6
Како да се изгради зелена економија за да се постигне одржлив развој и да се искоренува сиромаштијата? и Како да се подобри меѓународната координација за одржлив развој? беа двете прашања кои се најдоа во фокусот на Конференцијата за одржлив развој на Обединетите нации Рио+20 што беше одржана во Бразил од 20 до 22 јуни 2012. Името на овој самит организиран од Обединетите нации го означува глобалниот настан со слична тематика одржан пред 20 години на истото место (Самитот на планетата Земја 1992). Дека овој настан e вистински пример за глобализација потврдува фактот што во Центарот за конвенции Риоцентро каде истиот беше одржан, беа издадени 45.763 пропусници, одржани се над 500 дополнителни настани, а дополнителни 50 милиони луѓе се вклучиле во глобалните разговори за финалниот документ, слободно изразувајќи ги своите мислења користејќи ги социјалните мрежи како платформа. Светските лидери се согласија дека ќе ги унапредат мерките за одржлив развој, додека бизнис секторот, владите, граѓанското општество и мултилатералните банки за развој објавија стотици доброволни заложби за одржлива иднина и за доброто на планетата и нејзините луѓе. Продуктот на Конференцијата е документ за којшто согласност има од 193 земји членки на Обединетите нации. Документот насловен Иднина каква сакаме ги обновува и зацврстува политичките заложби, но од него произлегуваат и насоки за развој во претстојната деценија. Рио +20 и документот кој произлегува од него се осврнуваат на широка палета теми и мерки меѓу кои: одржлив развој, зелена економија, справување со сиромаштијата, одржливото финансирање, заштита на животната средина, обновлива енергија, родова еднаквост и други. Документот, исто така, ги истакнува мерките за известување на претпријатијата за одржливост; потребата за вклученост на граѓанскиот сектор и научната заедница во креирањето политики; и важноста на доброволните заложби за одржлив развој. Се проценува дека повеќе од 513 милијарди $ ќе бидат употребени со цел имплементација на мерките што ќе се однесуваат на направените заложби на глобално ниво. Е– билтен бр: 3 ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ РИО+20 Светот е населен со 7 милијарди луѓе -до 2050 ќе има 9 милијарди. Еден од 5 луѓе 1,4 милијарди – моментално живеат со 1,25$ на ден или помалку. Милијарда и половина луѓе во светот немаат пристап до електрична енергија. Две милијарди и половина немаат тоалет. Безмалку милијарда се гладни секој ден. Емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат, а повеќе од третина од сите познати видови можат да исчезнат ако климатските промени продолжат неконтролирано. За да им оставиме на нашите деца и внуци свет во кој ќе може да се живее, мора да се соочиме со предизвиците од широко распространетата сиромаштија и уништувањето на животната средина. Ќе предизвикаме далеку поголеми трошоци во иднина - вклучувајќи повеќе сиромаштија, нестабилност и деградирана планетата - ако не успееме адекватно да одговориме на овие критични предизвици сега. Рио +20 овозможува да се размислува глобално, така што сите ние можеме да дејствуваме локално за да се обезбеди заедничка иднина. *од официјалната брошура на Рио+20 , сп Е-билтен бр. 3, стр. 1 ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ– ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИСОТ ДГОВОРНОСТ НА БИЗНИСОТ Македонска мрежа на глобалниот договор Зошто ни треба Рио +20?* Зошто ни треба Рио +20?* Зошто ни треба Рио +20?*

Македонска мрежа на глобалниот договор

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Електронски билтен бр.3

Citation preview

Page 1: Македонска мрежа на глобалниот договор

Како да се изгради зелена економија за да се постигне одржлив развој и да се искоренува сиромаштијата? и Како да се подобри меѓународната координација за одржлив развој? беа двете прашања кои се најдоа во фокусот на Конференцијата за одржлив развој на Обединетите нации Рио+20 што беше одржана во Бразил од 20 до 22 јуни 2012.

Името на овој самит организиран од Обединетите нации го означува глобалниот настан со слична тематика одржан пред 20 години на истото место (Самитот на планетата Земја 1992). Дека овој настан e вистински пример за глобализација потврдува фактот што во Центарот за конвенции Риоцентро каде истиот беше одржан, беа издадени 45.763 пропусници, одржани се над 500 дополнителни настани, а дополнителни 50 милиони луѓе се вклучиле во глобалните разговори за финалниот документ, слободно изразувајќи ги своите мислења користејќи ги социјалните мрежи како платформа. Светските лидери се согласија дека ќе ги унапредат мерките за одржлив развој, додека бизнис секторот, владите, граѓанското општество и мултилатералните банки за развој објавија стотици доброволни заложби за одржлива иднина и за доброто на планетата и нејзините луѓе. Продуктот на Конференцијата е документ за којшто согласност има од 193 земји членки на Обединетите нации. Документот насловен „Иднина каква сакаме“ ги обновува и зацврстува политичките заложби, но од него произлегуваат и насоки за развој во претстојната деценија. Рио +20 и документот кој произлегува од него се осврнуваат на широка палета теми и мерки меѓу кои: одржлив развој, зелена економија, справување со сиромаштијата, одржливото финансирање, заштита на животната средина, обновлива енергија, родова еднаквост и други. Документот, исто така, ги истакнува мерките за известување на претпријатијата за одржливост; потребата за вклученост на граѓанскиот сектор и научната заедница во креирањето политики; и важноста на доброволните заложби за одржлив развој. Се проценува дека повеќе од 513 милијарди $ ќе бидат употребени со цел имплементација на мерките што ќе се однесуваат на направените заложби на глобално ниво.

Е– билтен бр: 3

ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ РИО+20

Светот е населен со 7 милијарди луѓе -до 2050 ќе има 9 милијарди.

Еден од 5 луѓе – 1,4 милијарди – моментално живеат со 1,25$ на ден или помалку.

Милијарда и половина луѓе во светот немаат пристап до електрична енергија. Две милијарди и половина немаат тоалет. Безмалку милијарда се гладни секој ден.

Емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат, а повеќе од третина од сите познати видови можат да исчезнат ако климатските промени продолжат неконтролирано.

За да им оставиме на нашите деца и внуци свет во кој ќе може да се живее, мора да се соочиме со предизвиците од широко распространетата сиромаштија и уништувањето на животната средина.

Ќе предизвикаме далеку поголеми трошоци во иднина - вклучувајќи повеќе сиромаштија, нестабилност и деградирана планетата - ако не успееме адекватно да одговориме на овие критични предизвици сега.

Рио +20 овозможува да се размислува глобално, така што сите ние можеме да дејствуваме локално за да се обезбеди заедничка иднина. *од официјалната брошура на Рио+20, сп

Е-билтен бр. 3, стр. 1

ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ–– ООДГОВОРНОСТ НА БИЗНИСОТДГОВОРНОСТ НА БИЗНИСОТ

Македонска мрежа на глобалниот договор

Зошто ни треба Рио +20?*Зошто ни треба Рио +20?*Зошто ни треба Рио +20?*

Page 2: Македонска мрежа на глобалниот договор

Глобалниот договор на Обединетите нации во рамки на коалицијата „Бизнис акција за одржлив развој“ го претставуваше гласот на бизнисот на Рио+20, осигурувајќи дека бизнис секторот е препознаен како обезбедувач на решенија за одржлив развој. Со цел да придонесе во процесот на подготовка на документот кој произлегува од Рио+20 Канцеларијата на глобалниот договор поднесе „Corporate Sustainability Leadership: A Framework for Action at Rio+20 and Beyond”. Поднесокот ги истакнува улогата и потенцијалот на претпријатијата за одржливост. Ова е дефинирано како способност на претпријатието да применува и пренесува долгорочни вредности во економска, општествена и еколошка смисла, во постигнувањето на цели за развој и да предлага низа мерки што владите можат да ги применат во оваа насока. Рио+20 Форумот за одржливост на претпријатија се одржа од 15 до 18 јуни 2012 поврзано со Конференцијата за одржлив развој на ОН (Рио+20). На форумот се собраа околу 2700 учесници од над 100 земји со цел да обезбедат основа за поголема

вклученост на приватниот сектор и на инвеститорите во одржливиот развој и да ги повикаат владите да преземат чекори што ќе ја зајакнат одржливоста на претпријатијата на глобално ниво. Како најголем настан организиран од Глобалниот договор до сега, Форумот вклучуваше околу 120 сесии за шест теми во согласност со Рио+20 конференцијата: енергија и клима; вода и екосистеми; земјоделство и храна; економија и финансирање на одржливиот развој; општествен развој; и урбанизација и градови. Овие сесии беа организирани од канцеларијата на Глобалниот договор, над 35 стратешки партнери (организации на ОН и други) и повеќе од 25 локални мрежи на Глобалниот договор.* Националниот претставник на Македонската мрежа на глобалниот договор, г. Горан Лазаревски учествуваше на Форумот. ___________ *http://www.unglobalcompact.org/docs/news_events/in_the_media/CSF_coverage_final.pdf

Во кој дел (сесии) од Форумот учествувавте и какви се Вашите впечатоци? Со поддршка на УСАИД/Проект за унапредување на инвестирањето и извозот, имав привилегија да бидам дел од Форумот за корпоративна одржливост во рамки на Рио+20 самитот во Рио де Жанеиро, Бразил и да одржам презентација на достигнувањата на Македонија на полето на Општествена одговорност и одржлив развој пред голем број учесници од целиот свет. Покрај годишното собрание на локалните мрежи на Глобалниот договор на ОН и свеченото отворање на форумот на кое се обрати и Генералниот секретар Бан Ки Мун, сесиите на кои учествував опфатија бројни актуелни теми: од The Case for Corporate Sus-tainability Management and Reporting in Developing Markets, преку Building a Global Union for Sustainabil-ity: The Role of Business, Industry and NGOs и Launch of Green Industry Platform, па се до Sustainable En-

ergy for All: Mobilizing Action and Partnerships around ‘High Impact Opportunities’ и Framework for Action: Social Enterprise & Impact Investing. Ова е сепак само мал дел од агендата на форумот на кој учествуваа

Е-билтен бр. 3, стр. 2

УЛОГАТА НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР НА ОН НА РИО+20

МАКЕДОНСКАТА МРЕЖА НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР НА РИО+20 ФОРУМОТ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА

Интервју со г. Горан Лазаревски, Интервју со г. Горан Лазаревски, Интервју со г. Горан Лазаревски, Национален претставник на Македонската мрежа на глобалниот договорНационален претставник на Македонската мрежа на глобалниот договорНационален претставник на Македонската мрежа на глобалниот договор

Page 3: Македонска мрежа на глобалниот договор

над две илјади гости од сите делови на светот, што е најдобра потврда на важноста на оваа тема денес. Од настаните на кои присуствувавте што би издвоиле како најрелевантно за и применливо во македонски контекст? Зелената економија и енергетската ефикасност се теми кои во македонските деловни кругови не се непознати, но има уште многу простор за работа. Добрите примери и пракси прикажаа членките на Mакедонската мрежа на Глобалниот договор на ОН. Адора Инженеринг и ЕВН Македонија учествуваа во публикацијата Тhe European UN Global Compact Companies Towards Rio+20 and Beyond: A Best Prac-tices Collection уредувана од Италијанската мрежа на ГД. Презентацијата на оваа публикација и примерите во неа самиот Форум е потврда дека токму овие две теми се најрелевантни во нашиот контекст. Во која мера, според вас, Форумот ја исполни својата цел во истакнувањето на бизнис секторот како важен чинител во градењето на одржлив развој? Лично сметам дека ако досега и постоеја некакви дилеми, во однос на тоа кој треба да го води процесот на градење на одржлив развој, сега е јасно: бизнис секторот нема алтернатива и треба да го води процесот, а сите останати засегнати страни да пружат поддршка во рамки на своите овластувања и можности. Во тој контекст, сметам дека форумот ја исполни својата цел, да понуди размена на искуства и ставови, да отвори дебата по многу прашања и да разјасни бројни дилеми на оваа сензибилна тема. Како ја оценувате состојбата со одржливоста на претпријатијата во Македонија? Што може да се преземе во дадените услови? Македонските претпријатија во изминатите 20 години покажаа исклучителна способност за преживување во неповолни, би рекол најчесто и невозможни услови. Сепак, тој успех најчесто беше резултат на снаодливост и креативност на менаџментот, а не на спроведување на принципите на одржливост, што е и разбирливо во тие услови. Денес, пред налетот на конкуренцијата и предизвиците на глобалната економска криза, предизвикот е уште поголем и преживувањето ќе зависи во голема мера од начинот како фирмите се поставуваат кон општествената одговорност. Имено, токму во криза е најважно да ги задржите квалитетните луѓе, добрите клиенти и добавувачи. Ако досега не сте вложувале во своите вработени, клиенти и партнери, крајно време е да почнете

бидејки конкуренцијата која неминовно доаѓа и располага со големи буџети, лесно ќе ви ги преземе и дури тогаш, преживувањето ќе стане невозможна мисија. Сметам дека нашите претпријатија се свесни за ова, за што показател се и се поквалитетните проекти кои ги добиваме секоја година за националната награда за општествено одговорни практики, која на бројни наши фирми им ги прошири видиците на ова поле. Македонската мрежа ќе биде дел од средбата на европските мрежи на Глобалниот договор што ќе се одржи во Белград во октомври 2012. Како течат подготовките и за што ќе стане збор таму? По одржаната подготвителна средба во Рио де Жанеиро, продолжија активностите за успешна реализација на оваа средба со наше активно учество. На овие годишни средби се дискутира за прашања кои се специфични за европскиот континент, а со обзир дека локалните мрежи се најсилни токму во Европа, заклучоците и препораките од нашата работа стануваат важен дел од агендата на Одборот на Глобалниот договор на ОН во Њујорк кој заседава кон крајот на оваа година. Ова движење, во својата динамика на развој, се соочува со бројни предизвици и ние во Белград ќе се обидеме да решиме некои од нив и да ја засилиме заедничката соработка со другите мрежи. Во таа насока, ќе ја истакнеме и балканската неформална мрежа во која членуваат речиси сите земји од регионот, и начините на кои таквиот пристап може да биде од корист за сите. На овој настан исто така, пред голем број учесници ќе се презентира и публикација со најдобрите практики меѓу кои е и Македонија, со нашиот ангажман на формирање на Национално координативно тело за ООП и сите достигнувања во изминатите пет години, на кои сме особено горди. Како го оценувате развојот на Македонската мрежа на глобалниот договор правејќи компарација со мрежите во регионот? Македонската мрежа е значаен учесник и релевантен партнер бидејќи во изминатите години

Е-билтен бр. 3, стр. 3

„Македонските претпријатија во изминатите

20 години покажаа исклучителна способност за

преживување во неповолни, би рекол најчесто и

невозможни услови. Сепак, тој успех најчесто

беше резултат на снаодливост и креативност

на менаџментот .“

Page 4: Македонска мрежа на глобалниот договор

остваривме импресивни резултати: во 2004 година бевме прва основана мрежа на просторот на поранешна Југославија и западен Балкан, со најголем број на членки во поширокиот регион, од самото основање, што покажа исклучителен интерес на нашите фирми за ООП. Со текот на годините, добивме бројни признанија за големите достигнувања, меѓу кои формирањето на Национално координативно тело за ООП, донесување на првата петгодишна национална агенда и акционен план за ООП, формирање на одделение за ООП во рамки на Министерството за Економија, алоцирање на буџетски средства за

активности на полето на ООП, како прва земја во Европа која ги реализираше овие активности. Освен тоа, спроведовме голем број активности, обуки, семинари и работни средби и Македонија ја донесовме во позиција на лидер, од кој своите системи за примена на ООП ги црпат соседните, но и земјите од поширокиот регион. Иако сме задоволни од сработеното, македонската мрежа на глобалниот договор ќе продолжи да биде релевантен партнер и во соработка со нашите фирми-членки да ја подобрува вкупната конкурентност на македонската економија.

Е-билтен бр. 3, стр. 4

Македонската мрежа на глобалниот договор застапена во публикациите на UNGC

Овој извештај за 2011 е посветен на развојот и активностите на 100 локални мрежи на Глобалниот

договор низ светот. Низ статистики, најдобри практики и постигнувања, прикажани се заложбите

на мрежите да поттикнат вклученост на сите сектори со цел поттикнување на општествена

одговорност и одржлив развој. Прочитајте за Македонската мрежа на страница 69. Примероци од

публикацијата се достапни во Секретаријатот на Македонската мрежа на ГД на располагање за

членките и за идната Конференција на Мрежата.

Оваа публикација е дел од ресурсните материјали на UNGC за Рио+20. Во неа се застапени 100 најдобри практики на компании од 20 европски земји. Компаниите, членки на локалните европски мрежи, со нивните практики докажуваат дека низ имплементација на иницијативи и програми за одржлив развој, бизнис секторот директно е поврзан со остварувањето на целите на Рио+20. Оваа публикација е уредувана од Италијанската мрежа на Глобалниот договор. Две членки на Македонската мрежа на ГД учествуваа во публикацијата претставувајќи ги своите практики. Адора Инженеринг во текстот „Градење на енергетски ефикасни домови во Македонија“ претстави остварување на заштеда преку градење на енергетски ефикасни и еколошки домови кои. Во текстот „Приказна што продолжува: Училишен проект за енергетска ефикасност“, ЕВН Македонија го претстави континуираниот раст на училишниот проект кој веќе шеста година гради позитивни навики и свест за животната средина. Секретаријатот на Македонската мрежа на ГД пружа поддршка при пишувањето на текстовите и изразува благодарност за покажаниот интерес за учество во публикацијата.

Европските компании на Глобалниот договор на ОН кон Рио+20 и потоа: Колекција на најдобри практики

Прекумерната експлоатација и намалувањето на заедничките ресурси како резултат на индивидуални бизнис интереси е познато како „трагедија на заедничките ресурси“. Во оваа публикација на Bertelsmann Stiftung и UNGC се обработува стратешкиот приод што се однесува на ваквите глобални предизвици поврзани со одржливиот развој. Преку Глобалниот договор на ОН како платформа посветена на одржлив развој и ООП прикажани се активностите на локалните мрежи на ГД поврзани со колективни активности кои ги вклучуваат сите засегнати чинители и со дијалог за политики. Публикацијата вклучува 36 студии на случаи на локални мрежи на Глобалниот договор од целиот свет меѓу кои и оној на Македонската мрежа. Во примерот се обработува развивањето на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатија 2008-2012.

Стратегија за заедничките ресурси: Бизнис мрежи за колективно делување и дијалог за политики: Примерот на локалните мрежи на Глобалниот договор

Извештај за локалните мрежи на Глобалниот договор на Обединетите нации за 2011

линк

линк

линк

Page 5: Македонска мрежа на глобалниот договор

„Макпетрол“ АД- Скопје, како општествено одговорна Kомпанија, во рамките на Проектот Енегетска ефикасност во патниот сообраќај во Република Македонија, организираше Работилница на тема: „Oсновни мерки на енергетската ефикасност во патниот сообраќаj”, што се одржа во Хотелот „Макпетрол“ во Струга на 9 мај 2012 год.

Работилницата ја отвори со воведно излагање од областа на енергетската ефикасност директорот на Агенцијата за енергетика на Р.Македонија, г, Лазар Гечевски. Од страна на стручниот кадар на „Макпетрол“ АД беа презентирани теми за значењето и состојбата

Е-билтен бр. 3, стр. 5

Некстсенс е ИТ компанија управувана во менаџерски стил со добро

организирана структура. Oснована е во 2001 година. Основна дејност е

развој и имплементација на Интернет базирани решенија, консалтинг и

едукација во областа на ИТ, како и продажба и техничка поддршка од

продавачите како Symantec, Microsoft, Adobe и Corel. Некстсенс има 53

вработени и е "мајка компанија" на две други сестри компании: Httpool и

Експлоринг Македонија.

Ние сме компанија која работи во хармонија и посветеност и сме насочени

кон воздигнување на вредностите на КОО, како помеѓу своите вработени

така и меѓу своите клиенти. Одговорноста кон околината, зедницата и

вработените се клучните делови на филозофијата на Некстсенс. Тоа е еден

пристап на посветеност кој се аплицира на целиот бизнис на компанијата.

НОВА ЧЛЕНКА НА

МРЕЖАТА

АКТИВНОСТИ НА ЧЛЕНКИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА МРЕЖА НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР

ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци и Општинскиот совет за борба против малолетничко престапништво – Kавадарци, потпишаа договор за донација за реализација на проектот „Летен камп 2012“ за деца чии родители од најразлични причини не ги вршат во доволна мерка родителските права и должности, а кои поради тоа се во категоријата на децата во ризик согласно Законот за малолетничка правда. Заеднички беше констатирано дека е добро на овие деца да им се покаже грижа и заинтересираност за подршка и шанса за нивен понатамошен развој како и сите други деца. Идејата заживеа и бизнис заедницата во Кавадарци со Ф Е Н И И Н Д У С Т Р И к а к о иницијатор, како и локалната заедницата покажаа разбирање и

слух за финансирање и логистичка подршка на овој проект. Во проектот беа опфатени вкупно 30 деца од 6 основни училишта од Кавадарци и тие поминаа неколку дена во детското летувалиште „Пелистер“. Во текот на нивниот прeстој беа организирани воспитни програми и работилници од страна на психолог, лекар и спортски работник. ФЕНИ ИНДУСТРИ АД согласно својата позиција на

активен однос спрема прашањата од општествената

одговорност, ќе иницира и други

видови на следење и подршка на

развојот на оваа група деца како

најранлива група во општеството

во контекст на Националната

стратегија за борба против

малолетничкото престапништво.

ЛЕТЕН КАМП 2012 за деца во ризик

Работилница и промотивна активност на бензинска станица

на „Макпетрол“ АД- Скопје

Page 6: Македонска мрежа на глобалниот договор

на регулативата за квалитет на течните горива во ЕУ и во РМ, како и за местото на новата фамилија Ултра горивата на „Макпетрол“ и нивната економичност. Посебен акцент беше ставен на одржување на нивниот квалитет низ процесот на снабдување од складовите до бензинските станици.

Покрај тоа, беше образложена улогата на моторните масла како фактор на намалување на потрошувачката на горива кај моторните возила и за таа намена беа презентирани карактеристиките на моторните масла Лубекс на „Макпетрол“. Присуство земаа претставници на поширок круг транспортни фирми и други деловни субјекти вклучени во проблематиката на превоз и пошироко, како од областа на заштитата на животната средина од регионите Охрид, Битола и Прилеп. Истиот ден на централната бензинска станица во Охрид се одвиваше промоција под наслов „Заштеди (гориво)- Заштити (околина)“. Во рамките на акцијата на посетителите на бензинската станица им се делеа соодветни летоци и им баше усно објаснувано како самите возачи со грижа за своето возило и начинот на возење можат да остварат значајни заштеди на горивото. Со тоа си помагаат на својот домашен буџет, а поради помалото количество потрошено гориво има и

помала емисија на издувни гасови. Посетителите на бензинската станица имаа позитивна реакција на оваа акција спроведена од страна на „Макпетрол“ АД. Тие покажаа голем интерес за новите ултра горива како поекономични

за разлика од старите, кои имаат подобрени карактеристики, а се збогатени со адитиви за зголемување на перформансите. Што се однесува до советите за заштеда, со која цел е да се заштедат 10-15 % од оној дел на буџетот кој оди за горивата, најпозитивна реакција имаше од помладата популација. Ваков вид промотивна активност за првпат беше спроведена на бензинска станица на „Макпетрол“ во Охридско- Струшкиот регион и истата во периодот што претстои ќе продолжи и во другите региони низ Републиката.

За повеќе информации за Македонската мрежа за глобалниот договор, обратете се во:

Секретаријат на Македонската мрежа на глобалниот договор Ул. „Иван Милутиновиќ“ 19-1/6 тел:389 2 3224 198 1000 Скопје фах: 389 2 3118 737 e-mail: [email protected]

Е-билтен бр. 3, стр. 6