3
Осцилации 1. Да се запише равенката на хармониско осцилаторно движење ако модулот на амплитудата A = 0,2 m, кружната фреквенција е ω = 2 Hz и почетната фаза е φ 0 = π/2. 2. Осцилирањето на материјалната точка се врши по законот y = 0,5 sinπ(t+0,5). Амплитудата и периодот се зададени во SI. Да се определи амплитудата, периодот, почетната фаза и фазата по 5 s од почетокот на движењето. 3. Равенката на движењето го има следниов вид y = 0,06 sin 100πt. Колкава е амплитудата, фреквенцијата и периодот на осцилирање. 4. Осцилаторен систем осцилира со амплитуда 0,2 m притоа правејќи 3 осцилации за една секунда. Равенката на хармонското осцилаторно движење е дадена со законот: 5. Амплитудата на осцилирањето е 10 cm, а фреквенцијата е 0,5 Hz. Да се напише равенката на осцилаторното движење и да се нацрта график. Да се најде фазата и елонгацијата по 1, 5 s. Да се најде по колку време од почетокот на осцилирањето елонгацијата ќе биде 7,1 cm. 6. Да се зпише законот по кој осцилира хармониски осцилатор со период 2 s и амплитуда 4 m. На почетокот осцилаторот е во рамнотежната положба. 7. Како гласи равенката на осцилирање на честичка, која осцилира со амплитуда од 7 cm и во една минута прави 120 осцилации. Почетната фаза е 90 0 . 8. Да се запише равенката и да се нацрта графикот на движењето на честичка која осцилира хармониски со амплитуда 0,05 m и период на осцилирање 8 s ако почетната фаза е: а) 0; б) π/2 в) π г) 3π/2 д) 2π

oscilacii (1)

Embed Size (px)

DESCRIPTION

oscilacii

Citation preview

Page 1: oscilacii (1)

Осцилации

1. Да се запише равенката на хармониско осцилаторно движење ако модулот на амплитудата A = 0,2 m, кружната фреквенција е ω = 2 Hz и почетната фаза е φ0 = π/2.

2. Осцилирањето на материјалната точка се врши по законот y = 0,5 sinπ(t+0,5). Амплитудата и периодот се зададени во SI. Да се определи амплитудата, периодот, почетната фаза и фазата по 5 s од почетокот на движењето.

3. Равенката на движењето го има следниов вид y = 0,06 sin 100πt. Колкава е амплитудата, фреквенцијата и периодот на осцилирање.

4. Осцилаторен систем осцилира со амплитуда 0,2 m притоа правејќи 3 осцилации за една секунда. Равенката на хармонското осцилаторно движење е дадена со законот:

5. Амплитудата на осцилирањето е 10 cm, а фреквенцијата е 0,5 Hz. Да се напише равенката на осцилаторното движење и да се нацрта график. Да се најде фазата и елонгацијата по 1, 5 s. Да се најде по колку време од почетокот на осцилирањето елонгацијата ќе биде 7,1 cm.

6. Да се зпише законот по кој осцилира хармониски осцилатор со период 2 s и амплитуда 4 m. На почетокот осцилаторот е во рамнотежната положба.

7. Како гласи равенката на осцилирање на честичка, која осцилира со амплитуда од 7 cm и во една минута прави 120 осцилации. Почетната фаза е 900.

8. Да се запише равенката и да се нацрта графикот на движењето на честичка која осцилира хармониски со амплитуда 0,05 m и период на осцилирање 8 s ако почетната фаза е:

а) 0; б) π/2 в) π г) 3π/2 д) 2π

9. Клкави се фреквенцијата, амплитудата и почетната фаза (изразени во SI единици) ако равенката на осцилторното движење гласи: y = 0,1 sin(440t+1).

10. Некое тело хармониски осцилира со амплитуда 0,1 m и за 1,2 s прави една цела осцилација. По колку време од почетокот на осцилирање елонгацијата ќе биде 5 cm? Осцилирањето претставете го графички.

11. Осцилирањето на материјалната точка се врши по законот y = 0,02 sinπt. Амплитудата и периодот се зададени во SI системот. Да се определи максималната вредност на брзината и забрзувањето.

12. Осцилаторното движење се врши по равенката y = 0,02 sin 10πt. Да се најде брзината и забрзувањето по време 1/30 s мерено од почетокот на движењето.

13. Мало тело хармониски осцилира со амплитуда од 5 cm. Почетната фаза е нула, а фреквенцијата 1,7 Hz. Одредете ја брзината и забрзувањето на телото во моментот кога елонгацијата е 2,5 cm.

Page 2: oscilacii (1)

14. Кога елонгацијата е 0,06 m, забрзувањето е 1,2 m/s. Колкав е периодот на осцилаторното движење?

15. Да се определи должината l на математичко нишало кое има период на осцилирање T = 1 s.

16. Да се најде периодот на осцилирање на тег со маса 4 kg што осцилира на пружина со коефициент на еластичност 250 N/m.

17. Тег со маса 1 kg што е обесен на спирала со коефициент на еластичност 100 N/m врши хармониско осцилаторно движење со амплитуда 0,1 m. Да се запишат равенките за елонгацијата и силата во зависност од времето.

18. Математичко нишало со должина 2,5 m врши осцилаторно движење со амплитуда 10 cm. Да се запише равенката на осцилаторното движење.

19. Кога на крајот на една пружина е обесен тег со маса m1 = 0,5 kg,тогаш неговиот период на осцилирање изнесува Т = 2 ѕ. Колкава трeба да биде масата на додаденото тело за да неговиот период на осцилирање се зголеми трипати.

20. Тег со маса 600 g врши осцилаторни движења на пружина со коефициент на еластичност 300 N/m.Амплитудата на осцилирањето е 20 cm.да се најде вкупната енергија на осцилаторното движење.

21. Тег врши осцилаторни движења на пружина со коефициент на еластичност 1 kN/m осцилира со амплитуда 2 cm.да се најде кинетичката и потенцијалната енергија при фаза π/3 rad.

22. Тег со маса 10 kg виси на еластична пружина и ја истегнува за x = 2 cm со сила F чиј што интензитет е 10 N. Колкави се периодот и фреквенцијата на осцилирање на овој осцилаторен систем.

23. Електрично осцилаторно коло се состои од паралелно сврзани кондензатори со Капацитет C=2 .10-6 F и навивка со индуктивност L = 4 10-3 H. Да се определи фреквенцијата f на електричните осцилации. Омскиот отпор да се занемари.

24. Определи го коефициентот на самоиндукција на калем со ако периодот на електричните осцилации e 0,02 s, а кондензаторот има капацитет C = 10-6 F