15
ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЖЕЛУДНИК, ТЕНКО И ДЕБЕЛО ЦРЕВО Биологија – изборен, III год. , здравствена струка Руска Мицева

градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Gradba i funkcija na zeludnik, tenko i debelo crevo 1. Градба и функција на желудник -Карактеристики 2.Градба на желудник 3. Дигестија на храна во желудникот -Ензими -Хлороводородна киселина HCI -Муцин 4. Тенко црево -Градба на тенко црево -Дигестија на храна во тенкото црево 5. Дебело црево -Градба на дебелото црево -Функција на дебелото црево -Дигестија на храна во дебелото црево

Citation preview

Page 1: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА

ЖЕЛУДНИК, ТЕНКО И ДЕБЕЛО

ЦРЕВО

Биологија – изборен, III год. , здравствена струка Руска Мицева

Page 2: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЖЕЛУДНИК (gaster)

1. КАРАКТЕРИСТИКИ:а) претставува најширок дел од дигестиваниот тракт;б) започнува - со влез на желудникот (cardia), продолжува – во тело кое се стеснува, завршува – со излез на желудникот (pylorus);в) мускул=сфинктер – се наоѓа на преминот од излезот на желудникот во тенкото црево; го регулира празнењето на желудникот

Page 3: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

г) местоположба – сместен е во левата страна на стомачната празнина под дијафрагмата;

Page 4: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

2. ГРАДБА НА ЖЕЛУДНИКОТ

а) ѕид: од 3 слоеви мазни мускули; б) обложен е со дебела слузокожа во која има жлезди кои го излачуваат желудечниот сок (од 1-1,5 литри желудечен сок се излачува за еден ден);

в) желудечен сок содржи: - ензими - хлороводородна киселина (HCl)- муцин- вода- минерални материи

Page 5: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

3. ДИГЕСТИЈА НА ХРАНАТА ВО ЖЕЛУДНИКОТ

А) ЕНЗИМИ:•пепсин – во желудникот ја започнува дигестијата на протеините до попрости белковини (овие го поттикнуваат лачењето на хормонот гастрин кој пак ја зголемува секрецијата на HCl – колку повеќе протеини се консумираат со храната толку е поголемо лачењето на гастринот и на HCl);

•лаб-ферментот – дејствува врз засирувањето на белковините од млекото (казеин) (со тоа се овозможува казеинот подолго време да се задржи во желудникот за да може пепсинот да делува врз него и да го разложи);

•желудечната липаза – ги разложуваат мастите од млекото до глицерол, алкохол и масни киселини;

Page 6: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

Б) ХЛОРОВОДОРОДНА КИСЕЛИНА (HCl)

• Ја зголемува киселата реакција во желудникот и ја одржува истата во границите од 1,0 – 1,5 рН (кисела);

• Создава услови за активирање на пепсиногенот во пепсин;

• Овозможува бабрење на протеините и нивна подготовка за дејството на ензимите врз нив;

• Дејствува бактерицидно врз микроорганизмите кои доаѓаат до желудникот заедно со храната;

• Создава услови за растворување на нерастворливите соли на железото, фософорот, калциумот и др.

Page 7: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

В) МУЦИН

• Ја заштитува цревната слузокожа од разорното дејство на HCl и пепсинот (а со тоа и од чир на желудникот).

• Храната во желудникот се задржува различно време:- алкохолот, лековите и некои токсини лесно

растворливи во вода, брзо преминуваат во крвта, без долго задржување во желудникот;

- храната составена од протеини и масти, останува во желудникот и до 7 часа по консумирањето.

• Храната во желудникот се задржува различно време:- алкохолот, лековите и некои токсини лесно

растворливи во вода, брзо преминуваат во крвта, без долго задржување во желудникот;

- храната составена од протеини и масти, останува во желудникот и до 7 часа по консумирањето.

Page 8: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

1. ГРАДБА НА ТЕНКО ЦРЕВО

• се протега од излезот на желудникот до слепото црево, кое е почетен дел на дебелото црево;

• долго е 5-7 метри, и на него се разликуваат 3 дела: дванаесетпалечно црево (duodenum), пократко празно црево (jejunum) и подолго усукано црево (ileum);

ТЕНКО ЦРЕВО (intestinum tenue)

Page 9: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

• Duodenum-от е долг околу 30см. или 12 палци. Во неговиот почетен дел се излеваат секретите од панкреасот и жолчниот сок

Page 10: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

• слузокожата на тенкото црево е набрана и на површината има голем број цревни ресички (vili intestinale), кои ја зголемуваат површината, а содржат и крвни и лимфни садови со што активно ја ресорбираат храната.

Page 11: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

2. ДИГЕСТИЈА НА ХРАНАТА ВО ТЕНКО ЦРЕВО

• Храната која од желудникот, заедно со желудечниот сок преминува во тенкото црево е полутечна кашеста маса наречена хумис;

• во тенкото црево целосно завршува дигестијата и најголемиот дел од ресорпцијата на храната;

• 9 литри течност во текот на денот патува низ тенкото црево, а само 5% не се ресорбираат преку цревните ресички;

• ензимите од панкреасот (панкреасниот сок) ги разложува јаглехидратите, протеините, мастите и нуклеинските киселини до нивните најпрости и најмали делови;

Page 12: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

Пр: за хидролиза на храната во тенко црево

• Мастите пред да хидролизираат се емулгираат (големите масни капки се разбиваат во помали) со помош на жолчниот сок;

• жолчниот сок ги подготвува мастите за нивно разложување, но не учествува директно во дигестијата;

• мастите се разложуваат до глицерол и масни киселини под дејство на цревната липаза.

Page 13: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

ДЕБЕЛО ЦРЕВО (intestinum crassum)

1. ГРАДБА НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

• долго е околу 1,5м и голем дијаметар;

• се разликуваат 3 дела: почетен дел-слепо црево (coecum); колон (colon) и право црево (rectum) кое завршува со анален отвор;

Page 14: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево
Page 15: градба и функција на желудник, тенко и дебело црево

2. ФУНКЦИЈА НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО ВО ДИГЕСТИЈАТА НА ХРАНАТА• во дебелото црево нема ензими заради што и во

него нема хемиска обработка на храната;• негова главна функција е собирање и исфрлaње на

недоработените штетни материи од храната и ресорпција на водата, витамините и солите на Na, K, Cl и формирање на фецесот;

• цревната микрофлора на дебелото црево учествува во разградување на несварените делови на храната и синтеза на витамините Б1, Б2, Б12 и К;

• од несварената храна, секретите и цревните микроорганизми во дебелото црево се формира фецесот. Овде понекогаш може да се сретнат патогени микроорганизми и цревни паразити;

• со помош на активноста на мазните и напречно-пругастите мускули фецесот се исфрла од оргамизмот со процесот дефекација.