12
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ (ДЗГР) СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ КАРТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕПТЕМВРИ 2006 СКОПЈE, MAКEДОНИЈA ЈАПОНСКА АГЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (JICA)

СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

  • Upload
    others

  • View
    38

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ (ДЗГР)

СТУДИЈА ЗАИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ КАРТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЕПТЕМВРИ 2006СКОПЈE, MAКEДОНИЈA

ЈАПОНСКА АГЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (JICA)

Page 2: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

1

Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) во Република Македонија е орган на државната управа кој обезбедува геопросторни податоци за потребите на другите државни органи и институции, приватниот сектор и граѓаните воопшто, и тоа во форма на топографски карти, геодетски планови, аерофотографии, нумерички и графички податоци потребни во постапките за утврдување на сопственоста и при трансферот на недвижностите.

Владата на Република Македонија ја утврди потребата од итно изготвување на топографски карти во размер 1:25 000, во печатена и дигитална форма, кои би ги содржеле најновите географски информации, соодветни за употреба на државно ниво, како и потребата да се овладее со техниките неопходни за изработување на карти и да се популаризира користењето на географските информации на државно ниво.Затоа Владата на Република Македонија побара од Владата на Јапонија да му помогне на ДЗГР да ги реализира горенаведените итни задачи.

Веднаш штом се подобри безбедносната ситуација во Република Македонија, Владата на Јапонија испрати прелиминарен студиски тим во ноември 2003 год., за да го потврди барањето, да ги дефинира обемот на студијата, содржината на работите и условите за имплементација.На 19 ноември истата година беа потпишани и разменети документите Scope of Works и Minutes of Meeting.

1. Вовед

2. ЦелиПроектот беше дизајниран со него да се остварат три главни цели во периодот од март 2004 до ноември 2006 год.:1) Изработка на Основна државна карта 2) Tрансфер на технологија3) Популаризација на географските информации

1) Изработка на Основна

државна карта

2) Tрансфер на технологија

3) Популаризација на географските

информации

Задача 1: Изработка на топографски картиЗадача 2: Изработка на топографски карти со дигитални техникиЗадача 3: Промовирање на дигиталната опремаЗадача 4: Популаризација на географските информацииЗадача 5: Зајакнување на Одделението за картографијаЗадача 6: Употреба на ГИС

Задачи на ДЗГР4. Идеи и предлози

5. За во иднина

3.3 Популаризација

3.1 Тек на работите

3.2 Трансфер на технологија

1. Вовед

2. Цели

3. Краен продукт

Page 3: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

2

3. Краен продукт

1) АерофотографииРазмер: 1:40,000 Површина: 25,713km2 (цела Македонија) Формат: Негатив филм / Контакт копии/ Дигитални фотографии (Digital Images) 2) Tопографски карти (SDI - Инфраструктура на просторни податоци)Размер:1:25,000Површина: 14,145km2 (зелено и сино обоени делови на картата подолу)

Број на листови: 105Формат: Печатени карти/ Карти во дигитална форма (Adobe Illustrator) / GIS База на податоци (ESRI ArcInfo Coverage file)

3) База на податоци за начинот на користење на земјиштетоРазмер: 1:25,000 Површина: 3,556km2 (сино обоени делови на картата подолу)Број на листови: 30Формат: GIS база на податоци (ESRI ArcGIS Geodatabase file)

4) База на податоци за заштита на животната средина во Охридското сливно подрачјеРазмер: 1:25,000Површина: 3,556km2 (сино обоени делови на картата подолу)Број на листови: 30Формат: GIS база на податоци (ESRI ArcGIS Geodatabase file)

Како резултат на проектот изготвени се долунаведените продукти. Тие се резултат на успешно изведените обуки за трансфер на технологијата и на заедничката соработка на ДЗГР со другите релевантни организации. Од изработените 105 листови од топографската карта во размер од 1:25,000, 7 беа изработени од страна на ДЗГР во рамките на работната обука.

Прегледна карта наТопографски карти

1:25,000

Page 4: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

3.1 Тек на работите

Дигиталноедитирање

Креирање на податоци

за печатењена карти

Изготвување на податоци за

топографската карта

Дополнителнадешифрација

Производство на печатени карти

1. Вовед

2. Цели

3. Краен продукт

4. Идеи и предлози

5. За во иднина

3.3 Популаризација

3.2 Трансфер на технологија

3.1 Тек на работите

Една од главните задачи на овој проект е изработка на топографски карти воразмер од 1:25,000, односно „инфраструктура на просторни податоци“, која штоќе ги содржи фундаментите на информациската инфраструктура во Република Maкедонија.Во текот на периодот на имплементација на проектот (март 2004 - ноември 2006), беа извршени бројни работни задачи од страна на ДЗГР и студискиот тим на JICA, со помош на други релевантни организации, со цел да се изработат овие државни топографски карти. Во текот на целиот процес внимателно се водеше сметка за усвојување на технички стандарди кои ќе се совпаднат со потребите накорисниците, за да се создаде инфраструктура на просторни податоци која штоќе има широка употреба.Подолу е прегледот на работите завршени во рамките на овој проект.Аерофотографирањето и одредувањето на точките за ориентација започнаа во мај 2004. Во август 2004 започна да се врши аеротриангулација истовремено и дешифрацијата на теренот. По дигиталното картирање / компилација, во ноември 2004 беа креирани податоците за топографската карта. Од овие податоци, како краен продукт на овој проект беа креирани неколку бази на податоци како на пример ГИС база на податоци за топографската карта, ГИС база на податоци за начинот на користење на земјиштето и ГИС база на податоци за заштита на животната средина на сливното подрачје на Охридското езеро. Исто така беа создадени дигитални податоци за печатење и печатени карти за широка употреба од најразлични корисници.

3

Page 5: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

Дигитално плотирање

АеротриангулацијаДешифрација

АерофотографијаПремер на точки за ориентација (GPS премер)

(Нивелман)

Фотосигнализацција

Прибирање на постоечки податоци Дешифрација

Конструкција на ГИСбаза на податоци затопографската карта

Конструкција на ГИСбаза на податоци за

заштита на животнатасредина на Охридско

Езеро

Конструкција на ГИС база на податоци

за начинот на користење

на земјиштето

Краен производ

Работна задача

Легенда

4

Page 6: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

3.2 Трансфер на технологија 3.2 Трансфер на технологија

Теренски работиТеренски работи

ГИС ГИС

ГИС за заштита на животната средина на Охридско Езеро

1. Вовед

2. Цели

3. Краен продукт

3.1 Тек на работите

4. Идеи и предлози

5. За во иднина

3.3 Популаризација

3.2 Трансфер на технологија

Премер на точки за ориентација

Дешифрација

Дополнителна дешифрацијаGPS премер

Дигитализација

Анализа на податоци

Тимска дискусија

5

Page 7: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

Дигитално печатењеДигитално печатење

Дигитално картирањеДигитално картирање

Скенирањена филм

Дигитално картирање

Едитирање на податоци

Тимска дискусија

Воведна обука за Macintosh

Тимска дискусија

Компилација на симболи

Симболизација

6

Page 8: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

Со цел да се промовираат и популаризираат географските информацци, во текот на овој проект беа превземени следниве активности: 1) Активности за публицитета. Издавање на Информатор (на македонски и англиски јазик)б. Написи во весници (Утрински Весник, Дневник, Време, Македонија Денес)в. Радио емитувања (Македонско Радио)г. Телевизиски емитувања (МТВ и ЈРП РТ Прилеп) д. Дистрибуција на памфлети за овој проект

2) Натпревар за цртање на карта за животната срединаНатпреварот за цртање накарта на животна средина во Прилеп имаше за цел да ги заинтересира учениците во основните училишта да ја изучуваат нивната животна средина и да го поттикне нивниот интерес за географските информации преку процесот на правење на карти. На натпреварот учествуваа 1109 ученици со 276 карти. Претставници од образованието, наставници по географија и ученици беа присутни на изложбата на картите одржана на 18ти февруари 2005 година. По изложбата, се одржа церемонија за доделување на награди за најдобро изработените карти. 3) Посета на земји регионотСистемот за набавка на географските информации е есенцијален елемент за промоција и популаризација на информациите. Од оваа причина, беа реализирани посети на земји од регионот каде што на јавноста и се ставени на располагање различни видови на географски информации. Студискиот тим на JICA заедно со ДЗГР организираше посета на слични организации во Словенија, Унгарија и Чешка во јуни 2005 година. Од овие посети ДЗГР се здоби со знаење и информации за објавувањето на географските информации, начини на чување, градење на ценовна политика, начин на продажба и заштита на авторските права.

4) Форум за географски информацииСо цел да се прошират знаењата за состојбата со географските информации во Македонија, да се посочат примери за нивната ефективна употреба и состојба во земјите од регионот, во ноември 2005 беше одржан форум за географските информации, со присуство на владини претставници, претставници од образованието, приватни компании, меѓународни организации и донатори. Вкупниот број на учесници беше околу 200.

Како резултат на претходно наведеното, се зголеми интересот на јавноста за географските информации, посебно кај младите. Исто така се зголеми и побарувачката за географските информации. * Препознавање на проектот во јавноста* Зголемена заинтересираност за топографските карти кај помладите генерации* Зголемена побарувачка на географски информации (ортофото) * Подобрување на системот за набавка на географските информации

3.3 3.3 ПопуларизацијаПопуларизација

Корисници

ДЗГРГеографски информации

Произведувачи на карти

ВладаДонатори

Тематски карти(пр. патни карти, карти на градови)

Географско образование

Продажба на картиУслуги

1. Вовед

2. Цели

3. Краен продукт

3.1 Тек на работите

3.2 Трансфер на технологија

3.3 Популаризација

4. Идеи и предлози

5. За во иднина

7

Page 9: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

Конференциска сала во хотелот Александар Палас

1) 1) Активности за публицитетАктивности за публицитет

2) 2) Натпревар за цртање на Натпревар за цртање на карта на животната средина карта на животната средина

4) 4) Форум за географските информации Форум за географските информации

3) 3) Посета на земјите во регионотПосета на земјите во регионот

Поздравен говор на Министерот за животна

средина и просторно планирање

Напис во весник Информатор

Постер за натпреварот

вкупно 276 карти

Оценување

ИзложбаНаградената карта и победниците

Презентација Панел дискусија

Изложба на карти K-15 видео скеч

8

Page 10: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

По комплетирањето на проектот студискиот тим на JICA ги има следниве идеи и предлози, за чија реализација ДЗГР треба да превзема иницијатива во периодот што следува. Комплетирање на Основните државни карти (1:25,000)

Во рамките на проектотизработени се 105 листови од топографската карта во размер 1:25,000(сино обоените и шрафиранителистови на картата десно).Преостанатите 100 листови че бидат изработтени од со цел да се покрие целата територија на Р. Македонија. Од голема важност е преостанатите карти да се изготват што побрзо со употреба на опремата и знаењето од трансферот на технологија. Подобрување на услугите за продажба на топографските картиВажно е да се подобрат услугите за продажбана топографските карти. Целта е да се подобри одржувањето и ажурирањето на географските информации како што се печатените карти и ортофотографиите, како и подобрување на услугите за продажба на граѓаните. Критични промени кои треба да се направат се цената на продуктите, процедурата за набавка и формирање на центри за давање на услуги за картите.

На сликата погоре е прикажана продавница во Јапонија во која се продаваат географски информации Сликата десно покажува магацин во Јапонија каде што систематски се складирани печатени топографски карти по број.

Конструкција на WebGIS

ДЗГР акумулира разни видови на географски информации како што се катастарски податоци, основната државна карта (1:25,000), аерофотографии, ортофотографии, податоците за заштита на животната средина на сливното подрачје на Охридското езеро итн. WebGIS е моќна алатка за споделување на овие податоци и информации внатре во институцијата и/или со целиот свет. Со напредокот на споделувањето на информациите со помош на WebGIS, податоците ќе се употребуваат поефективно, а тоа пак може да придонесе кон поефикасни општествени активности.

Сликите покажуваатпрототип на Intranet WebGIS со употереба на GIS податоци за заштитата наживотната срединана Охридскиот сливен регион.

4. 4. Идеи и предлозиИдеи и предлози

Комплетирани во овој проект

1. Вовед

2. Цели

3. Краен продукт

3.1 Тек на работите

3.2 Трансфер на технологија

3.3 Популаризација

4. Идеи и предлози

5. За во иднина

9

Комплетирани во овој проект

Page 11: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

5. 5. За во иднинаЗа во иднина

Резултати од студијатаПопуларизција на

географските информации Изготвување на

Основни државни карти Трансфер на технологија

Теренски работи, Дигитално картирање,GIS, Дигитално печатење

Печатени карти (1:25,000)

База на податоци (1:25,000)

GIS база на податоци

Преложени проектиКомплетирање на Основните државни карти

Конрукција на перманентнаGPS станица

Напредна примена наортофото

Подобрување на услугите за продажба на карти

Изготвување на средно/долгорочни планови

Изготвување на карти со помал размер

БЕЗБЕДНА И НАПРЕДНАБЕЗБЕДНА И НАПРЕДНА МАКЕДОНИЈАМАКЕДОНИЈА

Образование

Животна средина

Eвропска Унија

Здравствено осигурување

Социјална инфраструктура

Можности за новиработни места

Конструкција на WebGIS

10

Page 12: СТУДИЈА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ДРЖАВНИ … proekti/zavrseni... · користење на земјиштето и ГИС база на податоци

Japan International Cooperation Agency (JICA)6~13 fls, Shinjuku Maynds Tower, 2-1-1, Yoyogi, Shibuya-ku, Tokyo 151-8558, JapanTel: +81-3-5352-5311~5314 URL: http://www.jica.go.jp

5 Sanbancho, Chiyoda-ku, Tokyo, 102-0075, JapanTel: +81-3-3237-5472 URL: http://www.kkc.co.jp

Kokusai Kogyo Co., Ltd. (KKC)

JAPANOfficial Development Assistance

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ (ДЗГР)Трифун Хаџи Јанев 4, 1000 Скопје, Република МакедонијаTел: +389 -2-3171-668 URL: http://www.katastar.gov.mk/