24
Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020 1 Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

  • Upload
    others

  • View
    19

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

1

Локална Младинска Стратегија на град Кратово

2015 – 2020

Page 2: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020
Page 3: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

3

СОДРЖИНА:

1. Листа на кратенки……………………………………….………..42.Вовед…………………………………………………………..…….5

2.1. Градоначалник……………………………………….....…..62.2. Профил на општина и млади………………………….….62.3 Анализа на состојба………………………………..……….7

3. Локален младински совет во Кратово………………………...84. Приоритетни области…………………………………….……..16

4.1. Образование………………………………………..……...164.2. Култура……………………………………………..……….164.3. Односи со локална самоуправа………………...………164.4. Младинско вработување …………………………..……174.5. Спорт……………………………………………….……….19

5. Акциски план 2015 - 2016……………......…………………....19

Page 4: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

4

1. ЛИСТА НА КРАТЕНКИ

ОК – Општина Кратово РМ – Република МакедонијаЕУ – Европска УнијаЕЛС – Единица на локална самоуправаЛМС – Локален младински советОOУ – Основно општинско училиштеСОУ – Средно општинско училиштеКУД – Културно уметничко друштвоСПМ – Социјалистичка партија на МакедонијаУМС – Унија на млади силиСДСМ – Социјал демократски сојуз на МакедонијаНВО – Невладина организацијаЗ – ЗдружениеИЈ – Иницијативно јадро ИО – Иницијативен одборМОФ – Младински образовен форумЦИД – Центар за интеркултурен дијалогАМС – Агенција за млади и спортАВРМ – Агенција за вработување на Република Македонија

Page 5: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

5

2. ВОВЕД

2.1. Градоначалник

Page 6: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

6

2.2. Профил на општината и млади

Општината Кратово е сместена во Североисточниот дел на Република Македонија помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, и низ нејзината територија протекуваат две поголеми реки: Злетовска и Крива Река. Градот Кратово е еден од најстарите градови во Р.Македонија и на Балканот сместен во грлото на еден изгаснат вулкан во Осоговските планини, распространет на бреговите од три мали реки. Општината е сместена помеѓу 42 степени и 42степен и 1 минута северна географска ширина, и 22 степени и 22 степени и 27 минути источна географска должина, со средна надморска висина од 1000 м. Целокупната општина е со мошне разнолична конфигурација на теренот: од најниски полиња и рамнини до високи планини што го условува и целокупното живеење како и стопанската активност на населението.

Општината Кратово граничи со општините: Куманово,Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип и Кочани и спаѓа во помалите општини во Република Македонија со околу 10.500 жители, а по територија зафаќа 376 километри квадратни.

Општината Кратово ја сочинуваат градот и 31 населено место: Шлегово, Приковци, Железница, Туралево, Живалево, Филиповци, Сакулица, Вакаф, Шопско Рудари, Татомир, Коњух, Пендаќ, Страцин, Трновац, Крилатица, Талашманци, Куклица, Кетеново, Тополовиќ, Горно Кратово, Не-жилово, Каврак, Кнежево, Емирица, Којково, Мушково, Куново, Луково и Близанци.

Според последната процена на населението на 30.06.2013 и 31.12.2013 според полот и возраста спроведено од Државен завод за статистика во Р. Македонија, во општина Кратово населението брои 9 564 жители од кои 20,18% се млади на возраст од 14 – 29 години, односно вкупно 1 949 лица.

Во општина Кратово работи едно основно општинско

Page 7: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

7

училиште „Кочо Рацин“. Во ОК има само едно средно општинско училиште „Митко Пенџуклиски“, кое се дели на неколку насоки: општа гимназија, природно-математичка гимназија, туризам и прехранбена технологија. Во последните 4 години, просечно во гимназијата учат околу 300 ученици.

Во ОК постојат неколку спортски објекти и тоа: 1 спортска сала, 1 стадион, 1 стадион со вештачка трева, 1 тениско игралиште, 1 мултифункционално игралиште (во с. Трновац) и 1 олимписки базен (од отворен тип и функционален на лето). Општината располага со 1 кино сала.

На територијата на општина Кратово се регистрирани и активно дејствуваат 13 младински организации, вклучително со политичките подмладоци и тоа: Црвен Крст, РРОМА, Регионален центар за одржлив развој, Екократер, КУД „Ефрем Каранов“, Здружение тениски клуб Кратово, СПМ, УМС на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, „Младинска лига на Кратово“, „Мила Сити“ и кик бокс клуб „Хај Кик“.

2.3. Анализа на состојба

Во рамки на проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики“во периодот од 24 март – 24 април 2015 година се спроведе анкетно истражување за приоритетите на младитe во Кратово. Целта на истражувањето беше да се откријат проблемите и приоритети на младите во 12 општини, вклучително и Кратово.

Истражувањето опфати прашања од следните области: формално и неформално образование, култура, спорт, вработеност, инфраструктура, односи со локални институции, здравје и вклученост во носење одлуки.

Според информациите од истражувањето наставниците не работат професионално. Во ОК учениците од некои рурални средини имаат проблем со превоз до училиште. Поголемиот дел од испитаниците го делат мислењето дека високото образование не е пристапно до секој што сака да студира.

Page 8: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

8

Поголемиот дел, односно 48% од испитаниците одговориле дека во ОК нема доволен број на обуки за докфалификација и стручно оспособување, но проблем е што младите не се заинтересирани да имаат стручно образование.

Неформалното образование е ретко застапенo и младите немаат можност да имаат неформално образование какво што сакаат (обуки, летни академии и семинари), а голем дел од младите не се ни заинтересирани да се вклучат во било какво неформално образование.

Анкетното истражување покажа дека е потребно подобрување на инфраструктрата на библиотеките и читалните, како и зголемување на книжниот фонд. Повеќе од половина од испитаниците одговориле дека во ОК има недостиг од театарски престави, кино проекции и изложбени поставки. Младите немаат можност од вклучување и организирање на иницијативи и настани од културен карактер, а исто така, не постојат можности да се обучат и стекнат со практично знаење за разни уметнички приоди.

Според резултатите од анкетното истражување, во општина Кратово има недостаток на игралишта и клубови за одредени видови спорт. Дел од испитаниците се согласуваат дека недостасуваат спортски натпревари во нивниот град, односно општина.

Во општина Кратово еден од приоритетните проблеми е недостигот од обуки за младите кои би ги зголемиле нивните работни вештини. Младите не се информирани за огласите за вработување, како и со политиките за зголемување на вработеноста подржани од страна на државата, односно со мерките за самовработување. Истражувањето покажа дека моментално не постои нешто што вистински помага за зголемување на вработеноста на младите во Кратово и тие не се во можност да си остварат сопствено место за живеење. Голем дел од младите ја напуштаат општината само поради фактот што не се задоволни од условите за живот кој таа ги

Page 9: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

9

нуди и со цел да најдат работа надвор од своето родно место. Најголемиот дел од младите, кои заминуваат на студии во друг град, не се враќаат да живеат во Кратово по завршување на студиите.

Екологијата е на многу слабо ниво. Исто така, постои лоша поврзаност на периферните делови на општината со градот и недостасува јавен превоз.

Во односот со локалните институции, истражувањето покажа дека младите немаат доверба во истите. Младите не се информирани за работата на локалните институции и услугите што тие ги нудат.

Резултатите од анкетното истражување говорат дека кај младите во општина Кратово постои недостаток на волја и зголемен степен на незадоволство. Често се склони кон пороци (дрога, алкохол и цигари), како и кон игри на среќа (кладилници). Во општината недостига сексуална едукација.

Повеќе од 52% од испатиниците одговориле дека младите во Кратово не се вклучени во носење на одлуки во училиштата. А повеќе од 68% се согласуваат дека младите не се вклучени во процеси на носење одлуки во локалните институции.

Page 10: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

10

3. Локален младински совет во Кратово

Во изманитите 15- ина години во ОК биле веќе формирани два младински совети, но за жал не опстојувале повеќе од една година. Иницијативата за основање нов и функционален совет на млади, кој ќе работи за застапување на интересите и потребите на младите во Кратово, започна во декември 2013 година со отпочнување на реализација на проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики”.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility) е реализиран од „Младински образовен форум“ - Скопје, во соработка со З „Центар за меѓукултурен дијалог“ од Куманово. Проектот се спроведе во 12 општини во Република Македонија (Центар, Чаир, Липково, Кратово, Велес, Делчево, Неготино, Струга, Битола, Кичево, Дебар и Тетово). Во ОК проектот беше раководен од З „Регионален центар за одржлив развој“.

Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Специфични цели на проектот:

• Зајакнување на капацитетите на младинските структури во 12 општини во Македонија;

• Креирање младински иницијативни групи на локално ниво заради подобрување на локалните младински политики;

• Креирање репрезентативни локални младински совети (или други форми на претставничко младинско

Page 11: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

11

организирање) во 12 општини во Македонија;• Креирање, промоција и спроведување на локални

младински политики;• Развој на младински активизам, неформално

образование и младинска работа

Проектот се реализираше во 4 фази.

Фаза 1: Креирање проектен тим и координација, мобилизирање иницијатвни младински јадра, зајакнување на капацитетите за младинско учество, активизам и работа кај членовите на иницијативните младински групи, првичен пристап кон локални самоуправи (обука), Study Visits за ИЈ, локални младински акции.

Фаза 2: Мапирање на младинските структури на локално ниво, пристап кон младинските структури на локално ниво, креирање на ИО за локално младинско организирање, зајакнување на капацитетите на ИО за локално младинско организирање, акција низ обука, иницијален пристап кон локални самоуправи.

Фаза 3: Изготовка на план за креирање локален младински совет, Кампања Денови на локално младинско вмрежување, основачко собрание на ЛМС, презентација и конференција.

Фаза 4: Јавни активности за промоција и позиционирање на ЛМС, креирање локална стратегија за млади, креирање локални коменаџмент тела , креирање на младински стратегии, промоција на стратегиите, изготовка на финална публикација

Првиот чекор за реализирање на проектот во ОК беше потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу општина Кратово и ЦИД на 25.06.2014 година.

Во мај 2014 година беше формирано Иницијативно јадро (ИЈ) за основање ЛМС, составен од 5 члена. Членовите на ИЈ во периодот од март – мај 2014 г. посетија циклус обуки и тоа за: младинско учество и младински политики,

Page 12: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

12

аргументирано изразување, лобирање и застапување, нови медиуми и интернет активизам, и организација на настан. По завршувањето на овие циклус обуки, ИЈ организираше јавен настан за промовирање на иницијативата за основање на ЛМС, кој се одржа на 27 јуни 2014 под мотото „Младите се враќаат во игра!“. Иситите тие членови имаа можност да учествуваат на студиска посета во Солун во јули, каде се запознаа со успешни приказни и работата на младинските организации во Солун и поширокиот регион.

Во меѓувреме, од 17-19 јуни 2014 во Маврово, како дел од активностите на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, беше организиран тренинг за претставниците од 12-те локални самоуправи на тема „Младински политики и младинско учество на локално ниво“.

Во втората фаза од проектот во ОК Иницијативното јадро распиша повик за основање на Иницијативен одбор (ИО), во кој членуваа по еден претставник од секоја младинска органиција во Кратово (Црвен Крст, РРОМА, Регионален Центар за Одржлив Развој, Младински Образовен Форум, УМС, СДСМ, СПМ, Ефрем Каранов и ЕКОКРАТЕР). Во текот на месеците октомври и ноември 2014 година, членовите на ИО имаа можност за градење на своите капацитети преку учество на циклус обуки и тоа за: Младински политики, младинско учество, младинска работа и волонтерство, Застапување базирано на истражувања и факти, Менаџмент, вмрежување и одржливост на здруженија на граѓани, Тренинг за локална самоуправа и Организација на настани и нови медиуми. На ден 22 декември 2014 г. во хотел „Кратис“, ИО организира јавен настан „Саем на младински успеси“ со цел промовирање на иницијативата за основање на совет на млади во Кратово. И на истиот присуствуваа околу 60- ина учесници.

Page 13: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

13

По овие активности и по претходна иницијатива на АМС, Советот на општина Кратово, донесе одлука за основање на ЛМС и беше објавен повик за пријавување на членови во тој младински совет. На ден 26.12.2014 година, Советот на општина Кратово донесе Решение за избор и именување на членови на Совет на млади во општина Кратово. Со ова решение за членови на ЛМС во Кратово беа избрани/именувани: Даниела Тодосова, Влатко Стојановски, Денис Демовски, Адријан Иванов и Петарче Златанов.

Cоветот на млади во општината ги врши следните работи:

• Разгледува прашања кои се важни за работата на Советот на млади;

• Донесува Деловник за работа на Cоветот на млади;• Го избира и разрешува претседателот на Cоветот на

млади,• Учествува во работата на Младинскиот парламент и

именува свој член во истиот;• Поднесува предлози до Советот на Општина Кратово

за идентификувани проблеми на младите на локално ниви и начини за нивно можно решавање;

• Поднесува предлози до Советот на Општина за донесување одлуки, програми и други акти за подобрување на состојбата на младите на локално ниво;

• Дава мислење по одлуки, програми и други акти кои се од надлежност на Советотот на Општина Кратово, а кои ги засегаат младите на локално ниво;

• Изработува извештати до надлежните органи за програмите на младите, а по потреба предлага и донесува Програма за решавање на проблемите, со цел подобрување на состојбата на младите на локално ниво;

• Предлага мерки за остваруавње и спроведување на

Page 14: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

14

одлуки и програми за грижа на млади;• Организира работилници, предавања, трибини,

кампањи, манифестации и други активности во врска со младинските организации од други активности во врска со младинските организации од други градови на Република Македонија;

• Советот донесува одлуки и акти врз база на правата и овластувањата утврдени со Одлуката за формирање на Советот, а ги потпишува претседателот на Советот.

• Седниците на Cоветот на млади се јавни, јавноста може да ја следи работата на Советот, но не смее да пречи во неговата работа.

• За работата на Cоветот на млади, јавноста се известува по пат на средства за јавно информирање, web страницата на општината.

На 29 мај 2015 година во хотел Кратис ЛМС во Кратово

организира јавен настан „Промоција на локален младински совет“. На посетителите на настанот беа претставени петмината членови на младинскиот совет, активностите кои претходеа на основањето на младинскиот совет, мисијата и визијата на локалниот младински совет во Кратово и идните активности.

Членовите на ЛМС од Кратово заедно со Агенцијата за вработување од Кратово и со Центарот за социјални работи – ПЕ Кратово одржаа средба со младите од градот на која беа преставени најновите мерки за вработување и самовработување и мерките за ранливите категории.

Младите и членовите на ЛМС со подршка на Градоначалникот на општината Кратово Мите Андоновски во месец јуни 2015 година направија и акција на садење на цветни и зимзелени садници на неколку локации во градското

Page 15: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

15

подрачје како и санација и фарбање на клупите за седење во центарот на градот.

Визија на ЛМС:

Младите се активни и моќни иницијатори кои влијаат на одлуките на локалната самоуправа во насока на остварување на своите интереси.

Мисија на ЛМС:

ЛМС е репрезентативно тело на младите во Кратово, кое се залага за социо –економска интеграција на младите и нивно признавање како значаен фактор за обнова и развој на општината.

ЛМС ќе работи на постигнување на овие цели преку спроведување на активистички инцијативи, застапување за квалитетни младински политики, јакнење на капацитетите на младите и младинските форми на организирање и посредување помеѓу локалната самоуправа и младите

Page 16: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

16

4. СТРАТЕГИСКИ ПРИОРИТЕТИ

4.1. Образование

Релевантноста на овој приоритет произлегува од причина што образованието е обединувачка алка на сите останати сегменти од животот на младите луѓе и од кој најмногу зависи развојот, просперитетот и интегритетот на секоја личност во едно општество.

Цел на овој стратешки приоритет е градење на капацитети кај младите преку афирмирање на неформалното образование во општина Кратово со организирање на поголем број обуки, летни академии, курсеви за стручно оспособување и сл.

4.2. Култура

Културата е значаен стратешки приоритет затоа што културата, односно културното изразување може да допринесе во изградувањето на младите луѓе во активни чинители и учесници во јавниот живот. Резултатите од истражувањето покажаа дека во општина Кратово културните настани се реткост, а тоа води кон апатија и незаинтересираност на младите кон било каква културна пројава.

Цели на овој стратешки приоритет се:

1. Збогатување на културни манифестации наменети за млади

2. Изнаоѓање и развивање на механизми за одржување и реализација на активности на КУД во Кратово

3. Стимулирање на културни навики кај младите преку организирање на разни културни фестивали и работилници

Page 17: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

17

4.3. Односи со локалната самоуправа

Од истражувањето се заклучува младите од Кратово се незаинтересирани за работата на локалните институции, што резултира со мала соработка на младите со локалните јавни институции за задовлување на младинските интереси и потреби.

Цели на овој стратешки приоритет се:

1. Сериозен пристап на јавните локалните институции кон идеите и барањата на младите

2. Зголемување на информираноста на младите за работата и услугите кои ги нудат јавните локални институции

4.4. Младинско вработување

Во последните десетина години општина Кратово се соочува со тенденција на рапидно иселување на луѓето од сите возрасни групи во потрага по подобри егзистенцијални услови. Резултат на овој тренд е демотивираност на младите луѓе да останат да живеат во Кратово. Една од главните причини за оваа состојба е тоа што моментално не постои нешто кое вистински помага да се зголеми вработеноста кај младите во Кратово.

Цели на овој стратешки приоритет се:

1. Насочување на младите за правилен избор на образовен профил соодветно на дефицитарните работни места,

2. Охрабрување и стимулирање на младите за започнување и реализирање на сопствени бизнис идеи

Page 18: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

18

4.5. Спорт

Стратешкиот приоритет поврзан со спортот е поставен како резултат на истражувањето спроведено со кое се утврди дека постои недостаток на игралишта за сите спортови, а исто така постои недостаток на спортски клубови.

Цели на овој стратешки приоритет се:

1. Подобрување на координација и соработка помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот и спортските клубови

2. Поттикнување на младите во вклучување на различни спортски активности.

Page 19: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

19

АКЦИСКИ ПЛАН 2015 – 2016

Page 20: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

20

1.Приоритет:Образование

Цели Активности Резултати ИндикаториОдговорно

лице/институција

Време на реализирање

1. Градење на

капацитети кај младите,

посебно на меки и стручни

вештини, преку

неформално образование

1.Еднодневни работилници

за меки и стручни

вештини, преку

неформално образование

Едуцирани млади

во разни области

Број на аботилници,

учесници, сертификати

ЛМС и ОКНоември

2015 – април 2016

2.Тренизи и семнари за меки и стручни

вештини, преку

неформално образование

Поголеми познавања на младите од различни

теми од формалното образование

Број на одржани

семинари и тренинзи од

млади

ЛМС и ОКНоември

2015 – април 2016

3.Летни курсеви во разни области

Јули – август 2016

Приоритет: Култура

Цели Активности Резултати ИндикаториОдговорно

лице/институција

Време на реализирање

Page 21: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

21

3.Стимулирање на културни навики кај младите преку организирање на разни културни фестивали и работилници

Вклучување на млади како волонтери во организација на настани рганизирани од страна на општината

-Зголемена ангажираност и посветеност на младите во организација на јавниот културен живот

- Зголемена посетеност на различните културни настани од страна на млади

-Број на волонтери -Медиумски објави

ОК, ЛМС, Дом на култура, НВО, ООУ, СОУ

2015-2016

Збогатување на програмите на фестивалите ијавните настани со репертоар интересен за млади (актуелни бендови, промоција на новикниги,урбани културни настани и сл.)

2015-2016

2.Зголемување на информираноста на младите за работата и услугите кои ги нудат јавните локални институции

1.Организирање информативни средби за работа на локалните институции

Прв и втор квартал од 2016

2.Одржување на панел дискусии со учесници од сите засегнати страни

Page 22: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

22

Приоритет:Младинско Вработување

Цели Активности Резултати ИндикаториОдговорно

лице/институција

Време на реализирање

1. Насочување на младите за правилен избор на образовен профил соодветно на дефицитарни работни места

1.Спроведување на истражување за пазаротна трудот на локално и регионално ниво

-Зголемен фонд на информации за дефицитарни работни места

- Зголемен број на млади запишани во средни и високи училишта за кои постои поголема потреба на пазарот на труд

-Зголемена вработеноста на младите во ОК

-Број на вработени млади во 2016

-Број на отворени сопстевни бизниси од млади

ЛМС, АВРМ, ОК

Четрвт квартал од 2015

2.Афирмирање на дефицитарни професии преку организирање на кампањи, трибини и работилници.

Прва половина од 2016

2.Охрабрување и стимулирање на младите за започнување и реализирање на сопствени бизнис идеи

1. Информативни средби на младите со АВРМ за политиките на самовработување спроведени од државата

Прв кватрал од 2016

Втор кватрал од 2016

2. Кампањи за промоција на можностите за вработување со АВРМ

Page 23: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020

Локална младинска стратегија Кратово 2015-2020

23

Приоритет:Младинско Вработување

Цели Активности Резултати ИндикаториОдговорно

лице/институција

Време на реализирање

1. Насочување на младите за правилен избор на образовен профил соодветно на дефицитарни работни места

1.Спроведување на истражување за пазаротна трудот на локално и регионално ниво

-Зголемен фонд на информации за дефицитарни работни места

- Зголемен број на млади запишани во средни и високи училишта за кои постои поголема потреба на пазарот на труд

-Зголемена вработеноста на младите во ОК

-Број на вработени млади во 2016

-Број на отворени сопстевни бизниси од млади

ЛМС, АВРМ, ОК

Четрвт квартал од 2015

2.Афирмирање на дефицитарни професии преку организирање на кампањи, трибини и работилници.

Прва половина од 2016

2.Охрабрување и стимулирање на младите за започнување и реализирање на сопствени бизнис идеи

1. Информативни средби на младите со АВРМ за политиките на самовработување спроведени од државата

Прв кватрал од 2016

Втор кватрал од 2016

2. Кампањи за промоција на можностите за вработување со АВРМ

Приоритет: СпортЦели Активности Резултати Индикатори Одговорно

лице/институции

Време на реализирање

1.Подобрување на координација и соработка помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот и спортските клбови

1.Креирање на мрежа за подршка на спортските активности во Кратово 1.Креирање на мрежа за подршка на спортските активности во Кратово

-Подобрена комуникацијата меѓу засегнатите страни

-Број на подржувачи на мрежата за подршка на спортските активности во Кратово

-Број на членови во спортските клубови и здруженија

ЛМС, ОК, Спортски друштва, приватен сектор, НВО, ООУ, СОУ

Четрвт квартал од 2015

2.Организрање на мали олимписки игри на локално ниво

Трет квартал од 2016

1.Едукација за значењето на спортскиот живот

Втор квартал од 2016

2.Поттикнување на младите во вклучување во различни спортски активности

2.Лобирање за обезбедување на поволни цени за спортување на ученици во спортските објекти (теретани, тениски клуб, базен и сл.)

-Зголемен број на млади во општината кои спортуваат

-Намалени услугите за младите во различните спортски клкубов

2015-2016

3.Поддршка на младите луѓе кои покажуваат посебен талент во одреден спорт

2015 -2016

Page 24: Локална Младинска Стратегија на град Кратово 2015 – 2020