68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА цена: 90 денари БРОЈ 147/148 ПЕТОК 31.12.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924 МАКЕДОНСКИТЕ градежници го градат патот на СВИЛАТА ТОП 5 Деловни простори во Македонија Лауреат Влатко Коробар Среќна Нова 2011 Годишна награда на ААМ АДИНГ во Казахстан

PORTA3 147/148

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 147/148

Citation preview

Page 1: PORTA3 147/148

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 147/148ПЕТОК 31.12.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924 МАКЕДОНСКИТЕ градежници

го градат патот на СВИЛАТА

ТОП ТОП 5 Деловни простори

во Македонија

ЛауреатВлатко

Коробар

Среќна Нова 2011

Годишна награда на ААМ

АДИНГ во Казахстан

Page 2: PORTA3 147/148

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 3: PORTA3 147/148

р бр ка

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 147/148ПЕТОК 31.12.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924 МАКЕДОНСКИТЕ градежници

го градат патот на СВИЛАТА

ТОП ТОП 5 Деловни простори

во Македонија

ЛауреатВлатко

Коробар

Среќна Нова 2011

Годишна награда на ААМ

АДИНГ во Казакстан

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Изминува уште една година од нашето дружење. Веќе шест години сме заедно. Се надеваме дека во годинава што останува зад нас ги

исполнивме вашите очекувања. Според традицијата крајот на годината е посветен на трудот на архитектите. Асоцијацијата на архитектите на Македонија уште еднаш ја додели Големата годишна награда за архитектура. Членовите на жирито за најдоброто реализирано архитектонско дело во Македонија за 2010 година го прогласи училиштето и градинката „Нова" на архитектот Влатко П. Коробар. Македонските градежници го градат Патот на свилата. Идејата за поврзување на Далечниот Исток со Европа полека станува стварност. Компанијата АДИНГ е изведувач на реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина". Се гради и реконстуира пат кој поминува преку целиот Казахстан и е долг повеќе од 2.000 километри. Редакцијата на „Порта3“ од оваа година почнува со избор на пет најдобри ентериери во Македонија изведени годинава. Топ 5 ентериери за годинава се: Суши бар NOBU, стоматолошка ординација „Д-р Тони Крмзов“, винарија „Сковин“, продавница за светлечки тела LUX и екслузивна продавница Rojal House. Со цел да се утврдат заканите врз биолошката разновидност, предизвикани од негативното човеково влијание, беа спроведени теренски активности на членовите на Истражувачкото друштво на студенти биолози, а во согласност со активноста на дневните пеперутки. Оваа година беа пронајдени 45 видови дневни пеперутки, што претставува само половина од бројот на очекувани дневни пеперутки во регионот. Заклучокот е дека пеперутките одлетаа од "Езерани". И годинава е доделена престижната награда Ага Кан. Неа ја добија пет лауреати за пет различни дела. Тоа се: проектот за урбана ревитализација во Тунис, малото училиште-мост во кинеска провинција, фабрика во Турција, музеј во Шпанија и проект за конзервација на водните ресурси во Саудиска Арабија. Честити празници. Наредниот број на „Порта3“ ќе излезе на 28 јануари.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

06

16

26

34

44

50

58

54

едак ја

г а ен одго орен редн кНата и а НОВАКОВИ ДО ЕВСКА

но нарКатерина С АСОВСКА Т КОВСКАДе ан ЕВАС ана ВАСИЛЕВАЛеонида ен а А А

над оре н соработнЕ ена К МАНОВСКААнге СИТНОВСКИИгор ИСТОВСКИ Сандра ДОН ЕВАВ ади ир ЛАДИНСКИТра е СТО АНОВСа о К МАНОВСКИА е андра ЕТ ОВСКАДание а МЛАДЕНОВСКА

и ана САВИДраган ИСТОВА е андра ЕК ТКОВСКАКире КИ ОСКИ

а ин а АТАНАСОВАЕ ена ЕТ ОВСКА

гра к редн кДе ан ДАВИТКОВ

оторе ортерКире О ОВ

екторКо тадин а СОЛЕВА

да а к со етп о АТАНАСОВСКИ

д н ар ретспро д р Мери ВЕТКОВСКАд град нВа а ДОН ЕВА д н арСа а ВЕЛИ КОВСКА д н ар

да аиропре ДОО С оп е Ва и орго ро

е о а С оп е

е е он

акс

е атЕ ропа Ко ани

аркет нгиропрое т

Те

Мо

ОДИ НА ЕТ ЛАТА денжиро а оКо ерци а на ан а АД С оп еЕД

р от број на с сан ето орта е е на год на

Насловна страница: Ентериер LUXАвтор: Искра МАЛИНКОВСКАФото: Катја ШТРКОВА

``

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 4: PORTA3 147/148

4

Page 5: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 5

р бр ка

5

р т о а роект ра е ед а е граде н граде но анатск работТО С ИН ЕНЕ ИН ДООЕЛ

остан ка ко јее

акс

д осно а ето о год а се до денес ор с н енер нг а едено о е е станбен де о н нд стр ск с ортско рекреат н

објект како ентер ер реста ра а р н работор с н енер нг работ а од ен рако оден кадар т на граде н

работн ко на секој роект р ста аат со акс а ен анга ан не а сно од го е ната с о еноста на ст от о објект те ко г ед а ор с н енер нг се град аат к а тетн атер ја ко г адо о аат нај ско те стандард а градба

го е а ето на бројот на граде н работ ко г ед а ор с н енер нг е рос едено со константен раст на бројот на анга ран работн на стр ен кадар секако на граде на

е ан а ја сно н ада о ра ојот на на ата р а се остојано со р а е на редок о с те а

на градба со р ена на осо ре ен етод о ре а

Page 6: PORTA3 147/148

6

6

ПОРТА 31 декември 20103

н о

Во трката за најпрестижното архитектонско остварување, годинава учествуваа осум

трудови: трговскиот центар „Ата" во Тетово, проект на Александар Наумовски; катна гаража во Прилеп, дело на Билјана Филиповска и Ненад Раѓеновиќ; деловен објект GRAWE на Влатко Тасевски и Крсте Петков; монтажниот станбен објект „Еко хаус", труд на Ана Савевска и Елена Блажевска; индивидуален приватен станбен објект на Водно, дело на Мишко Ралев и Викторија Еремеева, и административно-деловниот објект „Сан Марко" на архитектот Ѓорѓи Мојсов. Најголем конкурент на „Нова“ беше винарницата „Стоби“, дело

на авторите Викторија Ставриќ-Радевски и Александар Радевски.На отворениот конкурс пристигнаа единаесет трудови, од кои жири-комисијата во состав: Никола Павловски, Олга Папеш, Огнен Марина, Бојан Каранаков и Ферати Армир, валоризираше само осум. Според проф. Никола Павловски, претседател на жири-комисијата, тие имаа навистина тешка задача при одлучувањето, бидејќи во конкуренција беа повеќе видови објекти, со различни намени и вредности. - Објектот „Нова“ се издвојува по квалитетното проектантско решение со различни содржини. Негов основен квалитет е микропросторот за слободни

активности на учениците, воведувањето на дневната светлина во сите простории, ненаметливиот ентериер и екстериерот во кои се применети современи материјали во изградбата - истакна Никола Павловски, претседател на жирито, на доделувањето на наградата кое се одржа во Музеј на град Скопје.Зградата со површина од 4500 м² содржи училници, специјализирани кабинети за природни науки, танц, ликовно изразување, музика, фитнес, како и посебен дел каде е сместен центарот за предучилишно образование. - „Нова“ претставува еден вид

кампус во кој може непречено да се одвива целокупниот процес на образование и вон наставни активности кои го дополнуваат целиот процес. Особена чест ми претставува тоа што моето дело е избрано меѓу толку силна конкуренција на дела кои прецизно го отсликуваат времето во кое живееме. Веќе подолго време изградбата на објекти од јавен карактер во нашата земја затајува. Се надевам дека наскоро повторно ќе се свртиме кон изградбата на вакви објекти, кои навистина и се потребни на Македонија - истакна Влатко П. Коробар на церемонијата.

(Л.Б.)

Лауреат - Влатко П. Коробар Доделена Големата годишна награда за архитектура

Професорот Влатко П. Коробар е добитник на Големата награда на ААМ и Гран при на БИМАС за гимназијата „Нова“ во Скопје во 2002 година, како и признанијата на БИМАС 2 и БИМАС 3 за придонесот на издавачката дејност и за претставувањето на Архитектонскиот факултет FIDEA во Париз.

`

Најдоброто реализирано архитектонско дело во Македонија за 2010 година е училиштето и градинката „Нова“ на архитектот Влатко Коробар кој е овогодишниот добитник на Големата годишна награда за архитектура на ААМ. Наградата ја обезбеди Македонската авторска агенција, а истата беше свечено врачена на добитникот од страна на претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, кој е и покровител на манифестацијата

Page 7: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 7

7

нтер ј

Page 8: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 201038

8

акт е но

Владата го усвои Предлог законот за третман на бесправно изградени објекти

или поедноставно за легализација на дивоградбите. Со овој предлог се опфатени градби од значење за државата, утврдени со Законот за градење и друг закон, како и градби неменети за производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), домување во станбени куќи, кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење, како и делови на градби со таа намена, изградени без или спротивно на одобрение за градење до стапување во сила на овој закон. До стапување во сила на законот на градбите треба комплетно да се изведени градежните и инсталатерските работи и да претставуваат градежна и функционална целина. Инаку, важноста на законот е осум години. Во тој период е предвидено да се заокружи процесот на легализација на бесправно изградените градби. Надлежни органи за спроведување на постапката за легализација се Министерството за транспорт и врски и општините.

Министерството ја спроведува постапката за градби од значење за државата, а општините за градбите наменети за производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), и домување во станбени куќи. Според Предлог законот, постапката за легализација започнува со поднесување барање за легализација до надлежниот орган од носителот на бесправната градба, во рок од шест месеци од денот на стапување во сила на законот во кој прецизно е наведена документацијата што треба да се приложи кон барањето. Надлежниот орган е должен во рок од три месеци од поднесувањето на барањето, да утврди дали се исполнети условите за издавање урбанистичка согласност за потврдување на бесправната градба во идната урбанистичка планска документација. Бесправната градба во зависност од видот треба да исполнува соодветни стандарди: за статика, заштита од пожар и заштита на животната средина и здравјето на луѓето, заштита од пожар, а тоа се утврдува со елаборатите кои

се составен дел на проектот за фактичката состојба на градбата. По издавањето на урбанистичка согласност, единицата на локална самоуправа во рок од пет работни дена изготвува пресметка за плаќање надомест за утврдување правен статус на бесправна градба и му ја доставува на барателот, кој пак е должен да го плати во рок не подолг од шест години. Висината на надоместокот за утврдување на правниот статус за градбите со намена домување во станбени куќи изнесува 0,5 проценти од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница кои се корисници на објектот за кој е поднесено барање, остварен во претходната година, помножен со метрите квадратни од изградената површина, утврдена со проектот за фактичка состојба. Висината на надоместот за утврдување правен статус за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси е иста со висината на надoместокот за уредување на градежно земјиште кој се утврдува во постапката за добивање одобрение за градење за градби со таа намена. Се пресметува согласно Правилникот за степенот на уредување на

градежно земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост, при тоа земајќи ја предвид изградената површина, утврдена со проектот за фактичка состојба. По плаќање на надоместокот за легализација надлежниот орган донесува решение за утврдување правен статус кое претставува основ за упис на правото на сопственост на бесправната градба во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. За бесправните градби за кои е издадено решение за утврдување на правен стаус, а кои се изградени на државно земјиште, се предвидува носителите на тие градби, да поднесат барање за откуп на градежното земјиште во рок од три месеци од донесувањето на планската документација со која е вклопена бесправната градба. Во спротивно се утврдува долготраен закуп на градежното земјиште, на начин и под услови утврдени со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Бесправните градби кои нема да

Владата подготви Закон за легализација на дивоградбите

Ќе се стави ли крај на бесправната градба?

Документи потребни за легализацијаОвие документи ќе бидат потребни за легализација- уверение за државјанство - доказ за приклучок на комунална инфраструктура - геодетски елаборат за премер на катастарска парцела - проект за фактичка состојба на објектот - имотен лист на земјиштето каде е изграден објектот.

Page 9: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 9

9

н о

бидат легализирани со овој закон ќе бидат отстранети согласно одредбите на Законот за градење. Во врска со овој предлог во, интервју за МИА, министeрот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека бенефитот за граѓаните кои живеат во бесправно изградени куќи со овој закон е огромен, затоа што тие конечно ќе можат да остварат сопственост врз својот имот. Тој очекува граѓаните да ја искористат оваа историска можност за конечно решавање на прашањето со бесправно изградените градби кое долги децении се провлекуваше, без да се преземе речиси ништо. Тие имаат прашања околу т.н. „социјален“ модел за плаќање на надоместокот за утврдување правен статус на бесправната градба. Со предлогот се предвидува висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена домување во куќи изнесува 0,5 проценти од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница, кои се корисници на објектот, остварен во претходната година, помножен со вкупната површина во метри квадратни, која е утврдена со проектот за

фактичка состојба. За илустрација, вели министерот, може да земеме пример со семејство кое има вкупни примања од 15.000 денари месечно и живее во бесправно изградена куќа со вкупна површина од 100 квадратни метри, откако ќе поднесе барање решавање на нејзиниот правен статус на истата и добие соодветно решение од општината ќе треба во период од шест години да плаќа годишна рата од 15.000 денари, односно 1.250 денари месечно. Но, уште не влезен во Собрание законот отвори нови прашања искажани од градоначалниците. На средбата со министерот Јанкиески некои од нив забележаа дека тој за нив е нелогичен, нејасен и нефункционален. Тие бараат сами да ја одредуваат цената на легализацијата, со законот да се легализираат и станбените згради, да се избрише социјалниот момент и сите исто да плаќаат за легализацијата. - Нема потреба од вклучување на социјалниот елемент особено за луѓе кои го кршеле законот. Треба да се ифрли овој надоместок и на сите иматели на овие објекти да им се даде обврска да плаќаат надомест за уредување

на градежно земјиште согласно одлуките кои ги имаме во советот. Во тој случај нема да е важно колкав е годишниот приход, вели градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, според кого треба да се зголемат и роковите од три и шест месеци за да им се овозможи и на македонските граѓани кои привремено престојуваат во странство да ги легализираат своите објекти. - Не може „питомите“ да плаќаат по една цена, „дивите“ по друга. Си има точна методологија како до сега се пресметуваше, рече Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош. Тој нагласи дека се можни проблеми од уставно-правен карактер, имајќи предвид дека со законското решение е предвидено плаќање на надоместок за индивидуалните куќи, но не и за градбите од државен интерес. Градоначалникот на Општина Желино Фатмир Изаири побара општините сами да пресметуваат по која цена ќе ги легализираат објектите. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, смета дека овие пари нема да бидат доволни за подобрување на инфраструктурата, ќе се бараат нови извори на средства.

Сојуз на градежни инженери на Македонија

Благодарници за придонес во градежното инженерство

Сојузот на градежни инженери на Македонија

на дваесет свои членови им додели благодарници за нивен придонес во градежното инженерство. На свеченоста на Градежниот факултет, наградите им ги врачи професорот Вулнет Палоши, претседател на Сојузот на градежни инженери на Македонија. Во своето кусо обраќање тој истакна дека Сојузот денес го сочинуваат 13 друштва, во чиј состав делуваат околу 3.000 градежни инженери.Заблагодарувајќи, во име на добитниците на признанијата, професорот Трифун Паскалов се заложи за формирање на Академија на инженерските науки. Во прилог на ова поддршка даде и професорот Александар Димитров, претседател на Инженерската институција на Македонија, кој нагласи дека потребни се заеднички напори и работа идејата да стане стварност. Наградените ги поздрави и Деканот на Градежниот факултет во Скопје професор Петар Цветановски.

Добитници на благодарницатаГодинава признанието од Сојузот на инженерите на Македонија им беше врачено на проф. Михајло Серафимовски, проф. Никола Гаврилов, проф. Трифун Паскалов, проф. Тихомир Николовски, проф. Павле Стојменов, дипл.инж.град.Илија Андоновски, проф. Петар Цветановски, дипл.инж.град. Владимир Лазаревски, м-р Цветан Таневски, дипл.инж.град. Ѓорѓи Шелев, дипл.инж.град. Љубомир Чаулев, проф. Васил Витанов, проф. Михаил Гаревски, проф. Санде Атанасовски, дипл.инж.град.Борис Таневски, проф. Атанас Филиповски, дипл.инж.град. Златан Манов, дипл.инж.град. Добре Тасевски, проф. Голупка Нечевска Цветановска, проф. Цветанка Поповска и дипл.инж.град. Благоја Дончев

РоковиСогласно предложените законски решенија има конкретни рокови во кои треба да бидат реализирани соодветните постапки. Првиот рок се однесува на периодот во кој може да се поднесе барање до соодветниот орган за легализација на конкретен бесправно изграден објект и тој рок изнесува шест месеци откако законот ќе стапи во сила. Значи, она што е најважно за граѓаните кои се засегнати од прашањата кои се третираат со овој закон е дека во дадениот период треба да ја отпочнат постапката за легализација. Предлог-законот дозволува определениот надоместок да може да се плати одложено и тоа во период до 6 години. Рокот кој се однесува на постапување со овие барања изнесува 3 месеци. Значи, општините ќе треба во рок од три месеци од приемот на барањето за утврдување на правен статус на бесправната градба, да утврдат дали се исполнети условите за вклопување на бесправната градба во урбанистичко-планската документација и издаваат урбанистичка согласност или донесуваат решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус на бесправната градба.

Page 10: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010310

10

ско је

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 11: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 11

11

ско је

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Центар

"Свети Климент" застана среде Свети Климент

Празникот посветен на Свети Климент Охридски,

годинава во Скопје беше одбележан со поставување скулптура од светецот, меѓу двете коловозни ленти од истоимениот булевар, веднаш до Соборниот храм што го носи неговото име. Споменикот е изработен од бронза и е висок четири и пол метри. Негов автор е академикот Томе Серафимовски, а се лееше во леарницата "Јеремиќ" во Србија.

ЦЕНТАР

Ограда од ковано железо на Мостот на револуцијата

Мостот на револуцијата, кај хотелот Холидеј Ин,

ќе добие стилизирана ограда и канделабри кои ќе се изведат според проектот на авторот Зоран Јордановски. Оградата ќе биде од ковано железо и ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, информираат градските власти.

КАЛЕ

Скулптури и во Паркот на цивилизациите

Градските власти распишаа оглас за изработка на идејно

решение за дизајн на постамент за поставување на скулптурите во Паркот на цивилизациите, што е дел од Градски парк лоциран на Кале. Критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план или проект се целосно почитување на програмските барања, изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението и задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање јавни објекти. Рокот е до 24-ти

идниот месец. Најдобриот проект ќе добие награда од 40 илјади денари, а за останатите два откупа се планирани по 10 илјади денари.

ЦЕНТАР

Катни гаражи на кредит

Двете најавени катни гаражи во централното градско

подрачје, градоначалникот Коце Трајановски ќе ги гради со кредит од 8,5 милиони евра. Едната катна гаража ќе биде на улицата Даме Груев, кај ТЦЦ "Плаза", а другата кај Цветниот пазар. Договорот за заем е потпишан со НЛБ Тутунска банка. Кредитот е со рок на отплата од 10 години, со грејс период од две години. Изградбата на првата катна гаража ќе почне кон крајот на идниот месец, а втората два месеца подоцна.

УСВОЕН НОВИОТ БУЏЕТ НА ГРАДОТ

За улици градски пари, за друго заем

Вкупно 55 милиони евра изнесува новиот градски

буџет за 2011 година, што беше усвоен на седница на Советот на градот и со тоа е за 16% поголем од годинешниот. Ако се одбие делот со кој ќе се плаќа градската администрација и ќе се покриваат

разни тековни трошоци, за капитални инвестиции со кои треба да се подобри животот на граѓаните ќе останат половина од овие пари. А при нивното трошење, приоритет ќе имаат улиците и булеварите. Наредната година се очекува да се довршат булеварите Србија, Илинденска и Македонска Војска, како и да се почне проширувањето на улицата Првомајска. Како и лани, повторно се предвидуваат пари за нов мост кон Сарај, а паркиралишта треба да се прават кај Зоолошката градина и кај Транспортниот центар. Ќе се трошат пари и за обнова на фасадите на зградите околу плоштадот Македонија, потоа уште една градска плажа на левата страна на Вардар, како и стационар за коњи во Вардариште. Ќе се набавуваат и нови возила за јавните комунални претпријатија.

КЕЈ

Вардар со сплавови како Дунав

Скопски Вардар идната година ќе наликува на белградски

Дунав. Градоначалникот Коце Трајановски има идеја меѓу фонтаните, пешачките мостови и градската плажа на Вардар, во околината на Камениот мост, да се постават четири сплава за уживање и разонода. Сплавовите

се дел од проектот "Градска плажа 2", па во согласност со него ќе се гради и уште една градска плажа која ќе биде под Народниот театар. Предвидено е изградбата да почне напролет, за во летните месеци веќе да бидат пуштени во употреба. За овој капитален зафат ќе треба од градската каса да се одвојат 150 илјади евра. Сплавовите нема да служат за скокање затоа што водата во Вардар е забранета за капење. Сè уште не се знае дали тие ќе бидат со угостителски објекти и кафани како на Дунав во Белград каде што постојат веќе години наназад.

КАЛЕ

Нова Градска куќа до бараките на ЈП"Водовод и канализација"

Новата Градска куќа ќе се гради под Кале, до

бараките на ЈП"Водовод и канализација". Објектот каде што ќе биде сместена градската администарција ќе се гради на површина од 2.367 м2, со површина за градба од 1.274 м2. Максималната висина е предвидено да биде 21 м. Официјално нема најави во каков стил ќе се гради, но во јавноста се шпекулира дека ќе биде во барок, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам. Градска куќа ќе биде и обновениот Офицерски дом, еден од ретките објекти предвидени со проектот „Скопје 2014“ што сè уште не почнал да се гради поради административни проблеми. Овој објект на плоштадот Македонија ќе служи за приеми на странски гости, а во него ќе биде сместена и матичната служба за склучување бракови, која би се иселила од дотраените бараки на улицата Илинденска. Локацијата за градба, веднаш до Камениот мост, моментно стои празна, а за неа се бори и Исламската верска заедница, која смета дека на тоа место треба да се обнови старата Бурмали џамија.

подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Page 12: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010312

12

ско је Избрано проектантско решение за Скендербег

Плоштад од 20 илјади квадратиПлоштадот Скендербег ќе се

простира на над 20 илјади квадратни метри, од почетокот на Старата скопска чаршија, преку паркиралиштето до стоковната куќа „Илинден" и врз булеварот Гоце Делчев, па сè до Даут-пашиниот амам. Ова е решението што го одбрала општината Чаир од трите понудени, откако два месеца проектот го разгледуваа граѓани и стручни лица, се спроведуваа анкети и се организираа јавни расправи. - Ние го послушавме гласот на граѓаните. Тие одлучија дека треба да се изгради најголемата варијанта од понудените и затоа ќе го спроведеме тој проект - вели Изет Меџити, градоначалникот

на општината Чаир. Со тоа плоштадот Скендербег ќе ги надмине општинските граници, кои завршуваат каде што почнува коловозот на булеварот Гоце Делчев. Од другата страна на оваа сообраќајница е општината Центар, поточно просторот опфатен со деталниот урбанистички план за Малиот ринг, кој неодамна се менуваше, но во него не се внесоа и овие елементи. Меџити за тоа вели дека двете општини дополнително ќе се договорат како заедно да ги спроведат сите процедури. Во Центар велат дека се запознаени со проектот, но според нивното објаснување, избраната варијанта ќе предизвика поголеми административни проблеми за кои веројатно ќе треба долго време за да се спроведат низ бирократските лавиринти. - Проектот за плоштадот Скендербег е на општината Чаир, но тие ни го презентираа. Во делот

на нашата општина тој зафаќа приватни парцели, за кои ќе треба да се направи експропријација, па дополнување во деталниот урбанистички план, што не е едноставен процес. Подобро би било кога сè би се одвивало на подрачјето на една општина, во случајов на Чаир, но и ова решение не е неизводливо - рече Јовица Ацковски, задолжен за односи со јавноста во општината Центар. Идејниот проект за плоштадот е дело на архитектите Бетим Зекири, Бекир Адеми, Никола Стрезовски и Бесиан Мехмети чија идеја била овој сега неартикулиран простор да спои два различни света - објектите длабоко вкоренети во минатото и современиот урбан пејзаж. Одбраната варијанта е со максимална површина од 28.674 квадрати и подразбира уривање на дуќаните на влезот од чаршијата, што се од социјалистичкиот период и не се заштитени како културни споменици, како и

премостување на булеварот Гоце Делчев, така што би се добило огромно поплочено пространство. - Се работи за поголем зафат со кој се овозможува просторно -визуелна проточност и е со особено значење на ниво на градот. Идејата е плоштадот да се продолжи до зградата на Македонската филхармонија, а булеварот Гоце Делчев да минува под него. Со остварување на оваа идеја секој човек би можел да шета од плоштадот Македонија, преку Камениот мост, плоштадот Карпошово востание до овој на Скендербег - вели Бетим Зекири.На стручните расправи што се одржаа во општинската зграда на Чаир, архитектите и другите експерти имаа многу малку забелешки за самиот проект, за партерното уредување и воопшто за изгледот. Најмногу реагираа на опфатот, на излегувањето од урбанистичките планови и од општинските граници и слично.

Ново Лисиче

Монтажен паркинг за 50 возила

Првото монтажно паркиралиште во Скопје почна да се гради во населбата Ново Лисиче, непосредно до тамошната полициска станица, во општината Аеродром. На потегот паралелно со булеварот Србија, од станицата до раскрсницата со булеварот Видое Смилевски Бато, ќе се монтира челична конструкција врз постојниот паркинг, со што ќе се обезбедат дополнителни 50 места за оставање

возила. Конструкцијата ќе содржи и пристапни рампи за влез и за излез, сливници за вода, скалила и дополнително осветлување. Монтажниот паркинг се очекува да биде готов и ставен во функција следното лето.

Page 13: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 13

13

ско је

Со визуелизацијата беа претставени сите предвидени згради според реоните во кои се наоѓаат земјиштата.- Урбана единица Б: 46 семејни згради, деловен објект и две детски градинки- Бисер-АРМ: четири станбено-комерцијални објекти, четири резиденциски објекти, 16 станбени објекти и една болница- Реонски центар А: 13 семејни згради, средно и основно училиште, детска градинка и административен објект- Горно Лисиче А: 29 семејни згради, два комерцијални комплекси, средно училиште и детска градинка- Горно Лисиче Б: шест семејни згради- Горно Лисиче Г: четири семејни згради- Горно Лисиче В: 18 семејни згради во јужниот опфат, 17 семејни згради во северниот опфат, четири комерцијални комплекси, средно и основно училиште- Јане Сандански Г: хотел, повеќенаменска сала, забавен парк, затворен базен, затворена сала за хокеј- Ново Лисиче Г: четири фудбалски игралишта, мини стадион, административен објект, зграда на ФФМ, централен парк- Јане Сандански В: големи трговски единици на пет илјади квадрати и парковско зеленило

Општината Аеродром со видеоанимација го претстави својот

посакуван изглед за во 2011 година, со стотина нови објекти како станбени згради, деловни објекти, комерцијални комплекси, резиденцијални и административни градби, болница, хотел, повеќенаменска сала, затворен базен, сала за хокеј и многу други содржини.

Сега на потег се инвеститорите заинтересирани за изградба на некој од предвидените објекти. Можностите за инвестирање на општинското подрачје се презентираа преку визуелизацијата насловена „Општина Аеродром - вистинското место за вашите инвестиции".Таа може да се види на општинската интернет страница, каде што се наведени и повеќе

причини зошто треба да се инвестира токму во Аеродром. Првата причина е големата побарувачка на недвижнини во таа општина и нивната висока продажна цена, која достигнува и до 1.200 евра за квадрат станбен простор и со тоа е над просекот на државата. Втората поволност е локацијата, поточно непосредната близина до центарот на Скопје од една и до автопатот

од друга страна, со кој има лесна поврзаност и со аеродромот и со пристаништата во Солун и во Драч. Според бројот на населението е една од најголемите општини, со 72 илјади жители според пописот од 2002 година, односно околу 80 илјади според сегашните процени. Вкупната вредност на новите објекти предвидени со нив се проценува на околу една милијарда евра.

Аеродром Се бараат инвеститори за 100 објекти

Page 14: PORTA3 147/148

рег он

ПОРТА 31 декември 2010314

14

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

Најамбициозниот проект во oпштина Штип во последните 20 години

започна етапно со реализација. Станува збор за содржини во чиј состав влегуваат пет проекти кои ќе се изведуваат во неколку фази. Целокупниот проект носи име „Реконструкција на централното градско подрачје“. Деновиве започна уредувањето на дел од коритото на реката Отиња која го дели Штип на два дела. Станува збор за ископ во должина од над 500 метри (потег од влив во река Брегалница до градска црква Свети Никола) со кој ќе се овозможи спуштање на нивото на коритотото и создавање на услови за подоцнежно продолжување на активностите. - Ако не го спуштиме коритото во долниот дел, тогаш постои опасност сета вода да се врати во горниот дел кога ќе почнат градежните зафати над овој дел. Спуштањето на нивото на коритото е со цел да се овозможат услови за прифаќање на водите од реката, дури и во услови на поројни дождови - вели Александар Арсовски од општина Штип. Предвидена е и конструкција на пет паркинг платформи со нова сообраќајна студија за подoбра регулација на сообраќајот во центарот на градот. Сегашното решение кое ги претвори двете клучни улици во центарот во еднонасочни делници околу реката Отиња, се покажа како многу проблематично. Со конструкцијата на паркинг платформите, ќе се овозможи ново сообраќајно решение кое би требало да го реши хаосот во срцето на градот. - Најважно од сè е што граѓаните имаат позитивно мислење за сите пет точки од проектот. Конечно во Штип ќе се случи глобален градежен зафат кој ќе почне од коритото и платформите, а ќе заврши со реконструкција на улицата Ванчо Прке и нејзино претворање во пешачка зона, па сè до реконструкција на градскиот плоштад - смета Арсовски.

Драган РИСТОВ

Започна уредување на коритото на река Отиња

ШТИП

Page 15: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 15

15

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

Под мотото „Иднина на градењето“ од 17 до 22 јануари 2011 година во

Минхен ќе се одржи саемот BAU 2011. На површина од 180.000 квадратни метри ќе бидат претставени архитектoнски објекти, материјали, системи за комерцијално градење, станбена изградба и ентериери во областа на нови и стари градби. На саемот се очекуваат околу 1.900 излагачи од 40 земји. Станува збор за светски водечки саем за архитектура, материјали и системи со повеќе од 210.000 посетители. Присуството на водечки брендови гарантира дека сите важни производи и материјали ќе можат да се видат на едно место. Архитектите и инженерите ќе се соочат со иднината на градежништвото претставена низ различни форуми. Минхенскиот саемски центар има 17 хали со 180.000 квадратни метри изложбена површина, плус 360.000 квадратни метри надворешна изложбена површина и 18.000 места за паркирање.

Речиси половина од посетителите, или 47 проценти се градежници, 18 проценти архитекти и проектанти, 12 проценти се посетители од услужните дејности, универзитетите, училиштата и истражувачки институти, а останатите се производители и трговци со градежни материјали и од областа на недвижностите. Во текот на изминатите години Саемот BAU се разви во информациска и комуникациска платформа за урбанистите, архитектите и градежните инженери. Главните теми на саемот се Одржливо градење, Градење по мерка на генерациите, Истражувања и иновации и Образование и усовршување. На Саемот ќе се одржат и повеќе различни форуми.

Поблиски информации околу учеството и посета на саемот можат да се добијат во Претставништвото на германското стопанство во Македонија, на телефон (02) 322 88 24 или на e-mail: [email protected]

BAU 2011 од 17 до 22 јануари во Минхен

Иднина на градењето

Page 16: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010316

16

граде н т о

Компанијата АДИНГ изведувач на реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина“

МАКЕДОНСКИТЕ градежници го градат патот на СВИЛАТА

Page 17: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 17

17

граде н т о

"Градилиштето е на југот на земјата, во Жамбилската област која се наоѓа во

близина на градот Тараз. Градиме и реконстуираме пат кој поминува преку целиот Казахстан и e долг повеќе од 2000 километри. Проектот се финансира со кредит од Исламската банка за развој. Тимот е интернационален, покрај неколкуте екс Ју експерти, има Французи, Американци, Германци" , вели Златан Ѓурѓиќ, дипл.град.инж. од Србија, кој во Казахстан дошол откако поминал две години во Ангола како раководител на фирмата „Ангропланум“ во Луанда. Ангажманот го добил кај домашната фирма „К-Dorstroy“ како проект менаџер. Тој е само еден од многуте работници на привремена работа во Казахстан, вклучен во проектот за изградба, санирање и реконструкција на патната мрежа, односно патниот правец кој ја поврзува Европа со Азија. Стационирани се во градот Тараз што се наоѓа дваесетина километри од границата со Киргизија, а работат на изведбата на цементно-бетонскиот коловоз при реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина“. Изведбата на автопатот во оваа земја многу се разликува од градењето на патишта во Македонија.- Кај нас на Балканот патиштата се изведуваат од асфалт, таму од бетон. Порано во Западна Европа, во земјите како што се Унгарија, Чешка и Германија се градеа вакви патишта, а потоа овој начин на градба се напушти и се премина на изградба со битумен кој е поевтин, поедноставен за одржување и поправки - вели Ќазим Адровиќ, градежен инженер кој е дел од тимот на градилиштето на „Адинг“ во Казахстан. Оваа македонска компанија е вклучена во изградбата на цементно-бетонскиот коловоз на автопатот со ширина од 2 x 9.25 м и дебелина на бетонскиот слој од 25 см. Вкупната должина на двете ленти што треба да се изведат е околу 44 км. Во период од само 2 месеца (октомври и ноември оваа година) се направени вкупно 13,5 км. Работите што ги прекина зимата, ќе продолжат напролет.

и реконструкција на патната мрежа, односно патниот правец кој ја поврзува Европа со Азија. Стационирани се во градот Тараз што се наоѓа дваесетина километри од границата со Киргизија, а работат на изведбата на цементно-бетонскиот коловоз при реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина“. Изведбата на автопатот во оваа земја многу се разликува од градењето на патишта во Македонија.- Кај нас на Балканот патиштата се изведуваат од асфалт, таму од бетон. Порано во Западна Европа, во земјите како што се Унгарија, Чешка и Германија се градеа вакви патишта, а потоа овој начин на градба се напушти и се премина на изградба со битумен кој е поевтин, поедноставен за одржување и поправки - вели Ќазим Адровиќ, градежен инженер кој е дел од тимот на градилиштето на „Адинг“ во Казахстан. Оваа македонска компанија е вклучена во изградбата на цементно-бетонскиот коловоз на автопатот

Компанијата е вклучена во изградбата на

цементно-бетонски коловоз на автопатот со ширина од

2 x 9.25 м и дебелина на бетонскиот слој од 25 см. Вкупна

должина на двете ленти кои треба да се изведат е околу 44 км. Во

период од само 2 месеца (октомври и ноември оваа година) се

направени вкупно 13,5 км од страна на АДИНГ. Работите што ги прекина

зимата, ќе продолжат напролет

МАКЕДОНСКИТЕ градежници го градат патот на СВИЛАТА

Page 18: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010318

18

граде н т о

Казахстан е девета држава по големина и најголема континентална земја во светот.

Нејзината северна граница со Русија е долга речиси 7.000 километри. На исток се протега кон Кина, на запад кон Каспиското Езеро, а на југ се граничи со Киргистан, Узбекистан и Турменистан. Има 7.000 метри високи планини и најраспространета степа на светот. На нејзината територија се наоѓаат огромни количини нафта и гас, како и резерви на злато, манган и јаглен. Таа е најголем светски производител на ураниум.Населена е само со 16 милиони жители, што значи дека, статистички, помалку од 6 луѓе живеат на еден квадратен километар. За илустрација,

на пример во Германија, на истата територија живеат во просек 230 луѓе.Меѓутоа, Назарбаев не мисли дека тоа ќе го спречи Казахстан да стане една од 50-те најмоќни држави во светот, како што тоа го направија „азиските тигри“. „Казахстан го очекува успех како Сингапур, кој пред само педесет години беше една од најсиромашните држави во светот, но приходот по глава на жител оттогаш порасна 85 пати. Казахстан не може да стане нов „азиски тигар“, затоа што во оваа земја нема тигри. Но бидејќи има снежни леопарди, тој ветува дека до 2030 година, Казахстан ќе стане централноазиски „снежен леопард“, вели тој.

Снежен леопард во централна Азија

Транспорт и вградување на бетонска маса во коловозот

- Она што паѓа во очи е квалитетот на изведени работи, со што стекнавме високо ниво на доверба кај инвеститорите што е неопходен елемент за понатамошни чекори во освојување на овој пазар. Бетонот се пренесуваше со 25-тонски камиони (од "К-Dorstroy") на максимална оддалеченост до 30 км. Немавме проблеми со губиток на вода или појава на сегрегација кои се појавуваат при ваков вид транспорт. Опремата за вградување се состоеше од комплексни машини специјализирани како финишери за коловози од цемент-бетон тип Wirtgen од германско врвно производство, снабдена со електроника која обезбедува највисок квалитет за ваков вид работи и тоа: финишер за бетон со лизгачка оплата тип SP1600 и платформа за финална обработка тип TCM 1800. Со неа управуваше и раководеше екипа од компанијата АДИНГ - објаснува Ќазим. Главниот изведувач на реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина“, „К-Dorstroy" од Алма Ата обезбеди производство на бетонска маса и машинска опрема за вградување од германско производство (Wirtgen group). Екипата на АДИНГ кој исто така имаше сопствена машинска опрема и сопствена екипа, беше ангажирана на изведбата на коловозот, како и на изработката на подолжни и попречни дилатациони фуги за исполна и херметизација. Неопходните лабораториски испитувања, како што се рецептура за бетонска маса, испитување и следење на квалитет на составни елементи на бетонот, употреба на адитиви (аерант, пластификатори

или суперпластификатори, заштита- кјуринг) беше обврска на АДИНГ. Се работеше по руски стандарди ГОСТ.- Бетонска база со капацитет од 250 м3/h од турско производство, комплетно автоматизиранa со опрема за дозирање на адитиви, агрегат, цемент и вода, 4 силоси за цемент, депонија за агрегат, цистерна за вода и адитиви, кабина за управување со компјутерска опрема, беше лоцирана на половината од делницата што обезбеди нормални услови за транспорт на свежа бетонска маса до крајната точка на вградувањето. Надзорот над производството на бетонската база го вршеа двајца раководители на лабораторијата од АДИНГ и техничко лице од "К-Dorstroy". Лабораторијата беше лоцирана непосредно до бетонска база и имаше три пункта: првиот во самата лабораторија, вториот на отворен простор 30м од базата каде се проверува "slump", воздух и температура на бетонот, и третиот на местото на вградување за проверка на "slump", воздух и температура на бетонот, како и температура на надворешен воздух и промените на воздухот - вели Адровиќ.

Комуникација на руски јазик

- Се работеше за стандардна постапка. По финишерот на растојание од 20 до 50 м оди платформа за обработка на површината на бетонот со 4 до 5 помошни работници, прскалка за кјуринг и ткаенина која обезбедува рапавост на површината на коловозот. 12 до 18 часа по бетонирањето се вршеше изработка на неопходни дилатациони фуги со опрема на АДИНГ од марка CEDIMA и оператори на машини од Македонија и помошна работна сила од локално население Казаси и Руси - кажува Адровиќ.Тој додава дека работата се одвивала непрекинато 24 часа на ден. Работниците како експертски тим на АДИНГ, повеќето од Македонија, како и од Србија и Црна Гора заедно работеле рамо до рамо со Казасите, Русите, Татарите и Украинците во две смени со кратки прекини при промената

Лидер во регионотКазахстан е веќе на пат да стане лидер во регионот. Благодарение на големите резерви на природни ресурси, во последнава деценија, бруто домашниот производ пораснал од 700 на 8.000 долари

КАЗАХСТАН

Page 19: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 19

19

граде н т оКазахстан има нафта, јаглен, ураниум и главен град со восхитувачка архитектура. Претседателот Нурсултан Назарбаев верува дека неговата земја веќе е регионален економски лидер, односно „снежен леопард“ на централна Азија

Page 20: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010320

20

граде н т о- Не го познавам македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, но се запознав со Назарбаев, претседателот на Казахстан, што го посети нашето градилиште - вели Златан Ѓурѓиќ, дипл.град.инж. од Србија, кој во Казахстан дошол откако поминал две години во Ангола како раководител на фирмата „Ангропланум“ во Луанда. Ангажманот го добил кај домашната фирма „К-Dorstroy“ како проект менаџер, преку македонската компанија АДИНГ

- Она што паѓа во очи е квалитетот на изведени работи, со што стекнавме високо ниво на доверба кај инвеститорите што е неопходен елемент за понатамошни чекори во освојување на пазарот на Казахстан - смета искусниот градител Ќазим Адровиќ, дипл.град.инж., кој беше дел од тимот на градилиштето на АДИНГ во Казахстан

Page 21: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 21

граде н т она смените и паузите за исхрана.- Требаше да се ускладат работни навики на луѓе од повеќе земји, кои се разликуваат според карактерот, степенот на образование, возраста... Тоа беше предизвик за раководниот тим. Климата во Казахстан е слична со нашата, но храната многу се разликува. Казасите се номадски народ, тие се луѓе кои живееле во шатори-јурти и се хранеле претежно со месо, за разлика од Македонците што претежно јадат овошје и зеленчук. Тие се пољубезни од нас и се многу гостопримливи. Меѓусебно се разбиравме на руски јазик - објаснува Ќазим.

Патување низ казахстанската историја

Но, рускиот јазик не ви е единствениот кој е потребно да го знаете во Казахстан. Вториот јазик кој е пожелно да го знаете во оваа земја е кинескиот.„Ако сакаш да отидеш од

земјата научи англиски, а ако сакаш да останеш во неа научи кинески“, велат Казасите, што чувствуваат страв од кинеската експанзија во својата земја.Во Достик, градот на границата во близина на планината Тјен Шан, таа анксиозност е можеби најмногу видлива. Овде низ Џункурската порта низ која помина и Џингис Кан во својот поход на Запад, денес се наоѓа единствената пруга која го спојува Казахстан и Кина. Преку неа годишно 15 милиони тони стока се пренесуваат со возови помеѓу Кина и Казахстан. Казахстанската нафта и метал патуваат на исток, а кинеските градежни машини и материјал за гасовод се транспортираат на север. Возот број 52 од Астана за кинескиот град Урумчи патува само еднаш неделно. За да премине 1200 километри и да стигне до кинеската граница, потребни му се 25 часа. Тој нуди фасцинантно патување низ казахстанската

историја. Поминува покрај трошните села во кои можат да се видат 'рѓосаните трактори што фармерите ги оставиле кога се селеле во град, покрај рудникот Караганда, кој го купил индискиот милијардер Лакшими Митал, покрај рушевините на гулагот во кој престојувале руските Германци и потоа по должина на 600 км долгиот северен брег на езерото Балхаш, кое е во опасност од пресушување. Возот е преполн со Казаси кои патуваат во Кина во шопинг или на лекување во тамошните болници. Има и деловни луѓе кои работата ги тера да ја поминуваат оваа релација еднаш до двапати месечно.

Страв од кинеските градежници

Во возот ќе сретнете и градежни работници кои од Кина патуваат во Казахстан. „Не треба да се заборави фактот што на Кина и е потребен нов простор за населување,

кој најпрвин ќе го најдат во празните степи на Казахстан. Од таму ќе продолжат да се шират кон Каспиското Езеро и Иран“, смета експертот за Кина Мурат Авезов, според кого кинеската градежна оператива прва ќе го освои Казахстан.Кинезите веќе инвестираа 9 милијарди долари во Казахстан. Кинеските компании сега црпат повеќе од една четвртина нафта од Казахстан, што им носи три милијарди долари профит годишно. Пекинг исто така ја финансира изградбата на гасоводот со кој природниот гас ќе се извезува од западните полиња на Казахстан во Кина. Повеќе од 50 000 Кинези моментно работат на патот што ќе ја поврзе Кина со Европа. Околу 2787 километри автопат кој оди преку територијата на Казахстан се планира да биде готов за три години

Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

- Не го познавам македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, но се запознав со Назарбаев, претседателот на Казахстан, што го посети нашето градилиште - вели Златан Ѓурѓиќ, дипл.град.инж. од Србија, кој во Казахстан дошол откако поминал две години во Ангола како раководител на фирмата „Ангропланум“ во Луанда. Ангажманот го добил кај домашната фирма „К-Dorstroy“ како проект менаџер, преку македонската компанија АДИНГ

Page 22: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010322

22

граде н т о

22

ПОРТА 03 декември 2010322 ПОРТА 19 ноември 2010322TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

АДЕ ЕН ИНСТИТ Т МАКЕДОНИ А

Санаци а на атери а и и он тр ции И пит а е на он тр ции рое тира е над ор ре и ии инженеринг а тита на о е о ата о о ина и др

И траж а е и пит а е и ате тира е на градежни атери а и

И траж а е и и пит а е од о а та на гео е ани ата идрогео оги атагео и и ата и инженер ата гео оги а

Page 23: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 23

23

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

граде н т о

Замислете да постојат згради, патишта, мостови направени од бетон кои

никогаш нема да можат да остарат. Конструкциите чии пукнатини од забот на времето се репарираат од страна на таканаречените доктори- хирурзи бактерии станаа стварност. Ова навистина звучи невозможно, но е вистинито благодарение на откритието на група научници од Универзитетот во Њукасл- Англија. Тие пронајдоа генетски модифицирана бактерија која може да ги поправи или сошие пукнатините на бетонот. Оваа бактерија од фамилијата Bacillaceae, родот Bacillus е бактеријата Bacillus subtilis каде генетската модификација е попозната и како BacillaFilla.

Бактерија која ја има насекаде околу нас

Bacillus subtilis е грам позитивна бактерија (бактерија која дава виолетово обојување под микроскоп) која се наоѓа во почвата, водата, воздухот. Има облик на стапче и може да формира заштитни ендоспори кои овозможуваат организмот да толерира екстремни услови на средината. Оваа бактерија во текот на историскиот развиток е класифицирана како аеробна бактерија (бактерија која може да опстои и да се развива под дејство на кислород). Bacillus subtilis е бактерија која не е патогена за човековиот организам. Произведува ензим (субтилизин) кој претставува дел од аминокиселината (серин) и самиот ензим го иницира кинењето на врската на основата (резидуата) на аминокиселината. Аминокиселината субтилизин претежно има молекуларна маса која изнесува 20000 до 45000 далтони. Структурата на субтилизинот е докажана со Х-ray кристалографија на која се гледа дека е протеин составен од неколку алфа хеликси и бета ланци кои ја претставуваат секундарната структура на протеинот. Ова е еден од многуте ензими кој оваа бактерија ги синтетизира како и еден од многуте механизми во кои таа е присутна. Bacillus subtilis може да се

репродуцира симетрично и асиметрично. Симетрично може да се подели на две ќерки келии (бинарна фисија), додека асиметрично произведува една ендоспора која е отпорна на надворешните фактори како топлина, кисела средина и соли, но која може да опстане во надворешната средина и подолг временски интервал. Ендоспората се формира за време на таканаречената стрес исхрана, и му овозможува на организмот да истрае во средината сè додека условите не станат поволни за истата.

Лепило за плетење мрежа BacillaFilla претставува спас за бетонските пукнатини. Оваа бактерија која може и генетички да биде модифицирана, произведува специално лепило за плетење мрежа кое ги поврзува пукнатините во бетонот. Генетички модифицираната бактерија е програмирана да исплива доле во пукнатината на бетонот и кога ќе стигне до потребното место создава микс на калциум карбонат и бактериско лепило, кои се комбинираат и ја плетат мрежата помеѓу пукнатините во бетонот. Механизмот на дејствување на BacillaFilla во репарација на бетонските пукнатини е зависна од специфичната пХ на материјалот, односно бетонот. BacillaFilla спорите почнуваат да се размножуваат кога стапуваат во контакт со бетонот- активирани од специфичната pH на материјалот и тие поседуваат саморазурнувачки ген, што значи дека тие нема да можат да преживеат во средината. Откако клетките ќе се размножат, тие во рој доаѓаат до пукнатината на бетонот и се во можност да осетат кога ќе стигнат до местото на пукнатината поради згуснувањето на бактериите. Згуснувањето предизвикува репарација на бетонот со диференцирање (поделба) на келиите во три типа: ќелии кои продуцираат калциум карбонат кристали, ќелии кои реагираат како заштитни влакна и ќелии кои продуцираат лепило кое реагира како врзувачки агенс и ја пополнува пукнатината.

Елена БАЈРАКТАРОВА,дипл.хем.инж.

Додавањето на новата генерација на модифицирани бактерии во бетонот ги подобрува неговите карактеристики и го продолжува векот на траење на конструкциите

BACILLAFILLAс ас а бетонск те

кнат н

Page 24: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010324

24

граде н т о

Собранието го водеше претседателот на МКГБ, проф. д-р Љубомир Танчев,

кој согласно усвоениот дневен ред, даде извештај за работата на Комитетот за периодот мај 2009 - ноември 2010 година. Исто така, на ова собрание беше донесен и годишен план за активностите и финансискиот план за 2011 година. Меѓу дискусиите на членовите се усвои и предлог за планот на работата за следната година да се додаде и организирање на Трибина на тема Хидроелектричните централи на Црна Река во соработка со ЗЕМАК (Здружение на енергетичарите на Македонија), потоа организирање заедничка конференција со

SLOCOLD во Скопје на тема: „Искуства со градбата на брани и пумпно-акумулациони постројки“, учество на Годишната конференција на ICOLD во Луцерн, Швајцарија, стручна посета на брани во Грција (или некоја друга земја), конференција на тема: „Хидројаловиштата во РМ“, Источна Македонија, во октомври 2011 година, со посета на хидројаловишта, и активирање на работата на изработка на едицијата „Браните во Македонија“. На ова годишното собрание, беа доделени и 6 плакети на заслужни членови на МКГБ, прогласени на минатото годишно собрание (Василе Соколоски, Никола

Ѓончески, Коста Талаганов, Станислав Миловановиќ, Борис Таневски и Добре Тасевски).

ПРАШАЊА ЗА БРАНИТЕ

Вториот дел од годишното собрание беше посветен на презентации на тема „Актуелни прашања поврзани со градбата на браните во Република Македонија“, односно браната „Кнежево“ во склоп на ХС „Злетовица“ и браната „Света Петка“. Така, Славчо Михајловски, дипл. град. инж. и проект менаџер, презентираше за развојот и за завршувањето на градбата на брана „Кнежево“.

Во презентацијата даде еден хронолошки преглед на почетокот на градбата на браната, почнувајќи од пристапниот пат, стопанското градилиште, самата брана и придружните објекти (опточен тунел, шахтен преливник). Во овој момент, според објаснувањето на Михајловски, се работи на завршни работи и комплетирање на техничка документација, за да може да се изврши технички прием на браната и почеток на првото полнење на акумулацијата. Во однос на браната „Св. Петка“, имаше две презентации на одредени теми и тоа: проф. Валентина Жилеска Панчовска, „Проблеми при реализација на проектот за брана Св. Петка“ и

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МКГБ

е т п а ети и но и п ано и

Брана Кнежево, поглед од низводна страна

Page 25: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 25

25

проф. Станислав Миловановиќ и проф. Милорад Јовановски на „Актуелни прашања поврзани со градба на браната „Св.Петка“. Треба да се напомене дека браната „Св. Петка“ е меѓународен проект и во него учествуваат странски учесници со свој персонал од Словенија („РИКО“) и од Србија („Енергопроект“), кои главно работат како проектни менаџери проектанти и Градежниот факултет од Скопје од аспект на локални консултанти. Како подизведувачи се македонски градежни фирми, кои имаат добро познавање на условите за градба во земјата. Во својата презентација, проф. Жилеска Панчовска се осврна

на одредени потешкотии при реализацијата на проектот, на пример, официјалниот јазик на проектот бил англиски, а на ниеден од учесниците англискиот не им е службен државен јазик. Друга потешкотија била нивото на изработка на проектите, заради различните легислативи во оваа област во наведените земји. Секој учесник во проектот применува индивидуални критериуми и процедури за избор на персонал. Според проф. Жилеска Панчовска, негативната страна на персоналот на странските учесници се недоволната информираност за постојната состојба при градењето на објектите во Република Македонија, како и

тоа дека учесниците во проектот се со различна култура и традиција, со различни работни искуства и начин на работа.

ПРЕЗЕНТАЦИИ НА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Од друга страна, проф. Станислав Миловановиќ и проф. Милорад Јовановски презентираа за технологијата на изведување на дупческо-минерските работи и бетонските работи на браната „Св. Петка“. Нивните заклучоци се дека постигнатите резултатите на ископот се значајно подобри од очекуваните, дека значајно се намалени сеизмичките потреси, дека со бетонирањата се воочува

напредок, и дека технолошкиот систем на дупчење со контурните дупнатини и пресплитинг минирање е препорачлива техника за анулирање на опасните сеизмички потреси од експлозиите врз изградените хидротехнички објекти на браната и зачувување на стабилноста на геолошкиот склоп на теренот. На крајот се дискутираше и за состојбата со можноста за градба на нови брани со главна намена производство на електрична енергија кај Галиште, Чебрен, Бошков мост и Луково поле.

Дејан БУЃЕВАЦ

Василе Соколоски, Никола Ѓончески, Коста Талаганов, Станислав Миловановиќ, Борис Таневски и Добре Тасевски се шесте добитници на плакети на Годишното собрание на Македонскиот комитет за големи брани (МКГБ) кое годинава се одржа во салата за конференции на Градежен факултет - Скопје

е т п а ети и но и п ано и

граде н т о

проф. д-р Љубомир ТАНЧЕВ Брана Св. Петка, градба на браната

Поглед кон едниот бок од преградното место на браната

Брана Св. Петка, поглед кон зона на темели на браната

Поглед кон локацијата на браната низводно од преградно место Брана Св. Петка, поглед идниот простор на акумулацијата

Page 26: PORTA3 147/148

26

26

ПОРТА 31 декември 20103

ар тект ра

Оваа година свеченатa церемонија за доделување на престижните награди

се одржа во Музејот на Исламска Уметност во Доха, Катар. Овогодишните победници (проектот за урбана ревитализација во Тунис (Revitalization of the Hypercenter of Tunis, Tunisia), малото училиште-мост во кинеска провинција (Bridge School, Xiashi, Fujian Province of China),

фабрика во Турција (Ipekyol Textile Factory Edrine, Turkey), музеј во Шпанија (Midinat al-Zahra Museum, Cordoba, Spain) и проект за конзервација на водните ресурси во Саудиска Арабија (Wadi Hanifa Wetlands, Riyadh, Saudi Arabia), се избрани од потесниот круг во кој влегоа 19 кандидати, од вкупно 401 номинирани на почетокот на изборот. Меѓу нив имаше реализирани современи

Годинава престижната Ага Кан награда ја добија пет лауреати за пет различни дела. Меѓу нив спаѓаат: проектот за урбана ревитализација во Тунис (Revitalization of the Hypercenter of Tunis, Tunisia), малото училиште-мост во кинеска провинција (Bridge School, Xiashi, Fujian Province of China), фабрика во Турција (Ipekyol Textile Factory Edrine, Turkey), музеј во Шпанија (Midinat al-Zahra Museum, Cordoba, Spain) и проект за конзервација на водните ресурси во Саудиска Арабија (Wadi Hanifa Wetlands, Riyadh, Saudi Arabia)

Пет победници на Ага Кан 2010

Page 27: PORTA3 147/148

3 27

27

31 декември 2010 ПОРТА

ар тект ра

објекти, успешни примери за реконструкција и ревитализација, заштитени споменици на култура, решенија на урбани јадра, пејзажна архитектура итн. Пет архитектонски остварувања беа селектирани од страна на жири комисијата, додека Chairman’s Award, награда за животно дело и придонес во полето на исламската уметност и архитектура, награда која е надвор од овластувањето

на жирито, му беше доделена на проф. Олег Грабар. Монографијата со добитниците на наградата за 2010, со есеите на Грабар, Мохамед ал-Асад, Фаршид Мусави, Мохсен Мостафави и други ги објави издавачката куќа „Lars Müller Publishers“. Ага Кан наградата за архитектура е основана во 1977 година и оттогаш се доделува секоја трета година. Таа првенствено се

однесува на проекти кои се наоѓаат претежно во муслиманските средини. Зад наградата стои Неговото Височество Ага Кан, имам на шиитските муслимани. Вкупниот награден фонд изнесува 500.000долари. Критериумите за избор не се строго одредени, дури и изгледа како да се секојпат различни. Тоа дава можност на широк дијапазон на учесници, од иновативни училишни објекти

од кал и бамбус, до уметнички „зелени“ објекти. Важно е нè само да се егзибиционистички остварувања во архитектурата, туку и да го подобруваат општиот квалитет на животниот простор онаму каде се лоцирани. Од првото доделување на наградата пред 33 години, досега се пријавени над 7.500 објекти, а од нив се наградени вкуно 105 проекти.

Пет победници на Ага Кан 2010

Wad

i Han

ifa W

etla

nds,

Riya

dh, S

audi

Ar

abia

(Mor

iyam

a and

Tesh

ima P

lann

ers)

1. Wadi Hanifa Wetlands, Riyadh, Saudi Arabia (Moriyama and Teshima Planners)

Wadi Hanifa е лоциран во срцето на Саудиска Арабија, долж најважната долина со природна дренажа, која со своите 4000 км² претставува уникатен географски атрибут на овој инаку сув регион. До неодамна, најголем дел од ваквиот благодет бил експлоатиран на агресивен начин, без притоа да се обрне внимание на уништувањето на животната средина. Во обидите да се поврати природниот баланс на овој регион, надлежните имплементираа програма за обнова и развој на средината во рекреативен и туристички ресурс. Проектот досега има вклучено пејзажно уредување, мерки за сочувување на биодиверзитетот, планови за рекреативни зони, подобрување на состојбата на агрикултурното земјиште во долината, како и осмислување на објекти кои на еколошки начин ќе ги третираат отпадните води, во општа корист на ресурсите на вода и жителите на регионот. Валоризацијата се гледа преку приходи од туризам. Проектот вреден 160 милиони долари е започнат во 2001 година и сè уште е во фаза на изведба.

Page 28: PORTA3 147/148

ар тект ра2.Ревитализација на Хиперцентарот на Тунис, (Assocaition de Sauvegarde)

Ова е проект во три фази, во кој се вклучени театарот на Тунис (1.500 м²), централниот пазар (12.000м²), кино-палатата (1.100м²) и реновирањето на поранешниот Административен Трибунал (2.530 м²), со вкупен износ од речиси 20 милиони долари. Вкупната таканаречена ревитализација всушност претставува реконструкција и редизајн на јавниот простор во центарот на градот. Просторот околу Француската и Авенијата Бурџиба сега е зона за циркулација на пешаци. Акцентот е ставен на задржувањето на карактеристиките на северноафриканската архитектура од 19 и 20 век, како наследство од културната размена меѓу северните и јужните земји од Медитеранот. Досега, ваквото културно наследство беше напуштено како концепт и изоставувано при секое „подмладување“ во овој простор. Сега, за првпат преку обележјата на француската урбанизациска шема е нанесен и истакнат планот на стариот град.

Ревитализација на Хиперцентарот на Тунис, (Assocaition de Sauvegarde)

28

28 ПОРТА 31 декември 20103

Page 29: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 29

29

ар тект ра

Проектот на музејот Midinat al-Zahra, во Кордоба, Шпанија.

(Nieto Sobejano Arquitectos)

3. Проектот на музејот Midinat al-Zahra, во Кордоба, Шпанија. (Nieto Sobejano Arquitectos)

Проектот е дизајнерско дело на Nieto Sobejano Arquitectos, кои го започнале уште во 2001 година, а градбата е финално завршена во 2008 година. Долгиот процес на конструкција на овој проект е последица од фактот што на локалитетот се извршувани археолошки истражувања

и истите ќе продолжат и во иднина. Таму се наоѓа Midinat al-Zahra палатата и градот што потекнуваат од Х век. Тоа е едно од најистакнатите и најопфатните исламски археолошки наоѓалишта во светот. Затоа, овој музеј се гради за да го надополни локалитетот и да го оплемени со простор каде ќе се чуваат и изложуваат пронајдоците. Музејот има и програмска функција. Тој е место за обука на археолошки тимови. Во рамките на

комплексот има и центар за сместување кој се користи исклучиво за оваа намена. Проектот е суптилен во однос на околината и природното опкружување. Минималната палета на материјали му дава тон на софистицираност на дизајнот. Со грубиот екстериер и топлиот ентериер, донекаде претставува нов архитектонски вокабулар. Целиот комплекс е со површина од 53.897 м². Истиот тежи околу 20 милиони долари.

Page 30: PORTA3 147/148

30

30 ПОРТА 31 декември 20103

ар тект ра

Жири за 2010 Мастер Награди:9 членови:Souleymane Bachir Diagne (професор, отсек Филозофија, Columbia University, USA) Omar Abdulaziz Hallaj (архитект, главен и извршен уредник на Syria Trust for Development, Syria) Salah M. Hassan (историчар на уметност и куратор, директор на Africana Studies and Research Center, Cornell University, USA) Faryar Javaherian (архитект и куратор, ко-основач на Gamma Consultants, Iran) Anish Kapoor (уметник, UK) Kongjian Yu (архитект и урбанист; основач и декан на Graduate School of Landscape Architecture, Peking University, China) Jean Nouvel (архитект, основач на Ateliers Jean Nouvel, France)Alice Rawsthorn (критичар за дизајн, International Herald Tribune, UK) Basem Al Shihabi (архитект, менаџер и партнер во Omrania & Associates, Saudi Arabia)

Ipekyol Textile Factory Edrine, Turkey (EAA - Emre Arolat Architects)

Bridge School, Xiashi, Fujian Province of China

4. Ipekyol Textile Factory Edrine, Turkey (EAA - Emre Arolat Architects)

Ipekyol фбриката за текстил се вбројува меѓу петте добитници на Ага Кан (АКАА) 2010. Поради тоа што дизајнерите EAA - Emre Arolat Architects развиле просторна стратегија за сместување на целокупното производство на овој изработувач на висококвалитетен текстил, па според неа го осмислиле овој објект во форма на потковица. Зградата е специфична, нè само што потполно одговара на производствениот ред, туку и затоа што со неа архитектот ги срушил стандардните бариери меѓу

погоните и администрацијата, што редовно се присутни во самиот концепт на проектирање кај објекти со ваква намена. Јужната фасада е главен елемент на внесувањето контролирана дневна светлина, а заедно со петте сали и многуте градини овозможуваат пријатни глетки и можност за рекреација за вработените и посетителите.Проектот е изведен од локални материјали, има спроведено мерки за заштеда на енергија и подобрена термална ефикасност. Со ова, покрај барањата на клиентот, обрнато е внимание и на потребите на средината, како и на добробитта на вработените и работната атмосфера.

Page 31: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 31

31

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâè

çà ïðîçîðöè è âðàòè

ñî ïîâå�å îä 100

ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Äóðè è ïî 100 ãîäèíè

íàøàòà âèçè¼à íåìà äà

çàñòàíå. Íîâè ïîãëåäè

êîí ñâåòîò, çàñåêîãàø.

Ãåðìàíñêè îêîâè çà

ïðîçîðöè è âðàòè.

BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à

ар тект ра

5. Bridge School, Xiashi, Fujian Province of China

Зградата е изградена над мал поток, кој минува по средината на селото, делејќи го на два дела. Целиот објект е поставен на две челични шини напречно поставени преку потокот, а на нив се темели целиот простор кој е на располагање на

училиштето. Веднаш под ова се наоѓа мал одделен пешачки мост. Со својот минималистички и изразито модерен дизајн, овој објект нема многу заедничко со традиционалните училишта, туку претставува зен-форма која одговара на духовните потреби на жителите. Неговата позиционираност сама по себе

остава невообичаен впечаток, но и носи многу силна порака. Училиштето-мост претставува славење на социјалното поврзување преку архитектурата. Меѓу двете училници е сместена библиотека од јавен карактер, а двата спротивни ѕидови на училниците се мобилни и може да се отворат на начин што дозволува

да се користат како сцени за јавни настани и перформанси. Социјалниот аспект на проектот игра многу поважна улога, бидејќи со ова решение не се одговара само на потребите на училишен објект, туку и на нов културен и социјален центар во селото

Леонида Пенка БАША

Page 32: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010332

32

ентер ер

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

- 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

Page 33: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 33

33

ентер ер Skype Corporate Headquarters во Луксембург

Динамична флексибилност

Корпоративното седиште на Skype е сместено во

новата зграда, која е дел на ревитализираната пиварница во Клаусен, стариот кварт на Луксембург Сити, Луксембург. Предизвикот поставен од страна на клиентот беше да се обезбеди ентериер кој ќе биде нè само иновативен, туку и инспиративен во секојдневната работа на вработените на Skype, задржувајќи го елементот на софистицираност и високите естетски критериуми на компанијата. Автор на овој проект е британското студио за архитектура и ентериер Walker and Martin (WAM).

Ресторан „Beatrice & Woodsley“ во срцето на Колорадо

Социјален бастион во рустичен стил

Архитектонското биро „Delk Design“ отвори свој ресторан

во Денвер, Колорадо, кој зрачи со рустичен шарм. Завршен во 2008 година, „Beatrice & Woodsley“ е ресторан во центарот на Денвер, во кој чинот на јадењето се трансформира во романтично патување во минатото. Дизајнерот Кевин Делк ја транспортирал пустината Колорадо во срцето на градот, каде што селскиот карактер е помешан со космополитската прогресија на градот. Со помош на локалните занаетчии, дизајнерот го трансформирал анонимниот простор во еклектичен, создавајќи простор кој претставува привлечен социјален бастион.

Ултрамодерен бутик „Runaway” во Виетнам

Форми кои се брануваат

CLS Architetti креираа бутик кој ќе ви го привлече

вниманието со својот ултрамодерен дизајн. Во овој ексклузивен простор, погледот најпрвин ви се запира на брановидните профили што потсетуваат на рибини перки на ѕидовите и таванот, а потоа го забележувате дизајнот што е збир на контрасти од атмосфера, простор и материјали. Како контраст на брановидните форми е мебелот од чисти природни материјали, како што се камените маси и столови инспирирани од планински пејзаж. Во ВИП делот на бутикот, мебелот е со попрефинета линија, а таванот е украсен со рози од гипс кои на просторот му даваат сензуална нота. Можеби овој бутик ќе делува инспирирачки на нашите архитекти, па наскоро и на ова поднебје ќе се појави слично дизајниран бутик каде посетителот за миг ќе се оттргне од сивилото на секојдневието и ќе се почувствува како да се наоѓа во гигантски балон на небото, слушајќи го бранувањето на ветерот што одекнува низ просторот.

Александра ПЕТРОВСКА,дипл.инж.арх.

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

Page 34: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010334

34

ентер ер

Среде метежот на улица Ленинова, е креиран овој амбиент создаден

за вистинско уживање. Суши бар NOBU е место кое иако постои од 2006 година, сè уште ви дава исто чувство, како и на самиот почеток. Низ просторот што плени со атмосфера која те опушта, се проткајува ентериерната приказна на Бојан, сопственикот на овој ресторан. Иако не асоцира на јапонски бар, во кој строго се почитуваат правилата на ентериерното уредување, сепак, овој ресторан не се обидува да глуми јапонски амбиент. Гостите не седат на подот, не се обврзани да јадат само суши и да се измачуваат со кинеските стапчиња, не уживајќи во вкусот на храната. NOBU е ресторан приспособен на македонското поднебје, со амбиентална музика и пријатна атмосфера.Просторот е исполнет со мебел во едноставни форми, во бела и црна боја, со црвени моменти кои се појавуваат кај деталите и за момент го одвлекуваат Вашето внимание. Правилните форми го следат целиот ентериер. Тенките гредички се вистинско решение за прикривање на некои делови, креирајќи функционален и естетски ефект. Се забележуваат на повеќе места. Го обвиваат белиот столб поставен во централниот дел, веднаш до шанкот. Истите овие гредички, суптилно се повторуваат и ги прикриваат белите радијатори. Дизајнерските илустрации на ѕидовите, вазите, специфичните чинии и свеќниците, му даваат идентитет на просторот во кој во целост се чувствува духот на јапонската култура. Илустрираните тапети симпатично се пресликуваат во големите врамени огледала, кои пак, создаваат илузија на поголем простор.

Ирина ЈАНКОВСКАСоздадено за уживањефото: Катја ШТРКОВА

Page 35: PORTA3 147/148

35

ентер ер

NOBU не е инстант објект, кој туку така изникнал на скопските улици. Тој е простор со приказна и душа, кој те обзема и не те пушта да заминеш, заборавајќи на времето и обврскитеСоздадено за уживање

ТОП деловни простори во Македонија - Суши Бар NOBU ТОП деловни простори во Македонија - Суши Бар NOBU 5

Page 36: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010336

36

ентер ер ТОП деловни простори во Македонија ТОП деловни простори во Македонија 5

Page 37: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 37

37

ентер ер

Стоматолошката ординација „Д-р Тони Крмзов“ која ги нуди сите

стоматолошки услуги постои веќе 15 години.Гледајќи го новиот простор на стоматолошката ординација, за момент забораваме на задачата заради која таа е проектирана. Погледот ни се губи во ѕидовите-паравани што ги делат различните функции, акцентите во зелена боја што од плафонот преминуваат на апликациите на ѕидовите, во градацијата на просторот од јавен до интимен. Ентериерот открива богатство на визури кои се менуваат со секој наш чекор, а просторот во кој се издиференцирани влезен хол со пулт, санитарии, ординации, просторија за менаџер и технички простории се одликува со чисти форми, карактеристични за минималистичките ентериери во новиот милениум.Архитектките Вања Дончева и Сандра Дончева од студиото „Биро Проект“, се автори на ентериерот. Низ рамнотежата на уметничкото и функционалното, убавината и рационалноста, тие нè потсетуваат колку е важна естетиката при проектирањето на деловните ентериери. Таа не е „резервирана“ само за елитните барови и уметнички галерии, туку треба да биде интегрален дел од секој простор во кој престојуваме, како што се и стоматолошките ординации.

(Н.Н.Д.)

ТОП деловни простори во Македонија СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА „Д-Р ТОНИ КРМЗОВ“

минимализам на новиот милениум

Редуктивниот дизајн на оваа ординација идеално се вклопува во постулатите на современото хај-тек општество

Page 38: PORTA3 147/148

38

38

ПОРТА 31 декември 20103

ентер ер

Поставена во оската на Камениот мост, во архитектонскиот

конгломерат составен од објекти со различни волумени и пропорции, Ристиќевата палата со децении претставува објект на идетификација на граѓанинот со градот. Ја проектирал архитектот Драгутин Маслаќ во 1926 година за аптекарот Владислав Ристиќ од Скопје. Винаријата е дел од планот

што потсетува на раширено ладало над кој се издига моќниот волумен на палатата. Дрвото е доминантен материјал кој внесува топлина во ентериерот. Со него се изведени полиците, пултот и витрините. Негов контрапункт е големиот излог од стакло, кој е екран што го прикажува животот на градот. Во ентериерот архитектката Искра Михајловска, која е автор на ентериерот

посебно внимание посветила на осветлувањето што е решено со светилки чиј дизајн е во склад со неостилот на палатата. Архитектонската рамка на просторот е неутрална. Таа го затвора ентериерот како втора кожа, па така просторот го доживувате како да е лично ваш, иако додека дегустирате или купувате вино сте изложени на очите на јавноста.

Еден од најголемите предизвици за архитектите е да проектираат ентериер во Ристиќевата палата, кој е објект на идентификација на граѓанинот со градот. Архитектката Искра Михајловска во локалот на винаријата „Сковин“ успеала да создаде современ спој кој ги поврзува историскиот амбиент и виното, создадено од гроздови во кои се втиснати острината на зимскиот мраз и долгите суви лета карактеристични за ова поднебје

(Н.Н.Д.)

Page 39: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 39

39

ентер ер ТОП деловни простори во Македонија - винарија SKOVIN ТОП деловни простори во Македонија - винарија SKOVIN 5

Ам

би

ен

т со

ар

ом

а н

а в

ин

о

фото: Катја ШТРКОВА

Page 40: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010340

40

ентер ер

Дизајнерската приказна наречена LUX е креација на архитектката

Искра Малинковска. LUX се простира на 90м², на две нивоа и специфична висина на просторот, која е нетипична за македонските ентериери. Ентериерот е поделен на класичен и модерен дел, каде секој потрошувач лесно ќе може да го пронајде своето светлосно парче меѓу 25-те брендови светилки, различни по дизајн и цена. Вештината на архитектот со дваесетгодишно искуство може да се види во обликувањето на секој агол на ентериерот што е синоним за пространство. Во централниот дел на првото ниво доминира белиот италијански мебел, опкружен со многуте светилки распрскани низ ентериерот, кои целосно го обземаат. Белата стаклена маса, удобните фотелји и белите полици со интересна форма, одлично се надополнуваат со скалите од бел мермер што се пресликуваат на црното стакло од лизгачките врати на шкафот. Од полиците наѕира црн декориран тапет, кој дискретно ги прикрива скалите и се простира низ половина ентериер, и на крајот ја обвива вратата што води кон чајната кујна. INLIT светлото, што суптилно фрла виолетови тонови врз мермерните скали, ве води до горното ниво, каде се чувствува работната атмосфера на архитектонскиот тим. Овде доминира масата со јајцевидна форма, опкружена со едноставни црни столови. Над неа, лустер со неправилна форма во бела боја. Во аголот се поставени транспарентни столови, кои ја надополнуваат приказната, но не доминираат во просторот. На ѕидот спроти нив, од подот се издигнува дел исполнет со долга работна маса, од каде извираат креативните идеи на архитектонскиот тим LUX.

Ирина ЈАНКОВСКА

ТОП деловни простори во Македонија - LUX ТОП деловни простори во Македонија - LUX 5

фото: Катја ШТРКОВА

Page 41: PORTA3 147/148

3 41

41

31 декември 2010 ПОРТА

Синоним за пространство

ентер ер

Page 42: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010342

ентер ер

42

Rosenthal, Swarovski, Leonardo, Villeroy&Boch се дел од реномираните

светски брендови, кои се изложени во Royal House. Секој од нив има посебен простор за себе. Продавницата за уредување на домот што се наоѓа во строгиот центар на градот е уредена и опремена по највисоките светски стандарди. Производите изработени од кристал, порцелан, прибори за јадење и готвење од најквалитетни материјали, предмети за разубавување на домот, се интегрирани во ентериерот и претставуваат нераскинлив дел од него. Во очи паѓаат порцеланските парчиња на дизајнерот Карл Лагерфелд, од куќата на Rosenthal, привлечни за колекционери, со своите лимитирани колекции со потпис. Од целиот дизајнерски асортиман на Villeroy&Boch, најспецифична е колекцијата Old Luxembourg, карактеристична по својот ретро изглед, а се произведува по дизајнерски модел од 1760 година. Колекција која на домот му дава дух на некои одминати времиња, плени со својот гламур и со своите многубројни дизајнерски асесори, одлично се вклопува и во модерните ентериери. Во средиштето на објектот е поставен пулт, кој доминира во просторот каде се изложени каталози и брошури. Стилски осмислените полици, изработени од квалитетни материјали, со суптилно осветлување на производите, ненаметливите бели ѕидови, креираат посебен дел за секој бренд . Таванот е прошаран со светилки, врамени во кружни, бели метални рамки, кои идеално се согласуваат со подот во боја на слонова коска. Зад приемниот пулт се наоѓаат дрвените скали кои внесуваат топлина во просторот, водејќи нè на долното ниво, каде е изложен помал дел од производите.

Ирина ЈАНКОВСКА

ТОП деловни простори во Македонија - Royal House ТОП деловни простори во Македонија - Royal House 5

Колекција на стилови

Page 43: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 43

43

ТОП деловни простори во Македонија - Royal House ентер ер

фото: Катја ШТРКОВА

Page 44: PORTA3 147/148

44

44

ПОРТА 31 декември 20103

атрак ја

3Бункерот на WIKILeaks

КОМПЈУТЕРСКИОТ ЦЕНТАР Пионен во СТОКХОЛМ

Page 45: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 45

45

атрак ја

Ентериерот реализиран кон крајот на 2008 година, кој се појави на страниците

во неколку елитни архитектонски списанија, денес благодарение на скандалот со Викиликс, стана препознатлив ширум светот. „Pionen White Mountain” е дело на архитектонското студио „Albert France Lanord Architects” кои го пренамениле поранешниот подземен бункер во компјутерски центар во кој се чуваат фајловите на Викиликс. Бункерот со површина од 1200м² во времето на студената војна служел како атомско засолниште и ден-денес може да издржи директен удар на хидрогенска бомба. Се наоѓа на 30 метри под земја, во пештерата на гранитна карпа под паркот Витаберг. Резервното напојување со струја го обезбедуваат два мотори „мајбах МТУ“ кои се идентични со моторите на подморниците на НАТО.Овој простор е активен веќе 70 години, но последната негова пренамена и редизајн на ентериерот се случиле пред две години. Бункерот станал т.н. „датацентар“, а својата улога во своето опкружување ја исполнувал мошне добро. Проектот вклучил обнова на сите оштетени површини, главно бетонски елементи кои се наново излиени. Нов, впечатлив естетски дел е зелениот ѕид кој се простира низ главниот ходник, а во прашање е дел од карпата прекриена со десетина различни билки. Покрај потполно новата вентилација и новите информациски системи, вграден е и нов систем на осветлување кој игра клучна улога во доживувањето на овој простор. Комуникациите и работните простори се осветлени со интензивна бела светлина, додека останатите делови се обоени со светлината на шарените светилки. Подот во салата за конференција е изработен така да изгледа како површина од пезаж од Месечината.

Со оглед на необичниот животен пат и облакот на мистеријата што го обвиткува, никого не го зачуди веста за тоа дека контроверзниот основач на Викиликс, Џулијан Асанж избрал амбиент како кадар од филмовите за Џејмс Бонд, за во него да сокрие илјадници тајни документи кои го потресоа светот

ПРЕСЕК B-B

ПРЕСЕК A-A

НИВО 1

НИВО 2

Page 46: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010346

46

на ка

Готфрид Бем (1920-) покажува особено мајсторство за градење на нова архитектура во историска средина, при што, приспособувајќи се кон околината, не отстапува од јасните форми на модерната архитектура. Тоа најдобро го илустрира објектот на Градскиот совет во Бензберг (1963-69), во чија концепција на слободни форми е видливо влијанието од архитектурата на Ханс Шароун. Мајсторството за градење во историска средина, Бем подоцна го потврдува и при доградбата на Универзитетот во Бременсхафен (1982-89), каде што употребува црвена фугирана тула, како континуитет со традицијата. Ото Фрај (1925-), кон крајот на 60-тите и во почетокот на 70-тите години од минатиот век, стекнува слава со оригиналниот пронајдок на т.н. шаторести покривни конструкции, составени од челична мрежа и проѕирни покривни пластични елементи. Таквите конструкции за првпат ги применува на Германскиот павилјон за ЕКСПО '67 во Монтреал, изработен во соработка со Гутброт. Веднаш потоа, во соработка со Гинтер Бениш (1922-),Ото Фрај ги подига познатите спортски објекти за Олимпијадата во Минхен (1967-

72). Објектите се изградени на теренот каде што се депонирани остатоците од урнатините на Минхен од Втората светска војна. Врз возвишението над тие урнатини е уреден Олимпискиот парк, со живописна конфигурација, зеленило и водени површини. Урбанистичкото решение на олимпискиот комплекс го има направено Гинтер Бениш со Јирген Једике. Олимпискиот стадион во Минхен има делумно покриено гледалиште, каде што формата на шаторестиот кров потсетува на силуетата од Алпите. Пливачкиот базен има сосема проѕирна структура, а гимнастичката сала се одликува со својот живописен колорит во ентериерот. Хајнле и Вишер, во близина на олимписките борилишта во Минхен го подигаат Олимпиското село, оформено од комбинација на високи и ниски станбени структури. Високите објекти имаат терасести форми, создадени со степенесто повлекување на балконите. По одржувањето на олимписките игри, оваа модерна населба е многу тешко прифатена од граѓаните на Минхен. Се смета дека тоа е резултат од недостигот на социјалната компонента во содржината на

објектите, како и од отсуството на временската длабочина, што претставува четврта димензија на архитектурата. Во 70-тите години, на врвот од доцномодерната архитектура, се чини дека настапува целосна конфузија меѓу мецените на архитектурата во Германија. Инвеститорите се засолнуваат зад профитно ориентираните градежни методи и рационалното искористување на земјиштето. Државните органи се зафаќаат со бескрајното дотерување на законите за планирање, а архитектите расправаат за прагматската етика. Дури кон крајот на 80-тите години настапува речиси целосно ослободување од економската рецесија. Кон крајот на 70-тите години, почитувајќи го интернационалниот стил, германската архитектура ја дочекува постмодерната. Нејзините влијанија видливо се рефлектираат на Меѓународната архитектонска изложба во Берлин, која се одвива во времето од 1984 до 1989 година. Под координација на Јозеф Паул Клајхис, видни светски архитекти се поканети да градат во Берлин, при што домашните творци

се поставени на маргините. Аналогно на изложбата Интербау за квартот Ханза од 1956/57 година, Берлин станува меѓународен архитектонски центар во кој архитектурата повторно се третира како јавен медиум на политиката и индустријата. За жал, реконструкцијата на Берлин, во поглед на архитектонскиот израз не се одвива без тешкотии, пред сè поради бирократскиот притисок. Влијателниот директор за изградба на Берлин, Ханс Штиман не бара архитектонски иновации, туку ја охрабрува т.н. критичка реконструкција со скромни објекти ,,облечени” првенствено со камен и тула. Таквиот став, Јозеф Паул Клајхис го декларира на следниот начин: ,,Архитектурата мора да ја одразува општествената желба за униформност, не во смисла на нова неутралност, туку како принципиелен став”. Освен во Берлин, и во другите германски градови, а особено во Франкфурт, се градат значајни објекти, според наградените проекти од одржаните меѓународни конкурси. Неколку германски архитекти ја користат можноста да се афирмираат на меѓународно ниво.

Сл.1. Г. Бем. Универзитетот во БременсхафенСл. 2. Олимпискиот комплекс, Минхен. ПанорамаСл.3. Г. Бениш и О. Фрај. Олимпискиот стадион, МинхенСл. 4. Хајнле и Вишер. Олимпиското село, Минхен. ПанорамаСл.5. Ј. П. Клајхис. Хотелот Четири сезони, Берлин

ОДИНИ МОДЕ НА А ИТЕКТ А ( )

Е МАНИ А ( ) Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 47: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 47

47

нтер ј

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 48: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010348

48

еко ог ја

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

р т о а н нер нг

едба на објект

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 49: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 49

49

еко ог ја

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

р т о а н нер нг

едба на објект

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

БУДИМПЕШТА

Големи вложувања во геотермални проекти

Европската инвестициска банка EIB одобри кредит од 110 милиони евра за геотермални проекти кои ги води унгарската компанија PannErgy.

Кредитот долгорочно ќе ги задоволи потребите на оваа унгарска компанија за кредити со кои се финансираат нејзините бројни геотермални проекти.

(Budapest Business Journal)

ČEZнеодамна потпиша договор за продажба

на својата електрана на јаглен Chvaletice на чешкиот холдинг Energeticky a prumyslovy holding (EPH). ČEZ својата електрана Chvaletice заради високите трошоци ја издвоил во посебно

претпријатие кое го понудил на продажба или замена. Вредноста на продажбата не е јавно обзнаена, но се знае дека ČEZ за возврат ќе добие топлинска дистрибуција во градовите Литвинов и Мост во северна Бохемија, кои планира да ги поврзе со својата

електрана Prunerov, и дека EPN на ČEZ ќе му овозможи полесно купување на компанијата за топлификација Energotrans која затоплува дел од Прага.

(Prague Monitor)

ВАТИКАН (L'Osservatore Romano)

Зелен папа во најпријателската држава на светот

По вградувањето на големи соларни плочи на покривот на една од своите палати, Ватикан се докажа за околината и животната средина како најпријателска држава на светот, објави

службениот весник L'Osservatore Romano. Со поставувањето на соларните плочи пред две години на кровот на конференциската сала, најмалата држава во светот заштедила енергија во вредност од 90 тони нафта. Заради неговите заложби, папата Бенедикт XVI е прогласен за „зелен папа“.

ПРАГА ČEZ продава електрана

ТУЛСА

Уште ветерници за САД

Американскиот портал Power-Gen Worldwide информира за две нови американски

ветроенергетски проекти. Така, компанијата Invenergy започнала градење на ветроелектрана со јачина од 200 MW во областа на Мичиген. Проектот ќе се состои од 125 ветротурбини со поединечна јачина од 1,6 MW на производителот General Electric. За произведената електрична енергија веќе е потпишан 20-годишен договор за откуп со фирмата Detroit Edison (DTE) во вредност од 1,1 милијарди долари. Испораката на ветротурбините ќе започне напролет, а довршувањето на изградбата се очекува кон крајот на 2011 година. Исто така, данскиот произведувач на ветроенергетска опрема Vestas доби нарачка за 44 ветротурбини со поединечна јачина од 1,8 MW за VE Rockland кој ќе се гради во Ајдахо.

(Power-Gen Worldwide)

Page 50: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010350

50

еко ог ја

Екосистемите во природниот резерват "Езерани" не функционираат природно.

Забележана е намалена биолошка разновидност во регионот, што претставува вистинска национална загуба. Можеме да се запрашаме, дали "строго заштитен резерват" е веродостојна титула за "Езерани", или е само регион заштитен со закон кој никој не го почитува?Ова може да се изведе како заклучок од неколкумесечното истражување кое оваа година го спроведоа членовите на Истражувачкото друштво на студенти биолози на дневните пеперутки во природниот резерват "Езерани". Станува збор за природно блатиште на северниот, крајбрежен дел на Преспанското Езеро, лоцирано во југозападна Македонија, со површина од 2080 хектари. Резерватот во 1995 година е прогласен за светски значајно блатиште од Рамсарската конвенција, бидејќи во него живеат многу ретки и ендемични растенија и животни, од кои голем број се со заканувачки статус според

светските црвени листи, а во 1996 година е прогласено и за строго заштитен природен резерват од Владата на Република Македонија.Со цел да се утврдат заканите врз биолошката разновидност предизвикани од негативното човеково влијание, теренските активности на членовите на Истражувачкото друштво на студенти биолози беа спроведени во летниот период во согласност со активноста на дневните пеперутки. Оваа година беа пронајдени 45 видови дневни пеперутки, што претставува само половина од бројот на очекувани дневни пеперутки во регионот.

Хабитати за птици, цицачи, влечуги...

Според експертите, блатата се едни од најпродуктивните животни средини. Тие се од централно значење за биолошката разновидност, бидејќи ја обезбедуваат водата и другите основни компоненти од кои зависи опстанокот на растителните и животинските

видови. Тие претставуваат екосистеми составени од широко распространети влажни ливади и се едни од најсоодветните хабитати за птици, цицачи, влечуги, водоземци, растенија и без'рбетници, како што се пеперутките. Овие инсекти покрај тоа што се одликуваат со неверојатна убавина, воедно се и многу разнообразна група на животни која била и сè уште е од голем интерес за истражување. Големата биолошка разновидност во природниот резерват "Езерани" е особено добро отсликана во големиот број дневни пеперутки кои ги содржи, поточно 99 од вкупно 202 видови дневни пеперутки, што значи дека природниот резерват и покрај својата релативно мала површина содржи скоро 50% од вкупната видова застапеност во државата. Но овие податоци од деведесеттите воопшто не ја отсликуваат денешната состојба во резерватот.Малиот број видови е директна последица на интензивната преобразба на природните

Со цел да се утврдат заканите врз биолошката разновидност предизвикани од негативното човеково влијание, теренските активности на членовите на Истражувачкото друштво на студенти биолози беа спроведени во летниот период во согласност со активноста на дневните пеперутки. Оваа година беа пронајдени 45 видови дневни пеперутки, што претставува само половина од бројот на очекувани дневни пеперутки во регионот

епер т ите од етаа од Е ерани

Page 51: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 51

51

еко ог ја

живеалишта на дневните пеперутки во земјоделски обработливи површини. Земјоделската преобразба на природниот резерват повлекува бројни други закани за природниот екосистем, како што се неорганизираните депонии од непланското ослободување од вишокот на произведените јаболка, како и токсичните пестициди кои се сметаат како најголеми виновници за намалувањето на диверзитетот на пеперутките, главно заради нивната пречеста и непланска употреба.

Био-индикатори за антропогеното влијание

- Општата цел на проектот беше да се определи бројот на видови на дневни пеперутки во природниот резерват "Езерани". Дневните пеперутки може да послужат како био-индикатори за антропогеното влијание врз истражуваното подрачје. Иако природниот резерват "Езерани" ужива статус на строго заштитено подрачје, многубројни податоци

укажуваат за неконтролирана антропогенизација и деструкција на нативните хабитати во регионот, нè само на дневните пеперутки, туку и на останатата фауна и флора. Затоа, наша главна цел е утврдување или негирање на овие хипотези преку споредбена анализа меѓу пеперутките најдени и објавени од Паул Шајдер и Предраг Јакшиќ, во 1989 година и видовите најдени од нашите истражувања во 2010 година - вели раководителот на проектот, Емилија Божиновска.Божиновска со уште тројца свои колеги, студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот за биологија, предводени од дипломиран биолог, во периодот од јуни до септември вршеле активна анализа на природниот резерват "Езерани". - Највоочливи закани, констатирани по однос на диверзитетот на дневните пеперутки во "Езерани" се честото користење пестициди и ѓубрива, агрикултурна конверзија на државно земјиште, неорганизирани депонии

предизвикани со неорганизирано ослободување на произведените јаболка. Најголемиот дел од овоштарниците се наоѓат во блиската околина на селата во природниот резерват, додека останатиот дел е донекаде под помало антропогено влијание, но тоа се местата каде најчесто можеше да се забележат неорганизираните депонии од растителниот отпад. Едни од најголемите закани по диверзитетот и опстанокот на дневните пеперутки се неорганизираното ѓубрење и прскање со пестициди, поради што следи непотребно преѓубрување, неадекватно ослободување од контејнерите за пестициди и користење нееколошки пестициди и ѓубрива - дополнува Божиновска во финалниот извештај за Диверзитетот на дневните пеперутки во ПР "Езерани".

Мали грантови за мотивација

Во периодот пред 1980 година, во овој регион локалното население поседувало

значително помали површини со овоштарници отколку денес, додека во последниве години се интензивира пренамената на природните земјишта во обработливи површини (1/4 од вкупната површина на ПР Езерани). Со зголемување на површината на обработливите површини се зголемила и потребата од модерната технологија која овозможува за пократок временски период да се нанесе поголемо количество пестициди, односно да се покрие значително поголема површина. Реализацијата на ова истражување беше овозможена преку малите грантови поделени од Македонското еколошко друштво, со цел да се мотивираат млади еколози и студенти биолози да пристапат кон подигнување на јавната свест од областа на екологијата и заштита на животната средина.

Сашо К У ЗМАНОВСКИ

Биолозите во нова акцијаСледна акција на биолозите од ПМФ ќе биде Заштита на ендемичната дневна пеперутка Pseudochazara Cingovskii. Оваа пеперутка е ендемична за Македонија, односно може да биде најдена само на масивот Плетвар и на ниедно друго место во светот. Овој ареал претставува варовнички камењар со проретчена треваста вегетација и Pseudochazara Cingovskii е силно поврзана за него. Бидејќи досега не се направени детални истражувања за биологијата и екологијата на оваа пеперутка, ова истражување би придонело да се разоткрие комплетниот циклус на оваа ендемична пеперутка, како што е развојот на гасениците во кукла и имаго (адултна единка), нивната исхрана и точниот LHP (Larval Host Plant - конкретно растение врз кое оваа пеперутка си ги положува јајцата). Извршувањето на ова истражување би било од неизмерно значење за заштитата на овој критично загрозен вид. Како главна закана по опстанокот за овој вид е каменоломот што се наоѓа во непосредна близина на природниот хабитат на оваа пеперутка. Поради овие причини, сега е моментот да се дејствува и да се заштити ова уникатно богатство на нашата држава.

Поразувачки сознанија од анализите на младите биолози

епер т ите од етаа од Е ерани

Page 52: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010352

52

еко ог ја

Земјите од Балканскиот Полуостров треба да постигнат зелен договор, да

ги утврдат мерките како заедно и ефикасно да ја заштитат животната средина во целиот регион, бидејќи секоја од нив поединечно има многу ограничени можности. Ова беше главното мото на првата регионална конференција на балканското движење БЕЛЛС, чија цел е воведување водечки стандарди во животната средина, во шесте држави во кои тоа е активно. БЕЛЛС како идеја беше претставена пред година и пол, но таа прерасна во вистинско движење, предводено од организациите што ја промовираа. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, земјите низ кои е раширено движењето, на белградската конференција дури и не се нарекуваа држави, туку БЕЛЛС територии.Откако во изминативе месеци сите национални координатори одржаа свои конференции за да ги

сумираат постигнатите резултати, дојде времето тоа да се направи на регионално ниво, каде што ќе се собере сè на куп. А постигнувањата се бројни. Во изминатиов период, БЕЛЛС стана активно во 30 општини во земјите од Западниот Балкан. Организираше повеќе од 100 национални или меѓународни состаноци, средби, конференции, настани и манифестации по разни поводи, а за сите тие активности во медиумите биле објавени вкупно 946 прилози и текстови. Подготовки и декларација за стандарди во животната средина, која досега ја потпишале 60 илјади граѓани, меѓу кои и 2.400 носители на одлуки, односно членови на парламенти, на влади и на локални самоуправи. Кога станува збор за пратениците, нивната активност не завршува, туку почнува со потпишувањето, затоа што со големата поддршка на БЕЛЛС се формираат и дејствуваат парламентарни зелени лоби групи во државите од регионот. Во нив, досега пристапиле вкупно

87 пратеници од шесте држави. Многу често зелените лоби групи се препознатливи во своите парламенти, а некаде се трудат и да се институционализираат во нивните рамки, наместо да дејствуваат неформално.- Овде Балканот е обединет. Гледаме луѓе од десетици градови во регионот. На Западниот Балкан несомнено му треба зелено водство. Ние треба да го поведеме напред. Се надевам дека за десетина години, кога резултатите ќе бидат конкретни и видливи, ќе се сетиме на оваа конференција и ќе бидеме горди дека ние сме почнале. Сме биле меѓу првите. Голем успех е што го надминавме предизвикот наречен политичка волја. Ги придобивме политичарите на наша страна - истакна на отворањето Александра Кнез-Милојковиќ, регионалната координаторка на БЕЛЛС.Ивица Радовиќ, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на таа земја, нагласи дека иако

Годишна конференција на БЕЛЛС во Белград

Иако во проблемите на животната средина се потиснати, на сметка на неопходниот економски и социјален развој, сепак движењата што се залагаат за нивното решавање треба уште посилно да дејствуваат, затоа што без тоа нема ниту квалитетен развој, истакнаа учесниците

е ените она е продо жат да оде н аат на АЛКАНОТ

Page 53: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 53

53

еко ог ја

на Балканот проблемите во оваа област се потиснати, на сметка на неопходниот економски и социјален развој, сепак движењата што се залагаат за нивното решавање треба уште посилно да дејствуваат, затоа што без тоа нема ниту квалитетен развој.Движењето БЕЛЛС е поддржано од Кралството Холандија, чиј амбасадор во Белград, Лорен Луис Стоквис, доби благодарница за заслугите на неговата земја.- Ова е признание за граѓаните на Холандија што плаќаат даноци. Во изминативе години вложивме 22 милиони евра во заштитата на околината на Балканот. Очекуваме тие пари да ни се вратат со почиста околина. Тоа е потребно и за пристапувањето кон Европската Унија, но и за регионот да стане постабилен и попросперитетен - рече Стоквис.Пред присутните се обратија претставници од разни краишта на Балканот, истакнувајќи ги своите дострели или споделувајќи ги маките. Се претстави Ниш,

каде што граѓанскиот сектор мошне активно работи со локалната самоуправа за да ја подобри состојбата во градот, за тој да стане ЗелеНиш, како што се вика проектот. Тука беше и Мојковац од Црна Гора, општина со два национални парка и со големи рудни богатства, како и хидропотенцијал, па така градоначалникот постојано се бори со силниот притисок од бизнис-интересите за да ја заштити својата општина. Меѓу другите се јави и Велес, можеби единствениот град во регионот каде што проблемите со животната средина се приоритет за граѓаните, пред економската и социјалната сигурност, иако невработеноста и сиромаштијата се доста присутни.Вториот ден на конференцијата беше резервиран за работилници, на кои свои предавања одржаа петмина врвни експерти од областа на животната средина, од Балканот и од светот.Матијас Јурек, од канцеларијата на УНЕП во Виена, ги претстави

уништувачките последици што рударството ги имало и ги има на Балканот, ги дефинираше најпроблематичните точки кај рудниците и даде предлози за нивното решавање.Јан Густав Странденес, еден од главните советници во меѓународната организација Северна алијанса за одржливост, истакна дека без бизнисот да се приспособи кон одржливи начини на производство, нема да може да се постигнат целите за заштита на околината. Но, тој додаде дека одржлива треба да биде и потрошувачката, односно да се сменат навиките на луѓето безмилосно да ги трошат парите, на тој начин подоцна создавајќи поголем отпад.За поврзаноста меѓу безбедноста и животната средина говореше Бесник Барај, универзитетски професор од Албанија. Тој низ повеќе илустрации покажа колку неговата земја е загрозена од природни непогоди од секаков вид, како суши, поплави,

шумски пожари и ерозија на земјиштето, состојба што е слична во сите земји од регионот.Трансформацијата кон зелено општество подразбира и создавање зелени работни места. Оваа тематика ја образложи Јован Протиќ, координатор за Србија на Меѓународната организација за труд. Протиќ објасни дека позеленувањето на економијата подразбира истовремено губење на многу работни места, но и создавање нови. Тој истакна дека при овој премин мора да се задржи пристојноста, односно работните места да бидат безбедни по животот и здравјето на вработените и да им овозможуваат економска и социјална сигурност.БЕЛЛС конференцијата заврши со заклучоци дека треба да се продолжи силното делување и пред сè поттикнувањето на политичарите да донесуваат зелени одлуки, како и да се зацврсти регионалната акција на Западниот Балкан.

Катерина СПАСОВСКА- ТРПКОВСКА

е ените она е продо жат да оде н аат на АЛКАНОТ

Page 54: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010354

54

Сцени од филмот Ice Ageекс ерт

Императив во градежништвото е да се намалат последиците од екстремните временски услови преку соодветно проектирање и изведба на објекти, земајќи ги предвид абнормалните оптоварувања врз конструктивните елементи како резултат од дождови, снегови, ветрови

ЗАЛОЖНИЦИ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА

Page 55: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 55

55

Сцени од филмот Ice Ageекс ерт

Месецов, по вторпат се чувствувам како заложник на времето

во Обединетото Кралство. Првиот студен бран ме затече во Tyneside кога сeвероисточниот дел на Велика Британија го зафати арктички бран. Тој донесе со себе обилни врнежи од снег и невообичаено ниски температури. Во земја во која вообичаено се движите со автомобил, доволна е само една стрмна реонска сообраќајница непосипана со сол, за животот да ви стане пекол. Таа значи крај на вашата мобилност и ве пренасочува кон други алтернативи. Една од нив е комбинација на подолго пешачење по улици и тротоари покриени со 10 см лед и претрупано метро кое честопати доцни или не работи во одделни делови на регионот заради замрзнати свртници и други технички проблеми. Трошка надеж ми се појави пред неколку дена кога локалната служба за јавни патишта делумно го исчисти најстрмниот дел од реонската улица, оспособувајќи само една лента која би ја споделиле возилата што се движат во двата правца. По повеќе неразумен обид да се вози наредниот ден стана јасно дека нема друга алтернатива, освен да се почека природата да го реши проблемот кога вообичаеното време за овој период на годината ќе го истопи барем делумно ледот и снегот од патиштата и тротоарите. За жал, радоста дека животот се враќа во нормала беше краткротрајна. Само недела дена подоцна повторно сум заложник на новиот арктички бран кој го зафати северозападниот и јужниот дел на земјата. Притоа се очекува температурите да го надминат постоечкиот рекорд за најниска температура од

-26,1°С постигнат во јануару 1982 година во Shropshire и да траат барем до претстојните католички божиќни празници. Овој пат мојата мобилност е резултат на застојот во јавниот сообраќај: затворени лондонски аеродроми, нарушени железнички врски и прекинат автобуски сообраќај на одредени линии. Според последните проценки во британските медиуми на 19ти декември се спомнува дека вториов студен бран во текот на изминатите неколку денови ќе ја чини земјата околу 2,4 милијарди фунти (околу 2,7 милијарди евра). И покрај тоа што станува збор за временски услови кои излегуваат надвор од вообичаените за овој доцноесенски период на годината, причините за проблемите со кои се соочуваат британците во моментов се многу подлабоки и во голема мерка се резултат на исклучително тешката економска состојба во која се наоѓа земјата со енормни задолжувања и буџетски дефицит. Аналитичарите проценуваат дека помеѓу 390 до 550 илјади вработени во јавниот сектор ќе останат без работа во следните 5 години. Ако секоја општина се обидува да отпушти по 10% од вработените во овој период за да се покрие овогодишниот дефицит, неминовно е дека дел од нив ќе бидат и вработени во службите за патишта. Истовремено, за да се заштеди на средства солта се порачува во последниот момент, така што кога дојде првиот бран, поголемиот дел од солта бил на бродови на пат кон земјата за да пристигне за зимата, но не и за есента. Со оглед на зголемената побарувачка, надлежното министерство има издадено препорака да се штеди во употребата на сол. Министерството побара од главниот научен советник

на владата да препорача како подобро да се подготват за вакви временски прилики во иднина, со оглед на тоа што владата би сакала да инвестира само минимални средства за справување на проблемите сврзани со промените во климата, а остатокот да го користи за други намени. Првиот бран укажа на доста значајни аспекти за оние со интерес во градежништвото. Веројатно еден од најзначајните настани беше поврзан со уривањето на дел од покривот на супермаркетот на глобалната фирма Tesco во Scunthorpe (Lincolnshire) што се случи пред неколку недели. За среќа инцидентот помина без човечки жртви бидејќи натстрешникот што се сруши беше лоциран на најодалечениот дел од влезот на објектот. Истиот ден службата за противпожарна заштита беше ангажирана во акција за спасување на околу 200 овци и говеда, кои беа затрупани при уривањето на стаја од тежината на снегот. Според појдовните информации вакви проблеми не биле ограничени само на овие две приказни кои го имаат привлечено вниманието на локалните медиуми. По сè изгледа дека имало проблеми и со други натстрешници и покриви, особено оние направени од полесни конструкции како поликарбонат, стакло, лесни метални опшивки и сл. Најчесто како резултат од тежината на снегот доаѓа до слегување на покривката на средината на распонот што може да доведе панелите од поликарбонат делумно или наполно да излезат од страничните лежишта, или пак панелот да излизга надвор од страничните лежишта во правецот на косината. Ваквите искуства укажуваат на потребата за соодветна статичка пресметка, градежни детали

и изведба за да се надминат овие проблеми. Се разбира, глобалните климатски промени налагаат да се земат предвид и дополнителни товари, како резултат на зголемени снежни врнежи и посилни ветрови. Ситуацијата во Англија особено е усложнета бидејќи овде не постои пракса за поставување на снегобрани. Како резултат на ова, голем дел станбени објекти, особено оние со коси покриви имаат претрпено оштетување на олуците и олучните цевки, посебно на оние пластичните што се многу популарни заради пониската цена. Притоа под тежината на снегот и ледот на работ на покривот олуците се имаат откачено и имаат повлечено дел од олучните цевки. Така е создадена дополнителна работа за оние што изведуваат ваков вид градежно-занаетчиски работи, иако условите за одвивање на вакви зафати се исклучително сложени и ризични во моментов. Во услови кога поголемиот дел на Обединетото Кралство наликува на сцена од филмот "Ледено Доба", се наметнува прашањето во колкава мерка ова е резултат на глобалните климатски проблеми, или пак е дел на вообичаениот циклус од повторување на екстремни временски прилики на подолги временски дистанци. Каков и да е одговорот на ова прашање, останува како императив во градежништвото да се намалат последиците од ваквите екстремни временски услови преку соодветно проектирање и изведба на објекти, земајќи ги предвид абнормалните оптоварувања врз конструктивните елементи како резултат од дождови, снегови, ветрови и сл.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж. арх.

Императив во градежништвото е да се намалат последиците од екстремните временски услови преку соодветно проектирање и изведба на објекти, земајќи ги предвид абнормалните оптоварувања врз конструктивните елементи како резултат од дождови, снегови, ветрови

Аналитичарите проценуваат дека помеѓу 390 до 550 илјади вработени во јавниот сектор во Велика Британија ќе останат без работа во следните 5 години. Ако секоја општина се обидува да отпушти по 10% од вработените во овој период за да се покрие овогодишниот дефицит, неминовно е дека дел од нив ќе бидат и вработени во службите за патишта

Chelsea Tractor е колоквијалниот израз за возило наменето за секаков терен кое го носи името на елитниот дел на Лондон, Челси. Домаќинките од овој дел на градот го користат овој вид возила за да ги однесат и вратат децата од училиште, или да одат на пазарување, иако овој дел на градот веројатно има една од најодржуваните улични мрежи во земјата

Page 56: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010356

56

арт н о

Во Културниот центар ЦК е отворена изложба на

фотографии „Лица и места“ на уметникот Матеј Богдановски. На изложбата се претставени 40 фотографии (црно-бели и во боја) на ликови и места, кои авторот во одреден момент субјективно ги доживеал. На нив се прикажани тривијални

сцени од секојдневието, портрети на луѓе кои авторот лично ги познава, места низ кои тој се движи и кои во одреден момент му биле уметнички привлечни да ги документира. Матеј Богдановски е роден 1979 година во Скопје и завршил постдипломски студии на ФЛУ во 2008 година.

ПАРИЗ

Лувр конечно ја купува сликата „Три грации“

Лувр ќе го купи ремек делото „Три грации“ од

1513 година нa германскиот сликар и графичар Лукас Кранах (1472–1553). Според соопштението од самиот музеј, парите за негово откупување се собрани од донацијата на луѓе кои се јавиле на апелот, упатен во ноември оваа година. Оваа слика моментно се наоѓа во Франција, каде се смета за национално богатство. Продавачот за неа бара четири милиони евра. Луѓето од Лувр сами собраа три милиони, а остатокот е собран благодарение на дарежливата ликовна јавност. Донациите се движеа од едно, па до 40 илјади евра, а една донација во просек изнесуваше околу 150 евра.

Во Приштина, во театарот „Додона“ е поставена изложба „Погледи: Средба на лични истории

на Срби и Албанци“. Се работи за изложба на интервјуа и фотографии од животот на Србите и Албанците на Косово реализирана преку соработка на Асоцијацијата Културанова од Нови Сад и Центарот Мултимедиа од Приштина. Изложбата првпат е прикажана во Нови Сад, во Музејот за современа уметност Војводина, во ноември оваа година. Таа има за цел, по повеќе години стагнација, да воспостави културна комуникација меѓу Косово и Србија. Идејата е, во соработка со уметниците од овие простори, да се придонесе за што подобро разбирање на меѓусебната историја преку запознавање со личните приказни, спомени и погледи на свет на српските и албанските жители од Косово.

ШТУТГАРТ

„Мајбах“ потпиша договор со Џулиан Шнабел

СКОПЈЕ

„Лица и места“ на Богдановски

Брендот за луксузни автомобили „Мајбах“, огранок на „Дајмлер“

од Штутгарт, започна соработка со познатиот скулптор и филмски режисер Џулиан Шнабел. Според нивниот договор, во следниве две години, Шнабел и „Мајбах“ заедно ќе соработуваат во неколку уметнички иницијативи и хуманитарни проекти. На неодамнешниот фестивал Арт Базел Мајами Бич, уметникот ја претстави својата скулптура „Квинкен

– скулптура на Мајбах”, како резултат од своето двегодишно партнерство со познатиот производител на автомобили. Се работи за скулптура од два дела, која е висока 483 сантиметри, широка 170 и длабока 142 сантиметри и тежи 1.488 килограми. Двата дела се од бронза со патина врз арматура од челик, а горниот крај наликува на опашка на кит. Го носи името на харпунистот од класичниот роман „Моби Дик“ на Херман Мелвил.

ПРИШТИНА

Изложба „Погледи“ за Србите и Албанците на Косово

Page 57: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 57

57

арт н о

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

ЊУЈОРК

Балдесари во музејот Метрополитен

Во њујоршкиот Метрополитен е отворена голема изложба на светски познатиот концептуален

уметник Џон Балдесари, најголема во последните 20 години. Изложбата донесува пресек на творештвото на Балдесари во распон од педесет години, почнувајќи од неговите рани дела па сè до оние направени во 90-тите години на 20 век. Џон Балдесари е уметник, кој како што вели шведскиот кустос Даниел Бирнбаум, со своето авангардно делување ја отвора новата поетика на концептуалните и општествени можности за уметниците во сите медиуми ширум светот. Треба да се истакне податокот дека во седумдесеттите години на минатиот век, за време на еден перфоманс ги запалил сите свои дела настанати во периодот од 1953 до 1966 година.

СКОПЈЕ

Минијатури во галерија „Око“

Групна изложба „Македонско ликовно творештво - минијатура“ беше изложена во галеријата „Око“.

Се работи за изложба организирана од ДЛУМ во соработка со галеријата, и на која учествуваа 68 македонски автори, кои се претставија со повеќе од 100 минијатури во различни медиуми и техники од областа на сликарството, графиката, скулптурата и објектите.

Во Музејот на современа уметност, во тек е

самостојната изложба на младиот ликовен уметник Велимир Жерновски (1981) „ALICE, WHAT ELSE IS OUT THERE?“. Се работи за мултимедијален проект, во кој авторот употребува различни медиуми, ги спротивставува статичниот цртеж со филмот и видеото, ги комбинира текстуалното со визуелното и интимното со глобалното. Обработуваната

тема, истовремено интегрира сериозен критички став кон ширењето на социјалната нетолеранција која акумулира тензии и загрижувачки димензии. Куратор на постановката е Мира Гаќина. Наградата за реализирање на самостојна изложба во МСУ му беше доделена на Жерновски на 8-то Биенале на млади уметници одржано лани. Изложбата ќе трае до 5 февруари 2011 година.

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Велимир Жерновски во МСУ СКОПЈЕ

Page 58: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010358

58

ортрет

Сузан Филипс е авторка позната по своите акустични инсталации кои таа ги презентира на јавни места каде што најмалку се очекуваат, како супермаркети, кино сали, пешачки подвозник, пристаништа, автобуски станици...

РАНЛИВОСТА НА ОСАМЕНИОТ ГЛАС

Page 59: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 59

59

ортрет

Шкотската уметничка Сузан Филипс, која се занимава со истражување на звукот, е

добитник на престижната Тарнерова награда за 2010 година. Наградата што е една од најзначајните во светот на полето на уметноста, за првпат во својата историја, почнувајќи од 1984 година, ја добива звучна инсталација која се состои од три-канална аудиоинсталација наречена „Низини“. Таа претставува неколку верзии на шкотската народна песна „Земја на низини“, а Филипс самата ги изведува. Песната зборува за маж кој се удавил во море, а потоа како дух и се враќа на својата избраничка да и раскаже за својата смрт. Инсталацијата е поставена во празна соба во галеријата „Тејт Британ“, со што на моменти, според посетителите, се постигнува морничав, а на моменти копнежлив впечаток.

ГЛАССузан Филипс е родена во 1965 година во Глазгов, а живее и работи во Берлин и во Велика Британија. Студирала на „Jordanstone“ колеџот за уметност во Данди (1989-93) и на Универзитетот „Ulster“ во Белфаст (1993-94). Позната по користењето на сопствениот глас за креирање на звучни инсталации, најчесто на невообичаени места, таа е номинирана за делото „Низини“ („Lowlands“) што го претставила на Меѓународниот фестивал на визуелни уметности во Глазгов,

како и за делото „Одамна заминат“ на групната изложба „Огледала“ во Музејот на современа уметност во Виго во Шпанија. Досега изложувала во повеќе значајни европски музеи и галерии. Моментно нејзини дела се изложени во њујоршкиот „Гугенхаим“, како дел од изложбата „Прогонуван“ во доменот на фотографијата, видеото и перфомансот. Вниманието на јавноста го привлекува и со своите верзии на поп и фолк хитови кои таа ги презентира на јавни места и во ситуации каде што најмалку се очекуваат, како што се супермаркети, кино сали, пешачки подвозник, под мостови, пристаништа, автобуски станици... Самата ги снима и ги емитува преку разгласи. Во делото „Филтер“, на пример, снимила сопствени верзии на песни од бендовите „Нирвана“, „Редиохед“ и „Велвет Андерграунд“, a ги емитувала преку звучници на прометна автобуска станица. Меѓу останатото, им пеела и на купувачите во супермаркетите на „Теско“ во Лондон.

ЧУВСТВО НА САМОСВЕСНОСТСузан Филипс работи првенствено со звук, филм и простор, а почетна точка на нејзините дела е соочувањето и напнатоста меѓу субјективното и колективните сеќавања преку популарната музика, политичките песни и филмските искуства.Таа влече инспирација од литературата и музиката, на пример,

наново го снимила целиот албум на Дејвид Боуви „Ziggy Stardust“. На овој начин, според нејзините толкувања, создава меморија која евоцира многу различни асоцијации и ја потсетува публиката на тинејџерските еуфории, соништа и осаменоста на приватни моменти. Уметничката практика која ја развива Сузан Филипс ја испитува евокативната природа на звукот, неговата сугестивност, ранливоста на осамениот глас, како и активирањето на асоцијативните и емоционалните чувства во меморијата на слушателот/примачот, како и нова перцепција на просторот во кој тој/таа се наоѓа. Акустичните проекти на Филипс се приспособуваат на контекстот на просторот во кој се појавуваат, без оглед дали се работи за животна средина, сакрални објекти, културни зданија, јавни административни простори... Наместо да се работи за искуство кое би било во динамичен однос со просторот, нејзините проекти кај луѓето предизвикуваат некакво чувство на самосвесност. „Со мојата работа се обидувам да ја донесем публиката назад кон нивната средина, а не спротивното. Она што јас се обидувам е да станете свесни за местото каде што сте додека ја слушате мојата звучна инсталација и го интензивирате чувството за себеси“, објаснува авторката.

Дејан БУЃЕВАЦ

`

Page 60: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010360

60

арт д ајн

Шпанското архитектонско студио „АРТЕКС Архитектура“ дизајнираше парк во медитеранското место Ла Пинеда, кој покрај својата функционална и естетска функција, има и едукативна улога во однос на еколошката свест

Уметничка реплика на медитеранскиот бор

Page 61: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 61

61

арт д ајн

Со цел да го сврти вниманието на јавноста кон проблемот со крајбрежjето

на Медитеранот, шпанското архитектонско студио „АРТЕКС Архитектура“ осмисли мошне необичен проект за уредување на јавниот простор во Ла Пинеда, мало гратче во непосредна близина на Тарагона во Шпанија. Паркот „Pinar de Perruquеt“ се простира на 28.000 м², а е замислен како уметничка реплика на шумата на медитеранскиот бор. Свесни за еколошкиот проблем на загадување и

одумирање на боровите и другите растенија, авторите од ова студио дизајнирале и реализирале еден вид уметничка инсталација во форма на пергола. Тие веруваат дека на овој начин ќе ја поттикнат пошироката јавност на размислување за овој проблем. Значи, проект во јавен простор, вреден три милиони евра, кој покрај својата функционална и естетска, има и едукативна улога. Главните обележја на натсрешникот се столбовите и покривот. Во прашање е метална конструкција која симболично

асоцира на дрвја, односно еден вид медитерански бор. Овој тип на бор е карактеристичен по своето благо навалено стебло, кое авторите дизајнерски го пренеле и на столбовите на самата метална конструкција. Кај изведбата, архитектите посебно внимание обрнале на специфичното втемелување на столбовите, кое морало да биде многу сигурно, стабилно и еластично за време на силните морски ветрови. Благодарение на флексибилните метални споеви, структурата успешно ги прима оптоварувањата

од хоризонталната сила на ветерот, и бавно се ниша. Основата на натстрешникот е решена како хексагонална мрежа. Стилизираните крошни на металните реплики на медитеранскиот бор се направени од фиберглас отпорен на влијанијата и нагризувањата од морската сол, која во оваа средина е мошне агресивна.

Дејан БУЃЕВАЦ

„АРТЕКС Архитектура“ за овој проект ја доби наградата на 10. Шпанско Биенале за архитектура и урбанизам во 2009 година. Архитектонското студио специјализирано за јавни простори, дизајн, приватни куќи, урбанизам и пејсажна архитектура, е основано во 2002 година, со седиште во Андора, од страна на архитектите Елисабет Фаура Павиа и Херард Весиана Мембрадо

Уметничка реплика на медитеранскиот бор

Page 62: PORTA3 147/148

62

ан ост

Точно три недели пред новогодишните празници, пристигна троседот. Планиравме да го сместиме во

дневната соба, која всушност беше просторија од две целини поврзани со шибер врата. Троседот го планиравме за спиење ноќе, а дење, со отворање на шибер вратата, просторот со троседот стануваше интегрален дел на дневната соба. Откако го

наместивме во собата, го вртев уште неколку пати и ја разместував просторијата барајќи идеален распоред. Очајна и изморена од комбинациите, најсетне седнав на новиот тросед кој сè уште беше обвиткан со најлон. Одеднаш, сликата пред мене затрепери како екран на расипан телевизор. Просторот почна да се менува, да поприма облици на медуза и тропска вегетација. Линеарните перспективи и визури

почнаа да се губат исто како и сите принципи на архитектурата кои дотогаш ги знаев. Куќата почна да се менува и во големина. Таму каде што ми недостасуваше простор, собата се растегна како хармоника. Како жив организам. Светлината и пејзажот продреа во неа од сите страни. Бучавата од надвор воопшто не ја слушав бидејќи контра звучните бранови од куќата ја неутрализираа. Беше пријатно топло, а миризливите

испарувања од транспарентните преградни ѕидови ме опуштаа максимално. Во нив растеа прекрасни растенија и со шумот на тропскиот дожд од бањата создаваа впечаток како да сум среде некоја прашума. Подот беше трева која со систем на хидраулични дигалки и инструменти за нејзино одржување се брануваше создавајќи спокој и задоволство. Седев на нешто удобно и

Сè може да биде поинаку

Новата Година е веќе

на прагот, па се надеваме дека ја накитивте новогодишната елка со омилените лампиони и додадовте понекоја новогодишна декорација во домот. ПОРТА 3 ви нуди повеќе идеи како да ја украсите вашата трпеза во духот на новогодишните празници. Оваа година во тренд се црвена, зелена, бела, златна и сребрена боја, кои одлично се вклопуваат во секој амбиент.

Александра ПЕТРОВСКА,

дипл.инж.арх.

НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА

62 ПОРТА 31 декември 20103

Идеи за декорација на празничната трпеза

Page 63: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 63

63

ан ост

Сè може да биде поинакумеко, всушност тоа беше грбот на една средно голема мечка. На ѕидовите немаше слики, но имаше просторни ласерски проекции. Со далечинското управување го вклучив шпоретот и си сварив кафе. Миризбата ме разбуди. Погледнав околу себе. Седев во мојата проширена дневна соба на новиот тросед. Просторот околу мене ми изгледаше некако наивен, здодевен, евтин и на раб на кичот. А сè може да биде поинаку.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

Најчудните градби на светот

Стилизирани морски бранови како празник за очите

Знамето на Арагон е инспирација за создавањето на овој необичен објект, кој се наоѓа

во Сарагоса, Шпанија. Изграден за потребите на ЕКСПО 2008, денес тој служи како центар за перформанси привлекувајќи публика од цела Шпанија. Претставува изложбен павилјон составен од 15 хоризонтални површини кои го симболизираат движењето на брановите на водата. Меѓу нив се исплетени 9 ката кои немаат никаква симетрична или логична позиција. Расфрлени, испресечени со блокови цемент, тие претставуваат илустрација на карпите низ морето. Низ нив се провлекуваат стаклени површини кои ги симболизираат водените бранови. Ваквата игра предизвикува привид на морски бранови кои се вистинско уживање за очите.Комплексот дополнително е збогатен со т.н „водена кула“ која има 76 ката и е дизајнирана од Енрике Де Тереза. Таа е направена по сличен принцип, бидејќи надворешноста е обвиткана околу централно јадро. Екстериерот од челик и стакло повторно дава одраз на морски бранови со што се заокружува целината за врската помеѓу луѓето и водата. На врвот на водената кула се наоѓа бар од 720 м² кој служи и како панорамски видик.

Драган РИСТОВ

Ако сте човек кој не може да издржи

цело работно време да седи на едно исто место, тогаш можеби ви е потребен работен простор кој може да се преместува од едно на друго место. За вас е идеална мобилната канцеларија која е иновација на холандскиот дизајнер Tim Vinke . Наречена е “Kruikantoor” -името е добиено со комбинација на зборовите количка и канцеларија. Оваа подвижна канцеларија направена од ЕПС пена со полиуретански слој содржи: 2 столчиња, работна маса, ламба, приклучок за електрична струја, полица за чување документи и канцелариски материјал, и секако 2 тркала за лесно преселување. Сите овие елементи може да се комбинираат, а кога се собрани во една компактна целина, зафаќаат простор од 1500м х 400 х 1200м.

Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.

Канцеларија на тркалца

Page 64: PORTA3 147/148

ИЗЛОГ

оте ја о ор а на ет на ран ската

ко ан ја

ПОРТА 31 декември 2010364

64

ободно стое к асо н к одерен н а ст к

креа ја на нск от д ајнер

кој ра но ат ен с ој о е одерн от

трад она н от ст

Page 65: PORTA3 147/148

кск на е егантна ета на

о а од

о ор а на ка ка ода а

а е но др г

ја а

к т ра н о ко ретста аат крас о росторот

работен се од кор ан а д ајнот е на

подготви:Сандра ДОНЧЕВАдипл.инж.арх.

31 декември 2010 ПОРТА3 65

65

екорат ен се к стер

од

соста ен од ар а

др о обоен о р ена рна о та

с на бе а боја ајнот

ретста а ко б на ја на бо гео етр ск

ор на н катен

крат ен на н

Page 66: PORTA3 147/148

ПОРТА 31 декември 2010366

66

ја н наба к

СЛ ЕН ВЕСНИК

О ЛАСИ А ДОДЕЛ ВА Е НА ДО ОВО А АВНА НА АВКА

О На и на дого орниот орган

ародна банка на е б ка акедон ја ан ос о ск т бр ко јеЕДМЕТ

аба ка на н енерск с г роектантск с г над ор на

граде но анает ск работКонта т те а

ице а онта т Ди итар еоргие иа но от ора е на пон дите

на ден год

СЛ ЕН ВЕСНИК

О ЛАСИ А ДОДЕЛ ВА Е НА ДО ОВО А АВНА НА АВКА

О На и на дого орниот орган

рек ја а те но о к нд стр ск ра ојн он б арт анск одред бр а ко је

ЕДМЕТедба на гео е ан к

дро е ан к стра н работ а ор ра е на о е о тр а тр га р а а анка

Конта т те а ице а

онта т Тат ана Дин е аа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот орган

т на акедонска а ен а а ен а бб акедонска а ен а ЕДМЕТградба на градск о тад

артерно ред а е арко ско е ен о о акедонска а ен а

Конта т те а ице а онта т дра о Мир е

а но от ора е на пон дите на ден год

СЛ ЕН ВЕСНИК

О ЛАСИ А ДОДЕЛ ВА Е НА ДО ОВО А АВНА НА АВКА

О На и на дого орниот орган

ген ја а др а н ат та а е р е бр ко јеЕДМЕТградба на ост рек река

реска кај асн а к Конта т те а

ице а онта т а ина Сте ано а огдано аа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот орган

ген ја а ад с орт ренк н е т

бр ко јеЕДМЕТградба на ет р ат орен

с ортск са о т н те а ро о ост е тр ак р а а анка а р

Конта т те а ице а онта т п о Тра е

а но от ора е на пон дите на ден год

О На и на дого орниот орган

ентар а ра ој на го а адн от анск рег он арт анска

бб тр гаЕДМЕТработка на деен роект а

ко ектор а ека н одКонта т те а

ице а онта т Сто ан Са е иа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот орган

рад ко је б нденска бб ко је

ЕДМЕТедба на крак од одо одна

ре а со одо оден ека ен р к ок

на град нка о осе ск ат на ка еро ор е етро

Конта т те а ице а онта т

Мари а етро а аже аа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот орган

н стерст о а обра о ан е на ка то а ас е ас н бб ко је

ЕДМЕТед а е на граде н граде но

анатск работ доградба надградба на на ја

р бра е о тр гаКонта т те а

ице а онта т А е андра инго аа но от ора е на пон дите

на ден год

СЛ ЕН ВЕСНИК

О ЛАСИ А ДОДЕЛ ВА Е НА ДО ОВО А АВНА НА АВКА

О На и на дого орниот органрад ко је б нденска

бб ко јеЕДМЕТ

р е е на над ор на градба на објект од сокоградбаКонта т те а

ице а онта т Мари а етро а аже аа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот орган

т на р е т бр р е

ЕДМЕТ

едба градба на о ен но обе е је о град

р е а а р тектонско артерно ред а е на ато арк нг ростор на аго на

б о е е е ра а а еск де ред с ер аркетот ед ко о град р е

Конта т те а ице а

онта т ин о ино иа но от ора е на пон дите

на ден год

СЛ ЕН ВЕСНИК

О ЛАСИ А ДОДЕЛ ВА Е НА ДО ОВО А АВНА НА АВКА

О На и на дого орниот орган

н стерст о а к т ра ро ако бр ко је

ЕДМЕТед а е на граде н

граде но анатск работ а арк нг артерно ред а е на

објект еатар е ес о е есКонта т те а

ице а онта т ран о Ко то иа но от ора е на пон дите

на ден год

О На и на дого орниот органа но рет р јат е а сто ан с а е

со станбен де о ен ростор на е б ка акедон ја р е

ко о бр ко јеЕДМЕТ

раде н работ а градба на станбен објект еродро

еродро еродро еродро станбено

де о н објект еродро еродро еродро о ко је од е ен арк нг а

Конта т те а ице а онта т Ана Ди е а

а но от ора е на пон дите на ден год

ДООЕЛ ТАТЈАНА

www.porta3.com.mk

Page 67: PORTA3 147/148

31 декември 2010 ПОРТА3 67

р бр ка

67

ДООЕЛ ТАТЈАНА

Page 68: PORTA3 147/148

Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 820, Факс:++389 / 02 2034 821, [email protected]

www.ading.com.mk

Среќна Среќна Среќна Среќна Среќна Среќна Среќна Среќна Среќна НоваНоваНоваНоваНоваНова

201120112011201120112011состојка на секоја градба

Ви Посакува