39
СОУ Митко Пенџуклиски Кратово Проект по Социологија Изработил: Јован Јовановски II-1 Клас

Проект Социологија - Јован Јовановски

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Проект Социологија - Јован Јовановски

СОУ Митко ПенџуклискиКратово

Проект по Социологија

Изработил:Јован ЈовановскиII-1 Клас

Page 2: Проект Социологија - Јован Јовановски

1.Содржина

1. Вовед во социологијата1.1. Вовед во социологијата2. Главен Дел2.1. Основачи на социологијата2.2. Современи ориентации во социологијата2.3. Методи на социологијата2.4. Култура2.5. Социјализација2.6. Конформизам и општествена девијација

Page 3: Проект Социологија - Јован Јовановски

1.Вовед во социологијата

Во средината на 19 век со распаѓање на феудалното општество и почеток на ново општество се јавуваат промени,се развива капиталистичко општество,се развива индустријата во градовите и луѓето мигрирале во градовите.Ваквиот тип на живот доаѓа до создавање на нова наука која добила повеќе имиња,но на крај било прифатено името СОЦИОЛОГИЈА кое го дава Огис Конт.

Предмет на изучување на социологијата е целиот општествен живот.

Page 4: Проект Социологија - Јован Јовановски

1.1. Вовед во социологијата

Социологијата е теориска наука - секоја општествена појава која што ја проучува и истражува, ја поврзува со друга општествена појава.

Социологијата е фундаментална наука - дава податоци и истражувања на другите општествени науки и тоа истражување не мора повторно да се прави.

Социологијата е применета наука - нејзините податоци се применуваат во други науки како во практиката и.т.н. 

Page 5: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.Главен дел2.1 Основачи на социологијатаОсновачи на социологијата се:Сен Симон,Огис Конт,Карл Маркс,Емил Диркем,Макс Вебер и Талкот Парсонс.

Иако велиме дека овие личности се основачи,сепак тоа не е така бидејќи тешко е да се каже дека социологијата се изделила како самостојна наука преку делото на само еден автор.Голем број на мислители,кои живееле пред и по Француската Револуција допринеле за осамостојување на социологијата како наука.

Page 6: Проект Социологија - Јован Јовановски

Сен Симон

Сен Симон - Укажува на потребата за создавање на наука за општеството,која според него треба да биде еднакво егзактна како што се природните науки.Тој неа ја нарекува СОЦИЈАЛНА ФИЗИКА,а подоцна СОЦИЈАЛНА ФИЗИОЛОГИЈА.Тој се смета за основач на социологијата.Влијаел врз делото на Огис Конт кој е првиот претставник на граѓанската насока во социологијата.

Page 7: Проект Социологија - Јован Јовановски

Огис КонтОгис Конт - го дава зборот социологија (старогрчки logos и латински societas) што значи практична позитивна наука за општеството.Тој се обидел проучувањето на општеството да го направи научно, одделувајќи го од филозофијата и теологијата,а за него најразвиена позитивна наука била физиката.Своето учење го поделил на социјална статика и социјална динамика.Во првото, тој ги истражува природата и односот на механизмите кои придонесуваат за стабилност на општеството,а тоа се јазикот,со чија помош се воспоставуваат односите меѓу луѓето.

Page 8: Проект Социологија - Јован Јовановски

Карл Маркс

Карл Маркс е германски интелектуалец, основач на т.н. марксистичка теорија за општеството наречена историски материјализам. За него општеството е арена на конфликти во која предност имаат оние кои се веќе привилегирани. Историјата на општеството за него е постојана борба за општествени придобивки помеѓу доминантната група (експлоататорите) и експлоатираните групи во општеството. Според него, во сите општества каде постоеле две доминантни класи, постоела и диспропорција на моќта. Во древна Грција и Рим, основната борба била меѓу слободните луѓе и робовите.Во средновековните држави, доминантни групи биле благородништвото, свештенството и земјопоседниците наспроти кметовите и селаните.

Page 9: Проект Социологија - Јован Јовановски

Во негово време борбата се водела меѓу буржоазијата и пролетаријатот. Маркс утврдил дека корените на моќта на владејачките групи во секоја од овие историски епохи лежат претежно во сопственоста над средствата за призводството. Значи, какви односи ќе има општеството зависи од начинот на производство. Од овие причини, во неговото учење примарно место заземаат социо-економските односи. Маркс тврдел дека досега секој општествен поредок, секој економски систем, развива во себе внатрешни спротивности.Тие, пак, еден момент стануваат толку силни што не можат да се контролираат од постојниот поредок. Кога ќе се случи ова, постоечкиот поредок се заменува со друг.

Page 10: Проект Социологија - Јован Јовановски

Емил ДиркемДавид Емил Диркем (15 април 1858 – 15 ноември 1917) бил француски социолог позитивист. Основач е на академската дисциплина, а заедно со Карл Маркс и Макс Вебер најчесто се смета за главен творец на модерните општествени науки.[1] Диркем, со основање строга методологија преку комбинирање на социолошката теорија со емпириското општествено истражување, подетално го развипозитивизмот на Огист Конт. Влијателен и во антропологијата, Диркем бил структурален функционалист и ран поборник насолидаризмот. Во текот на својот живот, Диркем држел многу предавања и објавил бројни социолошки студии на теми како, на пример, образование, криминал, религија, самоубиство, и многу други аспекти на општеството.Основен предмет на општественото проучување,според Диркем се ОПШТЕСТВЕНИТЕ ФАКТИ(колективни претстави,идеи,морал)

Page 11: Проект Социологија - Јован Јовановски

Макс ВеберКако и Диркем, така и Вебер извршил големо влијание на многу области во социологијата. Вебер социологијата ја сфатил како наука „која сака да го разбере и протолкува дејствувањето на луѓето во општеството“. Според него, човековото делување има значење кое може да се разбере, за разлика од случувањата во природата за кои заклучуваме по пат на набљудување на факти и процеси, а притоа никогаш не можеме да проникнеме во нивната внатрешна страна. Така, на пример: Многу е јасно и разбирливо како една влада паднала, како се определува цената на пазарот, зошто избувнал штрајк, како војуваат примитивните племиња - зошто секој човек може да се проектира себеси во овие ситуации, да ги проучи вредностите, целите и желбите на луѓето кои учествуваат во нив да сочуствува. Но, за жал, кај човекот не

Page 12: Проект Социологија - Јован Јовановски

постои внатрешно објаснение зошто паднал метеор и зошто течноста замрзнала. Човекот тоа го разбира како израз на една законитост, како нешто што му е дадено. Нескладот помеѓу традицијата и новото зазема голем дел од Веберовите истражувања, посебно неговото образложение во врска со настонокот на капитализмот. Поголемиот број од неговите дела се посветени на бирократијата која за него била доминантен модел на организација во неговото време. Иако верувал дека бирократијата е технички најефикасна форма на организација, тој бил загрижен од нејзината моќ затоа што, според него, таа ги дехуманизира односите меѓу луѓето. Тој сметал дека само поединецот кој умее да ја разбере културата, може да се вклопи во неа. Вебер, како и Маркс, бил макросоциолог. Верувал дека за да може да се разбере општеството и појавите во него, треба да се познава нивната еволуција и законитостите на социјалниот развој.

Page 13: Проект Социологија - Јован Јовановски

Талкот ПарсонсПарсонс е влијателен американски социолог, основач на функционалистичкото гледање во социологијата. Се смета за најчесто цитиран социолог во последните децении. Социологијата за него суштински не се разликува од другите науки зошто сите науки го користат методот на аналитички реализам и сите поаѓаат од поимот „систем“ како целина од елементи со кои владеат одредени правилности и поврзаности.

За Парсонс, основен проблем со кој треба да се занимава социологијата е општествениот поредок, неговите делови и неговата интеграција. Таа треба да открие зошто доаѓа до поврзување и соработка меѓу поединците во општеството. Според Парсонс, одговорите на овие прашања се наоѓаат во поимот општествена дејност на луѓето.

Page 14: Проект Социологија - Јован Јовановски

Дејноста на луѓето подразбира свест кај носителот на дејноста за тоа кои се средствата и целта на дејствувањето. Целите секогаш потекнуваат од вредностите и нормите и од културата во општеството. Вредностите и нормите се важен елемент на општественото дејствување. Тие се клуч за објаснување на прашањето зошто и како доаѓа до интеграција на поеднците и нивните дејности.

За да функционира општеството, Парсонс вели дека му се потребни нужни елементи, а тоа се: јазикот, сродството, технологијата и религијата.

Page 15: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.2. Современи ориентации во социологијатаФункционализам - сваќање на општеството во неговата органика како систем составен од помали системи.Претставници: Талкот Парсонс и Роберт Мертон

Систем - уредување на меѓузависни и поврзани делови кои извршуваат одредени функции за доброто на системот кои неможат едни без други. (Пр: Армијата)

Конфликт - општествена појава во која доаѓа до судир на некои интереси,идеи и сваќања.Претставници:Ралф Дарендорф,Рајт Милс и Џон Портер.

Page 16: Проект Социологија - Јован Јовановски

Договор - кога двете страни ќе се откажат од своите желби.

Симболички интеракционизам - правење на разлика помеѓу луѓето и животните бидејќи луѓето можат да се препознаваат меѓу себе преку симболи.

Структурализам - структурата на системот како целина која е непроменлива и која може да ги преживее сите времиња и историски периоди.

Page 17: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.3. Методи на социологијата

Научен метод - објективно и систематско опишување и објаснување на појавите,се состои од три елементи:-Општ Пристап(Теорија)-Општа методолошка постапка (Логика)-Посебни методи на истражување

Општ Пристап(Теорија) - она што веќе го знаеме за појавата која ја истражуваме,од општиот пристап зависи изборот на хипотезите.

Page 18: Проект Социологија - Јован Јовановски

Општа методолошка постапка(Логика) - утврдување на правилата и логичкиот редослед на истражувањето.Логично е да се почне од познатото кон помалку познатото за појавата.Правилен е оној методолошки пристап кој има ваков редослед:1.Поставување хипотези2.Проверување на хипотезите3.Докажување на хипотезите

Хипотези - претпоставувања на можни решенија на проблемот.

Page 19: Проект Социологија - Јован Јовановски

Посебни методи на истражување - се однесуваат на дејствијата кои се преземаат и техничките средства кои се употребуваат во различни фази на истражувањето.Едни се користат за прибирање на податоци,други за средување на податоците,а има и такви за толкување на податоците.

Истражувачки методи за прибирање податоци:Набљудување - основен метод за прибирање податоци за општествената појава и има научно и обично набљудување и набљудување со учество и без учество на набљудувачот.

Page 20: Проект Социологија - Јован Јовановски

Анкета и разговор - прибирање податоци кои не можат да се набљудуваат.Тука имаме пригитвување прашалник според кој се поставуваат прашањата.Недостаток во анкетата и разговорот е тоа луѓето не ја кажуваат вистината.

Техники за средување и прикажување податоциКласификација - делење на приборните податоци според видот.Делбата мора да биде потполна и исцрпна(без остаток).Тоа е тешко да се постигне и затоа се користи сложена класификација која се врши врз основа на поголем број особини што појавата ги истражува.

Page 21: Проект Социологија - Јован Јовановски

Мерење - бројно означување на податоците.

Статистички методи - методи од кои треба да се добијат комплетни податоци.

Социометрија - техника која се користи при истражување на мали групи во општеството за да се откријат социјално-психолошките врски и односи меѓу поединците во групата.

Анализа на содржина - систематско испитување на пишуван материјал со цел да се забележат ставовите,сваќањата и намерите на конкретни групи за одделни прашања.

Page 22: Проект Социологија - Јован Јовановски

Техники за анализа и толкување на податоциКомпаративен метод - споредба на некои семејства (селски и градски,семејства од една и семејства од друга држава)

Мултиваријална анализа - постапка со која се откриваат причинско-последичните односи меѓу појавите и општеството.Таа се применува во социолошките истражувања лпга се анализираат односите помеѓу голем број променливи фактори од кои зависи една појава или тие ја предизвикуваат појавата.

Page 23: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.4. Култура

Култура(Тејлор) - целосен систем на знаења,верувања,уметност,морал,право,обичаи и други способности,умеења и навики кои човекот ги стекнал како припадник на општеството.

Култура(Хердер) - културата се третира како секој вид на природа,а само човекот како единствено суштество во природата кое ја создава културата.

Page 24: Проект Социологија - Јован Јовановски

Потекло на зборот - cultus (одгледување и обработка на полињата)Културата е потребна за човекот да го изгради својот културен идентитет,ако не го изгради својот културен идентитет се јавува етноцентризам(исмејување и омаловажување на туѓата култура и величење на сопствената).Како спротивност на етноцентризмот се јавува културниот релативизам кој пак ни укажува дека сите култури се различни и еднакво вредни.Може да се јави и транскултурација кога имаме настанок на култура под влијание на некоја друга култура.Исто така се јавува и подкултура која се дели на:a)Противкултурални Појави и б) Деструктивни Движења

Page 25: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.5. Социјализација

Социјализација - процес на планско пренесување на знаења и верувања на младите и истовремено нивно творечко и критичко усвојување.

Човекот е општествено суштество бидејќи општеството му дава општествени барања.Затоа може да се каже дека човековото однесување е општествено однесување,бидејќи иако човекот го губи чуството за сопствената личност и го чини тоа што другите го одобруваат,тој сепак го искористува сите особини кој му ги дала природата.

Page 26: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Биолошки процеси-Детство Младост

Зрелост Старост

Page 27: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Чинители на социјализацијата-Семејство Центри за дневни грижи

  Училиште Адолесценција

Page 28: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Конформизам и неконформизам-

Конформизам - појава на прилагодување на фактите и нормите приложени од надворешните фактори.

Конформист - личност која се прилагодува на правилата,нормите,стандардите и односите кои им се наложени од надвор,но тие се целосно пасивни.

Неконформист - личност која се прилагодува на правилата,нормите,стандардите и односите кои им се наложени од надвор,тие се активни и придонесуваат да добијат плус поени.

Page 29: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Општествена интеракција-

Општествена интеракција - меѓусебна зависност т.е. поврзаност на поединците во групите во општеството и групите надвор од општеството.Се дели на два вида (со исклучок на натпреварот кој може и да ги зближи и да ги раздели луѓето): a)Ги зближува луѓето Кооперација-соработка т.е. предуслов за успешност на поединците,барање заеднички решенија,компромис и.т.н. Размена-разменување на идеи,мислења,ставови,знаења,искуства,материјални добра и.т.н.                              

Page 30: Проект Социологија - Јован Јовановски

б) Ги разделува луѓетоКонфликт - заострена форма на натпреварот,која е начин за решавање на спротивностите помеѓу поединците и групите. Видови на конфликти: семеен,религиозен,етнички,расен,меѓугенерациски,штрајк,бунт,војна. Војната е најзаострен вид на конфликт.

Ги разделува луѓетоГи зближува луѓето

Page 31: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Општествени Улоги-

Општествена улога - начин на однесување на оној кој има определен статус во општеството.Секој човек има повеќе општествени улоги.

Статус - положба која ни го покажува нашето место и позиција во општеството.

Општествена положба - збир од сите односи,врски и општествени улоги што ги има поединецот во општеството.   

Општествените улоги се регулираат со казни и награди.

Page 32: Проект Социологија - Јован Јовановски

 При вршење улогите можат да бидат:

а)Нормативни очекувања(Се бараат од страна на општествената заедница пр:Родител,Сопруг...) б)Ситуациски очекувања(Во определена ситуација пр: сообраќајка)в)Лични очекувања(очекување на самиот поединец)

Професор(Статус:вработен) Професор(Статус:невработен)

Page 33: Проект Социологија - Јован Јовановски

2.6. Конформизам и општествена децијација

Вредности - апстракции или збир на идеи кои ни кажуваат што е добро,а што не е добро во општеството.Се делат на : лични(здравје,убавина) и општествени(демократија,мир,слобода,хуманост,солидарност)

Норми - збир на правила кои ни покажуваат како да се однесуваме во определена ситуација.Се делат на пишани и ненапишани.

Page 34: Проект Социологија - Јован Јовановски

Во ненапишани норми спаѓаат:a)Oбичаите,тие се прва норма во човековиот живот (поздравување,свадба).б)Морал - збир на правила кои ни кажуваат што е добро а што лошо,не се напишани,но се казнуваат од луѓето(пр:ако се жениме,но не правиме свадба ке бидеме казнети со трачарење дека сме скржави)

Во пишани норми спаѓаат:а)Правни - пишана и казнива норма,според законите и универзалната декларација на човекови права.(пр.канибализмот,кој несмее да биде ни морал,ни обичај)

Page 35: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Определба на конформизмот и на општествената децијација-

Конформизам - приспособуваање

Девијација  -  отстапување

Page 36: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Криминал-

Криминал - прекршување на правните норми.

Државен криминал - криминал на вработените,без разлика на нивната функција,тие ја злоупотребуваат работата.

Организиран криминал - криминал на невработените,кои со криминалот обезбедуваат своја егзистенција.(пр.Тероризам)

Page 37: Проект Социологија - Јован Јовановски

Учесници во криминалот:-Малолетници - малолетни деликвенти (пр.пушење во школо),а самата појава се нарекува малолетничка деликвенција.

-Прекршители т.е. криминалци - повоздрасни луѓе,кои прават некој прекршок,кој не мора да биде многу тежок.

Page 38: Проект Социологија - Јован Јовановски

-Општествена девијација и општествениот поредок-

" Никој не се раѓа како криминалец,алхохолчар,наркоман.Нив ги создава општеството. "

Во општеството е девијантен човекот,поради невработеност,психички пореметувања и сл.,тој е девијантен бидејќи ги прекршува правните норми и исто така може да се спречи девијацијата на разни начини т.е превенции и сузбивања (пр.масовна комуникација)

Page 39: Проект Социологија - Јован Јовановски

3.Заклучок

Изработувајќи го овој проект јас заклучив дека социологијата е наука за општеството,во кое живее човекот,кој е дел од природата и ја создава културата со помош на трудот за да го изгради својот културен идентитет,а за да го изгради својот културен идентитет личноста треба да се вклопи во општеството т.е. на личноста и е потребна социјализацијата,општествената интеракција и.т.н.Но,со незадоволствата кои ги нанесува општестовто на луѓето,се јауваат девијанти,криминалци и други прекршители,и затоа се превземаат превенции.