32

ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012 AUTUMNAL MUSICAL FESTIVITIES 2012 DIRECTORATE OF CULTURE AND ARTS SKOPJE

Citation preview

Page 1: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012
Page 2: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

2 ноември(петок)

20,00 Музеј на град Скопје

Камерен концерт „oд творештвото на компо­зи торск ата к ласа на проф. зографски” Учествуваат: Симон Трпчески- пијано, Ана Гацева-пијано, Влатко Георгиев-вибрафон, Паскал Краповски-виолончело, Ади Имери-електрична гитара и Ангелка Гајтановска-сопран- во соработка со фондацијата „Томислав Зографски”

5 ноември(понеделник)

20:00 Драмски театар

“во чест на легендите на македонската песна” - Ансамбл за народни песни и игри на Македонија „танеЦ”

12 ноември(понеделник)

20:00 Факултет за музичка уметност

„од стУдентскиот опУс на нашите про фесори” – студенти од класите на професорите: Љубиша Кировски, Весна Гиновска Илкова, Марија Ѓошевска, Тодор Светиев, Марија Муратовска Наумовска, СтрашоТемков - Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

13 ноември(вторник)

20:00 Македонска опера и балет

,,лидиЈа од македониЈа,, - Македонска Oпераи Балет, опера во 2 дела, обнова Ристо Аврамовски Либрето - Ги Шелеи и Дора Петрова (Франција) Препев - Лилјана и Јордан Плевнеш (праизведба на 09.05.2005 на сцената на МОБ) Диригент: Алесандро Д,Агостини (Италија) Режисер:Пламен Карталов (Бугарија); Солисти: Весна Гиновска – Илкова, Игор Дурловски, Горан Начевски, Ѓорѓи Цуцковски; Ернес Ибраимовски, Ана Ројдева – Талевска, Олгица Милевска, Марика Поповиќ, Катерина Бошковска, Игор Гиновски, Димитар Кожухаров, Дејан Стоев, Зоран Даскаловски, Кристијан Антовски, Викторија Јанкуловска, Драган Ампов - Македонска Опера и Балет

19 ноември(понеделник)

20:00 Музеј на град Скопје

елена костовска - пијано

20 ноември(вторник)

20:00 Универзална сала

“LJUBoJNA BRASS FANTASY”- концерт на групата„Љубојна“- во соработка со Центар за култура Битола, Универзална сала - Скопје

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНоСТ – СКоПЈЕ Под покровителство на: Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2012

Page 3: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

25 ноември(недела)

20:00 Македонска опера и балетФоаје

„книга коЈа се пее“- Антологија на српската соло песна - анета илиќ – сопран, лидија станковиќ – пијано, стана крстајиќ – флејта, (Србија) - во соработка со Здружение на композиторите на Србија

26 ноември(понеделник)

20:00 Културно информативен центарСалон 19,19

„квартет краЈот на времето”- владимир костов – виолина, игор иванов – кларинет, паскал краповски – виолончело, марија вршкова - пијано

27 ноември(вторник)

20:00 Факултет за музичка уметност

„танго импресии“ дуо „пан“ – петар колевски – кларинет, Билјана петровсвка – пијано- гости: Милена Тодоровска – виолина, Александра Петковска – виолончело, Александра Тевдовска - флејта

29 ноември(четврток)

20:00 Факултет за музичка уметност

ана велиновска – пијано

30 ноември(петок)

20:00 Културно информативен центарСалон 19,19

гудачки квартет „софиЈа“ (Бугарија) ангел станков – виолина, нанко димитров – виолина, валентин геров – виола, Џефри дин - виолончело- во соработка со Културно информативен центар на Република Бугарија во Република Македонија

... Концепциски, жанров ски и те матски манифестацијата е отворена со цел да се збогати музичкото живеење и да отвори уште еден нов простор за делување на домашните и странските уметници.

Вклученоста на сите институции и вне су ва њето на други разнообразни ре про дуктивни те ла беше една од нај ви талните опре делби на „Есенски музички свечености”. На ционал ните инс титу ции (Македонската Опе ра и Балет, Ма ке донската филхармонијата, Фа кул тетот за музичка уметност), беа темел на кој син хроно и координирано се надградуваа и градските институции (Културно инфо рма тивен центар, Младински културен цен тар, Музичка младина на Скопје итн.) за е дно со невладиниот сектор (Сојуз на му зи чките уметници на Македонија, Сојуз на ком позиторите на Македонија, Музичка младина на Македонија) ја градеа и воо бличуваа програмата на „Есенски музички свечености”, со својата редовна, но сепак наменска и специфична програмска дејност.

Ова особено се однесува за македон ски те ком позитори: В. Николовски, Т. Прошев, Г. Смо кварски, Д Шуплевски, Р.Аврамов ски, Д. Ортаков, С. Стојков, Љ. Бранѓолица, Д.Бу жа ровски, И. Пејовски, како и другите со вре меници од помладата генерација, кои беа многу често составен дел и инкор по ри рани во програмите на уметниците. Една од спецификите на „Есенски музички свечености” е и внимателно посветување на све-т ското творештво и комплетна вечер пос ве тена на великаните на светското му зичко тво рештво - Малер, Бетовен, Карл Орф, Зе ленка, Бах, Шостакович, совреме ни те рус ки композитори итн.

Без желба и претензии да ги набројуваме сите или поголемиот дел од учесниците на „Есенски музички свечености” со што би се поентирала важноста на мани фес тацијата, сакаме да укажеме дека нема дилеми и дека интерес на сите е вред нос тите постигнати со Свеченостите, втка ени во културните постигања и слоеви на ма ке донската култура да се одржуваат, не гуваат и развиваат со поинтезивно и по ква литетно ниво.

Месецот ноември, месец во кој се одржу ваат „Есенски музички свечености” до не се силен импулс во збогатувањето на му зичкиот, концертниот живот обезбеду ва јќи им на граѓаните на Скопје и Македонија, во изми натите и наредните години-интезивен и по квалитетен културен живот.

мирко стефаноски

Page 4: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

2 ноември (петок) музеј на град скопје20:00 часот

томислав зографски (1934-2000) дипломирал ком по зиција на Музичката академија во Белград во кла-сата на проф. Миленко Живковиќ. Зографски спаѓа меѓу основоположници те на македонската композиторска школа и особено е заслужен за неј зината поширока афирмација. Како еден од првите кои во ма ке дон ската музика ги вне-суваат карактеристиките својствени на неокласицизмот, тој со своето творештво македонските музички вредности ги доближи до светските современи трендови од тоа време.

Покрај своето обемно и разновидно творештво, тој зад себе остави и длабоки траги како педагог на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во неговата композиторска класа дипломирале денес веќе меѓународно афирмираните композитори: Димитрије Бужаровски, Живојин Глишиќ, Јана Андреевска, Мирослав Спасов, Никола Коџабашија, Панде

Шахов, Евдокија Данајловска и Ѓини Винченц.Добитник е на две награди за животно дело: Државната награда „11 Октомври“ (1994) и „Трајко

Прокопиев“ од СОКОМ (1998) и многу други значајни награди и признанија: „11 Октомври“ (1968), „Панче Пешев“ (1990), „13 Ноември“ (1981), повеќе први награди за хорска музика, „Златна арена“ за филмска музика на Пулскиот филмски фестивал (1973) и многу други.

фондацијата „томислав зографски“ формирана е од најтесното семејство на Зографски, а промовирана на 6 декември 2006 година, на свеченоста по повод 40-та годишнина од основањето на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Основни цели на Фондацијата се афирмирање на музичкото творештво на Зографски како дел од културното наследство на Република Македонија и на поттикнување на развојот на музичката култура во Република Македонија.

Покрај Наградата „Томислав Зографски“ на најдобриот студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје која се доделува од 2006 година, од оваа година Фондацијата доделува награда и на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ и Меѓународниот „Охридски хорски фестивал“.

Фондацијата соработува со бројни музички уметници во Македонија и надвор од неа, и со бројни институции и здруженија. Во соработка со Музичко-издавачкиот центар од Скопје и со Министрството за култура на Република Македонија, издаден е првиот компакт диск со камерна музика на Зографски и монографија за Зографски „Живот и дело“ од еминентниот музиколог Марко Коловски.

- во соработка со Фондацијата „Томислав Зографски“

камерен конЦерт oд творештвото на композиторската

класа на проф. зографски

Page 5: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Јана андреевска (1967) дипломирала и магис-три рала композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Томислав Зографски. Учествувала на бројни работилници во Европа, а на студиски престој во САД соработувала со композитори како Луи Андрисен, Тон де Леу, Мајкл Најман, Франсоа Бернар Маш, Ерик Годибер, Џон Вулрич, Најџел Озборн, Глен Хакбарт, Александар Рад-вилович и други.

Нејзината музика била изведувана од реномирани ма-кедонски солисти, Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на МРТВ и од ансамбли како Ателас Симфониета Копенхаген, Московскиот ансамбл за современа музика, квартетите саксофони „Аксон“ (Франција), Саксофонквадрат и Алиаж (Германија), хоровите „Колегиум Музикум“ (Србија),

Женскиот хор „Калиопе“ (Франција) и „Новиот лондонски камерен хор“ (Велика Британија) и во многу други земји (Хрватска, Словенија, Бугарија, Холандија, Австрија, Словачка, Украина, Молдавија, Германија).

Денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и продекан за концертна дејност и меѓународна соработка. Од 2008 е уметнички директор на фестивалот „Денови на македонска музика“. Член е на неколку музички здруженија во Македонија и претставник на СОКОМ во Европскиот Композиторски Форум.

ЖивоЈин глишиќ (1954) дипломирал на Факул-тетот за музичка уметност во Скопје во класата на профе-сор Томислав Зографски. Неговиот творечки опус опфаќа вокално-инструментални, камерни, солистич ки и хор ски дела (Кантатата „Самуил“, Концерт за контра бас и каме-рен оркестар, Кончертино за ел. гитара и симфониски  ор-кестар, „На убавиот син Охрид“ за симфониски оркестар, „Кажи, кажи либе Стано“ за сопран, баритон и симфониски ор кестар, „Карпошко оро“ за соло тромбон и голем ду-вачки оркестар, Гудачки квартет, Одрон за флејти и удирал ки и др.) и дела од инструменталниот џез (Октомври, Дерсу, Не си го продавај Кољо чифликот, Експект, Топлес, Лапад, И

после се, Елизабета, Со маки сум се родила, Самба де Скопје, Пасаж, Хелоу рок, Карпошко оро, Оваа наша ливада, Разденување и др). Глишиќ е автор на над 250 аранжмани  за инструментални и вокално-инструментални состави во сите музички жанрови. Неговите дела изведувани се во Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Франција, САД. Работи како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Добитник е на голем број награди.

Page 6: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

евдокиЈа данаЈловска (1974) дипломирала компо-зиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Томислав Зографски. Продолжува да се усовршува во Париз на Високиот национален конзерваториум за музика и балет (CNSMDP) кај Gerard Grisey и Marco Stroppa, Фондацијата Royaumont (Франција) и во рамките на Интернационалниот Bartok Festival (Унгарија) со Brian Ferneyhough, Stefano Gervasoni и Brice Pauset. По завршување на курсот по композиција и музичка информатика IRCAM во Париз, во 2004 година го компонира и изведува своето прво дело за глас и електроника „Удвојување“. Учествува на значај-ни сим позиуми како композитор, изведувач и придружен член на IRCAM, одржува предавања на значајни семинари на Универзитетот Париз 8. Нејзините дела се изведувани од бројни ансамбли (Neue Vokalsolisten, New London Chamber Choir, Jeunes Solistes, Jeune

Chœur de Paris, l’ensemble Mikrokosmos, Maîtrise de Radio France, l’Itinéraire). Од 2005 година член е на Интернационалниот сојуз за современа музика во Франција (SIMC).

никола коЏаБашиЈа (1970) е македонски композитор и изведувач кој веќе 15 години живее и работи во Велика Британија. Етаблиран музичар со исклучително богата и разновидна биографија, препознатлив уште од 90.тите со неговиот експериментален ансамбл „Алшар“. Автор е на камерна, оркестарска и електроакустичка музика. Во неговото творештво преовладува интересот кон сценската музика. Автор е на преку 30 партитури за театрските сцени низ Велика Бри-танија, Европа, Јапонија и Америка. Тој е композитор, оркестратор и диригент на филмска музика (Прашина, Големата Вода, Dance With Me,

Dear Ana, Green Pages, Defining Fay, итн). Гостин композитор на Венецијанското музичко биенале во 2004.тата. Има издадено четири авторски албуми кој од музичките критичари на Гардијан, Тајмс, БиБиСи Радио 3, Џезцајтунг, Џорнале Де Ла Музика, се опишани како: “магични... маестрални... оригинални... несомнено меѓу најдобрите албум на годината... музика на автор со сопствен знак”. Дипломирал композција на Факултетот за музичка уметност во Скопје кај професорот Томислав Зографски, а постдипломски студии завршува кај Анатол Виеру на Музичката Академија во Букурешт и кај Сер Харисон Брдвисл на Кингс Колеџ во Лондон.

панде шахов (1973) дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Томислав Зографски. Како стипендист на Британскиот совет, во 2000година завршува постдипломски студии на Кралскиот колеџ за музика во Лондон, во класата на Џулијан Андерсон. Во моментов ги завршува докторските студии на Лондонскиот универзитет, под менторство на Филип Касиан. Неговите композиции изведувани се од ансамблите Lontano, Iksion, Kroma, Composers ensemble, Симфонискиот оркестар на Борнмут, Македонската филхармонија и Софиската филхармонија.

Последните премиерни изведби се „Пејсажи“ со Смит Квартет, и Балетот „Звукот на водата кажува што мислам“, соработка со естонскиот кореограф Teet Kask. Живее во Англија и работи како професор на Кралскиот музички колеџ во Лондон и Алтон колеџот во Хемпшир.

Page 7: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

симон трпчески е еден од исклучи-телните македонски млади музичари кој на ста-пува со огромен успех со најдобрите светски филхармониски оркестри во светот, а нас тапува и со Македонската филхармонија и ор кестарот на Факултетот за музичка уметност од Скопје. Има голем број настапи на фес ти валите Охридско лето, Скопско лето, Би толско културно лето и во повеќе градови низ Македонија. Трпчески има издадено компакт дискови со најпознатите светски издавачки куќа (EMI Classics, AVIE Records) кои беа про гласувани за ЦД изданија на месецот секое во различни периоди.

Добитник е на Наградата “Young Artist Award” од Кралското филхармониско друштво

на Велика Британија (Royal Philharmo nic Society), 13 Ноемвриската награда на град Скопје за 2009 година, Наградата „Свети Климент Охридски - Охридска Изида“  во 2000 година, и многу други награди и признанија во Македонија и во други земји. Oдликуван e со „Орден за заслуги за Македонија“, а во 2011 година ја доби почеста Национален уметник на Република Македонија. Симон Трпчески е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а до-полнително одржува и семинари во Европа, Америка, Азија и Нов Зеланд.

Page 8: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

влатко георгиев е музичар-вибрафонист и автор кој повеќе од 20 години учествува во многу турнеи со познати изведувачи како INFUSE, Мизар, Калиопи, Драган Даутовски, Тоше Проески, Македонска филхармонија и др. Како поранешен член на Таличниот Том, Супер Нова, Blue funky individuals, Bodyguards и други бендови, учествувал на повеќе фестивали во Скопје, Суботица, Зајечар, со бројни клуб изведби, музички фестивали (EXIT, ALARM, Spancirfest, Ohrid Summer Fest, TAXIRAT, Skopje Summer Fest) и на многу концерти и стадионски спектакли. Автор е на музика за балет (The Little Red Riding Hood), музика за документарни филмови (Oceanica, Light), музика за театар и бројни аранжмани.

паскал краповски дипломирал виолончело на Националната академија во Софија во класата на проф. Анатоли Крстев, а камерна музика во класата на проф. Венцеслав Николов и проф. Васил Казанџиев. Како солист настапува со Симфонискиот и Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, а постојано настапува со оркестрите на Музичка младина на Македонија, Словенија и Австрија. Настапувал на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Битолско лето, Денови на македонска му-зика во Скопје, Денови на македонска култура во Тур ција, на Интернационалниот оркестар во Ме деја-Италија. Член е на камерниот оркестар Алеа, квартет Бревис и Мјузик Прогресив Квартет. Работи како професор на Факултетот за музичка уметност во Штип и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје.

ана гаЦева е вонреден професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Гацева е првиот доктор на науки по пи јано интерпретација во Македонија. Тезата во 2007 година ја одбранила под менторство на светски познатиот пијанист Сајмон Јанг, про фесор на Тринити колеџот од Лондон и д-р Димитрије Бужаровски. Во Париз дипло-мирала и магистрирала камерна музика на ре но мираната Академија Екол Нормал Ал фред Корто, стекнувајќи се со диплома за високо

обра зование, како и со највисоката европска диплома за постдипломски студии – диплома за концертист кај проф. Јаса и проф. Дебуши. Паралелно се усовршува кај врвниот педагог и пијанист М. Дешосе. Лауреат е на повеќе  државни и меѓународни награди. Ана Гацева се вбројува меѓу најуспешните солисти во Македонија.

Page 9: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

ангелка гаЈтановска е студентка на трета го-ди на на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Кате-драта за соло пеење во Класата на доцент Весна Гиновска-Илкова. Настапувала на повеќе концерти, од кои позначаен е настапот во јуни оваа година на концертот „Млади оперски надежи“ со Оркестарот на Македонската Опера и Балет со диригентот Сашо Татарчевски. Оваа година е добитник на првата награда на Државниот натпревар по соло пеење.

ади имери е млад музичар кој е активен како композитор, импровизатор, гитарист и вокалист на многу по лиња од македонската музичка сцена како член на култниот состав String Forces, како и амби ент-колекти вот Zdeev и остварува соработка со уште многу други уметници во и вон земјата.

Во 2011 година, тој го издаде самостојно својот прв соло-албум “Ја навивам за Којотот” кој со својата содржина и начин на изведба (соло процесирана електрична гитара снимена во живо) е прв од својот вид. Имери одржува семинари за импровизација, гитарска синтеза, и предава класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”.

програма:

Живоин глишиќ (1954): Суита - исполнуваат: Влатко Георгиев-вибрафон, Ади Имери-електрична гитара, Паскал Краповски-виолончело.

Јана андреевска (1967): Етиди за препарирано пијано, исполнува Ана Гацева,

панде шахов (1974): Суита „Песни и шепоти“, исполнува Симон Трпчески-пијано,

томислав зографски (1934-2000): композиции за глас и пијано – исполнуваат Ангелка Гајтановска-сопран (трета година на ФМУ-класа доцент Весна Гиновска-Илкова) и Симон Трпчески-пијано.

Page 10: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “танец” е симбол на македонската култура и уметност . Тој веќе шест децении е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка, односно подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ.

Формиран во 1949 година (од страна на) и со Указ на Владата на Република Македонија, „Та-нец” ја остварува целта да го собира и негува македонското фолклорно богатство, орото, пес ната, инструментите, богатите оригинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други манифестации од областа на културата.

Првото претставување на „Танец” надвор од Македонија е на меѓународниот фестивал во Ланголен – Англија во 1950 година, каде Ансамблот добива прва награда. Овој настан останува запаметен како прв, но не и последен од ваков вид, а воедно е и потврда за успешно презенти-рање на македонското фолклорно богатство во и надвор од земјата со над 4500 концерти, фестивали и други културни настани, проследени со над осум милиони посетители.

5 ноември (понеделник)драмски театар20.00 часот

„во чест на легендите на македонската песна”

ансамбл за народни песни и игри на македонија „танеЦ“

Page 11: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

За неговата успешност зборуваат и големиот број награди, дипломи, благодарници и приз -нанија добиени по разни поводи, а меѓу кои: највисокото признание „Орден за залуги за Ма к-едонија”, Републичките награди „11 Октомври”, и „Климент Охридски”, како и наградата „13 Ноем ври” на градот Скопје и многу други.

Како доказ за уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните натписи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и сл. каде се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија, меѓу кои: „Тешкото” како симбол на македонското оро, „Невестинско”, „Комитско”, „Чифте”, „Калајџиско”, „Тресеница”, „Осоговка”, „Драчевка” и други, кои се само дел од она со што располага „Танец”. Во својата благородна културна мисија, „Танец” е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората, каде ги посетува и почестува со голем број концерти во нивните матични земји.

www.tanec.com.mk

Page 12: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

12 ноември (понеделник)факултет за музичка уметност20.00 часот

„од стУдентскиот опУс на нашите професори“

факултет за музичка уметност - скопје

програма:

стојан стојков (1941) НОКТУРНО за виолина и пијано (1963) Димитар Михајловски - виолина, II год. Едита Хаџи Хамза - пијано (класа: Љубиша Кировски)

томе манчев (1950) САНАТОРИУМСКА БАЛАДА за глас и пијано (1975)Живе Кремшовски - баритон, IV година (класа: Весна Гиновска-Илкова) Кирил Крстевски - пијано (класа: вон.проф. Марија Ѓошевска)

томе манчев (1950) КОНТРАСТИ oп.5, во три става, за виола и пијано (1975) Андреа Спирова- виола (класа: Фросина Балова) Јована Трајчева - пијано (класа: Нина Костова) Живојин глишиќ (1954) ПЕТ КЛАВИРСКИ МИНИЈАТУРИ (1977) Исп.Маја Божиновска - пијано, II год. (класа проф. Тодор Светиев)

горан начевски (1978) ЦИКЛУС “ЕСЕНСКА МОЛИТВА“ за баритон и пијано (1996) Иван Наумовски - баритон,Eлена Атанасовска Ивановска - пијано (класа: Проф. Марија Муратовска Наумовска) сони петровски (1977) АНДАНТЕ за 2 флејти и пијано (2008) Биљана Камчева - флејта, Елена Дојчинова - флејта, Христина Никоска - пијано (класа: Проф. Страшо Темков) сони петровски (1977) ХУМОРОКЕСКА за камерен ансамбл (1999)Прва флејта - Биљана КамчеваВтора флејта - Елена ДојчиноваКларинет - Илија Алексовски

Page 13: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Овогодишниот концерт со кој Факултетот за музичка уметност во Скопје традиционално се претставува во рамките на Есенските музички свечености е насловен „Од студентскиот опус на нашите професори“ и продолжува да ја следи традицијата на претставување на млади талентирани изведувачи од ФМУ во изведбата на дела од македонски автори. Благодарение на оваа соработка минатите години имавме можност да проследиме избор од камерното творештво на Томислав Зографски, Властимир Николовски, Тома Прошев, Стојан Стојков, композитори, но и некогашни професори-основоположници на ФМУ.

Оваа година, се навраќаме на младешките години, на годините во кои денешните активни професори на ФМУ ги правеле своите први чекори во тешкиот процес на изучување на композиторскиот занает и во задолжителното пронаоѓање на сопствениот музички израз. Се препознава ли во нив денешниот лик на веќе реномираните композитори од различни генерации? Каков бил нивниот некогашен младешки занес?

стоЈан стоЈков дипломирал на одделот по композиција на Музичката академија во Белград, во класата на проф. Миленко Живковиќ, и проф. Енрико Јосиф. Неговиот богат творечки опус опфаќа камерни, хорски, симфониски и вокално-инструментални дела, изведувани во Македонија, САД, Русија, Франција, Германија, Шведска, Полска, Белгија, Турција, Албанија и други. Стојан Стојков беше долгогодишен професор по полифонија, композиција, полифона композиција, хармонска анализа и др. на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Композицијата „ноктурно за виолина и пијано“ е создадена во 1963 година, како дел од програмата по композиција за прва година додиломски студии на Факултетот за музичка уметност во Белград, Србија. Истата за прв пат е изведена на годишниот испит од страна на Гаврило Шуплевски (Гане) - виолина и Оливера Ѓурѓевиќ - пијано. 

Фагот - Атанас ПетровХорна - Неда СавескаПрва виолина - Бојан ИлкоскиВтора виолина - Игор МилевскиВиола - Александар ЛаовскиВиолончело - Марија МихајловскаКонтрабас - Гоце Маротов Диригент: Дијана Илкоска Јана андреевска (1967) ВАРИЈАЦИИ за пијано (1987) Мимоза Ќека - пијано, II год. (класа проф. Тодор Светиев) дарија андовска (1979) Два става од „ИЛУМИНАЦИИ“ за гудачки квартет (2001) Симон Поповски - виолина, Бојан Илкоски - виолина, Андреа Спирова - виола, Горан Петровски - виолончело

Page 14: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

томе манчев дипломирал најпрвин на одделот за музичка теорија и педагогија, а потоа и на одделот за композиција на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Властимир Николовски. Во 1988 година во Прага завршува уметничка аспирантура во класата на професорите Ј. Дворжачек и Ј. Церемуга. Во 1998 година во Софија го брани својот докторат од областа на теоријата на оркестрацијата, под менторство на Д. Сагаев. Неговиот творечки опус опфаќа композиции од речиси сите музички форми, изведени во Македонија, Полска, Кина, Чешка, Русија, Украина, Албанија, Австрија, Австралија, Бугарија, како и земјите на бивша Југославија. Денес работи како професор по композиција, музички инструменти и оркестрација на ФМУ во Скопје. Композицијата „санаториумска балада“, Манчев ја напишал во првата година од своите студии по композиција. За прв пат била изведена во 1975 година, на Југословенските факултетски смотри во Љубљана, од страна на проф. Милка Ефтимова-мецосопран и Љупка Хаџигеорѓиева-пијано. На својата прва изведба делото доживеало голем успех. Професорите од Белград, Загреб, Љубљана, кои биле присутни на концертот, биле изненадени од фактот што ова содржајно и технички модерно дело го напишал студент од прва година. Истото го потврдил и Витолд Лутославски на семинарот по композиција во Грожњан (Хрватска), во организација на Музичка младина на Југославија 1977 година во списанието Звук: “Од југословенските композитори најголем впечаток ми остави младиот колега од Скопје - Томе Манчев кој се користи со смели и неочекувани модуси во своите остварувања“. Во истата година, Манчев го создава и делото „контрасти“ за виола и пијано. Создадено под сугестија на тогашниот професор по виола Љубомир Господинов, делото е напишано за пополнување на дефицитот од виолска литература во Македонија. Господинов, ја имал таа чест, прв да ја изведе композицијата во Скопје, Гевгелија, Ниш итн. Подоцна, и негови студенти ја свиреле оваа композиција, како обврзно македонско дело за испитните барања и јавните настапи.

ЖивоЈин глишиќ дипломирал на одделот по музичка теорија и педагогија и на одделот по композиција во класата на проф. Томислав Зографски, на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Автор е на голем број дела - камерни, вокални, оркестарски итн. Голем придонес има и во џез музиката. Има направено над 250 аранжмани за инструментални и вокално инструментални состави од различни области и жанрови. Од 2005 година е редовен професор по група предмети од областа на теоријата на музиката и композицијата. петте клавирски минијатури Глишиќ ги напишал во првата година од своите студии.

горан начевски дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Прага, Чешка, во класата на професорот Милан Славицки, во 2000 година, а потоа во 2001 година и на одделот по соло пеење во класата на професор Рене Тучек. Во 2006 година завршува докторски студии по теорија на музика, со специјализација теорија на композиција, на Факултетот за музичка уметност во Прага, во класата на Милан Славицки. Автор е на камерни, вокални, солистички и оркестарски дела кои се изведени во Македонија и странство. Работи како доцент по соло-пеење, музички форми, полифонија на ФМУ во Скопје и како солист-баритон при МОБ. Циклусот „есенска молитва“ за баритон и пијано настанал во 1996 година, кога композиторот бил на втора година на факултет. Делото е напишано на стихови од Блаже Конески, а името го добило по времето и околностите во кои е создадено – студена есен во Прага, осаменост, копнеж по татковината. Изведено е на повеќе концерти во Прага и Виена, како и на ДММ 1997 година.

Page 15: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

сони петровски дипломирал на одделот по композиција на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Гоце Коларовски. Магистрирал на истата институција, во класата на проф. Јана Андреевска. Посетувал бројни мајсторски школи кај Б. Фернихау, Ф. Караев, К. Мејер, А. Радвилович, А. Шчетински и други. Автор е на солистички, вокални, камерни, хорски и оркестарски дела, како и операта „Леандар и Косара“. Неговите дела се изведени во повеќе земји низ светот, од истакнати ансамбли и солисти. Добитник е на наградата „Панче Пешев“ од СОКОМ во 2009 година. Во моментов работи како доцент на ФМУ во Скопје. анданте за две флејти и пијано е создадено во 1997 година. Оттогаш, тоа станува едно од најизведуваните дела на Петровски и истото е оркестрирано за различни состави. Композицијата Анданте е емоционално и имагинативно дело. Таа е дел од оркестарската суита „Зодијак“, каде го претставува знакот на рак. Композицијата хуморокеска за камерен ансамбл е создадена во 1999 година. Делото претставува кратка пиеса во која се комбинираат елементи на рок музиката со жанрот на хумореската, што е основа за поигрување и со самиот наслов на делото. Делото премиерно е изведено во 1999 година, од страна на ансамблот за современа музика „Алеа“.

Јана андреевска дипломирала и магистрирала композиција на ФМУ во Скопје, во класата на професор Томислав Зографски. Во текот на своето образование посетувала компо-зиторски работилници со Мајкл Најман, Ерик Годибер, Луи Андрисен, Тон де Леу, Најџел Озборн, Џон Вулрич, Франсоа Бернар Маш и други. Нејзините дела се изведувани од домашни и странски ансамбли и солисти во Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Словенија, Молдавија, Украина, Холандија, Германија, Данска, Русија, Франција. Таа е професор по композиција, полифона композиција и музички форми на ФМУ во Скопје и продекан за меѓународна соработка. варијациите за пијано се создадени во II година на студиите по композиција во класата на проф. Томислав Зографски. Темата за варијациите е „позајмена“ од 6-те клавирски минијатури соз-дадени претходната година (2-та минијатура). Од тогаш до денес, таа во своето творештво често го применува овој принцип на позајмување и цитирање тематски материјали од сопствените претходни дела. Исто како и минијатурите, така и варијациите за првпат биле изведени од авторот, на „Деновите на македонска музика“ 1987 година и снимени аудио и видео за Македонската Радио Телевизија. Оттогаш доживуваат бројни изведби и од други македонски пијанисти.

дариЈа андовска дипломирала композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Гоце Коларовски, магистрирала на ZHdK во Цирих, Швајцарија, во класата на Изабел Мундри (современа музика), Доменико Ферари и Андре Белмо (филмска и театарска музика, продкуција). Автор е на солистичка, камерна, оркестарска, вокална и филмска музика, како и мултимедијални проекти. Работи како доцент по предметите Музички форми со анализа, Хармонска анализа, Аудиовизија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и на Факултетот за драмски уметности. За композицијата „илуминации“, Дарија Андовска користи блоков тематизам од два спротивставени света – профаниот и духовниот, создава енергија меѓу блоковите преку фрикција и обратнопропорционален развој на двата тематски блока. Ваквиот приод кон музичкиот материјал, вели Андовска, станува многу доминантен во нејзиното понатамошно творештво.

Јана Коловска, студент на III година на одделот по музикологија

Page 16: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

СОЛИСТИ:

ЛИДИЈА весна гиновска-илковаПАВЛЕ игор дурловски СИЛАС горан начевскиТИМОТЕЈ Ѓорѓи ЦуцковскиАНГЕЛОТ ЧОВЕК ернес ибраимовски АСИА ана ројдева-талевскаАГИА олгица милевскаДИНА марика поповиќИКИЈА катерина Бошковска ЦЕЗАР ернес ибраимовски КЛАУДИЈ игор гиновскиЛАМБРИКУС димитар кожухаровПЕРЕС дејан стоевТЕРВЕЛ зоран даскаловскиНУМ кристијан антовскиМАЈКАТА викторија ЈанкуловскаКАПЕТАНОТ невен силјановскиЦЕНТУРИОН драган ампов

Инспициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо ПолизовСуфлери: Светлана Георгиева, Павлина Здравкова

оБноваРисто Аврамовски

,,лидиЈа од македониЈа”Опера во 2 дела

Либрето - ги шелеи и дора петрова (Франција) Препев - лилјана и Јордан плевнеш

( праизведба на 09.05.2005 на сцената на МОБ )

Диригент: алесандро д,агостини (Италија) Режисер: пламен карталов (Бугарија)Обновил: трајко ЈордановскиСценограф: панче миновКостимограф: елена дончева Концерт мајстор: верица ламбевска Асс.Хор мајстори: Ѓурѓица дашиќ, Јасмина ЃорѓескаКорепетитори: Јанинка невчева, елена сиљаноска, андреј наунов

13 ноември (вторник)македонска oпера и Балет20.00 часот

„лидиЈа од македониЈа”опера во 2 дела

македонска oпера и Балет

Page 17: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Најглавното „откритие” меѓу заборавените жени на Библијата беше Лидија Македонката која го снабдувала со пурпурно платно целиот Римски Сенат за потребите на целата Римска империја. Лидија од Македонија - Првата христијанка на Европа!

При крајот на минатиот век во Њујорк и во повеќе светски метрополи се појави книгата „Заборавените жени на Библијата” која предизвика голем интерес во меѓународната јавност. Најглавното „откритие” меѓу заборавените жени на Библијата беше Лидија Македонката која го снаб дувала со пурпурно платно целиот Римски Сенат за потребите на целата Римска империја. Ко га Апостол Павле се појавува на македонско тло по познатиот во Библијата „Повик на Македо-нецот” со славната реченица „Дојди во Македонија и спаси не нас...”. Страв одвнатре, а закани од над вор, и пораката на христијанството од палестинска ја претвора во универзална порака кон ко ја тре ба да пристапуваат сите непокрстени народи на светот, всушност тоа е мигот со кој почну ва новата историја на човештвото: Евангелизација на Европа и на Светот. Првата жена и вооп што првата личност која Апостол Павле ја покрстува во таа одисеја која трае веќе две илјади години е Лидија Македонката. Токму тука настанува Првата црква во Европа и во Светот и еден хор на ангели слетува во таа Куќа - Црква за да ја пренесе „цивилизацијата на љубовта”, од неговото Раѓање до Распетието и Воскресението за спас на целото човештво.

прв дел (прва слика)Пустина. Апостол Павле со раскрвавени нозе од долгото пешачење среќава човек кој всуш-

ност е Божји Ангел. Ублажувајќи му ја болката човекот Ангел го поканува да појде во Македонија и да им помогне на луѓето кои живеат во тешки маки и страданија. Павле ветува дека ќе појде. Филипи. Град во Македонија во кој владее разврат под тортура на Римските војници. Апостол Павле, придружувач на Силас и Тимотеј пристигнува во Филипи и е вџашен од развратот и безперспективноста на луѓето. Среќава крадци, проститутки, убијци и користољубиви војници. Избива пожар, но никој не сака да помогне да се згасне. Апостол Павле, ужаснат од глетката го напушта градот. На брегот на реката Лидија, Асија, Агија и Дина го бојадисуваат белото платно со пурпурна боја кога им се приближуваат Павле, Тимотеј и Силас. Павле ја покрстува Лидија.

Page 18: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

(втора слика)Куќата на Лидија. Лидија им соопштува на сите дека дозволува во нејзината куќа да се држат

проповеди и да се покрстуваат луѓето во Верата на Едниот Бог, Исус Христос. Во истовреме во Римскиот Сенат, Цезар издава едикт со кој ги обврзува сите Сенатори да бидат облечени во тоги со пурпурна боја од платното изработено од Македонија. Апостол Павле продолжува со проповедањето и покрстувањето, но бил шпиониран од Икија која лажно се претставува како верник, бидува предаден и затворен од римските војници.

втор дел (трета слика)Павле, Силас и Тимотеј се во затвор. Пред затворските судии доаѓа Лидија со толпа народ.

Сите заедно се молат на Бога за спасение. Во тој миг се случува земјотрес. Ѕидините на затворот се рушат, но никој не е повреден. Павле, Силас и Тимотеј се слободни, во истовреме Лидија им соопштува дека Римските преторијанци донеле ослободителна пресуда за нив. Благодарејќи му на Господа тргнуваат кон градот, каде ги пречекува воодушевената толпа од народ кој се повеќе почнува да верува во Едниот Бог.

(четврта слика)Лидија го спрема караванот со коњи натоварен со пурпурно платно. Ја придружуваат насме-

ани деца, но едното од нив истрчува и паѓа под копитата од коњите. Сите мислат дека детето е мртво, но Лидија верува во Божјото спасение иако сите ја обвинуваат за смртта на детето. Доаѓаат римски војници во придружба на мајката на детето. Мајката ја обвинува Лидија, додека војниците и соопштуваат дека ќе биде погубена. Во тој момент доаѓа Апостол Павле и со еден потег на раката го оживува детето, кое радосно се фрла во прегратките на Лидија. Мајката е воодушевена и Лидија и соопштува дека и го враќа живо со Оној што живее во него, Исус Христос. Павле, Тимотеј и Силас се простуваат од народот пред да замнат. Ја благословуваат Лидија ветувајќи и дека вечно ќе ја споменуваат. Лидија ги нарекува Трите Сонца на Македонија. Апостол Павле соопштува дека Македонија е земја избрана од Господа и дека од овде, од Македонија ќе тргне Новиот Завет.

Page 19: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

елена костовска родена во Скопје, го завршува средно музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во пијано класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос Фондацијата.

Во меѓувреме учествува на натпревари во Македонија, а во 1995 година учествува на меѓународниот натпревар “Музиката и Земјата” во Софија, каде ја добива специјалната награда, а зема и учество на меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија 1999 година. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В.Крпан, Е.Корољов, А.Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Бугарија, проф. Арбо Валдма од Келн, Германија, а во последно време со ре номираниот професор Питер Фојхтвенгер од Англија.

Во изминативе години има одржано концерти во Македони-ја, Грција, Бугарија и Германија.

По завршувањето на постдипломските студии во Германија од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачката класа при ДМБУЦ, а моментално работи како професор по пијано.

програма:

р. шуман (1810-1856) – Арабеска Оп. 18р. шуман (1810-1856) – Соната Оп. 22, g-moll

Прв став Andantino Scherzo Presto

Ј. Брамс (1833 – 1897) – Балади Оп. 10т. зографски (1934 – 2000) – Свита т. зографски (1934 – 2000) – Импровизација во Cis (прва изведба)т. зографски (1934 – 2000) – Минијатура бр. 10 од циклусот „Десет минијатури“

„...градбите(па и музичките) на посебен начин ја прегрнуваат мистериозната празнина наречена простор и ја тераат да вибрира.”

Питер Цумтор (архитект)

„Што знаеш за убавината?-Тоа е форма на љубовта!”

К.Ц.Норвид - “Прометидион”

19 ноември (понеделник) музеј на град скопје20:00 часот

елена костовска пијано

Page 20: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Концерт на групата „Љубојна”, и концертна промоција на нивното ново ЦД, насловено како:LJUBOJNA BRASS FANTASY

Љубојна и Центарот за култура од Битола со особена чест Ви го претставуваат концертот и ЦД-то” LJUBOJNA BRASS FANTASY”, бенд што ја изведува беломорската музика, со 14 музичари на сцена, со голема женска пејачка група, која што многу лесно знае спонтано да развие танц на сцената додека оркестарот ја свири музиката.

Во духот на средоземно-морската култура и со љубов, Љубојна се посветува на македонската егејска музика, откривајќи ја и доближувајќи ја големината на една пребогата и раскошна музика до слушателот. Не за да ја обнови традицијата, туку за да го разбуди она што сите ние го носиме во себе, а тоа е „гола“, радосна музика. Ljubojna Brass Fantasy ја носи токму таа возбуда и ќе ве воздигне да танцувате по звукот на егејската труба. Концерт во стилот на „Твојте очи Лено“, „Мори чупи Костурчанки“, „Крена Мартината“ по кои Љубојна е препознатлива и многу други песни од Леринско, Костурско, Воденско, преку единствениот вокален сензибилитет на Вера Милошевска,и низ танецот на „Буките“, „Левото“.

20 ноември (вторник)Универзална сала20.00 часот

“LJUBoJNA BRASS FANTASY” концерт на групата „Љубојна”

(во соработка со Центар за култура - Битола и Универзална сала-скопје)

Page 21: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Повеќе од една деценија Љубојна верно и со полн елан, ја истражува и ја живее идејата за современ едноставен звук. За музика која се пронаоѓа во различни музички жанрови и естетики, а која е длабоко традиционална и е во манир на старите мајстори на македонскиот музички гениј. Напати лирична, а пред се енергична, акустична или електронско-акустична, музиката на Љубојна преку вокалот на Вера Милошевска возбудува со својата непосредност и топлина. Љубојна, во своето творештво, се потпишува на 4 албуми, “П.С.О “2005 год, “ Македонија Фреш “2008год , “Песна за мојата песна” 2009год, „Ljubojna in life “ 20011 год, нивната музика е дел од неколку компилации. Вокалот на Вера Милошевска, годинава е дел од копилацијата “ Femmes des Balkans “. Компилација што опфаќа 12 најдобри женски вокали во моментов како живи презентери на музиката од Балканот. Инаку групата настапувала на многу самостојни концерти низ Македонија, и низ светот. Присуството на секој нивни концерт е посебно возбудување. Секој пат ја свират својата музика одново и одново.

Page 22: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

25 ноември (недела)македонска опера и Балет-фоаје20.00 часот

„книга коЈа се пее“антологија на српската

соло песна

програма:

иван Бркљачиќ (1977)Да ги имав твоите очи (2008)

милоје милојевиќ (1884 – 1946)Есенска елегија (1911)

станојло рајчиќ (1910 – 2000)Сонот на рибарчето (1947)

стеван хрисиќ (1885 – 1958)Ноември

исидора Жебељан (1967)Од циклусот ракаткиПриспивна (1998)

петар коњовиќ (1883 – 1970)Сатировите свирки, за соло флејта (1940)

Љубица мариќ (1909 – 2003)Волшебничка (1964)

василије мокрањац (1923 – 1984)Прелудиуm, транскрипција за флејта (1984)

ивана стефановиќ (1948)Инструментална песна, оп. 37 (1996)

драгана с. Јовановиќ (1963)Од циклусот Песни на ловецот на соништаНа три четвртини (2005)

Republika SrbijaMinisterstvo kulture, informisawa

i informacionog druштва

УКС-Здружење композитора СрбијаCAS-Composers Association of Serbia

Page 23: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

ана илиќ – сопран, дипломирала во класата на проф. Бисерка Цвејиќ, а магистрирала во класата на проф. Ирина Арсикин на Факултетот за музичка уметност во Белград, каде ги завршила и студиите на Отсекот за општа музичка педагогија. Добитничка е на неколку први награди на натпреварите на студентите по музика, како и на наградата на Здружението на музичките уметници на Србија за најдобар концерт во 2005 година. Настапувала со

сите најзначајни симфониски оркестри и камерни ансамбли во Србија. Гостувала во Италија, Франција, Словенија, Романија и Грција. Остварила неколку значајни улоги во делата на Орф, Глук, Моцарт, Најман и Ања Ѓорѓевиќ. Таа е солист на ансамблот „Ренесанс“, членка на „Ансамблот за нова музика“ и на триото „Donne di Belgrado“. Нејзиниот широк реперетоар опфаќа музика од раниот барок до дела на современите композитори. Работи како вонреден професор на Катедрата за соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Белград.

лидиЈа становиќ – пијано, студирала во класата на проф. Дубравка Томкшиќ Среботњак на Музичката академија во Љубљана, а магистрирала во класата на проф. Арбо Валдма на Факултетот за музичка уметност во Белград. Добитничка е на награди во Србија (две Октомвриски, „Емил Хајек“) и странство (Словенија: „Прешернова“; Италија: на натпреварите во Сенегалија, Земон и Стреза). Одржала бројни рецитали низ Србија и во странство и настапувала со водечките домашни симфониски и камерни оркестри. Како камерен музичар редовно настапува со виолинистката Весна Станковиќ и пијанистот Александар Маџар. Работи како редовен професор на Кетедрата за пијано на Факултетот за музичка уметност во Белград.

стана крстаЈиќ – флејта, студирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Миодраг Азањац. Магистрирала на конзерваториумот „Рихард Штраус“ во Минхен во класата на Маријана Хенкел (Marianne Henkel). Се усовршувала на многубрајните мајсторки курсеви. Таа е основач на камерните состави „Дуо Фларал“, „Donne di Belgrado“, трио „Сингидунум“, „Flutympanon“, дуо „Diverso“. Активна е на концертните подиуми во Србија и странство. Таа е соло флејтистка на оркестарот на Белградската филхармонија.

Page 24: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

Оливие Месјан (Olivier Messiaen) (1908 – 1992) – „Квартет за крајот на времето”

Квартетот е напишан за време на Втората светска војна во 1941 година. Во тоа време Месјан е затвореник во затворот Горлиц (Görlitz - денешен Згорзелец, Полска), каде што му е дозволено да компонира. Таму се запознава со виолинистот Жан ле Булер (Jean le Boulaire) и челистот Етијен Паске (Étienne Pasquier) и кларинетистот Анри Акока (Henri Akoka), за кого е напишан третиот став за соло кларинет, кој е доста значаен дел од светската музичка литература за

кларинет и редовно се наоѓа на репертоарот на многубројни натпревари и аудиции. Првичната идеја на Месјан е трио за кларинет, виолина и виолончело, но подоцна

добива клавир на располагање и тој го додава клавирот во составот на делото. За прв пат квартетот е изведен во полскиот затвор, од горенаведените музичари, заедно со самиот Месјан на клавир. За темата КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО, Месјан се испирира од книгата “Откровение на Апостол Јован” (пророчка книга која воглавно го обработува крајот, односно уништувањето на времето).

Квартетот се состои од осум става, компонирани за различни комбинации од четирите инструменти:

1. Liturgie de cristal – кристална литургија. Квартет: кларинет, виолина, виолончело, клавир

2. Vocalise, pour l’ange qui annonce la fin du temps - гласови за ангелoт, коj го објавува крајот на времето. Квартет: кларинет, виолина, виолончело, клавир

3. Abîme des oiseaux - пропаст на птиците. Соло кларинет

4. Intermède – преоден дел. Трио: виолина, кларинет, виолончело

5. Louange à l’éternité de Jésus - возвишување на вечноста на Исус. Дуо: виолончело и клавир

6. Danse de la fureur, pour les sept trompettes – Танцот на гневот, за седум труби (апокалипса). Квартет(унисоно): кларинет, виолина, виолончело, клавир

7. Fouillis d’arcs-en-ciel, pour l’ange qui annonce la fin du temps – Безредието на виножитото, за ангелот кој го најавува крајот на времето. Квартет: кларинет, виолина, виолончело, клавир

8. Louange à l’immortalité de Jésus – Бесмртноста на Исус. Дуо: виолина и клавир

26 ноември (понеделник)културно информативен центар - салон 19,1920.00 часот

„квартет за краЈот на времето”

Page 25: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

игор иванов е роден 1984 во Велес. Своето основно музичко образование го класата на проф. Златко Андреев, средното музичко во класата на проф. Раде Стојчев во Штип, а во 2003 година започнува со студии на Универзитетот за музичка и драмска уметност во Грац-Австрија (Universität für Musik und Darstelende Kunst Graz), во класата на проф. Штефан Шилинг. По завршувањето на студиите, го продолжува своето образование со магистерски студии во горенаведената класа на проф. Шилинг. Во текот на магистерските студии учествува на програмата за размена на студенти - Erasmus каде што еден семестар го посетува Факултетот на уметности во Цирих (Zürcher Hochschule der Künste), во класата на проф. Матиас Милер. Од март 2011 год. го продолжува школувањето во Грац, и на 25 јануари 2012 год. ги завршува своите магистерски студии. Оркестарското искуство го стекнува во оркестрите: Симфониски оркестар на музичкиот универзитет во Грац

(Symphonisches Orchester der Kunst Universität Graz), Дувачкиот оркестар на Грац (Bläßerphilharmonie der stadt Graz), Европскиот мастер оркестар од Виена (Europien Master Orchester Wien), Виенската валцер филхармонија (Wiener Walzer Philharmonie), и притоа концертрира во повеќе држави како: Австрија, Швајцарија, Белгија, Луксембург, Кина, Хрватска. Покрај стандардниот репертоар за кларинет Игор Иванов посветува големо внимание на новата музика по педесеттите години на XX век и притоа свири и соработува со камерниот Ансамбл за нова музика Кланг Форум од Виена (Klang Forum Wien). Мастер курсеви има посетувано кај познатите светски кларинетисти како: Карл Лајстер, Венцел Фухс, Стенли Дракер, Џонатан Колер, Антонио Сајоте, Роберт Спринг, Мартин Шпанберг. Учествува на повеќе музички фестивали.

мариЈа вршкова е родена во Битола каде го за вршува основото и средното музичко образование. Ди-пло мирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена „CUM LAUDA” во класата на проф.Тодор Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија а најзначајнамеѓународна наградата е Трета награда на Меѓу народниот натпревар за млади пијанисти во Рим–Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и ка-мерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде со ра-

бо тува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совла дувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала голем број на светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Како солисти и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија.

Page 26: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

паскал краповски е роден во Скопје, во фамилија со преку 150 години музичка традиција. Mузичкото образование по виолончело го започнува со неговиот татко Ристо Краповски и во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Диме Стојанов каде што матурира 1998 год. Истата година ги започнува додипломските студии на Музичката академија “Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија, во класата на проф. Анатоли Крстев, каде ги завршува и магистарските студии.Повеќекратен лауреат е на државните натпревари во категорија виолончело соло и камерна музика. Учествува во работата на оркестрите на Музичка младина на Македонија, Словенија, Австрија. Настапува во рамките на манифестацијата “Денови на македонската култура“ во Анкара и Истанбул, Р. Турција. Во март

2001год. учествува на фестивалот “Music-Improvisation-Theatre“ во Берн, Швајцарија. Настапува со оркестарот на Македонска филхармонија, камерниот оркестар на Македонска филхармонија. Настапи како солист или дел од ансамбл на фестивалите „Скопско лето“ и „Охридско лето“, Битолски летен фестивал, „Денови на македонска музика“. Водач e на група виолончела при Македонската филхармонија, на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, “Music Progressive Quartet”, “БРЕВИС” квартет. Од 2005 година е наставник по виолончело во ДМБУЦ ”Илија Николовски-Луј”, а од 2007 е доцент по виолончело на Факултетот за музичка уметност ‘’Гоце Делчев’’ во Штип.

владимир костов е роден во Битола 1975 година, каде го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на ФМУ – во Скопје во класата на проф. Михаило Куфујонакис. Магистрира во класата на истот професор, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Владимир Костов е единствен музичар од Македонија кој повеќе пати е избиран да членува во реномираниот Светски оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Џемс Енес, Даниел Мулер Скот). Со овој оркестар има неповторлива можност да свири во најпознатите концертни сали во светот – National Art Centar Otawa, Linkoln Centar, Harvard Universits, Берлинска фил хар-

монија, Gewandhaus во Лајпциг, Келнска филхармонија, Концертхаус Берлин, Концертхаус Виена, во Шпанија, Полска, Кина итн. Настапувал и со оркестарот Исток-запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ. Камер ната музика представува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа”, камерното студио за барокна музика „Бахус”, квартетот „Бревис”, основач е на клавирското трио „ВАМ“, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Посетува повеќе мајсторски курсеви во светски познати центри. Моментално работи како концерт - мајстор во Македонската филхармонија и како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Page 27: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

програма:

Milonga del angel – дуо „Пан“Adios nonino – дуо „Пан“Contrabejando – Квартет „Анимус“Libertango – Квартет „Анимус“Verano Porteno – Квартет „Анимус“

************************ Ivierno Porteno - Трои „Дријада“Histoirie du Tango - дуо „Пан“

Bordel – 1900Café – 1030Night club 1960Concert d’aujourd’hui

Автор: Астор Пјацола (Ástor Piazzolla )(1921 – 1992)

27 ноември (вторник) факултет за музичка уметност20:00 часот

„танго импресии“ дуо „пан“

гости: милена тодоровска – виолина, александра петковска – виолончело,

александра тевдовска - флејта

Page 28: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

петар колевски роден во Скопје,1973 година. Припаѓа на генерацијата на младите кларинетисти кои со својата успешна интерпретациска дејност допринесуваат за развој и подем на овој инструмент во Македонија (особено на полето на концертната сцена, но и како професор).

Основно и средно музичко образование завршил во Скопје во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, кај професорот Манол Јанев.

Дипломирал на ФМУ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, во класа кај проф.Иван Кочаров (1996), кај кого ги завршува и магистерски студии во 2009 год. Своето образование постојано го надоградува земајќи учество на семинари во земјава и во странство.

Непосредно пред дипломирањето, хонорарно започнува да работи во Ревискиот оркестар на МРТВ, каде се стекнува со оркестарско интерпретациско искуство свирејќи на кларинет и алт, тенор и баритон саксофон.

Од 1999 година е редовно вработен како професор по кларинет во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, каде со своите ученици постигнува големи успеси во земјава и во странство.

Самиот Колевски учествувал на бројни ревиски и натпреварувачки фестивали (кај нас и надвор од земјава) и има освоено голем број награди и признанија. Зад себе има настап со Македонската филхармонија, како и настапот со интернационалниот оркестар составен по повод одбележувањето на педесет годишнината на ФМУ-Скопје.

БилЈана петровска припаѓа на генерацијата на македонски музички уметници-пијанисти

кои активно творат последниве години.Образованието го стекнува во Скопје, каде дипломира (1997) и магистрира (интерпретација

на пијано, 2002) во класа на проф. Евушка Елезовиќ.Во текот на своето образование учествувала на многу семинари (Првиот интернационален

фестивал во чест на Владимир Хоровиц во Авеиро-Португалија) и настапувала на концерти во Скопје и низ градовите во Македонија (како солист и во камерни состави).

Во 2004 престојувала два месеца во Париз каде одржала еден солистички концерт во концертната сала во Градот на Уметноста (Cite the Arts) и два концерти со соло пејачи.

Покрај соло настапите, акцентот на интерпретациското творештво кај неа е ставен на камерното музицирање.Има настапувано со многу македонски музички уметници.

За својата дејност како камерен музичар е добитник на награда за исклучителни резултати како камерен музичар на натпреварот на дрвени дувачи во Пожаревац и натпреварот за соло пеење во Аранѓеловац.

Има настапувано на повеќе манифестации „Скопско лето“ „Есенски музички свечености“, „Денови на македонска музика“, во градовите низ Македонија, како и во Хрватска, Албанија, Португалија, Франција.

дУо „пан“ составено од Билјана Петровска-магистриран пијанист и Петар Колевски-магистриран кларинетист, е дуо кое подолго време работи на свое усовршување како концертно дуо при што има настапувано во повеќе концертни сали во Скопје (Музеј на град Скопје, Салата на ФМУ) и во рамките на повеќе манифестации („Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Топол културен бран“), како и во други градови низ Македонија (Куманово, Велес, Струмица, Тетово, Битола) и во странство: Врање (Србија) и во Скадар и Драч (Албанија).

Карактеристика на ова дуо е што има многу разновиден музички репертоар и специфичен (прилагодлив) сценски настап.

Дуо „Пан“ досега има снимено два промотивни компакт диска со поп и џез стандарди, а снимен е и компакт диск со класични композиции насловен „Кларинетски фантазии“ чија промоција се одржа на 28.06.2011 во Даут Пашин Амам во рамки на манифестацијата „Скопско лето“.

Page 29: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

ана велиновска е родена 1994 година во Скопје. Основно и средно музичко образование стекнува во класата на проф. М-р Лиле Анастасова Мерџанова. Има освоено повеќе награди на државни и меѓународни натпревари како:

Прва награда и пехар на натпреварувачкиот концерт „Со љубов и почит кон Шопен”

Прва награда на „Интерфест” Битола и добитник на парична награда од фондацијата “Felipo Trevizan”-Италија;

Прва награда, лауреат на меѓународен интернет натпревар;Прва награда на државен натпревар во Скопје;Прва награда на натпревар по камерна музика во Скопје;Прва награда на меѓународен натпревар “Даворин Јенко”

во БелградПосетува семинари кај еминентни професори: Андреј Диев

- Русија, Јури Кот – Украина , Жени Захариева - Бугарија, Ксавие Ле комте Де ла Бретонериа - Франција, Стела Слејанска, Кемал Гекиќ- Хрватска, Наташа Митровиќ - Србија, Евгениј Корољов и Арбо Валдма – Германија.

Велиновска реализира музички снимки за потребите на МРТВ.Во 2011 одржа целовечерен концерт на фестивалот “Скопско Лето”.Во 2012 настапи како солист на македонската филхармонија.

програма:

фредерик шопен (1810 – 1849) - Етида оп.10 бр.6фредерик шопен (1810 – 1849) - Етида оп.25 бр.7фредерик шопен (1810 – 1849) - Скерцо бр.2 b-moll

*************************

антон степанович аренски (1861 – 1906) – ‘’Фантазија на две руски теми’’, концерт за клавир и оркестар

Јоханес Брамс (1833 – 1897) – Капричо бр. 2 h-moll

алберто гинастера (1916 – 1983) – Три аргентински танци Танцот на стариот овчар Танцот на гордата слугинка Танцот на арогантниот каубоец

29 ноември (четврток) факултет за музичка уметност20:00 часот

ана велиновска пијано

Page 30: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

30 ноември (петок)културно информативен центар - салон 19,1920.00 часот

гудачки квартет „софиЈа“ (Бугарија)

(во соработка со културно информативен центар на р.Бугарија во р.македонија)

програма:

Јозеф хајдн (1732 – 1809) – Гудачки квартет „Аурора“Allegro con spiritoAdagioMenuettoAllegro ma non troppo

михаил пеков (1941) – Гудачки квартет бр. 19 оп.225AndanteTango tempo con moddoAndanteVivace

Ценко минкин (1959) – Танго Калинито

лудвиг ван Бетовен (1770 – 1827) – Гудачки квартет оп. 95 во f-mollAllegro con brioAllegretto ma non troppoAllegro assai Vivace ma seriosoLarghetto espressivo. Allegro

Page 31: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

гудачкиот квартетот „софиЈа“ на Софиската филхармонија, во состав ангел станков – виолина, нанко димитров – виолина, валентин геров – виола, Џефри дин – виолончело, за кратко време се наметна како водечки камерен состав, здобивајќи се со признанија од публиката, критиката и медиумите.

Неговите циклуси „Виенска класика“, „Го сакате ли Брамс“, „Кон новиот свет“, „Руска и француска музика“, „Квартетите на Бетовен“ се здобија со широка популарност и квартетот е канет на редица престижни музички манифестации како Новогодишниот музички фестивал – НДК 2003, Четириесетиот јубилеен меѓународен фестивал на камерна музика во Пловдив во 2004 година и други.

Низа изведби од неговиот репертоар се емитувани на Националната телевизија и Сателитскиот канал – Бугарија. Квартетот ги има изведено светските премиери на делата на Михаил Пеков и Димитрис Темелис.

На 15 јануари 2007 година Квартетот „Софија“ бил поканет да го отвори камерниот фестивал во прочуената сала „Мегарон музикс“ во Солун со делата на М. Пеков, Д. Темелис и Бетовен, по што следи снимањето на вториот компакт диск со дела на Димитрис Темелис.

На 14 и 15 ноември 2007 година Квартетот „Софија“ со голем успех одржа два концерти во Стразбур – во Советот на Европа и Стразбуршката катедрала.

Во 2008 година со концертите во Виена и Прага, направи промоција на компакт дискот со трите квартети на М. Пеков.

Во септември 2009 година остварува успешно гостување во Јапонија, а во 2011 година во Црна Гора.

Во октомври 2011 година ја добива годишната награда „Бугарски лидери“ на Фондацијата „Млади бугарски таленти“.

Големо признание за интензивната концертна дејност и високите изведувачки достигања на Квартетот „Софија“ претставува добивањето во 2004 година на највисокото музичко признание во Бугарија „Кристална лира на Сојузот на музичките и танцови творци во Бугарија“.

***„Финалето на квартетот оп. 18 бр 2 од Бетовен како огномет ги круниса високите уметнички

дострели на Квартетот „Софија“.проф. д-р Пенчо Стојанов

„На патот на уметничката зрелост“Музички хоризонти том 7, 2004 година

***„Последниот концерт (20 јуни) беше доверен на Квартетот „Софија“ ... тој демонстрираше

техничкa префинетост преполна со духовен реципроцитет, давајќи му свечен карактер на крајот на фестивалот“

Матеј Шиваров40-ти Меѓународен фестивал на камерна музика во Пловдив 2004 година

***„Квартетот „Софија“, најдобриот камерен состав на денешна Бугарија, е во состојба да ги

проткае со дух делата на сите стилови и епохи.Тоа особено важи за новонапишаните дела од современите, живи автори.Неопходна е голема уметничка храброст и осет за музиката, кои што уметниците од Квартетот

ги поседуваат во завидна мерка, за да се постигне правилно читање и врвна изведба.“проф. Маихаил Пеков, Софија 18.11.2011 година

Page 32: ESENSKI MUZICKI SVECENOSTI 2012

организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје: Мирко Стефаноски, Никола Глигоров, Ната Кецкаровска, Анче Кузмановска, Стамат Наумовски, Петранка Геогргиевсканадворешен соработник: Никола Гугувчевски, Благица Сливоскаиздавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје, за издавачот: Мирко Стефаноски дизајн: Горан Јованов, печат: Скенпоинт - Скопје

Град Скопје

дирекЦиЈа за кУлтУра и Уметност ­ скопЈеDIRecToRATe oF cULTURe AND ARTS ­ SkopJe

бул. „св.климент охридски” 58 б пошт. фах 519тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341, 3238 372

e-mail: [email protected], www.dku.org.mk

дирекЦиЈа за кУлтУра и Уметност

НАЈАВУВА