60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 52 Cena: 50 den. dekemvri 2013 ISSN: 1857-6710 АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции sveчено одбележан денот на инженерискиот баталјон на арм

sveчено одбележан денот на инженерискиот ...Magazin na MiniSTERSTVOTO za ODBRana na REpuBlika MakEDOnija Br. 52 Cena: 50 den. dekemvri 2013 АРМН-ТНАО

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

    Br. 52 Cena: 50 den. dekemvri 2013IS

    SN

    : 18

    57-

    671

    0

    АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

    s v e ч е н о о д б е л е ж а н д е н о т н а и н ж е н е р и с к и о т б а т а л ј о н н а а р м

    ќе градиме, ќе pомагаме и ќе се бориме...

  • ВРВНИ РЕЗУЛТАТИри крајот на октомври се реализира маратон и полумаратон во Подгорица, Република Црна Гора, во организација на Атлетската федерација на Црна

    Гора, на кој учествуваа околу 30 атлетичари од Република Македонија. Презентирањето на Република Македонија активно беше про-следено и со припадници од Армијата на Република Македонија. Во натпреварот во полумаратон, на којшто учествуваа над 200 атлетичари од регионот, припадниците на АРМ постигнаа одлични резултати: капета-нот Игор Јакимовски го освои 8. место; пфв Добре Кузмановски – 13. место; пфв Игор Цветаноски – 14. место; пфв Хамим Чилафи – 32. место; питомецот Жан Тошев, 34. место и пфв Далибор Арсовски – 46. место. Во жен-ска конкуренција најдобри беа пфв Верица Параскова, на 20. место и питомецот Благи-ца Димитрова, на 21. место во конкуренција од повеќе од шеесет атлетичарки. Исто така, значајно е да се забележат и по-стигнатите резултати од реализираниот меморијален полумаратон Горан Стојанов, каде капетанот Игор Јакимовски го освои 2. место, а трет беше пфв Добре Кузмановски. На ултрамаратонот, во трката од 64 км, уче-ствуваше пфв Игор Цветаноски и го освои 1. место, докажувајќи ја својата издржливост, упорност и војнички спортски дух.Со тоа се потврдува дека физичката под-готвеност и негувањето на спортот и фи-зичката култура во Армијата на Република Македонија се на потребно рамниште и од-говараат на барањата за извршување на сите задачи.

    м-р Борко Симоски

  • СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА

    УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО РЕШАВАЊЕТО НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРОБЛЕМИ

    ЗАКЛЕТВА

    есец декември, крајот на уште една година, период во кој се су-

    мираат резултатите од сработеното, реализираните задачи и цели поста-вени за таа година. Ние пишувавме за многу настани, за многу остваре-ни и реализирани задачи во МО и во АРМ, за пречекот и испраќањето на мировниците, за активностите на министерот, на началникот на ГШ, за високите државници кои нè посетија, за средбите со амбасадори, високи претставници на НАТО, високо оце-нети вежби, успешни конференции....Пишувавме и за актуелни политички теми, за нови видови вооружување, но не го заборавивме и обичниот војник и успесите и претставувањето на неговата единица...Сепак, за крајот на годината се опре-делив да потсетам на еден чин кој мене длабоко ме допре, предизвика емоции кај мене и ме инспирира-ше да ги напишам овие редови на маргините на оваа 2013 година, но и ми создаде позитивен елан и под-готвеност за претстојните обврски, задачи и планови за остварување...Во годината што изминува прису-ствував на чинот на давањето за-клетва на новата генерација питом-ци на Воената академија и новата генерација војници на доброволно служење на воениот рок во Армијата на Република Македонија. И на два-та настани, во мигот кога питомците и војниците грмнуваа во еден глас: „Се колнам...“, вруток од емоции ги преплавуваше сите присутни, сите ја чувствуваа јачината и искреноста на изговорениот збор. „Интегритетот на една личност се гледа најмногу во предизвикот да се одржи дадениот збор..., истакна заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев по по-вод чинот на давањето заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок. Армијата на Репу-блика Македонија е единствен и специфичен ентитет кој во едно ги сплотува различните ентитети. Со оваа заклетва вие се обврзувате и по цена на сопствениот живот да ги застапувате и браните интересите на РМ, нејзиниот суверенитет и ин-тегритет...“ Сите ние во некој момент од својот живот сме се соочиле со тежината на овој морален чин, да се одржи даде-ниот збор, без разлика на кое ниво и градација било ветеното, да му се по-могне на пријателот во неволја, да се биде добар родител, да се биде ве-рен, чесен, искрен... Да се навратиме на крајот од годината што изминува уште еднаш на овие основни морал-ни принципи, да ја започнеме Новата година со давањето заклетва тивко во себеси и за себеси дека во Новата година, пред сè, ќе бидеме подобри луѓе...

    д-р Жанет Ристоска

    ОТСЕгА СЕКОј МОжЕ ДА БИДЕ СНАјПЕРИСТ

    СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО СЛУЖБА НА СНАЈПЕРИСТИТЕ

    ПУЛСОТ НА АРМИјАТА

    ДЕБАТА ЗА ТЕМАТА „ЗДРУЖЕНА ДОКТРИНА НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА КОМПОНЕНТА НА АРМ“

    ПЛАТФОРМА ЗА САјБЕР-БЕЗБЕДНОСТ

    ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТО НА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

    ПОСТСОВЕТСКИ „ЗАМРЗНАТИ КОНФЛИКТИ“ПРОБЛЕМИТЕ ВО РЕГИОНОТ НА ЈУЖЕН КАВКАЗ (2)

    КРЕАТИВНИ ПРИНЦИПИ

    КОМУНИКАЦИЈАТА И РАЗУЗНАВАЊЕТО (3)

    КРЕИРАЊЕ ЕПИЗОДИ И СЦЕНАРИјА

    ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ И ТЕКСТ (3)

    14

    18

    26 4

    30

    37 31

    48

    54

    Страница

    Страница

    СтраницаСтраница

    Страница

    Страница

    Страница

    Страница

    Страница Страница

    ШТИТ - година V, број 52, декември, 2013 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИјА

    ИЗДАВАЧКИ СОВЕТЕмил Димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Блерим Укали, полковник Мирче Ѓоргоски, д-р Жанет Ристоска,потполковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

    гЛАВЕН И ОДгОВОРЕН УРЕДНИКд-р Жанет Ристоска

    РЕДАКЦИјАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар), Ксенија Митева-Котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

    Печати: „ЕВРОПА 92“ – Кочани

    АДРЕСА НА РЕДАКЦИјАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ 116, 1000 СкопјеТелефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

    Содржина:

    3

    ЦЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ

    жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

    36

    интервјуСО ПрОФ. Д-р СтОјАн КуЗев, ДеКАн нА ФАКуЛтетОт ЗА ДетеКтиви и КриМинАЛиСтиКА При еурМ

    8Страница

  • 4

    ошне е сложено и тешко децид-но да се одговори на прашањата дали глобализацијата поттикнува благосостојба и просперитeт или

    хаос и неред, односно, дали води кон ста-билност или кон несигурност, развој или беда, мир или војна? Гледано од безбед-носен аспект комплексноста произлегува оттаму што во изминатиов период малку внимание се посветуваше на релациите и односот помеѓу глобализацијата и без-бедноста. Но, настаните од 11 септември 2001 година го променија тоа, што дове-де до потреба за подетално скенирање и анализирање на тој однос и тоа од неколку аспекти. Пред дваесетина години перцепцијата за безбедноста беше поинаква. Фокусот на вниманието беше околу балансот на си-лите, алијансите, трката во вооружување, можната конфронтација помеѓу супер-силите, борбата за територии и сл. Кон-фликтот меѓу Истокот и Западот беше во рамките на традиционалната безбедносна дилема. Сега нештата се поинакви, а сили-те кои ги поттикнуваат промените произ-легоа од самата динамика на современа-та глобализација. Односно, со поинакво поимање на просторот, суверенитетот и државната моќ, таа се покажа како главен промотор на општествените промени.Порозноста на државните граници беше искористена од различни групи и терори-стички организации кои промовираа нови транснационални безбедносни закани. От-тука, произлегоа и новите форми на зака-

    КOСМОПОЛИТСКА

    АРМИЈАСОВРЕМЕН КОНЦЕПТ НА ВОЕН ХУМАНИТАРИЗАМ

    ни и опасности како што се меѓународниот тероризам, нуклеарната пролиферација, распад на државите, етнонационализ-мот, религискиот фундаментализам, но и климатските промени, сиромаштијата и пандемичните болести. Меѓу другото, религиозните и културните идеологии сè повеќе се интензивираа, додека глобал-ниот финансиски систем е небалансиран и непредвидлив, а меѓународните инсти-туции слаби и неуспешни во решавање на светските безбедносни проблеми.Речиси не постои земја или регион во све-тот кои се имуни на современите ризици и опасности. Констатиравме дека заканите по мирот и стабилноста денес варираат по форма и интензитет на манифестирање,

    ВО СОВРЕМЕНИТЕ УСЛОВИ НА гЛОБАЛИЗАЦИјА ЗАгРОЗУВАЊАТА СЕ ТРАНСНАЦИОНАЛНИ, СО ШТО ИСТИТЕ ПРИДОНЕСОА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ДА БИДЕ НАДОПОЛНЕТ И СО ДРУгИ СОДРжИНИ КАКО ЧОВЕКОВА БЕЗБЕДНОСТ, ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ, ЕНЕРгЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ, ЕКОНОМСКА БЕЗБЕДНОСТ ИТН. ПРОЦЕСИТЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИјА, ПРИДОНЕСОА (НЕ) БЕЗБЕДНОСТА ДА СЕ РАЗгЛЕДУВА ОД ПОВЕќЕ АСПЕКТИ – ВОЕН, ЕКОНОМСКИ, ЕКОЛОШКИ, КУЛТУРЕН, СОЦИјАЛЕН И ЗДРАВСТВЕН). СО ОВИЕ ПРОМЕНИ, МЕѓУ ДРУгОТО, СЕ НАгЛАСИ УЛОгАТА НА ВОЕНИТЕ ПРИМЕСИ ВО гЛОБАЛНИТЕ СЛУЧУВАЊА. ЗА МНОгУМИНА ВОЕНАТА КОМПОНЕНТА ВО 21 ВЕК ќЕ БИДЕ Сè ПОВЕќЕ ИЗРАЗЕНА И ИСТАТА ќЕ гИ ЗАБРЗА ИЛИ ќЕ гИ ЗАБАВИ ПРОЦЕСИТЕ НА ПРОМЕНИ. ТОА Е РЕЗУЛТАТ НА ДВОјНИТЕ СТАНДАРДИ ШТО гИ ПРОМОВИРА гЛОБАЛИЗАЦИјАТА, КОИ ОСТАВААТ МОжНОСТ ЗА ПОјАВА НА НОВИ КОНФРОНТИРАЊА ПОМЕѓУ „СИЛАТА“, „ПРАВАТА“ И „ИНТЕРЕСИТЕ“ НА ДРжАВИТЕ И МЕѓУНАРОДНИТЕ ОРгАНИЗАЦИИ, СО ПОМАЛИ ИЗгЛЕДИ ЗА ПРОНАОѓАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО МИРОљУБИВО РЕШЕНИЕ ПОМЕѓУ АКТЕРИТЕ

  • 5

    глобализацијата кои оставаат можност за појава на нови конфронтирања помеѓу „силата“, „правата“ и „интересите“ на државите и ме ѓународните организации, со помали изгледи за пронаоѓање на за-едничко мирољубиво решение помеѓу актерите.На некој начин се потврдува дека совре-мената глобализација нема механизам за спречување на војни и вооружени кон-фликти кои од крајот на Студената војна, секоја година ги има во просек околу 30. Причината е во тоа што глобализацијата не може да ги нивелира разликите во све-тот, поради разнобразноста на земјите и народите, кои имаат сопствени спец-ифични модели и кои во многу нешта се спротивставуваат еден на друг. Затоа судирот меѓу спротивставените геопо-литички, различните амбиции, стратегии, идеологии и интереси кои се стремат за нови територијални походи, а кои беа очи-гледни во војните во Персискиот залив, војните на Балканот, Блискоисточниот конфликт и други, ја разградија глоба-листичката тенденција за хармонизиран развој на целата планета.Оттука и можноста од појава на планета-рен воен интервенционизам се зголему-ва, со што повеќе води кон опасноста од трајна милитаризација и хаотизација на меѓународните односи, отколку кон траен

    мир. Бидејќи во отсуство на надворешен непријател, голем проблем на вооруже-ните сили ќе претставува да ја пронајдат својата нова улога, сообразно на околно-стите и промените. Притоа, низ призма на глобалната војна против тероризмот, се појавуваат неколку контрадикторности кои би можеле да доведат до глобализира-на милитаризација и до дестабилизација поради следново:– во услови на современата гло ба ли за ција

    лесно се наоѓа нов/и „не де фи ни ран(и) непријател(и)“, па макар и да се измисли;

    – не се знае почетокот и крајот на војната или вооружените конфликти;

    – нема конкретно дефинирана те ри то-рија - „војната и конфликтите се таму

    од судирите на Блискиот Исток до напна-тоста помеѓу силите во Азија, етничките и политичките судири и здравствените про-блеми во Африка, терористичките напади на Ал Каеда на САД и земјите од Западна Европа, пролиферацијата на оружје за ма-совно уништување, финансиските кризи, компјутерските вируси и глобалните кли-матски промени.Поради траекторијата по која се движат заканите се потешко е да се разграничат или одделат таканаречените „меки“ зака-ни кои ги застапуваат нео либералите, (кли-матските промени, болестите, природните катастрофи, економската благосостојба, проблемите со сиромаштијата, ширење на идеи и култури како средство во надворешната политика) од „тврдите“, поврзани со високата политика, чии за-стапници се претежно неореалистите, (за-каните и опасностите за националната и за меѓународната безбедност, воените интервенции, пролиферацијата на ОМУ и др.). На пример, „меките“ теми - про-блемите со животната средина можат да преминат во „тврди“, бидејќи штетите од климатските промени можат за неколку пати да ги надминат штетите направени од некоја војна или конфликт. Последици-те од цунамито во Азија, земјотресите на Хаити и цунамито кое предизвика нуклеар-на катастрофа во Јапонија беа со поголе-ми последици од некој вооружен конфликт или војна.Поради тоа, современата глобализација го доби епитетот на опасна и непредвидлива

    појава која придонесе за префрлување на безбедноста од воената во невоена-та сфера и нејзино инкорпорирање во социјално-политичките и економските сегменти. Затоа, на почетокот од овој милениум политиките на државите и орга-низациите, во надворешната, економско-со цијалната и безбедносно-воената сфе ри, се пресекуваат во контекст на промените предизвикани од процесите на глобализацијата и се анализираат во склоп на националната и глобалната без-бедност и одбрана.Во контекст на гореспоменатово, тргну-ваме од следнава платформа: (1)наци-оналната и глобалната безбедност се поврзани меѓу себе; (2) загрозувањата се транснационални; (3) безбедноста и одбраната на земјата не започнува од границата на државата, туку длабо-ко во склоп на меѓународната заедни-ца; (4) детериторизацијата предизвика интернационализација на безбедноста; (5) традиционалниот концепт на национална-та безбедност и одбрана е надополнет со другите содржини (човекова безбедност, еколошка безбедност, енергетска без-бедност, економска безбедност и др.); (6) пораст на приватната безбедносна и во-ена индустрија; (7) глобалната безбедност повеќе се конкретизира во облик на реги-оналната безбедност преку економските,

    политичките и културните врски; (8) мо-дернистичкиот концепт на безбедност ќе се разгледува повеќе на релација држава против граѓани и недржавни актери и об-ратно, а се редуцира и односот на држа-ва против држава и (9) (не) безбедноста како последица од глобализацијата се разгледува од повеќе аспекти (воени, еко-номски, еколошки, културен, социјален и здравствен).Со овие промени, меѓу другото, се нагла-си улогата на воените примеси во глобал-ните случувања. За многумина воената компонента во 21 век ќе биде се повеќе изразена и истата ќе ги забрза или заба-ви процесите на промени. Тоа е резултат на двојните стандарди што ги промовира

    доц. д-р Горан Зенделовски

  • 6

    каде што се и непријателите“, (може да зафaти и цел регион);

    – заканите се мултиплицирани и варираат од една до друга крајност.

    ЗОШТО Е ПОТРЕБНА КОСМОПОЛИТСКА АРМИјА? Космополитизмот подразбира статус на подеднаква вредност за сите, односно, секој човек е „граѓанин на светот“ и има одредени должности кон светската за-едница, а притоа треба да се стреми кон укинување на нерамноправноста и да се придржува кон правилата и принципите кои треба да бидат споделени универзал-но. Односно, не треба да има маргинали-

    зирани луѓе, групи и земји кои помалку ќе учествуваат во глобалните процеси. Кос-мополитизмот е поглед кој е поврзан и со тоа како се постапува со малцинствата, странците, како се почитуваат човековите права со нагласеност на улогата на држа-вите и владите во тој контекст. Космопо-литизмот ги спојува културно различните и преставува следна голема идеја која ги заменува истрошените идеи на национа-лизмот, комунизмот, социјализмот и не-олиберализмот, идеја која е од универза-лен интерес на сите, а се очекува новата меѓузависност да го штити човештвото од повторното навлегување во конфлик-ти и варварство. Космополитизмот како одговор на глобализацијата ја зајакнува сеопштата меѓузависност, понекогаш дејствува и како превентивна стратегија, а контра религиозниот и етничкиот фун-даментализам, но успева и да се справи со проблемите на сиромаштијата, нераз-виеноста и територијалната исклученост. Во таа смисла, глобализацијата партици-пира во градењето на космополитската идеја, придонесувајќи за придвижување на периферијата од светот кон неговиот центар и обратно, создавајќи нови мож-ности за културите, вредностите и друго, во периферијата.

    армија се базира на кооперативност и градење на идејата за заедничка безбед-ност и одбрана, преку кој се институцио-нализира поделбата на товарот помеѓу нациите. Градење на заедничка опера-тивна визија за глобално партнерство и поделба на одговорностите и солидар-ностите во рамките на глобалниот без-бедносен систем. Оваа визија подразбира прилагодување и обединување на наци-оналните политички, дипломатски, без-бедносни и воени ставови и развивање на заедничка безбедносна политика со онаа на сојузниците чија фундаментална цел е зачувување на мирот во светот. На овој начин се редефинира улогата на националните армии, кои повеќе ќе се интернационализираат (глобализираат), а се помалку ќе се наоѓаат во рамките на националните граници.Меѓутоа, непредвидливоста на идниот курс на настаните, преставува реална опасност дали и како да се вклопат наци-оналните воени капацитети во наднацио-налните, ако не се знае кога, колку и каде ќе бидат применети. Притоа, повеќето од државите не ќе имаат избор и ќе бидат принудени да превземаат низа на конти-нуирани и долгорочни обврски во склоп на меѓународните организации со кои ќе ја гарантираат сопствената, но и колек-тивната безбедност и одбрана.

    ДАЛИ КОСМОПОЛИТИЗМОТ ВОДИ КОН ПАЦИФИЗАМ?Несомнено космополитизмот е идеја која повеќе води кон слобода и транснаци-оналност, но постојат сомнежи дека ќе успее да ги застапува сите земји и наро-ди подеднакво, односно се очекува едни да бидат вклучени повеќе во глобалните процеси од други. Поради тоа на идејата за космополитизација треба да се гледа “со широко отворени очи“, затоа што ис-тата може да продуцира мешавина од глобални, антиглобализациски, антикон-сумерски и антимодернистички и нацио-налистички движења и отпори кои лесно можат да прераснат во нови светски кри-зи, катастрофи и етнички фрагментации, а со тоа да ги втурне во “војна на сите про-тив сите“.Во основа, космополитизмот е идеја со хуманитарен карактер, со тоа што по-кажува дека нема да постојат изолирани земји и народи, односно е добар начин како да се споделат одговорностите на глобален план. Затоа се инсистира на институционализација на космополит-ските принципи во новите регионални и глобални институции, кои ќе се стремат кон решавање на проблемите повр-зани со сиромаштијата, нееднаквоста, загадување на животната средина, фи-нансиската нестабилност и условите за трговија и пазар, намалување на долго-вите на земјите од Југот, но и поголе-ма застапеност на останатите земји во меѓународните организации и институ-ции. На овој начин доаѓаме до оствар-ливо решение, доколку се примени кос-мополитската регулативна рамка, и се принудат земјите да плаќаат според тоа

    Во тој контекст вооружените сили во идни-на ќе имаат нови задачи во склоп со глобал-ните превирања. Нивната нај важна мисија ќе биде осигурување и воспоставување на цивилен-демократски општествен по-редок на туѓи територии. Односно, во-оружените сили ќе го бранат слободниот, демократски и светско граѓански, (космо-политски), поредок на тлото на други држа-ви. Во глобализациска смисла, овие сили со транснационален карактер ќе немаат национална лојалност, туку ќе бидат мул-тинационално организирани, како „кос-мополитска армија“ (армија на спасот), а кодексот за одбрана на човековите права ќе биде нивна основна и трајна мисија.

    Всушност космополитската армија ќе про-мовира воен хуманитаризам во оние земји и региони кои се маргинализирани од свет-ските случувања, и се обременети со висок степен на сиромаштија, граѓански војни, етнички конфликти, еколошки катастрофи и друго. Космополитската армија би треба-ло, при изведувањето на воените дејства да се темели на универзално прифатени легални, хуманитарни и превентивни ар-гументи.Ова и не е толку лоша идеја доколку пре-овладува солидарноста на човечките суштества каде било во светот и доколку има хуманитарен карактер, без разлика дали се оддалечени илјадници километри и нивниот идентитет ни е непознат. Но се-пак, во крајна линија, во модерната доба улогата на воената сила и моќ ќе биде подредена или во функција на економ-ската глобализација и на информатичко-технолошкиот напредок. Иако при самиот почеток на 21 век воено репресивната димензија на глобализацијата беше израз-ена преку разни интервенции, антитерори-стички ангажмани и почесто воените сод-ржини беа изразени со мирољубив речник како мировни мисии, операции за подршка на мирот, хуманитарни интервенции и сл.Всушност концептот на космополитска

  • 7

    кои се борат да остварат поголем сте-пен на безбедност за себе во однос на останатите. Во современите процеси на глобализација натпреварувачкиот дух е последица на динамиката на пазарите и недостатокот на енергетски ресурси, кој лесно може да прерасне во жесток нат-превар помеѓу високоразвиените земји или помеѓу развиените земји и земјите во развој. Постои веројатност дека екстрем-ната конкуренција, движење на капиталот и слободната трговија, можат да дове-дат до дисбаланс помеѓу многубројните актери, а со тоа и до небезбедност и нарушување на мирот и стабилноста во повеќе региони. Едно од негативните сценарија е остварување на космопо-литските заложби низ призма на мили-таристичката димензија. Тоа би значело, можност одредени земји зад „маската“ на космополитизмот да ги застапуваат своите национални интереси и цели пре-

    ку нови „воени авантури“ (воени интер-венции, превентивни војни, преемптивни удари). Авантури, во кои не ќе постојат лимити или ограничувања на просторот, при што е можно да се појават нови фор-ми на ривалство помеѓу нациите, држави-те и регионите.

    какви последици (штети) оставаат врз човештвото или таканаречен „данок на светот“, (на пр. во зависност од нивната потрошувачка на енергија, трошоците за одбрана, обртот на финансиските пазари, загадување на животната средина, причи-нители на економска криза итн.).Постојат извесни дилеми околу пос тиг-нување на космополитските заложби и цели во контекст на регионалните и меѓународните организации и тела. По-казателите говорат за бројни пропусти, неусогласеност и едностраност на кос-мополитските заложби во организациите како што се ООН, НАТО, ММФ. Тоа е пред сè поради финансиската зависност на овие организации од развиените земји, во повеќе случаи одлуките се донесу-ваат пристрасно, иако се однесуваат на прашања од светски интерес, како што се зачувување на животната средина, фи-нансиска помош за сиромашните земји, превенција при загрозување на мирот и безбедноста и сл. Покрај тоа, различ-ните облици на транснационализација и космополитизација на правата ќе придо-несат државите да се чувствуваат непод-готвено за космополитските идеи, бидејќи постои можност да бидат загрозени како, однатре, така и од надвор. Ова дава по-инаква слика за просторот, времето, по-литиката, вредностите, конфликтите, правата и должностите, при што цело-сно се редефинира позицијата на моќ во глобалниот простор. Секако, во прв план треба да се концептуализира односот меѓу политиката и економијата, а потоа да се тестира космополитскиот модел кој вклучува слобода, правда, социјална сигурност и еколошка грижа. Максимата на космополитската реална политика гла-си „нашата политика е толку национална и успешна колку што е повеќе космопо-литска“. Но дали истата е и возможна, бидејќи „националната политика без кос-мополитско гледиште е слепа, а космо-политското гледиште без националната државна политика е празно“. Оттука е и конфузијата, која нè принудува да ги по-ставиме прашањата дали промената од национален кон космополитски поглед ќе биде безопасна? Како да се остварат кос-мополитските заложби без да се остават последици врз мирот и стабилноста?Во оваа смисла космополитизмот е де-лумно остварлив, но само во рамките на одделни развиени региони како што се Европа и Северна Америка, а неговата имплементација на глобално ниво сè уште е утопија и вонвременска идеја. Иако во контекст на безбедноста, космополитиз-мот досега се сретнувал во различни пристапи, иницијативи и концепти за остварување на глобалната безбедност и одбрана. На пример, во Извештајот на поранешниот генерален секретар на ООН од 2004 година се употребува терминот сеопфатна колективна безбедност, а се однесува на тоа дека заканите не позна-ваат граници и дека тие денес за разли-ка од порано, се заемно поврзани, така што заканата за еден е закана за сите, без разлика дали станува збор за слаби

    или силни земји. Овој концепт на безбед-ност упатува кон интегрирање на сите актери на меѓународната сцена, со цел полесно да се соочат со глобалните за-кани по меѓународната безбедност и мир. Тоа подразбира вклучување и на други методи, (претежно економско-социјални), во јакнење на безбедноста. Понатаму, кај Северно-атланската алијанса се сретну-ва терминот кооперативна безбедност, под што се подразбира градење на без-бедност преку партнерство и соработка помеѓу земјите и меѓународните органи-зации кои преку заедничко дејствување ќе придонесат за унапредување на меѓународната безбедност и стабилност. Овие концепти меѓусебно се надопол-нуваат и зајакнуваат, а со тоа, успешно можат да превенираат регионална или глобална криза, со што генерално влијаат врз зачувувањето на мирот и безбедно-ста во светот.

    Од друга страна, концептите на безбед-носта и одбраната за едни земји, може да преставуваат реална опасност и не-безбедност за другите држави на светот. Во тој контекст е актуелен терминот кон-курентска безбедност, кој се однесува на перманентниот натпревар меѓу државите

  • дот бараше дипломираните студенти да имаат 240 кредити според ЕКТС. Оваа година е клучна за развојот на ФДК, бидејќи за првпат беа акредититрани и запишани студенти на втор циклус на универзитетски студии (специјализација и магистратура), и тоа според моделите 3+1+1 (за студентите со завршени три-годишни ДДС) и 4+1 (за студетите со завршени четиригодишни ДДС). Општо кажано, според студиските програми според кои работи ФДК се оспособува соодветен кадар за работа во сферата на безбедноста или поконкретно кажа-но, за работа во сферата на внатрешна-та безбедност или уште попрецизно, за работа во сферата на приватната без-бедност. Тука сакам уште да напоменам дека на ФДК на ЕУРМ работам веќе пет-та година. Дојдов како професор, бев продекан, а еве сега веќе втора година работам како декан.

    Каков е интересот кај младата средношколска популација за за пи шу вање на овие студии?– Токму претходните истражувања за потребите од високообразовен кадар за работа на безбедносните сегменти кои ги наведов претходно, беа основната детерминанта за отворањето на овие студии. Едноставно кажано, постоеше општествена оправданост за основање на вакви стидии, од една страна, а ис-товремено, од друга страна, постоеше интерес за студирање на младината која го завршуваше своето средношкол-

    Би сакале ли најпрвин да ни го прет-ставите Европскиот универзитет и можностите за студирање на овој универзитет?– Европскиот универзитет – Република Ма кедонија (ЕУРМ) е високообразовна ин сти туција, акредитирана од Одборот за евалуација и акредитација, односно од страна на Министерството за обра-зование и наука. Наставата на ЕУРМ е организирана според единствениот кредит трансфер систем, во согласност со позитивните искуства од европскиот високообразовен систем и Болоњската декаларација.На Универзитетот континуирано се соз-даваат услови и ангажман кои целосно се фокусираат на студентот. Приодот кон студентот е индивидуален, личен, пре ку работа во мали групи и со дирек-тен контакт и постојана комуникација со професорите и соработниците.На Универзитетот функционираат се-дум факултети:– Факултет за економски науки;– Факултет за информатика;– Факултет за арт и дизајн;– Факултет за правни науки;– Факултет за детективи и криминали-

    стика;– Факултет за стоматологија;– Факултет за политички науки.

    Вие сте декан на Факултетот за де-тективи и криминалистика. Кога е акредитирана Вашата програма и за какви студии станува збор?

    СО ПРОФ. Д-Р СТОЈАН КУЗЕВ, ДЕКАН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И КРИМИНАЛИСТИКА ПРИ ЕУРМ

    ВО чЕКОР СО ПОТРЕбИТЕ

    интервју

    8

    – Факултетот за детективи и кримина-листика (ФДК) е најмладиот факултет на Универзитетот. Студиската програ-ма според која ФДК го започна своето работење е акредитирана во 2008 годи-на, по што следуваше и запишувањето на првата гентерација студенти во студиската 2008/09 година. Тоа беше програма според која додипломските студии (ДДС) траеја три години и се до-биваа 180 кредити според Европскиот кредит транфер систем (ЕКТС). Подоц-на, во 2011 година, се увиде дека има потреба од содржинска корекција на студиската програма, а најсуштинската промена беше преминот на четириго-дишни ДДС. Едноставно, пазарот на тру-

    КАЛЕНДАРСКАТА 2013 јА ЗАОКРУжУВАМЕ СО ИНТЕРВјУТО СО ПРОФ.Д-Р СТОјАН КУЗЕВ, ДЕКАН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И КРИМИНАЛИСТИКА ПРИ ЕУРМ. ОВОј РАЗгОВОР УШТЕ ЕДНАШ ПОТВРДУВА ДЕКА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА СОРАБОТУВА НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ СО СИТЕ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ КАДЕ СЕ ШКОЛУВААТ КАДРИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ОДБРАНАТА. СО ОВАА ПРАКТИКА ќЕ ПРОДОЛжИМЕ И ПОНАТАКА ВО НАРЕДНИТЕ БРОЕВИ НА „ШТИТ“ СО ЦЕЛ СЕКОгАШ ДА БИДЕМЕ ВО ЧЕКОР СО ПРОЦЕСОТ НА ОБРАЗУВАЊЕ И ЕДУЦИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН КАДАР КОј ќЕ МОжЕ ДА СЕ ВКЛУЧИ И ДА ПРИДОНЕСУВА ВО РАМКИТЕ НА МО И НА АРМ

  • ско образование за овие студии. Дека е тоа така најдобро зборуваа бројките на студентите кои се запишуваа на овие студии, а тие беа преку 100 студенти во прва година неколку години по ред.

    Со какви квалификации се стекнува-ат студентите по завршувањето на факултетот?– На првиот цилкус на универзитетски студии, според првичната тригодишна програма, сите дипломирани студен-тите се стекнуваа со општиот назив дипломиран детектив. Подоцна, со воведувањето на четиригодишните студии, дипломираните студенти го зад-ржуваат називот дипломиран детек-тив, со тоа што во зависност од изборот на предметите се профилирани како дипломиран детектив во областа на безбедноста или дипломиран детек-тив во областа на криминалистиката.– На вториот цилкус на универзитетски студии, според програмата за студии според моделот 3+1+1, дипломираните студентите по завршувањето на првата година се стекнуваа со општиот назив специјалист за безбедност, со тоа што во зависност од изборот на предметите се профилирани како специјалист за безбедност во насоката национална безбедноста или специјалист за без-бедност во насоката криминалистика. По завршувањето на студентите на вто-рата година, како впрочем и на студен-

    тите кои дипломираат според моделот 4+1, студентите се стекнуваа со општи-от назив магистер по безбедност, со тоа што во зависност од изборот на предметите се профилирани како маги-стер за безбедност во насоката наци-онална безбедноста или специјалист за безбедност во насоката кримина-листика.

    Дали дипломираните студенти од Факултетот за детективи и кримина-листика можат да се адаптираат како стручен кадар и во Министерството за одбрана?– Одговорот е недвосмислен. Секако, вра бо тување на дипломираните сту-

    денти на ЕУРМ во Министерството за одбрана (МО) е можно и би рекол посакувано. Кога говорам за оваа можност, мислам за можноста за вработување на дипломираните студенти од речиси сите факултети кои егзистираат на ЕУРМ. МО, остварувајќи ја функцијата на одбраната, извршува должности кои се од интердисциплинарен карактер, па оттука и неговите потреби од високообразован кадар од повеќе области и подрачја. Секако, од позицијата од која говорам, сакам да истакнам дека вработувањето на дипломирани кадри од ФДК (од двата циклуси на универзитетски студии) во МО треба, како и сега, да се практикува, а во наредниот период и да се интензивира. Ве уверувам дека дипломираните кадри од ФДК целосно ќе одговорат на работните обврски кои произлегуваат од делокругот на работата на МО.

    Министерството за одбрана сорабо-тува со повеќе високошколски уста-нови каде се школуваат кадри за по-требите на системот за безбедност и одбрана на РМ. Каква е соработката помеѓу МО и ЕУРМ, а во тие рамки, и со Факултетот за детективи и крими-налистика?– Соработката помеѓу МО, тука вклучувајќи го и Генералштабот на Армијата на Република Македонија (ГШ на АРМ) и ЕУРМ во целина и ФДК посебно, успешно се остварува низа години наназад, а веруваме дека така ќе биде и во наредниот период. Основа за соработката секако е Меморандумот за соработка потпишан од страна на двете институции, во кој прецизно се наведени пунктовите на соработка. Доколку ја степенуваме оваа соработка според нејзиното значење, секако, на прво место е соработката што ФДК ја има воспоставено со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, која функционира во рамките на МО, а се сведува на размена на наставници, учество на научни (национални меѓународни конференции), користење на материјалната основа што ја имаат институциите и слично. Ќе додадам, не станува збор за користење на капацитетите со кои располага само Воената академија, туку за вкупните капацитети со кои располага МО и ГШ на АРМ. За возврат, преку стипендирање,

    одреден број на кадри вработени во МО студираат на ЕУРМ. Очекувам продлабочување на соработката во наредниот период.

    Вие сте човек кој својата кариера ја започнал токму во сферата на одбраната. Бевте ли на висока позиција во МО во периодот кога деноноќно се работеше на етаблирањето и градењето на Армијата и на Министерството за одбрана. Какви се вашите искуства од тој период?– Да, токму така. Работев повеќе од 20 години во МО. Почнав речиси од приправник и стигнав блиску до врвот на хиерархиската скала. Речиси во два мандати извршував и раководна функција. Потоа 10 години работев на Воената академија каде што покрај тоа што го стекнав највисокото наставнонаучно звање, бев и началник на Одделението за стратегиски истражувања, ја вршев должноста раководител на постдипломските студии и друго.Сакам да истакнам неколку позначајни проекти на кои работев во МО, а тоа секако се: активното учество во делбениот биланс со бившата ЈНА, изработката на првиот Закон за одбрана кој беше донесен веднаш по осамостојувањето, донесувањето на Првиот план за одбрана на РМ, етаблирањето на цивилната одбрана како дел од одбранбениот систем на државата, донесувањето на првата Стратегија за одбрана и низа други законски, подзаконски, концептуални, стратегиски и други организацископлански документи. Има и многу практични остварувања како што се вежбите, инспекцискиот надзор, вистинско активирање на планските решенија во кризни ситуации и сл.

    Бевте и професор на Воената академија на РМ. Со кои проблеми се соочуваше ВА во тој период и што мислите за рестартирањето на Воената академија и за нејзината нова улога како регионална академија? – Кога е во прашање Воената академија, состојбата е малку специфична. Кога дојдов на работа таму во 1998 година, влегов во еден организиран и потврден военообразовен систем. Меѓутоа, како одминуваше времето, по само неколку

    9

  • 10

    влијае на одбранбеното организирање на државата, а придружното членство кон Универзитетот „Гоце Делчев“ се-како ќе го зајакне нејзиниот наставен но, пред сè, и научен сегмент. Сегаш-ното актуелно и ново раководство на Академијата има обврска тоа и да го направи.

    Паралелно со професионалниот ангажман успевавте да најдете време и за научно доусовршување. Надвор од обврските кои ги имате како декан и како редовен професор, успевате да најдете време и за плодна научноистражувачка работа, објавувате книги, ангажирани сте и на други полиња (во ОРОРМ и во Маршалцентарот...). Кажете ни и за тие Ваши достигнувања?– Мојот образовен профил е про-ектиран на истражување и работа на цивилниот сегмент на одбранбе-ното организирање на државата. Со оглед на фактот што цивилите се тие што ја профилираат и воената одбра-на, и овој сегмент на одбранбеното организирање не ми е туѓ. Токму затоа и моето творештво на книги, учебници, документи, учества на научни и стручни конференции е во тој сегмент. Сметам дека имам добар творечки производ. Можеби можев и повеќе, но ете тоа нека остане за во наредниот период.Во својата кариера имав и мошне голем општествен или, како што тоа се вели денес, невладин ангажман. Природно, тој мој ангажман е поврзан со органи-зациите кои имаат допирни точки со одбраната. Тука е и мојот долгогоди-шен ангажман во ОРОРМ на различни позиции, бидеќи патем сум и резервен офицер. Ќе споменам дека бев и први-от претседател на Здружението на дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии, „Џорџ Маршал“ од РМ. Помалку или повеќе сум активен во Балканскиот безбедно-сен форум, во Црвениот крст итн.

    На прагот сме на Новата година, дали имате некои посебни планови на професионален и на личен план за Новата 2014 година?– Посебни планови на професионален план не би можел да истакнам. Моја огромна желба е РМ да го заокружи својот пат на планот на евроатлант-ските интеграции и таа да чекори на-пред во новото колективно семејство. Секако дека и сите ние како граѓани ќе можеме поуспешно да ја градиме својата иднина. На потесен план би по-сакал во наредната година да се случи стабилизација на високото образова-ние во РМ и натамошен развој на ква-литативни основи. Јас лично би посакал да го дадам својот скромен прилог во образованието на кадри за потребите на безбедноста и полека да се подгот-вувам за моите пензионерски денови, кои се приближно за околу две години.

    д-р Жанет Ристоска

    години, поради непланската уписна по-литика што ја водеше актуелната по-литичка власт, а во исто време поради радуцирањето на АРМ поради амби-циите за нејзин развој според стандар-дите на НАТО каде како држава теж-неевме, објективно се појави суфицит на офицерски кадар. Тоа беа тешки денови за питомците кои се наоѓаа на студии, за питомците кои веќе дипло-мираа. Се случуваше млади, способни и за ништо виновни за таквата состојба офицери буквално да останат на ули-ца. Најпросто кажано, офицерите кои инаку се гордост на секоја држава, во РМ беа деградирани, трансформирани во гранични или судски полицајци со ви-соко образование или, пак, едноставно остануваа без ангажман. Беше убиена амбицијата на голем број млади луѓе.Од друга страна, пак, наставниот кадар кој беше долгорочно создаван како кадровско јадро, почна да се растура. Некои професори заминаа на работа во други институции, други беа при-нудно и пензионирани по скратена постапка (со времен закон), а третата група, меѓу кои бев и јас, останавме да чекаме поубави денови, верувајќи дека погрешната политика на актуелната политичка власт е кратковида и вре-

    менски ограничена. И, навистина беше така. Добивме политичка поддршка и налог за рестартирање на Воената академија. Подготвивме нов Закон за Воената академија, изработивме нови студиски програми (речиси паралелно и за прв и за втор циклус на универзи-тетски студии), од матичната комисија беше распишан конкурс за кадровско екипирање и многу други оператив-ни работи. Ќе нагласам дека сето тоа беше сработено од многу мала група луѓе, кои патем речено често беа не-гирани, навредувани, потсмевани. Ќе прашате од кого? Од низа на високи раководни цивилни и воени лица од МО и ГШ на АРМ кои беа рецидив на старата политика за уништување на Воената академија и школувањето на идните офицри надвор од сопствената држава.Сепак, се чувствувам горд што во рам ките на 10-годишен период бев дел од тимот на Воената академија. Среќен бев кога дојдов да работам на Академијата, а тоа особено го почув-ствував при нејзиното рестартирање. Денешната Воената академија е со-времена воено-цивилна институција. Со образованието на кадри и за потре-бите на цивилната одбрана таа клучно

    Соработката помеѓу МО, тука вклу чувајќи го и генералштабот на Армијата на Република Македонија (гШ на АРМ) и ЕУРМ во целина и ФДК посебно, успешно се остварува низа години наназад, а веруваме дека така ќе биде и во наредниот период. Основа за соработката секако е Меморандумот за соработка потпишан од страна на двете институции, во кој прецизно се наведени пунктовите на соработка. Доколку ја степенуваме оваа соработка според нејзиното значење, секако, на прво место е соработката што ФДК ја има воспоставено со Воената академија „генерал Михаило Апостолски“, која функционира во рамките на МО, а се сведува на размена на наставници, учество на научни (национални меѓународни конференции), користење на материјалната основа што ја имаат институциите и слично. ќе додадам, не станува збор за користење на капацитетите со кои располага само Воената академија, туку за вкупните капацитети со кои располага МО и гШ на АРМ. За возврат, преку стипендирање, одреден број на кадри вработени во МО студираат на ЕУРМ. Очекувам про-длабочување на соработката во наредниот период

  • инистерот за одбрана на РМ Талат Џафери оствари средба со заменик-помош-

    никот на секретарот за одбрана на САД, Евелин Фаркаш. На сред-бата се дискутираше за момен-талната состојба во Министер-

    11

    о периодот од 27 до 30 ноември делегација од СЕЕБРИГ изврши евалуација на единици-те на АРМ декларирани

    во оваа бригада. Министе-рот за одбрана на Република

    ковски и изврши евалуација на декларираната механизирана пешадиска чета од составот на 1. механизиран пешади-ски баталјон од 1 механи-зирана пешадиска бригада. Евалуација беше извршена и на декларираниот инжене-риски вод од составот на ин-женерискиот баталјон во ка-сарната Илинден во Скопје. Единиците кои се назначени во СЕЕБРИГ остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврза-ни со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите-учеснички и соодветната директива од

    Македонија Талат Џафери и началникот на Генералшта-бот на АРМ, генерал - пот-полковник Горанчо Котески за таа цел остварија средба со командантот на СЕЕБРИГ бригаден генерал Хакан Есер. Генералот Есер посочи дека бригадата ќе продолжи по патот трасиран од претход-ниот командант, бригадниот генерал Здравко Поповски од Република Македонија, кој, според него, поставил одлични односи помеѓу нациите-учес-нички. Во текот на посетата делегацијата оствари средба и со командантот на ЗОК, ге-нерал - мајор Методија Велич-

    Политичко-воениот управен комитет (ПВУК). Според оцен-ките од евалуацијата кај декла-рираните сили од Македонија не постојат никакви недоста-тоци и тие се подготвени за упатување во мисија.

    ЕВАЛУАЦИЈА НА ДЕКЛАРИРАНИТЕ ЕДИНИЦИ

    инфо

    СЕОПФАТНА СОРАБОТКА ПОМЕѓУ РМ И САД

    приоритет продолжувањето на нашето учество во мисиите над-вор од државата предводени од НАТО, ООН и ЕУ“, истакна мини-стерот Џафери по средбата. Ние ќе продолжиме да бидеме дел од мисијата ИСАФ до нејзиното завршување во 2014 година и наша намера е да останеме во мисијата пост-ИСАФ, истакна ми-нистерот за одбрана и додаде дека Република Македонија ќе се придржува кон определбата „за-едно во, заедно надвор“. Во тој контекст, министерот Џафери спомена дека покрај учеството во ИСАФ, ние сме подготвени за можно учество во мисии предво-дени од Европската унија и од

    ството за одбрана и Армијата на Република Македонија, идните приоритети и планови, како и за модалитетите за продолжување и надградување на сеопфатна-та соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Аме-рикански Држави. Двете држави на полето на одбраната имаат плодна меѓусебна соработка, која се базира на Меморандумот за соработка од 1994 година, кој всушност е еден од првите пот-пишани меморандуми од тој тип. „Наш приоритет е ангажманот за полноправно членство на Ре-публика Македонија во НАТО и во Европската унија и во тој кон-текст за нас останува највисок

    НАТО, алудирајќи на билатерал-ните разговори со Кралството Белгија, како носител на борбе-ната група на ЕУ, ЕУБГ 2014/2, како и можноста за трилатерал-на соработка помеѓу АРМ, На-ционалната гарда на Вермонт како докажан партнер на АРМ и Сенегал, со ангажман за придо-нес во поглед на пренесување на стекнатите знаења и веш-тини за потребите на Сенегал и други партнери. Заменик-по-мошникот Фаркаш посочи дека САД и во иднина се насочени кон континуираната размена на искуства и идеи со Република Македонија и Армијата на Репу-блика Македонија.

  • 12

    епублика Македонија и Република Црна Гора имаат одлична и несомнено плодна соработка во одбраната и безбедноста, сора-

    ботка која е од корист за двете земји, но и за регионот во целина. Тоа го заклучија министрите Џафери и Пејановиќ-Ѓуришиќ на средбата при официјалната посета на делегацијата од Министерството за одбрана на Република Македонија на Црна Гора. Министерката Пејановиќ-Ѓуришиќ, на средбата, изрази подготвеност за споделување на иску-ства во однос на обуката за нуркање, како и подготвеност за соработ-ка и споделување на научени лекции помеѓу двете школи за обука на пилоти. Во рамки на разговорите со претседателот на државата, Фи-лип Вујановиќ, како и со премиерот и со претседателот на Собрани-ето на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Ранко Кривокапиќ, министерот Џафери истакна дека Р. Македонија целосно ја поддржува Црна Гора на нејзиниот пат за евроатлантска интеграција. Успешната соработка помеѓу двете балкански земји може да се увиди и во областа на во-ената едукација, преку фактот дека на Воената академија во Скопје во континуитет се школуваат питомци за потребите на Војската на Црна Гора, како и школувањето на припадници на АРМ во Центарот за обука на пилоти на хеликоптери во Црна Гора. Воедно, на средби-те беше посочено дека сите земји мора да работат и на регионалната соработка која претставува носечки елемент на развојот на овој дел од Европа. Во тој контекст, министерот Џафери изрази подготвеност и даде отворена понуда за користење на регионалните центри во РМ, како армискиот полигон „Криволак“, НАТО-центарот за односи со јавноста, како и ВМЦ. Соговорниците из ра зија задоволство и од заедничкиот придонес во Школото за воена полиција во Авганистан,

    и воедно укажаа дека постои подготвеност за заедничко учество во новата мисија на Алијансата за мен-торирање и обука, „Од-лучна поддршка“, сека-ко согласно потребите на Алијансата и капаци-тетите на земјите.

    инистерот за одбрана Талат Џа фери и началникот на ГШ генерал-потполковник Го-

    ран чо Котески во просториите на МО и АРМ на РМ остварија средби со командантот на КФОР, генерал-мајор Салваторе Фарина. Министерот Џафери и генералот Фарина разменија мислења околу соработката на КФОР со РМ. На средбата со НГШ на АРМ се разговара-ше за безбедносната состојба во регионот, можностите за унапредување на соработката со силите на КФОР, како и раз-мена на информации со АРМ. Делегацијата од КФОР беше за-

    ПОДгОТВЕНОСТ ЗА ЗАЕДНИЧКО УЧЕСТВО

    ПОСЕТА НА НгШ НА ВС НА ТУРЦИјАачалникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески беше во работна посета на ВС на Р.

    Турција. Во ГШ на турските ВС во Анка-ра, НГШ на АРМ го пречека началникот на ГШ на ВС на Р. Турција, генерал Неџет Озел. На средбата се разговараше за заедничка обука и школување на при-падниците на АРМ во ВС на Р. Турција, при што е договорено во иднина лека-рите од ВМЦ на АРМ да имаат можност да специјализираат и да се доусовршуваат во турската ВМА ,,ГАТА“. Разговарано е и за понатамошно унапредување и продолжување на обуката на специјалните единици на двете армии и обука во делот за воздушно набљудување. Покрај продлабочувањето на техничката со-работка и поддршка од страна на турските ВС на АРМ, на средбата беше разгледана и можноста за заедничко учество во меѓународните мировни мисии, како и реализација на заеднички културно-социјални проекти. Во рамките на посетата началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, положи венец на гробот на Ататурк. Во текот на престојот, генералот Котески ја посети турската ВМА ГАТА, каде се сретна со командантот и деканот на оваа престижна установа на турските ВС. Посетата ја искористи и за средба со питомците од РМ кои се школуваат во турската Военомедицинска академија.

    ачалникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполков-

    ник Горанчо Котески, го посети гарнизонот во Тетово. Во рамки-те на посетата на гарнизонот во Тетово, припадниците на АРМ

    кои извршуваат редовни задачи во овој гарнизон, од страна на НГШ на АРМ беа информирани за извршувањето на задачите, наредните планови и актуелната состојба во АРМ. За време на посетата НГШ на

    АРМ беше придружуван од: ко-мандантот на ЗОК, генерал-мајор Методија Величковски, командан-тот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, дел од началниците на

    секции од ГШ на АРМ и од командантот на гарнизо-нот во Тетово. Со обикол-ката на касарната ,,Кузман Јосифовски - Питу“ беа согле-дани нејзините капацитети, функционалноста и условите за живот и работа во неа, при што беше констатирано дека припадниците на АРМ имаат

    услови за нормално извршување на задачите. Посетата беше ис-користена и за остварување на увид во редовното извршување на задачите и обуката на припад-ниците на АРМ кои се наоѓаат во гарнизонот во Тетово.

    НгШ ВО ПОСЕТА НА гАРНИЗОНОТ ВО ТЕТОВО

    ПРОДОЛжУВА СОРАБОТКАТА СО КФОР

    инистерот за одбрана на РМ, Талат Џафери, во рамките на официјалната посета на

    Кралството Белгија оствари сред-ба со вицепремиерот и министер за одбрана на Белгија, Питер Де Крем. На средбата разговараа за соработката помеѓу двете земји, на билатерално ниво, но и во рамки на Алијансата, при што заклучија дека таа е одлична, со тенденција да се продлабочува и унапредува во континуитет. Имајќи го предвид концептот „паметна одбрана“, ми-нистерот Џафери на својот колега му ги пону�