106
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет „Св. Климент Охридски “ Битола Економски факултет - Прилеп ПРИДОБИВКИ ОД Е–MOBILE БИЗНИС ПРОЦЕС МЕНАЏМЕНТ НА КРИТИЧНИ ПРОЕКТИ“ Кандидат: Ментор: Александра Стојаноска Дос. Бр.3/09 Проф. д-р. Ѓорѓи Манчески Прилеп Maj, 2015 година

ПРИДОБИВКИ ОД Е–MOBILE БИЗНИС ПРОЦЕС ......Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

  • Upload
    others

  • View
    41

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет „Св. Климент Охридски “ Битола

Економски факултет - Прилеп

„ПРИДОБИВКИ ОД Е–MOBILE БИЗНИС ПРОЦЕС

МЕНАЏМЕНТ НА КРИТИЧНИ ПРОЕКТИ“

Кандидат: Ментор:

Александра Стојаноска

Дос. Бр.3/09

Проф. д-р. Ѓорѓи Манчески

Прилеп

Maj, 2015 година

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

2

На мојот татко, Даре,

Кој ми го даде најголемото богатството што еден

родител може да му го даде на своето дете:

Едноставно веруваше во мене.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

3

Содржина

1. Вовед ..................................................................................................................... 7

1.1. Предмет на истражување ............................................................................ 8

1.2. Цел на истражување .................................................................................... 9

1.3. Методологија на истражување ................................................................. 10

2. Бизнис процес менаџмент (БПМ) ..................................................................... 17

2.1. БПМ дефиниции......................................................................................... 20

2.2. БПМ Циклус ............................................................................................... 23

2.3. Бизнис процес моделирање ....................................................................... 31

3. Мобилен БПМ: Поврзување на луѓето со процесите каде и да се ................ 36

3.1. Што претставува мобилност на процесите на компаниите ................... 38

3.2. Развој на Мобилен Бизнис процес менаџмент ........................................ 40

3.3. Предности на мобилниот БПМ наспроти “канцеларискиот“ (Office)

БПМ ...................................................................................................................... 41

3.4. Карактеристики на мобилниот БПМ ........................................................ 53

3.5. Трендови на мобилна работна сила ......................................................... 54

4. БПМ во реалниот свет ....................................................................................... 69

4.1. Каде е Mобилниот БПМ? ......................................................................... 69

4.2. Бариери за Мобилен БПМ ........................................................................ 70

4.3. Мобилни апликации за потрошувачите ................................................... 70

4.4. Изгубени бизнис можности ...................................................................... 71

5. Користење на мобилната технологија за зголемување на профитабилноста,

продуктивноста и сатисфакција на потрошувачите ............................................... 75

5.1. Како Мобилниот БПМ може да биде ‘Game Changer’ за критичните

бизнис проекти ....................................................................................................... 76

5.2. Мобилен предизвик: Out of the office, not out of touch .......................... 81

5.3. Mobile БПМ: Продуктивност во движење ............................................... 83

5.4. Основни чекори за избор на соодветен БПМ пакет за вашите мобилни

уреди ...................................................................................................................... 84

6. Заклучок .............................................................................................................. 97

7. Користена литература...................................................................................... 102

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

4

Анекс 6 –Изјава од кандидатот за автентичност на магистерскиот труд

До

Референтот во службата за

студентски прашања за втор

циклус на студии

Предмет: Изјава

Согласно одлуката на Наставничкиот совет на втор циклус на студии на

Економскиот факултет Прилеп бр.07-484/1 од 24.02.2011 год. ја доставувам

следнава

1. И З Ј А В А

Под целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека текстот

во мојот магистерски труд, на тема „Придобивки од Е-Mobile бизнис процес

менаџмент на критични проекти“ е мој автентичен и самостоен труд и е

резултат на моите сознанија направени во текот на истражувањето, како и на

теоретските сознанија и практичните искуства од соодветната област и истиот,

освен во деловите коишто се означени со фусноти претставува исклучиво мој

труд.

За секое неовластено користење на туѓ текст или труд или

плагијаторство, согласена сум да ги сносам соодветните дисциплински,

граѓански и кривични последици.

Прилеп, Изјавил,

12.05.2015 год. Александра Стојаноска

студент на втор циклус на студии

на студиската програма

Бизнис информатика

со досие бр. 3/09

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

5

Во време на глобализација и услови на глобална конкуренција, во време

кога постојано се менуваат условите за бизнис на пазарите, користењето на

Бизнис процес менаџментот помага во креирањето на подобри бизнис-процеси

и ефективно интегрирање на вработените со технологијата и процесите во

организацијата, со што се придонесува за добивање на подобар и континуиран

квалитет на производите и услугите, зголемена брзина на нивната достава на

пазарот, повисоко задоволство и сатисфакција на клиентите и потрошувачите.

Бизнисите во светот се под постојан притисок на големата и глобалната

конкуренција и брзата промена на околината во која истите дејствуваат, и

причини кои го зголемуваат притисокот врз бизнисите се:

Глобализацијата или натпреварувањето со компаниите од целиот свет

кои електронски се присутни на пазарите, односно отстранување на

географските бариери.

Брзината на промена на околината во која бизнисите дејствуваат,

промената на технологијата, промената на легислативата и регулативата,

иновацијата во нудењето на различни услуги – преставуваат движечка

сила која ги тера организациите да бидат поефикасни, поефективни и

пофлексибилни и

Автоматизација на бизнис процесите

Сите овие притисоци влијаат на тоа да се воведе еден посебен пристап за

тоа како бизнисите да работат пофлексибилно, поефективно и поефикасно.

Таков пристап кој овозможува пофлексибилни, поефективни и поефикасни

бизниси е Бизнис Процес Менаџментот (БПМ) со кој се постигнува ефективност

и ефикасност на организацијата и според овој пристап бизнис процесите сè и

треба да претставуваат основните средства со кои располага организацијата и

истите треба да претставуваат центар на секоја активност или задача која се

ГЛАВА

1

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

6

извршува со цел подобрување на ефективноста и ефикасноста на

организацијата. БПМ ова го постигнува, со тоа што:

Го воведува поимот на моделирање на бизнис процесите, со што бизнис

процесите се претставуваат како едноставни и еднозначни графички

визуелни модели кои на луѓето кои се вклучени или ќе се вклучат во

бизнис процесот, им се овозможува на визуелен лесен начин да го видат

процесот и директно да можат да го сменат.

Овозможува промена на моделот на процесот, и со самата таа промена се

врши и промена на бизнис процесот.

Овозможува интеграција со ИТ технологија, а со тоа и воспоставување

на автоматизација на бизнис процес моделите.

Вработените во компаниите функционираат ефективно и ефикасно,

употребувајќи мобилни уреди во секојдневното работење. Во многу случаи

вработените ги употребуваат своите приватни уреди за бизнис целите, не ретко

и самата компанијата обезбедува мобилни уреди за вработените. Овој феномен

е познат како “Bring your own device“ (BYOD) или “computerization“ и е

употребен од многу компании, бидејќи менаџерите често предвидуваат дека

BYOD е веќе во употреба во секојдневниот живот. Според анкета направена на

4100 испитаници од 16 земји, 23% од вработените користат свој сопствен уред

на работа. 1

Bring your own device (BYOD) е тренд кој постои од поодамна и многу од

компаниите заостануваат зад овој тренд. Предностите на овој тренд се

очигледни, па бидејќи границите помеѓу професионалниот и личниот живот се

спојуваат, нормално е вработените да ги користат мобилните уреди, и на

професионален и на личен план, а со тоа имаат постојан и целосен пристап до

информациите и можат поефикасно да си го планираат времето, попродуктивно

да ја извршуваат работата и да имаат поголема сатисфакција која ќе се пренесе

и на крајните потрошувачи.

1 http://www.fakulteti.mk/mobile/news/15-02-06/otkrijte_ja_magijata_na_m-learning

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

7

2. ВОВЕД

Денес, во време на мобилно и ИТ општество, се повеќе организации,

корпорации, мали и средни претпријатија го користат бизнис процес

ориентираниот пристап за управување со своите бизниси. Бизнис процес

претставува активност, односно збир од активности преку кој се постигнува

специфична организациска цел. Ваквиот пристап е преземен од концептот на

Бизнис Процес Менаџмент (БПМ), според кој, бизнис процесот е центарот

околу кој треба да се извршуваат сите активности во организацијата, па според

тоа, БПМ преставува начин за контрола и раководење со бизнис процесите.

Од голема важност за секоја организација е да се контролираат и

подобруваат процесите и да бидат разбрани од сите учесници во бизнис

процесот. Самата контрола и разбирање на процесите овозможува да се зголеми

ефективноста и ефикасноста на организацијата..

Бизнис процес менаџмент претставува холистички пристап на менаџмент

и е фокусиран на сите делови во организацијата, вклучувајќи ги и потребите и

барањата на клиентите. БПМ како пристап е заслужен, односно ја креира

ефективноста и ефикасноста на организацијата, земајќи ги во предвид

иновациите, подобрувањата, флексибилноста и интеграцијата со технологијата.

Бидејќи со Бизнис процес менаџмент, процесите континуирано се

подобруваат, БПМ може да се опише и како процес за оптимизација на

процесите во една организација, со кој на организациите им се овозможува да

бидат поефикасни, поефективни и полесно да се прилагодуваат на промените,

во споредба со традиционално поставените хиерархиски и функционално

ориентирани претпријатија.

За да се остварат целите на бизнисот, сите поврзани активности во

бизнис процесот се извршуваат од вработените или преку постапки кои се

автоматизирани. Ваквите процеси го генерираат профитот на организацијата и

учествуваат во контролирањето на трошоците, па според тоа истите можат да

бидат критични за успехот и опстојувањето на организацијата. Затоа БПМ треба

да се сфати како менаџерски пристап и да се третира како средство кое ја

помага стратешката политика на организацијата и на истата и носи вредност и и

овозможува полесно имплементирање на промените, полесно прилагодување на

промените, избегнувајќи го стресот што го носи секоја промена. Од ова

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

8

произлегува дека БПМ како пристап за управување со промените и

прилагодување кон истите може да се набљудува од аспект на луѓе и од аспект

на технологија.

БПМ се користи за разбирање и визуелизација на работењето на

компаниите, каде што јасно се дефинирани поврзаностите и релациите помеѓу

сите активности.

Бидејќи БПМ им овозможува на организациите да ги одделат бизнис

процесите од технолошката инфраструктура, тоа значи дека БПМ им

овозможува и да ги автоматизираат процесите и да ги решаваат проблемите на

многу полесен начин

2.1. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Денес, ниту еден бизнис не може да се замисли и не може да опстане без

користење на мобилна апликација. Потребата на организациите за работа

надвор од канцелариите се зголемува, a потребата да се има вистинска

информација во вистинско време е императив. Пристапот до интернет “на секој

чекор“ и можноста за “сурфање“ од сопствените смарт телефони е доволен

предуслов за развој на еден разновиден свет на мобилни апликации кои им

помагаат на бизнисите полесно да функционираат. Во едно современо ИТ-

општество, основно средство за работа преставува навремената и точна

информација. Добивањето на ваквата информација значи заштедата на време и

средства, а пристапот и генерирањето на информациите кои се навремени и

точни се од витално значење на опстанокот на бизнисот и континуираното

развивање на организацијата.

Со креирање, воведување и користење на мобилна апликација, бизнисот

добива нова димензија со која многу поблиску се доближува до потрошувачите

и клиентите, информациите, производите и услугите им се достапни на

корисниците на секое место и во секое време. Следејќи ги најновите трендови

во интернет светот, апликациите се прилагодуваат на најпопуларните мобилни

уреди и платформи на денешницата како: iPhone, Android, Windows Phone...

Голема предност кај ваквите мобилни апликации е можноста за интеграција со

веќе постоечки интерен систем и интернет страници.

Компаниите од ИКТ-секторот велат дека во овој сегмент најбарани се

мобилните бизнис-апликации, кои наоѓаат примена во целосното планирање на

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

9

ресурсите во компанијата, менаџирањето на односите со клиентите,

менаџирањето на односите со бизнис-соработниците, организирањето на

набавките, залихите итн. Најголема побарувачка за нив има од страна на

компаниите со добро корпоративно управување, како и од компаниите со

странски капитал, и тоа најмногу за апликациите за управување со човечки

ресурси, менаџмент на документи, електронска архива и др. Мобилните

апликации ја имаат таа предност што се интегрираат целосно со постоечките

интерни системи на компаниите, па така, употребувајќи ги, бизнисмените ќе

имаат постојано целосен пристап до информациите.

Од тука предмет на ова истражување е да се каже како и кога да се

применуваат мобилните апликации, кое е нивното делување во организациите,

какво е нивното дејствување врз развојот на организациите и како користењето

на истите може да влијае врз подобрување на доставата на производите и

услугите до крајните потрошувачи на начин на кој би се зголемила нивната

побарувачка и задоволство.

2.2. ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Целата на овој магистерски труд е да објасни како да се поттикнат

организациите да ги подобрат нивните бизнис услови преку редизајнирање на

нивните бизнис процеси, бидејќи ваквите бизнис процеси ги користат ресурсите

на организацијата за да се произведе конкретен производ или услуга. Основна

грешка на менаџментот во една организација е тоа што не се фокусира на

постапката како да дојде до посакуваните резултатите, туку се фокусира на

добиените резултати. Се поставува прашањето, Како може со редизајнирање на

бизнис процесите да се подобрат условите под кои делуваат и дејствуваат

бизнисите во околината? Одговорот на ова прашање може да се добие доколку

се направи следното:

За да се утврди на кои процеси им е потребно подобрување, односно

редизајнирање, треба да се направи добро скенирање на конкретните

бизнис процеси и детална анализа на истите;

Менаџментот да се стреми кон тоа да бизнисот функционира преку

процесите, и фокусот да биде поставен кон сите процеси како целина, а

не да бидат фокусирани на улогата на вработените кои учествуваат во

процесите;

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

10

Да се обрни внимание на варијабилноста и на предностите и на

слабостите на пристапите кои ќе се одберат и практикуваат во

редизајнирањето на бизнис процесите. Треба да се проучуваат и

применат различни типови на бизнис процеси.

Менаџментот да се стреми кон избор на најдобар бизнис процес за

бизнисот, кој ќе одговара и биде соодветен на бизнис политиката и

стратегијата на организација. Редизајнирањето на бизнис процесите во

организацијата бара макотрпна работа, сите учесници во бизнисот се

соочуваат со извршување на тешка задача, но самото редизајнирање на

долгорочен план ќе донесе намалување на трошоците, зголемување на

задоволството на клиентите и намалување на времето производот или

услугата да стигне до крајниот потрошувач.

2.3. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Задача и цел на БПМ консултантите е да ги ислушаат клиентите, нивните

проблеми и нивните барања кои ги имаат за нивниот бизнис, да им помогнат со

тоа што ќе им дадат предлози за напредување, раст и успех на нивниот бизнис и

да креираат методологија, со која напредокот на бизнисот, од идеа до

реализација, ќе стане реалност.

Од средината на 90-те години на минатиот век, управувањето со бизнис

процесите – БПМ, е најчеста тема на разговор во ИТ круговите и бизнисите и

причината за тоа не е некој тренд, туку самата природа на дејствување на БПМ.

Кога Michael Hammer и James Champy во 1993 година ја објавија книгата

Reengineering the Corporation: A Мanifesto for Business Revolution, пробудија

големи очекувања, но не со тоа што претставија нов и голем концепт на

управување, туку затоа што наидоа на терен каде што БПМ се дочека со големо

воодушевување – БПМ го враќа жариштето на она што е битно, се фокусира на

тоа што е вредно за секој бизнис - а тоа е самиот бизнис. Суштината на БПМ е

да биде близок до сите економски сектори, сите нивоа на управување, сите

профили на деловни луѓе – бизнисмени. Тоа овозможува БПМ да биде прифатен

и користен како теоретски концепт, теоретски темел дури и во оние дискусии

кои за цел имаат голем практичен резултат.

Дали да се управува со бизнис процесите или не? - е излишно прашање.

Да се управува со бизнисот не значи ништо друго освен управување со бизнис

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

11

процесите. Дури и прашањето: Дали управувате со бизнис процесите? –

прашање за кое консултантите често отвораат дискусии со нивните клиенти, е

излишно.

Секоја организација управува со своите бизнис процеси. Но, прашањето

е: На кој начин го прави тоа? Ова прашање, за сите оние кои бараат помош за

квалитетно управување со сопствените бизнис процеси, во последните неколку

години отвора дебата за тоа дали управувањето со бизнис процесите е деловно

прашање или ИТ прашање? Постоењето на вакви дилеми доведе до тоа да денес

на БПМ пазарот има толку различни понудувачи, да е невозможно да се направи

споредба и да се најде “најдобар избор за нашиот бизнис, за нашите потреби“.

Всушност на БПМ пазарот, за ист концепт, говорат и консултантските

компании, кои БПМ го претставуваат како теоретски концепт за управување со

компанијата, и ИТ провајдерите кои исто така говорот за БПМ, но на извршно

ниво, на ниво на извршување поединечни бизнис процеси поддржани со ИТ

технологија. Дали и едните и другите говорат за Бизнис процес менаџмент?

Секако дека да. Дали едниот пристап го исклучува другиот пристап? - Не! Се

работи за различно ниво на кој БПМ се “обработува“, односно разбира.

Темелен бизнис модел на компанијата е БПМ, а бизнис процесите и ИТ

архитектурата се составен дел од БПМ. Меѓусебните врски на бизнис моделите,

бизнис процесите и ИТ архитектурата ја овозможуваат флексибилноста на

бизнис процесите, од ниво на управување, ниво на извршување, па се до

набљудување во секој поединечен сегмент на бизнис процесот. Од ова е јасно

дека БПМ е пристап кој согледува повеќе различни аспекти на работење и сите

тие аспекти се меѓусебно поврзани и не можат да функционираат еден без друг.

На БПМ може да му се додаде и назив “каменолом“ со кој ќе се објасни

неговата прилагодливост кон сите аспекти и сите нивоа на управување со

организацијата.

Проблем кој често се препознава при напорот да се согледаат сите погоре

наведени аспекти на управување со организацијата, е непостоењето на

“заеднички јазик“ на различните нивоа и различните сектори во организацијата.

Најчесто се говори за ист пристап, но на различен начин и ваквото неразбирање

доведува до компромисни решенија кои не задоволуваат ниедна страна – ниту

ИТ, ниту бизнис страната. Исто така, често се случува да нивото на вложување

во информациона технологија, кое може да биде доста големо, даде додадена

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

12

вредност во тој сегмент на организацијата, и од желба да вложувањето се

оправда, се почнува да се диктира начин на работа. Во најголем број на случаи

ова се покажува како промашување. Информационата технологија, колку и да е

напредна, сложена и софистицирана, мора да биде поддршка на бизнисот. Тоа е

нејзината главна улога, да се поддржи работењето на организацијата, да се

направи подоходовна и да и се дадат правите податоци во вистинското време.

Проблем кој се појавува е тоа што и се придава недоволна важност на

информационата технологија. Функцијата ЦИО (Chief Information Officer) денес

носи повеќе предизвици од кога и да е. Од него се очекува стандардизација,

намалување на трошоците за информационата технологија, ефикасна поддршка

на работењето, додека бројот на различните меѓусебно неповрзани апликации,

кои се нужни за работењето на организацијата, растат се повеќе од ден на ден.

Станувањето јасно, колку тој сегмент е критичен за бизнисот, може да биде на

најлош можен начин – кога нешто ќе престане да работи, кога ќе се појави

некаков проблем.

Единствен начин на кој и двата проблеми можат да станат предност и

најдобри показатели како управувањето со бизнис процесите го унапредуваат

бизнисот во организацијата, е воведување единствена платформа за управување

со бизнис процесите и воспоставување на единствено место за складирање на

бизнис процесите. Ваквото место за складирање на бизнис процесите станува

виртуелна организација - тоа е место за комуникација на сите нивоа во

организацијата, сите профили на делување и управување со бизнис процесите -

поединечно и групно управување, на ниво на процес или на ниво на цела

организација. Технолошката платформа, информационата технологија се алатки

кои ќе помогнат да се изгради место за складирање на бизнис процеси, кој во

овој случај е од апсолутна нужност.

Изборот на платформа за управување со бизнис процесите во

организацијата не е лесна задача. Но, она што во голема мера го олеснува

изборот е поставување на прашањето: Што всушност сакаме да направиме?

Добро да испланираме или успешно да го воведеме проектот? Да купиме нешто

доволно квалитетно по најдобра цена? При таква одлука треба се вратиме чекор

поназад. Како всушност се набљудува БПМ? Што претставува БПМ?

Воведувањето на БПМ може да биде проект, но сам по себе БПМ не е и

не смее да се третира како проект. Причината за тоа е едноставна - БПМ е

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

13

процес, БПМ е постојана активност, која не само што ќе има големо влијание на

идната работа и резултатите на организацијата, ќе мора да има и методолошка

основа. Така, при изборот на платформа на БПМ битно е прашањето – Дали

платформата нуди само можност за изградба на слика на бизнис процесите или

постои и некаква методологија “всадена“ во самата платформа т.е. софтверски

алат? Каков е воопшто животниот циклус на БПМ.

Софтверскиот пакет треба да преставува алат кој има методологија за

опишување на бизнис процесите и ќе биде осмислен на начин за да овозможи

вклучување на сите елементи кои се битни за бизнис процесите во самиот

бизнис модел, организациска структура, производ или услуга, функции, бизниси

случувања, ИТ структури, податоци, врски помеѓу објектите итн. Софтверската

бизнис платформа треба да одговора и на прашањата за животниот циклус на

БПМ, односно во себе да содржи и поддршка за одделни фази од животниот

циклус на БПМ. Платформата треба да биде доволна моќна да го поддржи

бизнисот ни сите негови фази.

Понекогаш организациите се впуштаат во потрага на алатки кои ќе им

помогнат во иницијативата поврзана применување на моменталните актуелни

пристапи, иако истите се помалку трендовски одредени, како на пример SOA-

Service Oriented Architecture, EA-Enterprise Architecture, BPA-Business process

Analysis, Performance Management, Risk Management, Compliance итн.

Слика 1 Бизнис пристапите денес и во иднина

Денес, бизнис процесите можат да се сретнат во сите претходно

наведени пристапи. Иако е јасно дека секој од наведените пристапи на некој

начин се референцира со пристапот на БПМ, може да се заклучи тоа дека

дизајнот на бизнис процесите е она што е потребни за квалитетен пристап на

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

14

секој од наведените неколку пристапи. Можеби ќе претерам ако кажам дека

сите пристапи се поврзани, но во иднина бизнис процесите и БПМ како основен

концепт ќе ги поврзува сите претходно спомнати пристапи.

Често за концептот на БПМ се поврзува и основниот референтен модел –

најдобри практики (best practice). Нажалост, понекогаш мотивот е единственото

нешто добро што останува на крајот. Се поставува прашањето: Зошто?

Најдобрата индустриска пракса е секогаш добредојдена во барањето на

начинот како да се подобри сопствениот бизнис. Референтниот модел во голема

мера ќе ја олесни фазата на дизајнирање на следната состојба (to-be-модел),

доколку се одлучи за примена на најдобрата индустриска пракса во

организацијата. Меѓутоа, пред да се донесе таква одлука де се постават неколку

прашања:

1. Во какви услови ваквата пракса носи најдобри резултати?

2. Какви бизнис цели биле поставени пред организацијата која бара

воведување на ваква пракса?

3. Каква е бизнис културата на организацијата?

4. Дали ваквиот модел е променлив во условите на дејствување на

организацијата?

Примената на best practice моделот понекогаш претставува алиби,

односно наизглед полесен пат да се стигне до очекуваните резултати. Ако ова се

замисли како некој вид на патување до крајната цел, best practice моделот е еден

од можните патишта. Одбирањето на ваков пат претставува заобиколување и не

застанување на оние места каде обавезно би требало да се застане – сопствената

организација, сопствениот начин на работење, вработените и сл.

Непроценливото богатство на секоја организација лежи во знаењето кое

го носат и имаат вработените. Понекогаш, доброто бизнис решение не е

забележано од причина што нема добра комуникација помеѓу нивоата на

управување. Понекогаш луѓето кои ги носат, ги имаат идеите, немаат на кога да

им ги дадат, да им ги кажат тие идеи. Треба да се изгради единствен и достапен

модел на бизнис процеси за вработените, кој модел ќе ја претставува

комуникацијата на нивоата. Целта на БПМ е да ги ислуша клиентите, да им

помогне во формулирањето на проект - предлог за развојот на организацијата и

да им понудат методологија со која развојот ќе се донеси од идеја до

реализација.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

15

Best practice моделот не е нешто од кое треба да се бега. Да се користат

туѓите искуства, да се запознаат начините на кои другите луѓе работат е доста

корисно. Меѓутоа, секоја организација е организам кој е специфичен според

многу елементи, особено во оние soft елементи (бизнис култура, комуникација,

односи). Сè што е потребно е храброст за утврдување на сопствени бизнис

стандарди.

Пристап кој може да помогне да се изградат сопствени бизнис стандарди

е Отворен (Open) БПМ. Отворениот БПМ претставува пристап со кој бизнис

процесите во склоп на БПМ, оставаат независен печат, не се врзани за бизнис

сегментот на организацијата, ниту пак за ИТ структурата. Ваквиот БПМ, кој има

независна улога, ќе овозможи и креирање и користење на сопствените

стандарди на организацијата – и бизнис и технолошки (ИТ) стандарди. Ваквите

стандарди поврзани во единствена процесна софтверска платформа

овозможуваат флексибилност, ефикасност и ефективност на организацијата.

Самиот пристап на БПМ се применува и разбира на многу различни

начини. Концептот на БПМ се користи во области кои се од стратешко значење,

управување, иновации па се до ИТ поддршка и автоматизација на процесите.

Исто так, овој концепт се користи и во бизнис и во ИТ смисла, понекогаш во

стратешка смисла, но исто така и во оперативна смисла. Примената на БПМ

било како концепт, било како теоретски пристап, е можна и прифатлива во сите

наведени контексти, но само до оние граници до кога ќе почне да се врзува за

само еден аспект, бидејќи БПМ не е тоа, не е одреден само со еден аспект, било

деловен, било технолошки. БПМ е концепт кој ги поврзува сите аспекти на

делување на организацијата и не престанува да делува само на влезните или

излезните врати на организацијата. Тој ги поврзува делувањето на

организацијата со бизнис клиентите, партнерите, добавувачите, односно сите

кои го сочинуваат опкружувањето на организацијата. Односите со сите

наведени субјекти се бизнис процеси со кои управува БПМ и се прилагодува на

сите аспекти од тоа управување, и деловни и технолошки.

Концептот на Бизнис процес менаџмент е своевиден каменолом во

најдобра смисла на зборот каменолом.2

2 A.W.Scheer, Verdan Babik, Ivrsen director, IDS Scheer d.o.o.

http://www.ekapija.com/website/sr/page/419286

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

16

„Забележуваме голема побарувачка од учесниците во мобилноста на

претпријатијата ширум светот на знаењата, советите и мислењата кои ќе им

помогнат да ги оптимизираат своите проекти за мобилност. Тоа е причина

поради која се повеќе и повеќе раководители од високиот менаџмент избираат

да учествуваат на глобалните берзи за мобилност во организациите, каде што

можете да бидете сигурни што да очекувате во погледот на публиката и

можностите за поврзување, кое ни помага да го оправдаме драгоценото време

потрошено надвор од канцеларијата.“3

„Доволно мал за да не бидете преплавени...насочен кон својата цел и фокусиран,

а закажаното време помеѓу продавачот и потрошувачот беше дополнителен

пресврт којшто не го очекував...Ми се допадна форматот“4

“Не се најсилните тие што преживуваат, ниту пак најинтелигентните. Туку оние

што најдобро се прилагодуваат на промените“ Чарлс Дарвин

3 Julia Mansell, Event Director, Enterprise Mobility Exchange Enterprise Mobility Exchange

4 Senior Mobility Director, PepsiCo

ГЛАВА

2

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

17

3.БИЗНИС ПРОЦЕС МЕНАЏМЕНТ (БПМ)

Бизнис процес менаџмент се однесува на бизнис процесите и на нивното

управување. Постои една филозофија која стои зад БПМ, а тоа е дека бизнис

процесите се основните средства со кои располага една организација и бизнис

процесите се центар на секоја активност или задача која се извршува со цел

подобрување на бизнис перформансите.

БМП значи и менаџирање со процесот низ неговиот циклус и преставува

концепт според кој управувањето со истите и техничките аспекти, односно ИТ

системите, треба да се третираат како една целина иако се различни. Според

тоа:

Бизнис процесите низ нивниот животен циклус постојано се менуваат;

Бизнис процесите треба да се дизајнираат на начин да бидат лесни за

промена и прилагодување на измените;

Со поддршка на ИТ системите во организацијата да се овозможи

извршување и управување на бизнис процесите;

Целосно истражување и набљудување на процесите од нивниот почеток

па се до нивниот крај;

Набљудување на бизнис процесите низ сите фази од животниот циклус;

Мерење на перформансите на процесот и нивна оптимизација.

Бизнис процес менаџментот претставува начин на управување со бизнис

процесите во организацијата, нивно прилагодување со потребите на

организацијата, поврзување со ИТ системите, мобилните уреди и бизнис

апликациите, сè со цел да се зголеми продуктивноста на вработените, да се

намалат трошоците и да се зголеми времето кое ќе им се посвети на

клиентите за да се постигне поголемо задоволување на нивните потреби и

барања и да им се даде “совршен“ производ или услуга на крајните

потрошувачи. Исто така БПМ управува со сите процеси, сметајќи ги како

една целина низ целиот нивни животен циклус. Иако процесите се

набљудуваат посебно, тие се сами по себе различни целини. Според ова,

БПМ мора да го има во предвид целиот процес од почеток до крај сè со цел

да се избегне локална оптимизација на крајните негативни резултати.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

18

Слика 2 Процеси помеѓу организационите единици

Бидејќи, Бизнис процес менаџмент претставува збир на методи, технологии

и алатки кои се користат за да се дизајнираат, дефинираат, анализираат и

контролираат бизнис процесите кои се употребуваат во организацијата, може да

се каже дека Бизнис процес менаџментот ја претставува и соработката помеѓу

луѓето кои вклучени во бизнис процесот, ИТ експертите, системите, функциите,

клиентите за да се добијат поефективни и потранспарентни бизнис процеси.

Управувањето на бизнис процесот започнува со негово моделирање (AS-IS

process), па анализирање на процесот, оптимизација и повторно моделирање на

процесот (TO-BE process). На крајот следи имплементација на процесот,

набљудување, анализа и оптимизација на процесот. БПМ придава големо

значење на употреба на технологијата (ИТ системи) во сите фази од

управувањето со бизнис процесот. ИТ системите, кои во себе ја вклучуваат

најсовремената техника и технологија, треба да дадат целосна поддршка на

управувањето со бизнис процесот. Бизнис процес менаџмент управува со

животниот циклус на процесите со цел да се добие подобрување, оптимизација

и зајакнување на способноста за постигнување на крајните цели на компанијата.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

19

Слика 3 Мрежа на БПМ

Анализата на бизнис процесите опфаќа:

Идентификација на бизнис целите ;

Дефинирање на потребите на постоечките и воведување на нови

процеси;

Изведување на стратегиски анализи на процесите;

Препознавање на најдобрите практики;

Детална анализа на процесите;

Давање приоритет на подобрените подрачја за делување на бизнис

процесите и нивно набљудување.

Дизајнот на бизнис процесите опфаќа:

Дизајнирање на еден или повеќе извршни процеси;

Предвидување на одразот на алтернативите врз процесите;

Предвидување на одразот врз алокацијата на ресурсите.

Имплементацијата на бизнис процесите опфаќа:

Подготовка и изведба на проектот за имплементација;

Овозможување на мерење на разни параметри;

Менаџирање на промените и воведување на т.н. процесна сопственост;

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

20

Објавување на процесен модел со сите поврзани содржини.

Извршувањето о набљудувањето на бизнис процесите опфаќа:

Извршување на бизнис процесите;

Мерење и следење на бизнис процесите;

Согледување и анализа на варијациите;

Менаџирање на последиците;

Доколку е неопходно да се започне оптимизација на бизнис процесот.

3.1. БПМ ДЕФИНИЦИИ

„Бизнис процес менаџмент претставува пристап на т.н. “Холистички

Менаџмент“ за моделирање, имплементација, извршување, набљудување и

оптимизација на процесите во бизнисот. БПМ се обидува континуирано да ги

зголемува ефективноста и ефикасноста на бизнисот стремејќи се кон

иновативност, флексибилност и интеграција со технологијата“.5

„Бизнис процес менаџмент претставува управување со процесите со цел

да се порамнат бизнис процесите во организацијата со желбите и потребите на

клиентите. Неговата имплементација во организацијата креира бизнис

ефективност и ефикасност и се стреми кон иновација, флексибилност и

интеграција со технологијата. Бизнис процес менаџмент се труди да го покаже

процесот на континуитет. Со тоа тој се опишува како „процес на оптимизација“.

Потврдено е дека Бизнис процес менаџмент овозможува организациите да бидат

повеќе ефикасни, повеќе ефективни, и повеќе спремни за промени отколку да се

функционално фокусирани само кон традиционално хиерархискиот менаџерски

пристап“.6

Бизнис процесот се состои од „серија на мрежи од активности со

додадена вредност, извршени од страна на нивните соодветни соработници, со

цел да се достигне заедничка цел во бизнисот.“7 Бизнис процесите се критични

за секоја организација доколку таа може да генерира приходи и често да

прикажува значителен дел од потрошувачката. Во менаџерскиот пристап,

Бизнис процес менаџмент ги гледа процесите како стратегиски средства на

5 Palm Mobility, 2005

6 SaberCloud Solutions LLC. | Powered by SaberCloud Solutions

7 https://suchakumesh.wordpress.com/2014/07/30/business-process-management-bpm/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

21

организацијата кои мора да се општо прифатени, управувани, и докажани во

реализираните производи и услуги на клиенти со додадена вредност. Оваа

фондација одблиску наликува на други методологии или достигнувања како

Менаџмент на целосен квалитет или Процес на имплементација.

БПМ е чекор понапред со ставот дека овој пристап може да се прифати,

или овозможи преку технологија која овозможува одржливост на менаџерски

пристап во стресно време или период на големи промени. Всушност БПМ нуди

пристап за интеграција на „способноста за промени“ на самата организација во

технолошки и природен поглед. Како таков, многу БПМ статии и експерти

често го дискутираат БПМ од една или две гледни точки: луѓе и/или

технологија.

Бизнис Процес Менаџмент најчесто се однесува на како „Менаџмент на

Бизнис процеси“. Поимот „бизнис“ може да делува нејасно и најчесто се

поврзува со хиерархиски поглед (функционалност) на компанијата. Според тоа,

препорачливо е БПМ да се дефинира како „корпоративен менаџмент низ

процесите“. Со додавање второ значење на БПМ „Бизнис менаџмент

ефикасност“ кој го користи Pr.Scheer во својата статија „Напредна БПМ

оценка“, BPM се дефинира како „Ефикасност на менаџментот низ процесите во

една компанија“.8 Според ова БПМ се дефинира како метод на менаџмент низ

процесите кој помага во докажувањето на ефикасноста на една компанија во се

повеќе комплексна и секогаш променлива средина. Менаџментот низ процесите

е метод на менаџирање кој се заснова на две логички нивоа:

Процес на управување и

Процес на менаџирање:

Процес на управување се сите активности на управување во една

компанија кои по пат на распределба на процесите, работат во насока да ги

постигнат своите цели, кои истовремено се оперативни и се поврзани со

напредок.

Процес на менаџирање се сите менаџмент активности на даден процес

кои работат во насока да ги достигнат целите кои се наменети за овој процес.

„Бизнис процес (бизнис метод) е колекција на поврзани, структурирани

активности или задачи кои произведуваат специфична услуга или производ (кој

8 https://suchakumesh.wordpress.com/2014/07/30/business-process-management-bpm/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

22

служи за одредена цел) за одреден клиент или клиенти. Тој често може да се

визуализира со дијаграм или со матрица.

Слика 4 Местото на бизнис процесот во хиерархијата на процесите во организацијата

Постојат три типа на бизнис процеси:

Менаџмент процеси (Management processes) кои го регулираат

работењето на системот. Типичните процесите за управување вклучуваат

"Корпоративно управување" и "Стратешки менаџмент".

Оперативни процеси (Operational processes) кои го сочинуваат јадрото на

бизнисот и креираат основен вредносен тек. Типични оперативни

процеси се купување, производство, рекламирање и маркетинг и

продажба.

Процеси за поддршка (Supporting processes) кои ги поддржуваат

основните процеси како на пример: сметководство, вработување, центар

за повици, техничка поддршка.

Бизнис процесот започнува со мисија и цел, а завршува со остварување

на бизнис цел. Може да се распадне на неколку подпроцеси, кои имаат свои

атрибути, но исто така придонесуваат кон постигнување на целта на супер -

процес. Бизнис процесите се дизајнирани за да додаваат вредност за клиентот и

не треба да вклучуваат непотребни активности. Исходот на добро дизајниран

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

23

бизнис процес е зголемена ефективност (вредност за клиентот) и зголемена

ефикасност (намаление на трошоците на компанијата).“9

3.2. БПМ ЦИКЛУС

Активностите поврзани со БПМ можат да се групираат во 6 категории:10

Визија,

Операциите се дизајнирани околу стратешката визија и целите на

организацијата. Секоја операција е поврзана со листа на процеси. Секоја

оперативна единица во организацијата е одговорна за одредена група на

процеси составени од задачи кои треба да се извршат и пријават според

планираното. Повеќе процеси се креирани за да се остварат оперативните цели

и повеќе операции се креирани за постигнување на организациските цели.

Дизајн,

Дизајн на процесот опфаќа идентификација на постоечки процеси и

дизајн на идни процеси. Области на кои треба да се стави фокусот се:

o опис на текот на процесот,

o учесници во процесот,

o алармирање и известување,

o ескалација,

o стандардни оперативни процедури,

o договори за сервисно ниво на услуги и

o механизми за размена на задачи.

Добриот дизајн го намалува бројот на проблеми во животниот циклус на

процесот. Без разлика дали ќе бидат разгледувани непостоечки процеси, целта

на овој чекор е да се осигура коректен и ефикасен теоретски дизајн на процесот.

Предложените подобрувања може да бидат човек-човек, човек-систем, и

систем-систем работни релации, и можат да се насочени кон регулаторни,

пазарни или конкурентски предизвици со кои се соочува бизнисот.

Моделирање,

Моделирањето додава комбинација на променливи параметри на

теоретскиот дизајн (пр. Промени во оперативните трошоци, кои одредуваат

9 kocaleva.blogspot.com/

10 www.cosmoinnovate.com.mk/; www.wikipedia.org

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

24

како процесот ќе функционира во различни околности). Исто така вклучува

и “ што ако... “ анализа на процесите. “ Што ако имам 75% од ресурсите

доделени на една иста задача?”, “ Што ако сакам истата работа да ја завршам за

80% од моменталните трошоци? “.

Извршување,

Еден од начините за автоматизација на процесите е развивање или

набавка на апликација која ќе ги извршува бараните чекори од процесот.

Меѓутоа во пракса, овие апликации ретко ги извршуваат сите чекори од

процесот целосно и точно. Друг начин е да се користи комбинација од софтвер

и човечка интервенција, со тоа што овој пристап е покомплексен правејќи го

процесот на документирање потежок. Како одговор на овие проблеми, развиени

се софтвери кои овозможуваат дефинирање на целокупниот бизнис процес (како

што е опишан во фазата на дизајн) во програмски јазик кој може да биде

извршен од компјутерот. Системот или ќе користи сервиси во поврзани

апликации за извршување на бизнис операции, или ако чекорот е премногу

сложен за автоматизација ќе се користи човечка интервенција. Споредено со

претходните два начини, директното извршување на процесните дефиниции

може да биде поедноставно и воедно полесно за надградба. Меѓутоа,

автоматизација на процесните дефиниции бара флексибилна и сеопфатна

инфраструктура, што најчесто ја отфрла можноста за имплементација на овие

системи во веќе постоечка ИТ околина. Бизнис правилата (Business rules) се

искористени од системите за обезбедување дефиниции за регулирање на

однесувањето, и “business rule“ механизмот може да се искористи за

извршување на процесот.

Мониторинг

Мониторингот опфаќа следење на индивидуални процеси, така што

лесно може да се види состојбата на процесот, и може да се направи статистика

за перформансите на еден или повеќе процеси. Пример за следење е можноста

да се одреди состојбата на нарачка од клиентот (кога е пристигната нарачката,

дали чека достава, дали е платена фактура итн.) со цел проблемите кои се

појавиле во врска со неа да бидат откриени и корегирани.

Дополнително, оваа информација може да се искористи за да се подобрат

процесите поврзани со клиентите и добавувачите. Примери за овие статистички

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

25

податоци се генерирање на мерни параметри на тоа колку брзо нарачката од

клиентот е процесирана или колку нарачки се процесирани во последниот

месец. Овие мерни параметри настојуваат да ги исполнат следните категории:

o време на извршување,

o ниво на грешки и

o продуктивност.

Нивото на мониторинг зависи од тоа кои информации бизнис страната

сака да ги анализира и оценува и како бизнисот сака да ги надгледува тие

податоци, во реално време, приближно реално време или по потреба. Тука,

БАМ (Business Activity Monitoring) ги проширува и алатките за мониторинг кои

се обезбедени од БПМ.

“Process mining“ е прибирање на алатки и методи поврзани со

набљудување на процеси. Целта на “Process mining“ е да се анализираат

логовите добиени од набљудувањето и нивна споредба со замислениот модел на

процесот. “Process mining“ дозволува аналитичарите на процесот да откриваат

отстапувања помеѓу реалното извршување на процесот и замислениот модел

како и да анализираат кои се тесните грла.

Оптимизација.

Оптимизација на процесот опфаќа прибирање на податоците од фазите

на моделирање и мониторинг, идентификување на потенцијалните или

актуелните тесни грла и потенцијалните можности за подобрување или

намалување на трошоците, и на крај, примена на тие мерки во дизајнот на

процесот. Севкупно, ова овозможува поголеми бизнис вредности.

Ре-инженеринг

Кога процесот ќе стане премногу тежок и оптимизацијата не ги дава

саканите резултати, се препорачува да се направи Ре-инженеринг на целиот

процесен циклус. БПМ претставува основен дел од секоја организација со цел

постигнување на ефикасност и продуктивност во работата.

За да може да се користат и имплементираат производи или алатки кои

ги следат бизнис процесите, компаниите мора да ги дефинираат сите

комплексни врски и релации помеѓу сите учесници во бизнис процесите и

технологијата. Станува збор за трансформација на компаниите и воведување на

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

26

нова корпоративна култура, а не краткорочна дефиниција на неколку фази и

активности во одреден бизнис процес.

Денес многу организации почнуваат проекти за БПМ само во деловите

каде што сметаат дека е потребна оптимизација, а не ја анализираат компанијата

со сите бизнис процеси во целост. Во финансискиот сектор БПМ е критичен за

да овозможи квалитетен сервис со контроли и усогласеност со регулативите.

БПМ технологијата се смета за критична компонента во системите на

компаниите за да овозможи навремена и точна информација. Информациите

добиени во реално време можат веднаш да се обработат и овозможат брзо

донесување на одлуки. Уште повеќе, во системите на вештачка интелигенција,

донесувањето на одлуки може да биде автоматизирано (без човечки фактор).

Постојат четири критични фактори за секоја БПМ производ:

Process Engine – комплексна платформа за моделирање и извршување на

процесно ориентирани апликации, вклучувајќи правила и релации на

активностите

Business Analytics – им овозможува на менаџерите да ги идентифицираат

деловните потреби, трендови, и можности преку извештаи и информации

добиени во реално време. Врз база на тоа, донесување на одлики и

одредени активности

Content Management – овозможува систем за сместување и чување на

податоците, документите, сликите и било кои други електронски

датотеки.

Collaboration Tools – комуникација помеѓу различни организациони

единици, преку форуми, динамички работни средини, размена на пораки

и информации...

БПМ исто така овозможува интеграција на сите критични ИТ системи со

бизнис процесите.

За да се овозможи прилагодување и да се одговори на променливоста на

бизнис процесите и променливоста на околината во кој истите се извршуваат, и

да се овозможи и обезбеди континуирано подобрување на бизнис процесите, се

добива модел на затворен животен циклус, во кој развојот на бизнис процесот

поминува од една фаза во друга без да се постигни крајна цел.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

27

Слика 5 Животен циклус на бизнис процесот

Животниот циклус на бизнис процесите се состои од следните фази:

Планирање

Моделирање

Имплементација

Извршување

Оценување

Оптимизација

Во фазата на планирање се идентификува кои бизнис процеси се потребни за

организацијата и детално се дефинираат целите и очекуваните резултати на

процесот.

Процеси или цели

за оптимизација

Апстракција каков да биде

процесот

Планирање

Идентификација на целта

на процесот и дефинирање

на посакуваните излези

Во фазата на моделирање се мапираат постојните бизнис процеси, во

организацијата, истите се изменуваат доколку за тоа има потреба и се креираат

нови бизнис процеси. Во оваа фаза за де креираат модели на бизнис процесите,

Извршување

Планирање

Моделирање

Имплемент-

тација

Оценување

Оптимизација

Извршување

Анализирање

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

28

најчесто, се користат некои графички алатки.. Моделите во себе вклучуваат

активности на високо ниво кои треба да се извршат во рамките на процесот.

Како такви моделите на бизнис процесот ќе служат како средство за

комуникација помеѓу засегнатите страни од бизнис процесот.

Опис на бизнис процесот,

целите и ограничувањата.

Детален модел на бизнис

процесот

Моделирање

Креирање на модел за

процесот користејќи некоја

техника за моделирање

Целта на фазата за имплементација на бизнис процесите е да се изврши

техничка имплементација на процесот. Тоа опфаќа претворање и прилагодување

на бизнис процес моделите кон инфраструктурата во која ќе се извршува

процесот. Најчесто тоа преставува ИТ инфраструктурата. Во зависност од

моделот техничка имплементација вклучува: прилагодување на моделите кон

специфичната околина на организацијата вклучувајќи ги сите видови на ресурси

и луѓе, конфигурација на софтвер, обука на персоналот.

Излезот од фазата на

моделирање

Околина во кој ќе се извршува

процесот

Имплементација

Прилагодување на ИТ

инфраструктурата за

ефикасно извршување на

процесот

Во фазата на извршување на бизнис процесите се извршуваат на техничката

инфраструктурата како што е наведено во претходната фаза, и треба да го

даваат посакуваниот излез. При извршувањето на поединечни бизнис процеси

од страна на системот се собираат информации за тоа како се одвива

извршувањето. На пример се собираат информации за: времето на обработка на

некои податоци или распределба на ресурсите, при тоа собраните информации

се чуваат во инфраструктурата на бизнис процесот. Овие податоци служи како

влез за анализа на квалитативните карактеристики на процесот.

Моделот на бизнис процесотРезултат од извршувањето на

процесот

Извршување

Извршување на бизнис

процесот

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

29

Во фазата на оценување се врши споредување на добиените резултати од

процесот со планираните и очекуваните резултати.

Резултатите од извршувањето.

Логови од ИТ

инфраструктурата

Статистички податоци за

перформансите на процесот

Оценување

Квантитативна и

квалитативнана анализа на

добиените резултати

После извршената евалуација на добиените резултати, се пристапува кон

детална анализа на податоците од процесите кои се извршуваат, со цел да се

подобрат. Информатичко - технолошката инфраструктурата треба да обезбеди

алатки со кои би се намалиле или отстраниле проблемите кои се јавуваат при

извршувањето на бизнис процесите. Во оваа фаза важно е да се препознаат

отстапувањата и проблемите кои се јавуваат кај бизнис процесите.

Статистички податоци.

Податоци за извршувањет

Недостатоци. Места каде е

потребно подобрување.

Анализирање

Споредување на добиените

резултати со очекуваните

Во фазата на оптимизација, после извршената анализа, добиените резултати

се споредуваат според критериумите кои се поставени во фазата на моделирање

на бизнис процесите. Добиените резултати од ваквото споредување се користат

за оптимизација или повторно дизајнирање на бизнис процесите заради

подобрување на ефикасноста и перформансите на истите.

Недостатоци. Места каде е

потребно подобрување..

Каков би требало да е

процесот со измените

Оптимизација

Дефинирање на целите за

измена

Во следната табела се прикажани кои се активности се извршуваат во

секоја од фазите како и кои се податоци се ни се потребни како влез за секоја од

фазите и очекуваните резултати т.е. излезите од секоја фаза од БПМ.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

30

Изл

ез

Ап

стр

акц

ија

за

тоа

как

ов

треб

а д

а б

ид

и п

ро

цес

от

Дет

ален

мо

дел

на

би

зни

с

пр

оц

есо

т

Око

ли

на

во

ко

ј ќе

се

изв

рш

ува

пр

оц

есо

т

Рез

улта

т о

д

изв

рш

увањ

ето

на

пр

оц

есо

т

Ста

тист

ич

ки

по

дат

оц

и з

а

пер

фо

рм

анси

те н

а

пр

оц

есо

т

Нед

ост

ато

ци

. М

еста

кад

е

е п

отр

ебн

о п

од

об

ру

вањ

е.

Как

ов б

и т

реб

ало

да

е

пр

оц

есо

т со

изм

ени

те

Ак

ци

и

Ид

енти

фи

кац

ија

на

целта

на

пр

оц

есо

т и

деф

ин

ир

ање

на

по

саку

ван

ите

изл

ези

Кр

еир

ање

на

мо

дел

за

пр

оц

есо

т

ко

ри

стеј

ќи

нек

оја

тех

ни

ка

за

мо

дел

ир

ање

Пр

илаг

од

увањ

е н

а И

Т

ин

фр

астр

укту

рат

а за

еф

икас

но

изв

рш

увањ

е н

а п

ро

цес

от

Изв

рш

увањ

е н

а б

изн

ис

пр

оц

есо

т

Кван

тита

тивн

а и

квали

тати

вн

ана

анал

иза

на

до

би

ен

ите

рез

улта

ти

Сп

ор

еду

вањ

е н

а д

об

иен

ите

рез

улта

ти с

о о

чек

уван

ите

Деф

ин

ир

ање

на

цел

ите

за

изм

ена

Вл

ез

Пр

оц

еси

те и

ли

цели

те з

а

оп

тим

иза

ци

ја н

а п

ро

цес

ите

Оп

исо

т н

а б

изн

ис

пр

оц

есо

т как

о и

цел

ите

и о

гран

ич

увањ

ата

.

Изл

езо

т о

д ф

азат

а н

а м

од

ели

рањ

е

Мо

дел

от

на

би

зни

с п

ро

цес

от

Рез

улта

тите

од

изв

рш

увањ

ето

.

Ло

гови

од

ИТ

ин

фр

астр

укту

рат

а

Ста

тист

ич

ки

по

дат

оц

и.

По

дат

оц

и з

а

изв

рш

увањ

ето

Нед

ост

ато

ци

. М

еста

кад

е е

по

треб

но

по

до

бр

увањ

е.

Ак

ти

вн

ост

и

Ид

енти

фи

кац

ија

на

пр

оц

еси

те

Мо

дел

ир

ање

на

би

зни

с

пр

оц

есо

т

Об

езб

еду

вањ

е н

а И

Т

ин

фр

астр

укту

ра

за

изв

рш

увањ

е н

а

пр

оц

есо

т

Изв

рш

увањ

е

Над

глед

увањ

е н

а

пр

оц

есо

т

Бар

ања

на

пр

об

лем

и

Деф

ин

ир

ање

на

изм

ени

те

Фа

за

Пл

ан

ир

ањ

е

Мо

дел

ир

ањ

е

Им

пл

емен

та

ци

ја

Изв

рш

ув

ањ

е

Ев

ал

ва

ци

ја

Ан

ал

иза

Оп

ти

ми

зац

ија

Табела 1 Активности кои се извршуваат во фазите на БПМ

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

31

Од животниот циклус на БПМ може да се заклучи тоа дека моделот на

бизнис процесите играат важна улога во животниот циклус. Ако моделот на

бизнис процесот е лошо дефиниран во фазата на проектирање, квалитетот на

сите подоцнежни фази ќе бидат слаб.

3.3. БИЗНИС ПРОЦЕС МОДЕЛИРАЊЕ

Во фазата на моделирање и дизајнирање на животниот циклус на БПМ се

креираат моделите на бизнис процесите. Моделирањето на бизнис процесите

преставува најважна фаза од БПМ и служи за нивно подобро разбирање и

полесна комуникација помеѓу луѓето кои се вклучени во бизнис процесот. За

тоа терминот моделирање на бизнис процеси бара подетална анализа.

Истражувањата на реалните процеси резултираат со одделни модели кои

што помалку или повеќе, ја објаснуваат истражуваната појава. Под поимот

модел, во најопшта смисла, се подразбира "пресликан"' дел од објективната

стварност. Моделот, всушност, претставува општ научно-методолошки поим

што е присутен на секое ниво и секое поле на научните сознанија. За моделите

може да се каже дека претставуваат апстрактен опис на реалниот свет во кој се

имплементирани целината на појавата, односите и процесите во нивната

меѓусебна интеракција, заемното влијание и заедничкото дејство. Моделот

секогаш е поедноставен приказ на значително покомплексни структури,

процеси и функции на физичките или општествените случувања или идеи.

Целта на моделирањето не е прикажување на сите елементи и врски на реалниот

систем, туку добивање такви резултати коишто ќе бидат во согласност со

вистинските показатели на реалниот свет.

Моделите, главно, обезбедуваат:

подобро разбирање на проучуваните појави, и

ја зголемуваат моќта на предвидување.

Моделите можат да се поделат на:

модели на изучување и

модели на одлучување.

Според начинот на изразување моделите можат да бидат претставени:

вербално,

математички и

графички.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

32

Математичките модели имаат највисок степен на апстракција. Во нив се

користи математичкиот апликација за претставување на параметрите на

оригиналот, променливите и релациите меѓу нив. Математичкиот модел

претставува значително поедноставена слика на оригиналот, бидејќи секогаш ги

опфаќа само најважните параметри поврзани меѓу себе со математички релации

или со релациите на математичката логика.

Графичките модели имаат задача визуелно да го престават процесот со

користење на графички симболи кои преставуваат апстракција за некој елемент

од реалниот свет.

Процесот на моделирање ги опфаќа сите активности потребни за

мапирање на реалните процеси во процес моделите. Процесот во себе вклучува

идентификација на информационите објекти и нивно формално преставување во

модели, како и идентификација на лицата кои се вклучени во процесот и какви

се акции тие извршуваат. Процесот на моделирање обично не е линеарна задача,

туку се состои од повеќе повторливи циклуси се додека процес моделот не ги

опфати сите релевантни детали. Процесот на моделирање може да се сфати како

процес на размена на информации помеѓу засегнатите страни од процесот кој се

моделира. Моделирање најчесто опфаќа три фази: анализа (elicitation),

моделирање, и валидација и верификација. Сите фази се опишани како што

следи:

Анализа (elicitation): Пред процесот да биде претворен во модел, прво

треба информациите за влезовите и излезите поврзани со процесот да се

идентификуваат и соберат. Информациите за процесот најчесто се

добиваат од познавачите на бизнис процесот како и од документацијата

што постои за процесот. Како следен чекор е сите достапни информации

да се преформулираат, форматираат и организираат во однапред

договорен формат.

Моделирање: Врз база на информациите добиени од фазата на анализа,

процес моделарите вршат идентификација на информациите кои ќе бидат

опфатени со моделите. Кои информации ќе бидат преставени најмногу

зависи од целта на моделот како и од нивото на апстракција. Во оваа

фаза процес моделарите треба да извршат апстракција на информациите

во согласно со синтаксата и формализмот на процес моделот. Процес

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

33

моделарите исто така треба да извршат комбинација и промена на

редоследот на извршувањето на активностите со цел да бидат опфатени

во процес моделот.

Валидација и Верификација: Кога ќе се креира моделот тој прво треба се

верифицира дели е во согласност со синтаксата на моделот. Потоа треба

да потврдат дали моделот е валиден. Тоа го прават познавачите на

бизнис процесот проверувајќи дали моделот правилно го мапиран

реалниот бизнис процес. Доколку се откријат некои нелогичности или

неправилности тие се обележуваат и моделот се враќа на повторно

моделирање.

Најважните учесници во процесот на моделирање се систем

аналитичарите и познавачите на бизнис процесот (експертите). Тие треба да

исполнуваат некои карактеристики кои се важни за процесот на моделирање.

Бидејќи, размената на информациите помеѓу систем аналитичарите и

познавачите на бизнис процесот е вербално, со користење на природниот јазик,

од нив се бара да имаат добри комуникативни способности, па според тоа

моделирањето е интерактивен процес. Систем аналитичарите треба да бидат во

можност да го објаснат проблемот и да побараат соодветна информација од

познавачот на бизнис процесот. Затоа, Систем аналитичарите треба да имаат

знаење за доменот на бизнис процесот за да можат да направат проценка за

конзистентноста на информациите што ги добиваат. Од друга страна,

познавачите на бизнис процесот треба да бидат во можност да ги опишат

детално бизнис процесот како и дополнително да ги опишат комплексните

сценарија на процесот со обезбедување на соодветни информации. Според тоа,

и систем аналитичарите и систем познавачите треба да бидат способни да

размислуваат на апстрактно ниво со цел да се опфатат сите релевантни

информации за процесот.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

34

ДАЛИ МОБИЛНИОТ БПМ Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА БИЗНИСОТ ?

ДАЛИ МОБИЛНИОТ БПМ Е НЕОПХОДНОСТ НА ДЕНЕШНИЦАТА?

Од денешен аспект, повеќе се поставува прашањето на кој бизнис повеќе

му одговара БПМ, одколку тоа дали е неопходен, бидејќи не сите негови

аспекти се корисни при различните опции на мобилност кои можат да се

сретнат.

„Мобилен“ - би можело да представува некој работник на терен кој

користи стандарден „Notebook PC“ (што би звучело малку чудно бидејќи истите

се веќе застарени), да се поврзе на некој Cloud БПМ сервер без разлика дали е

приватен или јавен, користејќи интерфејс базиран на конвенционален интернет

пребарувач за да си ја извршува работата.

Исто така овие „мобилни работници“ би можеле да вршат и моделирање

на бизнис процеси доколку нивното решение дозволува пристап од надвор до

моделираната околина.

Сличен тип на „мобилни работници“ можат да бидат оние кои користат

уреди од тип на таблет. Иако овие уреди можат да пристапуваат кон истите

функции како „Notebook“ компјутерите, тие најчесто се користат за брзи

одговори во бизнис процесите за однос со потрошувачите. Ваквиот тип на уреди

се посебно корисни, на пример за докторите при нивните посети на пациентите

за ажурирање на личните податоци.

Ваквите корисници може да користат некаков тип на мерења од тип на

графикони или слично, меѓутоа не можат да прават комплексни анализи на

бизнис процесите. Шансите да се користи допир и лизгање (touch/slide) за

промена или моделирање на бизнис процеси е многу мала, барем за сега, што не

значи дека во иднина ова нема да се промени.

ГЛАВА

3

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

35

Уште еден тим на „мобилни работници“ се оние кои го користат својот

„Паметен“ телефон за интеракција. Најчеста примена на овие уреди е за

одобрување на бизнис процесите со висок приоритет. Поради својата големина

овие уреди се ограничени на примање и праќање на кратки релевантни

информации врз кои треба да се донесе брза одлука. Честа примена на овие

уреди е примање и праќање на Е-пошта насекаде каде се движиме. И кај овие

уреди, како и кај таблетите, поради начинот на интеракција и малата димензија

на дисплејот, не постојат можности за комплексна процесна анализа и

моделирање.

Мобилниот БПМ е веќе присутен во многу индустриски гранки. Истиот

не претставува одбирање на некој бизнис процес и негова претстава на вашиот

I-phone. Големината и типот на уредот на крајот на краиштата треба да одговара

на потребите на „мобилниот работник“.11

11 http://xmpro.com/is-mobile-bpm-now-essential-to-the-business/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

36

4. МОБИЛЕН БПМ: ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО СО ПРОЦЕСИТЕ КАДЕ И ДА СЕ

Во повеќе мобилни општества, работата не се одвива само во

канцеларија – таа често се извршува на мобилните уреди на кои е вградена

платформа за извршување на работата. Студијата спроведена од Morgan Stanly

покажала дека 91% од сите американски граѓани користат мобилен уред 24

саати12

.

Во еден неодамнешен извештај од Gartner, се предвидуваше дека во 2013

година мобилните уреди ќе го надминат користењето на компјутерите за

пребарување на интернет страни. Според фирмата Gartner, се предвидуваше

дека инсталацијата на компјутери ќе достигне бројка од 1.78 милијарди во 2013

година, а смарт телефоните дека ќе го надминат бројот од 1.82 милијарди и дека

ќе ја надминат бројката на инсталираните компјутери. Во извештаите од 2015

година, според Gartner, се предвидува дека повеќе од 50% од корисниците ќе

користат мобилни уреди, како смарт телефони и таблети, за сите on-line

активности.

Мобилните уреди стануват сé по популарни ширум светот и веќе

представуваат прв избор за уреди за телекомуникации и примање на разни

содржини. Според Gartner INC, во земјите во развој како ексклузивни мобилни

уреди се користат „Паметните телефони“, додека во развиените земји се

преферира користење на повеќе уреди за разни намени со давање на акцент на

таблетите чија продажба вртоглаво расте и според предвидувањата на Gartner до

2018 год. повеќе од половина интернет корисници ќе ги користат овие мобилни

уреди како прв избор за онлајн активности.

Новата шема, прифатена од скоро сите корисници е дека „Паметните

телефони“ се прв избор при мобилност, додека таблетите се користат за подолги

работни сесии, а персоналните компјутери пак се резервирани за

покомплексните задачи. Зголемената пристапност на мобилните уреди, нивната

способност да се адаптираат на различни промени, како и можноста за

користење на глас и гестикулации како начин на интеракција со уредот,

придонесуваат за сé поголемо оддалечување на корисниците од ПЦ

компјутерите.

12 http://www.morganstanley.com/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

37

Gartner ги објави основните предвидувања кои се однесуваат на мобилноста:

Во 2018, 40 % од организациите ќе го прифатат Wi-Fi стандардот како

основен стандард на конекција за статични уреди како што се десктоп

компјутери и телефони, проектори, конференциски сали и сл.

Жичните “Ethernet” мрежи се основен тип на вмрежување во

претпријатијата уште од самиот почеток. Сепак, според Ken Dulaney, истакнат

аналитичар и потпретседател во Gartner, со се помасовната употреба на

мобилни уреди како на пример: лаптопи, смартфони, таблети, потрошувачите се

повеќе ги преферираат Wi-Fi мрежите како прв избор за конекција. Појавата т.н.

„донеси си свој уред„ (Bring Your Own Device -“BYOD”) е присутна во сé

повеќе организации и сама по себе придонесува за судир на домашниот и

деловниот свет. Тоа е појава која значително ги менува потребите и барањата на

работниците.

Користењето на Wi-Fi стандардот им овозможува на работниците да си

одберат уред според своите потреби како и безгрижно да се движат.

Популарноста на овој стандард значително се зголеми со воведувањето на

безбедносните стандарди како што е 802.1X за кој и до ден денес во долгата

историја на негово користење нема посериозни сигурносни проблеми посебно

со воведувањето на AES (Advanced Encryption Standard) стандардот. Сепак

кабелските системи па дури и безжичниот П2П (точка до точка) систем кој нуди

нивна замена, мора да се сочат со разни предизвици при поврзувањето како што

се УСБ и микро УСБ особено со надминувањето на графичкиот ВГА (Video

Graphic Arrey) систем.

Додавањето, преместувањето и промените во ИТ организациите можат

да предизвикаат огромни трошоци за поврзувањето на уредите. Оваа ситуација

се надминува со користење на безжични уреди како што се Wi-Fi печатачи,

компјутери и други уреди за кои е потребно само кабел за струјно напојување,

оставајќи им на работниците простор за поголеми промени во канцелариите.

Сите овие предности во иднина очекуваме да придонесат безжичниот начин на

вмрежување да биде основен избор, додека жичниот систем да се користи само

во исклучителни случаи.13

13 http://www.gartner.com/newsroom/id/2939217;

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

38

4.1. ШТО ПРЕТСТАВУВА МОБИЛНОСТ НА ПРОЦЕСИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

Од ден на ден, мобилните уреди стануваат сè повеќе и повеќе критички

важен дел од секојдневието и забележано е дека, дружењето преку мобилните

уреди се зголемува до таква мера, што во просек луѓето трошат 2,7 часа на ден

за тоа. Мобилното претпријатие, повеќе игра суштинска улога за малите и

средните, но и за големите компании. Според една анкетата од 2015 година,

проектите за развој на мобилни апликации во однос на инсталирани компјутери

изнесува 4:114

. За жал, и покрај ова, може да биде тешко да се идентификуваат

повеќето “реномирани ресурси“ за информации во мобилното претпријатие.

Главните теми на разговорите, што го привлекоа вниманието на целиот свет во

оваа смисла се: трендовите за мобилно претпријатие и производството на нови

мобилни уреди кои ќе влијаат на мобилното претпријатие. Проширувањето на

мобилната поддршка на клиентите, вработените и бизнис партнерите станува

врвен стратешки приоритет за телеком претпријатија, надминувајќи ги другите

телекомуникациски приоритети како консолидирање операциска опрема,

управување со мрежите, консолидирање на телекомуникациите, давателите на

комуникациски услуги, рационализирањето на подвижни комуникации и

конектирање на Cloud.

Според Katyayan Gupta15

, претпријатијата ќе инвестираат сè повеќе во

производи и услуги за мобилност, и постојат пет клучни области кои особено ќе

привлечат најмногу инвестиции, продавачите ќе фокусираат на решенија и

ангажман модели кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите во

индустриите и земјите каде што побарувачката ќе биде најголема:

Телеком решенија за управување со трошоците: Ова е една од повеќето

критични барања на телеком компаниите за АП (автоматизиран процес)

директорите на информатички компании. Во светот, 50% до 60% од

организациите ја плаќаат целата цена на телефонот и на интернет

услугите за компанијата поддржани од Android и iOS телефони и

таблети. На BlackBerry мобилни телефони, овој процент е околу 70%.

http://www.gartner.com/newsroom/id/2466615

14 https://www.forrester.com/Katyayan-Gupta

15 https://www.forrester.com/Katyayan-Gupta

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

39

Бизнис консултантски услуги: Ваквите услуги се користат специјално за

дефинирање формално мобилно претпријатие или BYOD стратегијата на

програмата, вклучувајќи уреди, апликации, пристап до податоци, и

обезбедување. Покрај тоа на АП организациите, најверојатно ќе им биде

потребна помош во изготвувањето на усогласеност и правни политики

поврзани со мобилното претпријатие.

Управување со решенија за мобилен уред: Треба да се обезбедат

податоци преку централизирано управување на уреди и апликации,

дополнителни решенија за спречување на истекување на важноста на

податоците, контрола на пристапот на мобилен уред за корпоративна е-

пошта..

Продавници за мобилни апликации – инвестиција која ќе се зголемува.

Фирмите бараат брзо ажурирање на апликациите како и користењето да

биде едноставно, да бидат збогатени со напредни функции како

сортирање на податоци, категоризирање, како и опција за прикажување

на најчесто превземени апликации.

Спакувани апликации (Пакети) за мобилни соработка.: За да се олесни

"во секое време, насекаде" мобилна соработка, претпријатијата имаат

потреба од типични апликации за соработка како што е Microsoft

SharePoint.

Слика 6 Мобилност на претпријатијата

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

40

4.2. РАЗВОЈ НА МОБИЛЕН БИЗНИС ПРОЦЕС МЕНАЏМЕНТ

Она што било причина за развој на денешниот современ БПМ не враќа

на почетоците во осумдесеттите години на минатиот век, кога бизнис процесите

се одвиваа бавно и без некои поголеми и значајни промени. Карактеристично за

овој период на почеток на развој на БПМ е тоа што целото внимание било

насочено кон подобрување на текот на информациите (workflow), податоците и

документите кои што дотогаш се одвиваа на принцип person-to-person.

Нешто подоцна овој систем на workflow, кој работеше на принцип

person-to-person, напредна и се разви во систем кој работеше на принцип system-

to-system и обезбеди размена на податоци и информации во реално време и

разви процес на интеграција на апликациите во една целина и така се создаде

EAI (Enterprise Application Integration).

Во доцните деведесетти години, откако се воочија предностите кои се

добиваа од користењето на системот на интегрирани апликации, се јави потреба

од развој на систем кој ќе ги вклучи и двата претходни принцип, принцип

person-to-person и принцип system-to-system.

Потребата од набљудување и известување за текот на работата настанаа

како последица од тоа да се разбере дали бизнис процесот функционира или не

функционира. Раната фаза на набљудување и известување за функционирањето

на бизнис процесите подоцна прерасна во она што денес е познато како БАМ

(Business Activity Monitoring).

Следна фаза е фазата на развој на БПМ како алатка за управување со

бизнис процесите, преку кој се креира ефективноста и ефикасноста на

компанијата и процесите континуирано се подобруваат.

Со самото создавање на БПМ почнаа да се развиваат и бизнис пакет

решенија за потребите на компаниите, а со зголемувањето на достапноста на

интернет и мобилните уреди, се развија мобилни бизнис процес решенија.16

16 http://column2.com/2006/05/a-short-history-of-bpm-part-1/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

41

Слика 7 Историја на БПМ

Пазарот на БПМ континуирани расте од 2 милијарди во 2011 до

предвидените 8,5 милијарди во 2019 година. Фирмите ги зголемуваат своите

инвестиции во БПМ како резултат на високата стапка на враќање на

инвестицијата која се постигнува преку зголемена ефикасниот, консолидација

на системите и подобар квалитет на услугите.17

4.3. ПРЕДНОСТИ НА МОБИЛНИОТ БПМ НАСПРОТИ “КАНЦЕЛАРИСКИОТ“

(OFFICE) БПМ

Пред да се набројат и објаснат предностите на мобилниот БПМ во однос

на “канцеларискиот“ БПМ, накратко да ги видиме разликите помеѓу

традиционалната и процесно – ориентираната организација.

Пред самото дефинирање на карактеристиките на традиционалните и

процесно – ориентираните организации, потребно е да се објасни разликата

помеѓу функциите и процесите. Бизнис процесите можат да се опишат како низа

на логички поврзани активности кои ги користат ресурсите на претпријатието,

чија крајна цел е задоволување на потребите на купувачите на производи или

услуги во однос на квалитет и цена, во адекватен временски рок истовремено

создавајќи некаква вредност.18

Бизнис процесите не само што создаваат output,

туку создаваат производ или услуга кој преставува вредност за потрошувачот.

17 Извор: http://www.pnmsoft.com/resources/bpm-tutorial/evolution-bpm-infographic/

18 Bosilj-Vukšić, V., Kovačić A., Upravljanje poslovnim procesima, Sinergija-nakladništvo d.o.o.,

Zagreb, 2004.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

42

Од друга страна пак, функцијата ги групира сличните операции со output – от,

но истиот обично не може да се идентификува, и обично има мала директна

вредност за потрошувачот. Функциите претставуваат линии на одговорност на

претпријатието. Притоа, секторите и одделенијата се организација “во мало“,

додека процесите се сплет на активности кои ги превземаат вработените од

функциските единици и со кои управуваат функциски менаџери. Функциските

единици го опишуваат текот на овластување и одговорност, додека процесите го

опишуваат текот на работата.

Врз основа на разликите на основните поими на функциите и процесите

произлегуваат и разликите помеѓу набљудуваните организациони облици.

Разликите помеѓу функциските и процесно – ориентираните организации се

суптилни, но длабоки. Додека функциите се главен составен елемент во

функциската организациона структура, процесот има главна улога во

процесната организациона структура. Функциите сепак постојат и во процесно –

ориентираните организации, но нивната улога е поинаква – се стремат да ги

задоволат потребите на деловните процеси кои создаваат вредност за

заинтересираната страна.

Фундаменталниот премин од функциска во процесно – ориентирана

организација бара разбирање на предностите и недостатоците на функциите во

однос на бизнис процесите кои ги премостуваат старите функционални граници.

Додека не се достигне ова ниво на разбирање, постои можност позитивните

страни на функцискиот пристап да се изгубат во самиот процес на

трансформација. Притоа, се мисли на вештините и стручноста, поврзани за

бизнис функцијата, кои сами во себе можат да ги обединуваат сопствените

интерни процеси кои можат да преставуваат еден вид на катализатор за

унапредување на процесите на повисоко ниво, процесите на ниво на

организација. Многу организации всушност се обидуваат да имплементираат

некои аспекти на процесен менаџмент притоа задржувајќи и некои од

функциските елементи. Според тоа, при разгледувањето на преминот на

процесен менаџмент, многу е веројатно дека ќе биде потребно да се направи

соодветен trade-off помеѓу некои корисности на функциите, односно бизнис

процесите. Тие избори на замена (trade-off) можат да бидат само краткорочни,

но можат да бидат и неопходни и во подолг временски период. Независно од

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

43

временската димензија, тие треба да бидат идентификувани и со нив треба да се

управува.

Разлики на традиционалните во однос на процесно – ориентираните

претпријатија

Скоро сите организации ќе се соочат со различните облици на замени

(trade-off) и нивниот различен интензитет. Секој менаџер треба да биде свесен

за основниот избор на алтернативи19

:

1. Ориентација кон потрошувачите наспроти користењето на вештини.

Дисперзија на функциските вештини од бизнис функциите во бројни

процеси може да доведе до непотполно користење на функциските

знаења. Од друга страна, како членови на процесот ориентиран кон

потрошувачите, функциските специјалисти можат да постанат

иновативни директно учејќи од потребите на потрошувачите.

2. Процесите наспроти функциските силоси. Со промена на структурата,

организацијата може само делимично да биде “свртена кон страна“ со

прераспоредување на вработените во процеси што доведува до препреки

помеѓу бизнис процесите, истите што ја карактеризираа и функциската

структура. Според тоа, повеќето организации се обидуваат да најдат

рамнотежа помеѓу овие две крајности.

3. Овластување наспроти наметната контрола. Процесниот менаџмент

сугерира на развој и овластување на процесни тимови што може да

преставува закана за контролирањето на успешноста. Исто така,

поединци може да се чувствуваат недоволно способни за прифаќање на

поголема одговорност која произлегува од давањето на овластување.

4. Нејасна матрица наспроти структурна јасност. Вработените успеваат

да го сфатат начинот на работа во функциските организациони структури

и покрај нивната комплексност. Структурата на процесно –

ориентираната организација не мора да е лесно разбирлива. Таа повеќе

претставува нејасна матрица особено ако поединци земаат учество во

работата на повеќе процеси. Неразбирањето на улогите и структурата

19 Armistead, C., Rowland, P., Managing Business Processes – BPR and Beyond, John

Wiley & Sons, New York, 1996.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

44

може да предизвика проблеми со мотивацијата и успешноста на

вработените.

5. Процесното знаење наспроти функциската стручност. Додека

разместувањето на вработените во бизнис процесите може да доведе до

подобро разбирање на процесите и потребите на потрошувачите,

промените можат да бидат пречка на континуираниот развој на

функциското знаење на критичната маса на стручњаци.

6. Лојалност и мотивација наспроти намалување на трошоци. Доколку

врз примената на процесниот менаџмент се гледа единствено како начин

за намалување на бројот на вработени, вработените кои остануваат би

биле помалку лојални и мотивирани.

За подобро да се разбере степенот на разлика помеѓу различните

организациони облици, врз организациониот дизајн може да се гледа како на

континиум во кој, од една страна, поголемиот дел на вработени се вклучени во

процесни тимови и постои слаба, минимална вертикална хиерархија, во која се

одвиваат само основни менаџерски процеси, од друга страна пак, се наоѓаат

потполно вертикално ориентирани организации. Повеќето организации после

детална анализа на своите способности, вештини и начин на создавање на

вредности ќе се одлучат за организационен облик помеѓу тие две крајности.

Таквите хибридни облици на функциска и процесна организациона структура,

претставуваат најдобро решение и за двете филозофии. Функциските

организациони структури така можат да ја задржат својата специјализирана

стручност. Додека процесната организациона структура може да се примени во

ситуации каде поуспешно може да се делува низ истовремено, интегрирано,

паралелно одвивање на работите. Спрема повеќеслојните разлики, тие два

организациони облици можат да се анализираат низ шест категории:

бизнис фокус,

структурни елементи,

системи за мерење на перформанси,

системи за надградување и напредување,

комуникација и култура.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

45

Разлики на бизнис фокусот на традиционалните во однос на

процесно – ориентираните организации

Основна разлика во самиот пристап преставуваат бизнис процесите

наспроти традиционалните бизнис функции. Работењето на организациите

почнува да се ускладува со организационите цели и со самата мисија на

организацијата, што порано не беше случај, што значи дека често доаѓало до

несогласување помеѓу мисијата и целите на организацијата. Исто така, од

едноставен стандардизиран производ се преминува на флексибилен производ

кој лесно се прилагодува спрема потребите на потрошувачите. Со зголемување

на флексибилноста на производите и самите вработени го менуваат својот

фокус од функциски насоченото задоволување на надредените, кон процесно –

ориентираното задоволување на потрошувачите. Таквата промена доведува до

континуирано напредување на секој процес со цел за задоволување на

денешните, но и на идните потреби на потрошувачите.20

Разлики на структурните елементи на традиционалните во однос на

процесно – ориентираните организации

Клучна разлика во поделбата на работата, одговорноста и овластувањата,

е во самиот начин на групирање на организационите единици. Во

традиционалната, функциска организациона структура, работата се одвивала во

бизнис функции што овозможува поделба на ресурсите на различните работи и

поттикнува специјализација, поради што работните задачи и работи се тесно

дефинирани (статичен поглед). Власта се наоѓа во рацете на неколкумина кои

строго ги надгледуваат своите подредени и кои единствени ја гледаат

целокупната улога на организационите единици во претпријатието.

Хиерархиската структура има повеќе нивоа и многу е бирократизирана. Од

друга страна пак, процесната организациона структура се темели на процесни

тимови кои овозможуваат работни задачи и работи со поширок опсег, со самото

тоа овозможувајќи им на вработените флексибилност (динамичен поглед).

Менаџерите – сопствениците на процесите, децентрализирано управуваат преку

20 Kennerfalk, L., Klefsjo, B., A change process for adapting organizations to a total

quality management strategy, Total Quality Management, Vol. 6, No. 2, 1995.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

46

менторство врз членовите на своите тимови, што на самата структура и дава

органска димензија.21

Разлики на системите за мерење на перформанси кај

традиционалните наспроти процесно – ориентираните организации

Кај функциските организациони структури фокусот се наоѓа на

резултатите и оптимизирањето на работата на секоја поединечна функција, што

многу често доведува до субоптимизација. Како одговор, процесната

организациона структура ја мери и успешноста на своите процеси. Контролата

се врши превентивно и е насочена кон намалување на варијациите, а не на

поправање на грешките после нивната појава. Начинот на одвивање на

работите се упростува бидејќи технологијата станува пофлексибилна, а

ресурсите заеднички, со што се избегнува непотребната конкуренција помеѓу

организационите единици.

Покрај тоа, постои и разлика поврзана со мерилата на перформансите.

Додека кај организациите, кои се типично функциски ориентирани, најбитни

мерила биле мерилата на вложување и мерилата на ефектите, кај процесно

ориентираните организации, мерилата на перформансите на процесите би

можеле да се групираат во две категории: оперативни и структурни

(специфични) мерила. Оперативни мерила се оние кои мерат како се одвива

процесот низ времето. Специфични мерила се оние кои можат да се користат во

зависност од целите на одредениот процес. Додека оперативните мерила се

исклучиво насочени кон динамичките карактеристики на бизнис процесите,

специфичните мерила се ориентирани кон статичките карактеристики на бизнис

процесите.

Разлики во системот на наградување и напредување на вработените

кај традиционалните наспроти процесно – ориентираните организации

Неопходно е да се разгледа и системот на наградување и напредување,

кој значително се разликува при преминот кон процесно организациона

структура. Независно од начинот на организација на менаџерската хиерархија,

21 Gray, A. E., Leonard J., Process fundamentals, Harvard Business School, Boston, 2007

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

47

примарно прашање кое треба да се разгледа е системот на наградување. Имено,

менаџерите треба да бидат наградени за процесниот успех. Во најдобар случај,

организацијата утврдува цели на успешност околу ланецот на вредности или

бизнис процесите и потоа воспоставува систем на наградување кој се темели врз

остварување на тие цели, распределувајќи ги наградите спрема одреден

критериум кој осигурува да секој менаџер има континуиран интерес за успех на

целокупниот процес22

.

Во таквиот нов организационен облик, наградите имаат две цели: да ја

препознаат измината успешност и да стимулираат компетентна успешност во

иднина. Таквите цели ја сменуваат и самата логика. Наместо да се плаќаат

самите работни места, а луѓето да се мотивираат да напредуваат на повисоко

ниво во хиерархијата, процесно – ориентираните организации ги наградуваат

луѓето за ширење на своите способности исто како и за давањето допринос за

организацијата. Со други зборови, луѓето кои значително допринесуваат за

остварување на организационите цели и ги подобруваат своите вештини се

наградени, додека кај останатите, наградата е значително намалена или

изостанува23

.

Платите се повеќе се темелат на вештините на вработените, а се помалку

се врзуваат со самиот опис на работното место, поради честата промена на

работните обврски. Но, не се менуваат само работните места, туку и

вработените и се стимулира учењето, бидејќи колку повеќе вработените ќе

научат, толку ќе бидат подобро платени. Меѓутоа платата втемелена на

вештини се дава како еднократен бонус за вложениот труд во учењето, бидејќи

вештините не се трајни и е потребно да се одржуваат. На тој начин, вработените

се помалку добиваат константно покачување на платата, а се повеќе еднократни

бонуси, кои го наградуваат нивниот моментално вложен труд без генерирање на

долгорочни финансиски обврски на организацијата24

.

22 Harmon, P., BPM Governance, Business Process Trends, Vol. 3, No. 3, 2005.

23 Ashkenas, R., Ulrich, D., Jick, T., Kerr, S., The Boundaryless Organization, Jossey-Bass, San

Francisco, 2002.

24 Galbraith, J. R., Designing Organizations: An Executive guide to strategy, structure, and process,

Jossey-Bass, San Francisco, 2002.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

48

Освен системот на наградување, процесно – ориентираната организација

се почесто го воведува и системот на напредување, кој доста се разликува од

типично функциската организација. Кривата на кариера станува се повеќе

латерална, а самите титули веќе не преставуваат некоја голема важност во

организацијата. Процесно – ориентираната организација треба да развие нови

модели на напредување кои нема да се темелат врз основа традиционалната

функциска организација. Плаќањето на вработените во зависност од нивната

положба во организацијата – колку се повисоко во хиерархијата на

организацијата толку и повеќе се плаќаат, не се во склад со принципот на

процесно - ориентирана организација, во која основата за плата преставува

доприносот и учинокот и во ваквата организација настанува јасна разлика

помеѓу напредувањето и ефикасноста. Напредувањето во работата е резултат на

способноста, а не на ефикасноста25

.

Разлики во комуникацијата и културата кај традиционалните во

однос на процесно – ориентираните организации

Во функциските организации структурата на информации се шири

вертикално внатре во организацијата. Комуникацијата со потрошувачите спаѓа

во доменот на бизнис функциите маркетинг и продажба. Од д руга страна пак,

во процесно – ориентираната организација информациите се пренесуваат заедно

со процесите, се шират хоризонтално внатре во организацијата. Тоа е можно

бидејќи не постојат организациони граници, односни тие не преставуваат

препреки во извршувањето на работата. Со тоа се овозможува брз проток и

делење на информациите.

Културата на функциски ориентираните организации се заснова на

претпоставката дека промената преставува закана за организацијата и заради

тоа организацијата се труди да задржи status quo. Карактеристично за неа не е

краткорочното размислување и индивидуалистичкиот пристап. Во процесно –

ориентираната организација, културата се темели на верувањето дека промените

се неопходни и дека истите овозможуваат остварување на заеднички и цели

25 Hammer, M., Stanton, S., How Process Enterprises Really Work, Harvard Business Review, Vol. 77,

No. 6, 2001.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

49

зголемување на ефикасноста. Долгорочниот поглед на организацијата го

карактеризира заедништво на сите негови членови.

Современото бизнис опкружување го одредува научно - технолошкиот

напредок и постојани промени на опкружувањето од технички, економски,

социјален и политички карактер. Развојот во сферата во техничко -

технолошките достигнувања, предизвика и значајна трансформација на

организационото однесување и делување, апострофирајќи го значењето на

бизнис процесите како предуслов за успешно работење во современиот деловен

амбиент. Од сето наведено може да се заклучи дека процесно – ориентираните

организации се многу посупериорни во однос на традиционалните, вертикална

организација и функционално ориентиран менаџмент. Токму затоа се истакнува

потребата за трансформација кон процесно – ориентирано претпријатие. Низ

спроведената споредба се согледува тоа дека во иднината организацијата ќе

може да стекне конкурентска предност доколку бизнис фокусот, структурните

елементи, системите за мерење на перформанси, системите за наградување и

напредување, комуникацијата и културата ќе одговорат на процесниот

пристап.26

Предностите на интернет технологијата ги зголемуваат ефектите на

водењето бизнис во моменталните знаења засновани на мрежните економии.

Бизнис процесите се клучни компоненти скоро во секој систем кој ги подржуваа

нивоата во претпријатието и клучните бизнис активности. Во секој голем

бизнис, може да има стотина бизнис процеси коишто треба да бидат

менаџирани и интегрирани со нови системи на ефективен начин. Бизнис процес

менаџментот претставува преземање контрола над процесите. Неговата

способност е да ги открие, дизајнира, понуди, изврши, комуницира, оперира,

оптимизира и анализира бизнис процесите. Бизнис процес менаџмент системите

имаат за цел да ги интегрираат системите, автоматизираат рутинските

активности, менаџираат сите фази од процесите, да ги распоредат беспрекорно

сите процеси и да овозможат end-to-end видливост и контрола.

26 Ernad Kahrović, Državni univerzitet u Novom Pazaru, Operacioni menadžment u funkciji održivog

ekonomskog rasta i razvoja Srbije 2011-2020, Тradicionalno vs. Procesno orijentisana preduzeća u

funkciji povećanja fikasnosti

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

50

Денес, повеќето од компаниите се фокусираат на тоа како да го подобрат

бизнис процес менаџментот за:

1. Да ја зголемат продуктивноста, да ги намалат трошоците, да бараат

сигурни партнерства со цел да се натпреваруваат на интензивниот е-

бизнис пазар. Постојат неколку карактеристики и трендови во тековниот

бизнис процес менаџмент:

рутинските активности се автоматизирани од страна на

компјутерите кои имаат поголеми брзини и прецизност;

бизнис процесите и сервисите се проширени низ различните

организации;

на бизнис процесите им е потребна флексибилност за да можат да

се прилагодат кон потрошувачите, потребите и условите на

пазарот коишто вклучуваат нови потрошувачи, партнери, или

понудувачи кои ги користат процесите;

бизнис соработката се случува во планирањето, дизајнирањето,

производството и услугите. Овој облик на соработка, нарекуван

„заедничка трговија“, ги интегрира бизнис процесите помеѓу

партнерите преку електронско споделување информации и

услуги.

2. За да одржат подобри односи со своите трговски партнери преку својата

вкрстена логика во бизнис процеси во претпријатието, правилата и

процесот на работа. Еден од клучните предизвици во бизнисот е како

ефективно и ефикасно да ги интегрираат апликациите на различни нивоа.

Истражувањето на IBM покажува дека 85% од инфраструктурата на е-

бизнисот се во некоја форма на еволуција, мутација, или интеграција на

веќе постоечки системи и 90% од трошоците од ИТ буџетот се

однесуваат на интеграцијата, софтверот или екипирањето27

. И покрај тоа,

постоечките методи за креирањето и менаџирањето на бизнис процесите

не се дизајнирани за интеракција со другите процеси или апликации

коишто ги надминуваат границите на организацијата. Традиционално,

развојот на бизнис апликациите ги усвојуваат „самостојните“ решенија.

Затоа, развојот и користењето стандарди за да се олесни комуникацијата

27 http://www.ibm.com/us/en/

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

51

помеѓу различните системи претставува пристап кој ветува најмногу при

олеснувањето на е-бизнис интеграцијата. Со користењето на интернетот,

како примарна платформа за комуникација, интероперативност и

интеграција, информатиките системи играат важна улога во

овозможувањето конкурентна предност на компанијата. Бизнисите се

потпираат на интернетот и останатите информатики технологии и ги

менаџираат бизнис процесите за да ги направаат потранспарентни,

пофлексибилни и способни за интеграција со сите видови на системи од

најразлични бизнис и технолошки бариери. XML технологиите, некои

веб сервиси, имаат големо влијание на начинот на кој е-бизнис

апликациите се направени.

3. За да го користат начинот на кој софистицираните процеси се

дизајнирани, спроведени и менаџирани, веб сервисите не се меѓусебно

поврзани, овозможуваат повеќе страна употреба на истите, кои во себе

содржат дискретна функционалност и веб сервисите се дистрибуираат

преку стандардните интернет протоколи. Тие овозможуваат

дистрибуирана компјутерска технологија за објавување, истражување, и

користење на бизнис сервисите на интернетот со помош на XML

стандардите. Поради својата независност од платформата, програмскиот

јазик и производителот, веб сервисите ги прават идеални кандидати за

динамичен и флексибилен е-бизнис процес менаџментот. Како резултат

на тоа, веб сервисите претставуваат најповолната архитектура за

интегрирани сервиси преку границите на е-бизнис организациите.

Бизнис процес менаџментот вклучува способност да ги открие,

дизајнира, распореди, изврши, комуницира, оперира, оптимизира и анализира

бизнис процесите. Тоа е клучно за бизнисот во тековниот интензивен и

конкурентен пазар. Традиционалниот бизнис процес менаџмент има проблеми

во интероперативноста, ефикасноста и флексибилноста. Потребно е да се

истражува улогата на веб сервисите во процес менаџментот. Веб сервисите не се

меѓусебно поврзани, тие имаат повеќе страна употреба кои во себе содржат

дискретна функционалност и се дистрибуираат преку стандардните интернет

протоколи. Тие овозможуваат дистрибуирана компјутерска технологија за

објавување, истражување, и користење на бизнис сервисите на интернетот со

помош на XML стандардите. Веб сервисите обезбедуваат на кој начин ќе се

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

52

поттикнат корисниците во бизнисот да ги прецизираат комплексните

функционалности во бизнисот така што можат лесно и брзо да бидат променети.

Овозможуваат увид во најразлични технички проблеми низ запознавањето со

веб сервис - ориентираната архитектура за процес менаџментот.

Предности на мобилниот БПМ наспроти “канцеларискиот“ БПМ се:

Мобилен БПМ “Канцелариски“ БПМ

Мобилниот бизнис процес

менаџмент којшто е поврзан

со десктоп бизнис процес

менаџментот го ограничува

пристапот до процесите во

слободното време или

патувањата.

Мобилниот бизнис процес

менаџмент има можност да

ги менаџира процесите во

секое време, секаде.

Акциите на процесите бараат

повеќе време.

Тouch/click акциите можат да

бидат завршени брзо

.

Менаџерите кои не се во

движење (on-the-go) не можат

да ги следат перформансите.

Мобилните системи им

овозможуваат на менаџерите

да го следат напредокот во

секој момент.

Потрошувачите кои ја

користат е-трговијата мораат

своите нарачки да ги

направат преку своите

десктоп компјутери.

М-трговијата овозможува тоа

да се направи и преку

мобилните телефони.

Слика 8 Предности на мобилен БПМ наспроти традиционален БПМ

4.4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОБИЛНИОТ БПМ

Јасно е дека пристапот до информации е од суштинско значење. Луѓето

се навикнати да ги добиваат информациите кои им се потребни во секое време,

на секое место. Бизнис корисниците се повеќе бараат ист пристап кон работата

што ја работат и следат, бидејќи, без разлика дали поминуваат поголемиот дел

во канцеларија, или работат надвор од канцеларија, тие треба да бидат способни

да го продолжат текот на работа во организацијата без никаков застој. Сепак,

многу критични бизнис апликации денес се така дизајнирани, да бараат од

учесниците во бизнис процесите да бидат врзани и за нивните работни маси.

Меѓутоа, употребата на мобилните уреди е доста распространета и е сосема

природно да се зголеми и користењето на бизнис апликациите дизајнирани за

мобилните уреди. Со интегрирана поддршка за пристап преку мобилен уред до

процесите во организацијата, уште полесно се комуницира со партнерите,

клиентите и вработените. Од тука може да се заклучи дека мобилното

управување со бизнис процесите ја насочуваат организацијата кон остварување

на стратешките цели, развој и зголемување на профитот. Основната причина за

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

54

неуспех или добивање на лоши резултати од работењето на организацијата, е

лошата поставеност на бизнис процесите која се согледува преку недефинирани

улоги и недефинирани одговорности на вработените, нескладност на

приоритетите, заминувањето на клучните работници и нивна неадекватна

замена, не решавање на внатрешните проблеми, недефинираност на функциите,

одговорностите и процедурите, неадекватен однос кон пазарот и непостоење на

јасна стратегија за зачувување на конкурентската позиција на пазарот и

задржување на постоечките и привлекување на нови купувачи.

На следната слика се прикажани основните одлики на мобилниот БПМ.

Според истата мобилниот БПМ се одликува со:

Слика 9 Одлики на мобилен БПМ

4.5. ТРЕНДОВИ НА МОБИЛНА РАБОТНА СИЛА

Претпријатијата денес се менуваат многу брзо. Раскрсницата на Cloud,

мобилноста, социјалните мрежи и интернетот, како што аналитичарот на фирми

Garner го нарекува “Nexus of Forces”, прави се повеќе средните и големите

претпријатија да ги преиспитаат своите мобилни стратегии. Вработените носат

свои уреди, симнуваат свои сопствени апликации и создаваат свој сопствен ИТ

систем во претпријатието.

Постојат три главни мобилни трендови на кои претпријатијата треба да

одговорат - трендови кои конечно ќе го сменат начинот на кој вработените ги

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

55

извршуваат своите должности, каде ќе се чуваат податоците и апликациите,

како ќе се пристапува до нив и како ќе бидат мерени продуктивноста и

соработката. Овие три трендови вклучуваат28

:

Политика -повеќето компании своите политики за мобилност ги користат

со цел подобро да се справат со приливот на лични (BYOD) уреди и се

занимаваат со прашањата околу користењето на истите;

Мобилни апликации – апликациите на смарт телефоните и таблетите се

водечки апликации во едно претпријатие. Денес овие мобилни уреди се

исполнети со апликации фокусирани кон потрошувачот, но многу

претпријатија сè повеќе се во потрага на проширување и замена на

десктоп апликациите со мобилни апликации;

Сигурност - компании сакаат да ги засилат мерките за сигурност.

ПЕТ ФАЗИ НА МОБИЛНОСТ

iPhone на Apple направи многу промени во однос на мобилноста на

претпријатијата - создавајќи ги денешните дискусии околу мобилните

апликации, BYOD користењето, како и методите како да се имплементираат

овие промени. Главните трендови на политиките (BYOD, користењето,

регулативите, сигурноста) на мобилните апликации и фокусот кон сигурноста

започнаа уште во 2007 година кога iPhone сериозно почна да навлегува во

пазарот на претпријатија, заземајќи го местото на побезбедниот и лесно

управливиот BlackBerry уред. Ова ги донесе, како што Citrix®29

ги нарекува,

"петте фази на мобилност",

Менаџмент на мобилни уреди

Менаџмент на мобилност на претпријатието

Мобилен работен простор

Мобилни партнери и

Обединети мобилни партнери како што се прикажани на следната слика:

28 Citrix INC, Enterprise Mobility Trends 2014, 2014

29 Citrix (NASDAQ:CTXS) компанија која е лидер во креирање на мобилни работни простори

спроведувајќи виртуелизација, мобилно управување, вмрежување и Cloud услуги за да се

овозможат полесни начини за подобро извршување на работата.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

56

Слика 10 Пет фази на мобилност

Петте фази на мобилноста ја креираат новата историја на мобилноста на

претпријатието, вклучувајќи ги и менаџментот на мобилните уреди (MDM) и

менаџментот на мобилноста на претпријатието (EMM). Следната фаза, со полна

пареа почна да се воведува во претпријатијата во 2015 година и тоа е она што се

нарекува „Mobile Workspaces“ или Мобилен работен простор. Клиентите кои ги

трансформираат нивните бизниси со апликативни софтверски решенијата за

Мобилните работни простори, покажуваат како визуелизацијата, технологиите

и Cloud услугите поттикнуваат нови начини на кои луѓето можат да работат

подобро. Работниците треба да добијат пристап до пренослива, секогаш

пристапна, секогаш поврзана работна средина која ќе ги следи без разлика каде

и да одат, без разлика за кој уред ќе се одлучат да користат и без разлика кој

начин на конекција ќе го користат и прошируваат. Следната фаза е фаза каде

компаниите ќе работат со своите партнери и клиенти и ќе им помагаат во

исполнување на процесот на мобилност. Конечно, во 2018 година,

претпријатијата ќе сакаат да ги обединат своите мобилни платформи за да ги

поддржат вработените, партнерите и клиентите во она што го нарекуваме

Унифицирана платформа на претпријатијата. Софтверските решенија ќе даваат

потпора на оваа еволуција денес, почнувајќи од нивните основни надлежности

во менаџментот на мобилните уреди (MDM) и менаџментот на мобилноста на

претпријатието (EMM) и ќе бараат проширување за поддршка на потребите на

глобалните претпријатија, одејќи напред со користење на Cloud услуги,

мобилни апликации и решенија за сигурност, со цел поддршка на нивните

потреби за мобилност.

Претпријатијата треба, уште денес, да започнат со идентификување на

нивните клучни иницијативи базирани на сегашни и идни трендови во

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

57

мобилноста. Како што споменавме претходно, главните трендови вклучуваат:

политика, мобилни апликации и сигурност.

Претпријатијата треба да состават заедно една стратегија која ќе го следи

процесот на управување со животниот циклус на организацијата, како што е

прикажано на следната слика.

Слика 11 Просец на управување со животниот циклус на претпријатијата

Ова им дава на претпријатија една почетна и една крајна точка при

развојот на стратегијата. Секој чекор треба да биде идентификуван и секоја

стратегија да биде креирана за остварување на целите во претпријатието и да се

знае од кого е креирана истата. Овие чекори треба да бидат усогласени со

клучните трендови на мобилност на претпријатието, а најбитни од нив се:

Политика за мобилизација на претпријатието

Идентификација и управување со мобилните апликации

Сигурност на мобилните уреди

Собирачите на податоци на мобилните уреди имаат замена

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

58

1. ПОЛИТИКА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Еден од првите и клучни иницијативи е да се развие политика за тоа како

мобилноста ќе биде користена во претпријатието. Политиката за мобилност на

претпријатието треба да ги вклучува овие главни области:

Идентификување на корисници - политиката треба да ги идентификува

различните кориснички сегменти. Иако некои политики ги опфаќаат сите

корисници, политиките може да се разликуваат зависно од барањата на

корисниците.

Хардвер, софтвер и услуги - политиката треба да ги диктира видовите на

хардвер, софтвер (оперативен систем, апликации) и безжичните услуги

кои ќе бидат поддржани.

Нивоа на сигурност - политиката треба да ги артикулира потребите на

сигурност на претпријатието, кои безбедносни одредби ќе бидат

користени и деталите околу заштитата од загуба на податоци, упатства за

проверка и енкрипција, упатствата за безбедносни процедури,

вклучувајќи ги процесите на изгубени уреди.

Трошоци – политиката треба да ги искаже деталите околу трошоците,

упатства за трошоци итн.

Регулатива – упатствата исто така треба да се однесува и на локалните

регулаторни барања. На пример, држењето на телефонот е нелегално во

некои локации. Најдобриот совет е да се бара од корисниците да се

придржуваат до локалните закони.

Иако повеќето од компаниите имаат некаков вид на политика, повеќето

не ги опфаќаат главните области на Информационата Технологија, како што се:

сигурноста, вмрежувањето и хардверот. Подобро е да се има една единствена,

комбинирана политика отколку повеќе индивидуални политики. Тоа не значи

дека политиката треба да биде огромна. Обидете се да ја задржите политиката

но не на повеќе од пет страници, така што корисниците ќе може да ја прочитаат.

Повеќето МДМ (Менаџмент на мобилни уреди) производи може да ги поддржат

целите на политиката, како и да ги регистрираат спогодбите, локацијата и

датумот на читање на политиката од страна на корисниците.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

59

2. ИДЕНТИФИКАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО МОБИЛНИТЕ АПЛИКАЦИИ

Повеќето компании активно ги развиваат нивните стратегии за

мобилните апликации. Иако повеќето компании веќе поддржуваат безжичен

емајл, тие дефинитивно сакаат да ја прошират поддршката кон апликациите на

претпријатијата - кои доста се користат како на лаптопи, така и на десктоп

компјутери. Сепак, многу организации се борат со приоритетите и

мобилизацијата на нивните апликации. Кои апликации треба да ги мобилизира

претпријатието? Често одговорите на претпријатијата на ова прашање се „не

знаеме“ или „сè“. „Сè “ е најлесен, но лош одговор. Претпријатијата сакаат да ги

заменат сегашните платформи со мобилни, тако што нивната идеја е да

преземат сè од десктопите и лаптопите, и сè да префрлат на смарт телефоните и

таблетите. Ова не е добра идеја, бидејќи сите компании не знаат што всушност

треба да се мобилизира, бидејќи не се многу инволвиран во бизнисот. Тие

најчесто се фокусираат на хоризонталните апликации како емајл или calendaring

и ги пропуштаат апликациите кои го водат специфичните бизнис процеси на

компаниите и корисниците.

Најчесто претпријатијата започнуваат со вакви проекти заради

зголемување на продуктивноста или приходите. Ова се одлични цели, но за да

бидат успешни, претпријатијата мора да се продлабочат во идентификувањето

на барањата од корисниците и истите да ги поврзат со индивидуалните, бизнис

или корпорациските цели. Како да се направи тоа?

Прво, треба да се размисли за целите на претпријатието. Тие

можат да бидат исто така цели и на корисниците, на бизнисите

или на корпорацијата. Ова ќе помогне за идентификација на

мобилните процеси.

Следно, де се престане да се размислува за апликации. Попаметно

е да се размислува за мобилизација на потребните информации

кои ќе го движат бизнисот, ќе ги намалат трошоците, ќе ја

зголемат продуктивноста, соработката или приходите.

Апликациите се секундарни, потребни за пристап до податоци и

обезбедување на податоци.

Трето, треба да се размислува за корисниците. Не се сите

вистински мобилни на нивните работни места. Се разбира, многу

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

60

од нив го продолжуваат своето работно време или пак сакаат да

имаат пристап до нивниот емајл за време на лет, но кои се

всушност вистински мобилизирани работници во компанијата. Да

не се размислува само на оние работници на кои работното место

им вклучува постојано патување или на директорите во фирмата.

Што е со оние кои работат во зградите или воопшто во објектот и

кои можеби никогаш не можат да бидат на своето биро?

Да се размислува како за зголемување, така и за задржување на

профитот. Бизнис случаите ќе помогнат многу во

идентификувањето кои корисници и податоци треба да се

мобилизираат. Како што расте бројот на уреди и апликации во

претпријатието, ИТ секторот треба да се насочи кон

автоматизирање и обезбедување на алатки за поддршка на таквиот

раст. Прифаќањето на менаџментот на мобилните апликации

рапидно расте, бидејќи тоа им помага на претпријатијата да

создаваат, обезбедат, дистрибуираат, управуваат и анализираат

мобилни апликации. Денес, повеќето решенија за менаџментите

на мобилноста на претпријатието вклучуваат ММА како дел од

нивното решение преку поддршка на податоците кои може да

обезбедат податоци на претпријатието и да ја имплементираат

политиката.

Во последно време идејата за мобилни складишта на податоци е

сменета. Со мобилните дата -контејнери, апликациите може да бидат принудени

да ја поддржат политиката на претпријатието (т.е. движење на податоци,

кратењето, копирањето, вметнувањето на податоци, стандарди за шифрирање и

др.). Ова поддржува умерено до високо ниво на сигурност (хардверско ниво на

сигурност не е достапно). Компаниите може брзо (во неколку минути) да

конвертираат постоечки апликации (преку “app wrapping”) или лесно да додадат

код во новите, за да осигурат сигурност и менаџмент на политиките. Воедно,

ова функционира како на iOS така и на Android уреди, со што нивната

достапност е на високо ниво. Веќе илјадници на менаџирани и безбедни

апликации се достапни на App Store на Apple и Google Play. Многу од

корисниците дури нема ни да покажат дека се заштитени -но тие секако се. Ова

е клучен дел за иднината на претпријатијата во нивната мобилната сигурност.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

61

3. СИГУРНОСТ НА МОБИЛНИТЕ УРЕДИ

Веќе претходно е многу напишано за сигурноста на мобилноста на

претпријатијата. Компаниите кои веќе го прифатија BYOD во изминативе

неколку години веќе чувствуваат дека ја губат контролата врз тоа каде се чуваат

нивните податоци. Тие преминаа од строго контролирани системи кои

овозможуваа грануларна политика, кон слабо контролирани уреди со

минимална политика. Повеќето претпријатија ги следеа најдобрите практики

преку поддршка за енкрипција на податоците, ПИН -базирана проверка и некои

правила за движењето на податоците. Но денес, повеќето апликации надвор од

јавните продавници за апликации не дозволуваат грануларна политика на DLP и

рестрикција на податоците. Компаниите кои сакаат да ги мобилизираат своите

апликации, исто така гледаат на употребата на ММА за да осигурат политики на

мобилност. Мобилната сигурност е сокриена во длабочината на папирологијата

„Обезбедувајќи го претпријатието со информации безбедни на Android, iOS на

Apple и Microsoft Windows таблети и паметни телефони“.

4. МОБИЛНИТЕ ДАТА -КОНТЕЈНЕРИ (СКЛАДИШТА НА ПОДАТОЦИ)

ИМААТ ЗАМЕНА

Сигурноста на податоците останува на врвот на приоритети на

извршните директори додека се обидуваат да најдат начин како да управуваат

со користењето и BYOD. Сигурноста е една посебна континуирана инвестиција,

доколку станува збор за нови мобилни претпријатија. Една од најпопуларните

мобилни платформи за управување, XenMobile Enterprise, вклучува целосен

пакет на сигурни мобилни апликации кои може да им помогнат на

претпријатијата да ги чуваат и да управуваат со своите податоци. Но, уште

многу работи се нејасни во врска со различните дата -контејнери на технологии

и методи за осигурување на мобилните податоци. Секој пакет на технологии

има своја замена, но некои се искачуваат на врвот во однос на другите. За

истите да се проценат, важно е да се погледне во овие четири области:

цена,

достапност,

ниво на сигурност и

искуство на корисниците.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

62

Генерално постојат два начина да се соберат, складираат податоците на

мобилните уреди:

преку хардвер и

софтвер техники.

Собирањето на податоците преку хардвер во основа стартува два

системи на еден уред, DSPs, меморија, OSes итн. Едниот се користи за лични

податоци, а другиот за податоци од претпријатието. Двата системи никогаш

нема да се сретнат. Па дури и доколку личните податоци бидат погодени од

вирус и нема да може да се пуштат, податоците од претпријатието сеуште ќе

работат. Ова е доста силно и сигурно решение. Проблемот е што не е широко

достапно, ваквото решение е доста скапо и искуството на корисниците за

преминување од едниот на другиот систем е лошо. Потребата за ваков начин на

заштита е типична за оние индустрии кои имаат потреба од највисоко ниво на

сигурност, најчесто управувано со прописи. Владите, финансиските институции

и здравствените установи се најчестите примери на вакви индустрии.

Повеќе популарни се софтверските складишта на податоци – дата

контејнери, од кои има три вида:

OS-базирани,

апликации и

thin-client.

Некои од компаниите ја промовираат употребата на OS-базираните

собирачи на податоци. Обично некаква форма на хипервизор се користи за да се

извршат два одделни оперативни системи (на истиот хардвер)-еден за бизнис,

еден за лични податоци. Една единствена хардверска платформа ги држи

трошоците на ниско ниво, има високо ниво на сигурност, виртуелно делејќи ги

податоците. Исто така, апликациите не треба да бидат препишувани или

повторно дизајнирани за специфичните продавачи. Но, достапноста на

хардверските дата контејнери на податоци е на ниско ниво. Не секој Андроид

уред е поддржан, пакетот може да биде сопственост на специфични добавувачи

(пр. Samsung Нокс) и iOS во овој случај не е поддржан. Корисничкото искуство

на „двојна личност“, иако оди на подобро, не е нешто што претпријатијата го

имаат прифатено, па затоа најчесто е ниско рангирано.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

63

Слабите клиентски складишта на податоци користат веб пребарувачи за

да пристапат до податоците и апликациите или тие самите претставуваат

специфични апликации, како што е пример Citrix Receiver™. Тие се доста

сигурни затоа што може да бидат подесени да ги бришат податоците откако ќе

се дисконектираат – така што нема да остануваат локално податоци. Сепак, ова

може да биде проблем за они корисници на мобилни уреди кои имаат потреба

од off -line пристап до податоци и апликации кои не се врзани за мрежата. Во

иднина- може да бидат креирани сигурни дата контејнери кои ќе дозволуваат off

line пристап до апликации и содржини. Но, во спротивно, слабите клиентски

складишта на податоци се одлични - широко достапни, лесни за користење,

имаат мали трошоци(зависно од типот) и се доста безбедни. Многу компании,

како што се оние кои се доста врзани за своите вработени: здравствените

установи, угостителството, банкарството, образованието, користат ваков тип на

послаби дата контејнери како дел од нивната мобилна стратегија која во иднина

уште повеќе ќе се зголемува.

Собирањето на податоците е всушност стекнување на брзина и

усвојување во претпријатието. Денес, трката се води околу стекнување на

безбедни и лесно управувани апликации кои нудат удобност и богато

корисничко искуство на личните апликации, но и ќе помогнат во контрола на

безбедноста и движењето на податоци на претпријатието. Ова ќе биде следната

можност за продавачите во овој простор, да ја зголемат функционалноста и

единиците на безбедни податоци, но и да им овозможи на претпријатијата и на

корисниците слобода во извршувањето на својата задача.

CITRIX ГИ ПОДДРЖУВА МОБИЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Citrix е компанија која е лидер во креирање на мобилни работни

простори спроведувајќи виртуелизација, мобилно управување, вмрежување и

Cloud услуги за да се овозможат полесни начини за подобро извршување на

работата и нивната стратегија се усогласува совршено со растечките потреби на

глобалните, мобилни претпријатија. Во 2013 година, Citrix го лансираше

XenMobile® Worx апликацијата- во која беа вклучени управливи, складирани e-

mail-ви, календар, апликација за контакти наречена WorxMail ™ и веб

пребарувач наречен Worx Веб ™. Идејата е да се поддржат ИТ барањата за

високо ниво на сигурност преку енкрипција на податоците, политики за

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

64

движење на податоци (cut/copy/paste) и други барања кои го имаат. Исто така го

поддржуваат претпријатието во управувањето со податоците, на корисничките

уреди за они кои имаат BYOD политика. Во исто време, им дава на корисниците

подобро искуство наспроти она кои го стекнуваа со старите апликации. На

пример, прикачување на фајл е можно од самите e-mali-ви, со еден клик можете

да се приклучите на веб конференција. Citrix ги унапреди своите за разлика од

старите искуства и со тоа ги воодушеви како корисниците така и ИТ секторите.

Citrix, исто така, обезбедува алатки и агенти кои им овозможуваат на

претпријатијата да си ги осигурат и да управуваат со своите сопствени

апликации преку платформата Citrix XenMobile. Во 2014 година, Citrix најави

континуиран напредок во оваа област, со нови апликации како WorxDesktop ™,

WorxEdit и WorxNotes. Citrix ќе продолжи да лансира сè повеќе апликации, со

кои ќе пополнува недостатоци онаму каде што ќе наиди на недостаток во

претпријатија и кај корисниците, она што фирмата за истражување Форестер го

нарекува “app gap”. Во исто време, ќе продолжи да работи на главните области

на управувањето со политиката, BYOD, мобилните апликации и на највисокото

ниво на безбедност.

Поддршката на Citrix во претпријатието е центрирана околу мобилниот

работен простор. Идејата е да се поддржи секој корисник, секој уред и било која

локација околу апликациите, податоците, било биле лични или бизнис

податоци, десктоп или мобилни податоци.

Citrix ги соединува заедно мобилниот и виртуелниот свет за да им

овозможи широка мобилност на претпријатијата, без оглед на уредите или

типовите на податоци. Пристапот до податоци преку мрежа е од клучно

значење, со цел да се овозможи соработка и да се зголеми ефикасноста.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

65

Слика 12 Пристап до податоци

БИЗНИС КЛАСАТА ГИ ВООДУШЕВУВА КОРИСНИЦИТЕ И ИТ СЕКТОРОТ

Кога претпријатија за прв пат започнаа да ги прифаќаат мобилните

уреди, тие тргнаа кон бизнис класата на уреди кои нудеа силен менаџмент и

сигурност, но не и најдобро корисничко искуство. Користењето на мобилните

уреди го промени ова со тоа што дадоа одлично корисничко искуство, но многу

малку искуство на менаџмент и сигурност. Компаниите бараат да се смени овој

тренд и мобилните БПМ решенија да се фокусираат да обезбедат алтернатива,

мобилен уред кој ќе нуди силно искуство на "бизнис класата" какво што

корисниците сакаат во комбинација со безбедноста и менаџментот кои им се

потребни на ИТ секторот и ќе се фокусираат на работните процеси преку

разбирање на тоа како бизнис корисниците всушност ги користат нивните

апликации и да обезбедат кратки патеки и оптимизации специјализирани за

бизнис корисниците. Бизнис корисниците одговараат повеќе на e-mail-ови,

создаваат поголема содржина, соработуваат повеќе од просечниот корисник на

smart телефон, па сепак повеќето апликации не се дизајнирани со овие потреби

и не одговорат на мноштвото секојдневни потреби, кои се особено отежнати за

време на службените патувања.

Повеќето бизнис корисници имаат повеќе од два мобилни уреди, а ИТ

секторот треба да поддржи во исто време стотици и илјадници уреди. БПМ

мобилните решенија треба да се дизајнирани за да излезат во пресрет на ИТ

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

66

секторите, за да дадат поддршка за регистрирање на уредите, за распоредување

на апликациите, обезбедување и известување на голем број на корисници.

ИДНИТЕ МОБИЛНИ ПОТРЕБИ

Citrix прави проценување на иднината на мобилноста, вклучувајќи

поддршка на нови уреди, платформи и мобилни апликации. Но, Citrix, исто така,

признава дека мобилноста оди подалеку од тоа. Интернет на Things (IoT),

пренослив и виртуелен компјутер се дел од патоказот на Citrix. Citrix ќе

продолжи да биде лидер на пазарот во однос на поддршка на првите мобилни

иницијативи, интегрирањето на платформи преку ИТ и поддршка на сите

технолошки потреби на претпријатието, а не само на рачните уреди. Ова е

клучот за диференцијацијата на Citrix кој ја прави водечка платформа за новите

мобилни решенија во работниот простор и мобилност во претпријатието.

НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ НА МОБИЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Citrix препорачува некои од најдобрите практики за претпријатијата при

спроведувањето на мобилност. Тие вклучуваат:

Проценка на корисниците, бизнис и ИТ барањата- ова е прв чекор во

креирањето на стратегија и политика. Компаниите треба да ги

идентификува потребите на корисникот (апликации, податоци, стил на

мобилност, потребни уреди).

Кориснички сегменти - создадете кориснички сегменти и групи за

индивидуална политика и управување врз основа на барањата. Се

препорачува не повеќе од десет различни кориснички сегменти низ

повеќето претпријатија.

Дизајнирајте политика преку ИТ - треба да имате еден главен документ

за политиката преку ИТ за да се направи полесно за корисниците да го

прочитаат и да се адаптираат на него.

Развијте бизнис случај - создавање вредности, заштеда на трошоци -овие

се најдобрите начини мобилните планови да се движат напред.

Идентификувајте специфични цели и чекори потребни за да се постигне

тоа. И, исто така, усогласете ги нив со бизнис целите.

Креирајте мобилен центар на перфекција - мобилноста не седи на едно

место. Мобилниот центар за перфекција, совршенство усогласува

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

67

различни области на ИТ, како и развој на апликации, вмрежување,

безбедност и др. околу планирање на мобилноста и процесот на

животниот циклус. Исто така тоа е одлично место за тестирање на нови

мобилни апликации, уреди и услуги пред да ги воведите во работната

средина.

Citrix признава дека секој клиент е различен, така што тие ќе работат со

секој од нив за да бидат сигурни дека мобилната стратегија на претпријатието

ќе биде успешна денес и во иднина.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

68

Мобилните апликации го надминуваат “вебот“. Доказ дека мобилните

апликации полека го надминуваат “вебот“ таков каков што го познаваме, е

фактот што минатиот месец во САД мобилните апликации се користеле повеќе

за “сурфање“ отколку интернет пребарувачите. Ова го покажа последната

анализа на Флури, компанија за анализа на мобилни апликации. Според

анализата, минатата година просечниот корисник поминувал нешто помалку од

43 минути дневно користејќи мобилни апликации, наспроти 64 минути

користејќи интернет. Со пораст од 91% последнава година, корисниците сега

поминуваат повеќе од 81 минута на мобилни апликации дневно. Овие податоци

се толку фрапантни бидејќи, на мобилните апликации им беа потребни нешто

помалку од три години за да се пробијат на пазарот и да го достигнат ова ниво

на користење

Бенефициите од мобилните апликации се огромни. Корисноста на

мобилните бизнис -апликации на интересен начин се објаснува на следниот

начин: “Замислете фирма која има екипа од 50 продавачи кои секојдневно

патуваат и продаваат производи на лице место (директна дистрибуција) или пак,

договараат зделки, прават нарачки. Доколку нарачките се прават по телефон

или пак, фактурите се прават “на рака“, во тефтер, колку ли само луѓе ќе треба

да работат за да ги внесат информациите во информациониот систем на

компанијата и за колку време? Од друга страна, секоја информација која би им

користела на продавачите им е на дланка. Историја на купувања, историја на

плаќања, листа со неплатени фактури и слично. Со користењето мобилни

бизнис-апликации можно е воведување на нови техники на продажба, како што

се програми за лојалност.

ГЛАВА

4

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

69

5. БПМ ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ

Во се повеќе децентрализираните организации, кои се распространети

насекаде во светот во повеќе временски зони, неопходно е информациониот

менаџмент да може да се справи со новиот начин на движење. Менаџментот на

мобилни апликации доаѓа, но се има чувство и како да е веќе тука.

ММА (Менаџмент на мобилни апликации) решението ни овозможува

поврзување и спојување на корисници кои се разделени од воздух, море и

копно. Новите бизнис апликации треба да се адаптираат на новите правила

зададени од бизнис претпријатието. Што се однесува до мобилните бизнис

апликации, бизнис процес менаџмент (БПМ) управува со податоците. Ако БПМ

ја процесира информација како што Google ги процесира истите, БПМ мора да

биде активен секогаш.

5.1. КАДЕ Е MОБИЛНИОТ БПМ?

Мобилниот БПМ ги поврзува луѓето со процесите на претпријатијата

додека се во движење. Кога имате испратено пакет преку UPS INc, очекувате да

имате број за следење на пратката преку апликацијата на вашиот мобилен

телефон. Каде и да сте, можете да го следите напредокот на целиот пат, додека

не се испорача пратката до крајната дестинација. Од бизнис гледна точка UPS

треба да достави брзо ажурирање на податоци до клиентите и фирмата. За да се

постигне оваа цел тие имаат креирано свој БПМ систем на пакување и

распределување на пратките. Тие комбинираат различни технологии кои се

достапни на интернет, како што се сателитска и мобилна конекција, за да го

воспостават мобилното решение до своите корисници.

Многу од нас имаат следено пратка, но кога последен пат сте сретнале

продавач кој користи уред за добивање на информации во реално време само со

едно допирање на прстот ? Обичниот продавач носи само локални информации

на располагање на својот лаптоп. Што ако тој може да користи мобилна БПМ

апликација, и да ви ги достави најновите информации кои ви се потребни? Тој

ќе има поголема веројатност да ги исполни вашите очекувања.

Мобилниот BPM е од суштинско значење за бизнисот. Не станува збор за

следење на најновите трендови, туку за бизнис каде што треба да се зголемат

операциите на терен, додека се одржува процесот и интегритетот на податоците

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

70

низ бизнис еко-системот. Тешко е да се одржуваат податоци и процеси кога се

работи на терен, а во ист момент да се донесуваат нови одлуки и да се менуваат

цените. БПМ и промените се засекогаш испреплетени во денешната бизнис

средина. Мобилниот БПМ носи ефикасност до рабовите на самиот бизнис, што

ќе и овозможи на организацијата да се поврзи на теренот со сите промени и ќе

овозможи подобрување на процесот како и сигурноста на самиот бизнис.

5.2. БАРИЕРИ ЗА МОБИЛЕН БПМ

Од суштинско значење треба да се разбере дека мобилните бизнис

апликации се запоставени од апликациите кои се користат во претпријатијата.

Според истражувањата на Форестер бизнис мобилните апликации беа изготвени

дури и за во 2005 година. Сегашниот тренд за адаптирање на нови апликации е

комплициран за повеќето компании.

Мобилните апликации се уште стари.

Постојат различни стандарди на платформите.

Развивањето на мобилните апликации беше во стагнирање се до појавата

на Iphone во 2008 година.

Развивање на иста апликација истовремено за Windows Mobile, Android,

Blackberry платформи е скапо.

Ниско е нивото на прифаќање на мобилните апликации за користење.

Техничките препреки, скапите оператори и правните услови доведуваат

до слабо развивање на мобилните апликации.

Без робусен мобилен бизнис маркетинг и без голема инвестиција,

развивањето на мобилните апликации тешко може да се оствари.

5.3. МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Масовното користење на мобилните апликации го турка пазарот во

вистинската насока. Наскоро, мобилните апликации ќе бидат распространети и

развивани со стандардни способности кои ќе бидат користени на повеќе

платформи. Според извештајот на Gartner Inc пазарот за мобилните апликации

пораснал за 4.9 милијарди долари во 2009 год. во 2012год. за 17.5 милијарди

долари, а во 2013 год. за 29.5 милијарди долари. Ваквиот бум во голема мера ги

намали бариерите за влез. Бизнис апликациите доживуваат многу полесен

премин кон мобилната платформа.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

71

Слика 13 Формула за избор на соодветен мобилен уред30

5.4. ИЗГУБЕНИ БИЗНИС МОЖНОСТИ

Кога работниците работат на специфичен процес без предностите на

БПМ, тоа создава прекумерни трошоци, каснење на податоци, намалени бизнис

активности и најважно од сè, ги намалува можностите за развој на бизнисот.

Просечниот работник губи огромно време на организирање и

администрирање на својата работа, така да тој мора да побара некој во близина

да му помогне со ракувањето на апликацијата ако се јави нова информација

пријавена од друга група на работници која не е поврзана со постоечката форма.

Овие неефикасности се намалени со користење на БПМ. Луѓето се

директно конектирани до потребните процеси и информации кои се потребни да

се заврши работата. Прифаќањето на БПМ во мобилната работа, додава

комплексни операции во бизнисот, но продуктивноста е зголемена.

Замислете продавачот да биде присутен кога се појавува можност да се

соочи со клучна одлука. Тој може веднаш да ги добие потребните информации

и да донесе соодветна одлука која ќе донесе подобар резултат.

Одржување на релевантни аспекти на процесот синхронизирани со

настани, луѓе и постојано скратување бизнис рокови, се причина за сегашната

30 Извор Shoreline Research, 2006

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

72

стапка на брзиот прием на БПМ софтвер. Фирмите го прифаќаат БПМ заради

следниве корисности:

Управување со задачи

Менаџирање со листа на нарачки

Флексибилно управување со промените

Континуирано подобрување на процесите

Соработка со експертни процеси

Мобилниот БПМ ги обезбедува овие бенефиции со дополнителни

предности на пристап во реално време од оддалечени локации. Целата работна

сила се фокусира на продуктивните цели, притоа останувајќи поврзан со

релевантните процеси. Тие можат да вчитуваат и изменуваат договори на

оддалечени места, како и преглед и менаџирање на продажбите само со едно

поместување на прстот. Оваа конкурентна граница е отворена за лидерство.

Се уште има неколку пречки да се поминат, иако мобилните пазари се

многу активни во денешното време. Главните БПМ играчи имаат вистинска

можност да ги водат своите пазари со иновативните БПМ решенија. Пазарите за

бизнис апликации се жедни за мобилна продуктивност и бизнис решение. Не

секоја организација може да си дозволи масовно развивање како што има UPS

Inc сервисот. БПМ продавачите мора да ја засилат продажбата со иновативни

решенија за беспрекорните бизнис корисници, кои се борат да направат свој

ефикасен процес кој ќе работи без прекин.

Постојат четири фактори кои влијаат врз овој напредок

Пазари за мобилни апликации, креирање на мали микро -пазари.

Мобилна платформа: Нема јасен победник денес. Главните играчи како

што се Apple, Google и Microsoft се обидуваат да дефинираат стандард и

решение крос-платформа за целосна реализација на ефикасноста на

мобилните БПМ.

Прифаќање на апликации: како што е случајот со персоналните

компјутери кои служат за забава. Мобилните уреди Iphone и Ipad можат

да придонесат забрзано развивање на БПМ апликациите

БПМ производителите: со визионерски поглед на потенцијалот на

мобилниот BPM - може да заземат значителен удел на пазарот. Оној кој

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

73

прв ќе обезбеди вистинско мобилно решение, ќе биде јасно

позициониран за целокупното раководство во арената на BPM.

Со користењето на софтверско БПМ решение се овозможува:

Намалување на процесните трошоци;

Подобрување на квалитетот на процесите и намалување на грешките;

Намалување на траењето на процесите;

Намалување на времето и трошоците за обука на корисниците;

Намалување на незадоволството на клиентите;

Зголемување на точноста на идните предвидувања.

Слика 14 Придобивки од користењето на БПМ

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

74

ЗА ИЛИ ПРОТИВ МОБИЛНО БПМ РЕШЕНИЕ

Вклучувањето на ефективните практики за управување со деловните

бизнис процеси во рамките на организација веќе не се опција туку неопходност.

Прашањето е, дали воведувањето и практикувањето на мобилниот БПМ во

организацијата е неопходност или истата може да функционирате и без него?

Со оглед на тоа што илјадници организации ширум светот, во преку десетици

индустрии, ја спроведуваат БПМ технологија, а со самото тоа стануваат и

поефикасни и поефективни, ја зголемуваат контролата и стануваат

пофлексибилни, се чини дека одговорот на претходното прашање е дека

организацијата може да се движи напред и да прифати БПМ решение или да го

сноси ризикот и да останете назад зад сите други компании. Па токму затоа,

секоја организација треба да започне со процесот – имплементација на БПМ

решение - само да не ги заборави едноставните чекори кои ќе им помогнат да

стигнат до правото решение, да се фокусираат на процесот на селекција и на тој

начин да ги зголемат шансите за избор на правиот БПМ пакет на нивната

организација.

ГЛАВА

5

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

75

6. КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА

ПРОФИТАБИЛНОСТА, ПРОДУКТИВНОСТА И САТИСФАКЦИЈА НА

ПОТРОШУВАЧИТЕ

Сè поголем број на компании се потпираат на тоа да мобилните -

подвижните вработени изградат близок однос со нивните потрошувачи и

партнери, да го зголемат приходот, и да ги прошират маркетиншките напори

над четирите ѕида од нивното традиционално канцелариско опкружување.

Според истражувачите на пазарот In-Stat и International Data Corp.(IDC),

повеќето од Американските компании (71 % според BPM Форумот) планираат

да ја зголемат мобилната работна сила за да ја подобрат комуникацијата и

интеракцијата со потрошувачите и да бидат поконкурентно позиционирани на

пазарот.31

Безжичните уреди играат клучна улога во овозможувањето на мобилните

работници лесно да се поврзат со клиентите и ресурсите, да разменат клучни

информации за производите и потрошувачите, и да споделат информации со

другите мобилни работници. Ваквите уреди вклучуваат смартфони кои

зачувуваат глас и податоци кои можат да се користат за конвенционални

мобилни телефонски комуникации, но исто така ги прошируваат и

канцелариско- зависните сервер апликации во соодветното поле.

Со тоа, овие мали и високо флексибилни системи помагаат да се забрзаат

одговорите на е-мејлови, и прашањата на потрошувачите, да се заголеми

продуктивноста на мобилните работници, и да се забрза одлуката на

потрошувачите за купување на производот или услугата.

Мобилните уреди како на пример Palm Treo смартфоните им дозволуваат

на вработените во тоа поле да заземат многу поактивна улога во општите

активности и успеси на организацијата преку потпомагање на “трите - К” на

успешна мобилна иницијатива- Комуникацијата, Колаборацијата и

Координацијата.

Овие се добри вести за менаџерите кои го следат и менаџираат

мобилниот персонал и мобилните уреди, и уште подобри вести за тимовите за

31 The remote revolution: Uptime Issues, Implications and Imperatives in the Mobile Workforce, BPM

Forum, Dec.2005

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

76

продажба кои сега ќе имаат пристап кон тековните информации за нивните

потрошувачи. Ова се однесува и на тековните предизвици со кои се соочуваат

мобилните работници за продажба, и како безжично- насочените алатки се

користат за ефективно да им излезат во пресрет на мобилните работници од

различни области. Исто така, користењето на мобилните уреди од страна на

мобилните работници го зголемуваат приходот, ги подобруваат врските со

потрошувачите, и го зголемуваат враќањето на вложените средства за

имплементација на мобилни иницијативи.

Слика 15. Број на мобилни (подвижни) работници во САД (во милиони)32

6.1. КАКО МОБИЛНИОТ БПМ МОЖЕ ДА БИДЕ ‘GAME CHANGER’ ЗА

КРИТИЧНИТЕ БИЗНИС ПРОЕКТИ

Трендовите кои го фаворизираат користењето на мобилните уреди на

работното место, ги тераат компаниите своите бизнис процес менаџмент

стратегии да ги усогласат со мобилните апликации.

Од real-time податоците за продажбите до виртуелните состаноци за

менаџерите, мобилниот бизнис процес менаџмент претставува моќна алатка за

креирање поодговорен и поконкурентен тим, а со тоа побрзо враќање на

инвестицијата за компанијата.

32 Извор: In-Stat and International Data Corp, 2006; 2007,Palm Inc

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

77

ТРИ ВООБИЧАНИ ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВАТ КОМПАНИИТЕ ПРИ ВОВЕДУВАЊЕ

НА БПМ

Да не се дозволи овие вообичаени грешки да го уништат БПМ обидот на

организацијата.

Поддржувачите на БПМ имаат долга листа на причини зошто е разумно

да се инвестира во него. Тие велат дека воведувањето на БПМ системи можат да

се направат значителни заштеди преку автоматизирање на повторувачките

мануелни задачи и со редуцирање на времето во кое се извршува некој процес.

Но сепак постојат и луѓе кои се скептични во однос на овие тврдења бидејќи

компаниите можат да станат врзани за некоја технологија, што може да ги

вовлече во некој суп оптимални начини на работа и скапи промени при

прилагодување на процесите. БПМ на начинот на кој вообичаено се воведува,

велат тие, не може да го исполни ветеното враќање на инвестицијата.

Вистина е дека и поддржувачите и критичарите во некои од тврдењата

имаат право. Кога успешно ќе се имплементира со добра визија за тоа како БПМ

и технологиите поврзани со него ќе помогнат да бизнисот ги достигне своите

стратегиски цели, БПМ значително може да ги намали трошоците, времето и

грешките. но сепак постојат три вообичаени грешки кои компаниите ги прават

при впловување во нивната БПМ авантура кои што можат да ги уништат

нивните напори.

Грешка број 1 - Инвестирање во БПМ технологија пред дефинирање на

потребите на бизнисот.

Сите се возбудени околу воведувањето на новата технологија која што ќе

штеди пари и ќе го направи животот полесен како за вработените така и за

потрошувачите. Но дали некој размислил како тоа навистина функционира?

Некои компании ќе го воведат БПМ преку купување на модерен БПМ систем и

потоа се прашуваат што понатаму. Технологијата сама по себе не е сребрениот

куршум што ќе ги раѓа сите базни проблеми и ќе го издигне бизнисот до

квалитативна и ефикасна благосостојба.

Неопходно е да се почне со поглед со широко отворени очи кон тоа што

некоја технологија може да достигне. Мапирајте го процесот каков што е и

идентификувајте кои делови од процесите сакате да ги поддржите со БПМ

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

78

Системите. Ова значително ќе помогне да се одбере оној БПМ систем ќе

одговара на потребите на компанијата.

Грешка број 2 - Неприлагодени и неподобрени процеси при воведување

на БПМ

Откако ќе се мапираат процесите онакви кави „што се“ неопходно е да се

разгледаат можностите за подобрување пред автоматизацијата. Воведувањето

на БПМ во компаниите им дава шанса да видат што работат и да одредат каде

процесите можат да се подобрат. Дали моменталните процеси секогаш ги даваат

посакуваните резултати? Доколку не, зошто е тоа така?. Што моментално се

прави, а не мора да се прави? Дали постои дуплирање на процеси? Што може да

се автоматизира? Што мора да остане не автоматизирано, мануелно? Како може

најбезболно да се направи промената од мануелно во автоматско. Во оваа фаза

некои техники како што се структурален приод на идентификација на изворите

на процесни варијации и неефикасност можат да се покажат како доста корисни,

Овозможувајќи експертите за унапредување на процеси да работат заедно со ИТ

техничарите, а корисниците помагаат уште од раните фази со што се обезбедува

дека ќе се автоматизираат само подобрените процеси, а не старите и неефикасни

начини на работа.

Грешка број 3 - Претворање на БПМ во ИТ проект

Да, БПМ често содржи ИТ компонента, но комплетното доверување на

одговорноста на ИТ одделот е сигурен рецепт за катастрофа. Иако ИТ

персоналот е високо образован и компетентен, тие доволно не ги познаваат

бизнис процесите како што тоа го знаат бизнис корисниците. Дефинитивно

БПМ треба да биде врзан за бизнис процесите а не за технологијата и не треба

да претставува технолошка иницијатива наметната врз бизнисот. За да се

овозможи шанса а успех мора да се започне со чиста идеа за тоа што сакаме да

постигнеме со БПМ, да се подобрат процесите пред нивно автоматизирање и да

се овозможи да бизнисот ги задржи сопственоста врз сите испораки во

соработка со ИТ тимовите и тимовите за подобрување на процеси

6.1.1. ПРЕДНОСТИ ОД МОБИЛЕН БПМ

Професионалците, кои навикнале да ги користат своите мобилни уреди

за да ги организираат своите лични животи, сакаат истото тоа да го искористат

и во своите деловни потфати. Податоците, кои се чуваат во „Cloud“, се потребни

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

79

да се затвори една продажба, да се информира клиентот, или да се напише

извештај, и сето ова може да се заврши со еден клик. Кога имплементирате

мобилен бизнис процес менаџмент, не е потребно повторно да ги измислите

тркалото на БПМ. Студиите, професионалните ментори и online курсевите од

бизнис процес менаџментот се дел од расположливите ресурси кои се достапни

за менаџерите кои сакаат да се придружат на овој тренд. Навлегувањето во

експертизата како бизнис аналитичар или сертифициран бизнис процес

професионален менаџер може да помогне околу планот за најдобра

рентабилност.

6.1.2. ПРЕДИЗВИЦИ ЗА БПМ

Имплементирањето на бизнис процес менаџментот бара време за негова

имплементација, ресурси и трпение. Креирањето на силен бизнис план

предвреме значи турбулентна транзиција и бара присуство на квалификувани

безбедносни професионалци во тимот за водење на интеграцијата на мобилните

уреди во бизнис процес менаџментот. Инвестирањето во обука на клучните

менаџери преку on-line бизнис курсеви за бизнис процес менаџмент можеби би

била мудра инвестиција. Комуникацијата и обуката, кои се однесуваат на

посебните потребни групи во рамките на компанијата, ќе помогнат да се

минимизира фрустрацијата за време на периодот на промени и споделувањето

на успешни приказни во реално време преку интерни твитови, блогови и

разговори на заедницата со цел поддршка на промените во процесот.

Обезбедувањето на финансиските средства за голем мобилен бизнис процес

менаџмент може да биде предизвик за помали компании. Размислете да

започнете како “мали“ со користење на ресурси кои се достапни преку

професионални организации и вмрежување, и онлајн курсеви за бизнис процес

менаџментот.

6.1.3. ОСТАНЕТЕ МОБИЛНИ, ГЛЕДАЈТЕ НАПРЕД

БМП и мобилните алатки ви помагаат да се задржите цврсто на

позицијата во пресрет на трендовите, подобро ги усогласуваат вашите

производи и услуги на потребите и желбите на клиентите и тоа е она што

бизнис процес менаџментот го прави најдобар. Мобилните уреди може да ги

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

80

направат вашите можности хиперактивни, но за процесот е потребно време,

пари и трпение.

Имањето сеопфатен план кој се усогласува со промената на тимските

цели може да иницира чувство на моментот кон интегрирање на мобилниот

бизнис процес менаџмент во секојдневната корпоративна пракса.

Мобилната апликација овозможува флексибилни функции, продажба,

достава, преглед на купувачи и други функции. Тоа е добро, може да креира

нова форма на нов проект.

Типичниот мобилен пристап оди вака: IT проект го презентира вашиот

ланец на снабдување во реално време на вашите агенти. Но, ова се фокусира на

претставникот за продажбата за тој да размислува дали клиентот има проблеми.

Сега вашиот CRM систем мора да ги знае настаните на кои се прикажува

синџирот на снабдување. Внесете уште една точка - интеграција со друг процес

на пример, ако има прашања за начин на плаќање, да се направи интеграција со

системи за финансии.

6.1.4. КАКО СПАРУВАЊЕТО НА БПМ И МОБИЛНОСТА ГО

ПОДОБРУВААТ БИЗНИСОТ

Преземање на холистички поглед на тоа како мобилноста придонесува за

тоа како бизнис корисниците можат да комуницираат меѓу себе, и партнери и

клиенти.

Прво, разберете дека секој клиент прави поклопување со друг работник

кој ја работи истата работа.

Второ, не е возможно да се изгради совршен процес end-t-end, кој ги

поврзува клиентите со организации и сите релевантни луѓе кои допираат

до тој процес.

Трето, и што е најважно, да се разбере дека бизнисмените живеат во

различни делови од светот, Тие не можат да донесат прави одлуки на

работ на организацијата, и мора да поминат низ ланец на конекции за да

се заврши работата.

Пропуштени можности од користењето на БПМ се случуваат кога

сопствениците и операторите се тешко поврзани во самиот процес. Системи не

вршат паметни функции, луѓето можат да го прават тоа, но не треба да чекаат да

системот го направи истото.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

81

Одличен пример за ова е кога критичен бизнис настан се појавува од

страна на системот BPM преку лесен и интуитивен мобилен и / или социјални

интерфејс. Акционерите можат да соработуваат, и правилно да донесат брзи

одлуки. Податоците се ажурираат брзо во реално време.

6.1.5. НАЈДОБРИТЕ ПРАКТИКИ ЗА МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ (И

СОЦИЈАЛЕН) БПМ

Следнава листа на прашања носи високо ниво на дискусија која се

сведува на некои многу практични чекори и е брз водич за тоа како ИТ

менаџерите можат да го користат пристапот на мобилен БПМ во

организацијата:

Не е можно да се изгради сеопфатен процес на местото на наследените

системи.

Се фокусираат на изложување на релевантните деловни настани од

наследените системи на сопствениците на процес / оператори и на оние

кои можат да преземат активности за овие настани.

Ескалација на проблеми и справување со истите.

Детали за релевантните параметри, кои не се доставуваат само до

менаџерите и сопствениците на процесите, туку истите се доставуваат и

до набљудувачите, кои можат да ги искористат можностите на крајниот

процес.

6.2. МОБИЛЕН ПРЕДИЗВИК: OUT OF THE OFFICE, NOT OUT OF TOUCH

Апликациите за мобилните уреди кои се способни за зачувување на глас

и податоци варираат од општи до уникатни, зависно од корисникот и задачата

поставена пред него. Во краен случај, безжично поврзаните уреди треба да им

овозможат на мобилните тимови да:

Изградат поблиска врска со потрошувачите со тоа што ќе им одговараат

побрзо од вообичаеното на повиците, мејловите и СМС пораките;

Се впуштат во споделување на мобилни информации и идеи за тимска

соработка;

Се подобри продуктивноста преку трансформирање на паузата во

продуктивно време за работа;

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

82

Се има пристап кон критичните бизнис барања или да се примаат

автоматски предупредувања;

Се одржуваат поцврсти и попродуктивни врски со базата;

Ефикасно да се менаџираат извештаите за трошоци, распоредите и други

административни должности.

Многу организации ги користат можностите на мобилните уреди и

смартфоните, со тоа што безжично ги прошируваат нивните софтверски

апликации, ја употребуваат вградената Bluetooth безжична технологија за да ги

поврзат нивните мобилни уреди и смартфоните со трети надворешни периферни

уреди како баркод / РФИД скенери и читачи на кредитни картички за безжично

зачувување на податоци. На тој начин, тие го избегнуваат трошокот за

користење на повеќе уреди со единична употреби, со тоа што ги заменуваат со

еден паметен уред кој лесно може да биде адаптиран за повеќенаменски

употреби во рамките на една организација.

Ваквите мобилни уреди и смартфони не само што обезбедуваат

веродостоен линк до клучните корпоративни ресурси и е-мејлови, туку можат и

да бидат важна алатка за поврзување со потрошувачите за продажните и

теренските професионалци кои работат во првите редови и имаат постојана

потреба за прва и навремена мобилна информација. Вообичаено, овие мобилни

теренски работници користат смартфони и мобилни уреди за:

Во движење да добијат информација за најновите производи, лагери и

цени;

Да пристапат кон вистинските ресурси (техничка стручност,

овластувања, законски појаснувања и сл.) за да ги опслужат

потрошувачите во краток рок;

Да обезбедат информации за пазарот (за потрошувачите, партнерите и

конкурентите) до базата на компанијата за тековна анализа и одговор;

Да примат важни соопштенија, како на пример промени на време и место

за состаноци и распореди на патување; а потоа веднаш да го променат

распоредот за најдобро да го изменаџираат времето;

Да работат административни задачи како пополнување извештаи за

трошоци, извештаи за соработка со потрошувачи, и други рутински

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

83

задачи кои најчесто се случуваат на крајот на денот, но може многу брзо

да се направат со безжичен уред;

Да соберат електронски потписи и потврди за порачки од потрошувачите

за да ја забрзаат наплатата и да обезбедат моментален фидбек за статусот

со нарачки;

Да го проверат статусот на извршени побарувања и да обезбедат

навремени извештаи до потрошувачите при средбите со нив.

Табела 2 Приоритетни задачи на услугите за мобилност 33

Мобилните уреди и смартфоните не се ограничени само за теренски и

продажни активности, туку тие се незаменлив алат и во многу други полиња.

Оние кои се вклучени во превозните индустрии, на пример, можат да ги

користат за да пристапат кон информации за тргнување и доставување,

извештаи за тоа до каде е испораката како и да ги координираат пратките со

клиентите низ целиот свет.

Во магацините на производителот, примачите можат да го следат

напредокот на испораката преку итни предупредувања, како и да го менаџираат

протокот на пакети и производи.

6.3. MOBILE БПМ: ПРОДУКТИВНОСТ ВО ДВИЖЕЊЕ

Бизнисите кои ги опремуваат нивните подвижни тимови за продажба со

безжични мобилни уреди и смартфони го земаат во предвид враќањето на

инвестицијата (ROI – Return of investment) на овие уреди додека го следат

напредокот во мобилната продуктивност и текот на работата.

Секојдневното мерење на ROI за секој индивидуален продавач од

мрежата за продажба кој е на терен може да биде тешко. Како овие мобилни

33 Shoreline Research,2006

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

84

алатки се користат и навиките и начините на кои секој вработен ги употребува

влијаат на мобилната продуктивност и изведба. Сепак, ROI придобивките од

користењето на мобилните уреди и смартфоните на терен за добивање и

испраќање на е-мејлови се клучни и непосредни.

Во просек, секој мобилен работник може да намали 60 минути на ден од

паузата преку користење на мобилен уред, според корисничко истражување

направено во 2005 од Frost и Sullivan. Ова е еднакво на годишна заштеда на

трошоци од околу $ 11 000 по работник, земајќи ја во предвид годишната плата

од $ 89 000.

Табела 3 Период на враќање на инвестиција34

Според истото истражување, придобивките се уште поголеми кај оние

вработени и менаџери кои имаат повисоки плати, со заштеда на трошоци од

околу $ 14 000. Некои чекори кои треба да се преземат за развој на ROI

метриката опфаќаат рано вклучување на подвижните работници во процесот на

селекција и имплементација, и развивање на програми за мерење и упатства кои

ќе бидат спроведени кај различни корисници.

6.4. ОСНОВНИ ЧЕКОРИ ЗА ИЗБОР НА СООДВЕТЕН БПМ ПАКЕТ ЗА ВАШИТЕ

МОБИЛНИ УРЕДИ

Фокусот кон Бизнис процес менаџмент (БПМ) како организациона

дисциплина расте се побрзо. Логично е дека Бизнис процес менаџментот веќе се

наоѓа на чело на „извршната власт“, бидејќи бизнис процесите се основа на

секоја организација и влијаат на сите клучни цели на организацијата -

вклучувајќи ги и услугите кон клиентите, финансиското работење,

34 Frost and Sullivan smart phone user survey, 2005

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

85

продуктивноста, и конкурентна предност. Колку добро овие процеси се

извршуваат, во крајна линија го одредува успехот или неуспехот на една

организација.

Заедно со зголемениот фокус кон управувањето и подобрувањето на

процесите, доаѓа и еволуцијата во технологијата која помага во

автоматизирањето, интегрирањето, набљудувањето и приспособувањето на

процесите. Пазарот на БПМ софтвер и останатите сродни услуги се зголемува

со стапка од 15-35%35

на годишно ниво, според различни аналитички

истражувања. Ваквиот раст се должи во голема мера на фактот дека

технологијата е во постојано созревање и постојат бројни студии кои

докажуваат дека ваквата технологија функционира одлично. БПМ софтверските

решенија докажано ја зголемуваат ефикасноста, контролата и флексибилноста

на клучните процеси во една организација и резултираат со значителен поврат

на инвестицијата и водат кон зголемена конкурентност при рано прифаќање на

новите технологии.

Доколку сега размислуваме за прифаќање на БПМ технологијата, има

една добра и лоша вест. Лошата вест е дека веројатно сме далеку зад оние кои

први ја прифатиле БПМ технологијата, а добрата вест е тоа што можеме да ја

искористиме предноста од тоа што ќе учиме од туѓите искуства и

достигнувањата во развојот на БПМ софтверот, кој се појави како резултат на

созревањето на технологијата давајќи моќ да се одите подалеку од

автоматизацијата на основните процеси и подобрување на напредните бизнис

процеси и нивната флексибилност.

Во изминатите пет години, БПМ софтверот еволуираше од почетокот на

своите корени во сеопфатен “pure-play“ БПМ софтвер кој нуди графичко

дизајнирање на процесите, автоматизација на процесите, мониторинг на

процесите и способност за известување за човечките центрирани процеси. Тоа е

“pure-play“ БПМ софтвер кој дава големи и “силни“ резултати на организациите

низ целиот свет и помага во зголемувањето на интересот кон БПМ воопшто.

Сепак, во текот на ваквата транзиција, Enterprise Application Integration (EAI)

провајдерите, продолжуваат да одговараат на потребата за сложена интеграција

и автоматизација на системски базираните процеси, Бизнис интелигенцијата

35 Metastorm Inc,2009

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

86

(БИ) и провајдерите продолжуваат да ги задоволуваат потребите на

корпоративниот менаџмент и анализата на бизнис процесите (БПА), се грижи за

организациите кои користат напредни моделирања и стимулација на процесите.

Додека сите се од клучно значење за успехот на бизнисот, оваа сегментација на

пазарот на технологија, претставува предизвик за купувачите и ИТ

организациите кои имаат потреба да купуваат повеќе апликации, а потоа да ги

состават сите во едно парче. Тоа значи трошок, време и голема главоболка. Ова

ги доведе неколку од водечките “pure-play“ БПМ продавачи, да ја заземат

водечката улога во проширување на нивните решенија за да ги опфатат сите

овие области – создавајќи го она што е познато како "BPM Suite“ односно БПМ

пакет.

Вистинскиот БПМ пакет (БПМ Suite) ќе овозможи целосен животен

циклус на процесите како за човековите така и за системските процеси со

единствено, интегрирано решение од еден понудувач. Ова вклучува

моделирање, интеграција, автоматизација, управување, следење, анализа,

симулација, како и подобрување - со цел да се создаде потреба постојано да се

повторува овој циклус и да се оптимизира бизнисот во реално време.

Изборот на БПМ пакет, наместо серија на различни апликации,

значително ќе ги намали трошоците, ќе го зголеми времето за зголемување на

корисноста - бенефитот, и ќе ја зголеми флексибилноста во управувањето и

подобрувањето на повеќето бизнис процеси.

6.4.1. НАЈДОБРИ ПРАКТИЧНИ ЧЕКОРИ ЗА ИЗБОР НА БПМ ПАКЕТ

За целосно да се искористат предностите на најновата, веќе докажана

технологија на БПМ пакетите, мора прво да се разберат опциите кои се на

располагање, па потоа да бидеме сигурни дека сме го избрале правото решение

за организација. Овде, се прикажува пристапот за изборот на БПМ пакети - овој

пристап ќе овозможи скратување на периодот на евалуација, и ќе даде поголема

доверба за одлуката која ќе се донесе за тоа кој БПМ пакет да се одбере.

Брзината во процесот на донесување одлука не е единствена, исто така е важно

да не се одложува процесот на селекција премногу долго затоа што така и

понатаму ќе продолжи заостанувањето зад компаниите кои веќе ги уживаат

предностите на БПМ.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

87

Петте најдобри практични чекори за изборот на вистинското решение на

БПМ пакет за компанијата се:

1. Одредување на опсегот на потребите за управување со процесите;

2. Разбирање што се суштинските елементи на БПМ и потоа одредување

какви дополнителни напредни карактеристики се потребни;

3. Врз основа на она што ќе го откриете во чекорите 1 и 2, документирање

на барањата и приоритетите;

4. Идентификувајте кратка листа на понудувачи;

5. Проценка и евалуација на понудувачите.

Табела 4 Чекори за избор на вистинско решение за БПМ пакет36

1. Чекор 1: Одредување на опсегот на вашите потреби за управување со

процесите

Определете го обемот на вашите потреби за управување со процесите.

Некои од прашањата кои треба да ги одговорите во текот на овој чекор се:

Кои се вашите критични процеси?

Колку од нив се човечки ориентирани наспроти системски

ориентирани?

36 Laura Mooney, Metastorm Inc, 2005

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

88

Кои се вашите приспособливи барања во поглед на бројот на

процеси, број на локации и географски распоредување?

Колку комплексна е вашата ИТ инфраструктура? Какви

платформи ви се потребни за да постигнете успешна

интероперабилност? Дали постигнувањето на услужно

ориентирана архитектура е дел од вашата целокупната стратегија?

Кои се вашите потреби за краткорочни наспроти долгорочните

процеси?

Најважно е да вклучите луѓе до двете страни, како од бизнис така и од

ИТ секторот на вашата организација во дефинирање на опсегот и во

евалуацијата и селекцијата на БПМ пакетот и процесите.

2. Чекор 2: Разбирање на суштински елементи на БПМ наспроти

напредните опции на БПМ

Со цел да бидете успешни, постојат одредени суштински елементи кои

мора да бидат присутни во вашето БПМ решение. Без нив, вашата

имплементација ќе биде подолга, поболна и помалку корисна отколку што

потенцијално би можела да биде, и може да биде целосен пропаст. Прво и

најосновно, БПМ пакетот мора да има способност да одговори како на

човечките така и системски базираните процеси затоа што и двата се клучни за

вашиот бизнис.

Покрај тоа, суштинските елементи за евалуација вклучуваат способност за:

Дизајнирање и моделирање на процесите во графички формат, кој може

да биде одржуван од страна на сопственикот на процесите и може лесно

да се објавува за извршувањето на процесите. Одделете ги бизнис

правилата, формите и улогите од протокот на процесите за полесно

одржување.

Извршување и управување со двете, едноставни и сложени процеси .

Создавање на онлајн формулари кои ќе поминуваат низ процес –

елиминирање на хартијата.

Сместување динамичен улоги во рамките на една организација и

автоматско прилагодување на содржината и клучните податоци за да

даде на секој поединец уникатна гледна точка во еден процес.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

89

Обезбедување на еден единствен поглед на корисникот низ целиот

процес и овозможување достапност преку различни портали - како што е

SharePoint, Outlook, веб, и мобилни уреди.

Обезбедување на лесен пристап за управување и контрола на содржината

што на луѓето им треба со цел да се направат интелигентни решенија во

текот на процесот и да се генерираат автоматски ревизорски траги за

усогласеност.

Ги следи активностите на процесот, овозможува инстант видливост во

содржината и статусот на процесот и да генерира извештаи за да се

олесни процесот на подобрување.

Симулираат влијание на промените во процесот со помош живи

податоци и овозможуваат промени во реално време или дополнувања на

процеси, улоги, и форми и способност за брзо и лесно додавање на нови

процеси, без забавување или влијае на бизнис операциите.

Лесно се интегрираат со широк спектар на различни апликации - NET,

Java, и сл. така што тоа може да биде целосна потпора на вашата

инфраструктура и проширување на вашата корист која ќе ја имате од

БПМ во целата ваша организација.

Потрпете се на најновите технологии, како што се веб сервисите, за да

обезбедите рамка која ќе ви помогне да се движите кон Service-Oriented

Architecture (SOA) средината и обезбедите оптимална

интероперабилност.

Лесно конфигурирајте ги решенијата за задоволување на вашите

единствени потреби.

Во прилог на погоре наведените основните функции, најдобриот БПМ

пакет, исто така, нуди и повеќе напредни можности. Додека бие треба да ги

земете во предвид кои од овие напредни карактеристики се најважни за вас на

краткорочен план, исто така ќе треба да ги земете во предвид на што ќе сакате

да се потпрете во иднина. Овие напредни можности нудат потенцијал да можете

да ги надминете останатите организации со тоа што ќе го донесете

подобрувањето на вашите процеси на едно ново, повисоко ниво кое ќе ве

оттргне од вашата конкуренција. Важните напредни функции за евалуација на

БПН пакетот вклучуваат:

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

90

Напредно известување и деловна интелигенција способности кои ќе ви

овозможи да се анализира и во реално време и историски податоци и се

погледне време -фазен перформанси. Оваа можност треба да биде

составен дел на БПМ Suite и треба да се потпора во живо база на

податоци на процесот, така што можете да ги базираат одлуките на

реалните, до минута информации.

Напредното известување и способноста за деловна интелигенција кои ќе

ви овозможат анализа и во реално време и историски податоци. Оваа

можност треба да биде составен дел на БПМ пакетот и треба да се

потпира на живи податоци, за да можете да ги потпирате вашите одлуки

на најнови информации.

Напредното управување со бизнис правилата е важно ако ви треба за

управување и одржување на големи правила, да ги поставите низ повеќе

процеси, или ако сакате да го поттикнете системот за анализа и

автоматски да изврши различни процеси врз основа на одредени услови.

Ова ви овозможува да ги автоматизирате големите делови од процесот и

да го минимизирате влијанието на промените, а во исто време да

обезбедите конзистентна примена на политиките во рамките на

компанијата и низ процеси.

Напредното моделирање и симулација ви дава способност не само за

графички приказ на процесите, но исто така и симулација на влијанието

на промените на процесите, за да се измери нивниот ефект врз голем број

на променливи вклучувајќи ги трошоците, профитабилноста,

искористување на ресурси и други критични бизнис цели.

Моделирањето, симулацијата на средината мора да бидат во комбинација

со останатите елементи на БПМ пакетот, со цел да ве осигура дека

работите точно, со живи податоци и да осигура дека промените на

процесите може да се применат брзо од симулацијата на средината во

средината на извршувањето. Статистичките модели за анализа, како што

се Six Sigma (моделирање, имплементација, извршување, оценување,

анализирање и оптимизација), треба да бидат лесно достапни и да

работат во рамките на симулацијата на средината. Стабилните

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

91

способности во оваа област се од клучно значење за процесот на

подобрување.

Функциите за напредна интеграција и контрола се особено важни за

организацијата заедно со големиот број на системски -базирани процеси

и исклучително хетерогени ИТ средини. Функциите за напредна

интеграција ќе ги поддржат point-to-point комуникациите, но исто така ќе

дозволат БПМ пакетот да го управува и контролира извршувањето на

процесите на други системи, со тоа што БПМ пакетот ќе остане на врвот

во целокупниот процес. Во прилог на поголема контрола и видливост, тој

истото така ќе ви овозможи да ги анализирате и подобрувате

перформансите на апликациите. Доколку се потпрете на главните

системи, барајте можности со кои лесно можете да пристапите и да

управувате со овие апликации во рамките на процесите во БПМ пакетот.

Додека многу од овие напредни опции се нудат како самостојни

апликации од различни производители, само со нивно врзување во БПМ

пакет може да се стекнете со придобивките од побрза имплементација,

еден интерфејс и пониски вкупни трошоци. Ако веќе поседувате еден

или повеќе од овие технологии, најдобрите понудувачи на БПМ пакет ќе

овозможат механизми за брзо да се поврзат во вашите постоечки

апликации,често преку спакуван конектор.

Конечно, треба да се разбере како БПМ се поврзува со други

функционални области, како што се менаџментот на содржините /

документите, управување со бизнис перформансите, и следење на

вршењето на дејноста. Ова разбирање ќе биде важно во текот на

процесот на селекција, што ќе ви помогне да се измери стабилноста на

различните решенија. Оценувајте колку е важно да ги врзете сите овие

области во едно единствено решение.

3. Чекор 3: Документирајте ги вашите барања и приоритети

Откако ќе ги разберете суштинските елементи на БПМ пакетот како и

неговите напредни функции, документирај те што за вас е најважно и

истакнете го тоа во документ со ваши барања за понатамошно

извршување на евалуацијата. Вклучете ги двете, функционалните и

бизнис барањата во вашиот документ за да осигурите дека не го

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

92

оценувате само производот туку и продавачот кој ќе ви дава техничка

поддршка. Во прилог на тоа што е важно за вас, истакнете исто така што

не е важно. Ова ќе служи како потсетник на тимот за евалуација, да се

фокусира на тоа што е неопходно кај карактеристиките на производот

како и на широките пазари на кои може да се најде производот.

Останете фокусирани во текот на целата ваша евалуација.

4. Чекор 4: Идентификувајте кратка листа на понудувачи

Првиот чекор во идентификување на кратка листа на понудувачи е преку

стеснување на опциите по пат на елиминирање на понудувачи кои

всушност не се даватели на БПМ пакет. Многу понудувачи се

прикриваат под маркетиншки „чадор“ во рамките на БПМ, но само некои

од овие производители имаат производи кои обезбедуваат вистинско

решение кое ќе биде правото за вашата организација и ќе придонесе за

ефикасно управување во целокупниот процес на животниот циклус на

организацијата. На пример, middleware продавачите можат да обезбедат

тек на работните процеси во нивните понуди на производи, но тие не се

вистински БПМ компании и нема да бидат во можност во целост и

комплетно да ви понудат БПМ пакет.

Откако ќе ги изолирате оние понудувачи кои се специјализирани за

БПМ, можете понатаму да го продлабочите вашиот избор преку

еволуирање на водечката позиција на компанијата на пазарот,

перформансите, зрелоста и визијата. Како вие ги идентификувате овие

докажани понудувачи? Барајте пред се компании кои се во тој бизнис

подолго време, имаат силна база на клиенти и се постојано високо

рангирани според истражувањата на аналитичарите во таа индустрија

објавени од страна на врвни фирми како што се Gartner, Forrester, and

Butler. Во прилог на докажаното лидерство, друга клучна област за

оценка на понудувачите треба да бидат и перформансите на компанијата

- понудувач. Во денешни услови на пазарот, резултатите на компанијата

се од клучно значење за донесување одлука за инвестирање. Барајте пред

се искусен менаџерски тим, профитабилност, стапка на зголемување на

клиентите, стратешко партнерство како и целокупна стратегија на

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

93

компанијата. Вам ви треба понудувач кој има успешна база на клиенти и

понудувал кој е во раст и доминира на самиот пазар.

Доколку за вас се битни меѓународните и мултинационалните операции,

тогаш треба да барате понудувач кој има широк географски опфат и е

присутен токму на вашите посакувани региони. На страната на

производот, треба да видите јасна насока од понудувачот за одржување

на технолошката совршеност. Областите кои треба да ги земете во

предвид се: зрелоста на производот, силата на производот и посветеноста

на понудувачот кон иновација и усовршување на БПМ софтверот.

Конечно, доколку не преземате ништо повеќе, проверете ги резултатите

и референците на клиентите. Барајте документирани статии и студии од

клиенти -доколку клиентите се подготвени да зборуваат за своите

резултати, промените се решението не само за постигнување на

резултати, туку и надминување на очекувањата.

5. Чекор 5: Спроведете оценување на понудуваните и вклучете ги како

доказ во концептот

Додека ги спроведувате оценувањата на понудувачите, држете се до

вашите барања за да се осигурите дека вашиот фокус е кон

карактеристиките и критериумите кои се најважни за вашиот бизнис.

Покрај тоа, оценете ја компанијата како и производот -земете ги во

предвид критериумите како:перформансите на компанијата,

профитабилноста, задоволството на клиентите како и опсегот на обуки и

услуги кои се нудат а кои се битни за самиот производ кога станува збор

за обезбедување на долгорочен животен век на вашата инвестиција.

Фирмите -аналитичари се често добар извор на независни информации и

мислења за можностите на продавачот, па доколку се претплатите на

некои од овие фирми не заборавајте да се потпрете на нив при правење

на вашата анализа. Во овој чекор вистинско време е да зборува со

клиентите на понудувачот и да чуете од прва рака што треба да

очекувате за време на целиот процес на проектот. Референците на

клиентите ќе ги потврдат стабилноста на производот и поддршката на

понудувачот и неговите работници.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

94

Конечно, не се плашете да ги впуштите понудувачите во вежби за доказ

на нивната спремност, што во раната фаза на процесот на евалуација. Ова

ќе ви помогне за брзо донесување на одлука, ќе ви донесе поголема

доверба кон способноста на понудувачот да може да ги пресретне вашите

потреби и да ви даде чувство на сигурност во услугите и поддршката кој

тој ќе ви ја пружи на долг рок. После се, одложувањето на донесувањето

на одлуката или изборот на несоодветно решение, ќе ви ја попречи

можноста веднаш да ги користите резултатите, а исто така вашата

конкуренција ќе добие поголема предност многу пред вас.

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

95

ЦИРИЛ КАФОЛ, ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ОНЕ

“Деловните луѓе сè повеќе ќе имаат потреба од “паметни“ телефони, со коишто

постојано ќе бидат поврзани со своето работно место, ќе можат да извршуваат

плаќања преку мобилниот телефон, да одговараат на е-мејлови, да го

набљудуваат производниот процес, да прават нарачки и сето тоа преку еден

уред. Пазарот на апликации за мобилни телефони сè повеќе ќе расте, ќе се

изработуваат наменски апликации за потребите на некоја фирма сè со цел да се

овозможи поголема ефикасност во работењето. Сето тоа ќе бара стабилна 3Г

мрежа и големо количество мобилен Интернет вклучени во понудите. Ние за

потребите на нашите клиенти први во Македонија го донесовме Samsung Galaxy

III, којшто според сите параметри, е најдобриот паметен телефон произведен

досега.“37

НИКОЛА ЉУШЕВ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ВИП

“Платформата Андроид го претвори здодевното чекање на аеродроми во

продуктивно време за средување на е-мејл сандачето, отворање презентации,

Excell и Word документи или пак, читање на омилените содржини од светските

списанија и бестселери исто како да седите пред вашиот десктоп-компјутер.

Меѓутоа, тие претставуваат повеќе од врвни бизнис-телефони – истовремено,

тие се и центар за забава и задоволство, а нивните технички перформанси и

дизајн се импресивни. Понудите што ги даваме им помагаат на нашите

корисници да ги скратат трошоците за мобилна телефонија без притоа да ги

37 www.one.mk

http://marketing365.mk

ГЛАВА

6

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

96

намалуваат разговорите и без да внимаваат кон која мрежа вртат и колку долго

разговараат.”38

ДАНИЕЛ САС, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

“Нашата понуда е сè повеќе насочена кон комплетно управувана (менаџирана)

услуга, која на крајните корисници ќе им донесе вредност на интегрирано

решение, што ќе им овозможи да имаат еден и единствен контакт за сите свои

проблеми поврзани со информатичко - комуникациската технологија (ИКТ) и

им остава слободно време да се фокусираат на својот примарен бизнис.

Интеграцијата на говорните и податочните услуги ја дополнуваме со напредни

ИТ-услуги базирани на Cloud технологијата, што значително ја намалува

вкупната вредност на чинење на производот/услугата, услуга која ќе биде

достапна веднаш и ќе може да се прилагоди на тековните и реалните потреби на

корисникот без притоа да поставува услови за големи иницијални трошоци.“39

Бидејќи БПМ им овозможува на организациите да ги одделат бизнис

процесите од технолошката инфраструктура, тоа им овозможува да ги

автоматизираат процесите и да ги решаваат проблемите на многу полесен

начин.

38 www.vip.mk http://marketing365.mk

39www.telekom.m; http://marketing365.mk

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

97

7. ЗАКЛУЧОК

Македонија не заостанува зад светските трендови во

телекомуникацискиот сектор. Уреди со голем формат, “паметни“ телефони со

четири јадрени процесори, 3Д-телефони, нови апликации и нови модели на

таблет-компјутери, дигитални апарати и мобилни телефони, како и развој на 4Г-

технологијата е она што го развиваат телекомуникациските компании со само

една цел - да се олесни комуникацијата и водењето на бизнис.

Телекомуникациските гиганти се тркаат и со новите апликации. Токму

апликациите стануваат сè покреативни и го олеснуваат секојдневниот живот и

начинот на водење на бизнисот.

Телекомуникациските гиганти секојдневно се исправени пред

предизвикот - да бидат иновативни, модерни, најдобри, а сè во насока на

задоволување на потребите на бизнисот. Ерата на глобализација покажа дека

бизнисот не смее да познава време, простор, граници. “Паметните“ телефони

или популарно наречени “смартфони” незапирливо го освојуваат пазарот на

мобилни комуникации, најмногу поради тоа што забрзано стануваат

“попаметни“ и не се толку скапи. Таблет-компјутерите пак, отвораат нова ера.

Компаниите кои работат во телекомуникацискиот сектор во земјава се

едногласни дека деловните луѓе сè повеќе имаат потреба од “паметни“

телефони, со коишто постојано ќе бидат поврзани со работното место, ќе можат

да плаќаат преку мобилниот телефон, да одговараат на електронската пошта, да

прават нарачки и да го контролираат производниот процес и сето тоа преку еден

уред!

КАКВИ БИЗНИС ПОНУДИ ИМААТ МАКЕДОНСКИТЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ

ОПЕРАТОРИ?!

„Последните генерации “паметни“ телефонски уреди, како HTC, Samsung

Galaxy, iPhone, BlackBerry, Sony, Nokia, како и таблет-компјутерите ги

интегрираат најновите технолошки иновации. Овие апарати му овозможуваат на

бизнисменот да ја носи својата мобилна канцеларија каде и да се наоѓа.

“Платформата Андроид го претвори здодевното чекање на аеродроми во

продуктивно време за средување на е-мејл сандачето, отворање презентации,

Excell и Word документи или пак, читање на омилените содржини од светските

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

98

списанија и бестселери исто како да седите пред вашиот десктоп-компјутер.

Меѓутоа, тие претставуваат повеќе од врвни бизнис-телефони - истовремено тие

се и центар за забава и задоволство, а нивните технички перформанси и дизајн

се импресивни. Овие уреди се портал за социјалните мрежи и корисничкото

искуство со видеа, фотографии, списанија и игри е неповторливо. Т-Мобиле се

ориентира кон барањата и предизвиците на модерното работење и истите мора

да бидат флексибилни и прилагодени во согласност со специфичните барања на

секој корисник. “Нивната понуда е сè повеќе насочена кон комплетно

управувана (менаџирана) услуга, која на крајните корисници ќе им донесе

вредност на интегрирано решение, што ќе им овозможи да имаат еден и

единствен контакт за сите свои проблеми поврзани со информатичко-

комуникациската технологија (ИКТ) и им остава слободно време да се

фокусираат на својот примарен бизнис. Интеграцијата на говорните и

податочните услуги се дополнува со напредни ИТ-услуги базирани на Cloud

технологијата, што значително ја намалува вкупната вредност на чинење на

производот/услугата, услуга која ќе биде достапна веднаш и ќе може да се

прилагоди на тековните и реалните потреби на корисникот без притоа да

поставува услови за големи иницијални трошоци”, велат од Македонски

телеком и Т-Мобиле. Од неодамна Т-Мобиле го збогати своето портфолиото за

бизнис корисниците со новата услуга Мобилен ВПН. Станува збор за

револуционерна комуникациска бизнис алатка со чија примена компаниите

практички добиваат еден вид сопствена мобилна мрежа чии карактеристики

може да се менуваат од страна на сопственикот или директорот на

организацијата во секое време.

Телекомуникациските гиганти се тркаат и со новите апликации. Токму

апликациите стануваат сè покреативни и го олеснуваат секојдневниот живот и

начинот на водење на бизнисот. Со новите апликации се очекува и силен раст на

користењето на мобилниот Интернет. Пазарот на апликации за мобилни уреди

сè повеќе ќе расте, ќе се изработуваат наменски апликации за потребите на

некоја фирма сè со цел да се овозможи поголема ефикасност во работењето.

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИТЕ ЧУДА И БПМ– НЕОПХОДНОСТ ВО ДЕНЕШНИЦАТА!

Производителите на телекомуникациска опрема новите иновативни

решенија ги пакуваат во што помала и потенка форма, притоа нудат поголема

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

99

брзина од досегашната. Дел од 800-ината присутни оператори на овогодишниот

Светски конгрес за телекомуникациска технологија (Mobile World Congress) во

Барселона тврдеа дека Таблет-компјутерите ќе бидат најбараната и

најупотребувана “машина” најмалку во следните три години, истиснувајќи го и

“ноутбукот” како новитет кој ќе го освојува светот. Изложувачите, сакајќи да

потенцираат дека хартијата веќе станува минато и дека иднината е во

електронската комуникација, демонстрираа цртање портрети на “ноутпад”,

нешто што предизвика големо внимание кај посетителите. На најголемиот

европски настан во телекомуникацискиот бизнис се нудеа и енергетски

ефикасни пакети, односно уреди преку кои од далечина ќе може да се

контролираат сите процеси кои се случуваат во домовите, на пример од

работното место да можете да го исклучите компјутерот, бојлерот, електриката,

сè со цел да се контролира потрошувачката и безбедноста на апаратите во

домаќинствата. “Лаптоп-компјутерите многу брзо ќе станат минато. Таблет-

компјутерот отвора нова индустрија. Факт е дека таблет-компјутерите и

“паметните“ телефони допрва ќе земаат замав. На саемите кинеските компании

особено се агресивни во новитетите, понудата и иновативните решенија”.

Телекомуникациски чуда не се луксуз, тие се составен дел од водењето бизнис,

тие се неопходност во време кога зделките се склучуваат од едниот до другиот

крај на светот.

Лидерите на пазарот, во денешниот предизвик и често несигурната

бизнис средина, велат дека конкурентска предност се должи пред сè на

користење на напредна информатичка технологија и беспрекорен бизнис процес

менаџмент. Темпото на честите промени бараат брз, флексибилен процес во кој

ИТ и бизнис процесите работат заедно, со користење на алатки и решенија, кои

не се само за поддршка на тековните цели на организацијата, туку и да ги

подготват за новите предизвици во иднина.

Долго време веќе не е прашањето тоа дали компанијата треба и како да

се инвестира во неа, туку главната дебата се води за избор на БПМ софтвер со

кој ќе се овозможи рационализација, оптимизација на работењето,

стандардизација на процедурите, и сеопфатни и постојани операции за

поддршка. Тоа е причината зошто компаниите ќе се одлучат за решенија кои

обезбедуваат постојана комуникација на сите сегменти на компанијата и на

профилот на работниците кои учествуваат во управувањето на индивидуалниот

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

100

процес, процесот група, или на целата компанија. Еден од најчестите ИТ и

бизнис проекти кои имаат одговор на современите деловни предизвици, да се

подобри оперативната ефикасност и креирањето на нови бизнис вредности, е

бизнис процес менаџмент (BPM).

BPM може да се објасни со еден многу едноставен пример. Во

секојдневното работење на секоја организација - од задачите на портирот до

донесувањето одлуки на врвниот менаџмент, учествуваат голем број на

специфични бизнис процеси. Овие процеси се изведуваат од страна на

вработените од различни работни профили и со различни одговорности.

Централното место на комуникација на сите засегнати страни, сектори и

хиерархиски нивоа на компанијата претставуваат единствена платформа на

BPM со кој тој управува. И не само што управува, туку и се прилагодува на сите

аспекти на управување, и бизнис и ИТ управување.

БПМ платформата, која ја сочинуваат и информатичката технологија,

збирот на ИТ производите кои се постојани и систематски ги подобруваат

процесите во организацијата, организациите ги прави поефикасни,

флексибилни, подобро координирани и контролирани, и поспособни да се

приспособат на менливите услови за бизнис. BPM зазема холистички пристап

според кој компанијата обезбедува повеќе директна контрола врз оперативните

процеси. Ова резултира во подобро и побрзо извршување на задачите, поголема

продуктивност, повеќе задоволни вработени и, се разбира, позадоволни клиенти

на компанијата. Основната функција на вредност на BPM е способноста да се

контролираат мулти процесите со помалку напор, и да се постигне подобар

квалитет.

Досегашното искуство покажува дека воведувањето на BPM платформа

ја намалува цената на бизнис процесите и до 15%, го зголемување квалитетот

на процесите и ги намалува грешките до 30% и овозможува пократок период на

обука на вработените, со што автоматски доведува до пониски трошоци од 10-

30%. Воведувањето на BPM во бизнисот овозможува помали барања за

поддршка - 15-30%, а со тоа се намалува бројот на поплаки од страна на

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

101

корисниците 15-30%. Една од значајните предности на ова решение е подобро

предвидување на идните ситуации и планирање, кој ги подобрува до 30%40

.

Воведувањето на BPM долго време е една од најважните теми во

компаниите кои сакаат да го направат нивниот бизнис повеќе конкурентен, да

овозможат оптимално управување со ресурсите, да ги задржат постоечките и да

стекнат нови клиенти.

BPM платформата е збир на ИТ производи со кои се решаваат голем број

на проблеми со кои организациите се соочуваат секој ден: недефинирани улоги,

функции и одговорности на вработените, неусогласеност на приоритети и

процедури, заминување на клучните вработени и нивна несоодветна замена и не

решавање на внатрешните проблеми. Поради тоа, се појавува несоодветен однос

и недостаток на стратегија на пазарот и корисниците. Ако зборуваме за

технолошки недостатоци, тогаш станува збор за систем на апликации кои не

одговараат на реалните процеси и даваат незадоволителен квалитет на

податоците. Често се среќаваме и со лоша координација помеѓу

организационите единици што создава губење на информации и време. Проблем

во работењето и делувањето на организацијата преставува и имплементацијата

на нетранспарентните процеси, тешкотиите при следењето на процесот во

целина, и неусогласените методи при што децентрализираните проекти

користат различни пристапи и алатки за документирање на процесот.

Изборот на соодветна БПМ платформа е доста важен за организацијата,

бидејќи БПМ го враќа фокусот кој е најбитен за една организација – самата

работа на организацијата. BPM е подеднакво важен за сите економски сектори,

сите нивоа на управување на организацијата, а со тоа и за сите профили на

деловни луѓе, како за големите, така и за малите и средните организации.

40 http://www.ekapija.com/website/sr/page/548711/Vladan-Balaban-generalni-direktor-M-I-Systems-

Co-Group-ARIS-BPM-je-vode%C4%87i-virtuelni-menad%C5%BEer-uspe%C5%A1nog-poslovanja

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

102

8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Eve Andersson, E., Greenspun, P. and Grumet,A. Software Engineering for

Internet Applications, MIT Press 2006;

Alan Ramias, What is a Process?

http://www.bpminstitute.org/articles/article/article/what-is-a-process/news-

browse/12.html

Weske, M. Business Process Management: Concepts, Languages,

Architectures, Springer-Verlag New York Inc, 2007

Tilak Mitra, Architecture in practice, Part 6: Why business process

management (BPM) is important to an enterprise,

http://www.ibm.com/developerworks/library/ar-arprac6/

Stefan R. Koster, Maria-Eugenia Iacob, Luís Ferreira Pires University of

Twente, An Evaluation Framework for Business Process Management

Products

Understanding business process management: Implications for theory and

practice; Dr P A Smart, H Maddern, Dr R S Maull - University of Exeter

Discussion, Papers in Management, Paper number 07/08, ISSN 1472-2939

Business Process Modeling: Active Research, Areas and Challenges, Azeem

Lodhi, Veit Koppen, Gunter Saake; Department of Technical and Business

Information Systems, Faculty of Computer Science, Otto-von-Guericke

University, Magdeburg, Germany

Designing Business Processes in E-commerce Applications, Hans Albrecht

Schmid and Gustavo Rossi, University of Applied Sciences, Konstanz,

Germany, [email protected], LIFIA-Universidad Nacional de La

Plata, Argentina, [email protected]

5 Steps to Choosing the Right BPM Suite, BPM Suites can deliver significant

business benefits and a fast ROI – but only if you choose the right one…, By

Laura Mooney, Metastorm www.metastorm.com

http://www.ebizq.net

http://www.idevnews.com

http://www.appian.com

http://www.becauseprocessmatters.com

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

103

http://www.ibm.com/

http://www.processexcellencenetwork.com/webinars/

http://www.enterprisemobilityexchange.com/Event.aspx?id=705684

http://searchsoa.techtarget.com

Armistead, C., Rowland, P., Managing Business Processes – BPR and

Beyond, John Wiley & Sons, New York, 1996.

Ashkenas, R., Ulrich, D., Jick, T., Kerr, S., The Boundaryless Organization,

Jossey-Bass, San Francisco, 2002.

Bahtijarević-Šiber, F., Management ljudskih potencijala, Golden Marketing,

Zagreb,1999.

Bosilj-Vukšić, V., Kovačić A., Upravljanje poslovnim procesima, Sinergija-

nakladništvo d.o.o., Zagreb, 2004.

Davenport, T. H., Process Innovation: Reengineering Work through

InformationTechnology, Harvard Business School Press, Boston, 1993.

Galbraith, J. R., Designing Organizations: An Executive guide to strategy,

structure, and process, Jossey-Bass, San Francisco, 2002.

Gray, A. E., Leonard J., Process fundamentals, Harvard Business School,

Boston,2007.

Hammer, M., Champy J., Reengineering the Corporation: A Manifesto for

Business Revolution, Harper Collins Publishers, New York, 1993.

Hammer, M., Stanton, S., How Process Enterprises Really Work, Harvard

Business Review, Vol. 77, No. 6, 2001.

Harmon, P., Core, Management, and Enabling Processes, Business Process

Trends,Vol. 3, No. 22, 2005. Harmon, P., BPM Governance, Business

Process Trends, Vol. 3, No. 3, 2005.

Kennerfalk, L., Klefsjo, B., A change process for adapting organizations to a

totalquality management strategy, Total Quality Management, Vol. 6, No. 2,

1995.

http://www.fakulteti.mk/mobile/news/15-02-06/otkrijte_ja_magijata_na_m-

learning

A.W.Scheer, Verdan Babik, Ivrsen director, IDS Scheer d.o.o.

http://www.ekapija.com/website/sr/page/419286

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

104

https://suchakumesh.wordpress.com/2014/07/30/business-process-

management-bpm/

https://suchakumesh.wordpress.com/2014/07/30/business-process-

management-bpm/

http://xmpro.com/is-mobile-bpm-now-essential-to-the-business/

Bosilj-Vukšić, V., Kovačić A., Upravljanje poslovnim procesima, Sinergija-

nakladništvo d.o.o., Zagreb, 2004.

Citrix INC, Enterprise Mobility Trends 2014, 2014

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

105

Листа на користени слики

Слика 1 Бизнис пристапите денес и во иднина ....................................................... 13

Слика 2 Процеси помеѓу организационите единици .............................................. 18

Слика 3 Мрежа на БПМ ............................................................................................ 19

Слика 4 Местото на бизнис процесот во хиерархијата на процесите во

организацијата ............................................................................................................ 22

Слика 5 Животен циклус на бизнис процесот ........................................................ 27

Слика 6 Мобилност на претпријатијата ................................................................... 39

Слика 7 Историја на БПМ ......................................................................................... 41

Слика 8 Предности на мобилен БПМ наспроти традиционален БПМ ................. 53

Слика 9 Одлики на мобилен БПМ ............................................................................ 54

Слика 10 Пет фази на мобилност ............................................................................. 56

Слика 11 Просец на управување со животниот циклус на претпријатијата ........ 57

Слика 12 Пристап до податоци................................................................................. 65

Слика 13 Формула за избор на соодветен мобилен уред ....................................... 71

Слика 14 Придобивки од користењето на БПМ ..................................................... 73

Слика 15. Број на мобилни (подвижни) работници во САД (во милиони) .......... 76

Придобивки од E-Mobile бизнис процес менаџмент на критични проекти

106

Листа на користени табели

Табела 1 Активности кои се извршуваат во фазите на БПМ ................................. 30

Табела 2 Приоритетни задачи на услугите за мобилност ..................................... 83

Табела 3 Период на враќање на инвестиција .......................................................... 84

Табела 4 Чекори за избор на вистинско решение за БПМ пакет........................... 87