26
РЕФОРМАЦИЈА Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Филозофски Факултет Институт за Социологија Писмена семинарска работа по предметот: Европски цивилизации Реформација Ментор: Проф. Д-р Ѓеорге Младеновски 1 | Страна

Reformacija seminarska

  • Upload
    69goran

  • View
    90

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”Филозофски Факултет

Институт за Социологија

Писмена семинарска работа по предметот:

Европски цивилизацииРеформација

Ментор: Проф. Д-р Ѓеорге МладеновскиСтудент: Горан Стојановски индекс бр.22095/10

Ноември, 2012

1 | С т р а н а

Page 2: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Содржина

1. Вовед ................................................................................................3

2. Причини и појава на реформацијата ..................................................4

3. Повод и почеток на реформацијата ....................................................5

4. Дејноста на Лутер..............................................................................5

5. Почеток на расцепот на реформацијата...............................................7

6. Народен правец во реформацијата на Томас Минцер..........................8

7. Урлих Цвингли и неговото учење.......................................................9

8. Калвинистичко учење за верата..........................................................12

9. 30 год. војна (1618 – 1648 година)......................................................13

10. Резиме................................................................................................15

11. Користена литература.........................................................................17

2 | С т р а н а

Page 3: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Реформација

Реформација претставува религиозно политичко движење кое било насочено против

католичката црква, а го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер во 1517 година, а

завршило со Вестфалскиот мир (по 30 години војна) 1648 година Лутер и се спротивстави

на политиката на папата на проповедувањето на прошталните писма за гревови наречени

индулгенции како и на некои теолошки сваќања на католичката црква. Како резултат на

движењето на Лутер се намалува власта на папата и пред се разбивањето на католичката

црква. Тој ги поставил основите на протестантизмот, кој заедно со православието и

католицизмот се една од доминантните конфесии во христијанскиот свет.

Реформацијата од Германија започнала да се распостранува низ другите земји од

Европа. Во зависност од местото, а пред се од условите, Реформацијата започнала да добива

различни облици и била позната под различни имиња на ликови кој се спротивставувале на

папската апсолутистичка моќ во западно христијанскиот свет. Во Швајцарија главни ликови

се Жак Калвин според неговото учење била наречена Калвинистичка реформација. Калвин

ја оправдувал капиталистичката реформација. Покрај Калвин во Швајцарија настанало уште

едно движење кое било наречено по водачот Урлих Цвингли кој бил водач на германското

население во Швајцарија, кое исто така се спротивставило против папските индулгенции, а

според формата било спротивно од Калвинизмот, Цвинглисточкото движење ги

поддржувало сиромашните слоеви. За разлика од Квинглизмот – Калвинизмот се проширил

во Полска, Чешка, Унгарија и Франција каде што неговите следбеници биле наречени

Хугеноти. Меѓу Католиците и Хугенотите се воделе веерски војни во кои била вмешана и

кралската власт, каде што за време на Вартоломејската ноќ во 1572 година во Париз биле

убиени 3000 Хугеноти. Со "Нанскиот едикг" од 1598 година било прифатено постоење на

двете вери во едната држава. Покрај Франција реформацијата се појавила и во Англија.

Кралот Хенрих VIII кој на почетокот бил против Реформацијата, но по судирот со папата

кое настанало околу неговата повторна женидба што било против католичките канонски

одредби во 1534 година основал Државна англиска црква и се прогласил за нејзин поглавар.

Реформацијата и нанела големи штети на католичката црква. За да ја поврати власта

Католичката црква спровела остри мерки против реформаторите, а најмногу се истакнале

3 | С т р а н а

Page 4: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

езуитите. Но по завршувањето на 30 год. војна доминација на папата во Централна и

Западна Европа згаснала.

Причини и појава на Реформацијата

Со појавата на ширењето на Хуманизмот и Ренесансата во Европа дошло до појава на

движењето за реформирање на Католичката црква. Носителите на ова црковно движење

биле хуманисти кои ја критикувале простотијата и празноверието на свештениците и

калуѓерите и барале црквата да го реформира своето учење и нејзината организација. Ова

движење од црковно станало и политичко, со што биле зафатени сите слоеви на европскиот

општествен живот. Тоа за прв пат се појавило во почетокот на XVI век во Германија.

Германија во доцниот период на средниот век била распарчена земја, составена од повеќе

мали кнежества, слободни градови и владеење на императорот, кои биле сосема независни.

(вазалот на мојот вазал не е мој вазал). Феудалците од најкрупните до најситните, не

признавале никаква власт, бидејќи безмилосно ги експлоатирале селаните. Во таква

Германија за император бил избран Карло V Хазбуршки (1519 – 1555 година) кој не успеал

да ја зацврсти во потполност својата власт бидејќи владеел со: Шпанија и нејзините

колонии (Сицилија и Јужна Италија) и Холандија. Ваквото владеење на Карло V го

користеле германските кнезови (вителбаси) и се повеќе се осамостојувале на своите имоти.

(Edith.M,1966)

Во таква Германија политичките спротивтсванеости биле крајно заострени, како во

градовите (меѓу богатите граќани – буржуи и сиромашните граѓани – плабес) така и по

селата. Но најголема експлоатација се вршела врз селаните. Тие биле експлоатирани од

страна на феудалците, од градовите и од страна на црковните клерови. Преку собирањето на

даноци, одземањето на имотите и продавањето на прошталните ливчиња – индулгенции,

Католичката црква ги зголемила своите приходи, кој поголем дел одел во касата на Папата,

со што се претворил во најкрупен феудалец. Раскошниот и расипнички живот на

католичкото свештенство, а особено на Римскиот Папа, предизвикало големо незадоволство

кај сите верници. Така во борбата против богатствата и злоупотребите на Католичката црква

4 | С т р а н а

Page 5: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

се нашле сложни сите подолни слоеви на германското општество и барале да се започне со

реформи во Католичката црква.

Повод и почеток на Реформацијата

Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повтроно

продавање на индулгенциите, наводно за прибирање на средства за доградба на црквата Св.

Петар во Рим. Творец и водач на реформацијата во Германија бил Лутер а неговата цел

била: црквата да биде скромна, да нема многу приврзаници, црковните обреди да се

изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се

свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба.

Дејноста на Лутер

Лутер израснал во средина на бигерство кое било незадоволно од својата положба и

освен тоа во услови на општа опозиција спрема католичкото духовништво кео значително

се зголемувало. На 18 год. Лутер стапил на Ерфурскиот универзитет, каде што се запознал

со членовите на радикалниот кружок на хуманистите и извесно време се наоѓал под нивно

влијание. Но по завршувањето на универзитетот, Лутер станал монах во агустинскиот

манастир, каде што наполно се отворил неговиот поглед кон светот. Спротивно на учењето

на католичката црква, Лутер тврдел дека црквата и духовништвото не се посредници меѓу

човекот и богот.

Тој ги објавил за лажни претензиите на папската црква околу тајните писма за

простување на гревовите. Основна поставка истакната од Лутер, гласела дека човекот

постигнува "спасување на душата"(или оправдување) не преку црквата и нејзините обреди,

туку со помош на верата што му е подарена непосредно од бога. (Zivoinovic,1989) Со смаиот

негов став се отфрлале претензиите на духовништвото на господарската положба во светот.

Објавувајќи ја "верата" на човекот како единствено средство за неговото поврзување со бога

Лутер едноставно со тоа тврдел дека и светиот живот на човекот и целиот негов световен

5 | С т р а н а

Page 6: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

поредок, кој обезбедувал можност за одавање на верата претставувал важен момент за

христијанската религија. Со тоа Лутер го изразил општиот стремеж на бигерството да се

спои со политичките и идеолошките насилстав од папската црква и католичкото

дуовништво. Лутер навел дека улогата на црквата и духовништвото треба да се сведува

само на разјаснување на текстовите на "светото писмо" и привлекувањето на

христијанството кон "верата". Во реформациското учење на Лутер нашла и свој израз и

сталешката ограниченост на германското бигерство. Конзервативното мнозинство на

германското бигерство кое истапило во личноста на Лутер против католичката црква не

решило да истапи неопходно менување на општествените односи. Лутеровите тези, имале

пред се огнено дејство, бидејќи околу нив се обединиле разновидни испрекрстени стремежи

од разните слоеви на опозицијата која започнала значително да се проширува, додека

слободните народи реформацијата ја прифатиле како средство за социјално ослободување.

Со настаната силна опозиција Лутер станал главна алка која римската курија сакала брзо да

го ликвидира. Тој откажал да се јави во Рим на испитување и судење, а обидите на Папскиот

пратеник кардиналот Каетен, да успее да издејствува од духовните и световните власти на

Германија за затварање на Лутер, претрпеле апсолутен неуспех во услови на засилување на

општественото движење во Германија. Во Лајпциг 1519 година била одржана средба помеѓу

папскиот пратеник и воинствениот професор по богословија Лутер, кој го одбил тврдењето

дека неговото учење претставувало Хустинска "ерест". Во своите творби во 1520 година

Лутер повикувал против "нечуеното беснеење на приврзаниците на Папскиот Рим да не

дејствуваат ни со зборови ниту пак со оружје и со сета жестина ќе им се спротивстави

бидејќи ние не сме џелади да ги ставаме на клада еретиците туку сме спремни да започнеме

борба против кардиналите, папите и целата збирштина од Римскиот Содом."(Enдels.F, 1966)

На 21 септември 1520 година била публикувана папска була за отфрлањето на Лутер

од црквата. Лутер жестоко им се спротивставил со низа остри статии, а на 10 декември ја

изгорел булата во дворот на Витанбершкиот универзитет, во присуство на поголем број

студенти. Решителната позиција што Лутер ја создал во борбата против Папскиот Рим го

поставила во првите години на реформацијата во центарот на сето општо народно движење

против Католичкото духовништво каде што зазело големо политичко значење. Тоа движење

предизвикало голем стремеж на сите општествени прогресивни слоеви на германскиот

народ за ослободување на својата земја од влијанието на својата земја од влијанието на

6 | С т р а н а

Page 7: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

странските влади, каде што по својата суштина движењето било против понижената

политичка состојба на раздробена Германија.

Почеток на Реформацијата

Во 1520 година и почетокот на 1521 година името на Лутер станало толку популарно

кај разните слоеви на германскиот народ што папскиот претставник бил приморан да го

признае во својот извештај во Рим; дека девет деветтини во во Германија викаат за Лутер,

останата десеттина викала "Смрт за римскиот двор". Но тогаш започнало да се јавува

спротивставување на оние барања кои ги сврзувале Лутер со реформацијата на различните

слоеви на опозицијата. Кон Лутер се повикувале мнозина народни проповедници кои ги

истакнувале далекусежните барања на општествениот поредок. Големи надежи почнале да

полагаат во Лутер и дејците на рицарската опозиција. Идеологот на опозицијата е истакната

хуманист Фон Хутен и воениот раководител на рицарството Франц Фон Зикинген кој што

го поздравил Лутер како соборец во општата борба за ослободување на Германија од

влијанието и насилствата на папскиот Рим повикувајќи го да се присоедини кон востанието

на рицарите. Хутен сметал дека рицарите се повикани да играат водечка улога во

ослободителната борба на германскиот народ кој за цел имал да ги обедини сите Германци

да имаат доверба во рицарството. Во текот на 1521 година Лутер се бори со сета своја

непомирливост за реформацијата и се судрил со императорската власт. Императорот на

светата римска империја – внукот на Максимилијан I – Карло V кој паралелно управувал со

Шпанија и со големите откритија на Новиот Свет, се трудле да ја претвори империјата во

светска католичка монархија на Хазбурговците, каде во реформаторите гледал опасно

движење на неговите планови. На Вормаскиот рајстак во 1521 година каде што

присуствувал императорот, и од повиканите членови било повикано од Лутер да се откаже

од своето учење. Но Лутер зазел критичен став со што им се спротивставил "Јас стојам на

тоа и не можам поинаку!"(Ернст,1996) На Вормскиот рајстах бил издаден императорски

едикт, кој за цел имал затварање на Лутер, спалување на неговите творби и конфискување

на имотите на приврзаниците.(Kaufman.T, 2009). Од дејството на страшниот Вормски едикт,

Лутер бил спасен благодарение на кнезот Фридрих Саксонски кој го сокрил во замокот во

7 | С т р а н а

Page 8: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Варбург. Кај поактивните и порадикални слоеви на самото граѓанство растело и

незадоволството од стремежите да се ограничи реформацијата само на област на религиозно

учење и да се движи понастрана од политичката борба. Во време на престојот на Лутер во

Вартбург, реформаторското движење во Саксонија се нашло под влијание на порадикални

дејци кој започнале од црквата да ги исфрлаат олтарите, иконите и световното масло.

Пројавувањето на тенденција кај порадикалните кругови кај германското бигерство било

исто така распространето во богатите градови во Јужна и Западна Германија и на учењето

на швајцарскиот реформатор Улрих Цвингли од Цирих кој бил против деспотизмот на

кнезовите и барал републиканско уредување и политичка автономија за религиозните

општини.

Народен правец во реформацијата на Томас Минцер

Вистинскиот доказ за расцепот на реформацијата кој настанал бил народниот правец

кој се определил и се формирал во тие години и имал за цел да предизвика социјален

преврат. Уште во дамнина меѓу селанските и плебејските маси се вршела голема пропаганда

на претставниците на народните маси и општествениот поредок, кој е предизвикан од

реформациското движење, пропагандата отстапила место на повикувањата на

револуционерните дејствија и толкувањето на смислата и пред се значењето на

реформацијата токму во тој дух. Толкувач на народното револуционерно сваќање на

реформацијата станал Томас Минцер, кој на историска арена се појавил првите години на

реформацијата како еден од приврзаниците на на Лутер, кој по негова препорака како

свештеник и проповедник на духовна дејност работел во саксонскиот град Цвикау.

Минцер не само што се појавил во заедничка борба со Лутеранците против

императорските – папски заштитнички кнезови, имал порешеителни методи, а исто така тој

покажал дека тргнал од сосема поинакви класни позиции привлекувајќи ги на својата страна

најситомашните слоеви на населението, и пред се вложувајќи во реформацијата нова

револуционерна содржина. На страната на Минцер застанале и сектанскиот ред

анабаптистите и започнале со реформациско дејствување по целата Саксонија кое во голем

8 | С т р а н а

Page 9: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

степен ги загрижило најблиските приврзаници на Лутер и саксонскиот курфист.

Минцеровата задача било на реформацијата во црквата да не се применат догмите и новата

форма на религиозност, туку во прогласување на социјален политички преврат, кој требало

да биде извршен од страна на селаните и градската сиромаштија. Но сепак Минцер само

формално се повикувал на авторитетот на "божјиот збор" кој во основа многу се разликувал

од лутеранската. Тој го свртел страшниот гнев кон кнежевниците или уште наречени

буквијадици. Минцер нема никаква претстава за бог, како индивидуалност која ќе стои над

светот. За него бог е неодделив од самиот свет, за него тоа претставува светот во целина.

Борбата против социјалното зло, борбата за отстранување и уништување на "безбожниците"

според минцер претставува задача на поборникот за делото на бога и како таков поборник

тој се сметал за поборник на народот. "Сета власт треба да му биде предадена на простиот

народ".(Enдels.1966). Замоците и дворјанството во неговите тези треба да бидат разурнати, а

Германија треба да престане да биде кнежевска и дворјанска, бидејќи била покриена со

гнезда на кнезовите и таа преставува "разбојничко огниште" – таква била политичката

пропаганда на Минцер. Практично Минцер се обидувал да им помогне на селаните во

нивните реални стопански потреби и многу ги поддржувал енергично популарните пароли

на антифеудалната борба на селаните. Минцер ја бранел општинската селска сопственост од

апетитите на крупните феудалци, бидејќи крупните феудалци ја дереле кожата и месото од

бедниот орач, занаетчија и се што се движи.(Ernest.1996). Блиската поврзаност на Минцер со

широките маси на народот во нивната борба против експлоаторите го направила верски-

соија-лидер на селската-плебејска маса, во која гледала на реформацијата какона пат кон

револуционерното преуредување на општеството.

Урлих Цвингли и неговото учење

Во услови на пораст на непомирливите социјало – политички спортивставености во

кантоните, кои биле опфатени со неизбежните класни борби, во Цирих се проширила

реформациската и политичката дејност на Урлих Цвингли ( 1484 – 1531 година) кој бил син

на селски старешина и завршил универзитет во Виена, а потоа предавал латински јазик во

Базел и се заинтересирал за хуманистичките идеи за потоа да стане свештеник во Гларуса.

9 | С т р а н а

Page 10: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Одделените реформаторски поставки Цвингли почнал да ги искажува уште пред

истапувањето на Лутер, кое за него оставило огромен впечаток. По враќањето во Цирих,

Цвингли отворено не искажал револт кон католичката црква, но се ограничил на критиката

на нејзините догми и изработка на сопствена богослосвска доктрина.

Религиозната догматика на Цвингли имала многу моменти заенички со лутеранството.

Како и кај Лутер Цвингли го засновал своето учење на постапките од "Светото писмо". Тој

ги негирал индулгенциите, безобразноста на духовништвото, поклонувањето на светците,

хиерархијата на црковниот клер, калуѓерите, раскошната церемонијална католичка

богослужба, подоследно отколку Лутер, спроведувајќи ја идејата за "евтина црква".

Проповедниците биле световни лица кои биле истовремено и раководители на општините и

биле избирани од верниците, а во организацијата на црквата на Цвингли за разлика од

лутеранската, бил поставен републикански принцип. Цвингли го негирал постоењето на

манастирски имот и користољубивоста на црквата, лихварската камата, крапосничкиот

поредок, но ја заштитувал ситната сопственост и бил убеден републиканец. Кнезовите и

монарските ги сметал за тирани, а во военото наемништво и другите давачки кон странските

владетели гледал како извори на корупција и морално распаѓање. Цвингли повикувал на

враќање кон чистотата и моралот и простиот живот. (Ernst.K 1996)

Учењето на Цвингли наишло на жив одзив во средината на бигерството, градскиот

плебес, исто така и кај селанството, особено во фогствата. Под притисок на неговите

приврзаници градскиот магистар на Цирих заповедал да се укине постот, безобразноста на

духовништвото и гопрогласил Цирих за независен од духовната власт на епископот од

Костанца. Имитирајќи го Лутер Цвингли ги објавил своите 67 тези, во кои биле изложени

основите на неговото учење. Предавајќи го делото за реформата во рацете на Магистарнтот

Цвингли изјавил во своите тези дека секакви претензии на црквата на световната власт

немаат никаква основа бидејќи бил готов на отстапки на барањата на селаните за укинување

на феудалните обврски. По одржаните религиозни дискусии во 1524 година реформацијата

во Цирих била главно завршена; се прекратило служењето на мисата, иконите и другите

принадлежности на католичкиот култ биле отстранети од црквата. Цвингилијанството било

прогласено за задолжително за сите жители на кантонот, а спроведувањето на

реформаторските мерки и контролата му била поставена на магистарот на кој му била

10 | С т р а н а

Page 11: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

потчинета новосоздадената црковна органзација. Успесите на цвинглијанството во Цирих и

неговото проширување во другитре кантони создале напрегната положба во во

конфедерацијата. Шумските кантони поврзани со католичките држави задушиле секакви

пројави на реформациско движење на својата територија и го барале тоа истото да се случи

и во градските кантони. Големата селнска војна во Германија наишла на многу жив одзив

вопрагматичните реони на Швјацарија. Пролетта 1525 година голем дел од пограничните

кантони станале арена на селското движење. Селаните поставиле умерени барања, блиски

до содржината на германските, како што биле: укинување на крепосништвото, малата

десетина, намалување на даноците, уредување на судството, право селаните да одат на лов и

риболов и избори на селски свештенци. Насекаде низ Швацарија селското движење

наидувало на поддршка од градскиот плебс. Швјацарската власт била многу загрижена

поради проширувањето на движењето. Шумските кантони ги блокирале приодите во

планините за да попречат во обединувањето на германските и швјацарските селани, а

нивното лицемерно посредништво, меѓу востанатите гермаксите селани и кнезови имало за

цел да им даде време да соберат сили за уништување на селските одреди. Поразот на

селската војна во Германија послужил како сигнал, бидејќи католичките кантони го

задушиле селаснкото – реформаторско движење во фогствата и го обновиле католицизмот

против анабаптистите, раководителите и учениците во селанското – реформатиско движење

во фогствата и го обновиле католицизмот во нив. Истовремено биле превземани сурови

мерки против анабаптистите, раководителите и учениците во селанското – плебејските

истапувања.

Задушувањето на селското – плебејско движење ја стеснило и без тоа немногу

цврстата база цвиглијанската реформација. Протестантските кантони создале специјален

сојуз внатре во конфедерација. Приврзаниците на Цвингли се стремеле кон обединување на

Швајцарија под управа на управа на градот Цирих. Но нивните планови биле многу

непријателски примениод страна на шумските кантони и со недоверба од стран на Берн кои

самиот претендирал. По обединувањето на петте шумски кантони, Цирих започнал да ја

губи војната бидејќи бил недоволно подготвен за тоа и бил внатрешно расцепкан. Во

битката кај Капел војската на Цвингли била во целост разбиена, и тука згаснал животот на

Цвингли. По овој настан се распаднал сојузот на протестантските кантони. Центарот на

реформатистичкото движење се преместило во југозапасниот дел на Швајцарија.

11 | С т р а н а

Page 12: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Калвинистичкото учење за верата

Голем број на фрнацуски емигранти претставници на реформацијата допатувале во

Женева меѓу кој и Жак Калвин. Тој потекнува од духовно семејство, роден е во градот

Ноајан, Севрена Франција. Завршил правен факултет во универзитетот Бурж и се

придружил на хуманистичкиот правец. Се дружел со радикални протестанти и спасувајќи се

од религиозните прогонувања емигрирал најнапред во Германија за потоа да замине во

Женева.

Во Женева се развила остра социјална политичка борба, Калвин и неговите

приврзаници му помаглае на магистерот во борбата против двата фронта – и против

католичката реакција и против плебејската опозиција. Калвин со помош на магистраторот

започнал да ги воведува своите битови – норми да воведува аскетизам, и да го остварува

принципот на превласт на црковната власт над световната. Таквата негова политика

предизвикала силен отпор од страна на старите женевски биргери, при што Калвин бил

протеран заедно со неговиот помошник. Но наскоро межу неговите противници се појавиле

несогласувања, така Калвин го искористил нивниот расцеп и само по неколку години од

протерувањето, триумфално се вратил во Женева, каде што во целост калвинизмот

извојувал победа.

Вероучењето на калвин било насочено против радикалните правци на народната

реформација, чии приврзаници ги обвинувал за безбожие и метеријализам. Крајната догма

на калвинизмот био учењето за боженствената предодреденост, која Калвин ја сватил како

апсолутна. Критиката на Калвин била кон секаков вид претераност во троѓењето, неговото

повикување на штедењето, скромноста во живеењето, намалувањето на бројот на празнични

неработни денови бил резултат на социјало – економските моменти. Калвинистите

постојано ги советувале сиромавите дека, грижливо работејќи за господарот гледајќи кон

тоа како на чесен и смирен начин на живот, тие ќе достигнат успех и ќе заслужат благослов

божји. Калвин на почетокот сметал дека, не епотребно да се создава своја црковна

12 | С т р а н а

Page 13: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

организација. Но потребата да се води борба на се почестиот засилен притисок на

контрареформацијата и револуционерните плебејски ереси, го натерале Калвин да ја увиди

неопходноста од сопствена црква. Калвинситичката црква се одликувала со исто така

голема нетрпеливост во однос на радикалнсите сектански учења како и католиците кон

еретиците. Смртните казни во Женева не биле ретка појава, бидејќи по наредба на Калвин

бил спален на клада познатиот шпански научник – хуманист Сервет, кој го отфрлил учењето

за светото тројство на бога, го критикувал калвинизмот и одржувал врски со анабаптистите.

Тој ги критикувал кнезовите, монасите и феудалците за нивните насилства и самоволија и

сметал дека кога владетелот или владата воведуваат тирански режим ги газат

боженствените закони тие врз себе ќе ја осетат казната од боожјата рака. Апсолутната

феудална монархија Калвин ја прогласувал за божанствена, додека демократијата како

најлоша форма на управување, а како најдобра аристократијата која во тоа време практично

се сведувала на олигархија.

30 год. војна (1618 – 1648 година)

Во почетокот на XVII век јазолен пук каде што често избивале судири во Европа била

Германија. Обединетите сили кој што го сочинувале светото римско царство биле

шпанските – австриски хзабурговци. Со создавањето во Германија на протестантската унија

и католичката лига со подготвувањето од двата блока отворена војна, која стапило во

својата решителна фаза. Особен интерес германските протестанти пројавиле кон Чехија која

била во составот под хазбуршката монархија. Прва етапа (1618 – 1624 година).

Протестантските пратеници на чешкиот сејм побарале прекратување на нарушувањето. По

грубото отфрлање народот на Чехија ги нападнале Лајтантите (приврзаници на католичката

аристократија). Раководителите на католичката лига во Германија успеале да се договорат

со протестантската унија со што бил запазен статус – кво, и се дало голема шанса на

католичката лига да интервенира во Чехија, бидејќи била поголема и подобро организирани

од народните сили во Чехија, а клучна битка се одиграла кај Бела Гора на 8 ноември 1620

година каде што чешките вооружени народни маси биле збришани, а со тоа шпанската

армија и католичките сили се упатиле кон завземање на Ниндерландија и потчинување на

13 | С т р а н а

Page 14: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

цела Германија со цел повторно да се воспостави Католицизмот. (Thomas,2009) Во вакви

услови на успеси на католичкиот блок повторно почнале да се појавуваат

спротивставености во него. Освен тоа Франција, Англија и нивните сојузници (Шведска), не

сакале да дозволат воспоставување хегемонија во Германија и Ниндерландија од

хазбурговците со што би биле загрозени нивните понатамошни претензии кон Европа.

Обновувањето на борбата и нејзиното проширување биле неизбежни. Во вториот период

од војната (1625 – 1629 година). Феудалната католичка лига и нанеле тежок пораст на

Данска која што била приморана да се откажа од понатамошни мешања во внатрешните

работи во Германија. Трет период од војната (1630 – 1635 година) католичката лига се

судрила со Шведска. Шведскиот крак Густав Адолф се покажал како добар политичар

бидејќи усепал да ги придобие голем дел од германските кнезови и продрел длабоко на

противничката територија но по битката кај градот Лицен иако шведската армија доживеала

голем успех шведскиот крал Густаф Адолф го загубил животот. Со тоа се зголемиле

шансите на католичката – шпанска армија да ги протераат швеѓаните од германско тло.

Франција гледајќи ја ситуацијата но повремено ја менува страната во зависност од воените

настани. Во последниот четврт период од војната уште познат како (Француско –

шведски период 1635 – 1648 година) во кој Франција зема активно улчество во војна, при

што императорската војска доживеала тешкип орази и се стремела голема опасност од

заземање на Виена, кралот Фердинант III, есента 1648 година бил принуден да прифати

тешки сулови за мир кој му биле директирани. На решението двете страни да и стават крај

на војната имала исто така засилената паризанска војна на територијата на воените

дејствија, која била насочена против ограбувачките армии на двете страни, а вестите за

успесите на англсиката буржоаска револуција и внатрешните настани во Франција се

поврзани меѓусебно. Со Вестфалскиот мир заршила 30 год. војна која официјално ја

зацврстило политиката на раздробеност на Германија. На германските кнезови им било

признаено правото да склучуваат сојузи меѓу себе. И со странски држави да водат

надворешна политика. Триесет годишната војна покажала дека во центарот на

меѓународните противречености предизвикани со процесот за формирање на национални

европски држави и разграничувањето на нивните теории била Средновековната германска

империја со нејзините универазални претензии, кој се главен резултат на општествена криза

и политичкото понижување на Германија. Триесетгодишната војна која воглавно се водела

14 | С т р а н а

Page 15: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

на територијата на Германија, била нова алка во долгиот синџир на страдања на

германскиот народ особена на широките селански маси.(Saparkin.1969) По пропаѓањето на

обидот на шпанското – австриските хазбурговците да создадат света христијанства

империја, водечката империја, водечката улога на меѓународните улога на меѓународните

односи во Европа во втората половина на XVII век почнале да ја играат централните

феудални држави, кој се развивале во национална основа Франција во Западна Европа,

Шведска на север.(Skazkin,1957)

Резиме

Реформацијата која претставуваше верско и друштвено движење кое ја

зафатило Европа во текот на XVI век внесе духовна структурна промена во црквата

при што се воспостави реформа во христијанството, односно протестантизам. Тоа што

се случило во етаблираниот процес во Црквата го ставила во незгода папата, бидејќи

имала за цел да го намали секуларното и материјалното влијание на Римската курија

особено во Христијанската наука која била застапена поради сопствените инспирации.

Меѓу првите кој ја започнале расправата од самоволието на Римската црква бил

германскиот свештеник Мартин Лутер, кој нашол широка поддршка од народните

маси, а негова цел било да и стави крај на политичката власт на папата и неговото

црковно богатство. И покрај забраната, лутеровите приврзаницте го ширеле

реформаторското учење, секој на свој начин. Селаните гледајќи дека никој не сакал да

ги исплони нивните барања во Германија крнеале вооружено востание познато како

"Големата селанска војна" а на чело на востанието застанал свештеникот Томас

Минцер, кој имал за цел укинување на кметството. На почетокот градското населние

било на страната на селаните но подоцна плашејќи се од нив го напуштиле востанието.

Поради недоволната организација на селаните востанието било крваво задушено, при

што биле над 100000 селани убиени, а водачот на востанието бил ѕверски убиен. По

задушувањето на востанието, кнезовите и богатите граѓани ја спроведувале

реформацијата како што им одговарало според нивните интереси. Со постигнатиот

15 | С т р а н а

Page 16: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

договор од 1555 година бил склучен Верски мир, со кој протестантите добивале

легална слобода и биле изедначани со Католиците.

Реформацијата од Германија започнала да се распространува и низ другите европски

земји, при што добила различни облици и била позната под различни имиња. Во

Швајцарија ја ширеле Урлих Цвингли помеѓу германското население и Жак Калвин кај

француското население. За разлика од цвинглинистичкото движење кое останало само

на швајцарско тло калвинизмот се рапространил низ повеќето земји низ Европа, а во

Франција неговите приврзаници биле наречени хугеноти. И Франција не била

поштедена од верските војни во т.н. Вартоломејска ноќ во 1572 година во Париз биле

убиени 3000 хугеноти. Со Нанскиот едикт од 1598 година биле прифатени две вери во

една држава.

За разлика од другите реформаторски движења, англиската реформација започнала под

кралско влијание. Карлот Хенри VIII иако се сметал за стартелски католички крал во

1521 година тој најпрво го заштитувал папството против Лутер, но потоа влегол во

конфликт со папството, кога тој посакал да го анулира својот брак, за што следувало

папска санкција. Спорот довел до прекинување на односите со Рим и до создавање на

декларацијата за кралот на Англија, како глава на Англиската црква.

Реформацијата и нанела големи штети на католичката црква која спровела остри мерки

против реформаторите. За таа цел извршила реорганизација и уште повеќе ја

централизирала власта. Во таа борба главно средство биле калуѓерските редови

езуитите, кои се служеле со лаги, интриги и убиства. Во некои земји повторно биле

вратени во Католицизам. Но овој успех на католичката црква бил привремен.

Доминацијата на папата и на светиот римски император почнала да згаснува. Во

поголем дел во државите во Централна и Северна Европа по завршувањето на 30 год.

војна, католицизмот полека заминал од историска сцена, доминантна религија станала

протестантската.

16 | С т р а н а

Page 17: Reformacija seminarska

РЕФОРМАЦИЈА

Користена литература

1. Edith. S, The Reformation, London 1966,

2. Engels.F, Распрашување на феудализмот и создавање на национални држави,

Скопје 1966, стр. 60 – 73

3. Ernst. K, The Europen Reformations, Hamburg, 1996

4. Kaufman.T,Gesohichte der Reformation, Frankfurt, 2009

5. Skazkin.S.D, Проблемот на апсолутизмот во Запдна Европа, Скопје 1957, стр.

117 – 154

6. Saprakin.L, Основните проблеми во историјата на феудалното општество,

Скопје, 1959, 114 – 135

7. Skаzin.S.D, Историја на Европа среден век том II, Скопје 1957 год. 59 – 139 –

224 – 237 – 338 – 351.

8. Zivoinovic. D, Uspon Evrope (1450 – 1789 год.) Novi Sad, 1989, стр. 132 – 223

17 | С т р а н а