60
POSEBNO IZDANIE ARM VO MIROVNI MISII

ARM vo mirovni misii

  • Upload
    vuque

  • View
    292

  • Download
    30

Embed Size (px)

Citation preview

Magazin na MiniSTERSTVOTO za ODBRana na REpuBlika MakEDOnija

p o s e b n o i z d a n i e

ARM vo MiRovni Misii

ШТИТ - посебно издание, декември 2012 година

ИЗДАВАЧМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА ИЗДАВАЧОТ:д-р Фатмир Бесими, министер за одбрана на Република Македонија

УРЕДУВАЧКИ ОДБОР полковник Зоран Секуловски, мајор Златко Бажевски, доц. д-р Жанет Ристеска, Кристина Илиевска, полковник Љубе Дуковски, потполковник Методи Хаџи Јанев

Содржина:

ГЛАВЕН УРЕДНИКВасил Дичевски

ОДГОВОРЕН УРЕДНИКасс. м-р Марјан Ѓуровски

РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Иван Петрушевски (уредник), Митко Василевски (новинар),Ксенија Митева (лектор), Александар Атанасов (фотографии)

Печати: „НАМПРЕС“ – Скопје

p o s e b n o i z d a n i e

ВО ОДБРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ

MАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ СЕ ДОСТОЈНИ ЗА НЕИЗМЕРНА ПОЧИТ

МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ НА МИРОТ

ДОСТОЈНИ НА ДОВЕРБАТА

ВО ДРУШТВО НА НАЈДОБРИТЕ

МАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ ВО МИРОВНИТЕ ОПЕРАЦИИ

ВИСОКОПРОфЕСИОНАЛНИ И УСПЕШНИ ВОИНИ НА МИРОТ

СО НАшИТЕ МИРОВНИЦИ И НАЈДОБРИ АМБАСАДОРИ НА РЕПуБлИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОфИЛИРАЊЕ НА НОВАТА АРМИЈА

МИСИЈАТА „СлОБОДА ЗА ИРАК“

ПРВА САМОСТОЈНА МИСИЈА

Еу-МИСИЈАТА АлТЕА НА ХЕлИКОПТЕРСКИОТ ДЕТАЧМЕНТ ВО БИХ (2006 –2008 г.)

НАЈДОЛГАТА МИСИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОН

МИСИЈАТА НА ООН – уНИФИл

4Страница

14Страница

26Страница

7Страница

43Страница

50Страница

56Страница

д-р Ѓорге ИВАНОВ,претседател на Република Македонија,

врховен командант на вооружените сили на РМ

Ми претставува огромна чест и задоволство што како врховен командант на Армијата на Република Македонија можам да истакнам дека вие, припадниците на Армијата на Република Македонија, сте еден од столбовите врз кој се потпира македонскиот интегритет и самобитност, вие сте штитот на нашата слобода, безбедност и стабилност.

Со голема гордост можам да констатирам дека Армијата на Република Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО и активно придонесува во мировните мисии како вистинска членка на Алијансата. Постојано ја следам состојбата на контингентите на Армијата кои придонесуваат кон воспоставувањето и одржувањето на глобалниот мир во операциите раководени од НАТО, но и од Европската унија и од Обединетите нации. Нашите мировници се вистински пример за посветеност и истрајност во нашите стратегиски цели.

Во оваа прилика сакам да им оддадам јавно признание и почит на сите мировници од Армијата на Република Македонија кои во досегашниот период вложија голем труд и посветеност во ангажманот во мисиите во Авганистан, во Ирак, во Босна и Херцеговина и во Либан. Тие придонесоа за воспоставување на мирот во земјите каде што беа ангажирани, воедно афирмирајќи ја нашата татковина на меѓународен план. Верувам дека во блиска иднина, Република Македонија и формално ќе стане дел од евроатлантското братство на народи кое е посветено на воспоставувањето поголема безбедност, демократија и човекови права насекаде во светот.

„Со труд и посветеност кон ширење демократија, слобода и еднаквост“

3

д-р ФАТМИР БЕСИМИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

4

MАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ СЕ ДОСТОЈНИ ЗА НЕИЗМЕРНА ПОЧИТ

ВО ОДБРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ

5

то и гледањето од перспектива на подолг и одржлив развој не е нешто што е туѓо за Балканскиот регион покажуваат и факти-те – развојот на регионалните центри се императив и за нас и за нашите партнери. Всушност, Република Македонија пону-ди неколку реални опции кои веќе функ-ционираат во практика. Регионалниот тренинг-центар за комуникации кој треба да прерасне во Центар за обука на Пар-тнерството за мир, Центарот за медицин-ска обука, како начин на тренирање на ре-

гионални медицински сили и инцијативата за креирање Центар за мир кој би се на-сочил кон постконфликтното градење на државни институции и општество, се само дел од начините на кои Република Македонија може директно да придоне-се кон регионалната соработка. Како по-специфични начини за здружување би ги споменал и Проектот за подобрување на условите и капацитетите за сместување, за престој, за обука и за извежбување на Армискиот полигон „Криволак“ кој во 2013 година ќе влезе во својата втора фаза, како и балканскиот регионален при-стап кон воздушната одбрана, како сосе-ма нов начин на унапредување на ефи-касноста и ефективноста. Чувствителноста и отвореноста кај бал-канските нации овозможи сите овие про-екти, како и многу други, да бидат сериоз-но разгледани, а дел од нив и веќе цврсто да застанат на земја. Впрочем, приказот за успешно регионално поврзување и воспоставувањето на цврсти и неделиви контакти во регионален контекст ни овоз-можува јасно да истакнеме дека ние има-ме капацитет да излеземе од нашите рам-ки и да дадеме реален и недвосмислен придонес на многу пошироко рамниште.

ПРИДОНЕСОТ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ МИСИИ – фАКТИ ЗА ПОЧИТПериодот на транзиција на Република Македонија од увозник во извозник на мирот беше многу краток. Првиот придо-нес кон етаблирањето на глобалниот мир

тоа ќе претставува и слика за Македонија во сите делови од светот, особено во ми-сиите каде што нашите војници ги шират вредностите кои ние ги уживаме и кои се дел од нашето секојдневие.

РЕГИОНАЛНОТО ПОВРЗУВАЊЕ – ПОКРАТОК ПАТ КОН ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИОдејќи еден чекор поназад, сликата веќе не ја опфаќа само Република Македонија. Напротив, мозаикот е многу покомплек-

сен и поколоритен, и истиот бара должно внимание. Регионот има големо значење за нас, бидејќи ние не сме „остров во мо-рето“. Ние сме сите тука, еден до друг, ние дишеме во еден здив. Затоа од го-лемо значење е темелно да се посвети-ме на развивањето на меѓусебните рела-ции, и консеквентно на тоа да креираме цврсти врски како начин на постигнување поголема регионална безбедност, стабил-ност и мир. Всушност, и новата светска економска реалност побарува да се здру-жиме и да ги споделуваме нашите капаци-тети. На светската одбранбена сцена ова го воведе НАТО-алијансата со концептот „паметна одбрана“. Дека визионерство-

епублика Македонија е земја на ед-наквите, земја меѓу еднаквите. Таа максима го опишува принципот кој го следиме и ќе продолжиме да го

следиме, претставувајќи ги нашите ка-пацитети и способности за ефективен и ефикасен придонес кон етаблирањето на современите вредности на глобално ниво. Постојат неколку базични елемен-ти како директен или индиректен пот-порен ѕид за нашите напори кои се во корелација со оние на нашите партнери и на Алијансата, чие членство е наша цел.Најпрво започнуваме од себе, од развојот и поддршката на демократските и на ре-формските процеси во „сопствениот двор“, како начин на вложување во соп-ствените безбедносни способности и ка-пацитети за остварување на заеднички-те вредности и интереси. Во таа насока, Министерството за одбрана не отстапу-ва од развојниот пат кој ни даде можност самоуверено да посочиме дека Армијата на Република Македонија е армија на сите граѓани, армија која, споредено со остана-тите институции, ужива најголема довер-ба кај граѓаните на оваа земја и армија која несомнено е наш најголем амбаса-дор во светот. Развивањето на еден ефи-касен безбедносен систем како наш импе-ратив овозможува да имаме басен од кој ќе ја црпиме способноста за придонес кон напорите на глобално ниво.Република Македонија е нашиот дом во кој сите треба да се насочиме како едно во процесот на градење заедничка ид-нина. Фразата „E pluribus unum“, или „Од многу едно“, јасно го покажува начинот на којшто сите ние сакаме да ја гради-ме нашата земја. Во тој контекст треба да се разгледува и Армијата на Републи-ка Македонија, која е една од најважните државни институции, институција која треба да ја рефлектира етничката струк-тура на државата. Довербата не е нешто што може да се подари – таа се стекну-ва, а меѓусебното почитување и соработ-ка се едни од клучните катализатори во тој процес. Секако, би истакнал дека ние работиме и ќе продолжиме да работиме на тоа поле, со единствена мисла, како од многу да направиме едно заедничко.Оваа комплексна област побарува кон-тинуирана и паралелна работа на повеќе полиња. Сепак, развојот, во материјално-техничка, човечка и во секоја друга смис-ла, е процес којшто е започнат уште од самото конституирање на Армијата на Република Македонија и затоа, не може-ме, ниту, пак, смееме, да го прекинеме тој процес. А, препреки на патот постојат и ќе постојат. Светската финансиска кри-за, а потоа и екстензивна економска кри-за, беше последниот „голем залак“ кој сè уште го чувствуваме. Но, нашата детер-минираност, одлучност, упорност и пре-даност кон растот ни овозможуваат поле-ка но сигурно да ги достигнуваме нашите цели. Работиме на подигнување на стан-дардот во секоја касарна, во секоја едини-ца, кај секој поединец, бидејќи тоа е важ-но за нас. Подигнувањето на стандардот е она што претставува гарант на слобо-дата на сопствената татковина, а воедно

започна во, од оваа перспектива, далеч-ната 2002 година, кога во рамките на си-лите ИСАФ во Авганистан, под раковод-ство на НАТО-алијансата, Армијата на Ре-публика Македонија ги испрати првите нејзини припадници. успехот на контин-гентите кои во континуитет ги покажуваа своите неоспорни способности, профе-сионалност во извршување на поставе-ните задачи и сериозност кон работата, овозможуваше придонесот во мисијата постојано да расте. Имено, во 2010 го-дина, беше достигнат најголем придо-нес, придонес од највисоко ниво, кога со испраќање на 250 припадници на АРМ,

6

Воедно, Република Македонија, уште од 1999 година обезбедува постојана под-дршка за силите во операцијата КФОР на Косово.Сиот досегашен придонес во меѓу на-род ните мировни мисии ни донесе не-колку елементи кои константно се одви-ваат уште од првата ротација, од прва-та извршена мисија. Нашите припадни-ци се достојни за неизмерна почит. Тие се големи професионалци, докажани борци, миротворци и носители на ми-рот, на безбедноста и на демократијата. И, кога сето тоа не е кажано единствено од државата од која доаѓаат, туку без ис-клучок од сите инстанци на глобалната безбедносна архитектура, значењето се мултиплицира. Фактите говорат дека досега се доделени околу 1.900 одликувања на македонски мировници. За извонредни достигнувања доделени се и почесни медали на четири мировни-ци од АРМ за исклучителен придонес во мисијата „Слобода за Ирак“ и на шест мировници на АРМ за исклучителни за-слуги во ИСАФ, Авганистан.Тие бројки најдобро говорат за тоа што претставуваат и како се гледа на нашите мировниците коишто јас вообичаено ги нарекувам наши најголеми „амбасадори на мирот“.

ЈАСНО КОН ЦЕЛТАРепублика Македонија е подготвена со целиот потенцијал со којшто располага, рамноправно со останатите земји, да се справи со идните предизвици. Нашите способности се видливи, нашата желба е голема. Ние ги чувствуваме придобив-ките на демократијата и на еднаквоста, на недискриминацијата и на отворени-те можности, и затоа цврсто чекориме на патот за реализирање на истите тие вредности во секој дом, во секоја земја. Подготвеноста нема големо значење без посветеноста, па затоа треба уште еднаш јасно да застанеме и да кажеме: Ние сме посветени. Ние сме одлучни. Ние не отстапуваме. Ќе останеме на на-шиот дефиниран пат и ќе бидеме една сила повеќе, ќе бидеме сила која ќе се бори за најсветото – мирот.

публика Македонија со вкупно 11 изврше-ни ротации , односно со 490 лица, по-вторно застана на браникот на слобо-дата. И, не застанавме тука. Пред шест години станавме дел од операцијата ЕуФОР-АлТЕА, предводена од Европ-ската унија, и тоа со еден хеликоптер-ски деташман (до 2008 година), со меди-цински тим НИВО-1, со правен советник и со подофицер за превентивна медици-на. Веќе од следната, 2007 година, свои претставници имаме и во операцијата уНИФИл во либан (штабен офицер), чиј предводник е Организацијата на Обеди-нетите нации.

Република Македонија стана четвртата земја-придонесувач во ИСАФ, според го-лемината на населението. А, придонесот во рамките на силите ИСАФ ќе продолжи и во иднина. Тоа е дел од Среднорочниот план за развој на одбраната 2012–2017 година, со кој е предвидено континуира-но учество во ИСАФ до 2014 година, како и понатамошен придонес и поддршка на авганистанските безбедносни сили по 2014 година.Соработката со нашите докажани партне-ри, Соединетите Американски Држави, се покажа и на дело во текот на мисијата „Слобода за Ирак“, кога Армијата на Ре-

„Мојата посета се совпадна со три важ-ни настани за Република Македонија: 11 Октомври, денот кога Македонија кажа „да“ на слободата; 20 години од осамостојувањето , кога Македонија кажа „да“ на независноста и 10 годи-ни од охридскиот Рамковен договор, кога Македонија кажа „да“ за сожи-вотот и демократијата. Мило ми е што сте во одлична здравствена состојба и што професионално и достоинствено ги вршите вашите задачи и успешно ја ис-полнувате вашата мисија. Ви честитам за успешната акција на 13 септември, која е доказ за највисок професионали-зам. Со ова вие го градите имиџот на Ре-

публика Македонија како земја со висо-ки стандарди и квалитети за промоција на универзалните вредности“.

Дел од обраќањето на министерот Бесими при посетата на македонскиот

контингент во Кабул, Авганистан (11.10.2011 год.)

ПРОМОЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ

„Немам зборови со кои можам да ја изразам во свое лично име и во име на целото Министерство за одбрана, благодарноста за вашиот ангажман, за вашите делувања од најхуман аспект, на самото боиште да спасувате човечки животи, да се грижите за здравјето на сите и гордо да го афирмирате космополитизмот на Армијата на Република Македонија и на татковината. Вие ги пренесовте вашиот ведар дух, стручност и компетентност во структурите на норвешкиот баталјон каде што ги извршувавте и вашите работни задачи.

Верувам дека вашето присуство во полската болница на норвешкиот баталјон и тимската работа со вашите норвешки и американски колеги ви помогнаа да ги обновите, да ги проширите и да ги надградите вашите знаења и дека сето тоа претставува непроценливо богатство и искуство во сегментите на вашето понатамошно ангажирање во професијата“.

Дел од обраќањето на министерот Бесими на доделувањето одликувања

и плакети на учесниците во третата ротација на хируршкиот тим во рамките

на силите ИСАФ (07.06.2012 год.)

НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО И ИСКУСТВО

7

МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ

НА МИРОТ

достојни на довербатагЕНЕРАЛ-МАЈОР

горанчо Котески, началник на гШ на АРМ

ога зборуваме за македонските ми-ровници, тогаш зборуваме со чув-ство на пиетет за сето она што го постигна Армијата на Република

Македонија во изминатиот период и за придонесот што го даваат нашите ми-ровници, не случајно наречени и наши најдобри амбасадори на мирот во светот и на угледот на нашата земја во светот.Придонесот на Република Македонија во меѓународните операции претставува кон-кретна потврда за успешноста на рефор-мите во одбраната и за цврстите стра-тегиски определби на државата за член-ство во НАТО и во Европската унија. Репу-блика Македонија денес придонесува во три меѓународни операции во странство (НАТО, Еу и ОН-предводените операции ИСАФ, АлТЕА, уНИФИл, либан) и ја води четвртата операција за обезбедување пос тојана логистичка поддршка на НАТО-силите КФОР во Косово преку функ цио-ни рањето на Координативниот центар за поддршка од земја-домаќин (HNSCC). Денешниот вкупен глобален придонес на Република Македонија се 171 миро-вник распоредени во операциите пред-водени од НАТО, Европската унија и ОН. Вклучувајќи го и придонесот на земјата-домаќин, Република Македонија во 2012 г. достигна ниво на придонес со околу 190 лица, што претставува ниво на распоре-деност од околу 3% од копнените сили на Армијата на Република Македонија во ми-ровни операции во светот. Овој процент на придонес е за почит бидејќи не можат да го достигнат и го-лем број земји-членки на НАТО и на Ев-ропската унија. Така, само во Авганистан, споредувајќи по глава на жител, Републи-ка Македонија во 2012 година придоне-сува повеќе од сите земји во Регионот и повеќе од многу земји-членки на НАТО, а нејзиниот придонес е веднаш рамо до рамо со оној на Обединетото Кралство, САД, Норвешка, Холандија, Данска. Репу-блика Македонија е посветена и на ната-мошно јакнење на идниот придонес кон глобалната безбедност и мир, преку по-степено зголемување на придонесот во меѓународните операции и достигнување на долг рок на распореденост од 10% од армиските сили. Она што причинува особена гордост е фактот што во текот на досегашниот сев-купен придонес на Република Македонија кон операциите предводени од НАТО, од Еу и од ОН, припадниците на Армијата на Република Македонија покажаа и до-кажаа дека се достојни на довербата која им е доделена. Со својата пожртву-ваност, професионализмот, дисциплина-та и посветеноста кон доделените зада-чи тие ја претставуваат својата таткови-на на најдостоен можен начин. гордост за државата и за нејзини амбасадори, наши-те мировници се потврда дека Република Македонија го заслужува рамноправното членство кон кое се стреми.

ЦЕНЕТ И ПОСАКУВАН ПАРТНЕРМакедонските мировници се докажан, ценет и посакуван партнер. Најдобра потврда за тоа се препознатливо-

8

сок степен на професионализам и во исто време да придонесат за сеопшта-та позитивна слика на ИСАФ, претставу-ва посебна чест. Република Македонија и нејзините граѓани отсекогаш биле гор-ди на кадарот на АРМ кои во овој период не се само чувари на мирот и на сувере-нитетот на земјата, туку во исто време се и амбасадори на мирот. Затоа, тие заед-но со своите колеги од НАТО помагаат во воспоставувањето на демократскиот раз-виток на ИР Авганистан.

ПОТВРДА НА ЦВРСТАТА ОПРЕДЕЛБАРепублика Македонија ја потврдува стра-тегиската определба за достигнување членство во Европската унија преку цврстата политичка определба за под-дршка на Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП/CFSP) и со декларирање конкретен придонес кон ци-вилните и воените операции во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбе-на политика (ЗБОП/CSDP) на унијата.учеството на Република Македонија во воената операција на Еу за кризен менаџмент во БиХ, АлТЕА, го означува првиот од серијата конкретни и значител-ни придонеси кои Република Македонија ќе ги даде во рамките на цивилните и во-ените операции на ЗБОП во правец на зајакнување на капацитетите на унијата.

ста на македонското знаме и неговото поистоветување со мировници кои посе-дуваат највисоки стандарди. Дополнител-на потврда се и највисоките одликувања кои нашите мировници редовно ги доби-ваат во сите досегашни придонеси. Со своите 20 години независност и 10 го-дини придонес кон светскиот мир, Репу-блика Македонија и АРМ низ досегашни-те ротации во меѓународните мисии ги достигнаа највисоките стандарди, и во татковината се вратија со огромно стек-нато искуство.Македонски мировници кои во 2002 го-дина, за првпат на симболичен начин го од бележаа почетокот на нашиот придо-нес кон мировните операции во светот, раз вејувајќи го знамето на Република Ма-кедонија во Авганистан токму на Денот на независноста, 8 Септември, продолжу-ваат да претставуваат наши амбасадори кои на најдобар можен начин ја афирми-раат Република Македонија во изградба-та на мирот и стабилноста во светот. Придобивките што АРМ ги добива од уче-ството во мировната операција ИСАФ, првенствено од научените лекции и здо-биените искуства, допрва ке бидат почув-ствувани. За земја со скромна економ-ска развиеност како Македонија, да се има високообучени војници од овој ка-либар кои се способни да прикажат ви-

9

една потврда на стекнатите искуства во меѓународно опкружување, како и по-литичка манифестација на стратегиски-те определби на Република Македонија. Според направените процени на способ-ностите и капацитетите, Армијата на Ре-публика Македонија и во наредниот пе-риод е подготвена да продолжи со уче-ство во мировните операции со истите капацитети, но и со зголемени капаците-ти, особено во Еу Бг каде е декларира-на една механизирана пешадиска чета (125 лица), АБХО-одделение (9 лица), ХуМИНТ-тим (3 лица), национален еле-мент за поддршка (5 лица) и штабни офи-цери во командата на Еу Бг (8 лица), или вкупно 150 лица.

Во 2013 година продолжуваме со миро-вните операции во Авганистан со персо-нал од 150 припадници. Имајќи ја предвид определбата на Алијансата да испраќа безбедносни сили во Авганистан, и ние ќе бидеме насочени кон менторство, асистенција и обука на авганистанските сили.Декларираната механизирана пешади-ска чета е подготвена за распоредување во мисија и се наоѓа во оперативна готов-ност. На тој начин, Република Македонија, оста-нува на патот по којшто успешно чекори уште од 2002 година, а нашите мировни-ци и во наредниот период ќе бидат амба-садори на мирот во светот.

дршката на Коалицијата за борба против тероризмот, Република Македонија зема активно учество со испраќање на свои единици во мисијата „Слобода за Ирак“.Војниците и старешините во текот на реализирањето на мисијата се соочија со разни предизвици, закани и опасно-сти кои произлегуваа од мисијата и од професијата. Припадниците на Армијата на Република Македонија во текот на мисијата покажаа професионализам, ви-сок степен на обученост и подготвеност во извршувањето на мисиите. Со својата посветеност, храброст, одговорност и па-триотизам, рамо до рамо со војниците од САД и другите коалициски партнери ја претставија нашата татковина, Република

Македонија, достоинствено и во најдобро светло. Армијата на Република Македонија да-де свој конкретен придонес во овоз мо-жувањето на изградбата на цврсти кре-дибилни демократски институции и ви-сокообучени безбедносни сили во Ирак, сили кои ја гарантираат иднината на својата земја, како и стабилноста и без-бедноста во нивното опкружување и по-широко.

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО УЧЕСТВО ВО МИРОВНИТЕ ОПЕРАЦИИПродолжувањето на придонесот на Ре-публика Македонија кон ефективни-от мултилатеризам претставува уште

Придонесот на Република Македонија кон операцијата на Еу „АлТЕА“ го потврди нејзиниот напредок од земја-корисник на првата воена операција на унијата („Конкордија 2003“) до земја-активен при-донесувач кон ЗБОП („АлТЕА 2006“).Придонесот на Република Македонија кон операцијата АлТЕА претставува пот-врда на цврстата определба на Републи-ка Македонија за силен придонес кон За-едничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) и Заедничката надво-решна и безбедносна политика (ЗНБП) на унијата, како и потврда на севкупни-те напори на Република Македонија за интеграција во Европската унија.

ПОТВРДА НА ЕфЕКТИВНОТО ЧЛЕНСТВО ВО ОНБезбедноста и проспертитетот во глобал-ни рамки сè повеќе зависат од ефективни-от мултилатерален систем. Стратегиското партнерство со Организацијата на Обеди-нетите нации, чија повелба претставува фундаментална рамка на меѓународните односи, се приоритет на Европската унија и на НАТО на меѓународната безбеднос-на сцена. Оттаму, придонесот на Републи-ка Македонија и во воениот дел кон ми-сиите предводени од Организацијата на Обединетите нации претставува потврда на ефективното членство на Република Македонија во Организацијата, како и на нејзините стратегиски определби.Република Македонија во мај 2007 го-дина, го започна своето учество во ми-ровната операција предводена од Ор-ганизацијата на Обединетите нации во либан, уНИФИл, со еден припадник на Армијата на Република Македонија на ме-сто штабен офицер во Здружениот опе-ративен центар во либан.Декларираниот придонес на Република Македонија со штабен офицер се реализи-раше со донесување на Одлука од страна на Собранието на Република Македонија на 27 април 2007 година. Одлуката беше спроведена на 16 мај 2007 година.

ВО НАЈДОБРО СВЕТЛОСо политичкиот консензус на сите поли-тички субјекти во РМ, како и на целокуп-ната македонска јавност во поглед на под-

10

НАШИте ПРИЈАтеЛИ И СОЈУЗНИЦИ ЗА мАкедОНСкИте мИРОвНИЦИ

„Значаен придонес кон севкупните безбедносни и

одбранбени напори на Европа“

„Европската унија е благодарна за вашето учество во меѓународните операции за одржување и создавање на мирот предводени од страна на ООН, на НАТО и на ЕУ. Преку ова активно учество придонесувате кон градењето на мирот и стабилноста во светот, една од врвните стратегиски цели на Европската унија. Благодарение на демократската транзиција, изминативе неколку години земјата ги гради своите капацитети за активно учество во овој процес.ЕУ е задоволна од квалитетот на политичкиот дијалог со вашата земја во врска со прашањата поврзани со надворешната политика и одбраната. Ви упатуваме пофалби за вашиот активен и континуиран ангажман во Европската одбанбена и безбедносна политика. Овој ангажман е истакнат во извештаите за напредокот објавени од страна на Европската комисија во изминативе неколку години. Исто така, ви благодариме за вашето континуирано учество во мисијата на ЕУФОР, АЛТЕА, во Босна и Херцеговина. Ја поздравуваме искажаната подготвеност на земјата за учество во ЕУ БГ II/2012, која ќе биде во функција во втората половина на оваа година. Преку учеството во ЕУ БГ II/2012, заедно со партнерите на ЕУ, вие давате значаен придонес кон севкупните безбедносни и одбранбени напори на Европа. Покрај тоа, треба да се земе предвид дека во октомври 2012 година е потпишана Спогодбата помеѓу вашата земја и Европската унија за формирање на рамка за учество во операции за управување со кризи на Европската унија. Ова, несомнено ќе го олесни понатамошното учество на вашата армија во операциите за управување со кризи на ЕУ. Потпишувањето на оваа спогодба претставува уште еден чекор напред во развивањето на нашите партнерски односи во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија.“

Аиво ОРАВ,евроамбасадор,

шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија

Безбедноста, во последно време, стана неделива и универзална. Предизвиците станаа покомплексни и непредвидливи. Брзите, сложени и динамични промени, како и новите асиметрични закани, како што се тероризмот, транснационалниот организиран криминал, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, религиозниот радикализам, илегалната миграција, немирите, нефункционалните држави и кибер-нападите бараат координирана мултилатерална акција. Најефективниот начин за зачувување на безбедноста е превенцијата. На вашата држава и на целокупното општество им е јасно дека придонесот во операциите за зачувување на мирот и задржувањето на заканите далеку од националните граници, всушност претставува заштита на националната безбедност. Токму поради оваа причина, земјата се обврза во континуитет да учествува во операции за поддршка на мирот предводени од НАТО, од ЕУ и од ОН, а со тоа да придонесува и кон регионалната, кон евроатлантската и кон глобалната безбедност и стабилност. Оттука произлегува и одговорноста да се обезбеди сè што им е неопходно на силите на АРМ распоредени во мисии, за тие со гордост да ги исполнуваат поставените задачи, со цел да се достигне просперитет и добросостојба на граѓаните. Ако се земе предвид аспирацијата за членство во НАТО, дополнителна придобивка од ова учество е тоа што нашето учество во мировните мисии придонесува за развојот на способностите на вооружените сили да работат заедно со членовите на вооружените сили на НАТО и со партнерските земји, како и да го подигнат нивото на интероперативност, со што се олеснуваат и одбранбените реформи. Веќе неколку години вашата земја со своите сили придонесува во операциите за поддршка на мирот, односно таа учествува во мисијата „Слобода за Ирак“, во тековните ИСАФ-операции предводени од НАТO во Авганистан, во мисијата АЛТЕА, предводена од ЕУ во Босна и Херцеговина и во мисијата УНИФИЛ во Либан. Исто така, земјата и понатаму им укажува неопходна поддршка на силите на КФОР кои транзитираат преку нејзината територија. Сето ова НАТО многу го цени, и во бројни пригоди ја искажува својата благодарност. Мое лично уверување е дека, преку достигнувањата во областа на безбедноста и трансформацијата, вашата земја ќе го добие заслуженото место во семејството на НАТО.

Полковник Александар АЛЕКСАНДРОВ,

шеф на НАТО-канцеларијата за врски во

Република Македонија

„Достигнувањата ве водат во

семејството на НАТО“

11

НАШИте ПРИЈАтеЛИ И СОЈУЗНИЦИ ЗА мАкедОНСкИте мИРОвНИЦИ

„Меѓусебна доверба и соработка“

„Повеќето од најтешките безбедносни предизвици со кои се соочува денешниот свет најдобро можат да бидат решени преку ефикасна меѓународна соработка. Армијата на Република Македонија и нејзиното цивилно раководство ги поддржуваат ваквите напори, давајќи голем придонес кон мировните и коалициските мисии, и на регионално и на глобално ниво. Споделувајќи ги рамо до рамо безбедносните обврски како партнери, ние повеќе можеме да постигнеме како колектив, отколку што би можеле тоа да го сториме поединечно.

Во последниве години, повеќе од 2100 македонски војници биле распоредени заедно со американските војници во Ирак и во Авганистан. Освен тоа, распоредувањето во операцијата АЛТЕА (мировната мисија на Европската унија во Босна) и во Преодните сили на Обединетите нации во Либан, уште еднаш покажаа дека Македонија е стабилен партнер кој сака да дава значаен придонес во напорите да се остварува и да се унапредува мирот и стабилноста.

За време на сите заеднички мировни операции, нашите воени сили развија меѓусебна доверба и соработка којашто продолжува да се развива и да се продлабочува. Оваа заемна доверба највпечатливо беше демонстрирана за време на успешното заедничко распоредување во Авганистан на македонските војници вклопени во единиците на Националната гарда на Вермонт.

Македонија е ценет пријател и партнер на Соединетите Држави уште од времето на осамостојувањето, и ние сме сигурни дека и во иднина ќе продолжиме да работиме и заедно да ги решаваме, рамо до рамо, заедничките предизвици на утрешнината“.

Пол Д. ВОЛЕРС,амбасадор на САД во Република Македонија

„Уште од распоредувањето на „скорпиите“ пред неколку години, па сè до денес, Вооружените сили на Обединетото Кралство и Република Македонија континуирано беа распоредувани на операции во Авганистан како дел од мисијата ИСАФ.

Нивната блиска соработка продолжува и понатаму – двапати годишно се обезбедува воздухопловен транспорт од Обединетото Кралство за контингентите на АРМ и обезбедување на услуги за логистичка поддршка од Обединетото Кралство за македонските трупи.

И двете земји имаат клучна тековна улога: одржување на сигурна и безбедна средина за авганистанското население, додека тие градат нова иднина за нивната држава и се оневозможува создавање безбедни засолништа за терористите.

Професионализмот и посветеноста на двете армии во една тешка средина е одличен пример за тоа како една ваква соработка може да даде резултати на терен. Исто така, оваа соработка го демонстрира придонесот на Македонија како сила за позитивни промени. Способноста на АРМ и нивната подготвеност за полноправно членство во НАТО се многу евидентни.

Почитувањето и репутацијата на македонските вооружени сили, стекнати преку такви распоредувања, се на високо ниво, и Обединетото Кралство многу се гордее што ја одигра својата улога за поддршка на овие остварувања.“

Кристофер ИВОН,амбасадор на Обединетото

Кралство во Република Македонија

„Репутацијата на македонските вооружени сили е на високо ниво“

12

„Македонските воени сили се докажаа како одговорен и

доверлив партнер“

„Германските воени сили веќе неколку години имаат успешна, блиска соработка со македонските воени сили. Покрај билатералната соработка која, пред сè, се состои од меѓусебни информативни посети и преземање мерки за усовршување, треба да се наведе и соработката во меѓународните мисии.Од големо значење беше билатералната македонска поддршка за успешните операции на НАТО „Essential Harvest“, „Amber Fox“ und „Allied Harmony“, кои од 2001 до 2003 година дадоа особен придонес за стабилизирање на вашата земја.Оссобено треба да се истакне ангажманот на македонските воени сили во Авганистан. Овие војници од 2003 година делумно се ангажирани под германско водство. Притоа, македонските војници секогаш ги исполнувале своите задачи професионално и со целосен ангажман. Исто така, од големо значење е и логистичката поддршка која, започнувајќи од 1999 година, се укажува на КФОР. Првично, работата на македонскиот Центар за логистичка координација во земјата-домаќин (Host Nation Support Coordination Centre) се одвиваше во соработка со главниот штаб на НАТО во Скопје. Откако главниот штаб на НАТО се распушти, македонскиот Центар за логистичка координација во земјата -домаќин самиот ја презеде целата одговорност за логистичката поддршка на мисијата на КФОР.Соработката во операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во која македонските воени сили даваат свој придонес со два хеликоптери за воздушен превоз, беше под ‘сенка’ на урнувањето на еден хеликоптер во 2008 година, што резултираше со 11 мртви.Нов заеднички предизвик претставува соработката во рамките на борбените групи на ЕУ. Во втората половина од 2012 година, Македонија, под германско водство, во тие борбени групи учествува со еден не толку мал дел, а со тоа суштински придонесува не само за оперативноста на оваа борбена група, туку и за политичките цели на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија.Долготрајната германско-македонска соработка се потврди при сите ангажмани, а истовремено македонските воени сили се докажаа како одговорен и доверлив партнер“.

Потполковник Арнолд МАЈЕР,

воено аташе на Сојузна Република германија во Република Македонија

НАШИте ПРИЈАтеЛИ И СОЈУЗНИЦИ ЗА мАкедОНСкИте мИРОвНИЦИ„Националните и регионалните кризи и конфликти излегоа во преден план во периодот по Студената војна, заедно со ризиците и заканите како што се тероризмот и пролиферацијата на оружје за масовно уништување. Како резултат на овие нови безбедносни потреби, операциите за поддршка на мирот и операциите за одржување на мирот значително се зголемија.

Во тој контекст, како земја која посветува најголемо внимание на регионалниот и на глобалниот мир, безбедност и стабилност, Турција е благодарна за придонесот на Македонија во операциите за одржување на мирот предводени од ОН, од НАТО и од ЕУ во Авганистан (ИСАФ), во Ирак („Слобода за Ирак“), во Босна и Херцеговина (АЛТЕА), во Либан (УНИФИЛ) и на Косово (КФОР).

Иако Република Македонија помина низ тежок период кон крајот на 1990-тите и за време на конфликтот во 2001 година, денес се докажа дека Македонија целосно се заложува за придонес кон меѓународниот мир и безбедност преку своето активно учество во повеќе мисии за одржување на мирот. Уверен сум дека севкупната заложба на Македонија во меѓународните операции за одржување на мирот ќе го задржи истото високо ниво како и досега.

Како доказ на извонредните билатерални односи помеѓу нашите две земји, вредно е да се спомене дека учеството на Македонија во операцијата ИСАФ започна во август 2002 година со испраќање на двајца офицери како дел од турскиот контингент во Авганистан.

Во оваа прилика, би сакал уште еднаш да ја изразам мојата голема поддршка за остварување на целта на Македонија – да постигне целосна интеграција во Евроатлантската заедница, што уште повеќе ќе придонесе за просперитет и стабилност во регионот, но и во пошироки рамки“.

Ѓурол СОКМЕНСУЕР,aмбасадор на Република Турција

во Република Македонија

„Македонија во мировните

операции ќе го задржи истото високо ниво“

13

НАШИте ПРИЈАтеЛИ И СОЈУЗНИЦИ ЗА мАкедОНСкИте мИРОвНИЦИ

„Македонија докажа дека

поседува цврст воен медицински капацитет“

Нашето заедничко распоредување во ИСАФ беше важен елемент во позитивниот развој на билатералните односи помеѓу Македонија и Норвешка во последните години. Не само што нè зближи заедничкото распоредување во практична смисла, туку ова, исто така, претставува солиден критериум во нашите напори да се создадат заеднички придобивки во операција каде медицинската услуга е од клучна важност. Знам дека обезбедувањето на болница, предводена од Норвешка, во Мејмана, Авганистан, не би било можно без македонските хируршки тимови. Македонија обезбеди хируршки тимови за 7 контингенти во норвешкиот провинциски тим за реконструкција во Мејмана. Нивото на компетентност и професионалната заложба демонстрирана од македонскиот персонал беа навистина импресивни и спасуваа животи. Севкупно, Македонија докажа дека поседува цврст воен медицински капацитет. Чест ми е што Норвешка беше во можност да придонесе во зајакнувањето на овој капацитет преку донацијата на полска болница во октомври 2012 година.

Убеден сум дека нашите цврсти врски на полето на воената медицина ќе продолжат и понатаму. Норвешка ќе продолжи да ги поддржува проектите во Македонија со цел унапредување на евроатлантските интеграции и охрабрување на континуираното имплементирање на тековните реформи. Норвешка го цени значителниот придонес на Македонија кон операциите на НАТО и ги поддржува амбициите на Македонија за приклучување во НАТО. Искрено се надеваме дека полската болница ќе биде распоредена во идните операции на ОН или на НАТО, и дека оваа способност уште повеќе ќе ја зацврсти активната улога на Македонија во регионалната соработка на Западен Балкан.

Нилс РАГНАР КАМСВАГ,амбасадор на Кралството Норвешка, акредитиран за

Република Македонија

14

елат дека бројките најмногу кажуваат. Кога се работи за учеството на маке-донските мировници во мировни опе-рации, имаме со што да се гордееме:

македонските мировници, сметано според бројот на население, процентуално се меѓу водечките земји во светот, а се гордееме и со одликувањата што тие ги добија за про-фесионалноста и за покажаната храброст и снаодливост во извршувањето на задачите како воини на мирот

УЧЕСТВО ВО МИРОВНАТА ОПЕРАЦИЈА ИСАф ВО АВГАНИСТАНРепублика Македонија го започна своето учество во НАТО-предводената операција ИСАФ во август 2002 година, со испраќањето на двајца офицери како дел на турскиот кон-тингент. На 8 Септември, Денот на независ-носта на Република Македонија, македонско-то знаме беше за првпат развиорено во Ка-бул. Во март 2003 година, Aрмијата на Ре-публика Македонија го зголеми својот при-донес во ИСАФ-мисијата со испраќање на едно одделение од составот на втората пе-шадиска бригада, како дел од германски-от контингент. Како резултат на успешно-то извршување на мисијата и високите оце-ни добиени за учество во „ИСАФ“, од август 2004, па сè до крајот на 2006 г., АРМ учеству-ваше со еден механизиран пешадиски вод од единицата „леопарди“. Истовремено, во август 2005 година, во ИСАФ е упатен и ме-дицински персонал, како дел од здружениот медицински тим во А3-формат (Македонија, Албанија, Хрватска), кој успешно извршува-ше задачи на кабулскиот аеродром, најпрво во состав на грчката полска болница, а потоа во состав на чешката полска болница.

МАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ ВО МИРОВНИТЕ ОПЕРАЦИИ

ВО ДРУШТВО НА НАЈДОБРИТЕ

15

Засновано на оценките на Алијансата во де-лот на декларираните единици од АРМ, кои ги достигнаа бараните строги стандарди во делот на обуката и оперативните процеду-ри, а во линија со Концептот на опертатив-ни способности (OCC), АРМ во јуни 2006 го-дина испрати и една механизирана пешади-ски чета, дел на првата механизирана пе-шадиска бригада во состав на британски-от контингент во ИСАФ. Покажаната довер-ба од Обединетото Кралство кон деведесет-те „скорпии“ од првата пешадиска бригада, беше во целост оправдана.Високите оцени од највисоките командни структури за работата на единицата, како и научените лекции, претставуваат поттик за продолжување на успешната мисија.Во втората роација на четата за обез-бедување на командата на ИСАФ, Република Македонија го зголеми присуството од деве-десет на 127 (сто дваесет и седум) учесници, а од јануари 2008 година, испрати и тројца штабни офицери во командата на ИСАФ во Кабул.Како поддршка на напорите за самооддржли-вост на Авганистанската национална армија (АНА), започнувајќи од март 2008 година, Ре-публика Македонија испрати двајца припад-ници (еден офицер и еден подофицер), како дел на здружениот мултинационален Опера-тивен менторски тим за врски (OMLT) во Ма-зар е шариф, додека, започнувајќи од декем-ври 2008 година, во соработка со Кралство-то Норвешка, македонски медицински пер-

сонал е вклучен преку еден хируршки тим во организациската структура на хируршка-та единица при норвешкиот Провинцискиот тим за реконструкција (PRT) во Мејмана, Ав-ганистан.учеството на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија во НАТО-предводената мировна операција ИСАФ про-должи да се зголемува. Така, од јануари 2009 година, уште 3 (тројца) припадници на АРМ (двајца офицери и еден подофицер), како дел од Оперативен менторски тим за врски (OMLT) беа упатени во реонот на Кундуз, за менторирање на припадниците на АНА. Во март 2010 година, во рамките на билатерал-ната соработка со ВС на САД, поточно со единица на Националната гарда на сојузната држава Вермонт, САД, 79 (седумдесет и де-вет) припадници на пСО и бВП, во една ротација, беа распоредени за извршување на задачи во мировната операција „ИСАФ“.Зголеменото учество во оваа мировна операција носи и големи обврски и одговор-ности. Поради тоа, со ротацијата на механи-зираната пешадиска чета во јули 2009 го-дина, за првпат е испратен офицер на АРМ

како најстар национален претставник во ми-ровната операција ИСАФ.учеството на припадниците на АРМ во ми-ровната операција ИСАФ е високо цене-то од земјите-членки на НАТО и партнер-ските земји. Како резултат на тоа, а со цел јакнење на регионалната соработка и заед-нички придонес во воспоставување на свет-скиот мир, во рамките на иницијативата А-5 (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна гора), а со поддршка на САД и Словенија, како придружна членка, во 2011 г. започна подготовка на персонал за учество во мировната операција „ИСАФ“, во рамките на НАТО-мисијата за обука – Авга-нистан (НТМ-А). Водечка нација е Републи-ка Хрватска, во проектот за менторирање на персонал на АНА во школо на воената полиција во гарнизонот Даруламан, во рео-нот на Кабул. Првиот контингент во оваа ре-гионална иницијатива е упатен во септем-ври 2011 г., а Република Македонија учеству-ваше со 3 (тројца) штабни офицери. Во фев-руари 2012 г., учеството во оваа регионал-на иницијатива е зголемено за уште 5 (пет) лица, во рамките на мобилен тим за обука.Во моментов Република Македонија уче-ствува со најстар национален претставник, една механизирана пешадиска чета (сто че-тириесет и девет војници), еден офицер во Здружената меѓународна команда на ИСАФ во Кабул, еден подофицер на аеродромот КАИА, пет старешини како дел на мултинаци-оналниот ОМлТ во Мазар е шариф и двајца офицери во школото на воена полиција на АНА во реонот на Кабул. Вкупниот број на учесници во моментов е 159 (сто педесет и девет). Досега, Република Македонија во мисијата ИСАФ учествувала вкупно со 2.169 (две илјади сто шеесет и девет) лица.

НАШИОТ ПРИДОНЕС КОН ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ЕУ ЗА КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ ВО БИХ – АЛТЕАСо спогодбата помеѓу Република Маке до нија и Европската унија за учество на Република Македонија во рамките на операцијата Ал-ТЕА која беше потпишана на 3 јули 2006 г., во Брисел, Белгија, започна првиот придонес на

Република Македонија кон операција пред-водена од Европската унија во јули 2006 г. со декларирање на АРМ-хеликоптерски деташ-ман, составен од два хеликоптери „Ми-8/17“ и персонал од 21 лице.Во ноември 2006 година, Република Маке-донија го зајакна сопствениот придонес кон операцијата на унијата во БиХ, АлТЕА, декларирајќи медицински тим составен од 10 лица за ROLE 1-медицинска поддршка на кампот во Бутмир.Поради значењето на хеликоптерската под-дршка во исполнувањето на мисиите на операцијата АлТЕА, особено во периодот на актуелната трансформација на ЕуФОР, беше побарано продолжување на мисијата на ма-кедонскиот хеликоптерски деташман која продолжи во истиот состав во втората и во третата ротација.Дополнително, придонесот на Република Македонија кон АлТЕА беше зајакнат и со дополнително декларирање на 1 лице, воен правник-помошник правен советник во HQ EUFOR (од 20 јуни 2007 година). Со тоа вкуп-ниот придонес на Република Македонија кон операцијата АлТЕА, вклучувајќи го хеликоп-терскиот и медицинскиот капацитет, беше составен од 2 Ми-8/17 и вкупен персонал од 32 лица.Република Македонија, во однос на четврта-та ротација на хеликоптерскиот деташман (јануари – јуни 2008 година), а врз основа на претходно извршените анализи и проце-ни, донесе одлука која ја изрази потребата за повлекување на едниот хеликоптер „Ми-8/17“ во насока на достигнување на неопход-ното ниво на оперативност заради идни при-донеси. Во согласност со Одлуката, четврта-та ротација на хеликоптерскиот деташман во мировната операција АлТЕА во БиХ се состоеше од еден транспортен хеликоптер Ми-8/17 и од 12 лица во состав на хеликоп-терскиот деташман.На 12 јануари 2008 година се случи трагич-на хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која животот го загубија 11 припад-ници на АРМ, на самото враќање од успеш-но завршената мисија во БиХ, кои беа дел

16

од третата ротација на хеликоптерскиот де-таш ман.Во февруари 2008 година, Република Ма ке донија дополнително упати едно ли-це-подофицер за превентивна медици-на во HQ EUFOR, со што вкупниот придо-нес на Република Македонија во мировната операција АлТЕА изнесуваше еден транс-портен хеликоптер „Ми-8/17“ и вкупен пер-сонал од 24 лица.Со завршувањето на четвртата ротација на хеликоптерскиот деташман во јули 2008 година, донесена е одлука Република Македонија да го заокружи и да го заврши сопствениот придонес со хеликоптерски ка-пацитети во операцијата на ЕуФОР во БиХ,

АлТЕА, со вкупно направени четири рота-ции (јули 2006 – јули 2008 година).По повлекувањето на хеликоптерскиот де-ташман, Република Македонија продол-жи да придонесува со медицински тим за ROLE 1-медицинска поддршка на кампот во Бутмир составен од 10 лица, едно лице помошник-правен советник во Команда-та на ЕуФОР во БиХ и еден подофицер за превентивна медицина во Командата на Еу-ФОР, со вкупно учество на 12 лица.Во текот на 2009, 2010 и 2011 година, Репу-блика Македонија го продолжи учеството со истиот капацитет. Согласно новата структу-ра на силите на ЕуФОР во операцијата Ал-ТЕА, истите се намалени, а како резултат на тоа се укина и позицијата подофицер за превентивна медицина од јануари 2012 го-дина, со што придонесот во оваа мировна операција во 2012 година, остана со меди-цински тим и правен советник, вкупно 11 лица.Во тек е тринаесеттата ротација на меди-цинскиот тим и единаесеттата ротација на помошникот-правен советник.Република Македонија во 2012 година ќе го продолжи придонесот во операцијата Ал-ТЕА со вкупно учество од 11 лица (10 лица во медицинскиот тим и 1 лице воен правник, помошник-правен советник во Командата на ЕуФОР).

МИРОВНА ОПЕРАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЛИБАН, УНИфИЛВо 2007 г., Република Македонија го започ-на својот придонес во мировната мисија уНИФИл во либан со упатување на еден

штабен офицер во Здружениот операти-вен центар во либан.На 1 јуни 2008 година, Република Ма ке-до нија го продолжи придонесот кон ми-ровната операција уНИФИл во либан со испраќање на нов штабен офицер, што претставува прва ротација на македонски персонал во рамките на операцијата уНИ-ФИл. Досега во оваа операција учествуваа 6 (шест) лица. Во мировната операција на ОН – уНИФИл во либан, АРМ учествува со штабен офи-цер од мај 2007 година. Досега се заврше-ни 5 ротации со вкупно 5 лица. Во тек е ше-стата ротација со 1 лице.

МИСИЈАТА „СЛОБОДА ЗА ИРАК“Мисијата започна со испраќање на 2 офи-цери-национални претставници во Цен-трал ната команда на САД во Тампа во март 2003 година.По завршувањето на главните борбени операции, рушењето на режимот на Садам Хусеин и усвојувањето на Резолуцијата 1546 на Советот за безбедност на Обеди-нетите нации, во јуни 2003 година беше донесена одлука и беше упатен вод за специјална намена кој ги извршуваше за-дачите во состав на 4. пешадиска дивизија на Мултинационалните сили за Ирак. Во 2008 година, нашето учество во мировна-

та операција „Слобода за Ирак“ беше зголе-мено со уште еден вод. Од јуни 2003 годи-на до декември 2008 година, се извршени вкупно 11 ротации. Единаесеттата ротација беше последна, со што заврши и нашето учество во мисијата во Ирак. Вкупна бројка на лица кои учествувале во оваа мисија е 493. учеството на АРМ во оваа операција заврши во декември 2008 година. Во рамките на оваа операција, АРМ уче-ствуваше и со штабни офицери во Цен-тралната команда на САД во Тампа, Флори-да, во периодот јуни 2003 – јуни 2010 годи-на, со вкупно 15 лица.

РЕЗУЛТАТИ ЗА ПОЧИТРепублика Македонија, и покрај тоа што не е членка на НАТО, е една од водечките нации коишто придонесуваат за мирот во светот, сметано според бројот на жители. Досега во НАТО, во ООН и во Еу-мировни мисии учествувале вкупно 2.821 македон-ски мировници, и тоа на три континенти: Ев-ропа, Азија и Африка. Меѓу нив имало и 127 жени-мировници. Моментално во миров-ни мисии се наоѓаат 171 македонски миро-вник, од кои 9 се жени. Нашите амбасадори на мирот досега се закитија со 1.828 меда-ли, најмногу во НАТО-мисиите – 1.666 меда-ли, 5 медали во ОН-мисијата и 157 меда-ли во мисијата АлТЕА.

17

равата на жената, влијанието на кон-фликтите врз неа, како и придоне-сот кој таа може да го даде во за-јакнувањето на мирот и демо кра ти јата

во светски рамки, беа аспекти кои беа зане-марени во минатиот век. Но, пред дванае-сеттина години, со донесувањето на една од најзначајните резолуции на Обединетите на-ции, Резолуцијата 1325, нам, на припаднички-те на женскиот пол, ни беше дадена можност да свртиме една страница и да влеземе во но-виот век, ослободени од маргинализација, не-рамноправност и дискриминација на жените.Резолуцијата 1325 е прва резолуција на Сове-тот за безбедност која ги поврзува искуствата на жените од конфликти со одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, која го пот-врдува лидерството на жените и нивната уло-га во разрешувањето на конфликти, миров-ни разговори и обновување и која повикува на зголемување на способноста за одговор од родов аспект во текот на мировните ми-сии и родова обука за сите кои се вклучени во одржувањето на мирот и безбедноста.Во претстојниот период треба да се зголе-ми бројот на жени кои учествуваат во про-цесите на одлучување за мирот и безбед-носта, да се обезбеди учество на жените во мировните разговори, потоа да се обезбе-дат информации кои се однесуваат на жени-те и на вооружените конфликти во извешта-ите за државите до Советот за безбедност и, секако, да се обезбеди обука за родови-те аспекти и за вооружените конфликти за да се осврнеме кон родовиот аспект во про-грамите за разоружување, демобилизација и реинтеграција. Од досегашните анали-зи може да се заклучи дека е потребно да се изготви стратегија за зголемување на бројот на жени-мировници и носители на од-луки за одржување на мирот. Воедно, пре-ку глобалните институции, неопходен е гло-бален извештај за учеството на жените во градењето на мирот, а освен тоа, сите држа-

ви треба да им овозможат на телата на ОН да собираат податоци за положбата на же-ните во постконфликтни ситуации, треба да се назначат родови советници или советни-ци за заштита на жените во мировните миси-ите и да се изготви глобален збир на показа-тели за спроведување на Резолуцијата 1325 и да се предложат механизми, во рамките на секоја држава и пошироко, за следење на имплементацијата на стратегијата.Жените бројат половина од светската по пу-лација и имаат особено важен удел во опште-ственото живеење, па поради тоа мора да се потенцира дека токму еден од носечките столбови на Резолуцијата, столбот учество, укажува и на суштината кога станува збор за процесите на рамноправност и еднаквост. Ед-ноставно, жените треба да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки на сите нивоа – на национално, на регионално и на меѓународно ниво, како и во механизмите за

превенција, управување и решавање на кон-фликтите и во мировните преговори.Министерството за одбрана на Републи-ка Македонија, со формирањето на Комите-тот за родова рамноправност, се приклучу-ва кон напорите за унапредување на родо-вата еднаквост. Остварувањето на родова-та перспектива и недискриминација се теме-ли на повеќе елементи, меѓу кои и учеството на жените во раководните структури на Ми-нистерството и на Армијата на Република Македонија. Токму конституирањето на Ко-митетот е доказ дека ние недвосмислено ра-ботиме на обезбедување еднакви можности и за жените и за мажите.Армијата на Република Македонија има зна-чителна бројка жени во своите редови, кои заедно со своите колеги-мажи учествува-ат во најтешките мисии и задачи. Македон-ската армија е темел на нашата независност и сувереност, а жените во нејзините редови се гарант повеќе за успешноста на нејзината мисија.Всушност, ние сме должни да им посвети-ме исклучително внимание на припаднички-те на АРМ. И покрај малиот процент на жени во Армијата-учеснички во мисии (околу 8 про-центи), досегашните 123 припаднички на АРМ кои биле дел од меѓународните мировни ми-сии постигнале исклучителни резултати. Тоа ни дава мотив и сила да вложиме напори и да ја измениме моменталната слика за застапе-носта на жената во структурите на Министер-ството и на Армијата, слика која сè уште не е соодветна на улогата и местото на жената во областа на одбраната. Причината за наше-то залагање е едноставна – ние сите сме ед-накви!

Селвет Барути, претседател на Комитетот за родова

перспектива и родова рамноправност во Министерството за одбрана и

раководител на Секторот за поддршка на министерот за одбрана

ЖЕНИТЕ ОД АРМ – УЧЕСНИЧКИ ВО МИСИИТЕгАРАНТ ЗА УСПЕШНОСТА НА МИРОВНИТЕ ОПЕРАЦИИ

18

дна од најмалите земји, според територијата и бројот на жители во светот, Република Македонија, може да се пофали со малобројна, но за-тоа одлично подготвена армија, спо-

собна да одговори на предизвиците на но-вото време. За тоа најмногу говорат успе-сите што нашите војници ги постигнуваат на меѓународните и други вежби и активности, како и пофалбите за нашите мировници кои се рамо до рамо во мисиите со војниците на НАТО-армиите. Во согласност со определбата на Армијата на Република Македонија да го прифати Концеп-тот за оперативни способности и одржаните експертски разговори со тим од НАТО, АРМ декларира свои единици во базенот на сили според овој концепт. Една механизира пеша-диска чета, еден пионерски и еден патен ин-женериски вод, еден вод од Воена полиција и хеликоптерски детачмент, беа првите еди-ници кои беа декларирани, а веднаш потоа и една чета за длабинско набљудување.Во текот на 2007 година во месец мај беа из-вршени самооценувања ниво 1 на горенаве-дените единици со исклучок на четата за дла-бинско набљудување чие самооценување ниво 1 се изврши во октомври 2007 година. Овие единици успешно го поминаа наведе-ното оценување.Според пакетот на партнерски цели, во 2008 година, како декларирани единици се чета-та за длабинско набљудување, хеликоптер-скиот детачмент, четата на Воена полиција и средниот пешадиски баталјон. Така, во ме-сец мај 2008 година, најпрво беше изврше-но НАТО-оценување ниво 1 на четата за длабинско набљудување, а потоа за вре-ме на национален Курс за обука на оцену-

вачи (каде покрај 33 слушатели од АРМ има-ше и по 3 слушатели од Република Хрват-ска и Република Албанија), беше извршено самооценување ниво 1 на средниот пешади-ски баталјон и на четата на Воена полиција. Раководството на курсот и лидерите на ти-мови беа од АРМ, а активноста беше под-држана од страна на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE).Во месец октомври 2008 година беше из-вршено НАТО-оценување ниво 1 на четата на Воена полиција, на средниот пешадиски баталјон и на хеликоптерскиот детачмент. Ова оценување се реализираше за време на 14-тиот Курс за обука на оценувачи за ниво 1, организиран и спроведен од страна на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE), каде покрај слушатали од НАТО и ПзМ-земји, курсот го завршија и 6

слушатели од АРМ, а исто така и еден офи-цер беше во улога на инструктор (лидер на тим). Во текот на 2008 година, Курс за обука на оценувачи во странство завршија 4 офи-цери на АРМ.Со ова се заокружи процесот на оценување на декларираните единици за ниво 1 според Концептот за оперативни способности, одно-сно единиците беа оценети дека се интеро-перативни според НАТО-стандардите.Во текот на 2009 година се реализираа оценувања ниво 2 на единиците кои успеш-но го поминаа ниво 1. Во месец мај 2009 го-дина беше извршено самооценување ниво 2 на четата за длабинско набљудување, кое четата успешно го заврши. Во месец октомври 2009 година успешно го завршија самооценувањето ниво 2 и четата на Вое-на полиција и средниот пешадиски баталјон. Исто так, претставници од АРМ учествуваа на курс за обука на оценувачи ниво 2 во НАТО-школото во Оберамергау и во Хрват-ска (вкупно завршија 9 лица од АРМ).Во согласност со Планот за имплементација на Концептот за оперативни способности и Планот за оценување на декларирани-те единци во 2010 година се реализирани повеќе активности. Како позначајни актив-ности се 18-тиот Курс за обука на оценувачи за ниво 1 организиран и спроведен од страна на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE), каде покрај слушатели од НАТО и ПзМ-земји, курсот го завршија и 13 слушатели од АРМ, а исто така и еден офи-цер беше во улога на инструктор (лидер на тим). Единицата која беше оценувана за вре-ме на курсот беше единицата која требаше да биде упатена во мисијата ИСАФ во Авга-нистан.

ПОДГОТВЕНИ ЗА ИДНИ МИСИИ

КОНЦЕПТОТ НА ОПЕРАТИВНИ СПОСОБНОСТИ ВО АРМ

19

На 19-тиот Курс за обука на оценувачи во Австрија во месец јуни 2010 година, учеству-ваше едно лице од АРМ како студент (слуша-тел) на курсот, а едно лице учествуваше како инструктор (лидер на тим) за време на кур-сот.Во октомври 2010 година беше реализи-рано НАТО-оценување ниво 2 на четата за длабинско набљудување, на четата на Во-ена полиција и на средниот пешадиски баталјон. Единиците успешно го завршија оценувањето и беа оценети како борбено способни за учество во НАТО-предводени операции. Со ова, овие единици го завршија целокупниот циклус на оценување според Концептот за оперативни способности со важност од 3 години. Исто така, се реализи-ра и самооценување ниво 2 на хеликоптер-скиот детачмент.Во текот на првата половина на 2011 годи-на, беше реализирано и успешно заврше-но самооценување ниво 1 на средната пе-шадиска баталјонска група во месец април, а исто така беше реализиран и 21. Курс за обука на оценувачи ниво 1 организиран и спроведен од страна на Врховната коман-да на Сојузничките сили за Европа (SHAPE), каде покрај слушатели од НАТО и ПзМ-земји, курсот го завршија и 5 слушатели од АРМ, а исто така и еден офицер беше во улога на инструктор (лидер на тим). Како оценувана единица беше декларираната механизира-на пешадиска чета и одделението АБХО од составот на Еу Бг II/2012 (НАТО оценување ниво 1). Во текот на 2012 година, месец мај, за вре-ме на реализацијата на НАТО/ПзМ вежба-та „Cooperative Longbow/Lancer“ беше из-

вршено НАТО-оценување на средната пеша-диска баталјонска група. Самото оценување се спроведе како дел од 23. Курс за обука на оценувачи ниво 1, организиран и спро-веден од страна на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE). Покрај слушатели од НАТО и ПзМ-земји, курсот го завршија и 9 слушатели од АРМ, а исто така и еден офицер беше во улога на инструктор (лидер на тим). Значајно да се истакне за овој курс е што беше најголемиот курс организи-ран досега според овој концепт.Пред сите оценувања и курсеви успешно се реализирани и потребните советодавни по-сети (пред оценувањата) и координативните состаноци (пред курсевите). Покрај курсеви-те за обука на оценувачи ниво 1, каде момен-тално имаме околу 80 сертифицирани оце-нувачи, наши претставници успешно го има-ат завршено и курсот за обука на оценува-чи ниво 2 за оценување на борбената спо-собност на копнените (CREVAL) и на возду-хопловните сили (TACEVAL), и тоа вкупно 20 лица (CREVAL 14, TACEVAL 6).Покрај оценувањата на декларираните еди-ници во базенот на сили според Концептот за оперативни способности и давањето под-дршка за реализација на курсевите за обу-ка на оценувачи ниво 1, како земја-домаќин, АРМ успешно реализираше и други активно-сти поврзани со овој концепт. Во октомври 2010 година беше организи-рана и реализира годишна конференција според Концептот за оперативни способ-ности во Охрид. Покрај организацијата, на Конференцијата учествуваа и двајца прет-ставници од АРМ. За организацијата на Конференцијата, РМ и АРМ добија највисоки оцени од страна на НАТО.Во јуни 2010 година беа реализирани експерт-ски разговори за имплементација на Концеп-тот за оперативни способности во Црна гора од страна на АРМ. Како резултат на ова, а со цел давање поддршка и помош на директо-рот на оценувањето, едно лице од АРМ уче-ствуваше на самооценување ниво 1 на декла-рирана пешадиска чета на Војската на Црна гора во ноември 2010 година. Во декември 2010 година две лица од АРМ учествуваа и успешно ја завршија обуката за работа со базата на податоци според Кон-цептот за оперативни способности во Фин-ска, и во ноември 2011 година во швајцарија. За време на оваа обука, редовно, едно лице е во улога на инструктор.Во февруари 2011 г. беа реализирани ек-спертски разговори за имплементација на Концептот за оперативни способности во Република Србија од страна на лица од АРМ.Во март 2011 г. беа реализирани експертски разговори за имплементација на Концептот за оперативни способности во Босна и Хер-цеговина од страна на лица од АРМ.Во јуни 2011 година, едно лице од АРМ уче-ствуваше на самооценување ниво 2 на единица во украина како оценувач, доде-ка во месец август 2011 година, едно лице од АРМ учествуваше на самооценување ниво 1 на единица во украина како помлад НАТО-набљудувач. учеството на лица од АРМ во украина продолжи и во 2012 го-дина по барање на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE), Република Македонија да ги поддржи ак-тивностите според овој Концепт поради недостаток на обучен персонал во НАТО-командите.

Од активностите, според Концептот за опе-ративни способности, за наредниот период е предвиденo продолжување на оценувањето на средната пешадиска баталјонска група: – самооценување ниво 2 во октомври 2013

година;– НАТО-оценување ниво 2 во октомври 2014

година – сертифицирање со важност до октомври 2017 година.

НАТО-оценување ниво 2 на хеликоптерскиот детачмент во октомври 2014 година, со што би се заокружил циклусот на оценување на оваа единица и сертифицирање на истата со важност до октомври 2017 година.Оценување на полската болница ниво 2:– самооценување ниво 1 во јуни 2013 година;– НАТО-оценување ниво 1 во октомври 2013

година;– самооценување ниво 2 во април 2014 го-

дина;– НАТО-оценување ниво 2 во октомври 2014

година – сертифицирање со важност до октомври 2017 година.

Од сето ова може да се заклучи дека АРМ, не само што го има имплементирано Концептот за оперативни спосбности за оценување на своите декларирани единици дека има серти-фицирани оценувачи за ниво 1 и ниво 2, туку и тоа дека АРМ претставува лидер во реги-онот, што се однесува на овој концепт, при-зната не само од НАТО, туку и од Црна гора, Србија и Босна и Херцеговина. Ова призна-ние се гледа и од учеството на АРМ со свои претставници на курсеви надвор од Репу-блика Македонија како инструктори за вре-ме на курсевите за обука на оценувачи и оценувања на единиците на други армии.

20

МАКЕДОНИЈА СЕ гОРДЕЕ СО СВОИТЕ МИРОВНИЦИакедонските мировници, каде и да се, секогаш нè претставувале достојно. Насекаде важат за исклучително про-фесионални војници, тие се пример

за останатите. Но, познати се и по нивна-та гостопримливост и друштвеност. Во сло-бодните мигови знаат да направат маке-донска вечера, да угостат гости од други-те армии, заедно да ја запеат „Македонско девојче“, да го развеат македонското знаме, да направат торта за пријателите во форма на Македонија, да направат времето во да-лечниот Авганистан или на други места, ба-рем за момент да биде како во македонска домаќинска куќа. Сепак, најголемо доживување за нив е кога ќе угостат некои гости од нашата Македонија, особено ако меѓу гостите се и претседателот на РМ и врховен командант на АРМ, Ѓорге

Иванов, министерот за одбрана, Фатмир Бе-сими, или началникот на гш на АРМ, горан-чо Котески.Така беше и на 11 ноември 2011 г., кога прет-седателот Иванов се сретна со наши-те мировници. Во негово друштво беше тогашниот началник на гш на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски и се-гашниот началник на гш на АРМ, тогаш аѓунтант на претседателот и врховен коман-дант, генерал-мајорот горанчо Котески. Како вистински домаќини, нашите мировници им посакаа добредојде, ги послужија гостите со македонско кафе, разменија убави мисли и навидум ситни, но несекојдневни подароци.„Македонија треба да се гордее со учество-то на нашите војници во мисијата ИСАФ во Авганистан, рече тогаш претседателот Ива-нов, бидејќи тие на најдобар начин ги прет-

ставуваат сите реформи во нашата армија. Нашите војници професионално ги извршу-ваат сите обврски. Почитувани се и од коле-гите, но и од локалното население. Иако сме мала држава, на овој начин придонесуваме да се стабилизира еден дел од светот“, посо-чи претседателот Иванов.Слично беше и при посетата на министерот за одбрана Фатмир Бесими и на началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор го-ранчо Котески, на македонскиот контингент во Кабул, Авганистан, по повод државни-от празник 11 Октомври, 20-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија и 10-годишнината од охридскиот Рамковен договор. Министерот за одбрана, фатмир Бесими, ги посети нашите мировници во

Во посета на нашите ми ровници во мисијата ИСАФ

21

мисијата ИСАФ и во текот на ноем-ври 2012 г.„Задоволен сум и се гордеам што овде слушнав само најдобри зборови за претставниците на македонската армија. Македонија, заедно и поде-днакво со сите други земји-членки на НАТО го дава својот придонес за мир и стабилност во светот. Македонија ги исполнува стандардите за да ста-не членка на НАТО“, не случајно ис-такнува министерот Бесими.„Врз база на моите согледувања и од разговорите што ги имавме со високите претставници на НАТО, ис-такнува началникот на генералшта-бот на АРМ, генерал-мајор горанчо Котески, сметам дека македонски-

МАКЕДОНИЈА СЕ гОРДЕЕ СО СВОИТЕ МИРОВНИЦИ

со македонските војници. Тие добро ја претставуваат својата земја“, ис-такна генералот Ален. Претседателот Иванов и министерот Бесими во октомври 2012 г., во одво-ени посети, го посетија и нашиот ме-дицински тим во Еу-мисијата АлТЕА во БиХ. И таму имаа можност да чујат пофални зборови за работата и професионалноста на нашиот ме-дицински тим. Во таа прилика, прет-седателот Иванов и министерот Бе-сими положија венци на споменикот во Бутмир и им оддадоа почит на загинатите припадници на македон-скиот атачмент во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Р.Ш.

Во посета на нашите ми ровници во мисијата ИСАФ1. НАШИТЕ ВОЈНИЦИ УСПЕШНО ГИ ИЗВРШУВААТ РЕДОВНИТЕ И БОРБЕНИТЕ ЗАДАЧИ: МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА БЕСИМИ И НАЧАЛНИКОТ НА ГШ НА АРМ, ГЕНЕРАЛ-МАЈОР КОТЕСКИ, МЕЃУ НАШИТЕ МИРОВНИЦИ

2. СЕКОГАШ ДОБРЕДОЈДЕН: ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО МИСИЈАТА ИСАф ВО АВГАНИСТАН

3. МОМЕНТИ ОД ПОСЕТАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА БЕСИМИ НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ВО ЕУ-МИСИЈАТА АЛТЕА

те војници успешно ја обезбедуваат ИСАФ-базата во Кабул. Психофизич-ката и здравствената состојба на на-шите војници е добра и тие успешно ќе ги извршат редовните и борбени-те задачи“.На средбата со нашите мировници во октомври 2011 г., тие имаа средба и со командантот на ИСАФ, генерал Ален, кој наведе дека мошне ги цени македонските мировници и е среќен што тие се дел од ИСАФ. „Се уверив-ме дека македонската армија стои рамо до рамо со големите сили. Ма-кедонските војници се важен дел од мисијата ИСАФ и се одлични и храбри војници. Се гордеам со нив. Денот ми почнува и ми завршува ракувајќи се

22

о историјата на Армијата на Републи-ка Македонија со неизбришливи бук-ви се запишани имињата на првите штабни офицери коишто заминаа во мировна мисија надвор од земјата,

како и на првите војници коишто за првпат во историјата на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, во формација одделение, заминаа во вистин-ска мировна мисија за поддршка на мирот. Тие го трасираа патот и за идните мировни мисии и го градеа угледот на АРМ и на РМ во светот со својата пожртвуваност, про-фесионализам, дисциплина и посветеност кон доделените задачи, претставувајќи ја својата татковина на најдостоен можен на-чин. Во текот на месец јули 2002 година, врз основа на Резолуцијата на Советот за без-

бедност на ОН број 1413 и Меморандумот за разбирање со Република Турција, Собра-нието на Република Македонија ја доне-се првата одлука за упатување на првите двајца штабни офицери во мисијата ИСАФ.На 7 август 2002 година, за првпат од сво-ето постоење, Армијата на Република Македонија, во мировна мисија во состав на турскиот контингент од Мултинационал-ната бригада и штабот на силите на ИСАФ во Кабул – Авганистан, ги упати капетанот Зоран Јанев, во улога на штабен офицер за врска, и поручникот Марјан Наков, како помошник-офицер за операции во составот на Турскиот баталјон. На 8 Септември 2002 година, на Денот на самостојноста на маке-донската држава, во Командата на ИСАФ во Турција, се одржа свеченост на која ка-петанот Јанев и поручникот Наков свечено

го подигнаа македонското знаме. Со тоа и официјално го одбележаа почетокот на на-шата мисија во составот на ИСАФ. Нашите миротворци претходно престојуваа во Ан-кара, во составот на Единицата за подготов-ки на турските мировните единици за СФОР, на КФОР и на ИСАФ. Во текот на нивниот престој, тие имаа обука од делот на миро-вните операции, заедно со турските старе-шини и војници, како и обука во ракување и во гаѓање со пешадиското вооружување на турската армија. На 16/17 август 2002 годи-на, со специјален лет на турската армија, на-шите старешини во составот на ИСАФ зами-наа за Кабул. Во мисија беа до 27 декември 2002 година, кога е извршена и замена на нашите штабни офицери во ИСАФ со нови штабни офицери: капетанот Марјан угрев и поручникот Васе Пачемски.

Први воини на мирот од Македонија беа штабните офицери и контингентите на ниво одделение

ТИЕ ГО ТРАСИРАА ПАТОТ

23

По четири и половина месечен престој во Кабул и по успешно извршените зада-чи, македонските старешини-учесници во првата-историска мировна мисија, беа заменети со нови. По завршувањето на мисијата, македонските старешини добија највисоки оцени за извршените задачи и во најдобро издание пред останатите 22 земји-членки на ИСАФ ја претставија АРМ како рамноправен учесник. На 20 декем-ври 2002 година, капетанот Марјан угрев од Првата пешадиска бригада и поручни-кот Васко Пачемски, заминаа за Турција и му се приклучија на турскиот баталјон во Авганистан во составот на ИСАФ. Со тоа Република Македонија и АРМ продолжија да го даваат својот конкретен придонес во борбата против светскиот тероризам и во градењето на мирот.

ПРВА ЕДИНИЦА НА АРМ ВО МИРОВНА МИСИЈАЖелбата да се партиципира во мировни мисии со помали единици предводени од НАТО, набргу се оствари. Собранието на Ре-публика Македонија, во јануари 2003 г., ја донесе третата одлука или прва одлука за упатување на првата единица на АРМ во мировна мисија. Во периодот од февруари до август 2003 г., од составот на 2.пбр „лео-парди” е подготвено и испратено првото пе-шадиско одделение како дел од германски-от контингент на Мултинационалната бри-гада Кабул – ИСАФ-3. На 7 март 2003 г., од-деление на Втората пешадиска бригада на АРМ замина на шестмесечна меѓународна мировна мисија ИСАФ-3 во Авганистан, во

состав на германскиот контингент. Малиот избран тим на припадници на АРМ го сочину-ваа: поручник Фето Бајрами, постар водник, Џемаил Демири и војниците Марјан Марко-ски, Халил Бабиќ, Мирче Ефтимов, гоце геор-гиев, Стојанче Јанков, Дејан Секулов, шпент Хамити и Тони Трајковски. Со себе го понесоа уверувањето дека ќе го дадат максимумот во стабилизирањето на мирот и развојот на демократијата во Авганистан, но и ќе дока-жат дека АРМ е достојна да работи заедно со многу помоќни армии и дека крупно чеко-риме кон остварување на целта за рамно-правно членство во НАТО.Нашите мировници, „леопардите”, како прва формациска единица на АРМ, беа предво-дници во нашето понатамошно учество во мировната мисија за помош на авганистан-скиот народ и за воспоставување на ми-

рот во составот на германскиот национален контингент на Мултинационалната брига-да во Кабул. учеството во мировните мисии ИСАФ во Авганистан, како и признанијата што дојдоа оттаму, пред сè од германски-от контингент во чии рамки се извршуваше мисијата, беа уште една потврда за постиг-натите резултати на припадниците на АРМ. Впрочем, само со работа и со резултати се стекнува добар глас, углед и имиџ, каков што уживаа припадниците на овој и на следните контингенти во мисијата ИСАФ. Собранието на Република Македонија во јули 2003 г. ја донесе четвртата одлука (или втора) за упатување на единица на АРМ во мировната мисија ИСАФ-4. Во мисијата уче-ствуваше пешадиско одделение од 2.пбр „ле-

опарди”, од 7 август 2003 г. до 19 февруари 2004 г., под команда на германскиот контин-гент. Собранието на Република Македонија, на 5 февруари 2004 г. ја донесе петтата одлука (или трета) за упатување единица на АРМ во мировната мисија ИСАФ-5 во периодот од февруари до август 2004 г.. Потоа сле-деа и други одделенија на ниво на одделе-ние и вод, до испраќањето на првата едини-ца на ниво на чета составена од штипските „скорпии“ во 2006 г.. Во сите овие континген-ти беше запазена етничката застапеност на старешинскиот и на војничкиот состав. Меѓународните сили за безбедносна под-дршка во Авганистан – Мултинационалната бригада Кабул, имаа многу сложена задача во својата зона на одговорност, која се про-стира на градот Кабул и неговата околина. Во извршувањето на мисијата, припадници-те на првите одделенија ги имаа следните приоритетни задачи: поддршка на владини-те институции во обезбедување на безбед-носта и стабилноста во Кабул и неговата око-лина; обезбедување и асистенција при по-делба на хуманитарна помош на населени-ето во зоната на одговорност; помош, обу-ка и асистенција во извршувањето на редов-ните задачи на полициските сили; помош во обезбедување на персонал и медицински персонал на терен; помош во реализација на проектите на ЦИМИЦ, заедно со остана-тите воени и цивилни контингенти.

ВИСОКИ ОЦЕНИ И ПРИЗНАНИЈАПрипадниците на првите македонски кон-тингенти добија заслужени признанија за својата исклучителна снаодливост и профе-сионалност во извршувањето на задачите, што се должи на нивната квалитетна обука

и подготовка за извршување на мисиите.Според обученоста, физичката подготве-ност, ракувањето со оружјето, нашите вој-ници беа рамо до рамо со германските и со останатите војници. За тоа најдобра пот-врда беа искажаните комплименти од стра-на на германските старешини и високи-те признанија и одликувања што им беа врачени на нашите мировници. Оцените и признанијата за нашето ангажирање во зачувувањето на мирот и извршувањето на основните задачи на мисијата во сите ротации на ниво на одделенија и вод, само ги потврдија подготвеноста, високиот мо-рал, професионализмот и физичката под-готвеност на припадниците на АРМ, коиш-то достојно ја презентираа не само нашата Армија туку и Република Македонија.

Р.Ш.

24

ПРВИОТ ОД ПРВИТЕмајор Фето Бајрами, командант на првото

одделение на АРМ кое замина за Авганистан

интервју

25

ога поручникот Фето Бајрами, со ту-кушто завршена Воена академија на РМ, но со многу ентузијазам и жел-ба да постигне нешто што ќе биде за

него многу значајно во животот, се најде меѓу кичевските „леопарди“, сигурно и не сонуваше дека ќе биде лидер на првиот тим, на првото одделение што Република Македонија и АРМ го упатиле во предво-дена од НАТО или друга мировна мисија. Младиот, но веќе искусен поручник, прет-ходно поминувајќи интензивна обука во тогашната 2.мпбр., замина да ги испише новите страници на АРМ. Контингентот на АРМ, предводен од Бајрами, мисијата ја почна под команда на германскиот кон-

тингент во мисијата ИСАФ, којашто набрзо потоа прерасна во НАТО-мисија. На тој на-чин поручникот Бајрами стана прв коман-дант на контингент што заминал во миро-вна мисија и како таков ќе остане запишан во аналите на АРМ.

Бевте командант на првиот контингент на АРМ во мисијата ИСАф 3. Што значе-ше тоа конкретно за Вас?– Оттогаш минаа речиси 10 години, но се сеќавам на сè како тоа да се случило вче-ра. За Авганистан македонскиот контин-гент на ниво одделение замина во шест-месечна мисија во рамките на германскиот контингент на 7 март 2003 г. Тогаш бев по-ручник, неженет, со многу ентузијазам во себе. Тоа беше прво искуство, прв таков предизвик, што никогаш не се заборава.Повторно бев во мисија од јули 2007 до јануари 2008 г., овојпат како командант на контингент на ниво на чета, и воедно, и во двете мисии, најстар национален претстав-ник на АРМ. И двете мисии по многу не-шта беа специфични. Во првата го проби-вавме „мразот“, бидејќи за првпат војници, односно формација на ниво на одделе-ние замина во мисија надвор од држава-та во поддршка на мисијата ИСАФ. Тогаш мисијата ја водеше една водечка нација (лидер беше германија). После 10 август 2003 г. мисијата ја презеде НАТО.Кога македонскиот контингент првпат за-мина во мисијата ИСАФ, доверените зада-чи ги извршуваше само во Кабул и во не-говата околина, а во втората мисија низ це-

лиот Авганистан, кога зачестија и нападите од Талибанците. Само за споредба, за вре-ме на првата мисија патролиравме низ Ка-бул во моторни возила, а за време на вто-рата, задолжително носевме на себе лична заштитна облека и се возевме во блиндира-ни возила „хермелин“ кои штипските „скор-пии“ ги донесоа овде во 2006 г.

Кои беа Вашите конкретни задачи за време на првата мисија?И во двете мисии настојувавме да ја при-добиеме довербата на месното население и во тоа успеавме, и покрај тоа што бун-товниците тешко се разликуваат од обич-ните граѓани, бидејќи тие се дел од нив. Се-пак, поддршката и соработката со месното население беше на максимално ниво. Има-ше и такви случаи кога за закани за напад нè известуваше самото население. Во првата мисија, задача на македонскиот контингент беше да ги обезбедува врски-те поставени на ридот Тевехил, кој го дели Кабул на јужен и на северен. Честопати заедно со германските војници, патроли-равме низ Кабул, ја обезбедувавме база-та на НАТО. Понекогаш имавме и извиду-вачки патроли во источниот дел на Кабул каде што беше лоцирана авганистанската војска, што придонесе за зближување на македонските со авганистанските војници. И ден-денес се сеќаваме на дружењето, на заедничките чајанки и разговори. Тие научија македонски зборови, а и ние го со-владавме јазикот на Таџијците-дарин.

Имаше многу згоди и незгоди во тој пе-риод. На која најмногу се сеќавате? – Во една прилика патролиравме заедно со припадниците на германската армија. Притоа еден германски војник од невни-мание самиот се рани. Еден од наши-те војници му укажа прва помош. Тој тоа го направи толку брзо и вешто, што по-тоа во болницата каде што беше одне-сен војникот, лекарите заклучиле дека тоа било клучно за спасување на животот на војникот. Тоа беше водникот, тогаш про-фесионален војник, Тони Трајковски, кој по-тоа беше пофален и одликуван од наши-те сојузници.

Заминавте повторно во Авганистан ка-ко командант на македонски контин-гент, овојпат на ниво на чета. Колку Ва-шето искуство придонесе за поефикас-но извршување на задачите?– Сите работевме како еден. Тоа е типич-но не само за „леопардите“, туку за сите македонски војници. Овојпат континген-тот вршеше комплетно обезбедување на базата и на Командата во Кабул, како и патролирање во пошироката зона на од-говорност во полицискиот дистрикт 10, обезбедување на конвои што ги органи-зираше амбулантата во базата и други за-дачи.Во ниеден момент во однос на извр-шувањето на задачите не се разликував-ме од другите војници во мисијата ИСАФ. Можеби не бевме толку добро опреме-ни, но нашата квалитетна обука и приспо-собливоста на реалната ситуација, комби-нирано со нашето предзнаење за сожи-

вот овде, ни овозможи во многу работи да биде дури и понапред од нив. Тоа при-донесе сите 126 војници да бидат пофале-ни и да добијат НАТО-медал за учество во мисијата ИСАФ.

Стекнавте драгоцени и незаменливи ис-куства. Колку тие искуства Ви користат во секојдневната работа во единицата?– Сега сум повторно меѓу „леопардите“ во 3. механизиран пешадиски баталјон. Бев и останав „леопард“ и мислам дека секо-гаш ќе бидам тоа. уште од првите момен-ти по враќањето бев активно вклучен во подготовките на единиците за мисија, и тоа преку организација на обуката или

во подготовка на инструкторите за обу-ка. Настојуваме максимално да се подгот-ват војниците што заминуваат во мисија, бидејќи првенствена цел е припадниците на контингентот да се вратат живи и здра-ви дома. Покрај другото, ги информираме војниците и за тоа што реално се случува во Авганистан за навреме да ги согледаат можните ризици и да се преземат превен-тивни и други мерки и реакции од евенту-ални закани.Кога се зборува за Авганистан, нашите луѓе тешко може да сфатат и да им ја до-ловиме ситуацијата што всушност, реално таму се случува. Да се живее и да се ра-боти 24 часа дневно во сите шест месе-ци поминати во мисија, значи многу. Има една народна поговорка којашто најдобро ја отсликува реалноста. Таа вели: „Само тој што е во лонецот, може да ја вкуси каша-та“. Затоа и искуствата стекнати во Авга-нистан, или во други мисии, се исклучител-но значајни. По враќањето од мисиите нашите војници имаат пошироки хоризонти и поинаку ги перцепираат работите дома. Тоа се наши-те бенефиции од мисиите. Мое најголемо задоволство денес е да седнам на кафе-муабет со оние со коишто сум бил во мисија и да поразговараме за секојдневни нешта. Особено ми е драго тоа што луѓето ме почитуваат, што честопати ме прашу-ваат за мислење или за совет. Никогаш не сум одбил да им излезам во пресрет.

В. Д.

26

ПО СТАПКИТЕ НА „ЛЕОПАРДИТЕ“ И „СКОРПИИТЕ“ ОД 1.МПБРПрвата механизирана пешадиска бри-гада е единица на АРМ која прва за-почна со испраќање на свои претстав-ници во повеќе мировни мисии надвор од Република Македонија. Во 2002 го-дина за првпат од своите редови испра-ти штабен офицер во мисијата ИСАФ во Авганистан. Во 2003 година едно од-деление од 1.мпбн беше испратено во мисијата IRAQI FREEDOM. Во 2006 го-дина, покрај своите штабни офицери во мисијата ISAF, 1.мпбр го испрати и својот прв поголем контингент од 90 војници

високопрофесионални и успешни воини на мирот

и старешини во истата мисија. Во 2008 година, контингентот за мисијата ИСАФ беше зголемен на 127 припадници, а од 2009 година до денес, 1.мпбр по двапа-ти годишно испраќа контингент од 150 членови персонал во Авганистан. Во мај 2007 година, за првпат во историјата на самостојна Македонија, 1.мпбр, испрати свој штабен офицер во мисијата UNIFIL под покровителство на првата светска организација одговорна за зачувување и унапредување на светскиот мир, од-носно во Организацијата на Обединети-те нации која, патем, е и единствената организација во која членка е и Републи-ка Македонија.

Република Македонија добиваше и сè уште добива голем број на пофални збо-рови и признанија за нејзиното учество во борбата против глобалниот терори-зам и зачувувањето на светскиот мир, а Армијата на Република Македонија, признанија за дисциплинираноста, за високата обученост и високата посве-теност на персоналот во извршувањето на доделените задачи во овие мисии, не само за штабните офицери туку и за нејзините контингенти во целост.Многумина од овој персонал на 1.мпбр, од овие мисии, покрај редовните меда-ли за учеството во мисиите, се вратија и со медали за посебна посветеност и

Со нашите мировници и најдобри амбасадори на Република македонија

27

високопрофесионални и успешни воини на миротСо нашите мировници и најдобри амбасадори на Република македонија

пожртвуваност во извршувањето на одредени посебни и опасни задачи во текот на извршувањето на мисиите.Покрај останатите, со таков посебен ме-дал, „Експедиционен медал за борба против тероризмот “, од американска-та амбасада во Авганистан, во јануари 2009 година, беа одликувани и мајорот Васил Митевски од Инженерискиот баталјон, капетанот Сашо Спасовски, по-стариот водник лимани Беким, десета-рот Орце Петковски и десетарот Арбен Далипи од 1.мпбн.„Сите тие, заедно со персоналот од една механизирана пешадиска чета од 1.мпбн, со одредена доза на неизвесност

од новата средина, како што истакнува постариот водник лимани Беким, во мисијата ISAF во Авганистан, заминале во јули 2008 година. Заминувањето во мисијата, за која имале слушнато многу од своите колеги кои биле дел од прет-ходните контингенти, за нив претставу-вала и голем предизвик. Но сета таа не-извесност и одредена доза на страв, ис-чезнуваат по пристигнувањето во Авга-нистан и престојот од само неколку дена во мисијата, додека се запознаат со за-дачите и со зоната на одговорност“, ис-такнува постариот водник лимани. Покрај извршувањето на своите ре-довни задачи, преку оперативниот цен-

тар на мисијата ISAF во главната коман-да во Кабул, во ноември 2008 годи-на, сите единици добиле известување за експлозија на автомобил-бомба во близина на американската амбасада во Кабул. По добиената информација, бидејќи местото на експлозијата спаѓало во зоната на одговорност на македон-скиот контингент, веднаш биле акти-вирани силите за брза реакција (QRF – Quick Reaction Force) каде на долж-ност во моментот биле овие членови од 1.мпбн. За само неколку минути, два-та оклопни транспортери („хермелин“) на македонскиот контингент, со свои-те посади, први пристигнале на местото

м-р Симеон МитревМитко Василевски

АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПОСЕБНО СО УЧЕСТВОТО ВО НАТО, ВО ЕУ И ВО ОН-МИРОВНИТЕ МИСИИ, ВЕќЕ ОДАМНА ПОСТИГНУВА ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ, ЕДНАКВИ СО СЕКОЈА НАТО-ЧЛЕНКА, А УЧЕСНИЦИТЕ ВО МИСИИТЕ СЕ ЦЕНЕТИ КАКО ВИСОКОПРОфЕСИОНАЛНИ И УСПЕШНИ ВОИНИ НА МИРОТ. МНОГУМИНА ОД НИВ ДОБИЈА И ОДЛИКУВАЊА ЗА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ. ОВОЈПАТ РАЗГОВАРАМЕ САМО СО ДЕЛ ОД НИВ, ИАКО СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО МИРОВНИТЕ МИСИИ, КАКО И ОНИЕ ШТО НАСТАПУВААТ НА МЕЃУНАРОДНИ И ДРУГИ ВЕЖБИ, НЕ СЛУЧАЈНО ВАЖАТ ЗА НАЈДОБРИ АМБАСАДОРИ НА РМ ВО СВЕТОТ

28

на експлозијата, пред сите други органи кои требало да реагираат во такви ситу-ации, авганистанската полиција и некои други единици, истакнува постариот во-дник лимани. Веднаш по пристигнувањето на место-то на експлозијата, тие го обезбедиле местото на настанот и ги извршиле сите други постапки според Стандардните оперативни процедури (СОП) за такви и слични ситуации. Први ги обезбедиле потребните информации за оператив-ниот центар на мисијата ISAF.По пристигнувањето на местото на експлозијата на автомобил-бомбата, се сеќава постариот водник лимани, има-ло шест загинати цивили и неколкумина повредени, исто така цивили, граѓани на Кабул. За навременото реагирање и успешно извршената задача, во јануари 2009 го-дина, непосредно пред завршувањето на нивната шестмесечна мисија, овие пет припадници на македонскиот кон-тингент биле поканети од страна на аме-риканската амбасада во Кабул. Во еден срдечен прием во Американската ам-басада, потполковникот Othell Hamlett од американската армија, им ги доде-лил медалите за нивната посветеност и пожртвуваност за извршувањето на за-дачите во состав на мисијата.Во текот на шестмесечната мисија имав-ме повеќе ситуации во кои ни беа загро-зени дури и нашите животи, се сеќаваат десетарите Петковски и Далипи, кои имаат по две шестмесечни мисии во ISAF. И покрај опасните ситуации, ние сме подготвени со нашите единици да учествуваме во која било мисија и каде било во светот, едногласни се Петков-ски и Далипи.

„фЕНИКС“ – ПРЕДИЗВИК ЗА НАЈДОБРИТЕМисијата „Феникс“ нè исполни со гор-дост поради многу работи. Ќе наброиме само неколку: 1. тоа беше прва заеднич-ка мисија со припадниците на Армијата на САД; 2. припадниците на мисијата беспрекорно извршуваа исклучително важни задачи; 3. голем број од припад-ниците во мисијата се одликувани за по-кажаната висока професионалност и умешност.„Феникс“-компонентата при ми си јата ИСАФ е оперативно нај комплексната задача која им е доверена на нашите припадници а во прилог на содржина-та, пребогата со настани, разговаравме со неколку од нив, да ни пренесат што точно се случувало, во која насока оде-ле работите, за опасностите, контакти-те, дружењата, одговорностите, награ-дите. Сите се сложни во едно: дека АРМ во Авганистан е сериозна сила која во присуство на многу поголеми и помоќни армии од неа рамноправно партиципи-ра во извршувањето на задачите и ис-тите ги спроведува максимално профе-сионално, а за сето тоа добива третман што го заслужува.Овојпат разговараме само со некол-ку учесници во мисијата-припадници на на Ренџерскиот ба тајлон при Пол-кот за спе ци јални операции на АРМ и од Баталјонот на Воената полиција.„учествував во мисијата ‘Феникс’ од март 2010 до октомври 2010 година, вели постариот водник од Ренџерскиот баталјон, Т. А. Одликуван сум со НАТО-медал. Тоа ни беше заедничка мисија со Националната гарда на Вермонт. Пред да заминеме за Авганистан бев-ме на заеднички подготовки кај нас,

во Р. Македонија, и во САД. Во базата бевме заедно, во идентични услови за сите војници. Во една исклучиво теш-ка мисија сите коректно соработував-ме, независно од националната и дру-га припадност. Посебно ме импресио-нираа пријателските контакти со насе-лението во Авганистан во пределот во кој делувавме. Често пиевме чај со сел-ските старешини. За среќа, сè помина во најдобар ред. Авганистан е различен од сите мои досегашни искуства. Мно-гу различен. Сега сум во Македонија. Среќен сум што припаѓам на АРМ и уживам во семејниот живот со сопруга-та и со мојот син“.И припадниците на Баталјонот на Вое-ната полиција исто така го почувствуваа правот од авганистанскиот песок. голе-ми луѓе за големи задачи, искрени сого-

ворници, екстремно добро упатени во задачата што ја извршувале, речиси во еден глас говореа за заедничката епи-зода, далеку од родната грутка, во авга-нистанските непрегледни пространства преполни со предизвици, непријатни изненадувања и случки кои можат и жи-вот да чинат.Постариот водник, Синиша Крстевски, капетанот Крунислав Велков, десетарот Оливер Спирковски, постариот водник Благој Ѓорѓиев, во неврзан разговор со нас се присетија на „моќната авганистан-ска епизода“ од нивниот војнички живот и ни посочија многу интересни детали. Мисијата била од 1 април до 24 ноември 2010 г. НАТО/ИСАФ-медалот и борбе-ната значка CAB за директни борби, се одликувања на кои можат да им позави-дат припадниците на многу армии. Биле сместени во провинцијата Парван во

авиобазата „Баграм“. Две групи од по 16 луѓе распоредени во две чети извршу-вале задачи во урбани средини, надво-решно ја обезбедувале базата, патроли-рале, контролирале чек-поинти, вршеле воздушни десанти, доставувале хумани-тарна помош за локалното население, барале лица по потерница, правеле за-седи, обезбедувале објекти и издвоени бази, давале „мртви“ стражи. Екстремно опасна мисија во која секој од припадни-ците на контингентот имал индивидуал-но над сто и педесет мисии надвор од базата од дваесет и четири часа до се-дум дена. Тоа подразбира многу ком-плексни активности за кои треба огром-на психофизичка подготовка и умеш-ност брзо да реагираат на предизви-ците коишто во најголем дел се случу-ваат во делови од секундата. Контакти-те со населението во овие околности не биле баш чести. Етнички Таџици и Паш-туни, племенски поделени и сепарирани, е етничкиот состав на тој дел од Авгани-стан. Нашите воени полицајци имале ди-

ворници. Мирот не доаѓа сам по себе. Тешко е да го обезбедиш, но најтешко е да го сочуваш. Се надеваме дека Ав-ганистанците ќе го паметат нашиот при-донес во обезбедувањето на нивни-те цивилизациски права. Се трудевме максимално во таа насока“. Сите тие се едногласни уште во едно: Како и сите припадници на Баталјонот на Воената полиција, подготвени се за какви било идни предизвици.

МОБИЛНИТЕ ТРЕНИНГ-ТИМОВИ ДЕМОНСТРИРАА ВРВНИ ВЕШТИНИ Стручноста, компетентноста, система-тичноста и пристапот во пренесувањето на знаењата им овозможија на дел од припадниците на Баталјонот на Воена-та полиција да ги демонстрираат своите врвни вештини и во состав на мисијата ИСАФ во Авганистан како инструктори при мобилните тренинг-тимови за обука на потенцијални воени полицајци за по-требите на армијата на Авганистан.Исклучително благородна, професио-нално нивелирана, стручно издржана и технички комплексна мисија, која ги условила нашите воени полицајци да успеат на најрепрезентативен начин да ги покажат своите знаења, ставајќи се во служба на сојузничките сили со цел да се оспособи авганистанската армија и да се даде конкретен придонес во развојот и во организацијата на авгани-станската воена полиција.Разговорот на оваа специфична тема го водевме со со командантот на Баталјонот на Воената полиција, пот-полковникот Роберт Тасевски, и самиот учесник и лидер во мисијата. Актуелниот курс за обука на припад-ниците на Воената полиција на Авга-

нистан е проект чие пос тоење е сосе-ма оправдано, а кој е планиран да трае до 2014 година, до кога е предвидено дека тоа е доволно време за обука од тој вид за потребите на авганистанска-та армија. „Дававме насоки, ментори-равме припадници на воената полиција на Авганистан преку предвидени кур-севи од две седмици за да ги обучиме и да ги оспособиме за што поуспешно

ректни средби со Талибанците и со оста-нати терористички формации во тој дел од Авганистан и успеале со своите бор-бени дејства да придонесат нападите на главниот град Кабул да се намалат за деведесет проценти. Припадниците на АРМ, заедно со припадниците на аме-риканската армија, биле командири на одделенија и лидери на тимови и успеа-ле на најдобар можен начин да ја реали-зираат задачата, успевајќи без никакви загуби да ја приведат мисијата при крај. Во едно се сите сложни: дека со оглед на исклучителноста на Авганистан како проблематичен регион и безбедносен проблем кој може лесно да прогресира, АРМ успеала перфектно да се позицио-нира и во „Феникс“ да демонстрира вое-на вештина достојна за респект. Баталјонот на Воената полиција е од-лично поставена воена фор мација на

АРМ чија компактност, колегијалност и отвореност, можевме на дело да ја ви-диме. Општ заклучок е дека се одлич-но упатени во својата професија. Спон-тано говорат за нивните темелни подго-товки пред заминувањето во мисијата. Покрај другото, добро се „потковале“ со знаења за географијата на Авгани-стан, за етничко-религиозниот карактер на тамошните етнички групи, за карак-терот на терористички групации, како и за рутите на движења, за теоретска-та платформа на Талибанците и за нив-ните оперативни дејства, па сè до карак-терот на почвата во Авганистан и за хе-мискиот состав на белата земја што ја виделе во делови на таа држава. Апсо-лутно во еден глас се согласуваат дека оваа мисија беше големо, незаменливо искуство. Тоа, впрочем, е карактеристи-ка на секој што барем еднаш, под знаме-то на нашата земја, заминал во мировна мисија токму во регион што, во суштина, е многу различен од нашиот. „Ништо не е лесно, велат нашите сого-

29

30

извршување на работните задачи. Нив-на обврска понатаму е тие да можат да ги пренесуваат стекнатите знаења и да ги обучуваат нивните припадници. ли-дери во овој курс беа Хрватите, а покрај нас имаше и припадниците на други ар-мии: армијата на БиХ, армијата на Црна гора и армијата на Албанија. Во работа-та користевме исклучиво англиски јазик за комуникација и за совладување на предвидената материја, а им предавав-ме на мошне умни, интелигентни луѓе, кои веруваме дека успеаја да ја сфатат суштината на предвидениот курс и да функционираат професионално во таа насока. На настава патувавме секој ден, изложени на сите придружни опасности. За среќа, немавме некој посериозни ин-циденти кои можеа да кулминираат со опасни последици, со човечки жртви или трагедии од секаков облик“.Според нашите соговорници, интерес-но е тоа што во Авганистанската армија можеше да се забележат и голем број припаднички на понежниот пол. Меѓу слушателите, можеше да има и припад-ници на терористички групи со скрие-но оружје. Нашите инструктори и пре-давачи на курсевите, облечени во секојдневна облека и без оружје, беа из-ложени на своевиден ризик, којшто со голема умешност и присебност го над-минаа.„Се работеше за многу опасна мисија, додава потполковникот Тасевски, би-дејќи не можеш секогаш да продреш во мислите на слушателот на курсот, во нивниот менталитет, согледувајќи дека се пораснати во еден многу траумати-

зиран регион, каде човечкиот живот от-секогаш малку вредел и каде недостига многу малку за да се навреди суетата кај некого, да се посегне по оружје и да соз-даде хаос“. И другите наши соговорници експлицит-но се обидоа да ни доловат лични иску-ства од нивното присуство во Авгани-стан.На постариот водник Саше Тошевски ова му била прва мисија од февруари, 2012 до септември 2012. Пофален е од генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен, како и од командантот на контингентот, полковник Томислав галиќ од хрватската армија. „Бевме лоцирани во реонот Даруламан во Кабул, во до-

бро обезбеден појас. За среќа, не почув-ствувавме што значи директен напад, а од базата излегувавме речиси секој ден, патувајќи до местото на обука“, вели постариот водник Тошевски, гор-до презентирајќи ги своите искуства од мисијата ИСАФ. И тој и неговите колеги, постариот водник Јовица Колевски, по-стариот водник Кире Николов и поста-риот водник I класа, Роберт Бансколиев, имале обемни работни задачи: вршеле обука, ги обезбедувале инструкторите, обезбедувале ВИП-личности. За цели-от тој ангажман се одликувани со „Брон-зена значка“ од началникот на генерал-штабот на АРМ, што воедно претставу-ва и прва група на која колективно е

31

доделено ова одликување по враќање од мисија. Имаат и многубројни дипло-ми доделени од приватната агенција RONCO, заслужени врз база на нивното обезбедување на ВИП-личности за вре-ме на работниот престој при мисијата ИСАФ во Авганистан.Ова е можеби содржински нај спе ци фич-ната мисија на припадници на АРМ во Авганистан. Повеќеслојна активност во која доминираше наставниот дел, пре-ку курсеви да се едуцираат припадници-те на авганистанската армија. Мултина-ционалноста и на оваа мисија ги афир-мирала врвните потенцијали на наша-та армија да пренесат и да стекнат ис-

куства од своите колеги во насока на понатамошно зближување и интеро-перабилноста „под чадорот“ на НАТО. Со оглед на тежината на задачите што нашите припадници ја вршеле во оваа мисија во Авганистан, ова ни дава за право да заклучиме дека имаме огром-ни ресурси во човечка смисла, кои во најопасните предели, гледано од аспект на светската безбедност, можат успеш-но, да ја презентираат АРМ и да остават импозантен впечаток со нивните дела за кои професионално се определиле да ги извршуваат. Баталјонот на Воената полиција е по-читуван партнер кај своите колеги од пријателските армии со кои заедно из-вршуваат ангажмани далеку од матич-

ните земји. Затоа не е ништо необич-но што нашите воени полицајци и во ид-нина ќе претставуваат сериозен адут на АРМ во потребата за мисии кои ги предводи НАТО-алијансата во критични-те региони каде што е неопходна про-фесионална ознака во биографијата на војникот. И претходно, во рамките на други еди-ници, претставници на Воената полиција на АРМ извршуваа воено-полициски за-дачи во Авганистан. Ќе остане забеле-жано дека прв меѓу нив, во шестмесеч-на мисија во оваа земја, беше заставни-кот горанчо Ангелевски.Во Кабул, во 2008 година, во воено-полициска мисија беше и професионал-ниот војник Душица Алексова. Одмере-но и сигурно одговара на прашањата за нејзинот престој таму. Единстве-но гласот затреперува кога кажува за случајот кога пришло едно авганистан-ско девојче со раскрвавена рака. Во па-тролата единствено таа била жена и девојчето почувствувало дека токму Душица ќе помогне. „Ми пријде, рас-кажува таа, со верба во очите. Јас ја преврзав исеченицата на раката. Не знам зошто, но тој настан, таа епизода од војничкиот живот, уште ја паметам. Веројатно поради вербата на девојчето во мене дека токму јас ќе помогнам“.

НЕЗАМЕНЛИВИТЕ „ВОЛЦИ“ И „РЕНЏЕРИ“ОД ПСОВо постконфликтен Ирак, во скло-пот на меѓународните сили задолже-ни да го организираат животот во оваа земја, да ја создаваат и афирмираат демократијата, да ги сочуваат цивилиза-циските вредности и да ја обезбедат ид-нината на оваа блискоисточна земја, се најдоа и припадници на АРМ. Како земја-претендент за влез во НАТО и членка на Партнерството за мир, Р. Македонија во целост го стави својот воен потенцијал на располагање на сојузничите сили за потребите во Ирак. Прво македонските волци“, а по нив и македонските „ренџери“ од Полкот за специјални операции на АРМ, се најдоа на оваа новопозиционирана трауматска точка на картата на глобалната безбед-ност и мир.Капетанот Н. В. од Ренџерскиот ба тал-јон бил во Ирак во две мисии. Прва-та „ИРАК 4“, од декември 2004 до јуни 2005 година, и втората „ИРАК 10“ од де-кември 2007 до јуни 2008. Правејќи се-риозна дистинкција помеѓу овие две негови ирачки искуства, капетанот ни кажа дека втората мисија била многу полесна од првата, дека постоела се-риозна разлика во развојот на ирачка-та демократија помеѓу овие две мисии

32

и дека самиот војнички живот бил мно-гу поорганизиран за време на втората мисија. За мисијата „ИРАК 10“, тој е одли-куван со медал за посветеност ARCOM. Според него, и двете мисии биле слич-ни, со иста локација на престој, а тоа е кампот „Таџи“, 20 km северно од Баг-дад. Посветено и одговорно ги извршу-вал задачите, бил горд што ја афирми-рал АРМ. го истакнува и тоа дека нивни-те американски колеги безрезервно ги прифатиле како партнери, со апсолут-на доверба. Сè уште ги памети насмев-ките на тамошните деца, кога им пода-риле фудбалски топки, школски ранци, чоколади и друго. Капетанот е оженет и има една ќерка. Професионалниот по-вик му налага секогаш да биде подгот-вен за нови искушенија, па макар тие да бидат повторно во ирачката пустина во сосем други околности.Постариот водник од Рен џер ски от ба тал јон, Ј. О., исто така два пати го „јадел“ мисионерскиот леб во Ирак. Бил во мисијата „ИРАК 6“ од декем-ври 2005 г. до јуни 2006 г. и во „ИРАК 11“ од јуни 2008 до декември 2008 го-дина. Во првата мисија е одликуван со ААМ-медал за достигнување, а од вто-рата го има добиено медалот ARCOM. И во двете мисии бил на истата, добро позната локација во базата „Таџи“. До-бро се сеќава на контактите со Ирача-ните, на животот во базата, на оддале-ченоста од најблиските. Сепак, најмногу сеќавања му навираат за средбите во слободно време со нивните пријатели Американци. „Редовно ги победувавме Американците во фудбал, вели тој, а че-сти соиграчи ни беа и другите колеги од разни држави. Втората мисија ни овоз-можи интернет-комуникација, библиоте-ка, базен. Ирак е конзервативна, религи-озна држава, но, сепак, многу поотворе-на од многу арапски држави во тој дел од светот“.Од Баталјонот за специјални намени, или популарните „волци“, еден од на-шите соговорници беше мајорот Б.Н. Од јуни 2006 година до декември 2006 година учествувал во мисијата „Слобо-да за Ирак 7“. Оттаму, овој висок офи-цер на нашата армија се враќа гордо со медалот за посветеност ARCOM. Под-дршката на мисијата за мир во содејство со Американците му ги проширило про-фесионалните хоризонти, го запозна-ла со нова култура, му го прошири-ла знаењето гледано од сите аспекти. „Пред сè, многу научив за Американ-ците, за американската армија, за нив-ната извонредна логистика, за нивната флексибилност во мисиите и за сите на-времени корекции кои ги прават за што поуспешно извршување на предвиде-ните задачи. Во крајно комплицирани временски услови, кога летните жешти-ни досегаа и до 70 степени Целзиусови на сонце, демонстриравме извонредна

се пријателски расположени, дека слуш-нале за Македонија и дека Македонци-те во мисиите кај нив посебно ги почиту-вале. Никогаш нема да ја заборави таа меѓучовечка комуникација со Ирачани-те. Втората мисија ја третира за исклучи-во квалитетна во сите сфери: извонред-на кујна, интернет-кафе, фреквентна меѓучовечка комуникација. го посетил и Вавилон, бил во Тикрит во комплексот на Садам Хусеин, добро ја познава и Зе-лената зона во Багдад. Транспортот во втората мисија на релација Таџи-Багдад се одвивал со хеликоптер, што претста-вувало посебно отежнување од безбед-носен аспект за тогашните околности. Никогаш нема да го заборави ниту од-морот во Катар од три дена, кој му бил дозволен во состав на мисијата. Наред-никот е оженет и има едно дете.учеството на нашите мировници во мисијата „Слобода за Ирак“ несомне-но претставува огромно искуство за нив, а АРМ дефинитивно ја позицио-нираше во вертикалата на професио-нални и респектирани армии. И тоа од најголемите, најсилните, кон чие друшт-во и се стреми, а без дилеми и го за-служува. Оваа мисија им беше довере-на на нашите најподготвени професио-налци, способни и во иднина да одгово-рат на идентични предизвици. Полкот за специјални операции е клучниот фак-

тор во реализацијата на овие крупни потфати на АРМ кои имаат цел нејзина афирмација, оперативност и продуктив-ност дури и во исклучиво тешки преде-ли и комплексни безбедносни региони каков што денес е Ирак.

психофизичка подготовка и постигнав-ме извонредни резултати во предвиде-ните активности. Сепак, пристојно орга-низираниот живот во базата ни помог-на и таму, далеку од сопствената земја, да живееме живот кој барем малку при-легаше на редовниот. Сега сум оженет и имам ќерка“, беа зборовите на овој пре-кален „волк“ од редовите на АРМ.И наредникот И.М. од Баталјонот за специјални намени гордо се пофали со мисијата „ИРАК 1“ која беше од јуни 2003 до декември 2003 г. и со „ИРАК 8“, од декември 2006 до јуни 2007г. Медалот ARCOM е и негов атрибут во одликувањата, а базата „Таџи“, негово-

то некогашно место на професионален развој во два наврати. Првата мисија ќе му остане во сеќавање по многуте кон-такти со месното население во Ирак, а од тоа и заклучокот дека менталите-тот им е доста сличен со нашиот, дека

33

ако резултат на успешното извр шу-вање на мисијата и високите оцени до-биени за учество во ИСАФ, од август 2004 година, па сè до крајот на 2006

година, АРМ учествуваше со еден механи-зиран пешадиски вод од единицата „леопар-ди“. Врз основа на оцените на Алијансата во делот на декларираните единици од АРМ, кои ги достигнаа бараните строги стандар-ди во делот на обука и оперативните проце-дури и во согласност со Концептот на опе-ративни способности (OCC), македонската армија, во јуни 2006г., за првпат во миро-вна мисија упати единица од ранг на чета, односно една механизирана пешадиски чета, дел од Првата механизирана пешади-ска бригада во состав на британскиот кон-тингент во ИСАФ. Во мисијата учествуваа 6 офицери, 15 подофицери и 69 професи-онални војници, кои беа оспособени и опре-мени со неопходните материјално-технички средства за успешно извршување на поста-вените задачи. Командант на првата едини-ца на АРМ на ниво на чета беше капетанот Стојанче Костов. Целта на мисијата беше изведување стаби-лизирачки операции заради создавање без-бедна околина и олеснување на хуманитар-ните помошни активности на меѓународните владини и невладини организации. Покажа-ната доверба од Обединетото Кралство кон деведесетте „скорпии“ од Првата пешади-ска бригада беше во целост оправдана.Единицата успешно ја изврши добиената мисија во зоната на одговорноста во рео-нот на главниот град на Авганистан – Кабул. Целта на мисијата беше изведување на ста-

билизирачки операции заради создавање безбедна околина и олеснување на ху-манитарните помошни активности на меѓународните владини и невладини орга-низации. Сите учесници во мисијата ИСАФ - 9, од Ми-нистерството за одбрана, се наградени со парична награда од 1.200 американски до-лари. За успешно извршената мисија едини-цата беше пофалена од највисоките претпо-ставени старешини од главната команда на ИСАФ во Авганистан. Соодветни признанија добија и од командантот на ЗОК и коман-дантот на 1. мпбр. за успешно изведената мисија.Во втората ротација на четата за обезбедување на Командата на ИСАФ, Ре-публика Македонија го зголеми присуството од 90 на 127 учесници, а од јануари 2008 го-дина испрати и тројца штабни офицери во Командата на ИСАФ во Кабул.Во 13-тата ротација на мировната мисија ИСАФ во Авганистан, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во јули го-динава заминаа 149 припадници на 1.мпбр, кои заедно со најстариот национален прет-ставник се распоредени во главната коман-да на ИСАФ во Кабул. Во наредните шест месеци, македонски-те мировници ќе ги изршуваат задачите во рамките на контингентот на армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната ко-манда на силите на ИСАФ во Кабул. Македонските војници во Авганистан се по-читувани како исклучителни членови на ти-мот на ИСАФ. Нивната работа стана при-

мер за професионалност, за тимска работа, за приспособливост и за храброст, на што може да им позавидат многу припадници од земји-членки на НАТО што служат рамо до рамо со нив. Со учеството во мултинацио-нални мисии, македонската војска покажува дека претставува добро обучена, целосно оперативна сила, која е подготвена со пар-тнерите од НАТО ефикасно да одговори на глобалните безбедносни закани.Драгоцените искуства кои ги стекнаа лиде-рите и останатиот персонал од учеството во мировната мисија ИСАФ во Авганистан ќе бидат имплементирани во реализацијата на плановите за работа и военостручно оспособување на останатиот персонал од единицата, така што ќе се создадат услови за континурано учество во мировни мисии.

Р.Ш.

ПРИМЕР ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

И ТИМСКА РАБОТА

Мисијата ИСАФ во Авганистан на ниво на чета

34

акедонскиот контингент во Авга-нистан навлезе во четвртиот ме-сец од шестмесечната мисија во главната команда на ИСАФ, при-

тоа извршувајќи една од најсложените и најодговорни задачи. Во континуитет, од 2006 г., мисијата за обезбедување на глав-ната команда на ИСАФ-силите во Авгани-стан, како задача му е доверена на маке-донскиот контингент. Војниците и стареши-ните од дванаесет тата ротација се повеќе од горди на покажаната доверба и на до-делената одговорност за обезбедување на главната команда, свесни за вложе-ниот труд и за напорите на претходни-ците во градењето на имиџот и ликот на македонскиот мировник, а во исто вре-ме достојни пред задачата и предизвикот за постојано пронаоѓање на решенија за креирање на побезбедна околина за ра-бота на главната команда на ИСАФ. По-светеноста и пристапот на македонските војници во извршувањето на задачите се препоз нат ливи и високо оценети елемен-ти од командната структура на ИСАФ во Авганистан, од македонските државни и воени авторитети, но и од граѓаните на Р. Македонија. Валоризацијата на покажани-от професионализам, борбената оспособе-ност и нивото на готовност на континген-тот во Авганистан, претставува најсилен адут при афирмацијата и целокупните за-ложби на општеството за интегрирање во НАТО-безбедносните структури.За учеството и придонесот на нашите ми-ровници во мисијата ИСАФ во Авганистан, разговаравме со најстариот национален претставник на Република Македонија во мисијата, потполковникот Киро Калков.

Господине потполковник, како Републи-ка Македонија придонесува во мисијата ИСАф во Авганистан?– Република Македонија несебично при-донесува во воспоставувањето на ми-рот, стабилноста и демократските вредно-сти во ИР Авганистан, со активно учество и распоредување на сили на Армијата на Ре-публика Македонија, на различни локации и со различна мисија. Во мисијата ИСАФ во мо-ментов, Армијата на Република Македонија има распоредено: една механизирана пеша-диска чета со 150 припадници во главната ко-манда на ИСАФ, пет ментори во наменски-те сили за партнерство и советување во Ма-зари а шариф, двајца штабни офицери во здружената команда на аеродромот КАЈА и двајца инструктори во школото за обука на Воена полиција. Континуираното учество на Република Македонија со свои сили ја прави важен контрибутор во постигнувањето на целите на мисијата ИСАФ во ИР Авганистан.

Како нашите партнери го оценуваат при-суството и придонесот на Армијата на Ре-публика Македонија во мисијата ИСАф во Авганистан?– Армијата на Република Македонија, како што напоменав претходно, учествува со свои сили во различен спектар на операции во мисијата ИСАФ. Нашите единици и тимови се распоредени на различни локации и опе-ративно се претпочинети под различни ко-манди, но претставува гордост да се слуш-нат оцените за работата од нивните прет-поставени. Имено, партнерите ја користат секоја прилика да искажат благодарност и за-доволство од придонесот на припадниците на АРМ во состав на единиците и командите

Каква е соработката на нашите контин-генти со останатите учесници во мисијата ИСАф во Авганистан?– Од самиот почеток на распоредување на наши сили на територијата на Авганистан, македонските војници и старешини ужива-ат висок рејтинг и истиот го презентира-ат во форма на соработка и заемна помош со колегите од останатите армии – учеснич-ки. Соработката со останатите учесници во мисијата ИСАФ се реализира на потребно-то рамниште и на сите нивоа. Кратко кажано, македонскиот мировник ја оправда и ја пот-врди укажаната доверба на партнерите во Авганистан.Реализација на задачите подразбира дослед-ни и квалитетни подготовки на учесниците во мисијата за да може соодветно да одгово-рат на исполнувањето на очекувањата и на довербата кон нашиот контингент. Подготовките пред упатувањето се клучот на успехот на мисијата, па затоа се посвету-ва големо внимание на правилниот избор на персоналот за учество во мировната мисија, борбено оспособување и стекнување на по-требните вештини. Интересни и за паметење се првите впе-чатоци од кабулските предградија и па ту-вањето до базата на главната команда на ИСАФ, каде веќе сè беше организирано за прифаќање, ротација и примопредавање на должноста на новиот контингент. Де-новите од заедничката обука и дружење со пријателите и колегите од стариот кон-тингент привршуваат. Доаѓа денот за пов-торно враќање во татковината и во се-меј ствата, а новиот контингент целосно ја презема одговорноста за обезбедување на главната команда на ИСАФ. Р.Ш.

со најстариот национален претставник на Република Македонија во мисијата, потполковникот Kиро Калков

„ЛЕОПАРДИТЕ“ ЈА ОПРАВДАА ДОВЕРБАТА ВО АВГАНИСТАН

интервју

на ИСАФ, каде ги извршуваат своите функ-ционални задачи. Во тој контекст, сакам да ја споменам изјавата на началникот на шта-бот во главната команда на ИСАФ, генера-лот Бавинков, при неговата посета на кон-тингентот во главната команда на ИСАФ, кој потенцираше: „Се чувствувам безбеден во главната команда на ИСАФ, затоа што таа е обезбедена од војниците од македонски-от контингент кои извршуваат една многу значајна задача. Тоа, впрочем, ве прави вас едни од најдобрите во светот“.Од моите контакти и работни состано-ци исто така добивам позитивни впеча-тоци и импресии за остварената соработ-ка и за реализацијата на доверените зада-чи на сите припадници на Армијата на Ре-публика Македонија. Војниците и стареши-ните достојно го презентираат изградени-от професионализам и стекнатата обуче-ност во насока на интензивна соработка и промовирање на Армијата на Република Македонија пред партнерите. Резултатите од оствареното ниво на интероперабилност се нашиот најголем адут во аспирациите за стекнување статус на полноправна членка во НАТО-алијансата.

35

а деталите од престојот на македон-скиот контингент од дванаесетта-та ротација во главната команда на ИСАФ, во периодот од јули 2012 до

јануари 2013 г., за задачите и одговорностите разговаравме со командантот на континген-тот, потполковникот Душан Станков.

Господине потполковник, како командант на контингентот, што претставува за Вас императив во извршувањето на задачите од мисијата?– Задачите кои произлегуваат од мисијата за контингентот, за мене лично, пред сè, прет-ставуваат чест и задоволство за укажаната доверба, но во исто време и неделива обвр-ска и одговорност за целосно и беспрекор-но извршување на должностите. Во контекст на постигнување на целите и очекувањата од мисијата, би сакал да го потенцирам про-фесионалниот однос, поддршката и соработ-ката од страна на старешините во команда-та на четата, командирите и сите припадни-ци од контингентот. Соработката и нивото на комуникација со Командата на групата за под-дршка на базата е на одлично рамниште, што дополнително придонесува за квалитетна реализација на задачите. Притоа, примарна е грижата за припадниците на контингентот, а највисок императив ми е животот и здравјето на моите старешини и војници во мисијата и исполнување на очекувањата и на укажаната доверба од претпоставените старешини.

Кои задачи, поконкретно, ги извршува македонскиот контингент во рамките на мисијата во главната команда на ИСАф?– Контингентот извршува редовни ак-тивности за обезбедување на надвореш-

ниот периметар на базата од утврдени набљудувачници-сангари, патролирање во зоната на одговорност, обезбедување го-товност на силите за брза реакција, контро-ла на влезот на главната и на задната капија во базата, контрола на влезот за пешаци и обезбедување на класифицираната зона на главната команда на ИСАФ. Четата, исто така, се ангажира за обез бе ду-вање на високи посети на главната коман-да на ИСАФ, а само во текот на оваа годи-на се реализирани посети од страна на ге-нералниот секретар на НАТО, премиери, ми-нистри, сенатори и конгресмени на странски земји, како и високи претставници на влада-та на ИР Авганистан. Борбената готовност на четата постојано се проверува и се вежба во начинот на ре-

ак ција и постигнатото време на силите за бр за реакција преку вежби на ниво на чета-та и месечни вежби со ангажирање на сите елементи од групата за поддршка на база-та. Со еден збор, четата е единствената во-оружена сила која е одговорна за комплетна-та безбедност на базата на главната коман-да на ИСАФ.

Кои се Вашите планови и насоки за оста-натото време од мисијата?– Четата продолжува со извршување на ре-довните и дополнителните задачи, во со-гласност со оперативната наредба за ан га-жирање и стандардните оперативни проце-дури кои се однесуваат на работата на че-тата. Сметам дека во изминатиот период успешно ги реализиравме доверените зада-чи, а постојано работиме на подобрување на работните услови, на инфраструктурата на работните места и на подигнување на ни-вото на готовност на четата. Признанија за нашата работа и за професионалноста со која се извршуваат задачите, со задовол-ство беа искажани при неодамнешната по-сета од страна на генералот Бавинков, на-чалник на штабот во главната команда на ИСАФ. Како што истакнав и претходно, при-оритетни за мене се животот и здравјето на моите старешини и војници и исполнување на очекувањата и на укажаната доверба од претпоставените старешини. Посакувам така и да остане, и со таква состојба да ја за-окружиме реализацијата на мисијата.Редакцијата на „штит“ им се заблагодари на соговорниците и им посака мирна реа-лизација на задачите од мисијата. „успешна-та приказна за мисијата и за рејтингот на „ле-опардите“ во Авганистан продолжува. Р.Ш.

со сегашниот командант на македонскиот контингент, потполковник Душан Станков

КВАЛИТЕТНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДАЧИТЕ

интервју

36

ога се разговара со потполковни-кот Мице Котески, часовите мину-ваат како минути. Иако има што да каже за 12-те месеци минати како командант на 2 контингенти

во мисијата ИСАФ. Тој е добитник и на НАТО-медал за заслуги, но, и покрај тоа, тој повеќе зборува за другите. Сè што постигнав, вели тој, е резултат на заед-ничка работа. Затоа, додава, медалот е признание за сите припадници на маке-донските контингенти.

Како припадник на кичевските „лео-парди“ бевте предводник на два ма-кедонски контингенти во Авганистан, во 2006 и во 2007 година. Какви се Вашите искуства од тоа време, и како од денешен агол гледате на мировни-те мисии?– Се гордеам со фактот што 8 години бев припадник на единицата чии при-падници со гордост го носат амблемот со леопард и логото „Сила за мир“. Ми припадна особена чест и задоволство да предводам два контингенти од со-ставот на таа единица. Искуствата за успешна мисија се движат во насока на изборот на кандидати што исклучител-но треба да биде во рацете на команди-рите на водови и одделенија (сигурно ќе ги изберат најдобрите). Треба секогаш да им се дава поддршка на командири-те кои ќе ја водат мисијата. Неопходно е

и дефинирање и почитување на крите-риумите при изборот на клучниот персо-нал, особено во следните елементи: пси-хофизичка подготвеност, обученост, лојалност, тимски дух, лидерски способ-ности, патриотизам, посветеност итн. Тука спаѓа и користењето на научените лекции од претходните контингенти. Добро ги извршивме задачите, но се-како можеше и подобро. Секогаш има простор за подобрување. Во моментов природата на работното место не ми дава можности да влијаам на работата на контингентите и немам доволно ин-формации за нивната работа за време на извршувањето на задачите.

Од кичевските „леопарди“ во миров-ни мисии учествувале речиси 1.000 припадници, во мисијата ИСАф и во мисијата „Слобода за Ирак“. Сега се тие дел од 1.мпбр. Дали, според Вас, за „леопардите“ допрва ќе се слуша како за една од најпрофесионалните единици на АРМ?– Тешко е да се постигнуваат високи ре-зултати во континуитет доколку изо-стане модернизацијата на средства-та со кои е опремена единицата. Про-стор за подобрување секако дека по-стои во повеќе сегменти, пред сè во из-борот на персоналот, подготовката на единицата, тактиките и техниките при извршувањето на задачите. Користење

на научените лекции на контингенти-те од составот на АРМ, но и искуствата на контингентите на земјите-членки на НАТО-алијансата. Народната поговорка вели дека со годините доаѓа и мудроста, така и „леопардите“ од година во годи-на созреваат и очекувам да постигнува-ат сè подобри и подобри резултати.

Вие сте носител на НАТО-медал за за-слуги во службата. Тоа е прв таков ме-дал што го добил некој припадник на АРМ. По кој повод е добиен овој ме-дал? – Поводот за доделување на медал за заслуги во службата беше после уче-ството во две мировни мисии, во 2006 и во 2007 година со пауза пократка од шест месеци. Контингентите самостојно или во мешан состав реализираа повеќе од 700 патроли пеш или со моторни воз-ила во зоната на одговорност, а притоа не беше направен ниту еден инцидент. Ќе се сложите дека тоа е резултат за по-чит. После доделувањето на медалот истакнав, а и сега ќе повторам, дека сум носител на медал за заслуги во служ-бата за што се изборија сите припад-ници на македонскиот контингент. Се изборија со својата професионалност, дисциплинираност, одговорност и по-светеност при извршувањето на зада-чите. Особено се гордеам со резултати-те постигнати во делот на ЦВС, остваре-

потполковник Мице Котески, предводник на два контингенти во мисијата ИСАФ

СИТЕ КАКО ЕДЕН

интервју

37

ни со меѓународните, но и со владини-те и невладините организации во зона-та на одговорност на единицата. Предлогот за доделување на медал дојде од полковникот Брајан Хејбиг, ко-мандант на борбената група за под-дршка на команданта на ИСАФ. Кон сре-дината на мисијата чувствував дека ќе има ваков предлог. Командантот кон припадниците на контингентот иска-жа задоволство од нашето работење не само со зборови туку и со постап-ки. Не пропушташе пригода а да не го посети нашиот ТОЦ или да му чести-та роденден на некој од мировници-те подарувајќи му скромен подарок од срце и со насмевка.

Во Вашата поранешна канцеларија во Кичево централно место зазема една фотографија каде сте во друшт-во со британски војници. Зошто?– После месец и половина внимателно набљудување на работата на македон-скиот контингент, одговорните стареши-ни од британската армија донесоа одлу-ка нивниот вод да го претпочинат на ко-мандата на четата. Тоа за мене претста-

„Мислењето на македонските мировни-ци е идентично со нашето мислење за американските војници”.Командата на четата имаше воспоста-вено практика да прогласува најдобар војник во водовите еднаш месечно. Во тоа ги вклучивме и британските војници. Симпатично беше да се види како најдобриот војник од водот „Делта” гор-до го носи знакот на леопард на реве-рот. Тоа се гледа и на позадината на сли-ката. Имено, често бевме повикувани да учествуваме во нивните патроли. Во една прилика, во рамките на патрола-та, тие се беа построиле да ја постават опремата на „Биби Мароу” и нè повикаа да направиме заедничка фотографија. Ден-два пред нивното заминување од Кабул, пред построена единица коман-дирот на водот ми ја подари сликата која доживотно ќе ги краси ѕидовите на мојата работна просторија.

Бевте активно вклучен и во прене су-вањето на искуствата во обуката. Од 2007 година се вклучивте и во проце-сот на оценување на декларираните единици како сертифициран оцену-вач за нивото 1 и за нивото 2, односно за оценување на интероперабилноста и на борбената готовност?– Со подготовките на единицата за мисија раководи командата на едини-цата, но и командата на бригадата има своја улога. Со секоја единица бев член на групата која е одговорна за подго-товка на контингентите. Знаејќи кол-ку сериозна задача им претстои, макси-мално се залагав подготвеноста на еди-ницата да биде на потребното рамниш-те. Претпоставените старешини од гш на АРМ и од ЗОК ги забележаа моите за-ложби и одлучија да ме упатат на курс за оценувачи на интероперабилноста на декларираните единици. После неколку успешно реализирани оценувања бев упатен на курс за оценување на борбе-ната готовност на декларираните еди-ници. Започнав како слушател на кур-сот, а завршив со должноста директор на оценувањето НАТО-2 на четата де-кларирана за борбената група на Европ-ската унија, на што сум особено горд. Верувам дека претпоставените беа за-доволни од реализираното оценување, а потчинетите ќе извлечат позитивни искуства од оценувањето.

Што би им порачале на припадници-те на АРМ коишто допрва се подгот-вуваат за учество во мисии?– Ќе го кажам следново, дека можат да ви одземат речиси сè, но не можат да ви го одземат знаењето, способноста и вештините. Тие се само ваши. Затоа, само со работа, со труд, со самопрегор, со дисциплина, со самоодрекнување и со самодоверба, борете се за место во идните контингенти на АРМ во миро-вните мисии надвор од територијата на РМ, извезувајќи мир таму каде што тоа е најпотребно.

В.Д.

вуваше предизвик кој бараше нов при-стап, но и многу поактивно користење на англискиот јазик во секојдневното работење, особено во изработката на документите во ТОЦ. Да се команду-ва со војници и старешини-припадници на една моќна армија, армија со голема традиција, бараше големо вложување од старешините од командата на че-тата. На мое изненадување, припад-ниците на британскиот контингент брзо се прилагоди на новонастанатата ситуација, а се обучија и за ракување со вооружувањето и опремата со која беше опремен нашиот контингент. Сека-ко, дел од нашите војници, исто така се обучија во ракување со вооружувањето и со опремата на британскиот контин-гент. Изведувавме заедничка обука, но изведувавме и ситуациони гаѓања од личното вооружување. учевме едни од други, пред сè во делот на тактики-те и техниките при иззвршувањето на задачите. Командирот на водот, по-ручник Алекс Хорнер, редовно пишу-ваше за едно од нивните списанија. Опишувајќи го односот со припадници-те на македонскиот контингент напиша:

38

актите кои зборуваат за оспособе-носта на нашите припадници веќе не се ниту новост ниту изненадување. Припадниците на АРМ како многу-

пати досега и во наменската мисија „Фе-никс“ покажаа и докажаа дека нашата земја знае да продуцира достојни кадри чија подготвеност е на нивото на армии-те на земјите-членки на НАТО-алијансата. Во снаодливоста во мултиетничка среди-на, каква што е Авганистан, дури се и че-кор напред. Затоа воопшто не беше из-ненадувачка веста дека 73 припадни-ци на АРМ се одликувани со медали и признанија. Во деветте месеци додека беа во мисија, припадниците на заеднич-ката мисија со припадниците на Национал-ната гарда на Вермонт, САД, и Армијата на САД, го продолжи македонскиот кон-тинуитет на принципиелност, подгот-веност, партнерство и одговорност. Станува збор за исклучително сложена мисија, мисија која сама по себе бараше многу подготовки и енергија. Водени од потребата за солидарност и од чувство-то на одговорност и принципиелност, Ре-публика Македонија без двоумење при-фати партнерството со Вермонт да биде продолжено во една нова и поразлична мисија. Свесни за состојбите, но и уверени во нашата исправност, ние со ист интензи-тет го продолживме огромниот придонес на нашата држава во мировните мисии. „Квалитетните подготовки кои беа спро-ведени пред заминување, добро из-браниот персонал, како и доследно-то извршување на сите поставени за-дачи од страна на сите припадници на

контингентот поединечно, придонесоа поставената мисија успешно и во це-лост да биде завршена, истакнува ко-мандантот на наменските сили, мајорот Кочо Христовски. Како припадници на АРМ, како и секогаш досега, успеав-ме да ја потврдиме нашата професи-оналност, одговорност и дисциплина“.Различноста на мисијата „ФЕНИКС“ во однос на останатите е евидент-на. Имено, 79-те припадници на Пол-кот за специјални операции (пСО) и на Баталјонот на Воената полиција (бнВП), заедно со нивните колеги, припадници-те на Националната гарда на Вермонт, САД, и Армијата на САД, во период од девет месеци извршуваа мисии од об-ласта на обуката и менторирањето на Авганистанската национална армија и полиција, потоа изведуваа заеднички операции за поддршка на мирот и ста-билноста на оваа средноазиска земја, ми-сии за обезбедување на високи лично-сти од воениот персонал на НАТО и на ИСАФ и заедно со коалициските сили на НАТО и на САД делуваа како поддршка на авганистанската армија и полиција. Со исполнувањето на задачите, припадни-ците на мисијата, како што нагласи и на-чалникот на гш на АРМ, генерал-мајорот Котески, „ дадоа голем придонес во под-дршката, за стабилноста и за изград-бата на демократијата во Авганистан“.Она што нам најмногутреба да ни импо-нира е фактот дека успешно извршени-те обрски навистина не поминале неза-бележани. Напротив, високиот степен на професионалност и храброст покажа-

ни за време на оваа сложена мисија беа повеќе од доволна причина Армијата на САД да им додели медали и признанија на 73 припадници на АРМ. Дополнител-но, сите припадници кои беа дел од на-менската мисија, од министерот за од-брана добија позлатени и сребрени мо-нети, а беа доделени и четири плаке-ти со логото на Министерството, и тоа на Полкот за специјални операции, на Баталјонот на Воената полиција, на „ренџерите“ и на „волците“. Токму тие ме-дали и признанија, дополнети со високите оцени за професионализмот пoкажан во секојдневното работење, претставуваат потврда за интероперабиолноста на АРМ со земјите-членки на НАТО-алијансата.

ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА СО ПРИПАДНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА гАРДА НА ВЕРМОНТ

чЕКОР НАПРЕД ПРЕД ДРУГИТЕ

39

ридонесот на Република Македонија во мисијата ИСАФ не се гледа само преку учеството на контингентите на ниво на одделенија, водови и чети, туку опфаќа и конкретен придонес во

повеќе сфери.Покрај другото, во мисијата ИСАФ АРМ уче-ствува со штабни офицери од август 2002 година. Во 12 ротации учествуваа вкупно 39 лица.Како поддршка на напорите за самооддр-жливост на Авганистанската национална армија (АНА), започнувајќи од март 2008 го-дина, Република Македонија испрати двајца припадници (еден офицер и еден подофи-цер), како дел на здружениот мултинацио-нален Оперативен менторски тим за врски (OMLT) во Мазар е шариф.учеството на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија во НАТО-предводената мировна операција ИСАФ продолжи да се зголемува. Така, од јануари 2009 година, уште 3 (тројца) припадници на АРМ (двајца офицери и еден подофи-цер), како дел од Оперативниот менторски тим за врски (OMLT) беа упатени во реонот на Кундуз, за менторирање на припадници-те на АНА. Во моментов во мисијата ОМлТ-3 се наоѓаат пет ментори во наменските сили за партнерство и советување во Мазари а шариф. ОМлТ е оперативен тим од ста-решини од повеќе земји кои имаат задача секој во своето поле на работа и експерти-за да советуваат, да менторираат и да му

повеќе земји кои се дел од мировната мисија ИСАФ-Авганистан.Воениот полицаец, покрај извршување на своите должности во Интернационалната воена полиција на интернационалниот ае-родром во Кабул во командата на КАИА, им дава голема поддршка на нашите мировни-ци кои се наоѓаат во Авганистан.Во периодот од 7.1.2009 година до денес, при-падниците на АРМ кои беа воени полицајци во Интернационалната воена полиција на ин-тернационалниот аеродром во Кабул во ко-мандата на КАИА, повеќепати беа пофалени и наградени од страна на претпоставените старешини на КАИА и од командирот на ин-тернационалната воена полиција, за нивното залагање и професионално извршување на службените задачи.

Р. Стојчески

СЕЕБРИГ НА КОМАНДНО НИВО ВО АВГАНИСТАНЕдинаесет припадници на АРМ, штабни офицери и штабни подофицери, прес-тојуваа во мировна операција во Авгани-стан, во составот на Командата на Бри-гадата за Југоисточна Европа – СЕЕБРИг, во рамките на Меѓународните сили за без-бедносна поддршка на Авганистан под лидерство на НАТО, во силите на ИСАФ, во периодот од јануари до август 2006 година. Ова беше прво заминување на единица на СЕЕБРИг во мировна мисија. После почетната оперативна готовност, во март 2004 година, целосната опе-ративна готовност беше означена со добивање сертификат за способноста на Командата на Бригадата за мировни опе-рации, оценета од НАТО-командата од НЕАПОл. Во октомври 2004 година за-почна фазата на распоредување на Ко-мандата на СЕЕБРИг, со активно учество на македонските старешини во работа-та на Командата на СЕЕБРИг. Оттогаш се промени и улогата на СЕЕБРИг, од еди-ница за регионална сигурност во едини-ца за придонесување и јакнење на без-бедноста во останатите кризни региони во светот. СЕЕБРИг KMNV IX ги имаше следните задачи: да ја поддржи власта на Авга-нистан во напорите за стабилизација на земјата и на регионот; да ги поддржува ОН и останатите меѓународни организа-ции во изградбата на земјата; да придо-несе за зголемување на безбедноста во Кабул со околината; да ги поддржи реги-оналните реконструкциски тимови преку CIMIC-активностите.

OMLT, ВП ВО КОМАНДАТА НА КАИА, СЕЕБРИг НА КОМАНДНО НИВО ВО АВгАНИСТАН

КОНКРЕТЕН ПРИДОНЕС

помагаат на клучниот персонал при коман-дите и штабовите на АНА околу градењето на систем на раководење со единиците, планирање и извршување на борбени опе-рации и вежби, како и во доменот на редов-ното функционирање на единиците.

ВОЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО КОМАНДАТА НА КАИАОд 7.01.2009 година Армијата на Република Македонија има декларирано еден припад-ник на Воената полиција во Интернационал-ната воена полиција во командата на КАИА, Кабул, Авганистан. Припадникот на Воена-та полиција е дел од штабниот персонал на АРМ, заедно со инженерскиот штабен офи-цер за обука и врски со АНА во командата на IJC во базата на NORTH KAIA.Од 7 јануари 2009 година АРМ има декла-рирано 7 припадници на Воената полиција во составот на Интернационалната воена полиција на интернационалниот аеродром во Кабул во командата на КАИА, што во мо-ментов е осма ротација на воената полиција на интернационалниот аеродром во Кабул во командата на КАИА.Како член на Интернационалната воена полиција на интернационалниот аеродром во Кабул во командата на КАИА, нашиот припадник на Воената полиција ги извршу-ва предвидените должности во согласност со SOP (Стандардни оперативни процеду-ри за воената полиција на Интернационал-ната воена полиција на интернационалниот аеродром во Кабул во командата на КАИА) и други должности во согласност со остана-тите SOP (Стандардни оперативни процеду-ри), заедно со останатите членови на Интер-националната воена полиција кои доаѓаат од

40

емјите од Јадранската повелба: Ма ке донија, Албанија и Хрват-ска, покрај НАТО-земјите: грција, Бугарија и Ро манија, не само што

ја унапредија регионалната безбед-ност, туку даваат и конкретен придо-нес, ефективно вклучувајќи се во над-ворешните мисии на НАТО. Како прв заеднички чекор кон остварување на оваа цел беше испраќањето заеднич-ки медицински тим како дел од НАТО-силите во мисијата ИСАФ во Авганистан. упатувањето и подготвеноста на заед-ничкиот медицински вод на Македонија, на Албанија и на Хрватска во мисијата

ИСАФ во Авганистан, претставува зна-чаен чекор напред кон изградбата на мини-регионален безбедносен систем и потврда на способноста на Јадранската група да придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот и во светот.АРМ уште во 2002 г. декларираше меди-цинско одделение за НАТО-мировни ми-сии и ПфП-мисии, составено од 1 воен лекар, 2 техничари, 2 болничари, кои во-едно се и „врскари”, со завршени курсе-ви за комуникации, како и 2 болничари-возачи.Тимот беше составен од 12 члена, од кои тројца доктори, шест медицински техни-

чари и тројца болничари, а истовремено и возачи. Македонија, Албанија и Хрват-ска во тимот учествуваа со по еден ле-кар, по двајца медицински техничари и по еден болничар. Официјален јазик на тимот беше англискиот, а местото ко-мандир ротира меѓу секоја земја, со тоа што тој секогаш ќе биде лекар од водеч-ката земја. Мисијата трае шест месеци за секоја ротација. Првиот здружен медицински тим зами-на на 8 август 2005 г. од Солун во Ка-бул. Тоа беше прво учество на АРМ во мисија со мешан контингент на миро-вници. Досега во Ирак и во Авганистан испраќавме единици составени исклу-чиво од македонски војници. За првпат во мировна мисија АРМ испрати и жена. Четворица припадници на АРМ (поруч-никот Сашо Капсирев, воен лекар, воед-но и командир на Здружениот медицин-ски тим, Даниела Костовска и постариот водник I класа, Бајрам Адеми, медицин-ски техничари и пфв. Игор Митков, бол-ничар), како дел од заедничкиот меди-цински вод на Македонија, на Албанија

Здружениот медицински тим на земјите-потписнички на Јадранската повелба во НАТО-мисијата ИСАФ во Авганистан

МИРОВНИЦИ ОД БАЛКАНОТ

и на Хрватска, кој броеше 12 членови, во Авганистан (во рамките на грчкиот кон-тингент во ИСАФ), престојуваа 6 месеци. Заедничкиот медицински тим имаше заедничка обука и во Албанија и во Македонија, а за тоа време припадни-ците на тимот се запознаа, работеа за-едно и ги применуваа истите стандарди во медицинските постапки, при што ти-мот покажа голема подготвеност и ко-ординираност. Таа координираност и подготвеност на најдобар начин се пот-врди за време на престојот во Авгани-стан. Таму, како дел од грчката теренска болница, тие имаа секојдневни дежур-ства во приемно-тријалната амбуланта, грижејќи се и за пациентите во болница-та. Освен тоа, тие реализираа и задачи надвор од болницата, како што се: сани-тетско осигурување при деминирање и Crash-crew-дежурства за потребите на воздухопловниот аеродром во чиј со-став се наоѓа и болницата. Како тим со најмногу искуство, беа ангажирани и на MEDEVAC/CASEVAC-задачи, заедно со италијанските маринци.„Мисијата за сите нас беше голем пре-дизвик, се сеќава командирот на првиот трилатерален здружен медицински тим во ИСАФ, Авганистан, мајорот (тогаш поручник) д-р Сашо Капсарев. Првпат бевме во таква заедничка мисија и тоа во состав на грчката полска болница. „Во самата болница условите беа од-лични за работа, бевме примени мош-не пријатно, пред сè, благодарение на

41

ако резултат на интензивната сора-ботка во сферата на военото здрав-ство иницирана во текот на 2007 г., и врз основа на потпишаните Мемо-

рандум за разбирање и Технички договор, на 2 декември 2008 г. беше упатена прва-та ротација на македонски хируршки тим кој беше составен дел од норвешкиот тим за реконструкција во Мејмана, Авганистан. Хируршкиот тим беше упатен и распореден со целокупна логистичка поддршка од Крал-ството Норвешка. Хируршкиот тим беше составен од тројца ле-кари (2 хирурзи и 1 анестезиолог) и три ме-дицински сестри, кои во наредните шест ме-сеци извршуваа должности од доменот на една од најдефицитарните со персонал гран-ки во НАТО- воената хирургија.упатувањето на хируршкиот тим претставу-ва врвен дострел во досегашната билатерал-на соработка со Норвешка – докажан пар-тнер и силен поддржувач на напорите на Ре-публика Македонија за нејзино целосно ев-роатлантско интегрирање.Мисијата на медицинскиот персонал на АРМ во состав на Провинцискиот тим за реконструкција траеше од декември 2008 до мај 2012 г. За тоа време се упатени седум ротации со вкупно 42 лица. Сите тие добија соодветни признанија од норвешкиот тим за реконструкција и од ИСАФ, а на учесни-ците во 3. ротација на хируршкиот тим во мисијата ИСАФ, на свечена церемонија во Министерството за одбрана, им беа доделе-ни одликувања и плакети. Членовите на Ме-дицинскиот тим овие признанија ги добија за нивните дејства од најхуман аспект – да се спасуваат човечки животи.Орденот „Норвешки одбранбен медал за учество во мисија“ му беше доделен на ли-дерот на тимот – пензионираниот полков-ник, доктор Златко Пендовски од страна на акредитираното воено аташе на Кралство-то Норвешка во Република Македонија, пол-

ковникот Есбен Ас. На останатите припадни-ци на медицинскиот тим, составен од шест лица, им беа врачени плакети за учество во мисијата.„Може со гордост да констатираме дека успеавме како Армија низ досегашните рота-ции на сите да им ставиме до знаење дека располагаме со стручни експерти не само од одбраната, туку и од областа на медицината, кои и во супстандардни услови од сите аспек-ти каква што е по карактер и самата мисија во Авганистан, може да се носат со задачите и да бидат најдобри во нивното извршување, истакна во таа пригода министерот за одбра-на на РМ, Фатмир Бесими. Нашите мировни-ци имаат висок степен на професионализам и интегритет, а тие се нашиот најголем аргу-мент за прием во НАТО и за промовирање на Македонија како држава која инвестира во глобалниот мир“. „Најголем мотив за нас беше да ја претставу-ваме македонската нација и народ достоин-ствено со работа и со труд, а сите задачи кои ни беа поставени ги извршувавме најдобро што можевме. Се истакнувавме и со наша-та дружељубивост, но бевме опкружени со Норвежани - професионалци кои ни станаа многу добри приајтели“, изјави полковникот доктор Златко Пендовски. Македонскиот хируршки тим, составен од шест лица, беше дел од силите ИСАФ во првата половина од 2010 г. Имено, припадни-ците на тимот, заедно со тимовите од Нор-вешка, од САД и од латвија беа сместени во кампот Мејманах, во состав на Норвеш-киот тим за реконструкција на провинцијата Фаријаб. За време на мисијата македонски-от хируршки тим реализираше повеќе актив-ности: прием на повредени и извршување на итни хируршки интервенции, операции во операциона сала, помали хируршки ин-тервенции, прегледи, рендгенски снимања, лабораториско-биохемиски анализи.

Р.Ш.

ПРИЗНАНИЈА ЗА ХУМАНАТА МИСИЈАМАКЕДОНСКИОТ ХИРУРШКИ ТИМ ВО

МИСИЈАТА ИСАФ

грчкиот командант на болницата, но и на другите членови во составот на тој отприлика 50-член персонал на болни-цата, заедно со нас. Поминавме нави-стина одлични шест месеци”. За време на мисијата имало повеќе на-стани и случувања. Тимот учествувал во лекување на воениот персонал и на домашното население во Кабул, по-себно на луѓето што биле вклучени во деминирањето.„Јас и Асан Бајрам, сега заставник во АРМ, на наша линија воспоставивме еден контакт со американските прет-ставници во Кабул и се вклучивме, во 4-5 наврати, во добротворни конвои коишто ги организираа Американци-те, така што со тие материјали коишто ги обезбедуваа Американците и со при-дружба од нивна страна, посетивме не-колку бегалски кампови во околината на Кабул и колку што имавме можност за тие неколку часови на престој на тие позиции, на тамошните бегалци им ука-жавме медицинска помош. Самите тие излегувања и учеството во тие конвои и околината во која се наоѓавме, носеше голем ризик, но сепак ние го преземав-ме, а со нашите американски пријатели учествувавме во добротворните кон-вои. Како резултат на тоа, на крајот од

мисијата добивме благодарност од гене-ралот со четири ѕвездички”, ни раскажа Капсарев.Првиот заеднички медицински тим доби исклучително високи оцени од претпо-ставената команда за своето учество во мисијата во Авганистан. И за наред-ните 7 медицински тимови (вкупно 8 ро-тации со учество на 32 лица), во рамки-те на грчката и на чешката болница во ИСАФ, од Авганистан пристигнаа висо-ки оцени. Така е, впрочем, со сите еди-ници на АРМ кои ја претставуваат на-шата земја надвор од границите на тат-ковината. Секогаш се меѓу најдобрите и пример за останатите. Тие се вистински претставници и воини на мирот на АРМ на новото време.

К. И.

42

медали за учеството во мисиИΤΕ

„СЛОБОДА ЗА ИРАК“ И ИСАФ

43

о 2003 година Армијата на Репуб­ли ка Македонија, преземајќи низа реформски активности, полека но сигурно веќе се приспособуваше

кон побарувањата на новото време и кон колективното членство. Јасно беа формирани контурите на идната маке­донска армија: мала, мобилна, ефикас­на и интероперабилна, армија компати­билна со армиите на државите­членки на Алијансата, армија со јасно дефи­нирано јадро на вооружените сили во специјалните единици, армија која може да партиципира во меѓународни мисии.На меѓународната сцена во тоа вре­ме во тек беа операциите во Ирак за соборување на режимот на Садам Ху­

сеин, преземени од страна на антите­рористичката коалиција предводена од САД. По завршувањето на главни­те борбени операции, соборувањето на режимот на Садам Хусеин и усвојувањето на Резолуцијата 1546 на Советот за безбедност на Обединети­те нации и Република Македонија, на барање од Владата на САД, беше од­лучено РМ со свои сили да партци­пира во мисијата „Слобода за Ирак“, како дел од најголемата коалиција во глобалнaта војна против тероризмот. Одлуката за учество на македонските војници во мисијата „Слобода за Ирак“ ја донесе Собранието на Република Ма­кедонија.

ПРОФИЛИРАЊЕ НА НОВАТА АРМИЈА

Мисијата „Слобода за Ирак“

44

Владата на САД побара поддршка од Ре-публика Македонија за мисијата во Ирак затоа што на теренот се чувствуваше по-треба од специјално обучени припадни-ци кои ќе изведуваат посебни активности во рамките на мисијата. Кога во мај 2003 година, првите дваесет и осум припадници на АРМ, составени од македонските „волци” и „скорпии”, од ме-шан етнички состав, со специјален лет за-минаа за Багдад, никој не претпоставува-ше дека со тоа се отвора нова страница во историјата на АРМ. Со тој чекор, всуш-ност, и практично почна профилирањето на новата АРМ, професионална, модер-

на, одлично извежбана, добро опремена и, пред сè, максимално подготвена да од-говори на новите предизвици.Македонските „волци”, кои важеа за единствена единица на АРМ која може да одговори на новите предизвици, како и „скорпиите”, кои долго се подготвуваа за мировни мисии во светот, беа под-готвени да заминат . По тој повод, ко-мандантот на контингентот, капетанот Методија Хаџи -Јанев, изјави дека е горд што ќе го води овој контингент во исто-риска мисија за државата. „Ова ќе биде операционализација на сите заложби на Македонија за влез во НАТО и можност да покажеме што умееме, со што ќе се покаже дека Македонија е подготвена да понесе товар и од големи размери”.Припадниците на контингентот беа дел од Четвртата пешадиска американска дивизија, во близина на гратчето Таџи. Претходно, за Багдад преку Кувајт отпа-туваа офицерите за врска, мајорот Зоран Секуловски и потполковникот на Воено-то воздухопловство, Љупчо Стојановски.Нашата прва целосно професионална единица ,„волци“ (тогаш дел од Одредот за специјални намени, а денес во соста-вот на Полкот за специјални операции на АРМ), беше таа којашто ги испиша едни од најважните поглавја на поновата етапа на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија и го создаде новиот профил и новиот имиџ за маке-донските воини на мирот.

пред шест месеци, дека ќе работи про-фесионално, одлучно и одговорно. До-кажавме дека единицата е способна да изведува вакви операции насекаде и во сите временски услови. Изградивме ем-пириска база која ќе го зацврсти партнер-ството што Македонија го гради на патот кон НАТО.„Не можам да опишам колкава е ра-доста што конечно пристигнавме во Македонија. Резултатите што ги постиг-на македонскиот контингент се одлич-ни, и ретко која земја може да се пофа-ли со слични резултати. Најголемата цел што ја остваривме е што сите се вратив-ме здрави и живи во Македонија, без по-вреден војник“, беа зборовите на мајорот Зоран Секуловски, денес полковник, по враќањето во Скопје. Мајорот Секулов-ски беше во Штабот на коалициските сили во Ирак. Во текот на 2003 и 2004 година уче-ството на АРМ во мисијата „Слобода за Ирак“ беше застапено со тимови од специјалната единица „волци“ кои изве-дуваа најразлични акции од доменот на неконвенционалното војување, заедно со војниците од 4. пешадиска дивизија на Армијата на САД. По стапките на први-от контингент, за Ирак замина нов маке-донски армиски контингент, составен од 31 припадник на Единицата за специјални дејства „волци” во мисијата „Слобода за Ирак”.

Иако составот на контингентот не беше голем, според карактерот на испратените тимови може да се заклучи дека во тој пе-риод приматот во преземените операции во Ирак беше ставен токму на мали мо-билни високопрофесионални специјални единици, оспособени за извршување на задачи во соработка со единиците на Армијата на САД.Операциите и активностите кои ги пре-земаа и ги спроведуваа нашите припад-ници беа во рамките на т.н. мировни опе-рации, операции за спроведување на ми-рот, превенција на конфликти и хумани-тарни операции. Во воено-доктринарна

смисла, операциите за стабилизација и поддршка на мирот, според доктринарно-концепциските определби на Армијата на САД опфаќаат поширок спектар на опе-рации (вклучувајќи ги и операциите за поддршка на мирот), меѓу кои се и: бор-бата против тероризмот, борбата против пролиферацијата на оружје за масовно уништување, информациските операции, операциите за поддршка и други опера-ции.Шест месеци подоцна, со највисоки поче-сти на аеродромот „Петровец” во Скопје беше пречекан првиот контингент од 29 македонски војници, кој беше дел од ко-алициските сили во Ирак, под команда на САД. Македонските армиски командоси во Ирак постигнаа врвни резултати и беа меѓу најдобрите во мултинационалните ко-алициски сили. Контингентот на АРМ извел стотици специјални мисии, самостојно и со американските специјални сили. Покрај дру-гото, тие во Ирак вршеа и обука на амери-канските војници за мисии на пребарување, откривање оружје и упади во населени ме-ста.„Горд сум што бев командант на оваа еди-ница, бидејќи успеав да го остварам она што отсекогаш потајно се плашев да го ветам пред тргнувањето – да ги вратам сите живи и здрави”, изјави капетанот Ме-тоди Хаџи-Јанев, денес потполковник, ко-мандант на македонскиот контингент, веднаш по враќањето во Скопје. „Оваа единица го оствари она што го ветив

45

46

Бидејќи поголем дел од американските војници од 4. дивизија немаа поминато специјална обука за операции во урба-на средина, многу бргу нашите „волци“ станаа водечка сила во здружените опе-рации со американските војници кои го даваа обезбедувањето. Тие, многу бргу по пристигањето на терен беа способни сами да ги планираат и изведуваат пред-видените мисии. Задачите на тимовите од специјалните единици на АРМ во тој период во Ирак беа да им дадат поддршка на војниците на САД, и тоа како предводници во изведувањето на специјални операции. Тие успешно извршија повеќе акции и операции. Така и беше. Повторно имаше грсти по-фалби, бидејќи македонскиот контин-гент во Ирак се покажа како високоиз-вежбана, професионална и секогаш под-готвена единица, која знаеше и умееше на најдобар начин да ги исполни сите по-ставени задачи. Такви признанија доби и третиот македонски контингент составен од македонските „волци”. И тие, како и нивните претходници, покажаа највисоки војнички и човечки квалитети, кои се ка-рактеристика на македонските воини од македонското поднебје. Како признание за врвната обученост, професионално-то извршување на задачите и постигна-тите резултати во мисијата, министерот за одбрана на САД, на повеќе припадни-ци на оваа единица им додели ордени за заслуга.

47

Затоа не е случајно што првиот Орден за воени заслуги на Република Македонија му е доделен токму на Баталјонот за специјални намени, попознат како ма-кедонски „волци”. Орденот им е доде-лен токму на Денот на АРМ, на 18 Август 2005 година.Од почетокот на 2005 година, мисијата во Ирак ја извршуваа припадниците на Ренџерскиот баталјон при пСО. Први-от контингент сочинет од македонските „ренџери“ ја претставуваше четвртата ротација на контингенти во мисијата во Ирак. Мисијата ја презедоа од нивните колеги „волци“ кои претходно извршија три успешни мисии, претставувајќи ја Република Македонија достоинствено, поставувајќи неверојатно високи стан-дарди на војнички професионализам. Ренџерскиот баталјон пред себе дефи-нитивно имаше тешка задача: да се про-должи со извршувањето на мисијата, а притоа да не се дозволи кај коали-циските партнери да се почувствува-ат разлики во извршувањето на зада-чите, како и да се продолжи со досто-инствено презентирање на Република Македонија. Сите македонски контингенти распоре-дени во мисијата во Ирак беа лоцира-ни во базата во Таџи, база која се наоѓа северно од Багдад, на триесетина ки-лометри. Животот во базата за наши-те воини воопшто не беше лош. Таму ги имаа сите неопходни услови за норма-лен живот и работа, но базата се кори-

скиот заставник Антони Кејди, инаку чо-век кој непосредно соработувал со ма-кедонските „ренџери” за реализација на многубројните задачи во рамките на мисијата во Ирак, коишто најдобро го-ворат за угледот и за авторитетот што го имаа македонските „ренџери“. Так-ви слични оцени, пофалби и признанија

„ренџерите” имаат добиено од мно-гу видни политички и воени личности, но признанието на соборецот, сепак, е најголемо признание. По нивните стапки тргнаа и следните кон-тингенти во мисијата „Слобода за Ирак“, составен од македонските „ренџери“. Во 2008 година, нашето учество во мисијата „Слобода за Ирак“ беше зголе-мено со уште еден вод. После 11 ротации, македонските војници го завршија уче-ството во мисијата „Слобода за Ирак”. Околу 450 мировници на АРМ поминаа низ 11 мисии во Ирак, „волци” и „ренџери” од пСО, а во последните две ротации и „леопардите” од 2. мпбр на АРМ нè претставија во Ирак во вистинско свет-ло, како воини на мирот кои знаат и уме-ат професионално, дисциплинирано и, пред сè, ефикасно да одговорат на до-верените задачи. За тоа, впрочем, тие добија заслужени признанија од прет-поставените команди, како и највисоки воени одликувања од САД и од нашата земја.Во петте години минати во мисијата „Слобода за Ирак“ македонските воини на мирот испишаа едно од најзначајните поглавја на Армијата на Република Македонија и на нашата земја. Во земјата тие се вратија со незаменливо искуство, кое многу значеше во трасирањето на идниот развој на АРМ, посебно во сфе-рата на обуката.

В. Д.

стеше само за одмор, исхрана, подго-товки за мисии, брифинзи и дебрифин-зи. Поголемиот дел од времето нашите „ренџери“ беа надвор од базата, во зо-ната на одговорност, изведувајќи опе-рации самостојно или, пак, во состав на 70. инженериски баталјон, 3.пешадиска дивизија, прва оклопна дивизија со цел

обезбедување комуникации и мостови, пронаоѓање на позиции од кои антико-алициските сили дејствуваат со ракети и минофрлачки врз коалициските сили и месното население, откривање на ме-ста каде што се чува оружје, муниција и артилериски гранати, откривање на ме-ста каде што се изработуваат возила-бомби и импровизирани експлозив-ни направи, пронаоѓање и лишување од слобода лица кои се на листа за приведување итн.На почетокот на јуни 2005 година е из-вршена ротација на контингентите. Пет-тиот контингент во мисијата „Слобода за Ирак“ продолжи да ги извршува поставе-ните задачи со сè посилно темпо. Проме-ните кои се случуваа во секојдневието во Ирак го засилуваа темпото на ангажирањето на нашите „ренџери“. Со коалициското присуство, во Ирак се слу-чуваа и потребните демократски проце-си на кои Ирачаните со гласање одлучу-ваа за својата иднина. Во тој контекст беше и ангажманот на македонските „ренџери“ – создавање услови за непре-чено гласање на популацијата.И македонските „ренџери“, како и нив-ните претходници, уживаа исклучиво ви-сок рејтинг меѓу сојузниците. „Македон-скиот ренџерски вод е многу добро об-учен и многу дисциплиниран. Тие, освен што се многу добро обучени, имаат тех-нички и тактички познавања и претста-вуваат многу важен дел од нашите на-менски сили“, се зборовите на американ-

48

о 2003 година Собранието на Репу-блика Македонија донесе Одлука за упатување воен контингент на АРМ за учество во мисијата „Сло-

бода за Ирак“ и Вие бевте назначен за ко-мандант на првиот контингент. Бевте из-брани да „го скршите мразот“ и да нè по-кажете пред светот. Како се чувствувавте при тие подготовки за заминување?

– Да бидам искрен, со оглед на тоа што информацијата за моето назначување за командант на првиот контингент кој ќе се упати во мировна мисија ја добив откако бев накратко повикан од терен (изведу-вавме мошне сериозна обука која според таа програма за првпат се изведуваше на овие простори), оваа информацијата ја примив без некое посебно размислување. Она на што најпрво се насочив беше како да го составам тимот. Чувствата за одго-ворност и тежина дојдоа нешто подоцна, откако со оние кои ми беа први соработ-ници сфативме каде ќе одиме. Но, благо-дарение на нивниот квалитет и професи-оналност, многу бргу успеавме да созда-деме јасна слика за она што нè очекува и за амбиентот во кој ќе се најдеме. Затоа не се ни оптоварував со некаква си бом-бастичност околу тоа дека сме први. На-против, тоа многу бргу ни стана хендикеп, бидејќи многумина од органите кои треба-ше да нè поддржат, исто како и ние, немаа искуство за една таква операција. Секако, знаевме дека што и да се побара од нас, ние сме подготвени да го извршиме. На-шата обука беше стандардизирана и со-владана до совршенство.

носта. Системот се распадна и заради лоши-те претпоставки (кои беа застарени). Никој од американските команданти не очекуваше да се спроведуваат постконфликтни операции преку модел на полицијата – обезбедување на јавниот ред и мир. Меѓутоа, благодарение на тимот со кој заминав таму, многу бргу ги пребродивме овие предизвици (како на при-мер само 3 литри вода дневно на екстрем-но високи температури, исхрана со конзер-вирана храна речиси 4 месеци и сл.). Коман-дирите беа одлично подготвени и преку ли-чен пример ми помогнаа да ја задржам ли-дерската иницијатива пред претпоставените. Дополнително, екстремните подготовки ни овозможија за кратко време да се приспосо-биме на овие услови.

Се сеќавам дека набргу по Вашето за­минување започнаа да пристигнуваат из­вештаите од теренот за успесите на ма­кедонскиот контингент. Раскажете ни по­конкретно за некоја акција во која се ис­такнаа македонските „Волци“.– Секако. Пред да ви кажам што е она што мене ми остави најголем впечаток, са-кам само да забележам нешто за да биде појасно. Гледајќи сега од оваа дистанца, но и работејќи подоцна на подготовката на оста-натите контингенти, мислам дека вистински-от „бум“ со операциите не настана само за-ради успехот кој го постигнувавме, туку зара-ди, ќе бидам искрен, скриениот сомнеж кој по-стоеше кај целата јавност околу тоа дали ние воопшто сме способни за такво нешто. Како се менуваа ротациите после нас, јавноста се навикна на сето тоа, па најголемите скепти-ци често ќе побрзаа да заклучат дека може-

Заминавте во непознато, во мировна мисија далеку од дома. Какви беа први-те впечатоци од теренот, првите контак-ти, задачи и обврски?– Првиот впечаток беше многу депресивен. Во Ирак, речиси сè беше разурнато. Иако не сакав да го покажам тоа, тие кои ме по-знаваа, ја почувствуваa мојата разочара-ност, но не ми рекоа ништо, бидејќи и тие најверојатно се чувствувале исто така. Тоа се работи кои не си ги кажувате, ама ги чув-ствувате. Додека се движевме од аеродро-мот во Багдад (инаку бевме едни од ретките кои слетаа директно во Багдад – сите влегу-ваа преку копно, преку Кувајт), кон реонот на разместување, источно од нас – на нашиот правец на движење наидовме на американ-ски сили кои беа во борбен допир. Едно воз-ило тонеше во огнените јазици, додека дел од американските војници се препукуваа со некои групи. Конвојот едноставно го одмина настанот, а кога подоцна го запрашав пот-полковникот од армијата на САД кој нè пред-водеше, зошто не застанавме, со ладен глас и рамнодушно ми одговори: „Тоа не е крите-риум за нас. Прагот за такво анагажирање е многу повисок. Нaвикни се на тоа, колку поб-ргу толку подобро“. И што ќе им одговори-те, ќе се свртите назад и ќе внимавате да не оставите лош впечаток кај потчинетите. Условите беа дополнителен проблем. Знае-те дека ниту самите Aмериканци не очекуваа толку брзо распаѓање на армијата на Садам. Впрочем, сите планови за нападот на Ирак беа од Оперативниот план некаде од 1999 година, а со тоа и претпоставките беа пои-накви. Таквите претпоставки влијаеја логи-стиката да доцни, но влијаеја и врз ефектив-

„ВОИНИТЕ СО СОНЦЕТО“МЕТОДИ ХАЏИ-ЈАНЕВ, КОМАНДАНТ НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ

КОНТИНгЕНТ ВО МИСИЈАТА „СЛОБОДА ЗА ИРАК“

интервју

мирив со ова и чекав, сè додека еден наш при-падник не ја напушти Армијата и не дојде во позиција да ми помогне. Благодарение на него и на издавачката куќа „Култура“, книга-та оживеа. Би сакал да ги охрабрам и остана-тите команданти да го сторат истото, бидејќи само така ќе може да се потврдат моите ста-вови и тези, односно дека секоја мисија е успешна и единствена приказна сама по себе. Инаку, книгата наиде на добар прием кај чита-телската публика, но и во стручната јавност. Преведена е и на англиски јазик и делови од книгата се изучуваат во Школата за воена об-ука во Форт Левенфорт како лекции за такти-ка на мали единици.

Денес сте професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Како, од денешна перспектива, гледате на овој пе-риод од Вашиот живот, кога бевте коман-дант на првиот македонски контингент упатен во мисијата „Слобода за Ирак“, кога на терен се справувавте со предизвиците кои можеа да чинат и живот?– Мислам дека ова е една нова страница во животот, која можеби и не беше плани-рана во мојот живот, но која мошне ја заса-кав. Денес сум горд што сум доцент на Вое-ната академија, за која морам да кажам дека е мошне поинаква од времето кога јас бев нејзин питомец. Денес програмата е осовре-менета и стандардизирана, имаме питом-ци и од други земји, што укажува на можно-стите да бидеме и лидери во некои проекти. Преку наставата и останатите форми на обу-ка како, на пример, проектот „Летен кампус“, се обидувам да им ги пренесам своите иску-ства на помладите колеги од мене, но и на пи-томците. Многу сум им благодарен и на по-старите од мене кои знаат како да се спра-ват со мојата динамика и од сето тоа да има-ме придобивки. Не сакам монополи, и тоа се обидувам да го наметнам и како практи-ка во она што и денес го работам. На прогре-сот гледам како на продукт на конструктивни несогласувања и сум исклучиво против ша-блони. На питомците и на студентите се оби-дувам да им го дадам она што најдобро го знам и да им укажам каде и како да го поба-раат и да го пронајдат она што не го знаат и секогаш да имаат визија, но и волја нешто да остварат. Иако моите методи на почеток можеби и не се најлесните и најпопуларни кај студентите, со текот на времето тие ќе сфа-тат дека на подолг период овие методи ќе би-дат корисни за нив. Мошне ја почитувам тим-ската работа и настојувам да го наметнам тоа и кај нив.

д-р Жанет Ристоска

49

би и не им е толку тешко на нашите кога за-минуваат таму. И сега има такви коишто така размислуваат, но тоа е нивен легитимен став со кој, секако, не се согласувам. Би кажал дека многу бргу сфатив дека успехот ќе морам да го мерам, не во однос на тоа колку кинетич-ки операции сме извршиле, туку колку живо-ти сме спасиле и колку авторитет сме стек-нале кај локалното население. Точно е дека најпрвин кинетичките операции – заседи, пре-пади, заробени лица, оружје и материјално-технички средства, ни создадоа „имиџ“ на, како што во еден извештај нè нарекоа „вои-ните со сонцето“, меѓутоа, најголемата при-добивка на таа ротација беше од придода-дениот елемент од 1пбр. Преку операциите кои ги изведувавме со тој елемент во доме-нот на цивилно-воените операции, како по-себна линија на операции, многу повеќе про-фитираше офанзивниот елемент од намен-ската група, отколку без нив. Оттука, дури и наградите дојдоа токму за тоа, за спасени-те животи, кои благодарение на групата од 1 пбр., „Волците“ експресно ги извршија. Око-лу она што директно ме прашавте, би рекол дека имаше повеќе такви операции. Тука се операцијата „Млекарница“, чиј успех се должи на изненадувањето што го приредивме, бла-годарение на одличното планирање на це-лиот команден дел, потоа операцијата „Бела куќа“, каде координацијата на командирите на групите за напад дојде до израз и многу други операции и акции во кои не само што земав-ме активно учество, туку бевме и предводни-ци на дејствата. Сепак, она што мене ми оста-ви најголем впечаток е операцијата „Волчји лов“, во која заробивме платени убијци на-влезени од Сирија. Иако ни беше сугерира-

но да ја изведеме операцијата во ноќни усло-ви, операцијата, на наша иницијатива, ја из-ведовме дење, бидејќи сакавме да постигне-ме изненадување. Најголемиот страв кој го имав додека ја планиравме оваа операција беше да не дојде до разменување на оган додека се распоредувавме на нападна-та линија (тие беа во поповолна позиција од нас). Изненадувањето беше одлучувач-ката точка, при што, по постигнувањето на распоредување без да нè забележат, лицата беа заробени без да биде испукан ниту еден куршум. Овде сакам да потенцирам дека ви-соките команданти на САД ми оставија голем впечаток. Големината со која дефилираа како лидери ме научи како да се почитуваат пот-чинетите. Тие дозволија нашите предлози да се реализираат, секако, откако претходно ги убедивме во тоа. Следуваа пофалби, одликувања и други награди. По враќањето дома продолжив-те да ја градите својата кариера во две на-соки, како припадник на специјалните еди-ници, но и како магистер, па доктор на на-уки од областа на меѓународното право. Колку Ви помогна искуството од теренот во научната кариера?– Искуството здобиено на терен многу ми помогна. Иако бев магистер, кога заминав во Ирак имав една филозофија за борбата против тероризмот, но како и на многуми-на, таа филозофија драстично ја променив по враќањето. Затоа и се определив темата на докторската дисертација да ја посветам на меѓународно-правните аспекти на глобалната војна против тероризмот.

Се обидовте и во литературните води. Ва-шата книга „Патот за Вавилон“ е книга во која е очигледна автобиографската ниш-ка. Во книгата, мисијата во Ирак ја согле-дуваме и од аспект на искусен специјалец и командант и од аспект на емотивни-те преживувања на млад маж којшто е илјадници километри оддалечен од со-пругата и ќеркичката. Кажете ни нешто повеќе за книгата, за нејзиното патеше-ствие и за значењето на оваа книга во Ва-шиот живот.– Па, како и целата мисија така и книга-та беше тимска или полутимска работа. Јас ја имав идејата и содржината, но ја не-мав реализацијата. Книгата им ја понудив на претпоставените армиски структури, но најверојатно заради оправдани причини, кни-гата како проект беше одбиена. Потоа се по-

тот на Еу во Брисел, беше потпишана Спо-годбата за учество на Република Македонија во операцијата на Еу во Босна и Херцего-вина – АлТЕА. Мисијата АлТЕА беше тре-та меѓународна мировна мисија на наша-та земја, после мисиите во Ирак и во Авга-нистан, но прва мисија во рамките на Европ-ската унија.

ПРВА РОТАЦИЈАНа свеченото испраќање на првата ротација од мисијата АлТЕА на 14 јули 2006 г. прису-ствуваше највисокиот државен врв на Репу-блика Македонија. Свое обраќање до при-падниците на воздухопловниот ВИНг има-ше командантот на првиот македонски хе-ликоптерски детачмент во мисијата АлТЕА, мајорот Кире Колевски. Во својот говор од-ржан дента кога заминаа во оваа мисија, тој го нарече овој ден како историски за сите припадници на воздухопловниот ВИНг.Првата историска меѓународна мисија на ма-кедонското Воено воздухопловство позна-та под името „Букефал” започна кога еден хеликоптер „Ми-17“ и еден хеликоптер „Ми-8МТ“ со аплицирани симболи на ЕуФОР, ја напуштија воздухопловната база „Петро-вец” и по двочасовен лет преку Албанија, Црна гора и Хрватска, навлегоа во воздуш-ниот простор на Босна и Херцеговина. Кон-тингентот од детачментот беше под опера-тивна контрола на командантот на силите на ЕуФОР за мисијата АлТЕА во БиХ со се-диште во Сараево, а локациски и логистич-ки припаѓаше под Командата на мултинаци-оналните сили за секторот југоисток „САлА-МАНДЕР” со седиште на аеродромот во Мо-стар, а потоа во базата „Бутмир“ во Сараево. На 10 октомври 2006 г., Собранието на Ре-

епублика Македонија ја потврди стра-тегиската определба за членство во Европската унија (ЕУ) преку цврстата политичка определба за поддршка на

Заедничката надворешна и безбедносна по-литика (CFSP) со давање конкретен придонес кон цивилните и воените операции во рамки-те на Европската безбедносна и одбранбе-на политика (ESDP) на Унијата. Учеството на Република Македонија во воената операција на ЕУ-мисијата АЛТЕА го означува првиот од серијата конкретни и значителни придоне-си кои нашата држава ќе ги даде во рамки-те на цивилните и воените ESDP-операции, во правец на зајакнување на капацитетите на Унијата. На 22 мај 2006 г., Собранието на Републи-ка Македонија донесе историска одлука за Република Македонија, за Армијата на Ре-публика Македонија и за Военото воздухо-пловство за испраќање единица на АРМ за учество во мировна операција на Европска-та унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛ-ТЕА. Единицата, односно хеликоптерскиот детачмент, беше составен од 2 хеликопте-ри Ми-8/17 и персонал од 17 припадници во следниот состав: еден офицер за врска и претставник во Командата на ЕУФОР во Са-раево, шест офицери-пилоти, еден офицер-военовоздухопловен инженер, четворица подофицери-техничари-летачи, четворица подофицери и еден професионален војник – военовоздухопловни техничари.Кралството Белгија покажа интерес за за-едничко учество и формирање на заеднич-ки белгиско-македонски контингент, по што започнаа и конкретните активности и под-готовките на персоналот и хеликоптери-те. На 3 јули 2006 г., во седиштето на Сове-

50

публика Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за испраќање единица на Армијата на Ре-публика Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕуФОР, АлТЕА. Со новата одлу-ка хеликоптерскиот детачмент беше допол-нет со офицер за метеорологија, со офицер за разузнавање и ракувачи на цистерна за гориво.Првите летови над територијата на Босна и Херцеговина беа летови на запознавање и проучување на реонот на можните мисии. летовите за запознавање ја покриваа цела-та територија на БиХ, започнувајќи од Мо-стар, од Сараево, од Тузла, од Бања лука, од Зеница, како и слетување на сите воени и цивилни аеродроми. Посебно внимание се посвети на бројните хеликоптерски места за слетување (HLS - helicopter landing spots) кои, всушност, беа поврзани со набљудувачките тимови (LOT - liason observacion teams), одно-сно мали „караули” со ЕуФОР-персонал кои беа распоредени по границата на БиХ и во внатрешноста, со постојана потреба од хе-ликоптерски транспорт, посебно во зимски услови. Како голема предност се покажа искуството кое го имаат првите старешини на детачмен-тот, мајорот Кире Колевски и неговиот заме-ник, мајорот Тони Спасовски, кои своите ака-демски години на школување и обука ги имаа поминато во БиХ, поточно во Воздухоплов-ната академија во Мостар. Познавањето на англискиот јазик, на стандардната воз-духопловна фразеологија и искуството од бројните НАТО/ПфП-вежби, се покажаа како важен предуслов за квалитетно извршување на мисиите над БиХ.

ЕУ-мисијата АЛТЕА на хеликоптерскиот детачмент во БиХ (2006 –2008г.)

ПРВА САМОСТОЈНА МИСИЈА

51

Првиот македонскиот хеликоптерски де-тачмент во мисијата АЛТЕА, како и следни-те три до 2008 г., извршуваа оперативни мисии во дневни и во ноќни услови (со упо-треба на НВГ-опрема) од доменот на: транс-порт на патници и војници, материјални средства, односно внатрешен и надворе-шен товар, извидување и ВИП-транспорт, во содејство со припадници и со опрема на други контигенти во извршување на различ-ни мисии од типот: SAR, CSAR, CASEVAC и MEDEVAC. Целокупниот ангажман на ма-кедонскиот детачмент е високо оценет од страна на Командата на ЕУФОР, за што пот-врдува и официјалната изјава на портпаро-лот на ЕУФОР-силите, британскиот капетан Ник Фостер. Поради значењето на хеликоптерската под-дршка во исполнувањето на мисиите на операцијата АЛТЕА, особено во периодот на актуелната трансформација на ЕУФОР, беше побарано продолжување на мисијата на македонскиот хеликоптерски детачмент која продолжи во понатамошните ротации.

ВТОРА РОТАЦИЈАМандатот на првата ротација од македон-скиот хеликоптерски детачмент беше до јануари 2007 г., кога беше извршена смена на персоналот со втора ротација. На чело на македонскиот хеликоптерски детачмент распореден во Босна и Херцеговина заста-на потполковникот Борче Јефремов.На 9 јануари, 2007 г. во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец се одржа пригодна свеченост по повод испраќањето на вториот македонски контингент. Коман-

дантот на вториот македонскиот контин-гент, во своето обраќање пред присутни-те истакна: „Изминатата 2006 г. беше клуч-на за воздухопловниот ВИНГ бидејќи од јули минатата г., после темелни подготов-ки, воздухопловниот ВИНГ учествува во меѓународната мировна мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Тоа беше прв тест за подготвеноста на припадниците на воз-духопловниот ВИНГ и на нивната компати-билност со останатите НАТО-структури. На-шите декларирани сили денес заминуваат во втора ротација на мултинационална ми-ровна мисија, под водство на ЕУ во Босна и Херцеговина. Македонското знаме ќе про-должи гордо да се вее во оваа меѓународна мисија, покажувајќи ја непоколебливата ре-шеност на Република Македонија да чеко-

гинати припадници на АРМ од страна на ви-сокиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност. По по-вод 20-годишниот јубилеј на АРМ, претседа-телот и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов, постхумно ги одликува со Медал за храброст 11-те припадници на АРМ, херои на новото време.

ЧЕТВРТА РОТАЦИЈАРепублика Македонија во однос на чет-вртата ротација на хеликоптерскиот детач-мент (јануари - јули 2008 г.), а врз основа на претходно извршените анализи и проце-ни, донесе одлука која ја одрази потреба-та за повлекување на едниот хеликоптер, „Ми-8/17“, во насока на достигнување на неопходното ниво на оперативност зара-ди идни придонеси. Во согласност со одлу-ката, четвртата ротација на хеликоптерски-от детачмент во мисијата АЛТЕА во БиХ се состоеше од еден транспортен хеликоптер „Ми-8/17“ и 12 лица во состав на хеликоптер-скиот детачмент. Во касарната „Народен херој Страшо Пин-џур” во Петровец, на 17 јули 2008 г. се одржа свеченост по повод враќањето на четврта-та ротација и успешното завршување на учеството на хеликоптерскиот детачмент на АРМ во мировната мисија АЛТЕА. „Се гор-деам со нашите припадници и ми беше осо-бена чест да ги водам во успесите коишто ги постигнаа во мисијата АЛТЕА” - истакна на свеченоста потполковникот Иле Трајков, ко-мандант на четвртата ротација на хеликоп-терскиот детачмент на АРМ. Сите припадници на македонскиот детач-мент од Брисел добија медал по повод уче-ството во мисијата. Медалот беше доде-лен за доследно ангажирање и навремено извршување на мисиите.

ЗАКЛУЧОКСо четирите ротации Република Македонија ја потврди стратегиската определба за достигнување членство во Европската унија. Со завршувањето на последната ротација на хеликоптерскиот детачмент во јули 2008 г., беше донесена одлука Републи-ка Македонија да го заокружи и да го завр-ши својот придонес со хеликоптерски капа-цитети во операцијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина АЛТЕА со вкупно направе-ни четири ротации (јули 2006 – јули 2008 г.). Учеството во мисијата АЛТЕА со двата хе-ликоптери докажа дека АРМ има потенцијал да учествува во мисии надвор од РМ со својот најсофистициран дел и истовремено да дава логистичка поддршка за непречено извршување на летачките мисии. Припадниците на хелкоптерски детачмент покажаа дека сме рамо до рамо со возду-хопловците од НАТО и ПзМ-земјите. Со из-вонредните резултати во извршувањето на сите задачи поставени од командата на ЕУФОР се здобивме со симпатии пред меѓународната јавност и стекнавме авто-ритет вреден за почит. За време на оваа мисија ние со себе го носевме позитивни-от дух на соработка со останатите учесни-ци во мисијата. Македонското знаме гор-до се вееше во оваа меѓународна мисија, покажувајќи ја непоколебливата решеност на Република Македонија да продолжи по патот на демократијата и евроатлантските интеграции.

Драган Павловски

ри по патеката на демократијата и интегра-циите”.Македонскиот контингент, дел од својата ротација го помина на аеродромот во Мо-стар, а потоа во базата „Бутмир“ во Сара-ево.

ТРЕТА РОТАЦИЈАНа 4 јули 2007 г., во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец, повтор-но се одржа пригодна свеченост по повод испраќањето на новиот македонски контин-гент – третата ротација во мировната мисија АлТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод свои обраќања имаше коман-дантот на третиот македонскиот контин-гент, мајор Тони Спасовски. Командантот на детачментот истакна: „Задачите кои ќе ги из-вршуваме во БиХ се дел од севкупниот ан-гажман на мултинационалните сили и се од-несуваат на транспорт на луѓе и МТС, транс-порт на VIP, CASEVAC и други слични задачи кои ние ги извршуваме при секојдневните активности. Обуката на пилотскиот и на тех-ничкиот персонал навремено се димензио-нираше според НАТО-стандардите во мул-тинационално опкружување”.Времетраењето на третата ротација беше продолжено за дополнителни три месеци после смената на командантите на детач-ментот, така што за нов командант во на-редните три месеци беше поставен мајорот Кире Колевски.При враќањето на третата ротација од мисијата АлТЕА, на 12 јануари 2008 г., се случи воздухопловната несреќа со хели-коптерот „Ми-17“ со евиденциски број ВАМ

– 304, во месноста Катлановско Блаце. Смртта на 11-те мировници во само еден ден е најголемата загуба во историјата на АРМ. Хеликоптерот на АРМ, еден од двата хели-коптери со кои Македонија учествуваше во мировната мисија во Босна и Херцеговина, полетал околу 9 часот и 30 минути од база-та „Бутмир“ кај Сараево и требаше да слета на воениот дел од аеродромот „Петровец“. Последниот контакт со контролната кула на скопскиот аеродром, хеликоптерот го на-правил на шест милји од целта, по што во 12:28 часот истиот се урнал. Со доделувањето Медал за служба во Ев-ропската безбедносна одбранбена полити-ка на семејствата на загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа, пост-хумно беа одликувани единаесеттемина за-

за тогашниот ВИНг и за денешната ВБР претставуваше еден вид нов почеток во кој искуствата, комбинирани во обуката во наредниот период, гарантираа успешност на идните мисии во кои учествуваа едини-ците на Воздухопловна бригада при ЗОК на АРМ.Почетокот на мисијата беше каракте-ристичен по интензивните активности за нашето сместување и адаптација, по запознавањето со стандардните опера-тивни процедури (СОП), со СТАНАг и со прифаќање на бројни документи од обла-ста на летањето. Исто така, познавањето на англискиот јазик, на стандардната воз-духопловна фразеологија и искуство-то од бројните НАТО/ПфП-вежби, се по-кажаа како важен предуслов за квалитет-но извршување на мисиите во БиХ. До-полнително на ова, требаше да се проу-чат и локалните цивилни процедури, за во ниеден момент нашите летечки активно-сти да не дојдат во конфликт со цивилни-те ИЦАО-процедури, во согласност со на-редбите на командата на ЕуФОР. Истовре-мено со оперативното ангажирање на де-тачментот, сите припадници на МХД поми-наа разни обуки како, на пример, обука за препознавање и извлекување од мински полиња. Во секој случај, тоа беше корисна обука, имајќи предвид дека во БиХ во тоа време официјално постоеја над 18.000 мин-ски полиња.Првите летови над територијата на Босна и Херцеговина беа летови за запознавање и проучување на реонот на можните мисии. летовите ја покриваа целата територија на БиХ, започнувајќи од Мостар, од Сара-

еобични се животните патишта. Не­којпат те враќаат и на места каде што некогаш си бил, од каде што имаш убави спомени. Таква е и сторијата

на полковникот, во тоа време мајор, Кире Колевски, командант на македонскиот контингент во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Некогаш, кога Република Македонија уште беше во состав на неко­гашната Федеративна Југославија, тој беше тука на школување како пилот на ЈНА и овде имаше летачки прекар „Поскок”. Мо­старците, и воопшто повозрасните Босан­ци, го паметат како човекот кој успеа со хе­ликоптер да помине под Стариот мост во Мостар. Од 2006 г. тој повторно леташе над овие простори, но овојпат во состав на мировни­те сили на ЕУФОР БиХ во операцијата АЛ­ТЕА, предводејќи го првиот контингент и дел од третиот контингент во БиХ во рамки на мисијата АЛТЕА. Тоа беше нашата прва мисија во рамките на Европската унија, што отвори нови страници од историјата на АРМ и навести нови ветрови во правец на идниот ангажман на нашата армија.

Како, од денешен аспект, ги оценувате тие први, би рекле, историски чекори на ВВ и на АРМ?– Успешното завршување на прва­та ротација на МХД докажа дека АРМ во делот на воздухопловните сили има потенцијал да учествува во мисии надвор од државата, а Република Македонија да биде сериозен партнер и придонесувач на мирот во поширокиот регион. Убеден сум дека завршувањето на мисјата АЛТЕА

52

ево, од Тузла, од Бања лука, од Зеница, како и слетување на сите воени и цивил-ни аеродроми. Посебно внимание се по-свети на бројните хеликоптерски места за слетување (HLS – helicopter landing spots), кои се поврзани со набљудувачките тимо-ви (LOT – liason observacion teams) –мали „караули” со ЕуФОР-персонал кои се рас-поредени по границата на БиХ, како и во внатрешноста, коишто имаат константна потреба од хеликоптерски транспорт, по-себно во зимски услови. Сметам дека сите треба да се гордееме со припадниците на сите четири мисии на мисијата АлТЕА, а посебно со нивната ис-клучителна подготвеност, снаодливост и умешност да се снајдат при исполнувањето на редовните задачи во секакви ситуации и на нивната компатибилност со останати-

полковник Кире Колевски, командант на ВБр на АРМ и командант на два контингенти во мисијата АЛТЕА

ЛЕТ

ВО

НЕЗ

АБО

РАВ

интервју

односно внатрешен и надворешен товар, извидување и ВИП-транспорт, во содејство со припадници и со опрема на другите кон-тингенти, извршување и мисии од типот SAR (Барање и спасување), CSAR (Борбено барање и спасување) и CASEVIC (Евакуација на повредени). Во текот на мисијата секојдневно бевме ангажирани во разни ми-сии и вежби, во согласност со оперативната наредба „Букефал”, со месечен налет до 60 часа ги задоволивме сите мисии дадени од Командата на ЕуФОР во Сараево. Правилното менаџирање со летачките и со човечките ресурси овозможи во први-те шест месеци, припадниците на МХД да остварат налет од близу 320 часа со стопро-центна исправност во текот на сите 180 дена и со поделба на налетот во сооднос 70:30% во корист на оперативните мисии за потре-бите на ЕуФОР, во согласност со договорот на гш на АРМ и на Командата на ЕуФОР.Искуствата стекнати при работа во мул-тинационално опкружување се од голе-мо значење за ВБр, бидејќи процесот на добивање, подготовка, извршување и ана-лиза на мисиите во реални услови и во сора-ботка со единици од други држави претста-вува посебна искуствена придобивка која се развива низ обуката на ВБр. Менаџирањето со летачките и со човечките ресурси, вре-менската координација и метеоролошка-та подготовка на летачките активности во услови на непознат терен со висока надмор-ска височина и брзи промени на временска-та ситуација, се исто така дел од искуствата кои се добиени во текот на мисијата. Не по-

53

те НАТО-структури. Припадниците на хели-коптерскиот детачмент успешно го совла-даа и овој предизвик за што говорат и ви-соките оцени од Командата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

Ова беше прва самостојна мисија на АРМ. Што значи тоа конкретно?– Хеликоптерскиот детачмент беше дел од мисијата АЛТЕА на ЕУ за одржување на мирот и безбедноста во БиХ, и со своите транспортни капацитети зема активно уче-ство на целата територија на БиХ. Во прва-та ротација од мисијата АЛТЕА учествуваа 21 припадник на воздухопловниот ВИНГ на АРМ, кои задачите ги извршуваа заедно со белгискиот контингент во Мостар, со исклу-чок на еден офицер кој во улога на офицер за врски беше распореден во командата на ЕУФОР во Сараево. Првиот македонски хеликоптерски де-тачмент, со ангажирање на хеликоптери-те од типот „Ми-8“ и „Ми-17“ за потребите на мисијата АЛТЕА, од средината на јули 2006 до јануари 2007 година, успешно из-вршуваше оперативни мисии во дневни и во ноќни услови, транспорт на војници и на материјални средства, извидувачки мисии, ВИП-транспорт, учество на разни вежби и друго. МХД во почетокот беше логистич-ки поддржуван од страна на контингентот на Белгија во однос на дистрибуција на го-риво, противпожарно возило, безбедност и разузнавање, метеоролошка служба, сместување и исхрана. Со заминувањето на белгискиот контингент, мисијата на ма-кедонскиот хеликоптерски детачмент про-должи да опстојува самостојно. Слобод-но можам да кажам дека оттогаш имавме една нова мисија која според сите атрибути претставува самостојна мисија на Републи-ка Македонија во рамките на ЕУФОР.Работата со белгискиот контингент за нас претставуваше ново искуство од до-менот на организацијата на работата и извршувањето оперативни летачки мисии. Сите оцени за работата со белгискиот кон-тингент беа позитивни и, што е најважно, ова искуство се искористи и ќе се користи и во идните мисии каде што нашата хеликоп-терска единица самостојно би учествувала. Работата на припадниците на македонски-от контингент од страна на командата на ЕУФОР е високо оценета, што се должи на покажаната висока обученост и професи-онализам, совладаните стандардни опера-тивни процедури на НАТО во областа на водењето на воздухопловните единици и високата мотивираност на македонските мировници. Нашите мировници, со нивна-та голема самопрегорност, пожртвуваност и, пред сè, голема стручност, овозможија целосна оперативност на воздухоплови-те одредени за мисијата, како и нивна за-мена за цело времетраење на мисијата, а во исто време ги извршија и сите поставени задачи овде, во матичната единица.

За кои конкретни искуства станува збор?– Македонскиот хеликоптерски детачмент во мисијата АЛТЕА извршуваше опера-тивни мисии во дневни и во ноќни усло-ви (со употреба на опрема за летање во ноќни услови) од доменот на транспорт на патници-војници и материјални средства,

малку значајни се и пријателствата и врски-те кои се воспоставија со припадниците на странските контингенти и со пријателските народи на БиХ.За жал, во нашата професија трагедиите се исклучок кој секогаш треба да нè потсети дека само со подобра обука и материјално вложување можеме да ги превенираме не-саканите моменти како што беше случај со единаесетте припадници на воздухоплов-ниот ВИНГ на АРМ, кои на враќање од мисијата АЛТЕА во БиХ трагично ги дадоа своите млади животи. Тие беа јунаци на но-вото време, кои зад себе оставија дела, не-избришливи траги кои засекогаш ќе оста-нат впишани во историјата на македонско-то воздухопловство како врвни професио-налци и македонски амбасадори на мирот. Горди сме што имавме такви воени старе-шини и другари, кои знаеја како професио-налци и пријатели да ги споделат работните обврски, тешките моменти, но и сите оние моменти во кои заеднички споделувавме и радост и среќа.

Во текот на мисијата АЛТЕА, на сите при-падници на македонскиот детачмент им беше врачен Медал на мисијата АЛ-ТЕА од Брисел. Вие добивте и посебно одликување од високиот претставник на ЕУ?– Медалот на припадниците на мисијата АЛТЕА беше доделен за доследно ангажирање и навремено извршување на мисиите. Заедно со медалот беше доделен и сертификат потпишан од високиот прет-ставник за Заедничка надворешна и без-бедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана. По завршувањето на третата ротација во АЛТЕА, добив и посебно признание од ко-мандантот на ЕУФОР, шпанскиот генерал-мајор Игнасио Мартин Вилалаин, за успеш-но извршување на дадените мисии во рам-ките на третата ротација на МХД во ЕУФОР. Исто така, целокупниот ангажман на маке-донскиот детачмент е високо оценет од Ко-мандата на ЕУФОР.

Како понатаму?– Продолжуваме со секојдневните обуки и со одржување на воздухопловната техни-ка со што на најдобар начин им даваме под-дршка на сите единици на АРМ, како и по-широко во рамките на целата држава. Под-дршката на државните институции за вре-ме на временски непогоди (достава на хра-на и на лекови во услови на снежни врне-жи) и големи пожари на непристапни тере-ни. Продолжувањето на модернизацијата и усвојување на најмодерната технологија со која се опремуваат леталата, и секако под-дршка на школата за пилоти која треба во наредниот период да ги даде првите пило-ти за потребите на ВБР. Воздухопловната бригада, во согласност со дадените партнерски цели, активно ги кондицира хеликоптерите и персоналот за учество во идни мировни мисии на хе-ликоптерскиот детачмент. Веќе го поми-навме самооценувањето Ниво 1 и 2, како и НАТО-оценувањето Ниво-1, а ни претстои и НАТО-оценување Ниво-2. Ако има потреба, уште утре можеме да заминеме во мисија.

В.Д.

ри „Ми-8/17“ и персонал од 21 лице. При-донесот со хеликоптерски капацитети трaеше од јули 2006 до јули 2008 годи-на. Во ноември 2006 година, Република Македонија го зајакна сопствениот при-донес кон операцијата на унијата во БиХ, АлТЕА, декларирајќи медицински тим со-ставен од 10 лица за ROLE 1 медицинска поддршка на кампот во Бутмир. Во тек е тринаесеттата ротација на медицинскиот тим во АлТЕА.Дополнително, придонесот на Републи-ка Македонија кон АлТЕА беше зајакнат и со декларирање на 1 лице воен правник-помошник правен советник во Командата на ЕуФОР /HQ EUFOR (од јуни 2007 годи-на). Помошникот-правен советник е член

епублика Македонија ја потврду­ва стратегиската определба за достигнување членство во Европ­ската унија со декларирање конкре­

тен придонес кон воената операција во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP) на Унијата, АЛТЕА во БиХ. Спогодбата помеѓу Репу­блика Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во рам­ките на операцијата АЛТЕА беше потпи­шана на 3 јули 2006 година во Брисел.Првиот придонес на Република Ма ке­до нија кон операција предводена од Ев­ропската унија започна во јули 2006 со декларирање АРМ­хеликоптерски де­ташман, составен од два хеликопте­

54

на Канцеларијата на правниот советник во Командната извршна група на коман-дантот на ЕуФОР. Тој обезбедува правни совети за командантот на ЕуФОР, за за-меникот на командантот, кој воедно ја врши и функцијата началник на штаб и на останатите припадници на штабот на Еу-ФОР, од областа на меѓународното и ло-калното право, како и интерпретирање на одредбите од Општиот рамковен дого-вор за мир во БиХ и резолуциите на Сове-тот за безбедност на ОН.Во тек е единаесеттата ротација на оваа позиција, a од декември 2012 започнува дванаесеттата ротација на помошникот-правен советник. Оваа должност е од осо-бено значење за АРМ во насока на пона-тамошно зацврстување на сопствената позиција на клучни должности во миро-вните мисии, а со тоа и потенцирање на сопствените вредности преку професио-нално извршување на одговорностите во структурата на мултинационалните сили.Првиот медицински тим АлТЕА во БиХ се состоел од 2 доктори, 6 медицински тех-ничари и 2 возачи. Биле сместени во ба-зата „Бутмир“. Обврска на тимот била да дава здравствено обезбедување на мул-тинационалните сили во Босна, Сараево. Имале одлична соработка со сите нацио-нални контингенти, немале некои пробле-ми, дури се случувало многу лекари од други контингенти да бараат услуга од на-шиот контингент. Апсолутно ги извршиле сите задачи што биле поставени пред нив. „Дента кога пристигнавме, се сеќава ли-

Медицински тим на АРМ во Командата на ЕУФОР во мисијата АЛТЕА

Елитен медицински тим

на, да се справиме со луѓе кои можат да бидат цел на нападот. По вокација сме војници, а тоа значи сите што се унифор-мирани мора да даваат сигурност, повре-дените мора да знаат дека секогаш ќе има некој кој ќе им го спаси животот. Дури имаше војници од други контингенти кои доаѓаа кај нас, заобиколувајќи го нивни-от доктор. Ние се однесувавме професи-онално и немаше импровизации. Сите ние бевме стручни и сите доаѓаа кај нас со до-верба, а не со страв. Се случуваше, на при-

мер, за време на дежурство, да бараат по-мош и за банални работи, како што се по-мали исеченици. И тие интервенции сами ги вршевме, без да викаме хирург. Бевме обучени и за тоа”, додава полковникот Блажевски.За извршување на задачите имале две санитетски возила, а нив ги одржувал тур-скиот контингент.Драгоцена помош за нив, како што кажа

55

дерот на првиот медицински тим АЛТЕА (сега полковник во пензија), д-р Крсто Бла-жевски, ги отворивме материјалите, а на-редниот ден се јавивме дека сме подгот-вени за работа. Првите пациенти беа соо-дветно третирани, а олеснување ни беше што сите добро го знаевме англискиот јазик. Можам да се пофалам дека сите стручни проблеми ги надминавме на ви-стински начин, без некои посебни пробле-ми, освен што имаше една тешка теле-сна повреда која заврши со евакуација во

Германија. Бевме организирани во рабо-тата, имавме работно време од 8 до 16 ча-сот, после тоа имавме дежурства. Главно „бојно поле” ни беше гимнастичката сала, каде што најчесто имаше скршеници, на-биеници, но имаше и луѓе со хронични бо-лести кои цело време беа под контрола”.„Одењето во мисии е стекнување дра-гоцено искуство во едно поинакво опкружување. Нашата цел беше хума-

Крстевски, за сите контингенти, била об­уката којашто се одвивала во Воена­та болница со помош на Швајцарската делегација, од кои добиле драгоцена опрема.Медицинското одделение на АРМ, м и­сијата во БиХ ја извршува самостојно, што не е случај со другите мисии каде што АРМ има распоредено свои припадници. Тоа значи дека снабдувањето со лекови и друг медицински материјал за потреби­те на мисијата се врши со сопствени сред­ства. На аеродромот „Бутмир”, медицинското одделение на АРМ има развиено меди­цинска станица, која за потребите на си­лите на ЕУФОР извршува општа медицин­ска помош, но и други задачи од доменот на медицинското обезбедување во рам­ките на мисијата. Освен со секојдневно згрижување на за­болените и повредените од кампот „Бут­мир”, првиот и наредните македонски ме­дицински тимови редовно учествувале и во мисии за медицинско обезбедување на културни и спортски активности во и надвор од кампот, а сето тоа по наредба на претпоставената команда. Медицинскиот тим на АРМ изминати­ве шест години на најдобар начин ги по­кажа способностите и интероперабил­носта на АРМ во рамките на мисијата на ЕУ, но даде и огромен придонес во афирмацијата на АРМ и на Република Македонија, што се потврдува и со висо­ките оцени добиени од командата на ЕУ­ФОР. „Секоја наредна мисија, како што не случајно истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими на средбата со припадни­ците на АРМ кои беа дел од операцијата ЕУФОР­АЛТЕА­12, поставува нови и по­високи стандарди, а исклучок од тоа не е ниту оваа ротација“. По тој повод, начал­никот на ГШ на АРМ, генерал­мајорот Го­ранчо Котески, на командантот на контин­гентот, полковникот Душан Стојановиќ, му додели „Сребрена значка на АРМ“, до­дека на останатите припадници на кон­тингентот, „Бронзени значки на АРМ“. Најновата, 13. ротација на медицински­от тим замина за Сараево на 31 октом­ври 2012 година. Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен меди­цински и помошен персонал. „Наша обвр­ска е веќе стекнатиот углед за високиот професионализам во извршувањето на задачите да го потврдиме и да го поди­гнеме на повисоко рамниште“, истакну­ва лидерот на тимот Елизабета Наумов­ска Петревска. Веруваме дека и тие, како и нивните претходници, совесно, профе­сионално и дисциплинирано ќе одгово­рат на поставените задачи во рамките на мисијата и уште еднаш ќе потврдат дека припадниците на АРМ се подготвени за извршување на задачите, рамо до рамо со другите мировници.

Кристина Илиевска

исијата UNIFIL (United Nation Interim Force In Lebanon) е една од, може сло-бодно да се каже, најдолгата мисија на Организацијата на Обединетите

нации. Во март годинава мисијата наврши 34 години од нејзиното воспоставување во 1978 г. Во оваа мисија со свои војници учествувале и сè уште учествуваат многу земји од целиот свет. Од мај 2007 г. и Армијата на Република Македонија учествува со еден штабен офи-цер во Главниот штаб на мисијата. Одлуката за декларираниот придонес на Ре-публика Македонија со штабен офицер во рамките на мировната операција УНИФИЛ, чиј мандат е даден со Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ООН, е донесе-на од страна на Собранието на Република Македонија на 27 април 2007 г., а спрове-дена на 16 мај 2007 г.. По заминувањето на првиот претставник во јуни 2008 г., придоне-сот продолжил со испраќање на нов штабен офицер, како прва ротација во рамките на УНИФИЛ, додека во тек е шестата ротација од Армијата на Република Македонија на позицијата штабен офицер во Здружениот оперативен центар (мајор Бесник Халили).Бидејќи тоа е единствената мисија, под вод-ство на ООН, во која меѓу знамињата на 32

56

МИСИЈАТА НА ООН – унифил

ни по сириската окупација на делови од Ли-бан (1976г.) Но мисијата UNIFIL (United Nation Interim Force In Lebanon) не е воспоставена ниту заради граѓанската војна ниту, пак, за-ради сириската окупација на Либан.За избивање на граѓанската војна во кон-фесионален Либан постоеле повеќе причи-ни, а една од најважните била статусот на палестинските бегалци кои на територијата на Либан дошле после „Black September” во Јордан во 1970 г., кога во Либан дошле повеќе од 100.000 Палестинци. Со нив, на ли-банска територија (главно на југот на Либан) се преселила и PLO (Palestinian Liberation Organization) и нејзиниот водач, Јасер Ара-фат. Во почетната фаза на граѓанската војна Палестинците се стекнале со голема автономија, при што повеќе милитантни па-лестински организации почнале Јужен Ли-бан, (каде сакале да формират своја држава) да го користат за напади врз Израел. Еден та-ков напад на „Фатах“ (фракција од PLO) врз Израел, на 11 март 1978 г., познат како „Ма-сакр”, во непосредна близина на Тел Авив, резултирал со 34 убиени и со 70-тина ранети Израелци, што биле повод за вплеткување на Израел во хаотичната ситуација во Либан.За да го реши безбедносниот проблем на

други нации, од мај 2007 г., се вее и знамето на Република Македонија, заслужува поши-рок осврт на почетоците за воспоставување на мисијата.Мировните сили на Организацијата на Обе-динетите народи во либан дошле уште во далечната 1978 г., три години по почето-кот на граѓанската војна (1975г.) и две годи-

НАЈДОЛгАТА МИСИЈА ВО ОРгАНИЗАЦИЈА НА ОН

57

границата со Либан, ноќта помеѓу 14 и 15 март 1978 г., Израел ја отпочнал операцијата „Литани”. Походот на околу 25.000 израел-ски војници за истерување на околу 5.000 палестински герилци се претворил во освојување на речиси целиот југ од Либан.На слабата и поделена власт во Бејрут не преостанало ништо друго туку да се обра-ти до ООН, така што утрото на 15 март до ООН упатила силен протест против изра-елската инвазија, оградувајќи се дека Ли-бан нема никаква врска со PLO и со нивни-те акции врз Израел и затоа не можат да би-дат жртва на палестинско-израелскиот спор. На 19 март 1978 г., Советот за безбедност на ООН ги донел резолуциите 425 и 426 со кои од Израел побарал моментален прекин на воените активности и повлекување од територијата на Либан.Веќе на 23 март истата година, само два дена по склопеното примирје, првите при-падници од околу 5.300 луѓе, собрани од 10 земји, пристигнале во Либан. Формирана е мисијата UNIFIL (United Nation Interim Force In Lebanon). Штабот на мисијата бил воспо-ставен во местото Нагура каде што е и де-нес. Треба да се истакне дека тоа главно биле воени набљудувачи, опремени со лес-но пешадиско оружје. Според споменатите резолуции 425 и 426 на UN, Советот за без-бедност, UNIFIL требал:– да го потврди повлекувањето на Израел

од југот на Либан;– да го обнови мирот и безбедноста во ре-

гионот;– да помогне на либанската влада во

враќањето на нејзиниот авторитет во Јужен Либан.

Иако изралеските трупи се повлекле зад ме-ѓу народната граница, сепак, во појасот во ши рина од 4-12 km (на либанска територија) власта ì ја препуштиле на христијанскаа ми-лиција (SLO), позната како Армија на Јужен Либан. Бидејќи либанските власти не може-ле да ја преземат контролата на тој дел од својата држава и УНИФИЛ не можел цело-сно да го исполни својот мандат туку патро-лирал во Јужен Либан занимавајќи се, глав-но, со хуманитарни активности за локално-то население (повеќето Шиити и Христијани), задржувајќи ја притоа својата неутралност.На почетокот на 1982 г., и израелската армија, во склопот на операцијата „Мир за галилеја”, повторно го запоседнала Јужен Либан. Тогаш владата на Либан не се ни оби-дела да расправа за израелскиот воен пот-фат, туку само до ОН испратила два допол-нителни приговори.Во обидот да расправа по прашањето за протерување на Палестинците од држава-та, Владата се распаднала, што само ги за-силило внатрешните судири помеѓу Суни-тите и Друзите од една, и христијаните од друга страна. Бидејќи тоа било само воена окупација, а не и анексија на Јужен Либан, меѓународната мисија UNIFIL продолжила.Од 1982 до 2000 г. дошло до формирање на „Хезболах“ кој ги протерал палестински-те герилци од областа и, место нив, Хезбо-лах почнал да изведува терористички на-пади врз израелската армија и врз израел-ските цели воопшто, за ослободување на Јужен Либан. После долгогодишната герил-ска војна со „Хезболах“, за да им го одземе основниот мотив на Шиитите за борбата против Израел, за да ги намали своите тро-

нападнал израелска патрола, убивајќи 8 IDF-војници, двајца војници биле заробе-ни. На тој инциндент Израел одговорил со едномесечна војна, претежно користејќи ја својата авијација и напаѓајќи цели ширум Либан. По едномесечниот судир, Советот за безбедност на UN ја донел Резолуцијата 1701 – темел за примирјето воспоставе-но на 14 август 2006 г. До средината на септември 2006 г. бил договорен и соста-вен „новиот UNIFIL”, по што започнува и распоредувањето на неговите сили. Нови-от UNIFIL денес брои околу 13.000 припад-ници на веќе присутните мали единици од Кина, од Индија и од Гана на кои им се при-дружуват голем број западни земји. Покрај 13.000 „сини шлемови“, во Јужен Либан де-

нес се присутни околу 10.000 LAV-војници. Со Резолуцијата 1701 мисијата, исто така, до-бива и поморска компонента IMTF (Interim Maritime Task Force), која ја сочинуваат Германија, Холандија, Грција и Турција, која своите задачи-набљудување на брегот на Либан и на неговите територијални води, ги извршува со појас со ширина од околу 50 наутички милји западно од либанското крајбрежје. Иако многумина, а посебно ОН и либанскиот народ, очекуваат дека новиот UNIFIL ќе го воспостави и ќе го сочува дол-ги години посакуваниот мир, сепак, постојат многу милитантни елементи и организации на кои денешниот UNIFIL, во кој доминира-ат единиците од западниот свет, им пречи да ја шират идејата дека Запад преку UNIFIL окупирал дел од арапската земја. Зара-ди таквото сфаќање и таквата идеологија, бројни терористички организации изведу-ваат и терористички напади врз патролите и базите на UNIFIL. Во еден таков напад со автомобил-бомба (околу 70 kg експлозив), на 24 јуни 2007 г. беа убиени 6 војници од шпанскиот контингент во запданиот сектор. Досега се изведени неколу такви и слични терористички напади на патроли, на конвои и на поединиечни возила на UNIFIL но, за среќа, без жртви и само со материјални ште-ти по UNIFIL. Во јануари 2008 г. при еден та-ков напад на возило на UNIFIL беа повреде-ни двајца ирски офицери. И покрај таквите непријателски активности, UNIFIL останува непоколеблива во напорите за зачувување на долго посакуваниот мир во овој дел од светот.

С.М.

шоци и да стави крај на низата инциденти и жртви, во април 2000 г., Израел ги известил ОН дека до крајот на летото ќе ги повлече своите сили од Јужен либан. Со тоа дошло и до раздвижување во мисијата и во поче-токот на 2000 г., UNIFIL ја дефинирал „Blue Line“, која се протега во појасот на спорната меѓународно призната граница помеѓу ли-бан и Израел. граничната линија „Blue Line” и денес е спорна на многу места, меѓу кои посебно важна е областа Sheeba Farms на тримеѓето либан, Сирија и Израел. Додека за Израел Sheeba Farms e дел од Израел, освен од Сирија ,во војната од 1967 г., „Хез-болах“ тврди дека е тоа дел и од либан.Два месеци по повлекувањето на Изра-ел од либан, во јуни 2000 г. ОН ја донеле

Резолуцијата 1310 со која либанските вла-сти се повикуваат што побрзо да распоре-дат дел од својата армија во Јужен либан. Откако во август 2000 г., баталјони од ар-миите на Фиџи и Индија ги запоседнале набљудувачките точки долж „Blue Line“, ли-бан не ја исполнил својата обврска според Резолуцијата 1310 на UN. Бидејќи властите во Бејрут одолговлекувале со запоседнување на ослободениот простор, фактички бил со-зададен простор без меѓународно призна-та власт. Со тој простор почнал да управу-ва „Хезболах“ како претставник на шиитско-то население. Можеби таквото безвласите одговарало на либанската Влада, бидејќи на тој начин сакала да ја отфрли потребата це-лата држава да се занимава со поединечен воинствен политички елемент во опште-ството што, секако, му одговарало на „Хез-болах“. На таквото однесување на либан-ската Влада не влијаела ниту Резолуцијата 1337 од 2001 г. со која UN се обидела казне-но да влијае на либан. UN дури ја намалил и бројноста на UNIFIL, од 5.800 на 4.500 при-падници кои останале да ја набљудуваат таканаречената „ничија земја”. До летото 2004 г. UNIFIL спаднал дури на само околу 2.000 војнци од 7 земји и на околу 50 во-ени набљудувачи од составот на UNTSO (United Nation Supervision Organization) во Сирија кои им помагале на припадниците на UNIFIL. Редуцирањето на бројноста на UNIFIL и политиката на слабата централна власта во Бејрут да ја игнорира шеитската „Хезболах“, резултирале со сериозни инци-денти долж граничната линија. Состојбата ескалирала во јуни 2006 г. кога „Хезболах“

таблирањето на современите вред-ности, мирот, благосостојбата, несо-мнено се императив на секоја разви-ена и зрела демократска држава чија

цел не скршнува од патот на раст и развој во глобални рамки. Во таа насока и Република Македонија, како 181. членка на најголемата светска организација, Обединетите нации, во континуитет ги поддржува напорите за пренесување на овие придобивки на новиот век на сите страни на светот. Почитувајќи ја Повелбата на ООН, како фун-даментална рамка на меѓународните односи, Република Македонија активно учествува во мировните мисии на светската организација, конкретно во мировната операција на ООН во Либан, УНИФИЛ.Имено, учеството на Република Македонија во УНИФИЛ започна во мај 2007 година, кога еден припадник на Армијата на Репу-блика Македонија, потполковникот Симе-он Митрев, како прв претставник на Репу-блика Македонија во УНИФИЛ бил дел од мисијата како штабен офицер – чувар на смена („watchkeeper“). Го прашавме потполковникот Митрев која е основната придобивка од учеството на Репу-блика Македонија во меѓународни мировни мисии. „Испраќањето македонски мировни-ци во мисии на повеќе интернационални ор-

58

средба СО ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МИРОВНИК ВО МИСИЈАТА УНИФИЛ ВО ЛИБАН, ПОТПОЛКОВНИК СИМЕОН МИТРЕВ

информации мора да се донесуваат и из-вршни одлуки – која единица каде да биде испратена, дали воопшто треба да се испра-ти патрола или не и сл. Истовремено имав задача да подготвам извештај, да направам презентација и да му ја претставам на коман-дантот на силите“. И во мисии чија основна цел е подобрување на животот на домицилното население и пренесување на придобивките од демократ-ските процеси, постојат опасности. „Сите кон-тингенти во УНИФИЛ прават свои забави за националните денови. За време на Наци-оналниот ден на Шпанија бевме во Источ-ниот сектор и на враќање, зад нашиот џип, по помалку од пет минути, со експлозив од автомобил-бомба, со 70 и повеќе килогра-ми експлозив, беше целосно уништен еден шпански транспортер. Тогаш загинаа 6 миро-вници“, се присети потполковникот Митрев.Сепак, можноста да се биде дел од комплек-сна операција која самата по себе носи една благородна цел, е доволна причина и по-вод мировниците- припадници на Армијата на Република Македонија, со сиот свој про-фесионализам, знаење и преданост на професијата, во континуитет да бидат ак-тивни учесници во мировни мисии.

Иван Петрушевски

ганизации носи двојна добивка – Македонија добива искусни старешини, подготвени да се справат со ризиците на новата ера, а ис-товремено и АРМ докажува дека во својата армија има обучен и професионален кадар, кој воопшто не заостанува зад поразвиени-те западни земји. За мене лично, од особена важност е искуството, бидејќи таму бев шта-бен офицер. што се однесува до придобив-ките од мисијата, морам да потенцирам дека многу луѓе од подалечните земји првпат слу-шаат за Македонија. Сметам дека од особе-на важност за нашата армија е нејзиното кон-тинуирано учество во вакви мисии“. Кога станува збор за главните одговорно-сти и должности во текот на едногодишна-та ротација, потполковникот ни објасни: „На работа бев во смени од по 12 часа, од осум часот наутро до осум часот навечер. Потоа, таа вечер сум слободен и утредента исто, а потоа од осум часот навечер, па сè до утро-то. На работното место имав два главни те-лефони бидејќи целата база беше поделе-на на два сектори со по две бригади – Ис-точен, каде носител беше шпанија, и Запа-ден, со Италија како носител. Всушност, во базата имаше претставници од вкупно 31 земја. Информациите за сè што се случу-ва доаѓаат преку „watchkeeper“. И тоа не се само известувања, туку врз основа на тие

ПРОФЕСИОНАЛНО И ОДгОВОРНО КОН ПОВИСОКА ЦЕЛ