22
Славко Јаневски - Чудотворци Slavko Janevski - The Miracle Workers Еремија Сидор Во сенките на проколнатите шуми, оние во кои со векови се создаваат сојузи помеѓу исчанчени призраци со кучешки муцки и главурдести разбојници, про'ртува напролет билката копиден, најчесто само со две ливчиња. Ретка и незабележлива, за треварите е безимена. Калуѓерите и го шепотат името со подадени раце, чиниш се бранат: ѓа'олска трева. Од нејзиниот ризом, рамно положен под земја, горчлив и отровен, и поскокот бега. Преданието за неа е вакво: пробие ли од земја под заспан бездомник или дрвар или евангелист, тој, кој и да е, се збудалува од испарувањето на отровот азарон, и сок и крв на копиденот. Младите во такви мигови огрдуваат, се збрчкуваат, стануваат живи плашила, а на старците, дури и на смерните посници, разумот како гасеница им се извлекува од уши, и од тој ден гие се без спомени и без мисла. Копиденот невратно може да го уништи, и тоа со здив, само дете доено од женка на бел крт. Такви деца немало. Жените во Кукулино биле здрави доилки. Не се знае точно кога, можеби во еден од првите деветнаесет априли на тоа осумнаесетото столетие, се случило: под старејшината на Кукулино Еремија Сидор про'ртела загатливата билка копиден, со лист сличен на сплескано јарешко бубреже. Во тој пролетен ден лисицата лачела од своите жлезди мирис на темјанушка; се обидувала да ги измами птиците грмушарки што меѓусебно се колкале за да ја придобијат женката на својот род. Од отровот азарон на копиденот над кој преспал еднаш, Еремија Сидор се извртел во себе, се обездушил. Сиот се изменил. Животот му 11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу… http://nka.com.mk/janevski.htm 1/22

Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Славко Јаневски - ЧудотворциSlavko Janevski - The Miracle Workers

Еремија Сидор

Во сенките на проколнатите шуми, оние вокои со векови се создаваат сојузи помеѓуисчанчени призраци со кучешки муцки иглавурдести разбојници, про'ртува напролетбилката копиден, најчесто само со двеливчиња. Ретка и незабележлива, затреварите е безимена. Калуѓерите и гошепотат името со подадени раце, чиниш себранат: ѓа'олска трева. Од нејзиниот ризом,рамно положен под земја, горчлив и отровен,и поскокот бега. Преданието за неа е вакво:

пробие ли од земја под заспан бездомник или дрвар или евангелист,тој, кој и да е, се збудалува од испарувањето на отровот азарон, и сок икрв на копиденот. Младите во такви мигови огрдуваат, се збрчкуваат,стануваат живи плашила, а на старците, дури и на смерните посници,разумот како гасеница им се извлекува од уши, и од тој ден гие се безспомени и без мисла. Копиденот невратно може да го уништи, и тоа создив, само дете доено од женка на бел крт. Такви деца немало. Женитево Кукулино биле здрави доилки.

Не се знае точно кога, можеби во еден од првите деветнаесет априлина тоа осумнаесетото столетие, се случило:

под старејшината на Кукулино Еремија Сидор про'ртела загатливатабилка копиден, со лист сличен на сплескано јарешко бубреже. Во тојпролетен ден лисицата лачела од своите жлезди мирис на темјанушка;се обидувала да ги измами птиците грмушарки што меѓусебно секолкале за да ја придобијат женката на својот род.

Од отровот азарон на копиденот над кој преспал еднаш, ЕремијаСидор се извртел во себе, се обездушил. Сиот се изменил. Животот му

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 1/22

Page 2: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

станал поинаков, чактисан. Си потпевнувал на закопи, потоа ни догробиштата никого не испраќал.

Мрзоволен и пребавен дури и за старец, се заплеткувал во замрсенимисли; во нив се распливнувал заедно со одминатите настани и лицашто го опкружувале од најраното детство. А порано, во некое неговоминато, ќе умеел да им сврти грб на лажните приврзеници што сегалесно го прескокнувале прагот на неговата куќа. Тоа божемнопријателство, лицемерно и користољубиво од една страна, онаадругата, не и неговата, се држело на танки нишки. Како старејшина населото, ги штител тие никаквеци во споровите околу поделбата назаедничката вода, околу правото кога и колку да се лови риба вомочуриштето, околу меѓите.

Кога ќе останел сам, Еремија Сидор им ги заборавал лицата иимињата на натрапниците. Тие, селски дијагностичари, се сложувалемеѓу себе во едно: старецот изветреал, зашто лебот му го облазилдождалец, во тие краишта, под црната шума, со големина на видра исо рокче помеѓу студените очи. Чиниш, и неграмотни, ја проучилеПлинијовата Историја на природата cо секакви предупредувања:Дождалците можат да сотрат цел еден народ доколку не се варди.Зашто, според тој римски истражувач: Се испече ли леб на гранки оддрво што дождалец го допрел само со нога, тој леб ќе е отровен.

Иако ретко, во некои долги есенски и зимски ноќи, Еремнја Сидор сеисплеткувал од пајаковите мрежи на соништата. Соземен за миг, какода сфаќал дека во својата лушпа се пресоздал во поинаков човек. Соподмолна болка во черупката, згрчен и намален, претчувствувал декае во обрач на зли сили, ту наголемени бубачки буништарци, тумногуглави лилјаци. Страдал. Се потел наморничавен. Го налегнувалетрески. Станувал од постела со натежнат меур во утробата и се враќалсо тага за светот на кој веќе не му припаѓал. Веднаш потоа, откако ќесе завлекол под покривка, се зарекувал дека ќе им се врати напоранешните молитви, на правдините, на врсниците. По изгрев гизаборавал ноќите. И себеси во нив.

Бил жив, вистинскиот живот стоел далеку од него. Вопретпразничните вечери, за него секогаш исти - леб и истолчен лук вооцет и вода - седел сам под светлост на свеќа и гледал во икона од којаму возвраќал пријателски поглед светец со малецка црква на дланка.

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 2/22

Page 3: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Како да бил пред огледало во кое се одразувал намален: светецот и тојбиле двојници. Со бледи лица продолжени во бради, личеле еден надруг. Но светецот го надминувал со подвижност. Ќе се слизнел одиконата и, не повисок од педа, ќе се растрчал по одајата. Без прекингазел лебарки, ги гмечел. Од црквата на неговата лева дланка сеспровирал кикот на други светци што бездруго стоеле на внатрешнитеѕидови. Кога светото џуџе во розова одежда повторно ќе се вратело наиконата, Еремија Сидор значајно му намигнувал. Се разбиралебратски. Меѓу нив немало меѓа. Земјата под нив била само нивна. Инебото над нив, толку блиско и во исто време далечно за секоја живадуша, а живи души биле и тој и светецот со напишано име во горниотдесен агол на иконата што ни грамотните калуѓери од манастиротСвети Никита не можеле да го прочитаат. Самиот му нашол име - не гоизмислил го слушнал негде и некогаш, со такво име живеел предчетири столетија некој архимандрит - Варлаам. Светецот со насмевкасе сложил, легнал на пајакова мрежа и долго се нишал. Пред да сеогласи петел, трчал по одајата и газел лебарки. Во тие мигови, срцетона Еремија Сидор раснело, сонот му станувал лесен. Со растреперенкопнеж ги чекал врсниците, Смиле Дардалко, ќумурција со бело лице,и најстариот во двете семејства Ански, кивавичавиот Добромир, да имраскаже за чудото, обајцата некогаш тајни свршеници на бајачкатаСирма Мајска, кога тој Еремија Сидор, мислел во младоста дека со неаќе застане пред олтар. Тие доаѓале, со нив уште двајца со исто нме,Митре Манчев и Митре Славиче, човеченца, еден врз друг, обајцата ќебиле високи колку него. Кога тие веќе ќе дошле, Еремија Сидор гозаборавил светецот, само седел и со накривена глава исчекувалгласови од некое минато.

Такви му биле деновите. Ноќите минувале крај него со воздишки.Преземале дел негова тага, не биле без душа. Тој им ги наслушувалвоздишките и заспивал, се будел, пак заспивал.

Со разденувањето, се почнувало по старо. А веќе и не можело поинаку.Празен во себе, со бело перде на десното око, старецот немо гипречекувал оние пред чија подбивност попуштал. Тие господареле, годржеле под шепи. Ноќните доживувања и сфаќања на животот сетопеле. Неговиот свет го сочинувале итри издувани старчиња иподлеци со забести муцки. Тие го разголувале, му го распарчувалесрцето со нежност. Всушност, дури и со набожност под веѓите, му се

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 3/22

Page 4: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

подбивале. Му кршеле ореви со здравите катници, му лупеле јаболкапетровки. Вредноста на плодовите тројно ја надоместувале со вино, соракија, со секаков залак. Рамновесието меѓу нив се одржувало соисполинска измама и старечко малоумие.

Не сфаќајќи ја смислата на среќата, Еремија Сидор се чувствувалсреќен. Времето го заобиколувало и не го одвлекло в неврат. Само,онака патем, ќе одмотало од неговата свест безбојна преѓа и ќе јаоднело. Спомените се губеле, за него немало минато. Само некакваматна сегашност, без иднина. Само тоа.

Другите, постарите во Кукулино, повеќе знаеле за него. Некој од нив,доколку ќе се согласеле прмладите, ќе се обидел да раскаже нешто застарејшината. Ќе започнел, со тоа придавајќи си и себеси важност, иќе се изгубел, ќе молкнел. Прикаската останувала незавршена, со тоа ибез секаква смисла. Еремија Сидор редел под икона трошки, се грижелсветецот двојник да не остане гладен, а младите не сакале да севосхитуваат од свенат цвет и да слушаат прикаски за неговатаубавина, самите преставувале бујати стебла со сокови во секое жилче.

Во тие години небото било некако сунѓерливо, како разјадено од живасода. И земјата, не многу дарежлива, ја мачеле красти. Овде и онде,можеби до самиот крај на светот, невидлив голем инсект им ги смукалсоковите на дрвјата. Рекичката Давидица се повлекувала повременово некој подземен свет. Во вирот што ќе останел под старатазаедничка воденица се множеле риби, колкутолку селаните со нив датргуваат во градот. Се живуркало, зборот иднина лежел зад третиотповидок.

А еднаш, пред триесет години, кога четите на кратовските рударипредводени од Карпош, неграмотен востаник и стратег, удриле, освенна други градови и на Скопје, Еремија Сидор, со десетина селани одпод планинската црногорица, се нашол во виорот на бунтот. Се борелпротив Турците и под команда на Пиколомини, со вила, со секира, сонокти. Двапати се извлекувал со рана од крив јатаган. Не сепрославил. Јунак претставувала разбранетата грамадница. Таа иКарпош, подоцна запленет, осуден, убиен. За едни, за други не.Османлискиот поет Самат, иако со жолтица во себе, го опеалтатарскиот кан од Крим Селим Гирај како победник над неверниците.Во неговата поема другите биле без име и без свое место во матичната

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 4/22

Page 5: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

книга на времето, за сите идни времиња одамна минато. Од нишки начовечкн воздишки тоа време ткаело заборав.

Живот, минато. Танка шурка по бучлив порој, зад неа сува и неродназемја, морничаво испукана. Една таква шурка се протегала од деноткога Карпош, симнат од кол, можеби веќе мртов, зарадипредупредување на рајата виснал како издолжен пајак под гранка начинар недалеку од камениот мост, на девет чекори од левиот брег наВардар.

Смртната пресуда над бунтовникот била извршена во 1690 година, аво семејната капела на австрискиот цар Леополд се одржала миса запокој на вошлосаниот сојузник, споменот за него да избледи предпрвиот дворски бал.

Во магливите ноќи на таа есен, ифтосаните суварии на Махмудпаша сеобидувале да зграпчат некого што пеел под чинарот за водачот навостаниците. Попусто им било. Во исто време се прочуло дека собучливоста на водата се мешаат воздишки. Тоа дрвото тагувало помртвите. Несекојдневното чудо внесувало меѓу луѓето збунетост истрав. Кај некои бес. Затоа неколцина дервиши го камшикувалечинарот со дебели и влажни ортоми. Со секој замав укале како вомолитва. Гола како меше на Циганче, над нив месечината сеприпокривала со танок облак. Со зелено око се пулела во дервишите.На свој начин се чудела. Разбојнички ветар, забест и зол, корнелќерамиди од сиротински куќи. Од чад што им се враќал на огништата,оцаците се задушувале. Обземени од својата мистика, кучињата бегалепред литија на призраци. Под удари на дервишите, многувековнотостебло стенкало маченички. До првиот снег, и по тоа, дрвото иневидливиот пејач го оплакувале востаникот. Човек и дрво, вечнобратство. И само во Кукулино знаеле дека ноќниот пејач не е никојдруг туку Еремија Сидор, и само луѓето од тоа село му ја призналеславата со тоа што го прогласиле за доживотен старејшина, и само тиему заиграле на свадба кога се женел како триесетогодишен строг иправичен, со бело перде на десното око. Со тоа око, кога ќе гопоклопел здравото со дланка, ја догледувал утрешнината: или Турцитеќе му се покорат на крстот или крстот ќе се спепели пред џамија. Едноили друго. Ништо не ќе е како што било.

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 5/22

Page 6: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Соломон, тоа бил Еремија Сидор. Некоја жена му се пожалила деканејзиниот домаќин ја мие пред легнување само десната нога, леватаникогаш. Ја открил причината. Десниот опинок на споменатиотдомаќин му бил дупнат, затоа само едната стапалка му се валкала.Неговата мудрост некогаш ги восхитувала селаните. Се повеќе му сепокорувале. Умеел да ги измири скараните, да ги спречи бувтањата.Тој определувал кога ќе се внесе жито во воденицата и како ќе серасподелат водите, шумата, ловот. Затоа, според прифатен закон, немуму се доделувале нивите на иселените и изумрените. Лакот по лакотземја, се збогатувал. Имал свои наполичари. И кога ќе им се укажелаприлика крадците не подавале рака по негово: од манастир дрпале, однего не.

„Умен си, Еремија Сидор", зборувал со себе. „Остани таков. Не давај ина тагата да ткае од твојата душа покривка. Те зграпчи ли таа, тагата,збогувај се од животот."

Тогаш еднаш, кога бил Соломон и кога си го знаел името.

Потоа околу неговиот црн пламен облетувале брашнести пеперуги -исечоци од минатото. Трепереле. Иако не секогаш јасно, исцртувале понешто од заборавениот живот. Еремија Сидор ги впивал живите сликисо усни, со ноздри, со очи. Со секое влакненце. Станувал уво за одамнаизумрените гласови и бил нерв за болката што лежела во секоја нишкамесо, во секое ковче, во секој негов глужд. Го чувствувал вкусот нагорчината, во ноздрите му горел мирис на свеќи од еден закоп.

Кога останал вдовец со двајца синови, Зафир Ут и Филип Близнак,вториот тогаш малолетен, талкал тажен неколку седмици од манастирдо манастир. Не откривал врвици, ги создавал и ги оставал замрсенизад себе. Одржувал гол живот со буклики, лисје од глуварче и киселец,со секаков корен и еребичини јајца. Ретко со залак од калуѓерскатрпеза. Дивината бегала пред него, змијата не му лежела на пат.Преспивал на пиреј меѓу напуштени гробови и, доверлив кон ѕвездите,им шепотел на мртвите: нека спијат спокојно, тој, и далеку, ќе бдеенад нив. Земјата го топлела со здив, месечината го покривала сосребрена и зелена мудрост. Во такви ноќи, ветрот со здив на зачуванадневна топлина му ја бришел росата од клепки. Летајќи во џапања, гобуделе со крик непознати птици. Силен, иако испостен, се исправал ипоаѓал кон руменилото на изгревот. Движејќи се кон сончеви патеки,

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 6/22

Page 7: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

наоѓал извори, црквички крај опустени села, манастири сонедоверливи калуѓери. Гледајќи во него само небитник, разбојничкиизвидник или, сеедно, отпадник од законот, тие понекогаш гооддалечувале со ластегарки. Не им се лутел. Останал искушеник сонасмевка. Потоа се враќал свртен кон златните заоди.

Можна била претпоставката дека на тој кружен пат, Еремија Сидорпреспал врз копиден и се разбудил со седава брада и долги нокти,жолт, збрчкан, прерано подвиткан, со ретко видени влакнести уши,само од жерав не со потанки нозе.

Таков и се вратил меѓу своите, не да се прегрнува со нив, да гипремери нивите и да ги преброи овците, туку со дрезгав глас да му сепофали на светецот од куќната икона дека духовниците одманастирите биле недоверливи кон него, а еден посник дури гонарекол иноверец, дијак на дервиши и ѓаволи. Што можело тоа дазначи? Ништо повеќе туку утеха дека и господ е со човечки слабостиштом одбира секакви слуги. Светецот Варлаам само со главапотврдувал дека се можни господови грешки.

Се вратил изменет Еремија Сидор и не си ги препознал синовите. Неличеле еден на друг, а ни едниот ни другиот на него, Самонатрапниците му биле мили. Со насмевка пред која секој друг ќе сесмрзнел, Варлаам му ја одобрувал љубовта кон нив, најпослечовечката вредност расне од таква великодушност. Тие умееле да гопридобијат како заштитник. А смртта го заобиколувала. Го оставалада се заплеткува во недоразбирање со себеси и да се обидува да се сетикој е и како му е името.

Штом ќе осамнел празничен ден, еве ти ги натрпниците Коле Делев,Невен Цапко, Дано Бучка, Кирил Десовски, Џоџо Фаци. Од неговилозја превривале вино за себе. Своето го чувале, неговото го пиеле, Аможеле, со малку солено месо, да испијат и говедска жолчка. Тиепетмина му биле врсници на неговиот постар син.

Зафир Ут

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 7/22

Page 8: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Во близина на некоја река западно од Кукулино што невратно сестреми со поројна сила да се најде на она место на кое ќе стаса дури исо бавност на инсект, виден е необичен камен, до крајна мераизмазнет и валчест како јајце. Од него можеби ќе се изведе животно одстари преданија: остри личунки на грбот, око на чело, нозепродолжени во живи и жилави ластари. Доколку еднаш во десетстолетија, некоја река ќе го измени текот, на местото на кое сепрефрлила само за делче од ноќта, ќе остави таков камен. Барај, ќе гонајдеш. Всушност, има секакви толкувања. Едно од нив е декавалчестиот облик е ларва на џиновски поткорник или тврдокрилец,пред чија челуст бегаат и човек и ѕвер. Проклетството ни со умните несе разминува, зашто згреши ли некој и го земе ли како зглавје,каменото јајце ќе му ја исмука топлината. Несреќниот потоа ќе е трупсо душа. Според стари верувања, каменото јајце носи несреќа дури икога некој ќе го допре са.мо со рака, по што следат секаквинепријатности: пченицата ќе му ја позобаат коњи вампири, овцитепреку ноќ ќе ги соголат до коски црви, во каците со вино ќе сенамножат смртоносни габички. Кон тоа уште стотина тегоби.

Со малите радости и неостварени надежи, и преданијата станувалечовечка судбина, нејзино тајно крвотечение. Преданијата биле и утехаи здеглавје на секоја заедница, сеедно дали некој ќе ја нарекол племе,народ или толпа на сонувачи.

Петмината натрапници што господареле со Еремија Сидор, го гонелеод татковата софра неговиот постар син Зафир Ут. И тој бил извртенкако старецот, дури и повеќе. Немал никаков допир со врсниците, сеплашел и од помладите, Нешто чудно се случувало под покривот нанајбогатата куќа во Кукулино: се шекнал таткото, не останал зад негони синот, постариот, Зафир Ут. Меѓутоа, натрапниците, велмошкибабуњосани од туѓа пијачка, и не се обидувале да го поврзатЗафировиот живот со каменото јајце, иако тој, доколку некој ќе гонатерал, ќе откриел чуден настан за кој можело да се претпостави декаму се присенил, настан за кој понекогаш и поголем мајстор нараскажување не ќе можел да најде вистински зборови.

Зафир Ут немал повеќе од девет години кога нашол во сурасуводолица големо и нескршливо јајце, под него испукана земја соскудни тревки, над него жолто небо, сурнак низ кој се просејува сончев

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 8/22

Page 9: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

прав. Јајцето, со розови жили и овде онде со по некоја дамка,пулсирало: допреш ли уво до неговата валчестост, се слуша шум ибавно отчукување на живо срце. Изненаден од совршениот облик насвоето откритие, тој се обидел да го однесе од тоа место, да го дотркаладо својата куќа. Попусто се мачел, бил мал и слаб. Возбуден одоткритието, се вратил во селото и им раскажал на врсниците дека натоа и тоа место, недалеку од Модра Спила, непозната птица оставилаисполинско јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден водолжина. Потоа открил дека е без чувство за болка и не плачел кога гонамердале, зашто во суводолицата не нашле такво јајце, според описоттолку големо што од него можела да се изведе з.мија долга дванаесетдо тринаесет чекори или исто толку долг гуштер или птица што ќеможела да поклопи со крилја куќа. На тие што го мердале им гизаборавил имињата, најпосле тоа и не биле некои имиња за паметење- Коле Делев, Невен Цапко, Кирил Десовски, Џоџо Фаци, можеби иДано Бучка, кој од кого побезначаен, со мала разлика што првиотумеел да пее со женски глас но така како да гребе со нешто по стакло,од што и козите се морничавеле.

Тој син на Еремија Сидор, во детството неизмерно гален од мајка му,раснел некако накосо, чиниш левиот дел на телото од половинатанагоре му била од олово и го влечела секогаш на една страна.Пелтечел, малкумина разбирале што меле, а мелел такво брашно штои не вредело човек да се помачи и да го разбере. Сепак, уште од малмалку зборувал и малку му зборувале. Раснел, ларвената обвивка надетството ја оставил зад себе и се нашол пред загатка што со помош натрпелив граматик, ќе можела да се сведе на следното: големиот разумна вселената (или на Кукулико, сеедно) е составен од мозочнитеклетки на секој жив човек. Од загатката ќе произлегло прашање: какотоа тогаш едно такво единство да создава толку недоразбирања воселото, во куќите, во секој човек?

Никој, ни татко му Еремија Сидор, не знаел од каков пат скршналкога, веќе без мајка, стапил со три чекори во третата деценија и каковбил пред тоа.

Каков?

Смешен и тажен и ваков некаков: џиновски расчекор на двеоддалечени временски стапалки, помеѓу нив зрела калинка од

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 9/22

Page 10: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

сипаници на лицето, модринки заради изгубена овца, сомнабулномомчештво, невесела свадба, сватовски и соседски подбиви, соништапојасни отколку животот. И секакви тегоби, несовладливи и затоаплодни: котеле она што биле и самите - мали и големи зла. За негоможело мошне тажно да се пее, не како што пеел Коле Делев, танко,женски, туку од срце, со глас од кој ќе затреперел и најкорав стробјак,а стробјак бил Невен Цапко но мразел пеење исто како и Џоџо Фаци,две педи помал од него, а не пеел ни Кирил Десовски, му стврдналјазикот од земја што во детството ја посолувал со песок и ја ивакал.Никој не знаел зошто, но Зафир Ут се плашел и од својата домаќинкаНева здрава женичка по која и камен ќе воздивнел. Повеќе ноќи назаедничкиот живот со неа тој преспал по плевни и стаи.

Дење, иако ретко, косел или жнеел подолго отколку што било нужно,Очигледно настојувал да е подалеку од дома. Чекорел осамен по своиврвици. Ја пребарувал суводолицата во која во детството го нашолкаменото јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден во должина.Одел и подалеку, до некое замислено море, рудина оградена со камени без капка вода на која напролет цутела кандилка, а наесен, сличнина нежни плодови, болскале на згрчени смреки дождовни капки. Гопрегазувал тоа непостоечко море, пред него бегале жолти и црвени исини риби и се криеле водоземни ветроштини меѓу потонати кораби.Но, никогаш не зачекорил по сокаците на бучливиот град јужно одКукулино, уриван и обновуван, со многу лица и со секаков морал, содомородници и со дојденци од пет страни. Не го привлекувале грчкитекараѓози во шарени облеки, латинските проповедници, по некој со кусмеч под мантијата, малоазиските занаетчии, трговците Евреи,верските занесеници, меѓу кои имал пријатели само еден од селото,Трпе Бабушко, со мило лице на заспана ласица или на сличноживотинче - стоболка, од чие сало сварено во ракија тој лекувал триболештини -заушки, подуен мев и тага по умрените, дури го излекували кивавичавиот Добромир Ански од модринки кога ќе го натепалеснаите со помош на брат му Неделко Ански, помлад но посилен, потоаво покајание да оди и да се дави во мочуриштето и да се откажува однамерата, не поднесувал вода во која се множат полноглавци.

Во долгите зимски вечери, на постариот Сидоров син му билонајтешко, доколку малите и големите тешкотии можел да гиспоредува. Немал пријатели да поседи со нив крај огниште, да се

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 10/22

Page 11: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

напие, да се развесели. Ни на роднините, сите подалечни, не им седоближувал. Дури и да го сторел тоа, тие ќе нашле начин да гоизбегнат. Понекогаш се чувствувал како жив мртовец во куќата нанедоизумреното семејство Сидоровци, со влез свртен кон гробиштата исо тесни прозорци, западните загледани во каллива кочина, источнитезатворени со плевна. Од старите ѕидови на таа куќа понекогаш сеслушало отчукување, звук што некои подоцна ќе го наречат мртовечкичасовник. Кукулино не знаело дека тоа тик-так произлегува одсвадбен ритуал на невидливи бубачки. Зафир Ут со занес му сепредавал на тоа претскажување на смртта. Отчукувањето го слушалсамо тој. Еремија Сидор оглувнувал, жената и помалиот брат ФилипБлизнак секогаш биле зафатени со нешто: таа, Нева, ткаела, готвела,перела во издлабено стебло и сонувала вистински маж, тој, Филип, сегрижел за добитокот, за овците, за нивите, повеќето необработени:секој имал свое парче земја, луѓето се поретко се прифаќале занаполичари.

Навистина, Зафировите зими биле долги - јаже спуштено во 'рвеникбез дно, на неговата јамка се прпелка тој.

Отчукувањето на мртовечкиот часовник кошмарно се враќало восвеста, како ехо на вчерашно ехо. Тој умирал, срцето гниело во него.Само мртов сфаќал што е тоа среќа: упокоен е, им нанесува болка наоние што го измачувале жив и ја поткопувале земјата под неговитенозе, го отфрлале.

Мртов! И пак понекогаш со чувство на страв, тогаш кога на гради муседела мачка и, предејќи, шепотела со гласот на Нева зборови на некојодминат или несоздаден јазик, но тој неја сфаќал смислата, само сонекое непознато сетило чувствувал прекори или нешто слично.

И мртов умирал.

А имало и поинакви ноќи. Место мачка, на неговите малку длабнатигради седел Еремија Сидор. Го мерел со здравото лево око и незборувал, само предел со два гласа, ф и р, се намалувал, окотопокриено со бела павлака му бабрело, се ширело, го затворало темниотпростор на одајата. Обидувајќи се да го стресе од себе човечецот соглас на стар мачор или, пред тоа, да ја отфрли мачката што шепотеланејасни слогови, Зафир Ут минувал од смрт во живот, од мора во

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 11/22

Page 12: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

кошмар. На стебликите на стравот се отворале пупки на одбивност конНева и кон Еремија Сидор. Се исправал од сламарник и одел да седина прагот на надворешната врата, слепо загледан во гробиштата поднеподвижна синкава магла, чиниш небото ги покрило со своја кожарасфрлените крстови. Не чувствувал студ. Седел и само седел, потоа севраќал и ги држел дланките врз неистинатиот пепел во огништето.

Времето на мртовечкиот часовник од секаде го демнело. Како да неможел да дише без тој звук со стотици еха во неговата крв штобездруго произлегувало од опаките чинки на Сирма Мајска. Напати,штом веќе отчукувањето го следело го слушал звукот во мочуриштетои во црногорицата. Околу него се се менело, не и тој, освен напролет,онаа брза и куса што може да почне и во март и во мај. Тоа време гоуспокојувало. Во март бадемот бело пукал, во април крцкала од соккората на јасенот, во мај околу жолто отворениот седум на карпитебрчеле бумбари. Им се придружувал на звуците и, каде и да ќе сенашол, лежел на лакот и пеел детски песни или танцувал околу стардаб со тромавост на мечок припитомен од Цигани,оние соправославни празници и обичаи но со исламска лесно прифатена вера,со надеж дека не ќе бидат гонети како скитници и измамници.

Како оној, нели, од пред една година или од порано, оној што мупобарал коњ побрзо да му донесе секакви чуда дванаесет штурчињаспрегнати во кола од обработени речни школки, еж исправен на заднинозе што собира во торбуле малини и лешници, самовила од мекосребро, пее и лета. Куќата останала без коњ, тој без своите играчки.Потоа веќе на ништо не се сеќавал, ни на лицето со многу лузни итемни крадечки очи, две капки врел катран, ни на чудното циганскоиме - Тутифан.

Мал по раст, на него се се наголемило; стапалките, дланките, главата.Вилицата му се издолжувала, долните заби ги преклопувале горните.

Зафир - добро. Но зошто Ут? Веројатно заради некоја сличност со тааптица: умеел да се огласува со нејзин повик, освен тоа повремено му севраќало во сеќавањето дека еднаш бил покриен со пердуви што говарделе од пек и од студ и дека летал, без презир кон земјата под себено и без голема љубов за она што е на неа, бескрајно проклета штом гидржела, ги хранела и ги поела со туго вино неговите врсници КолеДелев, Невен Цапко, Дано Бучка, Кирил Десовски и Џоцо Фаци. Од

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 12/22

Page 13: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

нив, кога ќе се натрескале, се живо пропиштувало. И се мртво. Од патим се тргале и призраците. Зафир Ут не им стоел на пат. Ни тие нанеговиот. Не се сретнувале. Не биле во заемна љубов, не се ни мразеле.

Бавен во многу нешта, во мисла и во збор, одел шантраво инедооблечен под дожд и под снег, секогаш накривен: срцето, стежнатоод јад, го влечело на една страна. Срце, мртов мал ут во кафез наребра! Сеедно, тој мислел кога можел да мисли дека и без срце ќе билжив, штом веќе умирал со него. Со насмевка, каква што можеле да јаимаат кучињата кога тие ќе им фрлале на луѓето по некое ковче, седвижел по жолти омарнини или низ магли и виулици, без страв оддивина, од вештици со двоен ред горни заби, од јамки на ѓаволскиопашки обесени на гранки. Во Кукулино не знаеле како се одржуваздрав и со што се храни кога е далеку од дома. Не ја проверуваленеверојатноста дека пие змијски јајца, верувале во неа. Потоа помалкучекорел зад рало и меѓу откоси, Преспивал насекаде, во копа сено, восекогаш отворената воденица, пред портите на манастирот СветиНикита. Ноќе му биле отворени сите плевни и сите стаи. Незабележувале кога ќе застанел пред олтар: пиел масло од кандила,цвакал свеќи. Старците во раса не го гоштевале, самите си гипребројувале залаците. Дарежливи биле само со молитви. Зафир Ут серазделувал од нив без ракување и без зборови и бил среќен штонивните сенки го испраќаат до оној негов даб, да потскокнуваат сонего околу стеблото до последното огласување на сојките.

Сенки, човечки копии со своја душа, тивки минувачи преку песочинии скрки, чесни сопатници.

Така е. Тие сенки му биле поблиски од луѓето, му останале верни. И тојим бил верен. Секогаш. Заедно, тие претставувале дружина, семејство,таинствено единство.

Во големиот миг кога тоа го узнал, ги кренал рацете кон небото и гиразбуричкал облаците со прсти. Над него зинал самиот пекол.Зататнело. Бувнал силен дожд, летен и топол, благ под јазик. Му гиизмил очите. Не се засолнил под стеблакот на својот даб. Останал дастои. На исток се протегале молскавици. А и од земја гргала вода.Рамно во него. Го пречистувала. Му ги измивала сите сеќавања. Преднозе му се скротувале громови, ползеле покорно, слични на змии

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 13/22

Page 14: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

опијанети од чад на темјан, се заплеткувале, се свивале во клопче,можеле да пуштаат нокти и да го бранат од зло, а тој стоел сам, голем,непознат. Името можело да му е Вселена, Обновување. Немал свој бог,самиот бил тоа. И немал татко и немал жена, и немал брат. Околунего, до бескрај, немало никого. Тој бил се, и бил Свет, зашто бил сам,без чувство на осаменост, далеку од селото во кое еднаш месечно, подполна месечина, сите биле чудотворци, најмногу бајачката СирмаМајска, кога, како некогаш, во намера да и ги посвојат децата, кој знаеод чие семе, за да не стане чедоморка, се спуштала во плиток и празенбунар и од мрак со чинки казнувала или наградувала кого сака: навечниот селски кум Трпе Бабушко тогаш му се случувало - надолжнаполу да е испотен, наполу кожата да му се покрива со првут, наМитре Манчев и на Митре Славиче да им се замрсат врвиците и да сиги изменат куќите, секој да преспие крај жената на другиот, на СмилеДарданко под кожа поткорници да му остават ларви. Можеби поднејзини чинки биле и сенките што се влечеле покорно по Зафир Ут.

Манастирските отци не забележувале дека сенките им се губатповремено. Еден од нив, најучениот, човек со знаење на писмо ијазици, по секој обед, обично посен, повторувал дека таквите какоЗафир Ут стануваат кесари но не го фрлаат во оган вековниот човечкиразум, како што се случило еднаш во Рим. Може да се претпоставидека манастирскиот старејшина со име Георги мислел на Августоватабиблиотека спепелена во пожарот на Вечниот Град, пламнат од оганна Нерон, кога тој, со лира в раце, ја испеал песната Пеколот е мојвечен дом. Иако не знаеле за што зборува најстариот, калуѓерите муодобрувале со глава - огнот е чистилиште низ кое секоја душа ќе мине.

Една по друга, сенките кришум им се враќале.

Филип Близнак

Презафатени, можеби обземени од тапост или страв да ги запознааттајните на природата, поточно чинките на таа природа, луѓето подпланинската црногорица никогаш не ја виделе играта на ветрот иоблакот. Ред е сепак да се спомене: надарените знаат дека ветрот иоблакот се близнаци, дошле никаквеците од дувло на фортуна и вонешто се исти: не можат еден без друг. Во усното евангелие на

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 14/22

Page 15: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Кукулино лежи поглавие во кое мрднат, згора и шашлив светец оралсо спрегнат облак, сеел дожд и, со ветар, жнеел ветар. Со векови, уштепред човечкиот род и пород, близнаците на фортуната се во игра. Сегонат над планините и над каменот и водите, се мени со облик облакоти бега, ветрот споулавено го гони, го згуснува, го развлекува, сеспровира низ него. Ноќе и дење, секогаш. Во големата игра, облакотпонекогаш се истанчува, небаре минал низ прстен. Оној што ја знаепричината на измената не прашува зошто. Праша ли, одговорот еследен: водената преѓа наоѓа цепотинка во некоја куќа и се засолнувапод покрив: на некој од домашните ќе му земе дел душа. И еднаш ќему го врати, на крај на животот. За да се одложи тој крај, доколку вотоа може да се верува. Но кога судбината е со кучешко беснило вочелуста, прикаската за близнаците е слаба утеха. Сонувај облак и јавајветар. Те спобрка ли оѕверен пес, не обѕирај се - секој човек има својацрна исклештеност зад себе, позначајните ги демне глутница.

Филип Близнак! Прекарот не бил случајно измислен. Под покривот наЕремија Сидор се родиле во исто утро две машки деца. Еднотопоживеало до второто доење, за другото останало млеко достатно и замал киклоп. И раснело тоа како киклоп, со две очи, со сонца во нив, сотоплина во тие сонца. Сеедно што секој човек има своја црнаисклештеност зад себе и сеедно што позначајните ги демне глутница,Филип Близнак бил обичен момчак, роден на почетокот на столетиетово месец деветти, ден трети, кога татко му Еремија Сидор ја видел задкуќа чумата преобразена во крастава коза и ја убил со дрвен двозабецпред да го однесе и вториот близнак во чија крв никогаш не сезагнездила огница - раснел безгрижен, здрав, бил Филип и билБлизнак, спокоен и тивок, секој во Кукулино го сметал за пријател.Затоа не го засегале ни пци ни глутници. Ене им чуми, ене им волци,нека се дават со нив проклетите!

Од првите качунки до ноемвриските дождови, младите се собираленавечер крај селската чешма со три шурки низ парчиња од цевка наислужена австриска пушка. Меѓу нив највисок бил Филип Близнак,врсник на некрстен и упокоен мал костур под земја, младич со сила задвајца и со две срца во себе, со клепки од бакарни нишки, насмевнат,со напнати жили на вратот и на рацете. Не се грабале за збор, секојимал свое време и свој расказ.

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 15/22

Page 16: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Течела вода од чешмата, течеле преданија. Црните пци се плашеле одмладоста.

... Пред триесет години, време кога уште никој од нив не бил роден,меѓу побунетите Карпошови рудари се нашол и некој Мегацулис,продавач на прав од змиски јазици про-тив уроци и на молитвииспишани со секакви куки и опав-чиња на кожа голица. Оние штоимале во појасот освен нож и некоја сребрена пара, можеле да купатод него сешто: конец од ткаенината на Исусовата пелена, тетрепскипердув од кацигата на последниот римски кесар, скаменета солза наослепен македонски воин, семче од ерусалемски синап од кое бегаатстаорци чумоносци, корална низа со која и крастав парталко ќе заведевластелинка. Кога престанал да тргува, Мегацулис станал пронаоѓач.O, само да знаел светот каков! Килав но умен, смислил и направил оджелезо и сулфур огнен топуз што замавнува самиот од себе исплескува се што му е на пат, а на пат му се наоѓале секогаш некоитакви, со чалми, со јатагани. По грешка, и пронаоѓачот се нашол подневидениот топуз. Оние што го ценеле го нашле сплескан како сенка,го присобрале и го здиплиле, го сокриле под камен: ќе го најдат утренивните внуци, ќе му се восхитуваат,

Прашање: каде е сега страшниот топуз?Одговор: се има свој век. И железото и слуфурот. Прав, само тоаостанало. И без заби, 'рѓата го изела топузот.

Во прикаските на младите имало и други чуда. ... Жилави дијаци пренесувале на дванаесет тркала од место до местоцрква, на црквата ѕвоно, во ѕвоното обесено за нозе човече, удира собронзена глава во бронза и со бумтежи ги одбројува чекорите навремето. И бронзено, човечето имало душа. Тоа дијаците го знаеле.Затоа ноќе, помеѓу две молитви, му го ладеле челото со ленена крпанатопена во оцет. Киселината ја разјала зелената наслојка на металоти тие виделе дека човечето не е од бронза туку од злато со него можеледа се купат три куќи.

Прашање: човечето имало душа, но имало ли жена? Одговор; немало, не можело да има, за тоа му недостасувала машкасила, зашто златото нема пол и не се множи со спарување туку сесоздава под земја од воздишки на оние покојници што свесно си гозапреле здивот со тврдо сварено јајце.

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 16/22

Page 17: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

... На непознато место земјата била дупната се спуштиш ли по јажениз отворот, ќе останеш да висиш над бездна. Долу, во непрегледнатапразнина, раснело дрво, затво рено во непробоен клобурец, на дрвотовиселе мали клобурци, во нив лежело скаменето минато одминатисвадби, сраженија на секакви војски, закопи и воскреси.

Прашање: има ли такви што го виделе сето тоа? Одговор: ќе имало, само мајка не ги родила.

Филип Близнак слушал, молчел и се насмевнувал со полни и стиснатиусни. Забите, иако кучешки здрави, му биле криво насадени, без ред.Од чешмата гргала вода. Доаѓала од преданија и течела конпреданија. Над тие млади луге, засега без грижи, ветрот дувал вошупелка, потоа намотувал околу прст преѓа. Во заедничката игра,облакот ѓму се покорувал и му пркосел. Ѕвездите се спуштале и гипребројувале во водите на рекичката Давидица своите двојници.Негде, на врвот на планината, студено болскал зелен оган. Сестврднувал во месечинена грутка. Спокојна во својата чедност, ноќта,со благост на срна, брстела сенки, потоа минала црнокоса прекуливадите и развеала мирис на сено. Пред неа нечујно бегале некаквидотогаш невидени житоморки зелени старици, помали од палец.

Како и порано, пред осумнаесет години кога се родил Филип Близнак,и потоа, пред дванаесет, пред осум, пред четири, пред една, комарцитеод мочуриштето не го напаѓале кожата му лачела мирис на босилек.Затоа волкот и врколакот бегале од него. Молчел, со молчење минувалниз земја од преданија, валчеста и влакнеста како грпка на младкрмнак, стојбиште од песочни поила на животни со гранитно уво наопашите, со треви по вкус слични на мравји јајца, со варовничавитрошливи камења што се држеле на вода, со бели, жолти и синиѕвезди под облаците, такви што можеле од високо и скорчаво дрво дасе ловат со рака како пеперуги.

O, само да не биле скржави на мисла во Кукулино, само да не биле! Ќесфателе дека неговото рагање, откако го презел здивот и животот набратчето близначе, судбината го прославила на свој начин: бајачкатаСирма Мајска се распаднала и пак се составила од делчиња, самопоинаква влакнеста како стоболка, дури и потивка од тоа животинче,со нова сила во себе, зашто потоа можела со заповед да доближи барде

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 17/22

Page 18: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

со вода до уста; стариот ќумурција Смиле Дарданко исковал одтолчени лушпи на ракови танчерка што се движи под здив наразвигор; вечниот селски кум Трпе Бабушко, крмел теле сопетровденски овес и го учел да пее псалми, го научил; од напрегање даго слушнат што подалеку, на телето му пукнало срцето.

Сето тоа Филип Близнак го видел во велепеточни соништа. И пак не сестрмоглавувал од работ на својот разум. Доближувал до себе во секојапразнична ноќ луѓе и настани, дури и од времето пред да се роди. Ќесе наведнел над едната дланка и ќе разместувал на неа планини иградови, води, гори, народи. Дланката се наголемувала, се ширела,станувала простор помеѓу две планини. Се што ќе смислил сеслучувало во таа котдина: жетви, свадби, братимења на скаранивоини. Дури и селскиот поп Ангелариј за себе со и.ме Асурбанипал,негов учител, го делкал на таа дланка коработ на прочуениот Нојо. Тоанавистина се случувало пред негови очи. Понекогаш и тритеспоменати личности доживувале чуда на неговата дланка: енеја СирмаМајска во забан на покојник, мала е колку лебарка, со вретено од рибјакоска намотува и одмотува влакна од самовилска коса и пее со гласпотанок од нејзината преѓа; ене го и Смиле Дарданко, ќумурција аваму бел како воденичар, делка со мала тесла кацига од лушпа на рак,ќе војува со житоморките, тие мошне жилави и лапливи старици, ќеим свари чорба од пелин и жолчка, ќе ги напика во мравулник; не едалеку од нив ни Трпе Бабушко, се капе во три капки роса, ќе се вратидваесет години назад и ќе застане пред олтар со невеста, со СирмаМајска, не сегашна туку од она време кога кришум ги учела селскитемомчаци на љубовни вештини, во една ноќ и по тројца, придобивајќиги со колачиња измесени од пајажина, од сув магарешки трн и одмашка вода и ги печела на оган во кој горела змиска кожа, магискизалчиња што никогаш не ги вкусил Филип Близнак.

Луѓето, вклучувајќи ги и најљубопитните, не ја знаеле Филиповататајна и не се прашувале што се случува пред неговите очи. Можеле, сомала далекувидост, да знаат дека тој се обидува да си го претскажеживотот. Ни тоа. Зашто преданијата не наоѓале пат до срцата на ониебез срца. Само еднаш и са.мо на еден во десет столетија, облакот муподарувал моќ каква што ја имал Филип Близнак, тогаш когапокојниците се поеле со месечинино млеко преку коренот на модратакукушина. Името на ова растение паганите жнеачи го изговарале како

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 18/22

Page 19: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

од гради да им се отргнуваат четири воздишки. Постаритедевственици му ги знаеле и другите имиња синчец, модрика ипетроденче и легнувале со . негов цвет под глава, со надеж дека ќе госонат оној што ќе им е свршеник.

Дланка, млада, сеачка и жнеачка, на неа се одигрувале чуда, во нив иФилип Близнак бил учесник. Најпрвин од попот Ангелариј слушнал закулата на Вавилон, таква и таква, толку и толку висока, горда. Потоа,доближувајќи го минатото, ја строел. Со недостижна сила движелчекрези преку кои се кревале на дебели синџири блокови од камен исе поставувале еден врз друг, кружно, со симетрично распоредениотвори, оддолу пругоре во цикцак: на врвот кулата била запчеста, нанеа стројно се извишувала друга кула, сега со чардаци, додека врз сетотоа, до самите облаци, се наоѓала под купест покрив голема одаја одчии прозорци, свртени на сите страни можеле да се набљудуваатпреселните птици и молскавиците. Прифатил да биде надзирател воСикар каде што се строела гробницата на фараонски челници. Одмлади буки го плетел библискиот кораб. Го зајакнувал со железнизаковки, го оклопувал со смола и катран: товарел каци со солено месо,мирудии, суви овошки, пченица, 'рж, јачмен, кревал катарки ираспнувал едра, поставувал кормило, со синџири поврзано соподвижната опашка на коработ. Сите ветришта му биле пријатели. Сонивни здив гонел скакулци што пустошеле житородни полиња. Иоблаците му се покорувале. Рамномерно ги распоредувал: на оваа ниваолку дожд, на онаа онолку. Зборот суша можел да се заборави.Природата го прифатила како сојузник, луѓето како спасител. Тоа сеслучувало на неговата дланка.

Стварноста била поинаква.

Бил дете кога се запалил дел на градот јужно од Кукулино, осумнаесетгодини по големиот пожар што избувнал во крвавата битка помеѓувојските на Пиколомини и македонските востаници, од една страна, иаскерот, од друга. Од селото можеле да се видат живи вретена на оган.Сукале црна преѓа, под нив црвено треперела пламена волна. Огнот гиголтал домовите и на бедните и на оние со самурови калпаци, со нив иистоштените и малоумните. Се мешале молитви и крици, пцости наочај, крцкот и уривање на греди, паѓање на тавани и покриви. Одзлатни и црвени и синкави пупки се отворале цветови од кои ветрот

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 19/22

Page 20: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

разнесувал полен. Тие искри минувале од еден ред куќи на друг.Моќниците на градот, соочени со непредвидливо зло, останалебеспомошни. И најсилните се намалувале. На сите, и на најстарите почин: на беглербеговите, черибашите, кадиите, мирмараните,диздарите, девердарите, воени и административни лица воИмперијата, пипала на голем но веќе изморен и тромав полип што натој дел на Балканот ќе благословува и ќе казнува уште две столетија.Во таа стихија, мајките останувале без деца, децата без мајки, и еднитеи другите без заштитници. Само крадците биле побрзи од огнот. Сешто ќе им дошло под рака, дури и секакви ненужности, изнесувале однапуштените куќи: постели, софри, котли, ќупови со масло, шандани,облеки, алати, украси, стомни, колепки, черги, налани, крошни, старии нови обувки. На нив налетувале коњаници со сабји и ги убивале. Накоњаниците налетувале обезглавени грамадници. И тие убивале игинеле. Од минарињата се огласувале оии. Пред црквите удирале воклепала попови и клисари. Беспомошни, се надевале на помош. Недошол облак спасител, останал во мешунка на преданија. Само ветар,човечка невола, го^пренесувал пламенот од куќа на куќа, оној ветаршто презема топлина и ја одвлекува далеку, како вестител дека сетачовечка моќ се урива во прав, во јад и во смрт, со слаб или фиктивенцвет на утеха дека се е само сон, црна вражба што по еден миг ќе сераспливне пред стварноста.

Дури по еден и уште еден ден, по една и уште една ноќ, огнот сепритаил. Третиот ден, поцрнет, со чад во ноздрите, можел да се наречеден на мртвите. За да се спречи можна епидемија, гламносанитетрупови ги закопале во две јами; над едната пееле попови, над другатасе веел зелен бајрак.

Подоцна Филип Близнак го обновувал на дланка големиот пожар зада го совлада, со намера да спаси дел на градот. Со здив го напикалогнот в ќуп и го закопал под кисело дрво. На тоа место земјатастанувала топла и под сињак. Прилегни си троа врз неа и збогум,болко во коските!

Малку, доколку е само тоа.

Ајде де, малку? Замеси од таа земја кал, затни ги цепотинките накуќата и спокојно чекај виулици. Во одаите ќе е потопло отколку сотри големи огништа.

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 20/22

Page 21: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

Левата страна на неговиот разум разговарала со десната. Од еднатастрана доаѓале прашања, од другата одговори. Се враќал во детствотои пак раснел, се надвишил вчерашен. Се проубавил надворешно, сепроубавил и во себе. Со рамо можел да потпре разнишано стебло преднови удари на луњи. И можел на дланка, сеедно која, левата илидесната, даја држи земјата и она што е на неа, од зрно песок допланина. Чудесна душа бил. Лесно орал, лесно жнеел, без да се испотидовлекувал од планината распарчени стебла.

А преданијата крај чешмата со три шурки продолжувале да јазбогатуваат усната библија на Кукулино.

... Петел на еврејски пророк запеал со глас на ѓакон врз гробот нанекој светец во близина на месноста Волково и тој воскреснал. Несосема. Останал до коленици закопан в земја зашто петелот ненадејномолкнал. Еврејскиот пророк се спогодил со светецот. За деветзлатници го доископал. Се благословилепророкот исветецот заемноисеразделиле,со ветување дека пак ќе се сретнат по едно, две или тристолетија. И се сретнале. Светецот го поканил еврејскиот пророк навечера. Го нагостил со маслена чорба. Јадел гостинот а не знаел декадробенките во чорбата се од неговиот петел. Оттогаш никој веќе невоскреснал до коленици.

...Од светогорски 'рвеник во кој ноќе се котеле самовили, калуѓеритецрпеле слатка вода со која султановите анами се подмладувале, некоицели две и три децении да имаат по шеснаесет, седумнаесет илиосумнаесет години.

...Во лубеница од туѓ бостан крадец нашол мрена и откако ја испеколна жар таа му се лизнала од рака и по суво допливала до вода во којасе изгубила. Некои знаеле: таквите риби, печени на жар и пак живи,фрлаат златна икра, и има реки, доколку се најдат, достатно богати задевет Кукулина.

Како и самиот живот, и неговите законитости биле исчанчени.Еремија Сидор му се заблагодарувал на светецот од икона заштогмечел со стапалки бубачки, Зафир Ут се спријателувал со сенките накалуѓерите од манастирот Свети Никита, Филип Близнак создавалчуда на дланка. Но веќе созревал. Чудата имале и поинакво лице,

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 21/22

Page 22: Slavko Janevski, ______ ________ - _________

женско, во одреден час да се мени, да ги губи цртите, да се пресоздававо живо и голо месо. Тоа месо можело да е Аниса, поповата ќерка, иможело да е некоја друга, неговата снаа Нева, во исто време негов гревво мислите од кои се обидувал да избега. Не можел. Нева живеела подист покрив со него, во него.

Птицата на копнежите му го колкала срцето и тој најпосле подал ракапо слатките на Сирма Анска.

Извадок од „Чудотворци“ од Славко Јаневски, издадена од Македонска Книга 1988

nka.com.mk 1999

11/23/2010 Slavko Janevski, Славко Јаневски - Чу…

http://nka.com.mk/janevski.htm 22/22