зела еден нож. Го извадила и го покажала. Штом го направила тоа, чунот тргнал. Зачудени и уплашени, Турците го вратиле чунот назад и повторно дошле во манастирот. Го вратиле ножот, му се поклониле на светецот, го дарувале манастирот и со чудење и стравопочит отпловиле за дома.

201

НАСТАН ВО SVETI NAUM

Во 1928 година се случи овој настан. Беа Големи пости, крстопоклона недела, трета недела од Големите пости. Начал-никот од Охрид, со адвокати, конзули и лекари, потоа од Алба-нија највидни лица, се собраа околу дваесетина души, стигнале во Sv. Naum да беснеат, да пируваат. Игуменот од манастирот им рекол:

– Синко, преку сè да минеме, ама само риба да ви испечеме, местово е чудотворно за да не ви се случи нешто лошо!

Page 176: Sv. naum ohridski

Арно ама, како што седи виново и ракијава во чашава, во човекот не седи. Човекот ќе побесне. Началникот одговорил:

– Јагне сакаме!Испекле јагниња, почнале да пируваат, се испијаниле. Меѓу

нив имало еден албански лекар, им кажувал за чудотворноста на св. Наума, како излекувал луѓе од најтешки болести. Тие не веру-вале. Тој зборувал:

– И јас сум лекар, ама тој е посилен од мене, не можам да се натпреварувам со него. Чудна тајна има во него, јас не можам да го сторам неговото!

Почнале да го исмејуваат. Покрај тоа, не се наситиле. Оти-шле на гробот да чукаат.

Но Бог не кажува кога ќе го нагрби човекот. Како што биле напиени, весели, се качиле на бродот од крал Александар. А езе-рото како масло смирено, да ти е милина да го гледаш. Ниту бран, нити ветарче, само таму е голема дабочина. Тргнале кон Албанија да шетаат. И наеднаш, како нешто да ги исфрли, се раз-мрда бротчето. Сите се најдоа во езерото, освен албанскиот ле-кар.

Почнале да бијат камбаните. Станале луѓето и, што ќе ви-дат, сите мртви, дури и трите морнари, зашто за давениците се фатиле. Ваков ужас никаде не се сретнал. Владиката одржа гово-ри во градот да не си играат луѓето со светите луѓе, кои целиот живот го жртвувале за доброто на луѓето, целиот живот гладни и страдни биле и се бореле за Божјото име, а овие знаеле само да беснеат, затоа им платил св. Наум.

202

КАЗНЕТО СКВЕРНАВЕЊЕТО НА НАРОДНОТО СВЕТИЛИШТЕ

Кон крајот на велигденските пости во 1930 година во Охрид се готвел еден излет до Sveti Naum. Во излетот зеле учество: околискиот началник на Охрид со целото негово семејство, ко-мандантот на градот Охрид со своето семејство и неколку лекари – Срби Шумадинци со своите семејства, српскиот конзул во Кор-ча со своето семејство. Седнале во еден моторен чун и отишле во манастирот Sveti Naum, откако претходно си зготвиле печени јагниња, баници, благи работи, пијалаци. Ја зеле најубавата одаја

Page 177: Sv. naum ohridski

во манастирот, ја наместиле трпезата и почнале да се веселат. Ко-га се напиле добро, отишле кај гробницата на свети Наум и му се потсмевале на неговите чуда, лежеле на гробот, зборувале разни сквернави зборови ... Правеле тоа што и Турците не го правеле.

Загреани од пиењето и од мрсното јадење, сакале да се раз-ладат со прошетка со чунот. Седнале сите – околу 30 души во еден чун, пееле севдалинки, се ѓибале, скокале. Кога биле на сто до двесте метра во езерото, чунот се превртел и сите паднале во вода. Се удавиле 22 души ...

203

ТРИТЕ ГРЕШКИ НА НАЧАЛНИКОТ

За време на стара Југославија, на панаѓурот во Sveti Naum еднаш отишол и началникот на Охридска околија. Во манастирот наредил нему и на неговата придружба да им се спреми посебно јадење, свинско и јагнешко печено, иако на овој ден е строг пост. Покрај тоа, кога отишол на гробот од свети Наум, зборувал разни погрдни зборови за светецот. На враќање за Охрид, началникот со придружбата се качиле на бротчето со кое што дошле. Кога малку се оддалечиле од брегот, началникот, покажувајќи со рака кон манастирот, колку што глас го држи извикал:

– Збогум, свети Науме, ѓаволе, мајмуне еден!*

По овие зборови, мирното езеро се разбранило. Огромните бранови го превртеле бротчето и началникот и сета придружба се удавиле. Тоа била казна од свети Наум поради трите грешки на началникот, но и на другите што не го спречиле да не греши.

*Некои раскажувачи велат дека овие зборови началникот ги рекол уди-рајќи со раката на плочата од гробот на свети Наум.

204

ТРОЈЦАТА МЛАДИЧИ ШТО КРАДЕЛЕ

На денот од свети Наум некогаш дошле тројца младичи со намера да ги украдат парите што на празникот ќе се соберат во манастирот. Гледале како боговерниците биле издашни. Се собрa-ло многу пари, па биле нестрпливи. Одвај дочекале да се стемни.

Кога народот си разотишол вечерта, младичите ги зеле па-рите, а не знаеле дека свети Наум ги гледа. Со украдените пари се

Page 178: Sv. naum ohridski

качиле во чунот со кој дошле и запловиле. Мирното езеро наед-наш се разбранило, побеснало. Се превртел чунот и тројцата мла-дичи се удавиле, а парите со вреќето ги нашле манастирските луѓе на езерскиот брег.

205

СЛУЧАЈОТ СО АВТОБУСОТ КАЈ СЕЛОТО ЉУБАНИШТА

Пред неколку години, некои луѓе од Белград со автобус од Охрид дошле во манастирот Sveti Naum. Го разгледале мана-стирот. Не забележале кога еден нивни член украл едно мана-стирско паунче. Кога дошло време за тргнување, се качиле в ав-тобус. Пред да влезат во Љубаништа, автобусот згаснал. Зашто никој не знае. Море возачот проверувај де едно, де друго. Сè е во ред, а автобусот не пали. Најпосле се сетил возачот.

– Патници, им се обратил возачот, некој меѓу вас има нешто земено од манастирот Sveti Naum. Додека тоа не се врати, нема ни со автобусов, ни пешки жив да се врати дома!

Патниците го откриле виновникот меѓу себе. Му го зеле па-унчето и го вратиле во Sveti Naum. Потоа автобусот запалил и го продолжиле патот за Охрид*.

206

СВЕТИ НАУМ ГО ОСЛОБОДИЛ ОД АРАМИИТЕ

Ангел Иваноски од селото Отешево (Преспа) бил фатен од арамии и одведен во Албанија. Таму му ги врзале и нозете и ра-цете и го ставиле да спие со нив во собата. Тој многу тагувал и му се молел на свети Наума. Ноќта му се јавил човек и го фатил за рака. Не знае тој како му паднале врзувањата од рацете и нозете, само видел дека вратата од куќата е отворена. Тој човек го изва-дил низ отворената врата и го снемало. Тогаш Ангел тргнал сам и покроце се вратил во својата куќа во Преспа. Ова чудо е познато во Отешево и во околните села.

207

СВЕТИ НАУМ ГИ ОСЛОБОДИЛ ЗАЛОЖНИЦИТЕ

Page 179: Sv. naum ohridski

Во селото Евла во Преспа арамии ја нападнале куќата на Лазоски, ја фатиле жена му и детето како заложници и го уцениле домаќинот да им донесе толку и толку откуп. Домаќинот не мо-жел да го собере бараниот откуп. Но по неколку дена неговата жена со детето се вратила здрава и жива. Жената раскажала дека биле одведени преку планината Галичица и дека кога го видела манастирот на Sv. Naum од планината, со солзи му се молела на светецот да ја спаси. Таа ноќ ѝ се јавил човек, ја фатил за рака и ѝ рекол: „Станувај и ајде!“ Жената станала, го разбудила детето и тргнала по непознатиот човек. Вратите биле отворени. Тие из-легле надвор и жената покроце се вратила дома жива и здрава. Потоа на манастирот му подариле еден чивт волови*.

208

СВЕТИ НАУМ МЕ СПАСИ

Бев возач во „Галеб“. Возев камион. Со камиони се возеше чакал од Трпејца. Нешто се разболев. Додека бев на боледување, мојот камион го возеше Сашо Митрески-Бик, бидејќи неговото возило беше на поправка.

На 3 јули 1985 година, на празникот Свети Наум, дојдов на работа и на Сашо му велам:

– Денеска ќе ми го дадеш камионот, јас почнувам со ра-бота. Само дојди прво да го испробаме камионот за, ако има не-што неисправно, ти да го пријавиш дефектот.

Влегов во камионот. Гледам иконче на света Богородица.– Што си направил со камионов?! – му префрлувам.– Не знам, вчера возев едни и го заборавиле икончето. Дај

да го земам! – вели.Не, мене не ми пречи икончето! – не го оставив да го земе

и го понаместив кон шофершајбната.Го испробавме камионот. Беше во ред. Се вративме во

„Галеб“ на поручек.

* Овие два записа ги презедовме од сп. „Хришћанска заједница“ (год. 11, бр. 9, септември 1932, стр. 15) во рубриката „Збирка савремених чуда“ под наслов „Новија чуда св. Наума“, каде што се обележани со бр. 1 и 2). Тој број на списанието го користевме во библиотеката на вевчанскиот храм Свети Никола на 15. X 2005 година. Преводот од српски јазик и насловите се наши.

Page 180: Sv. naum ohridski

Со еден колега одиме со камионите да направиме една ту-ра. Бидејќи по патот имаше многу народ што одеше за Sveti Naum, рековме да застанеме во Пештани на по едно кафе. Другарот возеше пред мене. Тој најде место да го паркира камионот, а за мене немаше место, па продолжив.

По заминувањето на кривините над хотелот „Десарет“, од спротивната страна се зададе еден зелен мерцедес со голема брзи-на. За да не дојде до директен судир, колку што можев скршнав вдесно и близу капелата „Св. Богородица“ се најдов во провали-јата. Не се тумбаше камионот, туку леташе од висина на околу 90 м.

Кога го чуле страшниот тресок, рибарите и работниците на Електромонтажа, кои работеле на рибарската барака, стрчале. Ме извадиле некако. Со кајче ме префрлиле во автокампот „Гра-диште“, а оттаму двајца белграѓани ме донесле во охридската болница, па ме префрлиле во Коснозглобна болница. Целиот бев искршен. Лежев три месеци и се опоравив.

Од камионот не остана ништо здраво. Сите се чудеа како сум можел да останам жив. Мене ме спасија света Богородица и свети Наум. Оттогаш на празникот редовно одам во манастирот Sveti Naum со благодарност кон Чудотворецот, а ако не сум тука, бидејќи сум на работа во Италија, одат тие што се дома.

Уште едно Светинаумово чудо. Кога се опоравив, во знак на благодарност, решив да направам една гозба за моите спаси-тели. Сите дојдоа. Во наздравувањата за моето спасување, некои велат:

– Ајде да поможит денов!– Што ден е денеска? – прашувам.Кога, тој ден ти бил зимен Свети Наум. Свети Наум ме

спаси и на Свети Наум ги честев моите спасители! – ни рече Феми Јусуфоски на 15 август 2006 година.

209

СВЕТИ НАУМ МЕ ОПОМЕНА

Фамилијарно дојдовме во Sveti Naum со џип. Патем до-бро поминавме. Влеговме во портата на манастирот. Сакам џипот да го паркирам од левата страна на патот. Јас вртам на воланот за влево, џипот оди право. Запрев. Кога слегов, гледам левата спона паднала.

Page 181: Sv. naum ohridski

Го оставивме џипот да го поправиме другпат. Дојдов в црква. Запалив свеќа и си отидов во Охрид.

Пред еден месец на сон свети Наум ми се јави и ми вели:– Каде е јагнето?Денеска донесов јагне и го вртев што ми ја спаси фамили-

јата свети Наум, што не дозволи споната да испадне на кривуле-стиот пат и да падневме во некоја провалија! – ни рече Иван Ребаршак, од Охрид, на празникот Свети Наум во манастирот на Чудотворецот во 2006 година.

210

ЈАС СУМ НАУМ

Првите две чеда на моите родители биле женски. Кога се родила втората сестра, татко ми не отишол да ја посети мајка ми во породилен дом зашто родила и второ женско.

Пред празникот Свети Наум во 1972 година мајка ми од Битола дошла овде, во манастиров Sveti Naum. Запалила свеќа, се поклонила на гробот од свети Наум, молејќи се да има машко дете. Ноќта спала крај црквата под смоквата. На сон свети Наум ѝ рекол:

– Невесто, машко сакаш, ќе имаш, ама ќе се вика Наум.По извесно време од престојот во манастиров Sveti

Naum и видениот сон, кога првата сестра имала десет, а втората осум години, мајка ми забременила. Кога сум се родил на 15 август 1973 година, моите се нашле во недоумица. Бидејќи сме муслимани, како да ме крстат Наум, па ми го дале името Наим. Всушност, на наше Наум значи Наим. Меѓутоа, мајка ми нико-гаш– не ме има викнато Наим, туку само Наум. Така ме знаат и другарите. Јас сум Наум.

Бидејќи сум од свети Наум, зимен Свети Наум ми е куќна слава, а на летниот празник редовно доаѓаме (порано со родите-лите, а сега со сопругата и со нашите две деца) во манастиров Sveti Naum – Охрид! – ни рече Наим Аљуши од Битола на 3 ју-ли 2006 година во манастирот Sveti Naum.*

* И таткото на Наим, Ибуш, го кажува ова Светинаумово чудо со нешто поизменета содржина. Тој вели дека и неговата сестра Сафет видела сон и на снаата ѝ рекла: „Свети Наум ми излезе на сон, ми кажа дека носиш машко и дека името ќе му биде Наумче“. „Јас дури можев, одев и вртев брав во Свети

Page 182: Sv. naum ohridski

211

ВНУКОТ НАУМ НИ Е ОД СВЕТИ НАУМ

Снаа ми од прв братучед, Соња, околу 9 години немаше пород. Таа и братучед ми искрено и постојано му се молеа на свети Наум да ги зарадува со рожба.

Неколку дена пред и неколку дена по празникот спиеја во манастирот Sveti Naum во Охрид. Радоста беше неизмерна кога забремени снаата, а посебно кога го добивме внукот. Го крстивме Наум зашто ни е од свети Наум.

Секоја година братучед ми и снаа ми одат во манастирот Sveti Naum во Охрид, а и куќна слава ни е свети Наум, вели Сузана Алексоска од Битола, (2 јули 2006).

212

СИН ОД СВЕТИ НАУМ

Нашата фамилија од секогаш е редовен посетител на ма-настирот Sveti Naum. Тој е свето и чудотворно место, извор на позитивна енергија, вели д-р Сашо Василески.

На 20 април 2005 година со сопругата бевме во Sveti Naum. Палам свеќа и застанувам пред камената крстилница, пред ликот на свети Јован Крстител. Му се обраќам на Крстителот на Исус Христос и на другите светци:

– Свети Јован и другите светци, имам две златни ќерки (првата има 14, а втората 11 години), овде сум крстувал и јас како кум. За мојата почит кон свети Наум, светци, дадете ми и трето чедо, но да биде син. Ако ми дадете син, ќе го крстам овде, во оваа крстилница, во овој храм.

Сопругата тивко, со усул, ми вели да внимавам што збо-рувам зашто ќе ми се смее човекот што ме слуша; каде ќе сме имале син на триесет и пет-шест години.

– Јас гарантирам, ќе биде машко! – откај вратата вика ма-настирскиот човек.

Како секогаш, поседав на столовите во црквата, уживајќи во духовната музика. Излеговме од црква и седиме на каменото

Наумн. А и сега кога сум подобар со здравјето одам со син ми Наим“, вели Ибуш.

Page 183: Sv. naum ohridski

ѕитче. Тоа го правам обврзно секогаш. Ете го манастирскиот човек. Ми вели:

– Докторе, еве едно шише манастриска ракија. Ви ја по-дарува игуменот отец Нектариј.

Татко ми се спремаше да оди кај сестра ми во Америка, па му ја давам ракијата да ја понесе. Тој ми вели таа ракија да остане дома. Ноќта на татко ми на сон му се јавил белобрад строен мо-нах, свети Наум, и му рекол:

– Јас не ви подарив ракија, туку му подарив син на Сашо!Утрото татко ми радосен ми вели:– Сашо, ќе имаш син!Татко ми и мајка ми отидоа во Америка. Доаѓа баба ми од

Куманово. И со неа одиме на посета во Sveti Naum. По месец и нешто, сопругата ми вели:

– Сашо, изгледа сум бремена.– Тоа ни е син од свети Наум! – ѝ велам.Одиме на специјалистички преглед во Скопје. Докторот ја

утврди бременоста и, според наодите, ни вели дека бременоста настапила на 20 април. Тоа значи дека сопругата забременила истиот ден кога бевме во Sveti Naum, кога им се обратив на светците со молба. Му јавувам на татко ми во Америка:

– Ќе имаш внук.Дека ќе имам син, и тоа од свети Наум, им велам и на дру-

гарите, а тие со смеење ми велат:– Сашо, не фали се! Можеби пак ќе биде ќерка.Јас од првиот момент бев убеден дека свети Наум ќе ми

даде син. И пред празникот Собор на свети Јован Крстител, ден по Водици, во 2006 година, ми се роди син. Му го дадов името Јован по името на Крстителот на Исус Христос и по името на дедо ми, а ќе го крстам во Sveti Naum, вели среќниот татко*.

– Кога ни се роди внукот, со сопругата отидовме во ма-настирот Sveti Naum, однесовме подароци да му благодариме на чудотворецот свети Наум, обраќајќи му се со зборовите: „Свети Науме, тоа што ни го вети ни го подари. Ти благодариме и те молиме како што ни го даде внукот и да му го чуваш здравјето и напредокот“, ни рече родителот на д-р Сашо Василески, од Охрид, на 11 мај 2006 година.

* Крштавањето беше на 25 јуни 2006 година.

Page 184: Sv. naum ohridski

213

СВЕТИ НАУМ ГИ ИЗГАСНА ОГНОВИТЕ

На празникот Свети Наум во 2005 година, како и секогаш, имаше многу посетители уште од вечерта. Беа дојдени многу отстрана, кои недолично се однесуваа, па кога распалија едни огнови во дворот страв да те фати. Просто само што не беше некој од боровите во пламен. Одам по полноќ некои да ги опо-менам на пристојно однесување, да ги намалат огновите, ама кој те слуша. Кој било друг од послугата да се обидеше да ги смири, ќе го истепаа. Се упалашив од можен пожар, па се крстам и ве-лам:

– Господе, свети Науме, само вие можете овие да ги сми-рите!

Некаде околу 4 часот, на ведрото небо се појавија црни облаци, па кога се истури еден дожд со вејавици и за миг ги сне-ма огновите, а непослушните се прибраа под стреите, кај портата. Невремето траеше кусо, денот беше сончев, прекрасен.

– Отец, свети Наум ја чу твојата моба, ги казна недо-стојните! – ми велат соработниците коишто го слушнаа моето обраќање, ни рече Неговото Високопреподобие отец Нектариј на 25 јуни 2006 година.

214

РАЗГОВАРАЛА СО СВЕТИ НАУМ

На празникот Свети Наум (2006) во манастирот Sveti Naum вртеше јагне една моја сосетка, а зошто ни го раскажа следното.

Пред зимски Свети Наум, кон крајот на декември 2005 го-дина, на сон со сопругот бев во манастирот Sveti Naum. Кога влегов во манастирскиот двор, на југоисточниот агол од пло-чникот пред манастирската црква стоеше свети Наум. Имаше броеници и држеше крст. Му пријдов, се прекрстив, му целивав рака и го бацив крстот. Тогаш свети Наум ми рече:

– Треба да дадете нешто.– Ќе дадеме колку што можеме.По мене идеше сопругот. И тој му баци рака.

Page 185: Sv. naum ohridski

Тоа што му го ветив на свети Наум на сонот сега го ис-полнувам, го вртам ова јагне и го молам Чудотворецот за здравје на фамилијата.

За мене е голема чест што го видов свети Наум и што разговарав со него, а местото каде што го видов е свето. Секогаш кога доаѓам во Sveti Naum, прво застанувам на тоа место и се крстам, а потоа влегувам в црква, вели Васа Сотироска.

215

ГЛЕДАВ ЧУДА

На празникот (3 јули) во 2006 година гледав чуда кај гро-бот на свети Наум.

Една Египќанка (Еѓупка) минатата година дошла и се мо-лела син ѝ да има рожба. И, ете, по 14 години, снаа ѝ била пред пороѓај, па му благодари на свети Наум за тоа добро.

Минатата година од поградец една жена го донесла триче-тириесетгодишниот син во тешка здравствена состојба. Одвај двете со држење сме го допреле до гробот на свети Наум. Оваа година пак беше дојдена со синот.

– Како ти изгледа синов? – ме прашува.– Многу е подобар од лани! – велам, а навистина беше по-

добар: сам се допре до гробот на свети Наум, со мене се по-здрави, со мало придржување се движеше.

– Ти лани ми рече дека свети Наум ќе му помогне на син ми. Ако оздрави синов, в година ќе вртам јагне! – рече жената.

Иако времето беше врнежливо, како никогаш по 1947 го-дина имаше дојдено верници на поклонение на гробот од свети Наум од Албанија. Само со каква извонредна, невидена почит се однесуваа кон светецот. Масовна беше посетата и од поклоници од Преспа и од Битола.

216

СИН МИ НЕ НАСТИНА

По повод 1100-годишнината на манастирот Sveti Naum (2005) изработив сребрен крст од 420 грама, а го платија жени вработени во Рударско-енергетскиот комбинат – Битола. Сакав

Page 186: Sv. naum ohridski

крстот да се постави пред одржувањето на симпозиумот за да имаат што да видат присутните на тој научен собир.

Со кола отидовме со синот Горан и неговиот друга Златко, кој е студент на Богословскиот факултет во Скопје, во Sveti Naum. Крстот требаше да се постави над надворешната врата од црквичката, во изградба, Sv. Kiril i Metodij. Ама фати едно лошо време: студено и врнежливо.

– Оставете ја таа работа за друг ден! – ни вели игуменот Нектариј, ама не сме оттука, кога ќе дојдеме од Битола.

Синот се качи на скала, го длаби местотот за крстот, а, покрај дождот, капајците сета вода ја слеваат на неговите гради. Се направи жива вода.

– Што ти е младичов? – ме прашува продавачот на свеќи.– Син ми е! – му велам.– На ова невреме не би оставил ова да го прави мое дете! –

ми вели тој.Син ми го постави крстот, а од неговите алишта не да се

цеди, туку тече вода. Така отидовме во Охрид.– Горан, нема да настиниш, аку си воден. Свети Наум ќе те

штити! – му вели Златко.Со така изводенетиот син и другар му Златко дојдовме во

нашата куќа во Претор. Се преслече и навистина не настина, односно го доварди здрав свети Наум! – ни рече Климент Матов од Битола на 1 јуни 2006 година.

217

ПОМИСЛЕТЕ НЕКОЈА ЖЕЛБА

Имам два сина. Кога беа мали, некаде на нецели десет години, со нив отидов во манастирот Sveti Naum во Охрид. Запаливме свеќи. Отидовме кај гробот на свети Наум. Таму им реков:

– Прекрстете се, поклонете се, помолете се за здравје и живот! Клекнете, ставете ги главчињата на гробот и помислете некоја желба што сакате да ви се оствари во животот. Можеби ќе слушнете и некој звук, некој глас!

Како што им реков, така направија децата. Едниот син во себе посакал да биде доктор. Тој слушнал некакво тропање од

Page 187: Sv. naum ohridski

гробот. Вториот син помислил да биде инженер, но не чул ништо.Ги запомнив искажаните желби на двете деца. Синот што

посака да стане доктор и што чул некакво тропање од гробот, навистина стана доктор и специјализира неврохирургија. На вториот син, кој не слушнал ништо, не му се исполни желбата – стана возач! – ни рече Нада Петрова од Битола на 17 јули 2006 година.

218

СВЕТИ НАУМ Ѝ РЕКОЛ: „ДА ДОЈДЕШ КАЈ МЕНЕ“

Околу 1975 година сестра ми Милица имаше здравствени проблеми. Постојано беше по лекари, но немаше подобрување. Една ноќ на сон видела човек кој ѝ рекол: „За тебе и за твојата фамилија спас е да дојдете кај мене“.

На сестра ми ѝ велам дека тоа е свети Наум, па да појдеме во нашиот манастир Sveti Naum. Отидовме. Таму спавме. Но-ќта слушнавме чекори и крцкање на вратата. Потоа на Милица ѝ се подобри здравјето.

По некоја година, со сестра ми одиме во манастирот Sveti Naum во Охрид со „фиќо“. Со нас беше внучето и уште една жена. Додека стасавме во Sveti Naum, на прав пат, „фиќото“ трипати се заврте. На последното вртење застана во правец на Битола. Сопатничката се исплаши, рече да се вратиме, но го про-долживме патот кон целта.

Поодевме само два-три километра. Ни се јави друг про-блем. Се скина ременот од динамото. Застанаа неколку коли, но никој немаше резервен ремен. Наместо ремен, ги употребив моите чорапи. Ми успеа. Дојодвме до селото Љубаништа. Таму еден механичар ни помогна и ни рече:

– Вие сте трет случај денеска што доживува сообраќајна незгода, и тоа на истото место.

Се јави проблем и клучот од манастирот, кој тогаш беше под Завод и Музеј – Охрид. Домаќинот не бил в манастир, туку на вадење во негова нива. Неговата жена ни рече дека дента мно-гу го барале да им отвори, но сите ги одбил, дури некои и од Ав-стралија. Се враќам кон колата. Како нешто да ме тера уште ед-наш да ја замолам жената. Кога, ете го доаѓа домаќинот од на нива и прифати да дојде в манастир. Се чуди жена му. Му вели:

Page 188: Sv. naum ohridski

– Па ти сите досега ги врати!– Нешто како да ме тераше да дојдам, иако немам дова-

дено! – ѝ вели тој.Кога влеговме во манастирот, сестра ми Милица се сети

дека човекот што ѝ се јавил на сон бил свети Наум и ја викал да дојде овде, во овој манастир, а не во битолскиот храм.

Во знак на благодарност кон светецот за оздравувањето на сестра ми, за дочувувањето од незгодите и за здравје на нашите фамилии, таа година на празникот со Милица служевме во ма-настирот Sveti Naum во Охрид! – вели Гордана (Горјанка) од Битола.

219

СВЕТИ НАУМ Е МОЈ ПРОСВЕТИТЕЛ

Верувам во Господа и во сите негови светци, ама посебна наклоност имам кон света Недела. За враќање здрав од болница на сопругот ѝ се обратив за помош:

– Златна света Недело, здрав да ми се врати Харитон. Да ти речам дека ќе три изградам дом, ми ги знаеш можностите, ама ќе ти подарам 200 гулдени барем со нив да се донесат два тра-ктора песок.

Ветеното го дадов во црквата во Вишни.На сон одам кај истурената песок за црква за света Недела.

Гледам пред сегашната црквичка, оддесно, има црква. Одам да ги целивам светците. Беа четири светици и еден светец. Кога отидов да го целивам светецот, тој ме турна. Се обѕрнувам наназад. Зад мене е свекор ми, поп Борис. Го прашувам кој е тој што ме турна.

– Тој е, невесто, свети Наум! – ми вели свекор ми.Повторно одам кај свети Наум и го молам:– Личен свети Науме! Сигурно имам нешто згрешено што

ме турна. Те молам како Бога, кажи ми ја грешката за да се по-правам и да ми опростиш!

– Е, ќерко Ташке, како твоето срце и твојата душа никој нема, ама на уста си брза. Од брзање ме стапна на ногава и затоа те турнав. Ти нема што да се расправаш со никого, без разлика што ќе ти рече и што ќе ти направи, јас ќе те бранам од таквите.

Page 189: Sv. naum ohridski

Од видувањето на овој сон, пред 25 години, јас никому не му презборувам, со никого за ништо не се расправам и сè добро ми оди. Сполај му, свети Наум е мој просветител, ни рече Анастасија Трајкоска на 13 октомври 2006 година, која е родена во селото Вишни, а живее во Охрид.

220

ТЕБЕ ЌЕ ТЕ СПАСИ СВЕТИ НАУМ

Сè ми тргна на недобро во работата и во личниот живот, а имав и пет смртни случаи на блиски. Злобници употребуваа семожно за да ме уништат, дури служејќи се и со магии. Бев крај-но разочарана. Една ноќ, пред две-три години, сонував височини и кривини, а од далечината слушам глас: „Тебе ќе те спаси свети Наум“. Утрото одам да го прашам свештеникот дали има светец свети Наум, бидејќи дотогаш немав слушнато за него. Тој ми рече дека има, и тоа е голем охридски чудотворец. Оттогаш почнав да му се молам на свети Наум, но во Белград не можев да најдам да купам негово иконче. Единствено голема фреска и икона на све-ти Наум има во црквата „Св. Јован Владимир“.

Сознав каде се наоѓа манастирот Sveti Naum и во јули 2005 година дојдов. Уште од влегувањето во манастирот по-чувствував необичност. Од глава до петици како да ме фати стру-ја. Тоа чувство ми се повторуваше секогаш кога ќе се приближев кон неговиот чудотворен гроб. Сега живеам со свети Наум: му се молам, ја читам книгата за неговите чуда и сè ми тргна на добро. Верувам дека и моите две следни желби (брак и рожба) свети Наум ќе ми ги исполни.

Свети Наум преку моите, и нејзините, молитви ја спаси мојата пријателка Билјана од селото Будисав кај Нови Сад и нејзиното бебе Михајло. Кога дојде Михајло на свет со зафат да се спаси животот на мајката, беше осумче, имаше само 1,2 кг. Еден ден доби крвавење во желудникот. Јас преку телефон го за-молив Дончо да му се моли на свети Наума за Михајла. Следниот ден немаше крвавење. Па се јави крвавење во мозокот. Пак повикувам во манастирот за бебето и следниот ден е решен про-блемот. Во критична состојба бебето беше околу еден месец. Лекарите сметаа дека тоа нема да преживее. Но, малечкиот беше секој ден сè подобар. Свети Наум го излекува како никогаш да не боледувало детето. Сега Михајло има шест месеци и е потполно

Page 190: Sv. naum ohridski

здрав. Тоа го утврдија и лекарите со посебни испитувања и се чудат. Мојата пријателка, во знак на благодарност, ми даде по-дарок што треба овие денови да му го испратам на манастирот Sveti Naum.

По првото мое одење во манастирот Sveti Naum во Охрид, од Белград решив да испратам некои работи во мана-стирот. Купив нешто за сите зашто беа прекрасни во кон мене (Дончо, Воскра и отец Нектариј). Требеше само уште еден пијалак да купам и сето да го испратам по автобус што тргнуваше за половина час. Кога, од парите што ги понесов од дома ми останал ситнеж што не беше доволен. Да се враќам дома нема време. Размислувајќи што да правам, се навалив и крај моите но-зе се најдоа 200 динари, токму за пијалакот. А јас во животот не сум нашла ни динар на улица, сега свети Наум ми пуштил 200 динари и шишето со ракијата го пуштив со другите подароци.

Мајка ми сакаше да сошие чаршав за на гробот од свети Наум, но да биде црвен плиш. Никаде да најдам такво платно во Белград. Наидов на приватник, кој ми рече дека ќе се обиде да набави од Босфор, но не ми вети. Штом ми рече така, знаев дека ќе ми набави – за тоа ќе се погрижи свети Наум. И за неколку дена човекот ме повика, набавил таква боја и квалитет што до-тогаш не сум видела. Го прашувам по телефон Донча за димен-зиите. Ми вели: 1,95 x 0, 95 м. Мајка ми прилегна да се одмори. Во сонот сонува дека чаршафот треба да биде 1,95 x 0,95 м, свети Наум ѝ ја потврдил вистинската големина на чаршафот.

Овие искажувања Весна Петковиќ, од Белград, писмено ги оставила во манастирот Sveti Naum во август 2006 година, при нејзиното второ доаѓање, а ни ги потврди и во телефонскиот разговор на 22 ноември 2006 година.

221

КАЗНА ЗА ПОТСМЕВАЊЕТО

На вратата од продавницата од манастирот Sveti Naum -имаше ставено обраќање на авторот на книгава со следната содр-жина: „Ве молиме, кој доживеал или знае некое Светинаумово чудо, да ни се јави“. На соопштението беше и ликот на свети Наум.

Page 191: Sv. naum ohridski

Летоска (2006) дошле двајца Турци во посета на мана-стирот: едниот од Турција, а другиот од Охрид. Кога го видел обраќањето Турчинот од Турција, прашал што е тоа. Турчинот од Охрид му ја објаснил содржината на текстот и почнале меѓу себе подбишегливо да се потсмеваат.

– Глупости! – рекол Турчинот од Турција, па го зел фото-апаратот тоа да го фотографира, додавајќи: „Ова ќе го прикажам во Турција за да видат со што се занимавате овде“.

Потоа двајцата Турци влегле во продавницата. Тој од Тур-ција го оставил фотоапаратот на пултот. Барајќи книга за свети Наум, самиот со лактот го забрал фотоапаратот, па паднал и од него ништо здраво не останало.

– Игумене, тоа беше казна од свети Наума за потсмева-њето со него! – ми рече задолженото лице, раскажува Неговото Високопреподобие Нектариј (21. XI 2006).

222

ХУЛАХОПКИТЕ – РЕМЕН ЗА МОТОР

За први мај во 1989 или во 1990 година соседот Леко Кара-панче и неговата сопруга Љубинка нè зедоа со нивната кола „по-лонез“ мене и сестра ми Вера на излет во манастирот Sveti Naum во Охрид. Прекрасен ден, ден за одмор на очите и за ду-шата. Од убавината на манастирот и на неговата околина не ни се одделуваше, го одложувавме враќањето колку што можеше. Но сонцето се најде на западниот хоризонт.

Пред да се качиме, Леко ја запали колата за да ја заврти кон Ресен. Запали, ама не оди. Ја отвора Леко хаубата да види што е проблемот. Кога – ременот од моторот е скинат. Тој не мо-жел да се скине на стоење и со изгаснат мотор. Сигурно бил скинат уште на Галичица, но свети Наум го држел на малку колку да слеземе без да се најдеме во некоја од бездните. Свети Наум бил со нас зашто одевме со добра мисла, ем да се рекреираме, но и да му оддадеме почит нему.

Како ќе се вратиме назад без ремен?! Се растрча Леко. Најде неколку ремења, ама не одговараат за неговиот „полонез“. Две-три момчиња охриѓанчиња му велат да се послужи со женски хулахопки. Сметаме дека тераат мајтап, но тука е неволјо-не-волјо. Ќе се проба и тоа. Хулахопките на жена му Љубинка ста-

Page 192: Sv. naum ohridski

наа „ремен за мотор“. Тргна колата, молејќи му се на свети Наум да стасаме во Ресен здрави и живи.

„Ременот“ одлично функционираше. Со него Леко возеше уште две цели седмици додека не набави вистински ремен за неговиот „полонез“. И денес Леко раскажува за Светинаумовото чудо: како со таков ремен слеговме по серпентините на Галичица и со хулахопките да се вратиме, ни рече Костадинка Барандова-Динче на 1 декември 2006 година.

223

ОСЛОБОДЕНИ ДВАЈЦА БРАЌА ОД АРАМИИ

Арамии забрале двајца браќа да ги носат како заложници преку планина. Ноќта арамиите им ги врзале рацете и нозете на браќата со синџири, ги заклучиле со катинари за да не можат да бегаат. Арамиите легнале да спијат во планината.

Кога заспале арамиите, постариот брат на помалиот, со шепотење, му рекол:

– Брате, сум слушнал за многу чуда на свети Наума. Да му го ветиме половината стадо да нè ослободи од арамииве!

– Како ќе живееме ние, односно нашата фамилија со по-ловината стадо?

– Ако бидеме ослободени, со Господа напред и со помош на свети Наум ќе го зголемиме уште повеќе стадото!

– Добро велиш, брате!Двајцата браќа, свртени во правец на манастирот Sveti

Naum, во себе, се помолиле:– Златен свети Науме, ослободи нè од синџириве и пран-

гиве, спаси нè од арамииве! Ако се ослободиме од ова зло, поло-вината наше стадо ќе ти го дотераме во твојот манастир!

Наеднаш заштракале како со клуч да се отвораат катина-рите, сами паднале синџирите од рацете и од нозете на браќата и избегале, без да се помрднат од сон арамиите. Спасените браќа си достојале на дадениот збор, половината стадо му го предале на манастирот Sveti Naum.

Ја прочитав Вашата книга ^udata na Sveti Naum, ама ова чудо таму не го сретнав, а го имам слушано од постари уште

Page 193: Sv. naum ohridski

како девојче, ни рече една 80-годишна жена од Злести на 8 август 2007 година на одење во Вишни.

224

СЛУЧАЈОТ ЛАХТОВ

Некаде по 1947 година свештеник во манастирот Sveti Naum беше Васил Лехтов. Тој имал недолично држење. Посебно со Савка, жена на некој офицер од пограничните единици, која живеела во манастирските кралски соби со децата, а меѓу двете соби имаше параклис. Настана пожар и кралските соби со пара-клисот изгореа. Трчавме дури од Љубаништа на гаснење.

Подоцна, свештеникот Васил Лахтов се распопи. Заврши факултет, докторира на археологија. Беше директор на музејот во Охрид. Беше голем „комунист“, а за сестра му Ката нема збор.

Во 1964 година со автобус ќе оди за Скопје преку Битола. Тогаш не беше направен патот преку Кичево. Имал седиште по-назад, а на седиштето зад возачот седел некој „обичен“ човек, се-ланец. Како тој „заслужен“ за режимот да седи назад, а селанецот на прво седиште. Кога застанал автобусот на станицата во Ресен, Васил Лахтов отишол и го натерал човекот од зад возачот да седи на неговото место, а тој се истопорил напред.

Само што се заминало од Ресен, автобусот удрил во една јасика. Од цел автобус само Васил Лахтов бил мртов, а другите ни гребнати. „Тоа е казна од свети Наума“ – се коментираше во цел Охрид, ни рече Живко Сотироски и повеќе други инфор-матори.

225

ТОА ШТО ГО УКРАДОВТЕ, ДА ГО ВРАТИТЕ

На празникот Собор на сите македонски светии (7. X) во 2007 година се освети трпезаријата при црквата Sveti Nikola во село Љубаништа. На тој чин присуствуваше игуменот на мана-стирот Sveti Naum и црковнослужителите од метохот Sveti Atanasij.

Додека траела свеченоста во Љубаништа, меѓу 7,30 и 13 часот, крадци се обиделе да влезат во црквата Sveti Atanasij. Бидејќи не успеале да ја отворат вратата, железата од решетките

Page 194: Sv. naum ohridski

на западниот прозорец ги извиткале, стаклото го скршиле, влегле во црквата и украле: пет икони, и тоа: целивната икона на св. Атанасиј, други две икони на св. Атанасиј (една поголема и една помала), па иконите на св. Никола и на св. Богородица и потирот.

По враќањето од Љубаништа, црковнослужителот Јован Ристески го пријавил случајот во надлежната служба во Охрид.

Секој кој слушна за кражбата се згрози, но црковнослу-жителката Блага на 21 октомври 2007 година ни рече:

– Свети Наум е голем чудотворец. Сполај му нему, тој сè ќе среди!

И среди. Крадците биле од Поградец. Ними им се јавил на сон свети Наум и им наредил:

– Тоа што го украдовте, да го вратите!Свети Наум постојано на крадците на сон им се јавувал и

само ја повторувал наредбата. Просто, според кажувањето на отец Тоди од Поградец, не можеле да спијат. Но како да се вра-тат?! Отишле во полицијата во Поградец, ѝ ги предале сите укра-дени предмети и замолиле:

– Овие работи се од црквата Sv. Atanasij во Sveti Na-um. Ве молиме да ѝ ги предадете на македонската полиција да му ги даде на манастирот Sveti Naum.

Службата за внатрешни работи на Охрид на самиот ден Свети Никола (19. XII) во 2007 година го повикала црковно-служителот Јован Ристески, записнички му ги предала украде-ните работи, кажувајќи му дека крадците биле од Поградец.

226

ПО ОСУМ ДЕЦЕНИИ ВРАТЕНА ЗЕМЕНА КОЛА

За време на Балканските војни некој бугарски војник ја зел иконата Sv. Bogorodica – Odigitrija од манастирот Sveti Naum. Кога се вратил дома му, во Бугарија, му се случувале чуд-ни работи. Увидел дека тоа е поради земената икона од Sveti Naum, па оставил аманет кога-тогаш потомците да му ја вратат иконата на манастирот.

На 10 октомври 1993 година ете ја една жена потомок на војникот во манастирот Sveti Naum. Ја носи земената икона на света Богородица, опкована со месинг, со широка рамка и заста-клена.. Усно на игуменот, на архимандритот Нектариј, во прису-

Page 195: Sv. naum ohridski

ство на Митрополитот г. Тимотеј, му ја кажува вистината за ико-ната, а во писменото обраќање до Митрополијата вели дека „таа икона нејзиното семејство ја чувало повеќе од 70 години“, ја „по-дарува“ (?!), бидејќи „нема потомци“, потенцирајќи дека е „чу-дотворна“. Навистина е чудотворна. Ако не беше чудотворна, не ќе се вратеше на местото од коешто се зела во 1912/13 година.

Вратената икона на света Богородица сега стои на левиот долен агол од вечниот дом на чудотворецот свети Наум.

227

ПЛАСТИЧНОТО КАМИОНЧЕ „ДОПАТУВА“ ОД ПРИЛЕП

Во Sveti Naum, на празникот во 2008 година, после пет-шеснаесет години, беше дојден Оливер Лозаноски од Прилеп. Беше возбуден. В рака држи завиткано во најлонско кесе едно мало пластично камионче. Прво му лриоѓа на Живко Сотироски, а потоа на двајцата ни вели:

– Како ученик во шесто одделение на училишна екс-курзија дојдовме овде, во Sveti Naum. Во дворов на тезга про-даваа сувенири и играчки. Како дете, окото ми запна на ова ка-мионче, ама немам пари да го купам. Во навалицата со усул го зедов.

Истиот ден, на враќање, торбата што ја носев ми се украде. Тоа го протолкував како казна од свети Наум и решив камион-чето да го врата. Ама како?! Ученик сум, а и подоцна се нема па-ри да се дојде. Камиончево го чувам и не ми дава душевен мир. Ме измачува. Кога да погледам во него, ми иде на плачење. И, еве, дојдов да го вратам. Кажете ми каде да го оставам.

Му велиме дека е најдобро да се остави на гробот од свети Наум. Живко таму го однесе, а Оливер пали свеќи, остава пари за здравје и за опростување.

– Свети Науме, дете бев! Опрости ми! Тоа никогаш не сум го повторил и нема да го повторам! – вели Оливер и се крсти свр-тен кон храмот. Поседа малку во манастирот и весел, среќен си замина за Прилеп како да се ослободил од најтежок товар.

228

СВЕТИ НАУМ ГИ ОПОМЕНАЛ ЛОВЦИТЕ

Page 196: Sv. naum ohridski

На првиот ден Духовден (15 јуни) во 2008 година двајца другари од село Дрмени, Ресенско, отишле на лов во планината на Стипона, што е имот на Sveti Naum. На 20-ина метра пред нив им излегло машко срнче. Иако забрането, сметале дека никој не ќе ги види, згрмеле со карабините. Ништо. Срнчето со потскокнување си заминало.

Едниот дрменец му вели на другиот:– Ти фати тука некаде заседа, а јас ќе појдам подолу,

сигурно ќе го истерам!Другиов дрменец проценил каде може срнчето да помине.

Фатил заседа зад едно дрво. По некое време, ете го срнчето пред него на четири-пет метра. Стои срнчето со крената глава. Дрменецов е сигурен дека ќе го улови. Бам со карабинот. Срнчето стои како ништо да не било, само со ушињата мрда. Го репетира дрменецов карабинов и повторно пука. И пак ништо. Срнчето си заминало.

– Што може да биде ова?! Да не ми е неисправна пушкава? – си вели дрменецов во себе и сега нишани и пука во подалечна и во помала цел. Погодува во центарот. Се обидова на друга цел. Пак погодува во центарот.

Срнчето го спасил свети Наум Тој не дозволил на празникот на светото Троиство да се направи големиот грев: убиство на украсот на природата и светото животно – срнчето. А, од друга страна, не сакал да ги казне ловците, па само ги опоменал што не треба да прават, ни рече Блаже Јованоски на 18 јуни 2008 година.

229

СВЕТИ НАУМ РЕАГИРАЛ

При уредувањето на подот (павиментот) на манастирската црква на манастирот Sveti Naum кај Ресен се сакало тој да биде рамен (но не е соодветно обележан преодот во наосот), па требало да се искршат камените плочи во северната апсида. Само што удрил со чеканот еден од работниците, отскокнало парче од плочата и го удрило право в око.

– Што стана со тој работник не знам, но тој повеќе не дојде да работи во манастиров, а работите во тој дел од црквава престанаа. По извесно време, после консултирања и стручен

Page 197: Sv. naum ohridski

совет како да продолжат работите, камените плочи не се искршија, туку северната апсида се среди, како што гледате, на повисоко ниво за три скалумки, ни рече Дана Кузманоска, од Ресен, на 30 ноември 2008 година при нашата посета на црквата заедно со г. Блаже Јованоски.

Камените плочи за кои станува збор се непосредно на самото изворче кај кое починувал свети Наум, одејќи откај Битола за Охрид, веројатно и на кои седел, па токму затоа реагирал Чудотворецот да не се отстрануваат. За ова Светинаумово чудо ќе чуе секој посетител кој ќе ги праша и сега жените коишто го опслужуваат манастирот Sveti Naum кај Ресен.

ХРАМОТ СВЕТИ НАУМ ВО БИТОЛА

Во центарот на Битола, наспроти поранешната Учителска школа, е храмот Sveti Naum. Тоа е стара приватна куќа адаптирана за светилиште. Бидејќи зградата е дотраена, од една страна, а, што е најважно, не ги задоволува духовните потреби на верниците, Митрополијата од Битола сака да ја урне и на нејзините темели да подигне соодветен сакрален објект, но наидува на административни и други пречки. Меѓутоа, како што самиот свети Наум во еден запис вели: „Ми пречат соседиве, ама ќе се среди“. Храмот кога-тогаш ќе се направи оттемел. Таа волја на свети Наум треба да ја почитуваат надлежните.

Точно кога старата куќа станала храм не се знае, нема пишувани документи. Во првите два записа на овој циклус се изнесуваат интересни сознанија.

Според првиот запис, некој „битолчанец имал две куќи. На сон му била речено да ја напушти едната куќа, оваа овде, и да ја претвори во манастир“. Тоа, според информаторот, било во 1825 или во 1828 година. Црквата била посветена на двајцата браќа/светци: свети Климент и свети Наум. Затоа оваа црква е со два олтара: едниот му е посветен на свети Климент, другиот на свети Наум, а се служи само од олтарот на свети Наум.

Вториот запис почетокот на овој манастир го сврзува со 1935/36 година. Тогаш, при реновирањето на старата куќа, сопственикот ја нашол иконата на свети Наум со мечката. Црквата/Митрополијата од порано имала некои укажувања дека

Page 198: Sv. naum ohridski

некогаш оваа куќа била храм, па сознавајќи за наоѓањето на иконата, ја купила куќата од фамилијата Грнчарови и за нејзино преуредување во храм бил формиран соодветен одбор.

Од второво кажување може да се заклучи дека Sveti Naum во Битола е оформен во почетокот на XIX век, но поради бурните настани од крајот на XIX и почетокот на XX век, бил запоставен и продаден како куќа на новодојдената фамилија Грнчарови, која, секако, немала сознанија за тоа што било со неа претходно. Затоа веднаш се согласила да ја отстапи со соодветен надоместок.

Митрополитот г. Тимотеј во трудот „Култот на св. Климент и св. Наум Охридски изразен во градењето на цркви во нивна чест во Македонската православна црква“ пишува дека тоа станало во 1860 година (в., зборник „1100 години од хиротонизирањето на свети Климент в оепископ и доаѓањето на свети Наум во Охрид“, Охрид, 1996, стр. 240).

До поново време, до кај осумдесеттите години на XX век, манастирот Sveti Naum од Битола беше метох на манастирот Sveti Naum од Охрид. Сега е под управа на Преспанско-пелагониската епархија.

Манастирот Sveti Naum во Битола е двокатен: приземје и кат. Во приземјето има голем трем и 3 простории. На катот е црквата, пред која има чардак и две простории, од кои едната е за престојување и ноќевање. На чардакот се продаваат свеќи и под стрејата е камбаната. Овде, на чардакот, одлево при влезот во црквата се наоѓа голема икона на свети Наум.

Интериерно црквата ги има следните позначајни икони:– Sveta Bogorodica, иконче од 1830 година, подарено

од Васа Поповска – мајка на Марија Мицевска;– Sveta Bogorodica Trostruka – донесена од

битолската фамилија Јанкуловци пред извесно време, бидејќи во фамилијата немало кој да ја одржува иконата, па да не пропаѓа е овде подарена. Се смета дека е од XIV век;

– Ro`destvo na Isus Hristos, од XIX век;– Sveti Pantelejmon. На иконата е податокот дека е од

1900 година. Околу свети Пантелејмон се насликани сите светци заштитници, човечкиот род од Адама наваму. Ја подарил некој Петровиќ;

Page 199: Sv. naum ohridski

– Sveta Bogorodica, изработена од јеромонахот Хаџи Наум во април 1937 година.

Култот на свети Наум во Битола е толку голем што Петровденските пости се викаат „Светинаумови пости“. Почитта на битолчани кон храмот е восхитувачка. Секоја среда во храмот Sveti Naum во Битола има богослужба. Главното славје е на зимен, а посебно на летен Свети Наум.

Храмот Sveti Naum во Битола е отворен за посета на верниците секој ден. При влезот, секој верник што сака да му се спомене неговото име или името на некој член од неговата фамилија на боголсужбата во среда, се запишува во списокот.

Чудата на свети Наум што се случувале во неговиот манастир во Битола се бројни. Тематски тие се идентични со оние што се сврзани со манастирот Sveti Naum на брегот на Охридското Езеро, во Охрид. Од нив овде презентираме 32. Покрај нив, уште 17 други записи има од битолчани што се застапени во другите циклуси, но тие се во врска со манастирот Sveti Naum во Охрид*.

Често битолските верници се „допишуваат“ со свети Наум. Нивните желби и проблеми му ги пишуваат на ливчиња и ги спуштаат кај целебната икона што е веднаш одлево при влезот на црквата. Дел од нив пренесуваме во делот Pismeni obra}awa.

Секој битолчанец со посебен пиетет се однесува кон својот храм Sveti Naum, но при прва можност го посетува и манастирот Sveti Naum во Охрид, посебно на летниот празник.

230

ЦРКВА СО ДВА ОЛТАРА

Еден битолчанец имал две куќи. На сон му било речено да ја напушти едната куѓа, оваа овде, и да ја претвори во манастир.

* Кај посетителите на храмот Свети Наум во битола бевме претставени и препорачани од отец Ѓорѓи Зајаковски, а да дојдеме до информаторите од ова подрачје најмногу ни помогнаа: госпоѓата Марија Мицевска и г. Драги Анастасовски. На топол прием наидовме од црковнослужителката г-ѓа Лена Паревска. Со почит бевме пречекувани од сите информатори. Драгоцени ни беа контактите со г. Александар Гилевски. На сите нив им искажуваме благодарност.

Page 200: Sv. naum ohridski

Како што имам слушано, тоа било во 1825 година или во 1828 година. Оттогаш е нашиов битолски манастир Sveti Naum.

Човекот се преслелил ододвде во другата куќа. За причините за тоа, односно за видениот сон, се расчуло во градот. Се собрале доста пари и куќата се адаптирала во црква. Подоцна се изградиле два олтара: еден за свети Наум и едне за свети Климент зашто тие биле браќа. Всушност, оваа црква е посветена на двајцата светци: свети Климент и свети Наум. Сега се користи само олтарот на свети Наум, а не и на свети Климент. Криво ми е што од олтарот на свети Климент не се служи ни на неговиот празник. За ова сум реагирал повеќепати, дури и во Митрополијата.

Во дворот на манастирот имаше бунар од кој се ваѓаше вода со тулумба. Неа ја одржуваше Димко. Таа беше света вода. При некои реновирања бунарот го затрупаа со отпадоци, наместо со трактор ѓубрето да се однесе надвор.

Многу чуда се случени во манастирот. Кога беше калуѓерката Фана, дојде една жена со глувонемо дете. Таа со детето живееше во посебна одаја и ја одржуваше црквата околу две години. Детето се викаше Димитар. Тоа почна да зборува, но не чисто. Ова беше во 1942/43 година, ни рече Петар Николовски на 11 јануари 2006 година, кој е роден во 1932 година.

231

ИКОНАТА НА СВЕТИ НАУМ ЈА ОТКРИ ЦРКВАТА

Старата куќа на мажа ми беше крај црквата Sveti Naum. Куќата во која е црквата била приватна. Неа си ја купиле сопствениците. Во таа куќа имаше три жени: Анастасија, Катина и Васка.

Анастасија беше родом од Прилеп, ама многу побожна жена. Како се викаше маж ѝ не знам, но нејзиниот син Петре го викаа Грнчарот. Тој, како и мајка му, беа гледачи.

Грнчарови, при некое поправување, дотерување на купената куќа, нашле икона на која бил свети Наум каде што ја прегнал мечката со волот да ора. За тоа се расчуло, сознал и тогашниот владика.

Page 201: Sv. naum ohridski

– Иконата јасно кажува дека оваа куќа порано била црква! – рекле црковните луѓе и барале да се договорат да ја купат. Се погодиле. Додека не направија свој дом, продавачите, Грнчарови, живееја под кирија кај Павле Дарко.

Ова беше некаде во 1935/36 година. Тоа го знам по мажот ми Драгослав. Тој тогаш беше некаде шести-седми клас, а е роден во 1919 година. За уредување на црквата се формира посебен одбор. Во не го беше и свекрва ми Елена, која подари и икона на св. Богородица.

Во нашава, битолскава, црква Sveti Naum се случени многу чуда, излекувани се многу душевни болни. Ете, и во нашава куќа се случи маж ми да излезе од затвор во 1963 година токму на празникот свети Наум. На Свети Наум беше ослободен од затворот за малолетни во Тетово и неговиот внук од сестра! – ни рече Анастасија Црепаровска на 28 јуни 2006 година.

232

МИ ПРЕЧАТ СОСЕДИВЕ, АМА ЦРКВАТА ЌЕ СЕ НАПРАВИ

Пред еден месец, на сон, од црквата Sv. Petka, каде што служам, идам во црквата Sveti Naum. Го среќавам моето чупе со букет цвеќиња в раце.

– Кај беше, ќерко? – ја прашувам.– Бев овде, во Sveti Naum и ми дадоа цвеќиња! – ми

одговори.– Почекај ме и јас да влезам и ќе си одиме заедно дома! – ѝ

велам, ама таа дојде со мене.Кога влегов во црквата Sveti Naum, гледам еден монах,

свети Наум, копа.– Аирлија работа! – го поздравувам човекот.– Амин. Мора да се направи. Ми пречат соседиве, ама ќе

се среди! – ми одговори.– Каде се жените што служат овде?– Тука се кај чешмата! – ми рече свети Наум и си замина,

ни рече Цена Христовска.

Page 202: Sv. naum ohridski

233

СВЕТИ НАУМ ГИ БЛАГОСЛОВИЛ ЖЕНИТЕ ШТО СЛУЖЕЛЕ

Овде, во манастиров Sveti Naum, доаѓам секоја среда. За празникот во 2004 година помагавме повеќе жени, а јас се молев и за здравје на мојот болен сопруг.

Кога стивна сè, по полноќ, сите жени полегнавме и заспавме. Некаде околу три часот крцна вратата. Влезе строен монах, свети Наум, со десната рак го нарави крсниот знак, велејќи:

– Благословени сте, благословени сте!Утрото жените прашуваат:– Која виде сон?Јас им го раскажав виденото! – ни рече Цена Христоска на

2 јули 2006 година.

234

ГЛУВОНЕМО ДЕВОЈЧЕ ПРОЗБОРЕ

Беше тоа околу 1954 година. На летен Свети Наум во метохот, кој ние во Битола го викаме „манастир“, Sveti Naum, служеше свештеникот Спиро Дамески. Доаѓа една Ѓупка муслиманка со нејзината глувонема ќерка, носи овен и прашува:

– Каде да го оставам овенов?– Зошто го носиш овенот? – прашува свештеникот.– На сон ми се јави свети Наум. Ми рече овде да донесам

овен и чупето ќе проговори.Гледа свештеникот дека чупето воопшто не слуша, не

може да пушто глас. Заклучува дека му се повредени соодветните центри и тука нема помош. Женава, се гледа, е сиромашна, одделила од устата да го купи овенот, па ѝ вели:

– Женичко, земи си го овенов! Врати си го дома. Заколи го да поминете некое време, нема спас за чупево.

Не! Овенов е за тука и тука ќе остане! – упорна е жената.Гледајќи ја нејзината упорност, свештеникот му вели на

прислужникот да го земе овенот и да го остави понастрана.

Page 203: Sv. naum ohridski

Почнува литургијата. Кога почна да биде камбаната од пред црква, чупето вели:

– Мамо!Кога го виде ова чудо, свештеникот на присутните им се

обраќа со зборовите:– Луѓе, видовте што направи свети Наум? Чупето

прозборе!Од безнадежен случај, чупето почна да слуша и да

зборува. Подоцна си оформи и фамилија, вели отецот протојереј Ѓорѓи Зајаковски (9 јануари 2006)

235

СВЕТИ НАУМ БЕШЕ НА БДЕНИЕТО

Бденијата долго траат, од 23 до 5 часот наутро. За тоа време и јас потседнувам во олтарот, а повеќе верниците. Меѓутоа, на едно бдение пред десетина години ми се случи чудо.

Црквата полна, а меѓу нив стари и болни луѓе. В олтар ми доаѓа топлина од нозете и имам осет како да лебдам во воздух, да не стојам на подот, а не чувствувам никаков замор. И во преполната црква цело време никој не седна. Прашувајќи ги старите и болните како издржаа, и тие чувствувале што чувствував и јас в олтар: топлина и како да лебделе. Ни пред тоа, ни потоа такво нешто не ми се случило. Тоа зборува дека тогаш, на бдението, бил свети Наум, се сеќава отец Ѓорѓи Зајаковски (11 јан. 2006).

236

ДВЕ ВИДЕНИ ЧУДА

Сведок сум на неколку чуда, ама следните две ми се незаборавни, ни рече госпоѓата Ратка Ангеловска на 11 јануари 2006 година во метохот Sveti Naum во Битола.

Пред 50-ина години, во овој манастир, на Свети Наум летен беше донесено едно двегодишно дете, кое беше глувонемо. За време на богослужбата прозборе. Од радост се крена голема врева. Секој дојден во манастиров одеше со рака да се допре до тоа дете, чувствувајќи дека во него е чудотворецот свети Наум. И јас сакав да се допрам, ама од толку големи турканици не успеав.

Page 204: Sv. naum ohridski

Дваесетина години подоцна такво чудо се случи во манастирот Sveta Ana во Молоишта на денот на манастирот. Моите соседи имаа пет-шестгодишно дете. Се викаше Диме. Беше глувонемо. Едно време детево вика:

– Еј, камбана!А камбана немаше во манастирот. Во знак на

благодарност за оздравувањето на детето родителите ја подигнаа сегашната камбана во манастирот Sveta Ana во Молоишта.

237

ФАСАДАТА МИ РЕЧЕ: „БОЈАДИСАЈ МЕ“

Имам три ќерки. Тие се со свои семејства. Едната ќерка во 2004 година доби мозочен излив. Се шлогира. Не можеше, а лекарите велеа ни да прави обид да помрдне, па в болница сета нега ѝ ја правеа другите две ќерки и внуката.

На празникот Свети Наум во 2004 година бев во нашата црква Sveti Naum. Народ полно. Запалив свеќа и стојам во дворот, а во себе се молам:

– Господе, свети Науме, барем малку ќерка ми да застане на нозе!

Како што се молев, погледот ми се упати кон фасадата од црквата. Гледам како се лушти, како се распаѓа фасадата и ми вели:

– Збирај пари, бојадисај ме!Три-четири дена сè сум опфатена со пораката. Што да

правам?! Отидов во црквата Sv. Bogorodica и прашувам што да правам. Свештеникот ми вели:

– Мајче, ќе одиш в Митрополија и тие ќе ти кажат да збираш или не пари.

Владиката тогаш не беше во Битола. Го прашувам секретарот, кој во понеделникот служеше во Sv. Bogorodica. Тој ми вели:

– Оди в Митрополија и Зоран ќе ти каже кога ќе дојде владиката.

Отидов в Митрополија. Сè по ред му кажав на Зорана, кој му е возач на владиката. Му кажал Зоран на владиката и ми вели:

Page 205: Sv. naum ohridski

– Тетко Цвето, Митрополијата има пари да ја бојадиса фасадата, ама штом ти била таква работата, ти собирај колку што ќе собереш, а до потребното ние ќе доплатиме. Ако имаш некој твој или познат бојаџија, него ќе го земиме.

– Збирај одваму, оттаму, од своите најблиски, собрав 17 000 денари. Ги однесов в црква. Пред иконата на свети Наум им ги одбројав парите на црковните луѓе. Се враќам дома. Ме пречекува внукот.

– Бабо, радувај се! Мама стана! – ми вели внукот.Ќерка ми сега е, скоро, сосема здрава.За тоа големо добро што ми го нарави свети Наум сакав да

дадам нов прилог – да се исчисти и да се порави таванот на црквата. Ѝ пишав на золва ми во Канада за оздравувањето на ќерка ми и ја замолив да ми пушти пари за реализирање на замисленото. Таа не само што ми пушти една сума, туку ми пишува:

– Невесто, така ме вика иако сум во деветтата деценија, не само овие пари, туку ќе ти пуштам колку што ќе треба да се поправи тоа што сакаш да го направиш во црквата.

Парите ги имам, но Митрополијата планира да изврши поголемо реновирање и проширување на црквата. Ако дојде до тоа, парите ќе ги дадам за таа намена, ако не ќе го поправам ветеното, ни рече Цвета Јошевска од Средно Егри, а од 1945 година живее во Битола.

238

НЕ СИ ТИ ЧОВЕКОТ ШТО ГО БАРАМ

Една пријателка ми вели да ѝ отворам во нашиов, битолски, манастир за една ноќ да преспие со нејзиното болно дете Спасе.

– Не можам на своја глава. Да прашам! – ѝ велам.Душа од човек беше калуѓерката Елена (Лена). Одобри.– Го молам свети Наум да направи чудо со детево! – ми

вели пријателката.Ги сместив во една одаја. Пред полноќ сакам да си одам

зашто чудата се карактеристични за на полноќ и по полноќ. Кога, детето, доста големко, момче, ми вели:

Page 206: Sv. naum ohridski

– Ти не си човекот што го барам. Да не ти удрам една!Само една ноќ преспав и детето оздраве (11 јан. 2006).

239

ТАТКО МИ ПРОГЛЕДА

Татко ми го изгуби видот. Лекарите рекоа дека нема лек. Со брат ми сме упорни. Бевме на повеќе места. Најпосле идам во нашиов битолски манастир Sveti Naum. Ја прашувам калуѓерката Мери дали може да го донесам во манастиров. Таа одобри. Со брата ми го зедовме татко ми подраце на летен Арангел (26 јули) пред 12 години.

Само што влеговме, калуѓерките ни велат:– Знаете од кога ве чекаме?– Ама првпат човеков го носиме! – им велиме.– Не, човеков одамна требаше да дојде! – тие пак

повторуваат.Ни дадоа соба. Три вечери со ред го носиме татко ми на

богослужба. Четвртото утро младите калуѓерки ни велат:– Весели сте? Ќе биде добро!Потоа се подотвори вратата, а не гледам човек. Моето

чупе, кое беше со мене, ми вели:– Мамо, не го виде чичкото што дојде кај деда?Тоа и татко ми ми го потврдува, односно стариот човек му

рекол:– Цветан, дај ми ја старата кошула, еве ти нова.Одиме на богослужба. Сега татко ми сака сам да оди.

Почнав да плачам од радост. Останавме една недела во манастирот. Калуѓерките ни велат:

– Доволно ви е. Со здравје да одите.– Колку треба да платиме? – прашуваме.– Ние што можевме сторивме, што можете сторете!Се разбира, тоа со пари не се доплаќа, па оставивме на

иконата колку што ни беа можностите. Веќе на следниот летен Арангел татко ми можеше да оди сам, ги распознаваше боите. Татко ми е жив, но почнува од старост пак да не гледа чисто, вели Марија Мицеска (11 јан. 2006).

Page 207: Sv. naum ohridski

240

СВЕТИ НАУМ Е ЧУДОТВОРЕЦ

Мојава куќа е наспроти нашиов битолски манастир Sveti Naum. Не еден, туку безброј случаи сум гледала како доаѓаат постојано тешки душевно болни. Во дворот викаат, расфрлуваат. Доаѓале такви луѓе не само од Битола туку од сето Битолско. По извесно престојување, се враќале смирени, оздравени, вели Мара Стојанова (11 јан. 2006).

241

ЧЕТВОРИЦА ТЕШКИ СЛУЧАИ ИЗЛЕКУВАНИ

Свети Наум и света Петка најбрзо помагаат зашто нивната молба им се слуша пред Господа.

Еве, овде, во битолскиов манастир Sveti Naum, прозборе едно 12-годишно глувонемо дете. Но највпечатлив ми е случајот со четворицата тешко душевно болни луѓе. За лудило порано немаше лек.

Донесените четворица во манастиров биле опасни за средината, за другите луѓе, па врзани со синџири овде ги лекуваше калуѓерката Лена. Нејзиното лекување беше со молитви кон свети Наум, а од храна: постење, лук и киселина. По долго лежење, четворицата смирени се вратија во своите домови (Ружа Тодорова, 11 јануари 2006).

242

СВЕТИ НАУМ ИСФРЛИЛ ГРЕШНИК

Маж ѝ на пријателката Маре, Кочо, беше електричар. Тој, работејќи, паднал од бандера и се парализира. Еден ден одам кај нив.

– Маре, зошто не го однесете Коча во Sveti Naum? – ѝ велам.

– Треба да го однесиме, ама да ја прашаме калуѓерката!Тогаш калуѓерка во нашиов манастир беше Лена. Дојде во

1937 година. Навистина живееше калуѓерски живот: молитви, пост, скудно јадење, скоро никаква постела.

Page 208: Sv. naum ohridski

Маре го донесе мажа ѝ во манастиров. Го легна в кревет, а таа се смести во друга одаја. Кон полноќ слуша некакво тропање. Станува. Влезната порта однатре беше затворена со канџи, а сега е отворена.

– Кој ги отвори портите? – ја прашува калуѓерката.– Не знам! – и таа се чуди.Оди Маре да види што прави маж ѝ. Го нема. Што е со

човекот?! Истрчува надвор. Кога, крај бандерата на патот лежи.– Кочо, кој те донесе овде?! – го прашува.– Еден стар човек ме фати и ме фрли! – ѝ ја кажува

вистината.Маре сфати дека тоа го сторил свети Наум поради некои

негови неопростливи гревови. Се враќа таа. Смети, исчисти и си го врати мажот дома. Таа редовно доаѓаше во манастиров да помага, а Кочо така парализиран умре (Ружа Тодорова, 11 јан. 2006).

243

ИЗЛЕКУВАНО ДЕТЕ ОД ЕПИЛЕПСИЈА

Внуче од сестра ми беше болно од епилепсија. Доаѓам во манастиров кај калуѓерката Лена. Ја прашувам дали знае нешто да помогне.

Калуѓерката се сврте, застана пред иконата на свети Наум. Што правеше, што направи, не знам. По некое време, се сврте кон мене и ми вели:

– Знаеш што? Свети Наум порачува да го донесете детето, овде да преспие, ама да си донесете за него постелнина. Тоа ќе спие, а ние ќе се молиме за него.

Одам кај сестра ми. Ѝ кажувам нејзе и на зетот. Се согласија. Само една ноќ овде преспа и оздраве без никакви лекарства. Денес е најдобар, заврши факултет (11 јан. 2006, Ружа Тодорова).

244

ИЗЛЕКУВАНА ОД ГЛАВОБОЛКИ

По јавувањето на сон на света Петка, света Недела и Архангел Михаил, и на нивно инсистирање, во 1969 година, со

Page 209: Sv. naum ohridski

сесрдна помош на соселаните од селото Српци, Битолско, почнав со градба на црквата Sv. Arhangel Mihail на местото од некогашната разурната црква посветена на Архангелот, за која не знаеја ни тогашните 80 и 90-годишни старци. Црквата се изгради и се освети. За цело време во работата ми помагаше ангел Господов во вид на мало чупе. Ангелот и сега постојано е со мене.

Што претргав и низ што минав од правиот сон до осветувањето на црквата е посебна сага, но набргу потоа, пред дваесетина години, многу страдав од главоболки. На сон ми се јави свети Наум.

– Дојди кај мене, јас ќе те оздравам! – ми рече светецот.Дојдов во манастирот Sv. Naum во Битола. Му се молев

на Чудотворецот за помош. Од Шведска на одмор беше дојден стрико ми. Пред празникот Свети Наум (летен), пак ми се јави свети Наум. Ми го повтори истото:

– Дојди кај мене, јас ќе те оздравам!Со стрико ми дојдовме во манастирот Sveti Naum во

Охрид. Кога се наведнав над гробот на свети Наум да го целивам, гробот како да ми се нишаше. На тие што служеа кај гробот им реков дека сум дојдена по барање на свети Наум, кој ми се јави на сон. Тие за тоа му кажале на владиката, кој ме викна во една од просториите на конаците. Кога му го повторив кажаното, пред сите ми рече:

– Ние таков човек бараме кој на сон го видел свети наума.Од одењето на гробот на свети Наум, ми прстанаа сите

болки во главата. Оттогаш ја користам секоја прилика да појдам во манастирот Sv. Naum во Битола, кога веќе не можам да одам во Охрид, на поклонение на Чудотворецот свети Наум, ни рече госпоѓата Милка Кулеска од селото Српци, Битолско, на Крстовден (27. IX) 2006 година.

245

СВЕТИ НАУМ ЈА ВРАТИ НА РАБОТА

Ќерка ми има две деца. Двете се ученици. Зет ми е без работа. Работеше само ќерка ми. Арно ама, како што почнаа масовно да отпуштаат и неа ја отпуштија од работа.

Page 210: Sv. naum ohridski

Кога разбрав за тоа, помош побарав од Бога да ја вратат на работа. Одев и се молев во сите битолски храмови. Во една среда отидов во пресветиот храм на чудотворецот свети Наум.

Се качив во салонот каде што се наоѓа големата икона на свети Наум. Беше присутен само човекот што служеше. Нему му реков:

– Дојдов да го молам свети Наум да ги врати сите отпуштени од фирмата на работа што го молат, па и моето чупе.

Клекнав пред големата икона на свети Наум. Без да сакам, ми навреа солзи и се молам:

– Свети Науме, тешка ми е материјалната положба. Помогни ми! Ќе ти служам на твојот ден и другпат кога ќе можам.

Чудотворецот како да ми се насмевна. Во тој момент иконата чукна толку силно што и човекот што служеше рече:

– Ова првпат го слушам.Не се исплашив од знакот на иконата. Му благодарив на

Чудотворецот и си отидов дома. Другиот ден, во фирмана на ќерка ми бил иставен список кој од отпуштените се враќа на работа. Прва во списокот била ќерка ми, вели среќната мајка Вера.

246

ИЗГРАДЕН ПАРАКЛИС СВЕТИ НАУМ ВО КОЖАНИ

Меѓу бројните бегалци од Егејска Македонија во време нс војната во Грција во Битола дошла и една жена со двете ќерки Елза и Дрита од градот Кожани. Маж ѝ загинал во војната. Тоа ги потресло трите, дури се разболеле ќерките.

За потребите на бегалците биле земени и долните одаи од манастирот Sveti Naum. Тука биле сместени и трите кожанки по препорака на верници заради лошата здравствена состојба на чупите. Тука останале долго време. Благодарение на духовната терапија, чупите оздравеле и се вратиле во родинот град. Меѓутоа, по извесно време пак снемоштеле и повторно дошле во манастиров. Така често доаѓале и се враќале.

– Кога сте со мене со мислите, изградете ми црквичка во вашиот двор за да не идете постојано во Битола! – им рекол свети Наум на сон.

Page 211: Sv. naum ohridski

Двете сестри изградиле параклис во нивниот двор во Кожани. Сега се добри, но се во години, па скоро не се дојдени, ама редовно пред денот на свети Наум, и во други прилики, пуштаат даренија за црквава: свеќи, темјан и др. Секогаш пуштаат нештото да е чивт, а не тек. Кога се свеќи, се шест или осум, вели Марија Мицеска.

247

СВЕТИ НАУМ ГО ИЗЛЕКУВА БРАТУЧЕД МИ

Братучед ми Пеце, од тетка ми Перса Талевска, беше болезлив. Лек најде овде. Во манастиров Sveti Naum во Битола. Тетка ми го донесе Пецета во Sveti Naum. Тука спиеше и наполно оздраве. Се ожена, им две деца. Сега со фамилијата е во Америка, ни рече Ратка од Битола.

248

ТВОИТЕ НИШТО НЕ ЗЕДОА

Со десетина жени бев во црквата Sveti Naum во Битола. Цела ноќ седевме таму. Следната ноќ на сон сум се нашла во манастирот Sveti Naum во Охрид. Народ немаше, а во дворот, кон кај езерото, беше поставена долга маса, а на неа што ти душа сака имаше за јадење. Се крстам пред црквата. Откај вратата излезе свети Наум. Со рацете покажува на масата и ми вели:

– Ова е поставено за луѓе што ми доаѓаат. Дојдоа и твоите, ама ништо не зедоа.

Ова трипати ми го повтори свети Наум. Се мислам што значи тоа. Во Охрид на една куќа работеа маж ми Крсте и син ми Иван. По два-три дена дојде маж ми и го прашувам:

– Бевте со Ивана во Sveti Naum?Бевме! – некако лутито ми одговара и додава: „имаше

многу народ, турканици, ниту седнавме, ниту застанавме, веднаш се вративме“.

– Знам дека не сте поседале! – му велам.– Кој ти кажа? – се интересира.– Свети Наум ми кажа! – му одговорив и му го кажав

сонот.

Page 212: Sv. naum ohridski

Уште следниот ден маж ми и син ми отишле во Sveti Naum да си ја поправат грешката.

Јас имав вујко свештеник. Тој велеше дека светците ги борјат, ги знаат сите посетители кои им дошле на нивните денови. Тоа ми го потврди и мојот сон, ни рече Цвета Петковска од селото Цапари, Бидолско, на 18 мај 2006 година.

249

ЕГИПЌАНКА МУ СЛУЖИ НА СВЕТИ НАУМ

Имав тешка операција на ногата. Не знаев дали ќе останам жива, се жалев како ќе се живее неподвижна. На сон чув глас:

– Служи во Sveti Naum.Ветив дека ќе му служам на свети Наум. Секоја среда сум

овде, во црквава Sveti Naum. Колку што можам служам и сè ми оди на добро. Навистина сум со патерица, ама доаѓам и се враќам на „Баирот“ без мака.

Јас сум Египќанка (Еѓупка), вели Феиме Сејдинова (родена во 1942 година во Битола). Се омажив за Албанец. Уште пред склучувањето на бракот му реков:

– Абдула, јас сум заречена да му служам на свети Наум. Тоа ќе го правам до крајот на мојот живот. Ако се сложуваш со тоа, може да се земеме, инаку не.

– Слободно да си служиш каде што си ветена! – ми рече и цел живот не ми попрече да служам во црквава Sveti Naum.

250

ОД СВЕТИ НАУМ ВИДОВ ГОЛЕМИ ДОБРИНИ

Во брак стапив во 1991 година. И покрај редовен брачен живот една година, не останав бремена. Му се помолив на свети Наум во 1992 година:

– Свети Науме, многу сакам да станам мајка. Како симбол на благодарност ќе ти подарам јагне.

Свети Наум ја почу мојата молба. Во 1993 година го добив синот Дејан и на празникот го дарував Чудотворецот со јагне.

Сега ова јагне му го подарувам на свети Наум за мене. Имав проблеми со градата. Пак му се обратив на свети Наум:

Page 213: Sv. naum ohridski

– Свети Науме, поможи ми да не е лошото кај мене!Испитувањата покажаа добри резултати, болките ми

стивнаа, ни рече Лидија Секулоска на 2 јуни 2006 година при предавањето на второто јагне во црквата Sveti Naum во Битола.

251

СВЕТИ НАУМ ЈА ПОТСЕТИЛ КУМАТА ФАНИЈА

Госпоѓата Параскева Лахчанска пред празникот Свети Наум во 2006 година ни го раскажа следното.

Родена сум во 1941 година. Ме крстил владиката Николај, но на крштавката се случил скандал – кумот избегал.

Дедо ми беше протојереј. Се викаше Петар Ѓорѓиев, во Битола познат како „Киселинар“. Нему во 1939 година му починала ќерка, која се викала Параскева. Кога сум се родила, решил да го носам името на тетка ми.

Кум ни била Таса Тасиќ, тогаш пратеник. Ме однесле во црквата Sv. Dimitrija. Дедо ми на кумот му рекол:

– Чупево да се вика Параскева.– Јас сум кум, а не ти. Кое име ќе го дадам јас така ќе се

вика! – кадегоричен бил кумот да ми даде некое модерно име.Бидејќи дедо ми не попуштал, кумот демонстративно си

отишол од црква. Насобраниот народ го чека чинот на крштавањето, свечениот ручек нарачан во ресторан. Што сега?! Дедо ми слегува. Таа недела во Sv. Dimitrija служела Фанка, а нејзе дедо ми ѝ бил сретен кум.

– Фанке, качувај се горе да го крстиш чупето! – ѝ рекол дедо ми.

– Како, Вие сте ми кум, а сега јас да Ви бидам кума?!– Јас ти велам и оди! – дедо ми просто ѝ наредил без

образложение зошто е така.Се качила Фанка горе, во крстилницата и вели:– Било судено јас да му бидам кума на ова чупе.Кога рекол владиката:– Кажи кумо име!– Параскева! – рекла таа по волјата на дедо ми.Од крштавањето поминале седум-осумнаесет години. Јас

бев ученичка во економско училиште. На сон на Фанка ѝ се јавил

Page 214: Sv. naum ohridski

свети Наум, велејќи ѝ:– Во чија риза го завитка крштеничето? Јас сум свети

Наум. Утре е недела. Ќе дојдеш во мојата црква. Не треба ништо да носиш. Таму те чека ризата.

Само што се разденало, кумата Фанка ете ја во црквата Sveti Naum. Тогаш служеше Тале, кој ѝ рекол:

– Што дојде, Фанке, олку рано? Денес нема служба.– Цела ноќ не сум заспала, одвај дочекав да се раздени! –

му рекла кумата Фанка, кажувајќи му го сонот.Додека кумата Фанка и Тале разговарале, се случува ново

чудо. Доаѓа еден човек и вели:– Речено ми е на иконата од свети Наум да ја оставам

ризава, а оттаму треба да дојде една жена да ја земе.Откога дарителот си заминал, кумата Фанка на Талета му

рекла:– Тале, колку пари треба да ти дадам за ризава?– Фанке, кога те чув тебе и кажаното од човекот, нема што

да ти речам. Колку што сакаш остави.По оставањето на пари и подарувањето ризата на свети

Наум, кумата Фанка доаѓа дома на кафе.– Кума, што олку рано идеш на кафе? – ја прашуваат

домашните.Кумата им го раскажала случајот.И уште еден феномен со кумата Фанка. Кога умре мајка

ми, таа дојде кај нас и ни рече дека на следната трета вечер и таа ќе умре. И навистина третиот ден почина.

На Фанка не ѝ траеле децата. Кога ѝ се родил синот Димче, го оставила на пат за да го крсти сретен сум. Поминла дедо ми и го крстил. Кога попорастел Димче, му се искривила вилицата и не можел да зборува. Мајка му, Фанка, се молела, односно се ветила:

– Ако детето ми прозборува, не мора чисто, барем колку да може да се разбира, ќе служам по сите битолски цркви.

Димче оздравел, му се исправила вилицата и прозборувал и Фанка служела по извесно време во секоја црква, па се погодила да служи во Sveti Dimitrija токму кога јас требало да се крстам и така дошло до двојното кумство.

Page 215: Sv. naum ohridski

252

ИЗЛЕКУВАЊЕ ОД НОЌНО МОКРЕЊЕ

Синот на шестгодишна возраст ноќе мокреше. Бев загиржена. Едно утро, додека спиеја децата, во 1960 година, отидов на богослужба, да му се помолам на свети Наума во црквата Sveti Naum. На излегување од црквата, ги слушам две-три жени како зборуваат за чудо на свети Наум за излекување од ноќно мокрење на оженет човек, кој бил службеник во полиција. Човекот дошол во нашава црква Sveti Naum. Тука преноќувал и повеќе го немал тој проблем.

Слушајќи го ова, радосна се вратив дома. Следниот ден со свекрва ми Фана и со синот Кире одиме во црквата Sveti Naum. Монахињата нè прифати. За прспивање нè смести во една соба во приземјето.

Ноќта слушаме со свекрва ми слегување, качување по скалите.

– Кој е горе? – ѝ велам на свекрва ми.– Горе нема никој. Жената што беше тука си отиде, а

монахињата е во својата соба, до нас. Тој е, сполај му нему, светецот! – ми вели свекрвата.

Цела ноќ на катот, пред и во црквата, се слушаа само чекори и тропање. Од страв ги затворав ушите да не слушам, ама ми одѕвониваа. Око не склопив ноќта, а детето Кире, пак, толку цврсто спиеше што не се разбуди до утрото. Постојано го надгледував, се прашев да не згреши да се измокри на светото место. Свекрва ми ми вели:

– Светецот тоа нема да го дозволи.И навистина, детето не се измокри. По наместувањето на

собата во која што спиевме, ги запаливме кадилниците во црквата, се помоливме за здравје на синот Кире и си отидовме дома. По тоа преноќување во црквата Sveti Naum во Битола, а по молитвите на исцелителната моќ на свети Наум, никогаш повеќе Кире ги немаше тие проблеми. Сега е женет и се наоѓа во Австралија, ни рече Милица Велева од Битола.

253

Page 216: Sv. naum ohridski

СВЕТИ НАУМ МЕ ДОДРЖА ВО ЖИВОТ

Мајка ми родила 22 деца. Повеќето од нив биле чупиња, но тие не ѝ траеле. На сон ѝ дошол човек со долга брада во црна мантија, со црна капа, на која имало крст, а в раце држел две свеќи. На мајка ми ѝ рекол:

– Стани нешто да те прашам.– Што има да ме прашаш?– Зошто чупињата не ти траат?– Не знам.– Слушај, од пред три недели си бремена. Носиш чупе.

Кога ќе го родиш, да му дадеш православно име. Бидејќи ќе го родиш пред Божик, да го крстиш Божна.

Сонот мајка ми му го кажала на татко ми.Јас сум родена на празникот Свети Наум, на 5 јануари

1952 година. За време на породилните болки, пак истиот човек ѝ се јавил на мајка ми на сон и ѝ рекол:

– Ќе родиш чупе. Да го крстиш Божна.И овој сон мајка ми му го кажала на татко ми. Тој рекол:– Така ќе биде.Така и сториле. Ме крстиле Божна. Кога сум имала една

година, тешко сум се разболела. По третпат истиот човек, свети Наум, ѝ се јавил на мајка ми.

– Ми го направивите ќејфот што ме послушавте, што го крстивте чупето Божна. Сега ти е тешко болно. За да остане во живот, ќе ја славите Василица.

Мајка ми, во сонот, се сложила. И оттогаш моите родители за домашна слава ја имаа Василица. Откога се омажив, мојот сопуг побара од моите родители да ја преземеме славата Василица. Со сопругот домашна слава ни беше Василица сѝ до неговата прерана смрт. Останав со сираци. Тежок живот, па наместо слава, сега на Василица само палам свеќа в црква.

Свети Наум ми го додржа животот и го молам да стави рака на сите луѓе, па и на мојата фамилија, ни рече Божна Ќеримова, од Битола, на 23 јануари 2008 година.

ДОЖИВЕАВ ОСУМ СВЕТИНАУМОВИ ЧУДА

Page 217: Sv. naum ohridski

254 (I)

На сон во 1975 година се најдов во нашиот битолски манастир Sveti Naum. Бев на катот, кај црквата. Многу млади играа оро. Јас стоев настрана. Ми приоѓа висок, стамен човек и ми вели:

– Гордана, сакаш и ти да играш?– Сакам, му одговорив.– Овие што играат оро ќе се мажат, ќе се женат. За тебе

има уште многу време за мажење. Затоа не те пуштам да играш. Јас сум свети Наум. Ти ќе дојдеш три среди да го отвориш манастиров, да исчистиш, да ги избришиш иконите и да ги запалиш кандолата, само внимавај да не ти капне масло од нив на тебе. Запомни, трипати овде и двапати тоа да го сториш во друга црква.

Сонот им го кажав на домашните, а и на црковнослужителите за отворање на храмовите Sveti Naum и Sveta Petka. Без никакви пречки, како што ми рече свети Наум постапив, а и по неговата волја дури на 30-годишна возраст се омажив.

255 (II)

Работејќи во нашата нива, ме касна змија. В болница лежев месец и пол. Од нуклеарните снимања многу затеков. Ме префрлија во Скопје. Таму на 22 мај 1995 година ме оперираа. Ноќта, пред операцијата, на сон до мене имаше гроб, во кој само што не паднав. Дојде свети Наум и со раката забриша, велејќи ми:

– Јас тебе не те давам.Утрото на пациентите што беа со мене им велам дека ќе

умрам, ама, сполај му на свети Наум, останав жива, но лек најдов во Белград.

256 (III)

Во 1997 година со син ми Миливој и во средината на свети Наум, на сон, се најдов на еден рид. Свети Наум ми вели:

– Манастиров што е под ридов е Sveti Naum. Тој е мој. Ама ќе ми помагаш околу него, а јас ќе ти помагам тебе.

Page 218: Sv. naum ohridski

– Свети Науме, јас се оддадов по патишта и по болници. Не сум во можност, ама еве ќе ти дадам 5 литра бензин за камиониве што носат материјал.

– Уште 5 литра од мене! – во сонот ми вели синот Миливој.

– Добро, 10 литра ќе дадам! – ветувам.По некое врем од овој сон се случи нешто чудно во мојата

интима, а и кај синот Миливој. Тој в училиште беше слаб по цртање. Оценките ги добиваше на мое нацртано. Оттогаш црта ли црта икони, иако е информатичар.

Долго се интересирав каде има манастир Sveti Naum под рид. Во Охрид знам дека е на рид. Во изнаоѓањето на манастирот кај Болно ми помогна професорката Лиле. Кога се најдов на ридот над Ресен, кон Болно, амбиентот, пејсажот, малото црквиче и неговата оклина беа сосема исти како во сонот.

257 (IV)

Татко ми на 21 март 1999 година доби мозочен излив. Го однесовме в болница. Лекарот ми вели дека е починат и ќе го носат в капела. Тогаш првпат побарав помош од свети Наум, молејќи му се со крсниот знак:

– Свети Науме, како што ми помагаш досега, дај ми сила преку мојата рака татко ми да се поврати!

Само што го поминав телото на татко ми со десната рака, се освести и ми вели:

– Е, Горданче, што ми направи? Горе сите луѓе ме чекаа, ама ти ме спречи.

Сите во болницата се зачудија умрен човек да оживее. Поживеа татко ми уште шест недели во потполна свест и со чист збор. Доби втор излив и на Ѓурѓовден почина.

258 (V)

Едно утро во 1999 година, кога татко ми беше в болница, уплашена од сонот, се разбудив во 3 часот. На сонот свети Наум ми вели:

– На пациентот што лежи кај татко ти до вратата (шлогиран со одземен говор) да појдеш и со гола рака да го

Page 219: Sv. naum ohridski

погалиш по устата и како ќе почнеш да му зборуваш така тој ќе ти одговара.

Се срамев како ќе го сфати човекот моето галење по неговата уста, а и другите, но успеав да не мислам на тоа, туку само на наредбата од свети Наум. Што ќе му речев, тој ми одговараше. Се викаше Митре од село Новаци. Пресреќни беа неговите, а тој ме имаше како ќерка. И до денес се почитуваме со таа фамилија.

259 (VI)

Девојче од мојата улица Kozara, од уплав од смртта на баба му, остана без коса, сета му испадна. На сон свети Наум ми рече:

– Појди кај девојчето, погали го со рака по главата, само внимавај да не остане непогалено место.

Отидов. Со раката моја го допрев секој дел од неговата глава. Набрзо му израсте коса. Денес е голема девојка со бујна коса.

260 (VII)

Околу 2004/5 година со свети Наум и со син ми Миливој се најдов во дворот од манастирот Sveti Naum кај Болно. Свети Наум ми вели:

– Силата на раката тебе ќе ти треба зашто не си арна. А потоа ќе ти кажам каде ќе ја употребам.

И навистина, често болувам. Каде ќе ме заболи нешто, ќе се фатам со десната рака и веднаш ми престануваат болките. Тоа многу ми помага зашто не смеам за ништо да употребувам анестезија.

Бидејќи порано во еден сон ми спомнуваше свети Наум за камбанаријата, во овој сон тој ми рече:

– Камбанаријата ќе ја оставиме за понатака, а сега да се среди дворот. Не сиот, туку толку колку што можеш, малку (и ми покажува со рацете). Да се постели со плочки, какви што сака нека се, ама крстовите да се како црквата – жолти.

Ме зеде свети Наум за рака. Ја обиколивме црквата, покажувајќи ми каде да поставам уште два мали крста.

Page 220: Sv. naum ohridski

Со срдувањето на крстот, со поплочувањето, почнавме во јуни 2008 година, а до празникот оваа година ќе бидат завршени започнатите работи.

261 (VIII)

Со сопругот Среќко имам извонреден брак, брак каков што може да се посака. Имам две деца (син и ќерка). Сме ретко сложно семејство. Сè што ми се случувало мене во животот или во фамилијата е сврзано со свети Наум, т.е. во среда, кога има богослужба во нашиот храм или на неговиот ден.Набрзо по среќавањето со свети Наум на ридот, толку духовно сме едно со сопругот што живееме како брат и сестра, а 25-годишнината од бракот ја крунисавме со венчавање во манастирот Sveti Naum кај Болно на 4 јуни 2008 година. Нè венча отец Стево, ни рече Гордана Дубовина на 1 февруари 2009 година во нејзиниот дом во Битола.

Page 221: Sv. naum ohridski

Свети Науме... ме повика да го посетамТвојот манастир. И еве дојдов.

Фрагмент од записот бр. 18

ЗАПИСИ ОД КНИГАТА

ЗА ВПЕЧАТОЦИ

Записите се дадени во оригинал, без никакви интервенции, а тие на српско-хрватски јазик се во наш превод.

Page 222: Sv. naum ohridski
Page 223: Sv. naum ohridski

1

24. VI 1961 год.Голем впечаток ни остана на друштвото АФЖ од Штип

Свети Наум со неговото воспитување на македонскиот народ.Миладинова Панда

2

На 2. VII 1961 год. го посетив манастирот Свети Наум пред ден на прославата и видов да немаше посетители како што имаше од годините кога беше црква, него денес коо обично туристи странките одат без никакво интересовање.

(Потпис на 6 посетители, од кои се чита само потписот

на Ристо Џафероски)

3

21. VII 1961 г.Славјанството посебно и најповеќе треба да му заблагодари

на св. Наум и на местата каде што живеел и творел.Една примедба: Слаба водичка служба и недоволно внима-

ние врз сочуваното на споменикот.(Потписот нечитлив)

4

24. VII 1961 г.Иако е забот на времето учинило своето, од сочуваното на

манастирот може да се заклучи на каков степен е бил духот на тоа време. Разгледувајќи го манастирот се потсетивме на она што сме го училе на часот по национална историја, на период кој се рачуна „златно доба“ на македонското царство.

Напуштајќи го двориштето на светото место, носејќи добри впечтоци упатуваме топли молитви кон преблажениот св. Наум да нè води по светол пат и се моли за сите нас грешни пред Господа. Амин.

Перо Јорданов, студент на Теолошки факултет – Белград

Page 224: Sv. naum ohridski

5

24. VII 1961 год.Вечерната политичка школа од Врање го посети манастирот

„Св. Наум“ на 24. VII 1961 година. Учесниците на споменатата школа ја разгледаа архитектурата, фреските, иконостасот и гроб-ницата на св. Наум. Потоа слушнаа фрагменти од животот и ра-ботата на св. Наум и Климент. Посетителите се одушевија од работата на мисионерите кои дале голем придонес за писменоста и културата на македонскиот народ. Тие се толку далекусежни што нивната работа ја донесоа првата писменост и македонскиот народ може да се вброи во редот на првите писмени народи на Балканот.

Станиша М. Милошевиќ, проф. во Врање

6

Олга Аврам Наумова од с. Маврово живее во Скопје го по-сетив манастирот с. Наум со мажот и децата на 11. VIII 1961 г. за првпат доаѓам овде а ако ми се пружи прилика да дојдам не идем со празни раце ќе подарам на гробот на с. Наум за здравје на де-цата и цела фамилија.

7

22. VIII 1961 г.Света Гора – аџилак за Југословените е ова свето место кај

што се удрени темелите на православието и верата на Исус Христос. Слава и чест на св. Наум и Климент.

Вера Јоциќ и други

8

Денес, на 22. VIII 1961 година, го посетив овој манастир со мојата фамилија и дознав доста за овој манастир што досега не сум го знаел. Бидејќу верувам во Бога и во свети Наум, затоа нека ни даде здравје мене и на мојата фамилија.

Александар Петровиќ, Куманово

Page 225: Sv. naum ohridski

9

11. X 1961 год. Оваа црква сведочи дека уште во IX век уметноста и културата во Македонија биле на висок степен.

Потписот е нечитлив, забележувачот е од српскохрватско-

то јазично подрачје)

10

3. VII 1962 год.Дојдов по најголема желба да го разгледам манастирот и

гробот на свети Наум, дојдов од Битола за здравје на целото мое семејство.

С. Благој

11

Го донесов едно јагне за поклон, за здравје на нашата фа-милија и за мене Трајковски Борис с. Косел.

12

Дојдов со голема желба да го видам овој манаетир и гробот на св. Наум истовремено сум дојдена за здравје на целата моја фамилија истовремено и мене

Ристеска Маре од град Прилеп.

13

3. 711 1962 год.Јас Андрија Узуновски и моја жена Роса Узуновска сме дош-

ле овде на Свети Наум да поможи на сви браќа.

14

27. VII 1962 год.Дојдовме со бродот „Илинден“ од Синдикален дом до Sv.

Naum. Посетувајќи го манастирот и гробницата на ученикот на Кирил и Методија можевме да видиме прекрасна историска вред-ност што датира и ја илустрира дамнешната, но убава историја на

Page 226: Sv. naum ohridski

словенството... Од храмот ја гледаме љубовта на свети Наум кон обичниот човек и се обидува да му излезе во пресрет и неговата неволја да ја претвори во вистинско чудовиште, натерувајќи ја мечката да ја промени нејзината природна нарав и 3 години влече воловска кола. Со ова е задоволена правдата кон селанецот – сиромавиот.

Љубомир 3. Глигориевиќ(Фрагмент од поопширен запис)

15

На ден 29. XII 1962 год. се изврши примо предаја на спо-меникот на култура св. Наум помеѓу Републ. завод и општин-скиот завод. Присутни беја од Републ. завод Директор Антонијо Николовски, Коста Балабанов, Митко Попоцов. А општ. новијо дирек. Виктор Плевнеш и присутни Домаќинот на спомен Три-фун Марковски и шофер Трајче Јанев.

Трифун Марковски

16

26. V 1963 год.Ова овде што го видов ме одушеви, а посебно гробот на св.

Наум, на кој чув некакво чукање, а другите не ми веруваа.Радовановиќ Ружица, Ниш

17

26. V 1963 год.Ако нашиот народ има право да се гордее со големиот при-

донес во општествената писменост тоа е светиот век на браќата од Солун и нивните ученици оставени на овие зидови.

Т. Бе (другото не се чита)

18

20. VIII 1965 год.Свети Науме, ти благодарам што ми се јави и во сон ми ре-

че: „Моли ми се мене и јас ќе ти помогнам“ и ме повика да го посетам Твојот манастир. И, еве, дојдов.

Page 227: Sv. naum ohridski

Нада, Белград

19

27. VII 1965 год.Древен споменик на македонската култура, сега комерција-

лизиран, бидедќи можеш да дадеш 100 дин. па да си одиш без да влезеш, бидејќи никој нема да ти објасни, па не е потребно да се влегува, важно е да се плати!! 100 дин.

Д. Трајковски, СкопјеК. Лазо*

*Двајца посетители во книгата за впечатоци исто реагираат зашто нема објаснување или, пак, има објаснувач, но треба „да се бара со милиција“ (25. VII 1965). А и кога има „објаснување“, еден посетител запишал дека тоа е „нешто што и ништо“.

20

17. VIII 1965 год.Навистина сме воодушевени од ова што го видовме, бидејќи

со ова не може да се пофали ниедна нација ниту земја...Мирољуб Ивановиќ, См. Паланка

21

Многу сум одушевен од овој манастир пошто прв пат виду-вам вакво нешто.

Јакимовски Боро

22

20. VIII 1965 год.Има и зошто да се отимаат сонародниците*. Се поносам со

овој голем историски споменик и убавинате сред кои се наоѓа а жалам што сè уште не можат да се ослободат „некои“ од мислата дека е ова наше.

Библиотекар од Скопје (Потписот не се чита)

* Веројатно посетителот мисли на нашите соседи.

Page 228: Sv. naum ohridski

*Во книгата за впечатоци (во повеќе свески) на црквата Sv. Bogorodica

Perivlepta (Sveti Kliment) има два записа што се однесуваат делумно и на манастирот Sveti Naum. Едниот зборува за времето кога Светинаумовиот ден не се празнуваше во неговиот манастир, а вториот е од наш сонародник во Канада. Двата записа ги поместуваме во наш превод.

23

3. VII 1956 год.Дојдов да ги обиколам историските знаменитости. Уште ка-

ко сакав да појдам и да го посетам манастирот Sveti Naum. Но, за жал, од некои не можев, макар што не сум религиозен. Но, сега увидов дека немам причини да бидам против тоа кога ја видов желбата на многу луѓе да го посетат [манастирот Sveti Naum], а не им се овозможи...

Мирко Цолиќ

24

22. V 1957 год.По 35 години во Торонто, Канада, се враќам во славна Ма-

кедонија и нарочно доаѓам во Охрид да ги видам неговите стари-ни, особено црквата Sv. Kliment и манастирот Sveti Naum. Останав восхитен од нашите првоучители. Нека нивното име веч-но се слави.

Родом сум од с. Смрдеш, Костурска Македонија.Андон Сто Шамандуров

Page 229: Sv. naum ohridski

ПИСМЕНИ ОБРАЌАЊА

Page 230: Sv. naum ohridski

ПИСМЕНИ ОБРАЌАЊА ДО СВЕТИ НАУМ ПРЕКУ НЕГОВИОТ ХРАМ ВО ОХРИД

1.

Ти се молам, свети Науме, да оздравам.

2.

Молам за: здравје, среќа, многу љубов и успех.

3.

Успех на Сашо!

4.

Боже, Ти благодарам за добрините што си ми ги сторил. Те молам, дади ми здравје за моите блиски: баба, дедо, тате. А мене, Те молам, да ми помогнеш да создадам вистинско здраво семејство и дечиња.

5.

Господе, испрати ми здравје, моја нежност и приврзаност код децата, пријателите и мајка ми, неизмерно богатство и долг живот да му се радувам.

6.

Господи, благослови ја Калина и излекувај ѝ ја главата. Благослови го Јавор за здравје и среќа во животот. Амин.

7.Јас, Радмила Анѓелковиќ, го молам свети Наум да ми ја

почуе мојата молба: да ми помогне мојата десна нога што ме боли и никогаш повеќе да не ме мачи миросот кога ќе се вратам дома, да ми даде здравје, убав напредок и повеќе никогаш да не сум сама.

Ве молам Вас, свети Науме, услиши ја мојата молба,Радмила.

Page 231: Sv. naum ohridski

8.Свети Науме, варди ми ги моите деца Надежда и Василена

да бидат здрави и среќни.9.Го молам свети Наум за мојот мир и за излекување на

болеста од моите деца и од моите внуци: Симеон, Денис, Чедомир.

10.Сакам здравје, среќа и достаточен богат живот за себеси,

за моето семејство, за моите блиски и за сите луѓе. Сакам повторно да се вратам тука.

11.Повеќе среќа и здравје за семејството.12.Успех, среќа, здравје.13.За здравје, за спасение и против сиромаштвото.

(Следат десетина потписи)14.Молба за проблем за Надја.15.Со молба кон свети Наум за здравје и среќа има многу

ливчиња и на повеќето се наведени имињата на молителите.16.Помогни ми, Господе, да си имам детенце и многу љубов.

(Потписот нечитлив)17.Здравје за моето дете и семејството; среќен живот и љубов

за целото семејство. Многу професионални успеси,Димитар (Николај), Десислава, Радостин.

18.Свети Науме, дади ми здравје на моите деца и на целото

мое семејство и те молам дади му разум на мојот син.19.Свети Науме, Чудотворецу, со целата душа и срце те

молам со целото твое суштество да им дадеш живот на мама и

Page 232: Sv. naum ohridski

тате – да направиш чудо.20.Велик Боже, дади ни здравје, сили, љубов на целото

семејство. Моите деца да бидат среќни, да му се радуваат на веселиот живот, да им се исполнуваат сите нивни желби.

Ти благодарам, Боже.21.Свети Наум, сакам да сум здрав. Да станам еден од

најдобрите голмани по фудбал, да имам успех во училиштето, да си имам две деца, дедо ми да оздрави и да си биде како понапред, татко ми и баба ми да не ги избркаат од работа.

22.Денеска навршувам 40 години. Да живеам уште 40 години.

Моите да имаат успех, да ме сакаат и да ме почитуваат. Да имам предана другарка до крајот на моите дни.

Спас.23.Се молам моите деца да бидат добри во животот.24.Свети Наум,1. Да сме здрави сите во семејството и роднините;2. Да започнам во ИНГ – Банки;3. Да се вратам ген. директор на НВМС;4. Да се врати пријателството во . . . 25.Милостив, свети Наум, помогни ми пак да дојдам со. . . 26.Семејството да е среќно!Да сме живи и здрави дома: Надежда, Иван, Геновева,

Божидар, Ратка . . .Да станам нотар. Да имам успешен бизнис. Иван многу да

се издигне во службата. Господ да ги казне тие непријатели.Да се . . .Да имаме дом во Софија. Јас сакам во целиот свет да нема

беда, зло и воопшто да нема гинење на целата земјина топка.27.

Page 233: Sv. naum ohridski

Те молам, свети Науме, свети Боже, помогни ѝ на Кајго да е здрава и среќна, и Асен исто. На Очо без болки да го помине својот пат, на Марго здравје, среќни и успешни (денови); на Катина разум, здравје и успех во училиштето; на Лути да си најде убава работа; на моите скапи пријатели Март. љубов, здравје, и на Елчо и на децата, а мене сили и радост. Нека бидам здрава, многу, многу радост, среќа, нека бидам исполнета од Тебе со сила, семожен Боже. Запри ги моите неспокојства. Амин.

28.По молбата за лично здравје и за здравје на своите блиски

и на пријателите, еден посетител го моли свети Наума:– Те молам, помогни ми во личниот живот. Нека престанат

непријателите. Да го најдам своето место. Спречи ги сите мои непријатели.

Те молам, во текот на оваа година да научам англиски и да ја завршам аспиратурата.

Те молам, помогни ми да го завршам параклисот . . .Те молам, дади ми многу, многу живот.Со уважување,14. IV 1998 г. (Потписот нечитлив)29.Нека биде лекарка . . . (од името се препознава само С).30.Свети Науме, те молам да завршам со факултетот во јуни

оваа година, ако можеш, помогни ми.Александар Митрески, Прилеп.

31.Да ги земам сите испити.32.Слава Ти Тебе, Господи! Ти благодарам за животот и за

здравјето што си ни ги дал. Те молам, дади ни сили да успееме и да се избориме со сите тешкотии.

Им. Кгчукови33.На Весна (и на Марија), Господе, св. Науме, да ѝ дадеш

работа и да се куртули од сите неправди, дади ѝ среќа за долг

Page 234: Sv. naum ohridski

мир.34.Здравје и среќа на: Стоја, Трајанка, Марија, Весна,

Оливер, Андон; дај му среќа и работа на Оливера.35.Златен свети Науме, ти се молам, усреќи го Гоцета од

странство, што поскоро да се ожени; Љупчо, Томе и Дену . . . да го земат во Австралија за да излезе од кризата. Ви се молам и за сè сум Ви благодарна, за сето Ваше добро. Ти благодарам, слава ти тебе свети Науме златен.

36.Мили светци, казне те го Тимчу, жена му. Многу му

досадува на народот.37.Молам да бидам примена во ВИНС Варна!38.Искрено молам да бидам примен во ВУЗ; да се оженам за

ZZ-к.39.Ве молам, во Бугарија да владее ВУЗ.40.Господе, од срце ти се молам прими ги моите молитви;– благослови ги македонскиот и бугарскиот народ да

живеат во мир и разбирање;– благослови за здравје, успех и голема благодат на моето

семејство: Стефан, Николај, Ивојло, Стефан, Марка и Козорна.10. X 1998 година.41.Јас мечтаам кога ќе умрам да отидам во рајот.42.Златен свети Науме Охридски,Јас Татјана Котевска (моминско име Панајотова) сум

родена во Битола, Македонија, во во 1947 година. На 17 години се омажив за Павле Котевски од Лера и дојдовме во Австралија. Живееме 40 години во Њукастел со своите деца Стиви, Боби и Даниело. Како прво, свети Науме, ти се молам моите грешки да

Page 235: Sv. naum ohridski

ми се простат од Бога и од тебе, како и на мојот маж Павле и на нашите три чеда со фамилиите.

Свети Науме Охридски, имам голема желба да дојдам до твојот храм/манастир во Охрид, но, изгледа, немам среќа да дојдам таму, па со ова писмо ти ги кажувам моите желби за помош од тебе и од Бога. Јас, грешната, прво се молам да ми се опростат моите грешки што сум ги направила во животот. Најмногу, свети Науме, се молам да ни дадеш христијанска сила во куќата и на трите наши деца и твои. Исто на Бред и Никол дади им фамилијарна љубов. На мојот маж Павле дади му јака верба кон Бога и прошка на неговите гревови, здравје, среќа и добра длабока старост. На син ми Стивен со Никол, децата Семјал, Џордан, Наташа чувај ги во твоите раце, дади им среќа, радост и љубов кон Божјата сила и здравје на син ми Борис со Саманта, децата Џајмс, Касандра здравје, среќа, радост, варди ги и дади им сила во нив. На ќерката Даниела со мажот Бред и децата Брок, Бао дади им здравје, среќа, успех во животот и длабока љубов кон Бога.

Мене, свети Науме, дади ми здравје. Коските од целото тело ме болат. Да ми олеснат болките што ги имам: десниот колк и ногата, левата рака и видот појачи ми го и клетата болка – тромбозата извади ми ја од мене.

Барам прошка за моите грешки, свети Науме. Ти благодарам за сè. Опрости ми ако имам грешено во ова писмо. Свети Науме, помогни им на Сузана и Пида да станат родители и тие.

Татјана со фамилијата Котевски43.Златен свети Науме Охридски,Мојата пријателка Ружа Бален ме замоли да Ви напишам

писмо од неа. Ние живееме далеку, во Њукастел, во Австралија. Не можеме да дојдеме. Свети Науме Охридски, Ружа Ве моли на синот Џона и на ќерката Јосефин Бален да им дадете здравје, среќа, радост и успех во животот. Ружа Ве моли син ѝ Џони да добие работа зашто има фамилија за издржување. Исто и Јосефин се омажи, па да има дечиња за да се израдува и Ружа. Дадете ѝ здравје и сè најубаво на Ружа.

Page 236: Sv. naum ohridski

Ви* благодариме од срце, свети Науме Охридски,Татјана Котевска**

МОЈ СВЕТИ НАУМЕ

Кога ми е тешкои животот на лошо ќе кренејас знам дека те имам тебеи дека ти мислиш на мене.Кога се молам и молчам,и кога солза од око ќе падни,ти за мене знаеш, насетувам,за моите болки, желби и рани.И ќе ги победам, знам,сите свои таги и трауми,зашто каде и да згазнамти ме заштитуваш и чуваш,мој свети Науме.Знам, ќе бидам пакотсекогаш што сум била,ти на моите душманиза навек ќе им скратиш сила.И ќе ми даеш што барам,секоја моја желба за тебе е мала,ти си тука кога ќе паднам да ме кренеш,од пепелта пак сум станала.И ако некогаш имам син,ќе го научам да те сака ко менеи твоето име ќе го земе.

Весна Петковиќ, Белград,август, 2006 (превел С. Р.)

* Во ова писмо Татјана кон свети Наум се обраќа со Вие, а во претходното и со Вие и Ти. Почесто е со Ти, па тоа секаде е применето.

** Заедно со овие две писмени обраќања Татјана Котевска испрати и запис за една случка на нејзиниот девер Спиро Котевски, кој го предадовме во записите за чудата на свети Наум под реден број 96.

Page 237: Sv. naum ohridski

ПИСМЕНИ ОБРАЌАЊА ДО СВЕТИ НАУМ ПРЕКУ НЕГОВИОТ ХРАМ ВО БИТОЛА

1

Да ми даде свети Наум здравје, работа, среќа во љубовта.Моника

2

За здравје на Ицо, Пецо, благојка и на сите во фамилијата.

3

Здравје на Лидија и добра среќа.

4

За здравје – Менде и Миле.

5

Свети Наум, ти си чудотворен лекар, излекувај ме од секаква болест, чувај ми ја оперираната нога и неоперираната. Само ти со твоите молитви кон нашиот Бог тоа го можеш. Верувам во тебе.

Бисера.

6

Свети Наум, ти си Божји лекар, ти се молам, помогни му на внук ми Горан и тој да се израдува на живото. Верувам во тебе св. Наум.

7

Радост, среќа, здравје, убав живот,Елена.

8

Св. Наум! Те молам, врати ми го Александар Тасевски и помогни ми да се смирам и да ми стане маж до крајот на животот,

Page 238: Sv. naum ohridski

А... В...

9

Сакам да се смирам со Влатко.

10

За Стефи свадба, за родителите здравје.

11

Тања, за да те земам. Брак.Н... Р...

12

Св. Наум, те молам, ум и разум на Гордана.

13Св. Наум, те молам, ум и разум на Ивана.

14На Весна и Драги добар живот...

Христијан

15

Златен свети Наум, помогни ми и услиши ја мојата молба до тебе. На Катерина дади ѝ здравје, успех, во факултетот и отвори ѝ добра среќа. Ако . . . е добра среќа, нека биде тој. Молба голема до тебе од земјата до небото.

17

Св. Науме, помогни Јоце да се ожени во овој град, не во далечна земја и мојата ќерка да се омажи во фамилија од Битола и на сите здравје и спас ви молам.

18

Води ја на прав пат Сузана.

Page 239: Sv. naum ohridski

19

Води ја на прав пат Моника.

20

Златен св. Наум, ти се молам тебе, како и на сите, дади му на Николче здравје, памет и живот. Те молам многу оти е на голема мака. Со молба голема.

21

Господе златен, златен свети Наум те молам да ми поминат рацете и нозете, да соберам храброст да најдам 250 евра за да му ги вратам на Кире, брат ми повеќе да не се дрогира и да не прави никави глупости и да ни дадеш здравје и среќа на сите во нашиот дом.

Н. Н.

22

Една мајка во повеќе писма им се обраќа на Господа и на свети Наума со молба да ѝ оздраве синот од хепатитисот С и доа го одвратат од бројни и крајно негативни пороци, па да тргне на работа за да си врати долговите. Воедно моли ќерка ѝ да си најде момче што ќе ја сака и со кое ќе има добар живот, а таа да добие вработување за да може да го лекува синот.

23

Господе златен, слатен свети Наум, те молам ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира внатрепартиски, да остане Никола Груевски претседател и на претстојните локални избори да победиме во Битола и во други поголеми места за да ја нема цела власт СДСМ.

24

Те молам св. Наум, да ми тргне Николче, без страв да оди, да се престраши.

Виолета

Page 240: Sv. naum ohridski

25

Св. Наум, да оздрави Никола.

26

Го молам св. Наум, Господов доктор, да ми даде здравје на целото мое тело. Твојата слугинка, Бисера.

27

Да си останеме на работа,Ленче, Ѓоко.

28

Златен свети Наум! Те молам да ми ја исполниш оваа желба: да се вратам на работа. Да немам никави препреки и нервози. Исто си посакувам здравје за мојаат фамилија. Амин!

29

Те мола, мил св. Наум, да ми помогнеш за Зоран за среќа и за женење и да му се отвори пат за странство.

30

Баба, дедо, мама, тато и Ивана да ми ги чува св. Наум од лошо, да ми се здрави и живи, без секирации и сите да се заедно.

На 8 март Американската амбасада да ми даде виза без проблеми за да си одам назад во Америка и да го завршам училиштето.

Да учам, да станам успешна и паметна и да немам финансиски проблеми за плаќање на училиштето.

31

Те молам свети Наум, да ми помогнеш за книгите за Австралија да ми дојдат побрзо без пречки,

Виолета.

Page 241: Sv. naum ohridski

32

Една девојка го моли свети Наум да ѝ дојде побрзо знакот за моминство и да ѝ дојде визата од соодветната амбасада.

33

Здравје, среќа, радост, успех,Ана Марија.

34

Среќа и ангели чувари на Маријан и Александра.

35

Господи Исусе Христе, ве молам дади ѝ среќа на Весна да земе еден стан за да не плаќа кирија по туѓи куќи.

36

Здравје, среќа и успех во учењето и добро здравје и долг живот, исто и на родителите, на Ѓорѓи и Цена, успех во учењето на Мартина, на Пеце и на Жанета добро здравје и слога во животот,

Билјана.

37Златен свети Наум, те молам да добијам специјализација

по кожно,Јелка.

38

Те молам, утре судијата да суди во корист на Илија.

39

Златен денешен Свети Наум, напомош да ми си, да се запишам Скопје на факултет и да ме примат,

Љупка.

Page 242: Sv. naum ohridski

40

Да добијам 10 по анатомија и ептем ми се погодат прашањата и сè да знам и да полагам кај Лазарова. И Сотир да добие 10 и сè да знае и направо двјацата да положиме,

Билјана.

41

Со лес да се запишам на стоматологија,Томислав.

42

Здравје, среќа, успех, љубов. Да ми поможе да си се запишам на факултет. Да си ја направиме куќата до матура,

Јулијана.

43

Златен св. Наум, помогни ми да положам Методологија на истражување. Те моли Билјана.

44

Те молам св. Науме Чудотворецу, помогни ми утре да ги положам двата исоита од кај М. Александар и да го завршам факултетот до крајот на годината.

45

Пресветол св. Наум, вечна благодарност за сè досега што сте ми помогнале. Ве молам, помогнете ми да го положам утре испитот по Теорија на трошоци и цени кај проф. Виолета Лашкоска. Вечна благодарност, Андријана.

46

Среќа во испитите на факултетот,Томислав Василевски.

47

Page 243: Sv. naum ohridski

Антонио, Богоројца, св. Наум, св. Ристосе, св. Јован, св. Никола, св. Спас, ќе полагаме во вторник, во 9 часот.

48

Златен св. Наум, помогни му на Милета да се запише на факултет.

49

Една група го моли свети Наума судот да пресуди да се врати на работа.

50

Некои ливчиња не се читливи, а десетина верници на ливчиња само ги напишале своите имиња: Милца, Љупчо, томе, Виолета, Миле Димитровски, Виолета и Аце, Буковски и др.

= = = = = = = = = = = = = Забелешка: Кај записите бр. 15 и 16 на местата од името,

од оправдани причини, се ставени три точки, а кај записот 21 името е заменето со иницијалите Н. Н. Кај записите бр. 8 и 11 целосните имиња и презимиња се дадени со нивните почетни букви, а другиот дел со три точки. Записите под бр. 22, 31, 49 и 50 се предадени во наша преработка, а сите други се презентираат во нивната оригинална форма, интервенирајќи само од стилско-правописен аспект.

Page 244: Sv. naum ohridski

ЖИТИЈА И

МОЛИТВАНА СВЕТИ НАУМ

Page 245: Sv. naum ohridski
Page 246: Sv. naum ohridski

PRVO SLOVENSKO @ITIE NA SVETI NAUM

Месец декември 23, спомен на нашиот преподобен отец Наум.– Еве, браќа, да не остане без спомен, брат му на блажениот

Климента и негов содругар и сострадалник, со кого тој истргал многу маки и страдања од еретиците, презвитерот Наум.

Кога го поставија Климента за епископ, истиот благоверен цар Симеон го испрати Наума другарот негов на негово место за учител. И тој беше таму чинејќи богоугодни подвизи. Беше дев-ствен од детство до смрт и си согради манастир на излезот на Белото Езеро, црква на светите архангели. И откако помина во учителствување седум години, се прости од учителството, па оти-де в манастир и поживеа доста години. И пред својот конец при-ми калуѓерски чин и така почина во Господа, со мир, во месец декември, на дваесет и третиот ден. И тоа да се знае дека Наум презвитер, почина шест години пред епископот Климент.

И ова да го знаат сите почитатели, како што напишавме по-рано, дека еретиците едните ги мачеа многу, а другите ги прода-доа на Евреи за пари, презвитерите и ѓаконите. Нив Евреи ги зедоа и ги одведоа во Венеција и кога ги продаваа, по наредба Божја, дојде тогаш царски маж во Венеција од Константин град, по царска работа. И кога дозна царскиот маж за нив, едни откупи, а едни зеде со себе и ги одведе во Константин град и му кажа за нив на царот Василиј. И пак ги вратија во нивниот чин, свештенички сан или ѓаконски, како што беа порано, и испеаја молитви на бла-городност, и никој не умре во ропство, но едни добија засолниш-те од царот во Константин град, а други отидоа и се прибраа со голема чест во Бугарската земја.

А Моравската земја, како што беше прорекол свети Мето-дија, архиепископ, поради беззаконијата на нивните дела и ереси и поради изгонувањето на правоверните отци и заради нивните страдања што ги поднесоа од еретиците, на кои тие им веруваа, набргу примија одмазда од Бога. И не по многу години, дојдоа Угрите, пеонски народ, и ја попленија земјата и ја запустеа. Тие што не ги запленија Угрите, избегаа во Бугарија и остана земјата нивна пуста под угарска власт.

А јас, браќа, окајан од многу печал и заради споменот на на-шите блажени отци, сакав да најдам сè што е напишано за живо-тот нивни, како го воделе сиот нивни живот од почеток до крај и не најдов, оти јас малку знам, само тоа што ми го кажувале сами-

Page 247: Sv. naum ohridski

те блажени отци и имав потреба да пишувам, но не смеев сакајќи да најдам повеќе напишано. И уште, ако најде некој нешто напи-шано од други, нека не нè презира нас сиромаси и прости, оти јас знам дека повеќе од ова сториле отците и сториле многу чуда, но ова е сè што ни раскажале, а другото го сокрија од своја скром-ност.

Еве, јас самиот се принудив, повеќе и владиката ме насрчи, којшто, исто така, беше ученик на блажениот Климента, Марко епископ во Деволската епархија, четврти епископ на словенскиот народ што беше во Девол. Ние се надеваме обајцата да добиеме милост и молитви од овие блажени отци, и благодат и опростува-ње на гревовите на нашиот милостив Бог, Којшто вели: Toj {to go prima prorokot vo imeto proro~ko, }e dobie proro~ka narada. И пак рече божествениот апостол Павле: Pomnete gi va{ite u~iteli koi vi go ka`uvale slovoto Bo`je, i obyiraj}i se na krajot na nivniot `ivot, sledete ja verata nivna.

Затоа и ние, браќа, да се уподобиме на добриот живот на овие блажени, кои девственоста и чистотата наполно ја дочувале. Тие истрпеа многу беди и страдања заради вистинската Божја вера, па и ние со нив ќе најдеме вечна добрина кај Христа Исуса, Господа наш. Негова да е славата и на Таткото и на Светиот Дух, и секо-гаш и во сите векови, амин“*.

ПРОЛОШКОТО [грчко] ЖИТИЕ НА СВ. НАУМ**

Во истиот месец (јуни) 20-ти, спомен на светиот и богоно-сниот отец наш Наум чудотворецот,

Наум славата и на Бугарјанитe и на Мизите многу ја раши-ри.Со привлечни зборови, панихиди и напори,по осмиот (ден) на (месецот) Посидеон завршувајќикако богомудар, се качи на небото, кај соборците.

* Преводот на житиево е позајмен од „Книга за Климент“ Скопје, 1966, 201 – 203.

**Кон податоците и ставовите во Prolo{koto [gr~ko] `itie na sveti Naum треба критичко однесување. Нив научно ги има обработено и коменти-рано проф. д-р Ристо Меловски во книгата „Москополскиот зборник“ (Скопје, 1996, 79-95), чиј превод од грчки јазик го користиме без научната апаратура. Меѓу најгрубите грешки е историската неточност за смртта на свети Кирил и на свети Климент.

Page 248: Sv. naum ohridski

Тој Божји и прочуен отец наш Наум цутеше во времето на светите Кирил и Методиј, кои тогаш престојуваа во деловите на Бугарија и со божја ревност се бореа против многу (нешта) за да ги преобратат забараните еретичките народи во православието. На овие, значи, чудесни мажи и проповедници на вистината ста-нал следбеник светиот Наум, и целосно предавајќи се себе си во нивните раце ги посети, со нив, сите градови и земји, (и беше) тепан, каран, злоставуван, поднесувајќи неверојатни и долги маки и бол-ки, затворања, таги, и камшици и прогонувања од непријателите на Христа и верата. И за да привлечат многумина кон спознавање на Христа и за да ги осветлат со светлината кон побожноста и разбирањето на Svetoto pismo, го преведоа Божјото Писмо, Stariot i Noviot (zavet) од грчки јазик на јазикот на Бугарите, доведувајќи го бугарскиот дијалект до големо разбирање со букви и со некои зборови што тие ги изумија. Но пред да им го објават ова полезно и пресвето дело на овие народи, блажените Наум, Кирил и Методиј и Климент, заедно со нив и пресветите рамноапостоли, сложно посакаа да ѝ го покажат на Католичката црква за да добие важност и потврда. Земајќи ја, значи, Biblijata, поттикнати од Светиот Дух, стигнаа во старата престолнина на Ромеите. Тогаш беше таму архијереј Великиот Адријан, кој, дознавајќи за доаѓањето на светците, ги пречека на големо растојание (од Рим) со сиот негов свештенички синод и величен-ствено ги почести како што им доликува на такви пресвети лица. Светиот Наум, како помлад од неговите придружници и според божјата ревност многу позагреан, прв трчаше и повеќе се бореше, покажувајќи дека не е соработник на тие свети учители туку слуга и роб. Оттука слушаше со голема исполнителност и трудо-љубиво ги извршуваше сите (работи) што му беа заповедани. Та-му, значи, додека влегуваа во градот големи и извонредни чуда покажа Господ преку неговите служители, славејќи ги оние што го слават него. И бидејќи многу слепи прогледаа, многу фатени се исправија, глуви и немн прослушаа и прозбореа, сакати про-одеја, а други се ослободија од нечисти духови и разни болести, во овие чуда и други откровенија архијерејот виде божји знак, сознавајќи дека делото беше од Бога. Ги замоли светците да му ги покажат книгите што ги преведоа. Донесувајќи му ги нив пред него, ги прегледа со голема совесност, споредувајќи го грчкиот со бугарскиот (превод) и наоѓајќи ги во сè сложни и истоветни, ги потврди и ги одобри (дека) имаат веродостојност и сигурност за

Page 249: Sv. naum ohridski

да се дадат за широко учење во земјата на Бугарите заради це-лосно разбирање на побожноста.

Откако светците го исполнија богосаканото дело, сакајќи да се вратат назад секој во своето место, притрча, речиси, сиот на-род на нивното испраќање и заедно ги испратија со голема чест и уважение. Притрчуваа и оние што имаа маки и болештини и се излекуваа. Ама начинот како тие го добиваа здравјето е чудесен и достоен некој да го раскаже, бидејќи кога очите на светците ги погледнуваа болните, веднаш се ослободуваа од секоја болест што ја имаа. Толку беа миловидни и пресвети луѓе што од нивни-те очи излегуваше исцелителна милост (што) ги истеруваше од човечките тела сите болести и патила. Сосила се разделуваа сите оние што ги испраќаа со безброј солзи и жални лица и на крајот се поздравуваа еден со друг со бакнежи и духовни допири, преда-вајќи си ја едни на други светоста, го одеа својот пат.

И додека великиот Кирил, водачот и учител на ова бого-угодно дело, остана во Рим и таму, достигнувајќи длабока ста-рост, го остави овој привремен и мачен живот и се упати кон чистиот и лесниот за да ужива заедно со саканиот Христос, пра-вејќи по својата смрт неброени чуда, и лекувајќи ги оние што беа притиснати од секаква болест и духовна слабост и секое ѓаволско дејствување. Чудесниот Методиј, многу ражалостен од разделбата со него, ги прифати неговите ученици чиј дел, не така мал, беше и богоносниот Наум и реши пак да се врати во земјата на Бугарите. Почна, значи, да го управува пловилото кон илирскиот дел и ми-нувајќи кај многу народи што се наоѓаа на маршутата на патот втаса со неговите придружници во земјата на Аламаните, варвар-ско племе, а гордо, совладувано прекумера од лутина и на многу ереси подложно и (со) многу пцости за Светиот Дух. Ја држат на некој начин еретичката безумност на празномислечкиот Аполи-нариј. И бидејќи светците почнаа таму силно да се борат против нивните пцости и силно да се борат за Светиот Дух, привлеку-вајќи многу народ катадневно во православието, варварите се кренаа против нив со мечеви и други оружја и фаќајќи ги џе-латите на оној владетел ги искамшикуваа многу, дерејќи им го месото. И мачејќи ги безмилосно со разни други измачувања, потоа ги фрлија в затвор.

Ама Господ, Кој не допушта така да им се потсмеваат и без-милосно да се обесчестуваат неговите раби, што направи? Додека светците се наоѓаа во затворот и едногласно пееја со сета душа и

Page 250: Sv. naum ohridski

срце: Господе, твојот пресветол дух..., О чудо! Веднаш голем земјотрес стана, толкав што се затресе целото место и паднаа бе-демите и многу куќи на тираните, паднаа и синџирите и прангите од рацете и нозете на светците, и се отворија вратите на затворот, а тие, излегувајќи, го одеа нивниот пат, радувајќи се како неко-гаш апостолите, оти беа удостоени да бидат обесчестени за Све-тиот Дух како оние (апостолите) за името на распнатиот Господ.

На крајот на краиштата, после многу други пречки, светците зајакнати со помошта одгоре, стигнаа во земјата на Бугарите, како што посакуваа од почетокот, а величествено ги дочека тогашниот водач наречен Михаил Борис, подготвено и со голема сериозност и ги почитуваше како отци и учители и според нивната волја ги распореди по околните земји и места за да го проповедаат името на Христа и толкувањето на Pismoto и наречјето што од нив бе-ше измислен и усовршен. Заповедувајќи им на сите нему потчи-нети да ги слушаат и да се потчинуваат на заповедите на светци-те, како да беа од него, и со голема спремност да им помагаат во изградувањето на светите храмови што светците мислеа да ги изградат за зголемување на побожноста.

Значи, тогаш секој од светците зеде друго некое место како апостоли. Божествениот, пак, Климент земајќи го чудесниот Наум, нему сличен и во зборовите и во однесувањето, одеа од место во место, сеејќи го словото на побожноста и просветувајќи со про-поведта разни градови и области: најмногу Диавија, Мизија, Па-нонија, Трибалите сè до Илирик. Во местото на Охрид(ското Езеро) стана архијереј за да му го предаде и на овој народ со све-тлината на неговото учење вистинското богосознание, каде, тро-шејќи ја сета телесна сила во труд и напори и подвижнички бор-би, стигна до длабока старост. Бидејќи веќе не можеше на дело да покаже, а големата готовност што ја имаше за да ја шири насе-каде побожноста, за сè се ползуваше со светиот Наум, кој сè до последниот негов здив никогаш не се оддалечи од неговото сло-во, туку во сè му помагаше како Арон на Мојсеј во старо време. Многу време чудесниот Наум престојуваше во Диавија од онаа страна на Езерото и таму ги упатуваше народите со неговите пре-мудри поведи, ослободувајќи ги од долгата и од татковците на-следената ѓаволска заблуда, доведувајќи ги сите на патот на пра-вославието. Поминувајќи таму побожно и свето неколку години и минувајќи низ многу маки и борби, замина кон Агонотетот, за да ги добие наградите за неговите напори, оставајќи ни ги неговите

Page 251: Sv. naum ohridski

свети и достојни за чест мошти: непресушна ризница за исцелу-вање на оние што со непоколебливо срце притрчуваат кон пре-светите негови останки. За слава, на опеаниот, во Тројство Бог, кому му доликува сила, чест и благост во вјек и веков. Амин.

ВТОРОТО СЛОВЕНСКО ЖИТИЕ НА СВЕТИ НАУМ

Месец декември (23), спомен на преподобниот и богонос-ниот наш отец Наум, големиот чудотворец, кој (живееше) во Ли-вание Деволско, во близина на градот Охрид.

Овој преподобен и голем отец Наум израсна во Минсија. И, по воспитанието од благородните (родители) негови, благород-ништвото и богатството ги сметаше зa плевел; и се прилепи кон рамноапостолите: Константин Филозоф и братот негов Методиј, одејќи и учејќи го родот мизијски и далматијски; ги следеше нив насекаде, дури и во стариот Рим.

И таму, блажениот папа Андријан, по откровение Божјо, ги пречека надвор од градот со големо величие, со сиот клир црковен и државен. А Бог пројави многу чуда и исцеленија и ги прослави своите светии. Тогаш, божествена литургија испеаја; и Константина филозофот во монаштво го пострижа, и го нарече Кирил, и свештеник го постави. А Методија го ракоположи за архиепископ на Моравија и цела Панонија. По завршувањето, пак, на литургијата, над сите книги, преведени од грчки на бугар-ски јазик, им ги покажа на сите, бидејќи самите книги се отвораа и се раскажуваа. И папата, рече: „Благословен е Бог; овие книги се вистинска жртва принесена од живот благоугоден на Бога“. Затоа, и Климента и Наума, со останатите, ги ракоположи за све-штеници и ѓакони, и заповеда да се изврши (отслужи) целото пра-вило: вечерна и утрена, на славјанското писание, во големиот храм на светите апостоли Петар и Павле; исто така, и литургијата од сите заедно се изврши и за сето Го прославија Бога Којшто покажа такви чуда. Но, по некое време се упокои во Рим богонос-ниот Кирил, во месец февруари (14) и се положи неговото про-славено тело во храмот на свети Климент Римски, ученикот на светиот апостол Петар. А Бог покажа чуда и знаци преку свети Кирила и по смртта; и го прослави Својот вистински угодник. Методиј, пак, ја одложи жалоста на својот сакан брат Кирил и откако прими отпуст од блажениот папа Андријан, со сите учени-

Page 252: Sv. naum ohridski

ци отиде во Панонија, во градот Морава, каде што, преку архи-јерејството што го наследи, и таму сè добро уреди и научи.

А, по смртта на Методиј, постана архијереј некој си Влав, по име Виглиск, исполнет со македониевата и аполинариевата ерес, и ги изопачи сите Методиеви ученија, и неговите ученици многу ги казни и ги предаде во затвор и тешки окови. Светиите, пак, откако Му се помолија на Бога, настана голем земјотрес – и двапати и трипати, за да избегаат сите од домовите; се отворија вратите на затворот и веригите се раскинаа од нозете и рацете. И сите ги нарекоа големи светии; но духоборците ова го извретеа како да е од Велзевула, како Јудејците за време на Христа мој; и нив ги изгонија со големо насилство далеку од земјата.

Овие, пак, откако го истресоа правот од под нозете, според Писанието, кон Дунавските земји дојдоа. И таму, на некој вел-мож, кому му умре синот единец, со молитви го воскреснаа и домот негов го просветија (покрстија), и со многу други села та-мошни, од коишто и голема чест примија од сите; потоа, се упа-тија кон големата река Дунав; и тука, со молитви и чудо Божјо, откако врзаа три дрва со повит, и го повикаа името на Света Тро-ица, поминаа на другата страна од реката и пристигнаа во Бел-град. И таму, од кнезот Радислав, примија голема чест, и благо-слов и радост му дадоа. Потоа, едни се расеаја по Минсија, а дру-ги по Далмација и Дакија; и словото Божјо го умножија насекаде стократно.

А Наум и Климент пристигнаа во пределите илирски и лихнидски и во Ливание Деволско; при крајот на езерото од Охридскиот град, во меѓуречието, Наум изгради голема обител (манастир), и храм на чиноначалникот Михаил – архангелот и на сите сили небесни, со богатството и повелбата на благочестивиот цар бугарски Михаил Борис и синот негов цар Симеон, тогашната тековна година (6413–905). И откако уреди сè што Му е благоугод-но на Бога, таму се упокои блажениот Наум во длабока старост и душата во Божји раце ја предаде во месец декември (23), и се погреба чесното тело негово од божествените раце на архијерејот Христов, Климент Охридскиот и се положи чесно в гроб со по-чести, од десната страна на храмот. Бог, пак, го прослави него со големи чуда, и секакви болести и рани исцелува и бесови изго-нува.

Page 253: Sv. naum ohridski

МОЛИТВА КОН СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ИСЦЕЛИТЕЛ НА БОЛНИ

Угодниче на живиот Бог, свети Наумe Чудотворче, Ти си го исполнил законот на Бога и Спасителот наш Исуса Христа и си добил од него вeчен живот, Тебе со љубов Ти се поклонуваме и Тебe смирено Ти благодариме за премногуте Твои чудотворства, со кои си им помагал на немоќните луѓе и си го прославил името на Господа и Спасителот свој.

Верен слуго Божји, Тебе Ти се даде благодат на Светиот Дух Божји: демони да изгонуваш, болни да лекуваш, слаби да по-дигнуваш, натажените да ги утешуваш и на луѓето да им помагаш во сите неволји. Заради тоа ние, иако недостојни, Те почитуваме Тебе како духовна харфа преку која се излива небесна утеха на оние на кои им е потребна и восхитено Го величаме Создателот Кој Тебе, иако си човск, Ти дарувал таква Божја сила и богатство.

И сега, праведниче и пријателе на ангелите, преподобен оче наш Науме, пред Тебе ничкум паѓаме и со покајание и умилно Ти се молиме: не престанувај да се молиш пред престолот на пресве-тата, едносушна и неразделна Троица за сиот православен род христијански, за праведните и грешните, за сите кои се на власт, за сите кои се во неволји и маки, за епископите, свештениците, ѓаконите и монасите, за основателите и приложниците на твојот свет манастир, за оние што доаѓаат и се поклонуваат на твоите свети и сечесни мошти, за сите православни кои ти се молат, за болните и за оние што умираат со вера, за старите и младите, за девојките и мајките, за заробениците и за нивно спасение и за сиот православен наш народ. Светителе, оче наш Науме, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со Твоите мо-литви.

Сега уште Ти се молиме и за слугата Божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев, или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради грев го снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителе, пред престолот на Господа Кој Те про-славил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако, пак, оваа болест е по Божјо допуштение, според светата реч Бо-жја: „Кого Господ го љуби, него и Го кара, го бие секој син кого го прима“, тогаш Ти умилно моли Го Семилостивиот и Сежало-стивиот Бог да се смилува на овој слуга Свој и да не дoпушти

Page 254: Sv. naum ohridski

натчовечки страдања: зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта Божја што нè окрепува. Светителе, оче наш Науме, слушни нè брзо и исцели го слугата Божји (се кажува името) со Твоите свети молитви за да не речат неверниците: каде е неговиот Бог.

О свети и преподобен оче Науме, покажи ја силата што Ти е дадена од Семоќниот Бог Господ и на овој слуга, како што си ја покажувал и досега на безброј и болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитва доаѓаат на Твојот чесен гроб. Исцели му ја и оздрави му ја душата и телото, изгони го и исфрли го од него пакосникот на човечките тела – ѓаволот, закрепи го неговото тело со здравје и сила за да има во што да се подвизува и кае неговата душа да се подготвува за Царството небесно; отерај ја од него предвремената смрт за да Му угодува на Бога со добри дела и да најде милост пред Бога на страшниот суд Божји.

Помоли се, о преславен Науме Чудотворче, за овој слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со Својот Свет Дух од секаква нечистотија со Твоите све-ти молитви, оче Науме, и тој за да ја прослави Светата Троица, Која Тебе Те прославила, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега се-когаш во сите векови. АМИН.

Page 255: Sv. naum ohridski

The Wonders of Saint Naum

second (additional) editionResume

The Monastery “Saint Naum” based on the south coast of Ohrid Lake, is of great importance for the people from both sides of the border, referring to MPC (Macedonian Orthodox Church) and of course for all the Christians. Saint Naum is the great and the most famous who works wonders from 10th century until now. He enjoys equal respect of everybody, excluding religion to which people belong to, because he gives help to everyone who asks Saint Naum through honest pray.

Sent Naum was very famous during the time of his material life, but the wonders are unbelievably greater his death. Josif (1719-1745), Ohrid Bishop says that the wonders of Sent Naum were more numerous than the stars on the sky. Unfortunately, because they were not written, the wonders were forgotten.

The book “Wonders of Sent Naum” was issued 2005 with 154 transcriptions of wonders of Sent Naum, but that is not all. The above mentioned edition was issued with numerous additional transcriptions.

The wonders of Saint Naum happen everywhere where Saint Naum was celebrated, especially at the Monastery of Saint Naum that he had raised. There is nobody and no one who may say: “This are only wonders of Sent Naum and another wonders do not exist”. His wonders are permanent because he is the living Saint.

The second edition of the wonders of Saint Naum recognized 106 new transcriptions by the people who really experienced his wonders. In this book there are 261 transcriptions for the wonders of Saint Naum, from which 211 are recognized since 1988 till now.

Many wonders of Saint Naum are in relation with the Monastery devoted of Saint Naum in Bitola. In so coaled “Bitola Transcript” we could recognized 32 such transcriptions.

There is a new part called “Written addresses” where 94 writen transcriptions are presented thru Saint Naum’s temples in Ohrid and Bitola.

For appearing of the second edition of the book “Wonders of Sent Naum”, we express appreciation for all information, to protojerej Mitre Poposki for computer-technical arrangemment, to the respected Dr. Marko Kiteski, his Excellency Bishop Nektarij, to the editor and especially to his high Excellency Mr. Timotej.

Traduit par,Prof. Dr Anastasika Poposka

Page 256: Sv. naum ohridski

Le miracles de St. NaumSeconde (additionnel) édition

Sommaire

Le monastère de St Naum sur le côté du sud de lac d’ Ohrid est d’une importance très grande pour la population des deux côtés de la frontière, pour l’église orthodoxe de Macédoine et pour la chrétienne té. Leur fondateur, St. Naum, est le plus grand, le plus connu thaumaturge a partir de X eme siècle jusqu'à aujourd’hui. Il est également respecté par les gens, sans différence de croyance ou nationalité, parce qu’il aide tout le monde, quand il prie. Les miracles de St. Naum étain connus depuis sa vie terrestre. L’ archevêque Joasaf II (1719-1745) dot que les miracles de St. Naum étaient plus nombreux que les étoiles ou ciel.

A 2005 est publié le livre  « Miracles de St. Naum » avec 154 récits pour les miracles de St. Naum. Cette édition est complémen-taire.

Toujours existent les miracles de St. Naum la ou on sent le thaumaturge, le plus au Monastère qu’il a bâti. Jamais et personne peut pas dire : Ce sont les miracles, il n’a pas d’autres. Il y aura toujours les miracles, parce qu’il est un Saint vivant.

La deuxième édition de « Miracles de St. Naum », amène 106 récits nouvelles, notés par les informateurs avec une expérience personnelle. Dans le livre il y a 260 récits pour les miracles de St. Naum , parmi lesquels 210 depuis 1988.

Certains miracles de St. Naum sont lies avec le monastère St. Naum a Bitola. Dans le cycle « Les notes de Bitola » se présentent 32 notes.

Dans le contenu il y a 94 discours vers St. Naum dans ses églises à Ohrid et Bitola.

Nous exprimons reconnaissance aux informateurs, a protojerej Mitre Poposki pour son arrangement d’ordinateur et technique, aux gens qui ont recensé, l’ Archimandrite Nectarij et Dr Marko Kiteski, à l’ Editeur et spécialement a Son Excellence Timotej.

Traduction,Prof. Dr. Anastasika Poposka

Page 257: Sv. naum ohridski

Ispolnet so nelicemerna qubov kon vernite, si im bil brz pomo{nik na site koi poviku-vale za pomo{. I ne samo na onie koi od golemi dale~ini so qubov i vera go prizivaat Tvoeto ime, o~ekuvaj}i od Tebe iscelenie. Ti pomaga{ i isceluva{ od sekakva bolest i slabost..

Akatist na sveti Naum, Ikos 8