11
превземено од www.pravo.org.mk ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА Сл. весник на Р Македонијабр.80/93 од 30.12.1993 година I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се воведува данок од добивка и се уредува начинот на оданочување на добивката. Член 2 Стапката на данок од добивка е пропорционална. Член 3 Пресметувањето и плаќањето на данокот од добивка го врши обврзникот на данокот од добивка. II. ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК Член 4 Обврзник на данокот од добивка е правно лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност (субјект) - резидент на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство. Резидент, во смисла на став 1 од овој член е субјектот кој е основан или има седиште на територијата на Република Македонија. Член 5 Обврзникот на данокот од добивка е и правно лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност кое не е резидент на Република Македонија за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Републиката. Член 6 Матичното правно лице и неговите филијали кои претставуваат група на правни лица, доколку се сите резиденти на Република Македонија, можат данокот од добивка да го плаќаат како еден обврзник ( даночна консолидација). Матичното правно лице и неговите филијали прават група правни лица, во смисла на овој закон, доколку меѓу нив постои непосредна или посредна контрола над најмалку 90 % од акциите или од уделот. Барање за даночна консолидација матичното правно лице поднесува до управата за јавни приходи. Одобрената даночна консолидација се применува најмалку пет години. 1

Danok Na Dobivka 93

  • Upload
    ahmetis

  • View
    36

  • Download
    4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА

“Сл. весник на Р Македонија” бр.80/93 од 30.12.1993 година

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1 Со овој закон се воведува данок од добивка и се уредува начинот на оданочување на добивката.

Член 2 Стапката на данок од добивка е пропорционална.

Член 3 Пресметувањето и плаќањето на данокот од добивка го врши обврзникот на данокот од добивка. II. ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Член 4 Обврзник на данокот од добивка е правно лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност (субјект) - резидент на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство. Резидент, во смисла на став 1 од овој член е субјектот кој е основан или има седиште на територијата на Република Македонија.

Член 5 Обврзникот на данокот од добивка е и правно лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност кое не е резидент на Република Македонија за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Републиката.

Член 6 Матичното правно лице и неговите филијали кои претставуваат група на правни лица, доколку се сите резиденти на Република Македонија, можат данокот од добивка да го плаќаат како еден обврзник ( даночна консолидација). Матичното правно лице и неговите филијали прават група правни лица, во смисла на овој закон, доколку меѓу нив постои непосредна или посредна контрола над најмалку 90 % од акциите или од уделот. Барање за даночна консолидација матичното правно лице поднесува до управата за јавни приходи. Одобрената даночна консолидација се применува најмалку пет години.

1

Page 2: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Член 7 Физичко лице кое врши регистрирана дејност кој персоналниот данок од доход го плаќа во паушален износ, не е обврзник на данокот од добивка. III. ДАНОЧНА ОСНОВА

Член 8 Основа за пресметување на данокот од добивка е добивката која се утврдува во даночниот биланс. Добивката претставува разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството, освен приходите и расходите за кои со овој закон е пропишан друг начин на утврдување.

Член 9 Вредноста на залихите на недовршеното производство, полупроизводите и готовите производи се проценуваат најмногу по полната цена на чинење во согласност со прописите за сметководството. Вредноста на залихите утврдена според став 1 на овој член не може да биде поголема од продажната вредност на денот на утврдување на основата за оданочување.

Член 10 Под расходи што се признаваат како одбитни ставки за да се утврди добивката за оданочување се подразбираат само расходите што се направени за вршење на дејноста.

Член 11 Пресметката на трошоците на материјалите и набавната вредност на продадената трговска стока се врши со примена на методот на просечни цени. Ако се користат други методи за водење на вредноста на залихите, трошоците на материјалите, односно набавната вредност на продадената стока, во даночниот биланс се искажуваат во коригирани износи кои би произлегле од примената на методот од став 1 на овој член.

Член 12 Деловните расходи што настануваат од испораки на стоки, материјали и услуги меѓу поврзани правни лица и физички лица кои вршат регистрирана дејност се утврдуваат според цените што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар, кога не би се работело за однос со поврзани лица. Лице поврзано со обврзникот се смета она правно лице или физичко лице кое врши регистрирана дејност во чии односи со обврзникот се јавува можност за контрола или значително влијание врз деловните одлуки. Можност за контрола постои во случај на поседување на повеќе од половина или поединечно најголемиот дел од акциите или уделот.

2

Page 3: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Се смета дека постои значително влијание врз деловните одлуки ако се јавуваат големи заемни купопродажби, технолошка зависност или ако на друг начин е воспоставена контрола над управувањето.

Член 13 Сите трансакции што даночниот обврзник ги имал со поврзани лица посебно се искажуваат во даночниот биланс, заедно со трансферните цени по кои се реализирани трансакциите. Разликата меѓу пазарната цена и трансферната цена се вклучува во даночната основа.

Член 14 Пресметаните бруто плати на вработените се признаваат во целина како одбитна ставка на товар на деловните расходи за периодот за кој се утврдува добивката, до висина на исплатениот износ. Примањата на вработените по основа на учеството во добивката на правното лице или физичко лице кое врши регистрирана дејност не се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс.

Член 15 Амортизацијата на основните средства се признава како расход во даночниот биланс до износот утврден согласно со прописите донесени врз основа на Законот за сметководството. Еднаш одбраниот метод на амортизација се применува до конечната амортизација на основицата на поединечното средство или група на средства. Еднаш амортизираните средства или група на средства не можат повторно да се вклучат во пресметка на амортизација при утврдување на основата за оданочување. Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат можат да се амортизираат во целина независно од пропишаниот век на траење. Таквата амортизација за во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување потребна е согласност од органот за јавни приходи.

Член 16 Кога со примена на функционалниот метод на амортизација, вкупната амортизација на обврзникот се зголемува за повеќе од 10 % од амортизацијата пресметана со пропорционална метода, за пресметка на амортизацијата по функционалната метода, потребна е согласност од органот за јавни приходи.

Член 17 Трошоците по основа на камати на користени кредити за вршење на дејноста се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс. Во случаите на кредитен однос меѓу поврзани лица трошоците на каматите се признаваат до износот на каматите по кои на пазарот можело да се земе соодветен кредит во пресметковниот период.

3

Page 4: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Член 18 Паричните казни и пенали на обврзникот не се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс.

Член 19 За членовите на управниот одбор или за акционерите, трошоците за користење на патнички возила, за храна и пијалаци, за подароци, за набавка на движен и недвижен имот, кои не се во функција на вршење на дејноста, не се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс.

Член 20 Вкупните издатоци за промоција, пропаганда и реклама и за репрезентација се признаваат како расход во даночниот биланс најмногу во висина до 3 % од вкупниот приход.

Член 21 Во даночниот биланс како расходи не се признаваат вкалкулираните долгорочни резервирања на материјалните и нематеријалните трошоци освен оние резервирања чија обврска е пропишана со закон.

Член 22 Исплатите по основа на стипендии не се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс, освен уплатите извршени преку општествени фондови (фондации) во согласност со закон. По исклучок на став 1 од овој член, исплатите по основа на стипендии за врвни спортисти се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс.

Член 23 На обврзникот - банка или друга финансиска организација даночната основа му се намалува за издвојувањата во резерви за покривање на ненаплативи кредити и други ризици. На обврзникот - друштво за осигурување и реосигурување на имоти и лица даночната основа му се намалува за издвојувањата во резерви на осигурувањето и за други ризици. Издвојувањата во резерви од ставовите 1 и 2 на овој член што се признаваат за намалување на даночната основа, може да изнесуваат најмногу до 15 % од добивката искажана во билансот на успехот. IV. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРИХОДИТЕ ОД КАПИТАЛ И НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ

Член 24 Приходите од дивиденди остварени со учество во капиталот на друг обврзник - резидент на Републиката, вклучувајќи ги и приходите од учество во добивката на друштвата со ограничена одговорност не се

4

Page 5: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

вклучуваат во даночната основа, под услов да се оданочени кај обврзникот кој врши исплата според општата стапка од член 28 на овој закон.

Член 25 Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, опрема и недвижен имот се вклучуваат во даночната основа на обврзникот. Под капитална добивка од став 1 на овој член се подразбира разликата меѓу продажната вредност на хартиите од вредност, опремата и недвижниот имот и нивните сметководствени вредности ревалоризирани на денот на продажбата. Ако разликата од став 2 на овој член е негативна се остварува капитална загуба. Набавната вредност се ревалоризира согласно за прописите за сметководство.

Член 26 Краткорочните капитални добивки остварени од продажба на акции и обврзници, кои обврзникот ги држел во својот портфељ покусо од 12 месеци и капиталните добивки остварени од продажба на опрема и недвижности, во целост се вклучуваат во даночната основа. Долгорочните капитални добивки остварени од продажба на акции и обврзници, кои обврзникот ги држел во својот портфељ 12 месеци или подолго влегуваат во даночната основа во висина од 50 % од разликата.

Член 27 Долгорочната капитална загуба остварена со продажба на акции и обврзници се пребива со капиталните добивки од член 26 став 1 на овој закон остварени во истата година. Ако и по извршеното пребивање од став 1 на овој член се појави капитална загуба, вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години. V. ДАНОЧНА СТАПКА

Член 28 Стапката на данок од добивка изнесува 30 %.

Член 29 Во случаите кога обврзниците на данокот од добивка од одделни области и дејности кои ќе се најдат во исклучителни економски тешкотии предизвикани од елементарни непогоди или виша сила и кои не можат да ги извршат своите обврски, Владата на Република Македонија може да изврши намалување, одложување, односно ослободување за плаќање на данокот за определен период на утврдената стапка на данокот од добивка од член 28 на овој закон за обврзниците од одделни области или одделни обврзници.

5

Page 6: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

VI. ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА И ОСЛОБОДУВАЊА

Член 30 Обврзникот има право на забрзана амортизација на основните средства во случаите кога остварува технолошка модернизација и структурно приспособување, но најмногу до висина која за 25 % ја надминува амортизацијата пресметана на начин што е утврден во член 15 од овој закон. По исклучок од став 1 на овој член, обврзникот има право на забрзана амортизација на средствата кои служат за заштита на животната средина и на природата. Правото од ставовите 1 и 2 на овој член обврзникот го остварува со поднесување писмено барање до органот за јавни приходи и врз основа на соодветна документација.

Член 31 На даночниот обврзник му се намалува даночната основа за износот на извршените вложувања од добивката, во нови инвестиции ( реинвестирана добивка) во Републиката, но најмногу до 30 % од даночната основа во својата дејност.

Член 32 На обврзникот кој извршил вложувања од добивката во подрачја на стопански недоволно развиените општини и во специфични подрачја ( ридско- планинските реони, пограничниот појас и компактно заостанатите подрачја) му се намалува даночната основа во висина на вложените средства.

Член 33 Обврска за плаќање на данок од добивка му се намалува на домашно правно лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност во висина на сразмерниот дел од добивката што му припаѓа на странско лице по основа на вложените средства за период од првите три години, под услов учеството на странскиот капитал да изнесува најмалку 20 % во вкупно вложениот постојан капитал на даночниот обврзник. Обврската за плаќање на данок од добивка му се намалува на правното лице и физичкото лице кое врши регистрирана дејност кое не е резидент на Република Македонија во висина на сразмерниот дел од добивката што му припаѓа по основа на вложените средства за период од првите три години.

Член 34 Приходите што се остварени по основа на средства кои се строго наменски за одвивање на дејноста кај правното лице - даночен обврзник (буџети, фондови) не влегуваат во даночната основа за пресметување на данокот од добивка.

6

Page 7: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Член 35 На обврзникот му се намалува обврската за плаќање данок во висина на средствата од добивката вложени за заштита на животната средина и на природата, како и за меѓународниот спорт којшто е од значење за Републиката.

Член 36 Од плаќање данок од добивката се ослободуваат претпријатијата за професионална рехабилитација и за вработување на инвалиди од производната и услужната дејност, чии производи и услуги во целост се произведуваат или вршат во заштитните работилници, што се остварува со поднесување писмено барање до органот за јавни приходи врз основа на соодветна документација. VII. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДОБИВКАТА

Член 37 На обврзникот - резидент на Републиката кој на добивката што е остварена со работа во странство платил данок во друга држава му се намалува пресметаниот данок во земјата за износот на данокот од добивка платен во странство, а најмногу до износот на данокот што би се добил со примена на даночната стапка од член 28 на овој закон.

Член 38 Матичното правно лице - резидент на Републиката има право на намалување на пресметаниот данок во земјата за износот на данокот што го платила нејзината филијала во друга држава, на добивката што е вклучена во приходите на матичното правно лице. Право на намалување на данокот од став 1 на овој член има матичното правно лице кое непрекинато во периодот од најмалку една година, пред поднесувањето на билансот, држело 25 % или повеќе акции, односно учество во нерезидентната филијала, што се докажува со соодветна документација и со нејзиниот биланс на успехот и даночниот биланс. VIII. УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА

Член 39 Привремената пресметка и плаќањето на данокот од добивка во текот на годината се врши во рокот пропишан за предавање на полугодишната пресметка, а конечната пресметка и плаќање на данокот од добивка во рокот пропишан за поднесување на годишната пресметка согласно со Законот за сметководството. Доколку обврзникот на данокот од добивка составува пресметки за периоди пократки од периодите од став 1 на овој член данокот од добивката го пресметува и плаќа со предавањето на тие пресметки.

7

Page 8: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Обврзникот на данокот од добивка е должен утврдувањето и плаќањето на данокот од добивката со периодичната, полугодишната, односно годишната пресметка да го врши на посебен образец што заедно со пресметките го доставува до органот за јавни приходи. Обврзникот на данокот од добивка е должен плаќањето на данокот од добивка да го врши врз основа на посебниот образец, што заедно со пресметките, го доставува до носителите на платен промет кај која има жиро - сметка.

Член 40 Во текот на годината се пресметува и се плаќа аконтација на данокот од добивка до 15 во месецот за изминатиот месец. Месечниот износ на аконтацијата за тековниот месец се утврдува со примена на пропишаната стапка и тоа за: - периодот февруари - јуни, според основата на данокот од добивката утврдена по годишната пресметка за претходната година, зголемена за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од првото полугодие во однос на просечните цени на мало во претходната година или според основата на данокот од добивка утврдена по годишната пресметка за претходната година, зголемена за процентот на порастот на просечната нето плата по вработен кај правното лице, односно физичкото лице кое врши регистрирана дејност остварена во месецот за кој се плаќа данокот од добивка во однос на остварената просечна месечна нето плата по вработен кај правното лице, односно физичкото лице кое врши регистрирана дејност во претходната година, ако тоа е поповолно; - периодот јули - декември, во тековната година и за месец јануари наредната година, според основата на данокот од добивка утврдена по полугодишната пресметка зголемена за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката во претходниот период од второто полугодие односно до 31 јануари наредната година во однос на просечните цени на мало во првото полугодие или според основата на данокот од добивка утврдена по полугодишната пресметка зголемена за процентот на порастот на просечната нето плата по вработен кај правното лице или физичкото лице кое врши регистрирана дејност остварена во месецот за кој се плаќа данокот од добивка во однос на остварената просечна месечна нето плата по вработен кај правното лице, односно физичкото лице кое врши регистрирана дејност во првото полугодие, ако тоа е поповолно. Ако обврзникот на данокот од добивка не достави налог за плаќање на данокот од добивка, носителите на платен промет ќе ја извршат наплатата на данокот од неговата жиро - сметка, и за тоа ќе го известат органот за јавни приходи. Новооснованите правни лица и физички лица кои вршат регистрирана дејност, аконтацијата на данокот од добивка ја плаќаат со првата периодична, односно полугодишна пресметка во тековната година.

8

Page 9: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Член 41 Ако обврзникот на данокот од добивка платил во вид на аконтација помал износ на данокот од добивка од износот утврден со периодичната или полугодишната пресметка, односно годишната пресметка, должен е разликата меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок од добивка да ја уплати во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот за предавање на периодичната или полугодишната пресметка, односно за годишната пресметка. Ако обврзникот на данокот од добивка платил во вид на аконтација поголем износ на данок од добивка од износот што бил должен да го плати со периодичната или полугодишната пресметка, односно годишната пресметка, може од органот за јавни приходи да бара враќање на повеќе платениот износ. Повеќе платениот данок од добивка органот за јавни приходи ќе му го врати на обврзникот за данокот од добивка по негово барање во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање. Ако обврзникот на данокот од добивка не бара враќање на повеќе уплатениот данок од добивка, повеќе платениот износ ќе се смета како аконтација за наредниот период.

Член 42 Во поглед на присилната наплата, каматата, застареноста на обврската за плаќање на данокот од добивка, соодветно се применуваат одредбите од Законот за персоналниот данок од доход.

Член 43 Органот за јавни приходи врши контрола на начинот на пресметувањето, уплатувањето и враќањето на данокот од добивка.

Член 44 Републичкиот завод за статистика до 10 во месецот го објавува процентот на порастот на цените на мало во Републиката од член 40 став 2 на овој закон. IX. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 45 Со парична казна до десеткратен износ од помалку платениот данок од добивка ќе се казни за прекршок обврзникот на данокот од добивка кој за утврдената даночна основа и даночните олеснувања на образецот за пресметка на данокот наведе неточни податоци поради кои дошло до утврдување на помала даночна основа. За прекршок од став 1 на овој член ќе се казни со парична казна од пет до петнаесет плати и одговорното лице на обврзникот на данокот од добивка.

9

Page 10: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

Член 46 Со парична казна од 50 до 100 плати ќе се казни за прекршок правното лице кое во пропишаниот рок не му поднесе на органот за јавни приходи пресметка на пропишаниот образец ( член 39). За прекршокот од став 1 на овој член ќе се казни со парична казна од две до петнаесет плати за прекршок и одговорното лице во правното лице.

Член 47 Со парична казна од пет до петнаесет плати ќе се казни за прекршок физичко лице, кое врши регистрирана дејност - обврзник на данокот од добивка за дејствијата од член 46 на овој закон кој во пропишаниот рок не му поднесе на органот за јавни приходи пресметка на пропишаниот образец (член 39).

Член 48 За прекршок од член 45 став 1 на овој закон, покрај паричната казна може да се изрече и заштитна мерка - забрана на вршење дејност на правното лице и физичкото правно лице кое врши регистрирана дејност во траење од шест месеци до една година, а на одговорното лице во правното лице забрана на вршење на функција на одговорно лице во траење од три месеци до една година. X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 49 Министерот за финансии ќе донесе поблиски прописи за начинот на пресметувањето и уплатувањето на данокот од добивка, како и за спречување на двојното ослободување или двојното оданочување и ќе пропише образец - даночен биланс за пресметување и уплатување на данокот од добивка во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 50 По исклучок на одредбите на членовите 39 и 40 од овој закон правното лице, како обврзник на данокот од добивка , е должно при плаќањето на данокот од добивка со конечната пресметка за 1993 година, како и заради утврдувањето на месечниот износ на аконтацијата за периодот февруари- јуни 1994 да ја зголеми основата на данокот од добивката утврдена врз основа на податоците од годишната пресметка за 1993 година со резултатот од нивелацијата на цените на стоките што е вклучен во ревалоризационата резерва за сразмерниот дел што отпаѓа на продадените стоки.

Член 51 По исклучок од одредбите на членовите 39 и 40 од овој закон, физичко лице кое врши регистрирана дејност, утврдувањето и плаќањето на

10

Page 11: Danok Na Dobivka 93

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

месечните аконтации на данокот од добивка за периодот јануари- јуни 1994 година, го врши со полугодишната пресметка за овој период.

Член 52 Со денот на примената на овој закон престанува да важи Законот за данокот од добивка “Службен весник на Република Македонија” број 5/93.

Член 53 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 1994 година.

11