35
МСС 7 – Извештај за парични текови Каде грешиме?

МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

  • Upload
    others

  • View
    20

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

МСС 7 –Извештај за парични тековиКаде грешиме?

Page 2: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Вовед

Page 3: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Цел и делокруг на Стандардот

3

Основната цел на МСС7 “Извештај за парични текови“ е да ги обврзе ентитетите кои спаѓаат под делокругот, да ги прикажат промените на парите и паричните еквиваленти во периодот за кој изготвуваат финансиски извештаи.

Известувањето за паричните текови наложено од МСС7 нуди корисни информации за ликвидноста, одржливоста, и финансиската прилагодливост на ентитетот, кои се додаток на информациите достапни од извештаите за финансискиот резултат и финансиската состојба.

МСС7 наложува сите ентитети да подготват извештај за парични текови во согласност со стандардот, како составен дел од финансиските извештаи за секој период во кој се презентираат истите.

Page 4: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Цел и делокруг на Стандардот

Целта на извештајот за парични текови:

• Да се разбере како ентитетот ја генерира и ја користи готовината

• Да се оцени промената во нето средствата и финансиската структура (вклучувајќи ја нивната ликвидност и солвентност)

• Да се оцени способноста за адаптација при промена на економското окружување

• Да се подобри споредливоста во однос на различни ентитети

• Да се прикаже износот, времето и сигурноста на идните парични текови

4

Page 5: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Проблеми

Кои се најчестите проблеми?

5

Неконзистентност меѓу Извештајот за парични текови и други делови на извештајот

Пребивање на ставки во паричниот тек

Разновидност на ставките класифицирани како парични еквиваленти

Разновидност на ставките класифицирани како парични еквиваленти

Неконзистентна класификација на паричните текови

Различни појдовни основи за одредување на паричниот тек од оперативни активности

Материјални или несекојдневни ставки не се прикажуваат одделно

Page 6: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Пари и парични еквиваленти

Page 7: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Пари и парични еквиваленти

7

• Краток рок - Со цел да биде во согласност со дефиницијата на парични еквиваленти според МСС7, вложувањето треба да има “краток рок на доспевање“. Стандардот го класифицира краткиот рок како период од три или помалку месеци од денот на стекнувањето на вложувањето.

• Паричните еквиваленти лесно се конвертираат во одредени износи на пари, без претходно известување и без значителни пенали

• Незначителен ризик од промена на вредност

• Се чуваат– за да се исполнат краткорочни парични обврски

≤3 месеци

Page 8: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Пари и парични еквиваленти

8

Готовина подложна на ограничување

• Чувана на блокирана сметка

• Со посебна намена

• Потребно банкарско одобрување за повлекување

Готовина подложна на ограничување

• повлекување?

• претходно известување?

• промена во вредност?

Дали е ова паричен

еквивалент?

Page 9: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Пари и парични еквиваленти

9

Париченеквивалент?

Краток рок, ≤ 3 месеци Рок на

достасување -од денот на стекнување

1. Депозит орочен на 3 месеци

2. Депозит орочен на 1 јануари 2013 – на крајот на годинатана 31 декември 2013 преостаната рочност е 2 месеци

3. Депозит:• чуван на блокирана сметка, за чиеповлекување треба одобрување од трета страна

Ограничување –обезбедувањето на одобрение не е под

контрола на ентитетот

Page 10: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Презентирање на извештајот за парични текови

Page 11: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Презентација

Да се достигне целта за понуда на информации кои ќе им помогнат на инвеститорите, кредиторите и останатите кои вршат проценка на ликвидноста, одржливоста и прилагодливоста на еден ентитет, стандардот наложува паричните текови да се класифицираат и презентираат во три стандардни активности:

Оперативни

Вложувачки

Финансиски

11

[МСС 7.10]

Page 12: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Дефиниции

Оперативни активности се основните активности на ентитетот кои генерираат приходи и се различни од инвестирање или финансирање.

Вложувачки активности се стекнување и отуѓување на долгорочни средства и други вложувања кои не се класифицираат како парични еквиваленти.

Финансиски активности се активностите кои се резултат на промена на големината и содржината на сопственичкиот капитал и позајмувањата на ентитетот.

[МСС 7.6]

12

Page 13: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Презентација

Нема задолжителен изглед

МСС 7 не наложува одреден изглед на Извештајот за парични текови, во спротивно ентитетите треба да го презентираат на начин кој што најмногу одговара на типот на бизнисот.

13

Поделба на трансакциите

Една трансакција може да има повеќе парични текови кои се класифицираат различно. Истите треба да бидат поделени и презентирани под соодветните категории во согласност со нивната природа.

Пример: плаќањата за финансиски лизинг треба да бидат поделени на составните делови од капитална отплата (класифицирана како финансиска активност) и плаќање на камата (вообичаено класифицирана како оперативна активност).

Page 14: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Оперативни активности

• Произлегуваат од оперативните активности (односно главните активности кои му носат приходи на ентитетот);

• Произлегуваат од трансакции и други настани кои се вклучени во генерирањето на добивката или загубата

14

МСС7 ги нуди следните примери:

Парични примања од продажба на производи и давање на услуги;

Парични исплати на добавувачи на стоки и услуги;

Парични исплати на и во име на вработените;

Парични примања од надоместоци, провизии и сл.;

Парични примања и парични исплати на осигурителни компании за премии и

наплатени штети, ануитети и други користи кои произлегуваат од полисите;

Парични исплати или рефундирање на данок на добивка.

Page 15: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Вложувачки активности

• Генерално ги вклучуваат паричните ефекти од трансакции кои се однесуваат на стекнување или отуѓување на долгорочни средства или краткорочни средства кои не спаѓаат во дефиницијата на парични еквививаленти.

15

МСС7 ги нуди следните примери:

Парични исплати за да се стекнат и парична наплата од продажба на недвижности, постојки и опрема, нематеријални и други долгорочни средства;

Парични исплати за стекнување на парични наплати од продажба на сопственички или должнички инструменти на други ентитети и учество во заеднички вложувања (освен ако примањата за оние инструменти кои се сметаат за парични еквиваленти и оние кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување).

Парични аванси и заеми дадени на други страни и парични наплати од отплата на аванси и заеми дадени на други странки (освен авансите и заемите на финансиски институции).

Парични исплати и наплати од фјучерс договори, термински договори, договори за опции и своп договори, освен за оние договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување, или кога плаќањата се класифицирани како финансиски активности.

Page 16: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Финансиски активности

• Приходи и плаќања од добивање, сервисирање и плаќање на долгови или капитални извори на финансирање.

16

МСС7 ги нуди следните примери:

Парични приливи од издавање на акции и други сопственички хартии од вредност;

Парични исплати на сопствениците за стекнување или за откупување на акциите на ентитетот;

Парични наплати од издавање на необезбедени обврзници, заеми, обврзници, хипотеки и други краткорочни или долгорочни позајмувања;

Парични исплати на позајмени износи;

Парични исплати од страна на наемателот за намалување на неподмиренитеобврски кои се однесуваат на финансиски наем.

Page 17: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

17

Презентација – Прашање

Кое од следниве е непарична трансакција?

(a) Стекнување на средства преку финансиски лизинг

(б) Стекнување на ентитет преку издавање на акции

(в) Конверзија на долг во капитал

(г) Сите наведени

Одговор: гИнвестициски и финансиски активности без паричен тек

Page 18: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Пресметка на парични текови од различни активности

Page 19: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Оперативни активности

Паричните текови од оперативните активности можат да се прикажат на два начина:

19

• Ги прикажува главните класи на брутопаричните примања (пр. примања од купувачи) и сите бруто парични плаќања (пр. плаќања кон добавувачи и вработени). Овие бруто оперативни парични текови се пребиваат за да се добие нето оперативен паричен тек.

Директен метод

• Со прилагодување на износот на добивка или загуба со тоа што се отстрануваат сите ефекти на непаричните ставки (пр. амортизација) и промени во обртен капитал (пр. авансни плаќања и примања и промени во обврските и побарувањата во периодот).

Индиректен метод

Page 20: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Формати на презентација на извештајот за парични текови

Page 21: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Директен метод

21

МКД ’000 МКД ’000

2012 2011Парични текови од оперативни активностиПарични примања од купувачи Х

Парични плаќања кон вработени (Х)

Парични текови од операции Х

Платена камата (Х)

Платен данок на добивка (Х)

Нето парични текови од оперативни активности Х

Парични текови од вложувачки активности

Отуѓување на oсновни средства ХСтекнување на основни средства (Х)

Стекната камата Х

Стекнати дивиденди Х

Нето парични текови од вложувачки активности Х

Парични текови од финансиски активности

Примања од издадени акции Х

Примања од долгорочни заеми ХПлаќање на обврските за финансиски лизинг (Х)Платени дивиденди (Х)

Нето парични текови од финансиски активности Х

Нето зголемување на пари и парични еквиваленти Х

Пари и парични еквиваленти на почеток на период Х

Пари и парични еквиваленти на крај на период Х

Page 22: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Индиректен метод

22

МКД ’000 МКД ’0002012 2011

Парични текови од оперативни активностиДобивка пред оданочување Х

Прилагодување за:

Амортизација Х

Курсна разлика Х

Инвестициски приход (X)

Каматен трошок Х

Оперативен профит пред промена во обртен капитал Х

Зголемување на побарувања (Х)

Намалување на залиха Х

Намалување на обврски (Х)

Парични текови генерирани од оперативни активности Х

Платена камата (Х)

Платен ДДВ (Х)

Нето парични текови од оперативни активности Х

Парични текови од вложувачки АктивностиОтуѓување на основни средства Х

Стекнување на основни редства (Х)

Стекнување на дивиденда Х

Стекнување на камата Х

Нето парични текови од вложувачки активности Х

Парични текови од финансиски активностиПримања од издавање на акции Х

Примања од долгорочни заеми Х

Плаќање на обврски за финансиски лизинг (Х)

Платени дивиденди (Х)

Нето парични текови од финансиски активности Х

Нето зголемување на пари и парични еквиваленти Х

Пари и парични еквиваленти на почеток на период Х

Пари и парични еквиваленти на крај на период Х

Page 23: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Останати Ставки

Page 24: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Парични текови во странска валута

24

Нереализираните добивки и загуби кои произлегуваат од промена во девизните курсеви не се парични текови.

Ефектот од промени на девизниот курс врз парите и паричните еквиваленти кои се чуваат или се должат во странска валута треба да се искажат во извештајот на паричните текови со цел да се усогласат парите и паричните еквиваленти на почетокот и на крајот на периодот.

Овој износ се искажува одвоено од паричните текови кои произлегуваат од оперативни, вложувачки и финансиски активности и ги вклучуваат разликите, доколку има, кај оние парични текови кои биле искажани на крајот на периодот.

Page 25: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Камати и дивиденди

25

Паричните текови кои произлегуваат од дивиденди и камати треба да бидат класифицирани во извештајот за парични текови под активноста соодветна за нивната природа. Класификацијата треба да биде според конзистентна основа од период до период.

Додатно, стандардот наложува овие ставки да бидат прикажени посебно во извештајот за парични текови. За вкупната платена камата, стандардот наложува прикажување во извештајот без разлика дали каматата била сметена за трошок или била капитализирана.

Стандардот го дозволува следното прикажување за камати и дивиденди, се додека основата за презентација е на конзистентна основа од период до период:

Примања од камата и дивиденди во оперативни или вложувачкиактивности;

Плаќања за камата и дивиденди во оперативни или финансиски активности.

[МСС 7 - 31,32,33]

Page 26: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Парични текови од даноци на добивка

26

Паричните текови од данок на добивка треба да бидат класифицирани и посебно прикажани под оперативните активностиво извештајот на парични текови, освен ако тие можат да бидат специјално препишани на финансиски или вложувачки активности.

Каде паричните текови од оданочување се прикажени во различни активности, стандардот наложува да се прикаже вкупниот износ на платен данок во однос на приход.

[МСС7.35,36]

Page 27: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Вонредни ставки

27

Паричните текови поврзани со вонредните ставки се обелоденуваат посебно како што произлегуваат од оперативни, вложувачки и финансиски активности во извештајот за парични текови за да им се овозможи на корисниците да ја разберат нивната природа и ефектот на сегашните и идните парични текови на претпријатието.

Page 28: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Заклучок

Page 29: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Што може да се погреши со Извештајот за парични текови?

Прегледајте ги информациите во материјалот 1 во прилог.

(i) Идентификувајте 7 потенцијални проблеми во Извештајот за парични текови,

(ii) Предложете 2 дополнителни обелоденувања

Имате 10 минути за разгледување.

29

Page 30: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Кои се вашите наоди?

Идентификуванпроблем

Објаснување МСС7

Презентација надвор од ГААП

1. ЕБИТДА како почетна основа. Треба Добивка

Дефинирање на парични еквиваленти

Треба финансиски, наместо вложувачки активности

4. Курсни разлики на пари и парични еквиваленти Се прикажуват на крај во ниедна категораија

7. Паричен тек за банкарски заемиНето презентиран паричен тек, треба бруто

5. Обврска кон изведувачот за услуга која ќе се исплати следниот пресметковен период

Непарични трансакции

2.Средства преку пазар на пари. Не се пари >3 месеци

3. Државни грантови. Погрешна класификцаија

30

7.18

7.11

7.28

7.7

7.43

7.21

6. Набавка на постројка и опрема во ИПТ се сложува со табелта за постојки и опрема (износ 7,3)

Мала е веројатноста , се што е набавено е платено

нп

Page 31: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Кои се вашите наоди?

Идентификуван проблем

7. Паричен прилив и одлив од краткорочни банкарски заеми презентиран во една линија

Парични текови на нето основа се користат кога:

• Парични приливи и исплати во корист на клиенти

- ги одразуваат активностите на клиентите

• Парични приливи и исплати за ставки

- брз обрт

- големи износи

- краток рок

31

Page 32: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Кои се вашите наоди?

Дополнително обелоденување Објаснување

1. Рефинансирање на кредити – краткорочен кредит конвертиран во долгорочен

2. Финансиски лизинг – нема влијание на паричниот тек

Непарични трансакции

32

Page 33: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Главни пораки

Извештајот за паричен тек може да открие многу за бизнисот

• Принцип на континуитет? Ликвидносен ризик?

Вообичаени грешки

• Дали претставуваат парични еквиваленти?

• Правилна и доследна класификација на паричните текови?

• Доследност со останатите делови на извештајот?

• Материјални непарични трансакции?

• ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ПРИ КОНСОЛИДАЦИИ И ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ

33

Page 34: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Прашања?

Page 35: МСС7 – Извештајза парични текови Каде грешиме?. MSS 7... · Вложувачки активностисе стекнување и отуѓување

Ви благодариме за вниманието!!!

Thank you foryour attention!

Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставувапрофесионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани вонеа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавенитеинформации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлукидонесени врз основа на презентираните информации.

© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува намрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен инезависен правен ентитет.