20
ПЕТОК 24.02.2012 година VIII ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ за ГРАДЕЖНИШТВО АКЦИЈА за 99 ден. +ПОДАРОК посетете го штандот на во Анекс 1 на Саемот за градежништво 3 броја Големи очекувања на градежниците

Prilog saem za gradeznistvo

  • Upload
    porta3

  • View
    260

  • Download
    8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Prilog saem za gradeznistvo

Citation preview

Page 1: Prilog saem za gradeznistvo

ПЕТ

ОК

24.0

2.20

12 г

один

а VI

IIГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

СПЕЦИЈАЛЕНПРИЛОГ за

ГРАДЕЖНИШТВО

АКЦИЈАза 99ден.

+ПОДАРОКпосетете го

штандот на во

Анекс 1 на Саемот за градежништво

3 броја

Големи очекувања на градежниците

Page 2: Prilog saem za gradeznistvo

ПОРТА 24 февруари 201232

2

градежништвото годинаваградежништвото годинава

Ако се суди според предвидувањата на власта и желбите на градежниците, градежништвото и годинава ќе има голем пораст и учество во БДП. Ова се работи кои

јавно се искажуваат, додека зад завесата вторите прашуваат каде се парите? Нормално кога државата е најголем инвеститор. Како и да е во очекување на пари за сработеното градежните компании ги поздравуваат активностите на власта и се она што таа

предвидела да се работи. Доколку тие се остварат, тогаш и годинава градежништвото ќе биде најдобрата гранка во државата. Се разбира, со помош на проектите на државата, предвидени во Буџетот, пред сè во Скопје, но и новонајавените инфраструктурни проекти. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, буџетот за 2012 година е подготвен врз основа на проектиран раст на економијата од 4,5 отсто кој ќе биде силно поддржан од инвестициите, вклучувајќи ги и капиталните вложувања чие зголемување

е 29 отсто. Предвидени се значителни инвестициски вложувања во патната и железничкатa инфраструктура, енергетски и комунални инфраструктурни проекти, како и инвестиции за подобрување на условите во образованието, социјалниот и здравствениот систем и во земјоделството, заштитата на животната средина и правосудството. Во текот на 2012 година во патната и железничка инфраструктура се предвидени инвестиции од 7,5 милијарди денари кои се за 42 проценти повеќе од оние за 2011

Големи очекувањаУспешното реализирање на сите активности најавени годинава ќе има големо значење за економијата на компаниите, а преку нив и за државата. Посебно во услови на криза за која зборуваат сите. Очекувањата и на државата и на градежниците се големи. Да веруваме дека ќе се придонесе во порастот на БДП и дека ќе се „најдат“ парите.

Page 3: Prilog saem za gradeznistvo

24 февруари 2012 ПОРТА3 3

3

градежништвото годинаваградежништвото годинавагодина, а во енергетиката и комуналната сфера околу 2 милијарди денари. За уредување на ТИРЗ се предвидени 518 милиони денари, за здравството 2,5 милијарди денари, за образованието, детската заштита и спортот околу 2,4 милијарди денари, за субвенции во земјоделството 130 милиони денари и уште 1,3 милијарда денари за хидросистеми и инвестиции за подобрување на земјоделските стопанства. Стопанствениците се задоволни од предвидениот буџет за годинава. Капиталните инвестиции следната година ќе го продолжат трендот на зголемување за цели 29 проценти или вкупно, ќе бидат на историски највисоко ниво од 27 милијарди денари, односно 450 милиони евра. Главно ќе бидат насочени кон стратешките приоритети, патната инфраструктура, коридорите 10 и 8, пругата кон Бугарија, кон изградбата на објекти за локални и регионални патишта, во делот на здравството, кон се што може да помогне за јакнење на конкурентноста на македонската економија. Стопанствениците се задоволни од сумата планирана за капиталните инвестиции. Но, велат Владата не само да ги проектира туку и да ги потроши парите. Според Сојузот на стопански комори, долгогодишните залагања на бизнис заедницата буџетот да добие што поразвојна компонента, годинава се веќе спроведени на дело. - Задоволни сме од големината на сумата предвидена за капиталните инвестиции и од нивната структура - велат оттаму. Во овие рамки вклучени се средства за отпочнување на реализација на проектот за изградба на автопатот на Коридор X, на делницата Демир Капија – Смоквица, со кој се предвидува изградба на нова модерна автопатска делница со што ќе се комплетира главната оска од Коридор X. Овој проект е планирано да се финансира од сопствени средства, користење на кредитно задолжување и средства од ИПА фондовите. Потоа, изградба и рехабилитација на магистрални, регионални и локални патишта, кои ќе се финансираат од сопствени средства и кредитни линии од Светска банка и ЕБРД. Исто така и за редовно и тековно одржување на постојната железничката инфраструктура со сопствени средства, како и подобрување на железничката пруга Коридор X, финансиран со заем од ЕБОР. Во рамките на овој проект ќе се изврши ремонт на повеќе делници од железничкиот Коридор Х. Главна цел на проектот е подобрување на железничката пруга, намалување на трошоците за нејзино одржување и обезбедување на сигурен сообраќај на горенаведените делници. Во областа на железничкиот сообраќај, во наредниот период, фокусот ќе биде ставен и

на подготовката на проектот за доизградба на железничкиот Коридор VIII, кој има за цел да го поврзе Црното Море со Јадранско Море, од каде произлегува и големата стратешка и економска важност на овој проект. За подготовка на овој проект се обезбедени средства од WBIF инструментот на ЕУ. Во однос на вложувањата во енергетската област и комуналната инфраструктура предвидени се капитални инвестиции во износ од околу две милијарди денари, при што е предвидено започнување на гасоводниот систем, финансирање на изградба на водоводни и канализациони системи во повеќе општини при што е предвидено финансирање од сопствени извори и повлекување на кредитни линии одЕИБ и КФВ банката. За уредување на технолошко индустриски развојните зони во Буџетот за 2012 година се планирани средства во износ од 518 милиони денари, коике обезбедат изградба на инфраструктурни објекти и геомеханички истражни работи во зоните. Во областа на здравствениот сектор се планирани инвестиции од околу2,5 милијарди денари кои се однесуваат на проект за изградба и реконструкција на јавни -здравствени установи, финансиран од буџетскисредства и средства од Банката за развој при Советот на Европа вофункција на подобрување на условите во здравствените установи, изградба на амбуланти во рурални средини... Во областа на образованието, детската заштита и спортот, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 2,4 милијарди денари наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички истудентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите,набавка на современа лабараториска опрема и инвестиции во спортскаинфраструктура. Меѓу приоритетите се и довршувањето на изградбата и пуштање во употребана зградата за Уставен суд, Државен архив на Република Македонија иАрхеолошкиот музеј, објектот за МНР и објектот за просторно сместувањена Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција и Управа за спречување на перење на пари, што ќе придонесе за заштеда на буџетски средства за плаќање на закупнини. Во текот на оваа година се планира отпочнување на активностите поврзани со изградба на подземно паркиралиште кај Уставниот суд, Државниот архив на РепубликаМакедонија и Археолошкиот музеј,

подземно паркиралиште на локалитетотМал ринг на територијата на општина Центар, изградба на објект за државни институции - јавна администрација и за Факултетот за драмски уметности, како и партерно уредување на кејот кај новите објекти. Ако се зборува конкретно, кај нас во најава се за изведба поголем број капитални проекти кои се значајни како на национално и регионално ниво, така и во светски рамки. Во завршна фаза е изведбата на браната „Света Петка“, на реката Треска, која е од тип на двојно закривена лачна брана со градежна висина околу 60 метра. Започнати се дел од работите на целосна рехабилитација на автопатот од Катланово до Велес, која во тек на наредните месеци треба да продолжи. И годинава треба да се зајакнуваат дел од мостовите и да се рехабилитира автопатот од Велес кон Скопје, во соработка со НАТО. Вреди да се спомне дека е завршена проектната документација за автопатското решение од Миладиновци, преку Свети Николе до Штип во должина од околу 45 километри. Од хидроенергетските објекти, во тек се активности за започнување на градба на браната „Луково Поле“, хидросистемот „Бошков мост“ во Западна Македонија, а според последните информации, можно е и конечно да се избере потенцијален изведувач за браните „Галиште“ и „Чебрен“ на река Црна. Жалосно што на тендерот за нивна изведба не можеа да учествуваат македонски компании. Но тие, а и власта, се надеваат дека ако не можеа да бидат први во работата ќе бидат втори или трети, па дел од колачот ќе земат и тие. Од посебно значење за енергетскиот систем на Република Македонија е фактот што во минатиот период интензивно се работеше на подготовка на техничка документација за гасоводниот систем на Република Македонија. Во моментов, во завршна фаза на ревидирање е Основниот проект за четири приоритетни делници од гасоводот. Овде треба да се спомене и Законот за градење, на кој има многу забелешки. И експертите и градежниците укажуваат на некои негови недостатоци, но владата досега не презела ништо нив да ги отстрани. Да очекуваме дека годинава тоа ќе се направи во интерес на сите учесници во градењето. Сето горенаведено кажува дека годинава градежништвото ќе има работа. Успешното реализирање на сите активности ќе има големо значење за економијата на компаниите, а преку нив и за државата. Посебно во услови на криза за која зборуваат сите. Очекувањата и на државата и на градежниците се големи. Да веруваме дека ќе се придонесе во порастот на БДП и дека ќе се „најдат“ парите.

Page 4: Prilog saem za gradeznistvo

melmaks

Цементни производи цемент, бел цемент, усејмал, варЖелезни производи клинци, жица за армирање, жичено плетиво, бодликава жицаСистем за шаловање трослојни плочи Лип Блед, метална галантерија за шаловање

столбови, ѕидови, скали, потпирачи, ногарки за скеле, монтажно скеле, водоотпорна шперплоча (бука и топола)

Блокови и цигли POROTHERM, KLIMABLOC, YTONG, SILKA, MLADOST RAD Шидел оџаци Schiedel System со дијаметар на одвод на гасови од ø14 до ø45КерамидиФазонски елементиКровна опрема

TONDACH - POTISJE - СрбијаMLADOST - СрбијаCREATON - Германија, УнгаријаGORIŠKE OPEKARNE - Словенија

Граѓа - чам градежна: даска, талпа, греди, летвиЛамелирано дрво KVH - должински споени греди, BSH - лепени гредиТермоизолација URSA - стаклена волна

KNAUFINSULATION - камена волна и стаклена волнаСтиропор стиропор, XPS, фасадни типли, рабиц мрежаХидроизолација Тим - Изолирка, АдингФасадни цигли и плочки Zorka Opeka - Шабац, Rapid - Апатин, Wienenberger - АвстријаВодовод и одвод VARGON (од полипропилен)Керамички плочки Глазирани: Polet - Нови Бечај, Zorka keramika - ШабацЛепила за плочки HENKEL - ГерманијаСтаклени цигли боја: бели, розови, зелени и синиСистем за сува градба гипсени плочи, лепила, средства за фугирање и глетување,

профили, монтажен прибор, гипсени производиЛамперија и лајсни алуминиумска и пластична, боја: кафеава и бела

дрвена ламперија, фасадна дрвена ламперија (Австрија)Подови, лајсни, ОСБ табли

бродски под (Австрија)ОСБ табли: дебелина (9,5; 11; 15; 18; 22) мм

Облога за тераса импрегнирана Leitinger - АвстријаСобни врати LINEA - Италија (со каса, оков и брава) повеќе димензии и боиРачен алат рачен алат за професионалци (Франција)Разно ПE фолија, стреч фолија, градежни колички и мешалки и друго

МЕЛМАКС БМ од Скопје е трговско претпријатие основано во 1993 година и е во приватна сопственост.

Основна дејност на претпријатието е дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство.

Продажна програма на МЕЛМАКС БМ:

Претпријатието е лоцирано на три локации:МЕЛМАКС БМ - дирекција, Влае Скопје тел/факс : ++389 2 20 43 453; 2 20 43454МЕЛМАКС БМ - складиште Визбегово Скопје тел :02 / 2 650 531МЕЛМАКС БМ - складиште Кичево тел: : 045 / 223 676

Нашата продажна програма може да се најде во сите градови низ Македонија кај наши партнери - складишта за градежни материјали со кои имаме деловна соработка.

,,Нашиот успех е резултат на нашата деловност кон нашите добавувачи и купувачи“

Page 5: Prilog saem za gradeznistvo

Посетете нè на Саемот за градежништво од 06 до 10 Март 2012 во Хала 1

Page 6: Prilog saem za gradeznistvo
Page 7: Prilog saem za gradeznistvo

СВЕТСКИ НАЈМОЌНАТА ПАЛЕТА НА ЕЛЕКТРИЧЕН И АКУМУЛАТОРСКИ АЛАТ

III Македонска бригада бр.72, 1000 Скопје (во склоп на салонот за Пежо автомобили) тел: 02 3111-000|02 3112-000|факс: 02 3113-666 • е-mail: [email protected] www.milwaukeetool.com

Page 8: Prilog saem za gradeznistvo

ПОРТА 24 февруари 201238

8

Здрава клима и регулацијана влажноста во просториитеКнауф придонесува за комфорот во Вашиот дом. Кнауфплочите се потполно природни, произведени од минералотгипс - беспрекорно здравиот градежен материјал. Не содржатникакви штетни додатоци, радиоактивност или канцерогенииспарувања. Кнауф плочите не само што „дишат", туку иприродно ја регулираат влажноста во просторијата. Натој начин создаваат пријатна и здрава клима за живеење.Сите Кнауф материјали и системи се испитани и атестираниво повеќе европски институции и со години наназад сепотврдени како квалитетни и рационални градежни системиза ѕидови, подови и тавани. За постојаноста на квалитетотна производите доказ е сертификатот ISO 9001:2008.

топлината останува домаКнауф ѕидовите имаат одлични изолациски својстваи повеќекратно ја подобруваат топлинската заштита.Просториите многу бргу се загреваат и тоа придонесуваза уште поголема заштеда на топлинска енергија. Сопоставување на ѕидна облога на надворешните ѕидовиможе да се заштеди и до 40% енергија за затоплување.

Звучна ЗаштитаМодерниот човек е изложен на сè поголема бучава.Густ сообраќај на улиците, чкрипење на кочници одавтомобилите, гласна музика од кај соседите, сето тоани пречи и не прави нервозни. Затоа, за удобен престојво домот е потребна квалитетна звучна заштита. Кнауфѕидовите овозможуваат вашиот дом да биде мирноместо за живеење. Музиката и звукот од телевизоротповеќе нема да се слушаат во спалната соба.

противпожарностДобрите противпожарни решенија значат заштита наживотите и имотите при евентуален пожар. Кнауф плочатае негоривен градежен материјал и благодарение на водаташто е содржана во гипсот (околу 3 литри вода во 1м2

плоча) се гарантира до три часа противпожарна заштита.

Флексибилност,Функционалност, естетикаСакате ли да живеете во стан кој одговара токму на вашитепотреби? Дали некогаш сте помислиле дека становите штосе нудат имаат несоодветен распоред? Со Кнауф повеќене е потребно вие да се приспособувате на просторот заживеење. Заради малите тежини Кнауф ѕидовите можеда се постават на кое било место, без никакви статичкипроблеми. Брзината на изведба дозволува распоредот востанот да се измени непосредно пред да се вселите.И освен тоа, внимавајте на естетиката и бидетесекогаш модерни: лесната и прецизна изведбана заоблени и испрекршени ѕидови ќе дадепоинаков, модерен изглед на Вашиот стан.

квалитет на живееље - предности на сувата градбакнауф ѕидовите, таваните, поткровјата и подовите нудат секогаш повеќе!

Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH

CERTIFICATE OF AWARDBased on the excellent test results, the Seal of Approval

is hereby awarded to

Knauf Radika ADMK-1250 Debar

for the test item

gypsum board

by the Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH.

____________________________Reimut Hentschel, Managing Director

Rosenheim, August 2011

The Seal of Approval is awarded for 2 years. In the interest of consumers, follow-up testing of the products must be performed in due time before the Seal of Approval expires. The applicant will have to reapply for these tests.

IBR Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH D-83022 Rosenheim Münchener Straße 18 Tel. +49(0)8031 3675-0 Managing Director: Reimut Hentschel Commercial Register: HRB Traunstein 5362 VAT ID: DE 131182830

[email protected] www.baubiologie-ibr.de

Page 9: Prilog saem za gradeznistvo

24 февруари 2012 ПОРТА3 9

9

сува и брЗа градбаКнауф ѕидовите се состојат од фабрички изработениградежни елементи, кои на објектот се монтираат сосува постапка. Заради тоа градењето е многу брзо и сеобезбедува подобар квалитет - идеално рамни и мазниповршини без пукнатини. По монтажата не е потребносушење на ѕидовите, тие веднаш може да се бојадисуваат,да се лепат тапети или керамички плочки. За споредба,времето за изведба на 1м2 Кнауф преграден ѕид е 55 минути,за разлика од 3 часа и 20 минути потребни за класичен ѕид. Ѕидови на диетаНе постои ниедна разумна причина, зошто внатрешнитепреградни ѕидови мора да бидат непотребнодебели и тешки. Спротивното има смисла: тенкитеѕидови штедат простор, тежина и време.Кнауф ѕидовите на метална потконструкција претставуваатстабилни, долговечни преградни ѕидови за секој дом.Иако потенки од класичните ѕидови квалитативнозадоволуваат во секој поглед. Заради нивните мали дебелиниостанува повеќе слободен простор за корисникот.

поим За преграден Ѕид во стан - W112Преградниот ѕид Кнауф W112 е испробано решение за секој дом.Во табела е дадена споредба на ѕидот W112 со најчестиот тип напреграден ѕид кај нас - ѕидот од шуплив керамички блок 12см.Очигледно е дека ѕидот W112 има подобра звучна и топлинсказаштита од класичниот малтерисан ѕид. Притоа, доколку вовашиот стан има дваесетина метри ѕидови, вам ви остануваатдополнителни еден и пол квадратен метар корисна површина.Освен тоа и објектот се олеснува за цели 10 тони, што епозитивен параметар на зградата во случај на земјотреси.

прицврстување на товариКнауф ѕидовите се појаки отколку што мислите. Што треба дазакачите? Слика или полица? Бојлер во купатилото? Саат иливисечки елемент во кујната? Кнауф ѕидот држи навистина сѐ.Сигурно и испитано! Само не заборавајте притоа дека наместообичните типли постојат посебни типли за шуплив ѕид, коиможе да се купат во сите продавници за градежни материјали.

За влажни просторииЗа изведба на бањи се користат Кнауф плочи за влажнипростории: гипсеното јадро и картонската обвивка се специјалноимпрегнирани и отпорни на високата влага и на прскање на вода.Рамните Кнауф ѕидови се подлога на која одлично се лепат ситевидови керамички плочки. Освен лесното водење на водоводнитецевки во шуплината на ѕидот, Кнауф ви нуди и други можности:да прицврстите конзолна WC шоља или биде, да поставитевградено казанче или да го скриете водомерот во ѕидот.

За квалитетно изведување на градежните работи потребное да се има соодветен алат, умешност и квалитетенматеријал за работа. Сите изведби треба да се правениспоред пропишаните правила, без импровизации.Кнауф системите веќе 80 години се гаранција заквалитетен и здрав простор за живеење.

квалитет на живееље - предности на сувата градба

Page 10: Prilog saem za gradeznistvo

ПОРТА 24 февруари 2012310

10

интервјуинтервју

Зад нас е една година полна со предизвици за градежништвото. Веројатно и овој пат, како и лани, тоа ќе биде најголемиот двигател на растот на БДП во државава. Која е вашата оценка за градежништвото во годината што измина? Мислам дека во последните години во Република Македонија има интензивен развој, односно експанзија на градежништвото, особено во сферата на високата градба. Според мене, тоа е резултат на подготвеноста на инвеститорите во државава и на добрата организација на здруженијата на градежништво, посебно во двете стопански комори, а сето тоа поттикнато и од добрите системски мерки донесени од владата на Република Македонија. Станува збор за скратените временски рокови, давање на одобренија за градба, транспарентната лицитација на земјиштето, и сè она што му годеше на градежништвото, системски се решаваше во од и во договор со инвеститорите, со стопанските комори и од страна на владата. Затоа во бруто-домашниот производ на Република Македонија, градежништвото има значаен удел, и сметам дека во таков амбиент, со такви системски мерки и подготвеност од страна на инвеститорите, бруто-домашниот производ може само да расте, давајќи директен придоенес во градежништвото.

Во јавноста многу се зборува за односите на најголемиот инвеститор-државата, со градежниците. Јавно, се е во најдобар ред, додека во приватни разговори се искажува незадоволство од однесувањето на државата, особено во плаќањето на нејзините долгови за извршените работи. Како да се надминат овие работи? Што се однесува на прашањето за позицијата на државата како инвеститор и нејзините релации со градежниците, сметам дека тоа е проблем на оние што работат, градат и зависат од тендерите. АДОРА Инженеринг работи самостојно, се вклопува во економскиот амбиент на Република Македонија, на тендери не учествуваме и не ни се познати такви проблеми, ниту

кај нас, а ниту кај другите. Мислам дека некогаш тоа знае и да се издраматизира и преувеличи, но сепак нагласувам уште еднаш, тоа не е работа на АДОРА Инженеринг.

Вашата компанија во изминативе години бележи постојан раст. Дали и лани беше така? Нашата компанија е бренд последните шест-седум години, а би рекол и во текот на целата деценија, откако таа се занимава со градежништво и висока градба. АДОРА Инженеринг секоја година двојно го зголемува секој економски параметар, финансиски обрт, приход, трошок, како и вработувањата и проектирањето. Со постојаното зголемување на секој параметар во фирмата, се зголемува и квалитетот на нашите производи, односно на изградените станови. Така беше и лани во 2011 година, која во изминатите десет години ни е најуспешна и сметам дека како домашна компанија од среден обем, сега ќе бидеме рангирани од 15 до 20 фирма по успешност, а кај градежните компании, очекувам да бидеме позиционирани меѓу првите три, а можеби и на прво место во високата градба. Десетгодишнината од постоењето на АДОРА Инженеринг, како континуитет на семејната приватна иницијатива почната пред две децении, ја одбележуваме со изградба на повеќе од илјада станови во голем број објекти низ целата држава. Ваквиот нагорен тренд во работата за нас претставува сатисфакција и, пред сè, обврска тој тренд на успешност да го задржиме и развиваме и во наредниот период.

Постои ли пазар на станови? Едни велат дека тешко се продаваат, додека други тврдат дека нема доволен број станови? А на пазар треба да се изнесе нешто за да

се продаде или купи. Каде е вистината?

Секогаш има пазар за становите изградени во Република Македонија, без разлика дали се тие во Скопје или во останатите градови во државата. За добри станови секогаш има пазар и тие се продаваат, а за неквалитетно изградени станови, и доколку не постои потребната доверба купувачот за нив да плати со пари што цел живот ги штедел за стан, секогаш ќе биде проблематично. Моето мото, мотото на мојот стручен тим и на мојата компанија е дека квалитетни станови секогаш се продаваат, тие ќе бидат присутни и добро ќе котираат на пазарот, а нивната побарувачка ќе биде голема. АДОРА Инженеринг продава станови со клуч на рака и со имотен лист. Тоа важи за целата наша продажба на становите во Скопје, Охрид и Струмица. Ние градиме добри и квалитетни станови, купувачите се добро информирани и знаат што купуваат, точно знаат за што даваат пари, и ние брзо ги продаваме нашите станови.

Кога сме кај становите, вечна тема е нивната цена. Знаеме дека таа најмногу зависи од понудата и од побарувачката, независно дали се работи за елитни или за „обични“ станови. Скапи ли се становите кај нас? Ние имаме станови кои се продаваат по нормална цена, со нормална стапка на профитабилност и добивка. Обично, локацијата за станот ја плаќаме скапо, околу 300 до 400 евра за еден метар квадратен земјиште, и тогаш не можеме да очекуваме ниту евтин стан. Затоа велам дека цените на нашите станови се движат во нормални граници. Ние локациите ги купуваме на транспарентни лицитации, за земјиштето обично плаќаме повисоки цени,

Нашата компанија е бренд

проф. д-р Ванчо чифлиганец, генерален директор на адора инженеринг - Скопје

Page 11: Prilog saem za gradeznistvo

24 февруари 2012 ПОРТА3 11

11

интервјуинтервјушто се движат околу македонскиот просек. Јас и сега тврдам дека становите во Република Македонија имаат нормални цени. Но, исто така, поаѓајќи од зголемувањето на трошоците на европско и светско ниво, сметам дека цените на становите може само да растат и никогаш не можеме да зборуваме за намалување на цената на становите. Доколку се работи за некои неквалитетни станови, тие можат да се купат и по пониска цена. Но, секогаш идните станари треба да имаат на ум дека она што не се гледа, како квалитетот на вградените материјали, за стабилност, сигурност, асеизмичност и енергетска ефикасност на објектите, секогаш се исплатува и е најскапо вложена инвестиција, што долгорочно ни штеди пари, поради што купувачите треба да не ја гледаат само цената платена за метар квадратен станбен простор, туку најзначајно нешто е што добиваат за неа.

Државата во моментов ја спроведува кампањата „Купи куќа, купи стан“. Дали АДОРА Инженеринг на некој начин ќе се вклучи во оваа кампања? Проектот што го спроведува Владата на Република Македонија и особено Министерството за финансии „Купи куќа, купи стан“ е за поздравување, бидејќи од него корист имаат инвеститорите, градителите и купувачите, производителите и сите кои се вклучени во градежништвото. АДОРА Инжинеринг има доста простор во овој проект и нуди станови по цена од 900 евра за метар квадратен, и тоа квалитетни станови, кои се делумно во Скопје, а целосно во Охрид и Струмица. Кампањата „Купи куќа, купи стан“, во наредниот период ќе биде интензивно присутна во работењето на АДОРА Инженеринг, посебно во Скопје, каде во втората половина од оваа година ќе градиме околу стотина, односно двесте станови кои целосно ќе се вклопат во „Купи куќа, купи стан“, или ако не се вклопат во проектот, ќе се продаваат по цена од 900 евра за метар квадратен станбен простор.

Измина доволно време од намалувањето на ДДВ за становите. Дали таа мерка беше целисходна? Или со други зборови, ја исполни ли таа мерка својата цел -поевтинување на становите? Намалувањето, односно нормализирањето на стапката на данокот на додадена вредност што се сведе на 5 проценти, позитивно се одрази на прометот во градежништвото, зашто поентата не е само да се изгради нешто, туку тоа треба и да се продаде, што повеќекратно се одрази позитивно и на бруто-домашниот производ на Република Македонија. Доколку данокот на додадена вредност останеше 18 проценти, прометот на станови ќе беше многу помал, а загубата на државата ќе беше огромна. Затоа велам дека и системските мерки директно влијаат на експанзијата во градежништвото. Уште

еднаш повторувам, намалувањето на стапката на данокот на додаена вредност од 18 на 5 проценти се одрази многу позитивно.

Како компанија, какви се Вашите очекувања годинава? Нашата компанија планира во 2012 година да изгради уште 200 до 300 нови станови, и сите изградени станови очекуваме да бидат продадени по поволни цени, со што ќе бидеме задоволни како инвеститори, како и купувачите. Поаѓајќи од работата во првите два месеци од годинава, произлегува дека не треба да очекуваме порази, но не треба да се очекуваат ниту некои театрални, сензационални и оптимистички резултати. Треба да имаме умерен оптимизам, кој ќе донесе и умерена профитабилност во нашето работење.

Дали размислувате за проширување на Вашиот бизнис и во други области? Во овој инвестициски циклус, АДОРА Инженеринг во следните три години ќе ги заврши сите проекти, предвидени со среднорочниот план на компанијата во областа на високата градба. Во меѓувреме, нашиот сектор за развој интензивно размислува за воведување на нови производи и нови технологии, односно за преструктуирање на компанијата. Дали тоа ќе биде во областа на производството на храна, или во сферата на градежништвото, дали тоа ќе биде во Радовиш, Струмица, Скопје или Охрид, тоа е предмет на анализа во секторот за развој на нашата фирма.

Ванчо Чифлиганец - благотворител. Од каде таа идеја? И зошто споменици и кули-часовници? Нели е подобро да се вложува во луѓе, во нивно образование...преку некоја фондација и сл? Јас себеси како личност не се сметам

за благотворител. Во границите на моите можности, скромно се сметам за хуманист и секогаш поаѓам од мотото дека човек никогаш не живее сам за себе и само за своето опкружување. Од тоа потекна идејата да помагам со изградба на фонтани, саат-кули и часовници. Што се однесува на спомениците, секое подигнато дело, секој изграден стан, секоја зграда за мене претставува споменик. Фонтаните, саат-кулите и зелените површини што ги има околу секој наш објект, што како компанија ќе ги донираме и во наредниот период, се своевидни споменици, со кои покрај тоа што го работиме, оставаме дела и за пошироката јавност, за граѓаните на секоја општина каде гради АДОРА Инженеринг, како општествено одговорни корпоративни активности на нашата компанија. Фонтаната што ја дониравме во паркот во Кисела Вода во Скопје, ги разведрува луѓето и им нуди убаво место за одмор и релаксација, а саат-кулите што ги дониравме во Ѓорче Петров во Скопје и во Струмица, се симболика на времето, кое скапо чини и е со вредност на злато. Часовиците треба да асоцираат и да не потсетуваат дека секоја секунда во човечкиот живот многу значи и вреди, и како здравје и како пари и како живот. Во таа смисла, за да го цениме и штедиме времето, треба да не потсетуваат часовнциите донирани од АДОРА Инженеринг. Јас скромно, во границите на моите можности донирам и во областа на образованието, засега со стипендирање на талентирани студенти. Некогаш, ако даде Господ, тоа што ќе го сработиме, да го имаме на располагање, ќе размислуваме и за основање на фондација, што ќе има поголемо општествено значење во Македонија во иднина. Засега, тоа што можеме и умееме го правиме и ќе продолжиме во таа насока.

Што е тоа Што на СтаноВите на адора инжинеринг им даВа поСебен белег?- Статичка стабилност, асеизмички армирано-бетонски конструктивен систем- Геомеханичка стабилност над 100 MPа, постигната со бонификација на земјата- Поставување темелна плоча (дебелина 95 см) за стабилизација и елиминирање на слегањата - 47 кг/м2 железо, асеизмичка стабилност од 9 степени по Европска макросеизмичка скала - Марка бетон МБ - 39-52- Квалитетни сертификувани матерјали по светски стандарди, вградени со најнови технологии, адитиви за цврстина и изолација- Брза и квалитетна градба- Примена на високи стандарди за енергетска ефикасност во домен на фасадни изолации, користење на алтернативни извори на енергија и еколошка грижа и свест при избор на матерјалите- Препознатлива архитектура со модерен дизајн - Подземни паркинг простории со врата на далечинско управување и 24 часовен видео надзор- Функционален станбен простор, приспособен на потребите на современиот семеен живот

Page 12: Prilog saem za gradeznistvo

Индекс од Верона е светски лидер во производството на висококвалитетни

хидроизолациони материјали. Има две фабрики во Италија (Верона) и Америка (Аркансас). Има филијали во сите поголеми земји на пет континенти и повеќе од 90 дистрибутери во целиот свет. Фабриката INDEX дневно произведува околу 180.000 до 200.000 метри хидроизолациони мембрани. Од 1978 година. од кога постои фабриката, вградено е повеќе од 750.000.000 м² хидроизолациони мембрани во околу 100 земји.Индекс во 1993 година од BVQI (Bureau Veritas Quality Interna-tional) доби ИСО 9001 сертификат - најширокиот стандард за квалитет на производи и услуги, познат како TOTAL QUALITY. Сите производи ги исполнуваат барањата на UNI EN ISO 14001 стандардите, кои вклучуваат барања за заштита на животната средина. До денес од 2009 година од кога Циклама Инжинеринг е генерален застапник на овие производи во Македонија е вградена повеќе од 100.000 метри хидроизолациона мембрана од INDEX на објекти од високоградба и нискоградба.Од целата палета на производи посебен акцент е ставен на полимербитуменски и акустични изолации.Полимер битуменските мембрани се произведуваат со користење на арматура која најчесто е од "неткаено" полиестерско влакно

и/или асура од стаклени влакна натопени и замотани во раствори од дестилиран битумен и други дополнителни полимери.Полимер битуменските мембрани се поделени во две групи:

- АPP битуменски мембрани - SBS битуменски мембрани

Поради физичките карактеристики на користениот полимер, АPP се нарекува пластомерна полимер битуменска мембрана, додека SBS се нарекуваат еластомерни полимер битуменски мембрани. АPP битуменските мембрани се карактеризираат со висока отпорност на топлина (поголема од 100°С) и може да бидат изложени на директна сончева светлина, додека SBS битуменските мембрани многу еластични и флексибилни дури и на ниски температури, омекнуваат на пониски температури (до -40°С). Поради фактот дека SBS мембраните се осетливи на UV зраци, кога се користи на површини кои ќе останат видливи, потребно е да се произведат овие мембрани со заштитен слој на шкрилци или минерални гранули. Во определени случаеви за да се искористат добрите својства на APP и SBS мембраните се произведуваат и т.н. композитни мембрани составени од различни слоеви специјализирани и дизајнирани да имаат одредени карактеристики. На следните слики се прикажани неколку детали каде што се применуваат дел од производите на INDEX.

Циклама инженеринг Ул.18-ти Ноември бр.27в 1230 Гостивар, Тел/факс: 042/217-445

Претставништво Скопје Тел:02/3067 [email protected], www.ciklama.com.mk

КРОВНИ ГРАДИНИ

Конструкција

Прајмер

Парна брана

Термо изолација(XPS-екструдиранполистирен)

FLEXTER TESTUDO SPUNBOND POLYESTER

FLEXTER TESTUDO SPUNBOND POLYESTER

DEFEND ANTIROOTPOLYESTER

DEFEND ANTIROOTPOLYESTER

Елементи за дренажасо резервоари за вода

Слој за филтрација

Странична дренажа

Вегетација

КонструкцијаСОСТАВНИ ЕЛЕМЕНТИ:

Прајмер3.Парна брана4.Термо изолација (XPS-екструдиран полистирен)5. FLEXTER TESTUDO SPUNBOND POLYESTER6. DEFEND ANTIROOT POLYESTER7.Елементи за дренажа со резервоари за вода8.Слој за филтрација9.Странична дренажа

10.Вегетација

МОСТОВИ И ВИЈАДУКТИ

Асфалт

Прајмер

TESTUDO SPUNBOND

Лента запремостување

НЕПРООДНИ РАМНИ ПОКРИВИ

Конструкција

ПрајмерПарна брана

Термо изолација( XPS- Екструдиран полистирен)

Водонепропустливи мембрани

СОСТАВНИ ЕЛЕМЕНТИКонструкција

Прајмер

Парна брана

Термо изолација (XPS- Екструдиран полистирен)

Водонепропустливи мембрани

Посетете не на 9от саем за градежништво Build&Construct`од 06-10 Март 2012, во хала бр.2, штанд бр. 229

Page 13: Prilog saem za gradeznistvo
Page 14: Prilog saem za gradeznistvo

ДПТУГ Циклама Инжинеринг- Гостивар егзистира како фирма во приватна сопственост. Формирана во 1990 година.Како овластен увозник и дистрибутер на ISOMAT од Грција и INDEX од Италија во последните 8 години од својот развој фирмата става акцент на материјалите од градежна хемија, нивна употреба и аплицирање со посебен акцент на:

- Хидроизолации• Премази на цементна основа,• Акрилни и полиуретански премази,• Битуменски изолации (дестилиран битумен збогатен со смола)

- Индустриски подови• Епоксидни подови,• Цементни подови,

- Термо фасади- Репаратурни малтери- Адитиви за бетони,- Системи за санација и зајакнување.- Акустични изолации.

За правилна апликација на материјалите располагаме со техничко материјални средства и стручни екипи за изведба на истите во согласност со Европските стандарди и норми.Наша цел е да ги задоволиме потребите и барањата на нашите клиенти.Нашите задоволни клиенти од областа на градежништвото, индустријата и трговијата се наша најдобра референца.

• Канцеларија на ул.18ти Ноември 27 в во Гостивар• Продажен салон на ул.Гоце Делчев бр.61 во Гостивар• Магацински простор на ул.Мара Угринова бб во Гостивар• Претставништво во Скопје на ул. Кленоец бр.1а Скопје

22 години со вас

Циклама инженеринг Ул.18-ти Ноември бр.27в 1230 Гостивар, Тел/факс: 042/217-445

Претставништво Скопје Тел:02/3067 [email protected], www.ciklama.com.mk

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

НА Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И

Т ЕЛ

. ПАТ У В А Њ Е В О Д У Б АИ .

посететеги

Moding

Page 15: Prilog saem za gradeznistvo

Реалекс

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

НА Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И

Т ЕЛ

. ПАТ У В А Њ Е В О Д У Б АИ .

посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА Н А Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И Т Е Л

. П АТ У В А Њ Е В О Д У Б А И .

посететеги

Moding

Page 16: Prilog saem za gradeznistvo

рубрика

Page 17: Prilog saem za gradeznistvo

рубрика

Page 18: Prilog saem za gradeznistvo

ПОРТА 24 февруари 2012318

рубрика рубрика

18

aDING

Page 19: Prilog saem za gradeznistvo

24 февруари 2012 ПОРТА3 19

рубрика рубрика

19

BCa

Page 20: Prilog saem za gradeznistvo