21

Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani
Page 2: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК за постапка за изградба

на електрани за производство на електрична енергија

од обновливи извори на енергија

ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ

Page 3: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

Агенцијата за енергетика на Република Македонија реши да го издаде овој прирачник со цел да се запознаат заинтересираните домашни и странски инвеститори со начинот на спроведување на проектите од областа на обновливите извори на енергија, со законите и нормативите што функциони-раат во нашата држава. Нашата желба е со овој прирачник да ја прикажеме постапката за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Овој прирачник служи како насока за идниот инвеститор, кој треба да прибави одредена докумен-тација за поведување на постапката и нејзино завршување.

Page 4: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

3

Вовед Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е дејност од јавен интерес. За таа цел е потребно да се информираат и поддржат заинтересираните домашни и странски инвеститори во спроведувањето на проектите од областа на обновливите извори на енергија (една од надлеж-ностите на Агенцијата за енергетика на Република Македонија) и за развој на потребите во енергетиката и можностите за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Цели на информирањето и поддршка

Активностите за информирање и поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија се однесуваат на:

– запознавање на пошироката јавност со спроведувањето на постапката за изградба на фотоволтаични електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија;

– појаснување на улогата на институциите задолжени за спроведување на постапката;

– поттикнување на инвестиции преку различни стимулативни мерки;

– поддржување на иницијативите, помагање и координирање на проектите за изградба на енергетски објекти.

Page 5: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

4

Институции задолжени за спроведување на постапката

• Влада на Република Македонија • Министерство за економија на Република

Македонија • Министерство за транспорт и врски на Република

Македонија • Министерство за животна средина и просторно

планирање на Република Македонија • Министерство за земјоделство, шумарство и

водостопанство на Република Македонија • Органи на локалната самоуправа – општините во

Република Македонија • Агенција за енергетика на Република Македонија • Регулаторна комисија за енергетика на Република

Македонија • Оператор на дистрибутивен систем на електрична

енергија • Оператор на пазарот на електрична енергија

Постапка за изградба на фотоволтаични електрани во Република Македонија

Прва фаза 1. Инвеститор На инвеститорот (домашно или странско лице) за изградба на фотоволтаични електрани во Република Македонија до 1 МW не му е потребно овластување од надлежен орган за изградба на енергетски објект врз основа на член 4 од Одлуката за висината на инсталираната моќност на постројките за стекнување

Page 6: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

5

статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 123/09). 2. Подготвителни работи Изработка на претфизибилити-студија (студија за исплатливост), која вклучува анализа на местополож-бата и цената на чинење на приклучокот кон дистрибу-тивната мрежа од страна на консултантска куќа. 3. Решавање на имотноправните односи

3.1. Земјиште во државна сопственост. Кога земјиш-

тето е во државна сопственост, инвеститорот може да склучи договор за долготраен закуп или корис-тење, или, пак, да склучи договор за купопродажба (член 13 и член 14 од Законот за градежно земјиште, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 82/08 и 143/08; член 48 од Законот за земјоделско земјиште, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 135/08) и уредба за постапката за отуѓување, давање под закуп и за висината на посебните трошоци на постапката за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 79/01, 103/01, 38/02, 51/03, 95/04, 87/05, 47/06, 147/08 и 71/09).

3.2. Земјиште во приватна сопственост. Кога

земјиштето е во приватна сопственост, инвестито-рот и сопственикот на земјиштето се договараат меѓусебно за начинот на користење на земјиштето.

Page 7: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

6

Имено, тие можат да склучат договор за долготраен закуп или договор за купопродажба (Закон за сопственост и други стварни права, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 18/01, 92/08, 139/09, 35/10).

4. Согласност за приклучок на преносниот или

дистрибутивниот систем

Барањето за приклучок се поднесува во почетната фаза на намерата за изградба на објектот, односно барањето за приклучок што се поднесува до ЕВН или ЕЛЕМ, кои изготвуваат студија за приклучок (член 30 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 83/08).

5. Изготвување студии за оцена на влијанието врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина Потребно е позитивно мислење за студија за оцена на влијанието врз животната средина за да се добие решение за согласност за спроведување на проектот врз основа на студијата (од член 76 до член 93 од Законот за животна средина, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 53/05, 81/05, 24/07 и 159/08), како и позитивно мислење за елаборат за заштита на животната средина за да се добие решение за одобрување на елаборатот (член 24 од Законот за животна средина, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 53/05, 81/05, 24/07 и 159/08) од надлежниот орган. Дали има потреба од спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина, се одредува

Page 8: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

7

според Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои ќе се утврдува потребата од спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина.

Втора фаза

1. Одобрение за градба

1.1. Барање за издавање одобрение за градба. Со барањето, градителот е должен да достави согласност од Министерството за транспорт и врски или од општината за приклучување на електраната на постојниот електроенергетски систем (член 52 од Законот за градење, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 130/09).

1.2. Барање за издавање одобрение за градба на приклучокот. За да добие одобрение за градба на приклучокот, инвеститорот треба да поднесе писмено барање до Министерството за транспорт и врски или до општината. Во прилог на писменото барање се поднесуваат: – решение за локациски услови кое е извршно во

управна постапка, со архитектонско-урбанис-тич-ки или идеен проект во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање;

– комплетен основен проект во најмалку два примерока и најмалку три примерока од посебните елаборати и фази на проектот заради добивање на соодветните согласности, со извршена ревизија;

– писмен извештај и согласност за нострифи-кација, ако проектот е изработен во странство;

Page 9: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

8

– студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина одобрена од органот на државната управа кој е надлежен за работите од областа на животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрен од органот за вршење стручни работи од областа на животната средина или од градоначалникот на општината, градоначални-кот на општината во градот Скопје или градона-чалникот на градот Скопје, во согласност со Законот за животна средина и прописите донесени врз основа на овој закон;

– доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите;

– имотен лист со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки, или друг доказ за стекнато право на градење во согласност со законот.

1.3. Одобрението за градење се издава во рок од пет

работни дена од денот на приемот на комплетната документација.

Трета фаза

1. Започнување постапка за добивање лиценца за вршење енергетска дејност • Инвеститорот може да ја започне постапката за

добивање лиценца веднаш по добивањето на одобрението за градба.

• Постапката за издавање лиценца започнува пред Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од денот на приемот на барањето за издавање лиценца и потребната документација (член 14 од Правилникот за

Page 10: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

9

условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање на лиценците за вршење енергетски дејности).

• Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија е должна во рок од осум работни дена од добивањето на барањето да укаже на недостатоците. Доколку Регулатор-ната комисија за енергетика на Република Македонија утврди дека барањето има формални недостатоци, ќе донесе заклучок со кој ќе определи рок за отстранување на недостатоците, кој не може да биде подолг од 15 дена.

• Доколку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија утврди дека барањето нема формални недостатоци, донесува заклучок со кој го задолжува барателот во рок од три работни дена да подготви: 1. известување за барањето што треба да биде објавено и 2. известување за барањето до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија заради одобрување.

• Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесува одлука за издавање лиценца во рок што не може да биде подолг од 20 дена од денот на завршувањето на подготвителната седница.

2. Изградба на електрана

• Барањето за издавање одобрение за употреба на градби се поднесува до Министерството за транспорт и врски или до општината (чл. 72, 73,

Page 11: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

10

74, 75, 76 и 77 – од Законот за градење, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 130/09).

• Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од шест месеци од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

• Надлежниот орган од член 58 од Законот за градење („Службен весник“, бр. 130/09) ќе издаде одобрение за употреба на градбата во рок од 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатирала дека градбата може да се даде во употреба.

Објектите што се градат од обновливи изво-ри на енергија спаѓаат во втора и трета ка-тегорија од член 57 од Законот за градење.

3. Издавање лиценца за вршење енергетска дејност

Регулаторната комисија за енергетика е должна да ја издаде лиценцата, доколку се исполнети услови-те, најдоцна во рок од 90 дена од денот на подне-сувањето на барањето, врз основа на член 40 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“, бр. 63/06, 36/07 и 106/08) и член 14 од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање на лиценците за вршење енергетски дејности („Службен весник на Република Македонија“, бр. 31/09).

Page 12: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

11

Четврта фаза 1. Упис во Регистарот на постројки кои користат

обновливи извори на енергија

1.1. Агенцијата за енергетика на Република Македонија издава потврда, по барање на инвеститорот, за стекнување привремен статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

1.2. Откако ќе добие трајна лиценца за електрична

енергија од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, инвеститорот поднесува барање за код од Регистарот на постројки за обновливи извори на енергија во Агенцијата за енергетика на Република Македонија (чл. 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18 и 19 – од Правилникот за искористување на обновливите извори на енергија за производство на електрична енергија, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 127/08).

2. Барање за стекнување статус на повластен производител

2.1. Идниот инвеститор треба да поднесе барање за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија до Агенцијата за енергетика на Република Македонија (член 7 од Правилникот за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија, како и содржината, формата и начинот на водење на Регистарот на повластени

Page 13: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

12

производители на електрична енергија произве-дена од обновливи извори на енергија, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 29/09). Кон барањето се приложува и следнава документација: – решение за упис во трговскиот регистар; – решение за упис на производната постројка; – копија од лиценцата за вршење на дејноста

производство на електрична енергија; – потврда издадена од Агенцијата за енергетика

на Република Македонија дека производната постројка е регистрирана во Регистарот на постројки кои користат обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија;

– топографска карта (мапа) во размер 1 : 25 000 на која е прикажана локацијата на производ-ната постројка;

– согласност за приклучување на производната постројка на системот за пренос, односно дистрибуција;

– договор за приклучување на производната постројка на системот за пренос, односно дистрибуција;

– диспозиција на објектите на производната постројка со распоред на вградената основна опрема, со легенда;

– еднополна шема (примарна опрема) на главните струјни кола, со легенда;

– очекувано (проектирано) годишно производство на електрична енергија на прагот на генераторот и на прагот на електраната;

– доказ дека на сметката на Агенцијата за енергетика на Република Македонија се уплатени неповратни парични средства во нето-износ од 100 евра во денарска против-

Page 14: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

13

вредност, според средниот курс на НБРМ на денот на извршената уплата;

– изјава за веродостојноста на барањето и на доставената документација, потпишана од одговорното лице на барателот.

2.2. Ако инвеститорот одлучи да не користи

повластени тарифи, не е потребно да поднесува барање.

Барањето за статус на повластен производител може да се поднесе откако ќе се исполнат потребните услови за повластен производител врз основа на член 140-а од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“, бр. 63/06, 36/07 и 106/08).

• Агенцијата за енергетика на Република Македонија издава решение за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија (член 140-а од Законот за енергетика, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 63/06, 36/07 и 106/08). • Висината на инсталираната моќност на постројката за стекнување статус на повластен производител, како и вкупниот инсталиран капа-цитет на постројките што можат да го стекнат овој статус (за секој обновлив извор одделно) ги пропишува Владата на Република Македонија, врз основа на Одлуката за висината на инсталираната моќност на постројката за стекнување статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија

Page 15: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

14

(„Службен весник на Република Македонија“, бр. 123/09).

3. Барање за користење повластени тарифи

• По издаденото решение за статус на повластен

производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија, издадено од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, се аплицира за повластена тарифа во Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

• Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесува одлука за користење повластени тарифи врз основа на Правилникот за начинот и постапката за утврдување и одобрување на користење повластена тарифа за купопродажба на електрична енергија произведена од фотовол-таични системи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 44/2010).

4. Остварување на правото на стимулативни

мерки

• Инвеститорот може да користи една од наведените стимулативни мерки или опцијата: електричната енергија да ја продава на слободен пазар.

Page 16: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

15

5. Обезбедување гаранции за потеклото на електричната енергија од обновливи извори на енергија

• Агенцијата за енергетика на Република

Македонија донесува решение за гаранција за потеклото врз основа на поднесеното барање од производителот на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Доколку врз основа на барањето за издавање гаранција за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија и поднесената документација се утврди дека нема пречки за издавање гаранција за потеклото на електричната енергија произве-дена од обновливи извори на енергија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето со комплетна документација ќе издаде гаранција за потеклото на електричната енергија произведе-на од обновливи извори на енергија.

Петта фаза

1. Вклучување на преносниот или

дистрибутивниот систем

• Инвеститорот склучува договор со операторот на пазарот на електрична енергија од обновливи извори на енергија за откуп на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

• Ставање под напон на дистрибутивниот приклучок.

Page 17: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

16

• Вклучување на постројката на преносниот систем (пуштање во работа) врз основа на Мрежните правила за пренос на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 95/06).

Page 18: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

17

СОДРЖИНА

Вовед……………………………........................................3 1. Цели на информирањето и поддршка 2. Институции задолжени за спроведување на постап-ката

Прва фаза…………………………………..........……........4 1. Инвеститор 2. Подготвителни работи 3. Решавање на имотноправните односи 4. Согласност за приклучок на преносниот или дистри-бутивниот систем

5. Овластување за изградба на објекти за производ- ство на електрична енергија од обновливи извори на енергија со номинална моќност над 1 МW

6. Изготвување студии за оцена на влијанието врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина

Втора фаза......................................................................7 1. Одобрение за градба Трета фаза.......................................................................8 1. Започнување постапка за добивање лиценца за вр-шење енергетска дејност

2. Изградба на електрана 3. Издавање лиценца за вршење енергетска дејност Четврта фаза................................................................11 1. Упис во Регистарот на постројки кои користат обнов-ливи извори на енергија

2. Барање за стекнување статус на повластен произ-водител

3. Барање за користење повластени тарифи 4. Остварување на правото на стимулативни мерки

Page 19: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

18

5. Обезбедување гаранции за потеклото на електрич-ната енергија од обновливи извори

Петта фаза.…………………………………………….......15 1. Вклучување на преносниот или дистрибутивниот систем

Page 20: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani

19

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 620.97:621.243(497.7)(035) ПРИРАЧНИК за постапка за изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија : фотоволтаични електрани. - Скопје : ЦеПроСард, 2011. - 10 стр. ; 19 см ISBN 978-608-65071-5-2 а) Соларна енергија - Фотоволтаични електрани - Изградба - Македонија - Прирачници COBISS.MK-ID 88359690

Page 21: Priracnik - Fotovoltaicni elektrani