12
* Ш излегува како додаток во склоп на студентското списание „излезQuisquis amat. veniat. Veneri volo frangere costas fustibus et lumbos debilitare deae. Si potest illa mihi tenerum pertundere pectus quit ego non possim caput illae frangere fuste? Whoever loves, go to hell. I want to break Venus's ribs with a club and deform her hips. If she can break my tender heart why can't I hit her over the head? Број 1 декември 2011

Ш, додаток на Студентското Списание Излез

  • Upload
    izlez

  • View
    244

  • Download
    9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Ш е додаток на независното Студентското Списание Излез и излегува заедно со списанието.

Citation preview

Page 1: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

* Ш излегува како додаток во склоп на студентското списание „излез“

Quisquis a

mat

. ven

iat.

Ven

eri vo

lo franger

e co

stas

fust

ibus

et lumbo

s deb

ilitare

dea

e.Si p

ote

st ill

a m

ihi te

ner

um

pertu

nder

e pe

ctus

quit e

go n

on

poss

im capu

t ill

ae

franger

e fu

ste?

Whoev

er loves

, go t

o h

ell.

I want t

o b

rea

k V

enus's

ribs

with a

clu

b and d

eform h

er h

ips.

If s

he

can b

rea

k m

y t

ender

hea

rt

why can't I h

it h

er o

ver

the

hea

d?

Број 1 декември 2011

Page 2: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

Уредници

Зорица Петкоскаафродита Николовакоста Бојчески

Графички дизајн

иваН дургутовски

за издавачот

ЗдружеНие „студеНтска оргаНиЗација иЗлеЗ“

контакт

[email protected]

На една промоција на прва поетска книга од наша млада поетеса, која се одржа минатата година, професорот и поет Зоран анчевски зборуваше за т.н. „млад книжевен простор“, констатирајќи, ако добро се сеќавам, дека овој простор во земјава е доста стеснет и недоволно често обновуван со нови имиња, изблици на свежина. и просторот што „излез“ уште од првиот број почна да го нуди, скромни две страници за кратки песни и раскази од млади автори, беше тесен и недоволен за да ги збере надежите и обидите на писателски настроените души меѓу студентите. ова ни стана особено јасно кога за петтиот број изборот на делата за објавување го направи професорот и писател драги Михајловски и кога добивме неочекувано многу песни и раскази. како сите одвај да чекале можност некој мудар и искусен во книжевниот занает да ја потврди вредноста на нивните не толку сигурни први чекори. ова беше доволно за да сфатиме дека на младиот книжевен простор му треба - простор, кој подразбира читатели, размена, критика. Затоа „Ш“, за калење на младите книжевни пера, но и на младите преведувачи и критичари. скромно за почеток со надеж за процут, ви го претставуваме првото издание.

даниела атанасова

>101 збор за Ш. и зборовитеШто се случува овде? Можеби е најбезбедно да се каже дека ги поддржуваме вашите мисли и нивното страшно отелотворување: зборовите. како мал срам да е самиот да пишуваш, па уште треба и другите да ги туркаш натаму! Постојат многу изговори, ама ќе се придржувам до мојот омилен – терапевтскиот. Ништо благородно, ништо интелектуално; одговара на „Зошто?“ со „Што?“. Зборовите имаат почеток и крај, крварат кога ќе се родат, смртоносни се зашто носат значења кои не можеш да ги зауздаш. Зборовите се слободни на твоја сметка. Не завршуваат со азбуката, туку со тишината на пра-почетокот, која е многу, многу повеќе од само Шшшшшш...

коста бојчески

>за Шиењето на ШШшшш. ЗаШто поезијата знае да заШуми, да заШуШка и да ве остави без збор. Ш за тишината во која треба да се слуШа напиШаното. За сите поети кои чкртаат/Шкртаат, Шараат и чкрабаат/Шкрабаат дур не се роди песна. Ш како почеток, наместо крај, порта кон метаазбучниот свет каде лутаат поетите. Ш за штедро да го распостелеме ваШето Шеќерно Шаренило зборови, ваШето потиШтено зборовно исповедание.

Ш – шеф на нашиов шеријат. Шогун, паШа, Шах. трозабец кој како Шејтан те боцка да создаваШ.

зорица петкоска

03 песната и пливањето, свет во светот 04 МоМинска песна/септеМвриска/неМа песна/црвена Марија 05 Флуоросцентен падобран 06 „лесновски ѕвона“ по петти пат,/науко наШа која си на зеМјата... 07 бизнисот/The Business 08 преводи: знаеШ кој те сака/јулски булки 09 овде/куќичка за птици-преселници/будење 10 кон „викенд“ од бернхард Шлинк

Page 3: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

> Песната и пливањето „Песната треба да се разбере преку сетилата. човек се нурнува в езеро не за да исплива веднаш на другиот брег, ами за да битисува во езерото, да се насладува и да ја усети водата. Не можеш да го разбереш езерото, тоа е искуство непознато за мислата.“ , рекол киитс.Не учеа да пливаме уште од мали. едно дете ќе си земе мускули, гума, костум за капење,брат, сестра, мајка, татко, вујко, стрико, вујна, стринаи цела фамилија и ќе се упати кон водата да плива. Шлапка во плиткото се бори со водата потпливнува изадишано доаѓа на брегот каде келнерката ќе гопослужи со леден чај, или пак со очај?детето не го разбира езерото. децата растат. Пливаат. во езерото. Некои се пливачи. Некои никогаш не научуваат. еден човек еднаш рекол, оти душата ја имаме и сигурно знаел оти учел од човек со широки плеќи. Платон мора да бил добар пливач тогаш. За мудрец дека бил, знаеме. се прашувам дали денес уште се плива толку физички активно и бурно. и дали денешниот а-ристо-тел плива како ученикот на човекот со широки плеќи и има цели езера во очите оти од пливање сраснал со водата. се прашувам дали денес одиме на езеро чисто да се разонодиме и посончанчиме на плажа додека пиеме лимонада, или можеби лимонатка? да се плива заради убавина. Заради ноќна убавина или чисто заради испарување на вина? дали езерото навечер ни ја мие вината од долгото непливање заради денските обврски или пак навечер бараме убавина под дејството на вино? дали виното ја мие вината? дали воопшто бараме убавина? дали убавината ќе го спаси светот? Поетот клетников токму тоа им го порача на младите, да веруваат сé уште во мислава на еден лик од достоевски. и најпосле убаво ли е вистина тоа пливање во езерото? детето не го разбира езерото. детето едноставно се обидува да плива. и еве цела фамилија околу него мафтаат со раце и му кројат планови како, како ли да го разбере езерото, да ја увиди смислата на гравитацијата и густината на водата... детето само сака да плива. Не да разбира. киитс, еднаш рекол „Не можеш да ја разбереш песната. Песната се разбира преку сетилата. “ детето се препушта на водата. и тогаш водата е убавина.

аФродита николова

> свет во светотНе зборувај ми ти, дојденец за дарови на сетилното;ти, слуга на кратковиди сновиденија;Tи ,следбеник на минатото, го чувствуваш недопирливиот мој свет,запален од бреме на спознајното и болка на невиденото, сведок на неискажаното.ти, уму, поклоник на мигот што изминува, воден од ветровити бранови,исчезни во виорот непостоечки!

верица вулановиќ

ПиШУвачки мУдрУваЊа 03

Page 4: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

04 конкУрСот

> неМа песнаНе сум тиладното стапалони врелата устане сум тивиор и омарнина,топлата вишна,снагата.не сум тикоњ заузданзапенетво твоите демони.не сум тимолкни ихтизаплач, ни радоста.што сум ти јас:расплетенајадраподадена?

јули, 2011

> црвена Марија росна и алова, прва овенува.јадра и сладна, в уста згорчува.гола наспроти ветрот, нескршена. во стракот цвеќе, божуриката.во грст цреши, црвливата.од гранките на оревот, јаловата. грев и јарост скалемени,во рацете прекршениво катадневна молитва,а таа богови немаше. април, 2011

> МоМинска песна

рече, сведнат над сонцето,- елај вечер да фаќаме светулки.

и јас,расплетена,размомена,

разлеана,тргнав да бркам соништа.

рече, свртен кон сонцето,

- елај потем да береме петровки.а јас,

безбојна,безбожна,безлебна,

кинисав во туѓи дворови.

рече, отаде сонцето,- Не иди, заљубив друга.

ех, јас,одгрлена,одродена,одјадена,

заминав да раздавам приказни.

септември, 2011

> септеМ-вриска

Неподадени стојат рацевеа отаде сонот, ти:

уште силенуште стрвенуште студен,

неподадена стои ракава

некогаш страдназа твојот стисок

за твојот топол здивза твојата пркната младост,

неподадена стојам

ти не си веќени стрвеж

ни с`клетни сон.

септември, 2011александра спасеска

Page 5: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

> Флуоресцентен падобран

краевите на летата никогаш не биле флуоресцентни, дури ни во годините пред да се родам. тие мачни краеви се чудата за кои не знаеш дали си ги помислил или само си ги сонувал, а уште повеќе не знаеш дали биле реални или сè уште се. во

стаклениот мост во Unelma држев приказна со двете раце. Никој не знаеше што да правам со неа, освен најмилиот глас

на светот или на светот на бајките, сеедно. - држам приказна видена во стаклениот мост и ја понесов со

мене. - реков. - отвори ги рацете; ако излета, веројатно не била за нас. - рече најмилиот глас на светот или на светот на бајките,

сеедно.

тоа е страшно ризично, сакав да се „подумам“ малку. Но не, веднаш ги отворив. Приказната не излета, но не беше

ни за нас. од неа се наѕираа флуоресцентни имиња на милиони приказни испишани врз нечии лица, навлезени во кожите како суводолици кои во дождливи денови умеат сè

да понесат со себе. едната, која не беше испишана, паѓаше од црното небо точно над мене и тоа токму во форма на

флуоресцентен падобран.

флуоресцентниот падобранец се движеше кон мојата улица. се управуваше некако со рацете, како месечината и

земјата да ги заменија гравитациите, барем само за таа вечер. се фатив себеси во афект. возбудата стана флуоресцентна и полета кон падобранот; ја видов како стаклена сина врвка исполнета со гласови. Шепотливи, ноќни. десно од мене за

првпат ја забележав насмеаната девојка со немирни трепки, зборуваше и довикуваше кон падобранецот. Забележав дека

насмевката ми го обоила лицето.- сепак за нас била. – се протегна најмилиот глас на светот

или на светот на бајките, сеедно.

тука застана времето, а просторот сè уште се придвижуваше. додека застанатите мисли сепак никој

не можеше да ги откочи. се доближуваше, и веќе стана непобитен фактот дека ќе слета на мојата улица; единствено

не знаев дека падобранецот може толку многу да наликува на неа – на онаа со најмилиот глас на светот или на светот на

бајките, сеедно.

флуоресцентниот падобран го зададе синилото на базенот отаде улицата, а мигот потоа и падна во него. трчајќи

кон него, ја осетив флуоресцентноста врз мене. се сепнав и ги отворив очите, а до мене сè уште беше девојката со

разиграни трепки, но овој пат сонливо разиграни. врз мене го осетив послано долгото врнежливо утро.

ouTTake

конкУрСот 05

Page 6: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

< „лесновски

ѕвона“ по петти пат

Манифестацијата „лесновски Ѕвона“ се одржува веќе петта година во чест на покојниот

македонски поет чедо јакимовски, познат по мајсторството во калапење врвни сонети.

Неговите пријатели, роднини, писатели и поети, го основаа советот на „лесновските

ѕвона“ кој вредно работи на збогатување на манифестацијата со разновидни културни

настани. како и секоја година, манифестацијата

се одржа во кратово и започна со традиционалното читање на песната

„лесновски Ѕвона“ од чедо јакимовски, во дворот на манастирот „св. гаврил лесновски“

од актерот страшко Милошевски. По ова следеше поетско читање во кое

годинава збор оставија ефтим клетников, Михаил ренџов, тодор чаловски, ристо јачев,

Благој самоников, Петко дабевски, димо димчев, андреја дојчиновски, Марија Падикова и афродита Николова. Покрај традиционалните поетски читања, оваа година се одржа изложба

на слики од покојниот македонски сликар и педагог лазар софијанов во музејот на град

кратово. Меѓу друготите настани, свечен говор одржа и познатитот македонски поет Матеја Матевски кој упати пофални зборови кон творештвото

на софијанов и поетските залагања на советот на „лесновските ѕвона“. Меѓу овие залагања треба да се истакне литературниот конкурс

за најдобра поетска дебитантска книга на кој годинава победи поетската збирка „Нејасна“ од јасна трпкова, апсолвент на катедрата за

англиски јазик и книжевност на укиМ. Михаил ренџов ја промовираше книгата, додека

страшко Милошевски изрецитира неколку песни во отсуство на авторката која за жал не

можеше да присуствува од оправдани причини.

аФродита николова

> науко наШа која си на зеМјата...IМи го издишаа воздухот и ми го истурија темјанот.

Ми умре роднина,

Песнава е подолга од нашите два разменети збора... чист плод на алиенација.Ми умре роднина,

сѐ што сакам да го прашам е:Што има на “другата страна“?

IIМожеби сакав да те посетам.

Ме засрами бемката на наборената ти лактна кожичка,иста како мојата,

а од вчера не верувам ни во судбина,Ни во Бога.

Поблизок те чувствувам од мртвиот роднина.

и носам подобра генетска содржина од твојата девојка.

и не ги оставаат нештата каде што сакаме да бидат.тоа не значи дека таму и треба да останат.

Песнава е пократка од нашите разговори за поезија...-чист плод на атракција.

IIIте знам од вечерите наПоетските обелоденувања на црвеното во виното ивиножитата...

да ти кажев дека:

„само битангите пијат млеко“

да си украдев причина...

Наредниве девет месеци...да немам црвенила.и ќе го крстевме на мртвиот роднина.

јасна трпкова

06 веШтите

„нејасна“ од јасна трпкова, најдобра дебитантска

книга на овогодинеШните „лесновскиѕвона“.

Page 7: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

бизнисот< превод: дарко канзуров и петар кабранов

„ајде, средете ми ги ноктите,“ – им рече поларната мечка на чоколадираните корејки.„Не можам,“ се пожали едната, „очиве ми

изгореа! Џабе ми се наочариве!“„Па џабе ти се оти не си ги ставила,“ поларната мечка рече безизразно и почна да распрскува вода со шепите. „Батали тоа, имав ептен мачен ден, па затоа престанете

со жалење и средете ми ги ноктиве!“„гарагарагара“ рече другата корејка и си плисна пекол-жешко чоколадо в лице. Никој од нив немаше поим дека им се прикрадува

една огромна кокошка.во исто време, на другата страна од светот, Џорџ симонс си ги протри очите, зеде здив

и ја почна презентацијата.„како што гледате, донесовме и спроведовме нов закон кој пропишува сите турнири во билјард задолжително да се оддржуваат на отворено, по можност во запустени и

разрушени области.“Педантно дотераните биснисмени го гледаа подзинати и ги вдишуваа смртоносните честички антракс испуштани од илјадниците климатизери кои, којзнае зошто, беа

натрупани во тесната сала за состаноци.„Нема лабаво,“ рече еден од бизнисмените, додека честичките му ги гореа очите, сè дури не му ги спржија до клиничко слепило, „парична казна за тие што ни се противат.“ и

потоа припадна.Џорџ симонс си ги истри очите. ја крена слушалката и притисна на зачувани броеви. ја објасни ситуацијата и мораше да си ја оддалечи слушалката од увото, затоа што на другата страна на светот мечката се дереше во својата слушалка – „живи глупости!“, и покрај тоа што голташе пилешко од сè

помалиот и помалиот куп под неа.

> The Business

“Alright, do my nails now,” the polar bear told the chocolate covered Korean girls.

“I can’t,” one of them complained, “my eyes! They burn! The goggles do nothing!”

“That’s because you’re not wearing any,” the po-lar bear deadpanned, splashing water everywhere with its paws. “Anyway, I had a gruelling day, so stop the ravages for a moment and do my nails!”

“Wharrgharble,” the other Korean girl said, splashing her face with blistering hot chocolate. Unbeknownst to them all, a giant chicken crept up behind them.

Meanwhile, on the other side of the Earth, George Simmons pressed his fingers to his closed eyelids. Taking a deep breath, he started his pre-sentation.

“As you can see, we have enforced a new law that states that all billiards tournaments must be played out in the open, preferably in derelict and rundown areas.”

The meticulously dressed businessmen stared at him with their mouths open, swallowing the hazardous Anthrax dust that filtered out from the thousands of air conditioners, which for some strange reason were cluttered inside the confined meeting room.

“We must press on,” one of the businessmen said, even as the dust burned his eyes, scorching them to the point of clinical blindness, “mon-etary punishment to all those that disrespect our wishes.” He keeled over.

George Simmons rubbed his eyes. He picked up the phone and pressed the speed dial. He explained the situation and had to remove the phone from his ear as, on the other side of the world, the polar bear screamed “Preposterous” in its own phone, even as it gulped down chicken from the ever diminishing pile under it.

a shorT sTory By Vane iVanoVski, Darko kanzuroV anD PeTar kaBranoV

веШтите 07

Page 8: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

>куќичка за птиципреселнициМоето лево рамое лулашкатаод твојот сон

во неа го преспивашутринското молчење на старците што пијат кафе по терасите

солитерот ни го затскрива сонцетоили нас нè сокрива од него

стапалатаотсокриени се гушкаатна дното од креветот

прозорецот ширум отворенголтнал партал небораспарано одсреќа избројана до десет

во аголотпајак-бродоломниккрои плановиза нов дом

нашиот екуќичка за птици-преселници

ние смебротче од хартија среде потопкое копнеепо копно

Ѓоко здравески

>овде (песна за 1 денар)

овдеоблаците се огледуваат

секое утро во немирните вировии тоа бесплатно,

овдебизнисмените

имаат богати фирмии плаќаат данок

со нечии скапи солзи,а враќаат кредити

во човечки судбини,овде

зборовите и животитене вредат ич пари,

овде купуваме разни болести и ужаси

на рефус со купончиња,овде

ако ги мразиш и ако ги понижуваш другите

те наградуваат солижавче или бонбонче

донирано од некоја педофилска асоцијација,

овде и само овде

не се продаваат гробни местазошто луѓето самите на себе си

носат зомби име и презиме,овде

сонцето и месечинатасекојдневно се каат

што инвестирале светлинаа никогаш не им се вратила

и сега се приморани да работат со загуби,

овдесамо јас пишувам песна

што можеби ќе се продаде за 1 денар,

а мене ме чиницел 1 живот.

Мане МануШев

>будењe i (во 8 и неШто)

во твојата постелавечерав четврт несоница со огнена музика,таму ги надживувавсите твои идни фотографии,во твојата постеласе туткав и покривав со изгужваната постелнина од метафори,таму и денот и ноќтасе лизгаат низ ролетнитекако човечки тела под ренген,

во твојата постела иако те немајас те гледам како вклучен аларм и лед диодишто ми велат –досадно е сам во сонот.

Мане МануШев

Книжарницата „Магор“ неодаМна презеде иницијатива за проМовирање на Млади поети и поради тоа

организираШе поетско читање на кое се претставија повеќе поети. како Што кажа Маја лазаревска од

„Магор“, идејата на ваквите читања е да дојдат до израз квалитетни авторски иМиња од наШата книжевна

сцена. така „Ш.“ направи избор за овој број на неколку песни од саМото читање во „ Магор“.

08 веШтите

Page 9: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

ЗНаеШ< кој те

сакакерол ен даФи

те мислам кога патуваш со чудовиштана од челик.

катаден луѓе паѓаат од небо, мртви.вдиши-издиши и вдиши-издиши леко.

Безбедност, безбедно, безбеден дома.

Штом отворам фрижидер, ликот твој одвнатре се смешка.

Постојано спалуваат луѓе по плоштади.Здивни кајшто сенчестите дрвја

фрлаат ладовинка.Безбедност, безбедно, безбеден дома.

Не легнувај по песоците баш под дупката в небо.

Премногу луѓе глодани до дробенки.Прати ми глас преку океани како знаеш.

Безбедност, безбедно, безбеден дома.

Безљубните мажи и бездомните момчиња се таму некаде и бесни.катаноќ луѓе си ги кратат маките.

гази по светлото, итај кон мене без задршка.Безбедност, безбедно, безбеден дома.

(Знаеш кој те сака?)Безбедност, безбедно, безбеден дома.

превод и препев: студентите на преведување, трета година на катедрата за англиски јазик и книжевност, под

Менторство на зорица петкоска

александра николовска/александар ШуМкоски/ана цветаноска/анЃелко ЃорЃиески/ајтен еМровска/бисера диМитријевиќ/бобан стеФановски/валентин

јанкоски/викторија стојановиќ/гордана кукоска/гордана трајанова/горан басаров/даниел Миленковски/

еМа радончиќ/елена диновска/елена илијоска/елена котевска/елена Матовска/игор сретеновски/ивана

крстева/ивана Ѓиноска/ивана неделкова/ирена савиќ/јулија георгиевска/Марија батковска/Марија деолска/

Марија стеФаноска//Магдалена велевска/Маја поповска/Моника додевска/реис кериМ/радица Милева.

>јулски Булкисилвија плат

Булчиња, пламенчиња пеколниЗар не чините зло?

Tреперите. Не можам да ве допрам.ставам рака в пламења. Не гори.

Папсувам од што ве гледамтака растреперени, поднабрани и жар црвени, ко усни.

усни пред миг вкрвени. Пусти сукњички крвави!

има пареи што не можам да ги допрам. каде ви се опивките, горките чашки?

да можев да крварам, или очи да склопам!да можеа усниве за таков бол да ми се венчаат!

или напивката да ви капе во мене, во стакленава чашка,да ме отапи и онеми.

Но безбојна. Безбојна.

превод и препев: студентите на преведување, четврта година на катедрата за англиски јазик и книжевност, под Менторство на Зорица ПетКосКа

/александра тоМеска/александар диМитриев/ангелина заркова/билјана здравковска/билјана нацевска/билјана неделкоска/горјан костовски/горан диМитриев/даниела атанасова/диМе Митревски/Марија дудановска/Маја ивковска/сања ЏаМова/Филип аслиМовски/Фросина анЃелкоска

(ПреведУвачка) ковачница 09

Page 10: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

кога некој би ме запрашал како би го опишала со една реченица новиот роман „викенд“ на најпознатиот современ германски писател Бернхард Шлинк, накратко би возвратила: Неуспех во обидот да се опише еден посттерористички живот, основно неразбирање на феноменот на тероризмот во една политичко - филозофска конотација што создава препреки при градењето на аргументи за и против актот на тероризам.

Меѓутоа ваквиот тежок суд заслужува подробно образложение. смело е да се смета дека може да се расветли една таква проблематика (како тероризмот т.е. значајноста на насилната борба) во времетраење од еден викенд, (а притоа во дебатата да учествуваат дванаесетмина, од кои половината писателот сака попатно да ги разработи) дефокусирајќи ја приказната кон многу површно обработени егзистенцијалистички теми како пропаднатите соништа од младоста, помирувањето со судбината и удобноста што ја носи староста. тоа дополнително „придонесува“ кон градење на петпаречкиот имиџ на романот.

едноставноста на мислата што го одбележа „читачот“, од самиот почеток на овој нов роман „викенд“ се претвора во иритирачки блуткава нарација која не успева да создаде различни гласови за различни ликови. разговорите ги водат неизградени пасивни ликови, кои честопати не можете да ги раздвоите еден од друг. главниот лик јерг, причината поради која старите пријатели повторно се сретнуваат, не успева да заживее на страниците на оваа книга. Потенцијалот на екстерористот кој по дваесет години излегува од затвор е неискористен. тоа е само име покрај кое се реди по некоја реплика и ништо повеќе. Нема очај, нема покајание, нема гнев, само една млитава надворешност, а сето останато треба сами да го измислиме.

Ми се чини лицемерно да го земете тероризмот како позадина врз која ќе градите една патетична средба на стари пријатели. Маркетиншки ја користите темата, со оглед на нејзината актуелност, да го намамите интелектуално гладниот читател, а пак за возврат ја вртите приказната кон средовечни кризирања на кои споменатата позадина им дава поголема тежина со тоа што наводно ги претвора во прашањето: дали борбата против системот е можна и дали вреди? (тоа е тинејџерски поедноставеното финале). со квази филозофии за лошиот систем и борбата со ветерници. и сето тоа додека се пие шампањ и бордо на некој бранденбуршки имот на село и гостите уживаат во прекрасната природа.

така ли изгледа теренот по загубената битка? читајќи други критики за книгата, сретнав коментари дека Шлинк изоставил да ја подобјасни политичката борба и идеологија на радикалните левичарски организации / групи од седумдесеттите години на 20 век во германија. тоа ме утеши, така што се уверив дека не е само професионален недостаток (кога веќе студираш политички науки) да имаш потреба од аргументирана разработка на политичката тема која писателот се чини ја земал за своја грандиозна позадина.

10 оценка

>кон „викенд“ од Бернхард Шлинк

и негативните критики Можат да те наведат да прочитаШ книга

Page 11: Ш, додаток на Студентското Списание Излез

секојпат кога се чини дека на масата се изнесуваат важни прашања и претстои очекуваниот пресврт, отворање на картите, разговорот се прекинува и ликовите се нурнуваат во рутинско подавање на храна и безначајно дрдорење, како претходно кажаното да испарило. На пример екстерористот јерг има син за кој не знае како изгледа и кој го примаат на вечера бидејќи се претставува како историчар на уметност кој истрaжува за руралните области во германија. За време на седенката, додека гостите се присетуваат на старите денови, тој почнува да го прашува татка си за неговите злодела барајќи од него знаци на сочувство и покајание. кога гостите и самиот јерг дознаваат дека младото момче е всушност синот на јерг, едноставно седенката се прекинува, ликовите се разотидуваат и никому ништо. она што треба да биде големото соочување многу брзо се разводнува, се пропушта. истото „никому ништо“ се случува кога кристијане, сестрата на јерг признава дека таа го издала на полицијата бидејќи стравувала за него и сакала да биде безбеден па макар и во затвор. и ова признание поминува без бурна реакција, како да не било кажано. Не можеме да се оттргнеме од чувството дека Шлинк несмасно ги става во едно купче терористичките акции на радикалната германска левица и исламскиот тероризам олицетворен во настаните од 11 септември. Шлинк само во еден параграф ја прави разликата, и тоа со реченицата: „Нашите (се мисли на германските) терористи се сфаќаа како дел од нашето општество и сакаа да го сменат со насилство, додека муслиманите сакаат да го уништат“. разликата се потенцира со зборовите „сменат“ и „уништат“. Но овој параграф навистина не може да го смени генералниот впечаток дека писателот го поистоветува германскиот левичарски тероризам со исламскиот. сакајќи да разоткрие зошто некој некогаш воопшто би прибегнал кон насилна борба и зошто би станал терорист, тој паралелно ја воведува приказната за јан. оваа сижетна линија ја гради илзе која средбата со јерг ја инспирира да пишува за судбината на еден друг заеднички пријател – терорист кој се самоубива. таа си го замислува неговиот живот по самоубиството, како тој го лажира за да продолжи да живее слободен во борбата против капитализмот. тој загинува во сценарио исто како она од 11 септември. стариот тероризам (јан) умира од раката на новиот тероризам на 21 век? Што треба да ни докаже тоа? дека на крајот насилството си е насилство? Писателот ја воведува сцената на 11 септември и тоа ги прави работите позбунувачки. Нели романот беше за (средовечно) преиспитување, а не за тероризам?

судбината на јан е алтернатива на судбината на јерг. односно јан го прави сето она за што ние претпоставуваме дека го правел јерг како терорист. Но, на крајот не се откриваат причините поради кои некој станува терорист.

Немање имагинација, скромно истражување - каде заглавил Шлинк? Проблемот е во тоа што писателот се стреми да генерализира, не го индивидуализира искуството на тероризмот и така пропушта да си одговори на сопствените прашања. како да ја напишал книгата само за да заклучи дека насилството е бесмислено секогаш и секаде и дека таквата насилна борба е исто толку лоша колку и системот против кој е насочена. За Шлинк нештата се или црни или бели. Правнички поедноставено, за него има добро и лошо дело, ликот е или виновен или ослободен од обвинението на историјата. Малограѓански ги отфрла сите радикални средства на политичката борба и притоа навива за чесност, резигнација и донесување на вистинските одлуки.

сепак, издавачот (или-или/ едиција ПроаЗа) се потрудил да не нѐ излаже кога ја ставил критиката на задната корица каде стои: „во романот на Шлинк не станува збор за тероризам. ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот, е отсутен во мислите.“ Пофалните зборови се сведени на минимум. ова е рефлексија на еден обичен читател што очекува дека неговите тематски желби ќе се остварат во секоја книга што тоа го најавува или дека барем нема да остане рамнодушен од четивото за кое се одлучил. со оглед на ова, проблемот на недопаѓањето лежи на обете страни – кај четивото и кај читателот.

Милка ивановска

оценка 11

Page 12: Ш, додаток на Студентското Списание Излез