7

FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Take a look at the latest Fashion Weekend Skopje AW 14/15

Citation preview

Page 1: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW
Page 2: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

Јован Петровски Десеттото издание на Моден викенд Скопје , на 23 октомври 2014 година, го отвори ревијата на Јован Петровски кој последните неколку години гради успешна кариера на Тајланд . Вечерта ги презентираше колекциите од луксузните брендови „SQUIRE“ и „BLACKOUT“, во мултимедијалниот центар „Мала Станица“.

арт ограда - изложба на отворено Изложбата е составена од 16 големи пано-фотографии од креациите на модните дизајнери-учесници на десеттиот Моден викенд Скопје, поставена на оградата на „Архив на Град Скопје“, односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди во општината Карпош. Проектот е организиран во соработка со Општина Карпош, поддржано од „Теа модерна“. Фотографиите ќе можат да се видат се до 22 ноември, 2014 година.

Јована ФилиПовиќ Поддржанo од Bauerfeind и Министерство за култура на Р. Македонија. На отворањето на Моден викенд втората ревија беше на Јована Филиповиќ со колекцијата „Where the wild things are“ за есен/зима 2014/2015.

Vibrazioni by aleksandra MitkoVska Поддржано од Nescafe Dolce Gusto. Митковска во клубот „Станица26“ се претстави со колекцијата е за пролет/лето 2015 година со принтови од фотографското творештво на режисерот Милчо Манчевски.

day 1

day 2

Page 3: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

СеМИНАР: современи движења во модата, трендови,продажба, блогирање - Во клубот „Станица 26“ се одржа семинар на тема „Современи движења во модата, трендови,продажба, блогирање“ на кој предаваа Роберт Кавел-Кларк, Ребека Рој и Кендал Робинс од Велика Британија, како и новинарките Ана Несторовска и Катерина Трајановска од онлајн магазинот „Stylist.mk“. Семинарот беше дел од едукативната и бизнис програма на десеттото издание на Моден викенд, организиран во соработка со Британски совет во Македонија и Министерството за култура на Р.Македонија.

соФиленд Првата ревија во салонот „Ауди- Порше Македонија“ беше на модната продавница за детска облека „Софиленд“ , за сезона есен/зима 2014/2015 . На ревијата гостуваа и децата од Здружението за деца со Даунов синдром „Трисомија 21“ од Скопје.

Hera Своето деби на Моден викенд го имаше и модната куќа „Hera“, со фустани за романтична вечер, направени со материјали што обезбедуваат чувствителност и нежност, а карактеристичен е сјајот на кристалите и мекоста на пердувите.

kufer by andriana dineVa Дизајнерката Андриана Динева која подолго време твори под етикетата „Kufer“ за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје со колекцијата „Timeless“ за есен/зима 2014/2015 година.

day 3

Ребека Рој Ана Несторовска, Катерина Трајановска Роберт Кавел Кларк

Page 4: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

JzJ by zlatko JoVanoVski Од младиот Златко Јовановски кој се потпишува зад „JZJ by Zlatko Jovanovski“ посетителите видоа колекција за актуелната сезона инспирирана од славниот уметник Микеланџело, наречена по неговото истоимено дело „Страшниот суд“.

олгица Ѓоргиева Поддржана од Oxette ја донесе колекцијата наречена „Complete your puzzle“ за за пролет/лето 2015 година,која е минималистичка, женствена но и безвременска, составена од секојдневни носливи парчиња но и елегантни фустани.

ирина тошева Поддржана од My:Time, ја прикажа колекцијата за есен/зима 2014/2015 година во која зебрата е употребена како симбол на индивидуалност и ни открива дека колекцијата е наменета за оние што се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината.

ilina design Во шоурумот на „Ауди-Порше Македонија“ беше изложена изложена колекцијата ексклузивен накит изработен од сребро, дрво и полускапоцени камења од „Ilina Design“.

day 3

User
Sticky Note
два пати имаш за
Page 5: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

ребека роЈ Изложба на фотографији од Ребека Рој, позната британска стилистка и модна уредничка од Лондон. Станува збор за селекција од 20 фотографии создадени во соработка со некои од најбараните светски модни фотографи со кои соработувала Рој.

Марина Миќановиќ Дизајнерката Марина Миќановиќ на Моден викенд гостуваше по принцип на размена со дизајнери од српската модна недела од Нови Сад со колекцијата „Ритамот на асиметријата“ за сезоната есен/зима 2014/2015 година.

le brand За најновата колекција на „Le brand“ за пролет/лето 2015 година, дизајнерката Лили Кадинска ја пронајде инспирацијата во црното и белото, во контрастот, портокаловото како неопходна топлина и во потребата на општеството за контролирање на човечката природа.

никола Петровски е еден од дизајнерите кои традиционално презентираат колекција за сеозна однапред , па така овој пат ја прикажа колекцијата за пролет/лето 2015 година.

day 4

Page 6: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

оливера штакоска која своето деби го имаше на априлското издание на Моден викенд годинава, овој пат ја презентираше „Woolen story“ за актуелната сезона, составена од 20 модели, претежно палта и долги фустани, изработени од волна, памук и кадифе.

инес шабан дебитираше на Моден викенд Скопје со колекција за есен/зима 2014/2015 година, која ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност“.

Флутура дедиња Во соработка со „Prishtina fashion night“ и размена на дизајнери, на десеттото издание на Моден викенд, се претстави Флутура Дедиња со колекцијата наречена „Хороскоп“ за актуелната сезона, составена од дванаесет модели кои симболично претставуваат по еден од хороскопските знаци.

day 4

Page 7: FASHION WEEKEND SKOPJE AW 14/15 REVIEW

росица Мршиќ По завршувањето на ревискиот дел на десеттиот Моден викенд, дизајнерката Мршиќ во продолжение, на 31 октомври ја изненади публиката со ексклузивно видео од новата колекција за есен/зима 2014/2015. година.

lidiya georgieVa „tHe Colonial sPiCes ColleCtion“ Судир на европската и источната култура, зачинет со егзотичната моќ на шафран, куркума, кари, ѓумбир, во амбиент на декаденција на 20ти години од минатиот век, се провлекува сугестија на Бомбај и Шангај и дискретна нота на рокенрол, својствен на стилот на брендот“.

ивана Пиља Српската дизајнерка Ивана Пиља го затвори десеттото издание на Моден викенд Скопје во „Телеком иновативен центар“ со колекцијата „SEMI SONG“. Пиља гостуваше преку соработката на Моден викенд Скопје со „Belgrade fashion week“, во рамките на проектот „Зона 45“ преку кој се врши размена на дизајнери од регионот.

beHind tHe sCenes

day 5