70
1 Точка на дневен ред: 3 Предлагач: Надзорен одбор Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година Надзорниот одбор му предлага на Собранието на акционери да го усвои следниот: Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година Во прилог: Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година; Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година; Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година и Мислењето на Надзорниот одбор по Годишниот извештај . Скопје, мај 2019 година

Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

  • Upload
    others

  • View
    9

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

1

Точка на дневен ред: 3 Предлагач: Надзорен одбор

Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година Надзорниот одбор му предлага на Собранието на акционери да го усвои следниот:

Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година

Во прилог: – Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година; – Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД

Скопје за 2018 година; – Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД

Скопје за 2018 година и Мислењето на Надзорниот одбор по Годишниот извештај. Скопје, мај 2019 година

Page 2: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

1

Управен одбор 2015-7РС Т4.1

за 2018 година

Годишен извештај за работењето

на НЛБ Банка АД Скопје

Page 3: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

2

СОДРЖИНА I. Клучни показатели на работењето ...................................................................................... 3

II. Вовед ...................................................................................................................................... 4

III. Макроекономски движења .................................................................................................... 6

IV. Банкарски сектор ................................................................................................................. 10

V. Корпоративно управување и корпоративна општествена одговорност во НЛБ Банка АД Скопје ............................................................................................................................................... 16

VI. Финансиски резултати ......................................................................................................... 35

VII. Активности по сегменти....................................................................................................... 38

VIII. Управување со ризици ..................................................................................................... 47

IX. Управување со човечки ресурси ........................................................................................ 52

X. Внатрешна ревизија ............................................................................................................ 54

XI. Интерни процеси и клучни иницијативи ............................................................................. 54

XII. Стратегија и идни изгледи .................................................................................................. 58

XIII. ПРИЛОЗИ: ......................................................................................................................... 59

Прилог 1: Организациона структура на НЛБ Банка АД Скопје 60

Прилог 2: Табели од Годишен извештај во ЕУР 62

Page 4: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

3

I. Клучни показатели на работењето

2017 2018 План 2018

ROE пред даноци 31,0% 26,1% 23,4%

ROE по даноци 27,8% 23,5% 21,1%

ROE по даноци (НЛБ) 27,8% 19,9% 17,7%

ROA пред даноци 3,3% 3,1% 2,5%

ROA по даноци 3,0% 2,8% 2,3%

ROA по даноци (НЛБ) 3,5% 3,0% 2,4%

Cost/Income Ratio 42,1% 37,0% 42,9%

Cost/Income Ratio (НЛБ) 37,4% 34,4% 41,6%

Пазарно учество по билансна сума 16,4% 16,3% -

Адекватност на капиталот 14,4% 16,7% 16,2%

Заработка по акција - EPS (MKД/број на акции) 2.488 2.483 1.963

Добивка пред оданочување (во мил. МКД) 2.366,6 2.353,6 1.863,1

(промена во %) 35,5% -0,5% 26,3%

Добивка по оданочување (во мил. МКД) 2.124,9 2.120,4 1.676,8

(промена во %) 34,5% -0,2% 26,5%

Нето приходи од работење (во мил. МКД) 4.210,5 4.828,8 4.443,7

(промена во %) 7,3% 14,7% 8,7%

Трошоци на работење (во мил. МКД) 1.771,6 1.787,1 1.908,4

(промена во %) 5,0% 0,9% -6,4%

Исправка на вредност, посебна резерва и резервирања (во мил. МКД) 108,2 688,1 678,3

(промена во %) -79,2% 535,9% 1,4%

Нето приходи од камата / просечна каматоносна актива 3,8% 3,7% 3,7%

Нето приходи од камата / просечна каматоносна актива НЛБ 4,9% 4,0% 4,0%

Нето приходи од камата / просечна бруто актива 4,6% 4,3% 4,4%

Билансна сума (во мил. МКД) 75.755,6 81.826,0 76.475,4

(во однос на 31.12.) 5,7% 8,0% 7,0%

Кредити на небанкарски сектор (во однос на 31.12.)** 5,7% 5,6% -3,0%

(пазарно учество во %) 17,9% 17,6% -

Депозити на небанкарски сектор (во однос на 31.12.)** 6,1% 6,1% 6,1%

(пазарно учество во %) 17,9% 17,4% -

Резервации за билансни и вонбилансни побарувања (во мил. МКД) 5.247,0 5.341,5 5.479,5

(во однос на 31.12.) -1,9% 1,8% -2,5%

Актива на која се пресметуваат резервации (во мил. МКД) 63.716,2 65.990,8 /

(во однос на 31.12.) 4,5% 3,6% /

Покриеност на портфолиото со резервации 8,2% 8,1% 8,4%

Нефункционални кредити/Вкупни кредити 4,2% 4,3% 4,2%

Учество на нето кредити на НБС во депозити на НБС 79,1% 77,4% 86,7%

Број на експозитури и шалтери 52 54 54

Број на вработени 865 893 893

Број на ефективно ангажирани вработени 895 923 928

Добивка пред оданочување по вработен (во илјади МКД)* 2.736,0 2.635,7 2.086,3

Добивка по вработен (во илјади МКД)* 2.456,6 2.374,4 1.877,7

*во однос на бројот на вработени

** пазарните учества се според податоците од НБРМ објавени во делот на монетарната статистика

Page 5: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

4

II. Вовед

НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банката) e една од водечките банкарски институции во Република Македонија со постојан тренд на пораст и континуирано позитивни резултати од основањето до денес. Основана е во 1985 година, а од 1993 година работи како комерцијална банка којашто ги извршува сите банкарски услуги за клиентите од земјата и од странство. Банката спаѓа во системски значајни банки и е трета најголема банка во Република Македонија според нето активата. Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана е стратешки акционер со 86,97% учество во вкупниот капитал на Банката. Банката е членка на НЛБ Групацијата од 2000 година. НЛБ Групацијата е најголемата словенечка меѓународна групација, со стратешки фокус на избраните пазари на земјите од Југоисточна Европа и претставува препознатлив меѓународен бренд. Од ноември 2018 година, акциите на НЛБ д.д. Љубљана се класифицираа на берзанскиот пазар - Прва котација на Љубљанската берза под ознака НЛБР. Истовремено, акциите на НЛБ д.д. беа вклучени во тргувањето на главниот пазар на Лондонската берза за хартии од вредност под ознака НЛБ. Република Словенија, која беше доминантен сопственик на НЛБ д.д., во постапка на јавна продажба продаде акции на НЛБ д.д. со што ја исполни обврската до 31.12.2018 година кон Европската Комисија во постапката за приватизација на банката. Во текот на 2019 година, ќе продолжи продажбата на акциите од НЛБ д.д. во сопственост на Р. Словенија до 75% минус една обична акција. Во 2018 година, НЛБ Банка работеше согласно Деловната политика за 2018 година, Стратешките насоки за развојот и работењето на Банката за 2018-2022 година и насоките на НЛБ Групацијата за 2018 година. Во текот на годината, Банката делуваше прилагодувајќи ги своите тековни оперативни активности и ценовната политика соодветно на промените на економските услови, промените во законските одредби и промените во деловната политика на НЛБ Групацијата. НЛБ Банка и во текот на 2018 година го продолжи трендот на стабилно и успешно работење завршувајќи ја годината со остварени одлични резултати предводени пред сè од продажните активности во главните сегменти на работење – население и правни лица. Во март 2018 година, Банката ја финализираше продажбата на својот удел во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, кој претставуваше 49% од вкупната главнина на Фондот, што исто така значително влијаеше на остварената профитабилност на Банката. Во текот на годината, Банката направи промени на каматните стапки на одредени депозитни продукти и оствари значајна заштеда кај сите групи на оперативни трошоци. Низ целата година беа спроведувани континуирани продажни акции на кредитните и картичните продукти со посебен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија. Кај сегментот население Банката успеа да го задржи пазарното учество преку пораст на кредитите за 10%, со значаен удел на станбените кредити. Во двата главни сегменти – население и правни лица се спроведуваа активности на вкрстена продажба на сите банкарски продукти, како и комбинација со осигурителни продукти. Беше проширена и осовременета продажната мрежа преку отворање нова експозитура, како и преку реновирање на некои од постојните експозитури. Беа направени значајни инвестиции во електронските сервиси со воведување на нова најсовремена услуга, додека постојните беа збогатени со дополнителни функционалности. Во насока на оптимизација и рационализација на работењето, автоматизирани се голем број од процесите на Банката опфаќајќи повеќе сектори од работењето. Позначајни финансиски остварувања во 2018 година:

Нето билансна сума: 81.826,0 милиони МКД Нето добивка: 2.120,4 милиони МКД ROE пред даноци: 26,1% ROE по даноци: 23,5% ROA пред даноци: 3,1% RОА по даноци: 2,8% Cost/Income ratio: 37,0%

Page 6: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

5

Позначајни активности во 2018 година:

Воведен е нов, најсовремен начин на плаќање NLB Pay, за бесконтактни плаќања преку мобилен телефон за физички лица;

Воведени се нови функционалности на апликацијата НЛБ мКлик, како можност за најава на апликацијата со отпечаток од прст;

Воведена е нова апликација за клиентите на лично банкарство – НЛБ Клуб; Oтворена е нова експозитура во Скопје – Бутел со 24-часовна самоуслужна зона на

пристап за клиентите; Направена е промена на организациската поставеност преку оформување на нови

сектори и реорганизација на некои од постојните организациони единици; Реализирани се бројни проекти и активности за усогласување на работењето на

Банката со законските измени; Реализирани се бројни проекти и имплементирани се решенија за развој и надградба

на информативниот систем на Банката. Награди во 2018 година:

Банка на годината во Македонија за 2018 година од финансискиот магазин “The Banker”;

Најдобра банка во Македонија за 2017 година од престижниот магазин Euromoney; Најдобра банка во Македонија на Европските банкарски награди 2017 година од

финансискиот магазин ЕМЕА; Национална награда од Министерството за економија на Република Македонија за

најдобри општествено одговорни практики за 2018 година во категоријата инвестирање во заедницата за проектот “Пријателство со Специјална олимпијада Mакедонија”;

Награда во рамки на изборот “Сајт на годината”, за најдобра веб-страница за 2018 година, како единствена наградена во категоријата финансии, осигурување и банкарство;

Најдобра банка во Македонија во 2018 година според ROE и ROA, од магазинот Finance Central Europe;

Плакета од Македонска берза за 3-то место за постигнато учество во вкупниот промет и број на трансакции реализирани во 2017 година;

„Златна Бубамара на популарноста“ за најдобар комерцијален ТВ спот за 2017 година за НЛБ haPPy картичката.

Покрај наведените награди, во 2018 година читателите на порталот bankarstvo.mk ја изгласаа НЛБ Банка за: Најдобра банка од аспект на воведување нови производи и услуги кои придонесуваат кон иновативно работење, Банка која има најголем број на експозитури и банкомати и Најдобра банка според препознатливост на брендот.

Page 7: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

6

III. Макроекономски движења

Македонската економија во 2018 година одбележа умерено закрепнување на економскиот раст по претходен период на стагнација како резултат на политичка и финансиска криза. Во текот на годината, согласно реализираните податоци од реалниот сектор, домашните и странските институции направија ревидирања на очекуваните порасти на макроекономските показатели. Во март 2018 година, меѓународната рејтинг агенција „S&P Global Ratings” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „BB-/B“ со стабилен изглед како резултат на подобрувањето на политичкото опкружување, како и позитивниот баланс помеѓу ризиците од растечкиот јавен долг , политичката несигурност и позитивниот економски просперитет. Исто така, на самиот почеток на 2019 меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија „BB”, со позитивен изглед потенцирајќи го долгогодишното одржување ниска инфлација, стабилниот економски раст и финансиската стабилност како една од клучните предности на македонската економија. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2018 година изврши редовен годишен преглед на македонската економија. Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјава да забрза на 2,8% во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4% на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО. Табела 1. Клучни макроекономски показатели

Извор: НБРСМ, ДЗС, Министерство за финансии Стапката на раст на БДП која Македонската економија ја оствари за 2018 година изнесува 2.7%. Солидни стапки на раст од 4,5% и 9,6% забележаа личната и јавната потрошувачка соодветно, споредбено со истиот период претходната година земајќи ги предвид тековните цени, додека стапка на раст од 7,1% одбележаа и бруто инвестициите. Личната потрошувачка е поддржана од растот на вработеноста и кредитирањето на домаќинствата, како и на солидниот раст на извозот. Од производен аспект, повеќето сектори остварија раст како Преработувачкиот сектор за 8,6%, Трговија и транспорт за 14,3%, Стручни и технички

2016 2017 2018

Инфлација (просечна стапка) -0,2% 1,4% 1,5%

Индустриско производство (период/период) 3,4% 0,2% 5,4%

Референтна стапка на НБРМ 3,75% 3,25% 2,50%

Каматна стапка на благајнички записи 4,00% 3,25% 2,50%

БДП (пораст во %) 2,9% 0,0% 2,7%

БДП (мил.ЕУР) 9.724,0 10.008,0 10.736,8

Буџетски дефицит (мил. ЕУР) -261,0 -274,7 -189,0

% од БДП** -2,7% -2,7% -1,8%

Долг на Централна Влада (консолидиран) (мил.ЕУР) 3.835,7 3.944,3 4.330,6

% од БДП** 39,4% 39,4% 40,5%

Тековна сметка (мил. ЕУР) -275,5 -102,9 -31,9

% од БДП** -2,9% -1,0% 0,3%

Нето надворешен долг (мил. ЕУР) 2.629,6 2.854,7 2.913,47*

% од БДП 27,2% 28,5% 27,7%

Девизни резерви (мил. ЕУР) 2.613,4 2.336,3 2.867,1

Стапка на невработеност 23,7% 22,4% 20,8%

Странски директни инвестиции 338,4 227,5 621,9

% од БДП** 3,5% 2,3% 5,8%

*Q3 2018 ** Пресметан податок

Среден курс на НБРСМ

31.12.2018

1 ЕУР = 61,50 МКД

1 УСД = 53,67 МКД

1 ЦХФ = 54,77 МКД

31.12.2017 1 ЕУР = 61,49 МКД 1 УСД = 51,27 МКД 1 ЦХФ = 52,55 МКД

Page 8: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

7

дејности за 15% и Градежништвото за 2,7%, додека пад на стапката беше забележан кај Земјоделство за 2,7%. Стапката на невработеност на крајот на третиот квартал од 2018 година се намали на 20,8% (2017: 22,1%) при истовремен пораст на вработеноста на 45,1% (2017: 44,1%). Бројот на невработени лица (199.325) во однос на 2017 година е понизок за 12.035 лица или за 5,7%, додека бројот на вработени лица (759.445) е повисок за 15.994 вработени или за 2,1%. Просечната месечна исплатена нето плата за ноември 2018 година изнесува 24.548 МКД или 5,8% повеќе од ноември 2017 година. Вкупната надворешно-трговска размена за периодот јануари-декември 2018 година изнесуваше 13.532,8 милиони ЕУР и во однос на истиот период минатата година забележа раст за 14,4%. Притоа извозот беше повисок за 17% додека увозот беше повисок за 12,4% со што стапката на покриеност на увозот со извоз се зголеми на 76,4%, додека негативното салдо во размената изнесуваше 1.811 милиони ЕУР или за 0,4% помалку во однос на истиот период минатата година (1.818 милиони ЕУР). Во периодот јануари − декември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија. Надворешниот нето-долг заклучно со 30.09.2018 година изнесува 2.913,4 милиони ЕУР (Q3 2017: 2.858,2 милиони ЕУР). Од тоа, јавниот долг изнесува 1.260,9 милиони ЕУР (Q3 2017: 1.374,8 милиони ЕУР) додека приватниот долг изнесува 1.652,5 милиони ЕУР (Q3 2017: 1.483,4 милиони ЕУР). Странските директни инвестиции во 2018 година изнесуваат 621,9 милиони евра што е за 173% пораст во однос на 2017 година, кога странските директни инвестиции изнесуваа 227,5 милиони евра. Реален сектор Индустриското производство во 2018 година е повисоко за 5,4% во однос на 2017 година. Порастот произлегува од остварен пораст од 6,5% во секторот Преработувачката индустрија и 2,6% пораст кај секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Секторот Рударство и вадење камен забележа пад од 1,4%. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи (3,4%), Производство на пијалоци (3,5%), Производство на моторни возила, приколки и полуприколки (26,2%), Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место (15,9%) итн. Бројот на работници во индустријата заклучно со декември, споредено со истиот период претходната година е повисок за 2,5%. Порастот се должи на зголемениот број работници во секторот Рударство и вадење на камен за 2,9% и кај секторот Преработувачка индустрија за 2,6%. Бројот на работници во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа пад за 0,6%. Градежништвото, во однос на вредноста на извршени работи заклучно со декември 2018 изнесува 3.271, 5 илјади денари. Во истиот период бројот на издадени одобренија за градење е понизок за 17%. Индексот на цените на резиденцијалните станови во 2018 година изнесува 89,9 (врз основа на цените во 2010 година) и бележи пад од 4,9% во однос на истиот период од претходната година. Фискален сектор Државниот буџет во 2018 година оствари вкупни приходи од 188.5 млрд МКД (3,1 млрд. ЕУР) или 2,1% помалку од планираните, од кои приходите по основ на ДДВ изнесуваат 49,9 млрд. МКД (0,8 млрд. ЕУР) и се за 0,3% пониски од планираните за периодот. Вкупните расходи изнесуваат 200,1 млрд. МКД (3,3 млрд. ЕУР) или 4,9% под планираните. Буџетскиот дефицит изнесува 11,6 млрд. МКД (0,189 млрд. ЕУР) или 37% под планираниот и 1,8% од БДП(БДП за 2018 е пресметка врз основа на податоци од НБРСМ и Министерство за

финансии), (2017: 2,7% од БДП).

Page 9: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

8

Државниот долг (консолидиран) во 2018 година изнесува 267,2 млрд. МКД (4.344,4 милиони ЕУР), што претставува 40,7% од БДП (2017: 39,5%). Од вкупниот државен долг 62% претставува надворешен долг (2017: 60%), додека 38% (2017: 40%) од долгот е креиран од домашни извори. Гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост изнесува 52.746 млрд. МКД (857,7 милиони ЕУР), 2017: 828,4 милиони ЕУР.

Монетарен сектор Согласно извештајот на ММФ, поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарно релаксирање во текот на минатата година, како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај, ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период. Каматната стапка на благајничките записи, во 2018 беше намалена во три наврати од 3,25% на 3,00% во март 2018 година, на 2,75%, во август 2018 година и на 2,50% во декември 2018 година. Просечната стапка на инфлација мерена преку трошоците за живот во 2018 година изнесува 1,5% (2017: 1,4%) додека просечната стапка на индексот на цените на мало бележи пораст од 2,7 %.Пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 7,5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,5 %, Рекреација и култура за 2,4 %, Ресторани и хотели за 1.9 %, Храна и безалкохолни пијалоци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,8 %, Здравје и Комуникации за 0,7 %, Останати стоки и услуги за 0,5 %. Намалување на индексите е забележано во групите: Облека и обувки за 0,4 % и Образование за 0,1 %. Движењето на индексот на цените на мало, во 2018 година, исто така, беше различно по одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Услуги за 3,7 %, Земјоделски производи за 3,6%, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2,5 %, Индустриско-прехранбени производи за 0,8 %. Вкупниот платен промет во земјата реализиран преку банките во 2018 година изнесува 9.954,2 млрд. МКД (161,9 млрд. ЕУР) што претставува пораст од 65,2% во однос на 2017 година. Прометот на девизниот пазар во 2018 година изнесуваше 10.503 милиони УСД и е за 12,2% повисок (реално) во однос на 2017 година. Дефицитот во билансот на плаќања заклучно со 31.12.2018 година изнесува 31,9 милиони ЕУР и е за 31% понизок во однос на истиот период 2017 година (102,9 милиони ЕУР). Девизните резерви заклучно со 31.12.2018 година изнесуваат 2.867,1 милиони ЕУР и од крајот на 2017 година се зголемени за 530,9 милиони ЕУР или 22,7%, генерално кај хартиите од вредност како дел од девизните резервни средства. Пазарот на капитал во 2018 година значително се подобри во однос на претходната година, така што вкупната вредност на реализираниот промет изнесува 169,3 милиони ЕУР и бележи пораст од 119,78% во однос на 2017 година. Порастот кај трансакциите изнесува 47,48% додека порастот на берзанскиот индекс МБИ10 кој изнесува 3.469,03 мкд е 36,64%.

Page 10: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

9

Клучни законски и регулаторни измени кои влијаеја на работењето Во текот на 2018 година беа донесени повеќе законски и подзаконски акти, а направени се бројни измени и дополнувања кај постојните закони и подзаконски акти, кои влијаеја на одделни подрачја на работењето на Банката. Меѓу најзначајните измени кои се одразија на работењето на Банката се следните:

Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам;

Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи;

Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход;

Закон за изменување на Законот за платниот промет;

Одлука за Mетодологијата за управување со ризикот од перење пари и финансирање тероризам;

Одлука за Методологијата за сигурност на информативниот систем на банката;

Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка;

Одлука за Методологијата за управување со кредитниот ризик (Стапува на сила од 21.08.2018 година, а ќе се применува од 1 јули 2019 година);

Одлука за изменување на Одлуката за задолжителна резерва;

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;

Упатство за спроведување на Одлуката за методологијата за управување со ризикот на задолженост;

Упатство за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања;

Одлука за Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи;

Одлука за видови и содржина на финансиските извештаи на банките и белешките кон тие извештаи;

Одлука за измена и дополнување на Одлуката на сметковниот (контниот) план на банките;

Правилник за начинот и пресметката и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приходи и данок.

Page 11: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

10

IV. Банкарски сектор

Во 2018 година бројот на банки е непроменет, 15 банки од кои 11 со доминантен странски капитал. Во вкупната нето актива заклучно до 31.12.2018, девет банки имаат учество помало од 5% (< од 320 милиони ЕУР), додека учеството на штедилниците и натаму е незначително. Во 2018 година групата големи банки, која ја сочинуваат пет банки, учествува со над 74,5% (2017: 74,6%) во вкупната нето актива, што укажува на висока концентрација на банкарскиот сектор како и претходните години. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и се карактеризира со висококапитализирани, ликвидни и профитабилни банки. Кредитниот раст и депозитната база беа позитивни во двата сегменти – и кај населението и кај претпријатијата. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик. Високиот вишок на ликвидност постојано притискаше на намалување на каматните стапки, пред сè на депозитите на населението, додека кај кредитите притисокот беше поизразен кај компаниите. Основни показатели Табела 2. Основни показатели, 31.12.2018 година

Извор: НБСРМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

Табела 3. Бруто кредити и депозити на небанкарски сектор (резиденти) во Република Македонија, состојба на 31.12.2018

во мил. МКД 2017 2018 % апс

Билансна сума 461.992 503.469 9,0% 41.477

Капитал и резерви 50.081 54.332 8,5% 4.251

Депозити од нефинансиски сектор 339.281 371.333 9,4% 32.052

Кредити на нефинансиски сектор (бруто) 297.576 320.085 7,6% 22.510

Резервации (билансни и вонбилансни) 22.330 20.734* -7,1% -1.596

Бруто NPL (финансиски и нефинансиски сектор) 18.905 16.618 -12,1% -2.287

Бруто добивка 7.326 9.341 27,5% 2.015

* 30.09.2018

Банкарски сектор

Во однос на 2017

Page 12: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

11

Извор: НБРСМ - Монетарна статистика, Монетарни извештаи (месечни податоци)

1 Заклучно со 31.12.2018 година, вкупните кредити на небанкарскиот сектор забележаа пораст од 21,8 млрд. МКД (360 милиони ЕУР) или 7,3%, при што кај сегментот население забележан е пораст од 14,5 млрд. МКД (235,8 милиони ЕУР) или 10,3%, додека кај нефинансиските друштва (приватни и јавни) порастот изнесува 7,0 млрд. МКД (114,6 милиони ЕУР) или 4,5%. Притоа, кредитниот раст на годишна основа произлегува од зголеменото кредитирање во денари. Учеството на денарските кредити во вкупните кредити изнесува 59,5% (2017: 58,2%). Во однос на рочната структура, 19,2% се краткорочни, додека 74,7% се долгорочни кредити (2017: 19,3% краткорочни, 73,4% долгорочни). Заклучно со 31.12.2018 година, вкупните депозити од небанкарски сектор забележаа пораст од 35,7 млрд. МКД (581 милиони ЕУР) или 10,5%, при што кај сегментот население забележан е пораст од 21,8 млрд. МКД (354 милиони ЕУР) или 9,5%, додека кај нефинансиските друштва (приватни и јавни) има зголемување од 8,4 млрд. МКД (137,5 милиони ЕУР) или 9,5%. Учеството на денарските депозити во вкупните депозити изнесува 60,0% (2017: 59,1%). Во однос на рочната структура 28,8% се по видување (2017: 27,3%), 43,8% се краткорочни (2017: 45,5%), додека 27,5% се долгорочни депозити (2017: 27,2%). Односот бруто кредити/депозити кај небанкарскиот сектор на 31.12.2018 година изнесува 85,9% (2017: 88,5%).

2

Квалитет на кредитно портфолио Учеството на нефункционалните пласмани во бруто кредитите на небанкарскиот сектор на 31.12.2018 година изнесува 5,2% (2017: 6,3%), при што кај секторот население показателот остана непроменет 2,4% (2017: 2,4%), додека кај претпријатијата показателот се намали на 7,8% (2017: 9,8%). Табела 4. Индикатори за квалитет на кредитното портфолио, 30.09.2018 година

1 Во Табела 3 се вклучени кредити и депозити само од резиденти

2 Во јули 2018 година,НБРСМ направи методолошки промени во делот на монетарната статистика и објава на податоци за

каматните стапки, заради усогласување со препораките од новообјавениот Прирачник и упатство за монетарната и финансиската статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2016 година (MFSMCG - IMF, 2016) и Техничката мисија на ММФ од областа на монетарната и финансиската статистика. Промената се однесува на прекласифицирање на кредитите индексирани во странска валута, од кредити во домашна во кредити во странска валута.

во мил.МКД

апс %

Кредити на небанкарски сектор 300.257 322.094 21.838 7,3%

1. Нефинансиски друштва 157.722 164.770 7.048 4,5%

прифатни нефинансиски друштва 156.161 163.268 7.107 4,6%

јавни нефинансиски друштва 1.561 1.502 -59 -3,8%

2. Непрофитни институции 292 248 -44 -15,0%

3. Недепозитни финансиски институции 337 636 299 88,6%

4. Физички лица 141.232 155.734 14.502 10,3%

5. Држава - локална самоуправа 674 706 32 4,8%

Депозити на небанкарски сектор 339.314 375.046 35.732 10,5%

1. Нефинансиски друштва 89.248 97.703 8.455 9,5%

прифатни нефинансиски друштва 81.807 87.296 5.489 6,7%

јавни нефинансиски друштва 7.441 10.406 2.966 39,9%

2. Непрофитни институции 4.646 5.096 450 9,7%

3. Недепозитни финансиски институции 14.661 19.647 4.987 34,0%

4. Физички лица 230.744 252.563 21.819 9,5%

5. Држава - локална самоуправа 16 37 22 136,6%

12.2017 12.2018Во однос на 2017

Page 13: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

12

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

Финансиска стабилност Ликвидноста на банкарскиот сектор е одржана на високо ниво. Високоликвидната актива кај Банките на 30.09.2018 достигна 22,7% (2017: 23,2%) од вкупната актива и покрива 39,8% од краткорочните обврски (2017: 40,1%). Адекватноста на капиталот на ниво на банкарски сектор на 30.09.2018 изнесува 16,3%; (2017:15,7%). Во 2017 година, започна примената на Базел 3 регулативата во Република Македонија, при што банките беа задолжени да ги исполнат капиталните барања во две фази, до 30.09.2017 година и до 31.03.2018 година.

во % 2017 30.09.2018 п.п %

(В, Г и Д)/Вкупна изложеност на кредитен ризик 5,1% 4,5% -0,6 -11,8%

Покриеност на В, Г и Д со резервации 90,0% 89,9% 0,0 0,0%

Резервации/Вкупна изложеност на кредитен ризик 4,6% 4,0% -0,6 -13,0%

NPL/Вкупни кредити (нефинансиски сектор) 6,3% 5,0% -1,3 -20,6%

Покриеност на NPL со резервации 118,1% 124,8% 6,6 5,6%

Банкарски сектор

Во однос на 2017

Page 14: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

13

Табела 5. Индикатори за финансиската стабилност, 31.12.2018 година

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

Профитабилност Заклучно со 31.12.2018 година банкарскиот сектор оствари нето добивка од 8.353,00 милиони МКД (135,8 милиони ЕУР) или за 29,4 милиони ЕУР повеќе во однос на истиот период претходната година кога беше остварена добивка од 6.554,9 милиони МКД (106,6 милиони ЕУР). Зголемената профитабилност произлегува од остварени повисоки нето каматни и некаматни приходи. Каматните приходи, во однос на истиот период претходната година, се пониски за 335,7 милиони МКД (5,5 милиони ЕУР) или 1,7%, каматните расходи се пониски за 84 милиони МКД (1,4 милиони ЕУР) или за 1,9%, додека останатите некаматни приходи се повисоки за 762,5 милиони МКД (12,4 милиони ЕУР) или за 9,2%. Кај оперативните расходи, трошоците за вработени, амортизацијата и останати расходи од дејноста се пониски за 358,1 милиони МКД (5,8 милиони ЕУР) или за 3,1%. Издвоените исправки и резервации за финансиски и нефинансиски средства се пониски за 1.146,1 милиони МКД (18,6 милиони ЕУР) или 23%. Табела 6. Показатели за профитабилноста на банкарскиот сектор, 31.12.2018

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

во % 2017 2018 п.п. %

LTD (бруто кредити/депозити) 87,7% 86,2% -1,5 -1,7%

Адекватност на капиталот* 15,7% 16,3% 0,6 3,7%

Основен капитал/Актива пондерирана според ризиците* 14,2% 14,9% 0,7 4,9%

Капитал и резерви/Вкупна актива 10,8% 10,8% 0,0 -0,4%

* 30.09.2018

Банкарски сектор

Во однос на 2017

во % 2017 2018 п.п. %

ROA (бруто) 1,4% 1,7% 0,3 17,6%

ROE (бруто) 13,5% 16,0% 2,5 18,7%

Cost/Income 48,7% 46,2% -2,5 -5,2%

Трошоци за вработени/Вкупни редовни приходи 19,7% 20,5% 0,8 4,2%

Трошоци за вработени/Оперативни трошоци 40,4% 44,5% 4,1 10,2%

Некаматни приходи/Вкупни редовни приходи 42,4% 45,8% 3,4 7,9%

Банкарски сектор

Во однос на 2017

Page 15: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

14

Група Големи банки (Peer група)

Групата Големи банки ја сочинуваат банки со актива над 39,6 млрд. МКД (644 милиони ЕУР), во рамки на кои три банки се со актива над 82 млрд. МКД (1.333 милиони ЕУР), додека две банки се со актива под 47 млрд. МКД (767 милиони ЕУР). Основни показатели Билансната сума на групата Големи банки во 2018 година се зголеми за 30,4 млрд. МКД (494 милиони ЕУР) и нивното учество во банкарскиот сектор изнесува на 74,5% (2017: 74,6%). Депозитите се зголемија за 23,3 млрд. МКД (379,4 милиони ЕУР), кредитите (бруто) се зголемени за 13,3 млрд. МКД (217 милиони ЕУР), капиталот е повисок за 3,7 млрд. МКД (60,6 милиони ЕУР), додека бруто добивката е повисока за 2,2 млрд. МКД (36 милиони ЕУР). Табела 7. Основни показатели, 31.12.2018 година

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

Квалитет на кредитно портфолио Во однос на квалитетот на кредитното портфолио, учеството на нефункционалните пласмани во вкупните кредити кај небанкарскиот сектор кај групата Големи банки на 30.09.2018 година изнесуваше 5,4% (31.12.2017: 7,3%). Табела 8. Индикатори за квалитет на кредитното портфолио, 30.09.2018 година

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

Финансиска стабилност Табела 9. Индикатори за финансиската стабилност, 31.12.2018 година

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

во мил. МКД 2017 2018 % апс

Билансна сума 344.700 375.061 8,8% 30.362

Капитал и резерви 36.837 40.562 10,1% 3.725

Депозити од нефинансиски сектор 267.967 291.299 8,7% 23.332

Кредити на нефинансиски сектор (бруто) 226.202 239.547 5,9% 13.345

Бруто NPL (финансиски и нефинансиски сектор) 16.649 13.649 -18,0% -3.000

Бруто добивка 6.555 8.771 33,8% 2.215

Група големи банки

Во однос на 2017

во % 2017 30.09.2018 п.п. %

(В, Г и Д)/Вкупна изложеност на кредитен ризик 5,6% 4,4% -1,2 -21,4%

Покриеност на В, Г и Д со резервации 93,2% 97,8% 4,6 5,0%

Резервации/Вкупна изложеност на кредитен ризик 5,2% 4,3% -0,9 -17,3%

NPL/Вкупни кредити (нефинансиски сектор) 7,3% 5,4% -1,9 -26,0%

Покриеност на NPL со резервации 114,7% 124,1% 9,4 8,2%

Група големи банки

Во однос на 2017

во % 2017 2018 п.п. %

LTD (бруто кредити/депозити) 84,4% 82,2% -2,2 -2,6%

Адекватност на капиталот* 15,2% 16,1% 0,9 5,9%

Основен капитал/Актива пондерирана според ризиците* 13,9% 14,9% 1,0 7,2%

Капитал и резерви/Вкупна актива 10,7% 10,8% 0,1 -4,4%

* 30.09.2018

Група големи банки

Во однос на 2017

Page 16: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

15

Профитабилност Заклучно со 31.12.2018 година, Групата Големи банки оствари нето добивка од 7.881 милиони МКД (128,15 милиони ЕУР) или за 32,54 милиони ЕУР повеќе во однос на 2017 година кога беше остварена добивка од 5.880 милиони МКД (95,6 милиони ЕУР). Порастот на профитабилноста во најголем дел се должи на повисоките остварени нето некаматни приходи како и намалување на трошоци за вработени и останати расходи од дејноста. Каматните приходи се пониски за 374 милиони МКД (6,1 милиони ЕУР) или 2,5%, каматните расходи се пониски за 119 милиони МКД (1,9 милиони ЕУР) или 4,1%, додека останатите некаматни приходи се повисоки за 215 милиони МКД (3 милиони ЕУР) или за 6,4%. На страната на расходите, вкупните трошоци (трошоци за вработените, амортизација и останати расходи од дејноста) се пониски за 49 милиони МКД (0,8 милиони ЕУР) или за 0,6%. Загубите поради оштетувања кај финансиски и нефинансиски средства во 2018 година се пониски за 1.624,0 милиони МКД (26,4 милиони ЕУР) или 163%. Табела 10. Показатели за профитабилноста кај Групата Големи банки, 31.12.2018 година

Извор: НБРСМ - Супервизија, Податоци и показатели за банкарскиот систем на Р. Македонија

во % 2017 2018 п.п. %

ROA (бруто) 1,7% 2,2% 0,5 26,3%

ROE (бруто) 16,5% 20,4% 3,9 23,9%

Cost/Income 41,1% 39,7% -1,4 -3,4%

Трошоци за вработени/Вкупни редовни приходи 16,9% 18,1% 1,2 7,0%

Трошоци за вработени/Оперативни трошоци 41,2% 45,7% 4,5 11,0%

Некаматни приходи/Вкупни редовни приходи 41,4% 45,4% 4,0 9,7%

Во однос на 2017

Група големи банки

Page 17: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

16

V. Корпоративно управување и корпоративна општествена одговорност

Корпоративно управување Корпоративното управување на Банката, како збир од заемни односи помеѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, останатите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани субјекти во НЛБ Банка АД Скопје се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во Банката. Корпоративното управување на НЛБ Банка е олицетворено преку органите на Банката кои имаат клучна улога во ефикасното работење на Банката. Во текот на 2018 година, Банката беше управувана преку статутарно утврдени органи со права и обврски кои се предвидени во Законот за банките, Законот за трговски друштва и Статутот на Банката. 1. Собрание на акционери Во текот на 2018 година беа одржани три собранија на акционери, од кое едно редовно годишно и две вонредни собранија. На Годишното собрание на акционери кое се одржа на 11.05.2018 година беа усвоени редовните точки кои Собранието на акционери ги усвојува секоја година: Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2017 година, Извештај на Ревизорската куќа Ернст и Јанг -Овластени ревизори ДОО Скопје за 2017 година, Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2017 година со оцена на работата на Надзорниот одбор за 2017 година и одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор, Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2017 година и одобрување на работата на членовите на Управниот одбор во 2017 година, Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2017 година, Одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка за 2017 година, Одлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар за 2017 година, Одлука за изменување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Одлука за назначување на Друштво за ревизија на финансиски извештаи за 2018 година. Првото вонредно собрание на акционери се одржа на 06.09.2018 година и на истото како позначајни точки беа усвоени:

Одлука за изменување и дополнување на Статутот на НЛБ Банка; Одлука за усвојување на Политиката за наградување на вработените со посебна

природа на работата во НЛБ Банка АД Скопје. Второто вонредно собрание на акционери се одржа на 03.12.2018 година и на истото како позначајни точки беа усвоени следните:

Одлука за изменување и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје; Информација за поднесена оставка од член на Надзорниот одбор, г-дин Винценц

Јамник; Одлука за именување на г-ѓа Хедвика Усеник за член на Надзорниот одбор.

Page 18: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

17

2. Органи на надзор и ревизија и помошни тела

2.1. Надзорен одбор Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје врши надзор над работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење финансиски активности и го надгледува нивното спроведување. Надзорниот одбор е одговорен да обезбеди добро работење, управување и стабилност на Банката, како и навремено и точно финансиско известување на Народната Банка на Република Македонија. Во 2018 година, Надзорниот одбор одржа седум седници во/од деловните простории на Банката, дел од нив беа видеоконференциски, а една седница се одржа на коресподентски начин. Надзорниот одбор на сите свои седници одлучуваше согласно Статутот и Деловникот за работа и одлуките ги донесуваше со мнозинство на гласови. Во работењето на Надзорниот одбор континуирано учествуваа сите членови и придонесоа за успешно завршување на работата на Надзорниот одбор, освен членовите кои беа оправдано отсутни на некои седници. Надзорниот одбор на Банката ги врши следните работи:

- Ја усвојува Деловната политика на Банката и Развојниот план на Банката; - Именува и разрешува членови на Управниот одбор на Банката; - Именува и разрешува членови на Одбор за управување со ризици; - Именува и разрешува членови на Одборот за ревизија; - Именува и разрешува членови на Надзорен Одбор врз информативниот систем; - Именува и разрешува членови на Кредитна комисија; - Го усвојува финансискиот план на Банката; - Организира Сектор за внатрешна ревизија; - Го одобрува годишниот план на Секторот за внатрешна ревизија; - Ја усвојува политиката за сигурност на информативниот систем; - Ги усвојува политиките за управување со ризици на Банката; - Усвојува политика за судир на интересите со која се идентификуваат можните судири

на интереси и мерките и активностите за нивно спречување; - Усвојува политика за наградување, во согласност со деловната политика, развојниот

план, финансискиот план и политиката за избегнување судир на интересите на Банката;

- Донесува и спроведува политика за начинот на избор, следење на работењето и на разрешување на членовите на Надзорниот одбор, Одборот за управување со ризици, Одборот за ревизија и Управниот одбор;

- Ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор на Банката; - Ги разгледува извештаите на Одборот за управување со ризици; - Ги разгледува извештаите на Одборот за ревизија; - Ги разгледува извештаите на Секторот за внатрешна ревизија; - Ги разгледува извештаите на Службата за усогласеност со прописите и

информативна сигурност; - Ја одобрува годишната сметка и финансиските извештаи на Банката; - Одобрува изложеност спрема поединечно лице од над 20% од сопствените средства

на Банката, со исклучок на изложеност врз основа на купување на хартии од вредност издадени од Народната банка и Република Македонија;

- Одобрува трансакции со поврзани лица со Банката во износ од над 6.000.000 денари;

- Го одобрува стекнувањето на капитални делови и купување на хартии од вредност, поголеми од 5% од сопствените средства на Банката, освен купување на хартии од вредност издадени од Народната Банка и Република Македонија;

- Го одобрува предлогот на Одборот за ревизија за назначување на друштво за ревизија, или предлогот за раскинување на договорот со друштвото за ревизија и е одговорен за обезбедување на соодветна ревизија;

- Ја усвојува политиката за вршење на внатрешна ревизија; - Ги разгледува извештаите на супервизијата, како и други извештаи доставени од

страна на Народната Банка, Управата за јавни приходи и други надлежни институции

Page 19: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

18

и предлага, односно презема мерки и активности за надминување на утврдените неусогласености и слабости во работењето на Банката;

- Го одобрува годишниот извештај за работењето на Банката и доставува писмено мислење по истиот до Собранието на Банката;

- Го разгледува извештајот на друштвото за ревизија и доставува писмено мислење по истиот до Собранието на акционери;

- Го усвојува Кодексот за корпоративно управување со кој се уредуваат правилата за управување и за надзор на Банката;

- Го усвојува етичкиот кодекс на Банката ; - Донесува акт за организација и систематизација на работните места во Банката; - Одлучува за формирање на организациони единици, по предлог на Управниот одбор - Ги склучува менаџерските договори со Управниот одбор на Банката; - Одлучува за дефинитивен отпис на побарувањата, врз основа на изготвените

извештаи од стручните служби на Банката; - Одлучува за формирање и укинување на деловно-организациони единици на

Банката во странство; - Усвојува Деловник за својата работа; - Формира одбори, работни и советодавни тела и комисии за извршување на задачи

од својот делокруг и ја одредува нивната надлежност - Одлучува за учество на Банката во формирањето на Банкарски конзорциум; - Одлучува во втор степен по приговори-барања за заштита на правата на

работниците; - Одобрува кредити и други облици на изложеност на Банката спрема подружница на

банка, спрема акционер со квалификувано учество во Банката и со него поврзани лица и спрема лице со посебни права и одговорности и со него поврзани лица на износ над 6.000.000 денари и

- Врши и други работи што не се во надлежност на Собранието. Во поголемиот дел од 2018 година, Надзорниот одбор на Банката работеше во состав од шест члена. На 27.09.2018 година, членот на Надзорниот одбор, г-дин Винценц Јамник, поднесе оставка од функцијата до Собранието на акционери на Банката, по што му престана мандатот со денот на поднесување на известување за оставката. Законскиот минимум на членови на Надзорниот одбор согласно Законот за банките е пет члена, па оттука земајќи ја предвид оставката од г-дин Јамник, Банката продолжи да работи со законски пропишаниот минимум. За дополнување на составот на членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, од НЛБ д.д. Љубљана даден е предлог за именување на г-ѓа Хедвика Усеник за нов член на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија на НЛБ Банка АД Скопје за остатокот од мандатот на г-дин Винценц Јамник, односно до 11.09.2021 година. На ден 10.01.2019 година до НБРСМ поднесено е Барање на претходна согласност за именување на член на г-ѓа Хедвика Усеник за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Податоците за членовите, членствата во органите на Банката како и нивните членства во други органи на управување или надзор се прикажани во Табела 11.

Page 20: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

Табела 11. Членови на Надзорниот одбор и нивно членство во други одбори

Име Професионален ангажман Образование Надзорен одбор

Одбор за

ревизија

Одбор за

наградување

Одбор за

именување

Надзорен орган или орган на

управување

Назив и седиште на

правното лице Период

Претседател на Надзорен одбор

НЛБ Банка Сараево д.д.

Федерација Босна и

Херцеговина 2. тековно

Претседател на Надзорен одбор

НЛБ Банка Бања Лука

а.д.Република Српска тековно

Член на Надзорен одбор НЛБ Вита д.д. тековно

Марјета Звер Цанкар

Заменик-директор на

Секторот за управување со

НЛБ Групацијата во НЛБ д.д.

Магистер по

светска економија

Член, од 31.03.2011

-тековно Член Член Претседател - - -

Петер Зелен

Директор на Сектор за

реструктуирање во НЛБ д.д.

Дипломиран

економист и

машински инженер

Член, од 15.08.2013

-тековно Претседател - - - - -

Винценц Јамник

Директор на Сектор за работа

со средни претпријатија во

НЛБ д.д.

Магистер по

економија

Член, од 28.07.2016

- 27.09.2018

(оставка од

функцијата)

Член до

27.09.2018

(оставка од

функцијата) - - - - -

Член на Надзорен одбор и член

на Одбор за ревизија НЛБ АД Приштина

2016 -

тековно

Член на Одбор на директори. Од

2012 година Управител на

холдингот на Еколог - НД Балкан

Тетово Еколог Тетово

2007-

тековно

Редовен член МАНУ Скопје

2012-

тековно

Борислав Атанасовски

Управител на Ревизија,

проценка и финансиски

консалтинг Б и Љ Боро и

Љупчо, ДОО Скопје

Дипломиран

економист

Член, од 30.06.2008

-тековно Член Член Член Претседател

Институт на овластени

ревизори на Р.Македонија

2009-

октомври

2018

Стојан Јорданов

Управител на Друштво за

ревизија РСМ Македонија

Дипломиран

економист - Член - - - - -

Член Член

Членства во органи на Банката Членства во други органи на надзор или управување

Блаж Бродњак

Претседател на Управата на

НЛБ д.д. MBA

Претседател, од

28.07.2016 -

тековно - Претседател Член

Абдулменаф Беџети

Редовен професор и член на

советот на Универзитет

Југоисточна Европа во Тетово

Доктор по

економски науки

Член, од 30.06.2008

-тековно Член

Page 21: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

Мандат Членовите на Надзорниот одбор на Банката ги избира Собранието, со мнозинство гласови од акциите со право на глас од кворумот определен за работа на Собранието. Мандатот на членовите на Надзорен одбор трае 4 (четири) години, со тоа што секоја година, годишното Собрание одлучува за одобрување на работата на секој од членовите одделно, по што се избираат нови членови на местото на оние чија работа не е одобрена. Независност

Најмалку 1/4 од членовите на Надзорниот одбор задолжително мора да бидат независни членови. Во таа насока, двајца од членовите на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се независни членови. Независноста на двајцата членови на Надзорниот одбор на Банката е утврдена согласно критериумите за независност определени во Законот за банките. Исполнувањето и почитувањето на овие критериуми Банката го следи континуирано во текот на годината. Надомест и наградување

Согласно Политиката за управување и надзор на НЛБ Групацијата, на членовите на Надзорниот одбор кои се вработени во НЛБ Групацијата не им припаѓа надомест за учество во работата на Надзорниот одбор, ниту пак учество во награда од добивката на Банката. Согласно Одлуката за утврдување надомест на членовите на органите на Банката, донесена од Собранието на акционерите на Банката на 23.07.2013 година, на членовите на Надзорниот одбор кои не се вработени во НЛБ Групацијата им припаѓа надомест за учество на седница во нето износ од 500 ЕУР во денарска противвредност за Претседател на Надзорен одбор и 400 ЕУР во денарска противвредност за член на Надзорен одбор. Надоместокот за учество на коресподентска седница изнесува 50% од надоместокот за учество на секоја редовна седница. Согласно донесената одлука, на независните членови на Надзорен одбор, по основ на надоместок на присуство на седници во 2018 година е исплатен бруто износ од 177.672 МКД за Абдулменаф Беџети и бруто износ од 150.341 МКД за Борислав Атанасовски. Согласно Законот за трговските друштва, Банката е должна во годишниот извештај да ги објави и примањата коишто членовите на органите на надзор и управување ги остваруваат од членство во органи на управување во други друштва, или доколку имаат засновано работен однос кај други работодавачи. Поради доверливост на податоците на четири членови - нерезиденти на Надзорниот одбор (Блаж Бродњак – претседател; Марјета Звер Цанкар – заменик претседател; Петар Зелен – член и Винценц Јамник – член до 19.09.2018) сите вработени кај работодавач НЛБ д.д. Љубљана, примањата за 2018 година се искажани во збирен бруто износ и тоа: висина на бруто плата од 512.002 ЕУР и варијабилен дел на плата во бруто износ од 11.174 ЕУР. Останатите два члена се независни членови и резиденти на Република Македонија, кои во текот на 2018 ги остварија следните примања:

1. Абдулменаф Беџети - висина на бруто плата во износ од 2,2 милиони МКД и варијабилен дел во износ од 258.300 МКД;

2. Борислав Атанасовски - висина на бруто плата во износ од 636.000 МКД.

Page 22: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

21

2.1.1. Одбор за наградување

Формиран е врз основа на Одлуката на НБРСМ за правилата за добро корпоративно управување во банка и функционира како советодавен орган на Надзорниот одбор. Во текот на 2018 година, функционираше со четири члена. Членовите на одборот се состануваат на седници секогаш кога има потреба од одржување на Одбор за наградување. Мандатот на членовите на Одборот за наградување трае од моментот на именување до моментот на нивно отповикување со соодветна одлука или откажување од нивна страна. Во текот на 2018 година се одржа 1 (една) седница на Одборот на 25.10.2018 година. Составот на одборот е прикажан во Табела 11.

2.1.2. Одбор за именување Формиран е врз основа на Одлуката на НБРСМ за правилата за добро корпоративно управување во банка и функционира како советодавен орган на Надзорниот одбор. Во текот на 2018 година функционираше со четири члена. Членовите на одборот се состануваат на седници секогаш кога има потреба од одржување на Одбор за именување. Во известувачкиот период, се одржаа 2 седници на Одборот за именување и тоа на 27.07.2018 и 25.10.2018 година на кои се дадоа предлози до Надзорниот одбор за именување на г-дин Гинтер Фриедл за член на Управниот одбор на Банката и г-ѓа Хедвика Усеник за Член на Надзорниот одбор на Банката, по добивање на согласност од НБРСМ, а по спроведените позитивни оценки (поединечна и колективна) за нивната соодветност за членови на органите на управување на Банката. На седницата одржана на 25.10.2018 година се даде предлог и за времено именување на г-дин Борислав Атанасовски за член на Одборот за ревизија, како замена за г-дин Винценц Јамник кој поднесе оставка од функцијата, а до именување на г-ѓа Хедвика Усеник за Член на Надзорниот одбор на Банката, по добивање на согласност од НБРСМ за нејзино именување за Член на Надзорниот одбор. Составот на одборот е прикажан во Табела 11. Мандат Мандатот на членовите на Одборот за именување трае од моментот на именување до моментот на нивно отповикување со соодветна одлука или откажување од нивна страна.

Надомест и наградување На членовите на Одборот за именување не им следува надомест за учество на седница.

2.2. Одбор за ревизија Во поголемиот дел од 2018 година, Одборот за ревизија работеше во состав од пет члена (прикажано во Табела 11). Со оглед на тоа што мнозинството членови на Одборот за ревизија се членови на Надзорниот одбор, а г-дин Виненц Јамник поднесе оставка на ден 27.09.2018 година од функцијата член на Надзорниот одбор што воедно значи и оставка од функцијата член на Одборот за ревизија, бројот на членови на Одборот за ревизија се спушти под законскиот минимум за одржување на седници. Од оваа причина, на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на ден 25.10.2018 година, на местото на г-дин Винценц Јамник, за член на Одборот за ревизија беше именуван г-дин Борислав Атанасовски. Неговото именување е времено, до именување на г-ѓа Хедвика Усеник за нов член на Надзорниот одбор, а по добивање на претходна согласност од НБРСМ. Мандат

Мандатот на членовите на Одборот за ревизија трае 4 (четири) години. Независност

Page 23: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

22

Согласно Законот за банките, мнозинството членови на Одборот за ревизија на Банката се избираат од редот на членовите на Надзорниот одбор, а останатите членови се независни членови. Најмалку еден член на Одборот за ревизија треба да биде овластен ревизор. Во таа насока, четири члена на Одборот за ревизија се членови на Надзорниот одбор, а еден член е овластен ревизор (г-дин Стојан Јорданов). Надомест и наградување

Согласно Политиката за управување и надзор на НЛБ Групацијата, на членовите на Одборот за ревизија кои се вработени во НЛБ Групацијата не им припаѓа надомест за учество во работата на Одборот за ревизија, ниту пак учество во награда од добивката на Банката. Согласно Одлуката за утврдување надомест на членовите на органите на НЛБ Банка АД Скопје, донесена од Собранието на акционерите на Банката на 23.07.2013 година, на членовите на Одборот за ревизија кои не се вработени во НЛБ Групацијата им припаѓа надомест за учество на седница во нето износ од 375 ЕУР во денарска противвредност за претседател на Одборот за ревизија и 300 ЕУР во денарска противвредност за член на Одборот за ревизија. Надоместокот за учество на коресподентска седница изнесува 50% од надоместокот за учество на секоја редовна седница. Износот исплатен на членовите согласно донесената одлука е прикажан во Табела 14. Во текот на 2018 година, Одборот за ревизија одржа шест седници, кои се одржаа во деловните простории на Банката, односно во просториите на НЛБ д.д. Љубљана, или беа видеоконференциски седници. Една од седниците беше одржана на коресподентски начин. Одборот за ревизија ги врши следниве работи:

- Ги разгледува финансиските извештаи на Банката и се грижи за точноста и транспарентноста на објавените финансиски информации за работењето на Банката во согласност со прописите за сметководствени стандарди;

- Ги разгледува и оценува системите за внатрешна контрола; - Ја следи работата и ја оценува ефикасноста на службата за внатрешна ревизија - Го следи процесот на ревизија на Банката и ја оценува работата на друштвото за

ревизија; - Ги донесува сметководствените политики на Банката; - Ја следи усогласеноста на работењето на Банката со прописие што се однесуваат

на сметководствените стандарди и финансиски извештаи; - Одржува состаноци со Управниот одбор, Секторот за внатрешна ревизија и

друштвото за ревизија во врска со утврдени неусогласености со прописите и слабостите во работењето на Банката;

- Ги разгледува извештаите на Одборот за управување со ризици и - Предлага назачување на друштвото за ревизија и раскинување на склучен договор

со друштво за ревизија.

3. Извршни органи и помошни тела

3.1. Управен одбор на Банката Табела 12. Членови на Управниот одбор и нивно членство во други одбори

Page 24: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

23

* Членства на Управниот одбор во други органи на управување/надзор: Г-динот Антонио Аргир е Потпретседател на Стопанска комора на Македонија Управниот одбор на Банката ја претставува и застапува Банката и раководи со нејзината работа согласно Законот за банките, Статутот на НЛБ Банка АД Скопје и Кодексот за корпоративно управување на Банката. Членовите на Управен одбор на Банката, ги именува и разрешува Надзорниот одбор на Банката со мнозинство гласови, по претходна согласност на Гувернерот на Народна Банка на Република Македонија. Управниот одбор речиси цела 2018 година работеше во состав од два члена. На 18.12.2018 година, Народната банка на РМ издаде решение за именување на г-дин Гинтер Фриедл за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, со мандат од четири години. Со неговото именување од декември 2018 година, Управниот одбор на Банката брои три члена. Управниот одбор во известувачкиот период работеше на седници, кои по правило се одржуваа еднаш неделно. Покрај редовните седници, Управниот одбор одлучуваше и секојдневно, надвор од седница, со писмена согласност од сите членови на Управниот одбор. Во 2018 година, Управниот одбор одржа околу 49 редовни седници. Мандат

Мандатот на членовите на Управен одбор трае 4 (четири) години. Надомест и наградување

На членовите на Одборот не им следува надомест за учество на седница. Членовите на Управен одбор, во текот на 2018 година ги остварија следните примања:

1. Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор, по основ на: бруто плата во износ од 7,2 милиони МКД, варијабилен дел во бруто износ од 1,7 милиони МКД, осигурување во износ од 37.637 МКД, други права во износ од 365.244 МКД;

2. Дамир Кудер, Член на Управен одбор, по основ на: бруто плата во износ од 5,7 милиони МКД, варијабилен дел во бруто износ од 2,0 милиони МКД, осигурување во износ од 37.637 МКД и други права во износ од 1,9 милиони МКД.

3. Гинтер Фриедл, Член на Управен одбор, по основ на: бруто плата во износ од 189.024 МКД и други права во износ од 395.323 МКД (за период од 20.12.2018 до 31.12.2018).

Остварените примања на членовите на Управниот одбор за 2018 година прикажани се и групно во Табела 14. Во раководењето со работењето на Банката, Управниот одбор ги врши следните работи:

- Управува со Банката; - Ја застапува Банката; - Го организира подготвувањето на предлозите на општите акти, одлуките и другите

акти за кои одлучува Собранието на Банката; - Ги извршува одлуките на Собранието и на Надзорниот одбор на Банката, односно се

грижи за нивно спроведување; - Покренува иницијативи и дава предлози за унапредување на работењето на Банката;

Име Позиција Образование

Одбор за

управување

со ризици

Одбор за

управување

со средства

и обврски

Одбор за

развој

Надзорен

одбор врз

ИТ

Комисија за

одобрување

кредитна

изложеност

Комисија за

оперативни

ризици

Комисија за

правен

ризик

Член Член -

Дамир Кудер Член на Управен одбор Магистер по економски науки Член Член Член - Претседател Претседател -

Гинтер Фриедл Член на Управен одбор

Магистер за бизнис

администрација; Магистер за

напредни студии по финансии;

Магистер на социјални и

економски науки Член Член Член - -

ПретседателАнтонио Аргир*

Претседател на

Управен одбор MBA Претседател Претседател Претседател

Членства во органи на Банката

Page 25: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

24

- Ги именува и разрешува лицата на Банката со посебни права и одговорности, во согласност со овој Статут и одредбите од законот за банки, ја определува нивната плата и склучува договори со нив;

- Изготвува деловна политика и развоен план на Банката; - Изготвува финансиски план на Банката; - Изготвува политика за сигурност на информативниот систем на Банката; - Изготвува годишен извештај за работењето на Банката и го доставува до Надзорниот

одбор; - Изготвува етички кодекс на Банката; - Одобрува изложеност на спрема поединечно лице до 10% од сопствените средства

на Банката; - Одобрува трансакции со поврзани лица со Банката во износ под 6.000.000 денари;

- Го одобрува стекнувањето на капитални делови и купување на хартии од вредност, помали од 5% од сопствените средства на Банката, како и купување на хартии од вредност издадени од Народната Банка и Република Македонија;

- Одлучува за засновање на работен однос, за распоредување и наградување на работниците согласно со законските прописи и општите акти на Банката;

- Одлучува за давање и земање кредити за ликвидност гаранции, авали и акредитиви во рамките на лимитите утврдени со законот, актот за деловната политика на Банката и одлуката за кредитната политика донесена од Надзорниот одбор;

- Утврдува предлози на одлуки и други акти за кои одлучува Надзорниот одбор на Банката;

- Се грижи за информирањето на акционерите на Банката; - Ја насочува и организира работата на деловите на Банката особено во поглед на

навременото и стручно вршење на работите; - Донесува Деловник за работа на Управниот одбор и негови измени со претходно

одобрение на Надзорниот одбор на Банката; - Донесува поединечни акти на Банката; - Формира пописни комисии за средства и изворите на средства, комисија за

расходување и отуѓување на основни средства и ситен инвентар, а по потреба формира и други комисии и работни тела и ги именува нивните членови ;

- Разгледува и усвојува извештај за годишните пописи; - Врши и други работи утврдени со Закон, овој Статут и други општи акти на Банката.

Управниот одбор на Банката е одговорен за:

- Обезбедување услови за работењето на Банката во согласнот со прописите; - Управување и следење на ризиците на кои е изложена Банката во работењето; - Постигнување и одржување на адекватно ниво на сопствени средства; - Функционирање на системот на внатрешна контрола во сите области на работење на

Банката; - Непречено работење на Секторот за внатрешна ревизија на Банката, односно

осигурува дека Секторот внатрешна ревизија има пристап до документацијата и до вработените во Банката со цел за непречено спроведување на нејзините активности;

- Непречено работење на Службата за усогласеност со прописите и информативна сигурност, односно да осигура дека Службата има пристап до документацијата и до вработените во Банката со цел непречено спроведување на овластувањата;

- Донесување и спроведување на политика за начинот на избор, следење на работењето и на разрешуавње на лица со посебни права и одговорности, освен за членовите на надзорниот одбор, одборот за управување со ризици, одборот за ревизија и управниот одбор;

- Водење на трговските и други книги и деловната документација на Банката, изработка на финасиски и друи извештаи во согласност со прописите за сметководство и сметководствени стандарди;

- Навремено и точно финансиско известување;

Page 26: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

25

- Редовност и точност на извештаите што се доставуваат до Народната Банка во согласност со законот и прописите донесени врз основа на закон ;

- Спроведување на мерките изречени од страна на гувернерот спрема Банката и законитоста на работењето на Банката.

Во функција на редовно информирање за работењето на Банката, за секоја седница на Управниот одбор се подготвува дневен ред, записник од претходната седница, како и материјали од Организационите единици на Банката. Покрај наведеното, членовите на Управниот одбор на Банката присуствуваа и на седниците на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија. На редовните седници, во рамките на своите надлежности Управниот одбор преземаше голем број на активности и усвојува голем број на Правилници, Упатства, Процедури, Планови и Одлуки. Покрај ова, Управниот одбор на месечна основа ги разгледува извештаите на Службата за усогласување со прописите и информативна сигурност, и тоа од: Сегмент за обезбедување законитост во работењето, Сегмент за Спречување на перење пари и финансирање тероризам, и Сегмент за Информативна сигурност. Управниот одбор најмалку еднаш квартално го известуваше Надзорниот одбор за своето работење преку Информацијата за тековните активности.

3.2. Одбор за управување со ризици Во текот на 2018 година, Одборот за управување со ризици работеше во состав од осум члена (Табела 13 и 14). Членовите на Одборот за управување со ризици се избираат од редот на лицата со посебни права и одговорности кои се вработени во Банката. Еден од членовите на Управниот одбор на Банката задолжително е и член на Одборот за управување со ризици. Во таа насока, Претседател на Одборот за управување со ризици е Претседателот на Управниот одбор, г-дин Антонио Аргир, а членови на Одборот за управување со ризици се и другите членови на Управниот одбор. Со именувањето на г-дин Гинтер Фриедл за нов член на Управниот одбор на Банката, истиот станува член и на Одборот за управување со ризици, со одлука за негово именување одобрена на јануарската седница на Надзорниот одбор во 2019 година. Во известувачкиот период, Одборот за управување со ризици одржа 52 седници. Одборот за управување со ризици се состануваше редовно, еднаш седмично за исполнување на следните надлежности: - Перманентно го следи и оценува степенот на ризичност на Банката и го утврдува прифатливото ниво на изложеност на ризици со цел минимализирање на загубите од изложеност на Банката на ризик; - Воспоставува политики за управување со ризици и ја следи нивната примена - Ги следи прописите на Народна Банка кои се однесуваат на управување со ризици и усогласеноста на Банката со овие прописи; - Врши оцена на системите на управување со ризиците во Банката; - Утврдува краткорочни и долгорочни стратегии за управување со одделните видови ризици на кои е изложена Банката; - Ги анализира извештаите за изложеноста на Банката на ризик изработени од службите во Банката кои вршат оцена на ризиците и предлага стратегии, мерки и инструменти за заштита од ризици;

Page 27: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

26

- Ја следи ефикасноста на функционирањето на системите на внатрешна контрола на управувањето со ризици; - Ги анализира ефектите од управувањето со ризиците врз перформансите на Банката; - Ги анализира ефектите од предложените стратегии за управување со ризици, како и предложените стратегии, мерки и инструменти за заштита од ризици; - Оценка на усогласеноста на цените на производите и услугите што ги нуди Банката со нивото на преземен ризик, во согласност со деловната политика и развојниот план на Банката; - Квартално го известува надзорниот одбор за промените во ризичните позиции на Банката, промените во стратегијата за управување со ризици, ефектите од управувањето со ризиците врз перформансите на Банката, како и преземените мерки и инструменти за заштита од ризиците и ефектите од истите; - Одобрува изложеност спрема лице од над 10% до 20% од сопствените средства на Банката; - Ја следи политиката за сигурност на информативниот систем и ги идентификува случаите кога е потребно нејзино ревидирање; - Дава оценка за воспоставениот процес на управување со сигурноста на информативниот систем; - Врши анализа на извештајот за извршена проценка на ризици и ги следи активностите кои се преземаат во врска со управувањето со сигурноста на информативниот систем, - Ги одредува и редовно ги ревидира дефинираните нивоа на прифатливост на ризиците. Одборот за управување со ризици најмалку еднаш квартално го известуваше Надзорниот одбор и Одборот за ревизија за промените во ризичните позиции на Банката, промените во стратегијата за управување со ризици, ефектите од управувањето со ризиците врз перформансите на Банката, како и превземените мерки и инструменти за заштита од ризиците и ефектите од истите. Mандат

Мандатот на Членовите на Одборот за управување со ризиците трае од моментот на именување до моментот на нивно отповикување со соодветна одлука или откажување од нивна страна. Надомест и наградување

На членовите на Одборот за управување со ризици не им следува надомест за учество на седница. Табела 13. Менаџерски тим и членство во одбори

Page 28: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

27

* Членства на менаџерскиот тим во други органи на управување/надзор: Г-динот Игор Давчевски е Член на Управниот одбор на Клириншка куќа КИБС АД Скопје

Име Позиција Образование

Одбор за

управување

со ризици

Одбор за

управување

со средства

и обврски

Одбор за

развој

Надзорен

одбор врз

ИТ

Комисија за

одобрување

кредитна

изложеност

Комисија за

оперативни

ризици

Комисија за

правен

ризик

Игор Давчевски*

Помошник на Управен

одбор (од 01.05.2018) /

Директор на Сектор за

платни системи Дипломиран електроинженер - - - Член - Член

Маја Ставрева

Стојанова

Директор на Деловен

сектор за управување со

продажна мрежа Дипломиран економист Член Член - Член Член Член

Билјана

Степанулеска

Почевска

Директор на Деловен

сектор за работа со

корпоративни клиенти Магистер по економски науки Член Член - Член Член Член

Виолета Јанева

Директор на Сектор за

правни работи и

секретаријат

Магистер по финансии и финансово

право Член - - Член Член Претседател

Богоја Китанчев

Директор на Сектор за

управување со ризици МBA Член - - Член Член Член Член

Зоран Грнчаровски

Директор на Сектор за

управување со

проблематични пласмани и

интензивен третман на

клиентите Дипломиран економист Член - - Член Член Член -

Јасмина Мојсиевска

Директор на Деловен

сектор за финансиски

пазари и средства Дипломиран економист Член Член - Член - Член -

Донка Марковска

Директор на Сектор за

финансиско управување MBA - Член Член Член - Член Член

Љупка Ѓорѓиевска

Директор на Сектор за

развој на понуда и

маркетинг (од 01.08.2018) Дипломиран економист - - - - - Член -

Игор Митровски

Директор на Сектор за

работа со готовина и депо Дипломиран електроинженер - - - Член - Член -

Слаѓана Белева

Директор на Сектор за

логистика на продажбата Магистер по економски науки - - - Член - Член -

Александар Мисовски

Директор на Сектор за

Информатичка технологија Дипломиран електроинженер - - - Член - Член -

Ирена Бачановиќ

Каракашев

Раководител на Служба за

усогласување со прописите

и информативна сигурност MBA - - - Член - Член -

Ирена Косиќ

Раководител на оддел за

пазарни и ликвидносни

ризици, Сектор за ризици

во НЛБ д.д. Љубљана Дипломиран економист - Член - - - - -

Љиљана Настоска

Директор на Сектор за

внатрешна ревизија Дипломиран економист - - - - - - -

Игор Кацарски

Директор на Сектор за

логистика на Банката (од

01.07.2018) MBA - - - - - Член -

Бобан Попевски

Директор на Сектор за

кредитна анализа и

администрација (од

01.08.2018) Дипломиран менаџер по туризам - - - - - Член -

Членства во органи на Банката

Page 29: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

28

3.3. Надзорен одбор врз информативниот систем

Формиран е врз основа на регулативата на Народната банка на Р.Македонија, Базелските принципи и меѓународните стандарди за сигурност на информативниот систем. Надзорниот одбор врз информативниот систем има одговорности делегирани од страна на Надзорниот одбор на Банката во доменот на информативниот систем и неговата сигурност. За својата работа одговара пред Надзорниот Одбор на Банката и асистира во носењето на одлуки за одобрување на стратегиите, политиките и поголемите расходи од областа на информатичка технологија и обезбедува услови за ефективно планирање на информатичката технологија и следење на капацитетот на ИТ системот и неговите перформанси, како и сите прашања поврзани со информативната сигурност. Најмалку два пати годишно, го известува Надзорниот одбор на Банката за статусот на информатичката технологија во Банката, отворените прашања и за донесените одлуки и заклучоци. Надзорниот одбор врз информативниот систем работи и донесува полноважни одлуки на седници кои се свикуваат најмалку еднаш во 3 месеци. По потреба се свикуваат седници и во пократки рокови. Седницата на Надзорниот одбор врз информативниот систем ја свикува и ја води претседателот на Надзорниот одбор врз информативниот систем. Членовите и Претседателот на Надзорниот одбор врз информативниот систем ги именува Надзорниот одбор на Банката. Членовите и Претседателот на Надзорниот одбор врз информативниот систем ги именува Надзорниот одбор на Банката (Табела 12 и 13). Мандат

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор врз информативниот систем трае од моментот на именување до моментот на нивно отповикување со соодветна одлука или откажување од нивна страна. Надомест и наградување

На членовите на Одборот не им следува надомест за учество на седница.

Кодекс на корпоративно управување Кодексот за корпоративно управување во НЛБ Банка АД Скопје, усвоен од Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во јуни 2018 година, подетално ги определува стандардите на управување и раководење на органите на НЛБ Банка АД Скопје. Водејќи се од овие стандарди, Банката има воспоставено јасна организациска структура и транспарентен и разбирлив систем на управување, кој го зголемува нивото на доверба како на домашните, така и на странските инвеститори, вработените и пошироката јавност.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за банките, како и Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка, Кодексот за корпоративно управување е предмет на редовно годишно ревидирање од страна на Надзорниот одбор.

Голема зделка и зделка со заинтересирана страна

Во текот на 2018 година, Банката реализираше зделка со заинтересирана страна, склучена со мнозинскиот акционер Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана. Реализираната зделка е по основ на склучен Договор за субординиран заем на износ од 9 милиони ЕУР помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана. Субординираниот заем се квалификува како дополнителен Tier II капитал за Банката и придонесува за зајакнување на капиталната позиција на Банката.

Page 30: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

29

Политика за наградување

Банката има усвоено Политика за примања за вработените со посебна природа на работа и останатите вработени во НЛБ Банка АД Скопје која подетално ги определува критериумите за наградување на членовите на Управниот одбор и на лицата со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката. Оценувањето на успешноста на работата и исплатата на годишниот варијабилен дел за 2017 година во текот на 2018 година е остварено согласно Политиката за примања за вработените во Банката со посебна природа на работата и останатите вработени во НЛБ Банка АД Скопје од 30.07.2015 година и измените на Политиката од 27.07.2017 година. Основните критериуми за наградување на лицата со посебна природа на работата во Банката утврдени со Политика за наградување се следните финансиски и нефинансиски критериуми, врз основа на кои се врши следење и оценување на нивната успешност:

1. Цели на НЛБ Банка (односно НЛБ Групацијата) За членовите на Управниот одбор на Банката како критериум важат дефинираните цели на НЛБ Групацијата, а за останатите вработени со посебна природа на работата дефинираните цели на НЛБ Банка АД Скопје.

2. Цели на организациската единица (ОЕ) на вработениот со посебна природа на работата

Конкретни цели (кои се изведени од целите на НЛБ Банка АД Скопје) на организационата единица и во рамките на која вработените со посебна природа на работата преземаат ризици, ги определува нејзиниот непосреден претпоставен за секоја деловна година и ги вклучуваат следните области:

- деловни цели на организационата единица - финансиски цели на организационата единица (ако постојат).

За Членовите на Управниот одбор под овој критериум се подразбираат дефинираните цели на НЛБ Банка, а за останатите вработени со посебна природа се определените цели на организациската единица/сектор со која раководат.

3. Индивидуални цели на вработениот со посебна природа на работата Под овој критериум се подразбираат дефинираните индивидуални лични цели на секој вработен со посебна природа на работата, како професионален развој, водење/учество во проект/и други цели). Со Политиката за наградување согласно која е извршена исплатата на варијабилниот дел во 2018 година за 2017 година и одложениот дел на варијабилниот дел за 2014 година, не е определен сооднос помеѓу фиксниот и варијабилниот дел од платата во вкупниот надоместок на лицата со посебна природа на работата. Можноста за право на стекнување на акции во Политиката на наградување е уредена само доколку износот на варијабилниот дел изнесува над 50.000 ЕУР, при што 50% од варијабилниот дел (неодложен и одложен дел) е уредено да се исплаќа во финансиски инструменти развиени од НЛБ д.д. Во текот на 2018 година Банката усвои нова Политика за наградување на лицата со посебна природа на работата на НЛБ Банка АД Скопје, усогласена со Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во Банка на НБРСМ и барањата на ниво на НЛБ Групацијата и европската регулатива. Начинот на оценување и исплата на варијабилниот дел на плата на лицата со посебна природа на работата согласно новата Политика ќе се однесува за исплата по основ на остварените резултати во 2018 година. Согласно Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка, Банката ги објавува надоместоците кои се однесуваат на вкупниот надоместок исплатен во текот на 2018 година по одделни групи, при што посебно се прикажуваат фиксниот и варијабилниот дел од исплатениот надоместок и бројот на лицата во одделната група и структурата на вкупниот надоместок според висината и бројот на лица на кои им е исплатена соодветната висина на вкупниот надоместок (прикажано во Табела 14 и 14-а). Вкупниот надоместок е утврден според следниве критериуми:

Во фиксни надомести вклучени се следниве исплати: бруто плати, надоместоци и додатоци на плата, сите задолжителни надомести на трошоци за живот согласно Закон за работни односи, колективни договори и индивидуални договори помеѓу Банката и вработениот, како и надомести кои ги добива поединечното лице чиишто

Page 31: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

30

услови за исплата и за определување на нивната висина зависат од претходно утврдени критериуми (надоместок за одвоен живот, надоместок за работа во странство, регрес за годишен одмор, јубилејна награда, отпремнина, божиќен надоместок, надоместок за учество на седница на членовите во Надзорниот одбор и Одборот за ревизија).

Во варијабилни надомести вклучени се сите исплати кои не се сметаат за фиксни (варијабилен дел од плата за 2017 година и одложениот варијабилен дел од плата за 2014 година, исплата кон трет доброволен пензиски фонд и останати надомести). Табела 14. Остварени примања согласно Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка

Табела 14-а

Политика за користење услуги од надворешни лица

Користењето услуги од надворешни лица од страна на Банката е формално уредено во рамките на Политиката за набавки и користење услуги од надворешни лица на НЛБ Банка АД Скопје, каде што се детално опишани постапката и начинот на користење на ваквите услуги, согласно одредбите на Одлуката за управување со ризици на НБРСМ. Со Политиката строго се уредени правилата во поглед на користење на услуги од надворешните лица и тоа преку:

Основните принципи и насоки за управување со ризиците кои произлегуваат од користењето услуги од надворешни лица;

Начинот на спроведување анализа за избор на потенцијален надворешен добавувач; Начинот на проверка на квалитетот на услугите кои ги нудат надворешните лица и

условите за ефикасно следење на нивното работење; Начинот на обезбедување непрекинатост во работењето за услугите кои се користат

од надворешни лица; Дефинирање стратегиски мерки во случај на очекувано или неочекувано

прекинување на договорниот однос со надворешното лице од кое Банката користи услуги.

Во рамките на наведената Политика, во 2018 година користени се услуги од надворешни лица, од кои како најзначајни за целокупното работење на Банката се издвојуваат услугите во следните подрачја:

Развој, одржување и управување со информатичка инфраструктура;

Фиксен дел Варијабилен дел

Вкупен бруто

надоместок

Надзорен одбор 5 328.013 79.586 407.599

Одбор за ревизија 3 256.264 0 256.264

Управен одбор 3 13.051.362 6.279.122 19.330.484

Останати лица со посебни права и одговорности 40 83.471.534 20.122.338 103.593.872

Вработени лица 887 568.278.554 100.543.868 668.822.422

Останати невработени лица 6 0 3.756.055 3.756.055

Вкупно 944 665.385.727 130.780.969 796.166.696

Структура на лица (групи)

Број на лица на кои

им е исплатен

надоместок во текот

на 2018 година

Структура на надоместок ( во МКД)

до 500.000 МКД 154 36.685.066

од 500.000 до 750.000 МКД 307 200.923.555

од 750.000 до 1.000.000 МКД 283 240.609.878

од 1.000.000 до 2.000.000 МКД 171 220.259.464

над 2.000.000 МКД 27 97.688.733

Вкупно 942 796.166.696

Висина на бруто надоместок исплатен од

Банката во 2018 година

(по вработен, според ранг од - до) Број на лица

Вкупен бруто

надоместок

(во МКД)

Page 32: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

31

Архивско и документарно работење; Работа во доменот на самоуслужни продукти, картички, банкомати, дигитални канали

на комуникација; Телекомуникациски услуги; Услуги за обезбедување на имот.

Со заедничко делување на повеќе субјекти во повеќе области, се придонесува за оптимизација на односите помеѓу цената и квалитетот на набавените производи и услуги, како и за ефикасна употреба на ресурсите во НЛБ Банка АД Скопје и за избор на најсоодветен надворешен добавувач.

Политика на управување со судир на интереси Политиката за управување со судир на интереси и спречување на корупција во НЛБ Банка АД Скопје има за цел заштита на интересите на Банката во случај на постоење на трансакции кои можат да доведат до лична корист над целокупниот интерес на Банката. Со Политиката се воспоставува и одржува систем на ефикасно контролирање и управување со судирите на интереси кои може да настанат при извршување на определени активности по штета на интересите на клиентите или потенцијалните клиенти на Банката. Политиката за управување со судир на интереси се однесува на сите вработени во Банката, вклучувајќи ги и членовите на органите на управување, односно Управниот и Надзорниот одбор, акционери со квалификувано учество во Банката, значајни деловни партнери и клиенти, други лица поврзани со Банката и сите останати лица кои се поврзани со претходно споменатите. Согласно Политиката и Законот за банките, лицата со посебни права и одговорности редовно, на секои шест месеци доставуваат писмена изјава до Надзорниот и Управниот одбор на Банката, за постоење или непостоење судир на нивниот личен интерес со интересот на Банката.

Спречување перење пари Банката има усвоено и доследно ја применува Програмата за спречување перење пари и соодветните интерни акти коишто ја регулираат оваа област и воедно соработува со надлежните институции и кореспондентските банки. Банката во целост ги има имплементирано сите инструменти кои произлегуваат од позитивните прописи во насока на ефикасно откривање и спречување перење пари и финансирање тероризам.

Сигурност на информативниот систем Информативната сигурност на НЛБ Банка е имплементирана во согласност со Одлуката за Методологијата за сигурност на информативниот систем на Банката и меѓународните стандарди ISO 27001 и 27002. Согласно наведените, во рамки на Банката воспоставен е систем на информативна сигурност, кој опфаќа:

Проценка на ризикот – воспоставен е континуиран процес на идентификација на слабостите и заканите кон своите информативни системи, вклучувајќи го ризикот од напади во дигиталниот простор;

Имплементација на сигурносни контроли - преку следење на инцидентите и оперативни контроли, воспоставени се административни, физички и технички контроли со кои се врши заштита на сигурноста на информациите и системите на повеќе нивоа;

Тестирање на сигурноста и тестирање на отпорноста на системите од напади во дигиталниот простор;

Следење и надградба - Банката има воспоставено процес на континуирано прибирање и анализа на информации од аспект на појава на нови закани и слабости на информативниот систем, вклучувајќи закани во дигиталниот простор;

Page 33: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

32

Обезбедување непрекинатост во работењето - развива и спроведува сопствен план за непрекинатост во работењето, кој ќе овозможи оперативност и минимизирање на загубите во случај на тежок прекин на деловните процеси.

Организациска структура на Банката Имајќи го предвид, пред сè, фокусот кон продажбата, со главна цел приближување до потребите на клиентите и полесно излегување во пресрет на нивните преференции и навики, во 2018 година НЛБ Банка направи позначајни промени во организациската поставеност. Имено, се формираа три нови функционални целини односно три нови сектори: Сектор за развој на понуда и маркетинг, Сектор за кредитна анализа и администрација и Сектор за логистика на Банката. Покрај ова, три постојни сектори беа трансформирани и преименувани, при што во нивни рамки беа формирани нови организациони единици, со постојните и со нови функционалности. Беше дефиниран нов сегмент за контрола и вреднување во Секторот за управување со ризици, беше извршена промена/пренос на надлежностите помеѓу одредени сектори, како и нови називи на одредени служби во рамки на секторите. Новата организациона структура на Банката е прикажана во Прилог 1, додека менаџментот од Б-1 ниво е прикажан во Табела 13.

Акционерски капитал и сопственичка структура Акционерски капитал Акционерскиот капитал на Банката на 31.12.2018 година се состои од 854.061 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД по акција или вкупно 854.061.000,00 МКД. Акциите се регистрирани и се водат кај Централниот депозитар на хартии од вредност на РМ. Обичните акции на сопствениците им даваат право на дивиденда и право на глас на седница на собранието на акционери. Една обична акција носи право на еден глас. Во текот на 2018 година, Банката нема издадено нови емисии на акции, ниту пак има извршено откуп на сопствени акции.

Број на акционери и структура Заклучно со 31.12.2018 година, бројот на акционери во Банката изнесува 813 (2017: 818). Од нив, 688 се физички лица (2017: 693), а 125 се правни лица (2017:125). Берзанска котација Акциите на Банката котираат на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност, во сегментот задолжителна котација – обични акции, регистрирани под ISIN:”MKTNBA101019”. Со акциите на Банката се тргува на секундарниот пазар на берзата, преку овластени брокерски куќи. Согласно Правилата за котација, Банката редовно ја известува берзата за своето работење, за членовите на органите на управување, управувањето и правните односи со трети лица и за настани и информации кои се од значење за работењето на Банката. Политика на дивиденда Во 2018 година, согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2017 година донесена на Годишното собрание на акционери на Банката на 11.05.2018, нето добивката во вкупен износ од 2.124,9 милиони МКД се распредели на дел за дивиденда во вкупен износ од 531,2 милиони МКД или 622,0

Page 34: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

33

МКД по акција, дел во општ резервен фонд во износ од 1.504,3 милиони МКД и дел за задржана добивка за инвестициски вложувања во износ од 89,4 милиони МКД. Главната исплата на дивидендата беше извршена во јуни 2018. Акционери со најмалку 5% од акциите на Банката Единствен акционер со учество над 5% во вкупниот број на издадени акции на НЛБ Банка АД е Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана, со 86,97% учество (742.804 акции) во вкупниот број на акции на Банката. НЛБ д.д. како акционер со најголемо учество управува со Банката преку своите претставници во Надзорниот одбор.

Корпоративна општествена одговорност

Грижата за општото добро претставува еден од највисоките приоритети во системот на вредности на Банката и е интегрален дел од стратегијата, поради што Банката посебно внимание посветува на општествената одговорност и заштитата на интересите на сите заинтересирани страни. Со поддршка на проекти од областа на културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, децата и младите, Банката настојува да придонесе за унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот на поединците, семејствата, институциите и организациите во поширокото окружување во кое работи. Во 2018 година, корпоративната општествена одговорност на Банката, согласно Стратегијата за корпоративна општествена одговорност на НЛБ Групацијата, се спроведуваше преку три групи на активности, од кои во продолжение наведени се позначајните: За општеството и средината Беа реализирани 11 заеднички настани со спортистите од Специјална Олимпијада

Македонија, за што во ноември 2018 година, Банката ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година во категоријата вложување во заедницата со проектот „Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија“;

Беа организирани 14 изложби на уметници и различни организации со отстапување на просторот во НЛБ Галеријата;

Беше спонзорирано Светското и Европско првенство во змејарство - настан организaн од Воздухопловната федерација на Македонија во Крушево;

Беше спонзориран штанд со храна на настанот World Picnic, организиран од Совет на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, каде што беа собрани средства за хуманитарни цели и помош на јавните кујни;

Беше спонзориран машкиот ракометен клуб Вардар, како освојувач на „EHF“ Лигата на шампиони 2016/17;

Беше спонзориран Кошаркарскиот клуб Гостивар; Беа донирани 120 дрвени детски играчки од страна на вработените во Банката за

училиштето за деца со посебни потреби „д-р. Златан Сремац "- Скопје; Беше доделена донација за локалното училиште во општина Бутел.

За клиентите и потенцијалните клиенти Беа организирани обуки за „ Жени во бизнис“ вклучени во програмата на ЕБОР; Беше поддржан настанот „Ladies in e – commerce“; Беше организирана Тркалезна маса во Охрид во август 2018 година, на која клиентите

на Банката чии компании работат во земјите каде е присутна НЛБ Групацијата, имаа прилика за меѓусебно вмрежување меѓу себе, како и запознавање со раководството на НЛБ Групацијата од Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Беше организиран промотивен настан за NLB Pay, на кој клиентите имаа ексклузивна можност со донирање на средства за Специјална Олимпијада Македонија да ги испробаат функционалностите NLB Pay.

Page 35: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

34

За вработените Беа организирани наградни патувања и бројни спортски активности во кои учествуваа

вработени од Банката.

Page 36: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

35

VI. Финансиски резултати3

Биланс на успех Табела 15

Добивка Во 2018 година, Банката оствари добивка пред оданочување во износ од 2.353,6 милиони МКД што е за 26,3% над планираната за годината. Резултатот се должи на повисоки од планираните нето каматни приходи и повисоки останати приходи од дејноста, при пониски оперативни трошоци. Добивката по оданочување за 2018 година изнесува 2.120,4 милиони МКД и е повисока од планот за 26,5%. Во однос на претходната година добивката е пониска за 4,6% поради повисоки исправки на вредноста на финансиските средства. Добивката пред исправки и резервации изнесува 3.041,7 милиони МКД или 20,0% над планираната за 2018 година и 24,7% повисока од остварената во 2017 година. Вкупниот нето трошок за Исправки на вредност и резервации за финансиските средства, за оштетувања на нефинансиски средства и резервирања за потенцијални обврски врз основа на судски спорови во текот на годината изнесуваа 688,1 милиони МКД што е за 1,4% помалку во однос на планот, соодветно на квалитетот на портфолиото и на активностите, и за 535,9% повисок во однос на 2017 година. Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.828,8 милиони МКД, што е за 8,7% повисоки во однос на планот. Во однос на претходната година, вкупните приходи од работење се повисоки за 14,7%.

3 Позициите од Финансиските извештаи во Годишниот извештај се конзистентни со позициите од Финансиските извештаи на Банката

изработени по методологија на НБРСМ, освен онаму каде што е потребно да се прикаже појасна презентација на истите. Разликите се од презентациска природа, додека финалните позиции (добивка и вкупна актива/пасива) не бележат разлики.

1.1.-31.12.

2017 План Реализација

1 Приходи од камата 3.493,8 3.622,8 3.514,9 -107,9 -3,0% 21,0 0,6%

2 Расходи за камата 616,5 739,3 551,8 -187,5 -25,4% -64,7 -10,5%

Нето приходи од камата 2.877,4 2.883,5 2.963,1 79,6 2,8% 85,7 3,0%

3 Приходи од провизии и надомести 1.498,5 1.593,5 1.575,2 -18,4 -1,2% 76,7 5,1%

4 Расходи за провизии и надомести 479,7 526,4 526,4 -0,1 0,0% 46,6 9,7%

Нето приходи од провизии и надомести 1.018,8 1.067,1 1.048,8 -18,3 -1,7% 30,0 2,9%

5 Нето приходи од тргување -10,0 -2,6 -16,9 -14,3 557,2% -6,9 69,4%

6 Нето приходи од курсни разлики 160,3 119,8 179,9 60,2 50,3% 19,7 12,3%

7Нето приходи од други финансиски инструменти

евидентирани по објективна вредност0,2 -1,6 -0,1 1,4 -90,8% -0,4 -159,1%

8 Останати приходи од дејноста 163,8 377,5 654,0 276,5 73,2% 490,2 299,2%

Вкупни нето приходи 4.210,5 4.443,7 4.828,8 385,1 8,7% 618,3 14,7%

9 Трошоци за вработените 746,0 811,4 787,0 -24,3 -3,0% 41,0 5,5%

10 Амортизација 189,5 204,0 201,4 -2,6 -1,3% 11,9 6,3%

11 Останати расходи од дејноста 836,1 893,0 798,6 -94,4 -10,6% -37,5 -4,5%

Добивка пред резервации 2.438,8 2.535,3 3.041,7 506,4 20,0% 602,9 24,7%

12 Ослободени резервирања за вонбилансна

изложеност36,5 0,0 72,4 72,4 / 35,9 98,5%

13 Резервирања за вонбилансна изложеност 56,9 4,9 27,6 22,6 461,1% -29,3 -51,6%

14 Исправка на вредноста на финансиските

средства, на нето основа468,6 667,2 700,2 33,1 5,0% 231,6 49,4%

15 Резервирања за правен ризик, на нето основа -159,0 0,0 30,6 30,6 / 189,7 -119,2%

16 Загуба поради оштетување на нефинансиските

средства140,5 6,2 15,0 8,8 141,5% -125,5 -89,3%

17 Ослободени резервирања поради оштетување

на нефинансиските средства362,2 0,0 12,9 12,9 / -349,3 -96,4%

18 Удел во добивката на придружени претпријатија 36,0 6,1 0,0 -6,1 -100,0% -36,0 -100,0%

Добивка пред оданочување 2.366,6 1.863,1 2.353,6 490,6 26,3% -13,0 -0,5%

19 Данок од добивка 241,7 186,3 233,3 47,0 25,2% -8,4 -3,5%

Добивка за финансиската година 2.124,9 1.676,8 2.120,4 443,6 26,5% -4,6 -0,2%

во мил.МКД1.1.-31.12.2018 Во однос на

План 1.1.-31.12.2017

Бруто добивка 18/17 ↓ -0,5% Исправки и резервирања 18/17 ↓ 535,9% Добивка пред исправки и резервации 18/17

24,7% Нето приходи од работење 18/17

14,7%

Page 37: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

36

Нето приходи од камата Нето приходите од камати се повисоки од планираните за 2,8%. Приходите од камати во однос на планот се пониски за 3,0% поради повисока состојба на кредити на население и повисоки вложувања во хартии од вредност. Расходите по камата се пониски од планираните за 25,4%. Во однос на 2017 година, нето приходите од камати се повисоки за 3,0%. Нето каматната маргина на просечна каматоносна актива во 2018 година изнесува 3,65% и е на ниво на планираната, додека во однос на минатогодишната е пониска за 0,13 п.п. Нето каматната маргина на просечна бруто актива изнесува 4,34% (пониска од 2017 година за 0,24 п.п.). – – Нето некаматни приходи Вкупните нето некаматни приходи изнесуваат 1.865,8 милиони МКД и во однос на 2017 година повисоки се за 40,0%, поради повисоки нето приходи од провизии и надомести и останати приходи од дејноста поради финансискиот ефект од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Во однос на планот, нето некаматните приходи се повисоки за 19,6%. Нето некаматните приходи во вкупните приходи учествуваат со 38,6% (2017: 31,7%). Најголемо учество во нето некаматните приходи имаат нето приходите од провизии со 56,2% (2017: 76,4%). Нето приходи од провизии Нето приходите од провизии во однос на планот се пониски за 1,7%, додека во однос на 2017 година истите се повисоки за 2,9%. Приходите од провизии во однос на планот се пониски за 1,2% поради пониски приходи од провизии од платен промет во земјата и во странство, од документарно работење, пониски приходи од провизии по основ на кредити како и од работа со готовина. Во однос на 2017 година приходите од провизии се повисоки за 5,1% поради повисоки приходи од картично работење, платен промет во земјата, електронско банкарство, кредити, повисоки остварени приходи од услуги преку деловната мрежа (лично банкарство, водење на трансакциски сметки и трајни налози), повисоки приходи од работа со готовина и од продажба на осигурителни полиси. Расходите од провизии се на ниво на планираните за 2018 година, додека во однос на 2017 година истите се повисоки за 9,7% поради зголемен обем кај картичното работење и работа со готовина. Трошоци Вкупните трошоци на работењето изнесуваат 1.787,1 милиони МКД и во однос на планот се пониски за 6,4% и тоа Трошоците за вработени се пониски за 3,0%, главно поради ослободувања на резервации по IAS 19 и помал број на вработени во текот на годината, Останатите расходи од дејноста се пониски за 10,6% главно поради Одлуката на Фондот за осигурување на депозити за намалување на премијата за осигурување депозити на население од 0,5 на 0,25%, додека Амортизацијата е пониска за 1,3%.

Во однос на 2017 година, Вкупните трошоци на работење се повисоки за 0,9%, при што Трошоците за вработените се повисоки за 5,5%, а Амортизацијата е повисока за 6,3%. Останатите расходи од дејноста се пониски во однос на реализираните во 2017 година за 4,5% поради пониски трошоци за осигурување на депозити на население и повисоки трошоци во 2017 година поради еднократен штетен настан.

Нето приходи од камата 18/17

3,0%

Нето некаматни приходи 18/17

40,0%

Нето приходи од провизии и надомести 18/17

2,9%

Вкупни трошоци 18/17

0,9%

Page 38: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

37

Показателот вкупни оперативни трошоци во однос на вкупни нето приходи (Cost/Income Ratio) изнесува 37,0% (2017: 42,1%). Во однос на планот показателот е понизок за 5,9 п.п. (план 43,0%). Биланс на состојба и вонбилансна евиденција Табела 16

Билансната сума на Банката во 2018 година изнесува 81.826,0 милиони МКД. Во однос на планот е повисока за 5.350,5 милиони МКД или 7,0%, главно како резултат на повисока состојба на депозити на небанкарски сектор. Во однос на 2017 година, билансната сума е повисока за 6.070,3 милиони МКД или 8,0%. Обврските по кредити во однос на 2017 се намалија за 13,2%, додека во однос на планот се пониски за 38,7%, поради отплата на средства од кредитните линии преку МБПР и МРФП. Во активата, кредитното портфолио на небанкарскиот сектор е пониско за 3,0% од планираното за 2018 година. Кредитите на население се повисоки во однос на планот за 0,9% или 281,9 милиони МКД, додека кредитите кај нефинансиски правни лица се пониски за 6,8% или 1.424,3 милиони МКД. Хартиите од вредност се повисоки од планираните за 3.279,8 милиони МКД или за 36,9%. Во март 2018 година, Банката изврши продажба на својот удел во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје кој изнесуваше 218,4 милиони МКД. Потенцијалните и преземени обврски на кои се пресметуваат резервации изнесуваат 9.930,5 милиони МКД што е за 6,3% или 668,8 милиони МКД помалку во однос на 2017 година, додека во однос на планот се пониски за 7,8% или 844,3 милиони МКД. Табела 17

во мил.МКД

План Реализација Структура

АКТИВА 75.755,6 76.475,4 81.826,0 5.350,5 7,0% 6.070,3 8,0%

1 Парични средства и парични еквиваленти 12.815,3 10.935,6 14.048,0 17,2% 3.112,4 28,5% 1.232,7 9,6%

2 Дериватни средства чувани за управување со ризик 0,2 0,0 0,0 0,0% 0,0 / -0,2 /

3 Кредити на и побарувања од банки и штедилници 141,5 59,5 725,0 0,9% 665,5 1118,8% 583,6 412,6%

4 Кредити на и побарувања од други комитенти 48.664,9 52.955,7 51.382,3 62,8% -1.573,4 -3,0% 2.717,4 5,6%

нефинансиски правни лица 19.256,7 20.799,4 19.375,1 23,7% -1.424,3 -6,8% 118,3 0,6%

приватни 18.897,9 20.403,6 18.991,7 23,2% -1.411,9 -6,9% 93,8 0,5%

јавни 358,8 395,8 383,4 0,5% -12,5 -3,1% 24,5 6,8%

непрофитни институции 22,6 47,6 16,4 0,0% -31,2 -65,5% -6,2 -27,5%

држава 491,2 617,1 214,4 0,3% -402,7 -65,3% -276,8 -56,3%

население 28.882,3 31.476,2 31.758,1 38,8% 281,9 0,9% 2.875,8 10,0%

останати финансиски институции 12,0 15,4 18,3 0,0% 2,9 18,5% 6,3 52,3%

5 Вложувања во хартии од вредност 10.316,3 8.879,7 12.159,5 14,9% 3.279,8 36,9% 1.843,2 17,9%

расположливи за продажба 10.316,3 12.159,5 12.159,5 14,9% 0,0 0,0% 1.843,2 17,9%

6 Останати побарувања 1.324,3 1.151,3 1.305,5 1,6% 154,2 13,4% -18,8 -1,4%

7 Преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 37,6 24,3 22,2 0,0% -2,1 -8,7% -15,4 -41,0%

8 Нематеријални средства 129,5 308,2 142,7 0,2% -165,6 -53,7% 13,2 10,2%

9 Недвижности и опрема 2.107,7 2.161,1 2.040,7 2,5% -120,3 -5,6% -67,0 -3,2%

10 Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за

отуѓување 218,4 0,0 0,0 0,0% 0,0 / -218,4 /

ПАСИВА 75.755,6 76.475,4 81.826,0 5.350,5 7,0% 6.070,3 8,0%

11 Дериватни обврски чувани за управување со ризик 0,0 0,0 0,2 0,0% 0,2 / 0,2 /

12 Депозити на банки и штедилници 453,6 513,0 499,5 0,6% -13,5 -2,6% 45,9 10,1%

13 Депозити на други комитенти 61.562,1 61.103,4 66.348,9 81,1% 5.245,5 8,6% 4.786,8 7,8%

нефинансиски правни лица 14.553,3 13.120,3 15.148,1 18,5% 2.027,8 15,5% 594,8 4,1%

приватни 13.181,9 12.129,2 13.506,3 16,5% 1.377,1 11,4% 324,4 2,5%

јавни 1.371,4 991,1 1.641,8 2,0% 650,7 65,7% 270,4 19,7%

непрофитни институции 642,7 614,4 613,4 0,7% -1,0 -0,2% -29,3 -4,6%

држава 206,8 135,0 229,3 0,3% 94,3 69,9% 22,5 10,9%

население 45.052,0 46.473,2 49.605,9 60,6% 3.132,8 6,7% 4.554,0 10,1%

останати финансиски институции 1.107,3 760,5 752,1 0,9% -8,3 -1,1% -355,2 -32,1%

14 Обврски по кредити 1.128,1 1.596,4 978,8 1,2% -617,6 -38,7% -149,2 -13,2%

15 Субординирани обврски 2.035,3 1.850,5 1.840,4 2,2% -10,1 -0,5% -194,9 -9,6%

16 Посебна резерва и резервирања 291,8 286,9 278,3 0,3% -8,6 -3,0% -13,5 -4,6%

17 Обврски за данок на добивка (тековен) 92,0 176,1 13,2 0,0% -162,9 -92,5% -78,8 -85,7%

18 Останати обврски 673,3 726,7 770,3 0,9% 43,6 6,0% 97,0 14,4%

19 Добивка за периодот 2.124,9 1.676,8 2.120,4 2,6% 443,6 26,5% -4,6 -0,2%

20 Капитал и резерви 7.394,6 8.545,7 8.976,1 11,0% 430,4 5,0% 1.581,5 21,4%

31.12.2017

31.12.2018 Во однос на

31.12.2017План

Структура на пласмани: Парични средства 2018: 17,2% 2017: 16,9% Хартии од вредност 2018: 14,9% 2017: 13,6% Пласмани кај банки 2018: 0,9% 2017: 0,2% Кредити кај НБС 2018: 62,8% 2017: 64,2%

Структура на извори: Депозити од НБС 2018: 81,1% 2017: 81,3% Позајмици 2018: 3,4% 2017: 4,2%

Капитал 2018: 11,0% 2017: 9,8%

Page 39: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

38

VII. Активности по сегменти Работа со население

4

Кредитно-депозитни продукти

Во доменот на кредитирање на население, активностите беа насочени кон задржување на пазарните учества, преку зголемување на кредитното портфолио со истовремено одржување на неговиот квалитет. Во текот на 2018 беа понудени промотивни кредитни продукти како и нови поволности на постојните продукти, при истовремена оптимизација, поедноставување и скратување на процесите на одобрување кредитни изложености. Понудата на кредити во 2018 беше збогатена со нови промотивни станбени кредити во денари и во девизи. Кредитното портфолио на население на годишно ниво е зголемено за 10,0%, односно за 2.875,8 милиони МКД и изнесува 31.758,1 милиони МКД, при што најголем раст од 10,3% во споредба со 2017 година е остварен кај потрошувачките кредити, а 10,0% раст е остварен кај станбените кредити. Вкупното кредитно портфолио на населението го сочинуваат: потрошувачки кредити 56,7%, станбени кредити 31,8%, кредитни картички 7,5%, искористени пречекорувања на трансакциски сметки 3,8%, автомобилски кредити 0,4% и останати кредити 0,1%. Учеството на кредитите на население во вкупните кредити на Банката пласирани кај небанкарскиот сектор во 2018 година достигна 61,8% (2017: 59,3%). Банката е лидер на пазарот и во продажба на своите кредитни продукти преку кредитни посредници. Во текот на годината се реализираа активности поврзани со централизирано контактирање на клиентите за директна телефонска продажба преку Контакт центарот на Банката, како и за управување со рекламациите, прашањата, пофалбите и поплаките од клиентите, а пред сè за рана наплата на редовните кредити и потенцијално нефункционалните кредити. Паралелно со наплатните активности на Контакт центарот, се користеа и услугите на наплатните агенции за т.н. масовни продукти (потрошувачки кредити и кредитни картички), што влијаеше на одржување на ниско учество на нефункционалните кредити во вкупното кредитно портфолио. Од вкупната кредитна изложеност кај населението 2,1% се нефункционални побарувања (2017: 2,0%). Табела 18

4 Работењето со население вклучува физички лица и самостојни вршители на дејност

5 Кредитите со валутна клаузула се вклучени во девизни кредити

31.12.2017

во мил.МКД Реализација План Реализација

Гаранции и акредитиви 7.020,8 7.282,2 6.301,2 -981,0 -13,5% -719,7 -10,3%

Некористени лимити и кредити 3.578,5 3.492,6 3.629,3 136,7 3,9% 50,8 1,4%

Вонбилансна актива на која се

пресметуваат резервации 10.599,3 10.774,8 9.930,5 -844,3 -7,8% -668,8 -6,3%

План 31.12.2017

31.12.2018 Во однос на

31.12.2017 31.12.2018Промена

2018/2017

Кредити (вредност, во мил.МКД) 28.882,3 31.758,1 10,0%

Депозити (вредност, во мил.МКД) 45.052,0 49.605,9 10,1%

Број на клиенти - физички лица 678.279 708.439 4,4%

Број на сметки на физички лица 643.337 674.346 4,8%

Број на картички (дебитни и кредитни) на физички лица 525.768 507.684 -3,4%

Кредити Реализација/План

0,9% Валутна структура

5

МКД: 56,0% FC: 44,0% Рочна структура 8,6% краткорочни 91,4% долгорочни Пазарно учество 2018: 21,1% 2017: 21,1%

Page 40: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

39

Во доменот на депозитното работење фокусот беше ставен на одржување на обемот, стабилноста и структурата на депозитното портфолио и покрај намалувањето на каматните стапки на благајничките записи. Активностите главно беа насочени кон предефинирање на депозитни продукти со цел подобрување на понудата согласно потребите на клиентите, како и изработка на компаративни анализи на банкарскиот сектор за навремена и соодветна реакција наспроти чекорите на конкуренцијата. Во третиот квартал од годината беше извршено намалување на каматните стапки на одредени депозитни продукти, во распон од 0,1 до 0,7%, додека кај некои продукти беше направена промена на каматната стапка од варијабилна во фиксна. На 01.12.2018 година беа укинати каматите на позитивно салдо на трансакциски сметки, како и на каматата на депозити по видување на физички и правни лица. Депозитите на населението во однос на 2017 година се зголемени за 10,1% или за 4.554,0 милиони МКД и изнесуваат 49.605,9 милиони МКД. Учеството на депозитите од население во вкупните депозити од небанкарскиот сектор кај Банката за 2018 година изнесува 74,8% (2017: 73,2%). Односот кредити/депозити од население изнесува 64,0% (2017: 64,1%) Услуги и продажба преку Деловната мрежа на Банката Во 2018 година, Деловната мрежа на Банката се прошири со отворање една нова експозитура во Скопје - Бутел, опремена со модерна 24-часовна самоуслужна зона. Така, од вкупно 54 експозитури, клиентите можат да ги користат услугите на Банката во 28 експозитури во Скопје и 26 експозитури во 22 градови во државата. Во текот на 2018 година, услугата лично банкарство за физички лица се нудеше во 43 експозитури, а вкупниот број на клиенти физички лица кои ја користеа услугата во 2018 година достигна 5.902 (2017: 5.694) што претставува годишен пораст од 3,7%. Во 2018 година, Банката продолжи активно да работи на полето на промоција и унапредување на продажбата на осигурителни полиси при што оствари значителен пораст во продажбата од 34,1% на вкупната премија за осигурување во однос на 2017 година. Кај животното осигурување беше остварена премија во износ од 141,7 мил.МКД (2017: 101,0 мил.МКД), а кај неживотното осигурување премија во износ од 34,7 мил.МКД (2017: 30,5 мил.МКД). Одлични резултати се постигнаа преку вкрстената продажба на кредитни и осигурителни продукти - осигурување на живот кај потрошувачки, хипотекарни и станбени кредити, осигурување од незгода за секој потрошувачки, станбен, хипотекарен и автомобилски кредит, а беше воведено и домаќинско осигурување со широки покритија, како задолжително осигурување за секој имот кој претставува обезбедување за пласираните станбени и хипотекарни кредити. Услуги преку електронските сервиси на Банката Во рамки на картичното работење активностите беа насочени кон развој на нова картична понуда и усовршување на функциите на постојните картични продукти, сè со цел зголемување на бројот на корисници на кредитни картички на Банката како и зголемување на обемот на нивното користење. Во 2018 година, се воведе нов најсовремен начин на плаќање NLB Pay или плаќање со мобилен телефон за корисниците на Mastercard картичките за физички лица. Со цел остварување конкурентска предност, услугата се нуди бесплатно, лесно е достапна и прифатлива за клиентите. Согласно стратегијата за дигитализација, во 2018 се започна сертификација на ПОС мрежата за прифаќање бесконтактни трансакции со Visa картички кај сите договорни добавувачи на изнајмени ПОС уреди, а беше отпочнат и процес на воведување на

6 Во март 2019 година, НБРСМ направи промена на објавените податоци од областа на Платежната статистика за периодот 2016-

2018

Депозити Реализација/План

6,7% Валутна структура МКД: 56,3% FC: 43,7% Пазарно учество 2018: 19,3% 2017: 19,2%

Картички Пазарно учество 2018: 28,1% 2017: 28,9%

6

Page 41: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

40

бесконтактни Visa кредитни и дебитни картички (изготвување на профили, персо скрипти, и сертификација во Visa) кој се очекува да заврши во првиот квартал од 2019 година. Во 2018 година беше овозможено прифаќање на картичките издадени од друга деловна банка на акцептанската АТМ мрежа на НЛБ Банка. Прометот преку АТМ мрежата на Банката во 2018 година достигна 37.976,3 милиони МКД или 6,5% повеќе во однос на 2017 година. Вкупниот број на банкомати на територијата на Република Македонија во 2018 изнесува 177 банкомати, од кои 59 се со функционалност за уплата готовина (Cash in банкомати). Во 2018 година, услугата Cash in бележи пораст најмногу од страна на физичките лица при уплата на трансакциска сметка. Банката делува во насока на обнова и проширување на АТМ мрежата, при што во иднина сите банкомати постепено ќе бидат заменети со нови со cash in функционалност. Прометот преку ПОС мрежата на Банката е зголемен за 8,9% споредено со 2017 година. Табела 19

Во делот на електронското банкарство (вклучително и мобилното банкарство) бројот на корисниците - физички лица по сите канали (и со опција за преглед и со опција за плаќања) е зголемен за 16,4%. Зголемениот број на корисници се одрази позитивно и на прометот и на бројот на налози/трансакции. Прометот преку интернет платежната платформа на Банката забележа значителен пораст од околу 26,3% во однос на 2017 година, како резултат на зголемениот обем на трансакции. Во 2018 година, Банката лансираше нова, надградена верзија на НЛБ мКлик апликацијата за физички лица со можност за биометриска идентификација, т.е. со отпечаток од прст, иницијално воведена за најава на апликацијата, а дополнително се планира и за валидација на плаќања. Истите функционалности се планира да се воведат за апликацијата НЛБ мПроклик во првиот квартал од 2019 година. Останати новини кај мобилното банкарство за физички лица воведени во 2018 се следните:

Редизајн на мобилната апликација НЛБ мКлик;

Повеќекратно доспевање на рати за кредитни картички преку НЛБ мКлик;

Воведување на поддршка за ПП53 налози во импортен фајл за интегриран ERP со ебанк (One.VIP);

Опција за детекција на пребарувачот при отворање на веб-странaта НЛБ клик и понуда да се превеземе мобилната верзија – НЛБ мКлик, во случај кога се отвора од мобилен уред;

Widget за детали /состојба на сметка како дел од мобилната апликација НЛБ мКлик. Табела 20

2017 2018Промена

2018/2017

Број на активни картички 535.215 516.713 -3,5%

Број на АТМ-и 176 177 0,6%

Број на ПОС терминали 6.908 7.133 3,3%

2017 2018Промена

2018/2017

Е-банкарство за физички лица

Промет (во мил.МКД) 2.428,0 3.186,0 31,2%

Број на налози/трансакции 410.624 520.594 26,8%

Комитенти по сите канали 289.564 337.032 16,4%

Page 42: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

41

Работа со правни лица и држава7

Понудата за правни лица и државата се извршува централизирано, по моделот на интегрирано управување на односите со комитентите - за големите корпоративни комитенти на Банката и дисперзирано, преку Деловната мрежа - за малите и средни претпријатија, додека услугите во платниот промет за корпоративните клиенти се вршат преку Деловната мрежа на Банката, Секторот за работа со готовина и депо и преку електронските платни сервиси. Работењето со правни лица и држава, како значаен носител на приходите на Банката, опфаќа: краткорочни денарски и девизни кредити за тековни потреби, краткорочни денарски и девизни кредити за поддршка на извозни аранжмани, револвинг кредити, долгорочни денарски и девизни кредити за финансирање инвестициони проекти на мали и средни претпријатија, автомобилски кредити, наменски кредити за изградба на станбен и деловен простор, комисиони кредити, акредитивно и гаранциско работење, депозитно работење, услуги на платен промет во земјата и странство и услуги на пренос и чување на готовина. Во доменот на кредитирање, активностите беа насочени кон зголемување на фокусот на работење со мали и средни претпријатија, каде постои висока апсорпциона моќ, поголема дисперзија на ризикот и основа за остварување повисоки каматни и некаматни приходи, пред сè со цел одржување и зголемување на пазарните позиции. Пласманите кај правните лица и државата изнесуваат 19.624,2 милиони МКД, што претставува годишен пад за 0,8% односно за 158,4 милиони МКД како резултат на намалување на пласманите од државата што произлегува од редовни отплати и отсуство на нови пласмани во овој сегмент во текот на годината. Во 2018 година, се случи премин на неколку корпоративни клиенти во нефункционални што доведе до пораст на учеството на нефункционалните пласмани во вкупните кредити кај правни лица на 7,4% (2017: 6,9%). Учеството на кредитите на правните лица и државата во вкупните кредити кај небанкарски сектор изнесува 38,2% (2017:40,7%). Табела 21

Во доменот на депозитното работење, активностите беа насочени кон прибирање нови депозити од корпоративните клиенти преку понуда на денарски и девизни депозитни продукти со различни можности за орочување, каматни стапки и намена. Соодветно на пазарните услови и макроекономските движења, во текот на 2018 година Банката изврши намалување на каматните стапки на депозитите на правни лица. Депозитите на правни лица и држава на годишно ниво изнесуваат 16.742,9 милиони МКД и се повисоки во споредба со 2017 година за 232,8 милиони МКД или 1,4% главно како резултат на повисоки состојби на жиро сметки на приватни и јавни претпријатија. Учеството на депозитите од правни лица и држава во вкупните депозити од клиенти на Банката во 2018 година изнесува 25,2% (2017: 26,8%). Односот кредити/депозити од правни лица и држава изнесува 117,2% (2017: 119,8%).

7 Правни лица и држава вклучуваат приватни и јавни претпријатија, непрофитни институции кои им служат на домаќинствата,

останати финансиски институции (без банки и штедилници), централна власт, фондови и единици на локална самоуправа.

31.12.2017 31.12.2018Промена

2018/2017

Кредити (вредност, во мил.МКД) 19.782,6 19.624,2 -0,8%

Депозити (вредност, во мил.МКД) 16.510,1 16.742,9 1,4%

Број на клиенти - правни лица 35.713 34.029 -4,7%

Број на сметки на правни лица 29.526 30.207 2,3%

Број на картички (дебитни и кредитни) на правни лица 9.447 9.029 -4,4%

Кредити Реализација/План ↓8,6% Валутна структура МКД: 69,9% FC: 30,1% Рочна структура 41,3% краткорочни 58,7% долгорочни Пазарно учество 2018: 14,3% 2017: 14,9%

Page 43: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

42

Во текот на 2018 година, Банката одобруваше банкарски гаранции и акредитиви согласно потребите на клиентите. Во 2018 година, Банката има пласирано средства во износ од 4.060,7 милиони МКД во гаранции, што е за 2,8% повеќе во однос на 2017 година. Отворените акредитиви се во вредност од 789,3 милиони МКД и се за 42,8% пониски од 2017 година. Светскиот повеќегодишен тренд за намалување на акредитивите се рефлектира и во стопанството на РМ и во Банката. Табела 22

Во 2018 година, остварен е вкупен платен промет со странство од 807,5 млрд. МКД или за 3,2% повеке во однос на 2017 година, како резултат на зголемен промет на девизните сметки во странство. Во вкупниот платен промет со странство дознаките учествуваат со 17,3%. Табела 23

Во делот на домашниот платен промет, во 2018 година е остварен вкупен промет од 980,1 млрд. МКД (818,8 млрд. МКД за 2017 година). Табела 24

8 Во март 2019 година, НБРСМ направи промена на објавените податоци од областа на Платежната статистика за периодот 2016-

2018

Гаранции

Вредност на нови (во мил.МКД) 3.948,6 4.060,7 112,2 2,8%

Број на вкупни новоиздадени 2.996 3.308 312 10,4%

Акредитиви

Вредност на нови (во мил.ЕУР) 1.379,5 789,3 -590,2 -42,8%

Број на вкупни новоиздадени 325 303 -22 -6,8%

01.01.-

31.12.2017

01.01.-

31.12.2018

Промена

2018/2017

Ностро дознаки

Промет (во мил.MKД) 68.701,2 73.437,2 4.735,9 6,9%

Број на ностро дознаки 64.656 65.434 778 1,2%

Лоро дознаки

Промет (во мил.МКД) 58.742,6 66.235,5 7.492,9 12,8%

Број на лоро дознаки 111.998 121.476 9.478 8,5%

Промена

2018/201731.12.2017 31.12.2018

2017 2018Промена

2018/2017

Е-банкарство за правни лица

Промет (во мил.МКД) 323.731 359.901 11,2%

Број на налози/трансакции 3.002.908 3.310.513 10,2%

Комитенти по сите канали 18.495 19.974 8,0%

Депозити Реализација/План

14,4% Валутна структура МКД: 75,5% FC: 24,5% Рочна структура 85,0% а виста 8,0% краткорочни 7,0% долгорочни Пазарно учество 2018:13,4% 2017:15,0%

Платен промет во земјата Пазарно учество (по вредност) 2018: 9,8%

2017: 13,6%

(по број на налози) 2018: 26,5%

2017: 26,6%8

Page 44: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

43

Во доменот на трезорското работење и работа со готовина, Банката врши услуги за потребите на други правни лица: превоз на готовина и вредносни пратки, обработка на домашна и странска валута, трансфер на странска ефектива во странски банки, чување готовина и хартии од вредност, депо услуги, купопродажба на домашна и странска ефектива, опслужување банкомати за други деловни банки, преземање на дневниот пазар од просториите на правните лица и превоз до Банката, обработка на банкнотите и монетите и полагање на трансакциската сметка на правното лице. Во текот на 2018 година, остварен е бруто промет на Централниот трезор во износ од 5,2 млрд.МКД, што претставува пораст од 9% во однос на 2017 година. Порастот во најголем дел се должи на работењето со експозитурите на Банката, (одводи и дотации на домашна и странска ефектива) каде што е остварен вкупен пораст од 8,0%. Во делот на работа со правни лица (прибирање ефектива од локациите, превоз, обработка и полагање на трансакциските сметки) Банката ја прошири соработката со нови правни лица, додека во делот на работа со банкомати, продолжи со опслужување на банкоматите на уште една деловна банка покрај сопствените и оствари пораст на работењето во овој дел од 6%. Учеството во обработката на дневен пазар од правните лица од страна на Централниот трезор изнесува 38% просечно за цела 2018 година. Финансиски пазари Управување со ликвидноста Во текот на 2018 година, Банката управуваше со денарската и девизната ликвидност согласно законските и подзаконските акти коишто го регулирааат управувањето со ликвидносен ризик и актите коишто важат на ниво на НЛБ Групација, притоа почитувајќи ги дефинираните регулаторни и интерни лимити за изложеност кон ликвидносниот ризик. Слободните средства се пласираа во хартии од вредност издадени од државата и од НБРСМ, на меѓубанкарскиот пазар на депозити, како и преку монетарните инструменти на НБРСМ. Видот, начинот и инструментите кои се користени за пласирање на вишокот средства зависеа од тековната и очекувана рочна структура на средствата и обврските на краток и долг рок, ризикот на инструментите и движењата на каматните стапки на пазарите на пари и хартии од вредност. Редовно беше исполнувана обврската за издвојување на задолжителната резерва на Банката во денари и во девизи во периодот од 01.01.-31.12.2018. Показателите за структурна ликвидност, вклучувајќи ги и показателите согласно Basel III - LCR (Liquidity Coverage Ratio) и NSFR (Net Stable Funding Ratio), во текот на 2018 година се одржуваа над пропишаните минимални нивоа, што укажува на континуирано одржувана стабилна и висока ликвидна позиција на Банката во текот на целата година. На меѓубанкарскиот пазар на депозити, Банката се јавуваше како продавач или купувач во зависност од дневните потреби на средства, како и во зависност од стратегијата и начините за управување со ликвидноста во одреден период. Согласно податоците од НБРСМ, просечната каматна стапка на меѓубанкарскиот пазар на депозити во 2018 година изнесува 1,07%, што претставува намалување за 0,05 процентни поени во однос на каматната стапка во 2017 година. На 31.12.2018 година износот на државни хартии од вредност во портфолиото на Банката изнесува 7.930,9 милиони МКД. Учеството на Банката во вкупното портфолио на државни хартии од вредност на банкарскиот сектор изнесува 8,1%. Износот на благајнички записи во портфолиото на Банката на 31.12.2018 изнесува 4.195,6 милиони МКД. Учеството на Банката во вкупно запишаните благајнички записи од страна на банките изнесува 16,8%.

Пазарно учество Е-банкарство за правни и физички лица Вредност 2018: 15,6%

2017: 16,1%

Број на трансакции 2018: 18,6% 2017: 18,5%

Page 45: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

44

Кредитни извори на финансирање Во текот на 2018 година, Банката продолжи со континуирано следење и сервисирање на обврските по склучените кредитни аранжмани со домашните и странските кредитори, како и повлекување нови средства за финансирање инвестициони проекти и за обртни средства. Во текот на годината, по одделни кредитни линии се отплатени 439,5 милиони МКД, а повлечени се средства во вкупен износ од 291,3 милиони МКД, по што состојбата на кредитните обврски на Банката на 31.12.2018 година се намали на 978,8 милиони МКД (2017: 1.128,1 милиони МКД). Во 2018 година, повлечени се средства од следните кредитни линии:

Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) – четири транши од кредитната линија EBRD Western Balkans Women in Business II вкупен износ од 1,5 милиони ЕУР, наменети за понатамошно финансирање на трговци поединци, микро, мали и средни претпријатија кои се раководени од жени или каде има жени во сопственичката структура;

Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) - две кредитни линии: програма финансирана од Европската инвестициска Банка (ЕИБ), и програма за кредитирање и развојот на микро, мали и средни претпријатија, поддршка на извозот и трајни обртни средства во вкупен износ од 2,3 милиони ЕУР;

Македонска развојна фондација на претпријатија (МРФП), за финансирање на инвестициони проекти и за трајни обртни средства на микро и мали претпријатија во износ од 47,0 милиони МКД и

Земјоделски кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ) (кредитна линија аранжирана преку МБПР) за финансирање проекти од сегментот примарно производство, преработка на земјоделски производи и трговија со земјоделски производи во износ од 9,6 милиони МКД.

Комисионо работење Во текот на 2018 година, Банката продолжи со спроведување на проектот “Самовработување со кредитирање”, како активна мерка за самовработување која се спроведува од Агенцијата за вработување на Република Македонија, по склучен договор со Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од мај 2008 година. Во текот на целата година, НЛБ Банка посредуваше во финансирањето на Штедилница Можности ДОО Скопје со средства од Македонска развојна фондација за претпријатија, Земјоделски кредитен дисконтен фонд и останати институции во склучување нови договори за комисиони кредити и депозити, како и сервисирање на постоечките. Субординирани заеми Во декември 2018 година, НЛБ Банка АД Скопје склучи Договор за субординиран заем со НЛБ д.д. Љубљана на износ од 9 милиони ЕУР, со рок на отплата од 10 години. Во јуни 2018 година, Банката изврши целосна отплата на субординираниот долг кон EFSE во износ од 12 милиони ЕУР. Во текот на 2018 година, започнати се преговори со НЛБ д.д. и International Finance Corporation (IFC), за предвремена отплата на постоечкиот субординиран заем од IFC на износ од 10 милиони ЕУР, со цел негова замена со нов субординиран заем од НЛБ д.д. Љубљана, на истиот износ, со поповолни услови.

Пазарно учество Благајнички записи 2018: 16,8% 2017: 17,3%

Page 46: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

45

Девизен пазар Банката во 2018 година оствари вкупен промет на девизниот пазар во земјата од 2.662,9 милиони УСД (2017: 2.447,1 милиони УСД) реализиран преку 83.447 трансакции (2017: 79.628), што преставува зголемување на прометот во овој сегмент за 8,8%. Најголем дел од прометот на Банката на девизниот пазар се однесува на купопродажба на евро валута, со процентуално учество од 45% кај купувањето и 86% кај продажбата. Во услови на зголемена конкуренција и зголемен број на учесници во тргувањата, Банката и понатаму е лидер на пазарот во потсегментот тргување со девизи од овластени менувачи. Во 2018 реализиран е откуп во износ од 678,0 милиони ЕУР (2017: 607,0 милиони ЕУР) што претставува 59,8% од вкупно извршениот откуп на девизи од овластени менувачи од страна на банките во државата. Склучени се 11 нови договори со клиенти за нивно користење на електронската платформа за тргување на девизниот пазар, со што вкупниот број на клиенти кои ја користат платформата заклучно 2018 година изнесува 72. На меѓубанкарскиот девизен пазар, Банката и во 2018 година успешно ја извршуваше улогата на овластен поддржувач на пазарот (Маркет макер), преку активно учество со стабилни котации и на страната на понудата и на страната на побарувачката. Во 2018 година, Банката го зголеми своето присуство на страната на понудата, каде беа истргувани 29,9 милиони ЕУР повеќе споредено со 2017 година, што претставува пораст од 8,3%. На меѓународниот девизен пазар беа истргувани 1.203,0 милиони ЕУР (2017: 1.164,0 милиони ЕУР) преку 11.626 трансакции на купопродажби (2017: 10.817). Банката во 2018 за сметка на клиентите запиша 23.627, 8 милиони МКД државни хартии од вредност, што претставува зголемување од 8,5% во однос на 2017 година кога е запишан износ од 21.782,0 милиони МКД. Од вкупниот износ 29,7% се остварени при аукцирање со државни обврзници, а 70,3% при аукцирање со државни записи.

Пазарно учество Девизен пазар 2018: 25,35% 2017: 26,14%

Page 47: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

46

Старателски и брокерски услуги Старателски услуги Банката во 2018 година вршеше старателски услуги за инвестициски и пензиски фондови и за домашни осигурителни компании кои согласно Законот за девизно работење имаат можност да инвестираат во странски хартии од вредност. Од октомври 2018 година, Банката не ја извршува функцијата чувар на имот на пензиските фондови на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, поради одлука на Друштвото да ја промени банката – чувар на имот на фондовите. Во ноември 2018 година, Банката доби потврда за прифаќање на доставената понуда за извршување на функцијата чувар на имот за пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво АД Скопје. Започнување на извршување на функцијата чувар на имот се очекува во месец април 2019 година. НЛБ Банка врши услуги како депозитарна банка на четири отворени инвестициски фондови. Интересот за вложување во овие фондови беше на задоволително ниво во текот на годината, со поголем интерес за инвестирање во фондовите кои тековно остваруваат повисок процент на принос. Вкупните нето средства за инвестициските фондови, клиенти на Банката, на 31.12.2018 година изнесуваа 398,8 милиони МКД или за 20% повеќе во споредба со претходната година. Вкупните приходи кои Банката ги оствари од оваа услуга во 2018 година изнесуваа 1,5 милиони МКД што претставува пораст од 14% во однос на 2017 година. Пазарното учество на Банката во вкупните нето средства на сите инвестициски фондови во Република Македонија со состојба на 31.12.2018 година изнесува 6%. Брокерски услуги Вкупниот промет на Македонската берза во 2018 година достигна 10,4 млрд.МКД што претставува зголемување од 119,8% во споредба со претходната година како резултат на пораст во класичното тргување со акции за 68,0% и 189,4% пораст кај блок трансакциите. И во 2018 година, доминантно учество во тргувањето и на куповна и на продажна страна, имаа домашните правни и физички лица. Пазарното учество на Банката во вкупниот промет на Берзата изнесуваше 17,45% што претставува пораст од 2,6 п.п. (2017:14,85%). Според остварениот промет со блок трансакции, исто така е остварен пораст на пазарното учество кое за 2018 изнесува 25,59% (2017: 23,49%). На ранг листата на пазарни учества на берзанските членки, според учеството во вкупниот промет Банката е трето рангирана, со речиси идентично учество со второ рангираната членка, додека според пазарното учество на прометот со блок трансакции се наоѓа на втората позиција.

Во текот на 2018 година, во Банката се склучени вкупно 461 нови договори за брокерско посредување, со домашни и странски, физички и правни лица. По воведување на електронски налози за тргување со хартии од вредност во втората половина од 2017 година, во текот на 2018 евидентна е атрактивноста на овие налози и нивното учество во вкупно примените налози за тргување е во постојан раст.

Пазарно учество Број на трансакции 2018: 11,05% 2017: 10,62% Класично тргување промет 2018: 9,52% 2017: 9,52%

Page 48: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

47

VIII. Управување со ризици Банката применува високо-конзервативна политика на антиципирање на ризиците во работењето, преку одржување ефикасен систем на интегрирано управување со ризиците. Тоа овозможува да оствари висока наплатливост на пласманите, задоволително ниво на капитална адекватност, заштита од непредвидени случувања и евентуални закани за неостварување на планираната политика. Во текот на годината, Банката ја ревидираше Стратегијата за преземање и управување со ризиците и политиките од областа на управување со ризици и направи усогласување со Стандардите за управување со ризици усвоени од НЛБ д.д. Управување со кредитен ризик и квалитет на кредитното портфолио Управувањето со кредитниот ризик вклучува постојана анализа на кредитното портфолио на Банката, во поглед на секторската диверзификација и концентрацијата на портфолиото, анализа и оценка на финансиските перформанси на клиентите, следење на редовноста во исполнувањето на обврските од клиентите и примена на задоволително ниво на резервации за пласманите. Вкупната изложеност на Банката (портфолио на кое се пресметуваат резервации), во 2018 година се зголеми за 2.274,6 милиони МКД или 3,6% и изнесува 65.990,8 милиони МКД (2017: 63.716,2 милиони МКД). Учеството на А и Б пласманите во вкупното портфолио на кое се пресметуваат резервации на крајот на 2018 година изнесува 93,6% (2017: 94,0%). Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити во 2018 година е 4,3% (2017: 4,2%). Стапката на покриеност на пласманите со издвоени резервации е намалена за 0,1 п.п. и изнесува 8,1% (2017: 8,2%). Покриеноста на пласманите класификувани во В, Г и Д ризична категорија со вкупно издвоените резервации изнесува 126,1% (2017: 136,9%). Управување со некредитни ризици Банката има воспоставено политики за следење на некредитните ризици. Во Банката се следат и управуваат ликвидносен, валутен, каматен, оперативен, правен, стратегиски и репутациски ризик, а истовремено се следи и управува сигурноста на информативниот систем. Управување со ликвидносен ризик Во 2018 година, изложеноста на ликвидносен ризик се следеше на редовна основа. Оперативната и структурната ликвидност се движеше во рамките на утврдените лимити и нивоа на предупредување. Во текот на 2018 година, на месечна основа беа спроведени стрес-тестови на изложеноста на Банката на ликвидносен ризик, кои укажуваат на висока и стабилна ликвидносна позиција на Банката. Согласно резултатите од спроведеното стрес-тестирање на ликвидносниот ризик, лимитите за покриеноста на потенцијалните парични одливи со ликвидносните резерви при силен стрес-тест заклучно со 31.12.2018 година се во рамките на пропишаните (>100%) и изнесуваат 132,10% (оптимален лимит) и 189,93% (минимален лимит). Ликвидносната позиција во текот на 2018 година овозможуваше навремено и непречено сервисирање на обврските на Банката.

Page 49: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

48

Управување со валутен ризик Управувањето со валутниот ризик се однесува на постојано следење на нето изложеноста на Банката по одделни валути и агрегатно, притоа одржувајќи оптимално ниво на потребни средства со купување и продажба на девизи. Изложеноста на Банката на валутен ризик се следи на дневна основа со следење на реализацијата во однос на поставените лимити по одделна валута и на агрегатна основа. Во текот на 2018 година, Банката се придржуваше кон поставените лимити за валутен ризик (лимит: +/- 15% од сопствените средства). Вкупната отворена девизна позиција пресметана на нето основа, на 31.12.2018 година, претставува долга позиција во износ од 667,3 милиони МКД, односно 6,2% од сопствените средства на Банката. Најголем дел од отворената девизна позиција потекнува од позицијата во ЕУР валута која е долга позиција и изнесува 558,0 милиони МКД односно 5,2% од сопствените средства на Банката. Во 2018 година, на полугодишна основа беа спроведени стрес-тестови на изложеноста на Банката на валутен ризик, при што со примена на најконзервативното сценарио адекватноста на капиталот е на стабилно и на задоволително ниво. Управување со каматен ризик Активностите на Банката во однос на управувањето со каматниот ризик се однесуваат на оптимизација на нето приходите од камати со пазарни каматни стапки кои се конзистентни со деловната стратегија на Банката. Во текот на 2018 година, Банката ја следеше изложеноста на каматен ризик со примена на Методологијата за пропорционална распределба на депозитите по видување, што подразбира пропорционална распределба на ‘core’ стабилните депозити по видување на Банката во соодветни рочни блокови, во период од пет години. ’Core’ депозитите по видување го претставуваат оној дел од депозитите по видување кој останува во Банката пет или повеќе години и кои не се чувствителни на промената на каматните стапки. Заклучно со 31.12.2018 година, “core” депозитите по видување изнесуваат 17 млрд.МКД, што претставува 46% од вкупните депозити по видување. Показателот Вкупна пондерирана вредност/Сопствени средства, во текот на целата 2018 година беше во рамките на пропишаниот лимит од 20% од сопствените средства на Банката, во согласност со Одлуката на НБРСМ за управување со ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности. Врз основа на месечно следење на исполнувањето на лимитите за изложеност на каматен ризик, утврдено е дека во текот на 2018 година, пресметаните BPV показатели, NII показателот и сите останати показатели дефинирани во Политиката за управување со каматен ризик се во рамките на пропишаните лимити. Во 2018 година, на месечна основа беа спроведени стрес-тестови на изложеноста на Банката на каматен ризик. Притоа добиените резултати од спроведените стрес-тестирања укажуваат на ниска чувствителност на Банката на промените на пазарните каматни стапки, при што со примена на екстремното сценарио адекватноста на капиталот е на стабилно и на задоволително ниво. Во 2018 година, се чувствуваа ефектите од целосно исклучување на примената на прилагодливите каматни стапки во новите договори за кредити и депозити, согласно препораката добиена од НБРСМ, главно поради реинвестирање на депозитите во фиксна или варијабилна каматна стапка и одобрување на нови кредити со фиксна или варијабилна каматна стапка. Сепак, ваквите промени во каматната политика на Банката немаат значителен ефект врз изложеноста на Банката на каматен ризик, која и понатаму е на стабилно ниско ниво.

Page 50: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

49

Управување со оперативен ризик

Управувањето со оперативните ризици подразбира систем за евидентирање, следење, контрола и справување со потенцијални и реални штетни настани кои потекнуваат од тековното работење на Банката или од надворешните фактори и имаат негативен ефект врз финансискиот резултат. Во текот на 2018 година, Банката ја ревидираше Политиката за управување со оперативните ризици согласно која Комисијата за оперативни ризици се состанува на секои три месеци. Активно се следеа и евидентираа штетните настани од областа на оперативните ризици, и за истите се изготвија извештаи кои беа презентирани до органите на Банката (Одбор за управување со ризик и Комисија за оперативни ризици). Горната граница на толеранција на Банката на 31.12.2018 изнесува 102,7 милиони МКД (20% од капиталното барање за оперативен ризик) и истата не е надмината. Во текот на 2018 година, Банката спроведе оценка на чувствителноста на оперативни ризици со висок финансиски ефект и ниска фреквенција преку метод на сценарио анализа. Анализата ги опфати следниве оперативни ризици: внатрешен криминал, измама со картички, надворешен криминал, штрајк, испад на core banking, елементарна непогода (поплава, пожар, земјотрес), напади преку дигиталниот простор и/или внатрешни напади со користење на ИТ средства и ризик за сигурноста на ИТ. Врз основа на спроведената анализа на чувствителноста на овие ризици, констатирано е дека не е потребна проверка на контролните механизми или воведување дополнителни мерки за намалување на оперативните ризици со висок ефект врз солвентноста и профитабилноста на Банката и ниска фреквенција. Управување со капиталот и адекватноста Во текот на 2018 година, капиталната адекватност на Банката се одржуваше на ниво од над 14,8%, а на 31.12.2018 изнесуваше 16,7% (2017: 14,4%). Банката ги исполни регулаторните барања за минималните законски пропишани стапки на адекватност на капиталот, вклучително и барањата за одржување на заштитните слоеви на капиталот, како и капиталниот додаток согласно Супервизорската оценка од Народна банка на Република Македонија за минималното потребно ниво на капитал (Табела 25). Позначаен пораст на сопствените средства на Банката беше реализиран во март и декември 2018. Порастот на сопствените средства во март беше резултат на задржана нераспределена добивка од 2017 година (1.593,7 милиони МКД). Во декември, сопствените средства на Банката се зголемија за 548,1 милиони МКД главно како резултат на склучен Договор за субординиран заем со НЛБ д.д. Љубљана на износ од 9.000.000 ЕУР, со период на достасување од 10 години. Вкупната ризично пондерирана актива на Банката на 31.12.2018 година изнесуваше 64.425,6 милиони МКД (2017: 60.476,7 милиони МКД) и е повисока за 3.948,9 милиони МКД или 6,5% во однос на минатата година како резултат на зголемување на активата пондерирана според кредитен ризик за 3.456,7 милиони МКД, зголемување на активата пондерирана според оперативен ризик за 346,9 милиони МКД и зголемување на активата пондерирана според валутен ризик за 135,6 милиони МКД.

Согласно Законот за банки, почнувајки од 01.03.2017 година, банките се должни да одржуваат:

Стапка на редовен основен капитал (CET1 ratio) = CET1 капитал /RPA = мин. 4,5%;

Стапка на основен капитал (Т1 ratio) = Т1 капитал / RPA = мин. 6%; и

Вкупна стапка на адекватност на капиталот (Total capital ratio) = Вкупен капитал / RPA = мин. 8%.

Дополнително, гувернерот на НБРСМ може да пропише повисоки стапки од наведените во претходниот став, доколку е тоа потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши Банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие

Page 51: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

50

активности, вклучувајќи и ризици кои произлегуваат од макроекономското опкружување, базирано на спроведување на годишен Супервизорски преглед и процес на евалуација (Supervisory Review and Evaluation Process – SREP-Столб 2). Супервизорската оценка за минималното потребно ниво на капитал се темели на оценката на севкупниот профил на ризик на Банката, кој опфаќа оценка на деловниот модел на Банката, корпоративното управување во Банката, ликвидносната состојба во Банката и ризиците врз капиталната позиција на Банката (најмалку кредитниот ризик, оперативниот ризик, валутниот ризик и ризикот од промена на каматните стапки на портфолиото на банкарски активности). Најмалку еднаш годишно, НБРСМ врши преоценка на минималното потребно ниво на капитал за Банката, коешто се однесува за наредната година. Капиталниот додаток од 3% (SREP) може да се исполни со било кој квалитет на капитал. Банката е должна да одржува заштитни слоеви на капиталот, чијшто вкупен износ треба да биде покриен само со позициите кои се дел од редовниот основен капитал (CЕТ1):

Заштитен слој за зачувување на капиталот дефиниран како 2,5% од ризично пондерираната актива, во целост важечки за сите банки од 01.03.2017 година;

Противцикличен заштитен слој дефиниран како % од ризично пондерираната актива, во целост важечки за сите банки од 01.07.2017 година;

Заштитен слој за системски значајни банки дефиниран како % од ризично пондерираната актива, одреден еднаш годишно од страна на НБРСМ за секоја системски значајна банка, почнувајќи од април 2017 година со постепено исполнување:

30.09.2017: 0,75% 31.03.2018: 1,5%

9

Системски заштитен слој дефиниран како % од ризично пондерираната актива проценета од страна на НБРСМ за сите банки, или пак за секоја поединечно.

Вкупната стапка на адекватност на капиталот што Банката требаше да ја одржува за 2018 година изнесуваше 15,00% (2017: 14,25%). Табела 25: НЛБ Банка АД Скопје моментални минимални барања: (Столб 1, Столб 2 и вкупен износ на заштитни слоеви на капиталот): Стапка CRR

(Столб 1) SREP (Столб 2)

Заштитни слоеви на капиталот

SREP (Столб 1 + Столб 2) и Заштитни слоеви на капиталот

Стапка на редовен основен капитал (CET1 ratio)

4.50% / 4%

8.50%*

Стапка на основен капитал (T1 ratio)_

6.00% / 4%

10.00%*

Вкупна стапка на адекватност на капитал (Total capital ratio )

8.00% 3.00% 4%

15.00%*

* од 31.3.2018

Во текот на 2018 година, согласно барањата на НЛБ Групацијата, Банката ја измени Политиката за управување со капиталот и капиталната адекватност, при што ги дефинираше минималното и целното ниво на капитал, како и обврските за одржување на заштитни слоеви на капиталот.

9 Според доставеното известување од НБРСМ од Април 2017 година, НЛБ Банка АД Скопје беше идентификувана како системски

значајна банка во рамките на втората поткатегорија на системска значајност

Page 52: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

51

Утврдување на интерен капитал ICAAP Согласно Методологијата за утврдување на профилот на ризичност на НЛБ Банка АД Скопје, во Q1 2018 година беше спроведена анализа на профилот на ризичност на Банката. Врз основа на макроекономските очекувања, движењата во банкарскиот сектор, Стратегијата за преземање и управување со ризици, спроведената идентификација на ризици согласно обемот, нестабилноста и историските податоци во однос на загубите, клучните индикатори на ризикот, поставените лимити, спроведените стрес – тестови и професионалното мислење на членовите на т.н. Експертска група во Банката, материјално значење врз профилот на ризичност на Банката имаат кредитниот ризик (вклучувајќи го и ризикот од концентрација, ризикот на индустрија и ризикот од кредитирање во странска валута), валутниот ризик, credit – spread ризикот, каматниот ризик и оперативниот ризик. Согласно Методологијата за утврдување на интерниот капитал на НЛБ Банка АД Скопје, во првиот квартал од 2018 година направена е пресметка на потребниот капитал за покривање на ризиците кои се идентификувани како материјално значајни ризици за 2018 година. Според пресметката, капиталното барање за покривање на ризиците до крајот на 2018 година изнесува 5.875 милиони МКД, додека адекватноста на капиталот според ICAAP е 14,60%.

Page 53: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

52

IX. Управување со човечки ресурси Работењето и успешноста на Банката е базирано на примена на современ пристап во управувањето со човечките ресурси и одржување и зајакнување на човечкиот капацитет на Банката, преку соодветна селекција, ангажирање и распоредување на вработените, вреднување на нивните резултати во работењето, промоција и наградување, систематски пристап во остварување на стручно надградување и обука, кариерен развој и стекнување компетенции. Во 2018 година, фокусот беше ставен на развој и поддршка на Организациската култура на Банката, при што беше ревидиран планот на активности во насока на достигнување на посакуваната култура – хуманистички-поттикнувачка и постигнувачка. Дел од мерките кои беа спроведени се однесуваат на промовирање на политика на “отворени врати”, обезбедување на менаџерски обуки за Б-1 нивото на менаџери, мерки за воведување на менаџерски коучинг пристап, спроведување на “team building” активности и сл. Покрај културата, особено внимание беше посветено на концептот NLB Leadership brand кој во 2018 беше воведен на групациско ниво, со цел дефинирање на посакуваното однесување и компетенции кои треба да ги поседуваат идните НЛБ лидери. За таа цел, беа организирани работилници и беше спроведено електронско гласање во кое беа вклучени сите вработени на Банката,со што беа дефинирани шест главни посакувани лидерски однесувања во Банката. Кон крајот на годината, како поддршка во насока на посакуваната култура беше имплементиран и концептот “Грижлив ментор”. Истиот беше искомунициран со сите вработени и беше спроведено е-гласање со цел препознавање на амбасадорите-ментори согласно дефинираните карактеристики на грижлив ментор. Со избраните 20 амбасадори беше спроведена работилница, на која тема беа особините кои ги поседува грижливиот ментор и нивно промовирање во работната средина помеѓу колегите и клиентите, но и во средината во која живееме. Во текот на 2018 година, Банката ги зајакна своите капацитети со пораст на бројот на вработени за 28 лица, со што вкупниот број се зголеми на 893 (2017: 865). Притоа стапката на флуктуација изнесува 5,4% (2017: 5,6%). За непречен тек на работните процеси, Банката ангажираше дополнителни кадри преку агенции за привремено вработување како замена за подолгорочни отсуства на вработените по различен основ. Просечниот месечен број на времено ангажираните лица изнесуваше 77 (2017: 73). Бројот на активно ангажирани вработени на база на FTE (Full Time Equivalent) на 31.12.2018 година изнесува 923 (2017: 895).

Page 54: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

53

Табела 26

Во текот на годината, на континуирана основа се организираа и спроведуваа стручни усовршувања и обуки за вработените, при што беа спроведени 245 обуки односно вкупно 23.000 часови што во просек подразбира 24 часа на секој вработен во Банката. Во склоп на стратегијата за зголемување на продажната ефикасност на вработените во продажната мрежа, беше развиeн нацрт за структурирана едукативна програма дефинирана во рамки на академија - “NLB Sales Academy”. Во рамки на Стратегијата за управување со таленти, беше ревидирана Групата на таленти и наследници преку спроведување проценка на перформансите и потенцијалот на овие вработени преку користење на “9-box” методот. Во 2018 година, 80 таленти од Банката присуствуваа на рaботилница на тема “Современ лидер” во Љубљана,Словенија, а во текот на годината беа упатувани на обуки со цел нивен континуиран развој.

Број Структура Број Структура апс %

Вработени по структури

според реална стручна спрема 865 100,0% 893 100,0% 28 3,2%

Доктори на науки 1 0,1% 1 0,1% 0 0,0%

Специјализанти и магистри 72 8,3% 141 15,8% 69 95,8%

ВСС 665 76,9% 646 72,3% -19 -2,9%

ВШС 22 2,5% 12 1,3% -10 -45,5%

ССС 104 12,0% 92 10,3% -12 -11,5%

НСП 1 0,1% 1 0,1% 0 0,0%

според возраст 865 100,0% 893 100,0% 28 3,2%

до 25 години 15 1,7% 32 3,6% 17 113,3%

од 25 до 35 години 349 40,3% 367 41,1% 18 5,2%

од 35 до 45 години 383 44,3% 380 42,6% -3 -0,8%

над 45 години 118 13,6% 114 12,8% -4 -3,4%

според стаж во Банката 865 100,0% 893 100,0% 28 3,2%

до 1 година 59 6,8% 72 8,1% 13 22,0%

од 1 до 2 години 48 5,5% 56 6,3% 8 16,7%

од 2 до 5 години 102 11,8% 128 14,3% 26 25,5%

над 5 години 656 75,8% 637 71,3% -19 -2,9%

според пол 865 100,0% 893 100,0% 28 3,2%

машки 336 38,8% 334 37,4% -2 -0,6%

женски 529 61,2% 559 62,6% 30 5,7%

31.12.2017 Промена31.12.2018

Page 55: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

54

X. Внатрешна ревизија Во текот на 2018 година, ревизорските активности на Банката беа насочени кон остварување на клучните цели: спроведување ревизии со главен фокус на Стратегијата, деловните цели и клучните ризици во работењето на Банката, давање SMART препораки, ефикасно спроведување на ревизорските прегледи и стручен и професионален развој. Во рамките на ревизорските прегледи извршени во текот на 2018 година, беа издадени вкупно 75 препораки од кои 15 од А приоритет, 28 од Б приоритет и 32 од Ц приоритет од кои со состојба 31.12.2018 година има вкупно 32 отворени препораки. По одделни процеси дадените препораки се однесуваат на:

Спречување на перење на пари; Информатичка технологија; Кредитирање на физички лица; Платен промет; Реструктурирање и управување со проблематични пласмани; Трезорско работење; Оперативни ризици; Oбезбедување на пласманите; Пресметка на резервации; Систем за рано откривање на на влошувањата кај клиентите; Kаматен ризик; Ревизии во експозитури на Банката; Ревизии спроведени по препорака на Гувернерот на НБРСМ.

Во текот на 2018 година, од страна на Внатрешната ревизија во НЛБ д.д. беше спроведена контрола на квалитетот на работата на Внатрешната ревизија во НЛБ Банка АД Скопје со што не беа констатирани значајни недостатоци.

XI. Интерни процеси и клучни иницијативи Промотивни кампањи за продуктното портфолио на Банката Во текот на 2018 година, во рамки на планот за маркетиншки активности, беа реализирани промотивни кампањи за следните продукти:

Overdraft – дозволено пречекорување за правни лица; Промотивна кампања за краткорочни и долгорочни кредити за мали, средни и големи

претпријатија; НЛБ Потрошувачки кредити; НЛБ Кредити (потрошувачки, станбени и хипотекарни); НЛБ Mastercard HaPPy кредитни картички; Visa Business картички за правни лица; Visa кредитни картички за физички лица; НЛБ Проклик (електронско банкарство) за правни лица; НЛБ MasterCard кредитни картички за физички лица; НЛБ Постепено штедење; НЛБ Mесец на осигурување; НЛБ MasterCard Business картички за правни лица; НЛБ Pay Наградна игра.

Покрај наведените, во 2018 беа спроведени и четири кампањи од кои две за предодобрени пречекорувања на трансакциски сметки и две кампањи за предоодобрени потрошувачки кредити преку Контакт центарот. Ваквите кампањи кои беа спроведени на брз и едноставен начин, се покажаа како инвентивни канали за продажба со цел зголемување на кредитното портфолио и резултираа со висок степен на успешност и задоволство кај клиентите.

Page 56: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

55

Информатичка технологија Во 2018 година, реализирани се повеќе активности и проекти за развој и надградба на апликациските системи во насока на поддршка на продажбата, усогласување со регулативи и стандарди, дигитализација на банкарските продукти и услуги, автоматизација на банкарските процеси и хармонизација во рамки на НЛБ Групацијата, како и континуирано подобрување на ИТ инфраструктурата (мрежна, системска и серверска). Кај основниот (Core) банкарски систем, беа реализирани голем број развојни задачи, првенствено во насока на подобрување на неговата стабилност и континуран развој, и беше извршена оптимизација и автоматизација на голем број процеси. Во овој контекст, беа реализирани следните позначајни активности:

Подобрување на стабилноста и континуиран развој на Core банкарскиот систем преку негово редовно воведување нови верзии;

Намалување на оперативниот ризик од директни интервенции на продукциска околина, преку имплементација на 20 апликативни решенија за автоматизација на рачните интервенции во ИТ;

Подобрување на перформанси и одзивност на системот преку оптимизација на масовните обработки за затворање на ден/месец;

Надградба на кредитниот модул во делот на продукти со премии за осигурување; Автоматизација на процесот на одобрување на кредити за кредитни посредници; Автоматизација на размената на податоци во доменот на картично работење и

платни системи; Надградба на модулот за поддршка на одобрување на кредити за физички лица

преку автоматизација и оптимизација на чекорите; Прилагодување на платните системи согласно измените на стандардот за

SWIFT/МИПС пораки во девизен/денарски платен промет; Автоматизација на процесот на домашно и меѓународно картично порамнување; Автоматско раскнижување на судски трошоци кај правните постапки; Автоматизација на модулот за девизен платен промет во делот на standard

Settlement Instruction (SSI); Надградба на основниот банкарски систем согласно барањата во рамки на проектот

Pricing; Промени во основниот банкарски систем за усогласување со регулативите за

референтни каматни стапки за депозити. За воспоставување на соодветно ниво на подготвеност во делот на сигурноста во дигиталниот простор како и поголема заштита од cyber напади, во 2018 година реализирани се повеќе позначајни активности:

Воспоставен е Центар за сигурносно работење (SOC - Security Operations Center), и воспоставено 24х7 следење на сигурносни настани преку централната конзола во НЛБ д.д.;

Подобрување на управувањето со безбедноста на системите преку имплементација на нов SIEM систем – IBM Qradar, како дел од заедничките иницијативи на ниво на НЛБ Групација;

Зголемување на заштитата и контролата на надворешната email комуникација; Обезбедување на заштита на податоците на преносните компјутери од надворешна

злоупотреба; Обезбедување на заштита на податоците на мобилните уреди кај корисниците на

корпоративен меил; Исполнување на стандардот за информатичка заштита, преку редовно инсталирање

на безбедносни закрпи на серверите и работните станици, обнова на лиценците за антивирусна заштита на централно ниво и на одделните компјутери на корисниците во Банката, реинсталација на Adobe reader на 900 компјутери, како и воспоставување на редовен процес на update-ирање;

Задоволување на сигурносните стандарди кои произлегуваат од SWIFT Security Attestation.

Page 57: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

56

Покрај наведените активности, во текот на 2018 година во НЛБ Банка АД Скопје се работеше на неколку проекти од кои дел се однесуваат на иницијативите на НЛБ д.д. во насока на остварување на стратегијата на Групацијата, а дел на одредени промени интерно во Банката. Сите тие се координирани и следени на ниво на Групација и од менаџментот на Банката.

Проект Управување со податоци (Data Governance) Проектот за имплементација на Управување со податоци (Data Governance), како дел од групацискиот проект Data Management, беше воспоставен со цел воведување процес на Управување со податоците во Банката преку поставување солидна основа за назначување на сопствеништво и старателство над податоците, воспоставување процеси за дефинирање на термини и подобрување на квалитетот на податоците, централно место за термините и податоците како евиденција и место каде може да се добие целосна слика за податочниот имот на Банката како и можност за нивно искористување за нови бизнис модели во иднина. Улогата на Управувањето со податоци е тие да се користат како стратешко средство за постигнување вистинска бизнис вредност, да се помогне процесот на одлучување и познавање на клиентите. Со проектот се поставија основите на ова подрачје односно: јасно дефиниран процес на управување со податоци; старателство на податоци; Политика за управување со податоци и нивниот квалитет; стандарди за квалитет на податоци. Воспоставена е структура на носители на деловни улоги – Data Owners, Business Data Stewards и Technical Data Stewards. Дизајниран е деловен речник и речник на податоци, со стандарди за дефинирање. Проектот е успешно реализиран и активностите се завршени заклучно Q1 2018.

Проект Зголемување на продажната ефикасност во Деловната мрежа (Sales Force Efficiency) Основната цел на проектот е централизација на позадинските (back office) активности во продажната мрежа заради растеретување на експозитурите со цел нивно комплетно фокусирање на продажните активности. Во рамки на проектот воспоставен е модел за мерење на времето потребно за продажба, утврдени се активностите кои можат да се централизираат и воведено е систематско следење на сите обуки од работното место на вработените. Со проектот се дефинирани и поставени следните активности преку дефинираните цели: започнат е развој на Retail Академија, разработена е HR стратегија за развој на продажни кадри, извршено е редeфинирање на финансиските награди и воведен е систем за нефинансиско наградување, поставени се мерки за подобрување на организациската клима со цел зголемување на поединечниот ангажман, и преземени се активности за соодветен преглед и анализа на клиенти. Проектот е успешно реализиран и активностите се завршени заклучно Q3 2018.

Проект Оптимизација на ценовната политика на НЛБ Банка АД Скопје (Pricing) Со имплементација на проектот ревидирана е Тарифата на надоместоци на услуги што ги врши НЛБ Банка АД Скопје, од кои произлезени се предлози за надополнување на нови и редефинирање на постоечки ставки во Тарифникот на Банката. Со таа цел, изработена е нова, потранспарентна структура на Тарифата, поделена на правни и физички лица. Покрај тоа дефинирани се и нови пакети за правни и физички лица и подобрен е бизнис моделот на продуктите. Проектот е успешно реализиран и активностите се завршени заклучно Q2 2018.

Проект International Desk Проектот подразбира заеднички и координиран комерцијален пристап кон големите меѓународни компании од страна на целата НЛБ Групација. Врз основа на структурирано финансирање и преку зајакнување на НЛБ брендот локално, ќе се постигне зголемување на кредитното портфолио и на приходите од камати и надоместоци кај сите банки-членки. Дефинирани се бизнис моделот и листа со таргетирани компании, но формирањето на посебна единица – International Desk е привремено одложено поради регулаторни ограничувања кон НЛБ Групацијата. Проектните активности се завршени заклучно Q1 2018.

Проект за имплементација на надградба на Бизнис Интелигенција (BI2 UPGRADE на TEZAURI)

Page 58: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

57

Со проектот е предвидена надградба на постоечкиот Систем за известување и складирање на податоци – “Upgrade на TEZAURI

TM (модули и извештаи кои работат

на платформата DWH - Tezauri, Report Editor, PCA апликација, Basel2). Во текот на 2018 година, известувањето целосно започна да се извршува преку новиот, надграден систем, оптимизирано е инкременталното полнење на податочната база, а во план е и останата автоматизација на извештаите на Банката, со што значително ќе се унапреди процесот на складирање на податоци и известувањето на Банката.

Проект конкурентска предност преку трошковна ефикасност (намалување на non-FTE трошоци) Со проектот за намалување на Non-FTE трошоци се овозможува реално намалување на оперативните трошоци кои не се идентификуваат како трошоци на труд со цел оптимално користење на ресурсите на Банката. Во текот на 2018 година се реализираше фазатa II од проектот. Реализирањето на новите мерки кои се предвидоа и напорите кои се постигнаа резултираа да се оствари значителна заштеда. Овие мерки се предвидени и во планот за 2019 година.

Проект Интегрално решение за документарни продукти Проектот опфаќа имплементација на подобрена апликација за интегрирано процесирање на документарните инструменти, која ќе ги следи постоечките и новите потреби на клиентите и ќе овозможи поквалитетна и побрза услуга. Решението овозможува синхронизирано движење на статусите за документарниот инструмент во двата модули кои се користат за овие продукти, почнувајќи од барањето на клиентот, преку животниот циклус на продуктот – одобрување, подготовка, издавање, следење, па сѐ до згаснување на продуктот. Во текот на 2018 година, креирано е целокупното техничко решение, извршено е тестирање, изолирано и интегрирано, по што се планира и официјалната употреба. Имплементирањето на ова техничко решение е во насока на идните планови на Банката за дигитализација, но и на промените што ќе следат во меѓународната пракса на работење со гаранции и акредитиви.

Проект за имплементација на новата регулатива за спречување на перење пари и финансирање тероризам Поради промена во домашната регулатива која се однесува на подрачјето спречување перење пари и финансирање тероризам, која услови потреба од промени во процесите, системите и процедурите на работа во Банката, се воспостави проект за нивна имплементација. Промените во регулативата главно произлегуваат од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Одлуката за методологијата за управување со ризикот од ППФТ на НБРСМ, како и од препораките добиени од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Исто така, со проектот е опфатена и имплементација на обврските кои произлегуваат од Минималните стандарди на НЛБ Групацијата.

Page 59: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

58

XII. Стратегија и идни изгледи

Врз основа на обновената Стратегија на НЛБ Групацијата, во текот на 2018 година Банката ја усвои Стратегијата за периодот од 2018-2022 година, која во фокусот го има креирањето на подобрено искуство за клиентите врз база на технолошки иновации, промени во процесите на работа и понатамошна автоматизација и дигитализација на работењето, како и фокус на едукација и надградување на компетенциите и знаењата на вработените од различни нивоа, со цел креирање посакувана организациска култура како темел на обезбедувањето врвна услуга за клиентите. Во иднина, клиентите и понатаму ќе останат во фокусот на стратегијата на Банката, а активностите на Банката ќе бидат спроведувани преку примена и унапредување на доброто корпоративно управување, организацијата на работење и деловните процеси. Како дел од НЛБ Групацијата, и во претстојниот период Банката ќе го хармонизира работењето со Групацијата и заеднички ќе настапува на пазарот со останатите членки. Деловната мрежа како традиционален канал на продажба ќе биде осовременета, со истовремено развивање на електронските канали на продажба и омасовување на користењето на електронските услуги. Акцентот како и до сега ќе биде на интензивирање на кредитните активности, со посебен фокус на сегментот мали и средни претпријатија, микро бизниси и физички лица. Банката ќе биде насочена и кон одржување или пак зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. И понатаму интензивно ќе се работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката. Со оглед на посветеноста на клиентските потреби и барања, неизбежно е добрите финансиски резултати да продолжат и во иднина. Преку креирање производи прилагодени на потребите на клиентите, Банката ќе воведува иновации и ќе ја задржи лидерската позиција на пазарот, обезбедувајќи истовремено врвен квалитет, додадена вредност и првокласна услуга за клиентите и долгорочен одржлив поврат на капиталот на сопствениците.

Page 60: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

59

XIII. ПРИЛОЗИ: Прилог 1: Организациона структура Прилог 2: Табели од Годишен извештај во ЕУР

Page 61: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

60

Прилог 1: Организациона структура на НЛБ Банка АД Скопје

Page 62: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

61

2009

СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

3049 СЛУЖБА ЗА ОДРЖУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

СО ИНФОРМАТИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

3050 СЛУЖБА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА

ПОСТОЈНИ ТЕХНОЛОГИИ

2003

ДЕЛОВЕН СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И

СРЕДСТВА

3010 СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИЛАНСИТЕ

НА БАНКАТА

3029 СЛУЖБА ЗА СТАРАТЕЛСТВО

3030 СЛУЖБА ЗА ТРГУВАЊЕ СО СРЕДСТВА И

ИЗВЕДЕНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ

2008

СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

3046 СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИ

РИЗИЦИ

3047 СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО

НЕКРЕДИТНИ РИЗИЦИ

2014

ДЕЛОВЕН СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО

ПРОДАЖНА МРЕЖА

3034 СЛУЖБА ЗА ПОДДРШКА НА

ЕКСПОЗИТУРИТЕ

2015

ДЕЛОВЕН СЕКТОР ЗА РАБОТА СО КОРПОРАТИВНИ

КЛИЕНТИ

3031 СЛУЖБА ЗА ГОЛЕМИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3032 СЛУЖБА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ

ПРЕТПРИЈАТИЈА

2010

СЕКТОР ЗА ПЛАТНИ СИСТЕМИ

3057 СЛУЖБА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И

ДИСТРИБУЦИЈА

2006

СЕКТОР ЗА РАБОТА СО ГОТОВИНА И ДЕПО

3025 СЛУЖБА ЗА ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ,

РАБОТА СО ГОТОВИНА И ДЕПО

3026 СЛУЖБА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И

ТРАНСПОРТ НА ГОТОВИНА

2011

СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМАТИЧНИ

ПЛАСМАНИ И ИНТЕНЗИВЕН ТРЕТМАН НА

КЛИЕНТИТЕ

3043 СЛУЖБА ЗА НАПЛАТА НА

ПРОБЛЕМАТИЧНИ ПЛАСМАНИ И УПРАВУВАЊЕ

СО ПРЕВЗЕМЕН ИМОТ

3058 СЛУЖБА ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО

СТРАНСТВО

2005

СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА НА ПРОДАЖБА

3022 СЛУЖБА ЗА ЛОГИСТИКА НА РАБОТЕЊЕТО

СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА

3061 СЛУЖБА ЗА ЛОГИСТИКА НА РАБОТЕЊЕТО

СО ПРАВНИ ЛИЦА

3062 СЛУЖБА ЗА ЛОГИСТИКА НА РАБОТЕЊЕТО

СО ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ И СРЕДСТВА

НА БАНКАТА

3039 СЛУЖБА ЗА УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД

ВРЕДНОСТ

3059 СЛУЖБА ЗА БАНКОМАТСКО РАБОТЕЊЕ

3054 СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ

СО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ И

МЕЃУНАРОДНО ФИНАНСИРАЊЕ

3066 СЛУЖБА ЗА ИНТЕНЗИВЕН ТРЕТМАН НА

КЛИЕНТИТЕ

3501-35xx ЕКСПОЗИТУРИ

0002

НАДЗОРЕН ОДБОР

1000

УПРАВЕН ОДБОР

CEO, CRO, CFO

2001

СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА

РЕВИЗИЈА

0003

ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ

СО РИЗИЦИ

0004

ОДБОР ЗА

РЕВИЗИЈА

0005

НАДЗОРЕН ОДБОР ВРЗ

ИНФОРМАТИВНИОТ СИСТЕМ

1008

ОДБОР ЗА РАЗВОЈ

1009

ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ НА СРЕДСТВА И

ОБВРСКИ

0001

СОБРАНИЕ

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

2007

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И СЕКРЕТАРИЈАТ

3041 СЛУЖБА ЗА ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

3044 СЛУЖБА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА И

ЗАСТАПУВАЊЕ

3056 СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ И ПОДДРШКА НА

САМОУСЛУЖНИ ПРОДУКТИ

3069 СЛУЖБА ЗА ИНТЕГРИРАНИ ИЗВЕШТАИ

3067 СЛУЖБА ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА

3070 СЛУЖБА ЗА РАЗВОЈ НА НОВИ

ТЕХНОЛОГИИ

2013

СЕКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ПОНУДА И МАРКЕТИНГ

3072 СЛУЖБА ЗА РАЗВОЈ НА ПРОДУКТИ,

УПРАВУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ СО КЛИЕНТИ

(CRM) И МАРКЕТИНГ

3073 СЛУЖБА ЗА ЦЕНТРАЛИЗИРАНА ПРОДАЖБА

2012

СЕКТОР ЗА КРЕДИТНА АНАЛИЗА И

АДМИНИСТРАЦИЈА

3033 СЛУЖБА ЗА КРЕДИТНА АНАЛИЗА И

АДМИНИСТРАЦИЈА НА ГОЛЕМИ, СРЕДНИ И

МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3035 СЛУЖБА ЗА КРЕДИТНА АНАЛИЗА И

АДМИНИСТРАЦИЈА НА МАЛИ И МИКРО

ПРЕТПРИЈАТИЈА

2002

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ

3006 СЛУЖБА ЗА ФИНАНСИСКА ОПЕРАТИВА

3051 СЛУЖБА ЗА ФИНАНСИСКО

СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО

ИЗВЕСТУВАЊЕ

3027 СЛУЖБА ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И

ФИНАНСИСКИ КОНТРОЛИНГ

3060 СЛУЖБА ЗА ДОКУМЕНТАРНО РАБОТЕЊЕ

2017

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ

РЕСУРСИ

3042 СЛУЖБА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИТЕ И ИНФОРМАТИВНА

СИГУРНОСТ

3068 КОНТАКТ ЦЕНТАР

2016

СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА НА БАНКАТА

3052 СЛУЖБА ЗА ТЕХНОЛОГИЈА,

ОРГАНИЗАЦИЈА И ПРОЕКТНА КАНЦЕЛАРИЈА

3005 СЛУЖБА ЗА ИНВЕСТИЦИИ, НАБАВКИ И

ОПШТИ РАБОТИ

CEOCEO CROCRO

CEO

3064 СЕКРЕТАРИЈАТ

CRO

CFOCFO

2601-26хх РЕГИОНИ

Page 63: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

Прилог 2: Табели од Годишен извештај во ЕУР

*за конверзија во евра користен е курс денар/евро 61,5

I. Клучни показатели на работењето

Page 64: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

63

2017 2018 План 2018

ROE пред даноци 31,0% 26,1% 23,4%

ROE по даноци 27,8% 23,5% 21,1%

ROE по даноци (НЛБ) 27,8% 19,9% 17,7%

ROA пред даноци 3,3% 3,1% 2,5%

ROA по даноци 3,0% 2,8% 2,3%

ROA по даноци (НЛБ) 3,5% 3,0% 2,4%

Cost/Income Ratio 42,1% 37,0% 42,9%

Cost/Income Ratio (НЛБ) 37,4% 34,4% 41,6%

Пазарно учество по билансна сума 16,4% 16,3% -

Адекватност на капиталот 14,4% 16,7% 16,2%

Заработка по акција - EPS (ЕУР/број на акции) 40 40 32

Добивка пред оданочување (во мил. ЕУР) 38,5 38,3 30,3

(промена во %) 35,5% -0,5% 26,3%

Добивка по оданочување (во мил. ЕУР) 34,6 34,5 27,3

(промена во %) 34,5% -0,2% 26,5%

Нето приходи од работење (во мил. ЕУР) 68,5 78,5 72,3

(промена во %) 7,3% 14,7% 8,7%

Трошоци на работење (во мил. ЕУР) 28,8 29,1 31,0

(промена во %) 5,0% 0,9% -6,4%

Исправка на вредност, посебна резерва и резервирања (во мил.ЕУР) 1,8 11,2 11,0

(промена во %) -79,2% 535,9% 1,4%

Нето приходи од камата / просечна каматоносна актива 3,8% 3,7% 3,7%

Нето приходи од камата / просечна каматоносна актива НЛБ 4,9% 4,0% 4,0%

Нето приходи од камата / просечна бруто актива 4,6% 4,3% 4,4%

Билансна сума (во мил. ЕУР) 1.231,8 1.330,5 1.243,5

(во однос на 31.12.) 5,7% 8,0% 7,0%

Кредити на небанкарски сектор (во однос на 31.12.) 5,7% 5,6% -3,0%

(пазарно учество во %) 17,9% 17,6% -

Депозити на небанкарски сектор (во однос на 31.12.) 6,1% 6,1% 6,1%

(пазарно учество во %) 17,9% 17,4% -

Резервации за билансни и вонбилансни побарувања (во мил. ЕУР) 85,3 86,9 89,1

(во однос на 31.12.) -1,9% 1,8% -2,5%

Актива на која се пресметуваат резервации (во мил. ЕУР) 1.036,0 1.073,0 /

(во однос на 31.12.) 4,5% 3,6% /

Покриеност на портфолиото со резервации 8,2% 8,1% 8,4%

Нефункционални кредити/Вкупни кредити 4,2% 4,3% 4,2%

Учество на нето кредити на НБС во депозити на НБС 79,1% 77,4% 86,7%

Број на експозитури и шалтери 52 54 54

Број на вработени 865 893 893

Број на ефективно ангажирани вработени 895 923 928

Добивка пред оданочување по вработен (во илјади ЕУР)* 44,5 42,9 33,9

Добивка по вработен (во илјади ЕУР)* 39,9 38,6 30,5

*во однос на бројот на вработени

** пазарните учества се според податоците од НБРМ објавени во делот на монетарната статистика

Page 65: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

64

Табела 2. Oсновни показатели на Банкарскиот сектор на 31.12.2018

Табела 3. Бруто кредити и депозити на небанкарски сектор (резиденти) во РМ, состојба на 31.12.2018

Табела 7. Oсновни показатели на Групата големи банки на 31.12.2018

во мил.ЕУР 2017 2018 % апс

Билансна сума 7.512 8.186 9,0% 674

Капитал и резерви 814 883 8,5% 69

Депозити од нефинансиски сектор 5.517 6.038 9,4% 521

Кредити на нефинансиски сектор (бруто) 4.839 5.205 7,6% 366

Резервации (билансни и вонбилансни) 363 337 -7,1% -26

Бруто NPL (финансиски и нефинансиски сектор) 307 270 -12,1% -37

Бруто добивка 119 152 27,5% 33

Банкарски сектор

Во однос на 2017

во мил.ЕУР

апс %

Кредити на небанкарски сектор 4.882 5.237 355 7%

1. Нефинансиски друштва 2.565 2.679 115 4%

прифатни нефинансиски друштва 2.539 2.655 116 5%

јавни нефинансиски друштва 25 24 -1 -4%

2. Непрофитни институции 5 4 -1 -15%

3. Недепозитни финансиски институции 5 10 5 89%

4. Физички лица 2.296 2.532 236 10%

5. Држава - локална самоуправа 11 11 1 5%

Депозити на небанкарски сектор 5.517 6.098 581 11%

1. Нефинансиски друштва 1.451 1.589 137 9%

прифатни нефинансиски друштва 1.330 1.419 89 7%

јавни нефинансиски друштва 121 169 48 40%

2. Непрофитни институции 76 83 7 10%

3. Недепозитни финансиски институции 238 319 81 34%

4. Физички лица 3.752 4.107 355 9%

5. Држава - локална самоуправа 0 1 0 137%

Банкарски сектор

Во однос на 201712.2017 12.2018

во мил.ЕУР 2017 2017 % апс

Билансна сума 5.605 6.099 8,8% 494

Капитал и резерви 599 660 10,1% 61

Депозити од нефинансиски сектор 4.357 4.737 8,7% 379

Кредити на нефинансиски сектор (бруто) 3.678 3.895 5,9% 217

Бруто NPL (финансиски и нефинансиски сектор) 271 222 -18,0% -49

Бруто добивка 107 143 33,8% 36

Група големи банки

Во однос на 2017

Page 66: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

65

Табела 15. Биланс на успех

Табела 16. Биланс на состојба

1.1.-31.12.

2017 План Реализација

1 Приходи од камата 56,8 58,9 57,2 -1,8 -3,0% 0,3 0,6%

2 Расходи за камата 10,0 12,0 9,0 -3,0 -25,4% -1,1 -10,5%

Нето приходи од камата 46,8 46,9 48,2 1,3 2,8% 1,4 3,0%

3 Приходи од провизии и надомести 24,4 25,9 25,6 -0,3 -1,2% 1,2 5,1%

4 Расходи за провизии и надомести 7,8 8,6 8,6 0,0 0,0% 0,8 9,7%

Нето приходи од провизии и надомести 16,6 17,4 17,1 -0,3 -1,7% 0,5 2,9%

5 Нето приходи од тргување -0,2 0,0 -0,3 -0,2 557,2% -0,1 69,4%

6 Нето приходи од курсни разлики 2,6 1,9 2,9 1,0 50,3% 0,3 12,3%

7Нето приходи од други финансиски инструменти

евидентирани по објективна вредност0,0 0,0 0,0 0,0 -90,8% 0,0 -159,1%

8 Останати приходи од дејноста 2,7 6,1 10,6 4,5 73,2% 8,0 299,2%

Вкупни нето приходи 68,5 72,3 78,5 6,3 8,7% 10,1 14,7%

9 Трошоци за вработените 12,1 13,2 12,8 -0,4 -3,0% 0,7 5,5%

10 Амортизација 3,1 3,3 3,3 0,0 -1,3% 0,2 6,3%

11 Останати расходи од дејноста 13,6 14,5 13,0 -1,5 -10,6% -0,6 -4,5%

Добивка пред резервации 39,7 41,2 49,5 8,2 20,0% 9,8 24,7%

12 Ослободени резервирања за вонбилансна

изложеност0,6 0,0 1,2 1,2 / 0,6 98,5%

13 Резервирања за вонбилансна изложеност 0,9 0,1 0,4 0,4 461,1% -0,5 -51,6%

14 Исправка на вредноста на финансиските

средства, на нето основа7,6 10,8 11,4 0,5 5,0% 3,8 49,4%

15 Резервирања за правен ризик, на нето основа -2,6 0,0 0,5 0,5 / 3,1 -119,2%

16 Загуба поради оштетување на нефинансиските

средства2,3 0,1 0,2 0,1 141,5% -2,0 -89,3%

17 Ослободени резервирања поради оштетување

на нефинансиските средства5,9 0,0 0,2 0,2 / -5,7 -96,4%

18 Удел во добивката на придружени претпријатија 0,6 0,1 0,0 -0,1 -100,0% -0,6 -100,0%

Добивка пред оданочување 38,5 30,3 38,3 8,0 26,3% -0,2 -0,5%

19 Данок од добивка 3,9 3,0 3,8 0,8 25,2% -0,1 -3,5%

Добивка за финансиската година 34,6 27,3 34,5 7,2 26,5% -0,1 -0,2%

1.1.-31.12.2018 Во однос на

План 1.1.-31.12.2017во мил.ЕУР

Page 67: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

66

Табела 17. Вонбилансна евиденција (актива на која се пресметуваат резервации)

Табела 18. Продукти и оперативни податоци за физички лица

Табела 20. Електронско банкарство за физички лица

во мил.ЕУР

План Реализација Структура

АКТИВА 1.231,8 1.243,5 1.330,5 87,0 7,0% 98,7 8,0%

1 Парични средства и парични еквиваленти 208,4 177,8 228,4 17,2% 50,6 28,5% 20,0 9,6%

2 Дериватни средства чувани за управување со ризик 0,0 0,0 0,0 0,0% 0,0 / 0,0 /

3 Кредити на и побарувања од банки и штедилници 2,3 1,0 11,8 0,9% 10,8 1118,8% 9,5 412,6%

4 Кредити на и побарувања од други комитенти 791,3 861,1 835,5 62,8% -25,6 -3,0% 44,2 5,6%

нефинансиски правни лица 313,1 338,2 315,0 23,7% -23,2 -6,8% 1,9 0,6%

приватни 307,3 331,8 308,8 23,2% -23,0 -6,9% 1,5 0,5%

јавни 5,8 6,4 6,2 0,5% -0,2 -3,1% 0,4 /

непрофитни институции 0,4 0,8 0,3 0,0% -0,5 -65,5% -0,1 -27,5%

држава 8,0 10,0 3,5 0,3% -6,5 -65,3% -4,5 -56,3%

население 469,6 511,8 516,4 38,8% 4,6 0,9% 46,8 10,0%

останати финансиски институции 0,2 0,3 0,3 0,0% 0,0 18,5% 0,1 52,3%

5 Вложувања во хартии од вредност 167,7 144,4 197,7 14,9% 53,3 36,9% 30,0 17,9%

расположливи за продажба 167,7 197,7 197,7 14,9% 0,0 0,0% 30,0 17,9%

6 Останати побарувања 21,5 18,7 21,2 1,6% 2,5 13,4% -0,3 -1,4%

7 Преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 0,6 0,4 0,4 0,0% 0,0 -8,7% -0,3 -41,0%

8 Нематеријални средства 2,1 5,0 2,3 0,2% -2,7 -53,7% 0,2 10,2%

9 Недвижности и опрема 34,3 35,1 33,2 2,5% -2,0 -5,6% -1,1 -3,2%

10 Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за

отуѓување 3,6 0,0 0,0 0,0% 0,0 / -3,6 /

ПАСИВА 1.231,8 1.243,5 1.330,5 87,0 7,0% 98,7 8,0%

11 Дериватни обврски чувани за управување со ризик 0,0 0,0 0,0 0,0% 0,0 / 0,0 /

12 Депозити на банки и штедилници 7,4 8,3 8,1 0,6% -0,2 -2,6% 0,7 10,1%

13 Депозити на други комитенти 1.001,0 993,6 1.078,8 81,1% 85,3 8,6% 77,8 7,8%

нефинансиски правни лица 236,6 213,3 246,3 18,5% 33,0 15,5% 9,7 4,1%

приватни 214,3 197,2 219,6 16,5% 22,4 11,4% 5,3 2,5%

јавни 22,3 16,1 26,7 2,0% 10,6 65,7% 4,4 19,7%

непрофитни институции 10,5 10,0 10,0 0,7% 0,0 -0,2% -0,5 -4,6%

држава 3,4 2,2 3,7 0,3% 1,5 69,9% 0,4 10,9%

население 732,6 755,7 806,6 60,6% 50,9 6,7% 74,0 10,1%

останати финансиски институции 18,0 12,4 12,2 0,9% -0,1 -1,1% -5,8 -32,1%

14 Обврски по кредити 18,3 26,0 15,9 1,2% -10,0 -38,7% -2,4 -13,2%

15 Субординирани обврски 33,1 30,1 29,9 2,2% -0,2 -0,5% -3,2 -9,6%

16 Посебна резерва и резервирања 4,7 4,7 4,5 0,3% -0,1 -3,0% -0,2 -4,6%

17 Обврски за данок на добивка (тековен) 1,5 2,9 0,2 0,0% -2,6 -92,5% -1,3 -85,7%

18 Останати обврски 10,9 11,8 12,5 0,9% 0,7 6,0% 1,6 14,4%

19 Добивка за периодот 34,6 27,3 34,5 2,6% 7,2 26,5% -0,1 -0,2%

20 Капитал и резерви 120,2 139,0 146,0 11,0% 7,0 5,0% 25,7 21,4%

31.12.2017

31.12.2018 Во однос на

План 31.12.2017

31.12.2017

во мил.ЕУР Реализација План Реализација

Гаранции и акредитиви 114,2 118,4 102,5 -16,0 -13,5% -11,7 -10,3%

Некористени лимити и кредити 58,2 56,8 59,0 2,2 3,9% 0,8 1,4%

Вонбилансна актива на која се

пресметуваат резервации 172,3 175,2 161,5 -13,7 -7,8% -10,9 -6,3%

31.12.2018 Во однос на

План 31.12.2017

31.12.2017 31.12.2018Промена

2018/2017

Кредити (вредност, во мил.ЕУР) 469,6 516,4 10,0%

Депозити (вредност, во мил.ЕУР) 732,6 806,6 10,1%

Број на клиенти - физички лица 678.279 708.439 4,4%

Број на сметки на физички лица 643.337 674.346 4,8%

Број на картички (дебитни и кредитни) на физички лица525.768 507.684 -3,4%

Page 68: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

67

Табела 21. Продукти и оперативни податоци за правни лица

Табела 22. Гаранции и акредитиви

Табела 23. Дознаки

Табела 24. Електронско банкарство за правни лица

Скопје, Март 201

2017 2018Промена

2018/2017

Е-банкарство за физички лица

Промет (во мил.ЕУР) 39,5 51,8 31,2%

Број на налози/трансакции 410.624 520.594 26,8%

Комитенти по сите канали 289.564 337.032 16,4%

31.12.2017 31.12.2018Промена

2018/2017

Кредити (вредност, во мил.ЕУР) 321,7 319,1 -0,8%

Депозити (вредност, во мил.ЕУР) 268,5 272,2 1,4%

Број на клиенти - правни лица 35.713 34.029 -4,7%

Број на сметки на правни лица 29.526 30.207 2,3%

Број на картички (дебитни и кредитни) на правни лица 9.447 9.029 -4,4%

Гаранции

Вредност на нови (во мил.ЕУР) 64,2 66,0 1,8 2,8%

Број на вкупни новоиздадени 2.996 3.308 312 10,4%

Акредитиви

Вредност на нови (во мил.МКД) 22,4 12,8 -9,6 -42,8%

Број на вкупни новоиздадени 325 303 -22 -6,8%

01.01.-

31.12.2017

01.01.-

31.12.2018

Промена

2018/2017

Ностро дознаки

Промет (во мил.ЕУР) 1.117,1 1.194,1 77,0 6,9%

Број на ностро дознаки 64.656 65.434 778 1,2%

Лоро дознаки

Промет (во мил.ЕУР) 955,2 1.077,0 121,8 12,8%

Број на лоро дознаки 111.998 121.476 9.478 8,5%

31.12.2017 31.12.2018Промена

2018/2017

2017 2018Промена

2018/2017

Е-банкарство за правни лица

Промет (во мил.ЕУР) 5.264 5.852 11,2%

Број на налози/трансакции 3.002.908 3.310.513 10,2%

Комитенти по сите канали 18.495 19.974 8,0%

Page 69: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

68

Мислење кон Годишниот извештај за работењето на Банката во 2018 година

Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје во 2018 година го опфаќа работењето на Банката во периодот од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година. Во извештајот на систематизиран начин е презентирано остварувањето на одделни банкарски активности, како во поглед на основните финансиски активности така и за сите останати активности за кои се известува согласно Законот за трговските друштва, Законот за банките и Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка. Извештајот вклучува податоци за промените на макроекономските и пазарните услови во кои работеше Банката и промените на регулативата која директно или индиректно влијаеше на остварувањето на финансискиот резултат и пазарната позиција. Во Извештајот интегрално се презентирани корпоративното управување на Банката, работењето и активностите на органите и нивните членови, остварувањето на обврските во поглед на спречувањето перење пари и сигурноста на информативниот систем, промените во организационата структура на Банката и активностите за промоција на корпоративната општествена одговорност. Извештајот дава целосна слика за состојбата и промените на сопствените средства и акционерската структура на Банката кај акционерите со над 5% учество во капиталот на Банката. Остварените финансиски резултати и исполнувањето на планираните деловни и стратешки цели за 2018 година се презентирани согласно со законските регулативи кои се применуваат во Република Македонија. Оперативните активности се подетално презентирани по одделни пазарни сегменти и укажуваат на остварените резултати по одделни финансиски и нефинансиски активности на Банката. Начинот на управувањето со ризиците во Банката е детално презентиран и укажува на постоење интегриран систем на управувањето со ризиците во Банката. Дополнително, презентирани се информации за управувањето со човечките ресурси во Банката, управувањето со информатичката технологија, одржувањето и вложувањето во основните средства и инфраструктурата во Банката и преземените маркетиншки активности како предуслови за успешно работење, подобро и квалитетно управување со Банката, почитување и усогласеност со целокупната законска регулатива и остварување на планираните цели за 2018 година. Според нашето мислење, Годишниот извештај дава вистинска и објективна слика за работењето на Банката во 2018 година, состојбата на нејзините средства и финансиската успешност. Блаж Бродњак Претседател на Надзорен одбор

Page 70: Материјал за Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка …

69

Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје Врз основа на член 39 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на НЛБ Банка ја донесе следната:

Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје

1. Се усвојува Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година со Мислење на Надзорниот одбор, прилог на оваа одлука;

2. Оваа одлука стапува во сила со денот на донесувањето.

Во Скопје, 30.05.2019 година Одлуката да се достави до: Секретаријат Претседавач на Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје