108
1 ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЕТЕРАНИ ОД ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Научно-стручна дебата: 15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ МИСТЕРИЈА ИЛИ НАСТАН АД АКТА (Скопје, 30 септември 2010 година) Скопје, септември 2012 год

Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

  • Upload
    others

  • View
    32

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

1

ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЕТЕРАНИ ОД ОДБРАНАТА И

БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Научно-стручна дебата:

15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ –МИСТЕРИЈА ИЛИ НАСТАН АД АКТА

(Скопје, 30 септември 2010 година)

Скопје, септември 2012 год

Page 2: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

2

Издавачи:

Форум за безбедност Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија

За издавачите: генерал-мајор (п) Илија Николовски, Претседател на ЗВОБРМ дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

Уредници: дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност м-р Жаклина Јованова, Форум за безбедност

Модератор на научно-стручната дебата: Проф. д-р Цане Мојаноски редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје Форум за безбедност Рецензент на трудот на дипл. криминалист Гоце Аризанкоски Доц. д-р Андреј Илиев професор на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски” -- Скопје Форум за безбедност

Лектура: Татјана Крстевска Бендовска

Печати: Графотранс – Скопје

Page 3: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

3

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

323.285-052Глигоров,К."1995"(062)

ПЕТНАЕСЕТ 15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров : мистерија или настан ад акта : (Скопје, 30 септември 2012 година) : научно - стручна дебата. - Скопје : Форум за безбедност : Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, 2012. - 108 стр. ; 23 см

Фусноти кон текстот. - Содржии: Прилози ISBN 978-608-65471-0-3 (Форум за безбедност) ISBN 978-9989-57-864-9 (Здружение на ветерани од одбраната и

безбедноста на Република Македонија) 1. Гл. ств. насл. а) Глигоров, Киро (1917-2012) - Атентати - 1995 - Собири COBISS.MK-ID 92171530

Page 4: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

4

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ КОН ПУБЛИКАЦИЈАТА ОД НАУЧНО-СТРУЧНАТА ДЕБАТА „15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ - МИСТЕРИЈА ИЛИ НАСТАН АД АКТА”

На 30 септември 2010 година за прв пат во научната историја на Република Македонија се одржа научно-стручна дебата за едно од најголемите нерасветлени политички злосторства сторени во нашата држава и Балканот. Имено, во организација на Форумот за безбедност и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија (ЗВОБРМ), во Домот на АРМ, во Скопје, се одржа научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров – мистерија или настан ад акта”. Поттикнати од историското, политичкото и безбедносното значење, кое за Република Македонија, го имаше атентатот врз претседателот Глигоров, автохтоно развивме идеја дека и покрај тоа што ова политичко злосторство е се уште службено нерасветлено, сепак постои научна и особено општествена оправданост од обид за научно осветлување на неговата етиологија и феноменологија. Соочувајќи се со овие научно неповолни услови на официјален информациски дефицит за ова политичко кривично дело, цврсто донесовме одлука дека е потребно актуелизирање на оваа се уште „жива” мистерија. И така започна целокупниот научно-истражувачки и организациски ангажман за реализација на нашата идеја. Следуваа консултантски анализи од кои имавме корисни придобивки, се истражуваше целокупниот јавно објавен службен и публицистички материјал, едноставно, научно-истражувачки се обидувавме да го намалиме информацискиот дефицит за ова политичко злосторство. Но, при консултантските анализи наидовме и на добронамерни укажувања од доволно упатени поединци кои професионално дејствуваат во политичката и безбедносната област, дека оваа наша идеја и ангажман може да ги загрози нашите животи. Сепак, и покрај овие добронамерни укажувања продолживме кон реализација на идејата. Имајќи предвид дека е коректно и потребно да се извести и жртвата на атентатот, непосредно пред одржувањето на дебатата, од позиција на претседатели на здруженијата, во два наврати остваривме лични средби со претседателот Глигоров. Бевме срдечно пречекани и пријатно изненадени од неговата отвореност, коректност и искрена воодушевеност од нашата идеја. Овие средби ни овозможија и поширока информациска основа околу целиот наш научно-истражувачки ангажман. Освен што се соочувавме со организациски, логистичко-технички и научно-истражувачки проблеми околу дебатата, се отвори и проблемот

Page 5: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

5

на избор и селекција на учесници кои би дале активен придонес во научното осветлување на атентатот. Врз основа на професионалниот профил се состави список од стотина универзитетски професори, научници, аналитичари, политичари, претставници на невладини организации, новинари, како и други субјекти кои се дел од јавното мислење во Република Македонија. Бевме непријатно изненадени од негативниот одзив на одредени поединци и политички субјекти. Но, сепак бевме воодушевени од сите кои позитивно ја прифатија нашата покана и учествуваа на дебатата.

И конечно, и покрај сите пречки на кои наидовме при организацијата на дебатата, нашата идеја се реализира. Голем дел од нашите очекувања се остварија создавајќи при тоа неколку придобивки од целната рамка на дебатата. Ја поттикнавме македонската академска заедница на развивање на научен пристап во истражувањето и на сензибилни политичко-безбедносни појави. Освен што го актуелизиравме проблемот на политичкиот криминалитет во Република Македонија, низ развивање на научен, објективен и веродостоен дискурс, ја подигнавме и свеста на граѓаните и другите општествени субјекти за значајни општествено-безбедносни проблеми. Се надеваме и дека со одржувањето на дебатата, ги охрабривме надлежните државни органи во преземањето на мерките и активностите за расветлување и докажување на атентатот, како и за фаќање на неговите сторители. Едноставно, со овие придобивки кои се резултат на интерактивното и репрезентативно аргументирање на различните гледишта на учесниците на дебатата се потврди општествената оправданост на нашата идеја.

Од аспект на очекуваните научни придобивки од дебатата, сметаме дека дадовме и научен придонес од областа на криминалистиката, посебно во криминалистичката методика на спречување, откривање, разјаснување и докажување на кривичните дела од областа на политичкиот криминалитет, конкретно, на атентатите како посебен облик на политичко насилство.

Заклучувајќи ги овие воведни напомени, изразуваме благодарност до сите учесници на дебатата, до консултантите кои ни овозможија корисна информациска основа за реализација на нашата идеја, како и до нашите пријатели без чија логистичко-техничка поддршка немаше да се одржи овој општествено оправдан настан и ќе отсуствуваше издавањето на публикацијата. На крајот останува оваа публикација топло да ја препорачаме на целокупната научна, стручна и поширока јавност.

Скопје, септември 2012 година Претседател на ЗВОБРМ

генерал мајор (п) Илија Николовски Претседател на Форумот за безбедност дипл. криминалист Гоце Аризанкоски

Page 6: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

6

Генерал-мајор (п) Илија НИКОЛОВСКИ Претседател на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија

ВОВЕДНО ИЗЛАГАЊЕ И СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ НА НАУЧНО-СТРУЧНАТА ДЕБАТА „15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ – МИСТЕРИЈА ИЛИ

НАСТАН АД АКТА”

Почитувани дами и господа,

Дозволете ми најнапред да ви посакам добредојде и да Ви се заблагодарам што во толкав број дојдовте на овој настан, особено се заблагодарувам на сите оние што прифатија активно да учествуваат во дебатата со свои презентации.

Пред да почнеме со работа Ве повикувам со едноминутно молчење да му одадеме почит на неодамна починатиот професор на Факултетот за безбедност, господинот Марјан Котески, инаку член на Форумот за безбедност, кој требаше да натсапи со своја презентација на денешнава дебата.

НЕКА МУ Е ВЕЧНА СЛАВА!

Почитувани, За три дена се наполнуваат точно 15 години од еден од

најмрачните, мистериозни и контроверзни настани во поновата историја на Република Македонија – неуспешниот атентат врз првиот претседател на самостојна Република Македонија, господинот Киро Глигоров. Овој злосторнички чин длабоко ја потресе македонската јавност бидејќи истиот беше со пресметани политички цели за дестабилизација на Република Македонија во моментот, кога после сите тешкотии македонскиот народ конечно го оствари својот вековен сон да има сопствена држава.

Но, за жал, македонските државни органи овој настан се уште го водат како службено нерешен случај, а неговите извршители слободно се шетаат. Од тие причини, македонската јавност има чувство дека овој настан пополека се заборава.

Токму затоа, ние од Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија и припадниците на Форумот за безбедност кои имаат висока компатибилност на своите цели со нашите, решивме, во рамките на нашата соработка, да одржиме една научно-

Page 7: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

7

стручна дебата на тема: „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров-мистерија или настан ад акта”.

Ние сметаме дека, и покрај тоа што за атентатот постои информационен дефицит, во научна и стручна смисла, постои научна и општествена оправданост од заземање на научни ставови од страна на македонската безбедносна наука. Со тоа, како невладини организации, сакаме да го актуализираме проблемот со атентатот како еден од најмрачните и најмистериозни настани од поновата политичка и безбедносна историја на нашата држава. Во тој контекст сакаме да ги охрабриме надлежните државни и политички органи во преземањето на мерките и активностите за расветлување и докажување на атентатот, како и за фаќање на неговите сторители.

Истовремено,сакаме да придонесеме за подигањето на свеста и безбедносната култура на граѓаните и другите субјекти на безбедноста и одбраната на земјата.

При научниот пристап на атентатот не смее да се занемари и факторот време, како и факторот простор, кога беше извршен атентатот, бидејќи, врз основа на тоа, хипотетички, можат да се извлечат и мотивите за атентатот.

Едно е неспорно - атентатот е долго планиран, добро организиран и професионално изведен. Тоа беше период на дефинитивното зацврстување на позициите на нашата земја. На 17 септември 1995 година беше потпишана привремената спогодба со Република Грција, а со тоа беа нормализирани и односите со таа земја. Од посебна важност за нас беше тргнувањето на блокадата од страна на Грција. Во тоа време Македонија имаше потполно јасна евроатланска ориентација. За тоа имаше потполн меѓупартиски и меѓуетнички консензус, за што голема заслуга имаше и претседателот Глигоров. Се вршеа интензивни подготовки за пристапување во Партнертсвото за мир. Но, за волја на вистината во тоа време се уште преку Македонија се кршеа санкциите на ООН кон СРЈ, за што Македонија беше под силен меѓународен притисок конечно да почнат да се почитуваат тие санкции на што инсистираше и претседателот Глигоров. Со тоа почнаа да се задаваат силни удари на веќе воспоставените криминални структури на двете страни од границата.

Во интерес на вистината, иако, освен СРЈ, сите наши соседи ја имаа признаено Република Македонија како држава, ни еден сосед не беше воодушевен од јасно зацртаниот пат на Македонија. Исто така, атентатот беше изведен непосредно пред потпишувањето на Дејтонскиот договор.

Од сето тоа кај стручната јавност постои една хипотека дека целите и мотивите за атентатот се криминолошко-политички, односно, помеѓу инспираторите и организаторите и однесувањето на институцијата Претседател на Република Македонија, постоел радикален конфликт како пречка за остварување, односно реализирање на одредени цели. Хипотетички, покрај криминалната и политичката заднина

Page 8: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

8

на атентатот, кој и да стои зад тоа, недвосмислено и јасно е некој сакаше да ја скинат главата на државата, да ја декомпонираат и преструктуираат политичката екипа која во тоа време владееше, да се створи хаос во државата и спроти Дејтон да бидеме составен дел на поделбата на Југославија.

Со оглед на тоа што постојат многу отворени и неразјаснети прашања во врска со атентатот од политиколошки ,криминолошки, етиолошки други прашања врзани за политичките, безбедносните и други општествени последици по Република Македонија и регионот, Ве повикувам на оваа дебата да дадеме скромен придонес за расветлување на атентатот. Особено, што овде седат луѓе од науката (безбедносна и криминолошка), експерти и политичари. Можеме да ги поттикнеме носителите на највисоките државни функции да не го заборават професионалниот кодекс на однесување и постапување и со благослов на политичарите да не ја избегнуваат моралната и политичка одговорност и создаваат пасивен однос што битно влијае во разоткривањето и расветлувањето на атентатот.

Да бидам искрен, лично очекував дека со демократизацијата на регионот, а особено со промените во Србија и со падот на режимот на Милошевиќ и со доаѓањето на демократските сили на власт дека ќе се воспостави искрена регионална соработка во областа на безбедноста за борба против мафијата, организираниот криминал и тероризмот и дека во тие рамки на соработка ќе се расветли и атентатот врз претседателот Глигоров. Но ,за жал, тоа не се случи. Но, се случи атентатот врз премиерот Ѓинѓиќ и други неразјаснети убиства во регионот. Па со право се поставува прашањето дали не постои поврзаност на атентатите на Балканот и можност од актуелно постоење на систем на организирано и активно дезинформирање за атентатот со цел негово трајно не расветлување.

На крајот сакам уште еднаш да потенцирам дека со оваа научно-стручна дебата сакаме да го актуелизираме прашањето за атентатот врз претседателот Глигоров и да ги поттикнеме компетентните државни органи да преземат мерки и активности за расветлување на атентатот. Во врска со тоа, сакам да потсетам дека ако надлежните органи и институции продолжат да молчат, невладиниот сектор нема да молчи и во таа насока имаме план исто така, да организираме дебата за трагичното загинување и на претседателот Трајковски. Благодарам,

Page 9: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

9

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ Редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје Форум за безбедност

МОДЕРАТОРСКИ ВОВЕД ВО НАУЧНО-СТРУЧНАТА ДЕБАТА „15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО

ГЛИГОРОВ – МИСТЕРИЈА ИЛИ НАСТАН АД АКТА”

Благодарам на генералот Николовски. Мене ми е дадена задачата во натамошниот дел од расправата да ја модерирам или да учествувам во нејзината релизација. Првото прашање кое овде се отвара: Зошто се состануваме неколку дена порано? Тоа го направивме како процена на двете здруженија, затоа што очекувавме дека поголемиот дел од научната јавност, особено од оние кои што се занимаваат со проучување на прашањата поврзани со сложените безбедносни феномени, зошто во нашата држава постојат неколку високо образовни институции кои се занимаваат со прашањето на безбедноста или со вметнувањето на безбедносните науки и има определени активности и очекуваме барем дека најавите беа такви дека нивниот број ќе биде значаен .

Второто прашање кое треба на почетокот да го отвориме е прашањето кое генералот за тоа зборуваше за безбедносната историја ако сакаме да кажеме и за овој настан во македонското општество има соодветен недостаток на информации, а има и институции и општествени и научни, кои пројавуваат особен интерес и трето, што во структурата во Форумот за безбедност како ново појавено здружение во македонското општество неполна или една година членува една структура која се занимава со сртучно и научно проучување на овие прашања и нормално е дека општествената јавност треба да има отворен простор за нивно истражување .

Значи, сега, како ние понатаму Ќе работиме. Значи, од соговорниците изминативе неколку месеци со кои комунициравме за учество на оваа средба и добивме согласност и денес се присутни на овој дел од работната маса ќе им дадеме можност во најмногу десет минути да ги изнесат сопствените информации , гледишта и прашања поврзни со овој настан. Второ, доколку настанат разлики во гледиштата и некој има потреба да укаже во најмногу од 3 минути ќе учествува, а контра одговорот или контрарепликата да трае една минута. Очекуваме некаде до 11.30 часот да трае првиот дел од расправата, во 11.30 часот да направиме кафе пауза. Ова се неопхдни информации околу кои што сакаме да Ве информираме. Пред вашите работни места оставивме една хартија за да пријавите ако имате дискусија за пријавување на збор. Во таа насока работното председателство сака да го замоли господинот

Page 10: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

10

Стојан Андов да ја отвори расправата со учество. Повелете! До 10-тина минути да речеме не повеќе.

Стојан АНДОВ1

Прво сакам да ја поздравам оваа иницијатива, мислам дека може

да се покаже многу корисна. Јас ќе се ограничам, нема да навлегувам во криминално-безбедносниот дел, ќе зборувам за општествено-политичкиот дел, нема да ги повторувам зборовите на генералот Николовски.

Сакам да истакнам неколку работи, во овој случај, мислам на атентатот, македонската држава и македонското општество покажа тотална јаловост и неефикасност, неможеше да го заштити Претседателот од атентат. По неговите зборови, од некои соработници бил предупредуван, добивал отворени закани, а кога беше извршен атентатот всушност настапи една општа игра по споредни прашања, песоци, незнам што итн., ама сериозна истрага немаше, затоа мислам да укажам на вашиот ангажман на сериозно научно и стручно проучување на целата таа постапка, при тоа треба да се концентрирате, мој предог е - на држењето на клучните институции, што и како постапило Собранието, што и како постапила Владата, што и како постапиле Министерствата, за жал овие три министерства, во тоа време министерот за внатрешни работи, министерот за правда и министерот за одбрана во тоа време, за жал, овде не ги гледам. Потоа како постапило обвинителството, како постапувале, во која форма ги добивале своите задачи и мерки итн. И како постапувале судовите, ние мораме да имаме прецизна оценка за тоа како државните органи постапувале, оти граѓаните буџетски плаќаат, а овие не си ја вршеле својата работа.

Второ, треба да се проучи од страна на компетентните луѓе како се држеле партиите, мене на пример, тука е Љубчо Георгиевски, многу ме интересира да ни објасни кој ги наговори нив после потпишувањето на Предлог-спогодбата да закажат голем митинг во Македонија, да се спречи ратификацијата на привременета спогодба со Грција, тоа беше објавено пред атенататот, но раководството на ВМРО и колку што знам и Демократската партија на Петар Гошев заклучија дека ќе организираат голем митинг да се спречи ратификацијата оти било предавство, ќе се сменело вечното знаме на Македонија и така тие работи... Тоа е дадено без смисол, уствари не е голем митинг па организираат во универзалана сала, тоа е прво. Втората теза, да се проучат и актите на тие партиите, и тие да бидат отворени, транспарентни; дали тоа било вистинска одлука на централниот комитет или пак било само прикаска која ја пуштиле во

1 Поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија

Page 11: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

11

воздух некои сили таму од партијата; тоа треба да се разјасни, и треба да ги направат достапни архивите за научно истражување. Да се види СДСМ како се држи, зошто не притисна на темелна истрага, зошто СДСМ не прифати, а двапати баравме формирање на анкетна комисија каде ние тогаш би ги виделе улогите и начинот како се извршуваат задачите, институциите како работат. Следна работа, да видиме како интелектуалците се однесуваат, јас се сеќавам, после атентатот излезе во ПУЛС едно интервју или авторски текст беше од професор Чокрески, кој дотогаш, од деведесетите не се појави, наеднаш тој ја осмисли работата, требало да се рекомпонира настанот, ако се сеќавате добро, треба да се проучи, тоа беше многу брзо после атентатот, треба се види од кај дошле тие идеи и како така после година дена од изборите треба да се реконпонира настанов, и што подразбира под реконпонирање на настанот; кажува дека СДСМ сам треба да владее а и на претседателот треба да му се намалат многу надлежностите. За да се изврши притисок на владата, тие работи треба да се проанализираат, да се види што било тоа рекомпонирање на атентатот итн. Зашто СДСМ како моќна партија на власт не застана на патот на тие и такви сугестии, овие работи мислам треба да да се проучат за да се долови амбиентот.

И мојата петта точка е дека треба да се види, отприлика фактот дека...генералот вика дека сите не признале до крајот на времената спогодба...со времената спогодба не призна Грција, претходно не призна Бугарија и Албанија итн. Но Србија не не призна, Србија не призна откако падна коалицијата...па после јавија оти пристануваат да преговараат ...

Значи, рекомпонирање на власта има некоја врска и со тоа, и каква врска, дали има врска или нема, тие сите работи треба да се постават. Мислам за тоа е неопходно да се обезбеди темелна соработка и сериозна соработка со тогашниот премиер, со министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана , министерот за правда.

Господинот Георгиевски како тогашен шеф на опозицијтата, сите тие поединости и други да ги уочите, за да се види што навистина се случувало и во кој правец работите отишле. Јас морам да ви кажам дека откако се рекомпонира Владата се владееше без контрола, владеење без опозиција, без да има внатрешна контрола меѓу двете партии.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодариме на господинот Андов, сега го повикуваме колегата Зоран Петров да се обрати на Форумот.

Page 12: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

12

Зоран ПЕТРОВ2 Благодарам многу, благодарам на Форумот за безбедност што ја

организираше оваа тркалезна маса, бидејќи 15 години после атентатот кој што претставува еден политички метник во поновата македонска историја, и по кој, сите се согласуваме дека никогаш нема да биде исто како што беше пред тоа...очекувам да се изнесат и политички и стучни согледувања по овој настан.

На оваа трибина јас сум поканет во својство на новинар и среќен сум заради тоа иако веќе не ја работам таа професија веќе 11 години. Поради фактот што една година по атентатот, значи во октомври 1996 година ја објавив книгата „Атентат” (тоа е оваа книга), за жал последниот преостанат примерок го имам само јас, се надевам дека некој издавач ќе пројави интерес да се објави. Со оваа книга имав цел, во тоа време како релативно млад новинар, да ја собирам целата фактографија која што беше понудена, фактографијата не само од аспект на политичките превирања, тогаш беше многу актуелна и фактографијата што беше изнесувана од страна на истражните органи. И оваа трибина, оваа трклезна маса ме натера после повеќе години да седам вчера да ја препрочитам книгата и да ви кажам дека сосема поинаку го доживувам тој настан од денешен аспект. Дури мислам дека и знам кој стои зад атентатот, тоа не смеам да го кажам бидејќи немам докази, меѓутоа фактите, фактите се тие што кажуваат. Господинот Стојан Андов наведе некои работи и сега читам во книгата што сум ја напишал, една фактографија од една прес конфреренција на Либералната партија кога веќе беше отстранета од Владата, односно од Сојузот за Македонија. После нивниот втор обид да се формира акнетна комисија за испитување на атентатот на што СДСМ категорички реагираше против, ден денес и во документацијата што сум ја објавил во книгата не најдов ниеден аргумент зошто беа против. На едно место, еден тогашен висок претставник на Либерална партија дури и тврди дека СДСМ сака да прикрие некои работи околу атентатот; тоа беше кажано на прес конференција, тоа го кажа г-дин Ристо Иванов и го имам како цитат. Значи, се појавува еднен многу голем црв на сомневање дека некој сака нешто да прикрива, и тоа велам, на неполна година после атентатот што се случи. Во периодот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, колку што се сеќавам, во периодот од 1998-ма до 2002-ра, г-дин Горгиевски тоа може попрецизно да го каже, се направи еден обид овој настан да се расветли. Прв обид во 1999 година, беше понудена награда за информации околу атентатот, а веќе наредната година, тогашниот државен јавен обвинител го отвори повторно случајот и потоа тој напиша книга околу тоа, но за жал не гледам дека е тука г-дин Џиков.

2 Заменик министер за надворешни работи во Министерството за надворешни работи

на Република Македонија; поранешен припадник на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија; автор на публикацијата „Атентат”

Page 13: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

13

Што можеме да кажеме...би сакал, кога ќе се резимира сета оваа работа да се знае една работа - дека самиот настан предизвика големи промени за многу кратко време во Република Македонија, кои што се исто така сублимирани на крајот на книгата. Би сакал само да повторам на нив, бидејќи кога се говори за еден настан мислам дека најважната работа е да се запази рамката, општествено-политичката рамка во која што тој се случил. Точно е дека на неколу дена пред атентатот пред Универзалната сала, вонпарламентарните опозициони партии одржаа еден протест на кои што реагираа против Времената спогодба. Точно е дека тој протест беше откажан, тој требаше да се одржи на 5-ти октомври, а атентатот се случи на 3-ти октомври. Ако имам уште една или две минути, само би сакал фактографски да ги регистрирам настаните кои што се случија после атентатот, значи, да наведам еден кус регистар, нормално дел од нив не во директен каузалитет на атентатот, но одредени случувања сепак помалку или повеќе произлегоа како дирекна последица од обидот за физичка елиминација на шефот на македонската држава; значи, би потсетил на новиот симбол на македонското знаме што Собранието на Македонија го стори само два дена по атентатот, односно ратификацијата на привремениот договор со Грција што се случи на 9-ти октомври. На 12-ти октомври, значи само една недела по атентатот, Република Македонија беше примена во ОБСЕ, два дена потоа по двегодишна блокада конечно беше крената границата со Грција (кон Грција). На 9-ти ноември, со одлука на министерскиот совет, нашата држава беше примена во Советот на Европа; на 15--ти ноември станавме членка и на програмата на НАТО - Партнерство за мир; на 23-ти март 1996 година беше отворена Американската амбасада, а две недели подоцна, на 8-ми април, во Белград, шефовите на дипломатиите на Македонија и СР Југославија ја потпишаа Спогодбата за регулирање на односите за унапредување на соработката помеѓу двете земји; всушност, двајцата министри го завршија она кое на 2-ри октомври, значи ден пред атентатот го најавија претседателите Глигоров и Милошевиќ, а тоа е меѓусебното признавање на Македонија и тогашна СР Југославија. На внатрешно- политички план, ќе ми дозволите уште неколку реченици, што се случи за кратко време? Имаше исклучително тектонски пореметувања на внатрешната политичка сцена; реконструкцијата на Владата од 24-ти февруари 1996 година со што Либералната партија беше отстранета од власт; со ова практично беше ставен крај на формалното функционирање на избрната коалиција „Сојуз за Македонија” чија најекспонирана личност во изборната година - 1994 година беше токму г-динот Киро Глигоров; потоа започна акцијата 150.000 потписи за референдумско изјаснување за предвремени избори кое што беше во организација на двете најголеми вонпарламентарни опозициони партии, во тоа време ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија. Таа заврши како што заврши, со изјаснување на уставниот суд итн.

Page 14: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

14

И на крајот, би сакал да изнесам една своја лична констатација изнесувана и претходно, а тоа е прашањето на кое што ќе се обидат многумина да дадат одговор - дали атентатот врз претседателот Киро Глигоров беше успешен? Беше апсолутно успешен, атентатот ја заврши својата работа, тој (Претседателот) беше практично...неговите политички ингеренции политички капацитет и политичко влијание од тогаш беа апсолутно намалени. Благодарам.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодариме на колегата Петров. Бидејќи оваа активност ја подготвуваме повеќе месеци, во неа имаме соработници и непосредна поддршка од првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, исто така сакам да укажам дека во подготовката се обративме до мноштво поединци кои можат и можеа да дадат значителен придонес во денешната расправа, но знаете, времето е такво кое што обврските на луќето им налагаат други приоритети и имаме тоа што имаме .

Во продолжение ќе го замолиме генералот Тодор Атанасовски да зборува, а потоа ќе го поканам господинот Љубчо Горгиевски. Има збор генералот Атанасовски.

Генарал (п) Тодор АТАНАСОВСКИ Почитувани, јас во моментот ја имам привилегијата да претседавам со „Сојузот на борците” од Народноослободителната војна од 1941-1945-та и антифашистичката борба и тоа ми дава привилегија и ми годи да Ве поздравам и да Ви посакам од името на борците успех, а субјективно, ако го изразам своето мислење дури и ме радува, па макар и на мала врата...(ме радува) што науката е охрабрена да се занимава со проблемите на нашето општество... и без тоа ми е јасно дека и науката е човекова дејност, според тоа таа е ранлива колку што е ранлив и самиот човек нели така, односно таа е јуначка колку што е јуначен и самиот човек. Но, во секој случај, од аспект на овој ваш избор...јас не сум компетентен во сферата на безбедноста, посебно не во криминологијата, и не би можел да дадам, да направам некој придонес во таа смисла. Нема да ми замерите ако спомнам една општа фраза така да се изразам, дека науката на различити начини се дефинира во различити услови и времиња, но секогаш таа била систем на знаење собран, осмислен, заснован, темелен, докажан...но, науката и тогаш кога многу знае, секогаш е дете и секогаш прашува, секогаш прашува: Дали нејзините вистини се доволно докажани вистини?... итн.

Page 15: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

15

Нам во овој момент, на Македонија, и е потребно што повеЌе активности на сцената. Во мигот кога се случи тој настан, јас мислам дека безбедносната наука, криминологијата итн., како и воената наука, сами по себе немаа корени во самите себе. Тоа се феномени кои се изведени од општествените вкупности и состојби итн. Тоа не значи дека немаат повратно влијание на развојот на консталацијата на односите итн. Меѓутоа, и безбедноста и одбраната како феномени, и полицијата и војската како синоними и како субјективен израз, се толку добри колку што е добро општеството, колку што е добро уредено и поставено општеството...така и кај нас се јавува.

Во тој момент, јас само еден настан ќе ви кажам и Ќе го молам г-дин Андов да ми прости, не мислам да го анализирам итн. Јас бев, вие знаете дека бев по покана на господинот...на дугарот Киро Глигоров, бев член на Советот (Советот за безбедност). Во тоа време волонтирав во тој совет и тогаш беше свикан некој итен состанок на Советот за да се даде некоја проценка итн. Но, една од забелешките беше: Зошто Претседателот на Собранието (да не го именувам) во тоа време, се нафатил да ја одржи (одржува) кондицијата на државата...итн.

Искрен да бидам, јас бидејќи и тогаш и сега сум непартиски определен (некогаш сум бил член на некоја партија и тоа доста моќна партија и тоа доста долго време еве сега ми се насобраа и годиниве итн.)...но, во секој сличај ништо понормално нема и фала богу сите така да постапуваат: кога ќе се случи некоја незгода/несреќа која се заканува со некој дискуинтионитет, нарушувања и сериозни деконфигурации на општеството (итн...), треба да се најдат субјекти кои ќе ја продолжат таа работа .

Е, толку можам само да придонесам. Уште еднаш да Ви се заблогодарам на поканата, што ми дадовте еден миг да кажам два-три збора. Жалам што не ќе можам повеќе да останам, а и не е некој губиток, бидејќи не ќе можам којзнае колку да придонесам. Благодарам.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодариме на генералот Тодор Атанасовски. Ние оваа расправа ја снимаме, имаме намера да ја објавиме и се надеваме дека информациите, кажаните нешта кои овде се презентираат ќе бидат ставени во рамките на можностите на идните истражувачи и на оние кои ќе се занимаваат со промислување или воопшто со оценување на вкупната историја. И ако науката нема доволно информации, ако не примени соодветени алатки, нема да одговори на нештата; бидејЌи генералот Атанасовски е и педагог, има значаен придонес во образованието на кадри од оваа област; само ми овозможи шлаг во натамошното водење.

Најавив дека по генералот очекувам да се вклучи господинот Љубчо Горгиевски во расправата , а потоа колегата, професор Мерсел Биљали да се вклучи во расправата. Повелете.

Page 16: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

16

Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ3 Најпрвин, навистина да ја поздравам оваа иницијатива на вашата

невладина организиација, затоа што сметам дека одржувањето на ова незатворено прашање како отворено не е важно за Мекедонија само заради настанот кој се случил тогаш, а тоа е атентат на претседател на Република Македонија, туку затоа што сметам дека незатварањето на тој проблем има до ден денеска последици на целото македонско демократско општество и движењата во него.

Сега да се навратам на самиот настан. Сметам дека мојата дискусија ќе биде преку две прашања кои

сметам дека и во теоријата на криминалистиката се поставуаат после секој, нели, некој инцидент или криминален чин, а тоа е првото прашање: На кој му пречеше Киро Глигоров и во што беше проблемот со него? Од денешен аспект па и тогаш, меѓутоа од денешен аспект мислам дека уште почисто излегува на површина, можам да издвојам два купни настани кои во тоа време беа нели белег на Македонија. Првиот, тоа е политички, а тоа е целиот тој процес на осамостојување на Република Македонија и неговиот, на некој начин да кажеме, финален чин или еве да кажеме, еден од финалните чинови - тоа е потпишувањето на Времената спогодба.

Факт е дека целиот тој период некако прашањето околу Македонија беше: Дали ќе биде самостојна-дали нема да биде?; Дали ќе се врати кон Југославија-дали нема да се врати кон Југославија? и јасно е дека ако денеска ја гледаме Република Мекедонија во тој времински период има едно единствено крупно политичко прашање и крупен полициски процес - тоа е самостојноста на Македонија. И г-дин Киро Глигоров не само како формален Претседател, туку како човек кој во тоа време се сеќаваме, имаше комплетна практична власт, тој во тоа време дури и покрај тоа што ингеренциите на Уставот зборубаат - претседателот да има што помали ингеренции од самата Влада, сите паметиме дека тој беше и над самата Влада, а Владата беше во доста една минорна позиција. Значи, тоа е единствениот крупен политички настан - Македонија да стане самостојна држава. И од тука треба логички, треба сега да одговраме понатаму - кои се тие сили на кои Македонија како самостојна држава во тој временски период не им одговарала.

Второто прашање беше многу актуелно тогаш во тој момент мислам дека и до ден денеска тоа се одржува … Второто прашање беше нели, бизнисот, односно криминалното одвивање на бизнисот, знаеме беше ембаргото, стануваше збор за големи нели средства кои во тоа време се вртеа во тој бизнис. Знаеме, тука имаше практично шверц на

3 Поранешен Претседател на Владата на Република Македонија (во периодот 1998-

2002 год.); поранешен Претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ; актуелен Претседател на политичката партија ВМРО-Народна

Page 17: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

17

буквално секаков производ, од шеќер па до нафта и тоа нели композиции, композиции со нафта. И апсолутно и бизнисот исто така и од денешен и од тогашен аспект неможеме да неспомнеме декао очигледно бил проблем, односно укинувањето на тој процес за некого бил проблем. Тоа се тие два крупни настани кои според мене можат да го детерминираат тој настан околу самиот атентат.

На прашањето на г-динот Андов околу митингот после Времената спогодба, навистина неможам сега да ја префрлам одговорноста на никого, од каде дошла таа иницијатива за митинг, меѓутоа само ќе спомнам дека почетокот на демократијата во Републка Македонија беше време на митинзи, на многу митинзи, не еден или два. Митинзите тогаш беа, како да кажам, секоја месечна појава. Времената спогодба беше така нешто што беше неочекувано односно не само Времената спогодба, туку содржината што требаше да се исполни и нели до ден денес можеме да дискутираме по тоа прашање: дали таа времена спогодба од политички аспект била исправна или неисправна? Еве, актуелната власт повторно ја актуелизира таа Времена спогодба. Значи, тоа е чисто политичка дискусија која според мене во нашата дискусија може само да се гледа - дали некој во тоа гледал опасност дека Македонија може да тргне напред со поголеми чекори кон нејзиното осамостојување.

Е сега она што сакам да го кажам е нели второто прашање - кој ги доби бенифицииите. Факт е дека после атентатот бенифициите на конкретен план во Република Македонија ги доби само една политичка структура, меѓутоа дали беше тоа целта на атентатот навистина неможам да кажам или некого да обвинам. Од денешен аспект, она што мене повеќе ме загрижува и што сакам да го споделам е нели, не само оној момент за кој веднаш тогаш нели, се произнесе дел од македонската Влада нели - кои се инспираторите. За инспираторите, сите ние ги зборуваме односно не само инспираторите односно наредбодавачите, тоа е едниот дел од проблемот, но не помал дел од проблемот се и самите извршители. Мислам дека колку што нас треба да не загрижуваат наредбодавачите на тој чин - тероризам на Република Македонија, треба да не загрижат и извршителите затоа што една таква операција, сигурно како што минува времето станува се појасно, не ја направил некој како платеник или професионалец кој дошол од некаде, од Европа, Централна Азија, од исток, од запад; бил тука една недела, ја снимил ситуацијата и после тоа, после 10 дена заминал од Македонија; туку напротив скоро 100% сум убеден дека извршителите се внатре, од Македоднија; како што спомна некој, тие претпоставувам најверојатно се уште живи или се тука меѓу нас, меѓутоа она што мене ме загрижува очигледно и таа слобода, еден таков атентат може да си ја дозволи некој кој навистина се чувствува комотен и слободен во Република Македонија. Јас и до ден денеска несакам да прифатам дека некој политичар во Република Македонија стои зад овој атентат за да има бенефиции вакви или такви, јас навистина сметам дека се работи за структури кои командата или наредбата ја примиле некаде од страна,

Page 18: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

18

меѓутоа тие структури се загрижувачки во Република Македонија затоа што очигледно не само што тогаш постоеле, тие постојат и до ден денеска и тоа е проблем на македонската политика и до ден денеска дали ќе дозволиме со нерачистување на тој случај, со многу случаи кои на еден или на друг начин се развиваа во овие 20 години ќе дозволиме недефинирани структури да ја можеби не (претежок збор) да владеат со Македонија, меѓутоа да ги контролираат процесите и да ги насочуваат процесите во нашата држава.

И затоа сметам дека оваа тема е од тој аспект многу интересна; расчистувајќи и потсетувајќи за тој случај да не заборавиме дека структурите кои учестувале во тој атентат до ден денес ја имааат својата моќ на одредени нивоа во нашата држава. Благодарам.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ Значи, заради редот во куќата добро е да го оставиме прашањето,

значи збор има господинот Биљали , потоа ќе го вклучиме господинот Јанко Бачев.

Доц. д-р Мерсел БИЉАЛИ4 Најпрво благодарност за поканата. Искрено, признавам дека се

чуствувам хендикипиран; не затоа што не сум учествувал во групата која ја организира ова работа, туку, едноставно не ми е сосема кристално јасно што порака треба да произлезе од оваа средба и до кого ќе се упати таа порака; на кого му е наменета таа порака .

Од прфесионалана гледна точка, значи, како тогаш функционирале институциите, системот, безбедносните структури надлежни или задолжени околу безбедноста на претседателот - тоа си е прашање кое треба да се расправа на компетентно ниво. Реално, кај демократските држави атентатите се честа појава мора да признаеме. Последниве тристотини години ние сме имале дванаесет атентати на претседатели на САД; тоа е исклучено само кај затворените диктатури, на пример, имало над седумдесет обиди да се ликвидира Фидел Кастро; сите биле неуспешни. А знаете зошто? Затоа што тој сите ги затворил, освен тие што многу го обожавале; и тука нема атентат.

4 Поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија (1994-2002 год.);

поранешен Претседател на Комисијата за политички систем на Собранието на Република Македонија; поранешен член на Комисијата за надворешна политика и за уставни прашања; поранешен пратеник на Парламентарното собрание на ОБСЕ; поранешен прв советник за надворешна политика на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски; поранешен прв советник за надворешна политика на поранешниот Претседател на Владата на Република Македонија Владо Бучковски; Продекан на Факултетот за правни науки при ФОН Универзитетот

Page 19: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

19

На шега кажано, тогаш кога се случи атентатот новинарите вртеле една работа која е така комична дека зад атентатот стои госпдинот Андов зашто сакал да стане претседател на Републиката, но тоа си е шега. Мое мислење е дека ние мора да се фокусираме кон реалните состојби како ни функционираат институциите. Не може ние да очекуваме сегментот кој е надлежен за безбедноста на премиерот, претседатлот или незнам кој, да функционира перфектно или да функционира добро, не перфектно, а другите сегменти да функционираат хаотично или катастрофално. Значи, тоа е дел од комплетниот систем и тука аномалии во позитивна смисла и неможе да се очекуваат. Мислам дека во голема мера се сложувам со дискусијата на господинот Љубчо Горгиевски дека сепак зад тоа стојат интереси и интересни групи, но дека институциите, системот не функционираат. За жал, тоа продолжува уште полошо да функционира или уште повеЌе да не функционира.

Ние мораме да дадеме, сега за жал, одговор на прашањето: што правиме кога се врши атентат на два миљониони луѓе? Ние државата ја претворивме во банална Република, квази држава која тотално е изолирана, која маргинализира апсолутно во смисла на големите интереси и големите проекти во Балканот и пошироко; и тоа ќе не кошта милјарда, милјарада, милјарда загуби. Благодарам.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодарам на господинот Биљали. Ние сигурно со денешната расправа нема да ги отвориме и решиме сите загатки, но неопходно е како дел од научната и општествената јавност во земјата да ги отвориме прашањата за кои што немаме докрај одговри и исто така да потикнеме академската заедница на која и јас припаѓам и имам една група на 250-260 постдипломци на постдипломските студии кои се интересираат за прашањата поврзани со безбедоста во ова општество кое го покриваат со се повеќе разни прописи; и дека тие два аспекти, општестевента јавност и потребата на таа јавност да знае и да биде информирана и научната заедница се двата централни мотива кои ние како здружение се залагаме; дека една од целите како демократски Форум или како Форум за безбедност ние да ја потикнеме или воопшто да ги охрабриме за тие прашања, институции или научната јавност да се интересираат. Па сигурно и дека и други цели може да се остварат и ние имаме ограничени прашања за кои мислевме.

Сега го молам господинот Јанко Бачев да земе збор, па да се подготви колегата или господинот Зоран Доревски.

Page 20: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

20

Д-р Јанко БАЧЕВ5

Добар ден и од мене до сите присутни на денешнава дебата. Јас во интерес на времето ќе се задржам само на две кратки прашања од практична гледна точка бидејќи сметам дека оваа дебата може да биде корисна само доколку и доволно биде практична.

Првото прашање што сакам да го кажам е дека е крајно време да се отстранат сите шпекулации кои што уште од времето на атентатот па до ден денешен се лиферуваат во јавноста дека во тоа време атентатот е изведен од внатре, од луѓето од опкружувањето на Глигоров или поточно алузиите беа поточно спрема тогашниот Министер за внатрешни работи. Значи, сакам да ја отфрлам оваа теза бидејќи да се кажува дека македонските служби за државна безбедност го извршиле атентатот за мене не е за верување, бидејќи јас добро ги знам сите тие раководни структури во македонските тајни служби и за време на атентатот и отпосле и можам да ви кажам дека се работи за едни луѓе кои што крајно беа сервилни и со еден поданички менталитет спрема своите политички ментори и немаа капацитет и храброст да изведат еден таков чин бидејќи сепак за да направите атентат врз држава треба сепак една голема храброст.

Инаку, како што кажав тие луѓе во тоа време за волја на вистината беа дресирани да вршат атентати, но не од типот на атентатот на Глигоров, туку тие беа пред се дресирани да вршат политички атентати на политички партии, на политичките неистомисленици. Е тука им немаше рамни на македонската тајна полиција. Само еден пример: во тоа време тие толку прецизно извршија политички атентат врз тоа време најголмата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ кога уште во самиот старт ги набутаа внатре во Извршниот комитет двајца соработници на македонската тајна полиција. Нивното седиште, тука во центарот на градот, така добро го опколија со видео надзор; со таа главна камера која што беше поставена во една од собите на хотелот Турист. Значи, тие луѓе сакам да кажам, да порачам дека - заборавето го тоа што се кажува во јавност дека од внатре е извршен атентатот врз Глигоров; дека нарачателите се од страна на македонската тајна служба и камо среќа, сега немој да бидам погрешно сватен, да имавме толку храбри луѓе во оваа држава што можат да вршат атентати, каде ќе ни беше денес крајот како држава, бидејќи сите ние гледаме дека денеска живееме во една држава која што е посрамена и понижена на таа меѓународна сцена со крајно нарушено достоинство и со која тие светски институции пред се настапуваат спрема нас како иноватори и експериментираат. Сега, немој

5 Поранешен припадник на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање/Управа

за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија; Претседател на политичката партија Народно движење за Македонија, доктор на науки од областа на меѓународното право; професор на „Славјанскиот Универзитет” – Свети Николе.

Page 21: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

21

да бидам погрешно сватен дека заговарам атентати, но сакам да дадам една илустрација дека сите држави кои што се способни да вршат атентати всушност функционираат и како држави во вистинска смисла на зборот за разлика од Македонија.

Второто прашање околу самиот атентатот, тука моето мислење се движи во следнава насока. Во тоа време беа конципирани три линии, три верзии на тој атентат, едната беше „Братиславската врска”, другата беше „Мултигруп” и третата, која беше најмалку експонирана - „учеството на военните разузнавачи служби на соседна Србија или популарниот КОС”; и во заднина имаше уште една линија која што официјално не се кажуваше, а внатре во тајната служба беше насочена истрагата спрема ВМРО-ДПМНЕ; се сеќавате сите во тоа време како биле забележани луѓе со бради на самото место на атентаторите, а сето тоа се правеше од политички причини за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ во тоа време. Е сега, во тоа време вредно е да се напомене дека на почетокот Киро Глигоров во тоа време дојде како диригиран човек од Белград; јас за тоа имам пишувано во моите колумни, дури го имам кажано и неговото кодно име во тој момент во тој прв момент; тој доаѓа за да ја спречи независноста на Македонија и повозрасните сигурно се сеќаваат дека Киро Глигоров ја отвори последната карта дури некаде декември месец 1991 година кога тие светски моќни центри јасно кажаа дека Југославија мора да се растури, не може повеќе да опстои како заедничка држава и дури тогаш ја отвори својата карта задоцнето и кажа - Македонија ни е се што имаме. Но, сега тука има еден битен момент.

Ние без разлика што формално-правно на 8-ми септември 1991 година прогласивме независност, во реалноста, нашата тајна служба не функционираше како издвоена служба, туку тоа беше една своевидна филијала на КОС и тој момент траеше се до некаде 1995 година. Еден пример само да ви кажам - еден поранешен министер за внатрешни работи кој во тоа време беше надежен оперативец на македонската тајна служба дури отворено преку службата ги организираше стотина автобуси од Македонија кога одеа на тој митинг познат на Ушче на Милошевиќ, кога учествуваа тие стотина илјади граѓани и тој човек својата кариера како млад оперативец беше милениче на тој КОС и направи завидна кариера токму на тој момент и сега што е потрагично денеска во актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ човекот кој што ја градеше својата кариера на прогонот на ВМРО- ДМПНЕ е заменик директор на македонската тајна полиција во Владата на ВМРО- ДМПНЕ. Можеби на Љубчо ќе му биде малку чудно, човекот што својата цела кариера, хиерархија, напредување, го градеше во службата. Денеска во една ВМРО-вска Влада е заменик директор на Македонската тајна полиција. Е сега многу битен е моментот околу самиот атентат...периодот. Во тоа време непосредно пред атентатот веќе во позадина е изготвен Договорот за партнерство за мир помеѓу Македонија и НАТО. Сите знаеме дека и потпишувањето на тој Договор се најави за 15 Ноември 1995 година со која Македонија станува 27 членка на партнерството за мир како преодна

Page 22: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

22

етапа во нашето етаблирање кон НАТО. Во тој момент како што кажав некаде во 1995 година КОС го губи тука влијанието и сите знаете, тоа веќе не е тајна, овој простор го завладеа ЦИА; овој простор и оттогаш не само македонската тајна служба туку и сите служби во регионот веќе се филијали на ЦИА и тоа не е толку страшно бидејќи таа соработка се остварува за борба против тој исламски фундаментализам од кој што современиот свет кажува дека претставува најголема закана.

И сега, што е поинтересно. Значи на таа средба на 2 октомври 1995 година Милошевиќ го повикува Глигоров во Белград. На тој разговор и најверојатно да чуе изворно од него дали е точен тој преокрет, бидејќи Македонија во тој момент прави стратешки преокрет на својата надворешната политичка определба; бидејќи како што кажав од тоа влијание на КОС се отргнува и го најавува нашето стратешко партнерство со САД кое почна да се остварува таа 1995 година. И на тој состанок, најверојатно Киро Глигоров му кажува народски на Милошевиќ - заврши приказната со вас, ние одиме со Америка, бидејќи во тоа време како што кажав, формално-правно ние бевме независни но бевме под силно влијание уште на Белград; и јасно му кажува најверојатно дека веќе нема намера и реално да биде во таа некаква врска, во тој некаков остаток на таа Федерација меѓу Србија и Црна Гора предводена од Милошевиќ. И сега ако внимавајте, добро зборувам, најверојатно тоа е многу интересно. До ден денес има еден битен момент - МВР толку аматерски ја води истрагата што го нема побарано документот или стенограм од тој разговор во четири очи меѓу Глигоров и Милошевиќ и тој е многу битен момент по мене; дури и Киро Глигоров своевремено кога беше викнат во МВР да даде изјава после закрепнувањето од атентатот му беа поставени триесетина прашање и дури во тој момент МВР не побара од него да го каже изворно разговорот; и тој е многу битен момент за така способни аналитичари - може да извлечат добри заклучоци каде да ја лоцираат истрагата за атентаторите. Но дури, ајде можеби во 2003 година тоа беше невозможно, Милошевиќ беше на власт, но после 2003 година дојде таа демократска структура и сите тие раководители во Србија, па сега гледам Тадиќ, имаа добри политички врски со нашиот врв. Иако со закаснетост, треба да го побарат тој документ, стенограм од личниот разговор меѓу Киро Глигоров и Слободан Милошевиќ; да видиме што е е кажано, што е разговарано и што е договарано на таа средба и што е договорено за да извлечеме соодвети заклучоци.

Инаку, провиден бил обидот на тие структури во тоа време, дека ќе го спречат потпишувањето на тоа партнерство за мир, како што кажав се случи на 15 ноември, бидејќи во тоа време како што кажав веќе ЦИА комплетно го завладеа овој простор и јасна беше нашата определба нашиот пат, нашето стратешко сојузништво ќе го тераме со Америка. И, од тука за мене е непримерно, пред се од аспект на Глигоров, не е човечки, коректно МВР 15 години да го лаже дека води истрага и сега ова најверојатно ќе го слушнете - во недела, на 3 октомври МВР ќе излезе и

Page 23: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

23

ќе каже истрагата е отворена, работиме на случајот, тоа е една голема лага и јас можам да кажам дека тоа го напишав и пред два-три месеци. Во една моја колумна во „Фокус” пред извесно време од едни патриоти во нашата служба за државна безбедност ми беше предочен еден документ од кој се гледа дека истрагата или поконкретен да бидам, тој оперативен штаб на таа оперативна акција „Автомобил” што се заведе во тоа време е укината, уште внимавајте добро, уште пред 10 години; и познавачите што знаат што значи таа оперативна акција со други зборови кажано - 10 години не се работи синхронизирано и организирано на расчистување на тој атентат, а од друга страна ја замајуваат јавноста дека се работи на атентатот. И како што кажав, не е коректно и спрема самиот Глигоров кој што веќе е во длабока возраст, не е коректно да се лаже човекот, туку треба да му се каже дека истрага воопшто нема и заради неработењето всушност до ден денеска немаме ниту основни индиции за мотивите, а камоли за извршителите. Вие гледате, немаме 15 години ниту еден осомничен, обвинет, уапсен. Можеби тоа не е толку страшно, атентати се откриваат и во други земји, но поразително е по 15 години, и ден денес не ги знаеме мотивите, што е мотивот, барем да успееја нашите безбедносни служби да го утврдат, но како што кажав, се води една аматерска истрага, во тоа време и до ден денешен, и се останува на случајноста и некој ден да слушнме дека случајно е откриен атентаторот кој пред 15 години сакаше да ја дестабилизира државата. Ви благодарам.

М-р Зоран ДОРЕВСКИ6

Најпрво благодарност до организаторите на средбава и до

Форумот за безбедност. Сакам да кажа дека во далечната 95-та година бев на работна должност како еден од старешините во тогашната шеста управа и одговорно можам да кажам дека експлозијата што се случи пред Бристол со иста јачина како што го погоди автомобилот го погоди целокупното раководство на тогашната шеста управа. Од тие причини до ден денеска, атентатот остана во проритетите на моите интереси, и како на оперативец, и како на профисионалец од терен и ова излагање повеќе ќе го димензионирам како оперативно фукусирано излагање.

На 3 октомвти 95-та година Република Македонија, нејзиниот зацртан политички курс, пред се експонентот на таа линија, неговата екселнција, господинот Киро Глигоров, беа цел на терористички напад. Прецизно изведен временско и просторно добро темпиран, детално испланиран и организиран, а мотивите и организаторите и извршителите до ден денес остаанаа непознати. МВР и безбедносниот систем на РМ тогаш во целост затајува. Многу атентати останале нерасветлен во многу од нив голем број на детали податоци и индиции неистражени за многу околности истагата најчесто немала одговор. Во врвот на темната зона

6 Поранешен началник на Управата за обезбедување на МВР на РМ

Page 24: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

24

на криманилитетот атентатите на државни политички лидери ја имаат доминантната позиција. Не само по тоа што голем број од нив се нерасветлени, туку и голем дел од оние кои се наводно процесуирани, се поставува прашање колку се близу до фактичката состојба и правата вистина посебно кога се во прашање причините, мотивите и нарачателот. Вешто спакувани докази, прилагодени изјави на сведоци, монтирани траги, подржани и изведени од вешти лица, се финализираат во обвинителен акт кој се сместува во историјата. Како што рекол Наполен: „Историјата е лага во која никој не се сомнева”.

Со убиството на шеснаесетиот американски претседател Линком во 1865 година извршен е првиот преседателски атентат. Од тогаш па се до денес во атентат животот го имаат изгубено повеќе од 200 преседатели на држави и влади. По втората светска војна прв сериозен атентат беше извршен во 1948 год. врз националниот и духовен лидер Махатма Ганди.

Постојат повекеи квалификации според кои се обработува проучува или документира атентатот. Казненото право ги дели на подготвувани, обидени, извршени а извршените на успешни и неуспешни. Безбедносната наука која го проучува тероризмот и атентатите како негов составен дел ги обработува според мотивот, а нив ги класифицира во 4 групи: 1) политички; 2) eкономски; 3) идеолошки и 5) лични мотиви

Извршителите на последните 50 атентати во Европа од 1976 до денес се класифицират во шест групи: 1)идеалисти; 2) фанатици; 3) психопати; 4) криминалци; 5) анархисти и 5) профисионалци.

Криминалиситката ги класифицира атентатите според криминалистичките карактеристики на делото. Анализа на дел од криминалистиките карактеристики на атентатот е едно од најважните златни прашања е местото на извршување. Атентатите можат да бидат извршени на три позиции: 1)во резиденција 10%; 2)на јавно место или институција 35 %; 3) на траса 50%. Атентатот врз Преседателот Глигоров беше извршен на траса.

Средствата на извршување е вториот битен момент и него го класифицираме во пет групи: 1) ладно оружје 3 ’%; 2) огнено оруже 15%; 3) хемиски биолошки радиолочки средства 12%; 4) посредни начини 1 %; и 5) експлозивни направи со 60 %. Атентатот на Глигоров беше извршен со експлозивна направа.

Повремени извршувања атентатите ги класифицираме во три групи: 1) во нокните часови 10 %; 2) во текот на дено 15%; 3)о утринските часови 70%. Атентатот врз Преседателот Глигоров беше извршен во утринските часови

Современата научна мисла според криминалистичките карактеристики скопскиот атентат го дефинира како типичен атентат. Зошто ова би требало да биде битно за истрагата тогаш, евентуално и за некое истажување ако би се направило и денес. Анализата на расветлени, документирани, а подготвителниот период трае од три до

Page 25: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

25

осум месеци, најкраток е периодот кај типичните атентати што би рекле Скопскиот. Типичните атентати уште се нарекуваат и итни, а ова се поврзува со причините, мотивот и инспираторите и секако најважно, со актуелниот политички момент.

Пред да продолжам со Скопскиот атентат би сакал да споменам еден друг атентат според мене многу сличен со нашиот изведен во далечната 1986 година. Атентатот врз Шведскиот премиер Палме извршен на 28 февруари 1986 година во Стохолм поточно полициската акција и истрагата спроведена по атентатот денес во неколку докторати бранети на повеке полициски универзитети се смета како најслабо водена политичка акција воопшто во историјата за расветлување на некој атентат. Автомобилскиот сообрќај во Стохолм, во градот и сообракајните излезни правци се блокирани дури 2 часа и 45 минути по истрелите направени во 23 часот и 21 минута. Во Скопје, автомобилскиот сообраќај кон и надвор од градот воопшто не е затворен, иако Полициската станица за безбедност патниот сообрќај тогаш располагала во тој период со разработен план за блокирање на трите авопатни излези, седум локални излези и за дванаесет помали сообраќајни патеки. Можеби треба да се додаде дека командирот на 4 и 6 оддел побарале инструкции во 10.30 часот дали да го блокираат излезот од градот во своите реони но не добиле никаков одговор.

Железничкиот сообраќај во Стохолм е затворен 4 часа по атентатот, во Скопје и оваа мерка не е преземена.

Воздушниот сообраќај е блокиран дури 6 часа по атенатот. Во Скопје и оваа мерка не е преземена иако командирот Полициската станица на Аердромот Петровец во 10.45 предложил затварање на аеродромот.

Пристаништето во Стохолм и водениот сообракај се блокирани 7 и 30 часот, цели 8 часа подоцна.

Сега би сакал да направам уште една компарација која можеби нема да биде многу соодветна но добро е да се има во предвид кога зборуваме за Скопскиот атентат компариран со другите и начинот на водењето на истрагата а секако пост атентаторските ефекти. Три години по атентатот на американскиот претседател Кенеди, Гарнисовиот истражен тим нотирал 112 смртни случаи на сведоци, очевици на луѓе кои по било каков основ биле во непосреден контакт со атентатот од 22 ноември 1963 година, најчесто сообраќајни незгоди, самоубиство, инфракт. Слична е ситуацијата при киднапирањето и убиството и на италјанскиот екс премиер Алдо Моро, три години по настанот петнаесетина сведови и очевици дури и самиот комесар кој во одреден период ја водел истрагат се починати.

Кај нас не е истражен овој момент како и многу други, но со сигурност можеме да кажеме од петте придружници кои на 3 октомври утрото беа на должност и тоа возачот на главното возило Ацо, возачот на полициското возило Иван, инспекторите Драган, Жарко и Илчо. Во трите години по атентатот освен возачот на Глигоров Ацо кој погина на лице

Page 26: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

26

место, животот го загубија во сообраќајка Жарко, Драган беше удрен од воз, Иван доживеа тежок масивен инфракт. Единствено инспекторот во главното возило кој од експлозијата беше силно зашеметен во безсознание, фала му на бога, денес е сеуште жив.

Page 27: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

27

Втор дел на научно-стручната дебата

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Да продолжиме. Имам една молба од присутните, да се обидеме мобилните да ги оставиме на бесшумно за да не сметаат кај говорниците и слушателите.

Ако се собравме, како што најавив, прв говорник по паузата ке биде професорот Бабановски. Да се подготви генералот Митре Арсовски. Повелете.

Д-р Иван Бабановски7 Благодарам, што не сме под притисок на седмата сила која исто

толку има одговорност за ова забошутување на нарачателите и извршителите на убиството на легитимниот Претседател на самостојна Република Македонија. Прво, грев е за се ова што се случи и што ни се случува во континуитет проблемот да се лоцира и да се стави на совеста на службите за безбедност. Според мене службите за безбедност не се пожарникарска екипа или брза помош. Кај нас постојано тие се јавуваат во таа улога. Според мене, според моите сознанија и моите определби службите за безбедност биле должни да не дозволат да се случи атентатот, да не дозволат да биде убиен првиот Претседател на самостојна Република Македонија. Зошто велам да не биде убиен? Јас го почитувам шефот на кабинетот на Претседателот кој е тука. Тој знае дека јас пет и пола часа разговарав со Претседателот и му реков дека тој во атентатот е убиен. Меѓутоа, само Господ го спасил, само не знам од кои причини, бидејќи се уште немам никакви врски со Господ, го спаси и го остави во живот, а политички беше убиен бидејќи тој беше исплашен и оние кои го планирале и извршиле атентатот ја постигнаа целта; практично ја блокираа неговата политичка акција за водење на Македонија во оние благопријатни демократски води, воведување во Европа и во сите други асоцијации и алијанси кои би требалo на оваа мала демократска држава да и обезбедат безбедност и територијален интегритет.

После атентатот ние го доживеавме сето она што може да го доживее една нестабилна држава. Ние овдека имавме можности да ги чуеме, но јас не сакам за тоа да говорам. Сите тие проценки во какви општествени услови се случи овој жесток терористички акт кој не беше насочен и не беше изведен само против Претседателот на државата,

7 Поранешен припадник на Службата за државна безбедност на СРМ/РМ; поранешен

професор на Факултетот за безбедност и општествена заштита - Скопје

Page 28: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

28

туку против секој граѓанин на Македонија што си ја сака оваа држава како своја држава.

Јас би сакал еден друг аспект да отворам за атентатот. Во кривично-правната теорија овдека барем никој не настапуваше од тој аспект, да каже - постои едно кривично дело кое се вика одговорност за нечинење, тоа е она кое кога ќе пропуштиш нешто што си бил должен да го направиш не си го направил, доаѓа до последици поради тоа што не си го направил, треба да одговараш кривично. Јас перманентно инсистирам на тој аспект, а што сакам, дури и на Преседателот му реков : Господине Преседател, ве молам кажете ми кога да ви верувам дали сега кога ја напишавте книгата „Македонија е се што имаме” или претходната книга која ја напишавте во која го величевте тогашниот министер за внатрешни работи, кој авансираше врз вашето убиство. Тој најмалку што требаше. Прво, да имаше мислен морален кредибилитет во себе, требаше да поднесе оставка, а не да авансира на она место на кое му беше животна желба. Внимателно ги следам сите настани после 1995 година. Ве молам, структурите во безбедноста кои беа на позиции постојано ни го толкуваа настанот на атентатот. Па тие требаше да одговараат. Требаше најмалку јас, и на Претедателот му реков: Господине Претедател, прво што ќе направев кога ќе го отворев тоа едно око што ми остана ќе прашав : дали го затворивте министерот за внатрешни работи? Намерно не го именувам, знаете што можеше да биде кој сака на таа позиција, не таа личност на кој мислам. Зошто? Затоа што тој требаше да ги поднесе сите последици кои следеа после еден успешен атентат. Службите до тука, до атентатот, биле должни тоа да го попречат, од тука натаму за службите не сакам да разговарам, тие дефинитивно паднаа на испитот и дефинитивно треба да одговараат за се она што не го сториле. Меѓутоа, луѓето што беа на чело на специјалните служби, на безбедносните служби, не можат да добијат простор во оваа држава да ни толкуваат што се случило, како се случило, па ние знаеме, го видовме тоа и на телевизија и секаде го видовме, бевме и на лице место, видовме што се случи. За да биде дрскоста уште поголема, ние на едни избори една од тие личности ја кандидиравме токму за Претседател на Република Македонија да биде кандидат. Каде се тие, како да кажам, односно каде е совеста на тие што го направија тоа. Значи, за мене реков, оценка и проценка на службите за безбедност - тие затаија. Што се случи на лице место. Кога отидов таму дојдоа дилетанти, луѓе кои немаа појма што значи лице место, дека тоа е една читанка во која се чита се она што треба да се прочита од настанот. Таму дојде, нека ми прости еден многу мој драг пријател, починат е, дојде човек кој го авансиравме заради добивање на бенефиции од благајник да стане кримтехничар, тој беше на увид. Сега да се префрлам на она што е многу битно. Јас кога имам еден ваков настан, се прават неколку верзии, се бара мотивот, се бараат извршителите, се бара нарачателот. Досега барем во историјата, мојот помлад колега тоа убаво го елаборираше, најчесто се откривале извршителите, многу ретко нарачателите Еве земете го и последниот

Page 29: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

29

случај со атентатот во соседната Србија, за Ѓинѓиќ. Сите се под контрола, меѓутоа нарачателите ни од далеку не се надзираат, дури нема ни политичка сила во таа држава да каже, да се дрзне некој, да каже - кој го нарача атентатот. Кај нас ние не го откривме извршителот, извршителите, не го откривме нарачателот, а велиме дека подготвување на еден атентат барем теоретски така стои од три до осум, дванаесет месеци се подготвува атентатот. И тоа им го ставаме на душа на специјалните служби, меѓутоа, каде е обвинителството, еве обвинителот требаше до мене да седи - го нема, каде се правосудните органи кои исто толку имаат право во водењето на истрагата . Истрагата ја водеше еден мој драг пријател кој е мртов, кој за жал морам да кажам, беше прекрасен човек, меѓутоа, не беше дораснат да му се даде да го води делото атентат на Претседателот на државата. Ви велам, прекрасен човек и многу се почитувавме, но јас не можам да кажам нешто што не држи. Значи, некој тенденциозно и тука ги водеше така работите. И сега она што е најбитно. Eве, тука го гледам и г-дин Љубчо Горгиевски. Најбитно што е за мене - атентатот се случи во време кога на позиции беше коалицијата што ја водеше најголемата партија Социјалдемократскиот сојуз, 1998 година на позиција дојде ВМРО, после онаа експертска Влада дојде ВМРО, ништо не направи токму на тој план да ја расчисти таа огромна хипотека во која ќе добиеше и многу големи политички поени доколку барем, не да ги откриеше нарачателите, туку барем да се обидеше да направи нешто повеќе на тој план да се поработи врз атентатот и да се актуелизираше истрагата и да се динамизираше. Напротив, еве сега и денеска па денеска е тоа најубаво да стои тоа во ад акт, јас кога би бил во актулната власт сега јас би му дал на атентатот прво место во разоткривање на организираниот криминал. Затоа што тероризмот е сијамски близнак со мафијашкото однесување, со организираниот криминал и тој е врв на криминалот, а убиство на шеф на држава е врв на врвот. Никој тоа не си го стави како приоритет, никој тоа во оваа држава не го направи. Јас на Претседателот му поставив директно прашање: Претседниче, зошто не ги прашате вашите пријатели од ЦИА кој сакаше да ве убие? И тој ми рече : Видете, јас неможам да говорам глупости, говорам тука пред еминентни луѓе, пред шефот на Претседателот на кабинетот. Тој ми рече вака: Иване, три пати барав од ЦИА да ми кажат кој беше тој што сакаше да ме убијат, два пати приватно, еднаш службено. И и не ми одговорија. Претседателе, викам ви, одговориле. Не, не, Иван, не ми одговорија. Ама Претседателе они ви одговориле а што сакате да ви напишат - Вас сакаа да ве убијат вашите мангупи - па тоа никогаш нема да го напишат ЦИА. А оваа држава е избушена повеќе од странски служби отколку швајцарското сирење. Верувајте ми овдека во една ситуација еден мој извор кој кога се водеше таа Портокалова револуција во Украина беше гостин на директорот на Центаралната воено разузнавачка служба на Украина. Во еден разговор со една агентура, не ја именувам, сега кога ја прашале што посебно во Македонија би ги интересирало. Шефот на државата да ни го донесете,

Page 30: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

30

петстотини евра не даваме – значи, нема ни една тајна во државата за која не би можело да се плати петстотини евра, ако за шефот се плаќа петстотини евра. Ова сакам да ви го кажам дека не постои резон на човек аматер во служба кој ќе заклучи дека ЦИА не знаела што се подготвува, и дека ЦИА не знаела кој го извел атентатот и ако не смеам тоа да го кажам, дури некој и помагал да се изврши и кривично дело помагање по извршување на кривичното дело атентат, а тоа е она што сега ви го говореше мојот драг помлад колега - никој не ги затвори границите, никој не презеде ништо, а да ви кажам од она што го знам лично и што верувајте и не смеам да го говорам, знам дека сето тоа ќе беше доцна затоа што амито беше таму ставено благовремено подготвено и последниот акт беше ставање на еден ваков упалјач со ласерски зраци кои ја активира бомбата во амито. И според мои сознанија, изворите, по цена да одговарам, нема да ги кажам, бил ставен на десниот блатобран на мерцедесот, значи точно се знаела трасата како ќе оди и блатобранот. Јасно си го поставувам прашањето - Како бил обезбедуван мерцедесот на Претседателот. И она што се шпекулираше - од Штедилницата на БС некој штракнал, го штракнал експлозивот од хотелска соба, се сè тоа шпекулациии. За луѓе професионалци тоа е малку да ви кажам смејурија. Би сакал да завршам со ова. Од овој наш обид да едно од најсрамните дела што се извршени против македонската нација не дозволиме да остане забошотено и да не поднесат оние кои треба да поднесат политички консеквенции, да не ни се случи да ни понудат некој да ни толкува од безбедноста, од јавната безбедност. Видете, ние имаме министер во Парламент на една минорна партија, е таму пратеник кој говори за лустрација, па тој учестувуваше во апсења во чуда, сето тоа и тој сега зборува за лустрација. Па срамота е тоа, срамота. Бившиот потсекретар во државна безбедност перманентно во весници по нарачка оние што пишуваат весници овде нема весник кој скоро нешто што сака да го истражи и да го претстави без последици или да има последици од Владата или од оние што се јаки во опозиција или од тајкуните од ова држава. Тие се постојано на први страници на весниците и објаснуваат како бил извршен атентатот на Петседателот, па тоа е перверзија, извините на израз, ве молам, дами. Ова наше настојување е да се разбудат луѓето и да сфатат дека со откривање на нарачателите, на извршителите на атентатот, оваа држава ќе добие и во светот поголем авторитет, оваа држава ќе им каже на граѓаните дека има капацитет, а јас верувам во капацитетите на мојата држава да им обезбеди слобода, мир и благосостојба и да обезбеди услови за демократски развој на оваа моја мала држава, која никого не го загрозува, но може со свои капацитети да им обезбеди слобода и благопријатен живот на сите граѓани без разлика на нивна национала, верска припадност. Затоа што денеска е многу битно на која нација припаѓаш, на која вера припаѓаш и на која партија припаѓаш. Тоа е егзистенционално прашање на граѓаните на Македонија и кога ќе се промени во наредните избори структурата, повторно ќе мораат некои да ги менуваат тие свои определби за да можат да

Page 31: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

31

егзистираат, за да можат да работат. Благодарам, јас имав ова да го кажам, верувајте имам и некои работи кои што не можам да ги кажам.

Проф. Д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодарам господине Иван Бабановски. Збор има генерал Митре Арсовски, а да се подготви госпоѓата Сежана Лупевска.

Генерал (п) Митре Арсовски8

Атентатот врз експретседателот на Република Македонија не е ниту прв, ниту пак последен. Меѓутоа ,тој мора да се анализира и понатаму за изнаоѓање вистински методи за планско обезбедување на сегашниот и идните претседатели на Република Македонија. Атентатите се извршуваат заради разни цели и со разни средства. Истите можат да бидат успешни или не, што зависи од подготвеноста на планерите на атентатот, но и од подготвеноста и умешноста на личностите кои се во системот на обезбедување, се разбира ако ги има. Не сум тотален лаик во сферата во обезбедувањето на претседател на држава, бидејќи од далечната 1963 до 1968 бев член во системот на обезбедување на претседателот на Југославија во тоа време, другарот Тито. Да нагласам дека во тоа време средставата кои ни беа на располагање, ни одблизу не беа како оние кои беа на располагање во времето за кое овде зборуваме. Искуството кое го стекнав во тоа време ми дава за право да го дадам своето мислење за третираниот случај. Најпрвин, дозволете ми да кажам неколку зборови за условите во кои се организираше и спроведуваше обезбедувањето на претседателот. Република Македонија се осамостои по мирен пат, но тоа не значеше дека тој факт ни даваше за право да мислиме дека имаме поволни услови. Напротив, тогашните услови беа доста тешки поради тоа што Југославија сеуште се распаѓаше, останаа многу политички и економски проблеми, граѓаните кои живееја надвор од своите републики сеуште се враќаа, а подземјато и профитерството растеа како пивски квасец. Поради настанатата ситуација многу граѓани беа повредени како политички, така и економски, финансиски, физички, но и психички. Сето ова требаше да ни даде до знаење дека новиот претседател на Република Македонија ќе се стекне со многу непријатели од било која боја, со еден збор системот за обезбедување на претседателот требаше да биде добро организиран, екипирен, обучен и плански спроведен. Кои акти ги имавме тогаш и во тие услови за обезбедување:

1. Немаше официјална одлука за тоа која институција ќе биде одговорна за обезбедување на претседателот. Делумно, на своја рака го обезбедуваше МВР, а делумно учествуваше и АРМ. Таквото

8 поранешен началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија

Page 32: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

32

обезбедување беше инкубатор на несогласување, површно и непланско обезбедување, дупки во системот за обезбедување што им ја олеснуваше работата на оние кои беа потенцијални планери и извршители на атентатот.

2. При ваква состојба не постоеше ниту план , ниту организација, ниту збор, ниту обука, ниту пак избор на средства за обезбедување на претседателот. Значи, имавме неискуство во оваа сфера, никаков избор и обука на луѓето кои требаа да влезат во системот за обука, а да не зборувам за избор и изработка на квалитетен план за обезбедување на претседателот, се се изведуваше неплански, стихијно и лаички. Планот за обезбедување требаше да содржи анализа на условите и тоа: политички, безбедносни, финансиски, кадровски и просторни. Како круна на сето ова беше заспаноста на сите кои беа вклучени некако во тоа обезбедување, почнувајќи од возачот, па се до врвот на непостоечката хиерархија, во непостоечката организација. Затоа најчесто се случува претседателот да се превезува од местотото на живеење до работното место само со возач секој ден, секојдневно по една насока, низ необезбедени улици, што претставуваше многу лесен плен за атентаторите. Тие пак се добро организирани, обучени, опремени и дрски, така што плановите ги извршуваат до крај - плански и со сите средства кои им беа на располагање. Со еден збор крахираше целокупната организација на системот за обезбедување на претседателот на Република Македонија. Поради ваквата неорганизираност имавме тотална збунетост веднаш по атентатот, што доведе до хаос во мерките за: а) извлекување на претседателот од местото на атентатот и неговото брзо префрлување во институциите за преземање на здравствени мерки; б) преземање на брзи мерки за откривање, приведување и испитување на сомнителните личности учесници во атентатот; в) брзо активирање на специјализираните екипи за истражување и откривање на евентуални докази од местото на атентатот и г) преземање на адекватни мерки за понатамошно следење и откривање во вистинска насока.

Сето ова не беше квалитетно спроведено, па дури, со некои избрзани изјави на поединци истргата се упати во погрешна насока.

Со цел да се подобрат мерките за посигурно и планско обезбедување на претседателот на Република Македонија, подолу ќе изложам некои мерки:

1.Веднаш да се донесе одлука за тоа кој ќе го преземе официјално обезбедувањето

2. Да се подготви и строго почитува однапред изготвен план за обезбедување

3.Да се обезбедат најквалитетни и современи срдества за обезбедување

4.Да се предвидат мерки кои ќе се преземат веднаш по евентуалниот напад врз претседателот за откривање и приведување на атентаторите.

Page 33: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

33

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

Благодарам на генералот Арсовски. Ние на универзитетот користиме два израза во ословувањето колаега и колшке и така доаѓа до расчкор во ословувањето. Имам можност да ја поканам Снежана Лупевска како истакнат аналитичар да говори, а потоа да се подготви професор Петар Атанасов. Збор има Лупевска.

Снежана ЛУПЕВСКА9

Значи во 95-та година бев прилично помлада и речиси една година и нешто повеќе репортер во телевизијата во која работев; а и една од најголемите задачи што ги добив тогаш беше веднаш по атентатот да отидам на терен. Сликата не можам да ја заборавам колку беше хаотична, барем од призмата на нас како медиуми вклучувајќи ги и оние што беа на терен да истражат, а вклучувајќи не и нас новинарите. Професорот кажа дека дел од вината е на нас, новинарите, и јас исто така прифаќам, поточно на медиумите затоа што во тоа време речиси сите медиуми беа контролирани, односно секоја информација што ја даваа особено во времето кога се случи атентатот, беше контролирана веројатно од Министерството за информации или повисоките структури. Така да, се што одеше на вестите претходно се проверуваше. Она што се случуваше во времето на атентатот беше дека ние новинарите го пласиравме она што ни се сервираше, барем јас имав таков впечаток можеби затоа што сум била млада и сеуште не сум знаела како одат некои работи во новинарството кои се случувале и до ден денеска, така што верувам од денешен аспект гледајќи многу пропусти се направени во однос на тоа од кој се сме барале изјави и дали сме се потрудиле да побараме нешто повеќе од она што се случувало во врска со увидот, дали сме вршеле притисок на луѓето кои тоа го правеле, дали сме вршеле притисок на Обвинителството во тоа време, дали сме вршеле притисок на истражителите и слично. Она што ни се случи месеци подоцна беше целта да бидеме дефокусирани колку можеме повеќе од суштината и суштинските информации во врска со атентатот и од денешен аспект кога пред 2 години правев емисија за атентатот на Киро Глигоров во „КОД” каде што и тој учествуваше, мене сето тоа ми изгледаше на една голема пародија затоа што оној фото-робот којшто беше изработен како нешто што беше ново промовирано во Македонија можеби со атентатот, некоја црна жена што била нели присутна или не била, станови од каде што биле активирани експлозивите; сите тие информации кога јас во 2008 ги анализирав ми изгледаа многу

9 Новинар од областа на истражувачкото новинарство.

Page 34: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

34

нелогични, чудни и навистина ние или верувам дека можеби така било координирано во тоа време, сме пласирале многу многу непроверени работи. Подоцна, сите ние новинарите, нели, главна тема особено секоја година од годишнината на атентатот беше да дознаеме нешто повеќе, меѓутоа повторно бевме ставени во замката да ни се сервираат информации од типот на „Мултигруп”, од типот на „Братиславската врска” и се фокусиравме на такви истражувања, повторно бегајќи од вистинските анализи. Во таа 2008 година дури и самиот претседател во „КОД” (тоа интервју стои), тој кажа кој се го лажел во врска со атентатот и ги именуваше луѓето кои во тоа време биле на функции кои што требало да ги побараат одговорите, како и тој бил како и нас медиумите дефокусиран од суштината на атентатот и можеби во тоа време оние информации, рече тој, што ги дале разузнавачите од типот на военото разузнавање, од типот на она што се случувало со северниот сосед и информациите што доаѓале од таму, барем според тоа интервју беа информации од тоа време во кое што тој најмногу верувал дека се точни. Она што исто така следуваше по 2005 година или тука некаде, беа повторно ставани информации или работи како од типот на наградата која беше распишана од тогашниот министер Павле Трајанов за секоја валидна информација со атентатот, и за жал тој имал можности да го истражи на друг начин. Мене и тоа ми личи дека е несериозно, можеби еден обид, меѓутоа беше несериозен пристап на темата - атентат. Сите обвинители кои дојдоа мислам дека исто така не се занимаваа доволно со тоа прашање или доколку се занимаваа тоа го направија од чисто политички мотиви и оние интервјуа и истраги што ги направија останаа до таму - дека што беше мандатот на политичката партија во која што тие го имале својот мандат. Да не излезе дека ние медиумите нели секогаш другите ги критикуваме, а не се критикуваме себеси, јас ќе бидам критична и кон самата себе. Што ние не направивме? Она што не го направивме – не ги истраживме контактите на првите луѓе во МВР, во военото разузнавање или во одбраната, во министерствата, во Владата, со странските политичари еве да речам, особено оние од регионот, па преку нив и со странските служби. Второ, што не направивме – не отидовме ниту во Бугарија, ниту во Србија, ниту во Грција, можеби и пошироко да ги прашаме тогашните актуелни политичари веднаш по атентатот, а и подоцна, како тие гледаат на атентатот и можеби ќе дознаевме и ние нешто повеќе. Се гетоизиравме и останавме на ниво на тоа што се пласираше овде во Македонија и се надевам дека еден ден и ние, доколку се живи еве и тие што се во околината ќе најдеме начин да дознаеме повеќе. Она што не одиме да го истражиме е тоа дека атентатот што се случи на Ѓинѓиќ и она што се случува особено во последните 2–3 години од аспект на организиран криминал во којшто настрадаа од политичари преку новинари до криминалци, покажува дека тие структури што биле во 95-та година очигледно сеуште постојат. Не знам дали се истите, меѓутоа од она што јас денеска го работам се гледа дека тие политичко-криминални и бизнис структури очигледно дека многу

Page 35: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

35

добро работат во регионот и дека тие секогаш ја имаат предноста, а за жал заради политичките состојби и случувања во регионот, колку и ние да кажеме дека како регион сме нели заеднички, дека ќе соработуваме на патот кон ЕУ и НАТО, ниту една земја не беше отворена доволно кон друга земја за да помогне во расветлување на атентатот на Киро Глигоров. Значи, ова нека останат како отворени прашања кои што јас еве лично и како новинар, а верувам и моите колеги ќе ги имаме како задача да ги доработиме за да не бидеме ние само критични кон она што се случуваше во тоа време. Ви благодарам.

Проф. д-р Цане МОЈАНОСКИ

И благодарам на коешката за излагањето, следниот говорник ќе биде Петар Атанасов, а да се подготви Фросина Ременски.

Проф. д-р Петар Атанасов10

Јас доаѓам од академската или од научната заедница и веќе 10-тина години се бавам со социо–политички теми и ќе се обидам да дискутирам од овој аспект. Веќе 5–6 пати беше споменато дека науката треба или дали има простор и како може да се вклучи во расветлувањето на аспекти или моменти за настанот за кој денес се говори. Науката е немилосрдна. Се занимава со факти, но се бави и со интерпретации, но не се бави со предрасуди. Ако се бавите со предрасуди не треба да се бавите со наука. На оваа маса денес седат луѓе кои со предрасуди имаат говорено за претседателот Киро Глигоров, а денеска ладнокрвно разговараат еве за различни теми, вклучувајќи го атентатот. Науката дава одговори на многу прашања, но некогаш е спора, како правдата, но еден ден ќе открие. Ние многу малку се бавиме со овие теми, особено со првиот претседател на Република Македонија. Главно сме заглавени во сегашноста и се бавиме само со дневни теми. Еве, ќе се обидам накратко со една презентација како би изгледало или со какви теми би можело науката да се бави во контекст на првиот претседател на Република Македонија, во насока на она што се случувало во државата, причините, последиците, итн. Малите држави ретко даваат големи луѓе, ретко даваат големи политичари. Еве една перцепција од белградска „Политика” од 18.09.1999 година за првиот претседател на Република Македонија: „... независна и суверена Република Македонија во голема мера претставува и негово животно дело”. Значи, денеска расправаме за еден од темелите на современа Република Македонија. Сите говорници, повеќето од нив, беа заглавени со тој настан (атентатот) и не отидоа ниту понапред, ниту поназад. Јас ќе се обидам да дадам неколку размислувања пошироко. Првиот претседател на Република Македонија,

10

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Page 36: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

36

секако, имаше голема улога во спасувањето на државата во процесот на осамостојување за да не ја зафати воениот виор – тоа е факт. За жал, други политичари во 2001 година не успеаја да ја заштитат Република Македонија. Понатаму, еве една изјава од првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров во 2001 година кога веќе не беше претседател, за настаните од таа круцијална година за Македонија. Ќе цитирам: „Решенијата кои ни стојат на располагање за спас на државата се стеснуваат со секој изминат ден. Денеска Република Македонија губи саати, секој саат е важен за нејзината иднина и повторно многу малку се случува...” Еве уште две перцепции за првиот претседател на Република Македонија. „Пробуричкав” по интернет, стари весници, и еве што може да се најде ако барем малку се истражува: „Глигоров беше единствен авторитет, политички авторитет, зад кого стоеја голем дел од граѓаните. Денес таков политички авторитет во Република Македонија нема.” Еве уште една, уште посилна перцепција: „...атентатот врз Глигоров претставуваше државен удар” – појака од оваа констатација нема. Ние како држава не ги расветливме причините на еден политички атентат, што всушност претставуваше државен удар врз Република Македонија. Тогаш, за каква тема денеска дискутираме. Еве неколку размислувања и теми за кои може да се истражува или, како може првиот претседател на Република Македонија да се анализира во современи политички услови. Глигоров е интересен, прво, како политичар кој доаѓа од една лева провиниенција и кој бил на повеќе државни функции во бившата држава и како таков феномен е интересен. Второ, тој е интересен како феномен, бидејќи во тој момент додека беше претседател пред атентатот, Македонија беше гледана во многу анализи и перцепции како успешна држава, како држава што чекори по некоја сигурна патека. И трето, како личност, како политичар во тоа време беше тема на расправа или анализа, дури имам лично слушано во тоа време на конференции, дека човекот може да одигра мирољубива улога во преговорите помеѓу некои закарани балкански земји во тоа време. Предлози што доаѓале од Хрвати, Словенци, луѓе од Западна Европа. Значи, претседателот Киро Глигоров бил и регионален политички калибар, ако може така да кажам. Што се случи по атентатот? Последици: Македонија ја раководеа релативно млади и неискусни политичари особено во извршната власт. Македонија беше вратена назад, една цврста констатација – иако тоа се случи неколку години подоцна. Настаните што следуваа докажаа дека Македонија беше вратена многу години назад во процесите како држава. На својот пат кон прогресот, по атентатот на првиот претседател Киро Глигоров до ден денес, најголемите успеси на Република Македонија, всушност, ако може така да се наречат од државен аспект, се всушност и резултат на странски политички интервенции. Но, еве две идеи како може првиот претседател на Република Македонија да се истражува преку неговите ставови што тој јавно ги искажувал во годините зад нас. Господинот Бачев мислам спомена за тоа, за една од изјавите што јас не сум ја слушнал, за жал, туку ми беше пренесена како новинар преку луѓе

Page 37: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

37

што ја слушнале. Изјавата беше дадена во 1993 година: „Држете се за Американците”. Нешто што ја одбележи надворешно политичката активност на Република Македонија со години нанапред. Ја знаеме неговата улога потоа, како беше, што се случуваше, некои работи одеа во минус, некои во плус. Но, еве како може еден политичар да ја насочи надворешната политика на една држава во еден правец. За ова може да се изготвуваат научни трудови. Уште една тема - читајќи ги неговите изјави наназад овие денови, Глигоров постојано напоменуваше дека Македонија со соседите има нерешени прашања, со сите соседи, трнливи прашања што ја спречуваат Република Македонија да оди напред, бидејќи не се решаваат. Веројатно имало и други фактори и други држави што одлучувале, но, оттука, Глигоров се обидуваше да ја објасни својата политика на еквидистанца, политика што потоа беше на некој начин дезавуирана. И да не должам многу, еве една мала презентација како би изгледал еден аспект на проучување во науката на феноменот Киро Глигоров во современа Македонија. Еве една мала импровизација, една хипотеза: Дали се исплатеше политичкиот атентат на Киро Глигоров? Одговорот од денешен аспект е Да. Благодарам.

Проф. д-р Цане Мојаноски

Благодариме на професор Атанасов , пред да ја најавам Фросина

Ременски, сакам да напоменам да се подготви господинот Ставре Џиков. Благодарам.

Д-р Фросина ТАШЕВСКА РЕМЕНСКИ11

Благодарам. Ќе морам да заклучам исто како госпоѓица Лупевска

која што е истакнат новинар, истражувач во Република Македонија, дека можеби сум и многу помлада во...со оглед на составот на оваа стручна дебата да говорам за една тема која што сите нас не инспирирала во дадениот момент, но, и оставила некои можеби задачи, отворено поставени цели и јас како научник еве се зафатив малку и да го истражувам случајот, меѓутоа од еден сосема друг аспект. Зошто тоа остави трага на мене? Затоа што трети октомври 95-та година беше мојот прв академски час. Јас ја поминав маршутата од државна болница преку плоштадот и на камениот мост се случи експлозијата во којашто се направи обидот за атентатот на поранешниот претседателот на Република Македонија, господинот Глигоров. Искрено да ви кажам како и секој млад човек кој што е малку суеверен ќе си рече – леле, како почнав. Меѓутоа, убаво е некој барем од мотив или некое сеќавање од тој период

11

Продекан и професор на Факултетот за безбедност - Скопје

Page 38: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

38

да ве држи и да ве држи во кондиција, да се интересирате за проблемот до каде и како се развива. Бидејќи доаѓам од академската заедница и се надевам дека оваа стручна дебата која што нели преку научните методи сака да дојде до одредени сознанија за настанот, можам да заклучам само едно, а тоа е дека ако зборуваме од стручен аспект и од научен аспект за атентатот можеме да зборуваме од повеќе аспекти. Интересни до сега беа нели аспектите во кои што се зборуваше за општествено-политичката условеност на мотивите за атентатот, понатаму, националниот, безбедносниот и политичкиот контекс во кој што се случи атентатот. Понатаму, политичките случувања кои претходеа и следеа по атентатот, меѓународни односи на Република Македонија и нејзиниот меѓународно-правен субјективитет што го добивме нели со приемот во Обединетите Нации под референцата Поранешна Југословенска Република, односно со потпишување на привремената спогодба со Република Грција. Можеме да зборуваме од аспект на новинарството, каков беше општествениот одговор на атентатот во кој што влегуваат медиумското преставување на настанот, можните мотиви и сторители, соработката на граѓаните со полицијата во откривање на одредени настани. Но, од аспект на безбедноста, од безбедносните науки и полициските науки, особено мене ме интересираат неколку аспекти за како што кажа и новинарката Лупевска, дека се многу малку истражени, а тоа го насетив во неколку дискусии на повеќе од соговорниците денеска, а тоа се: за координацијата како суштинска функција на безбедносниот систем, за прашањето со раководење на човековите ресурси и нивна функционална поставеност за време на дадениот настан, како и раководењето при ад хоц ситуации, бидејќи и атентатот беше една таква можеби непредвидена но доста предвидлива ситуација. Понатаму, управувањето и менаџирањето со оперативните информации и нивната операционализација во конкретни оперативно тактички мерки, организациска и функционална поставеност на лицата задолжени за координација на разузнавачката и контраразузнавачката заедница, да го видиме каков беше концептот на организација на разузнававачката и контраразузнавачката заедница и координацијата на тие служби. Ако знаеме дека надлежноста на претседателот во надворешни работи, во меѓународните односи и како врховен командат изискува потреба од постојано информирање на претседателот за информации кои што се во доменот на работата на разузнавачката и контраразузнавачката заедница, многу е битно да се насочи истражувањето или истражувачкиот интерес, каква беше улогата на тогашната координација, кој раководеше, каква беше неговата функција и во контекс на ова истражувачко прашање кое што колешката Лупевска си го поставува како еден истражувачки проблем до кој што треба да се дојде. Каков беше ефектот и ефикаснота на поставувањето на припадниците на полицијата и службениците од Управата за безбедност и контраразузнавање по настанот, значи собирање на податоците за настанот, увидот и сите други оперативно-тактички мерки за кои во голем дел збореше колегата

Page 39: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

39

Доревски и правеше многу добра, можеби компарација врз основа на што како аналогија ние во науката можеме да вадиме и некои заклучоци. Понатаму, начинот на обезбедување на ВИП лицата, каков беше дотогаш и како продолжи понатаму, односно обезбедувањето на трасата на движење на претседателот. Значи, кога зборуваме за атентатот на претседателот Глигоров јас не сакам да западнеме во онаа шема на политичко препукување на лицата кои пред и после вршеа политички функции и имаа свој удел во креирање на целиот настан, пред но и потоа. Значи, она што треба да се изведе како заклучок, а многу малку се говори, е каква беше ефикасноста на работењето на безбедносните служби кои што во својот домен на работа имаат надлежност да собираат податоци кои што говорат за подготвување на еден настан, кој што остави силен удар на демократскиот развој на Република Македонија, но реално и нејзината слика во меѓународната заедница. Значи, ние рековме, нашите безбедносни служби крахираа, но ајде да видиме зошто крахираа. Значи, од научен аспект јас би ги истакнала двете суштински прашања кои што доколку се поврзат во науката можеме барем да зборуваме за некој придонес во расветлување на овој настан. Знаете, нас во науката многу тешко можете да не излажете дека постои совршено исвршен криминален настан и дека нема индиции кои што можат да ве одведат во насока на откривање на нови факти, нови настани, нови поврзаности и да истражуваме. Бидејќи не доаѓам од позицијата на практичар кој што бил директен или индиректен учесник во настаните, мене како научник, јас многу се трудам да изведам некои логички заклучоци врз основа на компилација на информации, сознанија кои што еве ги имам на располагање и покрај информацискиот дефицит на настанот, значи и од службите надлежни да даваат такви информации. Меѓутоа, и од неистраженоста, а можеби и од незаинтересираноста на научната јавност да се занимава со ова прашање, јас би рекла повеќе од аспект на тоа да не бидат оквалификувани како политички припадници, бранење на ставови на одредена политичка партија којашто има или нема удел во настанот и своја трага, но и заради класифицираноста на информациите и што еве и ден денес ги слушаме и искрено да ви кажам јас малку се чуствувам како да сум во некој сајнсфикшн филм, бидејќи многу убаво звучат, многу добри претпоставки во некоја рака и паушално изведени информации, но веќе кога се зборува за некој сериозен пристап во разгледување на атентатот, говорењето во маски и со обвинувања, мислам дека нема да не доведе до целта, туку само еден суштински несубјективен пристап во истражувањето на овој проблем. Значи, координираноста на безбедносниот систем или улогата и функцијата на лицата задолжени за координација, управување со оперативните контраразузнавачки и разузнавачки информации; тука мислам дека затаила првата работа во откривањето на подготовката на атентатот. Значи, провејуваше мислењето и дека преголемата концентрација на моќ во функцијата претседател била една од мотивите за деакумулација на тие функции,

Page 40: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

40

надлежности, заради концентрираноста на информациите од државен интерес. Ако се гледа тоа во контекст на сегашната реформа на разузнавчката заедница тоа ќе направиме само една дислокација да кажеме на таа концентрација на моќноста на информации од една функција во друга. Значи, можеме и така да ги гледаме работите. Се зборуваше за мрачни сили кои што имаат интерес да кажеме, да и наштетат на Република Македонија од процесот на нејзино осамостојување до ден денес, па се зборуваа меѓусоседските релации на Република Македонија, но и релациите пошироко. Значи, едно од моите прашања е повторно во функција на тезата што ја отвараме како едно можеби истражувачко прашање - е дали тие сили за кои што зборуваме ние и политичарите и научниците, имаа своја поставеност и позиција со безбедноните служби коишто беа задолжени за откривање на подготовката на настанот за кој што сите сме согласни дека имало фаза на подготовка, дали е тоа три месеци, дали е седум месеци, дали е девет месеци. Онаа аналогија што ја направи колегата Доревски за атентатот на шведскиот премиер и неинтересот на службите да ја проучуваат, што ја поврза нормално со Република Македонија говори само во функција на она што треба да се истражува. И второто прашање дали намерно затаиле службите во откривање на подготовката на овој настан. Сметам дека зад ваквите истражувања, зад ваквите дискусии пред се треба да стојат луѓе кои без хипотеки ќе пристапат кон истражувањето, во една нова генерација која што недиректно е вклучена во настаните, затоа што само преку таков објективен пристап може да се гледа кон настаните на кои што ден денес зборуваме, но сеуште не наоѓаме одговори.

Проф. д-р Цане Мојаноски

Пред да го замолам господнот Ставре Џиков, сакам неколку информации да споделам. Ние со говорењето на господинот Ставре Џиков ја исцрпуваме листата на панелисти за говор. Дали има некој од присутните да отвори друго прашање да постави појаснување...и на крајот така ќе планраме да го завршиме денот . Молам, господинот Ставре Џиков да земе збор. Благодарм.

Ставре ЏИКОВ12

Најнапред Ви благодарам на поканата, пред се на вас

организаторите, драго ми е што во ваков состав се среќаваме, морам да кажам посебно поздрав на г-дин Стојан Андов и на поранешниот премиер г-дин Љубчо Георгиевски, со цел респект на сите вас присутни и на останатите во салата.

12

Јавен обвинител на Република Македонија во периодот од 15 април 1999 год. до

2002 год.

Page 41: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

41

Навистина ме заинтригиравте, после 15 години кога ми се јави генералот дека има ваква трибина, за нашиот поранешен претседател г-дин Киро Глигоров, но за она се што слушнав сега, се надевам и претходно од воведот на г-дин Стојан Андов колку што знам, јас бев заинтригиран и како граѓанин на Република Македонија, но судбински како човек кој беше именуван како Јавен обвинител на Република Македонија од 1999-2002 година што се случи со атентатот врз г-дин Киро Глигоров, за среќа неуспешен, но успешен во неколку сегменти, во смисла на опстојување на македонската држава, на нас граѓаните, на статусот на Република Македонија. Во Република Македонија внатре, да неговорам сите тие сегменти надвор од Републикиа Македонија, опкружувањето и на светски релации. Јас, за времето кога бев Обвинител, сигурно во согласност со тогашниот премиер, активиравме повторно постапка, но не од политички побуди, како што слушам тука коментари, морам да кажам таков впечаток, бидејќи тука не се создава кариера. Сега ќе ви кажам првпат во јавноста, кога бев именуван како Јавен обвинител, прво што направив отидов кај г-дин Киро Глигоров, активен претседател и во 1999 година до претседателските избори, имав разговор негде над 10 часа во две средби директно за овој проблем, бидејќи бев заинтересиран за неколку предмети меѓу кои и овој предмет. Бидејќи државата и покрај тоа што има свест дека функционира како држава, ние граѓаните или тие што се претставници на функциите треба да имаат и совест, кога ја обавуваат таа функција. Така што, се надевам, се трудев во мојот ангажман во тоа немирно време, нели што ни се случуваше, косовска криза, македонска криза итн., да најдам време во рамките на обвинителската функција, но во директна соработка со Министерството за внатрешни работи, тогаш беше министер во еден период г-дин Павле Трајанов, не би раскажувал оперативно се што сме провериле и доколку некој има идеа од научен аспект, јас само би му посочил три момента за да ги искористи.

Ова е книга која ја објавив, но во јавноста не ја прикажав до 2002 год. за да не биде и политичко ЕПП, тоа што велите. Насловот е „Заговор против претседателот Киро Глигоров”. Тука имате сè, не сакам да давам субјективни или објективни судови за она што се случуваше, но направив една скромна мала анализа како функционираа сите институции, тргнувајќи од обвинителството, истражниот судија кој почина Здравко Василев кој го водеше атентатот во 1995 год., тогашниот министер, тогашниот премиер, функцијата на Парламентот со сите тие комисии, интересот на поранешниот премиер за формирање на нова анкетна комисија итн. Да не зборувам за г-дин Стојан Андов, така што тука има комплетна документација според моите можности, тогаш да ја презентираме ситуацијата што се случи по атентатот. Намерно јас го ставив зборот заговор, значи тоа ми е и од стручен аспект, не е тоа никако политички, што значи и кој има констатации и кои опструкции ги правеа луѓето кои беа на врвни функции тогаш. За жал, имаше и кривични пријави кои останаа така како што останаа, недоактивирани во

Page 42: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

42

постапките, зборам за научниот дел, после ќе објаснам нешто во рамките на она што се случи 1995 година. Тој што сака објективно да зборува но не тука вака, трибински, добро е нели, што мотивации има науката па и волонтери, интересенти, сепак јас би посочил со дозвола на судот, бидејќи јас тоа го активирав и учествував во тие истражни дејствија, да го видат предметот во истрагата кој што кажал, зборам за истрагата кога јас ја активирав, каде што јас учествував директно во распитот, на дел од тие тогашни учесници. Ќе најдете интересни одговори, тоа е едниот сегмент, за тој што е заинтересиран. Нема да откријат многу, но ќе откријат она што сме држава, какви сме по личности. Јас државата не ја гледам како фикција како што стално некој зборува - системот не функционира. Не. Луѓето не функционираат во тој систем и тоа стручниот дел. Да не ви зборувам за политика од деведесеттата година наваму, сите се ваделе на некој идеолошки систем, претходен комунистички, сега плуралистички, демократски, не е точно, секој систем си има свои вредности но тоа го прават лугето. Значи, првиот сегмент е предметот до судот. Вториот сегмент е ако сакате да добиете пак една оперативна слика, не политичка, тоа е предметот што го формиравме во МВР, кој е премногу голем, каде што оперативно проверувавме се што сметаме дека можеме да најдеме и тоа го правевме и ми е драго, тој човек неможам да го споменам, еден од врвните кривичари, со мене работеше лично, неколку месеци и тоа многу ангажирано, така што и тој е дел во рамките на таа комисија што се трудеше, со различен состав. Ние дури имавме и опструкција со тогашниот екс министер Павле Трајанов во рамките на формирање на комисијата, па дел од комисијата ни се случуваше да бидат болни, едноставно иако поминало време и во нашево време кога бевме ангажирани, практично да имаме тивка опструкција. Значи, тоа е вториот сегмент, значи покрај судскиот предмет да се види она што се работело, тој што е заинтересиран да го истражува, а за откривање многу тешко, затоа што има две ситуации, пред атентатот и по атентатот. Јас за среќа искористив еден текст во оваа книга од Мирка Велиновска, по случајност, објавен беше фељтон, Мирка ми се јави кога разбра дека истражувам како обвинител, тоа е од Тим Себастијан, „Крвава балканска игра”. Јас тука имам дел од сегментот каде што предвидува, го предвидува атентатот на Киро Глигоров. Јас бев воодушевен. Со тој што ќе е заинтересиран можеме да контактираме, уште нешто да му дообјаснам. Значи, и странците веќе нешто знаеле пред тоа што ќе ни се случи или што ќе се случи на нашиот тогашен претседател г-дин Киро Глигоров. Еве уште еден детал да ве изненадам малку денеска. Јас овдека во соседната сала свечена, викнав седум луѓе, видовити. И тоа го користев, морам да ви кажам во сите тие оперативни дејствија, на полицијата, обвинителството, на судот.Така што со едниот од нив отидов дури пред хотел Бристол, вечерта беше некаде 19.00 часот. Еве ќе ви кажам со кој контактирав, иако не ја познавам многу новинарката Скерлева мислам од Лондон, со неа директно конактирав, затоа што таа ми беше врска со Тим Себастијан да се видам, многу

Page 43: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

43

интересен човек, некаде моја генерација, има своја канцеларија зборам за 1999-2000 година во Лондон, имаше свој асистент. Јас преку новинарката направив контакт со новинарката во Лондон но и барав средба иако бев презафатен со нашиве државни гајлиња, со таа криза, да можам да воспоставам.

И што ми се случи вечерта со еден од видовитите луѓе, кој објавуваше по малку написи во дневниве наши весници, ми раскажа што јас бев фрапиран, не многу изненаден но фрапиран дека дента тој бил на бања во Дебар и ја видел визијата на самиот настан, да не навлегувам во детали, така да ми раскажа еден настан што беше многу интересен, кој сметам дека полицијата, зборам за тој период, ова што го кажувам се можеби само убави желби, значи да се истражува.

Да недолжам многу, бидејќи го почитувам времето на сите вас, препорачувам не дека сум автор на оваа книга јас, ќе биде малку корисно да се види како функционира државата. Навистина ми е посебно драго по ангажманот тој колку што го имав тој пероид, со г-дин Киро Глигоров се гледавме во сегашниот кабинет, неколку пати. И навистина она што го рече последната соговорничка ми беше драго што ми изрази јавна благодарност, што еве и ние сме се заангажирале, не сме го заборавиле атентатот, освен тие што биле директно тогаш на функцијата. Мислам дека еден од најзагрижените во тогашно време за жал кој што тогаш го „навредија” беше г-дин Стојан Андов, наводно го одземал кабинетот, тоа се страшни кујни. Јас не го бранам г-дин Стојан Андов, туку го почитувам и сметам даде голем допринос, не само за отварање на политички начин на атентатот, туку и сите служби да се ангажираат во одбрана на г-дин Киро Глигоров и пред се во одбрана на нашава држава, бидејќи претседателот на државата е врховен командант.Ви благодарам и се надевам нешто објаснив во оваа сложена работа.

Проф. д-р Цане Мојаноски

Значи, сега по договорот. Дали некој од присутните кој не учествувал има потреба да учествува. Господинот Андов има збор.

Реплика: Стојан АНДОВ Јас моето гледиште го објаснив предмалку. Околу службите, кој ги

координира, како ги координира, што треба, јас тоа не го разбирам, не сум специјалист за тоа и не можам за тие работи да зборам. Но, сакам да кажам уште еднаш дека нам многу ни е важно, сега можеби не можеме да ги најдеме ки се тие поединечно – извршителите, но да растолкуваме зошто не ни функционираа институциите и како тоа нам да не ни се повтори во иднина – тоа треба да знаеме. И тоа, како што ги набројав, сите институции. Само уште нешто да додадам. Јас сум еден од оние што со Љубчо повеќе пати разговарав, обвинителството да почне да

Page 44: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

44

истражува. И порано одев, уште кога беше Марко Бундалевски, меѓутоа работата беше блокирана. Марко директно мене ми се жалеше дека работата е блокирана. Тие работи треба да се видат за да не се повторат. И сакам да ви кажам, за вас, ако веќе не можеме да ги фатиме поединците кои се виновни, тогаш да видиме како државата да се оспособи за да ни функционираат институциите по повеќе работи, а не само ако има атентат или ако се спрема атентат, туку да функционираат институциите. Лупевска кажа какви манипулации во информациите имаше, кажа каква е технологијата, страшни беа. Овде информациите наивно ги обработуваше којзнае кој...по „Монитор” од Подгорица (имаше едно списание „Монитор”)...и нашите овде ги пренесуваа – инсинуации, измислици и секакви работи – само да се заведе во сосема друга работа работата. Меѓутоа, едно време по иницијатива на Џиков почна судска истрага (...не е тоа на Здравко, тоа подоцна...мислам дека Шопова ја водеше...)...И има судски искази, имаме таму искази. Има Глигоров исказ, имам јас исказ...Лиле ја водеше истрагата...гледам Лиле сега малку напредува, може затоа што некои работи почна да ги открива. А едниот си почина, порано што почна да чепка. Објективно сакам да ви кажам, многу е тешка ситуацијата, многу е сериозна. Не е ова некоја лабава научна, магистерска работа или семинарска работа, туку нам ни се поставува прашањето: дали нам може во клучни моменти да ни бидат блокирани институциите за внатрешни работи. Тоа е основното и затоа така зборев. Ако некој препознал партиски препукувања, не ми е тоа мене својствено. Само имам намера, државата во чие градење сум учествувал од почетокот, да си ја одбраниме, да можат институциите несметано да зборуваат, Е, ова само сакав да го напоменам.

Проф д-р Цане Мојаноски Благодарам на господинот Андов. Господинот Георгиевски

има збор.

Реплика: Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ Може и како реплика, така малку да дадам. Јас би сакал да му

реплицирам некако директно на професорот Петар Атанасов. Тој се обиде малку да не дисквалифицира нас политичарите од оваа дискусија, и да ја префрли целата работа на науката. Нели, прво, со тоа дека ние сме обоени дневно-политички, при што јас морам така да кажам, од сето она што го кажа исто за настанот чувме само политички квалификации од негова страна односно избрани елементи од разни нели весници и анализи, така што повеќе дискусијата ја сведе на политиката и личноста на г-дин Киро Глигоров, а не на самиот насатан. А без сомнение, науката треба да се занимава со оваа работа. Јас не сакам сега да и одречам на науката дека и е забрането да се занимава, ама мислам дека

Page 45: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

45

префрлањето на теренот само на науката на овој проблем, токму е дефукусирање на вистинскиот проблем. Ако ние сакаме да го одржуваме овој проблем, мислам овој настан како отворен, дури и сакаме да се реши, а не само да го држиме како отоврен, јасно е дека без политика и без политичари проблемот не може да биде затворен, така што, науката е убаво да се интересира за овој случај, убаво е да потикнува, убаво е да дава нови информации, меѓутоа, едно на сите треба да ни е јасно - ако некогаш се затвори овој проблем на начин како што сакаме и да се расветли тоа може да го направат само политичарите, не тие што седат тука, туку оние што се актуелни во власта или некоја нова власт што ќе дојде. Така што, тоа најверојатно треба од тука да биде, некако заеднички да се тераат работите напред. А секој политичар нормално си има свои политички, како да кажам, дневни и долгорочни видувања на политиката на некој друг политичар, меѓутоа, токму во тоа што го кажа г-динот професор Петар Атанасов, исто така се што кажа беше политичка квалификација на одредени настани, меѓутоа, тоа сосема е друга дискусија. Благодарам

Проф. д-р Цане Мојаноски

Благодарам, значи сега има збор колешката Лупевска.

Реплика: Снежана ЛУПЕВСКА

Јас сакам само еден новинарски заклучок; да поврзам три настани што еден со друг немаат врска, ама се слични по тоа - како Македонија се однесува, односно каква држава сме ние низ сите овие години. Значи, она што во историјата ќе се запамети е нели атентатот на господинот Киро Глигоров, несреќата на претседателот Борис Трајковски и смртта на Тоше Проески. Еден со друг како начин на кој загинале (двајцата загинаа, за среќа господинот Глигоров се спаси), според мене она што ги поврзува е непочитувањето на процедурата безбедносна во организационо-техничка смисла. Ние ги дискутиравме намерите и сеуште не ги знаеме, нели во атентатот, меѓутоа можеше да се спречи доколку во организационо-техничка смисла трасата, предното седиште и сето тоа биле организирани и почитувани. Тогаш можеби и немаше до ова да дојде, доколку се превенирало. Истото се случи, односоно, за тоа како ние функционираме во смртта на претседателот Борис Трајковски. Полетување во магла. Значи, дека тука повторно не биле овие работи според мене запазени и исто така и во смртта на Тоше Проески. Возење ноќе, без исто така да се запази одредена процедура затоа што се работеше за јавна личност и ѕвезда. Тоа покажува колку сме ние несериозни и колку и како држава, меѓутоа и како поединци не функционираме во еден систем кој што треба да го почитуваме и функционираме, туку донесуваме одлуки ad hoc на дневна основа. И

Page 46: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

46

стварно сме мала држава, ама како малски да размислуваме од денес за утре, а не кога се работи за вакви личности, дека навистина има строги правила за кои што треба да се придржуваме и во таа смисла мислам дека треба да се извлечат поуки од сето ова што се случи низ историјата.

Проф. д-р Цане Мојаноски

МОДЕРАТОРСКО ЗАТВАРАЊЕ НА НАУЧНО-СТРУЧНАТА

ДЕБАТА ДЕБАТА „15 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ – МИСТЕРИЈА ИЛИ

НАСТАН АД АКТА”

Благодарам, дали уште некој сака да учествува, па потоа и се обраќам на публиката. Ако нема, благодарам на панелистите, сега прашање до другите: дали некој сака да постави прашање или да коментира, ако нема Ќе ја привршиме оваа активност.

Прво сакам да им се заблагодарам на сите учесници за учеството; мислиме дека како здружение, како обид да ја оствариме оваа тема како дел од демократскиот процес во земјата, ги оствариме своите цели од оваа расправа. Затоа ние како здруженија ќе направиме две нешта. Како прво: ќе изготвиме пресек од расправата со акценти од прашањата и таквиот документ ќе го доставиме до институциите да бидат информирани дека на тој ден во оваа сала се организирала таква расправа на кои биле акцентирани таквите прашања и ќе го испратиме до сите релевантни државни институции и до кабинетот до првиот предсдател на земјата. И второ: бидејќи оваа дебата се снимаше ќе се обидеме истата да ја објавиме. Тие две нешта имаме намера да ги направиме и се надеваме дека оваа расправа и ова денешно седење овде и отварањето на тие прашања ќе влијае во општеството и ќе ги охрабри сите државни институции и политички субјекти во Македонија да не го држат ова прашање како што го држат и македонската јавност; и ние научниците имаме особено потреба од соодветна информација.

Вториот бенефит што ние посредно или непосредно го остваруваме како дел од научната заедница е тоа што ќе имаме сериозен или златен извор со кој што ќе може да црпеме дел од информациите или податоците од луќето што кои по разни основи во овој период учествувале или имале информации ќе бидат составен дел на тоа. Ќе остане нашите постдипломци, докторанти, не само на нашиот Факултет за безбедност каде што јас работам, каде што ги раководам постдипломските студии, туку и на другите високо образовни институции ќе им бидат од интерес што во крајна линија како што говореше господинот Андов наша задача секој во рамките на своите надлежности да се обидеме да направиме толку колку што ни се нашите одговорности

Page 47: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

47

и знаења оваа држава да чекори по демократски патеки и да се препознава во светот по тоа што е земја која умее да гради разбирање и демократски процес. Од тоа име, од името на двете здруженија, Ви благодарам што дојдовте. Ние имавме пријатна можност да споделиме безброј информации за што сте особено заслужни Вие.

Ви благодарм усте еднаш, Ве поздравувам и имајте убав ден.

Page 48: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

48

ПРИЛОЗИ

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Агенција за разузнавање на Република Македонија

„МОКРА НАРАЧКА” ОД ТРАНЗИЦИСКИОТ РЕГИОНАЛЕН „ОКТОПОД”

Повеќе од петнаесет години останува мистеријата за атентатот

врз првиот претседател на самостојна Република Македонија. По овој долг временски период, речиси е невозможно да се реконструира настанот, бидејќи трагите, индициите и материјалните докази веќе се однесени од виорот на времето. Единствено останува да се направи ретроспектива на битните случувања пред, за време и по атентатот и сепак да се верува на максимата дека никогаш не треба да се рече никогаш.

Од денешна перспектива повторно треба да се актуелизира суштинското прашање: дали полицијата, безбедносните служби и судските органи навистина не можеа и не знаеја или пак не сакаа и не беа заинтересирани да го решат овој политичко-криминален ребус? Ваквата дилема се наметнува поради игнорантскиот, комотен и лицемерен однос на политичкие елити во изминатата деценија и половина. Сите досегашни гарнитури на власт, директно или посредно, повеќе или помалку, свесно или не, ја толерираа, стимулираа и креираа мрежата на македонскиот „октопод”, па природно беше во нивните агенди мотивите и извршителот на атентатот да немаат приоритет, иако за тоа декларативно се залагаа. Оттука, произлегува и логичниот заклучок дека клучот кој ќе овозможи евентуален одговор на „златните криминалистички прашања” треба да се бара во подземната политика мотивирана од мафијашки интереси. Непосредниот извршител, доколку не бил физички елиминиран веднаш по атентатот или во меѓувреме исчезнал, веќе и нема битна улога, бидејќи и така претставува само инструмент и последна алка од технологијата на инспирирањето, нарачката и организацијата на атентатот.

Анализирајќи ги најбитните настани што оставија белег на времето пред случувањето на атентатот врз претседателот Глигоров, мора да му се препишат и одредени негови погрешни потези и големи политички промашувања. Првата негова голема грешка беше флагрантното прекршување на Уставот во постапката при формирањето на експертската Влада, наместо политичка со мандатор од ВМРО-ДПМНЕ кој освои најголем број гласови. Освен ова, секако најголемо историско промашување Глигоров направи во мај 1992 година кога во седиштето на ОН не го покрена прашањето за прием на Македонија под уставното име, иако пред тоа Арбитражната комисија на тогашната

Page 49: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

49

Европска заединица во извештајот оцени дека само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите да станат независни држави. Тогаш ЕЗ немаше став за подршка на Грција во спорот со името, бидејќи таков став како единствена надворешна политика на ЕЗ беше донесен подоцна во почетокот на јули истата година во Лисабон. Тоа значи дека доколку се бараше прием, постојните членки на Советот за безбедност на ОН, Франција и Велика Британија, немаа обврска да ја подржат Грција, туку основните принципи на меѓународното право и Повелбата на ОН кои Македонија во целост ги исполнуваше. Следната 1993. Македонија беше примена во Обединетите нации, но под референцата ФИРОМ, а во 1995 година се потпиша и Временската спогодба со Грција. Меѓутоа, независно од грешките и пасивноста, Глигоров во првата половина на деведесетите години од минатиот век, освен како еден од првите актери во градењето на македонската самостојност и плурализам, неспорно беше единствениот политички авторитет во Макдедонија зад кој стоеја најголем број граѓани. Лично за мене, негова најхрабра и најдоблесна државничка проценка и одлука, освен придонесот Македонија мирно да се раздружи од сојузната држава, беше формулирањето на двосмисленото референдумско прашање за независност на Македонија, поради фактот што во тој период најголемиот број граѓани беа убедени дека сојузната држава ќе опстане и дека Македонија нема капацитет за независна држава. Поради овој факт, токму оксиморонското прашање претставуваше лакмус хартија за граѓаните во огромен процес да се изјаснат за самостојна Македонија. Глигоров докажа дека е искрен, патриот за независна Македонија и со фактот што одби да ја прифати функцијата претседател на СРЈ, доколку Македонија влезе во нејзиниот состав.

Паралелно со еквибилиристичките политички процеси на надеж и перспектива, Македонија градеше и паралелен пат на криминал и корупција како модус вивенди, поради што целокупниот економски и социјален живот започна да се одвива на маргините или надвор од правниот систем. Државата во тој период на „првобитната акумулација на капиталот” беше опфатена со „сива” и „црна” екномија, речиси легално се вршеа злоупотреби со јавните набавки, започна процесот на криминална приватизација и стечаи на фирми со масовни опуштања на вработените, но најголем и најпрофитабилен бизнис беше државниот шверц со кршење на ембаргото кон Србија. Под притисок на меѓународниот фактор, претседателот Глигоров се обидуваше да влијае врз Владата на СДСМ да се откаже или барем да го редуцира во „разумни” граници кршењето на ембаргото и државниот шверц. Ваквата негова „непристојна” сугестија беше категорично одбиена, по што дојде до дисхармонија во нивните односи, а македонските новопечени „претприемачи” и „бизнисмени” уште повеќе ја интензивираа соработката со партнерите од Србија, кои најчесто беа криминалци, воени профитери и вработени во безбедносно-разузнавачките служби. Овој период всушност беше зачетокот на

Page 50: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

50

формирањето на македонското транзициско подземје како инструмент тесно поврзан и зависен од српксата мафија, период во кој се создаваа криминални мрежи, неразјаснети убиства и самоубиства на бизнисмени, директори и други колатерални жртви. Тоа е и време кога започнува беспоштедна пресметка меѓу големите алигатори во малото македонско мочуриште.

Разбирливо, ваквите состојби се рефлектираа и од нив не беше имун ниту македонскиот безбедносен систем, чие постепено разнебитување започна веднаш по промената на системот. Тој сеуште беше под посредно, а често и директно влијание на активни и конзервирани структури од српската Државна безбедност и воената Контраразузнавачка служба. Освен тоа, македонската полиција и безбедносни служби беа целосно политички инструментализирани и тајно или полујавно соработуваа со криминалните структури и странските тајни служби. Токму МВР односно тогашниот министер и неговото најблиско опкружување практикуваа бесчесни и валкани дворски игри кон претседателот Глигоров со злоупотреба на службената положба и протизаконито посредување. Целта беше да го корумпираат да се согласи во преговорите со Грција за промена на уставното име на Македонија, но од негова страна оваа непристојна понуда беше категорично одбиена. Веројатно, со дозвола од тогашната актуелна власт, МВР во конспиративен стан го сокриваше и тоагшниот шеф на грчката разузнавачка служба, за кого до денес не се знае дали навистина во тоа време добил или не политички азил во Република Македонија. Овој факт отвора основни соменавања дека се работело за прикриена цел за делување против интересите на Македонија. За потсетување, токму во овој период Србија и Грција тајно ја разгледуваа опцијата за можна поделба на Македонија, а тогаш се случија и аферите со „Илирида” и „Паравојска”. Ваквиот внатрешен хаос и разнебитеност во безбедносните служби го искористија повеќе странски служби кои формираа агентурни мрежи за собирање на безбедносни информации, врбување на соработници и контролирање и управување со внатрешните состојби во земјата. Оттука, воопшто не зачудува што пред атентатот МВР односно тогашниот ДБК не располагаше со никави претходни разузнавачки податоци и сознанија за потенцијално и реално загрозување на животот на претседателот. Напротив, системот за безбедност потполно затаи. Доколку функционираше според пропишаните стандарди за обезбедување, ќе ги елиминираше или барем сведеше на минимум можностите за атентат.

Во ваков амбиент на политизација на криминалот и криминализација на политиката, на 3 октомври 1995 година околу 09,50 часот врз службениот автомобил на претседателот беше активиран композитен експлозив со далечински управувач кој бил сместен во патничко возило, чиј претходен сопственик го продал на Автопазарот во Скопје без купопродажен договор. Предистражните дејствија за откривање на извршителите и соучесниците МВР ги започна со статички

Page 51: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

51

и динамичен увид на местото на настанот, но се направија серија грешки и пропусти во примена на општите правила на оперативно-тактички, разузнавачки и аналитички план. Пред сè автомобилот на претседателот беше тргнат предвремено, а се направија и многу други пропусти во однос на пронаоѓањето, фиксирањето и прибирањето на сите предмети и траги. Пропусти имаше и во поглед на проучувањето на околностите, кои се многу битни за разјаснување на мотивот. Од овие две фази зависеше и стеснувањето на кругот на можни извршители. Посебна важност ќе имаше реконструкција на настанот како посуптилен метод на проверка, прецизирање на дополнување на сознанијата, при што потврдените верзии ќе беа основа за создавање на нови верзии. Мораше да се проучи и системот на модус операнди, кој пружа доволно информации за личноста на извршителот, негова идентификација и мотивите. Парадигмата за пораз на државата и безбедносните служби од страна на транзицискиот „октопод” претставуваше и цинизмот и иронијата со изнудата од страна на МВР над повеќекратен извршител на кривични дела во земјата и странство. Во случајов, се работеше за украден автомобил „мерцедес” во Братислава, кој беше со лажни блиндирани стакла и полублиндирана каросерија и фалсификувани податоци и документи, а се бараше од Интерпол. Операцијата се изведе на тој начин што МВР откако го одзеде возилото, се договори со „сопственикот” тој лично да го подари, по што „мерцедесот” учествуваше во ескорт придружбата на главното возило на претседателот до крајот на завршувањето на неговиот мандат. „Донаторот” фигурираше во потесниот круг на осомничени, бидејќи пред случувањето на атентатот беше фатен на скопскиот аеродром при обид прикриено да влезе во Македонија со фалсификувана патна исправа на туѓо име. Наместо да биде задржан, тој го подари украдениот автомобил и за возврат по брза постапка доби нова патна исправа со која ја напушта тероторијата на државата. Подоцна МВР често ќе го практикува овој начин на одземање и присвојување на украдени коли.

По извршениот увид на местото на настанот, за кој до денес останува отворено прашањето дали соодветно и навремено беше вклучен и истражен судија, се формираа неколку верзии за можни сторители и мотиви. До денес ниту една од нив не се потврди: ниту за вмешаноста на српските безбедносни служби, ниту за албанската мафија, не се потврдија ниту сомневањата за т.н. Братиславска врска, ниту пак можната инволвираност на бугарската корпорација „Мултигруп”. Не се распиша веднаш награда за евентуално укажување на можниот сторител, а се задоцни и со изготвување на фоторобот и барањето песок во гаражи во околината на Скопје. Посебно внимание заслужува формираниот Штаб на оперативната акција „Автомобил” што го сочинуваа претежно млади и недоволно искусни оперативци, неквалитетни аналитичари и уште послаби раководители и координатори. Затоа, воопшто не изненадува фактот што наместо потрага по сторителите, голем број оперативци на чело со тогашниот

Page 52: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

52

министер за внатрешни работи, се преобразија во кловновски параноидни креатури. Нивниот „лов на вештерки” се дисперзира на широк круг сомнителни граѓани, започнувајќи од „мрачните внатрешни и надворешни сили”, преку „внуците на Ванчо Михајлов”, па до некакви мистични мултинационални компании. Дури по дваесетина дена од атентатот, министерот кој се сокриваше од јавноста, излезе и раскажа приказна од жанрот на политичко-шпионски трилер, при што намерно не кажа дека фиктивното сценарио му го напишал еден од неговите најблиски соработници, практично негова десна рака, познат по перфекционизмот во манипулации, дворски интриги и инвентивни конструкции. Мотивите на овој функционер беа да ја зачува високата позиција, со што ќе си обезбедеше „цард блансх” за целосно стекнување на доверба, а преку тоа и додворување на жртвата на атентатот, што ќе му гарантираше авансирање во политичко-полициската кариера. Истовремено, овој „полицаец-конструктор” сакаше да се одмазди и да го истисне тогашниот директор на ДБК со кого беше во меѓусебна нетрпеливост и завист. Министерот невообичаено понуди оставка, наместо да поднесе неотповиклива оставка, што не беше прифатена, но набргу тој ротираше како министер за надворешни работи, а подоцна кога на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ тој стана советник на претседателот Трајковски и тоа, каква иронија, токму по ургенција на жртвата Глигоров. Доколку не беше неговата топла препорака, советник требаше да биде сосема друго лице кое беше личен избор на претседателот Трајковски.

Токму поради ваквата матна политика, лицитирање на мотиви и конспиративни теории, нема суштинско померување на истрагата и затоа денес сме многу подалеку од можни релевантни сознанија и индиции отколку што бевме пред петнаесет години. Од денешно временско растојание, досегашните преземени дејствија и активности во врска со оперативната акција „Автомобил”, слободно можат да се дијагностицираат како политички рошомон од опинион мејкери и неподнослива леснотија на полициско-судска импровизација. Се разбира, за ваквото дијагностицирање залуга имаа и медиумите кои наместо со вистинско истражувачко новинарство, ја преферираа улогата на поштенско сандаче. Всушност, политичкото спиновање започна веднаш по атентатот. Орвеловски се ретушира односно промени вистинскиот назив на локацијата каде се случи настанот, па наместо да се информира дека се случи на улицата „Маршал Тито” пред хотелот „Бристол” во центарот на Скопје, тогашната власт упорно повторуваше дека се случил на улица „Македонија”. Бидејќи називот на улицата „Маршал Тито” тогаш сеуште официјално не беше променет, можеби ваквата свесна небулоза се должеше на идеолошката грижа на совеста односно асоцијативниот комплекс на наследниците на Сојузот на комунистите, бидејќи црн хумор ќе беше доколку настанот се дефинираше со синтагмата „Атентат на Маршал Тито врз Киро Глигоров”. Индикативно е и одбивањето на иницијативата на Либералната партија за формирање на парламентарна Анкетна комисија за текот на

Page 53: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

53

истрагата, но истовремено и одговорот дали всушност иницијативата беше со цел да добијат политички поени или пак вистинска искрена желба за расветлување на настанот?

Атентатот беше само повод да се забрзаат внатрешните процеси на тогашниот Сојуз за Македонија, поради меѓусебната недоверба и ривалство. Судирот меѓу коалиционите партнери СДСМ и ЛП резултираше со раскин на партнерството, по што ЛП се придружи на ВМРО-ДПМНЕ и ДП за собирање потписи за предизвикување вонредни парламентарни избори. Во ваква ситуација, политичката позиција на претседателот Глигоров битно се промени и тој веќе не беше клучен фактор во Македонија. Најголема потврда за променетиот статус беше откажувањето на послушноста кон него од страна на премиерот, со што фактички претседателот беше тргнат од политичката сцена, иако формално на функцијата остана уште полни четири години. Со тоа, атентатот стана камен-меѓник за рекомпонирање на државата со постојани потенцијални и реални кризи и големо прашање за нејзиното опстојување, што достигна кулминација во 2001 година кога практично Македонија се редефинира со политичкиот инжинеринг „Рамковен договор”.

Доколку се рекапитулираат некои битни настани од времето кога беше извршен атентатот врз претседателот Глигоров до денес, неминовно ќе се дојде до заклучок дека токму изминатиот петнаесетгодишен период од долгата македонска транзиција беше преломен и судбоносен за сегашноста и иднината на државата. Република Македонија се рекомпонира по сите основи и затоа до денес сеуште останува отворено прашањето за причините и мотивите на атентатот, односно зошто сите влади и раководства во МВР во целиот изминат период ја манипулираа јавноста дека на истрагата континуирано се работи?

Рационалното, професионално и непристрасно анализирање на битните аспекти и нивоа, ќе резултираше со единствена можна верзија каде да се насочи истрагата – кон подземната спрега меѓу политиката и криминалот, особено оној завиткан во легален бизнис каде мафијашките структури беа во симбиоза со имунизираните од прогон политички елити. Оваа верзија ќе потврдеше дека во досегашната транзиција криминалот и корупцијата во Република Македонија се етаблира ако модус вивенди, создавање амбиент кој овозможуваше исплатливо практикување и егзистирање на криминал и корупција, под услов да се вршат во рамките на институциите и со нивен благослов. Денес, пост фестум, многу индиции, сознанија и податоци ја потврдуваат тезата за континуираното спиновање од страна на политичките и полициски трик-мајстори во целиот досегашен период на независност, без оглед на промената на политичките гарнитури. На пример, сеуште не се целосно јасни матните комбинаторики и сплетки со недевањето на мандат за составување на првата македонска влада на ВМРО-ДПМНЕ која освои најмногу гласови?

Page 54: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

54

Или, како може да се сфати молчењето и прикривањето на Владата на СДСМ во врска со злоупотребата на службената положба и овластувања и противправно посредување на својот министер за внатрешни работи? Доколку некако и се разберат строгите контролирани партиски механизми, тогаш како да се толкуав лицемерното однесување во периодот кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а поднесената од МВР кривична пријава Обвинителството ја прекавлификува во друго полесно кривично дело. Тоа автоматски според Кривичниот законик значеше отфрлање поради застареност, бидејќи според квалификацијата за преземање дејствија е предвидена многу помала казна? На кој начин рационално можат да се оправдуваат и да им се верува на лажните и со ништо непоткрепени грчки ветувања за доделување на голема финансиска помош, откривање на наводни планови на соседните земји и лица кои од Република Македонија биле поврзани со безбедносните служби и институции во соседните земји? Понатаму, дали од незнаење или смислено се направија серија пропусти и грешки во предистражните полициски дејствија и во натамошниот тек на истрагата? Зошто веднаш не беа сменети службените лица во МВР кои директно беа одговорни за безбедноста на претседателот, туку се остави да учествуваат во расветлувањето на атентатот? Зошто министерот за внатрешни работи не поднесе неотповиклива оставка, туку само понуди, а премиерот не ја прифати? Зошто парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија не дозволи да се расправа за неефикасноста на истрагата? Како тоа МВР прима „подарок” украден автомобил од лице кое е на списокот на осомничените за атентатот? Конечно, зошто веднаш по завршувањето на мандатот на претседателот Глигоров, се растури Штабот и се укина оперативанта обработка „Автомобил”? Уште многу „зошто”, „како”, „што”, останаа без одговор. И за да биде целосен овој садо-мазохистички трилер – жртвата ургира министерот во чие време се случи атентатот да биде именуван за советник на неговиот наследник и еден од главните креатори на политичкиот инжинеринг „Рамковен договор”!

Наведените отворени прашања кои ниту оддалеку не се исцрпени, како и фактите што веднаш по завршувањето на мандатот на претседателот Глигоров, МВР и другите надлежни институции прекинаа систематски и организирано да работат на расветлување на атентатот и оставија работите да се движат на самотек и случајни сознанија, убеден сум дека најлогично и единствена ја диференцираат верзијата дека се работи за „мокра нарачка” од засегнатиот транзициски „октопод” во регионот. Премерувајќи го изминатото време во релации релевантни за сегашните и идни генерации, ќе ги исфрлат на површина рецидивите од 3. октомври 1995 година. Затоа, оваа верзија може да се потврди или отфрли само со методите на мрежно планирање, реконструкција и истражен експеримент. Добиените резултати ќе имаат значајни доказни импликации и ќе можат да се разгледуваат во контекст на меѓусебните врски со сите останати докази и индиции. Тоа пак ќе овозможи логично

Page 55: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

55

хронолошко составување на деталите и формирање на мозаикот на случувањата пред, за време и по атентатот. При тоа, појдовна точка за дешифрирање на кодираниот политичко-криминален ребус треба да бидат околностите, случувањата и главните актери на политичките и криминални структури во првата половина на деведесетите години од минатиот век. Ова е единствен начин да се потврди верзијата за „мокра нарачка” од регионален симбиотички „октопод”, со реални шанси да се расветли атентатот кој како кривично дело не застарува за да не може да се процесуира. Токму мистериозноста и невообичаените моменти и околности во изминатите петнаесет години, беа професионален предизвик и мотив, со примена на хеуристички криминалистички методи, да го актуелизирам истражувањето на атентатот на посебно литературно-публицистички начин. Се разбира, настаните и ликовите ќе се вообликуваат во манирите на жанрот нефикциска сторија т.е. интертекстуалност, но влијанието на фикцијата ќе биде сведена на минимум, а ќе преовладуваат фактите.

Page 56: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

56

Гоце Аризанкоски Претседател на Форумот за безбедност

ХИПОТЕТИЧКИ СТАВОВИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КИРО ГЛИГОРОВ

(ПРИЛОГ КОН ОБИДОТ ЗА НАУЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ЕЛЕМЕНТИ НА КРИМИНОЛОШКАТА, КРИМИНАЛИСТИЧКАТА, ВИКТИМОЛОШКАТА, КРИВИЧНО-ПРАВНАТА И ПОЛИТИКОЛОШКАТА ДИМЕНЗИЈА НА АТЕНТАТОТ ВО УСЛОВИ НА

ОФИЦИЈАЛЕН ИНФОРМАЦИСКИ ДЕФИЦИТ)

1. КОНТЕКСТ

Времето кога започнав да ја градам научно-теоретската конструкција на хипотетички ставови за обидот за атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, и во календарска, и во општествена смисла беше поинакво од овој актуелен период кога навршуваат седумнаесет години од оваа најголема (жива) мистерија во поновата политичка и безбедносна историја на Република Македонија. Но, како поминуваа годините и се развиваа неофицијалните (и ненаучни) верзии за атентатот, се зголемуваше и информацискиот дефицит, кој, меѓу другото, создаваше и простор за активно дезинформирање на јавноста (и на делови од македонските и странски безбедносно-разузнавачки служби) за овој настан, зголемувајќи ја при тоа и веројатноста дека истиот никогаш нема да се расветли. Низ оваа сложена општествено-политичка и безбедносна дијалектика се развиваше и автохтоноста на идејата (и самата идеја in concretum) за обид за научно истражување на атентатот и покрај постоењето на информациски дефицит кој оневозможува научно истражување на атентатот кое би резултирало со поволен научно-теориски исход.

Сепак, низ неколку реченици феноменолошки ќе го опишам овој настан. Имено, на 3 октомври 1995 год. околу 09.45 часот во Скопје, на ул. ”Македонија" во близина на хотелот „Бристол”, од сеуште непознати лица со т.н. „автомобил-бомба” беше извршен атентат врз тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. Од експлозијата, како што официјано е информирана јавноста, претседателот се здоби со повреди во пределот на главата, лицето и екстремитетите, по што во 10.10 часот беше донесен во Градската хируршка болница во Скопје, од каде по укажаната прва помош и спроведената реанимација, беше префрлен на Хируршките клиники на Медицинскиот факултет, каде пак, по изведената дијагностичка постапка, конзилиум на лекари (определен од тогашниот министер за здравство) реши да изведе хируршка интервенција која заврши со позитивен исход. Освен споменатото, виктимолошката димензија на овој трагичен настан, меѓу другото, ја содржи и фактот според кој од експлозијата животот го загуби возачот на автомобилот на претседателот, беше повреден и еден од придружниците од обезбедувањето на претседателот, додека пет граѓани-случајни

]

Page 57: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

57

минувачи беа повредени, од кои двајца потешко, при што еден од нив, од здобиените повреди подоцна и почина. Тоа е накратко, елементарната дескрипција на овој настан.

2. НАУЧНА И ОПШТЕСТВЕНА ОПРАВДАНОСТ ЗА ГРАДЕЊЕТО

НА ХИПОТЕТИЧКИ СТАВОВИ ЗА АТЕНТАТОТ И покрај тоа што надлежните државни органи се уште ова

кривично дело го водат како службено нерасветлено и за истото постои информациски дефицит, длабоко сум убеден (во научна смисла) дека постои научна и општествена оправданост од заземање на научни ставови од страна на македонската безбедносна наука за атентатот, а кои ставови до овој момент отсуствуваа. Во тој контекст, иако не постои доволно научно употреблив и јавно објавен информациски материјал кој како научна граѓа би бил основа за научни истражувања со очекуван поволен научен-теориски исход, би се обидел да презентирам систем на теориски ставови со кои би се утврдиле одредени елементи од (криминалната) феноменологија на атентатот, а би се утврдила и една теориско-концепциска рамка која содржински би опфатила одредени елементи кои би упатиле на одредени димензии од (криминалната) етиологија на овој конкретен облик на политичко насилство.

Научната оправданост на истражувањето на атентатот, и покрај научно неповолните услови на информациски дефицит, се состои во придинесот кој може да се даде во следните научно-теориски и практични области: 1) научен придонес во областа на криминалистиката-криминалистичката методика, во делот кој се однесува на методиката на спречување, откривање, разјаснување и докажување на кривичните дела од областа на политичкиот криминалитет, конкретно, на атентатите како посебен облик на политичко насилство, како и придонес во развивањето на индицијалниот метод на откривање, истражување и разјаснување на атентатите (методиката на работа со индициите за атентатите); 2) научен придонес во областа на криминологијата (во Република Македонија), односно (условно одредено) во областа на политичката криминологија, односно, во нејзиниот дел кој се однесува на криминалната етиологија на политичкиот криминалитет (конкретно, во откривањето и утврдувањето на криминогените фактори кои преку своето заемно и поврзано етиолошко делување го предизвикаа криминалното поведение изразено низ извршување на атентатот); и во делот на криминалната феноменологија, односно, во нејзиниот дел кој се однесува на дескрипцијата, на класификацијата и на експланацијата на појавните облици на (инкриминирано) политичко насилство, конкретно, во утврдувањето на „криминалната морфологија” на атентатот; 3) придонес во развојот на аналитичката практика, односно во развојот на специјални аналитички активности, конкретно, придонес во развојот и остварувањето на антитерористичката, контраразузнавачката и

Page 58: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

58

разузнавачката аналитика насочена кон спречување, откривање, разјаснување и докажување на одредени облици на инкриминирано политичко насилство (конкретно, на атентатот)

Ако веќе постои научна оправданост за истражување на атентатот, тогаш логички е дека постои и општествена оправданост на истражувањето. Но, спечифичноста на општествената оправданост на истражувањето на атентатот се состои во тоа што се работи за политичко кривично дело со кое се загрози уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, така да во услови на неразјаснетост (посебно) на мотивите/мотивациската основа за извршување на атентатот, не може со сигурност да се исклучи опасноста дека кај сторителите веќе отсуствува мотивот за политичко-безбедносна дестабилизација на државата (дури и ако при идна политичко-безбедносна дестабилизација планирана од истите сторители бидат применети невооружени облици на загрозување).

3. МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП

Во услови на ex officio нерасветлен атентат, што, меѓу другото,

продуцира, развива и одржува состојба на официјален информациски дефицит, невозможно е да се развие процес на научно истражување на атентатот кој би резултирал со поволен научно-теориски исход, односно кој би резултирал со поставување на веродостојни и објективни тези кои ќе бидат во функција на утврдување на извесна, фактичка состојба изразена низ осветлување на етиолошко-феноменолошката слика на овој конкретен облик на политичко насилство. Но, и покрај оваа научно неповолна (информациска) ситуација, не претендирајќи да ја утврдам вистината за атентатот, сметам дека со примена на одредени научни методи може да се создаде методолошка основа за формирање (создавање) на верзии/хипотези13 кои ќе бидат израз на хипотетички ставови за одредени елементи и димензии (страни) на атентатот. Со хипотетичките ставови ќе се овозможи на емпириско ниво, вклучување на појавата на атентатот во констелацијата на релевантните политички, економски и безбедносни појави, состојби, односи и процеси во Република Македонија, како и во нејзиното потесно и пошироко (безбедносно, геостратегиско, геополитичко и геоекономско) опкружување.

Вкупната научна стратегија која ја развивав со општа цел - утврдување на хипотетички криминолошки ставови за етиологијата и феноменологијата на атентатот, како и утврдување на хипотетички

13

Е. Стелзер напишал: „Суштината на верзијата, од спознајно-теоретски аспект е

иста како и кај хипотезата”. Наведено според: Sozialilistishe Kriminalistik, Bd 1., Berlin, 1977, p. 154, во: Д-р Владимир Водинелиќ, Криминалистика – откривање и докажување (теоретски и практични криминалистички и доказни проблеми) I том, Универзитет „Кирил и Методиј” - Скопје, Факултет за безбедност и општествена самозаштита, Скопје, 1985 год., стр. 171

Page 59: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

59

ставови за криминалистичката, виктимолошката, кривично-правната и политолошката (политиколошката) димензија на ова кривично дело, освен што беше нужно детерминирана од елементите изразени во појавите, состојбите, односите и процесите од политичката, економската и безбедносната емпириска реалност во периодот од осамостојувањето на Република Македонија до моментот на атентатот и периодот потоа, истата беше детерминирана и од официјалниот информациски дефицит за атентатот под кој го подразбирам отсуството на јавно објавени (некласифицирани) информации кои како научно употреблив емпириски материјал ќе овозможат поволен научно-теориски исход. Во овие научно-истражувачки неповолни услови формирав повеќе посебни верзии/хипотези,14 но врз основа на критериумот кој се однесува на степенот на основаност и веројатност, во овој труд ќе биде презентирано формирањето и поставувањето на само една (посебна) верзија/хипотеза15 која претставува едно од можните објаснувања (толкувања) за оној дел од субјективната страна на атентатот кој се однесува на мотивот/мотивите16 за извршување на атентатот, што

14

Освен посебните верзии/хипотези чие поставување и формирање во овој труд

нема да бидат презентирани заради нивниот низок или воопшто неутврден степен на основаност и веројатност, во трудот нема да бидат презентирани ни досегашните четири јавно објавени верзии за атентатот: 1) наводната вмешаност на бугарската компанија „Мултигруп”; 2) т.н. „Братиславка врска” со наводната српско-албанска вмешаност; 3) вмешаноста на српските разузнавачки служби; и 4) вмешаноста на т.н. „Ослободителна

војска на Македонија” од Австралија. 15

Од логички и конкретно, од научен/криминалистички аспект, секоја верзија претставува проблематично и веројатно (неизвесно) знаење и затоа верзијата секогаш е неминовно поврзана со другите верзии. Мноштвото верзии (плуралитетот на верзии) се јавува како извонредно значаен методолошки фактор на откривање, докажување и разјаснување на кривичните дела, бидејќи обезбедува сестраност, потполност и објективност во оперативно-тактичката дејност и кривичната постапка. Во услови на официјален информациски дефицит за атентатот, односно во услови на постоење на мноштво неистражени и недокажани факти не е допуштено да се тврди дека е утврдена фактичката состојба која се однесува на атентатот само врз основа на поставувањето и формирањето на само една (посебна) верзија/хипотеза (една верзија/хипотеза како ниедна верзија/хипотеза!). Општата смисла, како и научното/криминалистичко значење на поединечното постоење на една (посебна) верзија/хипотеза се состои во нејзиниот потенцијален капацитет на насочување кон формирање и на други верзии/хипотези и евентуално формирање на сите можни (меѓусебно непротивречни) верзии/хипотези кои ќе овозможат целосно расветлување на атентатот. Научната основа на презентираните ставови се наоѓа во: Д-р Владимир Водинелиќ, op. cit., стр. 177-271

16 Определувањето на мотивот/мотивите на извршителот или сторителите

(соизвршителите/соучесниците или на организаторот и припадниците на злосторничкото здружување/здружение заради извршување на атентатот, во зависност од тоа дали се работи за плуралитет на сторители/учество на повеќе лица во атентатот [concursus facultativus] и во каква форма се јавува плуралитетот) има(ат) поливалентно значење. Општото криминалистичко значење на мотивот/мотивите за извршување на атентатот се состои (и се исцрпува) во нивната помошна, но суштинска улога при откривањето на извршителот или сторителите на ова кривично дело, како и неговото докажување и расветлување. Значењето од аспект на материјалното кривично право се состои во тоа што од правилното согледување на мотивот/мотивите на извршителот или сторителите на атентатот ќе зависат: адекватното подведување на општествено опасното

Page 60: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

60

воедно претставуваше и општа цел на трудот. Фактички, ќе се обидам да формирам и поставам логички и содржински основана верзија/хипотеза, односно претпоставено објаснување на мотивот/мотивите за извршување на атентатот со помош на примена на следниве научни методи и постапки:

1) Анализа, односно расчленување и операционализација на

вкупната политичка, економска и безбедносна емпириски реалност во Република Македонија, како и на нејзиното потесно и пошироко (безбедносно, геостратегиско, геополитичко и геоекономско) опкружување, и тоа во периодот од осамостојувањето на Република Македонија до моментот на атентатот и периодот потоа. Основната задача на конкретно спроведениот процес на операционализација беше аналитичко разложување на споменатата емпириска реалност на елементи изразени како појави, состојби, односи и процеси и презентирање само на дел од тие елементи кои со голема веројатност индицираат формирање и постоење на политички мотиви кај одредени

поведение (пројавено во облик на атентат) под онаа кривично-правна норма што најмногу соодветсвува на вистинската повреда или загрозување на општественото добро; согледувањето на општествената опасност на извршителот или сторителите на атентатот; и согледување на општествената штетност на атентатот. Општото криминолошко значење на утврдувањето на мотивот/мотивите на извршителот или сторителите на атентатот се состои во согледувањето на причините, условите и поводите за атентатот при што ќе се овозможи утврдување на правилна криминално-политичка оценка за општествената штетност на атентатот, како и за социјално-етичките карактеристики на извршителот или сторителите на ова кривично дело. Пенолошкото значење на мотивот/мотивите на извршителот или сторителите на атентатот (ако

евентуално се откријат, фатат и ако евентуално правосилно им се изрече казна затвор) се состои во тоа што мотивите се појавуваат како еден од најсигурните критериуми за проценување на криминалната деструктивност на секој поединечен осуденик и како такви се извонредно погодни за определување на најсоодветните мерки во спроведувањето на индивидуалниот и групниот третман. Виктимолошкото значење на мотивот/мотивите се состои во нивната функција за утврдување на односот помеѓу извршителот или сторителите на атентатот и претседателот Глигоров како жртва, како и односот на извршителот или сторителите кон Република Македонија.

Инаку, мотивите се поврзани со целите, интересите, намерите, потребите итн. Намерата претставува замисла кон чие остварување е насочено одредено дејство. Бидејќи се работи за специфично кривично дело против државата (од областа на политичкиот криминалитет), оттука и можноста дека се работи за специфична и веројатно сложена мотивациска основа на извршителот или сторителите на атентатот. Во случај да се работи за плуралитет на сторители на атентатот, можно е структурата на вкупната мотивациска основа на сторителите да биде структурирана во различни варијанти: 1) единствен мотив на сите сторители на атентатот со иста цел и намера; 2) вмрежување на повеќе поединечни мотиви со иста цел, но различна намера; 3) вмрежување на повеќе поединечни мотиви со иста цел и иста намера; и 4) различни други варијанти на структурата на вкупната мотивациска основа на сторителите на атентатот. При тоа, можно е и дел од сторителите на атентатот да немале политички мотив. Од аспект на формирањето на посебната верзија/хипотеза која се однесува на мотивот/мотивите за извршување на атентатот, во услови на немање на јавно објавен емпириски материјал, истата ќе се однесува на еден од можните иницијални мотиви на

инспираторот/инспираторите или организаторот/организаторите на атентатот.

Page 61: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

61

надворешни и внатрешни државни и недржавни субјекти за политичко-безбедносна дестабилизација на Република Македонија, меѓу другото, и преку практикување на политичко насилство во облик на атентат.

2) Анализа на содржината на официјалната и друг вид на јавно објавена документација17 поврзана со атентатот;

3) Анализа на содржината на јавно искажаните политички и други искази на одредени политичари, како и на јавно искажаните искази на експерти од областа на полициската, разузнавачката и контраразузнавачката практика;

4) Анализа на политичките документи и правните акти на Република Македонија, на соседните и други држави, како и политичките документи и правните акти на одредени елементи на меѓународната заедница кои би можеле да индицираат конкретна корелација со мотивот за атентатот (односно на кои внатрешни и/или надворешни политички субјекти им пречеше политичкото и правно дејство на споменатите политички документи и правни акти);

5) Консултативна анализа со експерти од областа на полициската, разузнавачката, контраразузнавачката и политичката практика;

6) Примена на делфи метод (метод на групна оценка) со чија помош беше спроведено собирање и обработка на ставовите на дел од учесниците (експертите од различна област) на научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров – мистерија или настан ад акта”;

7) Документарен метод на интерпретација18. Во оваа сложена научна ситуација во чија структура релативно постојан хендикеп претставува елементот на официјалниот информациски дефицит, со овој метод ќе се обидам врз основа на достапниот, јавно објавен (некласифициран) документаристички материјал, да утврдам еден соодветен (хомологен) образец кој ќе овозможи препознавање на

17

Документацијата е во потполност преземена од публикацијата на: Ставре Џиков, Заговор против претседателот Киро Глигоров, Просветно дело АД Скопје, Скопје,

2002 год. 18

Заради специфичноста, а и заради неговата секојдневна употреба при

здраворазумското интерпретирање на случувањата, настанатите и процесите, овој метод накратко ќе го експланирам (објаснам). Инаку, овој метод вклучува потрага по истоветен хомологен образец кој лежи во позадината на бескрајното мноштво на потполно различни значења. Овој метод подразбира третирање на вистинските појави како да „документира”, „укажува на” или „претставува” претпоставен прикриен образец. Не само што прикриениот образец се изведува од своите посебни документирани докази, туку и самите поединечни документирани докази се интерпретираат врз основа на она „што се знае” за прикриениот образец. Едното служи за разработка на другото. Инаку, овој метод е препознатлив заради секојдневната потреба од препознавање на она „за што некој говори”, со оглед на тоа што не се кажува прецизно – што се мисли, или пак во препознавањето на вообичаените случувања. За овој метод да се види во: Harold Garfinkel, Zdravorazumsko znanje o socijalnim strukturama: dokumentarna metoda interpretacije u laičkom I profesionalnom iznalaženju činjenica, (preveli sa engleskog: Ivana Mijić I Damir Šoh), Diskrepancija, Vol. 7, No 11., Lipanj 2006 god., str. 61-78

Page 62: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

62

одредени елементи кои се релевантни за етиологијата и феноменологијата на атентатот и врз таа основа нивно веродостојно интерпретирање.

8) Индицијален метод, односно развивање на систем на индикатори кои ќе ги изразуваат можните врски помеѓу појавата на атентатот и неговата мотивациска основа, политичкото дејствување на жртвата на атентатот (претседателот Глигоров) и внатрешните, надворешните и меѓународните политички, економски и безбедносни појави, состојби, односи и процеси. Со помош на овие индикатори ќе се формира и постави една од можните хипотези за мотивациската основа на атентатот.

9) Интервју со жртвата на атентатот – претседателот Киро Глигоров.19 Со примена на оваа методолошка постапка на собирање на податоци по пат на непосредно говорно комуницирање со жртвата, беа реализирани одредени научни цели кои се состоеа во истражување на одредени претпоставки кои ги имав во врска со етиологијата (причините, условите и поводите) на атентатот.

4. ИНДИКАТОРИ КОИ ИЗРАЗУВААТ МОЖНИ ВРСКИ ПОМЕЃУ МОТИВАЦИСКАТА ОСНОВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ НА АТЕНТАТОТ И КОНСТЕЛАЦИЈАТА НА ОДРЕДЕНИ РЕЛЕВАНТНИ ПОЛИТИЧКИ, ЕКОНОМСКИ И БЕЗБЕДНОСНИ ОДНОСИ, ПРОЦЕСИ И СОСТОЈБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНОТО ПОТЕСНО

И ПОШИРОКО ОПКРУЖУВАЊЕ

Спроведената операционализација на емпириската реалност, односно нејзиното аналитичко разложување, меѓу другото, подразбира и теориско-логичко изведување и создавање на систем на квалитативни, симултани20 и комплементарни индикатори21 кои ќе ги изразуваат можните врски помеѓу појавата на атентатот и неговата мотивациска основа, политичкото дејствување на жртвата на атентатот

19

Заедно со генерал-мајор (п) Илија Николовски, во два наврата (на 30 јули и 15

септември 2010 год. во траење од околу четири часа) остварив лични средби со поранешниот прв претседател на Република Македонија Киро Глигоров, при што освен срдечниот неформален разговор, беше остварен и научен разговор со научна цел – истражување на одредени претпоставки кои ги имав во врска со етиологијата на атентатот.

20 Симултаните индикатори претставуваат збир од повеќе индикатори кои ја

индицираат хипотезата во целина. Наведено според: Д-р Новак Милошевић, М-р Саша Милојевић, Основи методологије безбедносних наука, Полицијска акдемија, Београд,

стр. 154 21

Индикаторите (показателите) претставуваат надворешна манифестација на

внатрешната суштина, односно суштината на поставената и формираната верзија/хипотеза поимно се манифестира, односно во сварноста се јавува преку одредени индикатори (показатели)/индиции. Јосип Жипанов, Индикатори, у зборнику: Методологија истраживања у друштвеним наукама, стр. 46-60, наведено во: Д-р Славомир Милосављевиђ, Д-р Иван Радосављевиђ, Основи методологије политичких наука, Службени гласник, Београд, 2003 год., стр. 437

Page 63: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

63

(претседателот Глигоров) и внатрешните, надворешните и меѓународните политички, економски и безбедносни појави, состојби, односи и процеси. Основната карактеристика на индикаторите (и научната придобивка која од нивното формирање ја очекувам) кои ќе бидат селектирани и презентирани ќе се состои во тоа што доказната сила не е во самите нив, туку во нивното комбинирање со другите, за научната и пошироката јавност недастапни (опертативни: криминалистичко-полициски, разузнавачки и контраразузнавачки) класифицирани податоци и информации, поради што, при нивната примена најважно е да се утврди токму врската на посочените индикатори со евентуално утврдените криминалистичко-оперативни и друг вид на информации. Овој систем на квалитативни, симултани и комплементарни индикатори/индиции очекувам да фундираат логичка основа на сомневање22, изразена низ одреден степен на основаност и веројатност на формираната и поставената верзија/хипотеза, односно на фактите и околностите кои ја оправдуваат логичката основа на сомневањето. Изведените индикатори ќе претставуваат дел од верзијата/хипотезата, односно истите ќе ја формираат претпоставката за врските помеѓу различните политички, економски и безбедносни појави и мотивациската основа за организирање и извршување на атентатот. Изведувањето на индикаторите ќе биде пропратено со релативен хендикеп изразен низ ограничен дострел во рамките на детерминирачкиот систем и емпирискиот видеокруг заради официјалниот информациски дефицит.

Имено, како едни од можните индикатори кои ги изразуваат можните врски помеѓу мотивациската основа за организирање и извршување на атентатот врз Глигоров и констелацијата на одредени релевантни политички, економски и безбедносни состојби во Република Македонија и нејзиното потесно и пошироко опкружување ги изведов следните:

1) Индикатори кои се изведени од елементарната анализа на улогата на претседателот Глигоров во глобалниот политички процес во Република Македонија (од нејзиното осамостојување до извршувањето на атентатот), како и неговата улога во формирањето на нејзините надворешно-политички определби. За да се утврди улогата на претседателот Глигоров, најпрвин е потребно да се објасни структурата на глобалниот политички процес во Република Македонија и нејзините надворешно-политички определби со цел утврдување на елементи кои се евентуално релевантни за атентатот. Имено, ќе се обидам низ една кратка политичка и безбедносно-хронолошка

22

Сомневањето во криминалитичкото промислување и во науката, како и во

животната практика воопшто, се појавува како нужен методски принцип на спознавање, кој има многу позитивна улога. Сомневањето е почетниот чекор на патот од надворешната манифестација на појавата спрема суштината.

Page 64: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

64

ретроспектива да изведам индикатори кои учествуваа во поставувањето и формирањето на хипотезата за мотивациската основа на атентатот.

На 20 септември 1990 год. Собранието на СР Македонија усвои 25 амандмани на Уставот на СР Македонија, со кои се извршени промени во политичкиот и државниот поредок на Македонија. Имено, беше неутрализиран политичкиот монопол на Сојузот на комунистите, односно беше воведен политички плурализам23; делегатскиот систем во Собранието беше заменет со пратенички; наместо Извршен совет се конституира Влада; и наместо колективниот орган – Претседателството на СР Македонија, се воспостави функцијата претседател на Републиката. На 11 ноември 1990 год. беа одржани и првите демократски повеќепартиски избори во Македонија. По обезбедувањето на правна и политичка основа за темелно преуредување на Републиката (иако се уште во рамките на Федерацијата), на 27 јануари 1991 год. Собранието на Социјалистичка24 Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за Претседател на Република Македонија го избра Киро Глигоров. На 20 март 1991 год. во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија по одржаните повеќепартиски избори, при што за претседател беше избран Д-р Никола Кљусев. На 08 септември 1991 год. во Република Македонија се одржа Референдум за суверена и самостојна држава Македонија со право да се стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија. Со мнозинство гласови Референдумот беше усвоен, по што Собранието на Република Македонија донесе Декларација во која се истакнува дека граѓаните на Република Македонија на 08 септември 1991 год. плебисцитарно ја потврдија државноста и суверенитетот на Република Македонија и ја изразија својата воља таа да биде конституирана како суверена и независна држава. На 17 ноември 1991 год., Собранието на Република Македонија го усвои Уставот на

23

Политичкиот плурализам во Република Македонија за прв пат започна систематски да заживува со усвојувањето на Амандманот бр. 59 на Уставот на СФРЈ, а со тоа и на Уставот на СРМ од 1974 год. Со овој амандман правно се регулираше развојот на политичкиот плурализам во Република Македонија, или тогашна СРМ, односно се гарантираше слободата на политичкото организирање и дејствување. Со имплементирањето на овој амандман во реалноста, фактички им се скрати правото на Сојузот на комунистите на Македонија и на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, како доминантни политички опции, да го имаат ексклузивното право на предлагање и на утврдување на кандидати за пратеници во новиот состав на Собранието на Република Македонија. За наведеното да се види пошироко во: Проф. д-р Саво Климовски, Доц. д-р Тања Каракамишева, Политички партии и интересни групи (со посебен осврт на изборните системи), Универзитет „Свети Кирил и Методиј”, Правен факултет „Јустинијан

Први” – Скопје, Скопје, 2006 год., стр. 103-106 24

На 16 април 1991 год. Собранието на СР Македонија го усвои Нацрт-амандманот за бришење на одредницата „социјалистичка” од пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 07 јуни 1991 год. Од

аспект на бришењето на старите одредници би навел и дека на 10 март 1992 год. наместо терминот „милиција”, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатешни работи, почна да се употребува терминот „полиција”.

Page 65: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

65

Република Македонија кој свечено беше прогласен на 20 ноември 1991 год. На 16 декември 1991 год. Министерскиот совет на Европската заедница донесе Декларација за признавање на југословенските републики (со услови за кои југословенските републики требаше да се изјаснат до 23 декември истата година, а примената на одлуките од Декларацијата да почне од 15 јануари 1992 год.). На 19 декември 1991 год. Собранието на Република Македонија усвои Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држва. Особено значајно за меѓународното признавање на Република Македонија претставуваше упатувањето на писмо (на 02 декември 1991 година) од претседателот Глигоров до претседателите државите или владите на земјите во светот за признавање на Република Македонија. Истовремено, писмо испрати и министерот за односи со странство Денко Малески. На 06 јануари 1992 год. Собранието на Република Македонија донесе одлука за прогласување на два амандмана на Уствот на Република Македонија (кои се во врска со член 3 и член 49 од Уставот), во кои се нагласува дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави, дека границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот и дека Републиката нема да се меша во суверените права на другите држави и.т.н. На 15 јануари 1992 год. Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот Робер Бадентер (т.н. Бадентерова комисија), во својот извештај соопшти дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Република Македонија. На 21 февруари 1992 год. во Скопје беше склучен договор меѓу претседателот Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана Благое Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Република Македонија.25 Понатаму, во втората половина на 1993 и целата 1994 год. дојде до значително подобрување на меѓународната позиција на Република Македонија. Имено, на 23 декември 1993 год. Собранието на Република Македонија одлучи Република Македонија да стапи во членство во Северноатланската договорна организација – НАТО.26 Од аспект на надворешно-политичките определби на Република Македонија за евроинтегрирање, веднаш по прогласувањето на независноста на Република Македонија, се пројавија аспирации за поврзување, а подоцна и за вклучување во Европската заедница. Ова претставуваше

25

На 11 март 1992 год. постариот водник Санко Ангеловски, за прв пат на македонски

јазик, ја прими должноста - командир на караулата „Рамна Нива” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка од својот претходник, старешината на сојузната војска Радослав Милошевиќ. На граничниот јарбол се завиори македонското знаме, а Санко Ангеловски влезе во историјата како прв старешина на Македонската армија кој ја презеде обврската да командува со еден пограничен објект во обезбедувањето на македонската државна граница.

26 Види: Одлука за стапување на Република Македонија во членство во

Северноатланската договорна организација – НАТО, Службен весник на РМ, 78/93 (од 27 декември 1993 год.).

Page 66: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

66

политички и економски најрационалното решение од секое друго регионално и слично поврзување, на пример, со поврзувањето со Сојузна Република Југославија (во натамошниот текст: СРЈ), затоа што Европската Заедница, сега Унијата, отвара(ше) еден огромен пазар, на кој секоја држава со својата економија, доколку е способна, може да обезбеди континуиран развој на сите подрачја. Во тој контекст (во периодот до извршување на атентатот), од аспект на Советот на Европа, Република Македонија поднесе молба за прием уште во декември 1991 год. Во мај 1993 год. добивме статус на специјален гостин, а во септември 1994 год. Советот на Европа реши Македонија да учествува во својство на набљудувач во работата на повеќе меѓувладини комитети на Советот, а дури по една година, на 27 септември 1995 год., Република Македонија е примена за полноправен член, со тоа што свечениот прием беше извршен на 9 ноември 1995 год.

Од наведеното може да се констатира дека улогата, односно политичкото дејствување на претседателот Глигоров во глобалниот политички процес во Република Македонија, како и во формирањето на нејзините надворешно-политички определби може да се сведе најмалку на следниве елементи, при што дел од нив можно е да се од особено значење за мотивациската основа на атентатот: ставање точка на историските аспирации на соседите кон нашата територија и народ; сестран развој на добрососедските односи, определувајќи се за активна политика на добрососедство врз принципите на еквидистанца, одосно еднаква готовност за пријателство со сите; определување за политички дијалог и мирни средства за решавање на спорните прашања со соседите; почитување на принципот на неповредливост на границите; доследно почитување на општоусвоените принципи на меѓународните односи; активна и круцијална улога во донесувањето на одлука за стапување во членство на Република Македонија во НАТО, како и во вклучувањето во интеграциските процеси во Европа; и меѓуетничко разбирање и толеранција и остварување на правата на националните малцинства (кои ги сметаше за темел на внатрешната стабилност и демократски развој што беше израз на нетипично балканско однесување).

2) Индикаторите изведени од констелацијата на политички и

безбедносни процеси и односи во потесното и пошироко (безбедносно, геостратегиско, геополитичко и геоекономско) опкружување поставени се врз основа на последиците од разградувањето на воено-политичката констелација на балканските држави, како и врз основа на интересите и влијанието на Соединетите Американски Држави (САД) и Русија на Балканот. Имено, конституирањето на Република Македонија како нова држава и нов субјект во меѓународните односи ја промени дотогашната констелација на геополититички односи и процеси на Балканот, претставувајќи нов елемент во распоредот на силите во регионот. Република Македонија се

Page 67: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

67

наоѓа(ше) во едно хетерогено геополитичко опкружување, во кое беа присутни разни историски, но и нови антагонистички политички интереси кои се одликуваа, меѓу другото, и со идентичниот став на сите наши соседи кои манифестираа негаторски однос спрема постоењето, самостојноста и посебноста на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава. Без оглед што некои од нив побрзо или подоцна формално нè признаа како независна земја, тие тоа го сторија на тој начин што го оспоруваа македонскиот јазик, македонската нација, македонската историја, која ја сметаа како дел од својата историја.27 Особено политички дестабилизирачка и безбедносно-загрозувачка беше онаа геополитичка содржина изразена низ обидите за создавање на нови балкански политички сојузи со кои се загрозуваше територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Република Македонија, а воедно и нејзиниот уставен поредок и нејзината безбедност. Имено, Грција во мај 1991 година ја лансираше идејата за балканска конфедерација меѓу Србија, Грција, Бугарија и Романија, при што отсуствуваше поддршка од Бугарија и Романија.28 По неколку месеци, токму во времето кога во Македонија се одржуваше Референдумот за независност, поточно, на 10 септември 1991 год. Мицотакис повторно се обиде да поведе иницијатива за средба во Атина (на 19 септември 1991 год.) на лидерите на трите соседни земји: Грција, Бугарија и Србија – премиерите Константин Мицотакис, Димитар Попов и Слободан Милошевиќ (подоцна ова се проширило и со романскиот премиер Петре Роман). Планираната средба беше одложена, односно како што соопшти грчкиот владин портпарол Вирон Полидорас на 20 септември 1991 год. „Балканската конфедерација меѓу Грција, Србија, Бугарија и Романија е одложена не по вина на Грција, туку по вина на другите”. По овој пропаднат обид на Мицотакис, во Грција се одржаа нови избори на кои тој изгуби.29

Што се однесува до интересите на Русија на Балканот кои беа значајни за Република Македонија, а посебно заради руската поддршка на Србија, голем број на индикатори укажуваа на тоа дека со разградувањето на воено-политичката констелација на балканските држави, руското политичко влијание на овие држави ќе биде трајно загубено. Ова се должи и на фактот што по распаѓањето на реалсоциализмот, сите поранешни европски социјалистички земји, помалку или повеќе, ги прифатија политичките, економските и социјалните вредности на западната цивилизација, со што тие вредности станаа основен критериум во определувањето на магистралните правци

27

Киро Глигоров, Македонија е сè што имаме, Култура, Скопје, 2002 год., стр. 425 28

Идејата не беше поддржана од Бугарија и од Романија, со образложение дека тие

не сакаат да дојдат на конференција на која ќе се расправа за една држава која денес е независна, која тие ја признале како таква, или имаат намера да ја признаат, да воспостават дипломатски односи, а сега во оваа нова историска ситуација, треба да се расправа за нејзината судбина без нејзино присуство. Наведено според: Киро Глигоров, op. cit., стр. 426

29 Киро Глигоров, op. cit., стр. 427

Page 68: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

68

на нивната надворешна политика, а и воопшто, на нивниот натамошен цивилизациски развој. Со распадот на реалсоцијализмот, параметрите што ја одредуваа надворешната политика на Русија во поголемиот дел од дваесетиот век ги снема, односно Русија пристапи кон редефинирање на својата меѓународна улога. Војните во поранешна СФРЈ претставуваа директен надворешно-политички предизвик за новопоставените национални интереси, како и за нивното остварување. Руските националисти веднаш ја ставија Владата под притисок, повикувајќи се на славјанско-православното единство и на руската историска поддршка на Србија (инаку, оваа поддршка е од особено значење при поставувањето на индикатори за хипотезата/верзијата за мотивациската основа на атентатот). Постоеше, исто така, силен поттик за секое руско раководство да ја поддржи, според развојот на војната, страната што изгледаше како победничка и на тој начин Русија да си задржи извесен степен на влијание на Балканот, какво што немаше од 1948 год.30 Ширењето на НАТО на исток за Русија претставуваше потенцијална закана за нејзините западни граници, но генерално, и за нејзината стратешка стабилност. Кога на Бриселскиот самит во 1994 год. беше потвдена одлуката за Стратегијата за ширење на НАТО, руското разочарување беше големо: политичката елита сфати дека НАТО сака да постави нови линии на разграничување во Европа. Од тогаш, односите помеѓу Русија и НАТО се засноваа на идејата за „ладен мир” (која ја прокламираше Борис Јелцин во текот на 1994 год.). 31 Што се однесува до односите помеѓу Русија и Србија и конкретно на руската поддршка на Србија (како еден од суштинските елементи на нивните односи) особено се значајни ставовите на Меѓународната Комисија за Балканот. Имено, според оваа комисија, Москва ја поддржуваше Србија и од две други причини (освен славјанско-православното единство): 1) загриженоста поради проширувањето на американското влијание – особено преку НАТО – во Југоистична Европа, во време кога НАТО се закануваше дека ќе се прошири во Источна и Централна Европа (а на 23 декември 1993 год. Собранието на Република Македонија одлучи Република Македонија да стапи во членство во Северноатланската договорна организација – НАТО); и 2) сознанието дека пропаѓањето на комунизмот ги стави Русија и Србија во слична ситуација. Од аспект на историјата на односите помеѓу Русија и Македонија, може да се каже дека почнувајќи уште од пред крајот на 19 век, Русија била постојано заинтересирана да обезбеди свое присуство на Балканот, но главно преку Бугарија и Србија. Меѓутоа, во ниедна ситуација, а имало неколку такви значајни ситуации (војните со Турција, мировните договори, како Санстефанскиот договор, Берлинскиот конгрес, Балканските војни итн.),

30

ibidem 31

Jelica Kurjak, Pozicija Rusije u sistemu evropske bezbednosti posle Kosova, стр. 227, во: Aleksandar Fatič (pr.), Problemi srpske politike, Centar za menađment - Beograd, Beograd, 2000 god.

Page 69: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

69

Русија никогаш не застанала на страната на Македонија, на обезбедување и почитување на нејзината независност како држава.32

Од аспект на надворешната политика на САД кон Балканот и кон Република Македонија особено е важно да се истакне дека веќе во текот на февруари 1992 год., САД станаа најголемиот гласноговорник за признавање на независноста на Македонија и Босна и Херцеговина.33 САД своето внимание го пренасочија од Босна и Херцеговина кон Косово и Македонија, со цел да попречат евентуално проширување на војната во јужниот дел од Балканот.34 Бидејќи цел на надворешната политика на САД во обновувањето на своето влијание врз југословенскиот конфликт, беше да се попречат разликите помеѓу нив и нивните западни сојузници, што би предизвикале прекин на добрите односи, тие се откажаа од инсистирањето за признавање на сите четири републики, приклонувајќи се кон грчката некомпромисност против суверена Македонија.35 Во врска со приемот на Република Македонија во КЕБС, и тоа на начин кој нема да биде условуван со името, многу значајна акција поведе и американската делегација во оваа асоцијација. Значаен беше и ангажманот на Хелсиншкиот комитет на Американскиот конгрес, со активноста на американскиот сенатор Денис де Консини, заедно со конгресменот Френк Меклоски. Особено значајно за Република Македонија беше што од почетокот на 1993 год., САД, во рамките на своите страгиски определби кон регионот на Југоисточна Европа, почнаа да пројавуваат сè позасилен интерес за свое присуство и во Македонија.36 Павле Трајанов околу стратешкото партнерство на САД и Република Македонија во едно интервју ќе изјави: „…Првата странска разузнавачка служба што воспостави контакт со МВР беше ЦИА. Во почетокот на 1992 год. тие ни пријдоа и беа заинтересирани за соработка. Таа соработка многу придонесе за развивање на односите меѓу Македонија и САД. Тие во основа се интересираа за навлегувањето на фундаментализмот на Балканот и во Македонија, за тоа дали терористичките групи како Хамас, Ал Каеда, Хезболах, Исламски џихад и други имаат свои врски кај нас и слично. Но тие пројавуваа интерес и за албанскиот екстремизам, за настаните во Косово, за капацитетите на ЈНА. Во соработката и ние баравме соодветни информации, но првенствено баравме САД да ги поддржат процесите кон јакнење на нашата држава. Баравме и стручна и техничка и стручна помош, а се разработуваше и конкретна стратегија како САД да и помогнат на

32

За наведеното да се види во: Киро Глигоров, Македонија е сè што имаме, Култура,

op. cit., стр. 512 33

Јован Донев, Орел над Балканот – надворешната политика на САД кон Балканот (1989-1998), Култура, Скопје, 2002 год., стр. 150

34 Јован Донев, op. cit., стр. 151

35 Susan L. Woodward, Balkan Tragedy: Chaos and Dissoiution After the Cold War,

Washington, D.C.: The Brookings Institution, 1995, p. 197, во: Јован Донев, op. cit., стр. 152 36

Ахил Тунтев, Република Македонија – прва декада (1990-1999),

Книгоиздавателство МИ-АН, Скопје, 2005 год., стр. 170

Page 70: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

70

Македонија ако се отвори т.н. јужен фронт”. Потоа се разви соработката и со други странски служби37.

Врз основа на наведеното може да се констатира дека индикаторите изведени од констелацијата на политички и безбедносни процеси и односи во потесното и пошироко (безбедносно, геостратегиско, геополитичко и геоекономско) опкружување поставени врз основа на разградувањето на воено-политичката констелација на балканските држави и интересите на САД и Русија на Балканот укажуваат на можноста дека барем една голема сила или нејзина моќна (воена, политичка или разузнавачка) структура имала капацитет да (до)знае за етиологијата (причините) на политичкото насилство кое во облик на атентат се случи во Република Македонија. Ова од причина што постои голема веројатност дека која и да е голема сила (или нејзина моќна структура) нема да дозволи пресметаните последици од атентатот да бидат противречни на нејзините интереси на Балканот, освен ако не се работи за меѓусебна компатабилност или комплементарност во остварувањето на интересите.

3) Едни од најбитните изведени индикатори се оние кои се создадени од фактот на постоење на надворешни и/или внатрешни политички субјекти кои се склони кон примена на политичко насилство, а за кои политичкото дејствување на претседателот Глигоров е политички релевантно во негативна смисла. Имено, прв индикатор за постоење на готовност и спремност за примена на политичко насилство спрема Република Македонија претставуваше противправното уфрлување на официјални воени единици на Војската на (тогашна) Сојузна Република Југославија (во натамошниот текст: СРЈ) на државниот простор на Република Македонија на 9 јуни 1994 год., односно военото заземање на врвот Стража (кота 1703) кај Чупино брдо. Ова противправно воено заземање на дел од македонскиот државен простор на моменти се закануваше да прерасне во отворен вооружен судир помеѓу Војската на СРЈ/Србија и Армијата на Република Македонија (АРМ). По преземањето на дипломатски чекори на Владата на Република Македонија и со посредство на УНПРОФОР, кој оствари непосредни контакти со претставници на СРЈ, припадниците на Војската на СРЈ се повлекоа од врвот Стража на 3 јули, односно на последниот ден од рокот предвиден за повлекување. Инаку, од воено-стратегиски аспект на Војската на СРЈ, овој облик на политичко насилство од позиции на големосрпски хегемонизам беше реализиран во услови на солидна концентрациона основа и релативно поволни воено-географски услови за отпочнување и поддршка на воени дејства во општиот правец на воени дејства од север, конкретно, во зоната на јужноморавскиот-вардарски оперативен правец.

37

Интервјуто на Павле Трајанов може да се најде на: forum.kotle.ca/printthread.php?tid=140 (посетен на: 16 август 2012).

Page 71: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

71

Oд аспект на просторот на противправното воено заземање/запоседнување, се работи за спореден правец, односно правецот Чупино Брдо – с. Луке кој е тешко прооден и исклучиво за пешадиски единици во јачина од 2-3 лесни пешадиски батаљони, кои по длабочина би биле воведувани во повеќе ешалони. Во ваква варијанта на воена агресија со ограничена цел, како стратегиски објекти и цели на агресорот најверојатно ќе беа првенствено Скопје (негово заземање или закана со заземање), а потоа и Куманово и Тетово.38

Околу овој индикатор особено е интересно и личното и политичко однесување39 на поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ (во натамошниот текст: Милошевиќ) спрема Република Македонија. Во периодот од 28 март до 6 јуни 1991 година беа одржани шест состаноци (самити) на претседателите на Републиките. На третиот самит во Брдо, кај Крањ (11 април), македонската страна ја застапува тезата дека Републиките само како суверени држави можат да расправаат за решавањето на југословенската криза и дека, доколку една од Републиките се отцепи од СФРЈ, Македонија не сака да остане „во остатокот на Југославија”40 На 16-17 Април 1991 год. Милошевиќ беше во официјална посета на

38

За општиот военогеографиски аспект на наведеното да се види во: Полковник Доц.-др Борис Никодиновски, Регинална воена географија, Скопје, декември 1995 год.; Борис Никодиновски, Одбранбената регионализација на Република Македонија, „Просветно дело” Скопје, Скопје, 1994 год.; Министерство за одбрана, Генералштаб на АРМ, Одделение за стратегиски истражувања, Воено-географска проценка на можните операциски правци кои од СР Југославија водат во внатрешноста на Р. Македонија (истражувачки проект), ноември 1998 год.; Кемо Ѓозо, Безбедност на државната граница на Република Македонија – закани и предизвици, Просветно дело АД Скопје,

Скопје, 2004 год.; 39

Срѓа Поповиќ во еден Зборник посветен на политичкото однесување на Слободан Милошевиќ ќе го напише следното: „Факт е дека српскиот политички врв и ЈНА уште во 1989 год. создале завера која имала за цел да со противуставни средства и

сила ги спречи демократските промени кои со глобалниот распад на комунизмот, од светот, преку западните републики продираа во Југославија (значи, т.н. „контрареволуција”) и да обезбеди доминација на српскиот политички врв на територијата на СФРЈ, било преку рецентрализација и прегласување („еден човек, еден глас”), било преку воен удар, било преку ампутација на Хрватска и Словенија (стара идеја на Кралот Александар), било преку создавање на Голема Србија, т.е. повлекување на нови граници (Милошевиќ: „границите ги диктираат појаките”). Овие две цели амалгамирани се низ личноста на Милошевиќ: тој на овој начин ги обедини ЈНА и српскиот агресивен национализам, значи средствата и политичките мотиви, во чудовиштето наречено „црвена-црна коалиција”. Во спроведувањето на тој план заверениците ги рушеа сите сојузни институции (афирмирано е т.н. „оштрбено Претседателство”, кое требало да им послужи како лажна макета на „Врховен командант”), ЈНА противуставно и противзаконски беше чистена од „несрпските елементи” и беше претворена во војска на Србија, а Република Србија уште на 28 септември 1990 год., повеќе од една година пред прогласувањето на независноста на Хрватска и Словенија, го донесе првиот сепаратистички Устав по кој Република Србија стана независна и суверена”. За наведеното да се види во: Srđa Popović, Kako smo branili Jugoslaviju, во: Sonja Biserko (pr.), Miloševič vs Jugoslavija, Helšinski odbor za ljudska prava u Srbiji, Beograd, 2004, стр. 10

40 Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 13

Page 72: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

72

Грција. Според грчкиот печат, на разговорите било присутно и „прашањето на Скопје”.41 Во Грција се говорело и за создавање на оска Србија-Грција-Бугарија, „за да се избегне трета балканска војна, која би избила околу Македонија”.42 На 27 декември 1991 год. Милошевиќ и претседателот Глигоров во Охрид разговарале за повеќе прашања од заемен интерес.43 На 16 јануари 1992 год. Милошевиќ ја посети Атина и имаше разговори со премиерот Мицотакис во врска со грчката иницијатива за формирање на „мала Југославија”.44 Во врска со оваа посета, во интервју за „Франкфуртен Алгемајне цајтунг” од јуни 1992 год. грчкиот премиер Мицотакис открива дека во почетокот на 1992 год. го отфрлил предлогот на Милошевиќ - Грција и Србија да ја поделат Македонија (...„одбив и веднаш ја известив Европската заедница”...).45 Меѓутоа, подоцна, во јануари 2004 год., лондонскиот „Фајненшл тајмс” пишува дека екс-претседателот Константин Караманлис ја спречил поделбата на Македонија, која била договорена меѓу Србија и Грција (по предлог на Милошевиќ, што наводно било прифатено од грчкиот премиер, кој побарал од Министерството за одбрана на Грција да направи План за префрлување на грчки војници во Јужниот дел на Македонија). За тоа бил информиран претседателот Караманлис, кој ставил вето на реализацијата на планот.46 На 20 март 1992 год. Милошевиќ повторно допатува во Атина при што се сретна со премиерот Мицотакис и министерот Самарас. Според извештајот на дописникот на „Нова Македонија” од Атина, од 26 јуни 1992 год., Милошевиќ во своите изјави за грчките медиуми кога говорел за Република Македонија, истата ја именувал како „Скопје” и „Режимот на Скопје”, како што се објаснувало „за да не ја навреди Атина”.47 Според атинскиот весник „Апогевматини” (пренесено во „Нова Македонија” од 5 февруари 1995 год.), Милошевиќ во „планот” што наводно му го презентирал на Папандреу во точка 8 (од „планот”) наводно се вели „што се однесува до името на „Скопје”, дефинитивното име би било „Славомакедонска Република”, нешто што енергично го поддржуваат Србите и Русите”.48 Од друга страна, што е доволно контрадикторно, на 29 октомври 1992 год. премиерот на СРЈ Милан Паниќ по разговорите со претседателот Глигоров и премиерот Црвенковски во Скопје, наспроти негативните ставови на

41

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 16-17 42

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 106 43

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 22 44

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 254 45

За ова да се види во: Нова Македонија, 9 јуни 1992 год.; Ахил Тунтев, op. cit., стр.

370 46

За ова да се види во: Утрински весник, 19 јануари 2004 год.; и во: Ахил Тунтев, op.

cit., стр. 370 47

Ахил Тунтев, op. cit., стр. 298-299, 374 48

Ахил Тунтев, op. cit., стр. 318, 380

Page 73: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

73

Милошевиќ, изјави дека СРЈ ќе ја признае Македонија.49 На 31 мај 1993 год. по барање на Милошевиќ, во Охрид е одржана средба помеѓу него и Киро Глигоров, која средба побудила голем интерес кај домашната и меѓународната јавност.50 Така на пример, АФП јави дека целта на посетата на Милошевиќ била да го убеди Глигоров да не прифаќа американски војници во Македонија.51 На 16 декемри 1994 год. за време на посетата на Милошевиќ во Атина разговарано е за неговиот предлог за поблиски односи меѓу Атина, Белград и Скопје во форма на лабава конфедерација, при што разменети се и мислења во врска со македонското прашање.52 На 2 октомври 1995 год. (ден пред атентатот!) се оствари средба помеѓу претседателот Глигоров и Милошевиќ. Разговарано е за меѓусебното признавање меѓу Република Македонија и СРЈ.53 По атентатот, следна одвоена средба на претседателот Глигоров со Милошевиќ се оствари на 2 ноември 1997 год. при учеството на Првиот балкански самит на Крит-Грција. Пред овој самит, на 19 октомври 1997 год. од Атина имаше лансирани најави дека Симитис на Крит ќе предложи формирање на Балканска Унија, по примерот на Европската Унија.54 Имаше обвинувања од страна на Милошевиќ (и на политичарите од Србија кои српскиот политички врв и ЈНА ги „бранеа од сепаратисти”) за сепаратизам на Република Македонија (и дел од останатите Републики од тогашна СФРЈ). Овие обвинувања за сепаратизам низ еден егзактен метод можеме да ги провериме низ оптиката на тогашниот Кривичен закон на СФРЈ, за да утврдиме дали Милошевиќ сторил кривични дела против државата. Имено, според Срѓа Поповиќ, Слободан Милошевиќ55, Борисав Јовиќ56 и Вељко Кадијевиќ57 имаат кривична одговорност по тогаш важечкиот Кривичен закон на СФРЈ58, бидејќи во периодот од 15 мај 1989 год. до 8 октомври 1992 год. создале завера да преку злоупотреба на своите политички овластувања противуставно и незаконито ја изменат националната структура на ЈНА при тоа ставајќи ја под своја ефективна контрола и употреба заради остварување на следниве цели: 1) насилно уривање на органите на власта во Хрватска и Словенија; 2) со воен удар насилно да се урнат највисоките сојузни органи на власта, Сојузниот извршен совет и Претседателството; 3) со

49

Наведено според: op. cit., стр. 28 50

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 31 51

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit. стр. 101 52

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 36 53

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 40 54

Наведено според: Ахил Тунтев, op. cit., стр. 245 55

Во својство на претседател на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите (од 16 јули 1990 год.), претседател на Социјалистичката партија на Србија (од 16 јули 1990 год.) и претседател на Република Србија (од 9 декември 1990 год.).

56 Во својство на претседател на Претседателство на СФРЈ (од 15 мај 1989 год.) и

потпретседател на Социјалистичката партија на Србија (од 16 јули 1990 год.). 57

Во својство на сојузен секретар за народна одбрана. 58

Службен лист на СФРЈ, бр. 44/76

Page 74: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

74

сила или по противуставен пат да се изменат границите на СФРЈ така што со противуставна одлука на Претседателството би се исклучиле Република Словенија и Република Хрватска од СФРЈ; 4) со сила или по противуставен пат да се изменат границите на Република Хрватска поттикнувајќи политичко и воено организирање на вооружена побуна во Хрватска; што за последица имало смрт на голем број лица, предизвикување опасност по животот на луѓето, пропратено со тешки насислтва и големи разурнувања, со што сите заедно и секој од нив поединечно извршиле едно продолжено кривично дело од членот 13659, став 1 во врска со член 11660, став 1 и став 2 во неговиот најтежок облик казниво по член 13961 од (тогашниот – м.з.) Кривичен закон62 на СФРЈ.63 Од аспект на односот на Милошевиќ кон атентатот врз претседателот Глигоров интересно е и следново (кое е можеби само случајност или пропуст во евидентирањето). Имено, од анализата на вкупниот број на телеграми со сочуство кои уредно и јавно се објавени во книгата „Атентат - ден потоа”64, а која анализа ја изработив со чисто, научно-истражувачка интенција, може да се забележи дека отсуствува телеграма со сочуство од тогашниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ.

Од наведеното може да се констатира дека Милошевиќ преку злоупотреба на своите политички овластувања, освен што развивал негативни политички ставови кон конституирањето на Република Македонија како нова држава на Балканот, истиот наредил

59

Членот 136 од Кривичниот закон на СФРЈ гласеше: (1) Кој создава завера, банда

или друго здружување на лица заради вршење на кривични дела од член 114 до 119, став 2, член 120 до 123, член 125 до 127 и член 131 до 132 на овој закон, или кој создава група заради префрлање или упатување на граѓани на СФРЈ во странство заради вршење на непријателска активност спрема СФРЈ, ќе се казни со затвор од најмалку пет години. За ова да се види во: Кривичен закон на СФРЈ, Службен лист на СФРЈ, бр. 44/76

60 Членот 116 од Кривичниот закон на СФРЈ гласеше: (1) Кој ќе стори дело насочено

кон тоа да со сила или по противуставен пат се отцепи некој дел од територијата на СФРЈ или дел од таа територија се припои кон друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години; (2) Кој ќе стори дело насочено кон тоа да со сила или по противуставен пат ги измени границите помеѓу републиките и автономните покраини, ќе се казни со затвор од најмалку една година. За ова да се види во: Кривичен закон на СФРЈ, Службен лист на СФРЈ, бр. 44/76

61 Членот 139 од Кривичниот закон на СФРЈ гласеше: За кривично дело од членот

114, членот 115, став 1, членовите 116 до 121, членовите 123 до 128, членот 132, и членот 136, став 1 од овој закон, кое за последица имало смрт на некое лице или било предизвикано опасност по животот на луѓето или е пропратено со тешки насилства или големи разурнувања, или довело до загрозување на безбедноста, економската или воената сила на земјата, или во други особено тешки случаи, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку десет години или со смртна казна. (Со членот 116 како самостојно дело се инкриминираат припремните дејствија и обидот за промена на границите. Со членот 18, став 3 се одредува што се смета за припремни дејствија кај овие дела). За ова да се види во: Кривичен закон на СФРЈ, Службен лист на СФРЈ, бр. 44/76

62 Службен лист на СФРЈ, бр. 44/76

63 Srđa Popović, op. cit., стр. 12-13

64 Киро Глигоров, Атентат...ден потоа, Култура – Скопје, Скопје, 2002 год.

Page 75: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

75

противправно уфрлување на воени единици на Војската на СРЈ на државниот простор на Република Македонија со што ја докажа својата готовност и спремност за примена на политичко насилство спрема Република Македонија.

4) Комплементарни и симултано поврзани на претходно наведените индикатори претставуваат индикаторите кои се изведени од утврдувањето на фактот/прашањето: дали на некоја (соседна или друга) држава и пречеше конституирањето на независна и самостојна Република Македонија како нова држава на Балканот. При тоа особено е значајно утврдувањето на факти врз основа на анализа на реалната и оперативна политика на соседните држави. Од аспект на овие индикатори, најпрвин би истакнал дека првата негативна реакција на конституирањето на независна и самостојна Република Македонија како нова држава на Балканот беше од Белград, односно од Србија (во рамките на СРЈ). Имено, уште во средината на мај 1991 год., Сојузниот извршен совет поведе постапка пред Уставниот суд на Југославија за оценка на уставноста на Декларацијата за суверенитет на Социјалистичка Република Македонија. Се тврдеше дека со оваа Декларација се доведува во прашање територијалниот интегритет на СФРЈ65. Паралелно, забележлива беше засилената антимакедонска

65

Инаку, што се однесува до прашањето за т.н. „доведување во прашање на територијалниот интегритет на СФРЈ” ќе ги наведам ставовите на Срѓа Поповиќ. Имено, тој ќе истакне: Со одредбите од Уставот на Србија спротивни на Уставот на СФРЈ, се узурпираа три основни надлежности на федерацијата: во меѓународните односи (член 281, точка 7 од Уставот на СФРЈ), народната одбрана (член 281, точка 6) и државната безбедност (член 281, точка 8). Узурпирањето на спомнатите

надлежности се чини со одредбите содржани во следниве членови од (тогаш донесениот) Устав на Република Србија: член 72, точка 1 („Република Србија ги уредува и обезбедува...односите со другите држави и меѓународни организации”) и член 72, точка 3 („Република Србија ја уредува и обезбедува...одбраната и безбедноста на Република Србија и нејзините граѓани”) Уште поважно е што со одредбата на членот 135, став 2 од Уставот на Република Србија, Србија буквално се изема од правниот систем на СФРЈ, бидејќи предвидува дека ќе ги „почитува” сојузните закони единствено тогаш кога има интерес за тоа. Во правната наука, оваа клаузула е позната како клаузула „si

volam” (ако сакам) и има дејство потполно да ја поништи секоја обврска преземена под условот на оваа клаузула. Тоа е потполно логично – функцијата на правната обврска е да ја ограничи вољата на оној кој ја презел обврската. Ако клаузулата предвидува дека вољата на обврзаниот има примат над обврската, обврската не постои. Меѓутоа, она што е најважно, е тоа што Уставот на Република Србија од 28 септември 1990 год. е сепаратистички устав (донесен е повеќе од една година пред прогласувањето на независноста на Словенија и Хрватска на 8 октомври 1991 год.). Со членот 72 од Уставот на Република Србија се одредува дека Србија е суверена и независна: „Република Србија ги уредува сувереноста, независноста и територијалниот интегрит на Република Србија и нејзината меѓународна положба и односите со другите држави и меѓународни организации”. Со оваа одредба, Република Србија престанува да биде дел од федерацијата, таа е независна држава и нема никакви должности спрема федерацијата чиј член повеќе не е. Наведено според: Srđa Popović, op. cit., стр. 26. Инаку, во врска со овој Устав на Србија, Andrey Helfant Budding ќе истакне: Со новиот Устав заземен е конфедерален став, според кој Србија е одредена како суверена држава, која моментално припаѓала на Југославија, но можела да избере и да ја напушти (ова беше слично како прогласувањето на суверенитетот на Словенија на 2 јули 1990 год.). При

Page 76: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

76

пропаганда во белградскиот печат, во кој се напаѓаше легитимното раководство на Република Македонија и се вршеше напад врз претстојното и очекувано прогласување на суверената македонска држава. Имено, Посебно беа забележливи политичко-радикалните изјави на одредени српски политичари. Имено, претседателот на политичката партија Српско движење за обнова (Српски покрет обнове) во една прилика ќе изјави: „Се залагаме за Србија која (...) ги опфаќа, прво, сегашната територија на Србија, секако, со двете свои покраини кои повеќе нема да имаат статус на покраини; потоа Барање, Македонија, односно Јужна Србија, и Црна Гора. Покрај ова, Спрпкото движење за обнова бара припојување кон Србија на историските и етничките земји на нашиот народ во Босна, Славонија, Херцеговина, Лика, на Кордун, во Банија и во Книнска краина (...) Мораме да направиме список на нашите непријатели” 66 Воислав Шешељ, претседателот на Српската радикална партија (Српска радикална странка), во едно интервју ќе изјави: „Нашиот став е соврешено јасен. Ние се залагаме за обновување на српската држава на Балканот, држава која ќе ги обедини сите српски земји: денешната српска федерална единица, српска Македонија, српска Црна Гора, српска Босна и српска Херцеговина, српски Дубровник, српска Лика, српски Кордун, српска Славонија и српско Барање”.67 Шешељ на седницата на Собранието на Република Србија која се одржа на 27 септември 1991 год., ќе изјави и дека: „Македонија може да има суверенитет само во рамките на Србија, бидејќи таква и влезе во Обединетото Кралство на Југославија”. Притоа, тој им порача на Македонија и Босна и Херцеговина „воопшто да не сонуваат”, туку да го прифатат рамноправното постоење во идната федерација во рамките на Србија. Според неговите зборови, Србија во моментов не е соочена само со настаните во Хрватска, туку и со отворањето на „јужниот фронт”.68 Инаку, „јужниот фронт” беше споменат и во познатото соопштение на

објаснувањето на одредбите од овој Устав, Милошевиќ по прв пат јавно го допре главното прашање кое отвори можност за распаѓање на Југославија, а тоа е прашањето на границите. Тој истакна дека иако Србија ја подржува сојузна Југославија, моменталните движења кон конфедерација носат со себе и можност за независна Србија; дека сегашните граници се условени од сојузна Југославија и дека ако Југославија стане конфедерација ќе се отвори прашањето на границите и дека Србија ќе ги заштити Србите надвор од Србија.

За наведеното да се види во:

Politika, 26 juni 1990 god., наведено според: Andrey Helfant Budding, Srpski nacionalizam u dvadesetom veku, во: Sonja Biserko (pr.), op. cit., стр. 124

66 Цитат спрема: Le nettoyage ethnique. Documents historiques sur une idéologie serbe,

tekstovi sabrali, preveli i komentarisali Mirko Grmek, Marc Gjidara I Neven Simac, Fayard, Paris, 1993, str. 316./cf Grmek-GjidaraŠimac, Etničko čišćenje: Povijesni dokumenti o jednoj srpskoj ideologiji, Globus, Zagreb, 1993, наведено според: Renaud de La Brosse, Politička propaganda i projekt „Svi Srbi u jednoj državi”: posledice instrumentalizacije medija za ultranacionalističke svrhe, во: Sonja Biserko (pr.), op. cit., стр. 137

67 Tribina, 1 oktobar, (prevod engleskog), Intervju Branka Akarmiča, наведено според:

Renaud de La Brosse, Politička propaganda i projekt „Svi Srbi u jednoj državi”: posledice instrumentalizacije medija za ultranacionalističke svrhe, во: Sonja Biserko (pr.), op. cit., стр. 136

68 Зоран Иванов, Амбиент - радио коментари и новинарски текстови - Книга Прва

(1990 – 1994), „Делфина 3 - Киро Попов и други д.о.о.”, Скопје, 1999 год., стр. 317

Page 77: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

77

Третата армиска област на Југословенската народна армија (ЈНА) од 16 септември 1991 год. На ова се надоврзува и присуството на голем број резервисти од Србија, кои во текот на септември и во почетокот на октомври 1991 год. можеа да се забележат на територијата на Македонија, посебно во Тетово, Гостивар, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка и на полигонот Криволок, чие присуство, како што беше објавено од Командата на Третата армиска област, беше во рамките на нормалните секојдневни воени ангажмани. Меѓутоа, обуката на резервистите од Србија беше темпирана токму во времето на официјалните најави од српското Собрание и од ЈНА за отворање на тнр. „јужен фронт”. Инаку, во периодот помеѓу 10 и 14 септември 1991 год. се случи масовна прекоманда на војниците од Македонија во другите делови од Југославија, кога најмалку две илјади војници од Македонија беа префрлени на боиштата во Хрватска. Во ноќта меѓу 13 и 14 септември од железничката станица во Скопје замина специјален воз со околу петстотини војници кон Хрватска.69 Во една прилика Вељко Кадиевиќ ги собра генералите Македонци и ги испрати во Македонија со намера да се сврти ситуацијата. Незадоволен од резултатите, и самиот се ангажираше, по охридскиот собир на републичките претседатели, подбуцнувајќи субверзивна поткопувачка активност. Би напоменал и дека во војните низ просторот на поранешна СФРЈ загинаа 44 војници од Македонија во состав на ЈНА. Сето ова, во комбинација со особено значајната изјавата на Милошевиќ дека „Србија и Грција се соседи” и Шешељовото митингување во Куманово (по што уследи и противправното воено заземање на Чупино Брдо).

Што се однесува до односот на Грција кон конституирањето на Република Македонија како нова држава на Балканот, освен што започна да се говори за потреба од создавање оска: Србија-Грција-Бугарија, како што погоре е наведено - наводно да се избегнела трета балканска војна, која би избувнала околу Македонија, интензивни беа отворените изјави на грчките политичари кои беа израз на негативниот политички став кон нашата држава. Имено, Мицотакис, во 1991 год. по средбата со британскиот премиер Џон Мејџор, одговарајќи на новинарски прашања за разговорите со својот соговорник, изјави: „Прашањето на Скопје, исто така, беше разгледувано. Грција не може под никакви околности да прифати независна скопска држава којашто ќе го контролира нашиот пристап кон Европа. Скопската држава во свое време имаше експанзионистички стремежи за сметка на Грција”. Мицотакис на крајот рече дека грчката политика е за зачувување на единствена Југославија.70 Грчкиот министер Самарас, при посетата на Белград во септември 1991 год. изјави дека Грција никогаш нема да ја признае нашата држава како независна држава „која ќе го носи историското грчко име Македонија”. На 27 септември 1991 год. претседателот на грчкиот парламент Калдерис

69

Зоран Иванов, op. cit.. 312 70

Благој Зашов, op. cit., стр. 17

Page 78: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

78

изјави: „Југославија трба да остане државна заедница (или како конфедерација или како лабава федерација)”. Според него секое друго решение ќе има директни последици за Грција, за балканскиот регион и пошироко.71 Инаку, пред овие изјави, на 18 јуни 1990 год. грчката граница спрема Република Македонија беше неофицијално затворена за сите „Југословени”. Започна и големата воена вежба на грчката армија до нашата граница под името „Филипос” со учество на една оклопна дивизија, со пешадиски, со артилериски и специјални единици на армијата и со авиони и хеликоптери на грчкото воено воздухопловство со што се демонстрираше тезата дека се појавува нова „опасност” за грчките национални интереси. На 16 февруари 1994 год. грчката влада водеде економско и транспортно ембарго против Република Македонија. На 28 февруари истата година Постојаната комисија на Парламентарното собрание, на својот состанок одржан во Париз, донесе резолуција со којашто го остро го осуди ембаргото на Грција против Македонија. Имено, во Резолуцијата како што се наведува „...Собранието остро ги осудува мерките преземени од грчката влада коишто можат да имаат дестабилизирачки ефекти во регионот којшто е особено чувствителен во овој момент...”72

Што се однесува до Албанија, во тој период Тирана отворено го поддржа бојкотот на Албанците во Македонија во однос на Референдумот, додека Бугарија ја негираше самобитноста на македонскиот народ и сите негови атрибути (население, јазик, историја и култура) и го присвујуваше како дел од своето битие.

Од наведеното може да се констатира дека во Србија, а и во некои други балкански политички кругови, односно кај сите наши соседни држави (Грција, Албанија и Бугарија) се јави несогласување со појавата на Република Македонија како нова држава на Балканот.

5) Индикатори кои се изведени од претходно примените закани

спрема претседателот Глигоров (за кои можевме да дознаеме од неговите интервјуа) и евентуалната нивна квазиинструментална и дезинформативна функција за дефокусирање на истрагата за атентатот. Во врска со овој индикатор, Глигоров во своите мемоари ќе напише: „Јас, лично, навистина повремено добивав разни закани, главно, од некои поединци меѓу наши иселеници од Австралија, кои ги потпишуваше некој полковник на некаква „Ослободителна војска на Македонија”. Потписот не беше читлив и тие закани се повторуваа речиси секоја недела. Пишувачите бараа да излезам на телевизија и да кажам дека јас сум виновен за сè што се случува во Македонија и дека заради тоа си поднесувам оставка. Се закануваа дека во спротивен случај, луѓето кои треба да ја завршат таа работа сè на пат, и ќе ја извршат пресудата врз мене. […] Мислам дека тоа беше еден од

71

ibidem 72

Резолуција на Постојаната комисија на Парламентарното собрание за грчкото ембарго, во: Благој Зашов, op. cit., стр. 323

Page 79: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

79

сигналите кој нашата разузнавачка служба во Министерството за внатрешни работи требаше да го има предвид и да предупреди за нешто што може да се случи. Меѓутоа, такво предупредување јас не добив.”73

6) Индикатори кои се изведени од претходно латентно или

манифестно политичко конфронтирање помеѓу претседателот Глигоров и одредени внатрешни политички субјекти кои би имале интерес за промена на општествено-политичката состојба во државата и нејзините надворешно-политички определби преку промена на претседателот на државата со примена на насилство; или кои внатрешни политички субјекти би имале мотив за извршување на атентатот? Околу овој индикатор, ќе искористам ставови на претседателот Глигоров изнесени во неговите мемоари, кои ги пишува во делот за заканите пред извршување на атентатот: „Јас еднаш, при една полемика во Парламентот, кога повеќепати ме нарекуваа дека сум сентиментален по однос на поранешна Југославија, дека не сум за независна Македонија, со други зборови кога ме обвинуваа од трибината на Парламентот дека јас сум предавник, говорејќи за прашањата што беа на дневниот ред, меѓу другото реков, дека јас веќе долго живеам и за мене воопшто не е битно дали ќе живеам уште две или три години повеќе, и затоа таквите закани за мене немаат никакво значење и не давам, како што реков „ни пет пари за нив”.”74 Во прилог на овие индикатори би навел и дека една година пред извршување на атентатот (октомври 1994 год.) Глигоров беше реизбран за претседател на Република Македонија, по што следеа специфични реакции од одредени субјекти околу одвивањето на целокупниот изборен процес и неговиот исход.

7) Индикатори изведени од јавно пласирање или непласирање

на одредени политички и други искази во врска со атентатот од страна на релевантни личности од внатре и од надвор, при што се битни: авторот, формата на исказот, односно дали формата е службена, приватна, експертска, квазиекспертска, писмена, усна, аудио, визуелна, аудио-визуелна, итн., како и тонот на исказот, односно дали тонот е провокативен, полемички, тон на т.н. „говор на омраза” итн. На пример, анализа на исказите на одредени личности, кои најверојатно, но не и сосема сигурно, своите искази ги пласираат во својство на експерти во разузнавачко-безбедносната област или во некое друго својство. Интересно е за анализа и едно интервју75 на Слободан Богоевски, во врска со атентатот, во кое истиот ќе истакне: „...Атентатот врз претседателот Глигоров е најцрната дамка во нашата кариера. Но,

73

Киро Глигоров, Македонија е сè што имаме, Култура, Скопје, 2002 год., стр. 568-

569 74

Киро Глигоров, op. cit., стр. 569 75

Интервју на Слободан Богоевски со Бранко Геровски (достапно на:

http://forum.kotle.ca/printthread.php?tid=140, посетено на 16 август 2012 год.)

Page 80: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

80

сакам веднаш да расчистиме: јас тогаш не бев шеф на Службата во целосна смисла на зборот, бидејќи СДБ беше реорганизирана. Имаше нова Дирекција за безбедност и контраразузнавање и криминалистичка полиција, кои беа надлежни да го водат случајот... Гледајќи што се случува со МВР пред моите очи, гледајќи еден буквален, интензивен и секојдневен распад на системот (тогаш покојниот Добри Величковски беше назначен за директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање), на 25 септември 1995 година, во писмена форма, со една подолга информација, реагирав до претседателот Глигоров и до премиерот Црвенковски. (инаку во едно друго интервју за ТВ „Сител”,Богоевски тврди дека бил разочаран од функционирањето на МВР три месеци пред да биде извршен атентатот, а еден ден пред 3 октомври поднел неотповиклива оставка на функцијата?76) Им објаснив дека МВР системски се распаѓа и дека од тој момент, меѓу другото, никој повеќе не може да им гарантира ни за нивната лична безбедност. Тоа не значи дека јас знаев дека се подготвува атентат, но навистина очебијно беше распаѓањето на МВР. Таква беше и мојата реакција во текот на водењето на истражните дејства за атентатот. Тоа беше фрапантно манифестирање наводно незнаење, непрофесионализам во постапувањето, пропуштање дејства и доцнење, уништување траги и докази што можеа да бидат многу важни. Оддеднаш МВР се однесуваше како првпат да води ваква постапка...Пред се, постојат механички и хемиски траги, кои ако не ги откриете брзо, на пример за 24 или 48 часа, исчезнуваат. МВР напросто дејствуваше смотано, а не му беше првпат да води сложени постапки. Сето тоа мене ми беше индикативно.” Во истото интервју на прашањето: има ли вистина во приказната за сомнителните луѓе во хотелот „Бристол” на денот на атентатот (и дека наводно МВР имало фотографии од тие луѓе, а сега веќе ги нема...), Богоевски ќе одговори: „Јас не знам дали сега ги има или ги нема. Во тој период ние ја имавме таа информација за средбата во „Бристол” и кои луѓе биле присутни. Нормално, бидејќи настанот се беше случил тука, пред самиот хотел, тоа беше интересна информација. Постоеја и фотографии што ги снимил и еден случаен турист, кој снимил одредени луѓе, чие однесување било мошне индикативно. Но, тоа секако беше важен момент, кој требаше да помогне во насочувањето на истрагата. Морам да нагласам дека истрагата ја водеше истражен судија во соработка со ДБК и криминалистичката полиција. Мене настојуваа по секоја цена да ме дистанцираат од информациите за истрагата, иако можев многу да им помогнам” (истакнувајќи дека по налог од некого, незнаејќи од кој, бил дистанциран од тогашниот директор Добри Величковски). Понатаму, во интервјуто, на прашањата: дали вистинскиот мотив за атентатот треба да го бараме на север (посочувајќи му дека еден ден пред атентатот Глигоров беше кај Милошевиќ и дека еден

76

За оваа изјава на Слободан Богоевски да се види во: Утрински весник, 28 октомври

2008 год.

Page 81: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

81

извор тврдел дека во тој разговор Милошевиќ барал од Глигоров Македонија да се врати во Југославија, при што откако Глигоров наводно го одбил, Милошевиќ го завршил разговорот студено) и која е неговата теорија за атентатот, Богоевски го изјавува следото: „Кога трагате по мотиви, имате широко поле. Секогаш ги избирате најсилните. И вашето размислување е правилно. Не ги знам сите детали од тој разговор, но знам дека тогаш се подготвуваше Дејтон, тогаш беше и спогодбата со Грција и се одигруваа крупни настани на балканската сцена. Тој состанок беше во врска со подготвувањето на дејтонските проекти за иднината на Балканот. Но, ако веднаш извлечете сомнеж дека мотивот е таму, може и да згрешите. Јас лично мислам дека атентатот не произлегува од таа средба. По начинот на изведба, видот на направата и типот на експлозивот, го носеше оригиналниот „печат” на блискоисточен производ...Премногу е неодговорно да се фрла сомнежот само на Белград. Повеќе би рекол дека треба да си го свртиме погледот кон дома. Потсетете се што се случуваше во Македонија по атентатот, што се случуваше во Косово, па ќе добиете појасна слика на кого му пречеше Глигоров”.

Поранешниот министер за внатрени работи (министер во времето на случувањето на атентатот), Љубомир Фрчковски, за неделникот „Глобус” ќе ја даде следнава изјава: „...За мене целата приказна околу расветлувањето на атентатот има само една варијанта која води на север. За жал, немаше доволно интерес за разоткривање на инсталациите на српските служби во Македонија, па така не се искористи ни акцијата „Сабја” која ја спроведе новата српска власт по паѓањето на режимот на Слободан Милошевиќ. Не знам зошто тоа не беше искористено на вистински начин, но јасно е дека вакви драстични работи, како што е атентат врз претседател на држава, организира само оној кој тоа и може да го изведе! Јасно е и дека една таква сложена операција не можела да биде изведена и без поддршка од Македонија, но за жал, немаше консеквентност во истрагата, и сето тоа остана само на ниво на шпекулации”. Во неделникот „Глобус” понатаму се наведува дека „ексминистерот Фрчкоски е убеден дека Глигоров помладиот во својата „порака”, мисли на Милошевиќ и на сето она што неговиот режим го претставуваше во тој период. „Контекстот може да биде јасен само во светлина на одлуките кои тогаш ги донесуваше Киро Глигоров. Тој во 1995-тата немаше со кого и за што да се нагодува, одлуките беа донесени претходно. Ако се знае дека уште од 1992 па сè до 1996 кога се се пресели во Софија, центар на активностите на САД во регионов беше Скопје, и дека за сето тоа имаше согласност на македонскиот претседател, јасно е кому тоа му пречеше, и јасно е дека така се зацврстува сомнежот кон српските тајни служби. Се работеше за историска одлука на Глигоров како престседател на државата, која значеше и вистинска независност и раскинување на односите со поранешната држава и пред сè, со Србија. Не треба да се заборави дека концентрацијата на активностите на Американците за случувањата во

Page 82: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

82

Босна и потоа на Косово, беше токму во Скопје и едноставно, режимот на Милошевиќ тоа не можеше да му го заборави на Глигоров.77

Во тој контекст, и конкретно околу политичките и агентурните инсталации на Србија во Република Македонија, Павле Трајанов во едно интервју ќе го изјави следново: „Малку луѓе ги задржаа релациите со сојузните институции, но тие поединечни случаи брзо ги разоткривавме. Сепак, долго време не можеше да се прекине папочната врска на некои официри на ЈНА, дипломати и класични соработници, со КОС, со Генералштабот на ЈНА итн. Станува збор за луѓе што беа во ЈНА и на некои тешко им паѓаше распадот на Југославија и тешко ја прифаќаа идејата за самостојна Македонија. Исто се однесува и на дипломатите што не се одзваа на повикот на Владата да дојдат во Македонија и да се вклучат во нашата дипломатија. Па дури и министер за надворешни работи од тоа време кажа дека не верува дека Македонија може да опстане како независна држава. Сите тие процени и изјави доаѓаа од левоориентираните политички партии. Од таму произлегуваа сите колебања. Но, ако сакаме да бидеме докрај искрени и објективни, треба да се каже дека движечка сила во тоа време беше МВР. А тука имаше една мистификација. Се веруваше дека се е договорено во државниот врв, во владата, кај претседателот на државата, дека сите процеси некаде се стратегиски издефинирани. Но, тоа не беше така. Многу од политичарите едноставно не знаеја што се случува во државата, беа исплашени и некои навиваа Македонија да остане во поранешна Југославија. Ние во МВР практично од ништо направивме нешто, мобилизиравме повеќе од 30.000 припадници на активниот и резервниот состав на полицијата, организиравме длабинско обезбедување на сите граници, направиме планови за блокада на сите касарни на ЈНА, разработивме стратегија како да се справиме при евентуален напад, односно отворање на т.н. јужен фронт од страна на ЈНА...Имавме непотврдени сознанија и за подготовки на државен удар во Македонија”78.

Од наведеното може да се констатира дека политичката одлука на претседателот Глигоров за нестапување во сојуз со други држави (СРЈ/Србија), како и неговата политичка одлука за стапување во членство во НАТО и ЕУ најверојатно не биле израз на синтеза и резултанта на интересите и целите на сите политички субјекти во Република Македонија. Од презентираните јавно пласирани искази на погоре споменатите личности кои дејствуваат во областа на безбедноста и политиката, произлегува и констатацијата дека постои веројатност дека Милошевиќ, неговите разузнавачки структури, како и нивните политичко-агентурни инсталации во Република Македонија се можни инспиратори, организатори и извршители (сторители) на атентатот.

77

За оваа изјава на Љубомир Фрчковски да се види во: Синиша Станковиќ, Српска или вмровска линија на атентатот, Глобус, бр. 154, 30 март 2010 год.

78 Интервјуто на Павле Трајанов може да се најде на:

forum.kotle.ca/printthread.php?tid=140 (посетен на: 16 август 2012).

Page 83: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

83

8) индикатори кои може да се изведат од евентуалното

постоење на организиран криминалитет во Република Македонија (во периодот до случувањето на атентатот) и неговата евентуална симбиоза со ембаргото спрема Србија/СРЈ Во врска со овие индикатори, научно употребливи се ставовите на Д-р Гроздан Цветковски изнесени во неговата публикација „Македонскиот октопод – петтата власт во Македонија”79. Имено, според Д-р Гроздан Цветковски, ембаргото од страна на Грција било само формално, со исклучок на дотурот на нафта и пристап до пристаништето во Солун, затоа што целокупната трговија функционирала директно или преку Бугарија. Д-р Цветковски смета дека и санкциите кон СР Југославија (СРЈ) исто така биле релативни, бидејќи за голем број производи кои потекнуваа од трети земји, од македонска страна се дозволувало премин во СРЈ, а исто така со посебни дозволи и контигенти можело да се извезуваат и македонски производи, при што истовремено, од СРЈ се внесувале стоки кои потоа се изнесувале со нови етикети како божемни македонски производи.80 Според него, под изговор за спас на државата, тогашната Влада донела одлука за кршење на ембаргото кон СРЈ, со која се согласил и претседателот на државата (Киро Глигоров – м.з.). Во тој контекст истакнува дека, за таа цел, бил формиран кризен штаб составен од повеќе министри и стопанственици, кои всушност го сочинувале јадрото на зачетокот на македонскиот организиран криминал.81 Со оваа одлука, одредени фирми блиски до тогашната власт добиле ексклузивно право да го вршат извозот и увозот, а МВР да го обезбедува транспортот.82 Овие фирми, истакнува Д-р Цветковски, имале обврска одреден процент од остварената обврска да го уплаќаат преку МВР во буџетот како девизни средства на државата; меѓутоа, подоцнежните неофицијални проценки покажале дека иако со кршењето на ембаргото бил реализиран приход од околу пет милијарди тогашни германски марки, во буџетот биле уплатени само околу десет милиони марки.83 Понатаму, Д-р Цветковски вели дека поради ваквата фактичка состојба, државниот секретар на САД упатува писмо до македонскиот претседател во кое се инсистира доследно да се почитува ембаргото кон СРЈ, при што соочен со големиот притисок од меѓународните фактори, се обидел да се корегира и да влијае на Владата да се откаже или барем да го редуцира во „разумни” граници кршењето на ембаргото и државниот шверц.84 Д-р Цветковски истакнува и дека „претприемачите”, „бизнисмените” и

79

Гроздан Цветковски, Македонскиот октопод – петтата власт во Македонија,

СИЛСОНС, Скопје, 2008 год. 80

Гроздан Цветковски, op. cit., стр. 129 81

Ibidem 82

Ibidem

83 Ibidem

84

Гроздан Цветковски, op. cit., стр. 130

Page 84: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

84

нивните партнери од Србија најчесто биле криминалци, воени профитери и вработени во безбедносно-разузнавачките служби и дека зачетокот на формирањето на македонското подземје било тесно поврзано и зависно од српското како инструмент, со создавање на мрежи на зависност, неразјаснети убиства и самоубиста на бизнисмени, директори и други колатерални жртви.85 Подоцна, кон крајот на 1997 година, како што вели Д-р Цветковски, американскиот секретар за одбрана нарачал анализа за случувањата во Македонија во врска со кршењето на ембаргото според која во продажбата на воена опрема на Србија директно учествувале премиерот, министрите за одбрана и финасии и директорот на Службата за државна безбедност.86 Слободан Богоевски во едно интервју87 на прашањата околу тезата дека еден македонски политичар пред суд има изјавено дека владејачката СДСМ неколку месеци пред атентатот подготвувала смена на Глигоров, како и во врска со ембаргото кон Србија и инволвираноста на раководни луѓе од МВР во државниот шверц, ќе изјави: ...„Точно е. И јас имав такви информации за можните комбинаторики во тој период. Тогаш растеше тензијата во односите меѓу Владата и претседателот Глигоров, откако тој упати силни забелешки за криминализација на нејзините активности. Тој го направи тоа под притисок на меѓународните фактори, кои се почесто му забележуваа за криминалните активности на Владата. Тоа создаде висок степен на тензија во Владата и незадоволство од реакциите на Глигоров. Лично можев да се уверам од одредени министри колкав револт имаа спрема претседателот и прашуваа од каде кај него такви документи... Понекогаш луѓето сакаат да имаат амнезија за некои деликатни теми од историјата. Во некои нарачани текстови, од Белград и од овде, често го среќавав дури и моето име. Но, фактите се многу едноставни. Владата имаше потпишано договор со ОН за спроведувањето на ембаргото, но истовремено донесе и одлука за формирање кризен штаб. На чело на штабот беше тогашниот вицепремиер Јован Андонов-Реган. Членови на штабот беа претседателот на Стопанската комора, министерот за стопанство и други министри, шефот на царината и неколку видни стопанственици од Македонија. Се образложи дека ако Македонија целосно го спроведе ембаргото, нема да има струја, јаглен, храна итн. и дека тој штаб треба да прави селекција на приоритетните потреби, па ќе го крши ембаргото, за земјата да преживее. Сакам јасно да се дистанцирам од тоа - ниту службата, ниту Слободан Богоески можел да има било какво влијание и да одлучува за што било. Јас не бев член на

85 Гроздан Цветковски, op. cit., стр. 130-131

86

Гроздан Цветковски, op. cit., стр. 132; Инаку, според јавно објавени извори на

интернет, тогашен потсекретар (директор) на Службата за државна безбедност (при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија) најверојатно бил Слободан Богоевски. Наведено според: http://forum.kotle.ca/showthread.php?pid=41285 (посетено на: 17 август 2012 год.).

87Интервју на Слободан Богоевски со Бранко Геровски (достапно на:

http://forum.kotle.ca/printthread.php?tid=140, посетено на 16 август 2012 год.).

Page 85: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

85

кризниот штаб”. Павле Трајанов во едно интервју88 ќе го изјави следното: „И претседателот Киро Глигоров даде согласност за одлуката да се крши ембаргото. Тој не може да избега од одговорноста за тоа. Преку него доаѓаа силни притисоци од некои бизнисмени, кои не успеале да се договорат со Бранко Црвенковски и со некои од министрите во владата да бидат вклучени во бизнисот. Но, имаше договор ниту една фирма да не може да се вклучи без согласност од владата. Сите што се обидуваа да влезат преку ред, беа спречувани. Ако некој се обидеше да се уфрли од страна, Фрчкоски и Црвенковски одлучуваа што ќе се прави. Но, во тоа време странските служби веќе беа етаблирани во Македонија и тие имаа сосема јасен увид што се случува. И тогаш навистина почна дипломатски притисок спрема Владата и спрема претседателот Глигоров да се прекине со кршење на ембаргото. Тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, достави едно писмо што самиот го беше напишал, а Киро Глигоров требаше само да го потпише. Во тоа писмо јасно пишуваше дека од сега натаму Македонија ќе престане со кршење на ембаргото. И имаше некои обиди да се стори тоа, но се си продолжи по старо. Јас не се согласувам со тезата дека атентатот е резултат на тоа што претседателот Киро Глигоров наводно бил за тоа да се прекине кршењето на ембаргото. Атентатот е резултат на сосема други процеси од тоа време”.

9) Индикатори поставени од исказите на евентуалните сведоци

или квазисведоци. Тајниот сведок, кој најпрво своите сознанија му ги изнел на ексминистерот Фрчкоски, а потоа и пред Обвинителството, тврдел дека по налог на повисоки функционери во тајната полиција го сликал автомобилот-бомба пред да се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Сведокот му предочил на својот поранешен претпоставен Фрчкоски дека службените белешки за тоа дека тој ги направил фотографиите, а не германски турист, како што се тврдеше, им ги доставил на повисоките инстанции во МВР, но тие набргу исчезнале.89 Неделникот „Фокус“, во еден од своите последни броеви, го објави целиот идентитет на сведокот, со иницијали Ф.К., кој во времето на атентатот работел во Седмата управа за документација и фотографирање, а подоцна во приватна фирма за обезбедување на „Макстил“. Само еден ден пред атентатот, поточно на 2 октомври, наводно, тој добил задача од својот претпоставен С.Р. да слика неколку туристички фотографии од Старата железничка станица. Претпоставениот му рекол дека фотографиите му се потребни за гостите на Слободан Богоевски од германската БНД. Неделникот пишува и дека автомобилот-бомба „ами 8“ го купил вработен во МВР С.В. еден месец

88

Интервјуто на Павле Трајанов може да се најде на: forum.kotle.ca/printthread.php?tid=140 (посетен на: 16 август 2012).

89 Гордана Дувљак, Наводите на сведокот за атентатот на Глигоров проверени?,

Утрински весник, 7. 11. 2008 год.

Page 86: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

86

порано на автопазарот во Скопје, додека возилото го возела неговата сопруга Ј.В..90

10) индикатори кои може да се изведат од политичките докумети

и правните акти на Република Македонија, на соседните и други држави, како и политичките документи и правните акти на одредени елементи на меѓународната заедница кои би можеле да индицираат конкретна корелација со мотивот за атентатот, односно на кои внатрешни и/или надворешни политички субјекти им пречеше политичкото и правно дејство на споменатите политички документи и правни акти.91

Други индиции/индикатори, а кои ги овозможува

криминалистичката логика или логиката на криминалистичката методика, односно работата со индицијалниот метод во откривањето, докажувањето и разјаснувањето на политичките казнени дела, конкретно, на атентатот врз претседателот Глигоров, би претставувале, меѓу другите, и следниве:

-постои ли политичка корист (или штета) на одредени внатрешни и надворешни политички и (квазиполитички субјекти од внатрешно-политичката состојба во Република и нејзините надворешно-политички определби, како и политичкото дејствување на институцијата Претседател после извршениот атентат;

-средството и начинот на извршување на атентатот; -изборот на нападнатиот објект на атентатот (при евентуално

утврдување на фактот дека за политичкото дејствување на институцијата Претседател одлучувале и други поединци и/или групации);

90

ibidem 91 На пример, во тој контекст, можна релеванција може да имаат барем следниве

политички документи и правни акти: „Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија”, „Предлог од претседателот на Републиката да се пристапи кон измена на Уставот на СР Македонија со донесување на нов Устав на Република Македонија” (од 6 мај 1991 година)”, „Декларација за суверена и самостојна Република Македонија”, „Писмото од Претседателот на Република Киро Глигоров до сите шефови на држави и влади во светот” (од 2 декември 1991 год.), „Амандманите на Уставот на Република Македонија” (усвоени на 6 јануари 1992 год.), „Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава”, „Мислењето на Бадинтеровата комисија на Европската заедница”, „Декларација на Собранието на Република Македонија” (од 3 јули 1992 год. по повод Лисабонската декларација), „Писмото од Претседателот на Републиката Киро Глигоров до генералниот секретар на ОН Бутрос Гали за прием на Република Македонија во Обединети нации” (од 30 јули 1992 год.), „Резолуција на Советот за безбедност за прием на Македонија во Обединетите нации” (усвоена на 7 април 1993 год.), „Документ за нормализирање на односите меѓу Република Македонија и Република Грција” (од 13 септември 1995 год.), „Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна асоцијација - НАТО”,), како и други политички документи и правни акти.

Page 87: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

87

-утврдување на елементи кои евентуално организирано и смислено би обликувале фингиран политички мотив;

-дали првично осомничените поединци или групации би имале мотив за извршување на атентатот;

-индиции кои може да се изведат од непотврденоста на

досегашните четири јавно објавени верзии за атентатот: наводната вмешаност на бугарската компанија „Мултигруп”, т.н. „Братиславка врска” со српско-албанска вмешаност, вмешаноста на српските разузнавачки служби и вмешаноста на т.н. „Ослободителна војска на Македонија” од Австралија;

-дали атентатот има правилен однос спрема одреден претпоставен (политички) мотив;

-утврдување на присутност во нашата држава во критичното време на одредени поединци кои потекнуваат од странска држава, а се членови на одредени криминални организации блиски до надворешни и/или внатрешни политички субјекти кои имаат радикално спротивставени интереси со интересите на нашата држава;

-материјалните траги настанати на местото на извршување на атентатот и неговата поширока околина;

-познавање на извесни околности кои се однесуваат на движењето на возилото на претседателот, а кои не требало да бидат познати за неповикани лица.

5. КРИМИНАЛИСТИЧКО-ТЕХНИЧКА ДИМЕНЗИЈА НА АТЕНТАТОТ

Според јавно презентираните официјални информации92 на МВР,

поточно на Кабинетот на тогашниот министер за внатрешни работи од 04 октомври 1995 год., веднаш по настанот е извршен увид на лице местото (кој претставува дел од вкупната криминалистичко-техничка обработка на лице местото) од страна на окружниот јавен обвинител, истражниот судија од Окружниот суд во Скопје и стручна екипа на МВР.

При увидот било утврдено дека: „автомобилот-бомба” бил поставен на ул. „Македонија” спроти хотелот „Бристол”, додека автомобилот во кој се наоѓал Претседателот се движел од објектот на поранешната Железничка станица во насока кон Собранието на Република Македонија; од увидот било утврдено и дека се работи за автомобил - марка „цитроен-ами 8” со кумановска регистрација, кој бил

92

Според: „Информација на Министерството за внатрешни работи”, Кабинет на министерот за внатрешни работи, 04 октомври 1995 год.; преземено од: Ставре Џиков, op. cit., стр. 13; да се види и во: Гоце Аризанкоски, Атентатот во 1995-тата – тероризам од внатрешни, надворешни или комбинирани политичко-радикални позиции?, стручно списание „Одбрана”, бр. 152, Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, декември 2008 год., стр. 46

Page 88: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

88

паркиран на десната страна од тротоарот на улицата спроти хотелот „Бристол”, како и тоа дека експлозивот (според првите проценки, околу 20 килограми што за мене е дискутабилно, бидејќи со толкава количина експлозив би имало поразурнувачки последици) се наоѓал во задниот дел на возилото; во „автомобилот-бомба” била пронајдена вреќа со песок чија намена била силината на експлозијата да ја насочи кон автомобилот на Претседателот, додека активирањето на експлозивот, најверојатно е извршено со далечински управувач; во времето на извршувањето на обидот за атентат, Претседателот се наоѓал на предното седиште во автомобилот, до возачот; понатаму е наведено дека „од страна на МВР, на самото место на настанот се преземале мерки за пронаоѓање и на други материјални докази”, додека пак на прес конференција на тогашниот министер за внатрешни работи која се одржа на 26 октомври 1995 год., истиот изјави дека е извршено „...максимално возможно стручно покривање на сите траги, односно на сите докази од местото на настанот...”93.

Инаку, од криминалистичко-технички аспект, би навел дека криминалистичко-техничката обработка на лице местото каде беше извршен атентатот претставува исклучително важна постапка за докажување и разјаснување на ова кривично дело против државата, бидејќи овозможува откривање и фиксирање на материјалните траги кои се во непосредна врска со атентатот и неговите сторители. Само теоретски, без да навлегувам во стручноста на конкретно извршениот увид на лице местото каде беше извршен атентатот, би истакнал дека ефикасна и ефективна криминалистичко-техничка обработка на лице местото каде е извршен еден атентат подразбира94: квалитетна опрема за вршење на увидот; правилно одредување на просторните граници и правилно обезбедување на лице местото (имено, секое кривично дело, па и насилните политички кривични дела, освен своја временска, имаат и своја просторна димензија, па така да особено битно е одредувањето на границата до каде се простираат материјалните траги кои се во непосредна врска со атентатот; од друга страна пак, коректното обезбедување на лице местото, организирано според криминалистичките правила, оневозможува лесно уништување на постоечките и настанување на нови криминалистичко нерелевантни траги; правилно извршување на статичката фаза од увидот (прегледот на лице местото на атентатот, обележувањето на трагите, фотографското фиксирање и скицирањето на лице местото); правилно

93

Според: Излагањето на министерот за внатрешни работи на прес-

конференцијата од 26 октомври 1995 год.; преземено од: Ставре Џиков, op. cit., стр. 68; да се види и во: Гоце Аризанкоски, Атентатот во 1995-тата – тероризам од внатрешни, надворешни или комбинирани политичко-радикални позиции?, стручно списание „Одбрана”, бр. 152, Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, декември 2008 год., стр. 46

94 За теоретските и практичните основи на криминалистичко-техничката обработка на

лице местото (или местото на настанот) да се види во: Д-р Радојца Максимовић, Криминалистика-техника, Полицијска академија, Београд, 2000 год., стр. 171-195

Page 89: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

89

извршување на динамичката фаза од увидот (со започнувањето на оваа фаза од увидот веќе настануваат одредени промени на лице местото, односно се земаат и пакуваат трагите од лице местото, се документираат трагите од евентуални папиларни линии и се врши повторен преглед и фиксирање на лице местото на атентатот); изготвување на криминалистички уредна и доказно употреблива техничка документација од увидот на лице местото на атентатот (извештај за криминалистичко-техничкиот преглед на лице местото на атентатот, фото-документација и евентуално ситуационен план на лице местото на атентатот); правилно избрани посебни методи на фиксирање на лице местото на атентатот; постоење и создавање на можност (меѓу другото, и со криминалистичко-техничка поддршка) од реконструкција на настанот на лице местото.

Кога би постоеле јавно објавени официјални информации за конкретно извршената криминалистичко-техничка обработка на лице местото на атентатот во 95-та, тогаш би можеле да судиме и за стручноста при тогашното криминалистичко-полициско постапување, така да она што го среќаваме во медиумите околу оваа димензија на атентатот останува да го толкувам засега само како научно некорисен облик на шпекулација.

6. ВИКТИМОЛОШКА ДИМЕНЗИЈА НА АТЕНТАТОТ

Виктимолошката димензија на атентатот ги опфаќа жртвите кои

со истиот беа повредени или загрозени и при тоа, истите, од криминалистичко-виктимолошки аспект претставуваат посебна криминалистичка карактеристика на атентатот. Значи, жртвата го симболизира атентатот, давајќи му при тоа специфично обележје и димензија.

Ако се обидеме да развиеме динамичка концепција (посеопфатно сфаќање/разбирање и објаснување) на атентатот според пристапот на интеракционистичката теорија, ќе се овозможи експланирање на атентатот во својот тоталитет, при тоа давајќи значење не само на можните сторители и на кривичното дело (атентатот), туку и на жртвата (претседателот Глигоров) како значаен елемент на атентатот сфатен како систем. Имено, претседателот Глигоров, неговоте политички одлуки и активности, како и неговиот однос со сторителите на атентатот, можат да имаат карактер на непосредни причини и услови на атентатот, па со самото тоа можат да бидат издвоени како посебна група на криминогени фактори (односно, жртвата се издвојува како егзоген [надворешен] криминоген фактор).

Врз таа основа би констатирал дека есенцијални и клучни елементи на виктимолошкиот дискурс на атентатот претставуваат: 1)

Page 90: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

90

апстрактниот ризик95 од виктимизација (со самиот статус на претседател на Република Македонија, како и врз основа на постоењето на одредени елементи кои го загрозуваа [во критичниот период] уставниот поредок и безбедноста на државата, Глигоров беше изложен на загрозување); 2) конкретниот ризик од виктимизација (елементите од политичкото однесување на Глигоров изразени низ неговите политички одлуки и постапки кои ја креирале виктимогената ситуација); 3) виктимогената ситуација (во случајот со атентатот претставува една од димензиите од вкупната криминогена ситуација на ова политичко кривично дело; оваа виктимогена ситуација најверојатно ја сочинуваат оние елементи кои се однесувааат на политичките одлуки и постапки на претседателот Глигоров кои кај сторителите на атентатот создале идеја за примена на политичко насилство, при тоа одредувајќи ја и целта и очекуваните последици од атентатот; 4) виктимогените предиспозиции96 (предиспонираност за станување на жртва. Постои голема веројатност дека клучните виктимогени предиспозиции на Претседателот Глигоров свој извор имаат во политичките околности, односно во латентниот или манифестен радикален политички конфликт97 помеѓу него и сторителите на атентатот. Овој политички

95

Ризиците да се стане жртва се бројни, а според одредени виктимолози се

сведуваат на: биолошки, психолошки, социјални и ситуациони околности. Наведедно според: Prof. dr Alija A. Ramljak, Mr Haris Halilović, Viktimologija, Univerzitet u Sarajevu,

Fakultet kriminalističkih nauka, Sarajevo, 2004 god., стр. 26; исто и во: Alija A. Ramljak, Borislav Petrović, Viktimološki pojmovnik, Udruženje diplomiranih kriminalista u Bosni I Hercegovini, Sarajevo, 2005 god., стр. 147

96 Во виктимологијата, како најприфатлива и најчесто цитирана дефиниција на

виктимогените предиспозиции се смета онаа на Fattah: тоа се оние карактеристични

црти или оние посебни особини што прават некое лице (или група која има исти црти или особини), постојано или повремено да бидат поизложени или помалку заштитени од другите и со самото тоа да бидат поподложни да станат жртви на посебен злостор или одреден тип на криминалитет. Лицата кои поседуваат една или повеќе виктимогени предиспозиции тој ги нарекува „латентни жртви” или „предодредени” (второво во условна смисла). Наведено според: E. A. Fattah, Uloga žrtve u određivanju delikta, JRKK, Beograd, 4/70, стр. 648; во: Д-р Оливер Бачановиќ, Полицијата и жртвите, Печатница „2-ри Август С”, Штип, Скопје, 1997 год., стр. 209-210

97 Едни од можните извори на овој радикален политички конфликт, а оттука, и

можни извори на виктимогените предиспозиции на претседателот Глигоров да стане жртва на атентат, претставуваат: 1) конституирањето на Република Македонија како нова

држава на Балканот и нов субјект во меѓународните односи, претставувајќи при тоа нов елемент во распоредот на силите во регионот со што се промени дотогашната констелација на геополититички односи и процеси на Балканот. Најинтезивни негативните реакции на создавањето на самостојна и независна Република Македонија доаѓаа од тогашна СРЈ (Србија) бидејќи претседателот Глигоров јасно и недвосмислено развиваше државни и политички активности кои не одеа во прилог на политичката потреба, мотив, интерес и цел на југословенскиот/српскиот претседател Слободан Милошевиќ за стапување на Република Македонија во сојуз со СРЈ; 2) политичките одлуки на

претседателот Глигоров за нестапување во сојуз со други држави (на пример, со СРЈ) и стапување во членство во НАТО и ЕУ, како и неговата (можеби задоцнета) одлука за доследно почитување на ембаргото против СРЈ, најверојатно не беа израз на синтеза и резултанта на интересите и целите на сите политички субјекти во Република Македонија. Евентуалната извесност на постоењето на овие елементи во тогашниот глобален

Page 91: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

91

конфликт и од него произлезените политички, социјални и ситуациони виктимогени предиспозиции на претседателот Глигоров најверојатно беа создадени, меѓу другото, и од неговите политички одлуки и постапки кои најверојатно беа противречни (интересно спротивставени) со доминантните политички потреби, мотиви, интереси и цели [како структурни чинители на конкретен политички процес] на оние надворешни и/или внатрешни политички субјекти кои се сторители на атентатот). 5) интерекцијата помеѓу претседателот Глигоров и сторителите на атентатот (претседателот Глигоров и сторителите на атентатот не смеат да се разгледуваат одвоено и статички, односно, потребно е да се разгледуваат како дијалектички спротивставени поими98 при што претседателот Глигоров претставува активен субјект во криминализацијата99 [подготвувањето и изведувањето на атентатот], како и во процесот на станување на жртва, односно процесот на виктимизација [инаку, жртви беа и другите граѓани на Република Македонија бидејќи кај истите самиот акт на насилство, кој поприми и облик на општоопасно дејствие, предизвика чувство на страв и несигурност]).

Конкретно, станува збор за политичка виктимизација100, односно процес на станување на жртва од политичко кривично дело. Инаку, научно-теориската и оперативно-практичната смисла на научните и криминалистичко-оперативните истражувања на политичката виктимизација ја согледувам во одамна прифатениот факт (во криминологијата/виктимологијата) според кој сторителите на насилни политички кривични дела во процесот на политичката криминализација ја објаснуваат нивната жртва, додека жртвата во процесот на политичката виктимизација го објаснува самото политичко кривично дело и неговите сторители.101

Заклучно, од криминолошко-виктимолошки аспект, би напоменал дека процесот на политичка виктимизација на претседателот Глигоров не

политички процес во Република Македонија ја експланира (објаснува) можната врска помеѓу евентуалните и можни инспиратори/организатори на атентатот надвор од државава и нивните евентуални и можни политички и агентурни инсталации во државава, односно, ја објаснува евентуалната и можна комплементарност на нивните мотиви која најверојатно создала заедничка мотивациска основа за примена на политичко насулство, односно подготвување и изведување на атентат врз преседателот Глигоров.

98 За основата на овој адаптиран криминалистичко-виктимолошки став да се види во:

Д-р Оливер Бачановиќ, Полицијата и жртвите, Печатница „2-ри Август С”, Штип, Скопје, 1997 год., стр. 214

99 Хентиг дал драгоцено методолошко упатство што не важи само за

криминолошката и криминалистичката наука, туку и за праксата на откривање, истражување и пресудување: „изолираното разгледување на сторителот нема да ја објасни криминогенезата”.

100 Инаку, во досегашното македонско виктимолошко (и воопшто, криминолошко)

промислување, недостасуваат теориски и емпириски истражување на политичката виктимизација.

101 Теоретските основи на овој став се преземени од: Љупчо Арнаудовски, Кон

поимот и предметот на виктимологијата, Годишник на Правниот факултет, Скопје, 1987 год., стр. 202

Page 92: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

92

е започнат со активирање на експлозивот во „автомобилот-бомба”, туку во одреден претходен период кога со одредени елементи од своето политичко однесување продуцирал виктимогени предиспозиции за примена на нелегално и нелегитимно политичко насилство врз него, што секако не е случај и со другите повредени жртви на атентатот.

7. ПРЕЗЕМЕНИ КРИМИНАЛИСТИЧКО-ОПЕРАТИВНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА АТЕНТАТОТ

Врз основа на јавно објавените, официјални информации (кои се

однесуваат на периодот до 14 јуни 1996 год.)102, ќе презентирам одредени содржини кои се однесуваат на преземените криминалистичко-оперативни мерки и активности на МВР за откривање на организаторите и извршителите на атентатот, а кои се израз на криминалистичкиот аспект на дел од криминалистичко-оперативната/полициска дејност на МВР, насочена кон докажување и разјаснување на атентатот.

Имено, според официјалната информација на МВР (поточно, на Кабинетот на тогашниот министер за внатрешни работи) од 04 октомври 1995 год., на иницијално ниво, веднаш по настанот, МВР преземало мерки на зголемување на контролата на сите влезни и излезни сообраќајни патни правци во градот и поширокото подрачје околу Скопје, а воедно била зголемена и контролата на сите гранични премини на територијата на Република Македонија, при што било активирано и длабинското обезбедување, а за преземањето на понатамошните мерки бил активиран и целокупниот униформиран и цивилен состав.103

102

Синтетизираните информации кои во овој дел од трудот ќе бидат збирно

презентирани свој извор имаат во јавно објавениот, некласифициран документ доставен од Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија „Информација за преземените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за откривање на организаторите и извршителите на атентатот врз Претседателот на Република Македонија”, Влада на Република Македонија, 11 јули 1996 год.; во: Ставре Џиков, op. cit., стр. 151-155; да се види и во: Гоце Аризанкоски, Атентатот во 1995-тата – обид за заземање научни ставови во услови на официјален информациски дефицит, стручно списание „Одбрана”, бр. 153, Министерство

за одбрана на Република Македонија, Скопје, јануари 2009 год., стр. 43-44 103

Според: „Информација на Министерството за внатрешни работи”, Кабинет на министерот за внатрешни работи, 04 октомври 1995 год.; преземено од: Ставре Џиков, op. cit., стр. 11; да се види и во: Гоце Аризанкоски, Атентатот во 1995-тата – обид за заземање научни ставови во услови на официјален информациски дефицит, стручно списание „Одбрана”, бр. 153, Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, јануари 2009 год., стр. 41

Page 93: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

93

7.1. Легитимирања, контрола, преглед и претрес на лица и возила Од аспект на опкружувањето, сите објекти, станбени згради и

трговски дуќани целосно биле проверувани, при што паралелно било вршено легитимирање и детален претрес. Имено, биле извршени легитимирања на 188.250 лица, контролирани биле 115.000 моторни возила, претреси биле извршени над 18.929 лица, преглед бил извршен над 10.137 лица, а биле извршени и претреси на 30.850 и прегледи на 20.225 моторни возила. Во рамките на вкупните безбедносни активности добиени биле повеќе сознанија за можната инволвираност во атентатот на 182 лица, од кои 33 биле странски државјани, а 38 лица не живееле на територијата на Република Македонија (Австралија - 11 лица, СР Германија - 10 лица, Бугарија - 8 лица, СРЈ - 7 лица, Франција - 1 лица и САД - 1 лице).

7.2. Податоци во врска со учесниците на боиштата во поранешна

Југославија и лица кои заговарале формирање на паравоени единици во Република Македонија

Од аспект на учесниците на боиштата во поранешна

Југославија, односно лица кои заговарале формирање на паравоени единици во РМ, кон нив биле преземени мерки и утврдено е алиби за 92 лица, од кои со 22 извршен е и информативен разговор, за 6 од нив извршени биле дополнителни проверки, при што сите биле исклучени како сторители на атентатот. Биле извршени информативни разговори со 9 од вкупно 18 лица кои припаѓале на криминалното подземје, додека за другите лица извршени се оперативни проверки, при што не се добиени индиции за нивна можна инволвираност во атентатот.

7.3. Лица кои се затекнале на местото на настанот или во времето

на атентатот ги паркирале своите возила на улицата спроти хотелот „Бристол”

За оперативни разговори обезбедени биле сите лица кои се

затекнале на местото на настанот, како и лицата кои во тоа време ги паркирале своите возила на улицата спроти хотелот „Бристол”. Имено, биле извршени разговори со 183 граѓани од кои 66 биле присутни на самото место на критичниот ден (24 минувачи; 36 лица вработени во околните продавници и претпријатија; 28 станари на ул. „М. Х. Јасмин”; 23 сопственици на автомобили, паркирани или во движење на местото на настанот; 7 работници во ПТТ кои во критичното време изведувале монтерски работи и 10 полицајци), 5 лица присутни на ул. „Македонија” на 02 октомври 1995 кога наводно е снимена фотографијата на наводниот германски државјанин на „автомобилот-бомба” и 8 лица кои претходните денови на ул. „Македонија” забележале сомнителни активности на НН лица. Како што

Page 94: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

94

е официјално наведено, од извршените проверки и разговори со нив, не се добиени сознанија кои битно би влијаеле за натамошниот тек на истрагата, но наведено е дека индикативно е тоа што изјавите на неколку лица се поистоветуваат со одредени безбедносни запазувања.

7.4. Податоци во врска со купувањето на „автомобилот бомба” и во

врска со лица кои биле присутни на автопазарот на 24 септември 1995 година

Извршени биле информативни разговори со 131 лице, со цел,

добивање на поконкретни податоци за купувањето на „автомобилот-бомба”, лица кои биле присутни на Автопазарот на 24 септември 1995 год. кога е и извршена купопродажбата на автомобилот „ами-8”. За 52 лица биле извршени оперативни проверки, а по оперативен пат е обезбеден список на сите возила со марката „ами-8”, бела боја, со кумановски регистарски таблици и биле извршени проверки за нивното движење од 24 септември до 03 октомври 1995 год.

7.5. Податоци за возилото „комби-мерцедес”

Официјално е наведено дека врз основа на фотографијата од

02 октомври 1995 год., наводно добиена од СР Германија, за возилото „комби-мерцедес”, паркирано на ул. „Македонија” на горенаведениот датум, била извршена оперативна проверка за сите возила од оваа марка во целата Република, при што биле пронајдени сопствениците и возачот на комбито и со нив биле извршени информативни разговори.

7.6. Податоци во врска со фотороботот

Од аспект на изработениот фотороб, за наводна сличност со

истиот биле добиени податоци од 524 лица, од кои со 229 лица бил извршен и информативен разговор, а оперативни проверки биле извршени за 85 лица. По објавувањето на фотографијата на лицето-можен купувач на „автомобилот-бомба”, податоци за сличност со фотографијата биле добиени за 202 лица, од кои за 36 лица биле извршени оперативни проверки, а со 58 лица биле извршени информативни разговори.

7.7. Податоци во врска со експлозивот Биле обезбедени податоци за сите правни лица од

Републиката кои користеле експлозив за стопански цели, како и за влегување и излегување на експлозивот во евиденционите книги. Официјално беше наведено дека во рудникот „Ржаново” е утврден

Page 95: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

95

недостиг на експлозив (амониум нитрат) во количество од 192 кг и тој недостиг бил подоцна компензиран од странска фирма која изведувала минерски работи во рудникот. Потоа, биле извршени оперативни проверки за сите лица вработени во претпријатијата, а со ракувачите биле извршени информативни разговори, но како што официјално е наведено, не се добиени сознанија за можноста овој експлозив да биде употребен при атентатот. Откако биле добиени сознанија за лица кои приватно поседувале експлозив, биле извршени информативни разговори со 25 лица поседувачи и корисници на експлозив (за лов и риболов), при што било утврдено нивно алиби со што биле исклучени од можноста дека се инволвирани во атентатот. Исто така, биле добиени податоци за употребата на експлозивот ПЕТН (во различни држави се појавува како пентрит, пента, хиперит и сл.). Инаку, овој експлозив се користел во повеќе претпријатија (рудниците „Бучим”, „Ржаново”, „Тајмиште” и „УСЈЕ”) и истиот служел како засилувач, кој иницира засилување и забрзување на експлозијата. ПЕТН-от обично се пакувал во мали пакувања, т.н. бустери со тежина од 200 до 350 грама. Во тој контекст, поточно во врска со природата на овој експлозив и неговата набавка, извршени биле разговори со експерти од „Руд-проект” и „Сувенир”-Самоков, при што од нив биле добиени сознанија дека овој експлозив се набавува од тогашна СРЈ (денешна Србија) и Бугарија. Инаку, биле извршени 18 информативни разговори со лица кои ракуваат со овој експлозив.

7.8. Податоци во врска со лица кои се занимаваат со продажба на вреќи

Биле извршени и 8 информативни разговори и 10 оперативни

проверки за лица кои се занимаваат со продажба на вреќи, при што лицата биле исклучени од натамошна постапка поради добиените алиби и различниот состав на вреќите за кои било утврдено дека не се идентични со остатоците на вреќите од „автомобилот-бомба”.

7.9. Податоци во врска со претпријатија кои користеле,

разменувале или продавале манганов челик Извршени биле и проверки на 146 препријатија кои во текот на

својата работа користеле, разменувале или продавале манганов челик (со квалитет 3160 и со 12% манган-висококвалитетен манганов челик), при што во едно претпријатие било пронајдено нагризано парче на овој вид на челик идентично на металните делови кои биле пронајдени на местото на настанот.

7.10. Податоци во врска со лица и претпријатија кои

поседуваат и продаваат далечински управувачи, радиостаници, мобилни телефони и гаражни врати со далечинско управување

Page 96: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

96

Врз основа на добиените податоци за лица и претпријатија кои

поседуваат и продаваат далечински управувачи, радиостаници, мобилни телефони и гаражни врати со далечинско управување, МВР (како што е наведено) располагало со податоци за 72 лица кои поседувале вакви апарати, при што со 48 од нив биле извршени информативни разговори, а за другите биле извршени проверки.

7.11. Податоци во врска со анонимни пријави и закани

Од аспект на анонимните пријави, во периодот до 14 јуни 1996

год., биле примени 27 анонимни пријави, од кои 15 се однесувале на можни извршители на атентатот и 174 закани со погрдна содржина, или, пак, се однесувале на закани врз животот и телото на одредени личности од политичкиот живот. Како што е наведено, преземени биле мерки за утврдување на веродостојноста на заканите, при што со 35 лица бил извршен информативен разговор, додека за другите биле извршени проверки при што во целост било утврдено нивното алиби.

7.12. Податоци во врска со странски државјани

Од аспект на странските државјани, биле обезбедени списоци

на странски државјани кои пред, за време и по атентатот, по разни основи, претстојувале во Република Македонија. Исто така, биле составени списоци за влегување и излегување на граничните премини, гости во хотели, мотели и приватни преноќувалишта, при што во тој сегмент било разговарано со 125 странски државјани. Интересно е да се напомене дека врз основа на пријавата на странски државјанин дека наводно извршители на атентатот се 8 лица државјани на Република Македонија, од кои едно женско лице, наводно возач на „автомобилот-бомба”, и еден државјанин на Република Македонија со привремен претстој во Братислава (Република Словачка), како што официјално е наведено, МВР ги привела и задржала на разговор, но при расчистувањето на случајот не биле потврдени наводите од пријавата на странскиот државјанин за нивната поврзаност и вмешаност во атентатот.

7.13. Податоци во врска со сознанија добиени од граѓани за

движењето на возилото „ами 8” непосредно пред атентатот Врз основа на сознанија добиени од граѓани за движењето на

возилото „ами-8” со регистарски број КУ-240-МБ непосредно пред атентатот, МВР на 2 и 9 декември 1995 год. и 13 јануари 1996 год., по претходно утврден план и по наредба на истражниот судија од Окружниот суд во Скопје, со цел, добивање на сознанија за извршителите на атентатот и обезбедување материјални докази,

Page 97: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

97

извршило преглед и претрес на гаражи, шупи, автосервиси и други слични објекти на делови од подрачјата на општините Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Центар. При прегледите и претресите на објектите во 167 случаи земени се примероци на несепариран песок, повеќе парчиња на лим, алки од синџири, метални парчиња, вреќи, акумулатори, барут и други предмети, при што истовремено се извршени прегледи на 14.598 објекти и при тоа биле анкетирани 13.688 граѓани (при анкетирањето на граѓаните, во 22 случаи добиени се податоци за лица слични на фотографијата и со нив биле извршени разговори).

7.14. Меѓународната безбедносно-разузнавачка и полициска соработка и

полициското физичко обезбедување на лица и објекти во контекст на атентатот

Од аспект на докажувањето и расветлувањето на атентатот со

помош на меѓународната безбеденосно-разузнавачка и полициска соработка, била побарана и добиена помош од САД, Велика Британија и Германија, од каде специјализирани експерти за експлозиви и антитероризам заедно со експерти на МВР извршиле детална истрага за обидот за атентат и за откривање на сторителите. Исто така, била побарана и добиена согласност за помош од неколку пријателски земји во добивањето на информации поврзани со можните мотиви на сторителите. Конкретно, во рамките на меѓународната соработка и Интерпол (до 14 јуни 1996 год.), добиени се одговори од 18 држави, при што тие истакнале дека не располагаат со корисни сознанија за расветлување на атентатот. Од аспект на полициското физичко обезбедување на лица и објекти, Единицата за специјални задачи при МВР била ангажирана на обезбедување на Собранието и Владата на Република Македонија, а во мобилна состојба била ставена и Посебната единица на полиција (при МВР).

8. БЕЗБЕДНОСНО-ТЕОРИСКА ДИМЕНЗИЈА НА

АТЕНТАТОТ Од безбедносно-теориски аспект, сметам дека постои научна

потреба овој безбедносен настан, теориски точно да се класифицира, односно врз основа на прифатените теориски ставови во безбедносната наука, истиот теориски да се објасни како посебен облик на субверзивно дејство и воедно како посебен облик на загрозување на безбедноста на Република Македонија, анализирано од безбедносно-загрозувачки и феноменолошки аспект. Имено, неопходно е да се укаже на грешката според која вообичаено е, и тоа не само

Page 98: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

98

колоквијално, туку и теориско изедначување на политичкото убиство и политичкиот атентат. Во етимолошка смисла, изразот атентат (латински: attetare-обид за напад на нешто или некого) сметам дека погрешно се користи како синоним за политичкото убиство на владетелите и високите државници, т.е. за магницидот (латински: magnus-највисок, и ceadere-да убиеш). Слично значење има и зборот асасинација (англиски: assession), при што овој збор го подразбира секое умислено убиство на граѓанин или државник од било кој ранг од политички мотиви. Во безбедносната наука и практика, познато е дека секое политичко убиство не е плод на одреден атентат, ниту пак секој атентат завршува со убиство (како во случајот со атентатот врз претседателот Глигоров). Првата и суштинска разлика помеѓу политичкото убиство и атентатот се состои во тоа што покрај успешни, постојат и неуспешни атентати (како кај нашиот случај), што секако не може да биде случај кај политичкото убиство. Втората разлика се состои во тоа што атентатот подразбира загрозување на животот на одредена релативно важна политичка личност, што при самото извршување, а и одредување на политичкото убиство не е нужно и воопшто не мора да биде случај, па така да атентатот во науката се одредува како еден специфичен насилен начин на извршување или обид за политичко убиство. Третата разлика (прифатена во безбедносната наука) се состои во тоа што атентатот подразбира загрозување на животот на една личност или релативно мал број на личности, додека политичкото убиство може да има и масовни размери. Понатаму, поимот на атентатот подразбира постоење на завера, додека кај политичкото убиство (посебно кај институционализираното), тоа не мора да биде случај. Атентатите најчесто се извршуваат со употреба на огнено оружје и експлозивни средства (ретко со ладно оружје), додека кај политичкото убиство воопшто нема ограничувања во изборот на средствата (на пример, може да биде користен отров). Значи, од безбедносно-теориски аспект, како поими, атентатот и политичкото убиство се испресекуваат, но не се поклопуваат. Исто така, од безбедносно-теориски аспект, конкретно, од аспект на феноменологијата на политичкото насилство, атентатот врз Глигоров би го одредил како посебен појавен облик на политичко насилство.104 Имено, атентатот врз Глигоров произлегува од

104

Политичкото насилство го дефинирам како дисјунктивен процес на општествена интеракција во која масовно или поединечно, колективно или индивидуално, долготрајно или моментално, инструментално или комуникативно, одреден државен, супрадржавен или недржавен субјект применува легитимна или нелигитимна физичка или психичка сила над одреден објект, со цел, да преку загрозувањето на безбедноста на објектот се предизвика и дополнителна општествено-политичка и психолошка промена со која би се создале општествени услови за реализација на политичките аспирации и интереси на субјектот кој е носител на политичкото насилство. За наведеното, како и за политичкото насилство воопшто може да се види повеќе во: Гоце Аризанкоски, Политичкото насилство и загрозувањето на безбедноста (обид за утврдување на теоретски основи), Годишник

Page 99: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

99

еден дисјунктиван процес на општествено-политичка интеракција при што беше применета нелегитимна, индивидуална, моментална и директна физичка сила, чија примена освен што имаше своја инструментална функција (примена на сила како средство за остварување на конкретна политичка цел), имаше и своја комуникативна функција (сигналното својство на конкретниот атентат како средство за пренесување на порака како на директно загрозениот објект-директната жртва, односно претседателот Глигоров, така и на другите, кои исто може да се третираат како жртви ако кај нив е предизвикан страв и несигурност).

9. КРИВИЧНО-ПРАВНА ДИМЕНЗИЈА НА АТЕНТАТОТ

Од кривично-правен аспект, атентатот има елементи на две

кривични (казнени) дела против државата. Имено, атентатот може да се квалификува како кривично дело (против државата) тероризам (санкционирано според член 125 од тогашниот Кривичен закон на Република Македонија) бидејќи е присутен психолошкиот момент на предизвикување на страв и несигурност кај граѓаните (инаку по овој елемент тероризмот се разликува од другите политички кривични дела со елемент на насилство), при што намерата е да се загрози уставниот поредок или безбедноста на нашата држава, каде дејствие на извршување (во кривично-правна смисла) претставуваат преземањето на акт на насилство и општоопасно дејствие, во конкретниов случај, предизвикувањето на експлозија со т.н. „автомобил-бомба”. Исто така, атентатот ги содржи и елементите на кривичното дело (против државата) убиство на претставници од највисоките државни органи (санкционирано според член 122 од тогашниот Кривичен закон или член 309 од актуелниот Кривичен законик на Република Македонија) или во безбедносната наука познато како политички атентат кој претставува еден од првите форми на политички деликт/политичко кривично дело. Понатаму, од кривично-правен аспект, политичкиот атентат по своето објективно битие не се разликува од убиството, при што, во случајов, пасивен субјект е претседателот Глигоров. Субјективната страна кај ова кривично дело покрај умислата опфаќа и намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на нашата држава, која намера (како субјективен елемент на противправноста) треба да се утврди и докаже, бидејќи ако евентуално не се утврди постоење на таква намера, ќе се работи за обично, односно тешко убиство или во конкретниов случај (на неуспешен атентат) за обид за убиство.

на Полициската академија бр. 3 (2007/2008), Полициска академија - Скопје, Скопје, 2008 год.

Page 100: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

100

10. ПОЛИТОЛОШКА (ПОЛИТИКОЛОШКА) ДИМЕНЗИЈА НА АТЕНТАТОТ

Од политолошки аспект, односно од политолошко-безбедносен

аспект105, постои веројатност дека атентатот претставува суштински елемент од една поширока офанзивно-насилна политичка операција (можеби внатрешна, надворешна или комбинирана), целно насочена кон квалитативно менување на општествено-политичката состојба во нашата држава, која операција свој извор има во претходно започнат процес на дисјунктивна политичка интеракција која е израз на спротивставени политички интереси на претседателот Глигоров и носителот или носителите на политичкиот радикализам односно сторителите на атентатот. Бидејќи постои веројатност дека актот на насилство е извршен од позиции на политички радикализам, сметам дека е потребно овој поим накратко да го експланирам. Имено, во процесот на политичка интеракција секогаш се јавува потребата од промена, или како што во политологијата се констатира: регулација или дерегулација на поедини аспекти на општественото живеење, во случајов во Република Македонија. Ова пак се проектира како политичко прашање и претставува вовед во политички конфликт (кој претставува константна и нормална општествена појава во политиката). Од аспект на политичкото конфронтирање, атентатот најверојатно беше израз на трансформација на дотогаш латентен политички конфликт во маниифестен политички конфликт со изразито политичко-радикална димензија која се согледува во прибегнувањето кон практикување на политичко насилство, така да постои веројатност дека се работи за радикален политички конфликт помеѓу претседателот Глигоров и сторителите на атентатот. Овој претпоставен радикален политички конфликт се одигруваше во специфично политичко (и општествено) време, односно во (еден политички и безбедносно чувствителен) период кога внатрешно-политичката состојба во државата и нејзините надворешно-политички определби беа политички релевантни за сторителите на атентатот. Имено, во тој период, нашата држава релативно се наоѓаше во завршната фаза на процесот на нормализација на односите со дел од соседните држави (на пример, потпишувањето на меѓусебниот договор со Грција на 13 септември 1995 год.), заокружувајќи ја и основната политичка филозофија чиј суштински елемент претставуваше комплетната надворешно-политичка определба за евро-атлански интеграции, што воедно беше и израз и потврда на неотстапување од утврдените магистрални линии на надворешната политика (а тоа значи и на балканската политика на Република Македонија, а посебно кон тогашна СРЈ/Србија која барем до 03 октомври не немаше признаено како држава). Понатаму, овој

105

При градењето и обликувањето на политолошките ставови за атентатот како

безбедносно-загрозувачка појава, сметам дека е нужно интегрирањето и на безбедносно-научната димензија на промислување.

Page 101: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

101

претпоставен радикален политички конфликт се одигруваше и во конкретен политички простор, односно во еден регионален политички простор кој, меѓу другото, беше структуиран и со неповолното македонско геополитичко опкружување. Ова неповолно геополитичко опкружување на нашата држава, меѓу другото, беше создадено од политичкото однесување на четирите наши соседи кои во одредени политички периоди имаа интерес од политичка дестабилизација на нашата држава со паралелно загрозување на нејзината национална безбедност.

11. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЕДНА

ОД МОЖНИТЕ ХИПОТЕЗИ/ВЕРЗИИ ЗА МОТИВАЦИСКАТА ОСНОВА ЗА

ОРГАНИЗИРАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ НА АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО

ГЛИГОРОВ Со применетите научни методи, а посебно со применетиот

индицијален метод ги констатирав следниве заклучоци: 1) Атентатот врз претседателот Глигоров се случи во едно

општественото време, односно во еден општествено-политички амбиент чија содржина ја сочинуваа специфични општествени-политички околности (кои евентуално овозможуваа и поттикнуваа примена на политичко насилство во облик на атентат и реализирање на политичко-целната рамка на инспираторите/сторителите на истиот). Овие специфични општествено-политички околности свој израз имаа во: ситуацијата на општествена криза, во која, од една страна, одредени внатрешни и надворешни политички субјекти не можеа да ги задоволат своите политички потреби, при што дојде до расчекор помеѓу политичките аспирации и можноста за нивно постигнување, а од друга страна, постоечките механизми на општествена и правна регулатива не можат да ја разрешат кризата; непостоење на оптимално ниво на политичка култура која би била демократски примерена, истовремено претставувајќи врзивно ткиво помеѓу политичките односи и толерантното спротивставување на различните визии на уставно-правниот и политичкиот развој на Република Македонија (имено, обликот и содржината на политичките процеси во Република Македонија, меѓу другото, беа формирани како од општата политичка култура во македонското општество, така и од поединечните и груповите политички култури на одредени политички субјекти); сето ова овозможуваше постоење и стимулирање на мотивациска основа која би била израз на активирање, обликување и задоволување на политички потреби дијаметрално спротивни од државната политичка активност, во услови на непостоење на алтернативни содржини за задоволување на тие потреби.

Page 102: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

102

2) Политичкото дејствување на претседателот Глигоров во глобалниот политички процес во Република Македонија, како и во формирањето на нејзините надворешно-политички определби може да се сведе најмалку на следниве елементи, при што дел од нив можно е да се од особено значење за мотивациската основа на атентатот: ставање точка на историските аспирации на соседите кон нашата територија и народ; сестран развој на добрососедските односи, определувајќи се за активна политика на добрососедство врз принципите на еквидистанца, одосно еднаква готовност за пријателство со сите; определување за политички дијалог и мирни средства за решавање на спорните прашања со соседите; почитување на принципот на неповредливост на границите; доследно почитување на општоусвоените принципи на меѓународните односи; активна и круцијална улога во донесувањето на одлука за стапување во членство на Република Македонија во НАТО, како и во вклучувањето во интеграциските процеси во Европа; и меѓуетничко разбирање и толеранција и остварување на правата на националните малцинства (кои ги сметаше за темел на внатрешната стабилност и демократски развој што беше израз на нетипично балканско однесување).

3) Во Србија, а и во некои други балкански политички кругови, односно кај сите наши соседни држави (Грција, Албанија и Бугарија) се јави несогласување со појавата на Република Македонија како нова држава на Балканот.

4) Политичката одлука на претседателот Глигоров за нестапување во сојуз со други држави (СРЈ/Србија), како и неговата политичка одлука за стапување во членство во НАТО и ЕУ најверојатно не било израз на синтеза и резултанта на интересите и целите на сите политички субјекти во Република Македонија. Од презентираните јавно пласирани искази на личности кои дејствуваат во областа на безбедноста и политиката, произлегува и констатацијата дека постои веројатност дека Милошевиќ, неговите разузнавачки структури, како и нивните политичко-агентурни инсталации во Република Македонија се можни инспиратори, организатори и извршители (сторители) на атентатот.

5) Милошевиќ преку злоупотреба на своите политички

овластувања, освен што развивал негативни политички ставови кон конституирањето на Република Македонија како нова држава на Балканот, истиот наредил противправно уфрлување на воени единици на Војската на СРЈ/Србија на државниот простор на Република Македонија со што ја докажа својата готовност и спремност за примена на политичко насилство спрема Република Македонија.

Page 103: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

103

6) Постои голема веројатност дека барем една голема сила или нејзина моќна (воена, политичка или разузнавачка) структура имала капацитет да (до)знае за етиологијата на политичкото насилство кое во облик на атентат се случи во Република Македонија. Ова од причина што постои голема веројатност дека која и да е голема сила (или нејзина моќна структура) нема да дозволи пресметаните последици од атентатот да бидат противречни на нејзините интереси на Балканот, освен ако не се работи за меѓусебна компатабилност или комплементарност во остварувањето на интересите.

7) Според ставовите на одредени научници, политичари и поранешни припадници на безбедносните служби во Република Македонија во периодот пред и за време на случувањето на атентатот, во Република Македонија се развивал организиран криминал поврзан со кршењето на ембаргото спрема СРЈ/Србија. Хипотетички констатирано, ако после големиот притисок од меѓународните фактори за откажување од кршењето на ембаргото кон СРЈ/Србија и државниот шверц, претседателот Глигоров се спротивставил на носителите на организираниот криминал, тогаш можеби се создале криминални мотиви кои се комплементарни со политичките мотиви за политичко-безбедносна дестабилизација на Република Македонија со примена на политичко насилство во облик на атентат.

8) Ако смислата на политичкото насилство, па и конкретно, на политичкото насилство во облик на атенатати, се состои во предизвикување на општествено-политички промени по насилен пат, постои голема веројаност, дека целта на атентатот врз претседателот Глигоров, не беше обична физичка ликвидација на највисокиот претставник на државната власт, туку создавање на базични и есенцијални услови за реинсталирање на владеачко-политичката инфраструктура (или нејзин дел) во државата, односно обид за инсталирање на нов претседател на државата, а со тоа и промена на внатрешно-политичката состојба во државата, промена на нејзините надворешно-политички определби (веќе зацртаните магистрални правци во надворешната политика, посебно одлуката за стапување во членство во НАТО и ЕУ, како и балканската политика на Република Македонија), како и неутрализирање на сите елементи кои ја сочинуваа независноста и сувереноста на Република Македонија и стопирање на сите процеси кои ја одржуваа таа независност и сувереност. Конкретизирано, атентатот, не само како терористичка операција, туку и како офанзивна политичка операција, најверојатно претставуваше последен обид на дел од надворешните и/или внатрешните носители на политичко-радикалните аспирации за ликвидирање на независноста и сувереноста на Република Македонија или пак нејзино инсталирање во конкретна регионална (можеби југословенска) сфера на

Page 104: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

104

политичко, економско, безбедносно и културолошко влијание. Од операционализацијата на политичката и безбедносната емпириска реалност во периодот по атентатот, може да се констатира дека немаше видливи и манифестни промени во внатрешно-политичката состојба и надворешно-политичките определби на Република Македонија. Имено, од аспект на политичките и пошироките општествени ефекти на атентатот, би истакнал дека освен што истиот имаше особено политичко значење за Република Македонија, поблиското опкружување, а најверојатно и за одредени државни и недржавни субјекти во поширокото опкружување, отсуствуваа манифестни витални и стратешки политички ефекти, односно во Република Македонија. продолжија веќе почнатите процеси на внатрешен, како и на меѓународен билатерален и мултилатерален план. Целите на атентатот разгледуван како офанзивна политичка операција не се операционализираа и не се конкретизираа во реална и оперативна политика во Република Македонија, односно политичката воља на инспираторите, организаторите и извршителите (сторителите) на ова кривично дело против државата, не се трансформира во политички факт(и) кој ќе обликува нова општествено-политичка реалност во Република Македонија (и регионот). Имено, Република Македонија и понатаму опстои како независна и суверена држава, зачувавајќи ги магистралните правци во надворешната политика, меѓу кои, како еден од клучните – зачувување и унапредување на надворешно-политичките определби за евроатлански интеграции, како и зачувување на определбите за нестапување во сојуз со други држави.

И, конечно, и покрај научно неповолниот информациски дефицит

за овој облик на политичко насилство, преку развивањето на систем на квалитативни, симултани и комплементарни индикатори/индиции се фундира логичка основа на сомневање во однос на мотивациската основа за извршување на атентатот. Имено, со одреден (иако низок106)

106

Степенот на основаност и веројатност е низок од причина што во услови на

научно неповолен информациски дефицит при истражувањето на овој облик на политичко насилство врз претседателот Глигоров, индикаторите/индициите фундираа логичка основа на сомневање за мотивациската основа за извршување на атентатот врз основа

на применување на научно-истражувачка методологија, а не врз основа на примена на (специјализирана) криминалистичка/разузнавачка методика која овозможува утврдување на основи или основано сомнение во криминалистичка и кривично-процесно правна смисла. Значи, појмовното разликување помеѓу методологијата и методиката нема само теоретско значење, туку има и практични импликации, во случајов, во доказниот капацитет. Имено, методиката претставува посредник помеѓу методологијата и примената на научно-методолошките знаења. Така разбрана, методиката, за разлика од методологијата има двојна улога: 1) методиката ја проучува применливоста на научните методи во (криминалистичката/разузнавачката) практика, надвор од научно-истражувачката сфера; и 2) методиката го проектира и инструира (криминалистичкото/разузнавачкото) практикување, односно примената и користењето на веќе конституираното и верификувано научно сознание. За основата на наведеното да се

Page 105: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

105

степен на основаност и веројатност ја формирав и поставив следната хипотеза/верзија за мотивациската основа за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров:

„НЕГАТИВНИТЕ РЕАКЦИИ НА ОДРЕДЕНИ НАДВОРЕШНИ

И/ИЛИ ВНАТРЕШНИ ДРЖАВНИ И/ИЛИ НЕДРЖАВНИ СУБЈЕКТИ НА СОЗДАВАЊЕТО И ОПСТОЈУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КАКО НЕЗАВИСНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ И НА НЕЈЗИНИТЕ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА НЕЈЗИНО НЕСТАПУВАЊЕ ВО СОЈУЗ СО ДРУГА ДРЖАВА И СТАПУВАЊЕ ВО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЕУ, ВО КОМБИНАЦИЈА СО НИВНИТЕ НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ НА ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ ЗА СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ПРОИЗЛЕЗЕН, МЕЃУ ДРУГОТО, И ОД НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА ЕМБАРГОТО КОН СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ, ИНДИЦИРААТ ПОСТОЕЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ МОТИВИ КАЈ ОВИЕ СУБЈЕКТИ ЗА ПОЛИТИЧКО-БЕЗБЕДНОСНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПРЕКУ ПРАКТИКУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО ВО ОБЛИК НА АТЕНТАТ”.

Доц. д-р Андреј Илиев Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” - Скопје Форум за безбедност

Рецензија на трудот: „Хипотетички ставови за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров”

од авторот Гоце Аризанкоски

Проблематика која се обработува во овој труд на мошне уникантен и специфичен начин дава продлабочени истражувања околу ставовите за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Оваа студија има големо едукативно и политичко-општествено значење и преставува сериозен истражувачки пример и еден од ретките пионерски трудови на оваа тематика, кој изобилува со научно-истражувачки апарат претставен преку употреба на поширока референтна литература од оваа проблематика, лични интервјуа со жртвата од атентатот Киро Глигоров, употреба на најразлични научни методи, истражувања, компаративни анализи и на крајот изведување на

види во: Д-р Младен Бајагић, Методика обавештајног рада, Криминалистичко-полицијска академија, Београд, 2010 год., стр. 106-108

Page 106: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

106

научни согледувања и заклучок врз основа на утврдените релевантни научни аргументи и факти.

Од овој аспект како рецензент на трудот, ценам дека истиот дава солидна научна основа за понатамошни научни истражувања на оваа тематика.

Несомнена е веројатноста за инволвираноста на странските разузнавачки служби, па дури и разузнавачките служби на моќните глобални сили и нивната заинтересираност да ја дознаат етиологијата на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, како сериозен обид за политичка и безбедносна дестабилизација на Република Македонија.

Притоа, голема е веројатноста дека отцепувањето на Македонија од составот на Југословенската федерација и нејзината преобразба во суверена, самостојна и независна Република Македонија со јасни државно-политички определби за евро-атлантска интеграција, спротиставување на организираниот криминал произлезен од непочитувањето на ембаргото кон соседните држави, иницираат постоење на сериозни мотиви кај соседните земји кои заедно со нашата земја беа во составот на Југословенската федерација за политичко-безбедносна дестабилизација на Македонија и многу веројатна употреба на политичко насилство во облик на атентат, врз јавни и високи личности, се со цел - предизвикување на страв, паника и во крајна линија дестабилизација на државата, во нашиов случај новосоздадената Република Македонија.

Она што посебно дава јасен научен правец, а со тоа и научна вредност на самото дело е дека употребата на научниот апарат (научните методи, анализи) се развива по стручна и евулутивна рамка, со што овој труд го карактеризираат како научно сеопфатен и го сврстуваат во пионерските трудови кои за оваа проблематика би можеле да бидат солидна база за понатамошни продлабочени научни истражувања на оваа тема.

(Од рецензијата на Д-р Андреј Илиев, доцент на Воената

академија „Генерал Михаило Апостолски” - Скопје).

Page 107: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

107

СОДРЖИНА

1. Генерал-мајор (п) Илија Николовски, Претседател на ЗВОБРМ Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност Воведни напомени кон публикацијата од научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров –

мистерија или настан ад акта” ……………………………………………….

2. Генерал-мајор (п) Илија НИКОЛОВСКИ

Воведно излагање и свечено отварање на научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров – мистерија или настан ад акта”.............................................................

3. Проф. д-р Цане Мојаноски

Модераторски вовед во на научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров –

мистерија или настан ад акта” ..............................................................

4. ИЗЛАГАЊА НА УЧЕСНИЦИТЕ НА НАУЧНО-СТРУЧНАТА ДЕБАТА ........................... 4.1. Прв дел од научно-стручната дебата ......................................

Стојан Андов ............................................................................. Зоран Петров ............................................................................ Тодор Атанасовски ................................................................... Љубчо Георгиевски .................................................................. Мерсел Биљали ........................................................................ Јанко Бачев ............................................................................... Зоран Доревски .........................................................................

4.2. Втор дел од научно-стручната дебата .......................................... Иван Бабановски ........................................................................................ Митре Арсовски .......................................................................................... Снежана Лупевска ...................................................................................... Петар Атанасов .......................................................................................... Фросина Ташевска Ременски .................................................................... Ставре Џиков .............................................................................................. Стојан Андов ............................................................................................... Љубчо Георгиевски .................................................................................... Снежана Лупевска ......................................................................................

Page 108: Научно стручна дебата - Poligrozd · дипл. криминалист Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност

108

4.3. Модераторско затварање на научно-стручната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров –

мистерија или настан ад акта (Проф. д-р Цане Мојаноски) ................... 5. ПРИЛОЗИ ............................................................................................

5.1. Д-р Гроздан Цветковски

„Мокра нарачка” од транзицискиот регионален октопод” ....................................

5.2. Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за

безбедност Хипотетички ставови за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров (прилог кон обидот за научно осветлување на одредени елементи на криминолошката, криминалистичката,виктимолошката, кривично-правната и политолошката димензија на атентатот во услови на официјален информациски дефицит) ................................. 5.2.1. Д-р Андреј Илиев

Рецензија на трудот „Хипотетички ставови за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров“од авторот Гоце Аризанкоски.................................................................