50
GE Oil & Gas Актуатор Masoneilan* Серија 51/52/53 Прирачник за употреба GE Data Classification: Public

51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

  • Upload
    others

  • View
    28

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

GE Oil & Gas

Актуатор Masoneilan*Серија 51/52/53 Прирачник за употреба

GE Data Classification: Public

Page 2: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

За овој прирачник

Овој прирачник за употреба се однесува на следниве инструменти:

Цилиндричен актуатор Masoneilan серија 51/52/53

Информациите во овој прирачник подлежат на промена без претходно известување.

Информациите содржани во овој прирачник не смеат да се транскрибираат или копираат, целосно или делумно, без писмено одобрение од GE Oil & Gas.

Овој прирачник во никој случај не ја гарантира погодноста за продажба на позиционерот или софтверот или неговата приспособливост кон конкретните потреби на клиентот.

Ве молиме пријавете ги сите грешки или прашања за информациите во овој прирачник до вашиот локален снабдувач или посетете ја www.geoilandgas.com/valves.

Одрекување

ОВОЈ ПРИРАЧНИК ИМ ОБЕЗБЕДУВА ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНКРЕТНИОТ ПРОЕКТ НА КЛИЕНТОТ/КОРИСНИКОТ, ПОКРАЈ ВООБИЧАЕНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЗА РАКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА КЛИЕНТОТ/КОРИСНИКОТ. БИДЕЈЌИ ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА РАКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ, GE (GENERAL ELECTRIC COMPANY И НЕЈЗИНИТЕ ФИЛИЈАЛИ И ПАРТНЕРИ) НЕ СЕ ОБИДУВА ДА ДИКТИРА КОНКРЕТНИ ПРОЦЕДУРИ, ТУКУ ДА ГИ НАВЕДЕ ОСНОВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА И УСЛОВИТЕ СОЗДАДЕНИ ОД ТИПОТ НА ОБЕЗБЕДЕНАТА ОПРЕМА.

ВО ОВОЈ ПРИРАЧНИК СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА КОРИСНИЦИТЕ ВЕЌЕ ИМААТ ОПШТО РАЗБИРАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО РАКУВАЊЕ СО МЕХАНИЧКА И ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА ВО ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСНИ ОКОЛИНИ. ЗАТОА, ОВОЈ ПРИРАЧНИК ТРЕБА ДА СЕ ТОЛКУВА И ПРИМЕНУВА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ШТО СЕ ПРИМЕНЛИВИ НА РАБОТНАТА ЛОКАЦИЈА, КАКО И ВО СОГЛАСНОСТ СО КОНКРЕТНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАКУВАЊЕ СО ДРУГА ОПРЕМА НА РАБОТНАТА ЛОКАЦИЈА.

ВО ОВОЈ ПРИРАЧНИК НЕ СЕ ТВРДИ ДЕКА СЕ ОПФАТЕНИ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ ВАРИЈАЦИИ ВО ОПРЕМАТА, НИТУ ПАК ДЕКА СЕ НУДИ РЕШЕНИЕ ЗА СИТЕ МОЖНИ НЕПРЕДВИДЕНИ СИТУАЦИИ ВО ВРСКА СО ИНСТАЛАЦИЈАТА, РАКУВАЊЕТО ИЛИ ОДРЖУВАЊЕТО. ДОКОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ ДОКОЛКУ СЕ ЈАВАТ КОНКРЕТНИ ПРОБЛЕМИ ШТО НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ДОВОЛНО ЗА ЦЕЛИТЕ НА КЛИЕНТОТ/КОРИСНИКОТ, ТРЕБА ДА СЕ ОБРАТИТЕ ДО GE.

ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА GE И НА КЛИЕНТОТ/КОРИСНИКОТ СЕ СТРОГО ОГРАНИЧЕНИ НА ОНИЕ НА КОИ ИМ СЕ ИЗРЕЧНО ОБЕЗБЕДЕНИ ВО ДОГОВОРОТ ЗА ИСПОРАКА НА ОПРЕМАТА. СО ИЗДАВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРИРАЧНИК ОД СТРАНА НА GE, НЕ СЕ ДАВААТ ИЛИ ПОДРАЗБИРААТ НИКАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕТСТАВУВАЊА ИЛИ ГАРАНЦИИ ВО ВРСКА СО ОПРЕМАТА ИЛИ НЕЈЗИНАТА УПОТРЕБА.

ОВОЈ ПРИРАЧНИК СОДРЖИ СОПСТВЕНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ НА GE И ИМ СЕ ОБЕЗБЕДУВА НА КЛИЕНТОТ/КОРИСНИКОТ ЕДИНСТВЕНО ЗА ДА ПОМОГНЕ ВО ИНСТАЛАЦИЈАТА, ТЕСТИРАЊЕТО, РАКУВАЊЕТО И/ИЛИ ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА ОПИШАНАТА ОПРЕМА. ОВОЈ ДОКУМЕНТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ УМНОЖУВА ЦЕЛОСНО ИЛИ ДЕЛУМНО И НЕГОВАТА СОДРЖИНА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОТКРИВА НА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНА БЕЗ ПИСМЕНО ОДОБРЕНИЕ ОД GE.

Авторски права

* Masoneilan е регистриран заштитен знак на General Electric Company. Имињата на други компании и производи користени во овој документ се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на нивните сопственици. Се смета дека сите информации содржани овде се точни кога се објавени и истите подлежат на промени без претходно известување.

PN 720030577-779-0000 Рев. B

Page 3: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Содржина

1. Информации за безбедност ................................................................................................................................................... 5Ознаки за безбедност.............................................................................................................................................................. 5Безбедност со производот Цилиндричен актуатор од серија 51/52/53..................................................... 6

Директива за опрема под притисок - (ДИРЕКТИВА 97/23/ЕЗ) ................................................................... 9

2. Вовед .................................................................................................................................................................................................11Општо..............................................................................................................................................................................................11Опис на актуаторот .................................................................................................................................................................12

3. Инсталација ...................................................................................................................................................................................13Распакување...............................................................................................................................................................................13Приклучоци за пневматски довод ..................................................................................................................................13Монтирање ..................................................................................................................................................................................14

4. Ракување .........................................................................................................................................................................................17Актуатор ........................................................................................................................................................................................17Рачно отстапување со рачно тркало (опционално) ..............................................................................................17

Префрлување од режим на автоматско ракување во режим на рачно ракување ....................20Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување ....................21

Хидраулично рачно отстапување (опционално).....................................................................................................22Полнење на резервоарот за единици со единечно и двојно дејство ................................................23

5. Одржување ....................................................................................................................................................................................25Отстранување на актуаторот ............................................................................................................................................25

Актуатор со двојно дејство (Модел 51) со/без рачно тркало, со/без волуменска комора ......27Актуатор со воздушна експанзија (Модел 52) со/без рачно тркало....................................................29Актуатор со воздушна компресија (Модел 53) со/без рачно тркало...................................................31

Процедури за одржување ..................................................................................................................................................34Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 51 - двојно дејство со/без рачно тркало.......................................................................................................................................................................34Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 52 - воздушна експанзија со рачно тркало ................................................................................................................36Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 52 - со воздушна експанзија без рачно тркало........................................................................................................39Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 53 - воздушна компресија со рачно тркало ...............................................................................................................42Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 53 - со воздушна компресија без рачно тркало.......................................................................................................45

Отстранување на касетата со пружина ......................................................................................................................47

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 3© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 4: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Оваа страница е намерно оставена празна.

Page 5: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

1. Информации за безбедност

Во овој дел се наведени информации за безбедност, вклучително и ознаки за безбедност што се користат во документацијата.Можно е измените на користените спецификации, структура и компоненти да не резултираат со ревидирање на овој прирачник, освен ако таквите измени влијаат врз функционирањето и изведбата на производот.

Пред инсталацијата и ракувањето прочитајте го целиот овој дел.

Ознаки за безбедност

Прирачникот за цилиндричен актуатор од серија 51/52/53 содржи ознаки за ПРЕДУПРЕДУВАЊА, ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ВНИМАНИЕ и Забелешки, каде што е потребно, што ве известуваат за информации поврзани со безбедноста или за други важни информации. За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ и ВНИМАНИЕ.

Укажува на потенцијално опасна ситуација, којашто доколку не се избегне би можела да резултира со сериозна повреда.

Подвижните делови можат да предизвикаат згмечување или сечење. Држете ги рацете на безбедно растојание.

ВНИМАНИЕ

ПРЕДУПРЕДУ-ВАЊЕ

ПРЕДУПРЕ-ДУВАЊЕ

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 5© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 6: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Укажува на потенцијално опасна ситуација, којашто доколку не се избегне би можела да резултира со оштетување имот или податоци.

Укажува на важни факти и услови.

Безбедност со производот Цилиндричен актуатор од серија 51/52/53

Општа инсталација, одржување или замена

Производите мора да се инсталираат во согласност со сите локални и национални закони и стандарди, од страна на квалификуван персонал којшто користи работни практики за безбедност на работната локација. Согласно работните практики за безбедност на работната локација, мора да се користи Лична заштитна опрема (ЛЗО).

Обезбедете соодветна употреба на опрема за заштита од пад при работа од височини, согласно работните практики за безбедност на работната локација. Користете соодветна опрема и практики за безбедност за да спречите испуштање алати или опрема во текот на инсталацијата.

Согласно работните практики за безбедност на работната локација, сервисирањето треба да го врши персонал на работната локација (инсталација, пуштање во употреба и одржување) обучен во соодветни процедури на работната локација, за работење со и во близина на опрема од GE.

Обезбедете дека притисокот на доводот за воздух не може да ја надмине вредноста наведена на плочката со информации.

Инсталирања во потенцијално експлозивно окружување, вклучително и Директива ATEX 94/9/ЕЗ

Инсталацијата, пуштањето во употреба, користењето и одржувањето треба да бидат во согласност со националните и локалните прописи и во согласност со препораките содржани во релевантните стандарди во врска со потенцијално експлозивни окружувања.

ВНИМАНИЕ

ЗАБЕЛЕШКА

II 2 GD TX

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.6 | =GE Oil & Gas

Page 7: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Производот треба да се користи само во ситуации што се во согласност со условите за сертификација наведени во овој документ и само откако ќе се провери неговата компатибилност со областа во којашто планирате да го користите.

Инсталацијата, пуштањето во употреба и одржувањето треба да го вршат квалификувани и компетентни професионалци коишто биле соодветно обучени за уреди што се користат во области со потенцијално експлозивни окружувања и коишто имаат релевантни сертификати, доколку е применливо.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Консултирајте се со фабриката пред да ги користите овие производи со течности/компримирани гасови што не се воздух или пред да ги користите за други неиндустриски примени.

Под одредени услови на работа, користењето на оштетен производ би можело да предизвика нарушување на работата на системот, што може да доведе до лична повреда или смрт.

Инсталирањето во слабо проветрени, затворени простории, со можност за присуство на други гасови освен кислород, може да предизвика ризик од задушување на персонал.

Поставувајте го производот само на локации што се правилно идентификувани. Погледнете ја етикетата на уредот за опис на средината во која уредот може да се инсталира. Проверете дали ознаките на етикетата се во согласност со примената.

Поправките треба да ги врши само сервисен персонал квалификуван за вршење поправки на актуаторот. Користете само оригинални резервни делови обезбедени од производителот и тоа не само главни склопови, туку и монтажни завртки и О-прстени, за да гарантирате дека производите се усогласени со суштинските услови за безбедност на Европските Директиви.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од експлозија - замената на компоненти може да ја наруши погодноста за употреба во Опасна локација.

Ако за доводот се користат други гасови наместо воздух, крајниот корисник има одговорност да ги препознае и безбедно да ги задржи сите истекувања или одводи во атмосферата.

Доколку пневматскиот систем се напојува со согорлив гас, крајниот корисник има одговорност да одлучи дали инсталацијата треба да се третира како инсталација во област класифицирана како опасна.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 7© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 8: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Ризик од запалување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електростатично празнење: За да избегнете електростатично празнење при чистењето користете само влажна крпа и не користете растворувач.Сите елементи се метални и во контакт, па го имаат истиот потенцијал. Обезбедете дека целата електрична апаратура има соодветно заземјување.Обезбедете дека целиот склоп има соодветно заземјување.

Жешка површина - работни услови на процесот - информативна плочка на актуаторот со ознака TX

Површинската температура на актуаторот може да зависи од работните услови на процесот.

Актуаторите Masoneilan 51/52/53 можат да издржат амбиентални температури што се барем еднакви на МАКСИМАЛНАТА РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА (прикажана на информативната плочка на актуаторот).

Површинската температура на инсталираниот актуатор нема да биде поголема од максималната работна температура на поврзаното тело на вентил или на друга опрема во процесот.

Корисникот ќе ги преземе потребните мерки за да обезбеди дека максималната површинска температура на актуаторот нема да ја надмине Температурната класа на Примената.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.8 | =GE Oil & Gas

Page 9: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Директива за опрема под притисок - (ДИРЕКТИВА 97/23/ЕЗ)

Dresser Valve India PVT LimitedКоимбатор, Тамилнаду, Индија

Минимална работна температура: -20 °C*

Максимална работна температура: 85 °C*

Погледнете ја информативната плочка на актуаторот за да ги видите серискиот број и датумот на производство.

*Наведените ограничувања на притисокот и температурата се потребни за инсталацијата на актуаторот да остане усогласена со Директивата за опрема под притисок.

Табела 1 Максимален притисок*

Актуатор Притисок

Големина Bar (бари) PSI (фунти на квадратен инч)

12 10.3 150

16 10.3 150

20 10.3 150

24 5.17 75

28 5.17 75

32 4.83 70

0062

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 9© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 10: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Оваа страница е намерно оставена празна.

Page 11: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

2. Вовед

Следниве упатства се наменети да му помогнат на сервисниот персонал во вршењето на одржувањето потребно за цилиндричниот актуатор модел 51/52/53. GE има високо обучени сервисни инженери достапни за стартување, одржување и поправка на нашите актуатори и компоненти. Дополнително, во Центарот за обука редовно се закажуваат и одржуваат обуки за обучување на персоналот за опслужување клиенти и сервисирање инструменти во ракувањето, одржувањето и примената на нашите контролни вентили, актуатори и инструменти. За овие услуги може да се договорите преку претставникот на GE или канцеларијата за продажба. Кога вршите одржување, користете само резервни делови од Masoneilan. Деловите се достапни преку претставникот на GE или канцеларијата за продажба. Кога нарачувате делови, секогаш наведувајте го моделот и серискиот број на единицата што ќе се поправа.

Општо

Овие упатства за инсталација и одржување важат за цилиндричниот актуатор Masoneilan модел 51/52/53 без оглед на телото на вентилот на кој се користи актуаторот. Броевите на делови за актуаторот и препорачаните резервни делови потребни за одржување се наведени во Табела 5 на страница 18. Бројот на моделот и дејството на актуаторот се прикажани како дел од бројот на моделот наведен на идентификациската ознака што се наоѓа на актуаторот.

Табела 2 Шема за нумерирање

Тип на актуатор

51 Двојно дејство (без пружини)

52 Експанзија (вретеното се проширува)

53 Компресија (вретеното се повлекува)

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 11© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 12: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Опис на актуаторот

Моделот 51/52/53 е пневматски цилиндричен актуатор достапен во верзија со двојно дејство без пружина и верзија со повратна пружина. Верзијата со двојно дејство може да се конфигурира со волуменска комора директно поврзана со цилиндерот за да обезбеди постојано работење во случај на загуба на притисок на доводот. Верзијата со повратна пружина вклучува подсклоп со касета за пружина. Пружината е претходно збиена во подсклопот со касета, пред монтирањето во цилиндерот. Подсклопот обезбедува и поддршка за наведување и е изолиран од пневматскиот дел под притисок. Овој дизајн обезбедува стабилност и лесно одржување.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.12 | =GE Oil & Gas

Page 13: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

3. Инсталација

Распакување

Опремата мора да се распакува внимателно за да се избегне оштетување на додатоците и компонентите. Доколку се јават проблеми или потешкотии, контактирајте со претставникот на GE или со регионалната канцеларија.

Приклучоци за пневматски довод

Актуаторот од модел 51/52/53 е дизајниран за прифаќање приклучоци за довод на воздух од 3/4 инча NPT. Додатоците испорачани со актуаторот се монтираат и поврзуваат во фабриката.

Не надминувајте го притисокот на доводот наведен на идентификациската плочка.

ВРАЌАЊЕ ВО УПОТРЕБА: По инсталацијата или одржувањето, обезбедете дека опремата била соодветно испитана и вратена во правилна состојба, пред да ја вратите во употреба.

Склопот од вентилот и актуаторот треба да биде поставен на начин што ќе овозможи лесен пристап во случај на монтирање или демонтирање.

За да добиете технички совети за хоризонтално монтирање консултирајте се со фабриката.

ВНИМАНИЕ

ВНИМАНИЕ

ЗАБЕЛЕШКА

ЗАБЕЛЕШКА

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 13© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 14: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Монтирање

Следниве процедури за инсталација и за приспособување на вретеното со чеп се наменети за монтирање на актуаторите 51/52/53 на алтернативни вентили со метална подлога. Прочитајте ги конкретните упатства за вентили од други типови, како што се контролни вентили и дизајни со меки подлоги.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Инсталирајте го актуаторот на телото на вентилот и затегнете ја опремата за монтирање до соодветниот степен на затегнатост.

2. Поврзете извор со контролиран притисок на:

Алката (долната страна) кај моделот 51 со двојно дејство и моделот 53 со компресија.

Горната плочка (горната страна) кај моделот 52 со експанзија.

3. Повлечете го вретеното на актуаторот или пневматски или рачно со помош на рачно тркало додека да дојде до допир со горната плочка и клип (целосно отворена положба).

4. Проширете го вретеното на актуаторот додека да го достигне соодветниот такт на вентилот или пневматски или со помош на рачно тркало и задржете ја положбата.

5. Поставете ја дводелната стега, со празнина од дводелната стега до поклопецот (SB), како што е прикажано во Табела 3. Доколку дводелната стега не се спрегнува соодветно со двете вретена, истегнете го малку вретеното на актуаторот додека да се постигне порамнување и спрегнување (Слика 1).

Табела 3 Позиционирање на дводелната стега

Големина Празнина

12 125 мм (4,92")

16 109 мм (4,29")

20, 24, 28, 32 115 мм (4,53")

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.14 | =GE Oil & Gas

Page 15: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 1 Забележување на дводелната стега

6. Инсталирајте ја сврзната страна на дводелната стега и затегнете ги завртките на стегата внимателно и рамномерно во наизменичен редослед, до степенот на затегнатост препорачан во Табела 4.

7. Монтирајте и затегнете ги рачката на индикаторот, подлошките со пружина и шестоаголните шрафови.

8. Привремено затегнете ја завртката со глава со вдлабнат крст и фиксирајте ја плочката на индикаторот.

9. Означете ја стрелката на индикаторот врз рачката на индикаторот со удар.

10. Приспособете ја плочката на индикаторот до соодветната положба, како што е прикажано во Слика 2.

Табела 4 Степен на затегнатост на дводелната стега

Големина Суво Подмачкано

M12 88 N-m (65 ft-lbs) 66 N-m (49 ft-lbs)

M16 218 N-m (160 ft-lbs) 164 N-m (120 ft-lbs)

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 15© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 16: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 2 Стрелка на индикатор

11. Проверете дали е постигнат соодветниот такт на вентилот, а потоа отстранете го изворот со контролиран притисок.

Стрелка на индикатор

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.16 | =GE Oil & Gas

Page 17: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

4. Ракување

Актуатор

Со зголемување на воздушниот притисок во горната плочка, подсклопот од плочка со клип (15) се преместува надолу, додека со зголемување на притисокот во алката, подсклопот од плочка со клип се преместува нагоре кон горната плочка. Верзиите со повратна пружина обезбедуваат постојано механичко ракување во саканата насока, во случај на загуба на притисок во доводот за воздух.

Не надминувајте го притисокот на доводот наведен на идентификациската плочка.

Рачно отстапување со рачно тркало (опционално)

Достапни се два дизајна на рачно тркало (CM и DM) во зависност од големината на актуаторот. Рачното тркало овозможува рачно контролирање на положбата на вентилот во случај на дефект на доводот за воздух. Ракувањето со рачните тркала CM и DM не се разликува.

За пневматско ракување рачното тркало мора да биде поставено во положба Auto. Движењето е оневозможено ако рачното тркало не е во положба Auto.

ВНИМАНИЕ

ВНИМАНИЕ

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 17© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 18: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 3 Рачно тркало CM, DM

Табела 5 Табела со делови

Реф. бр. Опис Реф. бр. Опис Реф. бр. Опис

1 Алка 24 Шестоаголен шраф 47 Кутија со игла за прицврстување

2 Клипница S/A 25 Подлошка со пружина

48 Игла

3 Долно копче за пружина

26 Плочка на индикатор 49 Пружина

4Пружина

27Завртка со глава со вдлабнат крст 50

Завртка со шестоаголна вдлабнатина

5 Завртка со шестоаголна глава

28 Издув 51 Клуч за наведување

6 Подлошка со пружина

29 Подлошка со пружина

52 Запчаник со навој

7 Цевка за пружина 30 Чеп 53 Цевка за дистанцирање

8 Чаура за наведување

31 Клип S/A 54 Адаптер

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.18 | =GE Oil & Gas

Page 19: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

9 Шраф за компресија 32 Чаура за наведување

55 Завртка без глава

10 Горно копче за пружина

33 О-прстен (клипница) 56 Навој

11 Аксијално лежиште 34 Не е применливо 57 Лежиште

12 Навртка за компресија

35 Шестоаголен шраф 58 Прстен за задржување

13Плочка за раздвојување/Модел 52/53

36Подлошка со пружина 59

Вратило на рачно тркало

14 Цевка за цилиндер 37 Кутија за запчаник 60 Клуч (навој)

15 Плоча со клип S/A 38 Поклопец на кутија за запчаник S/A

61 Клуч (рачно тркало)

16 Прстен за наведување

39 О-прстен 62 Прстен за задржување

17 Горна плочка 40 Аксијално лежиште 63 Рачно тркало

18 Завртка без глава 41 Завртка за приспособување

64 Рачка

19 Централен шраф 42 Навртка за прицврстување

65 Плочка за насочување

20 Шестоаголна навртка

43 Навртка за приспособување

66 Навртка за само-прицврстување

21О-прстен (клип, горна плочка) 44

Активирање клипница 67

Плочка со оперативни информации

22 Дводелна стега 45 Лежиште 68 Завртка за набивање

23Рачка на индикатор

46Игла за задржување

69Плочка за раздвојување (Модел 51)

70 Цевка за волуменска комора

Табела 5 Табела со делови (Continued)

Реф. бр. Опис Реф. бр. Опис Реф. бр. Опис

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 19© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 20: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Префрлување од режим на автоматско ракување во режим на рачно ракување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Користејќи го контролерот, запрете го движењето на вентилот и задржете ја положбата.

2. Порамнете ја спиралната вдлабнатина на клипницата (2) со вдлабнатина во адаптерот (54) ротирајќи го рачното тркало (63).

Слика 4 Адаптер и клипница

3. Ротирајте го поклопецот на кутијата за запчаник (38) во насока на стрелките на часовникот додека го држите копчето AUTO и додека да се појави копчето MANU. Ако не се ослободи копчето MANU, нежно ротирајте го рачното тркало додека да се ослободи копчето MANU.

Слика 5 Копчиња Auto/Manu и завртка за клип

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека копчето MANU е целосно ослободено и дека поклопецот на кутијата за запчаник (38) е добро прицврстен во рачната положба (без ротирање). Доколку подвижната завртка за клипницата (2) е ослободена, може да се јави ненадејно движење на вентилот во режимот на рачно ракување.

Адаптер

Спирална вдлабнатина на клипница

Копче AUTO

Копче MANU

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.20 | =GE Oil & Gas

Page 21: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување

1. Поставете го влезниот сигнал на позиционерот на тековната положба на вентилот.

ВНИМАНИЕ Доколку не го извршите ова дејство може да се јави ненадејно движење на вентилот.

2. Ротирајте го поклопецот на кутијата за запчаник (38) спротивно од насоката на стрелките на часовникот додека го држите копчето MANU и додека да се појави копчето AUTO. Доколку поклопецот на кутијата за запчаник не се движи, усогласете ја положбата на вентилот со влезниот сигнал на позиционерот ротирајќи го рачното тркало (63).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека копчето AUTO е целосно ослободено и дека поклопецот на кутијата за запчаник (38) е добро прицврстен во автоматската положба (без ротирање). Можно е автоматското ракување да не успее.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 21© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 22: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Хидраулично рачно отстапување (опционално)

Хидрауличната рачна дигалка е секундарен контролен систем што овозможува ракување со вентилот при дефект на примарниот пневматски систем. Системот во едната конфигурација е цилиндер со единечно дејство што дејствува против оптоварувањето на пружината. Во другата конфигурација цилиндерот е поврзан во режим со двојно дејство. Освен минималното сервисирање (полнење на резервоарот); не се потребни други приспособувања на системот.

ЗАБЕЛЕШКА Склопот со рачна дигалка се испорачува со соодветно наполнет резервоар и со чеп-цевка во отворот на резервоарот. Пред ракувањето, отстранете ја чеп-цевката и заменете ја со чеп за отвор. Поставете го вентилот со чепот за отвор на горниот дел од резервоарот (Слика 6 ).

Слика 6 Инсталација на вентил - вертикално и хоризонтално

Ракување при хидраулично рачно отстапување: Актуатори со воздушна експанзија и актуатори со воздушна компресија

Кога заобиколниот вентил е затворен, со ракувањето со рачната дигалка се проширува или повлекува вретеното (во зависност од режимот на ракување) до неговата крајна точка на движење. Со отворањето на заобиколниот вентил се овозможува вретеното да се врати во својата вообичаена положба. Заобиколниот вентил мора да биде отворен за време на пневматското ракување.

Отвор

Отвор

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.22 | =GE Oil & Gas

Page 23: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Полнење на резервоарот за единици со единечно и двојно дејство

1. Отстранете ја чеп-цевката од отворот на пумпата за полнење хидраулична течност.

2. Додека актуаторот се наоѓа во својата вообичаена положба (вретеното е проширено за двојно дејство), наполнете го резервоарот на пумпата приближно до половина со хидраулична течност Mobil DTE 24 (или нејзин еквивалент).

3. Затворете ја пумпата и рачно ракувајте со актуаторот поставувајќи го во неговата крајна точка на движење, додавајќи течност колку што е потребно за да се одржи половина полн резервоар. Со ова дејство се обезбедува дека хидрауличниот цилиндер е наполнет со течност.

ВНИМАНИЕ Не преполнувајте го резервоарот.

4. Откако ќе ја завршите процедурата за полнење хидраулична течност, поставете го чепот за отвор во отворот за полнење хидраулична течност.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 23© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 24: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Оваа страница е намерно оставена празна.

Page 25: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

5. Одржување

Отстранување на актуаторот

Пред отстранување на вентилот и демонтирање:

Изолирајте ја единицата отстранувајќи ги цревата за довод на воздух до цилиндерот и со исклучен притисок на системот до вентилот.

Испразнете ги пневматските резервоари за да не остане заробен воздух во цилиндерот.

Отстранете ги сите електрични приклучоци на актуаторот.

За одржувањето на актуаторот вообичаено е потребно актуаторот да се отстрани од телото на вентилот. Постапките за отстранување на актуаторот се разликуваат во зависност од тоа дали актуаторот е со двојно дејство, со воздушна експанзија или воздушна компресија.

Подвижните делови можат да предизвикаат згмечување или сечење. Држете ги рацете на безбедно растојание.

За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАГУБА НА ЗАДРЖУВАЊЕ/ПРИТИСОК: Непридржувањето до упатствата за инсталација, одржување и/или за монтирање/демонтирање може да резултира со небезбедни услови. Крајниот корисник има одговорност да обезбеди соодветно придржување до упатствата.

ЦРЕВА и ФИТИНЗИ: Сите црева и фитинзи мора да бидат соодветно поврзани и прицврстени како што е потребно, за да се ограничи движењето.

Цилиндричниот актуатор е уред со затегната пружина и мора да се придржувате до упатствата за демонтирање; во спротивно може да дојде до оштетување на единицата или телесна повреда.

ПРЕДУПРЕ-ДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕ-ДУВАЊЕ

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 25© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 26: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

ВРАЌАЊЕ ВО УПОТРЕБА: По инсталацијата или одржувањето, обезбедете дека опремата била соодветно испитана и вратена во правилна состојба, пред да ја вратите во употреба.

ИСКЛУЧУВАЊЕ/БЛОКИРАЊЕ: Согласно работните практики за безбедност на работната локација, мора да се придржувате до упатствата за соодветно исклучување/блокирање на изворите на енергија пред сервисирање или одржување, за да се осигури безбедноста на персоналот што работи на склопот на актуаторот. Тука спаѓаат и сите потенцијални контролни сигнали или кола што може да имаат далечинска или автоматизирана контролна функција врз актуатор или компонента.

Дејството на актуаторот може да се провери преку идентификациската ознака на вентилот. Модел 51 укажува дека единицата е со двојно дејство (без пружина), Модел 52 укажува дека единицата е со воздушна експанзија и Модел 53 укажува дека единицата е со воздушна компресија.

Упатствата се општи. За дополнителни насоки проверете ги упатствата за вентилот.Моделот на актуаторот може да се утврди преку идентификациската ознака на вентилот.

ВНИМАНИЕ

ЗАБЕЛЕШКА

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.26 | =GE Oil & Gas

Page 27: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Актуатор со двојно дејство (Модел 51) со/без рачно тркало, со/без волуменска комора

1. Рачното тркало мора да биде поставено во положба AUTO, а доводот за воздух на актуаторот мора да биде исклучен (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух од горната плочка (17) и алка (1) и обезбедете дека нема воздушен притисок во цилиндерот (Слика 7 и Слика 8).

Слика 7 Модел 51 со рачно тркало, со/без волуменска комора

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 27© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 28: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 8 Модел 51 со рачно тркало, со/без волуменска комора

3. Одвртете ги и отстранете ги шестоаголните шрафови (24) на склопот од дводелната стега.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Извршете ги потребните подготовки за потпирање и подигнување на актуаторот од телото користејќи соодветни процедури и потпори за подигнување.

Согласно работните практики за безбедност на работната локација, крајниот корисник има одговорност за придржување до соодветните процедури/техники/опрема за подигнување.

4. Отстранете ги рачката на индикаторот (23) и дводелната стега (22).

ЗАБЕЛЕШКА Не дозволувајте вретеното со чеп да падне во прстенот на подлогата бидејќи на тој начин може да се оштетат двата дела.

5. Одвртете ја и отстранете ја опремата за монтирање на вентилот и отстранете го актуаторот од телото на вентилот.

ВНИМАНИЕ Внимавајте при ракувањето со актуаторот за да избегнете оштетување на мерните инструменти, цевките и компонентите.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.28 | =GE Oil & Gas

Page 29: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Актуатор со воздушна експанзија (Модел 52) со/без рачно тркало

1. Рачното тркало, доколку е поставено, мора да биде во положбата AUTO, а доводот за воздух на актуаторот мора да биде исклучен (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух од горната плочка.

3. Проверете ја положбата на вентилот во однос на плочката на индикаторот (26) за да обезбедите дека вретеното на вентилот е повлечено.

Слика 9 Модел 52 со/без рачно тркало

ЗАБЕЛЕШКА Не е потребен воздушен притисок за актуаторот бидејќи силата на пружината дејствува за отворање на вентилот.

4. Одвртете ги и отстранете ги четирите шестоаголни шрафови (24) и дводелната стега.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Извршете ги потребните подготовки за потпирање и подигнување на актуаторот од телото користејќи препорачани процедури и потпори за подигнување.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 29© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 30: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

5. Отстранете ги рачката на индикаторот (23) и дводелната стега (22).

ЗАБЕЛЕШКА Не дозволувајте вретеното со чеп да падне во прстенот на подлогата бидејќи на тој начин може да се оштетат двата дела.

6. Одвртете ја и отстранете ја опремата за монтирање на вентилот и отстранете го актуаторот од телото на вентилот.

ВНИМАНИЕ Внимавајте при ракувањето со актуаторот за да избегнете оштетување на мерните инструменти, цевките и компонентите.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.30 | =GE Oil & Gas

Page 31: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Актуатор со воздушна компресија (Модел 53) со/без рачно тркало

Бидејќи за отстранувањето на вретеното со чеп на вентилот од дводелната стега е потребно чепот на вентилот да биде отстранет од подлогата, потребни се посебни подготовки за да се обезбеди дека вентилот е во отворена положба. За актуатор без рачно тркало продолжете според следново.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

ЗАБЕЛЕШКА Бидејќи цевките на доводот за воздух поврзани со актуаторот вообичаено се крути, се препорачува да се користи извор со контролиран притисок со соодветни флексибилни цевки или да се направат флексибилни врски меѓу цевките за довод и приклучокот на актуаторот за да се овозможи движење на актуаторот.

ВНИМАНИЕ Преголемо оптоварување на крутиот довод може да предизвика пукање на цевката за довод на воздух. Се препорачува користење на флексибилен приклучок.

1. Рачното тркало мора да биде поставено во положба AUTO, а доводот за воздух на актуаторот мора да биде исклучен (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух од актуаторот.

3. Поврзете извор со контролиран притисок на приклучокот за довод за воздух на алката (1).

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 31© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 32: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 10 Модел 53 со/без рачно тркало

4. Применете го потребниот воздушен притисок за отворање на вентилот, како што укажува положбата на вретеното во однос на плочката на индикаторот (26).

ВНИМАНИЕ Не надминувајте го притисокот на доводот наведен на идентификациската плочка.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Извршете ги потребните подготовки за потпирање и подигнување на актуаторот од телото користејќи препорачани процедури и потпори за подигнување.

5. Одвртете ги и отстранете ги шестоаголните шрафови (24) и дводелната стега.

6. Отстранете ги рачката на индикаторот (23) и дводелната стега (22).

ЗАБЕЛЕШКА Не дозволувајте вретеното со чеп да падне во прстенот на подлогата бидејќи на тој начин може да се оштетат двата дела.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.32 | =GE Oil & Gas

Page 33: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

7. Одвртете ја и отстранете ја опремата за монтирање на вентилот и отстранете го актуаторот од телото на вентилот.

ВНИМАНИЕ Внимавајте при ракувањето со актуаторот за да избегнете оштетување на мерните инструменти, цевките и компонентите. Освен тоа, бидејќи меѓу актуаторот и доводот за воздух е можно да биде поставена флексибилна врска, не применувајте притисок врз флексибилните црева или врз цевките за довод на воздух.

8. Ослободете го воздушниот притисок од актуаторот.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 33© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 34: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Процедури за одржување

Потребни се различни постапки за одржување во зависност од тоа дали актуаторот е со двојно дејство, со воздушна експанзија или воздушна компресија.

ЗАБЕЛЕШКА Дејството на актуаторот може да се провери преку идентификациската ознака на вентилот. Модел 51 укажува дека единицата е со двојно дејство (без пружина), Модел 52 укажува дека единицата е со воздушна експанзија и Модел 53 укажува дека единицата е со воздушна компресија.

ВНИМАНИЕ Поставувајте ги актуаторите во исправена положба при секое демонтирање или монтирање.

Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 51 - двојно дејство со/без рачно тркало

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Рачното тркало мора да биде поставено во положба AUTO (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух на актуаторот и изолирајте го притисокот на процесот од вентилот за да спречите движење на чепот (Слика 7 на страница 27).

3. Исклучете го доводот за воздух од горната плочка (17), од плочката за раздвојување (69) и проверете дали има воздушен притисок во цилиндерот.

4. Отстранете ги шестоаголните навртки (20), подлошките со пружина (29) и централните шрафови (19).

5. За модели:

Со волуменска комора: Отстранете ја горната плочка (17), цевката за волуменската комора (70), плочката за раздвојување (69), цевката за цилиндерот (14), O-прстените (21) и прстенот за наведување (16).

Без волуменска комора: Отстранете ја горната плочка (17), цевката за цилиндерот (14), О-прстените (21) и прстенот за наведување (16).

6. Одвртете ја завртката (55) во адаптерот (54) и отшрафете го адаптерот (54) од цевката за дистанцирање (5).

7. Отстранете го подсклопот со клип (31).

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.34 | =GE Oil & Gas

Page 35: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

8. Заменете го O-прстенот (33) во алката со нов дел. Обложете го O-прстенот со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

9. Заменете го подсклопот со клип (31). Обложете ја лизгачката површина на клипницата со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

10. Заменете ги O-прстените (21) и прстенот за наведување (16) со нови делови. Обложете ги O-прстенот и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

11. Отстранете ја цевката за цилиндерот (14), плочката за раздвојување (69), цевката за волуменската комора (70) и горната плочка (17). Обложете ја внатрешната површина на цевката за цилиндерот со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

12. Обезбедете дека положбите на приклучоците за довод на воздух се правилни. Вметнете ги централните шрафови во дупките на горната плочка и алката. Монтирајте ги подлошките со пружина и навртките и затегнете ги нежно со рака. Монтирајте ги со рака подлошките со пружина и навртките на долната страна од алката. Обезбедете дека положбата на централните шрафови (приближно 25 мм подолги од другите) за плочката за монтирање додатоци, доколку ја има, е усогласена со Слика 11.

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 35© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 36: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 11 Позиционирање на централниот шраф

13. Порамнете ги дупките на горната плочка со дупките на алката така што централните шрафови ќе бидат поставени вертикално.

14. Обезбедете урамнотежено затегнување на централниот шраф затегнувајќи ги навртките во дијагонални парови, постепено до степен на затегнатост од 70.0 ± 5 N-m (52.0 ± 4 ft-lbs).

Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 52 - воздушна експанзија со рачно тркало

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Рачното тркало мора да биде поставено во положба AUTO (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух на актуаторот и изолирајте го притисокот на процесот од вентилот.

3. Исклучете го доводот за воздух од горната плочка (Слика 8 на страница 28).

4. Отстранете ги шестоаголните навртки (20), подлошките со пружина (29) и централните шрафови (19). Демонтирајте ги шестоаголните навртки (20).

5. Отстранете ја горната плочка (17) и цевката за цилиндерот (14) внимавајќи да не го нарушите хоризонталното порамнување.

Положба за стандарден приклучок за довод на воздух

Предна страна

Предна страна

Предна страна

Предна страна Предна страна

Централен шраф за плочка за монтирање додатоци (приближно 25 мм подолг од другите)

Алка

Горна плочка,Плочка за раздвојување (волуменска комора) Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.36 | =GE Oil & Gas

Page 37: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

ЗАБЕЛЕШКА Внимавајте при ракувањето со цевката за цилиндерот (14) бидејќи подсклопот од плочка со клип (15) ќе биде незатегнат (видете „Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 51 - двојно дејство со/без рачно тркало“ на страница 34).

6. Заменете ги O-прстенот (21) на горната плочка (17) и O-прстенот (21) и прстенот за наведување (16) на плочката за клипот S/A (15) со нови делови. Обложете ги O-прстените и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент). Обложете ја лизгачката површина на шрафот за компресија со индустриска маст (не со силиконска маст).

Слика 12 О-прстен и прстен за наведување на Модел 52

7. Заменете ја цевката за цилиндерот (14) и горната плочка (17) само со аксијално движење. Обложете ја внатрешната површина на цевката за цилиндерот со силиконска маст.

8. Обезбедете дека положбите на приклучоците за довод на воздух се правилни. Вметнете ги централните шрафови во дупките на горната плочка и алката. Монтирајте ги подлошките со пружина и навртките и затегнете ги нежно со рака. Монтирајте ги со рака подлошките со пружина и навртките на долната страна од алката. Обезбедете дека положбата на централните шрафови (приближно 25 мм подолги од другите) за плочката за монтирање додатоци, доколку ја има, е усогласена со Слика 13.

О-прстен

Прстен за наведување

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 37© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 38: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 13 Позиционирање на централниот шраф

9. Порамнете ги дупките на горната плочка со дупките на алката така што централните шрафови ќе бидат поставени вертикално.

10. Обезбедете урамнотежено затегнување на централните шрафови, затегнувајќи ги навртките во дијагонални парови, постепено до степен на затегнатост од 70.0 ± 5 N-m (52.0 ± 4 ft-lbs).

Положба за стандарден приклучок за довод на воздух

Предна страна

Предна страна

Предна страна

Предна страна Предна страна

Централен шраф за плочка за монтирање додатоци (приближно 25 мм подолг од другите)

Алка

Горна плочка,Плочка за раздвојување (волуменска комора)Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.38 | =GE Oil & Gas

Page 39: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 52 - со воздушна експанзија без рачно тркало

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Исклучете го доводот за воздух на актуаторот и изолирајте го притисокот на процесот од вентилот.

2. Исклучете го доводот за воздух од горната плочка (17) (Слика 9 на страница 29).

3. Отстранете ги рачката на индикаторот (23), дводелната стега (22), шестоаголните шрафови (24) и подлошките со пружина (25).

4. Отстранете ги шестоаголните навртки (20), подлошките со пружина (29) и централните шрафови (19).

5. Отстранете ја горната плочка (17) и цевката за цилиндерот (14) внимавајќи да не го нарушите хоризонталното порамнување.

ВНИМАНИЕ Внимавајте при ракувањето со цевката за цилиндерот (14), бидејќи плочката на клипот S/A (15) може да испадне (видете „Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 51 - двојно дејство со/без рачно тркало“ на страница 34).

6. Заменете ги O-прстенот (21) на горната плочка (17) и O-прстенот (21) и прстенот за наведување (16) на плочката за клипот S/A (15) со нови делови. Обложете ги O-прстените и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

7. Ротирајте го подсклопот од плочка со клип (15) додека закосениот раб на шрафот за компресија (12) да се порамни со отворот на прстенот за стопирање во подсклопот од плочка со клип.

Слика 14 Отвор на прстен за стопирање

8. Отстранете го подсклопот од плочка со клип (15) во насока на стрелката.

Отвор на прстен за стопирање

Закосен раб на шрафот за компресија

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 39© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 40: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Слика 15 Отстранување на подсклопот со клип

9. Отстранете ги плочката за раздвојување (13), цевката за пружина (7) и подсклопот со пружина.

Слика 16 Отстранување на подсклопот со пружина

ВНИМАНИЕ Внимавајте да не ја оштетите внатрешната површинана чаурата за наведување (8) со шрафот за компресија (12)при монтирањето.

10. Заменете го бришачот на клипницата (34) со нов дел. Обложете го бришачот на клипницата со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

11. Заменете ги пружината, цевката за пружина (7), плочката за раздвојување (13) и подсклопот со клип (15).

ВНИМАНИЕ Внимавајте да не ја оштетите внатрешната површина на чаурата за наведување (8) со шрафот за компресија (12) при монтирањето.

12. Заменете ги O-прстенот (21) на горната плочка (17) и O-прстенот (21) и прстенот за наведување (16) на плочката за клипот S/A (15) со нови делови. Обложете ги O-прстените и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

13. Заменете ја цевката за цилиндерот (14) и горната плочка (17) само со аксијално движење. Обложете ја внатрешната површина на цевката за цилиндерот со силиконска маст.

Подсклоп со пружина

НЕ демонтирајте!

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.40 | =GE Oil & Gas

Page 41: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

14. Обезбедете дека положбите на приклучоците за довод на воздух се правилни. Вметнете ги централните шрафови во дупките на горната плочка и алката. Монтирајте ги подлошките со пружина и навртките и затегнете ги нежно со рака. Монтирајте ги со рака подлошките со пружина и навртките на долната страна од алката. Обезбедете дека положбата на централните шрафови (приближно 25 мм подолги од другите) за плочката за монтирање додатоци, доколку ја има, е усогласена со Слика 17.

Слика 17 Позиционирање на централниот шраф

15. Порамнете ги дупките на горната плочка со дупките на алката така што централните шрафови ќе бидат поставени вертикално.

16. Обезбедете урамнотежено затегнување на централниот шраф, затегнувајќи ги навртките во дијагонални парови, постепено до степен на затегнатост од 70.0 ± 5 N-m (52.0 ± 4 ft-lbs).

Положба за стандарден приклучок за довод на воздух

Предна страна

Предна страна

Предна страна

Предна страна Предна страна

Централен шраф за плочка за монтирање додатоци (приближно 25 мм подолг од другите)

Алка

Горна плочкаПлочка за раздвојување (волуменска комора)Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 41© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 42: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Замена на O-прстен и прстен за наведување на Модел 53 - воздушна компресија со рачно тркало

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Рачното тркало мора да биде поставено во положба AUTO (видете „Префрлување од режим на рачно ракување во режим на автоматско ракување“ на страница 21).

2. Исклучете го доводот за воздух на актуаторот и изолирајте го притисокот на процесот од вентилот.

3. Отстранете ги рачката на индикаторот (23), дводелната стега (22), шестоаголните шрафови (24) и подлошките со пружина (25) (Слика 10 на страница 32).

4. Отстранете ги шестоаголните навртки (20), подлошките со пружина (29) и централните шрафови (19).

5. Отстранете ги горната плочка (17), цевката за пружина (7) и пружината.

ВНИМАНИЕ Внимавајте да не ја оштетите внатрешната површина на чаурата за наведување (8) со шрафот за компресија (12) при демонтирањето.

6. Отстранете ја плочката за раздвојување (13), цевката за цилиндерот (14), О-прстенот (21) и прстенот за наведување (16).

7. Отстранете го подсклопот со клип (31).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

8. Отшрафете ги навртката за прицврстување (42) и навртката за приспособување (43).

9. Заменете го O-прстенот (33) на клипницата со нов дел. Обложете го O-прстенот со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

10. Заменете ја навртката за приспособување (43) и затегнете ја навртката за прицврстување (42).

11. Заменете го подсклопот со клип (31).

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.42 | =GE Oil & Gas

Page 43: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

12. Заменете ги O-прстенот (21) и прстенот за наведување (16) со нови делови. Обложете ги O-прстенот и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

13. Заменете ја цевката за цилиндерот (14) и плочката за раздвојување (13). Обложете ја внатрешната површина на цевката за цилиндерот со силиконска маст.

14. Заменете ја пружината, цевката за пружина (7) и горната плочка (17). Обложете ја лизгачката површина на клипницата со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека шрафот за компресија (12) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (8).

15. Обезбедете дека положбите на приклучоците за довод на воздух се правилни. Вметнете ги централните шрафови во дупките на горната плочка и алката. Монтирајте ги подлошките со пружина и навртките и затегнете ги нежно со рака. Монтирајте ги со рака подлошките со пружина и навртките на долната страна од алката. Обезбедете дека положбата на централните шрафови (приближно 25 мм подолги од другите) за плочката за монтирање додатоци, доколку ја има, е усогласена со Слика 18.

Слика 18 Позиционирање на централниот шраф

Положба за стандарден приклучок за довод на воздух

Предна страна

Предна страна

Предна страна

Предна страна Предна страна

Централен шраф за плочка за монтирање додатоци (приближно 25 мм подолг од другите)

Алка

Горна плочкаПлочка за раздвојување (волуменска комора)Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 43© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 44: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

16. Порамнете ги дупките на горната плочка со дупките на алката така што централните шрафови ќе бидат поставени вертикално.

17. Обезбедете урамнотежено затегнување на централниот шраф, затегнувајќи ги навртките во дијагонални парови, постепено до степен на затегнатост од 70.0 ± 5 N-m (52.0 ± 4 ft-lbs).

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.44 | =GE Oil & Gas

Page 45: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 53 - со воздушна компресија без рачно тркало

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРИКЛЕШТУВАЊЕ За време на монтирањето или одржувањето, како и при ракување во одредени услови, корисниците или техничарите мора да бидат внимателни и да ги знаат сите точки за можно приклештување или местата на кои има подвижни или лизгачки компоненти.

1. Исклучете го доводот за воздух на актуаторот и изолирајте го притисокот на процесот од вентилот.

2. Отстранете ги рачката на индикаторот (23), дводелната стега (22), шестоаголните шрафови (24) и подлошките со пружина (25) (Слика 10 на страница 32).

3. Отстранете ги шестоаголните навртки (20), подлошките со пружина (29) и централните шрафови (19). Демонтирајте ги шестоаголните навртки (20) постепено, наизменично и дијагонално за полека да ја намалите затегнатоста на пружината.

4. Отстранете ги горната плочка (17), цевката за пружина (7) и пружината.

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека шрафот за компресија (12) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (8).

5. Отстранете ја плочката за раздвојување (13), цевката за цилиндерот (14), О-прстенот (21) и прстенот за наведување (16).

6. Отстранете го подсклопот со клип (31).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

7. Заменете ги O-прстенот (33) и бришачот на клипницата (34) со нови делови. Обложете ги O-прстенот и бришачот на клипницата со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

8. Заменете го подсклопот со клип (31).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека завртката на подсклопот со клип (31) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (32).

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 45© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 46: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

9. Заменете ги O-прстенот (21) и прстенот за наведување (16) со нови делови. Обложете ги O-прстенот и прстенот за наведување со силиконска маст (или нејзин еквивалент).

10. Заменете ја цевката за цилиндерот (14) и плочката за раздвојување (13). Обложете ја внатрешната површина на цевката за цилиндерот со силиконска маст.

11. Заменете ја пружината, цевката за пружина (7) и горната плочка (17). Обложете ја лизгачката површина на шрафот за компресија со индустриска маст (не со силиконска маст).

ВНИМАНИЕ Обезбедете дека шрафот за компресија (12) не ја гребе внатрешната површина на чаурата за наведување (8).

12. Обезбедете дека положбите на приклучоците за довод на воздух се правилни. Вметнете ги централните шрафови во дупките на горната плочка и алката. Монтирајте ги подлошките со пружина и навртките и затегнете ги нежно со рака. Монтирајте ги со рака подлошките со пружина и навртките на долната страна од алката. Обезбедете дека положбата на централните шрафови (приближно 25 мм подолги од другите) за плочката за монтирање додатоци, доколку ја има, е усогласена со Слика 19.

Слика 19 Позиционирање на централниот шраф

13. Порамнете ги дупките на горната плочка со дупките на алката така што централните шрафови ќе бидат поставени вертикално.

14. Обезбедете урамнотежено затегнување на централниот шраф, затегнувајќи ги навртките во дијагонални парови, постепено до степен на затегнатост од 70.0 ± 5 N-m (52.0 ± 4 ft-lbs).

Положба за стандарден приклучок за довод на воздух

Предна страна

Предна страна

Предна страна

Предна страна Предна страна

Централен шраф за плочка за монтирање додатоци (приближно 25 мм подолг од другите)

Алка

Горна плочкаПлочка за раздвојување (волуменска комора)Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

Плочка за раздвојување (горна страна на клипот, двоен клип)

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.46 | =GE Oil & Gas

Page 47: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

Отстранување на касетата со пружина

Касетата со пружина (Слика 20) мора да се демонтира кога актуаторот се исклучува засекогаш (пред да се фрли).

Слика 20 Монтирање на касетата со пружина

1. Отстранете го актуаторот според „Отстранување на актуаторот“ на страница 25.

2. Отстранете го подсклопот со пружина следејќи ја процедурата за конкретниот модел:

За Модел 52 видете „Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 52 - со воздушна експанзија без рачно тркало“ на страница 39 до чекор 9.

За Model 53 видете „Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 53 - со воздушна компресија без рачно тркало“ на страница 45 или „Замена на O-прстен, прстен за наведување и бришач на клипница за Модел 53 - со воздушна компресија без рачно тркало“ на страница 45 до чекор 4.

Навртка за компресија

Аксијално лежиште

Горно копчеза пружина

Пружина

Шраф за компресија

Долно копчеза пружина(со чаура за наведување)

Калап за компресија

Актуатор Masoneilan Прирачник за употреба за серија 51/52/53 =| 47© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.

Page 48: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

3. Одвртете и отстранете ја навртката за компресија (12) од шрафот за компресија (9). Користете калап за компресија (не се испорачува со актуаторот) или друг уред за да спречите ротација на шрафот за компресија.

© 2014 General Electric Company. Сите права се задржани.48 | =GE Oil & Gas

Page 49: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања
Page 50: 51 52 53 Series Cylinder Actuator Series Instruction Manual · За безбедно ракување потребно е целосно придржување до сите известувања

ЛОКАЦИИ НА КАНЦЕЛА

АВСТРАЛИЈА Бризбејн Телефон: +61-7-3001-4319 Факс: +61-7-3001-4399

Перт Телефон: +61-8-6595-7018 Факс: +61-8-6595-7299

ИТАЛИЈАТелефонФакс: ЈАПОНИЧиба ТелефонФакс:

Мелбурн КОРЕЈА Телефон: +61-3-8807-6002 ТелефонФакс: +61-3-8807-6577 Факс:

БЕЛГИЈА МАЛЕЗИЈТелефон: +32-2-344-0970 ТелефонФакс: +32-2-344-1123 Факс:

БРАЗИЛ Телефон: +55-11-2146-3600 Факс: +55-11-2146-3610

КИНА Телефон: +86-10-8486-4515 Факс: +86-10-8486-5305

ФРАНЦИЈА Курбевоа Телефон: +33-1-4904-9000 Факс: +33-1-4904-9010

ГЕРМАНИЈА Ратинген Телефон: +49-2102-108-0 Факс: +49-2102-108-111

ИНДИЈА Мумбаи Телефон: +91-22-8354790 Факс: +91-22-8354791

Њу Делхи Телефон: +91-11-2-6164175 Факс: +91-11-5-1659635

МЕКСИКТелефонФакс: ХОЛАНДТелефонФакс: РУСИЈА Велики НТелефонФакс: Москва ТелефонФакс: САУДИСТелефонФакс: СИНГАПТелефонФакс:

РИИ ЗА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

: +39-081-7892-111

+39-081-7892-208

ЈА

: +81-43-297-9222 +81-43-299-1115

ЈУЖНА АФРИКА Телефон: +27-11-452-1550 Факс: +27-11-452-6542 ЈУЖНА И СРЕДНА АМЕРИКА И КАРИБИТЕ Телефон: +55-12-2134-1201 Факс: +55-12-2134-1238

ШПАНИЈА : +82-2-2274-0748 Телефон: +34-93-652-6430

+82-2-2274-0794 Факс: +34-93-652-6444

А ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ : +60-3-2161-0322 Телефон: +971-4-8991-777

+60-3-2163-6312 Факс: +971-4-8991-778

О : +52-5-310-9863

+52-5-310-5584

ИЈА : +0031-15-3808666

+0031-18-1641438

овгород : +7-8162-55-7898

+7-8162-55-7921

: +7 495-585-1276 +7 495-585-1279

КА АРАБИЈА : +966-3-341-0278

+966-3-341-7624

УР : +65-6861-6100

+65-6861-7172

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО Вудбрн Грин Телефон: +44-1628-536300 Факс: +44-1628-536319 СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ Масачусетс Телефон: +1-508-586-4600 Факс: +1-508-427-8971 Корпус Кристи, Тексас Телефон: +1-361-881-8182 Факс: +1-361-881-8246 Дир парк, Тексас Телефон: +1-281-884-1000 Факс: +1-281-884-1010 Хјустон, Тексас Телефон: +1-281-671-1640 Факс: +1-281-671-1735

* Masoneilan е регистриран заштитен знак на General Electric Company. Имињата на други компании и производи користени во овој документ се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на нивните сопственици. Се смета дека сите информации содржани овде се точни кога се објавени и истите подлежат на промени без претходно известување.

© 2014 General Electric Company. All rights reserved.

GEA31188 04/2014

ЛОКАЦИИ НА КАНЦЕЛАРИИ ЗА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

АВСТРАЛИЈА Бризбејн Телефон: +61-7-3001-4319 Факс: +61-7-3001-4399

Перт Телефон: +61-8-6595-7018 Факс: +61-8-6595-7299

ИТАЛИЈА Телефон: +39-081-7892-111 Факс: +39-081-7892-208 ЈАПОНИЈА Чиба Телефон: +81-43-297-9222 Факс: +81-43-299-1115

ЈУЖНА АФРИКА Телефон: +27-11-452-1550 Факс: +27-11-452-6542 ЈУЖНА И СРЕДНА АМЕРИКА И КАРИБИТЕ Телефон: +55-12-2134-1201 Факс: +55-12-2134-1238

Мелбурн КОРЕЈА ШПАНИЈА Телефон: +61-3-8807-6002 Телефон: +82-2-2274-0748 Телефон: +34-93-652-6430 Факс: +61-3-8807-6577 Факс: +82-2-2274-0794 Факс: +34-93-652-6444

БЕЛГИЈА МАЛЕЗИЈА ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Телефон: +32-2-344-0970 Телефон: +60-3-2161-0322 Телефон: +971-4-8991-777 Факс: +32-2-344-1123 Факс: +60-3-2163-6312 Факс: +971-4-8991-778

БРАЗИЛ Телефон: +55-11-2146-3600 Факс: +55-11-2146-3610

КИНА Телефон: +86-800-915-9966 Факс: +86-10-5689-3800

ФРАНЦИЈА Курбевоа Телефон: +33-1-4904-9000 Факс: +33-1-4904-9010

ГЕРМАНИЈА Ратинген Телефон: +49-2102-108-0 Факс: +49-2102-108-111

ИНДИЈА Мумбаи Телефон: +91-22-8354790 Факс: +91-22-8354791

Њу Делхи Телефон: +91-11-2-6164175 Факс: +91-11-5-1659635

МЕКСИКО Телефон: +52-55-3640-5060 Факс: ХОЛАНДИЈА Телефон: +0031-15-3808666 Факс: +0031-18-1641438 РУСИЈА Велики Новгород Телефон: +7-8162-55-7898 Факс: +7-8162-55-7921 Москва Телефон: +7 495-585-1276 Факс: +7 495-585-1279 САУДИСКА АРАБИЈА Телефон: +966-3-341-0278 Факс: +966-3-341-7624 СИНГАПУР Телефон: +65-6861-6100 Факс: +65-6861-7172

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО Вудбрн Грин Телефон: +44-1628-536300 Факс: +44-1628-536319 СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ Масачусетс Телефон: +1-508-586-4600 Факс: +1-508-427-8971 Корпус Кристи, Тексас Телефон: +1-361-881-8182 Факс: +1-361-881-8246 Дир парк, Тексас Телефон: +1-281-884-1000 Факс: +1-281-884-1010 Хјустон, Тексас Телефон: +1-281-671-1640 Факс: +1-281-671-1735

���

* Masoneilan е регистриран заштитен знак на General Electric Company. Имињата на други компании и производи користени во овој документ се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на нивните сопственици.

© 2014 General Electric Company. All rights reserved.

GEA31188L-MK 0N/2014