10
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ВО СМЕТКОВОДСТВОТО ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Финансиско известување со висок квалитет е клучно за ефективен финансиски менаџмент во јавниот сектор. Тоа се потпира на траен сметководствен процес, поддржан од стручни услуги на внатрешната и надворешната ревизија. Вработените во јавните финансии имаат потреба за соодветна обука заради обезбедување на висококвалитетно сметководствено и финансиско известување. Програмата за обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (PACT) одговара на оваа критична потреба. „Учењето за CIPFA диплома ми овозможи да стекнам пошироко разбирање за јавните финансии, сметководството и целокупното управување со една институција.“-Тања Коцина, Словенија „ CIPFA дипломата ми овозможи предност при вработувањето во Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на ЕУ проект поврзан со Инструментот за претпристапна помош.“-Ивана Берц, Хрватска ЗА ПРОГРАМАТА Програмата за обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (PACT) ги поддржува унапредувањата на сметководствениот систем и стандардите во јавниот сектор во земјите од Југоисточна Европа. PACT воспостави регионална програма за обука и сертифицирање која и помага на новата генерација вработени во јавните финансии да

 · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ВО СМЕТКОВОДСТВОТО ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Финансиско известување со висок квалитет е клучно за ефективен финансиски менаџмент во јавниот сектор. Тоа се потпира на траен сметководствен процес, поддржан од стручни услуги на внатрешната и надворешната ревизија.Вработените во јавните финансии имаат потреба за соодветна обука заради обезбедување на висококвалитетно сметководствено и финансиско известување. Програмата за обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (PACT) одговара на оваа критична потреба.

„Учењето за CIPFA диплома ми овозможи да стекнам пошироко разбирање за јавните финансии, сметководството и целокупното управување со една институција.“-Тања Коцина, Словенија

„ CIPFA дипломата ми овозможи предност при вработувањето во Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на ЕУ проект поврзан со Инструментот за претпристапна помош.“-Ивана Берц, Хрватска

ЗА ПРОГРАМАТА

Програмата за обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (PACT) ги поддржува унапредувањата на сметководствениот систем и стандардите во јавниот сектор во земјите од Југоисточна Европа. PACT воспостави регионална програма за обука и сертифицирање која и помага на новата генерација вработени во јавните финансии да придонесе за подобра транспарентност и одговорност, на тој начин помагајќи го развојот на доброто управување.Програмата го истакнува значењето од воспоставување и набљудување на меѓународните сметководствени стандарди за јавен сектор и им помага на земјите да го подигнат статусот на сметководствена професија во согласност со оној во земјите членки на ЕУ.

ПАРТНЕРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Центар за развој на финансиите (Center of Excellence in Finance-CEF)

Page 2:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

Центарот за развој на финансиите (Center of Excellence in Finance-CEF) е водечка регионална институција за поттикнување на изградбата на капацитетите во јавните финансии во Југоисточна Европа. Основан во 2001 година од страна на словенечката влада CEF има 12 членки (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција). Членките играат главна улога во дефинирањето на целите и стратегиите на CEF.

CEF подготвува програми за обука во клучните области на менаџментот со јавните финансии во согласност со потребите на државните службеници. CEF, исто така, обезбедува техничка помош и спроведува истражувања и policy events.

CEF тесно соработува со ММФ, Светска банка, и други меѓународни организации и е активен член на неколку регионални иницијативи, вклучувајќи ги Global Development Learning Network (GDLN) на Светска банка и Public Expenditure Management - Peer Assisted Learning program (PEM-PAL).

Со својот регионален пристап, CEF поттикнува споделување на искуства и знаења меѓу своите членки.

Програмата на CEF е финансирана од Владата на Република Словенија и други донатори, воглавно меѓународни организации, како ММФ, Светска банка, ОЕЦД и билатерални донатори.

http://www.cef-see.org

Овластен Институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA)

CIPFA е една од водечките професионални сметководствени институции во Обединетото Кралство и единствена специјализирана за јавниот сектор. CIPFA е одговорен за образование и обука на професионални сметководители, ревизори и финансиски менаџери и за регулирање на овие професии преку утврдување и мониторинг на професионални стандарди.

Единствено CIPFA меѓу професионалните сметководствени институции во Обединетото Кралство, е одговорен за утврдување на сметководствени стандарди за локалната самоуправа, која претставува значителен дел од британската економија. CIPFA значително инвестира во истражување и редовно ја советува владата во врска со стратешки прашања.Членовите на CIPFA се најчесто вработени во институции од јавниот сектор, национални ревизорски агенции и големи сметководствени фирми, често на највисоки раководни позиции. Тие се почитувани поради нивните стручни и етички стандарди како и заради нивниот професионален интегритет.CIPFA, исто така, обезбедува спектар на висококвалитетни советодавни информации и обуки и консултантски услуги за организации од јавниот сектор. Неделниот магазин Јавни финансии е читан од страна на избрани претставници и функционери на владата. CIPFA може оправдано да тврди дека е водечки независен коментатор на управувањето и одговорноста во врска со јавните пари.

http://www.cipfa.org.uk

ПОЗАДИНА

Програмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител во јавниот сектор во согласност со меѓународни стандарди и најдобрите практики.Оваа програма за обука е подготвена од Британскиот Овластен Институт за јавни финансии и сметководство и имплементирана е во Југоисточна Европа во соработка со CEF.Претходно наречена Зајакнување на капацитети во сметководството во јавниот сектор (CBIPA), програмата успешно е завршена во Албанија, Хрватска, Словенија, Македонија и Молдавија.

Page 3:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

ПРОГРАМА

Програмата се состои од седум модули. Шест имаат меѓународен фокус и се подготвени од CIPFA. Седмиот е национален модул подготвен од локални автори.

Програмата опфаќа два степени, степен за сертификат и степен за диплома. Завршувањето на секој од нив вообичаено трае 1 година. Времетраењето на секој модул е приближно три месеци.

МЕТОДОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ

Програмата се одвива како спој на класична настава и туторство. Студентите имаат можност да учат од локални професионалци преку теоретска и практична форма на обуката.

ИСПИТИ

Официјалните датуми за испитите се утврдени по завршувањето на предавањата за секој модул. Акцентот во процесот на обука е ставен на развојот на вештини и техники со помош на кои студентите ќе ги положат испитите при првиот обид.

МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ И ДИПЛОМА

Меѓународниот сертификат и диплома за сметководство во јавниот сектор: е меѓународна призната квалификација обезбедена во соработка меѓу CEF и CIPFA. нуди висококвалитетен материјал за обука подготвен специјално за сметководители во јавниот

сектор ја покрива националната легислатива за јавни финансии и сметководство и оданочување и обезбедува флексибилни методи за обука како што се класична настава, туторство и спој на

теоретски и практични вежби на локален јазик спроведени од страна на локални тутори.

Програмата за обука е подготвена за вработени во јавниот сектор кои имаат високо образование и имаат работно искуство во областите, како:

подготовка или извршување на буџет, сметководство, подготовка на информации за финансиско управување и финансиска контрола.

Лицата кои стекнале сертификат и диплома треба да очекуваат: напредок во кариерата и можност да добијат раководна позиција во нивната институција и учество во шема на континуиран професионален развој организиран од CIPFA и CEF.

Page 4:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

Степен за сертификат

Управувачко сметководство Финансиско сметководство Национално законодавство за јавни финансии и сметководство и оданочување

Студентите кои ќе ги полажат сите испити од степенот за сертификат добиваат CIPFA сертификат.

Степен за диплома

Ревизија и уверување Управување со организации Управување со финансии Финансиско известување во јавниот сектор

Студентите кои ќе ги полажат сите испити од степенот за диплома добиваат CIPFA диплома.

НАСТАВЕН ПЛАН И ПРОГРАМА

Степен за сертификат

Управувачко сметководство: објаснување на улогата на управувачкото сметководство во организациите од јавниот сектор,

вклучувајќи го и значењето од обезбедување одржливост на ресурсите, опис на улогата на буџетите, извршувањето на буџетот и буџетската контрола во релација со

среднорочните и краткорочните финансиски планови, евидентирање на податоци во врска со трошоците и употреба на методите за утврдување на

трошоци и примена на менаџмент информациите при носењето одлуки.

Финансиско сметководство: опис на начинот на кој финансиското сметководство се врши и етичките стандарди кои се

очекуваат од професионалните сметководители, објаснување на основните сметководствени концепти и принципите на системот на книговодство

со двојни записи и евиденција на трансакции, подготовка на сметководствена евиденција во согласност со барањата на IPSASs,

Page 5:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

подготовка на едноставни финансиски извештаи за трговци поединци и опис на главните претпоставки кои се во основата на водењето сметководствена евиденција и

подготовката на финансиски извештаи.

Национално законодавство за јавни финансии и сметководство и оданочување: опис на владината визијата и мисија за земјата, опис на структурата на јавниот сектор на земјата, принципи и практики на сметководството во јавниот сектор, структурирање на функционирањето на буџетскиот и сметководствениот систем, идентификација на изворите на јавни приходи,вклучувајќи ги даноците, казните, заемите приказ на начинот на кој владата известува за значајните приходи и расходи, систем на плати на државни службеници и нивно сметководствено евидентирање, законска основа и организација на Канцеларијата на Главниот Сметководител и опис на системот на оданочување на земјата, законска рамка и основни одредби во врска со јавните набавки.

Степен за диплома:Ревизија и уверување:

идентификација на обемот на правното, регулаторното и етичкото окружување во кое ревизијата се извршува,

оцена на ризикот и процедурите за планирање кои се бараат од стандардите за внатрешна и надворешна ревизија,

подготовка на ревизорски работни материјали, документирање на извршените тестови за добивање доволни и соодветни ревизорски докази,

примена на ревизорски доказ за формирање ревизорско мислење, подготовка на работни материјали за документирање на извршените процедури за

финализирање на ревизијата и објаснување на улогата внатрешната ревизија и извршување на поврзани задачи.

Управување со финансии: улога на управувањето со трезорот и финансиите во јавниот сектор, примена на техниките за вреднување на инвестициите при евалуација на капитални проекти, објаснување како соодветни техники за управување со трезорот го минимизираат финансискиот

ризик, техники на управување со обртен капитал и пресметка на внатрешни и надворешни цени за услугите, земајќи ги предвид релевантните

политички и организациски фактори.

Управување со организации: оценка на пристапите за подобрување на ефикасноста и одржливоста на организацијата и

управувањето со нејзините перформанси, објаснување на обемот на активностите поврзани со набавување, пуштање во погон и

управување со договорите заради одржување успешност во давањето на услугите, евалуација на техниките за постигнување квалитет и имплементирање на релевантни процедури

за контрола на квалитет, примена на техниките за ефикасно и ефективно управување со проекти, евалуација на прашања поврзани со стекнување и управување со информациони системи и прашања во врска со човечки ресурси и персонал при изведба, набавка, и управување со

проекти.

Финансиско известување во јавниот сектор: рамка за финансиско известување во јавниот сектор, подготовка на основни финансиски извештаи и регулаторна рамка за мерење на перформансите на организациите во јавниот сектор.

Page 6:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА CEF

Лицата кои ќе стекнат сертификат и диплома ќе можат: да подготват финансиски извештаи и белешки кон финансиските извештаи во согласност со

Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS), меѓународните сметководствени стандарди (IAS) и меѓународните сметководствени стандарди за јавен сектор (IPSAS), кои го подобруваат разбирањето за организациите и водат кон подобро одлучување,

да подготват значајни сметководствени информации и информации за финансиско управување, да ги развијат и унапредат системите на внатрешни контроли, да ја разберат внатрешната и надворешната ревизија и методологијата за ревизија и да подготват долгорочни бизнис планови и да го поддржат управувањето, притоа обезбедувајќи

висококвалитетни јавни услуги во согласност со променливите околности и барања.

СТАНИ ПАРТНЕР

Ефективна обука на сметководители од јавниот сектор може значително да придонесе за успех на потребните реформи кои се во насока на воведување на меѓународно споредливи стандарди, етики, и практики во областа на сметководството и внатрешната ревизија. Преку успешното искуство од неколку земји, CEF продолжува да ја нуди PACT програмата за обука на други земји. Сите земји кои се заинтересирани да ја имплементираат обуката се поканети да побараат информации во врска со имплементацијата на оваа програма.Донаторите кои придонесоа за имплементација на програмата во регионот се Светска банка, Ирскиот AID, Британскиот GOF (Global Opportunities Fund) и Владата на Република Словенија.

ОЧЕКУВАН ПРИДОНЕС ОД ЗЕМЈИТЕ КОРИСНИЧКИ

Од земјите кориснички се очекува да придонесат во финансирањето и активно да соработуваат со CEF во клучните активности на PACT програмата:

избор, номинирање и финансирање на национален координатор, кој ќе биде врска меѓу CEF, Министерството за финансии-корисник, локалните договорни страни и студентите,

подготовка на национален модул во согласност со наставната програма подготвена од CIPFA, асистирање на CEF во пронаоѓањето и изборот на тутори и преведувачи, номинирање и помош при изборот на студенти, извршување на сите неопходни активности за службено признавање на сметководствената

професија и CIPFA дипломата и поддршка при основањето на институционален капацитет на национално ниво и обезбедување

одржливост на програмата преку нејзино имплементирање во земјата

Page 7:  · Web viewПрограмата PACT се стреми да воведе програма за обука за професионална квалификација за сметководител

НАПРЕДОК ДОСЕГА......

2003-2007: Албанија, Хрватска и Словенија-пилот

Првите групи на студенти ја завршија програмата PACT на англиски јазик, а следните групи на мајчин јазик. Со пилот програмата преку 200 студенти стекнаа сертификати и повеќе од 180 студенти добија диплома.

2007-2011:Македонија и Молдавија

Двете земји ја започнаа програмата PACT во 2007 година и неодамна ја завршија: Молдавија во октомври 2010 година и Македонија во мај 2011 година. Повеќе од 40 сертификати и 31 диплома им беа доделени на успешните студенти.

Контакт:

Ана Франгеж, проект менаџерТел.+386 1 3696 304Факс:+386 1 369 6242

Е-пошта: [email protected]

Александра Текијашки, програм менаџерТел: +386 1 3696 237Факс: +386 1 369 6218

Е-пошта: [email protected]