12
Вовед Во Собранието на Р Македонија, од страна на група пратеници, беше предложено донесување на Закон за донации и за спонзорства во јавните дејности. Исто така, Министерството за правда на Р Македонија, работи на Измени и дополнувања на Законот за здруженија на граѓани и фондации. Со цел да овозможи поголемо вклучување на граѓаните/ граѓанските организации и експертите во процесот на изготвување на овие закони, а во насока на подобрување на текстовите на истите, Граѓанската асоцијација МОСТ подготви компаративен преглед со некои странски држави. Во овој преглед дадени се одговори на прашањата: - Кои тела одлучуваат за статус Јавен интерес? - Што е јавен интерес (дефиниција)? - Кои се бенефитите за организациите од јавен интерес? Во прегледот разгледани се најкарактеристичните примери, со цел да се обезбедат што повеќе информации како би можеле овие прашања посоодветно да бидат регулирани во нашето законодавство. Тела кои донесуваат одлука за статус Јавен интерес Кој одлучува чија организација се квалификува за статус на организација која врши дејност од јавен интерес?! Што ако на некој му се дозволи дискреционо овластување при донесување на одлуката за квалификација за статус организација со дејност од јавен интерес? Овие прашања имаат импликации врз регулирањето на статусот на организациите од непрофитниот сектор. Комисијата која одлучува во најголем број земји има овластување да додели или да го отповика статусот “јавен интерес“, но во некои земји истата има овластување да врши и супервизија и поддршка во работењето на организациите од јавен интерес. Со доделувањето статус на организација од јавен интерес комисијата и одобрува на организацијата различен правен третман – третман кој ги повлекува со себе двете последици: бенефиции (вообичаени даночни ослободувања) и обврски (многу построги сметководствени регулативи). Не постои еден точен одговор на прашањето: Кој одлучува за статусот јавен интерес? Всушност земјите имаат усвоено различни пристапи. 1. Во некои земји, овие овластувања се дадени на даночните власти, или оваа овластување го има Владата или судските власти (пр. Министерство за правда). Овие земји немаат законски предвидена форма “организација јавен интерес”, туку даночните власти само определуваат која организација има 1

Komparativen Pregled Za Javen Interes

  • Upload
    ahmetis

  • View
    118

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

javen interes

Citation preview

Page 1: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Вовед

Во Собранието на Р Македонија, од страна на група пратеници, беше предложено донесување на Закон за донации и за спонзорства во јавните дејности. Исто така, Министерството за правда на Р Македонија, работи на Измени и дополнувања на Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Со цел да овозможи поголемо вклучување на граѓаните/ граѓанските организации и експертите во процесот на изготвување на овие закони, а во насока на подобрување на текстовите на истите, Граѓанската асоцијација МОСТ подготви компаративен преглед со некои странски држави.

Во овој преглед дадени се одговори на прашањата:- Кои тела одлучуваат за статус Јавен интерес?- Што е јавен интерес (дефиниција)?- Кои се бенефитите за организациите од јавен интерес?

Во прегледот разгледани се најкарактеристичните примери, со цел да се обезбедат што повеќе информации како би можеле овие прашања посоодветно да бидат регулирани во нашето законодавство.

Тела кои донесуваат одлука за статус Јавен интерес

Кој одлучува чија организација се квалификува за статус на организација која врши дејност од јавен интерес?! Што ако на некој му се дозволи дискреционо овластување при донесување на одлуката за квалификација за статус организација со дејност од јавен интерес?

Овие прашања имаат импликации врз регулирањето на статусот на организациите од непрофитниот сектор. Комисијата која одлучува во најголем број земји има овластување да додели или да го отповика статусот “јавен интерес“, но во некои земји истата има овластување да врши и супервизија и поддршка во работењето на организациите од јавен интерес.

Со доделувањето статус на организација од јавен интерес комисијата и одобрува на организацијата различен правен третман – третман кој ги повлекува со себе двете последици: бенефиции (вообичаени даночни ослободувања) и обврски (многу построги сметководствени регулативи). Не постои еден точен одговор на прашањето: Кој одлучува за статусот јавен интерес? Всушност земјите имаат усвоено различни пристапи.

1. Во некои земји, овие овластувања се дадени на даночните власти, или оваа овластување го има Владата или судските власти (пр. Министерство за правда).

Овие земји немаат законски предвидена форма “организација јавен интерес”, туку даночните власти само определуваат која организација има даночни привилегии врз основа на своите цели и активности. Државите од Европската унија кои го имаат прифатено овој вид на регулатива се Данска, Финска, Германија, Грција, Ирска, Холандија и Шведска.

Во Данска на пример даночните власти објавуваат годишна листа на организации кои се квалификувале за статусот “јавен интерес”. Во Финска статусот се доделува за рок од 5 години од Националната управа за јавни

1

Page 2: Komparativen Pregled Za Javen Interes

приходи. Во Германија, локалните даночни власти се одговорни за доделување на статусот и за верификација на мерките за продолжување на статусот на секои три години. Во Холандија не постои доделување ex oficio на статусот, но невладините организации можат да го побараат тоа, бидејќи истиот е важен за даночни ослободувања кога станува збор за поголеми донации. Даночните власти имаат усвоено прецизни одредби за апликантите со цел да се обезбеди транспарентност и одговорност. Во Бугарија, Министерството за правда, поточно Централниот регистар е одговорен за сертификација и супервизија на регулациите за јавен интерес. Апликацијата и документите се поднесуваат до Централниот регистар преку министерството. Во случај регистрацијата да биде одбиена, апликантот може во рок од 14 дена да се жали до Второстепената владина комисија.

2. Најголем број земји сепак го имаат усвоено вториот моделот или пак вршат измени и дополнувања во таа насока, со цел формирање на независна комисија која одлучува за оваа прашање.

Најстар и најпозната пример на независна комисија е “Charity Commission of England and Wales“. Покарактеристичен е и моделот од Молдавија каде со Законот за асоцијации од 1996 година е основана “Certification Commission“, овластена за доделување на статусот “организација со дејност од јавен интерес“.

3. Третиот подвид е “Public benefit commission“ во Ерменија, каде владината комисија врши само класификација на проектите од јавен интерес, а не и на организации од јавен интерес.

4. Четвртиот подвид го претставуваат Полска и Латвија. Полска со Законот за организации од јавен интерес од 2003 основа Совет, кој претставува советодавно тело кое дава мислење, предлози и поддршка на Министерот за труд и социјални работи кој е одговорен за донесување на одлука. Исто така, Латвија со Законот за организации од јавен интерес основа Комисија која претставува советодавно тело на Министерот за финансии, кој е овластен да донесе одлука.

Англија и Велс

,,Charity Commission of England & Wales” ја регистрира добротворната организација ако го положи законскиот тест за добротворност. Во тој случај регистрацијата е законско право, но и обврска на Комисијата. Оваа Комисија е најдобар пример на независна комисија. Комисијата е автономен државен орган кој има посебен правен субјективитет и е основан со посебен статус (Charities Act 1993). Таа во своите овластувања и обврски е независна од контрола и директиви на Владата.

Комисијата е составена од претседател и од четири до осум членови. Тие се именувани од Home Secretary. За да се обезбеди интегритет и независност при јавното именување, предлозите се проверуваат од Агенцијата за јавно именување (независна јавна канцеларија). Министерот е задолжен да се осигура дека именуваните членови имаат добро познавање на Законот за донации и спонзорство, сметководство и финансирање во делот на донации и спонзорство и операции и регулативи при донирањето. Најчесто комисијата е составена од двајца членови кои треба да бидат квалификувани адвокати, еден бизнисмен и двајца од непрофитниот сектор. Законот предвидува строги одредби за заштита од судир на интереси.

2

Page 3: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Комисијата е одговорна пред судовите, и единствено одговара за успешното користење на јавните финансиски извори и пред Владата. Во драфтот на Charities Bill содржан е предлог за основање Charity Tribunal, кој ќе одлучува по жалбите на одлуките на Комисијата.

Регистрацијата е основна дејност на комисијата, таа врши детерминација дали асоцијацијата има намера да врши дејност од јавен интерес, како што е дефинирано во законот, дали располага со средства од јавен интерес и дали обезбедува независност во дистрибуцијата на законските средства.

Во законот се дефинирани следниве цели на Комисијата: Зголемување на јавната доверба во донирањето; Зголемување на јавното разбирање за донирање средства за услуги од

јавен интерес; Промовирање на услужност со помош на законски средства за контрола

и менаџирање на донациите; Промовирање на ефикасност во користењето на донаторските средства; Поттикнување на одговорност при донирањето;

Заради остварување интегритет и ефикасност при донирањето комисијата врши супервизија на услугите со законски предвидени средства со цел да се превенира и сузбие незаконското менаџирање и злоупотреба. Овие цели комисијата ги остварува и со:

Овозможување донациите да го максимизираат својот ефект; Обезбедување услужност со законски обврски; Стимулирање на иновативност и ефикасност; Наградување на работата во непрофитниот сектор.

Законот ги предвидува следниве функции на комисијата: Детерминирање дали асоцијацијата е добротворна; Стимулирање подобрување во администрацијата; Идентификација, истрага и сузбивање на законските злоупотреби; Издавање на јавни публикации со колекција од сертификати на

асоцијациите кои вршат дејност од јавен интерес; Советување за менаџирање во непрофитниот сектор.

Детерминирањето на статусот “Јавен интерес” во законот не е извршен со точна дефиниција. Предвиден е сет од дефиниции за донаторски услуги од јавен интерес, со кои е дадена законска рамка врз основа на која комисијата е одговорна да одлучи дали асоцијацијата има намера да дава услуги од јавен интерес. Доколку организацијата ги исполнува условите може да изврши регистрација.

Молдавија The Certification Commission of Moldova е класичен пример на

законодавствата од Источна Европа. Таа е одговорна за сертификација на непрофитните организации – асоцијации, фондации, како организации од јавен интерес. Иако е замислена како независно тело, нејзината независност е ограничена, бидејќи од една страна властите учествуваат во именувањето на нејзините членови, а од друга страна реформите не отишле до таму да се создаде една кохерентна законска регулатива за јавниот интерес. Законски не се предвидени бенефити и преференции за организации од јавен интерес.

Комисијата е составена од 9 членови, од кои по тројца се избрани од страна на Претседателот, Парламентот и Владата на Молдавија. Секоја институција користи свој посебен механизам на именување, притоа во секоја

3

Page 4: Komparativen Pregled Za Javen Interes

група од тројца именувани од една институција, треба по еден да биде именуван од претставниците на јавните асоцијации. Ваквиот мешан состав на комисијата е со цел да се обезбеди независност од владата и политичкиот процес. Комисијата има развиен систем на контрола, но не постои обврска за поднесување на извештај. Законот исто така не предвидува одредби за разрешување на случаите на судир на интереси.

Основна цел на комисијата е да ги прегледа и оцени апликациите за статус “јавен интерес”. Комисијата е овластена да ги преземе следниве активности:

Сертификација на невладините организација како организација од јавен интерес;

Публикација на Регистар на организации од јавен интерес; Прима и проверува петиции од физички и правни лица поврзани со

компетенциите на Комисијата.

Според Законот за Асоцијации, организацијата се регистрира како асоцијација од јавен интерес, ако основна дејност и е една од следниве активности:

Заштита на човекови права; Подржување на образование, тренинг и развивање на вештини и

знаење; Здравствена заштита; Социјална заштита; Промоција на култура; Поддршка на уметноста; Поддршка на аматерскиот спорт; Заштита од природни катастрофи; Заштита на животна средина; И други активности од јавен интерес.

Листата на дејности од јавен интерес има отворен крај со што на Комисијата и се остава дискреционо овластување за препознавање на нови активности од јавен интерес. Комисијата дава сертификација на асоцијацијата ако предоминантна дејност и е една или повеќе од активностите наведени во листата.

Комисијата нема овластување да врши интерна контрола во асоцијацијата. Но има овластување за време на аплицирањето, а пред да донесе одлука да го посети апликантот за да ја потврди веродостојноста на податоците презентирани во апликацијата. По однос на прашањето за суспензија на статусот асоцијација со дејност од јавен интерес, законот не е прецизен, и не ја предвидува точната законска процедура.

Ерменија“The Armenian Governmental Commission” не е дизајнирана како

независна комисија, напротив, целосно е контролирана од Владата. Сите членови се именувани од Премиерот. Законот не предвидува потребни квалификации за да се стане член на Комисијата, но со уредба на Владата е уредено дека како член може да биде именуван државен службеник, претставник на меѓународна хуманитарна организација или познати донатори. Законот не предвидува судир на интереси. Практиката покажува дека мнозинството се државни службеници (19 членови), а другите се од редот на непрофитните организации и фондации (5 членови) и религиозни организации (3 членови). Таа е надлежна да врши квалификација на проектите кои се од јавен интерес. Организациите чии проекти ќе се квалификуваат и добијат

4

Page 5: Komparativen Pregled Za Javen Interes

статус на проект од јавен интерес, имаат даночни бенефити само во рамка на проектот.

Само непрофитните организации имаат право да аплицираат со свои проекти. Непрофитните организации се дефинирани како “правни лица кои можат да бидат регистрирани во форма на здруженија на граѓани, фондации или непрофитни унии од правни лица”. Комерцијални организации можат да вршат добротворни активности, но без даночни бенефиции.

Законот ги дефинира добротворните организации како некомерцијални организации, кои даваат услуги од јавен интерес. Законот не предвидува, регистрација, сертификација и други правни форми и барања за добивање статус на “јавен интерес”.

Основна цел на Комисијата е да ги координира донаторските програми и да врши надзор над работата на непрофитните организации во реализација на програмите. За остварување на овие цели таа ги има следниве функции:

Квалификација на програми од јавен интерес; Суспендирање на статусот програма од јавен интерес; Детерминирање на кругот на добра и услуги поврзани и неопходни за

имплементација на програми од јавен интерес; Формирање и ажурирање на регистри на програми од јавен интерес и

услуги од страна на волонтери кои имаат статус на јавен интерес. Мониторинг над имплементирањето на програмите од јавен интерес со

примање на задолжителни извештаи за активностите; Утврдување на рокови во кои донациите можат да бидат употребени; Преземање на мерки за подобрување на ефикасноста во

имплементирањето на донаторските програми; Обезбедување на јавност на донаторските програми;

Комисијата врши надзор над работењето на организациите кои вршат програми од јавен интерес. Надзорот се врши врз основа на годишните извештаи кои се испраќаат до Комисијата. Таа нема овластување да изврши интерна контрола, ова овластување е во надлежност на даночните власти и трудовата инспекција, но информациите добиени од интерните контроли се доставуваат до Комисијата. Организациите имаат законска обврска да поднесуваат до Комисијата годишни извештаи со следнава содржина:

Потрошени средства и други ресурси; Извештај за финансиско работење на организацијата; Управувачки органи; Содржина на програмата од јавна корист; Резултати од активностите на организацијата на програмата; Незаконитости утврдени за време на инспекцијата и мерките преземени

за елиминација.

Комисијата не дава ниту консултативна, ниту директна асистенција на организациите кои ги имплементираат проектите. Комисијата може да го отповика или суспендира статусот на проектот, ако после писмената опомена организацијата продолжува да ги повредува одредбите на законот.

Дефиниција на Јавен интерес

Прво, основно е точно да се наведат дејностите кои ќе служат како општо добро. Тоа е секоја законска активност кој ги подржува или промовира една или сет од повеќе цели предвидени во законот. Следнава листа ги содржи дејностите кои ги предвидуваат законите во повеќето европски земји:

5

Page 6: Komparativen Pregled Za Javen Interes

аматерски спорт; уметност; заштита и помагање на физички или ментално хендикепирани лица; помагање на раселени; граѓански или човекови права; заштита на потрошувачи; култура; демократија; екологија и заштита на животната средина; образование, едукација, тренинг и просвета; елиминација на законски форми на било кој вид на дискриминација; елиминација на сиромаштија; заштита на историски споменици; помош во природни и хуманитарни катастрофи; медицинска заштита; заштита на деца, млади и безперспективни лица; заштита и грижа за ретки видови на растителни и животински видови; религија; наука; општествена кохезија; социјален или економски развој; социјални вредности; и други дејности кои го помагаат и промовираат јавниот интерес.

Се разбира оваа листа е премногу екстензивна за секоја земја. Земјите го дефинираат јавниот интерес кои ги рефлектираат нивните потреби, вредности и традиција. Во Холандија, на пример, како дејности од јавен интерес предвидени во даночното право се религијата, филозофија на живеење, добротворност, наука и јавна корист. Германското даночно право ги вклучува следниве дејности: грижа за јавното здравје, општата благосостојба, заштита на животната средина, образование, култура, аматерски спорт, наука, грижа за лицата кои не можат самите за себе да се грижат и црквата и религијата. Во Франција, даночното право за дејности од јавен интерес ги предвидува: асистенцијата на луѓе на кои им е неопходна, бидејќи не можат самите за себе да се грижат; наука или медицински истражувања; аматерски спорт; уметност; заштита на животната средина и заштита на француската култура.

Некои имаат и негативна дефиниција, односно ги предвидуваат дејностите или целите кои се исклучуваат од можноста да се квалификуваат како дејност од јавен интерес. Рестрикциите најчесто се однесуваат на политичките и легислативни активности, како лобирање и политичка кампања (пр. Унгарија). Други земји на пример ја исклучуваат религијата како дејност од јавен интерес.

Второ, многу држави на крај предвидуваат одредба “и други дејности” со што се алудира секако на дејност од општо добро. Ова е ефикасен начин да се осигура дека точно наведените дејности од јавен интерес нема рестриктивно да се толкуваат, и обезбедува флексибилност со оглед на честите промени на социјалните услови. Но, овој начин може да предизвика и проблем во дополнување на нови дејности од јавен интерес, па многу по ефективно би било решението во англиското законодавство каде постои одредба “и други активности кои се детерминирани како поддршка и заштита на јавниот интерес”.

6

Page 7: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Трето, многу земји настојуваат организациите кои се креирани и работат, принципиелно на дејности од јавен интерес, точно да ги дефинираат. Организацијата е регистрирана принципиелно за вршење дејности од јавен интерес, кога со основачките документи, се лимитирани само на можност за вршење на дејности од јавен интерес. Организацијата врши дејност од јавен интерес, кога тие навистински, принципиелно, се дејности од јавен интерес. Критериуми се разликуваат од држава до држава:

Во Холандија одлучувачки фактор е кругот на потенцијалните бенефиции. Ако активностите во организацијата ги вршат премногу рестриктивна група на луѓе, кои на пример и припаѓаат на една фамилија, тогаш организацијата не е пожелна да го добие статусот организација со дејност од јавен интерес. Ако организацијата врши и други дејности, тогаш може да добие статус, доколку повеќе од 50% од сите активности се од јавен интерес. Во Франција за да може една организација да се стекне со статусот потребно е да врши најмалку една активност која со закон е дефинирана како јавен интерес, и притоа во организацијата да работат поголема, недефинирана (општа) група од индивидуалци. Во Грција, за организацијата да го добие статусот мора најмалку 3 години да врши активности кои се дефинирани како јавен интерес. Во Германија е предвидено дека организацијата која прима даночни олеснување врши дејности од јавен интерес ексклузивно, директно и несебично (без други интереси). Во Полска организациите, меѓу другото, треба да ги исполнуваат следниве услови:

Во своите статутарни активности за целна група да ја имаат целата заедница, или потесно дефинирана група на социјален и финансиски понизок стандард во живеењето, но со водење сметка истата да не биде дискриминирана;

Активности од јавен интерес се само статутарните активности на организацијата, а не и индивидуални активности на членови на организацијата;

Да не вршат економски активности, или истите да се лимитирани на остварување на статутарните дејности;

Вкупниот приход да се алоцира во насока на остварување на дејностите од јавне интерес.

Бенефити за организациите од Јавен интерес

За да има вистинско значење добивањето на статусот “организација од јавен интерес“, овој статус мора да обезбедува државни бенефити во насока на постигнување на одржливост на организациите. Типични државни бенефиции се даночните олеснувања на приходите на организациите, даночно поттикнување за донаторите на организациите и олеснувања на ДДВ. Организациите со дејност од јавен интерес исто така можат да примаат субвенции или грантови, и да имаат преференцијален третман, секако при договорите со Владата. Како и да е добивањето на бенефити треба да биде поврзано со регулативите од законот, кои се однесуваат на организациите со дејност од јавен интерес.

Прво, најзначаен бенефит секако се даночните олеснувања. Тие може да бидат во различна форма и обично се достапни само за приходот кој е искористен за поддршка на цели од јавен интерес. Следниве категории на приход може да бидат ослободени од даночење:

Приход од грантови, донации и членарини;

7

Page 8: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Приход од економски активности; Приходи од инвестиции; Даноци од недвижнини; Даноци од подароци; Данок на додадена вредност.

Второ, даночните поттикнувања за индивидуалците и корпорациите за донирање во организациите од јавен интерес, се круцијални за охрабрување на приватната филантропија во поддршка на активностите од јавен интерес. Како даночни поттикнувања може да се користат и формите на даночно кредитирање, или, уште потипични се формите на даночни дедукции. Основно е дека даночните поттикнувања, кои се поврзани со статусот, се однесуваат единствено на организацијата од јавен интерес или за точно наведената активност од јавен интерес, во кој примателот е вклучен. Во Франција и Германија како за пример, допуштено е само на организациите од јавен интерес да примаат донации со даночни олеснувања.

Трето, државата може исто така да предвиди и други форми на поддршка на организациите од јавен интерес, вклучувајќи го следново:

Повеќе извори на грантови, вклучувајќи ја Националната лотарија, која е способна дури и ексклузивно и многу полесно да донира (Велика Британија);

Организациите од јавен интерес имаат право неограничено да ги користат плодовите од недвижностите кои се во државна или во сопственост на локалните самоуправи (Полска);

Корисниците на услуги од организациите од јавен интерес се ослободени од персоналниот данок за висината на вредноста на примената на услугата;

Даночен третман на донациите во Велика Британија

1. Индивидуални даночни олеснувања

А) Данок од дарВо законодавството на Велика Британија е предвидено дека за даночно

олеснување може да аплицира секоја донација, без разлика дали е голема или мала, дали е редовна или еднократна, но секако истата треба да биде во рамките на законските одредби, во спротивно може да биде ревидирана на суд и вратена на донаторот.

Во законодавството на Велика Британија не постои законска обврска за донаторите да декларираат дека донацијата сакаат да биде третирана како донација за која е предвидено даночно олеснување, а во случај таа да ги исполнува условите за даночни олеснувања, ex officio донаторот ќе биде известен за можноста за олеснување при оданочувањето.

За донаторите е предвидена можност донацијата да ја склучат и по пат на интернет (потоа се враќа во електронски запис на донаторот за потврда за донирањето). Донаторите можат да потпишат и декларација во писмена форма за серија од идни или претходни донации. Не постои ограничувања со горен или долен лимит на донациите. На донациите во дејности од јавен интерес се поставува долен, минимален лимит, со цел да може да се покријат трошоците поврзани со повратот на данокот.

8

Page 9: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Износот на донацијата е разликата на сумата после оданочувањето со основната стапка, и направената дедукција во висина на даночното олеснување. Донаторите кои веднаш извршиле плаќање на данокот по повластената стапка ги завршиле сите процедури, додека оние кои извршиле плаќање по повисока стапка, дополнително треба да вршат поврат во висината на ослободувањето.

Постојат одредби кои ја лимитираат висината на сумата како бенефит која донаторите можат да ја повратот од својата донација.

Б) Персонален данок на доходЗаконското решение ја предвидува вработените да го овластат својот

работодавец за висината на сумата намената за донацијата, и организацијата на која треба да биде префрлена истата. Исто така треба да го овластат и за да изврши дедукција од персоналниот данок, во висина на предвиденото законско олеснување за донациите кои се од јавен интерес. Бидејќи донациите се дедуктирани пред вкалкулирање на персоналниот данок од доход, вработените ги добиваат сите даночни олеснување на стапката на оданочување врз основа на персоналниот данок на доход, без да има потреба од вршење на поврат од уплатен данок.

Не постои минимален ниту максимален лимит на износот на донациите.

В) Данок на капитална добивкаВо законодавството на Велика Британија е предвидено и олеснување на

данокот на капитална добивка, за донациите кои се дадени од екстра профитот, а се пресметува според пазарната вредност на хартиите од вредност на денот на донирањето, плус трансфер трошоците на донаторите. Постои и размислување олеснувањето за донаторите кои донираат од своите капитални добивка да се врши врз основа на олеснувањата предвидени на данокот од дар, при што ќе се пресметуваа вредноста на донацијата плус трошоците за трансфер.

Г) Данок на наследствоТестаменталното донаторство во дејности од јавен интерес во готовина

или во вид на имот, генерално, целосно е исклучено од оданочување со законот за данок од наследство.

2. Даночни олеснувања за компании

А) Донации во готовинаКомпаниите имаат целосно даночно олеснување за донациите во

готовина. Некои донирања од компаниите (спонзорства) може да се третираат како дозволени трошоци на компаниите (ако се целосно и ексклузивно направени со цел зголемување на потрошувачката на сопствените производи) и се дедуктираат кога се пресметува профитот за оданочување.

Компаниите исто така имаат даночни олеснувања за донациите во готовина врз основа на Gift Aid*. За компаниите важат даночните олеснувања, ако донациите не се направени со намера за злоупотреба на даночните олеснувања.

*Закон за корпорациски и данок од приход 1988

9

Page 10: Komparativen Pregled Za Javen Interes

Б) Донации во материјални добраДонациите во опрема и потрошни стоки подлежат на даночни

олеснувања. Компаниите исто така ги следуваат олеснувања за сите трошоци за вработените кои се помошници во реализирање на донациите.

В) Нови даночни олеснувања за донациите од акцииКомпаниите имаат корпорациски даночни олеснувања за донациите во

котирани акции и удели. Олеснувањата се дел од олеснувањата на корпорацискиот данок од добивка за донации во акции и удели.

Г) Донирање во дејности од јавен интерес во други државиПредмет на даночно олеснување може да биде “било кое лице или

компанија, која е основана за донирање во јавен интерес (добротворно)”. Со случајот Camille and Henry Dreyfus Foundation inc. versus Inland Revenue Commissioners е уредено дека “основано“ (established) значи, основано во Велика Британија, односно дека само корпорациите и друштвата основани во Велика Британија се субјекти под јуриздикција на судовите во Велика Британија. Донациите во јавни интереси во други држави не се погодни за даночни олеснувања, како што може да се заклучи од погоре кажаното. Но постојат размислувања дека треба да биде нотирано дека активностите во јавен интерес во Велика Британија не треба да бидат држени во границите на Велика Британија.

2. Укинување на договорната шема за донирање

“The Deed of Covenant” шемата која егзистирала многу години, се покажала како ефикасен метод за донирање. Истата не само што укажува на олеснителните стапки на оданочување, туку дава овластување да може да се изврши поврат на повисоко платениот данок, иако за истото нема формално барање. Било која сума која е исплатена како донација, преку “Deed of Covenants”, подлежи на даночно олеснување ако се донира редовно повеќе од три години. Даночната регулатива предвидува период од три години за легализирање на фиксните добротворни донации.Не постои минимален или максимален лимит за висината на сумата која е донирана. “The Deed of Covenant” шемата може да биде многу комплексна. Како на пример, плаќањето на данок може да биде врзано со голем број на законски формалности, и некои даночни регулативи, кои беа доразвиени со судски прецеденти и статутарни правила, кои можат да бидат тешки за разбирање и применување. Промената на “The Deed of Covenant” шемата како механизам за ефикасно донирање, заедно со новиот “Gift Aid” шема за донирање се големи придобивки во насока на поедноставување и модернизирање, како и создавање на ефикасни методи на донирање. “The Deed of Covenant” шемата имала големо значење за охрабрување, и добивање на доверба во донирањето.

Како и да е, во дебатата за така наречената демократизација на донирањето, Владата убедува дека “The Deed of Covenant” е застарен, анахрон и недостапен за многу донатори, и дека го редуцира изборот на донаторите за донирање и дава лош впечаток за донаторството воопшто. Студија за донаторството во Велика Британија покажала дека 51% од луѓето донирале мали суми на пари (помали од 50 фунти годишно), и дека сепак мал броја на луѓе, 4%, донираат повеќе од половината во овој сектор од јавен интерес. Инаку, студијата покажала дека само 10% од популацијата всушност донирала

10

Page 11: Komparativen Pregled Za Javen Interes

на регуларна основа. Во спротивност на “The Deed of Covenant”, новата Gift Aid шема овозможува полесно донирање и на малите и на големите донатори, и е достапна и за редовните донации и еднократните донации.

*Свечено потпишан договор за постапката за даночно олеснување за регуларните донации

11